Анализа на состојбата во областа на домувањето на ромите во шуто оризари

Page 1

Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Шуто Оризари


01 bitola ang.qxd

13.01.2013

17:50

Page 2


Содржина I. Вовед............................................................................................................................................................3 1. Право на домување ......................................................................................................................3

2. Декада за вклучување на Ромите 2005–2015 . ..............................................................5 2.1 Претседателство на Република Македонија ........................................................5 2.2 Домувањето како приоритетна област . .................................................................6

2.3 Институционална поставеност на механизмите на општината во

домувањето.....................................................................................................................................8

3. Цели на истражувањето ............................................................................................................9 3.1 Mетодологија на истражувањето................................................................................9

II.Профил на домувањето во општина Шуто Оризари............................................... 11 4. Oпшти карактеристики и институционални капацитети . ................................ 11

4.1 Домувањето во општината.......................................................................................... 12

5. Состојби во однос на домувањето на Ромите во општина Шуто Оризари........ 13

5.1 Општи податоци . .............................................................................................................. 13

5.2 Вид на живеалиште ......................................................................................................... 14 5.3 Пристап до водовод и канализација, санитарни услови,

електрична енергија............................................................................................................... 15

5.4 Сопственост на домот .................................................................................................... 16

5.5 Услови за живеење ........................................................................................................... 17

6. Проблеми кои се последица на супстандардното домување на

ромската заедница.......................................................................................................................... 18 6.1 Степен на сиромаштија ................................................................................................. 19

6.2 Степен на невработеност.............................................................................................. 21 6.3 Степен на образование................................................................................................... 24

6.4 Здравствена состојба . .................................................................................................... 24

III. Заклучоци . ................................................................................................................................. 26 IV. Препораки .................................................................................................................................. 28 Користени правни извори и литература .......................................................................... 30

1


Листа на кратенки

МТСП – Министерство за труд и социјална политика ЦСР – Центар за социјални работи

АВРМ – Агенција за вработување на Република Македонија ДЗС – Државен завод за статистика

МОН – Министерство за образование и наука ЕЛС – Единица на локалната самоуправа НАП – Национален акционен план

РИЦ – Ромски информативен центар

ПЗЧП – Пристап заснован на човекови правa

ЕИДХР – Европски инструмент за демократија и човекови права

ОНХЦХР – Висок комесар за човекови права на Обединети нации

2


I. Вовед Подготовката на оваа студија е составен дел од проектот Промовирање на правата за домување на Ромите, кој го спроведува „Хабитат Македонија“, со цел да придонесе за промовирање на правата на домување, земајќи го како основа социјалното вклучување. Тој треба да послужи како стимул за понатамошното подобрување на состојбата на Ромите во образованието, здравството, вработувањето и родовата еднаквост. Овој проект е во согласност со главните цели на Декадата на Ромите, наменети да ја намалат разликата во животните стандарди и услови за живеење помеѓу ромската и неромската популација. Пет години од почетокот на Декадата на Ромите, еден од проблемите што најмногу заостанува е домувањето. Ромите и понатаму живеат во несоодветни услови во градските средини, без пристап до најосновните услови за живеење, какви што се соодветно засолниште, соодветен пристап до вода за пиење и санитарии, како и инфраструктура. Имајќи го ова на ум, Хабитат Македонија, со поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), започна нов проект кој се фокусира на правата на домување на ромското население.

Целта на проектот е да го поддржи подобреното спроведување на правата за домување и социјалното вклучување на Ромите и на другите маргинализирани групи. Со овој проект „Хабитат Македонија“, заедно со ЕИДХР, исто така, дава придонес за примената на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и општествената исклученост 2010–2020. Главните резултати кои се очекуваат од овој проект се: • •

Интегрирани права на домување како механизам за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата кај Ромите, Подобрување на капацитетите на локално ниво за учествување во процесите за донесување одлуки и за олеснување на примената на правата на домување на Ромите, Да се зацврстат механизмите за примената на правата на домување на Ромите на локално ниво.

1. Право на домување

Правото на домување претставува едно од основните човекови права и тоа не претпоставува само обезбедување „покрив над главата“ за граѓаните. Напротив, домувањето во својата содржина е мошне пошироко и условите за негова целосна реализација се однесуваат како на физичката пристапност на домувањето, така и на економската достапност, локацијата и инфраструктурата, културолошка пристапност, правната заштита на сопственоста и др. Имено, правото на домување подразбира: гарантирање на сопственоста врз домот, односно заштита од присилно иселување; заштита на домот од надворешни влијанија и опасности; местоположбата на домот треба да овозможува пристап до можности за задоволувањето на останатите човекови права во областите

3


образование, здравство, родова еднаквост, вработување и др.; трошоците за домувањето да не го загрозуваат задоволувањето на другите потреби на граѓаните; потребно е изградба на адекватна инфраструктура во населбите. Понатаму, реализацијата на ова право бара активно учество на самата ранлива група, во овој случај тоа се Ромите, преку воспоставување на механизми за нивно вклучување и консултирање при донесувањето одлуки околу домувањето. Впрочем, вклучувањето на Ромите во процесите на донесување одлуки е една од основните цели на Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015.

Во нашата држава, во споредба со другите етнички групи, положбата на Ромите е далеку понеповолна кога станува збор за остварувањето на правото на адекватно домување. „Целокупниот статус и третман кој оваа етничка заедница го имала или го има во една држава, се рефлектира и на остварувањето на правото на пристоен дом кај овие граѓани“.1 Живеењето во субстандардни живеалишта, несоодветните хигиенски услови, гетоизацијата, немањето водовод, канализација и електрична енергија, влошената здравствена состојба се дел од проблемите кои произлегуваат од неадекватното домување на оваа ранлива група граѓани. Оправданоста да се интензивираат мерките насочени кон реализирање на ова право е дотолку поголема ако земеме предвид дека со подобрувањето на состојбата во домувањето кај Ромите ќе се создаде основа за нивно социјално вклучување и унапредување на нивната состојба и во другите области во општеството. Односно, преку реализирање на правото на домување ќе се создадат услови и можности за остварување на правото на образование, вработување, квалитетна здравствена заштита, родова еднаквост. Впрочем, и не може да се очекува Ромите активно да се вклучат во заштитата и во остварувањето на своите права доколку тие се соочени со несигурноста и небезбедноста во својот дом и не се во можност да ги покријат основните животни трошоци околу домувањето. Во однос на содржината на ова право, податоците во табелата што следува се преземени од Принципите и упатствата на ОН за пристапот заснован на човекови права во стратегиите за намалување на сиромаштијата, каде што реализирањето на правото на адекватно домување игра клучна улога во намалувањето на сиромаштијата.

4

1  Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар, Заедница на Роми во Република Македонија, Состојби и предизвици во домувањето и здравството, 2008.


Содржина на правото на адекватно домување2 Правна заштита на сопственоста

Населување

Локација

Економска пристапност

Физичка пристапност

Културолошка пристапност

Адекватна инфраструктура

Секому треба да му биде обезбедена законска заштита од присилно иселување, малтретирање и друг вид закани. Домувањето треба да овозможи соодветни просторни услови за жителите и заштита од опасности за нивното здравје.

Домувањето мора да биде во здрава и безбедна средина која ќе овозможи пристап до можностите за остварување на другите права: соодветно заработување, пристап до образование, здравствена заштита, транспорт и услуги. Личните или трошоците на домаќинството поврзани со домувањето треба да бидат на ниво кое нема да ги загрозува реализирањето и задоволувањето на другите основни потреби.

