GS1 Каталог

Page 1

Македонија

GS1 Каталог -корисничко упатство1


2


Најавувањето во корисничкиот дел од GS1 каталогот Секоја компанија (членка на GS1 Македонија) добива корисничко име и лозинка, кои ги употребува при најавувањето во корисничкиот дел, односно делот за менаџирање на податоците за компанијата и производите.

Најавувањето се врши на две места на веб страницата: • во горниот дел од менито за навигација на секоја страна • во долниот десен агол на почетната страна

3


По успешното најавување, во десниот агол од менито за навигација, се овозможува пристапот до корисничкиот дел од веб страницата.

По кликнувањето на хиперлинкот означен како “Кориснички дел”, корисникот пристапува во делот во кој се овозможува менаџирање на податоците за кои е одговорна компанијата. Овој дел овозможени се следниве операции со производите: • Листа на производи: Во овој дел се овозможува преглед на сите производи, кои биле внесени од компанијата. Пред секој производ има 3 икони кои овозможуваат три различни операции: Внес на нова варијација на производ (производ кој што има исти или слични податоци, со мали измени) - види нова варијација на производ Промена на податоците за производите (види промена на производ) Бришење на податоците за производот (види бришење на производ)

• Бришење на производ: Со кликнувањето на иконата потврда на бришењето на производот.

пред производот, се отвара прозорец за

Напомена!: Избришаните производи не можат да се вратат во системот и ќе мора повторно да бидат внесени како нови.

4


• Внес на нов производ: Внесувањето на новите производи се врши преку страната “Додади производ” од главното мени за навигација. На оваа страна податоците се поделени во 7 табови (сегменти). Првиот таб е посветен на податоците за идентификација на производот, при што задолжителни полиња се Глобалниот број на трговската единица (GTIN, односно бар кодот со водечка 0) и GLN на компанијата (кој што соодветствува со вашето корисничко име, а го означува бројот на Вашата компанија во GS1 системот на стандарди) . Како последен атрибут од овој таб е внесувањето на сликата. Нема рестрикции во однос на форматот на сликата, единствено потребно е сликата да не надминува големини над 1 MB.

*GLN се формира од Вашиот единствен GS1 број, со замена на буквите А со 0 и пресметка на контролната цифра K.

5


Со кликнување на следен чекор или преку избор на табот „Индикатори” се внесуваат податоците индикатори за тоа дали производот може да се испорачува, нарачува, фактурира, итн. Најчесто овие податоци остануваат непроменети.

Клучен индикатор е дали производот е на основно ниво во хиерархијата на производите, односно дали производот во себе содржи други производи означени со бар кодови. На пример, доколку се внесува производ кој што претставува кутија која содржи 150 производи означени со бар код, во тој

6


случај се отштиклира индикаторот и се овозможува внес на производите кои се наоѓаат на ниско ниво на хиерархија во пакувањето. Напомена!: Потребно е производите кои се наоѓаат на пониско ниво во хиерархијата претходно да бидат внесени во каталогот. Следниот таб “Опис и класификација” ги содржи клучните и задолжителни полиња за име на производот, производителот и класификацијата, односно категоризацијата на производот. Името на брендот автоматски се конвертира со македонска поддршка, доколку не е селектирана опцијата до полето за исклучување на автоматската конверзија. Воедно автоматски се овозможува и превод на името на брендот на латиница, кое што може да се промени во секој момент. Името на брендот го опфаќа името на целокупната група производи, како и името на карактеристичниот производ, односно името на брендот е во формат: БРЕНД име на производ. Полињата за име на производителот и GLN на производителот се значајни кога компанијата, која ги внесува податоците не е и производител на производот. Во тој случај овие податоци треба да го идентификуваат производителот преку неговото име и GLN. Класификацијата на производот се врши по светски стандарди со користење на Глобалната класификација на производи (Global Product Classification – GPC). Оваа класификација е поделена во 4 нивоа: сегмент, фамилија, класа и група. Наоѓањето на соодветната група може да се врши од највисокото ниво кон најниското или преку директно испишување на името на групата во полето

наменето за група. Во овој дел овозможен е внес на три дополнителни полиња: 1. Употреба на производ – преку кое се внесува начинот на претходна подготовка, припрема и услови на употреба на производот. На пр., инструкции за подготовка на тестенини. 2. Декларација на производот (без неговите состојки) – се внесува целосната декларација на производот исто како што е наведена на пакувањето, без да се внесат состојките за производот. Напомена: Употребата на производот и декларацијата на производот може да се внесат на различни јазици преку паѓачкото мени од десната страна, што е препорачливо со цел посетители од другите јазични подрачја да можат да ги добијат потребните податоци. 3. Хиперлинк до дополнителен опис за производот – се внесува најчесто хиперлинк до опис за производот од сопствената веб страница на компанијата.

7


Во табот „Димензии” овозможено е внесување на податоците кои се однесуваат на: ширината, висината, должина, тежината и нето содржината. Единиците мерки за секоја од димензиите може да се менуваат по потреба.

Во делот за датумите и животниот век, се внесуваат податоците за датумот кога производот станал достапен на пазарот, од кој датум податоците се валидни, период во кој се гарантира употребливоста изразена во години, месеци и денови, како и минималната и максималната температура на која производот може да се складира.

