Наместо предговор Љубовта и слободата.Идеалот и Постоењето.Спој или Раздор.Може ли некој да се сака толку многу да му се овозможи целосната слобода.Само чистата Љубов е споена со слободата,даваќи му на другиот простор во кој може да ја искаже својата креативност. Несакав оваа стихозбирка да биде автобиографија,но ете,небаре се крлушки на риба ја исчистив душата од сите налепени чемери што ги налепив во илузијата во која што живеев,верував но и сакав..сакав искрено,чисто..можеби сега сакам многу повеќе но сега знам дека нејзиниот лик е мојата најубава имагинација која ја имам постојано со мене и во мене…и нема да престанам да сакам се додека во мене течи последниот миг на животот. Можам да запишам уште илјада и едно мое благодарам за таа илузија но знам дека никогаш нема да ги прочита,знам дека никогаш нема да ги слушне тие зборови благодарам за сите збрани спомени во мене..сега узнав..нејзината подарена илузија која таа ја нарекуваше љубов ме научи да се борам и сега за последниот грам воздух,додека смрта ме натера да ја избришам омразата од моето срце,заедно двете чекорат со галоп незадржлив…илузијата моја сега го одбројува времето мое,додека смрта го освојува секој дел од телото. Позади мене останаа и понорите во кој скитав бараќи се себе,пустините во кој што одев жеден барем за еден допир од нејзините усни,кошмарите во кој што се борев со демоните на очајот и гневот. Сега кога остана уште толку време да се припремам за светлина знам дека никогаш повеќе нема да напишам стихови,се потрошија сите зборови од бесконечноста,музата е веќе на друг извор каде пие жедно вино од нечии усни. Ако мене и на љубовта не ни дозволи твоето име да го изговараме и во вечноста…дозволии сега барем на смрта да го залепи твоето име на моите усни,ќе го понесам со леснотија Стихозбиркта е посветена на мојата една и единствена Муза,една и единствена Љубов,една и единствена имагинација која ги храни моите празни ноќи ЈАНА ЈОВАНЧЕСКА
Колку и да се трудиш да ми го згазиш сонот тој е поголем и од тебе.
4
Ако некогаш ме нема
Ако некогаш ме нема, а, ти постоиш драга немој да плачиш, солзите болат очајот гуши ти само гордо кренија главата кон ноќното небо кога ќе ја видиш најсјајнатаа ѕвезда, знај……….. тоа сум јас ,ќе блескам толку силно силно, за да ја растерам темнината која знам кукавички ќе доближи до тебе………. кога ќе слушниш тивок ветар знај тогаш ти драга моја тоа сум јас ,ќе дувам тивко околу тебе за да ја растерам тагата знам ќе се свие во секој агол на твојата соба налепена со спомени……. ако некогаш ме нема ,а ти постоиш драга немој судбината да ја колниш само кренија главата и кажиси себе гордо………. патеката наша со љубов беше послана утрото со шепот беше исполнето ,денот со насмевка беше распослан ноќта со надеж беше исчекувана…….. ако некогаш ме нема ,а ти постоиш драга само продолжи гордо по патеката да одиш……..
5
Безгрешна песна.
Оваа песна е безгрешна Со треперот на душата ја пишувам Моите бакнежи пред твојата слика ги оставам И Само со врвот од прстот на маглините од прозорот трага оставам Знам дека те имам во сите мои стихови ненапишани. Суетата те измори Гордоста ме однесе во далечините Папсано само чекориш по правливи улици
Јас морам понатаму Ѕвездите ме поканија гостин да им бидам Не сум веќе заробен во мигов,го слушам дождот Сите осамени страници на дневникот ќе му ги подарам Се затвара кругот на постоењето Не се кријам веќе во себе Не сум веќе облеан со тага Навистина Јас морам понатаму да одам.
6
Безимени Векови
Моите безимени векови ме делат од моето име Лилава сенка сум сега,читајте ми од дланките Соломоновата мудрост е тука запишана Постојам уште ова магливо утро. Ме пови сонот,и клепки ми спушти за спокој. На црница спроти врагот седна,пукна,тресна Од дробот скапан не ми гризна,гозба не стори И ораше,и копаше,и ријаше вкрвја мои и вкоскено море заплови молк,сонцето гасне,тророга баба врагот го мири. Богослужев крај белутрак камен Богомилки со маѓија главата враце ми ја носеа На коњи прапорци јудејци јаваа и мртво вино пиеа Од долови, подземници,пизма лута збираа,со потсмев глаголеа Господи помилуј раба твоега Никодина. Злодеј ли бев..ревам низ магливе Та што подгробна реа ме лази по снагава Зер утре некој и од моите коски копја ќе прави О Светци мои,жедни води ме пијат Дајтеми барем од оскоруша сок да цедам в миг сега. Апостоли мои,молетесе за мене,безглава сум,безимен сум Ги корнам уште вечерва градиве мои,веќе шуплив сум до коренот Дождалец на полноќ ќе мие скаменета жена Слушам клепало трипати удри,зер аште мракот не не налегна Низ клепкиве ми се спровира лилавоста,зинале гладни подземници.
7
Бесмисленост
Се сеќаваш ли невидлива вистино за бесмисленото постоење Се сеќаваш Честопати исчезнував во киселите дождови Бегав од себеси ли…..или… Порочни сништа во твое име грабав од секаде Погледниме барем сега Пиевме заедно некое лошо вино,облик на ѕвездите им дававме Така ни беше полесно во утрешниот пекол да одеме Станавме заробеници На миговите Зборовите неизговорени и по некој Заборавен вкус на бакнеж Сакаше ли светот да ми го покажеш со други очи Зарем не виде времето ни го украдоа Од коренот на љубовта не отфрлија Останавме прегрнати во бесмисленоста.
8
Беше жена,стана распуштеница
Црна и злобна невеста со крвава надеж Врз темелот на својот гнев клекнала Усните безгласно и се движеле Невенчана била,ја измамиле Молчи исправисе Молкот ќе те поклопи со снагата Ни денес ќе се колнеш Ни утре ќе те видат Незнаеш,ќе дознаеш Болката на месото е подолга од смрта Ќе чекаш долго засолнета под своето молчење Ќе мине и кај тебе опакиот виор на самотијата. Не испарило од твојата крв сеништетето на дамарите Тој суров потикнувач на бес и самоволие Го прогласи за светец на опакоста Опака стана со туѓа крв во туѓи жили се всели. Ловеше малоумници Ги колеше како туѓи говеда Посака двајца стопани да имаш Незнаеше,апостоли без ореоли се,светци лажни Напати те обземаше некој верски занес Со градите под кошулата мамеше машка гладост Беше жена,стана распуштеница Притаена,со претазливост свикнуваш и на темнината.
9
Богомилка
По многу доживеани погубности Во изгревот на новиот ден стасав поцрнет и исушен Знам дека двапати не се живее Вчерашниот ден е потежок и од умирачката Полн со сурови сеќавања И кобна точка каде се застанало Ала ли е душевна што ме води Или црна сенка која пие од шурки со црна вода Но враќа во призрачноста И виорно во круг ме врти низ метежот на сеќавања Оставиме и велам на сенката, Во безредието на пеколот Оставиме конечно Во златен кафез ме чуваше Сега со мрамор бел поклопиме И биди она што пророкот го кажа Три хумки ќе градиш Три машки снаги ќе испиеш Трипати лажно црнина ќе носиш Со лик на Богомилка ќе одиш
10
Вечни копнежи
Бесилен,меѓу влажни сенки На проказание со затворени очи му глаголам Не сум веќе жив,споламу на Господа Светлоста им ја оставив на призраци шупливи Липав во себе небаре сум дете Господе сполајти на правдината Умирав осамен и заборавен со твоето име на усните Семоќната судбина се сврти се расплака и си замина. Низ моите пепеласти сништа сега спијат црни луѓе Црни сенки влечат низ густа магла Молитвата на црн волшебник ја кажуваат,не ја слушам Црна стопанка срцето си го чопка без човечка надеж. Бев сам,самјак,осаменик,се грчев под тежината на тишината Се сеќавав за жената што ме воздигна и сурна во бездна Етего неботи легна врз мене како извалкана совест Кобнички гракна Гавран,пес скитник болно заквичи тогај. Бесилен,сега меѓу некои лилави сенки тонам Во тишина која како ластари лозови се испреплетува насекаде По наморничавата кожа чуствував како градите стануваат пепелиште Звуците на животот замреа без музика. Навистина Започна најубавата моја пролет Ја пронајдов шумата на моите вечни копнежи.
