Илија Петрушевски
ИСЧЕЗНАТИ СЕЛСКИ НАСЕЛБИ И СЕЛА СО ПРОМЕНЕТИ ИМИWА ВО ПОЛОГ ЗАБЕЛЕЖАНИ ВО КРАЛСКИТЕ ПОВЕЛБИ ОД
14
И
15
ВЕК
(Поправен и дополнителен прилог кон изданието од 2009г.)
Скопје 2020 1
Автор Илија Петрушевски Наслов Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог, забележани во Кралските повелби од 14 и 15 век (Поправен и дополнителен прилог кон изданието од 2009г.) Издавач Илија Петрушевски, самостојно Печатено во Фотокопирница ,,Тихо”, Ѓорче Петров – Скопје Насловна страница – Манастир Трескавец - Прилеп Тираж 80
2
При моето истражување и подготовка на овој труд, должам благодарност кон: Душан Синадиноски од Вратница, за неговите укажани сугестии, потоа на Војо Гогоски и Спасо Јосифовски од Непроштено, +Панче Мишески и Благоја Савески од Сараќино, Душан Богдановски од Брвеница и Рафет Емини од Челопек, за нивната придружба при моето теренско истражување. Благодарност имам и кон Љубица Петковска која ги внесе сите старословенски написи во трудот.
3
4
Содржина Вовед.......................................................................................................5 Лесковјане..............................................................................................7 Точил.....................................................................................................13 Средновековното село Крпене е денешното Непроштено............15 Непознатото село Брод во долни Полог е денешно Јегуновце......23 Старо Желино.......................................................................................30 Старожелински Мост- Стар Желински Брод или Бивол Брод........33 Млачице...............................................................................................35 Храштани..............................................................................................39 Мел........................................................................................................43 Велгошт и Крајмировото Селиште.....................................................45 Баниц.....................................................................................................49 Избици..................................................................................................51 Дали постоело село Лешка или се однесува на селото ЛешокЛешек....................................................................................................52 Лешки пут.............................................................................................56
5
6
ВОВЕД Во 2009 година го објавив мојот скромен труд, Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Податоците за постоење на некогашните села кои денес не постојат, земени се од Виргинската повелба од 1257-58, Душановата повелба за Хтетовскиот и Трескавечкиот Манастир од 1334-45 година, како и Душановите повелби за Хилендарскиот манастир и Призренскиот Манастир, св. Архангел Михаил од 1348 година. При моето прво разоткривање на локациите каде се наоѓале исчезнатите села, појдовна точка ми беа топонимите, кои кај некои села фактички се совпаѓаа со името на исчезнатото село. Во 2019-20 година, повторно се навратив на овој проблем, но сега само на исчезнатите села што се споменуваат во споменатите повелби и Бревното за Хтетовскиот Манастир. Анализирајќи ги внимателно повелбите, објавените трудови од неколку автори и со теренско истражување дојдов до нови сознанија. Имено моите претпоставки за некои села, согледав дека биле погрешни. Исто така и мислењето на другите автори се неодржливи. Затоа го подготвив овој поправен и дополнителен прилог кон моето прво издание од 2009 година. Новите податоци се добиени од терен споредени со податоците од Повелбите и така со артефакти се открија локациите на исчезнатите села и со тоа се исправаат направените грешки.
7
8
ЛЕСКОВЈАНЕ Средновековно село, кое денес не постои и не се знае каде се наоѓало. Досегашните научни работници на Повелбите, Лесковјане го лоцираат некаде кај Тетово, меѓу Речица и Тетово. Ваквото мислење прв го изнел Груиќ, потоа овој податок го преземаат сите идни истражувачки како точен податок т.н.1 Исто така и авторот на овој труд бил на мислење дека Лесковјане се наоѓало лево до патот Тетово-Скопје, североисточно од бензинската пумпа.2 Како поиздржано мислење во споредба со другите автори, и Душко Синадиноски, во својот труд3 го споделува мислењето со Илија Петрушевски. Сега гледаме дека и тоа мислење не е издржано. Затоа по втор пат се навраќам на овој проблем. За да би дошле до вистинското откритие. Првин ќе ги изнесеме и проанализираме сите записи каде се споменува ова село. Во 1343 година е издадена Душановата повелба за Хтетовскиот манастир, во која се набројуваат сите подарени села, ниви, лозја и воденици на Хтетовскиот манастир. Меѓу нив се споменува и Лесковјане, која гласи selo L7skovljany s[ vs7mi megami i pravinami i Vl[ksanovo m7sto za dóøó.4 Селото Лесковјане со сите меѓи и права и Влксаново место што и го дал Влкасан на црквата за душа. Од овој запис дознаваме дека Лесковјане со атарот било подарено на Хтетовскиот манастир, но нема никаков опиплив податок каде би можело да се наоѓа ова село. Следува следниот запис niva pod L7skovljaнy niz[ brazdu pod putem[... qo 9stüdal[ Р.Грујић, Полошко-тетовска епархија и манастир Лешак. ГСНД, КН Xlll.Скопље, 1933, 48. И.Петрушевски, Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Скопје, 2009, 15. 3 Д.Синадиноски, Етимолошки преглед на Повелбата на крал Душан за црквата Света Богородица Тетовска. Детроит, 2018, 79. 4 Споменици том III. Скопје 1980, 312, чл.7. 1 2
9
Branislav[
za
L7eskovljany
duшу.
komat[
Drugi
niz
komat[
nive
Vl[ksanove...
i
pod
brazdu.5
Нива под Лесковјане покрај браздата, под патот... што ја подарил Бранислав и под Лесковјане дел од нива покрај браздата. И во овие записи нема податок кој би ни овозможил да откриеме каде се наоѓало Лесковјане. Напротив овде Лесковјане е само како ориентир каде се наоѓа подарената нива. Во 1348 година цар Душан, Хтетовскиот манастир го подарува на Хилендар но не и селото Лесковјане бидејќи селото било сопственост на феудалката Вишеслава и синовите Богдан и Богоја. Po ht[n0þ gospæde Viшeslave i sinov[ im Bоgdana i Bogoja.6
За да би го добил и ова село, Хилендарскиот игумен Сава, во 1354 година го побарал и Лесковјане да биде сопственост на Хилендар со следното барање: Izvoli car[stvo mi si9å s[tvoriti za priш7stie x[stnago igumena Sveti9 Gori Atona, hrama pr7sveti9 Bogorodice Hilandar[ski9 kir[ Savi 8ko uspomenu car[stvo mi priloæeni щo 9stü priloæila gospoæda car[stva mi Viшeslava hramu pr7sveti9
Bogorodice
Hilandar[skiѥ
selo
L7skovl7ne
megom[
s
periwomüi vs[emipravinami sela toga.7
И во оваа Повелба со која Хтетовскиот манастир со сиот имот се подарува на Хилендар, нема опиплив податок каде би можело да се наоѓа Лесковјане. Со нешто повеќе податоци за Лесковјане имаме во Кралската повелба на бугарскиот владетел Константин Тих Асен од 1257-1258 година за подареното село Речица со целиот атар на Скопскиот манастир св. Горг. За појасна претстава на подарениот имот во Повелбата даден е опис на атарската граница на Шарпланинската Исто, 293, чл.50. Исто, 151. 7 Исто, 450-451. 5 6
10
падина и рамничарскиот дел на Полог, се до Вардар и Сува Гора. При описот на границата се споменува и Лесковјане. Тука од Повелбата ќе биде извлечен описот на границата што е во рамничарскиот дел на Полог. wt[ desne strane kolnika i wt[ vexerne strane pr7z[ luga pr7ko u Veliku R7ku i niz[ Veliku R7ku do Ht7tovske brazde i wt[ udu pravo na Toxil[ koi slazi nad[ L7skovl8ni, tere uz[ br[do do gore na desno i putem uz[ za gvozd[ koi ushodi na planinu po kraiщou niz gvozd[ na R7xnizku R7ku do izvora R7xixke R7ke.8 Од десната страна на патот и од западната
страна низ орманот, па преку Вардар и по Вардар до Тетовската Бразда, од тука право на Точил кој се спушта над Лесковјане, понатака од десно покрај ридот нагоре по патот покрај орманот Дубраа-топоним во Брвеница, кој се искачува на планината и покрај орманот на Речичка Река. Истиот запис со истата содржина го има и во Милутиновата Повелба од 1300 година.9 За разлика од претходните записи сега при описот на атарската граница на Речица, покрај селото Лесковјане се споменува Тетовска Бразда, Речичка Река, два пати Орман, реката Вардар и селото Точил. Овие топоними можат да ни помогнат да ја одредиме местоположбата каде се наоѓало исчезнатото село Лесковјане. Познавајќи го теренот околу Речица и според наведените топоними се определивме Лесковјане да го бараме југоисточно од Речица, во атарите на Брвеница и Фалише. За подобро да го запознаеме споменатиот атар и го откриеме локалитетот на исчезнатото село Лесковјане, на 27.10.2019 година по еден сончев и топол ден ги посетивме споменатите атари. Во придружба, како 8 9
Исто, 145. Исто, 145.
11
водич ни беше хроничарот Душан Богдановски од Брвеница. Со моторното возило се упативме кон полето и реката Вардар. Од обиколката забележавме од пред да се влее Палчишката Река во Вардар па се до селото Стримница, лево и десно од Вардар местото е обраснато со дрва, и се вика Орман. На околу 200 метри од десната страна на Вардар и орманот се издига Сува Гора. Низ полето Кљукоо што е југозападно од Тетово и Речица имало три бразди. Двете бразди поаѓале од под и над Тетовската болница и биле со краток тек. Третата бразда фактички е Тетовска Бразда. Таа поаѓала веднаш од јужната страна, на подоцна изградената Шарена Џамија и продолжува кон полето Кљукоо, меѓу тетовската река Пена и Речичка Река. Пред Брвеница браздата завртува кон североисток покрај споменатиот орман во повелбата и селото Брвеница за да продолжи кон полето на селото Фалише и фалишкото поле. Браздата била со поголеми димензии и наликувала на помала река. Од неа истекувале помали бразди со кои се навадувало полето. Во зимскиот период кога немало потреба за наводнување на полето, водата се влевала во Вардар близу селото Стримница, односно тогашното село Точил. Точил се наоѓало веднаш над Стримница. Покрај трите бразди од десната страна на Пена имало и една од левата страна. Таа поаѓала од стариот млин, поминувала покрај Саат Џамијата, Музичкото училиште за да продолжи од десната страна на патот што оди за Јажинце. По изминати 200 – 300 метри завртувала кон исток за да помине покрај Тетовската касарна, па западно од селото Требош, по полето кон Вардар. Од посебна важност е да се одбележат и локациите на четири исчезнати населби на овој дел од полето за кои ни раскажуваше 12
Душан. Првата исчезната населба се наоѓала југоисточно од Брвеница во рамничарскиот дел на полето. На местото што се вика Тумба, а ние ќе ја наречеме Брвеничка Тумба. Нашиот хроничар и водич ни кажува дека во Брвеница за оваа исчезната населба е многу старо предание. Никој не знае за каква се работи населба и од кое време е. Видни траги и остатоци од населба на површините од нивите нема. Во подлабоките слоеви можеби има но не е истражувано. Североисточно од Брвеничката Тумба и југоисточно од Фалише на 1 до 1,5 км., на помалку од 1 км. Од Вардар и западно од Стримница има друго место кое се вика Тумба, ние ќе ја наречеме Фалишка Тумба. Жителите на Фалише мислат дека тука било старо Фалише. Според нивното предание селото е уништено при еден покољ-масакр на Василице (14.01). Ние не би се согласиле со оваа легенда, бидејќи непосредно од североисточната страна на Фалише10 има уште едно место кое се вика Тумба со остатоци на разрушеното Старо Фалише, односно Долно Хфалише. Од посебна важност е да се одбележи што на 200 – 300 метри од источната страна на Фалишката Тумба сочувани се остатоци од Тетовската Бразда. Сега според описот на Речичката атарска граница, во овој дел, со сигурност можеме да се определиме дека раселеното село на местото од Фалишката Тумба е фактички локацијата на нашето барано средновековно село Лесковјане. Четвртото исчезнато село се наоѓало над селото Стримница на Сува Гора11. За ова раселено село ќе се определиле дека е Точил. Во поткрепа на ваквото мислење ние фосилниот остаток на Тетовска Бразда која се наоѓала наспроти Стримница односно 10 11
И.Петрушевски, с.д.23. Ј.Ф.Трифуноски. Полог. Београд, 1976, 423.
