c c c c
IN E D A M ! A N I CH
LMAO!
ccc c , c c c cc c c c c ! c c c c c
1
Листа на други изуми од Кина: Листа на други изуми од Кина:
5 веклетало пне летало 5 век пне 7000 пне одгледување ориз (Yangtze) 000 пне одгледување ориз (Yangtze) 5 веккатапулт пне катапулт 5 век пне 6000 пне (Uyao) весло (Uyao) 000 пне весло 5 веквисока пне висока печка за железо печка за железо 5000 пне ковчег дрвен ковчег (Beishouling)5 век пне 000 пне дрвен (Beishouling) пне хеликоптер ротор ротор 5000 пне готвење на(Banpo) пареа (Banpo)400 пне400хеликоптер 000 пне готвење на пареа 3 векрелјефна пне релјефна мапа мапа 5000 пне земјени куќи (Yangshao) 3 век пне 000 пне земјени куќи (Yangshao) 3 векхартиени пне хартиени 3 век пне чашки чашки 4500 пне лакирање (Hemudu) 500 пне лакирање (Hemudu) 3 векхартиени пне хартиени салфетки 3 век пне салфетки 4400 пне печена цигла (Chengtoushan) 400 пне печена цигла (Chengtoushan) 3 векхартиени пне хартиени 3 век пне пликоапликоа 4330 пне водено поле (Chaodun) 330 пне водено земјод.земјод. поле (Chaodun) 3 векакупунктура пне акупунктура (илипне.) 2 век пне.) 3 век пне (или 2 век 3630 пне (Henan) свила (Henan) 630 пне свила водениводени каналиканали 3 веквештачки пне вештачки 3 век пне 3500 пне плуговија плуг, Tai) 500 пне плуговија (дел од(дел плуг,одTai) 2 вексладолед пне сладолед 2 век пне 3000 чај (Yunnan) 000 пне чајпне (Yunnan) пне петарди 200 пне200петарди 3000 лак за нокти 000 пне лакпне за нокти пне соссоја сос 2300 пне гномон часовник, Taosi)пне200соја 300 пне гномон (сончев(сончев часовник, Taosi) 200 Хан узенгија пнене) – 220 не) (202 пне(202 – 220 2000 пне (94 ѕвоно (94Yangshao) г. пне, Yangshao)дин. Хандин.узенгија 000 пне ѕвоно г. пне, Хан бушотина 2000 пне падобран (94Sima г. пне,Qian) Sima дин. Qian)Хандин.бушотина 000 пне падобран (94 г. пне, Хан удирна дупчалка дин. Хандин.удирна дупчалка 2000 пне самострел (илиг.1200 000 пне самострел (или 1200 пне) г. пне) Хан работна дин. Хандин.работна количкаколичка 11 в. пне стапчиња за јадење 1 в. пне стапчиња за јадење 2 веклепеза пне лепеза 2 век пне 11 в. пне длабоко дупчење 1 в. пне длабоко дупчење во земјаво земја 3 векредосеалка пне редосеалка (земјоделство) 3 век пне (земјоделство) 7 век пне закачалка за ремен век пне закачалка за ремен з. дин. Хан хигрометар з. дин. Хан хигрометар (206 пне(206 - 24пне не)- 24 не) 1000 пне гасовод, природен гас и ламби, 000 пне гасовод, природен гас и ламби, рафинирање рафинирање нафта нафта погонски ременXiong) (Yang Xiong) 15 пне.15 пне. погонски ремен (Yang
2
нова ера 132 г. 181–234 200 г. 210 г. 304 г. 4 век 5 век 544 г. 577 г. 589 г. дин. Танг дин. Танг дин. Танг 868 г. 8 век 919 г. 1044 г. 1050 г.
туш за цртање (или 3 мил. пне.) сеизмометар балон на топол воздух подвижни едра копча контрола на штетници рибарски калем сурово железо гребло (Qimin Yaoshu) кибрит тоалетна хартија четкичка за заби (619–907 г.) пломби (619–907 г.) боца за плин (619–907 г.) карти за играње кесичка за чај огнофрлач експлозив и граната голф (Chuiwan претходник на голф, до 1100, Wei Tai)
11 век 10-12 в. 1112 1288 12 век 12 век 12 век 1247 г. 1277 13 век 14 век 14 век 14 век 14 век 15 век 17 век 1965 г. 2003 г. 2016 г.
кокс како гориво фитиљ домино (според Xie Zhaozhe) пиштол и рачен топ очила за сонце топ јојо форензичка наука мина бомба аеродинамични крилја повеќестепена ракета артилерија гранати со шрапнели висечки мост со ланец кечап (ke-chiap) синтетички инсулин електронски цигари (Hon Lik) летечки автомобил
... и многу, многу други...
