Биологија

Page 1



ПРЕДГОВОР Учебников по биологија е работен според најновата наставна програма по биологија за VII одделение. Програмата има предвидено разновиден материјал од повеќе биолошки дисциплини, пред се од физиологијата на животните, како и екологијата. Олку обемниот материјал се настојуваше да биде претставен на начин достапен на учениците на соодветната возраст. Притоа се имаше предвид предзнаењето што тие го стекнале од претходнотот образование. За да бидат разбрани и полесно совладани наставните содржини од учениците, по секоја поголема наставна целина се поместени збирен преглед, прашања и задачи, а текстот богато илустриран со оригинални слики и шеми. Со цел да се активираат учениците за совладување на материјата и проширување на нивните знаења, во текстот се внесени вежби. Но, сепак и покрај сите наши настојувања, свесни сме дека овој учебник не е идеален, и дека тој има недостатоци. Затоа ќе им бидеме благодарни на сите наставници и ученици кои со своите забелешки ќе придонесат недостатоците да бидат отстранети во следните изданија. Од авторите



ТЕМА 1

SLI^NOSTI I RAZLIKI ME\U @IVOTNITE I RASTENIJATA

Со изучување на содржините на оваа тема ќе можеш: -

-

-

Да ги откриваш врските меѓу живите организми и средината во која живеат преку: потребите за вода, гасови, минерални материи, светлина, топлина и друго; Да правиш разлика помеѓу автотрофен и хетеротрофен начин на исхрана Да прераскажуваш научени сознанија за: животните, растенијата, врските со средината во која живеат, начините со кои создаваат енергија; Да ги опишуваш сличностите и разликите меѓу растенијата и животните според нивните животни потреби; Да ги споредуваш животните и растенијата, нивната приспособеност кон условите кои владеат во средината Да ги проценуваш врските меѓу растенијата и животните во однос на начинот на исхраната.

Поими што ќе ги научиш во оваа глава: -

животни, растенија, врски со средината, приспособеност, автотрофност, хетеротрофност.

5


ТЕМА 1

1

ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Од појавата на првите живи организми па се до ден денес постојано се проучуваат врските помеѓу живите организми и нивната животна средина. Науката која се занимава со проучување на заемните односи на живите организми и средината во која што живеат организмите е наречена екологија. Opstanokot na `ivite organizmi e tesno povrzan so postojanite promeni vo sredinata vo koja `iveat. Na primer, site `ivotni di{at i od `ivotnata sredina go koristat kislorodot, a vo nea osloboduvaat jagleroden dioksid. Исто така, сите живи организми од средината во која што живеат ги земаат сите потребни материи: вода, минерални материи и слично. Цврста и заемна врска помеѓу живите организми, растенијата и животните, постои и преку начинот на исхрана. Растенијата ја произведуваат органската храна и поради тоа тие се наречени произведувачи. Растенијата при процесот на фотосинтеза, во органската храна која ја создаваат, ја вградуваат сончевата енергија во вид на скриена хемиска енергија. На овој начин растенијата добиваат енергија за своите потреби (растење, развивање, делба на клеките, искачување на водата преку ксилемот и слично). Овој начин на добивање енергија е наречен автотрофен начин (авто – сам за себе, трофија –храна, исхрана). При овој процес растенијата ослободуваат кислород кој е неопходен за живот на животните. Од друга страна, и многу процеси важни за животот на растенијата зависат од животните. Така опрашувањето на голем број растенија зависи од инсектите (сл. 1.1). Животните пак не се способни самите за себе да произведуваат храна така што ја користат готовата произведена храна од растенијата. Поради тоа тие спаѓаат во групата на потрошувачи а нивниот начин на исхрана е наречен хетеротофна исхрана (хетеро – различна, трофија – храна, исхрана). Заемни врски постојат и меѓу живите организми и неживата природа. Денес со сигурност се знае дека живите организми ги имаат истите материи кои се наоѓаат и во неживата природа. Тоа покажува дека живите организми се поврзани со неживата Sl. 1.1. природа. Иако на прв поглед се чини дека оваа Povrzanost na rastenijata i поврзаност е едноставна, сепак во суштина не `ivotnite е така. Постоењето на овие врски е резултат на сложени заемни односи кои владеат во природата. За да може живите организми да опстојат на Земјата, неопходни се поволни услови во надворешната средина, како што се: водата, светлината,

6


Sl. 1.2. температурата, кислородот, минералните материи и друго. Но, живите организми со своето присуство на Земјата многу успешно воспоставуваат одредени односи со неживата природа, може да делуваат на неа и да ја менуваат. Се претпоставува дека Земјата без живи организми многу поинаку би изгледала отколку што е таа денес (сл. 1.2). Исто така, како резултат на прилагодување на живите организми кон условите кои владеат во средината тие се менувале, се со цел подобро да се прилагодат на промените кои се јавувале, односно за да може да опстојат. Како резултат на тие прилагодување со тек на време се јавуваат различни видови на животни и растенија, при што секој вид е единствен, уникатен, со свои одредени карактеристики и белези (сл. 1.3 и сл. 1.4). Priroda na biolo{kite prisposobuvawa Pri razgleduvaweto na растителното или `ivotinskoto carstvo, }e zabele`i{ mnogu

Sl. 1.3.

Sl. 1.4. prisposobuvawa kon uslovite vo sredinata vo koja `iveat. Nekoi prisposobuvawa se izrazuvaat vo izgledot: insektite ~esto mnogu li~at na gran~iwata ili lisjata (sl.1.5) na koi `iveat. Drugi prisposobuvawa se izrazuvaat spored Sl. 1.5.

7


ТЕМА 1 a)

b)

Sl. 1.6. Biolo{ki prisposobuvawa (a) Sored funkciite. (b) Spored uslovite za `ivot

funkciite na tie delovi na teloto. Taka, mo}nite muskuli na vilicite kaj hienata i ovozmo`uvaat da gi kr{i koskite na pronajdenite `ivotinski trupovi (sl. 1.6 a). Nekoi drugi prisposobuvawa se fiziolo{ki. Za vreme na nurkaweto, kitovite, fokite i drugite cica~i koi nurkaat vo voda, vr{at niza na prisposobuvawa kon nedostigot na kislorod vo takvite uslovi (sl. 1.6 b).

2

SLI^NOSTI I RAZLIKI ME\U @IVOTNITE I RASTENIJATA

a)

b)

v)

Sl. 1.7. Покрај толку големата разлика, меѓу живите организми има единство (а) Даб. (б) Паразит кој предизвикува маларија. (в) Човек

8

Се претпоставува дека на Земјата денес живеат околу 500000 растителни и околу 1500000 животински видови. Живите организми се многу разновидни, а таа нивна разновидност настанала како резултат на нивното прилагодување на различни услови во животната средина. Основната разновидност е изразена помеѓу растителните и животинските организми. Во секоја група постои разлика во


надворешната и внатрешната градба, начинот на исхрана, размножување, развиток, однесување. И покрај толку големата разлика, меѓу живите организми има единство. Ова единство пред се гледа преку нивната клеточна градба, организација и животните процеси.

организам систем на органи

ткиво орган

клетка клетка

ткиво

a) Sl. 1.8. Kaj pove}ekleto~nite organizmi postoi i organizirawe na pove}e kletki vo tkiva, na tkiva vo organi, na organi vo sistemi (a) Kaj `ivotni. (b) Kaj rastenija.

орган

 Клеточна градба. Site `ivi organizmi se sostaveni od kletki. Kaj ednokleto~nite organizmi site b) funkcii se izvr{uvaat vo edna kletka, dodeka kaj pove}ekleto~nite organizmi odredena grupa kletki e specijalizirana za izvr{uvawe samo odredena funkcija.  Organizacija. Site `ivi organizmi se organizirani oblici na `ivot. Takvite funkcii vo ednokleto~nite organizmi se izvr{uvaat vo edna kletka, dodeka kaj pove}ekleto~nite organizmi postoi i organizirawe na pove}e kletki vo tkiva, na tkiva vo organi, na organi vo Sl. 1.9 Oblicite na `ivotot se raznovidni. Trevata izgleda nepodvi`na i bez`ivotna, dodeka zebriтe se mnogu brzi. Sepak, i dvete pripa|aat na grupata `ivi organizmi, za{to gi poseduvaat osnovnite karakteristiki na `ivotot.

9


ТЕМА 1 sistemi na organi i site tie go so~inuvaat `iviot organizam (sl.1.8 a,b).  Животни процеси  Исхрана. Сите живи организми се хранат. Рastenijata se sposobni so pomo{ na son~evata energija da proizvedat органска hrana (avtotrofni organizmi), dodeka site drugi organizmi koristat ve}e sozdadena храна. На тој начин сite `ivi organizmi koristat energija. Растенијата при процесот на фотосинтеза ја користат сончевата енергија и ја складираат како скриена хемиска енергија, која пак растенијата и животните ја користат за сите свои потреби. Sonceto ja obezbeduva re~isi celata energija za `ivot na Zemjata.  Дi{ewe. При процесите на создавање и користење на хранливите материи и енергијата postoi razmena na gasovi, odnosno di{ewe.  Движење. Животните се приморани постојано да се движат за да можат да си обезбедат: храна, вода, место за живеење и слично. Бидејќи тие постојано го променуваат местот на живеење ние, нивното движење го забележуваме, односно велиме дека најголем дел од животните активно се движат. Но, иако неприметно и кај растенијата постои оваа способност да движат дел од своите органи.  Reagirawe na sredinata. Site `ivi organizmi reagiraat na сигналите или дразбите кои доаѓаат од `ivotnata sredina. Reagiraweto e odgovor na drazba (pottik). Na primer, ako vo divinata tigarot ja brka gazelata, gazelata }e reagira so begawe. Ако зајакот почувствува миризба на непријателот, тој ќе побегни, или пак мачето нема да ја јаде храната додека не ја помириса.  Rastewe. Site `ivi organizmi rastat. Rasteweto na kletkite doveduva do sozdavawe uslovi za nivna delba i sozdavawe novi kletki od roditelskata kletka. На тој начин телото се зголемува, односно организмот расте.  Razmno`uvawe. Site vidovi `ivi organizmi se sposobni da se razmno`uvaat. На тој начин тие создаваат потомство кое ovozmo`uva prodol`uvawe na `ivotot, bidej}i ne postoi organizam koj e ve~en.  Prisposobuvawe. Site `ivi organizmi se sposobni da se прилагодуваат на условите во средината во која што живеат. На тој начин `ivite organizmi имаат поголема mo`nosti da opstanat vo `ivotnata sredina.

10


Zbiren pregled za brzo da povtori{ 1. Науката која се занимава со проучување на заемните односи на живите организми и средината во која што живеат организмите е наречена екологија 2. Растенијата при процесот на фотосинтеза, во органската храна која ја создаваат, ја вградуваат сончевата енергија во вид на скриена хемиска енергија. На овој начин растенијата добиваат енергија за своите потреби (растење, развивање, делба на клеките, искачување на водата преку ксилемот и слично). Овој начин на добивање енергија е наречен автотрофен начин, (авто – сам за себе, трофија –храна, исхрана). А растенијата се наречени произведувачи 3. Животните не се способни самите за себе да произведуваат храна така да ја користат готовата произведена храна од растенијата. Поради тоа тие спаѓаат во групата на потрошувачи а нивниот начин на исхрана е наречен хетеротофна исхрана (хетеро – различна, трофија – храна, исхрана) 4. Единството помеѓу растенијата се гледа пред се преку нивната клеточната градба, организација и животните процеси.

11



ТЕМА 2

ГРАДБА НА КЛЕТКИТЕ, ТКИВАТА И ОРГАНИТЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Со изучување на содржините на оваа тема ти ќе можеш: -

Да ја запознаеш градбата и функцијата на животинската клетка Да ги воочуваш разликите помеѓу растителната и животинската клетка Да ја разбереш делбата на клетката и функцијата на истата Да ги препознаваш и да ја опишуваш градбата на животинските ткива Да ги разликуваш ткивата во еден орган кај животното Да ги раскажуваш сознанија за градбата на одделните органи и органски системи животните и нивната усогласеност

Поими што ќе ги научиш во оваа тема: -

животинска клетка, клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, митохондрии ткиво, орган, органски систем, организам , усогласување на функциите,

13


ТЕМА 2

1

ШТО Е КЛЕТКА? КОИ СЕ НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ ДЕЛОВИ? КЛЕТКА И НЕЈЗИНИТЕ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ

Сите живи организми се изградени од клетки. Наједноставните облици на живот се едноклеточните организми во кои сите животни функции се вршат во една клетка. Сложено градените организми, како што си и ти, имаат голем број клетки. Клетката е основна единица на секој жив организам. Секоја клетка е самостојна целина која ги покажува сите карактеристики на животот, независно од другите клетки. Проучувањата на клетките почнале пред 350 години кога Антон ван Левенхук (сл. 2.1) го пронашол микроскопот. Од појавата на првиот микроскоп па се до ден денес истиот постојано се усовршувал, така што денес постојат и електронски микроскопи, во кои со комбинација на повеќестепено зголемување, може да се добие слика што е зголемена 1 милион пати, па и повеќе. Во зависност од тоа дали во клетката има јасно дефинирано јадро или не, клетките се поделени на: еукариоти - наречени се клетките кои имаат јадро (од грчките зборови eu, кој значи “добар” или “вистински” и karyon кој значи “зрно” или “јадро”). Клетките кои немаат јадро се наречени прокариоти (од pro, кој значи “пред”). Прокариоти најчесто се среќаваат кај едноклеточните организми (бактериите) (сл. 2.2), иако некои од нив може да се сретнат здружени во облик на синџири, збирови и др. Некои едноклеточни организми (праживотните и едноклеточните алги) и сите сложени повеќеклеточни организми: растенија, животни и габи, се составени од еукариотски клетки.

b)

v) a)

14

Sl. 2.1

Sl. 2.2

Anton van Levenhuk go prona{ol mikroskopot

Euokariotska (a) `ivotinska (b) rastitelna kletka i (v) prokariotska kletka


Повтори и потсети се: Со помош на учебникот по биологија за V одделение потсети се на изгледот, градбата и работата со микроскоп и на начинот на кој се приготвува материјалот за да се гледа под микроскоп.

ГРАДБА НА ЕУКАРИОТСКА ЖИВОТИНСКА КЛЕТКА • Клеточна мембрана. Однадвор клетката е обвиткана со клеточна мембрана. Ваквата мембрана е составена од два слоја на масти во кои се вметнати различни белковини и мало количество на шеќери. Клеточната мембрана е многу важна, бидејќи таа одредува што може да влезе, а што да излезе од клетката. • Цитоплазма. Содржината со која е исполнета и во која се потопени сите составни делови на клетката е наречена цитоплазма. Таа е полутечен, полупроѕирен густ раствор на вода во која се растворени голем број на материи. Во цитоплазмата има специјализирани делчиња кои се обвиткани, исто така, се мембрана, наречени органели, или “мали органи”. Најголема органела е јадрото. Тоа го содржи наследниот материјал кој е одговорен за сите процеси на клетката, па и самата делба на клетките. Јадрото е

јадро Пресек на клеточна мембрана

клeточна мембрана

цитоплазма

Sl. 2.3 Градба на животинска клетка

митохондриja

15


ТЕМА 2 затворено со две мембрани кои создаваат јадрена обвивка. Во себе содржи хромозоми, на кои се сместени носителете на наследните особини – гените. Ако поради некоја причина настане оштетување на јадрото или пак истото се уништи, клетката престанува со своите функции односно изумира. Освен јадрото, во цитоплазмата на клетката има и други мали ситни делчиња – органели. Сите органели си имаат своја одредена функција, а овде ќе ги споменеме само митоходриите кои се многу ситни, но важни. Во митохондриите храната се соединува со кислородот, односно се врши процесот на клеточно дишење, при што се ослободува енергија за клетката. Митохондриите и служат како термоцентрали на клетката. Форма и големина на клетките Иако основната градба на сите клетки во организмите е иста, сепак, во зависност од местото и функцијата клетките можат да се разликуваат по својата големина и облик По големина клетките можат да бидат многу мали (од 7м, како што се црвените крвни зрнца), па се до 200м или повеќе, како што се мускулните клетки. Клетката на бактеријата што се наоѓа во киселото млеко е долга неколку микрометри, јајцеклетките од жабата имаат дијаметар од околу 1 милиметар (сл. 2.4). По својот облик клетките исто така можат да бидат топчести, плочести, коцкасти, вретеновидни или пак разгранети. На пример: нервните клетки со своите долги продолжетоци многу се разликуваат од мускулните клетки или од проѕирните клетки во очната леќа. Некои клетки на површината имат ситни, влакнести придвижувачи наречени трепки, кои со трепкањето предизвикуваат движење околу клетката. Други клетки имаат камшиковиден продолжеток кој излегува од клетката и е наречен камшиче. a)

b)

Сл. 2.4 Некои примери за разлика во големината и изгледот на клетката. (a) Нервна клетка од малиот мозок. (б) Чевличe. Оваа протозоа плива, главно, со движење на трепките кои ја обвиваат нeјзината површина. (в) Човечки леукоцити и еритроцити. (г) Тенка бактерија, со еден камшик на крајот. Оваа бактерија напаѓа, убива и се храни со други поголеми бактерии.

v)

16

g)


2

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТИНСКА И РАСТИТЕЛНА КЛЕТКА

Како што веќе кажавме, повеќето од деловите на клетките се заеднички за сите клетки. Меѓутоа, растителните клетки имаат некои дополнителни делови со кои се разликуваат од клетките кај животните. Така, кај растителните клетки има клеточен ѕид кој се наоѓа над клеточната мембрана и ја заштитува. Другите две органели според кои се разликува растителната од животинската клетка се вакуолите и пластидите. Вакуолите се органели во кои се сместуваат потребни и непотребни материи за клетката. Кај зрелите клетки тие можат да зафаќаат и повеќе од 90% од волуменот на клетката. Пластидите се органели со чија помош растенијата ја користат сончевата енергија. Според пигментот што го имаат, тие можат да бидат зелени, жолто-црвенкасти или безбојни. Најзастапени се пластидите кои имаат зелен пигмент хлорофил. Ваквите пластиди се наречени хлоропласти. Тие се големи зелени органели кои имаат слична функција како митохондриите, а со нивна помош растенијата можат да земаат енергија непосредно од сончевите зраци. Во нив се извршуваат процеси на фотосинтеза, со кои енергијата на сончевите зраци се користи за добивање соединенија богати со енергија. При овој процес тие ослободуваат кислород како краен продукт. Растителните клетки, слично како и животинските, можат овој материјал да го складираат како хемиска енергија која по потреба ќе ја искористат. Хлоропластите создаваат хранливи молекули и кислород кои можат да ги користат сите митохондрии. клeточен ѕид клеточна мембрана

пластид

хлорофил вакуола јадро

хлорофил Хлоропласт, органела во која се врши синтеза на енергија, присутна само во растителните клетки

митохондрија

Сл. 2.5 Растителна клетка

17


ТЕМА 2

3

ФУНЦИИ НА ЖИВОТИНСКАТА КЛЕТКА И НЕЈЗИНА ДЕЛБА ПРОЦЕСИ КОИ СЕ ОДВИВААТ ВО КЛЕТКАТА

Да се потсетиме дека цитоплазмата е полутечен, полупроѕирен густ раствор на вода во која се растворени голем број на материи. Во неа има растворено различни видови на неоргански материи (минерални материи) но и различни видови на органски материи како што се шеќери, масти, белковини и витамини. Сите овие материи и овозможуваат на клетката да ги врши своите животни процеси: дишење, создавање на материи кои и се потребни на самата клетка да расте, да се развива и да се размножува. Материите во самата клетка постојано се менуваат во еден непрекинат процес на создавање и разградување. При овие процеси во клетката се создаваат и непотребни материи од кои истата треба да се ослободува. За да може клетката правилно да ги врши сите овие процеси таа треба да биде во постојан контакт со надворешната средина, околината која ја опкружува самата клетка. Потребните материи, кои се наоѓаат во околината на клетката, преку порите на клеточната мембрана, постојано навлегуваат во цитоплазмата. Кога ќе навлезат дел од материите (белковините) се користат за изградба на нејзините делови, дел за да се ослободува енергија (шеќерите и делумно мастите). Во постојаните процеси кои се одвиваат се ослободуваат и штетни материи кои пак преку клеточната мембрана мораат да ја напуштат клетката. Овој процес на постојано примање и оддавање на материи меѓу животинската клетка и нејзината околина е наречен размена на материите. Ако поради која било причина се наруши процесот на размена на материите, настанува и пореметување во правилното функционирање на клетките при што може да се јави и нејзино оштетување или изумирање. Како материите се движат низ клеточната мембрана? Да се потсетиме дека клетките се обвиткани со полупропуслива мембрана. Ако клетките би биле обвиткани со заштитна мембрана, поминувањето на хранливите метарии не би било можно. Бидејќи околу клетките се движат растворени материи, истите изгледааат како да се

Фагоцитоза

Пиноцитоза

Сл. 2.6 Процеси на движење на материите низ клеточната мембрана енергија

Активно пренесување

18


потопени во раствор во кој има хранливи материи. Во тој случај се случуваат интересни нешта: течноста со растворени хранливи честички поминува низ клеточната мембрана, а штетните материи кои се ослободуваат во клетките излегуваат од неа во спротивна насока. Клеточната мембрана во својата градба има делови што не дозволуваат во клетката да влезат некои штетни материи. Токму поради тоа за клеточната мембрана велиме дека е селективно пропустлива. Низ клеточната мембрана материите поминуваат со помош на неколку процеси - дифузија е процес на постојано движење на материите од средина со поголема концентрација во средина со помала концентрација. - осмоза која е еден вид на дифузија низ полупропустлива мембрана. - филтрација е процес на поминување на материи низ мембрана како резултат на механичка сила (“туркање”) од едната страна. - активно пренесување во кој има потреба од енергија. - фагоцитозата во кој има проголтување на релативно големи честички од клеточната мембрана и носење на таквите честички во самата клетка, а третиот таков процес е - пиноцитозата со кој низ клеточната мембрана поминуваат капки на течност Делба на клетката

За да може организмот да расте, да се развива или пак да заздравува потребно е постојано да се зголемува бројот на клетките. Поради тоа кај клетките се јавила способност да се делат. Постојат два типа на делба на клетката : проста делба или митоза и сложена делба или мејоза. Со митоза се делат сите клетки кои го градат телото додека пак со мејоза се делат само половите клетки (јајце клетките и II фаза

Клетка мајка

I фаза

III фаза

IV фаза

Четири клетки ќерки со број на хромозоми за половина помал од клетката мајка

Сл. 2.7 Сложена делба - мејоза

19


ТЕМА 2

Клетка мајка

две клетки ќерки исти со клетка мајка

I фаза

IV фаза II фаза

III фаза

Сл. 2.8 Проста делба - митоза

сперматозоидите). Кај животните мејозата се врши само во половите органи, односно во половите жлезди. • Со митоза секоја клетка се дели на две идентични клетки-ќерки. Меѓутоа, пред да почне митозата, наследниот материјал во клетката мора да се удвои. За да се опише, појасно митозата може да се подели на четири етапи, во текот на кои се случуваат различни промени во клетката. Двете нови клетки-ќерки се идентични, сосема исти меѓу себе, но помали од родителската клетка. Двете нови клетки ќе растат, ќе се развиваат и постојано ќе ги извршуваат животните функции (сл. 2.8). • Мејоза е сложена делба на клетката при што од една мајка клетка се добиваат четири нови клетки. На тој начин кај новонастанатите клетки се добива наследен материјал – хромозоми чиј што број е за половина помал од бројот на хромозомите кај клетките кои се добиени со митоза. Со мејоза се делат само половите клетки (сл. 2.7).

20


4

ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ ОД КЛЕТКИ, ТКИВА, ОРГАНИ И ОРГАНСКИ СИТЕМИ

Се претпоставува дека најстарите клетки на Земјината топка биле едноставните прокариотски клетки, слични на денешните бактерии. Со размножување нивниот број постојано растел, па било неминовно да почнат да се натпреваруваат за подобри услови за живеење кои во тоа време биле ограничени. Потоа се појавиле и клетки кои имале сопствени органели и им било поедноставно да опстануваат во животната средина. Такви биле еукариотските клетки. Некои од нив со своите специфичности како едноклеточни опстануваат и денес, а други се групирале па живееле во колонии, при што одредени групи на клетки се диференцирале и се специјализирале за одредени функции. Кај посложено градените организми овие диференцирани и специјализирани клетки се групирале да извршуваат одредена функција, односно создаваат ткива. едноклеточен организам (еуглена)

група на ткива формираат орган

Сл. 2.9

групи на клетки вршат одредени функции (волвокс) група на клетки формираат ткиво

Ткивото претставува збир на клетки со слична градба и изглед кои извршуваат заедничка функција. Кај животните постојат четири основни типа на ткива: - епително ткиво - сврзно ткиво - мускулно ткиво и - нервно ткиво Епителното ткиво – ги обложува: површините на телото и на тој начин формираат заштитна обвивка, потоа внатрешните празнини, а кај посложено градените животни и ги гради жлездите. Тоа кај човекот е главното ткиво кое се наоѓа на површината на кожата. Клетките на епителното ткиво можат да се јават во различни форми, пред се како резултат на функциите кои ги имаат. Така, на пример, во цревата епителните клетки се плочести. За разлика од тоа

21


ТЕМА 2 во црниот дроб епителните клетки се четвртасти, а цилиндрични се во нервниот систем. Во зависност од местото каде што се и функцијата која ја имаат можат да бидат распоредени во еден слој или пак да се јават како повеќе слојни. Некои видови на епителни клетки се специјализирале да создаваат различни секрети, други пак имаат трепки, влакненца или камшичина. Епителните клетки се способни многу брзо да се обновуваат. Ако настане повреда на епителните клетки, клетките кои се во околината забрзано се делат, при што нивниот број расте и настанува зараснување на раната.

Сл. 2.10

Различни видови епителни клетки а) ткива сместен помеѓу клетките, познат како меѓуклеточен материјал. Од ова ткиво изградени се коските, , рскавицата, лигаментите и тетивите, крвта и лимфата и масното ткиво. - Мускулно ткиво – изградено е од клетки кои имаат изглед на тенки нишки поради кои се наречени мускулни влакна. Тие имаат способност да се скратуваат и истегнуваат. Мускулното ткиво ги гради мускулите кои се поделени на: - напречно-пругави или скелетни мускули - мазни мускули или мускули на внатрешните органи и - срцев мускул кој е изграден од посебен вид на напречно-пругаво мускулно ткиво.

22

в) Сл. 2.11 (а) Eпително ткиво (б) Mускулно ткиво

Сврзно ткиво е посебен вид на ткиво кое има задача да дава потпора на сите делови на организмот. Без него организмот нема да може да постои како целина. Во зависност од цврстината на клетките, постојат повеќе видови на сврзно ткиво. Ова ткиво содржи материјал за други б)

г) (в) Нервно ткиво (г) Сврзни ткива


Благодарение на мускулните клетки и нивната способност да се скратуваат и истегнуваат животните можат да се движат. - Нервно ткиво – изградено е од клетки кои се способни да примаат и да пренесуваат дразби. Благодарение на ова ткиво животните се способни да ги примаат сигналите - дразбите кои доаѓаат од надворешната средина и соодветно да реагираат на истите.

клетка

орган

ткиво

Сл. 2.12 Градба на орган (црево)

органи на системот

Одредени видови ткива, кои дејствуваат заедно заради извршување посебна функција, создаваат орган. На пример, желудникот, срцето, белите дробови, бубрезите се органи. Желудникот е изграден од мускулно ткиво кое овозможува движење, од епително ткиво, од кое се излачуваат материи неопходни за разградување на храната, и нервно ткиво кое ја контролира нивната работа преку неговото поврзување со мозокот. Сл. 2.13 Група органи кои заедно дејствуваат за извршување на одредени функции создаваат Систем на органи за варење органски системи. На пример, усната празнина, хранопороводот, желудникот, цревата и други органи го изградуваат дигестивниот систем. Секој од овие органи извршува посебна функција во процесот на дигестијата на храната.

23


ТЕМА 2

5

УСОГЛАСУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ОРГАНИЗМОТ

Со групирање и усогласување во работата на органските системи се градат живите организми. Но, сите функции во органите на еден органски систем се извршуваат во согласност со органите на друг органски систем. Во некои случаи, зголемувањето на активноста на еден орган, ја зголемува активноста на друг орган. На пример: зголемената активност на мускулите предизвикува зголемена активност на белите дробови и срцето. Исто така, во сите живи организми постојат и материи, или посебни органски системи, чија основна функција е контрола и регулирање на работата на клетките и органите. Сето тоа е со единствена цел организмите да функционираат како една целина, односно како наштиман оркестар во кој секој орган и органски систем си ја врши својата работа, но во согласност со другите органи и органски системи.

Збирен преглед за брзо да повториш 1. Клетките се основни единици на животот. 2. Електронскиот микроскоп овозможува да се гледаат и најситните составни делови на клетката – органелите 3. Најважна органела во повеќето растителни и животински клетки е јадрото. Во него сместени се носителеите на наследните особини - гените 4. Еукариотските клетки се наречени клетките кои имаат јадро. 5. Клеточната мембрана има улога до контролира што влегува или излегува од клетката 6. Постојат два начини на делба на клетката: митоза или проста делба и мејоза или сложена делба 7. Постојат четири основни типа на животински ткива: епително, сврзно, мускулно и нервно 8. Група од ткива кои делуваат заедно во извршувањето на одредена функција создаваат орган, а група органи со заедничка функција градат органски ситем. 9. Меѓу сите ограни и органски системи во организмите постои сообрзеност.

24


Истражувај ја градбата на животните Задача 1. Микроскопирање на животински и растителни клетки Прибор и материјал: трајни препарати на растителни и животински клетки, микроскоп, тетратка за цртање Упатство за работа: Постави го микроскопот и најди го видното поле. Побарај од твојот наставник препарати од клетка. Постави го препаратот од животинска клетка на микроскоп. Прво микроскопирај на мало, потоа на големо зголемување. Нацртај ја клетката што ја микроскопираш и обележи ги нејзините делови. Постапката повтори ја со растителната клетка. Провери кај настравникот дали правилно си ја изработил дадената задача. Задача 2. Микроскопирање на животински и растителни ткива Прибор и материјал: трајни препарати на растителни и животински ткива, микроскоп, тетратка за цртање Упатство за работа: Постави го микроскопот и најди го видното поле. Побарај од твојот наставник препарати од животински и растителни ткива. Постави го препаратот со животинско ткиво на микроскоп. Прво микроскопирај на мало, потоа на големо зголемување. Нацртај го ткивото што го микроскопираш и обележи го. Постапката повтори ја со растителното ткиво. Провери кај настравникот дали правилно си ја изработил задачата. Задача 3. Разгледување на органски систем кај животно Прибор и материјал: Кадичка за дисекција, пинцета, ножичка, различни игли, риба, жаба, гулаб, лабараториски стаорец, тетратка за цртање патство за работа: За успешно реализирање на оваа задача поделете се во четири групи. Тек на работа: I група препарира органи за варење кај риба II група препарира органи за варење кај жаба III група препарира органи за варење кај гулаб IV група препарира органи за варење кај лабараториски стаорец Внимателно работете и дел по дел одделувајте го системот. Потрудете се да направите скица на дадениот систем. После изработување на вежбата разменете го материјалот со другите групи и заедно со наставникот проверете дали правилно сте работеле.

25


ТЕМА 2

26


ТЕМА 3

ГРУПИ ЖИВОТНИ И ИМЕНУВАЊЕ

Со изучување на содржините на оваа тема ти ќе можеш: -

-

Да го разбереш групирањето според сродност Да ја осознаеш историската поврзаност (филогенезата) од едноклеточни организми до човек Да ги препознаваш, именуваш и набројуваш праживотните, безрбетните и ‘рбетните животни; Да ги раскажуваш научените сознанија за потеклото, сродноста и припадноста во соодветните класи на праживотните, безрбетните и ‘рбетните животни; Да ги опишуваш основните својства на праживотните, безрбетните и ‘рбетните животни. Да се запознаеш со причините за изумирање на одделни групи животни, преку опишување на исчезнувањето на диносаурусите

Поими што ќе ги научиш во оваа глава: -

потекло, сродност, класа, праживотни, безрбетни животни, ‘рбетни животни, таксономија,

27


ТЕМА 3 ФИЛОГЕНЕТСКИ ПРЕГЛЕД НА ГРУПИ ЖИВИ ОРГАНИЗМИ

1

Потсети се: Во шесто одделение ти научи како се групираат растенијата.

Секоја година биолозите пронаоѓаат и им даваат име на илјадници нови видови живи организми. Науката за определување, групирање и именување на организмите е наречена таксономија или систематика. Прв обид да се групираат организмите направил грчкиот филозоф Аристотел пред 2000 години. Тој ги поделил животните на водни, копнени и воздушни жители, а растенијата ги поделил врз основа на разликите на стеблата. Но, со тек на време како се развивала науката и со пронаоѓањето на голем број на нови животни, се дошло до заклучок дека поделбата што ја направил Аристотел не ја одразува целосно разновидност на живите организми. Токму поради тоа, се направени низа нови обиди за создавање систем со кој лесно ќе се групираат истите. Денес на Земјата се опишани над 1500000 видови живи организми кои се групирани во пет царства (сл. 3.1). Сите прокариотски организми - бактериите и сино-зелените алги се сместени во царството Monera или Prokariota. Другите четири царства се составени од еукариотски организми. Царството праживотни и алги е составено од праживотни и алги, кои се едноклеточни или повеќеклеточни, автотрофни или хетеротрофни. Нивното групирање во едно царство е поради создавањето полови клетки или гамети во едноклеточни полови органи. Царството мувли се наоѓа во групата хетеротрофни организми. Телото им е составено од разгранети повеќејадрени влакненца - хифи. Се размножуваат со спори Монера Алги кои се создаваат во самите хифи. Царството растенија е составено од повеќеклеточни, автотрофни организми, кај кои половите клетеки - гамети се создаваат во повеќеклеточни полови органи, а зиготот поминува низ фазата на ембрион Растенија Мувли во посебни заштитни ткива. Царството животни е составено од повеќеклеточни животни. Тие се хетеротрофни и подвижни, иако многу видови станале неподвижни како резултат на условите во животната средина. Гаметите, обично, се создаваат во повеќеклеточни полови Сл. 3.1 Животни органи, а зиготот поминува низ Carstva na `ivi organizmi ембрионален стадиум.

28


ГРУПИРАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ СПОРЕД СРОДНОСТА За да може да се изврши правилно групирање на организмите се бара сродност и врски меѓу одредените животни. Притоа се користат сознанијата добиени од повеќе извори. Овде ќе споменеме само некои од таквите извори. 1. Фосилни остатоци Фосилните остатоци на изумрените животни потекнуваат во период од пред околу 570 милиони години, па се до денес. Со проучување на различните групи фосили се дошло до сознание дека повеќе од основните групи на животни се појавиле уште од најстарите периоди на создавањето на животот на Земјата. Се претпоставува дека првите животни се појавиле во древните океани, можеби, пред 700 милиони до една милијарда години. Како резултат на прилагодувањето на условите кои владееле во тоа време, а се со цел што подобро да опстојат, кај првобитните животни се појавувале различни видови на измени, така почнувале да настануваат различни видови животни. Оние животни кои немало да се прилагодат постепено изумирале (сл. 3.2). Фосилните остатоци ни даваат само делумен приказ на животните кои ја населувале нашата планета. Тие, исто така, ни го покажуваат начинот на живеење на живите суштества и животната средина во која живееле фосилните видови животни. Но, се Сл. 3.2 забележува дека најстарите фосилни остатоци не ни кажуваат ништо за Фосилни остаоци потеклото на животинското царство, за градбата на првите животни, или за едноставните предци од кои различни групи животни се создавале. Имајќи ги предвид сите фосилни остатоци, за животните може да се заклучи дека има фосили кои ги поврзуваат редовите и фамилиите. За разлика од тоа, има малку, или речиси и нема, фосилни облици кои поврзуваат различни класи, а нема ниеден облик кој ги поврзува типовите. За таквите непознати облици на животни во врска со потеклото на одредени групи животни се вели дека се “алки што недостасуваат”.

29


ТЕМА 3

Запомни: За да ти изгледа вистинито создавењето на групите животни, опишано како експлозивно и ненадејно, мора да погледнеш назад во времето од околу 500 милиони години од тогашните фосилни остатоци (диносауруси). Таква разновидност за време на потеклото на живите организми никогаш на се појавила повторно во подоцнежната историја на животот на Земјата. Веројатно, тоа било последица на погодните услови што владееле на Земјата (сл. 3.3).

Сл. 3.3

2. Докази за клетка Животните се подвижни, повеќеклеточни, хетеротрофни организми. Повеќеклеточната градба мора да произлегла од едноклеточната, па така предци на животните мора да била некоја група едноклеточни, хетеротрофни организми слични на денешните праживотни. Повеќеклеточните животни се развиле од едноклеточните животни како резултат на промените на условите во средината и промените кои се јавувале кај тогашните организми.

30


Додаток: За да знаеш повеќе I. Од праживотното кое во својата цитоплазма имало многу јадра со внатрешна поделба на цитоплазмата може да се образуваат толку клетки колку што имало јадра. На тој начин, од прастарите едноклеточни организми со повеќе јадра се создале повеќеклеточни организми. Меѓу живите праживотни покриените со голем број трепки, обично, имаат повеќе од едно јадро. Тоа наведува на помислата дека тие би можеле да бидат предците од кои се развиле сплесканите црви. Според тоа, сплесканите црви биле првите повеќеклеточни праживотни. Но, сепак, не е толку едноставен ваквиот развоен пат на сплесканите црви. II. Второто можно потекло на повеќеклеточната градба на животните би можело да биде со поделба на клетките во колонијата. Овој предлог денес е многу пошироко прифатен. Овие праживотни би морало да бидат колонијални видови, со камшичиња. Во почетокот, секоја клетка од колонијата била слична и ги изведувала сите функции, како размножување, движење, хранење и др. Со поделбата на работата, клетките станале специјализирани за различни функции. Барањето на групи праживотни кои имаат колонијални облици од кои би можело да потекнува повеќеклеточната градба на животните, често водело до волвоксот. 3. Докази од анатомија (градба) Сличностите и разликите во градбата на органите и органските системи кај животните се најлесни за одредување и затоа тие широко се користат како докази за поврзувањето на животните. При проценувањето на сличностите, најмногу се бараат делови на телото кои се со исто потекло и функција. Меѓутоа, многу од сличностите не се резултат на истиот предок, туку се резултат на подоцнежниот развој на животните, односно приспобувањето кон условите на надворешната средина (сл. 3.4).

