РАЗГЛЕДИ
0
бр. 13-14
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
РАЗГЛЕДИ СТРУЧЕН БИЛТЕН НА НАСТАВНИЦИТЕ ОД СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ – БИТОЛА Година VI, бр. 13-14, април 2010 г.
СОДРЖИНА м-р Лидија Стефановска Организации без граници ...................................................................................... 2 Весна Мундишевска-Велјановска Програма за работа на ментор со наставник почетник ...................................... 5 Анита Ангелевска Женските христијански светици и паганските елементи ................................... 8 м-р Зора Русомарова Анализа на „Созвучја“ од Шарл Бодлер .............................................................. 12 Весна Милевска Читањето како процес и потреба .......................................................................... 15 Славица Наумовска Карактеристики и потреби на адолесцентниот ученик и нивна рефлексија во наставата ........................................................................... 17 Мирјана Гичевска Емоционална свесност и комуникација – услов за подобрување на успехот и поведението ...................................................................................... 21 Милица Димитријовска-Радевска Примена на Дневник со двоен запис при анализа на епот „Гилгамеш“ ........... 23 Валентина Богојовска Интернет како извор на наставни материјали за часовите по англиски јазик .. 27 Снежана Паскова Примена на методот ЗСНУ во графичките стручни предмети .......................... 29 Драгица Здравковска Наставникот менаџер во наставата ....................................................................... 31 РЕДАКЦИЈА: Анита Ангелевска, директор Весна Мундишевска-Велјановска, наставник по графички стручни предмети Милица Димитријовска-Радевска, наставник по македонски јазик и литература Лидија Стефановска, наставник по математика ЈАЗИЧНА РЕДАКЦИЈА: Милица Димитријовска-Радевска, наставник по македонски јазик и литература КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА: Весна Мундишевска-Велјановска, наставник по графички стручни предмети ПЕЧАТИ: Печатница „ВАЛИ“ – Битола ТИРАЖ: 300 примероци Битола, април 2010 г. ISSN 1409-8598 1
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
м-р Лидија Стефановска
ОРГАНИЗАЦИИ БЕЗ ГРАНИЦИ Турбулентното окружување наметнува чести промени на почетната организациска структура. Тоа е динамична категорија во чии рамки се воспоставуваат односи меѓу поединечните компоненти, вработени и нивни активности или функции во организацијата. Како таква категорија, организациската структура непрекинато се менува, усовршува и актуелизира. Динамиката на промена на организациската структура е условена од растот и развојот на органзацијата, но и од други влијателни фактори, внатрешни и надворешни. Сепак не постои оптимална организациска структура за даден вид и големина на организација. Она што е соодветно за една, не мора да биде прифатливо за друга организација1. Структурата на организацијата мора да одговара на потребите и стратегијата на организацијата, а да ги поврзи клучните активности и ресурси. Факторите кои го одредуваа успехот на организацијата вчера, денес и оние кои тоа ќе го прават утре, битно се разликуваат. Интензивното променливо окружување, каде промените се случуваат во кратки и се пократки временски интервали ја нарушуваат стабилноста на постоечките стратегии. „Сите вработени мора брзо да реагираат, а тоа би било неможно да се оствари, доколку се чека дозвола од врвот.“2 Организацијата без граници наметнува партнерство со граѓаните и вработените во организацијата наместо наредба што да се работи, соработка и коалиција меѓу одделните сектори во организацијата наместо интерно конкурентно однесување, „слушање“ на барањата на граѓаните и задоволување на нивните потреби (во законски можни рамки). Кога сето ова ќе се земе предвид, потребна е силна промена во однесувањето на менаџерите, кои наместо да го потврдат својот авторитет, треба да бидат визионери и лидери на новото време, да ги стимулираат вработените, да бидат тренери и учители.3 Креирањето на организација без граница не е рецепт, туку промена која сите вработени треба да ја прифатат и да работат на нејзино остварување и примена. Организацијата без граници е отворена организација со саморегулирачки и самоорганизирачки механизми, која треба да биде медијана на комуникацијата меѓу вработените и јавноста. Пример за една таква организација е W. L. Gore & Associates, во која секој вработен има слобода воочувајќи новина во окружувањето, да покрене нов проект во соработка со други вработени. кои ќе помогнат во негова реализација. Со тоа се поттикнува процес на создавање по природен пат.4 Отвореноста на организацијата може да се постигне преку „увоз“ на идеи од семинари, воведување на луѓе кои се надвор од организацијата, но една од 1
Љ. Дракулевски, Б.Шуклев, 1996, Стратегиски менаџмент, Скопје, Економски Факултет, стр.181. http://www.kristali.rs/biznis1/organizacija-koju-volimo.html 3 http://www.kristali.rs/biznis1/organizacija-koju-volimo.html 4 Примерот е превземен од G. Schröder: Moderne Arbeitsorganisationsformen in der Praxis: Das Beispiel W. L. Gore & Associates, on-line<http://arb1.psychologie.huberlin.de/arbpsy/homepage/studenten /schroeder/Gore_Unternehmenskultur.htm> 2
2
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
најпродуктивните граници на организацијата која треба да се отвори е границата со корисниците на услуги, т.е. граѓаните. Организацијата без граници постојано треба да се подобрува. Јапонската Каизен филозофија која доаѓа од јапонските зборови kai што значи континуирано и zen што значи подобрување, е пандан на филозофијата во контекст на организацијата. Со оваа концепција која изворно е развиена во Toyota, со години се користат многу Јапонски компании5, како еден од значајните темели на организацијата. Повратната врска (feedback), која се добива од надворешното окружување се смета за критична важност кон процесот на адаптибилност и ефективност. За организацијата денес често се споменуваат поимите хетерархија или бесконечно плитка хиерархија. Идејата за хетерархиска организација доаѓа од невропсихолошките испитувања на човечкиот мозок кои во 1945 ги спровел Warren McCulloch.6 Дошол до заклучок дека човечкиот мозок мора да има хетерархиска организација, за разлика од поранешните хиерархиски модели, опишувајќи ја таа организација како невронска мрежа која е посебно опремена за паралелна обработка на информации. Ако таквиот концепт се пренесе во организацијата се добива структура чии меѓуодноси не се стриктно регулирани, туку се активираат т.е. самостојно регулираат, во зависност од ситуацијата. Концептот на хетерархиска организација е следен: организациските единици меѓусебно се поврзани со ИКТ технологија, независни се и нехиерархијски поставени, работат меѓусебно но и со надворешната околина, за некоја заедничка цел. Меѓу единиците не постои однос на надреденост , туку единствено мерило за нивната различност е успешноста.7 За да опстанат во денешното променливо окружување, организациите мораат постојано да се прилагодуваат, но и да се соочат со фактот за неизразени организациски граници (fuzzy boundaries). „Границите кои го одредуваат почетокот односно крајот на организацијата стануваат се понејасни.“8 Архитектонските елементи на организациите во современите држави, исто така се повеќе ја нагласуваат таа неизразеност. Најважен чинител сепак е технологијата. Кога корисникот на услуги може да „влезе“ во мрежата и непосредно да биде во интеракција со организацијата, тогаш дури е тешко да се одреди кој е, а кој не е член на организацијата. Развивањето механизам за управување со таквите неизразени граници е предизвик за иднината на денешните организации.9 Еден од најважните белези на отворените организации, е нивната транпарентност. Со воспоставување на транспарентен систем со граѓаните 5
M. Žugaj, M. Schatten, NEKOLIKO RIJECI O OTVORENOJ ORGANIZACIJI (A FEW WORDS ABOUT OPEN ORGANIZATION), Fakultet organizacije i informatike, Varaždin, Hrvatska ,The 5th International Scientific Conference of Producing Engineering development and modernization of production, стр.919 6 M. Reihlen, A. Rohde: Das heterarchische Unternehmen, on-line <http://www.unikoeln.de/wisofak/planung/veroeff/reihzfo02.pdf> 7 M. Žugaj, M. Schatten, NEKOLIKO RIJECI O OTVORENOJ ORGANIZACIJI (A FEW WORDS ABOUT OPEN ORGANIZATION), Fakultet organizacije i informatike, Varaždin, Hrvatska ,The 5th International Scientific Conference of Producing Engineering development and modernization of production, стр.920 8 M. Žugaj, M. Schatten, NEKOLIKO RIJECI O OTVORENOJ ORGANIZACIJI (A FEW WORDS ABOUT OPEN ORGANIZATION), Fakultet organizacije i informatike, Varaždin, Hrvatska ,The 5th International Scientific Conference of Producing Engineering development and modernization of production, стр.920 9 D. A. Nadler, M. S. Gerstein, R. B. Shaw et al.: Organizational Architecture, Designs for changing organizations, Jossey-Bass, San Francisco, 1992, превземено од M. Žugaj, M. Schatten, NEKOLIKO RIJECI O OTVORENOJ ORGANIZACIJI стр.920
3
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
организацијата ги отстранува предрасудите за себе. Јавната достапност на информациите за работата и одлуките во организацијата, овозможува информираност на сите интересенти, со што внатрешниот процес на организацијата станува „видлив“ и овозможува и поттикнува сугестии, критики или информации.10 Може да заклучиме дека организацијата без граници е пред се отворена организација која е во постојана интеракција со граѓаните, која ги слуша и уважува нивните мислења, организација без стриктни хиерархиски односи, во која вработените се „вмрежуваат“ заради постигнување заеднички цели. Таа е проектно, потполно процесно ориентирана, транспарентна организација. Важно е да се напомене дека концептот на отворена организација не е можно да се примени во сите организациски ситуации. Во литературата се смета дека овој концепт најефикасно би се применил во подрачјето за истражување и развој и односи со корисниците.
