Програма на ГРОМ на македонски јазик

Page 1

ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА!

1


ПРОГРАМА ГРАЃАНСКА О П Ц И Ј А ЗА МАКЕДОНИЈА

Г Р О М Вклучи се: www.grom.mk www.facebook.com/gragjanskaopcijazamakedonija twitter: @GROMakedonija 2


Предговор

Почитувани граѓани на Република Македонија, сегашната состојба, политичките и економските предизвици, промени во регионот, Европа и глобално, со кој се соочуваат граѓаните и Република Македонија, бараат дополнително организирање на расположливиот потенцијал во Република Македонија во насока на нејзин долгорочен развој, просперитет и благосостојба, потпирајќи се пред сè на потенцијалот на самите граѓани. Со силна доверба во постојниот голем, а неискористен потенцијал на нашите граѓани и вредностите што ги поседуваат за просперитет на нашата држава, ние, граѓаните од Република Македонија, од различни средини, од различни полови, етнички и верски припадности, со различни возрасти, социјален статус, професии ја формиравме Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), како нова партија на македонската политичка сцена. Граѓанската опција на Македонија (ГРОМ) е нова партија на македонската политичка сцена, која е воспоставена за да понуди нов пристап и нови идеи за решавање на општествените предизвици и создавање на просперитет за граѓаните на Република Македонија. Донесовме заедничка одлука за промовирање на политика за поврзување на граѓаните на Република Македонија во поттикнувањето и остварувањето на заедничките интереси преку нивно широко вклучување во одлучувањето за иднината на сопствената држава. Политика која ќе ги вклучи граѓаните, во донесувањето, спроведувањето и оценувањето на одлуките за заедничкиот живот просперитет. Пред вас е Програмата на ГРОМ во која презентираме што сакаме да постигнеме заедносо граѓаните на Република Македонија. Програмата е плод на ангажман, предлози и идеи на многумина наши граѓани, затоа е напишана едноставно и разбирливо со јазикот на граѓанинот. Програмата е фокусирана на тоа што различно и подобро ќе направиме од другите. ГРОМ со ваквата програма има намера да мобилизира и да активира што поголем број граѓани за посеопфатно нивно вклучување во општествениот, економскиот и политичкиот живот на Република Македонија. Искрено Ваши,

3


Содржина

Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ за 21-от век .......................... 5 Функционално демократско општество - слободни граѓани за слободно општество......................................17 Раст со работни места ..................................................................25 Децентрализирана Македонија - моќна Македонија ........................35 Постои и живот надвор од Скопје - регионален и рурален развој ...........37 Mултикултурата - македонско богатство .........................................42 Човековиот развој во фокусот .......................................................44 Социјална кохезија и еднакви можности........................................ 60 Безбедни граѓани - oколина без криминал .....................................68 Балкански крстопат ......................................................................70 Македонија интегрирана во регионот, Европа и глобално ..................75 Резултати по општествени групи ...................................................78

4


Вклучи се: www.grom.mk

Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ за 21-от век

Македонија во 21-от век

Република Македонија веќе трета деценија ја ужива својата независност и сè уште се соочува со општествени предизвици за напредок, развојот, просперитетот и благосостојбата на нејзините граѓани. Во овие триесет години од надминувањето на едноумието, вистинскиот политички плурализам и мултиполарност сè уште се предизвик, како и политичкиот дијалог и соработка. Гласот на граѓанинот во прв план мора да биде основа на секое политичко дејствување. Македонија треба да ги унапредува основните индивидуални слободи, да ги прославува различностите, со правичен третман за социјално загрозените и маргинизираните групи. Судството, медиумите и граѓанското општество се предизвикот за воспоставување на консолидирана и функционална демократија. 5


Но, Македонија не се соочува само со предизвикот на вистинскиот политички плурализам. Денес во Македонија централна тема е надминување на централизацијата и монополизацијатанамоќтавополитичка, економска и регионална смисла. Покрај политичката плурализација, мора да се надмине концетрацијата на бизнис моќта во малкумина, за да се отворат нови перспективи за многумина. Во исто време, регионалните разлики веројатно никогаш не биле поголеми. Поради ваквата голема концентрација на моќ во само неколку центри, предизвик е фукционирањето на демократијата и социјално-пазарната економија. Централизација и монополизација на моќта во земја како Македонија, со повеќе етнички и верски припадности, бара меѓуетничките и меѓуверските односи да добијат посебно внимание. Мултикултурата која е во основата на македонската државност сеуште не е доволно рефлектирана во секојдневниот живот. Истовремено, мултикултурното општество треба да се развива во хармонија со граѓанскиот концепт каде што поединецот ќе ги ужива своите права како граѓанин, а не како припадник на етничка заедница. Македонија во 21-от век треба да ги надмине овие предизвици. Македонија во 21-от век ќе се стреми кон принципите на кои се придружуваат и вредностите што ги следат нејзините граѓани, а кои се утврдени со Уставот на Република Македонија. Придржувајќи се на приоритетите за развој на Република Македонија, потребна е заедничка визија, која ја споделуваат најголемиот број од нејзините граѓани, како и ангажман на сите граѓани за постигнување на долгорочните цели. 6


Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ за 21-от век Македонија во 21-от век е држава каква што ја посакуваат нејзините граѓани, која се развива и обезбедува мирен и просперитетен живот за секој нејзин граѓанин, а решенијата за неа произлегуваат од мудроста, работливоста и храброста на нејзините граѓани. Македонија во 21-от век е интегрирана во регионот, во Европа и во глобалните политички и економски текови, таа е стабилна и безбедна, со конкурентна економија за постојано подобрување на квалитетот на живот на нејзините граѓани. Денес, на Македонија и е потребна нова политички партија кој со својот позитивен и нов пристап ќе придонесе во вистинската политичка плурализација, ќе придонесе политичката толеранција, дијалог и соработка. Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) ГРОМ е позиционирана во центарот на политичката мисла и практика во Македонија, помеѓу политичкиот конзервативизам, од една страна, кој го враќа граѓанинот назад, повикувајќи го минатото како замена за неговата сегашност и иднина, и социјалдемократијата, од друга страна, со наводната моќ на државата за обезбедување социјална еднаквост и правда, 7


нуди надеж во иднината, како замена засегашноста на граѓанинот. ГРОМ храбро ќе се соочи со општествените предизвици. ГРОМ е за живот во сегашноста, во Македонија. За ГРОМ човекот е најважен. ГРОМ е партија свртена кон граѓанинот без разлика на неговата етничка, верска, полова ии партиска припадност. Во ГРОМ има место за сите добри луѓе, кои сакаат да го дадат својот придонес за Македонија да биде подобро место за живеење. За Македонија во која граѓанинот ќе ја ужива својата слобода, ќе биде сигурен во својата егзистенција и ќе може активно да допринесе во заедницата во која живее. Основна вредносна и филозофска определба на ГРОМ e развојот на демократска и граѓанска Македонија, каде што ќе постои рамнотежа помеѓу основните принципи на слобода, еднаквост и заедништво и каде што никој нема да биде загрозен од сиромаштија, насилство и дискриминација. Ние во ГРОМ веруваме дека во Македонија сите луѓе треба еднакво да ги уживаат сите човекови права и да живеат во мир и соживот, взаемно прифаќајќи и почитувајќи ги различностите. Ниеден поединец не смее да биде подложен на дискриминација базирана на пол, етничка или верска припадност, попреченост, возраст и сексуална ориентација. Свесни сме дека борбата за слобода и правда никогаш не запира, па оттука ГРОМ неуморно ќе ги брани сите демократски права и слободи и максимално ќе го заштити секој граѓанин кој по различен основ ќе биде цел на секаков вид на злоупотреба, дискриминација или пак политички притисок. ГРОМ се залага за баланс помеѓу индивидуалните слободи и социјалната правда, се залага за социјална-пазарна економија. За ГРОМ благосостојбата на граѓанинот е во хармонија со слободата на граѓанинот. ГРОМ се залага за силна средна класа во Македонија,која е притисната помеѓу интересите на капиталот и колективните трудови права. ГРОМ ќе ја поддржува средната класа во Македонија, не борејќи се за нејзина ексклузивност, туку за 8


нејзина инклузивност и вклучување на се повеќе општествени групи и слоеви во средната класа, преку поголема валоризација на резултатите на нивната работа и обезбедување подобар квалитет на животот. ГРОМ е за држава во која работат сите граѓани, а не само власта. Успехот на политичкиот ангажман се потврдува преку влијанието што го има врз животот на граѓаните и треба да се мери според можностите за искажување на креативниот потенцијал и достигнувањата на граѓаните, а не само според обемот на работа на власта. Политиките на ГРОМ се фокусирани на влијанието што тие го имаат врз животот на граѓаните. ГРОМ ќе работи за децентрализирана Македонија, зошто верува дека децентрализирана Македонија е моќна Македонија. ГРОМ ќе работи за децентрализирана Македонија каде што ресурсите се дистрибуираат рамномерно и каде што моќта ќе биде деконцентрирана и рамномерно распоредена кон што е можно повеќе граѓани. Веруваме дека луѓето треба да бидат повеќе вклучени во водењето на своите заедници, па оттука сметаме дека понатамошната децентрализација на власта е неопходна за подобро решавање на секојдневните предизвици со кои се соочува секој граѓанин.Покрај потребата од зголемената моќ на единиците на локалната самоуправа, потреби се и мерки за деконцентрација на моќта и капиталот од центарот (Скопје) кон периферијата. Оттука, веруваме дека со ставање на посебен акцент на специфични развојни политики за регионален и рурален развој ќе допринесеме кон намалување на сиромаштијата и социјалните разлики преку отворање на нови работни места и поттикнување на претприемништвото. Како партија за кој граѓанинот е центарот, ГРОМ ќе поттикнува активни граѓани и понатамошно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки, во нивното спроведување и во нивното оценување. За граѓанинот да одговори на новите предизвици, човековиот развој е во фокусот. ГРОМ се залага за вложување во граѓаните и нивното здравје, образование, наука, култура, спорт и животна 9


средина. ГРОМ се залага за заедничко дејствување на граѓаните од различна национална, верска и друга определба. ГРОМ е прва партија во Македонија заснована на начелото „партија за сите етнички, верски и други припадности“. Ние силно веруваме во мултиетничка Македонија обединета околу граѓански вредности и принципи и ваквата ориентираност ќе биде рефлектирана во сите раководни органи каде што ќе бидат застапени членови од повеќето различни етнички заедници. ГРОМ е за интеграции на Македонија во регионот, Европа и глобално. ГРОМ ќе гради еднаква соработка со сите во регионот. ГРОМ ќе обезбеди повеќе резултати со помалку пари за државата, а повеќе пари кај граѓаните и претпријатијата.

Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ е подготвена да преземе одговорност за водење и примена на овие политики во Република Македонија.

10


Вредностите на ГРОМ Успехот на една политичка партија зависи од изборот на вредности што ги поседува и што ги следи и од степенот до кој тие вредности се споделени со граѓаните на Република Македонија.

СЛОБОДЕН ЖИВОТ ВО СЕГАШНОСТА Слободниот граѓанин е наша врвна вредност. ГРОМ ја враќа сегашноста во политичкиот живот во Република Македонија, инвестирајќи во сопствените граѓани за да ја користат слободата на креирање на сопствената иднина сега и овде, во Република Македонија. ГРОМ како партија на центарот ќе се залага за остварување на сите индивидуални и колективни граѓански слободи и почитување на човековите права.

АКТИВНИ И ВКЛУЧЕНИ ГРАЃАНИ ГРОМ верува во живот во сегашноста на граѓаните на Република Македонија, единствено време кога е можно да се живее и да се менува иднината. ГРОМ верува дека извор на среќа е моќта да се менува реалноста. ГРОМ започнува процес на поттикнување на граѓаните да ја согледаат својата моќ да ја менуваат, а не да се приспособуваат на сегашната македонска реалност. Таа моќ е дел

11


од секој граѓанин на Република Македонија и ГРОМ ќе ја поттикнува и насочува за општото добро на сите граѓани. ГРОМ верува во слободата на поединецот во сегашноста, која му овозможува да се соочи со ограничувањата на денешнината и со личен ангажман да ги надмине за да ги оствари своите и целите на заедницата каде што припаѓа. Концептот на активирање на граѓанинот е спознавање на својата вродена моќ да излезе на крај со сите тешкотии и повикувајќи се на слободата да избира, активно да работи и да придонесува за развојот на нашата земја Република Македонија. Сметаме дека само слободни граѓани можат активно да учествуваат во јавниот живот и дека активното граѓанско општество е од голема важност за соочување со секојдневните предизвици исправени пред граѓанинот и заедницата. Државата не секогаш го има најдоброто решение, па затоа задача и одговорност на граѓанинот е да учествува активно во јавниот простор и сам да си ја крои својата реалност, но и иднината за следните генерации. ГРОМ се залага гласот на граѓаните да биде прв затоа што е најважен, а не да бидат само следбеници на некоја идеја.

ЗАЕДНИШТВО ГРОМ понатаму ќе го развива општиот и траен граѓански консензус за иднината. За ГРОМ градењето на заедништво е потреба на сите граѓани, која се развива преку разбирање, пријателска коегзистенција и соработка за добар и пристоен живот. ГРОМ се концентрира на давањето, а не на земањето. Среќниот живот на поединецот зависи од можноста тој да дава и да разменува вредности со другите луѓе, да биде од помош и да учествува во остварувањето на целите на неговите сограѓани и на неговата држава. Животот на секој граѓанин зависи од неговата способност да креира, создава и да разменува со другите. ГРОМ ги почитува вредностите што еден човек ги следи и кои се негов личен избор за тоа што сака да постигне во животот, соработувајќи со луѓето од неговата средина за остварување на заеднички цели. Поединците со сличен избор на вредности се обединуваат за да ги негуваат, развиваат и применуваат истите вредности како најсилна основа за нивниот опстанок и просперитет. На тој начин таа група луѓе споделувааат иста идеја, работат заедно за доброто на своите блиски и се трудат да го применуваат или не златното правило на возвишената правда: прави го тоа што сакаш другите да го прават за тебе и не прави го она што не сакаш другите да ти го прават тебе.

ОДГОВОРНОСТ И ОТЧЕТНОСТ За ГРОМ политичката власт е алатка за остварување на индивидуалните и на колективните интереси на граѓаните на Република Македонија. Политичката власт има три основни функции: етичка – да донесува разумни одлуки и закони кои ќе обезбедат долгорочен опстанок и развој за граѓаните; собирање приходи

12


за остварување на заедничките интереси на граѓаните на Република Македонија, и дистрибуција и редистрибуција на средства за покривање на трошоците за сигурност, опстојување и квалитетен живот на граѓаните на Република Македонија.За ГРОМ власта не создава вредности, туку граѓаните на Република Македонија создаваат вредности. Политичката власт се грижи за нивната правилна распределба и затоа е одговорна. За ГРОМ поделбата на власта на: законодавна, извршна и судска е првиот услов за успешно остварување на демократијата и за широко почитување на човековите права и слободи на граѓаните. Вториот услов е одлучувањето на најблиското можно ниво до граѓаните. За тоа е потребна понатамошна децентрализација и зајакнување на локалната самоуправа. Очекувањата дека само државата е одговорна за општествените предизвици се коси со вредноста на претприемништво и активни и вклучени граѓани. ГРОМ е залага за споделување на одговорностите меѓу државата, приватниот сектор и граѓаните. Потребно е воспоставување на партнерски односи засновани на доверба и заеднички интереси. ГРОМ во сите подрачја ќе подржува плурализација на давателите на јавни услуги, како и зголемување на одговорноста на граѓаните за сопствените животи.

13


МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ И ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗАМ За ГРОМ заедништвото е можно доколку секој поединец и група се подготвени да ги толерираат разликите кај другите. Културната разноличност во Република Македонија во етничка, национална, верска, социјална, возрасна и полова смисла треба да престане да биде нејзин недостаток и конечно да стане нејзина предност. ГРОМ го поддржува и поттикнува мултикултурализмот, како различност на поединците и групите во развивањето на својот потенцијал да креираат и да го осмислуваат меѓусебниот заеднички живот. ГРОМ ќе го потенцира и ќе го развива интеркултурализмот како вредност во современите демократии и нова политика, која има пред сè активна компонента и која подразбира комуникација со различните културни групи. Мултикултурализмот е реалност, но е пасивен принцип кој подразбира допир на различните културни групи. Интеркултурализмот значи живеење на различни културни групи не едни покрај други, туку едни со други; дијалог како основа за интеракција и комуникација меѓу религиски, културно и етнички со другиот; тој ги поседува вредностите: почит, соработка, толеранција, чесност, трпеливост, искреност, отвореност, како основа на секоја активност на различните културни групи; интеркултурното воспитување – чекор напред во зближување и разбирање на различностите; развивање на социјално милје во кое ќе доминира хуманистичкиот импулс и учење на различностите и потенцирање на вредносни идеали, морални кодекси и норми преку кои етнички, културно и религиски другиот правилно и посакувано ќе се развива и ќе се вклопи во средината.

