Славјанка Димова
Верa Ангеловска
Марина Васиќ Стефановска
МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА IV ОДДЕЛЕНИЕ
Музичко Образование за IV oдделение
2
Почитувани ученици Музиката е единствен заеднички светски јазик особено потребен на младата популација. Преку неа можете да ги осознате и научите заедничките човечки културни вредности, да се стекнете со здрав живот и култура на живеење. Музиката со силен бран на длабочина ја исполнува душата на човекот, и ги зајакнува културните односи и комуникацијата меѓу луѓето. Моменти пропратени со музика се пријатни моменти за секој човек. Тоа се мигови на заедништво хармонија, почит, топлина, љубов, радост и задоволство за секого. Успешна работа Од авторите
3
Правилно пеење Да се потсетиме Правилниот пеачки став и правилното дишење се основа за правилно пеење. Под правилен пеачки став подразбираме правилно држење на телото при стоење и седење. Телото да биде исправено; Рамењата да бидат природно опуштени; Рацете да паѓаат мирно надоле; Нозете да се во природна положба Вратот да е во природна положба; Исправена глава, Природен израз на лице.
Правилно дишење. Со правилно дишење имаме добра поставка на гласот, која овозможува чиста интонација и јасна дикција. За правилно дишење треба да применуваме: Техника на дишење на дијафрагма, Рамномерно дишење без подигање на раменици; Вдишување преку нос а издишување преку уста.
4
Вежби за распејување Во подготовката за пеење покрај правилниот пеачки став и правилното дишење се применуваат и вежби за распејување. 1.
2.
3.
4.
5.
Задача 1.При пеењето на вежбите примени правилен пеачки став и правилно дишење.
5
Буба Мара (по слух)
Муз.текст. С.Димова
Задачи 1.Според содржината на песната одреди го темпото. 2.Примени правилен пеачки став и точен ритам. 6 6
Есен
( по слух)
С.Гајдов
Свенаа треви, свена цвеќе, Есента стаса и кај нас веќе.
Задачи 1. Пеј ја песната мелодиски и ритмички точно. 2. Твоето доживување на содржината на песната искажи го преку ликовна илустрација.
7
Дедо Мраз
( по слух) Ѓ. Смокварски
Дедо Мраз, дедо Мраз, денес дојде и кај нас.
Задачи 1. Според мелодијата и текстот одреди го карактерот на песната. 2. Твоите чувства внеси ги во интерпретацијата на песната. 8
Снешко
(по слух)
Ѓ. Смокварски
Децата го правеле, шал и капа ставиле. Тенџере на глава, пиперка во носе, метла в рака има, снег ќе чисти в зима.
Задачи 1.Прочитај го текстот на песната изразно и со јасна дикција. 2. Биди креативен и изработи Снешко по твоја желба. 9
Кокиче
( по ноти)
С.Гајдов
Фустанче си имам зелено ќе бидам, пролетта мила сакам да ја видам.
Задачи
1. Воочи ги и именувај ги нотите по должина на траење. 2. Пеј ги тоновите со точно траење и висина. 10
Мојата мајка ( по ноти)
Мојата мајка, убава и мила, ми дава сила, ми дава сила.
Задачи 1.Одреди го темпото (брзината) и динамиката (јачината) во песната. 2.Биди креативен и изработи осмомартовска честитка. 11
Канон Медо и Мед ( по слух)
Задачи 1. Прочитај го текстот на песната изразно и со јасна дикција. 2. Пеј ја песната мелодиски и ритмички точно и со умерена јачина. 12
Воздушно кајче (по ноти)
Умерено
На листе пајче, си седи в`кајче. Ај,хај,ај,хај, ова море нема крај.
Ѓ.Смокварски
Мрежа му е едренце, а ноже весленце. Ај,хај,ај,хај, ова море нема крај.
Задачи 1.Отпеј ја песната по ноти и со литературен текст во умерено темпо. 2. Отсвири ја песната на блок флејта по ноти. 13
Народни песни
од традицијата на други етнички заедници A lai minte (Еј, висока планино) (по слух)
I Еј, висока планино, да можам да те прелетам, кај мама да си појдам. III Еребица да станам, крилја да имам планина да прелетам, кај мама да појдам.
влашка народна песна
II Еј, висока планино, со големи долини, не можам кај мама да си појдам. IV Еј, висока планино, либето да го викнам, кај мама да појдам.
Задача 1.Отпеј ја песната ритмички и мелодиски точно.