Домувањето мора да е достапно за сите, особено за групите кои се соочуваат со одредени пречки при пристапот до домувањето, како што се старите лица, лицата со физичка и ментална попреченост. Домувањето мора да биде културолошки прифатливо за жителите, на пр., да ги одразува нивните културни карактеристики во однос на изгледот, организацијата на просторот и други елементи. Услугите, материјалите и другите работи кои се неопходни за здравјето, безбедноста, комфорот и нахранетоста, како што се безбедна вода за пиење, санитарии и делови за перење – мора да бидат достапни.

2. Декада за вклучување на Ромите 2005–2015 2.1 Претседателство на Република Македонија

Препознавањето на долготрајната дискриминација, 2социјална исклученост и сиромаштија на Ромите резултираше со донесување на заедничка политичка иницијатива за унапредување на нивната состојба од страна на државите во регионот. Државите потписнички на Декадата за вклучување на Ромите 2005– 20153 се обврзаа дека ќе преземат напори за намалување на сиромаштијата и 2  ОНХЦХР, ОН, принципи и упатства за пристапот заснован на човекови права во стратегиите за намалување на сиромаштијата, Поглавје 3, Право на адекватно домување. 3  Досега потписнички на Декадата се: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија, Словачка и Шпанија.

5


на социјалната исклученост на Ромите. Таа е во согласност со Милениумските развојни цели при ОН, односно со Европската платформа за вклучување на Ромите на ниво на ЕУ, како и со последователно усвоената Европа 2020 – Европска платформа против сиромаштијата и социјалната исклученост.

За таа цел, Република Македонија во 2005 година подготви и усвои Национални акциони планови (НАП) за приоритетните области од Декадата: домување, образование, вработување и здравство, додека сиромаштијата, родовата нееднаквост и дискриминацијата се регулирани во наведените области. Во истата година усвоени се и оперативни планови за спроведување на НАП. Во 2005 година Република Македонија ја усвои и Стратегијата за Ромите во Република Македонија, врз основа на што беше подготвен и посебен НАП за унапредување на положбата на жената Ромка. Регулирањето на ромското прашање е составен дел во повеќе стратешки документи, од кои би ја издвоиле Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и на социјалната исклученост во Република Македонија 2010–2020, во која Ромите се идентификувани како ранлива група во повеќе приоритетни области4.

Од особено значење е тоа што Република Македонија претседава со Декадата оваа година, од 1 јули 2011 до 30 јуни 2012, што може да биде дополнителен поттик за интензивирање на напорите насочени кон подобрување на статусот на Ромите во државата. Особено е значајно тоа што во Програмата на Претседателството на Македонија со Декадата се нагласува значењето на реализацијата на мултисекторските акциони планови по области во насока на постигнување резултати. „За да се постигнат добри резултати во образованието, децата мора да имаат соодветно домување и да се здрави, но пристап до здравствена и социјална заштита не може да се оствари доколку се немаат лични и валидни документи. Од друга страна, пак, вработувањето е тесно поврзано со образованието, но и со напорите кои државата ги прави за почитување на еднакви права и за искоренување на дискриминацијата“5.

2.2 Домувањето како приоритетна област

Позитивен чекор е направен со тоа што решавањето на проблемот со домувањето на Ромите е поставен на високо ниво во агендата на Владата на Република Македонија за периодот на претседавање со Декадата. Домувањето на Ромите е определено како еден од секторските приоритети на нашата држава, каде покрај оваа област ќе се работи и на унапредување на состојбата на Ромите во сферата на вработување, здравство, лица без документи, образование/ран детски развој. Притоа, домувањето и вработувањето се наведени како примарни приоритети. Во меѓусекторските приоритети спаѓаат: правата на жените Ромки; дискриминацијата; институционализација; податоци и индикатори; соработка со ЕУ. Паралелно ќе се работи на подигање на јавната свест за Декадата, подобрување на информираноста на администрацијата за целите од Декадата и стратешко поврзување со напорите на ниво на ЕУ.

6

4  5

Здравство, вработување, образование и др. Република Македонија, Програма за претседателство со Декада за вклучување на Ромите 2005–2015.


Секторски

Меѓусекторски

Застапување, координација и партнерство

Примарни

Права на жени Ромки

Домување

Институционализација

Подобрување на информираноста на администрацијата

Вработување Секундарни Здравство

Лица без документи Образование/ Ран детски развој

Дискриминација Податоци и индикатори

Соработка со ЕУ

Подигање на јавната свест

Стратешко поврзување на Декадата со напори

Извор: Програма за претседателство со Декадата за вклучување на Ромите, Република Македонија Во делот на домувањето предвидено е подобрување на состојбата на Ромите преку легализација на бесправно изградените објекти во ромските населби и подобрување на супстандардните услови за живот во нив. За постигнување на овие резултати е предвидено координирање на активностите помеѓу Владата на Република Македонија и Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), што воедно ќе претставува можност за децентрализирање на целите и на активностите од Декадата. Од друга страна, во рамките на постојниот Акционен план за домување предвидени се и друг вид активности во насока на подобрување на условите околу домувањето за оваа ранлива група на граѓани: воспоставување на механизми за консултирање на Ромите во процесите за донесување на одлуки, регулирање на позитивната дискриминација, решавање на проблемот со дивоградбите, урбано планирање на ромските населби, поттикнување на ЕЛС за решавање на станбеното прашање на Ромите, подобрување на инфраструктурата, намалување на бројот на супстандардни домови. Позитивен чекор во насока на решавање на проблемот на Ромите со домувањето и обезбедување домови за оваа популација е направен со тоа што тие се идентификувани како една од ранливите групи кои можат да аплицираат за добивање на социјални станови што ги гради Владата на Република Македонија преку Станбеното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија при Министерството за транспорт и врски. Во општина Шуто Оризари во фаза на подготовка се Акциони планови за областите домување и вработување на Ромите, во согласност со идентификуваните потреби на локалното население. Според податоците добиени од РИЦ Шуто Оризари, во рамките на нацрт-акциониот план за домување, за подобрување на состојбата во областа предвидена е изградба на 120 социјални станови за Ромите од оваа општина, со поддршка од Владата на Република Македонија, како и продолжување со досегашните иницијативи насочени кон подобрување на инфраструктурата во општината.

7


2.3 Институционална поставеност на механизмите на општината во домувањето Генерално, одговорен носител на ниво на државата за спроведување на мерките и активностите во делот на домувањето е Министерството за транспорт и врски.

Во насока на унапредување на состојбата на Ромите во оваа стратешка област и спроведување на обврските согласно Декадата, се вклучува и Министерот без ресор, национален координатор за Декадата и за Стратегијата за Роми во соработка со МТСП6 и Единиците на локалната самоуправа ЕЛС. Впрочем, ЕЛС (Секторот за урбанизам), со поддршка од централната власт, е одговорен за создавање услови за инкорпорирање на ромските населби во деталните урбанистички планови7, како и подобрување на супстандардните услови и на инфраструктурата. Дополнително, согласно мандатот на дејствување, се вклучуваат Ромските информативни центри преку овозможување на полесна комуникација помеѓу населението и локалните институции во оваа област. Конкретно во делот на домувањето, работата на РИЦ се состои во информирање на населението за своите права во областа, актуализирање на проблемите во делот на домувањето пред надлежните институции на локално ниво, како и поддршка и информирање на населението во делот на собирање на потребната документација за легализирање на бесправно изградените објекти8. Сепак, основен предуслов за активно вклучување на РИЦ во оваа област е јакнење на нивните институционални капацитети за давање правна помош во областа.9 Оценките во однос на институционалната поставеност на механизмите за спроведување на Декадата се генерално дека таа не е целосно функционална и добро воспоставена, ниту пак ефективна и координирана. Често јавната администрација и локалните власти не се информирани за активностите и не се вклучени во нив.10

10

8

6  Во рамките на МТСП постои и посебно Одделение за имплементација на Стратегијата и на акционите планови од Декадата за Ромите. 7  Во ситуациите кога тоа не е можно, потребно е изнаоѓање на друго решение за обезбедување домови за Ромите во општината. Дополнителна можност претставуваат социјалните станови кои можат да бидат искористени во оваа насока (во оние општини во кои тие се изградени или е планирано да се градат). 8  Податок од работата на РИЦ Шуто Оризари. 9  ОБСЕ, 2010, Оценка на капацитетите на Ромските информативни центри за давање бесплатна правна помош на ромската заедница, ОБСЕ, 2010. 10  Decade Watch 2010, INSOC.