Авторот е наставник по математика, магистер по Менаџмент во образование, докторант на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи 10
T. Prug: Open Organizations, A Framework, Version 0.2.1, on-line <http://www.openorganizations.org/twiki/pub/Main/OpenOrgFramework/ooframework.pdf>
4
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Весна Мундишевска-Велјановска
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МЕНТОР СО НАСТАВНИК-ПОЧЕТНИК Сите научни и стручни искуства укажуваат на тоа дека менторирањето го подобрува квалитетот на наставата. Реалноста е дека на наставниците-почетници им е потребно време да го научат наставничкиот занает, а првата година од работното искуство во училиште е извонредно значаен период за нивниот професионален развој. Токму програмите за работа на менторот со наставникот-почетник треба да му помогнат на менторот во работата и следењето на наставникот-почетник во текот на изведувањето на неговиот приправнички стаж, како и во неговата подготовка за полагање на стручен испит. Цели на програмата за работа на менторот со наставник-почетник треба да бидат подигнување на нивото на воспитните, стручните, педагошко-психолошките и дидактичките знаења и способности на наставникот-почетник за реализација на сложените задачи на наставата и тоа низ размена на искуства, практични презентации на содржини од наставните програми со демонстрации на нови средства и модели на наставна работа, конструктивни дискусии и поттикнување на самоусовршување и професионален развој на наставникот-почетник, односно: наставникот-почетник да има јасна слика за својата работа, да знае каде е во секој момент од неговото работење со менторот во однос на претходниот период, но и во кој правец треба понатаму да се развива како би го подобрил квалитетот на својата работа и би стекнал услови за професионален развој и напредок; наставникот-почетник да се поддржи во усвојувањето на одговорачки вештини, знаења и искуства кои ќе му овозможат натамошен развој и одговор на предизвиците на воспитно-образовната работа и тековните промени; наставникот-почетник да ја идентификува, препознае, поддржи и имплементира добрата наставна практика. Клучни прашања за размислување пред да се креира програма за работа на ментор на наставник-почетник во едно училиште се: Каква е внатреучилишната практика за менторирање на наставниципочетници и колку е таа ефикасна? Кои се пречките за успешно функционирање на менторството на наставници-почетници во училиштето и како тие можат да се надминат? Кој треба да биде вклучен во креирањето на програми за работа на менторите на наставници-почетници? Кој ќе биде ангажиран за обезбедување на потребни напатствија за креирање на програма на ментор на наставници-почетници? Каков треба да биде односот ментор-менториран? Кои се правата и обврските и на едниот и на другиот? Како ќе се обезбеди доверливост на врската ментор-менториран? (извор: www.neafoundation.org/publications/mentoring.htm#usefulness, Key Questions to Consider)
Во стручната литература стои дека елементи на ефективната програма за работа на менторот на наставник-почетник генерално треба да содржи обезбедување 5
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
на административна поддршка и насоки, континуирани средби и водење на самоевалвација на крајот на секој месец. Се разбира ниту една програма за работа на менторот не може да одговори на барањата и потребите на секој наставник или на секоја образовна ситуација. Токму затоа моделот што го нудам во продолжение е погенерален и дозволува да биде модифициран според спецификите и условите за работа иако потребите на наставниците-почетници генерално се многу слични. ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МЕНТОР НА НАСТАВНИК-ПОЧЕТНИК Месец • • септември
октомври
• • • • • • • •
ноември
• • • • • •
декември
• • • • •
јануари
• •
6
Активност ПРВО ПОЛУГОДИЕ составување и потпишување на договор ментор-менториран запознавање на наставникот-почетник (НП) со организацијата и работата на училиштето идентификување на интересите на НП овозможување на НП да посетува часови кај колеги од активот работилница за видови на наставни часови организирање на различни видови нагледни часови за НП евалвација од страна на НП и дискусија за придобивките од нагледните часови после секој од нив помош на НП за набавка на нагледни средства и материјали работилница за планирање на работата на наставникот заедничко планирање на часовите на НП (по еден час дневно) за една седмица заедничко реализирање на планираните часови на НП евалвација од страна на НП и дискусија за придобивките од заедничките часови после секој од нив мотивирање на НП за натамошни ангажмани работилница за форми и методи на наставна работа помош на НП при планирањето на часови за примена на дискутираните форми и методи од работилницата демонстрација на час со примена на форми и методи од работилницата евалвација од страна на НП за посетениот час и дискусија за придобивките од него посета на еден од планираните часови на НП евалвација на часот на НП и насоки за натамошно подобрување ВТОРО ПОЛУГОДИЕ насоки за водење на училишната администрација олеснување на соработката со други колеги од ист или сроден наставен предмет усно известување на ниво на актив за напредокот и постигнувањата на НП и договор за натамошни активности и поддршка од активот насоки за НП за адаптирање на потребите и можностите на учениците при подготовката за наставен час
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
• • февруари
• • • • •
март
• • • • • •
април
• • • • •
мај
• • • •
јуни • •
работилница за организација на наставен час помош на НП при планирањето на часови за примена на искуствата од работилницата посета на најмалку еден час неделно на НП евалвација на часовите на НП и насоки за натамошно подобрување подготовка за изработка на трудот на НП за стручниот испит работилница за методи на оценување помош на НП при планирањето на часови за примена на методи на оценување и при изработка на тестови за учениците посета на најмалку еден од планираните часови на НП евалвација на часовите на НП и насоки за натамошно подобрување согледување на можности за соработка со родителите работилница за поврзување на теоријата со практиката демонстрација на час со примена на искуствата од работилницата евалвација од страна на НП за посетениот час и дискусија за придобивките од него запознавање на НП со дополнителната и додатната настава вклучување на НП во реализација на воншколски активности помош на НП за финализирање на трудот за стручен испит запознавање на менторот со работата на стручната служба и тимовите во училиштето следење на самостојната работа на НП и посета на часови по барање на НП или по сопствена проценка организирање на отворен час на НП за посета од колегите од активот, стручната служба и директорите подготовка на Мислење за работата на НП запознавање на НП со активностите за полагање на завршен испит / државна матура анализа на напредокот на НП врз основа на документацијата од цела учебна година (усмен извештај пред стручниот актив и писмен извештај до директорот на училиштето) помош за објавување на прилог од НП во педагошко списание евалвација на работата како ментор од страна на НП
Во рамки на оваа програма предвидено е и водење на самоевалвација на менторот и на наставникот-почетник на крајот на секој месец, како и грижа на менторот за редовно тековно пополнување на портфолио за наставникот-почетник (документирање на сите обрасци за евалвација на работата на менторот, евалвација на работата на НП, обрасци за следење на наставен час, сите видови планирања на НП, примероци од тестови, трудот за стручниот испит, објавени трудови во педагошката литература и сл.).
Авторот е наставник по графички стручни предмети, магистрант по Менаџмент во образование 7
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Анита Ангелевска
ЖЕНСКИТЕ ХРИСТИЈАНСКИ СВЕТИЦИ И ПАГАНСКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ Во општословенскиот религиозен систем, како и во одделните словенски религиозни системи, присутни се и женски божества-божици-определени како суштества од женски род. Има сведоштво11 дека и во VI век бил почитуван идол на жена-божица: „сонце и дожд и секакво добро за нас ни се дава од неа, зашто таа има власт да дарува смрт и живот кому ќе посака“. Се споменува богињата Мокош. Според едни извори се смета дека продолжение на нејзиниот лик е Св.Петка Параскева, на која што и се принесува преѓа, таа преде и ја води нишката на судбината. Веројатно, една од функциите на Мокош била истата. Нејзиното име потекнува од коренот „мокрый“, „мокнуть“ или со „токос“= предење, односно, богињата ја преде нишката на судбината, определувајќи го животниот пат на човекот. Тоа пак ја воспоставува релацијата со мојрите кај древните Грци или норните во германската митологија. Во западнословенската митологија е позната богињата Жива - олицетворение на животната сила и спротивставеничка на смртта. Значи, станува збор за женско антропоморфно божество и основната функција и е дарителна. Таа има власт да го определи животот и смртта на луѓето-најважните параметри во човечкото постоење, дарителка е на добро, а во поопшта смисла тоа се: сонце, дожд, чест, успех. Несомнено, таа има и пророчка функција, зашто определувањето на животот или смртта е врзано со пророкување-гатањекој треба да живее уште, што ќе се случува со него, до кога може да живее итн. → за разлика од религијата на Источните и Западните Словени, религијата на Јужните Словени е најмалку проучена. Причината за тоа е, ако се исклучат записите на Прокопиј Кесаријски за Богот-громовник, што не постојат други никакви историски докази. Заради тоа некои проучувачи тврдат дека Јужните Словени немале свој пантеон, а некои пак од нив се застапуваат за тезата дека проучувањето на религијата на Јужните Словени е беспредметно. Но и двете тврдења не можат да бидат убедливи, затоа што: ◘ по реконструкцијата востановен е општословенски пантеон, тој се однесува според своите општи параметри и за Јужните Словени- вклучително и за Македонците. Тој пантеон е близок до структурата на индоевропскиот модел на свет и претставува најопшта шема на словенските митолошки и религиозни претстави, кои што доживуваат своја индивидуална модификација. ◘ наспроти крајно оскудните историски сознанија за религијата на Јужните Словени, нејзиното проучување не само што не е беспредметно, туку, напротив-неопходно. Зашто ако нема податоци за нивниот пантеон, тогаш има за различни митолошки ликови од понизок ранг. Тие исто така, не се од времето на словенското паганство, но се вклопени во духовната култура на Јужните Словени, вклучувајќи ја и македонската, главно во фолклорот. Во неминовното влијание на Византија - забрзувањето на процесот на монотеизација и раниот прием на христијанството се лоцира главната причина зошто постојат малку историски сведоштва. 11