14 14
Блок Флејта
Блок флејтата е дувачки инструмент кој може да биде направен од дрво но во поново време и од пластика. Спаѓа во групата на дувачки инструменти. Може да биде составена од еден, два но и три дела. Во горниот дел кај отворот за уста, цевката е поширока додека надолу постепено се стеснува. На цевката на блок флејтата има седум отвори – дупчиња од горната страна и еден отвор од долната страна. Како се добива тонот на блок флејтата? Тонот се добива со дување во цевката на флејтата низ отворот за устата. За да се добие убав тон, треба да дуваме рамномерно, без напрегање, посебно за произведување на долните тонови. Со отварање и затварање на отворите се добиваат тонови различни по висина. Во тоа главна улога имаат прстите од двете раце. Левата рака ги затвара горните отвори а десната рака ги затвара долните отвори. Правилното редење на прстите се вика прсторед. Ајде да научиме како се редат прстите! Палецот од левата рака го затвара отворот на долниот дел на флејтата, показалецот првиот отвор на горната страна на флејтата, средниот прст вториот отвор а третиот отвор го затвара мрзливецот. Палецот од десната рака има задача да ја држи флејтата од долната страна. Показалецот го затвара четвртиот отвор, средниот прст петиот отвор, мрзливецот шестиот отвор кој е составен од два отвори и малиот прст го затвара седмиот отвор кој исто така е составен од два отвори. 15 15
Ајде да научиме како се свират тиновите! Затвори ги сите седум отвори и осмиот од долната страна на флејтата и ќе го добиеш тонот ДО. Крени го малото прсте од десната рака , ќе го добиеш тонот РЕ. Крени го мрзливецот од десната рака , ќе го довиеш тонот МИ. Крени го средниот прст од десната рака, ќе го добиеш тонот ФА. Крени го показалецот на десната рака , ќе го добиеш тонот СОЛ. Крени го мрзливецот од левата рака, ќе го добиеш тонот ЛА. Препорака Примени правилен став на држење на телото и правилно дишење како при пеење. 16
Примена на тоновите СОЛ и МИ Музичка куќа - петолиние Да се потсетиме Песната или било која композиција ја паметиме и препознаваме по основната мелодија што може да се запише. За запишување на мелодијата ни помагаат гостите, ноти од Музичката куќа- петолиние.
Секојa нота има свое место во петолинието. За нивното точно сместување ни помага виолинскиот клуч. Првите ноти што ги запознавте се: нота СОЛ и нота МИ . Нотата СОЛ се пишува на втората линија во петолинието. Нотата МИ се пишува на првата линија во петолинието.
Запомни: -Звуците (тоновите) со кои се исполнува музиката се запишуваат со ноти. Тие се пишуваат во петолиние. -На почетокот на петолинието се пишува виолински клуч. -Тој ги одредува местата и имињата на нотите во петолинието. 17
Нота ЛА
Да се потсетиме
Литературниот текст на песната Ринге ринге Раја изговорај го, a при тоа со моливчето тивко отчукувај на клупа. Рин -ге рин -ге ра - а
Ед-но
ја - а
јај- це му – у- -у - уч
до-шол чич– ко Па - а ја - а
си – те де-ца
чу –у - у- уч.
Текстот на оваа песна може да се отпее, а мелодијата да се запише. Во тоа ќе ни помогнат веќе научените ноти (тонови) сол и ми, но и една нова нота која дошла на гости и се вика ЛА. Нејзиното место во петолинието е на втората празнина :
ЛА 18
Примена на нотите СОЛ и МИ Ринге, ринге Раја
Рин -ге
рин- ге
ја - ја,
до- шол чич - ко
Па - ја
Ед - но јај - це му – уч, си - те де - ца чу - уч. Нотен текст на песната Ринге, ринге Раја
Запомни: Нотата ЛА се пишува на втората празнина во петолинието. Задачи: 1.Фатете се за рачиња, играјте ја играта пеејќи ја песничката со кревање на рацете, на тонот Ла според сликичките дадени под нотниот текст. 2. Именувај ги нотите на песната Ринге, ринге Раја
19
Примена на тоновите СОЛ, МИ и ЛА во мелодиски вежби Вежба бр. 1
Вежба бр.2
Вежба бр.3
20
Нота РЕ
Да се потсетиме
Во музичката куќичка доаѓа уште една нота наречена РЕ. Нејзиното место е под првата линија на петолинието :
Запомни Нотата РЕ се пишува под првата линија од петолинието 21
Примена на тонот РЕ
Чук, чук отвори
Сите ќе си пееме, весели ќе бидеме, ла,ла ла,ла,ла, весели ќе бидеме.
Задачи 1. Испеј ја песната по ноти и со литературен текст 2.Отсвири ја на блок флејта мелодијата на песната.
22
Нота ДО
Да се потсетиме
На веселбата и дружбата на нотите во музичката куќичка, ќе се придружи уште еден гостин. Неговото име е нота ДО. Но, столчиња доволно нема, затоа за новиот гостин ќе донесат помошно столче. Во музичката куќичка неговото место е на првата помошна линија под петолинието.
Запомни Нотата ДО се пишува на првата помошна линија под петолинието. 23
Примена на тонот ДО во песни Веселба
Веселба ќе правиме и дружба ќе си славиме. Роденден
В планина ги набрал тој, вчера кај што одел, среде долче Најденче, покрај жолто кладенче. Среќен Маре роденден, еве букет прими, безброј цветој носам јас, ти ги праќа сиот клас.
Задача 1. Отпеј ја и отсвири ја на блок- флејта мелодијата на песната. 24
Нота ФА
Да се потсетиме
Во музичката куќичка со нетрпение се чека новиот гостин. Каде да го сместиме? Неговото место во музичката куќа е на првата празнина. Нотата ФА чука на врата. Нека започне нова песна.