3. Цели на истражувањето Општа цел на истражувањето е утврдување на состојбата со домувањето на Ромите во општина Шуто Оризари и решенија за подобрување на нивната состојба во областа. Посебни цели на истражувањето се: • • • •

Утврдување на фактичката состојба во сферата на домување кај Ромите во општина Шуто Оризари;

Идентификување на специфичните проблеми поврзани со домувањето кај Ромите; Идентификување на проблеми поврзани со остварување на правото на домување;

Подготовка на препораки за надминување на идентификуваните проблеми.

Она што сакаме да го предочиме со оваа студија на носителите на одлуки е да ја нагласиме потребата за преземање мерки насочени кон подобрување на состојбата со домувањето кај ромската заедница и решавањето на специфичните проблеми околу домувањето. Унапредувањето на состојбата со домувањето кај Ромите ќе предизвика услови и ќе послужи како поттик за унапредување на нивниот статус и во другите области од човековото живеење. Односно, интензивирањето на мерките насочени кон реализирање на правото на адекватен стандард и домување, паралелно со преземањето на конкретни мерки во областите образование, здравство, вработување и друго, генерално би ги дале посакуваните резултати на полето на унапредување на состојбата на оваа заедница. 3.1 Mетодологија на истражувањето Извори на сознанија -

Закони, програми и акциони планови на национално и локално ниво;

-

Припадници на Ромите во општина Шуто Оризари;

- -

Ромскиот информативен центар од Шуто Оризари; Статистички податоци, истражувања, студии и др.

Методолошки алатки - -

анализа на содржина;

анкетен прашалник (испитани се 50 лица).

При подготовката на оваа студија применети се квалитативна и квантитативна методологија, при што беа користени различни методолошки техники.

9


Квалитативниот дел од истражувањето опфати анализа на содржината на релевантната законска рамка, на постојните истражувања и статистички податоци во однос на домувањето кај Ромите, како и во однос на другите приоритетни области за оваа етничка заедница: образование, здравство, вработување и родова еднаквост.

Квантитативниот дел се состоеше во спроведување на анкетни прашалници во 50 ромски семејства/домаќинства од општина Шуто Оризари. Со цел идентификување на состојбатана проблемите и потребите на Ромите во поглед на домувањето, беше подготвен анкетен прашалник, кој се состои од 38 прашања, распоредени во следните области: • основни податоци за домаќинствата (пол и возраст на испитаникот, религиозна припадност, број на членови во домаќинството, ниво на образование, висина на месечни приходи);

• податоци поврзани со домувањето (вид и големина на живеалиштето, пристап до електрична енергија, водовод и канализација, сопственост врз домот); • образование (број на деца во образовниот процес, оддалеченост на училиштето, користење на бенефиции во врска со образованието); • вработување и извори на приходи на домаќинството (број на вработени членови, извори и висина на приходи);

• социјална заштита (корисници на социјална парична помош, причини поради кои биле одбиени);

• здравствена заштита (покриеност со здравствено осигурување, оддалеченост од здравствена установа, колку често се јавуваат на преглед).

При утврдување на фактичката состојба со домувањето кај Ромите, беше спроведен и прашалник со вработените во Ромскиот информативен центар (РИЦ) од Шуто Оризари.

10


II.Профил на домувањето во општина Шуто Оризари 4. Oпшти карактеристики и институционални капацитети Општината Шуто Оризари се наоѓа на северниот дел од Градот Скопје, на преодот меѓу општините Чаир и Чучер Сандево. Општината се простира на површина од 635 ха и е составена од населбата Шуто Оризари и населените места Горно и Долно Оризари. Почетоците на населбата Шуто Оризари датираат по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, период од кој започнува концентрацијата на ромско население во овој периферен дел од градот Скопје. Населбата постепено се развивала просторно и демографски, со што се создале потреби од формирање на голем број институции, а населбата попримила лик на градско урбано подрачје. Формирањето на локалната самоуправа Шуто Оризари од 1996 година претставува институционално заокружување на тој процес, со добивањето статус на самостојна локална единица. Според официјалните податоци на Заводот за статистика од последниот попис во 2002 год., во општината Шуто Оризари живеат 18.907 жители, од кои 79,1% се Роми, 11,9% Албанци, 7,1% Македонци, 0,4% Турци, 0,3% Срби и 1,2% други националности. Сепак, според податоците со кои располага oпштина Шуто Оризари, вкупниот број на населението изнесува 29.313 жители. Со статус на привремено згрижени лица по косовската криза во општината се наоѓаат 2.814 косовски Роми, со моментален статус на привремено згрижени лица. Економијата во општина Шуто Оризари е на многу ниско ниво, таа е една од економски најнеразвиените општини во Републиката. Отсуството на индустриски капацитети во општината резултира со висока стапка на невработеност, со изразена потреба за социјална поддршка на населението од стрна на државата. Трговијата на мало на пазарот на текстил и бижутерија е главен извор на приходи за голем дел од семејствата во оваа општина. Од занаетчиството застапени се ковачкиот, столарскиот, златарскиот, шивачкиот и други ситни занаети. Во однос на институционалните капацитети во делот на образованието, во општината постојат две основни училишта. Во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ наставата ја посетуваат 3.000 ученици, а во основното училиште „26 Јули“ околу 2.100 ученици. Наставата во училиштата се одвива на македонски јазик, а постои можност за факултативно изучување на ромскиот јазик. Поради забрзаниот природен пораст на населението во општината постојните образовни капацитети се претесни за квалитетно одвивање на наставата. Тоа е еден од приоритетните проблеми за кои локалната самоуправа настојува да пронајде што побрзо решение. Во таа насока, во општината претстои изградба и на училиште за средно образовние.

Во делот на социјалната заштита постои Подрачно одделение при Центарот за социјални работи во Чаир, со што граѓаните имаат можност своите права од областа на социјалната заштита да ги остваруваат без да се изложуваат на непотребни трошоци патувајќи до ЦСР во Чаир. Меѓутоа, Подрачното одделение на ЦСР не обезбедува превентивна и советувалишна работа со ранливите групи од населението и потребно е проширување на неговата дејност и дополнително ангажирање на потребните стручни профили.

11


За унапредување на состојбите во областите на образованието и на социјалната заштита на ниво на капитални објекти, во иднина се предвидени: изградба на средно училиште; изградба на ново основно училиште и проширување на веќе постојното, библиотека, доградба и надградба на општинската зграда, компјутеризација на службите во општината и на месните заедници, отворање центар за локален економски развој, формирање хуманитарен социјален центар.

За превентивна здравствена заштита на подрачјето на општината постои здравствениот дом „Шуто Оризари“, како и приватни амбуланти. За згрижување на најмладите членови на заедницата постои детската градинка „Снежана“, а најстарите членови во заедницата ги користат просториите на Пензионерскиот дом. Можностите за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје кај жената Ромка се ограничени, поради отсуството на одделение за гинекологија. Постои потреба од формирање на институции од областа на културата на локално ниво во општината, со цел збогатување на културниот живот на населението. Во самата општина не постои Дом на културата и во моментот жителите ги задоволуваат своите потреби во оваа област преку „Центарот за заеднички активности – РОШ“, како и преку неколку фолклорни, театарски и драмски друштва, кои аматерски и многу ентузијастички ја негуваат уметноста: КУД „Пралипе“, театар „Рома“, театар „Студент“ и др. 4.1 Домувањето во општината

Домувањето е еден од основните проблеми на населението од општина Шуто Оризари, особено поради долготрајната маргинализираност и занемарувањето на потребите на населението во оваа област во минатото. Во однос на видот на живеалиштата, во општина Шуто Оризари забележливи се дијаметрални спротивности: од трошни живеалишта од најнизок стандард до домови изградени според најсовремените градежно-архитектонски стандарди.

