Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн www.kapka.com.mk
* За насловите во книгата и на корицата е користен фонтот ninap.otf, направен од ракописот на Нина Прља.
CIP - Каталогизација во публикација; Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-93 ПРЉА, Бранко Азбука на игранка / текст Бранко Прља; илустрации Нина Прља. - Скопје : Б. Прља, 2014. - 80 стр. : илустр. ; 15 см. (Едиција АБВ ; кн. 02) ISBN 978-9989-57-991-2 COBISS.MK-ID 96012298
АБВ едиција
книга 02
Azbuka na igranka или Прерано созреани зборови од кои едно детство требало да биде поштедено, а не било.
текст: Бранко Прља илустрации: Нина Прља
Капка 2014
Aa
Astrologija Biznismen Vreme Globalizacija Diktatura $ubre pred vrata Ekologija (crna) |@<ivurkawe Za)titen znak Yvezda I groteka (
)
() Jasnovidec Ki; Laik Qubomora Mobilni telefoni Narodwaci Wuz (vesti) Oblo>\uvalnici sportski Politi;ar Realnost Smog (
Turski serii
|~ar
)
Uspeh Fejsbuk Huligani Crni stakla :atalewe X ip {(ovinizam
Astrologija Систем на верување заснован на премисата дека постои врска помеѓу астрономските феномени и човекот.
A
стрологија сакам, од кога ја знам. Планети, ѕвезди гледам, натални карти проучувам. Астрономија пуста, што од изворот се оддели свој и со теории стана густа од научникот ограничен тој. Прагма тичност сакам и таков сум си, знам. Само корист во горната бесконечност наоѓам. Каков Биг-Бенг, гравитација и научен сленг! Велат вселената се менува, демек се менувало сè, па и науката себе. Мојот ук е конечен, знам; што е горе, пресликано e тука - тоа е небесна азбука. Така и нашата судба, пак, насликана е во зодијак.“ Г-ѓа Наука ја затвори книгата и ја џитна толку силно што нејзината орбита се фати во земјината гравитација, во сферата на вештачките сателити. И ден денес, по толку години, тој објект стои таму и зрачи...
6
Мозокот ви го арчи!
Biznismen Личност вклучена во активности со цел создавање приходи од комбинација на човечки, финансиски и физички капитал.
B
из Нисовски ита кон базенот со пари во него да се нурне по напорниот ден изминат. Тоа е негова судбина клета, цел ден само за тој еден миг наваму-натаму итро да се прета.
И тој нема време за уметност, наука или книга, негово школо е улицата, не училницата. Не го интересира теорија, само пракса, ниту го засега уживање - праска е добра за бизнис, а не за јадење! Каков свет без чувства, светоглед полн лукавства, за него сè е средство, ништо суштина, луѓето се актери во претставата во негова режија, од картите „сто посто“ во базенот негов се слева премија. Но, еден ден, соседите ги разбуди едно - „трес“ каква врева! Што се случило, се прашувате? 8
Парите во базенот наеднаш ги снемало, па нашиот Биз глава си скршил...
„Дека празна била,“ соседите злобно заклучија. 9
Vreme Непросторен континуум во кој настаните се случуваат со неповратна следственост од минатото преку сегашноста кон иднината. Времето настанало пред 13,7 милијарди години.
V
реме? Што е тоа, ако не е она што го опишуваме кога врне или вее, сонце пече или од студ нос ни тече? Дали времето е пари или парите се отепувачка? Кога мајките брзаат ручек да подготват, а татковците низ градската врева и викотница луда дома итаат - дали е тоа време? Време за појадок и работа, вечера и сон - само миг, а мигот е минлив и минатото несфатливо, а иднината несигурна... Но, еден лош пронаоѓач сфатил дека детскиот ум живее во сегашноста и дека само тој може да го „живее“ времето. Бидејќи им завидувал на децата, тој создал „машина за мелење на денешното детско време“. Кога ќе ја вклучи таа машина пет часа пред компјутер минуваат како ништо, а цел ден пред телевизија или со игри на мобилен е само миг. 10
Затоа, ајде сите деца на улица со топка, зашто времето таму е вечно и машината не може да ве фати. 11
Globalizacija Процес на меѓународна интеграција на начинот на гледање на светот, производството, идеите и други аспекти на културата.
лоба на домашна роба, сакавте генерална проба на демократско доба, ете ви ја, но не заборавајте - ние сме само поле на тестирање, игралиште за умни глави и нивните боеви глави, нашиот живот е инвестиција за глобалната полиција!
G
„И ако нашите деца мутираат - брзо донесете камери - реално шоу се снима, пет раце, десет нозе, една глава - човече каква пара!“ викаше еден лудак, качен на клупа во парк, а луѓето само го одминуваа, со главата вртеа. „Еден умен човек еднаш рече дека демократијата не вреди повеќе од кока-кола или ланец супермаркети,“ помислив додека лудиов го одминав, „и можеби беше во право.“ „Но, ако имам избор да купам што сакам, тогаш што ако нè трујат, убиваат и лажат!? Сите сме во 12
истотo трло и ни извира истиот потврден збор од грло,“ прокоментира случаен минувач, како мислите да ми ги чита. Е па ајде тогаш, сите во збор, и редицата да нема крај, по еден следи друг, трет, четврт и шест к'о што броеше мојот син, а зошто нема пет ќе дознаете сега. Петтиот е аномалија, исклучок од правилото, грешка во матриксот, бунтовен сој од општествениот слој. Тој сè уште Кокта пие наместо Кока-Кола, купува во локалниот маркет и вози Југо, дома реди книги, наместо модерен мебел со риги, не сака лажна светлина, златна тоалетна шолја или ѕвездена животна ролја... да, тој турски серии избегнува, антички драми избира, телевизијата го труе, вели, а од политиката го боли глава... зарем тоа не е вистинска човечка става!? „Не, тоа е празна глава,“ вели број Еден. А пред него лизгачка врата се отвора и светлина блика, бучава рика и го проголтува на пеколот слика и прилика.