Българска митология –Енциклопедичен речник / „ Захарий Стоянов“-София, 2006
8
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
◘ направените досега реконструкции на религиозните системи и на пантеоните на словенските народи се однесуваат непосредно на времето пред примањето на христијанството. Оттогаш се и историските сведоштва кои го потврдуваат-го одразуваат конкретниот развој на општословенската митологија, по што следува нејзиното диференцирање на Источни, Западни и Јужни Словени. ◘ оттаму нужно се појавува заклучокот дека рамништата на старомакедонската религија се сместени во митолошки простор, чиишто параметри се небото, земјата, подземниот свет и четирите страни на светот-исток, запад, југ и север. Обединувачки елемент на овие параметри е „световното дрво“, за што има многу сведоштва и во македонскиот фолклор. Толкувањето и анализата на елементите од тој религиозен систем функционира според правилото на бинарна опозиција. Можат да бидат реконструирани следниве видови опозиции: • апстрактни: чесно-нечесно; живот-смрт; парно-непарно • просторни: горе-долу; исток-запад; север-југ • по светлината: светло-темно; бело-црно • социјални: машко-женско; свој-туѓ; дом-гора итн. ◘ видовме дека во ликовите на христијанските светици има мноштво елементи од старите религии и митологијата. За сакралните релации кон некои животински видови во минатото може да се види од археолошките наоѓалишта, резултатите од народното искуство, од фолклорот, во кои приказните за животните претставуваа суштествен дел, а тоа се пренело и во народните преданија и празници, поврзани со нив-Мечкин ден, Волчји празници, Глувчји ден, Зајаков ден, празниците против змии, Кучешки понеделник, Коњски Велигден, итн. Впечатливо е тоа што христијанската религија ги восприема и адаптира на свој начин тие стари, пагански претстави, така што ги врзува за култовите на светците. Со текот на времето Св.Андреј преминува во господар на мечките (мечките и волците биле особено почитувани од старите балкански народи), Св.Марина на змиите, Св.Филип, Св.Мина и Св.Петка на волците, Св. Модест на домашниот добиток. ◘ црковната иконографија располага со обрасци, сведоштва за вистинска религиозна симбиоза: на иконата Св.Никола е претставен со глава од мечка, а Св.Христифор со глава на коњ. Св.Марина е претставена со змија во раката, а Св.Влас и Св.Модест се претставени како овчари сред стадото. Многу често, со помош на животните се претставуваат основните митолошки симболи. ◘ во ликовите на светиците или подрачјето на нивното покровителство вткаени се многу митолошки елементи и симболи. ♦ Св.Варвара-претставата за неа е всушност митолошки лик на болеста, стара, грда и зла баба. → во обредот на нејзиното чествување има присуство на низа митолошки елементи: зрното-најопштиот растителен симбол на раѓањето и развитокот на животот и плодноста, а негов пандан во животинскиот митолошки код е јајцето. Во ритуалнообредната практика житото како зрно има широка употреба. Сирово и сварено тоа се користи како симбол на животот и плодноста, итоа не само што ги носи, туку е во состојба и да ги иницира, да ги предизвикува. Тука е и присувството на огнот, кој зазема важно место во народните верувања, кои му припишуваат магиска, очистителна, заштитувачка и профилактичка 9
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
способност. Огнот може да прогонува лоши духови и демони кои носат болести, да заштитува од град. Огнот како проекција на небесниот оган се јавува како посредник меѓу небото и земјата, меѓу двата света. Во тој контекст и огништето-место на топлина и светлина, место каде се подготвува храната за семејството зема широко место во верувањата и обредната практика. Околу огништето се извршуваат редица обичаи, обреди, магијски и лекувачки-оздравителни практики. → ликот на Св.Варвара манифестира и релации со наречниците. → народните претстави за празникот и обредноста на Св.Варвара упатуваат на древните женски култови; преосмислени во христијански дух и врзани со култот на Светицата-Големата Богиња Мајка. ♦ Св. Ана-и во нејзиното чествување има многу елементи на иницијација; употребата и функцијата на растенијата, како особено значајни места во секој митолошки систем. Според архаичното верување заедно со животните, растенијата ја исполнуваат функцијата на семантички симболи на божествените и демонските сили. Тие се атрибути или хипостаза на самите богови. Волната е митолошки симбол на женското начело; на земјата и нејзината влага; а оттаму и на сите хтонични демони и божества. Народот и припишува апотропеична магиска сила; а таа ја остварува врската со светот на мртвите и предците. Постои дури и верување, дека ако човек сонува волна-ќе умре. Таа е атрибут на чумата и сипаницата-според верувањето тие персонифицирани болести се кријат или спијат во волната. Се верува, исто така и дека ги привлекува грмотевиците. ♦ Св.Марина-А. Гејштор ја наведува претпоставката дека Огнена Марија е христијанска трансформација на Перперуна-Перкуна, женското божество кое се јавува како друшка на богот Перун-мајка на молњите и светкавиците (женска фигура која потсетува на ведското божество Парџана кон кое се упатуваат молитвите за дожд). Св.Марина под името „висия“се почитува како господарка на змиите и лечителка од тајното каснување. Тој елемент во народниот култ на Светицата, како и празнувањата во нејзина чест со типичните ноќни капења за здравје се разгледуваат како сведоштво за врската меѓу Св.Марина и Артемида и тракиската -БЕНДИДА12. Се смета дека таа како господарка ги држи под клуч во голема пештера сите животни, ѕверови и змии. Ако ги пушти на слобода ќе ги уништат луѓето. Таа е господарка на се, оттаму нејзе и се потчинуваат целата природа и животинскиот свет. Митолошките наслојки се видливи во празнувањето кое што се одвива цела ноќ со запалени фенери, музика и многу народ, што во многу елементи се поклопува со ноќните празнувања во Атина во чест на Бендида. ♦ Св.Петка- сочувани се сите карактеристики на паганската божица на земната плодност, заштитничка на родилките и децата, покровителка на женските дејности. Поставена е и хипотеза дека супстанцијата на ликот на Мокош ја презела христијанската Св.Петка. И како што Поревит бил прикажан како хтонично божество со пет глави, така бројот пет и во тој склоп петокот-ден кој се фиксира за Мокош односно Св.Петка. Мокош е божица на плодноста, водата, покровителка на женските дејности и судбината на девојките, лик кој бил втиснат на главната ликовна гранка на Збручанските идоли, а се празнувал на преминот од лето во зима. 12
Българска митология –Енциклопедичен речник / „ Захарий Стоянов“-София, 2006
10
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Ова тврдење е поткрепено и со постоењето на неколку топоними: Макошка, Ѓурѓева Макоша, Средна Макошка, Далечна Макошка- Кратово, Македонија. ♦Богородица-култот на Богородица проникнал длабоко во религиозниот живот и обредноста. Во нејзиниот комплексен лик се напластени многу елементи. Според едни таа е класифицирана во редот на големите богињи мајки, а други пак согледуваат сличност меѓу Богородица, словенските РОЖАНИЦИ- божества и античката божица– покровителка на бракот и родилките Артемида. И обредните принесувања жртви на денот на Голема Богородица зборуваат за присуство на стари митолошки претстави. Св.Богородица е комплетна персонификација на Големата Божица Мајка, направена со примањето на христијанството, каде што се зачувани речиси сите древни карактеристики на Божицата. ♦ Св.Елена и Константин-видливо е присуството на древниот механизам на митологиското двојно мислење, често среќаван во народните словенски календари – светци близнаци. Во оваа двојка светци според правилото за женското олицетворение на лошото Елена ја има улогата на лоша, зла и осветителка-одмаздничка. Обредни принесувања на жртви, симболиката на огнот, молитвите за дожд само го потврдуваат присувството на хтонски елементи. ♦ Св. Баба, Св.Црна-посветувањето на празникот на женски лик, Света или Баба Црна, соработничка или „сестра“ на Св.Атанас, на која што како хтонско демонско божество и се жртвува црна птица, покажува дека постои присуство на митологиска близначка двојка. Во неа Св.Атанас, господар на зимското сонце и небесниот оган е носител на машкото-небесното-светлото-животот, а Св.Црна ја носи семантиката на женскотоземното-мрачното-смртта. ♦ Баба Марта е претставена во најблиско сродство со „големиот и малиот сечко“јануари и февруари. Често на митологиско рамниште трите персонифицирани месеци образуваат здраво споена тријада, воспоставувајќи релации со митот за различнополовите божествени близнаци и инцестот меѓу нив. Управувањето со времето, временските прилики, имањето контрола над се, господарењето ја аплицира божествено-митолошката семантика кај овој лик. Библиографија ◘ Словенски пантеон- Нина Анастасова-Шкрињариќ, Менора-Скопје, 2004 ◘ Митски координати, Нина Анастасова Шкрињариќ, Македонска реч-Скопје, 2008 ◘ Българска митология –Енциклопедичен речник / „ Захарий Стоянов“-София, 2006 ◘ Српска митологија-систем српске митологије, I книга-Сретен Петровиќ, Просвета-Ниш, 1999 ◘ Македонски народни празници и обичаи-Марко Китевски, Менора-Скопје, 1996 ◘ Митските слики на Јужните Словени-Никос Чаусидис, Мисла-Скопје, 1994 ◘ Религија и митологија старих Словена-саставили Александрина Цермановиќ и Драгослав Срејовиќ, Савремена администрација-Београд, 1992 ◘ Дијалектика мита-Алексеј Лосев, ZEPTER-BOOK WORLD, Белград, 2000 ◘ Поетика на митот-Е.М.Мелетински, Табернакул-Скопје, 2002 ◘ Аспекти на митот-Мирча Елијаде, Култура-Скопје, 1992 ◘ Водич кроз светске религије-Мирча Елијаде, Народна књига, Алфа-Београд, 1996 ◘ Rečnik svetske mitologije-Artur Koterel –Nolit, Beograd, 1998 ◘ Slovanska mitologija in verovanje-Damjan J.Ovsec, Domus-Ljubljana, 1991
