1
каталог 2018 www.polica.mk
2 Сашо Димоски
Емилија Златкова Анастасова
Нова античка драма
Публикација за Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ приредена од Сашо Димоски, театролог и селектор на ИФАД Стоби 2021 Хрестоматијата „Нова античка драма“, која излегува од печат за време на овогодишното 18. издание на фестивалот Стоби, нуди приказ на најголемиот дел од драмите што се дел од фестивалот. Петте драмски текстови вклучени во неа се показател на важноста на античкото драмско наследство и неговата вечна актуелност. Драми | 240 стр. | 250 МКД
Каде е Емили?
Еден јулски ден, сите членови на семејството Деборјановски се враќаат во својот дом од различни патувања во различни земји во светот. Емили се качува во авион од Москва по завршувањето на магистерските студии на престижната музичка школа во Москва. Марија и Гоце ја чекаат Емили на аеродромот во Скопје. Авионот пристигнува, но Емили не слегува од него. Емили не пристигнува во Скопје. „Каде е Емили? Што се случило со неа?“ сите се прашуваат. Белетристика, роман | 199 стр. | 250 МКД
Соња Димитрова
Донал Рајан
Три нови македонски бајки
Чудни цвеќиња
Меѓу страниците на нашата нова сликовница прошетајте низ волшебните предели населени со откачените принцезички А, Е, И, О и У, Волшебникот Надеж, пчелките Зузујка и Зузујко, речните сирени Белкица, Праскица и Росица... Таму некаде низ бајките се кријат и алчните тролови...
Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од тагата и за спаителската моќ на љубовта. Во 1973 година, Мол Гладни исчезнува од ридот Типерери каде што била родена. Полека нејзините родители, Педи и Кит, почнуваат да прифаќаат дека ја снемало засекогаш...
Литература за деца | 24 стр. |120 МКД Ана Стојаноска
Белетристика, роман | 220 стр. | 300 МКД
Горан Стефановски
Лебед
Избрани драми 2
Тематот е вљубувањето или – просто – љубовта. Љубовта како феномен, како таква, љубовта од секаков вид: машко-женска, машко-машка, љубовничко-брачна, родителско-детска, семејна, пријателска, професионална, љубов од интерес, од страст, од занес, секаква... Има ли љубов во ова наше време? Умееме ли, сè уште, автентично да се вљубуваме? Онака романтично, како во романите или како во театарските мелодрами...
Горан Стефановски, големиот мајстор на македонската драма и во овие свои дела („Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Ex-Yu“ и „Казабалкан“) зборува за потребата да се создаде сопствена голема нарација, да се раскаже за себе и за „своите“. Да се потврди јаството, традицијата, да се определи својот колективитет (без оглед дали станува збор за етнос или за помала група) како битен во минатото, сегашноста и, се разбира, во иднината.
Белетристика, роман | 302 стр. | 250 МКД
Драми | 224 стр. | 350 МКД
www.polica.mk
3 Марк Блејк
Мохамеду улд Слахи
Дали е ова вистинскиот живот? продира подлабоко во јавниот имиџ на групата Квин, за да ги прикаже во поинакво издание четирите исклучително различни личности, особено пејачот Фреди Меркјури. И покрај смртта на нивниот енергичен водач Фреди Меркјури во 1991 година, групата Квин остана еден од најомилените рок-бендови на планетата.
Оваа книга е првиот и единствен дневник на притворено лице што 14 години било држено во Гвантанамо. Во 2002 година, Мохамеду улд Слахи бил затворен во притвореничкиот логор Гвантанамо Беј во Куба, каде што се држеле политички затвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Сите години додека бил таму, САД воопшто не го обвиниле за какво било дело...
Музичка биографија|
Белетристика | 444 стр. | 500 МКД
Александар Караев
Марија Колева Нешиќ
Во оваа топла и инспиративна приказна, таткото на забавен начин ѝ ја пренесува на својата ќерка тајната за среќен и исполнет живот преку двете свеќи. Тој сè уште неизлекуван од разводот со мајка ѝ и од губењето на работното место, таа бунтовна тинејџерка што бурно реагира на предизвиците што ѝ ги носат младешките години, заедно поминуваат викенд во планина исполнет со непредвидливи настани и бура од емоции.
Оксана Алексеев е млада, убава, силна и самостојна жена. Не сонува за љубовни бајки, но едно лето станува главен лик во една таква бајка. Се вљубува во Јон, кој на денот на промоцијата на неговата книга ќе ѝ напише заводлива посвета: „За мистериозната Русинка со црн тен и палаво срце“.
Нераскажаната приказна за Квин
РО
О НАСК
Дневник од Гвантанамо
Оксана
Две свеќи
Белетристика, роман | 130 стр. | 200 МКД
Белетристика | 279 стр. | 350 МКД Македонка Јанчевска
Кристиан Шемко
Шумска болница
Како да станеш фриленс артист
МЕДО: А, ааа...! Дајте ми апче! Помош ми треба сега, та запчето не е шега. ДОКТОРОТ ШТРК: Издржи, јас тврдам – сè ке се реши. Неколку дена по ред ке добиваш грне со мед. И уште неколку круши – грлото да не ти се суши...
„Како да станеш фриленс артист“ е книга наменета за сите артисти и креатори што секојдневно созреваат, творат, иновираат и го движат општеството напред. Ова е книга за сите оние што ќе решат да одат по фриленсерскиот пат – кои го одржуваат умот отворен, изнаоѓаат волја за креирање нови нешта и ја потхрануваат желбата за постојано надградување.
Литература за деца | 10 стр. |150 МКД
| 227 стр. | 350 МКД
www.polica.mk
4 Емилија Анастасова Златкова
Јустин
Полицијата го пронаоѓа свештеникот Михаил покрај телото на мртвата сопруга, за која тврди дека ја нашол така откако тргнал на пат, но се вратил зашто го заборавил пасошот дома. Но, тоа и не е единствената трагедија – откриваат дека Даниел, петгодишниот син на свештеникот, е исчезнат. Дали е киднапиран, дали побегнал или, пак, станува збор за нешто пострашно? Дали свештеникот е убиец на својата сопруга или сторителот е некој друг? Каде е малиот Даниел?
Делото што преку ракописната традиција стигнало до нас под насловот Јустинова Филипова историја е скратена верзија или епитома на едно незачувано дело на римскиот историограф Гнај Помпеј Трог. Делото на Трог претставувало обемна универзална историја на целиот дотогаш познат свет, почнувајќи од времето на Нин, митскиот крал на Асирија и основачот на Нинива, па сè до времето на императорот Август.
Белетристика, роман | 201 стр. | 250 МКД
Историја | 524 стр. | 350 ден.
Марк Блејк
Џејмс Фрусета
Прва целосна биографија на групата Пинк Флојд, ова издание за една од најголемите рок-групи на сите времиња било создадено откако авторот Марк Блејк разговарал со бендот и интервјуирал други поранешни членови на групата, продуценти, соученици, девојки, техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и многу други луѓе кои имале увид во животот на членовите на групата и нивната работа.
Оваа дисертација го истражува вкрстувањето на спротивставените форми на свест во Пиринска Македонија: национално и локално, од антиотоманското Илинденско востание во Македонија во 1903 година до крајот на кампањата на комунистичката „македонизација“ во 1952 година.
Музичка биографија | 608 стр. | 650 ден.
Историја | 376 стр. | 200 МКД
Карл Густав Јунг
Емилија Златкова Анастасова
Неверство
Филипова историја
Кога свињите ќе полетаат
Бугарска Македонија
Детето во снегот
Сеќавања, соништа, мисли Ова е книга за самоосвестувањето и себеистражувањето, за големото внатрешно будење, книга за спиритуалното и интелектуалното себеоткривање на К. Г. Јунг! Опишувањето на неговите визии, соништа, фантазиите и насетувањата, кои и самиот тој ги држел потиснати до пред самиот крај на животот, а кои сега ги смета за своето „најголемо богатство“, се вредни патокази што Јунг внимателно ги следи на патот кон средбата со сопствената личност. Биографија | 508 стр. | 400 МКД
Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“. Тоа се раскази посветени и на сите дечиња што потонале во осаменоста на „снежните виулици“, таканаречени аутизам. Психолошки и фиктивни приказни за реалноста на животот на семејствата што имаат дете со аутизам, а кои најчесто се борат сами и осамено, без помош од никого. Раскази | 112 стр. | 150 МКД
www.polica.mk
5 Фиби Морган
Ан Берест•Одри Диван•Каролин Де Мегре•Софи Мас
Бебиситерката
Како да бидеш парижанка каде и да си
Убиена жена, исчезнато бебе, еден осомничен и многу прашања. Керолајн Харви е избодена со нож додека го чува бебето на нејзината пријателка. Нејзиното тело е најдено врз креветчето, а бебето го нема. Осомничен за убиството е нејзиниот љубовник Калум, кого го апсат додека со сопругата и ќерката е на одмор во Франција. „Знам што правиш. Не земај го она што не е твое“ е пораката што се појавува на мобилниот на Керолајн пред да биде убиена...
