Анализа на состојбата во областа на домувањето на ромите во Тетово

Page 1

Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Тетово


01 bitola ang.qxd

13.01.2013

17:50

Page 2


Содржина I. Вовед............................................................................................................................................................3 1. Право на домување ......................................................................................................................4

2. Декада за вклучување на Ромите 2005–2015 . ..............................................................6 2.1 Претседателство на Република Македонија ........................................................6 2.2 Домувањето како приоритетна област . .................................................................6

2.3 Институционална поставеност на механизмите на општината во

домувањето ....................................................................................................................................8

3. Цели на истражувањето ............................................................................................................9

3.1 Методологија на истражувањето............................................................................. 10

II.Профил на домувањето во општина Тетово................................................................. 12 4. Општи карактеристики .......................................................................................................... 12 5. Состојби во однос на домувањето на Ромите во општина Тетово................... 13

5.1 Општи податоци................................................................................................................. 13 5.2 Вид на живеалиште .........................................................................................15

5.3 Пристап до водовод и канализација, санитарни услови,

електрична енергија...............................................................................................16 5.4 Сопственост на домот .....................................................................................18 5.5 Услови на живеење...........................................................................................19 6. Проблеми кои се последица на супстандардното домување на

ромската заедница.......................................................................................................................... 21 6.1 Степен на сиромаштија ...................................................................................21

6.2 Степен на невработеност.................................................................................24

6.3 Степен на образование.....................................................................................26 6.4 Здравствена состојба .......................................................................................27 6.5 Изразена потреба од социјална поддршка ..................................................... 28

III. Заклучоци ......................................................................................................................................... 30

IV. Препораки ........................................................................................................................................ 32

Користени правни извори и литература ................................................................................. 34

1


Листа на кратенки

МТСП – Министерство за труд и социјална политика ЦСР – Центар за социјални работи

АВРМ – Агенција за вработување на Република Македонија ДЗС – Државен завод за статистика

МОН – Министерство за образование и наука НАП – Национален акционен план

РИЦ – Ромски информативен центар

ПЗЧП – Пристап заснован на човекови правa

ЕИДХР – Европски инструмент за демократија и човекови права

2


I. Вовед Подготовката на оваа студија е составен дел од проектот Промовирање на правата за домување на Ромите, кој го спроведува Хабитат Македонија, со цел да придонесе за промовирање на правата на домување, земајќи го како основа социјалното вклучување. Тој треба да послужи како стимул за понатамошното подобрување на состојбата на Ромите во образованието, здравството, вработувањето и родовата еднаквост. Овој проект е во согласност со главните цели на Декадата на Ромите, наменети да ја намалат разликата во животните стандарди и услови за живеење помеѓу ромската и неромската популација. Пет години од почетокот на Декадата на Ромите, еден од проблемите што најмногу заостанува е домувањето. Ромите и понатаму живеат во несоодветни услови во градските средини, без пристап до најосновните услови за живеење, какви што се соодветно засолниште, соодветен пристап до вода за пиење и санитарии, како и инфраструктура. Имајќи го ова на ум, Хабитат Македонија, со поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), започна нов проект кој се фокусира на правата на домување на ромското население.

Целта на проектот е да го поддржи подобреното спроведување на правата за домување и социјалното вклучување на Ромите и на другите маргинализирани групи. Со овој проект Хабитат Македонија, заедно со ЕИДХР, исто така, дава придонес за примената на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и општествената исклученост 2010–2020. Главните резултати кои се очекуваат од овој проект се:

• Интегрирани права на домување како механизам за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата кај Ромите, • Подобрување на капацитетите на локално ниво за учествување во процесите за донесување одлуки и за олеснување на примената на правата на домување на Ромите,

• Да се зацврстат механизмите за примената на правата на домување на Ромите на локално ниво.

3


1. Право на домување Правото на домување претставува едно од основните човекови права и тоа не претпоставува само обезбедување „покрив над главата“ за граѓаните. Напротив, домувањето во својата содржина е мошне пошироко и условите за негова целосна реализација се однесуваат како на физичката пристапност на домувањето, така и на економската достапност, локацијата и инфраструктурата, културолошка пристапност, правната заштита на сопственоста и др.

Имено, правото на домување подразбира: гарантирање на сопственоста врз домот, односно заштита од присилно иселување; заштита на домот од надворешни влијанија и опасности; местоположбата на домот треба да овозможува пристап до можности за задоволувањето на другите човекови права во областите образование, здравство, родова еднаквост, вработување и др.; трошоците за домувањето да не го загрозуваат задоволувањето на другите потреби на граѓаните; потребно е изградба на адекватна инфраструктура во населбите. Понатаму, реализацијата на ова право бара активно учество на самата ранлива група, во овој случај тоа се Ромите, преку воспоставување на механизми за нивно вклучување и консултирање при донесувањето одлуки околу домувањето. Впрочем, вклучувањето на Ромите во процесите на донесување одлуки е една од основните цели на Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015.

Во нашата држава, во споредба со останатите етнички групи положбата на Ромите е далеку понеповолна кога станува збор за остварувањето на правото на адекватно домување. „Целокупниот статус и третман кој оваа етничка заедница го имала или го има во една држава, се рефлектира и на остварувањето на правото на пристоен дом кај овие граѓани“.1 Живеењето во субстандардни живеалишта, несоодветните хигиенски услови, гетоизацијата, немањето водовод, канализација и електрична енергија, влошената здравствена состојба се дел од проблемите кои произлегуваат од неадекватното домување на оваа ранлива група граѓани. Оправданоста да се интензивираат мерките насочени кон реализирање на ова право е дотолку поголема ако земеме предвид дека со подобрувањето на состојбата во домувањето кај Ромите ќе се создаде основа за нивно социјално вклучување и унапредување на нивната состојба и во другите области во општеството. Односно, преку реализирање на правото на домување ќе се создадат услови и можности за остварување на правото на образование, вработување, квалитетна здравствена заштита, родова еднаквост. Впрочем, и не може да се очекува Ромите активно да се вклучат во заштитата и во остварувањето на своите права доколку тие се соочени со несигурноста и небезбедноста во својот дом и не се во можност да ги покријат основните животни трошоци околу домувањето. Во однос на содржината на ова право, податоците во табелата што следува се преземени од Принципите и упатствата на ОН за пристапот заснован на човекови права во стратегиите за намалување на сиромаштијата, каде што реализирањето на правото на адекватно домување игра клучна улога во намалувањето на сиромаштијата. 4

1  Заедница на Роми во Република Македонија, Состојби и предизвици во домувањето и здравството, 2008, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“.


Содржина на правото на адекватно домување2 Правна заштита на сопственоста

Населување

Локација

Економска пристапност

Физичка пристапност

Културолошка пристапност

Адекватна инфраструктура

2

Секому треба да му биде обезбедена законска заштита од присилно иселување, малтретирање и друг вид закани. Домувањето треба да овозможи соодветни просторни услови за жителите и заштита од опасности за нивното здравје.

Домувањето мора да биде во здрава и безбедна средина која ќе овозможи пристап до можностите за остварување на другите права: соодветно заработување, пристап до образование, здравствена заштита, транспорт и услуги. Личните или трошоците на домаќинството поврзани со домувањето треба да бидат на ниво кое нема да ги загрозува реализирањето и задоволувањето на другите основни потреби.

Домувањето мора да е достапно за сите, особено за групите кои се соочуваат со одредени пречки при пристапот до домувањето, како што се старите лица, лицата со физичка и ментална попреченост.

Домувањето мора да биде културолошки прифатливо за жителите, на пр., да ги одразува нивните културни карактеристики во однос на изгледот, организацијата на просторот и други елементи. Услугите, материјалите и другите работи кои се неопходни за здравјето, безбедноста, комфорот и нахранетоста, како што се безбедна вода за пиење, санитарии и делови за перење – мора да бидат достапни.

2  ОНХЦХР, ОН, принципи и упатства за пристапот заснован на човекови права во стратегиите за намалување на сиромаштијата, Поглавје 3, Право на адекватно домување.

