едиција
ЕВРОПСКИ КАЛЕИДОСКОП
Каталог на изданијата
Дело
Сара Манхејмер Дело е роман во кој авторката ги истражува развојот и трансформацијата на различни ранливи ментални состојби. Главниот лик е жена прогонувана од желбата да ја освои Библиотеката, место во кое се содржи знаењето на светот. Под оваа невротична потреба да го контролира светот околу себе лежи нејзината огромна тага поврзана со неуспешната бременост. Магијата и реализмот се преплетени во поетското пишување на Манхејмер. Авторката умешно ја доловува кршливоста на секојдневниот живот, оние мали тајни на секојдневието, бришејќи ја тенката граница меѓу реалноста и имагинацијата.
2
Добитник на Европската награда ина. д о г 2 1 0 2 а з а р за литерату
130 X 195 мм 230 страници Цена: 315 денари роман Превод од шведски јазик: Радмила Џартовска ISBN 978-608-223-456-4
К
онечно! Mорам гласно да кажам… Есен е, а јас не сум нема, ниту без цел, не сум бездомник, имам Дом со кој ја остварив целта. Го кажувам ова гласно и во мојата потсвест се вкоренува тоа дека ги спакував во ковчег и ги одложив сите други-можниидни-потреби поврзани со желбата за дополнителен простор и поголеми предизвици. Го носам ковчегот со мене низ собите и низ времето. Отсутно минувам низ собите со ковчегот преполн со вриеж. Отсутност за тоа што можеше да биде и, се разбира, за она што сè уште може да биде. Секако дека е невозможно да се предвидат настаните и да се исклучи можноста нешто да расте однатре – или пак семоќните Анди наеднаш да се издигнат како заднина – којзнае, но ковчегот мора да остане затворен. Она што е или што може да биде негова содржина не смее да се расфрла како самовилска прашина низ Домот, врз мојот живот. Но, сега сум тука, конечно, како во пристаниште, исполнета со среќа. И како да е сѐ потешко да се пронајде ковчегот, тој се забива сѐ подлабоко и подлабоко во тунелите и каналите на моето тело, додека ѕидовите што го обвиваат Домот отвораат огромна непрегледна празнина внатре. Ги имав слушнато луѓето како велат: внатрешното патување го надминува географското, но ова за мене беа празни зборови, никогаш го немав доловено нивното значење. Ама сега, пристигнав. Доаѓањето овде, мислам пристигнувањето, траеше цела вечност. Сѐ што поседував го влечкав со себе низ светот од куќа 3
до куќа и секој пат ме зачудуваше колку чудно изгледа мојот багаж, кој воопшто не беше како правоаголните куфери што се затвораат со мал катанец со шифри, туку повеќе личеше на измачен пигмејски носорог или големи табли завиткани со огромни церади и подврзани со ортома. Во собите и становите во кои порано живеев, куќите и привременоста беа тие кои одлучуваа каков ќе биде распоредот во просторот. Леплива маса провиснуваше со својата тежина и течеше во ленти покрај ѕидовите украсени со едрата на репродукциите на Арсениус и Вермер, кои порано или подоцна заплискуваа со своите мали бранови покрај работ од пристаништето пред да дојде време тие да се соберат со гумен бришач сѐ до нивното следно испловување. Сѐ се движеше кон она што требаше да дојде, во рој од идни атрибути јас станав вистинска за себе. Сега стојам среде Домот, загрижена за она што треба да се случи и покрај победничкото чувство дека сум пристигнала, сепак на некој начин се чувствувам затечена, да, се чувствувам расоблечена, едноставно кажано гола. Ако за време на моите постојани талкања бев облечена или спакувана во знамето на иднината, наполнето со еден вид ветувања во боја на морков испишани како парола на комбинезон, сега целата униформа одлета од мене и лебди како незапирлив факел пред портите на Домот. Моите сопствени завои морам да ги барам внатре во куќата, да, внатре во мене самата. Јас сум овде, мојата работа е овде, Марам, Ранди и Левен се тука, сѐ што ми треба за да постојам, за да живеам, се наоѓа тука. Сепак, и покрај оваа голотија, и покрај ова отсуство на живеење и тоа што однатре ќе добие своја форма, не знам како да кажам, 4
постојат уште некои работи за кои сѐ уште не ми е сѐ јасно. Иако не се сомневам дека сакам да сум тука, сепак колку е сигурно дека Домот ќе опстои? На пример, какви се ѕидовите? Дали се тоа вистински ѕидови или се едноставно исечени од панели, искитирани и бојадисани? И што е со светлото, не е ли речиси неприродно светло? Иако сум речиси еуфорична што сум тука, сепак прашањето ми се навраќа постојано и постојано: Како да знам дека ова е вистинска Куќа, вистински Дом? Морам да признаам дека сѐ уште не се чувствувам како дома во Домот. Морам да признаам дека го преиспитувам неговото постоење. Дали е соодветно да веруваш во ѕидови од неквалитетен материјал, да веруваш во боја, глазура и кит? Зар таквите работи не се користат за да прекријат, за да се заштитиш себеси – од катастрофа. Катастрофата може да дојде. Катастрофата може да почне да пристига среде надеж. Дали Домот ќе ѝ се спротивстави како бедем, дали Домот е мојата тврдина? (Кога бездната ќе се отвори и ќе почне да влече?)
Дело ми дава силен
там
пот тик да чи – и да жив
еам. Улрика Кнутсон
5
Нешто напишано
Емануеле Треви
Дејството на романот Нешто напишано се случува во Рим, на почетокот од деведесеттите години на минатиот век. Млад писател, инкарнација на самиот автор, се вработува во Фондот Пјер Паоло Пазолини, каде што се запознава со раководителката на фондот, Лаура Бети, конфликтна постара жена опседната со тоа да ги навредува и понижува своите вработени. Приказната на младиот и циничен наратор се меша со приказната за делото на Пазолини, особено за неговата недовршена книга Петролеј. Во книгата умешно се комбинираат фикцијата, документарното истражување и мемоарската проза, истражувајќи ја улогата на литературата и уметноста како средства за уништување на воспоставените општествени клишеа.