Во кратки, шеговити делови, овие парижанки ви го претставуваат нивниот оригинален поглед на стилот, културата, однесувањето и мажите. Авторките – Ан Берест, Одри Диван, Каролин де Мегре и Софи Мас – немажени, кои имаат врска, имаат деца, се пријателки со години. Овие талентирани боемски иконоборци, со кариери во светот на музиката, филмот, модата и издаваштвото, се невообичаено искрени и без влакна на јазикот ги разголуваат митовите за тоа што значи да си Французинка денес.
Роман, трилер | 350 стр. | 400 ден.
Белетристика | 266 стр. | 500МКД
Арне Рубинштајн
Каролин Де Мегре • Софи Мас
Од момче до маж
Постара, но подобра, сепак постара
Користејќи примери од вистинскиот живот, д-р Арне Рубинштајн ги објаснува опасностите со кои се соочуваат денешните тинејџери, вклучувајќи ги дрогата, алкохолот, технологијата и притисокот од врсниците. Потоа ни покажува како да ги подготвиме нашите синови за носење безбедни и разумни одлуки. За да успееме во тоа, неопходно е да го разбереме нивниот свет, предизвиците со кои се соочуваат и на кој начин мора да се менува нашиот однос кон нив додека тие стануваат млади мажи. Популарна психологија | 236 стр. | 350 МКД
Тие го кажуваат она што не очекувате да го слушнете. Тие ќе ви кажат дека работите не се како порано – триесетгодишно момче ќе дојде на забавата и дури нема ни да ве погледне; се будите чувствувајќи се прекрасно, а сите ви велат дека изгледате изморено; знаете дека сте веќе возрасни кога сте возбудени што ќе си одите дома.
Белетристика | 268 стр. | 500 МКД
Горан Стефановски
Јован Дучиќ
Избрани драми
Богатството на цар Радован
ДИВО МЕСО Театарска пиеса ЛЕТ ВО МЕСТО ХАЈ-ФАЈ (театарска мутација) ДУПЛО ДНО (Театарска пасија во три става и кода) БАХАНАЛИИ (по мотиви од Бакхи на Еврипид) ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО (театарска пиеса)
„Сите луѓе знаат дека во животот сè уште има едно закопано богатство за секој од нив. Сите луѓе копаат: сите луѓе од акција, од елан, од сила, од вера во животот и во целта, и од вера во неверојатното и во невозможното... Сите го бараат царот на тоа вечно неспокојство и вечно трагање. Светот би исчезнал ако го нема тој цар и би ослепел ако не сјае во темнината неговото насетено богатство...“
Драми | 370 стр. | 350 МКД
Есеистика | 328 стр. | 300 МКД
www.polica.mk
6 Брам Стокер
Александар Сашко Кукулев
Дракула
Кога Џонатан Харкер е повикан да оди во Трансилванија на Карпатите во врска со купопродажба на недвижен имот, тој не знае дека влегува во дувлото на крволочниот вампир, грофот Дракула. Дракула спие во тивок гроб под својот пуст замок. Погледот му е студен, а лицето му е смртно бледо. Но, на неговите усни има подбивна насмевка – и капки свежа крв. Тој е мртов со векови, а сепак не може да умре... Тука започнува трката чија цел е да се спречи Дракула да го шири своето проклетство надвор од Трансилванија... Роман | 508 стр. | 350 МКД
Како избравме американски претседател Романот Како избравме американски претседател читателот го остава без здив од првата до последна страница. Александар Сашко Кукулев со својот карактеристи чен наратив создаде остроумно и истовремено силно провокативно четиво, едно од оние за кои читателот посакува да го види на големото филмско платно. Роман | 164 стр. | 200 МКД
Александар Сашко Кукулев
Гистав Флобер
Нострадамус во својот стих 58 Quatrains - Century X напишал: 58 In the time of mourning the feline monarch will make war upon the young Macedonian: Gaul to shake, the bark to be in jeopardy, Marseilles to be tried in the West a talk. Во времето на народна жал, невидливиот крал ќе војува против еден млад Македонец: галијата ќе се затресе, а бродот ќе биде во опасност За Марсеј, ќе се говори на запад.
Ема Бовари е убава млада жена што живее здодевно секојдневие, заробена во бракот со просечен лекар и задушена од баналноста на провинцискиот живот. Таа е ревносна читателка на сентиментални романи, копнее по страст и бегството го бара во фантазиите за голема романса, во безобразно трошење пари и, на крајот, во прељуба. Кога реалниот живот и натаму не успева да ги исполнува нејзините романтични очекувања, последиците се катастрофални.
Роман | 136 стр. | 200 МКД
Роман | 404 стр. | 250 МКД
Милан Оклопџиќ
Оноре де Балзак
Патувањето на Петар Келемен
Госпоѓа Бовари
Калифорнија блуз
Чичко Горио
Калифорнија блуз оставил длабок белег во растењето на многумина што го разбираат животот од една друга гледна точка и што не се двоумеле доброволно да се предадат на заводливата лековерност заради свое спасение. „Јас не работам никаде, премногу сум лесен за тешка работа, премногу тежок за лесна работа и премногу секси за ноќна работа.“ Роман |308 стр. | 300 МКД
www.polica.mk
Чичко Горио е еден од жителите во валканиот пансион на Мадам Вокер. Отпрвин неговото богатство предизвикува почит кај другите, но како што неговите околности мистериозно се менуваат на полошо, тие околу него почнуваат да го избегнуваат. Ткаејќи привлечна и панорамска приказна за љубовта, парите, самопожртвуваноста, корупцијата, алчноста и амбицијата, Чичко Горио е едно ремек-дело на Балзак. Роман | 315 стр. | 250 МКД
7 Афонсо Круш
Сара Хејвуд
Во безизлезен обид да го пресоздаде минатото на својот залезен пријател, господинот Улм, раскажувачот на овој роман ја реконструира својата сегашност во надеж дека некогаш ќе стане личност што ќе умее да разговара со маките и страдањата на другите. Туѓата несреќа е едно скалило кон вечноста, или кон пропаста. Може ли да постоиме без сеќавањата и која е личноста што ја гледаме пред огледалото?
За Сузан Грин, неуредните емоции немаат место во равенката на нејзиниот совршено подреден живот. Живее во стан што е идеален за еден човек, има работа што одговара на нејзината страст кон логика и „меѓучовечки аранжман“, кој ѝ обезбедува културни и други, поинтимни придобивки. Но, одеднаш, соочена со загубата на мајка ѝ и со веста дека самата таа ќе стане мајка, во Сузан се буди најголемиот страв. Таа ја губи контролата...
Роман | 244 стр. | 200 МКД
Роман | 372 стр. | 400 МКД
Лилјана Дирјан
Исток Ј. Улчар
Кактус
Цвеќиња
Вагон-ресторан
Порој од пепел
Пишувано неконвенционално, со огроман љубов и страст, делото претставува вонреден пример за своевиден „меланж“ на: патопис, автобиографско писмо, ерудициски стил, поетска проза, интертекст.... Исклучителниот талент на Лилјана Дирјан за поетски дискурс, специфичниот светоглед и асоцијативната моќ креираат еден мошне оригинален, уникатен и специфичен „дирјановски“ стил што доминира низ секоја страница.
Четвртата поетска збирка на Исток Ј. Улчар е возбудлива најава на негов премин кон посериозен, трпелив и будно обмислен поетски стил. Книгата дава сензитивна слика на современите младешки и социо-историски превирања, блиска до духот на една цела генерација и презначајна за македонската современа поезија.
Раскази | 118 стр. | 150 МКД
Поезија | 67 стр. | 150 МКД
Марија Митева
Евтим Клетников
Замислен како своевиден книжевен и општествен експеримент, ракописот содржи вкупно 12 раскази организирани во систем кој има за цел да функционира како една кохерентна целина. Структуриран како хибрид, ракописот во фокусот поставува карактери-прототипови на луѓе од секојдневието на кои во фингирани ситуации им се дадени сите услови за удобен живот но, прашањето е: дали тие умеат да се снајдат?
