Атом и Ева (2012)

Page 1


Графичко уредување и дизајн: Бранко Прља Стручен соработник: Д-р Адријан Божиновски

Издавачка куќа Готен www.gotenpublishing.com contact@gotenpublishing.com

CIP - Каталогизација во публикација; Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-32 ПРЉА, Бранко Атом и Ева: историја на една материјалистичка љубов / [Бранко Прља]. - Скопје: Готен, 2012. 160. стр. : илустр. ; 17 см. (Библиотека Астро Гном; кн. 4) Белешка за авторот: стр. [159] ISBN 978-608-4625-23-0 COBISS.MK - ID 92886282


КНИГА 4

Бранко Прља

Историја на една материјалистичка љубов

ГОТЕН Скопје, 2012



Содржина Атомистико, радост ти ќе бидеш

7

Нови трагачи по вистината

9

На почетокот беше ништото

11

Кој ја создаде илузијата?

19

Атомот се згрчи!

33

Атомски среден век

43

Ренесанса и атомизам

53

Далтон и неговите браќа атомисти

73

Индустриска револуција

83

Атомизмот во 19-от век

95

Електрично доба

117

Сферите на материјализмот

131

Атомистички трошки Големите научници на електричното доба...

143

Атомистички речник

147

Белешка за авторот

159



Атомистико, радост ти ќе бидеш

Ве повикуваме на возбудливо патување во светот на атомите. Ќе се дружиме со најголемите умови на теоријата на атомизмот од времето на античка Индија и Грција до достигнувањата на науката од 20-тиот век. На ова патување ќе нè придружува динамичното дуо Адам и Ева, жители на Светот на идеите раководен од Господ Вакуум, трговец со шверцувани цигари од „реалниот“ свет. Овој нарко-господ соочен со недостатокот од неговиот омилен производ, ќе ги прати Адам и Ева, како негови агенти-мисионери со цел да им ја откријат тајната на атомот на жителите на овој свет и да воспостават материјалистички принципи во него. Но, зошто?

7


Како што Господ Вакуум знае, а би требало и вие, „реалниот“ свет воопшто не е реален, туку е само искривена проекција на светот на идеите. Тој е контролиран од Господ Вакуум во кој луѓето се потчинети на овој суров господар со една цел - да произведуваат евтини производи со сомнителен квалитет кои не се дозволени во светот на идеите. Адам и Ева се пар на мисија! Ако успеат да го создадат материјалистичкиот свет на Земјата, нивниот господар ќе биде задоволен и можеби ќе им дозволи да се вратат во рајот од кој биле протерани. Но, тоа нема да биде лесна задача. Древните народи на Земјата знаеле дека светот е духовна творба, дека сè што постои е само различна форма на енергијата. Секое придвижување е промена на енергетската состојба, не постои ред и постојаност, туку хаос и фрагментираност. Задачата на атомизмот е да ја поткопа оваа идеја и да изгради свет заснован на материјализмот. На ова патување ќе дознаете дали мисијата на ова динамично дуо ќе успее и дали Земјаните засекогаш ќе ја продадат својата душа на Богот на предметите и празните вредности. Но, ние Земјаните сме тврдокорни битија со џокер во ракавот, наречен Инспектор Дик Трејсиќ, кој им е на трага на двајцата злосторници со лоши намери по човечкиот род... Читајте и дознајте дали Дик Трејсиќ ќе успее да го спречи Господ Вакуум да им ги открие тајните на атомот на човековата раса.

8


Нови трагачи по вистината

Атом, ентитет со став на рок ѕвезда Адам, агент на мисија Ева, партнерка на Адам, поубава половина на динамичното дуо Господ Вакуум, Бог на светот на идеите Демокрит, антички Грчки атомист и шпион Канада, првиот атомист, не е од Канада Дик Трејсиќ, експерт за криминалистика и турбо-фолк Исидор, епископ на Севилја, средновековен шмекер Николас од Куза, ренесансен генијалец со кауза Френсис Бејкон, наречен Сиси Сланината Пјер Гасенди, мастер на гасовите Џон Далтон, едниот од озлогласените браќа Квекери Ват, парно-машинец, индустријалистички ум Џ. Џ. Томас, Ди Џеј-Џеј, кралот на електронската церемонија Нилс Бор, квантен физичар од иднината ... и многу други материјалисти



На почетокот беше ништото “Господ Вакуум е најголемата измислица на пропагандно-маркетиншката индустрија од почетокот на светот. Кој верува во него е недостоен на тоа да се нарекува човечко суштество и би било најдобро за него и остатоткот од човечката раса да нè лиши од сопственото постоење. Но, тоа не значи дека не треба прво да слушнеме што има да ни каже Господ Вакуум.“ Антиконсумерист Трети

11


Во рајската градина „Ах, колку ми е здодевно...“ помисли Господ Вакуум и плукна семка од тазе набраното јаболко од неговата рајска градина. Да, тоа беше вистинската „рајска“ градина со тапија, печат и документ заверен кај нотарот на Севишниот. Вакуум направи гримаса како да се подготвува да кивне и потоа громогласно извика: „Женооо!!“ На портата од кралската канцеларија се појави заносната сопруга на Вакуум, поранешна мис на месецот јуни во рајската градина и повремена естрадна уметничка. „Повели, господару?“ рече таа со глас во кој имаше нијанса зарипнатост доволна да го направи ѓаволски сексапилен. „Дај претвори се пак во змија и најди ми други двајца глупчовци за да ми донесат уште јаболка, последните ми беа некако кисели.“ Да, нејзиното портфолио беше збогатено со способноста да се претвори во змија - професионална деформација или боже(н)ствена дарба? Никој не го знаеше одговорот на таа загатка. „Веднаш, мил мој,“ рече сервилно младата жена и „оп-оп“, лесен чекор го понесе нејзиното зрело и полно тело низ кралскиот дворец кон градината.

12


* * * Во градината беа Адам, затвореник број 324.532/м и Ева, со број 324.532/ж, кои штотуку се будеа од сон. Ева, носена од природниот нагон за истражување се упати кон дворецот, додека Адам реши да отспие уште малку. Змијата подготвено ја пречека Ева и ја поздрави со едно долго „Ссссдраво!“ Ева прво се исплаши, но потоа се созема. „Здраво... Што си ти?“ „Не е битно што сум, туку што можам да ти дадам, драга. Пред тебе има едно дрво, а на него јаболка, во јаболката, освен многу природни анти-оксиданси кои се добри за твојата мазна кожа и твоето општо здравје има една супстанца, која ја нарекуваат ЛСД. Ако каснеш од тоа јаболко, пред тебе ќе се отвори еден нов свет на можности, предизвици и дразби.“ Ева бледо ја гледаше змијата. „Твоите сетила ќе бидат како никогаш порано,“ продолжи таа, „ќе ти се чини дека стоиш на врвот на светот, а на­ долу пред твоите нозе ќе бидат послани најпосакуваните богатства на светот - бутици со најмодерна облека, салони со најнов мебел, продавници за модерни апарати за дома­­­­­­­­­­­­ќинство, бижутерија, фризери, маникири, педикири, депилација, епилација, шминки и сè што ù треба на една жена со твоите потенцијали. Ќе речеш, тука е убаво и мирно, но запрашај се, колку време она задремано маженце таму ќе биде задоволно со твојот природен изглед пред да почне да бара друга русокоса? А што кога ќе дојдат децата на ред? Зарем ќе живеат во колипка од гранки и ќе јадат од грмушки?

13


Зарем не заслужуваат своја соба, играчки, велосипеди и мопеди, хамбургери, сладоледи и газирани пијалаци збогатени со шеќер кој ќе ги направи зависни, зарем не заслужуваат игранки, матурски и свадби, наместо мавање со стапови и играње во кал? Не размислувај, туку веднаш јаболко гриз-гризај!“ Ева не разбра речиси ништо од муабетов, но знаеше дека тоа јаболко изгледа проклето вкусно, а нејзиниот стомак веднаш се согласи со тоа. Беше доволен еден гриз и Ева веднаш знаеше што да прави. Не ù требаше многу време да го убеди Адам да гриц-грицне и тој.

Прототипот на Адам и Ева, кој не бил многу популарен 14


Пред Господ Вакуум Адам и Ева се појавија пред господ Вакуум во нивните чевли, чанти и колани од Луј Витон, часовници и прстени збогатени со скапоцени камења од Сваровски, облека и обувки од Армани, со совршени фризури и блескави насмевки. Адам носеше гајба со јаболка под мишка, застана пред Вакуум и ја тресна пред неговите нозе, се исправи и си ја поднамести фризурата. Нашите двајца манекени беа по малку разочарани од изгледот на Севишниот. Со радост ја беа исчекувале оваа средба и единствената можност да го видат Господ Вакуум којшто беше недофатлив за сетилата на обичните смртници во реалниот свет (иако некои сведочат дека има мирис на носени чорапи и вкус на бамија). Но, бидејќи престојувалиштето на нашите двајца палави јунаци беше светот на идеите, тие можеа јасно да го видат ќелавото мрсно старче во пот-маица, и не знаеја дали им е погаден недостатокот на заби во неговата уста, неговиот перверзен поглед или неговите пожолтени прсти и брада од цигарите кои ги пушеше една по друга. До него седеше неговата сопруга, Хера. Вакуум го погледна Адам под око, се поднаведна, зема едно јаболко и гризна. Од јаболкото се појави црв, му се насмевна и избега повторно во јаболкото. Вакуум се разгневи и го фрли јаболкото кон двајцата манекени. „Знаете зошто ве викам, нели?“ загрме господ Вакуум. „Да, сакате да позборуваме за суштината на животот и постоењето,“ одговори Адам, а Ева го погледна зачудено. Таа повеќе би сакала да позборува за оние нешта кои ги кажа сопругата на Вакуум, но премолчи.

15


„Што!“ крикна господ Вакуум. „Слушај, ти дрско момче, јас сум осуден на проклето здодевна вечност тука во овој забеган рај каде што по цел ден слушам цврц-цврц, мрцмрц, пиу-пиу... зарем мислиш дека ќе седев сè уште тука да знаев нешто за суштината на животот? Ха-ха! Досега одамна ќе се излежував на Куба со мојот драг пријател Кастро и ќе цевчев пури додека две млади кубанки ќе ги масираа моите стапала со етерични масла.“ Ева се стресе од помислата на неговото старо, влакнесто тело како свети на тропското сонце. “Но, некоја игра на судбината решила да ме постават за газда на светов и не можам да мрднам оттука. Не, мил мој, вие немате некоја голема и длабока мисија во животот, единствена причина за вашето постоење е да ми донесете нова залиха тутун да си го пув-пувкам со мерак!“

Господ Вакуум, од времето кога бил млад хроничен пушач

16


„Само внимавајте да не ми донесете некое кинеско ѓубре прскано со пестициди и којзнае што сè не! Можеби не знам ништо за суштината на светот, но знам како функционира тој. Сè додека има профит, ќе има профитери, додека има овци, ќе има овчари, зарем ме сметаш за будале-лелетинка?“ Вакуум строго ја погледна сопругата. „Извинете што ве прекинувам, но дали сепак можеме да дознаеме нешто повеќе за светот во кој треба да се упатиме? Мислам... како ќе најдеме тутун, ако не знаеме ништо...“ пропелтечи Адам. „Овој е навистина здодевен,“ Вакуум повторно се сврте кон сопругата. „Секоја тура манекенчиња е сè поздодевна... каде се оние едноставните Адам и Ева бр.1/1 кои дојдоа пред мене облечени во листови?... сега копнеат по вистината, суштината, целта... сакаат да знаат каде има дизајнерски чевли и дијамантски прстени... само тоа ги интересира! Бидејки знам какви плачковци сте вие луѓето, овој пат ќе ти направам услуга. Но, знај дека кога ќе ја слушнеш вистината ќе посакаш да не си прашал ништо...“ Адам не трепна, беше решителен. „Вистината, мил мој, е дека светот во кој ќе се упатиш е илузија, создаден е од ништо и постои како ништо. Неговиот градбен материјал атомот - е изграден од празнини и енергии, материјата не пос­тои! Целата заблуда околу материјата ја започна еден човек, кој всушност беше наш агент испратен на Земјата со цел да ви ја набутка таа слика за светот во вашите мали празни - да, како и светот! - глави за да можете да работите и креирате со илузијата дека создавате опипливи и мерливи нешта. Вистината е дека тие нешта се илузии и од нив имаме корист само ние - жителите на

17


светот на идеите.“ Вакуум уживаше во секој изречен збор кој предизвикуваше промени во ликот на Адам и Ева - од зачуденост во грч, од очај во паника... „Што мислите од каде ми се кожените чизми од крокодил, палтото од Армани, синџиров од Сваровски?...“ се насмеа Вакуум. „Но, еден контра-агент ја закашка целата работа и целиот наш вековен труд... агентот Дик Трејсиќ, запаметете го неговото име. Ако го видите не борете се со него, правете го она што секој наш агент кој преживеал го направил бегајте! Мораме да ја ресетираме историјата и вашата задача е повторно да го посеете семето на атомизмот и материјализмот во светов зашто почнуваат да ни недостасуваат материјалистичките стоки во нашиов свет... Збунети сте, драги мои илузо-луѓенца-бебенца? Не грижете се, опуштете се и завалете се во вашите столови. Авантурата започнува!“ Вакуум притисна едно копче кое се наоѓаше на не­говиот кралски престол и под нашите двајца јунаци се отвори дупка и тие пропаднаа во ре ал нос

тааааааа

18

аааааааааааааааа...


Кој ја создаде илузијата?

„Го ситнам кашкавалот, парчиња сецкам, - до кога? - прашање слушам тоа атомот ме задева.“ Демокрит

19


Демокрит, младост Абдера, Тракија, 460 г. пне. Тато Демокрит седеше во ладовината под едно дрво во дворот од неговата аристократска вила далеку од градската врева. На небото наеднаш се слушна силна грмотевица, на што овој рипна и се скри под дрвото очекувајќи силен дожд. Но, она што го виде беше далеку од неговите очекувања. Небесниот свод го параше голема огнена топка проследена со долга опашка од чад. Кратко потоа се зачу силен удар во блиската шума. Таткото скокна на кочијата и замавна со камшикот. По некое време стоеше пред огромен кратер во чијшто центар имаше топка од материјал каков што не видел до тогаш. Топката се отвори и од неа излезе дете, не постаро од 5 години. Тато Демокрит, шокиран од оваа сцена скокна наназад, а коњот преплашено рипна и ја преврте колата. Античкиот човек беше соочен со навистина тешка задача на набројување на името на сите божества додека коњската кола паѓаше кон него, но тогаш се случи чудо - колата застана. Тато Демокрит ги отвори очите и го виде детето како ја придржува колата со неговите две мали рачиња и се смее. „Н-но, како“ пропелтечи Тато. Одговорот кој го доби од детето беше уште поголемо чудо. „Лесно тато, колата е лесна зошто е составена од празнина. Таа е ништо.“

20


* * * Но, тоа беше во првата верзија на нашиот свет, во која Светот на идеите имаше доволно пари од Mинистерството за специјални ефекти. Во новата верзија на светот каде што се испратени нашите агенти, Демокрит не е синот на Кал-Ел од планетата Криптон, туку само обично надарено момче. Токму затоа, запомнете, тие ќе мораат да го посетат неколку пати во животот, како и многу други луѓе во нашава приказна и да го учат на атомизмот кој тој ќе го пренесе на светот.

Тато Демокрит го учи малиот Демокрит како да лови риба, омилена фад`р-сан активнист во демократските грчки градови-држави.

21


Значи, во следните години детето растеше во домот на тато Демокрит и го наследи неговото име. Ги изучуваше сите потребни вештини и знаења со кои се одликуваа младите аристократи во античка Грција. Кога почина татко му, младиот Демокрит го искористи неговото богатство за пат до Индија. Но, зошто таму? За да одговориме на тоа треба да се вратиме неколку векови наназад.

Индискиот атомизам Си бил еден индиец наречен Канада кој немал никаква врска со државата која ќе настане многу векови по него, освен тоа што сакал лисја, а сакал и зрна, всушност неговото име во превод значело „оној кој јаде зрна“, а зрната всушност биле атоми. Легендата вели вака. Еден ден Канада се шетал во неговата градина и му се пријало. Бидејќи една недела претходно ја испратил сопругата со децата на одмор кај мајка ù, веќе неколку дена немал јадено ништо. Зошто? Филозофската Ваишешика школа која тој ја има основано во 600 г. пне., како што можеме да прочитаме во текстот Ваишешика-сутра, про­пагирала дека универзумот е во состојба на постојана промена и дека со сè во светот раководи каузалитетот, принципот на причина и последица кои се различни, но поврзани. „Ако мојата сопруга е кај мајка ù на една недела, а јас сум го изел сè она што таа ми го има зготвено за само 2 дена, тогаш во следните пет дена нема да имам што да јадам,“ размислувал логички Канада и бидејќи се

22


држел до филозофските принципи во животот не му останувало друго освен да пости. Канада, исто така, тврдел дека постои врска помеѓу целината и нејзините делови, т.е. кога материјата се дезинтегрира, делчињата продолжуваат со сопствена егзистенција, но, воедно велел дека целината има сопствено постоење и не постои како одвоени делчиња. Oва тврдење може да ви се чини како контраинтуитивно, но, како што ќе видиме понатаму, токму таква е и квантната теорија денес. За вас кои мислите дека античките Грци ја создале атомската теорија, зачинетата индиска кујна на трансцендентални мисли ви има приготвено изненадување. Ги предупредуваме тие со послаби стомаци веднаш да го затворат атомистичкиов готвач и да земат полесна литература. Другите би требало да знаат дека Демокрит и атомистите биле чести посетители на Истокот и на тие патувања случајно го фатиле вирусот на атомизмот. Како што ù е познато на историјата, Ваишешика филозофијата гледала на светот како на врски помеѓу атомите, создала теории за тоа како атомите се комбинираат во покомплексни објекти и постулирала дека сите објекти во физичкиот универзум може да се сведат на ограничен број атоми. Оваа школа, исто така, тврдела дека сите елементи земја, вода, оган и воздух (да, исто така пред античките Грци), се направени од невидливи параманус (атоми). За тоа тие имале едноставен аргумент. Да претпоставиме дека материјата не е изградена од невидливи атоми, т.е. дека е континуирана. Да

23


земеме еден камен. Секој може да го подели овој камен на бескрајно мал број парчиња (бидејќи материјата е бесконечна). Хималаите, исто така, имаат бесконечно многу делчиња, според што секој може да направи уште едни Хималаи со бескраен број делчиња. Ако започнеш со камен, ќе завршиш со Хималаите, што е парадокс - според тоа, оригиналната претпоставка дека материјата е бесконечна мора да биде грешна, според што сите објекти мора да се направени од ограничен број на атоми. Овa елегантно аргументирање е далеку поуверливо од млечниот силогизам на Грците кои наводно тврделе дека ако го сечеш кашкавалот доволно долго, конечно ќе дојдеш до неделиво парче кашкавал.

Индиски гимнософист ја спроведува неговата „филозофија со секира“

24


Според старите Индијци атомите се неделиви и вечни, не можат да се уништат, ниту да се создадат. Секој атом поседува сопствена индивидуалност. Ова неодоливо потсетува на грчката атомистичка доктрина и навистина, постои дебата помеѓу научниците за потеклото на Индискиот атомизам. Во историјата на филозофијата денес се смета дека Индиската и Грчката верзија на атомизмот се развиле независно. Сепак, постои сомнеж во врска со тоа, поради сличностите помеѓу Индискиот и Грчкиот атомизам и блискоста на Индија до сколастичката Европа, како и фактот дека (според Диоген Лаертие, грчкиот историчар на филозофијата) Демокрит „бил запознаен со делата на Гимнософистите (голите филозофи) од Индија“. Некои историчари, особено пропагандистите на пангрчката теорија според која сè што вреди на светов е создадено од античките Грци, а другото е само украдено од нив, тврдат дека Канада не живеел во 6-от век пне, туку во 2-от век. „Демокрит, мирно спиј,“ велат тие додека го покриваат со илјадници фалсификувани историски документи во неговата колепка. Но, за Демокрит, како и за повеќето антички грчки мислители, реално се знае многу малку. Секогаш се работи за подоцнежни извори, пренесувања, прераскажувања и бајки кои го држат пиштолот на уцената над светската економија. Грчката завера ќе го уништи светот! Скопје, Вистинска Македонија, 2032 година од Дик Трејсиќ, д-р по криминалистика и филозофија

25


*** Дик Трејсиќ, нашиот турбо-фолк вселенски агент, ја отвори вратата од неговата временска машина и се упати во неиспитаните простори и времиња... Осамна во Хотелот „Подобра иднина“ и веднаш ја почуствува возбудата на новото и непредвидливото, дрогата од која зависеше, уште од времето кога ги испитуваше воените злосторства во Поранешна Југословенска Галаксија (сегашни мини-галаксиисателити кои талкаат во вселената без централизиран гравитациски извор, туку се приклонуваат кон најблискиот или оној кој нуди подобра зделка). „Микросветот, невидливото, место каде што познатите закони на вселенската полиција престануваат да важат, а започнуваат неделата на квантните злосторници кои се појавуваат и исчезнуваат од местото на злосторството со брзина која би го збунила и Расколников,“ размислуваше Трејсиќ додека го гасеше последното догорче во пепелникот. „Ќе ми треба добра резерва Лаки Страјк ако сакам да имам успех во случајов,“ помисли Трејсиќ и излезе до трафиката на аголот од неговата улица. Само што посегна по паричникот го почувствува допирот на ладната цевка на грбот. Требаше многу повеќе од Магнум колт 45 да го замрзне Трејсиќ. „Пријателе, знам дека си среќен што ме гледаш, но можеше да почекаш да ми го кажеш тоа на само,“ процеди смирено Трејсиќ, но на неговиот напаѓач не му беше до шега. „Мрдни,“ за'ржа тој и го подбутна нанапред.