11
Виножито
Најубаво виножито си ти во моето срце Те создава секојдневната роса од солзи на изгрејсонце Ете Кога сакам да бидам сам Посакувам ниеден спомен да не се буди Тогај Пискав хор од спомени ме молат Немој Низ крвта се провлекува нивниот глас Ако умреме Тогаш ТИ си никој без ништо Катадневно,во руменилото на зората Со восхит поминуваме под виножитото Така во крвта твоја секојдневно воскреснуваме Ете,сега повторно знаеш Кон утрешниот ден со насмевка те носиме Повторно бладам сеуште нерасонет Најубаво виножито си ти во моето срце.
12
Во предворјето на душата Таму каде се започна Во предворјето на мојата душа Ме чекаше Феникс многу тажен Луто удираше со криљата по сивите ѕидови Налепени беа со горчина и јад Сакаше Вистински сакаше и тука времето да го донесе Спомените да ги оживее Ја гледам твојата литост И сето студенило што те прегнало Го мамиш денот и луѓето со насмевките лажни Со прстите пишуваш непрочитани песни Живееш како проклетник,кој сонува да биде смртник Незнаш дали есента ќе те покрие Спиеш со безбојни сништа Знаеш….малку горделиво рече Ќе го разбудам повторно духот на минатото Чедо на пепелта сум што беше растурена Ти само повторно на сводот нареди ѕвезди Ќе намине некоја ноќ,сигурно ќе намине Причекувај до полноќ Пробај повторно да го освоиш срцето. Во сенката на ангелот сум Само знај Таму каде што започна Во предворјето на мојата душа Таму и ќе заврши За секој случај купив и бела кошула.
13
Прослови
Меѓу сенките лежеше меѓата на двата света Едната страна со видливо црвена боја под удар на сонцето Другата со неисплонета топлина и без пладне со себе На среде брзо се створи или се роди кругот Го врза ненадејно пагански танц Со писокот на ветрушката Безбели Се слевам со мракот од далечините И го молам да ме земе со себе. Пророкот извикав Пророкот ќе ги заплисне сеќавањата Не се срамам и не ги кријам солзите,јас сум мртов во дружината. Сеедно И на земјата и е смачено од крв И суровост,и извици,и крици. Им се изгубив во темницата Без окови и стеги стојам беспомошно Но по скинатиот крик знаат каде сум Станувам свесен Бесилен човек сум со крвава рана на душата И барам допир од семоќната рака Се сеќаваш ли,се сеќаваш ли зборува судбината Очите ќе ти ги покрие врела влага Ќе станеш прва црна шамија лажно ставена на глава. Како сенка на сопствената сенка стојам пред шупливата иднина Патувај синко некој ми шепоти,барем ти спасисе,овде е крајот Прослови над дрвен крст молитва.
14
Вечни копнежи
Бесилен,меѓу влажни сенки На проказание со затворени очи му глаголам Не сум веќе жив,споламу на Господа Светлоста им ја оставив на призраци шупливи Липав во себе небаре сум дете Господе сполајти на правдината Умирав осамен и заборавен со твоето име на усните Семоќната судбина се сврти се расплака и си замина. Низ моите пепеласти сништа сега спијат црни луѓе Црни сенки влечат низ густа магла Молитвата на црн волшебник ја кажуваат,не ја слушам Црна стопанка срцето си го чопка без човечка надеж. Бев сам,самјак,осаменик,се грчев под тежината на тишината Се сеќавав за жената што ме воздигна и сурна во бездна Етего неботи легна врз мене како извалкана совест Кобнички гракна Гавран,пес скитник болно заквичи тогај. Бесилен,сега меѓу некои лилави сенки тонам Во тишина која како ластари лозови се испреплетува насекаде По наморничавата кожа чуствував како градите стануваат пепелиште Звуците на животот замреа без музика. Навистина Започна најубавата моја пролет Ја пронајдов шумата на моите вечни копнежи.
15
Виножито
Најубаво виножито си ти во моето срце Те создава секојдневната роса од солзи на изгрејсонце Ете Кога сакам да бидам сам Посакувам ниеден спомен да не се буди Тогај Пискав хор од спомени ме молат Немој Низ крвта се провлекува нивниот глас Ако умреме Тогаш ТИ си никој без ништо Катадневно,во руменилото на зората Со восхит поминуваме под виножитото Така во крвта твоја секојдневно воскреснуваме Ете,сега повторно знаеш Кон утрешниот ден со насмевка те носиме Повторно бладам сеуште нерасонет Најубаво виножито си ти во моето срце.
16
Во предворјето на душата Таму каде се започна Во предворјето на мојата душа Ме чекаше Феникс многу тажен Луто удираше со криљата по сивите ѕидови Налепени беа со горчина и јад Сакаше Вистински сакаше и тука времето да го донесе Спомените да ги оживее Ја гледам твојата литост И сето студенило што те прегнало Го мамиш денот и луѓето со насмевките лажни Со прстите пишуваш непрочитани песни Живееш како проклетник,кој сонува да биде смртник Незнаш дали есента ќе те покрие Спиеш со безбојни сништа Знаеш….малку горделиво рече Ќе го разбудам повторно духот на минатото Чедо на пепелта сум што беше растурена Ти само повторно на сводот нареди ѕвезди Ќе намине некоја ноќ,сигурно ќе намине Причекувај до полноќ Пробај повторно да го освоиш срцето. Во сенката на ангелот сум Само знај Таму каде што започна Во предворјето на мојата душа Таму и ќе заврши За секој случај купив и бела кошула.
17
Во тишината помеѓу сонот и јавето
Те имам покрај мене додека чекорам меѓу ѕвездите Простими можеби несакаш да е така Но вљубен сум страсно во моите сеќавања И твоите зборови кои како ехо одзвонуваат во мене. Уживам во опијанетоста од твоите допири Твоите бакнежи траги по мојата кожа оставаат Мирисот на твојата коса сите дамари ги размрда И повторно сонцето во твоите очи го гледам. Повторно постојам во совршените мигови што ги посакуваше Ги преминав границите на стравот човечки Се насмевнувам на попусто изгубените мигови Ги оставам сами очајот и бесцелноста. Ако веќе се измори од оваа моја авантура Ќе те заспијам меѓу капките на пролетниот дожд. Во тишината помеѓу сонот и јавето Како благодарност ќе те покријам со Месечината.
18
Воскреснати зборови
Старите зборови Којзнае кога, и којзнае каде,и којзнае за кого Сум ги пишувам со мастило од 22 ружи бели Во занесот кога Љубовта ме прегрнувала секој миг. Вчера пред лутиот ветар да дојди Ги пронајдов во еден полураспаднат дневник. На светлоста од уличниов фенер Заедно со полупапсаните пеперутки Моите ноќни верни пријатели Ги воскреснувам. Подобро кажано ново руво им облекувам Нема ниеден стар спомен зашиено на нив По новата светлосна патека доаѓав На новата раскошна кочија го донесов. Погледнетеја, со светлото на животот е шиена Во треперот од Љубовта е скроена Благослов ми дадоа седум млади самовили Троица Магови амајлија моќна створија. И кога ветерот пееше пред години многу Многумина ме нарекоа сонувач Сега живеам во сонот Вешто ги воскреснувам зборовите.
