Апокалипса.мк (2017)

Page 1


Издавачка куќа Готен | Пролет 25, Скопје contact@gotenpublishing.com | www.gotenpublishing.com

За издавачот: Билјана Ставрова-Алаѓозовска Уредник: Владимир Јанковски Јазична редакција: Дејан Василевски Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Арт и арт студио Батев, Визбегово, Скопје Тираж: 300 примероци


Бранко Прља

АПОКАЛИПСА.МК

Готен 2017



Тома Хансов беше човек во доцните триесетти години, со семејство на грбот, работа која не ја сакаше, дискус хернија што не му даваше мир, куп неостварени соништа и планина сметки за плаќање. Типичен средовечен Новомакедонец. И како таков, редовно посетуваше една од илегалните кафеани кои обично се наоѓаа по скривниците на зградите. Овој пат заврши во една од скривниците на падините под Кале. Кафеаните беа забранети, но човекот секогаш наоѓа излез. Како што бубашвабите стануваат отпорни на отровите за една генерација и секоја година се измислуваат нови отрови, така и човекот секогаш наоѓа решение. Издржливи копилиња сме ние. Америте одамна беа протерани. Но, влијанието на АНД1 особено се чувствуваше на ваквите места. Се слушаше илегална западна музика, производ од крајот на цивилизацијата каква што ја познаваа луѓето постари од четири децении. Тома беше премногу млад за да се сеќава добро на тоа време, но сенките од минатото понекогаш навираа во неговиот ум како одамна гледан филм. А и тие беа забранети, филмовите. Постоеше една програма и таа програма беше наречена реалност. Барем така велеа пропагандните филмови на Државата. 1 Американските Непријателски Држави (сите забелешки се од авторот)


6

Постоеше само Државата, Нова Македонија и нејзиниот народ. Сите веруваа во неа и работеа за неа. Ослободителната Војна ги исчисти последните траги од недржавните уверувања и тенденции, предавниците беа истребени, а непослушните скротени. Сѐ беше во совршен ред благодарение на Државата. Таа беше светлината заради која сите се будеа, она на што се покоруваа и она за што сонуваа. Сепак, Тома беше поинаков. Но, да тргнеме по ред. Тома седеше со своето друштво на една од масите во задниот дел од кафеаната. Воздухот беше густ од забранети опојни средства, турбо-фолк музика2, гласови кои се надвикуваа и од смогот што не познаваше граници помеѓу надворешниот и внатрешниот свет, или меѓу државните институции и илегалните места. За разлика од смогот, никотинот беше забранет, но таму на големо се пушеше, а уживањето во алкохолот беше строго казниво според ДО3 дури и за време на празниците, кои ги имаше малку, сè на сè, трипати годишно. На државните празници се работеше, „Празнуваме работно, работиме празнично!“ така велеа пропагандните слогани и никој немаше причина да се сомнева нивната правилност. „Забавата е опиум за народот, го труе телото и го ослабува духот!“ се присети Тома на еден друг од државните слогани, за кои беше убеден дека ги смислуваат автоматроните4 без трошка креативност, додека 2 Во кафеаните се слушаше музика од панамериканскиот период, но и од уште постарото уредување од историјата на Државата, т.н. Стара Македонија 3 Државни одредби 4 Машини кои вршат работи за кои не е потребна човечка инте-


7

го слушаше својот поранешен соученик како раскажува некоја случка за некоја женска, колку била добра и што ѝ правел. Стандарден муабет за амероносталгичар како него. Другите го слушаа со внимание. Тони Бајрамов, крупен тип со бебешка фаца, машинец по занимање, Џони Стевоид, мускулест физикалец и Џеки Бомбата, ерген, женкар и продавач на добра. Тома не се разликуваше многу од нив, и тој работеше како возач, т.е. само уште еден ОД5, како и 95% од луѓето. И тие како и другите постари од триесет години, имаа американизирани имиња, презимиња и прекари со словенски или исламски примеси, како последица од минатиот систем во којшто Државата беше под влијание на панамериканскиот колонијализам. За разлика од нив, помладите носеа старински македонски имиња со германизирани примеси кои асоцираа на цврстина, решителност, строгост и прагматичност. Според учебниците по Нова историја, влијанието на АНД не било по волја на народот, туку наметнато со помош на невидливи американски сонични зраци кои предизвикале промена во белата материја во мозокот на луѓето. Овие зраци предизвикале аномалии и нарушувања на слухот, видот, рамнотежата и меморијата кај мал дел од популацијата, но кај поголемиот дел довеле до промени во расудувањето и некој вид на контрола на однесувањето. Зраците биле кодирани со информации и упатства соодветни на американскиот начин на живот. Откако се справила со соседите и се изолирала од негативните влијанија од сите страни на светот, власта морала да тргне во борба против сопствениот народ лигенција и немаат варијабли во однесувањето 5 Опслужител на Државата


8

кој не размислувал трезвено, како деца кои морале да се дисциплинираат. Државата морала да ги спаси луѓето од самите себеси. Избраните неколкумина, имуни на зраците, ја предводеле промената и ја обликувале Нова Македонија каква што веселото друштво во задниот дел од кафеаната „Под Кале“ ја познаваа. Но, Тома се разликуваше од нив и од другите деведесетипет-проценташи по тоа што потајно беше писател. „Вежбаш ли?“ Стевоид го праша Бомбата. „Вежбам во кревет,“ експлозивно се насмеа Џеки. „Заебаваш, ама не се шегувам. Мислам, види го Тома. Сучка станал, се стопил ко да не го ранат дома. Тоа ти е од премногу седење додека ги возиш оние твоите функционери низ Државава. Протеини братче, тоа ти треба,“ го продолжи разговорот Стевоид, сега веќе сосема свртен кон Тома, како да беа сами, додека, божем незабележливо, го „флексираше“ својот бицепс во неговиот правец - да му завидува на напумпаната вена, а единствената проширена вена на Тома беше на неговото чело - од грижи. „Немој да го скокаш појадокот,“ продолжи Џони „јаглехидратите се битни за стартување на денот, па и една коцка чоколадо е добра, ама мораш да ја истрчаш. Кејот ти е блиску, што те кошта,“ го убедуваше како да продава здрав живот. „Аха,“ изусти Тома додека го толчеше третото пиво, а Џони Стевоид сè уште беше на првото, не дека не сакаше да пивне од време на време малку Б-витаминче, туку не стигнуваше од зборување. „И малку вино не е лошо,“ рече „за циркулација. Една чаша по ручек, да ја раздвижи крвта, добро е за притисокот, така велеше татко ми. Но, во денешно време мо-


9

жеш да заборавиш на тоа,“ го погледна Тома сериозно, како да чекаше да извади бележник и да запише како послушно учениче. „Ама лук има на претек,“ рече Тома со доза на цинизам. „Да, лукот е добар за бркање вампири... доста со тие бабини деветини. Сатанизмот е одамна мртов, заедно со христијанството и другите религии,“ го погледна строго Џони и продолжи: „Мислиш дека сум глупав, нели? Мислиш не знам дека си убеден дека си попаметен од сите нас тука?“ ги погледна другите, кои молчеа, веќе беа навикнати на неговите монолози и седеа свртени кон певаљката. Мома во години, со скината чорапа и деколте кое откриваше повеќе отколку што кој било нормален маж би требало да види. „Мислиш не знам дека сонуваш за тоа дека ќе го смениш светот со тупаница, но ти не си Че Гевара братче, Че е мртов а со него и сите други идеали на минатото. Државата е мајка и ти цицаш од нејзиното млеко,“ му врати остро, на што срцето на Тома му потскокна. Тома се подзамисли заради монологот на Стевоид. Што всушност бараат типовите како Џони на такво место? Таму имаше мешана раја, од „интелектуалци“, колку што воопшто беше дозволено да бидеш некој таков, до најобични работници, од секаков вид и сорта, како им предодредила Државата. Претставници од високата каста6 немаше, но тие беа веќе длабоко вкоренети во 6 Според Програмата за организација на државата (ПОД) луѓето се поделени на касти: ОД (Опслужители на Државата) сочинуваат 95% од популацијата. Другите 5% се: ПКП (Практично корисните професионалци, научници, инжинери и сл.), ВК (Висока каста, осмислуваат или изработуваат конкретни дела или производи корисни за државата), СС (Советници и службеници) и ДД (Државници на Државата).


10

системот што секој обид за промена кај нив беше залуден. Но, со толкава голема посетеност од разни касти чудно беше што немаше рации како порано. Изгледа системот ги прифатил местава како издувни вентили и им дозволил на државјаните7 малку да избегаат од реалноста за којашто и самите Државници можеби беа свесни дека не е лесна – но беше нужна! „Земи кој било турбофолкер од биртијава...“ продолжи Џони Стевоид со неговиот монолог користејќи изрази од лингото на старото време, можеби навистина и беше амероносталгичар. Се разбира дека турбофолкот беше мртов, како и диското, рокот, а особено панкот. Сè што постоеше беше новата државна музика свирена на традиционални музички инструменти, нешто налик на фолк музиката од минатото, колку што се сеќаваше Тома. Сепак, иако беше традиционална, го немаше тричетвртинскиот такт, туку беше во ритамот на воените маршеви, а со примеси на сериозната музика, особено операта во духот на Вагнер. Музиката беше сериозна, свечена и мрачна. Стевоид ја крена раката кон неколку типци кои со кренати чоканчиња наздравуваа по којзнае кој пат вечерта и го продолжи муабетот: „Кој било од нив, дури и најмалиот, најжгуљав, може да ти ја скрши кичмата без да се помисли двапати,“ го погледна Тома со доза презир. „Ти го кажувам ова,“ го фати за рамо и продолжи сериозно, „зашто се грижам за тебе, што ако утре избие војна? Мораш да знаеш да се бориш, да се одбраниш. Сите знаеме дека непријателите се насекаде околу нас, но што ако се и помеѓу нас? Што ако на надрвенион будала таму му текне да извади калаш и да нè избуши 7 Жители на Државата


11

сите тука ко швајцарско сирење? Знам дека Државата не би го дозволила тоа, таквите копилиња се сите или во затвор или одамна мртви, но те тера да се замислиш, нели?“ го погледна Тома прашално. Другите двајца водеа некој нивни приватен муабет, веројатно нешто за работата, и Тома се најде во небрано зашто немаше кој да го заштити. Најстрашно од сè беше тоа што Стевоид беше во право. Одговор немаше. „Секој од тие неандерталци, како што би ги нарекол ти,“ рече како да му ги читаше мислите „е подготвен на сè и тоа само да се докаже пред другарите, а ти не би го повлекол чкрапалото ни кога би се работело за промена на системот,“ го погледна продорно. „Што ме гледаш, знам дека сонуваш за тоа. Толку сум сигурен што дури можеби ќе те пријавам на властите па тие нека извежбаат малку фискултура на тебе, а?“ Другите двајца ги привлекоа последните зборови и се свртеа, а Стевоид громогласно се насмеа, „Те заебавам баче, не се паничи, ха-ха!“ „Остави го на раат бе малку човекот, дошол да се опушти малку, да избега од грижите, жена му дома му дрнда непрестано, па уште и ти тука го малтретираш, така ли е братче Томче, старо другарче,“ рече весело Тони Бајрамов со неговата искрена и наивна душа, на што Тома се насмеа и не рече ништо, но ја крена чашата заедно со сите да наздрави за менување на темата на муабетот. „Види ја онаа таму до шанкот, нешто ме мерка откако влеговме,“ му рече Џеки Бомбата на Стевоид. „Јака е брат,“ потврди тој. Тома конечно можеше да го толчи пивото на мир, препуштен на своите мисли. Повеќе не ги забележува-


12

ше изобличените лица и рикања околу него, мирисот на тутун и алкохол, порочните погледи и извештачените насмевки. Реалноста го правеше да се чувстува депримиран, немаше задоволство во работата, а ни дома не беше подобро. Понекогаш се чувстуваше како да е автоматрон програмиран да ги извршува своите обврски од утро до вечер. Само едно нешто беше вредно во неговиот живот, едно нешто му помагаше да се чувствува жив. Пишувањето. * * * Никола Слејт, редовен професор на Прелектро-математехнички факултет8, научник и пронаоѓач во слободното време. Иако беше дел од интелектуалната каста, сепак да не се лажеме, за Државата тој не се разликуваше од другите. Неговата функција, како и на кастата опслужители, беше практична. Практично корисните професионалци, или ПКП, како каста беа селектирани од мали нозе според нивната интелигенција, но секој обид таа интелигенција да стане креативна беше управуван во спротивна насока, кон извршување на корисни активности од кои просперираше Државата. Никола добро се вклопи во тој систем, иако беше од постарата генерација, како човек во средина на четвртата деценија од животот. Дел од образованието го заврши во стариот, а дел во новиот систем, и добро се вклопи во вториот, но не затоа 8 ПМФ, да не се меша со Природно-математички факултет од минатиот систем, овој факултет е спој на Природно-математичкиот и Електро-техничкиот факултет поради малиот број на луѓе кои се запишуваа на таквите институции. Само мал процент од населението имаше привилегија да биде факултетски образувано.


13

што добро ги извршуваше своите задачи, што секако го правеше, туку затоа што успешно ја криеше својата креативност. Тој не беше потајно писател или сликар, не поминуваше непреспиени ноќи со четка и бои во рацете, а наутро внимателно да ги брише за да не го забележат неговите колеги во прозаичната професија која што му ја доделила Државата. Тој беше пронаоѓач. Неговите пронајдоци му доаѓаа сами, како слики кои настануваа спонтано во низа од геометриски фигури во сите бои, понекогаш змијолики ленти кои се свиваа како низата од протеини на ДНК. Тоа се случуваше секогаш кога ќе ги затвореше очите. Кога беше дете тие форми предизвикуваа непријатност кај него, го измачуваа и го прогонуваа. Тогаш живееше сам со татко му и дедо му. Мајка му починала кога имал три години и неговото сеќавање на неа се сведуваше на нејасна претстава за насмевка, сонце, топлина, радост, но не можеше да ја визуелизира како лик и покрај неговата бујна фантазија. „Се грижам за него, повторно не може да заспие од сликите,“ велеше таа во неговиот ум, а татко му ~ одговараше: „Добар е, ќе му помине.“ Но, Никола знаеше дека нема да му помине и беше убеден дека способноста за визуелизација ја имаше наследено од мајка си. Сепак, не знаеше ништо за неа. Татко му љубоморно ја чуваше тајната на нејзиното постоење за себе. Сите нејзини зборови, воздишки, насмевки, солзи, извици, беа длабоко закопани во него и детето не можеше да одгатне дали тој ја презира што го оставила или не сака да го дели споменот за


14

неа со никого кога веќе не може да ја има физички. „Што гледаш?“ му шепотеше гласот на мајка му во увото во умот. „Не престануваат,“ одговори тој стегајќи ги силно очите со рачињата што наместо да ги намали, само ги поттикна геометриските форми уште повеќе да се размножуваат. „Што ти зборуваат?“ не попушташе мајка му. „Пробај да објасниш.“ „Не знам... сакаат нешто од мене, сакаат да ме контролираат,“ изусти детето речиси низ плач. „Обиди се да ги послушаш, не спротивставувај им се,“ рече таа и замина исто така ненадејно како што се појави. Никола долго размислуваше за овие зборови, но не знаеше како да ги примени. Формите секогаш предизвикуваа бурна реакција во неговото тело, некогаш се гушеше и се бореше да земе здив, друг пат имаше чувство дека срцето му сопира или низ целото тело му се распространуваше недефинирана непријатност. Едноставно не знаеше како да не им се спротивстави кога целата работа се случуваше без негова контрола. Еден ден се случи. Им се препушти на формите и тие наместо непријатели станаа негови сојузници. Научи како да зборува со нив, дури и да ги повикува со својата волја и да ги менува, да си игра со нив. Каква прекрасна игра беше тоа! И од таа игра почнаа да произлегуваат покомплексни форми, геометриските шеми се заменија со сложени запчаници, навртки, механизми кои се вклопуваа еден во друг. С` уште беше рано да може да ги разбере, но знаеше дека нешто се


15

создаваше во него, нешто вредно, нешто што ќе го смени светот. Никола влезе во својот дом и кон него се стрча Дона, неговата мачка. Црнка со бело на шепите и лицето, веднаш му се пикна помеѓу нозете и Никола за малку ќе паднеше. „Полека Дона,“ ја прекори. „Мислиш само на јадење, а што е со мене, мене не ме сакаш?“ ~ зборуваше умилно и ја крена, а таа веднаш почна да преде. Откако ~ даде да јаде, го соблече својот старомоден костум во сива боја, џемперот со закрпи на лактите, ја одврза вратоврската и ја соблече кошулата. Истата облека секој ден и истиот ритуал му го правеа животот полесен и му оставаа повеќе време за мечтаење. Го отвори фрижидерот и таму го чекаа изладените и залепени макарони со сирење од утрото. Седна во својата стара излитена фотелја која во младите денови додека с` уште живееше со татко му ја имаше скршено во еден напад на детско беснеење. Татко му лесно му ја изби таа навика од коските. Поточно, по цена на една коска. „Падна играјќи со другарите,“ ~ рече татко му на болничарката додека ~ го меркаше задникот. „Знаете какви се денешните деца,“ додаде лежерно. „Уште сум млада за да знам,“ рече таа и си ја поднамести косата истовремено давајќи му на знаење дека нема прстен на раката. „Ах, госпоѓице, се разбира, па како некој со вашата става би можел да знае такво нешто,“ рече тој наведнувајќи се над неа, „право да ви кажам и подобро да


16

не знаете,“ прошепоти гледајќи го малиот Никола со крајот на окото, а таа се закикоти. Болничарот му ја преврзуваше раката додека татко му и сестрата ја продолжија играта на смешкање и шепотење. Што ли толку имаа да си кажат кога сега се запознаа, се прашуваше Никола додека ги стегаше забите на секое мрдање на раката. Во умот ги виде многу јасно двете парчиња од коската како се движат внатре и како му ги бодат мускулите и вените. „Дете, доста мрдаш,“ го прекоруваше болничарот, којшто нервозно го виткаше завојот натопен во гипс околу неговата рака, додека одвреме-навреме се вртеше кон болничарката и се муртеше. Детето ги стисна забите и се обиде да не мрда. Малиот Никола тогаш не го разбираше светот на возрасните. Мислеше дека татко му е само љубезен со болничарката и се зачуди кога следното утро ја здогледа во ходникот на нивниот дом, со штиклите и капутот во рацете. За момент таа застана збунето, но потоа му се насмевна, си го поднамести градникот и замина од нивниот и од нивниот живот засекогаш. Коската зарасна, фотелјата со дрвени рачки беше поправена и с` уште беше тапацирана со истиот сино-сив материјал кој со текот на годините стана црн, а сунѓерот под него ѕиркаше на неколку места. Но, материјалните работи не го интересираа Никола. Не ја однесе фотелјата на тапацирање, ниту си купи друга. Ја чуваше од сентиментални причини, како потсетник за тоа какви се луѓето и зошто треба да се држи подалеку од нив. Никола немаше пријатели, живееше сам со Дона. Татко му замина во Италија уште додека тој беше


17

тинејџер. Нашол некоја стара рагаца таму на која и стегнал не знам каква приказна за тешкиот живот на Балканот и таа го присвоила, како дете, како љубовник. Тоа беше пред војната и Никола не можеше да знае што точно се случило со татко му, но не го ни засегаше. За време на војната живееше со дедо му, за среќа уште беше малолетен и не го мобилизираа, а откако и тој почина, а Никола наполни осумнаесет години, се врати да живее во куќата на татко му. Слободата значеше дека може непречено да се занимава со своите експерименти и од тогаш го користеше секој слободен миг за тоа, веќе речиси триесет години. А да имаш цела куќа на располагање значеше дека секоја просторија ќе стане лабораторија. Во купатилото беа натрупани кутии со разни мерни инструменти, а елементите во кујната наместо намирници содржеа киселини, бази и разни соединенија потребни за експериментите. Последниот експеримент му дојде како и сите други, преку визија додека си играше со геометриските форми во својот ум. Со текот на годините научи како да управува со визиите, можеше да ракува со нив како да се вистински реални објекти, да ги превртува како 3Д модели во компјутерска програма и да ги „стартува“ во умот. Така беше сигурен дека работат и не оставаше материјален доказ за својата работа. Освен алатки, инструменти и лабораториска опрема, во неговиот дом немаше ниту една конструирана машина. Така беше посигурно. Во последната визија огромна молња, како змија, извираше од земјата и се извиваше кон небото, потоа


18

се сврте кон него, ја отвори челуста и го голтна. Никола се претна и скокна наназад. Обично визиите беа пријателски расположени, но последнава не изгледаше така. Можеби не ја разбрал добро, помисли. Но, сепак беше убеден во нејзината функција и храбро ја повика повторно и без страв се впушти во експериментирање. Беше доцна во ноќта и беше исцрпен од работа. Се чувствуваше испразнет. Но, не заради работата, тој можеше тоа да го прави уште со часови, туку настапи мигот кога почувствува дека машината е комплетирана. Имаше уште многу работа, но главниот принцип беше готов, основата на она што ќе го смени светот, а што е уште поважно, ќе ја воведе неговата Држава во нова ера! Тогаш му заѕвони телефонот. „Кој ли може да биде во ова доба,“ помисли Никола, иако кое било време е чудно за да заѕвони телефонот во неговиот дом. Немаше пријатели, ниту комуницираше со некого. „Д-р Слејт?“ „Да,“ претпазливо изусти Никола на гласот од непознатиот број. „Имате повик од Премиерот, дали ќе прифатите да биде на ваша сметка?“ рече гласот монотоно. Никола се обидуваше истовремено да одговори брзо, но и да ја сфати апсурдноста на ситуацијата во којашто лично нему му се јавува Премиерот и бара разговорот да биде на негова сметка. Ништо во тоа немаше логика. „Во ред,“ рече повторно несигурно. По мала пауза се слушна громкиот глас на Премиерот којшто му беше познат од видео приемниците по закон поставени во


19

домот на секој државјанин на Нова Македонија и популарно нарекувани државни приемници или ДП. На приемниците дваесет и четири часа дневно одеа пропагандни материјали за должностите на државјанинот кон Државата и тоа што Државата, која често ја нарекуваа „мајка“, „сонце“ или „единствена“, прави за него. На приемниците не постоеше копче за исклучување, па дури и некој да смисли како да го исклучи, а Никола секако би можел, Владата тоа веднаш би го регистрирала, како во случајот на расипаниот приемник кај државјанинот Ф.К. ТЕЛОП: ДРЖАВЕН ПРИЕМНИК, ЖРТВА НА ДОМАШНА РАСПРАВИЈА Во домот на Ф.К. изутринава беше пријавен приемник со скршен екран. Имено, сопругата на Ф.К. била обвинета за неверство од сопругот штотуку вратен од кафеана, на што таа видно изнервирана фрлила пепелник врз државјанинот којшто наместо во него завршил во приемникот. Децата, кои присуствувале на таа сцена изутринава во 10 часот се преземени од страна на државните служби за грижа врз децата, а сопружниците се приведени. Крај на соопштението. Никола размислуваше за веста што ја имаше видено на приемникот пред некој ден, во која се препознаваа суптилните форми на пропагандата, „неверна сопруга“, „маж алкохоличар“, или „пепелник“ кој асоцираше на забранетите цигари, а децата наместо да се на училиште, дома се во десет часот наутро.


20

Никола знаеше дека с` тоа е лага, дека нема ни алкохол, ни посетување нелегални кафеани, ниту цигари, ниту деца... с` е изговор за да се приведе и затвори човек кој е поинаков од другите, на којшто можеби му здодеале дваесет и четиричасовните пропаганди. За разлика од него, Никола можеше да ги исклучи приемниците во себеси и да се нурне во својот внатрешен свет. Но, сега неговата интелигенција не можеше да му помогне. Мислите му итаа насекаде, од една идеја до друга, од една неофицијална и страшна приказна за работењето на Владата до друга и се плашеше од тоа што го чека. „Д-р Слејт,“ рече премиерот, „разбравме за вашата работа. Сметаме дека вашите изуми може да најдат голема примена во напредокот на нашето општество и би сакале да ве поканиме кај нас на разговор. Се надевам ја разбирате значајноста на случајов штом лично ви се јавувам. Утре изутрина во осум нула-нула часот ќе ве чека возило на Владата. Ви благодариме што прифативте.“ Гласот замре и Никола остана подзинат со телефонот во раката. „Како е возможно да знаат за моите изуми,“ се запраша, „кога тие воопшто не постојат!?“   * * * Да речеме дека на Тома Хансов му беше здодеано да го нарекуваат лигуш, мекуш, папучар. Секој ден истото. Претпоставениот на работа - еден трон9 без мозок и идеи. Проќелав, мрсен, со карактер на фикус, Тома го жалеше воздухот што го вдишуваше ова ништожно 9 Скратено од автоматрон.


21

суштество. Заради таквите како него Тома помислуваше дека неговото распоредување во опслужители настанало заради некоја грешка. Немаше шанси тој и еден таков паразит да се ист вид човечко суштество, а далеку од тоа да припаѓаат на истата каста. „Тома, те чекаат на влезот, не ми дреми тука,“ му одврати строго ќелавецот, на што Тома фркна низ носот. „Демек не знам, па има уште петнаесет минути,“ си промрмори Тома за себе и излезе надвор со брз чекор. Уште една работа, возење низ индустрискиот пејзаж, смогот погуст од минатата година, додека на програмата на приемниците зборуваа за напредната урбанизација и просперитетот. Сè веќе му беше познато, но не можеше да стори ништо. „Сепак, можеби...“ помисли Тома на својата книга којашто ја обмислуваше во главата веќе долго време. Во неа гледаше надеж за иднината, не само својата и на своето семејство, туку и на Државата. Знаеше дека книгите се забранети, издавањето книги наликуваше на изградба на вселенски шатл. Но, Тома имаше начин како да го изведе тоа. Тој веруваше дека промената е возможна, а уште поцврсто беше убеден дека неговата книга ќе ја донесе. Реши дека нема веќе да биде пасивен набљудувач од станицата на која чека со години додека возот на неговиот живот поминува пред него. Но, пред да ги поправи работите надвор и да се жртвува за доброто на сите државјани, мораше да ги среди нештата во својот живот, тргнувајќи од дома. „Домот е таму каде што ти е семејството,“ веруваше Тома и правеше сè за нив, стануваше рано, ‘рмбаше по цел ден, „да, господине“ на тие што ги превезуваше до


22

места каде што извршуваа значајни работи за Државата, а тој беше само превозно средство, попатна станица, нешто кое се заборава по излегувањето од автомобилот, или „се извинувам, госпоѓо“ на службеничката во банка како да ќе му се налути и нема да му ги даде парите ако не биде љубезен. Застана пред својот дом со мисија во главата, решително и храбро, знаеше дека ќе направи промена во животот, иако сè уште не знаеше точно каква. Имаше некаква претстава во главата, но тие обично се одвиваа поинаку во реалноста. „Овој пат не,“ помисли Тома. Ја отклучи вратата и влезе со решителен чекор. Го соблече капутот заради кој колегите чудно го гледаа. Опслужителите се облекуваа едноставно, но тој ја истакнуваше својата посебност со капутот што го носеше во ладните месеци. Тоа беше единственото нешто по што се разликуваше од другите. На работа немаа код за облекување, така што не беше страшно, но за него беше голема работа. Долгиот црн капут што го наследи од татко му го носеше со авторитет и гордост. Сепак, не премногу гордост... не сакаше да биде забележан и однесен кај ДОК10 на преиспитување на верноста кон Државните одредби. Тоа можеше трајно да му ја оштети позицијата во општеството, а знаеше за луѓе кои беа преместени на полошо работно место или дури ги снемало без трага и глас. Но, сè додека се однесуваше примерно и не правеше проблеми, капутот не беше доволна причина за таква мерка. Го извади и шалот што во комплет го наследи од покојниот татко и ја здогледа неа во кујна како готви вече10 Државна опслужувачка комисија


23

ра. Зафатена помеѓу тава и тенџере, со крпа во едната и дрвена лажица во другата рака, за момент му спласна желбата за расправање. Знаеше дека додека тој е зафатен со својата, колку и да е монотона, работа, сепак излегува во светот, а таа беше осудена на четири ѕида во државните станови за млади брачни парови. Сепак, улиците кои ги шпарташе Тома секој ден веќе со години ги изгубија и последните потсетници на она што некогаш значеше природа. Беше тоа сив и мрачен свет. „Ако е дрво, добро е за индустријата,“ повторуваа приемниците. Секако многу добро ги знаеја сите пароли и на двајцата добро им беше позната реалноста на становите за брачни парови со деца изградени покрај фабрики и во најнепожелните делови од градот, зашто „Државата несебично дава“. Ги собу чевлите со висок и тврд топук, за момент помислувајќи дека всушност тие и нивното одѕвонување по големите ходници на работното место е можеби премногу во комбинација со капутот, и ги погледна двете деца, 5-годишниот Марк и 10-годишната Лиза. Секако дека тоа не им беа вистинските имиња. Тие, како и сите деца во Нова Македонија мораа да имаат старо-македонски имиња. Девојчето, според тоа се викаше Елисавета. Но, Државата дозволуваше и германизирани варијанти на имињата, заради силните врски со Германија, најмоќната држава во Стара Европа, која во последните децении повторно ги присвои принципите на социјалдемократијата со допирни точки кон нацизмот. Германија ја поддржуваше изолацијата на Нова Македонија и ја снабдуваше со оружја. Нејзината помош


24

беше витална за опстанокот на Државата. Заради тоа малиот се викаше Маркус. Дури и самиот Тома, за да ја докаже својата верност кон Државата го смени презимето на семејството во Хансови, бидејќи му звучеше прогермански. Но, бидејќи потајно го презираше сето она што е државно, сопругата Хелена ја викаше Ена, Маркус беше Марк, а Елисавета нагалено Лиза. Марк внимателно редеше коцки, а Лиза пишуваше домашно. Таа, умница на тато, веќе беше примена во училиштето за идни, ако даде Државата, практично корисни професионалци и дали ќе остане таму зависеше од нејзиниот успех. Многу деца беа враќани во Државните училишта за опслужители ако не се покажеа. Засега Лиза имаше добар успех. Марк беше уште мал, но Тома се надеваше дека и тој ќе биде примен во напредното училиште и ќе постигне повеќе од татка си во животот. „Образованието е сè,“ така татко му го учеше Тома, но тој не знаеше какви времиња ќе дојдат. Наеднаш телото му го обзема чудна тромост, нозете му станаа потешки од олово како воздухот надвор. „Што и ако бидат добри, послушни, верни државјани? Што тогаш...“ се запраша. Добро знаеше дека дури и да бидат најуспешни во својата струка повторно ќе живеат во истите гомнарии како тој и неговата сопруга. Почувствува таква страотна бесмисленост што како единствен излез му се виде да го изведе семејството надвор, да влезат во автомобил и со цела брзина да се влетаат во ѕид. Тоа му се чинеше како најлогично решение во целата апсурдност. Што можеше тој, еден обичен државјанин, да стори за оние за оние за кои го живееше животот, за своите


25

деца, кога тие се веќе осудени со самото раѓање, со првиот здив што ќе го вдишат и со првиот плач? Сите радости и сите насмевки се лажни, моментот кога го гушкаш твоето чедо и му посакуваш да биде добро, да успее во животот е залуден. Овде немаше иднина, но дали воопшто имаше иднина за нив. „Тоа мора да се направи,“ решително рече Тома и оловото се крена од неговите нозе. Она што го размислуваше потајно веќе долго време сега стана негово уверување, негова религија каква што овој народ веќе не познава, тој веруваше во себеси и во својата книга. Тоа беше единствената светлина. Да, ќе ја заврши и ќе ја издаде во странство. Сите ќе дознаат за мизеријата во која живеат жителите на Државата и ќе потрчаат во нивни спас. Секако, ќе има војна, ќе има жртви, но тоа е единствен начин да се дојде до промена. Тома се погледна во огледалото и со крајот на окото му се виде дека гледа некаков чуден отсјај над својата глава, небаре ореол, и тогаш сфати – тој мора да биде маченик, жртва, за неговиот народ да се ослободи. Имаше и други причини зошто баш денес реши да направи промена во својот мизерен, паразитски живот. Можеби заради муабетот на Стевоид кој го измачуваше како здодевен комарец сред лето што не ти дава да спиеш, можеби заради зајадливиот шеф, колегите кои го игнорираа и одеа на ручек без да го поканат или едноставно му беше здодеано од сè. Свесно го растера сожалувањето кое го имаше кон сопругата, па што ако седеше дома, зарем нејзината судбина се разликуваше од стотиците илјади други жени во градов кои беа Мајки на државата, заштитени и сакани, но предодредени да бидат домаќинки?...


26

Ги погледна децата и повторно се прекори. Лиза ќе има можност да стане нешто повеќе, а малиот, за него има време. Истапи решително сред домот што самиот го имаше купено од Државата по повластена цена, секако не толку колку што им беше ветено и секако со помош од ЕДБ11, кога сè уште беа „млад брачен пар.“ Со поглед го опфати целиот стан и како да сакаше да каже „јас сум владетелот на ова царство,“ и рече: „Жено, вечера!“ Таа зачудено ја провре главата низ вратата од кујната и застана со тенџерето во раката, сè уште гмечејќи го пирето со виљушката. Не рече ништо и се врати во кујната. Му се причини дека слушна едно „хм...“. Тоа малку го поколеба, но беше решен. Децата го гледаа збунето. „Деца, каков е овој неред!?“ викна строго и тие се погледнаа помеѓу себе. Навистина немаше неред, единственото нешто што би можело да се нарече така беа коцките со кои си играше малиот. „Тато сто пати ти кажал да не си играш на маса. За што ти е подот? Ајде собери тоа коцките и премести се на под, каде ќе јадеме ако целата маса е зафатена?“ продолжи во истиот тон. Веќе му недостигаа теми за разговор и замина во купатилото. Кога излезе очекуваше дека масата ќе биде поставена, но ништо не беше сменето. Коцките на маса, ручекот во кујна. „Слушајте, главата е вратена дома,“ рече сериозно, „кога ќе речам нешто сакам да биде сторено.“ „Во ред главо, мислам тато,“ рече малиот и сите тројца прснаа во смеа. Тома се вцрви од бес. Не заслужуваше да се задеваат со него, но постоеше шанса малиот да згрешил случајно и затоа не рече ништо. Доволно 11 Единствената државна банка


27

беше да го послуша. Тој му беше слабост. Во сè го потсетуваше на него самиот и заради тоа се плашеше дека нема да има успех на училиште, дека ќе стане опслужител и ќе работи којзнае каква мизерна работа до крајот на животот. А потоа ни пензијата не е загарантирана. Ако си се покажал како добар работник, а како да го сториш тоа помеѓу илјадниците други исти како тебе, можеби ќе имаш пензија. Ако не, те сместуваат во еден од ДДСЛ12 коишто наликуваа на затвори. „Старост значи непродуктивност,“ велеше Државата и навистина се придржуваше до таа парола. Тома не сакаше син му да заврши така, во него гледаше втора шанса, можност за оправање на неправдите кои животот му ги нанел. Навистина личеше на него, „плукнат Тома како мал,“ велеше мајка му кога доаѓаше да ги посети. Наместо да ги прекори, Тома замина да се пресоблече, а од дневната се слушаше вообичаената расправија пред ручек. „Се изнагнетовте глупости и после нема да сакате да ру­чате,“ се нервираше Ена, а децата секако не слушаа. „Мамо, Марк ме удри и ме нарече плачка недржавничка!“ врескаше девојчето. „Таа беше прва!“ се бранеше момчето. „Марк, навистина ли го рече тоа?“ го праша Тома кога влезе во дневната соба. „Лиза е тужи-баба!“ врескаше малиот. „Марк, доста беше!“ подвикна таткото. „Ете, секогаш ја браните Лиза,“ протестираше малиот и фрли една од коцките на што Тома го погледна како да сака да го столчи. 12 Државните домови за стари лица


28

„Де, де... ајде, голема работа,“ ја смири мајката работата, го стави тенџерето на масата и го покани Тома да седне. Потоа ја собра коцката и рече: „Како беше на работа?“ Ена, неговата помлада сопруга, родена во Новата Држава, беше олицетворение на системот. Се чинеше дека сосема ѝ одговара улогата којашто општеството ѝ ја доделило, независно од тоа што мислеше нејзиниот сопруг. Најсреќна беше кога готвеше и секојдневно измислуваше разни рецепти за да го задоволи сè повеќе растечкиот апетит на децата. Предјадење, јадење, десерт, неколку видови зеленчуци и месо четири пати неделно, кои доаѓаа од Државните фарми надвор од градот. Јадењето навистина беше вкусно, пирето секако омилено за децата и динстано телешко со моркови, брокула од страна и за десерт домашни колачиња со парчиња чоколадо. Децата ги нарекуваа „кукис“ додека мајка им строго ги прекоруваше. „Лиза, ова се класични новомакедонски колачиња! Каде сте го слушнале тој збор?“ ги прашуваше. „Теофина од одделение ми го кажа,“ одговараше Лиза. „Ах, ти кажав да не се дружиш со неа. Мајка ѝ живее преку граница, а тоа може да биде само беља, ништо повеќе. Се знае дека ја држат во образованието заради високиот успех, инаку одамна ќе беше некаде во КАЗНАМ13. Да не сакаш и ти заедно со неа да завршиш таму еден ден?“ ја предупредуваше мајката. „Не мамо, извини мамо,“ се правдаше ќерката во духот на паролата „Мајката е столб на Државата“. За време на ручекот ништо не зборуваа. По нешто за 13 Кампови за непожелна младина


29

работата, за функционерите што ги возеше, за пазарот којшто требаа да го посетат следниот ден. „Колку би сакала манго,“ рече таа во недржавен дух, на што тој зачудено ја погледна. И птиците знаеја дека сите увезени овошја беа забранети. Можеа да се најдат на илегалните пазари, но ни на крај памет не им паѓаше да одат таму. А, тоа што беше уште почудно од самата помисла на такво нешто, беше тонот со којшто го кажа тоа, како да посакува нешто што го пробала одамна. Бидејќи беше родена во НЕДЕ14 немаше прилика да го проба. Тој беше малку постар од неа и се сеќаваше на денот кога татко му гордо дојде дома со едно манго. Отсекогаш сакал да го проба, но ни самиот не знаел од која причина не го сторил тоа. Свечено го расекоа и секој доби по едно парче. Тома се сеќаваше многу добро на вкусот и на тоа дека не му се допадна премногу. „Се работи за продолжение на нејзината љубов кон готвењето,“ помисли Тома за да го оправда светогледот што го имаше изградено во врска со жена му, таа беше дел од системот кој го прифаќаше како нужно зло. Но, истовремено таа постапка за него преставуваше искра надеж дека можеби, можеби има иднина за нив. Во последно време се сомневаше сè повеќе во тоа. Таа го отсликуваше системот што тој потајно го презираше. Секако за ова не смееше да зборува со никого, а особено не дома. Неврзан муабет на жена му со комшивка на кафе или на Лиза на училиште можеше да значи катастрофа. Распит и можно обвинување за Предавство на мислите, а се знае дека „Лоша помисла е лошо дело кое чека да се случи.“ Тој беше преполн со лоши мисли и чувствуваше како тоа, од ден за ден, сè 14 Новата единствена и добра ера


30

повеќе го уништува. Она што го лекуваше и му даваше простор да дише беше пишувањето. Но, дома не можеше да пишува. Сопругата знаеше за неговата амбиција, и за чудо не се спротивставуваше, веројатно заради духот во којшто е воспитана жената во Нова Македонија, да не се спротивставува на мажот, но не го ни поддржуваше. „Знаеш што се случува со тие со уметнички склоности?“ го предупредуваше исто како и ќерката со приказните за вештерката. Тома многу добро знаеше кој е ризикот, но тоа беше посилно од него. „Земав боледување,“ ѝ рече ненадејно. Секако дека сè уште го немаше сторено тоа, но му беше во план. Таа го погледна зачудено. „Што ти е?“ го праша загрижено. „Старите проблеми, од премногу седење и возење, кичмата ми откажува, спондилоза, слепени дискови, хемороидите отекуваат... потребна ми е терапија, лекови и одмор. Така ми рече докторот,“ одговори Тома. Вистината беше дека сите негови болки беа реални, но да добиеш боледување од Државата требаше да бидеш пред умирање. Неговиот доктор му должеше услуга од праисториско време, го имаше возено син му до училиште и назад секој ден без надомест со години и Тома знаеше дека ќе дојде ден кога ќе треба тој да ја врати оваа услуга. Плус и малку кеш ќе ги подмачка работите и сè ќе биде средено за миг. Тежок случај на исцрпеност од работа поткрепено со медицински наоди, секако фалсификувани од друг пациент. „Секоја чест на докторот ако остане верен на зборот, во денешно време ретко кој прави такво нешто,“ помисли Тома, но тој беше човек во години, децата му живееја во


31

странство и немаше контакт со нив. „Можеби ќе го стори тоа од сентименталност по син му и заради врската што ја имаме двајцата преку него,“ си одговори Тома. „Не ми се допаѓа тоа, можеш да си навлечеш беља,“ рече таа како вистинска државјанка, секогаш во склад со Правилникот15 на единствената Држава. Можеше да ја замисли како го вее знамето со едно големо и моќно „М“ во бел круг, светлината на денешниот миг, и црвен квадрат, крвта пролеана во минатото за слободата симболот на Државата од новото време. „Нема да има беља,“ рече тој. „Тато, види што направив,“ ги прекина Марк. Во рацете држеше нешто што наликуваше на автомобил од коцки. „Браво момче, прекрасно е. Сам го направи?“ го праша, а малиот кимна со главата. „Навистина?“ продолжи Тома, „па ова е вистински автомобил.“ „Каков што возиш ти, тато,“ потврди Марк кој беше горд на татка си и сакаше да биде возач како него. „Да, сине, ист е. Колку си ми паметен, навистина ќе бидеш добар на училиште, има сите да ги изненадиш и ќе успееш во животот,“ му зборуваше во косата додека го гушкаше и го бакнуваше по неговото испотено вратче и вената што му пулсираше брзо и видливо. Целото негово тело зрачеше со живот, неистражени потенцијали и слобода, неограничена и искрена. Тома го погали по косата. „Ти нема да бидеш возач, момче, те чека блескава иднина,“ помисли. Малиот задоволно замина, а родителите продолжија со разговорот. 15 Се мисли на ПЕД (Правилникот на единствената Држава) кој содржи практични правила за животот и однесувањето кои треба да се почитуваат, но и објаснувања за начинот на кој е организирана државата.


