Марта Гузовска ЖРТВАТА ПОЛИКСЕНА
~1~
МРАЧНА СЕРИЈА Главен уредник Филип Димевски Јазична редакција Бојана Атанасова Наслов на оригиналот: Marta Guzowska, Ofiara Polikseny Copyright © Grupa Wydawnicza Foksal, 2014 Компјутерска обработка Бегемот Ликовно уредување Бојан Димитријевиќ
© Сите права на изданието ги има БЕГЕМОТ ДООЕЛ – Скопје. Забрането е копирање, умножување и објавување на делови или на целото издание во печатени или електронски медиуми без писмено одобрение од издавачот. ~2~
Марта Гузовска
Жртвата Поликсена
Превод од полски јазик Филип Димевски
Скопје, 2016
~3~
~4~
For Kostas who knows them both: love and darkness. „Целата приказна може да се подели на два дела. Првиот го знаат сите, вториот само јас. Првиот дел, познат на сите, е краток, јасен и лажлив“. Гилберт K. Честертон, Скршена сабја It is not important how many people I killed. What is Important is how I get along with those are still alive. Брус Вилис во The Whole Nine Yards
~5~
~6~
ПРОЛОГ – Марио – одеднаш праша – би можел ли да убиеш човек? Песокот врз кој седеше беше влажен, но тоа изгледа не ѝ пречеше. Прстите на нејзините стапала, нурнати во водата, се чинеа беспрекорно бели. Како исклесани од мермер. Се загледав во небото. Сега, квечерината, се преле ваше со мешавина од бесни бои, од кои не би се засра мил ниту еден авангарден сликар, иако не можев да се сетам на некое конкретно презиме. На запад кошмарен руж беше испресечен од сиво-жолти појаси, кои пот сеќаа на нечиста вата извадена од уво. Таа ги игнорираше тие видици и гледаше во мене. – Марио – повторно праша. – Дали ти некогаш си убил човек? – Мислиш ли дека ќе врне? – со прстот покажав кон облаците. – Мислиш ли дека тоа воопшто е можно во оваа проклета клима? Некој ревносен комарец ме касна на плешката. Се обидував да го плеснам, но обидете се самите да се удри те високо по плеќите без да си го исчашите рамото. – Извини – рече. – Не би требало воопшто да збору вам за тоа. Не после тоа што се случи. – Нема проблем – промрморив. Убодот чешаше. Ја извртев раката колку што можев за да се почешам. Моите прсти се лизгаа по кожата мо кра од пот. – Не можам да престанам да мислам на тоа. Јас... не разбирам како беше можно тоа. Зошто на никого не му текна? – Немој да се каеш – ја посоветував. – Ти и онака со сите нив си немаше многу работа. А што се однесува на ~7~
она „на никого не му текна“... Така ти е тоа. „Почитуван суде, од каде јас можев да знам дека мојот комшија во својот подрум заклал пет деца од соседството. Не изгле даше на таков, почитуван суде. Тој беше мил човек, ед наш самиот предложи да ни ја искоси тревата кога си ја шинав ногата“. Прошлапка со прстите во водата. Покрај нас испло ви намокрен весник, веројатно Hürriyet, но не стигнав да видам. – Ама нели мора да имало некакви сигнали. – Секогаш има – реков. – Само што ги игнорираме. Правиме избор. Мирен сон во замена за мирна совест. Математиката е проста, така викаа во една реклама, не се сеќавам во која. Шлапна со ногата. Нешто шушна во трските на бре гот од смрдливата река. Исплашен воден стаорец или голем глушец. – Знаеш што, Марио, понекогаш не те разбирам. Толку си ужасно циничен, што... – протресе со глава та. – Како смртта... убиството да може да се сведе на ед ноставно слегнување со рамена. Слегнав со рамената. Се колнам дека тоа не го сто рив намерно. Одредени гестови се прават махинално, како некој да повлекол конци врзани овде-онде. Пурпурот на небото стануваше сѐ попортокалов. Од местото каде што седевме не се гледаше морето, но можев да се обложам на сѐ што имав (значи не многу) дека веќе добило боја на длабок траур и малку по малку ја проголтуваше светлината на денот. Водата на реката беше во онаа карактеристична нијанса на темнозеле на боја каква што труповите што гнијат придобиваат по неколку дена на жега. Само на малите бранови врз површината се прекршуваа парчињата портокалово небо. Станав и си ги истресов панталоните од песокот. Влажните зрнца ми се прилепиле на ногавиците, а на задникот имав, јасно го чувствував тоа, мокра дамка. ~8~