Запомни Нотата ФА се пишува на втората празнина во петолинието. 25
Примена на тонот ФА во песна Каде сте дечиња
Одам, одам јас да стигнам, каде сте дечиња? Дали има песна, игра? Сакам јас да запеам. Дали има песна игра? Сакам јас да заиграм. Среќни да сме ние сите дечиња, дечиња, песна наша нека ечи, таму во далечина. Да се чуе, да се пее, цел свет да е целина. . Задача: Отпеј ја и отсвири ја на блок- флејта мелодијата на песната.
26
Примена на изучените тонови во песни Прво лизгање (по ноти)
Ете итам брзам, да се спуштам еднаш. Ќе видите сега,како летам веднаш.
Маче
(по ноти)
Штом ќе види сиренце, тој си мази мустаче.
Кога ќе го видам јас, скокам пеам на цел глас.
Задача 1. Отпеј ги и отсвири ги песните на блок флејта. 27
Песни за утврдување на сите изучени тонови Зајаче
(по слух)
В.Николовски
По пат сретнав тревки млади , еве две-три скинав, и од срце запеав „лута зима мина“ Ајде Милке да бегаме (по слух)
народна
В наше село Малешево од три страни сонце грее. Од три страни сонце грее од четврта месечина Милкано......... 28
Да се потсетиме на сите изучени тонови
Свечено
Роденденска
29
Динамика Музичката изведба на композициите или на дел од нив може да биде со различна јачина, наречена динамика. Динамичките знаци се пишуваат под петолинието. Композициите некогаш ги изведуваме p (тивко), а некогаш f (силно). Динамиката на изведбата зависи од нашето чувство, доживување и од желбата на авторот на музичкото дело.
Барабанче
f (силно)
Шеп, шеп кукличке
p (тивко)
Задачи 1. Слоговите на текстот Барабанче изговори ги f - силно со придружба на барабанче или со тропање со нозе. 2. Слоговите на текстот Шеп,шеп кукличке изговори ги p - тивко. 30
Пеење на песни со примена на динамика Барабанче
Земете стапчиња, чинели и дајре, оркестар правиме за да нема гајле.
Шеп, шеп, кукличке
Шеп, шеп кукличке, моја мила сестричке, фустанче ти скроив во илјада бои. Задачи 1. Отпеј ги песните по ноти. 2. Отпеј ги песните со литературен текст и примена на динамички знаци. 31
Ен тен тини (по слух)
Задача 1. Пеј ја песната со примена на динамичките знаци 32
Ноти и паузи
Во музичката куќа доаѓаат гости, различни ноти. Нотите може да траат подолго и пократко. Нотaта е составенa од: полна нотна глава
празна нотна глава
или и нотна црта Се пишува вака:
нотна црта и полна нотна глава
нотна црта и празна нотна глава
Нотите во куќичката пеат и свират, а кога ќе се изморат молчат. Во бројалките и песните употребуваме знак за молчење кој се вика пауза. За должината на молчењето се употребуваат различни паузи. Се пишуваат вака:
33
Четвртина нота Во бројалката Цвеќе шарено слоговите од текстот немаат исто траење. Траењата можеме да ги запишеме со ноти. Така го добиваме ритамот на бројалката. Цвеќе шарено
Нотата со која се запишани траењата на некои слогови од текстот се вика: четвртина нота трае еден удар
- четвртина нота Се пишува вака: нотна црта
нотна глава ( исполнета)
Запомни Четвртина нота трае еден удар.
Та- а 1 удар 34
Четвртина пауза Во некои игри, бројалки за да го примениме точниот ритам зборуваме, но и молчиме. Еј
ти
пог – лед
ни
кој
те
пре- ско
чи
Траењето на слоговите од зборовите го запишуваме со ноти, а молчењето со паузи. Така го добиваме ритамот на бројалката. =
четвртина пауза
трае еден удар
бројалка Прескочи
Ване, Мирјана, сите дечиња. Скок, скок, скокаме, игра играме. песна Прескочи
Ване, Мирјана, сите дечиња. Скок, скок, скокаме, игра играме. Запомни Четвртината пауза трае еден удар. 35
Половина нота Секоја песна има своја мелодија. Мелодијата е составена од тонови различни по висина, но и траење. За запишување на тоновите, на четвртина нота ќе и се придружи и половина нота.
- половина нота
Трае два удари
Половината нота е составена од: нотна црта празна нотна глава
Половина нота трае двапати повеќе од четвртина нота. +
или
=
1 удар + 1 удар =
=
+
2 удари.
Та – а – а – а 2 удари Запомни Половина нота трае два удари. 36
Цвеќе шарено (По ноти)
Едно цвеќе шарено, шарено ем галено. Дали ќе го скинеш ти, размисли и кажи ми.
Задачa 1. Отпеј ја и отсвири ја на блок- флејта мелодијата на песната.
37
Половина пауза Во некои игри, бројалки зборуваме и молчиме. Некогаш молчиме пократко, а некогаш подолго.