26


„Дозволи ми барем да земам цигари.“ „Таму каде што одиш не ти требаат цигари,“ рече заканувачки гласот. Свртеа во една слепа и темна уличка, каде што напаѓачот го турна Трејсиќ кон ѕидот. Трејсиќ со крајот од окото погледна нагоре и виде дека ѕидот е премногу висок за да скокне преку него, а потоа се загледа во ликот на човекот со пиштолот и го препозна. „Демокрит, старо дртало, да знаев дека си ти немаше да останам без пљуга!“ „Не туку ми се прави важен, многу добро знаеш дека ќе пукам ако направиш грешно движење, нема да ми биде прв пат!“ „Секако, Канада многу добро го знае тоа.“ „Токму за тоа сакам да зборуваме.“ „За што? За тоа дека ја имаш фалсификувано Индиската филозофија и дека ти и твоите топли браќа од Грчкиот полуостров сте најголемите плагијатори кои ги видела историјата?“ „Не тропај, ти мрсулаво детективче со диплома од приватен универзитет за криминалистика, а сите знаеме како се добиваат тие дипломи! Ние сме основачи на западната мисла, не можеш да ни се фатиш ни за малото прсте, еј!“ „А се чини дека тоа прсте се пика во сите дозволени и недозволени дупки на историјата. Како што им ја украдовте и ја присвоивте филозофијата на Егип­ќаните, нели?“ „За тоа нема докази!“ „Да, сè што не ви оди во прилог нема издржани аргументи, а ако најдете некој стар, искинат и уништен натпис кајшто се спомнува некој од вашето братство, тоа веднаш станува свето писмо.“

27


„Доста ломотиш, детективче, да преминеме на главното. Го прочитав твојот извештај за Канада и Индискиот атомизам. Морам да речам дека добро си ја истражил темата, но си ги испуштил најраните школи на Индискиот атомизам, и одредени епистемолошки позиции како материјалистичката Удалака, кои се развиле уште порано од Ваишешика филозофијата.“ „Не мислев дека се битни...“ се бранеше Трејсиќ. „Не си научил да истражуваш кога ги добиваше подарокоценките на факултет. Да, мил мој, ја заборави и Веданта школата која велела дека видливиот универзум е создаден од оригиналната резерва на атоми. Другите, неатомски субјекти, вклучувајќи ги душите кои се отелотворени, па дури и Врховната душа, се вечни. Но, во оваа космологија душите и Супердушата играат само улоги на знак во атомското создавање на универзумот. Никој не може да тврди дека, во времето на создавањето, атомите прво се комбинираат заедно, бидејќи тие се поттикнати од некои кармички импулси во самите атоми. Ниту почетната комбинација на атоми може да се објасни како резултат на остаток од кармата на живите суштества кои се „успани“ пред создавањето.“ „Малку сум збунет сега, што сакаш да кажеш?“ „Сакам да речам,“ процеди Демокрит, “не оспорувам дека направивме копија на индискиот атомизам, но ние и го надоградивме! Индијците се грижеле за трансценденталните значења на атомизмот, ние првите го воведовме атомот во она што може да се нарече никулец на науката. Но, многу добро знаеш дека нашето братство нема да признае дека постои нешто побитно од нас во историјата и бидејќи не можеме да ги уништиме доказите за индискиот атомизам,

28


само ќе го смениме датумот на тие откритија и ќе ги ставиме после нашите мили браќа. Јасно!“ “А како мислиш дека ќе се извлечеш и ќе ја сокриеш вистината?“ за'ржа Трејсиќ. „Лесно, како што го прават тоа сите големи писатели на историјата - со пиштол.“ Едно “банг!“ го распара влажниот воздух во ноќта. Трејсиќ падна. „Извини, стар пријателе, не можев да дозволам да копаш подлабоко. Вистината, за жал, е уште поезотерична од твоите теории на заговор. Јас сум од планетата Едем и пратен сум на Земјата да ја ширам илузијата за материјалното која започна со еден ситен, невидлив, неделлив атом.“ Една солза потече по образот на Демокрит и капна врз испуканиот асфалт. Звукот на неговите чевли кои се оддалечуваа стануваше сè потивок...

Инспектор Дик и неговото детекстивско куче Вотсон

29


Тука завршува сагата на Трејсиќ и неговата плодна кариера на уривање митови и теории на завера преминува во книгите по историја на криминалистиката, истите од кои тој ги учеше трите претходно подготвени прашања на испитите на приватниот универзитет. Но, неговото наследство не умира, таму каде што тој застанал продолжува неговиот наследник, Инспектор Наклон.

Индиската филозофија како зачеток на квантната теорија Микро-инспекторот Наклон беше наклонет над неговата работна маса и ги разгледуваше записите на неговиот омилен детектив Дик Трејсиќ. „Открив дека во Теравада будистичката фено­менологија,“ пишуваше Трејсиќ „т.н. Калапас се најмали единици на физичката материја „десетици илјадници пати помали од честичките прав“ кои се создаваат и исчезнуваат во милијардитиот дел од секунда или трилионитиот дел од трепнувањето на окото. Некои Теревада мислители ги разбирале Калапас како субатомски честички и најмали делчиња на материјалното.“ Наклон се чувствуваше како дотогаш да талкал во темна пештера и сега наеднаш пронашол златен рудник. Него не го интересираше тоа кој прв го измислил атомизмот, за кој сметаше дека ја одиграл својата улога во историјата и таа книга треба да се затвори, туку го интересираше улогата на Индијците во создавањето на модерната квантна теорија. Продолжи да чита.

30


„Пронајдов дека Калапас не се спомнуваат во најраните будистички текстови, туку во Абидамата Саигаха, помеѓу 5-от и 11-от век. Тие не се универзално прифатени во Будизмот и Буда никогаш не зборувал за нив.“ „Добро, тоа не ја намалува нивната вредност. Квантната теорија потекнува од 20-от век,“ помисли Наклон и се врати на текстот. „Според описот со кој се среќаваме во Абидамата Саигаха, Калапас се невидливи под нормални услови но видливи како резултат на медитацијата самади. Калапас се составени од осум нераздвојни елементи на материјалното постоење кои варираат во количини: земја, вода, оган, воздух, боја, мирис, вкус, нутритивна суштина. Првите четири елементи се наречени примарни квалитети и се главни во калапас. Другите четири се секундарни својства кои произлегуваат од примарните. Одредени калапас вклучуваат и дополнителни елементи како, звук, пол, тело, мисловна основа и живот. Во современата будистичка медитативна пракса, набљудувањето и анализата на калапас е вид на випасана пракса која овозможува директно набљудување на непостојаноста и на не-себе.“ На инспектор Наклон му беше повеќе од јасно дека постои поврзаност помеѓу Индиската филозофија и квантната теорија, па дури и со поегзотичните и помодерните теории на Супер-нишки, теориите за единаесет димензии и супер-симетрии... но истражувањата на Трејсиќ одеа уште подлабоко. “Уште позначајно од аспект на модерната физика е тоа што будистичкиот атом бил замислен како транзиторен, како постојано поминува низ фази на промена.

31


Будистичкиот атом бил сила или енергија присутна во материјата. Ова е поврзано со будистичките верувања дека целото постоење е моментално и дека постојаната материја е илузија.“ Наклон ги голташе зборовите и чувствуваше дека го открил гралот на историјата на науката. “Реалноста е кинетичка... меѓузависноста на моментите кои следат еден по друг ја создаваат илузијата и стабилноста на траењето, но се работи за сили кои се создаваат без постоење на супстанца која е навистина цврста. Мадјамика школата ја споредила реалноста со парче ткаенина кое ако го гледаме од далеку изгледа целосно, но гледано од поблиску открива слабо поврзани конци. Во 20-от век западните физичари ја откриле квантната реалност. „Цврстата“ чинија која ја поддржува нашата вечера не е воопшто цврста, поради тоа што атомите се составени во најголем дел од празен простор, додека интеракцијата на честичките во постојани насилни движења ја обезбедува илузијата за стабилноста и цврстината.“ Тука заврши документот на Трејсиќ за мистичко-трансценденталните корени на квантната теорија, но Наклон знаеше дека тоа не е крајот. *** Но пред да продолжиме, да се навратиме на сагата за Демокрит и, уште поважното прашање, што стана со нашите јунаци Адам и Ева и нивната потрага по тутун за диктаторот на златниот престол во Едем?

32


Атомот се згрчи!

Нешто се крчка во Грчка!

А, Дам? И... евааа! А каде на друго место би можеле да ги најдеме нашите јунаци, Адам и Ева, ако не во древната земја, матката на светот, место кое ги родило најзначајните луѓе во историјата, Мекдонија. Адам се упати во тутунските полиња каде ја запозна заносната Ленка, се заљуби во неа и остана во „неговиот личен рај каде што може да пувка колку сака, а Господ Вакуум може да си најде други шверцери“. Ева, оставена сама на себе, како и многу жени во нејзината ситуација ја побара среќата во единственото нешто што можеше да ја исполни празнината во нејзиниот живот шопингот. Но, тоа беше во еден друг универзум... Да се навратиме на Демокрит, тој комплексен шизофреничен лик кој мисли дека потекнува директно

33


од светот на идеите и дека е на мисија да ја рашири идејата за материјализмот, а всушност е само „копикет“, Шредингерова мачка (види речник) чија мисија е да копира и презема туѓи заслуги. На неговите идеи ќе се спротистават антиматеријалистите предводени од филозофите Аристотел и Платон, кои во слободно време организирале чајанка со видните граѓани од античките земји кои кулминирале во палење на книгите на Демокрит и неговиот учител Левкип. Наследниците на првите атомисти, Епикурејците, исто така не биле без противници, од кои најистакнати се стоиците. Но, историјата на анти-атомизмот не застанува тука. Се работи за една од најголемите идеолошки борби во историјата на идеите, која ја продолжиле римските филозофи Цицерон, Сенека и Гален, а кулминирале со црковните мислители, особено Дионисиј Александриски (Патријарх на Александрија, 248-264), Лактанциј (250-320) и Августин (354-430), познати како љубители на Аристотел. Црквата едноставно не можела да го прифати атомизмот. Оваа антиматеријалистичка хајка продолжува сè до времето на издигањето на науката во 17-от век и позитивистичкиот став во однос на светот кој ги создал никулците на светот каков што го познаваме денес свет во кој владеат мерливите својства на материјата кои одредуваат сè во нашите животи. Навистина, атомот е некрунисаниот крал на капитализмот - мал, речиси невидлив, но силен! Никогаш не го чувствуваш, но знаеш дека е таму некаде и дека на некој мистичен начин владее со реалноста.

34


Левастатуа, пардон Левкип Но, да се навратиме на Левкип и Демокрит. Иако Демокрит се смета за татко на атомизмот, неговиот учител Левкип бил прв кој се залагал за идеите на атомизмот, а Демокрит само ги систематизирал неговите идеи. Но, зошто тогаш Демокрит се нарекува „татко на атомизмот“? Едно суво лето во 460 г. пне, додека Левкип клесал еден камен од него се одронило парче и се стркалало по ридот. Од зад ридот се појавил човек кој го држел парчето камен и му пришол на Левкип. „Парчево е мало, но сепак ги има истите својства како целината,“ му кажал странецот, за кој ние знаеме дека е Адам, и заминал. Ова оставило силен впечаток на Левкип кој почнал да размислува на таа тема и да ги изнесува раните сфаќања за атомизмот пред неговите ученици. Но, бидејќи не бил одговорен и често заглавувал по седенките кои ги организирале старогрчките боеми, неговиот ученик Демокрит решил да ја скроти „пијаната филозофија“ на учителот и го создал грчкиот атомизам. Сепак, утнал во аналогијата со каменот и ја заменил со кашкавалот, но кому му е гајле, кога тој има филозофска тапија! Демокрит запишал: „Движењето е инхерентно за атомите (кои се движат во празнината), а тие се разликуваат според нивните геометриски и механички својства. Од овие квалитети, големината, формата и движењето на нашиот свет се создава со удари и соединувања,“ со што не бил далеку од вистината.

35


Но, како овој човек со никакво познавање на науката можел да знае за атомите? Лесно, еден ден додека орал во нивата и си пеел „Црвено вино, Дафино,“ присетувајќи се на својот учител, кој го сакал виното, пред него се појавила жена која веднаш во мислите ја прогласил за божица. Му кажала дека таа е космичка девојка од друга галаксија и ја трансмитирала нејзината атомистичка порака на неговата фреквенција. За оваа девојка зборуваат многу антички култури, кои имале сознанија далеку пред нивното време. Тие, навистина, немале радиоактивен (види речник) извор од алфа честички (види речник), како англискиот физичар Радерфорд, за да го откријат и истражат атомското јадро, ниту ги имале катодните цевки (види речник) за откривање на електронот, како нобеловецот физичар Томсон, а електричниот магионичар Мајкл Фарадеј морал да направи електричен генератор за да ја создаде неговата теорија на полето (види речник). Античките народи немале таква опрема, но ја имале космичката девојка, прамајка на сите идеи, Ева. Но, сепак историјата на науката сè уште се држи до неубедливите тези, како овие.

Аргументот на Демокрит Демокрит од Абдера, Грчки филозоф од 5-от век пне. бил познат како „филозоф кој се смее“ бидејќи го забавувале слабостите на луѓето. Се зборува дека Демокрит речиси ќе се задушел од смеа во една прилика кога видел човек без нога. „Да немаш нога е слабост која се искажува преку недостаток од една нога и оневозможеност да учествуваш на игранки и слави во чест на Дионис,“ подоцна ќе запише тој.

36


Други го нарекувале „татко на физиката на честички“ што предизвикало низа тужби за 13,7 милијарди години неисплатени алиментации од честичките. Демокрит, како одговор на тоа пред „судот на старците кои знаеле повеќе од мнозинството“ изјавил дека тој ги открил атомите, а кој ги направил не се знае. Предложил ДНК анализа, но бидејки никој не знаел како се прави тоа, тужбите биле отфрлени. Позната е анегдотата за тоа како Демокрит дошол до идејата за атомите. Во одреден стадиум од животот тој бил во тешка депресија, предизвикана најмногу од тоа што неговите идеи нема да бидат прифатени во вековите кои доаѓаат и дека ќе мора да чека минимум 2.000 години за да се заинтересираат за нив. Дваесет години би можел да чека, но толку многу никако! Таа помисла го натерала да се реши на самоубиството како практичен чекор за скратување на времето, но сестра му имала поинаков план за брата си.

Космичката девојка 37


Таа подготвила леб за празникот на божицата на земјоделието, Деметра, и ги отворила сите врати за да се рашири пријатната миризба низ домот. Демокрит ја почувствувал миризбата, ја одложил сабјата врз чија острица ја одморал главата натежната од грижи. Скокнал од креветот и во главата му се појавила сцената од цртаниот филм Том и Џери во кој пријатната миризба од штотуку испечената пита на прозорецот го привлекува Том да се создаде пред неа со празна чинија. Демокрит немал празна чинија, но во тој миг неговата глава се исполнила со мисли. „Како есенцијата на лебот патува од кујната долу до неговата соба горе?“ И тогаш, во еден класичен грчки миг на Еурека сфатил дека решението е во атомот. Тој помислил дека атомите се одвоиле од кришките и допатувале до неговиот нос. Демокрит го следел патот на честичките и се нашол во кујната, скинал едно парче леб, го лапнал и викнал „њам!“ и повторно отрчал горе, каде што запишал: „Сета материја е составена од конечни, невидливи и неделиви честички кои се комбинираат на различни начини за да ги создадат сите објекти кои ги гледаме околу нас.“ Колку лесно! Друга апокрифна приказна вели дека Демокрит во младоста работел како сиреџија, со специјализација во правење смрдлив кашкавал. Не била лесна младоста на Демокрит кој во работилницата на немилиот учител стругал стотици петици од стогодишни старци за да ја усоврши техниката на правење на познатиот смрдлив кашкавал од Абдера. Подоцна, кога веќе станал мајстор, во една прилика сечел кашкавал. И кога неговиот нож се лизнал низ тврдата кора на кашкавалот додека тој се борел со асоцијациите на петиците на гнасните старци, наеднаш

38


сфатил дека исекол премногу парчиња. Но, тогаш помислил, „Колку е премногу?“ и продолжил како во транс да го сече кашкавалот додека дошол до парче кое не можел да го исече. „И кога би имал доволно мал нож да сечам уште повеќе, сепак еднаш би дошол до граница после која кашкавалот не би можел да се исече - тоа е атомот!“ раскажува Демокрит, а историчарите ја поистоветуваат оваа приказна со вистинското значење на зборот атом - „она што не може да биде пресечено“.

Атомистички постулати „Ах, што им е на Грциве со сирењето,“ разгневено викна Адам и го фрли инфокомот со извештајот за напредок на атомизмот. А убаво им објаснив, камен-целина, зрнопланина... сè мислам дека требаше да продолжиме со Индијците, добро ни одеше со нив.“ „Драги, но тие беа премногу духовни, се сеќаваш, не се доволно практични, освен тоа збунети се околу тоа дали се Индијанци или Индијци... премногу проблеми за еден народ,“ довикна Ева додека подготвуваше појадок. „Да, така е,“ се согласи Адам додека сркаше од утринското кафе. „Грците се попрагматични, не бадијала нив ги избравме да ја копираат западната мисла. Се надевам нема пак да зафркнат како во минатиот свет. Ова ни е последна прилика. Потоа потивко рече: „Дали слушна дека Трејсиќ е повторно жив и дека е на пат да ни ги замати плановите?“ „Пак!? Но, како?“ Ева излезе од кујната со престилка и дрвена лажица. „Не знам... но, да не губиме надеж, да видиме дали нешто сфатиле Грчиштава...“

39


„Античките атомисти теоретизирале дека двете фундаментални и обратни составни делови на природниот свет се неделиви - атомите и празнината. Празнината е опишана едноставно како ништо, или како негација на телото. Атомите, по нивната природа се суштински непроменливи, може да се движат во празнината и да се комбинираат во различни групи. Античките мислители не ни кажуваат какви групи се тоа, но историјата главно ги дели на класични и модерни групи, со подгрупи како поп, рок, електро, рап и слично. Бидејќи атомите се одвоени со празнина, тие не можат да се спојуват, туку се одбиваат едни од други кога се судираат. Сите макроскопски објекти се комбинација на атоми, поради што сè е променливо. Атомите опстојуваат во времето, но сè во макроскопскиот свет е минливо и подложено на разложување. Оттаму познатиот старогрчки хит „О, Зевсе, ќе ми купиш ли Мерцедес бенз што ќе биде цврст како атомот?“ Атомистите верувале дека атомите се непроменливи и не содржат внатрешна диференцијација. Промените во макроскопскиот свет се предизвикани од распределбите во микроскопскиот свет на атомските групи. Атомите може да се разликуваат по големина, форма, ред, положба; тие се движат во празнината и зависно од нивната форма — некои може привремено да се врзуваат со други преку мали куки. Според тоа, индивидуалната форма на атомите влијае на макроскопските својства на групите, кои може да бидат еластични или цврсти, во зависност од големината на празнината помеѓу формите на атомите кои се спојуваат.“

40


„Добри се драга, изгледа почнале да разбираат, сепак има надеж за старогрчката нација, штета што таа ќе исчезне и ќе биде заменета со модерните Грци, кои ќе го поткопаат терминот демократија создаден од тие кои пред нив живееле на нивната територија...“ кажал Адам и продолжил да чита на глас, додека Ева слушала. „Раните атомисти се обидуваат да го изведат создавањето на светот од нивната едноставна онтологија составена од атоми и празнина. Левкип сметал дека постојат безброј атоми кои постојано се движат во бесконечната празнина и дека тие може да се формираат во космички системи (космои) со помош на движење на свиткување кое се јавува произволно кај доволно големи групи на атоми.

Стар Грк ја демонстрира техниката на „стар атом“ 41


Не се знае дали атомистите мислеле дека атомите имаат тежина како вградено својство, што предизвикувало да паѓаат во одредена насока. Овие космои се непостојани и не се одредени со цел или дизајн. Видовите не ги сметале за постојани апстрактни форми, туку за резултат на случајни комбинации помеѓу атомите.“ „Но, драги, зарем зборот атом кој ќе го задржи модерната наука не е оксиморон, т.е. таа мисли на индивидуалните парчиња елементи од периодниот систем на елементи, иако знае дека тие не се атоми во Демокритова смисла, т.е. не се неделиви?“ го прекина Ева. „Да, атомите се комплицирани и очигледно деливи на помали делови, сепак тоа не го намалува значењето на откритието на нашиот пулен. Кварковите и лептоните на модерната наука се атомите на Демокрит, сè додека таа не открие дека и тие се деливи...“ „Сепак можеби требаше да продолжиме со Индијците? Тие точно ја сфатија аналогијата на прашањето Што има повеќе честички - ридот или планината? Кога честичките би биле бесконечни, ридот и планината би имале ист број честички и тие би изгубиле значење. „Да, но Демокрит инсистираше на кашкавалот, што да му правам,“ се бранеше Адам. „Никогаш не ме слушаш!“ за'ржа Ева. „А што да слушам, ти држи се до готвењето и не мешај се во филозофијата.“ „Молам!?“ Го прекинуваме преносот на брачната караница помеѓу нашите две гулапчиња и се упатуваме на едно повозбудливо место. Ингејџ!

42


Атомски среден век Само две работи се бесконечни, универзумот и човечката глупост, а не сум сигурен за првата. Алберт Ајнштајн

ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ЗАПИСИ НА ВОНЗЕМЈАНИТЕ „Пештерските слики на луѓе со големи очи и огромните кругови по полињата насекаде во светот се доказ за постоењето на вонземјаните,“ тврди реномираниот научник и уфолог Д-р Откајти Овде. Но, на ова мислење се спротиставува М-р Евесум Тука, кој тврди дека вонземјаните, кои тој ги нарекува уфонаути, не постојат и дека се работи за т.н. темпонаути, т.е. патници низ времето. „Тоа се луѓе од иднината кои дошле да ги посетат нашите предци и им пренеле знаење за идните технологии. Тркало, оска, парна машина, компјутери, тоа e сè дело на темпонаутите!“

43


Адам го затвори весникот и гласно се насмевна. „Ја прочита ли статијава? Идиотиве мислат дека знаењето доаѓа од вонземјаните или од иднината. А кој им го дал знаењето ним?“ ја погледна прашално Ева која не го слушаше својот прамаж туку готвеше вкусна вечера за двајцата. Таа навистина уживаше во идејата дека ќе подготви вечера за пријатна романтична вечер каква што одамна немале поради постојаните обврски околу мисијата. „Но, ти и јас знаеме дека идеите не потекнуваат од вонземјаните, ниту од самите бедни жители на оваа симулација од планета, туку од светот на идеите и нашиот господар Вакуум,“ продолжи Адам, но потоа се претна. „По ѓаволите, заборавив да купам тутун за Вакуум,“ рипна од столчето, го грабна палтото од закачалката и излета надвор. Ева остана вкочанета со дрвената лажица за готвење во рацете. Таа многу добро знаеше што значи излегувањето под изговор дека оди по цигари. Со тажен израз на лицето и со сознание дека идеите не одговараат секогаш на реалноста го отвори бифето и си тури ликер. Потоа седна на фотелјата и го отвори семејниот албум за да се присети на подобрите времиња кога очите на нејзиниот маж светеа со волја за истражување, сознавање на новото и кога ширењето на идејата на атомизмот низ историјата не беше работа, туку идеологија. Да, тие беа вистинските темпонаути, а нејзиниот маж сега се потсмеваше на таа идеја. И таа сакаше да биде добар агент, но некогаш сочувствуваше со човештвото и сакаше да му помогне, и покрај опасноста да бидат уништени од Вакуум заради непочитувањето на неговите наредби. Сакаше да бидат Бони и Клајд, Мики и Мелори, сами против конвенциите, вообичаените идеи

44


и сфаќања, во борба која ќе донесе жртви, вклучувајќи ги веројатно и нив самите, но жртвите би биле оправдани зашто тие се во името на вистината! Ева воздивна и го отвори албумот. Ете ги во Индија со Канада, во Грција кај Демокрит, ах колку дрско човече беше тој, упорно не сакаше да ги прифати идеите на атомизмот, сè додека Ева не ù покажа на неговата мрзлива сестра како се пече леб... Рипна неколку страници и ги виде фотографиите кои ја присетија на најмрачниот дел од нивната мисија - средниот век. Ах, колку беше тешко да се убедат догматизираните умови во идеите на атомизмот. Аристотел, нивниот најголем непријател, ги следеше нивните акции како злокобна сенка каде и да одеа. Ретки беа тие кои успеаја да се спротивстават на авторитетот на овој анти-атомистички гигант. Ева ја погледна сликата со Исидор од Севилја и се насмевна.