Виното и поезијата отсекогаш оделе рака подрака. И двете ги опиваат душата и духот. Читателот на оваа книга ќе се увери во тоа дека виното е свет пронајдок, кон кој и ние треба да се однесуваме со света почит. Читајќи ги песните како вински пехари, и тој може да му се препушти на светото пијанство за кое говори Руми, а кое човекот го почувствувал уште пред Создателот да го насади првото лозје.
Земно и небесно лозје
Највисокото дно
Поезија | 226 стр. | 350 МКД
Проза | 76 стр. | 150 МКД
www.polica.mk
8 Едуар Луј
Кондолиза Рајс
Ова е краток роман во традицијата на Труман Капоте, но со жртвата како тема. Движејќи се безмилосно и хипнотички меѓу минатото и сегашноста, меѓу гласот на Луј и гласот на замислениот раскажувач, делото е прецизно како полициски извештај и љубопитно како мемоари. Го бележи не само расизмот и хомофобијата на француското општество, туку и нивни суптилни ефекти врз љубовниците, браќата и сестрите, сопрузите и сопругите.
Во текот на осум години, Кондолиза Рајс учествувала во највисоките политички совети и имала клучна улога во обликувањето на политиката што влијаела не само врз Америка, туку и врз светот. Во оваа книга таа пишува искрено за многу фасцинантни луѓе со кои соработувала и за значајни настани што ја тестирале нејзината решителност.
Историја на насилството
Највисока чест
Автобиографија | 896 стр. | 400 МКД
Роман | 184 стр. | 300 МКД
Дејвид В. Галенсон
Уредено од Клејборн Карсон
Од кубизмот на Пикасо и редимејд на Дишан до ситопечатот на Ворхол и земјените дела на Смитсон, уметноста на ХХ век направи целосен прекин со претходните уметнички традиции.Основната промена на пазарот за напредна уметност предизвика зголемена побарувачка за иновации, а младите концептуални иноватори одговориле на свој начин.
Професор по историја и истакнат автор и уредник на неколку книги за борбата за граѓански права, д-р Клејборн Карсон бил избран од Фондацијата на Мартин Лутер Кинг, Помладиот за да ги уреди и објави документите на д-р Кинг. Оваа книга е богата, трогателна хроника за еден народ и една нација исправена пред една моќна промена.
Стручна литература | 460 стр. | 400 МКД
Автобиографија | 392 стр. | 300 МКД
Мајкл Еткинсон • Кевин Јанг
Зора Узуноска
Светот на спортот нуди длабок – и често игнориран – извор за проучување на девијантноста и нејзиниот развој и влијание врз општеството. Девијантност и социјална контрола во спортот го предизвикува претходно утврденото во врска со односот на девијантноста и спортот и нуди концептуална рамка за идна работа во различни социолошки потполиња.
Извонредна компилација на содржина и илустрации � даваат енциклопедиски карактер на оваа книга и значајно го фацилитираат процесот на учењето на хуманата анатомија. Затоа, книгата можат да ја користат сите оние кои сакаат или требаат да се стекнат со основни сознанија за анатомската структура на човечкото тело, а понатака ...
Стручна литература | 326 стр. | 400 МКД
Стручна литература | 336 стр. | 1.500 МКД
Концептуални револуции во уметноста на XX век
Автобиографијата на Мартин Лутер Кинг помладиот
Основи на хумана анатомија
Девијантност и социјална контрола во спортот
www.polica.mk
9 Херман Мелвил
Бернис Рубенс
Оваа приказна е навидум едноставна: Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој мани чен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата...
И покрај трагичните елементи во оваа приказна, сепак комичното го прави овој роман вистинско читачко уживање. Норман е најпаметниот во едно еврејско семејство од Лондон. Чудо од дете; брилијантен адвокат; зеница во очите на неговите родители... сè до неговата четириесетта година кога станува зависник од дрога, затворен во својата спална соба, на милост и немилост на неговите халуцинации и параноја...
Моби Дик или Китот
Избраниот член
Роман | 726 стр. | 450 МКД
Роман | 280 стр. | 120 МКД
Мариа Ксилури
Михаел Хагнер
Како завршува светот
Домашниот учител
Романот раскажува за шест протагонисти Орестис, Фани, Димитрис, Фотис, Акос и Ана, кои живеат во годините на кршливата младост во свет во кој нема напредок. Нивните приказни се случуваат од 2000 до 2008 година, но не секогаш праволиниски во времето. На крајот од ова наративно патување, во нурнувањето во длабочините на душата и во односите со другите, доаѓа прочистувањето, односно катарзата.
Михаел Хагнер ја раскажува приказната за Андреас Диполд, приватен учител во Германија на преминот од XIX во XX век, неговите ученици и нивните родители, но и изнесувањето пред суд на случајот за малтретирање и убиство извршени токму од страна на учителот. Авторот се повикува на тогашните извори и судските списи...
Роман | 326 стр. | 120 МКД
Документарна проза | 314 стр. | 120 МКД
Чарлс Харисон и Пол Вуд
Ненад Георгиевски
Откако беше објавена во 1992 година, оваа книга стана една од водечките антологии на теоретски текстови за уметноста во светот. Ова издание ги вклучува плодовите од неодамнешните истражувања, кои вклучуваат значителен обем на новопреведени материјали од целиот период, заедно со дополнителни текстови од последните децении на дваесеттиот век.
Книгата се состои од интервјуа во кои е опфатен широк опсег на теми што се однесуваат на повеќе аспекти од занимавањето со музика, почнувајќи од инспирацијата, оригиналноста, искуствата, начинот на работење па сè до илустрации, дизајн, книги, а исто така, интервјуата ги испитуваат амбициите и достигнувањата на самите музичари...
Уметноста во теоријата (1900–1990)
Стручна литература | 1142 стр. | 800 МКД
www.polica.mk
Уште музика и муабети
Интервјуа | 420 стр. | 250 МКД
10 Мирослав Мишковиќ
Елза Моранте
Книгата Јас, тајкунот е единствената исповед на човекот кого Милошевиќ го сметаше за соработник, Ѓинѓиќ за пријател, Тадиќ за противник, а Вучиќ за непријател. Таа дава целосен поглед на српскиотпретприемач, на историјатот на недоразбирањата меѓу државата и нејзините бизнисмени, на менталитетот на српскиот политичар и работник, на економското минато, сегашноста и иднината на Србија и регионот.
На мал остров во Тиренското Море живее едно момче што е невино и не знае за грев и е ослободено од големиот свет како морска птица. Мајката на Артуро е мртва; неговиот татко е далеку – никогаш не сме сосема сигурни каде. Жени облечени во црно се грижат за него, ја водат куќата, му даваат слобода да доаѓа и да си оди како што сака. Потоа таткото се враќа од копното со новата сопруга Нунцијата, која всушност е девојка одвај постара од самиот Артуро.
Биографија | 244 стр. | 400 МКД
Белетристика, роман | 426 стр. | 120 МКД
Оноре де Балзак
Марио Варгас Љоса
Романот Шагринска кожа е особено актуелен, читлив и провокативен. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, mистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични фрази посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да сакаш“, „да можеш“ и „да знаеш“.
Празникот на Прчот се вбројува во најдобрите романи од опусот на перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, а се смета и за неизбежно дело во поновата латиноамериканска книжевност. Во оваа мешавина од историски факти и фиктивна трилер-драма, претставена преку три наративни нишки, Љоса обработува теми како што се моќта, сексуалноста и меморијата.
Класична литература | 308 стр. | 250 МКД
Белетристика, роман | 496 стр. | 400 МКД
Ема Донахју
Едуар Луј
Ова е неверојатна приказна за 11 годишната Ана О`Донел која живее во ирското селце во близина на Атлон. Таа веќе 4 месеци живее без храна, и тврди дека се наситува со „Манна од небото“. Девојчеточудо за жителите од селото станува центар на внимание, поголемиот дел од нив ја сметаат за светица, но сакаат да бидат сигурни дека не се измамени...
Крајот на Еди завршува со крајот на оној што некогаш бил Еди. Еди мора да избере. За него, борбата да се сака себеси секогаш е контрадикторна и никогаш не е завршена. Со голема тешкотија се труди да биде со девојки, за да ги увери своите родители во неговата хетеросексуалност. Еди избира.
