Анализа на состојбата во областа на домувањето на ромите во гостивар

Page 1

Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Гостивар


01 bitola ang.qxd

13.01.2013

17:50

Page 2


Содржина 1. Вовед.............................................................................................................................................................2

2. Методологија...........................................................................................................................................3 2.1 Методолошки ограничувања.......................................................................................................3

3. Краток профил на општината ......................................................................................................4

4. Институционалната структура во општината за решавање на проблемите во

областа на домувањето .........................................................................................................................5 I. Анализа на состојбата со домувањето .................................................................................7 1. Број и состав на семејствата.....................................................................................................7

2. Степен на образование ..............................................................................................................8

2.1 Докфалификација на жените Ромки..........................................................................9 2.2 Вклученост на децата во образовниот процес ................................................ 10

3. Економска состојба на семејствата: вработување и социјална заштита..... 11

4. Инфраструктурни услови за живеење............................................................................ 14

4.1 Достапен простор за живеење.................................................................................... 14

4.2 Основни технички услови за живеење.................................................................. 15 4.3 Сопственост и физички квалитет на домовите............................................... 16

4.4 Режиски трошоци ............................................................................................................. 17

4.5 Услови во опкружувањето (достапна инфраструктура) ............................ 18

5. Легализација на домовите .................................................................................................... 20

6. Поддршка за подобрување на домувањето.................................................................. 20

II. Поврзаност со Декадата на Ромите – домувањето како една од областите

од Декадата............................................................................................................................................... 21 III. Заклучоци и препораки............................................................................................................ 23 Заклучоци .................................................................................................................................................. 23 Препораки................................................................................................................................................... 25

1


1. Вовед Домувањето на Ромите е една од четирите приоритетни области дефинирани во Декадата за вклучување на Ромите во Република Македонија и е дел од Стратегијата за Ромите во Македонија. Како што е наведено во Стратегијата, правото на домување е содржано во голем број меѓународни документи кои им наметнуваат на државите потписнички преземање итни активности со цел да се подобрат животните услови на сите лица кои не се во состојба да го остварат своето право во адекватно домување, вклучувајќи ги и Ромите. За Република Македонија општа констатација е дека условите во кои живеат Ромите се мошне лоши, често под нивото на прокламираните стандарди за соодветно домување. Често се работи за долгорочно населени места, со нејасен сопственички статус, надвор од урбаното планирање, кои немаат основна инфраструктура и во кои услугите на државниот систем се тешко достапни1.

Во периодот од декември 2010 до февруари 2012 година Хабитат Македонија го спроведува проектот „Промовирање на правата за домување на Ромите“, финансиски поддржан од Европската унија (Европски инструмент за демократија и човекови права). Проектот придонесува за целите на Хабитат Македонија за елиминирање на супстандардното домување во Република Македонија, преку обезбедување едноставни, пристојни и пристапни домови за семејствата со ниски приходи. Фокусот на проектот е унапредување на правото на домување, како основа за социјално вклучување на Ромите. Тој треба да послужи како поттик за натамошно подобрување на нивната положба во образованието, здравството, вработувањето и родовата еднаквост. Целна група на проектот е ромското население кое живее во општините опфатени со проектот: Шуто Оризари, Гостивар, Тетово и Куманово. Согласно со ова, во овие четири општини се направени основни процени за состојбата со домувањето на Ромите, вклучувајќи и Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Гостивар.

2

1

Стратегија за Ромите во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика, 2005.


2. Методологија Истражувањето е спроведено со теренска анкета – интервјуа „лице в лице“ во домаќинства во Гостивар, во втората половина од октомври и почетокот на ноември 2011 година, на примерок од 50 испитаници, од страна на обучено лице ангажирано за таа намена од страна на Хабитат Македонија. Прашалникот е подготвен од проектниот тим на Хабитат Македонија, во консултации со авторот на извештајот и со анкетарот. Во прашалникот беа опфатени следните варијабли: • број и состав на домаќинствата; • степен на образование;

• економска состојба на домаќинствата; и • инфраструктурни услови за живеење.

Анкетата беше спроведена во октомври и ноември, на примерок од 50 испитаници, што претставува репрезентативен примерок ако се има предвид фактот дека беа опфатени само ромски домаќинства во кои, според официјалните статистички податоци во Гостивар, живеат вкупно 2.237 лица. 2

Од 50 испитаници, 72% односно 36, биле мажи, додека 14 или 28% биле жени. Сите од нив се припадници на ромската етничка заедница и сите се со исламска вероисповед. Бидејќи местото на живеење беше однапред дефинирано, сите испитаници живеат во градска средина (Гостивар), и тоа 82% живеат во куќи, додека 18% во станови. Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Со оглед на малиот број прашалници, податоците имаат 100% точност. Резултатите се прикажани со бројки и графикони на ниво на целиот примерок. Толкувањето е поделено во неколку категории. Имено, незначително малцинство се употребува за одговори помалку од 10% од примерокот, мало малцинство за 11% до 30%, малцинство за 30% до 50%, мнозинство за 51% до 70% и големо мнозинство за повеќе од 70%.

2.1 Методолошки ограничувања

Анализирани се само основните одговори, без притоа да е направено вкрстување по различни варијабли. Ваквиот пристап не овозможува подетална анализа и идентификување на одредени меѓузависности, како, на пример, дали бројот

2  За потребите на оваа анализа, за поимот домаќинство користена е дефиницијата утврдена од државниот завод за статистика на Република Македонија: Домаќинство е секоја семејна или друга заедница на лица што ќе изјават дека живеат заедно и дека заеднички ги трошат своите приходи за обезбедување на основните животни потреби (домување, исхрана и др.), без оглед на тоа дали сите членови постојано се наоѓаат во местото каде што е населено домаќинството или некој од нив определено време престојува во друго населено место, односно во странска држава, заради работа, школување или од други причини, при што престојот во странската држава не е подолг од 1 година.

3


на членови во семејството зависи од степенот на образование, од месечните примања или од работниот статус. Исто така, споредбите на состојбите во Гостивар се правени со другото ромско население на ниво на целата држава, или со општите просеци за цело население во Република Македонија, но не е направена споредба на состојбите меѓу Ромите од Гостивар и другите жители во општина Гостивар. Причина за тоа е што со анкетата се опфатени само ромските семејства, а од друга страна, достапните податоци од други анализи и истражувања се однесуваат само на национално ниво.