Ама е среден веков!... Во 6-8 век луѓето кои ги сочувале идеите на атомизмот можеле да бидат набројани на прсти на раката од лик од цртан филм и тоа не биле вистински атомисти со книшка и членство. Не, тие всушност само го имаат напомнато или го користеле зборот „атом“ кога зборувале за неповрзаностите во телата. Еден од нив, Исидор, епископ на Севилја (560-636), позиција на која бил повеќе од три децении и го сметале за „последниот научник на античкиот свет“. Сите подоцнежни историски списи за Шпанија се базирани на неговите

45


истории. Исидор неволно ги сослуша убедувањата од Адам и Ева, но не сакаше да ги одбие овие невообичаени гости и беше доволно љубезен да го спомне зборот атом во неговите списи. Така било и со англискиот монах Свети Беде (672-735). Манастирот на Беде имал пристап до врвна библиотека. Една вечер, задлабочен врз еден од античките класици, наслушнал ненадеен шум и ги видел нашите двајца темпонаути. Мислел дека се работи за ангели, но тие го убедиле дека се само обични луѓе кои сакаат да позборуваат со него. Тоа се случувало секоја вечер речиси цела година во која му помогнале да го напише неговото најпознато дело, Црковна историја на англиските луѓе (Historia ecclesiastica gentis Anglorum) и му го обезбедиле прекарот „Таткото на англиската историја“, а тој за возврат ги напомнал нивните атомистички идеи.

Исидор од Севилја, последниот научник на античкиот свет

46


Францискиот бенедиктински монах Рабан Мауро (776856), автор на енциклопедијата За природата на нештата (De rerum naturis) и нарекуван Учител на Германија (Praeceptor Germaniae) исто така бил убеден од нашето динамично дуо и го користел зборот „атом“. По Англија, Германија и ривиерите на Шпанија, нашите атомистички јунаци земале одмор од неколку стотици години и потоа се упатиле кон Франција. „Ох, драги! Лувр, Ив Сен Лорен, Ајфеловата Кула и л'амур!...“ скокала од среќа Ева не знаејќи дека е прерано за овие нешта и дека одат во една каллива и валкана Франција Нивните извори ги упатиле кон схоластичкиот филозоф Вилијам од Кош (1080-1154) кој се обидел да ги прошири границите на христијанскиот хуманизам со проучувањето на секуларните дела на класиката и поттикнување на емпириските науки, како и Винсент од Бове кој ја напишал Големото огледало (Speculum Maius), главната енциклопедија која се користела во средниот век. Двајцата, под влијание на нашите неуморни атомистички херои, покажале знаење од атомистичките теории во нивните дела. Но, како што годините и вековите поминувале, работата на Адам и Ева станувала се потешка. „Средниот век е во полн ек, Инквизицијата ми ги стега идеите, оставете ги, оставете! Самољубивиот Аристотел се дуел како петел, ах ослободете ме од него атоми мили, идејата нека се испили!“ заврши драматично Адам и љубопитно ја погледа својата жена која немо седеше пред него. „А, што мислиш за мојата слем-поезија?“ Ева молчеше. „Па, не е лошо...“ рече и ги крена рамениците.

47


„Знаев, не ти се допаѓа!“ викна нервозно Адам, и со неколку брзи движења ги искина листовите во ситни парчиња и ги фрли нагоре. Додека листовите паѓаа врз него како снег од неостварени соништа, Ева не можеше да се воздржи а да не се насмевне на неговата суетност заради што изгледаше како дете. „Уште ми се потсмеваш! Па тоа е над сите граници!“ скокна Адам и се стрча кон вратата. Се слушна звук на трескање на тешката дрвена врата од нивната куќа во која живееја веќе неколку години откако земаа пауза од мисијата. Живееја во Рим, но не се насладуваа во убавините на Фонтаната во Треви и не уживаа во грандиозноста на Пјаца дел пополо исполегнати на мермерните лежаи со стотици други туристи, зошто, како што вели Адам, средниот век беше во полн ек и прогресивните мислители секојдневно гореа, небаре беа обични чкорчиња. На Адам му се допаѓаше тука, неговата потреба од возбуда конечно најде плодно тло каде што неговиот авантуристички дух можеше да расте, но Ева, како и секоја жена, а особено затоа што таа е прамајка на сите луѓе, имаше потреба од стабилност и топол дом кој ќе им пружи сигурност на нејзините поколенија по кои копнееше во секој момент од нејзиниот бесмртен век. Адам, кој секогаш бурно реагираше, но не држеше лутина долго, веќе беше заборавил на недоличното однесување на неговата сопруга и се упати на следната мисија. Го најде епископот на Бурж, Егидиј од Рим (1247-1316), познат по неговиот коментар на Органон од Аристотел и одликуван како Најпоткован учител

48


(Doctor Fundatissimus), во неговата градина, загледан во ноќното небо. „Прекрасно е нели?“ му шепна Адам. Егидиј, навикнат на ненадејни ноќни посети од вонземски суштества не беше вознемирен од чудниот посетител. „Да, божествено.“ „Слушај, сакав да позборувам нешто со тебе, а бидејќи жена ми е сигурно веќе вознемирена поради моето ненадејно заминување и во нејзиниот ум се крчкаат секакви мисли наместо вечерата која веќе загорела, морам да побрзам. Значи, запамети зашто ова ќе го речам само еднаш!“ рече Адам сериозно. „Постојат природни миними под кои физичките супстанци не можат да постојат! Размисли за тоа. Друга битна работа е да направиш воден часовник и сифон со помош на кој ќе ја испиташ природата на вакуумот и ќе покажеш дека празнината дејствува со сила на извлекување. Еве ти ги нацртите, морам да бегам,“ но во последен миг се сети и во трчање извика: „И не заборавај да ја напишеш Водичот за принцови, ќе им треба на идните владетели и автори на книги за деца!“ Егидиј остана со подотворена уста и пред Адам да се изгуби во ноќта извика само „Но, како!? Зошто вакуумот, празнината? Што е со Аристотел!?“ Но, Адам веќе иташе кон својот дом на крилата на идејата за загорена вечера и уништена пријатна вечер со својата сопруга...

49


И по Аристо, Тел Делата на Аристотел биле значајни за средниот век откако повторно биле откриени во Западна Европа околу 1200 г. во латинските преводи на арапските преводи од грчките копии. Оваа традиција предизвикала несогласување помеѓу учените кои им се спротивставиле на нашите атомистички мисионери и се залагале за идеите на Аристотел. Во овој анти-атомистички табор особено место заземал италијанскиот доминикански свештеник и схоластичар Св. Тома Аквински (1225-74), познат како Ангелски доктор (Doctor Angelicus), поради неговото тврдење дека излечил еден ангел од хронична кашлица. Тој бил поборник на природната теологија. Неговото влијание на западната мисла е значително и голем дел од модерната филозофија била поттикната од поддршката или критиката на неговите идеи. Но, тој бил тврд орев за нашите агенти и ги избркал на клоци со познатите зборови „Плукам на вашите атоми!“ Не помалку значаен е англискиот филозоф и францискански монах Роџер Бејкон (1214-92) со титулата Прекрасен учител (Doctor Mirabilis), кого го сметаат за првиот Европски застапник на современите научни методи, но атомизмот едноставно не му бил по ќеиф. Католичката црква почнала да ги издига делата на Аристотел на ниво на Библијата, а атомистичкото мислење да го сметала за безбожност. „Драги, станува опасно, не сум многу расположена за капење во прегреан зејтин...“ му се пожали Ева на сопругот.

50


„Да, познат ми е тој црковен лек за безбожници,“ одговорил Адам со чувство на пораз. „Можеби е време да се повлечеме...“ И навистина, кога работите станале премногу опасни тие се скриле во временските дупки и почекале да се расчисти правта на средниот век. По игра на околностите во скриените временските текови го пронашле делото De Rerum Natura, дидактичка поема од 1 век пне. од Римскиот поет и филозоф Лукрециј, нивниот стар познаник и еден од најпредадените ученици на атомизмот. Оваа книга веднаш ја земале со себе и му ја предале на Гутенберг во 1417 година, заедно со скици и

Римскиот поет, филозоф и љубител на необични шапки, Лукрециј 51


упатства како да ја направи првата печатарска машина и да го отпечати ова дело. Нашите јунаци добро знаеле каква моќ му даваат на Гутенберг, но целта ги оправдувала средствата - идеите на атомизмот морале да бидат проширени и токму тие идеи ќе донесат нова револуција. На Гутенберг му требале неколку децении да ја усоврши својата печатарска машина и да го испечати ова дело кое конечно после речиси два милениуми го запознало Западот со идеите на Левкип и Демокрит, прераскажани од Лукрециј.

Ренесанса на повидок „Аха!“ се слушна викот на детективот Дик Трејсиќ во временските лавиринти. На Адам и Ева им се замрзна крвта од тој глас кој ги имаше следено во сите форми на битието и небитието. Го слушнаа звукот на зипо запалката и долгото испуштање на чадот од устата на Дик. „Колку е добро да бидеш жив!“ рикна Дик. „Нема за долго ако продолжиш да ги цевчиш тие цигари.“ му довикна Адам. „Не грижи се, ќе бидам тука доволно долго за да ве спречам да го поробите човечкиот вид.“ „Ќе видиме за тоа,“ одговори Адам и тој и Ева повторно исчезнаа во временските дупки. Трејсиќ се насмевна. „Значи, брканицата повторно отпочнува... Да бројам до сто?“

52


Ренесанса и атомизам

На умот кој мирува, целиот универзум му се предава. Лао Це Ренесанса, времето во кое најновиот модел на шапките се ценел повеќе отколку вербата во Севишниот. „Господ е мртов!“ ќе извика Федерико Ничети во еден момент и никој нема да го запали на клада, зашто ова е време на промени, на возбуда од достигнувањата на науката, механиката, медицината и вербата во оној кој во следните векови ќе стане единствениот господ човекот, а вербата во себеси ќе биде најголема вредност. Во еден ваков свет Адам и Ева се чувствувале како дома, зашто нивната мисија била да ја прошират консумеристичката заповед изградена врз никулецот на ренесансните достигнувања и желбата да се контролира природата и да се прилагоди во онаа форма која му одговара на човекот - по можност чанта, шапка или нараквица.

53


Светот на материјалното допрва се градел и тие не сакале да ја пропуштат приликата да ги посетат најголемите умови на векот за да придонесат за изградувањето на свеста дека човекот е тој кој ја контролира природата, а не обратно, тој е господар, таа слугинка и ако научи како да ги контролира составните делчиња на вселената, ќе научи да ја контролира и самата вселена. „Мораме да прекинеме да ја користиме англискава телефонска говорница за транспортирање низ времето, што викаш да му побараме нешто малку поудобно на Вакуум, ме скина грбот од стоење,“ ù рече Адам на Ева, ја отвори вратата од временската машина и зачекори на светата германска земја, година 1440 н.е. „Зарем тоа што не праќа нас да му шверцуваме цигари не ти кажува колку е скржав тој старец? Што очекуваш, дека ќе ни даде спејс шатл со кауч внатре?“ процеди Ева, обидувајќи да си ја поднамести растурената фризура. „Па не, но барем една фотелја за капетанот не би било лошо“ рече Адам и се насмевна замислувајќи се во удобната фотелја како Капетан Кирк со Ева до него во секси униформа со кусо здолниште од Ѕвездени патеки. Но, Ева немаше време за вакви фантазирања, таа ја отвори акт-чантата која ја носеа со нив и веднаш се фати за работа. „Инфокомот* ми вели дека тука треба да го бараме Никола Кузански. Живеел од 1401 до 1464 и * Скратено од „инфо-комуникатор, направа од иднината која Адам и Ева ја користат за комуницирање со светот на идеите и со помош на која добиваат информации за нивната мисија од компјутерската база во тој свет, наречена „Матрикс“. Моделот на овој апарат кој го користат Адам и Ева, во согласност со материјалистичките холистички принципи, воедно е телевизор, фотоапарат, ГПС, МП3 плеер и тостер.

54


бил кардинал на Католичката црква тука, во Германија. Истакнат филозоф, теолог, правник, математичар и астроном. Го сметале за еден од најголемите гении на 15-от век и имал значајни духовни, научни и политички придонеси во европската историја.“ „До сега звучи добро,“ додаде Адам. „Да, неговите математички идеи биле значајни за тогашното време... мислам дека е доволно.“ Ева го затвори инфокомот и акт-чантата. „Совршен кандидат за ширење на атомистичките идеи!“ рече возбудено Адам. „Одиме!“

Никола Кузански, филозоф, теолог, правник, математичар, астроном и полимат 55


И додека нашите двајца атомистички супер-херои во кожени мантили и темни очила забавено чекореле низ германската пустелија од 15-от век (да, вистина, можеа да изберат посоодветна облека) и го посетиле Никола Кузански, книгите по историја на науката во истиот момент се менувале и во нив се појавувале нови текстови. Во еден од нив пишувало: Никола Кузански, еден од вистинските полимати на 15от век бил запознаен со атомистичките идеи. Во еден од неговите списи се прашува „Што е атомот?“, и понатаму „Ако сметаме дека она што е контунуирано може да се подели на помали делови, но со поделбата некогаш ќе дојдеме до неделив дел кој го нарекуваме атом. Атомот е квантитет кој поради неговата ситност е неделив.“ Ова биле едни од првите јасни ставови за атомите во ренесансата откако биле откриени класичните дела на атомистите, а ние знаеме кој стои зад ова, нели. Втората жртва на несопирливиот тим Адам&Ева бил Џироламо Фракасторо (1478-1553), италијански лекар, поет и научник во областа на математиката, географијата и астрономијата. Тој припаѓал на атомистите. Адам го запознал Џироламо сосема случајно. Една зима 1525 година престојувал со Ева во Верона, но настинал. Рецепционерот во хотелот каде што престојувал му го препорачал овој лекар. Адам отишол кај него, не знаејќи дека ќе го лечи еден од најголемите гении на ренесансата и штом го сфатил ова започнал со всадувањето на атомистичката идеја во надарениот ум. Сите агенти го знаат Адам како вистинска ѕверка. „Тој работи како вирус,“ честопати знаеше да рече Џемс Бондиќ, британски агент со голема глава, клемпави уши и коњски заби, „ти влегува во главата и, пред да

56


знаеш, неговите идеи се размножуваат во твојата глава и наскоро почнуваш да размислуваш како него.“ Така, во идеите на Џироламо за механизмот на инфекциите ги препознаваме атомистичките никулци. „Постои мала неделива супстанца која ја пренесува болеста - семина...“ вели тој. Откако му препишал на Адам лек од плунка на вештерка која на полна месечина пиела крв од свиња хранета само на свежа пченка од јужните краишта на Италија, Адам заминал, а Џироламо запишал „Се согласувам со Демокрит!“

Историски бокс меч на Петар Рамус против Аристотел Нашите јунаци будно го следеа мечот на Рамус против Аристотел, меч од чијшто исход зависеше судбината на материјализмот. Ева ја отвори акт-чантата и го вклучи инфокомот каде што се појави Аристотел во златни шорцеви и сини ракавици. Се слушна гласот на коментаторот. „Од левата страна, со сини ракавици е шампионот, Аристотел - неприкосновениот, највлијателниот филозоф од антиката и миленик на средновековната публика.“ Илјадници глави со избричено теме и одори од јута со боја на земја вреснаа едногласно. Аристотел ги крена рацете, направи гримаса и под неговата густа брада се појави штитникот за заби со боите на античкото македонско сонце. „Од десната страна,“ продолжи коментаторот, „со црвени ракавици е младиот предизвикувач Петар Рамус - разбивачот на догми, 21-годишен француски хуманист, логичар и иден реформатор во образованието.“

57


Судијата го означи почетокот на мечот. Адам и Ева следеа со нетрпение. Младиот Рамус веднаш му зададе удар на авторитетот на Аристотел со зборовите „Сè што имаш кажано е грешно!“ Аристотел возврати со аперкат дека такви генерализации се смешни, но Рамус веднаш упати кроше велејќи дека Аристотел не може да се брани единствено со сопствениот авторитет, туку со аргументи. По 15 рунди измачувачка борба, Аристотел беше прогласен за победник, но медиумите шпекулираа за наместена победа и за тоа дека Папата Францис I лобирал за Аристотел. Но, иако Рамус беше поразен, а неговите книги против Аристотел запалени, оваа победа на Аристотел била „пирова“. Сите дотогашни победи на непоразениот шампион биле далеку поубедливи, но последнава дошла по цена на неговиот авторитет.

Аристотел против Рамус, борба на старото против новото 58


Откако Рамус му зададе неколку критични удари на Аристотел и по контроверзната победа, митот за непобедливоста на Аристотел почна да се руши. Беше само прашање на време кога круната на кралот ќе падне. Но, не мислете дека тој лесно ќе биде поразен. Не, неговата статуа ќе смачка многу луѓе и генијалци пред да се скрши на парчиња. Но сепак, нашиот пар примордијални луѓе беше задоволен од исходот на борбата. „Добро го истрениравме,“ рече Адам и го исклучи инфокомот. „Неговиот пораз беше нужно зло...“ додаде Ева. „Каде одиме сега?“ „Правец Италија, имаме друго жртвено јагне за печење,“ рече Адам и ја запали говорницата.

59


* * * Џордано Бруно сметаше дека Господ е голем, но дека несопирливата желба за опстанок и размножување која тој ја има наметнато на сите живи суштества е толку одвратна и одбивна што дури и во моментот кога огнените пламенчиња почнаа да ги скокоткаат неговите нозе тој помисли на тоа. „Види ги, дури и тие буткаат напред, несопирливи, се размножуваат како луди, сакаат да бидат повеќе, што е можно повеќе, на сметка на другите...“ а тој беше сам и осамен, жртва на времето и заостанатоста на неговите сонародници и современици. Но, тој не гореше на клада заради неговите космолошки сфаќања, ниту заради неговиот пантеизам, како што историјата тврди, туку заради семето на атомизмот кое беше посеано во неговата глава од нашите двајца шпиони. Да, ако имаше нешто за што жалеше овој стоички монах, тоа беше моментот кога го отвори сандакот во неговата испосничка соба во манастирот Сан Доменико Маџоре во Наполи и таму наместо неговите монашки носии ги откри Адам&Ева. Но, неговиот првичен шок од тоа како овие двајца ги собрало во толку мал простор не беше ништо во однос на тоа што ќе го слушне од овие двајца демони. „Да, Џордано,“ зборуваше Адам на совршен италијански откако монахот малку се смири, „Коперник, не само што е во право, да, Сонцето е во центарот на Сончевиот систем, а не Земјата, туку универзумот содржи бесконечен број на ѕвезди и светови населени со други интелигентни суштества.“

60


„И не само тоа, поделбата на природните нешта има граница, запомни,“ додаде Ева и го погледна со нејзините големи хипнотизирачки очи, „постои нешто што е неделиво - атомот. Поделбата на природните нешта ги задржува најмалите и последните делчиња кои не се видливи со помош на човековите инструменти.“ Разговорот траеше длабоко во ноќта, а потоа динамичното дуо му остави неколку книги за Арапската астрологија, неоплатонизмот и атомизмот и повторно влегоа во сандакот. Монахот го отвори и тие веќе не беа таму. Потоа веднаш се фати за перото и почна да запишува. Пишуваше како во транс и го чувствуваше огнот на сознанието како му ја грее душата, но не знаеше дека тој оган наскоро ќе стане вистински... но сепак, тоа е друга приказна. Стуткани во сандакот кој немирно патуваше по вртежите на временските виори, двајцата зборуваа. „Поворно успешна мисија, да пукне!“ рече Адам, а Ева, откако сфати дека не може да ја извлече раката, која ù беше притисната зад грбот, нерасположено рече: „Што ти требаше да се жалиш кај Вакуум за говорницата? Знаеш колку е суетен, мислам, види во што нè смести...“ „Во ред, признавам дека згрешив, ќе се обидам повторно да ја побарам говорницата. Но, зарем успехот во мисијата не ти значи ништо?“ „Ми значи, но дали знаеш дека веројатно ќе го погубат Џордано заради идеите кои му ги пренесовме?“ „Секако“, рече весело Адам.

61


Таа понекогаш не можеше да го разбере. Идеологијата му беше позначајна од луѓето и единственото нешто што можеби беше поважно за него беа модерните парчиња облека со вистинска марка зашиена за нив. Џордано Бруно навистина бил изгорен на клада од страна на државните органи во 1600 година по обвинение од римската инквизиција. По неговата смрт, тој се стекнал со значителна слава, особено на преминот на 19-тиот и 20-тиот век, кога го сметале како маченик за слободната мисла и современите научни идеи. „Ете, не горел бадијала!“ се појави Адам зад кулисите на приказната и повторно се шмугна зад буквите. „Но, што му вреди тоа на Џордано!?“ се слушна вознемирената воздишка на Ева.