Островот на Артуро
Јас, тајкунот
Празникот на Прчот
Шагринска кожа
Крајот на Еди
Чудото
Белетристика, роман | 253 стр. | 120 МКД
www.polica.mk
Белетристика, роман | 186 стр. | 300 МКД
11 Марк Елиот
Зоран Пеневски
Има нешто во Иствуд, кое не ни дава дa го упростиме неговиот карактер, некое делче во неговата душа каде што ниеден психијатар не може да влезе... Клинт Иствуд е интересна филмска персона бидејќи неговата суштина е поинтересна од неговото постоење. Убавината на актерите е што тие се доволно суетни и глупави за да си дозволат да бидат мумифицирани само заради просветувањето на публиката.
Распустот е почнат и дванаесетгодишната Сара, наместо да си четува со другарите , сака викендот да го помине кај баба ѝ. Но, баба ѝ ја нема. Во потрага по неа, таа влегува во фантастичниот свет на заборавениот плоштад, а тука ја придружува и Бертолд – птицата на баба ѝ што мисли дека е мачка. Во оваа приказна Сара на моменти се соочува со реалноста, со делови од детството кои не сака да ги види...
Роман | 428 стр. | 300 МКД
Литература за деца | 154 стр. | 150 МКД
Симон де Бовоар
Марио Варгас Љоса
Мандарините (том I и II)
Пофалба на маќеата
Живописен, искрен и реален, најпознатиот роман на Симон де Бовоар, Мандарините, ни дава соголен поглед на париското интелектуално општество од крајот на Втората светска војна. Полуавтобиографскиот роман на Де Бовоар се осврнува на обидите на левичарските интелектуалци да го напуштат својот елитен „мандарински“ статус и да се вклучат во политичкиот активизам.
Со толкувањето на шесте репродукции на сликите, тој воедно ги оживува и преку нив ни раскажува приказни во кои шармантниот и личен Фончито ја вознемирува маќеата доња Лукресија, а дон Ригоберто се фрла во ноќните фантазии, со што нè наведува да се прашаме дали момчето, всушност, е самиот Ерос кој се вовлекува во прегратките на зрелата жена, или станува збор за мечтите на нејзиниот сопруг.
Белетристика, роман | 860 стр. | 500 МКД
Белетристика | 166 стр. | 250 МКД
Афонсо Круж
Франческо Пиколо
Романот Куклата на Кокошка е симбол, а и метафора на едно пријателство, приказна за тоа како нашиот однос со другите е суштествен за нашиот идентитет. Главниот протагонист во романот е Исак Дреснер, евреин кој почнал да куца на левата нога поради неговата опсесија со сеќавањето на погубувањето на најдобриот другар во Втората светска војна.
Со Желбата да се биде како сите други Пиколо напишал книга која е и роман за италијанската левица и приказна за личното и колективното созревање. Секој човек доживува барем една љубовна приказна која трае цел живот: онаа со своето време и својата земја, (турбулентен) брак меѓу приватниот и јавниот живот. Овој личен и политички, забавен, крајно сериозен и провокативен роман зборува за сè што придонесува да бидеме тоа што сме.
Роман | 246 стр. | 200 МКД
Белетристика, роман | 214 стр. | 120 МКД
Американски бунтовник
Сара и заборавениот плоштад
Желбата да се биде како сите други
Куклата на Кокошка
www.polica.mk
12 Виктор Иго
Рубен Гаљего
Богородичната црква во Париз е еден од најдобрите историски романи во светската литература. Во основа, тој е вперен против монархијата, католицизмот, варварското правосудство и против смртната казна. Преку судбината на незаборавните ликови на Есмералда и на Квазимодо, авторот укажува на убавината на човечката душа, потенцирајќи ја естетската теза дека суштината е позначајна од надворешната форма, што претставува голема новина во светската литература.
Бело на црно е извонредно сведоштво, приказна за триумфот на едно момче соочено со ненадминливи пречки. Рубен Гаљего, роден со церебрална парализа во Москва, бил скриен во советските државни институции од својот дедо по мајка, генералниот секретар на Шпанската комунистичка партија во 1960-тите години. Детството го поминал во сиропиталишта, болници и домови за стари лица, живеејќи живот на емоционална лишеност и изгубено човечко достоинство.
Роман | 660 стр. | 400 МКД
Роман | 154 стр. | 120 МКД
Жозеф Бедие
Херман Ленц
Читателот се наоѓа во еден необичен свет каде што секојдневието е исполнето со магии, бајковитости, таинства и уплав од непроѕирноста на природата, но и на нечитливата човечка природа. Сепак, ваквиот загадочен средновековен амбиент е нагласено смекнат, зашто во замоците, во селата и во колибите, во кралските одаи и во длабоките непреодни шуми, непрекинато се одвиваат човечки средби, судири и големи трагични љубови.
Средба се случува во Виртемберг во кралската Монархија, во времето по „системот Метерних“, во времето на револуцијата, на ново-апсолутизмот и на обидите за устав. Раскажувачот е домашен учител во еден виртембершки замок, внатрешно растргнат човек со непознато потекло, кој пак претчувствува дека опасниот господар на замокот е негов татко, а неговиот ученик Константин, легитимниот син на грофот, е негов полубрат.
Роман | 150 стр. | 200 МКД
Роман | 144 стр. | 120 МКД
Жан-Антоан Нау
Криста Волф
Непријателска сила е пионерски, надреалистички роман за еден поет што мистериозно се буди во гумена соба, заклучен во лудница, по барање на роднина поради алкохолизам или, можеби, поради љубомора. Станува необјасниво опседнат од „непријателска сила“, веројатно вонземјанин од пеколна планета што орбитира околу ѕвездата Алдебаран, чиј луд глас постојано му вреска во главата и тој мора да научи да живее делејќи го своето тело со него. Престижната награда „Гонкур“ првпат била доделена за овој роман.
Медеја е една од најозлогласените жени во канонот на грчката трагедија: презрена жена што ги жртвува своите деца пред својот љубоморен бес. Во истоиме ниот роман, Криста Волф го истражува овој мит, откривајќи жестоко независна жена вплеткана во брутална политичка битка. Не сакајќи да ја игнорира ужасната вистина за државата, таа станува закана за кралот и за неговите немилосрдни советници;
Роман | 282 стр. | 120 МКД
Белетристика, роман | 194 стр. | 120 МКД
Бело на црно
Богородичната црква во Париз
Средба
Роман за Тристан и Изолда
Медеја
Непријателска сила
www.polica.mk
13 Елијас Канети
Филип К. Дик
Игра со очи е третиот том од автобиографијата на Канети. Дејствата во неа се случуваат во Виена, помеѓу 1931 и 1937 година: период кога европската катастрофа, веќе јасно видлива за секој што сакал да ја согледа, се приближувала кон својот врв. Кон одличниот интелектуален и духовен автопортрет, Канети ги додава и прекрасните портрети на своите пријатели и ривали: Херман Брох, Роберт Музил, Фриц Вортруба, Албан Берг и Алма Малер.
Човекот во високиот замок е заслепувачки спекулативен роман според кој е направена истоимената популарна ТВ-серија во продукција на Ридли Скот. Реномираниот култен роман на Филип К. Дик ни дава застрашувачки поглед на алтернативниот свет, во кој еден од сојузниците ја изгубил Втората светска војна. Во оваа кошмарна дистопија, нацистите го заземаат Њујорк, Јапонците ја контролираат Калифорнија, а африканскиот континент практично не постои.
Роман | 352 стр. | 120 МКД
Роман | 286 стр. | 350 МКД
Ингеборг Бахман
Филип К. Дик
Триесеттата година
Сонуваат ли андроидите електрични овци?
Првпат објавена во 1961 година, збирката Триесеттата година е циклус од седум раскази што се занимаваат со темите на времето по војната во Германија и Австрија. Седумте раскази тематизираат насилство, уништување и навикнување на општествените очекувања, но речиси во сите раскази станува збор и за љубовта меѓу маж и жена, во која половите ја заземаат нивната позиција далеку еден од друг и го пропуштаат мигот за почеток на нови форми на врската.
Ремек-дело пред своето време, далековида интерпретација на темната иднина и инспирација за филмот Блејд Ранер. До 2021 година, Светската војна убила милиони, доведувајќи го целиот вид до изумирање и миграција на човештвото надвор од планетата. Оние што остануваат посакуваат какво било живо суштество, а за луѓето што не можат да си го дозволат тоа, компаниите создале неверојатно реалистични симулакруми: коњи, птици, мачки, овци. Тие направиле дури и луѓе.