5


2. Декада за вклучување на Ромите 2005–2015 2.1 Претседателство на Република Македонија Препознавањето на долготрајната дискриминација, на социјална исклученост и на сиромаштијата на Ромите резултираше со донесување заедничка политичка иницијатива за унапредување на нивната состојба од страна на државите во регионот. Државите потписнички на Декадата за вклучување на Ромите 2005– 20153 се обврзаа дека ќе преземат напори за намалување на сиромаштијата и на социјалната исклученост на Ромите. Таа е во согласност со Милениумските развојни цели при ОН, односно со Европската платформа за вклучување на Ромите на ниво на ЕУ, како и со последователно усвоената Европа 2020 – Европска платформа против сиромаштијата и социјалната исклученост. За таа цел, Република Македонија во 2005 година подготви и усвои Национални акциони планови (НАП) за приоритетните области од Декадата: домување, образование, вработување и здравство, додека сиромаштијата, родовата нееднаквост и дискриминацијата се регулирани во наведените области. Истата година усвоени се и оперативни планови за спроведување на НАП. Во 2005 година Република Македонија ја усвои и Стратегијата за Ромите во Република Македонија, врз основа на што беше подготвен и посебен НАП за унапредување на положбата на жената Ромка. Регулирањето на ромското прашање е составен дел во повеќе стратешки документи, од кои би ја издвоиле Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и на социјалната исклученост во Република Македонија 2010–2020, во која Ромите се идентификувани како ранлива група во повеќе приоритетни области4.

Од особено значење е тоа што Република Македонија претседава со Декадата оваа година, од 1 јули 2011 до 30 јуни 2012, што може да биде дополнителен поттик за интензивирање на напорите насочени кон подобрување на статусот на Ромите во државата. Особено е значајно тоа што во Програмата на Претседателството на Македонија со Декадата се нагласува значењето на реализацијата на мултисекторските акциони планови по области во насока на постигнување резултати. „За да се постигнат добри резултати во образованието, децата мора да имаат соодветно домување и да се здрави, но пристап до здравствена и социјална заштита не може да се оствари доколку се немаат лични и валидни документи. Од друга страна, пак, вработувањето е тесно поврзано со образованието, но и со напорите што ги прави државата за почитување на еднакви права и за искоренување на дискриминацијата“5.

2.2 Домувањето како приоритетна област

Позитивен чекор е направен со тоа што решавањето на проблемот со домувањето на Ромите е поставен на високо ниво во агендата на Владата на Република Македонија за периодот на претседавање со Декадата. Домувањето на Ромите е определено како еден од секторските приоритети на нашата држава, каде покрај оваа област ќе се работи и на унапредување на состојбата на Ромите во сферата на вработување, здравство, лица без документи, образование/ран детски развој. Притоа, домувањето и вработувањето се наведени како примарни

6

3  Досега потписнички на Декадата се: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија, Словачка и Шпанија. 4  Здравство, вработување, образование и друго. 5  Програма за претседателство со Декада за вклучување на Ромите, Република Македонија.


приоритети. Во меѓусекторските приоритети спаѓаат: права на жените Ромки; дискриминација; институционализација; податоци и индикатори; соработка со ЕУ. Паралелно ќе се работи на подигање на јавната свест за Декадата, подобрување на информираноста на администрацијата за целите од Декадата и стратешко поврзување со напорите на ниво на ЕУ. Секторски

Меѓусекторски

Застапување, координација и партнерство

Примарни

Права на жени Ромки

Домување

Институционализација

Подобрување на информираноста на администрацијата

Вработување Секундарни Здравство

Лица без документи Образование/ Ран детски развој

Дискриминација

Податоци и индикатори Соработка со ЕУ

Подигање на јавната свест Стратешко поврзување на Декадата со напори

Извор: Програма за претседателство со Декадата за вклучување на Ромите, Република Македонија

Во делот на домувањето е предвидено подобрување на состојбата на Ромите преку легализација на бесправно изградените објекти во ромските населби и подобрување на супстандардните услови за живот во нив. За постигнување на овие резултати е предвидено координирање на активностите помеѓу Владата на Република Македонија и Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), што воедно ќе претставува можност за децентрализирање на целите и на активностите од Декадата.

Од друга страна, во рамките на постојниот Акционен план за домување, предвидени се и друг вид активности во насока на подобрување на условите околу домувањето за оваа ранлива група граѓани: воспоставување механизми за консултирање на Ромите во процесите за донесување одлуки, регулирање на позитивната дискриминација, решавање на проблемот со дивоградбите, урбано планирање на ромските населби, поттикнување на ЕЛС за решавање на станбеното прашање на Ромите, подобрување на инфраструктурата, намалување на бројот на супстандардни домови. Позитивен чекор во насока на решавање на проблемот на Ромите со домувањето и обезбедување домови за оваа популација е направено со тоа што тие се идентификувани како една од ранливите групи кои можат да аплицираат за добивање социјални станови кои ги гради Владата на Република Македонија преку Станбеното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

7


2.3 Институционална поставеност на механизмите на општината во домувањето Генерално, одговорен носител на ниво на државата за спроведување на мерките и активностите во делот на домувањето е Министерството за транспорт и врски.

Во насока на унапредување на состојбата на Ромите во оваа стратешка област и спроведување на обврските согласно Декадата, се вклучува и Министерот без ресор, национален координатор за Декадата и за Стратегија за Роми во соработка со МТСП6 и единиците на локалната самоуправа ЕЛС. Впрочем, ЕЛС (Секторот за урбанизам), со поддршка од централната власт, се одговорни за создавање на услови за инкорпорирање на ромските населби во деталните урбанистички планови7, како и за подобрување на супстандардните услови и инфраструктурата.

Дополнително, согласно мандатот на дејствување, се вклучуваат ромските информативни центри преку овозможување на полесна комуникација помеѓу населението и локалните институции во оваа област. Конкретно, во делот на домувањето, работата на РИЦ се состои во информирање на населението за неговите права во областа, актуализирање на проблемите во делот на домувањето пред надлежните институции на локално ниво, односно лобирање и застапување, како и поддршка и информирање на населението во делот на собирање на потребната документација за легализирање на бесправно изградените објекти. Основен предуслов за нивно активно вклучување во оваа област е јакнење на нивните институционални капацитети за давање правна помош во областа.8 Оценките во однос на институционалната поставеност на механизмите за спроведување на Декадата генерално се дека таа не е целосно функционална и добро воспоставена, ниту пак ефективна и координирана. Често јавната администрација и локалните власти не се информирани за активностите и вклучени во истите9.

8

6  Во рамките на МТСП постои и посебно Одделение за имплементација на Стратегијата и на акционите планови од Декадата за Ромите. 7  Во ситуациите кога тоа не е можно, потребно е изнаоѓање на друго решение за обезбедување на домови за Ромите во општината. Дополнителна можност претставуваат социјалните станови кои можат да бидат искористени во оваа насока (во оние општини каде тие се изградени или е планирано да се градат). 8  Оценка на капацитетите на Ромските информативни центри за давање бесплатна правна помош на ромската заедница, ОБСЕ, 2010.


3. Цели на истражувањето Општа цел на истражувањето е утврдување на состојбата со домувањето на Ромите во општина Тетово и изнаоѓање решенија за подбрување на нивната состојба во областа. 910 Посебни цели на истражувањето се:

• Утврдување на фактичката состојба во сферата на домување кај Ромите во општина Тетово; • Идентификување на специфичните проблеми поврзани со домувањето кај Ромите; • Идентификување на проблемите поврзани со остварување на правото на домување; • Подготовка на препораки за надминување на идентификуваните проблеми.

Она што сакаме да им го предочиме со оваа студија на носителите на одлуки е да ја нагласиме потребата за преземање мерки насочени кон подобрување на состојбата со домувањето кај ромската заедница и кон решавање на специфичните проблеми околу домувањето. Унапредувањето на состојбата со домувањето кај Ромите ќе предизвика услови и ќе послужи како поттик за унапредување на нивниот статус и во другите области од човековото живеење. Односно, интензивирањето на мерките насочени кон реализирање на правото на адекватен стандард и домување, паралелно со преземањето на конкретни мерки во областите образование, здравство, вработување и др., би ги дале посакуваните резултати на полето на унапредување на состојбата на оваа заедница генерално.