ПРЕТПРИЕМНИШТВО ГРОМ верува во активни луѓе, што значи луѓе со претприемнички дух, одлучност и акција, кои превземаат иницијатива за да ги реализираат идеите и да постигнат сопствен успех и успех за заедницата. Поединците кои се самомотивирани, исклучително посветени и ориентирани кон повисоки достигнувања заслужуваат признание. 14


ГРОМ се залага за почитување на пазарните законитости и неговата улога во креирањето, размената и распределбата на вредности и ресурси. Улогата на државата е да биде регулатор и контролор за успешно дејствување на пазарот и да создаде еднакви можности за фер конкуренција. ГРОМ е против префрлање на ризикот од државниот интервенционизам врз фирмите и граѓаните.

ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ГРОМ верува во еднакви можности за сите луѓе. Ниеден поединец не смее да биде подложен на дискриминација базирана на пол, етничка или верска припадност, попреченост, возраст и сексуална ориентација. ГРОМ за обезбедување на еднаквите можности за живот во просперитет верува во солидарност и во афирмативни мерки. ГРОМ се залага за солидарност кон сите социјално ранливи групи. Истовремено, за сите работоспособни ранливи групи мора да постојат афирмативни мерки за нивна интеграција во сите аспекти на општеството.

ЛИЧЕН РАЗВОЈ За ГРОМ секој поединец заслужува личен развој кој ќе му овозможи духовен мир, благосостојба и разбирање со другите луѓе, како и духовен развој кој ќе му овозможи пристојна егзистенција и услови за живот.За ГРОМ слободата е синоним на способноста на граѓанинот да ја осмислува и да ја креира сопствената иднина во својата држава. ГРОМ е за граѓани на 21-от век. Оспособувањето на граѓанинот за 21-от век е поврзано со вештините за користење на науката, информатичката технологија, странските јазици, претприемачкиот дух и финансиската писменост. ГРОМ се залага овие вештини да им станат широко достапни на граѓаните на Република Македонија, со што тие ќе можат да создаваат вредности и да ги разменуваат за остварување на среќен живот.

ОДРЖЛИВОСТ ГРОМ е за одговорно користење на ресурсите на Република Македонија. Ресурсите се ограничени и мали и за нив секогаш некој се бори да ги поседува или да владее со нив. Нивното користење треба да биде јавно и треба да се презентираат придобивките за државата и граѓаните. ГРОМ е за поголема вклученост на граѓаните на Република Македонија во користењето на заедничките ресурси. ГРОМ е за јавност на приходите од користењето на природните (метали, неметали, минерали, просторот) и стекнати ресурси (државен имот, акции и обврзници). Националните ресурси треба да носат користи за сите граѓани. Рационалното и ефективно користење на природните ресурси и водењето сметка за нивно обновување треба да биде темел за економскиот развој на земјата. ГРОМ тоа ќе го овозможи со превземање на конкретни мерки во економскиот, политичкиот и општествениот живот во земјата. 15


Визија на ГРОМ за 21-от век Визија на ГРОМ е ширење на слободата, достоинството и благосостојбата на секој граѓанин во граѓанска држава, која го вклучува во одлучувањето на важни прашања за нивните животи и која обезбедува еднакви шанси, можности, слобода и развој на различните културни идентитети, во Република Македонија, интегрирана во регионалните, европските и глобалните меѓународни односи. Мисијата на ГРОМ е „партија на граѓанинот, која енергично и одговорно ги развива вродените слободи и права, овозможувајќи простор за непречено реализирање на неговата креативност и личните капацитети за остварување на визијата на Република Македонија во 21-от век“. Долгорочни приоритети на ГРОМ се: • Функционално демократско општество – слободни граѓани за слободно општество; • Раст со работни места; • Децентрализирана Македонија - моќна Македонија ; • Постои живот и надвор од Скопје регионален и рурален развој ; • Мултикултурата – македонско богатство ; • Човековиот развој во фокусот ; • Социјална кохезија и еднакви можности ; • Безбедни граѓани – околина без криминал ; • Балкански крстопат ; • Македонија интегрирана во регионот, Европа и глобално

16


Вклучи се: www.grom.mk

Функционално демократско општество -слободни граѓани за слободно општество

Македонија мора да направи чекори во развој на функционално демократско општество и тоа од полуконсолидирани демократии да зачекори во консолидирани демократии, од делумно слободна во слободна. Неопходни се храбри чекори за прогрес во сите подрачја: од граѓанските и политичките слободи, јавниот ред и мир, независните медиуми, изборниот процес, доброто владеење, до владеење на правото и спречување на корупцијата. Засилувањето на локалната самоуправа е од централно значење за ГРОМ и е издвоено во засебна цел.

Слободни граѓани за слободно општество Македонија има правна рамка и понатамошниот предизвик е создавање на поволна околина за остварување на граѓанските и политичките права, вклучувајќи ги слободите на изразување, собирање и здружување на мислата, совеста и религијата. Создавањето на поволна околина е обврска на политичкото лидерство во промоција на толеранција и дијалог. Силно треба да се обесхрабри етикетирањето, говорот на омраза, како и криминалот заснован врз омраза, кој создава атмосфера на страв и самоцензура. ГРОМ ќе поттикнува култура и институции за дијалог на сите нивоа и во сите подрачја. 17


За ГРОМ граѓанското општество е партнер, а не ривал или непријател. ГРОМ ќе негува култура во која ќе има простор и за критички ориентираните граѓански организации, синдикати, комори. Мора понатаму да се развива поволна околина за граѓанското општество, со примена на стратегии за соработка со граѓанскиот сектор на национално и на локално ниво. На граѓанското општество му е потребна поддршказафинансискатаодржливост, среднорочно со директна финансиска поддршка од националниот и локалните буџети, а долгорочно со индиректни, даночни мерки за поттикнување на финансиската поддршка од граѓаните и претпријатијата. Од постигнатата слобода на религијата, ќе се чекори кон понатамошно градење на поволна околина за одразување на повеќеверскиот карактер на општеството. ГРОМ ќе гради односи со сите цркви и верски заедници на принципот на еднаквост. ГРОМ ќе ги согледа потребите на црквите и верските заедници во спречување на верскиот екстремизам, кој се јавува како рефлексија на глобалните влијанија. За слободно општество се потребни слободни медиуми. ГРОМ секогаш ќе застане на страната на професионално, независно и истражувачко новинарство како основен услов за одговорна власт.

Мора да се создаваат поволни услови за слободни медиуми, преку воздржување од политички коментари за новинарската работа, откажување од постапки за одговорност за клевета, како и создавање услови за фер и лојална конкуренција. Сопственоста на медиумите мора да е транспарентна и мора да се раскинат нелегитимните партиско-медиумски односи.

18


Слободните граѓани мора да имаат целосна слобода за изразување на својата политичка волја на целосно фер и демократски избори. ГРОМ со искрена волја ги поддржува сите мерки кои се потребни за понатамошно подобрување на изборниот процес. Покрај континуираните подобрувања на Изборниот законик, многу поважно е создавање на меѓупартиска изборна етика и култура. ГРОМ ќе води позитивни изборни кампањи, во кои другите партии се конкуренти а не непријатели, ќе нуди решенија и ќе биде подготвен своите решенија да ги претстави во соочување и дебати со другите политички партии.

Moќно собрание - Дом на политичкиот дијалог Поделбата на власта, како темел за одговорна власт, мора да се заснова врз моќно Собрание. За понатамошниот развој на улогата на Собранието се неопходни засилување на позицијата на пратениците, градење на одговорност кон граѓаните наместо кон лидерите и демонстрација на контролната улога на Собранието. Позицијата на пратениците ќе се засили со понатамошно подобрување на нивната работа, како и зголемување на учеството на јавноста. За подобрување

19


на работата ќе се поддржи развојот на Парламентарниот институт. ГРОМ ќе промовира активно учество на јавноста, како граѓанската така и стручната, со вклучување на јавноста во работата на сите собраниски комисии, како редовна организација на јавни презентации и дискусии. За јакнење на одговорноста на пратениците кон граѓаните, ГРОМ ќе се заложи за реформа на Изборниот законик, во кој избирачот ќе има поголемо влијание во изборот на својот пратеник. ГРОМ ќе предложи донесување Етички кодекс за пратениците. Собранието мора да ја демонстрира својата контролна улога, со редовно одржување на контролни расправи, и особено со соодветен надзор над следењето на комуникациите и над службите за разузнавање и контраразузнавање.Пратениците на ГРОМ во Собранието ќе негуваат култура на политички дијалог.

Владеење на правото - никој не е над законот! Владеење на правото е темелна вредност, донесувањето на закони е битно но не е доволно, многу поважна е нивната еднаква и неселективна примена на цела територија и на сите граѓани. ГРОМ енергично ќе се бори за еднаквоста и неселективностана примената на законите. Потребна е заштита на правата на граѓаните и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Граѓаните мора да се чувствуваат безбедни, сигурни и убедени во исправноста на одлуките кои ги носат органите на управата, а особено во одлуките на судовите. За да се олесни пристапот кон правдата за сите граѓани е неопходно јакнење на системот за бесплатна правна помош. Сепак, за граѓаните да 20


ја зголемат својата доверба во правосудството, потребно е политичките партии и лидери да престанат да ги употребуваат судовите и судските одлуки како поле за меѓупартиски натпревар, за што ГРОМ ќе даде личен пример. ГРОМ ќе го брани и ќе го гарантира правото на сопственост како фундаментална вредност и како клучен фактор дека инвестициите и водењето бизнис се сигурни. ГРОМ го брани начелото на пресумпцијата на невиност, а мерката притвор не смее да станува замена за затворска казна. Затоа со измени на законот ќе се намали можноста од изрекување на мерка притвор кога не е апсолутно потребна. ГРОМ ќе се залага за истакнување на професионалноста, стручноста, совесноста во вршењето на функциите, кои ќе бидат основен критериум за вршење на правосудните функции (судија, обвинител). ГРОМ ќе се залага за понатамошно јакнење на улогата и капацитетот на Академијата за судии и јавни обвинители, како и за зголемување на финансиската поддршка на студентите на Академијата.За професионално вршење на функциите мора да се обезбеди подобра финансиска позиција на правосудството, подобрување на условите на работа, стандардизација и унификација на процедурите, како и унапредување на информатичкокомуникациските технологии во правосудниот систем за транспарентно следење на работењето. ГРОМ се залага за унапредување на процесот на извршувањето на санкциите, професионално организирани и управувани казнено-поправни и воспитнопоправни установи, подобрување на просторните капацитети и условите во казнено-поправните установи и обезбедување на соодветна медицинска нега на сите осудени и притворени лица, без исклучок. Подобрувањата на затворскиот систем за надминување на неговата пренатрупаност и нечовечки услови не е доволно да се решава преку изградба на нови затвори, туку треба да се промовираат и алтернативните форми на казнување. Особено внимание е потребно на превенцијата на криминалот преку јакнење на безбедноста во соседствата, како и на постзатворската интеграција на осудените за намалување на стапката на поврат во криминал.

Eвропски стандард за услугите на граѓаните За ГРОМ ефикасни, инклузивни и отчетни институции кои подеднакво обезбедуваат квалитетни услуги за сите граѓани се патот кон европски стандард на услугите. Определба на ГРОМ е постигнување на европски стандард на услугите за 21


граѓаните, кој мора да се започне од формулациите и спроведувањето на јавните политики, преку организација на власта и ефикасноста и ефективноста на администрацијата. Барањето одговорност од институциите кои ќе имаат висок интегритет и ќе дејствуваат во функција на граѓаните ќе биде приоритет на ГРОМ. Европски стандарди на услугите може да се постигнат само со учество и партнерство со граѓаните во креирањето на јавните политики, во надгледување на нивното спроведување и во нивната оценка. Информирани и вклучени граѓани се камен-темелникот на добри политики и нивното спроведување. ГРОМ ќе се залага за воспоставување на култура на јавен дијалог и учество на јавноста, граѓанска и стручна, на сите нивоа (национално, регионално, локално) и во сите подрачја. ГРОМ ќе отвори расправа за ефикасноста и ефективноста на организацијата на власта, за можностите на интеграција на институции со преклопувачки надлежности, водејќи се од начелото помалку и поефективни институции наместо побројни и послаби институции. Почетен чекор на секоја реформа на јавната администрација за подобрување на ефикасноста и ефективноста мора да биде утврдување на бројноста на администрацијата. ГРОМ ќе инсистира на целосна транспарентност на ова прашање. За тоа е потребно час поскоро да се комплетира базата на вработени во администрацијата. Без анализа на постојната состојба не е можно формулација на каква било стратегија за реформи на администрацијата. ГРОМ се залага за помала, поефективна и подобро платена администрација. Сите програми на политички партии зборуваат за независна, професионална и одговорна администрација. ГРОМ тоа и ќе го практикува. За воспоставување на систем на заслуги потребна е професионална, но и одговорна администрација. Мора да се јакне свеста на администрацијата како услужна дејност за граѓаните, да се јакне системот за оценување, вклучувајќи и оценување од граѓаните и управување на системот на жалби и поплаки. Политиката значи одговорност. Власта постои за граѓанинот, а не обратно, па затоа секоја власт треба да биде одговорна и отчетна пред граѓаните. ГРОМ ќе обезбеди максимална 22


транспарентност во својата работа. Сметаме дека разликата помеѓу успешните и неуспешните држави во голем дел се базира врз способноста општествените чинители да изградат систем на добро управување, без корупцијата и злоупотреба на јавните ресурси. Затоа ќе ги вложиме сите наши човечки и морални капацитети да управуваме со државните ресурси и институции на одговорен, транспарентен и чесен начин. ГРОМ ќе воспостави систем базиран на овие начела и ќе биде транспарентна и одговорна партија. ГРОМ ќе се заложи за побрз и поедноставен пристап на граѓаните во остварувањето на правата од матичната евиденција, со унапредување на правната рамка од областа на матичната евиденција и воспоставување на ефикасен и современ систем на водење на матичната евиденција.

Спречување на корупцијата ГРОМ јасно и недвосмислено ќе се бори за спречување на корупцијата која во Република Македонија како општествен проблем, кој предизвикува голема загриженост кај граѓаните претставува пречка во општествениот и економскиот развој на земјата.

Превентивно ќе дејствуваме кон подигнувањето на јавната свест за значењето на спречувањето на корупцијата и позитивните ефекти од нејзиното искоренување.

ГРОМ ќе се бори за спречување на корупцијата, со изградба на систем заснован врз детални и систематски анализи за корупцијата во сите општествени подрачја, и отстранување на административните процедури или бариери кои создаваат услови за корупција. 23


Антикорупциските активности ќе бидат насочени кон националниот и локалните буџети, како и системот на јавни набавки. Потребно е одговорно креирање и спроведување на националниот и локалните буџети, како и јакнење на механизмите за отчетност при трошење на јавните финансии. Системот за јавни набавки треба да се оцени поради поплаките за фаворизирање на неквалитет, а истовремено не ги дава ефектите во спречување на корупцијата во јавните набавки. Улогата на Комисијата за спречување на корупцијата, треба да се зајакне преку јасни и високи критериуми за избор на членови на комисијата. ГРОМ ќе демонстрира јасна политичка волја во откривање, гонење и санкционирање на корупцијата во највисоките нивоа на власта. Секако спречувањето на корупцијата не е можно само со санкции, без отстранување на мотивацијата за корупција во администрацијата и политиката. Во администрацијата мора да јакне системот на компетентност, како и зголемувањето на платите. Во политиката мора да се уреди финансирањето на политичките партии. Во услови на скапи телевизиски кампањи, значајно се зголемуваат финансиските потреби на партиите, кои не можат да бидат задоволени на легитимен начин од спонзорите – граѓаните и претпријатијата. ГРОМ се залага за ограничување на кампањите, а среднорочно за зголемување на финансирањето на политичките партии од државата за да се искорени зависноста од „црни“ фондови.

24


Вклучи се: www.grom.mk

Раст со работни места За ГРОМ од клучно значење е промена на парадигмата „раст без работни места“ во „раст со работни места“, затоа што на Македонија не и е доволен раст на брутодомашниот производ (БДП), туку справување со долгогодишните општествени предизвици невработеноста и со неа поврзаната сиромаштија. Среднорочниот предизвик за ГРОМ е раст кој ќе доведе до зголемување на БДП на 7.500 долари по жител, со намалување на невработеноста на 18 проценти и зголемување на вработеноста на 54 проценти. ГРОМ ќе го постигне тоа со градење на функционална пазарна економија, вклучително функционален пазар на трудот, поттикнување на инвестициите, конкурентност, иновативност и претприемништво, вработување, како и со стабилна макроекономска политика. Одделни мерки се предвидуваат за сектори од особено значење за Македонија. За постигнување на целите неопходно е дополнување на постојната парадигма во инвестиции каде што фокусот е на странски

25


директни инвестиции, концесии и на капитални инвестиции во транспорт и енергетика. По продолжената економска криза од последните неколку години, покрај фокусот на странски директни инвестиции и концесии, за постигнување на очекуваните цели и резултати, Македонија мора да посвети внимание и на домашните инвеститори, како и на јавните вложувања, финансирани со заеми, за развој пред сè на енергетиката, а поограничено во транспортот. Натамошното задолжување на земјата мора да биде исклучиво за проекти со докажано економско значење.

