КАПКА www.arno.kapka.mk
За издавачот: Бранко Прља Јазична редакција: Билјана Николовска-Прља Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Алма Графика Тираж: 100 примероци
CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-32 ПРЉА, Бранко Брадосани хипстери во карирани кошули се подготвуваат за зомби апокалипсата: 30 практични совети за живеење во време на изолација и пандемија! / Бранко Прља. - [Скопје]: Капка, 2020. - 156 стр. : илустр.; 17 см ISBN 978-608-66632-1-6 COBISS.MK-ID 52769797
Бранко Прља
Брадосани хипстери во карирани кошули се подготвуваат за зомби апокалипсата 30 практични совети за живеење во време на изолација и пандемија!
Капка 2020
Содржина Што ме прави експерт за изолација?
7
ВНИМАНИЕ!
11
Во случај на пандемија...
13
Брадосани хипстери во карирани кошули...
15
Подобро да се подготвиш отколку да жалиш
23
Kако да останеш нормален во лудо време
35
Ни зимите не се тоа што беа...
41
„Isolation“ не е само песна на Joy Division
53
„Вим Хоф или Д-р Кнајп?“
73
Лекција 1: Југославија, приказна за кралевите...
95
Лекција2: СФР Југославија, комунистичка држава...“
103
Лекција3: Лажните идоли...
115
Лекција4: Ничија земја – татковината на мајка ми
123
Лекција5: Екологија како начин на живот
147
СОВЕТИ #1 #2 #3 #4 #5 #6 #7 #8 #9 #10 #11 #12 #13 #14 #15 #16 #17 #18 #19 #20 #21 #22 #23 #24 #25 #26 #27 #28 #29 #30
Направи план Избери сигурна професија Изготви економски план Во случај на пандемија... Биди дисциплиниран Биди подготвен Направи план за складирање Основни набавки за складирање Храна за складирање Потреби од вода Разумот во време на криза е пресуден Уживај во малите нешта Како да се справиш со кризните профитери? Повторувај си го планот во главата Конкретно планирање Ментална гимнастика Вим Хоф Метод #1 Упорноста е клучна Вим Хоф Метод #2 Техника: Нуркање © д-р Марија Каранфилова Техника: Релаксација © д-р Марија Каранфилова Не паничи! Повторно потсетување: разум! Вербата дава сила Изнајди средина помеѓу крајностите Грижи се за идните поколенија Негувај духовни богатства Биди надвор од системот Препознај го доброто во лошото Екологија како начин на живот
Што ме прави експерт за изолација?
Во зората на пандемијата исчитав десетици прирачници за преживување, изолација, правење залихи, физичка и психолошка подготовка од т.н. „preppers“, но ниту една од нив не го одразуваше карактерот и особеностите на нашиот народ. Пораснат сум во Сараево, Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во 1980тите. Ги паметам Зимските oлимписки игри во 1984 година и имав репутација на најдруштвено дете, а родителите ни со синџири не можеа да ме врзат дома. Војната во Југославија насилно ми го прекина детството и во 1990-тите се најдов сам во Скопје, без моите верни другари, затворен помеѓу четири ѕида без улицата со сината бесконечност над неа која ми беше дом. Тогаш научив како да го исполнувам времето сам, во изолација, и да уживам во него. 7
Тогаш, и во годините подоцна, војните околу нас демнеа како темен облак со прогноза за оловен дожд, економските и политичките изолации беа секојдневие, а децениите во кои бевме затворени од сите и непризнаени од никого, сите луѓе од овие простори ги направија експерти за „преживување“ во изолирани услови. Навистина, од 1990-тите наваму, ние преживуваме, ние сме, по американски кажано, вистински „preppers“! Во 2020 година, по три децении тренинг, настапи пандемијата и светот беше ставен под карантин. Од тогаш до денес, апсолутно и без исклучок, ги почитував сите правила за изолација, заштита на моето семејство и на другите околу мене. Во меѓувреме сфатив дека не е битно само да преживееш, туку да живееш еден исполнет и квалитетен живот во време кога, не по своја волја, мораш да се изолираш или да живееш во ограничувачки услови. Оваа книгичка е моја исповед, но и збир од моите искуства и совети кои сакав да ги споделам со другите луѓе во овие тешки времиња, со желба да му помогнат на оној кој се сретнува или во иднина ќе се соочува со слични предизвици. И не заборавај...
Вдиши длабоко! 8
ВНИМАНИЕ! Сé што ќе прочитате во „прирачников“ е засновано на лично искуство и како такво може и да не важи за вас. Научни совети побарајте кај стручни лица... а најдобро верувајте му на инстинктот за преживување. Тој имал милиони години да се извежба.
ВО СЛУЧАЈ НА ПАНДЕМИЈА...
Совет#1
направи план и
е бно добро планирањ Исто како што е потре бно тре по а, ан хр и ихите за вода предвидување на зал но ед на би тре по те ки ихолош е предвидување на пс ја: семејство во изолаци дготвиш во мислите Не е доволно да се по ан и спроведи го Направи конкретен пл а е полесно за сите так Верувај им на луѓето, зумот а да ти го помрачи ра Не дозволувај паникат ето ем вр Добро организирај го последна минута лн Испо и го времето до активностите на ед Направи распор заедницата ува рж од ја Она што се постојаните обврски
Брадосани хипстери во карирани кошули се подготвуваат за зомби апокалипсата
„Види ги лудациве!“ викнав додека кафето претекуваше врз масата во кафеав водопад. Би ми ја подаде Виледа крпата и додека го бришев истуреното кафе врз малото сино плинско решо кое секогаш пушташе повеќе оган отколку што требаше, колку и да се трудев да го намалам, продолжив да блеам во телевизорот. Варењето кафе на тоа фалично решо во италијанскиот мока-кафемат со веќе разлабавена заштитна гума, кој ми го има донесено најдобриот другар од Италија, беа дел од мојата пладневна рутина. „Рутината е битна,“ знаев честопати да пов торувам по враќањето од војска, пред 15-тина години, иако пред да ме регрутираат направив сè да ја избегнам воената обврска, вклучително 15
и студирањето на три факултети. Војската ме направи човек, денес знам, но каква врска има тоа со оваа приказна? Но, што е уште поважно, што по ѓаволите правев во 13 часот попладне дома, сркајќи кафе, наместо да бидам некаде на работа!? Веќе неколку години работев како „фриленсер“, по нашки хонорарец, тезгарош. Да речеме дека ги користев моите „вештини“ кои подразбираа брзо чукање по тастатура и кликање со маус за да преживеам, без да имам шеф или, ако милувате, бев „сам свој газда“. Со други зборови, се снаоѓав и пишував хонорарно, како новинар или писател, и работев графички дизајн кога имаше тезги кои, да бидам искрен, ги немаше секогаш. Се случуваше по неколку месеци да не заработам ништо и потоа - џекпот! Во еден месец заработка за пропуштените три. И така натаму. Така живеев, без некој план и сигурност, од ден за ден, но бев возбуден од тоа што никој не ми висеше над глава. Се разбира, кога имаш деца никогаш не си вистински слободен. Тие се врвните шефови заради кои правиш сè, од мигот кога стануваш до мигот кога ги легнуваш во кревет и им посакуваш добра ноќ. Потоа можеш да бидеш писател, активист, новинар, 16
слободен мислител, што и да милуваш. Но, во она време во кое работев за други, сметав дека им должам на моите деца да бидам татко кој ќе биде задоволен од себеси, наместо да робува на некој друг, макар и по цена на помала заработка. Но, едно се идеали, друго реалност. Во реалноста сè поблиску бев до одлуката да се вратам во машината. „Морам да најдам работа, колку да имам причина да станам насабајле,“ знаеше да ми каже другарот од Италија, колега-фриленсер, во некоја од преписките на мејл, а ги имавме и ги имаме сеуште, секој ден. Навистина немав причина да станам рано. Сите заминуваа некаде, децата на училиште, сопругата на работа и останував сам. Можев да станам и да се моткам по домот, да подготвам појадок или да гледам телевизија, но тоа не ме мотивираше. Работев навечер и ноќе и навистина немав причина да станам порано. Секое ден ме будеше песната “Wow!!!7AM” од британското панк-рок дуо Slaves и наместо чувството на задоволство дека не сум роб кој станува во седум часот наутро, по некое време таа песна стана иронија на мојот живот. Мислата дека морам да најдам причина да станувам порано ми остана во позадина на главата, во некое скриено ќоше каде што клечеше и 17
чекаше да излезе. Конечно после подолг период станување во дванаесет часот попладне, мислата излезе на виделина - „Еј, батка, не бива вака!“ крикна во мене силно. Се разбира, мислата не дојде самата од себе. Како и сите добри мисли, таа беше потпомогната. Неколку дена по ред ќерка ми ѕвонеше на вратата по шестиот час на училиште, а јас ја пречекував со разбушавена коса и во пижами. Тогаш сфатив дека морам да сменам нешто.
Совет#2
сигурна професија
бираш профеАко си во состојба да ереш: изб сија, најдобро е да Професија со можност за работа од дома Фриленс работа, бидеш сам свој газда ќе е кад независен Најважно е да бидеш опасност. на еш ор во случај на надв
Така се најдов во Маџари, населба која според загаденоста, валканоста и ѓубрето се натпреваруваше со најзагадената населба, Ново Лисиче (будаало!). Зад тротоарите, скриени со огради 18
и мрежи, лежеа купишта натрупан отпад, а сред него врз издигнати бетонски плочи седеа неколку работници кои ме погледнаа низ чадот од цигари. Се чинеше дека се едно со ѓубрето, сплотени и воедно совршено несвесни за меѓусебното постоење, двата ентитети живееја во неприродна симбиоза. Поминав еден двор кој наместо ограда имаше наредени коли, превртени бочно, со дното и тркалата свртени кон улицата, апокалиптична глетка. Беше април, но сé уште студеше и од еден прозорец до влезот каде што се упатив излегуваше темен, црн чад кој мирисаше на гума и масло, пекол и јад кој го одминав и се најдов пред огромното бетонско здание во чиј подрум (се разбира, сите печатници се во подрум!) се наоѓаше печатницата која ја барав. „Што велите да доаѓам кај вас од осум часот сабајле до дванаесет на пладне секој ден?“ ги прашав газдите на печатницата, стари познаници. По малку ценкање се договоривме, се ракувавме и така почнав да одам на работа, како графички дизајнер. Конечно најдов причина да станувам рано, се качував на мојот велосипед, го пуштав албумот „No Tourists“ или „The Day is My Enemy“ на The Prodigy и веслав решително до печатница19
та, врзувајќи го велосипедот пред очите на љубопитните и по малку потценувачки погледи на колегите. Знаев дека за нив оној кој вози автомобил има пари, ако вози добар автомобиле газда, а ако вози велосипед е полош од тој кој вози Југо. Математиката е проста и не вклучува можност да возиш велосипед за да останеш физички активен и да се грижиш за околината. Секој велосипед повеќе е автомобил помалку на патиштата! Но, не ми пречеа нивните погледи, зашто одев таму знаејќи дека имам причина да станам рано и победоносно да се качам на мојот коњ на пладне и да одјавам кон хоризонтот како Lucky Luke, каубој и одметник од законот и правилата по кои функционира цивилизираното (читај: модерно робовладетелско) општество. Затоа во 12:00 го гасев компјутерот, станував и се пакував, додека колегите ме испраќаа со стандарното „Каде бе!?“, на што се насмевнував, а насмевката ми траеше уште неколку минути пред да ја вклучам музиката. Немав ништо против нив, ниту против газдите, но се чувствував како да сум го победил системот и чувството беше одлично! Во 12:30 бев дома, јадев и потоа во 13 часот го пиев моето пладневно кафе.
20
⋆⋆⋆ „Кого?“ ме праша жена ми и погледна љубопитно кон телевизорот на кој еден брадосан американски „реднек“ зборуваше за „самоодржливост“, ги покажуваше своите контејнери со вода, генератори за струја и залихите од конзерви и сува храна кои ги имаше наредено во подземна просторија затворена со дебела блиндирана врата. „Лудиве Американци,“ повторив, „гледај ги, жити се. Се подготвуваат за зомби апокалипсата!“ „Многу гледаат филмови,“ одговори таа и се насмеавме заедно. Сопругата се врати на прегледувањето тестови кои ги имаше донесено од средното училиште каде што предава. Таа беше сè уште дел од системот, за жал.
Совет#3
Економски план
авствено и социјално Покрив над главата, здр оритет осигурување се прв при комуналии на, хра се Втор приоритет и превозно средство. телевизија трошоци како кабелска е нит бит Не намалат.* или забава треба да се лку три месеци, Штедење пари за најма ст. ше бро а најдо же да се живее? мо к шо тро кој Прашање: без та картичка. тна Исплаќање на креди е нешта ови ја ми де пан * Во услови на и. дн можат да бидат неопхо
21
подобро да се подготвиш отколку да жалиш prepper/ˈprɛpə/ „Лице кое верува дека може да се случи катастрофа или вонредна состојба во блиска иднина и прави подготовки за тоа, обично со складирање храна и други залихи“. Оксфордски речник
„И тогаш се случи,“ може да биде почетна реченица во роман за зомби апокалипса, што е позната тема во научно-фантастичните дела. Што е тоа што го привлекува модерниот човек во оваа тематика? Кога ги гледаме „лудите“ Американци знаеме што е - претераната сигурност и здодевност на модерниот живот во кој нема веќе војни, економска несигурност, социјални превирања. Секој просечен Американец има телевизор, Нетфликс, Инстаграм сметка, автомобил, куќа итн. Каде е возбудата? Во фантазијата, се разбира. 23
И тогаш се случи. Таман привршував со работа и се подготвував за моето победоносно заминување, кога на радиото кое постојано свиреше во позадина се слушна дека е прогласена пандемија. Се погледнавме со колегата, кој работеше на компјутерот до мене, во недоверба. Знаевме, како и сите жители на оваа планета, дека ништо повеќе нема да биде како што беше. Лажам, не знаевме ништо! Не знаевме што носи следниот момент, дали ќе има храна по продавниците или маски во аптеките, дали ќе преживееме или сите ќе поцркаме како стаорци, оставени на депонијата на историјата како што завршиле многумина пред нас. „Мамето,“ помислив мрдајќи ја главата со недоверба, „лудаците биле во право.“ Навистина, единствените луѓе кои се чувствуваа (малку) сигурно беа „преперите“. Тие цел живот се подготвувале токму за зомби-апокалипса, за нуклеарна војна со Русија, со Кина, со Северна Кореја, за новата граѓанска војна во САД, за биолошки тероризам или за напад на вонземјаните. „Во луд свет само лудаците се нормални,“ заклучив. И сега што? Училиштата ги затворија, децата и сопругата беа дома и беше непотребно да нè 24
изложувам сите на опасност. Ги известив газдите дека останувам на располагање и да ме бараат „за сè што треба“, но ќе работам од дома. Како добри и фер луѓе свесни на околностите го прифатија тоа. Тие продолжија да работат, свесни на опасноста, но и со поголем влог во рулетот наречен бизнис. Ми се чинеше дека го направив првиот потребен чекор за заштита во време на пандемија. Пролетта штотуку започна и природата се будеше. За жал, со неа се будеа и праисконските, за нас невидливи битија, оние кои постоеле на планетата многу пред нас. Но, тие зависеа од нас, а ние страдавме од нив. Пролетта е време кога природата ја покажува својата регенеративна моќ и превласт над сите суштества, вклучително и нас. Тоа е и време кога почнуваат војните и кога забораваме дека грижата едни за други е најбитното нешто. Но, за разлика од мнозинството кое во паника станува себично, а понекогаш и нехумано, постојат луѓе кои во такви ситуации стануваат уште почовечни, како другар ми од Верона, Италија. Беше март 2020 година и целиот свет беше во паника, особено Италија, каде што живее другар ми, Владо. Тој е веројатно најхрабриот човек кој го познавам. Не, тој е најразумниот човек што 25
го знам. „Никогаш не дозволувај емоциите да ја надвладеат логиката.“ Така велеше тој, како да е небаре Спок од планетата Вулкан. Да ви кажам два-три збора во врска со него. Во 1996 година, кога завршувавме средно училиште, јас во мојата гимназија „Јосип Броз – Тито“, наречено според некогашниот Маршал на бел коњ, гордоста на секој Југословен, од седум годишно дете кое ставаше лепенки од Тито насекаде по домашниот мебел, до седумдесет и седум годишен старец кој чуваше слика од Тито врз својот телевизор. Владо беше четврта година во средното хемиско училиште „Марија Склодовска-Кири“, единствената не само жена, туку човек кој добил Нобелова награда во две области од науката, физика и хемија, научничка која си го жртвувала животот за идните генерации да можат да имаат полза од нејзините откритија. Еден од овие два ликови ќе остане запомнет во историјата, вие решете кој. Владо седеше на каучот во малата кујничка на петтиот кат од социјалистичката зграда во скопската населба „Карпош“ и по не знам ни сам кој пат ги слушаше моите приказни за мојата неостварена љубов. Таа одеше на јазичен курс со мене и наместо да ~ ги кажам моите чувства, јас пишував писма кои никогаш не ~ ги дадов. Она 26
што денешните Американци би го нарекле класичен „бич мув“. Владо не коментираше ништо и повремено одговараше со неговото стандардно „аха“. Моето место – столчето до малата трпезариска маса, а над неа полица со радио-касетофон и до него касети од рок и хард-рок бендови од седумдесеттите до деведесеттите години на минатиот век. Крајот на минатиот век беше време на касетофони, телевизори со катодни цевки, грамофони, плочи, касети, видео рекордери и ВХС касети, вокмени и цедеплејери и друга технологија која денес е непотребна, а нам ни се чинеше фантастично футуристична како хавербордот на Марти Мекфлај од филмот „Враќање во иднината“. Времињата се сменети, но некои работи не. Вечното „аха“ на Владо и неговите ставови во врска со животот и луѓето. Кујничката не беше поголема од два на три метра, но таа беше светот на Владо. Таму се обидував да го спојам мојот свет со неговиот и ја истурав мојата душа, додека Владо немо сведочеше на тој космички чин. Лево од кујничката – магичен простор наречен „шпајз“ во кој на една полица беа наредени сите потребни намирници за семејството и секако, теглите со домашни производи карактери27