Во последните години се преземени посериозни инфраструктурни зафати, со што започна процесот на условите за домување во оваа заедница. Во рамките на овие иницијативи11, во делот на урбанизмот е направена измена во деталните урбанистички планови, подобрена е сообраќајната инфраструктура, изградени се канализациони мрежи во дел од населбите, изградени се спортски капацитети, изграден е нов резервоар за вода, реконструирано е основното училиште и др. Во моментот се работи на поставување фекален колектор, се спроведуваат подготвителни активности за атмосферски колектор и др. Меѓутоа, положбата на населението во областа на домувањето сè уште е далеку од поволна, земајќи ги предвид локалните проблеми кои сè уште постојат: сиромашна инфраструктура, неурбанизирани делови од општината, немање пристап до водовод и канализација, слаб квалитет на електричната енергија (лоша инсталација во домовите), отсуство на соодветни капацитети од различни области на живеењето, кои се детално идентификувани во делот што следува од оваа студија. Оттука, потребата за продолжување на ваквите активности за подобрување на состојбата со домувањето на Ромите во општината е повеќе од оправдана. Една од можностите кои треба да се искористат во насока на обезбедување домови за најранливите групи од населението е најавената изградба на социјални станови со поддршка на Владата на Република Македонија.

12 11  Во соработка со владини институции и со домашни и странски фондации.


5. Состојби во однос на домувањето на Ромите во општина Шуто Оризари Проблемот со диво изградените домови, несоодветните услови за домување, сиромашната инфраструктура во населбите, несоодветната електрична инсталација во домаќинствата, немањето правна заштита врз сопственоста и ниското ниво на информираност за своите права се дел од идентификуваните проблеми со кои секојдневно се соочува ромската заедница во однос на остварувањето на правото на домување. 5.1 Општи податоци Со цел утврдување на фактичката состојба во однос на домувањето на Ромите, односно идентификување на проблемите и на потребите на населението во оваа област, беше спроведен анкетен прашалник во 50 семејства во општината. Со него беа опфатени 38 жени и 12 мажи. Во однос на религиозната припадност, 96% од испитаните лица се припадници на исламската вероисповед, додека 4% се припадници на друга религија. Графикон бр. 1 Полова структура на примерокот

Вообичаено, прашалникот беше спроведен со повозрасни членови во семејството, па затоа во возрасната структура на примерокот доминираат лицата на возраст од 46 до 65 години, со 44%. По нив следуваат лицата на возраст меѓу 31–45 години со 26%, па оние од 18 до 30 години. Со 10% се застапени лицата над 65-годишна возраст. Графикон бр. 2 Возраст нa испитаното лице 50 40 30 20 10 0

18 до 30 31 до 45 46 до 65 години години години 20% 26% 44%

над 65 години 10%

13


За Ромите е карактеристично ниското образовно ниво, што беше потврдено и со спроведувањето на истражувањето. Повеќето од половина од Ромите немаат завршено средно образование. Најзагрижувачка е состојбата кај оние кои немаат никакво образование (5,3%), односно кои не завршиле основно образование (3%). Вкупно 43,6% од Ромите опфатени со истражувањето имаат завршено само основно образование. Со средно образование се стекнале 46,6% од нив, додека само 1,5% од примерокот има високо образование. Графикон бр. 3 Ниво на образование на членовите на семејството

Ако ја погледнеме возрасната структура на членовите на семејството, најзастапени се оние на возраст од 15 до 30 години, со 36,56%. Лицата на возраст од 46 до 65 години се застапени со 32,83%, додека оние на возраст од 31 до 45 години се застапени со 20,15%. Графикон бр. 4 Возраст на членовите на семејството

5.2 Вид на живеалиште

14

Сите семејства опфатени со истражувањето и воопшто населението во Шуто Оризари живеат во куќи. Во однос на големината на нивното живеалиште најзастапени се куќите со големина од 51 до 100 м2, со 78%, по што следуваат домовите со големина до 50м2, со 12%. Една десетина од Ромите опфатени со истражувањето живеат во домови со големина од 101 до 200 м2.


Графикон бр. 5 Големина на домот

Пренатрупаноста, односно заедничкиот живот на повеќе членови, како проблем кој има негативно влијание врз условите за домување кај оваа етничка заедница, но и врз појавата на сиромаштија кај неа, не е манифестирана и во општината Шуто Оризари. Вообичаен е животот во семејства со родители и деца, при што доминираат четиричлените и двочлените семејства, кои се застапени со по 30% во примерокот од истражувањето. Семејствата со три члена се застапени со 20%. Само 14% од семејствата опфатени со истражувањето имаат 5 и повеќе членови. Вработените во Ромскиот информативен центар од Шуто Оризари сметаат дека ваквата состојба се должи на промената на свеста кај населението, односно кај младите, кои се решаваат да живеат одвоено од своите родители, меѓутоа и иселувањето на населението од општината е фактор кој придонесува за ваквата состојба. Оваа состојба може позитивно да влијае врз намалувањето на одредени општествени појави, каде животот во домаќинства со повеќе членови и генерации е фактор кој придонесува за нивна појава и опстојување12. Графикон бр. 6 Број на членови во семејството

Еден член 6% 2 члена 30% 3 члена 20% 4 члена 30% 5 и пов еќе 14%

5.3 Пристап до водовод и канализација, санитарни услови, електрична енергија И покрај напорите превземени за унапредување на состојбата на Ромите во општина Шуто Оризари, тие сè уште се соочуваат со проблеми во однос на задоволувањето на основните инфраструктурни услови околу домувањето. Немањето санитарии внатре во домот, немањето пристап до безбедна вода за пиење, слабиот квалитет на системот за електрична енергија, односно неквалитетната електрична инсталација во домот, како и тешкотиите во однос на подмирувањето на месечните трошоци околу домувањето се дел од проблемите со кои сè уште се соочува оваа ранлива група. 12  Животот во домаќинства со повеќе членови е идентификуван како еден од факторите што придонесува и за појавата на семејното насилство врз жената.

15


Проблемот со квалитетот на електричната мрежа е генерален на ниво на цела општина и неопходно е да се преземат конкретни чекори за подобрување на напојувањето со електрична енергија. Сите семејства опфатени со истражувањето имаат слаб квалитет на струјата во домот. Несоодветната електрична инсталација е причина за честите исклучувања, но може да биде причинител и на пожари во ромските домаќинства. Речиси една петтина од семејствата немаат тоалет внатре во домот (18%), за разлика од ситуацијата на национално ниво, каде домаќинствата кои немаат бања внатре во домот е 4,3%13. Ова се должи на слабата финансиска моќ на ромските семејства за инвестирање во својот дом и за подобрување на условите за живот во него.

Проблемите со недостатокот на финансиски средства се манифестира и во нивна неможност редовно да ги плаќаат трошоците за домување, како што се струја и вода14. Една третина од семејствата не се во можност редовно да ги плаќаат овие трошоци, чија просечна височина на месечно ниво изнесува 3.050 денари. Од друга страна, подмирувањето на месечните трошоци за домување може да го загрози задоволувањето на другите животни потреби на ромското население. Графикон бр. 7 Дали редовно ги подмируваат месечните трошоци за домување?