9  Decade Watch 2010, INSOC. 10  Decade Watch 2010, INSOC.

9


3.1 Методологија на истражувањето Извори на сознанија -

Закони, програми и акциони планови на национално и на локално ниво;

-

Припадници на ромската заедница;

- -

Ромскиот информативен центар Тетово;

Статистички податоци, истражувања, студии и др.

Методолошки алатки

- анализа на содржината; - анкетен прашалник.

При подготовката на оваа студија применети се квалитативна и квантитативна методологија, при што беа користени различни методолошки техники. Квалитативниот дел од истражувањето опфати анализа на содржината на релевантната законска рамкa, на постојните истражувања и статистички податоци во однос на домувањето кај Ромите, како и во однос на другите приоритетни области за оваа етничка заедница: образование, здравство, вработување и родова еднаквост.

Квантитативниот дел се состоеше во спроведување на анкетни прашалници во 50 ромски семејства/домаќинства од општина Тетово. Со цел идентификување на состојбата, на проблемите и на потребите на Ромите во поглед на домувањето, беше подготвен анкетен прашалник, кој се состои од 38 прашања, распоредени во следните области:

• основни податоци за домаќинствата (пол и возраст на испитаникот, религозна припадност, број на членови во домаќинството, ниво на образование, висина на месечни приходи);

• податоци поврзани со домувањето (вид и големина на живеалиштето, пристап до електрична енергија, до водовод и канализација, сопственост врз домот); • образование (број на деца во образовниот процес, оддалеченост на училиште, користење на бенефиции во врска со образованието);

• вработување и извори на приходи на домаќинството (број на вработени членови, извори и висина на приходи);

• социјална заштита (корисници на социјална парична помош, причини поради кои биле одбиени); 10

• здравствена заштита (покриеност со здравствено осигурување, оддалеченост од здравствена установа, колку често се јавуваат на преглед).


При утврдување на фактичката состојба со домувањето кај Ромите, покрај спроведените анкетни прашалници, беа користени и податоци од работата на Ромскиот информативен центар од Тетово.

11


II.Профил на домувањето во општина Тетово 4. Општи карактеристики Општина Тетово се наоѓа во средината на Полог, опкружена од Шар Планина, Сува Гора и Жеден, по течението на реката Пена. Тетовскиот регион е распространет на површина од 1.080 км2, во долниот дел на Полошкото Поле, на надморска височина од 460-500 м. Геостратешката позиција, воедно и предност на општина Тетово, е тоа што се наоѓа на раскрсница на меѓународните коридори за промет, какви што се: Коридорот 8 (поминува низ Тетово) и Коридорот 10 (40 км оддалеченост од Тетово).

Во општина Тетово постојат 30 месни/урбани заедници. Во однос на структурата на населението, според официјалните податоци од Пописот на населението од 2002 година, општина Тетово има 86.580 жители, од кои Албанци се 70,32%, Македонци 23,16%, Роми 2,72%, Турци 2,17%, Срби 0,7% и Бошњаци 0,18%. Според податоците од Општина Тетово11, сегашниот број на жители е проценет на околу 200.000, додека во однос на структурата ситуацијата е следна: Албанци 83%, Македонци 12%, Роми, Турци, Срби и др. 5%. Ваквите податоци укажуваат на иселување на македонското население од општината, односно на зголемување на бројот на припадници од албанската етничка припадност. Според религиозната припадност, над 80% од населението ѝ припаѓаат на исламска вероисповед, додека другите му припаѓаат на православното христијанство. Економијата во општина Тетово во последните години бележи зголемен раст, како резултат на посебниот придонес што го даваат деловните субјекти. Од постојните економски субјекти кои дејствуваат во тетовскиот регион 98% отпаѓаат на малите и средни претпријатија, додека само 2% на големите претпријатија. Најразвиени дејности се: индустријата за преработка на дрво, градежништвото и градежните материјали, земјоделството и текстилната индустрија.

Поволните климатски услови, како и релјефот во Полошкиот регион, овозможуваат создавање оптимални услови за развој на земјоделството во општина Тетово. Како резултат на добрите климатски услови и квалитетот на почвата, земјоделските култури што се одгледуваат во овој регион имаат посебен вкус и квалитет, од кои најпознати се тетовскиот грав, јаболката, доматите, пиперките, кромидот и други. Општина Тетово на стратешко ниво економскиот развој го заснова токму врз развојот на мали и средни претпријатија, развојот на земјоделството и на туризмот.

12

11  ВЕБ-страна на општина Тетово: тetovo.gov.mk, пристапено на ден 15.11.2011.


5. Состојби во однос на домувањето на Ромите во општина Тетово Несоодветните услови за домување, сиромашната инфраструктура, пренатрупаноста во ромските домови, опасноста од нивно распаѓање, немањето правна заштита врз сопственоста и ниското ниво на информираност за своите права се дел од идентификуваните проблеми со кои секојдневно се соочува ромската заедница во однос на остварувањето на правото на домување. 5.1 Општи податоци Со анкетниот прашалник беа опфатени вкупно 50 лица, односно семејства/ домаќинства, земајќи предвид дека поголемиот дел од одговорите се однесуваат на сите членови во домаќинството12. Сите испитаници опфатени со истражувањето живеат во урбани средини во градот Тетово. Во однос на религиозната припадност, сите испитаници и членовите на нивните домаќинства се припадници на исламската вероисповед. Податоците од теренот говорат дека, вообичаено, разговорот бил спроведен со „главата“ на домаќинството, па оттука и малиот број на жени испитанички, тргнувајќи од патријархалниот начин на уредување на односите во бракот и во семејството. Имено, со истражувањето беа опфатени 90% мажи и 10% жени. Графикон бр. 1 Полова структура на примерокот

Земајќи предвид дека „главата“ на домаќинството вообичаено е некој од постарите членови, во структурата на испитаните лица доминираат повозрасни лица, на возраст од 45 до 65 години со 64%, по што следуваат испитаниците на возраст од 31 до 45 година (26%), од 15 до 30 години (8%), како и 2% над 65-годишна возраст.

12  Во понатамошниот текст се користи терминот „домаќинство“, тргнувајќи од тоа дека поголемиот број испитани лица живеат во пошироки семејни заедници, т.е. домаќинства.

13


Графикон бр. 2 Возраст на испитаното лице

Речиси една четвртина од Ромите опфатени со истражувањето (23,08%) немаат образование или имаат незавршено основно образование (4 одделение). Основно образование имаат завршено 48,72%, додека 23,44% имаат средно образование. Само 4,76% од лицата опфатени со истражувањето имаат високо образование. Ваквиот податок го потврдува ниското образовно нивно на оваа заедница во државата, истовремено нагласувајќи ја потребата за преземање на чекори за подигнување на нивото на писменост кај оваа група на граѓани. Графикон бр. 3 Ниво на образование на членовите на домаќинството

Во однос на возрасната структура, доминираат младите, при што повеќе од половината од членовите на домаќинствата (52,2%) се на возраст до 30 години. Од друга страна, во возрасната структура најмалку се застапени старите лица над 65-годишна возраст – со само 1,47%. Графикон бр. 4 Возраст на лицата во домаќинството

14


5.2 Вид на живеалиште Еден од главните проблеми со кои се соочуваат Ромите во општина Тетово е пренатрупаноста во нивнитите домови. Овој проблем директно влијае на можностите за задоволувањето на потребите не само во областа на домувањето, туку и во другите области од општествениот живот на оваа заедница. Вкупно 76% од домаќинствата опфатени со истражувањето живеат во куќи, додека 24% во станови, што е карактеристика на ромската популација во државата генерално. Графикон бр. 5 Вид на живеалиште

Најголемиот дел од ромските домаќинства (повеќе од половината) живеат во живеалишта со големина од 51 до 100 м2. Една четвртина од домаќинствата живеат во куќи кои се поголеми од 100 м2. Домовите се помали од 50 м2 кај 18% од домаќинствата опфатени со истражувањето. Графикон бр. 6 Големина на живеалиштето

Меѓутоа, речиси половина од испитаниците (48%) живеат во пошироки семејства, односно домаќинства, додека секое десетто домаќинство е составено од повеќе семејства. Вкупно 42% од испитаниците изјавиле дека живеат во семејство составено од родители и деца. Оваа ситуација го отсликува проблемот со пренатрупаноста на населението во ромските населби, каде под еден покрив живеат заедно домаќинства со повеќе членови и генерации.