13
Diktatura Автократско владеење од страна на една личност.
D
обредојдовте во светот на играчките!
Момчиња повелете во машкиот рај, ајде професија заслужена изберете, спортист, мајстор или возач на формула, пилот, трансформер или „кул монстер“... сè што едно мало машко срце силно што бие сака, ви нуди нашата дарежлива рака. Кој влезе, нема да сака да се врати дома, а зошто би сакал - кога кај нас има сè!? Девојчиња, брзо внатре - а која влезе, нека ја остави надежта дека ќе излезе! Внатре розов пекол ве чека, утробата на ѕверот ви се смешка. Само понизна ти биди, садови миј, чорапи шиј, ручек свари, па дома замети, правосмукалка вклучи, мозок исклучи. А за забава шминка во рака и убава да бидеш - е, баш така! Повелете, влезете - вие идни граѓани совесни...
16
Не свесни - покорни!
17
$ubre
(
pred vrata)
- Се забранува фрлање или оставање на отпадоци, ѓубре и нечистотија на скалите или други заеднички простории. - од „Куќен ред на заедницата на сопственици“, Република Македонија, член 16, став 1.
$
убрето немо седеше пред вратата на еден стан во една зграда. Неговите кутри очиња погледнаа тажно кон бројката која висеше над нив како лош предзнак - 13.
Од другите кеси имаше слушнато за осаменоста, чевлите кои ги одминуваат и се преправаат дека кесите не постојат, за изгубената надеж и сонот за раце кои посегнуваат по нив. Но, ништо не можеше да ја подготви за она што доаѓаше. Деновите изминуваа, а храната во неа почна да скапува, миризбата беше толку неподнослива што со секој здив таа се задушуваше. Залудни беа криците, молењето, посегнувањето кон чевлите кои доаѓаа и заминуваа. Заборавена, осамена, борејќи се против сопствените мисли и часовите кои изминуваа како денови. Заминувањето на денот носеше надеж. 18
Тогаш во темнината можеше со радост да ги пречека бубачките кои сè уште се интересираа за неа додека весело чепкаа по остатоците од храна и полните детски пелени. Ах, каква радост! Но, каква горчина носеше изгрејсонцето, колку печеа првите зраци кои живот за сите други значат. И потоа - отклучувањето на вратата, бавната смрт на надежите... Кога глеј! Раката се придвижи кон неа и радоста го исполни нејзиното скапано срце. „Што правиш, кулираш тука, а?“ рече другата кеса со ѓубре и задоволно го смести сопственото полно тело веднаш до неа, без никаква почит за приватен простор.
„Ах, ова ќе биде долга недела,“ помисли нашата кеса и потона во сопствените мисли. 19
Ekologija
(
crna)
Злоупотреба на еколошките проблеми за политички цели.
E
дно ќе речам - ако страда клима од човековата лоша рима со природата нешто не штима! Велиме дека оваа зима е ладна затоа што чичко Ставре вози Југо, наместо возило друго. Па тоа е сè измислица, нема да ве папа меца. Како така? Е па вака. Алигаторот Ал Гор беше тажен зашто ниеден жив створ во чудесната шума не го сметаше за важен. Но, кога сфати дека дури ни крокодилска солза заради тоа не може да пролее, на одмаздата не можеше да одолее. Му текна дека постои еден сигурен начин да бидеш сакан - да станеш богат. Неговиот план беше подмолен. Прво им кажа на жителите на шумата дека не смеат да палат оган зашто тој оган ќе направи покривка од чад над шумата и ќе ја загрее, а таа топлина целосно ќе го стопи магичниот кристал на 20
северниот дел од шумата кој секоја година им дава вода на пролет. Животните се исплашија и решија дека е подобро да не палат оган, но бидејќи целиот нивен живот се одвиваше околу огнот, од вкусната манџа на бабите до приказните на дедовците, дури и нивните едноставни машини кои им помагаа да преживеат работеа на оган... но без кристалот животот ќе сопре - што да се прави!? Алигаторот Ал имаше решение. Требаше само да ја купат неговата машина која работеше на ветер и ќе ја имаа целата енергија која им треба за живот. Целата шума набрзо работеше на скапите, бавни и неефикасни машини на Ал. Сите осиромашија, а тој стана толку богат што веќе не му требаа пријатели. Совршен крај на шумскиот рај. 21
<ivurkawe Да живееш скудно и одвај да наоѓаш средства за живот.
<
ивотот во еден свет и не е толку лош за обесправените. Таму постои агенција за вработување на питачите. Кој успее да помине, облека скината добива и обука за однесување поминува.
