May Opera Evenings 2013

Page 1

MOMENT KOJ TREBA DA SE DO@IVEE...

41MAJSKI OPERSKI VE^ERI MAY OPERA EVENINGS


41

МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ MAY OPERA EVENINGS

Голема благодарност до сите наши спонзори и поддржувачи: A huge thank to all of our business sponsors and supporters:

Главен покровител / Main patron

2


СОДРЖИНА / CONTENT 6-13

Свечено отворање / Official opening ПРЕМИЕРА/ PREMIÉRE ХОФМАНОВИ ПРИКАЗНИ - Ж. Офенбах LES CONTES D’HOFFMANN - J. Offenbach

14-15

ЕВРОПСКИ ОПЕРСКИ ДЕНОВИ: OПЕРА-ДРАМА-СЦЕНА EUROPEAN OPERA DAYS: OPERA-PLAY-GROUND

16-20

ДОН КИХОТ – Л.Минкус DON QUIXOTE – L. Minkus

22-27

ТРАВИЈАТА - Џ. Верди LA TRAVIATA - G. Verdi

28-33

АТИЛА - Џ. Верди ATTILA - G. Verdi

34-39

ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР - Г. Доницети LUCIA DI LAMMERMOOR - G. Donizetti

40-43

АИДА - Џ. Верди AIDA - G. Verdi

44

ПРОМОЦИЈА / PROMOTION

45-47

ИНФОРМАЦИИ И БИЛЕТИ / INFORMATION AND TICKETS

Управата на НУ. Македонската опера и балет ги задржува правата на промени во програмата и учесниците. The management of the Macedonian Opera and Ballet retains the right for changes in the program and participants.

Фотографии / Photography credits Архива на МОБ / Archive of MOB Dina Johnsen стр. 28 Одабела / page 28 Odabella МОБ СЕ ИЗВИНУВА ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ПЕЧАТНИ ГРЕШКИ.

3


4

Директор на Македонска опера и балет ДЕЈАН ПРОШЕВ Уметнички директор на Оператa АЛЕКСАНДАР КОТЕВСКИ Уметнички директор на Балетот ГОРАН БОЖИНОВ Менаџер на МОБ ТАЊА ВУЈИСИЌ ТОДОРОВСКА Маркетинг раководител ЕВИЦА ТАСЕСКА КАРАНФИЛОВА Маркетинг и промоција МОБ МАРКЕТИНГ Благодарност до Moonlight продукција Стручен соработник ДОЈРАНА ПРОКОПИЕВА

Manager of Macedonian Opera and Ballet DEJAN PROSHEV Artistic director of the Opera ALEKSANDAR KOTEVSKI Artistic director of the Ballet GORAN BOZHINOV Manager of MOB TANJA VUJISIKJ TODOROVSKA Marketing director EVICA TASESKA KARANFILOVA Marketing and promotion MOB MARKETING Gratitude to Moonlight production Expert collaborator DOJRANA PROKOPIEVA

УЧЕСТВУВААТ: ХОРОТ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА МОБ

PERFORMING: CHOIR, CORPS DE BALLET AND ORCHESTRA OF MOB

Aсс. Режисер ТРАЈКО ЈОРДАНОВСКИ, ИГОР ПАРМАКОВСКИ Асс. Хор-мајстор ЃУРГИЦА ДАШИЌ, ЈАСМИНА ЃОРЃЕВСКАСЕРАФИМОВСКА Корепетитори ЕЛЕНА СИЉАНОСКА, ЈАНИНКА НЕВЧЕВА, АНДРЕЈA НАУНОВ Светло мајстор ВАСИЛ ЛИСИЧОВ, ПЕТРО ДИМИТРОВСКИ, МИЛЧО АЛЕКСАНДРОВ Инспициенти (Опера) МИРЧЕ СТОЈЧЕВСКИ, ЉУПЧО ПОЛИЗОВ (Балет) ДУБРАВКА ШОПОВА Суфлери ПАВЛИНА ЗДРАВКОВА, СВЕТЛАНА ГЕОРГИЕВА Кореспондент НАТАША ТЕОДОСИЕВСКА Технички секретар ЕЛИ ТАРАБУНОВА Музички секретар АЛЕКСАНДРА НЕШКОСКА

Ass. Director TRAJKO JORDANOVSKI, IGOR PARMAKOVSKI Ass. Chorus master GJURGICA DASHICH, JASMINA GJORGJESKA SERAFIMOVSKA Piano accompanists ELENA SILJANOSKA, JANINKA NEVCHEVA, ANDREJA NAUNOV Light designers VASIL LISICHOV, PETRO DIMITROVSKI, MILCHO ALEKSANDROV Stage managers (Opera) MIRCHE STOJCHEVSKI, LJUPCHO POLIZOV (Ballet) DUBRAVKA SHOPOVA Prompters PAVLINA ZDRAVKOVA, SVETLANA GEORGIEVA Corespondent NATASHA TEODOSIEVSKA Secretary technical ELI TARABUNOVA Secretary music ALEKSANDRA NESHKOSKA

СЦЕНОГРАФИЈАТА, КОСТИМИТЕ И РЕКВИЗИТАТА ВО НАШИТЕ ПРОДУКЦИИ СЕ ИЗРАБОТЕНИ ОД СТРАНА НА ТАЛЕНТИРАНИОТ ПЕРСОНАЛ ВО ПРОДУКЦИСКИТЕ СТУДИЈА НА МОБ.

ALL THE SETS, COSTUMES AND PROPS ARE MANUFACTURED IN OUR OWN WORKSHOPS BY THE TALENTED STAFF AT PRODUCTION STUDIOS OF MOB.


Драги пријатели, драги љубители на Операта

Dear friends, dear Opera lovers,

Свесни за значењето на културните и уметничките вредности кои ги додаваме во Вашиот живот, дозволете ни, и оваа година, со вас да споделиме моменти на задоволство и инспирација. Операта е една од најбитните „живи“ уметнички форми, па, оттука, и идејата за Мајските оперски вечери, интернационален оперски фестивал со повеќедецениска традиција, да дејствува и да ја слави убавината и големината на оваа музичка форма. Оваа година Македонската опера и балет е дел од европската иницијатива Европски оперски денови, заедно со уште 106 европски оперски куќи, кои прославуваат и 200 години од раѓањето на големиот мајстор Џузепе Верди. Исто така, одбележуваме и 20 години билатерална, културна соработка со повеќе земји меѓу кои Индонезија, Велика Британија, Италија, Бугарија, чии вокални солисти и диригенти преку нивното уметникување ќе ја пренесат единствената и универзална порака на музиката. Со задоволство Ви нудиме моменти на експресија, емоции, носталгија, моменти на единствено уметничко доживување низ Вашите омилени претстави, преку седум настани, пет оперски, едно балетско дело и еден настан кој ги соединува актерската игра и музиката. Се надеваме дека ова 41 издание на Мајските оперски вечери ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите почитувачи на оперската и балетска уметност, со верба дека македонската публика и понатаму ќе биде дел од создавањето и негувањето на вистинските културни вредности.

Realizing the significance of the cultural and artistic value that we add into your everyday lives, please allow us to share moments of delight and inspiration with you this year as well. The opera is among the most significant “vibrant” art forms; hence, the idea of the May Opera Evenings, the international opera festival with a tradition of several decades, to invest efforts into celebrating the beauty and splendor of this music form. This year, together with additional 106 opera houses, the Macedonian Opera and Ballet takes part in the European Opera Days initiative, celebrating the 200th anniversary of the birth of maestro Giuseppe Verdi. In addition, this year we also mark the 20 years of the bilateral cooperation in the area of culture with many countries, including Indonesia, Great Britain, Italy, and Bulgaria. It is the artistic expression of the vocal soloists and conductors of these countries that shall convey the unique and universal message of music. It is our pleasure to offer you moments of expression, emotion, nostalgia; moments of a unique artistic experience intertwined within your favorite performances, delivered across seven events, five of which operatic, one ballet, and one performance uniting acting routines with music. I hope that this 41st edition of the May Opera Evenings will satisfy the tastes of even the most demanding opera and ballet lovers, and I trust that the Macedonian audience will remain an integral part of the creation and nurturing of true cultural values.

М-р Дејан Прошев, Директор, Македонска опера и балет

Dejan Proshev, MA General Manager Macedonian Opera and Ballet

5


Диригент / Conductor

Режисер / Director

Сценограф / Set designer

Костимограф / Costume designer

ХОФМАНОВИ ПРИКАЗНИ LES CONTES D’HOFFMANN Диригент: Најден Тодоров (Бугарија) Режисер: Урсула Хорнер (Австрија) Сценограф: Марија Ветероска Костимограф: Марија Пупучевска Кореограф: Олга Панго и Урсула Хорнер Светло дизајн: Васко Лисичов Концерт-мајстор: Климент Тодороски Асс. Режисер: Љупка Јакимовска Асс. Костимограф: Марта Трендафилова

Conductor: Nayden Todorov (Bulgaria) Director: Ursula Horner (Austria) Set designer: Marija Veteroska Costume designer: Marija Pupuchevska Choreography: Olga Pango and Ursula Horner Light designer: Vasko Lisichov Concert master: Kliment Todoroski Ass. Director: Ljupka Jakimovska Ass. Costume designer: Marta Trendafilova

КАСТ: Хофман: Микаел Спадачини (Белгија) Никлаус: Ирена Кавкалевска Олимпија: Нада Талевска Џулиета: Олгица Милевска Антонија: Билјана Талевска - Јосифов Линдорф, Копелиус, Дапертуто, д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски Андрес: Дејан Стоев Кошенил: Никола Стојчевски Питикиначо: Дејан Стоев Франц: Никола Стојчевски Лутер: Владимир Саздовски Спаланцани: Зоран Даскаловски Креспел: Владимир Саздовски Глас: Катерина Бошковска Шлемил: Невен Силјановски

CAST: Hoffmann: Mickael Spadaccini (Belgium) Nicklausse: Irena Kavkalevska Olympia: Nadа Talevska Giulietta: Olgica Milevska Antonia: Biljana Talevska - Josifov Lindorf, Coppélius, Dapertutto, Dr.Miracle: Ernes Ibraimovski Andrès: Dejan Stoev Cochenille: Nikola Stojchevski Pitichinaccio: Dejan Stoev Frantz: Nikola Stojchevski Luther: Vladimir Sazdovski Spalanzani: Zoran Danilov Crespel: Vladimir Sazdovski The Voice: Katerina Boshkovska Schlémil: Neven Siljanovski

6

J. Offenbach

ПРЕМИЕРА / PREMIÉRE

09.05.2013 - 20.00 Четврток / Thursday


Хофман / Hoffmann

Никлаус / Nicklausse

Олимпија / Olympia

Џулиета / Giulietta

Најден Тодоров

диригент. Музичката критика ќе го нарече „диригент со јасна и описна артикулација кој дисциплинирано го води драматуршкиот развој на музиката, како во симфониските, така и во оперските дела“. Не изостануваат ниту епитетите од неговите соработници кои за Тодоров ќе речат дека е уметник „наоружан“ со палета богати и оригинални идеи. Овој диригент, роден во Бугарија во 1974 година, а школуван во Виена во класите на Карл Остерајхер и Урош Лајовиц, беше вистинско откритие на концертните подиуми низ Европа и светот, и полека се изгради во еден од најпочитуваните млади диригенти. Во Израел, Тодоров е постојан диригент на оркестарот на Израелската северна симфонија во Хаифа и главен диригент и музички директор на Државната опера и филхармонија во Русе. Тодоров реализирал многубројни аудиозаписи, како и снимки за радио и телевизиски потреби. Тој е, исто така, музички директор на прочуениот Тракиски меѓународен, летен музички фестивал, а од 2001 година и редовен гостин на Националната опера и балет во Софија. Nayden Todorov, conductor. The music critic praises Nayden Todorov as a “conductor with clear and descriptive articulation who takes on the dramatic development of the music with discipline in both opera and symphonic works.” His artistic associates say that Todorov is an artist “armed” with a palette of rich and original ideas. Todorov, born in Bulgaria in 1974, studied in Vienna with Karl Osterreicher and Urosh Lajovic and after being discovered has slowly conquered Europe’s lead concert stages, becoming one of the most respected young conductors. In Israel, Todorov is the conductor of the Israel Northern Symphony in Haifa and he is the chief conductor and music director of the State Opera and Philharmonic in Ruse, Bulgaria. Nayden Todorov has made recordings for various labels as well as for radio and television. He is the music director of the renowned Thracia Summer Festival, and from 2001 he is the permanent guest conductor of the National Opera and Ballet in Sofia.

Урсула Хорнер

режисер. „По доаѓањето на Урсула Хорнер во Македонија, оперските претстави се претворија во динамични, впечатливи креации, во кои секој носител на дејствието е комплетно ангажиран“ – овие зборови ќе ги изрече македонската музичка критика за австриската режисерка која, пред доаѓањето во Македонија, своето професионално искуство го бележи во престижни театарски куќи во Виена и Европа. Хорнер се јавува како режисер на бројни претстави: „Бастиен и Бастиена“, „Риналдо“, „Дон Џовани“, „Севилскиот бербер“, „Музика за деца“, „Клинг Кланг“, „Старата дама и крадецот“, „Една ноќ во Венеција“, „Околу светот за 80 дена“, а во нејзиното портфолио се забележани и нејзините пеачки и актерски настапи во „Кабаре симпл“, „ОРФ ТВ“ во хорот на Државната опера во Виена, како и солистичките креации во „Сон на летната ноќ“, Баховата „Миса во h-moll“, „Пасија по Матеја“ и други. Хорнер е активна и како кореограф за опери, кабареа, филмови и телевизиски продукции, но и како автор на либрета. Ursula Horner, director. “With the coming of Ursula Horner to Macedonia, the stage performances of the operas became dynamic and visually appealing creations, in which each participant is completely engaged”. These are the words of the Macedonian music critics for the Austrian stage director, who prior to her work in Macedonia, has directed stage performances in prestigious theatres in Vienna and Europe. Horner signs the productions of: Bastien and Bastienne, Rinaldo, Don Giovanni, The Barber of Seville, The Old Maid and the Thief, Music for Children, Kling-Klang, One Night in Venice, Around the World in 80 Days etc. Her professional biography also includes singing and acting performances which encompass work at the State Opera in Vienna, Orf TV, Cabaret Simple as well as solo appearances in the Midsummer Night’s Dream and Bach’s Mass in B minor and St. Matthew’s Passion. Horner also works as an opera, cabaret and film choreographer and writes librettos.