Еј
ти
пог – лед –
ни
кој
те
пре - ско –
чи
Паузата која трае подолго се вика половина пауза. =
половина пауза
трае два удари
Во ритамот на бројалките половина пауза се пишува вака:
Во мелодиските вежби и песни половината пауза се пишува над третата линија во петолинието:
Запомни Половина пауза трае два удари. 38
Примена на половина пауза бројалка Прескочи
Ване, Мирјана, сите дечиња. Скок, скок, скокаме, игра играме.
песна Прескочи
Ване, Мирјана, сите дечиња Скок, скок, скокаме, игра играме.
39
Продолжување на нотата со корона Трајноста на нотата може да се продолжи на повеќе начини и со различни знаци. Еден од нив е продолжување на нотата со знакот корона. Ја продолжува трајноста на нотата приближно двојно од нејзината вредност
знак корона Се пишува вака:
Ритмичка вежба
Мелодиска вежба
Задачи 1.Читај ги ритмичките вежби со знакот за продолжување корона. 2. Пеј и свири мелодиски вежби со примена на знакот за продолжување корона. 40
Темпо Музичката композиција може да се исполнува со различна брзина. Некогаш бавно, а некогаш брзо. Брзината со која ја исполнуваме композицијата се вика темпо. Карактерот на композицијата ја одредува нејзината брзина. Видот на темпото го запишуваме на почетокот на композицијата над петолинието. бавно
брзо
Брзо
Буба Мара
Бавно
Цвеќе шарено
Задача 1. Изговарај ги бројалките во одреденoто темпо.
41
Знак за повторување Доколку во некоја песна или вежба се јави потреба да се повтори мелодијата, истата не мора пак да ја пишуваме. Можеме да употребиме знак за повторување.
Ритмичката вежба се тактира двапати.
Делот од песната обележан со знак за повторување се пее два пати.
Собрале ми се набрале
народна песна
Задача1.Ритмичко читање - парлато изговарање и свирење на ритмичка вежба. 2. Пеј ја и свири ја песната со знак за повторување. 42
Прима и секунда волта Кога во песната или вежбата во повторувањето има различен крај го употребуваме знакот прима и секунда волта.
При повторувањето на тактовите од знакот за повторување треба да се прескокнат тактовите обележени како прима волта, а се пеат тактовите обележани како секунда волта
Цуцул ми пасе говеда (по слух)
народна
Задачи 1. Воочи го знакот за повторување прима и секунда волта 2.Пеј ја песната со прима и секунда волта. 43
Мотив Како што од зборови градиме говорни целини (реченици), од мотиви градиме музички целини (музички реченици). Мотив од зборови зима
снегот
стега
снежи,
Зима,
секој
студот
бега.
Зима, зима снегот снежи, студот стега секој бега. Зима,
зима
снегот
снежи, студот
стега
секој
бега.
Мотиви од ноти и зборови
Запомни Мотив е најмал дел од музичката целина. Задачa 1.Со правилнпо редење на мотивите ќе ја отпееш дадената мелодија со текст. 44
Џузепе Верди
Триумфален марш од операта „Аида“ Џузепе Верди (Giuseppe Verdi 1813 – 1901) e италијански композитор. Најголем придонес дал за развојот на операта. Познати и певливи мелодии од неговите опери, со задоволство ги прифаќаат слушателите. Напишал повеќе опери: „ Травијата“, „Риголето“, „Набуко“, „Аида“ и други.
„Триумфален марш“ е многу
позната мелодија од операта „Аида“.
Труба е дувачки инструмент кој е направен од лим.Има форма на извиткана цевка која на крајот завршува со проширување. Тонот се произведува со дување и притискање на вентилите со прстите од десната рака. Се употребува во различни видови оркестри и како солистички инструмент. Достоинствениот звук на инструментот труба, маршовскиот карактер и ритамот го доловуваат свечениот момент на победа.
Задачи 1. Именувај го инструментот кој ја свири главната мелодија. 2. Пеј ја мелодија придружувајќи ја со марширање. 45
Петар Илич Чајковски
Кинески танц Од балетот „Оревокршачка“ на Балетот Оревокршачка е напишан според приказната Крцко Оревче и кралот на глувците од збирката приказни Браќата на Серапион на Хофман. Малечката Марија од својот вујко за Божиќ добива кршачка за ореви наречена Крцко Оревче. Нејзиниот палав брат ја крши куклата и Марија внимателно ја превиткува и ја става во креветчето за кукли. Во тивката Божиќна ноќ сите спијат. Марија станува да го види болниот Крцко. Загрижена бдее над неговата постела. Одеднаш се случува нешто чудно. Од сите страни доаѓаат војници глувци, кои меѓусебно војуваат. Тие го напаѓаат и Крцко, кој во еден миг се претвора во убав млад принц. Тој ја зема Марија за рака и ја води во маѓепсаниот замок каде владее неговата пријателка самовила. Таа ги повикува другите самовили и во нивна чест приредува раскошна прослава. Танцуваат самовилите но и цвеќињата. Марија и Крцко уживаат во звуците на танци на различни народи: руси, арапи и кинези. Волшебните звуци ги прекинува ѕвонењето на будилникот и Марија сфаќа дека се било само сон.
