Промени за одржливост Проектот е финансиран од Европската Унија
Aнекс 1.1: ОПИС НА ЗАДАЧИ – Експерт за вмрежување Поврзаност со активности на проектот •
•
Компонента 3: Градење капацитети за финансиско управување, транспарентност и отчетност Активност А.3.2: Таргетирана, скроена поддршкана на мали и грас-рут организации, работилници за: градење меѓусекторско партнерство и диверзифицирање на финансиски ресурси Компонента 4: Регрантирање Активности за техничка подршка на грантистите во градење меѓу-секторски партнерства и пошироко вклучување од локалните заедница
Буџетска ставка •
5.10.6 Надомест за Експерт за вмрежување
1. КОНКРЕТНА ЦЕЛ, НАМЕНА И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ 1.1. Општа и конкретни цели на проектот и цел на експертот за мрежување Општа цел на проектот Промени за одржливост е да придонесе за градење поволна средина за финансиска одржливост на ГО во земјата. Конкретни цели се: 1) да се воспостават систематски и обединувачки напори за застапување на ГО насочени кон поволна финансиска средина 2) Да се зголеми способноста на помалите ГО и „грас-рут“¹1 организациите за финансиска одржливост и отчетност; 3) Да се поддржат модели на меѓусекторски партнерства и прибирање финансиски средства за одржливи локални иницијативи на ГО. Работата на експертот е директно поврзана со поддршка на остварувањето на втората и третата конкретна цел. Целта на работата на експертот е да обезбеди поддршка во градење на меѓу-секторско партнерство, врмежување и застапување, вклучувајќи развивање на методологија и менторирање за како да се развие вмрежувањето и застапувањето на локално ниво, според потребите на малите и грас-рут организации. Имено како дел од проектот со компонента 4: регрантирање, 16 ГО добија грантови од проектот. Една од конкретните цели на експерот е учество во активностите за врмежување на локално ниво на овие ГО осигурување и одржливост на меѓу-секторските партнерства. Најголем дел од грантистите имаат соработка со компании, експерот треба да им помогне тоа партнерство да го зајакнат. Со компонента 3: градење капацитети за финансиско управување, транспарентност и отчетност 30 мали и грас-рут организации ќе добијат скроена поддршка според нивните потреби, преку 6 интерактивни и практични обуки. Експертот има за цел да им помогне на околу 10 ГО кои учествуваат на обуките во: 1) градење меѓу-секторски партнерства и 2) диверзифицирање на финансиски ресурси
1
„Грас-рут организација е самоорганизирана група на поединци кои работат за заеднички интереси преку волонтерскибазирна, непрофитна организација. Грас-рут организациите обично имаат низок степен на формалност но поширока цел од групите за самопомош, организации во заедницата или месните заедници“ - Anheier, H./List, R. Dictionary of Civil Society, London: Routledge, 2005
ул. „Гевгелиски Партизански Одред“ бр.1, 1480 Гевгелија тел: +389 (0)71 299 728/ fondacija@apollonia.com.mk/ www.apolloniafoundation.org
Промени за одржливост Проектот е финансиран од Европската Унија
1.2. Контекст Годишните Извештаи за напредок на ЕУ, други документи за јавни политики и досегашната комуникација со ГО кои беа вклучени во истражувањата и активностите на проектот „Промени за одржливост“ покажуваат дека финансиската одржливост е голем предизвик за граѓанските организации. Самоодржливоста на граѓанските организации е ранлива и е забележан влошен тренд (Индекс на одржливост на ГО 2014), додека финансиската состојба е неодржлива: 85% од граѓанските организации работат со годишен буџет помал од 1500 евра (Стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанските организации 2012-2017). Главната финансиска поддршка доаѓа од странски донатори. ГО продолжуваат да се борат за исполнување на барањата за кофинансирање и претфинансирање на ЕУ и други донатори. Првенствено, граѓанските организации се потпираат на волонтери и се соочуваат со предизвиците за задржување на работната сила. Грас-рут организациите се особено ранливи, бидејќи тие немаат капацитети за искористување на странски финансиски средства и затоа локалната мобилизација на ресурси е од особена важност за нив. Со истражувањето на потребите од градење на капацитетите на овие организации, во рамките на проектот, дојдовме до заклучок дека овие организации и немаат јасна претстава за нивните потреби, приоритети и кои конкретни капацитети треба да ги зајакнат за да добијат поголема подршка за својата организација. Фондацијата Аполонија, како локално основана организација, за активностите на овој проект обезбедува соодветен контакт со ГО и ги интегрира нивните потреби во спроведувањето на проектот. Според нашето искуство во досегашната работа со помалите и грас-рут организации, сметаме дека ГО треба да работат на градење на своите капацитети и особини во утврдување на: 1.јасна цел; 2.посветеност; 3.видливост; 4.оправданост; 5.одржливост; 6.прифатливост; 7.упорност и 8.