7


Марија Ветероска

сценограф. Ја сметаат за смела и необична, сценограф чиј визуелен ракопис е веќе препознатлив на сцената, а таа вели дека се стреми преку уметноста и дизајнот да предизвика реакција и емоција преку пораки изразени во визуелна форма. Родена во Скопје, во 1980 година, Ветероска своето образование го стекнува на Факултетот за ликовни уметности, отсек графика со графички дизајн, каде што дипломира и магистрира. Таа е автор за сценографиите на повеќе музичко-сценски проекти во продукција на МОБ, како: операта „Рита“, музичко-сценскиот перформанс „Јас и мојот прозорец“, балетот „Шехерезада“, оперите „Џуџето“, „Волшебната флејта“, „Бал под маски“, „Дон Џовани“, „Војвотката на чардашот“ како и на сценски постановки за гала-оперски проекти и манифестации. Реализирала седум самостојни и над педесет групни изложби во Македонија и надвор од нејзините граници. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Marija Veteroska, set designer. She is known as bold and unusual, a set designer whose visual signature is always recognized on stage. In her words, she is aiming to provoke a reaction and emotion through art and design, by messages expressed in a visual form. Born in Skopje in 1980, Veteroska earns her Bachelor degree and Master of Fine Arts qualification at the Faculty of Fine Arts in Skopje, at the Department for Fine Art Printing and Design. She signs the set designs for various opera and ballet productions at the Macedonian Opera and Ballet including the opera Rita, the Me and My Window performance, the ballet Scheherezade, the opera Der Zwerg, The Magic Flute, Ballo in Maschera, Don Giovanni, Die Csárdásfürstin as well as the set designs for various gala opera performances and stage events. Her works have been shown at 7 individual and over 50 group exhibitions in Macedonian and abroad. Veteroska is a winner of various awards and prizes.

Марија Пупучевска

костимограф. „Костимот е еден од неизбежните елементи на едно сценско дело кој извонредно многу говори не само за времето на одвивање на дејствието, туку уште повеќе за карактерите на личностите во него“ – вели костимографката Марија Пупучевска. Таа дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на одделот текстил и текстилно инженерство со дизајн, а од 1999 година е вработена во МОБ како раководител на секторот за костимирање. Во нејзиното портфолио се запишани креациите за „Турандот“, „Бал под маски“, „Риголето“, „Кармен“, „Травијата“, „Дон Џовани“, „Тоска“, „Италијанката во Алжир“... По 15 години битисување со и за уметноста, 80 премиери и три награди за најдобри костими на Фестивалот на македонскиот театар „Војдан Чернодрински“, Пупучевска изминатата година ја потпиша и својата прва авторска костимирана звучна порака – „Со-облекување“, каде што прави спој на различни визуелни и аудиоелементи за да се покаже меѓузависноста и неделивоста на драмата, операта и балетот со својот специфичен костимографски израз. Marija Pupuchevska, costume designer. “The costume is one of the most important segments of the stage work, speaking largely not only about the period and the place where the events take place, but also describes the characters that wear the costumes” are the words of Macedonian costume designer Marija Pupuchevska. A graduate of the Department for textile and textile engineering and design at the University Sts. Kiril and Metodij, Pupuchevska starts her work at the Macedonian opera and ballet in 1999 as head of the costume department. Her professional portfolio contains the costume designs for Turandot, Ballo in maschera, Rigoletto, Carmen, La Traviata, Don Giovanni, Tosca, L’Italiana in Algieri. In her 15 years of work, Pupuchevska has signed the costume creations for more than 80 premieres which bring her 3 awards for best costume design at the “Vojdan Chernodrinski” theatre festival. In 2012, Marija Pupuchevska created her first alternative “sound and costume” message in which by combining different visual and audio elements, attempted to show the correlation and inseparability of the drama, opera and ballet with her specific costume design.

Микаел Спадачини

тенор. „Микаел Спадачини поседува темен, мистичен тембр на гласот кој ефектно ја доловува состојбата на ликот“, „неговата вокална техника покажа сензитивно фразирање“ се само некои од критичките оцени за изведбите на младиот белгиски тенор Микаел Спадачини на оперските сцени низ Европа. Роден во 1984 година, и школуван на Конзерваториумот во Лиеж, Спадачини го остварува своето професионално деби во улогата на Пинкертон во операта „Мадам Батерфлај“ во рамките на фестивалот во „Асоло“, по кој следат неговите ангажмани низ театрите во Италија (Парма и Кремона). Листата на улоги на Спадачини ги вклучува и оние во оперите „Травијата“, „Атила“, „Риголето“, „Аида“, „Бал под маски“, „Аладин и волшебната ламба“, на оперските подиуми и фестивали во Холандија, Белгија, Италија, Словачка. Michael Spadaccini, tenor. “Michael Spadaccini’s voice is dark and mystical which only helps in bringing the emotional condition of the characters to the front”, “his vocal technique is characterized with sensitive phrasing” these lines are just excerpts from the words of praise following the performances of the young Belgian tenor Michael Spadaccini on the European operatic stages Born in 1984 and receiving his professional qualifications at the Conservatoire in Liege, he makes his debut as Pinkerton in Madam Butterfly at the festival in Asolo, followed by engagements in Italian theatres (Parma and Cremona). He has appeared

8


as soloist in La Traviata, Attila, Rigoletto, Ballo in maschera, Alladin and the magic lamp and many others at the stages and festivals in the Netherlands, Belgium, Italy, Slovakia etc.

Ирена Кавкалевска

мецосопран. „Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што ја толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ја долови фаталната женска привлечност“ – зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе. Добитничка на неколку награди и школувана во Македонија, Софија, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето“. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а нејзиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен“, „Аида“, „Набуко“, „Моќта на судбината“, „Сестра Анџелика“, „Јулиј Цезар во Египет“, „Севилскиот берберин“, „Лилјакот“, „Иван Сусањин“, „Цар Самоил“. Irena Kavkalevska, mezzo soprano. “In her first appearance on stage, Irena Kavkalevska was a true Carmen, the unscrupulous seductress. She governed the stage and the drama, feeling comfortable in the role. She was very convincing in the portrayal of Carmen’s “femme fatale” character” is an excerpt from the reviews about Kavkalevska’s role in George Bizet’s most famous opera. A winner of several prizes and educated in Macedonia, Sofia, Graz and Zagreb, Kavkalevska debuts at the Macedonian opera in 1996 in the role of Maddalena in Verdi’s Rigoletto. She has appeared as a guest in many festivals and at various opera stages and her repertoire includes successful creations of roles in Carmen, Aida, Nabucco, La forza del destino, Suor Angelica, Julius Caesar in Egypt, The barber of Seville, Die Fledermaus, Ivan Susanin, Tsar Samoil.

Нада Талевска

сопран. Младата оперска уметница Нада Талевска веќе сигурно чекори на оперската сцена во Македонија. Со изразит вокален и сценски израз, таа полека но сигурно се наметнува како еден од најнадежните оперски солисти. Талевска дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Муратовска – Наумовска, и во текот на своите студентски денови бележи многубројни настапи и учества на семинари и натпревари, каде се стекнува со награди и признанија. Како студент учествува во претставите „Кармина Бурана“ и „Аида“, а во 2009 година ја забележува својата прва позначајна улога како Кралицата на ноќта во детската продукција на „Волшебната флејта“ од Моцарт. Во 2011 година дебитира како солист во МОБ во „Кармина Бурана“ на Карл Орф и Џилда во операта „Риголето“ од Верди. 2012 за Талевска ќе остане забележана како година во која таа бележи уште едно значајно оперско деби – улогата на Лучија во операта „Лучија ди Ламермур“ од Доницети. Nada Talevska, soprano. The young soprano Nada Talevska already makes her mark on the Macedonian operatic stage. With a formidable vocal and acting capacity, she is definitely one of the most perspective opera soloists. Talevska finishes her graduate and postgraduate studies at the Faculty of music in Skopje in the class of Professor Marija Muratovska-Naumovska, and during her studies she is awarded numerous awards and prizes at the State competitions in 2002 and 2003. As a student she takes part in the productions of Carmina Burana and Aida, while in 2009 she performs the role of Queen of the night in a production for children of Mozart’s Die Zauberflote. In 2011 she makes her debut at the Macedonian opera in a role in Carl Orff’s Carmina Burana and as Gilda in Verdi’s Rigoletto. 2012 is significant in Nada Taleska’s professional career for her debut in the title role of Lucia the production of Lucia di Lammermoor by Gaetano Donizetti.

Олгица Милевска

сопран. Од своето оперско деби во улогата на Алија од операта „Лучија ди Ламермур“ во 2004 година, Олгица Милевска бележи низа значајни настапи во оперските продукции во Македонија. Таа е дипломец на Факултетот за музичка уметност во Скопје, стипендист на фондацијата „Музички театар“ за Источна Европа и студент во камерното студио на професорката Оливера Миљаковиќ во Виена. Како дел од своите уметнички остварувања, Милевска бележи солистички настапи со камерни хорови и оркестри, како во Македонија така и низ Европа, а меѓу позначајните нејзини оперски улоги се запишани улогите во „Волшебната флејта“, „Свртувањето на шрафот“, „Мадам Батерфлај“, „Италијанка во Алжир“, „Риголето“, „Аида“, „Кармен“, „Кавалерија Рустикана“, „Љубовен напиток“, „Атила“ и други. Olgica Milevska, soprano. Since her debut in the role of Alisa in Lucia di Lammermoor in 2oo4, Olgica Milevska has performed in various productions and in concert in Macedonia. She graduated from the Faculty of music in Skopje, and was a scholarship holder of the Central and Eastern European Music theatre and also worked in the studio of Professor Olivera Miljakovic in Vienna. Milevska has sung as a soloist with chamber ensembles and choirs in Macedonia and Europe, and has also appeared in roles in The Magic flute, Turn of the screw, Madam Butterfly, L’Italliana in Algieri, Rigoletto, Aida, Carmen, Cavalleria Rusticana, L’elisir d’amore, Attila etc.

9



„Хофманови приказни“ „Хофманови приказни“ е опера напишана од Жак Офенбах. Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни напишани од страна Е. Т. А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имаат напишано претстава „Хофманови приказни“ која била продуцирана во театарот Одеон во Париз во 1851 година и која Офенбах ја има гледано. Синопсис I ЧИН ПРОЛОГ Таверна во Нирнберг. Примадоната Стела, која настапува во „Дон Џовани“ од Моцарт, му праќа писмо на Хофман (познат германски писател), барајќи состанок во нејзината гардероба по настапот. Писмото и клучот од собата ги пресретнува членот на советот Линдорф кој е олицетворение на ѓаволот – злобник кој е Хофманов противник. Линдорф планира на состанокот да се појави самиот тој место Хофман. Во таверната студентите го чекаат Хофман. Тој, заедно со својот пријател Никлаус, фантазмагоричен лик кој е ангел чувар на Хофман и негово второ јас, пристигнува и ги забавува студентите со легендата за џуџето Клајнцак (приказна базирана на бајката – Малиот Зак наречен Цинобер). Поттикнат од Линдорф, Хофман на студентите им ја раскажува својата животна приказна за неговите три љубови. (Олимпија) Првата љубов на Хофман е Олимпија, автомат создаден од страна на научникот Спаланцани. Хофман се вљубува во неа, не знаејќи дека Олимпија е механичка кукла. Никлаус, кој ја знае вистината за Олимпија, пее приказна за механичка кукла која изгледа како човек, со што го предупредува Хофман. Љубовниот занес на Хофман го спречува да ја разбере пораката на Никлаус. Копелиус, креаторот на очите на Олимпија и соработник на Спаланцани, со зла намера му продава на Хофман волшебни очила со коишто Олимпија се прикажува како вистинска жена. Олимпија пее една прекрасна арија, во која таа периодично се исклучува и треба да биде повторно вклучена пред да продолжи. Хофман е прелажан во верувањето дека неговите чувства се вратени, збунет е и Никлаус кој суптилно се обидува да го предупреди својот пријател. Во исто време, се појавува Копелиус и ја уништува Олимпија во знак на одмазда бидејќи е изигран од страна на Спаланцани. Додека гостите го исмејуваат, Хофман сфаќа дека бил вљубен во автомат. Оваа приказна е базирана врз делото „Песочен човек“. II ЧИН (Џулиета) Венеција. Чинот започнува со баркарола (народна песна која најчесто ја пееле италијанските гондолиери). Хофман се вљубува во куртизана по име Џулиета и мисли дека неговите чувства се возвратени. Џулиета не е вљубена во Хофман, туку таа само го заведува по наредба на Капетан Дапертуто, кој ѝ има ветено дека ќе ѝ даде дијамант доколку таа успее да го украде Хофмановиот одраз од огледалото. Хофман се сретнува со Џулиета и не може да ѝ одолее, тој ѝ го дава својот одраз. Љубоморниот Шлемил беше претходна жртва на Џулиета, а Дапертуто (кој ѝ ја дал на Џулиета својата сенка), го предизвикува Хофман на дуел, но во дуелот е убиен. Напуштен од куртизаната, на огромно задоволство на Дапертуто, Хофман конечно разбира дека неговиот љубовен сон е лажна илузија. Оваа приказна е базирана на -„Авантурите во новогодишната ноќ“. (Антонија) Минхен. Хофман и Антонија се вљубени еден во друг, но биле одвоени бидејќи Креспел одлучува да ја сокрие својата ќерка од Хофман. Антонија го има наследено талентот за пеење од својата мајка, но нејзиниот татко ѝ забранува да пее поради мистериозната болест од којашто боледува. Антонија посакува да ѝ се врати љубовникот. И покрај забраната да се гледа со својот саканик, Хофман ја охрабрува Антонија во нејзината музичка кариера не знаејќи дека таа поддршка претставува опасност за нејзиниот живот. Креспел му кажува на Франц, неговиот слуга, да остане со неговата ќерка и да ја чува. По долго барање, Хофман ја наоѓа куќата каде што се кријат Креспел и неговата ќерка Антонија. Кога Креспел ќе ја напушти својата куќа, Хофман ја искористува можноста да се прикраде и љубовниците повторно се заедно. Кога Креспел ќе се врати дома, во посета му доаѓа д-р Миракел кој од Креспел бара да му