Задачи 1. Одреди го карактерот на танцот? 2. Искажи ги впечатоците од слушаната музика преку ритмички движења. 46
Гоце Коларовски Растурена игра
Гоце Коларовски (1959-2006) e истакнат македонски композитор и диригент. Во неговото творештво се застапени вокални, вокално - инструментални и инструментални дела. Сеќавањата и доживувањата од детството ги преточил во композицијата за детски хор и пиано со наслов Растурена игра. Таа започнува на сред село каде децата се собираат и играат разни игри.
Бројалката Падна бомба од небото, па удари баба меца...... е текстуална основа на композицијата. Во играта настанува кавга и поради тоа децата налутено ја напуштаат. Со звукот на пианото детските гласови добиваат нова интонација. Така симболично е претставено убедувањето и нетрпението Диме да се врати во игра. Но и покрај сите настојувања, тој не се враќа и играта се растура со зборовите „Ајде да одиме дома“.
Задачи 1. Именувај го инструментот во композицијата. 2. Осмисли игра на бројалка по твој избор.
47
Тодор Скаловски Мачор Станко
Тодор Скаловски e македонски композитор кој со подеднаква сила и желба успешно работел како композитор, хорски и оркестарски диригент и организатор на музичкиот живот во Република Македонија. Роден е во Тетово ( 1909 – 2004) во фамилија во која националниот мелос го негувал секој член од семејството. Родителите му биле интерпретатори на народни песни и затоа во неговото творештвото се присутни фолклорни елементи. Во творештвото на Скаловски има вокални, инструментални и вокално- инструментални дела. Некои творби ги посветил на младите слушатели, децата. Во композицијата за детски хор Мачорот Станко, на шегобиен и весел начин ја опишал бркотницата на бабата и мачорот низ дворот.
Задачи 1. Претстави ја бркотницата на бабата и мачорот преку музичка игра. 2.Доживувањата од слушаната композиција искажи ги ликовно. 48
Александар Џамбазов Александар Џамбазов е македонски композитор роден 1936 г. во с. Стапар, Војводина. Toj е основоположник и така наречен „татко“ на фестивалот на детскa песна Златно славејче. Работел 37 години како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар на МРТ (Македонска радио телевизија). Неговото творештво се состои од музика за деца , драмски претстави, телевизиски серии, филмска музика, соло песни до камерна и симфониска музика. Добитник е на многубројни награди на републичко и меѓународно ниво, меѓу кои наградите 11 Октомври и 13 Ноември. Го основал детскиот фестивал Златно славејче каде и денес работи и придонесува за неговата успешност. Овој фестивал се одржува секоја година во Скопје и е втор по старост во Европа.
Дали знаете? Александар Џамбазов живее за да твори, да помага и да остава големи дела достојни за почит. Добитник е на признание за хуманост од УНИЦЕФ. Препорака за слушање: 1. Песни од фестивалот Златно славејче и други детски фестивали. 49
Тома Прошев Палавко
Тома Прошев (1931-1996) бил еден од најплодните македонски композитори. Пишувал вокално-инструментални дела, но и музика за деца. Композицијата Музичка сликовница е инструментално дело за пиано. Составена е од седум музички пиеси-приказни: Моето коњче,
Осаменото дете Палавко, Тага за ластовицата, Пролетен ветер, Дворец на минатото и Игра во полето. На темата игри се напишани многу композиции во музичката литература. Во нив многу успешно се искaжуваат радосните, ведрите, среќните, но и немирните моменти на децата. Осаменото дете Палавко Во композицијата мелодијата ги доловува чувствата на осаменост и тага на Палавко. Неговите другари не ги прифаќаат неговите игри придружени со многу згоди и незгоди. Тој останува сам без желба за палави игри.
Задачи 1. Одреди го карактерот и темпото на композицијат 2. Изработи цртеж во кој ќе го претставиш осаменото дете Палавко. 50
П. И. Чајковски
Наполитанска песна од балетот „ Лебедово езеро“
Петар И. Чајковски (Пётр Ильич Чайковский 1840-1893) е голем руски композитор. Во неговото творештво еден од најпознатите балети е „Лебедово езеро“. Серенада е композиција која се исполнува со пеење и свирење. Со неа обично момчето и ги искажува своите чувства на девојката. Овој обичај да се пее и свири серенада настанал во Италија. За време на патувањата во Италија, Чајковски се восхитувал на вечерните серенади во изведба на млади момчиња. Тоа го инспирирало да ја напише Наполитанската песна. Првата верзија на оваа серенада е песна без зборови со клавирска придружба. Подоцна истата ја преработил во исполнение на труба со придружба на оркестар и ја ставил во балетот „ Лебедово езеро“.
Задачи 1. Именувај го инструментот со кој е изведена мелодијата на композицијата. 2. Воочи ги промените на темпото во слушаната композиција и искажи ги преку танцување. 51
Јозеф Хајдн
Детска симфонија ( I став) Јозеф Хајдн (1732 – 1809) е австриски композитор кој живеел во Виена- Австрија. Напишал голем број композиции за оркестар помеѓу кои и Детска симфонија. Во неа покрај инструментите на симфонискиот оркестар, застапени се и детски музички инструменти. Преку разиграната и весела мелодија опишано е пролетното будење во природата. Со звукот на различни инструменти се имитираат звуците на природата, како на пример: пеењето на славејот, кукавицата и други птици. Разгледајте го краткиот нотен запис од препознатливата мелодија на
Детска симфонија
Инструментален состав е група изведувачи на музички инструменти. Оркестар е голем инструментален состав од изведувачи на различни музички инструменти.