17-ти век е лек! Во XVII-от век се појавиле двајца автори кои дале значаен придонес за атомизмот. Првиот бил францускиот лекар и филозоф на природата, Себастијан Басон (1573-?). Неговата природна филозофија била еклектична и се базирала на италијанскиот ренесансен натурализам, алхемијата и Калвинизмот (гранка на Христијанството, основана од Џон Калвин). Тој бил ран автор на теоријата на материјата заснована на атоми и соединенија. Местото и времето на неговата смрт не е познато, но во агентските кругови се шпекулира дека Адам и Ева го собрале со себе во светот на идеите бидејќи неговите ставови за „честички од прв, втор, и трет ред, т.е. структури кои се изградени со соединувањето на

62


атомите,“ им биле особено драги. Адам го нарекувал негова „гордост и најпонизен ученик“, а Ева се осигурала историјата да го запамети како пронаоѓач на молекуларната теорија. Вториот автор е Исак Бекман (1588-1637), холандски филозоф и научник, кој преку своите студии и контактот со водечките природни филозофи, може да се смета за создавач на модерниот атомизам. По кафеаните каде се собираат агентите, тие боеми на општеството на маргините, честопати се расправа за тоа дека ако некого требало да го соберат Адам и Ева, тоа бил Бекман, а не „мрсулавкото Басон, кој веројатно им се улижувал и ги молел да го земат со нив.“ „Но, Бекман не ги објавил своите идеи, сигурно затоа не го земале“ кажал Бондиќ. „Да, тоа сигурно го налутило Адам, сите знаеме колку е суетен,“ додал агентот Филип Марлиќ, „Но, Бекман влијаел на многу научници од тоа време, како на пример Декарт, кого го сретнал во 1618 година во Бреда каде што бил поставен како војник.“ Да, токму Бекман ќе го убеди Декарт да се посвети на студиите на математичкиот приод кон природата, а подоцна го запознал и со идеите на Галилео. Иако во неговото време го сметале за еден од најобразуваните луѓе во Европа и го импресионирал и поттикнал Гасенди (еден од нашите следни јунаци) кон филозофијата на Епикур и атомизмот, сепак неговите идеи не биле сериозно сфатени. На историјата ù требале цели три века повторно да ги открие, објави и признае неговите дневници.

63


БЕКМАН ИЗ БЕК! Модерниот атомизам започнува Почитувани читатели на Атомистичкиот магазин за модерни мажи, имаме интересна вест за вас. Завчера повторно се откриени дневниците на научникот Бекман во кои тој се открива како оспорувач на Аристотел и пар екселанс атомист. Но, тоа не е се! Овие дневници, освен интимни детали за неговиот живот, што го оставаме за пожолтениот печат, ни го откриваат Бекман како физичар кој прв правилно ја опишал инерцијата, ги студирал вибрациите и, најважно од сè, од аспект на атомизмот, ја открил анализата на функционирањето на пумпите. Тој правилно теоретизирал дека пумпите функционираат благодарение на притисокот на воздухот, а не како штп вели тогашната популарна теорија на Horror vacui (види речник), според која водата се плашела од празнината па се искачувала по цевките. Оваа приказна била омилена на Аристотел, кој бил познат љубител на страшните бајки. Приказната оди вака: Аристотел, скриен под јагнешката кожа, со детски очиња кои ѕиркаат кон мајка му, слушал со внимание. „Во светот постоела празнина, страшна, темна и без ништо. Човек можел прилично осамено да се чувствува таму без супермаркети и ресторани на секој чекор.“ „А каде купувале облека луѓето, не оделе белким голи?“ прашал малиот Аристотел, на што мајка му се насмевнала. „Слушај ја приказната!... Таа празнина е сама по себе апсурдна и не може да постои. Замисли го светот без бутици за облека, зарем голи би оделе!? Ете ти го одговорот,“ му намигнала мајката на Аристотел, а тој задоволно се насмевнал.

64


„Не, природата не може да содржи вакуум, затоа што густиот материјален континуум околу вакуумот веднаш би ја исполнил празнината!“ Мајката се свртела кон синот и видела дека Аристотел веќе спиел. Ја изгаснала светлината и го оставила синчето да сонува продавници преполни со играчки. *** Но, вистината, драги мои, е дека вакуумот постои и дека неговото откривање има значајно место во нашата приказна, како и притисокот и однесувањето на гасовите. Како што ќе дознаеме подоцна, индустриската револуција и материјалистичката цивилизација, која нашите јунаци се обидуваат да ја изградат, зависи од откривањето и дефинирањето на овие нешта, затоа - не дека ви вршиме притисок - но внимавајте! Во историјата на атомизмот има многу необични истории и ликови, како Јован Златоуст Мањон (1600-1679), француски лекар, застапник на атомизмот и противник на Декарт кој се обидел да ја пресмета големината на атомот и Даниел Зенерт (1572-1637). Зенерт бил познат германски лекар и плоден академски писател, особено во областа на алхемијата или хемијата. Тој сметал дека мора да постојат повеќе видови атоми кои се врзуваат за да создадат сложени тела. Се послужил со фактот дека пареата од виното продира низ 4 слоја хартија за да покаже колку се мали атомите, што била навистина интересна опсервација. Друг пример кој го дал тој бил дека голем волумен на пареа создава мала капка течност.

65


Тој исто така мислел дека атомите ја задржуваат нивната суштинска форма. На пример, ако се истопи и измеша одредена количина чисто злато и чисто сребро, таа сосема ќе се измеша, но ако смесата се третира со азотна киселина, среброто се топи и останува златото. Зенерт, како и Мањон, бил атомист од времето на Рене Декарт (1596-1650) и Френсис Бејкон (1561-1626), двајца интелектуални гиганти и противници на атомизмот.

Атомизам, пих! Какво празноверие. Френсис Бејкон, наречен „сланината“ поради неговата љубов кон овој производ кој во тоа време бил сметан за добар за телото и духот, бил еден од најголемите генијалци во историјата на човештвото. Бејкон (освен сланина) за појадок можел да ги изеде Ајнштајн и Хокинг, зашто освен тоа што ги предвидел телевизијата, музичките студија и радиото 500 години пред нивното пронаоѓање и не само тоа, туку и во слободно време му ги пишувал драмите на Шекспир, а овој само се потпишувал за да не испадне дека Бејкон ептен се прави важен. Овој човек е еден од ретките луѓе кои им се спротивставиле на шармот на нашето динамично дуо и фрлајќи проектили од сланина кон нив ги отерал со зборовите „Море, одете во 100 временски дупки!“ што тие и го направиле. Прочитајте повеќе информации за предвидувањата на Бејкон во неговото дело „Нова Атлантида“, отсега најевтино во градот! Оваа книга го прави Нострадамус баба Ванѓа со лош ден. Првите 100 купувачи добиваат бонус јајца со сланина!

66


Ете го притисокот! Торичели седел на шанк во бар кога до него застанал некој човек кој во рака држел метар. „За што ти е метаров пријателе?“ „Еми, куќа градам, мерам и премерувам, притисокот ме притисна, па малку во бар да седнам и одморам,“ рекол човекот, си земал кригла пиво и заминал. Поминале неколку години од оваа случка на која Торичели не ù придал значење. Но, една ноќ сонувал за метро, пареа, бура и дожд, и цело време нешто го притискало по главата. Само што се разбудил, нашата хероина Ева се скрила под креветот заедно со касетофонот во кој се вртела касетата Научи додека спиеш - чудото на потсвесното учење и сублиминален адвертајзинг.

Гордиот и воинствен Бејкон, секогаш подготвен за расправија и добро парче сланина 67


Торичели почнал да размислува и да прави скици. По неколку месеци макотрпна работа го направил најзначајното откритие во неговата релативно кратка, но бурна кариера на рок ѕвезда научник. Тоа откритие го нарекол барометар. Но, зошто токму тој пронајдок - барометарот е толку значаен за науката? Овој лик, Евангелиста Торичели (1608 - 1647), италијански физичар и математичар, кој, меѓу другото, бил првиот човек кој го дал научното објаснување на причината за создавањето на ветерот, историјата го кредитира како заслужен за повторното оживување на атомистичкото размислување со неговиот изум - барометарот во 1634 година. „Ветерот е предизвикан од разликите во притисокот. Кога разликата на притисокот постои, воздухот е придвижен од повисокиот кон понискиот притисок,“ вели овој трагичен лик кој рано останал без татко во неговата родна Фаенца, но за среќа чичко му се погрижил за неговото образование. Торичели подоцна ќе се покаже како приврзаник на ставовите на Коперник и Галилео, но Адам и Ева, кои го посетиле едно септемвриско утро во неговата мала студентска соба во домот Кузмус Наумус, го посоветувале да не ја искажува гласно таа поддршка. „Сите знаат, а би требало и ти,“ додаде Адам, „дека хелиоцентричните ставови предизвикуваат вртоглавица и фатални последици како паѓање од високи градби во казан со жешко масло.“ Но, судбината го врзувала Торичели за ликот на Галилео, по чија смрт Торичели станувал негов наследник на местото во универзитетот во Пиза и почнал да дизајнира

68


и да прави телескопи и да се нарекува себеси Галилеј. На локалните жители тоа не им се допаѓало, па го избегнувале неговото друштво. Така неговата судбина уште еднаш се изедначила со таа на Галилео и тој во мрачно расположение му напишал на Микеланџело Ричи (италијански математичар, кардинал на римската католичка црква и чук-чукундедо на современата американска филмска актерка Кристина Ричи) во 1644 година: „Noi viviamo sommersi nel fondo d'un pelago d'aria.“** Но, вистинското значење на барометарот за атомизмот е доказот дека над живата во барометарот постои вакуум! Тоа значи дека тврдењето на Аристотел (и црквата) дека вакуумот не постои паѓа во вода!

Ото фон Герике, задава кик на црквениот лик На Торичели подоцна му се придружил уште еден лик, германскиот пронаоѓач Ото фон Герике (1602 – 1686), чии големи заслуги за науката се воспоставувањето на физиката на вакуумот, откривањето на експерименталниот метод за јасно покажување на електростатската одбивност и идејата за „акција на растојание“ и на „апсолутниот простор“ кои му задале тежок, дури осакатувачки удар на ставот дека вакуумот не постои. Сепак историјата ќе треба да изеде уште неколку фурни леб намачкани со човечка генијалност и прелиени со сос од општествено-политички промени, за научната, а потоа и општата јавност да почне да верува во реалноста на атомите. Една од тие фурни работела на гас. ** Ние живееме потонати на дното од океан од воздух (итал.)

69


Презимето на Пјер Гасенди (1592-1655) потекнува од една непријатна случка во која татко му се прејал грав, а потоа присуствувал на свадба, која трагично завршила со задушување на гостите. Пјер ќе го посвети целиот живот на чистењето на името на татко му (што не било лесна задача поради големото количество гас останато зад него) и докажувањето на тоа дека гасовите имаат пресудна улога во историјата и науката. *** „Ах, белким ќе си најдам некоја дама тука, да се размрдам малку по овдешниве ресторани придружен со звук од хармоника, додека топол кроасан ми се топи во устата,“ помисли платеното душкало на мисија, Дик Трејсиќ, веднаш по излегувањето од неговата временска машина. Го отвори неговиот инфоком, кого го имаше украдено од Адам, до душа стар модел, но му вршеше работа, и побара некоја добра служба за придружнички од 16-от век во Париз, додека паралелно истражуваше за случајот на Гасенди. „Гасенди бил француски филозоф, свештеник, научник, астроном и математичар и еден од првите модерни мислители кој ја формулирал научната емпириска пракса.“ „Хм, интересно како кисела зелка со интегрален ориз, но која била неговата улога во атомизмот?“ се запраша Трејсиќ веќе сместен во удобноста на ресторанот Можеби е 16-ти век и немаме џубокс, но нашата ла певаљка Шанзелизе е многу подобра!

70


„Гасенди се смета за најзаслужен за оживувањето на атомизмот со тоа што го направил пошироко познат и прифатлив, особено со одвојувањето на вербата во атомизмот од атеизмот, а тоа не била лесна задача.“ „Види го ти него!“ помисли Трејсиќ додека сркаше чај со рум, бидејќи во ова од Господ Вакуум заборавено место и време немало виски. „Како ли само успеал да го направи тоа што на никој пред него не му успеало?“ „Во 1624,“ продолжи да чита, „Парискиот парламент издал декрет според кој да се има или пренесува став спротивен од тој на Аристотел (вклучително атомизмот) било доволно да ве осудат на смрт. Гасенди, кој имал влијателни пријатели, бил оставен на мир.“ „Отсекогаш сум кажувал,“ се насмевна под мустаќ Трејсиќ, “дека е најбитно да имаш грб. Ништо не е сменето од 16-ти век до денес!“ „Но, во 1649 тој го објавил неговото главно дело за атомизмот Syntagma philosophiae Epicuri. Пред да расправа за атомите, Гасенди посветил три поглавја на празнината и неопходноста од неа. Тој на големо се потпирал на Торичели и неговите експерименти и искажувал поддршка на грчката дефиниција на атомот, со мала, но клучна измена - за Гасенди атомите не постоеле отсекогаш, туку биле создадени од Господ! „Атомите не се движат сами по себе (a se ipsis), туку поради Божјата милост (Dei gratia)“. Оваа идеја го ослободила атомизмот од атеизмот.“ „Какво снаодливо ѓубре,“ викнал Трејсиќ поради што неколку глави се свртеле во негова насока, а тој си ја пикнал главата под маса. „Ако другиве атомисти беа опасни по човештвото, овој е самиот ѓавол!“, помисли и почна да кова планови како да го тргне Гасенди од историската сцена.

71


Последната вечера На гала вечерата во домот на Адам&Ева беа собрани сите големи атомистички умови на 17-от век, од Гасенди до Торичели, Сенерт, Бекман и други. Погледнувајќи ја оваа мала група атомисти, Адам свечено изјави: „Драги, не би можел да бидам погорд ниту со сопствените деца, а Господ Вакуум знае колку ги имам веќе! Вие сте вистински наследници на идејата дека материјата е поважна од духот и дека таа ќе надвладее со светот и природата!“ И токму во моментот кога Адам се подготвуваше да го прогласи Гасенди за негов наследник, вратата се отвори со силно тропање и внатре влезе Трејсиќ, со вперен Магнум 45 во главата на Гасенди. „Мислевте дека ќе поминете без мене, нели!?“ викна Трејсиќ. Гасенди вресна, Сенерт го гушна Бекман, а Торичели се пикна под маса. Адам се обиде да го смири. „Конечно се среќаваме, Трејсиќ, нели?“ Дик кимна со главата, не тргајќи го пиштолот од Гасенди. „Зошто непријателство, седни, вечерај, сигурно си заморен од патувањето низ времето, ние добро знаеме како ти е.“ Дик не трепна, но процеди низ заби: „Не прави ми се добар, овие пиленца може не знаат, но јас многу добро знам кој си и како ги користиш за да ги заробиш нивните браќа. Гасенди ќе замине со мене. Неговото значење е преголемо.“ „Веќе е готово, нели разбираш,“ се насмевна Адам, „можам и да ти го дадам Гасенди ако сакаш, но нема!“ Во тој момент Ева турна едно од тенџерињата кое се преврте и падна. Од него излезе чад кој ја исполни просторијата. Кога се расчисти воздухот, Трејсиќ откри дека е сам. „Проклет гас,“ процеди низ цигарата која му висеше на крајот од устата.

72


Далтон и неговите браќа атомисти Простор-време, човечко е бреме. Бунто Психа

Од Гасенди до Далтон: само 150 години Ева си ја поднамести фризурата и излезе од телефонската машина за патување низ времето. Под нејзините нозе се слушна „шлап!“ Таа ја крена едната чевла и го погледна топукот кој беше потопен во кал. „Адам, ова не ми се допаѓа! Ќе изградат ли луѓево патишта веќе еднаш!? Нели ми рече дека ќе ме водиш кон изворот на модерната цивилизација?“

73


„Да, но цивилизацијата уште не е изградена. Сега сме во Англија во доцниот 18-ти век и го бараме Џон Далтон, едниот од четворицата озлогласени браќа Квекери (платеници кои ги измачуваат своите жртви со тоа што ги тепаат со крекери додека не посинат) за да го натераме да го напушти криминалниот живот и да се посвети на науката.“ „Мислиш да го направиме наш атомистички слуга?“, додаде Ева со доза цинизам, на што Адам ѓаволски се насмеа. „Да, токму така.“

Џон Далтон (1766-1844), таткото на хемиската атомска теорија Далтон седеше во локалниот паб и грицкаше крекери, демнејќи ја преку шанкот следната жртва. Наеднаш пред него помина девојка каква што немаше видено во животот. Нејзините очи како да го хипнотизираа и му потшепнуваа непознати идеи без зборови. Сакаше да стане, но му се сврте. Главата му натежна и помисли дека еден крекер ќе му ги олесни маките, но неговите прсти допреа празна чинија. Прво помисли да му нарача на барменот уште крекери, но допирот со ладниот порцелан како да предизвика некоја верижна реакција во него. Го облеа силно чувство на празнина и во тој момент се почувствува сам во универзумот без значење... „Чуму работиме, браќа?“ стана и извика Далтон кон барот кој занеме пред неговиот глас „Чуму, кога мигот на задоволство кога ќе го слушнеш кршењето на тазе

74


крекер од нечија глава минува толку брзо што не можеш да го фатиш и сочуваш во сеќавањата со таква силина каков што бил... И колку крекери се доволни за да го постигнеме тоа? Колку, ве прашувам, трошки се потребни да се просеат по подот на очајот?...“ Историчарите на науката велат дека по овој говор Далтон бил исфрлен од пабот и се повлекол во самотија, со месеци работејќи на теоријата на божествениот крекер кој ќе може да се иситни на бесконечно мали парчиња и според тоа ќе трае вечно. Не успеал во тоа и го докажал токму спротивното - дека крекерот не може да се дели бесконечно, туку дека најситните парчиња крекери се конечни и неделиви. Тоа е зачетокот на неговата атомистичка теорија. Потоа Далтон почнал да го проучува притисокот на пареата, растворливоста на гасовите и мешањето на гасовите, преку кои ги создал основите на хемиската атомска теорија. Тој ги објавил неговите теории за однесувањето на атмосферата и гасовите во книга наречена Нов систем на хемиската филозофија во која дискутирал за неговата атомска теорија. Но, интересот на Далтон за атомите и нивното значење за светот, луѓето, автомобилската индустрија и брзата храна не запрел тука. Легендата вели дека Џон Далтон ја напишал неговата прва табела на атомските тежини во 1803, но не му се допаднала. Сакал да ги подели сите елементи во неколку групи според боја, но „како да поделиш толку елементи само во три групи според трите познати бои - сина, жолта и портокалова?“, се прашувал тој. Дури откако пријателите му кажале дека постојат многу повеќе бои, тој сфатил дека е далтонист и се откажал од оваа идеја.

75


Дури во 1808 Далтон, откако неговата сопруга изразила загриженост во врска со нејзината тежина, а тој ја тешел дека елегантната пополнетост е нешто што на жената ù дава „домаќинска убавина“, почнал да размислува за атомската тежина и дискутирал за методите на нејзиното одредување. Далтон велел: „Демокрит, тој весел селанец и мајстор за сирење, нè учи дека светот се состои од неделиви парчиња кашкавал, т.н. атоми. Познато е дека постојат неколку мириси на атоми од нежната атомка Моцарела, преку Ементалер и Гауда, до посилните Камембер и Рокфорт и најсилната Горгонѕола, каде што спаѓаат Ураниум и другите тешки атоми. Демокрит совршено ги разликувал сите овие вкусови, но не знаел дека се работи за различни видови атоми. Науката конечно е созреана до стадиум во кој можеме да ги одделиме деликатните мириси на свежо млеко од мирисот на носени чорапи цел ден во летната жештина.“ Далтон, инспириран од мајсторството на Демокрит, ги изнел четирите базични идеи во атомската хемиска теорија: хемиските елементи се направени од атоми (теоријата на сирењакот), атомите на еден елемент се идентични според нивните маси (теоријата на бурекот со сирење), атомите на различни елементи имаат различни маси (теоријата на швајцарското сирење) и атомите се комбинираат во мали односи со цел број, 1:1, 1:2, 2:3 итн. (теоријата на мешан кашкавал) Да ги разгледаме овие теории на кои се засновала новата наука која се издигала од прангите на алхемизмот и сè уште стоела нестабилно на слабите нозе како штотуку родена срна.

76


Хемиските елементи се направени од атоми Демокрит вели, „Ако сирењакот го одделиме на сирење и тесто, ќе добиеме два елементи.“ Не е познато дали оваа изјава на Демокрит влијаела на теоријата на сирењакот на Далтон, но ставот на Далтон дека: „елементите се направени од мали, дискретни, невидливи и неуништливи честички, наречени атоми, кои го задржуваат нивниот идентитет во сите физички и хемиски промени, како што е печењето на сирењакот...“ според некои историчари на науката укажува на тоа. Јасна е т.н. „античка врска“ во идеите на Далтон, но значајно е да напоменеме дека атомите не биле дел од хемискиот пекарски мејнстрим во раните 1800-ти, иако идејата на Далтон за хемиски елемент како хемиска супстанца која не може да биде разложена понатаму со хемиски средства (т.е. со топлина, електрицитет, реагирање со друга хемикалија) може да се сретне и кај големиот француски аристократ, бурекџија и научник Антоан Лавоазје (1743 – 1794).