13
Точил кое било на Сува Гора. Кога постоело селото Точил, Стримница не постоела, па атарот на Точил се протегал до Вардар. Така стои и во повелбата “селото Точил со реката“. Стримница како село е основано во првата половина на 19 век12. Забуна ни прави, што Точил во Виргинската повелба од 1257/58 година за подареното село Точил на Скопскиот манастир Св. Горг стои: i v[ Gornem[ Poloz[ selo Toxil[ i planina s[ rekom[ vse[ia pravinami13. Меѓутоа, при описот на речичката атарска граница се наведува и право на Точил кое се наоѓа над Лесковјане, кое било на Сува Гора. Тука била Тетовска Бразда која во никој случај не може да биде во Горни Полог. Постои можност да имало две села со исто име во Горни и Долни Полог. До вакво сомнение доаѓаат и некои други истражувачи.14 Од дадениот приказ за речичката атарска граница, според топонимите Орман, Вардар, Тетовска Бразда, четирите раселени села, Лесковјане во никој случај не може да се наоѓа во подножјето во на Шар Планина, некаде кај Тетово или Речица. На крајот би сакал да го кажам следното: Лесковјане, Фалише, Млачице, Точил, и Старо Желино се меѓусебно соседни села со меѓусебна оддалеченост од околу 4км, а некој од нив, ,меѓу себе се и поблиски. Од тука некаде поаѓал и Лешкиот пат, па преку селата: Млачице (кај Сараќино), Палатица, Велгошт, Требош, Крпене (Непроштено), Лешок каде имало пазар. Напомнуваме и тоа, лево од патот Тетово – Скопје, каде што мислевме дека било Лесковјане има остатоци од раселената населба Велгошт. Исто. Б.Петровски. Средновековните населби и патишта во Полог. Скопје, 2015, 228. 14 Исто. 12 13
14
15
TОЧИЛ Во средновековните записи, името Точил се споменува два пати и двата пати во Виргинската повелба од 1257-58 година, од Константин Тих Асен. Со оваа повелба, првиот пат селото Точил се подарува на Скопскиот манастир св.Горк i v[ Gornem[ Poloz7 selo Toxil[ i planina rekоma s[ vsi8 pravinami.15 Од овој запис, јасно е кажано дека се работи за село од Горни Полог подарено со сиот имот од планина и река. Меѓутоа, нема опипливи податоци каде би можело да се наоѓа ова село, освен дека е во Горни Полог. Во атарите на селата од Горни Полог што се на Сува Гора или во нејзиното подножје на селото Стенче, Теноо, Форино, Балин Дол16 и други има места со остатоци од раселена населба, па постои можност непознатото село Точил од Горни Полог да се наоѓало на едно од овие селишта или некое друго од околните села. По втор пат, Точил пак се споменува и тоа пак во Виргинската повела, при описот на Речичката атарска граница Pr7ko Velikÿÿ r7ka ta niz[ Velikia do Ht7tovska brazda ta pravo na Toxil[.17 Давајќи го овој опис на границата која од рамничарскиот дел на Полог, преминува преку Вардар, источно од селото Брвеница. Од тука границата одела по Вардар се до Точил и Тетовската Бразда. Според оваа корелација на податоци, овој Точил се наоѓал во Долни Полог, бидејќи Тетовската Бразда поаѓал од Тетово и течела низ Брвеничкото и Фалишкото поле. Во зимскиот период, кога Б.Петровски, с.д. 103. Ј.Ф.Трифуноски. Полог. с.д. 170, 177, 180. 17 Б.Петровски с.д.98. 15 16
16
немало потреба за наводнување водата од браздата се вливала во Вардар кај денешното село Стримница. Според изнесеното, со сигурност се работи за две места со исто име Точил. Едното во Горни а другото во Долни Полог. Како кај селото Теноо, така и тука, непосредно над селото Стримница на падината од Сува Гора има, сочувано остатоци од непозната раселена населба. Кога постоела оваа населба, Стримница не постоела. Таа е формирана во првата половина на 19 век, од доселеници од пределите на денешна Албанија.18 Бидејќи, во описот на границата се потенцира дека границата по Вардар одела се до Точил и Тетовската Бразда, а водата од Тетовската Бразда се вливала во Вардар кај непознатото раселено село. Јас сега се определувам непознатата раселена населба над Стримница е нашиот баран топоним Точил. Во случајов и ова име се однесува на село кое набрзо по записот е раселено. Од ова произлегува дека записите во Повелбата се однесуваат на две независни села со исто име. Во поткрепа на определбата дека раселената населба била Точил, ни се сочуваните остатоци од Тетовската Бразда која се користела се до првата половина од 20 век, кои се наспроти Стримница односно раселеното село, Точил. Размислувањата на некои истражувачи дека Тетовската Бразда течела од кај Тетово кон Речица е не основана. Прво, низ Речица течела, а и денес тече Речичката Река па немало потреба од додатна бразда. Второ селото Речица со блиската околина е во подножјето на Шар Планина, па теренот не овозможува водата на
Ј.Ф.Трифуноски.Полог, с.д.423.
18
17
браздата да тече кон Речица. На основа на ова и размислувањето за Точил да се наоѓало кај Речица или Тетово е неприфатливо. СРЕДНОВЕКОВНОТО СЕЛО КРПЕНЕ Е ДЕНЕШНОТО НЕПРОШТЕНО Во Кралските повелби од 14 и 15 век се споменува село Крпене. Меѓутоа, денес село со вакво име нема, па научните работници си даваат разни претпоставки каде би можело да се наоѓа ова село. Ова беше повод да се анализираат сите записи каде се споменува Крпене и каде би можело да се наоѓа. Истовремено започна да се размислува дали селото Крепене е раселено или му е променето името. Проучувајќи ги записите, Крпене за прв пат се споменува во Душановата Трескавечка повелба од 1334/45 година, со која од Полог метохот Крпене со воденици, ниви, лозја, ливади и планина се подарува на Трескавечкиот манастир. Od Poloz7 metoh[ Kr[pen[ s[ vod7nix[9 i s[ vinogradi i s[ nivi9m[ i s[ vs7emi pravinami 9go щo priloжi svetopoxivшii kral[ za duu si.19
Од изнесените први податоци се разоткрива дека Крпене било метох (манастирски имот), а не село. Потоа не дава никакви податоци каде би можело да се наоѓа тој метох, освен дека е во подножје на планина, низ местото тече река, има воденица и се наоѓа во Полог. Овие податоци можат делумно да ни помогнат при одредување на местоположбата каде се наоѓал метохот Крпене. Податокот дека повелбата била преземена од светопочинатиот крал, за нас во случајов не е од значење, бидејќи сега се бара местото каде се наоѓало Крпене.
19
Б.Петровски, с.д. 130.
18
Втората повелба што го споменува Крпене е од 1342/1343 година, односно десет години по Првата повелба, исто така напишана од крал Душан. Со оваа Повелба фактички кралот го потврдува подарокот за Трескавечкиот манастир објавен со Првата повелба. Во оваа Повелба записот е поцелосен и појасен. Имено сега Крпене се споменува како село со имот, црква св. Никола, потоа ниви, лозја, население, воденици, како и црква соѕидана во Тетово од поп Михаил на крпенско место:...selo v[ Poloze Krypeno metoh[ Svet[ Nikola щo priloæi svety kral[ s[ niv9m[ s[ vinogradi s[ l0dmi, s[ vod7nici9m[ i s[ r7ku cr[kov kako s[htisa pop[ Mihailc[ v[ Ht7tov7 na kr[pen[sc7 m7st7.20
Знаејќи дека во Непроштено нема црква посветена на Св.Никола21 се заложив во јули 2018 година да го посетам Непроштено на кое се сомневав дека е некогашното Крпене. Се распрашав дали во селото има предание дека некогаш имало црква св. Никола. Со тоа би се потврдило или отфрлило мислењето на Петрушевски од 2009 година22 дека некогашното Крпене е денешното Непроштено. При посетата и во разговор со мештаните: Војо Гогоски, браќата Спасо и Ане Јосифоски и Павле Чупринa, беше одговорено дека нема предание за некогашно постоење на црква Св.Никола. Меѓутоа, ми беше кажано дека постои место наречено Црковен Орман. По желба на авторот Петрушевски, во придружба на Војо и Спасо со моторно теренско возило во сопственост на Војо, го посетивме местото Црковен Орман. Поаѓајќи од патот ТетовоЈажинце по таканаречениот Среден Пут крајно запоставен и тешко прооден по изминатите 800 метри стасавме на местото Црковен 20
Исто, 132. И.Петрушевски, с.д. 46. 22 Исто, 46. 21
19
Орман. Според катастарската евиденција местото зафаќа површина од 30472 m2 и се води како општонароден и приватен имот под к.п. 2062 на К.О. Непроштено. Дел од овој простор е мочурлив, а дел е со обработливи ниви и не оддава впечаток дека тука некогаш имало црква. Трагајќи по истражувањата на Трифуноски од 1948 година забележав дека во соседното село на Непроштено, Џепчиште, Трифуноски забележал дека има предание за разурната црква св. Никола23. Сега авторот го посети и ова село. Во разговор со џепчиштанецот Гоце Спасоски ми беше потврдено дека во југоисточниот рамничарски дел на атарот на селото во локалитетот Сибинов Орман кај што поминува железничката линија ТетовоСкопје завртува од југоисток кон исток и прави кривина. Тука кај кривината се наоѓала црквата св. Никола. До неодамна на денот посветен на св. Никола, џепчиштаните го посетувале светото место и раздавале – делеле храна за починатите. На 200 до 300 метри кон исток од овој локалитет се наоѓа атарската граница меѓу Непроштено и Џепчиште. Понатаму атарската граница на Непроштено продолжува кон југозапад до атарската граница на село Требош. Пред седум века црквата со сигурност припаѓала во атарот Крпене, бидејќи тогаш селото Џепчиште не се споменува во Повелбите, Бревното и турските документи од 1452/53 година, а се спомнуваат сите соседни села на Непроштено- Крпене: Порој, Требош, Једоарце. Втор непобитен податок, дека св.Никола припаѓала на Крпене а не на Џепчиште, ние податокот што во Трескавечката Повелба за 23
Ј.Ф.Трифуноски, Полог. Београд, 1976, 336.
20
подареното Крпене, покрај црквата св.Никола и другите имоти се споменува река и воденица. Меѓутоа, во Џепчиште нема река па не може да има воденица. Во тој случај, Џепчиште со црквата св.Никола и другите имоти било соединето кон Крпене, како што е забележано во Повелбата. Затоа, Џепчиште не се споменува во Повелбите, Бревното и првите турски пописи. За прв пат Џепчиште се споменува во 1455 година во описот на Иса-бег Исаковиќ. Оддалеченоста на некогашната црква од Џепчиште и Непроштено е речиси подеднаква. Џепчиштаните до местото доаѓаат по североисточниот пат од селото кај што денес е млекарницата Сентис Аг–Алпи, а непроштенчаните по Масларскиот, односно Лешочкиот пат. Црквата била на местото каде што се вкрстувале двата пата. Од описот на местоположбата можеме да заклучиме дека споменатата црква св. Никола во Трескавечката повелба се однесува токму на оваа црква. По издавањето на Третата трескавечка повелба следи возобнова на Тетовската црква св. Богородица од крал Душан кој и подарува повеќе села, ниви, лозја, односно имоти. Истовремено на Тетовскиот манастир и од полошкото население се подаруваат ниви за гроб или душа. Меѓу подарените села на Тетовската црква од кралот Душан се подарува и селото Крпене со сите негови меѓи и права, но нема податоци каде би се наоѓало селото. Selo Kr[pena s[ vs7ki megami i pravinami.24
24
Д.Синадиноски, с.д.15.