15


Графикон бр. 7 Вид на домаќинство 42% родители со деца 48% пошироки семејства/домаќинства 10% повеќе семејства заедно

Во однос на бројот на лица кои живеат заедно, карактеристично е тоа што дури 66% се домаќинства со 5 и повеќе членови. Од нив, 16% се петчлени домаќинства, 20% се шестчлени домаќинства, 16% од домаќинствата имаат по 7 члена, 6% домаќинства имаат по 8 члена, 6% имаат по 9 члена и 2% имаат по 11 члена. Ваквата ситуација ги намалува можностите за излегување од сиромаштијата, ако земеме предвид дека семејствата со повеќе членови се фактор кој директно се поврзува со стапката на сиромаштија во државата, односно „47,3% од сиромашните живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови“.13 Пренатрупаноста во ромските домаќинства претставува и фактор кој не влијае само врз можностите за остварување на правото на домување, туку и врз сите релеванти права од другите области, како што се образованието, вработувањето, здравствената заштита и др. На пример, во областа на образованието еден од проблемите со кои се соочуваат ромските ученици е немањето услови за учење во домот, што директно влијае на нивната мотивација и на остварениот успех. Графикон бр. 8 Број на лица во домаќинството

5.3 Пристап до водовод и канализација, санитарни услови, електрична енергија И покрај напорите преземени на полето на унапредување на состојбата на Ромите во општина Тетово, тие сè уште се соочуваат со проблеми во однос на задоволувањето на основните инфраструктурни услови околу домувањето. Немањето пристап до безбедна вода за пиење, неприклученоста на канализационата мрежа и на системот за електрична енергија се проблеми кои се манифестирани во овој дел од истражувањето. Понатаму, голем дел од ромските домаќинства се соочуваат со проблеми во однос на задоволувањето на месечните трошоци околу домувањето.

16

13  Соопштение, Релативна сиромаштија во 2010 (објавено на 11.07.2011), Државен завод за статистика.


Вкупно 88% од домаќинствата опфатени со истражувањето имаат водовод и канализација, додека 12% од нив имаат водовод, меѓутоа не и канализација (користат септички јами). Вкупно 92% од домаќинствата имаат квалитетна струја, кај 2% таа има слаб квалитет, додека 6% од нив живеат без електрична енергија.

Сите домаќинства, освен едно, имаат тоалет внатре во куќата. Податоците од Ромскиот информативен центар од Тетово говорат дека домаќинствата кои користат септички јами и оние без електрична енергија живеат во неурбанизирани средини во градот и се немаат приклучено на канализационата мрежа. Дел од домаќинствата кои се нововселени чекаат за приклучок на електричната мрежа, за која има законски рок на чекање од 6 месеци до 1 година, додека најзагрижувачка е ситуацијата кај оние домаќинства кои немаат доволно финансиски средства за да се приклучат на електричната енергија. Во поглед на инфраструктурата, 4% од домаќинствата го нагласиле проблемот со неасфалтираните улици. Неопходно е да се направат напори на локално ниво за овие делови од градот да се приклучат кон деталниот урбанистички план и да им се решат проблемите на овие граѓани во однос на канализацијата и електричната енергија. Исто така, неопходно е да се реши проблемот со безбедна вода за пиење, со оглед на тоа дека 10% од ромските домаќинства се соочуваат со овој проблем поради загаденост на водата, што претставува фактор за појава на заразни болести кај оваа популација. Графикон бр. 9 Дали имаат водовод и канализација Имаат водовод и канализација 88% Имаат водовод, користат септички јами 12%

Графикон бр. 10 Дали имаат безбедна вода за пиење

Да 90% Не 10%

Со оглед на тоа дека Ромите најчесто живеат во сопствени живеалишта, само 6% од домаќинствата плаќаат кирија за својот дом. За време на сезоната на греење 86% од домаќинствата користат дрва, додека 14% од нив користат електрична енергија. На ниво на месечни трошоци, ниту еден испитаник не навел трошоци за греење. Може да претпоставиме дека испитаните лица немаат наведено ваков вид трошоци, бидејќи не ги покриваат тековно, на месечно ниво. Дел од домаќинствата кои се греат на струја ваквите трошоци ги подведуваат под трошоците за електрична енергија.

17


Во однос на тоа колку се редовни во плаќањето на месечните трошоци поврзани со домувањето, 68% од нив изјавиле дека редовно ги подмируваат долговите, 26% од домаќинствата не се редовни во подмирувањето, односно тешко успеваат да ги покријат месечните трошоци, додека 6% од домаќинствата воопшто не плаќаат (оние кои не се приклучени). Ваквиот податок говори дека секое четврто ромско домаќинство има проблеми околу покривањето на неопходните месечни трошоци околу домувањето, какви што се струја и вода. Споредено со износот на месечни приходи на домаќинствата, произлегува дека трошоците поврзани со домувањето кај Ромите го загрозуваат задоволувањето на другите потреби на оваа заедница во другите области од живеењето. Ситуацијата е поалармантна ако земеме предвид дека ниту едно од домаќинствата не пријавило дека добиле помош околу задоволувањето на основните животни потреби (храна, облека) од страна на државата, општината или од некоја граѓанска организација. 5.4 Сопственост на домот

Голем дел од Ромите се соочуваат со проблеми во однос на остварувањето на правото на сопственост врз својот дом. Немањето доказ за сопственоста врз својот дом, односно неговата неевидентираноста во катастарот на недвижности, се конкретните проблеми кои им ја оневозможуваат сигурноста на домот. Повеќе од една четвртина од ромските домаќинства се соочуваат со проблеми околу правото на сопственост во однос на својот дом. Вкупно 12% од домаќинствата немаат доказ за сопственоста врз својот дом, додека 16% изјавиле дека нивниот имот не е регистриран во катастарот. Немањето сопственост врз домот претставува фактор кој влијае врз сигурноста на членовите на домот, но и пречка во однос на остварувањето на одредени права врз основа на правото на сопственост. Тоа што немаат право на сопственост врз својот дом ги оневозможува ромските домаќинства да бидат корисници на хипотекарни кредити и заеми врз основа на имотот кој го поседуваат. Графикон бр. 11 Дали имате доказ за сопственост на домот? Имаат доказ 72%

Немаат доказ 12%

Имотот не е регистриран во катастар 16%

Позитивен чекор во насока на решавање на статусот на ромските живеалишта предизвика и усвојувањето и примената на Законот за постапување по бесправно изградени објекти14, кој овозможи легализација на овие објекти, односно нивно вклопување во постојната урбанистичка документација. Со овој закон се овозможи да се иницираат постапки за внесување на ромските домови во деталните урбанистички планови и за добивање право на сопственост врз нив. 18 14  Службен весник на Република Македонија, бр. 23/11.


Вкупно 40% од домаќинствата опфатени со истражувањето ја имаат искористено оваа можност и имаат поднесено барање за легализација на својот дом. Од нив 90% имаат потреба од дополнителни информации за постапката за легализација. Нискиот животен стандард на Ромите и потребата за подигање на нивото на нивната правна писменост го оправдуваат обезбедувањето на бесплатна правна помош за оваа категорија граѓани, односно потребно е нивно информирање за правата и процедурите кои им стојат на располагање во однос на домувањето. 5.5 Услови на живеење

Постоењето на соодветна инфраструктура во населбите (асфалтирани улици, соодветно улично осветлување и др.), како и на соодветни услови за живот во домот (просторни, санитарни) е неопходен услов за непречено реализирање на правото на адекватно домување. Сиромашната инфраструктура во населбите, опасноста од распаѓање на домовите, оштетувањата, влагата и тесниот простор во кој живеат се најчесто изразените проблеми во овој дел од истражувањето. Дури 40% од испитаниците ги оценуваат условите во поглед на инфраструктурата како сиромашни, односно недоволни; 30% ја оценуваат инфраструктурата како добра, а 22% како просечна. Само 8% од испитаните лица ги оцениле условите во однос на инфраструктурата како многу добри. Графикон бр. 12 Како ги оценуваат условите во однос на инфраструктурата?