Сл. 3.4 Споредбена анатомија на градбата на делови на телото на организмите кои имаат исто потекло и функција.

4. Докази од развојот на животните Со проучување на начините на размножување на животните и развојот на новите млади единки во текот на ембрионалниот стадиум и стадиумот на ларва можат да се добијат важни докази за заедничкиот предок. Во почетокот на развојот ембрионите на цицачите во многу нешта се слични со оние на рибите. Ваквата градба се задржува и кај возрасните риби, но како се одвива развојот на ембрионот на цицачите истиот се повеќе ги добива особините на цицачи. Присуството на овие докази во раниот развој на цицачите укажува на заеднички предок на цицачите и рибите (сл. 3.5).

31


ТЕМА 3 5. Симетрија на телото

Првите праживотни, веројатно, имале една оска на симетрија, односно биле зрачно симетрични. Два типа животни, сунѓери и копривкари, имаат зрачна симетрија. Сите други типови животни имаат двострана симетрија (сл. 3.6). Исклучок се иглокожите кај кои ембрионалниот развој јасно покажува дека овие животни потекнуваат од предци со двострана симетрија на телото. риба жаба желка

птица

прасе

крава

зајак човек

Сл. 3.5 Ран развој на животните

6. Присуство или отсуство на телесна празнина

Основна карактеристика на животните со двострана симетрија е

а)

б)

Сл. 3.6 (а) Зрачна симетрија на тело. (б) двострана симетрија на тело.

присуство или отсуство на простор меѓу цревата и ѕидот на телото, наречен телесна празнина. Сплесканите црви, на пример, немаат телесна празнина Најголемата група, во која спаѓаат сите посложено градени животни, како што се прстенестите црви, мекотелите, иглокожите и 'рбетниците, имаат вистинска телесна празнина (сл. 3.7). Сл. 3.7 Отсуство и присуство на телесна празнина кај сплескан црв, кај цевчест црв и човек

32


2

ГРУПИРАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ

Според сите добиени сознанија, од сите горенаведени извори, како најприфатлив и најцелосен, денес се применува системот кој е наречен систем на двојно именување. Тој е предложен од шведскиот природонаучник Карл Лине. Лине ги поврзувал организмите со слична градба во една иста група, која ја нарекол вид. Сличните видови, ги групирал во поголема група наречена род, а сличните родови во фамилија. Сличните фамилии ги групирал во ред, а сличните редови во класа. Сличните класи Лине ги групирал во тип. На крајот типовите ги групирал во пет царства. На овој начин многу се олеснило групирањето на живите организми. Наместо да се наведуваат сите седум категории при именувањето, Лине предложил да се користи само името на видот и на родот. Така, човекот е групиран во родот хомо, а видот е сапиенс. Или родот е куче, а видот шарпланинец, родот е мачка, а видот домашна. Токму поради користењето на ваквиот систем на две имиња овој систем за групирање на живите организми е наречен двојно именување. Денес се познати 32 типа животни. Некои од нив им биле познати на луѓето уште пред тие да ги добијат своите имиња. Други типови, станале познати по пронаоѓањето на првите микроскопи. Повеќето животни имаат одредени заеднички карактеристики, како: подвижност, создавање глава, стомачна празнина и слична основна градба на ткивата. Но, животните се разликуваат според симетријата и внатрешната градба, како и според ембрионалниот развој. Овие сличности и разлики имаат свое значење во поврзувањето на животинските типови.

Сл. 3.8 Родословното дрво на животните

33


ТЕМА 3 ОПШТО ГРУПИРАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ: - ПРАЖИВОТНИ - БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ -‘РБЕТНИ ЖИВОТНИ Карактеристики на праживотните Праживотните се најпросто градена група на едноклеточни или колонијални организми. Поради нивниот хетеротрофен начин на исхрана. се вбројуваат во царството на животни. Праживотните живеат во морињата, во слатката вода но и во водата околу влажните места. Тие се подвижни организми а движаењето им е со: трепки, камшичиња и со лажни ножиња. Некои праживотните се паразити и можат да предизвикаат тешки заболувања кај човекот. Парамецумот или чевличе Ова праживотно го добило своето име по неговиот изглед на чевличе. Најчесто се среќава во барските застоени води во кои се распаѓаат листови на растенија, но и во други слатки води. Парамециумот е едно од најголемите едноклеточни животни. Може да достигне големина и до половина милиметар. По површината на клеточната мембрана има трепки со чија што помош плива во водената средина. При движењњето тој весла, во еден правец, со сите трепки одеднаш. На тој начин освен што се движи тој си донесува и храна до поголеми трепки кои ги има на вдлабнатиот дел од телото. Парамециумот се храни со ситни бактерии и честички од изумрени распаднати растенија. Хранливите честички ги прима преку така наречена клеточна уста и преку клеточно грло се носат во цитоплазмата. Во цитоплазмата овие честички се обвиткуваат и се создава меурче – хранлива вакуола во која се вари храната. Во цитоплазмата на парамециумот може да се создадат онолку хранливи вакуоли колку што ќе навлезат хранливи честички. Сварените хранливи материи се впиваат во цитоплазмата, а непотребните материи се исфрлаат преку отвор кој се создава на клеточната мембрана. Парамециумот диши преку целата површина. Непотребните материи кои се создаваат при дишењето се исфрлаат или преку целата површина или преку две контрактилни вакуоли. Тие имаат ѕвездовиден изглед, постојано се грчат и олабавуваат и на тој начин преку нејзините каналчиња, чистата вода навлегува во внатрешноста на цитоплазмата, а се исфрла нечистата вода . Во цитоплазмата на парамециумот има две јадра, големо и мало. Парамециумот се размножува бесполово со проста дселба. Ако настапат неповолни услови, кога барите почнуваат да пресушуваат, парамециумот се обвиткува со една поцврста мембрана и преминува во циста. На тој начин ги надминува неповолните услови. Кога барата ќе се наполни со вода од цистат повторно се развива парамециум. Амеба Амебата нема клеточна мембрана. Поради тоа нејзината цитоплазма може да се придвижува во одреден правец и на тој начин да создава лажни ножиња. При таквото испуштање на лажни ножиња амебата постојано го менува обликот на телото. Амебата се храни исто како парамециумот, со тоа што храната ја опфаќа со лажните ножиња. Како и кај парамециумот, храната се вари во хранлива вакуола, дише преку целата површина, а непотребните материи се исфрлаат или преку целата површина или преку контрактилни вакуола.

34


Паразитски праживотни Трипанозома Трипанозомата е едноклеточно праживотно кое како паразит живее во крвта на човекот. Таа ги уништува црвените крвни клетки, бидејќи нивниот број постојано се намалува, кај човекот се јавува малаксалост и постојано спиење. Поради тоа велиме дека овој паразит предизвикува спиечка болест. Од болен на здрав човек трипанозомата ја пренесува мувата ЦЕ-ЦЕ. Оваа болес се јавува кај луќето кој што живеат во тропските предели (сл. 3.9). Плазмодиум Паразит кој исто така живее во црвените крвни клетки кај човек и ја предизвикува болеста маларија. На сличен начин од болен на здрав човек се пренесува преку маларичниот комарец. Оваа болест во минатото била многу честа и на просторот на Македонија.

клеточно грло

хранителна вакуола

јадро контрактална вакуола

Трипанозома

клеточна уста

Чевличе

Амеба

Сл. 3.9 Праживотни

3

БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ

Основна каракеристика на животните што се претставници на оваа група е тоа што тие немаат ‘рбетен столб како главна потпора на телото. Во оваа група спаѓаат голем број животни кои според своите сличности се групирани во одредени помали групи, од кои ние ќе спомнеме само некои. Сунѓери Сунѓерите се ретки животни кои живеат прикрепени за подлогата најчесто во морињата, а ги има и во слатките води Сунѓерите имаат проста градба без глава, уста и црево. Покривката на сунѓерите е составена од груби сунѓерливи иглички. Најпримитивните сунѓери имаат пехарест изглед со централна празнина. Телото е составено од три слоја: надворешен, среден и внатрешен слој. Сунѓерите зависат од горниот тек на водата од каде

Сл. 3.10 Сунѓер

35


ТЕМА 3 нивното тело се снабдува со храна, врши размена на гасови и отпадни материи. Тие се хранат со ситни органски честички, а дишат преку целата површина. Повеќето од сунѓери се двополови (хермафродитни), односно создаваат и машки и женски полови клетки, Сперматозоидите се внесуваат во внатрешноста на телото, со помош на водата, каде ја оплодуваат јајце клетката Но, сунѓерите се размножуваат и бесплово со пупење. Оваа група животни немаат нервен систем.

Хидра

Сл. 3.11

Сл. 3.12

36

Корали

Копривкари или мешести животни Во оваа група животни спаѓаат медузите и коралите, кои живеат во солени води, и хидрите, кои се жители на слатите води. Телото им е зрачно симетрично, со уста и околусни пипала (сл. 3.11). Хидрите имаат стапчест изглед и живеат прилепени за дното, со усниот отвор свртен нагоре. Медузите имаат пехарест изглед, и се слободни пливачи. Ѕидот на телото од коприварките е составен од два слоја: надворешен и внатрешен. Во надворешниот слој има посебен вид лепливи клетки, познати како жарни клетки. Кај многу од копривкарите има машки и женски единки, а некои се хермафродити. Коралите создаваат корални гребени, што се наоѓаат само во чиста плитка вода во топлите мориња (сл. 3.12). Сплескани или плочести црви Сплесканите црви може да живеат слободно или се паразити. Нивното тело е сплескано и немаат телесна празнина. Размената на гасовите и ослободувањето на непотребните материи се врши преку целата површина на телото. Планариите како претставници на оваа група животни се жители на чистите слатки води. Овде ќе ги споменеме и метилите и тениите, кои имаат паразитски начин на живеење Телото на метилите е прекриено со кутикула. Карактеристично е присуството на цицалки со кои се закачува за ткивата на домаќинот. Метилите се паразити на голем број домашни животни, додека пак тениите се причина за голем број паразитски болести кај луѓето и домашните животни. Во групата на тении ќе ги


споменеме свинската, кучешката и говедската тенија. Свинската и говедската тенија живеат во цревата на човекот, а кучешката тенија најчесто живее на црниот дроб од човекот, но може и во некои други внатрешни органи.

Планарија

Метил

Сл. 3.13 Сплескани црви

Цевчести црви Тенија Телото на цевчестите црви е прекриено со кутикула, а кај некои од нив има лажна телесна празнина. Повеќето од нив се ситни животни кои немаат органи за размена на гасови или излачување. Ротиферите се најраспространети слатководни цевчести црви кои на предниот дел имаат трепчеста круна што се користи за пливање (сл.3.14). Во оваа група се и нематодите. Тие Сл. 3.14 се кончести црви Цевчест црв - ротифера кои живеат во морињата, слатките води, а некои од нив се и паразити. Од оваа група ќе ја споменеме детската глиста која како паразит живее во цревата на децата, а поретко и кај возрасните луѓе (сл. 3.15). Сл. 3.15 Детска глиста

37


ТЕМА 3

Мекотели Мекотелите живеат во морињата, во слатките води и на копно. Тие се разликуваат од другите групи животни по присуството на мускулно стапало, варовита обвивка и посебен орган за ихрана. Името го добиле по нивното меко тело кое е заштитено со варовникова черупка. Во оваа група животни спаѓаат - хитоните, кои се приспособени да живеат на тврди подлоги (сл. 3.16); Сл. 3.16

- полжавите се најголема и најразновидна група мекотели. Главата им е добро развиена, стапалото е широко и рамно, а черупката има спирален облик. Повеќето полжави, главно, ползат со стапалото. Тие се жители на слатките и солените води, а некои од нив живеат и на копно (сл. 3.17); - школките кои се припособиле да можат да се кријат и живеат во меки подлоги на слатките или солените води. Мекото тело кај школките е заштитено со черупки кои на предната страна може да се отвораат, а на задната страна се поврзани (сл. 3.18); - главоногите кои се жители исклучиво во солените води. Кај нив стапалото е изменето и е во вид на пипалка сместени околу устата. Како претставници од оваа група се октоподите и сипите (сл. 3.19).

Сл. 3.17

Сл. 3.19 Сл. 3.18

38


Прстенести црви Името го добиле бидејќи имаат тело што е поделено на делови, членчина или прстенчиња. Надворешниот изглед во целост одговара на внатрешната поделба на членчина кои помеѓу себе се поделени со напречни прегради. Тие имаат вистинска телесна празнина која, исто така, е поделена на делови. Како претставници на оваа група ќе ги споменеме дождовните црви и пијавиците (сл. 3.20). Пијавиците живеат во слатките застоени води и најчесто се јавуваат како паразите на животните бидејќи се приспособиле да се хранат со крв која ја цицаат од домаќинот. Членконоги Членконогите опфаќаат над 750000 видови животни, што е трипати повеќе од сите останати животински видови заедно. Тие имаат најразличен изглед, живеат во морињата и во слатките води а, можеби, најуспешно се припособиле за живеење на копно (сл. 3.21). Телото исто како и нозете им се поделени на челенчина, по што го добиле и името членконоги. Членчината на телот се групирани во главоградник и стомак, а странично од устата имаат и израстоци кои помагаат во исхраната. Скорпиите користат Сл. 3.20 отров при ловењето на пленот. Пајаците создаваат и користат мрежа за ловење на пленот. Раковите имаат тело составено од гради од осум членчиња и стомак од шест членчиња. Најголема група членконоги се инсектите Телото, обично е составено од глава со устен апарат, приспособен за посебниот начин на исхрана. Шкорпија Имаат еден пар сложени очи, гради со два пара крилја, три пара нозе и стомак. Повеќето од инсектите имаат крилја и се способни за летање. Тука спаѓаат и многуногите Пајак чија основна карактеристика е тоа што имаат многу поголем број на нозе во споредба со сите останати членконоги. Најчесто живеат на копно. Сл. 3.21

Рак Многунога

39


ТЕМА 3

Морска ѕвезда

Иглокожи Иглокожите се морски животни кои имаат петзрачна зиметрија симетрија, внатрешен скелет, најчесто со површински игли, според кои го добиле името. Во оваа група животни спаѓаат морските ѕвезди кои се движат бавно со помош на водените ножиња на долната страна на краците. Во оваа група спаѓаат и морските ежови (сл. 3.22). Нивното тело нема издадени краци, но има штит кој е нареден со подвижни игли. Како претставници на оваа група животни да ги спомнеме и морските змиулки, морските краставици и кринови. Морски змијулка

Сл. 3.22 Морски еж

4

Карактеристики на ‘рбетниците

Типот на хордовите животни се разликува од другите типови животни по тоа што има хорда како главна потпора на телото. Во овој тип животни спаѓаат полухордатите и вистинските хордати. Во првата група животни спаѓаат туникатите и амфиокусот (сл. 3.23). Во групата на вистински хордати спаѓаат ’рбетните животни. ’Рбетните животнин претставуваат најсложена и најразновидна група на типот хордови животни. Од нивната појава на планетата Земја па се до ден денес тие ги освоиле сите животни средини, почнуваќи од копнените води, преку океаните се до најразновините области на сувоземната средина. Кај ’рбетниците за разлика од хордовите животни – амфиоксусот хордата која се јавува како главна потпора на телото се заменува со ’рбет. ’Рбетот е централна потпора на телото и истиот е изграден од прешлени во чија што внатрешност е заштитен рбетниот мозок. Освен оваа карактристика кај рбетниците се јавуваат и други особини кои во голема мера ги прават многу поразлични од досега изучуваните животни. Во оваа група животни спаѓаат рибите, водоземците, влечугите, птиците и цицачите. Видовите во оваа група животни имаат голем број слични особини според кои одредени видови на животни можат да се групираат. Така, на пример, рибите и водоземците, за разлика од другите немаат врат, а од друга страна, рибите водоземците и влечугите немаат постојана температура на телото, а птиците и цицачите имаат постојана температура на телото.

40


Туника

Амфиоксус

Амфиоксус

Сл. 3.23 Рибите се добро приспособени за живеење во вода, нивниот скелет не е тврд како кај копнените ’рбетници, а раздвоените мускули му овозможува на телото да се движи. Од друга страна, перките им обезбедуваат стабилност и подвижност. Имаат добро развиена опашна перка, перки на грбот и стомакот и пливачкит меур. Со сетилни органи кои ги имаат реагираат на сите промени во водата. Кај рибите, од двете страни на средината на телото, по целата нејзина должина има добро развиен систем на сетилни клетки наречени – странична линија. Според градбата на скелетот рибите можат да бидат ‘рскавични и коскени (сл. 3.24). Во ‘рскавични риби спаѓаат ајкулите и ражите, а пастрмките, крапот, белвицата, осличот, харингата, туната, и многу други видови на риби спаѓаат во групата коскени риби. Водоземците добро се приспособиле за живеење на копно. Нивниот живот е зависен од водата која е неопходна средина за размножување каде повеќето од нив ги носат јајцата. Водоземците имаат кожа која е постојано влажна. Во оваа група спаѓаат човечката рипка, саламандерите, езерските и краставите и многу други видови на жаби.

Сл. 3.24 Различни видови риби

41


ТЕМА 3

Влечугите се подобро приспособени за живеење на копно отколку водоземците. Нивната кожа е покриена со рожни лушпи и нема жлезди, а кога се активни тие можат да одржуваат висока и речиси постојана телесна температура. Имаат кратки нозе кои му овозможуваат на телото да се влече по подлогата. Во оваа група животни спаѓаат: желките, гуштерите, змиите и крокодилите. Меѓу нив се вбројуваат и изумрените диносауруси.

Човечка рипка

Крокодил

Жаба

Змија

Сл. 3.25 Птиците ги користат своите крилја за подигнување во воздухот и летање. Некои видови птици ги корисат крилјата и за едрење и лебдење во воздухот. За да може да летаат, птиците се приспособиле да имаат мала телесна тежина и да произведуваат големо количество енергија. Коските на птиците

Гуштер Желка

Сл. 3.26 се лесни, шупливи но цврсти. Сетилата за гледање и слушање се добро развиени, за разлика од сетилото за мирис кое е послабо. Телото им е прекриено со пердуви. Птиците според начинот на движење можат да бидат: пливачи, тркачи и летачи. Некои видови од птици со менувањето на годишните времиња го менуваат местото на живеење. За овие најчесто велиме дека се птици преселници, како на пример: ластовицата, штркот и др.

Сл. 3.27

42


Цицачите се најсложено организирани и најразвиена група на ’рбетни животни. Најважна нивна особина по која го добиле и името е нивната способност женките да раѓаат живи младенчиња и нив да ги хранат со млеко кое се создава во млечните жлезди. Најпримитивно градената група на цицачи се клунарите, кои живеат во Австралија, и кои иако се размножуваат со јајца, нивните млади се приспособиле да цицаат млеко. Некои од цицачите се приспособиле за да ги заштитат своите младенчиња да ги носат во торба сместена на својата стомачна страна. Таков цицач е кенгурот. Цицачите се приспособиле на различен начин на исхрана. Така некои од нив се хранат со мравки и термити, познати се под името инсектојадни. Некои цицачи живеат на копно, некои летаат, а некои се приспособиле да живеат во вода.

Сл. 3.28 Различни видови цицачи

Збирен преглед за брзо да повториш 1. Науката за определување, групирање и именување на живите организми е наречена таксономија или систематика. 2. Денес на Земјата се опишани над 1500000 видови живи организми. Според најчесто користената шема, тие се поделени во пет царства: прокариота или монера, праживотни и алги, мувли, растенија и животни. 3. При групирањето на организмите во одредени групи се користат повеќе сознанија од кои најважни се: фосилните остатоци, доказите за клетката, споредбената анатомија, од споредбата на развојот, симетријата на телото, присуството или отсуството на телесната празнина. 4. Како најприфатлив систем кој денес се применува е системот на двојно именување при што секој организам се именува со две имиња. Овој систем го предложил Карл Лине. 5. Во таксономијата организмите кои се слични според градбата припаѓаат на еден вид, сличните видови се групирани во род, родовите - во фамилија, фамилиите - во ред, редовите - во класа, класите во - тип, типовите - во царство.

43


ТЕМА 3

Провери го своето знаење: 1. Кој прв се обидел да ги групира живите организми и како? 2. Колку царства на живи организми постојат и кажи барем по една карактеристика за нив? 3. Наброј неколку сознанија што се добиени од фосилните остатоци што се користат при таксономијата на животните. 4. Која е најниската систематска категорија според системот за двојно именување? 5. Наброј неколку карактеристики на сунѓерите. 6. Кои животни што ги знаеш спаѓаат во групата мекотели? 7. Која е најмногубројната група животни на Земјата? 8. Според која нивна карактеристика хордатите и ,рбетниците го добиле своето име? 9. Наброј по неколку видови од групата на: риби, водоземци, влечуги, птици и цицачи. 10. Наброј некои од цицачите кои се приспособиле да живеат во различни животни средини.

Истражувај ги различните видови на животни Задача 1. Микроскопирање на едноклеточни животни во инфузум - култура на сено. Прибор и материјал: предметно и покривно стакленце, пипета, микроскоп, тетратка за цртање Упатство за работа: Постави го микроскопот и најди го видното поле. Со капалката земи капка од инфузумот и капни на предметното стакленце. Стави го покривното стаклекце. Најди го инфузумот прво на мало, потоа на големо зголемување. Нацртај ги едноклеточните организми кои си ги видел под микроскоп. Провери кај наставникот дали правилно си ја изработил вежбата. Задача 2. Собирање и разгледување на черупки од различни полжави Прибор и материјал: лупа, черупки од полжави или школки, тетратка за цртање Упатство за работа: Распореди ги черупките и разгледувај ги формата, шарите, големината и отворите на черупките. Запиши ги своите забелешки. Провери кај наставникот дали си стекнал правилни сознанија.

44


Задача 3. Собирање и групирање на инсекти Прибор и материјал: лупа, различни видови на инсекти, тетратка за цртање Упатство за работа: Во текот на одреден временски период собирај инсекти и потруди се правилно да ги препарираш. Фатениот инсект стави го во тегличка во која има памук натопен со алкохол. Затвори ја добро тегличката и остави го инсектот извесен период. После тоа со шпенагла прободи го инсектот и стави го на парче стиропор. Различните инсекти со помош на слики од учебник или друга литература подреди ги во групи во кои припаѓаат. Провери кај наставникот дали правилно си ги групирал инсектите. Задача 4. Собирање и групирање на риби Прибор и материјал: лупа, различни видови на риби, тетратка за цртање Упатство за работа: Потруди се да набавиш повеќе видови на риби. Подели ги според големината и изгледот. Со помош на дополнителна литература одреди ги видовите на риби. Провери кај наставникот дали правилно си ги одредил рибите. Забелешка. За да направиш збирка од риби потребно е истите да ги ставиш во тегла во која има ставено чист алкохол.

45



ТЕМА 4

НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќе можеш: -

-

Да ги препознаваш и да ги именуваш кожата и кожните творби , како што се стргунките, рожните лушпи, пердувите, влакната, канџите, чепунките, копитата, ноктите и роговит; Да ги раскажуваш научените сознанија за надворешната покривка, кожата и кожните творби; Да ги набројуваш различните покривки и кожни творби кај одредени групи животни; да ги поврзуваш претставниците на одделните групи животни со животната средина според видот на покривката.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава: -

надворешна покривка, кожа, кожни творби,

47


ТЕМА 4

1

НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА НА ТЕЛОТО И НЕЈЗИНА ФУНКЦИЈА

Телото на животните постојано е изложено на различни влијанија од надворешната средина, како што се топло, ладно, механички удари, каснувања, потоа од навлегување на бактерии, ултравиолетово зрачење и друго. Покривката на телото им овозможува на животните заштита од сите негативни надворешни влијанија. Исто така, покривката на телото ја одделува нивната внатрешна од надворешната средина. Кај различни видови на животни таа е различно изградена. Нејзината сложеност зависи од градбата на животното, неговата големина, начинот на живеење и условите кои владеат во срединатта во која што живеат. Таа може да биде едноставно градена, само од еден слој на клетки или пак во нејзината градба учествуваат повеќе слоеви на клетки. Освен тоа кај некои видови на животни телесната покривка може да стане и доволно цврста и да служи како главна потпора или скелет на животното, како што е, на пример, черупката на полжавот или оклопот на ракот.. Покривката на телото им повеќе функции: - заштитна – го заштитува животното од различните негативни надворешни влијанија. - преку неа може да се врши размена на гасови и вода. - таа има улога како приемнок на дразби, бидејќи во неа се сместени голем број сетилни клетки. - кај многу животни таа има способност да создава дополнителни творби: жлезди, крлушки, пердуви и влакна. - со нејзина помош цицачите и птиците го заштитува телото од губењето топлина. - Кај некои видови на животни во кожата има различни пигменти кои заедно со количеството на крвни садови ја определуваат бојата на кожата. Бојата на кожата кај некои животни им овозможува да се кријат од напаѓачите. Кај други животни бојата ги прави незабележливи во средината, а кај некои животни има предупредувачко обојување, односно таа ги плаши напаѓачите. Менувањето на бојата е предизвикано од ширење или стегање на посебни видови на клетки во кои има пигменти. Со движењето на пигментите во овие клетки се менува бојата на кожата. Некои видови ракови или жаби во покривката можат да имаат неколку видови пигменти кои се сместени во ѕвездести клетки (сл. 4.1).

Телесната покривка кај повеќето животни е изградена од два типа ткива: епително и сврзно.

Сл. 4.1 Движење на пигментот во клетките сместени во кожата, со што се менува и бојата на кожата

48


Потсети се: што е карактеристично за епителното а што за сврзното ткиво.

ТЕЛЕСНА ПОКРИВКА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ Телесната покривка кај безрбетниците се состои од еден слој од цилиндрични епителни клетки и е наречена епидермис. Овој слој се наоѓа над слој од клетки наречен базална мембрана (сл. 4.2). Кај прстенестите црви горниот слој на клетките во епидермисот е задебелен и создава заштитен слој наречен кутикула. Кај мекотелите, како што се полжавите и школките, телото е заштитено со варовита черупка. епителни клетки

базална мембрана

Сл. 4.2 Градба на епидермисот кај прстенестите црви

Сл. 4.3

Кај членконогите животни телото е прекриено со посебен вид обвивка наречена хитинска обвивка. Оваа обвивка има и заштитна и потпорна улога. При растење на животните оваа обвивка не може да се растегнува, па затоа периодично се отфрла, односно животното се преслекува. Ваквото преслекување кај некои членконоги се врши во текот на целиот живот (ракови) (сл. 4.3). Спротивно на нив, кај инсектите и пајаците преслекувањето се врши на одредено време.

Пресвлекување кај членконогите

49


ТЕМА 4 Телото на иглокожите е прекриено со кратки или подолги иглички. Ваквите иглички можат да бидат подвижни или неподвижни.

ТЕЛЕСНА ПОКРИВКА КАЈ 'РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ Телесната покривка кај сите ‘рбетници е составена од покривен слој епидермис кој се состои од повеќеслоен епител. Овој слој на клетки ја покрива вистинската кожа. Кога одредени делови на овој дел се зајакнуваат се создава крзно, како што е случајот кај добитокот. Кај некои ‘рбетници епителните клетки создаваат и складираат рожна белковина која е нерастворлива во вода. Кај најпросто градените хордови животни, туники, телото им е покриено со обвивка, или туника, која ги прави овие животни единствени во царството на животните. Епидермисот кај рибите е тенок и не содржи рожна белковина. Повеќеклеточните жлезди во овој слој излачуваат слуз со што нивната кожа станува мазна и лигава. Тоа на рибите им помага полесно да пливаат. Кожата кај рибите создава коскени крлушки (сл. 4.4). Надворешните крлушки често се преобразуваат во лушпи. а) Дали си се прашувал зошто не можеш лесно да држиш риба во своите раце? Кожата кај водоземците е слична на кожата кај рибите, а се разликува само по отсуството на коскени лушпи и создавањето на рожна белковина. Таа е набрана, растеглива и влажна. б) Како што ‘рбетниците се приспособувале кон копнените услови за живеење, така количеството на рожнатиот слој се зголемувало и добивал се поголема заштитна улога. Овој дел на кожата кај влечугите создава тенок слој од рожни плочки. Кај повеќето од влечугите Сл. 4.4 (а) Kожа кај риби (б) Kоскени крлушки

Сл. 4.5 Напречен пресек водоземците

50

низ

кожата

на


има и други измени на кожата. На пример, епидермисот е сув и рожен. Површинските клетки создаваат рожни лушпи или плочки кои го штитат телото од штетните зрачења и повреди и ја намалуваат загубата на водата од телото. Новите клетки што се развиваат во подлабоките слоеви на епидермисот, во вид на рожни слоеви кај желките се носат на себе, а кај змиите и некои гуштери се преслекуваат (сл. 4.6). Во кожата на влечугите имаат само неколку жлезди и поради тоа кај нив кожата е сува. Кај некои змии и гуштери има жлезди кои излачуваат материи, кои имаат предупредувачко обојување, што обезбедуваат заштита од напаѓачите. Пердувите се најкарактеристичен дел за препознавање на птиците. Пердувите се израстоци на кожата. Тие претставуваат издолжени и распердушени рожни лушпи. Пердувите се составени од централна оска, што е навлезена во вдлабнатини на кожата

Сл. 4.6 Пресвлекување кај змија

(сл. 4.7). На горниот дел на оската има многу странични гранчиња. Секое странично гранче има ситни куки кои се спојуваат со куките на соседните гранчиња. На овој начин пердувите создаваат целина. Птиците кои се добри летачи, на своите крилја имаат збиен распоред на пердувите кој им овозможува полесно да летаат. Бидејќи пердувите се неживи творби со нивното стареење се отфрлаат и се заменуваат со нови. Сл. 4.7 Градба на пердув

51


ТЕМА 4

2

Граба на кожата кај ,рбетници и кожни творби

Најсложено градена покривка на телото имаат цицачите. Кај нив кожата е составена од два главни слоја, кои се разликуваат од другите според градбата и функцијата (сл. 4.8). Тие се:

Епидермис, или надворешен слој, изграден главно од епителни клетки. На површината на епидермисот има слоеви на мртви клетки кои постојано се отфрлаат и затоа постојано се заменуваат со нови клетки кои се создаваат во долните слоеви на епидермисот. Со текот на времето епидермалните клетки излегуваат на површината и стануваат рамни и рожни, создавајќи слој на епидермисот, наречен првут. Клетките во најдолниот слој на епидермисот создаваат меланин, темен пигмент кој ја обојува кожата. Дермисот или вистинската кожа е составен, во основа, од сврзно ткиво, многу крвни садови, нервни завршоци и жлезди. На дермисот се надоврзуваат поткожните слоеви, составени од еластично и масно ткиво. Најголемите крвни садови кои ја снабдуваат кожата поминуваат низ поткожните слоеви. Некои од кожните творби, како потните жлезди и коренот на влакната, навлегуваат во поткожните слоеви. Поткожните ткива се богати со нерви и нервни завршоци.

влакно епидермис

дермис

потна жлезда лојна жлезда

Сл. 4.8 Граба на кожата кај ,рбетници и кожни творби

Кожни творби Потни жлезди Потните жлезди се сместени во дермисот и поткожното ткиво. Потните жлезди учествуваат во регулирањето на телесната температура, и преку нив од организмот се исфрлаат некои штетни материи. Потта е составена од вода, со мало количество минерални соли и други материи. Лојни жлезди Лојните жлезди имаат изгледаат како кесичка, а нивниот секрет ја подмачкува кожата и влакната и ја штити од сушење. Каналите на лојните жлезди се отвораат во мевчињата на влакната.

52


Млечни жлезди Кај животните од групата цицачи младенчињата се хранат со млеко кое се излачува од млечните жлезди или градите. Млечните жлезди постојат единствено кај цицачите, па поради нив тие и го добиле името. Нивниот секрет - млекото, е богато со сите потребни хранливи материи што во почетокот на животот на младенчињата им овозможува опстанок и побрзо напредување во најраниот период од нивниот развој. Влакна и нокти Целото тело на цицачите е прекриено со влакна кои површините ги прават многу меки и мазни. Нивната улога е заштитна. Коренот на влакната е сместен во поткожниот слој во торбичка која влакното го снабдува со крв. Ноктите се заштитни творби составени од цврста белковина. Ноктите на задните екстремитети на влечугите и птиците и кај предните и задните екстремитети кај повеќето цицачи се преобразени во канџи. Канџите им помагаат на овие животни при ловењето и раскинувањето на пленот. Новите клетки на ноктите постојано се создаваат во коренот на ноктот. Копита Кај некои цицачи, како коњите, зебрите, камилите, жирафите, антилопите, овците, козите и говедата, нозете завршуваат со копита. Тие се приспособување на овие животни за полесно бегање или за одбрана од напаѓачите. Токму поради ова свое приспособување овие животни сочинуваат посебна група цицачи наречена копитари. Нивните стапала се многу долги, а животните чекорат само на врвовите нивните прсти. Прстите што не допираат до подлогата се ситни или не постојат, а другите прсти се преобразени во копита (сл. 4.9).

Сл. 4.9 Изглед на копитата кај некои видови животни

Рогови Роговите се творби на кожата кои што на животните им служат за заштита од напаѓачите или за борба меѓу мажјаците. Тие се коскени израстоци на черепот. Кај елените рогови имаат само мажјаците. Тие имаат посебен вид рогови кои во периодот на растење се обвиени со

53


ТЕМА 4 покожица во вид на сомот и можат да се разгрануваат, а еднаш годишно се заменуваат со нови рогови. Кај овците и говедата рогови имаат двата пола. Кај нив роговите не се разгрануваат, обвиени се со цврста кожа и не се заменуваат (сл. 4.10).

Сл. 4.10 Роговите се коскени израстоци на черепот. Кожата што ги обвиткува роговите кај елените со текот на стареењето се заменува, а кожата што ги покрива роговите кај говедата станува цврста и не се заменува.

Збирен преглед за брзо да повториш Заштита на животните од сите негативни надворешни влијанија им овозможува покривката на телото. Телесната покривка дополнително може да стане и доволно цврста и да служи како главна потпора или скелет на животното, како што е, на пример, черупката на полжавот или оклопот на ракот. Телесната покривка кај повеќето животни е составена од два типа ткива: епително и сврзно. Кај прстенестите црви горниот слој на клетките во епидермисот се задебелени и создаваат заштитен слој кој е наречен кутикула. Кај членконогите телото е прекриено со посебен вид обвивка наречена хитинска обвивка. Оваа обвивка има и заштитна и потпорна улога. Телото на иглокожите е прекриено со кратки или подолги иглички. Ваквите иглички можат да бидат подвижни или неподвижни. Кожата кај рибите често создава коскени крлушки. Кожата кај водоземците секогаш е набрана, растеглива, влажна и лигава

Кај влечугите кожата е сува и во неа се создава тенок слој од рожни плочки. Пердувите се најкарактеристичен дел за препознавање на птиците. Пердувите се израстоци на кожата. Кожата кај цицачите е составена од два главни слоја-епидермис и дермис, под кои се наоѓаат поткожни ткива. Во кожата има поголем број кожни творби, меѓу кои најважни се: потните жлезди, лојните жлезди, млечните жлезди, потоа влакната и ноктите, како и копитата и роговите.

54


Провери го своето знаење: Зошто служи покривката на телото? Од кои ткива, главно, е, изградена покривката на телото? Во градбата на покривката на телото кај прстенестите црви има една карактеристика - која е таа? Опиши ја градбата на кожата кај рибите. Која е разликата во градбата на кожата кај водоземците и влечугите? Како е граден пердувот и која е неговата функција? Од што зависи бојата на кожата? Каде се наоѓаат и која е функцијата на млечните жлезди? Која е разликата меѓу роговите кај елените и овците? Истражувај ги различните видови на покривки кај животните Задача 1.Набљудување на различни видови на покривки на телото Прибор и материјал: лупа, дождовен црв, полжав, инсект, риба, жаба, гуштер, птица и куче или маче. Упатство за работа: Набљудувај ја кожата на дождовен црв, полжав, инсект, риба, жаба, гуштер, птица и куче или маче. Своите забелешки за изгледот, бојата, обликот и големината на овие животни запиши ги во тетратката. Размени мислење со твоите другарчиња и провери кај наставникот дали си стекнал правилни сознанија Задача 2. Набљудување на различни видови кожни творби Прибор и материјал: лупа, скрлушки од риби, пердуви од птици, канџи на птици или цицачи и парче крзно со влакна од некое животно. Упатство за работа: Подели ги кожните творби во групи според претставниците на кои истите припаѓаат. Разгледај ги и своите забелешки во поглед на нивниот изглед, бојата, формата и големината запиши ги тетратката. Провери кај наставникот дали правилно си ги подредил кожните творби и си стекнал правилни сознанија Задача 3. Микроскопирање пресек на кожа кај цицачи Прибор и материјал: микроскоп и готов препарат на напречен пресек на кожа од цицачи. Упатство за работа: постави го препаратот на микроскопското постоље и микроскопирај прво на мало, а потоа на големо зголемување. Спореди го ликот кој го виде под микроскоп со слика на кожа. Потруди се да нацрташ пресек на кожа и да ги означиш нејзините делови. Провери кај наставникот дали правилно си ја изработил дадената задача.

55


ТЕМА 4

56


ТЕМА 5

ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќе можеш:

-

Да ги препознаваш, и именуваш начините на движење и органите за движење кај животните; Да ги раскажуваш научените сознанија за начините на движење и органите за движење; Да ги опишуваш различните начини на движење во зависност од животната средина; Да ги поврзуваш претставниците на одделните групи според начинот на движење и видот на органите за движење; Да ги споредуваш одделните претставници на различни групи животни според начинот на движење и органите за движење во посебни услови на животната средина.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава:

-

начини на движење, органи за движење.

