01 bitola ang.qxd
13.01.2013
17:50
Page 2
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 1
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ОПШТИНА БИТОЛА
ДЕКЕМВРИ, 2012 ГОДИНА
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 2
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 3
Содржина: 1.
Резиме ..................................................................................
5
2.
Вовед ....................................................................................
6
3
Општи состојби ....................................................................
7
3.1
Споредбени податоци за општата и ромската популација во Република Македонија ......
7
Општи податоци за состојбата на домувањето на Ромите во Република Македонија ..........................
10
Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во општеството .......
12
Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во сферата на домувањето .................................................................
14
Состојба на домувањето во Населба Баир ..........................
17
4.1
Опис на населбата и заедницата .................................
17
4.2
Опис на земјиштето .....................................................
21
4.3
Инфраструктура - опременост и состојба ...................
22
4.4
Карактеристики на домовите ......................................
24
Механизми на општината за намалување на социјалната исклученост во домувањето .......................
25
3.2 3.3 3.4
4
5
5.1
Механизми за намалување на социјалната исклученост од областите на Декадата кои влијаат на домувањето 25
5.1.1 Надлежности од централно ниво ................................
26
5.1.2 Надлежности од локално ниво ....................................
27
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 4
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
5.2
6
7
Механизми за намалување на социјалната исклученост во домувањето ...............
31
5.2.1 Надлежности од централно ниво ................................
31
5.2.2 Надлежности од локално ниво ....................................
33
Доминантен проблем во домувањето во Населбата Баир...
34
6.1
Анализа на проблемите/Студија на случај .................
34
Практично искуство ..............................................................
35
7.1
Проект Промовирање на правата за домување на Ромите......................................................................
35
7.2
Фонд за домување на Роми и маргинализирани ........
36
7.3
Проект за Легализација на домувањето за Роми ........
38
7.4
Проекти за инфраструктура на Министерство за транспорт и врски на РМ .........................................
39
7.5
Проекти за социјални станови на Владата на Република Македонија .................................................................. 39
8
Заклучоци и препораки ........................................................
40
9
Библиографија .....................................................................
43
10 Прилог 1. Детален приказ на механизмите за социјална вклученост на Ромите во домувањето ...........
46
11 Прилог 2. Состав на Советодавно тело и работни групи на проектот ................................................
48
11.1. Советодавното тело на проектот “Индикатори за социјална инклузија во домувањето”..........................
48
11.2. Работна група за Студијата на случај за општина Шуто Оризари............................
49
11.3. Работна група за Студијата на случај за Општина Битола .......................................
49
4
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 5
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
1.
Резиме
Оваа студија на случај е составен дел од проектот на Хабитат Македонија: Развој на индикатори за социјална инклузија во домувањето кој како дополнување на проектот Промовирање на права за домување на Ромите во Република Македонија, има за цел да овозможи податоци, експертиза и алатки преку широкопоставената платформа од засегнати страни во решавањето на прашањето на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија, во насока на зајакнување на процесот на социјалната инклузија во сферата на домувањето, што треба да послужи како матрица за понатамошни подобрувања во образованието, здравствената заштита, вработувањето и родовата еднаквост. Во проектот општините Шуто Оризари и Битола се избрани како пилот општини за избор и евалуација на индикатори на социјалната инклузија во домувањето. Општ заклучок за домувањето на Ромите во населбата Баир во општина Битола е дека во населбата постојат големи диспаритети на постоечките живеалишта со станбените стандарди за пристојно домување. Инфраструктурата во последните години доживува обновување и надградба; општина Битола континуирано работи на ажурирање на податоците и документите кои се однесуваат на обнова и унапредување на социјалната вклученост на населението во населбата Баир, преку финансирање проекти, имплементација на проекти заедно со граѓанските организации, и организирање акции за чистење на дивите депонии. Во однос на домувањето, голем број од куќите се уште не се легализирани и немаат соодветна адреса и куќен број. Поднесени се барања за легализација, и процедурите се во тек, но сепак, на населението му е потребна правна и финансиска помош за довршување на постапките и стекнување со легален, безбеден и пристоен дом за живеење. До сега, покрај мерките преземени со националните стратегии и планови, реализирани се и повеќе проекти во населбата за подобрување на условите на домување; дел од нив, се насочени кон подобрување на условите за домување, а еден дел кон легализација на постоечките живеалишта. 5
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 6
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Во делот на препораки за насочување на напорите за социјалната вклученост на населението во населбата Баир во оваа општина, се предлагаат повеќе мерки, меѓу кои урбанизација; донесување ДУП за населбата; продолжување со напорите за обезбедување средства за инфраструктурата и заштита на животната средина; како и обезбедување бесплатна правна помош и совети за информирање на Ромите во делот на легализацијата на бесправно изградените објекти, со цел остварување на правото на легален, безбеден и пристоен дом во заедницата во која живеат, работат и придонесуваат.
2.
Вовед
Оваа студија на случај е составен дел од проектот Развој на индикатори за социјална инклузија во домувањето кој како дополнување на проектот Промовирање на права за домување на Ромите во Република Македонија, има за цел да овозможи податоци, експертиза и алатки преку широкопоставената платформа од засегнати страни во решавањето на прашањето на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија, во насока на зајакнување на процесот на социјалната инклузија во сферата на домувањето, што треба да послужи како матрица за понатамошни подобрувања во образованието, здравствената заштита, вработувањето и родовата еднаквост. Проектот, кој го спроведува “Хабитат Македонија”, е дел од мисијата и визијата на оваа организација, а се изработува во соработка со релевантните институции на централно и локално ниво. Општините Шуто Оризари и Битола се пилот општини за кои се изработени студии на случај, но искуствата за изработка на овие студии се искористени за изработка на Индекс на социјалната вклученост во домувањето, кој претставува алатка за проценка, самооценување, и споредба на тековните состојби и реализираните активности, и кој, како корисна алатка за следење и евалуација, треба да стане составен дел на Стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост. Овој проект е во согласност со главните цели на Декадата на Ромите, наменети да ја намалат разликата во животниот стандард и услови за живеење помеѓу ромската и неромската популација. 6
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 7
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
3.
Општи состојби
3.1. Споредбени податоци за општата и ромската популација во Република Македонија Според Пописот од 2002 година, во Република Македонија живеат 53.879 Роми (односно 2,66% од вкупното население). Според проценките на Заводот за статистика за 2011 година, вкупното население брои 2.059.794 жители, односно 54.871 Роми (според процентот на застапеност на ромското население во вкупното население од Пописот 2002 година).
Табела 1.
Споредбени демографски податоци за ромското население со вкупното население во Република Македонија
Население - Попис 2002 година* - Проценка 2011 година* (31.12.2011) Стапка на фертилитет (деца/жена) Доенечка смртност (на 1000) Просечен животен век (години) 2010 г.
Национални параметри Вкупно население во РМ 2.022.547
Ромско население Ромско население во РМ 53.879
2.059.794
54.791**
1,46 9,7
3 12,8
74,54
64
* Извор: Завод за статистика 2012 година. Попис 2002 година и Процени на населението на 30.06.2011 и 31.12.2011 според полот и возраста, по општини и статистички региони (достапно на: http://www.stat.gov.mk) ** Проценка врз основа на процентот на застапеност на ромското население во вкупното население од Пописот 2002 година (2,66%)
7
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 8
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Во иста насока, социо-економските параметри за оваа етничка заедница се континуирано полоши од општото население.
Табела 2.
Одредени социо-економски индикатори и нивни диспаритети во однос на ромското население (2008)1 Индикатор
Просечен месечен приход по домаќинство (во МКД) S80/S20 (сооднос меѓу вкупниот приход на најбогатите и најсиромашните 20% од населението) Процент на население кое е сиромашно (сметано преку приходи) Процент на население кое е сиромашно (сметано преку расходи) Стапка на невработеност (самопријавена) Процент на деца запишани во основно училиште* Процент на деца кои завршуваат основно училиште* Процент на деца кои се запишуваат во средно училиште*
Република Македонија (национален просек) 9.840,00
Ромско население
8
20
28%
64%
19%
44%
31%
73%
95%
63,1%
82,6%
44,6%
63%
17,4%
4.920,00
Адаптирано од: УНДП и УЈИЕ (2008) и * = Државен завод за статистика (2007)
Достапните податоци укажуваат на тоа дека во Република Македонија драстично поголем дел од ромското население живее под линијата на сиромаштија во однос на општата популација; под линијата на сиромаштија според приходите живеат 14% од вкупното населе-
1
Бази на податоци на УНДП (2008), Универзитет на Југоисточна Европа (2008) и Државен завод за статистика (2007)
8
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 9
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
ние, додека кај ромската популација овој процент изнесува 52%; под линијата на сиромаштија според трошоците живеат 10% од населението, односно 33% од ромското население во државата.
Табела 3.
Преглед на евидентирани невработени лица Роми во Република Македонија според степен на образование (состојба 31.08.2011 година) Степен на образование
НКВ
ПКВ и НСО
КВ
ВКВ
ССО
ВИШ О СО
ВИС ОКО СО
М-Р
Д-Р
ВК.
Вк.