32

„Па што ќе правиш, по цел ден ќе лежиш дома и ќе гледаш во приемникот?“ рече загрижено таа како да ќе ѝ се наруши приватноста, мини-универзумот што го имаше изградено околу подготвувањето на децата за на училиште и за во градинка, утринското кафе, муабетот со комшивката Мара, пазарењето, чистењето по дома, гледањето пропагандни пораки, подготвувањето на ручекот, пречекувањето на децата, грижата за нив, неговото доаѓање дома, грижата за него и легнувањето. Тома беше одвишок во оваа равенка, барем во две третини од неа и добро го знаеше тоа. „Не, ќе работам на книгата,“ ѝ рече конечно. Како камен да му падна од срцето што му биеше силно и ослободено од голема тајна. Таа беше шокирана. „Не, никако,“ рече решително, но потоа се замисли. „Сепак, знаеш дека тоа е невозможно,“ додаде. „Возможно е,“ не попушташе тој. „Морам да го сторам тоа,“ рече. „Еве и да ја напишеш,“ рече таа, “што понатаму? Знаеш дека не може да ја издадеш тука.“ „Знам. Имам начини. Тоа не е проблем. Ќе ја напишам и ќе ја снема од нашиот живот. Никој никогаш нема да дознае,“ ја тешеше Тома. Тоа беше нужна лага во безизлезна ситуација. „Но, знаеш дека тука не е безбедно,“ продолжи загрижено таа. Да, многу добро знаеше дека е така. Беше премногу ризично. Некој ќе го издаде не сакајќи, особено малиот кој секогаш се фалеше со својот татко, дека е важен возач и дека ги вози важните луѓе на задачи за Државата. Што ако му каже на другарче од градинка дека татко му пишува книга? Сепак, веруваше дека ќе најдат ре-


33

шение, впрочем немаа друго решение освен тоа да се случи. Книгата мораше да биде напишана. Остануваше само уште навистина да земе боледување, се надеваше на доверба од докторот.   *** Изутрината Никола Слејт стана и го облече својот најубав костум, оној што го чуваше уште од дипломската и го користеше само за свечени прилики. За среќа, линијата с` уште го држеше. Заврши со подготовките и стоеше пред прозорецот, од време на време поткревајќи ја завесата за да ѕирне надвор. Владината блиндирана лимузина застана пред неговата куќа точно во осум часот. Никола брзо ја тргна завесата, не сакаше да знаат дека ги „набљудува“, колку и да звучеше тоа иронично. Влезе внатре. Помеѓу него и возачот постоеше затемнето стакло и цел пат не разменија ниту еден збор. Патот не траеше долго, но беше непријатен. Камчињата на кривулестите планински патчиња што ја параа планината подлегнуваа на тешкото возило и прскаа наоколу како петарди за денот на ослободувањето од смртниот непријател број еден на единствената Држава - Американските Непријателски Држави. Се најдоа на влезот на резерватот Козјак, заштитена воена зона во која пристап имаа само Државниците и генералите, највисоката каста во општеството на еднаквоста. Сепак, „Некои луѓе се поеднакви од другите,“ му одекнуваше во главата на Никола една од паролите кои се користеа како упатство за правилен начин на живот. Затемнетиот прозорец којшто го


34

скриваше возачот од неговиот поглед се отвори и тој му даде една темна марама. „Знаеш што треба да направиш,“ изусти тврдо и суво, како да го сторил тоа премногу пати. Никола му ги виде само очите во ветробранското огледало, и тоа беа очи на човек кој видел премногу. Го стави превезот и патот продолжи. Не можеше да знае каде се, но претпостави дека влегле во затворен простор затоа што автомобилот доби поинаков звук, потоа осети движење кое наликуваше на лифт. Траеше премногу долго и му се чинеше дека веќе стигнаа до утробата на Земјата, кога лифтот застана, а колата повторно тргна. За разлика од претходно, сега движењето беше мазно, како по патека која наликуваше на писта и без многу скршнувања. Повторно траеше подолго од очекуваното. Никола помисли „Сигурно сме сред планината,“ и во тој миг автомобилот подзапре и направи кружно движење. „Се паркираме,“ го почувствува движењето наназад и автомобилот застана. Вратата се отвори, некој го фати за рацете и го влечкаше држејќи го под мишките како затвореник. Отвори една врата, па друга, па трета. Го седна на столче и му рече: „Одврзи се.“ Никола се наоѓаше во обична бело варосана просторија, со неонки на плафонот, камера во аголот, ништо особено. „Зарем тука ќе се сретнам со Премиерот?“ помисли малку разочарано, очекувајќи посвечен амбиент. Влезе една жена облечена како медицинска сестра и веднаш, без трошка двоумење, како дел од за неа очигледна рутина, му рече: „Соблечете се.“ Ја послуша, донекаде како и за него да се работи за обична рутина, сепак неговите причини беа инакви,


35

едноставно немаше избор. Откако го прегледа и се увери дека нема шпионска опрема на него, му нареди да се облече. Влезе друг службеник, кој беше за нијанса пољубезен. Млад и решителен, како и сите службеници на Државата, немаше повеќе од дваесет и пет години, штотуку излезен од ОВДОИ16, каде што одеа сите луѓе предодредени да служат на високи позиции во Државата. Нивното образование и статус се сметаа над тоа на Никола, иако тие не беа нужно попаметни, дури како што зборуваа неговите колеги тие беа поприлично глупави, но решителни, неемотивни и понекогаш сурови. Така ги одгледуваа од самото детство, кога ги одделуваа од семејствата и ги сместуваа во посебни интернати кои наликуваа на касарни. Малите војници подоцна стануваа службеници на Државата и советници на највисоката каста, Државниците. Службеникот го погледна со продорен поглед и рече: „Ви посакувам добредојде, извинете заради нашата процедура, но тоа е за доброто на Државата.“ Тоа беше нивната омилена фраза. „С` што е за доброто на Државата е добро,“ велеше една од фразите на државните приемници и пропагандните паноа. „Нема проблем,“ рече Никола искрено зашто навистина немаше проблем. „Tоа е процедура и сосема е природно да се почитува,“ размислуваше логички и во научен дух. Посака да го каже тоа, но се воздржа. Знаеше дека не ги сакаат интелигентните луѓе. „Паметните не зборуваат, туку прават,“ велеа слоганите. За него секако знаеја дека е паметен, но кога тоа е во функција на напредокот на Државата се цени, ако се 16 Официјалната висока државна образовна институција


36

користи за друга функција е непотребно и непожелно. „Памет заради памет не е памет,“ велеше друга од фразите, толку редундантна што од помислата на неа секој пат го заболуваше главата. „Сега ќе се запознаете лично со Премиерот,“ рече службеникот со насмевка на лицето. „Дали сте подготвени?“ Никола кимна со главата. „Зарем некој може да биде подготвен на тоа,“ помисли. Излегоа од безличната просторија и се упатија по еден долг ходник во којшто имаше многу врати како таа од каде што излегоа. На ниту една немаше бројка или натпис. Сите изгледаа зачудувачки идентично. Но, вратата на крајот од ходникот беше поголема од другите. Службеникот ја отвори со шифра и се најдоа во сосема поинаков амбиент. Големи платна на странски уметници кои Никола ги препозна од минатото ги украсуваа ѕидовите. Помеѓу сликите имаше портрети на разни Државници. Никола се запраша како е тоа возможно кога уметснота е забранета и како овие уметници од непријателските држави ги насликале Државниците. Но, внатре очигледно не владееја истите правила како и надвор. Службеникот му рече да седне на едно од парчињата скапоцен мебел. Карши него стоеше гардист голем ко карпа и втренчено го гледаше, подготвен да му го скине вратот со заби само ако мрдне малку побрзо од дозволеното. Службеникот замина зад една огромна врата и кога ја затвораше на Никола му се причини дека со делче од окото го виде Премиерот. Срцето почна забрзано да му чука. Гардистот не престануваше да го гледа. Видел тој


37

такви како Никола. За него сите се знак на опасност. Премногу комплицирани во мозокот. „Што има комплицирано во тоа да се врши чесно работата и да се биде подготвен на смрт заради неа?“ Никола се обидуваше да му ги чита мислите, но во тоа го прекина службеникот кој ја отвори вратата и го повика. Влезе внатре и го дочека невиден раскош за којшто не можеше ни да сонува. Лустери од барокот, викторијански мебел, антички статуи и згора на с` технологија недостапна на јавноста, шпионска опрема од највисоки нивоа, а сред тоа голема кружна маса на која седеа неколку луѓе во воена и свечена облека. Еден од нив му беше познат, Генералот на државната армија, другите претпоставуваше дека беа Државници од сличен ред, политичари, функционери. Државните приемници не го известуваа народот премногу за овие луѓе. Ги гледаа само тие кои се на врвот на Државата и претпоставуваа дека тие ја водат целата Држава, луѓе кои можеа да ги избројат на прстите од едната рака, тесното семејство кое се грижеше за сите нив – тие им беа родители, а луѓето нивните беспомошни деца. Премиерот го здогледа и стана. Тргна кон Никола, а тој едноставно застана. Службеникот го погледна чудно и го поттурна. Се сретнаа на половина пат од големата маса на која имаше мапи, планови, нацрти, технички цртежи на оружја. На Никола му се причини дека на некои од нив препозна свои машини, што беше навистина чудно бидејќи тој никогаш не запишуваше ништо. Немаше поднесено патенти за нив и никој не можеше да знае за нивното постоење, бидејќи едноставно не постоеја. Никола живеше од професорската


38

плата на Прелектро-матехничкиот факултет, и не зборуваше со никого, освен со Дона. „Д-р Слејт,“ Премиерот цврсто му ја стегна раката. Никола малку се разочара од неговата појава. Во живо беше многу понизок од тоа како го замислуваше. Но, огромните пропагандни паноа коишто беа украсени со неговиот лик или импозантните статуи не му помагаа многу во тоа. „Драго ми е, господине Премиер,“ пропелтечи. „Ве молам, доста со формалностите, да преминеме на главното, седнете,“ со решителни и брзи движења го насочи кон едно столче во неговата близина. Службеникот седна до Никола, во улога на преведувач за јазикот на високите Државници. „Колеги и колешки,“ викна громогласно Премиерот, при што Никола забележа дека помеѓу присутните има и една строга, стројна жена со високо крената руса коса во совршена пунџа и остри црти на лицето. „Пред вас е еден од нашите најголеми научнички умови!“ Никола не го очекуваше тоа и неволно се насмевна, а потоа ја спушти главата засрамено. „Овој човек е спасение за нашата Држава,“ продолжи тој, а засраменоста на Никола помина во зачуденост. Изусти само едно тивко „Но...“ и во истиот миг службеникот остро го прободе во ребрата со лактот во знак да не го прекинува Премиерот, кој продолжи во сличен дух нешто за тоа дека на Државата ~ се заканува повеќеумие17, безверие18 и безвласт19. 17 Слободно размислување 18 Неверба во Државата и нејзините механизми 19 Секој друг вид на власт освен Државната


39

Овие зборови Никола ги имаше слушнато безброј пати на приемниците, но секогаш се однесуваа на другите држави и нивните уредувања кои му се закануваа на нивното. Затоа во Државата имаше повеќе Генерали отколку Министри за образование или култура. Последниве два всушност одамна беа прогласени за излишни и заменети со ЕСЕК20, кој се спроведуваше во Електронските училишта. Монитори, слични на тие во домовите, им ги предаваа лекциите на децата, а тие учеа. Овие монитори, за разлика од домашните, имаа и опција за двонасочност, т.е. испрашување на учениците, но сеедно процесот повторно беше автоматизиран. Децата не пишуваа ништо на хартија, ниту имаше потреба. Целото знаење се добиваше и се репродуцираше усно или со бирање одговори на екраните. Само напредните деца беа образувани според стариот систем кој подразбираше учебници, пишување домашни и слично. За време на војната и во повоените години беа школувани само такви деца со идеја во нив да се всадат принципите на новото општество и тие да ги носат на својот грб во заедничката иднина на Нова Македонија. Училиштата беа интернатски и тајни. Подоцна станаа отворени и на децата им беше дозволено да се школуваат и да заминуваат дома, под услов да го задржат високиот успех. Неуспехот беше казнуван со префрлување во Електронските училишта. Основното и средното образование функционираа така, додека факултетите работеа уште по стариот систем, но и така факултетски образувани имаше на прсти да ги броиш. Тие беа поделени на ОВДОИ за службеници и идни државници и на специјализирани 20 Единствениот систем за едукација и култура


40

факултети како ПМФ за идни научници, инженери и други практични професии. Општо земено, факултетски образувани луѓе имаше малку. Тие кои системот ги бираше да продолжат понатаму беа исклучителните индивидуи кои работеа во области од кои државата имаше корист, како таа на Никола. Уметнички надарените деца завршуваа како и другите, работници или опслужители на системот. Премиерот зборуваше за опасностите кои ì се закануваа на Државата однатре. Никола првпат слушна за такво нешто. Сите веруваа дека во Државата владее совршен ред. Освен тоа, го зачуди и слободата со којашто Премиерот зборуваше за тоа пред него, но претпостави дека има цена на тоа. Понатаму, дозна дека во некои делови од Државата, не случајно блиску до границите со соседните држави, има повеќе фракции кои се обидуваат да организираат отпор против ПВД21 и да ја уништат. Според Премиерот се работеше за шпиони кои се инфилтрирале на домашната територија и го принудиле населението на поддршка. Засега овие идеи и иницијативи беа само идеолошки, но Премиерот сметаше дека се работи за најголема опасност во модерната историја на Државата и дека што побрзо треба да се најде решение. „Дали овие скици се од вашите машини?“ го запраша наеднаш. Никола беше потонат во своите размислувања и импликациите на овие нови сознанија што не одговори веднаш. Всушност и не беше сосема сигурен, зашто никогаш не ги имаше видено неговите машини како скици нацртани со рака. Неговата 21 Правоверното владение на Државата


41

ментална слика за нив беше поинаква, тие имаа бои и густина, а на скиците беа линии и бројки, прости димензии и безживотни 2Д проекции. Службеникот повторно го буцна. „Да,“ одговори потскокнувајќи од острата болка во ребрата. „Одлично, вие сте генијален ум и вашиот придонес кон Државата нема да биде заборавен,“ Премиерот високо ја крена раката и тресна на масата. „Нели е така колеги!?“ „Така е!“ викнаа сите во еден глас и тензијата во просторијата над којашто висеа кралски лустери тешки неколку стотици килограми закачени на пет-шест метри високите плафони, малку спласна. Никола погледна во спротивниот ќош на масата каде што седеше жената и забележа како еден прамен од нејзината коса се беше извадил од совршено собраната високо крената пунџа и го допираше крајот на нејзините усни поткренати во едвај забележлива насмевка насочена токму кон него. Му стана непријатно, сепак не беше извештен во невербална комуникација со спротивниот пол. Неговите студенти беа исклучиво мажи, општеството не ги мотивираше жените на образование, особено не во научно-техничките дисциплини. Самото тоа што таа беше на толку висока позиција зборуваше за фактот колку е исклучителна. „Толку сакав да слушнам од вас,“ рече Премиерот. „Слободни сте, со вас ќе дојде нашиот Советник за наука којшто ќе ве брифира за сите ваши активности во вашиот нов дом. „Како?...“ изусти Никола бесчујно, но службеникот го зграпчи под рака и го изнесе надвор од просторијата.


42

* * * Утрото стана и се упати кај својот лекар на закажаниот термин. Човек во години, весел, со широка насмевка и уште пошироко срце му ја стисна цврсто раката на Тома кога го виде. „Томче, па каде си ти,“ му рече на цел глас, „одамна не сме се виделе, а тоа значи дека си добар, фала Државата.“ „Не сум баш докторе,“ рече Тома и се пожали на стандардните болки. Докторот го слушаше внимателно и запишуваше, а потоа го испрати на испитувања и за да се осигура дека ќе заврши брзо работа појде со него. Чекањето по Државните здравствени институции некогаш беше толку долго што луѓето во меѓувреме се разболуваа уште полошо. Секој државјанин мораше прво да се пријави, па да добие термин кој можеше да биде со месеци или години по пријавувањето и зависеше од тоа на која каста припаѓа. Немаше приватни здравствени установи како во минатиот систем и само храбрите и тие без избор се решаваа да побараат помош од илегалните доктори по маргините на системот. Тома се присети на случајот кога вадеше заб кај еден таков доктор кој беше забар, механичар и лимар истовремено и едвај извлече жива глава со инфекција од неговата валкана опрема и раце замрсени со моторно масло додека му ја вадеше седмицата. Антибиотици немаше ни за најтешки случаи. Државата ги сметаше за знак на слабост и ги забрануваше и човек повторно мораше да ги бара по илегалните извори.


43

Сите специјалистички анализи ги завршија брзо и докторот ги прегледуваше снимките. „Да,“ рече, „истата стара состојба, секако нема подобрување, фузија на вратни пршлени, ни лумбалните не се подобри. Хемороидите воспалени, а простата ти е ко фудбалска топка после оние старовремските купови. Можам да ти дадам една недела одмор преку сила,“ заклучи докторот. „Ќе ми треба повеќе,“ рече молежливо Тома, „имам некои работи кои сакам да ги завршам.“ „Ах, Томче, драг си ми навистина, но знаеш дека не можам да сторам такво нешто,“ рече со извинувачки тон докторот, „ќе си навлечеме беља двајцата.“ Тома, којшто инаку беше културен и обѕирен кон сите, никогаш не настапуваше со заканувачки или непријатен тон, во тој момент кога целата негова судбина и судбината на Државата беше во рацете на докторот, реши да го смени пристапот. „Докторе, колку време се познаваме?“ го праша. „Долго, Томче, премногу долго,“ одговори докторот. „Точно,“ потврди Тома, „изгледа малку сте подзаборавиле, бидејќи помина многу време и веќе сте во години, дека ви го возев синот секој ден до училиште и назад, ризикувајќи ја мојата позиција!“ Докторот го гледаше како да не им верува на сопствените уши. „Сте заборавиле,“ продолжи Тома, „дека никогаш не ви побарав ништо за возврат, ниту за фактот што ви помогнав да најдете луѓе кои ќе го изнесат преку граница. Изгледа остаревте и не паметите дека по моја заслуга вашите деца сега се печат на плажите некаде во Флорида, наместо да горат во нашиот мал домашен пекол!“ заврши бесно Тома. Докторот го гледаше со недовер-


44

ба. Тоа не беше Томче што тој го познаваше, добриот, мирен, тивок човек што го стори најголемото нешто за него. „Колку ти треба?“ го праша докторот тивко. „Два месеци,“ одговори Тома. Тома влезе дома со белешката в рака. Цврсто ја стегаше како билет за лотарија од минатиот систем за кој знаеше дека е добитен. „Промената започна,“ помисли Тома и веднаш се фати за работа, додека сопругата беше во државна продавница, а децата сè уште не беа дојдени. Бараше низ дома да најде хартии, но не можеше. Такво нешто тешко се наоѓаше и Државата го сметаше за непотребно. Провери во собата на децата и не можеше да најде ништо. Почна да се нервира што заради таков тривијален проблем не можеше да почне со работа. Идеите му навираа и чувствуваше дека главата ќе му прсне. По фиоките најде некои платени сметки и белешки, извади пенкало и почна да пишува на задната страна на сметките. Беше внесен во работата како никогаш во животот. Ликовите сами му се откриваа пред очите и живееја полно и богато. Тогаш Ена се врати дома и проблемите почнаа. Сите станови во Ново Скопје беа државни и луѓето можеа да ги купат само со одобрение од Државата. Поголемиот дел живееше во двособни станови, а поголемите станови беа доделувани на тие со повисоко образование или на повисока функција, како и на борците од Ослободителната војна. Тома не беше борец,


45

ниту функционер и нивниот стан имаше една голема просторија со поврзани делови за дневен престој, трпезарија и кујна. Само една соба беше посебна и родителите наместо да ја користат како спална, решија да ја пренаменат во детска. Таму работеше Тома, врз ученичкото столче на ќерка му, опкружен со пароли на Државата и слики од Премиерот кои децата ги добиваа на училиште. Ена не се навикна лесно на овој нов режим. Имаше точно определени денови за одредени активности и присуството на Тома го отежнуваше тоа. „Мораш баш сега,“ ја прекори сопругот кога влезе да ги средува алиштата на децата кои беа расфрлани на сите страни, едни врз други, превртени обратно и истуткани. „Еве, брза ќе бидам,“ се правдаше таа, но инспирацијата беше прекината. Тома немаше друг избор освен да стане и да замине од детската соба зашто знаеше дека средувањето нема да трае кратко. Само што се смести во дневната соба да прекасне нешто, таа повторно се појави. „Немој, ќе си го расипеш ручекот,“ го прекори. Се чувствуваше како Државата да се преселила во неговиот сопствен дом и го контролира на секој чекор. Ниту во кафеаните не можеше да се опушти и не заради зајадливиот Стевоид, ниту заради можноста некој да го издаде, зашто кој и да го поткаже би морал самиот да се изложи на фактот дека бил во илегална кафеана, туку зашто чувствуваше дека губи време. Брзаше да се врати дома, да го започне пишувањето во френетичен грч пред да се вратат децата од училиште и градинка. И потоа настануваше хаосот.


46

Секој своја приказна, секој своја желба. Ниту државјанката Ена, воспитана според сите Одредби на семејниот ред и мир22 не можеше да ги контролира. Работите излегуваа од контрола. „Деца, ајде замолчете малку,“ рече Тома. „Ама тато, другарките ме чекаат надвор,“ го молеше Лиза. „Никако, знаеш дека особено во зимскиот период никој не излегува надвор,“ ја предупреди таткото оправдано. Воздухот во мега-градот беше толку лош што никој со здрав разум не излегуваше надвор ако не мораше. А такви немаше многу. Маски можеа да се најдат по илегални извори, но никој немаше храброст да ги носи. Прво ќе го осудеа и ќе го исмееја од заедницата, да се плашиш за сопственото здравје е знак на слабост и недоверба кон Државата која совршено се грижеше за нив. А да не зборуваме за тоа дека така можеше да си направиш проблеми со Правилникот кој не дозволуваше ништо што не е одобрено и произведено од самата мајка Држава. На приемниците никогаш не се објавуваа предупредувања и Државата ги уверуваше сите дека воздухот е добар колку и самата Држава, ги поттикнуваше да дишат со полн здив, но луѓето научија веќе да препознаваат кога не е безбедно да се престојува надвор. Ако немаа потреба воопшто не излегуваа. „Воздухот надвор е поотровен од здивот на онаа твоја Мара,“ Тома се сврте кон Ена. „Таа барем ме слуша кога зборувам,“ му врати Ена. Во 22 Содржани во Правилникот на единствената Држава, како и сите други одредби.


47

последно време сè повеќе се расправаа. Дури и трпеливата државјанка ги губеше нервите. „А за што да слушам? За цената на компирот или новото државно средство за перење алишта?“ се разжешти Тома. „Ако ти е толку лошо зошто не одиш на работа?“ го праша таа. „Многу добро знаеш зошто,“ рече и потоа му текна дека децата се дома. „Ме фрка кичмата и имам медицинска потврда за тоа!“ рече. „А... да,“ рече зајадливо Ена, „кутриот ти!“ „Слушај, не ми се допаѓа твојот тон, ако продолжиш вака ќе си одам,“ се закани Тома. „Каде ќе одиш, баш ме интересира?“ му рече остро Ена. „Имам место каде што не ме осудуваат,“ одговори Тома. „А-ха... да, едвај те чекаат,“ се насмеа Ена. Караницата заврши како што завршуваат брачните караници. Секој на своја страна. Таа во кујната, тој во дневната, толку блиску, а оддалечени во мислите со километри, светлосни години, како да живееја во различни галаксии, различни светови и реалности, како две димензии кои се секогаш една покрај друга, а не се забележуваат. Таа молчеше пркосно и тој се потсетуваше на деновите кога нејзиниот пркос, решителност и отсечност го привлекуваа. Имаше нешто во нејзината става, начинот на кој го поткреваше носот, брчките од страна на нејзините усни кои порано се појавуваа во моменти на апсолутна убеденост во својата исправност, а со годините станаа постоја-


48

ни, нешто што истовремено го излудуваше и го привлекуваше како магнет. Таа му влеваше сигурност во редот на нештата во универзумот, зашто таа не се двоумеше како него. Нејзиниот збор беше небаре излезен од Правилниот на Државата, за неговиот можеше да се дебатира. И тоа беше сосема в ред за него, зашто тој веруваше во неа како што старите народи им се поклонуваа на нивните божици. Но, тоа време веќе беше минато. Сега веруваше во промената. Не постоеја веќе факти и ред, туку само хаос. И од тој хаос требаше повторно да се роди редот, како во старите добри антички приказни кои му ги читаше татко му пред спиење. Трите тома книги со жолти корици во кои фантастичните богови и полу-богови се натпреваруваа за превласт врз луѓето и светот. Денес немаше богови. Религијата беше забранета, но суштински ништо не беше сменето. На место на светците по црквите беа Државниците. Тие беа Синот, Светиот Дух одредбите според кои живееја сите Државјани, а Отецот беше Државата. Остана само едно, само една мисла што го водеше Тома кон јасна визија. Зборовите во него се обликуваа и стануваа сè појасни, речиси можеше да ги слушне како му шепотат што да пишува. И тогаш гласот во него гласно извика: „Господ е мртов!“ „Твоето време ќе дојде,“ го тешеше мајка му со вечните тегли-цвикери, цигара во устата и нејзините шеесет години и половина живот во улога на самохран родител. Таа, секако не го праша зошто е дојден кај неа кога се појави со едно мало куферче и спуштени раменици. Претпоставуваше дека се работи за караница дома,


49

не беше прв пат да доаѓа така, и го прифати неговото објаснување дека пишува и дека му треба мир. Мајка му извади ајвар и сиренце, ги стави на масата и отсечно рече: „Јади, мора да си гладен.“ Од каде ѝ беше ајварот Тома не знаеше. Домашното производство одамна беше забрането и според Правилникот правењето ајвар, ракија, туршија и други разни традиционални специјалитети беше забрането. Некои од нив ги произведуваше самата држава, со исклучок на ракијата, но ајварот не можеше да се најде во општа продажба. По круговите каде што се движеше Тома се претпоставуваше дека ајварот не го произведуваат за да го искушуваат народот, а дека резервите ги чуваат само за Државниците, но никој со сигурност не знаеше. На теглата што му ја даде мајка му немаше никаква лепенка и Тома претпостави дека се работи за уште еден од нејзините каприци, мали чинови на бунт кон Државата и дека ајварот го прави сама. Јадеше, помуабетија малку неврзани муабети за времето и неговата работа и Тома рече дека е изморен. „Секако,“ внимателно рече мајка му, „оди прилегни си малку.“ Тома влезе во својата младешка соба каде што уште стоеја постерите од музичките бендови од минатиот систем кои ги имаше залепено неговиот постар брат. Понекогаш му завидуваше, но кога беа мали, во недостиг на татко, го сметаше за татковска фигура. И таа, мајка му, донекаде така се однесуваше со него. Постариот брат секогаш се грижеше за Тома. Кога мајка им беше на работа, тој го облекуваше за на училиште, му подготвуваше појадок, го бранеше и се тепаше со


50

постарите за него. Брат му одамна беше заминат преку границата. Се разбира, тој секогаш беше решителниот и бунтовниот, а мајка му реши да го чува споменот за него и покрај државните одредби кои забрануваа материјални остатоци од претходниот систем. Кога стануваше збор за нејзините синови, таа беше подготвена и да гине. Нејзиниот помал син секогаш бил болежлив, слаб и нежен. Секогаш му требало заштита. Но, откако се откорна од нејзините раце, не можеше повеќе да му помогне и таа помисла ја измачуваше секојдневно. Тоа што беше женет за ќерка на Борец за слободата, како што би рекле тие, а таа повеќе го сакаше изразот убиец, беше најголемиот пораз во нејзиниот живот. Го изгуби мажот во таа ослободителна војна, окупаторска според неа, и не можеше да им го прости тоа. Дури и им пркосеше и ги привикуваше со тоа што уште чуваше спомени од стариот систем. Имаше колекција плочи, филмови, списанија... иако филмовите немаше каде да ги гледа, сите апарати за гледање или репродукција на визуелни материјали беа одземени од домовите веднаш по војната и заменети со државните приемници. Плочите и другите работи сепак успеа да ги сокрие. Долго време ги криеше, но сега веќе гордо ги имаше наредено по рафтовите од нејзиниот дом, каде што стоеја исправени како високо кренат среден прст кон системот. Синот се грижеше за мајката и постојано ја предупредуваше, но таа одбиваше да послуша. На крај и синот се помири со тоа. Тој претпоставуваше, поточно знаеше - бидејќи на Државата ништо не ѝ беше непознато и таа држеше сè под нејзиното будно око - дека


51

системот веројатно е свесен на нејзините каприци, но ја остава споро да пропаѓа во својот бес и носталгија затворена во стаклената кула на нејзиниот дом, кои не претставуваа никаква реална опасност ниту закана. Тома лежеше во својата соба и гледаше во плафонот. Размислуваше за неговите животни постигнувања - секојдневни главоболки и синуси воспалени како сонцето во Лас Вегас, град од онаа страна на нештата, повеќе бели влакна од измислениот Дедо Мраз и заби пожолти од мочаните пјасоци во непријателската Були Гарија... Но Тома не беше отсекогаш таков. Сонуваше да се отсели и да студира книжевност, бидејќи во Државата не беа дозволени т.н. непрактични професии кои не се во духот на државното верување во просперитизмот23. Сонуваше да биде „надежен млад писател“ веќе петнаесетина години. Како и многу други просечни државјани во раните дваесетти заврши на ЕСЕК, а потоа му беше доделена професија која беше случајно избрана. Никој не беше привилегиран, што добиеш, добиеш. Тој доби да биде возач. Во доцните дваесетти се ожени и доби дете. Средните триесетти ги помина во соништа за поинаков живот, и еве го, повторно во родниот дом. Почувствува како кругот да се затворил околу него и нема каде понатаму. Заспа изморен од размислување и се разбуди кога ноќта веќе беше падната. Стана и ја отклучи фиоката под работното биро и оттаму извади машина за чукање. Ја стави на масата и тешкото тело на машината направи тап звук од неа. Како полициско куче, мајка му го сети, 23 Да не се меша со религијата во класична смисла на зборот, просперитизмот е неприкосновено верување во иднината овозможено од единствената Држава


52

чукна на вратата и потоа ја отвори без да чека одговор. „Сакаш кафе?“ го праша. „Мамо, работам,“ ѝ одговори отсечно, како и секогаш. „Знам, ама ќе правам кафе па си реков да не сакаш и ти едно,“ се правдаше мајка му. „По-пос-ле,“ ги изговори тие слогови со страшен напор, како да не сакаа да излезат од неговата уста. Полесно ќе беше да го испие проклетото кафе со повеќе талог од течност, отколку да го слуша нејзиното тивко воздивнување, бавно затворање на вратата и тешките чекори назад во нејзиниот дел од станот. „Што правам јас по Државата!?“ се праша. Не беше ниту еден ден таму а веќе го измачуваше носталгија по семејството. Сигурноста на домот, микрокосмосот кој беше оаза во пеколот, ред во хаосот. Марк секое утро му се качуваше на ушка за да го однесе во тоалет пред мајка му да го подготви за во државната градинка. „Сакам на ушка,“ му велеше со шеретска насмевка. „Ме боли кичмата, ајде на грб,“ се пазареше со него, но и двајцата знаеја дека шеретската насмевка секогаш победуваше. Таа беше џек-пот и добитна комбинација, Џандар збира и Лото, игрите од поранешниот систем со кои масите се опиваа и сонуваа за подобра иднина. Во Нова Македонија немаше игри на среќа, среќата е измислица, постоеше само шансата што ти ја даваше Државата, а на тебе остануваше како ќе ја искористиш. Немаше нееднаквост, сите беа исти, освен тие што беа, оправдано, поеднакви од другите. Му раскажуваше на малиот Марк дека порано во


53

Скопје, така се викаше тогаш мега-градот, постоеле ергели со коњи и дека татко му го носел на јавање. Во Државата коњите ги користеа исклучиво за месо, бидејќи рекреацијата и спортовите како јавање на коњи се сметаа за неполезна активност, според тоа и за антидржавна. „Да јаваш коњ е да бидеш вистински слободен. Ветрот ти дува во косата и го чувствуваш секое движење, стегање и опуштање на моќните мускули на животното под тебе. Важно е да знаеш дека можеш да го управуваш, ако почувствува дека не си достоен газда веднаш ќе те фрли,“ рече Тома, „Како какапулт!“ дополни малиот, зашто ја знаеше приказнава на памет и секогаш преслатко го грешеше зборот. „Токму така,“ се насмевна таткото. „Дали мене ќе ме однесеш некогаш да јавам?“ го праша малиот. „Секако малечок, секако,“ мораше да го лаже таткото, зашто на децата им требаат соништа. „Ах!“ крикна во себе Тома. „Зарем заборави на мисијата? Имаш само една задача, а тоа е да пишуваш и ништо повеќе,“ се прекоруваше себеси заради нерешителноста. „Мамо!“ викна, на што мајката влета со брзина на светлината, како сè уште да стоеше пред вратата. „Ајде тури едно новомакедонско кафе!“ Таа замина со насмевка на збрчканото лице и од другата просторија се слушна забрзан чекор, полнење на ѓезве со вода и наскоро звук на крцкање од допирот на воденото дно од садот со загреаната плочка од шпоретот. Тоа беше звукот на денот што претстои.


54

Стави хартија во машината и почна да чука како споулавен. Пишуваше без престан, со часови, до мугрите. Мајка му влезе неколку пати вечерта, не му зборуваше ниту го прашуваше нешто, само му носеше храна и пиење. Тој прифаќаше без збор. Изутрината легна и пред да заспие таа повторно влезе. „Не треба да одиш на работа?“ го праша зачудено. „На боледување сум мамо,“ ѝ рече. „Навистина, зошто не ми кажа?“ рече загрижено таа, но не го ни дочека одговорот, а веќе навлезе во едниот од своите монолози како што прават луѓето кои живеат сами и не се навикнати на размена на мислења. „Ете, ништо не зборуваш со мене. Ме исклучуваш од твојот живот како да не постојам.“ „Полека, не се возбудувај, не е ништо особено. Старите болки,“ одговори тој. „Ах, па тогаш не би требало да седиш толку,“ го прекори. „Е па еве лежам, ама ти не ми даваш да спијам,“ рече малку остро и веднаш потоа зажали, но веќе беше доцна. „Само ти одмори, не грижи се за мене,“ рече мајката и ја затвори вратата. Пред да влезе во светот на боите и слободата какви што ги немаше во неговата Држава, Тома размислуваше за мајка му и за тоа дека тој, нејзиниот помал син, беше единственото нешто што ѝ остана на светов. Пријателките се плашеа да се дружат со неа поради нејзиниот постар син кој живее кај непријателите и заради нејзините антидржавни забелешки во неврзан муабет. Поле-


55

ка сите се оддалечија од неа и таа остана сама во својот изолиран свет. „Слоботке, внимавај што зборуваш, ѕидовите имаат уши,“ ја тешеше последната пријателка пред и таа да излезе од нејзиниот живот. А на Слоботка не можеше да и биде помалку гајле. Сонуваше за тоа и таа да замине преку граница, но не можеше да ги остави синот и внуците да страдаат. Реши да се жртвува за нив како што се жртвувала цел живот. Можеше да замине ако сакаше, познаваше начини, постарите луѓе понекогаш ги пуштаа да заминат без проблеми. И така беа на товар на Државата. Сопругите на борците во Ослободителната војна примаа воена пензија, а оваа сопруга плукаше на секој новоденар што го добиваше. Нејзиниот маж беше принуден да се бори и загина за нешто во што не веруваше. Таа, сепак, мораше да живее од нешто. Тоа беше нужно зло, како и повеќето работи во Државава. Мајка му веќе одамна беше заспана во другата соба, а Тома сè уште се мачеше да затвори очи. Се вртеше како некое куче што мора да направи безброј кругови дур се смести. На Тома му недостигаше неговото гнезденце, никој на светот не знаеше колку многу. Му го кинеше срцето секој миг поминат без нив, но еден ден ќе дознаат зошто го стори тоа. И тогаш сè ќе биде во ред. Тома се преврте на десната страна како и секогаш пред заспивање и се препушти на слаткиот сон. Второто поглавје од Спасението беше завршено.


56

* * * Премиерот остана внатре со другите Државници, а научникот и службеникот стоеја надвор. Никола не знаеше што го чека следно, доби малку одговори, а се поставија многу нови прашања. Вратата повторно се отвори и по нив излезе таа. „Здраво, јас сум Вера, државниот советник за наука.“ „Убава и паметна, премногу добро да биде вистинито,“ помисли Никола за себе, но наместо тоа рече: „Драго ми е, јас сум господин Слејт,“ и се поклони, бакнувајќи ~ ја раката. „Навистина сте господин, но секако на сите ни е познато вашето име,“ рече таа и го фати под рака. Службеникот остана зад нив. „Вашата работа е навистина фасцинантна и вашите машини може да ~ помогнат на Државата. Лично ги испитав сите нацрти кои ми ги донесоа и навистина не ми е јасно зошто не сте ги пријавиле патентите во ДИП24.“ „Но, тоа не се мои цртежи,“ протестираше Никола и веднаш се покаја зашто таа застана, го погледна збунето и му ја пушти раката. „Мислам мои се,“ се поправи, „машините се мои, идеите се мои, но цртежите не се. Не знам кој и како ги набавил, но јас не сум ги направил.“ Таа воздивна и продолжија со прошетката. „Тоа не е битно. Битното е дека вие сте авторот и тоа е причината зошто сте тука,“ рече додека се движеа долго по еден простран ходник кон врата слична на онаа кај халата за состаноци. 24 Државниот институт за патенти


57

Влегоа во голема хала и повторно пред нив се отвори пејзаж на висока технологија недостапна за јавноста. Стотици службеници беа испоседнати пред го­леми монитори. Кога влезе Никола неколку од нив се свртеа во неговата насока и почнаа нешто да шепотат. Никола можеше да се заколне дека гледаа токму во него, но толку брзо се свртија назад, како да беа опоменати од невидлива рака, што не можеше да биде сигурен. На мониторите имаше многу поделени слики на луѓе во домашна атмосфера или луѓе на работа... еден редеше кутии во магацин, друг влегуваше дома и ги бакнуваше децата, трет пушеше скриен во некоја уличка. На тоа делче од екранот веднаш засвети црвено светло. Вработените се мобилизираа, почнаа да вртат телефони, настана голема гужва. Сите втренчено гледаа во екранот, додека човекот лежерно уживаше испуштајќи крукчиња од чад. Во просторијата беше толку тивко што ќе се слушнеше и мува во лет. Чекаа и чекаа... и тогаш во сцената на екранот влетаа неколку Довци25 и го зграпчија човекот, кој преташе и изгледа се правдаше или ги молеше за милост. Екранот остана празен и шпионите се ракуваа помеѓу себе пропратено со победнички извик. „Еден помалку,“ викна некој и сите го поздравија. „Мислев дека...“ рече Никола со недоверба. „Мислевте дека не го набљудуваме државјанството,“ рече со насмевка. „Е па сте грешеле. Иако, не ги набљудуваме сите, само тие што сметаме дека се интересни, а тоа значи дека или претставуваат опасност 25 Припадници на ДОВ, Државните органи на власта


58

или може да имаме корист од нив. За ваша среќа вие сте од вторите.“ Излегоа од просторијата за набљудување на државјаните и влегоа во некаква гаража. Внатре имаше многу мали колички без врати кои наликуваа на количките за голф од минатиот систем. Голфот, се разбира, како и сите спортови во Државата беа забранети. Спортот се сметаше за рекреација, а тоа е речиси забава. Државата немаше репрезентации и тимови затоа што тоа подразбираше натпревари, навивање, обожаватели на клубови и слично. Во Државата единствената ѕвезда беше самата таа и нејзините функционери, никој немаше потреба од разновидност и други идоли за младите. Навивачите од минатото и милионите фанови на клубовите беа заменети со едно нешто. Така беше поедноставно за сите, сметаа Државниците. Никола и Вера влегоа во една од количките и го забрзаа движењето низ халата. Влегоа во еден долг и тесен ходник со само една врата на крајот. Вратата беше толку далеку што изгледаше небаре како врата за глушец. На плафонот имаше неонки на секои неколку метри и Никола ги броеше, еден, два, три.... додека стигна до осумдесет и два беа пред вратата, а Никола не ни забележа дека целото тоа време не проговорија ниту еден збор. Дури тогаш сфати дека влезот е всушност врата од лифт. Излегоа од количката, Вера го повика лифтот и влегоа внатре. Вратата од лифтот се затвори и Никола се запраша што ќе стане со количката, дали некој ќе ја собере таму или можеби е програмирана да се врати назад


59

по нови таинствени патници во ова необично здание. Лифтот се движеше долго, како уште подолу од оваа утроба на земјата да имаше друга, уште попеколна и позадскриена. Помисли на Данте и неговиот Пекол којшто го читаше како млад. Секако дека во новата Држава т.н. „непрактични книги“ беа забранети, дозволени беа само учебниците одобрени и напишани од органите на Државата и тоа само за напредните ученици. За сите други кои беа дел од електронскиот систем на образование учебниците не беа ни потребни. Нивниот единствен учебник и учител беше сивиот екран и едноличните лекции повторувани со метален глас на кој учениците одговараа во хор како да ги рецитираат државните одредби. Никола сепак успеа да зачува и скрие неколку книги од својата младост помеѓу кои беше и Пеколот. Се прашуваше во кој круг од пеколот го водеа, а секако првиот беше над земјата. Остануваше да види само дали најлошиот е горе или долу. Таа книга за него имаше посебна вредност, издадена кон крајот на предминатиот век, вредно антикварно издание што Никола не можеше да дозволи да биде уништено. Понекогаш неговата сентименталност не одеше во пар со строгиот логички научен ум. Тогаш помисли и на мачката Дона, што ли прави сама и дали го бара него. Храна има доволно, тоа не го загрижуваше. Таа е умна и самостојна и знае да се грижи за себеси, но еден дел од него посакуваше да ја земал со себе зашто бавното движење на лифтот и неговото крцкање додека пропаѓаше низ гркланот на ѕверот не му влеваше сигурност.


60

Вера молчеше и ги гледаше бројките како се менуваат на екранот. Никола почувствува потреба да каже нешто. „Колку сме длабоко?“ ја праша. „Подобро за вас да не знаете,“ рече таа и го погледна како да сака да го заштити од вистината, но истовремено како нечујно да изговараше „Јас се каам што знам.“ Лифтот конечно застана со чкрипење кое откриваше дека тајната што ја чуваше е стара можеби со децении и вратата се отвори откривајќи нов ходник пред нив. Овој се разликуваше, не беше безличен, правоаголен и безбоен, туку заоблен и сив, како да беше обрабен со измазнети карпи, Никола не можеше да биде сигурен. Застанаа пред блиндирана врата и таа ја пружи раката кон ѕидот. Оттаму излезе плоча и таа ја положи дланката врз неа. Машината ја скенираше раката и вратата се отвори. „Добре дојдовте д-р Верова,“ ги испрати гласот на машината. „Моите беа многу побожни,“ рече таа како да му ги читаше мислите, но од друга страна веројатно премногу пати била прашана за чудната комбинација на нејзиното име и презиме. „Се разбира тоа беше пред времето на просперитизмот.“ „Се разбира,“ потврди Никола и забележа треперење во нејзиниот глас кога ги спомна родителите. „Но, ме чуди што ви дозволиле да го задржите... мислам премногу е сугестивно, ако не ви пречи така да се изразам.“ „Воопшто, но како што знаете, ние со повисоко образование од другите имаме секакви привилегии, ете


61

и вам ви било дозволено да се занимавате со наука во слободно време,“ рече Вера. „Како знаете,“ посака да каже Никола, но веќе му беше јасно дека и неговиот дом се наоѓа на еден од екраните во просторијата за набљудување. Влегоа во огромен хангар поделен на секции, одделени со стакла. Во секоја секција се извршуваше некој експеримент или луѓе во бели мантили работеа на различни машини. „Ова се нашите проекти,“ рече таа гордо. „Тука има многу работи кои би ве интересирале.“ Никола можеше да препознае делчиња од машините, ротори, електромотори, индуктори, катодни цевки и други различни елементи, но машините во целина не ја откриваа лесно нивната цел. Поминаа десетици простории и застанаа пред една. „Колегата Брејнов работи на апарат за моментален транспорт на честички на далечина,“ рече Вера. „Телепортер?“ праша зачудено Никола. „Да,“ потврди таа. „Д-р Брејнов ќе биде ваш сосед. Еве сме кај вашата секција. Мислам дека пријатно ќе се изненадите,“ заклучи. „Испружете ја раката кон плочата десно од вас.“ Ја послуша, а плочата се доближи и ја скенираше неговата дланка. Вратата се отвори на општото чудење на Никола. „Зошто токму мојата рака би отворала некоја врата тука?“ Внатре го чекаше нешто уште почудно. На стаклените ѕидови беа проектирани неговите, т.е. нивните скици од неговиот најнов проект. Како дошле до нив беше надвор од неговите најлуди сништа, бидејќи последниот проект беше започнат само во неговата


62

глава, не постоеше модел, ниту шраф од него. Дел од проектот веќе беше направен, поточно делот што го имаше визуелизирано. „Но, како?...“ изусти. „Како да ви ги читаме мислите, нели?“ рече таа со сезнајна насмевка. „Па, да...“ одговори Никола. „Всушност и ви ги читавме,“ објасни Вера. „Тоа е дел од Проектот ТЛ665.“ Никола беше стаписан и како на научник веројатноста за постоење на таква машина му се чинеше неверојатна. Беше потребно да се совладаат премногу варијабли за да се состави таква машина, а уште помалку шанси имаше да работи ефикасно. „Ми се чини дека не ми верувате. Имаме шпионска технологија, приемниците ни даваат с` што сакаме да знаеме за секој кој н` интересира, нели. Но, вие сте поинакви,“ рече Вера, а Никола се насмевна по малку гордо. „Да постоеше друг начин колегите ќе го стореа тоа, но вие мошне добро ги криевте вашите идеи, никакви записи, модели, експерименти,“ додаде таа, “бевте навистина фасцинантен случај, речиси легендарен во нашиве редови. За вас постоеја секакви шпекулации и се зборуваше во сите оддели. Затоа ве контактираше лично Премиерот,“ заврши Вера. Никола веќе не знаеше дали да се гордее на себеси или да биде револтиран поради таквото нарушување на приватноста. Се знаеше дека во Државата не можеше да правиш с` што сакаш, а кога-тогаш да не дознаат за тоа. Но, едно е да те набљудуваат, друго е да ти ги читаат мислите.


