Zabavni fakti za dinosaurusite i drugi uzasno golemi gusteri!

Page 1

Идеја, текст и реализација: Бранко Прља и Нина Прља

ka.arno.mk kap



ЗАБАВНИ ФАКТИ ЗА ДИНОСАУРУСИТЕ И ДРУГИ УЖАСНО ГОЛЕМИ ГУШТЕРИ! Идеја, текст и реализација:

Бранко Прља и Нина Прља


Вовед Диносаурусите ги фасцинирале луѓето од нивното пронаоѓање. Нивната моќност, фактот што толку долго господареле со планетата Земја и тоа што да не бил кобниот астероид, диносаурусите можеле да останат доминантен вид - сето тоа ни влева стравопочит во коските и ни дава поголема перспектива во животот. Приказната за диносаурусите е епска и трагична, но на нивното исчезнување ние го должиме нашето постоење - по долгата еволуција на малите цицачи кои излегле од дупките и се осмелиле, прво срамежливо, а потоа храбро, да ја истражуваат површината. Денес, ние сме господари на планетата, но не треба да ја заборавиме одговорноста и лекцијата од минатото, да се грижиме за планетата како што таа се грижи за нас.



Диносаурусите припаѓаат на групата Диносаурија (Dinosauria). Овој термин првпат бил употребен во 1842 година од англискиот научник Ричард Овен (1804–1892). Потекнува од грчките зборови „deinos“ и „sauros“ со значење „ужасно (големи) гуштери“, однесувајќи се на големината на фосилните диносауруси познати во тоа време.


Ри Јар чард Ове ец н


Овие животни всушност биле толку различни што заслужиле своја сопствена група. За диносаурусите се смета дека се „монофилетични“, што значи дека сите членови на оваа група имаат единствен заеднички предок.



Првиот фосил препознатлив како диносаурус бил пријавен во 1824 од Вилијам Бакленд (1784–1856), професор од Оксфорд. Тој препознал дека припаѓа на група големи месојадни влекачи и му го дал името мегалосаурус (голем гуштер).



Веројатно е дека Кинезите пронашле слични примероци многу порано, бидејќи постојат записи од времето на династијата Хан (206 п.н.е. - 220 г. н.е.) за т.н. „коски на змејови“ во јужна Кина.


„Змејови од старото време.“


Викторијанскиот палеонтолог Хари Сили (1839–1909) ги поделил диносаурусите во две групи врз основа на нивната структура на карлицата - сауриски (saurischians) и орнитиски (ornithischians).


Не Си е „см лен еш тој ен“ Си туку ли !


Сауриските диносауруси се делат на тревојадни сауроподоморфи и месојадни тероподи, а орнитиските диносауруси се делат на голем број различни видови на тревојади.



Сауриски диносауруси Помеѓу нив имало тревојади и месојади. Клучните карактеристики вклучуваат издолжен врат и шуплини во коските кои содржеле ќесички исполнети со воздух поврзани со белите дробови. Птиците еволуирале од мали месојадни сауриски диносауруси од доцната Јура познати како тероподи.


Алосаурус, теропод од периодот јура Брахиосаурусот од периодот јура имал врат долг од 18 до 21 m


Орнитиски диносауруси Тие се главно тревојади. Имаат клучни особини на вилиците и заби кои им овозможиле ефикасно да ги џвакаат растенијата. Се карактеризираат со карлична структура слична на птиците. Во оваа група спаѓаат рогатите цератопси и клунестите хадросауруси.


Стегосаурус, тревојад од доцна јура и рана креда


Споредба на големини 30 метри


Supersaurus vivinae Shantungosaurus giganteus Spinosaurus asgyptiacus Stegosaurus ungulatus Triceratops prorsus


Метаболизам Сите докази укажуваат на тоа дека диносаурусите биле интелигентни и активни. Имале многу брз метаболизам за да ја претворат храната во раст. Во научниот свет постои поделба во однос на идејата дали биле ладнокрвни, како денешните рептили, или топлокрвни, нa пониско ниво на хомеотермија (терморегулација) од птиците. Поради нивното постоење во период од 150 милиони години и многу видови, постои можност различни групи да имале различен метаболизам.



Раст Тероподите растеле брзо, не толку брзо како денешните птици, но побрзо од другите видови диносауруси. Тираносаурус Рекс, кој спаѓа во тероподите, растел по околу половина тон месечно во врвот на развојот. Изненадувачки факт за орнитиските диносауруси, познато од фосилите, е дека многу малку единки достигнувале целосна зрелост.