12.821
291
70 5
1
599
5
40
2
-
14.464
Жени
5.698
56
15 4
-
262
1
16
-
-
6.187
(НКВ - нискоквалификуван/а работник/чка, ПКВ и НСО - полуквалификуван/а, КВ - квалификуван/а, ВКВ - висококвалификуван/а, ССО - средно стручно образование, м-р - магистри, д-р - доктори, ВК - вкупно) *Извор: Државен завод за статистика 2011 г.
Домот е основна потреба на човекот. Домот е неопходен за здраво семејство, правилен раст и развој на децата во семејството. Здравствената статистика за 2011 година утврдува двојно повисоки стапки на фертилност на ромското население во однос на вкупното население (3 наспроти 1,46 деца/жена). Повеќедетноста на семејството значи уште поизразена потреба за удобен и пристоен дом за здраво поколение. Отсуството на дом кој ги исполнува основните услови за живеење или дом со многу лоши животни условите има огромно влијание, меѓу другото и на здравствената состојба на неговите жители; смртноста на доенчињата меѓу ромската популација е за речиси една третина повисока од националниот просек (12,8 наспроти 9,7 доенчиња на 1000 живородени деца). Во исто време, просечниот животен век на ромското население е за 10 години покус од просекот на населението во РМ (74 години наспроти 64 години).
9
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 10
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
3.2. Општи податоци за состојбата на домувањето на Ромите во Република Македонија Прашањето на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија е адресирано во повеќе документи, почнувајќи од потпишувањето на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 година, и преземањето на обврските за вклучување на ова маргинализирано население во сите сфери на општеството.2 Сепак, и по изминувањето на половината од Декадата на Ромите, приоритетната област домување, заради низа објективни, но и субјективни околности, заостанува во реализацијата на поставените цели. Се уште има голем број ромски семејства кои живеат во несоодветни услови во однос на стандардите за урбано живеење, без пристап до најосновните услови за живеење, како што се соодветно засолниште, соодветен пристап до вода за пиење и санитација, како и друга неопходна инфраструктура (патна, енергетска, здравствена, итн). Недостатокот на податоци и прецизни индикатори за мерење на реализацијата на активностите дополнително влијае на овој процес, како резултат на што, е тешко да се изврши влијание на динамиката и обемот на исполнување на целите на Декадата во оваа приоритетна област. Расположивите информации во најголем дел се уште се генерираат преку поединечни локализирани истражувања на граѓански организации или од евиденциите на единиците на локална самоуправа. Овие податоци, иако лимитирани, нудат основа за за изложените констатации дека условите за живеење во ромската заедница не се значително подобрени, но и дека е потребно да се изработат матрици за следење на активностите и конкретни индикатори за евалуација на постигнатите резултати. Од она што е достапно како информација, најголем број oд Ромите во Македонија живеат во урбани и ли населби кои гравитираат кон урбаните средини (95%), при што доминантно се концентрирани во 2
Деталниот преглед е даден во делот Библиографија, на крајот на овој документ.
10
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 11
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
посиромашните или субурбани делови, најчесто во мошне лоши услови, честопати под нивото на прифатените стандарди на соодветно домување. Од аспект на населеноста по подрачја, најголемиот број ромски домаќинства (48%) се наоѓаат во скопскиот развоен регион, а потоа во пелагонискиот и источниот (по 14%), кумановскиот (10%) и полошкиот регион (9%). Според податоците од Пописот на населението во 2002 година, најголем дел од ромската популација со официјално регистрирано живеалиште (околу 45%) живее во само 10 општини: Битола, Виница, Гостивар, Дебар, Куманово, Кичево, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип. Во однос на регионалната дистрибуција на населението, важно е да се нагласи дека речиси исто толку живеат на територијата на градот Скопје (43,06%), од кои дури половината во општина Шуто Оризари, додека останатите 12% од ромското население живеат во останатите општини.3 Според Пописот од 2002 година, во општина Битола живеат околу 5% од вкупното ромско население. Според некои проценки, околу 70% од Ромите немаат документи за сопственост на нивното живеалиште. Во однос на живеалиштето, само 2% живеат во станбени блокови, 15% во нови куќи кои се во добра состојба, 46% во постари куќи кои се во релативно добра состојба, 36% во руинирани куќи или супстандардни живеалишта и 2% во недовршени живеалишта. Околу 45% од анкетираните семејства сметаат дека гладта им претставува реална закана.4 Ромските семејства често живеат во лошо градени супстандардни домови, без соодветен довод на безбедна вода за пиење и одвод на комуналните отпадни води. Податоци на Институтот за јавно здравје на Република Македонија за 7 ромски заедници на територијата на градот Скопје (без најголемата во Шуто Оризари) покажуваат дека 63% од ромското население во овие заедници живее во објекти од цврста градба, 7,25% од семејствата живеат во импровизирани куќи изработени од не-градежен материјал (картон, најлон, алуминиумски лимо-
3 Хабитат Македонија (2011). “Домувањето на сиромашното население - фокус на Ромите во Република Македонија” 4
Наведените податоци се извадок од податоците кои служеле како референтна база за пишување на Извештајот за милениумските цели, јуни 2005 година (Report of the Republic of Macedonia in Millenium Development Goals, Government of the Republic of Macedonia, 2005)
11
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 12
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
ви, пластика, итн.) и 29,5% во руинирани и монтажни објекти. Домовите на ромските семејства се мали, планирани за извршување и обезбедување на основните животни потреби, при што повеќе од 50% од населението располага со животен простор од помалку од 5 квадратни метри по член од семејството. Околу 40% од семејствата живеат во колективни домови, односно во домови кои ги делат со друго семејство. Само 16% од ромските домови во овие 7 ромски заедници имаат тоалет и бања внатре во куќата; 77% од семејствата имаат санитарен јазол (или полски тоалет) во дворот, и 58% користат чешма за вода надвор од домот. Но, и натаму, речиси 10% од ромското население нема никаков довод на вода за пиење и дневна хигиена, а се проценува и дека околу 50% од овие семејства немаат соодветно решение за одвод на отпадните комунални води од нивните домови.5
3.3. Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во општеството Со пристапувањето кон Декадата на Ромите, прашањето за социјалната вклученост на ромската заедница стана актуелно на агендата на применети политики, и во неговото решавање активно се вклучија граѓанските организации, експертската заедница, централната и локалните власти. За кусо време беа донесени неколку значајни и издржани документи со стратешки определби и цели кои даваат гаранција за подобрување на животниот стандард и статус на ромското население во општествениот живот. Повеќето од овие документи, како што може да се види од Слика 1 во прилог, имаат временска рамка која коинцидира со временските рокови на Декадата, и оттука, е многу значајно овие документи да се анализираат од аспект на нивната комплементарност, како во однос на активностите, така и во однос на очекуваните резултати.
5 Хабитат Македонија (2011). “Домувањето на сиромашното население - фокус на Ромите во Република Македонија”
12
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 13
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
Слика 1.
Временска рамка на документите усвоени од Владата на РМ во однос на Декадата на Ромите 2005-2015 година*
*Напомена: Заради прегледност, на Слика 1 не се прикажани Локалните акциони планови. Деталната листа на сите документи со нивните официјални наслови се наоѓа во делот Библиографија.
Сите документи поврзани со Декадата ја наведуваат за своја основна цел - социјалната вклученост на Ромите, преку интервенции во 4 основни приоритетни области (домување, образование, вработување и здравство) и 3 дополнителни (cross-cutting) прашања, односно: дискриминација, родова еднаквост и сиромаштија.6 Комплексноста на прашањето на социјалната исклученост ја наметнува потребата од ваква бројност и опфатност на документи, но и на институции и тела кои се одговорни за спроведување, следење и евалуација, односно ревизија на истите. Но, постојат и други документи кои ја адресираат социјалната исклученост, но не се директно насочени кон ромската популација; со други зборови, сиромаштијата и општествената маргинализација не задолжително се во корелација со етничката - во случајов - ромската припадност. Оттука, во однос на ромската заедница, може да се констатира дека постојат непосредни и посредни механизми за социјална вклученост, односно општи политики и политики со афирмативна акција кон оваа популација.
6
Документите се достапни на веб локацијата на Министерството за труд и социјална политика на РМ: http://mtsp.gov.mk/?ItemID=6FC822BBA79A61429117F41943673AE4
13
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 14
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Разнородноста на механизмите и политиките за социјална вклученост и нивната поврзаност бара друг фокус и е предмет на други анализи кои сеопфатно се занимваат со социјалната вклученост. Во оваа студија на случај, фокусот е ставен на домувањето, па оттука, во продолжение е направен осврт на специфичните механизми и политики за социјална вклученост кои се во областа или се во врска со областа домување.
3.4. Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во сферата на домувањето Како и во другите приоритетни области на Декадата, Република Македонија има усвоено стратешки документи во сферата на домувањето, кои од повеќе аспекти и со интердисциплинарен пристап го адресираат ова прашање од аспект на намалување на социјалната исклученост на ромското население. И во овој сегмент, постојат политики и механизми кои непосредно и посредно се однесуваат на ромската заедница, но, со оглед на социо-економските показатели во последниве години, повеќето од политиките се насочени кон општата популација. Слика 2 е приказ на временската рамка на стратешките документи во однос на социјалната вклученост во областа домување. Активностите предвидени за адресирање на поставените цели главно се движат во насока на: - подобрување на законската регулатива во однос на социјалната исклученост во домувањето; - мерки и активности за урбанизирање на ромските населби; - мерки и активности за подобрување на квалитетот на живеење преку олеснување на пристапот до средства и фондови за решавање на станбеното прашање на ромското население; и
14
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 15
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
- едукација на населението за горенаведените мерки и активности, односно пвозможување пристап до информации за реализација на правата од областа на домувањето. Слика 2.