19
Гласник од тишината Веќе телото лебди над бездната Вчера венееше Денес сеедно му е Животот заминал ,ох каде ли некој прашува. Излегувам од себе без крв на себе Ме гледаш тајно,стебло исушено сум Литоста ли те плаши на оклопот правлив Не бегам ,попусто ме прогонуваш Ти со во мојот живот,јас сум во мојата смрт. Глаголам Бев нижнотник со илјада преобразби Бев блудник и развратник кој двеста курви го проклонуваат Жедта ја гасев со сопствените солзи Пресудата што небото ја прочита ја прифаќам Отаде смрта нема да одгатнувам,само ке бдеам Ќе чекам повторно некој семето на ѕвездите да го посее Отспротива, гнасен лајач со голем престап ,од страв се смее Маглите ли ќе го заробат,од студенилото премре. Сега сум пред олтарот на љубовта Во десната рака ја држам свеќата што не догоре Во левата мојот дневник за кој не знаеше и ти -Антологија на Болката- го нареков Со песните напишани и душата излечена ќе ја молам Прошка да ми даде што те Сакам и тука пред олтарот. Плачот на непознати крај безната ме враќаат Правта од себе морам да ја истресам. Молчам Чекам Гласникот од тишината да се јави.
20
Гласник
Се простувам од убавината на ноќта,и Со мислите те држам во некоја измислена прегратка Нема да раскажувам бајка,ги мразам веќе тие илузорни светови Кажимија вистината незнам колку горчлива била Зошто ли те замразив толку Незнам веќе каде ја згазнав границата на љубовта и омразата Јас ја губам битката со животот Ти гледаш како се распаѓа твојот песочен свет Некаде во некој раскошен салон слават победниците Тие лихври со крвави солзи Вешти трговци со тагата. Не сум од камен исклесан Ни пак со мраз исполнет Но вистината моја во очите ја сокрив Таму знам сега е моето постоење Несакам повеќе ни бисери,ни злато,ни пак купчиња пари Сакам само еден миг без болка Последното зрнце на надеж го изгубив Последната весела мисла пред три дни избега панично Последната порака ја напишав Последната солза ја пролеав Со душа отворена И дланки раширени пред судбината стојам Чекаќи го гласникот на тишината и спокојот.
21
Го дочекувам утрото со една мисла која како што ми кажа еден од скитниците,лицето ми било озарено од среќа додека ги изговарав зборовите…добро е замина синоќа по патот на неповратот карванот кој ги однесе сите спомени од минатото..го слушам внимателно како ветерот завиткан во својата мистична насмевка ја носи и тагата со себе,барем нему ќе му кажам збогум,знам другаруваше со мене многу ноќи,и со својот фиук ме миреше,напати кога солзите образите ќе ми ги миеја,недаваше да паднат толку брзо на земјата,та си играше со нив во своето пространство…со наклон длабок во кој има многу моја почит кон него се простувам,и тој евего околу мене се сви,некоја нежност носи во себе,кажува збогум…заљубен си ,рече некако шеретски,ајде не се перчи како боем кој повторно во раката држи пехар полн со старо вино…еве..рече одважно..ќе ти ги дадам во светлинава бескрајна моите невидливи очи,исполнети се со јаки неуморни немири,патувај,патувај преку планините,на врвовите одморисе малку и гледај во срцето кое чука за тебе,го испрекинува ритамот свој со високи тонови од боженствените харфи што неодамна ги смести љубовта во него,почуствуваја топлината која блика како убавина што ангелите ја насликаа уште многу одамна за тебе….ќе ти даде внимание,ти земиго со твојата испружена дланка….навистина,зарем сега сонувам со отворени очи…или можеби утрото ми го донесе сонот ,…само бескрајот ја покажа милоста своја..а јас боемот кој свое уточиште најде еве наздравувам…ти ја разоткривам душата и ти ги испраќам насмевките на мојата трепелива душа,а ти срно моја,бесрамно шеташ веќе со погледот насекаде по дамрите мои кои името твое веќе го пишуваат трпеливо ,еве и јас ќе ти насмевнам,потоа ќе ги оставам усните врз твоите да станат едно….кога уморот ќе биде спроти тебе,ти слушнија мојата радост во тишината како пее,својата желба сега ќе ја претворам во пламена искра,а нежноста во тепих недогледен,знам ќе ме слушнеш,…те чекам на изворот од животот каде шурките течат изобилно со денови идни.
22
Градина на бели ружи.
Со мисла подарена од месечината ќе те викнам Од тишината да се појавиш Во миризливи стихови денес ќе те облечам Од кристални солзи огрлица ќе ти подарам Ти горделиво спротимене застани Со многу пркост ме погледни Не е важно што со многу занос зборувам Почуствуваја мојата пробудена пролет Ќе те носам под виножитото да поминеме Свежи насмевки да земеме Утре,галебите бели микажаа Тивок ситен дожд ќе врни Знам,и ти сакаш да танцуваме Прегрнати во градината на белите ружи.
23
Деца на илузијата
Деца сме на илузијата Те посакувам без лага и маска Бидими повторно муза макар безимена. Ќе пеам заедно со месечината за тебе Ако ангелот вечерва навистина заплаче Значи навистина сеуште те сакам. Очите мои му ги дадов вчера Слеп сум,но со љубовта гледам Ех кога само би знаела Ова е само игра на среќата. Со сите ноти ќе те прегрнам Срцево ги напиша со луд ритам Да играме на дождот додека се смееш.
24
Грев
Не ја разбравте мојата тишина Не ја видовте мојата болка Молчев и вчера и завчера За Ангелите што направија грев. Го запалија небото Ги зовреја страстите Посакаа смртници да станат За жена,за грешница и блудница Сега На црниот мрамор молитви читаат Сега Црните ноќи со солзи ги миат. Не сум виновен што дознав Не сум виновен и сега што знам Казна ли е тоа нивна Со ладни дождови сништата мои ги бришат. Несакам повеќе да ги пеам овие црни сонети Несакам реките на пеколот да ме носат Барам само патека да излезам од тишината Барам сонце да ја прегори болката.
25
Грешник исто како селскиот поп Грешник голем сум Со љубов судетеми Казна голема одредетеми Три моми да љубам дневно Така гревови да исперам Навистина грешник голем сум На колена не паѓам Ќе помислите се пишманам Само судетеми На робија однесетеме Во момини скутови ставетеме Со момински раце оковајтеме Грешник сум луѓе дали слушате Голем Толку голем поголем и од селскиот поп Осудетеме стоиедна година На момини гради да се покајувам Со момини коси да се покривам Грешник сум луѓе Повторно ве прашувам Има ли таков суд Што ќе ме осуди Крај три моми да се покајувам
26
Дете на пустината
Јас детето на пустината Од родот на заборавените Роден во проколнатите Зборувам за болката што се раѓа Од црн камен се одлепи Во бел мрамор се претвори Како авет прошета Како волк самотник завива Не се потсмевајте,таа е сечија Ничија,без господар свој Копилиња сто секогаш носи Во крвта заспива,во крвта се буди. Семе црно е тоа гнездо што во градило свило се буди на рик полноќен заспива со последниот шепот. Јас детето на пустината Од родот на заборавените Роден во проколнатите Зборувам за болката која живее.
28
Деца на илузијата
Деца сме на илузијата Те посакувам без лага и маска Бидими повторно муза макар безимена. Ќе пеам заедно со месечината за тебе Ако ангелот вечерва навистина заплаче Значи навистина сеуште те сакам. Очите мои му ги дадов вчера Слеп сум,но со љубовта гледам Ех кога само би знаела Ова е само игра на среќата. Со сите ноти ќе те прегрнам Срцево ги напиша со луд ритам Да играме на дождот додека се смееш.