21
Од крал Душан пак се споменува селото Крпене заедно со доселениот властелин Прибец со црквата св. Ѓорѓија неговото семејство, послугата, доселениците, местото, водениците, ридот и со сите меѓи да и припаднат на црквата: I selo Kr[pena qo priloæi kralþv[stvo mi Svetoi Bogorodici ht7tov[skoi Pribca s[ crkovi0 Svetûm[ Georgy9m[ s[ rodom[ i s[ dvorÿni s[ l0dmi qo 9 priselil[ Pribc[, s[ m7stom[ i s[ vodenicami, s[ wgradi9m[ s[ s7okosy, s[ livadami s[ br[dom[, s[ vs7mi megÿmi i pravinami.25
Токму ова е уште еден од неколкуте факти што во Непроштено постои црква св. Ѓорѓија и неа ја посетивме. Таа била разурната и возобновена врз старите темели во 1969 година. Таа се наоѓа во југозападниот краен дел на селото или на 420 2’ 25’’с. г. ш. и на 210 0’ 27’’ и. г. д или северозападно од новоизградената фабрика Renofix. Непосредно од црквата се издига ридот со лозјата, а од југоисточната страна се ливадите и сенокосите. На североисточната страна од црквата, на оддалеченост од околу 800 до 1000 метри е реката на која биле изградени водениците. Има уште еден запис во Бревното за Тетовската црква каде што се споменува нива Монохор и заменета за лозје во местото Глобица од местото Могилица до Крпенскиот пат и надолу до попречниот пат: Niva Monohor[ щo kupihom i m7nismo u Globice za vinograd wd Mogilice do puty kr[pen[ska, i dolu do pr7xnoga puti.26
Според овие податоци можеме да се определиме дека тој локалитет се наоѓал источно или северно од селото Требош. До овој заклучок поаѓаме од следниве факти. Низ Требош поминувал патот што доаѓал од соседното Крпене и локалното население го 25
Споменици, lll, 317 чл.24. Исто, 284, чл.7.
26
22
викал Крпенски пат, а денес е познат како Масларски пат27 кој поаѓа од Непроштено. Во 14 век патот се викал Лешки пат кој поаѓал од Лешок преку Крпене, Требош, Велгошт, Палатица, Млачица, Сараќино итн. Второ, во околината на Требош има топоним Тумба со археолошки остатоци споменати во Бревното како Могилица. Трето, во полето на Требош има топоним лозја 28, а денес се ниви, лозје од ова место кое било заменето со нива. Имаме уште еден непосреден факт споменат во Бревното во чл.22, за купена нива во Требош до Поројскиот пат 29 што го поврзувал Требош со другото соседно село Порој, како што е Крпенскиот пат што го поврзувал Требош со Крпене. Четвртиот доказ ни е топонимот Равче што се наоѓа лево и десно од патот Тетово-Јажинце со дел во атарот на Непроштено, а дел во атарот на Лешок. Имено во Бревното стои купена нива и подарена на Тетовската црква од калуѓерката Добраја за 11 перпери од оревот крпенски па се до браздата што го сече патот: Niva koupl9na øwt[ Dobra9 kalogerice za 12 perper od wraha kr[pen[ska dori gde se sta9 put[ i brazda.30 Според описот на меѓите нивата што заземала простор од Крпенскиот орев од каде што започнува топонимот Равче, лево и десно од споменатиот пат кон Лешок, до местото каде што водата од Лешочка река со бразда го пресекувала патот за наводнување на нивите покрај патот во Долно Равче. Ако етимолошки го анализираме топонимот Равче се доаѓа до заклучок дека името доаѓа од зборот орев, односно од крпенскиот 27
И.Петрушевски, Н.Петрушевска, Зборовник на топоними на североисточниот дел од Долни Полог. Скопје, 1999, 65. 28 Исто, 70. 11 Споменици III, 287 чл.22. 30 Исто, 283 чл.3.
23
орев спомнат во Бревното. Сличен феномен имаме и на други места.31 Потпирајќи се на топонимот Равче, патот и браздата, извлекуваме заклучок дека Крпене било соседно село на Лешок, а тоа е денешното Непроштено. Следниот документ каде што е забележано селото КрпенеКрпење се турските документи од 1452/53 година32 каде што Крпене има 28 семејства, двајца неженети, потоа данок за четири воденици. Во пописот за селото Иса-бег Исаковиќ од 1455 година33 селото пак се спомнува како Крпење со 28 семејства и двајца неженети. Во пописот од 1467-68 годинa34 селото е со 25 семејства и двајца неженети. Меѓу другите даноци селото било оданочено и за една воденица. Овој попис е воедно и последниот документ каде што се споменува селото Крпене. Во следните турски пописи од 1568/69 година селото Крпене не се споменува. Научните работници што ги проучувале повелбите се на мислење дека селото се раселило и како такво исчезнало и даваат неколку неодржливи претпоставки каде тоа се наоѓало во рамничарскиот дел кај Млачице, кое било блиску Желино. Во Повелбите каде што се споменува Крпене се наведуваат планина и воденици како и во турските документи. За да постои воденица на едно место потребна е висинска разлика на теренот за да се создаде воден притисок кој би го вртел погонското тркалотурбината на воденицата. Кај Млачице или Палатица каде што е рамнина технички не е можно да се создаде воден притисок, а освен тоа таму нема планина. Од изнесеното гледаме дека не е поддржана претпоставката Крпене да се наоѓало во рамничарскиот 31
Љ.Станковска, Македонска ојконимија, книга прва. Скопје, 1995, 283. Турски документи... Од XV век, 1452/1453. Том lll.Скопје, 1976, 115. 33 H.Sabanovic, Kraishte Isa-Bega Isakovikja. Sarajevo, 1964, 88. 34 Турски документи, Том lll. Скопје, 1971, 337. 32
24
дел на Полог кога во Повелбите за имотите на Крпене се споменува планина-рид. Интересно е тоа што многу од научните работници што ги проучувале повелбите не споменуваат за можна промена на името Крпене. Такви села во Полог има, од тоа произлегува дека селото Крпене би постоело и денес но со друго име. Според турските документи од 1568/69 година35 не се спомнува селото Крпене, а за прв пат се споменува село Непроштено на страна 267, со 22 семејства и три бенаци (семејства со помал имот). Потоа на страна 280 се споменува мезра- имот што го имало селото Речане во селото Непроштено (или Петрушјани). Меѓутоа, преведувачот и редакторот на документите М. Соколоски не дава никаква забелешка и коментар, од каде дошол до името Непроштено и Петрушјани како второ име на Непроштено. Ако мислел дека е тоа старото име на Непроштено ние би рекле дека во сите претходни турски документи името Петрушјани не е споменато и не може да биде старото име на Непроштено. Ние би се определиле дека името е патроним на војнухот Петрашин Николин споменат на страна 267, или некое друго лице евентуално име од Речане кој го имал имотот во новоименуваното село Непроштено, па како појаснување го дава името Петрушјани но и Петрујшани повеќе не се споменува. Од ова може да заклучиме дека името е променето некаде околу 1560 година. Дека Непроштено имало некое друго име е преданието кое и денес се негува и пренесува на помладите генерации од жителите на Непроштено. Меѓутоа, никој не го знае старото име на селото, па сега се прашуваме како дошло до името Непроштено. За 35
Турски документи за Скопски санџак. 1568/69 год. Том Vl, кн.l. Скопје, 1984, 280 бр.33.
25
појаснение ќе го изнесеме џепчишкото –предание кое наликува на легенда. Според неа за време на турското владеење имало некое насилство врз жителите на нивното село. За да се заштитат селаните се скриле во орманот на денешна Душогубица што се наоѓа во рамничарскиот дел на Непроштенскиот и Ратајскиот атар. Меѓутоа, биле предадени од некој жител на сегашното село Непроштено. Повеќето биле погубени и таму погребани. Тие што успеале да побегнат го проколнале предавникот „да му биде непросто до век“.36 Така Крпене го добило новото име Непроштено. Местото каде што биле отепани џепчиштаните го нарекле Душогубица. Според Станковска името Непроштено е од патронимско потекло37. Непроштенчани знаејќи ја клетвата за нивното и срамното предавство на џепчиштани. За да ја избегнат таа анатема непроштенчани 1931 година го менуваат името на селото во Андрејево кое име се задржало до 1941 година.38 Од изнесените податоци за црквите, топонимите, ливадите, лозјата, водениците, сите што ги има во Непроштено како и преданието за променетото име за село Непроштено, можеме слободно да се определиме дека средновековното име Крпене се однесува на денешно Непроштено.
НЕПОЗНАТОТО СЕЛО БРОД ВО ДОЛНИ ПОЛОГ Е ДЕНЕШНОТО ЈЕГУНОВЦЕ
36
И.Петрушевски, Исчезнати, с.д.15. Љ.Станковска, с.д.131. 38 Село Непроштено код Тетова на које је бачена анатема пред 300 година, променило је име у Андрејево. Време, 5.l.1937, 5. (Дневен весник). 37
26
Името Брод во старословенскиот јазик означува патен премин преку планински превои, премин од една геоморфолошка форма во друга, од клисура во рамнина, како и пат кој со мост преминува преку река, па мостот се вика брод. Доколку кај планинските превои и речните премини има населба таа го добивала името брод39. Вакви примери има повеќе, ние ќе ги спомнеме само двете села во Полог кои се наоѓаат високо на Шар Планина. Едното е во Tетовскиот предел, другото во Гостиварскиот. Научните работници кои ги проучувале Кралските повелби за Полог и селото Брод, меѓу себе се поделени. Селишчев и Груиќ, се на мислење дека имало уште едно село со име Брод. Тие според редоследот на подарените села на Хтетовскиот манастир: село Хтетово, село Храштани, село Гари, село Млачице и Селиште Брод40. Селиштето Брод подоцна село Брод го лоцираат близу Вардар, кај што се влива Хтетовчица – Пена.41 Второ, Груиќ прави грешка што реката Хтетовчица ја нарекува Тетовска Бистрица42, кое име никогаш пред тоа и по тоа не е споменато. Оваа грешка на Груиќ ја преземаат: Ј.Трифиноски, Л. Славева и Љ.Станковска, во своите трудови. Л.Славева, Љ.Станковска и Ј. Трифуноски не го прифаќаат предлогот на Селишчев и Груиќ за селото Брод, па даваат свој предлог, дека селото Брод од повелбите го поистоветуваат со селото Бродец, високо на Шар Планина.43
39
Љ.Станковска, с.д.25. Споменици III, 311,312. 41 А.Селишчев. Полог и его болгарское население. Фототипно издание. София, 1981, 94; Грујић, с.д.47. 42 Исто, 45. 43 Ј.Ф.Трифуноски, Полог. Споменици III, 312, забелешка 16. 40
27
За да ја откриеме правата вистина за селото Брод, каде се наоѓало, ќе изнесеме четири члена од Повелбите каде се споменува селото Брод. Seliùe Brod[ s[ r7kom[ i loviùem[ dane meteha niktore t[k’mo Bogorodica Ht7etov[ska jako utixe u Velikou nik’to dane vlage ni vadity ni mlina postavity t[kmo komu cr[kv[ podast[ ili zam7nii.44
Селиште Брод со реката и ловиштето притоа се забранува користење на водата од реката до нејзиното вливање во Вардар без одобрение или замена што ќе ја направи Црквата. Анализирајќи ги овие податоци и течението на реката Хтетовчинац-Пена, од нејзините извори каде што се формира, па се до вливањето во Вардар, меѓу селата Сараќино и Фалише на целиот свој тек, Пена поминува низ селските атари на: Бродец, Лисец, Гајре, Храштани, Селце, Мел, па и градот Тетово. Текот на Пена со своето корито може да се подели на горен и долен тек. Горниот тек започнува високо на Шар Планина и завршува кај Тетово. На овој дел, реката со своето корито длабоко е всечена во падината на Шар Планина. Просторот на овој дел е планински со шуми и ливади, кои немаат потреба од наводнување и правење засеци. Долниот тек на Пена, започнува од Тетово па се до нејзиното влевање во Вардар, во атарите во селата Сараќино и Фалише. На овој дел, просторот е со ниви и ливади кои, имаат потреба за наводнување. Во повелбата за селиштето Брод со реката кое било подарено на Хтетовскиот манастир стои, не можело да се зема вода од реката и лови (риба) и прават воденици на целиот нејзин тек. Меѓутоа, на овој дел се наоѓала Тетовската бразда, која земала вода од Хтетовчица-Пена и поминувала низ 44
Споменици III, 312 чл.VI.