Во однос на условите за живот во домот, секое трето домаќинство (32%) смета дека просторот е тесен, дека има сериозни оштетувања или влага; 68% од нив ги оценуваат условите во домот како соодветни, а 8% од домаќинствата изјавиле дека се соочуваат со опасност од распаѓање на нивниот дом. Од друга страна, 40% од испитаниците изјавиле дека би ја искористиле можноста за реновирање на својот дом преку поволни кредитни линии. За условите во кои живеее ромската популација говори и податокот според кој секој трет испитаник изјавил дека би ја напуштиле државата поради тешките условите во кои живее.

19


Графикон бр. 13 Како ги оценувате условите во домот?

Меѓутоа, мора да земеме предвид дека перцепцијата на Ромите за тоа какви се условите за живот во домот, може да биде ограничена од немањето доволно информации за своите права, во конкретниот случај, за правата во сферата на домувањето. Имено, основен услов за одредена ранлива категорија на граѓани да може да ги препозне своите права и да ги афирмира своите потреби во согласност со нив е истите тие лица да имаат пристап до информации во однос на правата, можностите и механизмите за заштита на правата што ги имаат. Тоа што Ромите во голема мера не се запознати со своите права, директно влијае врз нивните очекувања во однос на содржината на правото на адекватен стандард и домување.

20


6. Проблеми кои се последица на супстандардното домување на ромската заедница Покрај согледувањето на фактичката состојба во сферата на домувањето и идентификувањето на проблемите со кои се соочуваат Ромите при остварување на ова право, податоците од истражувањето ги поткрепуваат и ги актуализираат и другите доминантни проблеми кои се одраз на нестандардното домување и воопшто на квалитетот на живот на оваа ранлива група, какви што се: сиромаштијата, социјалната исклученост, невработеноста, ниското образовно ниво, влошената здравствена состојба, родовата нееднаквост. Согласно ваквата поврзаност, остварувањето на едно право зависи од остварувањата на други права, односно заштитата, промовирањето и почитувањето на едно право води кон заштита, промовирање и унапредување на други права. Создавањето на услови за целосно реазлизирање на правото на домување кај Ромите ќе претставува можност за нивно социјално вклучување во другите аспекти од социјалниот живот и за надминување на доминантните проблеми со кои се соочуваат. Во делот кој следува се елаборирани наведените проблеми врз основа на податоците од истражувањето спроведено во општина Тетово, како и врз основа на статистички податоци15, анализа на законската рамка и постојните истражувања и публикации. 6.1 Степен на сиромаштија

Сиромаштијата е проблем кој ја погодува целокупната популација во државата, меѓутоа Ромите се посебно ранлива група во однос на овој проблем. Во Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010–2020 година Ромите по повеќе основи се идентификувани како ранливи групи. Сиромаштијата кај Ромите е повисока отколку кај другите групи граѓани, како резултат на традицијата и, пред сè на долготрајната социјална исклученост на оваа етничка група во нашето општество16.

Според податоците од Државниот завод за статистика на Република Македонија, стапката на сиромаштија во државата изнесува 30,9%.17 Фактори кои директно влијаат врз сиромаштијата се животот во повеќечлени домаќинства (со 5 и повеќе членови), невработеноста и нискиот степен на образование18. Гледајќи ги факторите, евидентна е ранливоста на Ромите по сите основи во однос на сиромаштијата. Тие се етничка група за која е вообичаен животот во домаќинства со повеќе генерации и членови, која ја карактеризираат ниско образовно ниво и висока стапка на невработеност. Понатаму, сиромаштијата кај Ромите ја карактеризира нејзината долготрајност, односно таа се пренесува 15  Повеќето од статистичките податоци се однесуваат на национално ниво, со оглед на тоа дека за поголемиот дел од прашањата не постојат посебно сегрегирани податоци во однос на ромската популација во општина Тетово. 16  Ваквата состојба на Ромите е нотирана во низа стратешки документи кои го регулираат прашањето на Ромите или генерално проблемот со сиромаштијата, какви што се Стратегијата за Ромите во Република Македонија, Стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010–2020 и др. 17  Релативна сиромаштија во 2010, Соопштение бр. 4.1.11.48, Државен завод за статистика на Република Македонија. 18  Вкупно 47,3% од сиромашните живеат во повеќечлени домаќинства, 44,8% од сите сиромашни лица се невработени и 54,7% од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема образование или има завршено најмногу основно образование.

21


од една генерација на друга и ваквата состојба може да претставува фактор за дополнителни негативни општествени појави, како што се трговијата со луѓе, питањето, бездомништвото, проблемот со децата на улица и др. „Динамиката на сиромаштијата не е согледана од аспект на случувањата кои се одвиваат во семејствата или домаќинствата кои подолго живеат во сиромаштија, или се невработени подолг период, па оттаму можни се и други состојби кај социјално исклучените и сиромашни граѓани“.19 Показател за ваквата констатација може да побараме во видот на месечните приходи кои ги остваруваат ромските домаќинства од општина Тетово. Имено, дури 42% од домаќинствата опфатени со истражувањето живеат со социјалната парична помош и со помошта од роднини, односно пријатели. Вкупно 44% на ниво на месечни приходи пријавиле плата, пензија и други извори на приходи, додека 6% од домаќинствата имаат сопствен легален бизнис, а 4% остваруваат приходи од занаетчиски дејности. На 4% од домаќинствата единствен месечен приход им се пензиите. Графикон бр. 14 Вид приходи во домаќинството

Понатаму, секое второ ромско домаќинство (50%) живее со месечни приходи пониски од 12.000 денари. Овој износ е значително помал од просечната нето-плата во државата, која во септември 2011 изнесувала 20.659 денари20. Ситуацијата е уште поалармантна кај 18% од домаќинствата опфатени со истражувањето, чии месечни приходи се пониски од 6.000 денари, дотолку повеќе што две третини од нив се домаќинства со 5 и повеќе членови. Истите овие домаќинства немаат ниту еден вработен член, односно ги „покриваат“ месечните трошоци и „преживуваат“ врз основа на социјалната парична помош која ја добиваат од државата или со помошта од роднини и пријатели.

22

19  Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010–2020. 20  Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен за септември 2011, Државен завод за статистика.


Графикон бр. 15 Вкупен износ на месечни приходи во домаќинствата

Како резултат на ниските приходи кои ги остваруваат, Ромите со соочуваат со проблеми во однос на задоволувањето на основните животни потреби, како што се храна и пијалаци. Доколку ја споредиме висината на потрошувачката кошничка, која на крајот од минатата година изнесувала 12.342 денари21, со висината на приходите кои ги остваруваат ромските домаќинства опфатени со истражувањето, произлегува дека тие се соочуваат со проблеми околу покривањето дури и на овие основни егзистенцијални потреби. Имено, во општина Тетово, 50% од анкетираните домаќинства живеат со месечни приходи под 12.000 денари, што е пониско од висината на потрошувачката кошничка во државата. Дополнително на овие трошоци, домаќинствата во Тетово имаат пријавено месечни трошоци околу домувањето (струја, вода) во просек во висина од 3.000 денари. Според податоците од Државниот завод за статистика, на потрошувачката кошничка отпаѓаат околу 60% од просечната нето-плата во државата, односно на домаќинствата им остануваат околу 40% од просечната нето-плата за задоволување на другите потреби, но тоа не е случај и со ромската популација. „Живеењето под прагот на сиромаштијата ја отсликува неможноста да ги подмируваат основните животни потреби, ниту пак да ги покриваат трошоците за нормално живеење (електрична енергија, вода итн.)“22. Понатаму, дури 62% од испитаниците ја оценуваат финансиската состојба на своето домаќинство како сиромашна, односно недоволна. Графикон бр. 16 Финансиската состојба во домаќинството Сиромашно 38% Недов олно 24% Просечно

16%

Добро

18%

Многу добро 4%

Поткрепа за аларматната ситуација во која се наоѓаат Ромите наоѓаме и во податокот дека дури 88,5% од нив изјавиле дека тешко ги задоволуваат своите основни потреби со приходите кои ги остваруваат на месечно ниво.23 Во ситуација кога припаднициите на оваа етничка заедница се соочени со својата егзистенција, малку е веројатно дека тие ќе можат активно да се вклучат во 21  Потрошувачка кошничка за исхрана и пијалаци октомври–декември 2010, Државен завод за статистика на Република Македонија. 22  Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010–2020. 23  People centerd analysis, UNDP.