29 Дух на бесконечноста
Се препознаваме некаде во пространствата,каде Пукнатините на времето ни дозволуваат Јас сум дух кој е исполнет со среќата на бесконечноста Ти,привремен розев сон во нечија дланка Простими ако те вознемирив Но мојата душа и тука е премногу романтичарски расположена Еве,ако сакаш повторно ќе те допрам во некој твој сон А ти,нахранисе од мојата љубов и преспиј на моето крило Овде немам име Го заборавив кога повторно се родив Не,остана некаде во старите тајни симболи Го запечатив со вечниот заборав. Ќе ти раскажувам уште да ги смирам твоите тајни немири Моите предели каде што спијам мирисаат на ванила Моите патеки каде што одам со ѕвездена прашина се послани Мојата постела е меѓу две реки што шепотат деноноќно. Не стој повеќе збунета и исплашена меѓу четирите шарени ѕидови Погребија твојата лажна насмевка со некој последен плач Пробудиги и пуштиго исплашеното девојче да прошета во белината на денот Нека во среќа се искапи и несреќата во сува жед планина ја однесе. Сега навистина морам да одам ветерот се лути,несакам да побесне Се заветив дека секој ден на пладне по една тивка песна ќе му пишувам А тој горделиво на облаците ќе им раскажува На сонцето знам повторно ќе му пркоси.
30
Жив призрак
Ме дочекаа по вторпат кога ги видов суви очи Повеќе беа патоказ од пекол во пекол Рацете висеа како скршени криља Сега не е челник силен,илузијата бледее Се ослободуваше од машките апежи Проклети,се котеа на нејзината кожа небаре се ноќи Им кажа Дива неродница сум,без цут на градите. Скаменета живееше во минатото Со чемерна замисленост,неутешно старица стана На четириесети и……..година Се покорува,со кус век е. Се скрби Без свој господар е Без завет Само грешна душа остана Беше итар арамија Стана збирач на чемер и јадовина Со грч во секоја нишка на месото Жив призрак. Етеја човековата безначајност Со очи се ослободува од внатрешните окови Проколнат старец сега и е заштитник слаб Ех,небитница ли стана.
31
Заложник
Во далечната белина на денот Преку голата грбка на ридот Мал облак роден во зимска магла Се простува од свој заложник. По земјата кутриот се тетерави сонливо Се моли мрмореќи бес сила без див Ја почнав својата љубов со првата топлина Со погледот и со срцето Сега стар сум Од јадови пусти,од чемери црни Постар и од најстариот старец Со мртва покривка од куќа опустена. Минав триста ноќи во дива земја Низ вратот продуван страв минуваше Крепоста ја дробеше со ноќна треска И тогај ја догледав судбината. Последно писание ми стори За последниот ден И за се што сум видел,и се што сум узнал И се она што останало . Каменот се расонуваше од голата земја пред мене И тој беше испишан со писмо тајно Човекот е,карпа цврста,смеа,солзи рој,немири и бури А грутка земја го надживува. Уште маглите есенски останаа да пијат од дробовите Тогај под веѓите ќе нема веќе очи Ќе бидам заборавена ѕвезда во беживотен песок Со прозирни партали на пајажина Ова е повеќе за спокој на душата Станувам,земјата е студена не се плашам од неа Без бразди на староста станав заложник на животот Со грч болка на чудно земјиште, со многу лакоми жили во себе
32
Запретеја земјата
Запретеја земјата да се врти Сакам да се симнам вечерва од месечината Гледам некаде во нечии очи ќе бликнат солзи. Носиме ветре побргу до глобочините на нејзината душа Гледам проклетницата ..тагата кочија спрема со дарови Очајот весело потскокнува,знае ќе се дембелее Гневот етего сокриен вкотле поклопено врие Рамнодушноста се спремила небаре на бал ја носат Злобата само гледа попреку Црните мисли,оро оро играат Депресијата се шепури Вие ќе бидете само гости,јас ќе гоподарам Стрпливост,шепотам ,биди стрплива некаде до полноќ Гледај,белава ружа ја тебе ја носам Запретеја навистина земјата да се врти Сакам да се симнам од месечината
33
Зарем е грев
Со тебе небото го допрев А ти,тајно громовите ги скроти Сега душава моја ја знае моќта нивна Ја параш секоја ноќ немилосрдно Не ми беше срам со дождот да плачам Не ти беше жал со зраците сончеви да ме гориш Несторив никаког грев што те сакав Стори грев што никогаш непроба да ме сакаш
34
Заспани сништа
Јас сум бескуќен сонувач,и се прашувам каде спијат сега твоите соништа,во пустината каде престојував не ги пронајдов,во ладните простори каде мразот владееш не влегов,премногу мрачнотија имаше ,незнам,да одам во топлите краишта дали ќе ги пронајдам…најдобро ќе биде да ме проколниш,и можеби во проклетијата ќе ги најдам,некој тивок глас од душата ми кажува дека таму плачат и тие…проколниме да не го слушам нивниот плач..проколниме,проколниме со најцрната клетва..да те избришам од моето срце,да те заборавам,да никогаш во тишината не го изговарам твоето име,…проколниме да бидам глув,и ниедна песна да не ме потсетува на тебе…проколниме да бидам слеп,и ниедно ново утро да не ме потсетува на тебе…проколниме,исто како што ми ги проклна моите ноќи,во мракот ранети души да ја лекуваат мојата распарчена душа,слепи да ми го покажуваат патот во мракот,..а ете во овој проколнат мрак ги гледам твоите очи,очите каде спие вечноста…проколниме,зошто јас неможам повеќе вечно да живеам ..овде,некои мрачни ангели ми ги бришат солзите,или можеби ги пијат лакомо,јас неможам да видам од темнината…проколниме,и во проклетијата да живеам..сега молам за миг тишина,да кажам збогум…на љубовта,или на сам себе…проколниме,или сочувајме на некој крај од усните,така и ти ќе знаеш дека скитам како бескуќник бараќиги твоите заспани соништа.
35
Заспано дете
Вечерва кога небото ќе се отвори Ќе ја закачам тагата на некоја Боболка Нека цвили деноноќно Сега таа нека биде осамена на месечината полна Ќе го разбудам детето заспано во мене Заедно со песни безгрижни ќе патуваме На заспаните пеперутки ќе им кажам збогум збогум Падна и душата несреќна Скитникот мирот го најде Ќе го вдишам за последен пат мирисот на заспаниот град На пламенот од свеќата ќе се одрекнам од се земно Ништо веќе не умира во мене Смрта ги собра сите плодови
36
Затвориги очите и слушај Слушај како трепери мојата душа Нема веќе солзи Не постојат повеќе илузии Остана само еден крик на усните И оваа моја песна
37
Збогум Судбино
Во надеш дека ќе го пронајдеш моето срце Го скаменив Го сокрив во спилите оштри Таму сонцето не изгрева Ни пак ветришта дуваат Во него има амајлија една,и стрелка мала Патоказ е тоа до бескрајот. Понекогаш заскитан скитник во камењарот доаѓа Оган пали,од месечината бара грст од сни недосонувани Но немирот негов не му дава да ја слуша тишината. Пред само три дни.во подножјето старец чуден ми рече За него шепот тивок беше,за мене вик страотен што уши пара Смрта не е кога ќе умреш Смрта е кога некого сакаш,но без него остануваш Знаеш,се во тебе умира,а ти жив остануваш. Јас сега само кажувам Збогум судбино моја А ти,кога илузијата твоја ќе се распрсне Кога ќе ја видиш безвредноста во неродениот миг Со малку страв тргнија пајажината од спомените Подарија прашината на земјата Затвориги очите.ќе застане времето Јас сум тука.
38
Зелени соништа
Те гледам понекогаш се грчиш од скриен гнев Препокриен со насмевка Светецот што те бранеше со улавост го фрли Православната вера дрска ја исплука Јазикот мајчин ти се огади Ете сега собираш живи икони Голи грешници Та и ти си светица Навечер величенствена И небото и земјата се врзаја во крива линија од мака Манастирот го разурна Кога се орвори со некоја твоја маѓија Појде на две страни Лажно наутро се крстиш Некаде околу пладне на колена се молиш Во новиот метеж со нови сенки се мешаш Бараш помош од челникот А тој пустињето саде чалмата си ја мести гордо Тивко ти шепоти Нека дојде ноќта ќе ти кажам совети триста Незнаеш кога си будна кога сонуваш Кога живееш во зелени соништа Некогаш се и пепеласти Сама На мртва земја Под мртво небо Трчаш и плачеш ,што лажната гордост ти бледее Безобразно е времето Белило јако има Се предаваш на судбината папсано Со тажна мудрост во окото Стануваш камен меѓу камењата Над главата студено блеска ѕвезда Немаш веќе набожен глас.
