Informator na Fondacijata Apolonija Br.12

Page 1

Бр. 12

05.05.2009

Фондација Аполонија

Велигденска Изложба со наслов “Златните раце на Македонските жени” На 13-ти Април во Хотел Аполонија беше отворена третата традиционална Велигденска изложба наречена “Златните раце на македонските жени” организирана од Домот на култура “Македонија” од Гевгелија и Фондацијата Аполонија. Изложбата беше спој на традиционалното и иновативното, старинското и креативното, збир на антиквитети од градовите и селата

Содржина: “Гитаријада” музички натпревар

2

Прослава на Денот на Земјата 2009

2

направени од жените, и Велигденски изработки и цртежи направени од деца. Отварањето на настанот беше со поезија, фолклорни ора и песни, стари Македонски обичаи, староградска музика, посна трпеза со изоболство од традиционални јадења кои ги приготвуваат македонските жени за Велигденските празници. Имаше околу 20

Велигденски 3 концерт на класична Гимнастички натрпревар за деца

3

Пијано концерт на Елена Костовска

3

За нас

4

Eko кaлендар

4

Пријатели:

www.gevgelija.gov.mk

www.biblioteka.edu.mk

учесници во изложбата на традиционална ракотворби, и интересот меѓу жените да бидат дел од оваа изложба расте секоја година. Детската изложба беше повеќе како натпревар. Сите деца од 2-те основни училишта во Гевгелија имаа 1 недела да ги подготват нивните Велигденски цртежи, јајца, изработки, а нивните учители ги одбраа најдобрите дела да учествуваат во изложбата. Како дел од овој проект училиштата добија донации (книги за библиотеките и материјали за ликовните кабинети) и најдобрите 12 деца беа наградени со ликовни сетови. Интересот за оваа излоќба беше голем, со тоа што делата кои беа покажени имаа огромна и уникатна вредност. Ова не остава со еден заклучок: Треба да продолжиме со пренесување на традицијата и обичаите од нашите предци на најмладите генарации и да вложуваме и да ја поттикнуваме детската креативност.


Apollonia Foundation INFO Страна 2

“Гитаријада” - музички натпревар во гитара По втор пат во нашиот град се одржа настанот “Гитаријада“ организиран од Здружението на граѓаните “Делфин”, или познатата музичка група “Зијан”. Натпреварот започна на 24-ти Април 2009 со селективна вечер која се одржа во дискотеката “Парис” во Миравци, каде 14 групи од целата држава свиреа. Финалната вечер се одржа во градскиот стадион со изведба на 7-те финалисти изберени од публиката и жирито. “Eclipse” од Прилеп, “Aquarius” од Гевгелија, “Grimus” од Струга беа бандовите одберени од публиката а жирито се одлучи за “Pig Илија Чакароски - најдобриот гитарист BC” од Скопје, “Adrenalin” од Св. Николе, “Hall of sins” од Битола и “Vanity fair” од Скопје. На натпреварот ис то так а имаше 3 индивидуални награди за најдобри гитаристи и тапанар. Групите кои го зедоа првото место и добија музички видео спот се “Hall of sins” од Битола, “Vanity Fair” од Скопје и “Pig BC” од Битола. Специјални гости во финалната вечер беше групата “Суперхикс”. Горди сме да кажеме дека Фондацијата Аполонија беше еден од спонзорите.

Прослава на Денот на Планетата Земја 2009 Последната недела од Април, околу 80 деца од проектот Ден на Природата, традиционално по втор пат, го прославија Денот на Планетата Земја 2009 со неколку еколошки активности. Во саботата помалите деца ги исчистија парковите и зелените површини на нашиот плоштад и околу него. Тука, во центарот на градот, имаше поставено и билборд и специјална книга во која луѓето можеа да ги запишат своите пораки за планетата Земја. Повозрасните деца продолжија со чистењето наредниот ден но овој пат во излетничкото место “Динќут”. Оваа година имавме и волонтери: Ѓургица нашиот инструктор по аеробик, Билјана - редовен волонтер, 2 девојки од Берово и Пехчево - кои беа на посета во градот и ни се придружија во чистењето, и Кристен од Америка која е волонтер од Peace Corps и работи со друга НВО во Гевгелија, но желба и е да направи повеќе за екологијата и изгледот на градот. Сите ние бевме ужаснати од грдите слики и отпадоците кои ги видовме на местата каде што децата треба да играат и спортуваат. Едно е јасно - треба да мислиме повеќе за природата, за нашите навики да фрламе отпадоци, и сите заедно да се грижиме за парковите и другите јавни површини. Се работи сепак за Нашиот град, за Нашата планета и за Нашата ИДНИНА!


Apollonia Foundation INFO

Страна 3

Велигденски концерт на класична музика

Во Четврток, 16-ти Април во Хотел Аполонија се одржа Велигденски концерт на класична музика. Учесниците во концертот беа децата ученици во музичкото училиште во Гевгелија “Васо Карајанов” во класата на проф. Љубица Улишева. На секој позначаен празник луѓето во Гевгелија имат задоволство да ги слушат изведбите на овие млади таленти. Во пријатна Велигденска атмосфера гледачите го прославија најголемиот Христијански празник, уживајќи во музиката на пианото.