63

„Да, но затоа ми ги украдовте мислите, не се чувствувам особено почестен заради тоа,“ се пожали Никола. „Ве разбирам, но кога ќе ја дознаете целата приказна верувам дека ќе ви се смени мислењето,“ заврши таа. „Засега ќе ве оставам да се запознаете со просторот и да разгледате. Имате ли други прашања?“ „Би сакал да знам,“ го кажа првото што му падна на ум, “ако веќе претпоставиме дека можете да ми ги читате мислите, зошто не ја завршивте сами машината на која претпоставувам сакате да работам?“ „Сметаме дека овој комплекс ќе ви овозможи да го постигнете својот потенцијал, да го направите вашето најголемо дело за Државата кое ќе ги надмине сите ваши претходни. Вашиот проект се вика MК-Ултра2020,“ одговори Вера. „Како тоа, мојот проект?“ збунето праша Никола. „Вашите прашања ќе добијат одговори, ве уверувам во тоа,“ смирено одговори таа, „засега ве замолувам, ете во името на нашето ново пријателство, да ги сочувате за подоцна. Вечерва ќе ни бидете гостин и би сакале да се чувствувате како дома. Ќе ве оставам да разгледате, верувам дека тука ќе најдете многу интересни нешта кои како научник ќе ве инспирираат.“ заврши Вера и зачекори кон вратата. Пред да се отвори и таа да замине му рече: „Се гледаме наскоро.“ Вратата се затвори зад неа и Никола остана сам. Воздивна длабоко и погледна околу себеси. Прва вниманието му го привлече машината која беше во центарот на големата просторија. Ја разгледа и по внимателното проучување заклу-


64

чи дека навистина станува збор за неговиот мисловен експеримент на којшто работеше изминатите месеци. Некои делчиња беа утнати, изгледаше поинаку како целина, но тоа дефинитивно беше неговата машина. „Зошто ја направиле 10 пати поголема отколку што ја замислував?“ веднаш се запраша. „Можеби машината за читање на мислите и не им работи баш најдобро.“ Никола помина неколку часа во лабораторијата, разгледувајќи ги скиците и машината. Дефинитивно откри неколку грешки во препишување кои ги направиле невештите шпионски раце и работеше на нивно поправање. Не беше навикнат на таквиот начин на работа. Во неговата глава машините беа совршени. Секое делче имаше точно определено место и функција, а целината работеше беспрекорно. Ваквиот начин на работа му се чинеше рудиментиран и рацете несмасно се обидуваа да ги склопуваат елементите чија цел ја знаеја, но не знаеја како да дојдат до неа. Се обиде да побара помош во скиците. Тие беа проектирани директно врз стаклата на лабораторијата и можеше да ги прелистува со движење на раката, што веднаш му се допадна бидејќи наликуваше на начинот на кој тој ги „прелистуваше“ неговите ментални слики. Ја доближи шемата на моторот. „Дали можеби?...“ помисли. Се обиде со рака да придвижи еден од роторите и тој го послуша. Не му се веруваше. Токму како во неговите визии. „Зарем е можно оваа машина за читање мисли освен содржината на мислите да ги реплицира и мен-


65

талните процеси?“ се запраша. Научникот во него ја почитуваше замислата и остварувањето на машината за читање мисли, човекот во него ја презираше. Скиците му помогнаа да ги решава практичните проблеми побрзо, само рацете требаше да се навикнат на несовршената несмасност која ги спроведуваше нервните импулси од мозокот, преку мускулите кон движењата на прстите. Алатките му се лизгаа од рацете, а делчињата од машината беа непослушни како мали деца кои колку и да ги тераш да направат нешто одбиваат да се покорат. „По Државата!“ викна Никола и го фрли шрафцигерот преку просторијата каде што одекна со метален ѕвекот. Отиде да го крене привлечен од необичниот звук и таму во темниот крај на лабораторијата пронајде две роботски раце со големина на возрасен човек. Наликуваа на оние роботи што ги имаа во фабриките за возила и оружје што ги познаваше од сликите во книгите кои му беа достапни како на професор. Едвај ги довлечка тешките машинерии до средината на лабораторијата и ги постави од двете страни на машината. Беше сигурен дека планот ќе му успее иако немаше никаков практичен доказ. Но, тука веќе виде доволно луди работи за да поверува дека е возможно. Со рацете повторно ги придвижи скиците врз екраните и стигна до проекцијата на машината. Покрај машината сега јасно ги гледаше и двете роботски раце. Направи движење како да ги вовлекува сопствените раце во роботските и тие спонтано се активираа. „Ха!“ крикна од среќа Никола и се почувствува небаре нивни господар. Мрдаше среќно со новите роботски раце во некаков несмасен виртуелен кибер танц и по почетните изливи на среќа се фрли на работа. Рабо-


66

теше врз екраните, а секоја негова мисла и движење роботските раце ги следеа беспрекорно, ракуваа со алатите како вистински професионалци и ја склопуваа машината од неговите соништа. Никола лудо се забавуваше. Изминаа сигурно неколку часа откако Вера го остави во лабораторијата. Веќе ја чувствуваше целата тежина на роботските раце од по неколку стотици килограми и заморот во нивните хидраулични механизми. Реши да одмори. Само таа вечер имаше завршено повеќе отколку во изминатите недели и што е најважно машината веќе не беше само во неговите мисли туку и во реалноста. Тогаш сфати дека всушност не ни знае дали е вечер или утро, дали изминале неколку часа или можеби е нов ден. Во лабораторијата немаше часовник и не можеше да знае колку е часот. Посака да му мавне на научникот до него, но тогаш сфати дека стаклата на лабораторијата се непроѕирни, односно дека не ги гледа научниците што ги виде однадвор. Се чудеше како до сега не го забележал тоа, но толку беше задлабочен во откривањето на магијата на лабораторијата што с` што беше надвор од неа не му привлекуваше внимание. Помисли дека веројатно и другите научници не можеа да го видат него. Отиде до вратата и ја испита од сите страни, но никаде немаше плоча за скенирање отпечатоци, ниту рачка. Ја пружи раката, ништо. Почна да чука по стаклата, но никој не се јави. По некое време почна да ја губи смиреноста, па го фати паника, мозокот почна да му ита, но не можеше да најде решение. Тогаш му текна.


67

Го зема големиот клуч од масата за алати и прво посака да удри по стаклото, но потоа се упати кон машината. Тоа сигурно ќе им привлече внимание, размислуваше. Замавна. „Д-р Слејт,“ се слушна метален глас. На едно од стаклата ја здогледа Вера. Го спушти клучот. Таа беше некаде, во некоја канцеларија и очигледно го набљудуваше, можеби и цела вечер. „Нели би претставувало голема штета за сите нас да уништите толку прекрасно уметничко дело,“ рече Вера со умилен глас, а Никола се зачуди на зборот што го немаше слушнато можеби со децении. Уметничко дело, забранет поим и концепт во Новото време. Се чудеше што токму висок претставник на Државата го користеше и токму за опис на еден експеримент и безживотна машина. „Г-ѓо Вера, зошто не можам да излезам?“ ја праша изиритирано. „Можам ли да преминам на ти?“ го праша ненадејно, а тој потврди со главата. „Се надевам ќе разбереш,“ рече таа со смирувачки глас, „но проектот на којшто работиш е државна тајна и никој од надвор не смее да дознае.“ „Тоа е во ред, но тоа што ме затворивте без моја волја не е во ред,“ рече вознемирено. „Сосема те разбирам, но гледај на тоа вака,“ рече таа смирено. „Отсекогаш си сакал да направиш нешто монументално и имаш капацитет за тоа. Но, што те спречувало? Си морал да предаваш на факултет за да опстанеш. Во слободно време си создавал машини со ограничени средства и примена за која си можел да мечтаеш само ти. Сега имаш неограничени сред-


68

ства и време колку што сакаш. Можеш да го оствариш твојот сон,“ го заврши таа нејзиниот говор. „Да, но не по цена на слободата,“ рече малку посмирено Никола. „Која слобода?“ го праша таа. „Осаменоста и немањето пријатели? Дружењето со улична мачка што од неоправдана сентименталност ја прибра дома? Секој слободен момент го користеше за истражување. Ние ти го нудиме истото, заедно со бесплатна храна, сместување и дружење со луѓе кои се достојни на твојот ум. Ако ја уништиш машината нема да н` повредиш нас, туку само себеси и својата иднина.“ „Да, но...“ рече, сега веќе помалку сигурно Никола. „Верувај ми, за твое добро зборувам, сите прашања ќе бидат навремено одговорени, те молам преспи сега, ќе зборуваме утре.“ Екранот се исклучи. „Да преспијам,“ зачудено праша Никола, но на местото на темниот екран веќе имаше нова проекција. Планински пејзаж, жубор на поток и звук на птици. Никола беше премногу изморен за да се бунтува и да стори што било радикално таа вечер. Премногу работи се случија. Белким утре ќе го пуштат, помисли, но тоа веќе се чинеше с` помалку веројатно. Можеби ќе преговара со нив, да го пуштаат дома барем заради мачката, па да се враќа и да работи на машината... но, Вера рече дека не можат да дозволат тајната да излезе надвор. Се надеваше дека ќе му веруваат, зошто би ги кажал државните тајни некому, и така не зборуваше со никого, плус не би ризикувал да ја пропушти шансата да работи на неговата ценета машина. Ќе ги убеди тој, имаше план.


69

Проекцијата му привлече внимание. Наеднаш во главата му навреа сцени од викендите кои ги поминуваше на планина, покрај река со својата прва љубов. Сликите беа толку јасни како тоа да беше вчера, нејзиниот мирис измешан со мирисот на бор и жуборот на водата... тогаш се штрекна од мислите и строго се прекори. „Никола, будало, зарем не сфаќаш дека тоа е само една од нивните тактики!“ Посака да удри по проектираниот пејзаж планиран да допре до неговите скриени и одамна заборавени емоции, но во тој момент зад него се придвижи едниот од ѕидовите. „Што ли е сега?“ помисли. Ѕидот откри кујна, купатило и спална, наместени според најмодерните државни трендови. Нешто што го имаше видено само на мониторите во својот неуреден и неугледен дом како некој вид реклама за стандардот што го даваше Државата на тие кои ~ служеа верно и неприкосновено. Такви домови имаа само повисоките членови на општеството кои правеа дела корисни за Државата. Пријде до фрижидерот и го отвори. Внатре имаше с` и сешто. Пиво, вино, сокови, јајца, кавијар, зготвени јадења... дури и торта. Такво мени не видел од времето на славите кај дедо му кога се собираше целото семејство и се пееше до доцна во ноќта. Тогаш неговиот чичко ја вадеше гитарата и свиреше а дедо му пееше. Правеа добар дует, но татко му секогаш наоѓаше причина да ги критикува и ги исмеваше како „фалшираат“. На малиот Никола баш убаво му звучеа, а уште поубаво изгледаа нивните насме-


70

ани и весели лица ослободени од грижи. „Кој пее зло не мисли,“ велеше дедо му. Долу имаше неколку тегли и на едната пишуваше Новомакедонски државен ајвар. Не му се веруваше. Ајвар не јадел од дете, а не ни знаеше дека постои таков производ, па уште и произведен од државата. Ја извади лименката пиво и на неа пишуваше Новоскопско пиво, со препознатливиот државен симбол на едно моќно авторитативно црно „М“ во бел круг во црвен квадрат. Тој симбол го знаеше секој државјанин и ја красеше секоја зграда, пропагандно пано, се наоѓаше во ќошот на приемниците, а државјаните беа должни да го истакнуваат на прозорците од становите и внатре во домовите да имаат слика од Премиерот. Но, иако тој симбол се наоѓаше на секој производ на Државата, во општа употреба немаше алкохол или некои традиционални домашни производи како ајвар со истиот знак. Го зграпчи ајварот, една лименка пиво и едно парче домашен месен леб од кутијата за леб и ги стави на масичката до каучот во оној дел од лабораторијата што требаше да имитира дневен престој. Се фрли на јадење и уживаше, навистина, првпат по долго време уживаше во јадењето. Беше навикнат да јаде минимално. Колку што му треба за да преживее. „Толку е добро,“ помисли, „проклето државно добро!“   * * * Боледувањето на Тома заврши успешно. Здрав како дрен, но што е побитно и со готов ракопис спремен да


71

ја види светлината на денот. Не беше лесно, особено отсуството од дома, но беше нужно. Се прашуваше што мислат децата за него. Дали му се лутат. Сигурно. Не е лесно да растеш без еден родител, тој многу добро го знаеше тоа. Но, исто така беше свесен дека жените се грижат за своите потомци по секоја цена, па дури и по цена на сопствениот живот. Знаеше дека ги оставил децата во добри и сигурни раце, посигурни здравје. Беше подготвен да се врати дома, но пред тоа сакаше прво да се осигура дека неговото ремек-дело ќе заврши таму каде што треба. „Порано постоеше едно движење во уметноста,“ му зборуваше татко му на Тома, толку одамна што му се чинеше како во сон, „кое се викаше Ларпурлартизам, што значи уметност заради уметност.“ Татко му беше силен човек, не само физички, со бујна остра коса како четка и густи мустаќи кои влеваа стравопочит. Под најчесто намуртените веѓи светеа два темни јаглена кои вперени во соговорникот му продираа во душата и не му дозволуваа никаква варијанта на лаги, невистини или измислици. Тој беше вистинољубив и правдољубив. Имаше став за сè, мислење за секоја тема и секогаш му зборуваше на Тома како да е возрасен. Никогаш не го штедеше од вистината. „Тоа е срање,“ не го штедеше ниту од срамотни зборови. „Уметноста е вистинска само ако има општествена улога, ако е некој вид активизам кој тежнее кон промена на уредувањето. Ние сме премногу опуштени во нашиов систем, имаме сè, дозволено е сè. Тоа не е добро. Уметноста ја губи функцијата во еден таков систем и станува хедонистичка.“ Тома го слушаше и се прашуваше за значењето на сите тие магични зборови кои ги разбра мно-


72

гу подоцна со помош на книгите од „тајната“ библиотека на мајка му. Поминуваше часови и денови прелистувајќи ги книгите замислен над новите значења за светот и луѓето. Постоеја цели универзуми на работи кои му беа сосема непознати и за кои Државата не им зборуваше на децата на училиште, ниту на возрасните преку приемниците. Тие универзуми беа исполнети со опасности и неизвесност, но беа возбудливи и Тома уште од најмала возраст се заколна дека ќе ги запознае. Сега беше поинаку, сега веруваше во тоа дека не само тој, туку сите Државјани заслужуваат да ги запознаат. Се врати на работа и освен двајца-тројца никој не го ни праша каде бил и зошто го немало. Прашање е дали, задлабочени над своите темни судбини, воопшто гледаа подалеку од сопствените носови. Врвеа некаде, со хартии во рацете, дестинации и планови, работен распоред, часови возење, незнајни личности кои ги превезуваа зашто најчесто не им ни кажуваа за кого се работи, па ако човекот беше помуабетџија можеше да се дознае нешто повеќе, инаку беше истото, механичко вршење на дејноста определена од Државата, секој ден до денот кога здравјето ќе те издаде, а Државата ќе те закопа на куп со други опслужители. Во мензата на Државното превозно претпријатие каде што појадуваа сите возачи од Источниот дистрикт Тома зборуваше со Хари Чекич, момче вработено пред можеби половина година, но веќе ги познаваше сите како да работи таму со децении. Секако имаше и информации за случувањата од другата страна. „Кај си пријателе, не сум те видел одамна, не доручкуваш ли веќе тука? Мислев си пребегал,“ рече Хари на


73

шега. „Мене искрено веќе не ме држи место тука. Еден ден ќе запалам кола и преку граница,“ продолжи без да дочека одговор, иако и самиот знаеше дека тоа не е возможно. Никој не заминуваше преку граница со автомобил, освен илегално преку планина, но за тоа беа потребни многу пари и врски. Хари беше енергичен, не многу висок, но набиен тип. Изгледаше како во секој миг да е подготвен да тргне во трка, спремен за старт. Кец фризура, избричен, коцкеста вилица и заби од милион непријателски долари. Ги знаеше сите дупки во системот и можеше да те провлече низ нив. „Минатиот пат ми рече дека познаваш некого,“ премина Тома на главното, „знаеш, за пишуваните работи, ти текнува?“ не сакаше да зборува премногу. „Да, како да не,“ подрипна Хари, „мислиш на Хасо Томсон?“ „Па да, мислам дека така се викаше,“ рече несигурно Тома. „Ќе те спојам, нема гајле,“ рече Хари и погледна наоколу, „ама знаеш дека ова место не е добро за таков муабет,“ му намигна. Тома се согласи. „Мислам, види го оној безличнион таму десно, трета клупа од прозорецот.“ Тома тргна да се сврти, но Хари го предупреди. „Само полека, демек гледаш нешто надвор.“ Типот навистина имаше некоја „говедска“ фаца, а и така јадеше, како да ја преживаше храната. „Гледаш на што мислам, нели, права стока,“ рече и се насмевна весело. „Е тој тип братче ти е поопасен од сите оние јаки фаци што те демнат по сокаците и на влезовите од кафаните. Тој е олицетворение на Државата,“ рече Хари и го погледна значајно како да сакаше да рече „Можам


74

да правам ваков муабет со тебе, нели?“ Тома потврди решително како и тој да сакаше да го охрабри и да рече: „Да, од нашите сум, немај гајле.“ „Тој типац ти е брате шпион. Гледаш како јаде и не ја крева главата, мислиш погледот му е закован за тањирот,“ му посочи и Тома навистина го виде тоа. „Е па не е така. Он моментално снима братче, а сигурен сум дека нè гледа и нас двајца. Таквите типови се најопасни, они ќе ти направат проблеми со шефот, ќе те избркаат од работа или не дај Државата нешто полошо. Затоа ти викам, ќе праиме муабет, имам лек за твојата болка, ама некаде на само, на сигурно, ме конташ?“ заврши Хари и Тома се согласи. Се договорија за место, време и секој продолжи на својата страна кон производната лента на животот. Денот му помина во разни возачки задачи, од еден до друг дел од мега-градот Ново Скопје, од Источен дистрикт, до Западен, од север кон југ, сите четири правци на светот. Никогаш не излегуваше од НС26, немаше ни што да се види таму. По војната целото државјанство се пресели во градот, а тој се прошири пет до шест пати, што ги проголта и поблиските градови и села. Другите региони беа практично ненаселени. Источниот дел од земјата претежно се користеше за копање руда. Некогаш, според кажувањата на татко му, тој дел бил најубавиот во земјата. Се сеќаваше дека како мал го носеа по некои планини, шуми и водопади, му се чинеше дека дури имаше и големо езеро. Јасно го чувствуваше мирисот на боровата шума и жуборот на водата, карпите покриени со мов и раката на татко му подадена кон него за да премине 26

Ново Скопје


75

преку импровизиран дрвен мост од стебло префрлено преку двата брега на потокот. „Внимавај да не паднеш,“ викаше мајка му на што татко му се насмевнуваше, а брат му беше далеку пред сите и ги повикуваше да побрзаат. Денес тој дел од Државата беше ненаселен. Копањето на рудите како злато, цинк, олово и други ценети метали сосема ја опустоши земјата и ја направи неплодна, езерата и реките се загадија, живиот свет изумре и луѓето немаа избор. Тие што сфатија на време и избегаа преживеаја, другите тврдокорни домородци заљубени во родниот крај пцовисаа како рибите во загадените реки и езерата. Љубовта убива. Јужниот дел на земјата се користеше претежно за земјоделство и сточарство, и од него се хранеше Државата. Не дека беше здраво и сите претпоставуваа дека се користеа секакви хемикалии за зголемување на производството, но беше домашно и како такво мораше да биде најдобро. Секој Новомакедонец цврсто веруваше во тоа. Западниот дел беше претворен во индустриска оаза, таму се произведуваше сè, од шајки до локомотиви. И секако тајниот дистрикт за производство на оружје. Сето тоа беше јавна тајна, секој знаеше, но истовремено никој не знаеше со сигурност. Индустријалците, како што ги нарекуваа државјаните беа високо специјализирани луѓе кои работеа во таа зона и ретко доаѓаа во градот. Но, она што беше сигурно е дека „религијата“ на просперитизмот беше жива и здрава и секој ден сè посилна. Сите градби од минатото, цркви, џамии, споменици беа пренаменети за конкретните производства.


76

Во центрите на овие делови од Државата живееја само специјалци, обучувани за конкретните задачи. Сè друго што можеше да се извршува без човек го работеа државните автоматрони, машини кои вршеа работи за кои не е потребна човечка интелигенција и не беа непредвидливи како луѓето. Системот функционираше и работеше добро. Немаше потреба од измени. Се сретнаа со Хари во еден од јавните паркови кои ги имаше сè помалку и каде што знаеше дека нема да ги слушнат. Природата во мега-градот беше ретка и непосетена. „Коров, корења, кал... трите К се минато, прашина, бетон и корисна фабрика се нашата сегашност и иднина,“ беше рефренот на една од омилените детски песнички на син му, што се даваа на приемниците во детските термини. „Ја имаш ли робата?“ Хари веднаш премина на работа. „Не, ама имам нешто подобро,“ рече Тома и извади купче пари. „Така играме, а?“ се насмеа Хари, „попаметен си отколку што мислев. Ок, значи сакаш сам да ја предадеш робата. Право да ти кажам, посигурно е така, денес не знаеш кому да му веруваш,“ изусти додека ги броеше новоденарите и ги пикаше во внатрешниот џеб од јакната. „И... ќе ми кажеш каде да го најдам фамозниот Хасо?“ беше нетрпелив Тома. „Значи вака,“ стана сериозен Хари, „си бил ли накај Кваркашки, знаеш она местото каде што има сè, од кваркови до домашни апарати за фузија, од игла до локомотива како што би рекле во старо време?“ го пог-


77

ледна Хари како да зборува со дете. Претпоставуваше дека Тома е премногу наивен за да знае за такво место. „Да, имам поминувано, но зарем не е илегално да се престојува таму?“ праша Тома. „Исто колку што се илегални нашине кафани,“ се насмеа Хари. „Таму ќе го најдеш Хасо, не можам да ти кажам точно каде, го менува местото од време на време за да не го фатат, ама ќе се распрашаш,“ додаде. „Во ред, тоа е сè?“ рече несигурно Тома. „Верувај ми, нема шанси да го утнеш, сите го знаат таму. Не би те лажел, па нема да имам образ да ти се појавам на работа ако те излажам,“ го уверуваше Хари. „Во ред, значи го барам него и му ја предавам книгата, што понатаму?“ сè уште беше несигурен Тома. „Е тоа не знам, тоа е работа на Хасо,“ одговори Хари, „него ќе го прашаш. И не заборавај да понесеш „мала пажња“ ко на мене денес,“ му намигна, се поздравија и секој замина на своја страна. Тома се врати кај мајка му, вообичаената рутина на „да не си гладен,“ „како помина прв ден на работа,“ „да не те прашуваа нешто,“ и ред други прашања, заврши. Тома јадеше и легна. Не можеше да заспие. Му се чинеше дека е пред крајот на мисијата и дека не смее да згреши инаку сè е залудно. Не му остануваше друго освен да успее. Или тоа или автомобилот - и во ѕид! Но, што ако Хари го излажал за да му земе пари. Не му личеше на такво момче. Сепак, и покрај неговата снаодливост и отраканост му се чинеше како искрен тип. Па зошто би му ги изнакажал сите оние работи за шпионите и би се довел и себеси во опасност. Сепак веруваше дека помеѓу нив се разви некоја врска, довер-


78

ба заради тоа што двајцата се илегалци, едниот помага да се завршат илегални активности, другиот е писател. Двајцата на различни спектри на антидржавноста, над главите им висеше острица и јажето можеше во секој момент да се скине. Тоа им даваше храброст и ги поврзуваше, барем така веруваше Тома. Хасо беше друга приказна. Него ниту го познаваше, ниту знаеше дали може да му верува. Но, каков друг избор имаше? Ако е препорака од Хари мораше да му верува. Таквите како Хасо најчесто ги интересираа парите и ако му го дадеш тоа што ти го бара тогаш немаш гајле. Тие беа како некој вид остаток или слепо црево од претходниот систем во кој со пари можеше да купиш сè. Денес новоденарот не вредеше ни колку измочана тоалетна хартија. Порано доларите владееја со нивниот свет и го вртеа во која насока сакаа. Ако имаш пари си цар, ако немаш си роб. Просто и едноставно. Семејството на Тома беше некаде помеѓу, средна класа како што се викаше порано. Во Нова Македонија не постоеја такви „класи“ според примањата, туку според практичните вештини. Ако ги имаш и вршиш полезна работа за Државата те качуваа на скалата, ако не, те симнуваа подолу. Но, тоа што другите не го знаеја, а на Тома му беше сè повеќе кристално јасно е дека таа скала висеше над провалија. Сите тие, па и Државниците само се залажуваа дека имаат контрола над сопствените животи и дека воопшто живеат слободно. Сите висеа над амбис и во секој момент можеа да паднат. И Тома и Хари и Ена и Државата на којашто ѝ беше верна. Во меѓувреме весело се


79

смешкаа и си ги туркаа деновите како Сизиф каменот, мит од раскажувањата на татко му. Му недостигаше татко му, неговите приказни и фантастичниот свет во кој го носеа тие. Неговите силни, мускулести раце, широките рамења и строгиот поглед. Кога го креваше и фрлаше во воздухот му се чинеше дека ќе полета високо над светот во атмосфера каде што над облаците навистина постојат световите на античките херои, научниците, уметниците и филозофите за коишто му раскажуваше тој. Понекогаш посакуваше и тој да е така силен, физички и ментално, и да му влее сигурност на сопственото семејство, но за жал, тој беше ситен, слаб и нежен. Ништо во него не влеваше сигурност, ниту оддаваше чувство на решителност. Сепак, ги сакаше децата и своето семејство најмногу од сè и би направил за нив сè што е можно и невозможно. Всушност, токму сега го правеше тоа. Во неговите мисли сè почесто се појавуваше малиот Марк. Замислуваше како го гушка и тогаш му се насолзуваа очите. Јасно, му недостигаше, но ова чувство беше нешто повеќе од тоа. Се грижеше за него и се плашеше дека дури и да успее промената за која тој мечтаеше дека всушност немаше ништо да се смени. Неговите деца беа дел од системот што тој го презираше. Тие беа родени во него, воспитани според неговите вредности и го дишеа секој отровен момент од реалноста со полни бели дробови. ШТО АКО тие се веќе затруени до стадиум кога нема враќање, кога е невозможно да се оправат и да станат нормални? ШТО АКО веќе се осудени и секој негов обид за промена е само очајнички крик на чо-


80

век осуден на смрт заедно со своето семејство? Тома сè повеќе живееше во чувство дека се наоѓа во хорор-филм гледан во претходниот систем од којшто нема излез, ниту среќен крај. Никој не знаеше што ги чека на крајот на патот, но тоа сигурно не беше виножито и весела песна. ШТО АКО ги чека вечна темница која живее во нив, независно од тоа дали ослободувањето ќе дојде или тие ќе одат кон слободата. ШТО АКО Е ПРЕДОЦНА? На Тома му одѕвонуваа тие мисли во главата, како страшен трескот на апокалиптични ѕвона, со часови, што на крај едноставно заспа од изнемоштеност. Го чекаше најголемиот ден во неговиот живот и тој не беше подготвен. * * * Следното утро Никола се разбуди малку мамурен од пивото, но спремен за работа. Не го измачуваа веќе прашањата од минатата вечер. Цела ноќ се будеше и имаше визии за машината и за тоа како би можел да ја усоврши. Мораше да побрза да ги реализира визиите, а подоц­на ќе зборува за договорот што сакаше да им го предложи. Неговата машина требаше да биде генератор на електрична енергија од почвата, еколошка, непресушна енергија. Тоа беше неговиот сон откако знаеше за себе. Луѓето заслужуваа такво нешто. Не знаеше каква промена би донела таа машина во општеството, но се надеваше на позитивна. Сепак, не беше наивен. Знаеше дека таква машина


81

не би ì одела во прилог на Државата. Зошто тогаш таа е заинтересирана за неа? Го исплаши помислата дека можеби ја планираат машината за воени цели или како извор на енергија за некое оружје на кое работи друг научник заробен како него во овој подземен затвор. Но, визијата веќе почнуваше да бледее и мораше да се фати за работа што побрзо. Ги вклучи екраните, ги навлече механичките раце и почна да работи. „Само да видиш како ќе те светнам,“ ~ зборуваше нагалено на машината како некој мачо-љубител на коли кој викендите наместо со семејството ги минува гланцајќи ја и мазнејќи ја својата љубовница, автомобилот. Се разбира дека љубовниците беа забранети, не само морално, туку и според Правилникот. „Оној кој ќе изврши прељуба во мислите е нечесен, но оној кој ќе згреши телесно ќе биде осуден. Државјанину, колку долго можеш да бидеш нечист, а да не се забележи валканата твоја душа и тело?“ гласеше еден од стиховите-членови на Правилникот. Навистина ја обликуваше машината како уметничко дело кое претставуваше некоја божица од минатите и заборавени векови. Небаре духот на забранетиот Микеланџело дејствуваше преку механичките раце и го обликуваше совршенството кое ќе влијае на генерации и векови потоа со неговата најголема дарба за човештвото - слободната енергија. И не само неговата Држава, сите држави во светот ќе имаат корист од неговиот изум, а тој веруваше дека на крај ќе сфатат колку се бесмислени поделбите и др-


82

жавите и сите ќе се сплотат во една голема светска заедница на народи и ќе живеат плодоносен и креативен живот со исползување на неговиот изум. Токму во моментот кога го почувствува духот на единството небаре блика од неговото дело, силен звук кој наликуваше на сирена му ги прекина мислите. Во истиот момент вратата се отвори. Никола беше затекнат сред работа и збунето ја набљудуваше отворената врата, така што не знаеше што да стори. Дали се работеше за грешка во системот, или за тревога на која требаше да реагира со истрчување надвор. Но, сирената се огласи еднаш и не продолжи, значи не беше тревога. Несигурно тргна кон вратата. Претпазливо излезе во ходникот и на негово чудо виде дека и другите научници излегуваат од нивните простории. Повеќето беа незаинтересирани за околината и едноставно како државни автоматрони се појавуваа од своите простории и се упатуваа по ходникот некаде надолу. „Здраво, јас сум д-р Брејнов,“ до Никола стоеше малечко симпатично човечуле, околу шеесетина години, со очила како тегли и широка простодушна насмевка. „Здраво,“ му пружи рака Никола. „Телепортер, така?“ му одговори со наместена насмевка. Сепак с` уште се навикнуваше на помислата на тоа да биде затвореник, за разлика од старчето кое очигледно уживаше во можноста да експериментира неограничено. „Така е!“ викна тој возбудено, „очигледно си добро информиран, браво како за геко!“


83

„Молам?“ го праша збунето. „Па кога си нов во војска тогаш си гуштер. Тука ве викаме геко, бидејќи тој е гуштер со посебни способности. На пример, геко може...“ продолжи тој со намера да му држи предавање за гуштерите на Никола. „Знам што е геко,“ го прекина. „Туку кажи ми дали може некако да се извлечкам од тука,“ му намигна Никола. „Ајде по мене, ќе зборуваме во просторот за дружење. Но, да те предупредам, таквите прашања и начинот на кој ги поставуваш, сакајќи да се покажеш паметен, тука може само да ти донесат неволја. Нив ги интересираат твоите резултати, не твојата духовитост, а секој обид за бегство строго се казнува,“ му раскажуваше по пат. Влегоа во една голема просторија. Во нејзиното средиште имаше реплика на диносаурус во реална големина, малку понатаму огромен модел на Сончевиот систем, а целата област беше излепена со тапети кои покажуваа разни концепти од науката, од еволуцијата до периодниот систем, од составот на атомот до Теоријата на големата експлозија. Како да ги земале сите стереотипи за науката и она што го сака просечниот научник и ги исполепиле на ѕидовите на оваа игротека за возрасни. На другите изгледа им се допаѓаше тоа. Двајца во бели мантили се спуштаа по тобоган што личеше на црвја дупка и паѓаа во топчиња кои претставуваа кваркови - волшебен, чуден, горен, долен, врвен, длабински... додека други тројца се прскаа со пиштоли полнети со „квантна пена“. Се чинеше дека сите ја имаа прифатено идејата на ова апсурдно ме-


84

сто и уживаа во секој момент на слободата. Новиот пријател на Никола ја набљудуваше забавата со огромна насмевка на лицето. „Њу Тон, пријателе, внимавај да не се удриш со тој чекан од наковалната,“ му довикна на еден научник кој бркаше друг облечен како огромен модел на уво. „Дека си Брејни,“ довикна трет, а нашиов нов пријател возврати со „Еве сум туки Милк Пастер!“ глумејќи некој непостоечки дијалект. „Што се случува по Државата,“ Никола не можеше веќе да се воздржи. „И зошто глупавиве имиња?“ „Прво кажи ми дали си женет,“ го праша Брејнов, како да не ја забележува неговата вознемиреност. „Не,“ одговори Никола кратко и суво за побрзо да го заврши муабетот. Седнаа покрај една фонтана на која пишуваше „Пертетуум мобиле“. „Па ова веќе станува смешно, што бара невозможен концепт во место за наука,“ помисли Никола. „А девојка?“ го провоцираше човечулето. „Да,“ одговори суво Никола, „но не заврши среќно,“ додаде. „Не те прашувам зошто. Кажи ми само кој ~ бил најомилениот научник,“ го праша шеретски тој додека си ги плискаше нозете во водата. Никола не можеше да се изначуди на неговата подвижност со која си ги соблекол чевлите, чорапите и си ги пикнал нозете во водата без тој да го види. „Не беше по науката,“ повторно одговори кратко. „Добро, тогаш актер, кој актер го сакала,“ очигледно лудо се забавуваше да дознава пикантни детали од животот на Никола.


85

„Не знам...“ се подзамисли, „имаше еден детектив, мислам Ник Слејтер се викаше.“ „Ете ти ќе бидеш Никола Слејт, ок?“27 рече тој со огромна насмевка. Никола не му одговори. Активностите околу нив полека стивнуваа. Еден од научниците беше заспал стуткан во една од кривините на голем модел на ДНК, како на висечка лежалка поставена помеѓу две дрва, додека друг дремеше на грбот на сабјест тигар од леденото доба. Како деца, навистина. „Кажи ми дали работи,“ го праша Никола по извесно време. „Што дали работи?“ не разбираше Брејнов. „Твојата машина, дали работи. Дали тука експериментираме за забава на некој перверзен господар или реално постигнуваме нешто?“ Никола го провоцираше Брејнов, а овој с` уште чудно го гледаше. „Не знам зошто си волку огорчен и ме прашуваш глупости. Па како заврши ти тука, јас да те прашам тебе. Како твојата машина е реализирана и чека да ја довршиш? Ти ги прочитаа мислите, нели? Се разбира дека таа машина некој ја направил, како и твојата и мојата. И се разбира дека работи!“ првпат откако се запознаа го виде вознемирен. „Работи и те како!... сепак само на квантни големини,“ додаде. До крајот на слободните активности неговиот нов пријател не изусти ништо. Никола наскоро повторно беше во својата зандана. Имаше нов проект на којшто 27 Заради заштита на приватноста на научникот во оваа книга така е именуван од почетокот на овие записи.


86

можеше да се посвети, неограничено време и ново име - Ник, по Државата! Во деновите кои изминуваа с` веќе почна да се сведува на рутина. Утринска гимнастика, работа на машината, сирена, дружење со откачените научници кои никогаш не оддаваа ништо за местово и сакаа само да зборуваат за своите проекти, работа на машината, посетата на Вера, која почна редовно да доаѓа и да го прашува за неговата работа, но никогаш не нудеше одговори за должината на неговиот престој со стандардното „сите прашања ќе бидат навремено одговорени“ и потоа вечерата и спиењето. Со време престана да прашува, му беше очигледно јасно дека нема да го пуштат во скоро време оттаму. Ја замоли Вера некој да се погрижи за неговата мачка, Дона се вика и многу е мила, на што таа му вети дека лично ќе се погрижи да ја добие најдобрата нега, сепак не можеше да му дозволи да ја донесе во лабораторијата, би било премногу рискантно и правилата не дозволуваа миленичиња. Му остануваше само едно - да работи на машината како на неговото вистинско и единствено „магна опус,“ како што го нарекуваше за себеси. Ги совлада принципите на индукција на електрична енергија од примероците почва што му ги обезбедија. Се работеше за мало, но мерливо количество електрицитет. Тоа беше голем напредок. Не можеше ниту да сонува за такво монументално постигнување во неговата мала трошна куќичка од старовремско доба, којашто по некоја игра на случајноста не беше срушена и претворена во комунални живеалишта. Честопати се прашуваше за тоа и не можеше


87

да даде одговор, дали татко му имаше удел во тоа, но како некој бегалец би можел да има привилегии, или го оставија затоа што веруваа дека ќе имаат корист од него. Знаејќи го прагматичниот карактер на Државата, веројатно второто беше вистинито. Веќе се навикна на ритамот на живеењето во својот затвор. Умееше да распознава за кој дел од денот или ноќта станува збор, иако немаше објективни показатели, ритамот на овој нов живот го научи на нови навики. Спиеше кога му се спиеше, едноставно знаеше кога треба да одлута во мислите, привикувајќи ги геометриските форми го започнуваше својот пат низ мандалата на потсвеста и набргу потонуваше во длабок сон без соништа, јадеше кога беше гладен, но најголемиот дел од времето го поминуваше во работа. За разлика од обичните луѓе, тој немаше потреба од РЕМ фаза во спиењето и спиеше кратко, веднаш запаѓајќи во длабокиот темен свет. Неговите фантазии, илузии и халуцинации го надополнуваа недостатокот од соништа. Беше доцна вечер и вратата од неговата лабораторија се отвори. Влезе таа, Вера. Веќе неколку часа, Никола се прашуваше зошто ја нема и која е причината за изоставување на дневната визита на нејзиниот, како што сакаше да верува тој, омилен пациент-научник. Го зачуди нејзиното отсуство, а колку и да не сакаше да признае му недостасуваше бидејќи се навикна на нејзиното присуство, но уште повеќе го изненади тоа што таа се појави толку доцна, кога тој се подготвуваше да вечера.


88

На вратата не стоеше Вера, неговата претпоставена, со високо крената коса во пунџа и тело стегнато во униформа, туку вистинска амазонска жена со долга руса пуштена коса со извиткани прамени, облечена во долг, црн вечерен фустан со голем цветен брош кој покриваше дел од нејзините гради. Другиот дел беше добро, и очигледно намерно, видлив, како и нејзината нога која ѕиркаше низ високиот шлиц на фустанот. Стоеше потпрена на рамката од вратата во поза на вистинска фам фатал, му навираа сеќавања на старите ноар филмови. Никола подголтна и остана стаписан од таа глетка којашто ги засенуваше сите други објекти во просторијата, дури му парираше на вајарско-научничкото дело како неговата машина. Првпат, јасно и недвосмислено, го забележа нејзиното извајано тело од рацете на мајката природа. Сите колеги научници знаеја дека Никола имаше развиено симпатија кон неа во текот на месеците додека престојуваше таму. Честопати зборуваше за неа, колку е коректна, внимателна, трпелива, дека никогаш не го повишува тонот кон него, дека, иако не му одговара на прашањата за евентуалното заминување, а како би можела, па и таа одговара пред некој друг, сепак е љубезна со него и, му се чини дека искрено се грижи за него. Би можело да се рече дека развија пријателски, дури, Никола би рекол, и повеќе од пријателски односи. Но, сега првпат ја виде во новото издание, и не можеше да се залажува, му се допаѓаше, навистина му се допаѓаше. Совршените локни потскокнаа врз нејзините витки рамења кога зачекори кон него, но потоа застана и, му се причини, срамежливо, како да


89

се прекорува што влегла без дозвола, праша, насмевнувајќи се. „Може да влезам?“ „Секако,“ Никола се обиде да глуми незаинтересираност, бидејќи не сакаше да ја покаже својата возбуденост. „Само што се подготвував да вечерам,“ рече неповрзано. “А...“ се сепна таа, „да дојдам друг пат тогаш?“ „Не, не,“ скокна Никола, „никако, повели, слободно, може заедно да вечераме.“ Никола веќе изгуби секаква контрола врз смиреноста, на што таа се насмевна и седна на каучот во делот за живеење. Прелетуваше со очите наоколу. „Извини, лабораторијата е во неред, баш сега истражував за...“ но, таа го прекина. „Баш ми се допаѓа креативниот хаос, но да не зборуваме за работата, седни.“ Го потапка нежно каучот со нејзините долги вити дланки и го повика да седне, а тој без збор се смести до неа, претпазливо и со доза на страв, како што ученик седнува до соученичка, на место каде што го распоредила Државната училишна комисија, на првиот час на училиште. Таа го отвори виното што го држеше во рацете уште откако влезе, заедно со големите чаши, а тој се чудеше како не го забележал до сега. Се работеше за големи чаши за црвено вино, кои одѕвонија како ѕвона кога се чукнаа. Тој отпи голема голтка. „Полека, не сакам да те опијанам,“ рече таа низ смеа, а тој молчеше и нервозно ја држеше чашата која му се чинеше преголема и физички нестабилна. Веднаш почна да размислува за подобар ергономски


90

дизајн на чашата само да не мисли на непријатната тишина. „Слушај,“ таа го прекина во мислите, „доаѓам да те посетам секој ден, но секогаш зборуваме за работата. Кажи ми нешто за себе.“ „Хм...“ рече несигурно тој, „нема што да се каже. За мачката веќе знаеш, таа ми е единствен значаен контакт со друго живо суштество, освен тебе се разбира.“ „Да,“ незадоволно потврди таа, очекувајќи повеќе, но тој немаше намера да зборува за себе. „Навистина нема ништо интересно во врска со мене,“ се правдаше и пивна уште една голема голтка од виното кое полека го опушташе, „с` што е интересно го гледаш во просторијава, оваа машина, тоа е одраз на моите најдлабоки мисли и единственото нешто интересно во врска со мене. Кажи ми за твоите родители,“ ја праша ненадејно и невешто. Тоа сакаше да ја праша уште од мигот кога прв пат ги спомна, но избра грешен момент. Таа се сепна, не очекуваше таков развој на разговорот. Се чинеше дека целата оваа вечер, с` беше дел од еден план, од нешто за што долго размислувала и го посакувала, да го заслепи, да доминира во разговорот, да го маѓепса. Во тој план немаше место за слабост и разговор за нејзините родители. А тоа се чинеше е единствената слаба точка во нејзината силна и стоичка личност. „Па јас... да, тие... не, сепак, да не зборуваме за тоа,“ рече збунето таа спуштајќи го штитот. „Извини,“ се правдаше тој, „не сакав, навистина не ми беше тоа намерата.“ „Не, во ред е... само,“ се двоумеше таа. „Во сите


91

овие години како што живеам и работам тука, никој, никогаш не ме прашал за нив. Ти си прв и тоа е... тоа е навистина внимателно од тебе. Посакувам да те запознаев порано...“ толку можеше да рече и прсна во плач. Нејзиното тело се предаде на неговите раце и тој го прифати. Таа липаше неутешно испразнувајќи ја сета онаа насобрана тага која не можела да ја искаже никому толку долго. Зад фасадата на бесчувствителен службеник на Државата, спремен да се жртвува за должноста, се криеше скршено срце, нежна душа желна за споделување и разбирање. „Прости ми, јас...“ зборуваше таа низ солзи. „Во ред е... навистина е во ред,“ ја тешеше тој. „Никола, прости ми...“ повторуваше таа додека нејзините усни трепереа и полека се доближуваа до неговите. Ја почувствува солта од нејзините солзи во неговата уста кога усните им се споија. Беше толку нежна и топла, толку спротивно од нејзината цврста и ладна надворешност. Нејзиното тело омекна и се припи врз неговото. Лежеа голи во креветот и Никола размислуваше за с` што се случи. Оваа жена до него беше првата која покажа интерес, па дури и чувства за него после толку години. И тоа не беше вина на жените, туку негова. Толку време беше посветен само на себеси и на идејата да им помогне на луѓето, што заборави да ги забележува токму нив, луѓето. На факултет не предаваше на идни практично корисни професионалци, туку на безлични фигури на кои требаше да им пренесе знаење кое тие ќе го применат. Немаше никаков интерес да влегува во интеракција со коле-


92

гите на работа, не ни знаеше кои му се соседите, ниту се поздравуваше со некого. Беа тој, Дона и науката, совршено тројство кое немаше потреба од никој друг. Но, сега тука беше таа, толку силна и светла, што се закануваше да ги засени сите други. Не се работеше само за изминатата вечер. Не, тој беше подлабок од тоа. Во изминатиот период го запозна секој нејзин гест, израз на лицето кога се муртеше, се радуваше или посакуваше нешто, секоја воздишка и нејзините чекори во ходникот кога доаѓаше да го посети. Го познаваше секој милиметар од нејзиното тело уште пред да го види откриено во сета негова, староговорна божественост, голо пред него. Начинот на кој решително ја креваше главата кога беше убедена во нешто или како ја накривуваше кога се чудеше за нешто друго. Му се чинеше дека ја познава толку добро колку што ниту еден друг маж не познава жена. Таа воздивна и се сврте, штотуку разбудена, ги отвори очите и кога го здогледа се насмевна. Тој ја бакна и посака повторно да води љубов со неа, но дури тогаш, а самата таа помисла го ужасна, помисли на проѕирните стакла однадвор. Рипна од креветот. „Не грижи се, ги затемнив во двете насоки,“ рече таа смирувачки и ги пружи рацете со детинест гест кој го повикуваше назад во нејзините прегратки. „Легни малку до мене,“ му рече нежно и тој се стутка до неа како кученце. „Кажи ми, како напредуваш со работата?“ го праша додека нежно му ја галеше косата. „Одлично,“ рече кусо тој. Не му се зборуваше за работата.