39
Ѕвезда Непозната Некаде рапаво и луто заревеа пци Го гонат ли повторно скитникот Боже прашав само Зарем навистина судбината не му предвидела засолниште. Се бранеше со својот испоснички крст Подмолниот јад го закопа во дупка длабока Со горчлива жестокост се молеше седум дни. Онеме од скрбот Душата му ја разјадуваше лишајот на отуѓување Туѓиот грев и родот му го зеде. А ете Млечниот поток од шурка потече Од ѕвезда непозната со скриен сјај,посака како некогаш По светлосната врвица на првата младост да мине. Ги крена повторно рацете кон небеса И повторно се помоли Мајко Моја изгубена во моето детство И мртва помолисе се за својот син И за неговата вистинска љубов И за спас од споулавување пред мртвите спомени.
40
Ти,ти моја тајно тебе те врежаа во мојата душа,во мојата бесмртна душа сите неродени мигови…да,ти си она чуство кое сите идни вселени го раѓаат,а јас во тоа чуство сум само глас,глас од една трепелива песна која го сака секое ново раѓање..мојата длабочина нема крај..крај за сите твои искри на немирот што во душата твоја пламнуваат нов оган….јас те гледам од височините и ги гледам низ светлината на месечината сите твои болки,ги слушам низ шумолот на ветриштата сите твои крикови..не ме препознаваш веќе,но јас сум твојот вечен сопатник кој нема ни име ни лик.
41
Јас неможам веќе да пишувам Мртва е мојата муза веќе долго во мене,тоа повторно утрово го дознав по којзнае кој пат,а така занесено се убедував дека не е така…го допирав голото тело на непозната жена за мене,сакав од некоја нејзина пора да го почуствувам мирисот на белата роза што ја набрав во светот на бајките,роза која мирисаше секогаш на љубов…но помирасав само арома,арома која голата кожа ја фрлаше од дивата и незпирлива животинска страс која изби токму оваа ноќ. А толку беше убаво,кога јас пишував таа ми шепотеше на увото ,шепотеше незапирлива реценица која секогаш во заодот имаше почеток,а во руменилото имаше крај,потоа занесено гледаше во шарената хартија,хартија во која беа заробени сите нејзини копнежи,понекогаш и понекоја солза ќе проронеше за ете да ја направи хартијата посветликава и поблескава…имаше меѓу нас златна жица која ги спојуваше тие два светови на различност правеќи една вселена исполнета со безбројни ѕвезди трепеливи… Знаеш,сега јас ти шепотам моја музо…кога на полноќ вечерва клавирот што секогаш во оваа темнина свири некои тажни партитури ќе започне да лее ноти,на нечии за мене непознат праг ќе оставам една бела роза,нека барем непозната жена утрото го дочека со мисла дека сепак некој и на неа мисли… Јас неможам веќе да пишувам….ти си мртва,јас сум сенка,сенка во светот каде понекогаш заборавам зошто сум тука.
42
јас сум блудник,ти си грешница
Ненадејно,се судрив со споулавена сенка Каде ,сега во која пустина ќе одиме ја прашав Се врати од светот на курвите,одморисе малку на мраморот Блудничеше,сега узна дека и ти си развратник Кучка сум,ќе те апам уште долго,проклет да си Цицлеста анама сум,штукната од ум,со продупен крик А ти со нејасно лице упокоја судбината Заповедај,повторно пред смрта да те стават Со залак леб,и вино земјата благословија Во твоите исплакани очи нема веќе солзи Претпразнична мугра сонува за тебе……. Се колнам не сум фарисеј Посвојниците на туѓ грев на туѓ праг ме оставија Со жив ветар ме запретаја А јас само глаголам на црната земја Анамо бела,домаќин можеше да имаш Сега слушај,јас сум блудник,ти си грешница Во студена пештера со смрта заспивам Од капка сила,изртена младост измамувам.
43
Јачеа со беживотност напукнатите идни мигови.. Додека ја голтам горчливоста на очајот.. Грешката и лошата среќа го наплатија данокот свој, Останаа само коските да ја пишуваат мојата историја Во студена одаја,на мртовечка светлина. Сега,без грам гордост,пред вратата на сопствениот пекол застанав,држеќија цврсто за раката жената која ја поведов со мене…оваа е некоја поевтина од вчерашната…не ги сакав никогаш евтините курви,и сега кога некоја животинска страст врие во мене ме тера да одам во тој свет…се чуствувам како мршојадец на евтино полураскапано месо…месо кое секојдневно се распаѓаше во најодвратниот човечки отпад,препокриен со некоја студена темнина каде секојдневно чекаа нови и нови мршојадци кои ќе колваат од нивното сеуште непотрошено тело.. Се прашував првиот пат кога зачекорив по таа полутемна улица…што барам..дали навистина беше само страста што ме влечеше,или сакав нешто повеќе да дознаам за нив..дали можеби во тие дупки без солзи ќе го пронајдам одговорот за мојата болка,дали во тие згрчени тела лежеше некаде напишан тој магичен збор,збор кој засекогас ќе ја реши најголемата загатка…зошто… Сеедно ми беше сега мене,дали нејзините воздишки се вистински или лажни..знам дека таа беше платена за тоа,и требаше сега да ја одигра најдобро својата роља во тој страсен театар…некои воздишки ми дојдоа познати,како да сум ги слушал и другпат,како да сум ги слушал и со години…добро извежбани гримаси и стручно стиснати усни кои го пропуштаат насобраниот воздух во градите правеќи од него воздишка,и милувањата беа строго контролирани…како да беа учени од одредени прирачници…напишани од нивните претходнички,мајстори на својот занает… А ете денес реков дека нема повторно да зачекорам во таа улица,но евтиното вино ,зачадените кафани ,гласната музика и мирисот на најодвратен блуд како магнет влечеа повторно…немаше тука секојдневни кукања за скапотијата,немаше гласни и дволични огаварања,имаше само музика и задоволсто,брзо и ефтино… Кога повторно однекаде ќе дојаваше проклетата самотност,некаде на некоја коска пишував..утре повторно ќе одиме во тој свет…утре подобро ќе ги разбереме новите поданички на блудот,и можеби ќе видими лик кој ќе наликува на некоја позната познаничка…
44
како да ти јавам дека ми требаш кога сега ни ветерот не ми верува моите гради станаа тешки како бетон,ладни како мраз како сега да ти кажувам дека ми значиш,кога ни ноќите не ме сакаат зарем сега повторно и тебе да те нарекувам мојата бивша драга ма тебе ти е сеедно за мене,твојата маска е подобра од другите затоа,можеби е подобро да кажам нека се иде по ѓаволите навистина ма,тебе ти е сеедно за мене мојата тага сега гледа како таласите на нашите жешки воздишки се дават ма тебе ти е сеедно за мене седиш некаде задоволна во некој виртуелен свет и задоволно се смешкаш
45
Квечерина
Заморно е понекогаш и во денот да одиш Копирани фигури со ликови залепени на луѓе гледаш Насмевка која повеќе личи на невешта декорација Заземаат пози насекаде како излиени фигури Читаат насекаде улични графити Потоа гордо тоа за мудрост го воздигнуваат Се смеат громогласно на провинцијалци Вешто криеќи ги коренот на својот создател Во ограничен зачаден простор свој свет прогласуваат Се восхитуваат и за врвен дострел го гледаат. Натерајме И кажувам на квечерината Етеги кога кажуваат ах љубов љубов дека се искрени Студенилото нивно ги издава Празнината нивна во телото одваќа Зарем е грев повторно и кажувам на квечерината За нив ни созла да не пуштам Им оставам само уморна насмевка Нека и на тоа се радуваат Навистина е заморно понекогаш и во денот да одиш Малку милостива е квечерината.