Авторот е директор на СОУ „Таки Даскало“, магистрант по македонска книжевност 11
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
м-р Зора Русомарова
АНАЛИЗА НА „СОЗВУЧЈА“ ОД ШАРЛ БОДЛЕР Превод и препев м-р Зора Русомарова СОЗВУЧЈА Храм е Природа каде од столбје живи понекогаш зборови нејасни роне Човек тука шуми на симболи мине Кои го гледаат со очи доверливи
12 12 12 12
К Д Л К К Д Л К Д Ко долги ека кои од дал’ се складат Во истозначноста длабока и темна погодна како ноќ и како светлина мириси, / бои, / и звуци / се годат. 3 3 3 3
12 12 12 12
И како тела детски мириси ледни нежни ко обои, зелени ко поле, - а други,/гнилежни,/раскошни,/ победни. 3 3 3 3
12 12 12
со ширење на бесконечен аромат како мошус, измирна, темјан, смола и пеат / за занес / на умот / и сензот. 3 3 3 3
12 12 12
1. Ситуација на поемата Во изданието од 1861 година, „Созвучја“ се наоѓа во четвртата поема од делот „Сплин и Идеал“. И покрај нејзиниот наслов, таа започнува со евокација на идеалот пред да потоне во бездната на сплинот. Оваа очигледна структура е комплетирана со посуптилна хармонија, каде секоја поема ја развива на свој начин двојниот стремеж на човекот, од една страна кон сплинот, а од друга кон идеалот. Можеме да разликуваме три движења во овој прв дел: поемите на уметноста (I до XXI), поемите на љубовта (XXII до LXIV) и поемите на сплинот (LXV до LXXXV). Сонетот „Созвучја“ следи на два други текста кои ја евоцираат несреќната состојба на поетот. Всушност, проколнат од неговата мајка во „Бенедиксион“, прогонет на земјата и отфрлен од луѓето во „Албатрос“. Но, позивот на поетот се гледа оправдан од следните две поеми: „Елевасион“ го открива неговиот дух затоа што тој самиот е способен да го разбере говорот на цвеќињата и немите нешта“. „Созвучја“ го претставува поетот како посредник меѓу природата и луѓето. 12
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
2. Проучување на речникот Конкретниот речник се однесува на „Природата“ (ст. 1) и на осетите: „шуми“ (ст. 3), „мириси“, „бои“, „звуци“ (ст. 8), итн. Апстрактниот речник: - Во самиот наслов на поемата зборот „созвучја“ е термин употребен од мистиците за означување на аналогијата која што постои меѓу различните владеења на природата. Така, за нив, растителното владеење и животинското владеење – чиј дел е човекот – учествуваат со идентичен живот и двете се инкарнација на една спиритуална реалност. - во концептот „истозначност“ (ст. 6) суштествен во мистичната поезија, има намера да ја пронајде фундаменталната истозначност на универзумот зад различноста на разнообразноста; - во еден разбирлив говор: „зборови“ (ст. 2), „симболи“ (ст. 3). 3. Проучување на темите Централна тема е очигледно онаа од созвучјата. Можеме да разликуваме два вида: Вертикален систем: созвучја меѓу сензибилна и спиритуална реалност, Хоризонтален систем: созвучја меѓу различни осети или синестезии. 4. Проучување на сликите и компарациите Идентификација на природата со храм (ст. 1) Идентификацијата на Природата со храм (ст. 1) е слика која почива на визуелна аналогија меѓу дрвјата од шумата и столбовите на храмот. Таа го разоткрива светиот карактер на природата која станува место на откровението. Преку неговиот посредник, можно е да се открие скриеното значење на светот. Изразот „шуми на симболи“ (ст. 3) Изразот „Шуми на симболи“ (ст. 3) е двојно интересен. Од една страна, ја симболизираат припадноста на човекот на земниот свет, материјалниот, и небесниот свет, спиритуалниот, затоа што тие се закоренети во земјата но исто така се издигаат кон небото. Од друга страна, алузијата на „Шумата“ (ст. 3), што често ја замислуваме густа и темна, покажува дека овие симболи се многубројни но тие остануваат мистериозни. Компарациите со помош на „како“ „Природата е храм“ (ст. 1) Многубројните компарации во поемата (го сретнуваме седум пати зборот „како“ / „ко“), ги воспоставуваат созвучјата меѓу осетувањата на различни регистри: Il est des parfums frais comme des chairs d’enfants, Doux comme les hautbois, verts comme les prairies (ст.9-10). И свежи мириси како тела детски 12 И како тела детски мириси ледни 12 нежни ко обои, зелени ко поле, 12 13
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
5. Значење (разбирање) на поемата Мистично и спиритуално значење Созвучјата даваат пристап до мистично познавање на светот, т.е. познавањето на неговите мистерии преку интуитивен и аналогиски обид и нерационален и логички. Тие повлекуваат целосност на постоењето бидејќи тие ја остваруваат фузијата на сензуалното искуство и спиритуалното искуство. Поетско значење Теоријата на созвучја влијаe врз развојот на поезијата. Барајќи го скриеното во осетното и материјалното, таа го отвора патот на една симболистичка поезија која во реалното го гледа само отсјајот на една виша реалност. Таа му овозможува на поетот да ги стави во сооднос сликарската естетика и вербалната естетика слично на големите сликари кои емоцијата ни ја пренесуваат низ поетски слики. Така, Бодлер тврди дека „Уметностите се стремат взаемно да се надополнуваат една со друга“. Симболистичката школа ќе извлече дел од оваа интуиција. Така, поезијата на Верлен ривализира со сликарството и музиката носејќи ја во својата перфекција уметноста на синестезиите. Ритамот: Длабоката хармонија на овој сонет е направена преку правилно скандирање на александринецот (12 слога), сите со прекини (со исклучок на 8 стих) на два идентични полустиха 6/6. Оваа импресија кулминира во последниот стих тетраметар со 4 мерки, на пример еднакви (3/3/3/3) каде екстазата и целоста се направени преку совршена рамнотежа на александринецот: Qui chantent / les transports / de l’ésprit / et des sens. 3 слога / 3 слога / 3 слога / 3 слога И пеат / за занес / на духот / и сензот. 12 Асонанци (повторување на идентични самогласки): во стих 5, поимот еко е сугериран со повторувањето на вокалните гласови: “Comme de longs échos qui de loin se confondent”. Ко долги ека кои од дал’ се складат 12 Алитерациите (повторување на идентични консонанти): феноменот на еко е сè уште забележлив во повторувањето на сличните консонантски синџири кои се комбинираат со системот на асонанци веќе проучени. “Comme de longs échos qui de loin se confondent”. K______D_L____K___K__D_L____K____D Ко долги ека кои од дал’ се складат K__Д__Л__K_ K_ Д__Л__K__Д
12
Авторот е наставник по француски јазик, магистер по филолошки науки 14
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Весна Милевска
ЧИТАЊЕТО КАКО ПРОЦЕС И ПОТРЕБА Фондот на зборовите е централен и е од огромно значење за изучувачот на англискиот јазик. На учениците коишто го изучуваат англискиот јазик како втор мора да знаат дека збогатувањето на вокабуларот им помага во развивањето на нивните способности за комуникација. Препознавањето на важноста на збогатување на фондот не зависи исклучиво само од начините на кои се збогатува, туку и од начинот на негово директно учење. Многу ученици, иако се страсни читатели, имаат многу материјали го ценат и добиваат многу од насоченото предавање на вокабуларот. Преку ланец на насочени активности учениците на јазик можат активно и свесно да го прошират своето знаење. Значајна е и секоја инструкција која треба да го вклучи експлицитното предавање за значењето на зборот дискуcијата како и за зборовите и нивните префикси, суфикси и корени. Но исто така важно е и вклучувањето вежби со речник, семaнтички активности како и вежбите за класифицирање. Повеќe истражувања покажале дека и наставниците треба да се подготват и да го планираат експлицитното учење за вокабуларот. Изучувањето бара повеќе типови на лексички поими во различни контекси кои доведуваат до голема промена на вокабуларот. Потоа учење на елаборираниот вокабулар доаѓа кога учениците прават логична врска помеѓу новите и веќе познатите зборови. Овие методи за инструкции ги спротиставуваат новите и веќе познатите зборови им дозволуваат на учениците во нови контекси, со нови нијанси, нови значења и нови колокации да ги употребуваат со практични асоцијации. Ова проширено значење на новите и веќе познатите зборови доведува до побрзо процесирање на семантички поврзаните зборови. Истo така, контекстот може да има моќно влијание врз растежот на вокабуларот. Но, изу чувањето на зборови во контекст е долгорочен процес, бидејќи значењата на эборовите бавно се акумулираат преку изложување и учење. Еден од начините за проширување на вокабуларот е преку учењето на англиски јазик, но учениците можат да ги откријат благодетите и задоволствата од можноста да се чита на англиски јазик. Екстензивното читање е еден од начините за подобрување на ставовите и мотивацијата кон читањето. Целта на екстензивното читање е да се направат учениците да уживаат во истото. Наредната листа вклучува активности на успешни екстензивни програми: • учениците читаат колку што е можно повеќе на час и надвор од часот; • разновидноста на материјалите со широк ланец на теми, а се со цел да го охрабрат учењето од различни причини или на различни начини; • учениците селектираат што сакаат да читат и имаат слобода да прекинат со тој материјал за којшто го губат интересот; • целите за читање се обично поврзани со задоволството или општото разбирање и завист од природата на материјалот или интересите на учениците; • читањето е само логична награда, а обично следуваат и некои вежби после читањето; 15
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
•
• • • •
читањето на материјалот е поврзано со добра лингвистичка компетенција на учениците во смисла на вокабуларот и граматиката. Речниците ретко се употребуваат за време на читањето бидејќи постојаното прекинување за барање на нови зборови може да го направи точното читање доста тешко; читањето е инвидуално и тивко,а учениците одбираат што каде и кога читаат ; брзината зависи од тоа каков материјал учениците читаат; наставниците ги насочуваат кон целите на програмата, ја објаснуваат методиката што учениците ја следат додека читаат и им помагаат да го разберат најголемиот дел од програмата ; читањето на поголем број полесни материјали игра витална улога за флуентното учење.
