Baby brochure 19 mkd web

Page 1

ЗА ЦЕЛОСНА ГРИЖА ЗА ВАШЕТО БЕБЕ КОЛЕКЦИЈА НА АПАРАТИ ЗА ГРИЖА ЗА БЕБИЊА И ЗА МАЛИ ДЕЦА gorenje.com.mk

Baby


2

Gorenje Baby Collection


Gorenje Baby Collection

3

Толку многу треба да се стори кога ќе пристигне бебето! Околу вас и околу вашето бебе ќе има многу работа. Многу радост, но и многу грижи. Baby-линијата од Gorenje ќе ги оттргне вашите грижи. Тука сме да го направиме вашиот нов возбудлив живот полесен и посреќен. Сите апарати на Babyлинијата од Gorenje ќе ви бидат од полза. Тие имаат една заедничка работа: ги даваат резултатите што ги сакате.

Апаратите од Baby-линијата од Gorenje се компактни по големина, така што лесно ќе најдете место за нив. Дизајнирани се во ЕУ и наменети се за младите семејства. Секогаш ќе ви бидат на дофат, бидејќи се лесни за употреба, за чистење и одржување. Тие се направени во согласност со строгите еколошки стандарди и без какви било штетни хемикалии. Тие се направени од материјал без БПА.


4

Gorenje Baby Collection

ХРАНАТА ЗА ВАШЕТО БЕБЕ ЌЕ БИДЕ ТОПЛА, СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ВИ ЗАТРЕБА Грејачот за храна и за шишиња од Gorenje ефикасно ги загрева шишињата, без разлика на формата и големината, како и тегличките со храна. Резервоарот за вода има доволно капацитет да генерира пареа за загревање на повеќе шишиња, пред да треба да се дополни. Приспособете ги подесувањата со ротирачкото копче и контролното светло ќе ве предупреди, тогаш кога ќе се постигне посакуваната температура.

ЗАГРЕВАЊЕ И СТЕРИЛИЗИРАЊЕ

Стандардни и Стерилизирање Стерилизирање на глодалки широки отвори на цуцли на шишиња

BABY-ГРЕЈАЧ ЗА ХРАНА И ЗА ШИШИЊА BW 330BY


Gorenje Baby Collection

3/1

Повеќенаменска употреба

Може да го користите грејачот од Gorenje за загревање млеко во шише како и за загревање на претходно подготвена цврста или блендирана храна во теглички или во некој друг сад. Особено е корисен за загревање вода за адаптирано млеко. Исто така, во него, можете да стерилизирате и мали предмети како цуцли и глодалки.

Безбедно за мајчино млеко Со загревање со помош на пареа се задржуваат хранливите материи во храната за бебиња. Грејачот е сосема безбеден за загревање на мајчино млеко. Го загрева млекото рамномерно, така што се избегнува прегревање.

5 мин.

5

Едноставно управување Температурата едноставно и прецизно се приспособува со помош на копче. Контролната сијаличка се вклучува и таа сигнализира дека грејачот работи. Во процесот на загревања, сигналното светло се вклучува или се исклучува, за да укаже на тоа дека водата околу шишето се загрева до поставената температура.

Едно дополнување, повеќе загревања Резервоарот за вода е доволен за загревања на неколку шишиња без дополнување. Ова ја олеснува употребата и ви заштедува време.

БРЗО ЗАГРЕВАЊЕ

КОНТРОЛНО СВЕТЛО

Топло млеко за само 5 минути

Го означува нивото на температурата

УПРАВУВАЊЕ СО САМО ЕДНО КОПЧЕ Три нивоа на температура


6

Gorenje Baby Collection

СОЧУВАЈТЕ ГО ДРАГОЦЕНОТО ВРЕМЕ Gorenje Baby 5во1 Aqua Station ќе ви заштеди драгоцено време благодарејќи им на програмите и на дополнителните поставувања. Само одберете ја саканата температура и прецизно загреаното млеко ќе ви биде секогаш при рака. Користете ја пареата за подготовка на првите овошни и зеленчукови оброци за вашето бебе.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН

Загревање

Готвење на пареа

Стерилизирање

Загревање вода

Одржување на температурата

5во1 AQUA STATION K 10BY


Gorenje Baby Collection

Подобро е на пареа Готвењето на пареа е брзо, едноставно и здраво. Со овој начин на готвење, храната ги задржува витамините, хранливите материи, природната боја и вкус. Со помош на пареата, исто така, можете да стерилизирате цуцли, глодалки и другите мали предмети, на природен начин, без штетни хемикалии.