57


ТЕМА 5 ДВИЖЕЊЕ И ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ

1

Животните во текот на својот живот се принудени да бараат храна, партнер, место за живеење и одгледување на своите младенчиња, да бегаат од своите непријатели и слично. Поради тоа кај најголем дел од нив се јавува активен начин на движење. Само мал дел од животните (сунѓерите, хидрите) се приспособиле да живеат прикрепени за подлогата и пасивно да земаат храна од околната средина. Движењето кај животните е последица на активноста на делови на клетката како што се трепките и камшичињата, или стегање и олабавување на мускулите. Има типови клетки кои можат да се движат и со лажни ножиња. Движењето на животните е резултат на оттурнување во однос на околната средина или подлогата. Движењето со хидроскелет или хидростатски скелет како помошен скелет се среќава кај некои видови на животни како на пример дождовниот црв. Телото на дождовниот црв е исполнето со течност и обвиткано е со тенка мембрана. Течноста која е во внатрешноста на телото дејствува како воздухот во автомобилските гуми. Таа постојано е под притисок и создава цврста структура на која може да се потпрат мускулните клетки. Мускулите кај дождовниот црв се сраснати со кожата и создаваат кожно-мускулен слој. На долната страна на телото имаат четинки што му служат да се прикрепува на подлогата. На сличен начин кај некои видови на безрбетни животни, со помош на хидроскелетот, овозможено е не само да се задржи обликот на телото туки животните да можат постојано да се движат. Кај медузите движењето се одвива со помош на водата која се наоѓа во самите клетки и меѓуклеточните простори. Со активност на клетките кои имаат особина да се грчат и олабавуваат и водата која дејствува како хидроскелет, овие животни не само што можат да се движат туку имаат и способност да го менуваат обликот на телот. Влакна што можат да се стегаат и олабавуваат се откриени и кај некои праживотни. Клетки со вакви особини има и кај сунѓерите околу отворите низ кои водата навлегува во средишната празнина. Така, со развојот на животните се развива и стануваат посложено и нивното движење

Движење со потпорни органи и мускули Најголем дел од повеќеклеточните организми се движат со стегање и олабавување на мускулите и потпорните органи. Кај овие животни потпорните органи им обезбедуваат заштита на телото и потпора на меките делови. Потпорните органи го градат скелетот на телото. Тие му даваат цврстина на телото, заедно со мускулите, што се поврзани за нив, го движат телото. Кај животните се јавуваат два типа на скелет: надворешен и внатрешен. - Надворешниот скелет е развиен кај некои видови безрбетници. Кај нив тој најчесто има заштитна улога. Но, освен добра заштита исто така скелетот овозможува и голема подвижност на телото. Некои видови мекотели имаат надворешен скелет што им служи за заштита. Тие се движат со стапалото. На пример, лозовиот полжав се движи со стегање и олабавување на мускулите на стапалото. На тој начин се врши поместување на телото. За да си го олесни движењето, полжавот од стапалото лачи слуз. Ваквиот начин на движење е наречен ползење. Добро изграден надворешен скелет составен од хитин се среќава кај членконогите. - Внатрешниот скелет се среќава кај ‘рбетниците. Тој е изграден од ‘рскавично или коскено ткиво. Мускулите, што се поврзани со коските или рскавицата го сочинуваат мекиот

58


хитик

дел на телото. Мускулните клетки имаат способност да се грчат и олабавуваат а со самото тоа делови или цели клетки се скратуваат или издолжуваат.. надворешен Постојат два вида на мускулни клетки а со самото скелет тоа и два типа на мускулно ткиво: мазно и напречномускули пругаво. коски - Мазното мускулно ткиво кај ‘рбетниците е составен дел на внатрешните органи, на пример, дигестивната цевка, крвните садови, мочоводните канали и други органи. Ова мускулно ткиво е составено од издолжени мускул внатрешен скелет клетки во чија што средина има јадро Ова ткиво е наречено мазно, бидејќи набљудувано под микроскоп изгледа дека мускулните влакненца се рамномерно Сл. 5.1 распоредени по должината на клетките. - Напречно-пругавото мускулно ткиво влегува во составот на скелетните мускули кај ‘рбетниците и членконогите. Клетки на ова ткиво можат да достигнат должина до неколку сантиметри и најчесто имаат повеќе јадра. Јадрата се сместени непосредно под клеточната мембрана. Мускулните влакненца се распоредени така што кога се гледаат под микроскоп, кај нив се забележуваат темни и светли пруги напречно распоредени. - Срцевиот мускул кај ‘рбетниците е посебен вид напречно-пругав мускул. Како работат мускулите Мускулите својата работа ја извршуваат со стегање и олабавување. Истите работат во парови и додека едни мускули се стегаат други се олабавуваат, и обратно. Така на пример додека се стегаат мускулите на стомакот, мускулите на грбот се олабавуваат и обратно. Бидејќи напречно-пругавите мускули се поврзани со коските од скелетот тоа значи дека при нивното грчење или олабавување ги придвижуваат и самите коски. Подвижноста на екстремитетите или крајниците (предни и задни нозе, крила) се јавува како резултат на мускулната активност, но и начинот на поврзување на самите коски. За да се обезбеди подвижност и на коските, самите коски помеѓу себе се поврзани со зглобови.

напречно пругав мускул

срцев мускул

мазен мускул

Сл. 5.2 Мускулно ткиво

Зглоб Зглобот е простор на поврзување помеѓу две или повеќе коски. Според начинот на спојување и подвижноста на споените коски, спојувањето може да биде неподвижно, полуподвижно и подвижно. Подвижното поврзување на коскит се должи на специфичната градба на зглобот и начинот на поврзување со мускулите. Кај згобот двете коски се држат заедно со лигаменти. Самиот

59


ТЕМА 5

мускул

мускул

мускул коски коски

мускул зглоб

коски зглоб

Сл. 5.3 Различни видови на зглобови

зглоб има зглобна капсула која ја штити внатрешноста и и дава цврстина. Внатрешната површина на коските е препокриена со мазна обвивка од ,рскавица. Во зглобот се создава посебна течност која заедно со ,рскавицата го спречува триењето на коските и нивно оштетување, а со самото тоа овозможува лесно движење.

60

Сл. 5.4

Сл. 5.5

Страничен изглед на мускулите во предниот дел на ајкула

Страничен изглед на скелетни мускули во предната половина на тело на зајак


2

ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Животните се прилагодуваат на животната средина. При тоа тие ја прилагодуваат својата градба и со самото тоа развиваат специфичен начин на движење. Иако постојат голем број на движења, сепак постојат четири основни начини на движење: - со помош на трепки или камшиче; - со менување на обликот на телото; - со извивање на телото и - со помош на екстремитети. Кај сите животни, со исклучок на еднокелеточните, движењето е условено од градбата на потпорните органи и мускулите. Движење со трепки и камшиче

Овој начин на движење се врши со помош на тенки и влакнести органели што се создаваат на површината на клетката. Овие органели се наречени трепки и камшиче. Градбата на трепките и камшичињата е иста. Трепките и камшичињата се многу чести кај едноклеточните организми (парамециум и еуглена). Трепките и камшичињата се движат брановито со што се овозможува и движење на целата клетка. Брановите се движат по должината на камшичето, а почнуваат од основата и одат кон врвот. Кај некои клетки камшичињата можат да се движат спирално, како пропелер на бротче. Кај рбетниците машките полови клетки – сперматозоидите се приспособиле да се движат со камшичиња. Но, некои видови на повеќеклеточни организми (сплесканите црви и некои полжави) трепките ги употребуваат за лизгањето подлогата.

Сл. 5.6 г) Движење со трепки и камшиче. (а) Три последователни фази на брановитото движење на камшичето. (б) Последователни фази во активноста на трепката. Во двата случаи (а) и (б) водата се движи во насока на големата стрелка, а клетката се движи во спротивна насока. (в) и (г) Шематски приказ на напречен и надолжен пресек на трепка. а)

б)

в)

61


ТЕМА 5 Движење со промена на обликот на телото - амебовидни движења Кај многу клетки кои немаат задебелена клеточна мембрана, на нивната површина се создаваат едно или повеќе лажни ножина со кои другиот дел на клетката се придвижува во насока на нивното создавање. Овој вид движење е наречено амебовидно движење, бидејќи е својствено за праживотното наречено амеба. Но, ваквата појава е широко распространета и е забележана кај клетки на сунѓерите и некои крвни клетки кај животните, како и белите крвни клетки кај ‘рбетниците. Лажните ножиња може да се употребуваат и за опколување и опфаќање на хранливата честица, или за прикрепување за подлогата при движењето (сл. 5.7). - Кај полжавите и дождовниот црв како резултат на мускулната активност, при движењето, се јавува промена на обликот на телото односно при движењето телото им се скратува и задебелува или пак издолжува и истенчува (сл. 5.8). Дали растителните клетки можат да се движат на овој начин? Објасни го твојот одговор.

Сл. 5.7. Амебовидно движење

Сл. 5.8. Движење кај дождовен црв 3. Движење со извивање на телото Голем број животни, како што се сплесканите црви, пијавиците, рибите, китовите и змиите, се движат со извивање на телото. Брановите на извивање при движењето започнуваат од задниот дел на телото или од опашниот дел, при што се јавува обратно движење или потисок. Свиткувањето на телото е јавува како резултат на брановидно стегања и олабавувања на мускулите од двете страни на телото (сл. 5.9).

62


Сл. 5.9

Сл. 5.10

Шематски приказ на ајкула која плива. Прикажан е потисокот на опашката во водата и реакцијата на водата на опашката

Извив на тело кај змија

Движење со пливање Повеќето од рибите имаат облик на телото кој им овозможува лесно да се движат низ водата. Нивниот скелет не е толку тврд како кај копнените ,рбетници, што, од своја страна, помага при пливањето во водата. Извиткувањето на телото однапред наназад е највидливо кај јагулите, ајкулите и другите видови риби со долго тело. Рибите кои се движат бавно, наназад и нанапред, низ густата водена вегетација, или друг ограничен простор, често имаат кратко тело и пливаат со извивање на нивните перки. Рибата е способна да остане на одредена длабочина и да ја одржува својата стабилност во водата при пливањето, затоа што, како начин на приспособување, црниот дроб на ајкулите и на некои други примитивни ражи, содржи значително количество масти, кои се полесни од водата со што ја намалуваат телесната маса на рибата и одвозможува таа да плива. Повеќе видови риби имаат развиен пливачки меур, кој е ќесе исполнето со воздух, сместено на грбната страна на телесната празнина. 4. Движење со помош на екстремитети Најчест начин на движење кај животните е движењето со помош на екстремитети што можат да служат како нозе за одење и трчање и крилја за летање. Одење и трчање При бавно одење кај копнените ‘рбетници и повеќето членконоги, движењето на ногата од едната страна на телото се заменува со движењето на ногата од спротивната страна на телото.

63


ТЕМА 5

Сл. 5.11 Летање на птица и лилјак

Летање Способноста за летање се развила независно кај четири групи животни: инсектите, птиците, лилјаците меѓу цицачите, и исчезнатите влечуги. Сите четири групи животни имаат крилја кои овозможуваат подигање во воздухот од површината, а потоа движењето низ воздухот се врши замавнување на крилјата (сл. 5.11). Летачките животни се потиснуваат нанапред со мавтање на крилјата. Кај сите нив надолното замавнување со крилјата има најголемо значење за летање. За да полесно летаат кај птиците има посебни прилагудуавања. Имено нивното тело е аеродинамично со што истите многу полесно се движат низ воздухот. А од друга страна во коските имаат големи простори исполнети со воздух што ги прават многу полесни во споредба со другите животни.

64


Збирен преглед за брзо да повториш: 1. Движењето кај животните е резултат на активност на делови од клетката, како што се трепките и камшичињата, или стегање и олабавување на мускулите. 2. Кај животните движењето се остварува на еден од четирите начини: (1) со помош на трепки или камшиче ; (2) со менување на обликот на телото (амебовидно движење); (3) со извивање на телото и (4) со помош на екстремитети. Кај сите, со исклучок на едноклеточните организми, движењето е условено од градбата на потпорните органи и мускулите. 3. Трепките и камшичињата се движат брановито со што се овозможува и движење на целата клетка. Брановите се движат по должината на камшичето, а почнуваат од основата и се шират кон врвот. Кај некои клетки камшичињата можат да се движат спирално, како пропелер на бротче. 4. Основата на амебовидното движење е последица на стегање и олабавување на белковините од цитоплазмата. Оваа особина е важна само за клетките што немаат задебелени клеточни мембрани. 5. Мускулите можат да се олабавуваат или стегаат, со што делови или цели клетки се скратуваат или издолжуваат. Повеќето мускулни клетки се дел од мазното, или напречно-пругавото мускулно ткиво. 6. Преминувањето од водата кон копното повлекло со себе големи промени кај мускулите. Притоа, екстремитетите станале многу важни за движењето, а движењето на трупот и опашката ја изгубиле таа улога. 7. Голем број животни, како што се сплесканите црви, пијавиците, рибите, китовите и змиите, се движат со извивање на телото. Брановите на извивање при движењето се ограничени на опашниот дел. Повеќето од рибите имаат облик на телото што им овозможува лесно да се движат низ водата. 8. Најчест начин на движење кај животните е движењето со помош на екстремитети што можат да служат како нозе за одење и трчање и крилја за летање.

Провери го своето знаење: 1. Зошто животните се движат? Објасни некои примери од природата кои јасно го докажуваат твојот одговор. 2. Објасни на кој начин можат да се движат едноклеточните организми. 3. Дали растителната клетка може да се движи? Објасни го одговорот. 4. Што им овозможува на рибите да пливаат? 5. Што е внатрешен, а што надворешен скелет? 6. Кои се основните видови мускулно ткиво? 7. Во кои органи има мазни мускулни клетки, а во кои напречно-пругави? 8. Кои животни имаат способност да летаат?

65


ТЕМА 5

Истражувај ги различните видови на движења кај животните Задача 1. Набљудување на движењето на дождовен црв и полжав Прибор и материјал: парче хартија, парче стакло, дождовен црв и полжав Упатство за работа: Стави го дождовниот црв на хартија и набљудувај го неговото движење. Наслушни ги шумовите кои дождовниот црв ги прави при движењето. Како се појавуваат тие шумови? Земи го црвот во својата лева рака и со показалецот од десната рака помини преку кожата од задниот кон предниот дел на телото. Што почувствува? На хартијата ќе забележиш траги. До кој заклучок доаѓаш? Стави го црвот на влажна стаклена плоча и набљудувај го неговото движење. Како се движи црвот? Што забележа? На суво стакло стави го полжавот и набљудувај го од долната страна неговото движење. Како се движи полжавот? Какви брановити движења прави. Колкав пат ќе помине за 5 минути? Што забележа? Каква трага остава полжавот на стаклената плоча? Размени мислење со твоите соученици и провери кај наставникот дали правилно си одговорил на дадената задача Задача 2. Набљудување на движењето на риби Прибор и материјал: аквариум, риби Упатство за работа: Набљудувај го движењето на рибите во аквариум. Што забележуваш? Кои органи ја движат рибата? Со кои делови рибата се движи кон напред, а со кои делови одржува рамнотежа. Исти или слични набљудувања можеш да направиш и на други видови на животни како на пример: некој инсект, жаба, гуштер, кокошка, врапче, птица во лет, куче, маче и други. Своите забелешки можеш во твојата тетратка да ги ставиш во форма на табела.

рак

пеперутка

скакулец

жаба

гуштер

гулаб

полжав

црв

риба

куче

органи за движење движење

органи за движење движење

Размени мислење со своите соученици за сознанијата до кои си дошол и провери кај наставникот дали правилно си ги подредил животните и си стекнал правилни сознанија.

66


ТЕМА 6

ИСХРАНА НА ЖИВОТНИТЕ

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќе можеш: - Да ги препознаваш начините на исхрана и органите за варење кај животните; - Да го разбереш местотo на животните како потрошувачи на храна во природата - Да ги опишуваш различните начини на исхрана во зависност од животната средина; - Да ги поврзуваш претставниците на одделните групи според начинот на исхрана и видот на органите за варење; - Да ги споредуваш одделните претставници на различни групи животни според начинот на исхрана и органите за варење во посебни услови на животната средина.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава: - храна, исхрана, - органи за варење, - хранителна вакуола, - гризачи, - преживари, -

непреживари.


ТЕМА 6 ИСХРАНА И ВИДОВИ ИСХРАНА

1

За да можат правилно да растaт, развиваат и да ги извршуваат своите животни процеси сите организми имаат потреба да се хранат, а преку храната да добиваат и енергија. Зелените растенија, алгите, некои праживотни и некои зелени бактерии ја користат сончевата светлина со помош на хлорофилот кој се наоѓа во нивните клетки за да создаваат органска храна од неоргански материи. Овој процес е наречен фотосинтеза. Бидејќи сами ја произведуваат својата храна, овие организми се наречени автотрофни (гр. аутос - сам, трофе-исхрана). Животните потребните хранливи материи и енергијата ги добиваат хранејќи се со други организми или нивни производи. Поради тоа тие се наречени хетеротрофни организми (хетерос - други). Потсети се: Кои организми се автотрофни, а кои хетеротрофни?

Преку храната животните во својот организам внесуваат: - минерални материи и вода - органски материи, главно шеќери, масти и белковини со што обезбедуваат енергија и потребни состојки за градба на организмот. Според начинот на исхрана животните се групирани во три групи. - Тревојади - животните кои се исхрануваат со храна од растително потекло. Тука спаѓаат желките, жирафите, овците, говедата, зајаците, вервериците и многу други. Повеќето од тревојадните животни се хранат со неколку видови, или, во некои случаи, само со еден вид растение. Почесто исхраната може да биде сведена на одредени делови на растението, како што се корење, лисја, сокови, нектар, плодови или семиња. - Месојади - животни кои се хранат со ткивата на други животни. Лавовите, како и повеќето други месојади во исхраната го користат целото тело на пленот, додека други животни во исхраната користат само одредени делови на телото на пленот, како што се крвта, кожата и слично. - Сештојади - животни кои се хранат со храна од растително и од животинско потекло. Добар пример за сештојади се луѓето. Постои и друга група организми, наречени разложувачи или разградувачи, која е приспособена да живее на делови од изумрени растенија и животни. Разложувачите, користејќи ги изумрените организми, нивните органски хранливи материи ги разложуваат до нивните неоргански делови. Во овие процеси на разложување тие добиваат енергија за своите животни потреби. Разложувачите се присутни насекаде во природата. Ги има во почвата и водата. Такви се бактериите, мувлите, габите и други. Дали знаеш? Хумусот и морската тиња се резултат на активноста на разгадувачите.

Потсети се: За кои организми велиме дека се произведувачи, потрошувачи и разградувачи?

68


а

Сл. 6.1 (а) Гасеница се храни со лисја од дрвја. (б) Млад лав со уловена храна (в) Панда како јаде бамбус в

б Внесената храна и хранливите материи во организмите треба да се искористат. За таа цел истата во организмот најпрво треба да се распарчи, раздроби на најситните нејзини составни делови. Сите овие процеси со зедничко име се познати како процеси на варење на храната. Под поимот варење на храната подразбираме обработка на храната која може да биде - механичка и - хемиска При механичката обработка храната се дроби, мели и ситни на составни делови. На тој начин истата се подготвува за хемиска обработка. Хемиското варење на храната се врши со помош на хемиски материи – ензими што се лачат од посебни клетки на внатрешната обвивка на цревото, или, пак, од ситни жлезди што се наоѓаат во ѕидот на органите на овој систем. Такви жлезди има во усната празнина, желудникот и цревото кај ‘рбетниците. Значајна улога во варењето на храната имаат соковите, што се лачат од посебни жлезди. Овие жлезди се надвор од системот за варење на храната, а со посебни канали своите сокови ги излачуваат во одредени делови на овој систем. Без материите во овие сокови процесот на варење на храната не би можел да се одвива или нема да биде целосен. Такви органи се плуковните жлезди, црниот дроб и панкреасот. а

в

голтка

Сл. 6.2

Развој на системот за варење кај животните. (а) Внесување хранливи честички низ површината на клетките кај замислен предок на повеќеклеточните организми и нивното уста варење во клетката. (б) Примитивен систем за варење составен од просто црево, кој се отвара на површината само преку усниот отвор, како црево г што е кај слатководниот сплескан црв. (в) Кај планариите голтката може да се исфрли преку усниот отвор за време на хранењето. (д) Храната устен отвор може да се обработува постојано во системот анален отвор за варење кај прстенестите црви и многу други метазои кои освен усен отвор имаат и анален отвор.

б

69


ТЕМА 6 Механичката и хемиската обработка на храната се врши во посебен систем на органи за варење на храната. Најголем број од животните имаат систем за варење на храната кој има одделни отвори за внесување на храната и за исфрлање на несварените делови на храната, односно устен и анален отвор. (сл. 6.2) Ваквата градба овозможува како што минува храната низ цревото, така таа постепено да се разложува и да се потиснува кон отворот за исфрлање на несварените и непотребните материи. Делови од овој систем добиваат посебни функции, кои накратко ќе ги објасниме. Усна празнина. Усната празнина го претставува предниот дел од системот за варење во која се наоѓа усниот отвор преку кој се внесуваат хранливите материи. Усната празнина, обично, се состои од вилици, заби, плунковни жлезди и други делови кои овозможуваат внесувањето на храната и нејзината обработка. Голтка. Се наоѓа во предниот дел на системот за варење и најчесто е мускулеста. Кај некои безрбетници честопати е специјализирана за вшмукување на храната. Кај цицачите голтката претставува крстопат на органите за дишење и варење. Хранопровод. Тоа е цевчест дел кој служи за пренесување на храната кон подолните делови на системот за варење. Жлездест желудник. Специјализиран дел на системот за варење во кој се врши повремено собирање и сместување на храната. Мускулест желудник. Дел на системот за варење во кој се врши механичко раздробување на храната на поситни парчиња. Ѕидовите се изградени од мускули, а внатрешната површина често Сл. 6.3 е набрана. Желудник. Проширен, мускулест дел на системот за варење, каде што се врши складирањето и разградувањето на храната. Кај некои животни желудникот претставува место каде што се врши и впивање на хранливите честички. Црево. Цевчест дел на системот за варење, во кој се врши најголем дел од дигестијата и впивањето на храната. Изметот, обично, се создава во задниот дел на цревото. Право црево. Завршен, краен дел на цревото каде што се создава изметот и се чува пред да се исфрли. Анален отвор е завршен дел на системот за варење на храна преку кој се исфрлаат непотребните материи

70


ОБРАБОТКАТА НА ХРАНАТА

2

Обработката на храната при што храната би се подготвила за да биде, прво, впиена, а потоа и искористена, потребно е целиот процес да помине низ неколку фази. - Примање на храната - Варење или дигестија на храната - Впивање или ресорпција на хранливите материи - Исфрлање на несварените и непотребни материи За да биде искористена, храната треба да се раскине или раздроби на најситни делови на кои ќе може да делуваат соковите од жлездите кои се наоѓаат по должината на дигестивната цевка. Но, храната прво треба да се внесе во органите за варење, процес наречен примање храна. При тоа, најнапред, големите делови на храната механички се ситнат со дробење, раскинување и џвакање. Потоа храната се разградува по хемиски пат на нејзини составни делови, процесот наречен варење или дигестија. Ситните составни делови од кои била изградена храната можат да бидат впивани и да поминат низ клетките на системот за варење во крвта, процес наречен впивање или ресорпција. Со крвта ситните составни делови на храната се носат низ телото каде се користат како извор за енергија или се вградува во ткивата на животните. Неискористените остатоци од храната на крајот се исфрлаат од органите за варење во облик на измет.

METABOLI^KI PROCESI NA RAZGRADUVAWE

Сл. 6.4 Процеси на постапно разградување на сложените хранливи материи

71


ТЕМА 6 ГРАДБА НА СИСТЕМОТ ЗА ДИГЕСТИЈА И ИСХРАНАТА Основната градба на системот за дигестија е слична кај сите видови ‘рбетници. Органите за варење на храната кај рибите започнуваат со усна празнина. Од неа продолжува грлото, хранопроводот, желудникот, тенкото и дебелото црево. Дебелото црево завршува со анален отвор. Рибите многу лесно ја голтаат храната. Во тоа им помага струењето на водата. Кај некои риби на рабовите на горната и долната усна има заби. Така на пример, кај крапот има жабрени заби со чија што помош се ситни храната.

Кај некои видови водоземци во усната празнина има многу мали заби. Некои видови на жаби, на пример краставата, нема заби. На предниот дел од усната празнина сместен е јазик кој може многу лесно да се исфрла надвор. Сл. 6.5 На тој начин жабите ги фаќаат инсектите. Во јазикот има жлезди кои лачат леплива Во усната празнина на сомот има ситни заби материја на која лесно се лепат инсектите. Дебелото црево кај водоземците завршува со клоака. Во клоаката, која е мускулно проширување, исто така се собираат и продуктите на системот за излачување и системот за размножување. Собрани заедно сите овие продукти преку клоаката се исфрлаат во надворешната средина. Кај влекачите, со исклучок на желките, во усната празнина има јазик и добро развиени заби. Во текот на животот забите кај влекачите неколку пати се менуваат. Кај змиите отровници постојат два поголеми шупливи заби кои и служат за вбризгување на отровот. Кај влекачите, исто како кај водоземците, дебелото црево завршува со клоака. Кај птиците во усната празнина нема заби па поради тоа тие ја голтаат хранта без пред предходно да ја џвакаат. Во пределот на хранопроводот има едно проширување, бапка.

мочен канал дебело црево

јајцевод клоака

72

Сл. 6.6 Дебелото црево кај водоземците, влекачите и птиците завршува со клоака


Сл. 6.7 Многу водоземци како што е и оваа жаба, фаќаат инсекти со помош на нивните јазици Голтнатата храна во бапката се навлажнува и омекнува со помош на соковите од жлездите кои се наоѓаат во неа. Вака натопената храна се внесува во желудникот. Кај птиците има два вида на желудник: жлездест и мускулест. Во жлездестиот желудник се лачат сокови со чија што помош започнува варењето на храната. Храната продолжува во мускулестиот желудник. Кај птиците кои се хранат со зрнеста храна има зрна на песок кои придонесуваат за дробење на храната. Вака подготвената храна постепено се потиснува и преку тенкото и дебелото црево несварените хранливи материи се исфрлаат во клоаката. Кај цицачите во усната празнина во посебни вдлабнатини на вилиците се сместени забите. Надвор од овие вдлабнатинки излегува коронката на забот. Коронката стрчи слободно во усната празнина, над вилицата и често има две или повеќе ридести површини наречени врвови на забот. Цицачите имаат различни видови заби кои им служат за фаќање на пленот, за откинување, џвакање и механичко раздробување на храната. Во основа забите според својата функција поделени се на: предни-секачи, очни или песјаци, преткатници и катници. Постои тесна врска меѓу бројот и обликот на забите и храната и навиките за исхрана на животните. Секачите служат за фаќање на пленот и сечење на храната, песјаците за нејзино желудник жлездест желудник раскинување, а преткатниците и катниците за мелење и дробење. клун Кај тревопасните животни бидејќи хранопровод нивниот начин на исхрана бара постојано кинење и сечење на храната секачите се добро развиени. бапка Кај гризачите пак (како што се клоака црево зајакот, верверицата, стаорецот, дабарот и други) секачите служат за гризење на храната.(сл. 6.9) Со Сл. 6.8 постојаното гризење на храната секачите се трошат и поради тоа овие заби постојано им растат. Кај

73


ТЕМА 6

месојадни

Сл. 6.9 тревопасни Забите на грицкачите постојано се трошат и обновуваат

месојадите најдобро развиени се очњаците со чија што помош го фаќаат и раскинуваат пленот. Забите кај цицачите, спротивно од забите кај другите ‘рбетници, не се заменуваат постојано со нова гарнитура заби. Кај цицачите во усната празнина својот секрет го исфрлаат неколку парови големи плунковни жлезди. Преку нивните каналчиња плунката се собира во усната празнина. Плунката овозможува навлажнување и делумно разложување на внесената храна. Јазикот кој е сместен во усната празнина има значајна Сл. 6.10 улога во превртувањето и мешањето на храната, како и нејзино голтање. Делумно обработената храна во усната празнина преку Заб кај цицач хранопроводот се пренесува во желудникот. По влегувањето на храната во желудникот се затвора мускулот-стегач меѓу хранопроводот и желудникот и желудникот и цревото. Олабавувањето и стегањето на мускулите на ѕидот на желудникот механички ја обработуваат храната и ја мешаат со желудочниот сок кој се излачува од желудочните жлезди. Храната во желудникот се претвора во кашеста материја. Со брановидно движење на желудникот храната постепено се движи кон долниот дел на желудникот. Мускулот-стегач се отвора и дел по дел од храната се потиснува кон почетокот на цревото. (сл. 6.12) Сл. 6.11 Забите на шимпанзо

74


Црево Повеќето од процесите на дигестија на храната, како и поголемиот дел на впивањето на крајните продукти на дигестијата се вршат во цревото. Градбата на цревото се разликува кај повеќето ‘рбетници. Цревото кај копнените ‘рбетници е поделено на предно, или тенко црево, и задно, или дебело црево. Предниот дел на тенкото црево е познато како дванаесетпалечно црево. Храната низ тенкото црево се движи со помош на брановидното движење на мускулите од ѕидот на цревото. Движејќи се низ тенкото црево храната постепено се разложува на најситните нејзини составни делови. Во тенкото црево, исто така, има жлезди кои лачат сокови во кои има голем број биолошки активни материи, познати како ензими. Одредени ензимите дејствуваат само на одредени видови органска храна. Имено, има посебни ензими за сите видови органски хранливи материи, па така ензимите кои ги разградуваат мастите, не ги разградуваат шеќерите и обратно Сварените хранливи материи се впиваат преку ѕидовите на тенкото црево и поминуваат во крвотокот, а несварените материи постепено се поттурнуваат кон дебелото црево. На местото на спојување на тенкото и дебелото црево сместено е слепото црево. Тоа како резултат на специфичниот начин на исхрана е најдолго кај тревојадите. При крајот на дебелото црево од примената храна се останати само непотребните материи кои формираат измет. Изметот се исфрла или преку црн дроб аналниот отвор кај рибите и цицачите или преку клоаката кај водоземците, влекачите и птиците. Црн дроб и поджелудочна жлезда (панкреас) Црниот дроб и панкреасот се големи жлезди сместени напред и грбно во однос на желудникот. Клетките на црниот дроб постојано излачуваат жолчка која минува низ црнодробните каналчиња и се собира во општиот жолчен канал. Оттаму жолчката може дирекно да се излее во почетокот на тенкото црево или да се собира во жолчната торбичка (жолчен меур) од каде, по потреба, пак се излева во тенкото црево. Панкреасот (или поджелудочната жлезда), исто така, создава сокови кои преку посебен канал се излеваат во почетокот на тенкото црево. Жолчката и панкреасниот сок се богати со ензими кои учествуваат во дигестијата на храната.(сл. 6.13)

усна празнина

хранопровод

мускул стегач црево желудник

Сл. 6.12 систем на органи за варење на храната кај цицачи

хранопровод жолчен канал

желудник

жолчен меур панкреас

тенко црево

Сл. 6.12 Црниот дроб и панкреасот со своите сокови ја помагаат дигестијата на храната. (+) ја зголемува работата (-) ја намалува работата

75


ТЕМА 6 НАЧИНИ НА ИСХРАНА КАЈ РАЗЛИЧНИ ЖИВОТНИ

2

Едноклеточните организми, како што се бактериите, алгите и праживотните, варењето на храната го вршат во посебни органели наречени хранителни вакуоли. Потребните материи добиени со варењето на храната се впиваат, а непотребните материи се исфрлаат во надворешната средина. (сл. 6.14) Сунѓерите немаат устен отвор и систем за варење на храната. Водата навлегувајќи низ страничните каналчиња со себе носи и хранливи честички, кои одат до централната празнина. Како што веќе знаеме сунгерите се изградени од внатрешен и надворешен слој на клетки, при што надворешнио хранливи честички слој на клетки има камшичиња. Овие камшичиња треперејќи ги привлекуваат хранливите материи и клеточна уста овозможуваат нивно пренесување од надворешниот кон внатрешниот слој на клетки. Токму во овој слој клеточно грло се врши и дигестија на храната, бидејќи процесите на хранлива дигестија се извршуваат во самите клетки, процесот е вакуола наречен клеточна дигестија.

клетки во внатрешноста на хидрата

централна празнина

варење на храната во клетките

Сл. 6.15 Варење на храната кај хидрата

Кај сплесканите црви среќаваме најпросто граден систем на органи за варење на храната. Кај нив усниот отвор е сместен на стомачната страна и води кон голема, проста трепчеста цевка, голтка, која се надоврзува на црево кое е во облик на вреќа. Кај овие животни нема анален отвор. Овие црви се хранат со ситни животни кои ги проголтуваат цели. Неразградените и непотребни материи се исфрлаат низ усниот отвор.

76

Сл. 6.14

исфрлање на напотребни материи

Варење на храната кај чевличето

Кај мешестите животни, хидрите и коралите, имаат систем за варење само со еден отвор. Тие се хранат со ситни животни кои ги проголтуваат цели, а потоа делумно ги разложуваат во самите клетки, а делумно надвор од нив. Несварената и непотребна храна ја исфрлаат преку усниот отвор.

широко разгрането црево

Сл. 6.16 Систем за варење на храната кај сплескан црв - планарија

устен отвор

голтка


Планариите од групата сплескани црви имаат разгрането црево, кое го олеснува впивањето на хранливите материи во различни делови на телото, а воедно ја зголемува и површината за впивање. Планариите на стомачната страна имаат мускулна цевчеста голтка која низ усниот отвор може да се исфрли надвор од телото кон пленот или мртвите животински остатоци. Посебните ензими од голтката и овозможуваат на голтката да навлезе Сл. 6.14 во ткивото на пленот, а потоа да Многу инсекти се хранат со цицање на растителни сокови. ја вшмука хранливата материја од (а) Растителна вошка се храни со растителен сок. пленот во цревото. (б) Усниот апарат за цицање кај инсектите е приспособен Кај сите останати животни да го пробие растителното ткиво. системот на органи за варење на хранта започнува со устен отвор и завршува со анален отвор. Меѓутоа, градбата на системот за варење многу зависи од храната и механизмите на исхрана кај животното. Исто така, зависи и од начинот на живеење на животното, т.е. дали е подвижно или прикрепено, живее во дупки и слично. Честа е појавата различни групи животни кои користат иста храна да имаат слични навики во исхраната. Тревојади кои цицаат и преживаат Органите за внесување на храната кај некои тревојади им овозможуваат да го извлечат нектарот од цвеќињата, или да го прободат растителното ткиво и оттаму да го исцицаат сокот или клеточната содржина. Повеќето тревојади се хранат со различни растителни ткива и нивниот устен апарат се состои од различни органи како што се вилици, заби, осило или гризалки. Овие органи им овозможуваат отсечување или одгризување и внесување делови од растителното ткиво во усната празнина. Кај многу видови животни, во одреден дел од органите за варење има микроорганизми кои имаат значајна улога во дигестијата на целулозата. Кај преживарите како што се: говедата, срната, еленот, овцата и други желудникот е поделен на 4 дела. Микроорганизмите се наоѓаат во бурагот и капурата, кои се два од четирите делови на желудникот. Дали знаеш? Голема крава во својот желудник може да собере материјал со волумен и до 200 литри. Кај преживарите храната не се обработува механички, туку дирекно навлегува во бурагот и капурата. Тука се натопува со сокови и делумно се разложува. Микроорганизмите кои ги има во овие делови имаат двојна улога. Прво, тие создаваат ензими, кои ја разградуваат целулозата до попрости шеќери. Освен тоа, микроорганизмите создаваат белковини, кои се неопходни за преживарите, и на тој начин го зголемуваат нивното количество.

77


ТЕМА 6 Делумно разложеното сено или трева повремено се враќа назад во устата и животното го прежива или џвака. Ваквата повторувачка активност овозможува подобра механичка обработка на растителниот материјал. Многу од продуктите на дигестијата се впиваат во бурагот и капурата. Течната храна натаму излегува од првите два дела на желудникот и преминува во листовецот, а потоа и во сириштето, кое претставува краен дел на желудникот. Сириштето е единствен дел на желудникот, каде има жлезди. Сл. 6.17 Систем за варење на храната кај крава. Целулозата се разложува со помош на микроорганизми во повеќеделниот желудник на кравата. Храната прво влегува во бурагот и капурата, каде почнува дигестијата. Повремено храната се враќа назад, се џвака и повторно се голта. Многу продукти на дигестијата се впиваат во бурагот. Остатокот од храната минува во другите делови на желудникот, каде почнува дигестијата на белковините.

Коњите, зајаците, гризачи и многу други тревојадни цицачи имаат повеќе бактериски колонии во слепото црево, кое се наоѓа на почетокот на дебелото црево. Овие животни не можат да ја враќаат храната во усната празнина за дополнителна механичка обработка. Поради тоа нивниот измет содржи многу повеќе растителни (целулозни) влакна во однос на преживарите. Микроорганизмите се во симбиотски однос со нивниот домаќин, т.е во овој случај со преживарите. Под симбиоза или симбиотски однос се подразбира заедница на два организми, во која и двата организми имаат заемна корист и си помагаат. Сл. 6.18 Разлики во системот за варење на храна кај: а) месојади б) тревопасни животни

78

а

б


Исхрана на грабливците Ајкулите, змиите, лавовите и другите грабливци спаѓаат во групата месојади кои активно го ловат пленот. Кај овие животни забите и другите органи во усната празнина често се употребуваат за да го зграпчат, убијат или да го држат пленот. Меѓутоа многу животни за истата цел ги користат и екстремитетите и други делови на телото. Тие пленот или го голтаат цел, или го распарчуваат и го јадат на делови. Храната од животинско потекло не содржи целулоза и полесно се вари. Како резултат на тоа кај овие животни тенкото црево е значително пократко. Исхрана со планктон Планктон е машавина од мали ситни растенија и животни, со микроскопска големина, кои се жители на слатките и солените води. Планктонот служи како храна на голем број животни. Некои видови на китови, како што е грбавиот кит, иако спаѓаат во најголемите животни се исхрануваат со планктон. Кај нив во внатрешноста на вилици има реси од остри влакна низ кои се процедува водата. При процедувањето на водата во тие реси се заробуваат микроскопски раковидни животничиња кои се главна храна на овие животни.