93

„Дали успеа да ја пренесеш струјата по безжичен пат?“ го праша и престана да го гали, како да исчекуваше одговор и сакаше да му рече дека од него зависи дали нежноста ќе продолжи. „Да, но само на ограничени растојанија,“ одговори Никола несигурно. „Одлично, работи на тој проблем, тоа е клучно,“ рече таа и нагло потстана. „Што се случи?“ ја праша зачудено. „Ништо драги, само ми текна дека смената ми почнува наскоро, морам да се подготвам. Ти не грижи се за ништо, поспиј си, мора да го одмориш тоа мозоче малку,“ рече таа и стана, облекувајќи го фустанот којшто сега му се виде многу пообичен отколку вечерта. Но, таа с` уште беше убава, дури и таква, разбушавена и со размачкана шминка. Ја набљудуваше додека ги собираше чашите и празното шише вино. „Ќе се видиме повторно?“ ја праша пред да замине, на што таа му се насмевна потврдно и ја затвори вратата. Некое време размислуваше за ноќта помината со неа, за моментите на екстаза каква што не почувствувал во животот, за тоа како ја виде првпат гола, за допирот на испотените тела, прегратките, возбуденото биење на срцето. Повторно го обзема разочарувањето од нејзиното брзо заминување. „Но, како излезе?“ се запраша. Не ја допре вратата со ништо, таа едноставно се отвори. „Сигурно ја програмирала вратата како во случајот со прозорците, да се отвори кога ќе се доближи до неа, да, мора да е тоа,“ си одговори и повторно заспа.


94

* * * Кваркашки се наоѓаше на Источниот раб од градот, неколку километри после последните знаци за излез од цивилизацијата, каде што постоеше илегална трговија со машини, возила и друга опрема. Се претпоставуваше дека Државата знае за овие активности, бидејќи тие на некој начин ѝ користеа. Преку нив се ослободуваше од непожелна роба и на луѓето, повторно како во случајот со кафеаните, им дозволуваше малку да излезат од калапот на предвиденото однесување. Земјиштето каде што се наоѓаше илегалниот пазар беше затскриено зад еден голем ѕид, изграден во времето на војната за да го заштити градот од непријателските сили. Ѕидот се протегаше со километри и долго време сè што беше зад него беше забранета зона, но потоа се отвори и стана рај за илегалците. Пазарот се протегаше на голема површина и немаше некој ред или систематичност. На секоја импровизирана тезга можеше да најдеш сè и сешто. Некои продавачи дури беа трајно населени во таа зона и нивните „тезги“ претставуваа некој вид хибридно живеалиште и продавница истовремено. Другите со поситна стока ја редеа на војнички церади или врз картонски кутии. Се слушаше џагор од сите страни, продавачите се надвикуваа за подобра и поевтина стока. Некои беа агресивни, некои духовити како старчето што извикуваше „Ајде народе, и Премиерот пазари кај мене!“, трети монотоно повторуваа некоја чудна мантра која повикуваше на купување со слоган сличен на државните „Најевтино, најдобро, најквалитетно, само откај мене ќе заминеш среќно.“


95

Тома помина покрај еден старец кој нудеше униформи од последната војна, еполети и воени, староговорно, сувенири. Се помисли дали да го праша, сепак старецот изгледаше доволно невин во толпата сомнителни фаци и тезги со илегални супстанци, оружје и делови за којзнае какви сè не машини, да се чуди човек како сè тоа е оставено, дури и илегално, во нивната толку строга и заштитена држава. „Добар ден,“ му пријде несигурно на старецот. „Здраво момче,“ подрипна старчето пресреќно што некој е заинтересиран за неговата стока. „Повели, повели, можам ли да ти понудам офицерска униформа, прва класа, сочувана од Ослободителната војна, како да не била на фронт, нема ниедно дупче од куршум, одличен квалитет.“ „Ви благодарам, но...“ продолжи Тома со својата намера, “ ми рекоа тука да го барам Хасо.“ Не сакаше да го разочара старчето, но немаше друг избор. „Сигурен си дека не сакаш униформа, ти велам офицерчето што ја носело не поминало ниту еден ден на фронт, тоа ти е јавна тајна, никој од нив не бил во борба, имало доволно топовско месо за арчење,“ го убедуваше продавачот повторно. „Не, навистина ми треба Хасо,“ се извинуваше Тома. „Ах... сите го бараат Хасо деновиве. Да не си прикриен државен службеник, некако така ми личиш?“ рече старчето на шега. „Нема шанси, обичен возач, никој и ништо,“ се прав­ даше Тома. „Во ред, во ред, ти верувам, малку се шегував,“ рече старчето, „но да знаеш стар сум, некаква мрежа ми ги


96

прекрива очите, а и меморијата не ме служи добро. Ама некако прогледувам и ми проработува кликерот кога некој ќе ми купи нешто од тезгава, не знам дали е до значкиве што така убаво светат кога некој ќе ги крене од тезга, просто ми светнува сè!“ го заврши старчето неговиот продажен говор што веројатно го користи на сите муштерии кои бараат информации. „Е па ајде тогаш, да ги земам штом е таква работата,“ рече Тома и му плати на старчето за значките. „Браво бе сине, прогледав заради тебе,“ се насмеа стариот, „Хасо ќе го најдеш право, покрај ѕидот, одиш педесетина метри до една заградена тезга со ограда, има вратичка и ќе влезеш таму. Не можеш да ја утнеш, единствена заградена тезга е,“ му објасни и му посака успешно пазарење со Хасо. И навистина тезгата не можеше да ја промаши зашто таму имаше редица луѓе кои како да чекаа на шалтер во банка. Застана и тој. Човекот до него го погледна и му прозборе несигурно, „Хасо?“ а Тома кимна со главата. Човекот држеше некакво пакетче во раката. Старче од шеесетина години, со испиено лице, капа надената до веѓи и исушени ковчести раце. Пакетчето го стегаше како во него да има невидено богатство. Беше јасно како ден дека парталавото старче немаше никакви пари ниту златници, освен да плати за пакетот сигурно да стигне преку граница, до децата или внучињата. Можеби некоја играчка што ја оставиле во брзање кога бегале надвор, парчиња спомени, веројатно и едно писмо, да ги праша како се во белиот свет, дали се добро и како живеат. Нему му е арно, стар е веќе и не очекува ништо од животот, само тие да се арни.


97

Не очекува ништо од нив, само писмо за тоа како се и поздрав од туѓината. Таков беше животот на повеќето старци чии деца имаа среќа да избегаат. Живееја тивко и осамено, со треперливи раце и свиткан грб, но со зрак светлина дека нивните се добро. Другите што ги имаа своите тука беа среќни, но таа среќа беше лажна. Старчето излезе од просторијата. Очите му светкаа како на момче. Во рацете држеше писмо и го стегаше толку силно чиниш ќе го стутка и впие во телото да стане дел од него засекогаш. Сепак му пишале. Тома беше среќен за него, но само за миг. Тој беше на ред да влезе. На влезот го пречека еден батка кој го испипа детално, за да се осигура дека не носи оружје. Го пипна на незгодно место и Тома се препна. „Полека друже, не ти ја земам робата,“ се насмеа со груб глас батката и го пушти да влезе. Хасо беше средовечен маж, со долга брада и ќелава глава, крупен и сериозен, да не беше во оваа средина или во ова време слободно би можел да биде мудрец, мистик или антички филозоф. „Пушиш?“ го праша Хасо, а Тома одби со чудење. Првпат гледаше човек да пуши на отворено, а особено наргиле. „Не грижи се,“ се насмевна Хасо, „тука нема никој да те оцинкари. Со самото тоа што сме во заборавенава територија на некој начин го кршиме Правилникот на единствената Држава. А башка ова е мојот свет и тука важат моите закони. Што имаш за мене?“ го праша и силно потегна, при што се слушна клокотењето на водата во наргилето и потоа испушти густ чад од устата. Тома го извади својот ракопис на којшто работеше долго и напорно и му го подаде. Хасо го зеде малку


98

невнимателно и почна да разгледува како да корне скапани листови од главица зелка. „Еј, пријателе,“ рипна Тома, обидувајќи се да не го повиши тонот. „Ова е моето животно дело, те молам внимавај.“ „Немај гајле,“ рече, додека наргилето му чадеше од работ на устата, под пожолтените мустаќи, забиена во едно место каде што му недостигаа неколку заби. „Дневникот на еден возач, ме зезаш?“ се насмевна. „Не, зошто?“ го праша Тома збунето. „Па не мислиш ваљда дека си Че Гевара?“ го праша и го потсети на вечерта со Стевоид. „Не, ама мислев...“ се правдаше Тома. „За што се работи?“ праша лежерно Хасо. „За еден научник кој не сакајќи го менува системот, го прави невозможното,“ одговори. „Тоа си демек ти, којшто го менува нашиот систем?“ му се насмевна. „Би сакал, но...“ почна да објаснува Тома, но Хасо го прекина. „Дечко, доволно време сум во работава за да знам како функционираат нештата. Сум го издал и Ли Хаски и Џо Рорвел, кога се криеле од нивните опресивни системи, а кај нас уште имаше слобода, верувај ми,“ го убедуваше. „Што викаш за Новомакедонска Апокалипса?“ го праша. Тома не рече ништо и само потврди. Не разбираше каква врска има неговата книга со апокалипса, башка се работеше за термин што не се користи повеќе според новоговорот, но претпоставуваше дека таму, преку граница, е популарен. Реши да му верува на Хасо, но од друга страна не му


99

беше многу гајле за насловот, сакаше само да се издаде книгата. „А името? Псевдоним смисли ли?“ го праша Хасо додека сè уште ги листаше списите. „Мислев да биде Ник Слејтер,“ одговори Тома. „Аха, детективот од онаа серијана што ја даваа на телевизија порано,“ рече Хасо како да се присети на едно друго подобро време. „Ми се допаѓа. Да не е детективска приказна?“ го праша Хасо додека го запишуваше името до насловот. „Нешто така,“ рече Тома само за да го откачи. Не, не беше детективска приказна. „Добро. Отсега преземам јас, кешарица носиш ли?“ Тома извади едно купче пари што го позајми од мајка му и му го подаде. „Браво, Државата да те продуктови,“ рече и му пружи рака. „Сега што?“ праша несигурно Тома додека стануваше. „Ништо, врати се дома, продолжи со животот, книгава ќе оди на пат, со Господ напред,“ рече староговорно Хасо и му одмавна на Тома дека е слободен. Тома излезе од затворената тезга и се сврте, а внатре веќе беше друг човек на кого Хасо му нудеше да потегне од наргилето. Некое време се шуткаше по пазарот и гледаше низ предметите. Мисијата беше завршена и се чувствуваше празно. Ништо веќе не зависеше од него, туку од Хасо и неговите врски. Судбината на Тома, иднината на неговото семејство и бледата шанса за промена сега беа во рацете на човек кој не изгледаше дека се грижи за ништо друго освен за мрсењето на сопствената брада. Но, тој човек воедно беше идеален за таква


100

работа, бидејќи само таквите како него можеа успешно да ја исполнат неговата судбина. На една тезга купи дрвени боички. Претпоставуваше дека Лиза би сакала да црта, таа беше уметничка душа како него, но тоа беше забрането. По Државата со правилата! Таа заслужуваше да црта и тој ќе ѝ го овозможи тоа. „Филмови, книги, плочи, грамофони,“ викаше еден продавач, „ако не ти е страв, слушај рок прав!“ Тома застана пред тезгата и ја гледаше стоката. „Повели дечки,“ му рече средовечен човек со долга несредена коса, облечен во некакво валкано палто, војнички панталони и калливи чизми. „Земи нешто, има да ти штукне главата. Рокенрол на мојата младост, вакво нешто не си чул, ќе те однесе далеку од Државава во друга сфера, братче,“ го убедуваше. На Тома повеќето од плочите му беа познати од брат му. Тогаш виде една книга за коњи и му засветкаа очите. „Ова колку е?“ го праша човекот. „Еве како за тебе баче, пошто си ми симпатичен, те гледам цениш култура, нека биде илјадарка новоденарска,“ рече човекот со насмевка. Тома му ги подаде парите и ја пикна книгата под палтото. Сега можеше да се врати дома.   * * * Посетите на Вера се зачестија во следниот период. Немаше многу муабет за работата, но сепак тоа беше дел од ритуалот и веќе се чувствуваше должен да ì даде кус извештај за својот напредок.


101

Вечера, вино или малку марихуана, ì помага да се опушти, велеше таа, нему не му годеше. Тој имаше слушнато дека ја зголемува креативноста, а кај него само ја зголемуваше паранојата. Во базата28 беше лесен пристапот до сите илегални дроги. Некои од научниците беа навлечени на тешки супстанци кои ги добиваа од службениците, веројатно барајќи го излезот од реалноста на затворот во којшто се наоѓаа. „Како тоа с` што е забрането надвор, тука е дозволено?“ ја праша Вера една вечер. „Затоа што ние знаеме што не е добро за државјаните,“ одговори едноставно Вера. „Но, ако е добро за нас, зошто не би било добро и за нив,“ инсистираше Никола. „Ние сме поинакви, не е случајно што ние сме тука, а тие таму,“ одговори Вера како тоа да е најприродното нешто на светот, како изгревањето на Сонцето или гравитацијата. Не можеше да разбере како интелигентна жена како неа, која стигнала до една од највисоките позиции во државата може да размислува како обичен автоматрон програмиран да повторува наредба или претходно научена лекција, без трошка самосвест. „Вера, дали се слушаш? Кои сме тоа ние, а кои се тие? Ние сме едно те исто - луѓе кои дишат, пијат, јадат, сонуваат, сакаат добар и достоен живот за нас и нашите потомци. Сите сме дел од едно, еден екосистем, заедно со животните, растенијата и планетата. Таа ќе постои долго откако нас ќе н` снема, многу подолго од нашите верувања. Зарем мислиш дека отсекогаш било вака? 28 База или Штаб на Државата


102

Постоеше и друго време во кое беа убедени дека нивните вредности се апсолутни,“ заврши Никола. Таа го гледаше како да ì зборува на странски јазик. Немаше трошка наговестување дека неговите зборови допреа до неа. Дали е возможно дека мозокот ì е до толку испран, до неможност за промена? „Никола, те молам доста со тие непрактични муабети,“ рече таа во типичен новомакедонски манир. „Те молам кажи ми за машината, тоа е многу позначајно и навистина може да им помогне на луѓето.“ Никола подзастана малку, како да се двоумеше дали да ја избрка надвор или да ја игнорира, но потоа неволно ~ одговори дека сега веќе струјата можеше да ја генерира од секаков извор, дури и од воздух, со собирање на електрицитетот присутен во него и да го пренесе со километри далеку. Барем теоретски, бидејќи во лабораторијата не можеше практично да го испита тоа. § го раскажуваше тоа додека таа со внимание го следеше. Ја погледна во сините очи длабоки како морето од приказните на татко му за патувањата на Одисеј и реши повторно да се обиде да пронајде светлина во нив. „Во право си,“ одговори, „мојата машина е значајна за сите. Замисли, целиот свет да има бесконечна и лесно достапна енергија. Тоа значи завршеток на сиромаштијата, крај на класите и на разликите, прекинување на војните и на неправдите, засекогаш!“ „Секој ќе има доволно,“ продолжи, „и никој нема да има монопол врз работите, зашто енергијата го движи светот. С` е енергија, и ти и јас – само вибрирање на кварковите кои реално не постојат, туку претставуваат различни вибрации кои се материјали-


103

зираат во различна, привидно физичка форма,“ возбудено раскажуваше. Таа го сврте погледот, му се причини дека се обидува да скрие нешто. Потоа се сврте и имаше солзи во очите. Видно се обидуваше да ги сопре. Зарем конечно успеа да ја трогне со приказната за свет без граници, дали е возможно некој длабоко закопан дел од неа да го сонува истиот сон како него. „Тоа би било преубаво, драги,“ го нарекуваше така во исклучителни ситуации. „Но, кажи ми, дали теоријата за пренос на електричната енергија на далеку е практично возможна?“ „Па, да, но засега теоретски и на ограничена далечина,“ одговори тој по малку разочаран за нејзиниот интерес исклучиво за практичната страна на експериментите. Но, и тој како научник беше заинтересиран за ова. „Дали знаеш што значи тоа?“ кликна таа. „Не разбирам?“ збунето праша тој. „Тоа значи дека си подготвен,“ одговори таа. „За што?“ с` уште не разбираше. „Па, за следниот чекор,“ се насмевна таа и стана, се облече и излезе ненадејно како и по секоја нивна средба. Никола наскоро доби порака на ѕидовите-екрани за средба со Премиерот лично. Требаше да се подготви и да го почека службеникот што ќе го одведе до Премиерот. Следните неколку часа ги помина во нервозно чекање, седнуваше, стануваше, се соблекуваше, се облекуваше... очекуваше дека службеникот ќе дојде во


104

секој момент, но немаше ни трага ни глас од него. Кога Никола веќе се откажа и помисли дека некој си поигрува со него, службеникот се појави, ја отвори вратата и рече, „Дојдете по мене.“ Сега не одеа по истиот пат како со Вера. Поминаа неколку врати, неколку ходници, поинакви од претходните, повторно се возеа со електрична кола, но целиот пат беше многу пократок и воопшто не се возеа со лифт. Никола помисли дека го носат во друга просторија, но повторно се најде во истата раскошна палата како претходниот пат. Или подземните патишта не се покоруваа на законите на физиката и геометријата на просторот или добро го маткаа за да не може да го пронајде излезот во случај на обид за бегство. Влезе во салата за состаноци, но Државниците не беа таму, ниту службениците. Неговиот службеник остана надвор. Виде само двајца научници кои седеа и изгледаа збунето како него. Едниот од нив беше Брејнов. Се погледнаа и си кимнаа со главите. „И тебе те довлечкаа тука пријателе, а?“ не издржа а да не се насмее Брејнов. „Изгледа... знаете ли зошто сме тука?“ праша Никола. „Врска немам пријателе, ми стигна порака дека Премиерот сака да се види со мене,“ рече Брејнов, а Никола го погледна другиот од којшто очекуваше повеќе информации. Тоа беше млад залижан тип, со надмена насмевка прикачена на усните како траен декор на неговото мазно аполонско лице. Тој не изреагира воопшто на погледот на Никола, небаре е навистина античка статуа.


105

Премиерот влезе во салата со сигурен и цврст чекор. Сите тројца научници рипнаа. „Седете, седете... нема потреба од формалности, тука сме на пријателска средба,“ рече тој со тон каков што до сега Никола го немаше слушнато од него. Весел и пријателски расположен. „Знаете ли зошто сте тука?“ ги погледна прашално. Сите молчеа. „Во ред, значи не ве брифирале, но уште подобро. Тука сте за заедничка цел. MК-Ултра2020,“ тоа се однесуваше на проектот на Никола, „запознај го ТЛ665,“ рече Премиерот свечено. На Никола му беше позната таа шифра од првиот ден кога дојде во местово. Многу добро знаеше дека се работи за проектот што му ги украде мислите, идеите и го зароби тука. Резигнирано му пружи рака на научникот до него. Млад, самобендисан, токму некој таков би можел да измисли таква ѓаволска машина, помисли Никола. „Психа,“ се претстави другиот. „Молам?“ рече непријателски Никола. „Така ме викаат, Психа,“ рече другиот со ноншалантна насмевка. „Ете, убаво, сега се познавате. А го знаете и БТ846,“ покажа кон Брејнов. Двајцата кимнаа со главите. „Одлично. Вашите проекти ми се особено драги поради нивното значење за нашата Држава. Како што знаете, но можеби и не знаете, бидејќи вие научниците сте расеани и посветени на сопствената работа, затоа ние Државниците мораме да се грижиме за Државата, работите не се баш најдобри.“ „Бунтопредавниците,“ продолжи Премиерот, а Ни­ко­ла првпат го слушна тој збор, „навлегоа во гра-


106

довите и не се веќе во периферијата. Затоа вашите проекти отсега стануваат преседан. Ќе ве преместиме во поголема, заедничка лабораторија каде што ќе соработувате.“ Никола се зачуди од ваквата одлука, се загрижи за судбината на својот проект ако младиот садист, каков што претпоставуваше дека е Психа, ги пика своите раце во неговата машина. Но, уште повеќе се загрижи за врската со Вера. Беше невозможно да се одржи ако го преместат во иста просторија со другите двајца. „Вашите машини,“ продолжи Премиерот, „ќе бидат нарекувани со кодираното име ДТ29 1156. Ова решение стапува на сила веднаш,“ рече Премиерот, стана и се поздрави со нив, а тие повторно рипнаа. Премиерот ги поздрави со војничкиот поздрав на Нова Македонија, тупаница крената во воздух, нешто што се правеше само во свечени моменти, на што тие возвратија. Службениците не губеа време и веднаш ги одведоа кон еден хангар во кој Никола ја забележа својата машина. „Како успеале да ја преместат таму и кога?“ се запраша, но немаше време за мислење. „Батка, тука ми е машинчето,“ извика Психа, очигледно среќен што ја гледа својата машина, а Брејнов ја немаше неговата вообичаена насмевка. Изгледаше загрижено. „Добар си?“ го праша Никола. „Да...“ рече и направи пауза. „Мислам дека знам за 29 Државно тројство


107

што се работи,“ додаде. „Како?“ го погледна зачудено Психа. „Е па размислете, машина за читање мисли во комбинација со генератор на висок напон од ништо и телепортер,“ ги погледна прашално другите двајца. „Врска немам,“ рече Психа. „Машина за контролирање на мислите на далечина, ете што сакаат да направиме,“ извика Брејнов. „Чекај, да не брзаме со заклучоците,“ рече Психа. „Не брзам, само премногу долго време сум тука и знам како размислуваат нашите претпоставени, ти гарантирам дека ќе го конструираме тоа,“ убедено рече Брејнов. Никола се сепна на тоа што го кажа Брејнов, сепак сметаше дека е прерано да се донесуваат такви заклучоци без доволно факти. Се согласуваше дека нема да работат за нешто полезно за народот, но за разлика од него сакаше прво да собере доволно податоци и да почнат да работат на машината за да ја сфати нејзината намена. Сепак, веднаш му текна на прашањата на Вера за нус-ефектот на неговата генерирана струја да направи промена во начинот на мислење и емотивно реагирање во зависност од фреквенцијата на струјата. Тоа беше случајно откритие. Еден ден, откако успешно ја создаваше и транспортираше електричната енергија на десетици метри, по грешка еден зрак излезе од неговата лабораторија и помина низ ѕидот како тој да не постоеше. Надвор се слушна крик и некакво раздвижување. Поминаа можеби неколку часа и еден службеник го повика на


108

разговор. Го испрашуваа за неговата машина и зошто испратил зрак надвор. Сакаа да бидат сигурни дека не станувало збор за обид за бегство. Никола ги убедуваше дека се работи за грешка. Му објаснија дека еден службеник бил удрен од неговиот зрак. Откако ги праша дали е добро, тие се погледнаа и му рекоа дека службеникот е добро физички, но дека се однесува чудно и одговара на секое прашање како автоматрон, како мозокот да му бил спржен. Го прашаа Никола дали му е познато какво дејство има зракот на мозокот, но тој им објасни дека не би требало да има никакво и дека се работи за нус-ефект или случајност. Потоа го пуштија. Никола воопшто не беше заинтересиран за тој аспект на неговата струја, тој сакаше да му даде на светот бесплатна енергија што ќе може секој да ја користи. Знаеше дека војните што се водеа беа поради извори на енергија, а не заради идеологија или затоа што АНД веруваа во нивната верзија на слободата, а ние во нашата. Тоа што ЗС30 беа индустриски и уште под панамериканското влијание, освен Германија, а ИС31 религиски беа само изговори за градење заедници поради економски интереси. Од север ги демнеше популизам и славизам, кој му даваше власт на народот, а од југ антизам, современ нацизам со идејата дека надмоќноста на еден народ над другите е вродена со благородното потекло од најстарите времиња. Тоа се само различни страни на една иста паричка, а кој има моќ да ги 30 Западните сили 31 Источните сили


109

врти паричките, владее со неговиот дел од светот, според Никола. Сите овие предрасевдо верувања32 беа против Правилникот во којшто единствената верба беше во Државата и во нејзините механизми. Немаше потреба од комплицирани теизми, изборни системи, глас на народот или истражување на историјата. С` што постоеше, постоеше во моментот и тој требаше да се искористи Примарно, Практично и Полезно, во духот на 3П33 според кои живееја и работеа сите. „Тоа е ти велам, не може да биде друго“ рече повторно Брејнов, како за себе, а Никола не можеше да се помири со таквата примена на својата машина. Тој имаше моќ да понуди решение за енергетскиот јаз што ќе ги премости сите други откако луѓето ќе сфатат дека војните за енергетските извори се бесполезни, кога с` може да биде извор на енергија и просперитет. Државата која беше изградена на практични принципи би требало прва да ја разбере полезноста на неговата идеја. Но, наместо тоа, Никола сега работеше на некаква машина која од непослушни државјани требаше да направи послушни, со потенцијал да им ги спржи мозоците и да ги претвори во ментални растенија. Но, како и другите двајца, немаше избор освен да се фати за работа.

32 Новоговорна кованица на зборовите предрасуда и псевдо верувања 33 Трите принципи


110

* * * Тој ден врнеше толку многу што сите помислија дека водата ќе ја наполни како базен котлината во која се наоѓа мега-градот. Делови од градот беа потопени и Тома се загрижи за своето семејство. Ѝ кажа на мајка му дека ќе оди да ги провери и го игнорираше нејзиното предупредување да не излегува по невреме. „Не можам да те спречам да одиш кај нив, но барем земи си чадор,“ му довикна, но тој веќе беше надвор. „И не грижи се за мене, јас ќе бидам добро,“ додаде. Тома влезе во автомобилот и ја стисна педалата. Се пробиваше низ реките кои течеа по улиците со вештина на искусен возач. Ги знаеше сите кратенки и патчиња без сообраќај. Но, сообраќајот го зачуди дуро и него. Такво нешто немаше видено во сето негово долгогодишно шоферување. Мислеше на неговите, како седат дома и вечераат, или Лиза го пишува домашното, а Марк ѝ додева, а мајка им ги прекорува да не се караат. Не можеше да дочека да ги види и да им ги даде подароците. Замислуваше како го гушкаат од благодарност, му кажуваат колку им недостигал, а потоа ѝ соопштува на Ена дека ја напишал книгата, и таа иако е покорна прво на Државата, потоа на мажот, сепак е горда на него и не може да ја воздржи радоста што го гледа. Размислуваше на нив додека бришачите работеа на најсилно и не успеваа да го растераат водопадот што се слеваше по ветробранското стакло. Се паркираше пред зградата и истрча надвор колку што го носеа нозете. Срцето му биеше од возбуда кога заѕвони на вратата од неговиот стан. Неговите, фала


111

Државата, беа дома. Ена му ја отвори вратата и го погледна со израз „дошла маца на вратанца“. Но, вистината е дека Тома повеќе се чувствуваше како кученце кое по долго талкање си го пронашло домот. „Надвор е лудница. Има и поплави, добро е што сте тука, бев навистина загрижен за вас,“ премина веднаш на главното. Таа стоеше долго и го гледаше како да размислува за тоа дали да го пушти. „Слушај,“ ѝ рече тивко да не го слушнат децата кои сè уште не сфатија дека е пред вратата, „Ја издадов книгата“. Беа поминати неколку месеци, а од него немаше ни трага ни глас. Неколку пати посака да го побара, но беше премногу горда за да попушти, а меѓу другото тој ги напушти нив без да остави порака, и негова должност беше да се јави. Сепак, знаеше дека се скрил кај мамичка, каде би одел на друго место. Таму му беше дозволено сè, да глуми писател, да го перат, да го пеглаат, уште малку со лажичка да го ранат и секогаш беше во право, што и да направи. Тоа ја вадеше од кожа. Но, и покрај сè, ѝ беше мило што го гледа. Се помрдна малку настрана и му го ослободи влезот. Малиот се израдува, а девојчето се муртеше. Сепак помуабетија малку за пропуштеното време, а Марк му раскажа што правеле во градинка. „Има ли некоја симпатија,“ ја подбуцна Лиза за да ја опушти, а таа уште повеќе се налути. „Секогаш се лути,“ рече малиот. „Да видиме дали можеме да ја омекнеме малку, а Марк момче?“ рече шеретски таткото и од под палтото ги извади боичките. „Лиза, боички за тебе,“ ѝ рече.


112

Лиза застана шокирано. Ги гледаше боичките како нешто што првпат го гледа во животот и не може да го објасни со зборови. Имаше слушано за нив, другарките понекогаш зборуваа за тоа како мајките им раскажувале за цртките или цртечите, како и да ги викале, што ги правеле на училиште на разни теми, семејство, годишни времиња, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш. За неа сето тоа беше толку необично и апсурдно, па кој навистина би можел да одговори на прашањето што сака да биде кога ќе порасне? Државата одредува кој што ќе биде и тоа е правилно и логично. Зошто некој би сакал да биде нешто? Таа беше уште мала за да знае што ѝ е предодредено, но знаеше дека ако учи и работи ќе биде нешто добро и полезно за Државата. Тоа е најбитно. Но, боичките, како што ги нарече татко ѝ, отвораа цел еден нов свет на можности пред неа. Што со нив? Ни самата не беше сигурна, но ја влечеа како магнет. Ги зграпчи и го гушна таткото. „А за мене ништо нема,“ натажено рече Марк и ги стутка рачињата. Таткото ја извади книгата и му ја подаде. Марк зачудено ја зеде во рацете и не знаеше што да прави со неа. „Што е ова?“ праша збунето. „Ова е книга момче,“ му објасни Тома. „К-н-и-г-а...“ рече бавно малиот како мало дете кога учи нов збор. „Што е тоа книга?“ „Е па тоа е нешто како учебник,“ се обидуваше да му објасни Тома. Се разбира дека зборот книга беше исфрлен од употреба, и се користеше единствено терминот учебник. Во електронските училишта немаа ниту учеб-


113

ници, но малиот беше запознаен со нив благодарение на сестра му, на која понекогаш ѝ дозволуваа да ги носи дома за да пишува домашно. Сепак тие беа полни со текстови и задачи кои малиот Марк не ги разбираше и немаа слики во нив. “Внатре има слики на коњи,“ дополни Тома. „Слики на коњи!“ рече возбудено Марк. „Ова се коњи тато? Леле, колку се големи и силни, сигурен сум дека ако ги јавнеш можеш да летаааш побрзо од воз,“ возбудено продолжи Марк. „Да сине, види ги сите тие мускули. Порано ги користеле за влечење на запрежни коли,“ му објасни. „Што е тоа?“ рече Марк полн со прашалници. „Што велиш да ти прочитам, па да дознаеме,“ одговори таткото, а Марк возбудено потврди со главата. „Само прво да ѝ го дадеме ова на Лиза,“ рече и извади неколку хартии. „За твоите цртежи срце,“ ѝ рече и таа остана со двете работи во рацете како да не знае што да стори со нив. „Само една работа да запаметите и двајцата, за ова никому ни збор, ниту на другарчињата, ниту на некој друг, никогаш. Морате да се заколнете во Државата и просперитетот. Ова ќе биде наша мала тајна и ако ја кажете ќе ни ги земат работиве и тато ќе заврши на едно многу лошо место. Ветувате?“ „Даваме чесен државен збор,“ изустија сериозно двајцата. „Ајде сега да дознаеме дали коњите трчаат побрзо од локомотивите,“ рече Тома и се упатија во детската соба со Марк.


114

* * * Никола дење работеше во новата лабораторија, а ноќе спиеше во старата. Тоа беше единственото нешто добро во целата работа. Сепак не ја изгуби Вера. Но, работата не беше едноставна. Едно беше неговата машина, но друго беше како да се комбинираат трите машини како што бараше Премиерот од нив. Веќе немаше дилеми дека Брејнов беше во право, правеа само една голема машина за перење мозоци. „Како да не им е веќе доволно испран мозокот на луѓето,“ помислуваше Никола. За разлика од него, се чинеше дека Психа ужива во новата задача. Деноноќно ги проучуваше новите две машини и бараше начин како да ја направи неговата староговорно ѓаволска машина уште позлокобна. Психа работеше на своето животно дело и уживаше во тоа. Тој беше типичен претставник на високата новомакедонска каста, која се грижеше само за себеси и беше подготвена да ги уништи ако треба сите други. Волјата за моќ ги мотивираше и Никола беше сигурен дека пред спиење ја бакнуваа сликата на Премиерот и да беше дозволено ќе се прекрстеа три пати пред да ја бакнат, како во старо време кога бакнуваа староговорно икони. Брејнов се обидуваше да го орасположи Никола, но не му успеваше ниту да се разведри себеси. Ретко правеа муабет освен кога Психа беше излезен. Во новата лабораторија имаа многу повеќе слобода, бидејќи нивниот проект беше со врвен приоритет. Мо-


115

жеа да излегуваат и да влегуваат кога сакаат, с` им беше на располагање, само требаше да побараат, но по цена на резултати. „Не ќе да е на арно пријателе,“ се жалеше Брејнов. „Со децении работам тука и сме правеле секакви машини на смртта, но ова е нешто сосема ново.“ „Што ни е гајле, едноставно нема да ја направиме да работи и толку, што ни можат,“ убедено зборуваше Никола. „Ха, што ни можат? Што сакаат!“ рече возбудено Брејнов. „Мислиш не се спремни на таква можност да го саботираме проектот. Ако сакаш да преживееш подобро погрижи се твојата машина да биде компатибилна со другите две.“ Никола не можеше никако да се помири со тоа. Спиењето му се наруши и тоа му влијаеше на менталното здравје. Визиите дење му се намалија, а ноќе почна да сонува кошмари. Не му помагаше ни времето поминато со Вера. Ништо не можеше да го утеши и да се помири со фактот дека неговото најголемо животно дело ќе стане оружје за масовна манипулација. Реши да преземе нешто во врска со тоа. Изминуваа денови и со Брејнов секој слободен момент без Психа го посветуваа на наоѓање решение за излез од навидум безизлезната ситуација. Но, тие беа опасни научници, мозокот им е главен адут, а мислите не познаваат ѕидови. „Види,“ рече Брејнов, “трозабецов нема да н` извади оттука. Дури и да работи и да го испереме мозокот на секоја кутра душа во нашава државичка, ние ќе


116

бидеме само потрошна стока во Државната стоковна куќа. Сум ја прочитал таа приказна на ѕидовиве од нашиве стаклени затвори премногу пати. Откако не им требаш наеднаш те снемува. Ако имаш среќа ти даваат нов проект, ако не амигос брате.“ „Што да правиме?“ го праша Никола. „Не знам... што викаш да ја искористиме твојата машина како оружје што ќе н` извлече оттука,“ размислуваше Брејнов. „Ха,“ се насмеа Никола, „мислиш да се качиме на неа како на тенк и да ги испржиме сите пред нас.“ „Па, нешто така,“ несигурно рече Брејнов. „Гледам, расположен си за самоубиствени мисии,“ се пошегува Никола. „Не ми текнува друго,“ се правдаше Брејнов. Тогаш влезе Психа со кафе во раката. На Никола му текна на времето кога живееше надвор и колку понекогаш му недостигаше кафето кое беше на листата на забранети производи. Откако го дозволија пак, не можеше да се насити. Државата понекогаш правеше такви непредвидливи потези, како да сакаше да им даде малку оддишка на луѓето, но потоа повторно го стегаше ланецот. „Што правите бараби стари,“ ги праша Психа, а двајцата се погледнаа и превртеа со очите. Можеби беа постари, но не беа изветреани. Двајцата научнички пајташи во последниот период направија пакт дека единствената мисија на којашто треба да работат е бегството. Најпосле им текна, а решението беше толку едноставно, толку елегантно и им беше пред носот цело време.


117

Никола долго време размислуваше дали да ì каже нешто на Вера за неговиот план, зашто не можеше и не сакаше да го изведе без неа. „Брејнов успеа да телепортира растение,“ ~ рече на Вера еден ден кога веќе поминаа неколку месеци од почетокот на новиот проект, иако не можеше да знае со сигурност колку време изминало. „Мисли дека може да телепортира и човек,“ продолжи Никола „без да настанат промени во молекуларниот состав.“ Таа го погледна со доза сомнеж. „Што сакаш да кажеш?“ рече и стана од креветот наметнувајќи се со баде-мантилот што го имаше донесено заедно со другите нејзини работи. Насетуваше каде води муабетот и тоа беше зборот што го презираше најмногу - бегство. Сега живееја заедно и од старата лабораторија направија заеднички дом каде што поминуваа романтични вечери, зборуваа за иднината и заедничкиот живот што ќе го започнат. Таа сонуваше да биде мајка и да го одгледаат нивното дете таму. Според неа надворешниот свет беше премногу опасен и суров. Единствената потребна сигурност детето можеше да ја добие во базата. Заштитено од сите опасности и негативни влијанија, ќе расте опкружено со љубов. „Како мислиш, да телепортира човек,“ го праша таа. „Така, мојот мил Брејнов пушта зрак врз субјектот, вистински човек од крв и месо, и опа, во истиот момент тој се телепортира на друго место,“ рече весело Никола. „Не помислуваш белким на она што мислам?“ го


118

праша запрепастено Вера, додека нејзините стравови се вообличуваа во реалност. „Да, драга, ти и јас, фиу - надвор,“ рече Никола анимирано. „Не, никако, тоа не е начин,“ протестираше Вера. „Освен тоа, Премиерот лично ми има ветено дека ќе н` преместат во делот каде што се сместени Државниците, таму ќе имаме с` што сакаме,“ го убедуваше. „Премиерот!? Тоа лигаво копиле со комплекс на Наполеон!?“ Таа подрипна на овие зборови, но потоа се присети дека претходно ги имаше исклучено камерите и ја замени снимката со нив двајца како спијат. „Никола, не зборувај така, негова заслуга е што сме тука и што истражуваме,“ се правдаше таа. „Заслуга? Заслуга! Па ние сме затвореници принудени да работиме против наша волја,“ вознемирено рече тој. „Зарем би го напуштил своето животно дело?“ го праша, а тој ја погледна сомнително, па зарем не слушаше ништо што зборуваше. „Добро, знам дека тоа веќе не е твое дело,“ продолжи таа, „но помисли на тоа што те чека надвор!“ „Н` чека слобода!“ викна тој. „Слобода?“ рече шокирано Вера, „Па ти си живеел надвор многу повеќе од мене, знаеш од прва рака каква слобода е таа. Тоа е затвор полош од овој. Храната е вештачка, водата и воздухот одамна затруени, не постои место во земјава каде што си сигурен, ниту во градот, ниту надвор од него.“ „Па што,“ рече тој. „Како па што? Ти зборувам за немање услови за основен живот! Секој на висока функција знае за ова.


119

Мислиш дека храната, водата и воздухот што ги добиваш тука се истите со тие надвор? Се лажеш,“ рече Вера. Никола ја гледаше запрепастено, но таа продолжи: „Кога си видел последен пат дрво во Ново Скопје? Си помислил ли зошто на секој блок згради има минимум по една фабрика? Ние како Влада склучуваме договори со ситни бизнисмени и им даваме да отвораат фабрики каде што сакаат. Само под услов да стават наша амбалажа со државниот знак, а што има внатре никој не го засега. Тие сакаат да бидат сред градот, нормално, за да имаат помалку трошоци за транспорт. Сакате, платете. Тоа е двојна победа!“ Тоа што го слушаше Никола од Вера беше себично и безобѕирно, но ја правдаше со тоа што таа поминала премногу време во базата. С` уште не губеше надеж. Помина некое време и разговорот за бегството стана вообичаена тема на спротивставување помеѓу нив двајца. „Брејнов веќе ја тестирал машината на лабораториски глувци и резултатите се одлични,“ продолжи Никола. „Лабораториски глувци?“ со недоверба рече Вера. „Да, следни глувчиња сме ние двајца,“ ì соопшти. „Како прво не сум заморче, како второ ти кажав што н` чека надвор. Во најдобар случај машината ќе н` спржи и ќе н` поштеди од маките,“ рече Вера. На Никола не му се веруваше што слуша. „Вера, јас ќе заминам, не сакам да учествувам во тоа што го планираат. Те молам верувај ми, ќе излеземе одовде. Брејнов ќе н` транспортира на претходно


120

одредени координати надвор од градот,“ ì објасни Никола за информациите што случајно ги добија од Довците. За среќа Брејнов беше муабетчија и сите го сакаа, па и Довците слободно разговараа во негово присуство. Откако ќе се транспортираа таму, планираа да се поврзат со бунтовниците, да ги убедат да им помогнат, а да се пазарат со сите тајни што ги знаеја за базата. „Бунтопредавниците ќе ни помогнат да се префрлиме преку граница. Знам дека постојат премногу непознати елементи во планов, но тоа ни е единствена шанса Вера,“ ја молеше. С` во тој план гласно велеше „Опасност!“ но, според Никола, немаа избор. „Ако останеме тука, го знам крајот на овој пропаганден филм – тој завршува со наша смрт. Јас сакам да живеам и сакам тоа да биде со тебе, да си дадеме шанса за подобар живот и семејство надвор одовде,“ ~ рече цврсто и ја стегна за раката. „Дај ми време да размислам,“ рече таа. „За жал нема време. Со Брејнов мислиме дека Психа веќе се сомнева нешто и дека во секој момент може да н` пријави. Разбираш ли? Ако останам тука секако сум печен. Мораме да заминеме и тоа веднаш. Ако ме сакаш дојди со мене, времето за тргнување е веќе договорено, веднаш по ручекот дојди во лабораторијата, оттаму заминуваме сите тројца на крилјата на телепортерскиот бран,“ ì кажа и се прости со неа.