Од 9.30 часот наутро, до 5.30 часот навечер тие се на терен, на раскрсница или на улица. И никој прозорец не им затвора, ниту со зборови лоши ги нагрдува, да, тие во овој свет имаат достоинство и ги сметаат за вредни сожители. Колку само муабети корисни се случиле на раскрсниците во тој свет, во таа куса минута патникот дур чека зелено да засвети, питачот со неговите зборови знае да го просветли. Патникот се насмевнува и питачот го наградува, додека бурната река од коли го продолжува својот тек само за момент сопрена во времето и просторот. 22
Za[)titen znak Заштитен знак (бренд) е име, термин, дизајн или симбол кој означува еден производ. Името потекнува од означувањето говеда со жешко железо за да можат да се разликуваат.
Z
аедно, сложно и како едно, живееја сите во еден свет во кој луѓето не познаваа разлики, а сепак посебни беа и во себеси веруваа.
Во тој свет еден ден се појавија знаци, а под нивната маска невидливи зраци кои продираа во душите на луѓето и ги маѓепсуваа. Еден човек извика „Сакам!“, а друг додаде „Обожавам!“ и тие двајца се степаа околу тоа кој знак е подобар и кој што му значи. Такви приказни имаше многу во оваа земја на знаци, кајшто секој мораше да биде означен, инаку беше безличен, просто незначаен! И како што поминуваше време, развојот ги зеде работите во свои раце и луѓето почнаа боите да си ги менуваат според знаците на кои припаѓаат. 24
Така веќе полесно можеа да се препознаваат, да се здружат, од друштво некого да исклучат и да вклучат или на улица - од чиста мира - да го плукнат! И така се поделија и држави создадоа, а во државите боите по нијанси се разликуваа, па и понатаму се делеа... До каде, прашувате? И колку бои всушност има? Велат има 10 милиони бои, но - вистинскиот одговор е бесконечно.
Yvezda 1. Светло небесно тело со сопствена светлина. 2. Предмет или знак со форма на такво тело, симбол во форма на ѕвезда. 3. Лице што има голема слава во светот на уметноста, естрадата, филмот, спортот и сл.
Y
везда погледна од небесните височини кон поданиците на Земјата, до колена нурнати во кал, прекриени со тони искористени мобилни телефони и екрани, машини за алишта и за садови, за печење и за замрзнување, купишта храна која се распаѓа и издига високо во неподнослива реа. Но, носот на Ѕвезда беше далеку, нејзиниот свет беше недопирлив за толпата талкачи по среќата. Поимите како луксуз, успех и слава одѕвонуваа во главите на овие кутри души како ехо, во секој миг од нивното постоење, но никогаш не се остваруваа. Тие мисли ја хранеа Ѕвезда. Од секоја душа која ќе посегнеше кон неа во посакување по нејзиниот сјај се одвојуваше тенка нишка која полека ја соголуваше како клопче волница, додека на крај 26
не останеше ништо од неа. Илјадници, милиони такви нишки патуваа кон Ѕвезда. Оние кои не му посветуваа внимание на сјајот кој ги заслепуваше другите успеваа да се извлечат од калта и да зачекорат сигурно кон иднината која можеби не ветуваше сјај и раскош, но ја чуваше нивната душа чиста. Таквите души сјаеја колку милион ѕвезди. 27
Igroteka Кованица од термините „игра“ (активност без практична причина) и „дискотека“ (клуб во кој се танцува на музика и честопати има кичест декор и пренагласено осветлување).
I
тно соопштение за родителите:
Постоеше едно време кога немаше игротеки, организирана забава од-до, со нарачан кетеринг и забавувачи, 365 родендени годишно, пластични торти и кловнови со нацртани насмевки... и сè сервирано, само да биде практично. Родителот нека да плати сè, а ти дете, колку сакаш на клацкалката клати се! Во тоа време заборавено, чиниш пред илјада години изминато, само добро друштво требаше и ништо повеќе. Сок за пиење, а грицки за јадење, музика за секој, за забава сите во строј. Игри измислувај, смешки кажувај, слободно и без сценарио, нема прв и втор чин, без „татин син“, или „мамина маза“, права детска оаза. „Веднаш ќе се скараат,“ велите, но не! 28
Кога детската фантазија живее слободно, секое дете е среќно! 29
Jasnovidec Личност која тврди дека има моќ да ги гледа работите надвор од доменот на природното гледање.
J
адни ние, гледачи на драмата наречена „Сезнаење“. Актерот на сцена застана и монолог ни одржа, го наречев трактат, а беше само екстракт од неговиот дигестивен тракт.
„Сите сме актери,“ викна тој „а успехот е сцена со висока цена за лошо актерство, а таа е отпуштање од претставата. Бидејќи никој не сака да ја плати, само се тркала и клати, од денес до утре, од мрак до ден, од спиење до заспивање... какво мачење. Но, има спас, еј - слушај! Кога денот ќе зазори или часовникот ќе заѕвони, не рипај, кравата не клавај, застани и размисли, каде брзаш и зошто? Прво седни, очи протриј, па полека стани, прозорец отвори и во сончевата светлина искапи се...“ 30
Како компири и домати да ни продава, а не акт на просветление, мисли дека проповеда вистина, а глуми... можеби сме актери и ние... сите заедно, театар - во театар! „Две кила компири и едно кило домати,“ велиме, а тој со насмевка, задоволен од успешната мисија, нè услужува и друг муштерија со нова претстава наречена „Понуда која не се пропушта!“ пречекува. 31
Ki; Кич (герм. Kitsch) е дело со низок квалитет со уметнички претензии со цел да биде достапно на поширок круг луѓе.
