1 час и 30 минути (2016)

Page 1



Издавачка куќа Готен Пролет 25, Скопје contact@gotenpublishing.com www.gotenpublishing.com За издавачот: Билјана Ставрова Алаѓозовска Уредник: Роберт Алаѓозовски Лектура: Дејан Василевски Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Арт и арт студио Батев, Визбегово, Скопје Тираж: 250 примероци

На страницата: http://gotenpublishing.com/bert2.html можете да најдете целосна листа и линкови за филмовите кои се споменуваат во книгава.


Берт Стајн

1 час и 30 минути Интимна историја на филмот од 1984 до 2004 година

Готен 2016



Сите личности кои што се појавуваат во ова дело се измислени. Секоја сличност со вистинските луѓе е случајна. Или не?...



1 час и 30 минути: пролог

7

ПРОЛОГ

Кадарот се отвора. Екстериер. Мејташ, Сараево - ден. Рани осумдесетти. Лево од нас поминува старица со кеси од локалната самопослуга, дедо со бастун и де­ војка со куса коса и руси високо кренати прамени во стилот на Мадона. Пред нас е старата синагога со симболите на Да­ви­ до­вата ѕвезда и Менората врз нејзината фасада. Поми­ нуваме покрај неа и влегуваме во улицата „Иван Цан­ кар“. Десно од нас е долгиот ѕид којшто ја дели улицата од дворот на основното училиште „Силвије Страхимир Крањчевиќ“. Протрчуваат неколку деца со ранчиња на грбот. Под дебелите капутчиња и јакни им ѕиркаат сини кецели. Се качуваме нагоре по улицата „Дрварска“. Дес­но од нас е Сарач-Исмаиловата џамија, една од најста­ рите на Балканот. Опкружени сме со детски џагор. Профрчуваат неколку санки проследени со смеа. Улицата е многу стрмна и на неа нема друг сообраќај. Едно дете се обидува да се спушти на сини пластични скии што се врзуваат за чизмите, но паѓа. На втората улица лево гледаме натпис „Џемила Крвавца“. Влезот


8

Берт Стајн

во улицата е толку тесен и накриво поставен што се чини невозможно таму, дури и летно време, да влезе автомобил. Кон средината на улицата, од нашата лева страна, гле­даме стара дрвена капија. Ја отвораме и се слуша чкрипење. Пред нас се наоѓа голем двор поплочен со ис­пакнати и заоблени камења, кои се наѕираат само на патеката каде што некој го исчистил снегот, големо оре­ово дрво сред дворот и од лево, стара куќа на два ката, со жолта испукана фасада. Влегуваме внатре. Темен и тесен ходник кој мириса на влага. Дрвени скали кои крцкаат при секој чекор. На крајот од ска­ лите, кон лево, има ходник. Десно голема соба која домаќините ја нарекуваат „црвена“ поради црвени­ те теписи и големите тешки бордо сомотски завеси. Продолжуваме право кон трпезаријата. Ја отвораме вратата и пред нас гледаме трпезариска маса, а до неа татко и син. Таткото има околу триесет и две години, а синот пет. Детето е облечено во пижама и има малку разбуша­ вена коса и линии од перницата врз лицето. Таткото е со­­сема обземен со отворањето и поврзувањето на една кутија која што е поставена до масата, врз едно столче. Синот е сѐ уште недоволно разбуден, што за него ја прави сцената уште почудна. Гледа вџашено. Таткото ја вклучува кутијата и од неа излегува сил­ на светлина која прави светол квадрат врз ѕидот од тр­ пезаријата. Отвора друга кутија и од неа вади круг со некаква лента која што виси од едната страна. Со ма­ гични движења го прикачува кругот за кутијата, ја вади лентата од него и ја намотува околу одредени места на кутијата. Стиска копче. Дејствието се одмотува...


1 час и 30 минути: пролог

9

Кругот почнува да се движи и ѕидот од трпезарија­ та ожи­вува. Рз Брзо­трз1, искрениот и по малку глу­пав коњ шериф, при­дру­­­­жен од мексиканско магаренце, не­го­виот заменик, заживува пред очите на детето. Детето го погледнува таткото небаре е магионичар. Мистеријата на тоа како светлината, лентата и ѕидот ја прават таа магија му го обзема духот, но не може да си дозволи да размислува премногу. Лентата набрзо за­ вршу­ва, а пред неговите очи веќе играат ликовите на Лале Гатор2 и Спиди Гонзалес3. Затемнување.

1 The Quick Draw McGraw Show (1959 и 1962), анимирана серија во продукција на Hanna-Barbera. 2 Wally Gator (1962–1963), еден од сегментите од The Hanna-Barbera New Cartoon Series. 3 Speedy Gonzales (1955-1980), анимиран карактер од серијата цртани на Warner Brothers Looney Tunes & Merrie Melodies.



1 час и 30 минути: осумдесетти

11

I

„Бал-Балтазар, Бал-Балтазар...“ ечи од телевизорот во трпезаријата една студена сараевска вечер, таа, олим­­писка 1984 година. Часот е 19:15 - време за цртан филм. Лудориите на Професорот Балтазар4 завршуваат, случајот е решен со размислување во ôд, едно „аха“, вклучување на машината, шарени бои и една капка од која излегува решението на проблемот. Доаѓа времето за неминовното. Гасење телевизор, облекување пи­жа­­ ми, миење заби, читање книга и спиење. Но, пред таа вечерна рутина време е за нешто поинакво - за инјек­ ција. Човекот којшто стои на вратата од трпезаријата со грбот кон спалната соба го прашува детето: „Подготвен си?“ Човекот е татко ми, и да, тој е доктор. Јас сум детето. Имам седум години, ангина од која што не можам да голтам, 40 степени целзиусови темпе­ ратура и немам мајка да ми ја симнува температурата. Излажав. Имам мајка, но не знам каде е. Имам и маќеа која што пред некој ден ја нареков „мамо“ и се почувствував виновно и чудно. Како да не го кажав тоа јас. Но, го кажав. 4 Profesor Baltazar (1967-1978), хрватска анимирана хумористична серија сни­мана во Загреб филм, која доживеала многу репризи во подоцнежните години.


12

Берт Стајн

Ја напуштаме маќеата и старата семејна куќа со жолти фасади, големото дрво сред дворот поплочен со камења и шупата од која што мојата сестра си ја „дуп­ нала“ главата занесено свирејќи на мала хармоника. Ги оставаме големите и дебели бордо теписи кои што мајка ми ги донела од Скопје, избрани и подарени на младенците од дедо ми, директор на претпријатие во Македонија, „непријателот на работниот народ и валканиот капиталист,“ како што би кажал дедо ми, и завесите со иста боја во „црвената соба“, темните ска­ ли со мирис на влажно дрво. Го оставаме во заборав и едното од моите први сеќавања во животот на сирена­ та која што ечеше на 4-ти мај 1980 по повод на смртта на Тито, токму на тие скали, кога имав речиси три го­ дини. „Почина другарот Тито.“5 Промена на местото на живеење за едно дете е про­ мена на еден цел универзум. Но, мојата вселена се има сменето веќе неколку пати. Веќе имам видено дрвја кои универзум значат во дворови од куќи, а од едно такво дрво пред станот каде што живеевме со мајка ми и се­ стра ми како кираџии по разводот на моите родители, сестра ми имаше паднато. Дрвото беше круша. Нов стан. Тука се дедо ми и баба ми. И татко ми. Ста­ нот, којшто дедо ми, како и секој чесен и пожртвуван првоборец и ветеран со дванаесет дупки од куршуми по телото од Втората Светска Војна, го има добиено, едвај нѐ собира, но јас не го забележувам тоа. Тука сме сите. Повторно лажам. Мајка ми и сестра ми ги нема. Дречливи хеланки, шарени волнени чорапи до ко­ лена, розови Bubble-double мастики за џвакање кои се 5 „Umro je drug Tito,“ познатата реченица ширум поранешна Југославија, од вес­тите на РТС на 4. мај 1980 година.


1 час и 30 минути: осумдесетти

13

дујат како балон и пукаат врз лицата на девојките. Тоа е едната Југославија, другата сме ние - мали, од студ згрчени, првачиња во сиви капутчиња и темни панта­ лони подуени од тврдите и боцкави хулахопки под нив кои што итаат на училиште и помеѓу нив јас со мојот ранец со беж боја и апликација на полжавче на него, и со задолжителен поглед во асфалтот. Дедо ми е со мене, а можеби и не е, можеби само го чувствувам неговото присуство до мене и ми се при­ чинува дека го слушам. „Внимавај каде одиш, не зборувај со никого, оди пра­­во во училиште и потоа право назад,“ ми вели со строг глас и јас го слушам, зашто не сакам да ме кид­ напира. Таа, мајка ми. Но, мајка ми не е криминалец, таа се бори за правно добиеното дете. Вистината е дека живеам со киднапе­ рите, но не го знам тоа. Некој тропа на вратата. „Брзо скриј се!“ вика дедо ми и со баба ми збору­ ваат нешто тивко и неразбирливо помеѓу себе. Не ги слу­шам и не ги гледам повеќе. Околу мене е темница и по­времено светнуваат молњи и удари силни како гром од кои што ми се чини дека се тресе целата згра­ да. Толку силно си ги стегам очите што во темницата гледам ѕвезди, ша­рени форми, зелени триаголници, црвени квадрати, сини точки, мали сон­ца... Некоја жена седи до мене, под трпезариската маса сум, се обидува до ме допре, но не ѝ давам. По еден час ме извлекува од таму. Го гледам лицето на една пријателка на татко ми. Не ѝ верувам. Не верувам ни­ кому. Нејзиното лице се затемнува и исчезнува во низа безлични ликови на жени од кои ни едната не е таа. Мојата мајка.


14

Берт Стајн

Кадарот се отвора. Детето ги крева рацете високо, а повредената нога ја свиткува во коленото, стоејќи на другата нога во позата „ударот на штркот“. Музиката е драматична. Судијата означува почеток. Кој го добие поенот е победник. Мускулестиот насилник од којшто детето бегаше целиот филм тргнува неминовно и неза­ пирливо како силата на злото откорната од природа­ та кон ненадејниот херој олицетворен во кршливото и слабо тело кое се воздигнува над себеси, над болката, над шансите - и победува. Моето друштво е екстатично. Ја отвораме вратата, оставајќи го плакатот Карате Кид6 зад нас, и исполнети со силата на ударот на штр­ кот, поминуваме покрај масата за билјард и детските цртежи закачени на паноата во Mес­ната заедница во општината Стари Град, улица „Лезо Пе­рера“. Погледи­ те фрчат, опасноста нè демне сите, че­ка­ме момент не­ кој да нè погледне или предизвика - и тогаш се случува. „Тепачка, тепачка!“ урлаат де­ца­та возбудено. Пос­ тарите се во првите редици, ние помалите се про­би­ ваме низ турканицата и гледаме. Филмот е готов и на неговото место стапува реал­ носта во која што детето, кое што иронично го нареку­ ваат Рамбо, збумбарува очигледно помало и видно ис­ плашено дете и му ја расце­пува главата. Во реал­носта секогаш победуваат насилниците. Ја отворам книгата со двајца каратисти во поза на борба на кори­ца­та и лого со стисната тупаница и вежбам. Ударот на штркот, одбрана на тигарот, поза на змејот... реалноста не е битна, нам децата ни се по­ требни соништата како што на возрасните им тре­баат парите. Уште испотен ја затворам книгата и ставам ка­ 6 The Karate Kid (1984), американски филм во режија John G. Avildsen со Ralph Macchio во главната улога


1 час и 30 минути: осумдесетти

15

сета во видео плеерот. Сам сум, мојот најдобар другар, Харе, не е со мене на вообичаената викенд-доза на филмови. Харе нема видео-плеер, ниту телевизор во боја. Кај него има стар црно-бел телевизор, но тој има родите­ ли. Двајца. Филмот е на англиски, без превод, не ги разбирам збо­ровите, но ги знам сите извици и вербализации на ду­хот и телото кои што значат чест, слобода, борба про­тив неправдата, воздигнување над поразот - и ги раз­бирам, добро ги разбирам. Гнездото на змејот7 ме маѓепсува со неговата музи­ ка која што на моменти ме потсетува на еден од моите оми­­лени цртани филмови Тарзан - кралот на џунглата8 и на неговиот извик од шпицата. Брус Ли вреска, скока и се бори со педесет противници, разоружувајќи ги си­ те, еден по еден. „Само нека ме нападнат ако смеат,“ по­ мис­лувам вртејќи ги нунчаките кои што ми ги подари дру­гарот на татко ми, шампионот во карате. „Брус Ли правел склекови на два прста,“ возбудено изјавува Ведо, едно од децата од нашата улица. „А кога тренирал, боксирал по бетон и шајки,“ до­ да­ва Харе. „И рацете си ги пикал во мраз и во струја,“ надопол­ нува трет. „И во струја,“ да не остане покус четврт. „Така станувал посилен и се челичел,“ заклучуваме. Соба за дежурни одде­лот за ОРЛ на државната клиника Кошево. Седам на креветот. Татко ми изле­­гува и 7 Enter the Dragon (1973), филм со боречки вештини од Хонг Конг во режија на Robert Clouse со Bruce Lee во главната улога 8 Tarzan, Lord of the Jungle (1976-1980), анимирана серија на Filmation studio за CBS.


16

Берт Стајн

останувам сам. Моите нежни детски раце ги боц­ка тврдото маслинесто-зелено војничко ќебе. Ми пре­чи мојата нежност. До мене масичка, наткасна и на неа ламба. Се обидувам да ја вклучам, но не успевам. Се спуштам на подот и гледам внатре. Нема светилка. „Што ако?...“ помислувам и веднаш знам што тре­ба да на­правам. Духот на Брус Ли ме обзема и без двоу­ме­ ње го пикам прстот во грлото од ламбата. Силен шок ми ја протресува раката и нагло се повлекувам назад на кре­ветот. Татко ми влегува со една медицинска се­ стра и ме прет­ставува. „Ова е син ми,“ вели, не ни погледнувајќи ме, а де­вој­ ката се насмевнува до­дека јас се обидувам да ја скри­јам болката. Муабетот продолжува помеѓу нив двај­цата и не ме забележуваат повеќе. Си ги тријам рацете зад грб прашувајќи се дали ќе забележаа да лежев мртов таму. Главниот актер од нашата омилена акциона серија На тајна задача9 загина на снимање. Носечката песна Holding Up for a Hero сепак останува, а нов херој игра на платното. Уште рано во животот сфаќам дека никој не е незаменлив. „Ако сè поминува, зошто тогаш да се радувам на убавите моменти?“ го прашувам татко ми, а тој, зафатен со дупчење на една од коските кои што ги чува во тегли со формалин во плакарот од мојата детска соба, и мага­ цин воедно, не ми обрнува внимание. Алатката со елек­ тромотор која што сам си ја имаше направено пишти како забарска дупчалка. На неговата посветеност на докторатот по медицина ѝ нема преседан. Мојата вер­ зија на стравот од смртта се повеќе се вкоренува во 9 Cover Up (1984-1985), американска акциона серија креирана од Glen A. Lar­son, со Jennifer O'Neill и Jon-Erik Hexum (подоцна Antony Hamilton) во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

17

мене како чувство на бесмисленост од минливоста. Тоа е проблем којшто нема решение. Фатен во недоумица дозна­вам дека баба ми е болна. Ќе помине? Детска соба. Сам. Си играм со еден мал црвен готвач од гума. Го викам со измислено име, Чинго. Иако е на­ правен од гума и не е поголем од пет сан­ти­метри, за мене готвачот е реален. Ми кажува за неговите аванту­ ри од непознатите земји и далеч­ните континенти. „Еднаш ме фатија домородци. Ме заробија и ме пик­ наа во казан со врела вода,“ Го слушаме внимателно со еден каубој со шапка на коњ, со Штрумфот Сезнајко10 и едно зелено војни­че. „Домородците знаат да бидат сурови,“ се согласува каубојот, а јас потврдувам со главата. „Успеав да избегам,“ продолжува готвачот, „но ко­жа­ та ми остана црвена од врелата вода,“ завршува и сите се смееме. Сепак, сите играчки и сите приказни на све­ тов не можат да ме задржат во затворот на домот. Надвор е слободата, царството на другарството, не­ скрот­ ливата игра, трчањето, паѓањето, лижење­ то на ра­ните и солениот вкус на крвта, кинењето на коричката пред да заздрави и целиот процес одново - сето тоа е жи­вот, а во мојот дом нема живот откако баба ми е во бол­ница. Сами сме со играчките. И ете го татко ми, повторно работи нешто, овој пат занаетчиски работи на балконот којшто го има прет­­­­ ворено во рабо­ тилница. Ме испрашува за на учи­ лиште, помеѓу купишта алати, струганици и маши­ни, а јас скришум читам, цела лекција, а потоа нечуј­но се извлекувам и се сместувам крај нашиот телеви­зор марка „Грундиг“. 10 De Smurfen (1981-1989), белгиско-американска анимирана серија.


18

Берт Стајн

Го даваат Полициска акаде­мија11, приказна за смо­ та­ните полицајци кои сер­вираат слика за едни сим­ па­ тични и неформални при­пад­ ници на законските орга­ни. Се смеам глас­но, без да сакам. Телевизорот е изгас­нат. Лагата продолжува. Во истата работилница сум, но овој пат со дедо ми, којшто со волшебни движења на рацете како мај­стор дрво делкач од една скршена рачка од чекан и парче дрво, со шрафови за нишан и окинувач, ми прави ми­ тра­лез. Подоцна во игра го вртам митралезот и се уди­ рам силно по главата. Бројам ѕвезди, токму како на цр­ тан филм. Затемнување. Тесна, темна соба. „Сакаш проповед или колан?“ ме прашува татко ми, секако не алудирајќи на религиоз­ ното значење на зборот, туку на начинот на којшто не­ говиот авторитет се поставува над мојата кршлива дет­ ска психа со мудри мисли и поуки за животот. И пази ако не слушаш! Веднаш ќе бидеш казнет со поправно плескање по главата, не пресилно, но сосе­ ма до­волно да ја здоболи глупавата глава однатре. Тоа се слу­чило многу пати досега, особено во ситуација на не­делен семеен ручек, да им ја покаже јасно моја­ та подредена положба на сите собрани. Но, денес не е недела и не ми е понудено поправно плескање по тилот како опција. „Колан,“ му кажувам како од пушка, без трошка дво­ умење и со мало прчење на усните, нешто што секогаш го правам кога длабоко размислувам за нешто или се бунтувам. Јасно е дека ќе боли, јасно како ден, но ако треба да трпам болка за што побрзо да се најдам на улицата и на слатката слобода, тогаш немам дилеми. 11 Police Academy (1984), американска комедија режирана од Hugh Wil­ son, дел од серијата седум филмови (1984-1994).


1 час и 30 минути: осумдесетти

19

Кога во следниот момент коланот го пара воздухот произведувајќи звук на шиштење и завршува врз мојот задник со невидена јачина, навистина доживувам вис­ тин­ско религиозно покајание. Што ли размислува таткото којшто го гледа на­сол­ зе­ното дете кое излегува од неговата соба без збор че­ шајќи си го газот и по неколку секунди, кога детето ги облекува патиките, тој веќе наѕира заборав на дет­ ското лице. Отклучувањето на бравата, отворањето на вра­та­та и полетноста на чекорот на детето сведочат за по­ра­зот на таткото. „Го гледаше ли Истребувачи на духови?“12 ме пре­че­ ку­ва Харе со неговата вообичаена заразна насмевка на лицето. „Да!“ се согласувам и заедно ја пееме носечката мелодија од филмот. Секако дека сум го гледал и се­ ка­ко дека знакчето со пречкртано духче од фил­мот за­се­когаш се врежа во мојата потсвест исто толку длабоко кол­ку правилото „не јади после дванаесет ча­ сот по полноќ“ од филмот Гремлини13, една поинаква пси­ходелична верзија на Пепелашка14 во која што сим­ патичните Могваи се претвораат во страшни мон­стру­ ми. Хорор-комедиите се како да јадеш шеќерна волна од која од устата ти тече крв. Страшно. Во собата на баба ми и дедо ми. Таа е во болница, дедо ми гледа телевизија во дневната соба. Лежам сам, но не 12 Ghostbusters (1984), американска хорор-комедија, режирана од Ivan Reitman, сценарио и главни улоги на Dan Aykroyd и Harold Ramis, со Bill Murray. 13 Gremlins (1984), американска хорор-комедија режирана од Joe Dante со Zach Galligan и Phoebe Cates во главната улога. 14 Cinderella (1950), американски анимиран музички филм продуциран од Walt Disney.


20

Берт Стајн

можам да заспијам. Огледалото за шминкање ме пла­ ши. Во темницата скриените нешта во плакарот ед­вај чекаат да излезат. Од дневната соба се слушаат реп­ лики и извици од филмот Давител против давител15, од којшто избегав. Филмот е стварност, ми се чини, реален на поинаков начин, но сепак опиплив. Не сум подготвен за темнините на човечката психа, моите кошмари за вештерката која што ме брка повтор­ но се будат, хаосот и злото сакаат да ме голтнат. Чере­ пите и коските во формалин во собата која што е до спалната воопшто не помагаат во целата работа. Мојата соба. Го гледам татко ми како напорно ра­ боти врз коските кои што некогаш биле исполнети со живот и се прашувам, како тој не се плаши? „Затоа што е посветен на работата!“ заклучувам. „И јас ќе се посветам на науката еден ден, ќе бидам на­ учник и ќе создадам нешто што ќе го смени светот!“ по­мислувам. Истовремено - светот безгрижно „џуска“ на зву­ци­те од филмот Футлуз16.

15 Davitelj protiv davitelja (1984), југословенски филм со елементи на коме­ дија и хорор, во режија на Slobodan Šijan со Taško Načić во главната улога. 16 Footloose (1984), американска музичка драма film режирана од Her­ bert Ross со Kevin Bacon во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

21

II

„Види го колку е убав,“ гордо ме гледа тетка ми, а јас сакам да си ја откорнам кожата од главата колку ме чеша. Гелот, боцките, војничката фризура, ми пре­ чи сѐ во тие три поими, ми фали мојата долга, неис­ чешлана и запуштена коса, а тетка ми прави сѐ за да личам на нејзиниот син, но неуспешно. Мојот братучед е надвор секоја вечер со друштвото. Тука завршува сличноста помеѓу нас. И јас сум надвор секоја вечер и секој ден, после училиште, „прв надвор, последен дома,“ како што знаат да кажат некои поста­ ри. Но, мојот братучед се фаќа за книга веднаш штом ќе дојде од училиште. Мојот братучед е првенец на гене­ра­цијата. Мојот тетин е директор во училиштето каде што учам јас. Второ одделение. Ја пееме „Рачунајте на нас“ од Ба­ лашевиќ на час по музичко. Иако е 1985-та го­ди­на, духот на Тито живее во нас, децата, посилно от­кол­ку порано. Со крајот на окото фаќам лик на едно де­војче кое ми се допаѓа. Ме погледнува и ми се нас­мевнува. Пеам силно, посилно: Sumnjaju neki da nosi nas pogrešan tok, jer slušamo ploče i sviramo rok. Al' negde u nama je bitaka plam,


22

Берт Стајн

i kažem vam, šta dobro znam: računajte na nas!17 Рокерски фризури - да! Мо­дер­ни романтичарски фризури а'ла Duran Duran - не. Сакам да бидам бунтов­ ник. Не можам да објаснам зошто, но тоа едноставно ме привлекува. На малото ста­ро касетофонче ги пре­ слушувам сите албуми на The Beatles кои што татко ми ги има снимено врз едни пор­то­ка­лови касети за учење англиски, и тие, заедно со звукот на гитарата, шуштењето на касетите, повре­ ме­ ното завивање на лентата, стануваат мојата прва му­зич­ка љубов. Со шмиргла и ножици си ги кинам фармерките и гордо ги носам на улица пред друштвото. Еден ден сла­ва. Следниот ден ги наоѓам дупките во скинатите пан­талони зашиени и покриени со шарени крпчиња. Дело на тетка ми, која во желбата да не ги негира мои­ те напливи на тоа да се вклопам во една супкултура, ме смес­тува во друга - кремците. Прво фризурата, сега и пан­талоните. Очите ми се насолзуваат, но не­ мам из­бор, морам да носам нешто во кино. Флеш Гордон18 беше првиот филм којшто го гледав во кино со татко ми. Јунакот леташе во вселенскиот брод со омилената девојка крај него, конечно спасени од ар­ мијата на злобниот Минг, олицетворение на ки­нес­киот империјализам. И токму тогаш јунакот посака да ја бак­ не хероината, го пушти управувачот и изгуби контрола над леталото. 17 „Некои мислат дека нѐ носи грешен тек, зашто слушаме плочи и свириме рок. Но некаде во нас е пламенот на битките, и ви велам, она што добро го знам: сметајте на нас!“(Стихови од песната, Računajte Na Nas! на групата Rani mraz од 1978 година.). 18 Flash Gordon (1980), британско-американски научно-фантастичен и акционен филм, заснован на истоимениот стрип на Alex Raymond. Филмот е во режија на Mike Hodges и со Sam J. Jones во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

23

„Остави ја, гледај каде возиш!“ возбудено викнав. Тат­­ко ми гласно се насмеа, заедно со неколку други луѓе од блиските седишта. Но, тогаш бев помал. „Сакаш пуканки?“ ме прашува татко ми и не чека од­ говор. Купува две кутиички. Крцкаме во темницата и на платното се појавуваат долги неспретни прсти кои како некој џиновски пајак се качуваат врз листовите на гр­ мушките. Проклети грмушки и нивните темници. Ме об­ лева бран на хорор и си ги покривам очите додека И-Ти19 полека ми го освојува срцето и се открива како симпати­ чен и пријателски расположен вонземјанин. Но, И-Ти за­ минува дома. Си ги кријам солзите пред татко ми, зашто ние машките не смееме да плачеме. Рез. Ентериер. Кино „Тесла“ - вечер. Лудиот Макс 320, ко­ неч­­но херој со којшто може да се поистоветам. Не ја сфа­ќам содржината, но ја разбирам борбата, уто­пи­ јата, изолираноста зашто го живеам тоа секој ден. Ние де­цата - против возрасните. Тие живеат за себе, а ние зае­дно, сплотени во желбата да ги надмудриме про­ на­оѓ­ аме секакви креативни решенија. Крадеме овошки. Се сместуваме на едно дрво во дворот на соседот на нашиот другар Јаско. Нè откри­ ва. Бегаме и го губиме пленот. Разочарани од тоа пра­ виме итен сос­та­нок. Јаско веднаш го презема зборот. „Ќе се качиме на црешата,“ почнува тој. „Во истиот двор?“ прашуваме збунето. „Да, но овој пат ќе влеземе на влезната врата и ќе му понудиме на стариот да му ја обереме црешата.“ 19 E.T. the Extra-Terrestrial (1982), американски научно-фантастичен филм, на Steven Spielberg со Henry Thomas и др. 20 Mad Max 3: Beyond Thunderdome (1985), австралиски постапокалиптичен акциски авантуристички филм режиран од George Miller и со Mel Gibson во главната улога.


24

Берт Стајн

„Па, не е луд човекот,“ се смееме. „Нормално, ќе му понудиме,“ продолжува непрече­но Јаско, „да му дадеме половина од пленот. Сите до­би­ваме!“ Ни се допаѓа. Тргнуваме во акција и сѐ тече по план. Соседот, човек во години којшто не може сам да ги бере црешите, веднаш и од сѐ срце се согласува. „Во неговата вреќа ставај повеќе лисја, а во нашата повеќе цреши,“ добивам упатство од Јаско додека ви­ си­ме на дрвото и ги кинеме зрелите црвени цреши. Тоа не ми се чини правилно, но го слу­шам. Постар е и по­­ паметен. Јас сум само неук чирак. Работата набрзо е за­ вр­шена, а бизнисот повеќе од успе­шен. Пленот се дели во друштвото. Се чувствуваме како Робин Худ21, повторно сме нашле начин да ги надмудриме постарите. И повторно. Продаваме бозел со Харе по зградите од маалото. Двајцата, недоволно итри, даваме чесно количество бозел, наспроти малку лисја. Но, и од че­ сен бизнис можеш да заработиш - колку за влезница за во кино - и тоа во вистинскиот момент. На средина помеѓу џамијата Врбањуша на врвот на ули­цата Логавина и Гази Хусрев беговата библиотека во Баш чаршија на нејзиното дно, се наоѓа кино смес­ те­но во Месната заедница Стари Град, кое што ние го нарекуваме едноставно „месна заедница.“ Таму се за­ познавме со ликовите на кунг-фу мајсторите Брус Ли и Џеки Чен, бестрашните Чарлс Бронсон и Чак Норис, смешните Бад Спенсер и Tеренс Хил, и безимените ка­ ра­тисти со црн појас петти дан кои ги совладуваат си­ те противници со една рака, летаат по дрвја или се су­ друваат со главниот анти-херој во зграда во која што 21 Robin Hood (1973), британско-американски анимиран филм продуциран од Walt Disney Productions.


1 час и 30 минути: осумдесетти

25

на секој кат има по една препрека. Но, денес за наши­ те детски очи и сетила дојде време за нов предизвик на фантазијата - Враќање во иднината22! Огромниот звучник експлодира од звукот на гита­ рата. Каква сцена! Возењето скирол потоа. Му нема рам­но. Со нозете се потпирам на мојот скирол, иако ич не наликува на тој на Марти Мекфлај, преголем е и пре­те­жок за маневрирање, има голема пластична коч­ ница со зелена флуоресцентна боја на задниот дел и тоа ми пречи. Скиролот на Марти нема кочница. Дрнкам на гитарата со моите неисечени нокти на десната рака - нужно за свирењето класична гитара. Веќе половина година одам на часови во нижото му­ зичко училиште, веднаш зад католичката катедрала во цен­та­рот на Сараево. Стара зграда со темни ходници со високи плафони. Таму го среќавам Вања, другарот од за­ба­виште, со неговата бушава виткана коса и по­гле­ дот којшто поминува низ другите деца. Во забавиште тој единствен доби единица за бое­ње цр­теж. Сите деца се трудеа да ја следат линијата на по­кривот додека го боеја со црвена боичка, само тој не­мар­но и безгрижно го избои покривот и половина од небото, без никакво вни­мание. Сега тој свири вио­ли­на и го сметаат за та­ лент. Јас не сум талент. Сега јас имам единица. „Животот е полн со ѕидови. Ти ќе одиш по патот, ќе го прескокнеш ѕидот и ќе продолжиш,“ му вели учите­ лот, двократен првак на Југославија во класична гита­ ра и пријател на татко ми, на детето кое што доаѓа на часови по гитара со мене и е посветен и добар ученик, „а ти ќе одиш долго време покрај ѕидот обидувајќи се 22 Back to the Future (1985), американска научно-фантастична авантура и комедија во режија на Robert Zemeckis со Michael J. Fox во главната улога.


26

Берт Стајн

да најдеш начин како да го заобиколиш“. Вториот сум, секако, јас. Живеам во мигот, немам план и визија за идни­­ната, немам упорност и истрајност. Затоа не се на­вре­дувам на коментарот на учителот по гитара. Длабоко во се­ беси знам дека е во право. За мене постои само мо­ ментот кога сум надвор, на улица, со другарите. Друго време и место не постои во мојот универзум. Местото каде што нашата улица прави остра кри­ ви­на и под неа продолжуваат големите скали кои во­дат кон улицата „Хајдук Вељкова“. Тоа е стапица за не­вни­ ма­телни возачи на велосипеди. Сите го знаеме тоа, би­ дејќи е навалена странично, а асфалтот на неа е лиз­гав како мраз. Кој знае колку пати сме паднале на тоа ме­ сто возејќи велосипед. Трес! Мојот Унис По­ни велосипед завршува на асфал­ тот. Ски­нати панталони, а под нив одрана кожа. „Добро ли си, дете?“ загрижено ме прашува еден старец. Ги спушта кесите од пазар и ме држи за рака „Да,“ процедувам низ заби, малку лут на него зашто сведочи на мојот пораз. „Во ред, не лути се, само прашувам.“ Старецот заминува, а јас го влечкам мојот велосипед со свиткани рачки и кривам до дома. Очите ми се на­ солзени, но ги стис­кам забите и не им давам на солзите да потечат. Машко сум, по ѓа­во­лите! После првиот момент во животот кога ќе си ја до­ ка­жеш храброста на себеси, мора да ја докажеш и на дру­гите. Ако ти работат сопирачките на велосипедот те сметаат за кукавица, просто и едноставно. Кочи со патиките, што се мислиш!? Ако немаш дупки во ѓонот од кочење - не те бива!


1 час и 30 минути: осумдесетти

27

Но, пред тоа, мораш да скинеш барем една сајла. Се возам по удолницата пред мојата зграда. Пред ме­не из­ летува маче. За среќа на мачето и за моја жал, сајлата на предното тркало уште добро функционира и ко­чењето е моментално. Додека летам во воздухот времето се забавува. Го гледам мачето, пукнатините на асфалтот, мои­те другари лево од мене како шутираат на гол. Ги гледам шевовите на топката. И тогаш темнина. Ги отворам очите дома. Лицето ми е крваво и не знам како сум стигнал таму. Имам чувство дека усните ми се сплескани. Повторно губам свест. Мојата реалност, која што понекогаш не се разлику­ ва од сон, продолжува во киното „Кумровец“ во насел­ бата Ото­ка и сцената на Шварци кој носи стебло со ед­ ната рака до­дека мускулот му се дуе, а во другата носи моторна пила. Музиката нѐ воведува во еден свет ис­ полнет со авантури и опасност во мисијата на барање на ќерка му која ја киднапирале лошите момци. Тие ќе платат со нив­ните животи - и тоа масовно - зашто тој е Командос23 и се бори сам против сите. Каква авантура! Авантурата е дел од нашиот секојдневен живот и би сакале да бараме скриено богатство како децата во филмот Гуниси24, но се задоволуваме со нашите лу­до­­ рии на велосипеди во стилот на И-ти. Ридот над Стоковната куќа „Сарајка“. Неколку мом­­ чиња со опасен поглед во очите и сцена од И-ти, кога децата на велосипеди го спа­суваат вонземјанинот, во мислите. 23 Commando (1985), американски акционен филм во режија на Mark L. Lester со Arnold Schwarzenegger во главната улога. 24 The Goonies (1985), американска авантура и комедија во режија на Richard Donner со Sean Astin, Josh Brolin, Jeff Cohen, Corey Feldman, Kerri Green, Martha Plimpton и Ke Huy Quan.


28

Берт Стајн

„Одиме,“ прашува Харе со решителност во очите. „Чекај,“ велам и си ги лепам лепенките на Симод па­ тиките. Проверка на кочници. Со индијански извици тргнуваме по ри­­дес­тиот пат исполнет со нерамнини и корења од дрвја. Издржува­ ме цврсто држејќи ги рачките кои што се тресат под уда­рите на корењата, нерамнините на земјата и каме­ њата. Слегуваме во подножјето на ридот, ги фрламе вело­ сипедите и се стрчуваме кон фонтаната да пиеме вода. Ја преминуваме улицата и пред „Скендерија“ сме, а таму издигната патека за качување со колички и вело­ сипеди која што ни служи како рампа. „До тука рипнав,“ вели еден од моите другари, Гре­ бо. „Јас до тука,“ покажува Харе дека рипнал подалеку. На мене е ред. Во близина на стоковната куќа е „Клубот на бор­ ци­те“, каде што дедо ми игра карти и повторно губи. Реал­носта на борците за слободата на Југославија од Втората Светска Војна не е воопшто роман­тична и е исполнета со алкохол, приказни за мина­тите славни денови, бочање и расправии за политиката. „Дупка во озонскиот слој!“ се зборува по сите меди­ уми и средби на комшивки на кафе кога задолжител­ но се врти шољата за да се предвиди иднината. Неум. Летен одмор. „Излези од вода, сонцето е опасно!“ Тоа вика тетка ми, која е вистински фрик по здрав­ је­то и секое утро пие чај со кафеав шеќер и јаде дво­ пек, но истовремено пуши како локомотива. Таа е наставник и со нејзиниот клас сме на одмор во Неум,


1 час и 30 минути: осумдесетти

29

единствениот приморски град којшто другите две ју­ гословенски републики дозволија да припаѓа на ку­ трата и измачена Босна. Но предоцна, грбот ми е веќе црвен и ме очекува мачна ноќ. „Седи мирен,“ ми вели додека ме мачка со сапун по грбот. Сапунот мириса одвратно, се суши и потоа ко­ жата боли уште повеќе. Таа, како и секој полнокрвен Југословен, сака да применува традиционални на­пра­ ви-сам лекови, како сапун и кисело млеко за изго­ре­ ни­ци од сонце. „Качуваш температура,“ ме бакнува по челото и мрда со главата. Знам што следи. За мене нема нешто поод­вратно од сце­на­рио за чорапи потопени во ладен оцет во кои што е изрендан компир врз нозе кои горат од температура. Чувството е благо наречено одврат­ но и може да се спореди само со вкусот на парчињата кромид или лук кои баба ми ги сецкаше и ги потопу­ ваше во млеко. „Да бидеш поздрав и да не се разболуваш постоја­ но,“ велеше. Колку и да ги мразев чорапите со оцет од кои што ова можеше да ме спаси, повеќе го мразев кромидот во млеко. Дилеми. И татко ми се грижи за здравјето. „Само ја дупну­ ваш корката од јајцето со игла и цицаш!“ ми покажува како се пие живо јајце. Јас повеќе го сакам во шоља матено со шеќер. Го сркам тоа чудо со лажичка како да е пудинг од чоколадо. Лапај јајце без гајле! Ние Ју­ гословените никогаш не се разболуваме од салмоне­ ла, нашата па­лента има мирис на пченка, гризот на вистинско браш­но, брашното на пченица, а пченицата на природа. Верува­ме во нашата храна, технологија и наука, како и во Тито, иако не е веќе со нас, неговиот


30

Берт Стајн

лик сѐ уште ги гледа сите работници, лекари, пекари или ученици од врамените слики над нивните глави. А на Запад, некоја Чудна наука25. Двајца другари прават совршена девојка со помош на компјутер и во него ги вне­суваат саканите ди­мен­зии и примери за убавина или памет во вид на исечоци од весници на манекенки и слики од научници. И на­висти­на - се роди вистинска мо­ма. Убава како манекенка, паметна како Ајнштајн! Но, понекогаш реалноста е почудна од фикцијата и еве зошто. Сцената се отвора. Камион преполн со пченица. Јас нуркам во неа речиси споулавен од возбуда. Во Ливно сме, гратче на границата на Босна со Хрватска, од каде што е родум тетин ми. Во пченицата има бубачки-ухо­ лазалки, ме предупредува тетка ми, а јас секако знам за митот дека тие сакаат да се напикаат во човечкото уво. „Во увото на детето влегла мушичка. Кога го доне­ соа кај нас во ушниот канал имаше јајца од му­шич­ ката,“ ми раскажува татко ми додека стојам пред огромно стакло зад кое се прикачени стотици пред­ ме­ти кои татко ми и неговите колеги од ОРЛ одделот на државната болница Кошево ги извадиле од ушите, носовите и грлата на деца и возрасни. Повеќето се коп­ чиња и џамлии, делчиња од колички и детски играч­ ки, но има и такви кои што ги надминуваат границите ду­ри и на детската фантазија, како еден федер. На мо­ ето чу­дење од глетката на овој предмет нема гра­ни­ци. Изгледа како да е федер од кауч. Се прашувам дали е амортизер од кола? Што и да е, се чини неверојатно тоа чудо да се нашло во нечие грло, а во мојата детска 25 Weird Science (1985), американска тинејџерска научно-фантастична комедија во режија на John Hughes и со Anthony Michael Hall, Ilan Mitch­ ell-Smith и Kelly Le Brock во главните улоги.


1 час и 30 минути: осумдесетти

31

глава - милиони приказни! Ливно. Кучето ме следи каде и да одам, на ливадата пред куќата, нагоре по ридот или подолу кон реката. Постојано скока по мене, а еднаш, од возбуда, ме гри­ цна за уво. Се појавува змија пред нас на камените ска­ ли кои водат кон ридот и кучето веднаш, како вистин­ ски пес чувар, се стрчува кон неа со 'ржење. Таа бега во грмушките, а кучето гордо се враќа покрај мене. Го викам Жучко и тој ми е најдобар пријател. Одиме заедно преку една ливада и наеднаш, како пороен дожд, илјадници скакулци врз нас. Трчаме, но веќе не знаеме каде. Овој пат Жучко не може да ме спа­ си. Ми се пикаат насекаде, под облеката, во уши­те, во очите. Некој ме крева и ме изнесува надвор од обла­кот зелени суштества со крилца и ноџиња кои ни­когаш не престануваат да се движат. Ги отворам очи­те. „Добар ли си?“ ме прашува женски глас. Ја пре­поз­ на­вам. Тетка ми ме држи во рацете додека солзите се сле­ваат по моето лице, валкано од сено и слама, земја и пот. Сепак плачам. Следното утро тетка ми ме буди и ми дава сте­ гач-потник за раката, бидејќи знае дека од сите спор­ тови нај­многу сакам тенис. Денес е мојот роденден и имам осум години.


32

Берт Стајн

III

Толку многу го сакам Жучко што не се вртам по ви­ кањето на тетка ми да се вратам внатре бидејќи ќе врне. Повторно сме во Ливно, на викенд. Пред некој ден, како што слушнавме на вести, експлодирала нуклеарката во Чернобил. Црни облаци на смртта. „Влегувај внатре!“ вика тетка ми. Се слушаат грмо­ те­вици. „Жучко!“ викам и помислувам на тоа како мо­ рам да го засолнам пред да почне да врне, но не можам да го најдам никаде. Да, емотивен сум, признавам, но никогаш на глас! Сите машки длабоко во себеси сакаат љубов и роман­ тика, но не постои сила на светот да нѐ натера да приз­ на­еме дека ни се допаѓа Топ Ган26. Го гледаме во киното „Кумровец“ и девојчињата лудуваат по Том Круз, дури и мојата симпатија од ули­цата, Јасна, а јас се правам луд на сето тоа. Не може да биде поинаку - тоа ја држи рам­ нотежата на односот поме­ѓу половите, нивното пре­ увеличување и нашето игно­рирање. Љубовни болки. Денес имаме писмена и мене ме боли стомак, заб, 26 Top Gun (1986), американска акциона драма во режија на Tony Scott со Tom Cruise во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

33

глава, што било... имам температура со жива загреана на светилката од мојата црвена столна ламба од работ­ ната маса, подучен од филмот И­-ти, и секогаш црвено­ то грло ми оди во прилог. Сонот за еден совршен Слободен ден на Ферис Булер27 се остварува - по ѓаволите со писме­на­та и школските маки! Уште да имам храброст да изле­зам, како Ферис. Наместо тоа останувам дома и си ја потопувам свеста во телевизискиот екран. Мигот ко­га главоболката навистина станува неиздржлива, а погле­дот заматен од целодневно блеење во кутијата која што зрачи е мигот на сознанието дека пре­мно­гу од што и да е, не е добро. Сабота. Болеста ми „поминала“. Станувам рано, ја­ дам на брзина, се облекувам и излетувам надвор - врв­ ки­те не ми се врза­ни, а косата ми е неисчешлана, кој знае дали сум ги измил забите, но едно е сигурно - Ха­ ре е дома и јас одам кај него. „Влези,“ ме пречекува ведро и со насмевка мајка му и јас послушно зачекорувам во дворот. Пред да вле­зам внатре застанувам кај желката, а мајка му на Харе знае за мојата рутина и ме остава таму. Нивниот двор е нај­ чудното нешто во мојата позната вселена. По влезна­ та врата еден дел како ходник е покриен со покрив, а потоа, пред да влезеш во куќата е откриен и таму, во тесната и мала бавча е желката која што тат­ко му пред некоја година ја нашол во шума. Сега е го­ле­ма, но и понатаму е бавна. Го барам Харе. Сигурно уште спие. Влегувам во куј­ на­та, а таму на подот, врз едно ќилимче клечи негова­ та нана, и ја спушта главата ниско, најниско и го допи­ 27 Ferris Bueller's Day Off (1986 ), американска комедија во режија на John Hughes со Matthew Broderick во главната улога.