Роман | 176 стр. | 120 МКД
Роман | 176 стр. | 250 МКД
Адриан Бертран
Џорџо Фонтана
Повикот на земјата го прикажува животот на баталјонот Алпски ловци на фронтот за време на Битката за границата, набрзо по избувнувањето на Првата светска војна. Врз основа на сопствените воени сеќавања и сеќавањата на неговиот брат, авторот со реализам и патриотизам ги опишува чувствата на оние зафатени од масакрот на војната, за време на која искусиле такви невидени ужаси што никој не можел да ги замисли само неколку недели претходно.
Летото 1981 г. во Милано, во периодот на т.н. оловни години во Италија, протагонистот Џакомо Колнaги води истрага за група млади терористи кои се одговорни за убиството на еден демохристијански политичар. Низ двете паралелни приказни за судбините на таткото и синот, Колнаги доаѓа до заклучок дека доколку циклусот на насилства не се прекине, тоа ќе води до натамошна смрт и страдање, што и всушност на крајот се потврдува на најтрагичен начин.
Роман | 202 стр. | 120 МКД
Белетристика, роман | 238 стр. | 120 МКД
Игра со очи
Човекот во високиот замок
Смртта на еден среќен човек
Повикот на земјата
www.polica.mk
14 Џејмс Џојс
Амин Маалуф
Контроверзен, скандалозен, интертекстуален, на моменти и нечитлив, но секако духовит и забавен, Улис е несомнено ремек-дело на модернизмот од XX век. Патувањето почнува и трае еден ден – 16 јуни 1904 година (датум на кој Џојс ја запознава својата сопруга Нора Барнакл) – во животот на тројца Даблинци: продавачот на огласи, Леополд Блум, поетот Стивен Дедалус и Моли Блум, сопругата на Леополд.
Во овој роман читателот ќе најде загадочност, чувства и пресврти. Меѓу другото, ќе се сретне со еден учен маскар, со шеик чие име е Франсис, со грузиска милосница, со патријарх кого го демне смртта, скриена во куршумот на пушката на англискиот конзул, и со една жена, Ламија, која ја носи својата убост како крст. Спилата на Таниос е, најпосле, роман на приклученија и на верност.
Роман | 884 стр. | 450
Роман | 278 стр. | 120 МКД
Волтер
Дидие ван Ковелер
Најзначајните литературни дела на еден од најголемите духови на европската и на светската цивилизација, несомнено се романите Кандид и Задиг, објавени, првиот во 1759, а вториот дванаесет години порано 1747 година, но своето значење и популарноста не ги загубиле ни по двесте и педесетина години од појавувањето. ...Двата романа (или, како што тој ги нарекува, „филозофски раскази“) често ги објавуваат заедно, зашто на некој начин се надополнуваат...
Едно дете од непознати родители, кои загинале во сообраќајна незгода, било спасено и посвоено од ромско семејство од Марсеј. Mу го дале името Азиз. Азис со новите родители расте со лажни марокански документи. На осумнаесет години тој краде автомобили и авто-радија. Го апсат за кражба, и француските власти одлучуваат тој да биде еден од првите примери на новата имиграциона политика – враќање на илегалните имигранти во нивните земји на потекло.
Роман | 270 стр. | 200 МКД
Роман | 132 стр. | 120 МКД
Јан Кефелек
Греам Свифт
Сè почнува во едно село на брегот од океанот, непосредно по последната војна со „варварското“ силување на 13 годишната Никол, која кутрата верува дека доживува голема љубов со американскиот војник. Од тој „варварски“ чин се раѓа Лудо, несаканото дете кое цел живот ќе го носи печатот на „срамот“ на семејството и ќе ја потсеќа мајка си на мачната ноќ.
Приказната во овој роман е за четворица воени ветерани кои живеат во ист дел од Лондон. За да го исполнат аманетот што им го оставил нивниот верен пријател Џек Додс одат на патување до Маргејт за да му ја расфрлат пепелта таму. Насловот Последните наредби, или во оригиналната верзија Last Orders може да се протолкува не само како исполнување на последните наредби како аманет од починатиот другар, туку и како нарачка на последната тура во пабот пред фајронт.
Роман | 290 стр. | 300 МКД
Белетристика, роман | 356 стр. | 120 МКД
Спилата на Таниос
Улис
Кандид • Задиг
Билет во еден правец
Последните наредби
Варварска свадба
ДЕНА А Д О Р РАСП
www.polica.mk
15 Тахар Бен Желун
Томас Кенили
Мохамед Ахмед, мароканско девојче пораснато како момче за да се заобиколат исламските закони за наследство, во однос на женските деца, е по постојан судир сам(а) со себе во однос на својот идентитет. Во приказната што час се чини реална, час надреална, и се движи меѓу мистериозната сегашност и болното минато, ни се откриваат настаните од животот на Ахмед како возрасен човек.
Романот Шиндлеровата листа предизвикал опширна полемика поради покажувањето на еден друг поглед на антисемитизмот и историjата на Втората светска воjна. Шиндлеровата листа е прекрасна книга заснована врз вистинска приказна за тоа како еден германски воен профитер и директор на затворенички логор Оскар Шиндлер успеал да спаси повеќе Евреи од гасните комори одошто коj било поединец во текот на Втората светска воjна.
Света ноќ
Шиндлеровата листа
Роман | 184 стр. | 120 МКД
ЕНА Д А Д РО РАСП
Белетристика, роман | 516 стр. | 350 МКД
Пол Скот
Жак Шесе
Останување
Исполин
Романот Останување ги опишува настаните што довеле до поделбата на Индија и стекнувањето независност во 1947 г. Полковник Таскер и Луси Смоли се британска двојка која останува да живее на ридовите во Панкот во Индија по војната. Кога конечно ѝ доаѓа преку глава од тоа да му угодува на сопругот, Луси полага право на независност за себе. Елоквентни и смешни, таа и Таскер даваат приказ на класните тензии во Британска Индија.
Пол Калме, таткото на Жан Калме, е опишан како вистински тиранин што го спречува секој обид на својот син да биде она што е. Тој е моќна и уништувачка личност од витално значење што ја задушува и мажественоста на сопствениот син, а оди дури и дотаму што му ја краде првата љубов. Романот почнува со смртта и со кремирањето на ова чудовиште, што кај протагонистот создава чувство на олеснување и слобода.
Роман | 304 стр. | 120 МКД
Роман | 192 стр. | 120 МКД
Тони Морисон
Синклер Луис
Романот Останување ги опишува настаните што довеле до поделбата на Индија и стекнувањето независност во 1947 г. Полковник Таскер и Луси Смоли се британска двојка која останува да живее на ридовите во Панкот во Индија по војната. Кога конечно ѝ доаѓа преку глава од тоа да му угодува на сопругот, Луси полага право на независност за себе. Елоквентни и смешни, таа и Таскер даваат приказ на класните тензии во Британска Индија.
Д-р Мартин Ароусмит работи како единствен лекар во малечката Вестилванија, Северна Дакота и таму се бори со разни проблеми и недостатоци, но животот му продолжува и тој напредува во својата кариера. Конечно д-р Ароусмит е препознаен од својот ментор и му е понудено да биде дел од тимот на престижниот научен институт во Њујорк. Романот кулминира кога тој го открива фагот што ја уништува бактеријата на бубонската чума.
Белетристика, роман | 322 стр. | 250 МКД
Белетристика, роман | 634 стр. | 120 МКД
Ароусмит
Љубена
www.polica.mk
16 Ромен Гари
Л. Мари Аделин
Големата литература има една особеност – со тоа што ја создал, авторот понекогаш губи контрола над неа. Така и Ромен Гари, кога ја напишал книгата Корени од небото, можеби ја сметал за роман со огромна двосмисленост, но читателите немаат проблем да се снајдат во оваа приказна за францускиот стоматолог Морел и неговата луда потрага да ги зачува слоновите на Африка, прилично директна метафора за борбата за зачувување на слободата.
Без предрасуди, без граници, без срам... во „жешкиот“ Њу Орлеанс. Келнерката Кеси Робишо си го живее секојдневието сè додека мистериозна убавица не си го заборави дневникот во кафулето во кое работи таа. Дали ќе се осмели да ѕирне во него? Одеднаш, пред неа се отвора нов свет, свет во кој жените доаѓаат до „среќата“ само со исполнување на десетте чекори.