3. Краток профил на општината

Општина Гостивар се наоѓа во Западна Македонија, во горниот дел на Полошката Котлина, во крајниот јужен дел на Гостиварско Поле. Вкупната површина на општината изнесува 517 км2. Покрај Гостивар минуваат најзначајните коридори за транзитен сообраќај: Магистралниот пат М-4 Скопје–Охрид, железничката пруга Скопје–Кичево, како и регионалниот пат Гостивар–Дебар–Охрид.

Поволната позиција на градот Гостивар во сообраќајна смисла произлегува од неговата расположеност на преминот од низината кон падинскиот дел, а поволната географска положба во однос на населбите му дава можности на градот за извршување на неговите централни функции во областите: административно-управна област; политичко-стопанска област и културнопросветна област. Гостивар има вкупно 81.042 жители, од кои 66,6% се од албанска национална припадност, од македонска национална припадност се 19,5%, од турска 9,8%, од ромска 3,8%, а од друга национална припадност се 1,8%.3 Табела 1: Национална структура на населението во Гостивар4

Етничка припадност Албанци Македонци Турци Роми Власи Срби Босанци Други Вкупно

Број

Процент

54.038 15.877 7.991 2.237 15 160 39 685 81.042

66,6% 19,5% 9,8% 3,8% 0,01% 0,19% 0,04% 0,84% 100%

Во општина Гостивар живеат 2.237 Роми (според пописот од 2002 година), или 3,8% од вкупното население во градот. 4

3  4

УСАИД, Водич за инвестиции во општина Гостивар, 2008. www.gostivari.gov.mk/, последен пат посетена во јануари 2012.


Податоци за ромското население во Гостивар има од пред Втората светска војна. Тие се населени во неколку населб, и тоа: Балиндолска, Циглана, Фазанерија, Грудајца, како и во други населби кои се лоцирани во потесното градско подрачје, како што е Македонско маало, Леска, Дутлок, Малеарди, а и во самиот центар. Речиси во сите населби, Ромите живеат во блиско соседство со другите етнички заедници, како што се македонската, албанската и турската.

Ромите во Гостивар се организирани во здруженија, како и во политички партии. Поточно, постојат ограноци на неколку ромски политички партии кои функционираат и работат во интерес на ромската заедница. И покрај долгогодишната политичка активност на Ромите во Гостивар, единствено на последните локални избори од 2009 година беше избран еден Ром за советник во општинскиот Совет. Најчестото занимање на Ромите во Гостивар се занаетчиството (ковачи, армирачи, тапацери, молеро-фарбари, ѕидари, гипс-монтери и сл.) и трговијата. Во последните неколку години има тренд на вработување на Роми во државната администрација, преку објавените конкурси од страна на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Бројката на вработени не е задоволителна, но сепак, претставува позитивен чекор за развој и интегрирање на Ромите во општествениот систем на државата5.

4. Институционалната структура во општината за решавање на проблемите во областа на домувањето

Прашањата од областа на домувањето се многу комплексни и на локално ниво се дел од надлежностите на голем број институции.

Советот и градоначалникот, согласно со Законот за локална самоуправа6, се основните органи на општините. Советот, како претставнички орган на граѓаните, е надлежен за креирање и за следење на локалните политики, а со тоа е надлежен и за водењето на политиката поврзана со домувањето.

Покрај многубројните надлежности, Советот е органот кој го планира буџетот на општината и кој ги определува приоритетите што ќе бидат поддржани во текот на годината. Исто така, Советот одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, што индиректно може да влијае врз политиката и врз придонесот на општината во состојбите со домувањето. Други надлежности на Советот коишто индиректно влијаат врз состојбата со домувањето во општината се: основање на јавни служби и вршење надзор над нивната работа; одлучување за начинот на располагање со сопственоста на општината и сл.

Градоначалникот, од своја страна, е директно одговорен за спроведување на политиките утврдени од Советот, но во негова надлежност е и иницирањето одредени прописи коишто треба да бидат усвоени од Советот. Исто така, тој го подготвува и предлог-буџетот на општината. Согласно со ова, од големо

5  6

Податоците за Ромите во Гостивар се добиени од Мерсел Џеладини од здружението „Месечина“ од Гостивар. Службен весник на Република Македонија, бр. 5/2002, Закон за локална самоуправа.

5


значење е проактивноста на градоначалникот во сите области, вклучително и во домувањето.

Согласно со Статутот на општина Гостивар, предвидено е и партиципативно тело од областа на урбанизмот. Улогата на ова тело е да се пренесат ставовите и мислењата на граѓаните и на правните лица во процесот на урбанистичкото планирање, како и поради следење на состојбите и давање иницијативи и предлози во процесот на планирање и изготвување плански решенија за општината. Важно е што во ова тело, покрај претставниците на Советот и општинската администрација, предвидено е членство и на претставници на здруженија и на професионални здруженија, како и на стручни лица од областа на урбанизмот. Во рамките на општинската администрација постои и сектор надлежен за прашања од областа на домувањето. Тоа е Секторот за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина. Во рамките на овој сектор работат: Одделението за урбанизам и заштита на животната средина и Одделението за комунални работи, сообраќај и патишта.

Покрај погоре наведените институции коишто имаат одредени општи и конкретни одговорности за прашањата поврзани со домувањето, битна е соработката со подрачната единица за Гостивар на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија. Меѓу другото, во оваа институција се врши: запишување на правата на недвижностите, вршење основни геодетски работи, вршење премер на недвижности и сл.

6


I. Анализа на состојбата со домувањето 1. Број и состав на семејствата Првото поставено прашања се однесува на бројноста на домаќинствата во коишто живеат Ромите во Гостивар.

Половина од испитаните семејства се составени од пет, односно шест членови, додека 18% се четиричлени семејства, а 14% бројат по девет членови. Малцинство од испитаните домаќинства (пет семејства, или 10%) живеат заедници составени од над десет лица.