6
Роман за гневот на поединецот алните
, сексу е т и н в о б у љ кон
и општеств
ените конвенции.
130 X 195 мм 304 страници Цена: 315 денари роман Превод од италијански јазик: Живко Грозданоски ISBN 978-608-223-447-2
К
ако еден од десетиците, па и стотиците луѓе што имаат работено за Лаура Бети во Фондот Пјер Паоло Пазолини во Рим, кој од кој понатоварени со живописен багаж исполнет со помалку или повеќе непријатни спомени, сметам дека смеам да се пофалам, ако не со нешто друго, барем со натпросечна издржливост. Не дека бев на каков било начин изземен од секојдневните, незамисливи понижувања што Лудата (како што набрзо почнав да си ја викам) се чувствуваше должна да им ги нанесува на своите потчинети, напротив: таа кон мене чувствуваше беспрекорна, непоправлива омраза (не постои посоодветен збор од овој); јас успевав да ги допрам сите жички од нејзиниот повеќеобразен садизам – од неисцрпното смислување пакосни прекари, сè до конкретните физички закани. Кога и да влезев во просториите на Фондот, во таа мрачна и гломазна зграда на аголот од плоштадот Кавур, недалеку од каналот на замокот Сант Анџело, на речиси телесен начин ја чувствував таа животинска настрвеност, тој несовладлив гнев што почнуваше да боде, како оние цикцак громчиња од стриповите, од зад стаклата на нејзините огромни, квадратести очила за сонце. По што следуваа типичните поздрави: „Добар ден, курвичке, сфати ли конечно дека дошло време ДА СИ ГО НАТРТИШ ГАЗЕТО? Или уште планираш да фаќаш кривини?! Ама не можеш да ме заебаваш МЕНЕ, курвичке подла, за тоа треба некој ептен поинаков од тебе“ – сè додека смеата, која како да избувнуваше од некоја подземна пештера, а звучеше уште покобно поради противтежата што ѝ ја придаваше еден неопислив звук, нешто помеѓу гровтање и завивање, не ставеше крај на овој прв рафал почести. Крајно ретко грамадата навреди што се рушеше врз грбот на кој било несреќен намерник можеше да се сведе на концепт 7
со заокружена смисла. Бездруго, Лудата не поднесуваше заокружена смисла во никаква форма, и тоа беше начелно правило. Не постоеше човечки изум што не се претвораше во опасна направа штом ќе се најдеше во нејзините раце. Ни говорот не беше исклучок. Нејзините тиради ротираа околу оската на еден навредлив епитет што таа сладострасно го искажуваше и упорно го повторуваше, небаре таму, во чистиот изговор на навредата, се наоѓаше сочната срж на текстот. Кога беше насочен кон машки, епитетот беше редовно од женски род. Дури и оние кои таа ги сакаше и ги ценеше мораа да се подложат на оваа симболична кастрација. Алберто Моравија, на пример, со кого таа беше многу блиска, во една пригода стана „баба“, и тука немаше веќе што. По изговарањето на навредата, остатокот од исказот беше најобична импровизација – пиранезиевски затвор од малодушност и презир, независен од логика и синтакса. „Курвичка“ – уште од првите денови, тоа беше синтезата, тоа беше идеалната формулација на она што јас ѝ го побудував. Бројни и ненадејни, придавките ја следеа именката како загари лисица. Курвичке подла, препотентна, превртлива, фашистичка. Предавничка, гнасна. Опортунистичка. Што се однесува до мене, јас сè уште немав навршено триесет години, но веќе ја имав завршено, напипувајќи, како заточеникот на Едгар Алан По, обиколката на влажните и мрачни ѕидови – како што му доликува на секое подземје – на мојот нарав. Тоа дека Лудата за нешто имаше право можев да го признаам прилично лесно. Она што целосно ја вадеше од такт беше мојата желба да ѝ удоволам, моето нападно непоседување агресивност и, најпосле, рамнодушноста која отсекогаш била мојот единствен штит што сум го поставувал пред заканите на светот. Ова дантеовско чудовиште, опколено од чадот на цигарите кои оставаше да се распаѓаат во пепелникот, со својата истурена маса и косата, 8
застрашувачки бојадисана со боја на граница помеѓу портокалова и црвеникава и фатена во опавче кое, кога го затресуваше, не можеше да не заличи на фонтана од кит, или на листови од психотичен ананас, немаше ни малку сомнеж во однос на профилот на грешниците кои на драго срце би се нафатило да ги измачува до бесконечност. Лаура ги мразеше лицемерите, и воопшто, сите оние за кои, некадарни да се изразат себеси, ѝ се чинеше дека се прават нешто што не се, и на тој начин остануваат осудени да се кријат зад својата маска од картон. Токму тоа ми се допаѓаше кај неа, иако во исто време ги трпев последиците од таа нејзина одлика. Ми се чинеше дека, скриен во мрачните меандри на сета таа злоба, имаше и некаков лек, некаков спасоносен урок. Затоа, уште во текот на првите недели кога почнав да го посетувам Фондот, подложувајќи се на најразлични душевни фортуни, од најблаги до најтешки, констатирав дека времето што го трошев таму, во сенката на тој ментален Чернобил, беше квалитетно потрошено време. Што беше тоа поточно – казна што си ја нанесував самиот себеси за да се искупам од некој страшен грев или духовна вежба обоена со најригорозниот мазохизам? Во еден момент – тоа веќе беше сосем сигурно – Лудата ќе ме отпуштеше, како што веќе имаше направено со десетици други (одредени работни односи траеја не повеќе од неколку часа). Но јас, дејствувајќи во рамки на сопствените моќи, не сторив ништо што би довело до тоа да треба да си отидам. Мојата задача, која не беше особено сложена, се состоеше во тоа да ги пронајдам сите интервјуа во кои одговарал Пазолини: од првите, оние што потекнуваа од времето на кривичното гонење поради Момчиња за живот, сè до најпознатото, она со Фурио Коломбо неколку часа пред смртта. Откако ќе го соберев сиот материјал, требаше да го подготвам за печатење.