Функционална пазарна економија Функционална пазарна економија и поволна околина за претпријатијата ГРОМ ќе постигне со поволна правна и регулаторна рамка, со владеење на правото, со фер конкуренција, подобрен пристап до финансиски услуги и со партнерство и економско-социјален дијалог. Секако од значење се стабилната макроекономска политика, како и другите мерки како иновативност и претприемништво издвоени во одделни делови. ГРОМ ќе ги вклучи работодавците и синдикатите, во консултативен процес за сите релевантни закони и регулативи, за да обезбеди заштита на интересите на засегнатите страни. ГРОМ ќе инсистира на стабилност на правната рамка и регулатива, а промените ќе се прават со доволен период за приспособување на претпријатијата. ГРОМ ќе се залага за правна рамка и регулатива која ќе ги намали трошоците за работа. Правната рамка и регулатива треба да биде соодветна на големината на претпријатијата и да биде приспособена за малите и средните претпријатија (МСП). Соодветно, ГРОМ ќе бара приспособување на казнената политика, 26


особено кон МСП, како и општо намалување на дел од казните и казнување според начелото поука па казна, односно само по предупредување за потребата за приспособување кон законот или во случај на повторување на прекршокот. ГРОМ ќе поттикне расправа за соодветноста на даночните политики и придонесите. Владеењето на правото мора да се обезбеди насекаде и за секого – за сите сектори, за сите претпријатија, за сите подрачја. ГРОМ ќе се залага за воспоставување на фер конкуренција. ГРОМ ќе донесе мерки за подобрување на пристапот кон финансиски услуги, зголемување на кредитирањето на приватниот бизнис, особено за МСП, како и поттикнување на нови финансиски инструменти преку поддршка за развој на нови финансиски продукти. За ГРОМ организациите на работодавци, синдикатите и коморите се партнери во градењето на функционална пазарна економија. ГРОМ ќе се залага за јакнење на економско-социјалниот дијалог, на национално и локално ниво и за јакнење на Економско-социјалниот совет по европски модел. ГРОМ ќе се залага за пренос на надлежности за одредени јавни услуги на стопанските комори, како и за нивно зајакнато присуство во регионот, ЕУ и глобално.

Раст и инвестиции За постигнување на целите е потребен раст на БДП меѓу пет и шест проценти годишно, како раст на бруто-инвестициите над 30 проценти од БДП. Притоа, ова ниво се однесува на т.н. „гринфилд“ и „браунфилд“ инвестиции, а не само на продажбата на претпријатија или удели и акции во сопственост на државата. Странските инвестиции, неопходни за промена на економската структура, мора да постигнат нивоа приближни на врвот од 2007/2008 година. ГРОМ ќе обезбеди поволна околина за инвестиции од дијаспората и македонските граѓани во странство, со либерализација на девизното работење и поттикнување на дознаките за инвестиции. За поттикнување на инвестициите ГРОМ ќе ги третира еднакво странските и домашните инвеститори, во условите и поддршката обезбедена од државата. Тоа мора да биде придружено со гаранција за правната сигурност за домашните инвеститори и промена на културата каде што бизнисот е непријател. За ГРОМ приватниот сектор е партнер! 27


Клучен чекор за поттикнување на домашните инвестиции и развојот на МСП е поттикнување на додадена домашна вредност. За претпријатијата, во домашна и странска сопственост, со одредено учество на домашни инпути, ќе се предвидат мерки за поттикнување – директни и индиректни финансиски поддршки. Целта е да се мотивираат сите претпријатија, во домашна и странска сопственост, да го зголемат учеството на домашни инпути, а со тоа да ја зголемат побарувачката на домашни продукти и услуги. Јавните инвестиции во инфраструктурата и образованието создаваат поволни улови за развој на приватниот сектор. Тие треба да надминат 15 проценти од буџетот на Македонија, при што најмалку 65 проценти треба да бидат во економска инфраструктура. Јавните проекти, во енергетика и транспорт, предвидени да се реализираат со концесии и јавноприватни партнерства, за кои постапките повеќепати неуспешно се повторуваат, треба да бидат преоценети. За оние проекти за кои што постои економска оправданост, дел треба да се реализираат со заеми, а за дел да се подобрат условите за концесионерите и партнерите. ГРОМ се залага за највисока искористеност на ЕУ-фондовите. Внимание е потребно за зголемување на административниот и финансискиот капацитет за употреба на ЕУ-фондовите, како на страната на државата, така и на страна на приватниот и граѓанскиот сектор. ГРОМ ќе обезбеди поддршка за консултантски куќи кои ќе помогнат во подобрување на капацитетот на приватниот сектор, а ќе се анализираат и можностите за зголемување на финансискиот капацитет неопходен за кофинансирање на проектите.

28


Претприемништво, иновативности, конкурентност Во услови на натамошна интеграција во ЕУ, како и глобалната трговска интеграција, Македонија мора да ја зголеми конкурентноста на својата економија. Македонија мора да се стреми кон европската цел за издвојување на два процента од БДП за истражувања и развој. ГРОМ ќе обезбеди државна поддршка не преку субвенции за производство и извоз, туку преку финансиска поддршка за развој на нови продукти и за воведување на нови технологии. За техничкотехнолошка модернизација ГРОМ ќе ги преиспита царините и даноците за увоз на опрема, која не се произведува во земјата. ГРОМ ќе воведе бесцарински увоз на опрема, суровини и репроматеријали кога се работи за извозни аранжмани за производни претпријатија со над 50 вработени. ГРОМ ќе ја поддржи енергетската ефикасност на фирмите за зголемување на нивната конкурентност. Ќе се поттикне „зеленaта економија“: заштита на околината, енергетска ефикасност, користење на обновливи извори на енергија. ГРОМ ќе воведе мерки за интернационализација на македонските претпријатија, како промоција на стратегиските производи на странските пазари. На Македонија и е потребно повеќе претприемништво. ГРОМ ќе обезбеди мерки за поддршка за почеток на бизниси (старт-ап), услуги за развој на бизниси, како и намалување на трошоците за работа за МСП. Во соработка со стопанските комори и граѓанскиот сектор ќе се поддржи проширување на мрежа на „бизнис29


инкубатори“, како и на специјализирани „бизнис-инкубатори“ за ИТ и нови технологии. Особено ќе се поддржи претприемништвото на млади жени, лица со посебни потреби и на етничките заедници. ГРОМ ќе воведе програми за поддршка на малите и средните претпријатија. Меѓу другото, во големите јавни набавки, ГРОМ ќе воведе преференцијален третман на МСП, особено на МСП основани од млади, од жени и од ранливи групи. ГРОМ ќе воведе и преференцијален третман на енергетски ефикасни производи. Претприемничката култура ќе се охрабрува од предучилишна возраст, а ќе се надградува во основното и средното образование. ГРОМ ќе гради јавна свест со висока работна етика и претприемништво, каде што стереотипите „учи сине да не работиш“, „клати врата, земај плата“, „не можат да ме платат толку малку колку што малку може да работам“, ќе бидат заменети со нови позитивни модели.

Вработување За „раст со работни места“ покрај наведените цели за инвестиции, конкурентност, иновативност и претприемништво, потребна е примена на активни мерки за вработување. ГРОМ ќе обезбеди зголемување на годишниот опфат на невработените со активните мерки за вработување и зголемување на финансиската поддршка за нови работни места. Ќе се поттикне стручното усовршување во претпријатијата со тоа што ќе се креираат програми за партиципација во трошоците за обука на вработените. Ќе се анализираат и преиспитаат трошоците за вработување, за поттикнување на вработување на нискоквалификувани работници. За поттикнување на вработувањето во пасивните ридско-планински подрачја ќе се воведе 30


ослободување од придонеси во период од три години. Овие мерки може да се прошират и на други ранливи групи. Потребна е реорганизација на работата на Агенцијата за вработување за активно посредување за вработувањето, спроведување на активни мерки за усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Ќе ја зголемиме флексибилноста на работните договори, ќе промовираме работа со скратено работно време и работа дома со што на работниците ќе им се даде поголем избор. Тоа е особено важно за жените кои честопати поради домашни обврски и грижа околу децата и повозрасните и изнемоштени роднини, мораат да се одлучат за неактивност, наместо за работа, поради недостиг на флексибилни работни договори.

Вработување на млади Младите, како најпогодена група ќе имаат приоритет во поттикнување на вработувањето. Зголемувањето на вработеноста на младите мора да започне во усогласување на системите за образование и обука со потребите на пазарот на трудот – реформа на наставните планови, воведување образование за кариера, подобрување на услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија, но и обезбедување на средства за приватни даватели на услуги за посредување и подготовка за влез на пазарот на трудот. Потребно е воведување и на советување за кариерата за младите луѓе во раните фази на образованието. Понатамошните мерки се насочени кон олеснување на влезот на пазарот на труд. ГРОМ предвидува неколку мерки, кои покрај мерките за развој на претприемништвото вклучуваат: практиканство, обезбедување на услуги за вработување на целата територија на земјата, како и поддршка за вработување на млади луѓе (до 30 години). Еден дел од образованието, средно или високо, ќе се состои од практична работа – практикантство од една година во претпријатијата, кои ќе имаат обврска да ги примат практикантите. ГРОМ ќе го поттикне и практикантството во странство, како неопходност за интернационализација на македонската економија. Со цел намалување на трошоците за стажирање на идните доктори по медицина, фармација и стоматологија ГРОМ ќе изработи програми за извршување на нивниот стаж во својот град, тамошните универзитетски клиники, медицински центри, амбуланти и ординации.

31


Во општините кои не се покриени со центрите за вработување, потребно е создавање на мрежи за поддршка од граѓанскиот сектор и приватни провајдери во идентификување на невработените млади лица и обезбедување на услуги за вработување. Работодавците ќе бидат поддржаниво обезбедувањето на работни места наменети за младите лица и преку субвенции за нивно вработување во определен период.

Вработување на долгорочно невработените и повозрасните граѓани ГРОМ ќе посвети внимание на долгорочно невработените, на невработени повеќе од четири години и на категориите на невработени на возраст над 35 години. ГРОМ ќе предложи програми кои ќе опфатат различни мерки на поддршка: од преквалификација и доквалификација, отворање на јавни работи, поттикнување на претприемништвото до финансиски погодности за нивно вработување. Ќе се поддржи доживотно учење и стекнување на нови вештини и ќе се воведат даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица. Ќе се подготви стратегија за олеснување на проблемите на повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија и ќе се преземат активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста. ГРОМ ќе отвори можности за нивно вработување, особено на оние со работно искуство, во новите индустрии и гранки кои произлегуваат од потребата за заштита на околината, енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија. ГРОМ истовремено ќе ја поттикнува мобилноста на овие категории на невработени, за излегување во пресрет на пројавената побарувачка за работници.

32


Монетарна и фискална политика ГРОМ ќе ја поддржи оптималната монетарна политика за стабилно макроекономско опкружување со целосно почитување на независноста на НБРМ во изборот на стратегијата за ценовна стабилност и стабилен девизен курс. Монетарната политика ќе биде во функција на кредитната политика со која ќе се обезбеди пораст на банкарските кредити за приватниот сектор. Политика на ГРОМ ќе биде зголемување на јавниот долг само за јавни инвестиции со економска оправданост, при што најмалку 70% од јавните инвестиции ќе бидат во економската инфраструктура.

Стратегиски сектори ГРОМ ја поддржува определба за земјоделството, текстилната индустрија, туризмот, машинската (авто)индустрија, ИТ-секторот како стратегиски сектори. За ГРОМ стратегиско значење има и градежништвото,фармацијата и новите индустрии на „зелената економија“. Иако не се индустрии, од аспект на раст и работни места со висока додадена вредност ГРОМ ќе ја промовира Македонија како регионален здравствен и образовен центар. Во сите наведени сектори ГРОМ ќе поттикне стратегиско размислување по принципот на „клустер“ или синџир на вредност. Исто така, засновано врз принципите на конкурентност, иновативност и претприемништво ќе се поттикнуваат потсектори со повисока додадена вредност. За сите овие сектори ГРОМ ќе ги примени мерките за конкурентност, иновативност и претприемништво, а ќе развие и конкретни мерки и проекти. Во туризмот, како најбрзо растечки сектор и најголем побарувач на работници, покрај постојните напори, треба да се зголемат јавните инвестиции кои даваат поддршка на туризмот, да се обезбеди јавно-приватно партнерство за одредени проекти, како и да се обезбеди поддршка за подобрување на хотелските капацитети. Покрај сегашните средства од ИПАРД за развој на руралниот туризам (хотели и угостителски објекти) треба да се обезбедат средства за субвенции за изградба на мали семејни хотели или соби за сместување, за изградба на хотели со национална архитектура. За подобрување на услугите треба да зајакне стандардизацијата и лиценцирањето. Посебен напор треба да се вложи 33


во дефинирањето на уникатна националната кујна. ГРОМ се залага и за фонд за обновување на фасадите, куќите и други објекти во староградските јадра на Скопје, Битола, Охрид, Крушево и Кратово, како и за забрзување на европските фондови за ревитализација на етнорурални заедници. ГРОМ ќе инсистира на еднакви услови за настап на македонските градежни компании на тендерите за големи јавни инвестиции. ГРОМ ќе ја анализира можноста за обезбедување на државни гаранции за настап на македонските градежни компании на странски пазари во случај на големи јавни проекти. За развој на земјава како здравствен и образовен регионален центар, ГРОМ ќе обезбеди бесплатно земјиште за изградба на здравствени и образовни објекти кои ќе даваат услуги за соседните земји, а ќе обезбеди и субвенции за нивна изградба или доградба. ГРОМ ќе поттикне студија за можностите за здравствен туризам. За подобар бизнис е неопходен подобар пристап до финансиски услуги. ГРОМ ќе поддржи мерки за кредитирањето на приватниот сектор; субвенционирање на каматите; поддршка на нови финансиски продукти; подобро електронско банкарство и намалување на трошоците на финансиски трансакции; либерализација на девизното работење; мерки за поевтини меѓународни плаќања. Политиките кон стратегиските сектори ГРОМ ќе ги осмислува сеопфатно, изработувајќи секторски стратегии и подготовка на програми за поддршка на приватниот сектор во креирање на нова понуда и примена на технолошки подобрувања.

34


Вклучи се: www.grom.mk

Децентрализирана Македонија! -моќна Македонија! Децентрализацијата на Македонија е основен столб на ГРОМ, затоа што ГРОМ верува дека децентрализирана Македонија е моќна Македонија, и затоа што како партија е иницирана од локално ниво. ГРОМ се залага за јавна расправа за стратегија за понатамошна децентрализација на Македонија, засновано врз успешните резултати на досегашното спроведување на децентрализацијата, досега веројатно една од најуспешните реформи. ГРОМ се залага за зголемување на надлежностите на локалната самоуправа во повеќе подрачја, зголемување на финансиите на општините на десет проценти од БДП, со зголемување на изворните приходи на општините на половина од вкупните приходи. Потребно е брзо завршување на втората фаза на фискалната децентрализација, со што би можело да заврши еден период на децентрализацијата (2002-2013)

35


и да започне оценување на постигнувањата и јавна расправа за нов период на децентрализација. ГРОМ се залага за зголемување на надлежностите на општините во локалниот економски развој, во урбанизмот и имотно-правните односи, во социјалните работи, во здравството, како и во безбедноста. При спроведување на проекти од националните власти мора да се воспостави координација со локалните власти на општината на чија територија се остварува проектот. Секаде каде што е возможно националните власти треба да го делегираат спроведувањето на проектите на локалните власти. Залагајќи се за безбедни соседства, ГРОМ е за зголемување на надлежностите во безбедноста, односно униформираниот дел од полицијата. Моделот на остварување на зголемените надлежности треба да биде предмет на јавна расправа и политички дијалог, а би се движел од зајакнати одговорности на полицијата пред општините (градоначалниците) до формирање на посебни општински полиции, со ограничена надлежност во превенција на криминалот и во обезбедување на јавниот ред и мир. За зголемени надлежности е неопходно зголемување на финансирањето на општините. Зголемувањето на финансирањето на општините треба да биде со зголемување на изворните приходи на општините, на кој начин би се зголемила автономијата во однос на националната власт и истовремено би се зголемила одговорноста на општините во извршување на приходите. Потребна е анализа, а еден од моделите кој треба да се согледа е разделување на данокот на додадената вредност (ДДВ) на национален и општински.

36


Вклучи се: www.grom.mk

Постои и живот надвор од Скопје! -регионален и рурален развој

Развојот на Република Македонија мора да се „дескопјанизира“, да се децентрализира економскиот развој со фокус на рамномерен регионален развој и рурален развој.