34

Берт Стајн

ра по­дот со челото. На главата има шамија и очите ѝ се зат­во­рени. „Што ли размислува,“ се прашувам и се­то тоа ми се чини магично и недопирливо за мене. Неј­зи­ното стареч­ ко тело се движи ритмички, но ми се чини де­ка нејзиниот дух е на некое друго место каде што вла­дее совршен мир. Се појавува Харе и неговата насмевка ја осветлува старата куќа во која што никогаш нема доволно при­ род­на светлина. И тој е неисчешлан, но и двајцата сме подготвени за тоа што следува - собирањето на дру­ гите членови на друштвото и играта во која што на­ шите тела се немирни, а нашиот дух исполнет и „ми­ рен“, токму на оној мистичен и магичен начин. Тоа е нашето друштво, совршено сплотено и не­скр­ ш­ли­во. Надвор од нашата улица се тие, другите, би мо­­желе да бидат и вонземјани, Ејлиенс28 со разјапени че­­лусти кои сакаат да го колонизираат нашиот прос­ тор за играње... Но, ние сме подготвени да ја бра­ни­ ме нашата територија со тупаници, шипки, шишиња, бок­се­­рици, скакулци и ланци, но во реалноста се само пов­­ремените камења кои летаат од нашата улица на ри­дот кон другата во неговото подножје. Веднаш под моето основно училиште, „Силвије Страхимир Крањчевиќ“ се наоѓа Музејот на олимписки­ те игри. Меѓу другото, на ѕидовите се наоѓаат репро­ ду­ к­ циите на сликите преку кои се претставени олим­­­­писките спортови. Сликани со линии и бои кои асо­­цираат движење ми оставаат силен впе­чаток. Ми се чини дека магичните фигури во секој миг ќе изле­ зат од хартијата и ќе истрчаат на патеката за лизгање, 28 Aliens (1986), американски научно-фантастичен акционен хорор филм на James Cameron со Sigourney Weaver во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

35

на скокалницата или на патеката за боб. Но, 16-тите Олим­­писки игри во мојот град се веќе минато. „Седни“, ми вели татко ми и влегувам во нашата зе­ ле­­на Лада Рива. Тргнуваме. Седам на совозачкото се­ диште - зошто да не! 1986 година е и полицијата има позначајни работи отколку да внимава на девет го­ диш­ни деца на предното седиште. Свири нешто од U2. Тат­ко ми носи темни очила и ја превртува чеп­кал­ката во устата како Кобра29, ја крши на половина со јазикот поме­ѓу забите и скршената половинка ја пика во решет­­ ката од парно­то, до другите десетици остатоци од чеп­ калки. Другата половина ја задржува во устата и про­дол­ жува да ми ја раскажува приказната без крај за тоа како морам да учам ако сакам да успеам во животот. Тој ги сака филмовите како Бети Блу30 или Вод31, а јас не ги разбирам. И не е до тоа што ги подѕирнувам скриен зад вратата од трпезаријата или зад фотелјата во дневната соба, туку затоа што сексуалноста, страс­ та, омразата или војната се далечни поими за едно детство преокупирано само со играта. Војната за мене надвор од светот на Рамбо 232, не е присутна во нашето секојдневие. Далеку пострашен е филмот Мува33 кој толку ме потресува што не можам 29 Cobra (1986), американски акционен филм во режија на George P. Cosmatos и сценарио (и главна улога) на Sylvester Stallone. 30 37° 2 le matin или Betty Blue (1986), француски филм во режија на Jean-Jacques Beineix со Béatrice Dalle во главната улога. 31 Platoon (1986), американски воен филм во режија и по сценарио на Oliver Stone со Tom Berenger, Willem Dafoe и Charlie Sheen во главните улоги. 32 Rambo: First Blood Part II (1985), американски акционен филм во режија на George P. Cosmatos со Sylvester Stallone во главната улога. 33 The Fly (1986), американски научно-фантастичен хорор филм во режија на David Cronenberg со Jeff Goldblum во главната улога.


36

Берт Стајн

да спијам со ноќи. Мутираниот човек-мува којшто пов­раќа киселина е премногу за една детска свест. Возбуда и страв. Халеева комета! „Кометите носат болести,“ велеше баба ми. Про­ пуш­там да ја видам на небото, како да се плашам дека ќе ми влезе некоја честичка од неа во окото и ќе ме зарази. Изгледа дека ќе морам да чекам седумдесет и шест години за да ја видам повторно. Ме прогонува чувство на незадоволство и разочарување. Заспивам. Ноќ. Дожд. Авто-стопер. Знаци на опасност. Филмот Авто-стопер34 не се сфаќа сериозно кај нас во Југославија. Ран­чето на грб и патувај „од Вардара па до Триглава“! Темницата и нејзините форми кои се менуваат од обични во страшни, лифтовите во кои се заглавуваат деца или губат раце во процепот помеѓу зградата и вратата или подруми каде што демнеат чудовишта. Се плашам од сите овие нешта, но најмногу од тоа да не се измокрам во кревет пред моите другари. Летен одмор. Бечиќи, со деца од училиште. Татко ми ме пушта прв пат да одам сам. Кампуваме во приколки. „Каде одиш?“ ме прашува детето што спие над ме­ не на креветот поставен до задниот прозорец од при­ кол­ката за пет деца. „Не ми се спие,“ ја отворам вратата. Ноќ е. Целиот камп спие. Излегувам од приколката и се упатувам кон јавниот тоалет. Од грмушки ме ѕиркаат секакви се­ништа. Во тоалетот е уште полошо. Кап-кап, чкрипклик... секакви звуци ми ги креваат влакната толку многу што кожата почнува да ме боли. Утро. „Се измоча! Ха-ха, какво бебе!“ го исмеваат 34 The Hitcher (1986), американски хорор филм во режија на Robert Har­ mon со Rutger Hauer во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

37

детето кое што спие на големиот кревет. Сега сите тројца од големиот кревет немаат каде да спијат. Систематски му ја вадат душата на детето кое седи стуткано во еден ќош, со рацете помеѓу нозете и не им враќа. По лицето му се слеваат солзи. „Зошто не негира? Нека лаже - му се истурил сок... Зошто не се бори? Зошто молчи?“ се прашувам. За среќа, тоа не ми се случува мене. Но, и да бев јас, немаше да молчам, знам. Им одговарам на повозрасни­ те, дрзок сум и горд. Едно од помалите деца почнува да ме задева, ни самиот не знам зошто. Можеби затоа што реагирам премногу на секоја провокација. Му се заканувам, а тој бега. Таа игра продолжува со денови. Ме вади од кожа и се фаќам себеси како мечтаам за мо­ ментот кога ќе го фатам, но секој пат го спасува некој наставник или едноставно ми бега пред да го стигнам. „Само да го фатам, кожата ќе му ја одерам со нож!“ по­­мис­лувам бесно. Рез. Њујоршка бетонска џунгла. „Тоа чудо го викаш нож?“ вели симпатичниот ав­стра­­лијанец во „Крокодилот“ Данди35 којшто за прв пат до­аѓа во и се соочува со, се разбира, црнечка банда и нивниот нож скакулец, ва­ дејќи го својот војнички нож. Бандата се разбегува. Рамбо го измачуваат со сличен нож - всушност, не­ го­вата гордост од нож - во Рамбо 2, во мисија која што од Америка се сели во другите краишта од светот исто како и американската надворешна политика. И додека светот турка нап­ред со првите и-мејлови, првите ИБМ лаптопови и 386-ки од Intel, а Мајк Тајсон станува најмлад Свет­ски шампион во тешка катего­ 35 "Crocodile" Dundee (1986), австралиска комедија со Paul Hogan во главната улога.


38

Берт Стајн

рија, во Сараево е орга­ни­зиран првиот Светски саем на науката и технологијата. На вратата ме пречекува видео со човек инвалид без нозе којшто игра кошарка со роботски нозе, а на еден постамент има вештачка рака која што изгле­да како вистинска. Ја допирам. Гума. Хит се наелек­ тризираните топки коишто пушта­ ат молњи кон твојата рака кога ќе ги допреш и игрите на меморија со зву­ци и копчиња во боја, а во еден дел има мала само­послуга и каса на која што една касиерка ги поминува произ­­водите со апарат којшто личи на фејзер од научно-фантастичната серија Ѕвездени патеки36. Ид­ нината е дојдена и кај нас и таа е на дофат на мојата рака. Ме интересира науката и научната фантасти­ ка. Ауто­мен37 во истоимената серија има автомобил којшто фаќа кривини од 90 степени како од шега, а хе­ро­јот чита книга за неколку секунди, што ние, уче­ ниците, веднаш го посакуваме. Тој има одело кое све­ ти со неонски-сина светлина и руса коса која се вее на ветрот на фантазијата. Но, реалноста на науката е некогаш и сурова - Челинџер експлодира и носи седум млади животи. Се враќаме на: Летен одмор. Бечиќи. Еден од мојата приколка го фа­ ќа детето кое што упо­­рно и немилосрдно ме задеваше со денови. Конеч­но, прилика за одмазда! „Брзо, го фатив, брзо!“ вика по мене. Тој се обидува да избе­га. Се затрчувам кон него. Де­ тето се витка, прета и во мо­ментот кога замавнувам со 36 Star Trek, американска научно-фантастична серија на Gene Rodden­ berry. 37 Automan (1983-1984), американска научно-фантастична серија со суперхерој на Glen A. Larson.


1 час и 30 минути: осумдесетти

39

нога, тој е свртен со лицето кон подот. Мојата патика завршува на неговото лице. „Бам!“ Уда­рот е тап. Крвта веднаш почнува да шика како од чешма. Момент на зачуденост. Сите сме во небра­ но. Тој, друштвото, јас. Детето се фаќа за носот, врес­ нува во плач и заминува. Победник. Поразен. Друштвото мол­чи. Сите ме гле­ даат. Ако вака се чувствуваат побед­ниците, воопшто не е убаво. Одмаздата ни­когаш не ја пополну­ва праз­ нината, никогаш. Во пре­ос­танатите денови на одмо­ рот детето избегнува да ме пог­ледне од страв. Казнет сум од наставниците, но не објаснувам зошто го сто­ рив тоа. Само го тргам погледот од срам. Време е за забава! Оливер Млакар ни посакува добре­дојде во волшебниот свет на Квискотека38. Не­ кој дрво­делец од некое српско село пратил фигура на Квиско од дрво, а баба од друго хрватско село направи­ ла гоблен од истиот омилен лик. Ја сакам играта асо­ цијации и игра­та на откривање на скриена личност. Дедо ми вади тутун од голема тегла, го става во лив­ че, го витка, го лиже и прави цигара. Отвора мала тор­ бичка од кожа и како магионичар вади две камчиња со црвено-црни нијанси и става нешто што мириса на дрво или пе­чурка на едното од нив. Замавнува неколку пати со другото камче и летаат искри. Почнува да чади. Ја допира цига­рата до жарчето и таа се пали. Цигарата ја става во цев­че кое е поврзано со еден сад во којшто има вода. Од топ­ката излегува долга цевка и дедо ми повлекува од неа. „Тоа се вика наргиле,“ ми објаснува. Од неговата уста излегува чад и магијата е комплетна. Сега можеме, со 38 Kviskoteka (1980-1995), популарен квиз на општо знаење на ТВ Загреб.


40

Берт Стајн

остатокот од Југославија, заковани пред екраните, да погодуваме кој е вистинскиот лик во квизот, тој под А, Б или Ц. Навистина не би сакале да правиме ништо друго во моментов освен да бидеме пред телевизор. Во вистинскиот дух на глобализмот, ги сакаме и про­долженијата на Карате Кид39 и Полициска академија40, се­когаш подготвени за боречки вештини и ак­ ција или за откачените полицајци и смеа во нашето кино, во сабота претпладне, пред да започнат лудори­ ите на улицата. Малите детски глави ни се полнат со фан­тас­тични сценарија за тоа како учиме карате или ги совладуваме криминалците. Но, ги гледаме и домашните серии како Смоговци41 или Сиви дом42. Смоговци се супер, иако... „Што се исплаши?“ ме прашува татко ми. „Детето во Смоговци. Беше покриено целото со влакна, лицето и телото. Како чудовиште,“ му ка­ жувам. „Но, знам дека тоа не може да биде вистина, нели?“ сакам да му покажам де­ка сум храбар и сум на­ учил нешто од него. „Всушност, тоа постои. Се вика хипертрихиоза,“ ми одговара тој. Некогаш посакувам да ме утеши, на­мес­ то секогаш да биде реален. Но, тој е научник. Сиви дом ме плаши со поинаков страв отколку Смо39 The Karate Kid, Part II (1986), американска драма со боречки вештини во режија на John G. Avildsen со Ralph Macchio во главната улога. 40 Police Academy 3: Back in Training (1986), американска комедија во режија на Jerry Paris. 41 Smogovci (1982-1997), хрватска хумористично-драмска серија. Автор на серијата е Hrvoje Hitrec, со Ivica Zadro, Tomislav Štriga и други во главните улоги. 42 Sivi dom (1986), југословенска телевизиска серија во режија на Darko Bajic по сценарио на Gordan Mihic.


1 час и 30 минути: осумдесетти

41

говци - деца заробени во су­ро­виот свет без родители, без заштита. „Што ако и тој исчезне од мојот живот?“ се пра­шу­ вам. Секако, колку и да изгледа неверојатна, таа мож­ ност постои. По еден родител, да изгубиш и друг. Но, светот на моето друштво не е суров. Затоа по­ веќе ги сакаме нештата кои ни се препознатливи од реалноста, како стриповите со авантурите на Алан Форд или Загор, шегите или несериозноста на цртани­ те од народи блиски на нас, како Баљум-Баљум43 или Густав44. Гло­­­­бализација е ло­ка­­лизација. Замисли свет во којшто младите лудуваат по Walk Like an Egyptian на The Bangles, а научниците го започ­ ну­ваат Human Genome Project со намера да го мапи­раат целиот човечки геном. Тоа е напредок, тоа е Аме­рика! Станување рано, возење два часа до работа, за­ми­ нување доцна, враќање дома во 8 часот навечер. Ра­бо­ тата е семејство е работа. Кај нас. 15.30 часот. Семејството е дома. Социјализам.

IV

"Now I've had the time of my life. No I never felt like this before..." 43 La Linea (1971-1986), италијанска анимирана серија на аниматорот Osvaldo Cavandoli. 44 Gustav (1961-1977), унгарска серија на анимирани филмови.


42

Берт Стајн

Валкан танц45. Сите девојчиња се затрескани во Па­ трик Свејзи и сите момчиња го презираат овој филм. А танцот, по ѓаволите, што е со танцувањето? Ние децата ни­ко­гаш не го правиме тоа, па зошто воопшто некој би са­кал да се движи на музика? Лажам. На роденден на Гребо сме. Во ходникот детски пати­ ки и чевли како мали војничиња. Децата се насобрани во дневната соба. Музика. I Wanna Dance With Somebody на Витни Хјустон. Некои деца играат, јас одбивам со резиг­ нирано пикање соленки и кока-кола во устата. Сеедно. Сѐ додека во киното „Месна заедница“ го даваат Пре­ да­тор46 и мус­ку­лестите момци победуваат во борбата против все­ленската инвазија, светот е во рам­нотежа. „Ти си бил едно гадно копиле,“ му вели Шварци на вон­земјанинот пред да го прати назад кај неговиот соз­­дател, кој и да бил тој. Шварци е мачо тип, сепак за мене најголем мачо тип е татко ми. Ја соблекува маицата и ги стега мускулите. Се закачувам на неговата рака и висам, а тој се смее. Tој е кул татко, сепак не е како Сталоне во Пресметка47. Би сакал мојот татко да ме носи по неговите патувања како што камионџијата Сталоне го носи неговиот син во лудите авантури и на борбите со рака, кои татко ми ги вика „тута-мута“. Кој е посилен? На улицата. Еднаш годишно организираме натпре­ вар во десет спортски дис­ци­плини којшто го нареку­ ваме „Де­­кат­лон“. Имаме рек­визити, обележани старт­ ни и цел­­ни линии, па ду­ри и навивачки, слатката Јасна 45 Dirty Dancing (1987), американска романтична драма во режија на Emile Ardolino со Patrick Swayze и Jennifer Grey во главните улоги. 46 Predator (1987), американска научно-фантастичен акционен филм во режија на John McTiernan со Arnold Schwarzenegger во главната улога. 47 Over the Top (1987), спортска драма со Sylvester Stallone.


1 час и 30 минути: осумдесетти

43

и Гер­­ман­ката Мила. Де­вој­чето коешто ги сака книгите по­веќе отколку дру­гарите е над нашите прими­тивни од­ме­рувања на силата. Имаме помеѓу осум и двана­ есет годи­ни и сѐ што сакаме е да докажеме де­ка сме подобри од дру­гиот до нас. „Види ја оваа,“ Ведо носи една гранка, но Махер, најинвентивниот во друштвото, веќе пронашол совр­ шено права гранка за копје и ја остри. Навивачките врескаат кога го фрлам копјето најда­ леку, а првото место во фрлање камен од рамо, наша­ та верзија на фрлање ѓуле, ми бега за влакно. Побе­ ден сум од Деба, најсилниот во друштвото. Во спринт сум добар, ама во маратон не. Трчаме три пати околу маалото, по „Лезо Перера“, нагоре по „Христо Ботев“ и назад. Скокаме од место, во далечина, преку стап, трос­кок и се 'рваме. Денот изминува и друштвото е исцрпено, утре нè чека натпревар во тенис. Домашниот спорт останува без тенисерката Мони­ ка Се­леш која заминува во странство и ја остава својата татковина без еден талент којшто тре­ба да успее таму некаде, во белиот свет, далеку од сините униформи, а поблиску до розовите 80-ти, и она што е битно - ха­вај­ ските кошули, широките панталони, темните очила и злат­ни­те ланци од Пороците од Мајами48. Да, сега е возбудливо време! Зад нашите згради има па­динка каде што постојано ги губиме топчиња­ та, а по­натаму неколку куќи, дворови, огради, и еден го­лем ѕид. Тоа е почетокот на нашата „Патека на смрт­ та“, инс­пи­рирана од филмот Изеди ја праската49, каде што храбрите мо­торџии ѝ пркосат на гравитацијата 48 Miami Vice (1984–1990), американска криминалистичка серија на An­ thony Yerkovich со Don Johnson и Philip Michael Thomas. 49 Eat the Peach (1986), британско-ирска комедија на Peter Ormrod.


44

Берт Стајн

возејќи мотори по т.н. „Ѕидот на смртта“. Ако си член од друштвото мо­ра да ја изодиш патеката од почето­ кот, инаку си кукавица. Ѕидот е направен од камења пред кој знае колку децении, а можеби и векови. Ги пи­ кам прстите помеѓу камењата и се ис­ка­чувам нагоре во непознатото. „Ќе паднам,“ вреска Јасна, а Глава ја задева. Тој е главен во друштвото и има право на тоа. Соседите нѐ откриваат и патеката е осудена на пропаст. Воз­бу­дата за нескротливата, чиста и неоптеретена со сек­су­ал­ ност игра замира. Доаѓаат пои­нак­ви вре­ми­ња. Мојот омилен цртан филм е Хи-Мен50, господарот на вселената, а сега - и долгометражен филм Господари на вселената51! Го молам татко ми да го гледаме во кино. „Химен,“ повторува девојката на татко ми, една ви­ сока црнка, десетина години постара од мене, со смеа. Имам десет години, не сум толку мал, и знам што зна­ чи тоа, но сепак се работи за најголема мистерија во вселената за мене. Кадарот се отвора. Лизгачката Катерина Вит во неј­ зи­ната кожена јакна и кожени панталони го освоју­ ва Ев­роп­ското првенство во нашиот град. Повторно успех, по Олим­писките игри во Сараево. Сите сме за­ љу­бени во неа, ја посакуваме, како што нашата земја ја посакува економската стабилност. Таа е мојата прва „ек­ранска љубов“. Со сексуалноста доаѓаат и поинаквите стравови. Улицата лу­ду­ва по Ла Бамба52 и звуците од главната 50 He-Man and the Masters of the Universe (1983-1985), американска анимирана серија. 51 Masters of the Universe (1987), американски акционен фантастичен филм режиран од Gary Goddard и со Dolph Lundgren во главната улога. 52 La Bamba (1987), американски биографски филм во режија на Luis


1 час и 30 минути: осумдесетти

45

пес­на се слушаат од секоја зграда. Учам една работа од овој филм - авионите се нешто од што треба да се плашиш. Стравот се менува во моментот кога детето почнува да станува возрасен и мора да се докажува во светот, има одговорности пред себе, наместо неод­ре­ дена беско­нечност на играта. Гледам долу од врвот на 18-катницата на тетка ми. Пред мене е жолто-кафената река Миљацка, зад неа ри­ дови, а под мене луѓе, мали како мравки. Помеѓу мене и нив тенка и ниска 'рѓосана ограда која што се чини ќе пукне во секој миг. Ми се пресекуваат нозете и се повле­ кувам поназад кон тетка ми која што простира алишта. Со братучед ми се возиме со стариот лифт кон вто­ риот кат каде што живеат тетка ми и тетин ми. Лиф­тот нема внат­решни врати и сѐ што се гледа се зе­ле­ни­те врати од катовите кои поминуваат пред нас, а по­меѓу нив сту­дените сиви бетонски плочи извалкани од вре­ мето и ис­чкрт­ани од непослушни деца. „Едно дете,“ како да ми ги чита мислите братучед ми „пикнало рака во процепот и лифтот му ја собрал цела, останал без рака.“ Ме совла­дува бран на хорор. Лифтот застанува над ни­вото на катот и вратата не сака да се отвори. Хо­ро­ рот расте. Братучед ми скока и лифтот се по­мес­тува. Успе­ва да ја отвори вратата. „Последен пат вле­гувам во таа смртна стапица,“ си ветувам. На машините не мо­же да им се верува. Секако, со исклучок на Робокоп53. Киното „Први мај“ заблескува со невидена светлина дотогаш, а ние учи­ ме за иднината во која што машината и човекот ќе ста­ Valdez со Lou Diamond Phillips во главната улога. 53 RoboCop (1987), американски киберпанк акциски филм на Paul Verho­ even со Peter Weller.


46

Берт Стајн

нат едно, но сепак човечкото е појако, подобро и пов­ ред­но. Освен кога станува збор за некои луѓе. Белокосецот и Црвенокожецот се нашите главни не­при­јатели помеѓу возрасните. На двајцата дедовци пос­то­јано им пречи детската врева, а нам ни се чини дека им пречи постоењето на нешто весело, под­вижно и пол­но со енергија. Се санкаме со Харе и Бело­косецот не­­колку пати нѐ опоменува. Но, играта е премногу воз­­ будлива за да можеме да се откажеме туку така. На­ед­ наш старечка рака со непредвидлива јачина ја фаќа санката, ние паѓаме, а тој ја треснува санката од асфал­ тот. Снегот се распрснува и сан­ката е скршена. Со­нот за еден совршен зимски ден што­туку стана кош­мар. Едноставно не ги разбирам возрасните! Гризли Адамс54 е олицетворение на сѐ она што би сакале да би­деме ние машките. Храбар, силен, пријател на при­ родата и животните. Исто како и Дејвид Белами со неговата серија документарци наречена Ботанички човек55. Вистински маж којшто не се плаши да допира се­как­ви жаби, полжави и други лигави суштества или да влезе во кал до вратот валкајќи ја неговата омилена светло-сина кошула со куси ракави и белите шорцеви. Так­ва возбуда од науката ни предизвикува само се­ри­ јата документарци Опстанок56. Возбудливата му­зи­ка, земјиниот глобус, Африка и снимка од слон. Не­за­бо­ рав­но. Штом видиш „Anglia presents“ или „Тha­mes Tele­ vi­­sion“ како се крева од водата на реката Темза, знаеш де­ка е време за учење, и тоа со забава! Од Опстанок 54 The Life and Times of Grizzly Adams (1977–1978), американска серија на Charles E. Sellier со Dan Haggerty. 55 Botanic man (1978), британска документарна серија напишана и презентирана од David Bellamy. 56 The World of Survival (1971–1977), британска документарна серија.


1 час и 30 минути: осумдесетти

47

учи­ме повеќе за животните отколку од учи­лиште и од здодевните книги. Животните се како нас, сакаат иг­ра. Секој месец спасуваме ново маче или куче, ги кри­еме по подруми, крадеме ќебенца, крпи и весници од дома. Овој пат е едно мало бело кутре кое што сѐ уш­те е слепо. Ѝ го донесе Глава, веројатно за да ја им­пре­сионира, но не размисли дека така го одделува од мај­ка­та. „Не сака да пие млеко,“ се жали Јасна. „Можеби да му дадеме со цуцла,“ Глава веднаш на­ оѓа решение и цуцлата е купена, а кутрето задо­вол­но цица. Сепак умира, сите наши животин­чиња секогаш не­ ми­новно умираат, од студ, од глад, од тага по мајките, од удар од ѕид. Да, има и такви деца кои што знаат да фатат мач­ка и да ја завртат во воздухот, да ја треснат од ѕид, или да врзат петарди за кученце и да ги запа­ лат. Тие се едноставно злобни и, за мене, не се дел од нашето друштво. Сакам да бидам Мел Гибсон, а не некој од лошите типови од Смртоносно оружје57, зашто добрите момци секогаш по­­бе­дуваат и лудо се забавуваат кршејќи ги правилата. Тоа ми се допаѓа. Светлата во киното се затемнуваат... Кадарот се отвора. Со татко ми сум на одмор, на „наше море“, поточно во одморалиштето за ши­ро­ките народни маси од повисока средна класа на црно­гор­ското при­ морје, Будва. По ру­че­кот седнувам во холот пред теле­ визорот околу кој се насобрани не­ко­лку воз­ра­сни луѓе. Почнува реклама. Една жена на фабричка лента лепи ку­тии и пее: „Kukavica kuka, meni je od tog muka. 57 Lethal Weapon (1987), американски полициски акционен филм во режија на Richard Donner со Mel Gibson и Danny Glover во главни улоги.


48

Берт Стајн

La-la-la...“. Човекот до „пејачката“ се грчи, на гра­ница на трпение заради грозното пеење, но добива идеја. Наед­ наш - оп! Фластер преку уста. “Saniteks, lepi i nemoguće stvari.”58 Додека се смееме по­глед­нувам лево од мене каде што седи еден странец, чи­нам Гер­манец, кој се смее со нас. Но, неговата смеа е пои­наква од нашата. Во неа има доза презир. Престанувам да се смеам, но нема време за сериозност - морето е на чекор до мене! Времето лета кога си дете. Веќе е Нова година. Татко ми влегува во мојата соба. „Облечи се, одиме надвор,“ брзо изјавува и ја затвора вратата. Излегувам од собата, ме фаќа за рака и изле­гу­ ва­ме надвор на снегот. Што ли згрешив сега? Се наоѓаме на улицата „Васо Мискин“. Насекаде око­­ лу нас пука, свири, прска и светка. Татко ми сè уш­те ме држи за раката и се туркаме помеѓу редиците тез­ги и кутии врз кои се наредени новогодишни капи, пи­ра­ терија, украси и други светкави нешта. Сѐ уште не раз­ би­рам што сака од мене. Застануваме пред една тезга пре­полна со секакви петарди. „Земи што сакаш,“ ми вели татко ми. Не можам да поверувам. Трите волшебни зборови кои ги изговара на­ед­наш ме преместуваат во магичен свет на нео­гра­ ни­чени можности. Не знам од каде да почнам... Ги пукаме ракетите, потоа сви­реч­ките петарди и тие што се вртат на под и светкаат, по­тоа петардите со раз­на јачина, од малите кои пукаат, до големите кои експлодираат. Се чини дека на забавата ѝ нема крај. Со Харе сум и, секако, не помислувам на тоа како оваа 58 „Кукавицата кука, мене ми лоши од таа врева...“ и „Санитекс, лепи и невозможни работи,“ песна и слоган од реклама за фластери од Санитекс, производител на медицински, санитетски и хигиенски производи со седиште во Велика Кладуша, БиХ.


1 час и 30 минути: осумдесетти

49

Нова година е и негова колку што е и моја, бидејќи не­ говиот татко не му дозволува да купува петарди, иако секогаш е добар со него и му попушта на неговите по­ некогаш бес­ми­сле­ни барања, како на пример тоа да му ги избричи ра­цете за да му се згуснат влакната. Харе сака да биде влак­нест како возрасните мажи. Сакаме предвреме да пораснеме, како и сите деца... се­ како, има исклучоци. Последниот кинески цар59 е епска при­каз­на за едно такво дете. Дете цар. Не­­ограничени мож­ности, но и бескрајна одговорност. Замисли да имаш толкава моќ. Што би правел со неа? Се разбира, јас би посакал бескрајно многу топки. „Го прашале мудрецот,“ ми раскажува тетин ми, „којшто му помогнал на кралот, да посака било што за награда. Тој одговорил дека сака зрна жито колку што има полиња на шаховската табла, со тоа што за секое по­ле да добие двојно повеќе отколку на претходното. Кра­лот му кажал дека може да посака злато, свила и скапоцени камења, а тој бира жи­то? Мудрецот потвр­ дил,“ тетин ми продолжи со насмевка. „Кога избројале колку жито треба да му дадат, сфатиле дека немаат толку ни во целото крал­ст­во.“ И додека зрната жито се мешаат со бесконечните топ­­ки во мојата свест, повторно сонувам топ­чи­ња за те­нис, ги наоѓам секаде и не можам да се заситам, на мо­јата среќа ѝ нема граница и тогаш - будење. Су­ро­ва ре­ал­ност во која дедо ми се враќа од Клубот на бор­ ците повторно со отровен здив, се расправаат со татко ми, овој излегува, дедо ми заспива и јас сум пов­тор­но сам - со подвижните слики пред мене. 59 The Last Emperor (1987), италијанско-британско-кинески биографски филм во режија на Bernardo Bertolucci со John Lone во главната улога.


50

Берт Стајн

Сонувам за еден Подобар живот60. Гиша. Боба. Гуза. Како и останатите младинци на СФРЈ, и моите другари, се заљубувам во Вики и ја презирам Ема со нејзините постојани барања и преправања. Гиша е наш човек, та­ тко или дедо со којшто можеме да се иден­тификуваме, прост, постојано вика, понекогаш ги удира, а потоа ги гушка децата, а таа... таа е жена, комп­лицирана. Во станот на тетка ми. Таа, со нејзините една-­подруга цигари, кафениот како мед во­сок за несакани­ те мустаќи којшто е тврд кога е ла­ден и течно-леплив кога е топол, и постојаното збо­ру­ва­ње. Братучед ми се појавува со видео касета од филмот Не можеш да ми ја купиш љу­бов­та61. Го гледаме заедно. Романтика и наука, каква ком­бинација! Мо­јот сон за тоа да бидам научник се за­јакнува уште по­ве­­ќе. Сакам вистинска љубов, не повр­шна, празна и по­лу­дувачка страст како во Фатална прив­лечност62, како и Девет и пол недели63, филмови кои татко ми ги сака, а јас не ги разбирам. Главниот лик во Не можеш да ми ја купиш љубовта е бубалица. Популарната девојка се заљубува во него, но тој ќе оплеска. Сепак, филмот завршува со надеж за по­доб­ра иднина на бубалиците. Ако си бубалица на мојата улица, тешко тебе! Уче­ ње­то е противник на играта, а денес играме голчиња. Трој­ца сме, секој на својот гол и ги воспоставуваме правилата на играта. 60 Bolji život (1987-1991), југословенска серија со елементи на теленовела, комедија и драма. 61 Can't Buy Me Love (1987), тинејџерска комедија во режија на Steve Rash со Patrick Dempsey и Amanda Peterson во главни улоги. 62 Fatal Attraction (1987), американски психолошки трилер во режија на Adrian Lyne со Michael Douglas и Glenn Close. 63 9½ Weeks (1986), еротска романтична драма во режија на Adrian Lyne со Kim Basinger и Mickey Rourke.


1 час и 30 минути: осумдесетти

51

„Топката смееш да ја удриш само еднаш,“ вели Ма­хер. „Не, може два пати, ако жонглираш,“ велам јас. „Три пати, ако ја удриш од ѕид,“ додава Харе и доде­ ка да почнеме десет пати ги менуваме правилата. Во екот на играта сме. Махер ја удира пресилно топката и таа завршува во вратата на една канцеларија. Однатре излетува жена којашто претходно нѐ има опоменато неколку пати и како накострешена мачка се залету­ ва право кон мене, најблискиот до вратата, и ми удира шлаканица со нејзините долги налакирани нокти од која што главата ми се завртува во сосема обратна на­ сока. Времето застанува. Во гнездото на змејот ми се појавува пред очите. Си го допирам образот. Крв. Од мене како лава избива ка­ талогот на најлоши босански пцости пред жената ко­­ја што збунето ме гледа додека моите зборови ка­ко не­ контролиран ветер ја бу­ша­ват уште повеќе неј­зи­ната од бес накострешена коса. Зас­танувам. Двајцата мол­ чиме. Таа ја ниша главата во знак на неодобрување. „Сто­рена ми е неправда!“ Сепак се срамам од себеси. Застани. Диши. Тип кашла и друг му дава бонбо­ на. „Бронхи - лакше се дише.“64 Се насмевнувам на рекламава и ми се пријадува Бронхи, но нема време, започнува една од моите омилени емисии. Во здраво тело, здрав дух. Учам дека „Vezbati možemo svuda, sva­ koga dana i sata, sami ili u društvu mame, tate i brata!“ и „Svako jutro jedno jaje organizmu snagu daje!“65 При­ме­ нета наука. 64 Bronhi, бонбони од Краш, фабрика за кондиторски производи од Загреб. 65 U zdravom telu zdrav duh (1980-1984), југословенска едукативна емисија со водителот Nenad Pavlović. „Да вежбаме можеме секаде, секој ден и се­кој час, сами или во друштво со мама, тато и бато!“ и „Секое утро едно јајце на организмот сила му дава!“


52

Берт Стајн

Но, науката не е во мода. Спортот е. Во Загреб се одр­жува Уни­вер­зи­јада и во истиот град, од цел свет, токму во нашата татковина, се раѓа пет милијарди­ тиот жи­тел. Истовремено „Афера Агрокомерц“, 250 проценти инфлација на ва­лутата и голема економска криза. Но, нам децата баш не ни е гајле за сето тоа. Особено кога сме инспирирани од филмот Трешинг66. Додека свет­ка­виот розево-зелено-син скирол го 'рска асфалтот и фураш низ удолниците на твојот ридест град, ништо лошо не може да се случи, освен... „Уф,“ треснувам на асфалтот.

V

Сестра ми доаѓа да нѐ посети во Сараево. Прв пат е кај нас дома. Сакам да ѝ посветам внимание, но ули­ца­ та ме повикува, неодоливо. Го слушам друштвото и со секој из­вик нешто скока во мене. „Сакам да седам со тебе, веднаш ќе се вратам, само да изле­зам малку надвор, во ред?“ Сестра ми се насмевнува. „Секако.“ Се облекувам набрзина, ѝ мавнувам и излетувам над­вор. Таа е супер. Таа е мојата родена сестра, колку и да звучи тоа чудно. 66 Thrashin' (1986), американска скејтерска драма во режија на David Winters со Josh Brolin во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

53

Во филмот Близнаци67 двајца браќа се запознаваат за прв пат. Едниот е супермен. Другиот остатокот. Но, кол­­­ку и да се различни, се зближуваат и сфаќаат дека се поврзани за цел живот. Само на филм? Крвта, како што би кажале Балканците, или гените, како што би рек­­­ле Западњаците, е чудно нешто. Нѐ поврзува со не­ вид­­­ливи нишки. „Секогаш те слушам само тебе од надвор,“ комен­ тира сестра ми по моето враќање. „Секогаш си најгла­ сен и се бориш за некои права, нели?“ Не знам што да кажам. Не сум го забележал тоа. „Не мислам дека тоа е нешто лошо,“ гледа дека не разбирам, „Едноставно правдината ти е важна. Тоа ми се допаѓа.“ Да, во право е, правдината ми е важна, фер односот кон другите. Независно од ситуацијата, а ситуацијата е ваква. Надвор сме, на улица. Децата се насобрани око­ лу мене и Махер. „Не сакам да се тепам со тебе, ќе го викнеш татко ти,“ ми вика Махер и се трга од мене. „Жими мајка нема да му кажам, ти се колнам“ му велам и тој ми верува. Тепачката може да започне. Не се мразиме, другари сме, но мора да се знае кој е во право - а вистината понекогаш може да се докаже само со тепачка. Ова е тој момент. Замавнувам кон Махер и тој се трга, ми прави сопка и така залетан паѓам директно на асфалтот. Махер ја користи ситуацијата и ми мава бокс со целата сила по задниот дел од главата. Челото ми удира на асфалтот. Тапа болка која одѕвонува во главата и мирис на крв во 67 Twins (1988), американска комедија на Ivan Reitman со Arnold Schwarzenegger и Danny DeVito.


54

Берт Стајн

врвот од носот. Наеднаш ми станува топло по лицето. Ништо не ми е. Скокам на нозе и трчам кон Махер со индијански извик на војната. Харе ме фаќа за рака и ме влече. „Пушти ме!“ викам. „Застани. Оди си дома. Готово е,“ ми кажува во уво. „Нема шанси, пушти ме,“ викам на него. „Лицето ти е цело во крв,“ ме влечка далеку од дру­ га­рите. Ме остава пред мојот влез. „Оди дома. Никој нема да мисли дека си кукавица.“ Ѕвонам на вратата. Татко ми отвора и пребледува. Лицето ми е прекриено со крв. „Се степав,“ кажувам пред да има шанса да ме пра­ ша. Веднаш се фаќа за патиките, спремен да излезе. „Немој. Ветив дека нема да излезеш.“ Ме погледну­ ва прво прашално, а потоа потврдува со главата. „Ајде да ја исчистиме таа крв,“ ми вели и ја крие нас­мев­ката додека бара чиста газа и алкохол. Победив. Победив? Киното „Месна заедница.“ Крвав спорт68. Жан-Клод Ван Дам растура по обичај, овој пат непријателот е Боло, крвниот противник на Брус Ли од фил­мот Во гнездото на Змејот. Тепачки пред киното, по обичај. Да би­ деш удрен е да бидеш понижен, да сфа­тиш дека не си непобедлив или најсилен на светот, да раз­береш дека мораш да станеш и да се обидеш пак. Растеме со тепачки, но и со фудбал, тенис, криенка и патеките на смртта. Очајно сакаме да бидеме поја­ ки и поголеми. Омилен филм ми станува Голем69. Том 68 Bloodsport (1988), американски филм со боречки вештини од Newt Arnold со Jean-Claude Van Damme. 69 Big (1988), американска комедија и фантастика во режија на Penny Marshall со Tom Hanks во главната улога.


1 час и 30 минути: осумдесетти

55

Хенкс посакува да стане голем и станува! Сите деца мечтаат за такво сценарио. Но, не се станува голем, мудар и си­лен како татко ми преку ноќ. Тој ме учи како да правам тостови. Го притискам тос­­ терот од марка „Искра“ со лактите затоа што со ра­це­те не можам да притиснам доволно силно за да го пос­тигнам ефектот на „растеглив кашкавал“ којшто двај­цата толку многу го сакаме. И додека кашкавалот се тегне од уста­ та до лепчето половина метар, се сме­еме. Среќен сум. Го гледаме Кој го намести Зајко Роџер70 на видео. Тат­ ко ми обично не гледа цртани со мене, но ова е по­ се­бен цртан. „Џесика е јака женска,“ коментира и се смее. Мене ми се до­паѓа зајакот, откачен е. Грицкаме смоки. Се пикам во него. Не ме гушка, но се чувству­ вам заштитен. Татко ми ме брани, татко ми ме разбира. Татко ми не пропушта прилика да ми удри поправна по глава и да ме нарече глупав. Татко ми ме носи во кино, ми купува најубави фудбалски топки, ме носи на море и на скијање. Татко ми знае да ме истепа со каиш, рака или нога, онака крвнички дури не му посинат рацете. Истурам шољичка чај на масата, претурајќи од една во друга шоља, иако тој ми нагласи да не го правам тоа на масата. Ги гледам неговите очи додека поцрве­ нуваат, а од неговата уста излегува оган, ме плеснува со раката и се струполувам од столчето, за потоа да ме начека со добро темпиран волеј и додека неговите нозе ја тестираат цврстината на моите ребра и ги чи­ стат моите бубрези од камења. Животот на секое машко дете е исполнет со агре­ сија. За забава си правиме индијански оган врз рацете 70 Who Framed Roger Rabbit (1988), американска комедија на Robert Zemeckis.


56

Берт Стајн

така што фаќаш некој за рака и брзо ја триеш додека другиот не почувствува печење, а-ла Њутн, си маваме чврги, заушки и клоци! Митралези, кучиња на војната, лак и стрелки со ек­ сплозив на врвот, бум! - Рамбо III71. Рамбо, долга коса и лента преку глава, ги спасува кутрите од агресијата на лошите. Во друштвото има и еден друг постар од нас. Има опасен поглед и долга коса. Носи кожени јакни на кои што има пришивачи од Kreator и Metallica. Свири гита­ ра и некогаш од подрумот под зградата на Ведо слу­ шаме тешки и брзи гитарски рифови придружени од тапан. Кул е да бидеш рокер. Маја е кул! Другарка ми од основно. Таа е дел од новата емисија Нико као ја72, на ТВ Сарајево. Недела е. Шпицата започнува со песната Niko kao ja, од Шарло Акробата. Водителот раскажува за „Малиот принц“ од Антоан Сент-Егзипери и неговите вол­шеб­­ ни патувања низ вселената. Студиото е црно-бело и ме потсетува на спотот на песната Crno bijeli svijet на Prljavo Kazalište. Горд сум на Маја, слаткото ситно де­ вој­че со вечна насмевка и продорни сини очи. „Еј, таа е моја другарка!“ кажувам гордо. Го наследувам компјутерот ZX Spectrum од братучед ми. Има гумени копчиња и кул виножито од страната. Малечок е колку една кутија со чоколади. Во него се кријат магичните програми кои што братучед ми знае да ги напише сам и да го натера компјутерот да нацрта нешто или да исфрли низа случајни бројки. „Дваесет и четири,“ ги чита бројките братучед ми. 71 Rambo III (1988), американски акционен филм во режија на Peter Mac­ Donald со Sylvester Stallone во главната улога. 72 Niko kao ja, емисија за деца на ТВ Сараево со водителот Zijah Sokolović.


1 час и 30 минути: осумдесетти

57

„Педесет и шест,“ продолжува и дедо ми како при­ мерно учениче ги запишува зашто се надева на седмица или барем шестка на Лото. Тој е страстен, секојдневен и посветен играч на оваа игра на среќа со познатата води­ телка Сузана Манчиќ. Откако ја испроба среќата со сите домашни и се обиде со датумите на раѓање на сите по­ знати луѓе, реши да се обиде со компјутерот. Го поврзувам ZX Spectrum на телевизорот и ставам ка­­се­та во касетофонот. На екранот се појавува: „Loader. Insert tape and press PLAY.“ Ја ставам касетата во касетофонот. Пишувам: „LOAD "Manic Miner" и стискам „play“. Играта се вчитува со шарени рамки врз телевизо­ рот. Звуците од иднината го надополнуваат робот­ скиот танц на боите и играта се вчитува. „Press Enter.“ Заба­ва­та почнува. Јас играм игри. Братучед ми програмира. Тој раз­ мис­лу­ва поинаку од мене. Учи кога треба, се забавува кога сака. Јас правам обратно. Сѐ правам кога не тре­ба да се прави. Од него ќе биде нешто, како што би ка­жал мојот учител по гитара, по ѓаволите, можеби тој едно­ ставно е генијалец, Дождовниот човек73 на нашата гене­ рација. Има завршено средно во две години. А јас? Јас не сум дури ни Том Круз, несудениот брат којшто ќе му помогне да ја насочи својата генијалност, јас сум никој и ништо, мало несигурно дете кое најмногу од сѐ во животот сака да биде на улица и да игра, игра, игра! Игра. Агресија. Понекогаш нема разлика. Жртвата ста­нува агресор. „Одликашот“ со којшто тетка ми ин­ сис­тира да се дружам, а сите во друштвото го викаат 73 Rain Man (1988), американска драма на Barry Levinson со Tom Cruise и Dustin Hoffman.


