Издавач: Капка | Текст: Иван Прља / Илустрации: Нина Прља | 60 стр. | 11 см | ISBN 978608658390-3
„(Не)докажани приказни“ е заеднички труд на Иван Прља (2011) и Нина Прља (2005) во кој што Иван започнува некоја анегдота, забелешка или видување на светот, а Нина го визуелизира логичниот крај, или поставува прашање во визуелна форма кое што читателот треба да го одгатне. Ова е прв креативен ангажман на Иван Прља, а Нина Прља до сега има учествувано како коавтор или автор во книгите „Обоени приказни“ (Готен, 2013), Азбука на игранка (Капка, 2014) и Букви, во збор! (Капка, 2015).