Т.А.Ј.Н.А.
Корени од небото
Белетристика | 482 стр. | 120 МКД
Белетристика | 268 стр. | 200 МКД
Џон Берџер
Л. Мари Аделин
Романот Џ. е пикарски роман, чие дејство е сместено во Европа, на крајот од XIX и почетокот на XX век. Со огромно разбирање, Берџер ги истражува срцата и душите и на мажите и на жените, што е она што се случува за време на сексот, за да ги открие причините за успехот на младиот љубовџија. Џ. е извонреден роман за потрагата по блискост во приватните моменти на историјата.
Нестрпливо очекуваното продолжение на еротската сензација Т.А.Ј.Н.А., во која женските сексуални фантазии стануваат реалност. Сè уште ранета од неодамнешниот прекин со својот шеф и љубовник Вил, Кеси Робишо се посветува на работата во Т.А.Ј.Н.А. ‒ мистериозната организација што засекогаш ја промени со тоа што ги оживеа нејзините најдлабоки сексуални фантазии, една по една.
Белетристика, роман | 360 стр. | 120 МКД
Белетристика | 322 стр. | 200 МКД
Френсис Скот Фицџералд
Л. Мари Аделин
Големиот Гетсби е меѓу најславните романи за падот на „американскиот сон“ и моралната декаденција на монденското општество. Овој роман ја прикажува „добата на разочарувањето“, или според Фитцџералд „ерата на џезот“.
Т.А.Ј.Н.А Откриена е експлозивно, сензуално и еротски заситено финале на бестселер трилогијата. Вил Форет е единственото нешто што Кеси некогаш го сакала ‒ љубовта на нејзиниот живот. Но, кога тој дознава дека таа е дел од затворената група Т.А.Ј.Н.А. ја прекинува нивната врска. Со скршено срце, таа се посветува да ѝ помогне на Соланж Фарадеј, новата девојка. Кеси ја обновува врската со жешкиот фраер Џеси, иако тој не може да ја љуби толку длабоко како што може Вил.
Белетристика, роман | 190 стр. | 200 МКД
Белетристика | 164 стр. | 200 МКД
Т.А.Ј.Н.А. Споделена
Џ.
Т.А.Ј.Н.А. Откриена
Големиот Гетсби
www.polica.mk
17 Непознат
Лора Тејт и Џими Рајс Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав
Сумеро-вавилонскиот еп Гилгамеш е најстарото литературно дело за кое знае книжевната наука во светот. Времето на неговото создавање на специјални глинени плочи научниците го датираат во ХIX или ХХ век пред н.е., што значи дека овој еп е создаден неколку векови порано од славните Хомерови епови, како и од сите други познати древни дела (Веди итн.). Епот е создаден и е напишан на јазикот на Сумерите, народ кој тогаш бил населен во долниот дел на Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат...
Лора и Џими се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, што значи дека последните десет години ги имаат поминато во седење по англиски пабови и во муабети за животот и за љубовта. Сега заедно пишуваат книги – ги земаат лаптопите и пишуваат сè што ќе им падне на памет, но освен тоа, речиси ништо друго не се сменило во нивното дружење. .
Еп | 92 стр. | 150 МКД
Белетристика, роман | 326 стр. | 200 МКД
Кај Херман Хорст Рик
Виктор Иго
Ние децата од железничката станица ЗОО
Клетници, том 1 и 2
Ова е опседнувачка, вистинска приказна за Кристи jане Ф. – бунтовнички настроена тинеjџерка од 1970тите години во Берлин. Како и многумина млади луѓе во различни времиња и на различни возрасти, Кристиjане сака да се вклопи и да се докаже себе си откако неjзиното семеjство првпат се доселува во градот. Таа очаjнички сака да ги носи вистинските алишта, да jа слуша вистинската музика и да се дружи со децата кои се кул.
Напишан во 1862 година, Клетници се смета за еден од најзначајните романи на XIX век. Ги следи животите и случките на неколку француски ликови за период од 17 години во почетокот на XIX век, започнувајќи од 1815 година па сè до 1832 година кога се случува Јунското востание. Романот се сосредоточува врз борбите на поранешниот осуденик Жан Валжан и неговото избавување.
Гилгамеш
Белетристика | 444 стр. | 350 МКД
ДЕНА А Д О Р РАСП
Белетристика, роман | 964 + 720 стр. | 1.000 МКД
Афонсо Круж
Марк Бернар
Вивалдо Бонфин е службеник со здодевна работа, па честопати во даночната канцеларија во која работи си чита новели и романи. Еден ден, додека се преправа дека напорно работи, се губи во читањето и исчезнува од овој свет. Ова е неговата вистинска приказна – раскажана од син му, Елијас Бонфин, кој тргнува во потрага по татка си, патувајќи низ класиците на литературата во кои е преполно со убијци, неизмерни страсти, диви ѕверови и други опасности создадени од букви.
Како деца... раскажува за сиромашното детство, во Ним. Глас што оди директно до срцето. Иронијата и искреноста, наивноста и злобата, љубовта кон животот, чесноста на јазикот и мислата го сочинуваат шармот на оваа книга, една од најубавите инспирирана од детството. Приказната евоцира спомени за местото на растење и за сите радости и страдања од детството; ги оживува едноставните луѓе, зборува за првите години од животот на херојот...
Белетристика, роман | 88 стр. | 100 МКД
Роман | 284 стр. | 120 МКД
Книгите кои го проголтаа татко ми
www.polica.mk
Како деца...
18 Реј Бредбери
Хорас Волпол
Според познавачите на книжевниот опус на Реј Бредбери, романот Фаренхајт 451 (објавен во 1953 година) е неговото најзначајно дело но, сепак, повеќе од половина век токму Марсовските хроники континуирано предизвикуваат несмален интерес кај читателската публика и тоа во светски рамки. Уште по појавата на Марсовските хроники во 1950 година за Реј Бредбери било кажано дека пишува исто како што импресионистот Клод Моне умеел да слика.
Отрантскиот замок зборува за приказната на Манфред, принцот од Отранто, кој сака да го сочува својот замок за потомците пред налетот на една мистериозна клетва. Романот почнува со смртта на синот на Манфред, Конрад, кој загинува утрото на својата свадба со убавата принцеза Изабела. Соочен со изумирањето на својата семејна лоза, Манфред се заколнува дека ќе се разведе од својата жена и самиот ќе се ожени со Изабела.
Белетристика, роман | 198 стр. | 250 МКД
Роман | 120 стр. | 128 МКД
Жан Пол Сартр
Ентони Бордејн
Зборови е книга која со право се смета за ремекдело на Сартр. Според Симон де Бовоар, оваа книга наишла на восхитувачки прием кај публиката. Тоа е книга за која Сартр се трудел да биде убаво напишана, за разлика од другите негови дела, во кои главно настојувал што поверно да ги изнесе своите идеи.
Готвењето и патувањето се најголемата страст во животот на меѓународно познатиот автор на бестселери Ентони Бордејн – „гастрономот без влакна на јазикот“. Поттикнат од прашањето „Кое би било совршеното јадење?“ Ентони тргнува во потрага по кулинарскиот „свет грал“, и во текот на тој процес целосно го испревртува значењето на поимот „совршенство“.
Отрантскиот замок
Марсовските хроники
Турнејата на готвачот
Зборови
Есеј | 156 стр. | 200 МКД
НА Е Д А РОД РАСП
Белетристика | 336 стр. | 450 МКД
Исак Башевис Сингер
Франсоа-Рене де Шатобријан
Јаков е набожен Евреин, а Ванда е омилената ќерка на неговиот полски господар. Тие се вљубуваат, но во услови полоши и од оние на Шекспировите Ромео и Јулија во Верона. Бидејќи нивната љубов е невозможна, Јосиф е растргнат меѓу својата духовна набожност и својата опсесивна, физичката страст кон Ванда. Сингер толку интимно нè запознава со овие љубовници преку приказот на религијата, што го тера читателот нивните одлуки да ги доживува како свои.
Романот Атала раскажува за една религиозна и романтична страст која за рамка ги има егзотичните пејзажи на Америка, од Луизијана до Канада. Рене од истоимениот краток роман, како што велат неговите биографи, е самиот Шатобријан. Негов духовен автопортрет. Секој што ќе ја прочита неговата биографија, веднаш ќе открие некои карактеристики меѓу јунакот Рене, кој во стари години, на брегот од Мешасебе, во џунглата, им ја раскажува својата драматична и мошне трогателна животна приказна...