58

Берт Стајн

„пешко,“ ме задева. Не можам да го дозволам тоа пред друштвото. Ме погледнуваат. „Што ќе направиш,“ како да ме прашуваат. Се заканувам дека ќе го истепам. Бега на сигурно растојание и од таму уште повеќе ме задева. Не раз­ ми­слувам. Нема што да се мисли. Се фаќам за камен и го фрлам кон него со сета сила. Каменот се одбива и треснува во една кола која што излегува од гаража. Возачот, попарен од бес излетува од колата и се упа­тува кон нас. Харе, Ведо и јас. Стоиме здрвени и преб­ледени. „Кој го фрли каменот!?“ вреска човекот поцрвенет во лицето. Сите молчиме. Знам дека нема да ме изда­ дат, но ако се сврти кон мене ќе се издадам сам. Не­ мам из­бор. Еден, два... Трчам како споулавен надолу по игралиштето, па пре­ку скалите во грмушките и надолу по ридот. Се трка­лам во трева, грмушки, кал. Застанувам и се вртам. Нема никој зад мене. Се кријам зад грмушките. Сѐ уште никој. Подоцна другарите ми раскажуваат дека човекот бил на еден чекор зад мене, но дека не ме стигнал и се откажал. Некогаш е добро да имаш фудбалерски нозе родени за спринт. Не сум за долги патеки, тоа го знам. Што покусо, тоа помило! Омилена куса реклама ми е Ципирипи 74, а многу ја са­ кам То је то Био Про!75, која ја пеам секој ден со смешен глас, токму како во рекламата. Татко ми се смее. Тира­ нинот. Жртвата е тиранин е жртва е тиранин е жртва... Мен­тално заостанатото дете поминува сред нашето 74 Реклама за Ципирипи крем од Centro Proizvod. 75 Реклама за меко соино брашно Bio Pro.


1 час и 30 минути: осумдесетти

59

игра­лиш­те. Моите другари го задеваат. Јас никогаш не сум го задевал, што ли ќе речат за мене, дека сум слаб, дека го сожалувам, дека ме нервираат кога го прават тоа, кол­ку време ќе помине пред истото да ми го на­ прават ме­не?... размислувам и знам дека морам да го сторам тоа. Замавнувам кон топката и го погледнувам детето. Тоа се двоуми дали да помине. Гледа дека сум спремен да го удрам со топката. „Ајде, помини. Нема да те удрам,“ кажувам, но но­ га­та сѐ уште ми е оптегната како чатал. Детето се дво­ уми, се собира во себе, рацете ги пика во градите, из­ гле­да јадно и издеформирано. Од зад кулисите, на сцената влегува еден возрасен човек. Со брзина на куршум неговите раце се наоѓаат врз мојот врат, а неговото лице врз моето. Бесен е. „Помини,“ го погледнува ментално заостанатото де­ те, кое бега со неговиот несигурен деформиран ôд. Јас останувам. Соочен со човекот којшто молчи и ме држи притиснат на ѕидот. Се обидувам да мрднам, не можам. Неговите раце врз мојот врат не попуштаат. „Сега знаеш како му е нему,“ вели човекот и ме пуш­та. Се чувствувам како партал, без сила да ги при­ движам рацете или нозете. Ја спуштам главата да не ме видат другарите. Заминувам дома. Човекот e Миралем Зупчевиќ и тој е познат босан­ ски актер. А јас? Јас секогаш се борам за правдината. Да.


60

Берт Стајн

VI

Ја отшрафувам од мојот скирол пластичната коч­ ница во дречлива жолто-зелена боја на 80-тите кои из­ минуваат. На велосипедите воопшто немаме коч­­ни­ци. Тоа е кул. Замислувам дека сум Кристијан Слејтер од филмот Скејтај или умри!76, а посакувам да сум Мајкл Џи Фокс од Враќање во иднината 277. Нема ниту едно де­те кое излегува од киното „Месна заедница“, а не ја замислу­ ва иднината која што нѐ чека - во 2015 година ќе вози­ ме скироли без тркала и ќе летаме со коли! Бра­ту­чед ми има иста јакна како Марти Мекфлај и ист часовник со дигитрон. Тој е „гик“ и математичар, а јас само ули­ чен талкач, несериозен мечтател. Ако друштвото сака нешто повеќе од скирол, Беем-икс велосипеди или „Декатлон“, тоа е тенис - а јас сум најдобар во тоа! Се караме околу тоа дали топка­ та завршила од едната или другата стра­на на линијата додека на народскиот гени­ја­лец Махер не му текнува да направиме мрежа. 76 Gleaming the Cube (1989), американски филм во режија на Graeme Clifford со Christian Slater. 77 Back to the Future Part II (1989), американска научно-фантастична комедија на Robert Zemeckis со Michael J. Fox.


1 час и 30 минути: осумдесетти

61

Сите добиваме задача - собери мрежи од компи­ ри од дома, колку можеш. Мрежите ги спојуваме и ги врзу­ваме со дрвена штица, а од другата страна за една од гаражите. Играме тенис! „Играме џус, играме џус!...“ пее Харе и маршира сред мрежа кога резултатот е 40:40. Се смееме и че­ каме. Никој не се лути. Сите го сакаат Харе. Мојот омилен тенисер е Борис Бекер, а најдобра те­ нисерка на светот е Штефи Граф. Ги обожавам лу­до­ риите на Бекер на теренот. Никој не се фрла по топче - како животот да му зависи од тоа - како Бекер. Никој не знае да удри топче под нога или зад грб како Бекер. Не сум најдобар во тенис. Не повеќе. Во маалото се доселуваат браќата Коки и Ведар. Коки тренира тенис и ме растура. Татко ми тренира тенис. Татко ми е док­ тор. Не сака да ме запише мене. Коки ме победува по­ вторно. Брат му на Коки, Ведар е ведро детенце. Помал од мене, се дружи со постари и нè засмева. Во подрумот на зградата имаме маса за пинг-понг. Чија е не се знае, но ја користи целото маало. Повторно сум меѓу најдо­ брите. Коки не игра со нас. Ме запишуваат во ново училиште. Таму, ново друштво. Горштак е луд, кога нешто му е смешно паѓа на под и се тркала по паркетот. Другар му е во банда­ та Кореја. Двајцата се лоши ученици. Ми стануваат нај­ добри дру­гари. Австриецот е добар ученик од богато семејство. Тетка ми сака да се дружам со него. Мене ме нервира. Особено тоа што е паметен и духовит, ги засмејува сите и се­ко­гаш го кажува своето мислење. И Горштак ги засмејува сите, но со прдење и ждри­ гање, тоа ми се допаѓа, како што ми се допаѓа Неве-


62

Берт Стајн

ројатните авантури на Бил и Тед78. Двајца другари па­ туваат низ времето за да напишат домашно. Бидејќи тоа е по­лес­но отколку да се учи. Разбирливо. Играме пинг-понг во подрумот. Завршуваме со иг­рата. Доцна вечерта е. Оста­нуваме сами со Ведар. Нема што да се прави. Си ја споредуваме машкоста и во тоа нема ништо сексуално. Момчињата мора да се нат­пре­варуваат. Тоа ни е во крвта. Кога не играме тенис, играме фудбал. Безброј из­ лижани и скинати топки, не е битно дали се домашни или добиени од роднини од Германија, нашите детски нозе ќе им го најдат крајот. Тимот ни се вика Евертон, иако навиваме за домашните клубови. Јас навивам за Жељо, како и дедо ми. Жељо е скратено од Железни­ чар, клуб основан од железницата, од работничките раце и удари на чекани врз шини, од социјалистичка­ та младина и работните акции. Дедо ми е социјалист. Машките се натпреваруваат во сѐ. Кој има повеќе лузни и кој скока подалеку, кој игра подобро фудбал и кој може да издржи повеќе без воздух или кој ќе пре­ скокне повеќе скали со велосипед. Машките сакаат возбуда. Го гледаме Смртоносно оружје 279 на видео кај мене. Лудите авантури на откачените полицајци про­ должуваат, а друштвото одлично се забавува со фил­ мче, кока-кола и чипс... совршен ден. Повеќето од другарите навиваат за Сараево. Само Гребо навива за Вележ. Заштитната боја на Вележ е си­ ната, како и на Жељо. А Гребо? Него не можеш да не го 78 Bill & Ted's Excellent Adventure (1989), американска научнофантастична комедија во режија на Stephen Herek со Keanu Reeves и Alex Winter. 79 Lethal Weapon 2 (1989), американски полициски филм на Richard Don­ ner со Mel Gibson, Danny Glover и Joe Pesci.


1 час и 30 минути: осумдесетти

63

сакаш. Помал е една година од мене, Ведо две. Двај­ цата ведри. Имаме видео. Земаш филм од видеотека и гледаш што сакаш. Не чекаш да дојде на репертоарот на кино­ то. Немаат сите видео, прв имам јас, потоа Гребо. „Добар ден, дали е Харе дома?“ ја прашувам мајка му. Денес ми се чини нерасположена, или е до мене? „Не, кај Гребо е.“ Тоа се случува сѐ почесто. Видеото го уби киното. Видеото ми го зема најдобриот другар. Го сакам Блек Стена и Загор, ми се допаѓаат смеш­ ните или несовршените анти-херои како Чико или Дилан Дог, а кај братучед ми ги читам Астерикс и Таличен Том, но за мене неприкосновен е Алан Форд. Сцената во која што Боб и Алан посетуваат локална државна болни­ца, а таму пациентите напикани во еден шкаф, од којшто ѕиркаат нозе, раце, патерици и гипсови ми останува врежана во сеќавањето како значајна крити­ ка на здравствениот систем. Можеби сум видел пре­ многу болници на мала возраст посетувајќи го татко ми, но ми се чини дека Алан Форд дава слика која што е блиска на нашата реалност, на она што го гледам околу мене. Се заљубувам во сите маани и неспретно­ сти на хероите на овој стрип на прв поглед. Ми се допаѓа Мики и особено Шиљо и нивните лу­ дории од стриповите од „Политикин забавник“. Црта­ ниот филм за лудориите на Шиљо на олимпијадата80 ме потсетуваат на нашиот „Декатлон“. Во кошарка навивам за Цибона, со саканиот Дражен Петровиќ на чело, којшто заедно со Кукоч, Паспаљ, 80 The Olympic Champ (1942), американски цртан филм со Шиљо во главната улога.


64

Берт Стајн

Дивац и други победува на „Еуробаскет“ во Загреб со нашата гордост - Југословенскиот кошаркарски тим. Во „Месна заедница“ го гледаме Индијана Џонс 3.81 Дознаваме дека постои некој предмет којшто сите го бараат, го викаат „Светиот грал“, но не е златен ка­ко што сите мислат, туку дрвен, зашто Исус бил дрво­де­ лец. „Кој е Исус?“ го прашувам татко ми. „Ќе ти одговорам во некое друго време,“ ми одгова­ ра мисте­ри­озно. „Очигледно знае нешто повеќе од мене?“ по­мис­ лу­­вам. Секогаш се однесува така со мене, ми збо­рува во загатки или во мудрости од една реченица, ка­ко „жената и децата можеш да ги изгубиш, но работата се­когаш останува,“ или „одликашите добиваат добри ри­би,“... мистерија. Една жена доаѓа да ме посети. Веќе ја познавам. Сум ја видел некаде? Ми носи подароци. Ми се нас­ мев­нува. Да, ја познавам. Татко ми ме пушта да одам сам во град со неа. Го гле­даме Кикбоксер82 во кино „Арена“. Жан-Клод Ван Дам крши кокос со рака. Ги става рацете во искрше­ но стак­ло. Го крши лошиот со легендарниот преден удар со нога. Успо­рено, додека публиката ракоплеска и скандира. Јаде­ме пуканки и пиеме Кокта. Таа жена е мајка ми. Железничка станица во Белград. Ноќ. Пату­ваме од Сараево и чекаме воз за Скопје. Неколку лу­ѓе кои ги дефинираме како Полјаци, но не сме си­гур­ни може 81 Indiana Jones and the Last Crusade (1989), американска акција и авантура во режија на Steven Spielberg со Harrison Ford во главната улога. 82 Kickboxer (1989), американски филм со боречки вештини на Mark DiSal­ le со Jean-Claude Van Damme.


1 час и 30 минути: осумдесетти

65

се и Унгарци или Чеси, седнуваат до нас со огромна кафена торба, висока речиси колку мене. Ја отвораат тор­бата и ја откриваат белата канта завиткана во кеса, а во неа сирење. Вадат леб, го кршат, грабаат по една виљушка и прегладнето кркаат од сирењето. Мајка ми се врти спроти нив и како да сака да ги оп­равда почнува да ми раскажува. „Времињата се поинакви денес. Некогаш Чесите беа аристократи. Твојот прадедо е дојден од Чешка во Македонија. Бил голем бизнисмен. Имал неколку биз­ ниси. Ја отворил првата автоматска мел­ница за браш­ но на Балканот во Скопје.“ Спроти мене спие еден дебел човек, облечен во пар­ та­ли. Телото му е полу-свлечкано од портокаловите пластични столчиња во чекалницата. Рацете му се врз стомакот, а нозете испружени, со чевли кои личат на крпи обвиткани околу нозете, испружени пред него. „Моите имаа куќа во Пајко маало, во Дебар маало... на повеќе места, но комунистите ни земаа сѐ..“ На човекот спроти мене му течат мрсули. Едниот од мрсулите, паралелно со неговото дишење, почнува да се дуе-испушта, дуе-испушта, но при секое дуење ста­ нува се поголем. „Од таа во Пајко маало се откажале за снаата која останала вдовица, а во Дебар Маало имавме куќа, таа е денешен Дом за пензионери. Една вечер низ улицата поминувал руски генерал. Кажал „таа куќа ја сакам“. До утредента сите морале да се иселат. Но, ги бива­ ло за бизнис, па сепак ја продале куќата, но за ситни пари.“ Балонот станува поголем. Со секој здив - сѐ пого­ лем. Речиси колку една супер-надувана Бабл-дабл ма­


66

Берт Стајн

стика, на граница на растегливост, спремна во секој миг да пукне. „Прадедо ти имал четири ќерки. На секоја од нив ѝ купил по една куќа. Баба ти не сакала куќа. Сакала да студира уметност во Белград. Така ја пратил таму. После се вратила назад и се омажила, а другите ги продале куќите и се преселиле. Само таа останала во Скопје.“ Пукна! Балонот пукна баш како мастика и човекот се разбуди во шок, но не толкав колку на луѓето околу него, вклучувајќи ме и мене. Човекот се избриша и продолжи да спие како ништо да не се случило. Чесите про­ должија да ја празнат кан­тата со сирење. Мајка ми ја заврши при­ казната. Пор­токаловите столчиња на железничката станица во Бел­град носеа секакви приказни и случки на нивниот грб. Приказни. Случајности. Бројки. 200.000 луѓе во Чешка, Прага излегуваат на про­тести про­тив комунистичката власт. Истокот се добли­­­жува кон Западот. Оние кои порано ги гледавме со пот­смев, Полјаците, Унгарците, Чесите, сега гледаат со недовер­ ба кон нашето затворање, додека тие се добли­­жуваат кон Западот.Берлинскиот ѕид паѓа, во Мос­ква се гради првиот Мекдоналдс, по 45 години во Буга­рија кому­ низмот се преименува во социјализам, а Џорџ Буш по­ стариот станува претседател на Америка и ја посетува Полска, во која социјализмот е на изди­шу­вање. Но, кој ги фарба Источњаците и нивното ново­ро­ де­но западољубие, кога ние го имаме Анте Марко­виќ! Платите растат, цените паѓаат, купуваме сѐ што може­ ме и сакаме.


1 час и 30 минути: осумдесетти

67

На радио свири Едерлези од Дом за бесење83 на Кусту­ рица. Нема дете кое не ја пее оваа песна на улицата. Перхан е незаборавен, а голите сцени нѝ се врежуваат во мозокот како печат. Песнава ме потсеќа на Ѓурѓевдан од Bijelo Dugme, а албумот Чирибирибела го пре­ слушувам до бесвест на новиот вокмен којшто ми го подари татко ми за роденден. На море сме и татко ми ме слика како стојам на ра­ бот на базенот. Престојуваме во некој хотел во Будва и сестра ми е со нас. Ми се чини среќна. Не знаеме што да си кажеме, сѐ уште не се познаваме добро. Таа е девојка, а јас дванаесет годишно момче кое повеќе го интересира скокањето во малиот базен, допирањето на плочките со раце и избивањето над водата со чув­ ство на гордост дека можам да скокам во толку плит­ ко. „Сѐ е во техниката,“ размислувам. „Не се плашам од нереални филмови... се плашам од луѓето, тие се пострашни од сите духови, вештер­ ки и вампири...“ Излезени сме во град и сестра ми збо­ рува. Јас не се согласувам. „Што има да се плаши од луѓето?“ не разбирам. Детска игра84 е филм од којшто се плашам. Кукла од пеколот опседната од лош дух чија што единствена цел е да ги убие сите околу неа. Гледам низ прсти и се стискам во фотелјата. Допирот на материјалот којшто потсетува на сомот, со беж боја и некои недефинирани линии кои потсе­ туваат на растенија и палми, ме ежи. Ги скрстувам ра­ цете и ги пикам во мене, само да не го допрам мате­ ријалот. 83 Dom za vešanje (1988), југословенски филм на Emir Kusturica со музика од Goran Bregović. 84 Child's Play (1988), американски хорор во режија на Tom Holland.


68

Берт Стајн

Над мене се тукушто залепените тапети со облаци, некое пост-модернистичко поп-артовско лудило од доцните осумдесетти и слика на Че Гевара, подарок од една пријателка на татко ми. „Кој е ликов?“ го прашувам татко ми. „Револуција,“ одговара тој мистично. Звучи опасно. Потоа се случува. Тепачка. Татко ми 1 : дедо ми 0. Спакуван сум во кола како куфер. Правец - Скопје.


1 час и 30 минути: деведесетти

69

VII

1990. Скопје. Мојот нов дом е кафез за мене. Непоз­ нати лица и гласови од улицата кои не ги препозна­ вам. Мајка ми и сестра ми се трудат колку што знаат и умеат да ми помогнат, но секогаш останува простор кога сум сам. Ненавикнат на самотија, израснат со игра и врева, со постојаното тркалање на излижаната топка по асфалтот, го правам единственото логично, најлесно и најдостапно. Гледам телевизија. Секој ден, во секој миг кога сум сам. „Ја сакам царевата ќерка!“ вика лик облечен во старинска облека. Алчни кралеви и цареви, мудри шутови и селани, Дедо Боже и ѓаволот... се ликовите кои заигруваат пред мене и ми отвораат еден нов, до­ то­гаш сосема непознат свет на Македонските народни при­казни85 „Рицино!“, е лек за сите болести, учам. Сам дома. Ја гледам Бушава азбука86 и ми се допаѓа­ ат натпреварите за тоа кој поубаво пишува букви, отка­чените приказни на ловецот, ќелавиот тип којшто 85 Македонски народни приказни (1970-1990-ти и 2009-денес), се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби. 86 Бушава Азбука (1985), македонска детска програма продуцирана со помош на МРТВ со авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски, со музика од Леб и сол и Ана Костовска.


70

Берт Стајн

најчесто не го разбирам, а Билјарката по малку ми здодева со приказните за Тарзан. Секојдневно учам за еден нов свет, нов јазик, нова култура. Во Босна не знаевме речиси ништо за Македонија. „Билјана платно белеше“. Охрид. Скопје. Леб и Сол. Дома. Со друштво. Го гледаме Сам дома87. Осум го­ дишно ѓаволче со ангелско лице ги надмудрува кра­д­ ците со генијални стапици. Утро. „Коледе-леде!“ ме бу­дат деца од сон рано на­ утро и не ми е јасно што се слу­чува. Прв пат го славам Бо­жиќ во Скопје. Дали сум славел такво нешто во Са­ ра­ево? Премногу социјализам? Тито беше господ? Не можам да се се­там, но шарените јајца за Велигден ги паметам, како и вртењето јагне за Бајрам. Јас и две жени. Шеги, смеа и вечера ко­ја трае со часови пред телевизорот, и благо, многу благо. Тоа е толку невообичаено за мене, момче кое израснало со двајца мажи во постојана напнатост и карање, натпре­ вар и недоразбирања. Теле­ви­зорот има слика како да емитира програма од место по­годено од дожд, снег, град, магла и елементарна не­погода, но тоа нема ни­ какво значење кога на прог­рамата е Црна змија 288 и неговите префригани сплет­ки со глупавиот крал на Англија. Се смеам и ја погледнувам мајка ми која не ги трга очите од мене, ка­­ко да сака да се осигура дека сум тука, дека сум конеч­но со неа и дека нема во секој миг да исчезнам ка­ко па­реа. „А сега, нешто сосема поинаку!“ Човек на кан­це­лариска маса сред шума. Гол човек на клавир. Самоодбрана од напад со банана.... Некои 87 Home Alone (1990), американска Божиќна комедија на Chris Columbus со Macaulay Culkin, Joe Pesci и Daniel Stern. 88 Blackadder II (1986), е втора британска серија од комедијата Blackadder на BBC.


1 час и 30 минути: деведесетти

71

работи едноставно ти го менуваат погледот на реал­ носта. Монти Пајтон89 е една од тие работи. Понеко­ гаш нераз­бирливи, претерани и чудни, тие се сами по себе заслуж­ни зашто го засакувам апсурдниот хумор. Некои од овие емисии се дел од ноќната програма „Ден и ноќ“ од моето Сараево. Тоа е врската со мојот град, ништо повеќе. Моето „улично семејство“ го нема. Телевизорот повторно ми дава замена. Вистинско все­ленско семејство на посветени и верни другари. Ѕвездени патеки: следната генерација90 со Пикард, Рај­ кер, док­тор­ката и нејзиниот син, Ворф, Лафорџ, па дури и Дата. Неповторлива пригушено-синкава ат­ мосфера и тивок шум на вселенскиот брод Ентерпрајз кој плови низ непознатото таму каде што никој не бил претходно. Магично. Програмата завршува. Рајска плажа и Бо Дерек, не­ каков апсурден лав и трчање во плиткото со проѕирна бела кошула. Татко ми ја викаше „Бо Дернек,“ според зборот „дернек“ којшто на босански сленг значи „за­ бава“. Крај на ноќната програма. Лесни сништа. „Дали си пробал трева?“ го прашува една девојка високиот и неспретен, по малку глупав, Родни од се­ ри­јата Сплетки91. „Не, само асфалт,“ одговара тој невино и друштвото се смее, додека набиениот постар и итар брат го пот­ се­тува дека не се преправаат повеќе дека се тенисери пред девојките и дека зборуваат на друга тема. Шеги. 89 Monty Python's Flying Circus (1969–1974), британска комедија со скечеви на групата Monty Python на BBC. 90 Star Trek: The Next Generation (1987-1994), американска научнофантастична серија на Gene Roddenberry. 91 Only Fools and Horses (1981-1991), британска комедија на John Sullivan со David Jason и Nicholas Lyndhurst.


72

Берт Стајн

Тетка ѝ на мајка ми е на гости. Лежиме во дневната соба во оној период пред спиење којшто децата најм­ ногу го сакаат. Тетка ѝ на мајка ми е болна, бавна и стара. Се кревам демек да земам нешто од полицата и испуштам еден гласен, сочен прдеж право во нејзино­ то лице - мојот заштитен знак. „И-ју!“ таа изненадено реагира на што сите се сме­ еме - фарт џоукс92. На другиот спектар на нештата, повторно наука во мојот живот. Карл Саган со него­виот глас којшто вле­ва доверба во сѐ што ќе рече во се­­ри­јата Космос.93 „Војаџер“ ис­ праќа слики на нашата пла­нета од да­ле­чи­на од 5,5 милијарди километри, Саган ја опишува како „бледа сина точка“. Вселенскиот брод има златна пло­ча со снимки од разни култури од зем­јата, музика од цел свет, во случај некоја далечна ци­вилизација да го пронајде. Музиката спојува светови, а тоа го прави и филмот. Дома. Кај нас на гости е Боба, девојче на мои годи­ ни. Мајка ѝ е стара пријателка на мајка ми од Сараево. Боба има долга црна виткана коса и секогаш е весела. Ми се допаѓа. Таа ги сака Dire Straits и ја вртиме Brothers in Arms безброј пати на грамофон. Потоа ја преслушу­ ваме I Feel Love на Bronski Beat & Marc Almond! Мене не ми е омилена песна, но заради неа ја слушам, стоти­ ци пати! Таа наскоро заминува. Тажен сум и осамен. Brothers In Arms, совршен саундтрак на тоа чувство. Гледаме Семејни врски94. Класична домашна ве­чера. 92 Жанр во хуморот којшто се однесува на низок вид хумор на туѓа сметка. 93 Cosmos: A Personal Voyage (1980), научно-документарна серија во тринаесет делови на Carl Sagan, Ann Druyan и Steven Soter. 94 Family Ties (1982-1989), американска комедија на Gary David Goldberg,


1 час и 30 минути: деведесетти

73

Серијата ја надополнува нашата семејна атмос­ фера на совршен начин. Вниманието кое што го доби­вам од двете нови личности во мојот живот ми е несфатливо, израснат со постојано свиткување на вра­тот во обид да избегнам пепелник кој од дедо ми ле­таше кон мене или ударот од раката на татко ми која што ја казнуваше мојата „глупава глава“, не можам да разберам како не­ кој може да сака без да тепа и да искаже емоции без да вика и да пцуе. Почнува Козби шоу.95 Бил Козби го имитира син му како не може да се воздржи додека пицата не се излади и дува со полна уста. Се смееме. Некој ѕвони на вратата. Мајка ми вели дека ме бара дедо ми на телефон. Ние немаме теле­ фон. Одам кај соседите. „Чедо,“ ми вели со тивок глас, „дедо е во болница.“ Почнува да плаче. „Извини, чедо... извини за тоа што се случи помеѓу мене и татко ти. Не требаше да го ви­ диш тоа.“ Нема за што да ми се извинува, помислувам. Му недостигам. Ми недостига. Клик. По некој ден ни јавуват дека дедо ми умрел. Зами­ нувам во мојата соба. Се преправам дека барам некои книги и се кријам со вратата од пла­карот. Плачам. Не сакам да знаат колку ми значел, затоа што така би при­ знал дека нешто од страната на татко ми ми е мило. Треба да ги мразам, но не можам. Особено не дедо ми. Повторно во Сараево. „Чудно зборуваш,“ ми вели Харе и ме задева дека зборувам босанско-македон­ ски. Друш­твото е растурено, не си играат повеќе на улица, одат по диско­теки и бркаат женски. Тоа не е моето друштво. Пов­торно сум сам. со Meredith Baxter-Birney, Michael Gross, Michael J. Fox и други. 95 The Cosby Show (1984-1992), америкаснка комедија со Bill Cosby.


74

Берт Стајн

„Изгаси го телевизорот,“ ми вели братучед ми. Не го гасам. „Изгаси го,“ ме опоменува. „И така никому не му е гајле, сите се смеат,“ др­ско му враќам, а тој револтирано ми го зграпчува дале­чи­ н­ското од раката и го гаси телевизорот. Во право е. Во пра­во сум. „Пушти го, не разбира,“ вели друг роднина. Не раз­ бирам? Јас бев тој којшто ги поминуваше деновите и ве­ черите со дедо ми, јас ги слушав неговите при­каз­ни за дванаесетте куршуми кои ги примил во еп­ски­те битки во Босна во Втората Светска Војна и за опе­рациите на живо. Понекогаш ми дозволуваше да напи­пам некои од куршумите кои сѐ уште останале во не­говото тело на натколеницата, потколеницата, подлактницата. Јас го чешав по грбот со линијари, запалки, пепелници и мене ме будеше ноќе со силното 'рчење, а јас за воз­ врат, во сон и ненамерно, понекогаш му мавав маја гери по мал­куте останати заби. Сега дедо ми го нема и сите кои не беа со него се тука. Дојдени на погреб небаре се дојдени на забава. Ги мразам! Брат му на дедо ми не може да се соземе. Од очи­ те на кои што нема трепки, по лицето избраздено од изго­реници му течат солзи. Нема нос, ниту уши и личи на Фреди Кругер96. Во Втората Светска Војна изгорел заро­бен во тенк. Тој го сакал дедо ми. Воз. Патуваме за Скопје во купе за спиење и од при­ јат­ното клацкање ме успива. Решаваме крстозбор со мајка ми и за секое поле наместо буква цртам цртеж на таа буква. Заминав од Сараево. Дедо ми замина од 96 A Nightmare on Elm Street (1984), американски хорор филм во сценарио и режија на Wes Craven со Heather Langenkamp, John Saxon, Johnny Depp и други.


1 час и 30 минути: деведесетти

75

овој свет. Не можам да направам ништо во врска со тоа. Билетот е во една насока. Скопје. Пладне после училиште. Емисија После 200097. Во иднината ќе имаме екрани на допир и нано-роботи кои ќе може да се внесат во организмот и да излечат секаква болест. Eмисијата e за пер­спек­ти­вите на наука­ та и технологијата, После 2000 и списанието Галаксија, како и книгите по астрономија и наука ми даваат поши­ рока перспектива за животот во која што самотијата е само прашање на перцепцијата на нештата. Можеме да се гледаме како апсолутно оса­мени во големата шема на нештата, но и како ни­когаш сами. До­­­ма кај Тимур, нов најдобар другар. Брат му на Ти­ мур ги сака Нинџа желките98 и Ванила Ајс. „Го нинџа, го нинџа, го!“ се ори од телевизорот во дневната. Брат му на Тимур се обидува да ги имити­ ра движењата на Ванила Ајс, додека Ти­мур јаде пола тепсија баклави во еден залак. Сѐ што прави мајка им мора да биде во големи тепсии и секогаш полови­ на изедува тој. Татко му е сми­рен човек со благи очи, којшто ме ословува со „душо.“ Тимур вели де­ка имал бурна младост, додека не ја пронашол ре­ли­гијата. Колку и да учи, на Тимур не му оди математика. Се обидувам да му помогнам, но тој е заинтересиран само за решенијата на задачите, наместо за тоа како да ги реши. Но, затоа има план. Се спремаме за писмена од тетратки со десет прет­ 97 Beyond Tomorrow (1981-2006), австралиска документарна серија во продукција на Beyond Television Productions. Во 1981 била наречена To­ wards 2000, во 1985 преименувана во Beyond 2000. Траела до 1999. Во 2005 повторно почнала да се емитува под името Beyond Tomorrow. 98 Teenage Mutant Ninja Turtles (1990), американски филм во режија на Steve Barron, заснован на стрип со истото име.


76

Берт Стајн

ходно подготвени тестови. Еден од нив ќе се падне на пис­мената. Тимур ги препишува сите задачи, од сите тес­тови на мали ливчиња кои што само тој може да ги про­чита. Секое ливче има бројка и точно место. Број еден е под каишот, број два е во чорапот, број три е под ракавот... Училиште. Писмена. Ги добиваме тестовите и Тимур е под­гот­вен. Не е битно како, битно е да успееш, да го над­муд­риш системот. А системот се распаѓа. Полска е во транзиција, Русија бега од Чехосло­ вачка, Горбачов лапнува Нобелова награда за мир, Нелсон Мандела излегува од затвор, а Јелцин влегува во власта. Франција и Англија се спојуваат со тунел. Источна и Западна Германија се обединуваат. Се чини дека доаѓаат подобри времиња на обединетост нас­ проти разединетост. Југославија, како и Бугарија, се вклучува во движењето за распуштање на едно­пар­ тис­киот социјализам. Дали „две червени“ ќе поминат подобро од нашиот Алија Сиротановиќ? Дома. Со дечкото на сестра ми, Боби, го гледаме Супервиксенки99 од Рус Мејер. Огромни гради и дла­бо­ки деколтеа. Го даваат на МТВ во доцните часови. Гла­сот е исклучен. Сексуалните сцени се зачинети со смеш­ ните ко­ментари на Боби. Дечкото ја бакнува де­вој­ката во папокот, а Боби дува со устата како да свири труба. Се виткам на подот од смеа. Не му го кажувам тоа, но тој е најблиску до фи­ гура на татко која што ја имам откако сум во Скопје. Ме крева со едната рака. Ме учи како да цртам и се угледувам на неговите измислени ликови и стрипови, неговите неверојатно детални цртежи на тврдини и 99 Supervixens (1975), американски сексплоатациски филм на Russ Meyer.


1 час и 30 минути: деведесетти

77

градови од кои секоја зграда е видлива, имагинатив­ ни фонтови и исписи, измис­лени имиња на бендови, лично нацртаните салфетки од сендвичите за на учи­ лиште, папките од црте­жите. Боби има своја фиктив­ на држава, печат и па­сош. Се трудам да го имитирам колку што можам и умеам. Понекогаш ги прецртувам неговите цртежи и го копирам неговиот потпис. Боби е илустратор, сестра ми е уметник. Така ги до­ живувам и така ги разликувам. Боби ме трпи, зашто сака да биде со сестра ми, а таа ме трпи заради мајка ми. Знам да бидам незгоден и разгален, бесен и нетр­ пелив. „Каква беше тортата?“ прашува мајка ми за благото кое што ни го донесоа соседите по повод некој ро­ден­ ден. „Бљахнаста,“ одговара сестра ми во нејзиниот дух на измислување зборови, во случајов комбинација од „бљак“ и описот на нешто меко, лигаво и само за неа замисливо чувство кое зборовите го даваат. „Мене ми се допадна,“ одговарам јас. Има нешто во мене што не сака да ги критикува луѓето, нешто што не сака да се конфронтира за да им се допадне, како контраст на другиот бунтовен-јас. Ова сум новиот јас. „Многу знаеш ти,“ ме пресекува сестра ми. Знам што мисли. Знам дека сака да рече дека сум израснал без мајка да ми прави вкусни благи работи и дека не знам што е добра торта. Ме повредува, но во право е. Не знам што е добра торта. Чоколадните коцки на тет­ ка ми, секогаш препечени и на граница на горчливост, беа моето омилено и неприкосновено благо. „Кој сум јас да знам што е добра торта?“ помислу­ вам. „Кој сум јас да дојдам и да ѝ го земам вниманието


78

Берт Стајн

и времето на нејзината мајка? Со какво право толку години наназад ѝ ја земав љубовта, стравот за мене, посакувањето да биде со мене, додека бев заробен 700 километри од неа.“ Сосема ја разбирам, ме повредува, но ја разбирам. И знам дека ме трпи заради мајка ми, но дека ме сака затоа што сум ѝ брат, којшто го др­ жела како бебе, му гукала и го гушкала, а кога проо­ дил го чувала да не се удри од масата или да не падне. Брат којшто ѝ бил насилно одземен. Разбирам. Но, младешкиот бес е тука. Секогаш тука. Некогаш е во викањето по родителот. Некогаш во карањето со непо­ знат човек којшто те обвинува за нешто што не си го сто­ рил. Некогаш е во кршењето плочки и расклатени тули кои висат од ѕидовите на не­ко­гашното кино „Карпош“ во Дебар Маало. Сега тоа се само голи ѕидови без покрив, ур­ натини од спомените за кои ми зборуваат Тимур и Владо, новиот другар од маало, под напад на нашата младешка желба за уништување. Неколку шипки и остатоци од ар­ матури се совршено оружје во ваквиот поход. Околу нас се крева прав на спомените за Конан100, Американски Нинџа101 и други акциони филмови за кои ми раскажуваше Владо дека ги гледале тука. Шварци е главен, но и Сталоне не е лош. Тоа се хероите на мое­ то кино од Сараево и на киното „Карпош“. Филмовите нѐ поврзуваат, кината се сведоци. Првиот Рамбо го гледав во кино „Романија“ кое што се наоѓаше во близина на вечниот оган во Сараево со татко ми. Киното го добило името според планината 100 Conan the Barbarian (1982), американски фантастичен филм во режија на John Milius со Arnold Schwarzenegger и James Earl Jones во главните улоги. 101 American Ninja (1985), американски акционен филм со боречки вештини во режија на Sam Firstenberg со Michael Dudikoff во главната улога.


1 час и 30 минути: деведесетти

79

Ро­манија, десет километри источно од Сараево, ка­де што во Втората Светска Војна бил центарот на парти­ зан­­скиот отпор против нацистите. Приказните на баба ми одѕвонуваат во главата. „Се криевме од Германците со шест ранети пар­ти­ зани и две болничарки,“ ми кажуваше таа. „Бевме под земја, среде зима. Не смеевме да палиме оган за да не нѐ откријат, освен да ги зовриеме газите за ране­тите. Живеевме така осум дена и осум ноќи до­де­ка не нѐ пронајдоа партизаните и нѐ преместија во куќа. Та­ка добив реума.“ Каков Рамбо, какви глупости! „Има случаи,“ коментираше татко ми за Рамбо доде­ ка грицкавме пуканки во темницата на киното, „во кои луѓе скокале од авион без падобран и преживувале. Само ако паднале во шума со високи дрвја. Дрвјата го ублажиле падот.“ Значи, така го преживува Рамбо паѓањето од карпата, заклучив. „Шиењето на раната, пак, е филмски трик,“ продол­ жи, „гледаш како тече крвта. Се потрудиле, но се гле­ да дека не е вистина. И техниката на шиење.“ Тој е хи­ рург и крвта беше секојдневие за него. Тој е реалист. Кога излеговме од киното, ја добив и последната доза реализам. „Фацата што ја прави, тоа не е глума. При по­ра­ѓање со форцепс му направиле повреда на фацијалниот нерв во капакот на окото и устата од десната страна на лицето,“ дополни. Наука еден, фан­ тазија нула. Тоа е светот на татко ми. Затемнување. Рез. Денешнина. Владо е фантазер и се гордее со неговиот „Рамбо“ нож. Татко му го направил, како и катаната, самурајскиот меч, којшто е навистина едно опасно парче метал. Со него острат копја од дрво со


80

Берт Стајн

Тимур и ставаат големи трнови на врвот. За полесно да се забодат во пленот. Рамбо стајл! „Се качивме на ѕидот од зоолошката и начекавме неколку диви свињи,“ ми раскажува Владо. „Прво за­ мав­на Тимур, па јас, ама не успеавме.“ Рамбо 1. 1982. Анти-воена приказна. Херојот пре­жи­ вува не по избор, туку по нужност. Општеството не го при­фаќа. Тој се бунтува. Рамбо 2. 1985. Херојот е шраф. Ору­­дие кое не размислува ниту се спротивставува на уш­­те една про-американска војна. Филмот е одраз на времето. Филмот станува алатка. Рамбоизацијата на филмот Сталоне ја пренесува и на серијалот Роки102. Боксерот на маргините којшто дома удира во издупчен душек свиткан во ролна како боксерска вреќа станува американска гордост и гла­ вен борец против комунистичката чума која што сака да го убие светот. Сеедно, го сакаме Сталоне како да е наш татко, заш­то е силен, непоколеблив и го заштиту­ ва поредокот на нештата. Ние сме само деца кои сака­ ат да бидат заш­ти­тени. Завесата се затвора. Додека правот се крева околу нас, а плочките паѓа­ ат ко покосени, Владо продолжува да ми раскажува за киното „Кар­пош“ и некогашната сала со црвени стол­ чиња каде што малите детски умови биле маѓепсани од магијата на филмот. За просторијата каде што живеело ромското семејство кое го одржувало киното и ги про­ давало билетите отпечатени на тенка розова хартија. Трес по плочките - прав во очите. „Еднаш го закачав детето од ромското семејство, па 102 Rocky (1976 ), американска спортска драма на John G. Avildsen според сценарио и во главна улога на Sylvester Stallone.


1 час и 30 минути: деведесетти

81

ме бркаше до дома. Учеше во „Коле Неделковски“ и го избркаа заради тепачка со нож. Се прашувам, каде ли живеат сега?“ Трес! Паѓа тула. Некој постар човек е вознемирен од бучавата и нѐ брка. Ги фрламе шипките и бегаме. Се смееме. Време е за боза од „Апче“.

VIII

1991. Основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ „Немој да му вичеш на уво ќе му го дупнеш уво и ќе мора да носи минѓуша,“ му раскажувам на другар од основно за бисерот на Тимур, а тој ми одговара, „што се мачиш, збори си на српски“. „Босански,“ го исправам јас, но во право е. Ги слу­ шам и учам предметите на македонски, но одговарам на мојот јазик, јазикот којшто сум го научил како дете и сум го зборувал цел живот. Можеби е време за промена. Имам долга коса и од некоја причина тоа на некои девојчиња им се допаѓа. Кога ќе ме видат врескаат по ходниците, а јас бегам како од оган. „Како е можно девојче да има машки глас,“ стои пред мене едно детенце од трето или четврто одделе­ ние и коментира со другарчето. Стојам до Тимур и во однос на него, кој сѐ уште не­ спретно расте во сите просторни димензии, не сум му


82

Берт Стајн

ни до рамења. Имам и нежно лице. Децата не ми пре­ чат, како ни тетката на пазар која ме нарече „девојче,“ ниту дедото во лифтот. Мојата коса има значење, таа е бунт и револт, 'ржењето на гитарата на Metallica и завивањето на гласот на Роберт Плант, додека се тре­ сам стуткан покрај звучникот во мојата соба, тоа има совршено значење - косата, скинатите фармерки, пришивачите и намуртениот лик. Нивните коментари се безначајни. Рез. Во маалото на Тимур. Јас сум нов и интересен лик. Се чудат на моите тениски вештини, склековите на една рака или кревањето на вратило со една рака, а спо­ собноста да жонглирам со топка рекордни сто двае­ сет и шест пати особено го восхитува Владо. Се враќам од училиште и рутината започнува. Guns N' Roses треештат на радио со песна од Термина­тор 2: Судниот ден103. Ги вадам теговите и ја отворам книгата „Атлетика“ со илустрирани вежби. Одам според вежбите, една по една. Крени тег - изди­ ши, спушти тег - вдиши. Мускули. Пумпање. Шварци. Направи-сам-тегот од шипка и конзерви исполнети со песок го сле­ди ритамот на You Cold Be Mine. Завршувам и рутината продолжува. Отвори фри­ жи­ дер, извади јадење, затвори фрижидер. Смести се на малата масичка во дневната. Земи далечинско, вклу­чи телевизор. Непредвидливоста и покрај малиот из­бор на програми е возбудлива. „Што ли ќе гледам?“ Вежбање-филм-јадење станува секојдневна рути­ на која што ги заменува моите „друштвени“ денови на 103 Terminator 2: Judgment Day (1991), американски научно-фантастично акционен филм на James Cameron со Arnold Schwarzenegger, Linda Hamil­ ton, Robert Patrick и Edward Furlong.


1 час и 30 минути: деведесетти

83

иг­ри на улица, патеки на смртта, крадење овошје или „игра­ње беља“ од времето кога за јадење мораше да ме повикаат од прозорец, а јас одговарав со стан­дар­д­ ните „уште пет минути“. Го даваат Гол пиштол 2½104 и додека паѓам од сме­ ење на апсурдните лудории на цајканите, Цу­ки гребе на вратата и цивка за да ја пуштам. Но, без­ми­ло­сен сум. Знам дека ќе ми додева и нема да ми даде да ужи­ вам во филмот. Ја оставам затворена во ходникот да го дочека враќањето на мајка ми од работа. Во мојот живот не постои суштество кон кое сум толку поларизиран. Ја сакам бескрајно, но понекогаш знам и да ја удрам. Целиот тој бес кон татко ми. Ах... кут­ро­то животно. И потоа ја наградуваш, саламче нема про­блем... а таа сака сѐ, од коска до портокал, од паштета до патлиџан, навистина чудесен апетит. И до­де­ка, конечно сита, спие пред печката во дневната соба, се тешам дека е навистина среќна. „Кој се сака, тој се тепа,“ сè уште ми е тешко да го надминам она што е вградено длабоко во мојата детска свест. Тимур е затрескан во неговата комшивка и се качу­ ва на столче за да види кога таа ќе помине во влезот. Че­ка. Со саати. Понекогаш наслушнува по ѕидовите за да фати некој случаен нејзин збор во чашата која што ја допира на ѕидот, а увото врз неа. Понекогаш ја слу­ша. Кога не ги прави тие работи, Тимур чита. Чита сѐ. Најмногу научна фантастика. Судир од Ј. Г. Балард го шокира и го проколнува денот кога ја изнајмил од библиотеката. Најмногу го сака Исак Асимов и Артур Кларк. Класици. 104 The Naked Gun 2½: The Smell of Fear (1991), комедија во режија на Da­ vid Zucker со Leslie Nielsen и Priscilla Presley во главната улога.