Натпревар за деца во гимнастика На 25-ти Април во Прилеп се одржа државен натпревар во спортска гимнастика за деца. Петнаесет деца од Гевгелија учествуваа во натпреварот и и донесоа на Друштвото за гимнастички спортови “Партизан” од Гевгелија 3 дипломи за освоени: прво место во Јуниори – екипно, второ место во Помлади Пионерки екипно и трето место во Постари Пионерки - екипно. Во поединечна конкуренција до 9 години, Сања Трајковска го освои второто место и сребрениот медал. Нивниот тренер Ташко Стојанов доби позлатена плакета за долгогодишна афирмација на масовните спортови. Фондацијата Аполонија даде донација на ова Друштво за гимнастика со што го овозможи ова патување и им даде можност на децата да бидат д е л о д натпреварот. Им честитаме и им посакуваме уште многу успех во иднина.

Пиано концерт на Елена Костовска На 28-ми Април во ресторантот на Хотел Аполонија, се одржа коцерт на класична музика. Елена Костовска од Скопје за прв пат после 10 години повторно се појави на сцена. На програмата беа изведени дела од Бах , Шуберт, Бетовен и Равел. Елена Костовска како стипендист на Лионс Клубот од Дуизбург и Министерството за култура на Р. Македонија во 1999 магистрира на Високата школа за музика во Есен – Дуизбург, Германија во класата на проф. Бернард Вамбах. Во 1995 год. на меѓународниот натпревар “Музиката и Земјата“ во Софија ја добива специјалната награда, а зема и учество на меѓународниот натпревар во Виоти Валсесиа, Италија 1999 год. Учествува на бројни мајсторски школи кај познати пијанисти и педагози (В.Крпан, Е.Корољов, А.Валдма), а посебно плодна соработка остварува со пијанистката Жени Захариева од Бугарија, Арбо Валдма, а во поледно време со реномираниот професор Питер Фојхтвенгер од Англија. Во изминатите одини има одржано концерти во Скопје, Солун, Софија, Лихтенберг, Хајделберг, Дуизбург. Моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ. Овој концерт беше организиран и спонзориран од Фондацијата Аполонија.


Ликовната колонија Аполонија во изминатите осум години

Apollonia Foundation

СЛЕДНИ НАСТАНИ: 4 Мај 2009 8 часот вечер, Хотел Аполонија

Меморијален Концерт за Игор Горески Организиран од Ансамблот Бојмија и Фондација Аполонија

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р. Македонија Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

6 Мај 2009 11:30 часот наутро, Центар Гевгелија

Отварање на споменикот на Игор Горески Мај 2009

Овој Мај традиционално по осми пат ќе се одржи Ликовната колонија Аполонија 2009 која е во целосна организација на Фондацијата Аполонија. Затоа би сакале да дадеме значење и да ги споменеме сите уметници кои изминатите години беа дел од оваа ликовна колонија: Лидија Саздовска, Павле Кузмановски, Марија Светиева, Касиопеја Наумовска, Илија Кочовски, Глигор Васков, Ниче Василев, Борис Петров, Димитар Гаспар, Данчо Ордев, Наташа Милованчев, Гоце Божурски, Стојче Гоцков, Ѓорги Зарлинов, Никола Бутров, Александар Јовановски, Неда Петковиќ, Ставре Димитровски – Стадим, Константин Качев, Драган Најденовски, Доне Милјаноски, Горѓе Хаџи – Николов, Глигор Старделов, Томе Мишев, Ѓорги Стамков, Марина Цветановска – Мартиновска, Ервин Краљ, Атанас Крстев, Анка Данаиловска, Синиша Кашавелски, Тања Таневска, Трајче Блажевски, Тимо Махонен, Анка Крашна, Јордан Јанев, Ангел Карајанов, Васко Ташковски, Марија Павловска, Ѓорги Божинов, Фиљо Танов, Драги Хаџи – Николов. Учесници на минатогодишната ликовна колонија беа: Васко Ташковски, Ниче Василев, Кирил Казанџиски, Ѓоко Антониев, Марина Цветановска – Мартиновска, Клементина Јаулеска, Сабрина Јанева, Кристина Божурска, Данчо Кал’чев и Зоран Карагонов. А кои ќе учествуваат во ликовната колонија оваа година дознајте во наредниот Информатор Бр.13.

ECO CALENDAR

Nature Day goes to Petrovo this week.

It takes a 15 years old tree to produce 700 grocery bags.

Concert in the memory of Igor Goreski Apollonia Hotel

Opening of the monument of Igor Goreski, Center of town

Recycling conserves our valuable natural resources.

Disposable diapers last centuries in landfills. An average baby will go trough 8000 of them.

We can recycle steel cans, auto bodies, refrigerators, stoves and batteries.

Nature Day goes to Huma village hiking.

Solid Waste Recycling saves clean air and clean water.

Today is the last day of the 10 days Apollonia Art Commune

This is our garbage. A solid is anything that has s definite firm shape and volume. Waste is anything thrown away especially if has not been used completely.

Just one gallon of used oil has the potential to contaminate up to one million gallons of drinking water.

Five 2-liter recycled PET bottles produce enough fiberfill to make a ski jacket.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.