Временска рамка на документите усвоени од Владата на РМ во однос на социјалната вклученост во областа домување*
*Напомена: Заради прегледност, насловите на документите не се дадени во целост. Истите може да се најдат во делот Библиографија, на крајот на овој документ.
Како резултат на консултативен процес на повеќе засегнати страни, во овие документи се предвидени бројни активности кои на системско ниво го адресираат прашањето на домувањето - на пример подобрување на пристапот до вода за пиење или канализација, изградба на одвод за атмосферски води, и сл. Но, меѓу нив, исто така, се наведени и механизми за подобрување на социјалната вклученост на Ромите кои се воспоставени за овозможување на пристап до средства и активности на индивидуално ниво, односно утврдени се начини преку кои граѓаните може индивидуално да ги решаваат своите проблеми во однос на домувањето, и овие механизми се претставени во Табела 4 подолу.
15
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 16
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Табела 4.
Приказ на механизмите за социјална вклученост на Ромите во домувањето
Механизам Социјални станови Субвенциониран станбен кредит
Легализација на бесправно изградени објекти
Финансиска помош за легализација на бесправно изградени објекти
Правна помош за легализација на бесправно изградени објекти
Карактеристики Доделување на социјални станови Одобрување субвенција за купување стан на кредит
Ослободување од надоместоци за административни такси и надоместоци за добивање на потребни документи за легализација на дивоградби Доделување кредит со поволни услови за финансирање на трошоците за легализација Давање правен совет или правна помош
Целна група Социјално загрозени лица Семејства со ниски примања (до 900 ЕУР) кои не отуѓиле имот во последните 6 месеци; Ограничувања на висината на кредитот и на цената на станот 2 (по м )* Социјално загрозени лица
Социјално загрозени лица
Социјално загрозени лица
Постигнат резултат (до јуни 2012) 68 станови Вкупно 50 кредити одобрени во мај 2012
Вкупно 333.652 барања за легализација
Хабитат: 114 одобрени барања за кредит на баратели од ромската заедница НРЦ: вкупно 1.519 добиени барања за правен совет и правна помош
* Деталниот опис на механизмите е даден во Прилог 1 на овој документ.
16
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 17
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
4.
Состојба на домувањето во населба Баир
4.1. Опис на населбата и заедницата Населбата Баир е дел од градот Битола и се наоѓа на територијата на општината Битола, која е сместена во југозападниот дел на Република Македонија, и се граничи со општините Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци. Општината Битола е формирана на 28 јуни 1955 година со Законот за подрачјата на околиите и општините на Народна Република Македонија.7 Со територијалната поделба од 2004 година, општината добива нови граници со територијален и административен опфат на општините Бистрица, Кукуречани и Цапари.8 Битола е најголемиот градски центар во плодната и најголемата македонска котлина Пелагонија и втор град по големина во Република Македонија. Градот Битола се наоѓа во крајниот југозападен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Баба непосредно до границата со јужниот сосед Грција, која е оддалечена 13 км. Битола на север е опколена од четири поврзани ридови, со височина од 640 до 890 м, наречени Баир, кои се дел од Облаковско-снеговската планина (1430 м). Според Пописот од 2002 година, во општина Битола живеат 95.385 жители. Општина Битола зафаќа површина од 794,53 km2 и има густина на населеност од 788 жители/km2. Градот Битола зафаќа површина од 26,37 km2, а на површина од 0,82 km2 се простира населбата Баир.
7
"Службен весник на Народна Република Македонија", 29 јуни 1955 г.
8
Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија (Сл. весник на Р Македонија бр.55/04 од 16.08.2004 г.)
17
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 18
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Табела 5.
Структура на население според етничка припадност (извор: Попис 2002 година) Вкупно Република Македонија
Општина Битола
Вкупно
2.022.547
%
95.385
%
Македонци
1.297.981
64,18
84.616
88,7
Албанци
509.083
25,17
4.164
4,36
Турци
77.959
3,85
1.610
1,68
Роми
53.879
2,66
2.613
2,74
Власи
9.695
0,48
1.270
1,33
Срби
35.939
1,78
541
0,56
Бошњаци
17.018
0,84
21
0,02
Други
20.993
1,04
550
0,57
Табела 6.
Полова структура на населението во РМ и во општина Битола (извор: Попис 2002 г.) Вкупно
Мажи
Жени
2.022.547
1.015.377
1.007.170
50,20
49,80
53.879
27.105
26.774
Вкупно население (2002)
95.385
46.969
48.416
Ромско население (2002)
2.613
НП
НП
Република Македонија Вкупно население (2002) % Ромско население (2002) Општина Битола
* НП - нема податок
Во општина Битола, според Пописот од 2002 година живеат 2.613 Роми, и од расположивата документација може да се заклучи дека речиси целото ромско население од општината живее во населбата Баир. 18
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 19
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
Населбата Баир се наоѓа на левиот брег од реката Драгор, и се простира на трите рида кои всушност ги претставуваат трите дела на населбата Баир: Смилевски Баир, Централен Баир и дивата населба Петочна вода. Постојат наоди дека на овие три и уште неколку други ридови постоела средновековна Битола, од кога се смета дека и најголемиот процент на ромско население е доселен во овие краишта. Според проценките направени од страна на ЕЛС Битола, во населбата Баир живеат околу 2.000 жители, од кои при изработка на профилот на заедницата, 85% се изјасниле како Роми, 8% Македонци, 8% Турци, 3% Албанци и 0,1% Египјани.9
Табела 7.
Структура на невработеност според националната припадност во општина Битола (извор: Агенција за вработување на РМ, Центар за вработување Битола) Население
%
Општина Битола (невработеност)* Вкупно Роми
13.901 502
3,61
Невработеност – вкупно население (о.Битола) Вкупно жители** Невработени
95.385 13.901
14,57
Невработеност – ромско население (о.Битола) Вкупно Роми** Невработени
2.613 502
19,21
*Податоците за невработеност се до 31.10.2012 г. ** Извор: Попис на населението 2002 година.
Од социо-економски аспект, најголем проблем кој го потенцираат граѓаните на оваа населба, кој воедно е и најургентен според нив е невработеноста, но и ниското ниво на образование и немањето соодветни квалификации, што го прават ромското население неконкурен9
Во планирањето на Програмата за развој на заедниците како целна група земено е населението од улиците “ Љубојно”, “Дебарска”, Козјак”, “Караорман”, “Мукос”, “Титово Ужице”, “Неготинска” и “Јордан Пиперката”.
19
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 20
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
тно на пазарот на работна сила. Тоа значи дека населението се занимава со вршење на тешки физички работи и ситни услужни дејности. Според ЕЛС Битола, во последните години поголем процент од населението се занимава со трговија на текстил на импровизирани тезги, и ваквата активност, иако е сегмент на сивата економија, државата ја толерира бидејќи не може да обезбеди соодветно вработување за овие граѓани.10 Немањето можност за вработување на официјалниот пазар на трудот претставува дополнителен товар на државата која на 65% од населението во оваа населба му исплаќа социјална парична помош која во 65% од случаите изнесува меѓу 1.700 и 2.500 денари месечно.11
Табела 8.
Корисници на услуги од МЦСР - Битола (податоци: 31.12.2011 година)
Опис на услугата
Парични трансфери Социјална парична помош (број на домаќинства) Еднократна парична помош Постојана парична помош Паричен надомест за помош и нега Детски додаток Здравствена заштита Други социјални услуги Помош и опрема за новороденче Доверување на дете од вонбрачна заедница, уредување на семејни односи, контакти, патна исправа Мировна постапка (бракоразводи) Посвојувања Семејно насилство пријавени на СОС телефон работа со жртви сместувања во Шелтер центар Помош при решавање на станбено прашање 10
Профил на Општина Битола, 2012 година.
11
Профил на Општина Битола, 2012 година.
20
Број на корисници
Број на корисници Роми
1.108 393 198 1.194 914 306
435 90 66 115 118 80
449 119
14 40
141 4
8 1
/ 150 1 /
/ 9 / /
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 21
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
4.2. Опис на земјиштето Иако се наоѓа на територија на вториот по големина урбан центар во земјата, Населбата Баир има исклучително неповолни услови за домување на населението. Речиси 70% од куќите во населбата “Баир” се направени од цврста градба и задоволуваат одредени стандарди за домување, односно приклучок до вода за пиење, канализација и електрична енергија. Останатите 30% од живеалиштата, од кои дури 90% во дивата населба Петочна вода се импровизирани и направени од картон и ламарина или покриени со најлон. Непотребно е да се нагласува дека овие домови се без довод на чиста вода за пиење, одвод на комуналните води, и соодветен приклучок за електрична енергија. Од друга страна, мора да се потенцира проблемот во импровизираниот дел наречен Петочна вода, каде околу 300 домаќинства (1 500 жители) живеат во субстандардни услови за живот, односно во куќи изградени од картон и ламарина покриени со најлон. Ова население ги нема основните услови за нормално живеење: * пристап до чиста вода за пиење во доволни количини, * фекална и атмосферска канализација, * соодветен третман на отпадот кој овие домаќинства го создаваат, * легален пристап до електрична енергија.12 Како особено голем проблем во однос на инфраструктурата се потенцира нелегалното (диво) приклучување кон енергетскиот систем што предизвикува чести инциденти и несреќни случаи кои понекогаш завршуваат со тешки последици, па дури и со човечки жртви. И покрај тврдењето дека енергијата живот значи, за жителите на Населбата Баир понекогаш енергијата чини живот. Од комунална инфраструктура, во населбата недостасува и воспоставен систем за собирање и третман на комуналниот отпад, кое за12
Мапирање на можностите и потребите за отворање на Здравствено советувалиште во ромската заедница во Општина Битола, РОМА С.О.С. - Прилеп, јули 2011 г.