11


дозволи тој да ја лекува Антонија. Хофман кој сè уште се наоѓа во куќата го слуша разговорот и дознава дека Антонија може да умре доколку премногу пее. Тој се враќа во нејзината соба да ја убеди да се откаже од нејзините соништа за уметноста. Антонија без своја волја ја прифаќа желбата на својот сакан. Кога таа ќе остане сама, д-р Миракел влегува во нејзината соба и се обидува да ја убеди да пее и да го следи патот до славата на својата мајка неволно наведувајќи дека Хофман ја жртвува и ја сака само поради нејзината убавина. Тој создава визија од мртвата мајка на Антонија, ја убедува Антонија да пее и со тоа ја предизвикува нејзината смрт. Креспел пристигнува токму на време да биде сведок на последниот здив на својата ќерка. Чинот е базиран врз Рат Креспел. ЕПИЛОГ Таверна во Нирнберг. Хофман пијан се колне дека нема повторно да се вљубува и при тоа објаснува дека Олимпија, Антонија и Џулиета се три аспекти (гледишта) на една иста личност, Стела, нереализираната љубов на Хофман. Кога Хофман вели дека повеќе не сака да љуби, се слуша гласот на Никлаус, како глас на универзалната љубов, кој на Хофман му вели дека е „препороден поет“ со зборовите – „Те сакам Хофман! Биди мој!“ Магијата на поезијата и пораката допираат до Хофман. Тој одговара – „Музо на љубовта јас сум твој!“ "The Tales of Hoffmann" Les contes d’Hoffmann (The Tales of Hoffmann) is an opéra by Jacques Offenbach. The French libretto was written by Jules Barbier, based on three short stories by E. T. A. Hoffmann. Hoffman himself is used as the main protagonist in the opera. Barbier and Michel Carré had previously written a play, Les contes fantastiques d’Hoffmann, which was produced at the Odéon Theatre in Paris in 1851, and which Offenbach had seen Synopsis I ACT PROLOGUE A tavern in Nuremberg. The prima donna Stella, currently performing Mozart’s Don Giovanni sends a letter to Hoffmann (famous German writer), requesting a meeting in her dressing room after the performance. The letter and the key to the room are intercepted by Councillor Lindorf, who is incarnation of evil, Hoffmann’s nemesis. Lindorf intends to replace Hoffmann at the rendezvous. In the tavern students are waiting for the famous poet, Hoffmann. He, with his friend Nicklausse, phantasmagorical character, who is Hoffmann guardian angel and his alter ego, finally arrives and entertains them with the legend of Klainzach the dwarf (story based on the fairy tale “Klein Zaches genannt Zinnober”). Coaxed by Lindorf, Hoffmann is telling the students about his life’s three great loves. (Olympia) Hoffmann’s first love is Olympia, an automaton created by the scientist Spalanzani. Hoffmann falls in love with her, not knowing that Olympia is a mechanical doll. Nicklausse, who knows the truth about Olympia, sings a story of a mechanical doll that looked like a human to warn Hoffmann. But Hoffmann’s love enchantment prevents him to see the message. Coppélius, the creator of Olympia’s eyes and Spalanzani’s co-operator, sells Hoffmann magic glasses which make Olympia appear as a real woman. Olympia sings one of the opera’s most famous arias in which she periodically runs down and needs to be started up before she can continue. Hoffmann is tricked into believing that his affections are returned, to the bemusement of Nicklausse, who subtly tries to warn his friend. At the same time, Coppélius appears and destroys Olympia, in retaliation for having been tricked out by Spalanzani. With the crowd laughing at him, Hoffmann realizes that he was in love with an automaton. This story is based on the work “Der Sandmann”. II ACT (Giulietta) Venice. The act opens with the barcarolle (folk song sung by Venetian gondoliers). Hoffmann falls in love with the courtesan Giulietta and thinks his affections are returned. Giulietta is not in love with Hoffmann but only seducing him under the orders of Captain Dapertutto, who has promised to give her a diamond if she filches Hoffmann’s reflection from a mirror. Hoffmann meets Giulietta and cannot resist her and

12


gives her his reflection. The jealous Schlemil, a previous victim of Giulietta and Dapertutto (he gave Giulietta his shadow), challenges the poet to a duel, but is killed. Abandoned by the courtesan, to Dapertuto’s great pleasure Hoffmann finally finds himself. This story is based on “Die Abenteuer der Silvester-Nacht”. (Antonia) Munich. Hoffmann and Antonia loved each other, but were separated when Crespel decided to hide his daughter from Hoffmann. Antonia has inherited her mother’s talent for singing, but her father forbids her to sing because of the mysterious illness from which she is suffering. Antonia wishes that her lover would return to her. Her father also forbids her to see Hoffmann, who is encouraging Antonia in her musical career, and is therefore a danger to her without knowing it. Crespel tells Frantz, his servant, to stay with his daughter. When Crespel leaves his house, Hoffmann takes advantage of the occasion to sneak in, and the lovers are reunited. When Crespel comes back, he receives the visit of Dr Miracle, the act’s Nemesis, who forces Crespel to let him heal Antonia. Still in the house, Hoffmann listens to the conversation and learns that Antonia may die if she sings too much. He returns to her room to make her promise to give up her artistic dreams. Antonia reluctantly accepts her lover’s will. Once she is alone, Dr Miracle enters Antonia’s room and tries to persuade her to sing and follow her mother’s path to glory, stating that Hoffmann is sacrificing her to his brutishness and loves her only for her beauty. He creates a vision of Antonia’s dead mother and induces Antonia to sing, causing her death. Crespel arrives just in time to witness his daughter’s last breath. This act is based on “Rath Krespel” EPILOGUE The tavern in Nuremberg. Hoffmann, drunk, swears he will never love again, and explains that Olympia, Antonia, and Giulietta are three facets of a same person, Stella, his unrealized love. When Hoffmann says he does not want to love any more, Nicklausse reveals himself and reclaims Hoffmann: “Be reborn a poet! I love you, Hoffmann! Be mine!” The magic of poetry reaches Hoffmann as he sings “Muse whom I love, I am yours!”

13


OПЕРА-ДРАМА-СЦЕНА OPERA-PLAY-GROUND Прв дел: „Сечилото на тишината“ - монодрама Актер: Пол Хумполец (Велика Британија) Втор дел: Рецитал за Г. Ф. Хендел Солист: Луиџи Скифано, контра-тенор (Италија) Чембало: Андреја Наунов МОБ квинтет: Бранислав Автовски – прва виолина Александра Димитриевска - Колевска - втора виолина Фана Спиркоска – виола Ана Стојанова - виолончело Ирис Стефановска - виолончело Part 1: "The Edge of Tranquility" - monodrama Performer: Paul Humpoletz (UK) Part 2: Recital for G.F. Handel Soloist: Luigi Schifano, contratenor (Italy) Harpsichord: Andreja Naunov Quintet of MOB: Branislav Avtovski – first Violin Aleksandra Dimitrievska - Kolevska – second Violin Fana Spirkoska – viola Ana Stojanova – cello Iris Stefanovska – cello

14

ЕВРОПСКИ ОПЕРСКИ ДЕНОВИ EUROPEAN OPERA DAYS

Мала сцена / Small Stage

11.12 / 05.2013-20.00 Сабота / Saturday Недела / Sunday


ЕВРОПСКИ ОПЕРСКИ ДЕНОВИ: OПЕРА – ДРАМА – СЦЕНА И оваа година Македонија преку активностите на Македонската опера и балет е дел од европската иницијатива Европски оперски денови. Инспирирани од овогодишната, тематика МОБ ќе понуди проект со кој ќе се оствари соединување на актерската игра и музиката преку креирање програма составена во два дела каде што на публиката ќе ѝ се претстави современ концепт на сценска уметност, несекојдневен за домашните програми. Во првиот дел се изведува монодрама, „Сечилото на тишината“, а потоа следи рецитал со програма која ги содржи најпознатите дела од композиторот Георг Фридрих Хендел. На овој начин се создава единствена форма на визуелен перформанс кој како елементарни делови ги има токму музичките целини на композиторот Хендел. Актерската игра и музиката се соодветни и автентично компатибилни. На овој начин се унапредува и развива идејата за концептот на изведувачките уметности. Како додадена вредност на проектот е пренесувањето на знаењето и искуството на актерот на студентите од академиите за драмски уметности преку одржување на мастер-клас на соодветна тема. EUROPEAN OPERA DAYS: OPERA – DRAMA – GROUND Yet another year, through the activities of the Macedonian Opera and Ballet, the Republic of Macedonia shall take part in the European initiative called European Opera Days. Inspired by this year’s interesting thematic approach of the platform’s program, the Macedonian Opera and Ballet will offer a project that will unite theatric play and music. The program will be designed in two parts, offering to the audience a contemporary concept of the performing art, which is infrequently applied in domestic repertoires. In the first part, the “The Edge of Tranquility” monodrama shall be performed, followed by a music recital with a program of the most recognized and famous works of composer George Friedric Handel. This shall create a unique form of visual performance, having music units of Handel’s works as the essential part of the concept. The acting performance and music are adequate and authentically compatible. This method serves to enhance and develop the idea of the performing arts’ concept. The project’s added value will be the staging of a master class on the subject from the performing arts, whereby the actor personae of the students at the Academies of Dramatic Arts shall convey their knowledge and experience.

Прв дел

„Сечилото на тишината“ Г. Хумполец игра во улогата на Џорџ, германски бегалец, кој боледува од тумор на мозок. Свесен за својот кршлив идентитет, тој започнува болно патување низ своите сеќавања и својата страст за Хендел. Животот на Џорџ и животот на Георг Ф. Хендел се истражуваат во особено оригинална, креативна и понекогаш хумористична форма, користејќи лирски и, би се рекло, приземен јазик и слики. Така, на овој начин, актерот ни овозможува да го следиме во неговото силно и реално човечко навлегување во емоциите и сеќавањата додека ги слушаме некои од најпрекрасните дела на Хендел. (http://www.theatretarquini.co.uk) Part 1: (play) - "The Edge of Tranquility" Mr. Humpoletz shall play in the role of George, a German refugee, suffering from brain tumor. Aware of his fragile identity, he embarks on a painful journey through his memories and his passion for Handel. The lives of both George and Handel are explored in a wonderfully original way. The story is unveiling through the outstanding performance of the actor, sometimes in an original and imaginative way using lyrical and down-to-earth language and images. The music of Handel brings picturesque memories and emotions authentically performed by Paul Humpoletz. (http://www.theatretarquini.co.uk)

Втор дел

„Рецитал за Г. Ф. Хендел“ Солист: Луиџи Скифано, контратенор (Италија) и МОБ квинтет По претставата е планиран рецитален настап кој ја следи идејната замисла на проектот, па, оттука, програмски ќе се изведат најпознатите дела за контратенор и квинтет од Георг Фридрих Хендл. Поради спецификата на програмата поканет е да земе учество контратенорот Луиџи Скифано од Италија, кој веќе ѝ е познат на македонската публика по својот настап во претставата „Кармина Бурана“, но и по своето гостување во многу други концертни (со Македонската филхармонија) и музичко-сценски изведби во земјата. Квинтетот е составен од членови на Оркестарот на Македонската опера и балет. (http://www.luigischifano.net)

Part 2: “Recital of the works by G.F.Handel” Soloist: Luigi Schifano, countertenor, (Italy) and quintet of the Macedonian Opera and Ballet The play has been envisaged to be followed by a recital following the idea of the project. Accordingly, the most acclaimed works of George Friedric Handel intended for a countertenor and a quintet shall be performed in the program. Taking into consideration the specific nature of the program, countertenor Luigi Schifano from Italy has been invited to take part. Mr. Schifano is already well known to the Macedonian audience with his performance in the opera Carmina Burana, as well as his frequent appearances in concert (together with the Macedonian Philharmonic Orchestra) and other musical and artistic performances. The members of the quintet are from the Orchestra of the Macedonian Opera and Ballet. (http://www.luigischifano.net)

15


Диригент / Conductor

Китри, Базил / Kitri, Basilio

ДОН КИХОТ DON QUIXOTEL. Minkus Диригент: Алексеј Баклан (Украина) Кореограф: Виктор Јаременко (Украина) Асс. кореограф: Тања Вујисиќ Тодоровска Сценограф: Андреј Злобин (Украина) Костимограф: Гана Ипатиева (Украина) Концерт - мајстор: Верица Ламбевска КАСТ: Китри: Аријане Лафита (Куба) Базил: Виторио Галоро (Италија) Улична танчарка: Марија Кичевска Тореадор: Бобан Ковачевски Conductor: Alexei Baklan (Ukraine) Choreography: Victor Yaremenko (Ukraine) Ass. Choreography: Tanja Vujisic Todorovska Set designer: Andrei Zlobin (Ukraine) Costume designer: Gana Ipatieva (Ukraine) Concert master: Verica Lambevska CAST: Kitri: Arianne Lafita (Cuba) Basilio: Vittorio Galloro( Italy) Street dancer: Marija Kichevska Toreador: Boban Kovachevski

16

Волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Балетско дело во комплетна продукција на МОБ. Поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux , кој дава акцент на целата претстава.

13.05.2013 - 20.00 Понеделник / Monday


Алексеј Баклан

диригент. Алексеј Баклан е претставник на новата генерација на украинската современа школа за оперско, симфониско и балетско диригирање. Неговиот креативен манир е карактеризиран со длабоко познавање на музичката драматургија, експресивна диригентска техника и деликатен третман на музичките нијанси креирани од оркестарот и солистите. Носител на најпрестижната титула „Национален уметник на Украина“, Баклан е истакнато име во областа на музичко-сценската уметност во Европа, шеф диригент и уметнички директор на Театарот во Киев. За настапите со овој оркестар низ светот, музичката критика пишува дека се одликуваат со „прецизност и апсолутна јасност на изведбата која потекнува од харизматичноста и посветеноста на диригентот Баклан“. Неговиот талент се забележува во продукциите како „Жизел“, „Дон Кихот“, „Спартак“, „Ромео и Јулија“, „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“, „Цар Салтан“, „Травијата“, „Риголето“ и многу други. Alexei Baklan, conductor. Alexei Baklan is a representative of the new, contemporary school of operatic, symphonic and ballet conducting in Ukraine. His creative manners are characterized by deep understanding for the musical drama, expressive conducting technique and delicate treatment of the music nuances created by the orchestra and soloists. Baklan is a People’s Artist of Ukraine, a frequent guest of the operatic and ballet stages in Europe and chief conductor and music director of the Kiev Theatre. His critically acclaimed work in Giselle, Don Quixote, Spartacus, Romeo and Juliet, Swan Lake, The Nutcracker, Tsar Saltan, La Traviata, Rigoletto etc, is described in the reviews as “precise and clear performances generated by the charismatic and dedicated conductor Baklan”.

Аријане Лафита

Балерината Аријане Лафита Гонсавез ја започнува својата кариера со Националната балетска компанија на Куба, а во 2005 година станува примабалерина на Балетот „Лаура Алонсо“ во Куба. Нејзините уметнички креации се редовно поздравувани од критиката и публиката. Минатата година токму една од нив беше наградена со Гранд при на Интернационалниот фестивал во Лоано, Италија која се надоврзува на низата награди што ги освојува во својата родна Куба. Својот сензибилитет го изразува како во класични, така и во современи балетски постановки на европските и на светските сцени.

Arianne Lafita. The ballet soloist Arianne Lafita Gonzavez started her career at the National Ballet in Cuba, and in 2005 became the prima ballerina of the company “Laura Alonso” in Cuba. Her artistic creations are warmly received by the audience and critics, and win her the Grand Prix at the International Festival in Loano, Italy in 2011. This recognition comes after numerous prizes she has been awarded in her native Cuba. Her artistic sensibility manifests itself at the stage in classical and contemporary productions not only in her home country, but around the world where she appears as a guest soloist.

Виторио Галоро

„Танцова сила во најтешките моменти“, Виторио Галоро е олицетворение на сè она што претставува танцот како уметничка форма – радост, богатство на душата, изразување емоции. Неговата импресивна биографија зборува за претстави одиграни во повеќе од 100 театарски куќи во светот, како и на фестивалските сцени во Куба, Мексико, Бразил, Доминиканска Република, Монголија. Како професионален танчар соработувал со Европскиот балет од Лондон, Националниот балет на Куба, Класичниот балет од провинцијата Реџо Емилија, а како солист и со Националната опера на Будимпешта, Националната опера на Прага, „Интроданс компани“ (Introdance Company) од Холандија. Vittorio Galloro. “A dancing force in the most difficult of moments”, Vittorio Galloro is an artist that fully represents the beauty of dance - joy, spirit, emotions. His impressive biography contains appearances in more than 100 ballet companies and stages around the world, as well as performances in festivals in Cuba, Mexico, Brazil, the Dominican Republic, Mongolia etc. He has worked with the European Ballet in London, the Classical Ballet Company of Reggio Emilia, was a soloist with the National Opera and Ballet in Budapest, the National Ballet in Prague, the Introdans company in the Netherlands etc.