5.4 Сопственост на домот Има значително подобрување на ситуацијата во поглед на сопственоста и генерално во однос на регулирањето на статусот на бесправно изградените домови кај Ромите во оваа општина, како резултат на усвојувањето и примената на Законот за постапување по бесправно изградени15 објекти. Со законот се овозможи „легализирање“ на диво изградените домови на оваа ранлива група, односно нивно евидентирање во урбанистичките планови на општината. Според податоците од РИЦ Шуто Оризари, во општината биле поднесени речиси 5.000 барања за легализација на домовите од страна на населението, при што во моментот на спроведување на ова истражување биле завршени околу 6% од предметите. Сепак, сè уште постојат населби кои не се „урбанизирани“ и кои

16

13  Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2010, Државен завод за статистика на Република Македонија. 14  Сите семејства користат дрва за загревање на својот дом во сезоната на греење, но сепак, ова го немаат пријавено на ниво на месечен приход. 15  Службен весник на Република Македонија, бр. 23., 2011.


немаат соодветен пристап до водовод, канализација и електрификација. Сите семејства опфатени со истражувањето живеат во сопствени домови, односно сите изјавиле дека имаат доказ за сопственоста и домот им е заверен во катастар. Можеби самото тоа што веќе имаат иницирано постапка за легализација на домот им дава сигурност и затоа одговориле дека имаат доказ за сопственоста и дека имотот им е заверен во катастар. Меѓутоа, според податоците добиени од страна на РИЦ, во општина Шуто Оризари сè уште постојат населби кои не се дел од урбанистичките планови на општината, не се приклучени на постојната инфраструктура за водовод, канализација и електрична енергија и немаат право на сопственост врз својот дом. Позитивно е тоа што на среден рок е предвидено решавање на проблемот со домувањето и кај овие семејства. Една од можностите која може да се искористи во насока на обезбедување домови е најавената изградба на социјални станови во општината. Особено неповолна е ситуацијата во која се наоѓаат бездомниците. 5.5 Услови за живеење

Иако се прават напори за подобрување на состојбата во доменот на домувањето во општината, сепак, дел од домаќинствата сè уште живеат во супстандардни услови. Понатаму, сиромашната инфраструктура во населбите (несоодветното осветлување, неасфалтираните патишта) и постоењето на дивите депонии се најчесто изразените проблеми во овој дел од истражувањето. Карактеристично за испитаните лица во однос на оценувањето на инфраструктурните услови во нивната населба е изразеното задоволство од нив. Имено, 58% ги оцениле инфраструктурните услови како просечни, 32% како добри, додека само 10% од испитаниците ги оцениле условите како сиромашни. Графикон бр. 8 Како ги оценуваат условите во однос на инфраструктурата

Понатаму, условите за живот во домот се оценети како соодветни од страна на сите семејства; тоа, од една страна, претставува изненадување ако се земе предвид фактичката состојба со домовите во општината, но и податокот дека една десеттина од семејствата опфатени со истражувањето би користеле поволни кредити за реконструкција на домот и 14% би ја напуштиле земјата како резултат на „неподносливите услови на живеење“.

Изразеното задоволство на Ромите од условите во кои живеат, како и во однос на инфраструктурата во местото на нивното живеење, заслужува посебен коментар.

17


Мора да земеме предвид дека перцепцијата на оваа ранлива група за тоа какви се инфраструктурните услови и условите во домот, односно нивните очекувања во врска со тоа, можат да бидат ограничени од немањето доволно информации за своите права, во конкретниот случа, за правата во сферата на домувањето. Основен услов за одредена ранлива категорија граѓани да може да ги препозне своите права и во согласност со нив да ги афирмира своите потреби, е истите тие лица да имаат пристап до информации во однос на правата, можностите и механизмите за заштита на истите тие права. Тоа што Ромите во голема мера не се запознати со своите права директно влијае врз нивните очекувања во однос на содржината на правото на адекватен стандард и домување.

Заедно со ова, влијание врз ваквата оцена на состојбата вршат и напорите што во изминатиот период се преземени од страна на сегашната локална самоуправа. Имено, претставниците на Ромскиот информативен центар сметаат дека ваквата состојба се должи на заложбите на сегашниот градоначалник да ги подобри условите за домување во општината, за разлика од претходниот период, кога речиси воопшто ништо не било направено за промена на состојбата. Токму препознавањето на овие заложби прави Ромите да се задоволни од сегашната состојба, во споредба со ситуацијата во минатото, кога во континуитет нивните потреби биле занемарени и воопшто ништо не било преземено во областа на подобрување на условите за живот во нивната заедница. Ваквиот податок треба да претставува поттик за да се продолжи со унапредување на состојбите во посебните сегменти од домувањето, во согласност со локалните потреби, какви што се асфалтирањето на улиците, поставувањето на соодветно улично осветлување, расчистувањето на дивите депонии и др.

6. Проблеми кои се последица на супстандардното домување на ромската заедница

Покрај согледувањето на фактичката состојба во сферата на домувањето и идентификувањето на проблемите со кои се соочуваат Ромите при остварувањето на ова право, податоците од истражувањето ги поткрепуваат и ги актуализираат и другите доминантни проблеми кои се одраз на нестандардното домување и, воопшто, на квалитетот на живот на оваа ранлива група, како што се: сиромаштијата, социјалната исклученост, невработеноста, ниското образовно ниво, влошената здравствена состојба, родовата нееднаквост. Согласно ваквата поврзаност, остварувањето на едно право зависи од остварувањата на другите права, односно заштитата, промовирањето и почитувањето на едно право води кон заштита, промовирање и унапредување на други права. Создавањето услови за целосно реазлизирање на правото на домување кај Ромите ќе претставува можност за нивно социјално вклучување во другите аспекти од социјалниот живот и за надминување на доминантните проблеми со кои се соочуваат. Во делот што следува елаборирани се наведените проблеми врз основа на податоците од истражувањето спроведено во општина Шуто Оризари, како и статистички податоци16, анализа на законската рамка и постојните истражувања и публикации.

18

16  Поголемиот дел од статистичките податоци се однесуваат на национално ниво, со оглед на тоа дека за повеќето прашања не постојат посебно сегрегирани податоци во однос на ромската популација во општина Тетово.


6.1 Степен на сиромаштија Неминовна е поврзаноста на долготрајната социјална исклученост и маргинализираност на Ромите во општеството и сиромаштијата кај оваа ранлива група. Ограничениот пристап во однос на остварувањето на правата во сите области од општественото живеење директно придонесува за големата застапеност на сиромаштијата кај оваа етничка заедница. Од една страна, сиромаштијата претставува фактор кој директно го оневозможува реализирањето на човековите права за оваа ранлива група, а од друга страна, нереализирањето на човековите права на Ромите придонесува тие да останат во кругот на сиромаштијата. Како пример за оваа поврзаност би ја посочиле утврдената практика кај ромската популација кога, поради немање доволно финансиски средства, родителите одлучуваат да го продолжат образованието на момчето во семејството, за сметка на девојчето. Од една страна, поради сиромаштијата во која се наоѓаат, девојчето нема да го оствари своето право на образование, што од друга страна ќе резултира со неможност во иднина да најде соодветна работа и да излезе од кругот на сиромаштијата во кој се наоѓа. Поради ова, на глобално ниво сè повеќе се нагласува потребата за примена на Пристапот заснован на човекови права во стратегиите за намалување на сиромаштијата (ПЗЧП), односно намалувањето на сиромаштијата во општеството се реализира низ призмата на остварување на човековите права на ранливите и социјално исклучените групи.