3
Содржина
Алкохол (7.000 пне.) .............................4 Чадор (2.000 пне-2 век пне) ......................7 Шпагети (3 век пне) ..............................10 Челик (5 век пне - 6 век не.) ....................13 Camera Obscura (5 век пне.) .....................16 Фудбал (5 век пне.) ..............................19 Порцелан (206-220 пне) ........................ 22 Компас (2 век п.н.е. - 1 век) ................... 25 Хартија (1 век) .................................. 28 Печатење (220 г.) ................................31 Часовник (725 г.) ............................... 34 Барут (9 век) .................................... 37 Ракети (10-ти век/1942) ........................ 40 Имунизација (10-ти век - 1549) ................ 43 Банкноти (11 век) ................................46 Мотор со внатрешно согорување (1859-1876)................ 49 Автомобил (1886) .............................. 52 Авион (1903) ................................... 55 Изумобелешка .................................. 58
IN E D A M ! A N I H C
Алкохол
6
7.000 пне.
Ферментираните пијалоци постоеле многу пред да ги измисли човекот и се среќавале во природата, а кога некое семејство мајмуни ќе налетало на нив, започнувала забава! Во Индија постојат докази од 3000 г. пне за производство на ферментирани пијалоци нарекувани сура. Вавилонците обожувале божица на виното околу 2700 г. пне, а уште порано, пред 5000 години, први правеле пиво од пченица и јачмен. Но, од анализите на тегли пронајдени во неолитското село Џијаху е утврдено дека во Кина во 7000 г. пне. бил правен ферментиран пијалок од грозје, бобинки од глог, мед и ориз, што е најран податок за правење алкохол. Сепак, со развојот на писмото во Кина, било напуштено
7
производството на алкохолни пијалоци од грозје за сметка на хуанжију (huangjiu) и други вина од ориз. Алкохолот во старите цивилизации се користел за ритуални и медицински цели, а помалку за рекреативни, па така и во Европа во 16 век алкохолот бил нарекуван „шпирт“ (spirit). Во 18-ти век британскиот парламент донел закон кој ја поттикнувал употребата на жито за дестилирање. Така, алкохолот станал евтин и неквалитетен, а алкохолизмот се раширил како шумски пожар. Конечно во 19 век ставот кон алкохолот се сменил и почнал да се ограничува, а во 1920 во САД бил сосема забранет. Тоа поттикнало развој на илегални активности и забраната била тргната во 1933 година. До ден-денес алкохолот е легален за возрасните членови на општеството кои под негово дејство се однесуваат како деца, а децата не треба да возат автомобили, зашто така предизвикуваат 50% од вкупните сообраќајни незгоди. На здравје!
8
Чадор
2.000 пне-2 век пне
Иако западните извори наведуваат дека првите чадори се употребувале во Египет пред 3.500 години, сепак ќе се согласите дека неколку палмини листови закачени на стап и не се некој чадор! Други извори се согласуваат дека Кинезите ги измислиле чадорите пред 4000 години, но првиот пишан доказ потекнува од пред 2400 години во древната книга на кинески церемонии, наречена Zhou Li, каде што сликата и описот одговараат на чадор кој може да се затвори - а тоа е клучно. Првите чадори, всушност биле чадори за сонце за да ги заштитат луѓето од сончевите зраци во летните денови. Дури во 11 век Кинезите ги унапредиле хартиените чадори и направиле водоотпорни со помош на восок и лак.
9
10
Во првиот милениум пне. чадорите биле донесени во Европа и на нив се гледало како на луксузен моден додаток за жените. По пропаста на Римската империја во 5 век чадорите сосема исчезнале од Европа и се вратиле дури по Ренесансата во доцниот 16 век, но повторно за аристократските жени. Била потребна упорноста на еден храбар светски патник и писател, Џонас Хенвеј (1712-86), кој во Англија се шетал со своето чадорче повеќе од 30 години, за потоа мажите да го прифатат овој практичен изум како дел од машката мода. Англиските господа дури ги нарекувале своите чадори „Hanway“, а денес тие се неразделен дел од класичниот англиски изглед. Во 1852, Самјуел Фокс ги додал металните спици на чадорите кои ги позајмил од женски корсети, а дури во 1928 Ханс Хаупт го измислил џебниот, компактен чадор. Сто години потоа, соочени со последиците од глобалното затоплување, чадорите се сѐ попотребни, но внимавајте при силен ветер, може да станете Мери Попинс!
11
Шпагети
3 век пне
Европските извори тврдат дека пченицата дурум (како и лимоните и портокалите) биле донесени во Сицилија од Арапските земји. Истиот пат го следела и „пастата“ од арапското јадење itrija (itriyya) или „сува паста“ во 7 век. Според нив Марко Поло, кој неколку векови подоцна бил во Кина, не ги донел кинеските шпагети (нудлс) во Италија. Сепак, интересно е да се забележи дека првите сицилијански записи и рецепти за паста потекнуваат токму од тоа време. Според некои истражувачи, постои теорија дека дури и пиците потекнуваат од Кина! Марко Поло на своите патувања наводно јадел т.н. тврди палачинки со млад кромид и кога се вратил во Италија тие му недостасувале.