Прво, им помага на учениците да го иэбегнат разбирањето на текстот збор по збор и да ги охрабрат да го разберат општото значење на зборот, односно да не се обрнуваат на детали што не ги знаат. Второ, со сеќавање на истите модели на зборови или комбинации на зборови повторно и повторно учениците ги процесираат многу побрзо и поточно, а со тоа формираат лесни зборови (лесен вокабулар), односно зборови што автоматски се препознаваат, па последнователно на ова учениците ја зголемуваат својата брзина на читање и самоувереноста и можат да посветат повеќе внимание на целосното значење на она што го читаат. Но, треба да се внимава доколку учениците подолг временски период се измачуваат со потешки тесктови, враќањето веднаш кој поедноставно или стимулативни тесктови може многу да ги дезориентира. Па затоа многу е важно наставниците да ги ориентираат своите ученици за целите и методите на екстензивната програма за читање. Ако истата е соодветна, таа треба да има неколку основни елементи: • да се селектираат материјалите за читање според интересите и способностите, • да не се употребуваат речници, • да се практикува погодување на значењата на зборовите или да се игнорираат истите, • да не се разгледуваат сите детали, • и да се продолжи да се чита за општо значење. Наставникот може да знае дали она што го прочитале учениците го разбрале или не, и дали истото тие можат да го разберат со поставување на прашања за конкретниот материјал.
Авторот е наставник по англиски јазик, магистрант по англиска книжевност 16
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
Славица Наумовска
КАРАКТЕРИСТИКИ И ПОТРЕБИ НА АДОЛЕСЦЕНТНИОТ УЧЕНИК И НИВНА РЕФЛЕКСИЈА ВО НАСТАВАТА Развојот на човековата личност е динамичен процес на кој делуваат повеќе фактори: генетски, социјални и самоактивност. Личноста претставува специфична организација од психички појави, процеси и состојби кои се организирани на еден специфичен начин кои се единствени и автентични за самата таа личност. Адолесценција е преодна фаза помеѓу детство и зрелост и таа е составена од три потпериоди и тоа; пубертет од 10-14 год., средна адолесценција од 15-19 год. и доцна адолесценција од 20 - 24 год . Адолесцентите се во животна фаза во која се случуваат многу промени: психо-физички, емоционални и социјални .Сите тие промени доведуваат до развој на психичкиот живот на личноста, личен раст и развој, градење на позитивна слика за себе, јакнење на емотивната и социјалната стабилност и свои морални норми . Значи, адолесцентот социјално, емотивно, полово и морално созрева и изградува свое критичко мислење, воспоставува интерактивни односи и комуникации, постигнува успех и успешно се реализира во повеќе сфери . Когнитивниот развој кај адолесцентите има свои карактеристики на сетилен, на перцептивен и мисловен план. Мисловниот процес кај адолесцентот е поеластичен (не е заснован на конкретни претстави) апстрактното помнење се зголемува, а тоа може да има практична последица. Со формално логичкото мислење, адолесцентот може да анализира одредени наставни содржини (ги анализира елементите, односите и организациските принципи), според кои одредени елементи се ставени во различни односи. Исто така може да прави синтеза на одредени наставни содржини, што значи може да изработува оригинални планови и системи од апстрактни односи. Со ваков квалитет на мислењето, адолесцентот може да прави и евалуација на одредени наставни содржини, според некои внатрешни и надворешни критериуми. Принципи од кои зависи учењето кај ученикот адолесцент се: мотивацијата, способноста за учење, активното учење, атмосфера на почитување, самонасочување, критичко рефлективно мислење, практична примена на знаењето, бидејќи најдобро се учи преку сопствените активности. Адолесцентот бидејќи сака да има активен однос кон сè околу него, најмногу му одговара активното учење. Како изразита когнитивна потреба се пројавува потребата за развој на творечкото и смислено говорно изразување и творење . Се јавува и потребата од визуелно-говорна комуникација (да се користат илустрации и погодни постапки) со цел повеќе учениците да се ангажираат и стимулираат. Знаењето е процес а не продукт (резултат). Од ученикот не треба да се бара да ги запомнува научните резултати, туку тој треба да открива, да истражува. Треба да го формулира проблемот, да постави хипотези, да ја предвиди методологијата на истражувањето, да го изврши истражувањето, да ги анализира резултатите и да изведува заклучоци. Ваквите откриени знаења на учениците им претставува огромно задоволство и кај нив буди внатрешна мотивација за учење. 17
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
Новото знаење ученикот треба да го вклопи во поранешното знаење, да го поврзи со вонучилишни животни искуства, со знаењето од другите предмети, да ги објасни новите зборови, поими со помош на оние кои од порано ги знае, да наведе нешто што е специфично, за една појава (поим, настан, личност,предмет), да укаже на нејзината практична примена. Цела оваа активност ученикот ја прави со помош на мисловни операции, но за да може да мисли, мора да запомни бројни факти големи и мали и да биде способен да ги репродуцира. Заради постигнување на подобар успех кај ученикот-адолесцент се многу важни училишните програми, кои треба да им помогнат да развијат критичко размислување, решавање на проблеми, самооценување, истражување, вештини за соработка, комуникација, раководење, градење на позитивна слика за себе. Добро структурираните наставни програми, примената на разновидност од наставните форми и методи, тесностручноста на наставникот, неговата отвореност, соработливост и позитивната изграденост на личноста на наставникот како: едукатор, педагог и советодател како и позитивната атмосфера на часот, се многу важни за изградување на правилен систем на учење и рационално користење на своите потенцијали кај учениците-адолесценти. Сè ова ќе придонесе во зголемувањето на личниот мотив за успех, зголемен интерес кон наставните предмети кои се изучуваат како и јакнење на волјата да бидат истрајни во извршувањето на бараните активности.. Исклучителна потреба кај адолесцентниот ученик се јавува потребата од поседување на позитивни ставови кај наставникот за: трпеливост, подршка, адаптација, охрабрување при учење, создавање на услови за успех, зголемување на доживувањето за успех и доживувањето на сопствените вредности . Адолесценцијата како период во развојот на личноста, се карактеризира со динамички промени во емоционалниот развој. Секој млад човек е посебна индивидуа, соочена со многу тензични фактори и ситуации, секојдневни стресови и грижи, справување со секојдневните училишни обврски, конфликти со врсниците и возрасните, хормонално-биолошки промени кои ги доживува и со кои мора да се справува . Во адолесцентниот период кај ученикот има промени во емоционалниот развој. Има нагласено изразување на секоја емоција, пречувствителност до раздразливост и осцилации во расположението. Адолесцентот станува почувствителен од порано спрема сопствените амбиции во наставата и другите активности, се јавува силно чувство за успех. Ако амбициите се остваруваат со успех се доживува пријатност, но ако пак амбициите не се остваруваат има силна фрустрација и чувство на неуспех - непријатно доживување. Овие чувства ученикот лесно ги шири во училиште и на сè она што е во врска со училиштето. Емоциите со својата моќ и влијание можат да ја поттикнуваат активноста (чувството на успех, чувството на вреднување, почитување, моралното чувство, естетското, чувството на восхит) . Емоциите со својата моќ и влијание можат да ја попречат активноста на ученикот-адолесцент. Неконтролираните емоции (одбивање, отпор, гнев бес.) најчесто ја попречуваат интелектуалната активност. Ваквите емоции можат да ја блокираат мисловната активност, да го отежнат мислењето, помнењето, вниманието - воопшто учењето и доведуваат до појава на неуспех и дисфункционално однесување на ученикот. 18
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
Следствено се јавува потребата од детектирање на изворот на негативните емоции и реакции и нивно превенирање, со примена на стратегија на контролирање на емоционалните реакции и справување со емоциите, нивна редукција, односно намалување на неадекватните чувства, ирационални мисли и дисфункционално поведение. Водени од основните принципи за развојот на ученикот во воспитнообразовниот процес за стекнување: знаења, вештини и искуства во когнитивното, емоционалното, социјалното и психомоторното подрачје, треба да се обезбеди правилен емоционален и социјален развој, но исто така и психолошка поддршка на физичкото, емоционалното и менталното здравје. Емоциите и емоционалните реакции имаат голема рефлексија врз наставата, степенот на усвоени знаења и функционалното однесување на адолесцентниот ученик. Значи покрај наставната компонента, бара активирање и на воспитната компонента врз превоспитувањето на негативните емоционални реакции (нивно контролирање, редуцирање, но и негување на позитивните - пожелни емоционални реакции: сигурност, разбирање на потребите, наклонетост, задоволство, љубов). Емоционалниот живот е од непроценливо значење за психичкото-менталното здравје на адолесцентот, кој треба да продолжи со својот личен развој. Кај адолесцентниот ученик и социјалниот развој има своја карактеристичност. Општествената средина е непресушен извор на различни стимулуси (настани, лица.) во кои е вклучена секоја единка повеќекратно по разни основи. За да се вклучи адолесцентот и приспособи на својата социјална средина треба да се социјализира, односно треба да развие разни видови на социјално однесување од наједноставни до најсложени (соработка, натпревар, другарство, пријателство, членување во разни социјални групи, водство прифаќање на морални норми, ставови и системи на вредности.) Постојат се поинтензивни социјални контакти со врсниците, промени во односите со членовите во семејството, очекувања и одговорности во училиштето и социјалната средина. Социјалниот развој на релацијата адолесцент-наставник, наставникот и понатаму е авторитет, доколку критичкиот став и анализата на неговата личност и активност го заслужуваат тоа. Кај повеќето ученици има согледување на недоследност во спроведувањето на воспитно-образовниот активност, дволичност на авторитетот, заради што се разочаруваат. Доколку се прави притисок врз личноста на адолесцентот, дотолку е е поголем отпорот (тврдоглавоста). Ако има заемно почитување на идеите, активностите, критичноста ќе биде конструктивно насочена. Кај адолесцентите се јавува потреба од позитивни социо-емоционални контакти со силно чувство на разбирање, иницирање на самоиницијативност, соработка, пофалба и блиска комуникација со наставникот. Адолсцентот сака да се ослободи од состојбата на зависност од родителот (чувство на автономност) и животниот простор на адолесцентот е групата на врсници во сите форми и големини. Во групата адолесцентот манифестира низа сложени социјални однесувања, што му овозможуваат збогатување на психичкиот живот и изградување на личниот идентитет. Во групата ги задоволуваат своите потреби за лична сигурност, ги јакнат внатрешните контакти, јакне групната свест, се будат многу позитивни социо-емоционални контакти, а се празнат негативните емоции(тврдоглавост, инает..) 19
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Пријателството и пријателскита врска е многу подлабока, рационална и емоционална. Оваа врска е проследена со заемно разбирање доверба и почитување на сите разлики, соработување, давање поддршка, пожртвување и верност. Пријателската врска покрај сличностите на внатрешните карактеристики се гради врз база на разлики и трае долго и тие другаруваат поради исти или различни интереси, вредности и ставови. Значи групата може да влијае врз социјализацијата на адолесцентот. Во периодот на адолесценција свој развој бележи и личниот развој особено се развива свест за себе и своето јас. Формирањето на личниот идентитет и сликата за себе зависи од повеќе фактори: наследни, социјални и самоактивност на единката. Кај адолесцентот се јавува потреба која е многу важна, да развива позитивна слика заради постигнување на подобар училишен успех. Школувањето во многу случаи треба да почне со работа на јакнење на сликата за себе кај ученикот, а потоа да дојдат образовните содржини, а сето ова повратно ќе делува врз социо-емотивната зрелост на личноста во целост. Рефлексијата на формирањето на сликата себе врз училишниот успех покрај способностите, мотивацијата ... е голема. Карактеристиките и потребите на адолесцентниот ученик се во заемна интеракција со причинско последична врска и делување во наставата и обратно, затоа добро структурираната наставна програма во примената разновидност во наставните форми и методи, тесностручноста на наставникот, неговата отвореност, соработливост и позитивната изграденост на личноста на наставникот како едукатор, педагог и советодател како и позитивната атмосфера на часот, се многу важни за изградување на правилен систем на учење и рационално користење на своите потенцијали кај учениците-адолесценти. Сето ова ќе придонесе во зголемувањето на личниот мотив за успех, зголемен интерес кон наставните предмети кои се изучуваат и во извршувањето на бараните активности..