Италијанскиот роман што
ја доби
града
Европската на
за литерату
ра
за 2012 година.
9
Кафе Хиена Јана Бењова Романот Кафе Хиена (Планот за испраќање), добитник на Европската награда за литература за 2012 година, е неконвенционална книга со специфична, фрагментарна структура, која претставува мозаик од необични приказни, луцидни перцепции, размисли за современиот начин на живот. Дејството на романот е сместено во братиславската населба Петржалка, еден вид микрокосмос во кој несекојдневните ликови ја изведуваат својата игра на животот. Оваа е книга за чистата есенција на човечкиот живот, за самотијата, но и за припаѓањето еден кон друг, за љубовта, за поткрепата, за вечното чекорење, себепреживување, преживување на светот и во светот, но и за испраќање отаде другата страна.
10
Оваа проза ја сметам за најдобр иот текст што т регион о и к ч а в о л -с о од чешк сум го читал во последниве
дваесет годин
и.
Ладислав Хорачек 130 X 195 мм 168 страници Цена: 210 денари роман Превод од словачки јазик: Звонко Танески ISBN 978-608-223-441-1
Е
лза. Јадевме заедно грозје и го запивавме со розе вино. Наредниот ден напипав во џебот влажно стебленце од грозје. Изгледаше како обрано дрвце. Калисто Танзи исчезна од градот што го зафати горештината. Топлината испаруваше од домовите и од улиците директно во лицата, а распалениот град се втиснуваше на челата на луѓето како печат. Застанав пред театарската витрина за да можам да го прочитам името на Калисто на плакатите и да си потврдам дека тој постои и во стварноста. Уживам во изговорот на името кое го измачувало во текот на целото детство и за време на пубертетот, а кое навистина престана да му пречи дури со моето доаѓање. Полека чекорам на другиот крај од градот, мускулите на нозете лесно ми лебдат низ жешкиот воздух. Пладне е. Единствено нешто што на оваа планета вистински се движи се капките пот. Протекуваат кон коренот на носот и повторно во млазови се лепат под косата. Одам да купам отров. Јан вчера видел глушец во тоалетот. Дератизаторот има подрум со вино под продавницата. Во подземјето бегаме од неподносливата омарнина и пиеме. Ми раскажува колку глувците се интелигентни. „Имаат вкусувач, тој прв ја пробува храната. Ако пцовиса, останатите не ја ни допираат мамката. Затоа им ги нудиме мамките од втората генерација. Глушецот ќе почне да умира дури по четири дена од консумирањето на отровот. Умира како последица на внатрешно крвавење. За таквата смрт уште Сенека тврдел дека е безболна. Останатите глувци имаат впечаток дека нивниот другар умрел од природна смрт. Ама и така – ако на истиот начин умрат 11
повеќе глувци за кратко време, тие ја вреднуваат локацијата од гледна точка на високиот морталитет како неповолна и се преселуваат. Таквата способност на вреднување во потполност им недостасува на некои луѓе, а и на цели народи.“ Совршен одвратен свет. Се смешкам над црвениот траминец. Дератизерот зборува многу брзо. Лицето му е во постојано движење. Небаре на него има премногу мускули. Небаре под кожата непрестајно му се придвижува стадото глувци. Од едното кон другото уво. Од брадата кон челото и назад. Чувствувам како под масата му треперат немирните нозе, а целиот труп му се ниша во танцот. При таквиот поглед ме фаќа вртоглавица. Главата ми се врти како при пребрзо пресечен филм. Дератизерот се наведнува кон мене и ми ја замотува раката во косата. „Вие сте толку убава глувчица“, се насмевнува. И јас се насменувам исто така. Чувствувам дека смрдам од осаменост. Ме испраќа и за по пат ми дава најлонска кеса полна со дератизациски средства. Наместо цвеќиња. Ја стегнувам гордо во раката. Можеби така ќе биде засекогаш, помислив. Ако мажите посакаат да ми се додворат, наместо цвеќе ќе ми подарат кеса со дератизациски мамки од втората генерација. Потоа, откога излегов од студениот подрум, по лицето ме удри жешкиот воздух и светот без Калисто Танзи. Првпат го видов Калисто на еден вернисаж. Многу се пиеше таму и во текот на вечерта се родија неколку нови парови. Како што вели Јан – таму каде што мажите, жените и алкохолот... – и ги доловува со тоа основните координати на локализацијата на сексот. Му погледнав во сините очи и првпат замечтаев за битие со обоени очи. На Јан му се речиси црни. Боите беа отсекогаш одлучувачки за 12
мене. Нивната комбинација во ликот на Калисто ме привлекуваше. Седевме заедно до утрото и разговаравме. Како секогаш на почетокот: човек може да го раскажува својот живот одново и сето тоа заслужува внимание. Раскажува и полека се врти самиот околу себе – танцува и со него целата просторија – финиот светликав прашок му се залепува во косата. Пред Калисто Танзи оживеа моето раскажување. Мојот сопствен живот пливаше пред нашите очи како стаклен врв. Со секој збор повторно го создавав. Го рекреирав. Се рекреирав покрај Калисто Танзи. Сигурно би можело да се напише за тоа книга. Тоа би бил мјузикл: Ах, мала вило, кога ти би знаела што сè јас преживеав... Но, тоа е веќе ручек. А, јас седам во кафетеријата. Облечена во кафеав фустан: стара жена. Седам наспроти Јан. Стар пар. Тишината меѓу нас ја нарушуваат само насловите од весниците. Јан ми ги нагласува повремено од над масата. И чита понатаму. Весниците се мост што паѓа. Напати ќе ги склопи и ќе ме погледне в лице. Очите нема да ни се сретнат. Виното има вкус на сушени сливи и чоколада. Натписот кока кола на чаршавот почнува незабележливо да се зголемува во пресрет на моето лице. Го попречувам со чинијата. Ги сакам ситуациите кога сè си останува на своето место. Дома седам покрај масата и му пишувам писмо на Калисто. Јан ми стои зад грбот – Ах, толку ли долго писмо мораш да пишуваш, кутрице? Не ти е доволна една СМС порака? На пример: Каде си? Калисто Танзи нема мобилен телефон ниту пак мејл адреса. Таквиот начин на комуникација го смета за прегорување. (Стариот англиски израз blackmail означувал изискување на необразложени даноци. На непостојните долгови, на ветувања што не се дадени.) Не постои едноставен начин за тоа како да му се вмешаш во
Прецизно око, прекрасен јазик,
казми, р а с , ја и н о р и , хумор а притоа и
– грижа.