Сл. 6.19 Говедска тенија е паразит во цревата на човекот

реси од остри влакна

Исхрана кај паразитите – паразитска исхрана Во текот на еволуцијата некои животни се прилагодиле да живеат паразитски живот. Тоа значи дека тие живеат во заедница со друго животно, од кое црпат готова и сварена храна, при што тоа животно трпи штета. Овие животни се наречени паразити, додека пак животното на чија што сметка живеат е домаќин. Како резултат на тоа што овие животни користат готова и сварена храна кај нив органите за варење се редуцирани. Такви паразити се: кучешката, говедската и свинската тенија, детската глиста и други видови на глисти.

79


ТЕМА 6 Збирен преглед за брзо да повториш 1. Животните се хетеротрофни организми, кои ги обезбедуваат органска храна преку исхрана од други организми или нивни продукти. Според видот на храната тие се поделени на тревојадни, месојадни и сештојадни. 2. Внесената храна за да биде искористена е потребно механички да се иситни и хемиски да се разложи за да може да се впие. Дигестијата е помогната од ензимите. Повеќето животни ги имаат истите типови дигестивни ензими. 4. Кај едноклеточните организми дигестијата се врши во хранителните вакуоли. Дигестијата кај повеќето животни се врши во системот за варење. Кај хидрите и сплесканите црви, устата единствено се отвора во цревна празнина. Отпадоците се исфрлаат преку устата. Повеќето животни имаат систем за варење со одделен устен и анален отвор, кои овозможуваат еднонасочно минување на храната и истовремена обработка на храната во различни делови на системот. 5. Животните искористуваат различни видови храна, и според тоа, вклучуваат различни механизми за хранење. Многу тревопасни животни џвакаат растенија или го цицаат нивниот сок. Грабливците се месојади кои активно го ловат својот плен. 6. Органите во усната празнина на ‘рбетниците е неопходно да овозможат ситнење и пренесување на храната кон подолните делови на дигестивната цевка. Храната се пренесува низ хранопроводот до желудникот. Во процесот на дигестија помагаат и соковите на поджелудочната жлезда (панкреасот) и црниот дроб. 7. Во тенкото црево се врши најголем дел од хемиската обработка на храната и впивањето на хранливите материи. 8. Дебелото црево претставува место каде се создава изметот.

Провери го своето знаење: Како можат да се поделат животните според видот на храната што ја користат? Кои животни како храна користат изумрени растенија и животни? Која е улогата на ензимите во процесите на дигестија на хранливите материи? Објасни го процесот на клеточна дигестија. Како е изграден системот за варење кај сплесканите црви? По што е специфичен системот за варење кај преживарите? Како е изградено цревото кај рбетниците? Која е улогата на панкреасот и црниот дроб во варењето на храната?

80


Истражувај ги различните видови на исхрана кај животните Задача 1. Набљудување на исхрана кај полжав Прибор и материјал: полжав, свежи листови Упатство за работа: Во стаклен сад стави полжав, кој предходно гладувал два дена, а во негова близина постави свежи лозови листови. Како реагира полжавот? Дали ќе ја јаде храната? Слични набљудувања можеш да направиш со кое било животно. Пример: набљудувај како се храни гулабот кој дошол на твојата тераса, како се храни мачката, кучето и слично. Задача 2. Набљудување на исхрана кај риби Прибор и материјал: риби во аквариум, храна Упатство за работа: Еден ден остави ги рибите без храна. Наредниот ден стави им храна и набљудувај ги како реагираат. Зошто рибите, штом ќе ја осетат храната, се собираат на површината на водата? Кои движења ги прават со устата при внесувањето на храна? Задача 3. Препарирње на органи за варење кај животни Прибор и материјал: полжав, дождовен црв, риба, жаба, гулаб, прибор за дисекција и тетратка. Упатство за работа: За да стекнете повеќе сознанија при оваа задача може да се поделите во 5 групи Тек на работа: I група: препарира органи за варење кај полжав, II група: препарира органи за варење кај дождовен црв, III група: препарира органи за варење кај риба, IV група: препарира органи за варење кај жаба и V група: препарира органи за варење кај гулаб. Работете внимателно за да не оштетите некој дел од органите за варење. Откако ќе ги препарирате органите во вашите тетратки запишете ги сознанијата до кои сте дошле и нацртајте го системот. Разменете го материјалот со другите ученици и забележете ги разликите во градбата на органите за варење кај различните представнци. Со наставникот проверете дали правилно сте работеле и дали ви се точни сознанијата. За да имата подобар преглед на сознанијата до кои можете да дојдете податоците можете да ги внесете во табела. На пример: планарија

дождовен црв

полжав

риба

жаба

гулаб

исхрана органи за исхрана

81


ТЕМА 6

82


ТЕМА 7

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ХРАНАТА И ГАСОВИТЕ

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќи можеш:

-

Да ги препознаваш типовите на циркулаторни системи кај животните; Да го објаснуваш значењето и функцијата на телесната тешност и садовите низ кои се движи истата Да ги раскажуваш научените сознанија за различните типови крвоток; Да го опишуваш шематски редоследот на движење на крвта кај отворениот и затворениот тип крвоток; Да ги поврзуваш претставниците на одделните групи според градбата на срцето; Да ги споредуваш одделните претставници на различни групи животни според градбата и функцијата на срцето.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа поттема:

-

крвоток, крв,оксидирана и редуцирана крвоток лимфа, хемолимфа, хидролимфа, срце, постојана и променлива темепература на телото


ТЕМА 7 ПРЕНОСЕН ИЛИ ЦИРКУЛАТОРЕН СИСТЕМ

1

Како што веќе знаеш, водата, храната, кислородот и другите важни материи за животот, влегуваат и излегуваат од телото низ различни негови делови. Најголем дел од клетките на повеќеклеточните организми се наоѓаат длабоко во внатрешноста на телото. Тоа не им овозможува на тие клетки непосредно да вршат размена на материите со надворешната средина. За таа цел е неопходно присуство на меѓуклеточна течност која ги исполнува малите простори меѓу клетките. Освен тоа, потребни се и одредени дополнителни механизми што ќе ги раздвижат материите меѓу меѓуклеточната течност и површината на телото каде се врши размената.

84

ФУНКЦИИ НА ПРЕНОСНИОТ – ЦИРКУЛАТОРНИОТ СИСТЕМ Колку е развиен и сложен системот за пренесување на материите зависи од големината и активноста на животното. Животното не може да биде големо или да има голема активност без да има ефикасен преносен систем кој ќе може брзо да ја снабди меѓуклеточната течност со различни хранливи материи и брзо да ги отстрани отпадните продукти од неа. Исто така, за сите процеси во клетките е потребно и одредено количество кислород, што клетките го обезбедуваат преку крвта. Освен пренесувањето на гасови, храна и отпадни продукти, преносниот систем ги пренесува создадените материи во одредени ткива до други ткива кои помагаат во нивната работа. Преку преносниот систем се пренесуваат и хормони од жлездите каде што се создаваат, до нивните соодветни органи (на пример, тироидните хормони од тироидната жлезда до повеќето клетки во телото). На крајот, овој систем ја пренесува топлината низ телото до или подалеку од местото каде што топлината може да се изгуби или создаде. Освен тоа преносниот систем има и други значајни улоги. Низ преносниот систем кружи телесна течност преку која се врши функцијата на овој систем. Во зависност од степенот на сложеност на организмот постојат повеќе видови на телесни течност. - хидролимфа е телесната течност која по својот состав е многу слична на околната вода,. а се среќава кај некои просто градени видови безрбетници, кои живеат во вода, на пример, сунѓерите и копривкарите. Функцијата на хидролимфата е донесување хранливи материи и кислород до клетките на животното и изнесување оттаму на штетните материи. - хемолимфа е телесна течност со малку посложена градба од хидролимфата Се среќава во телото на многу безрбетници, на пример, полжавите, раковите и други. Таа има сина боја, која потекнува од тоа што во крвниот пигмент има бакар. Во хемолимфата има само бели крвни клетки. Оваа телесна течност ја имаат само животните кои имаат отворен тип преносен систем. Дождовниот црв има хемолимфа со црвена боја. - лимфа и крв – се среќава кај сите други групи животни. Крвта е составена од крвна плазма и крвни елементи и тоа: црвени крвни зрнца, бели крвни клетки и крвни плочки. Функцијата на црвените крвни зрнца се сосотои во пренесувањето на гасовите. Оваа функција ја извршува хемоглобинот кој е сместен во нив. Кога крвта пренесуа кислород е оксидирана крв, а кога пренесува јаглероддиоксид е редуцирана крв. Белите крвни клетки, главно, учествуваат во одбраната на организмот, а крвните плочки го активираат системот за засирување на крвта, кој е особено важен за запирање на крвавењето при повреда на крвните садови. Крвната плазма, главно, е составена од вода, а во неа се растворени материи. Со крвната плазма се пренесуваат хранливи материи до сите клетки во организмот, а оттаму се земаат штетните продукти. Лимфата е поедноставно градена телесна течност во која има само бели крвни клетки.


2

ТИПОВИ ПРЕНОСЕН - ЦИРКУЛАТОРЕН СИСТЕМИ

Голем број празнини во телото можат да имаат функција на преносни системи. Камшичиња и трепки ја туркаат течноста низ каналите кај сунѓерите и копривкарите, како и во внатрешноста на телесната празнина кај морските ѕвезди.

б

a

Сл. 7.1

Преносни системи. Водата циркулира низ празнините на сунѓерот (а) и внатрешната празнина кај копривкарите (б). (в) Движење на течности во телесната празнина кај примитивен црв. (г) Отворен систем за циркулација кај ракови. (д) Затворен преносен систем кај ‘рбетниците.

в

г

Собирањето на телесниот ѕид ги поместува течностите во телесните празнини кај многу црви. Повеќето од другите организми имаат посебен преносен систем низ кој хемолимфата, лимфата д или крвта се испумпува до ткивата со стегање и олабавување на одредени крвни садови, срцето или околните телесни мускули. Овие телесни течности, повторно се враќаат во овие органи од каде повторно се испумпува. Накратко речено, крвта кружи или циркулира. Кај животните се јавуваат два типа на преносен систем: - отворен преносен систем – се среќава кај повеќето мекотели, членконоги и некои примитивни хордати - затворен преносен систем – се среќава кај главоногите, прстенестите црви и ‘рбетниците.

Сл. 7.2 а

б

Преносен систем а) отворен тип б) затворен тип

85


ТЕМА 7 ОТВОРЕН ТИП НА ПРЕНОСЕН СИСТЕМ Повеќето членконоги имаат отворен преносен систем, така што размената меѓу крвта и ткивата се врши во ткивните простори. Кај нив постои централно срце кое постојано ја пумпа крвта во крвните садови. Кај мекотелите и членконогите со жабри, како што се раковите, одреден дел од крвта пред да навлезе во срцето, тече од просторите на телесната празнина кон жабрите. Кај мекотелите срцето е составено од две преткомори и една комора. Во преткоморите доаѓаат крвните садови од жабрите. Други садови кои доаѓаат од стапалото и внатрешните органи влегуваат во комората. Преткоморите први се собираат, испумпувајќи ја крвта во комората, а потоа се собира комората. Помеѓу преткомората и комората има залистоци или клапи со чија што помош крвта се движи во еден правец. срце

срце

крвен сад крвен сад

Сл. 7.3

Сл. 7.4

Шематски приказ на преносниот систем на школка. Едната черупка е отстранета

Преносен систем кај речен рак (а) и напречен пресек преку градниот регион (б)

Кај членконогите срцето кое е во вид на цевка, сместено по должината на грбот, ја собира крвта од целото тело. Од тука со помош на пумпањето на срцето таа се разнесува низ сите ткива, преминува преку жабрите и повторно се враќа во срцето. (сл. 7.4) Залистоците во отворите на срцете го спречуваат враќањето на крвта за време на срцевите контракции. И кај мекотелите и кај членконогите, крвта до различните делови на телото ја разнесува систем од артерии. Кај многу инсекти, артерискиот систем е слабо развиен. Постои само кратка аорта на едниот крај на срцето. Збогатувањето на крвта со кислород и ослободувањето на јаглеродниот диоксид се врши преку трахејниот систем.

86


ЗАТВОРЕН ТИП НА ПРЕНОСЕН СИСТЕМ Октоподите и другите главоноги, како и прстенестите црви и сите рбетници имаат затворен преносен систем. Кај нив крвта, со помош на срцето, се движи или циркулира низ систем од крвни садови: артерии, вени и капилари. артетиите се крвни садови што ја изнесуваат крвта од срцето. вените се крвни садови што носта крв во срцето. капиларите се многубројни ситни крвни садови со тенки ѕидови кои како мрежа се разгранети во ткивата. Преку нивните тенки ѕидови клетките многу брзо се снабдуваат со капилари потребните материи и се ослободуваат артерија вена од непотребните и штени материи. Тие претставуваат спој меѓу артериите и Сл. 7.5 вените Кај дождовниот црв како претставник од групата на прстенести црви се среќава затворен тип на преносен систем. Неговиот систем за крвоток е составен од два главни крвни сада – грбен и стомачен, и голем број на мали попречни крвни садови кои овозможуваат многу брзо пренесување на храната и гасовите. Кај октоподот и сипијата зголемената активност се јавува како резултат на затворен преносен систем. грбен крвен сад

стомачен крвен сад

Сл. 7.6

87


ТЕМА 7

3

ПРЕНОСЕН СИСТЕМ КАЈ РБЕТНИЦИТЕ Сите ’рбетници имаат затворен преносен систем.

Риби Срцето кај рибите сместено е на стомачната страна веднаш под жабрите. Тоа е составено од една предкомора и една комора. Редуцираната крв од целото тело се собира во стомачната вена и преку неа навлегува во срцето. Од срцето крвта преку артерија се носи до жабрите. Како што се движи низ жабрите таа се ослободува од јаглерод диосидот и се збогатува со кислород. Оксигенираната крв преку грбната артерија и голем број на крвни садови се движи низ телото, на клетките во ткивата им го предава кислородот и од нив го зема јаглероддиоксидот и преку венскиот систем на садови повторно, преку главната вена, се враќа во срцето. Бидејќи низ срцето на рибите тече само редуцирана крв, снабдувањето на клетките со кислород е по бавно. Поради тоа во клетките кај рибите се ослободува помало количество на енергија. Водоземци

мал крвоток

грбна артерија вена

срце

капилари

Сл. 7.7 Главни делови на преносниот систем кај примитивни риби како што е ајкулата.

Кај водоземците среќаваме срце кое е поделено на три дела. Тоа е составено од две преткомори лева и десна и една комора. Преку десната преткомора, во срцето, навлегува редуцираната крв која доаѓа од целото тело. Оваа крв навлегува во комората на срцето. Преку левата преткомора навлегува оксигенирана крв која доаѓа од белите дробови. Во комората голем крвоток Сл. 7.8 има мешање на оксигенираната и Срце и крвни садови кај (а) риба; (б) жаба и (в) цицач. Овие редуцираната крв. Вака помешаната шеми ги покажуваат деловите на срцето и крвотокот крв преку главната артерија – аорта се разнесува низ целото тело. Бидејќи во клетките постојано има недостаток на кислород за процесите на разложување на хранливите материи, кај нив се ослободува помало количество на енергија. Постојаниот недостаток на енергија кај водоземците доведува до појава на тромост или бавност при движењето. Бидејќи не може да создадат доволно количество на енергија, активноста на а

88

б

в


овие животни е директно зависна од надворешната температура. Па затоа, во услови кога во надворешната средина температурата е повисока овие животни се активни и обратно кога надворешната температура е ниска овие животни се скоро неактивни. Крвотокот кај полноглавците - ларви на жабите во целост одговара со крвотокот кај рибите. Размисли зошто? Влечуги Кај влечугите срцето е составено од две преткомори и една комора која со преграда е делумно поделена на два дела. Само кај крокодилите комората на срцето е целосно поделена на два дела. Кога оксиgenираната и редуцираната крв, преку предкоморите, ќе навлезе во комората, таа делумно се меша. И во овој случај се јавува недостаток на енергија во организмот што се надокнадува исто како кај водоземците.(сл. 7.9) Птици и цицачи Птиците и цицачите имаат целосно поделено срце (сл. 7. 8). на две преткомори и две комори. Крвта сиромашна со кислород влегува во десната преткомора. Потоа се пренесува во десната комора која ја пумпа крвта преку белодробната артерија кон белите дробови. Крвта богата со кислород од белите дробови навлегува во левата преткомора низ белодробни вени. Оттука крвта се пренесува во левата комора која ја испумпува крвта низ аортата Сл. 7.9 во телото. Целосното одделување на оксидираната и редуцираната крв во срцето доведува до појава Дел од потребната енергија влечугите ја на различна дебелина и јачина на мускулниот ѕид земаат од околната средина на коморите. Ова овозможува срцето да може што посилно да ја испумпува крвта во крвните садови а со самото тоа крвта може многу брзо да се движи низ нив. Разликата во крвотокот кај птици и цицачи е во тоа што кај птиците аортата кога ќе излезе од срцето прави лак кон десно и се спушта покрај ,рбетот, додека пак кај цицачите тој лак на аотртата е кон лево. Како што системот за пренесување на материите станува посложен, така крвниот притисок се покачува, па поради тоа повеќе течности и белковини преминуваат од капиларите во меѓуклеточната течност. Ова го условило појавувањето на лимфниот систем кој го враќа вишокот на течност и белковини од ткивата во главната циркулација. Крвоток Кружното движење на крвта низ организмот наречено е крвоток. Кај безрбетниците кај кои има затворен тип на преносен систем и кај рибите постои еден крвоток: крв од срце  атерии  ткива  вени  срце.

89


ТЕМА 7 Со преминувањето на копнен В начин на живеење, кај ,рбетниците како органи за дишење се јавиле белите дробови. За да може ткивата што подобро да се снабдат со храна и кислород, се јавува усложнување на градбата на срцето, а со самото тоа и поделба на крвотокот на голем и мал. А Б Мал крвоток (белодробен) – е кружното движење на крвта од срцето до белите дробови и повторно Сл. 7.10 враќање во срцето. Преку малиот Дел од крвниот и лимфниот систем а) Артериска, б) Венска крвоток крвта се ослободува од и в) лимфна капилара јаглероддиоксид а се збогатува со кислород. Малиот крвоток започнува од десната комора. Преку белодробните артерии редуцираната крв се носи до белите дробови. Откако крвта ќе се ослободи од вишокот јаглерод диоксид и ќе се збогати со кислород таа, како оксидирана преку белодробните вени се враќа во левата преткомора на срцето. Голем крвоток (телесен)- е кружното движење на крвта од срцето до клетките и ткивата на целиот организам и повторно до срцето. Преку големиот крвоток сите клетки се снабдуваат со кислород а се ослободуваат од јаглерод диоксид. Големиот крвоток започнува од левата комора и преку аортата и артериите оксидираната крв се разнесува низ телото. Откако клетките ќе се снабдат со кислород и ќе се ослободат од вишокот јаглерод диоксид, редуцираната крв од целото тело преку горната и долната шупла вена се враќа во десната преткомора на срцето.

90


Збирен преглед за брзо да повториш

1 Основна задача на преносниот систем е да ги пренесува храната и гасовите до 1. 2. 3.

4. 5. 6. 7.

8.

сите делови на телото, а непотребните материи до местата од каде организмот се ослободува од нив. Телесните течности кои се во состав на преносниот систем се: хидролимфа, хемолимфа, крв и лимфа Телесните течности постојано се движат, циркулираат низ организмот со помош на пулсирачката активност на срцето Преносниот систем може да биде отворн и затворен. При отворениот преносен систем телесните течности се движат од срцето преку крвните садови и клетките па се до срцето. Кај затворениот преносен систем крвта се движи само низ крвни садови: артерии, вени и капилари. Повеќето членконоги и мекотели имаат отворен циркулаторен систем во кој крвта минува низ жабрите пред да се врати во срцето. Затворен крвоносен систем се среќава кај некои прстенести црви, главоногите и сите ,рбетни животни. Срцето како централен орган на преносниот систем кај рибите е составено од една преткомора и една комора. Кај жабите тоа е составено од две преткомори и една комора. Кај влекачите комората на срцето е делумно преградена. Целосно поделено срце на две половини, лева и десна среќаваме кај крокодилите и сите видови на птици и цицачи. Кај нив срцето е поделено на лева преткомора и комора низ која се движи оксидирана крв и десна преткомора и комора низ која се движи редуцирана крв. Крвните садови, артериите и вените се користат за пренесување крв на големи растојанија, а малите капилари се ограничени само на места каде што се врши размената на материите и гасовите.

Провери го своето знаење: Кои се основните функции на преносниот систем? Што е важно за телесната течност кај копривкарите? Кои крвни елементи ги има во лимфата, а кои во крвта? Спореди ги дадените термини: хемолимфа и хидролимфа, лимфа и крв, отворен и затворен преносен систем, срце кај риба и срце кај цицач, артерии и вени. 5. Објасни го преносниот систем кај инсектите. 6. Што е жабрена циркулација? 7. Што е важно за портните преносни системи?

1. 2. 3. 4.

91


ТЕМА 7

Истражувај го пренесувањето на храната и гасовите Задача 1. Запознавање со особините на хемолимфата Прибор и материјал: Лозов полжав, ножички, пинцета, епрувета и тетратка Упатство за работа: Стави го полжавот во левата рака со врвот на черупката завртен на кај тебе. Со пинцетата скрши дел од черупката на нејзиниот втор свиок, од врвот, и постепено отстрани неколку делови. На местото на отстранетата черупка ќе забележиш синкаста линија. Пресечи ја со ножичките и стави епрувета под неа. Од неа капе лимфа. Каква е бојата на лимфата? Ако лимфата ја загрееш ќе се појави талог. Тоа е доказ дека во неа има белковини. Зошто кај полжавот лимфата има сина боја? Своите сознанија забележи ги во тетратката. Провери со наставникот дали сознанијата ти се точни. Задача 2. Изучување на преносниот систем кај дождовен црв Прибор и материјал: дождовен црв, прибор за дисекција, лупа и тетратка Упатство за работа: Стави го црвот во кадичката и набљудувај го со лупа. Што забележуваш? Дали ги забележуваш крвните садови? Направи дисекција на дождовниот црв. Како се поставени крвните садови? Каква боја има крвта? Задача 3. Разгледување срце и крвни садови кај жаба Прибор и материјал: жаба, прибор за дисекција, микроскоп и тетратка Упатство за работа: Под микроскоп постави дел од кожичката меѓу прстите од задните нозе. Микроскопирај! Што забележуваш? Направи дисекција и најди го срцето на жабата. Како работи тоа? Од колку делови е составено и како истите се собираат? Измери колку отчукувања на срцето има во минута. Забелешките запиши ги во твојата тетратка и провери ги со твојот наставник Ако сакаш повеќе да научиш преку дисекција, истата може да ја направиш и кај други видови на животни, на пример кај риба, гуштер, птица и лабараториски стаорец, а за тоа многу може да ти користи описот на дисекциијата даден во Додатокот на крајот од овој учебник.

92


ТЕМА 8

ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќе можеш: -

Да го разбереш значењето на дишењето, Да ги препознаваш начините на дишење кај животните; Да ги раскажуваш научените сознанија за различните типови дишење; Да ги опишуваш различните органи за дишење кај различни животни во зависност од животната средина Да ги поврзуваш претставниците на одделните групи според начинот на дишење и органите за дишење; Да ги споредуваш одделните претставници на различни групи животни според начинот на дишење и градбата на органите за дишење во однос на условите во животната средина.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава:

-

Дишење - размена на гасови, органи за дишење, кожа, трахеи, жабри, бели дробови.


ТЕМА 8

1

ДИШЕЊЕ И ЗНАЧЕЊЕ НА ДИШЕЊЕТО Потсети се од V и VI одделение Што е дишење? Која е разликата помеѓу дишењето како размена на гасовите и клеточно дишење? Која е улогата на внесениот кислород во клетката?

Веќе знаеш дека хранливите материи преку преносниот систем стигнуваат до сите клетки. Од нив треба да се добие енергија која е неопходна за извршување на сите животни активности на клетката а со самото тоа и на организмот. Меѓутоа при извршувањето на своите активности на некои клетки, како што се мускулните клетки, им треба повеќе енергиjа, а некои, како што се епителните клетки трошат помалку енергија. Но, за сите клетки е заеднички тоа што при вршењето на овие функции имаат потреба од кислород. При процесот на искористување на кислородот се ослободува јаглероден диоксид. Токму поради тоа, сите клетки е неопходно да бидат снабдени со кислород, а јаглеродниот диоксид мора да биде отстранет. Овој процес се извршува преку размена на гасовите меѓу организмите и надворешната средина. Дишењето како процес се врши: - помеѓу животното и средината во која што живее, при што организмот се снабдува со кислород, а се ослободува јаглерод диоксидот - во самата клетка, кога клетката го користи кислородот, а ослободува јаглерод диоксид

РАЗМЕНА НА ГАСОВИ Количеството на кислород е различно во копнена и водена средина. Поради тоа кај различните групи животни се јавуваат разлики во телесната површина преку која се врши размената на гасовите, како и патиштата по кои водата и воздухот се движат низ телото (сл. 8.1). За да може правилно да се врши размената на гасовите, животните е неопходно да имаат мембрана, која треба да е влажна, тенка и пропустлива за да можат гасовите да се движат. Како мембрана може да се јави и покривката на телото, но најчесто таа е ограничена на деловите на органите за дишење каде површината за размена на гасовите е зголемена (сл. 8.1). Местата каде што се наоѓа мембраната и начините за пренесување на кислородот и јаглеродниот диоксид кај различни животни се различни. Тоа зависи од нивната големина, потребата за кислород, како и од околината во која живеат. Преминувањето на гасовите преку мембраната, при навлегувањето или излегувањето од клетките е секогаш се врши по пат на дифузија. При процесот на дифузија гасовите се движат од средина која е побогата кон средина која е поситомашна со гасови. Но, за да може да се движат гасовите низ мембраната истите треба претходно да бидат растворени во вода. Поради тоа тие најпрво се раствораат во влажната површина на мембраната, па потоа навлегуваат или излегуваат од клеткта. Во клетките кислородот постојано се троши и таму секогаш има помалку кислород отколку во надворешната средина. Поради тоа кислородот секогаш од надворешната средина преку мембраната влегува во клетките. Спротивно на тоа, бидејќи клетките произведуваат јаглероден диоксид, во нив секогаш има поголемо количество на овој гас отколку во надворешната средина. Затоа јаглеродниот диоксид од клетката преку мембраната излегува во надворешната средина каде е во помали количини.

94


Сл. 8.1 Шематски приказ на размена на гасови преку влажна површина на кој се претставени процесите на движење на гасовите кај различни животни.

Кај некои животни, потрошувачката на кислород се менува во зависност од неговото присуство. На пример, кај прстенестите црви кои живеат во дупки во плитка вода потрошувачката на кислород постепено се намалува со намалувањето на водата во дупката во која живее. И обратно, со покачувањето на нивото на водата доведува до зголемување на количеството на кислород и кај овие црви има можност да се зголеми потрошувачката на кислород.

95


ТЕМА 8

2

ДИШЕЊЕ: ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ ВО ВОДА И ВО ВОЗДУХ

Размена на гасови кај водните животни Повеќето од ситните водни животни, како што се праживотните, коприварките, сплесканите црви и ротиферите, немаат посебни органи за дишење. Кај нив размената на гасови со околната средина се врши преку целата телесна површина. Ако животните не се движат и живеат во средина каде водата е застоена, за да може што подобро да се снабдат со кислород и да се ослободат од јаглерод диоксидот, тие водата ја движат со трепчестите клетки или екстремитетите. На овој начин, преку површината на организмот или низ неговите празнини се обезбедува постојано снабдување со кислород и отстранување на јаглеродниот диоксид.

Жабри Поголемите и поактивни водни животни имаат органи за дишење, наречени жабри. Во жабрите се сместени мембрани за размена на гасови. Жабрите се органи што се составени од повеќе ситни плочки или нишки, кои излегуваат од одреден дел на телото. Тие, обично, се изменети делови на кожата. Нежната градба на жабрите овозможува тие да функционираат само во водена средина. На суво жабрите се сушат, се собираат и низ нив не може да се врши размена на гасовите. Жабрите имаат голема површина, што овозможува големо количество вода да помине преку нив, а со тоа да се внесе доволно количество на кислород во телото на животното. Водата низ жабрите се движи во една насока. Тоа е овозможено со движењето на водата, дејството на трепките, екстремитетите и движењето на животното. Гасовите брзо се разменуваат меѓу водата која минува покрај жабрите и телесните течности кои циркулираат низ нив. Крвта што излегува од жабрите е богата со кислород. Жабри кај безрбетнците Кај безрбетниците постојат различни видови жабри, од наједноставни до доста усовршени. Прстенестите црви имаат парни странични израстоци кои служат како жабри (сл. 8.2). Жабрите кај мекотелите се изградени од повеќе сплескани ламели распоредени на едната или двете страни на централната оска (сл. 8.3). Повеќето членконоги имаат жабри кои претставуваат израстоци поврзани со екстремитетите. Кај некои ракови жабрите се

Сл. 8.2 Страничните израстоци кај прстенестите црви што имаат функција на жабри

96


Сл. 8.3 Жабри кај мекотелите

распоредени во основата на екстремитетите и телесниот ѕид и се сместени во жабрена празнина што се наоѓа на двете страни на животното. Секоја жабра се состои од централна оска на која се прикачени различен број влакненца (сл. 8.3). Водата влегува во жабрените празнини од едниот крај низ отворот на задната страна на оклопот и меѓу нозете.

Жабри кај ’рбетниците Рибите и многу водоземци разменуваат гасови со надворешната средина преку жабри. Некои ларви на рибите и водоземците имаат надворешни жабри (сл. 8.4). Тие се ресести органи што се протегаат од надворешната страна на главата. Возрасните риби имаат внатрешни жабри. Кај повеќето видови риби жабрите се покриени со жабрено капаче. Жабрите се состојат од ламели, прикрепени за

Сл. 8.4 Надворешни жабри кај човечката рипка а)

Сл. 8.5 Жабри кај риби. (а) Жабреното капаче е отстрането за да се видат жабрите во жабрената празнина. (б) Зголемување на дел од една жабра. (в) Движење на гасовите при вдишување и издишување.

б)

в)

97


ТЕМА 8 жабрен лак во основата на секоја жабра (сл. 8.5а). Наборите што се нормално поставени на жабрите, се богати со капилари. Во овие капилари се врши размена на гасовите (сл. 8.5б). Водата до жабрите доаѓа преку устата и голтката. За време на вдишувањето голтката и жабрената празнина се рашируваат и ја вшмукуваат водата и таа минува преку жабрите. При издишувањето се затвора устата и се собира голтката и жабрената празнина. Ова доведува до тоа водата да се испумпа низ жабреното капаче. Некои видови риби кои живеат во отворениот океан ја чуваат нивната уста постојано отворена и на таков начин водата се спроведува кон жабрите. Размена на гасови кај копнените безрбетни животни Предноста на живеењето на копено е во тоа што има поголемо количество кислород во воздухот отколку во водата. Многу копнени животни се приспособиле на овие услови со развивање на органи за дишење, како што се трахеи или бели дробови. Бидејќи количеството на кислород во воздухот е големо, само мал дел од воздухот треба да биде разменет со секое вдишување и издишување. Неколку копнени животни имаат мала потреба од кислород и живеат на влажни места, како што се дождовните црви или некои дождалци. Тие можат да вршат размена на гасови преку нивната кожа, а немаат посебни органи за дишење. Трахеен систем Трахејниот систем е најчест систем за размена на гасови кај копнените членконоги. Членчињата на телото кај инсектите имаат парни странични отвори, кои водат кон систем на трахејни цевки (сл. 8.6). На отворот трахеите имаат набори и влакненца кои не дозволуваат влегување на честички. Трахеите имаат мрежеста градба со меѓусебно поврзани напречни и надолжни цевки. Тие завршуваат со ситни цевчиња, трахеоли (сл. 8.6). Трахеолите допираат до сите клетки во ткива на организмот. На крајот на трахеолите има мало количество на течност, што служи за растворање на отвор гасот. На тој начин кислородот трахеоли навлегува директно во ткивата, а од нив излегува јаглеродниот дваоксид. Мал број на инсекти кои се приспособиле за живеење во водена средина, обично доаѓаат на површина на водата да примат воздух. трахејни цевки

Сл. 8.6 Шематски приказ што го покажува односот на трахеолите и мускулите. Течноста во крајните делови на трахеолите е обоена сино.

98


Дифузни бели дробови Кај копнените безрбетници се среќаваат таканаречени дифузни бели дробови, бидејќи гасовите минуваат низ нив главно по пат на дифузија. Кај копнените полжави, празнината под черупката е преобразена во бели дробови. Скорпиите и поголемите пајаци имаат белодробни ќесиња кои се развиле со вдлабнувања на стомакот. Секое белодробно ќесе се отвора на површината и има многу листовидни ламели кои се поставени така што овозможуваат воздухот слободно да се движи (сл. 8.7).

Сл. 8.7 Белодробните ќесиња кај пајакот се од дифузен тип бели дробови. (а) Местоположба на едно белодробно ќесе во стомакот кај пајак. (б) Шематски претставен пресек на белодробно ќесе на кој е претставена дифузијата на гасови меѓу воздухот и ламелите

3

ДИШЕЊЕ КАЈ ,РБЕТНИЦИТЕ КОИ ЖИВЕАТ НА КОПНО

Системот на органи кај сите рбетни животни кои живеат на копно и дишат со бели дробови започнува со ноздри преку кои воздухот навлегува и преку систем на дишни цевки стигнува до белите дробови. Белите дробови на ‘рбетниците се наречуваат вентилациски бели дробови, бидејќи воздухот се внесува и изнесува Сл. 8.8 од нив со стегање и олабавување на Двојнодишните риби имаат и жабри и бели дробови градниот кош. Бели дробови како дополнителни органи за дишење се кај рибите кои живееле во мочуришта, односно во водни базени каде количеството на кислород било мало или, пак, тие повремено се сушеле. На пример, африканските и јужноамериканските двојнодишни риби (сл. 8.8), иако имаат жабри, најголемо количество кислород добиваат преку нивните бели дробови. ,

Дали знаете? Понекогаш двојнодишните риби остануваат под вода подолг временски период, а за тоа време не дишат. Овие животни дури и на копно не ги проветруваат белите дробови постојано.

99


ТЕМА 8 Бели дробови кај водоземците Ларвите на повеќето водоземци живеат во вода и вршат размена на гасови преку жабри. Кај нив белите дробови се развиваат и почнуваат да функционираат со нивното излегување на површината на водата. Белите дробови се во облик на ќесиња и нивната внатрешна површина се зголемува со набори во облик на џебови (сл. 8.9). Откако белите дробови ќе се наполнат, отворот на гркланот се затвора и следи продолжен период без дишење при кој белите дробови го предаваат кислородот во крвта во белите дробови. Бидејќи кај водоземците белите дробови се слабо развиени, а за да можат да се снабдат со доволно количество н а кислород, размена на гасови се врши и преку нивната кожа која е тенка, влажна и богата со крвни садови.

Сл. 8.9 Шематски надолжен пресек на системот за дишење кај жаба.

Бели дробови кај влекачите Белите дробови кај влекачите се поразвиени отколку кај водоземците. Бидејќи кај нив кожата е сува и не може преку неа да се врши размена на гасовите нивните бели дробови се со многу поголема површина низ која може да се разменуваат гасовите. На тој начин се обезбедува доволна количина на кислород потребна за сите клетки. Птиците и цицачите развиле бели дробови кои имаат поголема површина и поефикасен начин на размена на гасовите.

Систем за дишење кај птиците Белите дробови кај птиците се одликуваат со посебни проширувања наречени воздушни ќесиња кои навлегуваат во различни делови на телото и имаат три до четири пати поголем волумен од самите бели дробови. Размената на гасовите се врши само во белите дробови, а не во воздушните ќеси. Кога птицата лета од кесињата воздухот се враќа во белите дробови. Бидејќи при летањето птицата користи големо количество на енергија, писуството на воздух во воздушните ќеси и овозможува да има доволно количество

воздушни ќесиња

Сл. 8.10 Систем за дишење кај птици

100


кислород. Птицата воздушните ќеси ги полни со воздух пред да полета и на тој начин се намалува нејзината тежина за време на летањето. Систем за дишење кај цицачите Кај цицачите воздухот навлегува во парните носни празнини преку надворешни носни отвори (ноздри). Овие празнини се одвоени од усната празнина со тврдото непце, што овозможува животното да дише додека има храна во неговата уста. Носната слузница е богата со крвни садови, обложена со трепчести клетки и има голем број слузни жлезди. Воздухот во носната празнина се затоплува и навлажнува, а ситните честички од воздухот се фаќаат во слузестиот слој и потоа се отстрануваат со помош на бронхиола движењето на трепките во голтката каде тие се голтаат или исфрлаат. Воздухот продолжува да се движи низ голтката и навлегува во гркланот, кој е секогаш отворен, освен кога се голта храната. Гркланот продолжува со дишникот. На местото на овој преод се наоѓаат гласните жици. Гласните жици се парни набори на страничните ѕидови на гркланот. Кога гласните жици треперат, тогаш со нив се создаваат гласови. алвеола Дишникот се протега до градниот кош, каде се дели на две дишни гранки - бронхии кои водат кон парни бели алвеола дробови. Бидејќи дишникот е изграден од ‘рскавични прстени во облик на буквата С, тој е постојано отворен и воздухот може слободно да минува низ него. Бронхиите кога ќе навлезат во белите дробови се делат и ѕидовите на дишните патишта стануваат се потенки. Помалите бронхии се наречени бронхиоли. Секоја бронхиола завршува со торбички наречена алвеола. Ѕидовите на алвеолите се многу тенки и низ нив лесно поминуваат крвни садови гасовите (сл. 8.11). Краен дел на респираторните патишта во белите дробови Сл. 8.11 кај цицачи. Алвеолите имаат дијаметар од 0,2 до 0,3 mm. При вдишувањето и издишувањето, градниот кош се Краен дел на респираторните зголемува или намалува како резултат на стегањето или патишта во белите дробови олабавувањето на дијафрагмата и мускулите што се наоѓаат кај цицачи. Алвеолите имаат дијаметар од 0,2 до 0,3 mm. меѓу ребрата. Пренесување на гасовите од органите за дишење до сите ткива Најголем дел од животните имаат систем за пренесување кој ги пренесува гасовите меѓу мембраната и ткивото. Кислородот и дел од јаглеродниот диоксид се сврзуваат со обоени соединенија наречени дишни (крвни) пигменти. Најпознат крвен пигмент е хемоглобинот кој се наоѓа во црвените крвни клетки и ја дава црвената боја на крвта. Хемоглобинот ги пренесува гасовите откако ќе ги сврзе со железото што го има во својот состав. Кај мекотелите (со исклучок на повеќето школки), и кај големите ракови, има крвен пигмент наречен хемоцијанин кој на крвта и дава синкава боја. Пренесувањето на гасовите се врши преку сврзување со бакарот.