Авторот е училишен психолог, магистрант по општа психологија 20
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
Мирјана Гичевска
ЕМОЦИОНАЛНА СВЕСНОСТ И КОМУНИКАЦИЈА – УСЛОВ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО Училиштето како образовна институција претставува, сложен, комплексен, динамички, отворен и целесообразен организациски систем. Негова основна цел е да продуцира такви активности кои ќе доведат до високи достигнувања и резултати на учениците. Основна функција на секое училиште е реализација на наставните планови и програми и наставата. И додека училиштата се стремат да ја остварат примарната функција многу често наставниците целокупната своја енергија ја насочуваат кон промените во степенот на знаење на учениците без да посветат доволно внимание на личноста на ученикот. Од секојдневните искуства во работата со учениците можеме да констатираме дека имаме голем број на ученици кои ги сакаат наставниците, имаат добри другари, а сепак училиштето не го доживуваат како пријатна средина, па не ретко си заминуваат од настава без конкретно објаснување. Фактот дека во СОУ „Таки Даскало“ - Битола во текот на првото полугодие се направени вкупно 69014 изостаноци или вкупно 44,32 по ученик, или 56874 оправдани и 12140 неоправдани ја поткрепува констатацијата дека училиштето и не е баш најомилено место каде учениците го поминуваат најголемиот дел од времето. Големиот број на изостаноци ни зборуваат за негативниот став на учениците кон училиштето што треба да претставува аларм за сите нас. Просторот во кој учениците минуваат толку време треба да претставува простор на радоста, растењето, простор за проширување на искуството во наширока смисла... Во училиштето најголемо внимание се посветува до совршенство да се стекнат вештините за ракување со одредени апарати и машини во практичната работа, се настојува да се негува културата на читање, пишување, користење на странски јазици, компјутери, а забораваме дека децата имаат и свои емоционални потреби и доколку истите не ги остварат ние создаваме емотивно крути генерации и напоредно со тоа општество во кое не се ценат луѓето. Некои наставници имаат проблем како да воспостават подобар контакт со учениците, како учениците да ги видат во друго светло и да им овозможат училиштето да го доживеат како сигурно и пријатно место, и едните и другите да покажат дека се човечки битија со типични човечки проблеми. • Доколку сакаме да успееме во сопствената наставна практика неопходно е да се обидеме да воспоставиме подобар контакт со учениците, да им помогнеме на учениците да нè видат во друго светло, затоа што доколку учениците се анксиозни, доколку страдаат, или чувствуваат дека не вредат, не можеме да очекуваме дека ќе учат и ќе бидат редовни. Малку ќе учат и учениците кои наставниците ги доживуваат како ладни, незаинтересирани и оние кои не се третирани како полноправни и вредни човечки битија. Да направиме напор кај учениците да се подобри сликата за себе, така би се очекувало да се намалат меѓусебните конфликти и непријатни сцени со кои често се судираме. Затоа што многу често сведоци сме на немили сцени на физичко и вербално пресметување најчесто помеѓу учениците од прва година на 21
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
образование. Најчеста причина за конфликтните ситуации помеѓу учениците коишто токму зачекориле во средношколските денови се: неможност на учениците да ги покажат своите емоции, неспособност емоциите да ги искажат со зборови, непоседување вештина за активно слушање, непоседување вештина за невербална комуникација. Остварувајќи ја својата благородна улога во училиштата и стремејќи се кон намалување на конфликтите и постигнување на подобри резултати во училиштето неопходно е трасирање на пат кој ќе води до формирање на емотивно зрели и богати личности. Тоа претставува процес низ кој, кај учениците треба да ја развиеме вештината и способноста за препознавање, изразување и контролирање не само на основните емоции туку и на многу нијанси на емоциите кои не прават и различни од останатите живи битија. Но, за жал, во оваа компонента од работата честопати и самите наставници се обесхрабрени, дали од фрустрираноста од статусот кој го имаат како просветни работници од една страна и режимот и барањата кои пред нив ги поставува училиштето од друга или што први го примаат ударот на ученичките незадоволства, револтот на родителите, па честопати пред учениците се апатични или ги изнесуваат негативни чувства. Сепак, наставниците може да им се придружат на учениците со кои работат, заедно подобро да се запознаат, и заедно да се почуствуваат посилни и подобри. Многу наставници сакаат од училиштата да направат подобра средина за учениците, за тоа неопходно е потребна волја за добро планирање на секојдневните активности, минимални средства и продолжување со примена на одредени техники за активна настава. Низ активната настава теоретските концепти ќе ги интегрираме во практиката, ќе ги поврземе со сопствената работа, со работата на локалната заедница и со работењето на учениците. Тогаш училиштето би претставувало едно сигурно и безбедно место во кое учениците би биле емоционално исполнети, задоволни од сопствените постигнувања, а со тоа и ефектите од работата би се очекувало да бидат повисоки.
Авторот е училишен психолог, специјалист по педагошка психологија 22
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
Милица Димитријовска-Радевска
ПРИМЕНА НА ТЕХНИКАТА ДНЕВНИК СО ДВОЕН ЗАПИС ПРИ АНАЛИЗА НА ЕПОТ „ГИЛГАМЕШ“ Ако една од целите на наставата е да им се помогне на учениците лично да се поврзат со тоа што го учат, тогаш тие барем повремено треба да користат техники на реакции на читателот. Техниките на реакции на читателот не само што ги потикнуваат учениците да размислуваат за тоа што им значи материјалот што го учат или читаат туку и им овозможува практично да ги применат знаењата од теорија на литература и стилистика врз дела како што се еповите „Гилгамеш“ и „Илијада“ или врз некои лирско- епски жанрови како што е поемата. На овој начин и наставникот и ученикот истовремено добиваат повратна информација за наученото, односно за постигнатите резултати. Техниката Дневник со двоен запис исто така им овозможува на учениците непречено, без чувство на инфериорност да ги забележат своите размислувања, а таквите забелешки подоцна ученикот ќе може и да ги коригира, односно да се надградува на своите грешки и искуства. Исто така оваа техника овозможува соработка и взаемно учење, толеранција и почитување на туѓите ставови и идеи. Со примена на оваа техника врз наставната единица „Гилгамеш“ учениците ги реализираат и остваруваат следните цели и задачи: се запознаваат и ја совладуваат стратегијата Дневник со двоен запис; ги применуваат знаењата од теорија на литература анализирајќи го епот „Гилгамеш“; демонстираат знаење и воспоставуваат корелација на асировавилонската литература со другите древни литератури; критички размислуваат, изведуваат заклучоци и судови за идеите кои се презентирани во делото; ги владеат техниките за активно читање; развиваат чувство за толерантност, креативност, почитување; На почетокот на наставниот час во делот Активирање на претходно знаење наставникот ја објаснува стратегијата Дневник со двоен запис. Потоа наставникот ги групира учениците во парови и им дели од наставното ливче со стратегијата Дневник со двоен запис. Учениците внимателно слушаат, поставуваат прашања за текот на часот и за начинот на кој треба да работат, анализирајќи го делото од асиро вавилонската литература „Гилгамеш“. Во делот Создавање на значење наставникот бара од учениците да се потсетат на техниките за активно читање, да внимаваат на деловите кои бараат поголемо внимание или дополнително појаснување. Додека работат учениците наставникот ја набљудува нивната работа, дава сугестии, потсетува. Учениците поделени во парови пред себе имаат по една песна од дванаесетте од епот „Гилгамеш“. Внимателно читаат и го пополнуваат наставното ливче, следејќи ги барањата кои се поставени во истото. Всушност во делот „Авторот вели...“ назначени се елементите кои треба да ги истражуваат, а тоа се: композицијата на епот, мотивот, односно темата и идејата на делото, нараторот, ликовите и нивните атрибути, стилските фигури, ритуалите и обредите кои се важни за делото, воведните и завршни формули на делото, како и корелација со другите дела од најстарите литератури и 23
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
делата од светската литература каде се јавува како мотив прашањето за човекот и смислата на неговиот живот. Во делот „Јас велам...“ учениците ги бараат одговорите во текстот што го имаат пред себе и одговорите ги запишуваат во соодветната колона. За тоа време додека работат учениците постојано се консултираат со наставникот, користат дополнителна литература, односно бараат информации на Интернет. Во делот Вреднување и примена наставникот бара од учениците да ги презентираат своите сознанија. Учениците за тоа време ги следат одговорите на своите ученици, дополнуваат, прашуваат, даваат свои видување, создаваат нови знаења и заклучоци. Забелешка: Примерите на Дневник со двоен запис се од самите ученици без никаква корекција од страна на наставникот, и во корист на просторот се издвоени само три наставни ливчиња со оваа стратегија. ПРВА ПЛОЧА Авторот вели композиција Мотив, тема, идеја, наратор
Ликови Атрибути на ликовите
Стилски фигури
Ритуали, обреди, соништа Компарација/ споредба со друго дело или лик 24
Јас велам астрофична -темата на епот Гилгамеш е вечниот човеков копнеж за бесмртност, а во оваа песна е потребата од воспоставување рамнотежа меѓу силите во космосот и создавање хармонија во светот. Идеја е оставање трага зад себе, а во оваа песна која содржи елементи на јуначки епос е кога двајца јунаци ќе се соочат на мегдан, тие стануваат пријатели, тоа е дуализмот низ кој функционира природата. Гилгамеш, Енкиду, Аруру, Ану, ловецот Гилгамеш:силениот, убавиот, мудриот, но и сладострасник и површен, две третини бог, а една човек Енкиду: космат, со коса како кај жена што се бранува, покриен со кожи, јасно и мрачно лице, моќен создаден од боговите со особини како Гилгамеш. -анафора:со газелите пасе трева во полето, со стоката пие на заедничкото поило со мноштво животни во полето си игра -епитети: светиот, извишена, силен, красен, космат, убав, мудар, млада, сочна, дивиот; -компарација: цврст е како од бронза набиениот темел -градација:лавот тој од лежиште го брка, За грива го држи...(втората страна од плочата) -елипса:ловишта ископав-тој ми ги затрупа стапици поставив-тој ми ги искина (истоверемено тука има и контраст) -ретардации(забавувања):ловишта ископав-тој ми ги затрупа стапици поставив-тој ми ги искина.(х 2 пати се повторува ат овие стихови со цел да се постигне пластишност во изразот) -персонификација: На небото ѕвездите стоеја. Сонот на Гилгамеш го навестува раѓањето на Енкиду кој е јунак рамен на него. Гилгамеш можеме да го споредиме со Херкул пред се заради тоа што и двајцата покрај сила поседувале и физичка убавина.