21
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 22
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
едно со немањето пристап на водоводен и канализационен систем има големо влијание на воспоставувањето и одржувањето здрави хигиенски навики, а тоа пак, носи големи ризици од заболувања кај целото население, а особено кај најмладата популација. Бидејќи населбата Баир е распространета на околните ридови кои го опкружуваат градот Битола, направен е обид за изградба на канал за прифаќање на атмосферските води. Но, она што може да се забележи од сегашната состојба е тоа дека истиот канал е затрупан со отпад и не е функционален, поради што за време на обилни дождови се поплавуваат куќите на населението. Овој проблем уште повеќе се продлабочува со сечењето на дрвјата од шумите кои што се искористуваат за огрев во зимскиот период, што доведува до зголемен интензитет на ерозија на земјиштето.13 Проблем претставува и непосредната близина на регионалниот пат Прилеп - Ресен, кој не е обезбеден и е лесно достапен за жителите на околните импровизирани живеалишта. Како резултат, се случуваат сообраќајни незгоди во кои најчесто страдаат деца. Ваквите услови неминовно го наметнуваат фактот дека животната средина не е соодветна за здрав живот и развој на здрави животни навики; дополнително на поставеноста на регионалниот пат, не постојат ниту пешачки и рекреативни патеки, спортски и детски игралишта и други рекреативни објекти.
4.3 Инфраструктура - опременост и состојба Во однос на инфраструктурната изграденост на оваа населба може да се констатира следната состојба: * 75% од улиците се асфалтирани; * 25% (250 домаќинства во дивата населба Петочна Вода) од населението немаат канализација и пристап до чиста вода за пиење; * 25% (250 домаќинства, во дивата населба Петочна Вода) од населението немаат легален приклучок за електрична енергија; 13
Мапирање на можностите и потребите за отворање на Здравствено советувалиште во ромската заедница во Општина Битола, РОМА С.О.С. - Прилеп, јули 2011 г.
22
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 23
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
* 60% од населението не плаќа сметки за електрична енергија. 14 Децата од населбата Баир учат во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” кое за дел од ромските деца е оддалечено и до два километри, што претставува основен проблем за нивното редовно присуство на настава, особено во есенскиот и зимскиот период. Ниското ниво на образование и малиот процент на деца кои го завршуваат основното образование е главниот проблем кој влијае на сите други сфери за социо-економска вклученост во општеството. Многу мал процент на ученици го завршуваат основното образование и уште помал број се запишуваат во средно образование. Индивидуални и мошне ретки се случаите на Роми запишани на високо образование или пак припадници на ромска популација кои имаат завршено високо образование. Во 2004 година, Ц.Р.Р.З “Баирска Светлина” - Битола направи анкeта за проценка на заедницата во населбата Баир во која се констатираше дека во населбата постои основна писменост кај возрасните за читање и пишување. 15% од таа писменост се сведува на препознавање на буквите и пишување на основни кратки зборови и реченици, односно пишување на сопственото име и презиме. Тоа укажува на фактот дека е потребна настава која ќе послужи за описменување на возрасните лица од ромска националност.
Табела 9.
Број на ученици во О.О.У. Ѓорѓи Сугарев од I-VIII одделение15 2007/2008 г.
2008/2009 г.
2009/2010 г.
Вкупно деца
887
865
798
Запишани ромски деца
479
492
492
Осипани ромски деца
105
84
80
Сепак, трендот на запишување на ромските деца во основно образование бележи одреден пораст во изминатите три години, а во паралела се намалува бројот на осипани ромски деца, што може да се забележи од приложената табела. 14
Акционен план за населба Баир 2004 година
15
О.О.У. Ѓорѓи Сугарев, Битола, 2011 г.
23
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 24
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Од погоре наведените податоци,се забележува сe уште ниската вклученост на ромската заедница во образовниот процес, а и неинформираноста за важноста на образовниот процес, како и на неговото влијание врз другите сфери на живеењето задржува високо ниво помеѓу населението. Во поглед на здравствената заштита, во рамките на месната заедница Баир работи приватна амбуланта за општа медицина, во која најголем дел од населението ја остварува примарната здравствена заштита. Сепак, поради лошите хигиенски услови во населбата, се забележува тенденција на перзистирачки заразни заболувања, некарактеристични за структурата на болести на национално ниво. Според Заводот за епидемиологија во општина Битола во 2003 година евидентирани се околу 250 домаќинства (или 25% од населението во населбата Баир) каде по еден или повеќе членови од семејствата биле заболени од заразна жолтица. Од вкупната бројка на заразени лица околу 200 биле деца со што дополнително овој проблем треба да добие посебен третман на состојба на здравствена итност, и да се најдат решенија за подобрување на инфраструктурните услови во населбата и здравствената информираност на населението.16
4.4. Карактеристики на домовите Домувањето како една од основните урбани функции, претставува важна компонента на севкупниот општествено-економски развој, организација и уредување на просторот. Една од основните цели на просторното и урбанистичко планирање е обезбедување хумани услови за живот и работа на луѓето, што се остварува преку успешно планирање на населби со комунално, функционално и еколошко уредување. Основни показатели на стандардот на домување се просечната големина на стан, просечната површина на станбен простор по жител и просечниот број на жители на стан. 16
Мапирање на можностите и потребите за отворање на Здравствено советувалиште во ромската заедница во Општина Битола, РОМА С.О.С. - Прилеп, јули 2011 г.
24
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 25
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
Табела 10. Основни показатели на стандардот на домување во општина Битола Просечна површина на стан (m2)
Просечна површина на станбен простор/жител (m2)
Просечен бр. на жители/стан
Република Македонија
71,14
24,55
3,58
Општина Битола
67,79
22,60
3,29
НП
НП
НП
Населба Баир *НП = нема податок
За жал, не постојат поконкретни податоци за просечната големина на домовите во населбата Баир, како ни за просечниот број членови на семејствата, од што би можело да се утврди состојбата со задоволување на просторните услови на живеење. Според квалитетот на градбата, условите за домување на жителите на населбата Баир не се разликуваат многу од општата состојба на домувањето во ромските заедници низ целата територија на Република Македонија. Условите во домот се несоодветни за здрав и квалитетен живот и одржување на физичкото и менталното здравје на сите членови во домаќинството. Иако поголем дел од домовите (70%) се од цврста градба, сепак висок е процентот (30%) на домови од неградежен материјал и без основните инфраструктурни услови (вода, канализација, легален приклучок на електрична енергија). Повеќе од очекувано е дека во населбата нема систем за централизирано снабдување со топлинска енергија, па електричната енергија и огревот од дрва се основни енергенси за затоплување.
5.
Механизми на општината за намалување на социјалната исклученост во домувањето
5.1. Механизми за намалување на социјалната исклученост од областите на Декадата кои влијаат на домувањето Напредокот во социо-економскиот живот на ромското население, по изминување на половината од Декадата на Ромите, и натаму остану25
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 26
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
ва ограничен и далеку од посакуваната целосна социјална вклученост. Големата невработеност (73% според неофицијалните проценки)17 и сиромаштијата (според некои извори, дури 72,2% од Ромите имаат месечни приходи доволни за да се покријат само трошоците за храна),18 води до несигурно домување и нестабилни услови за живот, слабо здравје и слаба посетеност на училиштата, што посочува на фактот дека циклусот на сиромаштијата е се уште активен и дека социјалната исклученост перпетуира; ромското население и натаму останува да биде најранлива група во општеството.19
5.1.1.Надлежности од централно ниво Во подготвените и усвоените стратешки документи (Национални акциони планови (НАП) за приоритетните области од Декадата: домување, образование, вработување и здравство, како и посебниот акционен план за подобрување на општествената состојба на Ромките, итн), се наведени голем број активности кои се меѓусебно зависни и ја сочинуваат големата слика кон целосната социјална интеграција на ромското население во општествениот и економскиот живот. Ромското прашање и определбата за афирмативна акција во неговото решавање се составен дел и на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во РМ 2010-2020 година, во која Ромите се идентификувани како ранлива група во повеќе приоритетни области (здравство, образование, вработување).20 Република Македонија ја имаше обврската и честа да претседава со Декадата од 1 јули 2011 до 30 јуни 2012 година, во кој период се 17
Извештај на Институтот отворено општество, јуни 2010 година. "Нема податоци - нема напредок, прибирање на податоци во земјите учеснички во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015", стр. 40. 18
Прогрес Институт (2012). Социјална слика на Република Македонија во 2012. Зошто сме на прво место во светот по мизерија и како да им се помогне граѓаните?