– Сѐ може да се сведе на слегнување со рамената – реков. – Тоа се нарекува самоодбрана. А ти, се чини, дој де само да се збогуваш. Ако не побрзам, ќе ми побегне dolmuş-от. Навредено ме погледна. Го издржав нејзиниот поглед. Се наведна и на миг ги нурна дланките во водата, со нив си ги протри стапалата, а потоа полека стана. Со ви сината не ми стигаше ни до рамена, па не ги видов добро нејзините очи. – Не сакаш да одговориш. Во ред. Но, тоа беше сери озно прашање. Јас навистина би сакала да дознаам. Се завртев со грб кон реката и злокобното небо. Пе сочниот брег стрмно се извишуваше. До селото имаше доста, ако се имаа на располагање само нозете, а немав баш желба да мавтам со рака по тракторите коишто излегуваа од полињата со приколки полни со домати, чијшто сок се стекуваше помеѓу даските и оставаше темни дамки по асфалтот. Ако не сакав овде да ме фати мрак, морав да побрзам. Тргнав по угорнината. Таа одеше веднаш зад мене, иако сигурно не ѝ беше лесно да ме следи во чекор. – Би сакала да го сфатам тоа, Марио – беше малку задишана. – Би сакала да знам дали човек кој живее нор мално: јаде, спие, љуби, работи, оди на пиво и така ната му, може да убие друг човек. Не во сообраќајна несреќа, не како резултат на некаква ужасна грешка. Туку ладно крвно, онака едноставно. Дали нормален човек може да изврши убиство? Дали за да убиеш некого треба да си чудовиште? Дали секој од нас го може тоа? – Да не мислиш дека јас сум некој ебан психијатар? – одеднаш застанав и се завртев кон неа. Во светлината што гаснеше на нејзиниот врат блескаа млазови пот. – А зошто ме прашуваш за тоа? Ја спушти главата. – Немам поим, да му ебам – зборував. – Тоа се сери озни прашања кои треба да им се поставуваат на памет ~9~
ни луѓе, а не на некој таков како мене. Пијаница. Кловн. Циник. Молчеше. – Праша дали би можел да убијам човек. Не знам. Праша дали сум убил човек. Не. Што уште те интересира? Се завртев и тргнав по полскиот пат во насока на селото. Таа е мила девојка и ми беше непријатно да ја мамам. Ама, искрено: дали вие никогаш никого не сте излажале?
~ 10 ~
ГЛАВА 1 За почеток совет: не ѝ телефонирај на Пола ако нависти на не мораш. Колку што ми е познато, авторите на при рачниците за млади џентлмени ја пропуштиле онаа не веројатно важна точка што требало да ја сместат помеѓу речениците: „Никогаш не јади во кафана што се вика Кај Мама, како и „Никогаш не играј карти со тип по име Док“. Назад: исправка. Не ѝ телефонирај на Пола дури и тогаш кога мораш. Најдобро воопшто не ѝ телефонирај. Кога би добивал шише пиво секојпат кога ќе видев како нејзиниот најнов, чаламџиски модел на мобилен очајно ’ржи помеѓу клопчињата прашина под софата, блажената насмевка не би ми се симнала од лицето до крајот на животот. Но, кога би добивал шише пиво се којпат кога Пола ќе посакаше да го мрдне газот и да го притисне малото зелено копче... Па, не е важно. Не го видов тоа ни еднаш. Има само два месеца во годината кога Пола реагира на секое ѕвонење како куче на Павлов. Но, ѕвонењето до неа во тој период, дури и службено, дури и за многу ва жна работа, тоа исто така не е најдобра идеја. – Што? Па, нели реков дека не! Нема таква можност. Ви благодарам за јавувањето и така натаму, и збогум. Пола клечеше во песокот на средината од ископот. На увото го притискаше апаратот што според гаран циите на производителот требаше да издржи сѐ освен атомска експлозија. Се надевам дека производителот не грешеше, зашто телефонот беше сив и леплив од нечис тотија. Слично како и увото на Пола. Мласчињата пот си правеа пат во слојот темна прашина на нејзината гуша и вратот. Фармерките, од кои сонцето и детергентите ги исцицале остатоците од бојата, беа црни на задникот и ~ 11 ~
