Еко тема Слушнете ме сега сите За вакви еколошки теми да нема никакви дилеми. Поставивме цели јасни и пароли насекаде гласни. Денес на модната листа се појави нова модна писта. .Еколози сегде се движат и успеси за природата нижат. Не кини го цвеќето моли него главчето го боли. Затвори ја чешмата за вода ова е најголема светска мода. Да си кошаркар познат сега хартијата од корпа не смее да ти бега. Реките да останат бистри навиките да ни бидат исти.