23


заштитата и реализирањето на своите права во другите области од живеењето, какви што се образованието, здравството, вработувањето и родовата еднаквост. 6.2 Степен на невработеност

Особено загрижувачки е податокот дека во 54% од испитаните домаќинства нема ниту едно вработено лице. Вкупно 26% од домаќинствата имаат вработено еден член, додека во 18% од домаќинствата вработени се по двајца членови. Само во едно од домаќинствата опфатени со истражувањето вработени се 5 лица. Како невработени се евидентирани 88 лица, при што дел од нив се пријавуваат во Заводот за вработување, а дел од нив, иако невработени, не се пријавуваат. Графикон бр. 17 Број на вработени лица во домаќинството нема в работени лица в о домаќинств ото 54% еден в работен 26%

дв ајца в работени 18% пет в работени 2%

Со ова се потврдува и податокот според кој, на национално ниво, Ромите пропорционално најмногу се застапени во структурата на невработените лица, за разлика од другите националности. Фактори кои ја отежнуваат состојбата на Ромите на пазарот на трудот се ниското образовно ниво на оваа ранлива група и немањето на потребни работни квалификации. Од ова произлегува потребата за подобрување на работните вештини кај Ромите, со цел создавање можности за нивно вработување24. Според податоците од истражувањето, 8% од испитаниците имаат посетено обука за подобрување на нивните работни вештини, односно курсеви по информатика и англиски јазик. Од друга страна, само 1% од испитаните лица се запознати со ваквите можности за подобрување на работните вештини наменети за жената Ромка. Особено загрижува податокот од Центарот за вработување од Тетово според кој, иако биле организирани информативни средби за промовирање на ваквите можности за вработување на жени, сепак, немало интерес од страна на самите Ромки25.

Посебно ранливата состојба во која се наоѓа жената Ромка на пазарот на трудот

24

24  Позитивен чекор е направен со нивната опфатеност со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2011 година на МТСП. Инкорпорирана е посебна Програма за поддршка на Ромите. Во неа е предвидено опфаќање на 34 невработени лица Роми, а за нејзина реализација предвидени се вкупно финансиски средства во износ од 2.000.000 денари. Невработените Роми од општина Тетово имаат можност да се вклучат во оваа програма преку два вида обуки: обука за гипсер-монтер и обука за келнер-гастроном. Ромите како корисници се вклучени и во Програмата за самовработување, чија цел е намалување на невработеноста преку формирање на нови бизниси. 25  Информација за текот на имплементацијата на Националниот акционен план за унапредување на општествената состојба на Ромките во Република Македонија 2011–2013.


бара промовирање и преземање на ваков вид мерки насочени посебно кон оваа ранлива група. Од друга страна, тргнувајќи од тоа дека состојбата на ромската жена на пазарот на трудот е условена од улогата која ја има во семејството и во општеството, за унапредување на нејзиниот статус неопходно е преземање на посебни мерки и во образованието, во здравствената заштита и во другите приоритетни области. Впрочем, и во Препораките26 нa CEDAW Комитетот при Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената, кои се упатени до нашата држава, се бара интензивирање на напорите за подобрување на статусот на жените од етничките заедници, меѓу кои и на ромската, сугерирајќи ваквите напори за унапредување на статусот на жената Ромка да се поврзат со конкретни проекти од Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015.

Доколку ја земеме предвид возраста на невработените лица, тогаш се јавува потребата од развивање и спроведување на програми насочени кон подигање на можностите за вработување на младата ромска популација, бидејќи секое трето невработено лице од ромска националност е на возраст под 30 години (30,13%). Потоа следуваат оние кои се на возраст од 30 до 39 години (со 24,65%), па невработените лица на возраст од 40 до 49 години (со 20,54%), и на возраст од 50 до 64 години (со 24,68%). Графикон бр. 18 Возраст на невработените лица

Според последните податоци од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување од Тетово, бројот на невработени лица во општина Тетово изнесува 25.12327, од кои 8.573 се жени. Во однос на националната припадност, ситуацијата е следна: евидентирани се вкупно 4.878 невработени Македонци/ки, 19.451 Албанци/ки, 449 Роми/ки, 180 Турци/чинки, Срби 39, Бошњаци 4 и други 122. Во однос на образовната структура на невработените лица, генерално, 64,23% (16.137) се неквалификувани или полуквалификувани лица28. Ниското образовно ниво и недоволните квалификации на Ромите доведуваат до нивна висока застапеност во оваа посебно ранлива група на невработени лица во однос на можностите за вработување. 26  Заклучни коментари и препораки на Комитетот за елиминација на дискриминацијата на жените за Република Македнија, 34. седница, 2006. 27  Преглед на невработени лица според национална припадност, со состојба на 31.10.2011, Агенција за вработување на Република Македонија. 28  Преглед на невработени лица според степенот на образование, со состојба на 31.10.2011, Агенција за вработување на Република Македонија.

25


Споредено со истиот период лани, се забележува позитивен тренд на намалување на стапката на невработеност кај Ромите од општина Тетово. Имено, во истиот период во 2010 година, како невработени биле евидентирани вкупно 567 припадници на ромската етничка заедница, од кои 190 се жени. Ваквите податоци укажуваат на тоа дека во изминатиот период од една година во општина Тетово биле вработени вкупно 118 лица од ромската етничката заедница, од кои 48 се жени. Ромскиот информативен центар од Тетово немаше сознанија за ваквото значително зголемување на стапката на вработеност на Ромите во општината. Во изминатиот период, од страна на Центарот за вработување во Тетово, имало организирано обуки за подобрување на работните вештини кај Ромите за занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот (келнер-гастроном и гипсермонтер), како дел од активните програми и мерки за вработување чиј носител е МТСП29. Меѓутоа, РИЦ Тетово немаше и сознанија за фактички вработувања на Ромите како резултат на нивните подобрени вештини и квалификации. Оттука се поставува прашањето дали реално се случиле овие вработувања, а доколку не се случиле, тогаш по која основа веќе не се евидентирани во списокот на невработени. И покрај ваквите напори, невработеноста кај Ромите е далеку повисока од националната стапка на невработеност. Неопходно е интензивирање на активностите насочени кон подобрување на нивото на образование и на квалификациите, за зголемување на можностите за нивно вработување и за нивна поголема опфатеност. Постојат податоци кои укажуваат на тоа дека Ромите, во споредба со другите националности во државата, најмногу бараат работа. Нивото на економска несигурност е највисоко кај оваа ранлива група, со оглед на тоа дека над две третини од Ромите кои се вработени се плашат дека ќе останат без работа во период по 6 месеци30. 6.3 Степен на образование

Според податоците презентирани во општиот дел од оваа студија, евидентно е ниското образовно ниво на Ромите во Република Македонија. Впрочем, токму овој фактор има значително влијание во однос на вклучувањето на оваа етничка заедница на пазарот на трудот. Позитивен чекор во насока на зголемување на нивото на образование е направен со воведувањето на задолжителното средно образование,31 но исто така, на ова поле се надоврзуваат и резултатите од работата на ромските граѓански организации на ова поле. За поддршка на процесот на образование за учениците од ромска националност можат да се искористат Програмата за условени парични трансфери за средно образование и Конкурсот за доделување стипендии за ученици Роми при МОН, преку кој се обезбедуваат стипендии за 400 ученици од ромска националност.