101


ТЕМА 8

Збирен преглед за брзо да повториш 1. Воздухот од кој животните го добиваат потребниот кислород е смеса од гасови и содржи околу 21% кислород и 0,03% јаглероден диоксид. 2. За да може организмите да добиваат енергија за сите свои животни активности потребно е во клетката да има кислород и истата да се ослободува од јаглерод диоксид 3. Процесот на размена на гасовит помеѓу живите организми и животната средина е наречен дишење. 4. Размената на гасовите преку мембраната и меѓу телесните клетки и телесната течност се врши по пат на дифузија. 5. Органи за дишење кај повеќето големи безрбетници и водните ’рбетници претставуваат жабрите. 6. Неколку ситни копнени животни кои живеат на влажни места ја користат телесната површина или жабрите за размена на гасови. Повеќето копнени членконоги имаат систем на трахејни цевки кој се протегаат од површинските отвори до сите ткива во телото. Другите копнени животни имаат бели дробови. Гасовите се движат навнатре и нанадвор од белите дробови. 7. Кај ситните животни пренесувањето на гасови меѓу респираторната мембрана и клеточната средина се врши по пат на дифузија; кај повеќето копнени членконоги пренесувањето на гасовите се врши со помош на трахеен систем, а кај другите животни - преку крвта. Респираторните пигменти и овозможуваат на крвта да пренесува кислород. Хемоглобинот и хемоцијанинот се најчести респираторни пигменти. Провери го своето знаење: Која е основната функција на дишењето? Што е неопходно да имаат животните за да може да вршат размена на гасовите? Како се врши размената на гасови кај праживотните, копривкарите и сплесканите црви? Опиши ја градбата на жабрите кај безрбетниците и ‘рбетниците. Кај кои животни има трахеен систем за размена на гасовите? Како дишат копнените полжави? Што е важно за дишењето кај птиците? Опиши го патот на воздухот од надворешната средина до крвта кај човекот.

102


Истражувај го процесот на дишење и органите за дишење Задача 1. Дишење кај мува или пчела Прибор и материјал: мува или пчела, тегличка со алкохол за успивање на инсектот и лупа Упатство за работа: мувата или пчелата набљудувај ја во мирување. Што забележуваш? Како се подига и спушта мевчето? Што се случува со членчињата на мевчето. Задача 2. Изучување на градба на жабри кај риба Прибор и материјал: риба, прибор за дисекција, лупа и тетратка. Упатство за работа: Набљудувај риба во аквариум. Обрни внимание на отварањето и затварањето на устата и подигањето и спуштањето на жабрените капачина. Изброј колку пати во минута рибата ја отвара устата. Што забележуваш? Твоите согледувања запиши ги во тетратка. Донеси риба од рибарница. Стави ја во кадичка за дисекција препокриј ја со вода. Подигни го со прст жабрениот капак кој ги штити жабрите и со лупа разгледај ги добро жабрените лаци. Со пинцета фати ги жабрените листенца. Каква боја имаат? Кој го носи кислородот од жабрите во клетките и ткивата. Земи молив или стапче и протни го преку устата во жабрените предели. Што забележуваш? Извади ги жабрите надвор од водата. Што се случува со нив? Твоите забелешки провери ги кај наставникот. Задача 3. Набљудување на градба на бели дробови Прибор и материјал: микроскоп, готов микроскопски препарат на воздушни меури, модел на бел дроб од човек, дел од бел дроб на свиња или говедо, кадичка со вода и остар нож. Упатство за работа: Набљудувај ги деловите на белиот дроб на моделот од човек и спореди ги со слика. Земи парче бел дроб во дланка па стисни го и опушти го. Што забележа? Потоа стави го парчето во вода и обиди се да го потопиш. Што ќе се случи? Објасни ја оваа појава. Пресечи бел дроб и набљудувај ја неговата градба. Што забележа? Стави на микроскоп препарат кој си го добил од наставникот. Набљудувај го и тоа што си го забележал спореди го со слика. Своите сознанија провери ги кај наставникот.

103



ТЕМА 9

ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќе можеш: -

Да ги препознаваш и именуваш поимите излачување, органите за излачување и продуктите на излачувањето; Да ги раскажуваш научените сознанија за различните начини на излачување; Да ги опишуваш различните органи за излачување кај различни животни и во различни животни средини; Со помош на шема да ги објаснуваш процесите што се случуваат во текот на излачувањето; Да ги споредуваш одделните претставници на различни групи животни според начинот на излачување и градбата на органите за излачување во однос на условите во животната средина.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава: -

излачување, органи за излачување, бубрег, продукти на излачувањето одржување на водената рамнотежа


ТЕМА 9

1

ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Од досега изученото можеме да дојдеме до сознанија дека секое животно од надворешната средина прима вода, храна и кислород. Овие материи кога ќе навлезат во клетките земаат учество во голем број на процеси на создавање и разградување. На пример, при процесите на клеткочно дишење, за организмот да добие енергија, се врши разложување на шеќерите до вода и јаглерод диоксид. Овие материи се јавуваат како штетни и непотребни продукти. Исто така, во клетките од попрости хранливи материи се создаваат посложени, односно материи кои и се потребни на самата клетка. И при овие процеси на создавање на сложени соединенија се јавуваат материи кои не и се потребни на клетката, а ако останат во организмот тие се штетни бидејќи делуваат како отрови. Поради тоа овие материи мораат да се отстранат од организмот. Значи, секое животно од надворешната средина прима потребни материи, а во неа ги исфрла непотребните. На тој начин врши размена на материите со животната средина. Ослободувањето на организмот од непотребните и штетни продукти е процес наречен излачување. При сите процеси на создавање или разградување на хранливи материи како неопходен дел се јавува водата. Водата во организмот на животното има голем број на улоги од кои најважни се: растворувач – во неа се раствораат сите материи кои им се потребни на клетките, како и непотребните материи кои се ослободуваат во самите клетки пренесувач – растворените материи ги пренесува од местото каде се создаваат до местото каде се потребни или до местата каде треба да се отстранат од организмот суровина – таа е составен дел на многу потребни материи во организмот. Поради тоа велиме дека водата е неопходен составен дел на секое животно. Во зависност од видот и местото на живеење, во градбата на секое животно просечно има од 55 до 90% на вода. На пример, во медуза има од 95 до 98% вода. Кај возрасен човек од 70 кг има околу 49 л вода; од неа 35 л како неопходен составен дел се наоѓаат во клетките, а останатото количество во телесните течности. Телесните течности кај животните содржат соли и органски материи. Телесните течности движејќи се низ организмот, тие на клетките им ги предаваат потребните материи а од нив ги земаат непотребните и штетни материи. Значи, преку телесните течности се пренесува храната, гасовите и отпадните материи.

Дали знаете што ќе се случи со медузата ако се извади од вода?

За да може секој организам правилно да функционира секојдневно треба да се внесува одредено количество на вода со чија што помош пак се излачуваат непотребните материи. Значи секојдневно организмот прима и оддава вода, која пак ја одржува водената рамнотежа во организмот. Поради тоа секојдневно во организмт треба да се внесува одредено количество на вода. Клеточната течност, како и телесните течности, секогаш имаат речиси ист сооднос на вода и раствори со околната средина.

106


Одржувањето на рамнотежата меѓу губењето и внесувањето вода во организмот е многу посложен процес отколку што изгледа. Луѓето кои би останале подолго време на отворено море, иако се опколени со вода, ќе умрат многу брзо и тоа поради немање вода за пиење. За да се прехранат тие можеби ќе фатат риби со чии белковини кај нив ќе бидат задоволени условите за исхрана. Но, при преработката на тие белковини во организмот ќе се добијат штетни материи кои ќе треба да се отстранат. За отстранување на тие материи им е потребна вода за пиење. Приспособување на органите за излачување Прилагодување во слатки и солени води Од сè што досега научивме јасно е дека животните се прилагодиле да живеат во најразлични услови во животната средина. При тоа се забележува дека исти животни живеат во сосема различни услови. На Сл. 9.1 пример, раковите, живеат и во слатките води на реките и во солените води на морињата. Ист е случајот и со рибите. Дали некогаш сте се запрашале како е тоа можно? Или зошто една риба која што живее во река би угинала ако се префрли да живее во море? Одговорот е едноставен и лесен. Кај животните во зависност од условите во кои живеат има различни начини за регулирање на нивото на минералите и водата во самите организми. Да го земеме примерот со рибите кои живеат во слатките води и рибите кои живеат во солените води. Кај слатководните риби во нивната внатрешна средина (крв) има многу повеќе растворени соли отколку во водата во која што живеат. Затоа тие создале механизми со кои ги штедат солите во организмот, а исфрлаат многу моч во средината. Ваквите мехамизми се сместени во кожата, во жабрите и во добро развиените бубрези. За разлика од слатководните, морските риби живеат во средина во која има повеќе растворени материи отколку во нивната крв. Па затоа морските риби штедат вода, а од друга страна и пијат вода. При тоа тие вишокот на минералите што го примаат со водата го исфрлаат, помалку со бубрезите, а многу повеќе со жабрите Зелени или антенски жлезди Парните органи за излачување кај речните ракови, морските ракчиња и крабите, се наречени зелени или антенски жлезди. Тие се состојат од торбички сместени во пределот на главата. Во ѕидот на торбичката има посебни клетки што го олеснуваат процедувањето на течноста од крвта во торбичката. Течноста од торбичката поминува во каналчето преку неговиот прв дел кој е многу проширен. Создадената моч се исфрла надвор преку отворот за излачување, сместен во дното на секоја антена.

зелени жлезди

Сл. 9.2 Зелени или антенски жлезди кај ракови

107


ТЕМА 9 Прилагодување кај копнените животни Кај животните кои живеат на копно многу потешко може да се регулира примањето и губењето на водата од организмот. За да можат да се заштитат од преголемо губење на водата од организмот кај нив се јавуваат различни прилагодувања, како во начинот на однесување така и во посебни градби и заштитни творби кои се јавуваат со тек на време. За да се заштитат од дневните услови црвите кои живеат во почва (дождовниот црв) се активни ноќе и тоа во нивните влажни дупки. Кога почвата станува посува тие се преместуваат во подлабоките влажни слоеви. Многу полжави кои живеат во пустини или тропски области каде има долги сушни периоди, поминуваат голем дел од својот живот во состојба на спиење. Притоа, нивното тело е вовлечено во черупката, а отворот е затворен со преграда од секрет за да се спречи или да се намали губењето на водата. Пајаците, инсектите и растителните вошки многу подобро се приспособиле за живот на копно. Кај нив хитинската обвивка, која е непропуслива за вода, е идеална заштита од преголемо губење на вода. Кај жабите кожата мора да е постојано влажна. Поради тоа тие се активни во ноќните часови и на тој начин се штитат од губење на водата Многу од водоземците можат да поднесуваат поголемо губење на вода, отколку што можат повеќето други 'рбетници. Жабите не пијат вода, а преку кожата, главно, ја надоместуваат водата што е загубена при испарувањето. Некои видови жаби на задните нозе имаат делови на кожата што се посебно приспособени за впивање вода кога таа ќе им биде достапна. Повеќето влечуги се многу подобро приспособени за живеење на копно отколку водоземците. Кожата на повеќето змии, на пример, е многу поотпорна на губењето на водата при испарување. Птиците водената рамнотежа во организмот ја одржуваат со излачување на мочна киселина што ја сместуваат во јајцето. Со тоа, големината на мочниот меур се намалува, со што се намалува тежината на птиците, и се олеснува нивното летање. Цицачите, исто така, се приспособиле на најразлични начини за живеење на копно. Кожата им овозможува да се заштитат од испарувањето. Цицачите мораат постојано да примаат одредено количество на вода, поради тоа нивните живеалишта се секогаш во близина на вода. Освен тоа, бубрезите на цицачите се приспособиле да создаваат моч која може да биде многу концентрирана или разредена во зависност од потребите на организмот за вода.

Прашање: Како камилите издржуваат долго време без вода?

Камилите не можат да складираат вода (во грпките има складирани масти), но можат да поднесат големи загуби на вода. Тие можат да испијат огромно количество вода за кратко време. Да издржи подолго време без вода им овозможува желудникот од каде водата се пропушта во цревата постепено. Камилите имаат потни жлезди, но потењето почнува на повисока телесна температура отколку кај другите цицачи.

108


ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ ПОВАЖНИТЕ ГРУПИ ЖИВОТНИ

2

За да може да се отстранат непотребните и штетни материи од организмот, а исто така и вишокот вода, кај животните се развиле органи за излачување. Органите за излачување најчесто се во облик на цевчиња или торби. Кај повеќето животни постои еден од следниве два типа органи за излачување: - каналчиња кои се отворени кон внатрешноста на телесната празнина - каналчиња кои не се отворени кон внатрешноста на телесната празнина

потребните материи повторно се враќаат во организмот

Сл. 9.3 Два типа на органи за исфрлање на штетните материи од организмот. (а) цевче отворено во телесната празнина; (б) цевчето е затворено

непотребните материи се движат низ каналчето

а

б

Каналчиња кои се отворени кон внатрешноста на телесната празнина метанефридии Како што го добиле и самото име овие каналчиња со својот внатрешен крај се отворени кон телесната празнина.(сл. 9.3) Непотребните материи кои се отстранети од крвта одат во течноста на телесната празнина и потоа навлегуваат во каналчето и преку него се отстрануваат во надворешната средина. Мекотелите, повеќето од прстенестите црви и голем број вошки имаат одводен канал чии што внатрешен крај не е затворен. Тој има отвор во вид на инка со трепки, што се отвора кон телесната празнина. Со постојано треперење на трепките штетните материи се придвижуваат кон инкастиот отвор и со постепено движење се исфрлаат во надворешната средина. Каналчињата се обвиткани со крвни капилари. Како што течноста се движи низ каналчињата, потребните материи повторно се враќаат во крвта. Во зависност од околината во која живеат животните, можно е дел од водата и некои соли повторно да се вратат во крвотокот. Како резултат на селективно излачување и впивање, отпадоците во течноста што се наоѓа во каналчето стануваат поконцентрирани, при што крајната смеса на водата, отпадоците и солите се исфрла во надворешната средина како моч.

109


ТЕМА 9 Полжавите и школките имаат едно или две цевчиња. Дождовниот црв, има по еден пар цевчиња во секое членче. Инкастиот дел се наоѓа во едното членче а отворот за отстранување на шетните материи е во соседното. На овој начин штетните материи кои се собираат од едно членче, надвор од телото преку каналчето се исфрлаат од другото членче.

Сл. 9.4 Напречен пресек на дождовен црв во кој се гледа распоред и изглед на каналчињата

Каналчиња кои не се отворени кон внатрешноста на телесната празнин Кај некои претставници каналчето не е отворено кон телесната празнина Поточно, на почетокот каналчето има затворен дел преку кој прима течност непосредно од крвта. Течноста што се филтрира од крвта, движејќи се низ каналчето се менува и концентрира, дел од потребните материи се враќаат во крвта, додека непотребните материи и водата на крајот од каналчето се исфрлаат. Сплесканите црви, ротиферите и некои морски прстенести црви имаат прави затворени каналчиња. Внатрешниот затворен крај е составен од ѕвездеста крајна клетка која има една или повеќе трепки, па понекогаш се наречува пламена клетка Треперењето на трепката или камшичето ја доведува водата во каналчето и ја повлекува навнатре. Каналот кој е продолжение на овие каналчиња се отвора кон надворешната средина. Кај многу ситните животни каналчињата можат да работат како пумпи за исфрлање на вишокот вода. Кај голем број различни животински групи се развиле најразлични изменети облици на овие два главни типови каналчиња кои функционираат како органи за излачување. Малпигиеви каналчиња Кај инсектите и пајаците, исто така, има каналчиња Сл. 9.4 со затворен почетен крај кој е потопен во крв, наречени малпигиеви каналчиња. Бројот во зависност од животното, Систем за излачување кај ротиферите се менува од два до неколку стотини. Непотребните материи од крвта се исцедуваат во каналчињата, а потоа низ нив се носат во цревата. Правото црево е важен дел од системот за излачување кај инсектите. Од него дел од водата во зависност од потребите може повторно да се врати во крвта. Многу инсекти можат вишокот вода од каналчињата да го враќаат во крвта. На таков начин тие создаваат моч која е поконцентрирана од крвта. Оваа способност на инсектите е слична на таа кај птиците и цицачите. Вака згуснатата моч се исфрла преку аналниот отвор заедно со изметот.

110


Малпигиеви каналчиња

анален отвор

Сл. 9.6 црево

Малпигиеви каналчиња кај инсект

бубрег

а бубрег

б Сл. 9.7 Систем за исфрлање. а) риба б) водоземци

БУБРЕГ КАЈ ‘РБЕТНИЦИТЕ Бубрезите кај 'рбениците се парни органи кои се сместени на задната страна на телесната празнина од двете страни на грбот. Кај сите 'рбетници бубрезите се составени од збир на бубрежни каналчиња наречени нефрони. Бројот и распоредот на нефроните кај различни групи 'рбетници е различен. Бројот на нефрони е особено голем кај птиците и цицачите. Кај луѓето има околу 1000000 нефрони во еден бубрег, а кај некои видови саламандери (вид гуштер) има помалку од 100 нефрони. Бубрегот на возрасните риби и водоземци е сместен во задниот дел на телесната празнина и е наречен заден бубрег. кора на бубрегот

Градба на нефронот

Почетниот дел на секој нефрон е проширен и е наречен Бауманова капсула. Во капсулата е сместен збир нефрон на капилари наречен гломерул (од латинскиот збор гломус кој значи топка). чашка Баумановата капсула и гломерулот го сочинуваат бубрежното телце. Остатокот Сл. 9.8 од нефроните се каналчиња, кои се изградени од коцкести епителни клетки. Градба на бубрек кај цицачи

собирен канал

срцевина составена од голем број на собирни каналчиња

111


ТЕМА 9 Каналчиња од неколку нефрони завршуваат во собирен канал кој натаму се протега до бубрежната чашка, која претставува проширување во бубрегот на самиот почеток на мочоводот. Бубрегот, обично, е составен од кора во која се сместени бубрежните телца и испревиткани каналчиња и срцевина од која излегува мочоводот. Создавање на мочта Отпадните материи што се создаваат во клетките, со крвта се носат во бубрежните каналчиња. Во нив таа се процедува и се создава мочта која е воден раствор што содржи отпадни материи на клетките. Најзастапено отпадно соединение кај човекот и другите цицачи е уреата, но присутни се и помали количества од амонијак, мочна киселина и друго. Прва етапа во создавањето на мочта е филтрирањето на крвта во гломерулот на бубрежното телце. Порите на овие клетки се многу ситни и низ нив не поминуваат крвните клетки и големите белковини што ги има во крвта. Во овој дел на бубрежните телца се филтрира големо количество на моч, која во најголем дел се состои од вода. Најголемиот дел од таа филтирана вода и речиси целата глукоза, аминокиселините и минералните материи присутни во овој филтрат се враќаат назад во крвта. Концентрација на мочта За да се ослободи организмот од непотребните и штетни материи но и за да се заштитат од преголемо губење на вода од организмот птиците и цицачите имаат способност да создаваат концентрирана моч. Во зависност од применото количество на вода концентрацијата на штетните материи во мочта може да биде поголема или помала. Ако животното примило поголемо количество на вода, мочта ќе биде поразредена, односно во неа ќе има големо количество вода. Ако пак се пие помалку вода во мочта ќе има помало количество на вода, односно ќе биде поконцентрирана. Тоа значи дека во помало количество на вода ќе има поголемо количество на непотребни и штени материи.

Збирен преглед за брзо да повториш 1. Многу животни имаат каналчиња или торбести органи за излачување. Главните органи за излачување се во вид на каналчиња кои се отворени или затворени кон телесната празнина. 2. Кај ,рбетниците каналчињата се наречени нефрони. Во нефроните се врши процедување и прочистување на крвта од непотребните и штени материи. На тој начин се создава моч која е воден раствор што содржи отпадни материи.

3. Кај сите 'рбетници бубрезите се составени од збир на бубрежни каналчиња нефрони.

112


Провери го своето знаење: 1. 2. 3. 4. 5. 6.

Зошто е важен системот за излачување за животните? Кои два типа на органи за излачување се среќаваат кај животните? Со помош на шема потруди се да нацрташ Малпигиево каналче. Од што е изграден системот за излачување кај цицачите? Која е првата етапа во создавањето на мочта? Како жабите се приспособиле за да се заштитат од исушување?

Истражувај ја градбата на бубрег Задача 1. Дисекција на бубрег Прибор и материјал: бубрег од цицач, прибор за дисекција, лупа и тетратка Упатство за работа: стави го бубрегот во кадичката и препокриј го со вода. Набљудувај го неговиот надворешен изглед. Што забележуваш? Со што е препокриен бубрегот. Земи го бубрегот во рака и со скалпел расечи го по неговата средина на два симетрични дела. Разгледај ја неговата градба. Што забележуваш? До кои сознанија дојде? Нацртај го бубрегот, означи ги неговите делови и спореди ја твојата работа со слика на бубрег. Дали си стекнал правилни сознанија? Провери ја твојата работа кај наставникот. Задача 2. Микроскопирање на препарат од бубрег Прибор и материјал: препарат од бубрег, микроскоп и тетратка. Упатство за работа: Откако ќе го поставиш микроскопот и ќе одредиш видно поле постави го препаратот и микроскопирај прво на мало а потоа на големо зголемување. Потруди се тоа што ќе го забележуваш да го нацрташ. Провери ја твојата работа со наставникот

113



ТЕМА 10

СЕТИЛА КАЈ ЖИВОТНИТЕ И ВРСКИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќе можеш:

-

Да ги препознаваш и именуваш поимите: дразба и сетило, нервен систем Да вршиш поделба на сетилата според видот на дразбата Да го опишуваш примањето на различните дразби со помош на соодветното сетило; Да ги раскажуваш научените сознанија за различните типови нервни системи кај различни животни; Да ја откриваш врската: животна средина-сетило-нервен систем

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава: -

дразба, сетило, нервен систем, мрежест, ганглионарен, цевчест,


ТЕМА 10

1

ЗНАЧЕЊЕТО НА ВРСКИТЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Повеќето од животните во својата животна средина бараат храна и скривалиште, ги препознаваат своите млади, бегаат од своите непријатели или бараат партнер. Нивната животна средина е променлива, па затоа се принудени брзо да се приспособуваат кон изменетите услови. Способноста на животните на соодветен начин да одговорат на промените што се случуваат во средината во која живеат е предуслов за нивното преживување. На пример, јагне кое пасе дали ќе продолжи со таа активност кога до него ќе биде и опасниот волк? Но, дали тоа обично се случува? Како јагнето ќе прпознае дека волкот е во негова близина? Како јагнето ќе реагира? Ако волкот нападне, дали јагнето ќе биде мирно? Способноста на животните да одговараат на промените кои се случуваат во нивната околина е последица на основната особина одредени видови на клетки или групи на клетки да примаат дразби и соодветно да реагираат. Оваа особина на клетките е наречена надразливост. Надразливоста е составена од три дела: примање на дразбата, нејзино пренесување и одговор на таа дразба. Степенот на развиеност на овие особини е поврзан со големината и подвижноста на организмот. Кај едноклеточните организми сите овие особини се сместени во една клетка. Кај повеќеклеточните организми, различни групи клетки се приспособени за извршување на овие функции. Така, посебна клетка или група клетки, неречени приемници или рецептори ја откриваат дразбата; нервните клетки ја пренесуваат, а ефекторите (мускули и жлезди) одговараат на тие дразби. Примањето, пренесувањето и одговарањето се развиваат заедно и се највисоко развиени кај најсложено градените животни. Рецепторите на дразби ги откриваат промените во надворешната средина. Рецепторите претставуваат приемници, со посебна способност да откриваат промени на: светлина, звук, мирис, допир, температурата и друго. Ваквите промени се претвораат во дразби на кои приемниците реагираат. Собраните дразби се пренесуваат преку нервниот систем до центрите во мозокот, каде се обработуваат и се решава дали ќе се одговори или не на примената дразба. Карактеристично за рецепторите е тоа што се приспособени и специјализирани за примање само на одредени видови дразби. Така, на пример, рецепторите кои се специјализирале да реагираат на светлосните промени, не реагираат на температурни промени. Секоја и најмала промена која се јавува во околината предизвикува дразба, активирање на рецепторите. Во зависност од тоа за какви дразби се специјализирале рецепторите се поделени на: - Хеморецептори, кои откриваат хемиски дразби како, на пример, за мирис и вкус. Многу животни наоѓаат храна и партнер, насетуваат жртва, комуницираат едни со други и се движат низ нивната животна средина, користејќи ги сетилата за мирис и вкус. - Механорецептори, кои откриваат промени во притисокот на површината на клетката. Тие одговараат на допир, притисок, промена на Земјината тежа, звуци во средината и други механички дразби. - Фоторецептори, кои се осетливи на промени на светлината. Некои животни имаат разместени фоторецептори во кожата. - Терморецептори, кои се осетливи на промените на температурата. Во зависност пак од нивното место во организмот тие можат да бидат: - блиску до површината на телото и откриваат промени во надворешната средина (темно, светло, звук, мирис); - длабоко во организмот и откриваат промени во внатрешноста на организмот (болка во желудник, болка во глава и др.); и

116


- сместени во мускулите и тетивите, при што ги откриваат настанатите промени во нив. Многу рецепторни клетки се разместени низ организмот. Други, пак, се собрани во сродни ткива, при што создаваат сложени сетилни органи, како што се носот, увото и окото. Во сетилните органи рецепторните клетки се заштитени. На пример, во окото само посебни клетки во мрежницата се вистински рецептори, додека другите делови на окото пред се служат да ги штитат овие клетки и да помагаат до нив да дојдат светлинските дразби.

ОРГАНИ ЗА ПРИМАЊЕ ДРАЗБИ (СВЕТЛИНА, ЗВУК, МИРИС, ВКУС) КАЈ ПОВАЖНИТЕ ГРУПИ ЖИВОТНИ Сетила прилагодени за откривање на хемиски дразби Сетила за мирис Мирисите се откриваат преку мирисните рецептори. Мирисните рецептори се специјализирани за прием на хемиски дразби кои доаѓаат од мирисливи честички што рецептор се наоѓаат во гасовита состојба. Ваквите рецептори, обично, се наоѓаат во некој дел на површинскиот епител. Кај членконогите мирисните клетки се сместени во јамички и се задолжени да откриваат различни дразби, освен светлина. Кај инсектите рецепторите Сл. 10.1 за мирис се сместени на антените (сл. 10.1). Рецептори за мирис кај инсекти Машките инсекти ги наоѓаат женките преку следењето на мирисот на женските единки дури и на неколку километри оддалеченост. Женките, пак, често ги користат своите сетила за мирис при избирањето на соодветните растенија во кои ќе ги снесат своите јајца. Многу 'рбетници имаат многу развиено сетило за мирис кое овозможува тие да откриваат важни работи за нивната поблиска или подалечна околина. Дали знаеш? Младите лососи го чувствуваат мирисот на реката во која тие се мрестат. Пред тоа, младите лососи поминуваат многу години во океанот и се враќаат во притоката што ја распознаваат по нејзиниот карактеристичен мирис. Кај повеќето 'рбетници кои живеат на земјата, има дамки на мирисниот епител, кој е збир на клетки одделен од другиот дел на носната празнина. Змијата го исфрла нејзиниот чаталест јазик што собира честички кои мирисаат. Потоа тие се пренесуваат до местата каде што се сместени овие дамки (сл. 10.2). Многу змии, на кои сетилото за вид им е слабо, својата жртва ја напаѓаат користејќи го овој начин.

117


ТЕМА 10

Сл. 10.2 Змијата ги собира мирисните честички со својот чаталест јазик.

Голем број 'рбетници и други животни создаваат посебни материи што ги оставаат во воздухот или почвата. Овие материи служат како знаци за другите членови од истиот вид животни. Тие се користат за одредување траги и територии, за предупредување за опасности.

Мирисните рецептори кај цицачите се сместени во епителот на горниот дел на носната празнина (сл. 10.3), каде што се заштитени од вдишените штетни честички со постојаното движење на нивните трепки и слузта што ја лачат повеќеклеточните жлезди сместени околу нив.

Дали знаеш дека кај ајкулата сетилото за мирис е многу добро развиено? Таа може да осети мирис на капка крв на километри оддалешеност. Дали си забележал дека при самото влегување во кујната мирисот на јадењето е најсилен, а ако престојот продолжи овој мирис се помалку го чувствуваш? Или, пак, ги чувствуваш очилата кога ќе ги ставиш првпат, но таквото чувство нема да трае постојано и по кратко време тоа ќе престане. Рецепторните клетки имаат способност некои дразби и да ги запамтат.

мирисен епител

Сл. 10.3 Мирисниот епител во носната празнина кај цицачите

118


Сетила за вкус Сетилата за вкус заедно со сетилата за мирис им овозможуваат на животните да најдат храна. Кај членконогите, рецепторите за вкус се во облик на ресички и дамки, сместени на нивните усни делови, на нозете и на други места на телото. Ако жеден инсект почувствува вода, тој ја пие, ако осети шеќер тој се храни, а солените раствори ги избегнува. Рецепторите за вкус кај 'рбетниците се споени во облик на пупки за вкус. Пупките за вкус кај копнените 'рбетници се сместени во усната празнина и голтката. Кај цицачите овие сетила во форма на вкусни пупки се распоредени на површината на јазикот. (сл. 10.4 а и б ).

рецепторни клетки за вкус

рецептори за вкус

отвор а)

Сл. 10.4

б)

јазик каде се сместени вкусните пупки

(а) Сетило за вкус кај инсекти (б) Пупки за вкус кај рбетници

Сетила прилагодени за откривање на механички дразби Сетила за допир и притисок Сетилата за допир и притисок се најраспространети сетила кај животните. Некои сетилни клетки се распоредени по целата површина на телото, или непосредно под неа. Сепак, најбројни се на посебни места, како што се пипалата на полжавот, антените кај инсектите, а кај човекот на врвовите на прстите. Овие сетила особено добро се развиени кај животните кои живеат во темнина, како, на пример, во пештери. Слично на способноста за откривање на хемиските дразби (мирис и вкус) и способноста за откривање и одговор на допирните дразби е својствена за сите живи организми. Рецепторите за допир кај членконогите се сместени на површината на организмот. Во кожата на 'рбетниците има различни рецептори што откриваат промени со допир и притисок (сл. 10.5). Некои делови на нервните клетки се завиткуваат околу основата на влакното

119


ТЕМА 10 во кожата на цицачите и реагираат на движење на влакната. Различни рецепторни клетки се одредени за примање на различни допирни дразби. Преку сетилото за допир некои животни можат да откриваат движења во водата или воздухот. Кај многу членконоги има влакновидни сетилни делови кои откриваат движење на водата и воздухот. Рибите и ларвите на водоземците имаат развиено систем на странична линија во која се сместени сетилни клетки кои се способни да откриваат движења во водата (сл. 10.6). На тој начин рибата секогаш може да осети и најмали брановидни движења на водата, а со самото тоа и опасност. странична линија

Сл. 10.5. Рецептори за допир во кожата на 'рбетниците

Големите влакна, како мустаќи, кај стаорците и многу други цицачи, се прилагодени да откриваат можат да откриваат движење на воздухот (сл. 10.7). Сетила за рамнотежа Преку овие сетила се открива правилната положба на телото и благодарение на тоа кај животните се јавува способност за ориентација рецепторна клетка

Сл. 10.6 Страничната линија кај риба.

во просторот. Освен тоа тие ги контролираат промените на нивните движења во околната средина. Многу групи животни имаат независен развиток на рецептори кои ги извршуваат овие функции. Сл. 10.7

120


Кај активните безрбетници, како на пример, копривкарите, прстенестите црви, мекотелите и членконогите, ваквите рецепторни клетки се сместени во посебни телца (сл. 10-8). Кај раковите ваквите телца се сместени во основата на првата антена (сл. 10.7б). Кај 'рбетниците вакви рецепторни клетки сместени се во три полукружни канали во внатрешното уво.

Сл. 10.8 Рецептори за рамнотежа кај мекотелите и раковите

2

ЗВУКОТ И НЕГОВОТО ОТКРИВАЊЕ

Само кај мал број од животните, и тоа некои членконоги и сите 'рбетници, се појавуваат сетила кои се приспособени за ги регистрираат звуците. Многу звуци во просторот им даваат важни знаци и податоци на животните за промените кои се јавуваат во нивната околина. Така, рикањето на лавот, или пукотот се разбира како можен знак за опасност. Некои животни, исто така, испуштаат различни звуци со кои ги известуваат другите членови на заедницата за местото каде има храна, дека во близина има опасност или при барање на партнери. Звуците се создаваат на многу начини. Штурецот создава звуци со заемно триење на нерамните делови на своите крилја, некои риби тоа го прават со делови од нивните перки, птиците - со движење на мускулите на површината на стомакот. Многу копнени 'рбетници создаваат звуци со помош на гласни жици во нивните дишни патишта. Нежните влакна на антените на многу инсекти создаваат сетилни телца што се осетливи на звуци. Звуците, во форма на бранови, освен низ воздухот, исто така, се разнесуваат и низ водата. Нив ги примаат водните животни и соодветно реагираат. Сетилото за звук кај рибите, во Сл. 10.9 споредба со другите рбетници, е многу просто Внатрешно уво кај риба

121


ТЕМА 10 градено. Иако рибите слушаат, тие не можат секогаш да ја откријат насоката на звучниот извор, бидејќи звуците во водата се разнесуваат многу брзо. Копнените 'рбетници имаат поинаква градба на сетилата за слух. Некои дождовници, гуштери и змии можат да ги осетат звуците, иако над нивните сетилни клетки има коска. Многу поосетливи се ушите што се развиваат кај жабите, кај некои влечуги, птиците и кај цицачите. Увото кај сите овие групи животни е составено од повеќе делови (сл. 10.10).

Сл. 10.10 Сетило за слух кај водоземци

Кај цицачите увото е составено од надворешно, средно и внатрешно уво. Надворешното уво започнува со слушна школка која ги прибира звучните бранови и преку слушниот канал ги насочува на слушното тапанче. Слушното тапанче почнува да вибрира. Тие вибрации преку три слушни ковчина кои се составен дел на средното уво се пренесуваат до слушниот полжав кој е сместен во внатрешното уво каде се наоѓаат рецепторни клетки кои реагираат на примениот звук. Сл. 10.11 Рецепторни клетки за слух кај цицачите

Сетила прилагодени за откривање на светлосни дразби Око Кај повеќе животни, приемниците на светлински дразби, фоторецептори, се собрани заедно како орган, наречен око или окце. Едноставните очи откриваат само присуство или отсуство на светлина. Посложените очи го откриваат нејзиниот извор и овозможуваат движење кон него. Најсложените очи можат да создаваат слики и му овозможуваат на животното да има широки можности за одговор. Кај различните групи на животни постојат многу големи разлики во врска со нивните очи, а ние ќе се запознаеме само со најчестите типови.

122


Сл. 10.12 црви да бегаат од изворот на светлината. Така, овие црви бегаат од светлината и се кријат под камен или друго темно место. Многу видови морски и почвени црви имаат два или четири пара окца, наречени мрежести очи (сл. 10.13). Очи од овој тип имаат и многу видови мекотели, прстенести црви и членконоги.