12
13
Порачал од еден готвач со потекло од Наполи да му го направи јадењето, но овој не успеал. Кога готвачот се вратил во Наполи, на јадењето му додал кашкавал и друг зеленчук и така настанала пицата. Оваа приказна е апокрифна, но кинеските нудлс се историски факт. Според археолошкото наоѓалиште Лаџија (Lajia) Кинезите ги правеле пред 4000 години, а најраните писмени докази се од 3 век пне. за време на династијата Хан, кога Кинезите користеле многу повеќе видови брашна од Европејците, каде што најраните документирани докази се од 6-7 век. Ако ова не ви е доволно да ги изнервирате вашите прекујадрански соседи, според науката Кинезите го измислиле и сладоледот (да, „gelato“!) во 2 век пне. Културите влијаат едни на други и јадењата се пренесуваат и менуваат, се разбира, локумот, алвата, баклавата, сармата, мусаката, јогуртот, цацики, поточно „cacik“ се грчки јадења, нели? Сепак, едно е јасно – ајварот е словенечки!
14
Челик
(5 век пне - 6 век не.)
Без челик не би постоела ниту модерната урбанизација, ниту зградите или мостовите, па ни автомобилите. Правењето челик од железо и минерали е стар пронајдок од Кина од 5 век пне. Кинеската сабја била нарекувана Дао и била правена од кален челик. Првиот металург во вистинска смисла и човекот кој нашол начин како да ги спои леаното и кованото железо за да создаде вистински челик е Шиу Ваивен (Qiwu Huaiwen) од династијата Веј (386-557). Шиу бил таоист, учење кое проповедало живеење во хармонија со Тао (или Дао - не сабјата), суштината на сѐ што постои, како и едноставно живеење, спонтаност, „акција без намера“ и „трите богатства“: сочувство, скромност и понизност.
15
16
Западните извори, чија филозофија се засновува на трите принципи на западното општество: материјализам, алчност и измама, наведуваат дека челикот бил пронајден на Блискиот Исток од пред 2.500 години, иако овој бил создаден со природни процеси. Истата „наука во служба на политиката“ го признава Хенри Бесемер и неговиот модерен комерцијален начин на производство на челик во 1856 г. за револуционерен, иако Кинезите го правеле истото уште во 11 век. Истите тие, од Западот нарекувани „косооки“, го измислиле и претходникот на челикот, леаното железо, во 500 г. пне. Сепак, да бидеме искрени, во играта за пронаоѓач на челикот е и Индија, уште една непризнаена мајка на западната цивилизација, но тоа е една друга приказна.
17
Camera obscura
5 век пне.
Кога ќе го слушнеме зборот „camera obscura“ веднаш нѐ асоцира на Аристотел и на неговиот (за волја на вистината непрецизен) опис на феноменот кој векови подоцна ќе доведе до изумот наречен фотографија. Но, првите сведоштва за овој феномен се пред Аристотел од кинеските записи наречени Мози од 5 век пне. на кинескиот филозоф и основач на Мохистичката школа на логиката. Во овие записи е направена точна опсервација за превртените слики и причината за оваа појава. Колку ова било пред времето сведочат записите од 11 век од страна на арапскиот научник Ибн ал-Хејтам (Ibn al-Haytham) кој прв ја опишал т.н. „темна комора“ и ги анализирал светлинските зраци. Неговите записи станале основа на испитувањата на овој
18
19
феномен во Европа преку филозофот Роџер Бејкон, до Леонардо да Винчи, а научниците наскоро почнале да ја прават апаратурата и да ја користат во астрономијата, како астрономот Јоханес Кеплер кој прв го искористил терминот „camera obscura“. Подоцна, сликарите како Јоханес Вермер го користеле апаратот како помагало за сликање, а во 18 век англиските физичари Роберт Бојл и Роберт Хук помогнале во создавањето на т.н. „пренослив модел“. Ова подоцна ќе биде приспособено од пронаоѓачите Жозеф Нисефор Ниепс (кој со неговата хелиографија се смета за автор на првите фотографии во историјата во 1826), Луј Дагер (со процесот дагеротипија) и Хенри Фокс Талбот (кој го развил фотографскиот процес) за креирањето на првите фотографии. За значењето на сето ова зборува фактот дека денес годишно се прават повеќе од 1.3 милиони милијарди фотографии!
20
Фудбал
5 век пне.