Речиси една четвртина од Ромите опфатени со истражувањето (23,08%) немаат образование или имаат незавршено основно образование (4 одделение). Во 18% од домаќинствата во кои има деца кои се на школска возраст, сите од нив се вклучени во воспитно-образовниот процес, со исклучок на еден случај, каде како резултат на слабата финансиска состојба, детето не оди во школо. Вкупно 10% од домаќинствата имаат едно дете кое оди на училиште, додека 8% од нив

26

29  Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2011 година, МТСП. 30  People centerd analysis, UNDP. 31  Службен весник на Република Македонија.


имаат две деца вклучени во процесот на образование. Ниту еден испитаник не пријавил дека децата кои се на школска возраст се работно ангажирани, односно придонесуваат за месечните домашни приходи.

Во однос на користењето на можностите, односно бенефитите од образованието, 6 од учениците се корисници на стипендии (условени парични трансфери), додека еден од учениците Роми користи бесплатен превоз. Кај 70% од испитаниците училиштето е на оддалеченост помала од 10 минути, 14% од нив се оддалечени од 10 до 30 минути од училиштето, додека 16% од домаќинствата се на оддалеченост поголема од половина час. Графикон бр. 19 Колку е оддалечено училиштето од местото на живеење?

до 10 минути 70% од 10 до 30 минути 14% повеќе од 30 минути 16%

Земајќи го предвид фактот дека Ромите живеат во урбани населби, разбирливо е тоа што имаат училиште во местото на живеење. Проблемот во однос на остварувањето на правото на образование не се однесува толку на физичката достапност и пристапот туку повеќе на дискриминацијата од страна на заедницата, ниското ниво на свест за значењето на образованието кај Ромите и патријархалната традиција32.

6.4 Здравствена состојба

Покусиот животен век кај Ромите, отежнатиот пристап до системот на здравствена заштита и неповолната положба на жената Ромка во оваа област се идентификувани како основни проблеми со кои се соочува оваа ранлива група во сферата на здравството. Како резултат на лошата здравствена состојба, кај Ромите е поголем процентот на заразни заболувања, зголемен е морталитетот кај новороденчињата од ромска националност, повисок е процентот на хронични заболувања, нарушено е сексуалното и репродуктивното здравје кај жената Ромка.33 Неадекватните услови за домување кај Ромите се еден од факторите кој директно придонесува за ваквата лоша здравствена состојба. Сите лица опфатени со истражувањето, како и членовите на нивните семејства, се здравствено осигурени. Целосната покриеност со здравствено осигурување 32  Утврдена е негативна практика кај ромската популација, како резултат на патријархалната уреденост на односите во домаќинството, кога родителите одлучуваат да го продолжат образованието на машкото дете, а го прекинуваат образованието на женското. 33  Ревизија на националните акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015“ и на Стратегијата за Ромите во Република Македонија за период 2009–2011, Институт за човекови права „Лудвиг Болцман“ и МТСП.

27


на Ромите се должи на измените во Законот за здравствено осигурување34 и на предвидување на здравствено осигурување за лицата кои по ниту една основа не се задолжително осигурени. Сите Роми опфатени со истражувањето ги користат услугите на јавните здравствени установи и речиси сите (98%) од нив земаат лекови од позитивната листа на лекови, со рецепт.

Во однос на оддалеченоста на здравствената установа од местото на живеење, 76% од домаќинствата се на близина помала од 10 минути, кај 10% оддалеченоста од здравствената установа е од 10 до 30 минути, додека 14% од домаќинствата се на оддалеченост поголема од половина час.

За влошената здравствена состојба кај Ромите подобро говори податокот за нивното фреквентно користење на здравствени услуги. Дури 62% од домаќинствата посетуваат доктор секој месец; 20% од Ромите посетуваат доктор еднаш неделно, 12% двапати во текот на месецот, 30% користат здравствени услуги еднаш месечно. Неадекватните услови поврзани со домувањето на оваа популација е фактор кој негативно влијае врз нивната здравствената состојба. Како резултат на лошата здравствена состојба, животниот век на Ромите е значително помал одошто кај другите; впрочем, и во домаќинствата опфатени со истражувањето само 2% од Ромите беа на возраст над 65 години. Графикон бр. 20 Колку често користат здравствени услуги?

6.5 Изразена потреба од социјална поддршка Вкупно 42% од ромските домаќинства се корисници на социјална парична помош. Загрижува податокот што дури 56% од домаќинствата биле одбиени за остварување на ова право. Само 2% од домаќинствата опфатени со истражувањето немале поднесено барање до ЦСР за остварување на ваквото право, со образложение дека немале потреба. Ваквиот податок го потврдува нискиот економско-социјален статус на оваа заедница во нашата држава и ја нагласува потребата од социјална поддршка на ромската популација. Во однос на причината за одбивањето, 58,6% од домаќинствата се одбиени поради тоа што имаат вработен член од нивното домаќинство, 13,7% ненавремено ги доставиле документите, 10,34% поднеле нецелосна документацијата, 6,9% изјавиле дека биле одбиени поради тоа што во домаќинството имаат корисник на пензија, додека 13,8% не ги навеле причините за одбивањето.

28

34  Службен весник на Република Македонија бр. 67/09.


Графикон бр. 21 Причини за недобивање на социјална парична помош

Ниту еден од испитаниците не пријави дека бил корисник на друга институционална и вонинституционална форма на социјална заштита. Од една страна, ова се должи на неинформираноста на ромската популација, но од друга страна, разбирливо е – во ситуација кога граѓаните се соочени со својата егзистенција, односно со задоволувањето на основните животни потреби – да ја препознаваат и да ја „бараат“ токму социјалната парична помош како можност за нивна поддршка во однос на задоволување на тие потреби. За унапредување на нивната социјална положба и за интегрирање во општеството потребно е да се посвети внимание на превентивната работа од страна на ЦСР и на другите установи од областа на социјалната заштита.

Во овој контекст, позитивен чекор претставува подготовката на Националната стратегија за интензивирирање на социјалната инклузија на Ромите во системот на социјална заштита на Република Македонија 2012–2014, како резултат на специфичните социјални потреби и проблеми на оваа етничка заедница. На ниво на стратешки приоритети на МТСП, предвидени се интензивно спроведување на превентивните мерки во системот на социјална заштита, развивање на социјални услуги за оваа ранлива група на локално ниво, јакнење на институционалните капацитети на ова поле, како и обезбедување нови форми за нивна вонинституционална заштита.

29


III. Заклучоци Домување yyРомите се соочуваат со проблемот на пренатрупаност во своите домаќинства. Речиси половина (48%) од нив живеат во пошироки семејства, односно домаќинства, додека секое десетто домаќинство е составено од повеќе семејства. Две третини од Ромите живеат во домаќинства со 5 или повеќе членови, што претставува и еден од факторите кој директно влијае врз високата стапка на сиромаштија кај оваа ранлива група;

yyПристапот до водовод и канализација, иако е еден од основните услови поврзани со остварувањето на правото на домување, сè уште претставува проблем за Ромите во општината. Дел од ромските домаќинства не се приклучени на канализационата мрежа во општината, додека една десеттина од нив немаат безбедна вода за пиење. Ситуацијата е поалармантна ако земеме предвид дека дел од ромските домаќинства живеат без струја во својот дом, односно не се приклучени на системот за електрична енергија. Дури 40% од Ромите сметаат дека инфраструктурните услови се сиромашни и несоодветни;

yyПравото на сопственост е уште еден голем проблем во сферата на домувањето. Загрижувачки се податоците дека една четвртина од Ромите имаат проблеми во однос на остварувањето на ова право. Немањето доказ за сопственоста, односно неевидентирањето на имотот во катастарот се конкретните пречки кои ја оневозможуваат оваа ранлива група да ужива во сигурноста на својот дом и слободно да располага со него. Дел од домовите сè уште не се внесени во урбанистичките планови; yyЗагрижувачки слабата финансиска состојба на оваа етничка заедница резултира во неможност за подмирување на трошоците околу домувањето. Од друга страна, задоволувањето на трошоците околу домувањето и основните животни трошоци (храна и пијалаци) директно го загрозува, односно го оневозможува задоволувањето на потребите на населението во другите области од општествениот живот: образование, вработување, здравство и др.;

yyНеадекватните услови за живот во домот се сè уште еден од доминантните проблеми во делот на домувањето на оваа заедница. Секое трето домаќинство се соочува со тесниот простор, со сериозни оштетувања или со влага во својот дом. Дел од домаќинствата се соочуваат со опасноста од распаѓање на својот дом; yyПостои ниско ниво на информираност на Ромите за нивните права во областа на домувањето и не постојат сервиси за бесплатна правна помош за нивно информирање. Дури 90% од домаќинствата опфатени со истражувањето изјвиле дека им се потребни дополнителни информации за постапката за легализација на домовите.

