c c c c
c c J O c c c
Белешка за Стивен Хокинг Стивен Хокинг (1942 - 2018) бил англиски теоретски физичар, космолог, автор и истражувачки директор во Центарот за теоретска космологија на Универзитетот во Кембриџ. Бил Лукасов професор по математика на Универзитетот во Кембриџ (како и неговиот идол, Њутн) помеѓу 1979 и 2009 година.
2
Неговите главни научни дела се теории за гравитацискиот сингуларитет во рамките на општата релативност и т.н. „зрачење на Хокинг“. Хокинг бил првиот кој поставил космолошка теорија со унифицирање на општата теорија на релативитетот и квантната механика.
Хокинг постигнал комерцијален успех со неколку дела од популарната наука во кои тој зборувал за сопствените теории и космологијата воопшто. Тој бил соработник на Кралското друштво (FRS), доживотен член на Понтиската академија на науките и добитник на Претседателскиот медал за слобода, највисоката цивилна награда во Соединетите Американски Држави. Во 1963 година му била дијагностицирана болеста и му прогнозорале живот од 2 и пол години, но дури и по загубата на способноста за зборување, тој комуницирал преку уред за генерирање говор, првично преку употреба на рачен прекинувач, а на крајот со употреба на еден мускул на образот. Починал на 14 март 2018 година на 76-годишна возраст откако живеел со оваа болест повеќе од 50 години.
Внимание! Сите факти* може и да не се фактички! целта е забава... за едукација - одете на училиште! *изнесени во книгава (а може и поширо
ко, кој знае!?)
Содржина Раѓањето на еден гениј 6 Опасни времиња 8 Академско бебе 10 Неспортски тип 12 Небото над нас 14 Читање 16 Ајнштајн синдром 18 А'ла Ајнштајн 20 Авантуристот Стивен 24 Кембриџ 26 Дијагноза 28 Луд возач! 30
Болеста не го сопрела 32 Ајде свадбаа! 34 Д-р Хокинг 36 Компјутерски глас 38 Стивен има образ! 40 Идентитет 42 Куса историја на времето 44 Телевизија 46 Шоумен 48 Теории 50 Вонземјаните напаѓаат! 52 Награди реди 54 Крајот на еден гениј 56 53 години плус! 58
Малиот Хокинг е роден на 8 јануари 1942 година, точно 300 години по смртта на големиот Галилео Галилеј! 8
За време на Втората светска војна Лондон бил жестоко бомбардиран од Нацистите, заради што мама Хокинг отишла во помирниот Оксфорд каде што се породила. 10
Науката им била во гените на Хокинговци! Мама била една од првите дипломирани жени на колеџот Оксфорд, а тато бил медицински истражувач. 12
14
Спортување? Телевизија? Тие две работи не биле многу почитувани во домот на малиот Стивен. Има ли нешто поубаво од мирна вечер помината во тишина и читање книги - секој посебна, се разбира!
16
Ако тоа не ви се чини забавно, што велите за опсервација на ѕвездите на отворено? Токму тоа го правело семејството, а се покажало како корисно за идниот научник и проучувач на вселената!
18
Хокинг самиот тврдел дека не знаел да чита добро до 8 годишна возраст. Многу генијалци страдале од оваа „болест“ - и тоа би требало да го знаат сите наставнички!
Неговите оценки никогаш не биле над просекот на неговите соученици во училиштето Св. Албанс. Истиот случај бил и со Ајнштајн! Родители, слушате? 20
22
Пријателите го нарекувале младиот Хокинг токму со тоа име - Ајнштајн! Но, зошто? Најмногу заради тоа што направил компјутер од делови од часовници, телефон и други отпадни материјали. Освен тоа, кога станувало збор за теоретска физика, бил тата-мата!
Замислете, Стивен во младоста бил авантурист и духовит. Тимот за веслање на Универзитетскиот колеџ Оксфорд не би бил истиот без него на „кормило“! 24
26
Како еден од најмладите студенти на Универзитетот во Оксфорд, 17-годишниот Хокинг бил желен да ги научи тајните на физиката и хемијата, но го чекало изненадување. Предавањата му биле поздодевни од прогнозата за времето на Бибиси радио! По дипломирањето заминал на Универзитетот во Кембриџ во потрага по својот вистински сон - космологијата.
28
Музичарот Џон Ленон од Битлси кажал: „Животот е она што се случува додека ги кроиш сопствените планови“, а токму тоа му се случило на младиот бруцош космолог. Се разболел од болест која ги уништува нервните клетки за контрола на мускулите. Докторите му кажале дека ќе живее уште две и пол години!
Наскоро почнал да користи стап, па патерици и на крај електрична количка. Но, тоа не го сопрело! Станал озлогласен возач кој „шибал“ низ уличките на Универзитетот во Кембриџ и газел врз прстите на другите студенти! 30
Навистина немал среќа, нели? Зависи како гледате на работите. Позитивниот дух на Хокинг му помогнал во тешката болест да види нова можност. Таа значела дека ќе мора да работи повеќе и понапорно од другите и да го искористи секој миг затоа што немал време. 32
34
И дур да трепнеш - веќе ја пишувал докторската теза, а „башка“ се зближил со Џејн Вајлд, пријателка на неговата сестра. Таа подоцна му станала сопруга. Работите во универзумот на Стивен тргнале кон подобро!