84

Берт Стајн

Јас не сакам фикција и наместо тоа ја прелистувам неговата енциклопедија „Наука“. Зависен сум од фак­ ти. Дома пребарувам списанија и во едно теф­тер­че препишувам колку микроорганизми има на ми­ли­ме­ тар квадратен кожа, која планета е најтопла или од кои елементи е направено стаклото. Остаток од мои­ те денови поминати во самотија кога на улица бе­ше премногу пусто. Од книгите бегав како од оган, но „1000 зошто, 1000 затоа“ и „Мистерии“ на Артур Кларк ми беа омилени. Факти и фикција, Берт и Тимур, наука и мистерија, спротивностите некогаш доб­ро фун­к­ци­ о­нираат. Дома. Вечер. Истражителот е фасциниран од уби­ е­цот, но и са­миот станува жртва во Кога јагнињата ќе стивнат105. Енто­ни Хопкинс е страшно добар глумец, но жанрот не ми е омилен. Сестра ми го гледа со вни­ мание, а јас помеѓу прсти, но затоа се газам од смеење на „Ѕвоневте?“ на Леш од Адамсови106. Тоа е мој тип на филм. Хо­ро­рот е во ред, ако е измешан со хумор. Но­ вата Мортиша не ми се допаѓа, ми недос­та­сува сенко­ видната глумица од црно-белата ори­ги­нал­на серија. Темни девојки, ро­кер­ки, црна шминка. Се враќаме на Маалото на Тимур. Брат му е ве­се­ло и смешно дете, премногу емотивен за своите години, нешто што Ти­ мур не го поддржува и постојано го строи. Но, тој пов­ торно запаѓа во бељи, му паѓаат дрва на глава, му про­ на­оѓаат срамотни списанија во шкафот... се извлекува на ме­не. Секогаш, сите се извлекуваат на мене. Тоа не 105 The Silence of the Lambs (1991), американски трилер во режија на Jona­ than Demme со Jodie Foster и Anthony Hopkins во главните улоги. 106 The Addams Family (1991), американска фантастика и комедија во режија на Barry Sonnenfeld со Anjelica Huston, Raúl Juliá, Christina Ricci и Christopher Lloyd.


1 час и 30 минути: деведесетти

85

ми пречи, дури ми ласка. „Кој беше!“ се појави како од никаде еден дечко, келнер во кафеана до маалото на Тимур. Очиглед­ но некој фрлил камен во кафеаната, преку оградата. Сите молчат. Се врти кон мене и ми плеска шлакани­ ца. Имам долга коса и пркосен став, но не бев јас. „Ј... ти пас матер, мајку ти...“ мешам босански и ма­ кедонски пцовки. Бесот излегува од мене. Тоа уште по­веќе го разлутува и почнува да ме брка. Бегам со се­ та сила. На пола пат кон дома, ме потегнува за коса и ме соборува наземи. По неколку удари и клоци, ме плу­ка и заминува. Не сум достоен противник. Си ги бришам солзите и заминувам дома. Повторно сум жртва на поголемите, но каде е сега татко ми да ме заштити со неговата тупаница која што соборува злобни луѓе и прави легенда од него во моето маало?... Помина година дена откако тој ме остави и не се јави. Не размислувам за него. Лажам, постојано размис­ лувам за него. Лажам, понекогаш размислувам за него. Луѓето кои исчезнуваат од нашиот живот остануваат во нас како што талогот останува во шоља со кафе, можеш да го вкусиш по грешка, но мораш да го исплукаш. Ех, каков татко! Патики и сако. Таткото на невес­та­ 107 та . Ќерката дава кош во дворот од големата куќа ко­ ја американски сон значи. Стив Мартин е вториот мој оми­лен комичар со бела коса покрај Лесли Нелсен. Де­ до ми имаше слична коса. Бела и густа. Дедо ми - тат­ко­ то којшто никогаш не сум го имал. Боби е во војска и праќа писма на сестра ми. По­не­ когаш и мене ми стигнува писмо од него. Дизајнирано 107 Father of the Bride (1991), американска комедија во режија на Charles Shyer со Steve Martin, Diane Keaton и други.


86

Берт Стајн

од ковертот до внатрешниот дел, а внатре цртано пис­ мо со мене како лежам на кревет, намуртен и жолт, а под креветот ски-рол, фудбалски топки, нунчаки, Беем-икс, тениски рекет, топчиња, плочи... моите оми­ лени ра­бо­ти. Болен сум од жолтица. „Не смее да се занимава со физичка активност,“ пи­ шува во извештајот од докторот. Билирубини. Црн дроб. А, Б, Це видови жолтица. Човек учи медицина ко­га се разболува. Моите соученици фрлаат топка, из­бегнуваат топка, трчаат, даваат кошеви и голови, јас се­дам на клу­ па на часот по физичко. Им завидувам, а тие за возврат ме презираат мене додека трчаат кру­го­ви околу салата. Во војска Боби членува во бенд. Го гледам на сли­ ка со двајца „пајташи“ како глумат хеви-металци со крат­­­ки ко­си и во војнички униформи. Таму црта една маица со лик на човек составен од орнаменти и мали фи­гури, со една закрпа врз која што пишува "Stop War in Iraq!" и многу флеки во стилот на Џон Полок. Почнува војната во Југославија. Флеки од крв по ули­­ците кои некогаш значеа „братство и единство“. Боби се враќа во сво­јата татковина и ја наследувам чудната маица која што на училиште, заедно со долга­ та коса ми носи мно­гу непријатели. „Да не ти се исфлекала маицата?“ ме прашува еден та­ков глупак. Ги има сѐ повеќе. Боби не е таков. Ме носи на свирки. На проба на не­­говиот поранешен бенд сме. Пејачот оформил нов бенд до­дека Боби скапувал на преживување и по ро­ вови. Бендот се вика Brigade O.D. и Боби не ги под­не­ су­ва песните кои траат по три секунди и свирењето на не­говиот бивш пејач, а сега гитарист, со еден прст по вра­тот на гитарата, и тоа палец! Тапанарот, со исто


1 час и 30 минути: деведесетти

87

име како маскотата на Iron Maiden, е откачен и сме­ шен, ми се допаѓа. Има нешто во тие кратки песни, из­ вици на бес или едноставно зафрканции со звуците, но не му го кажувам тоа на Боби. Сестра ми и нејзиниот дечко не се панкери. Спо­ред нив панкерите се преправени уметници, а тие се вис­­ тин­ски уметници. Бартон Финк108 и Деликатесна про­­­ дав­ница109 се нивните омилени филмови. Камерата се движи по цевки и истовремено длаби мне­монички бразди во мојот мозок, тапетите се одле­ пуваат од ѕидот, мојата глава е надвор од моето тело, во некоја кутија-телевизор. Чкрипењето на креветот, слу­чајните познанства, да се биде писател, поими кои до­­ биваат поинакво значење, како и сувомеснатите про­­изводи од продавницата „Деликатес“. Најубаво е утрото откако гостите заминале и оста­нале редици сувомеснато, кашкавал, руска сала­та, ки­флич­ ки и сѐ што ти душа сака, а не мораш да се воз­држуваш пред роднините кои допрва ги запоз­на­ваш. Сите се не­ како „на ноти“ и далечни, ме осло­ву­ваат со полно име, наместо со мојот прекар и сите се док­тори, адвокати и добро облечени со бисери и свет­кави обетки. Јас носам блузи, тренерки и панталони од синовите на дру­гар­ките на мајка ми. Телевизорот ни е се­когаш во состојба пред колапс, а нови апарати нема ни за лек. Тоа ме прави горд. Новата состојба во која никогаш нема пари, нѐ сплотува уште повеќе. Се прејадувам од гостинските остатоци и по­тоа ве­ черта повраќам. Немам самоконтрола, ниту гра­ници. 108 Barton Fink (1991), американска драма во режија, продукција и монтажа на браќата Коен со John Turturro и John Goodman во главна улога. 109 Delicatessen (1991), француски филм во режија на Jean-Pierre Jeunet со Dominique Pinon и Karin Viard во главни улоги.


88

Берт Стајн

Го живеам мигот заради мигот, „утре може да нема?“, без план за идни­ната. Токму како нашата земја. Да се смееме, тогаш? „Емоции брате, така правеше татко ми“ вели еден од актерите во легендарната Нова аудиција110, кога му објаснува на професорот зошто вика. Можам да се идентификувам со него и тоа што мајка ми и сестра ми воопшто не пцујат за мене е најчудната работа на светот. Ми треба многу вежба и многу труд да се отка­ жам од мојот „валкан босански јазик.“ Промени. СССР, државата со која што Југославија доживува­ ше по­веќе спојувања и разведувања отколку брако­ вите на сите државјани на Југославија, веќе не постои. Мајк Тај­сон, боксерот којшто го гледавме како ури­ ва сѐ пред себе за неколку секунди, вистински херој којшто ги замени фиктивните, е осуден на затвор. Ма­ кедонија стана самостојна. Но, генерално работите не се менуваат многу. Ако немаш шампон, косата си ја миеш со средството за са­ дови „Сјај“, а косата се зацврстува со „Скопско“. „Пуштај вода,“ вика мајка ми. „Пуштена е,“ одговарам, но цревото се превиткало и беспомошно шишти како прегазена змија. Го одвит­ кувам и перењето теписи во дворот со помош на пра­ шокот „Билјана“ може да започне. Да. Мебел и понатаму се купува од „Треска“, а на­ родот се лечи со апчиња од „Алкалоид“, се облекува во „Тетекс“, „Газела“ или „Астибо“, а се хра­ни со произ­ води од „Витаминка“, „Битолска млекара“ или „Жи­то Лукс“. Ова се нови имиња за мене, но тие го градат ду­ 110 Nova audicija (1991), комична претстава со Јасмин Гељо, Младен Јеличиќ, Жељко Кецојевиќ и други.


1 час и 30 минути: деведесетти

89

хот на заедништвото и среќата заради самостојноста којшто често е измешан со стравот од идни­ната. Се­ пак, се чини дека и покрај кризата која што се чувству­ ва во сите пори на општеството, нашата но­ва држава ќе оп­стои. Вести од светот. Фреди Меркјури од Queen е мртов. Кечер, мојот нов другар од училиште е рамноду­ шен кон тоа. Тој е панкер и ме воведува во светот на хардкор панкот. Изле­­­гу­ва­ме пред „Це-Ка“ и се дружи­ ме со скејтерите. Си­те го знаат Кечер, но јас сум нов лик. Моите возач­ки спо­собности на скирол се покажу­ ваат како руди­мен­ти­ра­ни и се посветувам на трико­ вите и скокањето скали со мојот Бе-Ем-Икс. Кечер ме сна­бдува со касети од панк-хардкор бендови од Евр­ опа и све­тот. Млади и бесни сме. Одиме на свирки во „МКЦ“. Ги гледаме SunS. Алтернативната сцена во Ско­ пје е јака, но турбо-фол­кот многу појак. „Мал шприцер - боза и боровница и една индијан­ ка,“ на­­­ра­чувам јас, а Владо стандардниот еклер и чис­­ та боза. Седнуваме на малите лимени масички и стол­ чињата кои се клатат, со слика на Тито од едната и сли­ка на стариот Бозаџија од другата страна. „Дали е тој првиот газда?“, се прашуваме додека околу нас се растрчуваат девојчиња, ќер­ки, снаи, сестри на газдата на слаткарницата „Апче“. Влатко ја џва­ка неговата т.н. „папуча“, а јас зборувам. „Знаеш дека лансирале телескоп во вселената, чи­ тав во Галаксија?“ кажувам возбудено. „Аха,“ одговара Владо и продолжува тивко и замис­ ле­но да ужива во бозата. Владо не зборува многу. Владо ја сфаќа суштина­ та на нештата подобро од кој и да е што го познавам.


90

Берт Стајн

Оми­лен филм му е Вжештени глави!111. Апсурден хумор и Девет и пол недели со стекови и сланина, наместо ја­ готки. Мојот омилен е Гол пиштол 1 и 2½, смотан бело­ косец крши се пред себе, и тука се разбираме. Владо понекогаш зборува во загатки и предизвици, но со сто грама сончоглед можеш лесно да го поткупиш на спо­ делување на мудроста и тајните на вселената. Но, има една тајна, најголема за нас двајца, која што сакаме да ја откриеме најмногу од сѐ - девојките. Камп во Крани. Летен одмор со кошаркарскиот тим на Тимур. Сместени во бунгалови се будиме намачка­ ни со паста за заби, а враќаме со пена за бричење, за потоа да најдеме кучешки гомца пред влезната врата. Сите заминуваат во мензата да го гледаат Стравот во улицата на брестовите на едно мало телевизорче поставено на масичка со фикуси околу него. Кампот се испразнува. Се шлаам сам и одам кај флиперите. Таму се уште неколку типови. Ја носам маицата со нат­ пис Kreator и некој демон или друга ѓаволска работа на него. Некој кремец ми приоѓа. „Да не си сатанист?“ ме задева. Со распаѓањето на Југославија и враќањето на религијата сектите ста­ нуваат популарни. Пентакосталци, сатанисти и Је­хо­ вини сведоци. „Мали, фаќај магла,“ ме спасува пред да одговорам еден постар крупен тип со долга коса и пришивачи Iron Maiden. Се препознаваме. Кремецот ја свиткува опаш­ ката. Растураме фудбалче. Плажата е долга, а патот до длабоката вода е уште подолг и исполнет со езерска трева која што не ја са­ 111 Hot Shots! (1991), американска пародија на филмот Top Gun во режија и по сценарио на Jim Abrahams со Charlie Sheen во главната улога.


1 час и 30 минути: деведесетти

91

кам. Прв пат се капам во езеро и имам прва девојка. Не вистинска. Си се допаѓаме и се дружиме. Толку. Одмо­ рот завршува и таа плаче. Ми подарува марама. Зимски одмор. Хотел Бистра, Маврово. „Вие од каде сте,“ ги прашувам двете девојчиња кои сакаа да се запознаат со мене. „Од Битола, а вие од каде сте?“ ме прашуваат тие. „Од Сараево,“ одговарам и не можам да престанам да мислам на тоа дека помислија дека им персирам. Сѐ уште не владеам добро со македонскиот, но двеве се навистина глупави! Разговорот тргнува надолу од тој момент. Друштвото од класот е во собата и сведо­ чи на траги-комедијата. Моето искус­тво со девојчиња е мачно, потно, стресно, тре­вож­­но. Владо не е подобар. После девојчето кое во тре­то одделение го чекал зад грмушки за да го плу­ка - бидејќи му се допаѓала - не знам ништо повеќе. Но, и да има нешто, веројатно не би ми кажал. Како што кажав, неговиот збор - алтан вреди. „Ќе баталам сѐ и ќе се посветам на науката,“ полу­ ше­го­вито велиме кога зборуваме за девојките. Книжарница Култура преку мостот, Скопје. Голема прос­торија со венецијанери на излозите, темна и за­ душ­лива атмосфера, со филадендрони и други про­ со­ ци­ јалистичко ориентирани домашни растенија по­­меѓу рафтовите со книги. Неколку фотелји за ужи­ ванција, а здодевен продавач нема ниту на километар. Совр­шен рај за не­кол­ку-ча­совно попладневно после­ училишно сур­фа­ње по раф­товите. Ја наоѓам „Куса историја на времето“, од Сти­вен Хокинг и таа книга набрзо станува мое оми­ле­но четиво. Црни дупки, ка­ ков концепт!


92

Берт Стајн

На телевизија ја даваат серијата Беверли Хилс112. Глав­ на­та актерка, Бренда, несигурна во себеси и со желба да би­де повозрасна, како и сите млади, се преправа дека е пол­нолетна и дека е студентка по астрономија. „Што е тоа црна дупка?“ ја прашуваат пријателите на нејзиниот постар дечко. „Тоа е дупка... само што е црна,“ одговара таа, а јас по­сакувам таа да е моја девојка и да ја научам сè за мис­териите на вселената, токму како во филмот Не можеш да ми ја купиш љубовта. Дома. Мојата соба. Ѕидот зад мене е избоен со големи површини од разни бои од времето кога собата била на сестра ми. Откако ја наследив, додадов цртежи со ор­ наментика и плакати. До плакатот од концертот на бен­ дот SunS е плакат со сликата Жена која плаче со шамивче, којшто сестра ми го донесе од изложба на Пикасо во Берлин, а до него постер на Ајнштајн како си го плази јазикот. Згодно. Ги слушам Bad Religion. Big bang, big crunch, you know there's no free lunch. Kneel down and pray, here comes your judgment day. Big crunch, you know, it's gonna be quite a show. What goes around always comes around, yeah.113 Ме прави да се чувствувам кул тоа што ја сакам астро­номијата и знам за што зборуваат. No Control, крат­ко и експлозивно! Наука и анархија, ред и хаос, мојот живот. 112 Beverly Hills, 90210 (1990-2000), американска тинејџерска драма на Aaron Spelling со Shannen Doherty, Jennie Garth, Tori Spelling, Jason Priestley, Luke Perry и други. 113 „Голема експлозија, Големо смачкување, знаеш дека нема нешто такво како бесплатен ручек. Клекни на коленици и моли се, доаѓа твојот суден ден. Големото смачкување, знаеш, ќе биде големо шоу. Сè се праќа, сè се враќа.“Стихови од песната „Big Bang“ на Bad Religion од албумот No Control (1989).


1 час и 30 минути: деведесетти

93

IX

Мојата татковина која што веќе не е моја прогласу­ ва независност. Веднаш потоа мојот град којшто не е мој паѓа под опсада. Дали сме ние следни? Трес-бум! Кршам рака. Операција. Нервот е повре­ден. Тера­пи­ја во Козле. Приемен во средно. Не можам да држам пенкало. Учам да пишувам со левата рака. При­мен сум. Гимназија „Јосипо Броз Тито“. На прва клупа сум. Про­фесорката по англиски ми бара пенкало за да ги за­пише отсутните. Пенкалото ми е залепено за рака­ та, не можам да го кренам палецот, ниту показалецот заради повреда на нер­вот Радијалис, смачкан под два­ наесет шрафови од плочката која што ги држи двата скршени дела од коската Хумерус. Но, како што дознавам во Белите луѓе не можат да скокаат114 - никој не може да ти рече што можеш, а што не. Из­местени ликови во изместени животи. „На девојката тре­ба да ѝ однесеш вода кога ти бара, или не треба“, мо­­жеби водата значи нешто друго? Вуди Ха­ релсон не ги разбира девојките. Ниту јас. „Present Simple се гради од,“ одговарам на часот по англиски. 114 White Men Can't Jump (1992), американска спортска комедија во режија на Ron Shelton со Wesley Snipes и Woody Harrelson во главните улоги.


94

Берт Стајн

„Се гради со,“ ме исправа професорката по англис­ ки, стара руска школа, страв и трепет за сите ученици, лингвист со тапија, граматиката ѝ е Библија. „Момент само, од каде си ти?“ ме прашува. „Од Сараево,“ одговарам, засрамен што конечно не­кој позна дека не сум од Македонија и покрај мојот труд да зборувам точно и течно. Соучениците ме по­ глед­нуваат чудно. Премотуваме назад. Лето. Државна болница. Клиника за трауматологија. Лежам на болнички кревет, а спроти мене е тип со пет опе­рации, една по друга. Никако не можат да му ги оправат нозете искршени на четири места. Двете Тибии и двете Фи­були. Сообраќајка. Возачот избегал и го оста­вил да ле­жи во крвишта и болка, пцости и крици, на асфалтот, дури не­кој не се смилувал да повика Брза по­мош. Жена му е до не­го, му го крева газот и му го бри­ше, а тој пцуе. „Ебати животот, ебати среќата!“ намрштено, а потоа ме забележува. „Што гледаш, мали!?“ вика по мене. Ја вртам главата. Само пред неколку часа се разбудив од операција. Премотуваме назад. Дома, пред телевизор. Калифорнискиот човек115 се бу­ди од милениумски сон. Се смеам додека седам на кре­ветот. „Hey, bu-ddy!“ вели Визл, а Линк е глупав, нормално праисториски човек е, ама е кул. Им се допаѓа на сите зашто игра блесаво, ништо не разбира и е сосема не­ од­говорен. Но, јас сум сериозен. Не сум легнал веќе со дено­ ви. Спијам седечки, со раката поставена вертикално. 115 Encino Man, познат како California Man во Европа (1992), американска комедија во режија на Les Mayfield со Brendan Fraser, Sean Astin и Pauly Shore во главните улоги.


1 час и 30 минути: деведесетти

95

Не смеам да легнувам, инаку коските ќе зараснат по­ грешно. Ме снимаат. Зараснати се грешно. Докторот влече, а болничарот држи, џабе, коските не се даваат. „Ништо, мора операција,“ вели докторот. Затем­ну­ва­ње. Кадарот се отвора. „Се разбуди, докторе,“ вика ме­ дицинската сестра. Ја гледам зелената маска на док­ торот над мене. Светло. Премногу светло. Зелено. Бол­ ка како далечно сеќавање. Помеѓу световите сум. Не чувствувам ништо. Само помирување. Јас не сум тука. „Веднаш анестезија,“ го слушам докторот како од далечина и се губам. Топлото чувство на безгрижност ме обзема. „Не заспивај,“ вика сестрата по мене. Операцијата е завршена. Не можам да се разбудам. Сестрата ми уди­­ра шлаканици. Не ги чувствувам. Главата ми се по­местува лево-десно, но не ги чувствувам нејзините уда­ри. Сè е забавено, светот пред мене се крева, па се спушта. Сестрата повторно ми удира шлаканица. Поч­ ну­ва да боли. „Не оставајте го да заспие,“ ѝ кажува на мајка ми и заминува. Нејзините кломпи одѕвонуваат по ходници­ те избоени со мрсна темно зелена боја, а над неа бол­ нички белата. Неуспешниот експеримент на пет операции една по друга ме гледа без емоции. Јас сум само уште еден пациент којшто ќе дојде и ќе отиде. Тој останува, ние за­минуваме дома, заминуваме по други болници, за­ ми­нуваме на другиот свет... Стариот архитект го носат кога треската ми сплас­ нува, апетитот ми се враќа и ми го вадат дренот. Ра­се­ чено парче месо. Мојата рака. Четиринаесет шевови. А тој? Архитектот паднал од зграда, скршена кар­лица


96

Берт Стајн

и петици - како ли се кршат петиците? Ноќ. „Сестро, брзо,“ крикнува жената која што беше до него. Светлото се пали. Бубашвабите се разбе­гу­ваат по темните ќошиња и дупки зад металните сиви ка­ сети и 'рѓосаните метални ногарки од креветите. „Помагајте,“ вреска жената, но доцна е, го удираат по градите, стариот, архитектот. Вештачко дишење. Не дише. Жената плаче. Дежурниот доктор доаѓа. Му го пипа пулсот на стариот. Сите сме будни. Одмавнува со главата. Го изнесуваат надвор. Ноќта продолжува. Пре­многу тивко. Но­сат некој работник. Повреден 'рбет. Нема да оди по­веќе, му кажуваат. На радио во некоја од собите сви­ ри народна музика. Човекот мрда по малку со нозе­ те на музиката. „Има надеж штом мрда“, помислувам. Шла­пка од супата ко­ја што му ја дава жената до него, мајка, сестра, жена... се­когаш има некоја која што се грижи за нас мажите и мом­чињата. Ми текнува на Мирисот на жената116. „Ху - хах!“ Неуспешниот експеримент зборува со мене. „Пушти ја мајка ти да си оди дома,“ ме советува. „Не ја држам јас,“ одговарам. „Треба да бидеш самостоен.“ „Нашол да каже човекот којшто не може да си го избрише ни газот,“ помислувам, но не кажувам. Збо­ рувам на македонски, прв пат, никој не ме препознава, сите мис­лат дека сум дел од нив. Конечно сум дел од неш­то, скршен, искасапен, поразен, но конечно дел од ед­на целина. Премотуваме напред. Училница во „ЈБТ“. Повторно на час по англиски. 116 Scent of a Woman (1992), американска драма во режија на Martin Brest со Al Pacino и Chris O'Donnell во главните улоги.


1 час и 30 минути: деведесетти

97

„Never put out tomorrow, what you can do today117“ - запишете го ова на првата страница од вашите тет­ рат­ки,“ ни вели професорката и ние, послушни уче­ ничиња, дојдени од разни основни училишта од гра­ дот и пошироко, желни за успех и докажување, го за­пишуваме тоа - со краснопис. Прв час по физика. Ги учиме мерните единици. Веќе ги знам повеќето од енциклопедијата „Наука“. Втор час по фи­зика. „Кој ќе повтори?“ прашува професорот. Кревам ра­ ка високо. Само јас - јас срамежливиот, оној којшто не зборува ако не е прашан. „Единица за маса е килограм. Тој се дефинира како...“ рецитирам дефиниции, вадам брзини на свет­ ли­на во вакуум како од ракав и расфрлам тегови од плати­на и иридиум како да се дијаманти на катедрата на професорот по физика. Професорот ми личи повеќе на возач на авто­бус, или пекар или месар, крупен, стомак преку панта­­ лоните - вистински примерок на балкански маж­јак но тоа не ме загрижува додека рендам дефиниции. „Добро. Седни. Скрати си ја косата,“ е неговиот ко­ мен­тар на моите дијаманти кои веднаш згаснуваат. Не е сè како што изгледа на прв поглед. „Понтиак темпест!“ извикува згодната Мариса То­ меи во Мојот братучед Вини.118 Таа е експерт за коли, а изгледа како шминкерка без мозок. Веднаш се заљу­ бувам во неа. Муабет со другарка од средно за Буковски и мо­ја­та омилена книга од него, Блудниот син. Нејзе не ѝ се до­ 117 Никогаш не го оставај за утре она што можеш да направиш денес. 118 My Cousin Vinny (1992), комедија во режија на Jonathan Lynn со Joe Pesci, Ralph Macchio и Marisa Tomei во главните улоги.


98

Берт Стајн

паѓа. Таа мене ми се допаѓа. Таа. Ми текнува на сексуал­ ните сцени од книгата и се вцрвувам. Не ми­слев на тоа... Следниот час по физика - дежа ви - една рака во це­ ла училница, дефиниции, дијаманти, сјај на младиот ум же­лен за знаење и докажување. „Добро. Седни. Скрати си ја косата,“ е последното нешто што го слушам од него. Не ја кратам косата - од инает. Не кревам рака по­ веќе - од инает - ни на неговите часови, ниту на други­ те. Знаењето е мое и немам потреба од докажување. Ако сакаш да не те чепкаат, не истакнувај се и ќе те остават на раат. Така е тоа на Балканот. Во белиот свет е поинаку - интернетот се комерци­ јализира и се појавуваат првите пребарувачи. Наука­ та и технологијата го подобруваат животот и го пра­ ват поинтересен, но сивите згради и улици заедно со си­вите умови во нашата земја се чини дека никогаш нема да заминат во историјата. Црно-бел свет. Кино „Вардар.“ Го гледаме Дракула119 со друштво од средно. Деца на ноќта. Девојките воздивнуваат на приказната за вечната љубов поголема од животот, а јас се надевам дека таа ќе ме забележи, но таа веќе има момче, којшто за беља е добар и чесен тип. Мо­же­ би некогаш ќе раскине. Секогаш постои утре. Утре. Слободно филмско попладне дури мајка ми не се врати од ра­бота. Го гледам Капетанот Рон120. Курт Расел е со пи­ратски превез, еден црнец со коса со суканици го ви­­каат „Мамба со пајакот на главата“. 119 Bram Stoker's Dracula или едноставно Dracula (1992), американски романтичен хорор филм во режија на Francis Ford Coppola со Gary Oldman, Winona Ryder, Anthony Hopkins и Keanu Reeves во главните улоги. 120 Captain Ron (1992), американска комедија на Thom Eberhardt со Kurt Russell, Martin Short и други.


1 час и 30 минути: деведесетти

99

Цуки гребе на вра­­тата. Ѕвонче. Вечера пред телевизор и лаф-муабет... Правиме до­машни хамбургери и не можеме да се изнајдеме од нив. Кечап и мајонез колку ти душа сака. „Седмица“ и „Скала“ може да ни се фатат на малиот прст! Кечапот се слева по моите раце додека хамбургерот се распа­ ѓа - компирчиња, салата на секаде, поради тресењето и смеата од Најсмешните американски видеа121. Напра­ ви најголема глупост и освој 10.000 долари. Генијална игра! Дома. Играме пинг-понг. „Топчето удри во масата,“ вика Владо. „Нема врска, не ја ни допре,“ се противам јас. Трпезариската маса ни пинг-понг маса, а компле­ тот кафеави книги со бели букви од Теодор Драјзер ни служи како мрежа. Сестра ми влегува. „Ау!...“ реагира и веднаш излегува. Миризбата на адолесцентска пот е неиздржлива. Долни маици и чо­рапи. Но, ние не забележуваме ништо и додека, на­ ви­дум несоодветниот, но за нас совршено логичен, саунд­трак на играњето пинг-понг, Gipsy Kings, Greatest Hits, крчи од малото касетофонче, старо колку мене, Владо по кој знае кој пат се обидува да смечува. Не успева речиси никогаш, но не се откажува по цена на изгубените поени - задоволството од постигнатиот поен на тој начин е повредно од сите изгубени мечеви. Тоа е Владо - во пинг-понгот и во животот. Вечер. Пред телевизорот. Виртуелното ме обзема. Све­­­тот на Вејн122 е сведок на американската реалност 121 America's Funniest Home Videos (1990 -), американско реално шоу со хумористични домашни снимки со водителот Боб Сагет (1989–97). 122 Wayne's World (1992), комедија на Penelope Spheeris со Mike Myers и Dana Carvey.


100

Берт Стајн

за нас, нешто што го презирам и сакам исто­вре­мено. „Party on, Wayne!“ Светот на Вејн. Хедбенгерс бол123. Iron Maiden. Три­ те ра­­боти кои ме поврзуваат со Вла. Седиме заедно во клу­па. Нов најдобар другар од училиште. И девојката од клас која што ја посакуваме заедно. И таа нѐ повр­ зува, но таа е принцеза и надвор од нашата лига. Принцот Чарлс и принцезата Дајана се разделува­ ат. Тоа е светска вест. Во Сараево секојдневно гинат мои­те другари и тоа не е вест. Ниту тоа дека се кријат по скривници или дека бегаат од снајпери додека па­ за­рат... но, што знам јас за нивниот живот - ништо. Не знам дури ни дали татко ми е жив. Кај Тимур на гости. Сè почесто сум таму. Брат му се заљубува во Робин Гивенс, а мене ми се допаѓа Хејли Бе­ри во Бумеранг124. Ми зборува за Нинџа Желки и му се смее на Тимур дека чита книги, на што овој го строи со поглед. Сè се враќа, сè се плаќа - како бумеранг. Во Кина се отвора првиот „Мекдоналдс“, а „Еуро Диз­ни“ започнува со работа во Франција. Америка, све­тот... светот, Америка. Каде сме ние во сето тоа? Не­маме ни „Мекдоналдс“, освен на телевизија - таму има­ме сè. Сам дома пред телевизор. Сам дома 2125. Конзерва, конзерва - цевка! Филмот ста­нува симбол на борбата на сите деца во светот про­­ тив возрасните кои, иако сме помали, можеме да ги надмудриме секогаш. 123 Headbangers Ball (1987-1995; 2003-2012), музичка програма за хеви метал музиката на MTV. 124 Boomerang (1992), американска романтична комедија во режија на Reg­ inald Hudlin со Eddie Murphy, Robin Givens и Halle Berry во главните улоги. 125 Home Alone 2: Lost in New York (1992), божиќна комедија во режија на Chris Columbus со Macaulay Culkin, Joe Pesci и Daniel Stern во главните улоги.


1 час и 30 минути: деведесетти

101

Купишта листови со решени задачи по математика до мене. Се подготвувам за писмена. Задачите ги ре­ ша­вам прво на едната страна на листот, па на другата, па на првата во обратна насока, па на втората обратно, па трет пат со црвено пенкало... штедењето е во мода, најави за војна, се купува брашно, масло, вода... „Ако го отвориш шишето, водата бактериолошки е исправна една недела,“ ѝ кажува на мајка ми прија­тел­ ка доктор... макарони, конзерви, сува храна, со задол­ жителен ко­мен­тар „Не дај боже да затреба.“ Тага, очај, младост во страв, ограничени и при­тис­ нати од сите страни се чувствувавме како во затвор. Воз­рас­ните се лечат со ракија по ручек, вино пред спиење, „Лексилиум“ за да го почнеш денот, „Лек­ силиум“ за да го завршиш денот, стотици, илјадници легални наркомани и канцелариски стаорци седат по бараките чекајќи сте­чај, отказ, распаѓање на систе­ мот, апокалипса. Мене ме интересира иднината, можностите, изле­ зот од затворот на балканската од-ден-за-ден егзис­ тенција. Филмот Косачот126 нуди визија за иднината во којашто виртуелната реал­ност е секојдневие. Пиксели­ зирани 3-D репрезен­тации кои ни ја разгоруваат фан­ тазијата... градот спие во исчекување на експлозија, а мојот мозок зоврива од мис­ли, желби и неостварени идеи, внатрешен кри­к. „До 2001 година сите луѓе во светот ќе бидат по­вр­ за­­ни, поврзани во мене!“ вели компјутерот во филмот, а ние возвраќаме: „Кој знае дали ќе постоиме до то­ гаш!?“ 126 The Lawnmower Man (1992), американски научно-фантастичен хороракција во режија на Brett Leonar со Jeff Fahey и Pierce Brosnan во главните улоги..


102

Берт Стајн

Се чини дека секој ден една нова фабрика паѓа под сте­чај, родителите на многу пријатели не примаат пла­ти веќе со месеци, некои се отпуштени, афери ле­ во-десно, постојани поскапувања на бензинот, не­за­ доволните граѓани протестираат. Училиште. „Сакаш ли петка?“ ме прашува професо­ рот по ма­те­матика. „Не,“ му одговарам и ми заклучува четворка. Сите купишта „надолж и попреку“ испишани лис­ то­ви знаат де­ка заслужувам петка, но не ја сакам, не отка­ко цела го­ди­на водев борба со професорот којшто секој втор час ме праќаше кај неговиот сојузник во предрасудите, директорот, само затоа што имам дол­ га ко­са. Моите маки со косата се само почеток на она што значи патријархално, заостанато, регресивно раз­ми­ слу­вање кое што е изедначувано со добриот успех на учи­лиштето. „Мозоците“ зад овој проект, средовечни мажи со стомаци кои им висат преку панталоните, професори со коси префрлени преку келавицата или сомнителни психички случаи кои предаваат психоло­ гија, секоја година ни приготвуваат поздрав од упра­ вата. „Слободата е ропство!“127 Соопштение. „Се заповеда сите ученици во Сред­ ното учи­лиш­те­„Јосип Броз Тито“ да се однесуваат примерно и да не носат бермуди, куси здолништа и особено мрежести ху­лахопки, девојчињата да бидат со собрани коси, а маш­ки­те со кратки коси.“ Ова се слуша од разгласот два пати го­дишно, на есен и на 127 Слоган од филмот Nineteen Eighty-Four (1984), британска дистописка драма на Michael Radford, врз основа на истоимениот роман на George Orwell со John Hurt, Richard Burton, Suzanna Hamilton и Cyril Cusack.


1 час и 30 минути: деведесетти

103

пролет. Не ми е јасно како нешто тол­ку банално може да ја дефинира мојата оценка или на­чинот на којшто професорите гледаат на мене. Далеку е сонцето за нас, а во светот научниците ја откриваат првата планета како дел од друг Сончев си­ стем - читам во списанието Галаксија, редизајнирана, подновена, намален формат, промена на лого, поква­ ли­тетна хартија, сред бурата во Југославија - последни грчеви пред издишување? „Погледнав низ телескопот и таму беше,“ чита Ели, дру­гарка од средно на која што, повторно, ѝ е доделе­ на не­бла­годарната задача да ги чита моите писмени работи, заш­то јас упорно одбивам, „нова планета во друг систем и јас ја открив! Возбудено истрчав над­ вор...“ продолжи таа, а јас засрамено ги шкртам мои­те симболи и орнаменти во тетратката пред мене. Во меѓувреме, во мојата поранешна држава. ОН го на­ пуш­та Сараево. „Ти си мртов војник.“ Жан Клод ван Дам е кибер­ нет­ски орга­низам во Универзален војник.128 Ама постои финта - има емоции! За разлика од ОН... Тешка зима им прет­стои на моите поранешни сожители.

128 Universal Soldier (1992), научно-фантастичен филм во режија на Roland Emmerich со Jean-Claude Van Damme и Dolph Lundgren во главните улоги.


104

Берт Стајн

X

„Toby... Who the f**k is Toby?“ му ја кажувам на Вла­до редовната шега со која што се поздравуваме, а тој се смее. Муабетот за песната Like a Virgin од филмот Ка­ сапски кучиња129 станува култен, како и режи­серот Та­ ран­тино омилен за моето друштво и за многу дру­ги млади. Насилството е насекаде околу нас, и мо­жеби затоа Тарантино резонира толку длабоко во нас. Нес­ кротливиот виор на војната, стравот, не­из­вес­носта оди добро со култните реплики и откачените приказни. „Тепај ме Тоби,“ ја модифицира репликата Владо ко­га му раскажувам за моите несреќни платонски љу­ бо­ви, и во право е. Неговата кујничка на петтиот кат од сивата зграда спроти хотелот „Кар­пош“ слушнала премногу такви приказни. Заминувам. Владо останува сам во кујничката, Му се пријадува. Вади леб од шпајзот и го става на масата. Корне парче. Размислува за Тарантино. Корне друго пар­че од лебот. Размислува за книгата на Шоптрајанов по хемија и за тоа колку го нервира неговиот прис­тап кон средношколците кои ги третира како основци. Лапа следно парче леб. Размислува за жи­во­тот, идни­ ната, девојките и науката. Од ден за ден... 129 Reservoir Dogs (1992), американски нео-ноар криминалистички трилер во режија на Quentin Tarantino со Harvey Keitel, Tim Roth и Michael Madsen.


1 час и 30 минути: деведесетти

105

Денот на мрмотот130. Секој ден е ист на претходни­ от. На­шата домашна зона на самракот е слична на ова. Овој филм станува еден од моите омилени. Сѐ во не­го е така како што треба. Приказната, пораката, развојот на деј­стви­­ето. Кра­јот е совршено холивудски, но што има вр­с­ка, го пи­еме ме­дот од филмот, а киселината секако ни ја дава жи­­вотот. „Каде е лебот?“ го прашува мајка му Владо. Тој уште не е расонет. „Не знам,“ одговара. „Како не знаеш? Некој го изел. Вчера пред легну­ вање имаше цел леб. Само ти беше во трпезаријата.“ „Врска немам.“ „Не е можно да си изел цел леб, а да не знаеш дека си го изел.“ Расправијата продолжува, а Владо ми го рас­ка­жува ова со смеа. Мајка му на Владо можеби не знае, но јас знам - можно е. Ако е можно Јасер Арафат и Јицак Рабин да се по­ мират, и сѐ е можно131! Ни се чини неразбирливо два народи кои се толку блиски по изглед, обичаи, култу­ ра и светско нас­ледство толку да се разликуваат. Се работи за една мала „ситница“ - религијата. Блискиот Исток. Бал­ка­нот. Иста работа. Јасер Арафат има шаховница на гла­­ вата, Хрватите на знамето. Србите се Израелци во слу­­ чајов, или обратно? Секој може да се најде во околно­ сти кои што ќе му го сменат животот и ќе го стават на грешната страна. Шиндлеровата листа132. 130 Groundhog Day (1993), американска фантазија и комедија во режија на Harold Ramis со Bill Murray и Andie MacDowell. 131 Алузија на слоган за Скопско пиво, „Скопско, и сѐ е можно“. 132 Schindler's List (1993), американска епска историска драма, во режија на Steven Spielberg со Liam Neeson, Ralph Fiennes и Ben Kingsley.


106

Берт Стајн

Да се биде поинаков е најопасното нешто во земји­ те на поранешна Југославија. Филмот Конусовци133 на хумористичен начин ни дава визија за тоа со какви проблеми можеш да се соочиш заради тоа. Цевка од правосмукалка во устата. Правам звуци од диџериду со цевката од право­ смукалката. Абориџините биле жртва на етничко чис­тење, одземање земја, достоинство и живот. Инди­ јанците. Курдите. Ерменците... листата оди во бескрај. „Пукај, пукај,“ му викам на Владо, а тој стиска на „ctrl“ копчето од тастатурата, колку што побрзо може, додека јас возам низ тесните ходници од играта Волфенштајн 3D.134 Со секое вртење по ходниците ни се завртува во главата, а по час-два ни се повраќа. Го тепа­ме Хитлер и ставаме крај на неговата желба за светска доминација. Светска мапа во сложувалка натопена во ЛСД! „Сакаш да леташ? Избери земја.“ „Жити се, само не ми ја давај Северна Ирска. Не са­ кам лош трип!“ вели главниот лик во Во името на тат­ кото135. Кој ја сака Босна? Нашите различни, а исти, народи во осумдесеттите беа здружени под сликата на Тито над таблата во училниците, неговите налепници беа врз нашите фрижидери и машини за шиење по до­мо­ вите, сините капчиња со црвени петокраки и црвени марами за празниците или сините работнички уни­ 133 Coneheads (1993), американска научно-фантастична комедијана Steve Barron со Dan Aykroyd, Jane Curtin и Michelle Burke. 134 Wolfenstein 3D (1992), видео игра со пукање во прво лице на id Soft­ ware издадена од Apogee Software. 135 In the Name of the Father (1993), ирско-британско-американска биографска судска драма режирана од Jim Sheridan со Daniel Day-Lewis, Pete Postlethwaite и Emma Thompson во главните улоги.