Задачи 1. Кои од имитираните звуци во природата ги препознаваш? 2. Имитирај ги звуците на птиците кои си ги препознал во делото. 3. Направи цртеж во кој ќе ја отсликаш содржината на композицијата. 52
Антонин Дворжак Словенски танц
Антонин Дворжак (1841-1904) е еден од најистакнатите чешки композитори . Живеел во 19 век. Тој и Беджих Сметана ја формирале Чешката национална школа и дале голем придонес за развојот на музичката уметност. Во неговото творештво преовладуваат елементи од чешкиот фолклор. Народните танци често му биле инспирација за композициите. Композицијата Словенски танци е инструментално дело за оркестар. Во неа преовладува богатството на звукот со широко распеана мелодија која предизвикува желба за танцување.
Препорака Танцувај во ритамот на композицијата. 53
Камиј Сен - Санс Марш на лавовите
Камиј Сен - Санс (1835-1892) е француски композитор. Во неговите композиции посебно внимавал на правилниот избор на инструменти, чиј што звук треба да отслика некој настан. Неговата музика кај слушателите создава различно расположение. Во композицијата Карневал на животните на лесно приемлив, духовит начин го опишува семејството на животните во зоолошката градина. Различната боја на звукот од инструментите во оркестарот не потсетува на страшните лавови, плашливите кокошки, птици, големиот слон, гордите антилопи, магарето, фосилите и други животни.
Марш на лавовите
Животните се организираат да направат голема свеченост, Марш под маски. Настанува голема мешаница и неизвесност кое животно се крие под маската. Животните се вознемирени, но по малку и исплашени. Се поставува прашањето кој ќе биде водач на маршот. Тука не би требало да постои дилема, тоа ќе бидат силните лавови Задачи 1. Нацртај го омилениот лик од слушаното дело. 2. Движи се во ритамот на музиката. 54
Волфганг Амадеус Моцарт Турски марш
Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791) е еден од најпознатите светски композитори. Роден е во Салцбург – Австрија и живеел во 18 век. Неговото творештво е многу големо, иако живеел само 35 години. Пишувал симфонии, опери, концерти и сонати за пиано и виолина и други дела. Бил наречен „чудо од дете“ бидејќи од многу мал, кога имал само неколку години, компонирал и концертирал низ цела Европа. Така се стекнал со голема слава. Татко му Леополд Моцарт го научил да свири виолина и клавир. Бил уметник со голема енергија, и желба за работа.
Турски марш e трети став ( дел) од сонатата број 11 за
пиано.Изработена е со големо композиторско мајсторство. Има грациозен, ведар и маршовски карактер.
Задача 1. Дали ти е позната мелодијата ? 2. Воочи го и именувај го темпото на музичкото дело. 3. Искажи ги впечатоците од слушаната музика. 55
Пееме и свириме
,,HU,HU,BABA HU,“ „ХУ, ХУ, ТАТО ХУ“ албанска народна песна
Превод од aлбански: Ху,ху,тато,ху. Земи коњ и оди по дрва. Чекај, чекај доаѓа. Коњскиот опаш скока. Ху ,ху еден. Ху, ху два.
Задача 1. Научи ја мелодиата на песната по слух. 2. Придружувај ја мелодиата на песната на ДМИ - дајре и чинели. 56
Пееме во придружба на детски музички инструменти Во песната се застапени сите научени тонови. Да ја отпееме и отсвириме на детски музички инструменти.
Кукурек
Оваа убава мелодија, во различни земји се пее на различни текстови. Ние ќе ја пееме на овој текст.
Задачи 1. Отпеј ја песната по ноти и со литературен текст. 2.Отсвири ја песната на ДМИ – блок флејта и ѕвончиња, мелодиски и ритмички точно. 57
Пееме и свириме по ноти Прескочи
2.Ване, Мирјана Сите дечиња.
3. Скок,скок,скокаме Игра, играме.
Ајде да свириме!
58
Пееме и свириме по ноти Еден, два и три
Песна „Еден, два и три“
Везден трчам, паѓам, многу грешки правам. Мама ќе ме кара, зошто не сум здрава. Задачи 1.Отпеј ја песната во придружба на детски ритмички инструменти. 59
Народно музичко творештво Народни песни
Народните песни се дел од фолклорното наследство, поточно од народното музичко творештво. Преку песните народот ги опевал среќните, весели, хумористични, тажни и тешки моменти од својот живот. Така настанале песни со различни мотиви. Во минатото тие се пренесувале преку пеење, од колено на колено. Сега постои институција Фолклорен институт во која работат луѓе кои се грижат за фолклорното наследство. Народните песни ги запишуваат со нотен запис. Основни карактеристики на песните се: мелодија, ритам и содржина. Тие ги носат карактеристиките на крајот од каде што потекнуваат и на етничката заедница што и припаѓаат.