Роман | 260 стр. | 200 МКД
Роман | 186 стр. | 120 МКД
Атала • Рене
Роб
www.polica.mk
19 Вероника Рот
Вероника Рот
Дивергенти од Вероника Рот е првата книга од трилогијата дистописки трилери полни со наелектризирани одлуки, трогателни предавства, зачудувачки последици и неочекувана љубов.
Еден избор
Дивергенти
Четворка
Еден избор Го ослободува од минатото Еден избор Ја содржи неговата иднина Еден избор Ги открива опасностите Еден избор Го менува засекогаш Еден избор Ќе го ослободи
Белетристика, роман | 372 стр. | 300 МКД
Белетристика, роман | 220 стр. | 250 МКД
Вероника Рот
Дебора Кертис
Предани
Допир од далечина
Што ако целиот твој свет е лага? Што ако едно единствено откритие – или еден единствен избор – промени сè? Што ако љубовта и лојалноста те натераат да направиш работи што никогаш не си ги очекувал?
Ова е единствениот длабок и интимен биографски портрет на пејачот на „Joy Division“, напишан од неговата вдовица. Иан Кертис бил почитуван од неговите современици и зад себе оставил оставина што е богата со уметничка генијалност. Боно од „U2“ неговиот глас го опишал како „свет“ и идеализиран од неговите фанови.
Белетристика, роман | 456 стр. | 300 МКД
Музичка биографија | 348стр. | 350 МКД
Вероника Рот
Ненад Георгиевски
Еден избор може да те трансформира – или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во сите фракции расте немирот, Трис Прајор мора да продолжи да ги спасува оние што ги сака – а и себеси – додека се обидува да ги сфати тагата и прошката, идентитетот и лојалноста, политиката и љубовта.
Еден од оние ретки поборници за добриот вкус овде кај нас е токму Ненад Георгиевски, кој во меѓувреме се избори за своето место под сонцето во областа на музичката критика и есеистика. По последните неколку години или, веќе, децении, тој се занимава со сериозна и прецизна анализа на сè што е интересно од светот на музиката. Во оваа книга, тој внимателно ги селектирал разговорите што ги водел со многу значајни имиња од денешната музика.
Белетристика, роман | 220 стр. | 300 МКД
Интервјуа | 350 стр. | 250 МКД
Музика и муабети
Бунтовници
www.polica.mk
20 Радивоје Андриќ
Зоран Тодоровски - Тоде
ДОЗНАЈ: ● како изгледал првиот игран филм, а како сега се снимаат филмовите ● што е тоа кадар ● кој сé учествува во снимањето на филмот ● што прават: режисерот, сценаристот, актерите, директорот на фотографија, сценографот, кинематографот...
Еднаш во дамнина, на најсеверното место на земјата, постоеше едно преубаво кралство. Беше рај на земјата. Во него трипати се жнееше жетва, се раѓаше најубавото грозје, а во визбите се правеше највкусното вино. Полињата изобилуваа со плодови, кајсии, дуњи, лубеници, сѐ што може да се посака: низ ридовите течеа бистри и брзи полни со риби, ракчиња, а во шумите елени, срни, лисици, животни го красеа овој прекрасен рај.
Литература за деца | 48 стр. | 150 МКД
Литература за деца | 20 стр. | 100 МКД
Кралот Арктик и Северот
Како да снимиш филм
Весна Бикиќ
Браќата Грим
ДОЗНАЈ: ● што е археологија ● кои биле големите археолози ● кои се најзначајните археолошки откритија ● какво школо ти е потребно за да станеш археолог ● што спаѓа во археолошки алати ● што е убаво, а што е тешко во археологијата
Ако во минатите времиња многумина својот прв допир со пишан текст го направиле читајќи ја Библијата, за неброени генерации деца во светот овие бајки претставувале прво запознавање со книжевен текст. Во вкупното дело на браќата Грим засебно место и најголема популарност имаат бајките. Нивниот интерес за бајките бил мотивиран од сфаќањето на романтичарското начело дека во бајките, како облик на народната епика, е сочуван таканаречениот дух на народот, својствен за автентичното колективно творештво.
Литература за деца | 30 стр. | 150 МКД
Литература за деца | 482 стр. | 350 МКД
Никола Божиќ
Астрид Линдгрен
Кога ќе слушнеш вест за тоа дека ќе се случи помрачување на Сонцето или на Месечината, кога ќе дознаеш дека во текот на ноќта ќе може да се види метеорски дожд или некоја комета – сигурно ќе посакаш да го видиш сето тоа. Овие, како и многу други појави во вселената се проучуваат од науката астрономија.
Добре дојдовте во Бучно Село! Всушност, тоа баш и не е село. Лиса, која ги раскажува приказните, живее на Средната Фарма со родителите и со двајцата браќа, Карл и Бил. Брита и Ана живеат на Северната Фарма, а Олe и Керстин живеат на Јужната Фарма. Бидејќи куќите се многу блиску една до друга и бидејќи децата прават толку многу врева, фармите го добиле ова искрено и весело име. Ова е само една од авантурите поради која и младите и постарите читатели ќе посакаат да бидат дел од страниците на оваа книга.
Литература за деца | 32 стр. |150 МКД
Роман, литература за деца | 278 стр. | 200 МКД
Бајки
Археологија
Астрономија
Децата од Бучно Село
www.polica.mk
21 Луси и Стивен Хокинг
Луси и Стивен Хокинг
Запознајте го Џорџ, едно обично момче. Но сето тоа ќе се смени со доаѓањето на неговите нови соседи.
На Ени, најдобрата другарка на Џорџ,ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Татко ѝ работи на вселенски проект – и нешто не е во ред со целата работа. Еден робот слетал на Марс, но се однесува многу чудно. А Ени открива нешто чудно на суперкомпјутерот на татко ѝ. Дали тоа е порака од вонземјанин? Можно ли е да има живот таму надвор? И ако можеш да зборуваш со вонземјани, што би им рекол?
Џорџ и тајниот клуч на Универзумот
Тие го поседуваат КОСМОС - таен, суперпаметен компјутер кој зборува и кој може да го однесе Џорџ на вртоглаво патување низ вселената. Но, КОСМОС е во опасност и ако дојде во погрешни раце на Џорџ, а и на целиот свет, му се заканува голема опасност.
Џорџ и непробојниот код
Литература за деца | 340 стр. | 400 МКД
Литература за деца | 350 стр. | 400 МКД
Луси и Стивен Хокинг
Луси и Стивен Хокинг
Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената? Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури! На најдобрата другарка на Џорџ, Ени, ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Таа откри нешто многу чудно во суперкомпјутерот Космос... Дали тоа е порака од вонземјанин? Постои ли живот таму горе? Џорџ и Ени мора да заминат на меѓугалактички лов на богатство за да откријат!
Џорџ и неговата најдобра другарка, Ени, се избрани во програмата за млади астронаути за патување до Марс. Ова е сè што некогаш го посакувале. Но, кога ќе стигнат во вселенскиот камп, Џорџ и Ени брзо дознаваат дека се случуваат чудни работи – на Земјата, како и на небото, а обуката за астронаути што ја поминуваат станува сè пострашна...
Литература за деца | 350 стр. | 400 МКД
Литература за деца | 334 стр. | 400 МКД
Луси и Стивен Хокинг
Софи Шерер
Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената? Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури! Придружете му се во битката против лошиот бунтовен научник, кој по секоја цена сака да го саботира највозбудливиот – и опасниот експеримент на векот. Смртоносната бомба чука. Целиот свет гледа.
Возбудлива, искрена и многу смешна книга (која може да се чита и гласно) за деца од 8 до 80 години. По читањето на оваа книга, возрасните може да гледаат на светот со нови очи, а децата ќе ги сакаат авантурите на Малечката Нини, со својата непогрешлива смисла за комичното, за она што е вистина и што е лага. Нејзиниот мал свет е полн со авантури!