Намалување на јазот во благосостојба меѓу Скопје и регионите Среднорочно јазот на благосостојба меѓу Скопје и регионите, претставен во разликите на регионалниот БДП, мора да се намали за 25 проценти. Рамномерниот регионален развој мора да придонесе во подобрување на просперитетот и благосостојбата во регионите надвор од Скопје, но не преку помал развој и раст на Скопје, туку преку забрзан развој и раст на другите региони во Македонија. Рамномерниот регионален развој ќе се постигне со понатамошно зголемување на надлежностите на општините, зголемување на финансирањето на рамномерниот регионален развој првично до законски одредената рамка од еден процент од БДП, афирмативен план за најмалку развиените региони, соодветни транспортни политики и јавна расправа за децентрализација на националните и централните институции во региони надвор од Скопје. Децентрализација на националните и централните институции во региони надвор од Скопје, не само што треба да поттикне институциска поддршка на 37


регионите, туку и да упати јака порака за политичката волја за рамномерен регионален развој. Примери за децентрализација на националните и централните институции во региони надвор од Скопје се пренесувањето на: Македонски железници од Скопје во Велес, Министерството за локална самоуправа од Скопје во Гостивар, Регулаторната комисија за енергетика од Скопје во Битола итн. Одлуките за децентрализација ќе се донесат преку оценка за влијанието и јавна расправа.

ГРОМ ќе поттикнува меѓуопштинската соработка со цел ефикасна испорака на одредени услуги, особено во делот на комунални услуги.

Подобар живот на село Потребен е силен импулс во намалување на урбано-руралниот јаз во квалитетот на живот. Урбано-руралниот јаз може да се намали само во опкружување на рамномерен регионален развој. Посебните мерки за рурален развој треба да вклучат: планирање на рурални центри кои ќе бидат центар за обезбедување на јавни услуги; развој на земјоделството , шумарството и водостопанството, развој на туризам на село и други услуги. Потребен е силен импулс во намалување на урбано-руралниот јаз во квалитетот на живот. Урбано-руралниот јаз може да се намали само во опкружување на рамномерен регионален развој. Посебните мерки за рурален развој треба да вклучат: планирање на рурални центри кои ќе бидат центар за обезбедување на јавни услуги; развој на земјоделството , шумарството и водостопанството, развој на туризам на село и други услуги. Покрај сите мерки за развој на земјоделството и други економски гранки за подобар живот на село неопходен е пристап до квалитетни јавни услуги, пред сè образование и здравство. Подобрен пристап значи и намалување на географската 38


одалеченост и подобрување на врските. За тоа, како и за постигнување на квалитетот треба да се планираат регионални центри, надвор од градот и центарот на општината, во кои ќе бидат достапни квалитетни јавни услуги. Развој на туризам на село и други услуги е суштински, во контекст на зголемување на продуктивноста на земјоделството. Развојот на туризмот на село ќе се поддржи, покрај во јавните услуги и инфраструктурата, и во обнова на автентичниот амбиент (обнова на куќи со автентични фасади), како и зголемување на капацитетот за сместување и угостителство. Развојот на други услуги треба да се обезбеди преку субвенции, поволна даночна и кредитна политика (субвенции на камата). ГРОМ ќе работи на здобивање на знаења и вештини за подготвување и реали­ зација на стратегии за локален развој на рурални средини, спроведување на локалните развојни стратегии и формирање на локални акциски групи (ЛАГ). ГРОМ ќе се заложи и ќе се вклучи во поддршката на мерката ЛИДЕР и што поскоро започнување на истата.

Развиено земјоделство со зголемување на новосоздадена вредност и нови производи Развојот на земјоделството ќе се насочи кон засилување на земјоделството, зголемување на новосоздадена (додадена) вредност и развој на нови производи. Засилувањето на земјоделството ќе доведе до зголемување на обемот на земјоделско производство. ГРОМ јасно дејствува во насока на донесување на нови законски прописи во земјоделството и сточарството (Закон за земјоделство и рурален развој, Закон за сточарството, Закон за тутун и тутунски производи, Закон за виното, Закон за водите и др.), со кои суштествено ќе се уредат

39


односите од интерес и заштита на земјоделците и фармерите во смисла на ослободување од царина и слободна трговска размена, укинување на данокот на доход од земјоделска дејност или негово ставање во функција на реинвестиции, намалување на данокот на додадената вредност на производите од земјоделство како на пример за виното и законско уредување на исплатата на откупените земјоделски производи. ГРОМ ќе спроведе осмислено и транспарентно доделување на државно земјоделско земјиште на вистински производители. ГРОМ поддржува изградба на инфраструктурни објекти, надвор од селата, во функција на создавање услови за поефикасно вршење на земјоделската дејност како што се: изградбата на сообраќајници, полски патишта, електрификација до земјоделските имоти. Треба да се обезбеди понатамошна изградба, како и одржување на системите за наводнување и мелиоризација, со издвојување на средства од националниот и локалниот буџет. ГРОМ ќе ја анализира можноста за трансформација на јавните претпријатија кои управуваат со хидромелиоративните системи и доделување на хидросистемите на управување на здруженијата на земјоделски производители. ГРОМ ќе го укине надоместокот за наводнување и користењето на водата ќе биде бесплатно, финансирано од буџетот. Потребно е да се зголеми поддршката преку субвенциите во сите области и гранки на примарните земјоделски производители и фармери. Субвенциите во земјоделството ќе имаат стимулативен карактер во зголемувањето и стандардизирањето на производството и преработката на храна. Потребни се и поголеми субвенции на трошоците за осигурување на земјоделските имоти и 40


помагање во заштитата на земјоделското производство од разни ризици. За да се обезбеди навремена подготовка за користење на ЕУ и други фондови за рурален и регионален развој, ќе се зајакнат капацитетите на локалните власти, локалните здруженија и бизнис-секторот. Ќе се обезбеди ефикасна поддршка на фармерите во подготовка на документите за фондовите наменети за развој на земјоделскиот сектор. Ќе се поддржат консултантски компании и граѓански организации за агробизнис. Покрај поддршката со субвенции за сите примарни земјоделски гранки потребно е зголемување на поддршката за стратегиски сектори, зголемување на новосоздадената вредност и воведување на нови производи. За развој на стратегиски потсектори треба да се употребува „кластер“ системот, кој даде позитивни резултати во развојот на млечниот и месниот сектор. ГРОМ се залага за дефинирање на стратегиски сектори, кои можат да бидат потсектори по кои Македонија ќе гради препознатливост на пример ајвар, или, пак, можат да обезбедат конкурентска извозна способност или намалување на увозот. Покрај стратегиското економско значење неопходна е поддршка и за потсектори кои се суштински за развој на ридскопланинските рурални предели како сточарството, билкарството, ридско-планински култури („шумско овошје“), пчеларството, рибарството и други. Посебен дел има поддршката на биопроизводство. ГРОМ ќе поддржи интензивирање на сточарското производство и развој на преработувачката индустрија за месни и млечни производи. ГРОМ ќе обезбеди посебна поддршка за производителите на млеко и месо. Потребно е да се зголеми поддршката за зголемување на новосоздадената вредност. Покрај поддршката за собирно-дистрибутивни центри или агроберзи, калибрација и пакување; приоритет треба да се стави на поддршка на преработувачката агроиндустрија (ладилници, сушари, конзервирање). Поддршката треба да се состои од субвенции за нови објекти или машини во износ од 50 проценти. Неопходна е поддршка за развој на нови производи, како дел од стратегискиот пристап. ГРОМ ќе поддржи воспоставување на траен и ефикасен систем за трансфер на нови технологии и знаење во агросекторот. Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе се трансформира. ГРОМ ќе развие стратегија за извоз на домашното земјоделско и сточарско производство, состандардизација на домашното производство и промотивна стратегија за македонските производи. Здружени земјоделци се силни земјоделци. Ќе се подобруваат условите за здружување во здруженија на земјоделци и ќе се зголемува поддршката на таквите здруженија, како и поддршката за развој на економски активности како што се машински парк, маркетинг итн. Посебно ќе се поттикнуваа социјалната економија и кооперативите. 41


Вклучи се: www.grom.mk

Mултикултурата - македонско богатство За ГРОМ мултикултурата е македонското богатство и претставува предност, а не пречка за просперитет и благосостојба на граѓаните. По дванаесетгодишна примена на Охридскиот рамковен договор, ГРОМ се залага за јавна расправа за постигнувањата на договорот. Потребно е да се идентификуваат подрачјата каде што постојат обврски за спроведување и да се забрза нивното спроведување, како и градење на заедничка стратегија за споделена иднина. Стратегијата за споделена иднина треба да даде одговор како потреба за подобро одразување на мултикултурата во јавноста и нејзина хармонизација со граѓанското општество во изградбата на визијата за заедничката иднина. Таквата стратегија на ГРОМ ќе има повеќе елементи. ГРОМ ќе се залага за градењето на јавната свест за прифаќање на мултикултурата, како предност а не како проблем. Во постигнување на одразеност на мултикулурата во јавниот живот, ГРОМ ги признава, ги вреднува и ги почитува сите идентитети и култури, етнички групи, верски заедници, јазици, нивните симболи, празници и обичаи. ГРОМ има цел да придонесе во еднаквоста на културите. Постојат потреби од политики, кои развојот на повеќе колективни идентитети кои меѓусебно егзистираат, ќе го насочат во визија за заедничка иднина. Тие политики треба да вклучат политики за интеграција во живеалиштата, образованието, медиумите, политичките партии, спортот, забавата и рекреацијата. Покрај тоа особен предизвик е мултикултурата на локално ниво, како и подобрата одразеност на помалубројните идентитети и култури. Особен предизвик е 42


повеќејазичноста во Македонија, која од прашање на спорење, треба да се трансфоримира во прашање на предност за Македонија, со поддршка на учење на сите јазици кои се зборуваат во земјата. Како поврзани и многу важни прашања за еднаквоста на културите, ГРОМ посветува особено внимание на децентрализацијата и развојот на локалната самоуправа, како и на рамномерниот регионален развој. За ГРОМ мултикултурата видена низ потесната призма на меѓуетничките односи е важен столб за стабилноста и просперитетот. Затоа ГРОМ смета дека мора да постои политичка волја и политичко лидерство за континуиран дијалог и разрешување на предизвиците низ дијалог. Проблемите не смеат да се одлагаат, треба да се решаваат. ГРОМ препознавајќи ја огромната важност на мултикултурата смета дека политичките партии имаат огромна одговорност во нејзиното унапредување. ГРОМ тоа ќе го демонстрира во сопствената партиска практика, со вклучување на мултикултурата во програмата и со нејзина одразеност во раководството на ГРОМ.

43


Вклучи се: www.grom.mk

Човековиот развој во фокусот Развојот на човечкиот капитал е најверојатно единствен начин за прогрес и благосостојба на Македонија. ГРОМ ќе го постави човековиот развој во фокусот со унапредување на здравството, образованието и науката, културата, физичката култура и спортот, и здравата животна средина.

Здравје за секој човек ГРОМ ќе обезбеди зголемување на опфатот на население со здравствени услуги и подобрување на здравствените услуги – нивната ефикасност, ефективност и квалитет. ГРОМ ќе се заложи за Национален концепт на здравствена заштита, врз основа на кој ќе се изменат и дополнатЗаконот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Водејќи грижа за сите три нивоа на здравствена заштита: примарна, секундарна и терциерна, посебна грижа ќе се посвети на превентивните мерки и примарните здравствени услуги. ЗА ГРОМ во центар на вниманието ќе бидат: мајките и децата, младите и повозрасната популација. ГРОМ се залага за јавно здравство достапно за сите. ГРОМ со своите политики ќе го врати угледот и довербата на јавното здравство, ќе го врати достоинството на пациентите, но истовремено ќе го врати и достоинството на здравствените работници. Но, ГРОМ ќе ја поддржува и плурализацијата во здравствената 44


заштита, односно Фондот за здравствено осигурување ќе соработува на еднакви основи со приватниот здравствен сектор, со што преку позитивна конкуренција ќе се подобрува здравствената заштита. За зголемување на опфатот на населението со здравствени услуги ќе се преземат повеќе мерки. ГРОМ ќе даде приоритет на превенцијата и програмите за превентивни прегледи за одредени заболувања, со посебен акцент на малигните болести. Ќе се редефинира и ќе се засили примарната здравствена заштита, со акцент на институциите семеен или реонски доктор. За подобрување на опфатот на деца ГРОМ ќе обезбеди здравствена заштита без партиципација за деца до 14 години и ќе обезбеди средства и лекови за лекување на деца со ретки болести. ГРОМ ќе ја укине партиципацијата за лекување нa сите лица постари од 65 години и за сите социјални случаи.

Ќе обезбеди здравствена заштита без партиципација за социјално ранливите групи, како и за медицински помагала за лица со телесен инвалидитет, за медицинска рехабилитација и физикална терапија кај лица со одредени вродени и стекнати заболувања. Поголема грижа ќе се посвети за повозрасните граѓани. Како дел од системот за поддржано живеење ќе се работи на служби за домашно лекување и нега, нивно формирање, организирање и кадровско екипирање во соработка со локалната власт. ГРОМ ќе го охрабри развојот на здравствената заштита надвор од Скопје и задржувањето на специјалисти во градовите и руралните средини, за обезбедување на рамномерна регионална здравствена заштита и ќе обесхрабри концентрација во јавно-здравствените установи во Скопје.За поддршка на руралниот развој ќе се пристапи на проширување на здравствената инфраструктура во руралните 45


средини. Можност која ГРОМ ќе ја промовира се мобилните здравствени станици, кои можат да ги опфатат и најзафрлените ридско-планински села. Студентите со завршување на студиите по медицина, стоматологија и фармација имаат законска обврска да го извршат стажирањето во период од една година. Овој предуслов за полагање стручен испит и добивање лиценца за работа, младите лекари, стоматолози и фармацевти ќе можат да го извршуваат во своите градови, во тие медицински центри. Делот од медицина на труд, т.е. амбулантските прегледи може да ги извршат низ околните села со подвижни мобилни амбуланти (возила кои ги содржат сите апарати потребни за основен преглед). На овој начин пациентите нема да одат од село во град, а докторите би биле многу поактивни во руралните средини. ГРОМ за подобрување на здравствените услуги – нивната ефикасност, ефективност и квалитет ќе работи на развој на нови здравствени услуги, подобрување на системот на здравствени установи, опременоста и на квалитетот на здравствениот персонал. ГРОМ ќе работи на создавање современи услови (законски, организациски, просторни, кадровски) за трансплантација на органи и ткива, давајќи предност на кадаверичната трансплантација и вклучително и формирање на ткивни банки и банки на органи. Потребно е формирање на мрежа од медицински хеликоптерски сервис за брзо згрижување на пациенти до и од регионалните центри. Мрежата за здравствени установи треба да се прошири со регионални центри за згрижување на одредени патологии (траума центри, неврохируршки центри, кома центри, центри за третман на изгореници, центар за дијализа, центар за палијативно лекување и згрижување на пациенти во терминална фаза на малигни заболувања). ГРОМ ќе ги зајакне итните служби и патронажните служби во здравствени домови. ГРОМ ќе изработи комплетна медицинска мапа на сите јавни и приватни здравствени организации во Република Македонија. Потребна е изградба на нови јавни здравствени установи и ќе реновира постојните капацитети, на сите нивоа на здравствена заштита. Исто така, потребно е осовременување на болниците во условите за работа, болничките услови и во делот на пансионските услуги. ГРОМ за прв пат во Република Македонија ќе изгради државна кардиохирургија. Потребно е обезбедување на приоритетна и современа медицинска опрема (основна и неопходна медицинска опрема и апаратура) и со лекови и потрошен материјал, и спречување на нерационалните набавки на скапа апаратура која е недоволно искористена. ГРОМ ќе ја подобри снабденоста на аптеките и болниците со лекови од позитивната листа, со потрошен медицински материјал, ортопедски и други медицински помагала. 46


За квалитетот на здравствениот персонал е потребно рационализација на јавниот здравствен систем, мерит-систем во управувањето на здравствените установи, подобрување на системот на плати и унапредување на континуираната едукација на здравствените работници. Јавниот здравствен систем треба да се рационализира со намалување на администрацијата и немедицинскиот персонал. Мора да се воведе меритсистем во управувањето на здравствените установи. ГРОМ ќе се залага за воведување на раководна функција на главен директор на јавни здравствени установи кој ќе одговара за сите јавни здравствени установи. Во системот за плаќање ГРОМ ќе се залага за оцена на системот на плати според учинок, како и за зголемување на вредноста на капитациониот бод на матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите и воведување на повеќестепена вредност на бодот поврзана со географските карактеристики на подрачјето (доктори во рурални подрачја) или големината на местото. ГРОМ ќе го забрза заокружувањето на проектот „Електронска здравствена картичка“, а крајната цел ќе биде укинување на лекарскиот рецепт и сините картони. ГРОМ ќе спроведе реформа во финансирањето на здравствената заштита. ГРОМ ќе обезбеди дополнителни финансиски средства во ФЗО од продажба на пиво, на цигари, од продажба на нафтата и нејзините деривати. ГРОМ ќе воведе повеќестепен систем на здравствено осигурување,со основно здравствено осигурување и дополнителни пакети на здравствено осигурување. Ќе се воведе проширување на здравственото осигурување со приватни осигурителни компании. ГРОМ ќе создава услови за развој на здруженија на пациенти, здравствени здруженија, здруженија на доктори по одредени специјалности, како и на синдикатите. ГРОМ ќе поттикне формирање на Институт на директори во 47


здравството. ГРОМ ќе гради партнерство со нив и ќе води дијалог за подобрување на здравствената заштита.