1 час и 30 минути: деведесетти

107

форми за на училиште. Ти­то беше нашиот прв поп-и­ дол пред тоа да стане Ле­па Брена, но југословенскиот пан-културализам не ни бранеше подеднакво да ги сакаме и Џеки Чен, Рам­бо, Сандокан, или Тарзан, како и Нехру или Насер, ги­ба­ни­ца, балкава или Кока-Кола. Какви времиња! Во деведесеттите сме и оние кои не веруваат во нас­ ил­ ство остануваат без идеологија, но добиваат нови идо­ли. Време на парадокси. Луѓето се плашат од раз­лич­носта и се групираат во глутници. Понекогаш тие глу­тн ­ ици се делат, па формираат нови. Словачка и Чеш­­ка се одделуваат без проблеми и ни даваат лек­ ција ка­­ко се прави тоа на европски начин. Европа, од друга стра­­на се обединува со Договорот од Мастрихт. Раздели за да споиш, на Европски начин. Ние жртви, тие херои. Канал 103. Музички херои. The Disposable Heroes of Hip­hoprisy соработуваат со Вилијам Бароуз на албумот Spare Ass Annie and Other Tales. Каков придонес за свет­ ската култура! Но, ние сме Балканци и заслужни за единствениот интер­национален термин инспириран од нас - балка­ ни­зација. После нашиот, пардон словенечкиот, ајвар тоа е нашиот најголем придонес за светската циви­ли­ за­­ција. Але­луја! Сепак, го имаме Тетовирање136. Последен македон­ ски филм пред осамостојувањето. Прв македонски филм за мене. Жестоко. „Признај, пизда ти материна, признај!“ Паркчето пред „Дом на АРМ“. Дремам на една од клу­ 136 Тетовирање (1991), македонски филм-драма од 1991 година, режиран од Столе Попов, со Столе Аранѓеловиќ, Мето Јовановски, Кирил ПопХристов во главните улоги


108

Берт Стајн

пите и шмекам женски додека чекам да дој­де времето за филмот. „Кино Култура“. Четирите лен­ти во боја кои што висат над нас како некоја ѕвез­дена патека кон ма­ гичниот свет на филмот. По­ра­но се викало „Уранија“. Пред влезот плакат зад стак­лото. Македонска сага137. Повторно религија, пов­ тор­ но трагедија. Забранети љубови. До кога? Са­ка­ме да одиме напред, да не се вр­ тиме кон тоа кој кому што направил. Во „Вардар 1“ и „Вардар 2“ аме­ри­ка­ни­за­ци­ја­та започнува. Подгответе се! Г-ѓа Даутфаер138 е холивудско срање. Не можам да за­мислам татко кој би поминал толку маки за да биде со сопствените деца. Татко ми не би кренал слушалка, а не да се облече како старица и секој ден да глуми бе­ биситерка за сестра ми и за мене. Пиратски фаќаме MTV. Вла ми ја раскажува епизо­ дата во која Бивис и Батхед139 за­вршуваат во затвор, а затвореникот има тетоважа со Iron Maiden. „Maiden Rules!“ и „Not a prisoner I'm a free man“ од песната The Prisoner на Iron Maiden. Откачени и глупави. Наликува­ ме по малку на нив. Млади и глу­па­ви. Затвор. Реалност. Единственото нешто што нѐ осло­­­­бодува од чувството на затвор кое постојано нѐ про­­гонува се филмовите. Вжештени глави! Втор дел140 совр­­ше­но се вклопува во таа идеја. Што добиваш ако 137 Македонска сага (1993), македонски игран филм по сценарио и режија на Бранко Гапо. Во главни улоги: Кирил Поп Христов, Мето Јовановски, Владо Јовановски и др. 138 Mrs. Doubtfire (1993), американска комедија-драма во режија на Chris Columbus со Robin Williams во главната улога. 139 Beavis and Butt-Head (1993–2011), американска анимирана серија за возрасни на Mike Judge. 140 Hot Shots! Part Deux (1993), комедија и пародија на Jim Abrahams, со Charlie Sheen, Lloyd Bridges и Valeria Golino.


1 час и 30 минути: деведесетти

109

изме­шаш Војна на ѕвездите141 со Рамбо, и Садам Хусеин со пудлица? Смеата ни го осветлува патот. На ТВ се дава нова детска серија. Дајте музика142. Станува хит. „Зелката има кошули триста.“ Се фурам на панк-рок и мразам музика за деца колку што мра­ зам и деца кои пеат. Затемнување. Катастрофа. Палер паѓа. Авиоимпекс паѓа. Маке­ до­ни­ја паѓа. ФИРОМ. Другар од средно го слуша албумот Архангел 2 до за­бегување. Омилена му е Милион долари, Вла се пали на Сениште, а јас на Војна... музиката нè дефинира како ка­рактери, она што го сакаме, она од што се плашиме.

XI

Дискотеките се ин. Моите другари од средно кис­ нат во кремаџиската Копакабана до МНТ. Ние со Владо ја викаме Треска на саботната вечер143, според вечно по­пуларниот филм којшто го даваа секој ви­кенд на МТВ, во пар со Брилијантин144. 141 Star Wars (1977-), американска епска научна фантастика креирана од George Lucas. 142 Дајте музика (1993), македонска музичка серија за деца која се прикажуваше на Македонската телевизија во режисија на Лазар Паковски. 143 Saturday Night Fever (1977), филм со танцување во режија на John Bad­ ham со John Travolta, Karen Lynn Gorney и Donna Pescow во главните улоги. 144 Grease (1978), американска музичка романтична комедија во режија на Randal Kleiser со John Travolta и Olivia Newton-John.


110

Берт Стајн

Го замислувам уредникот на програмата како си потпевнува „I got chills, they're multiplying, аnd I'm losing control!“ и додека го пушта филмот го лазат морници од возбуда. Некој во МТВ го сака Џон Траволта и не го крие тоа! Дремам пред ТВ и ја местам антената со часови. Анте­ната е една соголена жица која што ја пикам во дупката за кабелскиот приклучок на видеото којшто со секое приклучување сè повеќе се проширува и иза­ бува. Не добивам ништо подобро од снег и шум, но деј­ствието се наѕира. Канал Амазон, доцни ноќни часови. Филмовите за воз­­­­расни ги снимам на една добро скриена касета на ко­­ја што со големи букви пишува „Cosmos!“ Понекогаш ја по­зајмувам касетата на Вла и „Космос“ станува наша тај­­на шифра за сите филмови за возрасни. Космос Хаос! Вла е лудо, наивно и непоправливо заљубен во про­ фе­­сорката по англиски. Таа е млада, со долга руса коса и му одговара на сите прашања за незгодни збор­ чиња од текстовите на песните од Iron Maiden и Black Sabbath. „Што е моб? Од една песна што се вика Mob Rules,“ прашува Вла... „Толпа,“ му одговара таа „Толпата владее,“ и Вла е пресреќен. Секој час - нов збор. Еднаш и јас се охраб­ ру­вам. „Што значи чајл?“ прашувам. „Мислиш чајлд?“ ме прашува збунето таа. „Не, баш чајл, без 'д', од песна Voodoo Chile. На Џими Хендрикс.“ Не знае. Следниот час ми кажува дека се работи за варијан­


1 час и 30 минути: деведесетти

111

та на зборот чили, зачинот. Не сум задоволен. И така пра­ша­њето беше глупаво. Ѕидот од нашата училница е исчкртан со потписи. Зас­та­нувам пред ѕидот и набрзина пишувам. Се вртам - никој не ме виде. Сите се на терасата, седат на бе­тон­ ските огради или на первазите од прозорците. Џа­го­ рот од муабетот не сопира цел одмор. Седам внатре, ка­ко и обично. Млади девојки во куси фустани. Сите девојки кои ги познавам лудуваат по долго­ косите Бред Пит, Том Круз и Кристијан Слејтер во Интервју со вампирот.145 Чаирска романтика! Утредента на ѕидот некој го исправил моето греш­ но „W“ во "Voodoo Chile". Вла и другиот пред нас ме за­де­ваат заради тоа. Молчам. Другиот се насмевнува глас­ но. Професорката по биологија ме опоменува. Мене? Пре­молчувам. Таа е жена во години која што ни ја диктира во тет­ рат­ките секоја нова лекција зашто учебникот е нов, а таа тешко ги прифаќа новите работи. Пишуваме до­дека пенкалата и моливите не ни се заријат во прстите и оста­ ват болни дупки во нив. Нејзините лекции се библија за мене. Не престанувам додека не ги нау­чам од збор до збор. Ми требаше многу време да се до­кажам пред неа и да разбере дека моето знаење не е аномалија, дека мо­ ите недолични „направи сам“ маици исчкртани со бои за текстил, спрееви и от­печатоци од раце, мојата долга коса и мојот став не­маат врска со моето знаење. Друга­ рот повторно се врти кон мене и се смее. Професорката повторно ме опо­менува. И повторно. Дома. „Проклета жица!“ пцујам, додека од мене 145 Interview with the Vampire (1994), американска хорор драма во режија на Neil Jordan со Tom Cruise, Christian Slater и Brad Pitt во главните улоги.


112

Берт Стајн

тече пот и ја вртам импровизираната антена во сите насоки на светот и на паралелните светови. Не знам зошто, но на мене и моите ни се чини невозможно и бескрајно комплицирано да купиме антена за телеви­ зорот или некој друг едноставен апарат којшто би ни го олеснил животот. Наместо тоа се снаоѓаме и пре­ живувавме, живееме бедно, на маргините на нештата кои значат слободен, искрен и отворен живот, нешта кои ни се непознати и веројатно никогаш нема да ги откриеме. „Не бев јас,“ конечно не издржувам. Гласот ми е за нијанса пресилен. Професорката е видно изнервира­ на. „Излези надвор,“ кажува не ни погледнувајќи ме. „Но...“ сакам да објаснам. Забележувам дека рацете ѝ се тре­сат. „Излези надвор,“ повторува, овој пат со решител­ ност со која нема расправање. Последен час е. Си ги пакувам книгите. Звукот на па­тентот од мојот ранец ја пара тишината. Мо­жам и да си одам и дома кога веќе излегувам. Лош ден за еден примерен средношколски ученик. Се смрачувам како сив облак сред летен ден. Насмевни се! Македонија конечно добива своја Топ Листа Надреалиста146, наречена К-15 147. Во ред, не се на ниво на ТЛН и понекогаш ми пречи пренесувањето на вицови или реални случувања во премногу директна форма без доволна доза на пародија или надреалност, но изгледа на народот му е забавно да се гледа во 146 Top lista nadrealista (1984-1991), шоу со комични скечеви на TV Saraje­ vo. 147 К-15 (1994 – 2012) македонско хумористично телевизиско шоу, основано од Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски.


1 час и 30 минути: деведесетти

113

огледало и лудо да се смее на своја сметка. Но, тоа е најдоброто што го имаме и подобро да го прифатиме ако сакаме да преживееме во ова лудо време. Народот брзо ја сфаќа поентата. „Разбираш, батка?“ Следниот час по биологија. Ја чекам професорката пред училница. Ме погледнува прашално. Можеби оче­кува дека ќе се расправам со неа. Ѝ се извинувам за моето однесување, иако, помислувам - не сум крив. Ме погледнува како сè уш­те да не може да го усогласи мојот изглед со мојата уло­га на одличен и примерен ученик. Го прифаќа изви­ну­ва­њето. Сепак. За волја на вистината, К-15 се еден од ретките вен­ ти­ли на народот којшто заслужува и малку смеа и опуш­те­ност среде тешки времиња, опкружени со вој­ ни кај на­шите соседи, кои до скоро ни беа со­жи­тели. И тогаш - Службеници148! Без експлозии и брка­ници со коли, без скапи ефекти и површен сјај, еднос­тавен, смешен, искрен. Владо со неговата брада и молчали­ вост, но спо­собност да ja процени мудро секоја ситуа­ ција од жи­вотот, лесно би можел да биде Тивкиот Боб, а јас со мојата долга коса, младолик изглед и брливост со ко­ја што секојдневно му додевам на Владо, можам да би­дам уверлив Џеј. „Што е педерче едно, сакаш да ти го...?“ му раска­ жу­вам една апсурдна сцена од филмот на Владо. Кај мене дома сме и токму во тој момент влегува сес­тра ми. Непријатна тишина. Таа излегува, а ние се трка­ла­ ме од смеа. Лош тајминг. Кевин Смит е цар, но Тарантино е крал! Во Мјузик Гарден се шуткаме на Sabotage на Beastie Boys. 148 Clerks (1994), американска црно-бела комедија и драма на Kevin Smith со Starring Brian O'Halloran и Jeff Anderson.


114

Берт Стајн

Маѓепсан сум од песната и од нејзиниот спот којшто се врти се­кој­дневно на MTV. Нешто во него ме потсету­ ва на Евтини приказни149. Цитатите од филмот, како: „Le Big-Mac,“ „Zed's dead“ и „Ezekiel 25:17,“ се вре­жу­ва­ат во нашите мозоци како со нож и оставаат трајна луз­на врз нашите сфаќања за Америка. И уште еднаш. Американски сон наклукан на сте­ роиди! „Ако веруваш во себеси, ќе успе­еш во сè!“ Ба­ рем тоа e пораката на Форест Гамп150, скриена во збо­ ровите „Животот е кутија со чоколадо.“ „Трчај Форест, трчај!“ Трчам од училиште, преку Рекорд, право до пло­ штадот, преку камениот мост на Вардар, покрај Култура до Та­бер­­накул. Внатре е мирно. Продавачот и јас. Не влегува ни­кој друг речиси цел час. Налетувам на Маргина бр. 3. Виртуална реалност, Кибер-панк, веш­ тач­ка интели­ген­ци­ја... и Брус Вагнер. Моментот кога сѐ што знаеш за светот се менува. На телевизија ја даваат серијата Диви палми151. Се­ дам пред телевизорот и ја впивам атмосферата на пост-­апокалиптична технолошка иднина и виртуелна сло­бода да потонеш во сопствените соништа. Или се ра­боти за ропство? Токму како главниот лик во Коса­ чот. Кибер-панкери со дигитални маски зборуваат за иднината на интернетот. Се напојувам со фрази ка­ко 149 Pulp Fiction (1994), американска црна комедија на Quentin Tarantino со John Travolta, Samuel L. Jackson, Uma Thurman, Harvey Keitel, Tim Roth и други. 150 Forrest Gump (1994), американска епска романтична комедија и драма во режија на Robert Zemeckis со Tom Hanks во главната улога. 151 Wild Palms (1993), научно-фантастична мини-серија на Bruce Wagner со James Belushi, Dana Delany, Robert Loggia, Kim Cattrall, David Warner и Angie Dickinson.


1 час и 30 минути: деведесетти

115

„Информацијата мора да биде слободна!“ и пи­шувам состав за кибер-панкот за часот по англиски. Профе­ сорката нѐ стимулира да ги изразуваме соп­стве­ните мисли и идеи, знаења и фантазии. Велам де­ка во идни­ на ќе можеме виртуелно да се шетаме во Па­риз. Никој не ми верува. „Дали ќе можеме да влеземе во Лувр?“ ме прашува една соуче­ничка. „Секако,“ одговарам. Не сум сигурен, но штом гени­ јал­ните автори на текстовите од „Маргина“ велат така, та­ка мора да биде! „Тоа ќе биде интересно за користење,“ реагираат со­учениците. Кај Владо дома. „Искористи го денот,“ ми вели Владо, а јас одговарам „Ha­ku­na Matata.“ Редиме цитати ин­ спирирани од Кралот лав152. Mало морген! Владо и јас сме сè, са­мо не искористи-го-денот-фраери. Повеќе сме ја­ди-пиј­-мудрувај-момчиња. Животните филозо­ фии ги црпи­ме од глупави американски слепстик153 комедии, ка­ко Глуп и поглуп154 и Ејс Вентура.155 Мери Самсонајт е жената на нашите сништа, а во реалноста имаме шан­си само да ја добиеме Луис Ејнхорн. Вести. Во Норвешка Зимски олимписки игри. „Во Швед­ска не­мири, здраво!“156 Во скоп­ска­та диско­тека Хард Рок, лумпувања и кршења. Само Мјузик Гарден да 152 The Lion King (1994), американски анимиран филм на Walt Disney Pictures. 153 Slapstick, стил на хумор којшто подразбира претерување во физичките активности. 154 Dumb and Dumber (1994), американска комедија во режија на браќата Farrelly со Jim Carrey и Jeff Daniels. 155 Ace Ventura: Pet Detective (1994), детективска комедија од Tom Shady­ ac со Jim Carrey. 156 Алузија на познат скеч од комичната сараевска серија Top Lista Nadrealista.


116

Берт Стајн

не ми го чепкаат, а во МКЦ да има концерти. По концертите на Чиста околина, нашите RATM, The Boombix кои звучат проклето добро и про­гре­сивно за нашата паланка и класичните хеви-металци Санаториум, одиме на концертот на Napalm Death. МКЦ. Вла и јас со две другарки од средно, сред­но­ школ­ски пај­таши. Звукот е ужасен. Стоиме на скалите во концертната сала и се пра­шу­ваме дали да замине­ ме. Рез. МНТ. Концерт на Balanescu Quartet. На некој чуден на­чин ме потсетуваат на Кристин Херш и нејзиниот албум Hips and Makers којшто го вртам без престан на мојот сис­тем по дома и жалам, тажам, пропаѓам. Пред МНТ се среќавам со сестра ми. Мисли дека ед­ на од другарките ми е девојка и ме прашува дали ми тре­баат пари, додека со ширум отворени очи ша­ра ле­ во-десно. Во мене - во нив. „Не,“ одговарам со насмевка и се разделуваме. Не­ мам срце да ѝ ја кажам вистината. Алтернативната сцена живее добро. Веруваме во уметноста и идеалите, но ре­ал­­носта е поинаква. Нел­сон Мандела станува првиот црн претседател на Јужноафриканската Република - по­­зитивно. Во Руан­ да започнува една од најкрвавите гра­­ѓански војни во исто­ријата - негативно. Дали е тоа ба­­ланс и хармонија, јин-јанг и сансара или абраксас за којшто зборува Хер­ ман Хесе во неговите книги? Далеку е светот од Сидарта, поблиску до реално­ ста на Степ­скиот Волк. Апсурдната сцена на војната на авто­мо­би­­лите. Модерен век. И реалноста во која не се знае кол­­ку потенцијални надарени уметници, генијал­ ни науч­­ници, врвни спортисти или грижливи родите­


1 час и 30 минути: деведесетти

117

ли ќе исчезнат во виорот на војната и едноставно нема да дожи­веат да ги остварат своите потенцијали. Ни­ когаш. Во овој свет никогаш. Во оваа реалност не­маат шанса. Недолжни. Казнети. Мојата Босна?... Со­ниш­ тата умираат секојдневно во овој расипан и луд свет. Пушки и рози. „Дај ми ја пушката, ќе те кажам на вујко ми,“ вели еден лик. „Кажи му да ми го бричи со зелено џамче,“ одгова­ ра другиот. Раде. Шербеџија. Освен оваа интересна пцовка, во Пред дождот157 дозна­­ваме дека кругот не е секогаш тркалезен. По­ гледнувам над­вор. Темно е и премногу тивко. Густи облаци како ча­дот од „Филтер Југославија“. Пред дождот?

XII

Во класот имаме нов соученик. Заминал од прет­ ходното училиште зашто се степал со некој про­ фесор. Веднаш се поврзувам со него. Ве­сел е и отка­ чен, не трпи авторитет и не дава пет па­ри за оценките. Се вика Најден и ме потсетува на не­кој лик од Опасни умови158, само, како што тоа би­ва во животот, нема кој 157 Пред дождот (1994), македонски филм, режиран од Милчо Манчевски со Катрин Картлиџ, Раде Шебреџија и Лабина Митевска. 158 Dangerous Minds (1995), драма на John N. Smith со Michelle Pfeiffer.


118

Берт Стајн

да го спаси. Проблемите по­чну­ваат веднаш, уште од први­от час. Кај Најден сме на забава. Стара куќа во Радишани. Внат­ре бело варосани голи ѕидови, стар мебел и рас­ кла­тени столчиња, а на масичките грицки колку за пти­ца, но со Најден забавата брзо оди до екстремност. Алко­­хо­лот веднаш се троши. Вла и јас не пиеме, тоа не е наш фазон, но палиме пет-шест са­мо-на-забава ци­ гари. Пред да заминеме, го наоѓаме Најден како гла­ веч­ки лежи во кадата. Го извлекуваме, а тој се смее на цел глас. Час по македонски. Го обработуваме Процес од Франц Каф­ка. Дома. Го гледам филмот Кафка159 и дистописка­ та атмос­фера, мрачната и неразбирлива егзистенција на чове­кот кој се обидува да ја сфати сопствената вина и суд­бина ме обзема, зaшто одговара потполно на мојот све­тоглед, на нашата македонска реалност во којашто народот гладува, а полицијата се опремува со нови Реј- бан очила. Барем така велат на вести. Час по филозофија. Професорот ѝ вели на една уче­ ничка: „Имаш ум, ама немаш разум“, а потоа: „Не те гледам во дефиницијата.“ Филозофира. Затемнување. Летен распуст. На едно старо касетофонче трешти албу­мот Chill Out на John Lee Hooker. „Пушти ја првата, таа со Сантана,“ му велам на Вла. Тој премотува и касетофончето повторно го џвака зву­ кот до повраќање. На одмор сме во Охрид, во станот на Најден. Се среќавам со Тимур и Владо во центарот на Ох­ рид и заминуваме во извидничкиот камп каде што се 159 Kafka (1991), француски трилер во режија на Steven Soderbergh со Jeremy Irons во главната улога.


1 час и 30 минути: деведесетти

119

сместени тие. Во нивниот шатор муабетиме цела ноќ до сабајле. Со нас се и трите девојчиња со кои се има­ат запознаено. Се пие нешто жестоко, но Владо се држи како шампион. Тимур е восхитен од Владо. И тоа не e стариот Ти­ мур којшто читаше „Галаксии“ и астрономии и беше примерно дете. Не тој, туку другиот, којшто има пре­ живеано свој дел од тинејџерскиот пекол. Забави по кремаџиски места каде што цепањето и строгите по­ гледи се главна фин­та. Биртии со другари и Смедерев­ ка ко вода, ракија по Шопска по ракија. И девојчињата се држат. Едната, крупната, не пие, но сестрите пијат барабар со машките. Јас ѝ се при­дру­жувам на круп­ ната. Не сакам жесток алкохол. Алко­хо­лот секнува, забавата замира. Заминуваат. Тимур оди да шета по плажата и да го гледа ноќното езеро, а ние со Вла­до остануваме во шаторот. „Колку испи, жити се?“ го прашувам. „Ниедна,“ ми кажува со таинствена насмевка. „Ниедна, па зошто си здрвен тогаш?“ „Цело време истурав под масата и ништо не се на­ пив.“ Двајцата нѐ фаќа несовладлива смеа. Заспиваме. Муабет до сабајле со мојата омилена девојка во скутот и бескраен пејзаж пред нас, како во Пред разденување160... ах, соништа. Се разденува. Удар! Ме буди болка во нозете. „Станувај!“ слушам јак и сериозен глас. Сѐ уште не можам да разберам што се случува. Пред мене стојат двајца типови со картички за леги­ тимација на џебот од кошулите. Додека читам „Извид­ 160 Before Sunrise (1995), американска романтична драма во режија на Richard Linklater со Ethan Hawke и Julie Delpy.


120

Берт Стајн

нички камп...“ полека сфаќам дека се работи за чува­ ри кои ги фаќаат илегалните престојувачи во кампот. Баксуз. Го удираат Владо по нозете со трска за плажа, но тој не се буди. Мислат дека и тој е илегалец како мене и стануваат малку груби. Тимур се враќа. Загрижен е за мене. И Владо е загрижен. Не може да престане да се кара со чуварите за тоа како го разбудиле. Сите што го познаваат Владо знаат колку му значи спиењето. Чу­варите не знаат. Сѐ уште не е ни седум часот, а колку ми студи може да е и пет. Сонцето е уште ниско на хоризонтот и нѐ собираат во една просторија. Десетина илегалци. Ти­ мур е до ме­не и ме брани, вели дека не сум спиел кај нив, туку дека само сум задремал додека тој излегол да прошета. Не му веруваат. „Не е битно, ќе платам,“ му велам, и се тресам. Се­ когаш кога сум под стрес ми студи. Но тој не се отка­ жува, како ни Владо - од тоа дека некој треба да плати за начинот на којшто го разбудиле. Рез. Плажа. Следниот ден. Скокам во езерото со мојата „техника на низок скок“. Секој пат во сè поплитко. „Мораш да удриш во карпите со рацете, инаку ќе си ја разнесеш главата,“ го учам Владо. Скокам и пре­ сил­но удирам. Излегувам и ме болат рацете. Еден нокт ми е сосема превиткан обратно. Го враќам. И тогаш поч­нува пулсирањето. Се покривам со пешкир преку гла­вата и ја трпам болката. Затемнување. Премотуваме назад. Сараево. 80-ти. Баба ми ме суши со фен, а очите ми се покриени со крпа. За­мис­лувам дека сум на море. Рез. Го чекам Глава пред неговата куќа и мајка му ја


1 час и 30 минути: деведесетти

121

затвора вратата случајно фаќајќи ми го прстот. Поми­ нуваат барем пет-шест секунди додека јас врескам, а кутрата жена не знаејќи што се случува ја отвора вра­ тата. Нок­тот брзо ми поцрнува. Дедо ми го корне со клешти. Ми текнува на негови­ те приказни за партизаните на кои им ги корнеле нок­ тите со клешти, премрзнатите прсти и ампутираните нозе. Рез. Сцената се замаглува, влегувам уште подла­ боко. Во времето додека уште имам светла и виткана бебешка коса. Ѝ раскажувам на тетка ми за борбите и за тоа дека сум бил ранет во ногата во Втората Светска Војна. Тетка ми е редовен читател на Арка, списание­ то за мистерии. Помислува дека во некоја моја мината реинкарнација сум бил партизан. Затемнување. Премотуваме напред. Кадарот се отвора. Охрид. Плажа Лагадин. Се сре­ќа­ ва­ме со моето друштво. Се возиме со чамец на другар од средно по езе­рото. Претешки сме, нè има премно­ гу. Некој мора да скокне од чамецот. Тимур и Владо се надворешни лу­ѓе, но не можам да им го кажам тоа и затоа решавам да скокнам јас. Тимур веднаш скока по мене. Владо останува во чамецот. На плажа сме. Јадеме од питата која што мајка ми ја стави во ранецот пред пат и за која што се карав со неа. Сега сум благодарен за питата. „Прво тоа со кампот, сега и ова,“ вели Тимур разо­ чарано, „Претера Владо, не може така.“ „Остави, не е битно,“ го смирувам. Го разбирам. Знам дека би направил сè за мене, за другарството, но и Владо би направил, само поинаку го искажува тоа, пои­на­ков е од нас, но Тимур го разјадува неговата по­ стапка.


122

Берт Стајн

Скопје. Неофицијалниот саундтрак на нашиот град којшто нуди поинаков поглед на стварноста од обич­ ната војни-омраза-бес-биртија стварност, се крчка под металниот капак на тенџерето наречено „Уни­ верзална сала“. Skopje Jazz Festival - фестивал на различ­ носта која што понекогаш е премногу алтер­на­тивна за паланечкиот ум, како во случајот со Арто Линдзи. „Типот пее к'о п**ка,“ се смее Владо. Не се согла­су­ вам со него. „Има нешто во неговата музика,“ не знам што, едно­ ставно така чувствувам. Секако мислам дека не треба да ги гледа забите на подарен коњ, зашто сестра ми нѐ честеше карти. Но, тоа е Владо. Искрен како кутре. Следи John Zorn Masada, езотерично и чудно. „Пре­ мно­­ гу сме млади за ова,“ помислувам, но Hendrix Project ни се допаѓа на двајцата, како големи обожава­ тели на хард и рок звукот на 60-тите и 70-тите. „Знаеш дека моите се запознале на „наше море“ со песната Purple Haze во позадина?“ му сервирам тривија на Владо, во паузите од ракоплескање. „Знам, сто пати си ми кажал,“ коментира тој кратко. Носталгичар сум, знам. Речиси е невозможно да се жи­вее во 90-тите без доза на болка и жал по минатото. А тоа веднаш ти ја носи етикетата „југо-носталгичар“. Но, не сум само јас! Подземје161 ја враќа целата нација во минатото, но сè што останува од филмот се „Ка­ лаш­њиков!“ и „Нема више сунцаааа!“ Завивањето и крше­­њето чаши по биртиите - турбо-фолк нацијата го присвојува овој саунд­трак за нивен, па пробај да им го земеш ако смееш. 161 Underground (1995), комедија и драма во режија на Emir Kusturica со Miki Manojlović, Lazar Ristovski, Mirjana Joković, Slavko Štimac и други.


1 час и 30 минути: деведесетти

123

Нашиот Ангели на отпад,162 од друга страна, се спра­­ вува со ностал­гијата и ни треснува толку силна шла­ каница по лице. Сврти се напред! А ние, наместо тоа, се вртиме навнатре, ставаме ем­ барго кон СРЈ, затворени од долу, лево и десно по­доб­ ро и да не се вртиме ич. Но, отпорни сме, ако нешто мо­же Македонецот, тоа е да истрае, како пиреј! Иднината, неминовно, доаѓа во форма на Пентиум кец, 16 MB меморија и 96 Hz процесор - ѕвер од маши­ на, со којшто сестра ми се појавува на вратата од на­ шиот дом како небаре Марти Мекфлај да излегол од не­говиот Долореан од 1985-та година со вонземско оде­ло право во шталата на луѓето од 1955 година. Таа е пророкот на подобри времиња и Пентиумот е неј­ зиниот трофеј за години работа поминати на тезги за ракотворби, дишење ПВЦ бои за сито-печат или сли­ кањето икони кои резигнираните странци ги купуваа како сувенир за нешто што за нив беше ситница. Но, иднината за Балканчето секогаш доаѓа со ка­ ма­та. Кецот се расипува на секои две недели, проце­ сор, ма­тична, меморија, датум и час којшто постојано е гре­шен... сè нешто не чини. Сестра ми ништо не ја сопира, ниту тоа, ниту чекањето за една анимација за списанието Лифт, бр 2-3. Ходник, текстура на пеш­ тера и месечина во лифтот, 5 секунди, два дена ренде­ рирање. Тимур, Владо и мене, исто така, ништо не може да нè сопре, сега, кога конечно можеме да ги играме Дум163 или Волфенштајн 3D кај мене дома, наместо да 162 Ангели на отпад (1995), македонски филм во режија на Димитрие Османли а по сценарио на Томислав Османли. 163 Doom (1993), игра со пукање во прво лице на id Software која што се смета за пионер во жанрот.


124

Берт Стајн

се акаме по студијата за ди­зајн каде што работеше се­ стра ми. Покрај нас е задолжителната кофа за повраќање, двестоте касети со музика, кои ги премотуваме со молив и ги лепиме со селотејп откако лентата ќе се изџвака или не се скине, на направи-сам полици над нашата глава и на ѕидот испочкртан со бои, спрејови и фломастери. Windows 95 е веќе излезен, но сè уште користиме DOS, за да имаме увид што се случува „под хаубата“ и понекогаш расклопуваме компјутери, ста­ вавме кулери и менувавме џампери на хард-дискови­ те. Кој не знае да си инсталира Windows сам, барем од втор пат... срам да му е! Срам. Форест Витакер дознава дека има син. Не го прифаќа. Го прифаќа. Не се срами од него. Видиш, може­ло и така. Филмот Чад164. Зад чадот се наѕира цен­ трал­ната приказна за негативецот трансформиран од ма­гијата на приказната. Дали навистина човекот може да се сме­ни? Филмот може да ги смени нештата, длабоко ве­ру­ вам. Види нè само нас, се градиме како личности под вли­ја­ние на филмовите. Филмот Чад е хумана при­ казна за тешки судбини кои испливуваат на крај. На­ ша­та мла­дост посакува времето во кое што почнуваме да се гледаме со девојки, да внимаваме на облеката и да се шприцаме со дезодоранси да биде само филм, а не­кој друг да нè игра и да извлекува поуки од нашите греш­ни избори, премрежија и среќни краеви. Бурни 90-ти. „Грција - лошо, Македонија - добро,“ мантраме се­ 164 Smoke (1995), американски независен филм на Wayne Wang и Paul Auster со Harvey Keitel, William Hurt, Forest Whitaker и Ashley Judd во главните улоги.


1 час и 30 минути: деведесетти

125

кое утро и секоја вечер пред заспивање, како ликови од Животинска фарма на Орвел. Тоа е вистинската ми­ словна состојка којашто ни се пласира како дел од еден рецепт за градење национална свесност. „Ние сме само еден куп Безделници165 ако веруваме во тоа,“ му коментирам нервозно на Владо. Многу ра­ боти му одат на нерви на младиот ум, а на мојот особе­ но вестите, кои избегнувам да ги гледам. Фактичката реалност ме де­при­мира. „Ако се случи нешто вредно за внимание и така ќе слушнам,“ велам и тогаш се случува. Врз нашиот прет­ се­дател, Киро Глигоров, е извршен атентат. Негирање, не­извесност, паника, страв, помирување со судбината. Нашиот претседател преживува. Пиреј. „Dead Man Walking166!“ допира гласот на чуварот од телевизорот во истоимениот филм, а од музиката на Нусрат Фатех Али Кан ме лазат пријатни морници. Шон Пен е нај­ добриот про­давач на имагинарни приказни во светот, заедно со Тим Рот, во нашиот омилен Касапски кучиња и ко­мич­ни­от Четири соби167. Со Владо купуваме сончоглед во семкарницата спроти Градежен факултет и седнуваме на скалите пред продавничката „Славија“ во Дебар Маало, на аго­ лот помеѓу улиците „Дебарца“ и „Раде Кончар“. Му­ абетот фаќа залет и до три часот наутро скалите се прекриени со лушпи и сѐ е кажано. „Знаеш дека заврши војната во Босна?“ ми вели 165 Mallrats (1995), американска романтична комедија во режија на Кевин Смит со Shannen Doherty, Jeremy London, Jason Lee, Claire Forlani, Ben Affleck и други. 166 Dead Man Walking (1995), американска крими-драма во режија на Tim Robbins со Susan Sarandon и Sean Penn. 167 Four Rooms (1995), антолошка комедија режирана од Allison Anders, Alexandre Rockwell, Robert Rodriguez и Quentin Tarantino,


126

Берт Стајн

Вла­до додека ми ја покажува техниката на правилно грицкање сончоглед. Треба да стискаш со прстите, не со забите како мене. „Знам,“. Туѓман, Милошевиќ и Изетбеговиќ заед­ но, се ракуваат. Одвратно. После толку трагедии. Но, се­пак добро е што заврши. Ми­лион можности ми се отво­раат пред очите, моите дру­гари, пат во Сараево, пов­тор­ните средби. Но, по­тоа светлината се замрачу­ ва од пра­шањето дали се воопшто живи. Стискам семка сончоглед под прстите, крцкам со за­бите и плукам неколку пати. Учиме ли од искуството?

XIII

Четврта година од тинејџерскиот пекол наречен сред­но училиште. Собирам оценки на „стара слава“ и меч­теам за животот понатаму. Зад границата наре­ чена ма­тура ѕирка нешто нејасно и неодредено. Дали „ма­ту­рираме“ воопшто. Општеството нѐ хендикепира, ро­дителите нѐ учат дека тајната шифра на животот е содржана во равенката: „Училиште + факултет + работа + деца = среќа“ Ние, колку и да не сакаме, веруваме во тоа. По­го­ле­ миот дел од моите соученици веќе знаат што (им ка­ жа­ле дека) сакаат. Право, медицина, економија, трите ли­ца на едниот господ - економска сигурност. Малку


1 час и 30 минути: деведесетти

127

сме тие кои не знаеме што сакаме. Сакам да гледам филмови. Слепстик комедиите од осумдесеттите на Џим Ејбрахамс и браќата Закер или крши-кичма акциите со Сталоне и Шварци, СФ фанта­ зиите и хорор возбудите од мојот филмски репертоар полека се за­ме­нуваат со американските независни ре­ жисери од пом­ладата генерација како Тарантино, Ке­ вин Смит, бра­ќата Коен, Џим Џармуш, Оливер Стоун. Муабети со кафе и цигара, апсурдни сцени од реални­ от живот, експериментирање со ка­ме­рата, интересни цитати - просто не можам да се заситам од тоа! „Оче, сакам да се исповедам,“ му вели Бенињи, так­ сист во Рим, на муштеријата средовечен поп со срцеви про­б­леми во Една ноќ на земјата168. „Синко, ова не е место за тоа,“ на попот му е не­ пријатно. Но, брливиот Бенињи не попушта. „Оче, прогледав! Вистинско чудо!“ вика екста­тич­ ниот Бенињи кога ги вади очилата за сонце сред ноќ и продолжува да му ги раскажува перверзните сек­ суални авантури на попот кој умира на задното се­ диште. Џармуш гради еден симпатичен свет на луѓе од маргините, оние кои не можат да се вклопат, но и не сакаат. Како ни јас. Пат од училиште накај дома. Се враќаме со Ели. Таа има долга коса со заштитните шишки, а-ла Бренда од Беверли Хилс, и зборува брзо и возбудено за фил­ мот Реалноста гризе169. „Како да го гледам сопствениот живот,“ раскажува 168 Night on Earth (1991), американски филм на Jim Jarmusch со Gena Row­ lands, Winona Ryder, Roberto Benigni и други. 169 Reality Bites (1994), романтична комедија и драма во режија на Ben Stiller со Winona Ryder, Ethan Hawke и Stiller во главните улоги.


128

Берт Стајн

„уште малку и завршуваме средно и куп можности се отвораат пред нас, а ние врска немаме што сакаме од животот. Не зна­еш што би учел. Што сакаш да ра­бо­ тиш, твоите те при­тис­каат... баш те разјадува!“ Женски приказни. И мајка ми и сестра ми сакаат так­ви. Омилен филм на мајка ми е Пијано170, а на се­ стра ми Збогум моја конкубино171. Ако веќе морам да би­ рам романтика, мојот избор е Вис­­тинска романса172. Но, уметноста ич не е романтична! Ѝ помагам околу дипломската на сестра ми. Ме влеч­­ка по печатници, работилници и атељеа во за мене не­познати скопски населби и ме учи на животот на умет­ниците. Да бидеш уметник е да бидеш Физички работник. Стругам лимена плоча за техника на сува игла. Шмир­­глата им зема данок на прстите, а движењето на згло­бот. Ја набљудувам сестра ми која продолжува со часови и напредува без замор и не можам да раз­ берам како нејзините раце двојно потенки од моите секој-ден-после-училиште-кревање-тегови раце го издржуваат тоа... силата е во умот. Таа има мисија. На преса ја печатиме уметничката книга која ја придружува нејзината дипломска ра­бота. Ставаме клуч и го пресуваме врз влажна хар­тија. От­ печаток од клучот останува на хартијата и тоа е маги­ чен момент за мене. Дипломската е во комби­ни­рана техника со фотографии обработувани во ком­пју­тер и 170 The Piano (1993), драма од Нов Зеланд во режија на Jane Campion со Holly Hunter, Harvey Keitel, Sam Neill и Anna Paquin во главните улоги. 171 Farewell My Concubine (1993), кинеска драма од Chen Kaige со Leslie Cheung, Zhang Fengyi, Gong Li и други. 172 True Romance (1993), американска романтична црна крими комедија на Tony Scott со сценарио на Quentin Tarantino и Christian Slater, Patricia Arquette, Dennis Hopper, Val Kilmer, Gary Oldman, Brad Pitt и Christopher Walken во главните улоги.


1 час и 30 минути: деведесетти

129

печатени на дигитален печатар. На ФЛУ се отвора дискусија дали дигиталната обра­­ботка и дигиталниот печат може да се смета за гра­­фика. Сестра ми ги пробива бариерите. „Сега ќе ја отстранам оваа блокада и ти ќе можеш да зборуваш слободно, лесно и јасно. Од сега па ната­ му ќе зборуваш гласно и јасно. Погледни ме. Ја кревам нап­на­тоста од твоите раце и од твојот говор. Еден, два, три! Ајде, кажи гласно и јасно: Јас можам да збору­ вам!“173 Логопед хипнотизира пациент во Огледало на Тар­ ковски. „Јас можам да зборувам!“ Мечтеам за осло­ бо­дување на мојот говор, но срамот никогаш не ме на­­пушта и помислата дека сум виновен и недостоен ме прати цел живот. Во уметноста можеме да бидеме сил­­ни или слаби колку што сакаме. Таму е слободата. Бројот на ВХС касетите дома секојдневно се зго­ле­му­ва. Сестра ми има некој магичен извор. Носталгија174 и Огледало на Тарковски се само не­­колку од многуте нови касети. Дома сам. Пред мене полица со книги. Вадам една по една. Ја разгледувам од надвор, ја отворам. Го са­ кам мирисот на старите книги. Најстарата што ја има­ ме е од 1889 година, Фауст на Гете. Баба ми била болна, починала на триесет и девет години како уметник за којшто светот нема да дознае. „Мартиноски?“ ме прашува кустосот на новата изло­ж­ба на сестра ми за една од сликите на која што има акт на стара Ромка. 173 Зеркало (1975), руски уметнички филм во режија на Andrei Tarkovsky со Margarita Terekhova, Ignat Daniltsev, Larisa Tarkovskaya и Maria Vishnya­ kova. 174 Nostalghia (1983), советски/италијански филм на Andrei Tarkovsky со Oleg Yankovsky, Domiziana Giordano и Erland Josephson.


130

Берт Стајн

„Не, баба ми,“ одговарам. Човекот се насмевнува под мустаќ. „Прашувам кој ја сликал сликава,“ со доза цинизам. „Баба ми ја сликала,“ одговарам со напрчена уста како и секогаш кога ми е нанесена некоја неправда. „Ох,“ тој пушта само еден изненаден извик. „Да живеела баба ми подолго, дали би била позната како сликарот Никола Мартиноски и дали би ја имало по книгите за уметност?“ се прашувам. Нејзиниот дух ме гледа од малкуте нејзини слики кои што се сочувани. Ме гледа и дома, од полиците со книгите. Половина биле нејзини, читани во годините кога мо­ра­ла да лежи болна во постела и да не се на­ прега. По­ми­нувам часови и часови во разгледување на книгите, осо­бено ноќе кога градот спие, особено зиме со Цуки до мене која што се топли на греалката и по­ времено мав­та со опашот кога ќе ѝ се доближам. Наивното животно не знае дека не ја гледам неа, ту­ку касетите. Како некој шпион во ноќта ги вадам ед­ на по една и како исплашено кученце прво ги ми­ри­ сам, ги пипкам и ги превртувам, ги исчитувам од збор до збор, а потоа ги пуштам. Прво оригиналните. Док175. „Кога се појави таа тука?“ Краток филм. Нараторот го раскажува дејствието, а на екранот се менуваат фо­то­ гра­фии и филмов-кој-што-не-е-филм ми остава силен впеча­ток. Според овој филм е направен 12 мајмуни176, но нешто во оригиналниот останува длабоко во мене и оне­возможува да го засакам вториот. 175 La Jetée (1962), француски научно-фантастичен експериментален краток филм на Chris Marker со Hélène Chatelain, Davos Hanich, Jacques Ledoux. 176 12 Monkeys (1995), американски нео-ноар научно-фантастичен филм во режија на Terry Gilliam со Bruce Willis, Madeleine Stowe и Brad Pitt во главните улоги.


1 час и 30 минути: деведесетти

131

Од полицата вадам нова касета. Бојата на калин­ки­ те . Визуелна приказна. Калинките се на­ци­она­лен сим­бол на Ерменците. Книги кои што се су­шат на по­ криви. Ве­тер којшто ги дува страниците. Не­за­боравно, како и па­ѓањето на малтерот и водата од со­нот на Тар­ ковски. Долги сцени кои про­должуваат во се­ќа­вањето уште подолго откако завршува филмот. Ме привлекува бав­ носта, неслучувањето, слика­ њето со филмски рек­визити, нешто толку поинакво од американските фил­мови со кои сум пораснал. Се­кој ден учам нови имиња: Вон Триер, Фелини, Хер­цог, Ан­ тониони, Кишловски, Кроненберг, Скот, Аронофски, Линч, Вендерс, Гринавеј... имињата се преп­ле­туваат, менуваат, еволуираат... Поминувам ча­сови и часови пред телевизорот и списокот постојано се зго­ле­мува и ме опива сосема. Музеј на град Скопје. Ревија на филмови на Енди Вор­ хол. „Ќе направам филм за тоа како пола саат седам на шоља и ...,“ се шегува Владо, но го прекинувам. „Ќути! Поинтересен би бил филм за тоа како јадеш леб саат време,“ го зафркавам. „Што е поентата на филмовиве? Уметник сум и кул сум,“ се надополнува Владо. Владо разбира многу работи, но уметноста не е една од нив. Експеримент, анти-филм, па зошто да не и претенциозност, но со цел да се покаже дека не мора да се држиме до нормите за да создадеме умет­ ност. Па зошто да не, и панк естетика! Моето филмско образование се прекинува во мо­ 177

177 Sayat Nova или The Color of Pomegranates (1969), советски филм на Sergei Parajanov со Sofiko Chiaureli, Melkon Aleksanyan и Vilen Galstyan.