K
ичоски Кичо, обвинет сте за расипување на вкусот на младината преку вашите медиуми, како ќе се изјасните?“ загрме гласот на судијата. „Не сум виновен,“ одговори Кичоски и си ги оближа усните кои се искривија во цинична насмевка на неговото крокодилско лице. Насобраниот народ почна воз будено да ракоплеска. „Тишина!“ затропа судијата со чеканот. „Обвини телството нека ги изјасни фактите“. „Почитуван судија, насобрана толпо од црви и други мекотели кои се покажаа недостојни за живот,“ во толпата се слушна силно негодување и лепливо тропање на пипалки и ноџиња, „но кои, сепак ги застапувам бидејќи сè уште се грижам за доброто на сите суштества на оваа планета. Обвинетиот, без никаква грижа за достоинството, 32
добриот вкус и естетските норми преку неговите медиуми шири сензационализам, ниски етички вредности и намерно ја искривува перцепцијата на стварноста. Неговите проекти имаат за единствена цел да ги оддалечат овие мизерни суштества од вистинската природа на нивната егзистенција. Вистина е дека мекотелот по својата природа е поводлив, сака да му се каже што да прави, што да сака и како да се однесува. Но, токму тоа ја прави вашата работа, Кичоски, одговорна, вие ја држите магичната палка во рацете, ве молам употребете ја правилно!“ заврши обвинителот со широко кренати крилја во воздухот.
И токму во тој момент се случи нешто незамисливо, нешто од што и толпата занеме - на крокодилското лице потече солза... 33
Laik Тој што не е добро упатен во определена област, непрофесионалец.
L
аици на сите народи обединете се и во најновата перална за мозоци во градот мозокот Ваш однесете го! Паричка во машина фрлете и програма изберете сина, црвена, зелена или жолта, црна или бела, решете се за боја омилена. Ако мозокот Ви е извалкан со слобода на избор и премногу знаење, се препорачува највисока температура и најдолго перење. Ако сакате хемиско чистење членарина мора да уплатите и гратис прашок добивате од кој облеката полесно ќе ви лизга низ животот. Но, како и во секоја зделка, и во оваа има трик. Кој таму мисловниот орган ќе си го остави, нема што да го потсети да си го земе, па продолжува да живее без ништо под сопственото теме. 34
35
Qubomora Чувство на завист кон некого поради нешто.
Q
убомората еднаш ме чинеше скапо, а ќе дознаете сега и како.
Стариот морски пес со изострен слух за проблемите на бродот, Капетан Петко, беше човек од аристократско потекло кој во младоста се бунтувал против авторитетот и неправдата која неговите богати претци им ја нанеле на сиромашните. Со една вреќа алишта врзана на стап и една корка леб заминал во белиот свет. Во потрага по работа завршил на еден трговски брод и го заобиколил тогаш познатиот свет. Но, иако постар и поискусен тој сè уште бил разочаран од животот. Го напуштил светот на богатите за повторно да им служи како морнар на брод кој се бори со бурите и опасните морски ѕверови за да ги задоволи себичните потреби на истите вампири. 36
И токму кога неговото незадоволство го достигнало врвот, како дарба од небото, бродот бил нападнат од пирати. Нашиот херој, привлечен од смелоста и слободниот дух на пиратите, им се придружил. Така започнала сагата за овој легендарен пират кој генерации морнари ќе го паметат како своевиден Робин Худ на морињата кој целото богатство грабнато од аристократските бродови го делеше на екипажот и сиромашните. Народот на пристаништата го пречекуваше како Дедо Мраз. На неговиот брод, иако беше населен со разбојници и прекршители на законот, владееше совршен ред. Морнарите се почитуваа и помагаа, ги негуваа правилата на доброто однесување и културата беше на високо ниво. Тоа беше навистина чуден брод и воопшто не ме зачуди кога бев избркан од таму поради моето парадирање на палубата во скапа облека и блескав накит. Капетанот ме испрати со пораката: „Ако ја преферираш сопствената комотност пред добросостојбата на бродот, твоето место е во морето со ајкулите.“ Тогаш верував дека само ми љубомори, но многу години подоцна дознав дека не бев во право. Што и да беше вистината, тоа беше крајот на моите морски авантури. Од „Дневникот на еден морски пес“ 37
Mobilen telefon Апарат кој може да прима и предава телефонски повици преку радио врска во движење. Првиот мобилен телефон потекнува од 1973 година.