неодминливост. Препораките кои ние ги комуницираме до помалите организации кои често се обраќаат за финансиска подршка во фондацијата се: да имаат познавање на материјата која е предмет на нивното работење, да имаат капацитет во човечките ресурси, јавност на работата, доверба од нивните целни групи и пошироко и да воведуваат нови пристапи во нивните активности. Во однос на финансирањето на ГО, поради тоа што локално како корпоративна приватна фондација, редовно добиваме барање за донации, при евалуирањето на проектите и барањата, доста внимание обрнуваме на тоа од каде сè се планираат да се обезбедат финансиските средства. Доколку во финансирањето има обезбедно повеќе извори, вклучувајќи и пр. приходи од услуги, членарини или донации од крајни корисници кои имаат најголем бенифит од работата на ГО, таквиот модел или таа ГО има предност за финансирање во однос на други ГО чиј модел на финансирање е базиран само на собирање донации од бизнис заедницата. Искуството во работата со ГО на Аполонија може да се земе како препорака за работата на експертот, со тоа што треба индивидуално според потребите на секоја ГО да се направи соодветно градење на капацитети и вмрежување. Други активности кои се реализирани досега со проектот, а како информација може да бидат од корист и помош на експерот за врмежување се: •
Формирањето на мрежа за финансиска одржливост на ГО До сега мрежата брои над 70 граѓански организации од целата земја организирани во две нивоа на членство: ниво на застапување и ниво на поддршка. Со мрежата раководи проектот и одбор во којшто членуваат претставници на граѓанските организации со долгогодишно искуство во застапување за различни области од значење за работата на граѓанските организации. Дополнително, формиран е Меѓу-секторски советодавен комитет составен од претставници на клучните институции, носители на одлуки и експерти што има улога да го советува проектот и мрежата.
ул. „Гевгелиски Партизански Одред“ бр.1, 1480 Гевгелија тел: +389 (0)71 299 728/ fondacija@apollonia.com.mk/ www.apolloniafoundation.org
Промени за одржливост Проектот е финансиран од Европската Унија
•
Доделени грантови на 16 ГО од компонентата регрантирање Девет проекти се проекти имплементирани со меѓу-секторско партнерство, а седум проекти се проекти со модели за локално прибирање ресурси. Деталните информации за постапката за регрантирање и листата со ГО кои добија поддршка од оваа компонента има на следниот <<линк>>
1.3. Намена Намената на работата на експертот за вмрежување, согласно проектните цели и активности е да развие конкретна поддршка во вид на: создавање на индивидуализирани планови со конкретни предлози и препораки за активности за вмрежување на грас-рут ГО, организирање на состаноци меѓу ГО и релевантни чинители на локалните заедници за градење меѓу-секторско партнерство, вмрежување на грас-рут ГО со друга/и ГО од мрежата за финансиска одржливост за градење на капацитети и заедничко застапување, развивање на методологија и менторирање за како да се развие вмрежувањето и застапувањето на локално ниво, според индивидуалните потреби на малите и грас-рут организации. Експертот ќе работи со 16 ГО кои се грантисти и 10 ГО кои земале учество на интерактивните обуки за скроена поддршка во Скопје. Според потребите експертот може да биде вклучен и во имплементацијата на активностите за вмрежување на ГО од мрежата за финансиска одржливост на проектот. 1.4. Резултати што треба да ги постигне експертот Со имплементацијата на активностите од овој опис, експертот ќе ги постигне следните резултати и продукти: • Остварени индивидуални посети, одржани состаноци со ГО кои имаат добиено грант од проектот, правење анализа на нивните капацитети за вмрежување и застапување • Идентификување каде различни цели групи може да ги подржат организациите да создадат меѓусекторски партнерства и вмрежувања на локално ниво, изработка на писмен документ т.н. индивидуален план за вмрежување, со конкретни предлози за спојување на грас-рут ГО со други ГО и можни партнери на локално ниво • Развивање на методологија што ќе ја примени експертот и скроено по потребите на ГО да им пружи помош во различни аспекти (пр. поврзување со други партнери и обезбедување поддршка од нив, директна поддршка во изработка на документи, вмрежување со други ГО) • Менторирање на ГО за креирање на интерни документи (насоки, концепти и сл.) • Создавање и насоки за негување на партнерства за осмислување на модели за прибирање поддршка од разни целни групи (граѓани и компании) • Запознавање на потребите и барањата на ГО кои ќе земат учество во 2 обуки за скроена поддршка на теми: градење меѓу-секторски партнерства и диверзифицирање на финансиски ресурси, и споделување јасни насоки и корисни документи со овие 12 ГО, индивидуална менторска поддршка за вмрежување на овие ГО според нивните потреби • Стратешки насоки во имплементација на активности за вмрежување на ГО • Обезбеден квалитет и насоки во процесите на вмрежување 2.