Образование на знаење и умеење ГРОМ ќе гради образование за знаење и умеење, за што ќе се зголеми опфатот на образовниот систем, подобрување на квалитетот на образование, развој на системот за континуирано образование, поголема поврзаност на образованието со политиките за раст и работни места. Поздравувајќи го воведувањето на задолжително средно образование и зголемување на можностите за високо образование, за подобрување на образовната структура, ГРОМ ќе ги преиспита сегашните политики за фаворизирање на високото образование. За ГРОМ приоритет се предучилишното, основното и средното образование, со посебен акцент на стручното средно образование. ГРОМ ќе се залага за зголемување на опфатот во предучилишното образование, намалување на бројот на млади кои го напуштаат основното и средното образование, како акцент на интеграцијата на ранливите групи во образовниот систем. ГРОМ ќе се залага за постепено напуштање на специјални училишта или посебни паралелки, ќе се спротивставува на сегрегацијата и ќе ја јакне интеграцијата. Ќе се работи на понатамошно подобрување на квалитетот на основното и средното образование со подобрување на образовната инфраструктура, континуирано подобрување на наставните планови, унапредување на системот на квалитет. 48


Ќе инвестираме во изградба, реконструкција и одржување на образовните установи, особено на основните училишта во руралните подрачја, средните стручни училишта и во домови. Образовните институции ќе функционираат како енергетски ефикасни објекти, а заштедата ќе биде реинвестирана во квалитетот на наставата. Покрај подобрување на просторните услови, ќе се намали бројот на ученици во паралелка за подобрување на квалитетот на наставата. Наставните планови и учебниците ќе се преоценат од аспект дали се пријателски за децата. Наставните планови ќе бидат актуелни, флексибилни и приспособени на возраста на младите со голема употребна вредност. Ќе извршиме реакредитација на сите студиски програми, особено на дисперзираните. Учебниците и учебните помагала ќе ги претвориме во концизни и разбирливи алатки во совладување на наставните содржини. Екстерното оценување ќе служи за подобрување на квалитетот на образованието, а не како инструмент за дисциплинирање на учениците и наставниците. Како такво може да се примени само по одреден период на експериментална употреба. ГРОМ се залага за интегрирано образование. Образованието ќе го развиваме низ духот на мултикултурализмот преку конкретни мерки на заемно запознавање и дружење на младите од различни заедници. Историјата во образованието, како и јазиците ќе ги претвориме во алатка за запознавање и зближување, а не во инструмент кој создава ѕидови меѓу учениците од различни заедници. ГРОМ ќе ја врати безбедноста во училиштата и ќе гради услови за здрави ученици. Ќе ја вратиме безбедноста во училиштата преку поставување на т.н. училишни полицајци од припадниците на јавниот ред. Физичката култура и спортот ќе бидат професионално организирани во градинките и одделенската настава. Наместо евтини и нездрави ужинки ќе поттикнуваме употреба на повеќе зеленчук и овошје. Образованието ќе создава млади луѓе кои знаат и умеат. Образованието ќе го збогатиме со многу практика во сите степени на сметка на често неупотребливата теорија. Ќе инвестираме во набавка на нагледни средства и наставни филмови со што наставата ќе биде многу поинтересна. Ќе ги поддржуваме сите форми на настава вон училници и амфитеатри како што се: настава во природа, истражувачки 49


кампови, практика, стажирање, практична настава. Ќе обезбедуваме дополнителни средства за практика и теренска настава на јавните високообразовни институции. Образованието мора да е поврзано со пазарот на трудот. Уписната политика во средното и високото образование ќе ја приспособуваме според потребите на пазарот на трудот. Средното стручно образование мора да обезбеди порано вклучување на пазарот на трудот со скратување на периодот на теориска настава и зголемување на периодот на практиканство. ГРОМ ќе воведе финансиска поддршка за средните стручни кадри кои се дефицитарни на пазарот. За поддршка на конкурентноста, иновативноста и претприемништвото ќе се засили наставата за странски и регионални јазици, ИТ, математика и природни науки и финансиска писменост. Студиските програми на државните универзитети и наставните програми во средните стручни училишта ќе бидат донесувани и менувани во соработка со бизнис-секторот. За полесен премин од средното и високото образование на трудот ќе се воведе практиканство, како мерка за вработување. ГРОМ се залага за силен јавен образовен систем. Затоа јавното образование мора да се ослободи од дневната политика. Ќе обезбедиме ефективна децентрализација на образованието заради подигнување на квалитетот и одговорноста. Државните органи надлежни за образование ќе бидат сервиси на образовните установи. Ќе ја вратиме автономијата на универзитетите. Ефикасен образовен систем зависи од мотивиран кадар и ГРОМ ќе работи на подобрување на условите за работа на просветните работници, како и овозможување на повеќе време за работа со учениците. За подобрување на образованието мора да се зголеми конкуренцијата. Ќе обезбедиме интензивна мобилност на учениците, студентите и наставниот кадар преку ефикасно користење на средства од ЕУ. Со поддршка на плурализацијата на образовни установи ГРОМ ќе поттикне креативен конкурентен натпревар меѓу образовните субјекти. ГРОМ ќе ја оцени можноста за воведување на систем на директно финансирање на учениците и студентите, што ќе овозможи слобода во изборот на образовна установа. ГРОМ, како што е наведено во економски раст

50


со работни места ќе создава услови Македонија да биде регионален образовен центар и ќе обезбеди поддршка за образовни институции препознатливи по квалитетот надвор од Македонија. ГРОМ ќе создава услови за здружување на учениците и студентите, како и за нивна плурализација. ГРОМ ќе создава услови за здружување на просветните работници и директорите, и нивните здруженија и синдикати, како и тие на учениците и на студентите ќе бидат партнери во развојот на образованието. Образованието не завршува на дваесет години. ГРОМ ќе работи на промена на јавната свест за доживотно или континуирано учење. Системот за континуирано учење мора да се плурализира за зголемување на бројот на верификувани установи, со вклучување на граѓанскиот сектор и приватните обезбедувачи, за кои ќе се обезбедат директни финансиски поддршки и индиректни финансиски поддршки, вклучувајќи даночни поттикнувања. Потребно е зголемување на бројот на верификуваните програми за неформалното образование (континуирано и инцидентно), како и на спектарот со квалификации и програмите за „меки“ вештини и претприемачки дух да добијат еднаков третман во постапките на верификација. ГРОМ ќе се залага стандардите за испорака на обуки да се фокусираат на испораката на практична обука и стекнување на јасни квалификации на посетителите, со компетенции за самостојно и одговорно извршување на стекнатите вештини. Претпријатијата и поединците кои вложуваат во континуирано учење треба да бидат поддржани со даночни поттикнувања. ГРОМ ќе се залага вработените од приватниот сектор да учествуваат во ИПА-програмите за развој на човечки ресурси. Исто така, ГРОМ ќе се залага за креирање на мерки што ќе се финансираат од Европскиот социјален фонд. ГРОМ ќе се залага за создавање на национален фонд за субвенционирање на обуките на вработените во МСП и новоформираните бизниси. И, конечно, ќе донесеме законска рамка за вреднување на знаењата стекнати преку информално учење, односно знаењата и искуствата стекнати во рамки на семејството, со пријателите, од медиумите, на работното место.

Применлива наука за поголема продуктивност ГРОМ ќе го зголеми вложувањето во истражувањето и развојот на два процента од БДП, како неопходен чекор кон европската цел од три проценти. ГРОМ ќе формира фонд за наука за финансиска поддршка во примената на научните постигнувања. Покрај јавните инвестиции и јавните научни установи, во кои ќе се подобри 51


опременоста и подмлади кадарот, ГРОМ ќе поттикне приватни инвестиции и плурализација на научните установи, вклучувајќи приватни обезбедувачи, преку директна финансиска поддршка и индиректна финансиска поддршка со даночни поттикнувања. Ќе се стимулира создавање на центри на извонредност кои ќе бидат посебно финансирани од страна на државата. Ќе се јакнат капацитетите на научните установи за поголема конкурентност во меѓународните програми. Ќе бидат организирани обуки за управување на проекти за да се подигне конкурентноста на нашите научници во меѓународните програми. Ќе се овозможи бесплатен пристап до најголемите светски бази на научни публикации и информации.

Културата како двигател на креативноста

ГРОМ поддржува европска визија за култура која се заснова врз промоција на културните различности и меѓукултурниот дијалог,промоција на културата како катализатор на креативноста и промоцијата на култура како витален елемент во меѓународните односи. За ГРОМ општите цели и приоритетите во културата ќе бидат: јакнење на правната и институционалната инфраструктура; обезбедување на стабилни извори на приходи; создавање на силен кадровски капацитет; промоција на културата; децентрализација во управувањето и финансирањето што, пак, подразбира рамномерен културен развој; заштитата на културните добра, како и меѓународната соработка. ГРОМ се залага за прецизно утврдување на статусот и критериумите за добивање звање на слободен уметник. Ослободување од плаќање на секакви давачки и даноци за нивното творештво, како и за систем на поставување на 52


раководен кадар и следење на успехот во работењето насочен кон креирање приходи од културните активности. ГРОМ се залага за јасно дефинирање на јавниот интерес во културата, но и општите цели и приоритети кои треба да се остварат во културата. Создавање на целосна културна стратегија за која ќе бидат ангажирани сите ресурси од финансиски, научни и уметнички за да се развие свеста за културата, институциите, партнерствата со други сектори и меѓународните партнерства, што би било дел од нашата развојна политика и би го довела културниот производ како интересен за пласман на пазарот, а во културната индустрија да се препознае поле за инвестирање и сопствен развој. Сето тоа применето, ќе доведе до културна политика која има сопствен одржлив развој и култура која ќе има значајна улога во културниот туризам, како и култура како една од најдоходовните стопански гранки. Културата ќе воспостави основи за креативни индустрии, културен туризам, културното наследство како фактор на социоекономскиот развој, културни брендови (заштита под УНЕСКО). ГРОМ ќе ја реафирмира стратегијата за културен и алтернативен туризами ќе се ангажира за обезбедување финансиска и техничка поддршка од меѓународните фондации, што ја прошируваат традиционалната матрица и дискурсот на културата. Потребно е системско поврзување на сите фактори во културата и преплетување со инвентивните луѓе од туризмот во градење на стратегија за културен туризам, како јака стопанска гранка; оформување културни енклави надвор од рамките на нормативата на локалната самоуправа (Стара скопска чаршија, Крушево, Охрид – стариотград). Ќе се поттикне развојот на креативните индустрии и стимулирање на обновувањето на старите занаети и на традиционалните вештини.Ќе се оформи регистар на целокупното културно наследство со валоризација и ревалоризација на истото; зголемување на средствата за заштита и реставрација по приоритети и во согласност со стратегијата за културен туризам, субвенционирање на туристичката понуда со која се валоризира културното наследство. ГРОМ во 53


областа на културата си дава задача да ги подготви методолошки и да ги номинира на листата на светско културно наследство на УНЕСКО следните објекти и историски целини: црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес, дело на големиот архитект Андреј Дамјанов; манастирот Зрзе (или Трескавец или Курбиново); Шарената џамија во Тетово; историска Урбана целина во Кратово; историско јадро (културна патека) на Старата скопска чаршија. Со овој значаен зафат, би се валоризирало и меѓународно афирмирало богатото културно наследство на Македонија а, наедно, со здобивање на брендот УНЕСКО, ќе се зголемат шансите (конкурентноста) на Македонија за туризам на глобален план, бидејќи потписот на УНЕСКО зад наведените вредности, претставува обврска за локалната и централната власт, да го одржува високото ниво на заштитеност на овие добра и воедно да привлекува посетители од секаде. Посебен аспект се културните потреби на младите. Потребна е промоција на културата во училиштата; јакнење на партнерството меѓу училиштата и институциите од културата; финансиски, организациски и просторно да се поддржи и да се стимулира независната културна сцена и културата на младите. Исто така, потребна е посебна институција која се занимава со културните потреби на младите на еден систематичен начин, со осмислување на културните потреби на младите, со подигање на свеста на младите за значењето на културата, како и со поддршка на младите таленти. ГРОМ ќе создава услови за развој на еснафските и другите културни здруженија.

Спорт за сите ГРОМ ќе обезбеди пристап и вклучување на сите возрасни групи: деца, ученици, студенти, млади, возрасни и повозрасни во спортување, со што ќе се надгради успехот на македонскиот спорт на сите нивоа. ГРОМ ќе обезбеди концентриран, јасен и спроводлив концепт на национална стратегија и програма за развој на спортот во Република Македонија. Ќе се формира Национален совет за спорт, Национален стручен совет, за подигање на меѓуинституциската координација на ниво на влада. Новата стратегија ќе се преточи во нов Закон за спорт. ГРОМ ќе се залага за развој на спортовите кои имаат традиција, интерес и постојат потребни предуслови за нивен развој. Спортот мора да е достапен за сите: деца, ученици, студенти, млади, возрасни и повозрасни, на сите подрачја во земјата. Затоа е потребно соодветна и сразмерно развиена спортска инфраструктура на целата нејзина територија. 54


За децата и спортот, ГРОМ во градинките ќе воведе факултативно реализирање на физичко образование со основна група на вежби за развој на основна моторика кај децата на возраст од четири до шест години. Ќе се воведе спортска ориентација во основните училишта, како и задолжителен обем на часови за физичко образование на учениците од основните и средните училишта. Ќе се подготват нови наставни програми за физичко образование во согласност со модерните трендови, ќе се адаптираат простори во училиштата и градинките за реализација на овој вид на настава, со соодветни реквизити за физичко образование за овие категории на деца и ученици. Ќе се обезбеди финансирање на студентскиот спорт и наставата по физичко образование во високото образование. Училишниот и студентскиот спорт ќе бидат алатка за соживот меѓу младите, но и неисцрпен извор на идни врвни спортисти. За развој на училишниот и студентскиот спорт ќе се ангажираат професионални лица за организирање на училишниот спорт по зони; ќе се овозможи учество на победниците на малите олимписки игри на меѓународни натпревари и олимпијади; ќе се овозможи организирање на малите олимписки игри во духот и симболиката на олимпизмот. Организаторите на малите олимписки игри ќе имаат сериозна поддршка од државата и ќе се организираат врвни спортски манифестации за студентите, а ќе се иницираат балкански натпреварувања во училиштен и студентски спорт. ГРОМ ќе преземе потребни мерки за поголема вклученост на жената во спортот и спортските активности, како и во управните структури на македонскиот спорт. Исто така, ќе се поддржи рекреативен спорт на лицата со посебни потреби, нивно целосно вклучување во програмите на специјалните олимпијади и тоа кај спортот за глуви и наглуви, за што ќе се обезбеди параолимписки спортски центар во Република Македонија, за потребите на лицата со посебни потреби. ГРОМ ќе го дефинира значењето и улогата на армискиот и полицискиот спорт во рамките на спортот на Република Македонија. 55


Старите игри преку кои младите своевремено и се воспитувале ќе бидат повторно заживеани. Ќе се организираат шампионати во челик, народна, школка (или плочка), ластик, сервис. Ќе се поттикнуваат најразлични облици на заживување на маалскиот живот, за што ќе се градат посебни игралишта за стари игри во општините каде што постои интерес за тоа. Основа за развој на масовниот спорт и рекреацијата ќе бидат и аматерските натпревари. Ќе бидат поттикнувани организација на аматерски натпреварувања со учество на општините и соорганизација од соодветните спортски федерации. ГРОМ ќе се стреми сите да спортуваат со што ќе се зголеми вклученоста во аматерските спортски клубови на 30 проценти.