ЛАВоазје, Антоан 77


Борбата помеѓу овие два умови за престижната титула „татко на модерната кујнска хемија“ кулминирала во големиот готварски натпревар во кој кралот на готварската џунгла, Лавоазје успеал да изолира посебни атоми на Брашниум и Прашокзапециум, а Далтон ја измерил тежината на посебните атоми на Јајциум. Но, поради измамата со украдениот леб-трофеј, натпреварот бил прекинат и до ден денес историчарите расправаат чие дело било позначајно и кој бил победникот. Но, Далтон, како и секој добар хемиски готвач, или т.н. алхемичар, криел една тајна - тој никогаш не ја исклучил можноста за субатомска структура. Тој само знаел дека науката во раните 1800-ти не дозволувала физичката структура на атомите да биде истражена. Атомите од еден елемент се идентични според нивните маси Кутриот Далтон, си пеел во тон: „Сите атоми на еден хемиски елемент тежат исто!“ Но, како да знае тој во 1803 година дека постојат изотопи (види речник), кога науката тоа го открила дури по 100 години! Атомите на различни елементи имаат различни маси Повторно античките Грци ја развиле оваа идеја, која е имплицинтна во делото на Далтон. „Но, не заборавајте, од идеја до пракса и доказ патот е далечен и со трње поплочен!“, кажал господин Хел и Ум, господар на пеколната жештина која се развива во мозокот на генијалците во миговите кога смислуваат големи идеи. „Некои идеи се толку напредни што разликата помеѓу температурата на главата на која што се создаваат тие и надворешните општествени и климатски услови е толку

78


голема, што нужно предизвикува ефект на локално затоплување и прегревање на мозокот.“ Последиците од тоа се некогаш трагични, но нашиот Далтон имал среќа неколку други антички мозоци да прегорат пред тој да ја прифати и, што е најбитно, да ја докаже оваа идеја. Атомите се комбинираат во мали односи со цел број Далтон пресметал дека хемиските комбинации помеѓу два или повеќе атоми се случуваат во едноставни, нумерички односи (1 со 1, 1 со 2; 2 со 3; итн.) и во врска со тоа вели: „Кога готвите, никогаш не додавајте 1,5 мерка кромид на 1 мерка лук. Тоа ќе го расипе совршениот баланс помеѓу мирисните атоми на овие две супстанци. Држете се до мерките!“ Некои историчари на хемиското готварство критикуваат дека идејава потекнува од уште еден голем готвачалхемичар, Жозеф Луј Пруст од неговиот прочуен кувар Закон на одредените пропорции од 1797 година. Но, Далтон одел подалеку во неговото дело Закон на умножени односи на маси. Далтон го открил овој закон додека изучувал својства на некои оксиди на азот врз неговите чорапи. За овој експеримент тој запишал: „Не ги мијам нозете веќе недела дена. Миризбата е неподнослива. Ноќе сонувам за топла бања со миризливи кристали, а дење се борам со чувство на неиздржлива топлина и јадеж. Моите две мачки ме напуштија, а канаринецот за жал не можеше да избега поради кафезот. Сепак, добрата вест е дека брзо почина од ударот на железните шипки по неговата глава. Но, се исплатеше! Сето тоа е знак дека оксидите на азотот во чевлите конечно го достигнале потребното ниво.“

79


Врз основа на овој екперимент тој заклучил: „Атомите на ист елемент можат да се обединуваат во повеќе од еден однос со други елементи и да формираат повеќе од едно соединение.“ Атомите не можат да бидат создадени или уништени Иако ова можеби ќе ви наликува на античка каша, сепак се работи за идеја на големиот готвач-хемичар Лавоазје, наречена Закон за зачувување на масата во хемиските реакции. Далтон ја применил оваа идеја врз неговите рецепти, со коментар: „Атомите на еден елемент не се менуваат во атоми на друг елемент преку хемиските реакции. На пример, атомите на азот и кислород остануваат тоа што се и во супа, во манџа, во сос или салата. Потоа може да се вратат назад со разединување на супстанцата. Ова не е препорачливо да се прави за време на свечени вечери, но домашните пријатели може да ги изненадите со вадење на цел компир од нивната чинија со пире. Совршено за фасцинирање на млади дами.“ Но, и покрај ова, Далтон се смета за основоположник на модерниот атомизам, но можеби е уште позначајно тоа што го извадил атомизмот од мртвилото кон крајот на 18-от век и почетокот на 19-от век. Затоа Адам и Ева го сметаат за еден од нивните најдобри наследници. Кога сме веќе кај нив двајца, каде ги снема?

80


* * * „Драг ми е Далтон, но ова мртвило не е лесно да се оживее! Види го ова - никаде бутици, облеката е со лош квалитет и валкана, насекаде само сиромаштија и болести... ми се лоши!“, рече Ева влегувајќи во телефонската говорница за патување низ времето. „Имај трпение, драга,“ ги крена рамениците Адам. „Каде да си ја средам косата, види ме каква сум бушава!“, продолжуваше Ева. „Не грижи се мила,“ се обидуваше да ја развесели Адам, „на вистински пат сме да ја создадеме империјата на материјализмот. Да, можеби тука има повеќе работилници за пот, отколку бутици и ресторани, можеби по улиците демнеат убијци, а во сокаците умираат сираци, но наскоро ќе настапи индустриската револуција, а ние сме тука да се осигураме дека тоа ќе се случи.“

Духот на индустријализмот заживува во мислите на луѓето

81


„Како ќе го направиме тоа?“ „Па, веќе го направивме, Далтон ги постави темелите на кои другите ќе се надоградуваат. Индустриската револуција ќе дојде, носена на крилјата на пареата со пискавиот звук на парните машини, ударот на милионите копачи во рудниците и ѕвечкањето на парите во џебовите на богаташите. Но, пред тоа треба да посетиме уште еден клучен играч во нашата материјалистичка игра.“ Адам го сврте бројчаникот и временската машина ја напушти калливата Англија со светлински ефект. Токму во тој момент микро-детективот Трејсиќ излезе од неговата временска машина и, додека со чудење ги гледаше Адам и Ева како исчезнуваат, се прашуваше која игра на судбината ги спасува секогаш во последен миг, а со крајот на окото го забележа најстариот геј паб во Англија - Ye Olde Fighting Cocks. „Човек треба сè да види и да проба,“ се храбреше со космополитски ентузијазам. „Можноста да се биде дел од историјата не треба да се пропушти,“ рече и додека потпевнуваше Вај-ем-си-еј влезе во пабот оставајќи ја мисијата на страна, барем за момент. Од другата страна на реалноста, Господ Вакуум не можеше да се воздржи од смеа зашто Трејсиќ не ги насети неговите местенки, кои ги спасија Адам и Ева и го поставија тој бар токму на тоа место и во тоа време. Чудни се патиштата Вакуум-Господови...

82


Индустриска револуција

Можеби ќе дојдеме до точка во која единствениот начин да се спаси светот ќе биде колапсот на индустриската цивилизација. Морис Стронг

„Еј Адаме, Адаме, само атомот го гледаш и од ситното ќе изгубиш слика за крупното,“ му стигна еден ден електронско-комуникациско писмо од господ Вакуум на Адам, кој подголтнувајќи и со насолзени очи продолжи да чита.

83


„Мислиш дека новиот век го создал атомот, и да, во право си, нашата револуција, која ќе доведе до капиталистичко и консумеристичко општество, е условена од науката, но и од технологијата, не заборавај! Веднаш заминете со Ева во Англија, во продолжението на писмото ти праќам листа на пронајдоци и луѓе кои треба да ги посетите со претходно подготвени скици кои ги имаш во прикачениот електронски документ. Добар пат и се надевам дека наскоро ќе го индустријализираш производството на цигари, зошто времето ти истекува, сине!“ Адам не знаеше како да го разбере писмово, дали Вакуум е навистина неговиот татко, или го вика така само да си поигра со неговиот ум... Она што го имаше научено во неговиот кус престој во рајската градина на идеите е дека Господ Вакуум сака да ги искушува неговите поданици и да им дава задачи кои навидум се чинат бесмислени, но служат на една повисока цел... само, не знаеше дали таа цел е корисна за луѓето или само за Вакуум. Со растреперена душа и глава полна прашања Адам ù пријде на Ева. Не сакаше да ја разочара, но немаше избор. „Почни да нè подготвуваш за пат.“ „Каде одиме? Се надевам на потопло место,“ рече Ева со страв во гласот. „За жал повторно одиме во Англија,“ одговори Адам, а Ева се фати за главата. „Никулецот на индустријализацијата е посеан, имај трпение, блиску сме до целта, Луј Витон нè повикува.“

84


*** Говорницата на Авенија Акација засвети и во неа се појавија Адам и Ева. Отворајќи ја вратата, здогледаа една куќа зад чии прозорци допираше слаба црвена светлина. На куќата висеше една табла со бројка 22 чие клатење под силниот и студен северен ветер наликуваше на тивка елегија по изгубените шајки. Адам го отвори писмото од Вакуум и прочита. „Најдете ја куќата со број 22 и внатре побарајте ја...“ Чукна на тешката дрвена врата избоена со мрсна и испукана црвена боја. Вратата се отвори и пред нив се создаде дебела средовечна жена со разбушавена коса, корсет кој откриваше половина од нејзините гради, и хулахопки со повеќе скинати отколку сочувани шевови. „Добра вечер, повелете во куќата на радоста,“ се насмевна таа и ги откри нејзините заби, поточно недостатокот од заби. Адам се згрози од оваа глетка и ја поттурна Ева да влезе прва, додека тој се припи до ѕидот и се обиде да не го допре страшилото од чија насмевка се ширеше смрдеа која би можела да отепа и слон. Внатре ги чекаше уште поголем шок, млади разголени девојки со подеднакво лошо чувство за мода и дентална хигиена. „Ви се допаѓа тоа што го гледате?“ се појави бабата зад Адам, а тој потскокна како некој да го пецнал со струја. „Полека момче, чувај ја силата за дамиве,“ рикна бабата во смеа, а младите „дами“ ù се придружија. И токму кога Адам помисли дека ќе го изблуе утрешниот доручек од глетката на дузина разјапени пештери кои

85


што рикаа и крекаа на полн глас, Ева строго ја прекина шарадата. „Ја бараме Харлот Д'Шарлот.“ Смеата замре исто толку ненадејно како што почна. „Опа бато, тука сме имале вистински љубители на групњаци, кинки-манијаци... но, за жал мислам дека вашите паричници не се толку длабоки за таква првокласна дама на ноќта.“ „Само упати нè,“ рече ладно Ева и фрли едно ќесе со пари во рацете на бабата која остана со подотворена уста. Ева седеше на креветот во малата соба и никако не можеше да се намести. Додека под неа чкрипеа 'рѓосаните федери, Адам стоеше во еден ќош и се обидуваше да не допре ништо. Во собата влезе една девојка и ги погледна нашите јунаци. „Значи, вие сте двајцата странци за кои зборува целата куќа. Ќе си имам полни раце работа вечерва со вас, нели?“ „Слушај, не сакаме да имаме ништо со тебе, мислам на телесно ниво, само нè интересира адресата на Џон Кеј, млад иноватор, слушаме си била интимна со него,“ отсечно рече Ева додека Адам се криеше зад неа. „Еј, јас сум тука да работам, а не да муабетам,“ ладнокрвно одговори девојката која очигледно преживеала пострашни работи отколку женска со став и нејзиниот плашлив партнер. „Не грижи се, никој нема да знае. Ни треба само информацијата,“ омекна малку Ева. „Ајде прво да се фатиме со работа, па може и ќе ви го кажам тоа што сакате да го знаете,“ настојуваше девојката и продолжи да се соблекува. „Кој е прв?“ ги погледна со празните очи, „Ти?“ му се насмевна со поцрнетите заби на Адам.

86


Ева го погледна преплашениот Адам додека вратата пред неа се затвораше. Последното што го слушна од таа просторија пред да замине на чај во приемната соба беше: „Ајде да видиме што знаеш, момче!“ Ева таман се навикна на вревата во куќата и се задлабочи во локалниот весник кога се појави Адам. „Леле Ево, зошто ù дозволи на онаа да ме пипка! Брзо, брзо пиши му на Вакуум да ни каже каде можеме да го најдеме Александар Флеминг, и итно побарај му една доза пеницилин!“ „Маче, ни мене не ми е драго што морам да те делам, особено не со таква, но Флеминг нема да се роди уште два века, а не можеме да ја користиме машината за патувања кои не се дел од мисијата.“ Откако Ева го смири Адам дека ќе му пише на Вакуум да му даде медицински одмор, тој малку се смири и мисијата продолжи хепили евер афтер.

Оркестар иноватори Нашите херои го посетија Џон Кеј во 1733 и му ги подарија скиците за изградба на т.н. летечки шатл. Не, овој изум нема врска со вселенски шатл, туку претставува унапредување на машината за предење со која работата која може да ја заврши ткајачот за еден ден се удвојувала. Така, индустриската револуција започна, а нашите херои танцуваа по нишките на времето во космички танц кој ја менуваше историјата и, од појава која се раководеше по природните принципи на промена, направија возвишена симфонија од општествени појави и изуми раководени од палката на Вакуум.

87


Во крајниот десен ред на временскиот оркестар во 1764 г. седеше Џејмс Харгрејвс и ги свиреше нежните ноти на неговата „Џени“, машина која се состоеше од тркало што се врти и преде преѓа. Од Џени се простираа осум нишки од возвишени индустриски ноти на новиот брз напредок, наместо дотогашната една, бедна и монотона нота. До него, во 1769 Ричард Аркрајт свиреше на неговата трансцендентална машина, „Водена рамка“. Користејќи ја силата на водата, тој успеал да ги сврти тркалата и да создаде звуци какви што човештвото не слушнало до тогаш. Тркалата се завртиле, преѓите се распетлале и нишките на симфонијата на масовното производство, цел век пред бендот Форд и компанија (иноватори на индустрискиот звук), зафучиле како никогаш до тогаш. Пред нив во 1779 седеше Семјуел Кромптон и ги собираше тоновите од овие двајца виртуози, на моменти изолирајќи ги тенките фини тонални нишки на

Џејмс Харгривс на неговиот инструмент во оркестарот на индустриски иноватори 88


„Џени“, а потоа вклопувајќи ги во ритамот на „водената рамка“ правејќи посилна и пофина нишка од звуци во симфонијата на напредокот на човештвото. Овој оркестар од многу извонредни музичари го диригираа нашите двајца херои, симултано и сложно, додека нишките од музиката се простираа над нив и потоа се спуштаа во публиката составена од трговци со ткаенини кои ги прифаќаа овие нови звучни нишки со ширум отворени раце, а нивните џебови веднаш се полнеа со пари и растеа, растеа, растеа... И тогаш се случи чудо. На сцената се појави атомот! Сите занемеа од оваа појава која беше толку мала а толку голема. И историјата никогаш повеќе не беше иста. *** Но, тоа што многумина не го знаат за неговото височество, атомот,е дека тој не бил научно откритие. Не, тој бил практична потреба, како белење на тоалетна хартија за да не знаеш дека задникот си го бришеш со отпадни материјали или конзервирањето на производи за да се зголеми рокот на траење на самите производи, а да се намали тој на човечкиот вид. Но, еј - тоа е цената на успехот, нели!? Така и проучувањето на својствата на атомите било поттикнато од уште еден изум кој ја потпалил индустриската револуција и ја воздигнал во невидени височини. Дотогашните машини и други кои дојдоа по нив го зголемија производството многупати, но сите имале недостаток, биле гломазни, скапи и работеле на хидроенергија. Било потребна нова машина која би можела да ги движи другиве. Тајната се криела во нешто невидливо, но силно, токму како и атомот!

89


Парна машина „Легни дете, со приказнава заспиј,“ им велеле мајките индустријалки на своите деца индустријалчиња, кои следнава приказна секоја вечер пред спиење ја слушале, па машини, напредок и богатство сонувале, вистински мамини капиталчиња! „Си била една парна машина, која на индустриската револуција ù дала брзина, вистинска слика, за напредокот прилика. Иако силата на пареата уште античките народи ја познавале, па во 1 век Еолипил го опишале и зборот на Херон од Александрија на далеку се слушнал, сепак оваа машина практична намена немала. Идните векови донеле неколку „машини“ на пареа, но тие намена не нашле, освен својствата на пареата што ги докажале. На далечниот исток, исламскиот отомански полимат и мистик Таки ал-Дин во 1551, а потоа во 1629 Џовани Бранка, инженер и архитект со марка, направиле рудиментарна парна турбина. Францускиот физичар Денис Папин во 1690 со клип подигнал тег и тоа бил невиден успех, работа да вршиш, а рака да не кренеш, тоа на индустријата ù требало довек, замена - машина за човек! И тогаш дојде првата комерцијална машина на пареа, каква веселба во таа 1698 година! Тоа била водната пумпа на англискиот иноватор Томас Савери. Вакуумот водата ја кревал, а притисокот на пареата водата високо ја дигал. И немало вода која таа не можела да ја понесе, за рудниците неопходна, за погон на текстилната индустрија водичка таа давала.

90


Историјата напредува без вина, заборави ја таа Савери машина, одиме кон атмосферската машина на Томас Њукомен во 1712. На Савери и Папин заснована, двојно поефикасна. И така на светот дошол Џејмс Ват, и најзаслужен за парната машина станал, и не заради тоа што ја измислил, туку зашто нова намена ù смислил.“ Детето заспало, но нашите неранимајковци биле будни и го посетиле Ват во неговиот дом.

Тешко им е во Шкотска „Вате, фрли го шишето Виски и засукај ги ракавите ниски, те чека изненадување парно, богатство непарно, затоа слушај внимателно и решавај мудро!“, се појави Адам со микрофон пред Ват, со нанижани златни ѓердани на градите влакнести. Зачудениот Ват немаше време ни збор да рече, кога Ева од кујната се појави, со пиле во рака и капа на страна: „Слушај го Адам, слушај ја оваа мадам, и во историјата запомнет ќе бидеш како човек со кеш! Сакаш ли ова пиле да стане големо и со хормони полно, дебело и мрсно, за детето радосно, за возрасниот превкусно?“ Ват сè уште не знаеше што да рече, но тоа не го спречи ова динамично раперско дуо да продолжи. „Да, Вате, машината на Њукомен земи ја и со овие скици замени ја. Ротација ни треба, жими леба, ама не вода за да придвижи и во фабрика да ја однесе, туку - слушај

91


внимателно - директно машина да мрдне и сила да им даде на 10, 100 луѓе, ткаенини да се предат, трговци раце да тријат! Вате, индустриската револуција тебе те чека, ајде рипни и скици примени! О, је!“ Откако Ват, кој беше плукнат Шкотланѓанец едвај го убедија дека вложените пари стократно ќе му се вратат, тој шишето со Виски веднаш го фрли и за работа се фати. Во периодот од 1763–75 низа машини создде и целта ја постигна.

Вaт! Ват? 92


А каква врска има атомот во оваа експлозивна приказна? „Интрига, убиства, волја за моќ и измами кои допираат до највисоките социјални сфери“ детективот Дик Трејсиќ ја прочита рекламата на книгата Атомска приказна и ја врати на полицата. Излегувајќи од книжарницата ја извади Зипо запалката и Лаки страјк цигарите од џебот од мантилот. Неговиот Магнум 45 заблеска на утринското сонце и потоа се замрачи под палтото како и расположението на неговиот газда додека гледаше во досието на Адам и Ева. „Овие двајца прават сè повеќе проблеми во редот на историско-временските тунели,“ помисли додека густ чад се ширеше околу клупата во Локалниот трговски центар каде што седеше. Половина од продавниците сè уште не беа отворени и по ходниците на тоа бетонско здание владееше некој морничав мир. Чистачите ги влечкаа тешките и гломазни машини за чистење под, а вработените полека ги отвораа продавниците со трескот на оградите. Трејсиќ се тргна од мислите и го затвори досието. „Изгледа одморот ми заврши и повторно ќе морам да ја загреам старата машина за патување низ времето,“ и влезе во продавницата за органска храна. Можеби се запрашавте што бара таму човек како детективот Трејсиќ кој консумира две кутии цигари и барем половина шише виски дневно, човек кој легнува пред да се раздени, а станува пред да заспие, човек чија менза се аптеките, а пените против киселина му се десерт... Навистина, што бара ваков карактер во продавница за здрава храна? Одговорот е дека органската храна е гориво за неговата временска машина, бидејќи таа е направена во

93


иднината кога човештвото ќе биде на раб на пропаст од епидемии предизвикани од пестициди, конзерванси и пореметувачи на ендокриниот и нервниот систем на кои човечкиот организам по векови консумација ќе развие генетски мутации од невидени размери. Прочуена ќе биде сатирата за деца од тоа време „Шест раце добри, две нозе лоши,“ како коментар на новонастанатите мутации. Богатите се грижеле за човечкиот род како за пар скинати чорапи, сè додека нивните деца имале пристап до квалитетна храна и здрава средина во стаклените ѕвона над нивните вили. Но, народот ќе се побуни и ќе ги крене своите четири раце, ќе рикне со двете усти и ќе скокне на петглавите коњи во последна еко-револуција за заштита на животната средина и човечкото достоинство, ако ништо друго, барем - да има еден 'рбет и две очи. Децениската борба ќе започне и новиот нов век ќе дојде. Човештвото полека ќе почне да се чисти, но ќе требаат уште неколку векови мутациите да се повлечат и со светот да завладее една нова раса на здрави џинови. Но, тоа е друга приказна... Присетувајќи се на неговото детство и 12-те прсти на мајка му кои го галеа нејзиниот ценет син без генетски мутации, Трејсиќ не можеше а да не вресне длабоко во себеси заклетвата која ù ја даде пред да замине на овој пат - дека ќе го спречи искористувањето на човечката раса за безмилосен профит без грижа за здравјето, достоинството, правото на глас и на живот на обичните, ништожни смртници како неговите родители. Дојде време за одмазда!

94


Атомизмот во 19-от век

Атомот може убаво пее, ама не продава плочи колку мене! Атомица Трофртаљка

Атомизмот во 19-от век Адам и Ева, по успехот кај Џејмс Ват, решија да ја продолжат раперската кариера и да настапат во повеќе светски метрополи низ времето. Најпознатиот хит „Атомот е неделив, а и ние двајца сме!“ одекнуваше низ времето и просторот како празна конзерва која се тркалаше по бескрајни скали. На веселбата ù немаше крај.

95


„Античката мисла силна била, и на индустриската револуција ù дала сила!“ пеел Адам. „Зошто Емси Адам е тоа така, јас не знам?“ се надоврзала Ева. „Не слушаше на часови, нели!? Таа ќе се изгради на грбот на овој Давид, мал, паметен и со одличен вид, но тој е и Голијат, моќен и точен како саат!“ „Парната машина била мајката на револуцијата, а кој ја усоврши ако не на атомот силата, ако однесувањето на гасовите го предвидиш, парната машина ќе ја совладаш, само треба гасот составен од мали топчиња да го замислиш и да пиштиш!“ „Лесно звучи - да, но многумина заради тоа страдале, како нашиот мил Болцман, измачена и настрадана душа, која супата од атоми сакаше да ја вкуси, а за тоа со исмев награден беше и животот си го заврши со харакири по меше! Ева, превземи!“ „Ете, како што бива, иронијата со светот владее, но најголемата иронија допрва нè чека! Пак кон тебе, Адаме!“ „Тезата за атомот модерниот свет ќе го изгради, наскоро ќе му се закани знам - со распарчување, бам! И тоа, замисли, истите кои го изградиле, ќе го раситнат и за пет пари ќе го продадат. Супер-топчето, со сила да движи возови и бродови, планини да урива и мостови да гради, па нив ни најсилна оревокршачка не може да ги скрши, ма не!“ „Тие всушност составени биле од помали топчиња, бе - какво изненадување за милениумската традиција, тој маргинален стоик, каков историски лик, секогаш присутна, силна и жива, камен-темелник на една материјалистичка реалност - за нов свет лост!“

96


„Но, што ќе се случи, кажи ни раскажувачу мил, те молам прекини ја рап кариерата на Адам и Ева, поштеди ми ја главата!“, читателот преколнува, а раскажувачот е само негов понизен слуга, но со доза глув инает, вели: Стариот материјализам - робусен, тежок - некогаш хит жежок, тогаш како расипана парна локомотива ќе замре, него еден нов материјализам ќе го замени. И тој ќе биде електронски поткован, на новите откритија за структурата на атомот заснован. Да, втората индустриска револуција е на повидок врзете се, ќе ве стресе како ништо до сега!. Но, прво е време за...“

Адам и Ева, маскирани како невеста и староженец 97


Економско пропагандна порака За да не изгубат читателите интерес и да ја фрлат книгава во заборав, спонзорирано од „Маркетингин ви ги прави и најздодевните книги интересни!“ Во најновото поглавје следат одговори на многу прашања: Дали црквата сепак била во право? Дали Аристотел последен се смее? Дали материјата е сепак делива, духовна и нематеријална, или тоа е уште една во низата историски илузии? И многу друго!