стични за нашата средина – ајвар, туршија, лутеници… Бурето со зелка, се разбира, се чуваше во подрум и задача на Владо беше од време на време, особено кога мајка му ќе реши да прави сарми, да отиде до таму, да го отвори, да земе една главица, да ја размеша водата да не се прави „жабокречина“ и уредно да го затвори. Владо имаше и други домашни задолженија како чистење со правосмукалка по дома. Сите мои другари, па и јас, го имавме истото задолжение. На Балканот така се чуваше рамноправноста помеѓу половите. Машките деца чистеа со правосмукалка. Лично имав и други домашни задолженија, да ја стругам кадата, зашто „тоа е машка работа и бара сила“, а како и сите другари, учествував во семејното перење теписи (освен Владо кој ги переше сам и за хонорар, што ми се чинеше сурово од неговите родители, но конечно донесе до финансиска независност и успех на Владо во подоцнежниот живот), потоа кречење по дома и постојано разместување мебел за различни сезони. Понекогаш миев садови не затоа што морав, туку зашто сакав, уште од времето кога живеев со дедо ми и татко ми и честопати бев сам дома. Тогаш најголемо задоволство ми беше да го донесам столот до мијалникот, да го натопам сунѓерот со вода и сјај и да почнам да тријам. 28
Пената ми се собираше на рацете како шеќерна волна, ја снемуваше со еден млаз вода и тоа ми се чинеше магично. Освен тоа, повторно сам и без избор, понекогаш си пржев кајгана, откако сфатив дека не е доволно да ја изматиш, да ја оставиш во тавата и да заминеш да гледаш цртани. Ако не сакаш „горе жива, долу изгорена“ кајгана потребно е да ја свртиш, научив рано, можеби уште на деветгодишна возраст и тоа без помош на Џејми Оливер! Миризбата на брашно и домашни производи ме замавна откако Владо ја отвори вратата од шпајзот и го извади лебот од внатре. Ја извади даската, засече кришка леб и ја изеде така – без ништо. Толку едноставен, а толку практичен чин. Без губење време на отворање тегли и мачкање непотребни слоеви намаз од солен или благ вид, само „сек-џвак“! Како продолжение на „нашиот“ свет беше терасата, не поголема од половина метро на два ширина, каде освен резбариите на татко му на Владо кој постојано делкаше нешто со ножињата кои сам ги правеше и остреше, имаше стандардни зградарски жардињери, мала масичка и две столчиња на кои продолжуваше нашиот разговор. Тогаш заборавав на мојот страв од височина поттикнат од екскурзиите низ планинските тесни 29
патишта низ Босна и Црна Гора каде што автобусите им пркосат на законите на гравитацијата. Во тие екстензии на нашите умови помина дел од нашата младост, подоцнежните мои несреќни љубови и единствената голема љубов на Владо која се случи и исчезна без тој да сподели збор со мене. Затоа Владо е најхрабриот човек кој го знам. Во март 2020 година светот беше во паника од нешто што го нареков „војна со невидлив непријател“. Скриени по дома и изолирани едни од други, како што беше во мојот роден град Сараево во една вистинска војна во раните 1990ти, живеевме во неизвесност. Владо живееше во најпогодената земја во Европа и стоички го поднесуваше сето тоа што се случуваше, со рационален пристап и ладна глава. Тогаш ми текна на еден наш муабет од времето на кујничката во кој разговаравме за неговиот дедо кој дошол за време на Втората Светска војна со фашистите во Македонија, како лекар, и се заљубил во идната баба на Владо со која изродил неколку деца. Сепак, никогаш не успеал да се опорави од војната и измачуван од сопствените демони се вратил во својата матична земја, оставајќи ја сопругата и децата сами. „Јас би полудел во војна,“ коментираше Владо поистоветувајќи се со својот дедо, а јас го до30
живеав тоа како знак на слабост кај него, некој кој го сметав за психички најстабилна личност која ја знам. Тој муабет остана некаде во аналите на четирите ѕида помеѓу трпезариската маса и столчето до неа, каучот и касетофонот, даската за сечење леб и миризбата на брашно од шпајзот. Животот продолжи со сега ми се чини невидено темпо во кое голташе спомени и искуства во стравот од војната и неизвесноста на нашата мала државичка која секогаш се бореше да опстане. Навраќајќи се на тој муабет, по многу години, во тој страшен март 2020 година (а сите војни почнуваат на пролет), го потсетив Владо на муабетот за неговиот дедо кој по војната не се преженил, доживеал длабока старост и го оставил целиот имот и парите на црквата. Сепак, на потомците од Македонија им оставил државјанство со кое сите заминале во неговата матична земја. „Ти рече дека би полудел во војна,“ реков „но, ова што го преживуваме е вид војна и мене ми се чини дека ти сосема добро би ја поднел вистинската.“ „Не, војна е одземање животи, а денес се работи за спасување животи. Сега е најпотребно да имаш рационален пристап кон работите,“ ми објасни Владо и продолжи: 31
„Јас сум релативно смирен, бидејќи детаљно ги проучив работите за да можам да направам информирана одлука. Не сакам да бидам хипохондрик и цел живот да живеам во страв. Се разбира, човек треба да се пази и да биде одговорен за своето здравје. За имунитет земај витамини, кето диета, интермитент постење, вежбање, информирање од научни извори, заштита со маски и најбитно – неодење на гости кај старите луѓе, нив мораме да ги заштитиме. Генерална преокупација ми е евентуално да не заразам други и затоа сум изолиран,“ заврши Владо.
Совет#4
ВО СЛУЧАЈ НА ПАНДЕМИЈА...
прв чекор. Изолацијата е клучен и извори учн на Информирај се од ори чек те ни ед сл Планирај ги вувај јст де но , ен ир см и Остан брзо и решително Чувај го имунитетот Носи маска ги старите луѓе ити Зашт како што Грижи се за другите ! еси себ се грижиш за
32
Затоа Владо е храбар, но не како некои „нема бе мене да ме фати“ во нашата средина, и не само тоа – тој е доблесен, зашто неговата преокупација се другите, а потоа тој самиот. Затоа „полудувањето“ на Владо во војна би било не заради стравот за себеси, туку заради нужноста да се повредат други, тоа го разбрав во овие воени времиња. Тоа е лекција која во тешките времиња би требале да ја научиме и да ја повториме сите. Мислам дека светот тогаш би бил подобро место за живеење.
33
како да останеш нормален во лудо време
Училиштата ги затворија, луѓето се снаоѓаа како знаат и умеат. Најтешко е со децата, тие не можат разумно да ги прифатат работите како возрасните луѓе, но со децата е некогаш полесно да се разбереш отколку со постарите луѓе. Тие постојано бараат причина да излезат надвор, да прошетаат, колената им се вкочаниле или грбот ги здоболел, им требало лепче и солца, сметка да платат, извод од банка да земат или по апче во аптека да тркнат. Во тој случај најдобро функционираат онлајн плаќањата и нарачки, за да не им се остават изговори на повозрасните за непотребно изложување на опасност. Се разбира дека секојдневните причини да излезат нема престанат. Старците се оставени сами на себе во ова тешко време, а младите семејства имаат друштво. Но, што е со децата? 35
Кога децата не одат во училиште многу лесно запаѓаат во летаргија. Иако можеш да ги препуштиш на бројните екрани: лаптопот нека му биде татко, таблетот мајка, а телефонот баба и дедо, тоа не е добро. Колку екрани се потребни за да направат растение од едно дете? Децата се полни со живот, да беше „нормално“ време, ќе беа на улица везден, со пауза за ручек и толку. Но, тоа веќе не е возможно. Затоа на ред е домашната дисциплина. Нашата држава се соочуваше со кризата правилно. Ги ограничија контактите, им овозможија на тие кои можат да работат од дома. Училиштето се одвиваше од дома. Тоа покриваше дел од денот, но што со останатото? Ако го поделиш денот на порции, тогаш ќе имаш едно вкусно искуство за паметење и ниту еден ден нема да биде здодевен. Пример, наутро гимнастика за деца, јога за возрасни со Вим Хоф метод и ладен туш, кој воведува хормонален баланс, нешто што е многу потребно за чување на волјата во тешки времиња. Лесна ужинка и училишни активности, а за родителите работни активности - ментална гимнастика, како што рапуваше САФ во 1990-тите, кога навистина бевме ментално активни, се разбира машините не правеа сè за нас и ни оставаа доволно време да оти36
деме до библиотека или да отвориме домашна енциклопедија.
Совет#5
дисциплина
е лесно едно Без дисциплина, многу таргија, да ле во е дн па семејство да и неслога: западне во караници
се до него! Направи план и држи лишен учи и Како што посто имаш и да ба тре а распоред, так ед ор сп ра н ше дома едот да Погрижи се во распор уални, ект тел има подеднакво ин ности ив акт ки зич социјални и фи
Попладне фитнес за целото семејство, на децата им се дозволува по малку забушавање или игра, закачки и смеа, тоа ги прави вежбите позабавни. По ручекот заслужено време со екраните за децата, а за возрасните повторно работни активности или друг интелектуелен предизвик - како пишување книга за опстанок во време на пандемија! Ако остане време за друштвена игра, уште подобро. Навечер, орбитрек - ако семејството ја поседува таа „најскапа закачалка“, конечно може да заживее во полн сјај - на секој од семејството му се 37
дава задача да изврти одреден број минути или километри, натпреварувајќи се со самиот себеси. Истовремено “movie night”, зашто вртењето педали е полесно така, и потоа вечера за тие кои не се хранат со „18-6“ часа методот на интермитент постење. Тоа е мој предлог за дневен план и тој би требало да се повторува секој ден со интервали, различни вежби или менување друштвени игри, совладување нови вештини, можеби боречка вештина, или свирење инструмент, семеен бенд!... можностите се неисцрпни. Битно е да има дисциплина и, да, понекогаш наредник и војници, но подобро е ако сите се тим. Повеќето книги за подготовка во случај на катастрофа советуваат намалување на трошоците на интернет, телевизија и друга непотребна „забава“. Но, според мене, овие работи може да ти го спасат животот. Брзиот интернет ти овозможува квалитетен контакт со светот, непречена работа, примање и праќање големи фајлови, организирање видео средби, симнување забавни содржини и други предности. Добрата телевизија може да ти помогне во исполнувањето на времето и разбивањето на монотонијата во семејните дружења.
38
Совет#6
биди подготвен
не мораш Биди подготвен за да да се подготвуваш да ти Телото и умот треба учај на сл во ни ра бидат оптимизи опасност о! Вежбај ги секојдневн
Интермитент постење е начин на исхрана кој комбинира одреден број на часови јадење, да речеме 6 часа, и во останатиот дел од денот само пиење вода. Според научните студии и Нобеловата награда на таа тема, методот помага во процесот на аутофагија, уништувањето на лоши клетки и регенерација на организмот. Моја лична препорака е јадење од 12-18 часот и пауза од 18 до 12 следниот ден. Тоа одговара особено за вечерни и ноќни јадачи, кои знаат да го испразнат фрижидерот, со што имаат двојна корист. Прво не се прејадуваат навечер и развиваат здрави навики, а второ не јадат непотребно вишок храна, што во време на пандемија е клучно - заради помали примања и можност да нема доволно храна. Навистина: „Што ако снема храна?“ #3 39
Ни зимите не се тоа што беа или „Што, како, колку и кога да складираш“
„Што ако снема храна?“ беше следното прашање кое ме прободе како остар бодеж во мекото сиво ткиво на мојата мозочна маса. Се надевавме на плодна пролет за да ги обезбедиме залихите за следните сезони. Но, тогаш се случи чудо. Снегот во март 2020 година, два дена по почетокот на пролетта, не беше среќна вест. Што е со посевите и колку нашата затворена, сиромашна и мала држава ќе издржи со сопствените залихи храна, колку ќе издржиме ние? Овие прашања ме измачуваа додека се навраќав на посетата на мојот најдобар другар од детството Харе во февруари истата година. Се немавме видено точно триесет години, од таа 41
1990-та година кога заминав од Сараево, со мојот скирол во багажникот од црвената Лада Нива со која татко ми пред години се имаше судрено и потоа вратот му беше во лонгета некое време. Седејќи на задното седиште од тој автомобил, на пат кон Скопје, ги гледав пејзажите на мојот град кои се менуваа на задното стакло како сцени од филм. Мојата симпатија на игралиштето како игра тенис, кривината и големите скали по кои се спуштавме со велосипед, местото каде што паднав и решив прв пат да не заплачам, куќата на Харис на аголот помеѓу улицата Лезе Перере и Логавина, некогашното кино во локалната „Месна заедница“ каде уште одекнуваа извиците на Брус Ли, ударите на Роки и рафалите на Шварци од филмот „Командос“. Понатаму екранот се затемнува, зашто тоа е светот на моето детство, сè друго беше светот на возрасните. Извиците на луѓето, плачот на децата, гранатите врз куќите, дупките од куршуми врз сите згради, мините по планините кои и ден-денес не им се знае местото… тоа е хорор-филм кој не го гледав, но добро им беше познат на моите другари или нивните родители кои останале да си ги чуваат домовите. Во мојот стан сега живееше некој таксист, но дали тој стан некогаш ми припаѓал мене? 42
Дедо ми го доби станот како истакнат борец во Втората светска војна, „медицински феномен“, како што би кажал Харе. Рамбо и Командос не можат ни на прст да му се фатат со неговите тринаесет здобиени рани од куршум, неколку извадени, повеќето оставени во телото, за да можам јас да ги напипам и да се восхитувам на неговите приказни од војната. Да играме една игра? Кажи значајна битка од Босна и Херцеговина од Втората светска војна – дедо ми бил таму! Денес, триесет години откако го напуштив тој стан и тој град, Харе ми донесе книга. „Логавина, улица под опсада“, за искуствата на една американска новинарка од животот во Сараево, личните судбини на луѓето кои живееле под окупација. „Се спомнува и нашиот јаран Бељо,“ ми рече Харе. Да, оној Бељо, кој постојано правеше белји и така го доби името, штрклесто, русо и секогаш насмеано момче кое ја преживеа војната, годините на глад и окупација, горењето книги и целиот мебел од дома во ладните сараевски зими и потоа загина на првиот ден од ослободувањето. Но, сум ви ја раскажал таа приказна, како и сите други приказни кои се веќе раскажани. Не знам дали ќе можам да ја читам книгата за Логавина, иако Харе ја читал, 43
ја читале и моите другари од детството Гребо, добриот, весел и искрен Гребо кој го преживеал тоа, ја читал книгата. Харе е мојот најстар другар. Го знам откако знам за себе, дури и самиот тој вели дека јас сум му го дал прекарот кој му останал целиот живот. Денес е остарен, со поседена брада и ќелав, но ја има истата насмевка и шеретските очи со кои нè засмејуваше како деца. Дали очите на луѓето навистина не се менуваат цел живот? Освен во длабоката старост кога се замаглуваат, како да ставаат заштитен слој помеѓу себеси и светот зашто премногу виделе, сè преживеале и сè им е веќе јасно. Зборувавме за старите времиња и за тоа како во Сараево зимно време врнеше толку многу снег што ни беше над детските глави. Излегувавме од дома и се фрлавме право во снегот. Но, и таа приказна ја знаете. Коментирав дека во Скопје никогаш немало такви снегови и дека повеќето зими беа без снег. „Сега и во Сараево е исто,“ одговара тој, „глобално затоплување.“ Гледајќи го снегот надвор пред мојата зграда во март, како се напластува врз дрвјата и празното игралиште без вообичаениот џагор од деца, размислував за тоа зошто баш сега, кога 44
нема кој да му се израдува, снегот реши да заврне. Во некоја од моите приказни раскажував дека снегот носи радост на децата, а гнев на старците, сега сите се во втората категорија. Харе беше тука и замина. Не му раскажав ништо од тоа што сакав да му кажам, а чекав триесет години да го сторам тоа. Повторно имав флешбек на средбата со татко ми, во Херцег Нови, таа 2001 година, додека кај нас дома се водеа битки. Сакав да се видам со него за да го исфрлам од системот, да си кажам дека нема да бидам татко како него, дека нема да си ги оставам и заборавам децата. И навистина беше така. Но, во чинот на претераната грижа за децата, ги направив неподготвени за живот. Тоа го разбирам сега. Ние другите, кои сме биле оставени сами на себе, сме научиле да се бориме и да сакаме да успееме. Дали татко ми, несакајќи, ми направил услуга? Таа помисла ме измачуваше и ми внесуваше немир. Чувството дека сè што си направил со добра намера изродило лоши нешта. Но, како што често велам: „Што и да правиш како родител, ќе згрешиш“. Белким има и нешто добро!? Го оставив Харе пред неговиот хотел во центарот на мојот град Скопје. „Ти благодарам што ме остави да зборувам,“ ми рече тој, а јас одго45
ворив „Ег… шт… зр…“ и тоа беше тоа. Последното нешто што му го кажав на нашата прва средба по триесет години. Во мојата глава се натпреваруваа илјадници мисли на македонски и српско-хрватски и ниту една од нив немаше смисла. „Ти сега живееш тука,“ ми се повторија зборовите на мајка ми од пред триесет години кога се доселив во Скопје. Навистина, ниту моите мисли не зборуваат веќе на мојот мајчин јазик, одамна. Дали можев да сторам нешто поинаку, да кажам, да раскажам нешто што не сум го кажал во моите книги? Дали ќе имаше разлика? Што ќе се сменеше? Дали писателот живее за да пишува или пишува за да живее е вечната дилема која сè уште не можам да ја одгатнам. Време е за враќање во реалноста. Тука сум, веќе одамна, не сум тоа што сум бил, тоа дете е останато некаде таму, на аголот помеѓу Лезе Перере и Логавина, се смее во домот на Харе и гледа телевизија со него, си игра со желката од неговиот двор, истрчува надвор и ги собира другарите, а потоа сите заедно – на игралиште со топка и така цел ден! Нека остане таму. Ние сме тука и го гледаме снегот кој наместо радост ни носи грижи. Детството е завршено.