17



Дон Кихот Синопсис ПРОЛОГ Дон Кихот талка по светот за да го прослави со славни подвизи своето име. Го назначува за свој штитоносец слугата Санчо Панса. Поаѓаат по светот за Дон Кихот да ја пронајде „дамата на своето срце“, Дулчинеја. I ЧИН Слика 1. Празнична веселба на плоштадот во Барселона. Китри, ќерката на крчмарот Лоренцо, е вљубена во Базил, кој работи како бербер. Татко ѝ е против оваа врска и сака да ја омажи својата ќерка за богатиот Идалго Гамаш. Китри решително одбива да се потчини на татковата волја. Кога веселбата го достигнува својот врв, на плоштадот се појавува Дон Кихот со својот штитоносец, Санчо Панса. Лоренцо го поканува необичниот господин во крчмата. Санчо Панса останува на плоштадот опколен од младите, кои се шегуваат со него. Во меѓувреме Дон Кихот ја забележува Китри. „Славниот рицар“ вообразува дека таа е прекрасната Дулчинеја. Но Китри исчезнува. Таа бега со Базил. Лоренцо, Гамаш, Дон Кихот и Санчо Панса тргнуваат во потера по нив. II ЧИН Слика 2.Барајќи ја Китри , Дон Кихот и Санчо Панса наидуваат на еден цигански логор. Циганите им понудуваат гостопримство и преноќиште. Слика 3.Насон на Дон Кихот му се појавуваат Амор и кралицата на шумските вили, покажувајќи му ја „Дамата на неговото срце“, Дулчинеја во ликот на Китри. Рицарот ја гледа играта на прекрасната Дулчинеја. Слика 4.Китри и Базил се забавуваат во крчмата. Се појавуваат Лоренцо, Гамаш, Дон Кихот и Санчо Панса. Крчмарот сака веднаш да ја објави свршувачката на Китри со Гамаш. Но, Базил одглумува самоубиство. Китри очајна плаче над неподвижното тело на својот љубен. Дон Кихот и Санчо Панса негодуваат и му префрлаат на Лоренцо дека е прежесток. Тие го бркаат здодевниот Идалго и го присилуваат Лоренцо, заканувајќи му се со оружје, да се согласи да се венчаат Китри и Базил. Базил срипува, веќе не му е потребно да се преправа дека е „смртно ранет“. Започнува општа веселба, а Дон Кихот и Санчо Панса ја напуштаат крчмата. Слика 5. Настанува сеопшто празнување за свадбата на Китри и Базил. „Прочуениот рицар“ е почесен гостин на тој весел настан. Во текот на веселбата, двајцата борци за правда и слобода го напуштаат празнувањето , желни за нови „подвизи“. Don Quixote Synopsis PROLOGUE Don Quixote wanders the world to make his name famed by undertaking chivalric endeavours. He appoints Sancho Panza as his squire. They embark upon on the world in order for Don Quixote to find “the lady of his heart” Dulcinea. I ACT Scene 1. A festival celebration on the square in Barcelona. Kitri, the daughter of Lorenzo, is in love with Basilio, who works as a barber. Her father is against this relationship and intends to wed his daughter to the rich Idalgo Gamache. Kitri resolutely refuses to submit to her father's will. When the celebration reaches its peak, Don Quixote arrives together with his squire. Lorezno invites the curious gentleman to the inn. Sancho Panza remains in the square surrounded by young people who make fun of him. In the meanwhile, Don Quixote notices Kitri. “The Famous Knight” acclaims her as the beautiful Dulcinea. However, Kitri disappears. She flees with Basilio. Loreznzo, Gamache, Don Quixote and Sancho Panza proceed in their pursuit.

19


II ACT Scene 2. In search of Kitri, Don Quixote and Sancho Panza come across a gypsy camp. The gypsies offer them hospitability and accommodation for the night. Scene 3. In a dream, Don Quixote sees Amor and the queen of the sylvan fairies, showing him Dulcinea “the lady of his heart” in the semblance of Kitri. The knight watches the dance of the beautiful Duclinea. Scene 4. Kitri and Basilio are celebrating in the inn. Lorenzo, Gamache and Sancho Panza come barging inn. The inn keeper immediately wants to announce the engagement between Kitri and Gamache. However, Basilio deceitfully acts out that he has committed suicide. Kitri desperately starts crying over the motionless body of her lover. Don Quixote and Sancho Panza grumble and protest to Lorenzo that he is too heavy. They chase the tedious Idalgo away and force Lorenzo, threatening him with weapons, to agree to the marriage between Kitri and Basilio. Basil springs to life as he no longer needs to pretend that he is "mortally wounded”. General merriment starts and Don Quixote and Sancho Panza leave the inn. Scene 5. An all-round celebration starts at Kitri’s and Basilio’s wedding. “The Famous Knight” is an honorary guest at the joyous event. During the marriage, the two fighters for justice and freedom leave the festivities, yearning for more "endeavours”.

20


Поддржувач на вистинските вредности


Диригент / Conductor

Виолета / Violetta

А. Жермон / A. Germont

Ж. Жермон / G. Germont

ТРАВИЈАТА LA TRAVIATA G. Verdi Диригент: Алесандро Д’ Aгостини (Италија) Режисер: Нина Најденова (Бугарија) Сценограф: Борис Стојнов (Бугарија) Костимограф: Цветанка Стојнова (Бугарија) Кореограф: Борјана Сечанова (Бугарија) Концерт-мајстор: Климент Тодороски КАСТ: Виолета Валери: Ирина Лунгу (Русија) Алфред Жермон: Иван Момиров (Бугарија) Жорж Жермон: Марјан Јованоски Флора: Марика Поповиќ Анина: Катерина Стојановска Барон Дуфол: Ернес Ибраимовски Маркиз Д’Обињи: Драган Ампов Гастон: Зоран Даскаловски Д-р Гренвил: Славчо Димовски Јозеф: Игор Гиновски

Conductor: Alessandro D’Agostini (Italy) Director: Nina Naydenova (Bulgaria) Set designer: Boris Stoynov (Bulgaria) Costume designer: Тsvetanka Stoynova (Bulgaria) Choreography: Boryana Sechanova (Bulgaria) Concert master: Kliment Todoroski CAST: Violetta Valéry: Irina Lungu (Russia) Alfredo Germont: Ivan Momirov (Bulgaria) Giorgio Germont: Marjan Jovanoski Flora: Marika Popovik Annina: Katerina Stojanovska Barone Douphol: Ernes Ibraimovski Marchese d’Obigny: Dragan Ampov Gastone: Zoran Daskalovski D-r Grenvil: Slavcho Dimovski Giuseppe: Igor Ginovski

Да прославиме! Let's celebrate!

18.05.2013 - 20.00 Сабота / Saturday

22


Алесандро Д’Агостини

диригент. Италијанскиот маестро Алесандро Д’Агостини со гостувањата на сцената на Македонската опера последниве години прерасна во миленик на публиката и критиката, диригент кој успева да ги потенцира драмските контрасти и специфичните мелодиски слики на оперското дело и под чие уметничко водство претставите се преобразуваат во освежени креации. „Под диригентската палка на Д’Агостини оркестарот се наметнува како еден од главните носители во претставата, секоја музичка тема која учествува во создавањето на атмосферата прозвучи со сиот свој сјај, компактен звук и динамички развој“ – ќе напише музичката критика по повод неговата изведба на операта „Атила“ од Верди. Алесандро Д”Агостини дипломира пијано, диригирање, електронска музика и композиција. Своето деби го остварува со операта „Вилијам Тел“ од Росини, во 2002 година, во театрите „Чиркуито Ломбардо“ и Градскиот театар на Болоња. Бил диригент на многубројни оперски претстави, како и позначајни оркестарски проекти. Неговиот оперски репертоар вклучува дела од повеќе периоди и стилови, како и музика од 20-от век, меѓу кои се наоѓаат и неколку праизведби на дела од современи автори. Allesandro d’Agostini, conductor. The Italian conductor Allesandro d’Agostini has become a favourite of the Macedonian audience, as he is a conductor that manages to bring the dramatic contrasts to the front and specific melodic qualities of the scores he conducts which contributes to new, fresh perception of the works. Following the premiere of Verdi’s Attila, the Macedonian music critics underline his work with the orchestra: “Under the baton of d’Agostini the orchestra becomes one of the key players of the performance, each and every line sounds through, the ensemble sounds compact and with expressive dynamic changes.” Alessandro d’Agostini has studied piano, conducting, electronic music and composing. His conducting debut was with Rossini’s Guglielmo Tell at the Teatro Comunale in Bologna, followed by various orchestral and opera conducting projects. His repertoire encompasses from early opera to contemporary music, and he has conducted the world premieres of several works by contemporary composers.

Ирина Лунгу

сопран. За креацијата на Виолета во „Травијата“, музичката критика за Ирина Лунгу ќе каже дека „импресионира со своето природно и атрактивно присуство на сцената и совршена техника“. Нејзиното тонско боење и регистарски премини, како и способноста длабоко да проникне во партитурата на композиторот зборуваат за музичката интелигенција на уметник кој станува едно со карактерот кој го портретира. Овие, и уште многу, епитети понесува руската уметница која ги освои оперските подиуми низ Европа. Лунгу, покрај соло пеење, студира и пијано и диригирање на Државната музичка академија во Воронеж, Русија и е победник на престижни меѓународни натпревари: конкурсот „Чајковски“ во Москва, „Марија Калас“ во Атина, „Монсерат Кабаље“ во Андора, „Белведере“ во Виена, „Гласовите на Верди“ во Бусето и други. Нејзиното оперско деби се случува во театарот „Белини“ во Катанија, и непосредно потоа таа настапува во операта „Мојсеј и Фараонот“ од Росини во театарот „Скала“ во Милано, под диригентската палка на Рикардо Мути. Меѓу нејзините оперски креации се и оние во оперите на Чајковски, Хинтемит, Верди, Бизе, Доницети, Пучини во театрите во Верона, Милано, Неапол, Берлин, Дижон, Кан, Пекинг, Ла Коруља, Рим, Лондон, Парма и други. Irina Lungu, soprano. Praised by the press for her portrayals of Violetta Valery in La Traviata, the critics write about Irina Lungu saying that “she impresses with her natural and attractive stage presence and immaculate technique”. The colours of her timbre and register changes as well as her ability to penetrate the depth of the composer’s score speak of a musical intelligence that makes her become one with the character she portrays. These are just a few of the qualities that take the Moldovan soprano on some of Europe’s most prestigious operatic stages. Born in Moldova, Lungu studied singing, piano and conducting at the State Music Academy in Voronezh, Russia, and is the winner of many prestigious international competitions including the “Tchaikovsky” competition in Moscow, “Maria Callas” in Athens, “Montserrat Caballe” in Andorra, “Belvedere” competition in Vienna, “Voci Verdiani” in Busseto and many other. Her opera debut takes place at the Teatro Bellini in Catania, followed by a role in Moses and the Pharaoh at La Scala in Milan, conducted by Ricardo Mutti. Her repertoire includes roles in operas by Tchaikovsky, Hindemith, Verdi, Bizet, Donizetti, Puccini which she has performed in the theatres in Verona, Milan, Naples, Berlin, Dijon, Cannes, Beijing, La Coruna, Rome, London, Parma etc.

23



Иван Момиров

тенор. На 24 години бугарскиот уметник Иван Момиров дебитира во улогата на Принц Игор во Германската опера во Берлин, а настапот во операта на Монте Карло го означува почетокот на неговата светска кариера која ќе го однесе од сцените на операта „Ковент Гарден“ во Лондон, преку Националниот театар во Токио, Римската опера (Teataro dell’Opera di Roma), театарот „Карло Феличе“ во Џенова и театарот „Сан Карло“ во Лисабон до Националната оперска компанија во Торонто. Критичарите го поздравуваат поради талентот длабоко да навлезе во портретирањето на карактерите, полниот тон и јасната дикција. Во досегашниот тек на кариерата остварил над 30 главни ролји и соработувал со светски реномирани диригенти како Валери Гергиев, Бруно Бартолети, Марк Минковски, Ренато Палумбо. Негови партнери на сцената биле Марија Гулегина, Гена Димитрова, Џун Андерсон, Лео Нучи, Карло Коломбара, Мишел Пласон, Мариела Девиа и други истакнати солисти. Особено значајни проекти во неговата дискографија се Вердиевите „Ерусалим“ и „Реквием“, реализирани за италијанската телевизија РАИ. Ivan Momirov, tenor. At only 24 years of age the Bulgarian singer Ivan Momirov made his debut in the role of Prince Igor at the Deutsche Oper in Berlin, while his performances at the Monte Carlo opera mark the beginning of his international career which takes him to the Royal Opera Covent Garden in London, the National Theatre in Tokyo, Rome Opera, Teatro Carlo Felice in Genoa, Teatro San Carlo in Lisbon and the National Opera in Toronto, Canada. The critics recognize his talent for in depth understanding of the roles he performs, his full sound and clear diction. Up to date he has performed over 30 lead roles and cooperated with world renowned conductors such as Valery Gergiev, Bruno Bartoletti, Marc Minkowski, Ranato Palumbo and his stage partners have been Maria Guleghina, Ghena Dimitrova, June Anderson, Leo Nucci, Carlo Colombara, Michel Plasson, Mariela Devia to name just a few. His recordings include Verdi’s Jerusalem and Requiem both for RAI.

Марјан Јованоски

баритон. Школуван на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, баритонот Марјан Јованоски својот прв чекор на оперската сцена го прави во Македонија. Во 2002 година, неговото деби во улогата на Масето во операта „Дон Џовани“ од Моцарт, во продукција на Македонската опера и балет, ќе биде забележано со успех. Од големо значење за неговата меѓународна кариера претставува двегодишниот престој во Виена во 2003-2004 година, каде што бил дел од повеќе музички проекти и фестивали. Солистичките улоги што Јованоски ги остварува во МОБ меѓу Жорж Жермон во „Травијата“, Шарплес во „Мадам Батерфлај“ наидуваат на позитивен одглас во македонската критика. Неговата кариера понатаму го носи до Операта во театарот во Бургаз, Бугарија, каде што е вработен како солист од 2007 година. Истовремено, забележани се неговите креации на сцените во Словенија, Хрватска, Германија, САД. Ги остварил следните улоги: Ренато во „Бал под маски“, Амонасро во „Аида“, Родриго во „Дон Карлос“, Набуко во „Набуко“, Скарпија во „Тоска“, Тонио во „Паљачи“, Марчело во „Боеми“, Алфио во „Кавалерија Рустикана“, Ескамили во „Кармен“, Јелецки во „Пикова дама“ и други. Marjan Jovanoski, baritone. Educated at the “Pancho Vladigerov” National Music Academy in Sofia, Bulgaria, Macedonian baritone Marjan Jovanovski makes his notable opera debut in his home country in 2002 with the role of Masetto in Mozart’s Don Giovanni at the Macedonian Opera and Ballet. His stay in Vienna during 2003-2004 was significant for the further development of his career, as he took part in various musical projects and festivals while his roles at the Macedonian Opera include Giorgio Germont in La Traviata and Sharpless in Madame Butterfly which are warmly approved by the critics. Since 2007 Jovanovski is employed as a soloist at the Opera Theatre in Burgas, Bulgaria, while performing on the opera stages in Slovenia, Croatia, Germany and the USA appearing in the roles of Renato in Ballo in Maschera, Amonasro in Verdi’s Aida, Rodrigo in Don Carlo, the title role in Nabucco, Scarpia in Puccini’s Tosca, Tonio in Pagliacci, Marcello in La Boheme, Alfio in Cavalleria Rusticana, Escamilio in Carmen, Prince Yeletski in Pique Dame etc.

