ПРЕПОРАКИ ЗА ДИЗАЈНЕРИТЕ И ПЕЧАТАРИТЕ При едно истражување на поголем број производи на пазарот се утврди дека незанемарлив број на бар кодови испечатени на пакувањата се потполно или делумно нечитливи поради непочитувањата на правилата и препораките за правилно позиционирање, дизајн и печатење. Со цел да се постигне висок квалитет на читањето на бар кодовите на наплатните места и во сите ситуации каде се врши скенирање на бар кодовите во синџирите на снабдување во сите индустрии и области на деловното работење, треба да се обрне внимание на следниве правила и препораки:
Печатарските бои мораат да имаат соодветна покривна моќ и нанесеност во процесот на печатење.
Сивите тонови не се погодни за печатење на симболите.
Подлогите со метален сјај исто така се непогодни за печатење на симболите, освен во случај кога имаат дифузна рефлексија.
Површините кои имаат висока рефлексија на светлина (сјај) ја намалуваат читливоста на GS1 бар код симболите.
Ламинатните и лакираните површини исто така ја намалуваат читливоста односно контрастот бидејќи имаат еднонасочна рефлексија.
Рамните површини кога се лакирани ја рефлектираат светлината повеќе отколку кога се нерамни или нелакирани.
Нерамните површини со линиски знаци можат да се лакираат, но мораат сепак да се направат одредени проверки за да се утврди дали се постигнува бараниот контраст.
Не се препорачува печатење на GS1 бар код симболите врз растер како подлога (точкеста структура).
Линиските симболи не смеат да се растираат.
На производ (артикал) се поставува еден симбол освен кога тој бар код симбол е ITF кој е наменет за означување на транспортна или логистичка единица наменета за испорака.
Кога истовремено се поставуваат ITF 14 и ITF 6 не мораат да бидат со истиот фактор на зголемување.
Во просторот на знакот (линиите и маргините) не смеат да се печатат било какви други елементи кои можат да пречат при читањето на знакот.
Доколку при печатење на амбалажата не се користи црна боја, симболот може да биде испечатен и со некоја друга (темна) боја, бидејќи на тој начин се избегнува ново поминување низ машината.
Линиите на симболот не смеат да се печатат во различни бои, бидејќи и покрај тоа што симболот би можел да биде читлив, кога се работи за боитe неможе да се обезбеди соодветност на две или повеќе бои кои се печатат одделно.
Линискиот симбол на транспарентни фолии може да се печати и на надворешната и на внатрешната страна.
Кога е во прашање подлога со висок сјај која ја намалува читливоста, претходно мора да се испита читливоста на симболот на оваквите материјали и дури тогаш да се пристапи кон печатење.
Доколку внатрешната содржина на транспарентното пакување ја рефлектира светлината, позадината на симболот треба да се отпечати врз покривна (се препорачува бела) боја.
Доколку е подлогата испечатена со некоја темна боја, на местото наменето за печатење на симболот мора да се остави „прозорче“ со бела подлога со димензии на бар код симболот заедно со маргините.
Во случаите кога подлогата е во нијанси на жолта, црвена или виолетова, нема потреба да се отвораат „прозорчиња“, но бојата на линиите треба да биде црна или сина за да се постигне задоволително ниво на контраст.
Во ниту еден случај не доаѓа в предвид печатење на бар код симболот во светла боја на темна подлога, бидејќи на тој начин се добива негатив на симболот кој не е возможно да се прочита.
Без никакви ограничувања симболот може да се печати на жолти и црвени фолии.
На транспаренти полиестерски фолии кои служат како обвивка на артиклите, мора да биде отпечатена бела, жолта или црвена подлога на линискиот симбол, бидејќи доколку спакуваниот производ не рефлектира светлина, бар код симболот нема да може да се прочита со скенер, (нпр. сина салфета скапувана во транспарентна полиестерска фолија ќе ја преземе улогата на подлога на линискиот отпечатен симбол бидејќи не постои контраст итн).
Носачите на линиите за системите ITF 14, ITF 6 и ITF 16 служат како заштитна линија и се во функција на квалитетот на печатењето, особено во техниката флексографија, при печатење со гумени клишеа.