Бр. 24
10.05.2010
Apollonia Foundation
Гевгелија Рециклира!
Содржина: Концерти на класична мизика во Аполонија
2
Активности на децата учесници во проектите на Фондација Аполонија
3
Дојран препознатлив по слаткото од диви смокви
3
Изложба на Горан Јованов
3
Факти за пластика
4
Еко календар
4
Дали знаете дека се потребни 450-700 годнин за да се распадне едно пластично шише, и дека речиси секоја пластика која е направена ВООПШТО сеуште постои денес. Рециклирањето е наједноставниот начин да се зачуваат ресурсите на Земјата. Гевгелија започна со рециклирање на пластика и пластични шишиња благодарение на грант од US AID за програмата за рециклирање пластика изработена од Кристен Халсет - волонтер на Мировниот Корпус и фондација Аполонија. Општина Гевгелија веќе има осум контејнери низ градот со ознаки “Само за пластика“ и со два отвори дизајнирани за пластични шишиња, но според извештаите целиот пластичен отпадок завршува заедно со другиот отпад во депонијата. Овој проект ќе ги искористи веќе постоечките ресурси и ќе употребува шест од овие контејнери за рециклирање пластични шишиња. Оваа прОграма вклучува соработка помеѓу двете основни училишта во Гевгелија и други граѓани кои ќе ги полнат контејнерите со пластика, Општина Гевгелија и ЈП Комуналец кој ќе ја празни и транспортира пластиката, приватната компанија Близнак Ком која ќе ја откупува
ПРИЈАТЕЛИ:
www.gevgelija.gov.mk
www.gvg.com.mk
www.biblioteka.edu.mk
пластиката и Фондација Аполонија која ќе располага и користи приходите од продадената пластика за проширување на овој проект. Целта на овој проект е да се подобри еколошката состојба во Гевгелија и да се едуцираат прво најмладите - децата, а и сите други граѓани на Гевгелија за процесот на рециклирање на пластика. Благодарение на оваа програма, општината веќе започна своја иницијатива за собирање и на хартија два пати неделно од поголемите компании кои имаат повеќе ваков отпад, и исто така градат нови контејнери само за пластика и хартија кои ќе бидат поставени на неколку локации во нашиот град. Сега на сите нас останува да се вклучиме во рециклирањето.
Каде да рециклирате! Во близина на ОУ Владо Кантарџиев Во близина на ОУ Крсте Мисирков На паркингот кај Солун 53 маркет Улица Сава Михајлов– во близина на детското игралиште
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
Концерти на класична мизика во Аполонија
Програмата на класична музика “Гевгелиска Пролет 2010“ продолжува со нови концерти. Во Април беа изведени уште два концерти. На 13 ти Мај имавме “Вечер на познати оперски арии и дуети“ со постдипломците од класата на проф. Марија Муратовска - Наумовска од Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Незаборавните арии на Моцарт, Верди, Пучини, Санс, Де Либ и Масне беа изведени од Еликона Хусаи и Диелза Сулејмани (мецо сопран), Беса Лугачи, Аделина Тачи, Делина Хајра (сопран), Иван Наумовски (баритон) и проф. Елена Атанасовска на пијано. Студентките кои настапија се од Приштина, Косово. Талентот на овие уметници кои имаат настапувано низ Европа беше јасно видлив во поетичноста, драмата и начинот на кој ги изразуваа чувствата во нивните изведби. Аделина Тачи имала значителен настап со светски познатиот тенор Карерас, а Беса Лугачи има настапувано оваа година во Париз, Франција и Италија и се подготвува за концерт во Австрија. На почетокот на концертот нивната порфесорка Марија Муратовска ја искажа својата благодарност бидејќи гевгелиската музичка сцена е секогаш отворена за уметници од Македонија и странство. На 27 Април гевгелиската публика на класична музика имаше задоволство да присуствува на концерт флејта и гитара во изведба на професорите Тања Јанкова (гитара) и Силвана Чулева Атанасова (флејта). Дела од Mozart, Leu, Schile, Schubert, Piazzolla беа изведени на програмата. Силвана Атанасова низ нејзината 23 годишна кариера има настапувано три пати како солист со Македонската Филхармонија, свирела со Ревијалниот оркестар на Македонската Радио Телевизија, и направила многу концерти за локалната публика. Го има формирано квартетот флејти “Сиринкс“ и е автор на неколку музички сценарија, меѓу кои и детскиот мјузикл “Приказна за земјата Музикалија“. Јанкова во 2001 магистирала на својот инструмент и е носител на првата награда на Републичкиот натпревар за гитара и втора за камерна музика (1993). Досега реализирала голем број концерти во Скопје и други градови од државата, реализирала бројни видео записи за МТВ, снимала во соработка со француското студио “Мјузик ентертејмент“. Концертите на класична музика кои се во програмата “Гевгелиска пролет и Гевгелиска музичка есен 2010“ се во организација на Фондација Аполонија, а подржани од Министерството на култура.
