Бог во нас
дадено од Габриеле, пророчицата и гласничка Божја
за нашево време
Габриеле Издателство Реч
Бог во нас
Извадоци од книгата
„Слободниот Дух - Бог во нас“
Второ издание на македонски јазик, 2024
Лиценцно издание со одобрение на издавачот:
© Gabriele-Verlag Das Wort GmbH
Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld-Altfeld, Deutschland
WEB: www.gabriele-verlag.com
Сите права се задржуваат
Авторизиран превод од
”Gabriele-Verlag Das Wort”
Наслов на германскиот оригинал: Gott in uns
македонски – mazedonisch
За смислата на текстот
меродавно е германското издание.
Преведено од германски јазик
Во Македонија издава: Габриеле Издателство Реч
ул. 32, бр.52A, 1041 Илинден
Тел. 02 3111-043, моб. 071 217-477
WEB: www.izdatelstvo-gabriele.com
E-mail: info@izdatelstvo-gabriele.com
Печати: Софија-принт - Богданци
Бог во нас
раги читатели, темата „Бог во нас“ токму во денешново време
е за многу луѓе провокација. Ако се
чита и се слуша во медиумите за тоа
што се одвива во овој свет, зборот „Бог“
се турка сѐ повеќе во заднина, а камоли
„Бог во нас“.
Се слуша за катастрофи во овој свет
и за тоа какво е поведението на луѓето, како се однесуваат тие со ближните, како живеат во непријателство со оние
кои не го споделуваат нивното мислење. Земјата со нејзините животни и
растенија страда под етикетата за замајување „христијански“ и под себич-
носта на искористувачите. Секој си има свој аргумент за да ја пљачкосува
Земјата, за да мачи и да усмртува жи-
вотни и за да ја уништува природата. Со
Бог и со Христос сето тоа со сигурност
нема ништо заедничко.
А сега доаѓа некој кој тврди: Бог во
нас. Во најново време многу, мошне многу
луѓе истапуваат од институциите Цркви. Сѐ повеќе се слуша за разврат на
свештеничкиот сталеж, за наводна светост, лаги и, не како последно, за безброј
перверзности и ексцеси, коишто дури
не сакам ни да ги именувам. Освен тоа, се говори за гнасотија и изродување на
човештвото.
Напуштањата на цркви се множат.
Многумина се разочарани од својата
Црква, во која верувале и во која
се чувствувале дома барајќи да Го
пронајдат Бог. Други, пак, тресат со
главата и велат: „Нема Бог! Ако би
имало таков – па каде е Тој?“
Црковните
поглавари станале веронедостојни, а партиите само дрдорат за
општо добро и социјални работи. Ако се
погледне подлабоко, тогаш ќе се види дека се работи главно за дивиденда, за сопственото добро. Но, и покрај тоа, се
нарекува „христијанска“.
Сѐ додека Владата е таа која ги држи
уздите на свештеничкиот сталеж и, во Германија, го субвенционира со околу
14 милијарди евра годишно, нема воопшто ништо позначајно да се смени, бидејќи конфесионалниот држител
на уздите и наедно конфесионален јавач и управувач на коњот воопшто не гледа за потребно да го менува своето однесување спрема Бог и спрема своите ближни. Освен тоа, цркви и црковни управни објекти се реставрираат
со милионски и милионски суми, што, на крајот од краиштата, има да го плати
државата – значи ние, граѓаните. И тоа
иако во Библијата на свештениците, на
која се повикува свештеничкиот сталеж
и која тие буквално им ја продаваат на
своите верници како апсолутна вистина, стои: „Бог, кој го создаде светот и сѐ во него, Тој, господарот на Небото и Земјата, не престојува во храмови што се направени од човечка рака.“
Ние граѓаните стануваме оптоварени со даноци и сѐ повеќе и повеќе исцрпувани.
Што рече Исус, Христос? „Сите кои се фаќаат за меч, од меч ќе загинат.“
Овој свет покажува кои сме ние луѓето: војни, убиство, усмртување, глад, страдање, болести, зарази, мачења животни без крај – и тогаш се прашува: Каде е Бог?