ДОМЕН НА РАБОТА 2.1.
Опис на задачите и специфични активности
ул. „Гевгелиски Партизански Одред“ бр.1, 1480 Гевгелија тел: +389 (0)71 299 728/ fondacija@apollonia.com.mk/ www.apolloniafoundation.org
Промени за одржливост Проектот е финансиран од Европската Унија
Активност 1. Одредување на потребите и приоритетите на ГО за нивно вмрежување Во консултации со проектот и индивидуални состаноци со ГО кои имаат добиено поддршка од компонентата регрантирање експертот ќе ги дефинира и контекстуализира главните потреби и приоритети на овие ГО од вмрежување. Според тоа треба да изработи документ кој ќе ги: 1) дефинира индивидуалните приоритети и цели на ГО 2) дефинира посакуваните ефекти за овие ГО, во насока на создавање меѓусекторски партнерство и вмрежување на локално ниво, со фокус на финансиска одржливост, 3)ќе го осмисли процесот за вмрежување на секоја ГО, во поглед на идни активности, конкретни средби, документи и слично. Активност 2. Изработка на планови за вмрежување на ГО Користејќи ги наодите од активноста 1, со претходна усогласеност со ГО, експертот треба да идентификува каде различни целни групи може да ги подржат ГО да создадат меѓусекторски партнерства и вмрежување на локално ниво. Според ова експерот ќе изработи индивидуализирани планови за вмрежување на целните ГО. Овие планови ќе ги содржат конкретните предлози од експертот за: конкретни документи кои треба да произлезат од ГО, средби со компании, партнери на локално ниво или поврзување на грас-рут ГО со други ГО кои се членки на мрежата за финансиска орджливост. Овие планови за ГО ќе бидат финализирани во консултации со проектот. Активност 3. Следење на спроведувањето на плановите и тековна поддршка во активностите за вмрежување Експертот ќе го следи спроведувањето на индивидуалните планови за вмрежување на целните ГО и по потреба ќе спроведе негово ажурирање и/ли ревизија во зависност од промена на околностите на локално ниво. Експертот ќе обезбеди менторирање на ГО преку давање насоки, советување за пристапот при вмрежување, за изработка на документи и алатки за вмрежување и создавање и негување партнерства за прибирање поддршка од различни целни групи. Дополнително тој/таа согласно потребите ќе учествува во активностите за врмежување на проектот, за поврзување на ГО од мрежата за финансиска одржливост.. 2.2.
Комуникации и видливост
Експертот мора да ги почитува последните Насоки за визуелен идентитет за програми и прирачникот за видливост на надворешни активности на ЕУ за да се истакне финансирањето на проектот од страна на ЕУ. (Видете https://ec.europa.eu/europeaid/node/17974 ). Експертот ќе биде во комуникација со Соработникот за комуникации на проектот во насока на следење на Планот за комуникации и видливот на проектот и негова коорелација со активностите од Акцискиот план за застапување. 3.
ЛОГИСТИКА И ВРЕМЕНСКА РАМКА 3.1.
Локација
Активностите ќе се спроведат во Скопје, Гевгелија и во други градови, односно таму каде што се канцелариите на ГО кои се опфатени со оваа активност за вмрежување. По потреба експертот ќе ги користи канцелариите на проектот во Скопје и Гевгелија.
ул. „Гевгелиски Партизански Одред“ бр.1, 1480 Гевгелија тел: +389 (0)71 299 728/ fondacija@apollonia.com.mk/ www.apolloniafoundation.org
Промени за одржливост Проектот е финансиран од Европската Унија
3.2.
Период на имплементација на задачите
Периодот на имплементација на активностите е вкупно 30 работни дена.
4.
Активност
Краен рок за имплементација
Активност 1. Одредување на потребите и приоритетите на ГО за нивно вмрежување
15.02.2019
Активност 2. Изработка на индивидуални планови за вмрежување на ГО
08.03.2019
Активност 3. Следење на спроведувањето на индивидуалните планови и тековна поддршка во активностите за вмрежување
Тековно до крај на проектот 01.06.2019
БАРАЊА 4.1.