46
Ќе ја пуштам тишината да трае до својата бесконечност,јас само ќе се завртам додека одам некаде,којзнае каде и тивко ќе промрморам,несакам да ме слушне..мојата најголема казна е што сеуште ја паметам нејзината насмевка…несакам сега никој ни чекорите да ми ги слуша..ќе чекорам се до мојот крај,а таму ќе ја завршам најголемата љубовна приказна за мене и за неа,ете сега не и го паметам веќе името,но насмевката да…таа замина на југ,исто како птиците кој се селат од гнездо во гнездо..а пак јас,јас заминав на север,во студените и ладни врвови на планината..мислам дека во тие некои гнезда ја најде среќата и се омажи…овде во ова студенило нема никој,само прозирни сенки кој се тетерават во просторот..не ја продадов сеуште душата,но трпеливо ги собирам нејзините парчиња,небаре се стари парички кој треба да ги наредам во албумот..еве една сенка малку со цинизам ме прашува..а дали ти ја пронајде твојата сродна душа..да и реков ја пронајдов,синоќа во сонот едно мало парче од нејзината душа остави во мене,ми рече тоа ќе ти биде водилката која ќе те донесе до мене..незнам сега колку е потажна сенката,но знам дека избега брзо од мене,немаше ни надеш во неа…уф колку беше морничава со тој нејзин студен поглед…ќе одам и понатаму со парчето душа,без да се прашувам повеќе каде згрешив…колку е смешно кога само ќе помислам..да не те запознаев тебе,ќе го засакав дождот што лие надвор,дождот кој не ја познава гордоста,бидеќи лие за сите..можеби и вака е подобро..јас да продолжам да одам
47 Призрачна Кралица Ти и вистински незнаеш како е да се биде Ангел во Пеколот ,изгубен во празните чекори ,чекори кои бездната ја отвараат, знам дека мора да се умре, и знам дека љубовта веќе ја изгубив, сега ја прифатив и твојата валкана лага за една од твоите вистини ,и во тие вистини небото веќе не го гледам, од темнината што како антерија ми ја наметна, незнам веќе како е да се сака и да се живе за сонот . Јас по којзнае кој пат повторно пропаѓам во дупките на твоите очи гледаќи како ,ете до мене доползи мојата тага ,уште еднаш и реков удависе во моите остатоци од љубовта, а јас ќе уживам барем кратко во земните убавини.. доаѓаш за последен пат во мојот кошмарен сон да ми го кажеш твоето последно зборум, збогум во кој нема топлина ,само студенило и оштри парчина на мраз… Доаѓаш знаеќи дека конечно ќе бидеш слободна И јас,и пророкот знаеме добро Броеќи ги деновите останати простими моја љубов, но јас го знам патот до пеколот. Јас слегувам засекогаш во мојот темен свет, а ти биди барем среќна невеста, во најголемиот и најдолгиот миг со жешка страственост ќе посакувам да ме љубиш.. барем таму знам дека ќе бидеш мојата најслатка болка ,кожата полека ќе се затега до степен на прскање, црните рози со мирисот опоен ќе ме смируваат, пуштиги твоите нокти нека ја разбудат крвта во мене, и нека ја натераат да се цеди по кожата, пуштија зошто стана отров кој телото ми го отру… молчиш зарем не… несакам повеќе да се вратам во светот каде сум само кукла ,кукла која срцето залудно чука… урнат од сопствениот лелек скитам бездомен по светот… казнет ли бев се прашувам… имав ли вина.. повторно се прашувам… несакам да ме побараш, ни пак да ми бидеш утеха…. Само дојди по новогодишната ноќ Од мојата хумка земи грутка земја Како доказ за моето постоење и твојата конечна среќа
48
Кога повторно ќе се молам Кога како некогаш возвишените облаци ќе патуваат Повторно ќе се молам Боже И за мене и ситеоколумене Сега неможам Тмурнинава на небово е претешка и еден збор до тебе да пуштам Не ја гледам но на плеќиве ми овиснала Сега сум само тажен и празен верник Со прашање без одговор Зошто слепилово не ми го подари порано Барем вечен скитник во жед пустина ќе бев Со карвани од камили кои Бедуини ги водат ќе одев Но среќата сепак во срцето ќе ми клокотеше Сега во оваа морничавост и дождовите се вечни Горам постепено со секоја капка која капи на земјата Се кријам од своите мисли и од љубовта Кога како некогаш возвишените харфи на Ангелите ќе ги слушнам Повторно пред твојот олтар ќе клекнам И исто како кога бев дете ќе пеам Божествена ода И за мене и сите околумене Сега неможам Немам срце,само згужвано,згазено и со лаги испогането парче остана Премногу се за песна да се пее Сега сум само само тажен и празен верник Времето однесе се оставаќи само бледа слика која немир носи И повторно имам прашање без одговор Зошто слепилово не ми го подари порано Барем немаше да бидам заробен во времето Со празна избришана судбина во рацете Крикот на тишината тоа го направи немилосрдно. Сега во оваа морничавост и предавството е ефтина фраза Налепена со лажна гордост и лажна љубов која само пепел позади себе остава Ете повторно се кријам од своите мисли и љубовта.
49
Кога
Мила моја Кога еден ден Желбата премалена од чекање на прозорот ќе ти заспие Драга моја Кога еден ден Тагата на прагот папсано ќе ти седне Сакана моја Кога една ноќ Усните твои ладна воздишка нема да ти пуштат Кога една ноќ Од твоите очи солза нема да ти се срини Тогаш Јас ќе бидам далечна песна Што ќе ја пеат ветриштата насмеани.
50
Крај на вечноста
Те оставам таго,ти аждајо двоглава,дембелице ненаситна Моево срце широко е сега за нови ликови Те проколнувам,бидиму сестра на скитникот во пустина Сторисе друшка верна на прашината ветерова. Пустошот твој го преживеав,од криците твои не се плашам веќе Како гаваз лут Заборавот ќе го оставам да биде со тебе Да те гази,да те мори,миг мирен да не ти даде да се плодиш Јас,Густа шума од среќни моменти ќе посадам,ти пукни на сто парчиња. А ти,Малечка моја што секојдневно паѓаш,и темнееш,и се гасниш Ветриштата на животот не однесоа далеку,преку седум планини Со седум реки не разделија,седумте извори на вода ни ги затворија Сега јас сум во седмата цитадела Ти во третата. Овде алхемијата ја научив,знам сеќавањата да ги бришам И,Од сите солзи пролеани по тебе бисери најубави создадов Ако ме стретнеш во некој твој сон нема да ме препознаеш Повторно ѕвездата мајкина на градите ми свети. Несакам да дознаеш што значи да си заборавена Со сенките да танцуваш,илузијата да ја мирисаш Само види колку се долги ноќите,кога зората не се раѓа Слушнија душата твоја кога плаче за делот изгубен. Јас сум на крајот од вечноста Душата моја со сенката твоја прегратка прават Сенката моја ја оставив песнава да ја напише .
51
Љубовен плач
Никогаш не ти кажав Колку Љубовта плачеше кога со студенилото ја прободи Ја тешев долго Со солзите мои раните и ги миев. Пронајдов неколку пластови густа магла Ја заградив да не ја пронајдеш Таму го оставив и срцето мое да ја теши кога не сум тука Во квечерините постојано по една насмевка и дарував. Го пронајдовме мирот и без твоите допири Во суровата бајка што ни ја напиша со измамата Жртвени јагниња бевме нели на олтарот од предавството Сега,кругот на животот го затвараме,а ти слободна биди.
52
Магли на Каење
Под превезот на свои тајни Живеам во магли на каење И не сонувам веќе да бидам славољубец Само ноќни огнови како немили гости ме посетуваат Така расте некако проклетието Веќе небарам прошка од совеста. Се спогодувам со сенката на смрта Со прв писок на некоја птица ослободиме Апежите на крвопијцитите евеги повторно. Напукнала душата веќе Се цеди на секој чекор Некој весело глаголи..до кога Под превезот на свои тајни Се смирувам до безгласност И не сонувам веќе да бидам славољубец.