132

Берт Стајн

мент­от кога вистинското образование стапува на сце­ на. „Болоњскиот универзитет“ има програма за раз­ ме­на на студенти и добивам стипендија. Вистинска лотарија! Дали сум сре­ќен? Повеќе сум исплашен. Имам список на фа­култети од кои што можам да избе­ рам. Прв избор ми е реставрација на културни наслед­ ства, втор пси­хо­логија, но се решавам за тре­тиот - ин­ форматика. Родителите мора да се слушаат, за идни­ ната се работи! Премотуваме напред. Италија. Чезена. „Каде си, брате,!“ вика Хрватот, средовечен зали­ жан тип со брадичка, и срдечно пречекува друг тип со седа коса, како што дознавам, Србин и поранешен за­ твореник. Го препознавам вториов. Го имам видено не­ колку пати пред супермаркетот од моето маало ка­ко седи со зајак пред него и не ми беше јасно што пра­ви. Во Италија сум и делам стан со Хрватот, затвореник во бегство, двајца стари Италијани кои делат соба и еден тип со долга коса и обетки во носот и веѓата. „Зајакот е мамка,“ ми објаснува Хрватот. „Ги за­мо­ лува децата кои застануваат да го погалат зајакот да му дадат нешто пари за да купи храна за зајакот и мрсу­лавите клинци веднаш ги влечат родителите за џебот. Но, тоа не му е главниот извор на финансии,“ се запалува Хрватот зашто приказнава очигледно се спрема да стане пикантна. “Пази го фраеров,“ продолжува, „нашол некоја бо­ гата вдовица, мислам онака добродржечка типка, и ја цица брате ко ти што ги шмукаш цигарите, до даска! Дури му има оставено и куќа да живее во неа под ус­ лов да ја средува, да молерисува и слично.“


1 час и 30 минути: деведесетти

133

Го слушам и кимам со главата. Приказнава ми личи на нис­ ко­ буџетен американски филм. Но, кулмина­ цијата до­­прва ме чека. „Ама џабе,“ се смее по малку цинично Хрватот, „ко­га не може да ја задоволи. Ти кажав за што бил во чорка типов?“ стои со виљушката пред лицето, истата виљушка која што претходниот пат не ја изми по ја­ де­ње, затоа што од „сјајот ќе добиеш само пролив“, и продолжува. „Силувал некоја,“ изјавува и застанува за момент. А знаеш ли што им следува на силувачите во за­ твор?“ овој пат не го чека одговорот. „Ги силуваат... и тоа не еднаш. Типов не можел да издржи, полудел и си ја скратил машкоста. Украл нож од кујната и пред сите - сец!“ Мислам дека јадењето за мене за денес заврши. Сум преживеал мој дел од животните маки, но ова е премногу. Дојдов да студирам, да успеам во животот, а не да делам стан со криминалци. Но, немам избор. Едвај најдов стан откако во општината ме откачија. „Сѐ те чека во Италија. Курс по италијански. Стан. Стипендија,“ жити сѐ! Ништо од тоа немаше. Се раз­би­ рав со англиски, но со кого, кога дури ни во банка не зна­еја доволно. Од стипендијата немаше ни трага ни глас. Така го најдов Хрватот. Тој држел кафуле дома, некој му подметнал дрога, па полицијата влетала и тука завршила неговата сло­ бода. Лежел некое време и потоа решиле да го преме­ стат во друг затвор. Со пајташите организирал бег­ ство, комбе­то се превртело, избегале преку граница. И така овој бивш мафијаш со добро срце се вработил како слаткар во мирната и убава Чезена, врескајќи се­


134

Берт Стајн

која ноќ во сон, а дење мечтеејќи за животот дома, за убавата жена ко­ја што му недостасува повеќе отколку што сака да приз­нае и за синот којшто никогаш не му се јавува. Под нас живеат студентки. Ми даваат да јадам. За воз­врат ги учам англиски. Понекогаш учам кај нив за испитите, имаат касетофон на којшто пуштам Faith No More и ТВ со видео плеер. Понекогаш им носам фил­ мови. Далеку, толку блиску178, им се допаѓа, но јас знам дека не е ни блиску до претходникот Крилја на посакувањето179. Писмо од Скопје. „Деца180, каков филм! Еден ден си ја живееш мла­дос­та, се журкаш и се опиваш, а друг ден дознаваш дека животот ќе ти заврши. Ме шокира, ме размрда, ме ослободи!“ ми пишува другарка од сред­ но. Но, зошто таа ми пишува? Премотуваме назад. Скопје. Гимназија ЈБТ. „Ѝ се допаѓаш,“ ми вика Вла на часот по физичко. Ко прав стројник ми договара со­ станок со неа. Во град сме. Седиме на клупите помеѓу Рекорд и Дом на АРМ. Зборуваме за филмот, музиката, книгите. „Нирвана се супер, но технички се за никаде, мис­ лам, јас можам да свирам како Кобејн,“ ѝ кажувам. Не ми одговара ништо. Не ѝ се допаѓа тоа. Пред излегувањето правам план дека ќе ја носам во кино. Сум го гледал тоа на филм. Носиш девојка на кино, се протегнуваш и демек случајно ја гушкаш. По­ 178 In weiter Ferne, so nah! (1993), германски филм на Вим Вендерс со Otto Sander, Bruno Ganz, Nastassja Kinski, Willem Dafoe и Heinz Rühmann. 179 Der Himmel über Berlin (1987), француско-германски романтичнофантастичен филм на Wim Wenders со Bruno Ganz, Solveig Dommartin, Otto Sander, Curt Bois и Peter Falk. 180 Kids (1995), американска тинејџерска драма од Larry Clark со Chloë Sevigny, Leo Fitzpatrick, Justin Pierce, Rosario Dawson и Jon Abrahams.


1 час и 30 минути: деведесетти

135

тоа не знам што, но во филмовите само по себе се слу­ чува. Пред кино „Култура“ е гужва, не ми требаат деца што викаат во позадина, ми треба филм каде што нема да има луѓе. Во „Вардар 2“ го даваат Пеколни сили181 со Чак Норис. „Дали на повидок е вистинска романса?“ Италија. Чезена. Хрватот има затворска тетова­ жа „Са­тана“ на раката, но тој не е сатанист... мислам. „Можеби побарал да му напишат Santana, па типот со иглата, околу која е намотан конец намокрен во мас­ ти­­ло, згрешил?“ се надевам. Скопје. Пред кино „Вардар“. „Тоа е правиот филм за фаќање девојка!“ по­мис­лу­ вам. Плакатот е некое пеколно лудило со лошо исе­ че­на фи­гура на Чак и таму сигурно нема да има живо пи­ле. И во право сум, нема. Филмот е пред крај. Атмосферата е лоша. На­вис­ ти­на лоша. Двајца-­без-тројца перверзни типови, не­ кол­­ку деца во позадината кои постојано нешто ни до­ ви­куваат. Успевам само да ја прегрнам. Не знам што по­натаму. Раката ми трпне. Не ја чувствувам. Ста­ну­ ваме. Се држам за раката. „Што ти е?“ ме прашува. „Ништо, само раката ме боли. Знаеш, имав опера­ ција на неа пред некоја година,“ сѐ што зборувам ми звучи глу­паво. Легендата на моето детство, Чак Норис, ми ста­нува најомразен филмски лик. Се разделуваме. Италија. Чезена. Ѝ пратив писмо, таа ми врати. „I learned how to look cheerful while, under the table, I stuck a fork into the back of my hand. I became a virtuoso of deceit,“ ми пишува таа како научила дека мораш да се 181 Hellbound (1994), американски трилер со боречки вештини на Aaron Norris со Chuck Norris, Calvin Levels и Christopher Neame.


136

Берт Стајн

насмевнеш кога ти е тешко од еден од нејзините оми­ лени филмови Опасни врски182. Таа, Ели, Вла и Вла­до се мојата врска со Македонија. „На празникот Успение на Пресвета Богородица, во дворот на беровската црква „Света Богородица“ гром однесе 10 животи, а 40 беа повредени,“ пишувало во новиот весник „Денес“, како што ми пренесува Владо, а јас сум далеку од сето ова, далеку од моите пријате­ ли, сам во земјата на можностите.

XIV

Кога си млад животот е филм. Животот е реклама. Животот е реално шоу! Добредојдовте во Големиот брат183 светот на куќата во улицата Виа Луго, број 50, Чезена, Италија! Шесторица несигурни машки ликови во следните ме­сеци и години ќе се обидат да живеат под еден по­ крив. Го имаме Мартино ди Реголо, средно-италијанец на мисија да го заврши факултетот, со саканата де­ војка која што го чека дома, заглавен во учење-пуш­па­ 182 Dangerous Liaisons (1988), историска драма на Stephen Frears со Glenn Close, John Malkovich и Michelle Pfeiffer. (Цитат од филмот: „Научив како да изгледам весело, додека под масата си забивав виљушка во раката. Станав виртуоз на измамата.“) 183 Big Brother (1999-) е реално шоу создадено од John de Mol во кое што група луѓе живее во една куќа изолирано од надворешниот свет.


1 час и 30 минути: деведесетти

137

уза - учење шема. Секој-викенд-дома. Во другата со­ба, уш­те еден викенд-дома лик, форца-ита­лија лига-норд Карло Паданија Религиозо. Душа од човек, цитати од Библијата по ѕидовите и девојка Си­ци­лијанка. Негови­ от цимер Берт Мачедоне, повлечен лик, единствениот странец, учи-не-учи тип. Под нив се Карло Калабрезе, дете од семејство со осум деца, со сон за бегство од југот, се лути кога дру­ гите го на­ре­куваат „Црна Арапина“, е редовен кон­ сумент на магични растенија и неговиот цимер пла­ ви-очи брка-женски и само за нив зборува Бело Рагацо Емилио Ромањолезе. „Ќе научиш да ја контролираш, верувај ми, јас пафкам од шесто одделение,“ Карло повторно ме убе­ дува да дувам. Одбивам. Спроти нив Цинико Анконезе којшто го задева Берт на редовна балканско-ѓубре база. Берт е странец, ама мора да издржи во куќата ако не сака да го избркаат од реалното шоу. Кај другари на Карло. „Гу-Њу-Пу-Џу-Љу...“ се гласо­ ви кои излегуваат од устата на другарот на Карло Ка­ лабрезе. Типот е од Пуља. Пуља. Пуља... зборот звучи чудно кога си испил цело шише Текила-Бум-Бум, а тоа оди вака. Премотуваме назад. „Земаш Текила,“ Карло вади едно шише од кеса­ та на која што пишува Coop, која што ја купивме пред половина час од мојот омилен супермаркет. Сега е на ред Швепсот. “Земаш Швепс,“ продолжува Карло, „ги мешаш две­ те работи во чаша. Чашата ја покриваш со салфетка и ја маваш од маса.“ Карло прави „бум-бум“ од масата и ја испива чашата на екс.


138

Берт Стајн

„Сега ти,“ ми вели додека ги брише капките околу устата со рака. Стоп! Рез. Родени убијци184. Италијаните викаат „Килер“ со нагласено „р“ за убиец. Тоа е нашиот омилен филм. Го имаме гледано шест пати и не планираме да зас­ та­неме. Го имаме на касета од една видеотека блиску до нас каде што има бесплатен интернет. Барам сце­ нарија од Тарантино, Монти Пајтон, Кевин Смит и ги печатам бесплатно. Eanie, meanie, minie, moe, catch a redneck by the toe. If he hollers, let him go. Eanie, meanie, minie, moe. My mom told me to pick the best one ... and you are it.. ...so that she ends on Mabel. Mabel's dodging around screaming. Mickey FIRES the .45185 Алтависта е ин. И на факултетот на Оџа, другар по стипендија во Италија, има интернет, што за техно-же­ дни балканци како нас е дарба од кибер-господ. Собе­ ри информации, отпечати колку сакаш и носи дома. Барам податоци за Тимоти Лири. Скоро е починат. Му­ зика, фрактали, теорија на хаос! Премотај. Значи, во куќата на друштвото од Пуља (Пуља. Пуља) сме откако испиваме цело шише текила и ре­шиваме да се повозаме на велосипеди низ градот. „Гу-Њу-Пу-Џу...“ продолжува. Не зборувам ништо. Само седам на стариот кауч којшто чкрипи при секое мрднување и слушам. Ста­ 184 Natural Born Killers (1994), американска сатирична црна комедија и криминалистички филм во режија на Oliver Stone со Woody Harrelson, Juliette Lewis, Robert Downey, Jr., Tom Sizemore и Tommy Lee Jones. 185 "Еци пеци пец, ти си мали селанец, а јас мала препелица, еци пеци пец. Мајка ми кажа да го изберам најдобриот... а тоа си ти... завршува на Мејбел. Мејбел се крие и вреска. Мики ПУКА од 45-ката." сцена од филмот Natural Born Killers.


1 час и 30 минути: деведесетти

139

ну­вам. Излегувам од задната врата и се наоѓам сред џун­гла. Џунглата е зарасната со растенија од ганџа ви­соки повеќе од два метри. Расцветани, смолосани, гроз­досани. Се пробивам низ нив како Индијана Џонс и го барам тоалетот. „Каде си, каде избега?“ се појавува Карло и се смее. Не­говата слика се премотува како на филмска лента. Мои­те очи се обидуваат да го фатат движењето, но не мо­жат. Сликата на Карло бега и бега и бега. Повраќам во тоалетот држејќи се за шољата додека вечно треперливата слика на Карло се смее и паѓа и се смее. Затемнување. Скопје. Распуст. Мајка ми ме прашува како ми е во Италија. „Сѐ е супер. Се дружам. Учам. Полагам испити. Не може да биде подобро,“ лажам. Не лажам. Два па­ти полагав и паднав на испит по алгебра - она што нај­ доб­ро го знаев од дома и на што се надевав. Освоив до­волно поени за да имам право да полагам пак во след­ната сесија, но недоволно да поминам. Сестра ми работи на плакат за филмот Преку езе­ро­ 186 то . Синило. Вода. Тарковски. Очи. Езеро. Нос­тал­гија. Кај Оџа. „Носталџиа,“ велам на другарот на Оџа. Друштво во неговиот стан со италијански мебел, како што ми се пофали Оџа прв пат кога бев кај него. „Италија е секаде, во сите сфери на животот. При­ мер, оваа гарнитура е од Италија....“ ми рече то­гаш во дневната соба, покриена со нежно-мазно бело платно 186 Преку езерото (1997), македонски филм на режисерот Антонио Митриќески, по негово сценарио напишано во соработка со Ташко Георгиевски. Во главните улоги се јавуваат Екрем Ахмети, Љупчо Бреслиски, Агњешка Вагнер и Никола Ристановски.


140

Берт Стајн

какво што никогаш не сум почувствувал под прстите. Сето тоа сомнително ми мирисаше на снобизам и пре­ пра­вање, уште тогаш. Но, друштвото на Оџа е алтернативно и откачено. Премногу откачено, ако се прашувам јас. Пијат чај од опиум - афион, де - и дуваат хашиш, трева де. „Носталџа,“ ме исправа другарот на Оџа и се смее. Се надевам, од чајот. Ме нудат. Не сакам. Сфаќам дека сум го измешал насловот на италијански и англиски. „Многу си стрејт,“ коментира девојка со пирсови на носот и розево перче на русата коса, „но, Мартин­ сот ти се добри.“ Се насмевнувам непријатно и ги гледам моите зе­ лени Мартинс кои во Италија ги имам пребоено со пер­манентен фломастер со друга зелена нијанса на вр­вот кај прстите и кај петиците. Друштвото се смее и паѓа во трансови - и мене сето тоа не ми се допаѓа. Сакам да си одам. Зарем не можам да бидам стрејт и воедно откачен... не? Кадарот се отвора. Чезена. Куќата на големиот брат. Сѐ смрди на повраќаници. Косата ми е залепена и те­ ло­то ме боли. Имам гребаници и модрици по телото. За­сирена крв. Станувам и несигурно се симнувам по ска­лите. При секој чекор ме заболува стапало, колк, коле­но... надвор сум. Извиткано тркало, дупната гу­ма, превртен волан... тоа е состојбата на нашите ве­ло­си­ пе­ди. Двајцата немаме поим како сме дошле дома и ка­­ де сме паднале, но битно дома сме. Го преспиваме по­­ плад­нето. Вести од светот: 40 луѓе извршуваат самоубиство убедени дека така ќе одлетаат на крилјата на комета­


1 час и 30 минути: деведесетти

141

та Хејл Боп која што се перчи на небото подолго от­ колку која било друга комета во 20-тиот век. Алелуја! Имам флешбекови. Знам дека се вративме дома и на Карло му беше лошо. Му кажував да пикне прст во устата и да се исповрати - мојот стар рецепт од време­ то на Мјузик Гарден, кога веќе не си способен за шутка, или за едноставно стоење на нозе. Ме слуша. Се трезниме со Кен187, некое јапонско аниме-лудило со на­бил­дан тип - мала глава и огромно мускулесто тело - којшто лета низ воздухот додека позадината се дви­жи зад него... ми се чини дека е вечно во воздух, но Карло го обожува тоа и го гледа секој ден. Се оби­ ду­вам да го научам на Тарантино, Оливер Сто­ун, Рејџ, Нирвана... нешто капира, но филмот Монструм188 го почитуваме заедно. „Жена му на Бенињи е од Чезена,“ ми кажува Кар­ ло додека истата во филмот сексуално го провоцира кутриот Бени­њи како прикриена полицајка која што сака да докаже дека тој е монструмот којшто го брка полицијата. Монструмот полага кинески. Член од комисијата: „Како се викаш“ (на кинески) Бенини: „Ееее?“ (со кинески акцент)189 Се газиме од смеење и тоа е линијата на спојување за нас двајца. Монструм-Бенињи-Џармуш-алтернати­ ва-книги кои му ги подарувам и ја негуваме таа врска секојдневно. 187 Fist of the North Star, во Јапонија познат како Hokuto no Ken (19841988), јапонска манга серија адаптирана во аниме телевизиска серија на Fuji TV. 188 Il mostro (film 1994), италијанско-француска комедија во режија и главна улога Roberto Benigni во главната улога. 189 Esaminatore cinese: 'Come si chiama?'(in cinese) Benigni: Ehhh??


142

Берт Стајн

Вести од светот: Мајка Тереза умира во Калкута. Прин­цезата Дајана гине во сообраќајка. Чезена. Од дома носам не­колку цд-а. Музика од филмовите Светецот190 - сестра ми го доби за дип­лом­­ ска - и музика од филмот Спон191 - јас го добив за ро­ денден. Дискменот, купен од задоцнетата сти­пендија, ми е за­ка­чен на панталоните. Шизам на јакиот ритам од Spawn и прог­ре­сивните електронски звуци од The Saint. До мене се моите цимери и одиме право кон Рими­ ни на велосипеди. Излегуваме од улиците на Чезена и неј­зи­ните црвени патеки за велосипедисти со нацр­ тани бели велосипеди - како белите знаци за жртва во истрагите од полициските филмови - и семафорите со црвен-жолт-зелен велосипед, тесните улички без ниту едно ѓубренце по нив, опкружени со портичи во подножјето на зградите и со палми во дворовите, црни­те Мароканци кои се движат помеѓу луѓето ка­ко сенки кои продаваат статуетки и џинџувчиња по тро­ то­арите, луѓе кои никој не ги брка, ниту ги за­бе­ле­жува и стигнуваме до единствениот облакодер во Ри­ми­ни, на самиот раб на брегот. 40-те поминати километри на велосипед го земаат својот данок. Решаваме прво да одмориме во станот на едни пријатели на Карло Калабрезе. Капење после. Писмо од Скопје: „Нема ништо посебно ново тука кај нас. Сѐ уште немам девојка, но се надевам на подобро. Инаку кај нас е многу популарна една шпанска серија 190 The Saint (1997), американски шпионски трилер филм на Phillip Noyce со Val Kilmer, Elisabeth Shue и Rade Šerbedžija во главните улоги. 191 Spawn (1997) американски хорор филм со супер-херои заснован на карактер од стрип со исто име, во режија на Mark A.Z со Michael Jai White, John Leguizamo, Martin Sheen и други.


1 час и 30 минути: деведесетти

143

која се вика Касандра192. Сите се полудени по неа. Мај­ ка ми кога ја гледа не забележува ништо околу неа,“ ми пишува Владо за состојбата дома. Во Скопје за распуст. Во Маргина има текст за сес­ тра ми од Кољач. „... еден од ретките ликовњаци во Македонија што позадлабочено се занимава со ком­ пју­терска графика и анимација, но малку е хен­ди­ке­ пирана заради недоволно јакиот компјутер. Сјаен е моден креатор, мошне слободна и „откачена во изра­ зот.“ Горд сум на неа. И Кецот стана славен! Со Владо сме на групна изложба во која што учес­т­ вува таа. Алтернативната уметничка младина и прво­ то интерактивно ЦД во Македонија, наречено „Икона на сребро,“ чиј што дизајн го прави сестра ми. Од це­ лата изложба најмногу нѐ интересира масата на ко­ја што има еден куп портокали и банани, кои се ре­чи­си како мал рид. Дел сме од значаен момент во ма­ке­дон­ ската култура и размислуваме вака. „Јас ќе довезам камион, а ти фрлај ги овошките,“ предлага Владо. Се прашуваме дали овошките се дел од изложбата. Млади и глупави. Римини. Нѐ пречекуваат пред влезот на зградата. Двај­ца се. Едниот е слаб, другиот крупен. Крупниот е дру­гарот на Карло од Римини. Ми пружа рака. „Берт е од Македонија,“ вели со насмевка Карло, би­дејќи другар му, тој крупниот, е од Грција. Гркот ја стега раката и ме погледнува строго. „Ако си од Македонија, тогаш си од Грција,“ про­це­ дува низ заби. Молчам и го гледам. Карло, видно воз­ буден, му ја трга раката од мене и го прашува што е 192 Kassandra (1992–1993), венецуелска теленовела на Grazio D'Angelo со Coraima Torres и Osvaldo Ríos во главните улоги.


144

Берт Стајн

ра­ботата. Гркот само ме гледа. Јас го гледам. „Мислам дека ќе одам на плажата,“ му велам на Кар­­ло и заминувам. Додека го отклучувам велосипедот Кар­ло ме стиг­ нува. „Што е работава?“ ме прашува. „Ништо,“ одговарам. „Кажи ми,“ ми се придружува и возиме кон пла­ жи­те. Околу нас мускулести машки тела без маици, пот­стрижени стилски брадички и „ш'ц маче“ став, а жен­ските во бикини и со полу-голи газови на ролерки фрчат по жешкиот асфалт. Италија. Музика. Ligabue, Bluvertigo, Articolo 31, 99 Posse, Casino Royale, La Crus се италијанските бен­ дови кои ги сакам. Покрај мене поминува тип со маи­ ца CCCP, италијаните ги викаат „Чичичипи“ и, да, се работи за алузија на СССР, пост-панк бенд со со­ цијалистички тематики. Во Италија има доста со­ци­­јалисти и религиозисти, подеднакво, ми се чини. Останатите веруваат во дро­ гите. По цел ден слушам радио, ги снимам песните од омилените бендови и ги делам на компилации. Rock, Italia, Hip-Hip, DNB, Rock 2, DNB2 итн. „Бевме со Оџа во еден голем хипер-маркет на ав­ то-патот кон Римини. Пеесет каси една до друга, чове­ че, не си видел такво нешто. И продавници од секаков мо­жен вид. Купуевме све,“ му пишувам на Вла, а тој во повратно писмо ме задева за мојот „скопски“ говор. Не сум свесен на тоа колку Оџа влијае на мене. Наместо на факултет сè почесто завршувам со него на чудни места, тврдината над Чезена, на улица во три ча­сот по полноќ собираме оставен кауч и фотелја, се


1 час и 30 минути: деведесетти

145

акаме по антикварници, се фураме на игри во аудио­­ -видео центри, слушаме музика, гледаме филмови во маал­ски кина. Си ги паркираме велосипедите и влегуваме. Ку­пу­ ва­ме карти кај едно ниско намуртено човече. Го гле­ дам пла­­катот. Од самрак до зори193 „Наполеон комплекс,“ го задева Оџа помеѓу нас. Демек мал бил, па лут на сите. Се сместуваме. Филмот почнува. Влијанието на Тарантино веднаш се позна­ ва. Ова ќе биде добро. Во моментот кога девојката се претвора во вампир на екранот се појавува "fine primo tempo". Луѓето стануваат за пуканки, пуш-пауза, пи­ ење, тоалет. Оџа зема пиво. Додека се празнам во тоалет косата на вратот ми се ежи од сликата на девојката која од сензуална станува ужасна. Оџа носи карирани панталони и косата му е фатена со кинески стапчиња. Тој е добар, освен кога е лош. Кога трипа и ми се заканува дека ќе ми подметне ЛСД во чајот без мое знаење. Забавно му било да ме види како па­ничам. Навикнат сум луѓето да сакаат да ме ви­ дат по­разен. Римини. „Кажи ми што беше работава,“ инсисти­ ра Карло. Не може да разбере. Италијаните се горди. Грци­те се идиоти. Ние сме отрпнати на цинизам. Тол­ ку едноставно. Како ден. Како сонцето во зенит на не­ бото над Римини. Станува жешко. Време е за капење. „Нешто околу името,“ му одговарам нејасно до­дека се фрламе во морето. Другите се освежуваат во станот на Гркот. Карло е 193 From Dusk till Dawn (1996), американска црна комедија и хорор-крими филм во режија на Robert Rodriguez и сценарио на Quentin Tarantino со George Clooney, Tarantino, Harvey Keitel и Juliette Lewis.


146

Берт Стајн

верен другар. Карло знае како е да си отфрлен и осу­ ду­ван. Тој е јужњак на север, има премногу темна кожа за да го гледаат како „нивен“ и го нарекуваат „Карло Блек“. „Black di cazzo!“ им одговара Карло. За мене е кул да те нарекуваат „блек“, но јас сум бел и нежен како бебе. Карло има виткана коса и ма­лоу­ мен брат. „Постојано го задеваа, а тој се смееше. Не раз­би­ра­ ше ништо. Јас го бранев,“ ми раскажува. „Се тепав за него, а тој не разбираше ништо.“ Го боли, го повредува неправдата, како и мене. Можеби затоа се поврзавме. Секогаш го имам истото чувство на возбуда кога влегувам прв пат во водата, свечено чувство. Како да се поклонувам пред величественоста пред да се нур­ нам во безвременоста. Се капам прв пат во море по седум години, по Хвар, по недостапното југословен­ ско мо­ре. Водата е каллива од песокот и не може да се спо­ре­ди со кристалната чистина и карпите на Хвар. Ре­чи­си никој не се капе освен нас. Бронзените млади те­ла играат одбојка на брегот. Потскокнуваат речиси неп­ри­родно полетно и се смеат, смеат. Карло и јас стоиме во водата и сомнително гледаме на сето тоа.


1 час и 30 минути: деведесетти

147

XV

Во Парма користат одамна минато време за нешто што се случило пред половина час. Во Калабрија се збо­рува поинаков италијански и пцовките им се слич­ ни на нашите, „укунне маммата“ значи „на мајка ти во п...“. Тоа е кратко резиме на мојата едукација во Ита­ лија. Дојдено е времето да заминам. Си правам пирсинг на носот во Римини. Пред мене на еден дечко му тето­ вира змеј на грбот. Местото ми се чини нехигиенско, а јас сум облечен во шарениот џемпер којшто ми го по­ дари Карло пред да заминам од нашата куќа. Марги­ нал­ните типови ми се смеат под мустаќ и се чувству­ вам ка­ко шемаџија во моторџиски клуб. Пирсингот е пос­лед­ната работа која што ја правам во Италија пред да го фатам возот за дома. Книги за Џими Хендрикс и Led Zeppelin, неколку пара бермуди, еден џемпер, панталони, маици, цд-а од Dead Can Dance, Tricky и Portishead, колекцијата стрипови Cybersix194 и сѐ друго што не можам да го со­ берам со мене му го оставам на Карло. Кога доаѓав не се надевав на тоа дека треба да се вратам. Но, животот 194 Cybersix (1992) е серија аргентински стрипови на Carlos Meglia и Carlos Trillo за италијанскиот издавач за стрипови Skorpio (Eura Editoriale).


148

Берт Стајн

не е предмети. Ја кревам мојата торба со којашто дој­ дов во Италија и којашто толку пати ја влечкав по ста­ ници и ја качувам во возот за Местре. Во мојата рака е билет во една насока. Во Местре фаќам автобус за Љубљана. На стани­ цата пред мене поминува еден маж облечен во те­сен фус­тан. Има неколку слоеви тешка шминка врз очи­те и џиш-црвен кармин на усните. Под рака држи друг маж и двајцата имаат бради. Збогум Италија! По пат ми се лоши. Во торбата наоѓам неупотребе­ на табла „Дра­ма­мин“ која ја носев од Скопје. На упат­ ството пи­шува „по еден на секои четири ча­са,“ и јас како под саат го следам упатството. Добредојдовте на Балканот! Хрватскиот полицаец ме поздравува со „Здраво Македонче!“ Јас мамурно го подавам пасошот. Тој им прави про­блем на двајца Ро­ манци кои немаат никакви документи. „Каков е ова купус!“ им ги зема пасошите кои нави­ стина наликуваат на парчиња салата. Ги изнесува над­ вор. До мене е една госпоѓа од Хрватска која што ми рас­кажува за нејзините деца кои живеат во Италија и неј­зиното куче дома, кое што ѝ е очигледно најдобар другар во самотијата. Заминува и таа и останувам сам. На границата со Србија сме. Албанецот до ме­не и срп­скиот полицаец ме будат со тешки маки. Го пода­ вам пасошот и дури да го врати, веќе сум заспал. „Дечки, дечки!“ ме протресува загрижено Албане­ цот до мене. За­­тем­нување. Граница со Македонија. Отво­рам очи. Затемнување. Застануваме. „Ајде стигнавме,“ ме буди со тресење мојот добро­душен сопатник. Ги собира работите и се врти кон мене.


1 час и 30 минути: деведесетти

149

„Да те прашам само нешто, дечки... да не си земал ти нешто дрога!?“ Негирам. Не е убеден. Лево-десно. Си­те ме гледаат сомнително, но немаат време за мене. По година и пол отсуство, и 32 часа возење, конечно дома. Скопје. Италија е минато за мене. Празен сум и не­ мам надеж за повторно враќање. Денови на мечтaење и сону­вање. Вла е на класични студии, јас пау­зирам од студирање. Вечерите пред продавнички ста­нуваат ноќи пред собо­ рни­ от храм. Безнадежно без­ дел­ ничење. Мислиш дека не правиш ништо, но всушност бегаш, постојано бегаш од себеси. „Трчај, Форест!“ Трчај Лола трчај195 на Филмскиот фестивал во Скоп­ је е при­казна за тоа како една ситница може да смени сѐ. Да­ли би направил нешто поинаку кога би добил вто­ра шан­са? Веројатно не. „Немав сексуален однос со таа жена,“ изјавува Бил Клинтон. Вилијам Бароуз е Мртов. Гранџот е мртов. Јас имам дваесет години и животот ми се чини готов. Ба­ рем академскиот дел од животот. И тогаш почнувам да пишувам. Секој ден. Секоја ноќ. Со Владо и братучетка му, Оља, излегувамe во ЗОТ, спроти Ким. Кога нема свирки растураме фудбалче или одиме до Градски ѕид на билјард. Не можам да по­го­дам топка во фудбалче, а во билијард постојано утну­вам, но не ми е гајле - дома сум со пријателите и тоа е најдоброто нешто. Понекогаш киснеме на клупите кај МВР зад Град­ ски ѕид и локаме пиво од околните продавнички. Ни­ кој никогаш не ни бара лична карта, продавничките и 195 Lola rennt (1998), германски трилер според сценарио и во режија на Tom Tykwer со Franka Potente и Moritz Bleibtreu во главните улоги.


150

Берт Стајн

сендвичарите работат цела ноќ, a „Скопско“ е 24 де­ на­ри. Рај! „Како двајцата дедовци од Мапети196 сте,“ вели мла­­ диот пијаница којшто сум го гледал пред црква, во парк и понекогаш наутро со пијаниците пред „Буња­ ковец“. Висок дечко, со продорни сини очи. Го знам од порано кога излегувавме пред ЗиЗи и кога Тимур ѝ се пушташе на другарка му, а овој го за­ деваше поради неговата необичнос и неговите ставо­ ви. Ме разлути како толпата од осмо одделение која што сакаше да го линчува Тимур само затоа што беше од грешна религија или нација, висина, боја на коса, кој знае веќе... Јас со моите метар и жилет ги бранам неговите два метри минус жилет. Повторно. Не дека му треба мојата помош за да среди еден тип јак само на зборови. Зима. Кој не сака да си го мрзне газот по клупите зад МВР, кисне во подземните клубови Сабвеј и СФ каде што атмосферата е жешка. Шутките во малите замра­ чени подрумски простории на овие клубови се нешто за што живееме. „Од сабота до сабота,“ како во време­ то на свирките со Кечер. Вла пропушта 50-ка. „Земи такси,“ го советувам. „На што ти личам јас? На Рокфелер,“ ми забележу­ ва. Татко му е без работа, а од скоро и мајка му. Филмот Такси197, апсолутен филмски фаворит во на­шиот град. Сите цепачи, таксисти и мачо-типови лу­ду­ваат по брзината. Низ градот почнуваат да фрчат сѐ по­веќе Пежо возила, како одговор и доказ дека, ете 196The Muppets (1955-), кукли создадени од Jim Henson познати од The Muppet Show (1976-1981). 197 Taxi (1998), француска акциона-комедија со Samy Naceri, по сценарио на Luc Besson иво режија на Gérard Pirès.


1 час и 30 минути: деведесетти

151

иако светот не нѐ ферма, ние сме сепак дел од него. Се акаме по скопските биртии со друштвото од средно, таканаречен мал „ријунион“ и завршуваме во „Ханибал“ во Маџари. Не сум навикнат на атмосфера како од филмот „Подземје,“ но тука сум, па по ѓаволи­ те! „Нема више сууунцааа,“ пее друштвото, а ќебапите смрдат на ѓон, ракијата на дезинфекција, а певаљката личи на нечија баба во комбинезон. Заминуваме. Јас на задното седиште, Вла на совозачкото. Другар од средно, познат по брзото и невнимателно возење во полна брзина со неговото сино Пежо 306 врти по круж­­ниот тек во Дебар маало и завршува во една пар­ ки­рана кола. Затемнување. Кадарот се отвора. Другар ми е надвор и се рас­ права со типот од паркираната кола. Летаат тупани­ ци. Инстинктот работи. Рез. Пред типот сум и мавтам со рацете, додека тој се заштитува. Рез. Во кола сум, пов­торно на задното седиште. Ти­пот приоѓа на про­ зорецот и се расправа со другар ми. „Трес!“ ме фаќа ненадејно. Топла течност ми се слева по лицето. Затемнување. Дома. Се будам со главоболка и повраќање. Окото ми е сино, а докторот ме советува да мирувам. Можно е да имам потрес на мозокот. И ете го младиот пијаница во грмушките до ЗОТ пов­ тор­но се закача. Тој не ме познава, ме заборавил. Но, јас го знам. Неговата насмевка на главата што се кла­ти од постојана доза алкохол. Тој пие шишенце „Масти­ ка“, кој знае кое по ред, ние ѕидарско „Скопско“, петто. Премолчуваме на неговиот коментар којшто се одне­­сува на Вла и мене. Демек сме „гунџале“ нешто


152

Берт Стајн

помеѓу нас додека друштвото води јавна расправа. Не попушта. Станувам. Станува и тој. Спремен сум за бор­ ба. Цела глава е над мене. Како пекинезер сум. Како разбеснет пекинезер со крвави очи кои чекаат да ис­ кокнат од черепот со првиот напор. Тој се смешка. То­ тално е здрвен. Премногу за да се тепа. „Немој никогаш повеќе да ми зборуваш,“ му се за­ канувам. Го одржува зборот. Додека ние беснееме бесцелно низ градот, Владо сту­дира и има мила девојка. На прав пат е кон прос­ вет­лението и шансата да му докаже на татко му дека нема да биде ѓубретар. Освен милата девојка, Владо ги сака и црта­ните на Cartoon Network. Оди, па разбери. Џони Браво198 му е идол, а секојдневно ги ци­ти­ра Kра­ва­ та и кокошката199 или Шарки и Џорџ200. Пред библиотеката „Браќа Миладиновци“. „Имам мајка во Германија, секој месец ми праќа па­­ ри,“ ми кажува еден парталав дедо со пожолтено-бела бра­да и шишенце „Комовица“ пред него. „Како може да има мајка,“ се прашувам, „можеби е помлад от­ колку што изгледа“... Ноктите му се дебели, поцрне­ ти и искршени и со тие нокти ја кине бандиерата на комо­ви­цата и го крши капачето. Рацете страшно му се тресат, неподносливо за гледање. Отпива. Тресењето малку се смирува. „О-је Комова!“ ми се вртка во главата. „Ми вика, дојди да живееш со мене. Нема шанси, ѝ викам. Што барам јас таму, па тоа нацистите немаат 198 Johnny Bravo (1997), американска анимирана серија на Van Partible за Cartoon Network. 199 Cow and Chicken (1997), американска анимирана серија на David Feiss за Cartoon Network 200 Sharky & George (1988-1992), француско-канадска анимирана серија .


1 час и 30 минути: деведесетти

153

ракија,“ гласно се смее и ми ги открива црните оста­ тоци од забите во целата нивна распаѓачка слава. „Нема поубаво место за живеење од Македонија, ти викам, нема никаде,“ продолжува „еве си седам ту­ка вез­ден и си муабетам, никој не ме гиба, луѓето ќе ми фр­лат некоја паричка, после спијам тука под ска­ли­ве, па­зарот е тука, јадење колку душа ти сака...“ про­дол­ жува. Се исклу­чувам од муабетот и не можам да прес­та­ нам да ги гле­дам неговите раце кои треперливо по­ сегнуваат кон шишето, неговите зацрвенети очи пре­ кри­ени со магла и непроѕирна белина. Му да­вам 10 денари, ми се заблагодарува, си ги собирам кни­гите и заминувам дома. Толку од моето учење во чи­талната де­нес. Да, повторно сум на факултет. Се запишав на медицина. Да, проклета медицина. „Не можеш да избегаш од татко ти,“ ми се смее ѓавол­ чето на едното рамо, додека ѓаволчето на другото рамо ме советува само да учам. Анѓелот го нема, не го ни заслужувам. На мајка ми ѝ олеснува. Конечно се вра­ќам на вистинскиот пат. Мојот Изгубен викенд201 е за­вр­шен. Филмот почнува, а не постои ниту еден филм како факултетот по ме­дицина! Тоа е виртуелно искус­тво без преседан, отце­пу­вање од реалноста, од вре­мето и просторот, трип над три­повите. „Имате ли митохондрии,“ за малку прашувам во про­­дав­ничката во маалото на пауза од учењето за ис­ пи­тот по био­хемија. Медицина е девојка со која што си 201 The Lost Weekend (1945), американски филм ноар на Billy Wilder со Ray Milland и Jane Wyman.


154

Берт Стајн

опсед­нат и ако мислиш на нешто дру­го освен на неа, то­гаш нема да биде твоја. Духот на татко ми. Духот на мртвата сестра го следи главниот лик во Фешта202. Движењето Догме 95 влегува во нашиот жи­ вот со сцената во која синот се спротивставува на зло­ употребувањето од стра­на на таткото. Секој од нас, секој син, сим­болично бил злоупотребуван од него­ виот татко. Мене ме газел со нозе. Како би било да се спротивставиме? Повеќето од нас нема да дознаеме. Нико­гаш. Само Владо немал проблеми со татко му. Или не ми кажал никогаш. Владо не сака да зборува за себеси. Јас не го прашувам, зашто постојано зборувам за себе­ си.Но, знам дека му се допаѓа Црна мачка, бел мачор203, зашто сака необичен хумор. Го сака Кустурица и него­ виот стил на балканизиран Фелини. Фелини е бог! За мене постои само едно свето тројство: Параноја во Лас Ве­гас204, Две исчадени двоцевки205 и Пи206. Во име­ то на Па­ранојата, Двоцевката и бројот Пи! Брзи, хао­ тични при­казни, филозофија на граница на лудилото, апсурд и смисла, камера како реалност, а реалност како сон, три во едно... Всушност мојот изгубен викенд штотуку започну­ 202 Festen (1998), дански филм на Thomas Vinterberg со Ulrich Thomsen, Henning Moritzen, Thomas Bo Larsen и други. 203 Crna mačka, beli mačor (1998), романтична комедија на Emir Kusturica со Bajram Severdžan, Srđan Todorović, Branka Katić и други. 204 Fear and Loathing in Las Vegas (1998), американска аван-гардна црна комедија според книга на Hunter S. Thompson во режија на Terry Gilliam со Johnny Depp и Benicio del Toro. 205 Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998), британска крими комедија на Guy Ritchie со Jason Flemyng, Dexter Fletcher, Nick Moran, Jason Statham. 206 Pi (1998), американски над-реален психолошки трилер на Darren Aronofsky со Sean Gullette, Mark Margolis и Ben Shenkman.


1 час и 30 минути: деведесетти

155

ва. Мајка ми заминува во странство. Тогаш ја запозна­ вам неа. Сам дома. Друштвото е кај мене. Го гледаме Дорс207 и со неа влегувам во светот на илузијата. Таа живее во стара куќа во населбата „Сингелиќ“ со баба ѝ. При­ јат­ ното клатење на раздрнданата хармони­ ка од ЈСП со омилената книга пред мене. Понекогаш клатењето е насилно и тогаш сле­ди задолжителното „Не возиш компири, мајсторе!“ Чес­топати заспивам на враќање дома. Се будам во не­поз­нати предели и де­ шифрирам колку станици сум пропуштил. Низ магла­ та наѕирам трафики, згради, ули­ци, познати симболи на нашиот град по кои ги препознавам неш­тата. Скопје. Парадоксален град којшто лудува по тур­ бо-фолк, но исто­ вре­ мено создава филмови како Макла­бас208 и Збогум на 20-от век209. Ние сме само еден експе­римент со два милиони глувчиња заробени во еден затвор, направен за да видат дали ќе опстоиме или ќе се изгриземе по глувчешките уши, муцки и вра­ тови! Експериментаторот со маска на лицето на која што пишува ОН го следи на­шиот напредок, додека ние скандираме и креваме па­ро­ли на коишто пишува „Да живее Маусдонија!“

207 The Doors (1991), американски биографски филм за бендот The Doors во режија на Oliver Stone со Val Kilmer, Meg Ryan и други. 208 Маклабас (1998), македонски експериментален филм во режија на Александар Станковски - Ацо и Даскалов Илија, Доневски Мирче, Панов Митко во главните улоги. 209 Збогум на 20-тиот век (1998), македонски филм, режиран од Дарко Митревски и Александар Поповски, со Никола Ристановски, Лазар Ристовски, Владо Јовановски, Софија Куновска - Матевска и Тони Михајловски во главните улоги.


156

Берт Стајн

XVI

НАТО, Европска унија, Евровизија, Кан, Оскари... ние не се споменуваме никаде, освен попатно во фил­ мо­вите Буре Барут210, Рани211 или во вестите за војната на Косово. Вести: „Судирот може да се прелее...“ коментираат гот­­ва­чите на светската политика. „Се пече на тем­пе­ ра­тура од 220 Целзиусови степени.“ Рецепт за Оскар: Романтика и високи идеали, за­чи­­ нето со политичка коректност. Во зависност од мо­мен­ талната политика. Вљубениот Шекспир212, продава мо­ рал додека се случува масакрот во средното училиште во Колумбајн. Америка зборува за контрола на оруж­је­ то, а на Балканот оружјето стигнува од сите страни. НАТО ја бомбардира Србија. Чувството на без­на­ деж­ност и депресија лебди во воздухот. Бегаме во ЗЗ топ, бегаме во музиката, книгите, алкохолот, филмот, што и да е, само да не мислиме на иднината. Виртуел­ ниот свет повикува. 210 Bure baruta (1998), југословенски филм на Goran Paskaljević, снимен според драма на Дејан Дуковски со Predrag Miki Manojlović, Mirjana Karanović, Mirjana Joković, Lazar Ristovski и други. 211 Rane (1998), српска драма на Srđan Dragojević со Dušan Pekić, Milan Marić, Dragan Bjelogrlić, Branka Katić, Vesna Trivalić и други. 212 Shakespeare in Love (1998) американска романтична комедија-драма на John Madden со Gwyneth Paltrow и Joseph Fiennes.