Според податоците од Државниот завод за статистика на Република Македонија стапката на сиромаштија во државата изнесува 30,9%,17 при што дел од факторите кои особено придонесуваат за оваа негативна појава се невработеноста и ниското образовно ниво. Високата невработеност и ниското образовно ниво како карактеристики на ромската популација во државата дирекно придонесуваат оваа етничка група да остане под прагот на сиромаштија во државата. Понатаму, сиромаштијата кај Ромите ја карактеризира нејзината долготрајност, односно таа се пренесува од една генерација на друга и ваквата состојба може да претставува фактор за дополнителни негативни општествени појави, како што се трговијата со луѓе, питачењето, бездомништвото, проблемот со децата на улица и др. „Динамиката на сиромаштијата не е согледана од аспект на случувањата кои се одвиваат во семејствата или домаќинствата кои подолго живеат во сиромаштија, или се невработени подолг период, па од таму можни се и други состојби кај социјално исклучените и сиромашни граѓани“.18 Од структурата на приходите кои ги остваруваат Ромите произлегува дека голем процент од семејствата ги задоволуваат своите месечни потреби само врз основа на социјалната парична помош (27,65%). Ваквата нужност од социјална подршка за овие семејства е показател за сиромаштијата во која се наоѓаат, поготово доколку се земе во предвид висината на социјалната парична помош во државата. Дополнително на нив 14,9% од семејствата покрај социјална парична помош користат и заштеда и други извори на приходи за задоволување на потребите на домаќинството. Една десетина од семејствата на ниво на месечни приходи ги имаат само пензиите. Само кај 17,02% од семејствата на ниво на месечни приходи се пријавени само платите, додека во ист процент се застапени и оние кои покрај плата остваруваат и друг вид на приход. 17  Релативна сиромаштија во 2010, Соопштение бр. 4.1.11.48, Државен завод за статистика на Република Македонија 18  Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010-2020

19


Графикон бр. 9 Вид на приходи во домаќинството

Од друга страна, и висината на месечните приходи кај ромските домаќинства е на мошне ниско ниво, со што се доведува до прашање задоволувањето на основните животни потреби на оваа ранлива група. Секое трето семејство опфатено со истражувањето остварува месечни приходи во износ кој е помал од 3.000 денари, во ситуација кога просечните трошоци за струја и вода го надминуваат овој износ. Ваквата алармантна финансиска ситуација ја доведува во прашање егзистенцијата на оваа ранлива група. Финансиската ситуација не е поволна ни за домаќинствата кои остваруваат месечни приходи од 3.000 до 6.000 денари (14%), како и кај оние чии месечни приходи се движат меѓу 6.000 и 12.000 денари. Од ова се гледа дека висината на месечните приходи кај повеќе од половината ромски семејства е пониска отколку висината на потрошувачката кошничка за храна и пијалаци во државата, која на крајот од минатата година изнесувала 12.342 денари19. Дополнителен показател преку кој може да ја демонстрираме финансиската немоќ на Ромите во општината е и висината на просечната нето-плата во државата, која изнесува 20.659 денари20, што е далеку повисоко од висината на остварени приходи во поголемиот дел од ромските домаќинства.

Од ова произлегува дека Ромите се соочуваат со проблеми во однос на задоволување на основните животни потреби, односно висината на трошоците за живот и трошоците околу домувањето кои ги имаат (во просек, по 3.051 денари плаќаат за струја и вода, без трошоците за греење) директно го оневозможува задоволувањето на потребите на оваа ранлива група во другите области од живеењето, во областите на образованието, здравството, вработувањето, културниот живот и др. Ситуацијата не ја подобрува ни податокот дека никој од семејствата не бил корисник на помош во храна и облека од страна на државата, на општината и на граѓанскиот сектор. Потврда за алармантната финансиска ситуација наоѓаме и во податокот дека 74,1% од населението во државата смета дека за задоволување на месечните потреби на нивното семејство се потребни над 23.000 денари.21

20

19  Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка кошничка за исхрана и пијалаци во октомври–декември 2010. 20  Државен завод за статистика, Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен за септември 2011, Државен завод за статистика. 21  Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2010.


Графикон бр. 10 Висина на месечни приходи во домаќинството

Лошата социо-економска состојба на Ромите нужно ја наметнува потребата од социјална поддршка на оваа ранлива група од населението. Затоа дури 40% од семејствата се корисници на социјална парична помош, меѓутоа истите не се јавуваат и како корисници на другите форми на институционална и вонинституционална заштита од страна на државата. Ова ја наметнува потребата од интензивирање на превентивната работа со оваа ранлива група од страна на ЦСР и на другите установи од областа на социјалната заштита22. 6.2 Степен на невработеност

Невработеноста е еден од доминантните проблеми кај ромската заедница кој директно резултира со нивна спреченост да ги остварат своите права и во другите области од општествениот живот. Карактеристично за Ромите е тоа што тие пропорционално се најмногу застапени во структурата на невработени лица во споредба со другите националности во државата, односно кај нив е застапена највисока стапка на невработеност. Долготрајната социјална исклученост и маргинализираност на оваа заедница во државата имплицираше и нивна долготрајна исклученост од пазарот на трудот, што е дополнителен фактор за нивна ранливост на ова поле. Друг фактор кој директно има негативно влијание врз можноста за вклучување на Ромите на пазарот на трудот се ниското образовно ниво и немањето работни квалификации. Високата стапка на невработеност ја потврди и истражувањето, со кое се утврди дека повеќе од половината семејства (54%) немаат ниту еден вработен член, односно дека им е неопходна социјална парична помош или помош од роднини и пријатели за да можат да преживеат.

22  Во овој контекст позитивен чекор претставува подготовката на Националната стратегија за интензивирирање на социјалната инклузија на Ромите во системот на социјална заштита на Република Македонија 2012–2014, како резултат на специфичните социјални потреби и проблеми на оваа етничка заедница. На ниво на стратешки приоритети на МТСП, предвидени се интензивно спроведување на превентивните мерки во системот на социјална заштита, развивање на социјални услуги за оваа ранлива група на локално ниво, јакнење на институционалните капацитети на ова поле, како и обезбедување нови форми за нивна вонинституционална заштита.

21


Графикон бр. 11 Дали во Вашето семејство има вработено лице?

Ситуацијата не ја подобрува ни податокот дека доминираат семејствата со по едно вработено лице, со 44,44%. Сите лица кои се невработени се пријавуваат во Заводот за вработување, со исклучок на 11,11% од семејствата во кои се пријавува само мажот кој е невработен, додека жената не е пријавена. Графикон бр. 12 Број на вработени членови во семејството

Секое трето лице кое е невработено е на возраст под 30 години, што треба да претставува основа за преземање активности кои би биле насочени кон подобрување на работните вештини и вклучување на пазарот на трудот на младата популација. Графикон бр. 13 Возраст на невработените лица

22


Она што загрижува е отсуството на мерки насочени кон подобрување на работните вештини на ромската популација генерално, тргнувајќи од тоа дека никој од семејствата опфатени со истражувањето не посетувал ваков вид обуки. Тоа делумно се должи и на големата неиформираност на самото ромско население за можностите што се нудат на ова поле.