Врвниот спорт ќе се развива систематски. Ќе се основа Национален стручен совет надлежен за развој и следење на квалитетниот и врвен спорт кој ќе биде избиран и ќе биде во советодавна улога на Владата на Република Македонија. Ќе се формира посебен центар за развој на врвниот спорт. Македонија ќе биде крајно селективна во поддршка на одделни спортови, како во насока на поддршка на спортови кои имаат традиција или спортови за кои постојат предуслови и интерес, така и во смисла на поддршка само на најдобрите за учество на врвните спортски манифестации и ќе се стреми за настап на европско, светско и олимписко ниво само со остварена спортска норма. ГРОМ ќе го зголеми учеството на македонските спортисти на меѓународни натпревари на 3.000 спортисти годишно. Особено приоритетно внимание и нега ќе се обезбедат за спортските таленти. Спортска ориентација во сите основни училишта со која ќе се овозможи на рана возраст децата да се ориентираат кон спортовите за кои имаат најголема надареност (најголеми предиспозиции) и шанси за постигнување врвни резултати. 56


Со поддршка на државата ќе се формираат одделни спортски бази за развој на најтрофејните спортови во владеење на соодветните федерации. Ќе се решат просторните проблеми на федерациите во најтрофејните спортови. ГРОМ ќе воведе нови стандарди за градење и користење на спортските објекти, условите за закуп или концесија и заштитата на интересите на спортот. Изградените објекти мора да се стават во функција на развој на спортот. Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти ќе се укине, а изградените спортски сали ќе бидат доделени на општините и на универзитетите. Ќе се изградат спортски објекти на сите државни универзитети. Ќе се овозможи ефикасно и рационално користење на спортските објекти, а ГРОМ се залага за бесплатно користење на изградените спортски објекти со пари од државниот буџет. Потребно е создавање и надградба на законски основи за јавно-приватно партнерство за изградба, одржување и користење на спортските објекти од јавен интерес. ГРОМ ќе обезбеди изградба на нови покриени и отворени базени. За добар спорт се потребни спортски тренери и други стручни лица. ГРОМ ќе воведе нова категоризација и класификација на спортските занимања, со воведување на компетенции потребни за нивно извршување. ГРОМ ќе се залага за зголемување на бројот на спортски тренери, како и гаранција на минимални услови за работи и создавање можности за наградување. Постоење на силен и независен сојуз на спортски федерации е императив. Во сојузот ќе се вклучат сите релевантни спортски федерации. Македонскиот олимписки комитет треба да се реформира. Во финансирањето на спортот ќе се зголеми учеството во БДП наменет за спортот. Ќе се формираат национални и локални фондации за поддршка на спортот. Потребно е преиспитување на односите со Државна лотарија на Македонија и спортските обложувалници со цел зголемување на средствата наменети за спортот. Потребна е индиректна финансиска поддршка со даночни поттикнувања за зголемување на финансирањето од приватниот сектор. За ГРОМ спортот има и поширока улога во општествените односи. ГРОМ ќе иницира развивање на спортска култура и етика, во сите сфери на образование и во сите аматерски и професионални клубови, заснована врз спортска толеранција и етика како суштествен дел на меѓукултурната политика. Ваквите високи стандарди ќе се спроведат и на терените и на стадионите, меѓу публиката и навивачите, а мора да се спречи насилството и говорот на омраза, во и надвор од спортските терени.

57


Живот во здрава средина ГРОМ ќе гради јавна свест за важноста на екологијата и заштитата на животната средина, како потреба но и како ресурс за социоекономскиот развој. ГРОМ ќе се залага за зголемување на транспарентноста на загадувањето на животната средина; подобрување на управувањето со цврст и течен отпад; заштита на природата.Ќе се подигне нивото на транспарентност за загадувањето на животната средина. Ќе се поставуваат голем број еколошки семафори, јавноста ќе се информира и ќе се преземат конкретни мерки при надминување на максимално дозволените количества (МДК). ГРОМ ќе поддржи истражувања за степенот на загаденоста на животната средина во Македонија. Природата во Македонија ќе биде заштитена. Во наставните програми по запознавање на природата и по биологија ќе се предвидат содржини за јакнење на еколошката свест кај најмладите. Националните паркови, природните резервати и парк-шумите ќе станат вистински места за уживање на љубителите на природата. Ќе се заштитат автохтони и ендемични растителни, животински и габни видови чиј опстанок во Македонија е загрозен. Шумите ќе се третираат како природно богатство кое ќе подлежи под посебен режим на експлоатација и обновување. Обновувањето на шумските заедници во Македонија ќе се врши во соработка со врвни институции од таа област. Бесправното користење на шумите ќе подлежи на најстроги казни чии наплати ќе се реинвестираат во нивно обновување. Шумите ќе бидат дадени под концесии, и тоа под строго контролирани услови и под силен инспекциски надзор. Потребно е целосно подобрување на управувањето со цврст и течен отпад. Потребно е паралелно градење на свест за потребата на сепарација и рециклажа, како и развој на систем за сепарација и рециклажа на цврстиот отпад. Управувањето на цврстиот отпад треба да биде на регионално ниво заради 58


потребните инфраструктурни инвестиции. Ќе се обезбеди директна и индиректна поддршка за рециклажа. Ќе се обезбеди поддршка за пречистување на водите, посебно од кланичната и некои гранки од прехранбената индустрија. Ќе се подготви студија за потребите од пречистување на отпадните води за заштита на надземните и подземните води. Од ИПА-фондовите и со дел од буџетскте средства ќе се отпочне со интензивна изградба на пречистителни станици. Целта е реките во Македонија да станат екосистеми богати со флора и фауна, погодни за капење, а Вардар ќе стане природно живеалиште за пастрмки и во него ќе може граѓаните да се капат. Во производството на храна ќе се користат исклучиво безбедни хемиски препарати. Ќе се зајакнат контролите за увоз на пестициди. Ќе се обезбеди поддршка за органското производство без употреба на хемиски препарати. Користењето на генетски модифицирани организми (ГМО) во Македонија ќе биде во согласност со регулативите на ЕУ.Ќе се врши ефикасна контрола на увозот и користењето на ГМО кои ќе мора да бидат соодветно обележани. Ќе се ограничи производство на генетски модифицирани земјоделски култури поради заштита на традиционалното производство. ГРОМ ќе овозможи поволни пазарни услови за новите индустрии произлезени од потребата за заштита од климатските промени, заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Државата ќе стимулира користење на обновливи извори на енергија (соларна, ветер, биогас...). Ќе се интензивира инвестирањето во изградба на ветерници во подрачјата каде што има природни услови. Ќе се обезбедуваат бенефиции за компаниите кои ќе произведуваат делови за соларни системи. Ќе се стимулира отворање на енергани за согорување на отпад од земјоделство, од шумите од кои би се произведувал биогас. Ќе се стимулираат сточарските фарми да инсталираат системи за колекција на отпадни води и производство на биогас. ГРОМ ќе го сподели и ќе го мултиплицира своето искуство за постигнување на енергетска ефикасност на станбените објекти и деловните објекти, за постигнување на националната цел од пет проценти енергетски објекти на годишно ниво. ГРОМ ќе го промовира концептот на енергетска ефикасност на станбените објекти со субвенции за обнова на фасадите и лично вложување на граѓаните во обнова на прозорците. Државата ќе биде многу поригорозна кон индустриските капацитети кои ја загадуваат животната средина. Средствата од еколошките казни ќе се реинвестираат исклучиво во еколошки проекти (пречистителни станици, обновување на шуми, заштита на природни богатства). ГРОМ ќе создава услови за еколошки граѓански организации како промотори за јакнење на еколошката свест и за заштита од еколошки хаварии. ГРОМ ќе обезбеди посебна поддршка за граѓански организации за заштита на животната средина и живиот свет, ќе ја поддржи нивната меѓународна соработка и ќе пристапи до влијателни организации во светот. 59


Вклучи се: www.grom.mk

Социјална кохезија и еднакви можности Зголемената социјална ранливост на различни социјални групи, сиромаштијата и невработеноста, особено на маргинализираните групи, претставува голем предизвик пред општеството во обезбедувањето на еднакви можности, социјална сигурност и социјално вклучување за засилување на социјалната кохезија. ГРОМ ќе пристапи кон забрзана реформа на социјалната заштита преку целосна реорганизација и модернизација на системот на социјална заштита и социјална сигурност, со што ќе се обезбеди негова поголема ефикасност и ефективност и ќе се заснова врз човековите права и индивидуални разлики. Реформираниот систем на социјална заштита ќе биде лесно достапен и подобро ќе ги таргетира ранливите групи, а наедно ќе биде приспособен на локалните и регионалните потреби и ќе обезбеди поттикнувачка средина за развој на социјалните услуги, со висок степен на плурализација. Системот 60


треба да се фокусира на превентивните мерки, и подобро да се интегрира со системите за образование и политиките за вработување. За постигнување на наведеното е потребна подобра организација на работата во установите за социјалната заштита, реформа на структурата на центрите за социјална работа и подобрувањена стандардизација во социјалната заштита и на системите на лиценцирање.

Социјално вклучување со активирање на ранливите групи и деинституционализација ГРОМ го поддржува понатамошниот процес на деинституционализацијата (згрижување надвор од институции), на ранливите групи како суштински дел на социјалното вклучување, без разлика дали се тоа лица со посебни потреби, деца,возрасни луѓе или други ранливи групи. За поддршка на процесот ќе се поддржат алтернативните форми на згрижување, како и услугите за поддржано живеење, што ќе доведе до поголема социјална вклученост и до подигнување на квалитетот на услугите. Притоа, финансиската поддршка на згрижувањето во сопственото семејство или алтернативните форми на згрижување треба да се изедначи со таа за институционално згрижување. Социјалната заштита треба да се помести од пасивните мерки, односно од директните финансиски трансфери до крајните корисници, кои не овозможуваат активирање на ранливите групи и зајакнување на нивните капацитети за влез на пазарот на трудот, како последица на тоа. Намалувањето на сиромаштијата со работни места и мерки за социјално вклучување што истите остануваат предолго во системите на социјалната заштита – некои и до крајот на животниот век. ГРОМ ќе поддржи активна социјална заштита, која како крајна цел ќе ги има зајакнувањето на капацитетите на ранливите групи на граѓани и нивно долгорочно вклучување на пазарот на трудот. Тоа треба да се постигне со измена на законската регулатива со вклучување на правото за избор на корисникот меѓу добивање на директни финансиски средства или користење на услугата во согласност со сопствените потреби. Да се подигне нивото на дејствување на патронажнатаслужба – сервисна служба за социјална помош, за возрасни лица, за лица со посебни потреби и други ранливи групи. Да се вложи во развој на систем на услуги за поддржано живеење земајќи ги предвид растечките потреби со стареење на населението и на деинституционализација.

61


Подобрен пристап, приспособеност и квалитет преку плурализација Подобрување на пристапот, приспособеноста и квалитетот на обезбедувачи на социјални услуги преку плурализација и поголема вклученост, покрај на државата, и на општините, на граѓанското општество и на приватни обезбедувачи. Процесот на плурализацијата на социјална заштита треба да се поддржи со финансиска поддршка на обезбедувачите на услугите.Потребен е понатамошен развој на мрежа на социјални услуги, како и развој на форми за вонинституционална заштита, особено во општините и руралните подрачја со потежок пристап до социјални услуги. Продолжување на процесот на децентрализација на социјалната заштита, не само преку пренесување на одговорности, туку и обезбедување извори на финансиски средства за социјалните услуги. Поголемо вклучување на граѓанското општество во давањето на услуги преку обезбедување на кофинансирање од националниот и локалните буџети. Анализа на можностите за јавно-приватни партнерства или поддршка за профитна обезбедувачи на услуги, во географските подрачја кои не се опфатени со системите на заштита или видовите социјални услуги за кои има висока потреба. Процесот на плурализација мора да биде придружен со подобрување на стандардизација во социјалната заштита и на системите на лиценцирање.

Намалување на сиромаштијата Стремејќи се кон искоренување на сиромаштијата, среднорочно е потребно да се намали бројот на лица кои живеаат под прагот на сироматијата под една петтина, од сегашните една третина, како и да се намали јазот помеѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Намалувањето на сиромаштијата ќе се постигне со раст и работни места (опишано во соодветниот дел); вработување на ранливи групи; посебни мерки за социјално вклучување на посебните социјални групи. Во вработувањето на ранливите групи, покрај другото, ќе се воведе задолжителна психосоцијална поддршка и рехабилитација на ранливите групи на граѓани, пред влезот на пазарот на трудот. Ќе се промовира социјалната економија како можност за вработување на лицата кои се тешко вработливи на пазарот на трудот.

62


Особено внимание ќе биде посветено на подобрување на условите за домување на социјално ранливите групи преку поддршка на изградба на социјални домови, намалување на цената на градежно земјиште. ГРОМ ќе поддржи примена на моделот „Куќа на половина пат“ за ранливите групи, како што се децата без родители по навршувањето на 18 години и жртвите на семејно насилство по напуштање на засолништата. ГРОМ ќе работи на здомување на бездомниците преку пристапот „домување прво“. Намалувањето на сиромаштијата во ридско-планинските подрачја особено се адресира со мерките за рурален развој.

Еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување на жени, лица со посебни потреби и други ранливи групи Еднаквоста, односно еднаквите можности, како и недискриминацијата, мора да биде втемелена во сите подрачја и да се однесува на сите граѓани во Македонија. Еднаквите можности и недискриминацијата, генерално, се однесуваат на сите маргинализирани и ранливи групи во општеството, од кои ГРОМ за приоритет ги смета жените, лицата со посебни одредби, Ромите и други особено ранливи групи. За спречување на дискриминацијата потребни се континуирани акции за градење на јавната свест за ранливите групи, како и подобрување на наставните програми во образованието за спречување на предрасудите и стереотипите. Потребно е засилување на гонењето на криминалот заснован врз омраза, како дел од спречување на предрасудите. За спречување и заштита од дискриминација е потребно е подобрување на законодавството, 63


вклучувајќи го и Законот за спречување и заштита од дискриминација, со усогласување со европските директиви, вклучувајќи и експлицитно вклучување на сексуалната насоченост како основ за дискриминација. Потребно е засилување на законската и финансиска рамка на Комисијата за заштита од дискримианција, како и на Народниот правобранител. Ќе се изменат и дополнат надлежностите на комисиите и координаторите за еднакви можности при општините. За подобрување на ефективноста е потребна поголема координација на институциите чија надлежност е заштита од дискриминација. Потребна е оценка за интеграција на повеќе институции во една државна институција за човекови права и заштита од дискриминација. ГРОМ ќе ги спроведе одредбите од Пекиншката декларација (1995) и Платформата за акција со кои се предвидува подобрување на статусот на жените во јавниот и приватниот живот. Тоа е остварливо преку доследна примена на родовото буџетирање, односно вклучувањето на родовиот аспект во националниот и локалните буџети со што би се издвоиле доволно средства за програми и акции насочени кон жените и сиромаштијата, образованието, здравјето, насилството и други општествени аспекти. Конвенцијата за правата за лицата со посебни потреби е голем предизвик, за чие спроведување е потребно усогласување на законодавството, како и подобрување на финансирањето. Мора да се подобри интеграцијата на учениците и студентите со посебни потреби во образованието. Деинституционализацијата на лицата со посебни потреби мора да продолжи забрзано, паралелно со развојот на алтернативни модели. Како дел од процесот за деинституционализација треба да се преиспита сегашниот концепт на поддршка на вработување на лица со посебни потреби во специјални претпријатија, и да се поддржат мерките за вработување во сите претпријатија и на сите работни места. За еднаквите можности на лицата со посебни потреби, потребно е работните места да дефинираат можности за извршување од лица со посебни потреби. Потребни се посебни мерки за поголемо вклучување на Ромите и припадниците на други малобројни етнички заедници во предучилишниот и образовниот систем. ГРОМ ќе посвети особено внимание на социјалната превенција, со организациска и финансиска реформа и поголема поддршка на превентивните активности.

64


Поволни услови за семејство ГРОМ е посветен на создавање на поповолни услови за семејство. Клучен чекор за тоа е подобрување на положбата на жената. Потребни се мерки за заштита на правата од работен однос на жените-мајки, како и подобрена поддршка на жените во грижата за децата и грижата за домот, и сè поголемата потреба за грижа на повозрасните членови на семејството. Потребно е да се гради и промовира јавен модел на жена и мајка и работничка, како и да се зголеми улогата на мажот во родителството и во домот. Во подобрената поддршка за грижата за децата е потребно да се прошири системот на детски градинки и да се зголеми опфатот на деца најмалку за двапати, вклучувајќи и поддршка на големите претпријатија да отвораат детски градинки, како и обезбедување на кофинансирање од националниот и локалните буџети за обезбедувачи на детски градинки од приватниот или граѓанскиот сектор. ГРОМ ќе ја поддржи професионализацијата и стандардизацијата на услугата – чување деца во домашни услови или негувателки за деца. ГРОМ ќе ја анализира можноста за финансиска поддршка на систем на чување на деца во домашни услови, таму каде што не постојат други можности. ГРОМ ќе се заложи за правото на абортус на жените и со тоа право жените да можат да ја водат контролата на раѓање, но абортусот да не биде применлив како контрацептивно средство. ГРОМ ќе се залага за бесплатна контрацептивна заштита за девојки до 18тата година. ГРОМ ќе ја зголеми заштита на самохраните родители, како во социјалната заштита, така и во вработувањето. ГРОМ ќе се заложи за воведување на правото на сурогат мајчинство во Македонија, како алтернативен начин да се шири потомството, преку овозможувањето медицински третман и дефинирано родителско право. 65


Ќе се подобри системот за спречување и заштита на жртви на семејно и сексуално насилство, преку градење на јавна свест, едукација, мерки за заштита и отворање на повеќе засолништа. ГРОМ ќе поддржи примена на моделот „куќа на половина пат“ за ранливите групи, како што се децата без родители по навршувањето на 18 години и жртвите на семејно насилство по напуштање на прибежиштата. ГРОМ ќе преземе мерки за да ја засили борбата против трговијата со луѓе.

