Upatstvo za deblokiranje na token gemalto net

Page 1

Упатство за деблокирање на Gemalto.NET токен


Содржина: Воведни препораки ................................................................................................................................................. 3 1. Инсталирање на софтвер за одблокирање на Gemalto.NET токен. ................................................................ 4 2. Одблокирање на Gemalto.NET токен ................................................................................................................. 6

2


Воведни препораки Ова упатство е наменето до сите оние кои од Македонски Телеком купиле дигитален сертификат KS+ и USB Token од тип Gemalto.NET. Одблокирањето на токенот според ова упатство е можно само доколку корисникот го задржал (не го променал) основниот администраторски ПИН или ако го променал го знае новиот администраторски ПИН. При погрешно внесување на администраторскиот пин, може да дојде до комплетно блокирање на токенот, по што корисникот мора да набави нов токен. Македонски Телеком АД не сноси одговорнст за било каква штета настаната при изведување на постапките за одблокирање на токен.

3


1. Инсталирање на софтвер за одблокирање на Gemalto.NET токен. За токенот од тип Gemalto.NET потребно е да ги имате соодветните драјвери. Ако претходно сте го користеле токенот ма ПЦ/Лаптоп-от на кој работите истите се веќе инсталирани. Во спротивно консултирајте ги упатствата поиставени на локација: https://ca.telekom.mk/upatstva.htm

За извршување на активности со самиот токен потребна Ви е инсталација на апликацијата vSEC:SMC.

Доколку ја имате инсталирано апликацијата, продолжете на чекор 2. За инсталација на апликацијата vSEC:SMC треба да ги изведете следниве чекори: А. Кликнете на следниов ЛИНК Б. Стртувајте со двоклик или со кликање на RUN: vSEC_CMS_K1.0.exe В. Кликнете на: I Agree

4


В. Кликнете на Install

Г. Кликнете Finish. Апликацијата се стартува автоматски.

Д. Апликацијата може да ја стартувате од Вашиот десктоп преку подолната иконка:

5


2. Одблокирање на Gemalto.NET токен А. Се става Gemalto.NET токенот во компјутерот/лаптопот и се стартува апликацијата vSEC:CMS од посочената иконка:

Б. Се одбира опцијата: Card Actions

В. Се одбира табот: Online Unblock, по што се клика на дугмето Get.

6


Г. Два пати се впишува PIN-от кој сакате да го поставите – Вашиот НОВ ПИН.

Д. Ако трите услови за нов ПИН се задоволени (штиклирани подолу) се клика на Unblock.

7


Ѓ. Ако не сте го променале администраторскиот ПИН кликнете само на Calculate Cryptogram. Ако го имате претходно променето треба прво да го внесете Вашиот администраторски клуч.

ВО СЛУЧАЈ НА ГРЕШКА ЌЕ ВИ СЕ ПОЈАВИ ПОРАКА:

ОВА ЗНАЧИ ДЕКА ИМАТЕ ПОГРЕШЕН АДМИНИСТРАТОРСКИ ПИН. НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ПОВТОРНО АКО НЕ ГО ЗНАЕТЕ ПИН-от! Е. Доколку промената е успешна се јавува следниов екран:

Запаметете го Вашиот нов пин!

8


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.