Најчесто, односно 40%, домаќинствата се во проширен состав, односно покрај родители и деца, во нив живеат и баби, дедовци и други роднини. Една третина од семејствата се составени само од родители и деца, додека во исто толку (30%) домови живеат повеќе семејства заедно. Живеењето во проширени семејства или во заедници каде што живеат повеќе семејства, што во овој случај претставува 70% од испитаните, е практика воопшто на ромските семејства. Многу често во ромските заедници 3-4 генерации живеат заедно и во една куќа7. Графикон 1: Состав на домаќинства

Во однос на возраста на членовите на семејствата, карактеристично е што многу мал процент (2%) се на возраст на 65 години. Споредбено со просечниот живот на ниво на целата држава (без оглед на етничката припадност), Ромите живеат помалку, односно Ромите се етничка група со поголем процент на младо население8. Слично е и со структурата на испитаните семејства од Гостивар, каде што 29% од членовите во семејствата се на возраст под 15 години. Имено, според податоците од Државниот завод за статистика, во однос на стареењето 7  Неда Милевска-Костова, Ениса Еминова, Заедницата на Ромите во Република Македонија, Состојби и предизвици во домувањето и здравството, ХДЗР „Месечина“, 2007. 8  Ромите се значително помлада популација во однос на мнозинската популација во земјите во кои живеат (се мисли на eвропските земји). Вкупно 25-30% од Ромите сена возраст под 15 години, наспроти просекот од 10% од мнозинските популации. Исто така, демографските податоци покажуваат дека ромското население во Република Македонија, во просек, има помлада популација во однос на просечната старост во земјава. Поради различните стапки на наталитет и морталитет во однос на националниот просек, ромските деца имаат поголем, а постарите лица помал удел во сопствената етничка група. Евидентно е дека репродуктивноста кај Ромите е двапати поголема во однос на просекот во Републикава, но и смртноста кај децата е двапати поголема отколку кај другите етнички групи. (Извор: Наташа Габер-Дамјановска и др., Национален извештај за ранливите групи во Македонија, Фокус на Ромите, УНДП, 2006).

7


на населението, во периодот 2000–2010 година, учеството на младото население (0–14 години) во вкупното се намали од 22,3% во 2000 година на 17,4 % во 2010 година, додека учеството на старото население (65 и повеќе години) се зголеми од 10% во 2000 година на 11,7% во 2010 година9. Причините често се наоѓаат во тешките животни услови што го прават просечниот живот на повеќето Роми пократок, за разлика од другите жители. Ова може да се види од малиот број Роми постари од 40 години, во однос на генералната популација.10 Графикон 2: Возраст на членови на семејството (%)

2. Степен на образование На прашањето за највисок завршен степен на образование на секој член во семејството на возраст над 15 години, најголем дел од одговорите се основно образование (34%). Речиси секој четврти во семејството има средно образование, додека приближно толку (21%) имаат завршено само четврто одделение. Малцинство од 7% од членовите на семејствата имаат завршено високо образование. Графикон 3: Степен на образование

Доколку овие податоци се споредат со просечните податоци на ниво на целата држава, а се однесуваат само на Ромите, може да се заклучи дека образованието на Ромите од Гостивар е над просечното. Особено е важно што овој процент е многу повисок кај лицата коишто имаат завршено средно и високо образование. Имено, ако 23% од испитаниците во Гостивар имаат завршено средно образование, просекот на ниво на Република Македонија е 7% од 8

9  www.stat.gov.mk, податоци за населението во Република Македонија (страната е посетена во декември 2011). 10  Наташа Габер-Дамјановска и др., Национален извештај за ранливите групи во Македонија, Фокус на Ромите, УНДП, 2006.


оние коишто имаат завршено какво било образование. Во однос на високото образование, просекот на државно ниво е 0,1% од Ромите кои имаат високо образование, а во Гостивар овој процент е 7%. Според податоците од Агенцијата за вработување, 33% од невработените Роми немаат завршено основно образование. Од другите 67%, повеќето имаат само основно училиште, додека, пак, 7% имаа квалификации или завршено средно училиште, а само 0,1% имаа завршено високо образование11. Покрај редовното образование со коишто се стекнале или се стекнуваат членовите на испитаните семејства, една третина (32%) од нив посетувале и дополнителни курсеви за преквалификација, односно за подобрување на нивните работни вештини.

Од шеснаесеттемина коишто одговориле дека тие или некој од семејството посетувал некој курс, најчесто се посочени курсевите за шнајдерство, со 25%, потоа курсевите за компјутери – 19%. Помал број од посетителите на овие курсеви го одбрале фризерството (двајца од нив), а исто толку одбрале и курсеви за гипсери и монтери. Еден дел од испитаниците (25%) одговориле дека посетиле друг вид обука, која е надградување на вештините за индиректно оспособување за работа, какви што се: пишување CV и мотивациско пасмо, квалификации за работа со деца, учество на обуки организирани од Академијата за судии и јавни обвинители и сл.

2.1 Докфалификација на жените Ромки

Сите податоци и анкети покажуваат дека состојбата со образованието кај жените Ромки е критична. Имено, ако Ромите во просек се помалку писмени од остатокот од населението, состојбата е дури и полоша за Ромките, од кои само 75% се писмени.

Затоа, постојат повеќе програми (пред сè, на граѓански организации) коишто нудат преквалификација и дообразба посебно наменети за жените Ромки. И во оваа анализа испитаниците беа прашани дали знаат и дали посетувале некои од ваквите видови курсеви. Малцинство, односно само 16% од испитаниците, одговориле дека знаат за можностите за посебни курсеви за квалификација, доквалификација, односно преквалификација посебно наменети за жените. Најголем дел од курсевите се однесуваат на шнајдерство, потоа на фризерски занает, курсеви за компјутери и странски јазици. Дел од жените во семејствата посетиле и повеќе од еден од овие курсеви.

11  Ибид.

9


Табела 2: Видови курсеви за доквалификација на жените Ромки

Каков вид курсеви сте посетувале? 1. Шнајдерство 2. Курс за компјутери 3. Фризерство 4. Јазик 5. Занаетчиство 6. Обука за јакнење политички вештини Вкупно

Број 7 3 5 3 1 1 20

2.2 Вклученост на децата во образовниот процес Вкупно во сите испитани домаќинства има 91 дете, на возраст под 15 години, од коишто 80 се на возраст да бидат вклучени во образовниот процес. Од нив најбројни се семејствата коишто имаат по две деца (14 домаќинства), но има приближно толку семејства (13 семејства) во коишто нема деца под петнаесетгодишна возраст. Во едно семејство има пет деца, а четири семејства имаат по четири деца.