1 час и 30 минути: деведесетти

157

Матрикс213 е доволна утеха. Ако сме приклучени на машини, тогаш што и да правиме не е важно. Или е можеби поважно? Не вреди, ај' да бегаме! „Брзо ќе се вратам, само да ги испитам работите та­­ му. Можеби можеме заедно да заминеме,“ ѝ кажувави ја гледав во процепот помеѓу скалите и тогаш светло­ то се изгасна. Заминав. Лондон виа Софија. Моите роднини во Софија жи­ веат во 20-катница на 17 кат. Не сакам височини. Се туширам во малата два-на-два бања со туш ка­бина, облекувам чисти алишта и легнувам во чиста пос­ телнина со цветни апликации која мириса на омек­ нувач. Телото е задоволно од секој допир со ме­ките и миризливи ткаенини, но мозокот талка. Мислам на неа, на мојата земја, на иднината, каде и зошто сум се упатил и што понатаму. Авион за Лондон. Не сакам ви­ сина. Не сакам авиони. Лондон. Тејт Галерија. Пикадили. Национална га­ лерија. Парни машини, диносауруси, саркофази. Ле­ онардо, Ван Гог и Тарнер. Сето тоа богатство во еден град. А јас не можам да престанам да мислам на неа, на мојата земја. Братот на зет ми држи фирма за продажба на фил­ мови, Ре-Филм. Дома има илјадници касети и адреси каде што треба да се испорачаат. Прегледувам касети и ги пакувам, пи­шу­вам адреси, го апдејтувам сајтот со информации за филмовите. Организираме фестивал на кратки сту­дент­ски филмови во кафуле во квартот „Сохо“ и добивам задача да напишам краток текст за 213 The Matrix (1999) американско-австралиски нео-ноар научнофантастичен филм на браќата Wachowski со Keanu Reeves, Laurence Fishburne, Carrie-Anne Moss, Hugo Weaving и Joe Pantoliano.


158

Берт Стајн

филмо­вите. Мојата прва вистинска работа. Возбуден сум. Црвена говорница. Таа: „Мислам дека врскава не оди.“ Пре­­мотуваме назад. Сестра ми ме носи по кафулиња и ресторани ши­ рум Лондон за да работам нешто. Не сака да ме гледа како про­паѓам. Малку над „Портобело“, во португал­ скиот кварт има ресторан за медитеранска храна. Ресторанот се вика Приказна од Лисабон и на ме­на­ џер­ката ѝ кажувам колку го сакам филмот. Вендерс нѐ по­вр­­зува. Сакам да ѝ речам дека личи на пејачката на Madredeus, но молчам. Немаат место за вработен. Ќе ни јават ако се ослободи нешто. Некако завршувам во рес­торанот за азиска кујна неколку блокови по­до­­лу, во срцето на „Портобело“, на позиција мијач на са­дови. Само што е излезен филмот Нотинг Хил214 и на­сел­бата врие од луѓе. Цените на нед­ виж­нините скокаат два-пет-десет пати. На улиците врз картони и портабл-масички про­даваат сѐ, од книги, до облека, преку цд-а, до ин­стру­менти, ан­ тички часовници и секакви дребулии. Црн­ци, Азијати, панкери и раста-типови. Еден Абориџин со распослано чергиче пред него. Дува во диџериду. Ма­ги­јата на ин­ струментот којшто отсекогаш сум го посакувал и сум го имитирал на сите цевки по дома ме при­вл ­ екува. „Колку чини?“ „50 фунти“ одговара незаинтересирано типот. „Премногу“ помислувам и заминувам. Нема да си простам за тоа, знам. 214 Notting Hill (1999), британска романтична комедија на Roger Michell со Hugh Grant, Julia Roberts и други..


1 час и 30 минути: деведесетти

159

Газдата Индиец во ресторанот не ме сака. Еднос­ тав­но и просто органски не ме трпи. Постојано ме на­ бљудува како да ќе му украдам нешто. Дрпнувам едни кинески стапчиња, од инает. Го чистам тоалетот, секој ден. Мислам дека газдата се изживува на мене, но кој друг би го правел тоа. Готвачите, сигурно не. Јас сум најнискиот во хиерархијата на ресторанот. Бу­башваба во бела облека со најлонска престилка и гу­мени рака­ вици. Не треба да бидеш генијалец за да миеш чинии и да фатиш џогер. „Проклети ракавици,“ не можам да работам со нив, садовите ми се лизгаат. Со прстите стругам остатоци од порции кои чинат колку мојата неделна плата и среќен сум кога го примам кешот. Забрзуваме напред. „Мислам дека врскава не оди,“ се слуша од слу­шал­ ката во црвената лондонска говорница. Стаписан сум. Пелтечам. Таа е решена. Таа е на 2.500 километри од мене и не можам да сторам ништо во врска со тоа. Ли­ нијата се прекинува. Купувам карта за назад. Вечерта пред да заминам го гледаме Големи исчекувања215 со сестра ми и зет ми. Итан Хок пие вода од чешма и Гвинет Палтроу го лиз­ нува по устата како кога биле деца. Незаборавно. Не­ кои работи од детството остануваат длабоко во нас. „Дали внук ми ќе се сеќава на мене?“ Ме потсетува на малото дете од цртаниот Том и Џери кое постојано бега надвор од креветчето216. Секогаш се смее. Освен кога плаче. Ние возрасните сме непотребно ком­пли­цирани. 215 Great Expectations (1998) современа филмска адаптација на истоимената новела на Charles Dickens во режија на Alfonso Cuarón со Ethan Hawke, Gwyneth Paltrow, Robert De Niro, Anne Bancroft и Chris Coo­ per. 216 Busy Buddies (1956) анимирана епзиода со Том и Џери во продукција на William Hanna и Joseph Barbera.


160

Берт Стајн

Детството, грешните одлуки и каењето, за тоа ка­ ко постапките на родителите се одразуваат врз нас, семејното насилство и неможноста за контрола... Маг­нолија217 е совршен. Калеидоскоп на одлични при­ казни. И приказната на мојот живот, испреплетена во ме­не. Магнолија е најзначаен живот во мојот филм. Небото над Лондон. Во устата имам ме­тален вкус. Фо­би­јата од летање зема прав замав. „Требаше да се напијам нешто,“ помислувам. Наместо тоа си ги гри­ зам усните. Неп­цата ми пулсираат. Имам чув­ство дека пломбите ќе ми паднат. Ми ѕуни во гла­ва­та. „Дали си добро? Да не сакаш чаша вода?“ме прашу­ ва жената до мене, но јас не одговарам. Скопје. Пред нејзината врата сум. Ѕвонам. Ме пре­ че­кува по гаќи. Внатре е некој друг којшто не сум јас. Со­бата е иста. Плетени чергички од рацете на болната мај­ка постелени врз столчињата и креветите. Бабата не е тука. Можеби починала? Можеби целиот свет се сме­ни откако заминав и преминав во некоја паралел­ на реал­ност. Јас не сум јас, но внатре е тој. „Каде одиш,“ ме прашува мајка ми. „Што е битно,“ одговарам. Не зборувам веќе со никого. Не излегувам. Не учам. Не читам. Не пишувам. Наместо тоа стојам во неј­зиниот ходник по не знам кој пат. Пред нејзината вра­та. Го потпирам увото на нејзината врата и слушам. Слушам звуци. Тропање на прибор за ја­ дење. Гласови. Го следам звукот и ги распознавам сликите како со апарат за ултразвук. Се пот­сетувам на Деликатесна продавница. Прогнозата не е добра. Светлото се гаси. 217 Magnolia (1999), американска драма во режија на Paul Thomas Ander­ son со Jeremy Blackman, Tom Cruise, Melinda Dillon, Philip Baker Hall, Philip Seymour Hoffman и Julianne Moore.


1 час и 30 минути: деведесетти

161

Еден ден се будам, навистина се будам. Ги собирам си­те работи кои што сум ги добил од неа и ги пикам во една ќе­са. Без ред, без внимание, само количината е битна, си­те да бидат таму, да не остане ништо. По­ вторно пред вратата. Со најлонска пазарска ќеса. „Здраво. Ова се твоите работи,“ збунета е. Не разбира. „Работите кои си ми ги дала. Ти ги враќам.“ Не ѝ се допаѓа тоа. Не ми е битно, зашто се вртам и не се враќам никогаш повеќе. Кадарот се затвора. ЗЗ топ. Со Вла се зезаме на Екс-Ју песните како неш­ то од минато време кое што сакаме да го потиснеме и за­боравиме. Југославија е тера нон грата, осудена од це­лата меѓународна заедница, народот е поделен по­ меѓу тие кои што сакаат да живеат во минатото и тие кои што сакаат да одат напред. Филмовите како Нож218 лич­но не ме привлекуваат и сведочат за немање жел­ ба да се тргне понатаму. Првата група. Национали­ стите. Нос­талгичарите. Југославија која што прави ет­ ничко чис­­тење и спречува развој не е мојата држава. Ма­ке­­донија која што прифаќа илјадници бегалци од Косово и на се­кој можен начин го одржува кревкиот мир е мо­јата др­жава. Не го сакам национализмот. Ја са­кам умет­носта. Го сакам Кјубрик и неговиот пос­ле­ ден филм Очи ширум затворени219, можеби првиот не­ гов филм којшто си­те го сакаат. Затвори очи. Унгарија и Чеш­ка се при­­­клу­чуваат кон НАТО. За нас нема место. Ние сме најлонската ќе­­са која што лета но­ сена од ветрот во Американска убавина220! Еден ден некој 218 Nož (1999) југословенски филм на Miroslav Lekić со Žarko Laušević и Bojana Maljević во главни улоги. 219 Eyes Wide Shut (1999), еротски трилер во режија на Stanley Kubrick со Tom Cruise и Nicole Kidman во главните улоги. 220 American Beauty (1999), американска драма на Sam Mendes со Kevin


162

Берт Стајн

ќе види убавина во нас. Во обичната кеса која што се вее под удар на ветровите, тие лево, ние лево, тие десно... Снимката се враќа. Имам 8 години. Седам на про­зо­ ре­цот од дневната соба во Сараево и гледам надвор. Си­лен ветер превртува стуткани хартии, кеси, картони и лисја по улицата. Ги ниша дрвјата пред мојата зграда тол­ку силно што мислам дека ќе ги прекрши. Лисја­ та фор­мираат мали вртлози на нашето игралиште. На ули­цата се случува вистинска драма, но нема живот, не­ма деца. Во исчекување сум. Спремен да истрчам над­вор и да му пркосам на ветрот. Забрзај ја снимката. Napster избива на музичката сцена. Колку кул е тоа да можеш да ја симнеш која песна сакаш во твојот компјутер и веднаш да ја слушаш. Светот се менува, а ние сме заглавени во истите стари и здодевни про­ блеми. И таман кога мислиш дека нема надеж, ете. Војната на Косово завршува. Имам нова девојка и заедно чекориме во подобрата иднина. Додека ан­ ти-глобалистите протестираат, нам не ни е гајле. Тоа не е на­ша­та борба. Најголемите протести се во земји кои се по­ранешни империи и колонијални сили, Шпа­ нија, Ита­лија, Франција, Холандија во борба против новите импе­ријалисти. Ние, малите, обесправените и бедните си молчиме среќни што привремено живееме во мир. Никогаш нема да станам уметник за те­то­ви­рање. Изгубените пер­спек­тиви веднаш се менуваат со нови. „Ќе направам Арт видеотека,“ ѝ објаснувам на де­ војка ми. Ја викам Би, и таа ме разбира. „Во мојот под­ рум. Едната просторија е за изнајмување филмови и читална. Другата е за гле­да­ње, кауч, од ѕид до ѕид, и те­ Spacey, Annette Bening, Thora Birch, Wes Bentley, Mena Suvari и други.


1 час и 30 минути: деведесетти

163

левизор во средина. Слу­жи­ме и пијалоци. Нешто како кафе-кино. Да, тоа може да биде името. Кафе-кино.“ Ме гледа со очите со боја на костен. Го впива секој мој збор и нечујно изговара „Никогаш не сум поз­на­ва­ ла некој како тебе,“ и се насмевнуваме зашто се раз­би­ раме без зборови. Во меѓувреме на вести: „Милениумската бубачка се подготвува да го разнесе светот на парчиња!“ сооп­шту­ ваат светските медиуми - нѐ чека лоша пост-ди­ги­тална судбина. „Ајде да правиме добри филмови пред сѐ да отиде по ѓаволите,“ небаре си кажуваат фи­лмаџиите едногласно и навистина се фаќаат за ра­бота! Оваа година. Матрикс, Боречки клуб221, Догма222, Маг­ но­лија, Канцелариски простор223, Куче дух224, Очи ширум зат­ворени, Проект - Вештерката од Блер225, Американска убавина. Револуционерно, рас­­кажувачки, контро­ верзно, емо­тивно, смешно, мис­тич­но, магично, страш­ но, поетично... некогаш еден збор е до­волен да се опише најсложеното. Таа студира на филолошки. Ја чекам пред факул­ тетот „Блаже Конески“ опкружен од згради како од пост-апо­ калиптичен научно-фантастичен филм. Се појаву­ва. До неа... не ми се верува. „Сакав да те изненадам,“ ми вели таа со насмевка. 221 Fight Club (1999), американски филм според книга од Chuck Palahniuk, на David Fincher со Brad Pitt, Edward Norton и Helena Bonham Carter. 222 Dogma (1999), американска комедија на Kevin Smith со Ben Affleck, Matt Damon, Jason Lee, George Carlin, Jason Mewes и други. 223 Office Space (1999), црна комедија на Mike Judge со Ron Livingston, Jennifer Aniston и други. 224 Ghost Dog: The Way of the Samurai (1999), акционен филм на Jim Jar­ musch со Forest Whitaker. 225 The Blair Witch Project (1999), американски хорор филм на Daniel Myrick со Heather Donahue, Michael C. Williams и Joshua Leonard.


164

Берт Стајн

Оми­ле­ниот лик од моето детство е пред мене. „Уште пафкаш Винстон,“ го задевам. Потврдува, сѐ уште ве­дар и насмеан, тивок и повлечен, страс­твен читател на Хејзи и други вестерн и криминалистички романчиња, како и ко­лек­ционер на спи­санија за фо­ тографија и ли­­те­­ратура, по професија пре­ведувач, по вокација мис­ли­тел, мојот дру­гар од основ­но, Адно. „Колку работи се сменети, пријателе, колку ништо не е сменето,“ помислувам, „можеби ќе напишам при­ казна инспирирана од средбава?“ Еден ден... Вести. Оставка на Милошевиќ. Ко­нечно. Оставка на Борис Јелцин. Владимир Путин на негово место. Рабо­ тите се менуваат во политиката. Боречки клуб во кино. Со Владо и Оља. По­тоа, како маѓепсани, под силно влијание na фил­ мот, на пиво пред црква. Ги репризираме сцените со те­­па­ње­то ка­ко во добрите стари времиња пред киното во мес­ната за­­едница Стари град во Сараево. Владо ми за­­мав­нува еден добар бокс по ребро. Се виткам. „Човече полека,“ го прекорувам, но во неговото ли­ це гледам задоволство од тоа дека ме повредил. Нор­ тон е Тајлер е Владо. „Што мислиш, зошто беше тепањето во филмот?“ ме прашува, во неговиот познат стил „помалку кажува по­­веќе“. Не одговарам ништо, но таа ноќ не можам да зас­пијам до утрото. Заспивам. Подрум. Се будам. Не знам дали е ноќ или ден. Ги тр­ гам завесите. Небото е портокалово. Излегувам над­вор и погледнувам кон небото. За­тем­ну­вање на сонцето.


1 час и 30 минути: двеилјадити

165

XVII

2000 година. Ентериер. Психијатриска ординација - ден. На прозорците долги венецијанери кои се спуштаат речиси до подот. До прозорецот полици со книги, а на нив африкански статуетки со бујни гради, еден орнаментиран рог со две фабриже јајца, по едно од двете страни, и статуетка на индиската божица Шива. До полицата, голема маса и две кожни фотелји. Фронтално седи таа, психијатарот, облечена во црно, со долга црна коса, очила и шишки како Kлеопатра, силна шминка и поглед кој продира. Спроти неа е едно стуткано суштество кое гледа во подот и си ги гризе усните. Кадарот се отвора. „Зошто дојде?“ ме прашува Д-р Марина со продо­ рен поглед. Таа зборува гласно и гестикулира како да се бори со духови од минатото. При секој збор ширум ги отвора очите. „Не знам,“ одговарам и се пикам во фотелјата, под­ лабоко, како да сакам да потонам во неа. На д-р Мари­ на веѓите ѝ се креваат. Не е за­до­волна. Ми наликува на голема мачка која што го дем­не пленот. Нема бегање. „Сакам да го завршам факултетот,“ се исправам. Не разбира што сакам да кажам.


166

Берт Стајн

„Имам проблем во комуникацијата со луѓето,“ веќе по­­годувам во празно. Таа го трга погледот. Запишува неш­то во еден голем тефтер и како од пушка: „Кажи ми за татко ти.“ И тогаш почнува сѐ. Знам дека во мене има бес. Вратите со испукана боја, старото касетофонче невешто залепено со се­ ло­­тејп и флеката од сокот истурен од скр­шена чаша врз ѕидот од мојот дом го познаваат мно­гу добро мојот бес. Но, тие молчат. Моето куче, Цуки, не молчи и знае да ми за'ржи ко­ га посегнувам со раката по неа. Експрес-лонецот се полни со алкохол и тутун, се враќа дома сред ноќ. По­ не­когаш ме пречекува мајка ми загрижена за мојата ид­нина. Понекогаш Цуки на грешна страна ќе ја крене гла­вата или премногу силно ќе мавне со опашот. Сит­ ните нешта. Неповрзани нешта. Но, притисокот из­ би­ва. Темнината се спушта. Се слушаат брановите на не­миновноста како доаѓаат од некој зафрлен дел од мо­зокот. Избиваат. Кршење на бранови226 го гледавме пред неколку го­ дини, но не го раз­брав­ме, се смеевме, а не требаше, бевме незрели, а как­ви да бидеме? Сепак, за Dancer in the Dark227 сме до­вол­но воз­расни, но недоволно под­ готвени. Никој не мо­же да би­де подготвен за таква приказна, за таква бру­талност, се гушиме во солзи за неправдата, и пов­тор­но си ја переме совеста. Јажето околу вратот се стега. 226 Breaking the Waves (1996) дански филм во режија на Lars von Trier со Emily Watson во главната улога. 227 Danser i mørket (2000) данска музичка драма на Lars von Trier со Björk, Catherine Deneuve, David Morse, Cara Seymour, Peter Stormare, Siobhan Fallon Hogan и Joel Grey.


1 час и 30 минути: двеилјадити

167

Утро. Моето утро. За остатокот од светот е пладне и тие брзаат на работа, на училиште, на пазар, некаде. Јас не брзам никаде. Механич­кото движење на чет­ кичката во устата. Плакнењето. Црвеното во белото. Светлината којашто доаѓа од прозорецот ги пече очи­ те. Нејзиниот поглед уште повеќе. Не издржувам, се кр­шам и паѓам на коленици, ја гушкам и ѝ се из­ви­ну­ вам, ветувам дека нема да се повтори, леам солзи, до­ дека Цуки ја трга главата. Како да ми вели „Дај кос­ка, будало“. Јажето уште посилно се стега. Ја шетам и гледајќи го коланот којшто води од мо­ јата рака до нејзиниот врат се заколнувам: „По­доб­ро да си го врзам коланов веднаш околу мојот врат и да за­вршам со сè отколку да кренам рака врз своите де­ ца.“ Ако си бил тепан, мораш ли да тепаш? „Кога е доста? Кој ќе го прекине ланецот... а?“ ми од­ѕвонува во главата. Тоа ми треба. Јасна мисија. Јасен одговор на прашањето „зошто отидов на психијатар.“ Забавата завршува! Локалите и сендвичарите се затво­раат во 12 часот по полноќ. Законот конечно ста­ пува на сила. Започнува ерата на нелегално работење. 1 часот по полноќ. When the Music's Over. Некаде во темниот град, придушени звуци. Свирки од авто­мо­ би­ли, сирени, далечни гласови. Стоиме на тротоарот пред сендвичарата до Бургер Кинг. „Два хамбургери и еден чикен,“ шепотиме гласно. Млади прегладне­ ти ѕве­рови на кои им течат лиги за парче препржено ме­со што мириса на пржен ѓон од кондура. Сенки од Златната треска228 и прегладнетиот Чаплин како ја­де варена кондура. Жената со престилка ја прима на­рач­ 228 The Gold Rush (1925), американска комедија напишана, во продукција и во режија на Charlie Chaplin.


168

Берт Стајн

ката и се губи во темницата на локалот за брза хра­на. По кусо време се враќа со најлонска кеса, а во неа на­ шиот плен. Ги даваме парите, а таа ги пика во џе­бот од престилката без да ги преброи и се упатува кон други тројца млади прегладнети типови. Ние за­минуваме кон клупите до Соборниот храм и го за­ле­ва­ме месо­ то од сомнително потекло со литри и литри Скоп­ско. „Can't beat the feeling“229. Со друштвото дома. Мешавина на тутунски чад, мла­дешка пот и мирис на нозе. Пред нас компјутерски ек­ран, а на него Снеч230. Музика, сценарио, глума, рет­ ко добра комбинација. Ерата на гледање филмови на ком­пјутерите започнува. Масата се тресе од скокање­ то на Тимур од столчето, пепелникот го полниме во рок од половина час, додека Владо постојано се жали на ча­дот и отвора прозорци, а кога не се жали седи ми­рен и размислува, смислувајќи прашања кои ќе ни ги постави по гледањето на филмот и на кои ние сека­ ко нема да знаеме да одговориме. Angel од Massive Attack ги пробива ушните тапан­ чиња како што отворачот за ви­но ја пробива плутата, тивко и болно. Ликот на Бред Пит вреска во очај за из­ горениот дом и мај­ката. Очите ми се насолзуваат и го кријам погледот од дру­гарите. Никогаш не сум трпел неправда. Снеч ста­нува мојот омилен филм. Рез во чувствата и сетингот. Би пие салеп со цимет, а јас чај од анасон. Во Њу Ејџ сме, на неколку че­ко­ри од ординацијата на д-р Марина. Опкру­же­ни со дово­ лен број „отпадници“ од општест­вото и од нормите. 229 Слоган од рекламите на Кока-Кола во 1987-98 година. 230 Snatch (2000), британска ултра-насилна комедија на Guy Ritchie со Benicio del Toro, Dennis Farina, Brad Pitt, Rade Šerbedžija, Jason Statham и други..


1 час и 30 минути: двеилјадити

169

Њу Ејџ е првото место по улиците од дет­ство­то поми­ нато во Сараево каде што надвор од дома на­вис­тина можам да се почувствувам како да сум дома. Нис­ки­те масички, чергичињата, перниците, седењето со скрс­ тени нозе, турскиот чај во мали чашки или кафето во бакарно ѓезве со локум од страна - сето тоа е мој дом. Ги слушаме Madredeus, а потоа Dead Can Dance, патува­ ме низ светот носени од сеќавањата на Приказна од Лисабон231 и Барака232. „Има неколку студенти, како тебе, на кои им не напла­ќам за сесиите. За возврат вети ми дека секој ден ќе си ги запишуваш соништата.“ Соништата си ги запи­шувам уште од средно, не би требало да биде проблем. Ве­ тено-сторено. Очајно сакам да се про­ најдам. Цигарите и алко­холот не помагаат. Да речеме дека станувам опседнат. Почнувам сам да си ги анализирам соништата, го читам светото трој­­ство на психоанализата: Фројд, Јунг и Адлер. Сè поч­нува да добива смисла. Поинаква смисла. Ре­ша­ вам да се запишам на психологија. Би ме испрашува секоја вечер. Чекорењето од едната до другата врата од мојата трпезарија и повторување на наученото, со затворени очи, претепан од замор, станува мое се­кој­ дневие, толку години по завршувањето на средното училиште. Повторно исполнет. Разменуваме филмови со девојката на Вла, Маја, и мојата ко­лекција брзо расте. Таа користи црвен фло­ мастер за запишување на цедеата и има поубав рако­ пис од ме­не. Го отворам ѕвоното со филмови и го ва­ 231 Lisbon Story (1994) германско-португалски филм на Wim Wenders со Rüdiger Vogler, Patrick Bauchau и други, и музика на Madredeus. 232 Baraka (1992) документарен филм без нарација во режија на Ron Fricke со музика на Michael Stearns, Dead Can Dance и други.


170

Берт Стајн

дам Реквием за еден сон233. Три часот е по полноќ и не ми се спие. Пред да успеам да трепнам филмот завршува. До мене е полн пепелник со цигари, а во мене празни­ на, страшна и тешка, вжарена и болна. Филмов за мене станува сведоштво за изгубена младост, пропуштени можности и потенцијали. Почнувам сериозно да раз­ мис­лувам за иднината. „Пак не спиеше,“ влегува мајка ми која што се спрема за работа. Не одговарам ништо. Не можам да зборувам. Едноставно не можам. Примен сум на факултетот по психологија! Лето. Одмор. Струга. Би има другарка чиј дечко во Струга држи сендвичара. Јадеме хамбургери секој ден, за вечера чајна и сирење, а наутро, на плажа пафкам една по друга цигара Brand. Гајле ми е, младото тело може да издржи сè. Изле­ гувам од вода, Би се пече на сонцето, се бришам и ја земам книгата Голиот ручек од Бил Бароуз која што ме чека врз трската, загреана од сонцето. Читам и размис­ лувам за зависностите. „По ѓаволите, не играм повеќе,“ ги фрлам картите и тие паѓаат на масата, на подот, сокот се истура, бри­ шеме со тоалет хартија. Не сум добар губитник, но таа е гаден коцкар. Таква среќа немам видено од паѓање­ то на Рамбо во провалија на мек тепих од трева. Во позадината свири Tango In Harlem од Touch and Go, совршена летна песна. Тоа е сè што ни треба, мла­ доста, картите, чајна и сирење, стотици цигари и топ­ лиот летен ветер, не се грижиме за снобовските пла­ жи или ска­пите апартмани, не очекуваме ништо еден од друг, само да би­деме заедно. 233 Requiem for a Dream (2000), американска психолошка драма во режија и по сценарио на Darren Aronofsky со Ellen Burstyn, Jared Leto, Jennifer Con­ nelly и Marlon Wayans во главните улоги и со музика на Clint Mansell.


1 час и 30 минути: двеилјадити

171

Влетувам на факултетот по психологија како да ќе ја освојам зградата и со став „дајте ми го тој заебан Фројд, буљаши едни!“. Испитите се редат, и замисли чудо, останува време за пишувањето, за уметноста и за сите други интереси. Светот оди напред без сопи­ рање. Путин е новиот претседател на Русија, а Папата Јо­ ван Павле II ја продолжува својата мисија на збли­жу­ ва­ње различни религии и луѓе од целиот свет. Дали мо­же нашата земја да научи нешто од тоа? Ми се чини де­ка од година во година сме сè подалеку од таа идеја. По­пулацијата на Индија достига 1 милијарда. Светот се менува пред наши очи. Ни филмот не е имун. Сеќавањата на прва­та вечер во нејзиниот дом, па­ лачинката со Nutella и банана, со екстра шлаг и то­ пено чоколадо, навираат додека уживаме во глумата на сака­ната Џулиет Бинош од младоста. Драгиот Ки­ шловски и Три бои сино234, а сега Чоколада 235, какво ос­ вежување. „Не сум знаел дека палачинките може да бидат вака вкусни,“ прокоментирав и таа беше среќна, таму во семејната куќа, додека соседот од спротива вечно тропаше по некои бесмислени лимови и стругаше де­ лови од раскантани коли. Би заболува од сипаници. Мислела дека ги има прележано. Мојата меди­цин­ска исто­рија е непозната. „Имаше помалку од три години и ти се појавија некакви дамки по телото,“ ми раскажува мајка ми, 234 Trois couleurs: Bleu (1993), француска драма во режија, продукција и сценарио на Krzysztof Kieślowski со Juliette Binoche и Benoît Régent во главните улоги. 235 Chocolat (2000), британско-американска романтичка комедија и драма на Lasse Hallström со Juliette Binoche, Judi Dench, Alfred Molina, Lena Olin и Johnny Depp во главните улоги.


172

Берт Стајн

„те одведовме на лекар, но никој таму не знаеше што се случува. Кашлаше како мало магаренце и потоа доби пневмонија, а дамките излегоа дека се шарлах. Истовремено фати и менингитис. Кога ти ја извлеку­ ваа течноста од 'рбетот не се знаеше дали ќе прежи­ вееш.“ Преживеав, и тоа и разводот на моите, гу­бе­ ње­то на мајката, губењето на другарите во војната, гу­бењето на таткото, добивање мајка, добивање дру­ гари. Животот е круг, нè учеше Милчо Манчевски со неговиот Пред Дождот. Животот е спирала. Премотуваме напред. Скопје. Зима. Декември. Во мојот подрум сме со друштвото на Вла. Оља си ја има скра­ тено косата на кец. Маја живее во светот зад призмата на Pink Floyd. Не­при­лагодени на средината, подземје­ то е совршено за нас. Греалката фрчи со метален ми­ рис, додека слу­шаме музика и гледаме филмови. Саут Парк236 ни се чинат доволно блиски до нас, а околу нас - плакати со дела на Мунк и Дишан, Хи­е­ро­ нимус Бош и исечени страници од списанието „Трото­ ар“ поврзани со ленти од шарени изолир ленти, ка­ко траги за убиецот од детективските филмови. Ме­мен­ то237, сосема соодветно. Изгубени сеќавања. Најдени чувства. Зборуваме за иднината. „Сакам да имам три деца,“ ми кажува. „Ни помалку, ни повеќе?“ ја задевам. „Не. Куќичка во природа, на планина, со дворче, а внатре камин и топол дом.“ 236 South Park (1997-), американска анимирана серија на Trey Parker и Matt Stone за Comedy Central. 237 Memento (2000), американски нео-ноар психолошки трилер во режија на Christopher Nolan со Guy Pearce, Carrie-Anne Moss и Joe Pantoliano во главните улоги.


1 час и 30 минути: двеилјадити

173

„А куче?“ „Не,“ изјавува решително. Интересно е да запознеш некој што знае што сака. Би можел да ги избројам на прсти таквите луѓе. „3, 2, 1... Среќна Нова Година.“ МКЦ. Новоградска ја свират Ајде да летаме, а сем­ плот на Каролина Гочева звучи ангелски. Премногу добро да биде вистинито. Играме со Би сплотени со толпата и ни се чини дека најдоброто допрва доаѓа.

XVIII

Сараево. 11 септември. 2001. Премотуваме наназад. „Ако треба да убијам некого, подобро да ја свртам пуш­ката кон себеси и да испукам куршум веднаш,“ ми раскажува тетка ми за еден роднина којшто по започ­ нувањето на војната во Босна пребегал во Америка. Затворам очи. Подгорица. Август. Седам во кујната на татко ми. Неговата жена ни прави вечера. Моите полубраќа и полусестра спијат во детската соба. Ќебиња фрлени на под и растурени играчки. Татко ми е гол до појас и сто­макот му виси преку панталоните. Жешко е како до­ма, како во Скопје. Ми недостига домот. Татко ми ме испраќа на станицата. Заспивам во автобусот.


174

Берт Стајн

Херцег Нови. Јули. Сонцето пробива низ дрвените ро­летни и го слушам гласот на газдарицата како раз­ говара со Би. Повторно заспивам. Белград. Јуни-јули. Се обидувам да се префрлам на психологија. Не спијам по цели ноќи, заспивам се­ дејќи, пишувам и се обидувам да им дадам смисла на работите. Братучед ми ме нарекува негов идол. Не знам зошто. Далеку сум од идол. Скопје. Јуни. Зградата се тресе и помислувам „Тоа е тоа, бомбите дојдоа до нас.“ Сепак грми. Невидено силно, како времето да ни се лути зашто се мразиме и гинеме и се осудуваме и не се разбираме. Во право е. Полагам Историја на психологијата додека повреме­ но се слушаат рафали и експлозии. На сите ни треба пси­хијатар. 10-9-8 препушти се на мојот глас... 7-6-5 па­ѓаш во длабок сон... 4-3-2... кога ќе речам нула ќе се раз­будиш... 1, 0. Се будиш во друг свет. Кевин Спејси е вонземјанин и сите го знаеме тоа по начинот на којшто јаде банана. Го живееме нашиот сопствен Кеј пакс238 оваа пролет за­ро­бени во своевиден затвор, со чувство дека сме вон­земјани во сопствената држава. Никој никому не ве­ру­ва и потенцијална опас­ност се крие зад секој ќош и само го чека погодниот момент - бам! „Одам да го пронајдам татко ми,“ ѝ велам на Би, „дојди со мене.“ Премотуваме напред. Херцег Нови. Траектите до­а­ѓаат и заминуваат, животот врви покрај нас, а ние се­диме во кафуле слушајќи ги брановите од морето и обиду­ вајќи се да ги составиме скршените парчиња од наши­ 238 K-PAX (2001), американски научно-фантастичен филм во режија на Iain Softley со Kevin Spacey, Jeff Bridges, Mary McCormack и Alfre Woodard во главните улоги.


1 час и 30 минути: двеилјадити

175

те животи. Јас и тој. Татко и син. Џеј и Тивкиот Боб возвраќаат239. Овој пат јас сум Тив­ киот Боб, а тој е Џеј. Блада сѐ и сешто. Сѐ во мојата глава врие и манџата е полоша од конфузна балкан­ ска ме­ша­вина зготвена од готвач којшто не знае кои состојки одат едни со други. Мојата приказна. Нашата судбина. „Јас никогаш не би отишол да го посетам татко ми, да бев на твое место,“ ми вели. Молчам, секако. „Знаеш ли што значи тоа да бидеш оставен?“ помислувам. „Тие сакаа да те земам,“ продолжува тој, „дедо ти и баба ти. Јас сметав дека треба да бидеш со мајка ти, зашто таа е како мачка, ги заштитува своите мачиња.“ Чувството на отфрленост расте во мене. Јас сум ро­ ботот направен од Анакин и оставен на планетата Та­ туин240, јас сум детето-андроид од A.И.241, замрзнат во времето, исчекувајќи некој да дојде по мене и да пре­ земе одговорност за моето постоење, кога веќе ре­шил да ме создаде, но тоа не се случува. „Сепак, знаев дека сѐ што расте под нејзиното дрво не созрева,“ заклучува самозадоволно и ме остава со под­отворена уста. Молчам. Голтам. Мол­­чам. Врескам во себеси. Знам дека ќе избега со опашката под нозе при најмало спротивставување. „Тоа го сакаш, нели?“ помислувам. Нека фрла оган, ќе се измори некогаш. Јас не сум битен. Битни се моите деца. За да бидам 239 Jay and Silent Bob Strike Back (2001), американска комедија на Kevin Smith со Jason Mewes, Ben Affleck, Smith и други. 240 Алузија на Star Wars: Episode I – The Phantom Menace (1999), научнофантастичен филм на George Lucas со Liam Neeson, Ewan McGregor, Natalie Portman и други. 241 A.I. Artificial Intelligence (2001), американска научна-фантастика на Steven Spielberg со Haley Joel Osment, Jude Law, Frances O'Connor, Brendan Gleeson и William Hurt.


176

Берт Стајн

татко мо­рам да се помирам со таткото. Едноставно. Верувам сле­­по во тоа. Јас сум Сидарта, Зен Будист... „Оооом.“ Јас сум Бред Пит којшто гази низ пустината со вр­ зани очи и испукани стапала, а раните веќе поч­ну­ваат да ми гнијат. Мислам дека се жртвувам за љубовта, а трпам заради наградата од жртвата. Јас сум прокле­ тиот Мексиканец242. „Трпи ја болката,“ повторувам. „Очајно сакам да се ослободам, да се издигнам над моите родители и да соз­дадам нешто ново, светло и ослободено од кругот на Сансарата. Мудар сум како Пауло Куељо и итар како Карлос Кастанеда. „Сѐ што сакам е нормален живот!“ Разбуди се. Денот на твојот роденден. Потпишан е до­говорот за примирје. Поетска правда? Скопје. Факултет. Конечно ослободен од над­во­реш­ ни­от затвор се отвора нов затвор во мене. Прво ми ги обзема рацете, потоа говорот и на крај мислите. „Да не одам утре на факултет? Да не спијам вечерва? Да не одам на испит? Да пишувам, наместо да учам?“ Барем да ги знаев одговорите. И дури да трепнеш... Зима. Слушаме музика со Вла. На секои половина минута следи неговото задолжително „Слушај, слу­ шај...“ кога треба да посветам внимание на некое доб­ ро соло или некој скриен звук, ритам секција или гла­ совна фреквенција. Сите сакаме да бидеме слушнати, особено децата, кои не сакаат да слушаат, но сакаат да гледаат. Црта­ ни. Внук ми има четири години и омилен цртан филм му е Филм за тигарот243 од серијата цртани со Вини Пу. 242 The Mexican (2001), американска комедија на Gore Verbinski со Brad Pitt и Julia Roberts. 243 The Tigger Movie (2000), анимирана музичка комедија на Jun Falkenstein.


1 час и 30 минути: двеилјадити

177

Во град сме со Би и ги пребаруваме про­дав­ни­ците за сè што можеме да најдеме со апликација на Ви­ни Пу или Тигар за неговиот роденден. Да можеше да се насмевне до уши ќе го стореше тоа. Детската среќа е нешто што никој од нас возрасните не може да го ре­ продуцира без да ми­сли на последиците. Среќа зачи­ нета со грижа. И јас сум среќен. Имам тазе ново Југо. И тоа инџекшн. 1.1 i. Ефи мотор под црвената хауба. Пали и вози. Тоа ми треба. Првата кола секогаш страда, па и мојава. Ја закачувам во рикверц на еден контејнер и од страна на едно ниско столпче. Почешај се по главата и терај понатаму. „Мамли244 би позавидел на колава,“ се шегува Ве­дар додека се упатуваме кон неговиот стан спроти Скоп­ јанка. Ведар постојано се шегува и никогаш не му го зе­ мам тоа за зло. И тој ја преживеал сопствената гол­гота. Живеел опкружен со болести, но, ете го, таму е, и се смее, нè задева сите по ред, само не неговата де­војка, братучетка му на Владо. Освен кога ја вика „гос­пожа.“ Владо ми раскажува за нејзиното скршено детство и таа веднаш станува мојата омилена личност. Ме прив­­лекуваат тешките човечки судбини. Таквите луѓе имаат сила да преживеат и никогаш не се откажува­ ат, независно од сѐ. Таа не се грижи многу за тоа што мис­лат другите. Ведар работи со арматура, а Оља со гипс и тие се моите омилени уметници, покрај сестра ми, се раз­ бира. Верувам дека нема подобар уметник од неа во нашава држа­вичка. 244 Главен лик од цртаната серија The Mumbly Cartoon Show (1976) во продукција на Hanna-Barbera Productions со автомобил на главниот лик којшто се распаѓа при секое затворање на вратата.


178

Берт Стајн

Покрај алкохолот, картите и јамбот, како ликови од филмот Вистинска романса, Кларенси и Алабами, се собираме околу магнетската сила на кунг-фу фил­ мо­вите кои со Клекнат тигар, скриен змеј 245 повторно ста­нуваат популарни. Не­ми­нов­но се прават муабети за кунг-фу, вежби и сила. „Како мал правев склекови на една рака,“ се фалам. „И тоа на еден прст,“ ме задева Ведар. „Е баш ќе видиш,“ скокам и заземам став. Една ра­ка зад грб, друга на под и „крц!“ треснувам долу. Друш­ тво­то рика од смеа, а јас се повлекувам. „Чекај, чекај, не се загреав,“ се правдам. „Кога ја скршив ра­ката во осмо имав гипс на едната и правев склекови со другата рака.“ Мигот измина и никој не ми верува. Пропуштени мигови. Кадарот се отвора. Пред нас е зелено суштество со уши како цевки од кое се плаши целата шума. Шрек246 набрзо станува новиот омилен лик на внук ми. Вини Пу е веќе во кантата за отпадоци. Ги менува ликовите како валкани чорапи. И моето социјалистичко детство беше исполнето со херои, но потрајни и поцврсти. Но­ ва­та генерација деца од новиот милениум не се за­др­ жува на еден херој повеќе од еден месец, некогаш и помалку. Но, тој еден месец е интензивен и сите речи­ си по­лу­дуваме. „Врати ја песната пак!“ ми вика внук ми и јас стис­ нувам на „rew“ копчето од далечинскиот, по 25-ти пат тоа попладне. Песната е повторно на сцена. Пинокио 245 Crouching Tiger, Hidden Dragon (2000), кинески филм со боречки вештини во режија на Ang Lee со Chow Yun-fat, Michelle Yeoh и Chang Chen. 246 Shrek (2001), американска компјутерски-анимирана комедија на Andrew Adamson и Vicky Jenson со гласовите на Mike Myers, Eddie Murphy, Cameron Diaz и John Lithgow.


1 час и 30 минути: двеилјадити

179

се радува додека Шрек за­ми­нува од мочуриштето и прави забава со песната Le Freak од бендот Chic. Подготвен сум на сè, само да би­де среќен. За прв пат во животот помислувам дека мо­же­би би бил добар татко, дека истото би го правел и за мое­то дете. Шрек лудилото оваа повоена зима кога снегот ни се напластува до колена кулминира со лепенките на ликовите на Шрек и магаренцето врз задните прозор­ ци на Југото. Прозорците не се спуштаат, само се ки­ паат од задната страна и тоа е совршено за лепенките. Внук ми се воодушевува разнобојните светла на шалт-таблата и јас ги кршам сите познати и непозна­ ти сообраќајни закони постојано вклучувајќи четири трепкачи, долги светла, стоп светла... зелени, порто­ калови, сини, црвени свет­ленца трепкаат пред него­ вите очи и тој е повторно на­сме­ан до уши. Тој нема предрасуди и за него Југото е ма­гично, за разлика од моите другари и нашиот народ. Овој по­ моден народ којшто зема кредити за скапи ко­ли и ги вози со скршени фарови зашто еден фар е кол­ку една рата, а една рата - една плата. Во­зам низ градот. Сам. Воланот чкрипи, а стоп-светло­ то на задното стакло крц­ка додека возилото се проби­ ва низ маглата. Маглата е толку густа што видливоста е само 1-2 метри пред автомобилот. Југото добро се држи на длабокиот снег којшто го прекрива патот. Лентите не се гледаат и од страните на патот гледам автомоби­ ли со возачи кои наеднаш сфаќаат дека сосема излегле од патот и брзо се враќаат. Некои од нив заглавуваат. Слушам Asian Dub Foundation на портабл радивце од пазар за стотка, немам авто-касетофон. Се движам со 20 км/час низ зимската ноќ. Магично опасно.


180

Берт Стајн

Кај Би. Во нејзината соба со бело-зелен мебел од Леснина, од времето пред „подвлечено со жолто“247, како во секоја втора детска социо-реалистичка соба, кревет во средина, а над него мост со полици за кни­ ги кој спојува два плакари и големи зелени пластични а-ла-седумдесетти рачки. Го гледаме Прати понатаму248 на нејзиниот нов Пентиум и големиот нов 19-ин­ чен монитор и се воодушевуваме од идејата која што ја развива филмот. Дете. Генијалец. Го менува светот. Само во Америка. „Сепак само филм,“ коментира Би. Таа е ре­ алист, практична и директна. Не-ме-зафркавај тип на човек. Дали филмот навистина знае да влијае на реал­носта? Да. „Види ме само мене,“ се обидувам да ја одговорам од строгиот реализам. „Мојот живот е обликуван од музиката, филмот и книгите, исто толку колку и од животните искуства. Јас сум она што го гледам, слу­ шам, читам...“ Помислувам на репликата „не филозофирај,“ која што му е омразена на Владо. „Ми се крева косата на главата кога ќе ми го речат тоа“ дополнува тој студент на технолошки факул­ тет, „иден технолошки вишок,“ како што го задевам јас. Двај­ца млади луѓе во рани 20-ти на Балканот го знаат лингото на транзициските преродби многу по­ добро от­колку 50-годишен Западњак. Муабет во куј­ ничката на петтиот кат од социјалистичка зграда во Карпош, цигара на терасата, касетофон и Led Zeppelin. Immigrant Song. 247 Слоган од рекламните материјали на словенечката фабрика за мебел, Леснина, од крајот на 1980-тите. 248 Pay It Forward (2000), американска драма на Mimi Leder со Haley Joel Osment, Helen Hunt и Kevin Spacey.