121

* * * Беше вечер, дождот сè уште лееше, а децата спиеја. Сопружниците седеа во кујната и вечераа. Тома беше среќен. Му недостигаа. Сите. Многу. „Ена,“ ѝ рече нежно додека уживаше во нејзиното јадење „драго ми е што сум дома.“ Јадењето беше дел од домашната атмосфера колку и муртењето на Марк или муабетите со Лиза во кои таа се обидуваше да ги пренесе сите доживувања од денот во една реченица. Вечерите пред приемниците, колку и да ги презираше тие сиви екрани, беа дел од тој познат и заштитен амбиент. Сето тоа го правеше животот поднослив, тие мали мигови кои ги поминуваше со нив. „Знаеш дека тоа што го стори не е во ред,“ го прекина во размислувањето Ена. Тома не разбираше, но доволно ја познаваше за да знае дека е во небрано. Целото време откако беше дојден таа молчеше, избегнуваше да го погледне и му се лутеше на нејзиниот тивок и сериозен начин, кој не навестуваше попуштање. „Што не е во ред?“ се обиде да го одолжи неминовното. „Не зборувам само за тоа што нè остави да се снаоѓаме сами,“ конечно го прекори Ена, „ниту за тоа дека ја ризикуваше безбедноста на сите нас со книгата...“ „Најдов способни луѓе,“ ја прекина тој, „сигурен сум дека книгата е веќе преку граница. Наскоро ќе знаеме.“ „Како што кажав,“ рече таа отфрлајќи ги неговите зборови како здодевна мува, „не мислам само на тие работи, туку и на последнава капка - забранетите подароци. Што ако децата кажат на училиште што им дал татко им? Боички, книга... по Државата Тома, знаеш


122

дека тие се високо на листата на забранети предмети!“ „Во ред е, нема да кажат,“ ја тешеше Тома со сигурност во гласот. „Од каде знаеш? Заради такви сентиментални глупости луѓето го губат семејството, домот, па и животот,“ исплашено рече таа и го погледна како да очекува извинување или барем разбирање дека неговата постапка е грешна. Тоа беше неговата државничка Ена, секогаш ги почитуваше правилата, живееше според Правилникот на единствената Држава и сметаше дека доколку се однесуваш така ништо лошо не може да ти се случи. Таа живееше во заблуда, според Тома, и неговата задача, или подобро речено одговорност, беше да ѝ помогне да го разбере тоа. Но, како да му објасниш некому нешто што не е возможно да го разбере? Ако детето никогаш не било на море, како да му го претставиш звукот на брановите кои удираат во брегот, вкусот на солта измешана со песок што ја затега потемнетата кожа на лицето. Не е возможно да разбере, освен да го однесеш на море, што во новата Држава беше невозможно. Затоа реши да не ја убедува, туку да верува во моќта на промената и дека таа доаѓа наскоро. „Верувај ми, ќе биде во ред,“ ја погледна Тома и ја фати за раката. Го рече тоа со таква убеденост што, и сама не знаеше зошто, му поверува. За првпат по долго време во неговите очи имаше надеж и сигурност што ѝ влеваше доверба. Ена се присети на младоста кога тој ѝ раскажуваше за сите забранети нешта, книги, музика, работи кои таа од една страна ги презираше, а од друга страна ни самата не знаеше зошто ја привлекуваа. Никогаш не помислила да го пријави на властите заради


123

таквите недржавнички муабети, како што им правеа некои од нејзините пријателки на блиските. Да бидеш совршена новомакедонска жена, за неа значеше не само да бидеш верна на Државата, туку и на сопругот. Затоа му дозволуваше да сонува, да мечтае и да лета во облаците. Знаеше дека се работи само за соништа, а соништата не се забранети. Неговата поинаквост од сè што ѝ беше познато будеше чувство на возбуда и авантура во неа, иако никогаш не би го признала тоа јавно, пред никого, дури ни пред самиот Тома. Вечерата заврши и Ена стоеше на прозорецот и го набљудуваше дождот. „Надвор е апокалипса,“ рече таа како на шега. Тома се сепна зашто му текна на насловот што Хасо ѝ го даде на неговата книга. Еден дел од Тома веруваше во судбината и знаците кои ја претскажуваа, можеби токму затоа што таквите размислувања беа осудени како суеверие и строго забранети според Правилникот. Тој не ѝ одговори ништо, но се загрижи. Дождот врнеше сè појако, а грмењето не престануваше. Легнаа и водеа љубов како некогаш. Не можеа да се одвојат и се бакнуваа и гушкаа долго што му се чинеше дека се некаде во безвоздушен простор, надвор од планетата, засекогаш во прегратка. Беа повторно млади и исполнети со соништа. Нејзиниот пркос му навестуваше дека иако е дел од системот за неа има надеж, дека е поинаква. Таа ја сакаше неговата решителност и фантазија, тој беше поинаков од сите мажи кои ги познаваше. Иако беше воспитана


124

како примерна државјанка, нешто во неговиот бунт ја привлекуваше. Всушност двајцата го бараа истото, само не знаеја што и не можеа слободно да си кажат, зашто вистината скапо се плаќа. Лежеа еден покрај друг, сè уште прегрнати, и секој мислеше на своето. Тома помисли дека сепак ѝ беше мило за книгата, иако не рече ништо за неа. Го пушти да влезе заради тоа, се тешеше. Се надеваше дека тоа што отсекогаш го гледал во неа, тој зрак надеж за промена кој во него гореше како пламен, кај неа сега тлее малку посилно. Таа никогаш не зборуваше за ова, се однесуваше како сè да е во ред, ги почитуваше правилата на системот и беше совршена државјанка, но тој знаеше дека некаде длабоко во неа живее никулецот на промената. Таа, сепак немаше никаков контакт со претходниот систем во кој тој беше роден. Понекогаш ѝ зборуваше за тоа, а таа го слушаше вознемирено. Сепак не го прекинуваше, му дозволуваше да зборува и тој никогаш не успеа да одгатне дали е заради нејзиното воспитание на добра и покорна новомакедонска жена или затоа што го посакуваше тој живот, поинаков систем и повеќе слобода. Тома цврсто веруваше дека се работи за второто. Заспа во неговата прегратка, потоа тој кога почувствува дека нејзиното дишење стана побавно, се извлече и се сврте на другата страна каде што не го чувствуваше биењето на сопственото срце. Фантазираше за мигот кога ќе добие вест од Хасо дека книгата е издадена и дека постигнала невиден успех преку границата. Сите прашуваат кој е тој Ник Слејт и го бараат те-


125

левизиите, весниците, но никој не знае дека се работи за автор од забранетата земја, обичен човек кој помеѓу секојдневните активности и обврски како вработен и татко, пишувал генијално, така би го нарекле тие тоа дело. Увид од прва рака во забранетата стварност на еден свет што никој не го познаваше освен неговите државјани. И потоа веста станува уште помоќна, од обичните луѓе стигнува до државниците на слободниот свет кои на посебна седница за надворешни прашања решаваат дека мораат да сторат нешто за таа кутра земја и за тој измачен народ. Дискутираат долго, предложуваат решенија, изготвуваат буџет, ги мобилизираат силите и стапуваат во акција. Слободата чука на вратите, народот се буди и го пречекува ослободувањето со ширум отворени раце. Нема потреба од насилство зашто, според Тома, сите сонуваа за тој миг, сите беа подготвени веќе со децении за спасение. Само тврдокорните ќе се побунат и ќе страдаат, но тие не ни заслужуваат повеќе. Сите со кои се дружеше тој беа негови истомисленици, иако никој не го признаваше тоа. Секој што барем еднаш посетил илегална кафеана или некоја од скриените библиодруми34 или во неврзан муабет ја опцул Државата ќе биде спасен. А тој, токму тој, Тома Хансов е никулецот на слободата. Но, што е со неговите деца? Веќе размислуваше за тоа. Од денес започнува процесот на нивното превоспитување. Боичките и книгата беа само почетокот. Ќе ја избие тој Државата од нив. Но, мора внимателно, по34 Места каде можат да се набават книги, најчесто се наоѓаат во скриени подруми од каде што го добиле името.


126

лека, ако се залета премногу ќе почнат да користат староговорни термини и целата работа отиде јабана. Тие ќе бидат неговите мали шпиони, одгледани да се вклопат во новиот систем што неминовно доаѓа. Така се убедуваше Тома, додека во неговото срце сè уште длабоко скриено владееше темнина. Сè што правеше последните години правеше механички, без надеж, како да живее во кошмар. Тоа беше толку вкоренето во него што дури и сега откако направи монументално дело и напор за промена, нешто за што мечтаел отсекогаш, дури и сега се сомневаше дека народот е премногу затруен за да може да се смени. Што ако беа засекогаш сменети и не постоеше начин да се вратат во првобитната слободна состојба на умот? Дали беше предоцна? Никој не можеше да гарантира дури и да успее револуцијата дека нема да биде полошо. Тие црни мисли го измачуваа додека се обидуваше да запие. Не обрнуваше внимание на тоа што се случува надвор. Се чинеше дека татни со звук кој беше необичен и за миг му се причини дека никогаш порано не слушнал такво нешто. Најпосле од една темница потона во друга. * * * Вера излезе од лабораторијата на Никола која во последните недели стана нивни импровизиран, но топол и мил дом, со срце исполнето со грижи. Не сакаше да го напушти тој живот што го изградија заедно, таа нивна мала оаза на среќата и спокојот, изолирана од сите зла на светот.


127

Но, можеби тој беше во право, можеби токму тие беа причината за злото на светот. Пред да го запознае него никогаш не размислувала за тие работи. Ги извршуваше своите задачи, ~ служеше на Државата како и секој друг државјанин на висока позиција. Но, со текот на годините таа заборави дека е токму тоа државјанка на Нова Македонија и по тоа не се разликуваше од другите. Што ì даваше за право да ја одредува нивната судбина и да се изолира од неа како да не е дел од сопствената држава? Во училиштето за напредни умови ја учеа дека треба да ì служи на Државата, а сега што правеше? Знаеше за машината и што може да стори таа, и молкум реши да биде дел од тоа. Но, бунтовниците чукаа на портите и се закануваа дека ќе го уништат сето она што таа и нејзините колеги и претпоставени го градеа толку долго и толку напорно. Што требаше да направи, да ги остави да влезат? Дури тогаш на народот му немаше спас, а ни на водачите. Тие ѕверови беа подготвени да урнат сè пред себе само за да дојдат до власт, добро го знаеше тоа, ги познаваше нивните ликови, беше брифирана за нивните антидржавни активности. „Никола, драги,“ помислуваше со солзи во очите, „зарем не разбираш што се обидуваат да сторат, сакаат да ни го одземат мирот и среќата.“ Да, ним не им беше грижа за редот и за совршената подреденост што ја изгради Државата. Влезе во своите простории по опремата што им беше потребна за бегството. Сепак, не можеше да размислува за заминување, с` уште не. Се чувствуваше страшно изморено и едвај ги движеше нозете.


128

Се фрли врз креветот. Плачеше долго, ~ се чинеше со часови, а во меѓувреме заспиваше и повторно се будеше. Не знаеше што да прави. Времето за ручек се доближуваше, а нејзе ~ се чинеше како да ќе настапи, староговорно, судниот час. Го засака тој глупав научник повеќе од с` на светов иако на почетокот не беше така. Отпрвин извршуваше само задача, една од многуте нејзини задачи. „Заведи, дознај, извести“ овој пат гласеше нејзината оператива. И направи с` како што треба, освен што се заљуби во него, во неговиот проклет идеализам. На моменти ја потсетуваше на татко ~, со неговата непобитна верба во доброто на луѓето иако с` во реалноста укажуваше на спротивното. Според Вера луѓето беа измамници, ѕверови подготвени на с` само за да преживеат. Круговите во коишто се движеше таа беа такви, попрво ќе те предадеа и измамеа отколку да ти помогнат. Понекогаш и таа беше таква и се презираше заради тоа. Сепак, не беше таква со Никола. Емоциите ја совладаа и задачата ~ стана живот. Во изминативе месеци се навикна на тој живот и почна да размислува да имаат дете во тој подземен свет каде што не допираше природна светлина. Го замислуваше детето како расте помеѓу скиците и деловите од машини и учи од својот татко како да стане добар човек, паметен, верен, искрен, вреден... го држат за рачињата додека тоа ги прави првите несигурни чекорчиња, татко му го фрла високо во воздухот, а тоа се смее и се смее незаситно, таа го учи да пишува, а тој да смета, станува вистински мал генијалец и младо продуктивно момче кое работи на подо-


129

брување на Државата, заедно со своите родители за посветла иднина на Нова Македонија. Надвор не ги чекаше ништо добро, таму беше многу полошо за одгледување семејство, особено затоа што би биле бегалци, а на Државата никој не може да ~ избега. Премногу пати во својот живот имаше видено луѓе кои се обиделе да избегаат. Понекогаш бегаа од паника и беа убивани на лице место, некогаш стигнуваа до вратите и таму завршуваше нивниот сон за слобода. Други имаа неверојатно сложени планови за бегство кои завршуваа надвор од базата, но сите, без исклучок, сите биле фатени и убиени. Тоа е единствениот епилог на таквиот план. Немаше друг избор освен да го наговори да останат. Никола седеше во главната лабораторија и тропкаше со ногата. Психа го набљудуваше со своите продорни очи и ја забележа неговата нервоза. „Што е пријателче?“ го праша заинтересирано. „Ништо... се грижам за машината, дали ќе работи,“ излажа тој. „Ќе работи и тоа како!“ рече гордо и напрчено Психа, во стилот на државниците со кои с` почесто се дружеше. „Да, да... се разбира,“ одговори расеано Никола. Влезе Брејнов, насмеан како и секогаш. „Дека сте научници?“ им довикна со својот вообичаен стил. „Психа, оди те викаат на рапорт во соба 451а,“ му довикна, демек лежерно. „Мене? Зошто? Не сум направил никаков прекршок. Што е работата?“ праша зачудено.


130

„Не знам. Само ми рекоа да ти пренесам,“ му одговори. „Оф леле...“ изусти Психа загрижено и излезе надвор. Штом замина двајцата се погледнаа и кимнаа со главите. Знаеја што треба да направат. Ја стартуваа машината, внесоа координати, ги калибрираа вредностите... набрзо с` беше подготвено, остана уште само да дојде таа. Седеа и чекаа, но неа ја немаше. Иако немаа часовници, на Никола му се чинеше дека ги слуша стрелките на часовник како отчукуваат. Чук-чук, чук-чук... Звукот стануваше с` погласен и потоа сфати дека тоа не е никаков часовник, туку нејзините топуци, звук што толку добро го познаваше. Таа влезе, но не беше облечена во обична облека, како што се беа договориле, туку во униформа. Дури носеше и капа. „Вера, но зошто си во униформа?“ зачудено ја праша, но откако зад неа се појавија тројца гардисти со пушки во рацете, му стана јасно. „Вера, што направи по Државата!?“ вресна. „Извини, не можев да ти дозволам да го сториш тоа,“ рече таа ладно. Тогаш влезе и тој, со вообичаената насмевка и испрчените гради, и направи неколку решителни чекори во својот војничко-надмен стил на силеџија и застана пред гардистите. „Значи така пиле,“ исцеди. „Ние ти даваме с`, а ти вака ни враќаш. Сакаш да се спасиш себеси и да го предадеш народот! Не ти е доволна цицката на Мајката Држава од која незаситно цицаше слатко млеко,


131

па сега бараш друга непријателска цицка. Мислиш послатко е млекото таму, а?“ Премиерот врескаше, а гардистите стоеја како напнати лакови спремни на акција. „Знаев каков си уште од мигот кога те видов. Мекуш, си помислив, ќе ни прави проблеми, не верува во Државата и не може да ме излаже. Затоа ја пратив ороспијава да те шпионира, да те секса додека мозокот ти штукне и ти стане помила пиздата од слободата. Ама изгледа пиздава расипана била. Доста ми е од тебе, гнидо, гардисти, нишани!“ писна. „Не!“ вресна Вера. „Не се договоривме така! Ве молам, Ве преколнувам!“ се фрли пред неговите нозе. „Те гледам како клечиш вака пред мене душо,“ се кикотеше ѕверот „и се присетувам. Добро ми е позната позицијава, си коленичела многу пати вака пред моите нозе, само тогаш бев пиштол гол! Ха-ха!“ грокна тој и Никола пребледе. Му се чинеше дека целата сила од телото го предава, а просторијата наеднаш почна да се врти. Посака да пукаат во него, да му ја разнесат главата и да ги истераат ужасните мисли од неа. Таа се сврте кон Никола со ужаснат лик. „Не, Никола, тоа не е вистина, не е! Те молам, те преколнувам, верувај ми!“ и тргна кон него тресејќи се додека од очите и течеа реки. Тој ја погледна со гнасење. Сакаше да ја плукне, да ја удри со цела сила, да ја смачка. Сега му беше јасно с`. Нејзиниот интерес за него, водењето љубов, распрашувањето потоа. С` било по наредба на Ѕверот, а тој се смееше громогласно, незаситно, садистички. Никола вресна и тргна со цела сила кон него.


132

Во тој миг Брејнов, кој ја искористи целата ситуација за да се скрие зад машините и да го насочи зракот од неговата машина кон Никола, го притисна копчето пред сите да станат свесни за што станува збор. Премиерот со раце на мевот како грофта од смеа, Вера на колениците свртена кон Никола со зборот „Нее!“ на устата, гардистите со прстите врз чкрапалото и Никола фатен со тупаница во воздухот, спремен за напад - наеднаш исчезна пред нивните очи. Настана тишина, а воздухот го параше само нејзиниот крик. Таа се струполи наземи и неутешно липаше. Премиерот го погледна другиот научник. Зад гардистите, откако се осигура дека ситуацијата е мирна, се појави Советникот на Премиерот. „Овој ли е задолжениот за телепортерот?“ го праша Премиерот. „Да,“ одговори тој со треперлив глас. „Убијте го,“ им рече на гардистите. „Но, Премиеру, со сета почит, како ќе ја управуваме машината за контрола на мислите без него?“ пропелтечи Советникот. „Не ни треба повеќе. Убијте ја и неа,“ рече и излезе надвор. Се слушнаа неколку пукотници. - КРАЈ -


133


134

*** Никола се најде среде шума. Се тркалаше по влажните лисја и се обидуваше да ја излади облеката која како да гореше врз него. Не се чувствуваше добро, главата го болеше како да испил цела, по староговор, гајба пиво и му се вртеше. Во ушите чувствуваше страшен притисок, а свирежот во нив беше речиси неподнослив. Имаше чувство на јадеж, како нешто да му го нагризуваше мозокот и сакаше да си ги пикне рацете внатре и да си го искорне. Крикна силно а потоа се слушна тропот на птичји крилја. Болката се поднамали. Имаше страшен нагон за повраќање и при секое придвижување светот играше оро околу него, но барем беше жив. Откако помина физичката слабост, се сети на сè што се случи. Беше поразен, очаен, бесен и сакаше да се одмазди. „Брејнов успеа, по Државата,“ помисли. Се сврте наоколу и до каде што му допираше погледот можеше да види само земја, трева, и дрвја. Се слушаше цвркотот на птиците и играњето на листовите од дрвјата на ветрот. Немаше ни трага ни глас од цивилизација, згради, автомобили или луѓе. Талкаше некое време додека не се струполи од премореност, беше премногу слаб за да продолжи. Се обиде да стане, но падна во бессознание. Се разбуди и собра сили да продолжи. Знаеше дека е блиску, ако пресметките на Брејнов беа точни требаше да има некаде во околината толпа бунтовници, но не знаеше каде. Немаше ни трага ни глас од жив човек. Почна да се стемнува и мораше да најде засолниште.


135

Се скри во една дупка во ридот над шумата која наликуваше на мала пештера и се покри со лисја што ги собра во шумата. Така преноќи. Утредента го продолжи патот и повторно немаше успех. Реши да оди понатаму и да не се враќа во пештерата. Стигна далеку, ни самиот не знаеше колку, но одеше веќе со часови. Некои делови од шумата му се чинеа познати и му се причини дека се врти во круг. Се обидуваше да се ориентира, бараше мов и претпостави дека натаму е север, но каква корист имаше кога не знаеше каде оди. Одеше неколку часа и веќе почна да чувствува силна глад. Сепак, не се работеше за обична глад, имаше потреба да јаде месо и го чувствуваше вкусот на крвта, топол и метален во устата. Мораше да убие нешто и мораше да го стори тоа брзо. Во џебот најде нож на склопување кој го украде од базата зашто знаеше дека во надворешниот свет може да му притреба и беше во право. Скрши гранка од дрво, ја измазни и ја изостри додека не доби вистинско копје. Се чувствуваше како праисториски ловец, дури и му се чинеше дека размислува така. Не беше веќе загрижен за науката, за Вера или спасението на светот. Сè што беше битно беше храната. Знаеше длабоко во себеси дека кој било мега-градски Новомакедонец не би преживеал соочен со мајката природа, колку и да ја презира мајката Држава. Никола чувствуваше длабока одвратност кон таквиот човек кој, заштитен во својата кутија од дом, спиеше мирно и сонуваше соништа за слободата. Вистинската слобода беше тука, во дивината, стуткан зад една грмушка со копје во раката.


136

Тогаш се случи. Едно мало зајаче подрипна и застана токму пред него, свртено со грб, како дар од небото. Никола ги ококори очите и со страшен крик го фрли копјето право во целта. Животното беше мртво и го чекаше гозба додека ноќта паѓаше на хоризонтот а Никола реши да се упати повторно кон својот привремен дом. Веќе беа изминати неколку дена откако стана жител на шумата, но ни самиот не знаеше колку. Уште ги чувствуваше последиците на телепортацијата и беше дезориентиран. Веќе не знаеше каде оди, ниту што бара. Беше чиста среќа кога во една од неговите прошетки здогледа чад во далечината. Трчаше долго и кога излезе од шумата пред него се откри куќарка и неколку вооружени луѓе пред неа. Штом го забележаа, веднаш скокнаа и ги вперија пушките во него. Не го ни прашаа кој е, туку веднаш му ставија лисици и строго му заповедаа да влезе во куќата. Се најде во некаква стара куќа и неколку војници во непознати униформи беа испоседнати околу него. Беше исцрпен и жеден. „Вода,“ рече, „можам ли да се напијам?“ Главниот помеѓу луѓето му сигнализираше на друг и овој му даде да се напие вода. Никола веќе се чувствуваше подобро физички. Со враќањето на силата, а можеби и тоа што повторно се наоѓаше помеѓу луѓе, во свеста му навреа сеќавања за тоа што се случи во базата и за предавството на Вера. Сцените беа толку јасни и реални, речиси како неговите визии, како да се случуваа пред него во моментот, одново и одново. Тогаш знаеше дека таа сенка ќе го прати цел живот. Му се слоши од помислата на тоа и посака едноставно да не размислува, да не постои.


137

„Идентификувај се,“ рече повторно строго главниот. „Никола Слејт, вработен како професор, научник во служба на Државата, изневерен човек без желба за живот, затоа, ве преколнувам отепајте ме,“ рече со насолзени очи. „Добро, добро, тоа е повеќе отколку што сакавме да знаеме,“ рече главниот а другите гласно се насмеаја. „Нема зошто да те отепаме, всушност, нам ни требаат очајни луѓе зашто и ние сме ти очајна банда братче, нели е така браќа?“ „Очајни сме,“ викнаа другите, „очајни по ракија,“ викна еден и другите повторно прснаа во смеа. „Но, штом си толку искрен,“ рече главниот. „Тогаш и ние да бидеме искрени и да ти се претставиме. Ние сме Отпорот и се бориме за уривање на уредувањето на Државата. Би можел да речам дека некој како тебе би ни бил вистински џокер, а момци?“ се насмеа главниот. „Можеби нема да ми верувате,“ рече Никола откако се созема малку, „но, токму вас ве барав. Долго време мечтаев за подобро утре, но тој сон ми го одзедоа насила. Ме натераа да работам на нешто што не сакам и ми ја земаа љубовта на животот. Единствено што сакам сега е да се одмаздам.“ „Бараш наша помош, но што нудиш?“ рече главниот и Никола беше подготвен на тоа прашање. „Ви го нудам моето знаење за внатрешноста на базата, Штабот на Државата, каде што се кријат сите стаорци кои сакате да ги фатите.“ Главниот се сврте кон неговите соборци. Стана и се оддалечија од Никола, се свртеа со грб кон него и почнаа да дискутираат. Никола размислуваше за своја-


138

та состојба. Фрлен во дел од светот каде што не припаѓа, изневерен, отфрлен како стар непотребен клуч од кутијата со алати. Бунтовниците се свртеа кон него, главниот го гледаше некое време и потоа седна покрај него. „Кажи ми нешто повеќе за тебе,“ рече тој. „Од каде да почнам,“ се помисли Никола. „Јас бев човек со сон за промена на светот преку науката. А тие, проклетниците, го искористија мојот сон и го свртеа против мене. Ми одземаа сè што ми значело во животот, љубовта, науката, сонот за подобар живот...“ повторно го совладаа емоции. „Добро, добро,“ го смируваше главниот, „кажи ми нешто што можам да го искористам. Сите ние знаеме каде е базата, но што ни вреди тоа кога таа е најдобро чуван објект во Државата?“ „Се разбира,“ се насмевна Никола, „но, јас го знам начинот како да влеземе внатре. А откако ќе влеземе, ќе ве одведам во јазбината на Премиерот каде што заедно ќе го докрајчиме!“ заврши Никола со солзи и бес во очите. Главниот го гледаше втренчено, како да го испитуваше секој збор што го слушна од овој необичен човек каков што немаше сретнато одамна. На Никола му се причини дека му поверуваа. „Одврзете го,“ им рече на другите. Двајца од нив се погледнаа зачудено, но го послушаа. „Слушај, ако тоа што го зборуваш не е вистина и нè водиш во некаква стапица, ќе ти го превиткам вратчето толку брзо што нема ни да стигнеш да го запееш името на твојот Премиер, јасно!“ му рече решително водачот.


139

„Тој не е мој Премиер,“ викна Никола, „тој е злосторник кој заслужува казна за сè што ми направи мене и на народот.“ „Во ред,“ рече водачот, „гледам дека твојот бес е вистински, и ние сакаме да им се одмаздиме на тие здебелогазени функционери кои го уништија ова парче земја, но не прифаќам да одиме во некоја самоубиствена мисија заради љубовни маки на еден научник.“ „Кога избегав од базата,“ го убедуваше Никола, „дојдов по сигурен и единствен пат што го знам само јас, по истиот пат ќе се вратиме.“ „Каков е тој пат?“ го праша водачот на бунтовниците. „Можеби ќе ви звучи лудо, но вистина е,“ одговори Никола. „Јас бев телепортиран од лабораторија во базата сред вашава шума!“ Главниот го погледна и застана пред него, му пружи рака и Никола, малку претпазливо и сомничаво, ја подаде својата. Дури и самиот не се надеваше дека толку брзо ќе му поверуваат. Се ракуваа. „Ех, научниче, ни самиот не знаеш колку си среќен. Дури можам да кажам дека си најсреќното копиле што сум го запознал во животов,“ рече главниот. „Не разбирам што има среќно тука, ви кажав дека ги изгубив и идеалите и љубовта и вербата во светот,“ се правдаше Никола, а водачот на бунтовниците се насмевна и се сврте кон своите пајташи. „Миле, дај тоа хартиите,“ му рече на едниот од нив. „Нема, се потроши,“ одговори Миле. „Како тоа?“ го праша збунето главниот. „Па, многу души сме шефе, еве јас лично почнав со листови да се бришам за да заштедам,“ се правдаше тој. „А бре Миле, што прост си бил,“ се удри главниот со


140

рака по чело, „хартиите од писателот бре!“ Бунтовникот посрамено се стрча кон кутиите, а низ просторијата заори смеа од другите. Од таму ископа едно купче хатрии. „Еве шефе,“ му ги подаде, а овој ги фрли во скут на Никола и му рече: „Забавувај се.“ Никола го отвори ракописот и почна да чита. Со секој пасус очите сè повеќе му се отвораа во знак на чудење. Ги листаше страниците на својот живот и не можеше да разбере. „Од каде ви е ова?“ ги праша. „Од нашите мили илегалци во градот,“ одговори главниот. „Некој напишал книга и сакал ние да ја пренесеме преку граница, ама се појави ти со твојата приказна и сега настанува многу интересна ситуација. Или ти си лик од книга и тоа ни самиот не го знаеш или овие од Владава те шпионирале. А можеби и двете,“ се пошегува. „Хм...“ рече Никола како веќе да го знаеше одговорот. „Знам за што станува збор. Ако си ја прочитал приказнава, ќе видиш дека се споменува машина за читање мисли. Веќе знаев дека ја користеле на мене, но зошто ја направиле како некоја книга не ми е јасно. Кој ја напишал?“ „Некој Тома Хансов, му го знаеме и суратот и адресата, Хасо собира податоци за сите свои клиенти, секако без нивно знаење, за да не затребаат, а сега се чини е таков момент. Да пуштиме една извидница по него, ќе го доведат тоа писателче тука, па ќе можеме сите заедно да поразговараме и да ги склопиме сите коцкички од мозаикот, а што велиш?“ Никола молчеше и ја сврте последната страница од ракописот. Читаше и повторно ширум ги отвори очите. „Вера,“ пропелтечи, „ја отепале Вера.“ Таа мисла во нор-


141

мални околности би требало да го столчи, но за чудо немаше емоции. Сè му се чинеше нереално и како да се случило на некој друг, на некој лик од роман. Но, ако имаше некаква поетска правда во таа приказна тоа е смртта на Вера. Тоа беше единствениот логичен крај. „Едвај чекам да го запознаам тоа писателче, мамето негово,“ помисли Никола и ги стисна забите. * * * Тома стана рано, пред мугрите. Не беше сигурен дали се разбуди од лош сон или од силен звук. Ја погледна сопругата којашто длабоко спиеше. Главата уште му беше полна облаци, стана и се упати кон прозорецот. Ја поткрена завесата и погледна надвор. Сè уште татнеше. Сè беше темно, но се гледаше дека врне. Ја затвори завесата и се упати кон детската соба. Малиот, се разбира, беше сосема откриен. Тома го крена јорганот од подот и го покри, а Марк веднаш почна да врти со нозете како да вози велосипед и повторно се откри. Тома се насмеа и за себеси рече „А бе будалче,“ и се помисли дали да го покрие повторно, но не го покри. Наместо тоа, седна до него и го погали по главчето. Имаше светла коса, токму како Тома кога бил мал. Потоа му потемнела и се сменил. И ушињата му беа исти и насмевката. Толку многу го потсетуваше на него што му се чинеше дека се гледа себеси од минатото. Потоа стана и ја подѕирна и Лиза, колку што дозволуваше високиот кревет на кат, а таа веднаш изреагира на неговата рака кога се обиде да ја погали. Секогаш


142

спремна да се разбуди и да ги прими сите нешта кои свет значат, независно од тоа дали се добри или лоши. „Но, што е добро?“ се запраша Тома кога излезе од детската соба и се упати кон купатилото, „Што е мерило на доброто и што ако повеќето луѓе се задоволни од состојбата во којашто се наоѓаат?“ Тоа е вечна дилема, но што ако привидно доброто е всушност и неоспорно, објективно лошо, што ако носи уништување, смрт или терор, тогаш не може да се нарече добро независно од тоа што луѓето носат превез на очите, како во нивното општество. „Да, тогаш нема дилеми,“ заклучи Тома. Влезе во купатилото, се испразни, ги изми забите и застана пред огледалото. Го набљудуваше својот лик кој никогаш не му се допаѓал. Се прашуваше дали има лик на човек кој може да ги придвижи работите, да смени нешто или навистина не заслужува да биде ништо повеќе од обичен опслужител, возач со Б-категорија осуден на седечки болести. „Од тебе зависи што ќе бидеш,“ му велеше татко му. „Она што го бараш во животот ќе те снајде. Точно е дека има работи кои не зависат од нас, но повеќето нешта се случуваат по сопствен избор.“ Тој муабет со години му се чинеше бесполезен. Да знаел татко му што ќе стане од идеите за слободна волја и од општеството во кое веруваше, веројатно ни самиот не би зборувал така. Но, татко му беше одамна закопан заедно со другите борци за слободата. Тома се прашуваше колку такви како татко му имаше славени од историјата како борци за новиот систем во кој не ни верувале. Но, сега Тома имаше шанса


143

да смени сè, да се одмазди за жртвувањето на татко му, за мачењето на мајка му, за тоа што брат му го нема видено со децении. Излезе од купатилото и седна во дневната. Приемникот веќе беше почнат со утринската доза на реалност во која на државјаните им се рецитираа делови од Правилникот. „Оној кој е цврст и послушен, верен и понизен, ќе биде нарекуван државјанин и Државата ќе биде милозлива кон него, и ќе му даде сè што по Правилникот му припаѓа,“ спикерот на приемникот читаше членови од Правилникот. „Како што вели овој Член 28, параграф 5 од Правилникот, јасно и недвосмислено, секој државјанин треба да го почитува и да го следи за подобар и полесен живот,“ продолжи гласот во позадината, а Тома се чудеше на редундантноста на исказите кои го потсетуваа на Библијата која му ја читаше татко му кога тој беше мал. Татко му сакаше да му даде општ светоглед, да биде запознаен со науките, но и со религиите, со уметностите, филозофијата. Сè што му беше познато на човечкиот ум нему да не му биде туѓо, далечно. Затоа лесно го препознаваше овој рудимент од религиските текстови пренесени во Правилникот, којшто беше некој хибрид од правила за живеењето, законик од различни области и некој вид, според староговорот, Устав на Државата. Правилникот не беше книга, ниту некој дома чуваше примерок од него, како што во старите времиња имале свети книги, туку како некој вид дух беше присутен во воздухот, дома, на работа, во сè што ги опкружуваше и во сè што правеа. Државјаните го чувствуваа неговото присуство насекаде, а практично беше пренесуван


144

преку приемниците, пропагандните паноа и во училиштата, а неретко и самите државјани се опоменуваа и се потсетуваа на правилата содржани во него. Наеднаш некој силно чукна на влезната врата. Малиот заплака од другата соба, а Ена стана. Го погледна зачудено Тома, не знаејќи дали да се чуди на тоа што е станат и облечен толку рано или заради тоа што некој им чука на вратата во глуво доба. Таа замина да го смири детето, а Тома рипна од фотелјата и претпазливо се доближи до вратата. „Кој е?“ праша тивко. „ДОВ!“ загрме од надвор. Тома го полазија морници и за момент се двоумеше што да направи. Му поминаа секакви мисли низ главата, но не остануваше ништо друго освен да ја отклучи вратата. Внатре влегоа тројца мажи во облека на ДОВ. Униформите им беа валкани и на места скинати. Некои од нив крвавеа. На лицата им се гледаше дека поминале низ пекол. Се распоредија стратешки во станот во случај ако има проблеми полесно да го совладаат осомничениот. Тома застана пред семејството за да го заштити. Еден од нив истапи напред и застана пред Тома. Го меркаше неколку мигови и потоа ги погледна жената и децата зад него. „Државјанке, држете ги децата понастрана, не е во корист на Државата некој да настрада,“ ѝ рече строго на сопругата на Тома. „Дали сте вие Тома Хансов?“ го праша сериозно. Тома потврдно кимна со главата. Гласот му беше заглавен во грлото посуво од барут, а срцето му биеше во градите. Довецот извади купче листови и му ги плесна во лице на Тома. „Дали е ова ваше?“ му мавташе со лис-


145

товите пред очите. Отпрвин не можеше да види за што станува збор, но потоа Тома го препозна својот ракопис. Го виде својот псевдоним и насловот напишан со молив од раката на Хасо. Беше во небрано. Можеше да негира, но штом дошле директно кај него за толку кратко време значеше дека веќе знаат дека делото е негово. Но, признанието му ја запечатуваше судбината, со негирање постоеше неверојатна, но мала шанса за излез. „Ајде пиле збори! Знаеме веќе дека си ти, само ни треба официјално признание,“ рече Довецот. „Го фативме државјанинот Хасо со овој ракопис. Тој тврди дека вие сте му го дале,“ рече главниот. Тома се сврте кон своето семејство, ја погледна преплашената Ена и расплаканите деца и реши барем еднаш во животот да биде храбар. Ако треба да се умира ова беше вистински ден за тоа. „Да, јас сум авторот на ова дело!“ изјави гордо. Се слушна плачлив крик од Ена. „Врзете го,“ рече ладно Довецот и другите двајца вешто и брзо му ставија лисици. Малиот се оттргна од рацете на мајка му и со насолзени очи му се фрли на татка си во прегратките. „Не земајте го тато!“ врескаше детето. Неговото мало топло тело се припи за таткото како да сакаше да се пикне во него. Рачињата му го стегаа вратот и на Тома му се насолзија очите. Довците почнаа да ги разделуваат на сила, но претпоставениот им одмавна со раката. „Дозволете му да се прости,“ рече со тон што го изненади Тома. Му се заблагодари со кимнување на главата.


146

„Слушај сине,“ му шепотеше на уво. „Еден ден слободата ќе дојде, не заборавај дека твојот татко се жртвуваше за неа, за тебе сине, за твојата сестра и мама. Јас живеев за вас. Биди ми добар, храбар и грижи се за мама и дада, во ред,“ рече, а малиот го погледна зачудено како, над својата возраст и можности, сепак некој дел од него да го разбра. „Лиза, дојди срце,“ ѝ рече на ќерката. Довците веќе ги фаќаше нервоза, но бидејќи претпоставениот не рече ништо си седеа мирни. „Чувај го брат ти,“ ѝ рече, а потоа колку што можеше потивко ѝ шепна „не заборавај да црташ.“ Ја гушна силно и потоа ја повика Ена и сите заедно силно се прегрнаа. „Ајде, доста е,“ рече претпоставениот и насила ги разделија. Додека го влечкаа по ходниците сепак се реши да не ги остава така без надеж. „Ќе се вратам брзо, ви ветувам, не грижете се!“ Надвор му ставија вреќа на главата и го пикнаа во комбе на ДОВ, какво што видел премногу пати во животот и ги сожалувал кутрите души кои ги пикаа внатре зашто знаеше дека не им се пишува добро. Сега тој беше во главна улога во драмата која допрва се развиваше во трагедија. Се движеа низ улиците додека, сега веќе се чинеше вечниот дожд, не престануваше да врне. Возачот возеше агресивно и изгледаше дека избегнува некакви препреки на патот. Под тркалата сè нешто тропаше и удираше. „Каде ли ме водат по Државата,“ помисли Тома. Колку и да беа лоши улиците, никаде немаше толку дуп-


147

ки и ѓубре по патот. Тој добро го познаваше градот и сите негови патишта. Наоколу се слушаа грмотевици и пукотници кои наликуваа на оружје. Дали е можно војната веќе да почнала? Дали е возможно неговото дело да инспирирало некого на промена? Сепак, тоа беше најмалку веројатна од можностите, немаше време да се случи такво нешто, но ако навистина почнала нова ослободителна војна, тоа беше добро. Тома го чекаше тој момент целиот свој живот. „Каде ме водите?“ ги праша Довците, а овие молчеа. „Слушај, колку помалку знаеш и зборуваш, подобро за тебе,“ го слушна гласот на претпоставениот од некаде напред, Тома претпоставуваше од совозачкото седиште и затскриен од метална мрежа што го делеше од другите Довци и Тома. Ги видел веќе тие возила, сите беа исти. „Мое право е да знам,“ рече Тома, на што Довците го нарушија молкот и прснаа во смеа. „Твое право?“ се смееше и претпоставениот. „Каков е овој староговор?“ цинично го праша. „Ве молам, сите сме луѓе,“ плачливо рече Тома. „Опа, каде е оној храбриот антидржавјанин од преѓеска,“ повторно го провоцираше претпоставениот Довец. „Добро, барем кажете ми што се случи со Хасо,“ инсистираше. „Хасо е мртов,“ му одговори кратко главниот и Тома остана со подотворена уста.


148

* * * Кирил Веров, човек во шеесеттите години, се обидуваше да избега од дождот што лееше како од кофа. Немаше видено такво нешто никогаш. Влезе во автомобилот и ги тресеше капките од себе. Во неговите децении на оваа планета имаше видено промени на власт, војни, безумие и уништување, но таков дожд немаше почувствувано. „Неверојатно, како поплава од небото,“ рече неговата сопруга, Надежда Верова, со натапирана фризура и кило шминка под која се гледаше пустина од брчки. „Да, немам видено вакво нешто,“ рече тој и го стартуваше автомобилот. Тргнаа на свадба, а облеката веќе им беше целата накисната. „Чевлите ми се жива вода. Како да носам аквариуми,“ рече сопругата, а тој се насмевна на нејзината аналогија. Иако беше сериозна жена во години, сè уште зрачеше со младешки дух, па и покрај сите години поминати заедно никогаш не му беше здодевно со неа. Се возеа или подобро речено лазеа низ градот. Насекаде имаше стотици автомобили кои свиркаа, трепкаа, застанати на патот со намокрени свеќички и откажани мотори, кои безуспешно бараа помош од тие што поминуваа. Никој не беше луд да застане и да помогне. Порано беше поинаку, помисли господин Веров, луѓето си помагаа, имаше заедништво, но тоа беше толку многу одамна што веќе му се чинеше дека се случувало во некој дамнешен, изминат туѓ живот. Денес секој го гледаше своето и што помалку се мешаше со другите и во нивните животи тоа значеше помалку проблеми. Никој не знаеше што се крие зад


149

невината фасада, можеби потенцијален антидржавен елемент, така учеше Државата. Тоа беше спротивно на сè во што веруваше г. Веров. Неговиот интегритет на личност му заповедаше да помогне. Застана и тргна да излегува. „Каде одиш?“ зачудено го праша г-ѓа Верова. „Да му помогнам на човекон,“ одговори Кирил и истрча надвор. Се врати за кратко време накиснат како глушец во староговорно црква. „Му откажал акумулаторот, мислам дека имам кабли, ќе му помогнеме и потоа тргнуваме,“ рече и повторно излезе. „Секогаш мораш ти да помогнеш,“ си кажа за себе г-ѓа Верова, но помисли дека токму и затоа го сака. Се имаа запознаено уште во студентските денови и тоа беше, како што велат, љубов на прв поглед. Тој беше висок и згоден, влеваше доверба, секогаш беше љубезен и ја почитуваше. Така остана и откако се земаа и таа ја роди нивната ќерка. Сè до ден денешен, тој никогаш не се смени. Г-ѓа Верова се натажи кога помисли на нивната млада ќерка што ја немаа видено десетина години, но се утеши зашто знаеше дека таа е таму некаде, заштитена од сè ова, од надворешните неприлики и зла. Г. Веров влезе во автомобилот уште повеќе накиснат. „Е па мисијата е успешна, човекот тргна, но сега сум дефинитивно жива вода,“ рече. „Спремен за бал под вода,“ додаде таа и двајцата се насмеаја гласно. Само што тргнаа, сообраќајот застана. Кирил се обидуваше да се пробие, но не можеше. Сите коли стоеја.