Душан Душек
животот, да му влезеш низ прозорец на екранот или на дисплејот, да му се отелотвориш директно пред очите. Елза не можеше да се потпре на електронското заведување. Иако имаше талент за тоа – за зборување и за слатко ломотење. Беше вешта дрдорка. Но, новите можности ја донесоа и посилната конкуренција. Беше толку лесно да се заплеткаш со некого, да исконтактираш. Сè беше наклонето кон заведувањето. Во прв ред времето заштедено со брзата комуникација. Никој веќе не мораше да патролира во ноќта по темната улица, да патува со кочија, со автомобил, за време на бура. Да ги поправа тркалата, да ја менува зовриената вода во ладилникот, да се вртка околу куќите и кафетериите, беспомошно да ги обиколува улиците на градовите, каде што се наоѓа надежта за средба со љубената личност. Да се мапира можноста на нејзиното присуство. Да се следи, да се демне, да се сокрива, да се издржи неподвижно со години на едно место или да се патува без паузи. Мејловите и СМС пораките беа прозорци и огледала што брзо се множеа во светот. Преку нив можеше да се влезе во собата, под стреата, во тоалетот, да се нурне под водата, да се полета. Каде било да се закачи сопствената примамлива слика – инсталацијата. Елза. Во воздухот, на патот. Да те изложувам на мојата слика.
13
Деград
Васил Георгиев Васил Георгиев влегува во кругот на најинтересните бугарски автори на кратки раскази во последниве дваесет години, „мудрец меѓу бугарските писатели“. Темите во расказите се разновидни, варираат од длабок андерграунд до политичка социјална проза, а според расположението, од романтичен реализам до брутален постмодерен експеримент, со изненадувачки и апсурдни сижеа и пресврти. Расказите на Георгиев тргнуваат од една препознатлива реалност за да најдат некоја нејзина необична перспектива. Георгиев ја комбинира реалноста и фикцијата, препознатливи типични ликови се среќаваат со откачени ексцентрици. Хуморот е непосреден и директен, но не површен, туку најчесто интелектуален. Расказите се одредени со силен урбан сензибилитет.
14
Зошто ја напишав оваа книга?
Што се случува кога од секојдневието та?
иви неш л д и в д е р п е н м е с ќе изнурнат со
130 X 195 мм 128 страници Цена: 210 денари раскази Превод од бугарски јазик: Душко Крстевски ISBN 978-608-223-454-0
Еднаш, во едно ноемвриско магливо саботно утро, се враќав низ „Витошка“ по една забава. Бев осамен како улицата, трамвајските линии беа празни и само овде-онде бармени и продавачи уморно ги отвораа и затвораа вратите, ги качуваа столовите по масите или ги спуштаа, спуштаа или креваа ролетни и истураа кофи со валкана вода во шахтите. Во маглата, од аголот на „Неофит Рилски“, излезе една бела и чиста, очигледно домашна мачка, која нервозно ја тресеше опашката. По навика реков „мац-пис-пис“, се наведнав за да ја погалам, таа направи полукружно движење околу својата мачешка оска и продолжи со својот catwalk кон грчката продав ница за храна. Потоа, од маглата, се појави една жена во средни години, без веѓи и без коса, со портокалова јакна и зелени панталони – очигледно одеше по мачката која заедно со хемотерапијата – даваше сили да чекори по улицата во десет минути до седум тоа утро. Жената се обидуваше да ѝ се доближи на мачката и речиси ја стигнуваше, но секој пат мачката го подигнуваше грбот и правеше два-три чекори – доволно за да ѝ побегне. Жената, цимолејќи, се наведнуваше и ѝ зборуваше нешто, а несовесната мачка со ситни чекори во последен миг ѝ се исползуваше. На крајот мачката се пикна под еден контејнер, така што жената да не може да ја фати. Се разбира дека не ѝ помогнав за да не ја исплашам мачката, жената и себеси, а по сосем кратко време целата таа приказна невино потона во маглата. Се надевав дека тие две едноставно излегле на прошетка 15
тоа магливо саботно утро, а дека недостигот на веѓи и коса е дел од чудното сфаќање на жената за убавина. Се надевав дека секоја приказна има видлив и невидлив дел од себеси, како што ни се оди на југ, дури и во магливото ноемвриско утро. Видливиот дел е тој со кој се обидувам да постојам во просторот – во рамките на неколкуте линии на однесување за кои се очекува да ги поддржам – власт, бизнис и приоритети. Овие линии се како трамвајските линии на „Витошка“, треба да ги минам – притоа со колку што е можно помалку застанувања, без да влегувам во боксот, затоа што патниците во трамвајот на моите очекувања ми платиле, – за да стигнам до последната станица на најдобриот можен начин. Затоа честопати ќе ме гледате мене со видливиот дел од мојата приказна – како брзам како болната жена по централните софиски улици. Невидливиот дел ќе го наречам вистинската приказна. Таа ќе биде мачката на моите желби која трча, онаа што останува во маглата и што постојано ми бега, поради поважните нешта што се нарекуваат приоритети. Повеќе ми се допаѓа оваа приказна – таа е крзнеста, бела, чиста и заводнички се оддалечува од мене. Прави два-три чекори настрана, а јас продолжувам да се обидувам да ја стигнам, можеби недоволно. Ако продолжам да ја гонам, ќе се чувствувам задоволен. Тоа ќе ми е навистина доволно. Затоа што и покрај сите мои можности и приоритети, на крајот ќе останам со Единствената можност која моите најблиски ќе ја илустрираат со карактеристика, залепена на некој ѕид или до вратата, што тропала секојпат кога успешно сум се враќал дома – од забава, од работа или од некое друго интересно случување. Оваа карактеристика ќе има нешто заедничко само со мојот лажен лик, 16
одраз на нивните очекувања од мене – таа ќе биде глупава и ќе биде прераскажана од копирајтерот на погребното претпријатие што ќе ја напише уште поглупаво. Затоа решив да ја напишам сам.