Литература за деца | 388 стр. | 400 МКД
Литература за деца | 206 стр. | 200 МКД
Џорџ и космичкиот лов на богатство
Џорџ и сината месечина
Малечката Нини
Џорџ и големиот прскот
www.polica.mk
22 Ивана Степановиќ-Илиќ
Јасен Боко
Психологија
Театар
Дознај:
ДОЗНАЈ: • што е психички свет • како се мери интелигенцијата • штo е темперамент • штo сe механизми на одбрана • што е тоа фотографско помнење
• како настанала театарската уметност • кој сè учествува во работата на претставата • што е тоа добра актерска игра • какви сè проби постојат • што е тоа мизансцен
Литература за деца |32 стр. | 150 МКД
Литература за деца | 44 стр. | 150 МКД Светислав Пауновиќ
Драгана Јокиќ
Урнебесна физика
Архитектура ДОЗНАЈ: • што е архитектура • кој го смислува изгледот на градот • од штo сè зависи формата на куќите • како настанала Ајфеловата кула • дали градината може да се наоѓа на покривот Литература за деца | 32 стр. | 150 МКД
Ако сте од оние што по грешка ја отвориле оваа книга (ја добивте на подарок; ви било здодевно; немате ниту една друга книга; мислевте дека во неа станува збор за љубовниот живот на германските жаби; ја грабнавте трчајќи во тоалетот),сериозно придржувајте се кон ова предупредување: БЕГАЈТЕ!!! Литература за деца, научна литература | 192 стр. |200 МКД
Соња Дулетиќ-Лаушевиќ • Душица Јаношевиќ
Драгана Петровиќ Косановиќ • Андреја Лесковац
Ботаника
Урнебесна хемија
Дознај:
Ако сте решиле да ја прочитате оваа книга, мислејќи дека ќе дознаете повеќе за производството на хемиски пенкала, за хемиското чистење облека или средствата за дезинфекција, за хемиските производи за нега... Хмм ... немате право, но, сепак – одлично! Искуството на хемичарите и другите научници покажува дека на оние кои читаат и мислат животот им е многу поинтересен! Без оглед на тоа дали ја купивте, ја позајмивте или ја добивте на подарок, дефинитивно има одредена хемија меѓу оваа книга и тебе!
•што е ботаника •кои биле прочуените ботаничари •кои се основните делови на растенијата •како растенијата ги добиваат своите имиња •што е убаво, а што е тешко во ботаниката •како се станува ботаничар Литература за деца | 32 стр. | 150 МКД
www.polica.mk
Литература за деца, научна литература | 176 стр. | 200 МКД
23 Хенри Кисинџер
Хенри Кисинџер
Во оваа севременска, важна, а истовремено и далекосежна книга, Хенри Кисинџер, најпознатиот дипломат на Америка, објаснува зошто на Америка итно ѝ треба нова и сеопфатна надворешна политика и какви цели треба САД да има во надворешната политика во новиот милениум. Во книгата јасно е прикажана проценката за тоа како надмоќта на САД како светски доминантна држава во XX век може ефективно да се усогласи со итната потреба од нов храбар светски поредок во XXI век.
Нашата доба е настојчива, повремена, дури и очајна, во обидот да го спроведе концептот на светски поредок. Хаосот почнува да се заканува како никогаш претходно со ширење на оружјето за масовно уништување, со распаѓање на државите, уништување на животната средина, вршењето геноцидни дела, а новите технологии се закануваат да го исфрлат конфликтот надвор од човечка контрола и разбирање.
Политика | 378 стр. | 350 МКД
Политика | 486 стр. | 350 МКД
Хенри Кисинџер
Хенри Кисинџер
Познатиот американски дипломат и политичар Хенри Кисинџер ја имал историската улога да ја предводи американската надворешна политика во времето на претседателите Никсон и Форд. Третирајќи ја Студената војна, време кога две спротивставени идеологии биле различно загледани во иднината на човечката цивилизација, делото Во Белата куќа претставува исповед на еден врвен интелектуалец за судбинските одлуки...
Хенри Кисинџер ја напишал Обновен свет со цел да се објасни и разбере еден од најдраматичните периоди во историјата, периодот кога Европа од политички хаос се здобила со балансиран мир што траел речиси сто години. По падот на Наполеон, европските дипломати се собрале во Виена со цел да ја повратат стабилноста по Француската револуција, Наполеонските војни и распадот на Светото Римско Царство.
Политика | 350 МКД
Политика | 488 стр. | 350 МКД
Хенри Кисинџер
Ги Мазлин
Главната премиса на оваа книга од 1969 година е дека САД мора да планира ограничена војна и да не претпоставува дека сите војни ќе бидат катаклизмични, како Втората светска војна. Нуклеарното оружје и надворешната политика најдобро се чита како увид во менталитетот на Студената војна. Кисинџер се фокусирал на начините на кои надворешната политика на САД мора да се смени за да се усогласи со реалностите на нуклеарната ера.
Волците е семејна хроника што ја открива дезинтеграцијата на едно богато семејство од средната класа и залудните напори на помладата генерација да се отцепат од стегите на провинциското општество. Ова е книга што буди голем интерес со својата претстава на животот во едно пристаниште на Ла Манш со драмата на ликовите – старата мајка и нејзината борба повторно да ја добие контролата врз непрактичниот син, чиј брак со една селска девојка таа го осудува...
Политика | 334 стр. | 350 МКД
Роман | 867 стр. | 120 МКД
Дали на Америка ѝ треба надворешна политика
Во Белата куќа (том 1, 2, 3)
Светски поредок
Обновен свет
Нуклеарното оружје и надворешната политика
www.polica.mk
Волците
24 Хван Сок-Јон
Мартин Валзер
Принцезата Бари е современа приказна за младата севернокорејска бегалка, присилена да ја напушти својата земја, следејќи ја својата баба-шаман на југ, додека другите роднини го осудуваат таквиот чин. Оттаму, патувањето се претвора во ноќен кошмар што ја води до мултикултурната средина на нижите општествени слоеви во Лондон.
Во Фикција (1970), Валзер, во суштина, го брани уметничкото сфаќање дека писателот располага со неограничена, но и лажна креативна слобода што се пројавува само во делата за сметка на општествениот ангажман; постепено зборовите почнуваат да се спротивставуваат на бесцелно насилство врз нив, престануваат да бидат послушни, се распаѓаат и го губат оригиналното значење.
Роман, литература за деца | 220 стр. | 200 МКД
Роман | 67 стр. | 120 МКД
Вилијам Шекспир
Франц Кафка
Ова издание, во превод на професорот Драги Михајловски, ги вклучува сите недрамски дела на Вилијам Шекспир. ● СИЛУВАЊЕТО НА ЛУКРЕЦИЈА ● ВЕНЕРА И АДОН ● ЗАЉУБЕНИОТ ОДОЧЕСНИК ● ФЕНИКСОТ И ГРЛИЦАТА ● ЕПИТАФ
Вината кон семејството, особено кон татка си, за неисполнетите очекувања, вината кон општествената средина поради изразитата потреба за дистанцирање и самоизолација, вината кон пријателите и кон жените поради недоволната подготвеност за безрезервно прифаќање, како и поради неможноста за остварување на интимно духовно заедништво, вината кон себе поради самонаметнатите стеги во полза на творечкото создавање, се само дел од личниот регистер...
Поезија | 100 стр. | 120 МКД
Раскази | 324 стр. | 350 МКД
Санде Стојчевски
Сол Белоу
Стојчевски постојано укажува на претпазливоста, на опрезот, на опасноста. И на стравот. Во неразделно единство живеат страста и опасноста, убавината и смртта, мигот и вечноста, светлината и мракот. Една реалност што добива метафички набој со кој авторот, при сиот занес и заборав, смета, мисли, внимава и ја пренесува на нас, вели во рецензијата на книгата академик Матеја Матевски.
Подарокот од Хамболт е роман кој живописно ја истражува променливата врска на уметноста и моќта во материјалистичка Америка. Темата е претставена преку спротивните успеси во кариерата на двајца писатели, Фон Хамболт Флајшер и неговиот протеже Чарли Ситрин. Флајшер копнее да го издигне американското општество преку уметноста, но умира во неуспех, а додека пак Ситрин заработува многу пари како писател, особено од претставата на Бродвеј по која се снимил и филм...
Прирачници | 272 стр. | 400 МКД
Роман | 639 стр. | 120 МКД
Фикција
Принцезата Бари
Преобразба
Недрамски дела
Габите во Македонија
Подарокот од Хамболт
www.polica.mk
25 25
Книжарница ПОЛИЦА „Димитрие Чуповски“ 26/1-1, 1000 Скопје Тел: 02/ 325 72 73 e-пошта:prodazba@polica.mk
Редакција ПОЛИЦА „Владимир Полежиновски„ 22/4, 1000 Скопје Тел: 02/ 3230 967 e-пошта:polica@kscnet.com
www.polica.com.mk www.facebook.com/policapublishing/
www.polica.mk www.polica.mk
26
02/325 72 73
www.polica.mk