150

Вклучи трепкач на десно и се обиде да се пикне во споредна уличка, но веднаш застана. Улицата се спушташе надолу, а таму водата веќе ги имаше голтнато автомобилите кои пловеа како превртени чамци. „По Државата, што се случува?“ викна Кирил и се врати назад. „Ми текна,“ рече и се врати назад и потоа тргна по една уличка што ја користеше секогаш кога имаше гужва. Навистина успеа и ни сам не знаеше како, но по половина час некако се пробија низ гужвите и дождот што врнеше без престан и стигнаа до хотелот. Кога г-ѓа Верова излезе од автомобилот и го отвори чадорот, ветрот го дувна и го прекрши како чепкалка. Таа се стрча во хотелот, покривајќи си ја главата со чантичката и влезе внатре. Откако г. Веров се осигура дека таа е во ред тргна да бара место. Го паркираше автомобилот подалеку од дрвја, столбови и кабли за ветрот што сè повеќе наликуваше на ураган да не скрши некое од нив врз автомобилот. Внатре беше како поинаков свет. Гостите, иако со расипани фризури, весело ги поздравуваа младоженците, музиката свиреше и освен што беа накиснати, сите беа добро расположени. Свадбата, која била планирана за надвор, беше преместена внатре заради невремето и немаше доволно место за сите. Г. и г-ѓа Верови се најдоа на една маса во задниот дел од салата со уште двајца гости, но не се жалеа. Тие беа мирни и послушни државјани, не правеа проблем никому, си ги извршуваа задачите примерно. Освен тоа, организаторите на свадбата немаа друг избор, такво невреме не очекувал никој, и се потрудиле да најдат место за сите гости, па природно е да се прифатат си-


151

туациите кои не можат да се контролираат, помисли Кирил, во духот на своето патријархално и религиозно воспитување од детството. „Навистина е лудо невремево надвор,“ го започна разговорот г. Веров. Другите потврдија со главите, а човекот карши него рече: „Да, не сум осетил ваков електрицитет во воздухот уште од времето на Ослободителната војна. Драго ми е, јас сум Милан Волоски, а ова е мојата сопруга Хана,“ се запознаа. Сопругата беше многу помлада од господин Волоски. Кирил се замисли. Тој не се бореше во војната. Неговата ќерка веќе беше помеѓу ретките деца кои во тие рани денови беа обучувани за служба во високите редови на Државата и како нејзин родител, тој беше поштеден од учеството во војната. Всушност, така почнаа немирите. Новата власт насилно зеде замав, почна да ги менува правилата и начинот на којшто беше уредено општеството на така радикален и насилен начин, што тогашните граѓани се побунија. Демократскиот систем преку ноќ беше заменет со тоталитарен. Премиерот и Државниците тоа јасно му го соопштија на народот. Дел од нив веќе го имаа прифатено, тој не беше нова фаца на политичката сцена, со години наназад ширеше идеологија којашто потоа ја наметна насила. Една држава, еден народ. Најтешко беше со религијата, тука луѓето најмногу се побунија. Војната што изби беше сурова, братоубиствена и жестока, но не траеше долго. Противниците беа лесно совладани со помош од Германија и речиси преку ноќ сите станаа едно - Државјани. На Кирил најтешко му падна откажувањето од религијата, која потајно сè уште ја негуваше. Никој не


152

можеше да му ги слушне молитвите, освен Господ. Благодарение на неговата умница од ќерка, тој и неговото семејство беа поштедени. Но, дали навистина некој може да биде поштеден од војна? „Навистина убава свадба, домаќините се потрудиле, штета за времево,“ рече г. Волоски. „Да,“ се претна од мислите г. Веров. Свадбата беше како и сите други, без алкохол и без јавно изразување емоции. Бендот свиреше најнови нумери од програмата на новата државна музика и гостите седеа, јадеа и слушаа. „Убава нумера, маршот е одличен за свадби,“ коментираше младата госпоѓа. Надвор засвети и се слушнаа грмотевици, потоа уште еднаш, па уште еднаш. Звукот беше поинаков, како да имаше крцкање или пецкање во воздухот. Кирил се обиде да си даде логичко објаснување, но не можеше. Звукот се повторуваше во правилни временски интервали, на секои неколку секунди. „Какви се овие грмотевици?“ праша г. Веров и ги погледна соседите. Сите ги кренаа рамениците. Г. Волоски, кој изгледаше на тип што поминал низ сито и решето не се вознемири многу. Кирил помисли дека тој сигурно бил во војната. Г. Веров стана и погледна наоколу. Виде дека и неколку други гости се застанати до прозорците и набљудуваат. Се доближи и во далечината виде молњи кои го параа небото, но повторно во некаков ритам, со некаква скриена шема што само се наговестуваше, но никој не ја разбираше. На Кирил му се причини дека молњите се доближуваат.


153

Се врати на масата и ѝ шепна на Надежда: „Стани. Си одиме.“ „Но, каде? Надвор е невреме,“ се противеше таа. „Не знам. Мислам дека не е паметно да останеме тука,“ рече тој и почнаа да се подготвуваат. Сопругата не можеше да си го пронајде шалот и правеше врева околу тоа. „Те молам, остави го шалот, да си заминеме што побрзо,“ ја преколнуваше Кирил. Звукот наеднаш замре. Сите во просторијата веќе беа станати, кој до прозорците, кој се подготвуваше да замине, кој се шеташе наоколу барајќи некој близок или не знаејќи што да прави. Тишината стана неподнослива и речиси заглушувачка. Луѓето почнаа да седнуваат и да зборуваат, помислувајќи дека чудната појава заврши. И тогаш се случи. Првата молња удри недалеку од нив со трескот каков што немаа слушнато никогаш во животот. Звукот на шиштењето сега јасно се распознаваше. Втората молња удри поблиску и гостите веќе рипнаа од столчињата. Дел истрчаа во ходникот, другите се скрија зад масите и столчињата. Третата влезе сред халата и Кирил јасно виде како од една голема молња се разгранија неколку помали. Неколку луѓе беа веднаш погодени, а дел од молњите заминаа по ходниците и другите простории од хотелот. Се слушнаа вресоци. Помалите молњи, како да се интелигентни грабливци или управувани од некоја невидлива рака, се упатија кон главите на гостите. До масата на г. и г-ѓа Верови една удри директно во еден од гостите. Човекот прво


154

се вкочани, а потоа почна да се тресе, екстремитетите му мрдаа како да има епилептичен напад. Тоа се случуваше со сите кои беа погодени. Молњата продолжи понатаму со ритмичен звук, но веќе се оддалечуваше. Сите беа во шок. Удрените лежеа ничкосани, тие што беа поштедени, вклучувајќи ги и Верови им се доближија, сакајќи да им помогнат. Надежда Верова го фати човекот до нивната маса за рака сакајќи да го поткрене, а тој ги отвори очите. Му беа црвени, како сите капилари во нив да беа испукани. Ја погледна и вресна со нечовечки и силен глас: „Неверничка!“ Ја удри толку силно што таа летна кон соседниот ѕид и остана да лежи неподвижно. Човекот истрча надвор од просторијата. Кирил дотрча до сопругата. „Добро ли си?“ ја праша држејќи ѝ ја главата. На раката почувствува влажно, ја погледна и виде крв. Се повредила од ударот. „Лежи тука, одам да побарам помош“. Стана и се стаписа. Околу него насекаде владееше хаос, луѓето се корнеа за коси, врескаа, се удираа со столчиња, шиштеа и р’жеа едни на други. Една госпоѓа во поодминати години давеше млада девојка за врат и врескаше. Некој батка кршеше и рушеше сè пред себе со еден удар, а ново-фолк бендот ги фрлаше инструментите врз споулавената толпа која по секоја цена сакаше да дојде до нив. Кирил повторно се сврте кон сопругата која лежеше во бессознание. До неа беа соседите од масата, Милан и Хана. Кирил го одмерка Милан, кој беше корпулентен маж и процени дека тоа е добро за ситуацијава. „Да бегаме оттука,“ им рече и тие се согласија без збор. Ја крена Надежда и се упатија кон излезот.


155

Насекаде летаа тупаници, клоци, тврди и остри предмети. Ни самите не знаеја како се пробија, неколку полудени мораа да бидат нокаутирани, тука г. Волоски се покажа како ефикасен и го потврди тоа што Кирил го мислеше за него. Надвор во далечината се слушаше крцкање, шиштење од грмотевиците кои ги правеа луѓето нелуѓе, полудени и здивени како ѕверови, што и да беа, беа опасни и требаше да се бега од нив. Влегоа во автомобилот на Кирил и зафрчија во непознат правец. * * * Се возеа долго по нерамни патишта, додека разговорот замре, а се стишуваа и пукотниците и тоа што наликуваше на грмотевици. Одеа надвор од градот, заклучи Тома. „Зошто ме носите надвор од градот, ако планирате да ме убиете заслужувам да знам,“ рече Тома. „А бе зборлесто пиле си бил ти, не би било лошо да замолчиш малку,“ го прекори претпоставениот. „Меѓу другото, еве стигнавме, и наскоро ќе добиеш одговор на сите прашања.“ Возилото наеднаш застана, вратата се отвори и го изнесоа надвор. Му ја кренаа качулката. Пред него се откри пејзаж од кој јасно се гледаше дека се надвор од градот. Всушност, од градот немаше ни трага ни глас. Беа во некое селце далеку од цивилизацијата. Воздухот беше толку чист што на Тома му беше тешко да вдишува, од неодредена насока се слушаа птички и при-


156

душено пиркање на ветрот што ги брануваше гранките од дрвјата. Тома за миг се изгуби во тоа чувство што го врати во детството кога татко му ги носеше на прошетките и излети со брат му и ги учеше за природата, животните и подреденоста на нештата во светот. Освен Довците имаше и други луѓе во униформа чиишто воени инсигнии не можеше да ги препознае. Зад нив имаше трошна куќа со двор и кокошки кои трчкаа наоколу. Сè беше во состојба на полу-распаѓање. Од оџакот на куќата гореше оган, значи внатре имаше луѓе, заклучи Тома. Од сите се издвои еден човек кој не беше облечен во униформа, туку носеше цивилна облека. Беше во доцни четириесетти, со наместа побелена коса, но уредно исчешлана по малку старинска фризура, и мустаќи, за кои се гледаше дека се негувани. Му пријде претпоставениот, зборуваа долго и мавтаа со рацете. Претпоставениот му објаснуваше нешто и се чинеше дека овој не му верува. Потоа замолчи и се замисли. Кимна со главата во знак дека се помирил или разбрал за што станува збор. Човекот му пријде на Тома. Го гледаше со внимание, како да му го испитуваше лицето за некоја трага. „Значи, ти си Тома Хансов,“ конечно рече човекот. „Да,“ рече исплашено Тома, но потоа собра храброст и рече: „Кој сте вие и зошто сум тука?“ Ги испелтечи тие неколку зборови. „Јас сум Никола Слејт,“ рече човекот. „Но, да влеземе внатре па ќе зборуваме.“ Го фатија под мишките и го внесоа преку дворот, во куќата. Внатре имаше неколку луѓе испоседнати по остатоци од она што некогаш можело да се нарече мебел, но на големата маса во трпезаријата имаше современа


157

опрема за набљудување, така барем му изгледаше на Тома. „Седни,“ рече човекот кој се претстави како Никола. Тома разгледа наоколу, насекаде имаше сандаци со оружје, кутии со муниција и други контејнери за кои не препознаваше што се. Седна на една фотелја, а човекот довлечка столче од кујната и седна спроти него. „Не ти е чудно што се викам Никола Слејт?“ рече човекот и Тома во тој момент стана свесен дека тоа е неговиот псевдоним што го користеше додека ја пишуваше книгата. „Претпоставувам дека тоа не ви е вистинското име и дека го користите да ме испровоцирате. Во ред признавам, ја напишав таа книга и сакав да се издаде надвор,“ рече прво храбро, но потоа откако човекот не изреагира, почна да моли. „Ве молам, јас имам семејство, не сум сторил ништо лошо, мравка не сум згазнал во животот. Во ред, имам фантазии, но тоа се само фантазии и нема никому ништо да му направат. Ете, ја пресретнавте книгата и може слободно да ја запалите,“ со плачлив глас изусти Тома. „Не сум знаел дека си таков лигуш,“ рече Никола бесно. „Не сакаш да се бориш за идеите за коишто така страсно зборуваш? Сакаш само да начкрабаш зборови и да се откажеш од каква било одговорност!? Нема да може... загинаа луѓе, уништени се животи, некој мора да преземе одговорност!“ додаде огорчено. На Тома ништо не му беше јасно. Да, во книгата зборуваше за забранети идеи и сакаше да направи револуција, но книгата ја пресретнале пред да може да направи некакво влијание.


158

„Но, книгата не е ни издадена,“ се правдаше Тома. „Не разбирам за што треба да одговарам. Ако ме шпиониравте знаете веќе дека сè што направив е што ја напишав таа книга и толку.“ Тома се надеваше дека другите сочни детали од неговата приказна не им се познати. „Не. Никој не те шпионираше. Вистината е дека случајноста решила да ги испреплете нашите судбини на начин кој ни мене не ми е сосема јасен, но мислам дека приближно знам што се случило,“ рече човекот и го доближи столчето до Тома. „Работата стои вака. Моето име е навистина Никола Слејт, барем така ме нарекуваат. Јас сум научник кој против своја волја работеше за Владата. Правев машина која требаше да им ги контролира мислите на луѓето, по сто перипетии успеав да избегам... но, мислам дека сето тоа ти е познато,“ инсистираше човекот. „Секој што ја прочитал мојата книга може да го знае тоа. Повторно сакате само да ме провоцирате, но ви кажав веќе, признавам дека сум ја напишал, јас сум Никола Слејт, а не вие,“ рече Тома очајнички. „Види вака,“ рече смирено Никола. „Постои една машина што се вика „Читач на мисли“ и таа машина била очигледно насочена кон мене, но освен што им праќала информации на властите, изгледа по некоја игра на околностите, истите завршиле и во друг приемник, т.е. твојата глава. Ти, освен што ги дозна моите мисли, ја дозна целата моја проклета приказна преку твоето неродено дело. Значи сè што си пишувал, твојата книга за авантурите на научникот што мечтае за бесплатна енергија, но потоа е принуден да учествува во правењето на машината за контрола на мислите на луѓето е приказната на мојот живот. Јас СУМ Ник Слејт,


159

проклетство!“ вресна Никола. Тома сè уште не веруваше, му беа потребни докази, сето тоа што го кажа човекот можел да го прочита во книгата. Секако Владата правеше разни експерименти за кои се зборуваше по кафеаните и други тајни места за средба, но сè ова звучеше како научна фантастика. „Добро, ако вие сте Ник или Никола, тогаш кажете ми го ова,“ го погледна малку надмено Тома, „кога Ник бил на факултет се запознал со една девојка заради која за малку ќе ја напуштел науката и ќе се посветел на семејниот живот, но на крај сепак не го сторил тоа. Ја избрал науката, но никогаш не ја прежалил девојката. Кога ја пишував книгата сакав да го вметнам овој дел и долго време размислував за тоа, но на крај не го ставив. Ми беше доволен еден љубовен интерес за една приказна. Дали знаете кое е името на девојката?“ изговори Тома сигурен во себеси. Никола го погледна, се подисправи на столчето и рече: „Нејзиното име е Марија Џејн, имаше бисерни заби, сини очи и руса коса.“ Тома остана запрепастен. Немаше никакво поинакво објаснување за тоа како овој човек го знае името на девојката што тој ја имаше измислено и чијшто лик го градеше со ноќи пред да заспие, но реши да не го искористи. „Не е возможно,“ рече Тома со недоверба. „Возможно е. Сè што ти кажав е вистина, освен една работа. Не работам повеќе за Државата. Знаеш што ми направија и тоа ме смени од корен. Отсекогаш сакав да им дадам на луѓето слободна енергија, можеби нема да можам да го сторам тоа, но ќе им дадам слобода, а тоа е првиот чекор кон нешто поголемо. Овие луѓе не се Довци или бранители на Државата, овие горди и храб-


160

ри луѓе кои си го ризикуваат животот за да можеме ти и јас да живееме слободно се бунтовници.“ Тома не го очекуваше тоа. Главата му беше полна со прашалници. „Но, зошто тогаш ме грабнавте мене? Зошто не ми кажавте веднаш кои сте кога ги знаете моите мисли и идеи?“ праша Тома. „Беше премногу опасно,“ одговори Никола. „Не сакавме да ти го доведуваме семејството во опасност.“ „Но, зошто воопшто ме земавте, јас не сум борец, не сум бил во војната, не знам ништо за оружјето,“ се чудеше Тома. „Затоа што,“ се доближи Никола до Тома и изговори малку потивко да не го слушнат другите, „не ни требаат само мускули, ни треба и мозок“ и потоа продолжи со нормален тон. „Секако ти го препишуваше мојот живот и моите мисли, но има таму и твои мисли и јасно ги препознав. Ти припаѓаш тука, не набиен во некое станче со соништа за промена преку книга. Местото ти е на фронтот, заедно со нас. Ниту јас не сум борец, јас сум научник, но во вакво време сите мораме да се бориме, до последен. Освен тоа, ние сме значајни како творци на идеи, јас од научен аспект, ти од филозофски. Овие луѓе тука ме прифатија како нивни откако дознаа кој сум. Претпоставувам дека имаме заеднички интерес, тие од мојата експертиза, јас од нивната. Меѓу другото, се надеваме дека во тоа твое мозоче се кријат и некои други тајни кои можеби си ги примил ако настанала двонасочна комуникација помеѓу тебе и машината. Но, подоцна ќе го испитаме тоа, засега главната работа е твојата приказна. Паметиш како завршува?“


161

„Да, Вера е убиена, а вие сте транспортирани некаде надвор од вашиот затвор... “ рече Тома и застана како во тој момент да сфати дека неговата книга продолжува токму во овој момент, со Никола, бунтовниците и тој самиот како главни ликови. „Токму така, тоа што не го знаеш е дека убиството на Вера не е залудно. Тука запознав нови пријатели, луѓе со идеали како што сме ти и јас, но тие за разлика од нас се подготвени да кренат оружје за идеалите. Велам да им се придружиме и заедно да се одмаздиме за тоа што ми го сторија мене, за тоа што ѝ го сторија на Вера,“ подзастана малку и се обидуваше да си ги контролира емоциите, „но пред сè за тоа што му го сторија на народот. Заедно ќе напишеме еден крај достоен не само за нас, туку за сите државјани на Нова Македонија,“ рече Никола. „Но, ајде да јадеме, па ќе ти раскажам повеќе за мојата идеја.“ * * * Кирил Веров возеше како споулавен низ улиците на мега-градот кој некогаш беше неговото старо Скопје, градот на неговите родители кои го преживеаја земјотресот, уништувањето и повторното изградување на градот, неговото прераснување во космополитска метропола и повторното уништување и изградба во Ново Скопје, она кое тој не го признаваше за град. За него староговорно речено граѓанин значеше некој што ги прифаќа сите околу себе, гради добрососедски односи и го интегрира она што е странско и непознато во сопствената култура. Ново Скопје беше монструм роден од неприродни инцестуозни бракови помеѓу


162

премногу сличните, зашто различните беа или истребени или стопени. Татко му имаше „среќа“ да не го доживее монструмот од градот кој толку го сакаше. Почина ноќта кога почна војната. Кирил се сеќаваше дека го славеа седмиот роденден на Вера, целото семејство беше насобрано, се пееше и веселеше. „Внучке, да ми доживееш уште десет, сто пати толку,“ ја бакнуваше весело дедото малата Вера, а оваа си го бришеше лицето. Дедото ретко искажуваше емоции, но по неколку чашки жолта не можеше да се воздржи. Наеднаш во просторијата влета чичко му на Кирил и викна, „Вклучете телевизија!“ „Што ќе ни е телевизија, брате,“ го праша таткото на Кирил. „Само вклучете,“ инсистираше мистериозно чичкото. На вести зборуваа за пукотници и борби на границата. Не кажаа која, но веројатно на повеќе места. Непријателски сили влегле да ја нападнат Македонија. Зборуваше Премиерот лично. „Во овој миг нашата земја е нападната и на сила стапува вонредна состојба. Ги повикувам сите военоспособни да се пријават на пунктовите за доброволци, зашто за мајка Македонија се работи. Во вакви мигови ќе докажеме кои сме и зошто сме. Нашиот суверенитет е нарушен и подготвени сме да го браниме до последен здив додека не го протераме непријателот. Иднината на нашите деца зависи од сите нас. За Македонија!“ заврши Премиерот. Прославата брзо заврши и сите се разбегаа по дома.


163

Жените ги собраа чиниите и јадењата, а мажите седнаа да поразговараат. „Сине, не ќе да е на арно,“ зборуваше таткото на Кирил додека цевчеше една по друга цигара, видно вознемирен. „Мене ќе ме земат, уште не сум ослободен од служење, сега им требаат сите, и стари и млади. Но, ти Надежда и Вера треба да заминете уште утре, имам некои врски, ќе се обидам да ве префрлам преку граница.“ Кирил не сакаше да ги остави родителите. „Не грижи се за мене и за мајка ти, сме преживеале ние сè и сешто, ќе го преживееме и ова,“ рече татко му. Таткото на Кирил почина истата вечер од срцев удар, и семејството остана во земјата и сведочеше на сите нејзини бурни трансформации, од војна преку новиот поредок, промените во имињата, системот, образованието, професиите, уредувањето на градот и државата. Сè што познаваа пред војната го немаше повеќе. Дождот беше стивнат во сивото Ново Скопје, но сè уште течеа реки по улиците кои го отежнуваа движењето. Г. Веров стискаше на педалата како да сакаше да ја залепи за подот на автомобилот. Недалеку од нив се слушаше трескотот на молњите кои си ја вршеа својата работа независно од дождот. Застанаа на црвено светло. „Зошто застана по Државата!“ викна г. Волоски. „Па, не сакам да удрам некого,“ одговори Кирил зашто тоа му се чинеше правилно и природно. „Море удри ги ѕверовите, не ќе ги штедиш,“ процеди нервозно низ заби г. Волоски од задното седиште. Кирил ја погледна својата Нада како лежи на предното


164

седиште врзана и во бессознание. Имаше крв по лицето и тој се грижеше за неа. Новите „пријатели“ седеа на задното седиште и шепотеа нешто за себе. Се чинеше дека црвеното светло трае цела вечност и Кирил навистина почна да размислува да тргне. Во нивна близина се слушна чкрипење на автомобилски гуми и потоа еден автомобил изгуби контрола и удри во бандера. „Тргнувај веќе еднаш, што чекаш?“ веќе губеше трпение г. Волоски. „Но, да му помогнеме на човекон, можеби е повреден,“ се бунтуваше Кирил. „Слушај, внатре може да е еден од оние полуденине, не ризикувам да помогнам на некој таков. Сум видел доволно ѕверови во војната и знам дека никому не треба да му се верува кога владее анархија, затоа тргнувај или ќе јадеш олово за вечера,“ рече г. Волоски и Кирил ја почувствува ладната цевка на пиштолот на својот тил. Почна да се препотува и да пелтечи. „Еве, еве... нема потреба од нервоза, тука сме сите пријатели,“ се обидуваше да звучи смирено Кирил и го стави менувачот во прва. Токму во тој момент, како чин на некоја поетска правда, засвети зеленото светло и Кирил само што ја стави ногата врз педалата, на хаубата од неговиот Македон Ваген 1.2, новомакедонско производство и германска машина, рипна еден од полудените. Грабаше со рацете како да сакаше да ја скине хаубата и ја гребеше бојата како да е лепенка. Г-ѓа Хана вресна, а г. Волоски без двоумење го впери пиштолот во ѕверот и испука куршум кој го погоди во рамото и само го разбесни уште повеќе. Со нечовечки вресок удри со главата право во шофершајбната на што г. Волоски ис-


165

пука уште неколку куршуми низ стаклото и врескањето престана. „Одам да проверам дали е мртов,“ рече г. Волоски. „Не излегувај надвор, да си одиме,“ го предупреди Хана. „Немај гајле, готов е, само да го докрајчам,“ рече Милан. Исчекори надвор и го виде ѕверот како пени на устата, се обидува да стане, но не може. Се обиде да го фати Милан за ногата, но не успеа. Пиштеше и плукаше крв и Милан го погледна со гадење. Ладно испука уште еден куршум, право во полудената глава. Ја отвори совозачката врата, ја крена г-ѓа Верова и ја премести позади со Хана. „Држи ја,“ рече и седна на совозачкото место. Ја крена ногата и удри по предното стакло со цела сила а тоа се одлепи и падна врз хаубата. „Што правиш?“ шокирано рече г. Веров. „Зарем мислиш да возиш со вакво стакло,“ одговори Милан, „освен тоа, вака полесно ќе го средувам дивечот на патот,“ рече со садистичка смеа. Г. Веров не можеше да поверува со кого се здружил, но од друга страна можеби безмилосен лик како Милан беше нужен за преживување во една ваква ситуација. Тргнаа понатаму додека студениот ветер безмилосно ги дуваше по лицата. Хана ја покриваше г-ѓа Верова со својот капут која почна да се тресе од студ и заради губитокот на крв. Пред нив се менуваа сцени на уништување, запалени автомобили, вресоци на луѓе, масовни тепачки, превртени контејнери и расфрлани ѓубришта по патиштата. Милан му кажуваше на г. Веров каде да оди додека го држеше својот МК Браунинг 19 мм вперен пред него.


166

„Тука, сврти тука,“ рече, по малку разочарано дека веќе пристигнале, а не успеал да пука во ниту една подвижна цел. Влегоа во една подземна гаража. „Паркирај се пред влезот, таму,“ рече Милан. Надежда Верова почна да се расонува и да пушта воздишки и болни гласови. „Г. Веров,“ рече Хана, „изгледа се освестува.“ Кирил стана и ја замени Хана на задното седиште. Таа се премести на возачкото место. Милан ја погледна сериозно својата млада сопруга која на почетокот на врската ја сметаше за некој вид трофеј, но сега веќе за верен животен сопатник, и ѝ го подаде пиштолот. „Мала, седи тука и држи ги двајцана на нишан. Ако ви се доближи нешто сомнително, не двоуми се, пукај,“ рече и ја бакна. „Ќе се вратам брзо,“ се сврте кон г. Веров, „одам да ги земам клучевите од џипот. Токму вечерва решивме да одиме со такси заради проклетиот дожд. Се надевам дека старата дама ќе биде во ред и... извини за она преѓеска, малку полудевме сите, не само оние, знаеш,“ додаде обидувајќи се да ја релаксира ситуацијата, и замина. Доцна беше за тоа, според Кирил, Милан се покажа во вистинско светло и само се надеваше дека ќе им дозволи да си заминат откако ќе ги земе клучевите од неговиот автомобил. Г. Веров ја држеше главата на сопругата која се освестуваше и ја смируваше. „Полека, полека, Надо, не станувај, лежи си. Изгуби многу крв,“ ѝ рече тивко. „Каде сме? Што се случи?“ праша збунето Надежда. „Не грижи се. Се случија некои работи. Те нападна


167

еден човек. Многу луѓе го изгубија разумот. Ќе мораме да избегаме некаде надвор од градот,“ се обиде да ѝ објасни колку што е возможно поедноставно и пократко. „Но, зошто, како?...“ не разбираше г-ѓа Верова. „Не знам, никој не знае, но најбитно сега е да избегаме,“ ја смируваше Кирил. Се наслушнаа чекори во близина. „Еве го, се врати,“ рече Хана Волоска и излезе од автомобилот. Се слушна вресок, неколку истрели и потоа неколку кликови. Пиштолот беше празен. „Помош, помош!“ викаше таа. Кирил ја положи главата на Надежда колку што можеше нежно врз седиштето и потоа излета од колата. Здогледа еден од полудените како со крик и крвави очи трча со полна брзина кон Хана. Таа се обиде да избега, но полудениот ја фати за коса и ја тресна од земја. „Предавничка!“ вресна и ја удри повторно. Кирил се стрча кон неа за да ја спаси, но во тој момент здогледа уште дваесетина полудени како влегуваат во подземната гаража со воинствен крик, повикани од бучавата. Крвта му се замрзна во жилите, за миг се помисли што да прави, но немаше, навистина немаше избор. Ако остане да ја спаси, сите се мртви. Влета во автомобилот, го сврте клучот и ја здена ногата во подот. Помина директно сред улавата глутница и неколку изобличени силуети жедни за крв се одбија од колата и завршија на асфалтот. Како што излегуваа од гаражата во ретровизорот го здогледа Милан како излегува од вратата и трча накај Хана, а потоа ги покри толпата. „Што се случи, по Државата мила?“ Надежда веќе беше станата и не можеше да им верува на очите.


168

„Легни и не гледај, едноставно не гледај,“ процеди низ заби Кирил, додека низ главата му поминуваа сцени од хорор филмовите кои ги гледал во минатиот систем. Тоа што успеа да разбере додека поминуваше низ градскиот хаос, во очајнички обид да се пробие што подалеку од градот, е дека повеќето од луѓето се, како прво, дефинитивно полудени и дека, како второ, се групирани во некакви помали групи според некои луди верувања или убедувања. Мажот што ја нападна Надежда вресна „неверничка“, другиот што ја уби Хана викна „предавничка“, а останатите го следеа. Тоа не може да биде случајно, секогаш има некоја матрица во хаосот. Тој беше верник длабоко во себеси и веруваше во цел и смисла иако понекогаш на површината се чинеше дека не постои такво нешто. Помисли на семејството Волоски. Можеби и не заслужуваа да бидат спасени, но Кирил веруваше во втора шанса и искупение. За жал тие нема да ја добијат. Колата потскокнуваше на разни отпадоци по патот додека се движеше во единствената насока што се чинеше сигурна – надвор од градот. * * * Јадењето не беше којзнае што, жгулаво коковче со ориз, но „барем е органско“ се шегуваше Никола. Му раскажуваше какви сè експерименти правеле властите со органскиот свет за максимизација на производството. „Месото се одгледува во лаборатории,“ му раскажуваше Никола, „и тоа воопшто не се животни. Не зборувам за оние нехумани рудименти на заробени крави


169

пумпани со антибиотици и хормони од минатиот систем. Не, во лабораторииве се одгледуваат само мускули, внатрешни органи, копани, коленици, што сакаш. Имаш лабораторија за копанчиња каде што растат само копани. Тоа ти е клеточна агрикултура братче,“ Тома го гледаше зачудено. „Да, мил мој, безброј бутчиња, вратчиња, џигери, јазици, црева... што сакаш тоа си расте. Орган без тело. Или ако сакаш поздрава варијанта има фабрики каде печатат органи, вистинско три-де печатење на сè што ти се јаде. Добредојде во Храбриот нов свет драг мој,“ се насмеа Никола раскажувајќи му за приказните кои кружеа во научничките кругови и кои ги имаше наслушнато во муабетите на колегите. „А зеленчукот?“ праша Тома зачудено. „Ќе ти раскажам сè, има време, и зеленчукот си е свој засебен хорор-филм. За водата и за воздухот веќе знаеш, мое писателче,“ се присети на муабетот на Вера. „Но, она што е најстрашно сега е нешто друго.“ Тома го погледна со израз „зарем има уште?“ а Никола продолжи. „Претпоставувам дека ги слушна пукотниците и експлозиите.“ Тома кимна со главата. „Тие нема да престанат, туку ќе станат сè побучни и посилни. Вчера дури ти мирно спиеше во твојот кревет со твојата сопруга, започна нова војна.“ „Бунтовниците?“ праша Тома и се насмевна непријатно, потсетувајќи се каде се наоѓа. „Не, Владата,“ одговори Никола. „Владата ја почнала војната? Тоа нема логика, зошто тие би се бореле против себеси,“ се чудеше Тома. „Па не го планираа тоа, но се случи. Како што знаеш веќе од твојата приказна, работев на машина која треба-


170

ше да ги контролира луѓето, да ги направи послушни, помалку да размислуваат и повеќе да работат, за доброто на Државата, се разбира. Но, бидејќи јас избегав, а Брејнов, Државата да го прости, го отепаа, како што дознав од твоето дело, останаа само со лигушот Психа, а тој не разликува машина за бесплатна енергија од зрак на смртта, за него сè е исто. Тој ти е модерно олицетворение на д-р Менгеле, подготвен е да експериментира врз луѓето без разлика на последиците. Тој ја активирал машината без доволно познавања на последиците,“ додаде Никола. Во позадина се наслушна џагорење. Неколку од бунтовниците имаа распослано карти на една од кутиите и играа покер. Никола ги погледна и се сврте повторно кон Тома кој збунето го гледаше. „Но, вие бевте транспортирани тука, од каде знаете што се случува во градот?“ сомничаво рече Тома. „Е па драг мој,“ одговори Никола, „како што кажав, додека ти се гушкаше со твојата женичка во удобниот кревет, нашиве нови пријатели поминуваа низ вистински пекол на патот кон тебе. Сè што знаеме за состојбата на теренот е од нивно кажување. Не велам дека знам точно што се случи, но моето искуство и познавање на науката и машините врз кои работев е доволно да претпоставам што се случило,“ рече Никола. Во тој момент влета еден од бунтовниците. „Имаме друштво,“ рече. Сите рипнаа и се стрчаа кон прозорците. Се слушна репетирање. Беа подготвени на борба, а Тома се прашуваше што по Државата прави тој тука. Му пријде еден од бунтовниците. „Држи,“ рече бунтовникот и му подаде пиштол. „Може да ти затреба.“ Тома го фати пиштолот и негова-


171

та тежина му ја повлече раката надолу. Не можеше да се изначуди колку е тежок, како да држи тула во раката. Беше ладен како мраз и мирисаше на олово. „Вака се откочува,“ му покажа тој. „Брзо ќе научиш, само нишани и стисни на чкрапалото.“ Надвор се слушнаа пукотници. Куршумите шиштеа на сите страни и неколку влетаа внатре. Тома се испаничи. Никогаш порано не бил во престрелка, ниту слушнал куршуми одблиску. Ја помина војната на село, додека Државата уште не беше поделена на дистрикти. Не знаеше што да прави, сè што сакаше е да избега, подалеку од пукотниците и од бунтовниците. Скокна и ја отвори вратата. „Каде одиш бре,“ се слушна викањето на еден од бунтовниците зад него, но тој беше веќе надвор. Тргна зад куќата, здогледа поле пред него и со пиштолот пред себе прерипна една ограда, се скри зад друга куќа и тргна кон полето, но само што излезе од зад ѕидот пред него се испречи еден Довец и тој без да размислува, инстинктивно, како отсекогаш да бил подготвен за таква ситуација, го повлече чкрапалото. Звукот беше заглушувачки и наеднаш сè стана забавено. Човекот пред него се вкочани и потоа падна врз него. Тома не можеше да се помрдне, пред него светот застана а потоа сè стана црно. Се разбуди во старата куќа, опкружен со бунтовниците кои гордо го гледаа. Му пријде претпоставениот. „Сите мислевме дека си лигуш, ама ти се покажа како цврсто копиле,“ сите се насмеаја гласно. „Што се случи?“ праша Тома збунето. „Се случи тоа што ти отепа еден од швабите, така ги


172

викаме ние Довците,“ одговори претпоставениот „го смачка како бубашваба.“ „Но, јас,“ посака да стане Тома и да каже дека не го отепал намерно, дека не сакал да повреди човек, тој е човек нели, само со различна униформа, но кога се помести почувствува болка во рамото и се врати назад. „Полека, не скокај, имаш прострелна рана. Те преврзавме, ќе бидеш во ред, не е погодена коска, те прегледавме, опремени мангупи сме ние тука, имаме и тајна лабораторија, операциона сала и комуникациски центар во трошнава куќичка,“ гордо рече човекот. На Тома му се лошеше и не знаеше дали е од седативите кои сигурно му ги дале, или од сознанието дека убил човек. Непријател, но сепак човек. Се сврти на страна и почна да липа. „Да го оставиме малку, сите знаеме како му е,“ рече претпоставениот и му шепна. „Соземи се малку, потоа ќе го пуштиме Никола да ти одржи уште една едукативна сесија, верувај тоа ќе биде полошо од болката сега,“ се обидуваше да го расположи малку. Тома повторно падна во бессознание. Не знаеше колку време спиеше и што сонуваше, но знаеше дека беше мрачно, страшно и исполнето со вресоци. Се разбуди целиот во пот. Еден од бунтовниците го преврза, му дадоа малку вода и потстана. Малку му беше подобро. Никола виде дека е станат и веднаш му пријде. „Слушај, сега Довците знаат каде сме. Ова беше случајна патрола, но се сомневаме дека еден избега и прашање на време е кога ќе ги доведе другите. Тоа што го стори ти е за почит. Дури ни јас, во ова мое кратко бунтување не сум сторил нешто такво. Ја придоби


173

целосната доверба на момциве тука. Но, времето е кусо и ние се подготвуваме за акција.“ рече Никола. Тома се обидуваше да го следи. Болката во рамото беше поднамалена, но му беше тешко да се движи. Помисли на човекот што го уби и повторно го фати мачнина. „Кажувај ми, те молам зборувај ми, раскажи ми за машината,“ прошепоти Тома со болен израз на лицето. Му требаше заборав. „Ќе се обидам да бидам краток и колку е можно јасен. Значи, главушиве горе, нели решија да ја активираат машината за контрола на мислите без мене, не познавајќи ги финесите на влијанието на различните фреквенции и вибрации на струјата врз мозочното ткиво. И нормално, наместо да ги смират луѓето и да ги контролираат, будаливе им ги спржија мозоците. Па, што мислеа? Дека ќе спроведат масовен електричен шок на популацијата и ќе ги средат работите?“ се насмеа цинично Никола. „Но, што сакате да кажете?“ не разбираше Тома. „Сакам да кажам дека експериментот е неуспешен, но пациентот преживеа, само што сега е Франкенштајн и талка наоколу убивајќи ги сите,“ одговори Никола. „Не знам што направија точно и како ги активираа машините, но по сè што ми кажаа соборците за состојбата на теренот, ми се чини дека зракот за контрола на мислите направил некој вид ѕверови од луѓето,“ додаде Никола и погледна кон бунтовниците, а тие иако досега молчеа, сега енергично се согласија со едно гласно и потврдно „да, да“. „Како мислите „ѕверови“, нешто како врколаци?“ се обиде да изговори Тома со болен грч на лицето, присетувајќи се на приказните на татко му од детството за


174

митските суштества, приказни кои денес би биле означени како непрактично суеверие. „Не баш. Научно објаснето, една од фреквенциите на мојата машина може да влијае на високите функции на кортексот и да ги замени со примордијалните импулси за преживување, а што е уште полошо, нус-производ на целата работа е што делот од мозокот задолжен за предрасуди почнува да владее со функциите на мозокот,“ рече Никола. Тома не можеше да каже дека разбира, но се обидуваше да го следи Никола кој, очигледно со страст зборуваше за научните импликации на машината, иако од последнава не беше особено горд. „Да ти објаснам едноставно, тоа значи дека ако пред новава војна си бил националист, сега си ултра-националист, ако си чувал скриена верба во Господ сега си религиозен фанатик, мирната бабичка која штекала пари под душек сега ограбува банка со сачмарка, а детето од маало што ги закачало другите деца, сега пржи кучиња на ражен. Според сите наоди, ми се чини дека знам во што е грешката и каква збрка направиле, но ако стигнеме на време ќе можеме да ја исправиме работата пред сите да се испоубијат,“ заврши Никола. Тома помисли на мајка си. Каква е станата таа сега со сиот тој скриен бес кон Државата? Сепак, во таква ситуација е подобро да бидеш ѕвер отколку плен. „Но, не ги фати сите,“ додаде Никола, „Сè уште не разбирам дали е тоа случајност или е поврзано со моќноста на зракот која е ограничена и може да дејствува на одреден број индивидуи по единица површина. Постои можност и некои луѓе да се имуни. Исто така претпоставуваме дека не се фатени сите делови од ме-


175

га-градот Ново Скопје и дека акцијата ќе продолжи во следните денови, затоа мора да дејствуваме брзо,“ заклучи Никола. „Но, зошто би продолжиле ако експериментот не е успешен?“ праша зачудено Тома. „Мислиш тие стаорци скриени по дупките под планина имаат некаква врска со надворешниот свет и покрај целата нивна шпионска опрема? Те уверувам дека тие луѓе зад екраните не се ништо попаметни од автоматроните. Штом ќе одобрат некој проект тој се тера по секоја цена. Овој го има разгледано и одобрено лично ПЕД35, а кој смее да му противречи?“ прашално го погледна Никола. „Ниту еден единствен од тие паразити, верувај ми!“ додаде. „Добро, но што можеме ние да сториме? Зарем да влеземе со пушки во базата? Ако состојбата е таква како што ја знам благодарение на мојот ракопис, тогаш немаме шанси,“ негираше Тома. „Ние имаме една предност во однос на сите други,“ рече Никола со насмевка на лицето. * * * „Надежда!... Надо!“ викна Кирил, но немаше одговор. Сепак ќе мора да побараат помош, помисли Кирил и неволно сврте во насока на Државната болница со надеж дека таму работите се под контрола. За среќа болницата не беше под влијание на зраците, но таму состојбата не беше поарна отколку надвор. 35 Премиерот на единствената Држава, акроним што намерно е идентичен со Правилникот на единствената Држава.


176

Стотици повредени и тешки случаи крвавеа на ходниците и молеа за итна помош. Сестрите ги одвраќаа и ги примаа само критичните. Надежда беше во бессознание, а Кирил ја носеше в раце. „Ве молам, на жена ми не ѝ е добро, ве молам, помогнете ѝ,“ ја молеше. „Само најитните случаи господине,“ му одврати таа ладно и го одмина. „Но, во несвест е, изгуби многу крв,“ ја преколнуваше Кирил и ја следеше по ходниците. „Жалам,“ рече таа незаинтересирано и замина. Тогаш му текна и застана пред неа испречувајќи ѝ се на патот. „Јас сум семеен пријател на д-р Добрески, блиски сме како браќа од деца, кажете му дека го бара Кирил Веров“ рече строго Кирил, а сестрата го погледна по малку сомничаво и потоа претпазливо рече „Во ред, почекајте тука.“ „Ако немаш пријатели, во државава ќе те остават да пцовисаш,“ помисли Кирил додека го чекаше пријателот со кој имаа поминато низ сито и решето во младите денови, се дружеа и како ергени и како женети, со сопругите на чајанки и вечери, а докторот особено ја сакаше Надежда. Кирил понекогаш беше љубоморен на вниманието кое ѝ го посветуваше докторот, а сега се молеше за такво внимание. „Кириле, и вие ли настрадавте по Државата,“ се појави докторот со загрижен лик. Му беше мило што ги гледа, но не во ваква состојба. „Кутрата Нада,“ рече сериозно. „Брзо, носете ја на интензивна, соба 206,“ ѝ рече на сестрата. „Но, докторе,“ рече таа претпазливо, „собата е веќе резервирана за сестрата на советникот Гручоски.“


177

„Ќе им најдеме друга соба, сакам Наде да ми ја пазите како мој род, јасно ли е!“ строго рече докторот, а сестрата со молчење го упати Кирил да ја стави на болничкиот кревет што веќе беше донесен и заминаа внатре. Ноќта ја поминаа тешко. Едвај најдоа крв за нејзината крвна група иако беа на одделението каде што привилегиите не беа реткост. Беа опкружени со високи службеници и членови на високата каста, но хаосот надвор ги поремети и нештата внатре. Надежда се будеше на секои неколку часа и примаше трансфузии, инфузии и лекарства. „Нема внатрешно крварење,“ рече докторот, „тоа е добро. Раните се сошиени и санирани, но има потрес на мозокот, мора да одмори и во следниве денови мора да мирува.“ „Ти благодарам,“ рече Кирил, „нема да ти го заборавам ова.“ „Не грижи се, само Наде да ни биде добра,“ рече докторот, го потапка по рамото и замина. Поминаа две вечери и состојбата на Надежда полека се стабилизираше. Во меѓувреме повремено се слушаа грмотевици како првата вечер, но за среќа во далечина и Кирил беше благодарен што нивната болница и околината во која се наоѓаше беше поштедена. Поради познанството со д-р Добрески и на Кирил му беше дозволено да престојува на интензивна нега. „Одлично,“ рече докторот, „уште ден-два и ве пуш­ там да заминете, иако ако ме прашуваш мене би ве задржал внатре на неодредено, надвор слушам е многу лошо. Капацитетите на болницата се исполнети, секој


178

ден има се повеќе критични случаи, луѓе умираат ко муви.“ „Толку е лошо?“ праша Кирил, „Некако се надевав дека работите ќе се средат.“ „Од тоа што го гледам и што слушнав од нашиве привилегирани пациенти тука, многу е лошо,“ рече докторот. Надежда веќе седеше и задоволно сркаше од болничката супа, ѝ беше видно подобро. Вратата се отвори и внатре влезе сестрата. Ликот ѝ беше блед и се тетеравеше. „Сестро Хелга? Добро ли сте?“ ја праша загрижено докторот, а сестрата се струполи на подот. Во грбот имаше забоден скалпел, а белата болничка униформа ѝ беше извалкана со голема црвена дамка. „Сестро Хелга!“ викна докторот повторно. Зад сестрата стоеше еден од полудените. Крикна и се фрли врз докторот со нечовечка брзина и скок со кој го прескокна болничкиот кревет, при што ја удри г-ѓа Верова. Таа вресна. Од ударот се скина еден од конците и раната повторно се отвори. Полудениот се бореше со докторот на болничкиот патос, а Кирил веќе беше подготвен. Фрли поглед наоколу и веднаш знаеше што треба да стори. Го крена апаратот за ЕКГ и додека каблите се откорнуваа од ѕидот апаратот веќе леташе кон главата на полудениот кој прво се поткрена, погледна кон Кирил со крвавите очи и потоа испушти еден слаб крик од устата полна пена и крв и се струполи. Кирил му пријде на докторот и заклучи дека е мртов, за него немаше спас. Надежда гледаше со недоверба кон Кирил, како да не ѝ се веруваше на што присуствуваше.