Грижа за повозрасните граѓани Во грижата за повозрасните ќе се промовираат принципите на активно стареење, преку активно учество на повозрасните лица во секојдневните активности, со добро здравје, поголема исполнетост на работното место, поголема независност во секојдневниот живот и поголема граѓанска вклученост. ГРОМ ќе поддржи признавање и поттикнување на неплатената работа која постарите лица ја извршуваат како волонтери во здруженијата на граѓани и во заедницата, и како старатели на други лица; промовирање на здравјето и на превентивната здравствена заштита кај повозрасните лица; пристапен и достапен превоз за повозрасните лица. Ќе се поддржи доживотно учење и стекнување на нови вештини и ќе се воведат даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица. Ќе се подготви стратегија за олеснување на проблемите на повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија, и ќе се преземат активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста. Потребно е подобрување и на пензискиот систем, со дефинирање на најниска пензија, која би се одредувала во однос на најниската плата. Со тоа би се заштитиле најранливите категории на повозрасни граѓани. 66


Во заштитата на повозрасните граѓани е потребно решавање на прашањето на пензиски права на граѓаните со наполнети 64, односно 62 години, а без потребниот работен стаж, на пример, преку доплата на работен стаж. Во потребите за приспособување на претпријатијата на деловните и техничко-технолошки промени, а во состојба на ограничени можности и способности за доквалификација и преквалификација на работниците во поодмината возраст треба да се обезбеди можност за предвремена пензија во рокови подолги од сегашните законски решенија, со доплата на работен стаж во зголемена стапка. Како одговор на предизвикот на стареење на популацијата, за грижа за повозрасните граѓани, како и други групи за потреба, ќе се вложи во развој на систем на услуги за поддржано живеење, вклучувајќи и со плурализација на обезбедувачите на услуги. При развојот на системот мора да се земат предвид потребите од поддршка на различни возрасни групи од минимална преку геријатриска до поддршка во терминална фаза (која вклучува и граѓани кои не се повозрасни).

67


Вклучи се: www.grom.mk

Безбедни граѓани -oколина без криминал ГРОМ смета дека безбедноста на граѓанинот и неговото опкружување треба да биде приоритет на безбедносната и одбранбената политика на Република Македонија. Личната и јавната безбедност претставуваат темел на секое општеството и во основа се однесуваат на безбедноста на самите граѓани, нивните животи и нивниот имот. За подобрување на личната и јавната безбедност ГРОМ се залага за општинска полиција, како клучна реформа во децентрализацијата. Со општинска полиција или во прво време со враќање на реонските полицајци, ќе се зголемува безбедноста во населените места, во нивните соседства, во нивните маала, но ќе се зголеми и чувството за сигурност кај самите граѓани. Присуството на полицајците во одредена мера ќе влијае на превенција и намалување на криминалот.

68


Департизација на институциите кои се задолжени за одржување на јавниот ред и мир, и одбрана на државата, како и воспоставување стандарди за вработување во овие институции се приоритет на ГРОМ. ГРОМ ќе се заложи да се воспостават нови стандарди на функционирање на овие институции, притоа посочувајќи особено внимание на кадровската политика со вработување и унапредување на компетентни кадри. Преку департизацијата, како и со продолжување на реформите во полицијата, пред сè во јакнење на внатрешната контрола и независниот надзор, ГРОМ ќе придонесува кон поефективна и попочитувана полиција, со поголем кредибилитет и доверба. Борбата против организираниот криминал и корупцијата мора да се вратат во приоритетите. ГРОМ се залага за стратегиски пристап во делот на борбата против организираниот криминал во трговија со дрога; трговија со луѓе, жени и деца; криумчарење на мигранти; крадење возила; трговија со антиквитети. Тоа значи конечно започнување на борба со организаторите, а не само гонење на извршителите. ГРОМ ќе се заложи за организиран безбедносен пристап за заштита на културното наследство во сакралните објекти.ГРОМ ќе се заложи за создавање на стратегија која ќе ја спречи педофилијата, како закана за децата, пред сè преку безбедносна и социјална превенција, но и контрола на педофилите. За намалување на криминалот и особено на криминалните дела со насилство, но и случајните инциденти, мора да се намали бројот на нелегално оружје во Македонија, кое сега го има во големи количини и е лесно достапно. ГРОМ ќе се залага за зајакнување на политиките за отстранување нанелегално мало и лесно оружје, како и за проекти за разоружување на населението. Имајќи ја предвид регионалната безбедносна состојба и економските перспективи, можеме да заклучиме дека интеграцијата во Северноатлантскиотсојуз (НАТО) е клучното решение. Оттаму, ГРОМ смета дека не постои друга алтернатива за надминување на овие проблеми, освен полноправното членство во НАТО, со што ќе се осигура безбедноста на државата и ќе се подобри климата за странски инвестиции. Заштита и спасувањето на национално и на локално ниво се наметнува како се поголема потреба. ГРОМ смета дека е потребно воспоставувањето на мобилни единици за заштита и спасување на локално ниво.

69


Вклучи се: www.grom.mk

Балкански крстопат

За постигнување на стратегиските приоритети потребна е комуникациска, сообраќајна, енергетска, ИТ, телекомуникациска и медиумска инфраструктура.

Транспортна Инфраструктура Транспортната инфраструктура, заедно со енергетската, ќе го заземе приоритетот во јавните инвестиции. Во сообраќајната инфраструктура поеднаков приоритет ќе добијат европските коридори 8 и 10, но и патните правци Скопје – Охрид, Прилеп – Битола и Штип – Струмица. ГРОМ изјавува „од Скопје до кое било место во земјата само за 90 минути возење“. Но, за скратување на времето на патување, покрај подобрување на патната инфраструктура 70


мора да се намали времето на чекање на граничните премини и на патарините. ГРОМ се залага за напуштање на системот на патарини и негова замена со системот на винети. Железничката инфраструктура треба да се обнови, започнувајќи од клучните железнички станици, железничкиот парк, како и постојните пруги. Паралелно со процесот на соработка на Албанија и Бугарија треба да продолжи изградбата на овој железнички правец. Авиосообраќајот и понатаму треба да се развива со поддршка на воспоставување на нови авиоврски. ГРОМ се залага за што поскоро склучување на договорот за транспортна заедница на регионот под закрила на Европската Унија, како начин за подобар и поефективен транспорт на Балканот. ГРОМ ќе се залага за развој на велосипедскиот сообраќај, како транспортна можност. ГРОМ на кратки патеки ќе се залага за подобрување на состојбата на постојните велосипедски патеки, овозможување на континуирано движење по велосипедските патеки и зголемување на бројот на паркинг-места за велосипеди. За долгорочен и одржлив развој на велосипедскиот сообраќај ќе се прошируваат велосипедските мрежи преку градење нови велосипедски патеки, следејќи ги стандардите за изградба на истите; ќе се воведуваат зони на намалена брзина на движење на моторните возила, онаму каде што нема просторни услови за нови велосипедски патеки, со цел безбедно заедничко сообраќање на возачите на моторните возила и велосипедите; континуирано одржување, подобрување и проширување на јавниот систем за изнајмување велосипеди.

Енергетска инфраструктура Во енергетската инфраструктура целите на ГРОМ се повеќекратни: да се зголеми производството на електрична енергија, да се подобри поврзаноста на македонскиот енергетски систем со регионалниот, како и зголемување на ефикасноста на енергетската потрошувачка. Зголемување на вкупното производствона електрична енергија треба да биде со употреба на почисти енергенси како гасот, за што е клучно обезбедување на ефикасна испорака на гас во земјата. Истовремено цел е да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија кон европските стандарди, со акцент на развојот на сончева енергија, енергија од ветер, малите хидроелектрани, како

71


и термоелектрани на биомаса и биогас. Ќе се направат измени во законската регулатива што ја уредува материјата во енергетскиот сектор, мрежните правила и дистрибутивните системи со цел да се поддржат инвестициите во енергетиката. Стимулациите на производството на енергија од обновливите извори ќе го поттикне и производството на домашна енергетска опрема за целосно одржлива енергијаи создавање на нови работни места во секторот за обновлива енергија. Ќе бидат стимулирани сите приватни инвестиции доколку креираат нови работни места, и го намалуваат увозот на енергија и енергетска опрема. Новите повластени тарифи за откуп на електрична енергија генерирана од обновливи извори на енергија ќе поттикнат приватни инвестиции. Зголемувањето на повластените тарифи кое ќе изнесува од 20% до 40% е поврзано со процентот на учество на опремата од домашно производство во вкупната инвестиција. Домашната компонента во вкупната вредност на проектите не смее да биде помала од 50%, а за некои инвестиции не помала од 60%.Со овие мерки се влијае на намалување на маргиналната склоност кон увоз, ќе се стимулираат инвестиции во иновативни решенија и технолошки развој, ќе се намали вредноста на увозот, ќе се поттикнат инвестиции во домашни капацитети со што се влијае на намалување на невработеноста. Со овие мерки ќе се влијае на пет горливи проблеми во македонската економија, и тоа: намалување на увозот на електрична енергија, намалување на увозот на опрема за изградба на електрични централи, зголемување на индустриската активност, развој и промоција на приватниот сектор, намалување на невработеноста. Истовремено по периодот на созревање на ваквите индустрии во Македонија, извозот пред сè на европскиот пазар на ваква опрема ќе биде поттикнат со цената на факторите на производството, услугите и близината на европскиот пазар. Македонија понатаму треба да ја развива високонапонската мрежа и поврзаноста на енергетскиот систем на земјата со тие на соседните земји. Македонија е посветена на зголемување на ефикасноста на енергетската потрошувачка, што треба да се постигне со подобрување на енергетската мрежа, како и со подобрување на енергетската ефикасност на станбените и деловните објекти. ГРОМ ќе го сподели и ќе го мултиплицира своето искуство за постигнување на енергетска ефикасност на станбените и деловните објекти, за постигнување на потребното ниво од пет проценти на реновираните објекти на годишно ниво. ГРОМ ќе го промовира концептот на енергетска ефикасност на станбените објекти со субвенции за обнова на фасадите и лично вложување на граѓаните во обнова на прозорците.За подобрување на конкурентноста ќе се поддржи енергетската ефикасност во деловните субјекти. Посебен фокус ќе биде енергетската ефикасност во јавниот сектор.

72


Медиуми ГРОМ во делот „Слободни граѓани за слободно општество“ изјави дека „за слободно општество се потребни слободни медиуми“. Предуслов за демократско општество е гарантирањето на медиумскиот плурализам и независноста на медиумските фирми. ГРОМ секогаш ќе застане на страната на професионално, независно и истражувачко новинарство како основен услов за одговорна власт. Мора да се создаваат поволни услови за слободни медиуми, преку воздржување од политички коментари за новинарската работа, откажување од постапки за одговорност за клевета, како и создавање услови за фер и лојална конкуренција. Сопственоста на медиумите мора да е транспарентна и мора да се раскинат нелегитимните партиско-медиумски односи. ГРОМ не дозволува финансиски или уреднички влијанија на политички субјекти во медиумскиот сектор. Главната задача на медиумските политики на ГРОМ се заштитата на плурализмот, подигнувањето на квалитетот на медиумските содржини, како и создавање на услови за развој на медиумскиот пазар, како и нему сродните пазари. Политиките на ГРОМ за регулацијата на пазарот ќе дозволат динамично и проактивно регулирање на медиумската концентрација и на сопственичката структура на медиумите на начин што ќе придонесува кон развивање на медиумскиот пазар и унапредување на слободата на изразување. На медиумите и медиумските професионалци мора да им се гарантира и правото за професионално здружување. Кон зачувувањето на плурализмот придонесува и дуалниот систем на јавни и приватни медиумски компании. Медиумската политика на ГРОМ се грижи за обезбедување на амбиент за фер конкуренција на медиумскиот пазар, каде што и на јавните и на приватните медиумски компании ќе им се овозможи балансиран 73


напредок. Јавниот медиумски систем мора да обезбедува образовни, културни и информативни програмски содржини. Информативните содржини во медиумите, а особено на програмите на јавниот сервис мораат да отсликуваат плурализам на мислења и да им овозможуваат на сите општествени малцинства пристап и учество во системот за јавно информирање. Јавните медиумски сервиси мораат да бидат граѓански форум за размена на различни идеи и ставови во духот на демократските општества. Новите закони за медиуми ја зголемуваат медиумската регулација, што е спротивно со глобалните трендови. Медиумската политика на ГРОМ ќе се стреми кон медиумска дерегулација и поголемо учество на граѓаните во медиумската регулација и во јавниот медиумски сервис. На интернет-медиумите и на печатените медиуми не им е потребна детална регулација. Регулативата од другите закони (Кривичен законик, Законот за заштита на конкуренцијата, Законот за авторското право и сродните права итн.) и саморегулацијата се доволна регулациска рамка.

Телекомуникации и информатичко општество Во сферата на електронските комуникации ГРОМ сестреми кон зголемување на конкурентноста на пазарот за електронските комуникации и натамошно намалување на цените во фиксната, мобилната телефонија и интернетот. Значаен напор ќе се вложи во намалување на цената на роаминг-разговорите за поттикнување на зголемување на комуникациите со Европа. Политиките за електронски комуникации ќе одат во насока на зголемување на конкуренцијата на пазарот на дигитална телевизија, воведување дигитално радио, како и намалување на цените и зголемено користење намобилен и фиксен широко појасен интернет. Политиките на ГРОМ ќе водат во насока на развивање на е-трговијата, а особено е-услугите на државните и јавните институции. Од клучно значење е да се развијат и услугите во областа на е-образованието и учењето на далечина. ГРОМ ќе промовира и ќе го поддржи „clouds“ архивирање и користење на податоците. 74


Вклучи се: www.grom.mk

Македонија интегрирана во регионот, Европа и глобално ГРОМ е посветен на целосната интеграција на Македонија во регионот, Европската Унија, НАТО и глобално. Надворешната политика на Република Македонија, предводена од ГРОМ, ќе се базира на неколку приоритети: членство во Европската Унија и активно учество во креирање и спроведување на европската политика; членство во НАТО; заштита на правата на државјаните на Република Македонија во странство и поддршка на идентитетот, културата и јазикот на дијаспората; поддршка на фирмите на странски пазари во соработка со стопанските комори; активна добрососедска и регионална политика; соодветно 75


учество во меѓународните организации и професионална и флексибилна дипломатија. ГРОМ ја има предвид сериозноста на проблемот околу разликите за името на нашата земја. ГРОМ се залага за постигнување на национално единство преку политички дијалог воден од Претседателот на Република Македонија. Вака постигнатиот став не треба да биде предмет на меѓупартиски полемики. Интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија е стратегиска цел без алтернатива. Република Македонија припаѓа во Европа и е нејзин интегрален дел по сите основи. Членството во НАТО е од витален интерес за Република Македонија. Тоа ќе ги продлабочи атлантските односи и ќе го реафирмира НАТО како единствена опција за колективна одбрана и гарант на нашата безбедност. Интеграцијата во ЕУ и НАТО не е само политичка цел, туку процес на трансформација на општеството и економијата. Како прашање од клучно значење во процесот мора да се вклучат граѓаните. ЕУ-интеграциите не смеат да бидат подрачје исклучиво за стручна вклученост. ГРОМ ќе ги следи состојбите на приближувањето на Македонија и земјите од регионот кон Европската Унија и ќе поттикнува истражувања, мислења и коментари, и јавни дебати и кампањи за релевантните подрачја, со цел граѓаните непосредно да се запознаваат со предизвиците на ЕУ-интеграциите. ГРОМ ќе иницира поддршка на проекти и иницијативи на национално и на локално ниво за регионална и европска интеграција на граѓански организации, стопански комори, синдикати и други чинители, како и за поширока комуникација со институциите на ЕУ, на пример, преку канцеларии на различните чинители во ЕУ-институциите. За заштита на македонските државјани приоритет на ГРОМ ќе бидат конзуларните услуги. Лицето кое се обраќа за услуга во Дипломатски и конзуларни претставништва на Република Македонија (ДКП) очекува кратка, јасна и брза информација и услуга од страна на претставништвото и ние ќе се погрижиме за тоа. Ќе воведеме електронски и мобилни конзуларни услуги, со што ќе ги доближиме услугите до корисниците. ГРОМ ќе ја реафирмира соработката за заедничко конзуларно претставување со пријателски земји како Словенија или Хрватска, во земјите каде што Македонија нема амбасади и конзуларни претставништва. ГРОМ ќе отвори конструктивен и дијалог на рамноправни и реципрочни принципи со земјите за кои државјаните на Република Македонија имаат потреба од виза. Ќе започнеме разговори со САД за учество во т.н. програма Visa Waiver Program (VWP) за безвизно патување во САД. ГРОМ ќе ја продлабочи соработката со дијаспората и нејзините организации. ГРОМ ќе развие програма за пошироко изучување на јазикот, културата, фолклорот и други елементи од матичната држава. Наедно , ќе побудиме поголем интерес за учење во средните училишта и факултети во Република Македонија од страна на припадниците на дијаспората. Поддршката на фирмите на странски пазари ќе биде во соработка со стопанските комори, како и со подобрување на соработката и