28
Тетовското поле Кљукоо, потоа низ Брвеничкото и Фалишкото поле. Во зимскиот период кога немало потреба за наводнување, водата се вливала во Вардар кај селото Стримница (поопширно за Тетовската Брзада, види овде во текстот за Лесковјане). Второ, во повелбата на крал Стефан Душан за црквата св. Богородица Хтетовска од 1343 година во член 545, кога се зборува за селото Млачице, стои како исходи поток од Хтетовчице и где утуче у Велику- Вардар што е спротивно од содржината на член 6. Трето, не е можно забраната за изградба на воденици, ловење и наводнување да се однесува на Хтетовчица која поминува низ повеќе селски атари и градот Тетово каде дел е планинска а дел рамничарска река, па може да се размислува, забраната за земање на вода за наводнување и ловење риба да се однесува на некоја друга река а не на Хтетовчица. По записите за селиштето, Брод, следи записот во Бревното за Хтетовскиот манастир кога dva komata nive щo kupi ikonom[ Maei u Miùata wd Mela za 12 perper jedna na Brodci i do popa Vlada nive i do puti a druga Nikoforovci do Bodriga i do pui pr7mo Kalemou i do Gumniщ[.46 Два дела од нива што ги купил економот
Матеа од Мишат од Мел за 12 перпери еден над Бродци (мостот) и до попот Влада, втората нива е до патот и Никифоровци до Боудрига и до патот кон Кленоу и до Гимништето. Овде немаме никакви податоци за селото Брод, туку се споменува Бродци а се однесува на Старожелинскиот Мост на Вардар. Ова може да го поткрепиме со споменатата нива Никифорова при подарокот на селото Млачице на Хтетовскиот
45
Исто 312, чл.V. Исто, 296 чл.67.
46
29
манастир, која се наоѓала близу Бивол Брод47 ( Старожелинскиот Мост). Третиот податок за селото Брод се наоѓа во Душановата Повелба за Призренскиот манастир св. Архангел Михаил од 1348 година. Со оваа повелба на манастирот се подарува тетовското село Селце, па се опишува и атарската граница. …i niz br[do na r7ku i niz r7ku gd7 se ob7r7c7sta9ta pod Brodcem[.48 Низ ридот до реката Пена и по реката до составот на двата потока под Бродец. Овде гледаме, дека границата допирала се до селото Бродец на Шар Планина, меѓутоа, претходно видовме дека ова село не може да се однесува на подареното село Брод на Хтетовскиот манастир, со член 6. Четврти податок за селото Брод го имаме во Хилендарската повелба, со која Хтетовскиот манастир со целиот имот и селата, се подарува на Хиландарскиот манастир. Од селата се споменуваат: Dr7enov[c[, Brod[c[, Sedlarevo i s[ Izbicami.49 Село Дреноец, Бродец, Седларево и Избици. Од четирите изнесени податоци, за селото Брод може да заклучиме дека изнесените податоци не се однесуваат на Хтетовчица туку на некоја друга река. Исто така и селото Бродец што е на Шар Планина не може да се однесува на средновековното селиште или село Брод споменато во повелбите подарено на Хтетовскиот манастир туку на некое друго село и друга река. Сега ни преостанува да се бара друга локација за селото Брод и која е таа река што тече низ атарот на селото Брод.
47
Исто, 439 петти ред од горе. Исто, 393 чл.142. 49 Исто, 440. 48
30
За да го решиме ова прашање се послуживме со трите тома Турски документи50 за 1467/8; 1458/9 и 1546/7 година. Во трите тома на документи за Тетовскиот вилает на наше големо изненадување, регистрирано е едно дервенџиско село со име Брод, но во Скопскиот вилает. М. Соколовски кој ги преведувал овие документи, дервенџиското село Брод го поистоветувал со селото Бродец на Скопска Црна Гора. Меѓутоа, во пописот на селата за 1568/9 година за Тетовскиот вилает, за селото Врбица е забележано- селото Врбица е раселено, сега нивите ги работат жителите на селата Теарце, Отушиште, Прошовце, Подбреѓе и Бродец. Бродец и Подбреѓе биле блиски и соседни села на Врбица имале и заеднички атарски граници на нивите. Од друга страна од Турските документи село со име Јегуновце не се споменува. Друго соседно село до Подбреѓе нема освен Јегуновце, кое во случајов го носело името Бродец. Во поткрепа на ова ни се и податоците на жителите на селото Бродец дека биле дервенџии што се потврдува со клисурата на реката Вардар, Дервен која е непосредно до Бродец односно Јегуновце. Да напоменеме и тоа дека недалеку од јужната и југоисточната страна на Јегуновце, тече реката Вардар. Тука во Вардар се влева реката Бистрица која тече низ атарот и селото Јегуновце, односно Брод. Реката Бистрица по својата големина е трета река во Полог по Вардар и тетовската река Пена. Со сигурност можеме да потврдиме дека реката Бистрица (денес Теаречка Бистрица) е фактички безимената река што се споменува во Хтетовската грамота, на која не смеело да се прават 50
Турски Документи 1452/53, Скопје, 1976, 248; 1467/68. Скопје, 1971, 476; 1568/69. Скопје, 1984, 305.
31
воденици, засеци за наводнување и ловење риба. За да не дојде до забуна, на реката има топоним воденица, а остатоци и фосилни траги од воденица нема сочувано. Веројатно воденицата била во турскиот период и по раселување на Брод, немало потреба од водениците и тие биле разурнати и теренот расчистен. Полог поминувал средновековниот пат кој за тоа време претставувал магистрален пат Скопје- Драч.51 Патот низ Дервенската Клисура тогаш па и денес патот постои и се наоѓа од левата страна на реката Вардар, бидејќи коритото на Вардар со десниот брег е во допир со падините на планината Жеден. Патот напуштајќи ја клисурата, поминува меѓу селата Нераште и Брод – Јегуновце. Кај селото Јегуновце- Брод, патот поминувал од неговата североисточна и северна страна, потоа поминувал преку безимената река односно Бистрица, за да продолжи кон селото Подбреѓе и понатака низ Полог. Во случајов, патот не поминувал преку Вардар туку преку Бистрица на која река имало брод-мост. При моето прво истражување за исчезнатите села во Полог, бев на мислење дека патот со мостот поминувал преку реката Вардар. Местото каде што бил мостот се вика Стар Мост кој веќе го нема. Сега кога повторно се навратив на ова истражување, дознав дека тој мост служел за жителите на Јегуновце, за одење кон старите напуштени гробишта. Бидејќи патот преку бродот-мостот, бил важен за трговците и обезбедуван од дрвенџии, селото го добило името Брод по мостот на реката Бистрица и по Стариот мост што одел за гробиштата или по напуштање на клисурата патот продолжувал низ полето на Полог.
51
Г. Шкриванић. Путеви у Средновековној Србији. Београд, 1974,98; Б.Петрровски, с.д.54.
32
По записите во турските документи од 1567/8 година, селото Брод повеќе не се споменува. Повеќе од сигурно е дека дервенџинското село било целосно раселено. Во прилог на раселувањето ни е истражувањето на Ј. Трифуноски, кој за селото Јегуновце забележал дека сите родови во Јегуновце се доселени и нема староседелци. Доселените родови се доселиле во текот на 19 и 20 век и работеле на пашините имоти. Со ова се потврдува дека селото се раселило, но не знаеме кога, а со тоа старото име на селото е заборавено. Реално и очекувано е на доселените жители да не им е познато минатото на селото. Интересно е тоа, како не е сочувано предание за местото на соседното село Подбреѓе. Најстариот пак доселеник во Јегуновце, бил од раселеното соседно село Пештер. Пештер се наоѓало од другата страна на Вардар, во подножјето на планината Жеден. Од другата страна пак, во Подбреѓе било сочувано преданието за раселените соседни села Злокуќани и Бистрица. Како и кога се појавило името на селото Јегуновце, ќе биде следното истражување.
СТАРО ЖЕЛИНО Старо Желино е старо средновековно село, кое повеќе пати директно или индиректно се споменува во Кралските повелби од средината на 14 век за подарени имоти или дарителите биле од старо Желино. Исто така, Желино се споменува и во Турските документи. За разлика од неколку села што исчезнале, Желино се одржало до денес. Меѓутоа, забуна прават податоците Старо Желино, стар Желински Брод и Желино. За да би ги разјасниле 33
записите со овие податоци од Бревното за Хтетовскиот манастир и Кралските повелби што се однесуваат за селото Старо Желино, ќе ги изнесеме сите записи што се содржат во нив. Во Бревното, Желино се споменува шест пати, со следната содржина на записите. Во членот 21 во Бревното, стои: Pole qo dade gospodin[ kral[ wt[ Staroga Broda жeleiskoga kako zahodi put[ wt[ Ht7tove i gor7 do L7шkoga puti qo zahodi k[ r7c7; i nad[ Mlaxicami monohorav[ qo 9st dal Varnava wt[ zakutÿ do L7шka putы i do Krouшice i do r7ke Ht7tove.52
Полето што го даде господинот крал од Старо Желинскиот мост и патот што оди за Тетово и нагоре до Лешкиот Пат што оди до реката над Млачице (и нивата) Монохор што ја дал Варнава од кривината до Лешкиот Пат и до Крушице и Тетовската река Пена. Во следниот член 23 се подарува Niva pod L7шkim[ putem[ i niz[ drugi put[ kako ide wt[ zgora qo dade Branilo ot[ Жelina za duшu do kupenice Stankove i do Г0rine.53 Нива од Лешкиот Пат и до
другиот пат што доаѓа од горе, што ја подарил Бранило од Желино за душа до купените Станкова и до Ѓурината (нива). Со членот 24, се подарува Niva nad L7qc7m[ putem dana od Roba od Жelina do kupenice Dragomanove i do Velimirovo.54 Нива над Лешкиот Пат подарена од Роба од Желино што се наоѓа до купените Драгоманови и Велимировиниви. Потоа, со член 31 Niva od Nikiforovci qo dade Vladimir[ za grob[ niz[ Sopotnikovó nivó Kraseve od Жelina.55 Нива од Никифоровци што ја подарил Владимир за
гроб од Желино кај Сопотниковата и Красева. Во член 32 стои Pole qo priloжil gospodin[ kral[ tako i s[ livadom[ њt[staroga broad жelinskoga na dób[ Veliki i do staroga puty pravo na dubc[ do 52
Споменици III, 287, чл.21. исто 287 чл.23. 54 исто 287 чл.24. 55 исто 288 чл.31. 53
34
pr7xkoga puti.56 Подарено поле со ливада од Старожелинскиот
Мост кај големиот даб и до стариот попречен пат кај дабот. Член 53 Niva Tr[st7nica od Nikiforovci i s[ livadom[ bliz[ Vladimirove nive qo 9st[ Krasev[ unuk[ Dmitr[ wt[ жelinа za grob[ i za potstrig[.57
Нивата Трстеница кај Никифоровци и ливадата близу Владимировата нива ја даде Красевиот внук Димитар од Желино за гроб и потстриг. Подарени ниви забележани во Кралската Повелба: Selo Mlaxice s[ vs7mi megÿmi i pravinami i s[ mlinы i pol9 qo priloжi Kral9vstvomi pored[ Mlaxic[ wd[ Staroga broda жelinskoga s[ livadami kako ishodi potok[ њt[ Ht7tovqice i gd7 ut7xe u Veliku.58 Селото Млачица со сите меѓи и права и воденицата со
полето што го дал кралот покрај Млачица од Старожелинскиот мост со ливадата од кај што излегува потокот од Тетовската река Пена до кај што се влива во Вардар. Со членот 25 Selo Staro Жеlыn9 i cr[kov[ wt[ n9m s[ vodenixn9m[ s[ nivi9 vodami s[ s7nokosi s[ br[dom[ i s[ vs7mi pravinami.59 Старо Желино со неговата црква,
воденицата, нивите, сенокосите, ридот со сите права. Со Хиландарската Повелба I Staroga Жelina polovina s[ megÿami i s[ cr[kv0.60 И пола од Старо Желино со меѓите и црквата. Од сите изнесени записи, се работи за подарени ниви и ливади од кралот Душан и од поедини жители од селото Старо Желино за душа и гроб. Сите подарени имоти се наоѓале лево од Вардар и нагоре покрај Млачице во правец Кон Тетово. Од лево била реката Хтетовчица – Пена, а од десно сега напуштениот Масларски или
56
исто 288 чл.32. исто 293 чл.53. 58 исто 312 чл.5. 59 исто 317 чл.25. 60 исто 440. 57
35
Рупин пут. Подарените имоти завршувале кај Попречниот или среден пат што поаѓал од Фалише до Велгошт. Селото Желино се наоѓа источно до Тетово на 8км, на западната падина од Сува Гора. Со територијалниот развој, селото по падината на Сува Гора се спуштило се до десниот брег на реката Вардар. Најблиско соседно село му е Сараќино кое е лево од Вардар. Што се однесува до најстариот дел на селото или Старо Желино, тоа се наоѓа во крајниот југозападен дел од селото. Местото на селото денес се вика Старо Желино. Денес тука се наоѓа најстарата џамија од Желино каде што претходно се наоѓала црква. Тоа се потврдува со топонимот Киша (црква), како што денес се вика ова место. Историски не е потврдено во пределот на селото Желино и поблиската околина да имало топоним Ново Желино. Придодадената придавка, старо на едно село во Долни Полог има уште на три места. Првото е Старо Село кај Вратница, второто старо село било северно од Тетово, во коритото на Пена, соседно село на Селце и третото село исто така било во коритото на Боговинска река61. Веројатно овие села се најстарите села во нивната околина. Таков е случајот и со Старо Желино па затоа му е придодадена придавката Старо. Со тек на времето придавката Старо е изгубена. Сочувано е само на еден дел од Желино како маало. Во средината на 14 век, соседно село на Старо Желино било, сега исчезнатото село Млачице.