53
Малку апсурдно изгледа
Јас и ти Ќе се стретнеме повторно крај изворот на сништата Ќе ја згазиме гордоста и со прегратка ќе се помириме Малку апсурдно изгледа,зарем не На некому ќе му заличи ова е моето бегство од самотијата Или предолго само посакувавме среќа Не плачи мој мал Ангелу,покријсе и спиј,ѕвездите се над тебе чувари Моите раце секое зло го раскинуваат што етего тука е наоколу Со моите мисли солзите ти ги бришам. И утре кога ќе се пробудиш Патот ќе е исполнет со ситни оштри камења Мораме да го поминеме За ова дознав синоќа кога мракот повторно ме прободе дрско. Насмевнисе,слатко,слатко уште во руменилото на зората Не дозволувај Раката на судбината да те скрши на половина И во срцето ти остане само фрагмент од љубовта Избришија темната сенка од лицето Залепи,три,не не подобро,триесет и три зраци од соцето Погледни Во ситен дожд ќе се претворам И можеби ликот ќе го променам Бесмртната песна ќе ја потпевнувам Без тажни тонови заедно со старата виолина. Песната е посветена на мојата ќерка Викторија
54
маска Уморен од бесцелното бегање од самиот себеси,седнувам на некој камен,ако е камен,но сеедно ми е што е во бескрајнава пустелија која на моменти заликува на ден,светот веќе не го разбирам,зарем постојам се прашувам во него за да го разберам,се уморив од чекање да воскресне минатото…во тоа чекање нахранив многу бедни души со моите бесценети солзи,ете сега знам дека се беценети…само земјата ги ценеше,на секоја моја солза никнуваше по еден горостасен бел цвет..навистина,не се срамам да го кажам тоа,кај љубовта беше изворот кој бликаше секојдневно,незнам дали пресуши,но знам дека сеуште клокоти во мене тој извор…се гордеам со тоа..можете да се насмеете слатко на ова…мојата гордост не е лажна…не ја познавам цената на Љубовта,та можеби и затоа не тргувам,незнам ,незнаев ако верувате каде е тој пазар..само слушнав кога двајца безделници зборуваа за тоа,на булеварот широк гласно на сите им кажуваа…маски насмеани,ведри,се продавале ете таму,на ликот се лепеле и вешти трговци со чуствата се станувало,….пари ,титули,почести,и што ти уште не се добивало…не сум кадарен да отидам таму..или кажетеми вие дали би ми прилегало некоја маска мене…не,јас знам.не не…сигурен сум..задоволен сум од мојот лик…Бог ми го даде,судбината ми го наслика,животот цртите ги пишува трпеливо…ете тој сум јас…обичен смртник.
55
Постоење
Ми го окова сонот со девет змии лутици Врз камен пепелнак што на полноќ си го сонила зошто среде глогов колец не му стави да го убиеше,умртвеше,да не се прпелка во агонија Етего сон грозомора станал,та само крвје бара да пие. Во рацете само пепел имав Неможев ниту да милувам,ниту песни секакви да пишувам Ноќите станаа црни поцрни без месечина Беа сенки налудничави. Ќе исчезнам засекогаш Затоа што морам Да Од твојот свет Ќе паднам силно на земјата или камен пепелнак Тагата да ја искршам и со леснотија да летнам. Нека биде ова наместо збогум Ти благодарам што ми беше инспирација Живееше во мене како најубавата поезиа Никогаш не бев сам Бесцелно е веќе да се прашувам сега Каде се скрши времето Кога се излади твоето срце Се е запишани,ништо не е случајно Пред само три дни Девојка со насмевка на разигран ветар Ми подари нови сништа Дневник покрај мене остави Рече Кога денот на починка ќе отиде,ти како минато го запиши Ноќта оставија за нас да биде Ќе го пишуваме заедно сегашното постоење.
56
Миленик или проколнат
Како проклет брод пловам Во тишината на самотната вселена Одвреме навреме нарушена од сенките кои се лелеават Насекаде по површината на црната густа вода. Некадарен да викам во просторот Дилемата ја јадам лакомо Зарем само ѕвездите можат да ја видат мојата болка Зарем само сништата можат мојата тага во мрежа да уловат. Некаде,некаде во некое време прочитав тогај Чинам црн камен беше,на бела подлога поставен Ти скитник или проклетник што мислиш си, Ти Глаголиги гласно невидливите зборови и вознесисе. Миленик на небото веќе станувам Син на оганот сум бил ете така ми рече низ грмотевици На Мајка земја што ми била,правот требало да го оставам Водата трагите ќе ги избришела.
57
Мирис на темјан Со оган под стапалките, Твој воин бев и тоа останував А ти беше само нем сведител. Со трн во окото Бавен без смелост Замандалената врата ја барам за последен пат да ја отворам. Густата темница ме впи во себе Секоја ноќ подарок,черни чемери Од воин во разбојник станав, со разбојничка крв во себе. Блудочинителка зграбив Грабам од миговите избројани Грабам драм по драм. Сенките на соменијата останаа осамени Го чекаат моето месо Додека безимените во животот се смешкаат. Којзнае никогаш не дозреле та затоа се такви Смукливо впиваат се во себе Копаќи глоблова јама во земјата. Начнат од студ и со мирис на темјан Го слушам виежот на пците скитници Ударот на бронзените ѕвона И,испрекинат надгоробен женски плач.
58 Мистеријата на Белата Роза Додека ладните капки на дождот го миеа валканиот прозор,лежеше на креветот читаќи го дневникот кој го пишуваше до скоро,сега и тоа не можеше да го направи,потајното каење кое го криеше од сите ,каење кое го провлекуваше низ лажните насмевки што им ги подаруваше на сите кои доаѓаа во нејзиниот дом,а доаѓаа секој ден се помалку и помалку,каење кое го моташе во сите прегратки ,прегратки кои ги добиваше поретко и поретко,а кога ќе ги добиеше силно ги стегаше луѓето,толку силно што понекогаш и болка им предизвикуваше…..тоа проклето каење,се прашуваше самата себеси,зарем мораше да се роди во мојата глава…ех…не знаеше дека е едно од најопасните копилиња на совеста,копиле кое го носеше најоштриот и најболниот невидлив нож…..каење кое на некој чуден начин и го замрзнуваше ли мастилото во пенкалото или хартијата ја правеше толку рапава да неможеше ниеден збор да се стави,а толку сакаше да пишува во тој дневник,да пишува деноноќно и го отфрли теретот кој го носеше на себе….растеше каењето што никогаш не собра храброст да изговори две зборчиња…,туку се реши пустошот да го сее и низ тој пустош ја донесе илузијата која другите и ја даваа повремено,повеќето од забава,но некои од завист,а таа веруваше во таа илузија и силно нештедеќи се себеси иташе се фрлаше во секакви прегратки,се качуваше по скали кои не постоеа,скали кои постоеја само во нејзината глава,негледаше дека некој друг од позадина ги влечи конците а таа само привидно се радуваше…. Го фрли дневникот и неплашеќи се од студенилото реши да оди по празните улици,насебе само го наметна мантилот за дожд со капуљача и брзо излезе од собата….некаде во скриениот дел на стреата од куќата седеше нејзиниот татко,со туп и незаинтересиран поглед ја гледаше дење улицата и луѓето кои поминуваа по неа,но него сеедно му беше кои беа,каде одат или каде брзаат,единствено што гледаше како низ улицата врви со параден стил двојната измама на неговата ќерка…..седеше без никакво чуство во себе,измина веќе 6 месеци од смрта на неговата сопруга,но тој не почуствува во ниеден миг жалење кон неа,креатор на таа измама беше токму таа,и можеби затоа сега тупоста во погледот со секој ден беше се поголема и поголема. Се доближи донего,го допре до раката но брзо тој ја тргна под покривачот со кој беше замотан. -тато,јас отидов да се прошетам малку низ населбата. Неговиот поглед само оштро и кажа. -оди каде сакаш,само тргними од пред очи да не те гледам. Замина,не да оди низ населбата туку исто каде што беше и мината недела,замина од далечина да ја гледа хумката која и после 8 месеци не изгубила од својата свежина,проба и сега да се доближи,но на некои добри сто метри повторно невидливата рака ја спречи,не и даваше ни за милиметар да го премине тој невидлив круг кој постоеше околу таа хумка,и затоа повторно додека ладните капки на дождот кој стануваше се посилен се лизгаа на мантилот,а од мантилот на нејзините нозе,седна на непознатата и необележана хумка и ја запали свеќата. Поривот да ја пробие таа невидлива но за неа моќна бариера растеше,и со растежот бурата на гнев и разочарување збесна,започна клекната на колена силно да плачи,и низ плачот ги истураше своите лажни надежи што ете и ги подаруваа сите мажи……,а сакаше да отиде на таа хумка и како никогаш од утро до мрак да ја прегрне и да плаче,сакаше низ земјата да му ги испрати своите солзи во кој стоеа испишани со писмото на душата тие два зборови кои никогаш не ги изговори… Ја гледаше хумката,и низ малглината што се ствараше повторно ја виде слабата светлина што светеше таму,никогаш неможеше да си разјасни самата на себе,кој оставаше секоја недела по една Бела роза и палеше кандило кое светеше 7 денови. Мистеријата остана да живурка низ светлината на кандилото.