25


ТРАВИЈАТА Опера во три чина од Џузепе Верди. Либрето напишано од Франческо Марија Пјаве. Приказната се базира на новелата „Дамата со камелии“ од Александар Дима. Првата изведба е во Венеција, 6 март, 1853 година во Театро ла Фениче. Синопсис I ЧИН Куртизаната Виолета Валери во својот салон ги пречекува гостите на забавата што ја приредува. Меѓу другите гости тука се Флора Бервоа, маркизот Обињи, баронот Дуфол и Гастон Леториер, кој е новиот обожавател на Виолета Алфред Жермон. Овој млад човек кој од поодамна и се восхитува на Виолета и се придружува во „винската” песна. Од соседната просторија се слуша музика. Додека гостите преоѓаат таму за да танцуваат на Виолета и се слошува, па таа се повлекува во својата соба за да си дојде при себе. Влегува Алфред и гледајќи дека се сами и ја открива својата љубов на Виолета. Таа отпрвин се спротивставува, велејќи дека љубовта за неа не значи ништо. Сепак искреноста на момчето не ја остава рамнодушна, па таа му ветува средба следниот ден. Гостите си одат од забавата и Виолета се прашува себеси - дали тоа е човекот што би го сакала? Таа, сепак ја избира слободата, иако гласот на Алфред што доаѓа однадвор како да сака да ја убеди во спротивното. II ЧИН Неколку месеци подоцна. Алфред и Виолета живеат во селска куќа во близината на Париз. Тој ја воспева нивната заемна предаденост. Слугинката Анина му открива дека Виолета го жртвувала својот накит за да може да ја одржува куќата. На тоа Алфред оди во градот за да ги среди работите на свој начин. Виолета се враќа, го бара Алфред, но наместо него наоѓа покана за истата вечер забава кај Флора Бервоа. Виолета нема намера да му се врати на стариот начин на живот, но неволјите започнуваат со појавата на таткото на Алфред, Жорж Жермон. Тој е импресиониран од господското однесување на Виолета, но сепак бара од неа да се откаже од свршувачката со неговиот син (скандалот со нивната врска ја довел во прашање свршувачката на сестрата на Алфред.) Виолета отпрвин одбива, но попушта, со тешко срце, пред убедувањата на Жермон. Сама и напуштена, Виолета му пишува проштално писмо на Алфред и ја прифаќа поканата на Флора. Во собата ненадејно влегува Алфред, а Виолета, едвај контролирајќи се, го потсетува колку многу го сака и забрзано излегува. Слугата му го врачува прошталното писмо на Алфред, а татко му го теши потсетувајќи го на убавиот семеен живот во Прованса. Откако Алфред ја забележал поканата на Флора тој се посомневал дека Виолета сака да го отфрли поради некој друг љубовник, па затоа се одлучува самиот да и се спротивстави на забавата. III ЧИН Сцена 1. Забавата кај Флора. Маркизот Обињи и кажува на Флора дека Виолета и Алфред се разделиле. Подиумот се расчистува за настапот на професионалните забавувачи: група Циганки - гатачки и неколку матадори кои пеат за Пикиљо и неговата љубена. Набргу пристигнува и Алфред, кој кажува неколку горчливи коментари за љубовта и започнува ноншалантно да се коцка. Пристигнува Виолета придружувана од баронот Дуфол, кој го предизвикува Алфред на партија карти. На коцкарската маса баронот губи мало богатство. Сите навиваат, а Виолета го моли Алфред да се видат насамо. Таа е преплашена од лутината на баронот и го преколнува Алфред да си замине. Алфред погрешно ја толкува нејзината загриженост и бара таа да признае дека го сака баронот. Скршена, таа се преправа дека тоа е точно. Сега Алфред ги повикува останатите гости да се соберат, јавно објавува дека ја раскинува својата поранешна љубов и пред нозете на Виолета ги фрла парите добиени на коцка. Таткото Жермон влегува токму навреме за да види што се случува и го осудува однесувањето на својот син. Гостите остро го критикуваат Алфред, а баронот Дуфол го предизвикува на двобој. Сцена 2. Шест месеци подоцна, во спалната соба на Виолета Валери. Доктор Гренвил и соопштува на Анина дека нејзината господарка е болна од туберкулоза и дека нема уште долго да живее. Виолета е сама и го препрочитува писмото што и го испратил Жермон. Во него тој ја известува дека баронот е само ранет во дуелот со Алфред, а тој ја знае вистината и е на пат да побара прошка од неа. Меѓутоа, Виолета знае дека е предоцна за сè. Во Париз владее карневалско расположение. По улиците минуваат весели луѓе. Анина влегува да го најави Алфред. Вљубените во жар планираат засекогаш да го напуштат Париз. Влегува Жермон придружуван од докторот додека Виолета се обидува да ја собере последната трошка сила. Чувствува дека животот и се враќа, но таа се тетерави и мртва паѓа пред нозете на својот сакан.

26


La Traviata Opera in 3 acts by Giuseppe Verdi. Libretto by Francesco Maria Piave. Based on the novel „La dame aux Camélias” by Alexandre Dumas. First performance: Teatro la Fenice, Venice, March 6, 1853. Synopsis I ACT In her Paris salon, the courtesan Violetta Valéry greets party guests, including Flora Bervoix, the Marquis d’Obigny, Baron Douphol, and Gastone, who introduces a new admirer, Alfredo Germont. This young man, having adored Violetta from a far joins her in a drinking song. Music is heard in the next room, but as guests move there to dance, Violetta suffers a dizzy spell and she retreats to her parlor to recover. Alfredo comes in, and since they are alone, confesses his love for Violetta. At first she protests that love means nothing to her. However, something about the young man’s sincerity touches her, and she promises to meet him the next day. After the guests have gone, Violetta wonders if Alfredo could actually be the man she could love. But she decides she wants freedom, though Alfredo’s voice, heard outside, argues in favor of romance. II ACT Some months later Alfredo and Violetta are living in a country house near Paris, where he praises their contentment. But when the maid, Annina, reveals that Violetta has pawned her jewels to keep the house, Alfredo leaves for the city to settle matters at his own cost. Violetta comes looking for him and finds an invitation from Flora to a party that night. Violetta has no intention of going back to her old life, but trouble intrudes with the appearance of Alfredo’s father, George Germont. Though impressed by Violetta’s ladylike manners, he demands she renounce his son: the scandal of Alfredo’s affair with her has threatened his daughter’s engagement. Violetta says she cannot, but Germont eventually convinces her. Alone, the desolate woman sends a message of acceptance to Flora and begins a farewell note to Alfredo. He enters suddenly, surprising her, and she can barely control herself as she reminds him of how deeply she loves him before rushing out. Now a servant hands Alfredo her farewell note as Germont returns to console his son with reminders of the wonderful family life in Provence. But Alfredo, seeing Flora’s invitation, suspects Violetta has thrown him over for another lover. Furious, he determines to confront her at the party. III ACT Scene 1. At her soirée that evening, Flora learns from the Marquis Obigni that Violetta and Alfredo have parted, and then clears the floor for hired entertainers - a band of fortune-telling Gypsies and some matadors who sing of Piquillo and his coy sweetheart. Soon Alfredo strides in, making bitter comments about love and gambling recklessly at cards. Violetta has arrived with Baron Douphol, who challenges Alfredo to a game of cards. At the gambling table the Baron loses a small fortune to him. Everyone is barracking , but Violetta asks Alfredo to see her alone. Fearful of the Baron’s anger, she wants Alfredo to leave, but he misunderstands her apprehension and demands that she admit she loves the Baron. Crushed, she pretends she does. Now Alfredo calls in the others, denounces his former love and hurls his winnings at her feet. Germont enters in time to see this and denounces his son’s behavior. The guests rebuke Alfredo and Douphol challenges him to a duel. Scene 2. In Violetta Valéry’s bedroom six months later, Dr. Grenvil tells Annina her mistress has not long to live: tuberculosis has claimed her. Alone, Violetta rereads a letter from Germont saying the Baron was only wounded in his duel with Alfredo, who knows all and is on his way to beg her pardon. But Violetta senses it is too late. Paris is celebrating Mardi Gras and, after revelers pass outside, Annina rushes in to announce Alfredo. The lovers ecstatically plan to leave Paris forever. Germont enters with the doctor before Violetta is seized with a last resurgence of strength. Feeling life return, she staggers and falls dead at her lover’s feet.

27


Диригент / Conductor

Одабела / Odabella

Атила / Attila

Форесто / Foresto

Ецио / Ezio

АТИЛА ATTILAG. Verdi Диригент: Норман Виџаја (Индонезија) Режисер: Дејан Миладиновиќ (Србија) Сценограф: Александар Златовиќ (Србија) Костимограф: Миланка Берберовиќ (Србија) Кореограф: Олга Панго Концерт-мајстор: Верица Ламбевска КАСТ: Атила: Иван Томашев (Србија) Ецио: Нико Исаков (Бугарија) Одабела: Сања Керкез(Србија) Форесто: Никола Китановски Улдино: Зоран Даскаловски Леоне: Диме Петров

Conductor: Noorman Widjaja (Indonesia) Director: Dejan Miladinović (Serbia) Set Designer: Aleksandar Zlatović (Serbia) Costume Designer: Milanka Berberović (Serbia) Choreography: Olga Pango Concert master: Verica Lambevska CAST: Attila: Ivan Tomashev (Serbia) Ezio: Niko Issakov (Bulgaria) Odabella: Sanja Kerkez (Serbia) Foresto: Nikola Kitanovski Uldino: Zoran Daskalovski Leone: Dime Petrov

Премиера на сезоната Ко-продукција со Народно позориште од Белград (Србија)

Season premiere A Co-production with National Theatre in Belgrade (Serbia)

Да прославиме! Let's celebrate!

22.05.2013 - 20.00 Среда / Wednesday

28


Норман Виџаја

диригент. За овој индонезиски диригент, музичката критика ќе истакне дека прави магија на сцените на најдобрите оперски куќи и концертни сали во светот. „Да го гледате Норман како диригира мјузикл или опера претставува интензивно искуство. Неговата палка ја води музиката, неговото дело се движи заедно со ритамот, неговите очи блескаат со емоции во страсна и експресивна изведба“. – се само неколку од епитетите врзани за овој исклучителен уметник. Виџаја студира диригирање и композиција во Берлин. Неговата импресивна биографија зборува за преку четиристотини продукции реализирани во Операта во Нирнберг, како и претстави во Јапонската операта, Метрополитен операта во Њујорк, Европската класична опера, Рускиот филхармониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Дубровник, Берлин, Дрезден, Хановер, Олденбург, Визбаден, Москва, Верона.

Noorman Widjaja, conductor. The Indonesian conductor Noorman Widjaja has been said to make magic on the stages of the best operatic and concert stages throughout the world. “To watch Noorman conduct a musical or an opera is an intense experience. His baton leads the music, his body moves in the rhythm, his eyes sparkle with the emotions in the passionate and expressive performance.”- is merely one of the praises he has received in the press. Widjaja studied conducting and composition in Berlin. His impressive biography includes over 400 productions conducted at the Opera in Nuremberg, as well as performances at the Opera in Japan, Metropolitan Opera in New York, European Classical Opera, Russian Philharmonic, Symphony Orchestras of Dubrovnik, Berlin, Dresden, Hanover, Oldenburg, Wiesbaden, Moscow, Verona.

Иван Томашев

бас. Српскиот бас Иван Томашев последниве години „господари“ во улогата на легендарниот хунски крал Атила на сцената на Народно позориште во Белград. Во текот на повеќе од две и пол децении, Томашев повеќепати ја освоил домашната, како и публиката во концертните сали низ светот и ја придобил музичката критика со уверливоста на своите креации. Томашев е голем пријател на македонската оперска публика, а на сцената на МОБ, низ годините, се појавил во многубројни улоги („Аида“, „Севилскиот бербер“, „Риголето“, „Набуко“), како и во рамки на повеќе концерти каде што воодушевил со својот висок професионализам и моќ на интерпретација. Томашев е забележан и по своите креативни дострели на сцените во Романија, Хрватска, Унгарија, Словенија, Австрија, Швајцарија, Чешка, Германија, Данска, Малта, Италија, САД, Јапонија, Русија. Ivan Tomashev, bass. The Serbian bass Ivan Tomashev has conquered the stage of the Serbian National Theatre in Belgrade as the legendary Attila, King of the Huns. For more than two decades Tomashev has been winning over the hearts of domestic and foreign audiences and the praise of the music critics with his vocally convincing performances. A friend of the Macedonian Opera and audiences, he has been a frequent guest on the stage in Skopje in various roles (Aida, Barber of Seville, Rigoletto, Nabucco), as well as in concerts where he astonishes everyone with his professionalism and powerful interpretation. Tomashev is a frequent guest on the operatic stages in Romania, Croatia, Hungary, Slovenia, Austria, Switzerland, Czech Republic, Germany, Denmark, Malta, Italy, USA, Japan and Russia.

Нико Исаков

баритон. Бугарскиот баритон Нико Исаков редовно ги собира аплаузите на оперските обожаватели и критиката на сцените во Бугарија и Европа. Тој во Софиската национална опера ги толкува сите главни баритонски улоги и соработувал со големи оперски имиња како Николај Ѓауров, Гена Димитрова, Ана Томова-Синтов, Никола Ѓузелев. Бил гостин на сцените на оперските куќи во Египет, Грција, Бразил, Португалија, Холандија, Шведска, Швајцарија, Англија, Германија, Норвешка, каде што успешно настапувал под диригентската палка на Адам Фишер, Бруно Амадучи, Луис Малиеро. Niko Isakov, baritone. The Bulgarian baritone Niko Isakov frequently gathers the applause of the opera audiences and praise of the music critique in Bulgaria and Europe. He sings the lead roles in the National Opera in Sofia and has performed with operatic legends such as the late Nicolai Ghiaurov, Ghena Dimitrova, Ana Tomova-Sintow, and Nicola Ghiuselev. He has been guest soloist at opera companies in Egypt, Greece, Brazil, Portugal, Netherlands, Sweden, Switzerland, England, Germany, and Norway, where he has performed under conductors such as Adam Fischer, Bruno Amaduci, and Luiz Malheiro.

29


Сања Керкез

сопран. Во галеријата на оперски ликови на српската сопранистка Сања Керкез се Џилда во „Риголето“, Виолета во „Травијата“, Лучија во „Лучија ди Ламермур“, Памина во „Волшебната флејта“, Аделе во „Лилјакот“, Розина во „Севилскиот бербер“ и многу други. Особено забележителна е нејзината уметничка креација на трагичната хероина Лучија во продукцијата на „Лучија ди Ламермур“ на Народно позориште во Белград, за која се закитува и со Државната годишна награда. Керкез со успех бележи настапи и на сцените во Германија, Швајцарија, Австрија, Бугарија, Норвешка, Јапонија, Хрватска. Sanja Kerkez, soprano. The repertoire of operatic characters of Serbian soprano Sanja Kerkez includes Gilda in Rigoletto, Violetta Valery in La Traviata, Lucia in Lucia di Lammermoor, Pamina in The Magic Flute, Adele in Die Fledermaus, Rosina in The Barber of Seville and many others. Her notable artistic and vocal interpretation of the tragic role of Lucia in the production of Lucia di Lammermoor at the Serbian National Opera has won her the State Artistic Award. She has successfully performed in Germany, Switzerland, Austria, Bulgaria, Norway, Japan and Croatia.