Јана е шума градила (по слух)
народна пена
До пладне шума градила леле, x2 од пладне момци љубила еј, љубила. Oздола иде делија леле, оздола иде делија делија леле делија еј, делија. На Јана вели говори леле, дај Јано да те милувам, милувам леле, милувам еј, целувам.
Задачи 1. Побарај од твоите родители, баба, дедо и други роднини текстови од изворни народни песни. 2. Одреди го видот на народната песна според содржина. 60
Народни инструменти Народните инструменти се дел од народното музичко творештво. Луѓето во различните културни заедници сами изработувале и користеле различни инструменти. Tиe се дел од нивното културно наследство. Инструментите се користат за свирење и како придружба кога се пеат песни или играат ора.
шупелка гајда
зурла тамбура
саз
тарабука
тапан
дајре
кавал
канун
ут
Запомни : Инструменталните состави од народни инструменти се нарекуваат народни оркестри. 61
Народни умотворби Гатанки се куси творби кои поттикнуваат на размислување. Плодот и е сладок, малечок и црн, ама лесно може, да те боцне трн. Овцата го чува, го храни и мие, а тоа без цуцла, пресно млеко пие .
На земјата живот дава, жито, пченка за да зрее, штом ќе дојде цветна пролет топли зраци сегде лее. Итрица е голема, многу вешто краде, а најмногу петли и кокошки јаде.
Брзозборки се зборови кои се изговараат брзо, при изговорот се прават грешки и создаваат весело расположение. И ти вака И ти така Измислиле игра, Избрзале, Избоцкани Извадиле Игла. ( Рајко Јовчевски, Ономоно дономоно) Пословиците искажуваат мудрост. Составени се од два дела. Во првиот дел е искажан општиот суд, а во вториот дел е пораката. Собирај на младоста да имаш за староста. Што дробил тоа и сркал. Умниот е јунак, а не силниот. Задача 1.Собирај народни умотворби: брзозборки, гатанки и пословици.
62
Народно творештво Сето она што го создал народот и што претставува негово традиционално обележје се вика народно творештво. Луѓето твореле за да ги искажат своите потреби, верувања и желби.
Музичко народно творештво: народни песни, ора, инструменти.
Литературно народно творештво: брзозборки, гатанки и пoговорки.
Народно творештво
Ракотворби: носии и везови.
Различни занаети: грнчарство и филиграни.
Задача 1.Именувај ги елементите на народното творешт
63
Обичаи од различни краишта и различни етнички заедници во Македонија Сите празници и празнувања кај различните народи во светот се проследени со обичаи. Во Република Македонија секоja етничка заедница си има свои празници и обичаи. Обичаите се разликуваат едни од други, но си имаат свои карактеристики и начин како се одбележуваат. Некои од нив стануваат и културна традиција.Одбележувањето на празниците во различни делови од македонија различно се празнуваат. Свадбените обичаи се многу познати и секаде се значајни. Во Западна Македонија, во Галичник, познатата „Галичка свадба“ како обичај стана културна традиција и манифестација. Постојат обичаи и за празникот Прочка. На тој ден помладите одат кај постарите да бараат прошка. Според народниот обичај се амка јајце, се игра оро на плоштад или сред село. Обичаите за празникот Ѓурѓовден посебно ги одбележува ромската етничка заедница. Се пече јагне, се руча и се прави веселба во природа. Младите момчиња и девојки се лулаат на лулашки и се плетат венчиња од цвеќе. Карактеристични обичаи за празникот Курбан Бајрам кај муслиманската етничка заедница се: приложување на курбан јагне или теле кое се дели за здравје и среќа на куќата. На празничниот ден помладите одат на гости кај постарите. Тие ги пречекуваат со традиционално благо, баклава. Задача 1.Истражувај за други обичаи кај различните етнички заедници. 64
Проектна активност
Шема за организација на работата
Прва група
Петта група
Втора група Наставниккоординатор
Четврта група
Трета група
Презентација на активности
Очекувани резултати
65
Реализација на проектната активност Оваа активност ќе се реализира преку групна истражувачка работа. Формирајте групи со помош на наставникот, според вашите афинитети. Секој ученик треба да придонесе за реализација на зедничката задача на групата. Првата група да собере народни умотворби: гатанки, брзозборки, пословици, народни преданија и обичаи. Втората група да собере предмети од различни занаети: грнчарство, филигранство, носии и везови. Третата група да собере и донесе информации во писмена форма за обичаи од различни краеви во Македонија. Четвртата група да пронајде текстови од изворни народни песни, од различни краеви на Македонија. Петтата група да пронајде слики на народни инструменти.