46
⋆⋆⋆ Се разбира, снегот престана да врне и се стопи, но грижата за храната не се намали. Ако индустријата не функционира, храна неминовно ќе снема. Затоа мораше да се подготват залихи. Откако исчитав десетици книги за подготовки (prepping) направив една листа на базични работи кои би требало да ги направиме или научиме. Колку што повеќе размислував, ми се чинеше дека секоја точка има своја потточка. Не е лесно да се сумира еден живот и неговите потреби во неколку точки, но се обидов.
Совет#7
основни ПОДГОТОВКИ
елна потрошувачка Направи листа на нед и рецепти Научи да готвиш основн е храна рањ ади скл за н Направи пла еш јад Купувај го тоа што го рокот ред спо те ици Ротирај ги намирн на хра а сув на и Складирај дехидрира га, вла се: ето рањ ади Непријателите на скл топлина и штетници ја, сос, компот, слатко... Зимница: зелка, турши ашен леб, јогурт, Научи како се прави дом енчук зел и о сок, сушено мес како се вади чи нау а: дин гра а Направи мал одржува се о семе, како се сади и как
47
Совет#8
ОСНОВНИ НАБАВКИ
ња Вода за пиење во шиши се готви да без е јад се Храна што може да ење (конзервирана Храна со долг рок на тра итн.) храна, ориз, тестенини, ви зер Отворач на кон загревање (печка/ Средства за готвење и ин, шпорет за камп...) скара на јаглен или пл на батерии Светилки кои работат ќи и и Резервни батери све ки ал зап и Кибрити , шрафцигери, Основни алатки (чекан ...) клучеви, бонсек, пили птопи... ла и, он Полначи за телеф магала по ски иен хиг Прва помош и
Како некој кој сака да прави листи, по природа е паничар, и со децении наназад е задолжен за правење на листи за нужни работи за одмор, како што навлегував во деталите, чувствував поголемо задоволство. Да, сакав да категоризирам нешта, да правам ексел табели, но од друга страна листа за одмор не е исто со листа за вонредни ситуации, а нашава беше уште поспецифична. Моравме да бидеме подготвени и за снемувањето намирници и за неопходни поправки по домот без викање мајстори. Но, без неопходни залихи храна, не бива ништо. 48
Совет#9
храна за складирање
бикарбона, пециво... Брашно, квасец, сода ила, цимет, кафе, чај Шеќер, сол, бибер, ван грашок, грав...) Масло и легуми (леќа, ми, ореви, кикирики...) јаткасти растенија (баде з, гранола Тестенини, житарки, ори ки за супа коц , ато есн ом сув Вакумирано ва...) тик Семиња (сончоглед, сии...) кај ви, сли Суво овошје (грозје, адо ол чок но тем ки, Путер од кикири пр протеински ашок Млеко и јајца во прав, а, месо, зеленчук,... конзервирана храна: риб
Работите како генератори, бензин, радио (предавател) и слично ги исклучив од листите и ги оставив за подготвувачите за зомби апокалипсата. Она што, според мене, е уште побитно од прехранбените, хигиенските или медицинските залихи, е залиха на ментална цврстина. Како да изградиш ментална цврстина во вонредни услови? Пред с`, пресудни се три фактори: 1) Планирање. подразбира добра организација на времето и исполнување на истото. Исто како што е потребно добро планирање и предвидување на залихите за вода и храна, потребно е 49
предвидување на психолошките потреби на едно семејство во изолација. Најдобро е да се направи план и да се придржува до распоредот. Она што ја одржува заедницата се постојаните обврски 2) Дисциплина. Без дисциплина, многу е лесно едно семејство да падне во летаргија, да западне во караници 3) Извор на финансии. Најдобро е да избереш професија која ти овозможува работа од дома. Така си независен во случај на надворешна опасност. Се разбира дека на листата се најдоа и алкохол за дезинфекција, мултивитамини, како и поголема доза Д витамин, Цинк, Магнезиум, Селен, Б комплекс, заедно со сите антибиотици, антипиретици и антидепресиви. Последните три групи не ми беа омилени и сметав дека треба да се избегнуваат во нормална состојба, а не па сега, ама за секој случај ги ставив на листата. Дали бев подготвен?...
50
Совет#10
ВОДА
троши твоето Пресметај колку вода семејство е, залиха на вода за пиењ ај им аш Секог е ењ ми за и готвење и прочистува водата Научи како се филтрира анува исправна водата Дознај колку време ост (купечка и од чешма) ра водата Научи како се дестили
51
„Isolation“ не е само песна на Joy Division или „Психички подготовки за изолацијата“
Се разбира, сите подготовки на прехранбени и други производи не се доволни ако психички не си подготвен да ја поднесеш изолацијата. За среќа, луѓето на нашиот простор се експерти за изолација. Живеевме во изолирана земја веќе три децении и чувството на беспомошност што го опкружуваше денешниот свет ни беше навистина многу познато и блиско чувство. Од последната деценија на 20-тиот век, кога светот уживаше во појавата на grunge и drum and bass, alt rock, broken beats и dubstep, меѓу другите музички жанрови, поранешна Југославија преживеа некои поинакви ритми, удари и раскинувања. Тука се вклучуваа неколку војни, политичката 53
и економска нестабилност, ембаргата и блокадите однадвор, промената на имиња и идентитети, транзицијата на владите, масовната невработеност и „одливот на мозоци“ и секако добра доза меѓунационални превирања. Нашата земја, денес наречена Северна Македонија го живееше сето тоа и повеќе, а ние како нејзини граѓани се чувствувавме како затвореници, мали, безначајни, исплашени, лишени, изолирани и немоќни да ја промениме нашата состојба на постоење. Звучи познато? Училиште како затвор Избегав од мојот роден град Сараево во 1990 година кога дождот сè уште беше од вода наместо од олово и се преселив во мирното Скопје. И двата града уште беа дел од една држава Југославија и само една година подоцна бевме одделни држави со курс кон никаде. Поранешните делови на Југославија прогласија независност и настана пекол. Некогашните браќа се свртеа едни против други, семејствата беа разделени, пиењето „огнена вода“ и традиционалните народни танци беа заменети со огнено оружје и воинствени крици. Во април 1992 година, мојот роден град Сараево беше нападнат и не можев да сторам ништо 54
во врска со тоа. Не знаев дали моите пријатели се живи или мртви. Многу подоцна дознав дека некои од нив ја напуштиле земјата и преживеале свој дел од пеколот во бегалскиот живот низ цела Европа. Другите останаа, некои станаа жртви на војната, други нејзини затвореници. Тие преживеале како што знаеле и умееле, користејќи книги и мебел за да ги загреат своите домови или ги ризикувале нивните животи кога излегувале да земат хуманитарна помош во храна или вода, имало недостиг на нафта, брашно, гас, тоалетна хартија ... сè што можеш да замислиш. Звучи познато?
Совет#11
Разум во време на криза
но Размислувај рационал авот стр те/ ии оц ем Не дозволувај ее ад вл над те да те за твојата мака Не обвинувај ги други потреби Сите сме луѓе и имаме ви, надежи, аво стр со И другиот е човек тебе грижи, потреби... како риш нешто сто да ед пр и пат а дв Размисли
55
Размислував често за нив, но не можев да сторам ништо за да им помогнам. Кога се буди ѕверот кој се храни со војна, нема да се смири додека не се најаде. Во меѓувреме војував лични битки. Бев осмо одделение во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ и мојот најдобар другар беше нападнат само затоа што беше со различна националност од другите. „Какви глупости!“ би рекол секој цивилизиран човек од Западот, и со право. Но, умот на еден Балканец не функционира така. Одредено име или презиме тука би можело да те чини живот во тие времиња, или можеби неколку скршени заби. Во време на криза човекот е секогаш подготвен да го обвини „другиот“ за неговата состојба, и потребно е многу трпение и здраворазумски пристап да се спречи тоа. Другиот, независно од тоа дали е со поинаква нација, религија, пол, образование, социјален статус или раса не е виновен за твојата состојба. Во време на криза е потребно разумно размислување. Додека јас и мојот најдобар другар бегавме од лутата толпа која сакаше парче од нашето дентално осигурување, размислувавме во себеси: „Можеме да избегаме денес, но утре ќе треба повторно да одиме на училиште“. Тоа е чувството да бидеш заробен во сопствената кожа или во 56
сопствената околина, зависно од начинот на кој гледаш на тоа. Затворот е во нашиот ум, но исто така може да биде во нашето тело Да речеме дека, на еден или на друг начин, мојот другар и јас преживеавме. Се разбира, тоа е само уште една тажна приказна за малтретирањето, ние бевме жртви, другите беа нашите мачители, ние стравувавме, тие ликуваа, ние си ги лижевме раните и животот продолжи по својот природен тек... Наскоро училиштето требаше да заврши во форма на навидум бесконечното лето, и мојот пријател и јас славевме со нашиот 50-ти натпревар со туркање на рака. Можеби бевме инспирирани од филмот „Over the Top“ од 1980-тите со едниот од нашите херои од детството, Сталоне, или можеби бевме само момчиња, секогаш се натпреварувавме, секогаш ги споредувавме мускулите. Ја направив фаталната грешка, не забележав дека во меѓувреме, сметајќи од 1 до 50, мојот другар стана доста голем и силен млад човек, додека јас останав горе-долу ист. Пред да го сфатам тоа, раката ми пукна како гранче и се најдов во болница, лежејќи на хируршката маса, додека асистентот на главниот хирург ми го држеше не57
рвот радијалис, а хирургот ги зацврстуваше двете парчиња од мојата коска хумерус со метална плочка и четиринаесет штрафови. Да, се разбудив среде операција и ми беше дадена друга доза на анестезија, доволно да убие коњ, или само да бидат сигурни дека нема да се разбудам пак за време на операцијата. Следната работа на која се сеќавам е дека главата ми се мрдаше де на едната, де на другата страна, но не можев да почувствувам ништо. Го слушнав гласот на медицинската сестра која викаше „Разбуди се!“ и ми удираше шлаканици, но темнината и парализата на моето тело беа посилни од реалноста, речиси ги чувствував како пореални и поблиски. Бев во затворот на сопственото тело и ми се чинеше дека засекогаш ќе останам таму. Гласовите доаѓаа од далечното место на ништожност и безвременост, истото место од каде потекнуваме сите. И тогаш се врати светлината, боите, чувствата, мирисот на завои, јод и болката. Затворот на моето тело замина, но набргу откако ми го отстранија навидум другото физичко ограничување, гипсот, сфатив дека не можам да ја кренам раката. Нервот ми беше оштетен за време на операцијата, а мојата рака стана неподвижен предмет, потежок од еден тон. Нависти58
на, да кренам само еден прст од раката ми се чинеше како да кревам тон тули и тоа траеше цело лето. Додека другите го славеа крајот на учебната година и крајот на основното образование со традиционалното кинење и фрлање на книгите во воздухот, јас бев заробен во центрите за рехабилитација со стари лица кои на мене гледаа како на младо месо за споделување на нивните животни приказни и мудрости. Немав друг избор освен да ги слушам, бев баксуз што ме воспитаа да ги почитувам постарите. Ги почитуваме нормалните работи во животот само кога веќе ги немаме, зарем не? Кога ќе ја изгубиш контролата над својата доминантна рака и ќе научиш да пишуваш со другата рака само за да го положиш приемниот испит во средно училиште, почнуваш да гледаш на нештата од друга перспектива. Исто како и денес - едноставна прошетка во природа, прегратка со близок пријател или релаксиран момент во шопинг за потребите на семејството, изгледа како далечен и одамна заборавен сон. Кога ни ги одземаат работите што ги земаме здраво за готово, тогаш и само тогаш, почнуваме да ги почитуваме и да се сеќаваме како беше кога ги имавме. Тажната работа е што кога ги добиваме назад, веднаш забораваме да бидеме благодарни и се враќаме 59
на старите начини на посакување повеќе, исто како што јас заборавив колку бев среќен кога ми се придвижија прстите и можев да држам пенкало. Тоа е нашата природа.
Совет#12
Уживај во малите нешта
наутро Радувај се на сонцето за појадок о есн тер ин то Подготви неш со слики Извади го стариот албум амна од а Прочитај ја книгата кој на ита роч ти стои неп која никогаш Изгледај ја серијата за си немал време а ја свириш гитарата кој да учи На а ин аш пр ќа со години фа ти со семејството Правете вечерни муабе во и уживај Секој ден учи нешто но г! во секој ми
Татковината како затвор Затвор може да се изгради од месо или од верувања, но и твојата земја, исто така, може да биде голем и непробоен затвор. И во 1992 година мојата земја беше затворена од сите страни, затворена во својата верба дека има право на името на земјата на Александар Велики. Се раз60
бира, тоа е наше право, но за наша несреќа, светот не ги споделуваше нашите верувања. Како знак на нашата добра волја да бидеме дел од ЕУ, светот и прогресивното размислување, се спротивставивме на југословенските (српски) тенденции кон војната. Така, ги затворивме нашите граници кон нашиот северен сосед и главниот извозен канал за нашите производи. Тоа ја уништи нашата економија бидејќи веќе бевме блокирани на југ, кон Грција. Таа мислеше дека ние немаме право да го користиме името Македонија, иако античката Македонија исто така беше дел од нашата територија, но во ред. Бевме послаба страна во аргументот, мала, слаба и сиромашна. Победниците ја пишуваат историјата, а ние бевме предодредени да бидеме губитници. Што е со Западот и Истокот? Па, нашата верзија на Западот е Албанија, земја која се мачеше како и ние, поранешна комунистичка држава. Всушност они настрадаа повеќе од нас. Нашата поранешна социјалистичка држава Југославија беше луна-парк во споредба со Албанија. Ги имавме сите лични слободи, слушавме западна музика и гледавме американски филмови. Го споменав Сталоне, но тој беше само еден од многуте наши детски херои како Шварценегер, Брус Ли, Џеки Чен, Чарлс Бронсон, Чак Норис, Жан61
Клод Ван Дам и други. Нашиот источен сосед Бугарија исто така беше сиромашна комунистичка држава, со еден интерес за нашата држава - да биде дел од нивната. Сите таканаречени земји од источниот блок, вклучително и Романија, Чехословачка, Полска и Унгарија, според стандардот на Југославија, беа сметани за сиромашни земји. Ако ги исклучите политичките затвореници, национализацијата и присвојувањето на личните поседи на богатите граѓани, просечниот југословенски граѓанин имаше бесплатно образование и здравствена заштита, функционална социјална поддршка за помалку среќните и одлични политики за домување на работниците. Југославија практично беше социјалистичка држава со слободна пазарна економија и растот на БДП од 1950-тите до 1980-тите беше често поголем од повеќето капиталистички пазарни економии на Западна Европа и САД. Но, од 1990-тите и распадот на Југославија и создавањето на помалите национални држави, песната се смени. Нашата земја, Македонија, стана особено затворена. Србија и Хрватска беа во војна, но имаа пријатели, Русија и ЕУ или САД. Ние, од друга страна, немавме пријатели и немавме односи или средство за извоз или увоз на стоки од каде било и сред процесот на тран62
зиција од социјалистичко во демократско владеење. Тоа беше пеколно искуство! Некогашните полни пазари беа празни, немаше леб, млеко, месо, брашно. Бидејќи нафтата и бензинот се увезуваа од Грција, тие никогаш не пристигнуваа, или ако чекаш неколку дена на бензинската пумпа, можеби ќе го наполниш резервоарот, можеби. Тоа беше време кога криминалците владееја со нашата суверена земја и шверцуваа цигари, кафе, шеќер, нафта, електроника, хемикалии, па дури и оружје. Сите тие работи вредеа повеќе од златото. Македонскиот тутун, познат во светот повеќе од еден век, им беше даден на големите играчи за бадијала. Тие го пакуваа и ни го продаваа назад за десетократно. Политичарите или крими-шефовите имаа полни стомаци и ги галеа со смеа како веселиот стар Дедо Мраз. Обичните луѓе беа очајни и гладни, нивните заштеди блокирани од државата и банките, останаа без работа или избор во животот, гладни, исплашени и без перспектива. Во тие околности, мајка ми седеше дома, во нашата кујна, и разговараше со нејзината пријателка, медицинско лице, за процесите на зачувување храна и вода. „Ако отвориш шише, водата е микробиолошки исправна една недела. Секако, водата од чеш63
ма е полна со хемикалии и е безбедна можеби еден месец, ако се чува правилно“, зборуваше како да рецитира стихови од The Preppers Bible. Мајка ми ги запиша нејзините совети и направи список: вода, брашно, масло, конзервирана храна... и чуваше резерва на сè во текот на 1990-те. Инфлацијата беше 450 проценти, БДП беше минус 7,5%, стапката на невработеност беше 30% и ако имаше среќа да се вработиш тоа беше за плата од 100 американски долари. Ако случајно имаше странски капитал, банките ти го земаа. Луѓето живееја како затвореници во сопствената земја. Многу луѓе избегаа од затворот, но не секој имаше шанса.
Совет#13
Како да се справиш со кризните профитери?