Респираторен систем Во 1870 година научниците откриле дека скелетите на многу диносауруси содржеле многу празнини исполнети со воздух, но не била позната нивната функција. Подоцна откриле дека овие празнини биле поврзани со воздушни ќесички, како оние кај птиците. Ваков вид респираторен систем е најефикасен во животинскиот свет.


29


Дигестивен систем Најраните диносауруси биле предатори и имале големи, закривени заби слични на сечило во големи вилици со широк отвор, кои се затворале како ножици. Како и други предатори, најверојатно имале мал абдомен, бидејќи месојадите немаат голем дигестивен систем. Големите месојадни диносауруси наместо да ја џвакаат храната, ја голтале целата.



ВИЛИЦИ И СТОМАЦИ Карактеристики на тревојадните диносауруси биле вилици кои се отвораат и затвораат малку, голем абдомен кој можел да собере големи количини на вегетација и да ја чува долго време, колку што е потребно за варење на вегетацијата.



КАМЕЊА ВО ЦРЕВА? Цревата најверојатно содржеле ендосимбиотички микроорганизми кои вареле целулоза, бидејќи ниту едно познато животно не може да го вари овој тврд материјал директно. Се смета дека некои диносауруси, како и птиците, голтале камења познати како гастролити кои им помагале во варењето на храната преку мелење.



Размножување Диносаурусите носеле јајца во гнезда. Женките имале специјална медуларна коска која била богата со калциум за производство на лушпата од јајцата. Со идентификација на оваа коска научниците можат и да го одредат полот на фосилите.



Роднини Меѓу живите животни, најблиски роднини со диносаурусите се крокодилите. Тие имаат неколку заеднички карактеристики, како скелетот и нивната ДНК. Други заеднички морфофизиолошки карактеристики се напреден еднонасочен систем за вентилација на белите дробови, па дури и карактеристики на однесувањето како чување гнездо и кооперативен лов.



Градба на тело Повеќето влекачи имаат нозе од страна на телото, но диносаурусите имале екстремитети директно под нивните тела, исто како и современите цицачи. Бидејќи не морале да користат големи количини на енергија само за да ги задржат своите тела над земја, диносаурусите биле слободни да имаат поактивен начин на живот.


c

c


Мезозоик Честопати се нарекува „ера на диносаурусите“ бидејќи во период од 150 милиони години единствена, исклучително разновидна група влекачи доминирала со животот на копно. Ниту еден вид не опстанал подолго од неколку милиони години. Мезозоикот се дели на 3 временски периоди: тријас, јура и креда.



STEGOSAURUS

Живеел пред 150 милиони години Тревојад со мозок со големина на топка за пинг понг

клун без заби Задните нозе биле подолги од предните


Должина: 9 метри Висина: 4 метри Тежина: 2 тони

2 реда плочки за заштита и терморегулација

спици на опашката

Првиот фосил го открил проф.Отниел Марш во 1877 година. Големите коскени плочи на грбот го потсетувале на покривни плочки, така што името што му го дал значи „гуштер со покрив “.


Parasaurolophus Живеел пред околу 76-73 милиони години Бил тревопасно животно и ги користел силните задни нозе за да достигне повисоки гранки. Научниците сметаат дека можеби ја користел „кикиришката“ за правење звуци за комуникација. Должина: 10 метри Тежина: 3,5 тони.


Голема „кикиришка“ на главата кај возрасни машки со големина од 1,8 метри - висина на човек Имал широка рамна уста како клун од патка Необична висока, но тесна опашка. Можеби била светло обоена за привлекување партнери.


Triceratops

Живеел пред 70 милиони години. Имал 400-800 заби, иако само мал број заби употребувал, постојано му паѓале и растеле нови за време на целиот живот.

Еден од најпрепознатливите диносауруси поради големото тело, уникатната „крагна“ и трите рога за заштита од Тираносаурус Рекс, кој живеел во истиот период.


Должина: 8 метри Висина: 3 метри Тежина: 6-12 тони Черепот можел да порасне и до 2 метри во должина

споредба на големини


Tyrannosaurus Rex Живеел пред околу 65-70 милиони години Тираносаурус Рекс во превод значи „тирански гуштер“. Се хранел со Хадросауруси и Трицератопси. Имал голем мозок (како за диносаурус) што му помагало да лови подобро! Голем дел од мозокот биле центрите за вид и мирис можеби имал дури и телескопски вид. Бил еден од најголемите месојадачи.