Освен во четири случаи, сите деца коишто се на возраст за да посетуваат настава, го прават тоа. Во два случаи (во две различни семејства, или 4%) децата не се на училиште бидејќи немаат финансиски услови за тоа, додека во по еден случај причина за непосетување настава е хендикеп. Трошоците за образованието се главен проблем за Ромите општо, што е потврдено со фактот дека околу 65% од Ромите не можат финансиски да си дозволат да ги образоваат своите деца (наспроти 26% од другите што живеат во нивна близина)12. И во овој случај, во Гостивар, процентот на неможност Ромите да ги образоваат своите деца е многу помал од просекот на државно ниво. Децата коишто поседуваат настава користат некоја од формите на помош што ги добиваат од страна на државата: бесплатен превоз, кој го користат седум деца, и стипендии во сите случаи за средно образование (користат шест деца). Само во еден случај, едно дете е корисник и на стипендија и на бесплатен превоз. Графикон 4: Видови на поддршка во процесот на образование

10

12  Ибид.


3. Економска состојба на семејствата: вработување и социјална заштита Степенот на образование (анализиран во претходниот дел) е секогаш поврзан и со стапката на вработеност, па така оваа причинско-последична врска важи и при анализата на економската состојба на ромските семејства во Гостивар. Според податоците од пописот од 2002 година, стапката на невработеност кај Ромите општо во Република Македонија е повеќе од двапати повисока од стапката на национално ниво (78,5% наспрема националниот просек од 38,1%). Во Гостивар, мнозинство од 61% од испитаните семејства се без ниту еден вработен член. Во 14 семејства (или 28%) има по едно вработено лице, додека само во пет семејства вработени се две лица. Графикон 5: Број на вработени по домаќинство

Како официјално невработени лица од анкетираните семејства, во Агенцијата за вработување (во Гостивар) се водат 121 лице, од кои повеќе од една третина од нив (35%) се на возраст од 20 до 30 години. Кај другите возрасни категории невработеноста изнесува од 19% до 24%. Графикон 6: Невработеност по возрасни категории

Сите 31 семејство коишто претходно се изјасниле дека немаат ниту еден член којшто е во редовен работен однос, рекле дека се корисници на социјална помош. Од нив 84% се корисници на редовен социјален надомест, додека во пет семејства се користи друг вид на помош, односно во конкретните случаи, тоа е надомест за трето дете.

11


Табела 3: Семејства корисници на социјална помош

Дали вашето семејство е корисник на социјална помош а) да

б) не

Вкупно

Број

%

31

62

19

50

38

100%

Испитаниците беа прашани и за евентуална дополнителна поддршка од страна на институциите. Ниедно од домаќинствата не прима дополнителна помош од државата, од општината или од други институции (граѓански/хуманитарни организации), покрај погоре спомнатата социјална помош. Меѓутоа, од друга страна, големо мнозинство од 92% од домаќинствата добиваат правна помош поврзана со поддршка при подготовка на документација за различни области.

Во однос на финансиската состојба на семејствата, испитаниците беа прашани на скала од 1 до 5 да ја проценат нивната состојба13. Мнозинство од семејствата (56%) се изјасниле дека живеат сиромашно, а ниту едно семејство не смета дека живее во многу добри услови. Графикон 7: Финансиска способност на семејствата (број на семејства по категории)

Во однос на изворите на приходи, покрај 19 семејства (38%) коишто имаат вработени лица и се издржуваат од плата, другите навеле неколку други извори на приходи, како социјална помош, вклучително и помош за трето дете (28 семејства), а во единаесет семејства приход е и пензија (22%). Малку повеќе од една третина од домаќинствата (35%) имаат несигурни приходи, додека ниту едно семејство не се изјаснило дека има други сигурни извори на приход. Дел од семејствата (вкупно 16) навеле дека се корисници и на социјална помош и на други несигурни извори на приходи. Ова е поразлично од резултатите добиени од анкетата за извештајот на УНДП:

12

13  На скалата од 1 до 5 наведени беа следните категории: 1. многу добро, 2. добро, 3. просечно, 4. сиромашно, 5. недоволно.


Национален извештај за ранливите групи во Македонија, Фокус на Ромите, од 2006 година, каде што е констатирано дека повеќе од ромските домаќинства имаат приходи од плата (63%), додека вториот најголем просечен приход доаѓа од старосна пензија, која носи пари во 18% од ромските домаќинства. Ромските домаќинства во Гостивар имаат значително помалку приходи од плата, споредбено со националниот просек, додека пензијата како приход е со сличен удел како и на национално ниво. Графикон 8: Видови на извори на приходи во семејствата

Со оглед на степенот на невработеност на лицата во домаќинствата и ниското ниво на образование, месечните приходи се ниски. Една третина од семејствата (32%) живеат со помалку од 200 евра месечно (од 100 до 200 евра). Сто евра повеќе на располагање, односно по 300 евра месечно има во 14 семејства (28%). Само во четири семејства месечните приходи се од 500 до 750 евра. Од друга страна, секое петто семејство (20%) своите месечни потреби за живот треба да ги задоволи со помалку од 100 евра. Графикон 9: Висина на месечни приходи на домаќинствата

Од друга страна, вкупните месечни расположливи средства по домаќинство во Република Македонија за 2010 година се 26.915 денари (437 евра)14. Споредбено, само 4% од ромските домаќинства во Гостивар се дел од просекот во целата држава, додека, како што и погоре е презентирано, високи 88% живеат со пониски месечни приходи од просечните.

14  www.stat.gov.mk, Статистики по области, животен стандард (страната е посетена во декември 2011 година).

13


Дополнителни две прашања беа поврзани со придонесот на средства во домашниот буџет од страна на деца помали од 15 години. Само во четири случаи, односно 8%, одговорот е дека децата помали од 15 години придонесуваат за финансиската состојба. Во сите случаи, начинот на кој се придонесува е преку непостојана работа. Иако процентот е незначителен, потребно е да се обрне внимание на каква било употреба на детскиот труд. Табела 4: Начини на придонес на децата во домаќинствата

Придонес на децата во домаќинствата

Број

%

Придонесуваат во домаќинството преку непостојана работа

4

100

Вкупно

4

100%

Придонесуваат во домаќинството преку постојана работа Преку поддршка на семејниот бизнис

/ /

0 0

4. Инфраструктурни услови за живеење 4.1 Достапен простор за живеење Најголем дел од домаќинствата, односно високи 74%, живеат во објекти со површина од 40 до 100 квадратни метри, од кои најголемиот дел имаат површина од 41 до 60 метри квадратни (28%). Четири семејства живеат во домови со помалку од 40 метри квадратни (од кои три од нив имаат и месечни примања пониски од 100 евра), додека 12% или шест домаќинства живеат во поголеми објекти, односно од 141 до 220 метри квадратни. Семејствата со најмалку приходи месечно имаат и најмали живеалишта или најмалку достапен простор по член на соодветното домаќинство.