Објавувањето на Деград се вбројува меѓу астани
урни н т а р е т и л е т јважни
на
во Бугарија
во 2011 годи
на,
кога ја добива наградата „Хеликон“.
17
Амаруши
Ведрана Рудан Ведрана Рудан е еден од најинтригантните гласови во современата хрватска литература, позната по своите контроверзни и смели ставови поврзани со горливите општествени прашања. Пишува концизно, остро, духовито, без влакна на јазикот. Романот Амаруши е објавен во 2013 година. Насловот реферира на името на четиригодишното девојче преку чија перспектива се согледуваат сите дејствија во романот – „да се сака“ и „да се руши“. Овие два елементи – љубовта и уништувањето – се клучни за човечките односи и заплетот врз кои се засновува романот. Целиот роман е напишан во дијалог. Девојчето е еден вид катализатор на раскажаните настани, набљудувач на големиот свет исполнет со трагикомични односи, бизарни ситуации и горчлив цинизам.
18
Остра вивисекција на современото дено
тво ви јс е м е с о к с т а в хр
од очите н а
едно
мало девојче. 130 X 195 мм 160 страници Цена: 210 денари роман Превод од хрватски јазик: Владимир Јанковски SBN 978-608-223-430-4
С
ите ме викаат Амаруши зашто бев мала, па танцував кога на баба ѝ ѕвонеше телефонот, амаруши амари, амаруши вибори, тралалалалалала, ла. Мама ме облече во црвено фустанче и хулахопчиња на Хелоукити и ми рече, а сега одиме кај баба. Јас реков дека јас би одела во градинка. Мама рече, одиме кај баба зашто ја остави дедо. И уште на тато му рече, многу се плашам за неа, една моја покојна тетка се фрли во бунар. Па влеговме во колата па дојдовме до куќата на баба па паркиравме на нејзиниот паркинг па мама ми рече, дај ми го рачето, не смееш сама на улицата. Па влеговме во куќата на баба а сега сме на терасата на баба и мојата мама ѝ зборува на баба. Кај баба „Еве нѐ, летам на работа, зготви ѝ нешто, синоќа не стигнав, бев претепана, дојдов дома во единаесет, како сте, тетка Сека, Амаруши, направи ѝ на баба гушгуш, а пред тоа бацка за мама. Браво, поздрав до сите, летам, мило ми е што сте со мама.“ издржуваш? Целосно си се запуштила. Наместо да пишуваш, ти чуваш дете. Зошто малечката не оди во градинка? Колку прекрасен ден. Имаме среќа што живееме во олку убав крај, ќе приготвам супичка.“ „Нема човек кој не знае каде бил кога е убиен Кенеди и кога умре другарот Тито.“ Јас би ја гледала Пипи. „Тетка Сека ќе ти ја стави Пипи. Дали во оваа куќа има студено пиво?“ „Се сеќавам на секој детаљ.“ Мене ми се мочка. „Тетка Сека ќе те постави на веце-школ¬ката.“ Јас во театарот ја гледав Пепелашка, како се викаат полусестрите на Пепелашка? Слушаш, тетка Сека, како во вецето паѓаат топчиња, еден, два, три. Избриши ми го газето. „Јас немам поим каде бев кога го убија Кенеди и право 19
да ти кажам, ме боли курот за него. Син на богат мафијаш кого го убија мафијашите зашто заборави дека е син на мафијаш. Прочитај ја малку биографијата на Френк Синатра. Ме уби фотката на мртвата Мерилин. Боже, таа жена изгледаше премногу страшно. Се плашам од смртта. Јас ќе изгледам уште поодвратно.“ Зошто плачеш, тетка Сека? „Го триев паркетот со челична жица додека врескаше хорот на Црвената армија, какаљинкакаљинкакаљинлалала. Чувствував, морам да го запаметам тој ден. Неподносливата смрдеа во носот од кремот со кој моите пријателки и јас го мачкавме измазнетиот паркет, руското дерење во заднината, другарката од музичкото нѐ гледа за да види дали паркетот ќе го доведеме до висок сјај или сѐ ќе мора да тргне од почеток, ако блеска како кучешки јајца ние трите по музичко ќе добиеме петка. Сѐ уште сѐ ми е во главата и во носот зашто тој ден загина Кенеди.“ „Јас се сеќавам дека со тебе на другарката Вера ѝ го триевме паркетот, какви времиња беа тоа, детенцата мораа со жица да го гланцаат подот, но навистина заборавив дека тој ден е смачкан Кенеди. Подоцна стопати ја видов Џеки во розовото костимче испрскано со неговиот мозок, не мислам дека сум морала да запаметам дека тоа се случило токму кога го гланцавме оној паркет. Ти си пишувачка, отсекогаш си претерувала, претпоставувам дека си го измислила и тоа. Живееш од раскажување куротресини.“ „Мојата ќерка се дереше како и обично. Врескаше брз врска, но јас не смеев да ја треснам зашто едногодишни деца не се тепаат, имаше воспаление на газето. Постојано имаше воспаление на газето и постојано ја премачкував со онаа жолта, густа маст, целата година се дереше на ист начин, врескаше додека ѝ ја соблекував посерената или влажната пелена, врескаше и врескаше и врескаше и гола и облечена и со воспалено газе и со здраво газе, едноставно, беше разврескано суштество, 20
денес е разврескана жена. Тој ден си реков, запамети го ова перење на газот, каква боја ѝ е газот, темновиолетова, каква боја е кремот, тапожолта, дали додека плаче ги има отворено очите, ги има, дали ѝ се гледаат сите заби додека вреска, ѝ се гледаат забите, удира ли со нозете, удира, удира ли со рацете, удира, запамети сѐ, запамети сѐ, стопати во животот ќе мораш да одговориш на прашањето, што си правела, каде си била кога умре другарот Тито.“
Рудан пишува остро и бескомпромисно, делум но икажува р п го о в и л д е б у итоа и вулгарно, и пр
животот во т ранзицијата.. .
