Верификација на GS1 Бар Кодови и GS1 Логистички Етикети Обезбедување на коректно скенирање на Бар Кодовите од прв обид, секогаш е критично во динамичниот деловен свет – затоа GS1 Македонија со услугата за верификација на Бар Кодовите и Логистичките Етикети го дополни асортиманот на услуги Проверката на точноста на доделениот Глобален Број на Трговска Единица (GTIN) и квалитетот на Бар Код симболот и контрола на редоследот и структурата на податоците детерминирани со апликациските идентификатори (AI) кај Бар Кодовите од GS1-128 семејството е есенцијално за да се избегне настанување на скапи грешки. Со верификацијата се потврдуваат сиве овие важни аспекти на квалитетот кои се од особена важност за брз, точен и ефикасен пренос на податоци за сите учесници во синџирот на снабдување: производители, дистрибутери и превозници , продавачи и потрошувачи. Сервисот на GS1 Македонија за Верификација на GS1 Бар Кодови и GS1 Логистички Етикети Ви овозможува навремена идентификација на евентуалните проблеми со квалитатетот и грешките на структурата на податоците кај сите видови на GS1 Бар Кодови и GS1 Логистички Етикети, со што се избегнува
повторно печатење , ре-етикетирање и одбивање на прием на пратките од страна на деловните партнери. Овој сервис може да се користи за сите видови на производи и транспортно-логистичи единици во здравството, стоките за широка потрошувачка, млечната и меснатата, прехрамбената и кондиторската, конзервната и преработувачката, хемиската и многу други индустрии. Процедурата за верификација започнува со пополнување на Барање за верификација - достапно на сајтот на GS1 Македонија. Во прилог на Барањето задолжително се доставуваат бар кодовите или логистичките етикети во финална форма. По извршениот процес на верификација GS1 Македонија Ви доделува детален верификациски извештај и препораки за корекција на евентуалните неправилности во анализираните примероци.
Верификацијата на GS1 Бар Кодовите и Логистичките Етикети ќе Ви овозможи: Контрола на Квалитетот •
Превенција од настанување на скапи грешки.
•
Зголемена ефикасност преку идентификација на грешките на Бар Кодовите, структурата на GTIN и содржаните податоци детерминирани со апликациските идентификатори (AI) кај Бар Кодовите од GS1-128 семејството.
•
Намалување на времето од прием на нарачка до испорака до магацините или маркетите преку обезбедување на точна идентификација и информации за производите и транспортно-логистичките единици, пакувањата, димензиите.
•
Поголемо задоволство на купувачите со производот. Многумина купувачи нема да толерираат производ доколку не помине на скенирање на каса од првпат и секој пат. На тој начин се подобрува имиџот на брендот.
Изградба на Поцврсти Врски со деловните Партнери и Потрошувачитe •
Квалитетно изработените Бар Кодови и Логистички Етикети во кои сите елементи се изработени во согласност со строгите спецификации на GS1 Системот на Стандарди се барања на учесниците во синџирот на снабдување за ефикасно, брзо и точно добивање, зачувување и користење на податоци со кои можат да вршат предвидување на побарувачката, автоматизирано управување со залихите, следење и влегување на трага на дефектните производи со цел отповикување и имплементација на решенија за подобрување на нивното работење.
•
Квалитетно изработените Бар Кодови и Логистички Етикети ги зацврстуваат деловните врски со Вашите партери во синџирот на снабдување, го засилуваат имиџот на Вашите брендови кај потрошувачите.
Заштеда на Време и Намалување Да Бидете Проактивни на Трошоците •
Бар Код кој неможе да се скенира коректно може да предизвика скапа корективна активност која вклучува и препечатување на етикетите, препакување или рачно впишување на податоците или броевите што предизвикува застој, гужва на наплатните места и многу веројатно загубена продажба.
Сервисот на GS1 Македонија за Верификација на GS1 Бар Кодови и GS1 Логистички Етикети може на Вашиот маркетинг тим, графичките дизајнери и дизајнерите на пакувањата да им помогне во обезбедување на квалитетот на изработката и печатењето на Бар Кодовите и Логистичките Етикети.
•
Неточен Бар Код или Логистичка Етикета може да го наруши текот на процесите во автоматизираниот синџир на снабдување на големите дистрибутери и продавачи кои можат да ја раскинат соработката или да наметнат плаќање на драконски пенали.
Дознајте повеќе за Сервисот за Верификација на GS1 Македонија на: http://www.gs1mk.org.mk/UslugiVerifikacija.aspx
Не дозволувајте лошиот квалитет на Бар Кодот или Логистичката Етикета да резултира со зголемени трошоци и намалена добивка! GS1 Македонија
НА Ш ИТЕ П РВИ 20 ГОД ИНИ www.gs1mk.org.mk/20godini
Скенирај и дознај повеќе
Директор: Слаѓана Милутиновиќ Ул. Маршал Тито 19 1000 Скопје, Р. Македонија T: 02/ 32 54 250 F: 02/ 32 54 254 E: gs1mk@gs1mk.org.mk www.gs1.mk.org.mk