итерите сакаат да Во време на криза проф луѓето заработат на маката на е „рицино“ Запамти: Секој лек не да се решиш Истражи добро пред та Провери ја конкуренција пријатели на ј ува вер , Истражи на интернет
64
Затвор на војната Во време на економската нестабилност, стравот од сенката на војната беше секогаш присутен и ја опфаќаше нашата сончева јужна држава. Во 1991 година екс-Југославија се раздели и ние се стекнавме со независност, во 1992 година започна страшната војна во Босна, во 1999 година се пресели поблиску, кон Косово и, конечно, во 2001 година дојде до нашата земја. Беше пеколна деценија, а јас бев во најдобрите години од мојот живот, тринаесет до дваесет и три. Во последната година од бурната деценија, или првата од новиот милениум, Block Rockin Beats дојдоа во нашата земја и луѓето почнаа да се убиваат едни со други. Албанците сакаа права, Македонците одговорија „Можеби, но не и со оружје“, и како што се случува на Балканот, пушките зборуваа наместо устите. Војната веќе започна во некои други градови, но Скопје сè уште беше безбедно. Мајка ми се плашеше дека ќе ме однесат на фронтот. Тогаш бев студент по психологија и не верував дека им треба некој за да разговара со нив за Фројд, потребни им беа војници. Но, сепак, бев под стрес дека во секој момент некој ќе чукне на мојата врата и ќе ме однесе. Кога заѕвонуваше ѕвончето сите скокавме како попарени. Една вечер ме разбуди звукот од 65
експлозии и тресења и срцето речиси ми излезе од градите. Додека се обидував да сфатам каде сум во темницата, сфатив дека само грмеше, а грмеше страшно! Набргу после тоа, громовите и тресоците навистина дојдоа во нашиот град. Имаше вистински битки, не повеќе од 10 километри од мојата куќа, хеликоптери, авиони, експлозии на минофрлачи, калашникови и звуците на војната кои претходно ги имав слушнато само по филмовите, ме придружуваа додека учев за Шарко, Хелмхолц, Вунт, Пијаже, Павлов, Скинер и други пионери на психологијата. Тоа беше вистински тест на мотивацијата и упорноста на разумот над емоциите. Да бидеш во сопствената земја, во сопствениот дом, но сепак да се чувствуваш како затвореник во некој голем затвор е многу чудно. Имаше мигови кога не се слушаа пукањата, сонцето ги капеше дрвјата со својата блескава светлина, а птиците ја пееја својата пролетна песна, и тогаш застанував на прозорецот и се прашував како природата нема гајле за нашите грижи и само продолжува понатаму, како да не постоиме. Можеби само за миг, кога птиците брзо ќе летнеа кон небото во јато, исплашени од звук на експлозија, се радував: „Ве фативме!“ 66
Секоја пролет, десет години, чекавме да дојде тој момент. Знаевме дека еден ден ќе се разбудиме не само од сонцето, туку и од звуците на војната. И кога дојде бевме исплашени како она јато птици на дрвото пред мојата куќа. Но, не можевме да одлетаме на некое друго дрво. Наместо тоа останавме во нашиот град и во нашите домови и се надевавме дека војната ќе заврши наскоро. Чувството на затвор и изолација беше во кулминација. Никој не веруваше никому и секој се плашеше од секого. Дури и вашиот најдобар сосед утре би можел да ве застрела од грб. Тоа се случувало и порано. Кога војната во Босна започна најблиските соседи кои понекогаш во животот се расправале за нешто глупаво, како и сите соседи, сега имаа дозвола да убиваат, и тие ја искористија. Сите беа потенцијална закана и ако сакаше да живееш, требаше да бидеш претпазлив. Не верувај никому, грижи се за себеси. Звучи познато?
67
Совет#14
повтори си го планот во главата
дготвиш во мислите Не е доволно да се по ан кре Направи кон тен пл подобро! ш ува ств чув се ќе Спроведи го, ле така е по сно за сите Верувај им на луѓето, Заедно сме посилни та Не дозволувај паника от ум раз ачи мр по да ти го
Епилог - светот како затвор Војната заврши во летото 2001 година и се чинеше дека доаѓаат подобри времиња. Во наредните години имаше неколку други нестабилности и препукувања, но општо гледано одевме во вистинската насока. Албанците ги добија заслужените права и ние станавме подемократска држава. Во следните две децении не се опоравивме економски, а нашите соседи не нè поддржуваа. По ѓаволите, уште немавме ниту име за нашата држава, бидејќи Македонија не беше меѓународно признаена, ниту нашиот народ, јазик 68
или религија. Во умот на светот бевме измислен, конструиран, непостоечки ентитет и тоа остави трага врз нас. Се боревме да бидеме дел од ЕУ со децении и не успеавме, секогаш имаше изговор за нешто што не им одговараше на големите момчиња, иако правевме сè што бараа од нас. Многу луѓе избегаа од овој голем затвор на една земја, повеќето од нив се добри, паметни луѓе. Она што остана не беше најдоброто. Некои силеџии, груби батки кои знаат да преживеат и да напредуваат во тешки ситуации. Да речеме само дека јас не бев еден од тие луѓе и доста ми беше тешко да бидам целосно развиено човечко суштество во околности каде што повисоките интелектуални потреби се сметаат за неважни, дури и се гледа со потсмев на нив. Поранешните насилници од училиштето кои н` мачеа мене и мојот другар станаа богати и моќни „бизнисмени“, а земјата стана затвореник на таквите ликови. Поранешните горди членови на комунистичката партија кои информираа за своите пријатели, предавници на партијата, станаа капиталисти од слободниот пазар кој раководеше со незаштитеното мнозинство. Во 2020 година трите децении на нашето затворање завршија, бев подготвен да прифатам дека мојата адолесценција и младоста минаа за69
лудно, но се надевав дека барем моите средовечни години ќе бидат подобри. Мојата земја доби ново име и ЕУ и светот беа подготвени да нè препознаат како дел од нив, дури и нашиот најтежок непријател, нашиот јужен сосед, кој се радуваше на нашата мака и борба во изминатите децении. Бевме подготвени за нешто големо, за поголема иднина за која сонувавме три децении, да можеме да патуваме и работиме во странство без да чекаме визи, да не бидеме понижени од странските државни службеници како да сме понизок вид, да можеме да работиме и заработиме нешто повеќе во животот. Многу од нашите граѓани сметаа дека не е правилно државата да го смени нејзиното име, но и нив им беше здодеано од голиот опстанок и сакаа да живеат целосен, среќен и исполнет живот. ⋆⋆⋆ И токму тогаш, во почетокот на 2020 година, светот се изолираше. Изгледаше како нашата лоша среќа да му се пренесе на целиот свет. Сега сите живеевме во страв, недоверба, економска несигурност и изолација, и немавме каде да бегаме од затворот на реалноста. Звучи познато? Се разбира дека звучи познато, сега кога целиот 70
свет беше како еден голем затвор. Но, човечката раса е цврст орев, таа не се дава, се прилагодува, исто како и природата, таа е дел од неа. Ќе опстане и ќе изгради нешто подобро. Прашање е на време.
Совет#15
Планирање
анизација на времето Подразбира добра орг ото и исполнување на ист о планирање бр до о бн тре Исто како што е по ихите за вода и храна, и предвидување на зал ње на психолошките потребно е предвидува тво во изолација потреби на едно семејс иш план и да се рав нап Најдобро е да от придржува до распоред ицата се дн зае ува рж од ја о шт Она постојаните обврски
71
„ВИМ ХОФ ИЛИ Д-Р КНАЈП?“ ИЛИ „ВО ЗДРАВ ДУХ, ЗДРАВО ТЕЛО“
„Во ред, направив список на потребни работи, дел купив, другиот дел ќе ги купувам постапно, секое нарачување по малку од залихата. Потоа ќе ги ротирам производите како што ќе се трошат.“ размислував. Имав конкретен план и функционираше. На полето на залихите имав контрола, но тогаш сфатив дека она што е најбитно е залихата од ментална цврстина. Навистина, како да изградиш ментална цврстина во вонредни услови? Решив да гледам на оваа проблематика како и на таа со производите, беше потребно планирање, дисциплина и методологија.
73
Совет#16
Ментална гимнастика
треба фитнес, така и Како што на телото му настика. на мозокот му треба гим активности со и лн нта Освен редовните ме оста на фронталниот кои се негува прокрвен ме е потребно и да се кортекс, од време на вре мозок“. активира и „рептилскиот , медитација и тод ме ф Хо Добри методи: Вим антипанично дишење.
Методот на Вим Хоф ми помогна да останам активен, дисциплиниран, да најдам мотивација и да се балансирам психички. Веројатно сте слушнале за славното мото “Breathe in, letting go!” или “The cold is my teacher” од Вим Хоф, но веројатно не сте слушнале за Себастијан Кнајп. Вистината е дека тие двајца се поврзани, но како? Вим Хоф е холандски чудак и практичар на екстремни рекорди на издржливост на студот. Прв пат се сретнав со неговата филозофија по неговата посета на подкастот на Џо Роган, кој започнав да го следам уште во 2010 година. Бев воодушевен од личноста на Вим Хоф, неговата ексцентричност, но уште повеќе од едноставно74
ста и ефективноста на неговиот метод. Се разбира, го пробав делот со дишењето и се чувствував одлично, но не ги пробав ладните тушеви и заборавив на најважниот дел - посветеноста. Одвреме-навреме се навраќав на методот, пред да одам да пливам на базен зимно време и кога се чувствував потиштено, но пред неколку години кога се разболев, навистина го сфатив потенцијалот на методот. Една ноќ се тресев од температура која се креваше како луда. Мојот мозок се исполни со слики и звуци од минатото и се чувствував како кога бев дете и халуцинирав од насилните трески. Тогаш нешто ми рече да станам од креветот и да почнам да дишам длабоко. Дишев не само со белите дробови, туку и со умот во решеноста да го победам тоа нешто, толку ситно, а толку силно, што го надвладеа моето тело. Дишев длабоко и подлабоко додека речиси не се онесвестив. Се присетив дека како дете се обидував да го задржам здивот подолг временски период, но најмногу успевав 1 минута и 15 секунди. Во последната сесија на Вим Хоф дишењето погледнав на часовникот и видов 3 минути 30 секунди. Немав време да се радувам на мојот нов рекорд, туку останав зачуден од тоа дека треската целосно исчезна и веќе воопшто не се чувствував болен. Тогаш станав 75
верник на методот на Вим Хоф, затоа што „да направиш - е да веруваш“, како што вели тој. Поминаа неколку години и повремено се навраќав со методот на Вим Хоф, но не ги испробав студените тушеви, мислев дека дишењето е доволно и не бев дисциплиниран. Изолацијата и глобалниот страв од невидливиот непријател ме вратија на методот. Овој пат го направив како што треба, со дишење, студени тушеви, медитација и јога. Моите резултати растеа и се чувствував одлично, немав депресија во изолацијата, ги мотивирав другите и го исполнив моето време во потполност. Се разбира, имав уште многу да учам, но навистина сум благодарен на Вим Хоф и на неговите откритија.
Совет#17
Вим Хоф Метод #1
оминално, 30 пати и Дишење: длабоко, абд . в со мерење на време потоа задржување зди во ки трп ат јав се Така 3 серии. Треба да во ушите. екстремитетите и зуење и една серија и рав нап се По ова може да ви со задржан здив. дишење, а потоа склеко би со задржување Јога: кои било јога веж е воздух тањ здив и пуш топла, па ладна, чно ени зм Туширање: наи и повеќе секоја недела 15 секунд
76
Од каде потекнува методот и како се запознав со него Откако станав вистински практичар на Вим Хоф методот, почнав да размислувам за неговите корените. Се сетив на глетката на децата, дури и во градинките, во Русија, надвор во нивните костими за капење, како тријат снег на голата кожа за подобрување на имунитетот. Русите и другите нации кои живеат во ладни средини се исто така познати по своите бањи во замрзнатите езера. Позитивниот ефект на ладното и ладната вода е познат во раните цивилизации. Тоа го практикувале античките египетски, грчки и римски цивилизации. Во Античка Грција се викал „воден лек“, а Римјаните се капеле во „фригидариуми“. Терапијата со ладно туширање се користи и во античката индиска ајурведска медицина и класичните јога-практики кои препорачуваат ладно туширање наутро. Во модерниот свет и во САД спортистите ги лекуваат воспаленијата од премногу вежбање преку екстремно ладното, со користење на ледени бањи или криотерапија. Во минатото во Европа популарноста на т.н. хидротерапија ја ширеше Себастијан Кнајп и неговата книга „My Water Cure“ (1886) која била препечатена повеќе од педесет пати и на многу јазици. 77
Во 1997 година бев далеку од Македонија, студент на Универзитетот во Болоња во малиот италијански град Чезена и пропуштив некои важни случувања во Македонија и нејзините соседни земји. Такви беа српските протести против Милошевиќ, студентските и средношколските протести во Македонија, аферата ТАТ кога многу луѓе ги загубија животните заштеди и на крај кревањето на албанското знаме во Македонија заради што неколку луѓе загинаа, а многу беа повредени. Тоа беше точка на вриење и многу луѓе очекуваа дека по војната во Словенија, Хрватска, Босна и Србија, ние сме следна и последна станица за војната во долгата низа поранешни југословенски немири. Во тие околности, сестра ми дипломираше на Академијата за ликовни уметности во Скопје со нејзината инсталација и изложба под наслов „Одење по ладна вода според д-р Кнајп,“ инсталирана во рамките на „Институтот за физичка рехабилитација“ во Скопје. Но, зошто д-р Кнајп и зошто токму таму? Неколку години претходно го поминав целото лето во Институтот за физичка рехабилитација заздравувајќи ја скршената рака и како последица на веќе раскажаната „детска игра“ раката ми беше оперирана, споена со метална шипка 78
и четиринаесет завртки и во тој процес нервот што ги контролира движењата на прстите беше повреден. Освен тоа, лактот ми беше неподвижен од предолго време во гипс и не можев да ја исправам раката. Бидејќи имав четиринаесет години медицинскиот персонал мислеше дека ќе заздравам за миг - но за мене тоа беше една цела вечност! Веќе знаете - целото лето го поминав по болници, наместо надвор со друштвото и наместо да учам за средношколскиот испит, јас учев како да пишувам со левата рака. Во меѓувреме ме пратија во центарот за рехабилитација, каде прво ми прикачија електроди на раката за стимулација на нервите и мускулите. Беше болно и непријатно. Ги стегнав забите и погледнав на друга страна. Во малата соба освен болничкиот кревет на кој бев седнат и електричните уреди за мачење пациенти, имаше една масичка и две столчиња. На едното столче седеше медицинската сестра, а на другото мајка со бебе. Двете жени разговараа, а бебето плачеше. Очигледно беше парализирано, родено така, како што дознав од разговорот на мајката со сестрата, и не се подобруваше. Но, таа имаше надеж и правеше сè што можеше. Медицинската сестра ги извади електродите од мојата рака, моето време заврши и ја напуштив просторијата без збор, со 79
голем срам и со чувство на вина заради тоа што пред да дознаам за бебето се сожалував себеси. Следната просторија изгледаше како градинка, и навистина имаше многу фигурчиња и тродимензионални геометриски форми, ваљаци со различна големина, топки и топчиња со кои требаше да си играш, на предодреден начин само за да ги стимулираш нервите и мускулите. Таму имаше една девојка која ми се допадна. Беше на моја возраст, ме погледна и таа, но и двајцата веднаш ги свртевме погледите. Таа ги правеше истите вежби, и јас несакајќи ја погледнав нејзината рака. Прстите ì беа мали и недоразвиени, како прсти на бебе врз рака на дете. Таа го забележа мојот поглед и изразот веднаш ì се смени. Излегов од таа соба чувствувајќи се уште полошо. Стегајќи го жолтиот картон, на кој имаше полиња за поминати вежби, во здравата рака се упатив кон „просторијата со парафини“. Во просторијата за чекање немаше повеќе бебиња и деца, туку стари и збрчкани луѓе кои ме погледнаа како да не припаѓам таму. Ме повикаа и влегов во просторија каде имаше голем алуминиумски лонец. Медицинска сестра ја мешаше содржината на садот со долга дрвена рачка, како лажица за мешање ајвар. „Каде ме пратија, по ѓаволите,“ се запрашав. „Дали таа ќе ме свари и 80
ќе ме изеде како лошата вештерка во приказната за Ивица и Марица? Не е ни чудо што нема други деца надвор од таа просторија!“ Сестрата извлече голема, влажна и врела крпа која чадеше и ја завитка околу мојата рака. Болеше како пекол! Сакав да викам и да ја опцујам медицинската сестра, но потоа пред очите ми се појави сликата на парализираното дете. Решив да ја држам устата затворена и да чекам раката да ми се свари или што и да требаше да се случи. Потоа го одвиткаа вареното месо и ми го ставија лактот под инфрацрвена ламба и тоа беше тоа. Последната просторија изгледаше како сала за физичко образование. „Дали очекуваат од мене да скокам преку јарец или нешто слично?“ си помислив во себе. Дојде медицинска сестра, весела, ситна и жилава Ромка, или можеби само имаше потемна кожа, не можев да познаам, и ме седна на стол, истури пудра на мојата рака и почна да ја масира. Еј, па тоа и не беше толку лошо! „Што ти се случи со раката?“ ме праша. Размислував што да одговорам. Вистината беше неверојатна, но јас бев премногу мрзлив да измислам нешто поверојатно, како на пример: „Паднав по скалите!“ Претпоставував дека ќе бидам редовен посетител таму, така што таа веројатно ќе ја дознае вистината. 81
„Се туркав на рака и ми се скрши“, реков. „Кој беше другиот?“, ме праша зачудено таа. „Другар од училиште“, одговорив. „Слушај“, таа престана да ми ја масира раката и ме погледна директно во очите. „Веднаш штом ќе ја средиш ракава, ќе се вратиш кај твојот пријател и ти ќе му ја скршиш ногата!“ Се насмеав, но таа изгледаше прилично сериозно.