Дисплеј со паметна контрола Прегледниот ЛЦД-дисплеј овозможува целосна контрола над работата. Изберете меѓу пет различни функции, од кои две може да се постават со одложен почеток. Во секоја програма, едноставно можете да користите автоматски поставувања или да ги приспособите температурата и времето, за вашите потреби.

5/1

7

Сестран помошник

Можете да го користите како обичен бокал за загревање вода или можете да ги користите сите негови дополнителни функции кои нудат широк спектар на начини на употреба. Функцијата за брза подготовка на адаптирано млеко, прво ќе ја загрее водата, додека таа да зоврие, а потоа се остава температурата да се намали и водата се одржува на саканото ниво. Загрејте го млекото во бебешко шише или, едноставно, подгответе вода на соодветна температура, за топол пијалак по ваш вкус.

Функција за одложен почеток Функцијата за одложен почеток ви овозможува да го подготвите сето она што ви е потребно, во текот на ноќта, за првиот утрински оброк, или за оброкот во време кога вам ви одговара. На тој начин, можете да избегнете брзање или да чекате премногу долго да се загрее водата. Времето на одложување може да се постави до 24 часа однапред.

ПРЕЦИЗЕН СЕНЗОР ЗА ТЕМПЕРАТУРА

360 ° ОСНОВА ЗА СОБИРАЊЕ НА КАБЕЛОТ

Дополнителна безбедност за бебето

Без ограничувања на должината на кабелот

ЧУВАРИ НА ВИТАМИНИ Ги задржува витамините и минералите во храната


8

Gorenje Baby Collection

СТАНЕТЕ ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ НА ХРАНА ЗА БЕБИЊА Здравата, домашна храна за бебиња, ви е на дофат, идеална за секоја фаза на преминување кон цврста храна. Мултифункционалниот робот од Gorenje ви овозможува лесно да приготвите здрави и вкусни оброци за вашето бебе. На пареа можете да приготвите свежо или замрзнато овошје, зеленчук, месо или риба и потоа да ги изблендирате во истиот сад. Чистењето по подготовката на оброкот е едноставно.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН 5 ВО 1

Готвење на пареа

Сечкање

Блендирање

Загревање

Стерилизирање

BABYМУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН РОБОТ BFM 900BY


Gorenje Baby Collection

15

min

Готови јадења за 15 минути

Сe што треба да направите е да обезбедите квалитетни намирници, да ги измиете и да ги исечете на поголеми парчиња. Додадете вода во резервоарот и свртете го копчето. Почекајте 15 минути. Исечкајте ја или изблендирајте ја храната, сварена на пареа, во истиот сад. Подготвен е добар, здрав и вкусен оброк за вашето бебе.

Прецизно дозирање Квалитетот не е единственото нешто што е важно за исхраната на бебињата. Важно е и да ја погодите вистинската количина на состојките. Скалата за мерење на садот овозможува брзо, едноставно и прецизно дозирање на состојките. Пригответе совршен оброк за вашето бебе.

9

Различни оброци Готвењето на пареа функционира така што водата постојано врие и се претвора во пареа. Пареата потоа ја пренесува топлината во близина на храната, со што и овозможува да се приготви. Храната приготвена на пареа задржува повеќе хранливи состојки отколку варењето во вода, бидејќи помалку хранливи материи остануваат во водата. Погодно е за овошје, житарки, зеленчук, риба или месо.

Ситно сечкано или блендирано Мултифункционалниот робот од Gorenje има квалитетен нож за сечкање. Времето на блендирање зависи од посакуваната текстура. Силните перформанси при блендирање значат дека можете да подготвите од пире до ситно сечкана храна, за периодот кога вашето бебе ќе почне да јаде цврста храна.

ГОТВЕЊЕ НА ПАРЕА

ЕДНОСТАВНО ЧИСТЕЊЕ

ЧУВАР НА ВИТАМИНИ

Ги задржува хранливите материи во храната

Измијте го и исплакнете го садот во топла вода со детергент

Ги задржува витамините и минералите во храната


10

Gorenje Baby Collection

НЕМА ПРОСТОР ЗА БАЦИЛИ И БАКТЕРИИ Стерилизирањето го заштитува вашето бебе од особено штетните бактерии, додека неговиот организам да стане доволно силен. Сите шишиња, цуцли, глодалки, прибор за јадење, пумпи за измолзување и чаши, можат ефикасно и едноставно да се стерилизираат со помош на природна пареа и без хемикалии. Стерилизаторот од Gorenje се приспособува на вашите потреби. Лесно може да се приспособи за да одговара на предметите кои треба да се стерилизираат. Овој метод е брз, едноставен и ефективен, без никакви хемикалии. Содржината останува стерилна 24 часа, ако капакот остане неотворен.

ИЗВОНРЕДНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА

Стандардни шишиња и шишиња со широк отвор

Пумпи за одмолзување

Цуцли

Прибор за јадење

BABY-СТЕРИЛИЗАТОР ST 550BY


Gorenje Baby Collection

На природен начин Стравуваме од хемикалии кои може да дојдат во контакт со осетливата кожа на нашето бебе. Затоа го дизајниравме стерилизаторот на пареа, тој ефикасно да работи, без употреба на хемикалии. Природната стерилизација со пареа уништува 99,9 % од штетните бактерии.

Практичен дизајн Главниот дел на апаратот е дизајниран така што во него собира шишиња со различна големина (стандардни или со широк отвор). Можете да стерилизирате до 6 стандардни шишиња истовремено. Над главниот сад има корпа во која може да се стерилизираат цуцли, гумени глодалки, шолји и прибор за јадење. Кој било од овие два дела може да се затвори со проѕирен капак со помали отвори за лесен пристап до стерилизираните предмети.

99.9%

24h

Безбедно 24 часа

Транспарентниот капак овозможува целосна контрола на процесот на стерилизација. Содржината останува стерилна 24 часа, доколку капакот остане затворен. Ќе имате безбедни, стерилизирани шишиња или други додатоци за бебето тогаш кога ќе ви бидат потребни.

3/1

Повеќекратна употреба

Примарната функција на овој апарат е стерилизацијата. Но тој прави многу повеќе од тоа. Пареата можете ја користите за да го загревате млекото, водата или дури и преработената или цврста храна во тегли и во чаши.

БЕЗ БАЦИЛИ И БАКТЕРИИ

АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ

ГОТОВО ЗА 6 МИНУТИ!

За целосна контрола на процесот на стерилизација

Кога резервоарот за вода е исклучен

Стерилизацијата е готова за 6 минути

6 мин.

11


12

Gorenje Baby Collection

СВЕЖО КАКО ПРОЛЕТНО УТРО ВО ПРИРОДА Gorenje Baby-ултразвучниот навлажнувач обезбедува подобар квалитет и оптимална влажност на воздухот во вашиот дом. Ги заштитува вашето бебе и целото семејство од непријатности предизвикани од сув воздух, од проблеми со дишењето и од затнат нос. Оптималното ниво на влажност ги отстранува проблемите предизвикани од статички електрицитет. Покрај тоа, подобриот квалитет на воздухот во вашиот дом ќе направи сите да се чувствуваат опуштено и одморено. Користете навлажнувач од Gorenje, за подобро расположение во вашиот дом.

ТИВОК И ЕФИКАСЕН

10 h Ултразвучен

Супер тивок

До 10 часа

До 30 m2

УЛТРАСОНИЧЕН ОВЛАЖНУВАЧ H 17BY


Gorenje Baby Collection

Од прв ден Уште од првиот ден, кога вашето бебе ќе стигне дома, навлажнувачот ќе обезбеди оптимална влажност во собата во која бебето престојува и ќе го олесни неговиот сон, чувајќи го од непријатностите кои ги предизвикува сувиот воздух. На тој начин, вашето бебе ќе спие мирно. Навлажнувачот помага и при кашлање, настинки и затнат нос.

Ладна пареа Ладната пареа ќе создаде совршено природно чувство и тоа ќе се чувствува полетно, како во прекрасните пролетни утра во природата. Ладната пареа, во вашиот дом, ќе создаде чувство на пролетен ден во природа, за вашето бебе и за целото семејство

13

Управување со едно копче Управувањето на Gorenje Baby-навлажнувачот е едноставно, со користење ротирачко копче, со кое се поставува нивото на работа. Водата лесно се дополнува преку посебен отвор. Кога е вклучена сината ЛЕДсветлина, навлажнувачот работи, додека пак, кога резервоарот за вода е празен, се појавува црвена светлина.

Супер тивок Тивката работа овозможува совршено бесшумна атмосфера. Работата меѓу 8 и 10 часа, без полнење на резервоарот, овозможува мирен сон на вашето бебе, во текот на целата ноќ.

УЛТРАСОНИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА

ЛЕД СВЕТЛО

РАБОТНО ВРЕМЕ

Звучните вибрации произведуваат чиста водена пареа

За целосна контрола

Помеѓу 8 и 10 часа


14

Gorenje Baby Collection

ПОМИНЕТЕ ВРЕМЕ ВО ИГРА Го одржуваме ветувањето. Со користење на апаратите за грижа за вашето бебе од Gorenje, ќе имате повеќе време. Поминете го со вашето бебе.

МАСАЖА ЗА БЕБЕ Нежно допирајте го и галете го бебето, бидејќи така тоа постепено учи за своето тело и учи како тоа да го почувствува. Во исто време, масажата ги стимулира дишењето на бебето, циркулацијата на крвта, варењето и го смирува. За време на масажата, зборувајте му што правите и зошто. • Прво, само допирајте го бебето со врвовите на прстите. Потоа, нежно масирајте го со палецот и со показалецот. Масирајте го од градите, над рамената, кон рацете и од стомакот, над колковите, се' до палците на нозете. Не заборавајте на дланките и на стапалата. • Со кружни движења на прстите поминете над челото на бебето, носот, образите, над темето и брадата. Галењето на лицето почнете го од челото и завршете го на брадата. Нежно масирајте го вратот на бебето и допирајте му ги ушите! • Ставете го бебето во скут, со стомакот надолу и масирајте го, од рамената до долниот дел од грбот. Потоа, масирајте го дијагонално. На крајот, со врвовите од прстите имитирајте капки дожд што нежно паѓаат врз грбот на бебето.

ПИЛОТСКА ИГРА Оваа игра може се игра дури кога мускулите на вратот на бебето доволно ќе се зајакнат, така што тоа би можело да ја држи главата исправена. • Држете го бебето со двете раце под градите и прашајте го дали е подготвено да лета. Бројте до три и кренете го бебето во воздух, додека имитирате звук на движење на мотор. • Бебето уште повеќе ќе ужива, ако истовремено разговарате со него. „Дали си подготвен? Добро, ајде да летаме! Летаме високо, високо на небото ...“ • „Летајте“ нагоре, па надолу, следете ја реакцијата на бебето и соодветно приспособете ја брзината на летот. Некои бебиња повеќе сакаат да летаат повисоко и побрзо, додека пак други претпочитаат полека да се движат.


Gorenje Baby Collection

15

МАГИЧНО ОГЛЕДАЛО Овој магичен предмет го прикажува нашето насмеано лице и го имитира секој наш потег. Затоа тоа ќе биде интересно и возбудливо за вашето бебе, кога ќе го проучува. • Држете го бебето во раце и заедно гледајте го огледалото. • Насмевнете се и прашајте: „Која е оваа убава девојка?“ Одговорете. Поздравете се со одразот во огледалото и кажете: „Гледај, тоа е Ана! А ова е мама...“ Земете ја раката на бебето и погалете го одразот на Вашето лице во огледалото. • Гледајте се заедно во огледало, а потоа застанете настрана, така што Вашиот одраз веќе нема да се гледа во огледалото. Вратете се пред огледалото, така што бебето повторно ќе може да се види во него. Следете ја реакцијата на бебето и кажувајте му што гледате.

И ЈАС САКАМ ДА ЧИТАМ Никогаш не е премногу рано да почнете да му читате на вашето бебе. Бебето ќе се смири и ќе се чувствува безбедно. • Потрудете се вашиот глас да биде што поекспресивен. Менувајте ги тонот и висината на гласот. Читајте со понизок или со повисок тон, потоа полека... • Гледањето на слики е, исто така, еден вид читање. Изберете јасни и лесно препознатливи слики. Наведете ги предметите и имитирајте ги нивните гласови, ако се во прашање животни.

КУЛИНАРСКИ ТАЈНИ Времето поминато во кујната, исто така, може да биде пријатно за вашето бебе. Доделете му полица со „состојки“ за готвење, блиску до вас, и тоа ќе биде среќно што ќе ви помогне во готвењето. • Бебето лесно може да се заигра со тенџериња, со садови, со капаци и со лажици. Ваквата игра истовремено ќе ја намали желбата на бебето да направи малку бучава. Бидете паметни и одберете дрвена лажица! • Поттикнете ја желбата на бебето да истражува, така што ќе го свртите садот наопаку. Што се крие под садот? А што се крие под капакот?


Без БПАматеријали

gorenje.com.mk

Дизајнирано во ЕУ

Gorenje (MK)

Тестирано во лабораториски услови

Скенирајте за повеќе информации


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.