Сучу (Cuju или Ts'u-chü) е кинеска древна натпреварувачка игра во која играчите удирале топка со нога, при што допирањето со рака било забрането, а целта била топката да се внесе во дупка со мрежа. Звучи познато!? Да, Кинезите го имат измислено и фудбалот! Дури и ФИФА го признава овој кинески изум од периодот на завојуваните држави (481 до 403 пне) кој отпрвин бил измислен како вежба за кинеската војска. Подоцна, за времето на династијата Хан (206 пне – 220 не), сучу станал популарен кај високата класа. Бидејќи спортот станал сериозна работа и со него се занимавал дури и императорот Wu Di (популарно наречен Вуди), биле стандардизирани и правила. Пример, ако Вуди шутнел, морал да даде гол, а ако нему му дале гол тогаш противниците ги
21
22
убивале. Шегата на страна, не се работи за играта со топка на Маите од пред 3.000 години која се играла со колк, десен лакт и десно колено (замислете само) и ако тоа не било доволно тешко, топката не смеела да ја допре земјата и требало да се пикне во вертикален камен кош, а губитниците навистина ги убивале! Сепак, императорот Вуди имал предност - натпреварите се случувале на домашен терен - палатата на императорот! Спортот понатаму бил унапреден за време на династијата Танг (618–907), кога прво топката полнета со пердуви била заменета со топка полнета со воздух. Гумените топки се појавиле дури во 1855 со случајното измислувањето на вулканизацијата, кога Чарлс Гудјиер оставил гума на печка, а таа се стврднала. Да се навратиме, наскоро главниот град на династијата бил преполн од терени за сучу, а жените особено уживале во овој спорт. „Фудбалот денес е најважната споредна работа на светот“, иако Американците не би се сложиле со ова, па дури и го нарекуваат сокер, ама на Кинезите баш им е гајле - се вика сучу!
23
Порцелан
206-220 пне
Иако стаклото е измислено пред 4.000 години во Месопотамија, замислете да моравте да пиете кафе од чаша! Шолјата му е мајката, а нејзината мајка е Кина. Порцеланот, кој на англиски се нарекува „china“, денес има голема вредност, а по американските филмови е познат по способноста на неспретниот анти-јунак да скрши скапоцена вазна и така да се открие. За да се направи порцелан потребна се посебни видови глина и температура од 1.350 степени Целзиусови, а техниката е откриена за време на династијата Хан. Тој порцелан e толку квалитетен што ден-денес, 2.000 години потоа, сѐ уште го има истиот сјај и проѕирност. Иако извесни наводи укажуваат дека раните форми на т.н. „примитивен порцелан“ биле направени во 16-ти век пне. за време на
24
25
династијата Шанг (Shang), модерниот порцелан Селадон (Celadon) е измислен за време на династијата Суеј (Sui 581617). За време на династијата Танг (Tang 618–907) пиењето чај станало многу популарно, а со тоа и производството на отпорен и украсен порцелан. Будистите ги украсувале порцеланските садови со лотуси и симболи на нирваната. Во 1603 г. Холанѓаните заплениле португалски брод натоварен со илјадници парчиња порцелан кои биле продадени по аукции, а во Европа завладеала вистинска опсесија со т.н. кинеско бело злато. Во 17 век кинескиот порцелан се извезувал во големи количини насекаде во светот, а Европејците се обидувале да го ископираат начинот на производство. Во тоа успеал физичарот Фон Чирнхаус (Ehrenfried Walther von Tschirnhaus) дури во 1704 година, а во 1771 била издадена книгата Уметноста на порцеланот (L'art de la Porcelaine) и тајната била откриена! Затоа, кога ќе ја обвините Кина дека ја краде западната технологија, помислете се двапати.
26
Компас
2 век п.н.е. - 1 век
„Во случај на пијанство, се препорачува да излезете од автомобилот и да користите GPS за да се вратите дома,“… но што постоело пред овој систем за ориентација за луѓето и како тие се враќале дома? Секако, компасот бил неопходна алатка не само за тие кои гледале двојно, па не можеле да се ориентираат според ѕвездите (забавен факт: повеќето од ѕвездите во вселената се навистина бинарни!). Сепак, на почетокот компасот бил користен за геомантија (предвидувања) од страна на Кинезите, каде што бил пронајден за време на династијата Хан (без Соло) пред околу 2.000 години. Ако сте биле заинтересирани за воведување Фенг Шуи принципи во вашиот дом, секако ви требал компас. За
27
ладно алчно
добро јужни ветар
28
навигација почнале да ги користат дури во 10 век, а во Европа во 12 век. Според некои истражувања Олмеците во Средна Америка го пронашле компасот цел милениум пред Кинезите, а познато е дека истите го пронашле и фудбалот, па зошто да не и компасот. Инаку, головите за овој „фудбал“ биле камени обрачи поставени вертикално, а победничкиот тим за награда можел да го жртвува губитничкиот. Но, малку се изгубивме во темава, па да се ориентираме – каде бевме?... Да речеме дека стоиме на мразот на Северниот Пол и го вадиме компасот, кога чудо – тој покажува (речиси) кон Канада! Пред да ја обвиниме Канада како во епизода од анимираната серија Саут Парк, би требало да појасниме дека магнетскиот пол кон кој покажува компасот се наоѓа таму… на 500 километри од вистинскиот Северен Пол. Како и да е… ќе стигнеме до Канада, па што ни фали!