над сарите од тешките работнички чизми. Уште нема ше десет часот, а Пола изгледаше како да се тркалала по земја од изгрејсонце. Сите ние го правевме тоа. Горе-долу. Од шест до два и пол, а потоа уште два, три часа попладне, шест дена во неделата, два месеца во годината. Во мало селце во за падна Турција, каде што пивото имаше вкус на мачкини мочки со квасец, но за секое шише друг пијалак требаше да се плаќа толку многу, што веќе по една сезона ште дење би можел да одвојам на страна пристојна пензија за на стари години. Си ги заштитив очите со раката и низ ослепувач ките зраци на сонцето се обидував уште еднаш да ја погледнам Пола. И покрај сѐ, изгледаше сосема добро. Имаше најубав череп на светот, пропорционален, гра цилен, со деликатна морфологија, високи очни вдлаб натини, јаболчници што благо стрчат, со прекрасно на гласен алвеоларен прогнатизам. Како уште тоа да беше малку, нејзината брановидна коса, дури и разбушавена, прекриена со прашина и прибрана под шапката иски ната на работ, го имаше задржано медениот сјај, очите над подочниците ѝ блескаа со златни искрички, а тен ката карактеристична цртка над горната усна ѝ придо даваше изглед на дете, кое штотуку престанало да јаде чеколаден сладолед и не си ја избришало убаво устата. Обично малкумина мажи можат да му одолеат на тоа чудо. Барем додека Пола не се налути. Односно некои пет, најмногу десет секунди, не подолго. – Неколку часа? – за’ржа во слушалката. – Неколку часа јас ќе имам кога ќе завршам со наоѓалиштето, ќе го затворам теренот, ќе им платам на работниците, ќе ги испратам студентите по дома, ќе напишам извештај и ќе го раздолжам грантот. А, и уште ќе полежам во бања со пена и добро ќе се отспијам. Значи за некои два-три месеци. Ќе издржите толку, нели, господине? На момент замре со слушалката на уво. – Не, не сте згрешиле. ~ 12 ~
Накратко слушаше. – Да, јас сум Пола Мор. Слушаше. – Да, Пола Мор. Да ви спелувам ли? Слушаше. – Да, по ѓаволите! Слушаше. – Епа, исто така морате и да знаете дека во моментов сум на археолошките наоѓалишта. Знаете ли што се тоа археолошки наоѓалишта? Тоа се такви дупки во земјата од каде се извлекуваат разни стари нешта... Да, да, токму така. Ве молам проверете си во некои енциклопедии и до слушање за два месеца. Ако тогаш уште има желба да разговара. – Сакате овде да дојдете? Овде? Во гласот на Пола се зачу закана. Тоа дека типот уште не се поздравил најљубезно што може, сведоче ше за недостигот на фантазија. Но, веројатно сум не праведен. Можеби едноставно врската беше лоша. – Па, тоа навистина беше духовито. Навистина, на вистина многу духовито. Накратко слушаше. – Не се шегувате ли, господине? И јас не. Нема да ве пуштам на теренот на наоѓалиштата. Неовластените лица не можат... Слушаше. – Што зборувате, господине? Епа, тогаш ве молам поздравете ја од мене вратата кога ќе ја бакнете! Ја протресе главата и мавна по копчето „прекини“ со таква сила, што апаратот закрцка. Прамените коса влажни од пот се оттргнаа од нејзината гуша и повторно виснаа со тивко шлапнување. Го пикна телефонот во џе бот од фармерките, си ги избриша испотените раце од газето и стана од земјата. Со тивко стенкање ги исправи плеќите и се заврте кон мене. – Господе! Марио, пичка му мајчина! Ќе се шлоги рам од тебе! Што правиш ти овде? ~ 13 ~
Со подбрадокот покажав кон апаратот и ги кренав веѓите во два прашалника. – Кој беше тоа? – Некој серко. Под шапката пикна прашлив прамен коса. – А што сакаше? – А што ти е гајле тебе? – од џебот извади часовник. – Штом веќе го наслушна мојот приватен разговор, тогаш сега губи се одовде. Немаш друга работа? – Мала пауза во работата. Секој има потреба поне когаш да здивне, принцезо. Со раката направив потег што требаше да имитира дворјански гест. Тоа не испадна најдобро. – Марио, те предупредувам за последен пат: не ме викај принцеза. Ниту убавице, сонце и злато. Никогаш! И мрш на работа. Доволно е да те нема на наоѓалиштето пет минути и од наредниот скелет ќе остане само череп. Ако добро тргне! – Веќе ти објаснив, принцезо, дека посмртните ос танки од луѓето кои почиваат во земјата неколку илјади години ретко кога се задржуваат во ненарушена состој ба. Ситните ковчиња се подложни на преместување за време на поројни дождови, земјотреси и слично. Освен тоа, активноста на животните што ријат... Пола намуртено ме погледна. – Знаеш што, Марио? Мене денеска веќе ми е преку глава и без активноста на животните што ријат. Од из грејсонце стојам на оваа ужасна жега, подгрбавена над рамкава и цртам парче по парче керамика. Парчиња та имаат димензии десет на десет сантиметри, а наоѓа лиштето четири на два метри. Квиз: кога ќе завршам? а) кога ќе ми пукне ’рбетот; b) кога ќе паднам мртва; c) кога некого ќе гризнам и полицијата ќе ме однесе во лудни ца. Внимание: може да се избере повеќе од еден одговор. – Сочувствувам со твојата болка. – Оди си веќе, добро? Па, си отидов. ~ 14 ~