И повторно некој друг вели: „Во бајката за Бог јас верував извесно време –во неа веќе не верувам. Нема Бог.“
А што треба да прави Бог со претерано човечкиот крш? Треба ли целосно да го здроби? Тоа Бог не треба, тоа веќе го правиме ние луѓето самите, оти ние ги направивме овој свет и Земјата она што се, а не Бог.
раги луѓе, по некој од вас е
добар аналитичар. Смеам ли
на еден добар аналитичар и на сите
оние кои сега тресат со главата да им
го поставам прашањето: Дали сте животно на стадо и
потврдувач кој само клима со глава? Дали
сте човек кој верува во она што луѓе им
прикажуваат на луѓе, исто така и тогаш
кога овој и оној говори за Бог? Дали сте
животно на стадо, кое има потреба од
црква од камен и од традиција и конфесија
и со тоа од догматични свештеници? Или
сте еден слободен дух, кој научил да вага
и да мери и кој не му верува на секој еден
којшто нешто му прикажува, па макар
било тоа ветувањето дека Бог би бил овде
и онде, или дури дека хаосот на овој свет
би бил „тајна“ Божја?
Јас сум само еден човек, онака како
што сме сите ние луѓе. Кој некому му
ветува нешто, тој би требало и да може
да го докаже тоа. Ниту еден човек не
може да му вети на друг дека преку
упатствата и патоказите што му ги дава
ќе Го пронајде Бог. Тоа не можам ниту
јас. Бог не може да се најде овде и онде
– Бог е Животот во нас, во секого од нас.
Соодветно на нашата внатрешна
наследна основа ние сме луѓе на
заедништво. Никој не треба да биде
сам, оти гласи: „Не е добро човекот
да биде сам.“ А да не се трча по ниту
еден човек, значи Бог да се пронајде
во самиот себеси; оти, само од тоа се
развива вистинската, верната смисла
за заедништво. Да се пронајде Бог, имено, значи најпрвин да се пронајдеш самиот себе во свеста на она
за кое Исус, Христос, ги поучуваше луѓето. Тој нѐ поучи, меѓу другото:
„Јас, Христос, Сум патот, вистината
и животот; никој нема да дојде кај
Таткото, освен преку Мене.“
Тоа важи и за мене. Јас не се врзувам
за ниту еден човек, исто така не ниту
тогаш ако многу ми ветува дека сака
да ме води ваму или онаму за да Го
пронајдам Бог.
Па и тогаш ако еден човек Го пронашол Бог во своето Највнатрешно, тој не може ниту тогаш тоа да му го
докаже на друг. Еден добар пример
може да биде упатување, меѓутоа не
доказ. Следствено на тоа, моите зборови
не врзуваат; тие се повикуваат на
учењето од Исус, Христос, особено на
Неговото ветување: „Јас Сум патот, вистината и животот.“ Моја желба
беше и е самите да го пронајдете Бог.
Јас смеев да Го пронајдам Него во
самата себе, бидејќи не се врзав за
некој човек, туку се ориентирав и се
ориентирам според учењето од Исус.
Во големото дело-објава „Ова е
Мојата Реч“ читаме дека Исус од
Назарет од Неговите современици
веќе беше соочен со прашања за Бог.
Таму стои:
Неколкумина, кои беа полни сомнеж,
дојдоа кај Исус и рекоа: „Ти ни рече дека
нашиот живот и постоење е од Бог, но
ние никогаш не сме Го виделе Бог, ниту
познаваме еден Бог. Можеш ли да ни
Го покажеш Оној кого Ти Го нарекуваш
Татко и единствен Бог? Ние не знаеме
дали има Бог.“
Исус им одговори велејќи: „Слушнете
ја оваа споредба за рибите. Рибите
од една река говореа меѓу себе и рекоа:
Ни се раскажува дека нашиот живот
и постоење доаѓале од водата, но ние
никогаш не сме виделе вода, не знаеме
што е тоа. Тогаш некои од нив, кои
беа поумни од другите, рекоа: Ние
слушнавме дека во морето живее една
умна и учена риба, која ги знае сите
нешта. Да одиме кај неа и да ја молиме
таа да ни ја покаже водата.
Тогаш неколку од нив тргнаа на
пат за да ја бараат мудрата риба и
најпосле дојдоа во морето каде што
живеела рибата и ја прашаа.
