www.gorenje.com.mk
PRESS JUICER JC4800VWY
СО ТЕХНОЛОГИЈА НА БАВНО ЦЕДЕЊЕ, СО БРОШУРА СО РЕЦЕПТИ
2
Press Juicer JC4800VWY
Здраво за мене
Колекција на апарати за домаќинство чиј приоритет е вашето здравје, преку испорачување на врвен квалитет и позитивни ефекти за ваша благосостојба.
Press juicer JC4800VWY
Здравјето е начин на живот! Во потрага сме по нови начини за постигнување внатрешна рамнотежа.
Посветени сме на природата и свесни сме за богатството што таа ни го нуди. Сакаме да консумираме повеќе непреработена храна, да дишеме почист воздух и да пиеме почиста вода.
Ние трагаме по начините кои ќе нè однесат дотаму. VitaWAY колекцијата на мали апарати е дизајнирана да поддржува здрав начин на живот. Здраво ̶ за мене и за моите најмили!
3
4
Press Juicer JC4800VWY
ШТО Е ТОЛКУ ПОСЕБНО ВО ВРСКА СО БАВНОТО ЦЕДЕЊЕ СОК? Tехнологијата на бавно цедење се разликува од класичното центрифугално цедење во смисла на брзината и начинот на екстракција на сокот од овошјето и зеленчукот. Кај класичните соковници вртењето на сечилото се одликува со висока брзина (од 1.500 до 2.500 вртежи во минута) со цел да се исечат клеточните ѕидови и да се ослободи сокот од нив. Вертикалното движење на сврделот кај соковникот за бавно цедење сокови (до 70 вртежи во минута) ги ситни овошјето и зеленчукот и потоа ги одделува екстрахираниот сок и пулпата. Како резултат на тоа, има помалку воздушни меури во сокот, сокот е посвиленикав и температурата на цедење е пониска, што му овозможува на сокот да задржи повеќе витамини и ензими.
ТЕСТ СО ДОМАТИ
Го споредивме сокот од домат, екстрахиран со еден класичен соковник, со сокот екстрахиран од press juicer-от.
70
до
2500
RPM
RPM
СОК ОД КЛАСИЧНИОТ СОКОВНИК Сокот се цеди со потенок и послаб млаз.
Клеточните ѕидови се раскинуваат што дозволува да навлезе повеќе воздух во сокот.
Само за информативни цели. Интерниот тест е извршен во декември 2014.
СОК ОД PRESS JUICER-ОТ
Сокот ги задржува својата густина и природната боја.
Има помалку триење меѓу клеточните ѕидови, слично на природниот процес на цедење.
Press juicer JC4800VWY
5
ПОВЕЌЕ ВИТАМИНИ И ЕНЗИМИ B6
B2
B6
B1
A
E
B2
E
B1 F
C
A
C
ПОМАЛКУ ПУЛПА ЗНАЧИ И ПОМАЛА ЗАГУБА
Благодарение на технологијата на бавно цедење, по цедењето на овошјето и зеленчукот останува помалку пулпа којашто е посува. Така, добивате повеќе од вашите состојки.
F
Бавната ротација на сврделот во press juicer-от не предизвикува да расте температурата на цедење, што за возврат би предизвикало да се дезинтегрираат ензимите и витамините. На високи температури, и витамините и ензимите се уништуваат како што се случува и со сокот од лимон во жешка средина. Во текот на цедењето сок, конвенционалните соковници се стремат да уништат дел од витамините и ензимите кои се најчувствителни на висока температура.
ПОВЕЌЕ ВЛАКНА ЗА ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕ
Бавното цедење сокови екстрахира повеќе влакна од состојките во сокот. Влакната имаат позитивен ефект врз варењето, а со тоа и врз човековото здравје.
FIBRES
ПОМАЛКУ ВОЗДУШНИ МЕУРИ, ПОМАЛКУ ПЕНА
Со оглед на тоа дека клеточните ѕидови не се расцепуваат со брзо движење на острите сечила како кај класичните соковници, има помалку воздух во сокот, што резултира како повеќе свиленикава текстура. Визуелно, разликата може да се согледа преку помало количество пена и дури и според бојата на сокот.