30


Други области yyАлармантен е проблемот со сиромаштијата кај ромската заедница, односно нејзините димензии кај оваа ранлива група. Кај секое второ домаќинство висината на месечните приходи е недоволна дури и за задоволување на основните животни потреби за исхрана и пијалаци;

yyЗагрижува особено високата стапка на невработеност кај оваа ранлива група. Во повеќе од половината од домаќинствата опфатени со истражувањето нема ниту едно вработено лице. Невработеноста е повеќе застапена кај жените и кај младите лица (секое трето лице е на возраст под 30 години). Ситуацијата е поалармантна ако го земеме предвид ниското ниво на информираност на оваа заедница за можностите за нивно вклучување на пазарот на трудот; yyЕдна од главните причини за високата стапка на невработеност кај оваа етничка заедница се должи на ниското образовно ниво и на немањето соодветни квалификации кај Ромите, како резултат на долготрајната социјална исклученост во минатото. Речиси една четвртина од Ромите опфатени со истражувањето немаат образование или имаат незавршено основно образование (4 одделение). Оние кои се стекнале со средно образование и факултет се помалку од една третина; yyНеадекватните услови за домување, сиромаштијата и ниското ниво на здравствена едукација директно придонесуваат за лошата здравствена состојба на ромската популација. Дури 62% од домаќинствата посетуваат здравствена установа секој месец, при што половината од нив користат здравствени услуги двапати во текот на месецот; yyПоложбата на ромската жена е понеповолна во сите сфери од општествениот живот: образование, вработување, здравство, човекови права.

31


IV. Препораки Домување yyПотребно е да се преземат чекори за решавање на проблемот со пренатрупаноста во ромските семејства, односно за создавање соодветни просторни услови за сите членови;

yyНеопходно е преземање на мерки за приклучување на ромските домови во канализационата мрежа и подобрување на квалитетот на водата за пиење, како и обезбедување електрификација на домовите кои се без струја. Исто така, потребно е да се преземат мерки за подобрување на патната инфраструктура и за уличното осветлување; yyПотребно е субвенционирање на месечните трошоци за домување кај најзагрозените домаќинства (струја, вода);

yyПотребно е да се изнајде решение за решавање на правото на сопственост врз ромските живеалишта, односно во ситуации кога не е можна нивна легализација, да се изнајде трајно решение за нивниот проблем35;

yyПотребно е воведување на поволни кредитни линии за реконструкција на домовите за оваа ранлива група; yyПотребни се обезбедување на бесплатна правна помош и информирање на Ромите за нивните права и за процедурите за нивна заштита. Во истата насока, потребно е институционално јакнење на капацитетите на ромските информативни центри на локално ниво.

32

35  Во Стратегијата за Роми на Република Македонија е наведено дека, во случаите кога легализацијата не е возможна, неопходно е преку дијалог со засегнатите страни да се изнајдат решенија кои би биле прифатливи и комлементарни на зацртаната политика за глобално решавање на овој проблем.


Други области yyПотребно е обезбедување директна помош и поддршка за најзагрозените домаќинства кои се соочуваат со неможност да ги задоволат основните животни потреби (храна, облека); yyПотребно е промовирање на можностите кои се нудат преку активните програми и мерки за вработување; опфаќање на поголем број лица од ромска националност со Оперативниот план со активни програми и мерки за вработување на МТСП (фокус на жени и млади лица); yyЗа подобрување на нивната здравствена состојба, неопходно е да се преземат превентивни едукативни активности кои ќе го зголемат нивото на здравствена едукација, но исто така, треба да се преземат и мерки за елиминирање на другите фактори кои негативно се одразуваат на нивната здравствена состојба, како што се предрасудите и дискриминацијата, социјалната исклученост; yyПотребно е преземање на конкретни активности за финализирање на основното и средното образованието на Ромите. Исто така, потребно е да се преземат активности насочени кон подигање на свеста за значењето на образованието;

yyНеопходно е јакнење на постојните институционални капацитети, како и воспоставување дополнителни механизми на локално ниво за унапредување на положбата на жената Ромка.

33


Користени правни извори и литература 1. Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2010;

2. Државен завод за статистика на Република Македонија, Релативна сиромаштија во 2010, Соопштение бр. 4.1.11.48; 3. Државен завод за статистика на Република Македонија, Социјална заштита на млади, деца и возрасни лица 2010–2011;

4. Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка кошничка за исхрана и пијалаци октомври–декември 2010;

5. Државен завод за статистика, Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен за семптември 2011; 6. Државен завод за статистика на Република Македонија, Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2010; 7. Закон за домување (Сл. весник на Република Македонија, бр. 23/11);

8. Закон за постапување по бесправно изградени објекти (Сл. весник на Република Македонија, бр.23/11); 9. INSOC, Decade watch 2010;

10. Министерство за образование и наука, Конкурс за доделување стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, за учебната 2011/2012 година; 11. МОН, Програма за условен паричен надомест за средно образование; 12. МТСП, Стратегија за Роми на Република Македонија, 2005;

13. Министерство за труд и социјална политика, Национални акциони планови од Декадата за вклучување на Ромите во областите домување, здравство, образование и вработување, ревидирани во 2009;

14. МТСП, Националниот акционен план за унапредување на општествената состојба на Ромките 2011–2013; 15. МТСП/Институт за човекови права „Лудвиг Болцман“, Ревизија на националните акциони планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015“ и Стратегијата за Ромите во Република Македонија за период 2009–2011, 2009;

16. МТСП, Оперативен план со активни програми и мерки за вработување 2011; 34

17. МТСП, Одделение за имплементација на Стратегијата и на Декадата на Ромите, Акционен план за Ромски информативен центар 2011–2013;


18. МТСП, Програма за работа и акционен план за работата на Ромските информативни центри, РИЦ, за периодот 2010–2012; 19. МТСП, Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на Република Македонија 2010–2020;

20. МТСП, Националната стратегија за интензивирање на социјалната инклузија на Ромите во системот на социјална заштита на Република Македонија 2012–2014; 21. МТСП, Информација за текот на имплементацијата на Националниот акционен план за унапредување на општествената состојба на Ромките во Република Македонија 2011–2013; 22. ОБСЕ, Акционен план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ, 2003; 23. Хуманитарно и добротворно зружение на Ромите „Месечина“ Гостивар, Заедница на Роми во Република Македонија, Состојби и предизвици во домувањето и здравството, 2008;

24. ОНХЦХР, ОН Принципи и упатства за пристапот заснован врз човекови права во стратегиите за намалување на сиромаштијата, Поглавје 3, Право на адекватно домување.

35


Издавач: Здружение за хумано домување Хабитат Македонија Никола Парапунов бб, Макотекс I кат 1000 Скопје, Македонија www.habitat.org.mk За издавачот: Зоран Костов Извршен директор

Проект: Промовирање на правата за домување на Ромите Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) Автор: Стојан Мишев

Лектор: Виолета Танчева-Златева

Графички дизајн и печат: Аркус Дизајн Скопје, февруари 2012 Тираж: 150

36

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 365.4(=214.58:497.751)”2011” МИШЕВ, Стојан Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Тетово / [автор Стојан Мишев]. - Скопје : Хабитат-Македонија, 2012. 36 стр. : илустр. ; 21 см Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 34-35 ISBN 978-608-65006-5-8 а) Роми во Македонија - Домување - Тетово - 2011 COBISS.MK-ID 90469642


Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Хабитат Македонија и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.