61
Ј.Ф.Трифуноски. Села кои сега не постојат во Полог. Годишен зборник КН.2 Скопје, 1949, 167.
36
СТАРОЖЕЛИНСКИ МОСТ-СТАР ЖЕЛИНСКИ БРОД ИЛИ БИВОЛ БРОД Непосредно од западната страна на селото Старо Желино, се наоѓа реката Вардар. Таа како река претставувала природна препрека на жителите од Старо Желино, да ги обработуваат нивите што им биле од другата страна на Вардар. Потоа, жителите на Старо Желино не можеле да одржуваат врска со најблиското село Млачице, Тетово и другите полошки села. Вардар, претставувал препрека и за патниците што доаѓале од Скопје, низ Скопскиот Дервен и продолжувале за Драч и за другите полошки села. За да би била совладана оваа речна препрека, жителите на Старо Желино, Млачице и некои други околни села, заеднички на Вардар изградиле дрвен мост. Според преданието, мостот бил направен од дебели костенови стебла што се најотпорни и издржливи во вода. Преку него се минувало и со запрежни возила и бил единствен таков мост во овој дел на Вардар. По некое непишано правило, на разновидни објекти, знаменитости и забележителни настани си добиваат и свои имиња. Вообичаено е, имињата да ги даваат жителите на околните села. Таков е случајот и со овој мост кој е наречен Стар Желински Брод, според селото каде се наоѓа. Автохтоно население никогаш не дава име по своето село на забележителни објекти туку си даваат свое име. Таков е случајот и со Желинскиот Мост, кој го викале Бивол Брод62, по биволите со кои ги носеле костеновите стебла за мостот од падините на Шар Планина. 62
Бивол е вид на црно говедо со криви рогови, спуштени кон вратот. За време на летниот период биволите не можат да ги поднесат високите температури па се ладат во млачиштата. Таков бил и случајот со биволите од Старо Желино кои се ладеле во млачиштата на левиот брег на Вардар или јужно од селото Млачице. Во
37
Ова име дека се однесува на Желинскиот Мост, ни потврдуваат пропратните податоци за селото Млачице. Имено, Mlaxice s[ zemlom[ qo 9dal[ svetы kral[; a megÿ zemli toi wd[ Nikoforca kako gleda put[ naњpogor pr7z (k) livadu od Kral9vu Pek[ i u Bivol[ Brod[.63 Со овој член од Повелбата, за подареното
село Млачице со се земја чија меѓа на таа земја (поаѓала од нивата) Никифорица како од патот нагоре на ливадата Кралска Пржина и Бивол Брод. Знаеме од другите членови на Хтетовската и Хиландарската повелба, дека селото Млачице и нивата Никифорица се во близина на Старо Желинскиот Брод. Затоа сме на мислење дека името Бивол Брод се однесува на истиот мост. Името Бивол Брод се споменува уште два пати, во Втората и Третата трескавечка повелба. Податоците од двете Повелби, се преземени од трудот на Б. Петровски.64 Во Втората повелба е забележано I do careva druma ko(i) ide њd[ Palatic[ na Bivol most. Податоците од Третата Тресkавечка Повелба, речиси се повторуваат со податоците од Втората Tрескавечка Повелба. I do careva druma ko(i) ide wd[ Palatic[ na Veliku и Царевиот пат кој оди од Палатица за Вардар. Споредувајќи ги двете Повелби, може да се рече, дека едната со другата се дополнуваат. Имено, во првиот случај, патот одел до Бивол Мост, во вториот случај патот одел до Вардар. Во двата случаја, патот се споменува до Вардар односно мостот на Вардар. Понатаму, патот продолжувал до Скопје низ Скопскиот Дервен. Фактички Царскиот пат со Скопскиот пат се вкрстувале во Млачице. Меѓутоа, овде се споменуваат Вардар и попладневните часови целото стадо на биволи преку мостот биле терани по домовите на Старо Желино. Но тоа не значи дека преку мостот минувале само биволи. Некаде по 1970 година, на реката Вардар низводно од млачиштето започнало да се вади песок и нивото на Вардар е спуштено за еден метар, а млачиштата пресушиле. 63 Споменици III, 439, 5 ред од горе. 64 Б.Петровски, с.д.137, 57.
38
Бивол мост односно Старожелинскиот мост како помаркантни патни обележја. Со изградбата на Камениот мост во почетокот на 19 век, мостот го изгубил своето значење. Го користеле само поблиските села за меѓусебна комуникација, да не прават обиколка преку новиот мост. Околу 2010 година, покрај Стариот дрвен Желински мост или Биволиот мост, изграден е нов бетонски мост. Стариот дрвен мост бил отстранет.
МЛАЧИЦЕ Средновековно село, кое неколку пати се споменува во Кралските повелби, од средината на 14 век. Денес, ова село не постои и не се знае каде се наоѓало. Научните работници кои ги проучувале повелбите, даваат неколку претпоставки, каде би можело да се наоѓа Млачице. Во пописот од 1343 година за имотот на Хтетовскиот манастир, за Млачице е запишано следното I nad Mlaxicami Monohorav[ qo 9st dal[ Varnava шt[ zakoutiÿ do L7шka put[ i do Kruшice i do r7ke Ht7tove.65 И над Млачице (нивата) Монохор што
ја дал Варнава од свиокот до Лешкот пут, Крушице, и реката Пена. Денес знаеме дека реката Пена од Тетово тече од запад кон исток и близу Сараќино се влива во Вардар. Тука се споменува и Лешкиот пат, кој бил близу Млачице, трето се споменува топонимот Крушице. Овој топоним се одржал до денес и се наоѓа западно од Сараќино. Се протега кон Тетово, до таканаречениот Среден Пут кој денес, е напуштен а поаѓал под Фалише. На југ, 65
Споменици III, 287 чл.21.
39
местото Крушице допира до левиот брег реката Пена. Со територијалниот развој на Сараќино, новоизградените куќи навлегле во нивите на Крушице.66 Денес, овој топоним во Сараќино е познат како Круше. Во катастарската евиденција овој простор е евидентиран како Рупе. Местоположбата и описот на местото Крушице од средината на 14 век, во целост се совпаѓа со денешната местоположба. Од изнесените податоци, со сигурност можеме да се определиме дека исчезнатото Млачице се наоѓало во близината на Сараќино. Истите изнесени податоци од Бревното се повторуваат во член 14, во Повелбата за Хтетовскиот манастир.67 Во Повелбата за подарени имоти од Кралот Душан на Хтетовскиот манастир во член 5 се споменува и селото Млачице, со следната содржина Selo Mlaxice s[ vs7mi megÿmi i pravinami s[ mlinы i pol9 qo priloжi kral9vstvo mi pored[ Mlaxic[ wt[ Staroga broda Жelinskoga s[ livadami kako ishodi potok[ wt[ Ht7tovшice i gd7 ut7xe u Veliku.68 Кралот на Хтетовскиот манастир го подарува
Млачице со сите меѓи и права како и полето и водениците. Покрај Млачице ја подарил и ливадата кај желинскиот мост од кај што истечува потокот од Пена до неговото влевање во Вардар. Споменатата воденица се наоѓала на потокот што истекувал од Пена и се влевал во Вардар или на потокот што бил непосредно од северната страна на селото. Овој поток и денес постои од десната страна на автопатот Тетово-Скопје, во реонот на Сараќино. Од овие податоци мижеме да заклучиме дека исчезнатото Млачице се наоѓало од левата страна на Вардар и Пена, во близината на Желинскиот мост. Подарената ливада што била од 66
Податоците се добиени од жителот на Сараќино, Благоја Савески, 2020 год. Споменици III, 314, чл.14. 68 исто 312, чл.5. 67
40
поголеми размери од сите страни била ограничена со Вардар, Пена и потокот, а југозападно од Млачице. Кралот Душан, во 1348 година ја издал Хиландарската повелба со која речиси сите села што биле подарени на Хтетовскиот манастир ги презема Хиландар. Заедно со другите села, било подарено и Млачице. Податоците за подарокот се преземени од Хтетовската повелба, со извесна промена на содржината која гласи Mlaxice s[ zemlom[ qo 9 dal[ svetы kral[; a megÿ zemli toi wd[ Nikiforca kako gleda put[ na wpogor pr7z (k) livadu u kral9vu Pek[ i u Bivol[ Brod[.69 Светиот крал го
подарил Млачице и земјата со меѓите што се наоѓаат над нивата Никифорца, Кралската ливада, патот и Бивол Мост-Стар Желински Брод. Со оваа Повелба, Млачице се подарува на Хиландар и се додаваат два нови топоними. Нива Никифорова и Бивол Брод. Топонимот Бивол мост, ни кажува дека бил на Вардар.70 Близу мостот била нивата Никифорова од една страна, од другата страна била ливадата опкружена со потокот што истекувал од Пена и се влевал во Вардар. Северозападно од мостот и нивата Никифорова се наоѓало селото Млачице. Ова е уште еден доказ дека Млачице се наоѓало близу левата страна на Вардар. Последниот запис за Млачице пак е во Хилендарската повелба, каде Млачице заедно со селата Тетово и Храштани се подарени на Хиландар. Selo Ht7tova, Hraшtani, Mlaxice s[ zemlwi[ qo priloжih.71
69
исто 439, 5 ред од горе. За Бивол Брод види фуснота 62. 71 Споменици III, 440, 3 ред од горе. 70
41
Според овие податоци и другите записи, каде се споменува Млачице и според некој редослед на подарените ниви на Хтетовскиот манастир член 4 и 5 има размислување Млачице да се бара меѓу Гари(Гајре) и Храштани од една страна и Желинскиот мост на Вардар од друга страна.72 Ваквото размислување е невозможно бидејќи Гајре и Храштани се на Шарпланинската падина, а Желинскиот мост е на Вардар. Меѓу нив е полето на Полошката Котлина. Според другите записи, со сигурност, Млачице било во близината на Вардар и Старожелинскиот мост. Гледано од денешна перспектива тоа е во атарот на Сараќино, а Сараќино се наоѓа источно од Тетово на 8км десно од патот Тетово-Скопје и лево од Вардар. Од Сараќино, Млачице било северно и јужно од ресторанот Два Фазана. Местото каде што било Млачице се вика Тумба или Млачице. На овој локалитет при обид да се гради задружен дом во 1952 година, на длабочина од 1,5м откриени се гробови и остатоци од населба.73 Според наодите, топонимот Млачице, Круша, Лешки пут, Старо Желинскиот мост-Бивол Брод, слободно можеме да се определиме дека Млачице било тука. Што се однесува до името Млачице тоа е добиено по млачиштата кои до неодамна постоеле од левата страна на Вардар и биле во непосредна близина на Млачице. Поопширно за Млачиштата види ја фуснотата бр.62. во текстот за Старожелински мост.
ХРАШТАНИ
72
Б.Петровски, с.д.146. Податоците ми се раскажани од хроничарот на Сараќино Панче Мишевски, 2008 година.