8


Во табот „Специјалности и квалитет” се внесуваат податоци за специјалните карактеристики за производот: почитување на HACCP, HALAL и Kosher стандардите, опасните супстанции и алергенси (кои исто така може да се внесуваат на различни јазици), сезоната на достапност, процентот на алкохолот и агенцијата задолжена за контролата на алергенсите.

Во последниот таб „Состојки (храна/пијалоци)” се внесуваат состојките на производот (овозможено е внесување на повеќе јазици) и нутрицистичките податоци за производот. Внесувањето на нутрицистичките податоци се врши со селекција на нутрицистичкиот податок и внесување на вредност за најмалку една од следните опции: 100 mg/100 ml, парче/порција и GDA.

9


Напомена!: Единствени задолжителни податоци за секој производ се Глобален број na трговската единица (GTIN) • GLN на провајдерот • Име на брендот • Име на брендот (латиница) • Име на производител • GLN на производител • Група во која е класифициран Доколку било кој од овие задолжителни податоци не е внесен, корисникот е известен преку порака при напуштање на табот.

10


Најчеста грешка што може да се случи е внесување на употреба, декларација, состојки, алергенси или нутрицистички податоци, без при тоа да биде кликнато копчето додади. Во тој случај на корисникот му се појавува порака и тој мора или да го избрише пополнетото поле или да кликне на копчето “Додади”.

Откако ќе бидат внесени податоците се кликнува на копчето „Зачувај како нов производ”. При тоа корисникот може да добие три вида на пораки: • • •

производот не е точно внесен поради одредена грешка, при што корисникот треба да го затвори прозорецот и по корекција на грешките повторно да се обиде да го додаде производот; производот е додаден, но дел од податоците не се додадени, при што корисникот треба да ја избере командата „Промени производ” и да ги изврши промените во делот каде што настанала грешката; производот е додаден успешно, при што корисникот може да избере да изврши дополнителни промени на производот преку „Промени производ”, да додаде производ при што ќе ги искористи

11


истите податоци како и претходниот со мали промени преку „Нова варијација на производот”, или да пристапи кон внес на нов производ со целосно нови податоци. Во спротивно, може да го затвори прозорецот.

Промена на податоците за производот: Промената на податоците за производот може да се изврши преку кликнување на иконата во листата на производи или копчето “Промени производ” во прозорецот, кој се појавува по операциите со податоците. При тоа се отвара страна, која наликува на онаа која што беше објаснета претходно во делот за додавање на нов производ. Податоците се менуваат, при што важат истите правила за внес кои беа објаснети претходно. Откако корисникот ќе притисне на копчето “Ажурирај податоци за производот” добива прозорец, во кој се известува за успешноста на промената. Корисникот може да избере да изврши дополнителни промени на производот преку “Промени производ”, да додаде производ при што ќе ги искористи истите податоци како и претходниот со мали промени преку “Нова варијација на производот” или да пристапи кон внес на нов производ со целосно нови податоци. Во спротивно, може да го затвори прозорецот.

12


Нова варијација на производот: Доколку е потребно да се внесе нов производ кој што е сличен на некој претходен, односно нивните податоци се разликуваат само во одредени атрибути, може да се употреби наредбата за нова варијација на производ, при што корисникот добива форма иста како и формата за внес на нов производ, но пополнета со податоците од претходниот производ. Пристапувањето се врши преку кликнување на иконата во листата на производи или копчето “Нова варијација на производ” во прозорецот, кој се појавува по операциите со податоците. Податоците се менуваат, при што важат истите правила за внес кои беа објаснети претходно. Откако корисникот ќе притисне на копчето “Зачувај нов производ” добива прозорец, во кој се известува за успешноста на операцијата.

Корисникот може да избере да изврши дополнителни промени на производот преку „Промени производ”, да додаде производ при што ќе ги искористи истите податоци како и претходниот со мали промени преку „Нова варијација на производот”, или да пристапи кон внес на нов производ со целосно нови податоци. Во спротивно, може да го затвори прозорецот. Промена на податоците за провајдерот (компанијата): Откако тимот на GS1 Македонија ќе Ви достави корисничко име и лозинка, потребно е да пристапите во овој дел преку главното мени за навигација и да извршите корекција на податоците за Вашата компанија.

13


Воедно овозможена е и промена на лозинката за корисникот преку >>>ПРОМЕНИ ЛОЗИНКА <<< и пополнување на следната форма.

Подготовка на листа на производи: Во рамките на каталогот, за секоја од компаниите овозможена е и изработка на каталог со веќе внесените податоци за производите. Се пристапува преку „Подготовка на листа” од главното мени за навигација, при што се добива форма преку која може да се избере кои производи ќе бидат прикажани во изработениот каталог.

Доколку е потребно да бидат прикажани сите податоци не се пополнуваат полињата и се пристапува на изготовка на листата. Во следната форма се избираат атрибутите, кои ќе се користат за опис на производите.

14


На крај се пристапува кон изготовка на каталогот и негово снимање како Word, PDF или Excel документ.

15


GS1 Каталог w w w.gs1kat a log.m k w w w.kat a log.com.m k Контакт: Тел: +389 (0)2 32 54 255; e-mail: contact@gs1katalog.mk Адреса: GS1 Македонија ул. Македонија бр.19 1000 Скопје Република Македонија

16


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.