76


координацијата меѓу министерствата за надворешни работи, економија, Агенцијата за странски инвестиции и другите субјекти вклучени во овој процес. Ќе го олесниме процесот за добивање визи за престој во Република Македонија по сите основи. Како прв чекор ќе овозможиме аплицирање за виза во кое било ДКП. ГРОМ ги поддржува регионалните иницијативи како Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Советот за регионална соработка (СРС), Спогодбата за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА), како и Договорот за основање на Енергетската заедница и Спогодбата за Европската заедничка воздухопловна област (ЕЦАА). Ќе го забрзаме процесот за членство во Јадранско-јонската иницијатива и Дунавската стратегија, со што ќе го потврдиме интересот за регионална соработка. ГРОМ смета дека соработката во регионот, покрај енергетиката, неодложно мора да се прошири во подрачјето на транспортот со договор за основање на транспортна заедница. Еден од првите проекти кои ќе ги почне ГРОМ ќе биде обновување на граничните линии и граничните ознаки со соседите. На граничните премини ГРОМ ќе обезбеди достоинствен однос кон македонските државјани. ГРОМ ќе поттикне регионална соработка за олеснување на граничните режими, преку соработка на земјите во регионот, од употреба на лични карти за идентификација преку заеднички гранична контрола до решенија за целосно слободна комуникација. Во таа насока ГРОМ ќе поддржува отворање на повеќе гранични премини со сите соседи. Сериозно ќе се посветиме на спроведување на спогодбите за отворање на нови гранични премини, но и осовременување на постоечките. Добрососедството за ГРОМ не претставува само обврска кон ЕУ-интеграциите, туку политичка, општествена и економска неминовност. ГРОМ ќе се залага за склучување на договори за добрососедство со кои ќе се уреди неменливоста на границите, како и можни прашања на кои постојат различни погледи. За тоа ГРОМ ќе се залага за интензивни комуникации на сите нивоа. ГРОМ ќе поддржи соодветно претставување во меѓународните организации како ООН, ОБСЕ и Советот на Европа. Наведените приоритети на надворешната политика може да се постигнат само со професионална и флексибилна дипломатија, непартизирани, сериозно селектирани и адекватно обучени дипломати. Тоа ќе се постигне со: зголемување на бројот на професионални шефови на ДКП-а; одредбите од Законот за надворешни работи ќе важат за сите дипломати, без исклучок; дипломатите ќе добијат звања кои одговараат на годините поминати во дипломатска служба; државен секретар и државни советници во Министерството за надворешни работи ќе може да бидат лица со најмалку еден минат мандат во ДКП; изборот на дипломатите ќе го направиме по современи стандарди и практики и тој ќе биде транспарентен и планиран неколку години однапред со цел навремена и квалитетна подготовка.

77


Вклучи се: www.grom.mk

Резултати по општествени групи

Крајниот резултат од политиката на ГРОМ е подобрување на животот на различните општествени групи на граѓани и нивните можностите за развој и просперитет. Понатаму се презентирани извадоци од делови од Програмата кои се однесуваат на одредени општествени групи.

Невработени •

Намалување на невработеноста на 18% и зголемување на вработеноста на 54%.

Примена на активни мерки за вработување.

Зголемување на годишниот опфат на невработените со активните мерки за вработување на 30% од вкупниот број на вработени, односно околу 75.000 невработени годишно да користат најмалку една мерка за вработување

Поттикнување на вработување на нискоквалификувани работници, преку анализа и преиспитување на трошоците за вработување.

Поттикнување на вработување во пасивните ридско-планински подрачја со ослободување од придонеси во период од три години.

Поддршка за доживотно учење и стекнување на нови вештини 78


Реорганизација на работата на Агенцијата за вработување за активно посредување за вработување и усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

Олеснување на влезот на пазарот на труд за младите: развој на претприемништвото, практикантството и поддршка на вработување на млади луѓе.

Поддршка за работодавците за обезбедување на работни места наменети за младите лица и преку субвенции за нивно вработување во определен период.

Воведување на задолжително практикантство од една година: претпријатијата ќе имаат обврска да ги примат практикантите.

Поттикнување и на практикантството во странство, како неопходност за интернационализација на македонската економија.

Финансиска поддршка за средните стручни кадри кои се дефицитарни на пазарот.

Зголемување на флексибилноста на работните договори.

Невработените повеќе од четири години и на категориите на невработени на возраст над 35 години ќе се опфатат со различни мерки на поддршка: од преквалификација и доквалификација, отворање на јавни работи, поттикнување на претприемништвото до финансиски погодности за нивно вработување.

Ќе се се воведат даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица.

Ќе се подготви стратегија за повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија и ќе се преземат активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста.

Вклучување на работодавците и синдикатите, во консултативен процес за сите релевантни закони и регулативи.

Деца и млади •

Здравствена заштита без партиципација за деца до 14 години и обезбедување на средства и лекови за лекување на деца со ретки болести.

Проширување на системот на детски градинки и зголемување на опфатот на деца во предучилишното образование. 79


Понатамошно подобрување на квалитетот на основното и средното образование со подобрување на образовната инфраструктура.

Подобрување на наставата по странски и регионални јазици, ИТ, математика и природни науки и финансиска писменост.

Преоценување на наставните планови и учебници од аспект дали тие се пријателски за децата.

Факултативно физичко образование во градинките со основна група на вежби за развој на основна моторика кај децата на возраст од четири до шест години.

Нови наставни програми за физичко образование во училиштата во согласност со модерните трендови. Финансирање на студентскиот спорт и наставата по физичко образование во високото образование.

Враќање на безбедноста во училиштата и градење на услови за здрави ученици.

Примена на моделот „Куќа на половина пат“ за децата без родители по навршувањето на 18 години.

Намалување на бројот на млади кои го напуштаат основното и средното образование.

Советување за кариерата за младите луѓе во раните фази на образованието.

Поттикнување на вработувањето на младите и олеснување на нивниот влез на пазарот на трудот.

Практикантство и поддршка за вработувањето на младите луѓе (до 30 години).

80


Поддршка и субвенции за работодавците кои ќе обезбедат работни места наменети за младите лица.

Промоција на културата во училиштата.

Јакнење на партнерството меѓу училиштата и институциите од културата.

Финансиска, организациона и просторна поддршка и стимулација на независната културна сцена и културата на младите.

Жени •

Поддршка за претприемништвото за младите жени.

Подобрување на статусот на жените во јавниот и приватниот живот.

Родовото буџетирање – вклучувањето на родовиот аспект во националниот и локалните буџети.

Подобрување на положбата на жената во семејството.

Мерки за заштита на правата од работен однос на жените – мајки, како и подобрена поддршка на жените во грижата за децата и грижата за домот.

Градење на јавен модел на жена и мајка и работничка, и залагање за зголемување на улогата на мажот во родителството и во домот.

Гарантирање на правото на абортус.

Бесплатна контрацептивна заштита за девојки до 18 година.

81


Повозрасни граѓани и пензионери •

Обезбедување на можност за предвремена пензија.

Воведување на даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица.

Подготовка на стратегија за олеснување на проблемите на повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија.

Активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста.

Подобрување на пензискиот систем и дефинирање на најниска пензија.

Развивање на систем на услуги за поддржано живеење.

Промовирање на принципите на активно стареење: активно учество во секојдневните активности, добро здравје, поголема исполнетост на работното место, поголема независност и поголема граѓанска вклученост.

Поддршка и поттикнување на неплатената волонтерска работа во здруженијата на граѓани и во заедницата и како старатели на други лица.

Пристапен и достапен превоз за повозрасните лица.

82


Жители на село и земјоделци •

Намалување на урбано-руралниот јаз во квалитетот на живот.

Намалување на јазот во благосостојба меѓу Скопје и регионите, подобар живот на село и развиено земјоделство со зголемување на новосоздадена вредност и нови производи.

Пристап до квалитетни јавни услуги, пред сè образование и здравство.

Развој на селскиот туризам и обнова на автентичниот амбиент.

Подготвување и реали¬зација на стратегии за локален развој на рурални средини, спроведување на локалните развојни стратегии и формирање на локални акциски групи (ЛАГ).

Засилување на земјоделството, зголемување на новосоздадена (додадена) вредност и развој на нови производи.

Зголемување на обемот на земјоделско производство.

Ослободување од царина и слободна трговска размена за земјоделски производи.

83


Укинување на данокот на доход од земјоделска дејност или негово ставање во функција на реинвестиции.

Намалување на данокот на додадената вредност на производите од земјоделство.

Законско уредување на исплатата на откупените земјоделски производи.

Осмислено и транспарентно доделување на државно земјоделско земјиште.

Понатамошна изградба и одржување на системите за наводнување и мелиоризација.

Укинување на надоместокот за наводнување и користењето на водата ќе биде бесплатно, финансирано од буџетот.

Зголемена поддршка преку субвенциите во сите области и гранки на примарни земјоделски производители и фармери.

Поддршка и јакнење на капацитетите за поуспешно искористување на средствата на ЕУ и другите фондови за рурален и регионален развој.

Интензивирање на сточарското производство и развој на преработувачката индустрија за месни и млечни производи.

Воспоставување на траен и ефикасен систем за трансфер на нови технологии и знаење во агросекторот.

Трансформација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Развивање на стратегија за извоз на домашното земјоделско и сточарско производство.

Здружени земјоделци се силни земјоделци – подобрување на условите за здружување во здруженија на земјоделци и зголемена поддршка за таквите здруженија.

Урбани средини •

Зголемување на финансиите на општините на десет проценти од БДП, со зголемување на изворните приходи на општините на половина од вкупните приходи. 84


Зголемување на надлежностите на општините во локалниот економски развој, во урбанизмот и имотно-правните односи, во социјалните работи, во здравството, како и во безбедноста.

Зголемување на надлежностите во безбедноста, односно (униформираниот дел од) полицијата.

Формирање на посебни општински полиции, со ограничена надлежност во превенција на криминалот и во обезбедување на јавниот ред и мир.

Приватен сектор •

Охрабрување и поттикнување на претприемничката култура уште од предучилишна возраст и нејзино надоградување во основното и средното образование.

Градење на јавна свест со висока работна етика и претприемништво.

Повеќе претприемништво – мерки за поддршка за почеток на бизниси (старт-ап), за услуги за развој на бизниси, како и намалување на трошоците за работа за МСП.

Гарантирање на правото на сопственост како фундаментална вредност и како клучен фактор дека инвестициите и водењето бизнис се сигурни.

Финансиска поддршка за развој на нови продукти и за воведување на нови технологии.

Мерки за подобрување на пристапот кон финансиски услуги и зголемување на кредитирањето на приватниот бизнис.

85


Поддршка на мерки за кредитирањето на приватниот сектор; субвенционирање на каматите; поддршка на нови финансиски продукти; подобро електронско банкарство и намалување на трошоците на финансиски трансакции; либерализација на девизното работење; мерки за поевтини меѓународни плаќања.

Преференцијален третман на МСП, особено на МСП основани од млади, жени и ранливи групи.

Еднаков третман за странските и домашните инвеститори

Маргинализирани групи •

Недискриминацијата мора да биде втемелена во сите подрачја и да се однесува на сите граѓани во Македонија.

Промовирање на социјалната економија како можност за вработување на лицата кои се тешко вработливи на пазарот на трудот.

Спречување на дискриминацијата преку градење на јавната свест за ранливите групи, подобрување на наставните програми во образованието, како и спречување на предрасудите и стереотипите.

Подобрување на законодавството, вклучувајќи го и Законот за спречување и заштита од дискриминација, со усогласување со европските директиви,

86


вклучувајќи и експлицитно вклучување на сексуалната насоченост како основ за дискриминација. •

Засилување на законската и финансиска рамка на Комисијата за заштита од дискриминација, како и на Народниот правобранител.

Спроведување на конвенцијата за лицата со посебни потреби.

Посебни мерки за поголемо вклучување на Ромите и припадниците на други малобројни етнички заедници во предучилишниот и образовниот систем.

Етнички заедници •

Силна заложба за одразеност на мултикултурата во јавниот живот, еднаквост на различните култури и за стратегија за споделена иднина.

Развивање на образованието низ духот на мултикултурализмот.

Градење на заедничка стратегија за споделена иднина.

Градењето на јавната свест за прифаќање на мултикултурата, како предност а не проблем.

ГРОМ ги признава, вреднува и ги почитува сите идентитети и култури, етнички групи, верски заедници, јазици, нивните симболи, празници и обичаи.

ГРОМ има цел да придонесе во еднаквоста на културите.

Развивање на мултикултурата на локално ниво.

Подобра одразеност на помалубројните идентитети и култури.

Градење на поволна околина за одразување на повеќеверскиот карактер на општеството.

87


Граѓанско општество

За ГРОМ граѓанското општество е партнер, а не ривал или непријател.

Учество на граѓаните во креирањето на јавните политики, во надгледување на нивното спроведување и во нивната оценка.

Негување на култура во која ќе има простор за критички ориентираните граѓански организации, синдикати, комори.

Развивање на поволна околина за граѓанското општество, со примена на стратегии за соработка со граѓанскиот сектор на национално и локално ниво.

Поддршка за финансиската одржливост на граѓанското општество, среднорочно со директна финансиска поддршка од националниот и локалните буџети, а долгорочно со индиректни, даночни мерки за поттикнување на финансиската поддршка од граѓаните и претпријатијата.

Партнерски однос со организациите на работодавци, синдикатите и коморите како клучни во градењето на функционална пазарна економија.

Пренос на надлежности на одредени јавни услуги на стопанските комори, како и за нивно зајакнато присуство во регионот, ЕУ и глобално.

Поддршка на проекти и иницијативи на национално и на локално ниво за регионална и европска интеграција на граѓански организации, стопански комори, синдикати и други чинители. 88


Создавање на услови за развој на здруженија на пациенти, здравствени здруженија, здруженија на доктори по одредени специјалности, како и на синдикатите.

Создавање на услови за здружување на просветните работници и директорите, и нивните здруженија и синдикати.

Здруженијата и синдикатите на учениците и студентите – партнери во развојот на образованието.

Создавање на услови за развој на еснафските и културните здруженија.

Здружени земјоделци се силни земјоделци – подобрување на условите за здружување во здруженија на земјоделци и зголемена поддршка за таквите здруженија

Јавна администрација •

Постигнување на Европски стандард на услугите за граѓаните.

Утврдување на бројноста на администрацијата – ГРОМ ќе инсистира на целосна транспарентност по ова прашање.

Помала, поефективна и подобро платена администрација.

Воспоставување на мерит-систем на заслуги за професионална и одговорна администрација.

Департизација на институциите кои се задолжени за одржување на јавниот ред и мир, и одбрана на државата, како и воспоставување стандарди за вработување во овие институции.

Јакнење на свеста на администрацијата како услужна дејност за граѓаните, оценување од граѓаните и управување на системот на жалби и поплаки.

Воспоставување на нови стандарди на функционирање на овие институции, притоа посочувајќи особено внимание на кадровската политика со вработување и унапредување на компетентни кадри.

Продолжување на реформите во полицијата, пред сè во јакнење на внатрешната контрола и независниот надзор, ГРОМ ќе придонесува кон поефективна и попочитувана полиција, со поголем кредибилитет и доверба.

89


Децентрализација на социјалната заштита: пренесување на одговорности и обезбедување на извори на финансиски средства за социјалните услуги.

Интеграција на повеќе институции во една државна институција за заштита на човековите права и заштита од дискриминација.

Отворање на расправа за ефикасноста и ефективноста на организацијата на власта, за можностите на интеграција на институции со преклопувачки надлежности.

Подобрување на условите за работа на просветните работници и овозможување на повеќе време за работа со учениците.

Воведување на мерит-систем во управувањето на здравствените установи.

Рационализира на јавниот здравствен систем со намалување на администрацијата и немедицинскиот персонал.

Подобрување на системот на плати и унапредување на континуираната едукација на здравствените работници.

Оцена на системот на плати по учинок, како и за зголемување на вредноста на капитациониот бод на матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите и воведување на повеќестепена вредност на бодот поврзана со географските карактеристики на подрачјето (доктори во рурални подрачја) или големината на местото.

Департизирани, сериозно селектирани и адекватно обучени дипломати за професионална и флексибилна дипломатија.

Зголемување на бројот на професионални шефови на ДКП-а и доследна примена на Законот за надворешни работи.

Државен секретар и државни советници во МНР ќе може да бидат лица со најмалку еден минат мандат во ДКП.

Избирање на дипломатите по современи стандарди и практики, транспарентен и планиран неколку години однапред со цел навремена и квалитетна подготовка.

90


91


Вклучи се: www.grom.mk www.facebook.com/gragjanskaopcijazamakedonija twitter: @GROMakedonija 92


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.