А откако ги ислуша, таа им рече: О, вие глупави риби, кои не мислите!
Но умни сте вие малкуте кои барате.
Во водата вие живеете и се движите и
го имате своето постоење; од водата
вие сте дојдени, во водата повторно
се враќате. Вие живеете во водата, а
не знаете за неа. На истиот начин вие
живеете во Бога, а сепак Ме молите: Покажи ни Го Бог. Бог е во сѐ и сѐ е во Бог.“
ако што е веќе споменато, вна-
трешната наследна основа на
човекот е заедништвото; оти, како што е
речено: Не е добро човекот да биде сам.
А ако се поврзе со Едниот, кој во Своето
учење секогаш повторно и повторно ни
освестуваше и ни освестува дека Тој е
патот, вистината и животот, Христос, и
ако се следи Неговото учење чекор по
чекор, тогаш се доаѓа кај луѓето кои исто
така слично мислат и живеат. Но, ниту
за нив не би требало да се врзува.
Кога расчистуваме со изјавата „Бог
во нас“, тогаш би можел да дојде при-
говорот: „Каква изјава! Тоа е дрско, ако
се погледне денешното општество.“
Сепак, во многу свештенички Библии
верно на вистината стои запишано:
„Бог не престојува во храмови што се
направени од човечка рака.“ Тоа го нафрла
прашањето: Каде, тогаш, престојува Бог, штом не во цркви од камен?
Многу луѓе веруваат дека во нив
живее една душа. Би можело сега да се филозофира дали е така, или не.
Меѓутоа, да го прифатиме еднаш како факт тоа дека ние сме одуховени од
едно тело од пофина материја, кое не е од овој свет. Да прифатиме еднаш: Длабоко во основата на душата, во таа
пофина материја, е Животот, е Здивот,
БОГ, кого ние луѓето го искусуваме во
дишењето.
Фактот „Живот“ не би требало да го
гледаме ограничен само на физичката обвивка, човекот, кој еднаш ќе издише и нема веќе да го земе здивот назад преку вдишување. Животот е вечност, и вечноста ние ја нарекуваме „Бог“, или „Вечен“, или „вечна егзистенција“, или „вечно Постоење“.
Да помислиме само на природата.
Пролетта донесува повеќе светлина,
повеќе сонце и делот од Земјата што се
свртел кон сонцето живнува. Природата
почнува да зеленее и да расцутува.
Како е со нас? Ако се свртиме кон
светлината, Бог во нас, тогаш душата ни
станува посветла; живееме посвесно, стануваме послободни и посреќни;
стануваме искрени, отворени и чесни
и праведни спрема
нашите солуѓе, бидејќи сме дошле во Бог, Животот, и сме верни спрема самите себе.
а се вратиме на нашата тема: Бог
во нас, Бог во вас, Бог во мене –
и дека секој од нас е храм Божји и Бог
престојува во нас. Значи, бесмртниот живот, Здивот Божји, е во основата
на нашите души. Животот струи низ душата. Тој струи во клетките на телото
и ние го дишеме Животот. Срцето чука, бидејќи прима живот од сеопфатниот
Живот, Бог.
Исус од Назарет не нѐ поучуваше за
црковни традиции. Исус не нѐ поучуваше
да одиме во храмови од камен. Исус нѐ
поучи, и тоа им го рече во она време на
свештениците: „Вие не треба да допуштате да ве нарекуваат рабин, оти само
Еден е ваш Учител – Христос.“
Така би можело да се праша: Каде е
Учителот? Тоа е Христос, воскресението
и Животот во нас. Христос Божји, значи, е Христос Божји во нас. Тој е во Бога
законот на љубов и на единство. Значи
ние, како и сите луѓе, сме слободни или
да веруваме, или да не веруваме, да се
врземе, или да станеме слободни.
Јас не сакам да ве врзам за ништо, или дури за ништо да ве залажувам; јас
не сакам ниту да ви пропишувам како
би морале да се однесувате. Едноставно
сакам да ви кажам: Испробајте го она
што го испробав и јас, а и многумина од
моите ближни. Тие, исто како и јас, Го
пронашле Бог во самите себе и преку
тоа станале луѓе со кои може заеднички
да се живее.