Задача 1. Групна презентација на сите активности. 66
Детско музичко творештво Немирко
Еден убав пролетен ден на свет дошла едена светулка. Уште од првиот ден била немирена и ја нарекле Немирко. Од ден на ден растел и измислувал немирни игри. Трчал, скокал и никако не се смирувал. Дошло време да појде во училиште. Наставникот ги учел светулките како да ги запалат своите сијалици. Додека другите се труделе да научат, Немирко полетал и наместо една светнале две сијалици. Од тој ден светел и ноќ и ден. Една ноќ неговите сијалици престанале да светат. Тажен се вратил кај своите родители. Тие го ставиле на цветниот кревет и повикале лекар. Тој лежел и тажно ги гледал своите сестри и браќа како светат. Стигнал стариот доктор Светулко и на болниот Немирко му рекол да мирува и да не ја троши светлината кога не треба. Едно утро неговите сијалици повторно се запалиле. Сега среќниот Немирко ги палел само ноќе. Задачи 1.Според дадените илустрации направете драматизација. 2. Немирните игри на Немирко искажете ги со ритмички игри и мелодиски вежби. 67
Значајни културни објекти Музичките настани се дел од секојдневните културни случувања. Секојдневно се одржуваат концерти од уметничката забавната и сериозната музика. Музичките настани се одржуваат во Универзална сала, Македонски народен театар (МНТ), Музеј на град Скопје и на други места.
Универзална сала
МНТ
Музеј на град Скопје
68
Млади уметници Вие сте пееле многу песни или слушале други музички композиции. Скоро во сите песни, па и во некои композиции изговарате или слушате текст. Така е полесно да ја разберете содржината на песната или музичкото дело. Приказните, легендите или други литературни дела се инспирација на композиторите за создавање на музички дела. Можеби треба да се обидете и вие да бидете композитори. На дадената мелодија обидете се да го компонирате следниот текст..
Пеам, свирам, компонирам, Моцарт јас го имитирам, композитор дал ќе бидам, цел свет сакам да го видам.
Мелодијата можеш и да ја отсвириш.
Препорака: Доколку сакаш, напиши стихови по твоја желба. Задача 1. Отпеј ја мелодијата со дадениот текст. 2. Отсвири ја мелодијата на блок флејта. 69
Да направиме приредба Се ближи крајот на учебната година. Можеби сакате тој момент заеднички да го одбележите со вашите родители и наставници. Обидете се да осмислите начин како тоа да го направите. Да се пее, свири и да се ужива во веселите мигови е вистински начин да се претставите и збогувате со уште една учебна година. Во приредбата секој треба да има своја улога. Одберете ги според вашите можности и афинитети (желби). Направете „Музичка приредба“
Водител ( може и двајца водители).
Група свирачи
Група пеачи
Препорака: Оваа активност реализирајте ја преку веќе изучени песни. 70
Правилен пеачки став……………………………………......4 Вежби за распејување …………………………………….....5 Буба Мара.................................................................................6 Есен...........................................................................................7 Дедо Мраз............................................................................. 8 Снешко......................................................................................9 Кокиче....................................................................................10 Мојата мајка...........................................................................11 Медо имед...............................................................................12 Воздушно кајче......................................................................13 Алај Муте...............................................................................14 Свириме на блок флејта………………………………..15,16 Музичка куќа........................................................................17 Нота Ла...................................................................................18 Ринга,ринге Раја....................................................................19 Примена на нотите СОЛ, МИ и ЛА……………………......20 Нота РЕ....................................................................................21 Примена на нота РЕ................................................................22 Нота ДО....................................................................................23 Примена на нота ДО...............................................................24 Нота ФА....................................................................................25 Примена на нота ФА...............................................................26 Примена на изучени ноти во песни.......................................27 Песни за утврдување наизучени тонови...............................28 Да се потсетиме на сите изучени ноти..................................29 Динамика..................................................................................30 Пеење на песни со примена на динамика.......................... ...31 Ен тен тини...............................................................................32 Ноти и паузи.............................................................................33 Четвртина нота........................................................................34 Четвртина пауза.......................................................................35 Половина нота..........................................................................36 Цвеќе шарено............................................................................37 Половина пауза...................................................................38-39 Продолжување на нотите со корона......................................40 Темпо..........................................................................................41 Знак за повторување..................................................................42 Прима и секунда волта..............................................................43 Мотив.........................................................................................44 Триумфален марш Ѓ. Верди.....................................................45 Кинески танц П.И. Чајковски...................................................46 Растурена игра Г. Коларовски..................................................47 Мачор Станко Т. Скаловски.....................................................48 Александар Џамбазов................................................................49 Палавко Т. Прошев....................................................................50 71
Наполитански танц П. И. Чајковски......... …………………..51 Детска симфонија Ј. Хајдн........................................................52 Словенски танц А. Дворжак.....................................................53 Марш на лавовите К. С. Санс...................................................54 Турски марш В.А. Моцарт........................................................55 Ху. Баба, Ху................................................................................56 Пееме со придружба на инструменти„ Кукурек“...................57 Пееме и свириме по ноти „Прескочи“......................................58 Еден, два и три свирење по ноти............................................ .59 Народно творештво, народни песни........................................60 Народни инструменти...............................................................61 Народни умотворби...................................................................62 Народно творештво....................................................................63 Обичаи.......................................................................................64 Проектна активност............................................................... ...65 Реализација на проектна активност.........................................66 Детско творештво „ Немирко“.................................................67 Културни објекти................................................................... .68 Млади уметници............................................................. ...... .69 Да направиме приредба................................................ .........70
72