Просекот на расположливи квадратни метри по домаќинство е 88 квадратни метри, а просечниот број на лица коишто живеат на тој простор е 6,3 лица, што значи дека на располагање за секое лице има по 14 м2. Графикон 10: Достапен простор за живеење

14


Овие податоци за Гостивар се малку поразлични од просечните податоци за ромските домаќинства, бидејќи просечното ромско домаќинство има 4,8 члена, а ромските семејства се сместени во претежно мали живеалиште – дури 70% живеат во живеалишта помали од 50 м2. Просечната големина на едно ромско живеалиште на ниво на Република Македонија е 45,9 м2. Од друга страна, пак, просечната големина на живеалиштата кај тие што не се Роми е речиси двапати поголема од таа на Ромите – 81,2 метри квадратни15.

4.2 Основни технички услови за живеење

Понатаму, анализирајќи ги подетално условите за живот, испитаниците се прашани и за други основни услови за живеење. Првото прашање се однесува на можностите за одржување на хигиената во семејството. Од педесетте анкетирани домаќинства, во 39 од нив има тоалет внатре во станбениот објект, а во 41 од нив има и бања. Водовод и канализација има во 90% од домаќинствата, меѓутоа на четири домаќинства не им е достапна вода (преку водовод), а немаат ни канализација. Овие домаќинства се истите коишто имаат најмали месечни примања (три од нив под 50 евра), и се меѓу семејствата со најмал простор за живеење. Табела 5: Состојба со достапна вода и канализација

Дали има водовод и канализација

Број

%

Да, има водовод и канализација

45

90

Вкупно

50

100%

Има само водовод и септичка јама

Нема ништо од тоа

1

4

2

8

Испитаниците се прашани и за безбедноста на водата за пиење. Скоро сите (98%) одговориле дека водата не е безбедна за пиење. И официјалните информации укажуваат на неисправна/небезбедна вода за пиење во Гостивар, што укажува на генерален проблем за целиот град, но воедно укажува и за информираноста и свесноста на ромските семејства за проблемот со водата за пиење. Достапноста на електричната енергија е проблем за три домаќинства, коишто изјавиле дека воопшто немаат приклучок за електрична енергија, додека три семејства рекле дека струјата има многу слаб квалитет. Во два од овие пет случаи има поклопување кај семејствата што немаат ниту водовод и канализација ниту електрична енергија (слично како и уреденоста на водовод и канализација). Другите 88% од домаќинствата се приклучени и имаат квалитетно снабдување со електрична енергија. Загревањето на домовите со дрва е примарниот начин на снабдување со топлинска енергија. Имено, големо мнозинство од домаќинствата се греат со

15  Наташа Габер-Дамјановска и др., Национален извештај за ранливите групи во Македонија, Фокус на Ромите, УНДП, 2006.

15


дрва (96%), а само 4% на електрична енергија.

4.3 Сопственост и физички квалитет на домовите Високо мнозинство од испитаните домаќинства (96%) живеат во сопствени домови, додека 4% (односно две семејства) живеат во изнајмен простор. На прашањето за изложеноста на опасност на домот за живеење, најголем дел од испитаниците, односно 92%, рекле дека живеат во безбедни услови, додека 8% или 4 семејства, се изложени на одрони на земјиште, на поплави и на слични непогоди. Три од овие четири семејства се истите коишто немаат водовод, канализација и електрична енергија. Графикон 11: Сопственост на просторот за живеење

Половина од домаќинствата сметаат дека, во поглед на инфраструктурата, живеат во просечни услови за живеење, додека 22% се задоволни, односно многу задоволни од инфраструктурните услови во нивните домови. Меѓутоа, повеќе од една четвртина од испитаните семејства живеат во сиромашни и неповолни услови за живеење. Малиот простор за живеење на сите членови во еден дом и постоењето влага во домот (во две семејства) се наведените причини за несоодветност на условите за живеење. Ниедно од семејствата не одговорило директно дека во нивниот дом има физички оштетувања (испукани ѕидови, оштетен покрив и сл.), но 22% одговориле дека во нивните домови ги има сите непогодности (тесен дом, влага и физички оштетувања). Графикон 12: Физички услови за живеење

16


Физичката состојба на домовите на Ромите во Гостивар е подобра од просечните услови во коишто живеат Ромите. Имено, дури 36% од ромските домаќинства на национално ниво немаат пристап до соодветно домување, живеат во уништени куќи или колиби, кои не ги исполнуваат барањата за домување што можат да се класификуваат дека се во добра состојба. Веројатно финансиската состојба на Ромите е одговорна за физичкиот квалитет на нивните домови, но, исто така, и пониските стандарди за домување и опрема16. Само 2% од Ромите во Македонија живеат во станови, наспроти 18% од Ромите во Гостивар.

Мнозинство од анкетираните домаќинства (72%) за подобрување на нивните услови за живеење би користеле поволен кредит, доколку имаат можност за тоа. Но од друга страна, речиси приближен процент од испитаниците (68%) не би го напуштиле сопствениот дом поради неподносливи услови за живеење. Секако, не е за занемарување дека секое трето семејство (32%), сепак, би се одлучило на таков чекор. За овие шеснаесет семејствата коишто се изјасниле дека би го напуштиле домот, Гостивар останува првиот избор за место на живеење, но во поповолни услови или во сопствен дом (94%). Само едно семејство од овие шеснаесет би сакало да живее во Скопје.