73
42
Со Кралските повелби за подарени имоти и села се споменува и селото Храштани и тоа неколку пати во еден краток временски период од 1342 до 1348 година. По оваа година Храштани не се споменува. Со тоа можеме да констатираме дека селото е раселено. Нашата цел, е да ја бараме неговата местоположба односно каде се наоѓало ова село и што се случило со него. Дадените досегашни претпоставки дека селото би можело да се наоѓа меѓу Тетово и Гајре, Гајре и Селце, Гајре и Бродец, или некаде кај Млачице или на некое друго место.74 Сите овие претпоставки се неприфатливи, од следниве причини. Просторот меѓу Тетово и Гајре што е на Шарпланинската падина е многу риден и не погоден за каква и да било населба. Претпоставката, Храштани да се наоѓало кај Млачице исто така е не прифатливо бидејќи селото Млачице се наоѓа на неколку километри оддалеченост од Тетово, близу реката Вардар односно до денешното село Сараќино.75 Споредувањето со селото Бродец и Гајре е не прифатливо бидејќи меѓу Бродец и Гајре има неколку села а Бродец е длабоко во падината на Шар планина. Лоцирано меѓу Селце и Гајре исто така е не прифатливо бидејќи коритото на реката Пена е длабоко всечено меѓу овие две села и разделено со реката Пена. За да ја откриеме вистинската местоположба на Храштани ги анализиравме сите записи каде тоа се споменува. Првиот запис каде се споменува селото се Трескавечките повелби на крал Душа од 1342-43 година. Инаку Душан, фактички ја потврдува повелбата од Милутин. Со овие повелби се подарува
74 75
Б.Петровски, с.д.141. И.Петрушевски, с.д. 2009.
43
Луциново лозје и ридот кој се наоѓаат под Храштани. Loucin[ vinograd[ pod[ Hraшtani0 i s[ br[dom.76 Според овој запис дознаваме дека селото се наоѓало на нерамен планински терен, но не се открива каде. При описот на имотот на Хтетовскиот манастир од 1343, се споменува дел од нива што се наоѓала под Храштанскиот пат, пат кој одел од Тетово-Селце-Храштани-Вејце подарена од Волксанови. Komat[ nive V[lksanove pod putem[ Hraщtan[sk[i.77
И овде како и во претходниот запи нема податок каде би можело да се наоѓа ова село. Податокот за Храштански пат, ништо не ни разоткрива, освен дека постои пат кој оди за Храштани или од Храштани. Следниот запис ни е веројатно од 1343 година со кој сега селото Храштани со меѓите и водениците се подарува на Хтетовскиот манастир. Selo Hraшtan[i s[ vs7m[ megÿmi i pravinami i s[ mlin[i.78
И од овој запис не може да се открие каде се наоѓало селото Храштани. Нов податок ни е што се споменува воденица. Од ова можеме да заклучиме дека низ селото или покрај селото течела река. Второ пак се потврдува дека селото се наоѓало на риден терен што е неминовно за вртење на воденичарскиот камен со паѓање – притисок на речната вода. Со Хилендарската повелба 1348 година, цар Душан, Хтетовскиот манастир со сите негови села и имоти ги подарува на Хилендарскиот манастир. Меѓу подарените села се споменуваат и
Б.Петровски, с.д.138. СпоменициIII, 293 чл.50. 78 Исто, 311 чл.III. 76 77
44
селата: Тетово, Храштани и Млачице. Selo Ht7etova, Hraщtani i Mlaxice i s[ zeml щo priloжih[.79 Од изнесените Четири записи каде се споменува Храштани, во ниеден запис нема податоци по кој би можело да се открие каде се наоѓало Храштани. Во 1348 година цар Душан на манастирот свети Архангел Михаил кај Призрен, од Полог го подарува селото Селце.80 Од особена важност, во случајов е што селото Селце се одржало низ вековите и денес постои. Тоа се наоѓа во коритото на тетовската река Пена и тоа на левиот брег од коритото. Од Тетово е оддалечено 4-5кm. Се наоѓа на 800 м.н.в од реката Пена е повисоко за 100м; а од Тетово е повисоко 300-350м Северозападно од селото Селце течат потоци кои се леви притоки на Пена. На нив биле изградени водениците кои се споменати во Повелбите. Според описот на атарската граница соседни села на Селце се споменуваат селата Хтетово и Храштани. Границата меѓу Тетово и Селце се наоѓала југоисточно од селце и поаѓала од реката Пена и одела по левата падина на речното корито на Пена, потоа продолжувала по суводолицата која се споменува како Црн Дол – Чr[ni Dol[ искачувајќи се до крајот на речната падина. Потоа следи падината на Шар Планина која во овој дел е вододелница меѓу Пена и Поројска река. Бидејќи од југоисточната страна е границата со атарот на Тетово, наспроти неа, односно од спротивната страна на Селце односно од северната и северозападната страна би се наоѓало селото Храштани, а меѓу нив би била селската граница која гласи: А
79 80
Исто, 440. Исто, 393 чл.42
45
со Храштани од Сопотец узбрдно до Дупен камен a s[ Hraщtani od Sopotca uz br[do na Dupni kam[i.81
Границата поаѓала исто така од реката Пена и местото кое се викало Сопотец кое место наликува на кањон со вертикално издигнати карпи од двете страни на Пена. Понатака границата продолжувала низ падината на речното корито се до спомената вододелница каде се наоѓал врвот Дупен Камен, каде што завршувала атарската граница. Интересно е тоа што името на врвот Дупен Камен се одржал до денес и е евидентиран во топографската карта Доброште 1:25 000, со висина од 1904 м, како Дупни Камен. Потоа меѓу двете села имало лозја споменати во повелбата. Денес лозја нема но останало преданието местото да се вика со топонимот Лозја.82 Од изнесените податоци со сигурност се определува дека бараното село Храштани се наоѓало североисточно од селото Селце и повисоко од него за околу 450 м, на местото викано Рамниште каде, до неодамна постоело селото Старо Село. Фактички се работи за едно исто село на кое постарото име му било Храштани. До промена на името, веројатно настанало како пофалба на жителите од Храштани во меѓусебните разговори и во разговор со жителите од околните села, постојано нагласувајќи дека нивното село било многу старо и така спонтано се наметнало името Старо Село. Во турските документи83 не е регистрирано село Храштани како и село со име Старо Село. Меѓутоа, регистрирано е селото Селце, и тоа село со три маала. Двете маала се задолжени со даноци за лозја и по една воденица. Постои можност едното од Исто Ј.Ф.Трифуноски. Полог, 352. 83 Турски документи. 81 82
46
овие маала да се однесувало на Храштани односно Старо Село кое, според повелбите имало лозја и воденици.
МЕЛ Во групата на исчезнати села спаѓа и селото Мел. За неговото постоење дознаваме од Бревното на Хтетовскиот манастир и Турските документи од 15 и 16 век. Во членот 37 од Бревното стои Niva щo 9 dal[ Dmin’ko wd Mela za duшu,84 нива што ја дал Дминко од Мел за душа на Хтетовскиот манастир. Исто така во член 67 е запишано i dva kоmata nivе щo kupi ikonom[ Maтei ou Miqata wd Mela85 и два дела на нива што ја купил од Мишета од Мел и ги подарил на Хтетовскиот манастир. Во двата записа се споменува селото Мел но нема никаков опиплив податок каде би можело да се наоѓа ова село. Селото Мел по трет пат се споменува во член 84 од Бревното на Хтетовскиот манастир со следниот запис Az[ gr7{ni rab[ Hristov[ Dimitr[Чalapiÿ Boжeiom[ i po milosti gospodina kralÿ prilожi mi se њbladati selом Melom[ i imah plisиÿst[ (соседство) bliz[ domu Matere
Boжi9
Htetovsky9,86
Јас грешни раб Христов Димитар Чалаплија и по милост на господинот крал го добил на управување селото Мел кое било близу до Хтетовскиот манастир св.Богородица. Во овој трет запис во член 84 од Бревното имаме податок каде се споменува селото Мел кое било во соседство на Хтетовскиот манастир св.Богородица. 84
СпоменициIII, 288 чл.37. Исто, 296 чл.67. 86 Исто, 298/99 чл.84. 85
47
Хтетовскиот манастир св.Богородица денес не постои и нема никакви историски податоци за неговата судбина и каде би можел да се наоѓа. Меѓутоа, во книгата Тетово во минатото87 од авторот Кузман Најденовски како современик од почетокот на 20 век ни дава извесни податоци за местото каде се наоѓала св.Богородица. според Најденовски десно од реката Пена кај што е денес црквата св.Богородица имало мал параклис, примитивно изграден со камења и покриен со камени плочи. Врз плочите имало земја обрасната со трева. Внатре можеле да влезат 2-3 луѓе. На ѕидовите имало закачено неколку стари икони. Понатака кажува, по Балканските војни 1912/13 година се вршеле археолошки ископувања и биле пронајдени икони, кандила, свеќници и друг црковен инвентар од средновековната Хтетовска црква, како и гробови. Меѓутоа овде има извесно несогласување, бидејќи на ова место во 1904 година започнала градбата на сегашната црква св.Богородица. Веројатно тогаш биле откриени иконите и кандилата за кои пишува Најденовски. Црквата била завршена 1916 година и осветена 1918 година. На основа на податоците на Кузмановски и податокот во член 84 во Бревното каде што селото Мел било во соседство на црквата св.Богородица, можеме да се определиме дека селото било од десната страна на реката Пена, каде што била и Хтетовската црква св.Богородица. Поради тесниот простор, селото било вдолж реката на која имало изградено четири воденици и со ливади и ниви по десната падина на речното корито на Пена. Втор доказ ни е што селото Мел не се споменува при описот на Атарската граница меѓу Селце и Тетово, бидејќи се од левата страна на Пена. Описот на К.Најденовски. Тетово во минатото. Тетово, 1964, 59.
87
48
границата е од 1348 година, кога крал Душан, Селце го подарил на Призренскиот манастир Архангел Михаил.(види фуснота 80 во текстот за Храштани) Според податоците од турските документи од 1468/69 година88 селото Мел имало 30-50 семејства. Во 1568/69 година селото не се споменува.
ВЕЛГОШТ И КРАЈМИРОВОТО СЕЛИШТЕ Велгошт е исчезнато средновековно село. За неговото постоење дознаваме од пописот на имотите на Хтетовскиот манастир од 1343 година. Во овој попис селото Велгошт по основ на купени и подарени ниви во Бревното се споменува четири пати и тоа во членовите 51, 52, 54 и 78. Во член 52 се зборува за купена ливада што ја купил епископот Игнатиј за Хтетовскиот манастир што се наоѓала под Велгошт и под патот, од Пардо Косте за коњ за 30 перпери. Livadu kupi Ignati99episkop[ pod Vel[goщом[ pod putem[у Parda Koste za konÿ za 30 perper89 Покрај купените ниви за Хтетовскиот манастир,
имаме уште една подарена нива под Велгошт кај Дрмановата нива, што е подарена од Франциловата ќерка за душа за 5 плугови. Niva pod Vel[goщom[ щo dade Francil[va d[щi pri Dr[manov7 niv7 na 5 plugov[90 Во првиот запис за купената ливада нема опипливи податоци кои би ни помогнале да го откриеме местото каде се наоѓало селото Велгошт освен што ливадата се наоѓала под патот и селото Велгошт. 88
Турски документи No.4, 1467-1468. Скопје, 1971, 234, за 1452/53. Скопје, 1976, 112. Споменици III, 293 чл.52. 90 Исто, 294 чл.54. 89
49
Како во првиот опис, сличен е и вториот што се изнесени овде каде се подарува нива од Франциловата ќерка на Хтетовскиот манастир што се наоѓа под Велгошт. И овде гледаме дека нема изнесен податок каде би можело да се наоѓа селото Велгошт, освен каде се наоѓа подарената нива. Од истиот продавач и од истиот купувач, епископот Игнатије од чл.52 ја купил и нивата Иловица што се наоѓала под патот и под Дреноец од Пардо Косте за 18 перпери. Niva Ilovica pod Dr7novcem[ pod putemщo kupi Ignati9 episkop[ od Pardo Koste za 18 perper.91
Претходниот запис изнесен овде, дава бледи податоци кои би ни помогнале да одредиме каде се наоѓало селото Велгошт. Бледиот податок ни е тој што овде купувач е истиот епископ Игнатиј, а продавач на нивата Иловица е истиот што ја продал ливадата под патот на селото Дреноец, Пардо Косте. Од овие податоци можеме да заклучиме, сопственикот Пардо Косте што ја продал ливадата и нивата Иловица му биле во исто поле но во атари на две села Дреноец и Велгошт. Бидејќи знаеме каде се наоѓа Дреноец, а и сега се наоѓа на истото место, а тоа е во подножјето на Шар Планина непосредно од североисточната страна на Тетово. Сега можеме да извлечеме заклучок, Велгошт би се наоѓал во полето југоисточно од Дреноец. Четвртиот запис од член 78 ни е за купената нива од игуменот на Манастирот Исаија што се наоѓала кај изворот Царев Студенец и Крајмировото селиште од Ќире Крајмировата ќерка и од сестра и Ера...и сведоците:Стрезо,Лето, Влад, Коста, поп Луев и зетот Јаниц сите од Велгошт. Niva u Careva Studenica, Kraimirovo seliщe щo 91
Исто, 293 чл.51.