– Марио. Застанав. – Всушност, зошто дојде овде? Со раката си направив сенка за очите. – Зарем јас ништо не ти кажав? Извини. Малку беше досадно денеска таму горе, па си помислив дека ќе се сим нам и малку ќе позјапам во твоето прекрасно газе. – Марио! – Ама сега веќе навистина морам да одам, принцезо. Погледнав во врвот на ридот. Високо, да му се сневи ди. Моето наоѓалиште беше на самиот врв. – Марио, по ѓаволите! – Прости, моја драга, но не можам да зјапам во твое то газе кога стоиш од страната на светлината. Или биди толку љубезна и премести се малку на страна, или доз воли ми да одам веќе. Зад грбот чув како се испентарува од ископот. Ми пријде и ме фати за рамото. – Зошто дојде овде? – Па нели кажав веќе. Да позјапам малку... Ме пушти и се повлече наназад. – Смрдиш. Направив гримаса. – Што сакаш, принцезо? Наоѓалиштата не се план тажа на рози. – Смрдиш на пиво. – Едно мало пивце, а ти одма правиш циркус. – Едно мало пивце? Едно? Стопати сум ти кажала да не пиеш за време на ископување. – Еј – се надув со гордост. – Не си можела да ми ка жеш стопати. Овде сме допрва две недели. Освен тоа, вчера вечерта малку со Роберт претеравме... На оваа го рештина не може без клин. – Ме заболе за тоа што правите со Роберт после работа! Од тебе барам само да доаѓаш овде наутро без мамурлак. И во таа состојба да издржиш до пет и пол. Секој ден! ~ 15 ~
Се доближив до неа и ја фатив за гушата. – Принцезо, па јас сето тоа го правам само за тебе. За подобро да се работи... Ми ја оттурна раката. – Еј, внимавај малку – демонстративно си го помаси рав зглобот. – Тоа боли. – Не знам – рече. Не гледаше во мене. – Те уверувам – ја уверив. – Многу боли. – Навистина не знам зошто те зедов овде. – Зашто јас сум најдобриот археолог што го позна ваш, и многу подобар од многумина што не ги позна ваш. Ја симна шапката и со дланките си ја прочешла ко сата матна од прашината. – Уште пред еден месец тоа дури ми изгледаше на добар аргумент. Ама сега навистина не знам. – Тогаш ќе те оставам уште еднаш да размислиш за тоа. Кажи ми кога ќе дојдеш до некаков заклучок. – Марио! Прекинав. – Добро те познавам и знам дека дури и кога би ти ветила стриптиз и танц на шипка, ти не би ризикувал искачување по вторпат по угорнинава, особено на ваква пеколна температура. Кога не би морал. Па, кажи ми веќе, да му се сневиди, што е работата. Длабоко зедов воздух. – Ајде, зборувај! Испуштив здив. – Момент. Морам само да ја совладам таа примам лива визија што штотуку ја прикажа пред мене. Па, до бро. Готово. Сакам да дојдеш горе со мене. – Сега? – Сега. – Нема шанси – одмавна со главата. – Пред пладне нема да можам. Дури немам време ни да си го почешам газот. – Тогаш не си го чешај. Само дојди. ~ 16 ~
– А не можам ли подоцна? – Можеш. Погледнав кон врвот на ридот. Господе, ама долг пат ќе биде тоа. – Ама сакаш сега да дојдам. Слегнав со рамената. – Како сакаш. Клекна на работ од ископот и се наведна до некој Мустафа или некој Шерафетин, оној малиот со мустаќи, кој спокојно си пушеше цигара потпрен на лопатата. Погледав во нејзиното газе, но и понатаму стоеше од страната на сонцето. Почнав да размислувам дали да фатам подобра опсервациска позиција, но Пола стана и си ги истресе колената. – Епа, тогаш да одиме – рече. – Момент. – О, боже, што е сега? Марио, јас немам цел ден на... – Сакав само да те замолам да се штипнеш за своето прекрасно газенце. – Слушај, ако си мислиш дека можеш... – Тоа е сериозна работа. Штипни се, ајде. Самиот би го сторил тоа, ама се плашам. Тотално неподвижно ме гледаше во очи. – Сериозно велам. Штипни се. Само силно. Зашто за миг ќе се исполни најголемиот сон на твојот живот и ќе сакаш да бидеш сигурна дека не сонуваш.
~ 17 ~