Иако на испитаниците им беше дадена можност слободно да го назначат местото на посакувана дестинација, покрај тоа што големо мнозинство не би го напуштило градот во кој живее, ниту едно од нив не се изјасни за напуштање на Република Македонија. Табела 6: Посакувани места за промена на живеалиштето

Која е најпосакуваната дестинација за промена на местото на живеење? Во Гостивар, во друг дом посебно

Во Гостивар, во дом со соодветни услови

Во Гостивар, со дом со поголема квадратура

Во Гостивар, во сопствен дом

Во Скопје

Вкупно

Број

%

3

19

7

2

3

1

16

44

13

19 6

100%

4.4 Режиски трошоци Во однос на месечните обврски за режиски трошоци, домаќинствата имаат најмногу обврска за надомест на електрична енергија и вода (96%, односно 90%), додека за изнајмување на домот во кој живеат обврска за плаќање имаат четири семејства. Месечните трошоци за овие услуги се движат од 1.000 до 4.000 денари за кирија и електрична енергија. Пониски се трошоците за водоснабдување, коишто за сите испитаници се пониски од 1.000 денари. 16  Наташа Габер-Дамјановска и др., Национален извештај за ранливите групи во Македонија, Фокус на Ромите, УНДП, 2006.

17


Графикон 13: Обврски за режиски трошоци

Мнозинство од домаќинствата (62%) тешко и нередовно успеваат да ги подмират месечните режиски трошоци, додека 10% никогаш не плаќаат за нив. Секое четврто домаќинство редовно ги плаќа трошоците за струја, вода, закуп и сл. Малку посериозна е ситуацијата на национално ниво, каде што дури 78% од ромските домаќинства имаат заостанати долгови (за разлика од 40% од другите што живеат во нивна близина)17. Графикон 14: Подмирување на режиски месечни трошоци

4.5 Услови во опкружувањето (достапна инфраструктура) Во однос на инфраструктурата, група прашања беа поврзани и со достапноста на потребни услуги во околината на местото на живеење на ромските семејства.

Околината во којашто се наоѓаат домовите на ромските семејства во Гостивар не е на задоволително ниво. Имено, високи 42% од испитаниците живеат во делови од градот каде што улиците не се асфалтирани.

18

Понатаму, едно од прашањата беше близината на училиштето. Мнозинство од одговорите (60%) се позитивни, додека 40% од домаќинствата немаат училиште во близина. За мнозинство од домаќинствата, односно за 27 домаќинства (54%)

17  Ибид.


училиштето се наоѓа во близина помалку од 10 минути, додека за 22 семејства (44%) оддалеченоста на училиштето е од 10 до 30 минути. Само во еден случај оддалеченоста е поголема од половина час. Табела 7: Оддалеченост на училиштето од местото на живеење

На која оддалеченост се наоѓа училиштето од местото на живеење до 10 минути

10–30 минути

повеќе од 30 минути

нема училиште во моето место на живеење Вкупно

Број

%

27

54

/

0

22 1

50

44 2

100%

Во однос на близината на здравствените установи, мнозинство од домаќинствата (58%) одговориле дека во нивна непосредна близина нема здравствена установа, а 42% одговориле позитивно. Оддалеченоста на здравствените установи е од 10 до 30 минути за 64% од испитаниците, додека за 34% е во близина од 10 минути. Само во еден случај времето потребно за да се стигне до најблиската здравствена установа е повеќе од 30 минути. Табела 8: Близина на здравствени установи

Колку време ви е потребно да стигнете до здравствената установа? до 10 минути

10–30 минути

повеќе од 30 минути

нема здравствена установа во моето место на живеење Вкупно

Број

%

17

34

/

0

32 1

50

64 2

100%

Во мнозинство од 88% од семејствата сите членови се здравствено осигурени, а само 4% не се во можност да користат здравствена заштита. Други 8% се изјасниле дека имаат делумно осигурување. Овој податок радува, бидејќи според претходни истражувања на УНИЦЕФ е утврдено дека 56% од Ромите го имаат статусот на здравствени осигуреници по која било основа, 17% го имаат делумно (што значи не се сите членови на семејството здравствено осигурени) и 27% не се воопшто здравствено осигурени18. Оваа состојба може да се должи на неколку фактори, меѓу кои и на измените во Законот за здравствено осигурување од 2009 година, кој овозможува здравствено осигурување за сите државјани на Република Македонија19. 18  Ибид. 19  Службен весник на РМ, бр. 67/2009, Измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

19


Графикон 15: Здравствено осигурување

Здравствените услуги најчесто се користат еднаш или двапати во месецот (36% односно 28%).

Во случај на болест, ромските семејства најчесто се обраќаат во јавните здравствени домови (94%), додека малцинство од нив бараат поддршка во приватни болници (6%). Исто така, големо мнозинство од испитаниците (92%) и лекарствата ги добиваат преку напишан рецепт од лекар, за кои не плаќаат или плаќаат само партиципација, додека 8% за набавување на лекови го плаќаат целиот потребен износ.

5. Легализација на домовите

Најголем дел од ромските семејства во Гостивар живеат во сопствени домови (96%). Од нив 46% имаат поднесено барање за легализација на нивните домови, а 70% од нив ги знаат процедурите и немаат потреба од дополнителни информации во постапката за легализација на објектите во коишто живеат. Графикон 16: Процент на поднесени барања за легализација на домовите

6. Поддршка за подобрување на домувањето

20

Големо мнозинство од испитаниците (94%) не знаат да наведат ниту една граѓанска организација којашто работи во областа на подобрување на состојбите со домувањето. Од позитивните одговори (вкупно 3) двајца рекле дека знаат за Хабитат Македонија, додека еден од нив ја спомнал локалната организација ХДЗР „Месечина“.


II. Поврзаност со Декадата на Ромите – домувањето како една од областите од Декадата Домувањето е еден од четирите приоритетни области утврдени во Декадата за вклученост на Ромите (2005–2015), покрај образованието, вработувањето и здравството.

Клучните проблеми во областа на домувањето се наведени во националната Стратегија за Ромите во Република Македонија20. Меѓу клучните проблеми наведени се следниве:

• Живеење во дивоградби, каде што често не се решени основните инфраструктурни услови; • Појава на дискриминација во користење на правото на домување;

• Условите на супстандардно живеење се потенцијален ризик за здравјето на населението;

• Стихијно појавување на нови населби како резултат на непостоење на програма за планско и сеопфатно решавање на домувањето;

• Преоптовареност на комуналната мрежа заради растечката густина на населението; и др.

Имајќи ги предвид овие клучни проблеми, но и општо другите фактори од опкружувањето, акциските планови утврдени со Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015, се фокусираат на четири сфери за интервенција21. Првата се однесува на подобрување на законската рамка која, меѓу другото, треба да опфати: вклучување во креирањето на локалните политики; мерки за позитивна дискриминација преку ратификување на соодветни договори и креирање афирмативни законски решенија; како и адаптирање на законските прописи со цел да се овозможи простор за легализација на дивоградбите. Втората сфера е урбанизмот, каде што се предлагаат конкретни мерки за урбанизација на населбите во кои живеат Ромите и фактичка легализација на дивоградбите, каде што постојат услови за тоа.