M
амооо! - Дете плаче, татко за глава се фаќа, мајка збунето гледа - дома настана права врева. Мобилен мора да се има, најнов модел, фраерски цел, прашање е на гордост, инаку брука ќе пукне, а можно е и глава да напукне - училишната толпа не му простува на оној кој не се вклопува. Родителот за карактерот на сопственото дете се грижи, каков пример ќе му даде ако му дозволи по предмети да се залуди и да има сè што сака и од другите потврда за тоа да бара. „Нека се скара, заби нека покаже,“ за’ржа таткото. „Во болница ли сакаш да го гледаш, аптека менза да му биде, скината облека да носи, леле детето ќе ми го запустиш!“ зацимоли мајката и така додека семејната драма се одвива, Рекламната Индустрија зад сцена од смеа се кине, прирачникот кој во рацете го држи го затвора, станува, врз столот го остава и заминува. 40
Доцна вечер. Преставата заврши и стариот чистач кој ги собира остатоците од нечии некултурни навики помеѓу две седишта најде една заборавена книга. На корицата пишуваше: „Скапа цена на среќата, прирачник за тоа како производите и предметите да ги заменат ѕвездите и идеите.“ Заинтересиран од насловот, чистачот ја отвори книгата и зборовите заиграа пред неговите очи: „Цивилизациите на антиката се изградени на обожувањето на ѕвездите. Да, човекот е како дете, сака светкави нешта и ние, градителите на новиот свет, најдовме начин да му ги обезбедиме...“ И понатаму: „Смртта на духот е нешто што треба да се негува уште од најрана возраст. Заедно, со безумниот сјај, ние ќе изградиме потрошувачки рај!“ Придушен пукот. Чистачот се струполи наземи. 41
Narodwaci Музички под-жанр кој потекнува од Балканот. Терминот го смислил музичарот Рамбо Амадеус.
N
а граѓанинот Т. Урбо кој стапи во правливата периферија на градот, таму каде што добрососедските односи гниеја во ќесите ѓубре оставени пред вратите на станарите, а прошетките надвор во потмаици напикани во тренерки беа последен крик на модата, воопшто не му се допадна местото каде што се наоѓа. Во биртијата „Да е живо пиво“, додека певаљката ги завиваше последните ноти на хит-нумерата, а духовите заробени во шишињата од ракија се лулаа пред нејзиното деколте, по кој знае која пијачка Т. Урбо ја потпре главата натежната од огнена вода на шанкот и заспа. Се наоѓаше на пуст остров сред океанот на можностите, а до него - една даска за сурфање. - Само да фатам поволен бран... но, проклетство! океанот беше исполнет со морски кучиња на турбо 42
Се разбуди со вресок. Првите зраци на утринското сонце ги заслепија неговите закрвавени очи, а тој со олеснување сфати дека реалноста и не е толку лоша. И тогаш беше проголтан.
-
Turbo folk
погон дресирани да го изедат со особена садистичка сласт секој кој ќе се обиде да зграпчи некоја можност. И само што нашиот херој стапна во водата...
Wuz
(
vesti)
Комуницирање на избрани информации или актуелни настани на поширока публика.
утн да не е?“ се запраша една Вестна откако прочита загатка „Што е тоа: Секој му верува, а никој не треба?“ и бидејќи не ù текна, го побара одговорот и на дното на страницата го пронајде. Но, буквите беа обратно поставени и таа мораше да ги прочита во огледало. Кога таму, наместо букви себеси се виде и се замисли. Нешто во неа изгледаше поинаку. Се доближи до огледалото за да види поубаво и - тоа ја проголта!
W
Истата Вестна, но различна, се разбуди во нов свет, а таму - сè обратно! Луѓето на раце одеа, а автомобилите закачени на патиштата само стојеа, не можеа да се поместат зашто ќе паднеа. Небото не беше горе, туку долу, и не беше сино, туку жолто од ситните пари кои постојано им паѓаа на луѓето од џебовите додека наопаку по светов одеа. 44
Нашата хероина брзо се прилагоди на обратното и се здружи со некои добри луѓе. Комар, весел тип со мустаќи на чело и очила на уста и Јанбо, кој зборуваше правилно (според Вестна), но никој во неговиот свет не го разбираше. Ана, најобична во ова друштво, некако се разбра со Вестна и ù објасни дека се наоѓа таму каде завршуваат вестите кои потекнуваат од светот на Вестна, откако повеќе не се вести и никој не се интересира за нив. Тука тие ја добиваат нивната вистинска форма и природа и затоа го прават универзумов толку чуден. Пред да си замине Ана ја замоли Вестна да им пренесе на луѓето од нејзиниот свет да се обидат да ги направат вестите повистинити зашто животот таму им е од ден за ден сè потежок. Вестна ù даде чесен пионерски збор на Ана и замина. Откако се разбуди Вестна косата во огледалото си ја намести и замина.
P;elite ]%aat!"
n''apa
Oblo>uvalnici
(
sportski)
Активност на предвидување спортски резултати и обложување на исходот. Се смета за вид коцкање.
O
пасност!“ Беа зборови кои лебдеа во воз духот. Тоа беше време на голем страв. Родителите зборуваа тивко и внимаваа децата да не ги слушнат. Но, додека рачињата им се тресеа стуткани под ќебињата сепак наслушнуваа: војна... бомби... уништување... смрт... и иако тие зборови не им значеа ништо, тие од звукот знаеја дека се нешто страшно. По улиците дивееја споулавени толпи кои во агресијата бараа излез од сопствената немоќ да сменат нешто. И тогаш се случи.