1 час и 30 минути: двеилјадити

181

„Имигранти од Африка, тоа сме ние. Татко ми е ин­ женер, а мајка ми докторка. Тука во Италија тој е мијач на садови во ресторан, а таа чисти по станови,“ ми тек­ нува на муабетот на другар ми, Босанецот, од студиите во Италија. Заминав, а не се ни поздравивме. Судбини. Војни. Балкан. Ничија земја249 доаѓа во вистин­скиот миг за нас. „Кој ја почна војната?“ одѕвонува во нашите гла­ ви и знаеме дека не е ни битно. Прашањето е „зошто?“, а постојат милион причини, но ниту еден одговор. Босна 1 : Франција 0. Балканецот го победува Фран­ цузинот и неговата Амели250 за Оскар. Горд сум. Жал ми е. Ја сакаме магично-чуд­на­та Амели во некогаш магичното, сега сѐ повеќе руи­ни­ра­но, кино Култура, плакатот со зелена позадина на ко­јашто блеска лице­ то на актерката и повикува на пат каков што не сме преживеале. Здодеано ни е од бал­канизам и војни, уништување и тага, сакаме да се сме­еме и да ја ви­ диме подлабоката вистина и убавина на постоењето. Волшебните моменти. Амели знае по неш­то во врска со тоа. "На 31 август во 4 часот наутро, Амели има идеја која ја просветлува. Кај и да е, таа ќе го најде сопственикот на кутијата и ќе му го врати неговото богатство. Ако тоа му значи, таа ќе стане редовен доброчинител. Ако не, нико­ му ништо. " Кој не е инспириран од филмов, не е човек.

249 Ničija zemlja (2001), босански воен филм во режија на Danis Tanović со Branko Đurić, Rene Bitorajac и Filip Šovagović. 250 Le Fabuleux Destin d'Amélie Poulain (2001), романтична комедија во режија на Jean-Pierre Jeunet со Audrey Tautou во главната улога.


182

Берт Стајн

XIX

„Си бил еден бал, голем а мал...“ ѝ го читам на Би моето ново дело по телефон. Тоа ни ста­ну­ва некој вид ритуал. Таа е секогаш мојот прв читател. Продолжуваме длабоко во ноќта додека увото на кое што е потпрена слушалката не ни стане топло и меко, црвено и истоштено од постојаното удирање на звучните вибрации по него. Тишината е понекогаш заглушувачка по таков разговор. Увото копнее по уште, но зборовите остануваат во нас. Дома. „Мислам дека конечно се пронајде,“ ми кажу­ ва пред да спуштиме. Сакам да ѝ верувам. Таа ги знае сите мои фази во пишувањето, дури и тие кои беа пред „нашето време“. Од времето кога се вратив од Италија. Знае за мојата игра со хартивчињата со големина на кибрит. Играта се викаше „скроти го зборот,“ и играчот треба на хартивчето да искаже една мисла идеја, да раскаже случка, едно сеќавање... Рез. 2001. Белград. Ноќ. Талкам по градот од станот на братучед ми, на местото каде што е снимена сцена­ та со бомбардирањето на Зоолошката во Белград од Подземје, како и многу други филмови. Нивната ули­ ца сѐ уште има калдрма и згради од стариот, поинаков,


1 час и 30 минути: двеилјадити

183

Белград. Продолжувам кон градскиот парк и од таму на Кнез-Михајлова и до Филозофскиот факултет. Таму има неколку книжарници и некои работат цела ноќ. 01.30 часот по полноќ. Книжарница Плато. „Повелете,“ ми вели полузаспана тетка. „Само разгледувам,“ одговарам само да замине, но таа ме следи како да мисли дека ќе украдам нешто. Конечно заминува и тогаш во едно ќоше ја наоѓам „Нула и ништо“ од Хармс, затскриена зад некои други „позначајни“ книги. Рез. Скопје. Во подрумот кај Би пребарував стари лекти­ ри и магнетски ме привлече насловот „Приказни по телефон,“ на Џани Родари. „Лектира од основно,“ ми рече таа, а јас не знаев што е тоа лектира во основно и дали воопшто сме ја ра­бо­теле таа книга во Сараево, но штом ја отворив пр­ ва­та страница знаев дека судбината ме повикува. Рез. Се враќаме кон: Дома. Книгата ја испечатив, исеков и уко­ри­чив. Пр­ виот примерок. Таа ги врти страниците и ги чита бук­ вите испечатени во зелена боја - единствената која што не е затната на мојот HP инкџет печатач. „Ми се допаѓа насловот.“ Се согласувам. Не знам зо­ што, но овој пат не се двоумам. Компјутерскиот екран во мојата соба е свртен кон креве­тот. Метална рамка и врз неа душек, понекогаш душе­кот на под, како сеќавање на студентските дено­ ви од Италија. Седиме, грицкаме чипс и ги гледаме Пријатели251. По втор пат. По трет пат. Нашите прија­ тели! 251 Friends (1994-2004), американска комедија на David Crane и Marta Kauff­ man со Jennifer Aniston, Courteney Cox, Lisa Kudrow, Matt LeBlanc, Matthew Perry и David Schwimmer.


184

Берт Стајн

Еврото дефинитивно не е наш пријател! Еврото е удвојувач на цени. Еврото е далечен роднина од Швицарска, којшто ти носи чоколади со вкус од којшто ти се будат сите сетила, а до неговото повторно доаѓање се задоволуваш со нашите чоколади со вкус на пра­ шок за перење. Еврото станува официјална проститутка на земји­те членки, парче хартија кое се подава од една ра­ботничка рака во друга капиталистичка рака, а Европ­ската Унија се проширува со дополнителни де­сет среќни земји до­ битници. Ние сме губитници, но нашиот денар пркоси и сѐ уште се држи добро. Покрај сите превирања околу нас. Ма­ке­донскиот пркос - национален лајтмотив. Таму, преку планини и долини, Ламанши и Ис­пра­ ви се Делфини252, Anarchy in the U.K.! Кралицата мајка умира на 101 година. Проклети сто години за кои што нашите мајки и татковци, баби и дедовци мо­же само да сонуваат. Берт Стајн е балканец. Тој нема ба­ба, ниту дедо од неговата тринаесетта година, а двај­ца од нив никогаш не ги ни видел. „Понекогаш сакам да завршам со сѐ,“ ми кажува Вла и дополнува „Но, жал ми е за мајка ми.“ „Види, ако го направиш тоа, нема да знаеш што си пропуштил. Работите се менуваат...“ му кажувам и тој се замислува. Никогаш нема да дознаеме што сѐ уште можел да направи Иан Кертис, само гледај го Луѓе кои се забавуваат 24 часа дневно253!“ Курт Кобејн, Хендрикс, 252 Алузија на филмот Исправи се, Делфина (1977), македонски филм на режисерот Александар Ѓурчинов, инспириран од препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. 253 24 Hour Party People (2002), британска комедија-драма на Michael Win­ terbottom со Steve Coogan, Paddy Considine, Andy Serkis и други.


1 час и 30 минути: двеилјадити

185

Џоплин, Морисон... листата е долга и тажна. Според мене нема ништо полошо од неостварен потенцијал. Сепак, депресијата е болест на западни­ от човек. Дали децата од Блискиот Исток, Индонезија, Русија, Тунис, Јемен или Кенија размислуваат за такво нешто. Веројатно немаат време од постојаното бегање од куршуми потопени во радиоактивни супстанци, тат­нежи на експлозии кои ги параат ушите и раз­ру­ ше­ни куќи, маала, градови и држави. Таму каде што е пе­колно жешко никој не се жали на жештината. „Леле, вруќина,“ моите први зборови на квази-ма­ ке­ донски јазик и температурите преку четириесет Целзиусови сте­пе­ни, нешто невидено за еден Сарај­ лија, Сараевец, Сараевчанец. Градот којшто не знае за ле­тен пекол, но го познава оној другиот, пожешкиот, по­страшниот. Но, тоа е животот. Додека еден дел од светот е во крв до колена, другиот дел лудува по The Ketchup Song од Las Ketchup. Болна, но нужна реалност. „Блади Мери,“ нарачува коктел американскиот турист на плажата пред лавата во адот. Луѓето поседуваат премногу оружје и тоа е дел од проблемот... можеби. Барем така вели Мајкл Мур во Куглање за Колумбина254. Оружјето е проблем, но и мо­ зоците полни со отровни и опасни идеи од кои ме­та­ лот не кородира, но невроните, се распаѓаат. Да поч­ неме по ред - права на малцинствата. Допрва, по толку години, на­ре­чи ја, демократија треба да направиме еден солиден Из­вештај за малцинствата.255 Филип Дик, здружен со златната насмевка и ми­ли­ 254 Bowling for Columbine (2002), американски документарец на Michael Moore. 255 Minority Report (2002), технолошки-ноар трилер филм на Steven Spiel­ berg заснован на кратка приказна од Philip K. Dick со Tom Cruise.


186

Берт Стајн

онската фризура на Том Круз и способноста за пред­ви­ дување на иднината, дава доволно материјал за уш­те едно интригантно парче СФ класика. Нашиот до­машен малцински извештај завршува така што мал­цин­ствата ги добиваат заслужените права. Е, така се гра­ди иднина! Но, малцинства ќе има секогаш и не сите ќе имаат пра­ва. Металците се валкани. Бубалиците носат очи­ ла. Ромите крадат. Учителките имаат големи газови. Во­зачите не застануваат на пешачки. Моето друштво нема перспектива. Некои предрасуди се тешка глупост. Ние сме отпадници, лудаци, неконформисти, жи­ ве­еме во самопрогласено изгнанство и самотија. Ние сме Џон Неш од Прекрасен ум256, ама не со влак­нес­т пекторис којшто трепери под кошулата и набрекнати­ от бицепс под ракавот на Расел Кроу. От­пад­никот не е алфа мажјак, тој е бета интелектуалец, ка­ко нас. Глас­ ни сме дури не дојде до тепачка. Потоа фа­ќаме џаде. Што знаеме ние за револуцијата? Исто што и Али Џи Индахаус257 - кренат сре­ден прст на полицијата од под прозорецот на авто­мо­билот, за да не те видат. Филмот по 11 септември 2001 година совршена алатка на заборавот. Рез. Растурам Макс Пејн258 на новиот компјутер на Би. Windows Millenium, како и Новиот милениум, е тешко разочарување, паѓа пет-шест пати дневно и е бавен ко желка, но што ако!? Купен сум уште на првата сцена од играта. Детектив на граница на само­уништување 256 A Beautiful Mind (2001), американска биографска драмана Ron Howard со Russell Crowe, Ed Harris, Jennifer Connelly и Paul Bettany. 257 Ali G Indahouse (2002), британска комедија на Mark Mylod со Sacha Baron Cohen. 258 Max Payne (2001), видео игра со елементи на акција и трилер на Remedy Entertainment.


1 час и 30 минути: двеилјадити

187

којшто решава случај, а всушност се бара себеси лу­ тајќи по сопствените ноќни мори и тем­ни краишта на психата. Жанрот Филм Ноар е класика, а Европа259 на Ларс Вон Триер неколку години пред тоа е одличен. Тогаш. Неколку вечери пред заминување од Лон­ дон и стравот од летање. Клацкањето на возот од Европа, чув­ство­то на сигурност. Зет ми е јода, мастер на филмската уметност. „Филмови добри, ти сакаш да гледаш?“ Јас сѐуште учам. Сега. ЦД со Човекот којшто не беше тука260 фрчи и врти во цедеромот, класичен, едно­ставен и стилски совршен. „Филм Ноар е вистинското нешто, ти велам,“ му ка­­ жувам на Владо, но тој не се интересира. „Мрачен, те­­ жок, црно-бел дури и ако е во боја и Фем Фатал, брат­ че, каков концепт!“ „Премногу си мрачен, насмеј се малку,“ тоа звучи уште посмешно дека тој го кажува. Се смееме. Крајот на годината. Филмот Прашина261 го гледаме во преполни кино-сали, нашата гордост, нешто по што светот може да нѐ памети и да ги заборави вести­ те за нашата државичка на работ на граѓанската војна. Да, светот брзо заборава. Кога можеме да заборавиме ние, зошто не би можеле и тие!? Ние сме забегани под земја одамна, со музиката на Кирил од Прашина, нај­ доброто парче македонски драм енд бејс, којшто треш­ ти од системот и нѐ исполнува со енергија. 259 Europa (1991), дански арт-драма филм на Lars von Trier со Jean-Marc Barr, Barbara Sukowa, Udo Kier и други. 260 The Man Who Wasn't There (2001), британски нео-ноар филм на Joel и Ethan Coen со Billy Bob Thornton, Tony Shalhoub и Scarlett Johansson. 261 Прашина (2001), македонски филм на Милчо Манчевски со Joseph Fiennes, David Wenham, Adrian Lester, Anne Brochet и Rosemary Murphy.


188

Берт Стајн

Подрум. Славиме Нова Година. 3,2,1... Ноќта изминува. Кој станал, заспал, буден, растурен, гла­воболка, жед, лошење, повраќање, вртоглавица... време е за рекапи­ тулација на годината - звукот на тапани и рафали, ба­ сови и тенкови е зад нас, а пред нас тазе новата војна на Америка. Но, 28 дена потоа262...

XX

181 ден. Пред мене. Зад мене наскоро е последни­ от ден слобода. Кафе и цигари263 го слави стариот Џим Џармуш во новиот милениум, а јас се откажувам од моите две кутии цигари дневно и кафето и замину­ вам во војска каде што цигарата е потребна повеќе од вода. Прв пат во животот, истрајувам. Но, пред тоа, одам на бербер. „На кец,“ му велам, a младото момче не знае што да прави. Косата ми е до половина тело. Прво се фаќа за ножиците, па за апаратот, рацете му се тресат и во не­ брано е. Ножиците победуваат со едно крц! Лето. Пеколно жешко. Се поздравувам со блиски­ 262 28 Days Later (2002), британски пост-апокалиптичен трилер на Danny Boyle со Cillian Murphy, Naomie Harris, Brendan Gleeson и Megan Burns. 263 Coffee and Cigarettes (2003), антологиски филм на Jim Jarmusch. Филмот се состои од 11 куси приказни во кои кафето и цигарите се заедничка нишка.


1 час и 30 минути: двеилјадити

189

те. Капијата на касарната „Ѓорче Петров“ се затвора зад мене. Животот набрзо ќе ми се смени од корен, чув­ству­вам. „Следните!“ викнува водникот на вратата од мага­ цинот со облека и обувки и ние втрчуваме како говеда за обележување. Пред нас полици со стотици кондури и чизми, кои немо нè набљудуваат. За нив, ништо ново, збунети и исплашени лица. Обиди за шега и потоа „Молчи!“ Кон нас летаат чизми, панталони и колани, додека водникот чита список, а растрчани војничиња ги бараат парчињата облека и обувки. „Кажете ако нешто не ви чини, зашто после нема вра­ ќање,“ а ние облечи, соблечи, во турканица, лакти, ко­ лена се удираат. Пред да се пожалиме, „Ајде, над­вор. Следните!“ Обредот “задолжување со опрема” за­вр­шува. Набрзо го дознавам значењето на фразата добри чиз­ми и да знаевме ќе се пожалевме, но сега е доц­на. Шилците од ѓонот излегуваат навнатре и ми ги проби­ ваат чорапите и стапалата, на 40 Цел­зи­усови степени во полна опрема. Раните загнојуваат и се вло­шу­ваат. „Памучни гаќи и чорапи,“ барам да ми донесат од дома, но листата брзо расте... „и да не заборавам, те­ лефонска картичка,“ еден од нај­битните предмети во војска. Освен за слушање со блис­ките, се користат за местење на креветите. „Ако падне мува на креветот, да се лизне,“ ни вели еден старешина и со брзи движења растура еден кре­ вет. „Не чини,“ коментира и заминува. Ние не сме вистински војници, туку пекари и тоа што навистина го учиме е како да правиме леб. Но, војната демне, сѐ уште. „Балканците се луѓе со чудна навика да водат војни за да се вработат како


190

Берт Стајн

мијачи на садови во богатите земји,“ запишувам во мо­ ето тефтерче. Нешто во тоа ме потсетува на нашиот филм Како лош сон264. Испреплетени судбини на лу­ѓе. Трауматични воени искуства. Малиот човек во свет­ска метропола којшто се срами од своето минато или са­ ка да го заборави „како лош сон“. Но, лошиот сон до­ прва започнува. Уште 165 дена. 04:45 будење, 05:15 постројување. 06:15 појадок. Конзерва сардина во масло и зашеќере­ но-обоена вода наречена чај. 07:00 утринско вежбање. Се здружувам со некои типови од провинција, има добри карактери кои за прв пат гледаат отворач за конзерва или не знаат да користат нож и виљушка. Во Македонија и тоа е можно. На слика забележувам дека сум побел од сите, ко Белото Циганче265. „Вчера изедов 26 парчиња леб,“ ми се фали еден деч­­ко од Струмица. Бесплатна храна. Тука сите се нат­­пре­ва­ру­ваат кој по­ веќе ќе изеде. Јас решавам да ослабнам. „Едно парче леб за појадок, две за ру­чек и едно за ве­чера,“ Стру­ мичанецот ми се смее. Чо­ко­ла­дото од ма­рендата го чувам за Би. Седум чо­ко­лади не­делно, полн погодок. Ручек 14:15. Чекаме во редица, никој не мие раце, вле­гуваме во мензата и грабаме. Кој стигне, јаде. Во куј­ната фрлаат валкани ножеви и виљушки во едно го­ле­мо корито и ги мешаат со стап. Потоа ги плакнат. Хи­гиената е на ниско ниво, но никој не се разболува. Украден мобилен телефон и 500 денари. Мене. “Од човек можеш да се скриеш, но од Господ не мо­ 264 Како лош сон (2003), драма во режија на Антонио Митриќески со сценарио на Дејан Дукоски и Loris Curci, Robert Englund и Tamara Garbajs во главните улоги. 265 Белото Циганче (1966) е роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. Таа била екранизирана од страна на МРТ.


1 час и 30 минути: двеилјадити

191

жеш” ми кажува Јакупи со неговите штотуку на­пол­ нети 18 години и бистри сини очи. Кај него има не­која невиност којашто не сум ја сретнал кај ниту еден друг човек. Мускулест е и здрав како дрен. Секоја ве­чер пра­ виме склекови и стомачни со уште неколку другари. Го учам македонски. За возврат ме учи албански и се смее на мојата неспособност да го изговорам ал­ банското меко „л”. „Велпра,“ велам. „Dhelpër“, ми повторува. „Велпер?“ „Поблиску си,“ и тоа продолжува долго. Спојување на култури. Викенд дома. Го гледаме словенечкиот филм Кајмак и мармалад 266. Да се види Џуро по толку години на ТВ во улога својствена за него е освежување. Ставот за сеља­ кот Босанец којшто е мрзелив и глупав ми се гледа пре­ тенциозен, но воедно е верно прикажување на мислење­ то и односот којшто Западот го има кон Балканците. Сув оброк. Чекаме во ред да ни дадат конзерва со грав во кој несреќно пливаат парчиња колбас и еден леб на тројца и потоа седнуваме и јадеме со раце. Еден Ром со сини очи, шара наоколу и ја снима ситуацијата. „Види го оној како гнете, ко последно ја­де­ње да му е во живо­ тот,“ се смееме. Синоокиот се прави глупав пред секој старешина и десетар и на си­те им вели дека ништо не разбира. Попаметен е од по­веќето војничиња. Ромска финта за преживување во војска и во животот. Запаме­ ти, може ќе ти се најде. Жи­вотна мудрост. Вести од Европа. Претседателот на Европската Ко­ 266 Kajmak in marmelada (2003), комедија-драма на Branko Đurić со Branko Đurić, Dragan Bjelogrlić, Tanja Ribič и Igor Samobor.


192

Берт Стајн

ми­сија Ро­мано Проди повторно сее мудри зборови и ни продава розови соништа за нашите перспективи за членство во Европската Унија на која што сме толку блиску, а толку далеку, како желката што му бега на Ахил, постојано за сѐ помало, но мерливо растојание... Вести од светот. Повеќе од 10 милиони луѓе од це­ лиот свет протестираат против војната во Ирак, до­ де­ка Америка со насмевка и фраза „f**k them" фрла не­броени тони осиромашен ураниум врз децата и мај­ ки­те на оваа прастара цивилизација. Вести од земјата. Нашата земја потпишува некакви Јадрански повелби, Вар­дар­ски поеми и Егејски епо­ пеи кои за светот вредат кол­ку и основањето на ФОН Универзитетот. Светските струи нѐ одминуваат како да сме дуп­ ка на патот и единствената „надеж“ ни се децата кои струч­но вртат Ју-ги-о!267 карти и се зависни од истоиме­ ните цртани или попалените возрасни кои се лигават на бакнежот на Мадона и Бритни Спирс или домаш­ ната секс снимка на Париз Хилтон. Во воздухот леб­ ди возбуда како да е 1995 година и Памела Андерсон штотуку стана најпозната личности во светот. We are the World. 15:15-16:30 одмор. Друштвото се соби­ра под про­ зорецот на нашата соба, а јас трчам внатре, ја собле­ кувам униформата и облекувам пижама, лег­ну­вам и затворам очи. Половина час квалитетен одмор злато вреди по непроспиена ноќ помината како пожарен, на смена со типот од Македонска Каменица. Тој сака да стане поет. Ги читам неговите песни и му 267 Yu-Gi-Oh! (2000 – 2004), јапонска манга серија и популарна игра со карти.


1 час и 30 минути: двеилјадити

193

ветувам дека ќе контактирам со мојот издавач, но знам дека ако го грабне Кољач ќе му го сомеле секој збор низ машина за мелење месо и ќе му го скрши срцето. Целата чета спие, ‘рчи, стенка, тропа со нозете по железните шипки. По некој случаен тропот од темните ходници, жуборот од расипаните чешми во тоалетот. Провев од секаде. Истражувам кој прозорец е отворен. „Премрзнав сред лето. Како сите прозорци да се от­ ворени, но не се,“ ѝ раскажувам на Би по телефон. Ја држам будна за да не заспијам. Те будат во пет, откриваш дека некој ти ги дрпнал чизмите, крадеш туѓи, те пречекува темница надвор и апсурден студ, згора на сѐ, уште поизнервиран и по­ не­наспан десетар пред тебе. Ако има лек за нервозата, тоа е стравот. Стравот е посилен од сѐ. САРС лудилото завршува исто така ненадејно како што и започна, но трае доволно за да се пренасочи светското внимание од војните, униш­ту­ вањето и невините жртви. Филмот 21 грам 268 нѐ опо­­ менува за минливоста на животот и трагите кои ги оставаме зад себе. Душата тежи 21 грам. Ајде да ги по­­ тро­шиме на нешто значајно! На пример... “Жабата скокна и рече оп!” ми кажува типот од Гевгелија, а јас се смеам. Запишувам по некоја од не­ го­вите глупости во моите тефтерчиња, а тој е висок, тенок, постојано се смее и е по малку горд зашто не­ кој писател, а му ја дадов мојата книга пред некое вре­ ме, се интересира за неговите, како што ги нарекува, “при­каз­ни од мал мозок”… 16:45 постројување. 268 21 Grams (2003), американска драма на Alejandro González Iñárritu со Sean Penn, Naomi Watts, Charlotte Gainsbourg, Danny Huston и Benicio Del Toro.


194

Берт Стајн

“Чета во две редици, збор! Мирно! На десно рамни се” “Со маршев чекор и лево крило напред!” Струмичанецот ми дава две гајби грозје зашто му помогнав да го пуштат дома за викенд, кај болниот та­ тко, преку Тимур. Да, и тој е тука, мојот најверен дру­ гар е поручник во Ѓорче. Страв и трепет за целата ка­ сарна, кога ќе викне чиниш ѕидо­вите се тресат. 21:00 прозивка, 22:00 спиење… и така секој ден. Дистопија. Се чувствуваме како во филмот Телефонска говорница269, пос­то­јано гледани низ перископот на снајперот којшто нѐ уценува да правиме нешто што не сакаме, но немаме избор. Ниту еден од нас, колку и да сме раз­ лични. Војската е дистопија. Тука не постои ниту едно един­стве­но место каде што можеш да бидеш сам, дури ни тоалетот, каде што чучавците се полузатскри­ ени од околните ѕидови. Единствен излез е да ти да­ дат должности и клуч од пекарата, каде што можеш да дремеш везден. Единствениот Скопјанец е најсмотан од сите, ако не се сметам јас. Наликува на коњот од „Живо­тин­ска фарма“ на Орвел, којшто кога ќе загусти и нѐ критику­ ваат за мрзливост вели „ќе работам повеќе!“ Искрена и наивна душа, вистински пекар по професија кој ра­ боти ноќе додека ние другите спиеме, а потоа заспива кога ние одиме по леб… Сепак има и бунтовници кои ги поистове­ ту­ ваат десетарите со сопствените татковци и се борат про­ тив нив, додека послушните спроведуваат сѐ колку да 269 Phone Booth (2002), психолошки трилер со Colin Farrell, Forest Whitaker, Katie Holmes, Radha Mitchell и Kiefer Sutherland.


1 час и 30 минути: двеилјадити

195

го поминат денот, газолижачите кои напредуваат и фаќачите кривини. Филмот којшто се оддели од стадото заборавни фил­мови во новиот век е Изгубени во преводот270. Ја са­ каме Ска­рлет Јохансен, но сме лудо заљубени во Бил Мари и неговата егзистенцијална депримираност со аура на прифаќање. „Децата менуваат сѐ,“ вели тој. Но, не­когаш и не­ мањето врвки за кондури е навистина нез­годно. Пре­ испитај си ги приоритетите! Роденден. Војска. Бегам, Би ме чека над­вор, фаќаме магла со нејзината кола во топлата август­овска ноќ. Слободата никогаш не била помила. „Порано легнував во пет, сега треба да станувам во пет”, му се жалам на Радовишанецот. „Јас немам проблем со тоа. Отсекогаш сум станувал во 4 да ги прекопам и навадам пиперките. А потоа от­ спи­вав малку и гледав телевизија до следната обврска око­лу пиперките.“ Тоа е неговиот живот. Земја. Пи­пер­ ки. Прекопај. Навади. Во меѓувреме сонува за подобар живот, факултет, работа. Далеку од американски сон. Арнолд Шварценегер, нашиот Шварци, крени-­ спушти тег, секира, сачмарка, е новиот гувернер на Кали­форнија - само во Америка! Многу од Европски­ те земји решаваат да ѝ се приклучат на Европската Унија. Нас, се разбира, никој не нѐ прашува. Убивањето е премногу забавен спорт за некои за толку лесно да се откажат од него. Филмот Убиј го Бил271 е нешто ново од нашиот омилен Тарантино. Мрдни го 270 Lost in Translation (2003), романтична комедија и драма на Sofia Coppola со Bill Murray и Scarlett Johansson. 271 Kill Bill (2003), филм со боречки вештини на Quentin Tarantino со Uma Thurman, David Carradine, Lucy Liu, Michael Madsen, Daryl Hannah и други.


196

Берт Стајн

па­лецот со умот, каков концепт. Се доближува крајот на мојот воен рок и се раз­ болувам. Завршувам во Воена болница. Та­му ми пра­ ват испитувања и откриваат дека не сум по­добен за војска. Сѐ ова за џабе? Ми го скратуваат во­ениот рок и дома сум. „Здраво, здраво, здраво!“

XXI

МТВ. Трамп. Биз­нис­мен, фризурмен, напрчени­усни­ мен, богато­-синче­мен. „Отпуштен си!“272 изјавува тој, без трошка милост, до­дека цунамито во југоисточна Азија носи четвртина ми­ли­он животи, осмина од Македонија. Најголемата при­род­на катастрофа во историјата на човештвото. САД ја признава Македонија под уставното име. Тек­са­шанецот со шегобиски карактер, Џорџ Буш Џу­ ниор, го изговара нашето уставно име и тоа звучи со­ сема не­ре­ално. Среќна Нова Година! „Среќна по ѓаволите!“ Ноќ. Некој ми чука на первазот од про­­зорецот. „Сигурно заборавила нешто,“ помислувам. „Излези малку,“ ја гледам Би. Изгледа по­тре­­сено, ра­сеано. Нешто ѝ се случило. 272 Позната реплика од американското реално шоу The Apprentice (2004-) со Доналд Трамп.


1 час и 30 минути: двеилјадити

197

„Имав сообраќајка.“ Колата е крш. Целиот преден дел од Југото Корал 55 од 1989 година, „правен за извоз“, гордо кажува­ ше татко ѝ, „поквалитетен од другите“, е збришан од историјата. Ми изгледа невозможно да се спасила без гребнатинка. „Само ме болат лактите,“ ми вели тоа ситно суш­тес­ тво од 40 килограми жива мерка, без трошка мускули на рацете, кое се залетало со полна брзина во друга кола која што свртела неправилно и го зграпчило во­ ла­нот толку цврсто што кога ја освестувале морале да ѝ ги одвојат рацете од воланот на сила. Јака женска. „Сакаш ли да ми бидеш жена?“ помислувам, но не го ка­жувам тоа. Го чекаме татко ѝ со полицијата. За­ми­ну­ваме на кли­ника. Истата клиника каде што ме донесоа пред 13 години, Градската болница. Седев со скршена рака и го чекав техничарот којшто вадеше гипс на друг човек. Гипсот падна и човекот се насмев­ на. Ја крена раката, ја проврте два-три пати и гласно воз­див­на. Јас бев на ред. Животот е круг. Рез. Денес. Ја снимаат Би. Сѐ е во ред. Да, среќата е Илузија273. Главниот лик има 13 години и наместо да гледа девојчиња, сведочи на насилство, бруталност и неразбирање од сите страни. Имав 13 години кога татко ми го нападна дедо ми. „Го тепаш татко ти!“ вресна дедо ми, а овој не го пушта­ ше. Јас стоев на вратата од мојата соба и ронев солзи. Имав 13 години кога ги изгубив сите другари, мое­ то училиште, татко ми и фудбалските топки, дедо ми 273 Илузија (2004), македонски филм во австриска копродукција со Мустафа Надаревиќ, Владо Јовановски, Никола Ѓуричко, Дејан Аќимовиќ и Марко Ковачевиќ во главните улоги. Филмот е режиран од Светозар Ристовски.


198

Берт Стајн

и вечерите пред телевизорот, тетка ми и бескрајните муабети, тетин ми и мудрите поговорки, братучед ми и возењето со мотор, другарите, моите другари кои ми значеа повеќе од сѐ во животот и сѐ она што го позна­ вав како радост на живеењето.Не добив шанса да се обидам повторно. Моите другари имаа 13 години кога го изгубија ми­ рот, кога метални птици летаа над нивните глави, и грмеше, така страшно и разорно врнеше смрт. Каква шанса добија тие? Кој сум јас воопшто да го прашувам тоа. Кој сум јас!? Да, на балканот среќата е илузија. Постои само привремено. Денес. Во мојата држава нема сре­ќа, иако добар дел од популацијата се колне во Бинго и Џандар збира274 и се надева на полн погодок. „Само насилниците и корумпираните имаат среќа. За нас другите нема излез од реалноста на транзи­ цијата,“ му велам на Владо. „Не биди песимист,“ ме задева. „ Не, реалист сум,“ и имам доказ! Нашиот претседател е висок и згоден, згора на сѐ, про­тестант. Тоа ни влева верба во подобри односи со Аме­рика и светот. И тогаш „бам!“. Надежта повторно е уништена. Владиниот авион е урнат во Босна и Хер­ це­­го­­вина. Мојата Босна. После Киро, Киро. После Борис, нема Борис. Лоша кар­ ма. За Балканот нема мир. Кај нас владее условен мир за чие што зачувување треба да газиме како по јајца. Колку ли само изгледаме примитивни гледани од надвор? 274 Популарни игри на среќа на Државна лотарија на Македонија


1 час и 30 минути: двеилјадити

199

Филмот Како убив светец275 ни го дава огледалото и не ни се допаѓа тоа што го гледаме. Затоа ја вртиме главата и ги тргаме сите огледала. „Перцепцијата е реалност,“ ми вели Владо, а јас се присетувам на часовите по филозифија и теориите на субјективизам. „Ако ја свртам главата, светот не по­ стои,“ колку згодно! Но, ниедна филозофија не помага ако постојано живееш под стрес, а ние само за тоа знаеме. Родителите на сите другари кои ги имам навечер пијат Лексилиум за да заспијат, а наутро за да го издр­ жат денот. „Сакам да сум Швајцарија,“ се шегувам со Би, но зошто да не! Во екот на војната да решиме дека сме неутрални, па вие другите правете што сакате! Да, живеењето под стрес дава уметност под стрес. Катарзата е античка идеја и време е за нов прис­тап за лечење на умот, што би рекол Американецот: „Нас­меј се за да се чувствуваш подобро, наместо обратно.“ Европската Унија прима десет нови членки, меѓу кои и „нашата“ Словенија. Ми текнува на вицот за Бо­ са­нецот и Словенецот. И едно јаболко.276 Кој се смее се­га? Мојата Бос­на сигурно не. Сегашноста е тешка. Ми­натото уште по­тешко, како што нѐ учи филмот Го­ ле­мата вода277. По­­литиката отсекогаш влијаела на на­ 275 Како убив светец (2004), драма на Теона Стругар Митевска со Лабина Митевска, Милан Тоциновски и други. 276 Си биле Босанец и Словенец. Босанецот имал две јаболка. Помалото му го дал на Словенецот. „Тоа не е културно,“ се пожалил Словенецот. „Јас да делев, ќе ја земев за себе помалата,“ заврши, на што Босанецот подготвено одговори „Па, ете ти ја помалата!“ 277 Големата вода (2004) македонски филм во режија на Иво Трајков. Главните улоги во филмот ги играат Сашо Кекеновски, Маја Станковска, Митко Апостоловски, Мето Јовановски и Верица Недеска. Музиката е на Кирил Џајковски.


200

Берт Стајн

шиот живот. Ста­­рото се соочува со новото, смена на вред­ности, по­­ларизација. Американците ги имаат црвените и си­ните, де­мо­ кра­тите и либералите. Боксерот со црвени и боксерот со сини ракавици. Ние ги имаме нашите партии. Како деца се делиме на тие кои ја сакаат црвената и тие кои ја сакаат сината бо­ја. На поделбите им нема крај. Ни треба Супермен? Но, нашиот Супермен278 со кој што растевме умира. Нема повеќе кој да се бо­ри за ми­рот и слободата, на американскиот начин. Каде да го ба­ раме спасот? Берово. „Би можеле да живееме тука, далеку од град­­ската врева,“ ѝ кажувам на Би додека пиеме кафе во ресторан опкружени со густа шума и мирис на бор. Таа се смее. „Ти си градско дете, никогаш не би можел да живе­ еш во природа, да копаш бавча и да вадиш трева.“ „Можеби, но зошто да не! Без компјутер и кола, са­ мо ку­ќичка и...“ таа не ми верува, но ве­рувај - животот е полн со изненадувања. Животот е чудо 279на Емир Кустурица, истата при­ казна. Умет­носта наместо да гледа напред се враќа назад, пов­торно и повторно, си прави терапија и се обидува да ги излечи раните. Бескраен круг на нав­ раќање кон бол­ката и катарзата... зошто тоа ми звучи познато? Но, некој мисли на иднината. Руската федерација раскрстува со минатото и не ги признава повеќе па­со­ 278 Superman е суперхерој на DC Comics. Најпознат филм за него е филмот од 1978 на Richard Donner со Marlon Brando, Gene Hackman и Christopher Reeve, којшто умира во 2004 година. 279 Život je čudo (2004), драма на Emir Kusturica со Slavko Štimac, Nataša Šolak, Vesna Trivalić, Vuk Kostić и други.


1 час и 30 минути: двеилјадити

201

шите од СССР. Бескрајното небо е пред нив. Вести од науката: Вселенското летало Касини се доб­ли­жува до ме­се­чината на Сатурн, Титан, и прави прво при­зем­јување на небесно тело од надворешниот Сончев систем, а назад на нашата планета - Фејсбук е жив! Светот го забранува пушењето цигари на јавни места, а кај нас се мотивира лижењето газови по јавни институции. Ци­вилизациски јаз. Ентериер, соба - ноќ. Седиме со друштвото во куќата на Маја, нашето ново Кино Парадизо280. Мало друштво филмаџии. Го гледаме филмот Хотел Руанда281. Ме боли вис­тината за еден народ којшто пати. Но, не африканскиот. Кол­ ку подалеку, толку помалку боли. Мислам на мојот народ, моите другари од детството. Сѐ уште не знам ништо за нив. Улиците беа празни кога го посетив мојот роден град. Точка. Улица „Илинденска,“ 38. Џоле&Co. учес­твуваат на поет­­ски слем. Отка­чено. Лукаш носи кутија на гла­ вата. Ме пот­сетуваат на ку­сите драми на Данил Хармс. „Девојче изле­­­гува на сцената. Пов­раќа.“ Се поклонува. Луѓето се за­бавуваат. Но, што е Точка? Точка е светлината која што се наѕира во темниот тунел во кој што пропаѓаме, кол­ ку и да звучи тоа како клише од американски филм. За мене Точка е сѐ она што сум го посакувал од жи­ вотот... и повеќе. Сурфаме на величествените бранови на маргините! Ми недостасува само едно парче од сложувалката. 280 Nuovo Cinema Paradiso (1988), италијанска драма на Giuseppe Tornatore со Jacques Perrin, Philippe Noiret, Leopoldo Trieste и други. 281 Hotel Rwanda (2004), американска историска драма на Terry George со Don Cheadle, Sophie Okonedo, Joaquin Phoenix, Nick Nolte и други.


202

Берт Стајн

Ординација на д-р Марина. „Зошто отиде во Сараево?“ ме прашува таа. „Не знам, мислев дека ќе сменам нешто.“ „И, смени ли?“ „Не знам.“ Премотуваме назад. Сараево. 2001 Откако еднаш со девојка ми „протрчав“ преку ули­ цата во грч, се вратив повторно, сам. Морав барем да се обидам. Чукнав на вратата од куќата на Харе, но наместо веселото лице на мајка му кое што порано секогаш ме пречекуваше, никој не ја отвори вратата. Чукнав посилно, но никој не се појави. Разочарано поминав покрај вратата од работил­ ницата на татко му на Махер, по улицата на која што го возев мојот Томос мотор, наследен од братучед ми, кога тој се префрли на поголем мотор. Рез. Сараево. 1989. „Качи се,“ тогаш застана пред мене со црвен Кавасаки, и јас рипнав зад него. Срцето ми чука­ ше како лудо додека тој додаваше гас, а јас се држев за него силно за да не паднам. Братучед ми беше мојот идол тој ден. Тогаш ми го даде неговиот зелен Томос со педали, кој што го симнував и качував сам по скалите со моите дванаесет години. Само дај гас и бркај го на­ горе. „Дај ми крукче,“ рече Глава, а јас, бидејќи немаше работа која што беше моја, а не беше и на друштвото, веднаш му го отстапив местото. Возеше, токму по таа улица на која што се наоѓав, покрај зградата на Ведо, дворот на Гребо, гаражата на Махер и до куќата на Харе, на крајот од нашиот уни­ верзум. Се сврте да се врати и падна, расекувајќи си ја ногата. Се враќаме на:


1 час и 30 минути: двеилјадити

203

Сараево. 2001 Сега се наоѓав пред неговата врата, во дворот со оградата каде што имаше шилци, а тој, немир­ но и енергично дете, качувајќи се врз оградата еднаш се дупна под мишка. Колку ли го болело, се прашував отсекогаш. Стоев пред неговиот двор, на местото каде што паднав од велосипед пред многу години, местото каде што завршуваа спринтовите, а почнуваа долгите скали по кои ги вежбавме нашите вештини во возење­ то Бе-ем-икс. Влегов и се упатив кон кафената дрвена врата каде што случајно еднаш си го фатив прстот, а ноктот ми помодре и понатаму ја знаете приказната. Чукнав на вратата. Мајка му отпрвин не можеше да ме познае, па ме погледна малку со сомнеж и рече дека не сум пораснал многу и дека син ѝ би можел да ме носи во заби. „Знам,“ реков, „отсекогаш сум го сметал за главен во друштвото.“ Тоа ја омекна. Влезе внатре и потоа се појави со едно ливче. „Ова е неговиот број,“ ми рече, а пред мене се отво­ ри еден нов универзум на можности. Бев благодарен. „Се ожени,“ рече, „има две дечиња.“ „Благодарам. Сигурно ќе му се јавам,“ реков и заминав. Не се јавив. Ја пропуштив шансата да се поврземе заш­то прем­ ногу ме болеше. Секој чекор по тие улици, секој муа­ бет, секој обид за обновување на нешто што не може да се обнови. Не знаев што преживеале и колку не­ правда им била нанесена. Не знаев дали ги заслужу­ вам. Но, знаев дека еден ден ќе напишам книга за нив и ќе се лажам дека во сето тоа има некаква порака и заклучок.


204

Берт Стајн

Епилог - нема. Лажам. Ова е епилогот: Сѐ што се обидов да го из­ градам повторно се сруши. Целата оваа сага на изгу­ бени родители, другари, спомени, места е само еден нискобуџетен уметнички филм без среќен крај. А јас, јас сум сѐ уште преполовен, без корења и никогаш за­ сидрен. Сепак... Кадарот се отвора и таа е пред мене, насмеана и весела, полна со иднина и надежи, сака да го спознае светот, а јас ѝ помагам колку што знам и умеам, ја др­ жам за рачето и ѝ ги покажувам чудата на цивилиза­ цијата, науката и уметноста, небото над нас и беско­ нечното во нас, а таа ме слуша, вели „Разбирам, тато,“ а потоа ме подучува како треба да се живее, зашто јас сум веќе стар и сум заборавил по малку. Се разбира, имам многу грижи кои ми тежат, но секој пат кога ќе ја здогледам, гри­жи­те испаруваат. Сега. Моето дете сѐ уште не е родено, а сите епи­ зоди со Бејби Ајнштајни282 се веќе симнати и трпеливо чекаат да бидат пуштени. Светот на супер-хероите, животните кои зборуваат и добрите пирати нѐ исче­ кува. Фрлај сидро!

282 Baby Einstein (1997) е линија мултимедијални производи за деца под 4 години.




1 час и 30 минути: белешка

207

БЕЛЕШКА ЗА ДЕЛОТО

Берт Стајн повторно ги разбива конвенционалните мето­ ди на раскажување! Роман пишуван како сценарио или сце­ на­рио пишувано како роман? Ова е второ дело на Берт Стајн, и на некој начин про­дол­ жение, или паралелен универзум на тој прикажан во пр­виот роман, „3 минути и 53 секунди.“ Протагонистот влегува во „филм,“ а филмот ја следи не­ го­вата приказна. Овој анти-херој на пат да стане човек од крв и месо во потрага по самоосознавањето се сретнува со некои од клучните приказни од светот на филмот, анима­ цијата и ви­зу­елната уметност и ги филтрира низ сопстве­ ното искуство во една калеидоскопска слика која што ни ја прикажува на на­чин на којшто само Берт Стајн знае. Животот е еден нискобуџетен филм!


CIP - Каталогизација во публикација; Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-31 СТАЈН, Берт 1 час и 30 минути : интимна историја на филмот од 1984 до 2004 година / Берт Стајн. - Скопје : Готен, 2016 - 208 стр. ; 20 см ISBN 978-608-4625-66-7 COBISS.MK-ID 100895754



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.