19
Извештај за состојбата со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ, достапно на: http://www.mtsp.gov.mk 20 Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во РМ 2010-2020 г., достапна на: http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/ SocialExclusion%20Starategy%0MK%20final%20word.doc
26
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 27
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
направени повеќе анализи и сумирања на одработеното, односно на постигнатото во однос на поставените цели, односно на генералната цел за целосна социјална вклученост на Ромите, преку добри резултати во образованието, соодветно домување и здравствена состојба, пристојно вработување, како и поседување лични документи и уживање еднакви права и живот без дискриминација.21
5.1.2.Надлежности од локално ниво Како и останатите единици на локалната самоуправа, со територијалната организација во 2004 година и со процесот на фискална децентрализација, општината Шуто Оризари ги стекна истите надлежности како и останатите општини во државата. Согласно на законската регулатива од овој домен,22 општината ги има следните надлежности кои се во непосредна или индиректна релација со подобрувањето на социјалната вклученост во областа домување: - Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште; - Заштитата на животната средина и природата - мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење; - Локалниот економски развој - планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство; - Комуналните дејности - снабдувањето со вода за пиење; испораката на технолошката вода; одведувањето и пречистувањето 21
Р Македонија, Програма за претседателство со Декада за вклучување на Ромите 20052015.
22
Закон за локалната самоуправа. Службен весник на РМ бр. 5/2002
27
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 28
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
на отпадните води; јавното осветлување; одведувањето и третманот на атмосферските води; одржувањето на јавна чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници; снабдувањето со природен гас и топлинска енергија; одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги; изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќајот; изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација; изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање; отстранувањето на непрописно паркираните возила; отстранување на хаварисаните возила од јавните површини; изградбата и одржувањето на пазарите; чистењето на оџаците; одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните површини; регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови; определувањето на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти; - Културата - институционалната и финансиската поддршка на културните установи и проекти; негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво; - Спортот и рекреацијата - развојот на масовниот спорт и рекреативните активности; организирањето на спортски приредби и манифестации; одржувањето и изградбата на објекти за спорт; поддршка на спортски сојузи; - Социјалната заштита и заштита на децата - детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување на социјална грижа за инвалидните лица; децата без родители и родителска грижа; деца со воспитно-социјални проблеми; деца со посебни потреби; децата од еднородителски семејства; децата на улица; лицата изложени на социјален ризик; лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол; подигање на свеста на населението; домување на лица со социјален ризик; остварување на право и воспи28
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 29
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
тување на децата од предучилишна возраст. Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита; - Образованието - основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови; - Здравствената заштита - управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон; - Спроведување на Подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив; - Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици; - Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и - Други работи определени со закон. Дополнително на ова, согласно на Законот за домување,23 единиците на локалната самоуправа во рамките на своите надлежности, а во согласност со законските прописи и државната стратегија за домување, ги следат и планираат потребите за домување на своето подрачје за што донесуваат годишна програма и преземаат мерки и активности за нејзина реализација.24 Оваа годишна програма ја донесува Советот на општините и Градот Скопје, која особено треба да содржи: 23
Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10
24
Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10, член 100
29
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 30
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
1. Обем, локација и динамика на изградба на сопствено домување и домување под закуп; 2. Мерки за поттикнување на градење и реновирање на станови и посоодветно користење во постојниот станбен фонд на општините, на општините во градот Скопје и градот Скопје; 3. Мерки за домување од архитектонски и градежен аспект со цел за обезбедување на соодветно домување за лицата со попреченост; 4. Обезбедување на потребна помош за употреба на станот и 5. Метод за обезбедување на соодветни форми за помош со основање и функционирањето на непрофитни организации за домување.25 Истиот закон ги утврдува подетално и мерките и активностите кои се во надлежност на локалната самоуправа во делот на домувањето, како и можните извори на финансирање. За извршување на годишната програма, единиците на локалната самоуправа преземаат мерки и активности кои се однесуваат на: - Обезбедување на комунална инфраструктура потребна за нормално функционирање на станбениот простор; - Обезбедување на фондови и средства за изградба и издавање на станови со непрофитни, односно субвенционирани закупнини наменети за привремено решавање на станбените потреби на лица во социјален ризик, со површина не поголема од 45 м2 без можност на купување на станот; - Обезбедување на разни форми на сопствено или изнајмено домување кое се дава под закуп; - Обезбедување на фондови за поттикнување на изградба на станови од страна на граѓаните и - Водење регистар за евиденција на станбените згради и станови дадени под закуп. За реализација на програмата, како и за обезбедување на сопственото или домувањето под закуп, единиците на локалната самоуправа можат да користат средства од: 25
Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10, член 102
30
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 31
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
-
продажба на станови под поволни услови;
-
инвестирање од јавни и приватни инвеститори и слично;
- фондови наменети за регионален развој и развој на руралните подрачја; - донации и други видови на помош и - од фондовите на Европската унија и други странски фондови.26
5.2. Механизми за намалување на социјалната исклученост во домувањето
5.2.1.Надлежности од централно ниво Во рамките на постојниот Акционен план за домување предвидени се разнородни активности во насока на подобрување на условите околу домувањето за оваа ранлива група на граѓани: од нормативноправни (менување на законската регулатива и донесување применети политики, воспоставување механизми за консултирање на Ромите во процесите за донесување на одлуки, регулирање на позитивната дискриминација, поттикнување на ЕЛС за решавање на станбеното прашање на Ромите) до конкретни оперативни активности и мерки (подобрување на инфраструктурата, намалување на бројот на супстандардни домови, итн). Во делот на домувањето, предвидено е и подобрување на состојбата преку легализација на бесправно изградените објекти, што особено ќе има позитивен ефект во ромските населби, имајќи ги предвид процентуалната застапеност на дивоградбите (околу 70% од живеалиштата во ромските населби)27 и економската состојба во ромските заедници. За постигнување на овие резултати е предвидено координирање на активностите помеѓу Владата на РМ и Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), во случајов со општината Битола, што во26
Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10, член 100
27
Министерство за труд и социјална политика на РМ, 2012 година. Извештај за напредокот на Декадата 2011 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk
31
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 32
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
едно ќе претставува можност за децентрализирање на целите и на активностите од Декадата.28 Како што е веќе дефинирано во воведните делови на студијата на случај, во однос на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија се воспоставени политики и механизми кои на системско ниво го адресираат прашањето на домувањето, како и механизми за индивидуално решавање на проблеми на граѓаните од оваа област. Во табелата подолу се дадени податоци за општината Битола во однос на резултатите од спроведувањето на политиките со претежна надлежност од централно ниво.
Табела 11. Постигнати резултати на механизмите за социјална вклученост во општина Битола29 Механизам
Социјални станови
Постигнат резултат – национално ниво (до јуни 2012) 68 станови
Субвенциониран станбен кредит
Вкупно 50 кредити одобрени во мај 2012 г.
Легализација на бесправно изградени објекти
Вкупно поднесени 333.652 барања за легализација
Постигнат резултат – Битола
Во Битола во тек конкурс за доделување под закуп на 78 социјални станови (до 1.11.2012) 7 кредити во Битола (нема податок дали меѓу нив има Роми) Вкупно поднесени 12.405 барања за легализација (нема посебен податок за населбата Баир)
* ЕЛС - единица на локалната самоуправа; ВРМ - Влада на Република Македонија; РИЦ Ромски информативен центар
Во тек на месец октомври 2012 година, Владата на РМ распиша Конкурс за доделување на 129 социјални станови во вкупна вредност од 70,1 милиони денари, од кои 78 во општина Битола. Становите се наменети за социјалните категории население определени во методо28 Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари. 29 Користени се информации од повеќе страници на веб локацијата на Владата на РМ: "Конференција за подобрување на условите за домување на Ромите - инфраструктурата главен приоритет", достапно на: http://vlada.mk/node/3211; "Министерот Ставрески ги додели одлуките за првите субвенционирани кредити од "Купи куќа, купи стан", достапно на: http://vlada.mk/node/3079
32
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 33
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
логијата за распределба на социјални станови, меѓу кои се и припадниците на ромската заедница, а становите се со површина од 35 метри квадратни. Во однос на инфраструктурата, со Буџетот на Република Македонија за 2011 година,30 утврдени се средства во висина од 10,9 милиони денари наменети за реализација на проекти согласно Декадата и Стратегијата за Ромите во Република Македонија и Акциониот план за домување, од кои на Општина Битола се доделени 2.086.000,00 денари за Проектот “Реконструкција на коловоз на улица Љубојнокрак 1,2,3 во населба Баир. Проектот е во тек, и според Акциониот план за интеграција на Ромите и Роми бегалци за 2012 година, неговата реализација е завршена во ноември 2012 година.31 Дополнително, во текот на 2012 година во рамките на активностите на општината Битола, започнати се работите на поставување водоводна и канализациска мрежа на ул. Дебарска (во населбата Баир), а до крајот на 2012 треба да биде реконструиран и коловозот на истата улица. Во 2013 година, реконструкциски зафати се планираат за учиците Караорман и Мукос, за кои во текот на 2012 година е започната постапка за обезбедување на потребната документација за овие градежни активности.