Квалитетот на живеење е следната сфера во која доминираат предложени мерки за: олеснет пристап на ромската популација за решавање на станбеното прашање; подобрување на инфрастуктурата во околината каде што има ромски домаќинства; и мерки за намалување на домовите со супстандардните услови за живеење. Постојаната едукација на населението, преку афирмативен пристап на достапност на информации, е четвртата област од акциониот план. Покрај иницијалните акциони планови по области, подготвен и ревидиран е

20  Министерство за труд и социјална политика, Стратегија за Ромите во Република Македонија, 2005 г. 21  Министерство за труд и социјална политика, Декада за вклучување на Ромите 2005–2015, акциони планови.

21


акционен план за периодот 2009–2011 година22. Согласно со ревидираниот акционен план, како идентификувани проблеми во областа на домувањето што треба да бидат решени во периодот 2009–2011, се наведени следниве: • Прашањето на бездомниците, односно деца, жени, самохрани родители итн. кои живеат на улица;

• Потребата од целосно вдомување на одредени семејства чиишто изградени домови не се вклопени и не можат да се вклопат во ДУП и ГУП; • Потребата од целосно вдомување на семејства кои биле изманипулирани, бидејќи купиле домови кои немале право да се продаваат;

• Потребата од вдомување на семејства кои треба да се преселат на друго место поради густата населеност на населби претежно населени со Роми.

Ако се имаат предвид сите горенаведени стратешки документи, планови и заложби на Република Македонија системски да ги решава проблемите на Ромите, вклучувањето на сите засегнати страни во овие процеси е од особена важност. Затоа, особено придонесот на граѓанското општество во сите области е исклучително корисно. Особено е важно вклучувањето во поддршката за решавање на прашањата за домување, ако се има предвид дека тоа е третирано од многу мал број организации, а воедно бара и најголем број предуслови за соодветно дејствување.

Резултатите од оваа анализа ќе придонесат за адаптирање на плановите и за позабрзана реализација на одредени прашања, како на релевантните државни институции, пред сè, на локално ниво, така и на активностите на граѓанските организации.

Состојбата со домувањето во Гостивар е подобра по речиси сите параметри во однос на другите општини во кои живеат Роми, но истовремено, условите во коишто живеат просечните ромски семејства во Гостивар се уште под просечните услови на ниво на целата држава и во однос на целото население. И оваа анализа во однос на решавањето на прашањето за домување води до неминовната потреба од соработка на властите (пред сè, локалните власти), граѓанските организации и целната група.

22

22  Министерство за труд и социјална политика, Ревизија на националните акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015“ и Стратегијата за Ромите во Република Македонија, за периодот 2009–2011.


III. Заклучоци и препораки Заклучоци • Причинско-последични врски на домувањето со степенот на образование, невработеноста и здравјето на Ромите. Домувањето е едно од најголемите проблеми на Ромите во Република Македонија, а со тоа и на Ромите од Гостивар. Тоа има причинско-последична врска со другите три приоритетни области утврдени во Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015. Имено, ниското ниво на образование и невработеност, а со тоа и сиромаштијата, директно влијаат врз условите во коишто живеат ромските семејства. Од друга страна, супстандардните услови за живеење влијаат врз здравствената состојба на населението. • Голем број домаќинства со доминантно млада популација. Во Гостивар ромските домаќинства претежно се во проширен состав или живеат повеќе домаќинства заедно (70%). Во овие домаќинства доминантно живее население на возраст под 45 години (дури 78%), додека повозрасните се застапени со само 2%. Овие податоци потврдуваат други претходни анализи и информации дека ромската популација е доминантно млада, а просекот на живот на Ромите е помал од просекот во државата.

• Ромите во Гостивар со повисоко образование од просекот на образование на Ромите во Македонија. Иако високи 67% имаат завршено основно образование, во Гостивар приближно секој четврти Ром има завршено и средно образование, што е повисоко од 7% средно образовани Роми на национално ниво, а 7% имаат и универзитетски дипломи, што е повеќе од 0,1% на национално ниво (податок од 2006). Желба за дообразба и преквалификација постои, бидејќи една третина од испитаниците или членови на нивните семејства посетувале дополнителни курсеви и обуки. Високо мнозинство од 95% од децата коишто се на училишна возраст посетуваат настава. • Високо потпросечна економска состојба на ромските семејства. Во Гостивар, мнозинство од 61% од испитаните семејства немаат ниту еден вработен член. Во 14 семејства (или 28%) има по едно вработено лице, додека само во пет семејства вработени се две лица. Сите семејства без вработени членови добиваат социјална парична помош. Месечните приходи, во просек, се многу ниски. Само 4% од семејствата имаат приходи кои се на ниво на просекот во државата, 88% живеат со приходи под просечните, а секое петто семејство своите месечни потреби ги задоволува со помалку од 100 евра.

• Потпросечни и потстандардни физички квалитет на живеалиштата, но над националниот просек во кој живеат Ромите. Најголем дел од домаќинствата, односно високи 74% живеат во објекти со површина од 40 до 100 м2. Постои поврзаност помеѓу најсиромашните семејства и достапниот простор за живеење, бидејќи семејствата со најмалку приходи месечно имаат и најмали живеалишта, или најмалку достапен простор по член на соодветното домаќинство. Сепак, просечно, ромските семејства од Гостивар имаат поголем простор за живеење од националниот просек на другите ромски семејства: во 90% се достапни водовод и канализација, а во 88% електрична енергија. Постои свесност кај сите семејства за бактериолошката неисправност на водата за пиење во Гостивар.

23


• Доминира сопственоста и безбедноста на живеалиштата. Високо мнозинство од испитаните домаќинства (96%) живеат во сопствени домови, а најголем дел од нив, односно 92%, рекле дека живеат во безбедни услови. Не е за занемарување податокот од 22% кои одговориле дека во нивните домови ги има сите непогодности (тесен дом, влага и физички оштетувања). Мнозинство од анкетираните домаќинства (72%) за подобрување на нивните услови за живеење би користеле поволен кредит. Кога би имале можност за промена на местото на живеење, Гостивар останува првиот избор, но во поповолни услови или во сопствен дом (94%). Мнозинство од домаќинствата (62%) не успеваат да ги подмират месечните режиски трошоци. • Несоодветна инфраструктура. Околината во којашто се наоѓаат домовите на ромските семејства во Гостивар не е на задоволително ниво. Имено, високи 42% од испитаниците живеат во делови од градот во кои улиците не се асфалтирани. Од друга страна, за мнозинството испитаници училиштата и здравствените установи се во нивна близина (од 10 до 30 минути).