Младина
21
Темната соба
Исак Роса
Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. На почетокот ја користат за експериментирање со нови врски, за анонимен секс без никакви последици, за игра и бегство од реалноста. Откако ќе се соочат со созревањето и последиците од сопствените одлуки, разочарувања и успеси, темницата станува простор за нивен емотивен одмор. Со текот на времето, општествената несигурност и личната ранливост стануваат дел од нивните животи, а темната соба се претвора во еден вид засолниште. Романот Темната соба претставувува портрет на една генерација. Преку животите на оние кои влегуваат и излегуваат од темната соба го гледаме суровото будење на современата шпанска генерација која се чувствува прелажана.
22
Неопходен роман (...) просторијат
себе. о в а в у к е л в о ве в
Серхио Санко р
130 X 195 мм 252 страници Цена: 350 денари роман Превод од шпански јазик: Марија Саревска-Тодоровска ISBN 978-608-223-460-1
а
Н
е стој таму. Ајде влегувај, веќе сме собрани сите. Зад завесата, врата: отворена е, само треба да ја турнеш, додека ja чувствуваш тежината на ткаенината врз грбот, која се спушта оставајќи ја зад себе полутемнината на ходникот. Вратата сама се затвора, и откако ќе направиш неколку чекори чувствуваш дека темнината ти се зацврстила врз лицето, тешкa, но, не: тоа е втората завеса, коja виси на полукружна шипка за да не го попречува пoминувањето низ вратата. Се чини како претерување, две завеси, но само така можеме да бидеме сигурни дека нема да се протне ниту зрак светлина секогаш кога некој влегува или излегува од темната соба. Toa e премин, поставен само за да ти го отвори патот: можеш да го поминеш само од страните, како кога влегуваш во храм. Штом си веќе внатре, се ориентираш според најблискиот ѕид: ја потпираш раката на пердувестата површина. Оттаму, можеш да продолжиш движејќи се по рабовите на собата, постојано држејќи се за ѕидот; или да направиш неколку чекори кон средината од просторијата, со раце испружени напред. Веќе знаеш дека не постои ризик да се удриш во мебел, целиот мебел е сведен на три душеци наредени на ѕидот во задниот дел од собата и два кауча од страните. Претпазливото влегување со испружени раце е за оние што се наоѓаат во темната соба, да не се судрат меѓусебно. Иако, при влегување, никогаш не може да се знае колкумина нè има веќе внатре, дали има некој во аголот или си првиот што доаѓа, денес сите сме тука. Недостигаше само ти, и сега си тука. Најди си го своето место, најди место на ѕидот каде што никој се нема потпрено, додека се движиш опипувај ги телата што ти доаѓаат во пресрет, испоседнати на подот како групирани камења, додека не почувствуваш дека си ја допрел и последната 23
глава, и остани таму долу, затворајќи го кругот. Не зборуваш, не прашуваш, знаеме дека денес е посебен ден, различен, но никој не сака да ја наруши тишината која беше неразделна од темнинaта од првиот ден. Сите влеговме како да е уште еден вообичаен ден: oдделно ги оставивме чевлите во ходникот, разбранувајќи го одвај внатрешниот воздух при отворањето на завесата, трепет сме во вакуумот, а кожата ни ја доби густата боја која секогаш нè eлектризира. Некои од нас немаа дојдено одамна, и при влегувањето прво рефлексно ја вртат главата во сите правци барајќи го она најмало зракче светлина кое им е потребно на зениците да го реконструираат светот, да го ограничат просторот, ама нема ништо. Не е целосна темница бидејќи знаеме дека такво нешто не постои, окото е тоа кое не може да ја види оваа минимална светлина што останува дури и во најдлабоката темница, како преостанат и неуништлив сјај. Но ова е најблиску до апсолутот, не сме доживеале иста темница на друго место иако се обидовме: дома, каде што колку и да ги спушташ венецијанерите и да ги затвораш завесите и вратите, секогаш се пробива една нишка светлина што ги возбудува зениците и на крајот остануваат проширени за да разликуваат нешто – волумен, сенка подебела од другите. Овде не. Исто така, знаеме дека и тишината не постои во апсолутна смисла, колку и да се трудиме да ја обезгласиме темната соба. Откако ќе се сместиш на ѕидот и ќе ја соблечеш облеката и ќе ги искрцкаш зглобовите кои крцкаа уште од твоето влегување, ќе сфатиш зошто и денес не зборуваме, бидејќи и покрај тоа колку имаме да си кажеме претпочитаме да ја зачуваме оваа тишина која никогаш не е целосна дури и кога сме сами овде, кога никој друг не дише до нас, ни триење, ни крцкање на јазикот или изместување на душекот, нашето сопствено тело е она кое вибрира на дното на 24
увото: дишењето, пулсот, кркорењето на цревата, живото зуење на организмот што се засилува кога сетилото за слух не наоѓа доверлив надворешен звук, па се враќа внатре и бара. Денес сакаме да побрзаме кон крајната точка на оваа тишина, бидејќи ова е збогување, како што веќе знаеш: ова се завршува, ова е крајот на темната соба, па затоа последен пат уживај во недостигот на светлина и звук, диши силно пред да се изгуби овој мирис што сеќавањето ќе го задржи и штом излеземе: мешавина од многу мириси што ја згуснуваат затворената атмосфера, овој пикантен воздух што ти доаѓа во носот кога ќе ја преминеш втората завеса, акумулиран во текот на годините како огромна топка направена од стари партали, кои кога би можеле да ги издвоиме и да ги изолираме би ги препознале еден по еден. Вдиши длабоко бидејќи нема повторно да го помирисаме, ова е крајот: денес времето се набира во себе, како лист здиплен на две, за почетокот и крајот да се преклопат, за да се поистовети овој последен ден со првото попладне кога исто така сите бевме овде како и денес: седнати во круг и тивки, кога ја поздравувавме темната соба за добредојде, со истата посветеност со која денес се збогуваме од неа. Преклопено време или, подобро, кружно време, како да сме се вратиле на почеток, како едно трепнување да траело петнаесeт години и, реално, никогаш да не сме се мрднале оттука. Сеќавањето експлодира во средината на собата и нè зафаќа како колективен грч. Иако никој не вели ништо, сите чувствуваме како пред само неколку секунди првпат да ја придушуваме светлината, попладнево, а не тоа далечно попладне, да ги изнесувавме старите столови и правливите ѓубришта оставени од претходните станари, го покривме со табла отворот од вентилацијата, ги покривме пукнатините со изолир-лента, го издупчивме ѕидот за да ги поправиме шипките за
Четивото предизвикува фасцинација, рад
ксија. е л ф е р а н в и з ање и интен
напушт
Ова е голем ром
ан.