179

„Надо, Надо! Мораме да заминеме, веднаш!“ ја тресеше тој, а таа како во транс му потврди со главата. Ѝ помогна да се облече, додека раната се повеќе крвареше. „Еве, притисни ја раната со ова,“ ѝ даде газа и излегоа од собата. Надвор обезбедувањето се бореше со уште еден полуден што касаше и удираше се‘ пред себе. Се слушаа вресоци. Кирил немаше време да се прашува за тоа како влегле тука, особено на заштитениот оддел и што бараа воопшто во болницата кога во близина немаше напади на неприродните грмотевици. Се пробија низ болницата и се упатија кон паркингот и кон колата. По пат не налетаа на други полудени, освен вообичаениот хаос од повредени критични случаи кои молеа за внимание и паѓаа во бессознание по болничките ходници. Влегоа во автомобилот и му ја спраштија во непозната насока. * * * Тома веќе беше станат, се чувствуваше подобро. Рамото уште го болеше, но подносливо. Бунтовниците спремаа тешка артилерија, машинки, минофрлачи, бомби, небаре одеа во вистинска војна. Никола и Тома знаеја што ги чека, но бунтовниците, како и секогаш, беа подготвени на сè. Неколку од нив јадеа на импровизирана масичка, а тој седна до нив. Му подадоа чинија и лажица. Еден од нив тресна големо тенџере грав врз масата и му рече кратко: „Јади.“ Тома си стави од гравот и почна да срка. Беше зачудувачки вкусен. „Ти се допаѓа, а?“ го праша тој што му го подаде тенџерето со насмевка. Тома потврдно кимна со главата.


180

„Нашиот кувар готви подобро од која било новомакедонска домаќинка,“ го подбуцна друг, а останатите се насмеаја. „Ами како!“ сериозно ги погледна готвачот. „Дали знаеш,“ му се сврте кон Тома, „дека јадењево не само што сум го зготвил, туку сум го одгледал. Зад куќата имам бавчичка и таму одгледувам сè и сешто,“ му рече. „Органски бунтовник,“ рече Тома шеговито. „Токму така! Да не бев јас сите тука ќе умреа од глад,“ рече строго. „Ние долго време живееме тука. Сами произведуваме храна, живееме заедно и делиме сè,“ рече готвачот. „Нешто како хипи комуна,“ заклучи Тома. „Има и криминални елементи меѓу нас,“ се насмеа другиот „не грижи се, не сме толку пис енд лав настроени. Што мислиш, од каде ни е целата оваа технологија, сигурно не од продажба на грав на пазар!“ се насмеаја сите. „Како и да е,“ продолжи готвачот, „ние сме отпадници од општеството. Секој од нас тука, поради една или друга причина не сакал да биде дел од она што стана од нашата држава и нашиот град.“ „И така решивме,“ го прекина другиот, „да се засолниме тука и да изградиме база за акција кога ќе дојде вистинскиот момент.“ „И сега?“ ги праша Тома како да сакаше да добие потврда дали е дојден тој момент. „Сега се појави научникот, како дарба од небото,“ заврши готвачот. „Ех, што си ми ти осетлива, поетска душа,“ го задеваше добронамерно другиот. Расположението очигледно беше на ниво. Тома беше нервозен и се чудеше како


181

овие луѓе успеваат да бидат соземени кога знаат дека потенцијално, а според него и веројатно, ги чека смрт во борба. Но, можеби тоа што подолго време живееле и се подготвувале за такво нешто им даваше храброст. „Но, како успеавте да се извлечете, нема ли патроли тука како онаа што нè нападна?“ се чудеше Тома. „Секако дека има, ама државата е добар бизнисмен. Ние се повлековме тука, глумејќи органски фармери, правиме сè наше, а на Довците особено им се допаѓа домашната ракија. Ни доаѓаа на гости и пиевме заедно под услов да нè остават на раат. Тие не можат да си дозволат како другите да одат по илегални кафеани, а тука знаат дека никој нема да ги издаде. Едноставно си го чувавме грбот. Штета што мораа да настрадат.“ Влезе Никола, беше облечен како бунтовниците и имаше елан во чекорот. Веднаш му пријде на Тома. „Не си спремен?“ Тома се сврте кон креветот каде што лежеше и виде војничка облека. Стана и се доближи до неа. Не можеше да се замисли во таква облека, тој е писател а не војник, не е убиец, иако судбината се поигра со него и го направи таков. „Слушај,“ рече Тома, „пред да ми кажеш кој ти е планот, морам да ти соопштам дека не доаѓам со вас.“ Никола сакаше да каже нешто, но Тома го прекина. „Те молам, сослушај ме,“ го смируваше Тома, „имам семејство таму некаде во мега-градот. Ти ја изгуби Вера и сакаш да се одмаздиш за неа, но јас сè уште ги имам жена ми и двете деца кои се незаштитени и седат како патки сред сезона за лов. Морам да дојдам до нив, морам да се обидам да ги спасам,“ изјави решително, а Никола го погледна сериозно.


182

„Нема потреба да кажуваш повеќе. Ја докажа твојата храброст и како се трансформираше од лигуш во херој за еден ден не знам ни сам, но ти верувам,“ рече Никола. Тоа што тој не го знаеше е дека Тома не го уби Довецот намерно туку сосема случајно и инстинктивно. Тоа не го правеше херој, а особено не тоа што одземал живот на човечко суштество. „Го почитувам твојот избор,“ продолжи Никола, „меѓу другото, немаме многу корист од повреден војник. Ќе одиме без тебе, а ти земи го нашето возило, блиндирано е и така ќе имаш повеќе шанса. Но, не надевај се премногу. Можеби се мртви досега, биди подготвен и на таа можност.“ Никола беше буквално искрен и логичен како вистински научник. „Иако постои шанса и да не се,“ дополни „бидејќи делови од градот уште не биле зафатени од експериментот. Со среќа,“ заврши Никола, го прегрна Тома и му ги даде клучевите од возилото. „А вие, нема ли да ви треба возилото?“ праша Тома. „Не,“ одговори Никола, „Ние одиме по истиот пат по којшто дојдов јас. Тоа што копилињата не го знаат е дека зракот од машината на Брејнов има повратно дејство. Моето бегство беше случајно, но со Брејнов бевме подготвени на таква ситуација. Требаше да избегаме заедно со Вера, но судбината се поигра со нас,“ тука подзастана малку. Момците беа завршени со појадокот и маваа чоканчиња ракија за бодрење и храброст пред тешката задача. Никола им пријде, му турија една и наздравија. „За загинатите браќа,“ викнаа. Тома дури тогаш помисли на тоа дека освен Довците сигурно имаше и загинати бунтовници. Го чудеше тоа што никој од нив не спомна такво нешто. Дали беа толку подготвени на


183

акција за спас на својата земја во која ќе загинат, што самата смрт им претставуваше повеќе чест отколку загуба, се прашуваше Тома. Не можеше да се поистовети со таквото размислување. За него загубата на човечкиот живот беше нешто најстрашно. Кога ја пишуваше книгата, на моменти романтично беше подготвен на тоа. Кога го грабнаа, тоа чувство повторно заживеа во него, но не можеше трајно да го сочува како што му се чинеше дека прават овие луѓе. „Слобода или смрт!“ повторно наздравија, испија и се потчукнаа по рамeњата. Никола зборуваше. „Момци, слушајте ме внимателно, бидејќи немаме многу време и ова ќе го кажам само еднаш. Нашиов храбар нов пријател, сепак не раскажа сè во неговото дело кое ќе биде славено во Најнова Македонија откако ќе се справиме со криминалците во базата.“ Тома се сврти привлечен од муабетот, малку горд на себеси, а и заинтересиран да дознае што тоа пропуштил да напише во книгата. Никола продолжи. „Со колегата научник, Брејнов, ја програмиравме машината за телепортирање да се активира повторно доколку некој стапне на истото место каде што ме транспортираше мене. Сè што треба да направиме е да го најдеме истото место кое го обележав и машината ќе нè врати назад. Така ја програмиравме во случај да треба да се вратиме од која и да е причина. Очигледно има причина,“ се насмеа Никола видливо опуштен од ракијата. Човек како него, научник кој деновите ги поминувал дома во експерименти немаше навика да ги посетува илегалните кафеани. „Ќе биде забавно,“ рече Никола со цинична насмевка на лицето, а на Тома му се виде садистичка, и за него


184

несвојствена, насмевката на лицето, „кога ќе им упаднеме во јазбината со тешка артилерија, има да ги рокнеме ко пилиња на спиење,“ рече Никола. Им даде знак на бунтовниците и претпоставениот ги скорна, иако веќе немаше дилеми дека тој беше можеби мускулот, но Никола мозокот на операцијата. „Тома, брате, дојди дрмни една пред тргнување,“ го повика еден од бунтовниците кој очигледно имаше развиено симпатија кон Тома по неговиот херојски чин. Тома се двоумеше дали да им каже, но Никола го престигна. „Тој не доаѓа со нас,“ рече. Бунтовниците чудно го погледнаа. „Тома ми раскажа сè за неговото семејство. Тие се заробени во една од зградите во градот и опкружени со ѕверови. Ќе оди да ги спаси. Си земав за слобода да му го дадам едното од нашите возила, и така таму каде што одиме ние не постојат патишта,“ рече Никола. Претпоставениот бунтовник зачекори цврсто кон Тома. Го загледа од глава до петици. „Кога првпат го прочитав твојот текст...“ започна тој, а Тома го погледна малку зачудено. „Мислиш дека војниците се глупави и не читаат?“ ја смени темата за да одговори на погледот на Тома. „Па можеби си донекаде во право, но информациите од книгата беа витални за нашата операција. Како и да е, тогаш помислив дека имаш храброст. Потоа кога те запознав, сфатив дека немаш борбена жичка во себе. Но, повторно ме изненади и ја стекна мојата почит. Имаш мој благослов,“ рече претпоставениот во староговор. Тома му се заблагодари, а овој му препорача сепак да ја облече војничката облека и да земе пиштол и гас маска за секој случај, бидејќи не се знае што го чека во градот.


185

Тома го послуша и одвреме-навреме ги гледаше војниците кои сериозно се подготвуваа за акција. Ги собра своите работи, го пикна клучот од возилото во џебот и без поздрав излезе надвор. Сонцето изгреваше и воздухот беше свеж. Го скокоткаше по ноздрите. Огромната вжештена топка се откриваше пред неговите очи зад планините и го обојуваше небото со црвена боја којашто миг по миг стануваше сè пожолта, а потоа небото стана сино со боја што му се чинеше небаре насликана, наспроти сивото небо во градот. На Тома му се насолзија очите и помисли дека сепак има ред во хаосот, дека природата наоѓа начин да се избори за животот и покрај сите глупости што ги прави човекот. Но, дали има надеж за неговото семејство? Дури и да ги спаси, каде ќе одат? Каде во оваа проклета држава ги чека спасението кога нема ниту едно место недопрено од човекот. Имаше слушано за природни површини некаде на југ, но не знаеше дали се работи за романтични приказни или за вистина. Повеќе веруваше дека е првото. Сепак, немаше гаранција дека и таму нема да ги најдат. Го пронајде возилото како што му го опиша Никола и влезе внатре. Остана сам со клучевите в рака и без суштински план. Не знаеше дали ќе ги најде, но не знаеше ни што потоа. Но, се сепна и се потсети дека нема повеќе време и дека треба да се држи до единственото сигурно - да стигне до дома и да си го спаси семејството. Се подготвуваше да тргне, кога некој му чукна на прозорецот. Тоа беше Никола. „Слушај, една битна работа не ти кажав,“ му рече значајно, „полудените, знаеш, луѓето кои биле под дејство на зракот.“ Тома кимна со главата за да каже дека раз-


186

бира на кого мисли. „Добив извештај од бунтовниците кои биле на терен дека полудените се активни само ноќе. Не сум сигурен дека разбирам зошто, но веројатно се работи за некаков вид на негативна интерференција помеѓу енергијата од сонцето и зракот што им го смени мозочното ткиво. Затоа движи се дење, влези и излези, без задржување.“ Тома се поздрави и го стартуваше автомобилот. Можеби беше обичен возач, но сега беше човек на мисија да си го спаси семејството и сигурен во својата способност да го стори тоа. Моторот на автомобилот забрмчи величествено, познатиот мирис се рашири низ воздухот и влезе во неговите ноздри, а Тома си помисли: „Го сакам мирисот на дизел наутро.“ * * * „Г. и г-ѓа Верови, ве известуваме дека вашата ќерка, г-ца Верова е примена на висока функција во нашата Државна управа. Поради нејзина безбедност ќе мора да биде преместена на тајна локација и нема да можете повеќе да контактирате со неа. Разбираме дека како родители тоа нема да ви биде едноставно, но треба да бидете горди на вашата ќерка зашто таа работи за безбедноста, просперитетот и иднината на сите нас, во служба на едната и вечна Држава. Ви благодариме,“ се присети на писмото упатено на негова адреса од ГУП36. Г. Веров отсекогаш знаеше дека таков момент ќе дојде. Таа од мали нозе беше предодредена за големи нешта. За жал требаше да работи во функција на 36 Горна управа на Државата


187

систем на вредности со коишто г. Веров длабоко не се согласуваше, но заради безбедноста на семејството го почитуваше. Уште пред војната таа покажа извонредни склоности кон природните науки. За жал, во претходниот систем, Државата немаше некои особени услови за унапредување на овие умови. Ако имаше среќа да заминеш во странство тогаш имаше шанса. Инаку дома сè се вртеше околу забава, пари и површни вредности. Науката и уметноста беа на ниско ниво. Секако уметноста не беше забранета, како после војната, но едноставно не беше ценета. Така и за науката немаше многу интерес. Најдобро стоеја економистите и земјата се претвораше во рај за банкари. Сомнителни бизниси и вложувања, мали даноци, земјата беше рај за темната страна на бизнисот, но народот добро живееше, така што никој не се бунеше. Веднаш по започнувањето на војната, таа и други напредни деца беа преместени во специјални училишни центри, каде што заштитени од опасноста на војната беа образувани во доктрината на, како што подоцна ќе дознае г. Веров, новиот систем. Кирил беше благодарен заради ова. Иако во тој период не ја гледаше барем знаеше дека е на сигурно. Што се случуваше таму, само Вера знаеше. Таа не зборуваше за тој период од нејзиниот живот многу. Години подоцна знаеше да спомне нешто како „Ех, не знаете вие како ми беше мене,“ но ништо повеќе. Откако војната заврши и редот беше воспоставен, или подобро кажано наметнат, Вера се врати дома. Повторно го посетуваше истото училиште, но барем


188

живееше со нив. Но, тоа не беше истата нивна ќерка. Секако сè уште беше најпаметна во расправиите, но нејзиниот светоглед беше сменет. „Татко,“ така го викаше сега, наместо поранешното тато, „не е во ред да го споменуваш Господ.“ Иако му беше позната новата доктрина, секојдневно беа известувани за тоа од новите приемници инсталирани во секој дом, сепак знаеше да му излета понекогаш, поради старите навики. Таа секојдневно го прекоруваше, до тој степен што се чувствувуваше дека живее со Довец. Во друга прилика додека разговараа за новите поскапувања на горивото, како и уништувањето на зелените површини и градењето нови еднолични згради, фабрики, центри за едукација и индоктринација, Кирил ја критикуваше власта и со крајот на окото ја забележа Вера како го набљудува. Во нејзиниот поглед имаше нешто застрашувачко, како да го осудуваше, но истовремено се двоумеше што да стори во врска со тоа. Му се чинеше дека во тој поглед нема дилема помеѓу тоа дека нејзиниот татко е од една страна сакана фигура, а од друга критичар на власта, туку дилема помеѓу тоа дали тој е само критичар или е опасен по државата и треба да се пријави. Чести беа случаите кога новоиндоктринираните деца, особено тие што поминале низ ригорозни интернати за време на војната, ги пријавуваа своите родители. Затоа, реши Кирил, мораа да внимаваат што зборуваат пред Вера, нивната ќерка. Но, со текот на годините таа омекна. „Тоа ѝ беше заради војната, па тие малечки дечиња таму живееја како


189

во некој затвор или логор, којзнае под каков психички притисок биле, како војници кога ќе се вратат од војна,“ ја правдаше таткото, а мајката се согласуваше. Нивната Вера се врати постепено, од година во година, и стана повторно дел од нивното мало топло семејство, какви што беа пред војната. Секако беше невозможно да биде сосема исто како тогаш, тоа би била лага, но сепак колку-толку, во рамките на домот ја сочуваа нормалноста. И тогаш дојде писмото. Поминаа многу години откако ја немаа видено Вера. Се прашуваше каде е и што прави сега. Колку е сменета и дали мисли на нив. Утешителна мисла беше тоа што таа веројатно е заштитена сред новонастанатиот хаос, а колку ли веќе неприлики прегазија преку нивните животи, скриена некаде во Владините скривници. Тие, старците, го изживеаја своето, во добро и лошо, и да не успеат да се извлечат не беше толку битно, се обидуваше да се утеши г. Веров, додека неговата сопруга спиеше на задното седиште. Ги чекаше долг пат и Кирил помисли дека е навистина добро што наполни полн резервоар пред свадбата. Светлата и новите огнови од градот веќе полека замираа, и стариот пар се движеше по темниците на селските патишта во непозната насока. Немаше план каде одат, само подалеку, дури има бензин. Наеднаш пред нив се појавија светла. Некој им сигнализираше да застанат. Кирил во грло подголтна кнедла додека размислуваше дали да стисне на педалата и да се обиде да ја пробие патролата или да застане. Мораше да реши во делче од секунда, но сепак ја крена ногата од педалата и сопре.


190

Светлината од рачната ламба се доближи до автомобилот и некој му чукна на прозорецот. Тоа беше ЧУДРИМ37. „Документи,“ рече кратко чуварот додека го осветлуваше автомобилот со батериската ламба. Кирил ги крена рацете, посегна кон автомобилската фиока и ги извади потребните документи. „Каде одите?“ го праша додека ги прегледуваше документите. „Треба да извршам инспекција на рудникот Кадиица во источниот дистрикт по наредба на ДМЕ38,“ рече уверливо Кирил. Веќе имаше подготвено документи за ваков случај коишто му стоеја постојано во автомобилот. Некој дел од него знаеше дека некогаш ќе мора да избега од државата. Чудримот ја осветли Надежда на задното седиште и за среќа не ја виде крвта на нејзиното лице. Изгледаше како да спие. „Госпоѓата е изморена од возбуда, ретко има прилика да излезе од градот, едвај ги убедив претпоставените да ја пуштат со мене,“ рече Кирил со надеж дека нема да сака да ја разбуди. „Во ред господине,“ чуварот му ги врати документите, „но внимавајте ако наидете на неофицијален пункт и некој сака да ве сопре, не застанувајте. Бидејќи сте службеник на Државата должен сум да ве известам дека имаме дојава за зголемување на бунтовничките активности во последно време,“ го извести. „Ви благодарам, ќе внимавам,“ рече Кирил и стисна на гаста. Воздивна и се сврте да ја види сопругата. Не му 37 Чувар на државниот ред и мир 38 Државното министерство за енергетика


191

се допадна нејзиниот изглед, беше бледа, имаше изгубено многу крв. За жал, не можеше да ѝ помогне сега. „Само издржи Надо,“ повторуваше како мантра додека возеше низ темнината. * * * Беше утро кога Тома влезе во мега-градот Ново Скопје. Уште од периферијата се гледаше чад на повеќе места, а како што навлезе во урбанизираните квартови кои беа градени според планот „Изгради брзо, изгради многу,“ што ги задоволуваше потребите на брзорастечката популација, едвај се проби низ купиштата автомобили и отпад од секаков вид. Имаше и по некоја жртва што лежеше на асфалтот или покрај патот. Немаше жив човек на улиците. Тома забрза и го искористи целото свое возачко искуство за да се пробие низ нередот, а да не го уништи возилото. „Каде ли исчезнале сите?“ се запраша, но немаше време да размислува. Се доближи до својот кварт каде имаше значително помалку уништување. Го охрабри помислата дека неуспешната акција за контрола на мислите не го зафатила тој дел од градот, но и да е вистина беше прашање на време кога тоа ќе се случи. Внимателно излезе од автомобилот. Забележа завеса како се поместува на првиот кат од зградата. „Г-ѓа Димитрова, секогаш на штрек,“ помисли. Тоа беше добар знак, ако таа е жива, има и други. Влезот во зградата беше затворен со синџири кои невешто беа поставени и заклучени со неколку катанци. Ја подотвори вратата колку да може да си го протне


192

носот и викна. „Има ли некој? Јас сум, Тома, жител на зградава!“ Немаше реакција. Ја поттурна вратата, удри неколку пати и повторно викна. Се слушна отклучување на врата и се појави старецот од приземјето, тивкиот господин Ставре. „Оди си, имам пушка и нема да се двоумам да ти ја разнесам главата,“ викна низ малку отворената врата. „Господине Ставре, јас сум, Тома од петтиот кат. Ве молам отворете ми, семејството ми е горе,“ викна молежливо. „Тома, ти ли си?“ со недоверба рече Ставре. „Да, да, јас сум. Бев надвор од градот. Не знам што се случувало тука, но морам да си го најдам семејството,“ го замоли старецот повторно и тој внимателно се доближи до вратата, извади еден голем кочан со клучеви и почна да пребарува. „Како е надвор? Некои лудаци влегуваа по зградите, имаше крикови, страшно. На приемниците не известуваат ништо, како сè да е нормално. За среќа ние на време се затворивме,“ му рече додека се обидуваше да ги отклучи многуте катанци. „Не е добро господине, воопшто не е добро,“ прокоментира кратко Тома и влезе откако вратата беше отворена. „Кажете ми,“ го праша пред да замине горе, „дали моите се добро?“ „Ништо не знам, никој ништо не знае, не ќе да е на арно...“ рече старецот мрдајќи ја главата лево-десно. Тома се качи пеш на петтиот кат, лифтот не работеше и во зградата немаше струја. По становите беше тивко како да нема никој во целата зграда. Се доближи до вратата од својот стан и чукна. „Отворете ми! Ена! Деца! Добро ли сте!?“ викна и неговиот глас одек-


193

на во зградата. Се слушна некакво тропање неколку ката погоре. Тома се оддалечи од вратата и погледна по скалите нагоре. Немаше ништо, но тропањето продолжи. Погледна повторно и тогаш здогледа еден од полудените, како гледа право во него. Вресна бесно и тропањето наеднаш стана посилно и погласно. Трчаше кон него. Тома панично почна да удира по вратата и наеднаш слушна отклучување на бравите. Се втурна внатре и брзо ја заклучи вратата. Децата се стрчаа кон него, тој ги гушна и им даде знак да бидат тивки. Тропањето на брзите чекори се засилуваше и потоа стана потивко, и потивко. Изгледа не видел каде влегува. „Тато!“ му се фрли малиот. „Ти кажав дека ќе се вратам, Марк, момче мое,“ го гушна и го погледна девојчето кое ја воздржуваше радоста измешана со лутина зашто повторно ги оставил сами, на милост и немилост. „Дојди Лиза, те молам.“ Таа не издржа, прсна во плач и го гушна. Ена им се придружи. Требаше да се случи незамисливото за повторно да станат сложни како некогаш. „Подгответе си ги работите, заминуваме!“ рече решително Тома. „Повреден си,“ рече Ена откако го забележа завојот на неговото рамо. „Добро сум,“ одговори Тома, „не е ништо, само да побрзаме.“ „Што се случува надвор?“ го праша Ена. „Слушнавме пукотници, експлозии, не знаевме дали да бегаме, но решивме да те почекаме. И зошто си облечен вака?“ Дури тогаш го забележа најочигледното.


194

„Сè ќе ви раскажам, прво спремете се,“ рече Тома и сите го сфатија сериозно. Имаше нешто поинакво во него, некоја решителност и подготвеност на сè. „Тато, може ли да ја земам количкава?“ го праша Марк откако Тома им ги објасни работите. Надвор се случуваше нешто многу лошо и немаа избор освен да заминат. Требаше да ги земат само основните работи и ништо повеќе. Работата беше многу итна и Тома бараше од нив да бидат брзи и ефикасни. „Момче, ти кажав, само најважните работи,“ го прекори. „Ама, мене ми е важна количкава,“ рече Марк, а на Тома му текна кога ја правеа заедно од едно парче дрво кое го пронајде во магацинот на работа. Му ставија тркала од парички и го избоија. Марк многу ја сакаше количката кога беше помал, потоа не играше со неа долго време, но очигледно се приврзал за неа, затоа што немаше други играчки освен коцки. Во државата беше забранета продажба на играчки, освен ако не се практично поврзани со развивање на одредена вештина. Коцките беа дозволени за понапредни деца и истите Лиза ги имаше добиено на училиште, а Марк ги користеше речиси секојдневно. Коцките секако веќе беа спакувани. „Марк сине, знам колку ти значи количкава,“ клекна Тома и го погледна во насолзените очиња, „сепак нема да можеш да ја земеш, но ти ветувам дека таму каде што одиме ќе ти направам десет колички.“ Марк се насмевна и го погледна татка си. Ги избриша очињата и го стави своето раче во испружената рака на таткото, подадена во знак на „договорено.“


195

Ја погледна Лиза која седеше на креветот и се муртеше. „Што е срце?“ ја праша. „Не е фер!“ викна таа низ солзи. „Знам дека не е,“ рече Тома, „но немаме друг избор. Ќе видиш, верувај ми, подобро ќе ни биде таму каде што одиме.“ „Но, не сакам да одам!“ протестираше Лиза. „Сите другарки ми се тука.“ „Знам срце, знам, ајде ќе видиме како ќе се одвиваат работите,“ ја тешеше Тома, „ете ако се среди ќе се вратиме,“ ѝ рече. Тоа беше нужна лага. Тома веруваше дека работите нема никогаш да се средат, дури и да успее планот на Никола. Ја гушна Лиза силно и нејзиното младо тело што допрва се развиваше се припи до таткото. Тома беше горд на неа и го болеше тоа што мораше да ја одвои од сè за што работеа толку долго. Целиот тој труд, жртвата како родител, годините надежи, нејзините часови и часови поминати над книга заради подобра иднина, сè беше залудно сега. Требаше да се почнува одново, но Тома се надеваше дека процесот ќе биде лекувачки, дека ќе успее неговиот план за „детоксикација“ на младите умови и тела. Се надеваше дека не е предоцна, како што велеа Америте во филмовите од минатиот систем, too little, too late39. Лиза и Марк беа подготвени, тие сепак немаа многу работи за разлика од децата од системот претходно. Тома се сеќаваше на многуте предмети што ги поседуваше тој, играчките, апаратите, работи кои сега му се чинеа толку далечни и чудесни како да се од некој одамна гледан филм. Дел од тие работи што мајка му успеа да ги спаси сè уште беа во нејзиниот стан, во ков39 Завршена работа, ама недоволно и предоцна.


196

чегот на сеќавањата, како што го нарекуваше Тома. Сè друго беше одземено од властите и запалено на Главниот новоскопски плоштад во свеченоста наречена Простување од минатото, во слава на иднината, која се одржуваше секоја година. На државјаните им беше давана можност да се простат од непосакуваните непријателски предмети ако случајно ги заборавиле или ги пронашле некаде, без да бидат казнети. Сè што беше поврзано со другите култури, цивилизации, религии или општества, сè што беше емотивно и некорисно. Тома беше среќен заради храброста на мајка му да ги зачува таквите работи. Кога ги носеше децата кај неа, имаа можност да си поиграат со играчките од неговото детство, но откако малиот почна да раскажува во градинка Тома мораше да ги скрати тие посети. Мајка му тагуваше по внуците, но немаше избор, беше премногу опасно, меѓу другото и за неа. Едно беше постар државјанин потајно да негува носталгијата по минатите вредности, друго беше дете јавно да раскажува за нив. Ена се врткаше низ домот како мува без глава и не знаеше каде попрво да се сврти. Ги земаше предметите, а потоа ги оставаше, правеше придушен муабет со себеси и размислуваше дали ѝ треба нешто или не. Никако не можеше да се реши. „Драга, мораме да побрзаме, не сакам да нè стемни по пат,“ ја прекоруваше Тома. „Еве сега, само да...“ одговараше таа и повторно се навраќаше кон истото. „Земи само облека,“ и помагаше Тома, „и нешто за јадење за по пат, мора да имаме резерви. Вода спремив јас, ништо друго не ни треба.“ „Но како... има ли пешкири таму каде што одиме, по-


197

стелнина, чаршави за маса, каде ќе спиеме, на што ќе јадеме... во што ќе готвиме храна, има ли тенџериња...“ загрижено прашуваше Ена. Главата очигледно ѝ беше преполна прашалници и се грижеше за работите за кои умот на мажот не е свесен. Тома некогаш беше отсутен по цел ден од дома и не му требаше ништо. Никогаш не помислил на тоа што му треба на едно семејство за пат. Никој не заминуваше надвор од градот, одмори немаа, а да добиеш дозвола за напуштање на градот беше премногу комплицирано. Затоа сите остануваа дома, се посетуваа во нивните кутии од домови и пиеја чај на гости. „Драга, земи само облека и јадење... ете, и по некој пешкир, за друго ќе се снајдеме,“ ја храбреше Тома. „Само да побрзаме.“ Конечно после некое време убедување Ена се помири и тргнаа. „Слушајте, не знам што нè чека надвор, прво одам јас, а потоа вие. Ако нешто се случи, ако некој нè нападне, бегајте, не вртете се по мене. Ена, ти земи го клучот од колата, ако се разделиме излезете надвор, се паркирав пред зграда, ќе видиш воен џип. Се симнаа долу. Тома испита сè убаво и сè изгледаше мирно. „Мораме да го побараме г. Ставре,“ рече, “тој ќе ни отвори.“ * * * „Никола Слејт, научник од акција,“ се пошегува капетанот на бунтовничкиот одред 562МК. Никола го погледна под око. Не му се допаѓаше неговиот став. Знаеше дека беше бивш Довец, одметнат поради случај во


198

кој неговата сопруга и ќерка биле убиени во одмазда од страна на анти-државен елемент, како што му раскажаа другите бунтовници. Го следел со месеци. Знаел дека препродава нелегални супстанци, но не можел да го фати на дело. Тие понекогаш ја знаеле положбата на сите камери и успешно се криеле. Таа вечер конечно успеал да го начека како продава цигари на случаен минувач. Веројатно го фатила криза за пари, па не внимавал доволно. Снимка во Државата е легален материјал којшто се користи како директен доказ за сместување во КДД40. Сè што требало е да го фати и да го приведе. Акцијата била лесна и брза, тој ја предводел и го фатиле. Антидржавниот елемент го плукнал право во лицето нашиот Довец пред да го затворат и рекол дека ќе му се одмазди. Тогаш бил млад Довец со желба за напредок во кариерата. Се имал замерено со којзнае колку елементи, но не се плашел од ниту еден од нив. Се оженил, му се родило дете и тоа бил неговиот најсреќен ден во животот. Татина маза, така ја викал и секој ден после работа трчал дома за да биде со неа. Една вечер некој му заѕвонил на вратата и тројца влегле внатре и го нокаутирале. Го врзале за столче и потоа го тепале до бесвест. Пред да се одмазди на неговото семејство, елементот му шепнал во уво „Ти реков дека ќе се вратам.“ Капетанот никогаш не се опоравил од тоа. Не можел да поверува дека Државата во којашто верувал и во која 40 Казнен државен дом


199

се колнел дозволила таков човек да избега и да му го стори тоа страшно злодело. Станал бесен, огорчен, сакал одмазда, ја обвинил Државата за сè и се одметнал. Така станал бунтовник. Но, Никола не се плашеше од него. „Јас сум мозокот на операцијата, им требам. По Државата јас сум гениј, а не обичен државјанин,“ се бодреше. Меѓу другото, во последно време Никола се чувствуваше некако помоќно, посилно, посамоуверено. Не знаеше на што се должи тоа, можеби кога човек ќе изгуби сè, како капетанот семејството, а тој Вера, престанува да се плаши зашто нема што да изгуби повеќе. „Слушај, не ми се допаѓа твојот тон,“ му рече на капетанот, а овој како да го чекаше таквиот момент, рипна: „Што ќе направиш па ти во врска со тоа?“ го провоцираше. И птиците знаеја дека во физичка борба капетанот би го столчил научникот кој во животот никогаш немаше удрено никого ниту се нашол во физичка пресметка. Но, Никола имаше ас во џебот, им требаше и без него акцијата не можеше да биде успешна, што му даваше храброст. Освен тоа, во ментален дуел имаше очигледна предност. „Па можеби ќе ја калибрирам машината да те транспортира тебе како мелено месо или повеќе сакаш да се претвориш во пивтија?“ сосема неочекувано рече Никола. Капетанот беше толку зачуден од оваа нова ненадејна храброст што ни самиот не знаеше што да рече, само ја стисна тупаницата и се доближи до Никола. „Момци, момци,“ рече еден од бунтовниците и се пикна помеѓу двајцата мажи што се прчеа како петли, „ајде да се концентрираме на битното, важи?“


200

„Важи,“ рече Никола и одмавна со раката како да му е сеедно за капетанот и неговото повредено его. Се врати на мапирањето на точната позиција каде што требаше да удри повратниот телепортерски бран, додека капетанот го прострелуваше со поглед. „Хм... да,“ рече Никола. „Еве сме. Точно тука треба да бидеме. Бидете подготвени, да се обидеме да се збиеме што е можно повеќе, радиусот на бранот е три метри, а ние сме дванаесет души, не би сакал некој да се појави во ШТАД41 без парче рака или не дај Државата со пола глава.“ Го погледна капетанот и му намигна, на што овој ги стисна забите. Војниците се насмеаја гласно, не сфаќајќи кон кого била наменета шегата. Тоа беше добар знак, беа подготвени за борба. Никој не се сомневаше во тоа, се работеше за гадни кучиња на војната, испробани на разни фронтови, се бореле за Државата во последната војна, пред оваа, но откако биле исплукани на улиците како искористен фишек решиле да ги преземат работите во свои раце. Се слушна силно зуење и потоа сите исчезнаа со силен тресок. * * * Г. Веров возеше по планинските патчиња и размислуваше. Понекогаш, и порано, помислуваше на тоа како би било да ја немаше неа. Едноставно никогаш да не се запознаеле со Надежда и да не се родила Вера. Беа млади кога се запознаа, штотуку дипломирани, двајцата пред време и први во класата. Се познаваа уште од 41

Штаб на Државата (уште наречен и како „база“)


201

студентските денови на стариот ПМФ42. Тој физичар, таа хемичар, двајцата со професии кои не ветуваа вработување. Но, не беше науката тоа што ги спојуваше, туку вербата. „Кирил Веров,“ се претстави тој и таа веднаш го започна разговорот за неговото презиме. Некој од неговите предци бил поп, веројатно е оттаму презимето, а таа се пошегува дека штом бил поп бил и комита, или скратено копита, на што тој се насмеа. Веднаш му се допадна нејзината смисла за хумор. Брзо се зближија и се венчаа, а штом тој дозна дека Надежда е бремена, веднаш најде работа. Родителите се тие кои управуваат со судбините на децата, ги обликуваат како сурово парче глина, дадени им се од Господ без претстава за светот и тие ја градат, размислуваше Кирил. Но, каква голема одговорност е тоа! Чудно е тоа како велат дека на децата останува светот и тие го менуваат, но Кирил мислеше дека на уште подлабок начин децата ги менуваат родителите. Отсекогаш веруваше дека неговата ќерка е причината заради која тој постои на светов, а не обратно. Да, тој ја создал, и тој мора да ја изведе на прав пат. Ако не успее, неговиот живот нема смисла. Уште од прв пат кога ја здогледа, така завиткана и стуткана, небаре парче државен леб завиткано во пекарска хартија, не можеше да ги оддели очите од неа. Ни сам не знаеше како, но имаше чувство дека тоа бебе отсекогаш го познавал. Се заколна дека ќе ја заштитува по цена на животот и дека од тој ден натаму, не постои веќе тој и 42 Природно-Математички факултет


202

неговата сопруга, туку тие тројца заедно, како три во едно. Беа веќе излезени од градот, но наеднаш реши да го смени планот. Реши да оди по неа, по Вера, неговата ќерка. Тргна нагоре, во насока на скриената државна база. Да, таа можеби беше заштитена во базата од надворешните влијанија, но никој не знаеше што се случува сега внатре. Според Кирил, единствениот спас беше да се бега од Државата. Ги знаеше планинските патчиња како сопствената дланка иако никогаш порано не бил таму. Години наназад, кога му ја одземаа Вера, по втор пат, тој се подготвуваше да ја посети, а потајно веруваше дека ќе дојде ситуација кога ќе треба да оди да ја бара. Одговорот го најде во тајните соби на сеќавањата43. Таков тип продавници кои ја негуваа носталгијата беа високо на листата на забранети објекти, дури и над продавниците за алкохол и цигари. Но, имаше храбри луѓе кои по цена на сопствениот живот сакаа да им дадат на луѓето шанса да избегаат од реалноста дури и за еден момент. Таму можеше да читаш забранети книги, да слушаш музика, да гледаш филмови или да се восхитуваш на сликите закачени по ѕидовите на собата, добро скриена, и звучно изолирана во подрумски простории на една зграда во поранешната населба Карпош, на улица Јозеф Гебелс. Не се сеќаваше како дозна за собата на сеќавањата, но повторно Вера му го осветлуваше патот. Му требаа мапи за да се обиде да ја дознае нејзината локација. 43 Антикварници


203

Имаше верен пријател на работа со кој се познаваа уште од студентските денови и за кој знаеше со сигурност дека нема да го издаде. Преку него запозна друг, па трет човек и еден ден се најде пред подрумските простории што изгледаа како обичен подрум. Заѕвони на скриеното ѕвонче како што му објаснија и за кратко по неколку прашања се најде внатре. Беше опкружен со слики и книги кои ги немаше видено од младоста. Дел беа од Музејот на современата уметност или од други галерии кои во војната беа претворени во магацини за оружје. Целата уметност беше јавно запалена, иако Кирил веруваше дека властите ја продале во странство, таму каде што беше дозволена. На секој „посетител“ му беше дозволено да престојува во собата на сеќавањата по еден час. Кирил веднаш почна да пребарува по старите мапи. За среќа таму имаше и воени мапи и преку нив успеа да ја дознае локацијата на Вера. Ги проучуваше толку долго што веќе знаеше и во сон како да го најде патот. Еден ден, барајќи нови мапи случајно ја пронајде плочата со последната соната на Франц Шуберт, наречена D960, занемарувана од историјата, но подоцна славена како една од неговите најзначајни. Ја пушти плочата и му навреа чувствата од минатото, од времето кога ги изучуваше законите на природата и универзумот и кога му се чинеше дека во сè постои совршен ред, освен во животот на човекот. Тој е елементот што не се потчинува на физичките и природните закони, чија свест науката не може да ја објасни. Ја побара Библијата со која ги завршуваше своите посети на собата на сеќавањата и слушајќи ја композицијата на Шуберт,


204

за него длабоко емотивна и религиозна, го побара и го прочита следниот пасус. Евреите 11:6 „А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено Го бараат.“ Дали тој, физичар и човек кој во животот бил искушуван повеќе пати отколку самиот Исус може навистина да верува? Не беше сигурен дали верува во Библијата или во Исус, црквите и така беа забранети, дел разрушени во војната, друг дел пренаменети во практични објекти, но тие и така беа само објекти. Вистинската верба според него беше внатрешна, а тој веруваше дека постои нешто што не може да се објасни со физиката или со спонтаното настанување на универзумот, како што кварковите настануваат спонтано, од ништо. Веруваше во натприроден дух, најбитно од сè веруваше во својата ќерка. Но, човекот, независно од божествената интервенција, мора сам да си го пробие патот, веруваше Кирил. Планот за пронаоѓањето на Вера и тоа што ја знаеше секоја кривина и карактеристика на релјефот, сепак не му даваше мир. Му недостигаше и мислеше на неа секој ден. Една вечер, пред неколку години, кога конечно се реши да посети една од кафеаните за кои толку се зборуваше во градот, запозна еден интересен човек. Во неврзан муабет му откри дека е вработен во Штабот на Државата. Успеа редовно да се среќава со човекот, којшто му се претстави како Јован, а Кирил го смета-


205

ше тоа за знак од небесата, и му даваше информации за ќерка му. Со години го молеше да ѝ пренесе порака, на некој начин да комуницира со неа, но и покрај сите подароци и пари што му ги имаше дадено, Јован не го прифати тој ризик. „Премногу е опасно. Никој не направил такво нешто и останал жив. Тоа е предавство од највисок ред. Сè што можам да ти кажам е дека е жива, здрава и ја работи својата работа,“ му рече тогаш. Но, Јован му посочи на друг човек кој може да му обезбеди информации за базата, како да дојде до неа и документи за привремен влез ако некогаш реши да ја бара ќерка си. „Но, тоа ти е исклучително ризична операција. Само илегалците можат да ти помогнат, еве ти адреса од типот, сè понатаму е ваша работа, јас не сакам да знам ништо,“ рече Јован. Кирил му се заблагодаруваше како да му го дал најголемиот подарок на светот. И навистина, што имаше поголемо од можноста да ја види ќерка си. Г-ѓа Верова беше будна и јадеше остаток од лепчето кое ѝ остана в џеб од свадбата. Имаше навика да собере по некое парче храна во такви прилики, рудимент од гладниот воен период, што во случајов се покажа како вистинска одлука. „Изгледа престана крварењето. Малку ми е подобро,“ му рече на сопругот. „Тоа е одлична вест,“ одговори тој весело. „Уште малку ќе стигнеме.“ „Каде одиме?“ го праша таа. „Одиме да ја најдеме Вера,“ гордо рече Кирил. Таа го погледна зачудено, но потоа се насмевна. Знаеше дека


206

тој момент ќе дојде некогаш во нивниот живот и беше подготвена на тоа. Но, сепак имаше сомнежи. „И што потоа?“ го запраша таа. „Многу добро знаеш дека се работи за заштитена област. Нема да нè пречекаат со ширум отворени раце,“ се грижеше. „Имам ас во џебот, само се надевам дека чуварот нема флеш,“ рече несигурно тој. Автомобилот се доближуваше до капијата. Г. Веров посегна кон фиоката и извади друго купче хартии. Неговите документи дека е вработен во Штабот на Државата како чистач. Тоа е најдоброто што можеше да го набави и го чинеше цело богатство. Дојдоа до капијата и застанаа. Чекаа веќе некое време, но никој не се појави. Излезе надвор и викна. Се слушаше само цвркотот на птиците. Ја турна капијата и таа се отвори. „Чудно,“ промрмори за себеси. Се врати во автомобилот и даде гас. За кратко време се најдоа пред влезот за кој неговите врски му објаснија дека е главен влез во комплексот и од таму можешe да оди каде сака внатре, само треба ше да има луѓе кои ќе го внесат. Вратата и таму беше отворена. „Навистина чудно,“ повторно промрмори. Двајцата старци претпазливо се движеа кон влезот кога зад еден рид наслушнаа палење на мотор, а потоа звук на пропелери. Неколку големи воени хеликоптери се издигнаа кон небото и заминаа во непознат правец. Се слушна звук на сирена. Од вратата пред којашто стоеја наеднаш излетаа неколку војници, а потоа уште цела река други. Никој не ги гледаше, ниту ги забележуваше. Помеѓу нив имаше и неколку офицери од повисок ред кои ги распоредуваа војниците.