Кога зборуваме за положбата на Ромите на пазарот на трудот и за проблемот со изразената невработеност кај оваа етничка заедница, неопходно е да се нагласи понеповолната положба на жената Ромка на ова поле. Само една четвртина од вработените лица опфатени со истражувањето се жени, со што се потврдува потребата за преземање посебни мерки насочени кон унапредување на положбата на жената Ромка. Пред сè, потребно е да се промовираат можностите кои ги нудат оперативните програми и мерки за вработување при МТСП, но и активностите кои се планирани во Акциониот план за унапредување на положбата на жената Ромка, во делот на вработувањето. Неопходен прелиминарен чекор кој треба да биде преземен е интензивирање на напорите за промовирање на овие можности, доколку земеме предвид дека ниту едно од семејствата опфатени со истражувањето не се запознати со ваквите обуки за подобрување на работните вештини кај жената Ромка. Мора да се има предвид дека исклученоста на жената Ромка од пазарот на трудот е резултат од нејзината подредена положба во домот и во општеството, па неопходно е овие мерки за нејзино вклучување да бидат преземани паралелно со напорите што се прават во другите приоритетни области, како што се здравството, образованието и др. Впрочем, потребата за ваков систематски и координиран пристап е веќе утврдена и од страна на низа меѓународни договорни тела кои го следат спроведувањето на одредбите од меѓународните документи чиј потписник е Република Македонија. Препораките на Комитетот за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената се дека државата треба да преземе посебни напори за унапредување на положбата на жените од ромска националност, преку спроведување на конкретни проекти наменети за оваа ранлива група во рамките на Декадата за вклучување на Ромите 2005– 201523. Графикон бр. 14 Полова структура на вработените

23  Комитет за елиминација на дискриминацијата на жените при CEDAW, Заклучни коментари и препораки за Република Македнија, 34-та седница, 2006.

23


6.3 Степен на образование Ниското образовно ниво е еден од главните проблеми со кои генерално се соочува ромската заедница во државата. Долготрајната социјална исклученост на оваа етничка заедница од општествените текови и нивното неинтегрирање во процесот на образование во минатото резултираше во висок процент на Роми без образование или со незавршено основно образование. Една третина од невработените Роми имаат незавршено основно образование24. Од една страна, немањето на соодветно образование и потребни работни квалификации ги оневозможува Ромите активно да се вклучат на пазарот на трудот и самите да придонесат за подобрување на сопствената состојба. Од друга страна, немањето, пак, на соодветна заработка претставува пречка оваа ранлива група да излезе од кругот на сиромаштијата во кој се наоѓа. Помалку од половината од Ромите опфатени со истражувањето имаат завршено средно образование или факултет. Особено загрижувачка е ситуацијата кај оние кои воопшто немаат образование (5,3%), како и оние со незавршено основно образование (3%).

Добра основа за зголемување на нивото на образование кај ромската заедница е воведувањето задолжително средно образование, како и овозможување поддршка за децата од социјално загрозените семејства преку користење на некои од бенефициите поврзани со образованието, како што се бесплатен превоз, сместување и директното стипендирање преку Програмата за условени парични трансфери при Министерството за образование и наука25. Меѓутоа, таа е наменета за семејства кои се корисници на социјална помош, па семејствата кои се сиромашни и социјално загрозени, а не се евидентирани во системот на социјална заштита, се исклучени од можноста да аплицираат за Програмата. Друга можност е Конкурсот за доделување на стипендии за ученици Роми при МОН, преку кој се обезбедуваат стипендии за 400 ученици од ромската националност.

Во однос на домаќинствата кои беа опфатени со истражувањето, кај 18% од нив имаше деца кои се на возраст да бидат вклучени во образовниот процес, при што тие редовно посетуваат настава. Повеќе од половината од децата во овие домаќинства (62,5%) користат бесплатен превоз до училиштето, половина од домаќинствата добиваат стипендии (условени парични трансфери). Само во еден случај детето беше корисник и на бесплатна храна во училиштето. Во еден случај беше забележано искористување на детскиот труд за поддршка на семејниот бизнис, при што детето директно придонесува и за месечните приходи во семејството. 6.4 Здравствена состојба

Покусиот животен век кај Ромите, отежнатиот пристап до системот на здравствена заштита и неповолната положба на жената Ромка во оваа област се идентификувани како основни проблеми со кои се соочува оваа ранлива група во сферата на здравството. Како резултат на лошата здравствена состојба, кај Ромите е поголем процентот на заразни заболувања, зголемен е морталитетот кај новороденчиња од ромска националност, повисок е процентот на хронични заболувања, нарушено е сексуалното и репродуктивното здравје кај жената

24

24  Ревизија на националните акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015“ и Стратегијата за Ромите во Република Македонија за период 2009–2011, МТСП/Институт за човекови права „Лудвиг Болцман“. 25  Програма за условен паричен надомест за средно образование, МОН.


Ромка.26 Во Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010–2020, во делот на здравството, Ромите се идентификувани како една од ранливите групи. Неадекватните услови во домувањето се еден од факторите кои директно придонесуваат за ваквата лоша здравствена состојба на оваа социјално загрозена група.

Ваквата ситуација ја потврдуваат и податоците од истражувањето во однос на тоа колку често Ромите ги користат здравствените услуги како резултат на влошената здравствена состојба. Речиси две третини (64%) од семејствата опфатени со истражувањето користат здравствени услуги секој месец. Една четвртина (26%) од Ромите го посетуваат здравствениот дом секоја недела, кај една десеттина се јавуваат здравствени проблеми двапати во текот на месецот, додека 38% од семејствата опфатени со истражувањето користат здравствени услуги еднаш месечно. Графикон бр. 15 Колку често користат здравствени услуги

Во однос на физичката пристапност на здравствената заштита, во општината постои Здравствен дом кој ја обезбедува примарната здравствена заштита на населението во општината. Сите семејства опфатени со истражувањето се на оддалеченост од 10 до 30 минути до него. Сите се корисници на здравствени услуги во јавното здравство и, иако поголемиот дел од нив земаат лекови кои се на позивитната листа (преку рецепт), сепак, во одредени ситуации лековите ги купуваат приватно. Ситуацијата е понеповолна во однос на здравствената заштита на сексуалното и репродуктивното здравје на жената Ромка, поради непостоење на гинеколошко одделение во Здравствениот дом во општината.

26  Ревизија на националните акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015“ и Стратегијата за Ромите во Република Македонија за период 2009–2011, Институт за човекови права „Лудвиг Болцман“ и МТСП.

25


III. Заклучоци Домување yyИ покрај напорите преземени во последните години за подобрување на состојбата со домувањето во општината и спроведувањето на процесот на „легализација“ на бесправно изградените објекти, сепак, дел од Ромите уште немаат право на сопственост врз својот дом и многу од нивните домови не се дел од деталните урбанистички планови на општината. Овие семејства се наоѓаат во најзагрижувачка ситуација, со оглед на тоа дека не се приклучени на постојната инфраструктура за водовод, канализација и електрична енергија. yyДруги проблеми со кои се соочуваат Ромите во областа на домувањето се: немањето пристап до безбедна вода за пиење, слабиот квалитет на системот за електрична енергија, неприклученост на водоводната и канализационата мрежа, несоодветно улично осветлување, неасфалтирани улици и постоењето на „дивите депонии“.

yyКако резултат на слабата финансиска состојба, Ромите не се во можност редовно да ги подмируваат трошоците околу домувањето. Секое трето семејство остварува месечни приходи во износ кој е помал од 3.000 денари, во ситуација кога просечните трошоци за струја и вода го надминуваат овој износ. Од друга страна, ваквата лоша состојба директно го загрозува, односно го оневозможува задоволувањето и на другите потреби на населението во останатите области од општествениот живот: образование, вработување, здравство и др. yyНеадекватните услови за живот во домот беа идентификувани како еден од проблемите, со оглед на тоа дека дел од објектите во кои живее населението се супстандардни, додека дел од домовите се наоѓаат во лоша состојба и потребна е нивна реконструкција.

yyГенерална е констатацијата дека Ромите воопшто (или во недоволна мера) не се запознати со своите права во областа на домувањето. Недостатокот на информации кај оваа заедница за можностите за остварување на своите права се однесува и на другите области од општествениот живот. Ситуацијата е понеповолна поради непостоењето на сервиси за бесплатна правна помош за оваа ранлива група.