29
Хартиjа
30
1 век
Старите Египќани го измислиле папирусот околу 3.000 г пне. од истоимено растение кое го користеле за правење бродови, душеци, корпи, јажиња и сандали, но откако откриле дека не е е многу практично да пишуваш на сандали, им го отстапиле патот, на кој друг ако не, на Кинезите. Навистина, замислете еден египетски Шекспир како пишува „да се чекори или да се сочува песната врз сандалата?“ Шегата на страна, папирусот навистина не бил многу практичен и траен, а откако била измислена во Кина околу 1 век, хартијата и до денес е незаменлива, како и тоалет хартијата која е измислена таму во 9 век! Дрвјата не биле многу среќни заради овие изуми, но технологијата оди напред, па и самиот Бил Гејтс на времето
31
тврдел дека печатените весници ќе заминат во историјата... Сепак, денес се одгледуваат дрвја специјално за производство на хартија како растенија на фарма (и тоа од едно дрво се добиваат околу 80.000 листа хартија, а просечен канцелариски стаорец троши 10.000 годишно), а самата хартија се разградува органски или може да се рециклира речиси целосно - 1 тон рециклирана хартија спасува 17 дрвја и помалку го загадува воздухот! Но, хартијата содржи и парчиња текстил, а во стара Кина всушност ја правеле од коноп. Таму била испечатена и првата книга на хартија на светот, Дијамантска сутра (Diamond Sûtra) во 868 година. И за крај, секоја година во светот се печатат околу 2 милијарди книги. Смрт на хартијата? „Мало сутра, Бил!“
32
Печате е
220 г.
Да не било измислено печатењето, можеби сега ќе ја читавте книгава пишувана рачно од нејзиниот автор. Но, самиот процес на печатење го измислиле... погодете кој? Се разбира - Кинезите! Тие прво користеле камени блокови 1200 години пред Гутенберг (220 г.), а потоа механички печателе со дрвени плочи (7 век) потопени во мастило кои ги притискале на хартија и така умножувале страници и книги. Првите материјали печатени во боја на хартија се од 1346 година, будистичката Сутра во две бои, иако извесни извори наведуваат дека всушност првото печатење во боја било на свила во три бои за време на династијата Хан (пред 220 г.) Во Западната историја стои дека сепак Гутенберг го измислил печатењето со подвижни букви, но тоа го направил Кинезот
33
34
nes
Би Шен (Bi Sheng, 990–1051). Американците велат – ако не успееш, обиди се пак, а светот имал голема среќа поради неуспешниот бизнис на Гутенберг, златар по професија, кој ја направил печатарската машина за да ги надомести загубите од неуспешниот бизнис со метални огледала. Тој го пронашол процесот за масовно печатење со подвижни букви (звучи познато?). Искористил дрвена преса како земјоделските завртки и во 1455 ја испечатил неговата позната Библија. Но, наскоро западнал во долгови и не можел да му ги врати парите на богатиот лихвар Јохан Фуст, а овој го тужел во 1456 и му го презел бизнисот. Отворил продавница и во 1457 испечатил книга, Mainz Psalter, прва во Европа која имала колофон (место, издавач и дата на издавање), две различни големини на фонт, испечатени декоративни иницијали и, секако, Гутенберг не бил споменат никаде. Сепак, светот денес знае, како што знаела и Европа до 1500-та г. кога веќе биле испечатени 20 милиони дела, дека Гутенберг (читај Кинезите) го сменил светот засекогаш! „Ctrl+P“
35
Часовник
725 г.
Иако Швајцарците се познати по нивната неутралност, сирењето, чоколадите и часовниците, ништо од тоа не е нивни изум, но западната цивилизација нема ништо против тоа. Историјата е превртлива и субјективна, како добра криминалистичка приказна. Значи, во тој дух, да ја започнеме и нашата приказна. Ји Шин (Yi Xing), будистички монах, астроном, математичар и инженер, во слободно време приватен детектив, го направил првиот механички воден часовник. Но, се разбира, западната цивилизација не го признава за прв вистински механички часовник и наместо тоа го наведува водениот будилник измислен од Платон во 427 г. пне. кој (ако воопшто бил направен) во основа бил песочен „часовник“, или пак зборува за вавилонските
36
37
сончеви „часовници“ од 1500 г. пне. Сепак, историјата не можела а да не ги признае доказите наведени во случајот „Кина против Западот“ за хидро-механичкиот астрономски часовник на Su Song од 1094 г. кој бил своевидно инженерско чудо засновано на изумот на Ји Шин. Во Европа големите механички научни часовници се појавиле во 13 и 14 век, а првиот модерен механички часовник со пружина бил направен од германскиот пронаоѓач Питер Хенлајн во 1511 г. додека Галилео Галилеј, а подоцна и Кристијан Хајгенс го вовеле и клатното кое многу придонело за прецизноста на часовниците. Денес, најпрецизни часовници се атомските, квантните и оптичките часовници кои „доцнат“ 0.1 секунда за 13.7 милијарди години - колку што е стар универзумот! Но, дури и нив просечниот жител на оваа планета би ги наместил барем 5 минути напред да не задоцни на училиште или на работа.