СОКОВИ ШТО ТРААТ ПОДОЛГО
Сокот што се добива со бавно цедење може да се чува во ладилникот до 72 часа. Не треба да се грижите за тоа дека ќе ги изгуби своите хранливи состојки, витамини или ензими. Од друга страна, се препорачува сокот, екстрахиран со класичните соковници, да се пие веднаш за да се спречи оксидацијата.
72 h
6
Press Juicer JC4800VWY
ДОЗНАЈТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ НА СОКОВНИКОТ JC4800VWY!
Зрело овошје
Секое овошје, дури и она презреаното, може да биде претворено во сок во press juicer-от. Зрелото овошје сè уште содржи многу витамини и минерали; уште повеќе, сокот ќе биде поблаг. Пред да го приготвите сокот, измијте го овошјето и исечкајте го на помали парчиња.
Зеленолиснати растенија
Соковникот може да ги претвори во сок сите видови зеленчук, вклучувајќи ги и зеленолиснатите рaстенија. Слободно додадете гранчиња магдонос или мирисливо нане – ќе се изненадите од мирисот. Потврдиот зеленчук каков што е ѓумбирот, треба да биде исечкан на помали парчиња пред да се претвори во сок.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови, исто така, можат да се додадат во вашиот омилен оброк. Пред да сакате да направите сок, исечкајте ги на помали парчиња. Ако ги потопите преку ноќ, тие ќе бидат подготвени за да се претворат во сок без какви било други додатоци наредниот ден. Бадемовото млеко, на пример, е одличен начин да го почнете вашиот ден!
Семиња, семки и кора
Извлечете ги хранливите материи од семињата, семките и од кората на вашето овошје и зеленчук. Ова значи дека нема потреба да ги лупите состојките со што ќе заштедите време при правење сок.
Press juicer JC4800VWY
Вашата дневна доза овошје и зеленчук во една чаша Замислете си колку е побрзо и поедноставно да пиете чаша сок отколку да јадете еквивалентно количество цврста храна и зеленчук.
Побрза апсорпција на хранливи материи, побрз метаболизам Вашето тело апсорбира хранливи материи од сокот многу побрзо отколку од цврстата храна. Како резултат на тоа, метаболизмот и варењето на храната се забрзуваат што има позитивен ефект врз благосостојбата.
Тивко работење
Побавното ротирање на моторот исто така значи помалку врева. Дури и ако копнеете по чаша свеж сок среде ноќ, можете да бидете сигурни дека никого нема да го разбудите.
СОВЕТ Не само сок – туку и пулпа Пулпата што останува од правењето сок е многу посува и поцврста од пулпата што се создава во други соковници. Постојат многу начини таа да се искористи – додадете ја во јогурт и житарки или искористете ја како фил.
7
8
Press Juicer JC4800VWY
Регулатор на количината на пулпа Остатоците добиени како резултат на цедењето на сок се собираат во посебен сад. Количеството на остатоци може да се одреди од корисникот со движење на рачката на предната страна од соковникот. Уживајте во чаша свиленкав мазен сок или додадете парчиња овошје и зеленчук во него за да ја добиете соодветната текстура. Не ја фрлајте пулпата пред да се обидете да ја додадете во други јадења какви што се супите, сосовите, десертите итн.
Тивка работа Бавнoто цедење, исто така, значи тивка работа без голема брзина чиј резултат значи и повеќе шум. Самиот дизајн на апаратот со долга цевка за полнење со намирници, исто така, придонесува за потиснување на бучавата.
Ниту една изгубена капка Садот за сок веќе е полн, иако сè уште има овошје и зеленчук во соковникот. Што да направите? Не треба да го исклучувате соковникот. Наместо тоа, само поттурнете го затворачот во отворот од кој излегува сокот. Сокот ќе биде собран во внатрешниот сад додека да одлучите да ги наполните чашите на страствените дегустатори.