Активности на децата учесници во проектите на Фондација Аполонија
Најмладите деца од проектот “Ден со природата“ беа на балетска претстава “Пепелашка“ во Скопје
“ЏЕПАРДИ“ - квиз за рециклирање Ден со природата во Валандово близу манастирот “Свети Горѓија”
Акции за собирање отпадоци и делење флаери како промоција на проектот за рециклирање пластика
Страна 3
Apollonia
Дојран препознатлив по слаткото од диви смокви На 25 Април 2010 во Дојран беше организирана манифестација за подготовка и промоција на слаткото од дива смоква во југо- источниот регион во Република Македонија. Овој проект е дел од активностите на Фондацијата Слоу Фуд во Македонија, дел од светската мрежа на Слоу Фуд за промоција на автохтони видови и сорти и промоција на културата низ целиот свет. Слаткото од дива смоква и официјално ќе стане дел од оваа светска листа на производи и ќе биде прв ваков производ од Македонија. Општина Дојран, во соработка со Слоу Фуд Конвивиум Шарпланинска и Федерацијата на фармерите на Република Македонија- Мрежата на жени фармери, во присуство на значајни меѓународни и домашни гости, организира подготовка на слаткото од дива смоква и промоција на проектот. Како компанија која се залага за заштита на човековата околина и биодиверзитет Аполонија заедно со својата фондација беше генерален спозор на овој настан.
Изложба на Горан Јованов Во организација на Фондацијата Аполонија на 23 Април во хотелот Аполонија беше отворена изложба на графики од Магистерскиот труд: “Рефлексии на присутното и отсутното“ на уметникот од Гевгелија Горан Јованов. Изложбата ја отвори Никола Глигоров - директор на Дирекцијата за култура и уметност од Скопје. Тој ја посочи скромноста на овој млад талентиран ликовен деец, кој преку двомензионалната апстракност на неговите дела ја дозволува авантурата на секој поединец да истражува, барајки ја сликата во слика и приказната што ја носат неговите дела. “Структурата на неговите графички листови пред сè се препознават во постојаното вибриање меѓу внатрешнонадворешните простори, меѓу присуството и отсуството, меѓу полното и празното, мирувањето и динамизирањето“ вели ликовниот критичар Конча Пиркоска за делата на Јованов. Горан Јованов со неговите 28 години веќе има децениско искуство и активно присуство во изложбените салони низ Македонија, Балканот и Европските метрополи. Досега има реализирано три самостојни изложби во МКЦ и Сули Ан во Скопје и Леонардо Центарот во Белград,. Бил дел и од повеќе групни изложби, меѓународни биенала, колонии во земјата и странство од кои позначајни се излагањата во Берлин, Париз, Цирих, Тајван, Мексико, Софија, Белград, Нови Сад, Суботица. Член е на Друштвото на ликовни уметници од 2006 година и носител на престижната награда за графика на оваа наша уметничка асоцијација која му беше доделена на 56-та годишна изложба на ДЛУМ. За видео од изложбата кликнете на овој линк: http://gevgelijanet.com/index.php?
Apollonia Foundation
Факти за пластика Потребни се помеѓу 450 и 700 години за едно пластично шише да се распадне.
Аdress: Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia
ИДНИ НАСТАНИ: 13.05.2010 20:30 ч. Хотел Аполонија Изложба на Драги Хаџи Николов Аџи
Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
“Етно моменти” Трка на келнери - натпревар Градски Плоштад, 12 ч Келнери од Аполонија ќе учествуваат
Само 2.5% од пластичните шишиња се рециклираат во Европа. Рециклирањето на 1 тон пластика зачувува 6.7 метри квадратни површина од депонија Рециклирањето пластика може да се искористи за правење канти за отпадоци, клупи за во парк, опрема за игралишта,... Скоро секое парче пластика што е произведено ВООПШТО, се уште постои денеска. МОЖЕ ДА СЕ
Mај, 2010 Концерт класична музика Гевгелиски Музички таленти
ЕКО КАЛЕНДАР
НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕЦИКЛИРА
Шише од вода или сок
Кутии од нафта или бензин
Чаша или шише од јогурт
Шишиња од детергенти
Шишиња од масло за јадење и готвење
Шишиња од шампон или сапун