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
ДЕВЕТТА ПЛОЧА
Авторот вели композиција Мотив, тема, идеја, наратор
Јас велам Астрофична, силабичен стих тема –патување во подземниот свет кај прататкото Утнапиштим идеја–да се најде одговор на основното цивилизациско прашање зошто е животот, а зошто смртта, зошто само боговите имаат вечен живот Пријателот што го сакав земја стана Зар и јас кака он морам да се смирам И довека да не станам*. Ликови и Атрибути Гилгамеш, Чкрапја- човекот, богот Шамаш Стилски фигури -анафора: Ни лач светлина нема Ни кога сонцето излегува над земјата Ни на заод штом од патот по небесниот океан се врати -епитети:сончева порта, мрачна пресека, -компарација: Сафири се семките на плодовите, Како морска трева под дрвјата Зелени смарагди распослани -хипербола -реторско прашање -апострофа -контраст -ретардацииЗа да се постигне пластичност во изразот, делот од патувањата во подземниот свет се издолжува на дванаесет двојни часови при што се повторуваат исти дејства Ритуали, обреди, Сонувањето на патувањето во подземниот свет, пример; соништа Лавче едно си играше и на животот му се радуваше Тој секирата од појасот ја крена, Мечот го извлече, но тогаш Меѓу нив карпа остра како коп И земјата ја расцепи Самиот тој во пукнатината пропадна.- алузија на губењето на неговата моќ како полубог Компарација/споредба Античките јунаци Орфеј, Одисеј и нивното патување во подземниот со друго дело или лик свет, Фауст од Гете.
ЕДИНАЕСЕТТА ПЛОЧА Авторот вели композиција Мотив, тема, идеја, наратор
Јас велам Астрофична, силабичен стих -темата –откривање на тајната боговите, зошто луѓето се смртни, а боговите имаат вечен живот. -идеја –легендата за потопот се изедначува со легендата за Ное во Стариот завет – односно, тогаш кога човечкиот род ќе се возгорди следува казна од боговите, всушност природните катаклизми е само едно постетување за човекот дека тој треба да живее во симбиоза со природните закони- тоа само по себе ја отсликува монотеистичката религија или поистоветување на Бог, тој сетворецот со природата –Таа – времето и просторот на рефлексија на космичката енергија. Богот Еа богот на длабочините, разбира и постигнува се.. 25
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Ликови и Атрибути Стилски фигури
Ритуали, обреди, соништа
Компарација
Уста отвори и на силниот Бел му рече: Оној што греши гревот свој нека го носи, ...наместо потоп што прати, лав можеше да пратиш, лужето да ги проретчиш... Гилгамеш, Утнапиштим, прататкото -анафора: Те гледам Утнапиштим,/ Ти не си ни повисок ни поширок од мене Ти си ми сличен како татко на син / Ти не си строен поинаку од мене Епифора Пријатен мирис боговите сетија / Штом благ мирис боговите сетија -епитети: вечен живот, пладневна жега, богот на длабочините, животно семе, гоподар милослив,стравотен дожд, смртен човек,чудотворна трева -компарација: Црни облаци како гаврани се кренаа Стутулени како пци меѓу себе се туркаа Тишина беше како по борба -хипербола Се што поседував натоварив / Натоварив сребро и злато И животно семе од секој вид Сето свое смејство и најбликсите роднини / На коработ ги качив -Словенска антитеза-реторско прашање -апострофа Куќо од трски, куќо од тсрки Ѕиду, ѕиду! Колибо од трски, слушај!-има и персонификација -контраст Остави го богатсвото, живот барај Презри го имотот, животот спаси го -ретардацииЗа да се постигне пластичност во изразот, при раскажувањето на Утнапиштим за потопот, а потоа и во дијалогот со Гилгамеш се повторуваат одредени стихови.. Сонот и дијалогот со Утнапиштим како навестување за смртта на Гилгамеш: Што треба сега да сторам, Утнапиштим? Сонот како разбојник ме зграби, А во сонот смртта седи Каде и да се скријам таа ме чува. Како награда за неговата упорност и страдање во подземниот свет Утнапиштим му ја открива тајната за тревката која нуди вечна младост, но Гилгамеш не ја сака тревката само за себе туку сака да ја сподели со луѓето од Урук.Тука ја откриваме целосната димензија на Гилгамеш како човек- од страсник и површен станува јунак, се преобразува во своевиден Прометеј кој на луѓето им подарува оган. Споредба со Прометеј
Авторот е наставник по македонски јазик и лиетратура 26
РАЗГЛЕДИ
бр. 13-14
Валентина Богојовска
ИНТЕРНЕТ КАКО ИЗВОР НА НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ЧАСОВИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК Тенденција во целиот свет е да се вклучат компјутерите во наставата по англиски јазик (или поточно кажано, во наставата за изучување на било кој странски јазик) и тоа не само за обични т.н. „drill“ вежби, туку и за усовршување на вештините читање, пишување, слушање па дури и зборување. Нашето училиште е опремено со компјутер за секој ученик. Сепак, треба да се нагласи дека во рамките на погоре кажаното, кај нас сеуште нема услови за максимално искористување на компјутерите на часовите по англиски јазик поради недостаток на озвучување на компјутерите (за вежбите за слушање со разбирање), микрофони (за вежби за изговор), како и многу бавна Интернет врска. Но, исто така, не смее да се занемари и бескрајното богатство од материјали кои може да се најдат во готова форма (спремни за користење на час) на некоја од подобрите Интернет страни, големиот број на компакт дискови за изучување на англискиот јазик, како и PDF изданијата на најдобрите граматики во светски рамки кои лесно се симнуваат од Интернет (но нелегално!!!) а кои ние како наставници не сме во можност да ги купиме поради превисоките цени. Овој текст е пред вас за да ви понуди неколку корисни веб страни каде може да се најдат најразлични типови на материјали за часовите по англиски јазик, совети за нивно користење (како да ги прилагодите на наши услови) како и причини зошто би се `мачеле` воопшто да ги користиме на час. Ќе започниме од причините. Како прво, светските методичари зборуваат за CALL (Computer- Assisted Language Learning), како еден од најсовремените инструменти (не смее да се сфати како метод, туку како алатка!) за изучување на странски јазик. CALL драстично ја менува улогата на наставникот (станува повеќе фасцилитатор, а помалку централна фигура на часот) но во никој случај целосно не го елиминира. Од друга страна пак, учениците едноставно сакаат да се до компјутери и да работат со нив. Една од моите омилени веб страни е www.ESLprintables.com. Веднаш штом ќе се отвори веб страната, станувате свесни дека постои толку голем број на готови материјали, што нема да можете ни да ги разгледате сите, а камо ли да ги проучите и да ги искористите на час. Постојат секакви типови на материјали: работни листови, презентации во Power Point, online вежби и др. Се е средено во категории, најголеми се категориите граматика и вокабулар, но постојат и категории за сите четири вештини, песни, филм, англиски за бизнис, тестови, играње улоги и што уште не. Има одлична машина за пребарување која ќе го пронајде она што го барате и тоа за нивото на знаење кое ви е потребно. Доколку не сте во можност она што ќе го преземите да го печатите за секој ученик поодделно, можете да го меморирате и потоа да им го презентирате на учениците преку мрежата на училишните компјутери. Но, постои и услов кој треба да го исполните за да се користи сето ова `богатство`: Потребно е и Вие како член на ова `семејство` на наставници по англиски јазик да дадете свој придонес (некој тест, презентација, вежби кои Вие сте ги составиле) кој ќе може да го преземе некој колега од другата страна на светот. Колку повеќе преземања на ваш 27
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
труд, толку повеќе поени, т.е. толку повеќе документи ќе може Вие да преземете од веб страната. Понатаму, тука е и германската веб страна www.englisch-hilfen.de. Таа располага со многу online граматички објаснувања и вежби за сите нивоа. После секоја вежба, ученикот добива feedback за дадените одговори и каде да побара дополнително објаснување за направените грешки. Идеална е за да му ја предадете Вашата улога на надгледувач на компјутерот. Сепак, во услови на толку бавна Интернет врска тешко би можеле да го искористиме она што тука се нуди. Последна, но никако не и најлоша, е www.DavesESLcafe.com . Најдобар дел од оваа веб страна е т.н. Idea Cookbook. Тука може да се најдат идеи од тоа како да се започне еден час (ice breakers), како да се презентира некоја граматичка целина, како да се вметне игра на часот, да се користи Интернет, музика или видео, како да ги поделите учениците на групи, како да се увежбуваат четирите вештини со учениците па се до тоа како да се контролира дисциплината на часот. Погоре споменатото е само зрно од она што Интернет го нуди за да ни ја разубави но и олесни работата. Недостаток е тоа што нема озвучување во училниците за да можеме да ги користиме и вежбите за слушање и премногу бавната Интернет врска. Меѓутоа, мора да се каже дека при користењето на вакви материјали забележав пораст на интересот и мотивацијата на учениците за работа на час и се разбира зголемување на успехот по предметот англиски јазик. Вметнувањето на ваков сегмент на часот има голем ефект во подобрите класови, а кај послабите и помалку дисциплинирани класови придобивка е што барем за момент ќе се сетат дека се во училиште.