Sweet Mary Jane
36
И ете, трудот се исплател - во 1966 година, и покрај сите ограничувања, станал доктор на науки по применета математика и теоретска физика. Легендата наречена Хокинг била подготвена за лансирање!
38
Во следните две децении ја објавил својата прочуена теорија, добил многу награди и станал познат, но несреќата повторно го нападнала во 1985 во Женева кога се разболел од пневмонија. За да му овозможат да дише му направиле трахеотомија, процедура поради која веќе не можел да зборува. Решение? Познатиот синтисајзер за говор!
40
Замислете да имате генијални мисли во главата, а не можете да зборувате, ниту да го движите телото. Words Plus, синтисајзерот за говор му помагал, но за да каже еден збор Хокинг морал да го кликне зборот на екранот со помош на инфрацрвен прекинувач кој го активирал со движењето на образите! Уф...
Но, нашиот борец не очајувал, туку гледал да го извлече најдоброто од ситуацијата. Наскоро станал познат не само по своите идеи, туку и по својот „роботски глас“. Кога му бил понуден подобар синтисајзер, тој инсистирал да го задржи истиот глас со неговиот не-британски акцент, бидејќи целиот свет така го препознавал! 42
44
Сепак, некои работи не биле лесни. Хокинг имал голема желба да напише книга за мистериите на универзумот за општата публика. Со помошта и трпението на неговите студенти настанала „Куса историја на времето“ (1988) која била на листата на бестселери во Англија половина деценија и е продадена во повеќе од 10 милиони примероци!
46
Многу луѓе стравуваат од јавен настап, а ништо не им фали - но, Хокинг не! За прв пат се појавил во епизода од Ѕвездени патеки: Следната генерација (1993). Во епизодата бил претставен како духовит холограм кој играл покер со Алберт Ајнштајн и Исак Њутн!
48
Потоа станал „редовен“ гостин во емисиите како „Симпсонови“, „Футурама“ и „Теоријата за Големата експлозија“. Освен тоа, бил водител на емисиите „Стивен Хокинг: господар на универзумот“ и „Во универзумот со Стивен Хокинг“.
que t squea not sq alk. l o h l c i n w k l a il alk. I e u e q s u q t h s ak c will no ill not I . I w k . l I k a hal chalk. ueak ch o k n q a s l e l t u i sq ill no k. I w c l ueak w a I h c . alk squeak not sq k. l t l l o a i h w n c .I ill ak
50
Но, што направил Хокинг како научник? Да видиме... како звучи ова: „Неговите теории за потеклото на универзумот и за црните дупки го смениле начинот на кој научниците размислуваат за универзумот“?
52
Три децении (1979-2009) бил „Лукасов професор“ по математика на Универзитетот во Кембриџ. Најфраерско професорско место на светот кое го држеле и големците како Чарлс Бебиџ, Пол Дирак и секако, идолот на Хокинг - Њутн од 1669 до 1702.
Ова
!
ук ел
54
Стивен не гледал само нагоре, туку и напред. Верувал во можноста за патување низ времето и просторот - но не само до Париз или Њујорк - туку подалеку! Се залагал за населување на други планети, а во 2007 година летал со авион за нулта гравитација за да доживее бестежинска состојба. Ах, тој палавко!
56
Човекот кој како момче го нарекувале „Ајнштајн“ во 1979 го добил Медалот на Алберт Ајнштајн, во 1982 Орденот на Британската империја (командант), а во 1988 наградата Волф за остварувањата во физиката. Навистина бил „бос“, пардон, командант!
58
Хокинг заминал како што и дошол на светов, на посебен датум - 14 март 2018, на 121 годишнина од раѓањето на Алберт Ајнштајн. „Равенката на Хокинг“ била прва која го остварила сонот на Ајнштајн и ги обединила теориите за „големото“ и „малото“.
kc A π G h S= 2 3
60
Стивен Хокинг е инспирација за многу луѓе - и со право! Неговата решителност да не дозволи болеста да му застане на патот е посилна од волјата на Супермен да му се спротистави на криптонот. Тој им пркосел на предвидувањата на лекарите и живеел 53 години повеќе од предвиденото. Умот навистина е над материјата!
За издавачот: Бранко Прља Лектура: Билјана Николовска-Прља Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Алма Графика Тираж: 100
CIP - Каталогизација во публикација Националнаиуниверзитетскабиблиотека"Св.КлиментОхридски",Скопје 524.8(420):929 Хокинг С.(02.062) 929Хокинг, С.(02.062) ПРЉА, Бранко Неверојатниот живот на Стивен Хокинг : како да ги надминеш предвидувањата и да го направиш неверојатното! / Бранко Прља. - Скопје : Б. Прља, 2019. - 60 стр. : илустр. ; 10x9 см. - (Мала фактопедија. Наука ; кн. 04) ISBN 978-608-65839-7-2 COBISS.MK-ID 111777802
Мал
и ја
кт о а фа пед
НАУКА
КНИГА 3
и бил еден Хокинг кому му кажале дек а ќе живее уште 2 и пол одини, а тој живеел плус 50-тина, од инает! Истиот тој човек, откако целосно се парализирал и му се одземал говорот, напишал научна книга која станала бест селер! И не само тоа аучниците цел век сонувале за теорија кој а го обединува светот а малото (квантната физика) и на големо то (релативитетот), и токму тоа го направил Хокинг. Што пов еќе!? Прочитајте неколку факти за овој неверо јатен човек и дознајте зошто со право велат умот е над материјата!
64