5.2.2.Надлежности од локално ниво Уште со почетокот на Декадата за инклузија на Ромите, ЕЛС Битола го препознава и третира проблемот на социјалната исклученост на Ромите на својата територија. Локалната стратегија за Ромите, 20062010 година е првиот документ донесен од страна на ЕЛС, врз основа на кој, ЕЛС Битола има донесено два локални акциони планови (за период 2007-2010 и 2012-2015 година). Актуелниот Локален Акционен План (ЛАП) за имплементација на Декадата на Ромите во општина Битола 2012-2015 година е документ изработен по иницијатива на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, на почетокот на 2012 г. 30
Службен весник на Република Македонија " бр. 161/2010
31
Акционен план за инклузија на Ромите и Роми бегалци, 2012 година, достапно на: http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/inkluzija_romi.pdf
33
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 34
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Развојот, односно ревизијата на Локалниот Акционен План за имплементација на Декадата на Ромите во општина Битола е направена во соработка на претставници на ЕЛС Битола со локални експерти преставници на локални и државни институции и претставници на граѓанското општество кои делуваат на општинско ниво и кои имаат претходно искуство во изработка на Акциски планови. ЕЛС Битола ги реализира овие акциски планови во согласност со финансиските и другите можности, во соработка со граѓанскиот сектор кој е активен на локално ниво во оваа општина.
6.
Доминантен проблем во домувањето во населбата Баир
6.1. Анализа на проблемите/Студија на случај На почетокот, неизбежно е да се повтори тврдењето дека недостатокот на податоци во сите сфери, па и во домувањето претставува една од главните препреки за утврдување на обемот и соодветно адресирање на проблемите. Ова е случај и во однос на проблемите со домувањето во населбата Баир во општина Битола. Поаѓајќи од фактот дека не е познат дури ни точниот број на жители, тешко е да се говори за реално утврдување на потребите во сферата на домувањето во оваа заедница. Сепак, од неколку анализи и извештаи за проблемите во областа домување, реализирани од страна на ЕЛС Битола, РИЦ Битола и неколку граѓански организации (РОМА С.О.С. од Прилеп и Баирска светлина од Битола), е утврдено дека во однос на видот на живеалиштата, во населбата Баир се уште постојат трошни живеалишта со најнизок стандард изградени од неградежен материјал, и тоа во доста висок процент (30%). Според истите извори на информации, положбата на населението во областа на домувањето сe уште е далеку од поволна, земајќи ги предвид локалните проблеми кои сe уште постојат: сиромашна инфраструктура, неурбанизирани делови и близина на регионален пат кој е небезбеден за населението, немање пристап до водовод и канализација, нелегален пристап до електричната енергија, итн. 34
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 35
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
Во Локалниот акционен план, како и во други документи кои ја анализираат состојбата со домувањето на населението во Населба Баир,како најсериозни проблеми во однос на домувањето идентификувани се следните: 1. Непостоење на ГУП и ДУП за областите каде живее ромското население; 2. Потреба од поголемо процентулно учество на социјално загрозените Роми во процесот на добивање на социјални станови; 3. Подобрување на водоводната мрежа; 4. Подобрување на состојбата на постоечката и инвестирање во нова соодветна канализација на дел од улиците каде живее ромското население; 5. Мал број на шахти за атмосферска канализација; 6. Нередовно чистење на дивите депонии и отсуство на целосна грижа за животната средина.
7.
Практично искуство
Овој дел од Студијата на случај дава преглед на тековните проекти и иницијативи во домувањето, кои се финансиски реализирани од страна на владините институции или граѓанскиот сектор. Информациите за овие проекти се добиени преку работата на Хабитат, студии и документи кои се јавно достапни преку интернет, како и од членовите на Советодавното тело и работните групи.
7.1. Проект Промовирање на правата за домување на Ромите Проект на Хабитат Македонија, финансиран од инструментот на Европската унија за демократија и човекови права, чија главната цел беше да се придонесе кон промовирањето на правата на домување земајќи ја општествената вклученост како основа, како и да послужи како стимул за понатамошното подобрување на нивниот статус во образованието, здравството, вработувањето и родовата еднаквост. 35
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 36
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
Дополнително, проектот имаше за цел да ја поддржи подобрената примена на правата на домување и општествената вклученост на Ромите и другите маргинализирани групи. Овој проект32 е во согласност со целите на НАП за домување на Декадата за Ромите, бидејќи даде придонес кон интегрирање на правата на домување како механизам за општествена вклученост и намалување на сиромаштијата кај Ромите, подобрување на капацитетите на локално ниво за учествување во процесите за носење одлуки и олеснување на примената на правата на домување на Ромите, и зацврстување на примената на механизмите за примена на правата на домување на Ромите на локално ниво.
7.2. Фонд за домување на Роми и маргинализирани Овој проект се реализира преку партнерство на Хабитат Македонија и Фондацијата за економски развој Хоризонти. Главна цел на ова партнерство е подобрувањето на условите на живеење на Ромите на територија на Република Македонија во општините: Прилеп, Кочани, Битола, Велес, Струмица и територијата на град Скопје со посебен акцент на општината Шуто Оризари преку обезбедување микрозаеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови. Фондот за домување на Роми и маргинализирани се реализира преку кредитна линија ДОМ која нуди микрозаеми до 2.500 Евра со рок на отплата од 18 до 30 месеци. До сега, преку проектот се опфатени 435 ромски и маргинализирани семејства со заем за реконструкција и реновирање, односно 343 ромски и маргинализирани семејства со завршени реконструкции/реновирања.33 Според овие податоци, околу 10% од заемите за реконструкции во рамките на Фондот за Роми и маргинализирани се реализирани во домови во општина Битола, односно во Населбата Баир. Во однос на вкупното население во општината, постигнатите резултати покажуваат унапредување на домувањето: 32
Хабитат Македонија веб страница: http://www.habitat.org.mk/mkd/n_romahousing.html
33
Хабитат Македонија веб страница: http://www.habitat.org.mk/mkd/rhprogram.html
36
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 37
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
Табела 12. Фонд за домување на Роми и маргинализирани, општина Битола (2007-2011 година) Битола
Шуто Оризари*
Други**
Вкупно
21
208
34
263
Просечен број членови по домаќинство
4,39
4,91
5,16
5
Просечна површина на станбен простор (м²)
72
64
74
70
16
13
14
15
93.293
113.016
94.327
100.212
1.985.000
23.965.000
3.160.000
29.110.000
Вкупно завршени реконструкции
Просечна површина на станбен простор по чл. на домаќинство (м²) Просечен износ на заем (во МКД) Вкупна инвестиција за заеми (МКД)
* Покрај о. Битола, о. Шуто Оризари е издвоена заради потребата од споредување на постигнатите резултати во овие две општини, кои се избрани како пилот-општини за изработка на индикатори на социјална вклученост во домувањето во РМ, кои се главна цел на овој проект. ** Категоријата “други” ги опфаќа општините Велес, Кочани, Прилеп и Струмица
Табела 13. Индикатори на унапредување на домувањето во општина Битола преку Фондот за домување на Роми и маргинализирани Опис Број реконструкции во Битола (2007-2011)
Вредност 21
Број на живеалишта (проценка)
600
Просечен бр.на членови
4.39
Вк.број лица опфатени со реконструкциите
100
Вкупна инвестиција за заеми (во МКД) Инвестиција по лице (во МКД)
Индекс на подобрување % од вк.број живеалишта 3,5 % % од вк.население 3,8 %
1.985.000 19.850
37
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 38
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
7.3. Проект за Легализација на домувањето за Роми Хабитат Македонија, Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и Националниот ромски центар (НРЦ) на 18 јануари 2012 година потпишаа договор за соработка за имплементација на проектот “Легализација на домувањето за Роми”. Општата цел на проектот, кој ќе се имплементира во периодот од 2012 до 2015 година, е да се зголеми процентот на легализирани домови во Република Македонија. Специфичната цел на проектот е легализација на домови, преку финансиска и техничка поддршка за процесот во шест општини и тоа во Скопје, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и во Штип, каде што живее поголем број на ромско население. Проектот се имплементира во две фази. Во првата фаза, НРЦ спроведе информативна кампања во 12 општини (Чаир, Карпош, Кисела Вода, Гази баба, Ѓорче Петров, Илинден, Шуто Оризари, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип) и согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија број 23 од 24.02.2011 година) поднесе апликации за легализација на објекти за домување на Ромите во шест општини (Шуто Оризари, Куманово, Тетово, Штип, Кочани, Прилеп). Во втората фаза, НРЦ продолжи да ги води постапките за легализација и да ги остварува активностите за застапување што ќе придоне за ефективна реализација на правото на домување и за спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Во рамки на проектот “Легализација на домување за Роми”, формиран е Фонд за легализација на бесправно изградените објекти, со финансиско учество на: ФООМ и Хабитат Македонија. Фондот за легализација треба да услужи вкупно 1.376 Роми кои живеат во бесправно изградени објекти. Тие директно од Фондот за легализација добиваат бескаматен заем во износ соодветен со висината на трошоците за изработка на геодетскиот елаборат, надоместокот за легализација и на административните такси. Од почетокот на проектот, од вкупно 1.519 поднесени барања за легализација, 555 се поднесени за територијата на општина Шуто Ори38
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 39
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
зари. До декември 2012 од овие 555 поднесени барања, до Хабитат Македонија има поднесено 131 барање за заем за легализација, од кои за 30 се потпишувани договори за програмски заем, а другите се во постапка. За другите целни општини до Хабитат Македонија поднесени се 315 барања, од кои за 138 се потпишани договори за програмски заем.