Совет#18
упорност
Вим Хоф методот, Најбитниот елемент од ост во која сакаме да како и од секоја активн а све успееме е по теност ави секој пр се да ра мо от Вим Хоф метод тро нау о најдобр ден, независно од се, о за бр до нај е о Ако сте почетник летот еви туш и дн ла почнување со варираат, но не и Резултатите можат да посветеноста
Научените лекции Целото лето го поминав на тоа место и посетив многу други простории. Сестра ми понекогаш доаѓаше со мене и талкаше по долгите ходници додека ме чекаше. Така го запозна местото 82
и ги откри просториите за хидротерапија изградени според теоријата и праксата на баварскиот свештеник од 18 век, д-р Кнајп. Подоцна, таа кај нас дома го откри хрватскиот превод на книгата за алтернативна медицина наречена „Докторка во домот“ (The Female Doctor in the House) од 1926 година на д-р мед. Џени Спрингер. Во книгата имаше цел дел за практиките на д-р Кнајп и употребата на ладна и топла вода и нивната придобивка. Сестра ми ги искористи овие страници во нејзината изложба која се одржуваше во Центарот за рехабилитација и привлече многу луѓе поради серијата женски ноќници кои лебдеа како духови во големите бетонски базени исполнети со вода; во пределот на градниот кош и срцето, на ноќниците беа испечатени цртежи на методите за лекување на д-р Кнајп. Еден ден одејќи накај дома, како од ништо, мојата рака се исправи целосно, како тоа да е нешто сосема нормално. После тоа, заздравувањето беше полесно и побрзо. Се запишав во средно училиште и не ја скршив ногата на мојот најдобар другар. Медицинската сестра очигледно се шегуваше, но и ми кажа друга интересна работа. „Направи си рака од шперплоча, врзи ја раката на неа и спиј така“. Тоа ми помогна, бидејќи 83
не се будев со стегната тупаница и вкочанета рака. Другата медицинска сестра со машината за тортура со струја ми кажа дека морав да вежбам, да не ја оставам машината да ми ја движи раката. Секој пат кога машината ќе ми ја крене раката, требаше и самиот да се вклучам. Дури и ако мојата рака не се движеше, јас требаше да ја мрдам во умот. И така и правев. На почетокот, движењето навистина беше само во умот и тогаш, како чудо, се материјализираше во реалноста и раката ми се придвижи. Каква среќа може да ни донесат малите работи во животот! Неколку години подоцна, во 1997 година кога завршив средно училиште и сестра ми ја одржа нејзината изложба, не размислував многу за центарот за рехабилитација или доктор Кнајп. Но, кога започнав со вежбање на методот на Вим Хоф, сфатив дека тој црпи голема инспирација од практиките на баварскиот свештеник и постарите култури кои практикуваа пранајами со длабоко дишење, јога асани и особено ладните бањи. Методот навистина има многу придобивки, особено кога ги комбинирате ладната вода и жешката сауна, студот ги затвора периферните капилари и ја носи топлината до органите, а жешкото ги отвора и ја циркулира топлината и крвта назад кон периферијата. Можеби ова се 84
чини како архаична пракса која ги заснова своите наоди врз античката и средновековната хуморална теорија, но придобивките се повеќе од видливи во секојдневниот живот. Кога студената вода ќе ви ја допре кожата, ја чувствувате како електрична енергија која му дава сила на вашето тело. Се чувствувате витално, енергично, среќно и полно со живот!
Совет#19
Вим Хоф Метод #2
ото ти вели да Не прави ништо што тел ш ави не го пр попуштањето на Најди средина помеѓу себеси и предизвикот од ладниот туш Нема подобро чувство волти чиста 320 во (како да те вклучиле стане лошо ти да на це по енергија), но не ден по 15 минути Вежбај дишење секој
Студените тушеви имаат корист не само за циркулацијата и емоционалната состојба, туку и го зајакнуваат имунолошкиот систем и, спротивно на вообичаените верувања, даваат топло чувство во зима. Потребно е многу волја да се натерате да застанете под ладен туш, и самата таа постапка ја крева вашата самодоверба и внатрешната сила. 85
Антидепресивните ефекти врз расположението, автономниот нервен систем и ендокриниот систем во комбинација со длабокото дишење се веќе добро и научно докажани со научни студии достапни на сите на интернет. Wim Hof, Dr. Kneipp, што и да е, но умерено Вим Хоф привлекува големо внимание, особено денес, но не треба да ги заборавиме праксите од минатото и личности како д-р. Кнајп. Животот и здравјето не е изолирана работа, иако денес бевме принудени да живееме во изолација. Д-р Кнајп предложил хидротерапија како средство за подобрување на здравјето на луѓето, но и во комбинација со други методи, како што се употреба на ботанички лекови, вежбање, исхрана и рамнотежа. Сите овие работи може да се практикуваат дома, и се корисни алатки во овие времиња. Можеби најтежок е последниот аспект на рамнотежата. Навистина, секогаш кога лично чувствував сомнеж или не се обидував доволно од која било причина, моите резултати на Вим Хоф Метод опаѓаа. Не треба да ја заборавиме старата поговорка дека во здраво тело има здрав ум, и обратно. Се разбира, пред да се нурнеме во студот, треба да се погрижиме двете работи да се опти86
мални. Или можеби студот ја има моќта да го ресетира умот и да му помогне на телото? Како што вели Вим Хоф „за да поверуваш, треба да направиш“, затоа не верувајте, само правете! Ако тоа не ви е доволно, тогаш Вим Хоф методот не е за вас! Но, што друго може да се направи, освен медитацијата која не е за западниот човек, кој многу тешко успева да го „смири умот“? Дали сте го пробале антипаничното дишење? ⋆⋆⋆ Дали ве фаќа паника и не можете да спиете? Се будите од сон и срцето ви бие како лудо, или одеднаш, без причина, рацете почнуваат да ви се потат, се гушите и мислите дека во секој миг срцето ќе престане да ви работи? Да, вие имате паничен напад. Пред да помислите на Хелекс, Дијазепам или некој друг лек кој ви ветува сонце, а ви дава црна дупка во душата, обидете се со ова. Техниките опишани во советите бр. 20 до 22 се на д-р Марија Каранфилова, јунгист и невропсихијатар со огромно искуство, испробани на стотици пациенти и ефикасни во сите случаеви.
87
2000 година. Ентериер. Психијатриска ординација - ден. На прозорците долги венецијанери кои се спуштаат речиси до подот. До прозорецот полици со книги, а на нив африкански статуетки со бујни гради, еден орнаментиран рог, фабриже јајца и статуетка на индиската божица Шива. До полицата, голема маса и две кожни фотелји. Фронтално седи таа, психијатарот, облечена во црно, со долга црна коса, очила и шишки како Kлеопатра, силен поглед кој продира. Спроти неа е едно стуткано суштество кое гледа во подот и си ги гризе усните - јас. Кадарот се отвора. „Зошто дојде?“ ме прашува Д-р Марија. Молчам. Немам што да кажам, а што нема да биде копија од филмовите и книгите. Фројд, Јунг и Адлер, очигледно се запишав на психологија, ги гледав Breaking the Waves, Dancer in the Dark, Snatch, Requiem for a Dream, Chocolat, Memento, Новоградска ја свиреа „Ајде да летаме“ за прослава на Нова Година во МКЦ. Затамнување. Метални птици надлетуваат на небото додека на вести слушаме дека во нашата држава започнала војна. Семејството се собира околу телевизорот и сите имаат загрижен поглед на лицето. Срцето ти чука силно, почнуваш да се гушиш... паника! 88
Секој кој преживел или имал некој близок кој се соочил со панични напади знае за какво безизлезно чувство се работи. Разумот не помага, „паничарот“ чувствува дека навистина му е дојден судниот час и најчесто завршува на клиника, со доза Дијазепам од 5mg. Дијазепамот помага моментално, но суштински само го маскира проблемот до неговото следно јавување. Постои само еден начин да се справи со ова, а тоа е дишењето. „Quick fix“ се состои во техниката на нуркање.
Совет#20
техника: нуркање
Затвори ги очите уј го стомакот и еш Без да зем воздух над унди задржи го здивот 30 сек атичниот мп аси пар Ова го активира ните кои мо хор чи ла ги и нервен систем и смиреност. се асоцираат со среќа
89
„Нуркањето“ е природна алтернатива за Дијазепамот, дејствува моментално и силно, но на долги патеки не помага. Како и кај методот на Вим Хоф, за подолготрајни решенија е потребна упорност и истрајност. Секој ден одвојте два пати по пет минути, наутро пред станување и навечер пред заспивање за да ја изведете техниката на „абдоминално дишење“ или „релаксација“. Научниците одамна забележале дека новороденчињата и бебињата дишат абдоминално при што постигнуваат состојба на тотална опуштеност, состојба во која организмот се регенерира.
Совет#21
Техника: РЕЛАКСАЦИЈА
и ги очите Легни на грб и затвор стомакот, на а Стави ја едната рак те ди гра на а другата дите треба гра на ата рак о шт Диши така се движи да макот да мирува, а таа на сто и еден унд сек 5-6 Диши споро (околу ње) ува иш изд и ње ува циклус на вдиш вто те по рувај Додека дишеш во мисли еница за да ја стереотипна кратка реч не те буричка! да а, супримираш потсвест
90
Совет#22
Не паничи!
Диши со стомакот ден, жб Ве ај дишење секој да ти а нем 2-3 пати по 5 минути, евно! дн и нут ми 15 одземе повеќе од рно да аго бл де би ти Телото ќе ност ире см Мозокот ќе ти врати со
Овие техники го смируваат духот и телото, и загарантирано се справуваат со паничните напади, и што е најбитно - не ги маскираат, како лекарствата, туку ги спречуваат трајно. ⋆⋆⋆ Како некој кој, и покрај сите животни премрежја никогаш не се напил каков било медикамент анти-депресив, ги препорачувам овие техники. Сметам дека е многу битно да се рашират и споделат, па дури и во една ненаучна книга, особено на народ кој заспива со Дијазепам, а се буди со Лексилиум. Благодарам, д-р Марија! 91
Научени Лекции од минатото
Лекција 1: Југославија, приказна за кралевите и партизаните која се чита со кока-кола и со соленки
Дедо ми не беше многу висок како за Црногорец, но беше силен човек, со густи бели мустаки, пожолтени од пушењето цигари, а ги влечеше како животот да му зависи од нив. Пушеше секакви цигари, од „Сараевска Дрина“ до „Ха-Бе“, но купуваше и тутун од село, го чуваше во тегли и виткаше цигари од него. По фиоките имаше цели штеки цигари и запалки кои му ги даваа неговите колеги, соборци од Клубот на борците од НОВ, кој се наоѓаше во центарот на Сараево, во близина на Стоковната куќа Сарајка, опкружен со голем парк и дрвја, каде што ние како деца се спуштавме по падините со нашите понија и Беемикси, инспирирани од филмовите како „И-ти“. Но, дедо ми не го интересираше тоа американско влијание, зашто тој беше хардкор социјалист, исто колку што беше заколнат пушач. 95
Судејќи според количеството на запалките по фиоките, повеќе не ги поправаше отколку што ги поправаше, а да биде уште почудно, рачно витканите цигари ги палеше со кремен камен кој го чуваше во мала кожена торбичка заедно со парче од специјална печурка. Ќе го извадеше каменот, ќе ја ставеше печурката врз него и ќе удреше неколку пати со парче метал, по што печурката почнуваше да чади од искрата од каменот. Така палеше цигари, а јас седнував до него опкружен од чадот на цигарите и заедно гледавме југословенски филмови и серии, а тој ми раскажуваше за Втората светска војна. „Тоа беше 1943 година, битката на Неретва,“ се обидував да се присетам на разговорите кои како низ магла ми навираа во сеќавањата. Дедо ми бил партизан од Црна Гора кој се борел во најзначајните битки во Босна и Херцеговина, а кој ја знае историјата на Втора светска војна, знае дека таму се одвивале најголемите и најкрвавите битки. „Пипни тука,“ го земаше моето мало детско раче со неговите влакнести и старечки раце, со пожелтени прсти од тутун, и со моите два прста притискаше врз неговата нога, каде што јасно можев да напипам нешто тврдо. „Тоа е куршум,“ ми кажуваше и потоа продолжуваше да ми раскажува како во војната 96
бил ранет, ни помалку ни повеќе, туку - 12 пати! Бил опериран на живо повеќе пати, а тие куршуми кои не можеле да ги извадат му биле оставени, во ногата, раката и кој знае каде сè не. Во заедницата важеше за човек-феномен, и не само заради тоа што бил медицинско чудо кое оди на две нозе, туку и своевиден математички вундеркинд кој можел напамет да пресметува големи бројки, за кои на другите им требал дигитрон. Со врсниците се собираа во Клубот на борците, магично место за мене, каде што имаше терен покриен со песок. Таму се здружуваа, тие минати командоси во борбата против нацистичкиот окупатор, но сега наместо митралези и бомби држеа камени кугли и ги фрлаа во висина обидувајќи се да удрат други кугли и да стигнат што е можно поблиску до малата кугла. Кога не се натпреваруваа во оваа игра, започнуваа друга војна на масите покриени со зелена чоја, каде правеа митралески гнезда од кецови и кралеви и наместо муниција фрлаа пари. Дедо ми, иако беше добар математичар, често губеше во овие игри, барем така ми остана во сеќавањето, затоа што му ги гледаа картите во неговите дебели фотогреј очила за блиску. Но, можеби беше и заради тоа што веќе беше стар, одеше со бастун 97
и имаше постојани болки во нозете, но можеби најмногу затоа што откако почина баба ми, неговата партизанска љубов, тој беше половина од стариот мој дедо каков што го знаев. „Млада партизанка“, позната песна на сите кои раснеле во Југославија, но за мене и поим за мојата баба. Босанка, која како и дедо ми учествувала во истите битки, но од другата страна на рововите, како медицинска сестра, и таму го запознала дедо ми, и настанал „инстант класик“ од југословенските партизански филмови. Но, пред тоа нејзините авантури подразбирале глад, голема глад од која умирале соборци, криење од Германците со денови во планина по дупки во земјата покриени со гранки, и од тоа заработена реума и извиткани прсти. Но, таа никогаш не се жалеше, напротив, даваше команди и го водеше целото семејство, с` до нејзината смрт, кога командата се распушти, моето семејство се распадна, а паралелно и мојата земја. Но, од другата страна на нештата, постоеше и една друга Југославија, која не подразбирала партизани и социјализам, туку и кралство, аристократија и приватна сопственост. Тоа била Југославија пред Втората светска војна, одамна пред да се родам јас, но моите претци, другите дедо и баба, биле дел од неа, и како млади 98
капиталисти, во Скопје во 1920-тите, во ерата на раѓањето на СХС, граделе куќи, фабрики и купувале имоти кои ќе им бидат одземени од другите мои дедо и баба, а тие самите наречени „гнили капиталисти“. Тоа е мојата Југославија, контрадикторна, траги-комична, парадоксална, а таков сум и јас, роден во Југославија, но не сум Босанец, ниту Македонец, Влав, ниту Србин, Албанец, ниту Хрват, јас сум сè и ништо, јас не постојам затоа што Југославија не постои. Кога бевме деца не познавав друга нација освен југословенската, моите другари, сега знам повеќето муслимани и Хрвати, по некој Србин, сите беа исто за мене и таков дух се градеше во Југославија, но особено во Босна, каде што се колнеа во сè и сешто со „Тито, драги!“. Јас го сакав Тито, зашто сите го сакавме, лепевме налепници со неговиот лик по дома и го имавме на тетратките и секој ден го гледавме на ѕидот од училницата. Но, дедо ми не го сакаше Тито. Зошто? Затоа што дедо ми го сакаше Сталин, а Тито го предал Сталин. Но, зошто некој би сакал масовен убиец? Затоа што во војната и во младоста се борел за него и за социјалистичкиот идеал и не можел туку-така да се откаже од нешто за што примил 12 куршуми. Но, не зборуваше 99
за тоа, освен кога ќе се поднапиеше во Клубот на борците и, испровоциран од шпионите на системот, не можеше да се воздржи. И потоа истите тие го пријавија и така заврши на Голи Оток, две и пол години. Мислиш му дојде памет? Не, повторно не можеше да премолчи и повторно истата казна.
Совет#23
РАЗУМ!
аш истата работа, Лудост е да ја повторув куваш поинакви оче одново и одново, и да 12 чекори) резултати (Заедница на - прилагоди се на Флексибилноста е битна урсите кои ти се рес ги ситуацијата и искористи е. гањ ла на распо
Баба ми го чекаше, и првиот и вториот пат. Во Југославија немаше разводи, барем не толку како денес, немаше интернет, немаше стотици канали на телевизија, немаше мобилни телефони и никој не правеше селфија, култот на личноста беше посветен само на еден и единствен лик - Тито, но имавме сè што ни треба, слобода, родители кои се дома најдоцна до 15 часот, родендени 100
дома со Кока-Кола и соленки, играње, бескрајно играње на улица кога густиот сараевски смог од кој и снегот стануваше црн беше нормален дел од секојдневието, а децата се повикуваа од врата до врата, наместо по мобилен. Не велам дека сè беше подобро, но секако беше поинакво. Тоа е Југославија за мене, мојата земја која веќе не постои, моето детство и драгите другари од сите нации и религии, Кралство СХС и Федеративна Социјалистичка Република Југославија, Кралот, Тито и Сталин, братството и единството и Голи Оток, Кока-кола социјализам, слобода, распад, војна, смрт и губењето на сите мои другари од детството... приказна која е раскажана многу пати, но кој не ја преживеал, никогаш нема да дознае дека во трагедијата се крие радоста на живеењето.