Цедалка со фина мрежа Сите состојки кои ги цедиме, се филтрираат преку цедалка со фина ситна мрежа која овозможува минимална количина од пулпата да помине, а ги задржува сите хранливи материи во сокот. Цедалката лесно се мие под млаз вода и се чисти со помош на приложената четка.
Press juicer JC4800VWY
Нелизгачки гумени ногарки
Безбедносен прекинувач Гарантирана безбедност! Соковникот ќе работи само кога сите делови ќе бидат соодветно составени и на место. Безбедносниот прекинувач осигурува безбедна употреба без грижа за вклучување на моторот додека додавате состојки или го склопувате или го чистите апаратот.
Два сада од 0,6 l Соковникот е опремен со два сада од 0,6 l, за сок и за остатоци (пулпа). Тие се направени од издржливa пластика и не содржат бисфренол А (BPAfree). Безбедно се мијат во машина за миење садови.
9
Додека ги додавате овошјето и зеленчукот во горниот дел на соковникот, не треба да се грижите дека соковникот ќе се помести од местото. Паметно дизајнираните гумени ногарки се поставени така што ќе осигураат оптимална стабилност дури и на влажни работни површини.
Моќен мотор И покрај бавната ротација на сврделот, моторот треба да биде доволно моќен за да ги искрши потврдите делови на овошјето и на зеленчукот. Тестиран при максимално оптеретување, овој мотор од 200 W се покажа како оптимално срце на еден соковник што треба да работи со технологијата на бавно цедење.
Лесно за чистење Дали кога станува збор за апарат со голем капацитет станува збор за долга постапка за чистење? Не е секогаш така. По употреба, бавно истурете еден литар млака вода во делот за додавање намирници додека работи апаратот. На својот пат до садот за сок, водата темелно ќе ги исчисти остатоците од овошје и зеленчук. По употреба, исплакнете го филтерот и исчистете го со приложената четка.
10
Sokovnik JC4800VWY
НАПИЈТЕ СЕ СВЕЖ СОК!
10 ОДБРАНИ И ИСПРОБАНИ РЕЦЕПТИ ЗА СОКОВНИКОТ JC4800VWY!
Започнете го денот со доза витамини во чаша сок. Дозволете ѝ на вашата фантазија да скита низ дивината и комбинирајте ги сезонското овошје и зеленчук со омилените јаткасти плодови. Уживајте во свежиот и здрав природен сок и грижете се не само за вашето здравје и благосостојба, туку и за здравјето и благодатта на вашето семејство. Едноставно и брзо!
Press juicer JC4800VWY
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● голема китка спанаќ
● 2 краставици со средна големина ● 2 стебленца целер
● 1 лажиче прав од алги
● 1/2 лажиче мака во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Измијте ги листовите спанаќ.
2. Измијте ги краставиците и стебленцата целер и исечкајте ги на долгнавести парчиња со средна големина.
3. Притиснете ги состојките во соковникот.
4. Истурете ги во чаша и вмешајте ги алгата и маката во прав.
ЗЕЛЕНА МОЌ
5. Измешајте и гарнирајте со едно парче краставица.
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 4 големи домати
● свежо мелена морска сол ● свежо мелен црн пипер ● 1 лажиче кафен шеќер
● 1 лажиче сок од лимета
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Измијте ги доматите и исечкајте ги на поголеми парчиња. 2. Истискајте ја лиметата.
3. Исцедете ги состојките во соковникот.
4. Истурете во чашата и додадете сок од лимета, морска сол, црн пипер и шеќер.
ДОМАТНО УТРО
5. Измешајте и гарнирајте со парче од черидомат.
11
12
Press Juicer JC4800VWY
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 3 црвени корени цвекло
● 5 моркови со средна големина ● 1 лажиче колаген во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Измијте го цвеклото и исечкајте го на поголеми парчиња.
2. Измијте ги морковите и исечкајте ги на долгнавести парчиња со средна големина. 3. Стиснете ги состојките во соковникот.