7.4. Проекти за инфраструктура на Министерство за транспорт и врски на РМ Како резултат на Меморандумот за соработка, во рамките на Буџетот на Република Македонија за 2011 година (“Службен весник на Република Македонија “ број 161/2010), во Раздел 130.01-Министерство за транспорт и врски, Програма 1-Администрација, Потпрограма 11-Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, ставка 488- Капитални дотации до ЕЛС, Потставка 48819011 Други капитални дотации, утврдени се средства во висина од 10.986.000,00 денари наменети за реализација на проекти согласно Декадата и Стратегијата за Ромите во Република Македонија и Акциониот план за домување. Со овие средства, реализирани се 7 инфраструктурни проекти, од кои еден во општина Битола на која и се доделени 2.086.000,00 денари за Проектот “Реконструкција на коловоз на улица Љубојно-крак 1,2,3 во населба Баир. Проектот е во тек, и според Акциониот план за интеграција на Ромите и Роми бегалци за 2012 година, неговата реализација треба да заврши до крајот на 2012 година.34
7.5. Проект за социјални станови на Владата на Република Македонија Во Проектот социјални станови, една од категориите граѓани кои имаат право да ја користат поволноста на користење под закуп на социјален стан е и ромското население, согласно на Стратегијата за Ромите на Република Македонија 2005-2015 година. Врз основа на огласот објавен во 2009 година за распределба на становите изградени по Проектот за домување на социјално ранливите 39
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 40
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
групи - Ф/П 1674, кој се финансира делумно со заем во износ од 25.350.000,00 Евра од Банката за развој при Советот на Европа по Договорот за заем Ф/П 1674 (2009), и 25.350.000,00 Евра од Буџетот на Република Македонија, во општина Битола за 2012 година се предвидени за доделување 78 станови, за кои на 1 октомври е распишан конкурс за распределба. Становите се наменети за социјалните категории население определени во методологијата за распределба на социјални станови, меѓу кои се и примарниците на ромската заедница, а становите се со површина од 35 метри квадратни. Во согласност со целите на Локалниот акционен план за имплементација на Декадата на Ромите на ЕЛС Битола, според кои е потребно да се работи на зголемување на бројот на ромските семејства кои ќе добијат социјален стан, потребно е да се следи процесот на доделување на социјалните станови, и да се овозможи поддршка на ромските семејства во поднесување на апликации и запазување на потребните процедури.
8.
Заклучоци и препораки
Општ заклучок за домувањето на Ромите во Населбата Баир во општина Битола е дека во населбата се уште постојат градби од неградежен материјал и со услови за живеење кои се далеку под стандардот, што влијае на здравствената состојба на населението, и особено децата, како и на можностите за солидно образование и вработување, затворајќи го кругот на сиромаштијата, во кој ова население е заробено засекогаш. Инфраструктурата во последните години доживува обновување и надградба, иако во недоволен обем. Голем број од куќите, особено во дивата населба Петочна Вода се уште не се легализирани. Поднесени се барања за легализација, иако не е најден податок за бројот на дивоградби односно за бројот на поднесени барања за легализација. Како и за другите бесправно изградени објекти, процедурите се во тек, а на населението му е потребна правна и финансиска помош за довршување на постапките и стекнување со легален, безбеден и пристоен дом за живеење. За дел од објектите кои не се изградени по минималните стандарди за градба, може да се очеку40
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 41
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
ва дека легализацијата нема да биде реализирана, што треба да се предвиди како потенцијален проблем кој во иднина ќе треба да се адресира. Од сите расположиви документи, од користената литература, како и од податоците од средбите со засегнатите страни, произлегуваат следните препораки: * Донесување измени на Генералниот урбанистички план (ГУП) и на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Населбата Баир, со цел внесување на сите ромски населби во плановите или изградба на социјални станови за нивно домување, односно создавање услови за стекнување право на сопственост врз живеалиштето. Ова е особено горлив проблем во дивата населба Петочна Вода, и истиот треба да му се обрне посебно внимание; o Во рамките на активностите на општина Битола, во тек е изработка на ДУП за населбата Баир. Во овој процес, активно е вклучено населението и локалните граѓански организации. * Обезбедување помош (правна, финансиска) и поддршка во легализацијата на бесправно изградените објекти во ромските населби во Битола онаму каде што е изводливо и возможно; * Подготвка на главни проекти за инфраструктурни и градежни објекти, особено за уредување на животната средина, решавање на проблемот со дивите депонии и воспоставување систем за собирање на комуналниот отпад од населбата Баир, изградба на рекреативни површини и спортски терени, и општо уредување на населбата; o Продолжување со активностите на општината Битола за чистење на дивите депонии, на ниво на досегашната практика на расчистување на диви депонии три пати годишно, и наоѓање решение за трајно отстранување на практиката за неконтролирано одложување на цврстиот отпад;
34
Акционен план за инклузија на Ромите и Роми бегалци, 2012 година, достапно на: http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/inkluzija_romi.pdf
41
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 42
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
o Осмислување и проектирање на спортски терени и рекреативен простор во ДУП за населбата Баир. * Изградба на колективни станбени објекти од цврста градба за 150 семејства. До сега, со проектот на Владата се изградени 78 станови, во наредниот период треба активно да се следи процесот на изградба на преостанатите 72 станови, кои се предвидени со Програмата за социјално домување; * Решавање на проблемот со водоснабдување на најмалку 3000 жители на населба Баир до крајот на 2015г. со вршење на реконструкција на водоводот во високата зона на Населбата Баир и изведба на нови цевководи со должина 3000м; * За останатите инфраструктурни потреби во населба Баир, потребно е да се реконструира ободниот канал за атмосферски води во Населбата Баир во должина од 2.700 м; * Обезбедување бесплатни правни совети и информирање на Ромите во делот на легализацијата на бесправно изградените објекти, со цел остварување на правото на легален, безбеден и пристоен дом во заедницата во која живеат, работат и придонесуваат.
42
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 43
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
9.
Библиографија
-
Генерален урбанистички план на Градот Скопје 2001-2020 година, достапен на: http://app.gov.mk/uploads/uplan03_detail.pdf
-
Државен завод за статистика (2005). Попис 2002 година, достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaXIII.pdf
-
Државен завод за статистика (2012). Процени на населението на 30.06.2011 и 31.12.2011 според полот и возраста, по општини и статистички региони, достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.08.pdf
-
Државен завод за статистика (2012). Основни и средни училишта на почетокот на учебната 2011/2012 година. достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.04.pdf
-
Закон за домување, Сл.весник на РМ бр. 99/09 и 57/10
-
Закон за постапување со бесправно изградени објекти, Сл.весник на РМ бр. 23/11 и 54/11
-
Закон за социјална заштита, Сл.весник на РМ бр. 20/06
-
Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Сл.весник на РМ бр. 61/04
-
Закон за субвенционирање на станбен кредит, Сл. весник на РМ бр. 158/11
-
Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, Сл.Весник на РМ бр.49/96 од 14.09.1996 г)
-
Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, Сл. весник на РМ бр.55/04 од 16.08.2004 г.)
-
Институт отворено општество (2010). “Нема податоци - нема напредок, прибирање на податоци во земјите учеснички во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015”, стр. 40.
-
Министерство за транспорт и врски на Република Македонија (2007). Стратегија за домување на Република Македонија (2007-2012 г.)
-
Министерство за транспорт и врски на Република Македонија (2007). Акциски план за имплементација на Стратегијата за домување на Република Македонија (2007-2012 г.)
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за образование, Декада на Ромите 2005-2015 година
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за здравство, Декада на Ромите 2005-2015 година
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за вработување, Декада на Ромите 2005-2015 година
43
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 44
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за домување, Декада на Ромите 2005-2015 година
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2005). Стратегија за Ромите во Република Македонија 2005-2015 година
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. (2006). Оперативен план за образование, Декада на Ромите 2005-2015
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2006). Оперативен план за вработување, Декада на Ромите 2005-2015
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2006). Оперативен план за здравство, Декада на Ромите 2005-2015
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2006). Оперативен план за домување, Декада на Ромите 2005-2015
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2009). Ревизија на Националните акциски планови од “Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015” и Стратегијата за Ромите во Република Македонија за период 2009-2011 година
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2010). Национален акциски план за унапредување на општествената положба на Ромките во РМ (2011-2013 г.)