Очи што се ориентираат кон светлината Некои едноклеточни организми, кои имаат камшиче и вршат фотосинтеза, на пример, еуглената, имаат одредено место кое е осетливо на светлина. Тоа е сместено во основата на камшичето. Овој едноставен тип на око дамка, овозможува движење кон светлина. Повеќето безрбетни животни имаат едно или повеќе окца кои се осетливи на светлина. Окцата кај сплесканите црви имаат облик на ќуп (сл. 10.12). Светлината што ги дразни овие очи ги тера сплескание

Сл. 10.13

Очи што создаваат слика За да може окото да создава слика потребно е да има механизми кои ќе ги прекршуваат светлинските зраци. Овие очи ги собираат зраците од светлинскиот извор. Кај повеќето од овие животни во окото има леќа која учествува во прекршувањето на светлината. Светлинските зраци кои потекнуваат од различни точки, до окото доаѓаат речиси паралелни, а во него со помош на леќата се врши нивно прекршување Некои црви, мекотелите и пајаците, кои се многу активни грабливци, имаат превртливи очи, кои можат да го разликуваат пленот. Меѓутоа, таквите очи не можат да создаваат јасна слика, бидејќи се многу ситни и немаат доволен број фоторецептори. Кај главоногите, како на пример, октоподите се јавуваат големи очи (сл. 10.14). Квалитетот на сликата во окото на октоподот е многу подобар отколку кај рибите Сл. 10.14 Окото кај октопод

123


ТЕМА 10

Сложени очи Инсектите и многу видови ракови, имаат посебен вид очи кои создаваат слика, наречени сложени очи. Овие очи се составени од повеќе прости ситни очи, при што секое просто окце, одделно гледа само дел од предметот, а сите заедно го гледаат целиот предмет. Инсектите сликата која је гледаат е составена од голем број делчиња, односно има изглед на мозаик. Поради тоа се нарекува мозаична слика а очите се наречени мозаични очи. Ваквото око нема можност да се адаптира, па затоа овие животни гледаат само до 10 см околу нив. Око кај 'рбетниците Окото кај 'рбетниците е посебен орган во кој се сместени сетилата за светлосни дразби. Очите кај различните 'рбетници се приспособени кон нивниот различен изглед и начини на живеење, но сите имаат иста основна градба. Површината на очното јаболко кај водните 'рбетници се одржува влажна и чиста со помош на околната вода, а обично, тие намаат очни капаци. Солзната жлезда што се наоѓа во близина на очното јаболко кај копнените 'рбетници излачува течност што го мие окото, а подвижните очни капаци ги заштитуваат очите. Рибите имаат најпросто градено око во споредба со останатите рбетници. Кај нив леќата може да се придвижува кон изворот, слично на објективот на камерата. Око кај цицачите Окото е сложено граден орган. Тоа е составено од три обвивки. Надворешната обвивка наречена е белка. Таа во предниот дел на окото, за да може да ги пропушта светлосните зраци, е проѕирна и наречена е рожница. Втората обвивка на окото која е богата со крвни садови наречена е садовница. Внатрешната или третата обвивка е мрежница. Во мрежницата се сместени приемниците за светлина, од каде примената дразба се пренесува до центарот за вид во мозокот. Внатрешноста на окото е исполнета со густа пивтиеста материја наречена стаклесто тело. белка садовница

мрежница зрак

шареница леќа

нерв

зеница рожница мускули стаклесто тело

Сл. 10.15 Око кај цицач

124


НЕРВЕН СИСТЕМ ВИДОВИ И ОСНОВНИ ФУНКЦИИ

3

Нервниот систем ја овозможува врската на организмот со надворешната средина. Различни дразби од надворешната средина преку нервниот систем го поттикнуваат организмот да реагира на нив. Основна структурна и функционална единица на нервниот систем е нервната клетка (сл. 10.11). Таа е составена од големо тело на клетката, во кое се наоѓаат јадрото и органелите. Телото на нервната клетка има голем број кратки гранковидни продолженија наречени дендрити преку кои клетката ги прима дразбите. Исто така, од телото на клетката излегува најчесто едно подолго продолжение наречено неврит. Преку невритот нервната клетка ја пренесува примената дразба. Пренесувањето на дразбата низ нервната клетка секогаш се врши само во една насока.

неврит тело дендрити

ОРГАНИЗАЦИЈА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ Основната организација на нервниот систем може да се оцени преку испитувањето на нервните патишта во 'рбетните нерви и 'рбетниот мозок кај 'рбетниците кои се вклучени во некои такви активности (сл. 10.16). Сетилните нервни клетки ја пренесуваат дразбата од рецепторите до мозокот. Оттаму, преку моторните нервни клетки, се враќа одговор на дразбата до ефекторите што реагираат на таа дразба.

Сл. 10.16

Размисли и одговори: Што ќе се случи, ако поради невнимание ја допреш тавата во која се подготвуваат палачинки? Зар нема да реагираш на начин што е можно побрзо да ја пуштиш тавата и да се оддалечиш од жешкото? Размисли, што е тоа што ти овозможува да реагираш на тој начин? Со сознанијата што ќе ги добиеш во делот што следи, самиот пронајди ги одговорите.

Нервите се споеви на неврити од повеќе нервни клетки. Во зависност од тоа какви нервни клетки учествуваат во нивната градба, нервите можат да бидат сетилни, моторни или мешовити. Околу групите на нервни клетки има сврзно ткиво и ситни крвни садови кои служат за нивната исхрана.

125


ТЕМА 10

Сл. 10.17 Основна организација на главните видови нервни клетки во нервниот систем

НЕРВЕН СИСТЕМ КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ Сите животни, со исклучок на сунѓерите и неколку видови паразити, имаат нервен систем. Најпростиот нервен систем се наоѓа кај хидрите и другите копривкари (сл. 10.18). Нервните клетки се неправилно распоредени низ целото тело. Тие со своите израстоци се поврзани меѓу себе, така што образуваат нервна мрежа. Поради тоа овој тип нервен систем е наречен мрежест. И покрај едноставноста на нервниот систем, ако телото на хидрата се допре само на еден дел, организмот реагира со собирање на целото тело. Како што се усложнува градбата кај животните, за да може истите што подобро да се прилагодат во средината, кај нив настанува зголемување на бројот на нервните клетки, а со самото тоа и и нервниот систем станува посложен. Така одредени нервни клетки се групираат и со своите тела создаваат задебелувања наречени ганглии. Кај мекотелите има ганглионарен тип на нервен систем. Овој систем е составен од повеќе ганглии на одредени делови на телото кои со нервните завршетоци се поврзани помеѓу

Сл. 10.18 Поврзување на нервниот систем со клетките иста

126


себе. Ако полжавот се допре на одреден дело од стапалото, тоа ќе се собере Бидејќи најголем дел од организмите со околната средина најпрво доаѓаат во допир со својот преден дел, кај најголем дел од нив поголем дел од ганглиите се групираат како една или повеќе мозочни ганглии или мозок (сл. 10.19) Кај сплесканите црви среќаваме врвчест нервен систем. Во предниот дел на телото има две ганглии. Од ганглиите по должината на телото се распоредени нерви во форма на врвки. Некои сплескани црви имаат голем Сл. 10.19 број врвки по должината на телото. Нервен систем кај безрбетници Кај прстенестите црви и најголем дел од членконогите по должината на телото има пар на странични врвки, а во секој дел од телото има по еден пар ганглии Ганглиите од секое членче се поврзани помеѓу себе, но и ганглиите во самото членче се исто така поврзани. Бидејќи овој нервен систем има изглед на скала наречен е скалест нервен систем. (сл. 10.19). Кај посложено градените безрбетници и кај сите ,рбетници во пределот на главата нервните клетки се групирани во мозок. Октоподите и другите главоноги од групата мекотели имаат најголем и најсложен мозок меѓу безрбетниците и тој може да се споредува со мозокот кај примитивните 'рбетници. Ваквиот мозок е поврзан со развојот на големите и сложени очи, вештината за движење, исхраната и зголемената глава каде се сместени сите центри за овие особини.

НЕРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ 'РБЕТНИЦИТЕ Нервниот систем кај ,рбетниците управува со работата на сите органи. Тој ги поврзува сите органи меѓу себе, како и организмот со надворешната средина. Во средишниот дел на нервниот систем има празнини, поради што е наречен цевчест нервен систем. Нервниот систем кај 'рбетниците може да се подели на - централен нервен систем - периферен нервен систем Централниот нервен систем е составен од черепен и 'рбетен мозок Черепниот мозок е сместен во черепот и заштитен е со черепните коски. 'Рбетниот мозок е сместен во 'рбетниот канал на 'рбетниот столб и заштитен е со неговите прешлен. Периферниот нервен систем го сочинуваат нервите што излегуваат од различни делови на централниот нервен. Така 'рбетните нерви излегуваат од 'рбетниот мозок, а нервите од главата од черепните мозоци. Секој 'рбетен нерв по излегувањето од 'рбетниот мозок се разгранува на повеќе гранки кои се шират кон периферијата на телото каде се спојуваат со различни делови на организмот (сл. 10.20). Кај сите 'рбетници од черепните мозоци излегуваат 12 пара мозочни нерви кои овие мозоци, исто така, ги поврзуваат со различни органи и делови на телото.

127


ТЕМА 10

Сл. 10.20 ‘Рбетен нерв што се спојува со цревото

Черепниот мозок кај 'рбетниците

Черепниот мозок може да се подели на три дела: преден мозок, среден мозок и заден мозок (сл. 10.20). Предниот мозок, од своја страна, се дели на голем мозок и меѓумозок, средниот мозок останува неподелен, а задниот мозок се дели на продолжен мозок и мал мозок Нервното ткиво на черепните мозоци и на ,рбетниот мозок е градено на истиот начин. Кај нив се разликува сива маса, составена од телата на нервните клетките, и бела маса, составена од невритите. Кај различни групи 'рбетници деловите на черепниот мозок се различно развиени. Најдобро развиен черепен мозок имаат цицачите. Големиот мозок се дели на два дела наречени мозочни хемисфери, кои заедно го сочинуваат големиот мозок. Големиот мозок е најмал и најслабо развиен кај рибите. Додека пак кај цицачите тој е најголем, најдобро развиен и најважен дел на мозокот.

Сл. 10.21 Преглед на централниот нервен систем кај различни видови ‘рбетници преден мозок

128

среден мозок

заден мозок


Збирен преглед за брзо да повториш 1. Рецепторите претставуваат приемници на дразби. Секој тип на рецептори е осетлив на еден вид дразба. Сетилните органи се групи на рецептори и дополнителни клетки кои ги заштитуваат. 2. Мирисот и вкусот се хемиски дразби. Тие се откриваат од рецептори кои најчесто се групираат и заштитуваат со дополнителни клетки. 3. Рецепторите за звук кај членконогите и 'рбетниците се изменети рецептори за откривање на механички дразби. 4.Рецепторите за светлина се збирови на клетки сместени во различни типови на очи. 5. Нервните клетки се структурни и функционални единици на нервниот систем. 6. Сунѓерите немаат нервен систем. Колку што животните стануваат поактивни, толку бројот на нервни клетки и нивното поврзување се зголемува. 7. Кај посложено градените безрбетници среќаваме повеќе видови на нервен систем: мрежест, ганглионарен, врвчест и скалест. 8. Кај ‘рбетниците има цевчест нервен систем. 9. Черепниот мозок кај 'рбетниците е поделен на пет дела: голем мозок, меѓумозок, среден мозок, мал мозок и продолжен мозок. 10. Од черепниот и ‘рбетниот мозок излегуваат нерви кои одат до сите делови на телото.

Провери го своето знаење: Која е основната особина на клетките? Кои клетки ги откриваат дразбите од надворешната средина и како тие реагираат? Како се поделени рецепторите? Што е важно за рецепторите за мирис кај инсектите? Каде се сместени и како рибите ги примаат дразбите за допир? Како штурецот создава звук? Кое животно има наједноставно око? Што е мозаична слика и кои животни можат да создаваат ваква слика? Како е изградено окото кај ‘рбетниците? Опиши ја градбата на нервната клетка. Како може да се поделат сите нервни клетки според начинот на кој се пренесува дразбата? Опиши го нервниот систем кај копривкарите, сплесканите црви и членконогите. Кај кои животни е најразвиен големиот мозок?

129


ТЕМА 10

Истражувај ги сетилата кај животните Задача 1. Набљудување на дождовен црв и полжав Прибор и материјал: дождовен црв, полжав и тетратка. Упатство за работа: стави ги дождовниот црв и полжавот на стакло и остави ги одреден период. Ќе забележиш дека дождовниот црв почнува да се движи, а полжавот излегол од својата черупка и исто така почнува да се движи. Земе игла и боцни го неколку пати црвот. Како истиот ќе реагира? Знаеш ли зошто така реагира? Постапката повтори ја со полжавот и истиот допри го на едното пипало, а после тоа и на другото пипало. Како реагира полжавот? Зошто полжавот се крие во својата черупка? Своите забелешки провери ги кај наставникот. Задача 2. Набљудување на риби во аквариум Прибор и материјал: аквариум со риби и тетратка Упатство за работа: Удири неколку пати со пенкало на стаклото од аквариумот. Забележи како реагираат рибите. Постепено ставај ја раката во водата. Забележи како реагираат рибите. Стави храна и повторно забележи ја реакцијата на рибите. Зошто во трите случаи рибите реагираат? Своите воочувања за начините на реагирање на рибите и твоето мислење за истите забележи ги во тетратка. Размени мислење со твоите соученици и побарај мислење од наставникот за сознанијата до кои си дошол. На сличен начин забележувај ги реакциите на твоето милениче (куче или маче). Како реагира на звук? Зошто ги врти ушните школки. Задоцни го оброкот на твоето милениче, а кога ќе му даваш храна забележи како реагира. Знаеш ли да одговориш зошто реагира така? Задача 3. Дисекција на око Прибор и материјал: око од цицач (говедо, овца, коза и слично), прибор за дисекција и тетратка. Упатство за работа: Во кадичката за дисекција постави го окото и набљудувај ја неговата надворешност. Потоа со скалпел отвори го окото и забележи со колку обвивки е обвиткано. Забележи каква е неговата внатрешност и со што е исполнета. Своите забелешки провери ги со твојот наставник. Задача 4. Препарирање на мозок од гулаб Прибор и материјал: гулаб, прибор за дисекција Упатство за работа: Набљудувај ја главата кај предходно опијанет гулаб. Кои делови ги забележуваш? Внимателно отстрани ги пердувите од главата и на дел од вратот. Пресечи го вратот од грбната страна и најди го отворот на главата. Што поминува тука? Со помош на пинцета постепено отстрани дел од коските на главата и отвори го мозокот. Кои делови на мозокот ги забележа? За сето време користи слики. Размени мислење со соучениците за твоите запазувања и провери ги со твојот наставник. Слични вежби можеш да направиш и на глава кај риба, жаба или гуштер.

130


ТЕМА 11

РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК

Со изучување на содржините на оваа поттема ти ќе можеш: -

-

-

Да ги препознаваш начините на размножување, органите за размножување и клетките кои учествуваат во процесот на размножување; Да опишува и споредува полово и бесполово размножување Да го опишуваш текот на растењето, развивањето и размножувањето кај одделните претставници на групи животни; Да ги поврзуваш и објаснуваш врските на одделните претставници на различни групи на животни со животната средина преку видовите размножување и начинот на развивањето.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава: -

размножување, бесполово и полово, органи за размножување, размножување со јајца, размножување со раѓање, сперматозоиди, јајце-клетка, развивање, преобразба,


ТЕМА 11

1

РАЗМНОЖУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Во една генерација на новодобиени единки, дел изумираат, дел се жртви на нивните непријатели и само мал дел опстануваат. Ако единките не стекнале способност да се размножуваат, во тој случај видовите не би опстанале. Способноста на единките да создаваат потомство наречена е размножување. Размножувањето на живите организми а со самото тоа и на животните може да се врши на два начини: - бесполово - полово Бесполово размножување Бесполовото размножување е наједноставниот начин на размножување. При овој начин на размножување од еден единствен родител се добиваат нови идентични единки. Бидејќи новите единки се добиени од еден единствен родител тие ги имаат истите особини како родителот. Бесполовото размножување е широко распространето меѓу едноклеточните организми, а се јавува и кај различни групи на повеќеклеточни организми. Наједноставен облик на бесполово размножување е простата делба. Притоа телото на родителот се дели на два, а некогаш на повеќе, речиси еднакви делови од кои секој станува нов, независен цел организам. На ваков начин се размножуваат, главно, едноклеточните организми како што се парамециумот, амебата и други.(сл. 11.1а). Кај планаријата како претставник на сплесканите црви, телото се дели по должината и секоја половина го надоместува делот што и недостасува (сл. 11.1б). Хидрите, сунѓерите и некои копривкари се размножувааат со пупење (сл. 11.1в). Мал дел од телото на родителот расте и се одделува како нова единка која може да се откачи и да почне да живее независно. Но, најчесто пупките остануваат прикрепени за телото на родителот и на тој начин создаваат колонија составена од многу единки. Кај некои видови животни се јавила способност а на местото на откинатиот дел да израсне нов. Оваа појава е наречена регенерација или обновување. Така на пример, некои морски ѕвезди можат да создадат наполно нова единка од само еден крак и мал дел од централната плоча. Ако дождовен црв в се скине на повеќе делови, од сите тие делови се б развиваат нови засебни единки. На саламандерите и гуштерите на местото на откинатата, може да им израсне нова опашка (сл. 11-1г).

Сл. 11.1 Различни типови бесполово размножување

132

г


Слика 11.2 Колонија на корали која формира корален остров

Полово размножување При половото размножување новата едника е добиена со спојување на две различно полови клетки, машка и женска, од еден ист вид на организам. На тој начин кај новата единка има мешање на особините од двата родители, односно новата единка ги носи особините од таткото и од мајката. Бидејќи кај новата единка има мешање на особините од двата родители, истата има многу поголема можност полесно да се прилагодува во средината во која што живее. За да може да ги надминат неповолните услови во надворешната средина и да дојде до мешање на особините од две единки, полов контакт се среќава и меѓу праживотните, Слика 11.3 но притоа не се создаваат нови единки (сл. 11.3). Кај парамециумот, на пример, две единки се допираат го разменуваат јадрениот (наследниот) материјал и се разделуваат. Овој процес е наречен коњугација. Половиот контакт и размената на генетски материјал се случиле, но не доаѓа до размножување. Ваквите единки подоцна се размножуваат бесполово. Научи повеќе Кај некои видови животни, неоплодена јајце-клетка може да почне да се дели и развива, при што се добива нова единка. Овој процес е наречен партеногенеза. Овој вид размножување се јавува природно кај мал број групи животни. Така, кај слатководните ротифери и некои видови гуштери, не постојат мажјаци.

За да има полово размножување кај животните потребно е да има јајце-клетка и сперматозоид, кои со едно име се наречени гамети или полови клетки. Кај половите клетки, кои се добиваат со сложената делба мејоза, бројот на хромозомите е за половина помал од бројот на хромозомите на другите клетки кои го градат организмот. Јајце-клетката е женската полова клетка. Оваа клетка, обично, е голема и неподвижна и во неа кај најголем дел од животните има резерви на храна. Сперматозоидот, или машката полова клетка, е мал и подвижен, приспособен за активно пливање со треперење на неговата долга опашка, слична на камшик.

133


ТЕМА 11

Кај повеќеклеточните организми половите клетки се создаваат во посебни полови жлезди или гонади. Кај машките единки овие полови жлезди наречени се семеници. Кај женските единки тоа се јајчниците. Семениците се сместени во посебни вдлабнатини на телото. Во зависност од видот на животното кај нив се јавуваат разлики во големината и градбата. Семениците кај цицачите се сосотојат од голем број густо заплетени полуизвиткани семени каналчиња, кои се многу долги (сл. 11.4). Ова обезбедува доволно голем простор за произведување милијарди сперматозоиди. Во зависност од видот на животното се јавува разлика во изгледот на спераматозоидите. (сл. 11.4). Така, сперматозоидите кај раковите и некои паразитски валчести црви немаат опашка и амебовидно се движат.

Слика 11.4

Слика 11.5

Семеницк кај цицачи

Сперматозоиди кај различни видови животни

Добро развиени машки и женски полови системи се среќаваат кај безрбетниците и рбетниците.

а

б

Слика 11.6 Добро развиени полови системи се среќаваат кај безрберниците а) мува машка единка, б) мува женска единка, в) метил

134

в


Јајчниците сместени се внатрешноста на телесната празнина. Кај рибите и водоземците, јајчниците произведуваат стотици илјади јајца, кои кога ќе созреат, исполнуваат голем дел од нивната внатрешност. Влекачите, птиците и цицачите произведуваат неколку јајце-клетки. Кај најголем дел од животните половите жлезди се составен дел на половиот систем Освен половите жлезди постојат и полови канали јајцеводи и семеводи преку кои се движат половите клетки. Во јајцеводите има и додатни жлезди во кои се создаваат резервни хранливи материи жолток и заштитни обвивки на јајце клетката. Јајце клетките на влечугите и птиците заштитени се со посебни обвивки. Тие се големи, бидејќи имаат многу жолток кој служи како резерна на храна за развој на новата единка. Бидејќи оплодените јајце клетки кај цицачите се развиваат во внатрешноста на женските полови органи имаат многу малку жолток. Научи повеќе Јајце-клетките кај различните видови животни се разликуваат според количеството и распоредот на жолтокот. Во јајце-клетките додека тие се уште во јајчниците се складира различно количество на жолток. Жолтокот содржи белковини, масти и други материи потребни за исхрана на ембрионот. Количеството на жолток кај одредени видови е во тесна врска со времетраењето на развитокот, што е потребно пред ембрионот да може самиот да се храни. Јајцата кај многу иглокожи, амфиоксуси и цицачи имаат мало количество на жолток кој е еднакво распределен во цитоплазмата на јајцеклетката. Многу сплескани црви, повеќето мекотели, морски прстенести црви и повеќето 'рбетници имаат јајца со повеќе жолток кој е концентриран во долниот дел. Јајцата на членконогите, посебно инсектите, имаат жолток главно сместен во средината на јајцето. Машки полов систем Разликите меѓу машките полови органи кај 'рбетниците се поврзани со тоа, дали оплодувањето е внатрешно или надворешно. Кај влечугите и цицачите, каде оплодувањето е внатрешно, мажјаците имаат полов орган или пенис. Оплодувањето е, исто така, внатрешно и кај птиците, но кај повеќето видови птици мажјаците немаат пенис и пренесувањето на спермата се врши со кратко допирање на клоаките. Дополнителните полови жлезди, кои се составен дел на половиот систем кај мажјаците, создаваат семена течност, во која се движат сперамтозоидите. Кај цицачите пенисот се развил околу мочниот канал.

семеници

бубрег

а

семеводи

б

Слика 11.7 Машки полов систем кај а) птица, б) жаба

135


ТЕМА 11 Женски полов систем Јајцеводите кај 'рбетниците се приспособуваат за различни начини на оплодување. Кај рибите и речиси сите водоземци, оплодувањето е надворешно. Јајцата од јајчниците преминуваат во телесната празнина, од каде тие влегуваат во предниот крај на еден пар долги, извиткани јајцеводи преку отвори наречени инки (сл. 118а). Јајцеводите се протегаат кон опашката до клоаката. Во нивните ѕидови има жлездести клетки кои лачат слоеви на желе околу јајцата. Кај влечугите и птиците оплодувањето е внатрешно. Оплодените јајца се несат и развојот на новата единка е на копно. Повеќето цицачи и неколку видови риби и влечуги ги задржуваат оплодените јајца во внатрешноста на организмот. Кај цицачите има посебно проширен канал матка во кој се развива новата единка. јајчник Хермафродитизам Повеќето животни се еднополови, а б односно има машка или женска единка. Но, има многу животни кои имаат и машки јајцевод и женски полови органи, односно тие се Слика 11.8 способни да создаваат и сперматозоиди Женски полов систем кај а) птица, б) жаба и јајце-клетка. Таквите животни се наречени хермафродити. Во оваа група животни се дождовните црви, сплесканите црви, некои мекотели, како што се полжавите, потоа паразитската тенија и други. Иако овие животни ги имаат двата вида на полови жлезди, за да не настане самооплодување односно сперматозоидите од една единка да оплодат јајце клетки од истат таа единка кај нив се јавува период на различно созревање на половите клетки. Така, на пример, кога има созреано јајце клетка нема созреано сперматозоиди и обратно.

2 136

ОПЛОДУВАЊЕ И ВИДОВИ НА ОПЛОДУВАЊЕ Оплодување е процес на спојување на машка и женска полова клетка. При оплодувањето настанува спојување на јадрата од двете полови клетки. После оплодувањето, јајце клетката се обвиткува со цврста мембрана и не дозволува навлегување на други сперматозоиди. Со оплодувањето се добива оплодена јајце клекта – зигот. Зиготот е носител на наследните особини од двата родители. За да настане оплодување потребно е претходно да созреат половите клетки. Зрелите полови клетки кај некои животни директно од нивното телото излегуваат во надворешната средина, но кај повеќето видови тие излегуваат од телото низ посебни канали, наречени семеводи, кај мажјаците, и јајцеводи, кај женките. Бидејќи животниот век на ослободените полови клетки е краток, оплодувањето треба да се случи за еден до два дена. Најразлични приспособувања кај животните им помагаат да се зголемат изгледите за оплодување. Кај животните кои зрелите полови клетки ги испуштаат во водена средина, за да настане оплодување треба првин да се “препознаат”. Така, на пример: реакцијата на препознавање спречува сперматозоиди на морска ѕвезда да оплодат јајцеклетка на морски еж, или спречува успешно оплодување, ако мажјак од еден вид се спари со женка од друг вид.


ПРИСПОСОБУВАЊА ЗА ОПЛОДУВАЊЕ За да можат видовите да опстанат, односно за да може да настане оплодување, потребно е половите клетки од машките и женските единки во исто време да созреат и да се ослободат. Значи, за успешно размножување треба прво, половите клетки да бидат создадени во исто време, и второ, тие да бидат ослободени во исто време. Времето за создавање на половите клетки, а со самото тоа и успешно оплодување, зависи од условите во животната средина, како што се промените на дневната светлина, температурата на воздухот, резервите на храна и друго. Постојат два начини на оплодување: - надворешно - внатрешно Надворешно оплодување Кај животните кои живеат во водена средина половите клетки се ослободуваат во надворешната средина каде и се врши оплодувањето. За да се зголеми можноста за оплодување кај овие животни има и одредени приспособувања на половиот систем. На пример, потребно е да се создадат голем број полови клетки, водените текови треба да овозможат тие полови клетки да се донесат до половите клетки од спротивниот пол. За да се олесни оплодувањето, голем број единки живеат на места со најповолни надворешни услови, или се собираат во јата за време на парењето. Кај жабите, рибите и некои црви, при ослободувањето на половите клетки доаѓа до близок Сл. 11.9 слика контакт .

Надворешно оплодување на жаба

Внатрешно оплодување Со цел половите клетки да се заштитат од исушување при неповолни надворешни услови, за оплодување на копното, кај голем број животни се развило внатрешното оплодување. Притоа сперматозоидот се внесува во женските полови органи, во непосредна близина на јајцеклетката. Откако ќе бидат исфрлени од мажјакот, сперматозоидите може да бидат сместени во одредени делови на женката. Потоа јајце-клетките можат постојано да се создаваат и да се оплодуваат без натамошна потреба од мажјакот. За да се изврши внатрешно оплодување е неопходно да има копулација. Тоа е процес преку кој половите клетки на мажјакот се внесуваат во Сл. 11.10 слика Собирање на сперматозоидите во пакети

137


ТЕМА 11 половиот систем на женката. Сперматозоидите, обично, се пренесуваат во течност, наречена семена течност. Има многу животни, како пијавиците, октоподите, раковите и некои саламандери, кај кои голем број сперматозоиди се пренесуваат заедно како пакети (сл. 11.10). Кај женките, крајниот дел на јајцеводот понекогаш е проширен во родница во која се прима машкиот полов орган. Дел од јајцеводот, наречен примач на семената течност, може да служи за собирање сперма. Од оплодена јајце клетка до нов организам После оплодувањето започнува ембрионален развој на зачетокот на ново добиената единка која е наречена ембрион. Оплодената јајце клетка започнува забрзано да се дели. Од неа се добиваат две, па четири, потоа осум клетки и делбата на клетките продолжува додека не се добие топче од голем број на клетки со изглед на малина. Клетките на повеќеклеточен ембрион продолжуваат да се делат, при што почнува период во кој некои од нив се групираат во одредени негови делови во форма на слоеви. Со тек на време како резултат на специјализирање на одредени клетки за вршење на одредена улога постепено започнуваат да се диференцираат ткивата а со самото тоа и поодделни органи. По завршувањето на овој период ембрионот е подготвен за создавање на системите на органи и развој на сите видови клетки во организмот.

Слика 11.11

138


3

РАЗВОЈ И НАЧИНИ НА РАЗВОЈ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Морето е првобитното живеалиште на животните и во него се наоѓаат видови со најпримитивни циклуси на размножување. Кај најголем дел од животните оплодувањата на јајцеклетките е во морската вода и таму го почнуваат својот развиток. Овие животни созадваат јајца со мало количество на жолток кое е доволно само да го снабдува јајцето додека не се развие во ларва. Ларвата е подвижна и може сама да се исхранува. Подоцна ларвата се сместува на дното и се преобразува во возрасна единка.

Слика 11.12 Морска ѕвезда и нејзините ларви

Ембрионалниот развој на новата единка кој се одвива преку стадиум на ларва е наречен индиректен развој или развој со преобразба. При овој развој ларвата најчесто не личи на своите родители, а нејзината промена во возрасна единка наречена е метаморфоза. Ваквиот животен развој е карактеристичен за повеќе од половината од безрбетниците и кај жабите од групата на ,рбетници. Развојниот циклус кај пепертутката опфаќа три стадиуми: ларва – гасеница, кукла и возрасна единка. Кај жабите пак ларвата која се развива во водена средина наречена е полноглавец. Полноглавецот има рибовидна форма, се движи со перки и дише со жабри. Со тек на време од полноглавецот се развива возрасна жаба која ги губи перките и опашката и дише со бели дробови. Најголемиот недостаток на индиректниот развиток е високата смртност која се јавува кај јајцата, ембрионите и ларвите. Поради тоа кај овие групи на животни се јавува способност да создаваат голем број на јајца. На сликата разгледај го и опиши го развојот на пеперутката сл.11.14 и жабата сл.11.13. Кај сите други видови животни при развојот не среќаваме стадиум на ларва. При тоа целосниот ембрионален развој се до појавата на новата единка се извршува внатре во заштитната обвивка на јајцето, а младите единки веднаш по изведувањето го прифаќаат начинот на живеење својствен за возрасните. Овој начин на развивање е наречен директен развиток и е својствен за многу морски и повеќето слатководни животни, како и за повеќето копнени животни, освен инсектите.

139


ТЕМА 11

Слика 11.13 Бидејќи при директниот развиток можноста за развој и добивање на нови единки е поголема, видовите несат по неколку јајца кои содржат големо количество жолток со кој се храни ембрионот додека се развива во самото јајце.

140

Слика 11.14


РАЗМНОЖУВАЊЕ СО ЈАЈЦА НЕСЕЊЕ ЈАЈЦА Јајцата кај некои морски животни, на пример, некои црви, морски ѕвезди и некои риби, се несат во водата. Кај многу од тие животни јајцето не е заштитено со лушпа или јајцева обвивка, туку има само мембрана. Поради тоа, смртноста на јајцата и младите ембриони кај овие видови животни е многу висока. Кај копнените животни, инсектите, влечугите и птиците се среќаваат добро развиени јајца. За да ги заштитат од неповолноте надворешни влијанија тие создаваат јајца кои самите за себе создаваат сопствен систем. Јајцата се заштитени со лушпа која ги штити и ја намалува можноста од губење на водата, а сепак, овозможуваат размена на гасови. Во внатрешноста на јацето ги има сите неопходни материи за исхрана на ембрионот, а со трошење на мастите се ослободува вода. Отпадните материи се сместуваат во самото јајце.. Влечугите, птиците и примитивните цицачи - клунарите, кои несат јајца, имаат сличен тип јајца (сл. 11.8), кои имаат големо количество жолток, кој е обвиткан со белковини и заштитна лушпа што е излачена од јајцеводот. При ембрионалниот развој се развиваат четири обвивки. Овие обвивки го опкружуваат ембрионот и играат важна улога во неговата заштита и одржување. Лежење на јајца (квачење) За да може од оплоденото јајце да се развие ембрион, потребно е да има поволни услови во надворешната средина. Рибите и жабите своите јајца ги несат во водена средина која ги штити од повреди и потреси. Многу жаби, на ембрион пример, ги прикрепуваат своите јајца за гранки во водата. Но, за да се развие ембрионот потребно е поголемо количество на топлина. Поради тоа овие животни своите јајца ги несат во плитките води каде водата брзо се загрева.

Сл. 11.16 Пример за градба на јајце

Сл. 11.15 Ч

Јајца кај змија а) и полжав б)

жолток

Многу влекачи своите јајца ги закопуваат во песок или, пак, ги сместуваат под камења или карпи, каде тие се заштитени од исушување, а топлината им помага во развојот. Некои родители самите се грижат за своите јајца. Ваквото однесување на животните е наречено лежење (квачење).

141


ТЕМА 11 Птиците ги квачат своите јајца во гнезда во кои лежат врз јајцата. Бројот на јајцата кај животните што лежат (квачат) е секогаш мал, но степенот на преживување е многу поголем отколку кај животните кои не ги квачат јајцата. Во речиси секоја група животни има некои видови кои ги чуваат своите јајца во своите тела. Најчесто женката ги чува јајцата во внатрешноста на матката, но има случаи кога мажјаците ги квачат јајцата во нивната уста или во други делови на телото. Кога развивањето ќе заврши, младенчињата излегуваат од телото на родителот. Животните од овој вид се наречени живородни. Ембрионален развој кај цицачите После оплодувањето ембрионот кај цицачите се развива во посебно проширување на половите органи наречен матка. На тој начин тој е целосно зависен од мајката, како во поглед на исхраната така и за размената на гасови и излачувањето. Кај цицачите оплодувањето е внатрешно и се врши во горниот дел на јајцеводот. Делењето на јаце клетката се врши додека таа се движи низ јајцеводот. Кога ембрионот ќе се спушти во матката, тој се вгнездува во неа и околу него се создава обвивка – плацента или постелка. Постелката е тесно поврзана со матката, а крвните садови кои поаѓаат од плацентата со ембрионот поврзани се преку папочна врвца. Преку папочната врвка ембрионот добива храна и кислород од својата мајка.

РАЗВОЈ НА ОПЛОДЕНА ЈАЈЦЕ КЛЕТКА оплодување

јајчник сперматозоид

Јајце клетка

Слика 11.17

Оплодување на јајце клетка кај цицачите.

142


Женките на цицачите, по правило раѓаат онолку млади колку што имаат излезено од јајникот јајце клетки, под услов сите да бидат оплодени. Во нормални случаи, кај човекот, жената раѓа едно дете, но ако во нејзините јаници имаат созреано две јајце клетки може да роди и близнаци. Близнаците може да се добијаат од една оплодена јајце клетка – еднојајчни близнаци, или пак од две оплодени јајце клетки – двојајчни близнаци.

Слика 11.18

Развивање по раѓање и грижа за потомството Со самото излегувајне од јајцето или раѓањето новиот организам започнува самостоен развој. Кај најголем дел од безрбетниците, родителите скоро и да не се грижат за потомството. Кај ,рбетниците постои разлика во грижата на родителите за своето потомство. Кај најголем дел од рибите, водоземците и влекачите скоро и да не се јавува грижа за своето потомство. За разлика од нив кај птиците и цицачите оваа грижа за потомството е многу изразена. Кај најголем дел од младите до одреден период на развој се јавува зависност од своите родители. Малечките пилиња и пајчиња, кои се гнездат на почвата, можат да трчаат околу и да јадат цврста храна веднаш по испилувањето, но сепак нивната мајка будно го следи нивното движење. Пилињата на птицата црвеногушка, белоглавиот мршојадец и други, кога ќе се испилат се слепи, имаат многу малку пердуви и не можат да стојат. Одреден период од нивниот развој директно зависат од родителите. Тие ги штитат и ги хранат извесен период, односно се додека не се оспособат за самостоен живот. Најголем дел од младите цицачите се исто така зависни од родителите. Новородените ждребиња и срни имаат крзно и еден час по раѓањето веќе можат да трчаат со стадото. Новородените кучиња, мачиња, стаорци и глувци и други се слепи и речиси беспомошни за самостоен живот. Тие извесен период се под директна заштита на своите родители, а осамостојувањето им е подоцна. Кај најголем дел од младите животни по раѓањето постои период на развој. Развојот во голема мера зависи од начинот на живеење и условите на надворешната средина. Но заедничко за сите нив е дека периодот на растење и развивање трае додека животното не стекне полова зрелост. После тој период постепено преминува во период на стареење. Стареењето се јавува како резултат на постепено намалување на функциите на клетките, а со самото тоа на ткивата и органите. За да може правилно да расте и да се развива младиот организам големо влијание имаат условите кои владеат во надворешната Слика 11.19 средина. Периодот на ембрионалниот развој

143


ТЕМА 11 на рибите и жабите во голема мера зависи од надворешната температура. Ако водата е потопла ембрионот многу побрзо се развива. На пример кај пастрмката ембрионалниот развој ако водата е 20 ц трае околу 165 дена а ако температурата е 100 ц само 32 дена. Некои цицачи, ако временските услови не се поволни и ако нема доволно храна, не се парат и не создаваат потомци. Збирен преглед за брзо да повториш: 1. Многу животни можат да се размножуваат бесполово, со проста делба, пупење и делење. Повеќето животни се размножуваат полово со создавање на сперматозоиди и јајце-клетки кои се соединуваат при оплодувањето. 2. Половите клетки кај животните се создаваат во полови жлезди, семеници или јајчници. 3. За да настане оплодување потребно е половите клетки од еден исти вид да се препознаат. На тој начин се спречува сперматозоид од еден вид да оплоди јајце клетка од друг вид. 4. Спојувањето на машката и женската полова клетка е оплодување. Олодената јајце клетка – зигот е носител на наследните особини од двата родители. 5. Видовите кои се оплодуваат надворешно создаваат голем број гамети и имаат развиено други начини за зголемување на можноста за оплодување. 6. Внатрешното оплодување се врши кај многу водни животни и кај повеќето копнени животни. За него е потребен близок контакт помеѓу машката и женската единка. 7. Животнните кои во своето тело имаат и машки и женски полови органи се наречени двополови или хермафродити. 8. Половите системи кај 'рбетниците многу се разликуваат. Кај нив се јавуваат различни приспособувања за оплодување и несење на јајцето. 9. Од оплодената јајце клетка со повеќе кратни делби започнува ембрионалниот развој на животните. 10. Кај некои видови на животни при ембрионалниот развој се јавува стадиум на ларва, која не личи на своите родители, и е оспособена за самостоен живот. Начинот на размножување со ларва наречен е индиректен или развој со метаморфоза. 11. Кај ,рбетниците со исклучок на жабите од оплодената јајце клетка се развива ембрион, а од него млада единка која личи на своите родители. Тој развој е наречен директен развој. Провери го своето знаење:

144

1. 2. 3. 4. 5. 6.

Наброј ги различните начини на бесполово размножување. Објасни го процесот на коњугација. Опиши го процесот на оплодување. Зошто е важно да има усогласеност во процесот на полово размножување? Како се наречени машките полови клетки а како женските? Како се наречени половите жлезди кај машките и женските единки?