101
Лекција 2: СФР Југославија, комунистичка држава која го измисли модерното движење „атеизам 2.0“
Дедо ми постојано го чешаше грбот и кога моите детски нокти или предметите со кои го чешав не беа доволни знаеше да се потпре на рамката од вратата и да почне да мрда со грбот. Стаклената врата која го делеше дневниот престој од трпезаријата тогаш силно и ѕвонливо се тресеше, а тој ја надополнуваше мелодијата на чудното со неговите шеги како „Се чеша како прасе од џамија“. Ова ми будеше слика на дебело розево прасенце кое се трие од рапавиот бел ѕид на куќа и се смеев. Тогаш не знаев што е џамија, иако имав многу другари муслимани, никој никогаш не го споменал тој збор, ниту спомнал дека одел таму. За волја на вистината, дедо ми беше комунист и атеист и ги исмеваше сите религии подеднакво. „Беспослен поп и јариња крсти“, знаеше да каже. 103
Нашиот „спасител“ и „месија“ Тито умре кога имав три години, но неговиот дух живееше во нашите срца уште долго време, исто како што неговите слики висеа по ѕидовите на сите училници, работни места или домови. Децата на Југославија беа образувани во духот и според принципот на „братство и единство“ и тоа секако не беше грешно, нели? Да се каже дека Југославија беше комунистичка држава веројатно е грешно, но не е премногу далеку од вистината. Ако ја земеме познатата реченица од Орвеловото дело „Илјада деветстотини осумдесет и четврта“ и ја примениме на југословенската ситуација би звучела идентично: “Сите бевме еднакви, но некои од нас беа поеднакви од другите”. Такви ситуации се случуваа насекаде и многу незнајни херои завршија како политички затвореници, особено во случајот на познатиот Голи Оток. А не требало многу, грешен збор против партијата или спомнувањето господ можело да ве однесе таму, иако сте комунист. Дедо ми, на пример. Исто така, многу селани го изгубиле своето земјиште, стока и други поседи преку процесите на колективизација, додека богати градски луѓе ги изгубиле бизнисите и домовите преку процесите на национализација. Дедо ми, на пример. 104
Кога дојдов во Скопје во 1990 година, не можев да се изначудам на чудните слики какви што немав видено дотогаш. Подоцна дознав дека тоа се Богородица, Исус, апостолите итн. Мајка ми беше верник, одеше во црква, додека јас сметав дека религијата е понизок стадиум на човековата еволуција, според зборовите на проповедникот на психоделичната (и личната) религија и револуција, Тимоти Лири. Од 1945-1990 година Југославија беше комунистичка земја, но во однос на личните слободи, особено во областа на уметноста и културата, посветеноста на науката и научниот метод, напорот за масовно народно образованиe, развојот на полуприватни компании и други примери, Југославија од 1950-70 беше успешна пазарна социјалистичка економија. Движењето „Атеизам 2.0.“ во светот и местото на религијата денес Во 1990-тите омилен бенд ми беа Bad Religion, а песната Big Bang ме потсетуваше дека се е настанато од Големата Експлозија, нешто што дури и католичката црква го призна, со додавка „интелигентен создател“, а Стивен Хокинг го оспори со квантната физика во која нештата на квантна скала - каков што бил првобитниот универзум, 105
настануваат спонтано. Сепак, едно е да не ги признаваш митот за креација или тоа дека вселената има 6.000 години, а друго е да ги исмеваш верувањата на милиони и милијарди луѓе. Модерното атеистичко движење денес кое го делат многу луѓе во развиените земји има многу сличности со начинот на кој се гледало на религијата во комунистичка Југославија. Прво, ако си бил религиозен тогаш не те казнувале со закон, но те сметале за некој кој не е способен да извршува повисоки и интелектуални задачи. Во Југославија на религиозните луѓе се гледало како да се хендикепирани, а денес, во модерниот свет и медиуми, верниците не се сфаќаат сериозно. Во популарните филмови и поп-културата денес религијата отворено се исмева, нејзините институции се прикажуваат како неморални, а на нејзините практиканти се гледа како на зомбија без мозок. Голем број на религиозни празници и личности поврзани со нив кои се почитувани во религиозните кругови се исмевани, а тоа не е безопасна работа. Како некој кој израснал во социјализмот гледам на тие нешта не како на нивни искажувања на слобода на говорот, туку како на нешто многу поопасно. Тие се дизајнирани како такви за да го рашират убедувањето 106
дека религиозноста е срамен и глупав чин кој ќе биде исмеан од мнозинството. Ако ги погледнеме денешните медиуми, секако го добиваме тој впечаток. Во Југославија имавме слобода да ја практикуваме религијата, дури и да одиме во религиски храм (во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна помалку, а многу послободно во Хрватска и Словенија), но секој се свртувал два-три пати зад себе да провери дали гледа некој познат или, уште полошо, непознат. Денес, ако си религиозен, треба да бидеш подготвен на исмевање, бидејќи религијата се смета за нешто во што може да верува само пониска форма на живот. Во комунистичките општества науката и научниот метод се сметале за единствен начин да се допрат повисоките вистини. Денешниот свет функционира на сличен начин, па дури и честичката која им дава маса на сите други честички, причината зошто тие постојат, Хигсовиот бозон, се нарекува Божја честичка. На тој начин се одзема местото на духот во подреденоста на нештата во природата - основата на сè е материјата, иако и науката признава дека кога ќе навлеземе во светот на квантното се соочуваме со вибрации, наместо со честички. Од друга страна, денес честопати се соочуваме со грешни теории, состој107
би во кои научниот метод не функционира, но научниот метод напредува и ги менува сопствените вистини, кои до тогаш важеле за апсолутни и „исклесани во камен“. Во 2001 година ја гледав девојка ми како за Велигден пред Соборниот Храм ги држи свеќите и ги затвора очите, а потоа нејзините полни усни се мрдаа во тивко треперење. Ми се чинеше дека запаѓа во транс во кој нема форми, ниту бои, туку само мантра, зборови кои постојат вечно во вакуумот на универзумот. Ги отвораше очите и ме погледнуваше, но како да гледаше низ мене. На работ на усните од една страна имаше ситна брчка која наговестуваше насмевка на некој кој искусил душевен мир и длабочини на битието кои не ми беа познати. Сум слушал за тоа, но никогаш не сум го искусил. „Испразни го умот,“ велеа индиските филозофи и практиканти на медитацијата, а мојот ум постојано работеше, процесираше информации и никогаш не застануваше. Лично верувам дека секој треба да биде оставен да верува во што сака, живееме во доволно чуден универзум кој не го разбираме сосема и најверојатно никогаш нема да го разбереме. Њутновата физика не успеала да даде конечно објаснување иако 500 години до теориите на Ајнштајн 108
важела за неприкосновена. Ајнштајн не може да се помири со квантанта теорија, а теоријата на нишките не може да се докаже практично, туку само математички. Но, Њутновата физика ја користиме сé уште кога ги планираме патувањата на Месечината или на Марс. Чекајте, зарем Њутн не згрешил? Зарем науката на овој гениј кој поминал четири децении од неговиот живот во проучување на религиозните текстови и напишал повеќе за религијата отколку за науката, била грешна? Не, зависи од тоа како гледате на неа. Како тогаш научниот метод може да биде грешен и воедно точен? По сé изгледа дека може, и во науката тоа е многу почесто правило отколку што е исклучок. Релативноста го победува Њутн во присуство на силно гравитациско поле, квантанта физика ги победува двете во атомскиот и субатомскиот свет, но не важи во макроскопската реалност, па дури и во најситните теоретски елементи на материјата на помош и доаѓа теоријата на нишки. Каква сплетка! Дали тоа значи дека не треба да ~ веруваме на науката, дека треба да ги искршиме вакцините и да ги забраниме медицинските процедури? Се разбира дека не. Тоа не изгледа разумно, нели? Тие им помагаат на милиони луѓе секојдневно. Но, зошто тогаш е разумно и сосема во ред да се 109
исмева и стигматизира религијата кога се чини дека истата им помага на милиони од целиот свет, секојдневно? Религија 2.0 Со текот на времето научив да верувам, но за тоа требаше да станам родител, да засакам некој друг повеќе од себеси, да побарам помош од нешто поголемо од мене кога се чувствував беспомошно и да верувам во нешто поголемо од мене самиот. Никола Тесла велеше дека човечкиот мозок е само примател на знаење, сила и инспирација која потекнува од центарот на Универзумот. Зошто, наместо да исмеваме, не направиме поместување на парадигмите и прифатиме дека религијата ја има истата функција како науката? Таа можеби не ги објаснува сите нешта во светот и во вселената, но може да се примени на некои од нив. Таа дава чувство на среќа, на припаѓање на нешто поголемо од индивидуата, блискост со другите човечки суштества на еден суштински начин, помага да се издржи болката, страдањето, животните премрежја и тешките ситуации, таа може да ти биде најдобриот пријател, рамо за плачење и подадена рака да се извлечеш од чувството на самотија и депресија. 110
Мораме да се присетиме дека целта на медиумите и на популарната култура е забава која се храни со популарни мислења и ако тоа е атеизмот - тогаш тие ќе се возат бесплатно на тој воз дур можат! Дедо Мраз и Исус се на исто ниво во умот на писателите, сценаристите, режисерите, продуцентите и безбројните платени професионалци кои ги користат значењата на религиозните симболи како средство за привлекување на луѓето и правење пари, бидејќи за нив постои едно божество - рејтингот и парите. Би требало да бидеме свесни на ова кога гледаме како се исмеваат религиозните или личните верувања на луѓето. Би требало да ја прифатиме и да бидеме отворени кон идејата дека кога ќе заврши движењето „атеизам 2.0.“ можеби ќе настапи нова ера на прифаќање дека религијата има значајно место во светот денес, исто како и науката.
111
Совет#24
верба
, токму затоа се вика Верувај во што сакаш каз верба, не е потребен до ат тешки од ебр пр Вербата помага да се надминат се да , бар до моменти, да се биде по а личните ограничувањ аш себеси сак се о шт о как от уги Сакај го др е етички тоа га, кни не е цитат од религиска вот жи бар до и ав императив на здр
Како социјалистички анархист, научен позитивист, атеист и верник во спиритуалното, ги имам гледано сите филмови и серии кои ја исмеваат религијата, со критички ум, и ми биле смешни, сум ја прифатил која и да е реалноста која сакале да ми ја прикажат. Но, денешните деца ја немаат таа можност. Тие од најмала возраст се хранат со она што им е сервирано, а тоа е религиски појадок кој има одвратен вкус, изгледа одбивно, а мириса уште погрдо. Тие живеат во реалноста на постојано бомбардирање со свет оформен од Теоријата на големата експлозија. Но, што ќе се случи кога ќе дојде друга теорија, а неизбежно ќе дојде? Во што треба да веруваат тогаш? Или не е битно 112
дали ќе се чувствуваат напуштено, осамено и изгубено? Затоа велам - да гледаме на религијата како што гледаме на науката или на слободата на размислување и зборување. Ќе се зачудите колку е полесно да се живее животот и да се почитуваат другите, како станувате благодарни и го живеете животот на многу посуштински начин. Би требало да се обидете, особено луѓето во поразвиените земји... а ако тоа не е за вас, тогаш тоа е во ред. Но, можеби ќе се чувствувате поинаку кога ќе видите како се исмева религиски симбол кој помогнал на милиони луѓе. Обидете се, нека тоа биде вашиот личен (научен) експеримент, и можеби, само можеби ќе добиете неочекувани резултати.
113
Лекција 3: Лажните идоли во светот на илјада огледала
Да се живее во социјалистичка Југославија не беше толку лошо. Бевме свесни за сите креативни авантури на западните медиуми. Мајкл Џексон беше прва мега-sвезда во светот и еден мој другар од основно училиште беше опседнат со него. Пееше како Мајкл Џексон, танцуваше како него, се облекуваше како него и ги свиреше неговите песни на гитара. Мојот пријател беше лошо момче, сакан од девојчињата, но и паметен и одличен ученик. Во поранешна Југославија образованието се сметаше за многу важно, писменоста беше речиси 95%, како резултат на напорите што ги вложи државата во тие области. Високото академско образование беше нешто што родителите го очекуваа од своите деца, не стануваше збор дури ни за дебата: заврши училиште, вработи се, омажи/ ожени се и роди деца - по тој редослед. 115
Уметноста и културата беа на високо ниво. Иако главното движење беше социјалистичко-бруталистичката архитектура и спомениците на паднатите жртви на Втората светска војна и на партизаните, имаше многу модерни, алтернативни уметници и движења во филмот, музиката, изведувачките и визуелните уметности. Имавме познати писатели, креатори на филмови и музичари. Битлманија и хипи движењето во 1960-тите, хард рок, нов бран и панк рок во 1970-тите, готски рок, хеви метал, постпанк и новото романтичарско движење во 80тите години на минатиот век... го имавме сето тоа! Ги имавме и Блок Рокин Битс од 90-тите години на минатиот век... но тоа беа различни звуци од митралези со тешки ритми и длабок звук на бомби и минофрлачи, придружени со крици. Но, во тие времиња Македонија, за разлика од мојата татковина Босна и Херцеговина, беше релативно мирна. Јас и мојот „Мајкл Џексон“ другар се подготвувавме за писмена по математика. Тој беше математички гениј, а јас не можев да разберам едноставна равенка со две непознати. Се чувствував подобро во друштво со мојот најдобар другар Тимур, кој ги имаше сите одговори и постапки за тоа како се добиваат резулта116
тите од дванаесетте можни тестови со задачи на дванаесет минијатурни парчиња хартија. Единствено што требаше да стори, покрај тоа што ги напиша решенијата со букви мали како мравки што одвај се гледаа, е да ја запомни положбата на тие тестови на неговото тело. Тестот број еден беше во неговиот ракав, број два во неговиот чорап, три под ременот и така натаму. Тој беше лош ученик, но имаше многу интереси кои вклучуваа научна фантастика, астрономија, технологија и ме повлече и мене во зајачката дупка со него. Купувавме научно списание наречено „Галаксија“, а подоцна и македонската „Вселена“ и сонувавме да станеме научници. Нашите иднини беа обликувани од долготрајни и цврсти идоли и интереси. Нашето детство, колку и да е бурно заради економската нестабилност, промените на социјалните системи, војните и постојаното чувство на страв и несигурната иднина, беше среќно детство. Ако сакавме да слушаме музика, одевме во продавница за плочи и купувавме плочи, или касети, а ако сакавме да гледаме филм, одевме во кино или изнајмивме ВХС касети. Тоа беше бавен процес, но тоа значеше дека го цениме она што го добивме повеќе. Го слушавме новиот албум одново и одново, сè додека не се истрошеше касетата, и тие мигови ни значеа с` на светот. 117
Што се случува во денешниот свет? Ако го прашате денешното дете кој е неговиот омилен уметник, тој ќе наведе десетици музичари кои се моментално популарни. Колку трае тој момент? Ако во 1980-тите години видевте металец со долга коса, постоеше можност неговиот омилен бенд да е Металика, за гранџ дете во карирана кошула од 1990-тите, неговиот одговор ќе беше Нирвана итн. Некои од приказните поврзани со тие бендови одекнаа во умовите на младите помоќно отколку кај денешните деца кои се бомбардирани со информации во секоја секунда од секој ден. Информациите остануваат во младиот ум за дел од секундата, пред да се пресретнат со друга, и така натаму.
Совет#25
Рамнотежа
ѓу фокус и Најди рамнотежа поме ст тно пи бо љу лувај се со Истражувај, не задово оравај да го исцрпиш понуденото, но не заб ај на една тема (избегнув бунарот на знаењето го YouTube амбисот) расејувачи на Избегнувај тривијални ен би да до еш ништо осв внимание, од нив нема же мо т нто ме мо а во моментално задоволст ш сле кои ќе се чувствува да потрае и 5 часа, по празен
118
На секое детство и адолесценција му треба огледало. Тоа е време кога се гледате себеси и си поставувате важни прашања: Кој сум јас? Што сакам да бидам? Дали ми се допаѓа рефлексијата која ја гледам во огледалото и што можам да направам за да се подобрам? Некои од децата креваат тегови, други земаат гитара во рацете, некои можеби дури и книга... но сите избори произлегуваат од работите кои сакаат да ги прават. Секако, не зборувам за деца воспитани од деспотски родители кои не ги оставаат да размислуваат сами. Родителите кои се сега средовечни, како и јас, се воспитани во различни околности, но исто така можат да се најдат изгубени во виртуелните простории на илјада огледала. Се чини како невин момент на „дозволете ми да проверам што се случува во светот денес“ или „овој ѕид на Фејсбук или на Јутјуб изгледа интересно ...“ и пред да разберете заглавени сте гледајќи ги графитите на тој ѕид како опседната личност во 3 часот наутро. Лесно е да се изгубите во светот на бесконечните значења, слики и рефлексии. Па, како една млада личност да остане здрава и да не се изгуби во светот на илјада огледала? Не е лесно, но суштинската работа што треба да ја направите како родител е да бидете тука за 119
вашето дете, да му помогнете да ги разбере своите интереси како автентични и да не биде под влијание на медиумите. Се разбира, медиумите или интернетот можат да помогнат да се предизвика интерес, но исто така може да го преплават младиот ум и да го растурат неговото внимание кон илјада ситници. Еден момент сака да направи машина на Руб Голдберг, а во другиот гледа видео на некое друго лице кое игра, игра... и тоа трае со часови! Ние, како родители, треба да им помогнеме на децата да останат фокусирани, да бидеме вклучени во нивниот развој, да помогнеме да се разликуваат позитивните од негативните влијанија и само да им помогнеме да го свртат воланот во вистинската насока, другото ќе го сторат самите. Ми се чини разумно дека во денешниот свет е лесно да се најде интерес, но тешкотијата започнува кога ќе се обидете да останете фокусирани. Би можеле да го искористиме нашето искуство и воспитување од различни и „побавни“ периоди за да им помогнеме на нашите деца да израснат во продуктивни човечки суштества со единствен (огледален или не) светоглед кој ја промовира стабилноста. Ми се чини тоа е добар избор во бурниот свет.