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2010). Програма за работа и Акционен план за Ромските информативни центри-РИЦ за периодот 2010-2012 година
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2010). РИЦ Скопје Извештај за 2010 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2011). Извештај за состојбата со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ, достапно на: http://www.mtsp.gov.mk
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2011). Годишен извештај за имплементација на Националниот акциски план за унапредување на општествената состојба на Ромките во Република Македонија 2011-2013 година
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2012). Извештај за напредокот на Декадата 2011 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2012). Стратегија за интензивирање на социјалната инклузија на Ромите во системот на социјална заштита во Република Македонија за периодот 2012 - 2014 година
-
Национален ромски центар (2012). Извештај за прва фаза од реализација на проектот “Легализација на домови за Ромите”, достапно на: http://static.nationalromacentrum.org/pdf/roma-housing/domuvanje-izvestaj-faza1.pdf
44
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 45
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
-
ОБСЕ (2010). Акционен план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување во ОБСЕ
-
ОБСЕ (2010). Извештај за состојбата (во врска со) спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ
-
Прогрес Институт (2012). Социјална слика на Република Македонија во 2012. Зошто сме на прво место во светот по мизерија и како да им се помогне граѓаните
-
РОМА С.О.С. (2011). Мапирање на можностите и потребите за отворање на Здравствено советувалиште во ромската заедница во Општина Битола, Прилеп: РОМА С.О.С., јули 2011 г.
-
УНИЦЕФ (2012). Проценка на патронажната служба со анализа на еднаквост во Република Македонија.
-
Хабитат Македонија (2011). “Домувањето на сиромашното население - фокус на Ромите во Република Македонија”.
-
Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари.
-
Decade Watch Report (2008) for the Republic of Macedonia [Извештај за имплементацијата на Декадата за Ромите во Република Македонија]
-
ECMI (2006). Annual Report of European Centre for Minority Issues for 2005.
-
Government of the Republic of Macedonia (2005). Report of the Republic of Macedonia in Millenium Development Goals
Веб локации: -
Влада на Република Македонија, официјална веб страница: www.vlada.mk
-
Државен завод за статистика, веб страница: http://www.stat.gov.mk
-
Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија, официјална веб страница: www.mtsp.gov.mk
-
Министерство за транспорт и врски на Република Македонија, официјална веб страница: http://www.mtc.gov.mk
-
Министерство за финансии на Република Македонија, официјална веб страница: www.finance.gov.mk
-
Општина Битола, официјален портал: http://www.bitola.gov.mk
-
УНДП: http://www.undp.org/content/undp/en/home.html
-
Универзитет на Југоисточна Европа, веб страница: http://seeu.edu.mk
-
Хабитат Македонија, официјална веб страница: http://www.habitat.org.mk
45
46 Субвенција за кредит за купување стан директно од инвеститор/ изведувач или градба на куќа
Субвенциониран станбен кредит
Цел на активноста Доделување социјални станови на користење
Механизам
Социјални станови
Целна група
Карактеристики и услови Општи услови: Категории граѓани утврдени со Одлуката за распределување на социјални станови: - Деца без родители - Корисници на социјална и постојана парична помош - Инвалидизирани лица и лица на кои им е потребна него од трето лице и нивните семејства - Припадници на ромската популација - Самохрани родители со малолетни деца. Општи карактеристики: - Износ: до 50.000 Евра - Рок на отплата: 20-30 години Модели на субвенцијата: 1) Субвенција на половина месечен ануитет - Владата покрива 50% од месечната рата (главнина и камата) во првите 5 години од отплата на кредитот - Каматата изнесува 4,99% за првите 3 години и 5,5% за 4-та и 5-та година 2) Субвенција на половина учество Услови: - Ограничување на цената на станот (до 900 Евра/м2)
13.01.2013 15:21
Семејства со ниски примања Вкупните месечни примања на поединецот или брачните другари да не бидат повеќе од 900 евра Други услови: - Подносителот да нема на свое име стан или куќа или да има сано еден стан или куќа што го продава заради купување поголем стан или куќа; - Купувањето на стан е ограничено на купување директно од инвеститорот или изведувачот; - Градбата на куќа е ограничена на градење новоградба за која се
Социјално загрозени лица, кои: - се државјани на РМ; - имаат постојано живеалиште на територијата на општината каде е изграден социјалниот стан; - немаат стан во лична сопственост, сопственост на брачниот другар или на сопствени полнолетни деца.
Bitola ova mk.qxd Page 46
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
10 Прилог 1.Детален приказ на механизмите за социјална вклученост на Ромите во домувањето
Ослободување од надоместоци за административни такси и надоместоци за добивање на потребни документи за легализација на дивоградби Обезбедување кредит за покривање на трошоците за легализација
Обезбедување правен совет и правна помош при доставување барање за утврдување на статус на бесправно изграден објект
Легализација на бесправно изградени објекти
Правна помош за легализација на бесправно изградени објекти
Целна група
Социјално загрозени лица Посебни категории: - Ромско население
Доставување барање за правна помош или доставување на документацијата од предметот за кој се бара правна помош
Доставување барање со апликација за кредит Намена на кредитот: За изработка на елаборат и дополнителна документација кон барањето за утврдување на правниот статус на бесправно изграден објект
Доставување соодветен документ за докажување на припадност на посебните категории (опишани кај целна група), при доставувањето на барањето за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект
Карактеристики и услови
15:21
Социјално загрозени лица Посебни категории: - Ромско население
обезбедени сите документи (дозволи одобренија за градба) - Висината на делот од кредитот кој се субвенционира е ограничена на 50.000 Евра Социјално загрозени лица Посебни категории: - Ромско население - Корисници на социјална и постојана парична помош
13.01.2013
Финансиска помош за легализација на бесправно изградени објекти
Цел на активноста
Механизам
Bitola ova mk.qxd Page 47
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
47
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 48
ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО
11 Прилог 2. Состав на Советодавно тело и работни групи на проектот
11.1. Советодавното тело на проектот “Индикатори за социјална инклузија во домувањето” Име и Презиме Марија Поповска Мабера Камбери Елвис Мемети Ленче Бајкова Сузана Камческа Даница Павловска Севѓул Абдула Ерџан Селими Александра Вуковиќ Софија Спасовска Моника Петрушевска Сервет Демири Сара Шабани Ремзи Медиќ Санела Емин Неда Милевска Венда Аџиева
48
Организација/институција Министерство за труд и социјална политика на РМ Министерство за труд и социјална политика на РМ Министерство за труд и социјална политика на РМ Министерство за транспорт и врски на РМ Министерство за транспорт и врски на РМ Национален комитет Хабитат (Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ) Влада на Република Македонија Кабинет на министер без ресор Влада на Република Македонија Кабинет на министер без ресор Секретаријат за европски прашања Министерство за труд и социјална политика на РМ, Одделение за социјална инклузија Министерство за локална самоуправа на РМ Министерство за локална самоуправа на РМ ЗЕЛС Здружение „Баирска Светлина” Здружение „Ромско Тркало” ЦРИС Студиорум Хабитат Македонија
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 49
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО БИТОЛА
11.2. Работна група за Студијата на случај за општина Шуто Оризари Име и Презиме Санела Емин Сеад Далипи Енис Далипи Ерхан Фејзов Мирсада Селими Асип Селими Даниел Петровски Дениз Османи Енвер Иљазов Бранислав Петровски Мелиса Мемиш Орхан Асан Демир Шаин
Организација/институција Здружение „Ромско Тркало” Претставник на заедницата Претставник на заедницата РИЦ – Шуто Оризари Здружение „Ромско Тркало” Здружение „Ромско Тркало” Здружение „Ромско Тркало” Здружение „Детска Надеж” Советник во општина Шуто Оризари Здружение „Романо Ило” Здружение „Детска Надеж” Здружение „Детска Надеж” РИЦ – Шуто Оризари
11.3. Работна група за Студијата на случај за општина Битола Име и Презиме Ремзи Медиќ Татјана Танчева Петковска Виолета Налевска Ајрединов Омер Селвета Медиќ Адемовска Селма Билјана Димитриевска Самедин Канановски
Организација/институција Здружение „Баирска Светлина” Општина Битола – Локален економски развој (ЛЕР) Општина Битола – Локален економски развој (ЛЕР) Здружение „Баирска Светлина” Здружение „Баирска Светлина” Ромска здравствена медијаторка (РЗМ) Здружение „Баирска Светлина” Здружение „Баирска Светлина”
49
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 50
Издавач: Здружение за хумано домување Хабитат Македонија Никола Парапунов бб, Mакотекс 1 кат 1000 Скопје, Македонија www.habitat.org.mk За издавачот: Зоран Костов Извршен директор Проект: Индикатори за социјална инклузија во домувањето Проектот е финансиран од Европската унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) Автор: Центар за регионални истражувања и соработка "Студиорум" Лектор: Борче Апостолов Графички дизајн: Златко Ангелов Печати: Аркус Дизајн Скопје, декември 2012 Тираж: 100 примероци
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 51
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Хабитат Македонија и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.
CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 365.4(=214.58:497.774)(047.31) СТУДИЈА на случај општина Битола. - Скопје : Хабитат-Македонија, 2013. - 52 стр. ; 21 см Фусноти кон текстот. - Публикацијата е во рамките на проектот: "Индикатори за социјална инклузија во домувањето. - Библиографија: стр. 42-46. - Содржи и: Прилог ISBN 978-608-65506-1-5 а) Роми во Македонија - Домување - Битола - Истражувања COBISS.MK-ID 93035530
Bitola ova mk.qxd
13.01.2013
15:21
Page 52