7. Наброј ги предностите и недостатоците на надворешното и внатрешното оплодување. 8. Што е зигот? 9. Кој период од развојот е наречен ембрионален? 10. Што е плацента? 11. Која е улогата на плацентата? 12. За кои животни велиме дека се живородни? 13. Која е разликата меѓу директниот и индиректниот развиток? Истражувај го размножувањето и развитокот кај животните Задача 1.Набљудување на развој на пеперутки Прибор и материјал: тетратка за евидентирање на податоци Упатство за работа: Во пролет доста често на гранките од дрвата може да се забележат јајца на пеперутки. Следи го нивниот развој. Забележи дали од јајцата ќе се појават пеперутки или не? Следи го целокупниот развој. До кои сознанија си дошол? Сето тоа евидентирај го во твојата тетратка и по можност скицирај. Размени го мислењето со твоите соученици и со наставникот. Задача 2.Набљудување на гнезда од птици Прибор и материјал: сантиметар, тетратка за евидентирање на податоци Упатство: Набљудувај гнезда на различни видови птици. Ако можеш измери ја нивната големина и длабочина. Спореди ги податоците кои си ги добил и дојди сам до сознанија кои видови на птици колкави гнезда имаат. Набљудувај ги птиците додека ги одгледуваат своите млади. Како истите реагираат? Дали се грижат за своите мали? За своите истражувања размени мислење со твоите соученици. Консултирај се со твојот наставник. Задача 3. Следење на растењето на маче или куче Ако имаш домашно милениче (куче или маче) следи го неговиот развој. Еднаш месечно мери ја неговата тежина, висина и должина. Во тетратката запишувај ги податоците. На таков начин можеш да дојдеш до сознанија за растењето на миленичето. За подобар преглед на напредувањето податоците можеш да ги внесеш во табела.

прв месец

втор месец

трет месец

четврт месец

должина см. висина см. тежина кг.

145


ТЕМА 11

146


ТЕМА 12

НАСЛЕДУВАЊЕ, ОПСТАНОК, СЕЛЕКЦИЈА

Со изучување на содржините на оваа тема ти ќе можеш: - Да го разбереш текот на наследните процеси: пренесување на наследните особини; - Да ги препознаваш и именуваш поимите: генетички материјал (хромозоми и гени) ; - Да го опишуваш текот на процесите на наследувањето и неговото значење за опстанокот на живите организми; - Накратко да ја опишуваш функцијата на генот; - Да ги разбираш и објаснуваш поимите модификација и мутација; - Да наведуваш примери за наследување, опстанок и селекција; - Да ги споредуваш природната и вештачката селекција преку одредени примери. Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава: -

наследување, генетички материјал, хромозоми, гени, модификации мутации опстанок, селекција.


ТЕМА 12 НАСЛЕДУВАЊЕ- ПРЕНЕСУВАЊЕ НА НАСЛЕДНИТЕ ОСОБИНИ ОД ЕДНА НА ДРУГА ГЕНЕРАЦИЈА

1

Од досега изученотo веќе знаеш дека една од основните биолошки одлики на секој жив организам е размножувањето. При овој процес постојано се создаваат поколенија кои личат на своите родители. На пример, од едноклеточното чевличе се добиват исти клетки-ќерки, од рибата - риби, од жабата - жаби, од волк се добиваат волци итн. Притоа, честопати си зачуден од тоа кога некој ќе ти каже дека личиш на мајка ти или на татко ти. Можеби и самиот се прашуваш како тоа бојата на твоите очи е иста со бојата на очите на мајка ти. Или обликот на носот е ист со обликот на носот на татко ти. Сигурно си се прашувал како тие особини ти се пренесени од родителите. Сличноста на поколението со своите родители настанува како резултат на една природна појава која се вика наследување. Преку процесот на наследување особините на двата родители се пренесуваат на поколението. Особините што се пренесуваат се наречени наследни особини. Значи, секој родител на своето поколение му предава наследен материјал кој е одговорен за наследните особини. Наследувањето непосредно е поврзано со клетките, односно јадрото во кое се сместени хромозомите. Во хромозомите сместени се гените – носителите на наследните особини. Пренесувањето на наследните особини бил проблем кој бил нејасен и ги интересирал луѓето од пред илјади години. Сепак, темелните проучувања за наследувањето почнале во почетокот на 19 век. Австрискиот монах Грегор Мендел сл.12.1, експериментирајќи со грашок открил дека постои прецизна шема во појавата на сличностите и разликите меѓу родителите и нивните потомци. Најголемиот придонес на Мендел за разбирањето на наследноста, било откривањето на постоење независни единици кои Сл. 12.1 се наследуваат. Подоцна овие независни единици се наречени гени.

Но, колку и да личат поколенијата на своите родители, тие никогаш не може да бидат потполно исти. Разликите се јавуваат бидејќи кај новите единки се јавува мешање на особините од двата роднители. Но, не само поради мешањето на особините, разликите се јавуваат и поради дејството на надворешната средина. Секој организам, како засебна единка се развива под влијание на два фактори. Сл. 12.2

148


Едниот фактор се наследните особини а другиот е влијанието на надворешните услови. Наследниот материјал од родителите на потомството ги носи сличностите а надворешните услови ги носат разликите кои се јавуваат меѓу родителите и поколенијата. Поради тоа ако ги споредиме родителите и нивните директни потомци ќе забележиме сличности, но и некои индивидуални разлики. Разлики се јавуваат и кај единките од една генерација. На пример, ако кучката окоти 5 или 6 кучиња, тие иако се слични сепак кај нив има некои одредени разлики, на пример: разлики во шарите или бојата на крзното. Од сето досега кажано може да се согледа дека во текот на животот од една генерација на друга наследните особини се пренесуваат, но и се менуваат. Градба на хромозоми Ако микроскопираме обоена клетка и ако подетално го разгледаме јадрото, ќе забележиме дека во него има кончеста материја, наречена хроматин (chroma“обоено” хрома-боја, сома – тело). За време на делба на клетката хроматинот поминува во кончести телца наречени хромозоми. Во хромозомите сместен е наследниот материјал. Во клетките на различни животни има разлика во бројот и големината на хромозомите На пример, кај некои видови на праживотни има и до 1600 мали хромозоми, а кај рибите тој број Сл. 12.3 е околу 100. Од друга страна кај винската мушичка има 8 а кај коњската глиста 2 хромозоми. Секој хромозом може да има илјадници гени, а секој ген носи информација само за одредена особина. Во клетките хромозомите се распоредени во парови. Во секој пар еден хромозом потекнува од мајката, а еден од таткото. Значи во клетките кај новиот организам добиени се гени за иста особина и од таткото и од мајката. На тој начин кај новиот организам се пренесуваат и мешаат особини од двата родители. Поради тоа кај новата едника може да се појават особини на таткото и на мајката. Гени Веќе кажавме дека гените се сместени на хромозомите. Гените се носителите на наследните особини. Најчесто еден ген е одговорен за една особина или пак повеќе гени може да се одговорни за една особина. Секој ген има строго одредена градба и се наоѓа на строго одредено место во хромозомот. Генот со себе носи информација за создавање на белковини, така што во клетката се создава само онаа белковина за која генот дал наредба да се создаде.

149


ТЕМА 12 Доминантни и рецесивни гени Според досега кажаното, можеме да дојдеме до заклучок дека новата единка за една особина има два гени. Едниот е наследен од таткото, другиот е наследен од мајката. Едно од откритијата на Мендел е дека гените можат да бидат или доминантни или рецесивни (скриени). Доминантен ген е наречен генот што носи особина која е изразена кај новата единка. Другиот ген од парот е наречен рецесивен (скриен) ген. Иако овој ген го има во клетките, неговата особина не е дојдена до израз. На пример, генот за темни очи е доминантен, додека генот за светли очи е рецесивен. Рецесивната особина ќе се појави, само ако во клетктата двата гени се носители на рецесивна особина, значи новата единка ќе има светла боја на очите ако од двата родители прими рецесивни гени за оваа особина. Пренесување на хромозомите и гените на потомството За да дојдеме до правилно сознание како се пренесуваат наследните особини треба да се потсетиме на делбата на клетката. Половите клетки (јајце клетки и сперматозоиди) се создаваат со посебен процес на клеточна делба, наречен мејоза. При мејозата се добиваат клетки во кои бројот на хромозомите е за половина помал од бројот на хромозомите во сите останати клетки. Значи секоја полова клетка има половина од бројот на хромозомите во споредба со другите клетки. Кога ќе се соедни јајце клетка со сперматозоид се добива зигот. Зиготот повторно добива цел пар на хромозоми. На пример: секоја клетка во телото на човекот има 46 хромозоми. Ислучок од ова се половите клетки кои имаат по 23 хромозоми. Кога ќе се соединат јајце клетка со 23 хромозоми и сперматозоид со 23 хромозоми се добива зигот што повторно има 46 хромозоми.

Сл. 12.4 Хромозоми во клетка кај човек

Сл. 12.4 Шема на сперматозоид и јајце клетка со по еден хромозом

150


2

МЕНЛИВОСТ НА ОРГАНИЗМИТЕ

Според досегашните сознанија на планетата Земја живеат над 30 милиони различни видови на живи организми. Најголем дел од нив се проучени или опишани. Дека живиот свет е многу разновиден говорат и податоците на новооткриени видови на растенија или животни кои се предмет на опишување и проучување. Сите овие податоци говорат за разновидноста на живиот свет. Ако се потсетиме дека животот на планетата Земја се појавил пред милиони години и дека сите живи организми потекнуваат од некој најстар предок, нормално е да се запрашаме како е можно со тек на време да се јават толку голем број на различни видови на живи организми. Но, во природата не постојат само различни видови на живи организми. Ако споредиме единки на популација од еден исти вид исто така ќе дојдеме до сознание дека единките иако имаат исти наследни особини, тие се разликуваат помеѓу себе. На пример: иако мачката ќе има пет мачиња, сите тие имаат поголеми или помали разлики кои се гледаат пред сè во бојата и шарите на крзното. Од сето ова би можело да се заклучи дека целиот жив свет на планетата Земја го карактеризираат две важни особини - единство, во однос на потеклото, и разновидност, во однос на големиот број видови кои се појавиле на Земјата. Секој вид е вистински единствен со свои одреден карактеристики и белези. Како резултат на различните белези и карактеристики можеш многу лесно да си го препознаеш твоето другарче. Да се потсетиме дека секој жив организам се развива под дејство на два фактори: наследниот материјал и надворешната средина. Наследниот материјал кој е пренесен од родителите на поколенијата го одредува видот и неговите карактеристики. Но бидејќи кај поколението има мешање на особините од двата родители, на пример, во едно исто легло на кучиња, иако сите тие имаат ист наследен материјал се јавуваат разлики во нивите обележја. Со самото раѓање на новите единки тие почнуваат да се развиваат и под дејство на надворешнит услови. Овој развој доведува исто така до промени на единките за да може да опстојат во надворешната средина. Од ова можеме да дојдеме до заклучок дека единките покрај наследувањето имаат Сл. 12.5 способност да се променуваат. Во основа постојат два вида на промени: модификации и мутации. Модификациите се промени кои се јавуваат кај животните со цел подобро да се прилагодат на условите кои владеат во надворешната средина. Тие се јавуваат кај единката но не се резултат на променет наследен материјал. Тоа значи штом престане дејството на надворешните фактори овие промени исчезнуваат. На пример, под дејство на сонцето во лето твојата кожа потемнува, а во зима се враќа бојата што била претходно. Или, човекот кој спортува има развиени мускули, но кога ќе престане да спортува таа модификација престанува.

151


ТЕМА 12

Сл. 12.6 Модификации кај зајак предизвикани од надворешно влијание

Мутациите исто така се јавуваат под дејство на надворешните фактори. Но, тоа дејство предизвикало промена на наследниот материјал – гените. На тој начин оваа промена се пренесува и на половите клетки а со тоа и на нивното поколение. Мутации можат да настанат под дејство на: радиоактивно или космичко зрачење, брзи промени на температурата или пак од хемиски материи кои се внесуваат со храната. Кај човекот мутации може да се јават и како резултат на прекумерна употреба на лекови. Сите овие фактори предизвикуваат промени во градбата, структурата или местоположбата на некој ген, а со самото тоа се јавуваат и промени во хромозомот. Како последица на тоа кај новата единка може да се изгуби некоја особина или да се добие нова.

Сл. 12.6 Мутации кои предизвикуваат промена на изгледот на киришката на петелот

152


3

БОРБА ЗА ОПСТАНОК И СЕЛЕКЦИЈА Природна селекција Дали некогаш си се запрашал што означува поимот селекција? Зошто таа е важна во биологијата и општо за живиот свет? Дали можеш да си замислиш што ќе се случи, ако во еден изолиран простор подолго време живее одреден вид, кој слободно се размножува и развива, го зголемува својот број, а просторот во кој живее останува ист?

Веќе ти е познато дека секоја единка со себе носи наследни особини кои и овозможуваат да може да расте да се развива и да ги врши сите свои животни активности. Но, таа единка не се развива само под дејство на наследните особини, туку се развива и под дејство на условите кои владеат во надворешната средина. Во средината во која што живее, единката мора постојано да бара храна, вода, место за живеење и се она што и е потреебно за да опстои. Ако бројноста на популацијата се зголеми тогаш потребите за храна, простор, вода и други услови во тој простор не можат да бидат задоволени. Затоа, неопходно е да се јави натпревар за потребите или „борба за опстанок”. „Борбата за опстанок” подразбира безмилосрден натпревар помеѓу единките за територија и за сите нивни животни потреби. Доколку единките со себе носат особини кои ќе им овозможат да бидат најсилни, најснаодливи, тогаш тие ќе преживеат. Единките кои не ги поседуваат тие особини изумираат. Борбата за опстанок се јавува меѓу самите единки од една популација, помеѓу единките од различни популации (плен-предатор), како и помеѓу единките и условите кои владеат во надворешната средина. Првите сознанија за начините на прилагодување на живите организми кон условите на средината ги дал англискиот природонаучник Чарлс Дарвин. За ова на Дарвин му помогнале собраните материјали и испитувањата направени за Сл. 12.7 време на патувањето со бродот „Бигл“. Фосилите што Дарвин ги видел, во седиментните слоеви во Јужна Америка, го убедиле дека видовите се далеку од тоа дека се неменливи и вечни. Напротив, тие подлежат на постојана менливост, создавање и изумирање. Тие промени се јавуваат како резултат на “борбата за опстанок”. При оваа борба се врши селекција односно одбирање на оние организми кои подобро се прилагодиле.

153


ТЕМА 12 Борба за опстанок и природна селекција Уште одамна е познато дека некаков вид “селекција” постои во природата - потомството родено со некои недостатоци најчесто умира, најмалите и најслабите пилиња во гнездото најчесто не успеваат да се развијат и израснат. Секој организам живее во неживата природа и со неа е заемно поврзан. Меѓутоа, тој е поврзан и со други организми во популацијата, но и со организмите на други популации од ист или различен вид. Според тоа, секој организам е член на животната заедница која е составена од многубројни популации од тој вид или други видови. Организмите можат меѓусебно да бидат посредно или непосредно поврзани. На пример, соколот како грабливец и зајакот како негов плен се во непосредни меѓусебни односи. Слични односи има меѓу мачката и глушецот, змијата и жабата и многу други. Посредни односи се јавуваат кај организмите од ист вид или различни видови што се упатени на слични услови за живот. На пример, организмите од ист вид користат иста храна, па посредно преку исхраната се поврзани. На пример, сите видови на скакулци во една ливада користат иста храна На сличен начин може да бидат поврзани и различни видови животни: волкот, лисицата, јастребот ловат зајаци или пак змијата белоушка и штркот се хранат со жаби. Но, односите можат да бидат и многу разновидни. Живите организми посредно се поврзани со животната средина. Тие од животната средина ги земаат сите материи кои им се потребни за нивните животни активности. Секоја промена на условите во надворешната среднина на пример, зголемена или намалена светлина, драстични температурни промени и слично, во помала или поголема мера влијае на самите организми. Во таа борба со условите во надворешната средина многу единки изумираат, а опстојуваат само оние единки кои поседуваат особини кои им овозможуваат да преживеат и остават потомство. Кај единките од ист вид се јавува „борба за опстанок” за храна, живеалиште, за партнер и слично. Во таа борба, исто така, опстојуваат само единките кои имаат особини што им овозможуваат да бидат најдобри. Во борбата за женки победува најјакиот мажјак, односно најснаодливиот. Победникот се пари со женките и создава свое потомство а оној што изгубил нема да создаде свое потомство На тој начин наследните особини од најјакиот мажјак се пренесуваат на новите поколенија.

Сл. 12.8 Слика на страна 141 книга Животиње борба на два зајаци

154


Сл. 12.9

Сл. 12.10

Непосредна и сурова „борба за опстанок” се јавува помеѓу грабливецот и пленот. Во оваа борба исто така опстојува најјакиот и најснаодливиот.

Сл. 12.11

155


ТЕМА 12 Без разлика за кој облик на „борба за опстанок” да се работи, опстојувањето на организмите произлегува од наследните особини, разликите кои се јвуваат кај единките и нивната способност за променливост. На тој начин во природата се врши селекција при што опстојуваат најјаките и најспособите единки. Природната селекција е придвижувач на еволуционите процеси, а се јавува како резултат на постоењето на наследни промени кои се јавуваат кај единките од ист вид. За да може што подобро да опстојат во природата кај животните се јавила способност за плодност. На тој начин организмите во природата се размножуваат многу брзо и даваат повеќе потомство отколку што се нивните возрасни единки. Колку е можноста за преживување е помала, толку плодноста е поголема. На пример, рибите или жабите создаваат илјадници јајца Дел од тие јајца, како резултат на надворешното оплодување, нема да се оплодат а од дел на оплодените јајца нема да се развијат ембриони. Дел од младите единки ќе изумрат или ќе бидат изедени. Значи од огромниот број на јајца само дел ќе се развијат во возрасни единки ќе се развијат во возрасни единки кои ќе можат да остават свое потомство. Птиците и цицачите пак, како резултат на подоброто прилагодување, создаваат помалубројно потомство. Суштината на природната селекција е во тоа што само прилагодените единки опстојуваат во природата. Тие имаат можност своите наследни особини, кои им овозможуваат да преживеат, да ги пренесуваат на своите поколенија. За да можат што подобро да се прилагодат, а со самото тоа да опстојат во средината во која живеат, кај некои видови на животни се јавиле различни промени. Така, на пример кај некои видови на животни бојата на телото е многу слична со околината во која што живеат. На тој начин тие се помалку забележливи од своите непријатели. Кај други видови се јавуваат јаки обојувања на телото што го опоменуваат непријателот дека содржат некои заштитни материи и поради тоа нема да бидат изедени. Оваа појава најчесто се среќава кај животните кои создаваат отров како, на пример, змиите отровници. Но во природата некои видови на животни, со своето обојување, се прилагодиле да ги емитираат овие отровни животни. На тој начин непријателот избегнувајќи ги отровните животни ги избегнува и нив. Некои видови на животни создаваат непријатна миризба која го одбива непријателот.

156


Природната селекција и искуствата од нејзиното проучување довеле до појава на смислена селекција во природата. Таа е наречена вештачка селекција. Вештачката селекција е човечка активност на вкрстување на растенија и домашни животни, одбрани поради нивните добри особинии. Сегашните бројни културни растенија и домашни животни водат потекло од дамнешни диви предци. Со помош на вештачата селекција денес се добиени голем број селектиран добиток, кучиња, свињи и друго, кои се многу подобро приспособени за она за што се наменети. Со вештачка селекција се добиваат животни кои многу се разликуваат од животните од кои тие потекнуваат.

Сл. 12.7 (а) Шумски волк најблизок роднина и, најверојатно предок на домашното куче. Сибирска хаска, едно од повеќе од 300 видови домашни кучиња. И покрај неверојатните разлики меѓу различните раси, сите тие се дел од еден ист вид и се способни за меѓусебно размножување. а

157


ТЕМА 12

Додаток Дознај нешто повеќе за големиот биолог Чарлс Дарвин и за неговото патување со бродот „Бигл“? На 21 година, младиот Чарлс Дарвин веќе станал доктор по медицина на Универзитетот во Единбург, а потоа селски свештеник на Универзитетот во Кембриџ. Овие две професии премалку го исполнувале Дарвин, бидејќи бил незаинтересиран за истите. Напротив, Дарвин бил заљубен во изучувањето на инсектите, историјата на природата, историјата на земјата, ловот. При неговите студии и хобија, тој запознал многу познати професори на универзитетите во Кембриџ и Единбург. Летото 1831 година, Дарвин работел со еден научник кој ги испитувал слоевите на Земјата. По неговото враќање во Кембриџ тој од професорот бил препорачан да биде придружник на капетанот на бродот „Бигл“. Овој истражувачки брод требало да плови околу брегот на Јужна Америка. На 27 декември 1831 година, „Бигл“ испловил од пристаништето во Девенпорт, Англија (сл. 12.8). Дарвин не ја поднел пловидбата најдобро, бидејќи страдал од морска болест. „Бигл“ не се вратил во Англија пет години. Во тој период, тој пловел до пристаништа и острови во јужната хемисфера на Земјата (сл. 12.8а). При секое од запирањата на бродот, Дарвин слегувал од бродот и собирал примероци на растенија, животни, птици и инсекти. Често патувал и на копното, проучувајќи и собирајќи материјали и пишувал подробен дневник за неговото патување. Сл. 12.8 Бродот „Бигл“ со кој пловел Чарлс Дарвин, по пристаништата и островите во јужната хемисфера на Земјата.

158


Збирен преглед за брзо да повториш 1. Сличноста на поколението со своите родители настанува како резултат на една природна појава која се вика наследување. Преку процесот на наследување особините на двата родители се пренесуваат на поколението. Особините што се пренесуваат се наречени наследни особини. 2. Наследувањето непосредно е поврзано со клетките, односно јадрото во кое се сместени хромозомите. Во хромозомите сместени се гените – носителите на наследните особини. 3. Гените можат да бидат или доминантни или рецесивни (скриени). Доминантен ген е наречен генот што носи особина која е изразена кај новата единка. Другиот ген од парот е наречен рецесивен (скриен) ген. Иако овој ген го има во клетките, неговата особина не е дојдена до израз. 4. Со мејоза се добиваат полови клетки, јајце клетки и сперматозоиди, во кои има половина од бројот на хромозомите во другите клетки. 5. Секој организам, како засебна единка се развива под влијание на два фактори. Едниот фактор се наследните особини а другиот е влијанието на надворешните услови. 6. Мутациите се измени што се случуваат во градбата на гените и поради тоа се појавуваат промени во особината што се наследува од тој дел на генот. Мутациите се пренесуваат на потомството 7. Модификациите се измени што се случуваат под дејство на надворешните услови. Модификациите не се пренесуваат на потомството 8. Природната борба за опстанок во природата овозможува да опстанат само најспособните единки од видот. 9. Со вештачката селекција се користат сознанијата од природната селекција и се создаваат единки со најдобри особини.

159


ТЕМА 12 Провери го своето знаење: Што се наследни особини? Во кој дел на клетката се сместени гените? Што се хромозоми? Објасни кои клетки се добивааат со мејоза. Кога одредена особина носена од рецесивен ген ќе се појави потомството? 6. Што се мутации, а што модификации? 7. Резултат на какви промени е природната селекција? 8. Наброј неколку примери на корисна вештачка селекција.

1. 2. 3. 4. 5.

кај

Истражувај и споредувај Задача 1. Собирање на растенија и инсекти Прибор и материјал: тегличка со капак, кеса и тетратка за евидентирање на податоци Упатство за работа: Од твојата блиска шума собери неколку млечки или овчарски торбички и еленчиња. Исто така од дворот на училиштето или твојата куќа собери исти такви видови на растенија и инсекти. Задача 2. Оддели ги млечките според местото каде си ги собрал. Измери ги нивната висина, големината на листовите, должината на коренот. Кое растение има поголеми листови, подолг корен и е повисоко? Знаеш ли зошто е така? Задача 3. Еленчината кои си ги собрал подели ги според местото каде си ги нашол. Измери ја нивната големина. До кои сознанија доаѓаш? Можеш ли да дадеш објаснување? Податоците кои си ги добил евидентирај ги во тетратка. Размени ги со твоите соученици и спореди ги. Провери со наставникот дали се точни твоите сознанија. Задача 4: Побарај од наставникот видео снимка за начини на живеење на животните во една средина. Следи ја внимателно емисијата, а потоа со твоите разменете мислења со соучениците и обидете се да извлечете некои заклучоци. Задача 5. Микроскопирање на клетки за време на делба. Потребен материјал: готови микроскопски препарати на клетка за време на делба, микроскоп и тетратка Упатство за работа: Најди го видното поле на микроскопот, постави го препаратот и микроскопирај прво на мало зголемување а потоа на големо зголемување. Сликата што ја гледаш потруди се да ја нацрташ. Забележи дали се гледаат хромозомите и како истите се распоредени. Провери ја твојата работа со соучениците и наставникот.

160


ТЕМА 13

ОРГАНИЗМИТЕ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Со изучување на содржините на оваа тема ти ќе можеш:

-

Да ги препознаваш и користиш поимите што се поврзани со природата; Да ги дефинираш и опишуваш животната средина, животната заедница и екосистемот; Да го опишуваш влијанието на еколошките фактори врз правилниот раст и развој како и опстанокот на животните; Да ги објаснуваш со свои зборови и поткрепувања животните заедници, видовите екосистеми и еколошките фактори; Да ги избираш и подредуваш синџирите на исхраната и претставниците во пирамидите на исхраната со кружењето на материјата.

Поими што ќе ги проучуваш во оваа глава:

-

oрганизација во природата, еколошки фактори, синџири на исхрана, пирамида на исхрана, еколошка контрола. oдржлив развој


ТЕМА 13 ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА

1

ЕКОЛОГИЈА Посебната наука во биологијата која ги проучува заемните односи меѓу организмите и средината од која зависи нивното опстојување е наречена екологија. Во екологијата се изучуваат меѓусебните односи на организмите, нивните заемни дејства со надворешната средина, промените на животните во содејство со надворешната средина, биолошката продукција, како и врската на човекот со живата и неживата природа. Според тоа, екологијата ги испитува законитостите на многу сложените заемни дејства меѓу самите живи организми, од една страна, и односите на живите организми со надворешната средина, од друга страна. Биосфера Биосферата го претставува вкупниот простор на планетата Земја кој е населен со живи организми. Живите организми може да опстојат над површината на Земјата и до околу 5000 метри височина, како и во длабочината на морињата до 4000 метри. Исто така, живи организми се среќаваат и во длабочина на земјата од околу 5 до 10 метри. Живот постои и надвор од овие граници. Така, некои мовови на Хималаите се наоѓаат на 6000 метри, на Андите на 6500 до7000 метри има лишаи, а голем број организми во морињата можат да живеат и на длабочини над 4000 метри. При дупчењата на нафтените полиња се пронајдени живи бактерии и на длабочина од 2000 до 3000 метри. Живите организми се прилагодиле да живеат и на екстремно лоши или неповолни услови. Некои видови живеат на температура и до -500 Ц, додека други пак населуваат термални води со температура од +65 до 700 Ц. Според тоа, животот може да постои насекаде на Земјата каде живите организми пронашле и обезбедиле неопходни услови за своето живеење, односно биосферата е систем во кој континуирано се остварува кружење на материјата и проток на енергијата.

Сл. 13.1

162


ЖИВОТНА СРЕДИНА Живите организми својот животен век го поминуваат во својата средина со која ги поврзуваат многубројни меѓусебни односи. Животна средина претставува населен дел на Земјиниот простор во кој живите организми можат да опстојат. Во неа се јавува збир на влијанија што дејствуваат врз организмите на местото каде што тие живеат. Таквите влијанија доаѓаат како од неживата, така и од живата природа во околината која ги окружува живите организми. Според тоа, под поимот средина не треба да се подразбира само неживата природа туку и сите фактори заедно, вклучувајќи ги и живите организми кои како целина ја создаваат животната средина. Во животната средина живите организми наоѓаат се што им е потребно за опстанок, развој и размножување. Животната средина, во поширока смисла на зборот, ја опфаќа целокупната биосфера како најголем и најсложен биотички систем, во чии рамки сите живи организми имаат сопствено место со сите свои специфичности. Според основните особини на просторот разликуваме водена и копнена животна средина. На копното разликуваме воздушна, копнена и подземна животна средина. Кога станува збор за човекот кој, освен биолошко, е и општествено суштество, како негова животна средина се подразбира и изменетата околина што тој самиот ја создал, која, освен од природните компоненти, се сосотои и од стопанските, социјалните, културните и политичките компоненти. Според тоа, целата животна средина може да се подели на природна средина, составена од два дела-природен (еколошки и геолошки) и преобразен дел на природната средина, наречен техносфера. Екосферата го претставува делот на животната средина со кој човекот е поврзан, но не учествува во неговото создавање и преобразување. Животната средина, во широка смисла на зборот, ја опфаќа целокупната биосфера како најголем и најсложен биотички систем, во чии рамки сите живи организми имаат сопствено место со сите свои специфичности.

Сл. 13.2 Помор на риби

163


ТЕМА 13

БИОТОП (ЖИВЕАЛИШТЕ) Делот од животната средина кој се одликува со релативно исти животни услови е наречен биотоп. Секој биотоп е населен со збир на живи организми кои се својствени за тој биотоп, што значи дека посебните биотопи се разликуваат едни од други. Биотоп, на пример, претставува едно езеро, река, една дабова или букова шума. Во секој од овие биотопи е населена посебна комбинација на живи организми. Телото на секој жив организам, кој е составен дел на биотопот, е изградено од истите материи кои се наоѓаат и во неживата природа (јаглерод, водород, кислород, азот, фосфот и други). Исто така, речиси сите животни процеси зависат од хемиските соединенија од надворешната средина. Од неживата компонента во биотопот во многу ќе зависи кои видови на организми ќе го населат Зголемувањето или намалувањето на количеството на само еден значаен елемент во биотопот, може да предизвика големи промени во составот на живите организми, а со самото тоа и на целиот екосистем. На пример, намалувањето на кислородот во водата може да предизвика помор на рибите и на други водени организми (сл.13.2). Од друга страна пак, зголемувањето на азот во почвата може да доведе до зголемување на бројот на коровните растенија, кои во такви улови ги истиснуваат растенијата кои се помалку прилагодени. Климата која владее во биотопот во голема мера ги одредува условите во биотопот. Имено, од количеството на светлина, температура, врнежи или брзината на ветровите директно зависи кои видови на живи организми ќе може да живеат во биотопот. Во природата единките од еден ист вид организми населуваат одреден простор и припаѓаат на некоја заедница. Групата на единки од еден вид која населува одреден простор во животната средина е позната како популација. На пример: сите диви зајаци кои живеат во одредена шума Сл. 13.3 се популација на зајаци, сите змии се Дрвото е живеалиште на голем број животни популација и така натаму. Во еден биотоп живеат различни популации на животни и растенија. Сите тие директно или индиректоно се поврзани помеѓу себе. На тој начин се формираат заедници од различни популации кои се прилагодиле на условите кои владеат во дадениот биотоп. Таквите сложени заедници на различни популации се наречени биоценози или животна заедница. На различни живеалишта се јавуваат различни животни заедници кои се составени од Сл. 3.1

164


Единка

најразлични видови на живи организми. Колку се поголеми разликите во условите кои владеат во биотопот, толку и составот и особините на биоценозата се различни. Без разлика во каков биотоп се развиваат, и од колку видови се состои, секоја животна заедница има една заедничка особина. Во секоја животна заедница застапени се произведувачите, потрошувачите и разградувачите.

ЕКОСИСТЕМ Животната заедница (биоценозата) е во тесна врска со биотопот со кој создаваат една целина која е наречена екосистем. Во еден екосистем помеѓу различните видови на живи организми, како и помеѓу живите организми и неживата природа се вршат неколку значајни Животна заедница процеси кои во екологијата се дефинирани како: односи на исхрана, кружење на материјата, протекување и претворање на енергијата и развој и еволуција на екосистемот. Овие процеси се специфични само за екосистемот. Овие еколошки односи дефинирани се како: Еко систем - акција – збир на дејства на неживата компонента (биотоп) врз живите организми кои се негов составен дел (биоценоза) реакција – збир на дејства на живите организми врз биотопот при што дејствуваат во обликувањето на еколошките услови на тој Биосфера биотоп, - коакција – заемното влијание на живите Сл. 13.4 организми во биоценозата. Животната заедница како збир на Организација во природата различни популации претставува многу сложен биолошки систем. Таа има своја просторна и своја временска организација. Сето тоа овозможува во исти надворешни услови да живеат максимално голем број на различни видови растенија и животни. Во секоја животна заедница секој жив организам зазема свој дел во просторот и користи свои ресурси. На тој начин на еден одреден простор можат да живеат, без да си сметаат едни на други, голем број на организми Просторната организација на животната заедница ја подразбира нејзината градба и состав. Градбата на биоценозата претставува распоред на нејзините членови во просторот. На пример, структурата на една шумска и една пустинска заедница е различна. Секоја животна заедница има посебна градба и посебен изглед. На пример, две различни шумски заедници можат да имаат скоро иста, составена од скоро идентична катовна распореденост на растенијата. Меѓутоа нивниот изглед може да биде сосема различен. Во Популација

165


ТЕМА 13 спратот на дрва во едната заедница доминираат листопадните драва, а во втората заедница зимзелените, па изгледот на една листопадна и една зимзелена шума е сосема различен. Различните членови на биоценозата своите животни активности можат да ги остварат во различно време. Ова претставува временска организација на животната заедница. Таа

Сл. 13.5 Сл. 13.5. Во шума најголема бројност и густина имаат високите дрва (а), а во пустината кактусите и други ниски зељести растенија (б).

166

подразбира дневни, месечни и сезонски промени кои не предизвикуваат битни промени во составот и особините на животната заедница Дневни промени се јавуваат како последица на дневноноќниот ритам на активности на некои членови на биоценозата. На пример, многу видови животни се активни само дење, додека во текот на ноќта се скриени во своите живеалишта. Од друга страна пак постојат животни кои дење се скриени во своите скривалишта додека пак ноќе се активни. Месечевите промени на Сл. 13.6 некои членови од биоценозата се поврзани со ритамот на појавување на Месечината. Особено се карактеристични како некои видови на риби чија активност директно зависи од месечевите мени, додека пак некои видови морски прстенести црви, излегуваат надвор од своите дупки и се ројат на површината во зависност од Сл. 13.7 месечината.


Сезонски промени се јавуваат во зависнот од смената на годишните времина. Во листопадните шуми се разликуваат четири сезони, во кои членовите на биоценозата функционираат на различни начини. Во есен доаѓа до паѓање на листовите и растенијата поминуваат во повеќемесечно мирување. Во зима целата биоценоза е под снег. Тогаш речиси сите членови на биоценозата потполно мируваат. Во пролет, со зголемувањето на темературата и поволните климатски услови започнува активноста на биоценозата. Летото е период на максимална активност. Значи во четирите сезонски промени се јавуваат сосема различни изгледи на биоценозата.

2

УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ ВО ЕКОСИСТЕМОТ: ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ

Во секој биотоп владеат различни услови за живеење, а во исто време живает голем број на различни видови живи организми. Количината и составот на различни облици на нежива материја, климатските прилики, како и составот на биоценозата ги одредуваат условите за Сл. 13.7 живот во биотопот. Секој жив организам во живеалиштето е изложено на дејство на различни фактори од надворешната средина. Тие ги одредуваат условите во биотопот и наречени се еколошки фактори. Еколошките фактори се поделени во две групи: - абиотички фактори се условите во надворешната средина кои влијаат врз живите организами - биотички фактори - заемното дејство на живите организами Значи во еден екосистем, на секој жив организам во исто време делуваат и абиотичките и биотичките фактори. АБИОТИЧКИ ФАКТОРИ Во секој екосистем делуваат многу различни и слижени абиотички фактори кои можат да се поделат во три групи. 1. Климатски фактори. Во оваа група на фактори опфатени се: температурата, светлината, влажноста на воздухот, брзината и честотота на ветерот, количеството и распоредот на врнежите и друго. Тие ги одредуваат основните особини на климата која владее во една област. Влијанието на климата врз живите организми во една биоценоза е доста големо. Таа во основа ја одредува општата карактеристика на живиот свет во некоја област. Дека активноста на рибите, водоземците и влекачите, кои немаат постојана температура на телото, директно зависат од промените на температурата во надворешната средина. Ако надвор температурата е повисока, како резултат на загревање на нивното тело, тие побрзо се движат, односно имаат зголемена активност. За разлика од тоа, кај птиците и цицачите, како резултат на постојаната температура на телото, активноста не зависи од промената на надворешната температура. Промените на светлината, исто така, имаат влијание врз живите организми. Некои видови на животни се активни при интензивна сончева севетлика, додека

167


ТЕМА 13 пак други, како на пример лилјакот, се активни ноќе. Исто така, и влажноста на воздухот кај некои видови на животни има значајна улога. Одредени животни се активни кога времето е врнежливо и има влага, односно после дожд, на други пак таа влага им пречи. На пример полжавот.