38
Барут
9 век
Барутот, за разлика од другите пронајдоци во нашава книгичка, наместо да го подобри светот, го направил убивањето и освојувањето поефикасно... но, сепак, сакале или не, имал голем удел во историјата. Бил измислен во 9 век во Кина и користен првично за огномети, но тоа брзо се сменило, особено кога во Европа во 13 век го „донеле“ Монголите, се разбира не како подарок („Благодарам Џингис!“). Овој пронајдок толку го фасцинирал филозофот Роџер Бејкон што тој станал прв автор во Европа кој го опишал во своето дело, буквално наречено Големо дело (Opus Majus, 1267), во поглавјето За експерименталната наука (De scientia experimentalis), каде што воедно ги предвидел изумите на телескоп, микроскоп, очила, летечки машини,
39
40
хидраулика, бродови на пареа и сланина, упс... извини Бејкон! Но, барутот бил измислен многу порано, со експериментите во кинеската алхемија од страна на Таоистите во потрагата по бесмртноста (и што подолга бела кинеска брада, а иронично пронашле средство за скратување на брадата) и се наоѓа на листата на „четирите големи кинески изуми“ (заедно со компасот, хартијата и печатењето). На англиски барут се нарекува „пудра за пушки“, се разбира потребно е да изгледаш убаво кога убиваш луѓе. Сепак, модерните верзии на барутот се користат и за рушење за да се ископа суровина (колку и да звучи сурово, го движи светот!) или да се изградат патишта, тунели или мостови, така што имајќи го тоа на умов, ќе му простиме на изумов!
41
Ракети
10 век/1942
Познато е дека модерната „вселенска“ историја на САД е изградена од воените „затвореници“ научници нацисти, меѓу кои најзначаен е Вернер фон Браун. Но, тоа што не е толку познато е случајот на првиот „астронаут“ во историјата, кинезот Ван Ху (Wan Hu) од 16 век пне. Тој, наводно, врзал 47 ракети и 2 летала на своето столче од бамбус со идеја да се лансира во стратосферата каде што би управувал со помош на леталата сѐ до ѕвездите! Се разбира, експериментот бил успешен, но пациентот не преживеал. Западната наука оваа приказна ја смета за легенда, но (парадоксално) го наведува старогрчкиот филозоф Архит кој закачил дрвен гулаб на жици и го придвижил со помош на пареа како еден од првите „ракетари“, додека улогата на Кинезите се сведува
42
43
44
на палење петарди за да ги исплашат духовите. Сепак, одредени извори наведуваат дека првите ракети во вид на погон за стрели (можеби!) се јавиле во Кина во 10 век. Во Европа ракетите првпат се појавиле во војните во 1380 за време на битката на Кјогија. Во меѓувреме додека Кинезите експлодирале (од мака?) на Земјата, италијанскиот пронаоѓач Клод Руџери станал славен по неговите обиди да лансира мачиња и кучиња во атмосферата во раните 1800-ти. Првата ракета способна за лет во вселената била V2 лансирана во Германија во 1942 година. Технички гледано, едно семејство вински мушички биле првите живи вонземски посетители во американската ракета V-2 во 1947 на висина од 109 километри. За време на вистинските успешни обиди за патување во вселената, ни Русите немале многу повеќе сочувство за животните, жртвувајќи ги кучињата Лајка (1957), Белка и Стрелка (1960) и заедно со другите нации вкупно 32 мајмуни за напредокот во вселенската трка!
Имунизациjа
10-ти век - 1549
Луј Пастер нели? Сепак не. Уште Волтер (1742) раскажувал дека Турците (оттаму методот дошол во Европа) ги извеле нивните методи за „инокулација“ од Кавказ, но тоа што го пропуштил е дека Кинезите ја практикувале оваа техника веќе стотици години. Кинезите во 10 век откриле дека со методот на инокулација (внесување на материјал од болеста на кожа на здрав човек) болеста има многу полесни симптоми и помал процент на смртност и предизвикува имунитет од истата. Ванг Ден (Wang Dan), канцеларот на Кина од династијата Сонг (Song 960–1279), го изгубил најстариот син од сипаници и ги собрал лекарите, мудрите луѓе и маѓионичарите од сите краишта на империјата да го спаси преостанатиот дел од семејството. Во документите од 1808 г. се
45
46
раскажува дека решението му текнало на еден мудар човек од планината Емеи. Поверодостојна е историската сведожба од 1549 на Ван Куан (Wan Quan) и од други подоцнежни извори. Едно е несомнено - да ти текне дека „за да спречиш болест треба да се разболиш“ треба навистина да бидеш мудар! Вистинската вакцина за сипаници е воведена во 1798 од лекарот Едвард Џенер, а до 1880 вакцината се однесувала само на таа болест. И тука во игра стапува Пастер кој вовел методи на имунизација од други болести (кокошкина колера, антракс, беснило). Вистинскиот голем пронаоѓач на ова поле е Морис Хилеман кој ги развил вакцините кои и ден-денес масовно се даваат: сипаници, заушки, хепатитис, менингитис итн. И покрај тоа што Кинезите ги измислиле вакцините пред можеби илјада години, а истите имаат спасено илјадници животи, денес, во модерното информатичко општество во кое зборуваме за освојување на други планети и вештачка интелигенција, во светот со сомнеж се гледа на вакцините. „Едукација луѓе, едукација!“
47
Банкноти
11 век
Во песната „Money“ на бендот Pink Floyd е објаснета филозофијата и практичната употреба на парите, но што е со нивната историја? Банкнотите биле развиени во Кина за време на династијата Танг во 7 век, иако вистинските хартиени пари не се појавиле до 11 век во времето на династијата Сонг. Европските истражувачи го пренеле овој концепт (како и многу други) во Европа во 13 век. Корените на банкнотите се во сметките од трговците (сертификат за размена) кои можеле да бидат заменети за пари затоа што тие не сакале да добиваат големи количини бакарни пари за големи нарачки. Во 11 век, за време на династијата Сонг државата авторизирала 16 приватни банки да издаваат белешки за размена со агенција која ги надгледувала.