Први изгореа големите градови. Вжарената пепел од илјадниците печурки на смртта се крена високо во стратосферата и по „Ноќта кога дојде крајот на сè она што го знаевме за светот и себеси“ настапи страшна тишина. Милиони невини настрадаа веднаш, други во годините кои следеа ù подлегнаа на радијацијата, оние кои останаа се влечкаа по правливите разурнати 46
пејзажи како живи мртовци, не обрнувајќи внимание на ништо што се случуваше околу нив. Г-дин Зомбиски, некогашен службеник во успешна фирма за трговија на големо и мало си ги влечкаше исушените нозе по улицата каде што некогаш живееше. Таму каде што се наоѓаше неговата зграда сега имаше само една голема мутирана печурка. Знаеше дека нема што да бара таму, но нешто го тераше постојано да се враќа, некој остаток човечност кој тлееше во него. Со крајот на окото забележа неколку фигури како влегуваат во огромната печурка. Тргна по нив. Успаните неврони во исушениот мозок на Зомбиски испалија неколку сигнали на возбуденост кога внатре виде толпа живи мртовци испоседнати на дебели корења со ливчиња во рацете. Атмосферата беше, колку што е возможно, жива. Еден од нив му објасни дека се наоѓа во спортска обложувалница каде што живите мртовци се обложуваат на борби со мутирани животни и секакви спортови поврзани со бркање нешто тркалезно. Ако се обложиш добро ќе добиеш остатоци од свежа храна, што е вистинска премија. Нашиот лик се смести, зеде ливче и се стопи во скулптурата на модернистичката пост-нуклеарна ера додека надвор длабоко во ноќта се слушаше лаежот на двoглавите кучиња. 47
Politi;ar Индивидуа активна во политиката (види Лаик).
P
остои еден Поли Тичар. Бидејќи „поли“ на латински значи „многу“, така и овој лик, во согласност со својот ник, по нашки прекар, беше многу-личен.
Ама не беше „личен на мајка“, туку палав на тато. Кога другите го задеваа тој ги казнуваше со тупаниче, а кога му се поклонуваа ги дотепуваше со коленце. Од пари вриеше, а пари само бараше, и кога ќе му кажеа „А, да ги вратеше?“ тој со главата вртеше. Ако го сретнеш некаде, не верувај му ни збор, зашто под неговиот лик се крие друг, а зад него е стуткан трет, па како кромид во бескрај оди тоа... затоа бегај од него троа!
50
Realnost Состојба на нештата какви што навистина се, а не како што изгледаат.
R
еално гледано, ова не е приказна. Ова е реалност во која ние премногу доцна сфативме дека треба да се грижиме за себеси и за нашите нерви оптегнати до граница на кинење од денови минати во страв од војна и беспарица, стомаци задавени во евтини пијалоци од боја и шеќер, тела загадени од храна со сомнително потекло и здебелени до непрепознатливост, души затворени помеѓу тули, бетон и шипки со денови, чиниш векови, без шанса за издувен вентил, сè туркаме навнатре до задушеност и слепило... додека надвор дивеат револуции, тапани и басови, тенкови и топови, американски ренџери јаваат на милиони бомби завиткани како божиќни подароци, а електроните пловат монотоно кон нашите омекнати черепи... нема надеж за нас и органската храна нема да 52
нè прочисти, доцна е за фитнес, јадење на време и три пати дневно, доцна е... затруени сме од политика, грешен избор и упорната верба дека нешто може да се смени... Ова е ваша приказна во која вие со гадење погледнувате околу себеси и испливувате над океанот од отров.
Среќно!
Smog Вид загадувач на воздух. Зборот е добиен со комбинација на англиските зборови чад (smoke) и магла (fog).
S
меа и врева го разбуди г-дин С. од предвечерниот сон во кој запаѓаше по обилниот појадок-ручек-вечера во едно, кој следеше веднаш по враќањето од работа.
Го вклучи светлото до него и погледна во часовникот. 20.15. Срипа од креветот, подготвен за жестока расправија со соседите и ги растргна завесите. Белина речиси го заслепи. Нешто во пејзажот прекриен со снег и децата кои се удираа со снежни топки, се санкаа, правеа снешковци и гласно се смееја, го растажи. Се сети на своето детство, на фрлањето на книгите во детската соба и облекувањето зимска облека. Веднаш штом ќе излезеше ќе се фрлеше во снегот кој го прекриваше целосно. Да, тогаш имаше големи снегови, а не како сега. 54
Сè што остана е смогот кој му се чинеше дека продира во умовите на луѓето, ги затемнува нивните мисли и ги тера да го заборават она што навистина е важно. Но, снегот сепак малку го расчисти смогот, барем вечерва, и во главата на г-дин С. се јави една неочекувана мисла. „Зошто да не!?“ извика тој во себеси и... 55
Turski serii
(
sapunici)
Епоним за сапунска серија - драмска фикција (најчесто мелодрама) во епизоди. Името потекнува од првите серии спонзорирани и продуцирани од производители на сапуни.
T
ака еден ден седнав пред телевизија, кога реклама за најновата турска серија ми привлече внимание:
„Ако сте за катарза, вистинска грчка дра ма, во турска сценографија, ве очекува. Завери, омраза, убиства, стапици насекаде - а ју накот на крај ќе ги надвладее! За чувствителните, дилеми, симпатии и љубовни проблеми, мудри совети од постарите и зборови кои секое дете ќе ги научи - за да му се најдат во животот и да си го помине - со помин! За секого по нешто имаме, повелете во нашата продавница на соништа и фантазии, а реалноста може да почека дур' не набави подобра роба!“ И така секоја вечер, народот се опива со туѓа фантазија зашто мисли дека себе си се пронаоѓа, а реалноста...