50
kupi igum[n[ Isai9 u K0re Kraimirove ÷xt9re i u sestre Ere... sv7doci: Str7zo Vlad, Kosta pop L09v[ zet[ Anic[ iz Velgoш.92
Би ги споменале и купените нива и ливада за Хтетовскиот манастир од 30 замети над Царев Студенец, купени од Калојан и Грозеј за 28 перпери. Niva nad Carev7м[ Studenecem kuplѥnna њt[ Kaloÿna i њt[ Groz7ÿi s[ livadom[ na 30 zamet[ za 28 peper.93 Меѓутоа овде не се споменува Велгошт туку Царев Студенец од член 78 кој може да ни помогне да го откриеме местото каде се наоѓало селото Велгошт. Голем извор со големо количество на вода и богат со риба се до педесеттите години од минатиот век среде поле со која може да се врти еден воденичарски камен94 има во полето југоисточно од Тетово и Дреноец, поточно лево од патот Тетово-Скопје и североисточно од бензинската пумпа се вика Студена Вода.95 Друг ваков извор во поблиската и поширока околина нема, што е невообичаена природна појава, па народот поради големината на изворот симболично во средниот век го нарекле Царски Студенец. Сега со сигурност можеме да се определиме дека изворот Студена Вода фактички е изворот Царски Студенец од член 78. Во поткрепа на ваквиот заклучок ни е и дел од сочуваното име судена од средновековното име студенец. Додека името Царски со тек на времето е заменет со Вода. Втор доказ дека изворот Студена Вода фактички е Царскиот Студенец, ни се купените и подарени ниви и ливади што се наоѓале кај изворот кој е среде поле. Доколку тој бил на планинска падина или во подножје, мала е веројатноста да има ниви и ливади околу изворот. 92
Исто, 298 чл.78. Исто, 285 чл.12. 94 Исто, 294 чл.54. 95 Исто, 298 чл.78. 93
51
На просторот околу изворот Студена вода со пошироката околина, раскажуваат дека таму се наоѓало Старо Сараќино. Од дадените анализи на записите не би се согласиле со мислењето на жителите од Сараќино, туку со сигурност би се определиле дека тука се наоѓало селото Велгошт. Крајмировото Селиште се наоѓало непосредно од северозападната страна на Велгошт односно од кај Шар Планина. Од југоисточната страна било полето на Велгошт. До ваквиот заклучок се доаѓа по податоците што епископот Игнатиј, купената ливада од член 52 се наоѓала под Велгошт. Livadu kupi Ignat9 episkop[ pod Vel[goщom[.
Исто така и подарената нива од Франциловата ќерка од член 54 се наоѓала под Велгошт. Niva pod Vel[goщom[ щo dade Francil[a d[щi.96 Кога овие парцели биле во полето под Велгошт тогаш непосредно над Велгошт се наоѓало Крајмировото Селиште. Ова ни се потврдува и со сведоците од Велгошт од член 7897, дека биле соседи на Крајмировото Селиште и знаеле и сведочеле дека нивата што ја купил игуменот Исаија од Крајмировите ќерки е нивна. Напомнуваме кај долнополошкото население за географска определба и денес се употребуваат зборовите под и над нивата. Зборот под го употребуваат за места што се југоисточно од определницата односно од кај планината Жеден. Зборот над за места што се од кај Шар Планина, од каде што сите реки со својот горен тек се на Шар Планина или во нејзиното подножје и течат кон Вардар односно Жеден. Напомнувам, при моето прво истражување за Исчезнатите села во Полог, на местото каде што сега го лоцирам Велгошт, го 96
Ј.Трифуноски, Полог, 432 Тетовската управа е на мислење да го каптира овој извор за потребите на градот.
97
52
лоцирав селото Лесковјане. До ваквиот заклучок дојдов од топонимот Леске како што се вика ова селиште. Сега гледам дека ваквата моја претпоставка била погрешна.
БАНИЦ Селото Баниц најверојатно било мало село затоа што во Кралската повелба од 14 век само еднаш се споменува. Бидејќи било мало село и рано се раселило, тоа ни се потврдува што во турските документи од 15 век не се споменува. За постоењето на селото Баниц дознаваме од пописот на имотот што го имал Хтетовскиот манастир. Во член 13 од овој попис стои како Манојло од Баниц, нивата што ја подарил на Хтетовскиот Манастир се наоѓала под Черенец близу нивата Сурча од Зоја Niva pod Чer7ncem[ bliz[ Kira Zoine nive ko0 dade kуr Manoilo wt[ Banic[ na 13 zamet[.98
Во член 11 од овој попис стои Niva nad L7шc7m[ putem[ Surxa wt[ Kira zo0þ kuplena.99 Од овој и претходниот запис дознаваме дека нивата под Черенец што ја подарил Манојло се наоѓала над Лешкиот пат и до нивата Сурча од Зоја. Потоа, меѓу член 11 и 13 од пописот на имотот на Хтетовскиот манастир се наоѓа член 12 во кој стои нива на Царев Студенец купена од Калојан и Грозе со ливадата од 30 замети е купена за 28 перпери. Niva nad Carev7m[ Studencem[ kupl9na wt[ Kaloÿna i wt[ Groz7a i s livadom[ na 30 zamet[, za 30 peper.100
98
Споменици III, 285 чл.13. 284 чл.11. 100исто, 285 чл.12. 99исто,
53
Бидејќи купената нива од овој член е кај Царскиот Студенец не ни преостанува друго туку и нивата под Черенец од Манојло и нивата Сурча од Зоја да се наоѓале во истиот комплекс односно биле во меѓусебна близина. Од изнесените записи во член 11,12 и 13 како ориентири за споменатите ниви ни се Лешкиот Пат и Царскиот Студенец кој се наоѓа кај бензинската пумпа што е лево од патот Тетово-Скопје. Со цел да биде посетуван пазарот во Лешок, постоел таканаречен Лешки Пат кој поминувал кај Царскиот Студенец. На овој локалитет се наоѓале и селото Велгошт и Крајмировото Селиште. Од изнесените податоци со извесна резерва можеме да се определиме дека селото Баниц се наоѓало близу и во соседство со селото Велгошт и Крајмировото Селиште кои се наоѓале кај Царскиот Студенец.101 Манојло кој бил од Баниц му било познато за раселување на Крајмировото Селиште и дека се продаваат нивите па ја купил нивата под Черенец и ја подарил на Хтетовскиот манастир. Претпоставката на некои истражувачи дека селото Баниц се наоѓало под Лешок102 бидејќи се споменува Лешки Пат, е неприфатлива. Слично на оваа претпоставка е и претпоставката, Баниц да се идентификува со Баница103 кај Гостивар.Меѓутоа, мала е веројатноста Манојло од Горни Полог да купил нива во Долни Полог.
101Види
овде за Велгошт и Крајмирово Селиште. Средновековни населби и патишта во Полог. Скопје, 2015, 167. 103исто, 166. 102Б.Петровски,
54
ИЗБИЦИ Во групата на исчезнати села се вбројува и селцетo Избици. Тоа се наоѓало до селото Долно Седларце. За неговото постоење дознаваме од Хиландарската повелба од 1348 година, со која на Хиландар од Хтетовскиот манастир се подаруваат селата: Drn7ovc[, Brod[c[, Sedlarevo i s[ Izbicami104 Дреноец, Бродец, и Седларево со Избици. Бидејќи други податоци за Избици нема освен што е подарено на Хиландар ќе ги изнесеме податоците за подареното Седларце на Хтетовскиот манастир Selo Sedlarevo qo dade Isaha za svoi postrig[ i za svo9ga podruжÿ postrig[ ÷xetvr[tu ÷xest[ v‘sego sela s[ vs7mi megami i s[ mlin[ i s[ livadami s[ wgradi9и[i s[ s7mi pravinami. I touzi kalugericu Isainu hrani crkv[ do smr[ti.105
Селото Седларево што го дал Исаха за своето замонашување и за својата сопруга и тоа четвртина од своето село, со сите меѓи, воденицата, ливадите и оградите со сите свои права и калуѓерката Исахова, црквата да ја храни до смрт. Седларце. Тоа се наоѓа недалеку од левата страна на патот Тетовo-Гостивар.Oд североисточната страна на Д.Седларце е селото Брвеница. На крајот од селото поминува Палчишка Река. Селото располагало со ливади, огради и воденица подигната на Палчишка Река. Ј.ф. Трифуноски при посетата на селото Д. Седларце во 1948 година106, од жителите на селото бил информиран дека на 1,5км јужно од нивното село во местото Крушојца при обработка на нивите наоѓаат остатоци од sидови, грнчарија и други предмети од 104
Споменици III, 440, 3 ред од горе. Исто, 315 чл.14. 106 Ј.Ф.Трифуноски, с.д.166. 105
55
раселено село. Бидејќи местото се вика Крушојца на мислење се дека и раселеното село се викало Крушојца. Според овие податоци и податоците од Повелбата дека Избици се наоѓало близу Седларце, можеме да се определиме да пронајдените остатоци од раселената населба се однесуваат на селцето Избици. Или Крушевица, кое е поново име. Тоа го дознавме од турските пописни дефтери107 каде Избици е забележана како: Крушевица, Горна Кошаница, Горно Кошенци или к-о-ш-н-ч. Во една прилика е раселено во друга е со четири семејства. Било доделувано на заслужни турски граѓани. Од овие записи гледаме дека името на селцето Избици било променето во Крушевица.
ДАЛИ ПОСТОЕЛО СЕЛО ЛЕШКА ИЛИ СЕ ОДНЕСУВА НА СЕЛОТО ЛЕШОК-ЛЕШЕК Во трудот на Б.Петровски, Средновековните населби и патишта во Полог, се споменува село Лешка108 како непознато и исчезнато село. Инаку ова име е многу слично со името на селото Лешок – Лешек па ќе се обидеме да појасниме дали селото е исчезнато ли пак Лешка е една форма на име што се однесува на Лешок. Селото Лешок се наоѓа во подножјето на Шар Планина и североисточно од Тетово на 8км. Надморската височина му започнува на 489м и завршува на 650м. Во полето што е југоисточно од Лешок се наоѓал антички град. Градот го разурнал Персеј во 179 година пред Христа. До денес не е вршено 107
Г.Елезовић. Крајиште Иса-бега Исхаковића. Сарајево, 1964, 92.; Турски документи за 1467-1468 Nо.4Скопје 1971, 318 и 333; Турски документи 1452/53. Том III од XV век. Скопје 1976, 131; 130 бел.130. 108 Б.Петровски, с.д. 152.
56
археолошко истражување. На северозападниот дел од селото има остатоци од разурнатиот средновековен град Лешцек. Градот го разурнал Стеван Немања во декември 1189 или во јануари 1190 година. Кај жителите на Лешок сочувано е предание дека нивното село било град кој се викал Легенград. Додека Лешок има повеќе верзии на името, со мали отстапувања од основата: Лешце, Лешцек, Лешки, Лесба, Легеон. Во турските документи Лешок е запишан како Лешке и Лшке. Албанската форма за Лешок е Лешка. Р.Груиќ проучувајќи ја Повелбата на Василие II за епархиите кои биле припоени на Охридската Архиепископија, се споменува епархија Леаскумцосу. Бидејќи во Повелбата градот Лешце како епархија не се споменува, Груиќ се определил Леаскумцосу да се однесува на средновековниот град Лешце.109 Со најновите истражувања, Д.Синадиноски доаѓа до сознание дека името Леаскумцосу што го дал Груиќ за Лешок е дискутабилно и не би можело да се однесува на Лешок.110 Од средината на 20ти век па наваму, по сугестија на Блаже Конески, кој го посетил Лешок, се напушта изворното име Лешек, за да се прифати формата Лешок, затоа што Лешек во турскиот јазик значи магаре и се добива впечаток дека името на селото е дадено со потсмев. Сигурно тоа го знаел и јеромонах Кирил Пејчиновиќ, бидејќи го владеел турскиот јазик, па ги употребувал двете форми на името Лешок и Лешек за да го избегне потсмевното име. Мештаните и жителите на Долнополошките села
109
Р.Груиќ, 1933. Д.Синадиноски, под чија се јуриздикција се наоѓал Полог, во ракопис.