59
Моето име до вчера беше ТАГА
Моето име до вчера беше ТАГА Се чуствуваш лошо,понекогаш и очајно Можеби тоа само поради ТЕБЕ Мислев дека не си вредна за внимание. Беше спореден лик Јас лош поет кој пишува празни песни Во празно време На празна хартија. Со ветерот ја растурав љубовта меѓу пепелта Ги згазив сништата Ја отфлив од себе и сенката сопствена Ги распродадов евтино сеќавањата. Сега знам,вистински знам Те сакам зошто си моја болка Несовршена со илјада и една мана Несовршен со илјада и две мани. Би тргнал кон тебе Бездната не ми дава Никаде не гледам мост Или можеби денес не е мојот ден.
60
Моето последно збогум. Чуствувам и вечерва темнината ќе биде ладна,студенилото веќе научи вешто да се лепи на мене како млечно бела магла,не треперам,несакаќи така да оставам видлива трага на моето движење….Тука сум …..на твојата улица каде и покрај сета густина лесно ги препознавам видливите сенки на дрвјата….тука сум на самиот раб од зидот да го оставам моето последно збогум…кога наутро ќе се разбудиш и го видиш,покрај него оставиго парчето душа што остана таму некаде залепено на некој твој ѕид,а сега е само освоен трофеј…оставиго…гавранот што будно бдее на чемпресот ќе знае што да направи…кога ќе му завртиш грб ќе го земи и ќе го донесе тука во долината на заборавените…кратко ќе престојувам тука ..времето мое е веќе одборајано…потребно ми е тоа парче,на него ќе ја залепам паричката….чуствувам како бучавата на реката јачи со подмолност,веќе долго стојат на брегот многумина …ќе лутам по навика до утрината низ оваа темнина чекаќи нестрпливо….
Кратка Биографија
Никодин Чернодримски роден 1964 в оПрилеп во тие величествени прегратки на Марковите Кули. Уште како мал, кога го осознава вистинското постоење на животот, започнува да ја искажува својата восхит према градот кој му вдахнал живот,неуморно и деноноќно ги истражува сите Прилепски скриени и јавни катчиња на секојдневното живеење,но тоа истражување никогаш не го нарекол безделничење,зошто и не безделничел,напротив секој миг бил претходно испланиран,не ги броел деновите,но трпеливо и педантно ја нижел низата на животот во непрегледното Прилепско поле,горчините кои злато вределе вредно ги собирал и со ширум отворени очи сонувал за животот.И од најкривата прачка Никодин со својата палава дружина на другари умееле да направат највоинствени мечеви со кој ги оживувале Марковите Битки,палаво во свој стил тоа било дружина која оставила печат во постоењето на градот.Љубовта према пишаниот збор ја добива на велинченствената сцена на Народниот Театар-Војдан Чернодрински-каде десетина години учествува во бројни аматерски и професионални претстави,толкуваќи најразлични ликови,кои и ден денес кога осаменоста ќе му се доближи,тој ги вади од своите спомени ги оживува тие ликови,така правејќија осаменоста полна а не празна и убиствена.Растеќи покрај великаните во Прилепскиот Театар Трајче Иваноски,Најдо Тодески,Димитар Вандески,Кирил Жежоски,Евица Глиѓиќ,Благоја Спиркоски-Џумерко,и сите други и работеќи под режисерските палки на Илија МИлчин,Коле Ангелоски,Аце Јованоски,Блаже Рстески и други,гради ликови кој длабоко во него ќе му ја вградат желбата да и Никодин еден ден створи свои дела од кој ќе се гордеат сите,но и да створи дела кој ќе се играаат на сцената на Прилепскиот Театар. Паралелно со Театарот ги запознава сите планински убавини не само на Македонија,туку и во целукупниот простор на Југославија,како и на Балканските Држави,членуваќи во Планинарското ДруштвоЗлатоврв-од Прилеп ,Никодин ја запознава убавината,силата,но и моќта на природата,што подоцна токму таа моќ кој ќе ја позајми од природата ќе му биде инспирација да ја опее во многу песни. Соновите и Стварноста се два контрадикторни светови,кои многупати не одат паралелно,така и Никодин соочуваќи се со безработицата која во тоа време веќе срамежливо започнува да тропа на вратите,го остава градот на својата Младост Прилеп и заминува за Скопје.Доаѓа во Скопје каде и се вработува,но вработувањето не значи дека засекогаш ја пресекол врската со Градот,напротив можеби физички не е веќе во градот но честопати со своите мисли го надлетува градот и го
милува црпеќија сила од Маркови Карпи.Работеќи започнува да се адаптира на новата средина,отворен искрен и комуникативен веќе за кратко време стекнува нови пријатели со кој и ден денес контактира.Со доаѓањето во Скопје ја запознава својата Муза која му ја дава најголемата инспирација за секоја поетска и прозна творба,ја запознава својата сопруга Јана,која и ден денес му е инспирација.Како плод на таа љубов се родија две прекрасни деца Кристијан и Викторија кој му вдахнуваат секојдневни надежи дека утрешниот ден нема да биде ден кој ќе биде исполнет со болка туку ден кој ќе биде исполнет со смеа и во кој ќе тече и денешната радост. Досегашни дела на Никодин Стихозбирки Ангелски Шепотења Арнаутска Жетва Астра Балканска рапсодија Браќа по Мрак Десете Балкански Проклетства Дневникот на еден сонувач Кај си бе другар Катадневно Тркало Крилати Сни Месечеви Сонети Мисловен Дневник Мој Роде Монолог со Паметникот Мозаик од Мигови Мртви сенки на Мртва стража На Спилите им Раскажувам Ново утро Огнени Виори Осамени Монолози Пагански Стихови Пелин Вода По патеките на Орфеј Прилепско Ехо Шепотот на скриениот дамар Трагач по Илузии Таинствени Прерии Заборавени Спомени Успони и падови Бездомност Добредојде во мојот свет Мртов бунтовник Како станав лита сенка Ден без виделина ноќ без месечина Изгубени мигови Скрбот како утеха
Во метежот на чуствата Заборавени спомени
Останати дела на Чернодримски Монодрама-Ало Диоген на Линија Романи Кара Севда Тајната на Нормандови Приказна која не требало никогаш да биде раскажана Првиот Ангел Последна молитва Пред портите на љубовта Злокобна вистина
Драма И сега Шо Нова кожа Како и збирките раскази Затворени кругови Номад во душата Бразда Од сонот до јавето Приказни од малиот сокак