OFFICE PARKS или Бизнис паркови се
големи канцелариски комплекси сместени
на примамлива локација. За прв пат се
појавуваат во САД каде го имаат својот подем.
Кон крајот на 80тите, Брисел станува центар на
ЕУ и се јавува потреба во градот да се изградат
канцелариски простори во голем обем, со
што на периферијата се издигнуваат бизнис
паркови во две зони кои не го исполнуваат својот
потенцијал. Нивниот неуспех е последица
од градење на овие паркови од различни
индивидуални инвеститори кои понатаму ги издавале овие простори, за разлика од САД
каде тие биле градени од самите корпорации.
DOGMA, неколку децении подоцна, даваат предлог решение – трансформација на бизнис парковите во простори за домување и работа. Тие прават класичен проект на ревитализација на напуштени индустрии – во овој случај, индустријата претставува бизнис парк.
EVERYDAY IS LIKE SUNDAY
Целта на домот е да се направи простор каде луѓето имаат соживот и можност за репродукција. Но, репродукцијата не ја објаснуваат само како процес на размножување, туку како сите активности што се случуваат во рамки на еден дом - јадење, спиење, одмор, припрема на оброци, грижа за домаќинството и сл. Затоа главен елемент на еден дом е фамилијата. За еден дом да егзистира потребна им е продукција - тоа го објасуваат како создавање на било каков
продукт, односно
користење на самите работни простори со што создаваат ресурси за живот. Со модерните начини на работење, доаѓа до испреплетување на овие две различни
програми во еден единствен простор, каде што продукцијата доминира, а репродукцијата е занемарена. Затоа архитектите од DOGMA даваат предлог проекти за овој проблем - вдомуваат две програми кои паралелно фукционираат во рамки на една локација, каде репродукцијата и продукцијата им се на дофат на луѓето, а сепак се просторно оделени. Оваа идеологија ја претопуваат во архетипски проекти што можат да се реализираат во различни контексти и предлагаат три типологии: cell, edge и field.
EVERYDAY IS LIKE SUNDAY
EVERYDAY IS LIKE SUNDAY
Anastasija Risteska
Ilina Trajceva
Angela Tanevska
Katerina Srbinoska