48
49
Најраните хартиени банкноти биле ограничени на региони и не важеле надвор од нив, но помеѓу 1265 и 1274 владата објавила хартиени банкноти печатени од државата. Династијата Јин, која контролирала друг дел од Кина, истовремено печатела банкноти од 1214 г. Во доцните периоди од овие династии банкнотите и официјалните документи биле печатени со помош на бронзени подвижни букви. И така Кина е заслужна за уште еден концепт без кој не би можел да постои модерниот свет!
50
Мотор со внатрешно согорува е 1859-1876 „Бррм... бррм...“ независно од тоа дали возите или мирно си седите и го загадувате градот, пардон, чекате на семафор, вашето возило користи мотор со внатрешно согорување (МВС) на планктони! Модерната историја на МВС е изградена од повеќе научници и инженери. Ако одиме многу наназад преку Европа и Блискиот Исток ќе стигнеме до Кина и првата курбла за време на династијата Хан, ера на многу пронајдоци, која овозможила конструкција на многу машини подоцна. Освен тоа, Кинезите први ја рафинирале и ја користеле нафтата како гориво. Сепак, првиот комерцијален МВС бил направен од Етјен Леноар (Étienne Lenoir) околу 1859, првиот модерен ваков мотор бил создаден во 1876 од Николаус Ото. Но, Карл Бенц прв го применил МВС кај ав-
51
52
томобилите и од тогаш до денес тие брм-брмчат без намера да застанат! Но, што е со планктоните? Горивото се добива од нафта, а таа се користи за правење пластика, моторни масла, восок, катран, асфалт, ѓубрива, пестициди без кои денешниот свет не би можел да опстане (и да се загади), а со понатамошна обработка и фластери, мастила, детергенти, облека, лекови, мастики и што сѐ не! Нафтата настанува од органските материи (да, и плактони) во длабочината на Земјата под дејство на голем притисок, топлина и многу, многу време. Пред 4.000 години Вавилонците ја користеле нафтата во форма на асфалт за градење, а Кинезите први ја користеле како гориво во 4 век пне, го измислиле рафинирањето на нафтата и први ја користеле за огнени бомби. А кога сме кај бомбите, секој автомобил е всушност бомба која се движи! Стотици пати во секунда се случуваат мини-детонации во внатрешноста на моторот. Па, убаво возење.
53
Автомобил
1886
Во 1886 Карл Бенц поднел патент за „Motorwagen“ и тоа се смета за роденден на првиот модерен автомобил. Брзината која можел да ја достигне била 16 км/час! Првите автомобили биле кочии без коњи, а првите скици на таква механизирана кочија се на - кој друг ако не Кинезите (не на Леонардо да Винчи)! Првите колички на пареа биле направени во Кина во 1672 година, а таму ги измислиле и курблите и „погонскиот ремен“, опишан во 15 г. пне. користен за ткаење, што подоцна станал битен дел од моторите на автомобилите. Во 1828 г. унгарскиот пронаоѓач Ањош Једлик (Ányos Jedlik) измислил електричен мотор и со него управувал модел на автомобил. Кон средината на втората половина на векот веќе се произведувале електрични во-
54
55
56
зила (особено поради загриженоста од загадувањето, што укажува на уназадувањето на човештвото во следниот век) и тие ги држеле сите рекорди во брзина! Во раниот 20 век тие имале помалку вибрации, миризба, бучава и немало потреба од курбли и менување на брзините! Но, со откривањето на големите резерви на нафта и градењето на големи патишта, екологијата била заборавена и работите се смениле. Во 1908, Model T развиен од Хенри Форд станал прв комерцијално успешен автомобил со ниска цена која производителот ја постигнал со воведување на фабричката лента - изум кој ќе ја смени историјата (и депресијата кај работниците, но за профитот се работи, нели!). Со помош на овој изум времето за правење автомобил од 12 часа се намалило на 8 минути во 1913 и на 24 секунди во 1927! Во поголемиот дел од светот се вози на десната страна, но Англија се држи до старото правило на левата страна поради тоа што мечот во десната рака треба да биде насочен кон страната од која доаѓа противникот... на коњ!