Никола Китановски

тенор. Еден од најафирмираните оперски уметници од просторите на поранешна Југославија, на оперската сцена дебитира во Народниот театар во Белград во 1990 година, од кога почнува и да ги ниже своите успешни уметнички креации во оперите „Тоска“, „Кармен“, „Кавалерија Рустикана“, „Паљачи“, „Аида“, „Евгениј Онегин“, „Лучија ди Ламермур“, „Трубадур“... За неговите изведби критичарите велат дека се обоени со силен емотивен набој и со вешто градење на музичките фрази. „Китановски е еден развиен тенор со импресивен дијапазон на гласот, јасни и чисти висини, динамички разградени, извонредно музикални и изедначени во регистрите“ –говорат одгласите во медиумите во Германија, Шпанија, Франција, Русија, Романија, Хрватска... Во импресивната кариера на Китановски посебно место зазема и неговата педагошка дејност и улога во градењето на новите оперски надежи во Србија.

Nikola Kitanovski, tenor. One of the best opera and vocal soloist on the territory of former Yugoslavia, Nikola Kitanovski had his debut in 1990 in the National Opera Theatre in Belgrade, and has since successfully appeared in roles in Tosca, Carmen, Cavalleria Rusticana, Pagliacci, Aida, Eugene Onegin, Lucia di Lammermoor, Il Trovatore etc. For his performances, the reviews outline the strong emotions and skilful phrasing. “Kitanovski is a tenor with impressive voice, clean and clear top, dynamically developed sound with smooth transitions of register.” The reviews have praised his performances in Germany, Spain, France, Russia, Romania and Croatia. His impressive career also leaves room for his educational work with young singers, building the future opera generations in Serbia.

30



„Атила“ „Атила“ е опера со пролог и три чина од Џузепе Верди, со италијанско либрето, работена според Темисколе Солера, базирана врз претставата „Атила , крал на Хуните“, а изведувана во 1809 година од Захариас Вернер. Операта ја доживува својата прва изведба во Венеција на 17 март 1846 година. Синопсис ПРОЛОГ Сцена 1. Главниот плоштад во Аквилеја. Атила и неговата војска ја слават победата и заземањето на градот. Водачот на заробените жени воини, Одабела, му остава добар впечаток на Атила. Таа е ќерка на господарот на Аквилеј кого Атила го погубува. Римскиот генерал и царски гласник му приоѓа на Атила со предлог тој да владее со остатокот од Римското царство, ако ја остави Италија на мир. Атила го одбива предлогот убеден во својата моќ. Сцена 2. Јадрански заливи каде што се прикриваат бегалците од Аквилеј по воениот пораз. Водач на бегалците е Форесто, кој нестрпливо бара можност да ја ослободи својата сакана Одабела од заробеништвото на Атила. I ЧИН Сцена 1. Шума, надвор од Рим, близу до кампот на Атила, вечерно време. Одабела подготвува план привидно да се приклучи на војската на Атила со цел да ја искористи можноста за да го освети својот татко и својот љубовник Форесто за кого мисли дека е мртов. По добивањето информација дека Форесто е жив, тајно се среќава со Форесто, кој ја обвинува за предавство. Таа, сепак, успева да го убеди дека нејзината намера е да го следи примерот на библиските јунаци –Јудејците и да го спаси својот народ, лично убивајќи го Атила. Сцена 2. Шаторот на Атила. Атила сонува сон во кој старец, за него непознат, го опоменува да не продолжува со војувањето и освојувањето на Рим. Сцена 3. Кампот на Атила. Атила, убеден во својата моќ, не го прима советот на старецот од сонот и ја собира својата војска за напад. Пред самиот почеток на маршот, во моментот кога војската се придвижува во правец на својата цел – Рим – наидува процесија која ја води папата Леоне во чиј лик Атила го препознава старецот од сонот. Во исто време на небото се појавуваат два призрака со огнени мечови кои оставаат жесток и вознемирувачки впечаток врз Атила. Тој е вџашен. II ЧИН Сцена 1. Кампот на војската на генералот Ецио во близина на Рим. Царот Валентијан сака примирје со Атила и го повикува својот генерал Ецио на советување и бара од него да спроведе преговори. Ецио не му возвраќа на повикот, се повикува на старата слава на Рим и му се придружува на Форесто со намера да организираат отпор и да го убијат Атила. Сцена 2. Кампот на Атила. Кралот на Хуните одржува банкет во слава на примирјето. Форесто со своите луѓе тајно го организира убиството на Атила, но Одабела го спречува бидејќи сака сама да го убие. Таа го опоменува Атила дека во пехарот со вино има силен отров и бара сама да го казни Форесто. Всушност, со тоа сака да го спаси својот сакан и да го спаси од бесот на Атила. Благодарен Атила објавува дека ќе се венча со Одабела. III ЧИН Шума, близу до кампот на Атила. Форесто и Ецио се спремаат да го нападнат Атила. Мислејќи дека Одабела го издала, Форесто е бесен. Одабела бега од кампот на Атила, им се придружува на Форесто и Ецио и го убедува својот сакан дека е невина. Атила огорчен тргнува во потрага по Одабела, но паѓа во вешто поставената заседа. Доаѓа до жесток судир во кој Форесто лично го напаѓа Атила, но Одабела прва го прободува со мечот ослободувајќи го својот народ по примерот на библиската хероина Јудита.

32


Attila Attila is an opera in a prologue and three acts by Giuseppe Verdi to an Italian libretto by Temistocle Solera, based on the 1809 play “Attila, King of the Huns” performed in 1809 by Zacharias Werner. The opera received its first performance in Venice, on March 17th, 1846. Synopsis PROLOGUE Scene 1. The main square in Aquileia. Attila and his victorious horde celebrate the victory and the conquest of the city. The leader of the imprisoned women-fighters, Odabella, impresses Attila. She is the daughter of the master of Aquileia, killed by Attila. The Roman general and envoy approach Attila with a proposal for him to rile the rest of the Roman Empire, and to leave Italy in peace. Attila rejects the proposal convinced in his power. Scene 2. Adriatic bays, where the refugees from Aquileia hide, after the military defeat. The refugees’ leader is Foresto, who impatiently looks for opportunity to free his loved one Odabella from the captivity of Attila. I ACT Scene 1. Wood, outside Rome, near Attila’s camp, night time. Odabella prepares a plan to allegedly join Attila’s army in order to use the opportunity to revenge her father and her lover Foresto, believing the latter to be dead. After receiving information that Foresto is alive, they secretly meet, and Foresto accuses her of betrayal. However, she succeeds to convince him that her purpose was to follow the example of the biblical heroes – the Jews and to save her people, by killing Attila herself. Scene 2. Attila’s tent. Attila dreams of an old man, whom he does not recognize, who warns him to stop the waging war and the plan to conquer Rome. Scene 3. Attila’s camp. Attila, confident in his power, disregards the old man's advice from the dream and gathers his army to attack. Before the start of the march, at the moment when the army approaches its target – Rome – they encounter a procession led by the pope Leo whom he recognizes as the old man of his dream. At the same time, two ghosts with fire swords appear in the sky which put intense and upsetting impression on Attila. He is petrified. II ACT Scene 1. Ezio’s camp near Rome. The emperor Valentine wishes a truce with Attila and calls for his general Ezio for counselling and asks him to conduct negotiations. Ezio does not respond to the call, refers to Rome's past glory and joins forces with Foresto in order to create resistance and kill Attila. Scene 2. Attila’s camp. The king of the Huns is holding a banquet in honour of the truce. Foresto with his people secretly organizes the murder of Attila, but Odabella stops him for she wishes to kill Attila herself. She warns Attila that in the goblet full of wine there is a strong poison and asks to punish Foresto herself. Actually, thus she wants to save her love and to save him from Attila's wrath. Grateful, Attila declares that Odabella shall be his wife. III ACT Forest, near Attila’s camp. Foresto and Ezio prepare to attack Attila. Thinking that Odabella has betrayed him, Foresto is furious. Odabella flees Attila’s camp and joins Foresto and Ezio and convinces her love that she is innocent. Bitter, Attila starts looking for Odabella, but falls into the skilfully set ambush. There is a ferocious fight where Foresto personally attacks Attila, but Odabella stabs Attila first, with her sword, freeing her people as the biblical heroine Judith.

33


Лучија / Lucia

Енрико / Enrico

Едгардо / Edgardo

Артуро / Arturo

Рајмондо / Raimondo

ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР LUCIA DI LAMMERMOORG. Donizetti Диригент: Oливер Балабурски Режисер/Сценограф: Лев Пулиезе (Италија) Костимограф: Марија Пупучевска Концерт - мајстор: Верица Ламбевска КАСТ: Лучија: Марија Грациа Скиаво (Италија) Енрико: Џанфранко Монтрезор (Италија) Едгардо: Ѓорѓи Цуцковски Артуро: Дејан Стоев Рајмондо: Владимир Саздовски Ализа: Марика Поповиќ Нормано: Дејан Стоев

Conductor: Oliver Balaburski Director / Set designer: Lev Pugliese (Italy) Costume designer: Marija Pupuchevska Concert master: Verica Lambevska CAST: Lucia: Мaria Grazia Schiavo (Italy) Enrico: Gianfranco Montresor (Italy) Edgardo: Gjorgji Cuckovski Arturo: Dejan Stoev Raimondo: Vladimir Sazdovski Alisa: Marika Popovik Normanno: Dejan Stoev

Премиера на сезоната Испеана на италијански јазик Season premiere Sung in Italian

26.05.2013 - 20.00 Недела / Sunday

34


Оливер Балабурски

диригент. На минатогодишните Мајски оперски вечери диригентот Оливер Балабурски ја предводеше интернационалната уметничка екипа во претставата „Аида“ и придонесе за „градењето на пластичната слика на операта и за креирањето на нејзината драматургија“. Овој уметник со кариера од речиси две и пол децении, која ја започна во Македонската опера и балет уште како студент по оркестарско диригирање, во 2006 година, гледајќи можност за подлабоко истражување и усовршување во областа на симфониската музика, замина во Канада, на магистерски студии кај еминентниот диригент Рафи Армениан. Својата потреба за филозофски и практичен приод кон поширок вокално-инструментален репертоар, Балабурски ја надополнува во текот на студиите кај професор Дорин Рао. Настапувал со повеќе оркестри низ светот, а во моментов е шеф диригент на симфонискиот оркестар „Харониа“ (Huronia) од градот Бери и Камерниот гудачки оркестар на „Харт Хаус“ (Hart House) при Универзитетот во Торонто.

Oliver Balaburski, conductor. At the May Opera Evenings Festival in 2012, conductor Oliver Balaburski led the international cast of Aida, creating a “musically appealing and dramatically expressive” performance. Balaburski started his career more than two decades ago at the Macedonian Opera and Ballet, while still studying at the Department for Conducting of the Faculty of Music in Skopje. In 2006, seeing the opportunity to go deeper into the secrets of the wide symphonic repertoire, he started his Master Studies in Performance at the University of Toronto, with his mentor and teacher, eminent conductor, Prof. Raffi Armenian. He also studied with Prof. Dr. Doreen Rao at University of Toronto, fulfilling necessity for the philosophical and practical approach and knowledge of the extensive vocal - instrumental music. Oliver Balaburski has conducted various orchestras in Macedonia and abroad, and is currently the music director/conductor of the Huronia Symphony in Barrie, as well as the conductor of the Hart House Chamber Strings at the University of Toronto.

Марија Грациа Скиаво

сопран. Италијанската уметница Марија Грациа Скиаво се етаблираше во светската уметничка елита преку изведба на дела од барокниот репертоар. „Нејзината колоратура предизвикува возбуда и треперење“ – се зборовите на музичката критика. Запаметени ќе останат нејзините креации во „Орфеј“ на Монтеверди, „Попеја“ на Скарлати, „Риналдо“ и „Ариоданте“ на Хендл, но не помалку експресивни се и нејзините изведби на ролјите од класичниот оперски репертоар, меѓу кои токму улогата на Лучија, со која Скиаво ги „покорува“ оперските подиуми низ светот и ги заробува срцата на публиката. Забележани се и нејзините соработки со диригенти како Риналдо Алесандрини, Едуардо Лопез Банзо, Фабио Бионди, Антонио Флорио, Рикардо Мути, Џорди Савал и други.

Maria Grazia Schiavo, soprano. The Italian vocal artist Maria Grazia Schiavo has established herself in the world music elite with performance of works from the baroque repertoire. “Her coloraturas are thrilling and exciting” is how the music critics describe her. Her notable performances include interpretations of roles in Monteverdi’s L’Orfeo, Poppea by Scarlatti, Handel’s Rinaldo and Ariodante, but also works from the classical repertoire, including the title role in Lucia di Lammermoor, which has brought her world fame and captured the heart of the audience. She has worked with renowned conductors including Rinaldo Alessandrini, Eduardo Lopez Banzo, Fabio Biondi, Antonio Florio, Riccardo Muti, Jordi Savall etc.

Џанфранко Монтрезор

баритон. Италијанскиот баритон Џанфранко Монтрезор на меѓународната оперска сцена освојува со своето вокално и сценско присуство и моќна звучност. Неговата дебитантска улога на Ескамиљо во операта „Кармен“ на музичкиот фестивал во Сан Северо донесе пофалби и одлични оцени како од публиката, така и од критичарите и беше почеток на една богата интернационална кариера. Еден од најзначајните моменти на Монтрезор е дебито во миланската „Скала“ во 2007 година, во операта „Тенеке“ на италијанскиот композитор Фабио Ваки, а во оваа престижна италијанска куќа Монтрезор се враќа во 2008 година во операта „Коцкарот “ од Прокофјев, под диригентската палка на Даниел Баренбоим. Во септември 2010 година, Монтрезор зачекорува на оперската сцена заедно со Пласидо Доминго во „Риголето“ под диригентство на Зубин Мехта, претстава која ќе биде пренесувана во 147 држави низ целиот свет. Со успех настапува во „Дон Карлос“, „Кавалерија Рустикана“, „Набуко“ во театрите низ светот.

35


Gianfranco Montresor, baritone. Italian baritone Gianfranco Motresor’s debut as Escamillio in a production of Bizet’s Carmen at the San Severo Festival has brought him the admiration of the critics and audiences and launched his prosperous international career. In 2007, Montresor appeared in the premiere of the new opera Teneke by Italian composer Fabio Vacchi, at La Scala in Milan, a role which then brings him a re-invitation at this celebrated stage in 2008 in Prokofiev’s The Gambler conducted by Daniel Barenboim. In 2010 Montresor partners with Placido Domingo in a production of Rigoletto conducted by Zubin Mehta, which is broadcasted live in 147 countries world-wide. He is also acclaimed for his performances in Don Carlo, Cavalleria Rusticana and Nabucco in various theatres.