Најголемиот пронајден заб бил долг 30 см. Можел да спринтува до 32 км/ч. Бил долг до 12 метри, а тежел до 5 тони! Добар вид

Силни нозе

Остри заби Споредба на големини


Archaeopteryx

Бил со големина на гулаб или поголеми. Се смета за претходник на птиците, во науката уште се дебатира дали е нивни директен претходник. Пердувите веројатно не биле соодветни за лет. Откриен во 1860, само две години откако Чарлс Дарвин ја објавил познатата книга за потеклото на видовите. имал мозок како денешните птици. 1/3 од мозокот бил центарот за вид.


Должина: 0,5 метар Тежина: 1 кг

Заби со силни вилици

три прсти со канџи

Вид: Theropoda Исхрана: месо


бро Најдоуван соч ил с Живеел пред 110 милиони години фо

Nodosaur

Веројатно имал црвенкаста боја за подобра камуфлажа Најдобро сочуван фосил на диносаурус во историјата кој бил мумифициран со минерали кои се таложеле на него откако паднал во море. Сочувана е и содржината на стомакот, а научниците окриле дека јадел папрати, стебла и гранчиња.


Тежина: 1 тон Должина: 5.5 метри Оклоп од кератински плочки за заштита од грабливци заштитни рогови


Истребување Диносаурусите биле истребени во периодот доцна Креда, пред околу 66 милиони години. Според некои проценки дури 75% од видовите на Земјата исчезнале. Големо вонземско тело (астероид) со дијаметар од 10-15 км се судрил со Земјата. Тогаш исчезнале сите поголеми диносауруси, освен птиците.



Извори Encyclopedia of Dinosaurs and Prehistoric Life (DK Publishing, 2008) The World of Dinosaurs: An Illustrated Tour (2019, Mark A. Norell) World Encyclopedia of Dinosaurs & Prehistoric Creatures: The Ultimate Visual Reference To 1000 Dinosaurs And Prehistoric Creatures (2008, Dougual Dixon) Dinosaurs: A Visual Encyclopedia, 2nd Edition (2018, DK) Dinosaurs Rediscovered: The Scientific Revolution in Paleontology (2019, Michael J. Benton) The Rise and Fall of the Dinosaurs: A New History of a Lost World (2018, Steve Brusatte)


За авторите Бранко Прља е графички дизајнер, писател и новинар. Нина Прља е родена во 2005 година во Скопје. Се занимава со илустрирање и пишување. Нејзините први цртежи и раскази се собрани во печатено издание„Обоени приказни“ (2013). Таа се јавува како коавтор или илустратор на неколку други книгички „Азбука на игранка“ (2014),„Недокажани приказни“ (2015),„Букви во збор“ (2015),„Коњи, или прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка“ (2016) и„Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин“ (2021). За диносаурусите се интересира од најрана возраст, кога на подарок доби диносаурус-играчка. Затоа, да не ги заборавиме играчките и игрите кои покрај учењето, се инспирација и битен дел од развојот!


За издавачот: Капка Уредник: Бранко Прља Лектура и дизајн: КАПКА Печати: Алма Графика Тираж: 100

Едиција: Фактопедија #11

Досега објавени книгички во едицијата „Фактопедија“: #1 Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн #2 Необични факти од животот на Никола Тесла #3 Јаболкото на Њутн #4 Неверојатниот живот на Стивен Хокинг #5CIPMade In China – Кинески изуми - Каталогизација во публикација #6Национална 25 факти заи универзитетска аерозагадувањето... библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје #7 Мустаќлии кои го смениле светот #8568.19(084.11) Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин #9ПРЉА, „Од кој филмибеше?“ 150 сцени од филмови Бранко ПРЉА, – Нина #10Забавни 99.9 тотално и сосема бескорисни факти... фактизабавни за диносаурусите и други ужасно големи гуштери! / идеја, текст и реализација Бранко Прља и Нина Прља. - [Скопје] : Капка, 2021. - [60] стр. : илустр. ; 10 см. - (Мала фактопедија ; кн. [11]) ISBN 978-608-66632-6-1 COBISS.MK-ID 54846469


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.