56
Реалноста те повикува - гледај и слушај!
~ar Позитивен резултат од една дејност. Честопати се користи со негативно значење: корист, искористување.
~
е ослабнам...“ вака размислуваше господин Несовршен секоја вечер пред заспивање, со стомак преполн храна и душа исполнета со чувство на неуспех...
А големи работи се случуваа околу него: паѓаа метеори, се менуваа влади, светот не беше подготвен за уништување и насекаде владееше паника. Само децата во Африка не се грижеа за ништо од ова - тие веќе беа навикнати на смрт, глад, немаштија и уништување! И како мислата на писателот да допре до г-дин Несовршен, кој во тој миг свечено реши да направи нешто за гладните деца во светот - зашто ТИЕ го заслужуваат тоа! „Но, што!?...“ се запраша. „Можеби... да!“ радосно вресна. 58
Прво реши да се откаже од вечерата по осумнаесет часот, па го намали обилниот ручек и на крај реши да јаде само здрава и органска храна, но кога се запиша на фитнес навистина почувствува дека во спасувањето на светот има ќар!
И направи дар-мар! 59
Uspeh Постигнување на богатство, висока општествена положба или почест.
U
рааа!“ викаа луѓето во еден свет во кој ништо не се врти наназад, туку само врви нанапред. Всушност никој нема време да запре, а ако застане, паѓа во кома од која не се буди.
Ако видиш некој таков човек, не застанувај да му помогнеш, зашто и тебе ќе те фати дремка и ќе те снема од светот на ранобудните, одговорните и растрчаните. А кој во кома падне, велат, влегува во една паралелна реалност на соништа, безредие и фантазија, а однадвор - само афазија. Замислете, во тој свет, велат дека човек може да седи со денови и да размислува за светот, прекрасни теории да создава, да мечтее, да слика, од мерак или да пее од радост, да свири, иако не знае, да игра и скока - туку-така! А за кого и за што, не се прашува, зашто успех не очекува, туку само во моментот ужива. 60
Колку неразбирливо и одбивно е тоа за жителите на нашиот свет, колку бесцелно... Затоа, народе, не застанувај, не врти се назад и не предвидувај напред што те чека, како што нашиот голем мислител-одач рече: „Ах, иднината се меле, не се џвака!“, па и ти, ајде „џвак!“ само на така!
Fejsbuk Сајт и сервис за социјална мрежа на интернет. Терминот потекнува од 1980тите и означува директориум на студенти на колеџ со лични фотографии и основни информации.
F
ејсбук, мало место во државата Зукенбергија, еден ден се разбуди без ѕидови. На граѓаните воопшто не им се допадна идејата сите ѕидови да бидат заменети со стакла. Но, луѓето не стигнуваа да се организираат толку брзо колку што градежните компании на оваа мала заедница успеваа да урнат ѕидови и да постават стакла. На почетокот луѓето лепеа картони врз стаклата, закачуваа ќебиња или им покажуваа непристојни гестови на минувачите кои застануваа пред нивните домови, но сите брзо свикнаа на тоа да бидат видени, па некои од нив дури го тргаа целиот мебел за непречен поглед. Г-ѓа Ирена, жителка од зградата 1224, стан 9 на првиот кат, милуваше да пишува со дебел црн маркер на нејзините стакла. 62
Прво се работеше за туѓи цитати, потоа почна да запишува сопствени мисли, надежи и идеи, а кога пред нејзиниот дом почнаа да се собираат минувачи таа почна да ги известува за обичните работи кои ги прави. Нејзината порака „Јадев тост и сега пијам кафе“ донесе 150 кренати палци пред зградата, додека поради пораката „Одам да се бањам“ полицијата мораше да го блокира сообраќајот на нејзината улица. Не само што другите граѓани се придружија на овој феномен и сè повеќе уживаа во стаклените ѕидови, туку овој тренд почна да се шири во другите градови и држави, додека не го зафати целиот свет. И токму кога сите мислеа дека тоа е најдоброто нешто што му се случило на светот, се појави веста дека тој проект е дело од т.н. Големиот Шпион кој седеше на облаците и ѕиркаше во нивните животи. Сознанието дека сите се кукли на конци кои танцуваат само за лична забава на тој семоќен таен агент кој седи во фотелја вдлабната од неговата голема задница со пиво во рака, беше пропратено со рушење на 174 нови ѕидови и проѕирен живот за 55 нови семејства во светот.
63
Huligani Силеџија. Некој кој се однесува против законот, пр. вандализира, предизвикува немири или малтретира.
H
а-ха! Давам гас, сопирачка чат-пат, тргај се бабо од пат, во мојот бизнис нема стоп, ил' прва брзина, само во петта автомобилот ми лета!“ викна еден моторизиран силеџија и пролета крај про давница, а таму редица и еден друг тип гаден кој што рече: „Внимание, молам, поминувам јас, редица газам, зашто морам, часовникот само за мене чука, а вие марш од тука!“ И такви случаи колку сакаш, невниманието заменува култура, „Урааа“ јуриш наместо трпение, себе си да се туриш на место на другиот сограѓанин свој - напредуваат таквите како пчели рој. А мирните и тивките, чекор по чекор наназад, уште малку поназад, метар, па сантиметар кон ѕидот, па преку него во провалијата „оп!“... 66
... од грбот на желката... 67
Crni stakla Затемнети стакла кои пропуштаат светлина во една насока. Честопати се ставаат на автомобили.