И по Далтон... Фарадеј Како што научивме, по големиот Џон Далтон (највисокиот од сите браќа Далтони) патот кон научниот атомизам бил свечено поплочен. Вести од светот на идеите

„ОД ОТВОРАЊЕТО НА АТОМИСТИЧКИОТ СУПЕРАВТОПАТ“ Почитувани, се собравме денес тука да го отвориме атомистичкиот суперавтопат кој ќе ја однесе човечката раса до нови хоризонти во науката и технологијата и ќе создаде ново општествено уредување засновано на обожување на материјалното. Ние, жители на светот на идеите со векови се обидуваме да ја наговориме оваа

98


бедна раса да работи за нас, но не, тие беа посветени на филозофија, уметност, непрактични и неопипливи дејности - а ние знаеме како е да бидеш неопиплив и да не те забележуваат нели? Нашиот свет изобилува со идеи, нам не нù треба Кант и Хегел, нам нù требаат инженери, експерименталисти, луѓе кои ќе создадат нешто материјално вредно. Недостатокот на материјални вредности ја спушти цената на нашиот свет на интергалактичката берза на светови и тоа мора да се смени. Овие наши луѓенцаропченца ќе го сменат тоа иако не се свесни Атомот ќе го создаде нивниот свет и ќе се обиде да го уништи. Нашата задача е да им дозволиме да знаат, но колку што ние ќе сметаме дека треба, нека истражуваат и спознаваат, сè додека се послушни производители на толку посакуваните материјални богатства на нашата планета. Да живее господ Вакуум - јас!“ Господ Вакуум се спушти од подиумот со тежок чекор додека разголената толпа под него дивееше и рикаше од возбуда. До него дотрчка подгрбавен старец со инфоком во раката. „Извештај за напредокот на Адам и Ева?“ „Да, господине. Вашите агенти, како што знаете, успешно ја завршија иницијалната мисија од втората фаза на атомизмот. Научниот и технолошкиот атомизам е отпочнат.“ „Да, да, знам. Каде се сега?“ „Сега моментално земаа одмор на Хаваите.“ „Што? Кој го одобрил тоа?“

99


„Вие господине...“ „Хм... не се сеќавам на тоа, изгледа опојните супстанци малку ми го испраа сеќавањето синоќа...“ рече Вакуум и го погледна аѓутантот кој имаше збунет изглед на лицето и потоа брзо, менувајќи тема: „Веднаш прекини им го одморот и иницирај ја следната фаза!“ „Разбирам, височество!“

Фарадеј, мајстор на електролизата 100


*** Адам ја отвори кремата и почна да го мачка грбот на Ева која се печеше на жешкото летно сонце кога наеднаш неговиот инфоком затрепери. Изразот на неговото лице стана сериозен. „По ѓаволите, знаев! Секогаш е вака... таман ќе се опуштиме еден ден и ете...“ „Што?“ се крена Ева загрижено. „Добивме инструкции за друга мисија.“ „Кога треба да тргнеме?“ „Веднаш...“ „Не ми се верува! Каде сега? Повторно во некоја врнежлива англиска дупка од 19-от век?“ „Не си далеку...“

Лондон, 1820 Мајкл Фарадеј, подоцна прочуениот Англиски научник, хемичар и физичар, седеше на работната маса задлабочен во истражувањето на состојките на хлорот, кога на вратата се зачу силно тропање. Адам, видно нервозен, му фрли купче хартии на зачудениот Фарадеј во рацете. „Батали го хлорот, нека се занимаваат болничарките со него. За тебе имаме поважна задача. Тука имаш сè што треба да знаеш за електролизата... и побрзај, историјата не нè чека!“

101


Чудниот посетител замина, а Фарадеј остана со купчето записи во рацете. Овој човек подоцна ќе го наречат „најголемиот експерименталист во историјата на науката“, но, како и Радерфорд (за кој ќе дознаеме понатаму, кој за следнава забелешка би за'ржал под неговите густи мустаќи), не бил добар теоретичар. Математиката му била слаба страна, велат дека честопати ги мешал поимите алгебра и алхемија, иако во вторава област постигнал значајни резултати, па дури бил и професор по хемија на Кралскиот Универзитет во Велика Британија. Но, иако го проучувал магнетизмот и ефектот на електролиза (види речник), кој го открил и опишал како кинење на молекулите, Фарадеј не ја поддржувал атомската теорија. Подоцна ќе ги опише законите на електролизата, кои го раководат овој ефект. Фарадеј верувал дека магнетското пoле може да ја носи електричната струја и прв го демонстрирал овој концепт, кој го нарекол индукција, во 1831, со што многу го унапредил полето на електромагнетизмот (види речник). Голем број од откритијата на Фарадеј станале столбови на модерната физика и хемија. Ангели на светлината, (а ние знаеме кои се), како тој ги нарекувал Адам и Ева во духот на неговата секта, му дале неисцрпен извор за неговите идеи. Уште од раното детство во Њувингтон Батс (Newington Butts, место кое подоцна станало дел од Лондон, познато по голем број учителки, па според тоа и по големи задници) тој бил изложен на гласитската секта (според свештеникот Џон Глас) под влијание на татко му. Иако научничкиот разум надвладеал над религиозната мисла, една поинаква религија сепак имала влијание на неговата наука, а која друга ако не Џаинизмот.

102


Џаинистички идеи во делото на Фарадеј Џаинистот Канада само што се врати од САД, видно разочаран. „По ѓаволите со Американците... не се свесни колку се глупави. На аеродром ме соголија до гола кожа. Ми го одвиткаа целиот турбан, како да кријам бомба во него, а не само нешто резервен кеш, неколку пара гаќи и чорапи и едно мајмунче - подарок за сопругата. Што врева кренаа, расисти едни, се гледаше дека сакаат да ми најдат нешто... па, мајмунот бил редок вид, што да ти кажам... ало, ало... хм, изгледа се прекина врската.“ Kанада ја спушти замислената слушалка, а соговорникот веднаш искажа сомнеж во кажаното. „Но, г-дин Канада, вие нели сте живееле во 6 век пне., но како сте сега тука, во лудницата во Сакраменто, и разговарате со мене?“ „Тоа е лесно,“ се насмевна Канада, „историјата е нечесна жена, а нејзините рамиња ги тетовират само победниците. До ден денес расправаат дали сум живеел во втори или шести век пне, па така јас решив малку да се прошетам низ времето и просторот и да го посетам малку модерниот Сакраменто, бидејќи сум голем фан на Сакраменто Кингс, тие момци знаат навистина да играат уфрли топка во обрач со мрежа!“ На репортерот кој дојде да напише приказна за овој чуден лик од локалната лудница веќе му беше јасно дека има работа со човек со пореметување на личноста, но реши да ја игра играта. „Кажете ми, Канада, за вашата теорија на атомот и како влијаела таа на модерните научници?“ „Атомот,“ почна подготвено Канада, „како што знаеме, е точка во просторот или т.н. „поле“ и е ефемерен во однос на времето. Секој атом зазема една точка,

103


прадеса, од времето. Ми велите дека тоа ви се чини лудо!? Како може нешто да биде воедно „точка“ и „порозно“? Каде се дупките во точката? Но, ве прашувам,“ го крена гласот Канада, „како се разликува тоа од денешното сфаќање на елементарните честички? Нели ги гледаме како математички точки, со нулти радиус, кои создаваат полиња? Ха!“ Репортерот беше зачуден од трансформациите на личноста кај овој луциден лудак. „Подоцна овие идеи ги присвои Руѓер Бошковиќ, далматинец, а замислете не бил куче!“, продолжи Канада, „Да, мил мој, кучето се вика далматинер, запомни го тоа! Каде бев, а да, тој далматински геометар, во 1760 година предложил дека честичките немаат големина, тие се геометриски „точки на сила“ кои создаваат полиња на сила. Ова овозможило честичките да влијаат една на друга, но Бошковиќ бил игнориран. Повторно политика, само политика, таа владее со светот, науката, уметноста и тоа чии идеи ќе бидат прифатени, а чии заменарени. Мислиш дека претерувам? Истражи ја историјата бате, полна е со докази!“ „Но, што се случило понатаму?“ праша репортерот кој сè повеќе се сомневаше во лудилото на овој човек. „Во 19-от век,“ одговори Канада „англискиот експериментатор, Мајкл Фарадеј, надоградувајќи се на Бошковиќ, го развил концептот на полето, идеја која опстојала до денес.“ „Значи вие тврдите дека идејата за честичките како геометриски точки без димензија не е на Бошковиќ, ниту на Фарадеј, туку е индиска.“ „Да, таа е Канадска, т.е. моја“ се насмеа Канада, „кажете ми, може нешто да биде ништо?“

104


„Па, не...“ „Ете, гледате! А сега морам да одам, добив порака од Марс преку моите заби, а потоа одам на лоботомија и морам да се претворам во куче пред да се вратам во мојата татковина, Индија во 6 век пне. - татататира!“, викна овој трагичен лик и замина во собата оставајќи го нашиот репортер лишен од трошката сомнеж дека разговарал со здрава личност...

Канада, првиот атомист 105


Да заклучиме, во 30-тите години од 19-от век Фарадеј ги објавил неговите најзначајни откритија за електролизата кои влијаеле на понатамошниот развој на атомизмот и да се упатиме во Германија во 1830-тите. Нашите јунаци се веќе таму.

Пликер се плакне од срамот (1859) Ј. Пликер, пионер во производството на телевизори, главен борец против ЛЦД телевизорите во полза на тие со катодна цевка. Поборник на кампањите, „Катодно то е здраво“ и, во соработка со Рендген, предводник на маршот, „Јас секој ден си ги снимам децата со рентген и горд сум на тоа“. „Како ги читаш тие сензационационалистички глупости?“, му викна г-дин Пликер на неговиот ортак за пиење во пивницата Германска мома со широко деколте и тресна со криглата пиво врз масата. Пријателот веднаш го фрли весникот. „Вистина ли е тоа што го зборуваат?“ „Апсолутно не, но вистината е уште почудна, пријателе,“ рече Пликер и го повлече столчето подалеку од веселата пијана толпа зад нив. „Пред неколку години, враќајќи се дома, од истава пивница, решив малку да се прошетам во градскиот парк. По некое време забележав шушкање до мене и пред да се свестам врз мене се најде вреќа, а потоа следеше тап удар. Изгубив свест.“ Пријателот го слушаше по малку незаинтересирано. Пликер беше познат по неговите приказни кои почнуваа возбудливо, а завршуваа здодевно.

106


„Се разбудив во еден мрачен подрум,“ продолжи Пликер. „Над мене стоеја двајца чудни ликови, маж и жена, високи и стамени, од погледот на жената речиси ме болеа очите.“ „Јулиус Пликер?“ рече мажот. „Не, моето име е Џејмс Хенри,“ реков со лажен британски акцент, „бизнисмен од Англија во посета на Германија. Ќе ви дадам што сакате, само ослободете ме.“ Двајцава веднаш се вознемирија. Се повлекоа во еден агол од собата и гласно шепотеа расправајќи се. Наслушнував по нешто. „Што правиме сега?.... Како е можно?... Координатите беа точни... документите... Пликер треба да ги добие... револуционерно... атомизам... катодни зраци... ќе биде славен...“ Тоа ми го привлече вниманието. „Се извинувам,“ им реков, „пивото ми удри во глава и се измешав. Да, јас сум Пликер.“ „А ти си!?“, рече типот со злобна насмевка. „Е, па тогаш ова е за тебе!“, и од под палтото извади чудна направа која личеше на пиштол. Се стресов. „Не, не, се шегував, јас сум Џејмс...“ сакав да кажам и да се извлечам, но пред да кажам апаратот направи едно клик. Ги затворив очите, очекувајќи го најстрашното, но наместо тоа, типот рече: „Тој е, Пликер, со глава и мустаќи. Види!“, и ù го покажа тоа што мислев дека е пиштол на женската. Воздивнав, но тоа што следеше беше можеби пошокантно од сè до сега. „Слушај,“ рече типот, „овие документи се за тебе. Имаш почетни сознанија за она што ќе го наречеш катодни зраци, но знаеме дека имаш

107


научнички блок, затоа забегуваш по кафеани и бркаш жени со сомнително минато. Фати се за работа зошто те чека славна кариера!“, рече и ми фрли врзопче на колената. Потоа ме одврзаа и заминаа. Прво мислев дека некој си игра мајтап со мене, но читајќи ги документите сфатив дека се вистински. Од каде ги добиле и зошто ми ги дале мене најмалку ме засегаше, но во нив се криеше злато, злато ти велам!“ „Па, зошто тогаш си повторно во кафеана, а не во лабораторија?“, рече збунето пријателот. „За да прославиме! Конечно открив, ги идентификував катодните зраци! Чувствувам дека науката долго време ќе црпи инспирација од моево откритие.“ И да, драги мои, дури ни Пликер самиот не знал колку ќе биде во право! Динамичното дуо повторно успеа! Инфо само за бубалици! Пликер, кој не знаел за постоењето на електронот во време на неговото откритие, подоцна открил дека таквите зраци можат да се свиткаат со помош на магнети. Неговото истражување со катодните зраци всушност има поттикнато други да ја истражуваат атомската теорија, како што сведочи делото на Џ. Џ. Томсон, кој конечно успеал да ја открие мистеријата на катодните зраци на Пликер со неговото откривање на електроните во 1897.

108


Периодите на Менделеев (1869) Дмитри Менделеев, бил роден блиску Тоболск, Сибир во 1834. Тој дал голем придонес кон атомистичката теорија преку неговото откритие поврзано со елементите. Тој прв ги организирал елементите во периоден систем (види речник) - елементарен систем на организација кој се користи до ден-денес. Менделеев во една кобна ноќ за која самиот во неговите записи изјавил „таа зима беше толку ладно што не измрзнавме само благодарение на тоа што термометарот беше расипан и покажуваше неколку степени повисока температура,“ бил посетен од тимот Адам енд Ив Сент Лорен и покрај парфемите кои ù ги подариле на неговата

Менделеев, во еден од неговите периоди 109


сопруга, овие ексцентрични Европејци му го дале и првиот периоден систем, со упатство: 1) Не е ќебе, 2) Не се користи за потпала на дрва, 3) Строго доверливо - револуционерно во полето на хемијата, физиката и науката! Напредокот на Менделеев во врска со елементите и периодичната организација отворил нови можности за атомистичката теорија и фрлил нова светлина на многу аспекти на хемиските елементи. Рок он, Менделеев!

Џејмс Кларк Супермен Максвел (1873) „Беше пеколно и спарно лето 1876,“ раскажуваше физичарот Максвел, „во мојата родна Шкотска. Дури и птиците одеа пешка, а ние се потевме и кукавме на пеколни 23 степени Целзиусови. Сопругата и децата само цивкаа, поради што морав да се наливам со еликсирот за добро расположение Шкотски брат“. Да, Максвел го сакаше еликсирот кој му ги здрвуваше нозете и му нудеше добар изговор за избегнување на селските балови и му овозможуваше да пишува, пресметува и истражува. Како одличен математичар, под влијание на делата на Фарадеј, тој претпоставил дека електронските бранови, како и магнетските, го исполнуваат она што античките Грци го опишале како „празнина“, простор во кој не постои материјата. Но, тој бил егзактен научник и успеал да преведе многу од теориите на Фарадеј во математички формат од равенки; овие равенки станале познати како равенки на Максвел и сè уште се користат за пресметки за електрицитетот и магнетизмот.

110


Делото на Максвел е едно од најважните во полето на атомизмот, иако како Менделеев или Фарадеј и тој не бил директно вклучен во проучувањето на атомите, сепак нивните дела ја смениле историјата на атомската теорија... можете да намирисате кој вмешал прсти тука.

Крукс, научниот крадец (1879) До ден денес се дискутира дали Сер Вилијам Крукс бил плагијатор, крадец на научни идеи, или едноставно неговиот интерес за толку многу полиња од науката му го заработило овој прекар. Тој помеѓу 1854 и 1900 интензивно проучувал хемија, физика, математика и дури и економија. Но, најголем интерес пројавувал во полето на гледање телевизија. Иако во тоа време имало само една програма, Бибиси 1, тој успеал да научи многу од неа, особено од емисијата „Чудата на катодните цевки со Адам енд Ив“. Од неа тој научил како да ги идентификува својствата на катодните зраци и благодарение на тоа открил дека овие зраци се движат во права линија, дека носат негативен напон и дека може да се искриват под дејство на електрични полиња. Но, зошто е ова значајно, драги мои? Зошто баш катодната цевка е толку присутна во оваа приказна? Одговорот ни го дава емисијата Катодните цевки во светот на чудата.

111


Катодните цевки во светот на чудата Здраво деца, денес ќе учиме за моќта на катодните цевки, за тоа како пренесуваат информации. Таа моќ човекот ја користи преку магичната кутија во којашто гледате за да емитува пораки кои ќе ја моделираат свеста и расудувањето на граѓаните. И, за чудо, таа втора реалност на истите тие граѓани им се чини повистинита од таа којашто може да ја опипаат. Тоа е моќта на виртуелното, на ништото, зашто електроните околу кои се врти вториот дел од оваа наша атомска авантура само ќе го скршат некогаш цврстиот атом и ќе го воведат човештвото во царството на уште поситното, а Демокрит ќе открие дека сирењето може да се ситни до бесконечност... Молам? Не! Тие заслужуваат да ја знаат вистината.“ Спикерот е тргнат од етерот и емисијата завршува. Останува само снежниот шум на електроните. И што сега драги мои? Ништо освен елегантен заклучок дека значењето на Крукс и многуте изучувачи на катодната цевка пред него е дел од процесот кој ќе заврши со делото на Томсон, човекот кој конечно го идентификувал електронот.

Рентген или Рендген беше? (1895) Година 1895. Вилхелм Конрад Рентген бил повлечен физичар со поголема брада од Дедо Мраз, но помала од биологот Чарлс Дарвин, поради што вториов честопати го задевал, а Дедо Мраз мудро молчел, зашто сè уште

112


не бил измислен од компанијата за производство на токсични напитоци и опојни дроги, Кока Кола. Но, во детството, наместо одржување на неговата брада, омилено хоби му било сечење дрва. Во една прилика, борејќи се со едно цврсто парче дрво, толку силно замавнал што тоа се преполовило и едната половина го удрила по главата. Откако се освестил, видел двајца ангели кои му кажале дека неговата животна мисија е да ѕирне во душата на луѓето. Првин не ги разбрал, но веднаш го отворил неговиот научнички комплет за почетници и почнал да експериментира, така откривајќи ја својата животна опсесија која му помогнала да направи големи пробиви во светот на науката. Така, во 1895 г., извршувајќи еден рутински експеримент со катодните зраци, се случило нешто чудно. Рентген раскажува: „Видов необична светлина и таа ми

Катодните цевки биле толку модерни што сите сакале да се сликаат со нив. Таа сезона биле популарни и шапки од препарирани гулаби. 113


привлече внимание. Се запрашав како е можно овие зраци да продрат низ црната хартија која ја обложува катодната цевка? Отпрвин не знаев што да правам со ова откритие, но истражувајќи разбрав дека се работи за подоцна наречените икс зраци.“ Честопати во науката ќе дојде до револуционерно откритие, но ќе поминат години, некогаш децении или векови додека човештвото не го сфати или додека не најде начин да го искористи. Во случајот на Рентген не било така, неговото откритие било инстант-хит! Рентген повторно успеа!

ЗРАЦИ КОИ ПРОДИРААТ НИЗ ВАШЕТО ТЕЛО! Научникот Рентген успеа да открие нови, досега непознати зраци кои, според неговите колеги, ќе ги револуционализираат полињата на медицината и физиката, и ќе ја обликуваат иднината на атомот. Но, она што сите сакаме да го знаеме е, дали овие необични зраци кои продираат низ објектите како да не се таму ќе можат да ги откријат облините на нашите згодни сосетки, продавачки и посакувани жени кои се кријат под облеката или ќе бидат ограничени само на медицински цели? Публиката исчекува одговори! Рентген потрошил многу години од животот во понатамошно истражување на икс зраците; меѓу другото, докажал дека икс зраците не се свиткуваат

114


од магнетски полиња. Иако бил награден со Нобелова награда за физика во 1901 година за неговото откритие, тој преживеал многу тешкотии во животот и во време на смртта, по Првата светска војна, банкротирал. Адам го прочита извештајов за Рендген на неговиот инфоком и се намурти. „А му реков дека треба да им вети на луѓето дека сосетките ќе ги откријат нивните голи тела пред неговиот изум, но тој не ме слушна. Џабе ти е наука, ако нема парична корист од неа.“ Ева го погледна „Ах, драги, толку си прагматичен, како да си роден Американец.“ „Драга, зарем забораваш дека Америка ќе стане рај на Земјата?“, одговори подготвено Адам, „вториот Едем, со тој трик што овој Едем ќе биде опачината на нашиот - нешто како зол брат близнак кој ќе му ги земе највредните материјални богатства на својот наивен брат!“, злобно се насмевна Адам. „Америка е супер,“ додаде Ева, „но сè уште не, рано е за неа. Зошто не одиме во Париз или Лондон, да го видам Лувр, наместо правливи патишта и селски каубои со чепкалки во устата?“ „Драга, драга, ништо не слушаш. Во директивите стои дека Америка треба да стане Земјата на консумеристичката слобода, а не Франција. Знаеш што ќе ни се случи ако не послушаме?“ „Знам...“ рече Ева и ги крена рамениците додека влегуваше во телефонската говорница слеш временска машина.