4. Истурете во чаша и додадете го колагенот во прав.
ЦРВЕНА МЛАДОСТ
5. Измешајте и украсете со лентичка од морков.
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 2 портокали
● 1 јапонско јаболко
● Коцка ѓумбир (излупена)
● малку изрендана кора лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Исечкајте ги јапонското јаболко и портокалите на поголеми парчиња. 2. Излупете го ѓумбирот и украсете со кора од лимон.
3. Притиснете ги зеленчукот и коцката ѓумбир во соковникот.
СПЕЦИЈАЛИТЕТ ОД ПОРТОКАЛ
4. Истурете го ова во чаша и додадете прстофат ѓумбир во соковникот. 5. Измешајте и украсете со парче персимон.
Press juicer JC4800VWY
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 1 голема краставица ● 1 круша ● 2 киви
● китка листови од кељ
● китка мирисливо нане (мелиса)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Измијте ги краставицата и овошјето и исечкајте ги на долгнавести парчиња со средна големина.
2. Измијте ги листовите кељ и мирисливото нане. 3. Исцедете ги зеленчукот и овошјето во соковникот. Додадете го мирисливото нане на крајот.
ЗЕЛЕНА ХАРМОНИЈА
4. Истурете го свежиот сок во една чаша и украсете со парче киви.
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 1 филџан сирови бадеми, натопени во текот на ноќта ● 3 филџани вода
● прстофат ванила во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Потопете ги во вода бадемите и оставете ги да стојат во текот на ноќта во поголемо количество вода.
2. Отстранете ја водата и измијте ги бадемите.
3. Стиснете ги бадемите во соковникот со бавно додавање три филџани вода.
БАДЕМОВО МЛЕКО
4. Истурете го сокот во една чаша и зачинете со прстофат ванила во прав. 5. Послужете со колачиња.
13
14
Press Juicer JC4800VWY
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 1/2 црвена зелка
● 1/2 крушовиден анасон ● 2 јаболка
● 1 стебло целер ● 1/2 портокал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Измијте ги зелката и анасонот и исечкајте ги на поголеми парчиња. 2. Измијте ги јаболката, излупете го портокалот и исечкајте ги на поголеми парчиња.
3. Измијте го целерот и исечкајте го на долгнавести тенки парчиња со средна големина. 4. Исцедете ги состојките во соковникот.
ПУРПУРЕН МИКС
5. Истурете го сокот во една чаша и украсете со парче јаболко.
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 2 јаболка ● 2 киви
● 1 јапонско јаболко
● прстофат рендана кора од лимон ● прстофат цимет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Измијте ги јаболката и јапонското јаболко, излупете го кивито и исечкајте ги на долгнавести тенки парчиња со средна големина. 2. Стиснете ги овошјата во соковникот.
3. Истурете во чаша и додадете прстофат кора од лимон и цимет во прав.
ЗИМСКА БАЈКА
4. Измешајте и послужете за појадок.
Press juicer JC4800VWY
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 8 ливчиња свежа зелка ● 1 краставица ● 1 јаболко
● 1 портокал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Измијте ги лисјата на зелката и исечете ги на поголеми парчиња. 2. Измијте ги краставицата, јаболкото и портокалот и исечкајте ги на долгнавести тенки парчиња со средна големина. 3. Стиснете ги состојките во соковникот.
ДЕН ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА
4. Истурете го сокот во чашата и украсете со парче портокал.
СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК: ● 5 кокосови ореви ● 1/4 мал ананас ● 1 портокал
● китка свежо нане
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
КОКОСОВА НАПИВКА
1. Извадете ја срцевината (месото) од кокосовиот орев. 2. Излупете го ананасот и исечкајте го на поголеми парчиња. 3. Исечкајте го портокалот. 4. Подгответе ја измиената китка свежо нане на работната маса. 5. Стиснете го овошјето во соковникот. Додадете го нането на крајот. 6. Истурете го сокот во чаша и украсете го со парче ананас.
15
www.gorenje.com.mk