207

Еден од нив се сврте кон Верови и ги погледна строго, потоа изненадено им пријде, ги подбра под рака и ги тргна на страна. „Што бараш тука Кириле, по Државата!?“ На г. Веров отпрвин не му беше јасно, но потоа под војничката капа го позна ликот на Јован, офицерот којшто го известуваше за неговата ќерка. Го прегрна од радост, а овој го оттурна. „Те прашав нешто, знаеш ли воопшто што се случува?“ рече строго Јован. „Одиме да ја спасиме ќерка ми, Јоване!“ кликна старецот. „Оф леле...“ воздивна Јован, но потоа подзастана како во главата да прави некои комплицирани пресметки и да размислува како да го соопшти резултатот на Верови. „Добро, слушај ме внимателно зашто немам многу време. Можеби моментот што го избра и не е толку лош. Надвор работите избегаа од контрола, тоа секако го знаеш. Сите нè мобилизираа, од обични војници до највисок ранг, одиме на боиште братче, да се тепаме со нашите, повторно. Но, досега никогаш, повторувам никогаш не се случило сите водачи заедно со Премиерот лично да ја напуштат базава, а се сомневам дека ќе ја напуштат и Државата. Порано секогаш, и во добро и во лошо, беа тука,“ заврши Јован. „Но, зарем капетанот не треба да потоне со бродот?“ праша Кирил додека покрај нив поминуваше бескрајна река од војници. Некои влечкаа тешка артилерија, други ги распоредуваа по чети. Сите беа млади и во нивните ликови се гледаше решителност да ја бранат Државата. Студенилото во нивните очи, посветеноста на задачата го исплаши Кирил.


208

„Очигледно не. Базата е напуштена, има уште вработени кои веројатно не се свесни на состојбата или мислат дека се посигурни внатре. Затоа ти реков дека ова, парадоксално, за тебе е добар момент. Вака ќе направиш,“ рече и им објасни детално како да стигнат до ќерка им, по ходниците, вратите, лифтовите... кои шифри да ги искористат, иако веројатно веќе сите врати се отворени. „Морам да одам, со среќа,“ се поздравија и решително заминаа секој по својот пат. Верови чекаа трпеливо да сопре движењето на војниците и откако веќе пет минути не се појави жива глава решија да тргнат. „Влегуваме драга,“ ѝ рече Кирил на сопругата и, конечно по толку години сонување и истражување, Кирил и неговата сопруга се наоѓаа внатре, во базата. * * * Четата се транспортираше во лабораторијата. Додека другите се превиткуваа наземи, Никола ги немаше истите симптоми како првиот пат. Разгледа наоколу додека чекаше да се соземат. Сè околу него беше растурено. Се сврте и во ќошот ја здогледа машината на Брејнов која, за нивна среќа, не беше допрена. Од неговата машина немаше ни трага ни глас. Бунтовниците веќе стоеја на нозе и изгледаа подобро. Никола претпостави дека нивната физичка спремност им помогна да се опорават. „Добро сте момци?“ ги праша капетанот, а тие кимнаа со главите и го кренаа оружјето. „Нешто не е во ред,“ рече Никола. „Сè е расфрлано


209

и вратата е отворена. Тука вратите никогаш не се отворени.“ „Да испитаме надвор,“ рече капетанот. Местото таму беше уште повеќе растурено, како некоја друга бунтовничка чета веќе да влегла пред нив. Се движеа по главниот ходник и Никола погледна од страните по лабораториите. Немаше никој. „Каде се сите, по Државата?“ се запраша полугласно. На крајот од ходникот одеднаш се појавија неколку Довци и двете страни за миг застанаа стаписано. Се фрлија наземи зад неколку парчиња мебел и се слушна репетирање. Бунтовниците беа веќе подготвени. Почна неконтролирана пукотница и неколку бунтовници и војници веднаш паднаа. Другите се скрија на посигурно. „Ова ќе потрае, другари. Бошко и Гери, земете го научникот со вас и пронајдете ја машината,“ нареди капетанот. Никола погледна кон лабораториите и ја виде својата стара лабораторија, неговиот дом заедно со Вера пред да ја убијат крвнички. Му навреа сеќавања за заедничките моменти, среќата што ја делеа, заедничкиот интерес за науката и напредокот, љубовта каква што никогаш не почувствувал претходно, освен кон науката. Но, тоа сè беше лага. Таа го заслужуваше тоа што ѝ се случи, немаше дилема во тоа. Уште повеќе, заслужуваше да биде расчеречена, запалена, набиена на колец, полеана со жежок катран и раскината од волците. Такви мисли сè почесто му навираа во главата. И не само насочени кон Вера, туку кон сите. Доволно беше некој криво да го погледне, веднаш почнуваше да размислува за одмазда. „Ете што му прави љубовта на човекот,


210

каква бесмислена и сосем некорисна работа,“ помисли и замина со бунтовниците. „Наваму,“ ги насочуваше двајцата бунтовници по лавиринтот од ходници и влезови кој го познаваше како својата дланка. За среќа по пат не се појавија нови војници. Набрзо се најдоа пред лабораторијата на Психа, каде што Никола се сомневаше дека е машината. Бошко прв влезе внатре и откако се осигура дека нема никој, им рече да влезат. Внатре состојбата беше како и надвор. Искршени инструменти, половина од работите беа врз подот, а машината на Никола беше искршена на парчиња, уништена. „Ја уништиле, копилињата ја смачкале,“ рече Никола, но потоа се сети дека неговата мисија беше токму тоа – неутрализирање на машината. „Претпоставувам дека е за добро, независно од тоа кој ја уништил. Но, зошто се прашувам... најверојатно немале избор, машината ги преземала работите во свои раце,“ се помири со состојбата. „Па, момци, изгледа нашата работа тука е завршена,“ заклучи. Од надвор се наслушнаа чекори, чекори кои тој би можел да ги распознае и од километар, во сон или во бессознание. „Почекај да земам нешто, веднаш доаѓам,“ рече женски глас и влезе во лабораторијата. Бунтовниците ја пречекаа со оружје на готовс и таа се стаписа. „Јас не... немам ништо против вас, јас сум само службеничка...“ пропелтечи, а Довецот кој влезе по неа се фати за пиштолот, но беше убиен пред да мрдне.


211

Вера стоеше со кренати раце и затворени очи како да исчекуваше куршум в чело, но ништо не се случи. „Погоди кој е, кукло,“ слушна познат глас. „Н-Никола!?“ ги отвори очите и побеле, како да видела мртов човек повторно оживеан. „Не, не сум дух, ако мислиш на тоа,“ рече како да ѝ ги читаше мислите. „Јас сум жив, но прашањето е зошто си ти жива?“ ја прекина додека одеше накај него да го прегрне. „Како мислиш? Зошто не би била жива?“ рече збунето. „Тој те уби. Јасно прочитав за тоа,“ рече тој. „Кој? Каде си прочитал? Не те разбирам, во ред ли си?“ изусти таа загрижено. „Хм... во ред сум... изгледа нашиот писател сепак имал малку фантазија наместо да вежба само ресавска школа,“ заклучи Никола. „Ах драги, колку ми е мило што те гледам,“ Вера му се фрли во прегратка, но тој остана ладен. Таа го стискаше силно и беше искрено среќна. Мислеше дека не го преживеал патот со налудничавата машина на Брејнов, но тој кутар старец бил во право. Никола не се помрдна. „Драго ти е,“ рече и ја оттурна со рацете, а потоа ја погледна продорно и рече: „Веројатно колку што ти било мило кога си го гледала него,“ процеди. „Не веруваш белким во тоа? Знаеш дека не е вистина и дека тоа го кажа за да те повреди. Мораш да ми веруваш,“ го преколнуваше. „Тоа што морав е да ја уништам машината, но бидејќи тоа е веќе направено, остана само уште една работа. Да ги заробам сите непријатели на отпорот и соработници со Државата, а ти си високо на листата, бејби. Носете ја


212

во Центарот за контрола на науката,“ рече ладно и им објасни како да дојдат до таму. Таа го гледаше запрепастено додека ладнокрвно им објаснуваше на убијците како да стигнат дотаму, додека сите тројца ја погледнуваа под око и се смешкаа злобно. Потоа ја зграпчија и ја одвлечкаа. „И дечки, не заборавајте да се позабавувате малку со неа, го заслуживте тоа,“ рече Никола и им намигна. „Никола, те молам, те преколнувам! Не, Никола!...“ врескаше таа додека двајцата бунтовници ја влечкаа по ходникот. Научникот остана сам во лабораторијата и ја набљудуваше својата креација уништена. * * * „Мислам дека е тука,“ рече г. Веров додека влегуваа во ходникот што водеше до просториите на Министерството за наука. Според упатството што го добија надвор, надолу кај скалите каде што пишуваше Област 19-90, право по ходникот, па со лифтот надолу на единственото копче и потоа право кон големата врата на која пишуваше „Експериментална зона.“ „Тоа ти е това место дека шо вршат експерименти нашиве научници заробени од Државниците,“ му раскажуваше врската, откако по разговорот во кафеаната Јован го упати кон овој способен маргиналец полн со информации за внатрешното функционирање на државата. „Внатре ти има сè и сешто, братче,“ рече тој додека влечеше од Винстон цигарите и дрмаше Џони Вокер што му ги обезбеди Кирил, а Државата знае дека тоа


213

не беше лесно. Беа скриени во една напуштена уличка, седнати на некакви кутии, во дел од градот каде што живееја наркомани, проститутки, ситни криминалци, отпадници од Државата, општествено непожелни, но безопасни елементи кои властите ги оставаа сами да се истребат. Комуналните згради предвидени за зголемувањето на популацијата беа ненаселени зашто стапката на смртност ја надмина таа на новородени и новите станари од илегалните рабови на општеството почнаа да се населуваат таму. Сега веќе беа полноправни жители со свои заедници, куќен ред и правила кои важеа само за нив. Некој вид маргинална комуна која функционираше според сопствени правила. „Ако ти требе машина за дезинтеграција на чоек, знаеш она, едноставно да му направеш бришка од лицето на земјата без никаква трага, това ти е вистинско место,“ се смееше тој. „И ќе помислиш, дека на ваа држава таква технологија? Мислам, не сме напреднале во последниве триесе години нишо, а они там научна-фантастика цепат, ама ти викам, това ти е друг свет, не е како нашио“ го убедуваше врската, а Кирил не беше сигурен на кој свет мисли, зашто овој во кој се наоѓаше сега, секако не беше како тој на Кирил. „Господине, благодарам за овие информации, навистина ми е значајно тоа, но би сакал да знам каде се наоѓа ќерка ми,“ се обидуваше да го сврти разговорот Кирил. „А това ли? Разбира се,“ како да се потсети и самиот, „е па она ти е братче од оние шо ги викаат високи Државници. Мислам не како Премиеро или Генерало, ама


214

тука негде високо, разбираш,“ продолжи врската. „Да, знам што работи,“ рече Кирил по малку нетрпеливо. „Де, лека пријателе, лека. Дозволи ми да те уведам у приказната. Ја гледаш ваа пљуга шо ми ја даде? И воа вискито? Това ти тражи лефтерен муабет, уживанција братче, мерак по старински. Не може тук-така ќерка ти е таму и одеј,“ го убедуваше човекот на својот новоскопски уличен говор којшто беше комбинација од повеќе дијалекти и стариот скопски урбан говор. „Добро, се извинувам, продолжете,“ се плашеше Кирил дека врската ќе го изгуби трпението и на крај нема ништо да дознае. Зад нив се појави друг човек, очигледно пијан или под дејство на којзнае каква дрога, застана до еден ѕид, се измоча и замина, како ништо да не се случило. Кирил не можеше да се изначуди на тоа дека во нивната држава, со толку строги правила постои ваков дел од градот. „Ко шо речов, ќерка ти е јака типка таму, сите ја слушат и почитуват,“ продолжи врската, „ама за појака информација, ќе ми треба појака мотивација,“ се насмеа низ расипаните заби. Кирил имаше уште неколку средби со него и секој пат, малку по малку, се отплеткуваше неговото знаење со помош на сè појаки опојни дроги. А не беше воопшто лесно и едноставно да ги набави, само тој си знаеше какви само сомнителни типови му помагаа и по колку темни канали мораше да копа, но тоа му овозможи да го дознае патот до базата. „Знаеш за Козјак, нели?“ го праша врската. „Сум слушнал, не сум бил,“ рече Кирил. „Е това ти е базата братче, топ-сикрит, шчо би рекле


215

Америте, ко од старовремски филм, баче,“ рече наркоманот и шмркна малку од белиот прав за којшто Кирил за малку ќе ја изгубеше главата. „Одиш по воа пато,“ му црташе врската на едно стуткано ливче шема од криви патчиња и ознаки на патот, „и после вртеш накај Козјак. И си цепеш по планињено, ама коа че стигнеш до базата ти требе документо нали, ама това ќе те чине повеќе од брашново, ако ме разбираш.“ На Кирил веќе му се чинеше дека нема крај на оваа сага. Секоја информација скапо го чинеше и беше при крај со финансиите. Но, собра средства и ги доби документите. Остануваше само последниот дел од сложувалката, а тоа беше главниот дел. Еден ден, откако му вети дека ќе му открие како да влезе во базата и да ја пронајде внатре, сред разговорот во близина се слушнаа пукотници. „Рација братче, спасвеј глава,“ викна типот и избега. „Но,“ викна Кирил по него, но овој веќе беше спраш­ тил во непозната насока. Ни сам не знаеше како тој ден извлече жива глава, а кога следен пат сакаше да го посети откри дека зоната е затворена и ја контролираат Довците. Остана без доволно информации, но со игра на судбината, или како што би сакал да верува Кирил, со божествена интервенција го сретна Јован и тој ги надополни дупките во информациите. Патот беше отворен пред нив. Влегоа и отпрвин не беа сигурни каде да одат, едно е да ти кажуваат, друго е да се најдеш во непознат лавиринт од ходници, чудни простории, врати и лифтови, но некако се снајдоа. Наслушнаа некоја бучава и пукање. Кирил ја потегна Надежда за рака и се скрија во најблиската просторија. Пукањето не траеше долго.


216

„Ајде, одиме,“ ја повлече Надежда повторно, која едвај стоеше на нозете, но таа не се помрдна. „Надо,“ викна тој и ја плесна по лицето и таа се освести. „Ах, што?“ рече таа. „Мораме да продолжиме, само да ја најдеме Вера и ќе се погрижиме за тебе. Издржи уште малку, само уште малку,“ ја молеше Кирил иако и самиот беше свесен дека е пред крајот на силите. И што потоа? Дури и да ја најдат Вера каде ќе ѝ обезбедат помош на Надежда. Се надеваше дека Вера ќе знае каде може да ѝ помогнат, сигурно имаат прва помош или уште подобро медицински персонал. Немаше време за размислување. Се измолкнаа од просторијата, продолжија низ ходниците до големата врата со знакот „Забранет пристап за неслужбеници на Државата,“ како што им беше објаснил Јован. „Тоа е тоа! Блиску сме,“ возбудено рече Кирил, а сопругата се насмевна. И тогаш повторно наслушнаа чекори. Се скрија зад една голема саксија со палма во ходникот и пред нив се појави таа! Нивната мила ќерка, возрасна жена, додека ја влечкаа двајца војници. На таткото му се стегна грлото кога ја виде цевката на оружјето допрена на виткиот грб на неговата ќерка. Тројцата влегоа во просторијата право пред родителите на Вера и тие тивко се упатија по нив. Застанаа пред врата и наслушнуваа. „Бошко брате, одамна не сум се омрсил, што велиш да пробаме малку од пилешково,“ рече едниот додека ја гледаше Вера со насмевка под мустаќи. „И јас побратиме, и мене ми се јаде пица,“ се насмеа гласно другиот.


217

Вера направи неколку чекори наназад, додека двајцата крвници полека се доближуваа кон неа. Едниот брзо мрдна со ногата и Вера потклекна, а двајцата громогласно се насмеаја. Очигледно сакаа да си поиграат со неа, како што мачката си игра со глушецот пред да го изеде. Г. Веров го набљудуваше тоа затскриен зад вратата и мозокот му иташе сто на саат. Не знаеше што да стори и како да ѝ помогне на ќерката која толку години ја немаше видено и сега ја гледа во таква страшна ситуација. Мораше да размислува брзо и да дејствува веднаш. Почна панично да бара нешто. „Леле Кириле, што ќе правиме, мораме да ѝ помогнеме,“ закука Надежда. „Сега, сега... еве размислувам,“ рече Кирил и почна да отвора една по една врата, влегувајќи во просториите каде што имаше различни машини, искршени апарати, многу стакло и метал по подовите. И тогаш врз една маса, го здогледа решението кое седеше и го чекаше него, небаре беше светиот грал. Вера застана зад една голема маса, а двајцата се распоредија од двете страни за полесно да ја фатат. Бошко тргна прв. Таа замавна со цела сила, но тој ѝ ја фати раката, а другиот одзади ѝ ја затна устата. Ја фрлија на масата и додека таа преташе, а другиот цврсто ја држеше, Бошко со смеа почна да се соблекува. „И така си мртва кукло, можеш да поуживаш малку пред да ти дојде судниот ден,“ рече тој и наеднаш сред неговиот голем мев удри вжарена електрична топка. Другиот не успеа ни да се свести, а веќе беше погоден и тој. Вера скокна од масата и се запрепасти кога го виде својот татко со плазма базука во раката. Таткото го фрли


218

оружјето кое сè уште чадеше. Ќерката извика „Татко! Мајко!“ се стрча кон нив и сите тројца се прегрнаа. „Колку ми недостигавте, само да знаете,“ липаше Вера и не можеше да им се изнагушка. Мајката ја бакнуваше по образите и повторуваше „Чедо, чедо мое...“ „Како ме најдовте?“ рече кога се созема малку. „Имам и јас пријатели на позиција,“ рече таткото шеговито, бришејќи ги солзите со ракавот. „Драга мамо, добро ли си?“ загрижено ја погледна мајка си која веќе беше бледа како крпа. „Добро сум чедо, сега кога знам дека ти си добро,“ се насмевна мајката. „Некој мора да ја прегледа, можеби ѝ треба транс­ фузија,“ негираше Кирил. „Што ви се случи?“ праша Вера. „Не знаеш ли што се случува надвор?“ се зачуди Кирил. „Нè брифираа пред извесно време,“ одговори Вера, „сè што знам е оттаму. Бунтовниците го имаат нападнато градот од сите страни. Се водат жестоки борби насекаде и владее вистинска граѓанска војна... ах колку ми е драго што ве гледам, ве мислев каде сте и дали ќе ја преживеете и оваа војна. Но, за жал веќе ни тука не е сигурно. Довците повлекоа многу од оружјето и опремата со нив, ја испразнија базата, другото го искршија. „Чедо мое,“ рече Кирил, „ова нема врска со бунтовниците. Државјаните го почнаа бунтот, но не затоа што сакаа. Имаше некаков зрак, нешто како молња, што ги менува луѓето и ги прави ѕверови, убијци жедни за крв и одмазда.“ Вера пребледе. Знаеше за што се работи, но никој не ја извести дека ја активирале машината.


219

„Да одиме, веднаш, знам каде може да ти најдеме помош мамо,“ рече Вера. * * * Тома застана пред вратата на соседот, г. Ставре, и виде дека е подотворена. Ја поттурна и внатре го пречека локва крв. Кочанот клучеви лежеше во ходникот. Тома веднаш сфати за што се работи и крвта му се замрзна во вените. Посегна кон клучевите и ги зеде. Внимателно ја затвори вратата на кутриот г. Ставре и ѝ ги даде клучевите на сопругата. „Ена, јас ќе ја држам вратава, а ти пробај да отклучиш,“ прошепоти и сите бидете најтивки што можете“. Ена се мачеше со клучевите, беа премногу. Бравите полека се отклучуваа една по една, но им се чинеше дека трае цела вечност. Во еден момент Ена несмасно го испушти целото врзопче и тие одѕвекнаа од камениот под како ѕвоно. Тома се замрзна. Од внатрешноста на станот на Ставре се слушнаа забрзани чекори, а потоа некој однатре толку силно ја повлече кваката што Тома едвај ја задржи вратата. „Ена побрзај по Државата, веднаш!“ викна Тома. „Се обидувам, но...“ извика Ена и панично го бараше клучот од последната брава. Децата врескаа, а тој однатре сè посилно ја тегнеше вратата. Тома не можеше веќе да држи. „Ена, те молам... не можам да додржам,“ вресна сопругот и тогаш ѕверот удри по вратата и неговата рака излезе надвор и ја зграпчи раката на Тома. Не му се веруваше како е возможно некој да распарчи влезна врата со рака, но немаше време за размислување, почна да го удира ѕверот по раката, а овој не ре-


220

агираше воопшто туку само повеќе го стискаше. Низ дупката го виде неговото лице, крвавите очи, ѕверскиот побеснет поглед во кој немаше трошка можност за преговарање. Тој беше жеден за крв и жеден веднаш. „Отклучив, отклучив„“ вресна Ена и со децата излетаа надвор. „Тома, ајде!“ викна по него, но Тома не можеше да ја откачи раката од полудениот. Неговиот стисок беше натчовечки силен. „Одете си, оставете ме мене, бегајте. Ена, спаси ги децата!“ викна Тома додека се бореше за живот. Наеднаш некој удри силно по раката на ѕверот кој испушти нечовечки крик и се повлече внатре цивкајќи како повредено куче. Тома се сврте и ја виде жена си со хебла во рацете. Му се причини дека тоа е најубавата слика на жена што ја има видено во животот. На пропагандните постери жените беа претставени како мајки, со три деца, едно во рацете, две до неа, со корпа полна алишта или со правосмукалка во рацете, а најомилената беше во кујна со високо крената дрвена лажица небаре е државно знаме. Сега Ена беше како жената од таа слика, само што не држеше лажица, туку хебла. Моќна, храбра, достоинствена жена која се бори за своето семејство. „Да бегаме оттука,“ рече Тома и двајцата му ја спраш­ тија надвор. Додека трчаа кон колата Тома се сврте кон зградата и го виде полудениот како изрипува надвор и потоа вреска, се фаќа за глава и се крие од светлината како да го гори со неподнослива жештина. Влегоа во автомобилот, Ена му го подаде клучот и заминаа со чкрипење.


221

„Тоа што го стори беше многу, многу глупаво,“ ѝ рече прекорно на Ена, а таа зачудено го погледна со израз „па токму сега ти го спасив животот, глупчо.“ „Но, сепак горд сум на тебе, будалче,“ заврши Тома и таа се насмевна. Возеше веќе неколку минути низ градот кој порано беше затвор, а сега беше терор. „Каде одиме?“ конечно го праша Ена. „Подалеку од овој проклет град,“ рече Тома. „Но каде, тато?“ праша малиот Марк. „Далеку сине,“ одговори Тома, „не грижи се, само поспиј малку.“ „Мораме да бидеме брзи,“ ѝ рече потивко на жената, “полуденине изгледа дека се поактивни ноќе, виде што им прави светлината. Научникот што го запознав, ми рече дека можеби зракот на кој биле изложени ги направил неотпорни на сонцето,“ додаде Тома и во тој миг почувствува дека му недостигаат идеи со коишто би можел да ја опише или предвиди состојбата на нештата. Се запраша дали целата негова креативност беше само нус-производ на грешката во експериментот со читање на мислите. Но, искрено не му беше ни гајле. Си ја протресе главата и се сосредоточи на битното. „Одиме!“ Возеа долго низ урнатините од она што се нарекуваше мега-град, поранешен главен, а сега единствен град на Нова Македонија. Пред нив се редеа урбани пејзажи на новокомпонирана фолк-архитектура која се обидуваше да ја спои традиционалната „охридска куќа“44 со модерните висококатници градени по прин44 Охрид е поранешен град на културата и религијата, со најмногу цркви, кои во Новото Време во обид да се направи второ седиште на Државата беа пренаменети во фабрики и други практични објекти, а потоа целосно напуштени.


222

ципот „смести повеќе, за подобро на сите.“ Но, заради полесна контрола на населението, сите луѓе беа преселени во Ново Скопје, а градбите во напуштените градови оставени на забот на времето. Испакнатините на зградите, во традиционален стил, се обидуваа невешто да ја следат формата на облакодерот и тоа изгледаше несмасно и архитектонски несигурно. На Тома никогаш не му се допаѓале, но тоа беше филозофијата на Државата. „Модерното е добро, само ако е традиционално“, во стилот на контрадикторните слогани на државната власт. Сè беше набиено, згради лепенка до лепенка, чиниш ќе паднат една врз друга, но само плоштадите беа пространи и на нив имаше плански поставени статуи, големи речиси колку зградите, повторно во традиционално-современ стил, фолк-модернистички, каде што беа претставени ликовите на Државниците. Таму стоеја тие, гордо исправени со високо кренати раце, кон иднината, кон просперитетот. Државниците, генералите, водачите, хероите... сите кои дале придонес кон новата Држава се наоѓаа на местото на старите херои чии статуи беа урнати уште во првите денови од новиот поредок. Тома се прашуваше што ќе биде ако успее планот на Никола и повторно настапи нова ера, дали тогаш ќе се урнат овие статуи и ќе се постават нови. Никој не го знаеше одговорот, но тој не ни сакаше да го знае. Сè што сакаше е да спрашти далеку оттука и да го спаси сопственото семејство. Глутниците полудени луѓе можеа слободно да се изедат самите меѓу себе. Поминаа покрај ГОП45, изграден пред десетина години, кога Државата почна да воведува некоја форма 45 Главниот објект, староговорно храм, на просперитизмот


223

на „религија“. Тогаш веќе не беше доволна едноставна верба во Премиерот и ликовите чии што енормни статуи го грдеа градот. Тома се сеќаваше на тоа дека поради Државна одредба со семејството мораше да присуствува на една од првите „миси“ во штотуку изградениот ГОП и дека неговите деца беа восхитени од ликовите на Државниците насликани по ѕидовите. Во една сцена Генералот го предводеше народот во борба против окупаторот, а во друга покажуваше со раката кон некоја светлина од којашто како неонски натпис од минатиот систем светеа зборовите „Држава, Иднина, Просперитет“. Понатаму беа претставени разни други Државници кои ги викаа столбови на Државата, Генералот, ја предводеше војската во нови победи, Индустријалецот диригираше со фабриките како со некој оркестар, Земјоделецот фрлаше зеленчук, а Сточарот месо кон подадените раце во толпата и слично. Сите тие ликови доминираа со сцените, иако освен Премиерот ниту еден не беше присутен во обичниот живот со лице и глас. Централната позиција ја заземаше статуата на Премиерот со едната рака под палтото, чест мотив по пропагандните паноа и статуите. Никој не ја знаеше точно симболиката на тој гест, а официјално се објаснуваше дека тоа е раката на Премиерот која непресушно дава, скриена е затоа што богатството што се добива од неа не може да се мери. Но, Тома знаеше што крие таа рака – шипки варени. Се најдоа недалеку од една друга статуа на Премиерот на главниот плоштад, најголемата од сите. На неа


224

Премиерот беше претставен на коњ, митско истребено животно во гладните години на војната, симбол на моќ на која се достојни само највисоките Државници. Пред неа имаше насобрано толпа. Застанаа. „Изгледа ми пропадна теоријата во вода, види,“ ѝ рече на сопругата. Толпата луѓе беше под статуата и тие извршуваа некаков бизарен ритуал, како да се клањаа или се молеа на статуата, принесуваа жртви од цвеќиња, животни и пиеја нивна крв. Изгледаше како да сакаа наеднаш да надокнадат за религијата што ја имаа изгубено во системот на Државата. Нивната нова религија изгледаше како сите религии заедно, измешани во хаотична прослава на божественото во која не се знаеше кој што прави. Секој правеше како што чувствуваше, но нивните погледи беа заедно насочени кон едно нешто – кон Премиерот. „Плоштадот е засолнет со околните згради од сонцето, сите се во длабока сенка,“ помисли Тома во обид да си ја одбрани теоријата и да си даде надеж дека ќе можат да излезат од градот под услов да се на сонце без некој манијак да им се фрли на колата. Навистина, забележа неколку полудени кои беа понастрана и изложени на сончевите зраци како врескаат и бегаат. Сè повеќе се набиваа во сенката, газеа едни преку други, во желба да ја покажат својата верност кон Премиерот, сè повеќе се качуваа кон него. Тома се потсети на пирамидите од луѓе во циркусите што ги имаше гледано како мал во минатиот систем. Сега, се разбира, како и сите други форми на забава и тоа беше забрането. Се сеќаваше и на слоновите, лавовите, тигрите и други егзотични циркуски животни. Зо-


225

олошките градини одамна беа затворени и единствени дозволени животни по фармите беа домашните. Барем така му зборуваа тие што биле на фармите. По улиците не можеа да се видат ниту мачки, ниту кучиња. „Сè што е неполезно, тоа е непожелно,“ учеше Државата. На извесни граѓани им беше дозволено чување на домашни миленичиња, но тие беа ретки, најчесто од повисоките касти. На тој начин Државата осигуруваше послушност кај популацијата. Глупавите и така ќе слушаат, а на попаметните пушти им го ланецот малку послободно и решена работа. Пирамидата стигна речиси до самата статуа поставена високо на постамент, кога од страна надојде друга толпа, која исто така почна да се качува врз статуата и да фрла јажиња и сајли преку неа, врзани за камиони од другата страна. Камионите дадоа гас и статуата почна да се одвојува од основата. Првата толпа збесна кога го виде тоа и се упати кон сквернавците. Толпите се судрија. Се слушаа страшни крици кои не наликуваа на ништо што Тома го слушнал во животот. Тогаш сфати дека децата не треба да го гледаат тоа. Наскоро ќе бидат далеку, и сето ова ќе изгледа само како лош сон. „Доволно видовме,“ процеди Тома. Ги чекаше долг пат. * * * Кирил и неговата ќерка, Вера, паметна на тато, убава на мама, ја потфатија мајката Надежда под двете раце и тргнаа со намера да ја однесат во амбулантата. Вера само се надеваше дека Довците не испразниле


226

сè, дека барем има средства за дезинфекција и гази, а ако имаат среќа и неколку кеси крв со крвната група на мајка ѝ. Само што зачекорија кон излезот од Центарот за контрола на науката, се појави Никола. Вера се стаписа, а таткото веднаш се стрча кон плазма базуката и ја впери во Никола. „Опа, гледам дека сепак не се уништени сите експериментални машини,“ се насмеа без трошка страв. „Кои ти се старциве?“ „Моите родители,“ рече Вера со недоверба. Никола имаше чуден сјај во очите, како да не беше истиот човек што го познаваше толку добро и со кој ги делеше сите моменти од животот во последните месеци. „Одлично, време беше да ги запознаам,“ рече цинично Никола. Вера направи неколку чекори наназад заедно со мајката, а таткото истапи напред со базуката. „Вера, зарем вака се запознаваат сватовите со идниот зет,“ рече тој, а Кирил зачудено го погледна. „Тато, па немој така да се запознаеме. Тргни го тоа пред да си повредиш некое ребро или колк, се плашам за тебе како ќе играш на свадбата, па и внучиња како ќе ми шеташ во новата зора на Најнова Македонија, а?“ „Те молам Никола, остави нè да си одиме и никој нема да настрада. Татко, спушти го оружјето,“ го замоли татка си. Кирил се двоумеше. „Така е тато, верувај ѝ на твојата Вера, така и е името нели? Навистина е верна!“ го изобличи последниот збор Никола. „Никола, знаеш дека не е вистина тоа за што ме обвинија,“ Вера се обиде повторно да резонира со него.


227

„Знам, знам, ѕверот лаже и бла-бла,“ се насмеа Никола, а Кирил повторно ја крена базуката. „Спушти го оружјето и можеби ќе нè пушти да си одиме, послушај ја Вера,“ го молеше г-ѓа Верова. „А вие госпоѓо нешто сте ми бледа, дали ви е добро? Не го слушнав вашето име,“ рече Никола глумејќи заинтересираност. „Надежда,“ рече кратко таа. „Вера и надеж, колку прекрасно! Па изгледа дека само тоа ви остана, нели?“ се насмеа ѓаволски Никола. „Каква побожна мала група сте ми вие. Па како ви се допаѓа новонастанатата состојба во нашава мала државичка? Мислите вашиот мил и семоќен господ имал некако удел во тоа, а?“ праша Никола. Кирил уште го држеше на нишан. „Дали вашиот драг господ ја скрои новата судбина на оваа државичка или јас, ве прашувам? Дали ме спречи да работам против моја волја и да ја искористат мојата машина наменета за добро како орудие на старовремскиот злобен ѓавол со црвена кожа, козји нозе, рогови и брадичка како вашата, тато?“ зборуваше Никола. „Никола, жалам за тоа што се случи, навистина,“ рече Вера, „никогаш нема да прежалам, но мораш да ми веруваш, никогаш не те изневерив. Точно, бев шпион на Државата, како и сите други вработени тука, но немав врска со монструмот...“ „Да, да, бла-бла... приказни за деца. Тука сме сите возрасни Невера, нема потреба од тоа. Што се случи, се случи, ти веќе не ме интересираш. Сега имам поголеми планови, бејби и ти не си дел од нив, затоа гитла,“ рече ненадејно.


228

„Молам?“ рече збунето Вера. „Ви давам двојка, корпа, ве пуштам, одете со Николов благослов ако повеќе сакате така побожна толпичко! Не ми е битно што ќе правите, губете се, бегајте надвор и така нема да преживеете,“ изусти Никола и помина покрај таткото, како да не е на нишан. Ги виде двајцата бунтовници како спржени лежеа ничкосани на подот. „Некој правел скара тука,“ се насмеа, ја сврте фотелјата што беше превртена наопаку, и седна на неа. Верови тргнаа накај вратата. „Мајко, татко, излезете, веднаш ќе дојдам,“ рече Вера. „Каде ќе одиш? Немој да си помислила да се вратиш кај тој лудак, не е ништо поинаков од оние надвор,“ ја прекори татко ѝ. „Татко, верувај ми,“ рече таа и ја затвори вратата зад неа. Му пријде на Никола кој веќе се беше устоличил на фотелјата, мазнејќи ја вештачката кожа на удобното седало. „Сè уште си тука? Да не дојде да видиш како убаво ми личи фотелјава? Може се палиш на власт, а?“ цинично зборуваше Никола. „Никола,“ смирено рече Вера, „не знам што се случи со тебе. Ова навистина не наликува на тебе, те познавам, ги делевме најинтимните моменти и тајни. По Државата Никола, ти ми даде задача да се погрижам за твојата мачка како да е најбитното нешто на светот. Таков човек не се однесува вака.“ Никола се преправаше како да му е здодевно, си играше со предметите од масата, се проѕеваше и правеше сè за да ѝ покаже колку не му значи ниту еден


229

нејзин збор. „Никола, те молам слушај ме,“ со солзи во очите рече таа. „Можеби никогаш нема да ми веруваш, но прифаќам дека ќе се разделиме сега и нема никогаш повеќе да се видиме. Но, за последен пат, ти се колнам во сè најдраго дека никогаш не се случило ништо помеѓу мене и Премиерот.“ „Премиерот,“ викна тој, „дури и кога му ја изговараш титулата тоа поинаку звучи од твојата уста, толку сочно, толку порочно!“ „Никола, мислам дека нешто не е во ред со тебе,“ рече Вера, „те познавам, никогаш порано не си се однесувал вака. Дали си помислил дека можеби фреквенциите со кои работеше на машината влијаеле и на тебе? Можеби си примил доза и тоа те сменило. Не толку страшно како што ми раскажаа за луѓето надвор, но сепак видливо влијаело на тебе. Или машината на Брејнов не работи баш како што мислиш? Можеби и таа има нус ефект врз твоето психичко здравје, те молам размисли, размисли како научник и знам дека ќе сфатиш. “ „Да, да... сега уште и луд ќе ме направиш. Секако Николчо е луд затоа што не верува на Невера,“ ја исмеа тој. „Во ред, Никола,“ кажав што сакав, „само кажи ми едно нешто за крај. Што ќе биде со тебе?“ застана Вера пред излезот на просторијата. „Јас, драга моја, ќе останам тука со моите пријателчиња бунтовници,“ рече. „Но, сè е уништено, што ќе правите тука?“ прашално го погледна таа. „Не грижи се за нас, маче. На државава ѝ треба водач, нели?“ ја погледна продорно. „Време е за нова ера. Јас и моите пријателчиња ќе се погрижиме таа да дојде.


230

И овој пат машината нема да потфрли,“ уверливо зборуваше. Вера не беше сигурна дека разбира. „Ќе го оствариш твојот сон за бесплатна енергија?“ се двоумеше Вера дали да замине, но ја интересираше крајот на приказнава. „Кому му треба бесплатна енергија? Што би правеле со неа? Би произведувале, би создавале? Не, повторно би се уништиле, енергијата би ја искористиле за нешто лошо. Мислиш дека мојата промена е последица на некој мистичен нус-ефект на мојот зрак, а не помислуваш дека тоа е последица на сè низ што поминав во оваа Нова ебена Македонија. Тоа е заслуга на Државата и таквите како тебе, стаорци скриени во заштитени бази, на чело со твојот мил Премиерчо. Вие ми помогнавте да сфатам дека на луѓето не им треба слобода и дека таа може само да ги уништи. А ти не сакаш Државата да биде уништена, нели?“ ја праша и продолжи без да добие одговор. „Јас сум патриот маче и тоа од највисок ред, а сега откако стојам на највисоката планина ќе ги осветлам сите со мојот зрак на мудроста. Ќе бидам Аврам на изгубеното стадо, Исус, Мухамед, наречи го како сакаш, но со мојот Божествен зрак луѓето ќе ја спознаат вистината, зашто ЈАС СУМ ВИСТИНАТА!“ вресна тој, а Вера се стаписа запрепастено. „Зарем ќе го искористиш зракот да им го испереш мозокот на луѓето?“ праша. „И не само тоа маче, откако ќе го поправам моето машинче не само што ќе им го исперам мозокот туку и ќе им го испеглам, гратис! А сега да те нема, иш, гитла!“ ѝ рече и ја сврти фотелјата со грб кон неа. Таа замина со огромна тага во душата, ги прегрна родителите и се упати во непознат правец.


231

* * * Тома возеше веќе неколку часа и беа далеку од градот и од последните знаци на цивилизацијата ги делеа стотици километри, а од последните луѓе можеби една стотина. Немаше видено ниту еден сточар, земјоделец или еден од тие ретките слободници кои работеа на фармите веќе долго време. Порано им завидуваше на слободата и контактот со природата. Никој во градот немаше сретнато таков човек, но се зборуваше за нив. Тие беа одговорни за сè што јадеа државјаните и постоеше некаква премолчена почит кон нив. Понекогаш ги замислуваа како митските фигури како што беа отсликани по објектите на просперитизмот. Затскриени во ладовината на дрвото на животот молзеа крави или со високо кренат срп во рацете го кастреа житото од кое се правеше државниот леб по државните фабрики. Но, сега откако по толку километри не виде жив човек, обработлива површина, ниту фарма, се посомнева во тие приказни. Што ако сè тоа беше лага? Од Никола дозна веќе дел од вистината за храната. Што ако сè беше вештачко или увезено од наводните непријатели, нивното загадено ѓубре кое не беше достојно за нивните жители, а потоа препакувано и сервирано како домашно и заштитено со знакот на единствената и семожна Држава? Вистината ја знаеја само тие кои владееја со народот, а на Тома лично веќе не му беше ни битно. Пред него се откри пејзаж од кој му запре здивот. Реши да застане. Се наоѓаа во недопрена природа, од сите страни се гледаа само шуми, планини и ливади. Мирисаше на детство. Излегоа од автомобилот, Марк ги триеше очињата, а мудрицата Лиза веќе си ги облекуваше патиките.


232

„Мамо, каде сме?“ праша Марк, додека неговата мајка му ги облекуваше чевлите. Малите ноџиња кои секогаш мрткаа тешко влегуваа во чевлињата. „Далеку од градот, во природа,“ одговори мајката, но потоа се сети дека можеби не е доволна јасна, „знаете, дрвја, трева, цвеќиња, може ќе видиме крави или коњи,“ рече таа шегобијно додека се мачеше да го обуе. „Да, сакам да јавам на коњ, те молам мамо, те молам!“ детето ја преколнуваше мајката. „Во ред,“ рече таа, а детето ѝ се фрли во прегратки. „Ама само ако си умен,“ додаде таа, а тој кимна со главата неколку пати. Ги остави децата и му пријде на Тома којшто стоеше на ливадата и го гледаше сонцето што заоѓа. На небото се менуваа бои. „Прекрасно е, нели,“ ѝ рече и ја прегрна. Таа се пикна во него и ја стави раката врз неговата половина. Тој ја почувствува нејзината женска мекост и топлина додека се припиваше до него. „Навистина,“ одговори таа. Молчеа некое време, додека децата зад нив се смееја и скокаа по баричките вода кои се беа насобрале од утринската роса. Тома се сврте и го виде Марк како фрла еден стап високо кон дрвјата обидувајќи се да го закачи на гранките. Лиза трчаше по ливадата и береше цвеќиња, ги пикаше во носето како никогаш во животот да не мириснала цвеќе. „Па таа всушност не мириснала цвеќе никогаш во животот!“ се сети Тома и тоа беше толку едноставно и јасно, логично, но сепак толку чудно. Да беа во градот немаше да биде воопшто невообичаено, нормална мисла како тоа дека помалку интелигентните немаат пра-


233

во на избор или дека помалку младите немаат право на живот. Сега, во природата, му се чинеше навистина зачудувачки тоа дека ќерка му никогаш не го почувствувала мирисот на цвеќињата, а дека син му си игра со едно обично стапче дрво како да е најзабавната играчка на светот. Но, што има тука за Ена и за него? Има сè што им треба, според Тома. Можност за нов почеток, нов живот далеку од сè. Дали ќе им биде добро сега зависи од нив. Се чувствуваше како да се Адам и Ева, првите луѓе на Земјата, или небаре вонземјани дојдени на ненаселена планета каде што треба да се обнови животот. Можностите пред нив беа бескрајни, можеа да прават сè што ќе помислат и тоа беше прекрасно. „Што сега?“ го праша таа како да му ги чита мислите. Тоа беше прашање на кое го знаеше одговорот, единствениот логичен и добар одговор во нивниот живот исполнет со лоши избори, зашто всушност и немаа многу избор. „Што велиш да живееме тука?“ рече тој како цел живот да посакувал да ги изговори тие зборови. Таа го погледна прво прашално, а потоа се насмевна. Во очите ѝ засвети оној сјај од пред речиси дваесет години кога беа млади и секоја средба им се чинеше како бесконечното небо над планетата Земја. Се разбраа без зборови, како некогаш, и се вратија на глетката. Во далечината здогледаа див коњ како галопира преку пејзажот над кој заоѓаше големо златно државно сонце.


БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ И ДЕЛОТО Бранко Прља (1977) е автор со повеќе од 15 објавени дела. Авторот уште со првите зборови го позиционира делото како истражување на идејата: „Дали уметноста го имитира животот или животот ја имитира уметноста,“ која се чини дека е лајтмотив на овој роман. Во оваа приказна за една Македонија од иднината, или подобро речено од паралелна реалност, главните ликови Тома Хансов, писател, и Никола Слејт, научник, поминуваат низ низа премрежја во обидот за барање смисла среде хаосот што ќе ги снајде. Нова Македонија е тоталитарна држава во духот на Океанија од делото 1984 на Џ. Орвел и содржи елементи на Прекрасниот нов свет на А. Хаксли. Сепак, авторите на овие дела биле инспирирани од нивната фантазија, додека авторот на „Апокалипса.мк“ бил инспириран од реалноста, во духот на поговорката дека понекогаш „реалноста е почудна од фикцијата“. Секој што ја преживеал транзицијата во Македонија која сѐ уште транзитира од една до друга станица на патот што не води никаде, ќе може да ги препознае тие елементи од реалноста во редовите на оваа книга. Македонија созреа за еден вистински дистописки роман во духот на светските класици и авторот ѝ го нуди тоа на својата земја, Македонија, бидејќи после сѐ, таа навистина го заслужува тоа. Берт Стајн


CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-31 ПРЉА, Бранко Апокалипса.мк / Бранко Прља. - Скопје : Готен, 2017. - 236 стр. ; 20 см ISBN 978-608-4625-92-6 COBISS.MK-ID 105577482



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.