12 minute read

ПОЛИТИКА Џозеф и Ангелов за македонско - бугарските работи

Капитал број 1068 26.06.2020 28 ПОЛИТИКА

Advertisement

ВЕКОВНАТА БОРБА ЗА НАРАТИВ

ЏОЗЕФ И АНГЕЛОВ ЗА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИТЕ РАБОТИ

Капитал број 1068 26.06.2020

29

ЗА АВТОРИТЕ...

ЕДВАРД П. ЏОЗЕФ доаѓа од Школата за напредни меѓународни студии „Џонс Хопкинс“, каде предава во областа за справување со конфликти

ОГНЕН ВАНГЕЛОВ доктор на науки, истражувач во Центарот за проучување на демократијата и различностите на Универзитетот Квинс, Канада

Преку опсежна анализа објавена во The American Interest, двајцата познавачи на балканските прилики, Едвард П. Џозеф и Огнен Вангелов се осврнуваат на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија низ призмата на вечните битки и на полуостровот и меѓу двете држави злоупотребени од политичарите. Текстот во превод на тимот на 360 степени ви го пренесуваме во целост.

Капитал број 1068 26.06.2020 30 ПОЛИТИКА

Во еден сложен, преполн свет, на секоја нација 'и е потребно да го искаже својот идентитет на начин што не антагонизира друг идентитет. Тековната криза на Балканот содржи пошироки лекции.

И

И додека светскиот поредок се тетерави за време на пандемијата, еден тврдоглав конфликт на Западниот Балкан покажува дека дури и ваквата сериозна опасност не ги натера непријателските влади да ги „закопаат секирите“ и да работат кон решенија со позитивен исход. Во време кога и Бугарија и Северна Македонија ја продолжуваат вонредната состојба поради пандемијата со ковид-19, Бугарија наметна уште еден предизвик за македонскиот идентитет – преку академска кавга која има многу реални последици. Борбата е сè освен езотерична, со тоа што спорот сега е дел од главниот политичкиот дискурс во двете држави. Како што беше случајот со долгогодишната борба меѓу Грција и тогашната именувана Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), политичарите во Бугарија и Северна Македонија или активно ги користат овие прашања за краткорочна добивка или чувствуваат притисок да ја бранат националната чест со жестока реторика. Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева – всушност, првиот дипломат на земјата – неодамна изјави „нацијата што тие [Македонците] ја создадоа од 1944 година не смее да се заснова на лаги и антибугарска пропаганда“. Се заканува потенцијално бугарско вето околу одлуката на ЕК овој месец да ги отвори долго одложуваните преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Бугарско-македонскиот спор е лошо разбран од повеќето освен од специјалисти од областа. Контурите на спорот се сепак релативно јасни. Поплаките на Бугарија се втемелени во нивните загуби по Првата и Втората балканска војна од 1912 и 1913 година. Во Првата балканска војна, Бугарија заедно со Србија, Грција и Црна Гора ги истера Османлиите од Македонија. Како резултат на тоа, Македонија беше поделена, но Србија и Грција – не Бугарија – добија 90% од територијата. Бугарија беше бесна затоа што 25 години претходно, на крајот од Руско - турската војна, поголемиот дел од географска Македонија и беше доделена. Но, договорот од Сан Стефано во 1878 година беше бргу ревидиран од страна на големите сили на Берлинскиот конгрес истата година. Ова предавство – ненадејното враќање на Македонија на Османлиите – го засади семето на бугарскиот реваншизам. Во Втората балканска војна, Бугарија водеше војна против Србија и Грција за да приграби поголема територија, но ја загуби војната, завршувајќи само со мало парче земја. До ден-денес Бугарија ја третира оваа загуба на Македонија како национална трагедија и неправда.