26


Други области yyСиромаштијата е еден од најизразените проблеми кај Ромите и особено се загрижувачки формите на нејзина манифестација кај населението во општината. Една третина од семејствата опфатени со истражувањето „преживуваат“ со месечни приходи пониски од 3.000 денари. Висината на месечните приходи кај повеќе од половината ромски семејства е пониска од висината на потрошувачката кошничка во државата, што значи дека овие семејства не се во можност да ги задоволат ниту основните животни потреби за храна и пијалаци. yyНевработеноста е еден од доминантните проблеми со кои се соочува ромската заедница, при што стапката на невработеност кај Ромите е повисока во однос на другите групи во општеството. Во повеќе од половината од домаќинствата опфатени со истражувањето нема ниту едно вработено лице. Во структурата на невработрени лица доминираат младите лица и жените Ромки. Една третина од невработените лица се на возраст под 30 години, додека бројот на вработени жени е трипати помал во однос на бројот на вработени мажи. Ниското ниво на информираност на населението за можностите за подобрување на работните вештини и за вклучување на пазарот на трудот не придонесува за подобрување на ситуацијата во оваа област. yyНиското образовно ниво на Ромите директно придонесува за високата стапка на невработеност на оваа етничка заедница. Помалку од половината од Ромите опфатени со истражувањето имаат завршено средно образование или факултет27.

yyНеадекватните услови за домување се еден од факторите кој директно влијае на лошата здравствена состојба кај ромската популација, за што показател е и честото користење на здравствени услуги од страна на оваа заедница. Речиси две третини (64%) од семејствата опфатени со истражувањето користат здравствени услуги секој месец. Покусиот животен век кај Ромите, отежнатиот пристап до системот на здравствена заштита и неповолната положба на жената Ромка во оваа област се идентификувани како основни проблеми со кои се соочува оваа ранлива група во сферата на здравството. yyПоложбата на ромската жена е понеповолна во сите области од општественото живеење: образование, вработување, здравство, човекови права. Во оваа насока неопходно е да се нагласи повеќекратната дискриминација на жените Ромки.

27  Вкупно 46,6% имаат завршено средно образование, а само 1,5% имаат високо образование.

27


IV. Препораки Домување yyПотребно е да се направат измени во деталните урбанистички планови на општина Шуто Оризари, со цел внесување на сите ромски населби во плановите или изнаоѓање на друго трајно решение28 за нивно домување, односно создавање услови за стекнување право на сопственост врз живеалиштето.

yyПотребно е преземање чекори за подобрување на целокупната инфраструктурата во населбите, приклучување на сите домови во мрежата за водовод и канализација и во системот на електрична енергија. Исто така, потребно е да се направат напори за отстранување на дивите депонии. yyПотребно е субвенционирање на месечните трошоци за домување за најзагрозените ромски семејства (за струја, вода). yyПотребно е создавање услови за воведување на поволни кредитни линии за реконструкција на живеалиштата на оваа ранлива група.

yyПотребно е обезбедување на бесплатни правни совети и информирање на Ромите за нивните права и за процедурите за нивна заштита. Во истата насока, потребно е институционално јакнење на капацитетите на ромските информативни центри на локално ниво.

28

28  Една од можностите за решавање на проблемот со пренатрупаноста е изградба на социјални станови за оваа ранлива група.


Други области yyПотребно е да се обезбеди помош за најзагрозените ромски семејства кои не се во можност да ги задоволат основите животни потреби за храна.

yyПотребно е поголемо промовирање на можностите кои се нудат преку активните програми и мерки за вработување,29 опфаќање на поголем број лица од ромската националност со нив (фокус на жени Ромки и млади лица), со цел унапредување на нивната состојба на пазарот на трудот.

yyПотребно е преземање на конкретни активности за финализирање на основното и средното образованието на Ромите (кои имаат незавршено основно и средно образование). Исто така, потребно е да се преземат активности насочени кон подигање на свеста за значењето на образованието. yyНеопходно е да се преземат превентивни едукативни активности кои ќе го зголемат нивото на здравствена свест кај ромската заедница. Исто така, потребно е да се направат заеднички напори на сите релевантни фактори (Министерство за здравство, ЕЛС, граѓански сектор) за редовно функционирање на гинеколошка ординација во рамките на Здравствениот дом во општината. yyНеопходно е јакнење на постојните институционални капацитети, како и воспоставување дополнителни механизми на локално ниво за унапредување на положбата на жената Ромка.

29  МТСП, Оперативен план со активни програми и мерки за вработување, 2011.

29


Користени правни извори и литература 1. Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2010; 2. Државен завод за статистика на Република Македонија, Релативна сиромаштија во 2010, Соопштение бр. 4.1.11.48;

3. Државен завод за статистика на Република Македонија, Социјална заштита на млади, деца и возрасни лица 2010–2011;

4. Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка кошничка за исхрана и пијалаци октомври–декември 2010;

5. Државен завод за статистика, Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен за семптември 2011;

6. Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2010;

7. Закон за домување (Сл. весник на Република Македонија, бр. 23/11);

8. Закон за постапување по бесправно изградени објекти (Сл. весник на Република Македонија, бр.23/11);

9. INSOC, Decade watch 2010;

10. Министерство за образование и наука, Конкурс за доделување на стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2011– 2012 година; 11. МОН, Програма за условен паричен надомест за средно образование; 12. МТСП, Стратегија за Ромите на Република Македонија, 2005;

13. Министерство за труд и социјална политика, Национални акциони планови од Декадата за вклучување на Ромите во областите домување, здравство, образование и вработување, ревидирани 2009;

14. МТСП, Национален акционен план за унапредување на општествената состојба на Ромките 2011–2013;

15. МТСП/Институт за човекови права „Лудвиг Болцман“, Ревизија на националните акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015“ и Стратегијата за Ромите во Република Македонија за период 2009–2011, 2009; 16. МТСП, Оперативен план со активни програми и мерки за вработување 2011; 30

17. МТСП, Одделение за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите, Акционен план за Ромски информативен центар 2011–2013;


18. МТСП, Програма за работа и Акционен план за работата на ромските информативни центри – РИЦ, за периодот 2010–2012; 19. МТСП, Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на Република Македонија 2010–2020;

20. МТСП, Национална стратегија за интензивирирање на социјалната инклузија на Ромите во системот на социјална заштита на Република Македонија 2012– 2014;

21. МТСП, Информација за текот на имплементацијата на Националниот акционен план за унапредување на општествената состојба на Ромките во Република Македонија 2011–2013; 22. ОБСЕ, Акционен план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ, 2003;

23. Хуманитарно и добротворно зружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар, Заедница на Ромите во Република Македонија, Состојби и предизвици во домувањето и здравството, 2008; 24. ОНХЦХР, ОН Принципи и упатства за пристапот заснован на човекови права во стратегиите за намалување на сиромаштијата, Поглавје 3, Право на адекватно домување.

31


Издавач: Здружение за хумано домување Хабитат Македонија Никола Парапунов бб, Макотекс I кат 1000 Скопје, Македонија www.habitat.org.mk За издавачот: Зоран Костов Извршен директор

Проект: Промовирање на правата за домување на Ромите Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) Автор: Стојан Мишев

Лектор: Виолета Танчева-Златева

Графички дизајн и печат: Аркус Дизајн Скопје, февруари 2012 Тираж: 150

32

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 365.4(=214.58:497.711)”2011” МИШЕВ, Стојан Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Шуто Оризари / [автор Стојан Мишев]. - Скопје : Хабитат-Македонија, 2012. - 32 стр. : илустр. ; 21 см Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 30-31 ISBN 978-608-65006-4-1 а) Роми во Македонија - Домување - Шуто Оризари - 2011 COBISS.MK-ID 90469386


Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Хабитат Македонија и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.