Исус од Назарет нѐ поучи да одиме
во тивка собичка и во тишина да Го
побараме Бог. Тој не нѐ поучи да одиме
во цркви од камен. А како би можеле да
го правиме тоа со тивката собичка?
На пример, јас си уредив во мојот стан
едно мало молитвено катче, со мала
маса, еден стол, една свеќа. Со време
моја
потреба стана да се повлечам
за да молам, или преку музика да се
усогласам за да станам тивка, за потоа
да упатам неколку длабоки и искрени
молитви кон внатре.
Испробајте го тоа! Уредете си една
молитвена ниша! Овозможете преку
музика и молитва таа да стане место
кое ќе покажува привлечна сила врз
вас.
И освестете си секогаш повторно: Бог, нашиот небесен Татко, ве љуби, нѐ љуби сите нас. Тој посакува ние да
Му дојдеме Нему, зашто сите ние, во
основата на својата душа, сме деца на
Царството Божјо. Царството Божјо е
нашата вистинска, нашата неминлива
Татковина, вечно.
Секој е слободен да верува, или да не
верува, дека како човек тој е само еден
патник, кој во себе ја носи вечноста.
Душата за животот во овој свет минливо
прифатила едно човечко тело. Штом
човечкото тело ќе умре, тогаш душата
си го оди својот пат и го оди толку долго
додека да дојде кон внатре, кај својот
Создател, кај Бог, својот Татко, и да биде едно со Него, онака како што Исус рече
за Себе: „Мојот Татко и Јас сме едно.“
Внатрешното единство во Бог, нашиот вечен Татко, нѐ поврзува нас како
браќа и сестри, кои му припаѓаат на
Царството Божјо. Единствено вечната
Татковина во Бог, нашиот Татко, нѐ
обединува нас.
овторно назад до тивката собичка.
Вие станавте свесни дека јас не
сакам да ве водам во надворешно обединување, во надворешна заедница. Јас
сакам единствено да ве поттикнам за
себепронаоѓање, со прашањето: Кои сте вие, кои сме ние, вистински?
Ако сакате, пронајдете се самите
себе и анализирајте што значи: Бог е
секогаш присутен. Тој е во природата.
Тој е Животот, е светлината во секое
животно, во секое растение, во секој
камен, во секое моќно дрво. Бог е во
основата на вашите души. Бог е со вас
и при вас.
Усогласете се спрема тивката собичка, тогаш од тоа место – макар да е тоа само едно тивко катче во соба – ќе бидете секогаш повторно привлечени. Своето
мало место, уредено за постигнување внатрешна прибраност и навлезеност, чувајте го слободно од недобри, прете-
раночовечки мисли. Повлечете се во таа
интимна ниша само тогаш кога сакате
да слушате музика и кога сакате да
вникнете во молитва.
А кога молите – молете длабоко
внатре во основата на душата, значи
кон внатре, зашто вие самите сте храм
Божји и Бог престојува во вас.
Овие излагања не треба да се разберат како „час на поучување“. Она што
јас го сакам е: да пледирам за Бог, не
за мене, не за некаква традиционална
заедница, туку единствено за Бог. Него
сакам да им го приближам на своите ближни.
Бог, Животот, јас Го пронајдов длабоко во мојата душа и знам: Тој нѐ љуби
сите нас, зашто Тој како наш вечен Татко
во срцето нѐ гледаше и нѐ создаде.
За тоа јас можам да говорам – меѓутоа,
тоа не можам никому да му го докажам.
Јас знам – а не можам да го докажам.
Вие, сите ние, живееме вечно, бидејќи
Бог е вечен. Тој, Бог, нашиот небесен
Татко, нѐ создаде нас како чисти, финоматеријални битија.
Еднаш телото ќе умре, меѓутоа Неговиот повик важи, на пример, преку
зборовите од Христос Божји, коишто
гласат: „Дојдете кај Мене сите, вие на
кои ви е мачно и сте натоварени; Јас
сакам да ве освежам.“
Па каде треба да одиме, кога Духот
Божји, Христос Божји, престојува во
основата на нашите души?
Кај Него, кој престојува во нас.