Профил на клучни експерти
Клучен експерт: Експерт за вмрежување и градење меѓу-секторско партнерство Општо професионално искуство • •
Универзитетско образование Минимум 5 години работнo искуство
Конкретно професионално искуство и вештини • • • • •
Професионално искуство во најмалку 3 работни ангажмани како експерт, истражувач, или активен учесник во застапување за јавни политики; Искуство во работа со граѓански организации; испорака на услуги и консалтинг активности кои се релевантни на предметот на набавка Одлични компјутерски вештини; Комуникациски и организациски вештини. За предност ќе се смета искуство или познавање на бизнис секторот и локалните самоуправи.
Државните службеници и/или останатиот персонал тековно вработени во јавната администрација нема да бидат прифатени доколку аплицираат за експерти. Експертите мора да се независни и без конфликт на интерес по однос на обврските дефинирани во овој Опис на надлежности. 5.
ИЗВЕШТАИ
Избраниот добавувач по завршување на секоја активност треба да подготви извештај. Во извештаите за активноста во која има одржани состаноци со секоја ГО треба да се содржат минимум следните елементи: - Време, место, датум на одржување на состанокот со ГО; ул. „Гевгелиски Партизански Одред“ бр.1, 1480 Гевгелија тел: +389 (0)71 299 728/ fondacija@apollonia.com.mk/ www.apolloniafoundation.org
Промени за одржливост Проектот е финансиран од Европската Унија
- Листа на присутни лица; - Кратко резиме од состанокот; - Фотографии од состанокот; - Изјава за користење на лични податоци и фотографии на учесниците; и - други релевантни информации. Во извештаите за активноста следење на спроведувањето на индивидуалните планови за вмрежување потребно е да се содржат следните елементи: - Оценка на поддршката за активноста за вмрежување од страна на ГО; - Фотографии од извршената посета/мониторинг; - Изјава за користење на лични податоци и фотографии на учесниците; и - други релевантни информации. Извештаите треба да бидат во слободен формат, со прилог time sheet (извештај за часовите). Прашалниците за оценка на поддршката за активноста за вмрежување од страна на учесниците ќе бидат подготвени од Договорниот орган во консултација со избраниот понудувач. Експертот ќе достави на крај Финален извештај на англиски јазик, во еден оригинал. Финалниот извештај треба да биде во слободен формат, да содржи генерален приказ на остварените резултатите од вмрежувањето, имајќи ги во предвид индикаторите наведени во 6.1. Во прилог на извештајот треба да се достави документ со детални информации за вмрежувањето на секоја ГО посебно, и прилог документите кои ќе ги изготват ГО, а се резултат од работата на експерот. Овој извештај се доставува по завршувањето на периодот на имплементација на задачите. Извештајот треба да содржи доволно информации за спроведените активности. Извештајот се доставува до Директорката на проектот која е одговорна за одобрување на извештајот. Договорниот орган може да побара да се вклучат дополнителни елементи во извештаите од експертот. 6.
НАДЗОР И ЕВАЛУАЦИЈА Надзорот и евалуацијата на работата ја врши Координаторот на проектот и Директорката на проектот.
6.1. Дефинирање на индикатори Работата на експертот е поврана со следните индикатори од логичката рамка на проектот • • • • • • •
Број на состаноци за идентификување на потребите и можностите за вмрежување на ГО Број на документи со приоритети на ГО од вмрежување Број на индивидуализирани планови за вмрежување Број на состаноци за вмрежување со ГО Број на состаноци со засегнати страни/поддржувачи на ГО Број на прифатени препораки, активности за зголемување на капацитетите од ГО Број на настани за вмрежување (бр. на обуки, дебати, дискусии)
7. Организација и методологија Понудувачите треба да понудат организација и методологија за обезбедување на очекуваните услуги и работата со целната група. Пристапот и стратегијата, како и временската рамка треба да биде опишани во посебен образец Организација и методологија за обезбедување на очекуваните услуги, Анекс 1.3. на овој повик, и истиот ќе биде предмет на оценка при изборот на понудувач.
ул. „Гевгелиски Партизански Одред“ бр.1, 1480 Гевгелија тел: +389 (0)71 299 728/ fondacija@apollonia.com.mk/ www.apolloniafoundation.org
Промени за одржливост Проектот е финансиран од Европската Унија
8. МОНИТОРИНГ И ОЦЕНКА Од понудувачот се бара да испорача квалитетни услуги и аутпути. Покрај прашалниците за оценка на поддршката за активноста за вмрежување од страна на ГО, Договорниот орган постојано ќе биде во комуникација за да врши мониторинг на спроведување на услугите предмет на овој повик.
ул. „Гевгелиски Партизански Одред“ бр.1, 1480 Гевгелија тел: +389 (0)71 299 728/ fondacija@apollonia.com.mk/ www.apolloniafoundation.org