Ел културал
осно
завесите, ја покривме долната пукнатина под вратата со лента, ги приковавме клинците, ги избрусивме изгребаните делови од дрвото на подот, поставуваме табли од стиропор на ѕидовите, преполовуваме делови за да ги исполниме и последните агли. Застанавме кај огледалата, две големи табли што зафаќаат половина ѕид, уште од времето кога во овој подрум се одржувале часови по танц во соседството: разговаравме дали да ги симнеме или да ги оставиме; имаше суеверни аргументи да ги симнеме или да ги покриеме со плочи, но се согласивме да ги задржиме заради возбудатапри влегување во темна соба знаејќи дека сме удвоени, иако во текот на сите овие години, само една рака ја допре студената површина, никогаш не се сетивме дека тука се наоѓаше мртво огледало, дека нашите движења се удвојуваа во црно. Но сега, да: сега мислевме на огледалото, како да не беше слеано петнаесет години, како само пред секунда да престанавме да гледаме во него, точно пред да ги исклучиме светилките, откако ги прегледавме спојките на ѕидовите и ги зајакнавме покривките на проширените отвори, ги постеливме теписите и ги донесовме каучите и душеците и запаливме ламба што ни ги прошири лицата на ѕидовите и овозможи да се отстрани флуоресцентната цевка на таванот за потоа да се провери сè одново: минуваме со дланката по подот и по акустичните плочи барајќи некое ќоше од кое сме можеле да се изгребеме во темницата; убаво ги постиламе килимите и ги приковавме за подот, за да се избегнат набори од кои би можеле да се сопнуваме, и откако сè беше проверено ја затвораме вратата и ја поминуваме внатрешната завеса.
25
Копнеж по дом
Џени Ерпенбек
Во центарот на овој сензуален, елегантен роман, се наоѓа еден имот изграден во шумата близу Брандербуршко Езеро, недалеку од Берлин. Опфаќајќи повеќе од сто години од германската историја, од XIX век до Вајмарската Република, од Втората светска војна до создавањето на ДДР, па до конечното обединување на Германија, Копнеж по дом нѐ запознава со различните животни судбини на дванаесет луѓе. На еден ист простор ги следиме драматичните приказни на луѓето што ги проживуваат своите страсти и судбини. Ерпенбек со специфично чувство за раскажување и доловување на карактерите, пишува исклучителен поетичен роман, кој ги открива и обичностите на секојдневното постоење и големите егзистенцијални прашања кои се независни од времето во кое ќе се појават.
26
Големопоседникот и неговите четири ќерки
Копнеж по дом е исклучително си
лна авните гл д о а н д е а н га кни
германски писа телки.
Гардијан 130 X 195 мм 176 страници Цена: 315 денари роман Превод од германски јазик: Слободанка Поповска ISBN 978-608-223-464-9
К
ога некоја девојка се мажи, не смее сама да си го сошие венчалниот фустан. Ниту, пак, венчалниот фустан смее да биде сошиен во нејзината куќа. Се шие надвор од куќата и за време на шиењето не смее да се искрши ниедна игла. Материјалот за венчалниот фустан не смее да се раскинува, мора да се сече. Доколку во кроењето настане некоја грешка, материјалот не смее веќе да се користи, мора да се докупи ново парче од истиот материјал. Невестата не смее да прифати младоженецот да ѝ ги подари невестинските чевли, мора сама да си ги купи и тоа од парите што долго време ги собирала. Свадбата не смее да биде кога е најтопло во годината, што значи не среде лето, но не ни во променливиот месец април, неделите на објавувањето на вечавката не смеат да се паднат во Страсна недела пред Велигден, а самата венчавка треба да биде кога има полна месечина или барем кога таа се зголемува, најдобар месец за венчавање е мај. Неколку недели пред свадбата се изработува објавата и се поставува во витрина. Другарките на невестата плетат цветни венчиња и со нив ја украсуваат витрината. Ако невестата е омилена во селото, тука ќе се најдат три или повеќе венчиња. Една недела пред денот на свадбата почнува колењето и печењето, но невестата никако не смее да го види огнот во печката. Еден ден пред свадбата, попладне доаѓаат децата од селото и вреват, во тремот на влезот фрлаат и кршат садови, но никако стаклени, и од мајката на невестата добиваат колачи. Вечерта возрасните ги носат подароците, кажуваат песни и учествуваат во веселбата. 27
Таа вечер ламбите не смеат да треперат, тоа носи несреќа. Следното утро невестата ги мете остатоците од скршените садови во тремот и ги фрла во дупката што ја ископал младоженецот. Потоа другарките ја китат невестата за свадбата, таа носи венец од мирта и превез. Кога младенците излегуваат од куќата, две девојчиња држат букет цвеќе, кој го спуштаат на земја, а тие го прескокнуваат. Потоа се возат до црквата. На надворешната страна од уздите коњите имаат по две ленти, црвена за љубов и зелена за надеж. Камшиците се направени од исти такви ленти. Свадбената кочија е украсена со гранче од бука, а понекогаш и од смрека. Кочијата на младенците се движи најодзади, зад кочиите на гостите. Таа не смее да застане ниту да сврти. Свадбената поворка мора, доколку е можно, да одбегнува да помине покрај гробишта. За време на возењето, сватовите не смеат да се обѕрнуваат околу себе. Може да врне, но не би требало да паѓа снег за време на возењето. Колку снегулки, толку тага и болка. Исто така, невестата не смее пред олтарот да го испушти своето шамиче, инаку во бракот ќе ја следат многу солзи. На враќање, кочијата на младенците се движи пред другите, мора да се движи многу брзо инаку во бракот ќе им оди наназад. Кога брачната двојка го пречекорува прагот на куќата каде што се одржува свадбата, мора да стапне преку железо, преку некоја секира или потковица. За време на свадбениот ручек, младенците седат во еден агол, ќоше за младенците, и не смеат да го напуштат. Столовите на младенците се украсени со бршленови ластари. По ручекот, едно момче се вовлекува под масата и на невестата ѝ собува еден чевел, кој потоа го продава со наддавање, а младоженецот е тој што на крајот мора да плати. Заработката им се дава на готвачките. Околу полноќ, низ песни се кине превезот и 28
на секој од гостите на заминување му се дава по едно парче за спомен. По свадбата младата двојка се вселува во нов стан. Добрите пријатели таму, врз печката оставиле заврзок со леб, сол и малку пари, за никогаш да не се случи да им недостигаат храна и пари. Заврзокот мора да остане тука негибнат цела година. Двата збора кои се најважни на венчавката гласат: смее и мора. Првата работа што младата жена треба да ја направи во новиот стан е да донесе вода.