120
Совет#26
грижи се за идните поколенија
ите дете да ги разбере сво Помогни му на твоето е под влијание бид не да и и ичн ент авт интереси како на медиумите. и интернетот за Искористи ги медиумите ерес инт предизвикување и да преплават младиот ум Не дозволувај им да го ада ситници илј кон ие ман вни то го растурат негово фокусиран Помогни му да остане от развој Биди вклучен во негови позитивните од ува лик раз ги да му Помогни негативните влијанија „воланот“ во вистинска Помогни му да го сврти анот) насока (тој го држи вол е да израсне во дет ето тво на му ни Помог суштество со единствен продуктивно човечко тоглед кој ја промовира (огледален или не) све стабилноста. ли“, едукатори и луѓе ПС: Важи и за „неродите ното здравје на идните тал заинтересирани за мен поколенија
121
Лекција 4: Ничија земја – татковината на мајка ми
И да ни дадат сто години, повторно нема да научиме! Но, што навистина научивме во изминатите сто години? Беше 1984 година и имав седум години и долга замрсена „ко Битлси“ коса, како што ме задеваше докторот татко ми, и бев „копиле на Циганка“, како што велеше дедо ми, заебан ветеран од Втората светска војна. Се разбира, косата ми беше неуредна; бев одгледан од двајца татковски егоманијачки примери, а ниту еден од нив не ме научи како да се чешлам или како да се облекувам пристојно или сите други работи кои значат дека имаш мајка. Моите родители тогаш веќе беа разделени, мајка ми по потекло буржујска „предавничка“ и татко ми, син на горд социјалистички партизански борец. Живеев во марксистичкиот рај и не знаев ниту како изгледа мајка ми, таа ме чуваше од 123
илјадници километри далечина како дух, ми шепотеше во увото да не се грижам, да излезам од токсичната домашна средина надвор на улица и да си играм со другарите. Улицата беше зен и бескрајна среќа. И навистина, годината беше магична – Сараевските Олимписки зимски игри во 1984, сега само збирштина од како швајцарско сирење избушените австроунгарски и социјалистички згради. Пребарувам низ сеќавањата како низ парчиња сложувалка и си помислувам, „По ѓаволите, па можело и да биде проклета 1984-та од Орвел!” Луѓето се поткажуваа помеѓу себе на партијата, дури и сопствени пријатели или роднини, кои потоа ги бркаа од работа или, како дедо ми по татко ми, завршувале во затвор, иако биле социјалисти. Во меѓувреме мојата социјалистичка земја се распадна и преживеавме пеколна бесмислена војна. Ги изгубив сите другари од детството, но добив нова транзициска татковина. Да, и мајка. Но, да бидеме искрени животот во Југославија во социјализмот и не беше толку лош. Подоцна некои автори го нарекоа дури и „Кока-Кола социјализам“. Точно, ги имавме сите добра на капитализмот, дури и Кока-кола, иако повеќе ја сакавме домашната Кокта, која, за волја на вистината, не беше тол124
ку вкусна како темниот американски пијалак кој сакаше да го копира. Во текот на историјата, но исто така во секој одреден момент од историјата на Југославија, постоеле многу реалности. Во една од тие реалности се родила мајка ми во 1950 година. Внука на индустријалист, кој дошол од Чешка во Скопје во 1920-тите со сон да изгради негово мало капиталистичко кралство, и успеал! Оттогаш Скопје било дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (1918-1929), Кралство Југославија (1929-1941), Федеративна народна република Југославија (1945-1963), Социјалистичка федеративна република Југославија (1963-1991), Република Македонија (1992-2019) и Република Северна Македонија (2019). Навистина е збунувачки за некој кој не ја знае историјата на краиштава. Во 1938 мојот прадедо, чешкиот капиталист, изградил фабрика наречена „Куманово“ во реонот на денешната „Ќерамидница“, која имала автоматска мелница за брашно, со модерни машини од Германија и Англија, според зборовите на мајка ми, прва од таков вид на Балканот. Исто така купил многу земја, изградил куќи, и на секоја од ќерките за подарок им дал по една куќа. Но, ниту тој, ниту другите богати луѓе не знаеле дека доаѓа војната, а по неа социјализмот. 125
Кралство Југославија Баба ми по мајка ми, Нада Корда, била крупна и силна жена, но само наизглед. На сите слики кои ги имам видено, нејзиниот поглед е насочен во далечината, затоа што била оптеретена од нејзиното болно срце. За разлика од нејзините сестри, таа не сакала материјални богатства. Таа имала една желба – да студира уметност. Татко ì не можел да ја одбие и ги платил студиите и престојот. Бидејќи во Скопје немало Факултет за уметност, таа заминала да студира во Белград во 1937. Се вратила во Скопје во 1942 и, како и сите, преживувала како знае и умее. Во 1944 година се омажила за друг капиталист, богат млад човек кој возел моторцикли, си ја мазнел косата и пушел скапи цигари. Југославија под социјалистичкиот режим била богата земја. Немало глад како во СССР и луѓето биле среќни. Поголемиот дел од нив, се разбира. Мојот дедо од татковата страна бил пет години на „Голи оток“, пекол на земјата за политичките затвореници, и тој не бил среќен. Се разбира, како социјалист и партизан со тринаесет дупки од куршуми како доказ, не бил среќен. Но, тоа е ништо во споредба со судбината на капиталистичките „предавници“ од семејството на мајка ми. Сите фабрики, куќи и земјиштето 126
им било одземено преку колонизација, национализација и присвојување. Тоа била реалноста на социјализмот, не само за луѓето од градовите, туку и за селаните кои имале земјиште и стока. Официјалната приказна била дека државата работи за добробитта на народот на Југославија. Реалноста беше дека сите приватни сопствености кои ги одземала државата завршиле во други приватни раце на комунистичките лидери. Една од куќите на мојот прадедо, така била дадена на руски генерал кој едноставно поминувал низ улицата каде била куќата, ја видел и му се допаднала. Семејството имало една ноќ да се отсели. Подоцна, во Македонија, таа куќа паднала во државна сопственост, била преименувана во пензионерски дом, а потоа во кафеана. Во тие околности, целото семејство на баба ми од страната на мајка ми заминало од Југославија и се вратило во Чехословачка. Сите освен баба ми. Таа останала во Скопје со нејзиниот маж и тие си живееле среќно… Се разбира, во животот нема среќни краеви, но каде би била забавата и радоста без тешкотиите! Нејзиниот сон да стане професионален уметник бил уништен од војната, социјалистичката национализација на богатствата, нејзината болест и напуштањето на нејзиното семејство. Но, 127
таа имала сопруг и, повеќе од сè, сакала да има дете. Лекарите ја советувале дека не е добро да роди дете поради нејзиното слабо срце, но не успеале да ја убедат. Така, во 1950 година се родила мајка ми. Нема многу слики од баба ми од тој период, но во тие кои ги споменав претходно, таа секогаш изгледа далечна, небаре гледа во иднината и како да знае дека нема да биде тука уште долго и да го гледа сопственото дете како расте. Кога мајка ми имала девет години, баба ми починала. Нејзиниот сопруг останал сам, без љубовта на неговиот живот, куќа полна книги кои таа ги читала додека била прикована за постелата и многу недовршени слики. Дедо ми, се разбира бил скршен, но тоа не била прва трагедија во неговото семејство. Татко му бил Цинцар, дел од еден народ за кој тие кои не знаат ништо го сметаат за скржав народ, а тие кои знаат нешто веруваат дека ја донел граѓанската и урбана култура на Балканот. При крајот на Отоманската империја прадедо ми станал градоначалник на Кочани, град и област позната по одгледувањето ориз. Во 1920-тите кога дошол во Скопје, веќе бил богат човек. Купил куќа во познатото скопско Пајко маало и отворил продавница за ткаенини, штофови и одела наречена „Симиќ“. Неговото ори128
гинално презиме било влашкото „Сима, но како што се менувале властите, така се менувало и тоа. Прво станало Симиќ, па Симов, па Симоски и на крај повторно Сима. Тоа е едно од чудата на Балканот, менувањето на идентитетот е прилично честа и нормална појава. Прадедо ми и прабаба ми имале пет деца, две момчиња и три девојчиња. Двете момчиња завршиле високо економско образование, едниот во Париз, другиот во Скопје. По смртта на татко им, момчињата го воделе семејниот бизнис. Постариот се оженил за Босанка и заедно се преселиле со младите деца во Босна кон почетокот на Втората светска војна. Само што пристигнале, таткото и ќеркичката Билјана биле убиени во автобусот од фашистичка заседа. Мајката и синот преживеале и се вратиле во Скопје. Семејството кое веќе станало имотно ја оставило куќата во Пајко Маало на сопругата на братот, а мојот дедо го нарекол неговото прво и единствено дете, мајка ми – Билјана – во сеќавање на малата седумгодишна ќерка на неговиот постар брат.
129
Совет#27
Духовни богатства
а не се вечни Материјалните богатств може да ти го не кој Единственото што ни одземе е духовното теријалното може Во моменти на криза ма е чување со најдлабокит да помогне, но без соо рот ми е ем ајд он пр го а да стравови никогаш нем
Социјалистичка Југославија Кога социјализмот чукнал на вратата на продавницата „Симиќ“ и сите приватно стекнати богатства и имоти им биле одземени. Мајка ми живеела со нејзиното семејство во изнајмени станови и куќи. Но, дедо ми, Џика Сима, не се откажал. Отворил продавница за спортска опрема во Скопје, наречена „Спорт“ и потоа претставништво на белградската продавница за мебел „Југоекспорт“. Тој бил дел од администрацијата на фудбалскиот клуб Вардар, активен во зимските спортови, судија на скијачки натпревари и основач на „Планинарскиот Сојуз на Македонија“. Очигледно се работело за тежок капиталистич130
ки орев за кршење, но кога баба ми починала во 1959 година, конечно бил скршен. Како сите самохрани татковци, тој се обидел да ја пополни празнината од мајчинска фигура во животот на ќерка му со строги правила и го владеел неговото кралство со цврста рака. Како што можете да претпоставите, на деветгодишната ќерка тоа не ì се допаднало. Била пратена да живее со нејзините тетки на село и имала навидум пријатно рурално искуство со природни убавини, пред да се врати во Скопје неколку години подоцна. Мајка ми имала 13 години кога новата Социјалистичка Република Македонија, како дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, преживеала катастрофа. Скопје било уништено од земјотрес и повеќето од градбите биле уништени. На сите жители на Скопје им биле доделени привремени бараки за живеење. Кога состојбата се средила, дедо ми ја вратил неговата барака во Тафталиџе на државата и потоа купил стан во куќата на сестрата на баба ми, каде што мајка ми живее и денес. Тој е можеби единствениот ваков пример на човек кој ја вратил бараката во Скопје, додека другите жители подоцна ги надоградиле и направиле куќи врз бараките, а потоа и згради. И така настанал модерниот град Скопје по земјотресот. Мене ми се 131
чини дека во моето семејство отсекогаш се ценел трудот, искреноста и стекнатите нешта. Многу им било одземено, но никогаш не земале нешто што не им припаѓа. Мајка ми била одгледана по тој принцип и јас лично верувам во него. Скопје било повторно изградено со помошта од истокот и западот и тоа прерасна во впечатливи и автентични бруталистички градби по кои Скопје било познато во 1960-тите и понатаму. Во тоа време нашата социјалистичка младина не била многу поинаква од младината во капиталистичките земји. И тие слушале британски и американски рок и и ги движеле колковите на звукот на Битлси и Ролинг Стоунси. Новата декада била на повидок и мајка ми имала дваесет години. Конечно, ослободена од татковските стеги, таа уживала на одмор во Макарска, на брегот на Јадранското море. Тогаш и таму, на забава со звуците на Purple Haze од Џими Хендрикс во позадина, таа го запознала мажот кој подоцна стана мојот татко. Таа го напуштила Скопје и го преселила целиот живот во Сараево. Една година подоцна, се родил првиот производ на младешката љубов, сестра ми. Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, во 1970-тите бил поразличен град од Скопје. Мешавина на австро-унгарски и отомански влија132
нија и мешавина на националности и религии. Во социјализмот, сите биле еднакви независно од нивните убедувања, и навистина беа. Другарот и маршал Тито луѓето го споменуваа како тој да е единствено божество. „Братство и единство“ беше слоганот на југословенската нација и луѓето живееја според него, особено во Босна. Босанскиот народ, освен тоа, имал и вистинска смисла за хумор, и во тие услови се родила сестра ми, а шест години подоцна и јас. Тоа биле големите седумдесетти, хард рок, бакенбарди и модерни домови, електрични апарати, портокалова, зелена, жолта и сè друго по ред! 1980-тите пристигнаа со изненадување! Нашиот маршал на бел коњ, Тито, почина. Тој настан во Југославија беше доживеан од сите како апокалипса. Од детето кое седи во училишната клупа и гледа низ очи полни солзи во сликата на Тито која виси над училишната табла, до деведесетгодишниот старец во својот дом кој ја слуша веста на старинско радио, си става ракија во чашка и потоа истура малку на подот – за спокој на мртвите, и многу можно, извикува „Тито, драги!“ Нашиот спасител, кој ги доближи сите различни нации во една заедничка Југославија, изгради мостови со Азија, Африка, Европа и САД. Се имал сретнато со сите позначајни светски ли133
дери на неговото време. Тој беше ѕвезда и беше посетуван од многу ѕвезди. Југославија беше вистински играч на светските мапи. На времето неговиот погреб беше најголемата државна церемонија во историјата. Таа година, 1980, беше исто така и лична катастрофа за мајка ми. Моите родители се разделија и таа беше сама во град кој не беше нејзин. Сите пријатели и семејство кои ì беа драги сега ја напуштија затоа што сите беа пријатели и семејство на татко ми. Таа беше оставена сама со две деца, несигурна иднина, и несигурна работа во град кој наеднаш стана туѓ и далечен. И потоа следеа правните борби и омразата помеѓу некогашните млади љубовници. Таа победи на суд. правниот систем сè уште работеше и мајката имаше права на нејзините деца, независно од тоа што таткото имаше многу врски и беше познат доктор. Но, тој не сакаше да го прифати поразот. Мајка ми живееше со мене и сестра ми во изнајмен подрум, повторно како во времето на социјалистичката конфискација. Но, сега тиранинот не беше државата која луѓето ја сакаа, туку човекот кој таа некогаш го сакаше, и кој по секоја цена сакаше да си го врати синот. Таа мораше да оди на работа и немаше кој да ги чува децата на сигурно. Многупати татко ми ќе дојдеше и ќе ме земеше од 134
улицата или од градинка. Мајка ми беше странец во странска земја и единствениот начин да ме врати беше со помош на полицијата. Таков беше мојот живот тогаш, татко ми ќе ме киднапираше, потоа полицијата ќе дојдеше и ќе затропаше на вратата, дедо ми и баба ми ќе ме скриеја и потоа полицијата ќе влезеше насила и ќе ме извлечеше од скривалиштето и назад кај мајка ми. Но, зошто само мене, зошто не сестра ми? Мојот дедо од страната на татко ми беше црногорски ридски човек, борец кој дошол во Босна со партизаните и учествувал во најкрвавите битни во Втората светска војна на Балканот, на Неретва и Сутјеска. Каква врска има тоа со мене? Во Црна Гора кога момче ќе влезе во автобус, ако постара жена седи, таа мора да стане и да му го отстапи местото. Можеби мислите дека правилната работа е обратното? Не, во Црна Гора момчето е наследник на презимето, а жената е важна само како носител на потенцијално момче. Заради тоа сестра ми била оставена на мир, додека јас бев киднапиран повторно и повторно, додека мајка ми не реши дека е направена доволна психолошка штета на нејзиното семејство. Си ги спакува куферите и нè однесе на железничката станица. Тогаш татко ми, се чини добро информиран тип, повторно се појави и ме одзеде сосила. Не можам 135
да замислам што ì се моткало на мајка ми во главата во тие моменти пред да се качи на возот за Скопје со сестра ми и да ме остави со татко ми. Но, можам само да претпоставам дека, со нејзиниот мајчински инстинкт, таа знаела дека ако остане ситуацијата само ќе се влоши. Таа беше во странски град и никој не можеше да ì ги заштити децата. На овој начин, нејзиниот син беше со татко му, кој беше способен да направи сè само да го задржи. Тоа морало да значи дека го сака многу и дека нема да дозволи да страда. Имав три години и живеев со татко ми, баба ми и дедо ми. Ми беше кажано дека треба да ја викам баба ми „мајко“ и го правев тоа, но длабоко во себеси, знаев дека тоа не е во ред. Ликот на мајка ми кој веќе не можев да го замислам како изгледа ми се чинеше дека ме следи секаде. Некогаш тоа беше миризба или чувство на топлина, звук или нешто друго и знаев дека таа ми праќа пораки, каде и да беше. Но, немав свесно сеќавање за неа, па дури и тогаш во 1984 година, кога дедо ми ја нарече „Циганка“. Како прво, „Циган“ беше погрден збор во Југославија, и означуваше некој без дом, сиромашен номад. Но, мајка ми не беше сиромашна и имаше дом. Таа беше од јужниот дел на Југославија кој имаше, и сеуште има голема популација на Роми која се 136
смета за рамноправен дел од општеството. Така дедо ми, во неговата глава, навредуваше две нации со еден удар, ромската и македонската, но и мајка ми и мене. Тој беше партизан, а таа ќерка на капиталист. Треба ли да додадам уште? Потоа, таа доаѓала во Сараево многу пати и барала да ме види, но татко ми не дозволувал. Наместо тоа, тој ми ја полнеше главата со стравови дека таа е лоша и дека ќе ме грабне. Со текот на годините, кога тргнав на училиште, со мене секогаш одеше некој, како мој личен телохранител. Подоцна, кога конечно ме пуштија да одам сам, секогаш ме потсетуваа на можноста дека некој ме следи. Се разбира, мајка ми никогаш не се обиде да ме грабне на сила, но во моите соништа ме бркаше злобна вештерка, секоја ноќ, за на крај да паднам во бунар без дно. Мајка ми никогаш не се откажа од мене. Баба ми по татко ми, жена со строги очи и старечки мов од мустачиња над горната усна, го водеше семејството, нешто што ми стана јасно подоцна. Штом таа почина, татко ми конечно дозволи да добивам пакетчиња од мајка ми. Можеби се потсетил како е да ти недостасува мајка и се сожалил на мене. Овие пакети беа исполнети со најинтересни работи за на училиште, шарени пенкалца и гуми, неколку домашни колачиња и слатки 137