Авион
1903
Додека кај нас се правеле топчиња од црешово дрво (сепак целта ги оправдува средствата!), во САД во 1903 браќата Рајт го извеле првиот успешен лет со нивниот авион Wright Flyer. Но, во модерната историја не е доволно да бидеш брилијантен пронаоѓач, туку и маркетинг експерт. Браќата ги поминале следните пет години во убедување на американските и европските влади дека нивниот изум е „како роден“ за војската, а дури во 1908 предизвикале револуција во индустријата со нивниот лет во Франција. Требало уште десеттина години да се отвори првата авионска компанија, KLM Royal Dutch Airlines во 1919. Леталата (змејовите), кои се технички првите авиони, биле измислени во Кина уште во 5 век пне. и постојат записи за
57
58
вакви летала на кои биле закачени луѓе. Овие изуми биле толку опасни што Јапонија донела закон против нив! Кинезите дури додале и ротор на помалите верзии на овие летала. Западната историја секако не е заинтересирана за нив, туку за Леонардо да Винчи и неговиот орнитоптер, летачка машина инспирирана од птиците. Леонардо „не-Дикаприо“, кој популарно гледано се смета и за пронаоѓач на хеликоптерот и падобранот, се разбира не ги произведувал своите изуми, тие биле само на(или „пре“)цртани, а откриени во 1797! Интересно е како западната историја ги прифаќа сите докази за својата супериорност, иако тие потекнуваат од документи пронајдени со векови подоцна и потоа припишани на одредени автори. Ова е познато од Хераклит преку Да Винчи и до денес... за жал, нашата држава ја нема таа привилегија, па дури ни она што ни припаѓа светот не го смета за наше... Се разбира, со сета почит кон Леонардо (не-нинџа-желката)!
59
Изумобелешка
60
На овие шеесеттина страници се наоѓа избор на изуми кои се на повеќето листи на најзначајните изуми кои го смениле животот на луѓето и текот на историјата. Сите тие потекнуваат од Кина, некои од нив биле усовршени од други култури, од челик до часовник, преку шпагети до ракети, некои од нив се основа на други пронајдоци како автомобилите, моторот со внатрешно согорување или авионите. Дел од нив се користат ден-денес во првичната форма во која биле измислени, пр. порцеланот, чадорите, хартијата, барутот и сл. Се работи за навистина експлозивни сознанија, но признавањето на улогата на оваа стара цивилизација е најчесто занемарена од страна на западната наука. Денес, конечно „Кинеската империја возвраќа удар!“ со план да ја врати старата слава и империја во духот на филмот „Флеш Гордон“. Навистина, не е тајна и
веќе е јасно дека светот е Made in China! Таа ја искористи својата игра со нудење евтина работа сила и суровини да ги преземе и да направи копии на западните патенти кои историски ѝ припаѓаат! Ако можат некои европски цивилизации да го прават тоа на други, па да си припишуваат заслуги, сознанија и историски личности, само затоа што се помоќни и заштитени, зошто да не може и Кина! И на неа ѝ го направиле истото, зашто светот е само копија на копија на копија... Се разбира, постојат уште многу значајни изуми за кои е заслужна Кина и не зборуваме само за свилата, самострелот или чајот кои се познати, туку и за концептот за хеликоптер или падобран, откривање на можноста за искористување на суровините на кои е изградена западната цивилизација (природен гас, рафинирање нафта и гасовод, дупчење во земјата), или секојдневните како: сладолед, јојо, очила за сонце или кечап! Но, тие откритија заслужуваат посебна книга. Дотогаш, не заборавајте да останете љубопитни. Bài bài!
61
За издавачот: Бранко Прља Лектура: Билјана Николовска-Прља Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Алма Графика Тираж: 100
CIP - Каталогизација во публикација Националнаиуниверзитетскабиблиотека"Св.КлиментОхридски",Скопје 001.894/.895(315)(02.062) ПРЉА, Бранко Made In China : за тоа како Западот им ги украл изумите на Кинезите, а овие си ги вратиле назад! / Бранко Прља. - Скопје : Б. Прља, 2019. - 60 стр. : илустр. ; 10x9 см. - (Мала фактопедија. Изуми ; кн. 01) ISBN 978-608-65839-8-9
62
COBISS.MK-ID 111777290
Внимание! Сите факти* може и да не се фактички! целта е забава... за едукација - одете на училиште!
Мал
и ја
кт о а фа пед
ИЗУМИ
КНИГА 1
*изнесени во книгава (а може и поширо
ко, кој знае!?)
63
Ова е книга за изумите кои го обликувал е светот во форма која му е позната на модерниот човек. Голем дел од овие изуми потекнуваат од Кина - преку харт ијата до печатењето (извини Гутенберг), од компасот до час овниците, преку барутот до хартиените пари, Кинезите зам ешале прсти во речиси сите најголеми изуми на Старио т свет кои западната цивилизација многу подоцн а ги преземала. За кои изуми се работи и зошто дознај те во оваа возбудлива приказна која нѐ носи од алк охолот до фудбалот, а нивното спојување е секако западен изум!
64