110
57
го викаат Лешек, Србите, пак го викаат Лешак. И формата Лешка сигурно е уште една верзија за името на Лешок. За постоење на село Лешка, авторите се повикуваат по името на Лешкиот Пут, на кој името му е дадено по наводно исчезнатото село Лешка, но дали е тоа одржливо или не, ќе видиме во наведените примери. Лешкиот пат повеќе од десет пати се споменува во Хтетовската повелба и Бревното при купување и подарување на ниви на Хтетовскиот манастир Св.Богородица. Тука ќе наведеме три примери од Бревното каде се споменува Лешкиот пат и од каде истиот го добил името. Првиот пример е по член 21, алинеа 3 i nad[ Mlaxicami Monohorav[ qo 9st dal[ Var’nava wt[ zaokutiÿ do L7шka putyi do Kruшice i do r7ke Ht7tove.111 И над Млачице(нива) Монохор што ја дал Варнава од кривината па до Лешкиот Пат, Крушице и реката Хтетовчица (Пена). Овде се зборува за подарена нива што се наоѓала над исчезнатото село Млачице што било кај Сараќино. Тука поминувал Лешкиот пат, а и денес постои патот кој доаѓал од Фалише до Млачице и продолжувал понатака. Во Повелбата спомнат како Лешки Пут. При овој пример нема показатели од каде дошло да се вика Лешки Пут, но патот завршувал на пазарот во Лешек-Лешок. Во вториот пример од Бревното, член 41, се зборува за подарена нива со следната содржина Niva Pardova pod[ L7шkim[ putem kako se sta9 Hvaliшki put[ i L7ш’ki i do meg9 Hvaliшke wo kupismo i wo 9st dano crkvi za douшu Тњdorovou i Aleksinou112
нива Пардова под Лешкиот пат каде што се соединуваат 111
Споменици III, 287, чл.21. Исто 293.
112
58
Хвалишкиот и Лешкиот пат и старата граница на Млачице со Фалише, купена и подарена на црквата за душа Тодорова и Алексова. Овде се дава опис каде се наоѓала Пардовата нива, па се споменува Лешки пат кој поаѓал од Лешница113 и се соединувал со Фалишкиот пат. Овде Фалишкиот пат, фактички е Лешкиот пат, кој одел за Лешок, спомнат во членот 21, алинеа 3. Лешкиот пат што поаѓал од Лешница наречен е Лешки Пут по селото Лешница, а не по Лешка. Со третиот пример со членот 26 од селото Лешница се подарува нива со следната содржина Niva meg9 dv7ma mogilicama dana њд Galina za duшu њд t[sta Pardova ÿko brazda zahodi њд crkve i do L7шka puti i do r7ke.114 Нива меѓу двете могили (рида)
дадена од Галина за душа од дедото Пардов од Браздата и црквата каде што поаѓала нивата па до Лешкиот пут и реката. Во овој опис повторно се споменува Лешки пат кој поаѓал од Лешница и се спуштал до реката (Вардар). Фактички истиот пат се споменува и во членот 41. Како што споменавме, локалниот пат од селото Лешница до Фалишкиот (Лешкиот пат) кај Сараќино, наречен е Лешки пат по селото Лешница. (Подетално види овде Лешки Пут). Напомнуваме и тоа дека од Лешница до Сараќино и раселеното Млачице, оддалеченоста е помала од 2км. Затоа повторуваме името на овој локален пат е дадено по селото Лешница, а не по селото Лешка. Споменатото име Лешка е уште една форма за Лешок, а како село Лешка не постоело. Од изнесените примери се доаѓа до една забуна бидејќи се појавуваат два пата со исто име. Првиот пат е од локално значење. 113
Во Полог на три места се споменува село со име Лешница. Споменици III, с.д.287.
114
59
Тој поаѓал од селото Лешница, соседно на Желино и завршувал со допирот на Фалишкиот пат115. Името му е дадено по селото Лешница, а не по исчезнатото село Лешка. Вториот пат поаѓал од Фалише преку Млачице, Палатица, Велгошт, Требош, Крпене и завршувал во Лешок. Овој пат името го добил по селото ЛешекЛешок.
ЛЕШКИ ПУТ Патиштата како комуникации по кои се движат луѓето со своите превозни средства и добитокот се неопходен и составен дел од секојдневниот живот на луѓето. Прво за меѓусебна комуникација меѓу населбите и второ за извршување на секојдневните потреби. За меѓусебно разбирање и ориентирање, жителите ги именувале патиштата според селата, местоположбата, намената и сл. Непишано правило е дека во едно село името на патот го даваат до селото каде оди тој пат, поаѓајќи од нивното село. Како што се на пример Крпенскиот пат и Поројскиот пат. Овие имиња ги дале жителите на Требош. Жителите, пак, на Крпене (Непроштено) истиот пат го викаат Требошки пат, додека пак жителите на Порој, истиот Поројски пат, го викаат Требошки пат. Таков е случајот и со Фалишкиот пат, кој од Млачице одел за Фалише или пак патот што одел од Млачице за Лешница, го викале Лешки пут. Ист е случајот и со Лешкиот пут на кој крајната дестинација на повеќе села им било селото Лешок како духовен центар на Долни Полог со седиште на Епископија со повеќе цркви. Лешок било и 115
Патот продолжувал преку Вардар низ полето до Фалишкиот пат. Денес овој полски пат не постои и е заборавен. За него се пишува и во поглавјето Лешки Пут.
60
единствено село со пазар. За да биде посетуван пазарот и духовниот епископски центар, постоел Лешкиот пут. Тој бил собирен пат на селата, наречен Лешки пут. Во Повелбите на крал Душан и Бревното за пописот на имотот на Хтетовскиот манастир во 14 век. Лешкиот пат многу пати се споменува како ориентир за купените и подарени ниви. Нивата се протегала до Лешкиот пат, а друга нива е над или под Лешкиот пат, третата лево или десно од Лешкиот пат, четвртата се наоѓала кај кривината на Лешкиот пат. Подоцна, патот е преименуван во Масларски пат. За ова име на патот сочувано е предание во: Непроштено, Требош, Сараќино, Фалише и Брвеница. На некои делови, патот меѓу две села имал локално име, како Крпенски или Фалишки пат. Овде прикажаниот Лешки Пут, како и другите патишта се прикажани по преданието на жителите во: Сараќино, Фалише, Требош и Непроштено. Дополнителни артефакти ни се реките: Вардар, Пена, Желинскиот мост, топонимите Крушице, Тумба, Студена Вода и уште некои други што се споменуваат како ориентири на подарените ниви. Лешкиот пат поаѓал од Фалише-Млачице (кај СараќиноПалатица-Велгошт-Требош-Крпене (Непроштено) и Лешок како крајна дестинација на патот. Затоа патот е наречен Лешки Пут. Некаде меѓу Фалише и Млачице на Фалишкиот пат (локалното име на Лешкиот пат) се приклучувал патот од Лешница како што е запишано Niva Pardova pod L7шkim[ putem[ kako se sta9 Hvaliш‘ke put[ i l7шki i do meg9 Hvaliш’ke.116 Нива Пардова под Лешкиот пат каде што се составуваат Фалишкиот и Лешкиот пат до границата со Фалише. Тука се дава опис каде се наоѓала Пардовата нива, па се 116
Споменици, III, 289 чл.41.
61
споменува локалниот Лешки пат кој поаѓал од Лешница преку пешачки мост на Вардар и се соединувал со Фалишкиот пат. Овде името е Фалишки пат, фактички е Лешкиот пат кој одел за Лешок спомнат во член 21, алинеа 3.117 Лешкиот пат што доаѓал од Лешница, наречен е Лешки пат по селото Лешница. Денес овој пат е напуштен и заборавен. Некои истражувачи се на мислење дека името на Лешкиот пат е дадено по селото Лешница од каде што поаѓал локалниот Лешки пат и се приклучувал на Фалишкиот пат. Ако пак го гледаме спротивниот смер на Лешкиот пат, тој поаѓал од Лешок, од духовниот и пазарен центар на Полог, па поодржливо е името Лешки пут да е даден по Лешок, а не по Лешница, кое село е без поголемо значење и поважни обележја. Сакаме да дадеме до знаење дека Лешкиот пат на делницата Требош-Велгошт-Палатица-Млачице-Фалише е дел од стариот Царски пат. По Фалише патот продолжувал за Челопек-МилетиноВолковија и понатака за Драч и Поречието. При описот на подарената нива Монохор во селото Млачице се споменува и Лешкиот пат кој доаѓал од Фалише. Тоа се потврдува со членот 21, алинеа 3 од Бревното i nad[ Mlaxica mi Monohorav[ wo 9st[ dal[ Var’nava wt[ zakutÿ do L7шka puty i do Kruшice i do r7ke Ht7tove.118
Западно од Сараќино и до реката Пена сочуван е топонимот Круше што ни потврдува за Лешкиот пат и Млачице дека е тука. Дека патот од Млачице се упатувал кон Палатица ни се потврдува со Втората трескавечка повелба. Во неа се споменува царскиот пат
117
Исто, 287 чл.21 Исто, алинеа 3.
118
62
од Палатица одел за Бивол Брод119 (мост). Знаејќи дека Бивол Брод се однесува на Старожелинскиот мост, тогаш и Царскиот пат од Палатица за Млачице фактички е Лешкиот пат. Во Млачице, според Трескавечката повелба, патот го напуштал Лешкиот пат и завртувал кон Вардар на Бивол Брод. Од Палатица, Лешкиот пат од север-југ завртувал кон запад, кон Царевиот кладенец или Царскиот студенец како што е забележано во член 12 и 78 од Бревното. Изворот и денес постои и се наоѓа североисточно од бензинската пумпа Петрол Компани што е лево од патот Тетово-Скопје. Според описот на меѓите од нивата Никифорица во член 59 од Втората Трескавечка Повелба, таа се протегала од запад кон исток, односно од Царскиот студенецкладенец покрај потокот од изворот се до Царскиот пат (Лешки пут). Од Палатица, патот се упатувал кон југ за Млачице и Бивол Брод (мост). Овде забележуваме, нивата била на Никифоровци како онаа што се наоѓала меѓу Млачице и Старожелинскиот мост. Сигурно двете ниви биле сопственост на Никифоровци. Ова се потврдува со атарот на Сараќино. Тој и денес се наоѓа од двете страни на патот Тетово-Скопје и се граничи со атарот на Палатица. Интересно е што не се споменува селото Велгошт при описот на нивата Никифорово кај Царскиот студенец. За да би продолжил Лешкиот пат од Велгошт за Лешок, првото село низ кое поминувал патот било селото Требош. Требош се наоѓа југоисточно од Тетово на 3-4 км. Од Требош за Тетово се одело по Поројскиот пат преку Порој. Од Требош, Лешкиот пат продолжувал преку првото соседно село Крпене. Патот требошани 119
Б.Петровски, с.д.137, 57.
63
го викале Крпенски Пат (Непроштенски Пат). Подоцна целиот пат од Непроштено до Фалише е наречен Масларски Пат. Покрај Лешкиот пат ќе споменеме уште два пата кои на времето биле прометни. Првиот пат поаѓал од Старо Желино, продолжувал преку Старожелинскиот мост и Млачице каде се вкрстувал со Лешкиот пат. Од Млачице, патот се упатувал за Тетово меѓу реката Пена и сегашниот пат Тетово-Скопје. Патот бил познат како Масларски или Рупин пут. Вториот пат поаѓал од Брвеница и одел кон север за селото Велгошт. По преминот на Пена се вкрстувал со Масларскиот или Рупин пут. Во Велгошт се соединил со Лешкиот пат и по Лешкиот пат, патниците се упатувале кон Лешок. И овој пат во Брвеница се викал Масларски Пат. Денес двата пата не постојат и се заборавени.
64