овторно кусо се враќам на тивката
собичка. Ако си средите една
тивка ниша, едно тивко молитвено
катче, запалувате една свеќа и молите, евентуално ако се усогласувате со една
хармонична музика за да дојдете до
самите себе, тогаш многу брзо ќе осетите дека не сте сами. Во вас е нешто
коешто ви дава утеха, коешто ви дава
храброст, коешто сака да ве води и да ве
придружува.
Еднаш во вас, во сите нас, ќе се појави
прашањето: Што би можел јас, што би
можеле ние уште да направиме за да
Му дојдеме поблизу на Бог, за целото
наше размислување, текот на целиот
наш живот да се промени кон добро?
Кога таа желба на срцето ќе заѕвони,
ние ќе се сетиме на божествените
дарови, коишто веќе ни се дадени како
патокази: Ние луѓето ги примивме од Бог, нашиот вечен Татко, преку Мојсеј,
Десетте Заповеди, а од Исус, Христос,
Беседата на гората.
Еден добар аналитичар ја сфаќа
смислата на Заповедите Божји и на
Исусовата Беседа на гората и знае:
Новото време е најавено. Тоа доаѓа!
По некој си посакува да стане нов
човек, еден човек на слобода, човек
во Духот Божји, човек кој ја цени
природата, кој ја љуби неа и со силата
Христова ближниот го пресретнува со
љубов. Тоа се луѓето на Новото време, на генерациите што доаѓаат.
Учествувате ли и вие? Не ви се потребни надворешни водачи – вие Го имате
внатрешниот водач, Христос Божји, во вас. Тој е во секого од нас.
Испробајте, за да се пронајдете самите себе, за да му се приближиме на
вистинскиот живот. Никој не смее да
се присилува на духовно дејствување.
Во Духот на вистината, во Бог, вие, сите
ние сме слободни луѓе.
Сепак, едно признание за вероисповедта смее да се изложи и тоа јас сакам
сега да го сторам:
Јас Го љубам Бог, нашиот небесен
Татко, бидејќи смеев да искусам дека
Тој ве љуби вас, нѐ љуби сите нас. Нам,
на луѓето, не ни се потребни црковни
конфесии, не црковни традиции. Нам
не ни се потребни свештеници, не посредници. Ние имаме во нас нешто, имено едно богатство, едно незамисливо скапоцено богатство.
Ние сме повикани од Исус, Христос, тоа богатство во себеси да го ископаме, оти Исус нѐ поучи: „Јас Сум патот, вистината и животот.“ И Тој побара од нас: „Следете Ме Мене.“
Јас си презедов да му се приближам
на внатрешното богатство и не зборувам
од теорија. Јас говорам од сопственото
искуство и знам: Вие, сите ние, можеме
да го ископаме богатството.
Јас се радувам ако вие тргнете за да
му се свртите на тоа единствено богатство.
Се радувам ако со свеста за присутноста Божја го пронајдете внатрешниот мир.
Се радувам ако забележите дека не
сте сами, дека во вас е нешто кое чука и
тропа и дише и струи – тоа е Духот, тоа
е Вистината, тоа е Животот во вас, во сите нас.
Јас ви ја пожелувам тивката собичка.
Ви пожелувам добри и пламени молитви.
Ви пожелувам растеж во слободата.
Ви
пожелувам живот во и со природата.
Ви пожелувам комуникација со Највнатрешното во вашите, во нашите ближни.
Во оваа свест: Едно срдечно Бог за поздрав и Бог со нас!
Габриеле
Бог во нас
од Габриеле
Она што јас го сакам е: да се застапам за
Бог, не за мене, не за една традиционална
заедница, туку единствено за Бог. Него
сакам да им Го приближам на моите
ближни.
Јас Го пронајдов Бог, Животот, длабоко
во мојата душа и знам: Тој нѐ љуби сите
нас, зашто Тој како наш вечен Татко во
срцето нѐ гледаше и нѐ создаде.
Бог е секогаш присутен. Тој е во природата. Тој е Животот, е светлината во
секое животно, во секое растение, во секој камен, во секое моќно дрво. Бог е
во основата на вашите души. Бог е со вас
и при вас.
Габриеле Издателство Реч
www.izdatelstvo-gabriele.com