какви не сум пробал дотогаш, и писмо од неа и сестра ми, двете женски фигури кои само можев да замислувам како изгледаат. Ги читав писмата со чудење и срам. Зошто срам? Живеев во машки свет каде не беше дозволено изразување емоции, а писмата беа исполнети со нив. Ова секогаш завршуваше со молба да напишам нешто за возврат, но јас никогаш не го правев тоа, зашто татко ми никогаш не ме тераше. Освен тоа, бев дете и не знаев што да напишам. Да можев, би го направил тоа, и требаше, како што подоцна сфатив. Но, како дете – нема шанси! Бев премногу исплашен од емоциите. Тие значеа само едно нешто – дека си слаб, а јас не сакав да бидам слаб. Татко ми исто така беше исплашен, но тој не ги криеше неговите агресивни емоции кон мене. Тој го искажуваше неговиот бес во форма на безмилосни тепања со раце, каиш, нозе… навистина широк дијапазон за искажување емоции. Дедо ми не ме тепаше, но редовно го искажуваше неговиот бес во форма на фрлање работи кон мене – запалка, луле или тежок стаклен пепелник. Тој беше навистина страстен пушач, што да кажам. Како и да е, избегнувањето тепање или предмети кои летаа кон мене беше дел од моето секојдневие и за среќа најчесто успевав да го направам тоа – бегав на улицата и останував таму, прв надвор, 138
последен дома. Кога и да можев, бегав и одев кај другарите, си играв надвор, се шлаев по улиците, како што духот на мајка ми ме советуваше. Бев вистински уличен стаорец. И тогаш, како гром од ведро небо, татко ми реши да ì дозволи на мајка ми да ме посети. Го знаете она чудно искуство кога запознавате некој за прв пат, но имате чувство дека го знаете од некаде. Така ми беше мене, но веројатно уште почудно, затоа што нејзиниот лик и глас, нејзиниот мирис и чувство кое го имав беше запечатено во дел од мојот мозок на кој не можев да му пристапам свесно. Таа ме однесе на кино, ми купи сладолед, ја послуша секоја моја желба. Никогаш никој не бил толку добар со мене во мојот живот. Како што стоевме во ходникот од мојата зграда, пред да влезам дома, кога ни заврши времето за заедничката дружба, таа ме погледна како да не сака да ме пушти никогаш. Се почувствував непријатно и несигурно. Што треба да правам? Дали да се вратам и да ја гушнам? Веќе се гушнавме премногу пати за еден ден. По ѓаволите, мене никој не ме гушкаше, никогаш! Така само кажав „чао“ и влегов внатре. Повторно бев во мојот токсичен свет и почувствував олеснување. Машките не треба да имаат емоции, зарем не? 139
Совет#28
надвор од системот
есто на „системот“ Потпри се на себеси, нам ли, училиште, ите Структурите како род ени ем ивр пр се работа... навистина ш де би да а нем Никогаш другите од слободен ако зависиш слободен ски тин вис Дури кога ќе бидеш со другите луѓе можеш да се поврзеш заради нив, не заради на суштински начин себеси
Распад на системот Неколку години поминаа така и пред да се свестам татко ми ми рече: „Спакувај се, одиш во Канзас!“ Во ред, тргнавме за Скопје, но би можело да биде и Канзас, или Земјата на Оз, затоа што за мене тоа беше еден сосема нов свет. Добив нов дом, сестра и мајка, но изгубив дедо, татко и сите мои пријатели. Дали зделката беше фер? Не знам. Беше фер за мајка ми, се разбира. Сега двете нејзини деца беа повторно кај неа, по десет години борба. Беше 1990 година и светот влезе во нова деценија на Nirvana и grunge, MC Hammer и hip hop, break beats, и се разбира, нова катастрофа. Овој пат мојата татковина беше на мета. 140
Југославија се раздели на најужасен и апсурден начин, преку војна. Сараево, мојот роден град, настрада најмногу. Беше под окупација пет години, и многу од неговите жители настрадаа, додека други заминаа во различни делови од Европа или светот. Поранешни професори и доктори сега беа чистачи, мијачи на садови и ѓубреџии. Животот е мистериозна работа, нели. Што правев јас во оваа деценија? Тогаш бев тинејџер и учев многу, слушав многу стара и нова музика, го учев македонскиот јазик, ги заменив моите пријатели со голема библиотека со книги за уметност и наука од целиот век, и поминав многу квалитетно време со мајка ми и сестра ми. Навистина беше добро кога не се плашевме од војната која ни чукаше на врата. 1990-тите за нас беа мешавина на добри музички ритми и лоши рафали на оружје. Мајка ми секогаш чуваше залихи на храна која не се расипува брзо и извори на енергија и топлина како јаглен, нафта и дрва, како и други работи во подрумот, ако затребаат во вонреден случај. Таа отсекогаш беше самохран родител со план. За среќа, војната не дојде кај нас во деведесеттите. Но, нашите соседи, Србија и Хрватска, ја осетија и тоа добро. Мојата татковина, Босна и Херцеговина, настрада најмногу. 100,000 луѓе беа убиени и повеќе 141
од два милиони раселени. Тоа е цената на една бесмислена, брутална војна која заврши во 1995 година. Време беше да се сменат калашников ритмите со искршените ритми на LTJ Bukem, Roni Size, Alex Reece, Goldie, Prodigy и нашиот Кирил Џајковски. И тоа беа ритми! Беше крајот на векот, 1999, дури и крај на еден милениум, а јас бев мијач на садови во Лондон, во бегство од уште една војна на Балканот, војната на Косово, која многу лесно можеше да се прелее кај нас. Во азискиот ресторан каде што работев, главниот готвач беше висок и весел Англичанец, лесен на муабет и љубител на drum’n’bass и лесно се здруживме околу музичките вкусови. Другите готвачи беа една крупна црнкиња, бегалка од Африка, и слабо момче од Велс. Една вечер, откако вечеравме ориз со пилешко и зеленчук, кои добрата Африканка го зготви за нас, типот од Велс ми покажа неколку движења од Тешкото кои ги видел на ТВ. За малку ќе се задавев со парче пилешко од изненадување! Откако ми истече визата се вратив во Скопје и животот продолжи на стариот транзициски начин: подготовки за војна, натрупување залихи, и надеж дека нема да изгубиш работа и да станеш технолошки вишок, како многумина.
142
Некои сметаат дека новиот милениум започна во 2001 година, но за нас тоа не беше битно. Таа година означи почеток на уште една војна и овој пат нашите животи беа на мета. Избегавме во Белград каде се обидов да студирам, но наместо тоа заминав во Црна Гора да го посетам татко ми. Не раскажав што се случи со него? И тој ја напушти својата босанска земја во 1992 година и замина во неговата дедовина, Црна Гора, каде што основа ново семејство. И така се најдов таму, со неговата жена и трите деца. Зошто по ѓаволите бев таму? Да кажеме дека еден ден планирав да станам татко и дека сакав да се помирам со него, само за да се осигурам дека неговите постапки нема да ме прогонуваат, дека нема да си ги тепам децата или да ги оставам и да станам како него. Тоа беше причината и останав верен на неа. Се помирив со него во себеси и никогаш повеќе не го видов. Војната во Македонија заврши на мојот роденден, 13 август, и јас заминав дома. Мајка ми беше среќна што ме гледа, но во нејзините очи имаше доза разочарување. Никогаш не ми кажа зошто, но знаев дека е заради тоа што отидов да се видам со татко ми. Можев да ì објаснам дека тоа го направив заради себе си и моето идно семејство, но знаев дека немаше да има разлика. Можеби беше во право. 143
Новиот милениум и новата реалност на 2020-тите Наскоро станав писател, некои би рекле прилично плоден и инвентивен, и можеби инспирирав една генерација млади писатели, барем во нашата земја. Мајка ми ме гледаше како растам, станувам уметник, завршувам образование, се вработувам, основам семејство, заработувам за дом, „голем телевизор, машина за алишта, автомобил…“ и целиот Трејнспотинг монолог. Но, тоа е друга приказна за преживувањето, преминот од социјалистички во капиталистички вредности, бројни жртви на процесот, и мојата нова преименувана „домовина“, која се обидува да се вклопи во новото друштво на големи фраери. Единствениот проблем е дека Македонија е женско, и на неа, како и на мајка ми, ништо во животот не им е гратис. Таа мора да се бори за секое право кое треба да ì припаѓа. Таа е горда, и малку постара и нејзините деца се возрасни, помудри и независни. Оваа година, 2020, таа наполни 70 години. Нови предизвици се пред неа, живот повторно обвиен од страв и изолација, но сега тоа не е само нејзин проблем или тешкотија на нашата држава. Сега тоа е проблем на целиот свет и една нова приказна која ќе биде раскажана во редиците на несигурната иднина. 144
Совет#29
границата помеѓу лошото и доброто
само своја, Бори се за слобода, не те уги др на и у тук да немаш страв Биди горд, но само за ото, Преиспитај си го минат ната ни ид на ија но само во функц о сам но ја, зем а јат сво Сакај ја бов љу ади таа ако правиш нешто зар
145
Лекција 5: ЕКОЛОГИЈА како начин на живот
2005 година е. „Пиле полнето со сливи,“ ì раскажувам на мојата девојка за мрачниот и прекрасен стрип на Марџан Сатрапи во кој авторката зборува за животот во Иран, политичките и историски превирања и тоа како омиленото јадење на нејзиниот татко е пиле полнето со сливи. Го менувам текстот на стрипот од англиски во македонски кој ќе излезе во нашето списание Маргина, истото списание кое пред многу години ми го откри светот на алтернативните и за пошироката маса непознати автори и го пренасочи мојот живот кон уметноста засекогаш. Сега јас го средувам тоа списание и сè во мојот живот има смисла. Таа е бремена, во неа расте и клоца живот, а во мене секој ден се зголемува радоста од огромната љубов што ја чувам само за да му ја дадам на новиот член на оваа планета. 147
„Мора да го пробаме тоа,“ и велам, а таа се смешка. С` уште сме млади и таа не знае да готви комплицирани јадења, туку само едноставни. 2015 година е. Созреваме, живееме, старееме, не сме веќе деца, веќе имаме две деца. Мојата сопруга е вредна работна жена и домаќинка. „Те молам не вклучувај го апаратот, се сваривме,“ се жалам на апаратот за сушење овошје и зеленчук, кој работи дваесет и четири часа дневно, дење-ноќе, на 40 степени целзиусови надворешна скопска температура, и безмилосно брмчи. Но, нема спас. Таа е заразена со сушењето на мали збрчкани доматчиња од дворот на татко ~. „Како плевел се,“ се жали татко ~ дека целата градина, со која што се гордее и ја негува со љубов и внимание, а особено со доматите од „старо скопско семе“, ја имаат запоседнато овие мали домати и ги имаат потиснато другите. Нам ни е смешна неговата загриженост, за нас се тоа се само домати, а освен тоа чери доматите се поскапи и поценети, но тој во секоја прилика, штом стане збор за дворчето во кое освен нив има по малку кромитче, пиперче, јаболче, крувче и големо дрво со цреши кое маалските деца го берат пред нас, се жали за неговиот стар скопски јабучар, сочен и црвен „како месо“. 148
Совет#30
самоодржливост
гледаш, Се што ќе направиш, од ените раце ќе ти врати конструираш со сопств и со задоволство не само со плод, туку знаење од разни ето Инвестирај во сво некогаш области, ќе ти се најде е особено значајно во Да бидеш независен кризни ситуации ерист, Немој да бидеш консум лност! реа та ена ств соп креирај ја
Таа ги прелева сушените чери домати со маслиново масло влечкано од Грција на нашите вообичаени македонски одмори. Штедиме цела година за да поминеме недела дена во Грција, „на децата им треба витамин Д и јод,“ велам и заклучуваме дека така помалку се разболуваат во текот на годината. Се разбира с` уште не знаеме дека ништо не може да ги спаси од нашиот загаден скопски воздух, но тоа е друга приказна. Ова е приказна за тоа како таа купува сливи на пазар, ги мие внимателно, ги сече и ги вади семките и потоа со часови ги суши во апаратот кој што и го има подарено нејзината најдобра другарка од младоста, невообичаена девојка која што живее како сака, а не како што општеството 149
~ налага. Имаме такви пријатели и среќни сме што ги познаваме. И малиот е среќен. Има пет години, но толку многу ги сака сувите сливи што не стигнуваат да бидат замрзнати. Банана, мандарина, слива, јаболко, круша, само да е овошје, за него е најголемата посластица. „Сака благо на тебе,“ коментирам за тоа што не сака солени јадења и месо како мене. „Како да е природен вегетеријанец,“ додавам кога се расправаме со него да јаде месо, а тој штом го слушне зборот прснува во плач и ја стега устичката толку силно што од црвена му станува бела. Кога ја отвора и почнува да џвака чувствувам како мене јадењето ми ја исполнува устата и желудникот и ме облева чувство на блаженост, како половина од проблемите да ми се решени. Проблеми има секако, но кога таа е во кујната, чиниш целото свое апсолутно внимание го посветила на тој час. Ништо не може да ~ го одземе, ниту кога ги гледа емисиите на Твентифор кичен, како порано додека малата беше бебе. Гласот на спикерот што ги чита рецептите од Храна и вино, длабокиот, сигурен глас кој што кажува „с` ќе биде во ред,“ додека таа и малата седат пред телевизорот во нашата гарсоњера од дваесет и пет метри квадратни и ги слушаат рецептите кои мама ќе ги прави е дефиниција на 150
среќа. Ја заспиваме малата со часови, а таа прета и прета и не заспива. На крај некој од нас двајца легнува со неа во бебешкото креветче, стуткани, со болка во ‘рбетот и трпнење во нозете, само да заспие и да се смири. Ние сме мало среќно семејство. Останува само уште една работа. „Кога ќе ми направиш пиле полнето со сливи?“ ја прашувам, а таа с` уште не се осмелува на тој рецепт. Јас чекам. ⋆⋆⋆ Тогаш ги презирав сушените овошја (парадоксално пилето од рецептот е полнето со суви сливи) и градинарството ми беше „селско“, а правењето зимници малограѓанско. Оттогаш поминаа многу лета и кога станав еколошки свесен почнав да гледам на зимниците и на употребата на сопствени ресурси и непластични опаковки како на значаен акт за зачувувањето на околината. „Ти си она што го јадеш,“ кај мене премина во: „Ти си она што го сееш, жнееш, јадеш, произведуваш, купуваш, она што му го даваш на светот, тој ти го враќа.“ Веројатно е потребно животно искуство и години за да ја сфатиш поврзаноста на нештата, зашто како млад мислиш само на себеси. 151
Ми се чини дека тоа е најбитна лекција која треба да ја научиме - грижата за околината. Ние сме минлив вид, привремено сме на оваа планета, но кога си играме со неа таа ни враќа, со еколошки катастрофи или пандемии, со изумирање на видови од кои зависат цели екосистеми или со трајни последици по нашата иднина. Зарем грижата за чистиот воздух е помалку битна од грижата за сопствените бели дробови кога владее една болест која го напаѓа респираторниот систем? Сите нешта се поврзани, како што секое исечено дрво е филтер помалку за штетните честички, а секоја зграда повеќе е едно ветре помалку. „Дувни ветре развигорче“ е една од првите детски песни кои ги слушнав кога дојдов во Македонија, а мојот соученик во основно, Смики од идните САФ, ја имаше преработено во нојз кор верзија со рикање. Денес, кога Смики како претставник на една прогресивна и интелигентна младина, одамна ја напушти земјава, ми се чини дека таа детска песничка, како наша единствена надеж за трошка чист воздух, е соодветна за државна химна. Иднината на сите наши деца е во опасност. Пандемијата ќе заврши, а тие ќе останат да живеат во една постојана состојба на тревога и грижа што ќе ги снајде утре. Нашите, сите светски деца, ќе ги плаќаат ратите на несовесно, консумерситичко, експлоататорско однесување на нивните претци. Тоа е лекцијата по умереност, 152
духовност и постојано активно преиспитување на реалноста која сите треба да ја повториме.
бонус совет
Сума сумарум
природата Набери што можеш од дина гра ла ма Направи си „старите“ од те ци ни зим ги Не заборавај нции есе си и Не користи конзерван е веќ по Замрзни што Д) Земај витамини (особено ко! або дл ши ди и о овн Вежбај ред о дн Изложувај се на ла пресудна! Семејната заедница е от развој ни хов ду Не заборавај го ај верба им но а, кат нау Верувај на ли на око ната, зашто Бори се за зачувување м кој го имаш! таа е единствениот до
⋆⋆⋆ Во 2001 година кога кај нас беснееја меѓуетнички судири го посетив татко ми. Бидејќи веќе го преживеав поголемиот дел од стресот, паниката, немирот и чувството на апсолутна несигурност, а можеби и затоа што моментално бев надвор од мојата земја, му кажав дека сум „подготвен за војната.“ Како некој кој ја преживеал ,ме погледна по малку зачудено и ми рече: „Не залажувај се, никогаш нема да бидеш подготвен.“ 153
За авторот и делото
Бранко Прља (1977) е писател и графички дизајнер, основач на првиот литературен електронски конкурс во Македонија „Електролит“, на креативниот колектив „Капка“ и на порталот Арно (arno.mk). Автор е на повеќе од 20 дела, помеѓу кои збирката на многу куси раскази „За секого по нешто, за некого ништо“ (2003), книгите едукативна проза „Досие: Планета Икс“ (2009) и „Атом и Ева“ (2012), збирката измислени вести „Вест од Несвест“ (2010), фактопедиите „Јаболкото на Њутн“ (2018), „25 факти за аерозагадувањето и начини како можеш да го намалиш“ (2020), дистописките романи „Апокалипса.мк“ (2017), „Реплика.мк“ (2018) и други. Неговите дела се преведени на англиски, полски и украински, а застапен е и во повеќе збирки и антологии на македонски и англиски јазик со неговите раскази или извадоци од романи.
155