Издавач: Капка | Илустрации: Нина Прља | 60 стр. | 11 см | ISBN 978608658390-3
„Букви, во збор!“ е плод на соработката помеѓу Капка и Нина Прља и претставува креативен обид за создавање оригинална и невообичаена игра на зборовите и нивна визуелизација. Секој термин може да има повеќе значења, зависно од тоа како се гледа на неговата структура, внатрешно, надворешно, во зависност од возраста на „читателот“, неговите познавања, потеклото и, во крајна линија, отвореноста кон прифаќањето нови идеи и концепти. Оваа книга е експеримент и повик кон понатамошно експериментирање на самите читатели, кои и самите можат да откријат нови и скриени значења на зборовите.