115


Бакалничарот Бекерел (1896) „Анри, нели?“ рече Трејсиќ откако отпи една голтка виски во кафеаната „Ж'тем,“ во близина на Плоштадот Конкорд во Париз. Анри Бекерел го погледна и потврди со главата. „Од каде знаете?“, збунето го праша, на што Трејсиќ се насмеа. „Јас знам многу работи за тебе, момче. Знам дека ретко излегуваш и дека отсекогаш си сакал да станеш научник, како твојот татко и твојот дедо.“ „Но, како...“ го прекина Бекерел. „Полека Анри, полека... Значи, знам и дека пред да бидеш научник држеше бакалница, но откако те посетиле двајца необични луѓе почна да експериментираш и сега си на работ на откритие.“ Бекерел се претна, сакаше да стане, но потоа здогледа еден чуден револвер под палтото на странецот. „Нека не те плаши мојот пиштол, нема да ти свирнам дупка во стомакот, но сепак поседи малку со мене, ислушај ме,“ процеди Трејсиќ и отпи голтка виски. „Да, знам сè за тебе, дури и тоа што ти не го знаеш. Знам дека ќе ја откриеш радиоактивноста и дека си последна мета на двајцата ноќни посетители пред Џ.Џ. Томсон и, знаеш што...“ Бекерел гледаше втренчено во странецот. „Не ми е гајле, навистина не ми е гајле повеќе, се откажувам од мојата мисија зашто тие двајца се секогаш чекор пред мене и мислам дека комуникаторов ми го подметнаа намерно.“ Трејсиќ го фрли комуникаторот кој се скрши од подоти со брзо движење ја испразни чашата. „Можеби историјата ќе ни пружи прилика повторно да се видиме, но тогаш нема да бидам толку љубезен. Адио, Анри!“

116


Електрично доба

Нашите доблести и нашите неуспеси се неделиви, како силата и материјата. Кога ќе се одделат, човекот престанува да постои. Нико Ла Тесла

Итс Томсон тајм! (1897) Џ. Џ. Томсон, или како што пријателите по неговото славно откритие почнале да го нарекуваат, „Тато Електрон“, бил непретенциозен aнглиски физичар, со благ темерамент. Неговите блиски зборуваат дека еден единствен пат покажал нетрпение кон друго човечко суштество.

117


Тоа било кога во бакалницата на Бекерел добил радиоактивна риба, наместо обична салама. Настанала вжарена расправија во која Томсон го обвинил Бекерел за обид за труење со цел научна саботажа, а Бекерел се бранел со тоа дека радиоактивната риба не е ништо поштетна од обичната салама во која има повеќе конзерванси отколку месо. Само ќе напоменеме дека индустријата во ова време веќе започнала со конзервација на храна. Војсководецот Наполеoн ги обезбедил неговите војски со конзерви кои траеле со години, а хемичарот Пастер веќе бил славна индивидуа. Конзервансите, како што објаснил Бекерел, се обележуваат со буква „Е“ поради терминот „еугеника“, т.е. контрола на популацијата и дека во споредба со нив малку радиоактивност е прошетка во паркот. Но, Томсон, сепак, бил навреден од оваа постапка и заминал со зборовите, „Човек сум, но не сум Балканец да ме труеш со твоите производи збогатени со ураниум.“ Да, драги мои, историјата на науката е полна со откритија кои го унапредиле човештвото, но и со такви кои ги користат неговите индивидуи како заморчиња во трката по напредок, пари и моќ. Во таква една приказна влегоа нашите јунаци А&Е кога временските порти повторно се отворија пред нив. Беше крај на 19-тиот век и почеток на новата ера која се надогради на најголемите откритија во човештвото и предизвика најголеми уништувања во историјата. Џ.Џ. Томсон во историјата на науката важи за човек чии постигнувања направиле повеќе за оформувањето на човековото разбирање на атомот од кој било друг. И, не сомневајте се кој е заслужен за тоа...

118


Нашето експлозивно дуо го најде Томсон на Кембриџ, како професор по физика, место кое го држеле многу други големи начучници пред него, како Максвел и по него, како Радерфорд , кој ќе биде негов ученик. Томсон кој важел за еден од најголемите професори и педагози во неговото време, нашите херои го најдоа во неговата канцеларија и останатото е историја. Томсон ги добил материјалите и неговите откритија конечно го разнишале концептот на тежок, цврст, апсолутно неделив атом и го замениле со концептот дека атомот се состои од помали честички. „Започни со истражување на катодните зраци од катодната цевка,“ пишуваше во документите од А&Е. „Катодните зраци се составени од честички многу помали по големина од атомот кои всушност се фракции, т.е. 'корпускули' на атомот. Овие честички се околу 1000 пати помали од атомот. Тие ја сочинуваат целата материја во атомот.“

Ди-Џеј-Џеј Томсон 119


МЛЕЧНИ ВЕСТИ

ТОМСОН ШОКИРА Кашкавалот може уште да се сече! Како што знаеме, Научната заедница го смета атомот за фундаментална и неделива единица на материјата. Но, Томсон, дрзок Англичанец од универзитетот во Кембриџ, вели дека тоа не е така! Правта на Демокрит се превртува на плажата Агиос Јоанис, додека темелите на науката се тресат. Но, дали кашкавалот на Демокрит може да се дели на уште помали делчиња!? Останува да почекаме и да видиме. ***

Во меѓувреме, во временските цевки „Драги, да не ја утнавме работата?“, рече загрижено Ева, додека временските ветришта ја вееја нејзината совршена руса коса. „Сигурен си дека Господ Вакуум сака од нас да ја споделиме тајната за атомската структура со човештвото? Нели се доведуваме во опасност тие да се посомневаат во материјалноста на атомот? Веќе се прашуваат дали можеби атомот е бесконечно делив, а ако е бесконечен, не може да е материјален? Зарем целата мисија на градење светска држава заснована на материјалните принципи нема да падне во вода?...“

120


„Да, можеби си во право,“ рече Адам, загледан во неговиот инфоком за комуникација со светот на идеите, „ова е ризична игра, но нема друг начин да ја постигнеме маестралната победа освен да им го дадеме електронот на луѓето. Се сеќаваш на Прометеј и огнот?“ Ева потврди со главата. „Тој всушност бил агент Адам 007, со мисија да им даде дел од знаењето на луѓето. Електронот мора да им се даде за да ја совладаат електричната енергија. Се консултирав со Вакуум, задоволен е од прогресот на Индустриската револуција, но вели дека таа мора да се забрза, пареата е премногу бавна, на луѓето им треба силата на електронот и затоа моравме да го распарчиме атомот. Но, не грижи се, за нив атомот беше само едно топче, а сега тоа топче се состои од помали топчиња!“, се насмевна Адам. „Материјализмот не само што нема да се разниша, туку сега ги градиме неговите вистински основи! До сега само копавме темели, драга. Сега е време за ерата на електронот и втората индустриска револуција!“ *** Нашите супер-херои од рајот влегоа во телефонската говорница и заминаа со блесок. Од грмушките во близина излезе никој друг туку - Дик Трејсиќ, интергалактичко парадимензионален, и од неодамна микро-детектив со возобновена верба во борбата за правдината и човечката гордост. Од џебот извади кутија Лаки Страјк и запали една цигара. Густиот чад му излегуваше од устата.

121


„Значи така?... Повторно ми избегавте, но овој пат ќе ви се одмаздам. Томсон ќе си го окрка!“ Трејсиќ, мајстор на преправањето, се преоблече во прост селанец кој продава јаболка и го најде домот на Томсон . Кога слушна чукање на влезната врата, Томсон беше задлабочен во експериментирањето со катодната цевка. „Повелете?“, Томсон прашално го погледна благиот и чесен продавач на јаболка. „Продавам јаболка господине, многу се благи, сакате ли да пробате?“, рече Трејсиќ со благ глас.

Томсон, по откривањето на електронот 122


„Не, благодарам, длабоко ви се извинувам, но задлабочен сум во истражување на нешто многу битно.“ „Нема проблем, господине, само кажете ми дали јаболкото на двајцана кои штотуку излегоа од вашиот дом се повкусни од моите? „Не, не, грешно сте разбрале, тие не се трговци... тие се, хм... тие се мои пријатели. Се викаат Адам и Ева и доаѓаат од далеку.“ „Во ред господине, не ви пречам повеќе, но за вашата љубезност ќе ви подарам едно јаболко.“ Трговецот замина, а Томсон се врати во лабораторијата, но пред да се зафати со експериментирањето, касна од јаболката и веднаш се струполи. За среќа отровот не беше доволно силен и намерата на Трејсиќ да ги избрише трагите зад себе не беше успешна. Адам и Ева така дознаа дека имаат детектив со убиствена намера зад нив.

За значењето на научниот пристап И додека нашите херои работеа на градењето на вавилонската материјалистичка кула, а Трејсиќ неуспешно се обидуваше да ги спречи, Томсон ги истражувал својствата на електронот. Од неговото откривање во 1897, кога објавил дека катодните зраци се негативно наелектризирани (види речник) честички кои ги нарекол „корпускули“, тој запишал: „Катодните зраци содржат материја во нова состојба во која поделбата на материјата се одвива многу подалеку од обичната гасна состојба;

123


сета материја која постои, материја која потекнува од различни извори како водород, кислород итн е една иста; материја од која се изградени хемиските елементи.“ Зошто е ова значајно? Едноставно - тој извел заклучок дека честичките во катодните зраци (кои ние денес ги викаме електрони) се фундаментален дел од целата материја. Тој успеал да види многу подалеку од своето откритие. Во 1936 година Томсон се присетува: „На почетокот многу малку веруваа во постоењето на овие тела помали од атомите. Моето предавање во Кралската институција во 1897 година видни физичари го имаат прогласено за комичен настап на годината.“

Томсоновиот модел на атомот До сега разбравме дека во 1897, Џ.Џ. Томсон го открил електронот, првата субатомска честичка и дека, исто така, тој бил прв кој се обидел да го смести електронот во структурата на атомот. Во 1904 Томсон веќе размислувал за стабилноста на честичките кои се движат во позитивна средина. Томсон, како и повеќето Англичани, го сакал џемот, што е една причина за лошата дентална хигиена на оваа нација и нивните, популарно наречени, Оливер Твист насмевки. Едно утро, додека појадувал џем од сливи намачкан на тост и пиел чај, му текнало на решението на проблемот со структурата на атомот. Атомот имал логика, само ако честичките се ограничени на ротација во прстен.

124


Ова го нарекол „модел на џем од сливи,“ каде што џемот е сферата на позитивниот електрицитет, а делчињата од сливи растурени во пудингот се електроните. Моделот на Томсон има негативни честички (електрони) и сфера од позитивна наелектризираност. Овој модел денес (кога џемот не е веќе толку популарен и е заменет со Еурокрем и сирупи) се претставува како мешавина од протони и електрони (види речник), иако во атомскиот модел на Томсон всушност не постојат протони. Моделот на Томсон ќе опстои неколку години сè до објавувањето на јадрениот (види речник) модел на атомот од Ернест Радерфорд во 1911 година. Интересот за моделот на Томсон замрел брзо потоа, но во историјата на науката неговиот модел е запаметен како прв модерен обид да се создаде теорија на атомската структура. Томсон, сепак ќе се држи до неговиот модел на неговата смрт, кога ќе го најдат како кревет со тегла џем и порака. „Проклети сфери и Радерфорд и! Ми го расипаа вкусот засекогаш!...“

до денот лежи во протони, на џемот

Но, независно од тоа кој е точниот модел на атомот, ерата на електронот започна!

Втора индустриска револуција „Масовно, масовно, создаваме масовно!“ пееја пролетерите на капитализмот и пионерите на консумеризмот додека ги создава темелите на една револуција по револуција. „Промената на средствата за производство е промена на свеста кај човекот. Пролетеријат, капиталист, банкар,

125


консумерист, разлика нема, сите сме едно, сплотени во нашата плот и крв, нашиот сон и иднина, заедно маршираме, создаваме за да потрошиме, и повторно и повторно, суперсизиф, анти-про-маркс, тоа сум јас, пеам во глас со текот на времето што како светското клатно се клати над нас и нè носи во спас!“, продолжија масите на цело село, масовно! Слушајќи го ова, Адам не можеше а да не заплаче. Неговиот сон конечно се оствари! И, навистина, не беше лесно на производната лента да се стави шише, детска количка и кола, железо и воз, говедо и нож! „Драга, се сеќаваш ли на Бесемеровиот процес, колку бевме среќни зашто тоа беше почетокот на индустрискиот процес за масовно производство во 1860 година!?“ Ева се насмевна, а Адам продолжи. „Потоа во 1876 година им помогнавме да го направат моторот со внатрешно согорување и подоцна дизелот! Но, кога електрификацијата започна, сè се смени... можевме помирно да спиеме и да лудуваме на ноќните забави, зошто веќе во 1880 првите јавни згради и улици беа осветлени, а првите успешни мотори на струја во 1886 забрмчија. Никола Тесла моравме да го понижиме и да го тргнеме од јавната сцена, премногу беше духовен, но ни послужи да ги осветли домаќинствата со наизменичната струја (Види: Речник и Атомски трошки). И што остана освен светот да се поврзе со телеграфски линии покрај железничките пруги за комуницирање со возовите и да се развијат во комуникациони мрежи. А потоа, до 1890-тите, телеграфска мрежа која ги поврзала големите градови ги олеснила меѓународната трговија, патувањето и дипломатијата. Да не зборувам за

126


телефонот од 1876 и првите машини за сметање во 1880тите...“ Адам зборуваше како во транс. „Светот е поврзан, чука како синхронизиран часовник, луѓето купуваат повеќе отколку што им треба, производителите произведуваат повеќе отколку што може да продадат, за здравјето и околината не се грижат, уништуваат и палат, сечат и косат животи и генерации, но создаваат и затоа совест перат, дека е за добро на човештвото, а не нивниот џеб. И навистина, светилка кога ќе запалиш, треба да се заблагодариш, да клекнеш и да изговориш, ти благодарам, Господ Вакуум, зашто вакуумот во

Новиот свет е на повидок 127


светилката овозможува таа да свети, зашто сум помеѓу четири ѕида затворен и стоплен, во раката ми е далечинско, пред мене прозорец кон светот, на тастатура типкам и пријателите си ги гледам, и не гладувам, на лов во супермаркет одам и со полна вреќа производи се враќам, задоволен сум и заштитен, слободен во земјата на слободата!!!“ *** Трејсиќ вџашено го читаше памфлетот за тренинг на агенти во кој се раскажани искуствата и ставовите на Адам и Ева, како најуспешни агенти на Вакуум, да служат за пример, поттик и размислување. „Ѓубриња! Господ Вакуум, стар непријателе од времето кога работев на интергалактички мистерии, ќе ти доакам еден ден! И тоа не е прв пат овој гад да сака да ја уништи, потчини или зароби нашата планета! Колку само невини страдаа поради неговата алчност... Стотина му даброви и дарквудски му громови, нема да му дозволам!“, викаше возбудено Трејсиќ, додека Вакуум го слушаше сево ова преку шпиунската направа тајно вметната под неговата кожа од неговите двајца пулени. *** „Ги слушаш ли робовите мои кои мислат дека се слободни и дека имаат право на избор!? Ха-ха, создавајте, миленичиња мои, создавајте, Луј Витон ми е потребен, Марлборо, дијаманти, суво злато,

128


брилијанти за вратот на сопругата моја, долна облека со марка и бренд за нејзиното тело од рајот, автомобил на кој другите божества ќе ми завидуваат, полн фрижидер со пиво и сланина, наместо гајба со јаболка, одмор со послуга во хотел со 6 ѕвезди, наместо одмор во сенка под дрвото на животот... По ѓаволите со животот без Мартини и маслинка, каква проклета сенка, сакам сонце да го пече моето бронзено тело!“, се насмеа громогласно и злобно овој пророк на материјализмот. „Само создавајте поданичиња, создавајте производчиња, полнете го моето царство, создавајте другарство од камен и пластика, машина и атомистика! Ах, колку сум среќен, конечно, по толку обиди, успех!“ *** Нашите агенти, протнувајќи се низ процепите на историјата и трчајќи низ дожд од куршуми на Трејсиќ, успеаја да ја остварат невозможната мисија - унифицирањето на светлината, електрицитетот и магнетизмот преку електромагнетската теорија на нивниот послушен ученик Максвел. Ова се смета за едно од најзначајните научни откритија во историјата, бидејќи тоа било потребно за развој на ефикасни електрични генератори, мотори и трансформатори. Дик Трејсиќ го пикна револверот во футролата и незадоволно пукна со устата. Го отвори неговиот нов модел на квази-паралелен инфоком без багови и вируси и го прочита извештајот на Адам и Ева кој успеа да го хакира со помош на неговите пријатели во станицата.

129


„Другото е лесно - електромагнетските бранови на физичарот Хајнрих Херц од 1887 година ќе доведат до радиото, ќе се јават нови материјали и супстанции, вклучувајќи легури и хемикалии, а откривањето на микробите ќе ги излечи болестите, медицината и санитетот ќе напреднат, животниот стандард ќе порасне, а цените на храната ќе паднат, фабриките ќе растат како атомски печурки, а луѓето ќе остануваат без работа, ќе завладее ера на професионализмот во кој секој човек ќе знае сè за некој дел од капиталистичката машина, но нема да има поим како таа изгледа и работи во целост - а токму тоа што ни треба за да се заштити машината!“ „Да, совршен план на Вакуум да ја спречи револуцијата на свеста...“ помисли Трејсиќ и продолжи да чита. „И тогаш ќе дојде нашето височество - пченката, која ќе го воведе светот во ерата на генетските модификации и биотехнологија. Со пченката ќе се храни стоката, ќе се произведуваат пијалоци, грицкалки, брза храна, витамини и гориво, и многу друго, но за тоа во следната епизода:

Нилс Бор во капиталистичката шума! (или „Квантната физика против консумеризмот!“) Со поднаслов „Сине, што мислеше кога те прашував дали сакаш да бидеш духовно богат и материјално сиромашен, па да те стрижат како сакаат, или да бидеш интелектуално празен бербер со дебела сметка во банката?“

130


Сферите на материјализмот

Иронијата е навреда соопштена како комплимент. Едвин Випл

Трагичниот Болцман „Побрзај драга, Болцман повторно има една од неговите манијакални епизоди!“, ù рече Адам на Ева и скокнаа во нивниот Stanley Steamer автомобил на пареа направен во 1906 година, и запрашија низ рамнините на Трст со брзина од 205 км/час.

131


Се слушна силно чкрипење, а потоа чекори, викотници и расправии, кршење на врата и нашите јунаци беа во хотелската соба на германскиот научник Лудвиг Болцман. И додека го гледаа неговото безживотно тело како се клати на јаже, рецепционерот им кажуваше како Болцман бил културен гостин, но имал долга историја на психолошки проблеми. Подоцна, на вечера со еден од неговите пријатели, дознаа дека Болцман бил омаловажуван и исмеван поради неговите атомистички идеи. И покрај тоа што, според пријателот на Болцман, атомистите како него се заслужни за индустриската револуција и поефикасните парни машини, бидејќи тие помогнале да се разбере и предвиди однесувањето на водата и пареата на високи температури и под притисок. Тие замислиле дека пареата се состои од милиони ситни цврсти сфери и создале генијални математички равенки со способност точно да предвидат како пареата ќе се однесува во напоменатите услови. Вечерта одамна премина во студена ноемвриска ноќ во Трст, а пријателот со тага во очите раскажуваше за мачеништвото на Болцман, за исмевањето, за непризнавањето на равенките кои очигледно се покажале точни и корисни, бидејќи како некои математички погодности не може да се сметаат за реалност? Тоа е ерес, дрскост, богохулие и како може на овој совршен свет создаден од Господ да се гледа како на серија судири помеѓу мали безживотни сфери. Болцман го нарекле безбожен материјалист. Но, тоа што ниту пријателот, а ниту Адам и Ева не го знаеја е дека Болцман бил тргнат од никој друг, туку детективот Дик Трејсиќ кој конечно успеал да ги надмудри двајцата материјалистички агенти, но дали е доцна?

132


Апологија на Болцман од Алберт Ајнштајн „Зошто пријателот мој го осудивте, на јаже го закачивте, да се клати како клатно, кога времето е релативно, а такви се и нашите сознанија, драги мои? Атомите постојат, да, реалност се тие наша! Мајне либе фројнде, само погледнете поленот како игра во вода, Брауновото движење е во мода, а зошто игра никој речиси сто години не се запрашал, туку мене ме чекал да кажам дека поленот игра зошто атомите го удираат! Е ајде сега не прифаќај - атомот е реалност, знај!“ Ова е извадок од Ајнштајновата статија за Брауновото движење (види речник) од 1905 година, една година пред Болцман да се самоубие, која со докажувањето на атомската реалност останува запаметено во историјата како негова одбрана и го мие срамот од Болцман еднаш засекогаш.

Младиот Ајнштајн, во апологија на Болцман 133


Навистина, од тогаш веќе никој не се сомневал во реалноста на атомите и материјализмот станал сеприфатен, еретиците станале светци! И таман новиот светски поредок бил воспоставен, шампањот пукнал и чашите се наполниле, кога наеднаш... Нови вознемирувања во светот на науката!!!

АТОМОТ Е ПРАЗЕН Дали победата на материјализмот ќе се престори во негов најголем пораз? Дали атомот, само што доби место помеѓу темелите на науката, повторно ќе биде симнат од тронот како неуспешен владетел? Кој се обидува да му направи атентат на кралот Атом и зошто? Нашата редакција дознава за случајот на Радерфорд, т.н. најголем експерименталист во историјата на науката, кој открил дека во атомот освен електрони претходно откриени од Томсон, има и јадро, а помеѓу нив, замислете - ништо, празнина! Радефор вели дека јадрото е толку мало што ако празнината од сите атоми во човечкото тело се извади и ги оставиме само јадрото и атомите, човекот ќе биде голем колку зрно песок! И ете, само што добивме слика за цврст и опиплив свет, само што се почувствувавме удобно во сликата на научникот за нашиот свет кој го делиме, сакале или не, сите заедно, научникот ни тврди дека светот е само една огромна празнина!?

134


Пред влезот на лабораторијата на Радерфорд (1909) Адам го затвори весникот, а Ева вознемирено го погледна. „Играме опасна игра, зарем повторно не се доведуваме во опасност луѓето да се посомневаат во материјализмот?“ „Веќе го имаме правено овој муабет драга, структурата на атомот мора да ја откријат за да напреднат и да создадат доволно производи за кралството на нашиот Господар Вакуум. Туку, ајде да го провериме Радерфорд .“ Радерфорд стоеше пред изворот на икс зраци и гледаше втренчено како зраците поминуваат низ златниот лист. Истовремено пушеше пура и густ слој од чад излегуваше под неговите мустаќи. „Пријатели, како сте ми, повелете, влезете,“ рече весело. „Како напредува истражувањето?“, праша Адам. „Одлично, одлично!“ одговори Радерфорд , „Само не ми е јасно како сите честички поминуваат низ листот како да не постои?“ „Слушај, се брзаме и немам време да ти објаснувам, но ќе ти речам само едно. Броиш од погрешната страна, обиди се да видиш дали некои честички се одбиваат од другата страна!“ Динамичното дуо замина, а Радерфорд остана збунет. Наскоро ги ангажираше неговите асистенти да го направат тоа и следеше чудо. Честичките навистина се одбиваа. Поминаа неколку месеци и Радерфорд беше на работ на депресија, бидејќи не можеше да разбере зошто само еден дел од честичките се одбиваат од листот.