• Висок процент на здравствено осигурени лица. Високи 88% од испитаниците и членовите на нивните семејства се здравствено осигурени. Ова е повисоко во споредба со истражувањата од пред неколку години (националниот просек во 2005 бил 56%). Причината, меѓу другото, може да бидат и измените и дополнувањата во Законот за здравствено осигурување од 2009 година. • Разлики во сопственоста на домовите и во поседувањето документација за нив. Високиот процент (94%) на сопственост на домовите не значи и поседување соодветна документација за потврда на сопственоста. Речиси половина од испитаниците (46%) поднеле барање за легализација на нивните домови. За 70% од лицата коишто поднеле барање за легализација јасни се процедурите и немаат потреба од дополнителна помош.

• Отсуство на поддршка од граѓанското општество, или недоволна информираност. Само тројца испитаници успеале да идентификуваат граѓанска организација која дава поддршка за подобрување на условите за домување на Ромите. Хабитат Македонија (двапати) и „Месечина“ (еднаш) се двете посочени организации.

24


Препораки • Потребно е системско преземање мерки за сите приоритети подеднакво. Поради причинско-последичните односи на степенот на образование со можностите за вработување, а со тоа и со обезбедувањето соодветни услови за живеење, неопходно е, како на ниво на Република Македонија така и на локално ниво (во овој случај, општина Гостивар), да се води сметка за преземање активности коишто ќе бидат последователни и ќе водат до подобрување на условите за живеење. Особено во Гостивар (поради подобрата образовна структура на Ромите) потребно е да се влијае на создавање услови за отворање на нови работни места за Ромите, што индиректно ќе ја подобри финансиската состојба за одржување на домовите.

• Подобрување на физичкиот квалитет на живеалиштата. Иако во Гостивар мнозинството од домовите се во добра физичка состојба и во сопственост на луѓето коишто живеат во нив, во поголем дел од нив е потребно проширување, со цел соодветен простор за сите членови, односно поправка каде што треба. Им се препорачува на граѓанските организации и на властите, вклучително и на локалната самоуправа, да изнајдат модел за финансиска и волонтерска поддршка, гаранции при заеми и сл., за лицата коишто не се кредитоспособни да ги обезбедат по редовен (пазарен) пат. • Подобрување на инфраструктурата. Се препорачува до општина Гостивар во своите програми и во својот буџет да го приоретизира асфалтирањето на сите улици што водат до домовите на ромските семејства. Од друга страна, препорака за граѓанските организации е да асистираат во процесот на обезбедување водовод, канализација и електрична енергија за семејствата на коишто тие не им се достапни. Се препорачува максимално заложување од страна на граѓанските организации, бидејќи семејствата на коишто оваа помош им е најпотребна се најсиромашните и најмалку образованите. • Потреба од правна помош за документирање на сопственоста на домот. Иако 70% од лицата коишто поднеле барање за легализација на домот рекле дека ги знаат процедурите, за другите 30% потребно е да се обезбеди правна помош во процесот на легализација на нивните домови. Оваа активност може да биде заеднички преземена од страна на локалните граѓански организации (информативните центри) и од општинската администрација. Покрај директните правни совети, може да се организираат и континуирани едукативни настани за заинтересираните. Евентуалното отсуство на локалните капацитети треба да биде надоместено со ангажирање на национални организации кои се активни во областа на домувањето.

• Зголемена присутност на теренот од страна на граѓанските организации. Локалните организации чијшто фокус е спроведување на Декадата за вклучување на Ромите, да се ангажираат за поголема информираност на населението за мерките предвидени во Декадата и општо за можностите што им се достапни. Тие треба да ги истражат достапните можности за поддршка од други организации (домашни и странски) и институции, и да иницираат координирање на активностите.

25


Користени правни извори и литература 1. Водич за инвестиции во општина Гостивар, УСАИД, 2008;

2. Наташа Габер-Дамјановска и др., Национален извештај за ранливите групи во Македонија, Фокус на Ромите, УНДП, 2006; 3. Неда Милевска-Костова, Ениса Еминова, Заедницата на Ромите во Република Македонија, Состојби и предизвици во домувањето и здравството, ХДЗР „Месечина“, 2007; 4. План за претседавање на Република Македонија со Декадата за вклучување на Ромите, јули 2011–јуни 2012, Влада на Република Македонија, 2011;

5. Програма за работа и акционен план за ромските информативни центри, РИЦ, за периодот 2010–2012, Министерство за труд и социјална политика, 2009;

6. Ревизија на националните акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015“ и Стратегијата за Ромите во Република Македонија за периодот 2009–2011, Министерство за труд и социјална политика; 7. Службен весник на РМ, бр. 67/2009, Измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување;

8. Стратегија за Ромите во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика, 2005; 9. Decade Watch 2010: Roma activists asses the progress of the decade for Roma inclusion 2005-2015, INSOC, 2010; 10. http://www.gostivari.gov.mk/, последен пат посетена во јануари 2012;

11. www.stat.gov.mk, податоци за населението во Република Македонија (страната е посетена во декември 2011).

26


27


Издавач: Здружение за хумано домување Хабитат Македонија Никола Парапунов бб, Макотекс I кат 1000 Скопје, Македонија www.habitat.org.mk За издавачот: Зоран Костов Извршен директор

Проект: Промовирање на правата за домување на Ромите Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) Автор: Емина Нурединоска

Лектор: Виолета Танчева-Златева

Графички дизајн и печат: Аркус Дизајн Скопје, февруари 2012 Тираж: 150

28

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 365.4(=214.58:497.725)”2011” НУРЕДИНОСКА, Емина Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Гостивар / [автор Емина Нурединоска]. - Скопје : Хабитат-Македонија, 2012. - 28 стр. : илустр. ; 21 см Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 27 ISBN 978-608-65006-2-7 а) Роми во Македонија - Домување - Гостивар - 2011 COBISS.MK-ID 90468362


Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Хабитат Македонија и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.