C
рни стакла се размножуваат и нашиот град го заземаат, зашто некои луѓе не сакаат другите да ги гледаат, па зад стаклата се затскриваат.
Згради црни мегалитни се издигаат како мрачно потсетување на надмоќта на парите над обичните голи и пред светот откриени смртници. Пред нас поминува колона автомобили со стакла затемнети и ние само сопствениот одраз во нив го гледаме и замислуваме дека внатре се крие нешто уште потемно од самите стакла, нешто со моќ да нè види однатре. Можеби ни се насмевнува - со жалење, можеби сочуство, но веројатно исмевање! И тие темни очила погледот што го скриваат, а под насмевката на усните можеби омраза се крие - никој не знае... 68
Темната реалност нè повикува да се придружиме, нè обзема темнината меѓучовечка... Да се спротивставиме! Стаклата да ги отвориме и да се погледнеме.
:atalewe Однесување својствено за некој кој мисли дека е подобар од другите.
:
етири судбини испреплетени, но несоод ветни, се судрија еден ден.
Топка сретна коцка, а оваа се клацка, ич не ја рецка. Во меѓувреме, на другата страна на градот на геометриските тела, триаголник сретна права, па ù се додворува, а оваа го откачи, зашто навистина ù додева, сепак, тројка не е за неа, таа е дама права. А, замислете, во исто време покрај нив се протркала круг, а до него еден друг и од силна расправија цел сообраќај застана и слуша: „Ти не си решителен, агол остар немаш!“ рече едниот круг на што другиот одврати, „а ти ниту тап агол немаш, не гледам дека застануваш!“ „Не е вистина, безброј агли имам јас, зашто сум кругас!“ „Безброј е исто што и нула, а ако така сакаш, јас имам два - еден внатре и еден надвор, па види сега ти!“ 70
И така расправијата во ќорсокак дојде, секој своето го тврди, навистина во главите тркалезни се тврди. Другите геометриски тела продолжија да куцкаат, тропкаат и да скокаат, време нема, не ги чека геометриската теорема! 71
Xip Моторно возило со погон на 4 тркала. Терминот потекнува од Втората Светска Војна од иницијалите GP (General Purpose), возило за општа употреба.
X
ип си живеел на една планина, висок како ѕид и тежок колку астероид.
Еден ден џипот од висина во градска низина се струполил и на сред улица застанал. Како тврдоглав слон одбивал да се помрдне он. Полицајците, механичарите и работниците се обиделе да го помрднат, но не успеале. „Тоа е само огромна конзерва, ќе направиме голем отворач и ќе ја отвориме, мораме внатре што има да испитаме!“ викнале научниците. Она што го откриле во внатрешноста било почудно од најчудните нивни соништа. Што мислите вие, внатре што се крие?
72
(ovinizam Екстремна и незаснована пристрасност од некоја група, со изразена омраза кон ривалските групи.
(
ишиња, сите во тишина! Слушајте:
„Во светот постои едно царство, во него владее другарство, во него сè е убаво, во него сè е нежно, во него светот се радува...“ пееше Бунто Коцков пред судот на државата Јутубавија додека чуварите грубо го изнесуваа надвор, а судијата врескаше: „Најстрога казна со животна изолација, дискомуникација и исклучување интернет!“ Народот врескаше и ликуваше, а во една од ложите седеа двајца старци, г. Статлер и г. Валдорф, и си коментираа. „Сè што требаше да каже е дека смислата на животот е да се биде виден...“ рече едниот. „Да бидеш виден, е да постоиш...“ тивко, како за себе, надополни другиот. 74
Лицата на старците наликуваа на кора од дрво кое минало низ вековите мирно и тивко пркосејќи му на времето и промените. Тие беа сведоци на менувањето влади, помес тувањето граници, создавањето на Светската Држава и воспоставувањето на единствениот закон „Да бидеш виден“ и власта на ЕлектронГоспод над неа. И сега мирно набљудуваа како драмата пред нив да не ги засегаше. Тие беа само сведоци.
75
Bele )[ k a za avtorite Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година. Од 1990 година живее во Скопје. Работи како текстописец и графички дизајнер. Досега објавено: 2013 Азбука за нефизичари 2012 Атом и Ева 2012 Приказни обични за луѓе необични 2012 Досие: Универз Ум 2011 Досие: Ѕвезда Немезис 2010 Вест од Несвест 2009 Досие: Планета Икс 2007 Вести од подрумот на баба ми 2006 Парите се отепувачка 2005 Вести во земјата на чудата 2003 За секого по нешто, за некого ништо Нина Прља е родена во Скопје во 2005 година. Таа е млад автор кој ја негува љубовта кон уметноста уште од најрана возраст. Нејзините први цртежи и раскази се објавени во вид на електронска книга „Како да се симнеш додека стоиш“ (2011) и „Коцкасти луѓе во тетратка со коцки“ (2012). Третата книга, „Обоени приказни“, е во печатено издание и ги содржи најдобрите остварувања на Нина во периодот од 2009 до 2013 год.