135


„Или сите ќе се одбијат или ништо,“ му кажуваше на асистентот Гајгер со кригла темно англиско пиво во пабот Британска гордост во Манчестер. „Не разбирам, поголемиот дел од честичките поминуваат низ листот како да го нема, но дел од нив се одбиваат... како во самиот лист да има празнина помеѓу честичките...“ „Не знам, но слушај да ти кажам за мојот бројач, интересно е!“ Радерфорд продолжи воопшто не слушајќи го неговиот помлад асистент, на што овој испи една долга голтка пиво, колку да си ја ублажи нервозата. „А што ако... што ако листот е навистина составен од празнини и честички!“, викна Радерфорд и истрча од пивницата како да го каснала змија, оставајќи го Гајгер подзинат и со дилема како да ги плати двете пива кога неговата асистентска плата не му беше доволна ниту за основните животни потреби... И додека пред Гајгер претстоеше долга ноќ на миење садови, Радерфорд се фати за пресметки. И што излезе?

Моделот на атомот на Радерфорд „Решението е дека во атомскиот постои субатомски свет!“, им рече Радерфорд на неговите збунети ученици. „И јас бев зачуден како вас, но верувајте, ова е вистина! Но, вистинитоста не е проблем, туку како да го моделираме овој свет? Една вечер загледан во небото во барање на одговори на овие навидум нерешливи прашања, го најдов одговорот - атомот е како сончевиот систем! Електроните, мали честички со негативна наелектризираност, орбитираат околу позитивно наелектризиран објект наречен јадро!“

136


„Но, колкаво е тоа јадро?“, го праша еден студент. „Јадрото е 10,000 пати помало од атомот и тоа е причината што само една од 8,000 алфа честички се одбивале во експериментот! Другите едноставно пролетувале покрај јадрата.“ „Но, дали тоа значи дека во атомите има многу празен простор?“, додаде друг студент. „Да, колега, одлична опсервација! Атомот е речеси сосема составен од празен простор. Ако го „надуеме“ јадрото да биде со големина на топка за фудбал, тогаш најблискиот електрон би бил во орбита на речиси 1 километар од него. Остатокот од атомот е празен простор, нема играчи, судии, голови, па ниту ни трева - ништо!“ Извика Радерфорд пред зачудените ученици.

Радерфорд , замислен над неговиот модел на атомот 137


„Кога би имале вакуумска правосмукалка за атоми и кога би можеле да го исцицаме целиот празен простор од нив, целата човечка раса не би била поголема од едно јаболко!“, додал овој револуционер на атомизмот. Но, атомот на Радерфорд спротивставувал на познатите закони на физиката. Тој не би требало да постои, електроните би требало да удрат во јадрото и светот не би требало да постои каков што го знаеме. Наскоро станало очигледно дека на светот му треба нова физика, нова идеологија, нови перспективи... и набрзо светот ќе ги најде во делото на данскиот научник Нилс Бор и во идеите на квантната физика. Но, тоа е предмет на нашата следна авантура... *** Адам и Ева го завршија и нивното последно патување и конечно добија заслужен одмор. Поцрнети и освежени се вратија во Едемската градина. Другите Адамоевовци ги пречекаа како херои и ги кренаа на раце. Пејсажот беше сменет - наместо дрвја и потоци, насекаде имаше огромни куќи, големи автомобили, супермаркети и трговски центри. Ги однесоа пред дворецот на Господ Вакуум. Тој ги чекаше, на терасата, облечен во Адидас тренерки и имаше дебел златен ланец на влакнестите гради. Ги рашири рацете и се насмевна. „Драги мои поданици,“ рече гушкајќи ги, „видете ги добро овие двајца! Тие го постигнаа тоа што сите се обидувавме да го постигнеме со децении наназад. На овој свет веќе никогаш нема да му недостасуваат материјалните добра, ова не е веќе само свет на идеи и

138


духовност, туку на Дизни, Мекдоналдс, Волмарт, Најки, Луј Витон, Ролекс, Ролс Ројс... сè што ќе посакате и тоа по најпристапни цени во универзумот зашто нашите ропчиња работат како луди! Луѓето го осознаа вакуумот, и иако ќе помине уште многу време додека ја исползуваат неговата сила, јас сум задоволен со нештата какви што се до сега. Браво Адам и Ева!“ *** „Но, тоа што Господ Вакуум не го знае е дека со секој производ и материјално нешто кое влегува во светот на идеите, овој свет му враќа на реалниот свет по еден енергетски пакет духовност, така трансформирајќи го од ден за ден. Господ Вакуум со неговата празна идеологија заборави на тоа дека универзумот плаќа и враќа, дека рамнотежата е врвниот принцип и дека неговата алчност ќе го чини повеќе отколку што можел да замисли...“ размислуваше Трејсиќ скриен зад еден тазе нов Кадилак паркиран пред дворецот на Господ Вакуум над кој посилно од сонцето блештеше натпис „Грејсленд“ порабен со 100 каратни дијаманти и испишан со златни букви. Да, токму овој истрадан детектив ќе биде заслужен за паѓањето на материјализмот! „Само да се вратам на Земјата, веднаш ќе им предложам на научниците да започнат со проектот за квантна физика...“ И само што влезе во порталот за паралелни светови и сакаше да кликне на копчето „Земја, 1912 година“, двајца чувари го зграпчија и го треснаа по главата. Инспектор Трејсиќ ги отвори очите и за миг го виде насмевнатото дебело и мрсно лице на Вакуум со насмевка од која блесна златен заб и потоа повторно падна во бессознание.

139



Атомистички трошки



Големите научници на електричното доба и големите измами

Mini drama vo 12 sceniФизичарот е само начинот на кој атомот се гледа себеси Нилс Бор

Во епизодата: НИКО ЛА ТЕСЛА Еден од најгенијалните умови на нашиот век, Ни­ко Ла Тесла е роден во едно мало место во Ба­варија, покраина Пивоварија, во гостил­ни­­цата „Да е живо пиво“, каде што 30-го­диш­ната служителка на пиво, г-ѓа Ла Тесла, од нер­ воза поради постојано допирање на неј­зи­ниот задник од пијаните муштерии, пред вре­ме се пораѓа и на свет

143


го донесува ма­­­­­­лиот Ла Тес­ла. Поради предвременото доаѓање на свет, малиот Тесла трпи две последици: први­те неколку месеци од животот ги поминува во Инкубаторското Буре со Пиво во локалната пив­ница и осуден е постојано да биде пред вре­мето, неразбран и неприфатен и осудуван од среди­на­та, како во случајов:

НАУЧНАТА ИСТОРИЈА ПРОТИВ ТЕСЛА (транскрипт) Научната Историја: Претставете се пред судот, ве молам. Тесла: Нико Ла Тесла. Научната Историја: (Отвора голем тефтер и чита. Мр­да со главата со израз на незадоволство. По­тоа ја гледа средената фризура на Тесла и не­го­вите строго потстрижени мустаќи. Помислува на Ајн­штајновите разбушавени мустаќи и се насмев­ну­ва, потоа погледнува кон Тесла и повторно му се враќа изразот на гадење на лицето). Значи Тес­ла, ти тврдиш дека си го измислил 20-от век? Тесла: Да. Научната Историја: Имаш ли доказ?.. Доказите за ова и многу други спектакуларни прашања поврзани со Тесла во нашата следна авантура за квантната физика против консумеризмот! Читајте за сенза­ци­о­налната од­бра­на на Тесла и за тоа ка­ко На­уч­на­та Историја станува свесна за себеси (меѓу другото и за својата ши­­зо­фре­нија) и го открива планот на својата зла близначка мотивирана од желбата за па­ри, моќ и свет­ска доминација...

144


ФАКТ Најпосле вистината Генијалниот научник Тесла е татко на илјадници пронајдоци кои го сменија дваесеттиот век на безброј начини; заради него печките нè греат зиме и вентилаторите нè ладат лете во домовите, апаратите работат кога ќе ги вклучиш и светлото свети кога учиш, зашто тој ја из­мислил наизменичната стру­­­­ја; радиото (и без­ жич­на­та телеграфија) е изум на Тес­ла (а не на Маркони). Тесла починал сам и без скр­шена пара, додека неговите колеги со подобро чувство за бизнис и искористување и омаловажување туѓи идеи ги преземале неговите про­ најдоци (Маркони, Едисон и компанија) и се давеле во пари. Ликот на Тесла е заборавен, или ако е запомнет тогаш е лик на луд на­уч­ник кој сака да го уништи све­тот, додека во стварноста тој мечтаел за свет со бес­плат­на енергија за сите, свет во кој не би се воделе војни за нафта, но ете, некој имал поинаква визија. Ха!

Тесла, секогаш загледан во височините 145



б

а

в

Атомистички речник г

д

А Активност „Со овој акт те ослободувам од одговорноста за атомската бомба“, му рече историјата на научникот, кој се насмевна, а забите му засветкаа со светлина на илјадници сонца. Во физиката: Бројот на распаѓања во секунда за радиоактивна супстанца. Алфа распаѓање Распа го погледна Ѓање и во тој кус миг знаеше дека помеѓу нив е готово. Во неа затрепери возбудата на слободата и таа знаеше дека за да се изгради нешто ново, старото мора да се распадне.

147


Во физиката: Процес во кој јадрото емитува алфа честичка. Алфа честичка Еден сончев ден Алфа се шетал во паркот кога наеднаш го нападнало куче. Неговите блиски знаеле дека тој во детството бил нападнат од куче и дека неговиот најголем страв во тој миг се остварил. Но, минувачите не го знаеле тоа и се смееле на глетката на возрасен маж качен на дрво и куче што лае по него. Од тој момент светот го препознава како Бета. Во физиката: Позитивно наелектризирани честички се тие кои се состојат од два протони и два неутрони емитирани од радиоактивни материјали. Атомски број Т. Аом бил прочуен јогин и човек за кој се зборувало дека знае 12 јазици, бил ерудит, писател, уметник и научник, но сепак не знаел да испржи кајгана. Запаметен е по изреката „Почитувај ги јајцата како мали божества, зошто тие се извор на животот“ и по делото „Филозофија во служба на оправдувањето“. Во физиката: Број на протони во јадрото на атомот. Атомско јадро А тргнал на пат без да знае дека штом ќе излезе од дома ќе го сретне Б, кој сакал да му се придружи, но првиот го одбил, зашто бил договорен со В, кој задоцнил на договореното место, но оттука поминал Г, кој здогледувајќи го стариот пријател толку се израдувал што ги поканил сите, од А до Г! Во физиката: Оној дел од атомот кој е дефиниран од бројот на протони (Z), бројот на неутрони (N) и

148


масениот број A, кој е збир од бројот на протони и бројот на неутрони (A = Z+N). Нуклеоните (протони и неутрони) во јадрото се поврзани - нивната вкупна енергија изнесува помалку од вкупната енергија на одделните честички. Врзувачката енергија претставува количество на енергија која е потребна за формирање на јадрото. Доколку се споредат врзувачката енергија и масениот број А, ќе се забележи дека, почнувајќи од водородот, јадрата стануваат постабилни бидејќи има повеќе протони и неутрони, сè до железото. По овој елемент, овој тренд е обратен: како што масениот број расте, односот на неутрони и протони во јадрото станува поголем.

Б Бета распаѓање Бета се симнал од дрвото и погледнал наоколу. Светот бил изменет. Наоколу оделе исправени луѓе, никој веќе не користел примитивни алатки, туку сите биле хипнотизирани од стакла со подвижни слики. Не можејќи да се прилагоди на овој свет, Бета се преименувал во Гама и ја напуштил цивилизацијата. Во физиката: Процес на радиоактивно распаѓање во кој од јадрото се емитира електрон или позитрон и неутрино. Брауново движење „Работата во новинската куќа беше многу стресна. Постојано рокови, никогаш доволно време, уште и клинецот, го викаа Браун, кој ме вадеше од такт, а ми го дадоа да чиракува кај мене, некој татин син, глупав

149


к'о маса за пинг-понг. “Господине, Вордот не сака да ми испечати еден документ!” Глупаво детиште, вклучи го прво печатарот, па може честичките ќе заиграат на хартијата! (Од прирачникот за новинари со наслов За тоа како еден Браун ми го уништи животот) Во физиката: Појава на хаотично движење на супстанци со полесна специфична тежина во некој флуид, гледано под микроскоп. Оваа појава е прв пат воочена кога полен од цвеќе е набљудуван во капка вода под микроскоп. Брауновото движење се објаснува со молекуларно кинетичка теорија. Молекулите на водата во течна состојба осцилираат хаотично, и ги удараат другите молекули кои исто така мора да се придвижат.

В Верижна реакција „Си го гледал Вертиго од Хичкок?“, г-дин Верба го праша м-р Надеж, а тој му одговори: „Си го гледал вертиго од Хичкок?“ Од тој ден на двајцата им се врти. Во физиката: Нуклеарна реакција во која се создаваат неутрони кои можат да предизвикаат последователни реакции.

Е Единица за атомска маса „Седни, единица!“ му кажаа на Атом, а тој се исплаши како ќе му објасни на татко му дека учел цела вечер, но кога требал да одговори електронот од него едноставно не сакал да се емитира...

150


Во физиката: Единица маса еднаква на 1/12 од атомската маса на јадрото на јаглерод-12. Електрична струја „Што тоа струи во моите струни, дали е космичка енергија, или човечка иновација? Идеите од каде потекнуваат и каде одат, имаат ли почеток или крај, или се од рај, а водат кон пекол?“, викнал господин Елек, но слушнал само одек. Во физиката: Тек на наелектризирани честички. Електричен генератор „Генерале, нè притеснија кај реката!“, втрча аѓутантот во шаторот на генералот. „Колку се?“, праша загрижено тој. „Двојно повеќе од нас.“ Генералот во тој момент се претвори во прекрасна пеперутка и се вивна во небото. Тоа беше совршен ден за промена на професијата. Во физиката: Машина која ја претвора механичката енергија во електрична енергија. Електричен полнеж Во градов има полнеж од џипови! Зарем на градот му е потребен уште еден џип, џипиште, џипицанер, џиплодокус? Зарем некој издал указ, наредба, покана, официјално писмо, го прашал ли некој народот? Што вели народот за тоа? Народот решително вели - џипови само во планина! Ајде народе, да ги кренеме на раце, еден по еден, џип по џип - џиповска тврдина, џиповското месо нека скапува на планина! Во физиката: Физичко својство на материјата што предизвикува сила врз друга материја под електричен набој. Еден атом може да стане позитивно или негативно наелектризиран со примање или оддавање на електрони

151


(при тоа атомот се нарекува јон). Единица за електричен набој во SI системот е кулон (C). Електрон На тато Електрон му здодеало да изигрува полицаец во семејството. „Отсега викајте ме Тао!“, викнал, по што бил уапсен за преземање идентитет. „Еј, тоа ич не е Зен!“ Во физиката: Субатомска честичка со мала маса и негативен полнеж која се наоѓа во секој атом. Електролиза Лиза влезе на електро-журката. Ја приклучија во Матриксот и нејзината свест се сплоти со колективната свест на толпата која играше во мисловен транс на електроните. Новото време пристигна, а таа беше дел од него. Во физиката: Хемиска реакција во која под дејство на еднонасочна струја од надворешен извор, во електролитот (раствор или растоп) настанува оксидационо - редукциона реакција. При електролизата, на електродите се издвојуваат растворените супстанци на електролитот (примарни продукти) или продуктите што се резултат на секундарни реакции. Електромагнетизам „Облечи го елекот, студи!“, му довикна сопругата на Тромаг, кој најмногу од сè мразеше да се враќа назад. „Не,“ викна тој, на што сопругата рече „Ти, зам!“, и ја тресна вратата. До ден-денешен Тромаг не знае што сакаше таа да рече со тоа. Во физиката: Дел од физиката чиј предмет на проучување е електромагнетното поле. Ова поле го опфаќа целиот простор околу честичките кои поседуваат

152


електричен набој, па така врши сила врз нив и влијае врз присуството и движењето на таквите честички. Теоријата на електромагнетизмот следи голем број на електромагнетни феномени, меѓу кои може да се споменат електростатиката, магнетостатиката, електродинамиката, електричните кола и други. Електрон Си бил еден Ел Ектрон кој бил толку брз што никој не можел да го стигне. Тој особено се гордеел со тоа. Но, кога го запознал Фо Тон си кажал дека брзината не е сè во животот. Во физиката: (Некогаш нарекуван негатрон; симбол e-) е субатомска честичка. Во еден атом, електроните кружат околу јадро од протони и неутрони. Зборот електрон потекнува од грчкиот збор електрон, што значи ќилибар. Додавката -он ја делат повеќето субатомски честички и се користи како аналогија на поимот јон. Електроните имаат електричен полнеж, и кога се движат, тие генерираат електрицитет. Заради тоа што од електроните зависи на кој начин еден атом се однесува во однос на другите атоми, тие имаат фундаментална улога во хемијата.

И Изотоп Изи, брат му на Топ - скок! Но, каде и да скокал, пак на исто место стоел. „Лесно ти е тебе, те викаат Топ, а јас сум секогаш Изи,“ а не знаел дека и брат му да скокнел, пак на исто место ќе останел. Тоа ти е генетика!

153


Во физиката: Изотопи се облици на хемиски елемент чии атоми имаат ист атомски број, но различни атомски маси. Зборот изотоп, кој што значи на исто место, доаѓа од фактот дека сите изотопи на еден елемент се сместени на истото место во периодниот систем.

К Катоден зрак Ако се качиш на кат и погледнеш надолу, на зракот светлина кој патува до твоето око му е потребно време да стигне до таму. Ако јас стојам долу и ти ме гледаш, тоа значи дека ќе ме гледаш во минатото. Ако си сè уште горе те молам... да, благодарам за клучевите! Во физиката: Катодниот зрак е непрекинат тек на електрони, кој се движи низ гасот под низок притисок или низ вакуумот. Настанува кога анодата (позитивната електрода) ги привлекува електроните ослободени од металната катода (негативна електрода).

Н Наизменична струја „Вечерва наизменично ќе дежураме. Мораме да бидеме спремни на акција во секој момент!“, рече Наизмен. „А што очекуваме?“, праша Ична. „Не знаеме, но знаеме дека доаѓа на стр. 155!“ Во физиката: Наизменична струја е електрична струја со големина и насока кои варираат периодично. Вообичаената форма на брановите на наизменичната струја е синусоида, бидејќи оваа форма доведува до најефикасниот пренос на енергијата. Меѓутоа, во

154


одредени примени може да се користат и други форми на бранови, како што се триаглести или квадратни бранови.

П Притисок Гас ги мразеше Прит и Сок, не заради нивниот обичај да експлодираат кога не им доликуваше, не заради нивниот обичај да претераат со пиење и нивниот недостаток од манири, туку затоа што постојано го притискаа да им се придружи во нивните неморални авантури. „Ајде Газ, мрдни!“, велеа гласно и се смееја, а Гас само ги слушаше и глумеше рамнодушност. Вистината е дека однатре вриеше и беше само прашање на ден кога и тој ќе експлодира. Во физиката: Притисок (симбол: p) е употребена сила на единица површина. Периоден систем на елементите „Пери и оди“ беше рекламниот слоган на пералницата за алишта во нашата улица, но, откако луѓето се искилавија од кревањето на машините за алишта, го сменија слоганот во „Пери, па оди.“ Тоа е моќта на зборовите! Во физиката: Периодниот систем на хемиските елементи е табела која ги содржи основните и најважни податоци за елементите кои до денес се откриени, како што се електронската конфигурација, вредностите за електронегативноста, атомскиот (реден) број, хемискиот симбол и сл. За прв пат овој систем бил конструиран од рускиот научник Дмитриј Иванович Менделеев, па затоа понекогаш е познат и како Менделеев систем.

155


Протон Си бил еден Про кој бил за и еден Контра кој спротивно мислел, но кога дошол Аматер, кажал „Ама...“ и сите ги замислил. Потоа се замешал Контролор и ги средил работите. Затоа на луѓето им треба контрола. Во физиката: (Грчки proton = прв) е субатомска честичка со електронски полнеж од една позитивна основна единица (1.602 × 10-19 кулони) и маса од 938.3 MeV/c2 (околу 1836 пати поголема од масата на електронот). Во хемијата и биохемијата, поимот протон може да се однесува на водородниот јон, H+. Во оваа смисла, донор на протони се киселините, а акцептор на протони се базите.

Р Радиоактивност „Најодвратна помисла од сè ми беше стареењето, бавното распаѓање на желбите, идеите и надежите. „Тоа ли го сакаш? Да бидеш старо дртало, бесен на светот и сите околу себе затоа што се млади и полни со живот? Или можеби сакаш да им се радуваш на внучињата додека ти се качуваат врз свитканите раменици со нивните смрдливи пелени? Не, тоа не е за тебе…“ разлислував. Но, ако не тоа, тогаш што?“ (Од Дневникот на еден елемент во распаѓање) Во физиката: Хемиско радиоактивно распаѓање, спонтано претворање на едни хемиски елементи, односно нуклеарни видови, во други, проследено со емисија на јонизирани атоми на хелиум, електрони и електромагнетно зрачење (алфа, бета и гама зраци).

156


Т Теорија на полето (класична) Ќ сакал излети во природа, но баш овој пат нешто не му се одело, како и на У кој не сакал да го пропушти натпреварот на неговиот тим на ТВ и ни соопшти дека Ф и Х слушнале од Ц дека Ч оздравел, а Џ решил да оди на патот на сознанието со седуммината другари. За Ш очигледно било премногу доцна. Во физиката: Физичка теорија која ја опишува студијата за тоа како едно или повеќе физички полиња реагираат со материјата. Физичкото поле може да се смета за пренос на физички квалитет во секоја точка на простор и време.

ш Шредингерова мачка „Шре-динг!“ кажал Мр. Лучано Бинг, на г-дин Ли Динг, кој одговорил „Бада-бинг!“ „Шовинизам, пар екселанс, екселенцијо!“, се пожалил поданикот и изгубил глава заради борба за права. Императорот се насмевнал и видеото со мачката смешна да го гледа продолжил. Во физиката: Мисловен експеримент, осмислен од австрискиот физичар Ервин Шредингер во 1935 година. Тоа е илустрација на проблем на Копенхашкото толкување на квантната механика применет на секојдневните предмети, што резултира со контрадикција на здравиот разум.

157



Белешка за авторот Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година. Од 1990 година живее во Скопје. Работи како графички дизајнер и текстописец. Основач е на првиот електронски конкурс за лите­ратура во Македонија, Електролит и на креактивниот колектив Капка. Има објавувано во земјава и во странство. Досега објавено: Приказни обични за луѓе необични (2012) Досие: Универз Ум (2012) Досие: Ѕвезда Немезис (2011) Вест од Несвест (2010) Досие: Планета Икс (2009) Вести од подрумот на баба ми (2007) Парите се отепувачка (2006) Вести во земјата на чудата (2005) За секого по нешто, за некого ништо (2003)



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.