Авторот е наставник по англиски јазик 28
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Снежана Паскова
ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ ЗСНУ ВО ГРАФИЧКИТЕ СТРУЧНИ ПРЕДМЕТИ Предметот практична настава овозможува примена на многу методи. Во овој текст приложувам пример за примена на методот ЗСНУ за наставната содржина Основни карактеристики на сито -печатот од темата Сито- печат за учениците од втора година, графичка струка, техничари. Блок-часовите се реализираа во работилницата на графичкиот кабинет, а нивни цели беа: • учениците да ги откријат карактеристиките на сито печатот и начините на подготвување на ситото за печатење, • да ги разграничат постапките во процесот на печатење на различни материјали, • да ги разграничат своите знаења и интереси за сито -печатот со цел истите да можат практично да ги применат на наредните часови. Од формите на работа ги применив фронтална, индивидуална и работа во парови, а од методите: ЗСНУ, монолошки, дијалошки, бура на идеи, текст метод и дискусија. Како наставни средства и помагала користев: постер хартија (или табла), фломастери (или креда), селотејп, сито (со различна големина на рамка, како и со различна линијатура на мрежичката), ракел (со различна големина), апарати за копирање на сито (со кои располага графичкиот кабинет, лабораторијата), корито за развивање на ситото (со кое располага графичкиот кабинет, лабораторијата), емулзија, сензибилизатор, ливчиња со подготвен текст, примероци од печатени материјали на сито. Тек на часот Во делот Активирање на претходно знаење пет минути ја најавив наставната содржина и методите на работа, а потоа седум минути ја координирав бурата на идеи со која учениците индивидуално ги искажуваа своите знаења за сито печатот. Нивните искази ги запишував на постер хартија во делот ШТО ЗНАМ, а потоа седум минути, повторно на ист начин – со бура на идеи, учениците поставуваа прашања за тоа што сакаат да научат за овој вид на печат кои ги запишував во табелата на постер хартијата во делот ШТО САКАМ ДА ЗНАМ. Во следните пет минути формирав парови од ученици според местото на седење и им давав напатствија за работа.
Што ЗНАМ
Што САКАМ да знам
Што НАУЧИВ
Што УШТЕ сакам да знам
ЗСНУ табела 29
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Во делот Создавање на знаење пет минути го делев подготвениот текст, а потоа петнаесет минути набљудував и координирав додека учениците внимателно го читаа понудениот текст, потоа пет минути ги делев ливчињата со табели за ЗСНУ, а петнаесет минути учениците во парови ги пополнуваа табелите за ЗСНУ за потоа секој пар во наредните пет минути да пополни една заедничка табела. На крајот од овој дел во преостанатите пет минути секој пар изнесуваше одговори (на поставените предходни прашања) кои ги пронашле во наставните листови, а одговорите ги запишував во табелата на постер хартијата во делот ШТО НАУЧИВ. Во делот Вреднување и примена седум минути учениците поставуваа прашања што уште сакаат да знаат, а истото не го пронашле во наставните ливчиња, координирав и запишував во табелата на постер хартијата во делот ШТО УШТЕ САКАМ ДА ЗНАМ.
Во последните пет минути, заедно со учениците го анализиравме часот и дискутиравме за ваквиот начин на работа и ги упатив учениците на извори за дополнителни информации за оваа наставна содржина.
наставни листови
Авторот е наставник по графички стручни предмети 30
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
Драгица Здравковска
НАСТАВНИКОТ МЕНАЏЕР ВО НАСТАВАТА Воспитанието и образованието како историски променливи општествени категории се менуваат во зависност од “духот на времето”. Тоа менување е перманентно, квалитетно и во согласност со научните законитости и сознанија. Крајно непожелни се стихијните промени кои би довеле до катастрофални последици за младата личност, а во крајна линија и за општеството во целина. Поаѓајќи од сознанието дека нема квалитетно образование без квалитетен наставен кадар, од наставникот се бара да биде соодветно стручно подготвен за да може да одговори на предизвиците што ги поставува динамичнот развој на стопанството и на новите технологии. Воспитно-образовниот систем и едукативниот процес денес претставуваат најпрофитабилна инвестиција, инвестиција за иднината, за прогресот, за просперитетот и во крајна линија, инвестиција за опстанок и престиж на секоја нација. Клучот за унапредување на воспитно-образовниот процес е усовршувањето на наставниците и преземањето на новата улога менаџер во наставата од страна на наставникот. „Учениците го учат школскиот материјал, но го учат и она што го гледаат во и на наставникот – ги опсервираат неговите вредности, ги рефлектираат неговите расположенја, го имитираат неговото однесување...“ (Bernard, H.V. 1995.”Psyhology of Learning and Teachng,McGraw.pg.5) Менаџираната настава видно ги изменува улогата и позицијата на наставникот. Тој станува главен поттикнувач и носител на иновациите. Наставникот во наставата станува менаџер, а со тоа и успешен наставник – ментор. Затоа, денес во нашите училишта потребни се наставници – менаџери кои треба да се градат по пат на менторирање. Успешниот наставник се јавува во двојна улога: • наставник - ментор на своите ученици и • наставник – ментор на нововработените неискусни наставници. Главна задача на секое менторство треба да биде кaко да се помогне на личноста која е менторирана. Успешното менторство зависи од јасното дефинирање на улогата и одговорностите на партиципиентите. Зошто потреба од менторство? Важно е да се има менторство за: стратегии за независно живеење, развој на врската, работни резултати, образовни градби, самоодбрана, личен помошен менаџмент, психосоцијални исходи, развој на комуникациските вештини, планирање на животната цел. Секоја транзиција ( премин ) може да биде попаметна со помош од ментор. (Majkl Vilijams, http://men.ed.psu.edu/~mentor/Public/index.html) Цели на менторството Развивање на менаџерската свесност за неопходноста од менторска улога на наставникот – менаџер како услов за непосреден трансфер на организациското искуство на учениците, новите наставници и наставниците кои сакаат да напредуваат во професијата и да ги пратат новите патокази на успешно воспитување и квалитетно образование. 31
бр. 13-14
РАЗГЛЕДИ
УЛОГАТА НА МЕНАЏЕР И МЕНТОР НА НАСТАВНИКОТ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ Соочени сме со брзо застарување на постојните и ерупција на нови процеси, системи на знаења, нови науки, дејности и професии. Во овој контекст, доквалификациите, преквалифкациите, перменентното учење и самообразование, станаа составен дел од животот. Менторството се јавува како еден вид катализатор во процесот на креирање на наставници-менаџери преку имплементација на сите менаџерски улоги на наставникот во наставата. Согласно реформата во средните стручни училишта, наставникот како менаџер во наставата и ментор на своите ученици треба да биде во можност: • да дава поголема независност на учениците и да ја признава нивната активна улога во процесот на учење; • да развива вештини кај учениците за решавање на проблеми; • да развива вештини и способности кај ученикот за критичко размислување; • да развива индивидуален став и мислење по однос на добиени информации и факти; • да демонстрира индивидуален приод кон ученикот; • да се движи кон рефлексивно / мисловна практика. Наставниците ментори во средното образование треба да обезбедуваат поефективна поддршка за учениците, бидејќи се работи за адолесценти кои се во фаза од животот кога им се случуваат многу промени: од физичка, емотивна и интелектуална природа. Подготвувајќи се за иднината, сите млади луѓе треба да стекнат нови знаења и во поглед на образованието и во социјалното однесување. Затоа наставникот како ментор во училница е од суштинско значење за оваа возрасна популација. Созревајќи и движејќи се кон светот на возрасните, адолесцентите треба да размислат за многу животни професии и можности. Тие исто така треба да стекнат и знаења и навики кои ќе им помогнат да израснат во одговорни возрасни членови на семејството, работници во услови на пазарна економија и граѓани во демократско општество. Затоа од извонредно значење се училишните програми за наставници ментори што ќе им помогнат на адолесцентите да се здобијат со знаења и способности за соработка, комуникација, решавање на проблеми, одлучување, самооценување, критичко размислување, истражување и раководење. Перманентното образование на наставниците беше и сè уште претставува еден од приоритетите на нашата земја. Во “општеството кое учи” создадеме, наставникот, од класичната улога на предавач, преминува сè повеќе во улога на подучувач кој го води ученикот и му помага сам да го организира и раководи процесот на учење, преку критичка анализа на резултатите, сето тоа преку новите идеи споени со искуството. Наставникот има улога да ги активира учениците, да развие кај нив желба и способност да учат како да учат, користејќи ја современата информатичка и комуникациска технологија. Авторот е наставник по сообраќајни стручни предмети, магистрант по Менаџмент во образование 32