Ерпенбек ќе ви се вовлече под кожа
.
ст
Вашингтон по
29
Ме викаат Циган
Ника Мај
Ме викаат Циган е роман за едно момче кое во несреќа губи сѐ: своето сеќавање, сопствениот идентитет, можноста да се сети на родителите. Откако ќе се најде меѓу Роми кои го посвојуваат, меѓу луѓе и традиција што не ја познава и разбира, се чувствува емотивно и интелектуално загубен. Момчето поминува долг пат, следен со многу неизвесности, болки и страдања, соочување со предрасудите на луѓето, додека успее да се избори за своето право на достоинствен живот. Тој пат колку што е борба против надворешните елементи толку е и борба со себеси, надминување на индивидуалното чувство на инфериорност.
30
Роман за предрасудите и потребата ив.
отив н р п е м и р о б е с а д
130 X 195 мм 352 страници Цена: 315 денари роман Превод од словенечки јазик: Дарко Спасов ISBN 978-608-223-476-2
П
едагогот одмавна со главата. „Може да е тоа. Но штом другите се приспособија, ќе се приспособиш и ти. Други опции немаш“, рече со построг глас отколку што беше наумил. Во утробата чувствуваше дека станува гневен. Не поради момчето, за волја на вистината, сиромашкиот почна да му станува мил, туку зашто по цел ден беше затворен сам во мрачната дупка во замокот; беше гневен на самиот себеси зашто не му успеа да продре низ оклопот на момчето, го разгневуваше неговата сопствена немоќ. Нарсеј нешто криеше, нешто мора да го притискаше во градите. Стражарите се жалеа од неговите крикови ноќе, кога имаше кошмари. Мораше да му даваат апчиња за смирување за да може да спие. Тој имаше сериозни проблеми, а, сепак, немаше доверба во никого, никогаш никој не успеа да му се доближи, со никого во установата не контактираше, дури и другите Роми го гледаа накосо и не го прифатија во нивното друштво. И покрај сè, тој продолжуваше цврсто да тврди дека е Циган. Не Ром, туку Циган. „Зошто си толку тврдоглав, Нарсеј?“ педагогот повторно се обиде со мирно убедување. „Со тоа само си наштетуваш на себе. Веќе одамна можеше да бидеш во одделението без дроги. Кога дојде во заводот ти се согласи да продолжиш со образованието и да работиш во ѕидарската работилница, а сега ништо од тоа. По цели денови вегетираш во оваа дупка и губиш време. Не разбирам зошто не се потрудиш барем малку. Умно момче си, а имаш и добри работни навики, со леснотија би успеал.“ Нарсеј решително одмавна со главата. „Ние Циганите не работиме.“ 31
ИЗДАВАЧКА КУЌА МАГОР Директор Горјан Лазаревски gorjan.lazarevski@magor.com.mk Главен и одговорен уредник Павлина Аџи Митреска Лазаревска pavlina.magor@gmail.com Уредник на едицијата Владимир Јанковски vladimir.jankovski@magor.com.mk Ул. Црвена вода 28, 1000 Скопје Телефон: 02 / 31 13 087 Tелефон/факс: 02 / 32 96 577 E-mail: magor@t-home.mk www.magor.com.mk
КАФЕ-КНИЖАРНИЦА
МАГОР Кафе-книжарницата претставува мал културен центар, каде што редовно се организираат разни случувања: настапи на џез, блуз и рок музичари, гостувања на диџеи, промоции, книжевни читања, изложби, предавања, танго вечери и др. Освен изданијата на Магор, во кафе-книжарницата можат да се најдат голем дел од изданијата на повеќето македонски издавачки куќи. Посетителите можат да се освежат со некој пијалак во пријатен амбиент и добра музика. l ТЦ Порта Буњаковец (кај Грчка амбасада) l Бул. Партизански одреди бр. 21, локал 1 / 1000 Скопје l Телефон: 02 / 31 21 027 l Е-mail: magor.book.cafe@gmail.com
Каталогот е објавен со поддршка на Програмата Креативна Европа на Европската унија
Овој проект е реализиран со поддршка од Европската комисија. Изданието ги одразува гледиштата само на авторот и комисијата не може да се смета за одговорна за каква било употреба што може да произлезе од информациите што се содржат во него.