Ѓорѓи Цуцковски

тенор. Музичката критика во Македонија особено го поздравува неговиот ангажиран сценски влог и „движења кои ги претставуваат емоционалните промени кои ги следат карактерите“. Тенорот Ѓорѓи Цуцковски по дипломирањето на Факултетот за музичка уметност во Скопје, специјализира оперско пеење во Виена, во оперското студио на Оливера Миљаковиќ. Освен улогите на матичната сцена во Македонската опера и балет, неговата досегашна кариера бележи и гостувања во театарот „Комунале Кошенца“ (Teatro Comunalle Cosenza) во Италија, каде што ја толкува улогата на Моностатос во „Волшебната флејта“ на Моцарт; како и во улогата на Алфред во „Травијата“ на Верди, во продукција на Операта во Осака, Јапонија. Концертно успешно се претставил во Србија, Русија, Португалија, Германија, Италија, Албанија, Босна. Gjorgji Cuckovski, tenor. The music critique in Macedonia has noted Cuckovski “engaged scenic work, and movements that depict the character’s emotions”. A graduate of the Faculty of Music in Skopje, Gjorgji Cuckovski specializes with Kamersingerin Olivera Miljakovic in Vienna. He has performed various roles at the Macedonian Opera, and has also appeared at the Teatro Comunale Cosenza in Italy singing the role of Monstatos in The Magic Flute, as well as at the Osaka Opera in Japan as Alfred Germont in Verdi’s La Traviata. In concert, Cuckovski has performed in Serbia, Russia, Portugal, Germany, Italy, Albania and Bosnia.

Владимир Саздовски

бас. Владимир Саздовски критиката ќе го нарече „млад и перспективен солист со длабока и моќна боја на глас што никого не остава рамнодушен“. Чекорејќи смело на патот на својата кариера, Саздовски со секоја наредна креација прикажува сè посигурна и поквалитетна вокалносценска игра за оперски уметник кој го чека блескава иднина. На сцената на Македонската опера и балет дебитира во операта „Волшебната флејта“, по која се нижат улогите во „Аида“, „Риголето“, „Италијанката во Алжир“, „Турандот“, „Моќта на судбината“, „Љубовен напиток“ и други. На меѓународната сцена, дебитира во Виена, во операта „Дон Џовани“. Vladimir Sazdovski, bass. Vladimir Sazdovski has been described by the critics as “young and perspective soloist with deep and powerful voice that does not leave anyone indifferent”. He is steady on his career path, developing his vocal interpretation and proving his creative potential with every performance, thus affirming his place on the operatic stage. Sazdovski made his debut at the Macedonian Opera in a role in Mozart’s The Magic flute, followed by roles in Aida, Rigoletto, L’ Italiana in Algeri, Turandot, La Forza del Destino, whereas in Vienna he took part in a production of Don Giovanni.

Дејан Стоев

тенор. „Секогаш посебно сценичен во своите настапи кој не ве остава рамнодушни“, тенорот Дејан Стоев е веќе искусен солист, кој е неизоставен дел од кастот на речиси сите продукции на Македонската опера и балет. Дел од неговиот репертоар се претставите „Севилскиот бербер“, „Дон Џовани“, „Травијата“, „Кармен“, „Мадам Батерфлај“, „Моќта на судбината“, „Риголето“, „Турандот“, „Плаштот“, „Рита“, „Атила“, „Веселата вдовица“, „Војвотката на чардашот“, „Лилјакот“, „Лучија ди Ламермур“, „Кармина Бурана“, „Лидија од Македонија“ и други. Дипломира и магистрира на одделот за соло-пеење при Факултетот за музичка уметност во Скопје, а освен сценската дејност, активно е присутен и на концертните подиуми низ Македонија. Dejan Stoev, tenor. “Always visually very convincing in his performances”, tenor Dejan Stoev is an experienced soloist, frequently part of the cast of the productions at the Macedonian Opera. His repertoire includes roles in The Barber of Seville, Don Giovanni, La Traviata, Carmen, Madam Butterfly, La Forza del Destino, Rigoletto, Turandot, Il Tabarro, Rita, Attila, The Merry Widow, The Csardas Princess, Die Fledermaus, Lucia di Lammermoor, Carmina Burana, Lidija of Macedonia etc. He is a graduate of the Faculty of Music in Skopje and frequently appears in concert.

36



Лучија од Ламермур Лучија од Ламермур е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. Оваа опера е една од водечките белканто опери во светската оперска литература. Операта премиерно е изведена на 26.09.1835 г. во Театро Сан Карло во Неапол. Дејството во оригиналното дело на Сер Волтер Скот се базира на вистинска случка во историјата на фамилијата Стер. Настанот се одвива во Ламермур, место во Шкотска во 1669 г. Либретото на операта ја содржи основата на приказната на Сер Скот, но Салваторе Камарано во драматуршката разработка на дејството воведува и други личности кои во делото на Скот не постојат. Синопсис ПРВ ДЕЛ Слика 1. / Сцена 1. Градината на замокот кој порано му припаѓал на семејството Равенсвуд, а сега присвоен од ривалското семејство Астон. Нормано, командант на војската на семејството Астон, се сомнева дека Лучија, сестрата на лордот Енрико Астон e тајно вљубена во младиот Едгардо, последниот потомок на семејството Равенсвуд. Тоа сомневање му го доверува на Енрико кој сака неговата сестра да се омажи за лордот Артуро Букло со цел да го врати угледот на семејството. Рајмондо Бидебент објаснува дека Лучија е во длабока тага поради неодамнешната смрт на најзината мајка и не размислува за брак. Нормано го одрекува тоа велејќи дека Лучија секое утро се гледа со некое момче кое ја спасило од напад на бик. Тоа момче би можело да биде Едгардо. Гневот на Енрико е зголемен откако една група војници му потврдува дека го виделе Едгардо како кружи низ градината. Слика 1. / Сцена 2. Парк, ноќ со полна месечина. Лучија придружувана од Алиса има злокобни претчувства. Алиса ѝ го потврдува тоа и ја преколнува да ја прекине врската со Едгардо, кој доаѓа и го најавува своето скоро заминување во Франција. Тој и соопштува на Лучија дека сака да се смири со Енрико, но Лучија го моли да го одложи тоа за друг пат. Пред заминување, Едгардо и дава прстен на Лучија како знак за верност и ветување за брак. ВТОР ДЕЛ I ЧИН / Слика 1. Одаите на лордот Енрико. Свадбата на Лучија со Артуро е веќе закажана, но Енрико стравува дека сестра му може да одбие. За да го спречи тоа тој ги зема сите писма кои Едгардо и ги испратил на Лучија, држејќи во рацете лажно писмо кое ,,сведочи за предавство,, на Едгардо. Се приближува Лучија целата пребледена. Енрико и го предава писмото. Дири и Рајмондо, нејзиниот единствен пријател, се сомнева во Едгардо и ѝ советува да помогне на брата си и да се потчини на судбината. Разочарана и скршена од болка, Лучија се препушта на волјата на Енрико и го прифаќа бракот со Артуро. I ЧИН / Слика 2. Во салонот подготвен за свадбата пристигнува Артуро, а по него влегува Лучија. Свадбениот договор прво го потпишува Артуро. Во моментот кога Лучија го потпишува свадбениот договор во салата влегува Едгардо. Ситуација е крајно вжештена, мечовите се извадени од кориците, но Рајмондо ги смирува страстите. Едгардо го гледа свадбениот договор и ја прашува Лучија дали е тоа навистина нејзин потпис. Цела збунета Лучија одговара потврдно. Исполнет со бес Едгардо и наредува да му го врати прстенот кој го фрла на земја и го проклонува денот кога се сретнале. Лучија се онесвестува, а Едгардо заминува. II ЧИН / Слика 1. Предворје на кулата во Волфераг. Во ноќта проследена со невреме Едгардо размислува за својата несреќа. Влегува Енрико. Во непомирлив дијалог, решаваат да имаат дуел в зори, покрај гробовите на семејството Равенсвуд. II ЧИН / Слика 2. Сала во замокот на семејството Астон. Сеуште се слушаат празнични свадбени звона, кога влегува Рајмондо носејќи страшна вест - Лучија го прободела Артуро со нож. Пристигнува Лучија во бела ноќница сета во крв, разбушавена коса со заматен поглед на лудак. Талкајќи низ салата таа го повикува Едгардо сеќавајќи се на миговите на нивната љубов. Неможејќи да го издржи ударот на судбината, Лучија паѓа на земјата мртва, опкружена со тагата на присутните и грижата на совест на нејзиниот брат Енрико. II ЧИН / Слика 3. Гробиштата на семејството Равенсвуд. Едгардо кружи околу гробовите решен во дуелот кој им претстои да му дозволи на Енрико да го убие. Наеднаш се слушаат тажни звуци кои навестуваат смрт. Едгардо се обидува да влезе во замокот, но Рајмондо го спречува и го известува за смртта на Лучија. Потресен од веста Едгардо се прободува со нож и умира упатувајќи ја својата последна мисла кон Лучија.

38


Lucia di Lammermoor Lucia di Lammermoor is a dramatic opera written in two acts. Salvatore Cammerano has written this libretto based upon Sir Walter Scott’s novel “The Bride of Lammermoor”. This opera is one of the world’s leading opera in world opera literature. This opera for the first time was performed at 26.09.1835 year in theatre San Carlo in Napoli. The story in the original part of Sir Walter Scott is based on the true story in the history of the family Ster. The event takes place in Lammermoor, place in Scotland in 1669 year. The libretto of this opera contains the basic of the Sir Scot’s story, but Salvatore Cammerano in his dramaturgical action introduces the personalities that don’t exist in the part of Sir Scot. Synopsis PART ONE Scene 1. / Scene 1. The gardens of Lammermoor Castle. Normanno, captain of the castle guard, and other retainers are searching for an intruder. He tells Enrico that he believes that the man is Edgardo, and that he comes to the castle to meet Lucia. It is confirmed that Edgardo is indeed the intruder. Enrico reaffirms his hatred for the Ravenswood family and his determination to end the relationship. Scene 1. / Scene 2. By a fountain at the entrance to the park, beside the castle. Lucia waits for Edgardo. In her famous aria Regnava nel Silenzio, Lucia tells her maid Alisa that she has seen the ghost of a girl killed on the very same spot by a jealous Ravenswood ancestor. Alisa tells Lucia that the apparition is a warning and that she must give up her love for Edgardo. Edgardo enters; for political reasons, he must leave immediately for France. He hopes to make his peace with Enrico and marry Lucia. Lucia tells him this is impossible, and instead they take a sworn vow of marriage and exchange rings. Edgardo leaves. PART TWO I ACT / Scene 1. Lord Ashton's apartments in Lammermoor Castle. Preparations have been made for the imminent wedding of Lucia to Arturo. Enrico worries about whether Lucia will really submit to the wedding. He shows his sister a forged letter seemingly proving that Edgardo has forgotten her and taken a new lover. Enrico leaves Lucia to further persuasion this time by Raimondo, Lucia's chaplain and tutor, that she should renounce her vow to Edgardo, for the good of the family, and marry Arturo. I ACT / Scene 2. A hall in the castle. Arturo arrives for the marriage. Lucia acts strangely, but Enrico explains that this is due to the death of her mother. Arturo signs the marriage contract, followed reluctantly by Lucia. At that point Edgardo suddenly appears in the hall. Raimondo prevents a fight, but he shows Lucia's signature on the marriage contract to Edgardo. He curses her, demanding that they return their rings to each other. He tramples his ring on the ground, before being forced out of the castle. II ACT / Scene 1. The Wolf's Crag. Enrico visits Edgardo to challenge him to a duel. He tells him that Lucia is already enjoying her bridal bed. Edgardo agrees to fight him. They will meet later by the graveyard of the Ravenswoods, near the Wolf's Crag. II ACT / Scene 2. A Hall in Lammermoor Castle. Raimondo interrupts the marriage celebrations to tell the guests that Lucia has gone mad and killed her bridegroom Arturo. Lucia enters. In the aria 'Il dolce suono' she imagines being with Edgardo, soon to be happily married. Enrico enters and at first threatens Lucia but later softens when he realizes her condition. Lucia collapses. Raimondo blames Normanno for precipitating the whole tragedy. IIACT / Scene 3. The graveyard of the Ravenswood family. Edgardo is resolved to kill himself on Enrico's sword. He learns that Lucia is dying and then Raimondo comes to tell him that she has already died. Edgardo stabs himself with a dagger, hoping to be reunited with Lucia in heaven.

39


Диригент / Conductor

Амнерис / Amneris

Аида / Aida

Фараон / Il Re

Амонасро /Amonasro

АИДА AIDA G. Verdi Диригент: Оливер Балабурски Режисер: Дејан Прошев Сценограф: Зоран Костовски Костимограф: Елена Дончева Кореограф: д-р Снежана Филиповска Концерт-мајстор: Климент Тодороски КАСТ: Аида: Седа Ортач (Турција) Радамес: Микаел Спадачини (Белгија) Амнерис: Даниела Дјакова (Бугарија) Рамфис: Владимир Саздовски Фараон: Игор Дурловски Амонасро: Марчело Липи (Италија) Главна свештеничка: Олгица Милевска Гласник: Марјан Николовски

Conductor: Oliver Balaburski Director: Dejan Proshev Set designer: Zoran Kostovski Costume designer: Elena Doncheva Choreography: d-r Snezhana Filipovska Concert Master: Kliment Todoroski CAST: Aida: Seda Ortaç (Turkey) Radames: Mickael Spadaccini (Belgium) Amneris: Daniela Dyakova (Bulgaria) Ramfis: Vladimir Sazdovski Il Re: Igor Durlovski Amonasro: Marcello Lippi (Italy) Sacerdotessa: Olgica Milevska Un Messaggero: Marjan Nikolovski

Да прославиме! Let's celebrate!

31.05.2013 - 20.00 Петок / Friday

40


Седа Ортач

сопран. „Таа поседува интензивен глас во високите регистри, со впечатлива темброва исполнетост“ и е уметница која ги премина границите на нејзината родна Турција во освојување на оперските подиуми низ Европа и светот. Школувана на Државниот музички конзерваториум во Истанбул и со мецосопранот Бруна Баљони, Седа Ортач одиграла повеќе главни оперски улоги во „Турандот“, „Тоска“, „Аида“, „Џоконда“, „Магбет“, „Набуко“, „Моќта на судбината“, „Атила“. Дејствува како солист во Државната опера и балет во Истанбул и во Самсун. Seda Ortac, soprano. “Seda Ortac possesses an intensive voice in the upper register, with a striking fullness of the timbre.” The quality of her voice and stage artistry has surpassed the borders of her native Turkey and has taken her to many opera stages in Europe and the world. She received her musical education at the Music Conservatory in Istanbul while also working with mezzo-soprano Bruna Baglioni. Ortac has performed the title roles in Tosca, Aida, Turandot and the soprano parts in La Gioconda, Macbeth, Nabucco, La Forza del Destino, Attila etc. She is a soloist of the State Opera and Ballet in Istanbul and in the Opera in the Turkish coastal city of Samsun.