2. Едафските фактори, каде спаѓаат физичките и хемиските карактеристики на почвата, како што е количеството на одредени полезни или отровни елементи, хумус и друго. Така, земјиштето ја одредува основната особина на почвата. Секаде каде на површината на земјата постојат живи организми, постојат и различни облици на почва. Како резултат на влијанието на живите организми, воздухот и водата, површинскиот слој на земјата се претвора во плодно земјиште. Плодност е способност на земјата да ги снабдува растенијата со вода, минерални материи и кислород. Ако површинскиот слој на земјата не е плоден, растенијата не би можеле да опстанат. Поради тоа почвата е една од основните компоненти на екосистемот. Колку плодноста на земјата е поголема, толку и количеството на произведена храна на растенијата, ќе биде поголемо. Во почвата, исто така, се одвива најголемиот дел од процесот на разградување на органските материи. Според тоа од својствата на почвата ќе зависи и брзината на фотосинтезата и интензитетот на разложување на органската храна. На површината на почвата и во нејзините плитки делови непрестано се раѓаат, живеат и умираат безброј организми. Според тоа почвата е живеалиште на милиони различни видови живи организми кои припаѓаат на различните царста, 3. Орографски фактори. Во оваа група на еколошки фактори спаѓаат: релјефот, распространетоста на почвата, косината на теренот, надморската височина, поставеноста кон одредена страна на светот и друго. Рељефот како фактор не дејствува директно на живите организми, но има влијание на климатските особини во биотопот. Од друга страна, со зголемување на надморската височина опаѓа температурата. Поставеноста кон различните страни на светот има влијание врз промена на животната заедница. Имено, јужните падини се потопли и посуви, па и составот на живиот свет се разликува во споредба со живиот свет од северните падини кои се поладни и помалку осветлени. БИОТИЧИ ФАКТОРИ Врз развојот на животната заедница во еден екосистем големо влијание имаат и биотичките фактори. Тие го опфаќаат: заемното дество меѓу организмите, влијанието на живите организми на надворешната нежива природа и влијанието на човекот. Заемното дејство меѓу организмите ги претставува најсложените односи кои владеат во екосистемот. Поврзаноста на начините на исхраната на членовите во биоценозата е еден од најосновните и најважни типови односи кои владеат во екосистемот. Освен односите на исхрана, во секоја биоценоза постојат голем број на различни видови на односи. Тие најчесто се поврзани со проблемите на живеалиште, размножување или раселување на членовите на животната заедница. На пример, рисот се бори за својот биотоп. Ако во неговото живеалиште навлезе некој друг рис се јавува борба за територија. Ако таа борба е успешна, рисот го задржува својот простор и изворот на храна. Заемното дејство помеѓу организмите во заедницата може да биде на ниво на единки од ист вид и единки од различни видови. Односите можат да бидат воспоставени помеѓу самите

168


произведувачи, потрошувачи и разградувачи. Во секоја животна заедница постојат посебни видови на односи помеѓу растенијата, посебни видови на односи помеѓу животните, а сосема посебни и многу различни видови на односи помеѓу растенијата и животните. На прв поглед, ќе речеме, дека особините на неживата природа, како што се морето, езерото, движењето на воздухот, водата, карпите или планините не зависат од живите организми. Меѓутоа дејството на живите организми на неживата природа е постојано, а понекогаш и многу значајно. Така се знае дека целото количество кислород и најголем дел од јаглероддиоксидот во природата го создаваат: произведувачите, потрошувачите и разградувачите. Исто така, големи наслаги на варовникови карпи кои како подводни корални острови се јавуваат во топлите мориња низ вековите настанале со таложење изумрените корали. Настанатите корални острови постепено преминуваат во живеалишта на голем број морски видови на организми. Големинте наслаги на јаглен и богати наоѓалишта на нафта и природен гас, исто така, настанале со делување на живите организми во далечното минато. Денес, посебно изразено е влијанието на современиот човек на растенијата и животните, како и на природата на планетата Земја во целина. a)

b)

Сл. 13.8 Дали можеш да наброиш неколку начини на кои човекот делува на животната средина? Сите горе споменати еколошки фактори не дејствуваат засебно. На против, сите тие во природата дејствуваат истовремено. Тоа значи дека на секој жив организам во исто v) време дејствуваат и абиотичките и биотичките фактори. Во еден екосистем еколошките ефактори не дејствуваат само на живите организами. Тие дејствуваат и едни на други. На пример: зголеменото количество на сончеви зраци ја зголемува темературата која пак од своја страна предизвикува зголемено испарување на водата и на тој начин се зголемува влажноста на воздухот, а од друга страна се зголемува и облачноста. Зголемената облачност пак доведува до намалување на продирањето на сончевите зраци, а со самото тоа има намалена светлина.

169


ТЕМА 13

3

ОДНОСИ И СИНЏИРИ НА ИСХРАНА ВО ЕКОСИСТЕМОТ

За да може еден жив организам да ги врши сите свои животни активности: одржување на внатрешната градба на клетките, ткивата и органите, движењето и размножувањето, потребно му е одредено количество на енергија. За да може пак организмот правилно да биде изграден и нормално да функционира потребна му е храна. Значи секој жив организам има две основни потреби: потреба од енергија и потреба од хранливи материи. Живите организми енергијата ја обезбедуваат од храната. Поради тоа секој жив организам мора да се храни. За правилно функционирање на организмот храната без разлика од кој облик е и какво потекло има, мора да ги содржи сите потребни материи. Бидејќи живите организми неопходната храна ја наоѓаат во својата животна средина, односите на исхрана се еден од основните односи во секоја животна заедница. Кој што јаде? и Кој кого јаде? се основни еколошки прашања. Биоценозите се збир на различни видови организми кои се хранат на различни начини. Да се потсетиме: според начинот на исхрана живите организми поделени се на: 1. Произведувачи се наречени организмите кои самите за себе создаваат храна. Тоа се сите зелени растенија, алгите и некои бактерии кои имаат хлорофил. При процесот на фотосинтеза зелените растенија произведуваат органска храна со која самите се хранат. 2. Потрошувачи се организмите кои не се способни самите за себе да произведуваат готова храна и истите ја користат создадената храна на произведувачите. Низ текот на еволутивниот развој различни видови на животни се прилагодиле на различни начини на исхрана. Една група на животни се храни исклучиво со растенија, тоа се тревојади. Друга голема група се храни со храна од животинско потекло. Тоа се месојади. Третаа група која е многу помала од претходните две се прилагодила да користи храна од растително и животинско потекло. Тоа се сештојади 3. Разградувачите се организми кои органската храна ја разградуваат до нејзините составни делови, односно вода и минерални материи. Според начинот на исхрана, потрошувачите поделени се на: потрошувачи од I, II и III ред. Потрошувачи од I ред се животните кои се хранат со растенија – тревојади. Потрошувачи од II се месојади кои се хранат со тревојадите но тие се и храна на други месојади. Потрошувачи од III ред се месојади кои се хранат со тревопасни и други месојадни животни. Тие во природата најчесто немаат природни непријатели. Во зависност од бројот на членовите во еден синџир, може да има и потрошувачи од IV или V ред. На пример: гасеницата која се храни со листови е потрошувач од I ред, птицата пејачка која се храни со гасеницата е потрошувачи од II ред, а орелот кој се храни со птицата пеачка е потрошувач од III ред. Постојат и многу мали животни, најчесто инсекти или некои црви,кои се прилагодиле да се исхрануваат со остатоци од изумрени растенија и животни. Овие организмите, исто така, се потрошувачи. Исхранувајќи се со распаднати растенија или животни тие ја ситнат хранат и ја припремаат органската материја за крајниот процес на разградување, кој најпосле ќе го завршат габите и бактериите односно разградувачите.

170


Односите на исхраната во рамките на животната заедница цврсто ги поврзуваат сите членови на произведувачите, потрошувачите и разградувачите. Така, во рамките на овие односи, членовите на биоценозата живеат едни на сметка на други. Почетокот и крајот на тој синџир на исхрана го означува и правецот на протокот на енергијата. Бројот на членовите во еден синџир на исхрана ретко е поголем од 4 до 5. Во зависност од односите меѓу членовите вклучени во синџирите на исхрана во биоценозата тие може да се поделат во три основни групи: Синџири на грабливци (грабливски синџири на исхрана). Во овој синџир првата алка се зелените растенија. Втората алка се тревојадните животни кои можат да јадат и да бидат изедени, односно тие се двострана алка на синџирот. Третата алка ја претставуваат грабливците кои се месојадни, кои, исто така, се двострана алка, бидејќи тие можат да бидат изедени од поголеми и посилни грабливци. Паразитски синџири на исхрана. Во овој систем на исхрана, исто така, првата алка се растенијата на кои се надоврзува втората алка која е претставена од тревојадните животни, но, за разлика од претходниот синџир овде третата алка ја претставуваат паразитите кои живеат на сметка на тревојадното животно. Сапрофитски синџири на исхрана. Во овој вид исхрана првата алка е мртва органска материја, втората е составена од ситни инсекти кои се хранат со мртвата материја, а третата алка е составена од бактериските разградувачи. Во природата синџирите на исхрана меѓусебно се поврзани и испреплетени во мрежа од синџири на исхрана. Со едно растение најчесто се храни голем број на различни тревојадни животни. Еден месојад во својата исхрана има поголем број на животни кои се наоѓаат на различни нивоа во синџирите на исхрана. Односите на исхрана кои владеат во еден екосистем се уште посложени поради сештојадите кои се хранат со различна храна. Преку синџирите на исхрана хранливите материи преминуваат од еден во друг организам, од едно на друго ниво. Заедно со хранливите материи од едно во друго ниво поминува и енергијата. Тревојадите ја користат растителната храна и ја вградуваат во своето тело. Енергијата која е складирана како скриена хемиска енергија тревјадите дел ја користат за своите животни активности а дел заедно со храната ја вградуваат во своето тело. Кога месојадите ќе ги изедат тревојадите, храната и вградената и вградената енергија преминува и се вградува во нивното тело. Со умирањето на месојадите, на нив се населуваат габите и микроорганизмите, кои се хранат со органската храна и ја претвораат во неоргански материи. Неорганските материи од почвата ги користат произведувачите. Енергијата пак се ослободува најчесто како топлина и неповратно се губи во животната средина. Значи преку исхраната, која започнува со растенијата, преку животните и микроорганизмите, хранливите материи повторно доаѓа до растенијата. На тој начин хранливите материи кружно движат во екосистемот, а скриената хемиска енергија движеќи се со храната низ живите организми се трансформира од еден во друг облик и на крај неповратно се губи.

171


ТЕМА 13 Во природата постои рамнотежа помеѓу бројноста на живите организми. Не постојат животни кои во своето живеалиште ќе го уништат сиот плен бидејќи после тоа ќе бидат осудени на глад и сигурно изумирање. Тоа значи дека никогаш нема да се случи тревопасните животни да ги изедат сите растенија или пак месојадите да ги изедат сите тревопасни животни. Животните како ловци, ловат онолку храна колку што им е потребна за да опстојат и да се размножат.

СОНЦЕ топлина

топлина

топлина

топлина

топлина

дел од зелените енергијата растенија се губи создаваат шеќери

животните јадат растенија

животното умира и се разградува

Сл. 13.9 Кружење на материјата во еко системот

влез на енергија

произведувачи (фотосинтеза)

тревојади

месојади

разградувачи

излез на енергија

влез на енергија

произведувачи (фотосинтеза)

Сл. 13.10

разградувачи

талог

Преку синџирите на исхрана се доаѓа до сознанија за начините на исхрана. Но, за да се стекнат подобри сознанија синџирите на исхрана се прикажуваат преку пирамида на исхрана. Преку пирамидата на исхрана се доаѓа до сознанија за начинот на исхрана, односно односот кој со кого се храни, но

излез на енергија

Сл. 13.10 и бројноста и масата на организмите. Во основата на пирамидата на исхрана се растенијата. Нивната бројност е најголема. По нив доаѓаат потрошувачите од I ред, чија што бројност и големина (маса) е помала од произведувачите. Потоа доаѓаат потрошувачите од II ред. Нивната маса е поголема, но нивната бројност е помала во споредба со потрошувачите од I

Сл. 13.11 Пирамида на исхрана

172


ред. На врвот на пирамидата се потрошувачите од III ред чија што бројност е најмала, но се најголеми по маса. Значи на основата на пирамидата секогаш е произведувачите а на врвот се потрошувачте од III ред

4

ЕКОЛОШКА КОНТРОЛА ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ И НИВНА ЗАШТИТА

За да си обезбеди подобри услови за живеење човекот во денешно време има големо влијание врз природните живеалишта на живите организми. Постојат голем број примери во кои јасно се гледа дека некои делови на животната средина се оштетени и постојано се оштетуваат. Особено штетни се дејствата на човекот врз екосистемите. Така, човекот за да обезбеди поголемо количество храна, уништил и сè уште уништува големи површини на шуми и ливади. Постојано се исушуваат мочуришните области. Се употребува големо количество на препарати за заштита на зеленчукот, овошјето и житото. Со развојот на техниката и технологијата се градат големи индустриски центри и друго. Сето тоа, на еден или друг начин, ги менува условите во животната средина. На пример, со исчезнувањето на шумите засекогаш исчезнува и можноста дрвјата кои растеле во нив да создаваат кислород, се губат просторите во кои живеат голем број растенија и животни и друго. Или, друг пример: со развојот на современото земјоделство и користењето на заштитни хемиски средства, се загадува животната средина, а користењето на таквите производи е многу штетно за организмите кои ги користат. Вакви примери има безброј. За тоа сведочат големиот број еколошки катастрофи што се случувале и се уште се случуваат. На пример, во последните 350 години исчезнале над 140 видови птици, 75 видови цицачи, а бројот на исчезнати микроорганизми е многу поголем.

Сл. 13.11 Промени во еден екосистем.

Но, и денес постојат голем број на растенија и животни чии што број постојано се намалува. За нив велиме дека се на прагот на исчезнување, односно дека се загрозени видови. На територијата на Македонија како загрозени видови се јавуваат: белоглавиот орел, мечката, рисот, но и голем број други видови. Ресурсите кои човекот ги користи од природата може да бидат обновливи или необновливи.

173


ТЕМА 13

Обновливи животни ресурси Шуми Шумските животни заедници, во кои преовладуваат дрвата, се живеалишта на голем број растителни и животински видови. Освен тоа шумите ја задржуваат влажноста на почвата, го намалуваат струењето на воздухот а со самото тоа и јачината на ветровите, ја спречуваат ерозијата на почвата и друго. Дрвата, човекот ги сече за да се ослободи поголем простор за живеење или пак да ги користи Сл. 13.15 како: огрев, во дрвната, хемиската и градежната индустирија. Со самото сечење на дрвата, настанува деградација на просторот и се уништуваат живеалиштата на сите жители. Планското користење и сечење на шумите овозможува постојан опстанок на шумските животни заедници. Но, денес се почесто сечењето е непланско, така што обновувањето на шумските комплекси е сè потешко. На пример, за да се обнови еден шумски комплекс потребно е да поминат 50 до 100 години. Почва Почвата е живеалиште на голем број живи видови. Освен што во неа живеат животни, таа е главен извор на храна на растенијата. Од плодноста на почвата ќе зависи колку ќе опстојат организмите. Уништувањето на почвата предизвикува уништување и на нејзините жители. Ако остане плодниот слој на земјата, таа постепено ќе се обнови. На неа постепено ќе почнат да се населуваат различни видови на растенија, па ќе се појават животни, а на тој начин постепено ќе се оформи животна заедница. Необновливи животни ресурси Во оваа група спаѓаат: водата за пиење и фосилните горива. Овие ресурси се користат како суровина, а нивното неконтролирано трошење доведува до постепено намалување. Вода Водата е неопходен составен дел на секој жив организам. 2/3 од планетата Земја е под водена покривка, но само многу мал дел, односно 3%, од целокупното количество на вода човекот може да користи како вода за пиење. Испуштањето на отпадните материи во

174

Сл. 13.16


реките и нерационалното користење на водата за пиење денес, доведува до сè поголем недостиг на чиста вода за пиење. За таа цел се предлагаат редица мерки за што поголемо собирање на водата. Една од таквите мерки е градењето на акомулациони езера. Исто така, постојано се бараат можности за штедење на водата за пиење. Фосилни горива. Јагленот, нафтата и природниот гас, како фосилни горива, настанале со нецелосно распаѓање на живи организми кои живееле пред милиони години на планетата Земја. Најголем дел од своите Сл. 13.17 енергетски потреби човекот задоволува со користење на овие фосилни горива. Како резултат на забрзаната индустријализација и зголемените превозни средства денес, овие природни ресурси се намалуваат. Поради тоа се повеќе се истражува за да може да се дојде до алтернативни извори на енергија, а со самото тоа до намалување на експлоатацијата на фосилните горива. За да се запре се поголемата деградација на природната средина во сите земји донесени се соодветни закони кои предвидуваат казнени мерки за уништувачите на животните средини. Исто така одредени простори кои изобилуваат со ретки растенија и животни ги прогласува за национални паркови, природни резервати или споменици на природата. Во нашата земја постојат неколку национални паркови, како Пелистер, Галичица и Маврово, и поголем број природни резервати и споменици на природата. Во оваа група на заштитени области се и нашите три големи природни езера. За зачувувањето на природната животна средина треба активно да се вклучат сите. Активностите треба да почнат многу

Сл. 13.18

рано уште во детството на секој човек. Совесното и грижливо однесување на луѓето кон природата и нејзината заштита води кон сопствена заштита и подобра наша иднина и на идните поколенија. Притоа особено внимание треба да се обрати на зачувувањето од загадување на езерата, реките и потоците, како и заштитата на шумите, ливадите и нивите.

175


ТЕМА 13 Збирен преглед за брзо да повториш: 1. Биолошката дисциплина што ги проучува заемните односи меѓу организмите и животната средина од која зависи нивното одржување е наречена екологија. 2. Екологијата ги испитува законитостите на многу сложените заемни дејства меѓу самите живи организми, од една страна, и односите на живите организми со надворешната средина, од друга страна. 3. Животна средина е збир на влијанија што дејствуваат врз организмите на местото каде што тие живеат. Таквите влијанија доаѓаат како од неживата, така и од живата природа на околината која ги опкружува живите организми. Екосферата го претставува делот од животната средина со кој човекот е поврзан, но не учествува во неговото создавање и преобразување. 4. Биосферата го претставува вкупниот простор на планетата Земја во која постои живот. 5. Еколошки фактори се сите влијанија што доаѓаат од надворешната средина и дејствуваат на еден или друг начин врз живите организми. Еколошките фактори можат да бидат биотички и абиотички. 6. Делот од животната средина што се одликува со релативно исти животни услови е наречен биотоп. Биотопот е населен со одреден збир живи организми кои се својствени за тој биотоп, што значи дека посебните биотопи се разликуваат едни од други. 7. Групата единки од еден вид која населува одреден простор во животната средина е наречена популација. 8. Популациите на одделните видови кои населуваат ист дел на природата не живеат изолирано едни од други. Тие се меѓусебно поврзани и живеат заеднички живот кој ги поврзува во различни нивни делови. Таквите сложени заедници на различни популации е наречена биоценоза или животна заедница. 9. Екосистемот претставува дел од природата во која еден биотоп е населен со одредена животна заедница. Екосистемите можат да бидат природни, вештачки, прости или сложени, просторно мали или големи. 10. Составните делови на секој екосистем можат да се поделат во 4 групи: произведувачи, потрошувачи, разградувачи и абиотски материи. 11. Во зависност од односите меѓу членовите вклучени во синџирите на исхрана во биоценозата тие може да се поделат во три основни групи: синџири на грабливци (грабливски синџири на исхрана), паразитски синџири на исхрана, сапрофитски синџири на исхрана. Провери го своето знаење: 1. Како е наречена науката што ги проучува заемните односи меѓу организмите и животната средина? 2. Што е животна средина и кои се нејзините карактеристики? 3. Кои се крајните точки на биосферата во кои постои живот?

176


4. 5. 6. 7. 8. 9.

Наброј неколку биотички еколошки фактори. Дефинирај што е популација. Објасни ги односите во еден екосистем. За кои делови од екосистемот велиме дека се произведувачи? Наброј ги членовите на еден синџир на исхрана. Зошто одредени делови од биосферата се прогласуваат за национални паркови?

Истражувај и споредувај Задача 1. Доколку живееш во град разгледај ја фасадата на една зграда. Дали забележуваш промени на бојата на фасадата на долните и погорните катови? Можеш ли да објасниш зошто се јавуваат тие промени? Разговарај со твоите соученици за сознанијата до кои си дошол. Провери кај наставникот дали си стекнал правилни сознанија. Задача 2. Излези на прошетка во планина или некој близок рид и набљудувај ги дрвата. Запиши ги твоите забелешки. Истото тоа направи го и во твоето населено место. Обрати внимание на дрвата кои се наоѓаат покрај поголеми сообраќајници. Можеш ли да забележиш промени? Знаеш ли да објасниш зошто се настанати тие промени. Размени искуства со соучениците за твоите забелешки. Провери кај наставникот дали си стекнал правилни сознанија. Задача 3. При прошетка во шума собери некои треви и листови од некои дрва. Од твојот парк собери исти такви треви и листови од истите видови на дрва. Споредувај ги и своите запиши ги своите забелешки. Што забележа? Провери ги забелешките со твојот наставник и кажи им на соучениците до кои сознанија си дошол.

177



DODATOK Za da mo`e{ da istra`uva{ potrebno e da znae{ nekoi postapki i metodi koi }e doprinesat vo procesot na tvoeto razvivawe i kaj tebe }e pottiknat interes i qubov za istra`uvawe na gradbata i na~inite na organizacija na `ivite organizmi. Eden od metodite na istra`uvawe e disekcija na `ivotnite. Ovde nakratko }e se stekne{ so soznanija za osnovnite postapki pri disekcija na odredeni `ivotni koi naj~esto mo`e{ da gi istra`uva{. Pribor za disekcija

Kadi~kata, koja na dnoto e oblo`ena so vosok na koj mo`e da se prika~uvaat {penagli, e neizbe`en del od priborot za disekcija. Pincetite, no`i~kite i skalpelot se del od sredstvata za disekcija. Osven toa, potrebni ti se igli za oddeluvawe na materijal i {penagli koi }e ti poslu`at za prika~uvawe na `ivotnoto na koe vr{i{ disekcija. Disekcija na do`doven crv Odberi pogolem do`doven crv i stavi go kratko vreme vo voda za da mo`e da gi isprazni crvoto, a potoa stavi go vo 10% alkohol se dodeka ne se umrtvi. Umrtveniot i ispru`en crv izvadi go od alkoholot i postavi go so negoviot dolen del vo kadi~kata za disekcija. So {penagli pricvrsti go, na predniot del me|u vtoroto i ~etvrtoto prstn~e, i vo blizina na poslednite prsten~iwa. Vo kadi~kata stavi voda. Zapamti: site disekcii se pravat sekoga{ pod voda. So ostar skalpel ili no`i~ki napravi rez desno ili levo od srednata linija na crvot i odi od zadniot kon predniot del na crvot. Otkako }e ja prese~e{ ko`ata, strani~no pricvrsti ja so pogolem broj na {penagli. Na vaka otvoren crv mo`e{ da go vidi{ rasoporedot na vnatre{nite organi. Disekcija na pol`av Stavi prevarena i izladena voda vo tegla i vo nea stavi `iv pol`av. Teglata prepokrij ja so staklo i ostavi da otstoi podolgo vreme. Pol`avot }e izleze od svojata ku}arka i }e se umrtvi. Umrtveniot pol`av stavi go kadi~kata i so pojaka pinceta postepeno kr{i ja ~erupkata, po~nuvaj}i od otvorot odej}i po linijata na svivawe do vrvot. Otkako }e ja iskr{i{ ~erupkata pricvrsti go pol`avot so stapaloto za podlogata na kadi~kata . Vo kadi~kata stavi so voda. Potoa vnimatelno so no`i~kite napravi rez za da ja otvori{ prazninata. Na vaka podgotveniot pol`av mo`e{ da gi vidi{ ili oddeli{ (preparira{) organite koi gi istra`uva{. Disekcija na insekt (majski bumbar) Majskiot bumbar treba da go usmrt{ pred samata disekcija. Za taa cel natopi par~e pamuk so eter, stavi go vo tegli~ka so bumbarot i zatvori ja tegli~kata. Posle izvesno vreme bumbarot }e bide mrtov. Sega, stavi go bumbarot na stoma~nata strana vo kadi~kata za disekcija i pricvrsti go so {penagili. Zemi mali no ostri no`i~ki i po~ni da go se~e{. Rezot


se pravi strani~no na spojuvaweto pome|u grbnata i stoma~nata strana. Zapo~ni od zadniot del na teloto, odi do predelot na glavata, pa napre~no zaobikoli i povtorno od drugata strana na teloto vrati se nazad do po~etokot na rezot. Potoa zemi pinceta, vnimatelno otstrani go gorniot prese~en del i ostavi go nastrana. Na vaka otvoreniot majski bumbar mo`e{ da po~ne{ so razgleduvawe. Za podobro da gi raspoznae{ organite koristi slika i sporeduvaj. Ako ne{to ne ti e jasno pobaraj pomo{ od nastavnikot. Disekcija na riba Disekcija naj~esto se vr{i na krap. Donesi riba od prodavnica. Postavi ja ribata vo kadi~ka za disekcija i pricvrsti ja so {penagli i stavi voda. So pomo{ na no`i~ki napravi rez odma nad analniot otvor i se~i vnimatelno po sedinata na stoma~niot del se do pod `abrenite kapaci. Vtoriot rez napravi go strani~no nad strani~nata linija. Tretiot rez napravi go nad analniot otvori i odi nagore do visina na vtoriot rez. So ~etvrtiot rez spoi gi prviot i vtoriot rez. Rezovite treba da se plitki, bidej}i vo sprotivno }e o{teti{ nekoj vnatre{en organ. So pinceta i skalpel vnimatelno otstrani go celiot ise~en del. Kaj vaka otvorena riba mo`e{ da go vidi{ rasporedot na vnatre{nite organi. Za podobro da gi raspoznae{ organite koristi sika i sporeduvaj. Ako ne{to ne ti e jasno pobaraj pomo{ od nastavnikot. Disekcija na `aba Vo teglata vo koja si stavil `aba stavi par~e pamuk natopeno so eter ili hloroform. Umrtvenata `aba so grbot stavi ja vo kadi~kata za disekcija i so pomo{ na {penagli pricvrsti gi nozete. Vo kadi~kata stavi voda. So pinceta prifati ja ko`ata. Vo blizina na otvorot za izmet napravi mal rez i prodol`i po sredinata se do predelot na glavata. Vnimatelno se~i da ne o{teti{ nekoi od vnatre{nite organi. Od po~etokot i krajot na ovoj rez napravi u{te ~etiri reza kon nozete. Ko`ata so pomo{ na pinceta povle~i ja i pricvrsti ja so {penagli. Prese~i gi na ist na~in stoma~nite muskuli i otvori ja stoma~nata praznina. Koga so no`i~kite }e dojde{ do gradniot del vnimatelno prese~i ja koskata i otstrani ja. Crtaj {to gleda{ i sporeduvaj so slika koja treba da ja ima{. Pobaraj pomo{ od nastavnikot ili proveri dali pravilno raboti{. Disekcija na gu{ter Na~inot na usmrtuvawe i pricvrstuvawe e ist kako kaj `aba. Rezot zapo~ni go pred otvorot za izmet i vnimatelno so no`i~kite odi kon glavata. Ko`ata otstrani ja i pricvrstija so {penagli. Na ist na~in prese~i gi i stoma~nite muskuli do predelot na gradite. Vnimatelno so no`i~ki prese~i gi koskite i otstrani go gradniot ko{. Kaj vaka otvoren gu{ter mo`e{ da go vidi{ rasporedot na vnatre{nite organi. Koristi slika i sporeduvaj {to gleda{. Pobaraj pomo{ od nastavnikot i konsultiraj se dali pravilno raboti{. Disekcija na gulab Usmrtuvaweto na gulabot se vr{i so par~e pamuk natopeno so eter ili hloroform koe se dr`i vo predelot na klunot. Usmrtuvaweto podobro e da go napravi nastavnikot pred samata ve`ba. Usmrteniot gulab vo kadi~kata za disekcija se stava na grb i so {penagli se pricvrstuva za nozete i krilata. Rastrgaj gi perduvite vo stoma~niot del i so pomo{ na pinceta i no`i~ka napravi rez pred otvorot za izmet. Rezot prodol`i go do predelot na klunot. Prese~enata ko`a trgni ja na strana i so pomo{ na {penagli pricvrsti ja. Potoa prese~i gi stoma~nite muskuli i isto taka prikrepi gi so {penagli. Vo predelot na gradniot ko{, od dvete strani,


prese~i gi rebrata i podigni go gradniot ko{. So no`i~kite perese~i gi koskite i otstrani go celiot graden ko{. Otkako }e se otvori stoma~nata praznina so voda se premiva celiot preparat. So pomo{ na slika postepeno prepoznavaj gi i oddeluvaj gi organite. Pobaraj pomo{ od nastavnikot ili proveri ja tvojata rabota so nego. Disekcija na cica~ Za disekcija naj~esto mo`e da koristite zajak ili labaratoriski staorec. Opivaweto na `ivotnoto treba da go napravi nastavnikot pred samata ve`ba. @ivotnoto pricvrsti go vo kadi~kata za disekcija. Vo predelot na analniot otvor so pomo{ na no`i~ki napravi rez koj treba da odi do gradnata koska. Prese~enata ko`a zaedno so stoma~ite muskuli pricvrsti gi na strana so {penagli. Potoa, od dvete strani na gradnata koska prese~i gi rebrata i otstrani ja gradnata koska. Za celo vreme koristi ja slikata koja treba da bide pred tebe i prepoznavaj gi del po del organite. Po potreba pobaraj pomo{ od nastavnikot ili proveri kaj nastavnikot dali pravilno si ja izvr{il zada~ata.


RE^NIK NA STRU^NI ZBOROVI I NIVNO ZNA^EWE A Abioti~ki faktor - vlijanie na ne`ivata priroda (svetlina, temperatura, vla`nost, vozduh i sli~no) vrz `ivite organizmi Avtotofni organizmi - organizmi koi samite za sebe sozdavaat organski materii Akvarium - staklen sad so voda vo koj se odgleduvaat vodeni rastenija i `ivotni Aktiven transport - dvi`ewe na supstancija kon kletkata ili nadvor od nea za koj e potrebna energija Aminokiselina - sostaven del na belkovina Amebovidni - so promenliva forma, kako amebite Anabolizam - proces na sozdavawe na slo`eni organski soedinenija koi s potrebi na organizmot od poprosti sostavni delovi Analen otvor - otvor na zadnoto crevo preku koj se isfrlaat nesvarenite delovi na hranata Anaeroben - proces koj se vr{i bez kislorod Anatomija - nauka koja ja prou~uva gradbata na `ivite organizmi Arterija - krven sad koj ja nosi krvta od srceto kon drugite delovi na teloto

B Bakterija - vid na mikrorganizam Bel drob - organ za di{ewe Belkovina - slo`eno organsko soedinenie, najva`en sostaven del na `ivata priroda, neophodna e vo ishranata na `ivite organizmi Bespolovo razmno`uvawe - razmno`uvawe bez u~estvo na polovi kletki Bioti~ki faktori - dejstvo pri koe na `ivite organizmi deluvaat na drugi `ivi organizmi Biosfera - sloj na Zemjinata topka naselen i izmnet so aktivnostite na `ivite organizmi Biocenoza - zaednica na `ivi organizmi vo odredeno `iveali{te Bubreg - organ za izla~uvawe

V Vakuola - prostor vo kletkata koj e ispolnet so te~nost Vid - grupa na edinki so zaedni~ki osobini koi me|usebno se razmno`uvaat i davaat potomstvo sposobno za oploduvawe Vena -krven sad koj ja nosi krvta kon srceto Vozdu{ni }esi - organi kaj pticite ispolneti so vozduh i povrzani so belite drobovi Vrv~est nerven sistem -tip na nerven sistem kaj koj nervnite kletki se grupirani

G Gameta - polova kletka, jajcekletka ili spermatozoid Ganglija - grupa od tela na nervni kletki Genetski - se odnesuva na genite ili naslednosta Golxi sistem - sistem od membrani vo citoplazmata na kletkata vo koi se formiraat posebni supstancii Goltka - premin pome|u ustata i hranoprovodnikot Gonada - polova `lezda, jajnik ili semenik


D Dvostrana simetrija - plan nagradba na teloto pri koe organite od dvete negovi strani se rasporedeni kako predmet i lik vo ogledalo, odnosno so zamislena linija teloto se deli na dve ednakvi polovini Dvopolovo - `ivotno koe ima i ma{ki i `enski polovi organi Dendrit- kratok prodol`etok na nervnata kletka so koj se primaat drazbite Dezoksiribonukleinska kiselina (DNK) - nasleden materijal na kletkata, gi sozdaa hromozomite vo jadroto na kletkata Digestija - proces na razlo`uvawe na hranata vo ~esti~ki koi }e mo`at da bidat vpieni Disekcija - se~ewe na organizmot poradi izu~uvawe na negovata gradba Difuzija - dvi`ewe na molekulite od sredina so pogolema kon sredina so pomala koncentracija

E Evolucija - razvoj na `ivite organizmi od prostogradeni organizmi do najslo`eno gradenite Ekologija - nauka koja gi izu~uva me|usebnite odnosi na `ivite organizmi i nadvore{nata sredina Ekosistem - del od prostor vo koj `iveat `ivite organizmi i sredinata vo koja se vr{ kru`ewe na materijata Embrion - prviot period od razvojot na `ivotinski organizam dobien od oplodeno jajce Endoplazmati~en retikulum - organela vo vid na mre`esta membrana smestena vo citoplazmata na kletkata

Z Zigot - oplodena jajce kletka, kletka dobiena so soedinuvawe na spermatozoid i jajce kletka

J Jadro - najgolema organela vo kletkata Jagleroddioksid (CO2) - gas dobien pro kleto~noto di{ewe Jaglehidrat - {e}er Jajce-kletka - `enska polova kletka Jaj~nik - `enska polova `lezda

K Kam{i~e - dolg prodol`etok od kletkata koj se koristi za dvi`ewe Kislorod (O2) - gas, koj e potreben za razlo`uvawe na hranlivite materii vo kletkata Kletka - osnovna edinica na `ivotot Kleto~na membrana - nadvore{na obvivka na kletkata Kleto~no di{ewe - serija od procesi vo kletkata so koi hranlivite materii se razlo`uvaat i so koi se osloboduva energija vo samata kletka Kloaka - pro{iren zaden del na crevoto vo koj se vlevaat mo~ovodite i polovite kanali Kolonija - pojava na nekoi organizmi da `iveat vo me|usebna povrzanost taka da hranata koja ja zemaat pooddelni edinki se rasporeduva i na drugite ~lenovi na zaednicata


Kontraktilna vakuola - organela kaj ednokleto~nite organizmi preku koja se odstranuvaat {tetnite materii Kowugacija - spojuvawe na dva ednokletko~ni organizi (paramecium) pri {to se vr{i razmena na jadroviot materijal Krvotok - dvi`ewe na krvta niz srceto i krvnite sadovi Kutikula - tenok ili podebel sloj na povr{inata na epidermisot koj ima za{titna uloga

L La`ni no`iwa - ispaknatini na citoplazmata so ~ija pomo{ se dvi`at amebite i nekoi srodni pra`ivotni Larva - period vo embrionalniot razvoj kaj nekoi `ivotni

M Mejoza - delba na kletkata pri {to se dobivaat polovi kletki Metanefridija - organ za izla~uvawe kaj do`dovniot crv Mitoza- delba na kletkata pri {to se dobivaat kletki-}erki koi se isti so kletkata-majka Mitohondrija- kleto~na organela vo koja se sozdava energija Mikrobiologija - nauka koja gi prou~uva mikroorganizmite Mikroorganizam - organizam koj mo`e da se vidi samo pod mikroskop Modifikacija- promena vo nadvore{niot izgled bez promena vo nasledniot materijal Mutacija - promena na naslednite osobini

N Nasleduvawe - biolo{ki proces na prenesuvawe na osobinite od roditelite na potomcite Nerv - snop od nervni vlakna so razli~na debelina i osetlivost Nevrit- dolg prodol`etok od nervnata kletka preku koj se prenesuva drazbata Nefron - funkcionalna edinica na bubregot

O Oploduvawe - spojuvawe na ma{ka i `enska polova kletka Organ - del od teloto koj vr{i odredena funkcija Organela - del od kletkata specijaliziran za odredena funkcija Organizam - rastitelna ili `ivotinska edinka Osmoza - dvi`ewe na materiite niz polupropusliva membrana

P Parazit - organizam koj `ivee na ili vo drug organizam (doma}in) i toa na negova smetka Pinocitoza - vnesuvawe na mali ~esti~ki i kapki preku kleto~nata membrana Presvlekuvawe - otstranuvawe na kutikulata kako obvivka i sozdavawe na nova Pupewe - vid na razmno`uvawe koga na teloto }e se pojavat novi edinki, kako pupkite kaj rastenijata

R Regeneracija - sposobnost na organizmot da go nadopolni izgubeniot del od teloto


Ribozom - organela vo citoplazmata na kletkata vo koja se vr{i sozdavawe na belkovinite Ribonukleinska kiselina (RNK) - neophodna materija za proizvodstvo na belkovini vo sekoja kletka

S Selekcija - odbirawe. Spored teorijata na Darvin vo prirodata opstojuvaat `ivite organizmi koi uspe{no se prisposobuvawe vo soglasnost so promenite vo sredinata vo koja `iveat Semenici - ma{ki polovi `lezdi Sistematika - nauka koja ja istra`uva srodnosta pome|u vidovite i nivno grupirawe Slo`eni o~i - poseben tip na setilo za vid kaj ~lenkonogite sostaveno od golem broj na okca Stapalo - muskulest organ kaj mekotelite so ~ija pomo{ istite se dvi`at

T Telesna praznina - prostor pome|u vnatre{niot yid i organite Tkivo - grupa na sli~ni kletki koi vr{at odredena funkcija Trepka - prodol`etok na povr{inata na kletkata koj se koristi za dvi`ewe

F Fagocitoza- vnesuvawe i razgraduvawe na pogolemi materii vo vnatre{nosta na kletkata Filtracija - dvi`ewe na materiite niz polipropusliva membrana Fiziologija - nauka koja gi prou~uva funkciite na organizmot Fosil - ostatok od izumreno rastenie ili `ivotno Funkcija - rabota na organ ili organizmot vo celina

H Hemoglobin - crven pigment vo krvta Hemolimfa - telesna te~nost koja cirkulira niz teloto na nekoi bezrbetnici Hermafrodit - organizam vo koj se sozdavaat i ma{ki i `enski polovi kletki, dvopolov organizam Heterotrofen organizam - organizam koj se hrani so gotova organska hrana Hidrolimfa - telesna te~nost koja cirkulira niz teloto na sun|erite i koprivarkite Histologija - nauka koja gi prou~uva tkivata Hitin - organska materija koja ja sozdavaat kletkite na nadvore{nata obvivka kaj ~lenkonogite Horda - vnatre{en osovinski skeleten organ kaj hordovit `ivotni Hranitelna vakuola - organela kaj ednokleto~nite organizmi vo koja se vr{i varewe na hranata Hranoprovod - kanal koj ja sproveduva hranata od grloto do `eludnikot Hromozom - kon~esta tvorba vo jadroto na kletkata, sodr`i geni koi ja odreduvaat naslednata osobina


C Centriola - stap~esta organela vo blizina na jadroto, ima funkcija pri delbata na kletkata Cirkulacija - dvi`ewe, protekuvawe (voda, krv) Citoplazma - materija koja ja ispolnuva kletkata

^ ^etinki - jaki i ostri vlakna kaj nekoi `ivotni (do`doven crv)


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.