Даниела Дјакова

мецосопран. Се вбројува во редот на водечките бугарски солисти, добитник на врвни признанија на конкурси во Бугарија и Европа. Во нејзините впечатливи оперски ролји се вбројуваат оние во оперите „Свадбата на Фигаро“, „Севилскиот берберин“, „Така прават сите“, „Норма“, „Аида“, „Дон Карлос“, „Риголето“, „Травијата“, „Кармен“, „Мадам Батерфлај“, „Евгениј Онегин“, „Кавалерија Рустикана“. Дјакова е и директор на Симфонискиот оркестар на Сливен. Daniela Diakova, mezzo-soprano. Daniela Diakova is one of the leading Bulgarian vocal soloists, a winner of numerous prizes in singing competitions in Bulgaria and Europe. Her significant roles include parts in Le Nozze di Figaro, The Barber of Seville, Cosi fan tutte, Norma, Aida, Don Carlo, Rigoletto, La Traviata, Carmen, Madam Butterfly, Eugene Onegin, Cavalleria Rusticana, etc. Diakova is also the managing director of the Symphony Orchestra of Sliven.

Марчело Липи

баритон. Уметничкиот директор на Фондацијата „Театар Верди“ од Пиза и на театарот „Ровиго“, Марчело Липи е и исклучителен оперски уметник и вистински професионалец кој во досегашната кариера со успех реализирал многубројни улоги на сцените низ светот. Кариерата ја започнува во 1988 година, со La notte („Ноќта“) од Нино Рота, и понатаму продолжува да ги освојува подиумите со улогите во бисерите на оперскиот репертоар: „Симон Боканегра“, „Веселата вдовица“, „Амика“, „Кармина Бурана“, „Лучија ди Ламермур“, „Боеми“, „Кармен“, „Љубовен напиток“ и други. Marcello Lippi, baritone. The artistic director of the Fondazione Teatro Verdi in Pisa and the Theatre in Rovigo, Marcello Lippi is an exceptional artist, a music professional who has been singing with success at various opera stages in the world. He started his singing career in 1988 with a role in Nino Rota’s La Notte, and continued to work on the iron repertoire in performances of Simon Boccanegra, The Merry Widow, Amica, Carmina Burana, Lucia di Lammermoor, Carmen, La Boheme, L’elisir d’amore and many more.

Игор Дурловски

бас. „Како бас, Игор Дурловски прикажува масивна вокална моќ...“ – пишува светската критика, додека како контратенор за него се нижат епитетите „сензационален, со кралска појава чиишто повремени басовски фрази предизвикуваат внимание и морници...“ Покрај улогите од класичниот репертоар: „Боеми“, „Трубадур“, „Севилскиот берберин“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Аида“, „Волшебната флејта“, Дурловски ги остварува најзначајните басови партии од македонскиот оперски репертоар („Лидија од Македонија“, „Цар Самоил“. Дурловски бележи и впечатливи концертни изведби на дела од светскиот и домашниот репертоар: „Деветтата симфонија“ на Бетовен, „Реквием“ на Моцарт и Верди, ораториумот „Радомиров псалтир“ на Димитрије Бужаровски, ораториумот „Клименту“ од Властимир Николовски, симфонијата „Зима“ од Ристо Аврамовски. Igor Durlovski, bass. “As a bass, Igor Durlovski presents massive vocal powers…” is a sentence that shortly describes Igor Durlovski in the international press. Appearing as a counter tenor, he challenges the critics to write “sensational, with grand stature, his occasional bass phrases grasp the audience’s attention while provoking shivers”. He appears in many roles from the standard repertoire, including La Boheme, Il Trovatore, The Barber of Seville, Don Giovanni, Turandot, Aida, The Magic Flute, and he sings the title roles in important Macedonian operatic works such as Tsar Samoil and Lidija of Macedonia. Active on the concert podium, he takes part in Beethoven’s Ninth Symphony, the Requiems by Mozart and Verdi, and is a soloist in the works by Macedonian composers: Radomir’s Psalms by Dimitrije Buzarovski, the oratorio Klimentu by Vlastimir Nikolovski and the symphony “Winter” by Risto Avramovski.

41



АИДА Либрето: А. Гисланцони и К. ди Локл (според „Нитети“ на П. Метастазио и синопсис на О. Мариет Беј). Прва претстава – 4 декември 1871 г,, Каиро, Египет. Операта „Аида“ е напишана по нарачка на Тетарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала едно од врвните созданија на композиторовиот гениј. Дури во ова „егзотично“ либрето Верди ги наоѓа „своите“ теми, чувства и страсти: предодредениот трагизам, рок, безизлезност на ситуациите, љубов која ја победува смртта. Богатството на музичката содржина на „Аида“ е постигнато со заемното дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно-психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфално-маршовски масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта. Чајковски напишал: „Генијалниот старец Верди во „Аида“ и „Отело“ отвора нови патишта за италијанските музичари“. Синопсис Опера во четири чина Египет, Мемфис и Теба во фараонско време. Аида, етиописка робинка на египетската принцеза Амнерис, го сака Радамес, војсководец кој треба да командува во војната против Етиопија. Амнерис, исто така вљубена во Радамес, ја измамува Аида и ја дознава тајната на нејзината љубов. Радамес триумфално се враќа и за награда ја добива раката на Амнерис. Прикриен меѓу заробениците е Амонасро, крал на Етиопија – таткото на Аида. Тој ја тера ќерка си да ги дознае тајните воени патишта од Радамес. Ненамерното предавство на Радамес е откриено од Амнерис. Главниот свештеник Рамфис го осудува да биде жив закопан во гробницата. Аида успева да влезе во гробницата за да ја сподели судбината со саканиот. AIDA Libretto by A. Ghislanzoni based on scenario written by Franch Egyptologist Auguste Mariette. First performed – December 24, 1871 in Cairo, Egypt in Khedivial Opera House Theatre. “Aida” was commission of the Cairo Theater for the inauguration of the Suez Canal. The opera turned to be one of the greatest creations of Verdi`s great mind. Having this “exotic” libretto in his hands Verdi, finally, discovers “his own” themes, feelings and passions: premeditated tragism, terms, situations that have no way out, the love that beats the death. . . The music richness of Aida results from the correlation between several different musical standpoints as well the perfect ratio between them: the expressive-psychological line of the main heroes, the obscure and steady world of the clergymen, the luxurious triumphal marching mass scenes, the exotic world of the Orient with its colors that are naturally blended into the opera dramaturgy and language of music. P. I. Tchaikovsky had written once: “The genius of the old man Verdi in Aida and Othello had opened new frontiers for the Italian musicians. . . “. Synopsis Opera in four acts Memphis and Thebes, Egypt in ancient times. Aida, Ethiopian slave of the Egyptian princess Amneris, loves Radames – chosen to be the commanding officer in the battle against Ethiopia. Amneris, also in love with Radames, pretending good feelings toward her slave discovers the secret of Aida`s love. Radames has defeated the Ethiopians and triumphantly comes back home. He is rewarded the hand of the princes Amneris. Amonasro, Aida`s father and Ethiopian king, is among the prisoners. Amonasro, having discovered the love between his daughter and Radames, orders her to ask Radames which route the revolting Ethiopians to ambush them. Amneris reveals the Radames unintended betrayal. Ramfis sentences him to be buried alive in a tomb. Aida manages to sneak inside the tomb in order to be with him to the last.

43


ПРОМОЦИЈА НА КНИГА BOOK PROMOTION СТУДИЈА ЗА ЕЛИТНОСТА VS ПОТРОШУВАЧКИОТ МЕНТАЛИТЕТ Александар Прокопиев (кон книгата „Од Моцарт до мобилните телефони“ на Крсто Скубев) Книгата „Од Моцарт до мобилните телефони“ на Крсто Скубев е релевантна, опстојна и концизна студија за тема за која може да се пишува мошне опширно. Вредноста и актуелноста на ова дело се токму во специфичната согледба на авторот кој успеал во оваа културолошка тема за најуниверзалната, најраспространетата и најконсумирана уметност да го извлече есенцијалното од односот дело – публика низ историските периоди, од почетоците па сè до најновата епоха, која може да се означи како масмедиумска. „Од Моцарт до мобилните телефони“ го препознава и културолошки го означува духот на времето во коешто живееме, со огромното, пресудно влијание на мас-медиумите во обликувањето на музичкиот производ и рефлексијата што тоа влијание ја има во односот кон публиката, пред сè со бришењето на границите меѓу елитното и масовното. Скубев, со натпросечно познавање на материјата и умеење за нејзино насочување и аргументација успеал во своето дело да исполни еден значаен простор на македонската научна, музиколошка сцена преку труд со свеж, современ и методолошки богат пристап кон нејзина експликација и анализа. Благодарение и на претходното обемно културолошко и музичко знаење и искуство на авторот книгата „Од Моцарт до мобилните телефони“ преставува значаен научен факт во понатамошните истражувања во својата област. STUDY ON THE ELITENESS VS THE CONSUMER MENTALITY Aleksandar Prokopiev (for the novel "From Mozart to mobile phones” of Krsto Skubev) The novel “From Mozart to mobile phones” by Ksrto Skubev is relevant, thorough and concise study of a subject which can be discussed quite extensively. The value and the relevance of this work can be found in the specific perspective of the author who has succeeded from this cultural subject on the most universal, the most widespread and the most consumed art to extract the essentials from the relation work - audience throughout the historical periods, from the beginnings until the most recent era, which can be characterized as mass media era. “From Mozart to mobile phones” recognizes

44

29.05.2013 - 11.00 Среда / Wednesday

and culturally denotes the spirit of the age in which we live, with the huge, crucial influence of mass media when shaping the music product and the reflection, which the influence has on the relationship toward the audience, above all with the elimination of the line between the eliteness and the mass. In his work, Skubev with his superior knowledge on the subject and his ability for guidance and argumentation has succeeded to fill in a significant place of the Macedonian scientific musicology scene by putting efforts with a fresh, contemporary and methodologically-rich approach for its explanation and analysis. Thanks to the previous extensive cultural and musical knowledge and experience of the author of the novel, “From Mozart to mobile phones” represents a significant scientific fact in the subsequent researches in its area.

Крсто Скубев

дипломиран продуцент на Факултетот за Драмски уметности – Скопје. Магистер по културологија (во книжевноста). Во културата зачекорил од „мали“ нозе. Член е на аматерски културно-уметнички друштва, долгогодишен член на АКУД „Мирче Ацев“, хорот на МРТВ, хорот на Операта на МНТ. Во МНТ работи од 1981 г. Толкувал неколку актерски улоги во Драмата на МНТ, како и солистички делници во Операта. Од 1995 до 2007 г. работел како раководител на Секторот за маркетинг, пропаганда, документација и издавачка дејност во МНТ и во Македонската опера и балет. Во моментов членува во маркетинг-тимот на Македонската опера и балет. Krsto Skubev – Bachelor in Production at the Faculty of Dramatic Arts in Skopje. Master in Culturology (in literature). Immersed in culture since early age. He is a member of amateur cultural and artistic ensembles, extending many years of membership in the “Mirche Acev” Academic Cultural and Artistic Ensemble, the choir of the MRTV and the choir of the Opera of the Macedonia National Theatre. Employed in the MNT since 1981. He has interpreted several acting roles in the Dramatic section of the MNT, as well as solo sections in the Opera. In the period of 1995 – 2007 he was working as Chief of Sector for Marketing, Propaganda, Documentation and Publishing in the MNT and the Macedonian Opera and Ballet. He is currently part of the marketing team of the Macedonian Opera and Ballet.


Влез на претставата е дозволен само со влезница. Публиката треба да биде соодветно облечена. Не е дозволено внесување огнено и ладно оружје, запаливи и опојни средства. Не е дозволен влез на лица под дејство на алкохол, опојни дроги и др. Не е дозволено внесување животни. За време на претставата е забрането гласно зборување, викање и употреба на мобилни телефони,снимање и фотографирање. Во објектот не е дозволено пушење. Откако ќе започне претставата не се дозволува влез во салонот, освен за време на паузите.

PLEASE REMEMBER…

Admittance to the performances only with valid ticket. There is no strict dress code in the theatre, but please wear attire appropriate for a professional setting. Bringing cold weapons and fire arms, inflammables, and narcotics in the theatre is prohibited. No admittance for persons under influence of alcohol, narcotics or other substances. No admittance for animals. No loud talking, shouting, and using mobile phones, recording, and photographing. Smoking is not allowed in the object. No one may enter the theatre after the performance has begun, except during intermissions.

ИНФОРМАЦИИ И БИЛЕТИ / INFORMATION AND TICKETS

ВЕ МОЛИМЕ ЗАПОМНЕТЕ...

45


НАЈСЛАТКО Е ВО ДРУШТВО Билетите можете да ги резервирате и купите: Билетарница тел.: 02/3118 – 451 / Online продажба на билети на: www.mob.com.mk Booking and purchasing tickets at: Ticket Office tel.: 02/3118 – 451 / Online ticket sale at www.mob.com.mk

41 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ MAY OPERA EVENINGS

БИЛЕТИ / TICKETS

ПРЕТСТАВА / PERFORMANCE

ВИП VIP

ХОФМАНОВИ ПРИКАЗНИ / THE TALES OF HOFFMANN ДОН КИХОТ / DON QUIXOTE (Балет / Ballet) ТРАВИЈАТА / LA TRAVIATA АТИЛА / ATTILA ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР / LUCIA DI LAMMERMOOR АИДА / AIDA

800 ден. / mkd

ЕВРОПСКИ ОПЕРСКИ ДЕНОВИ: OПЕРА-ДРАМА-СЦЕНА EUROPEAN OPERA DAYS: OPERA- PLAY- GROUND

Партер Parterre

600 ден. / mkd

Галерија Gallery

400 ден. / mkd

BUY BLOCK TICKETS AND SAVE! A SAVING OF UP TO 40% Mob offers great discounts to its fans, a possibility to buy block tickets at a discounted price. Block tickets from pre - sale till 08.05.2013 and are valid for (6)six performances beginning from 09.05.2013 31.05.2013. The program on small stage is not included in the block tickets.

200 ден. / mkd

(МАЛА СЦЕНА НА МОБ / SMALL STAGE OF MOB)

БЛОК БИЛЕТИ (6 претстави / 6 performances) Тука не е вклучен програмот на мала сцена. The program on small stage is not included.

46

2880 ден. / mkd

2160 ден. / mkd

КУПИ БЛОК БИЛЕТИ! ЗАШТЕДИ ДО 40% МОБ на своите посетители им нуди можност да купат блок билети за претставите на МОВ 2013 за цена пониска од регуларната. Блок билетите се достапни во претпродажба заклучно со 08.05.2013 и се однесуваат на (6) шест претстави од 09.05.2013 – 31.05.2013. Програмата на малата сцена не е вклучена во блокот.

1440 ден. / mkd


47

ИНФОРМАЦИИ И БИЛЕТИ / INFORMATION AND TICKETS


ЗАПИШЕТЕ СЕ ВО Е-ЛИСТАТА / ЈOIN THE MAILING LIST marketing@mob.com.mk СПОДЕЛЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ СО НАС / TELL US WHAT YOU THINK Доколку имате каков било коментар, ние би сакале да го слушнеме marketing@mob.com.mk If you have any feedback on any of our activity we would like to hear markеting@mob.com.mk FIND US ON

Контакт / Contact: A: Бул. Гоце Делчев бр.4 1000 Скопје Р. Македонијa T: +389 (0) 2 3114 -511 / +389 (0)2 3114- 908 F: +389 (0)2 3211- 442 E: marketing@mob.com.mk www.mob.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.