Решавање на спорот практично не е можно, треба справување со него

По Втората светска војна, делот од Македонија под контрола на Србија стана една од шесте конститутивни југословенски републики. Од моментот на основањето на македонската република, Белград стравуваше од субверзија на соседот. Бугарија беше дел од Варшавскиот пакт и создаде тесни врски со Сталин и неговите советски наследници. Тито брзо реагираше и ја засили југословенска Македонија, препознавајќи ги Македонците како посебен и конститутивен „југословенски народ“ и признавајќи го македонскиот како службен јазик. Првпат во една комунистичка земја Македонската православна црква подоцна стана автокефална. Според бугарската приказна, посебниот македонски идентитет е едноставно маневар на Тито. Софија тврди дека македонскиот јазик е едноставно западнобугарски дијалект. Бугарија инсистира на супериорност на својот јазик, врз основа на нејзината претпоставка дека бугарскиот јазик бил во континуирана употреба уште од времето на светите Кирил и Методиј. Двајцата браќа го стандардизирале говорниот словенски во 9 век и ги превеле верските текстови на словенски за нивната мисија за описменување на Словените. Кирил и Методиј биле етнички Бугари – како што велат денешните Бугари – и јазикот што тие го стандардизирале треба да се нарече старобугарски. Бугарскиот наратив ги отсликува учениците на Кирил и Методиј како бугарски, па така и историја што следува од 9 век па сè до модерниот период како исклучиво бугарски. Врз основа на оваа теорија, денешните Македонци се всушност Бугари – или барем биле до 1944 година, кога била формирана Народна Република Македонија во Титова Југославија. Од своја страна, македонската историографија го отфрла овој наратив и го нарекува јазикот на Кирил и Методиј старословенски. Двајцата светци се познати како „македонските браќа Кирил и Методиј“, врз основа на нивното потекло од Солун (денешен Тесалоники во грчка Македонија). Македонците сметаат дека нивниот јазик е сроден како со бугарскиот така и со српскиот јазик, а неговиот развој го трасираат независно врз основа на јужнословенските дијалекти од историска Македонија. И сега кога историчарите од двете земји се заглавени на своите позиции,Бугарија објави неколку барања, со оглед дека Брисел се подготвува да ги отвори преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Софија инсистира на апсолутна употреба на името Република Северна Македонија, отфрлајќи ја кратката форма Северна Македонија, која наводно подразбира и дел од територијата на денешна Бугарија. Наместо да го нарекуваат јазикот македонски, како што тоа го сторија Грците, Софија инсистира на понижувачката формулација: „Официјалниот јазик на Република Северна Македонија“. Понатаму, Софија би и забранила на ЕУ на кој било начин да признае постоење на посебен „т.н. македонски јазик. Бугарската изјава вклучува барање целата историја на двете држави до 1944 година да се смета за „заедничка историја“ – односно единствена историја на бугарската нација сè до моментот кога македонска нација „ја измислил југословенскиот лидер Јосип Броз-Тито во 1944 година“. Северна Македонија го одбива овој став бидејќи смета дека посебноста на нејзиниот етнолингвистички идентитет се развивал за време на балканските национални преродби во 19 и почетокот на 20 век. Излезот од оваа ситуација не е да се дојде до итно решавање на овој малку познат спор – тоа всушност би било неможно, особено со оглед на поповолната позиција на

31

Бугарија. Целта е да се пристапи кон справување со спорот. Германија и Франција, поддржани од САД и Велика Британија, треба да помогнат таму каде што ЕУ не може. Париз тука има посебна обврска со оглед дека минатата есен стави вето на долго очекуваното отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Инсистирањето на претседателот Макрон да се реформира процесот на пристапување пред отпочнување на преговорите отвори пат за паѓање на владата во Северна Македонија. Поради Ковид-19, новите избори се одложени, а во моментот со земјата владее нестабилна техничка влада во време кога Бугарија наметнува нови и тешки барања за малата земја.

Потребен е достоинствен и продуктивен процес поткрепен со три споделени принципи

Наместо да бара послабата страна да попушти (како што неодамна сугерираше францускиот амбасадор во Северна Македонија) Париз треба да работи заедно со Берлин на патот кон компромис. Она што е потребно е достоинствен и продуктивен процес , поткрепен со три споделени принципи: Прво, има само губитници во националните спорови околу националните идентитети. Грција и Северна Македонија се совршени примери за тоа. Со децении, Грција „доминираше“ во спорот за името на својот послаб сосед, инсистирајќи на официјалната употреба на смешната ознака ПЈРМ во меѓународните тела. Сепак, победата на Атина, да употребиме израз од старата грчка историја, беше Пирова. Ставот

на Грција беше речиси целосно осудуван; нејзините дипломати беа предмет на потсмев, а симпатиите им припаднаа на Македонците; нејзиниот став придонесе за имиџот на Грција како проблематична, балканска земја во моментот кога се соочи со финансиската криза. Нејзината брутална политика ја намали вредноста на значителната грчка инвестиција во нејзиниот посиромашен, северен сосед и ја зголеми внатрешната и регионалната нестабилност. Сево ова ги поткопа амбициите на Грција да биде одговорен водач на балканскиот регион во транзицијата. Во меѓувреме, грчкото непријателство само ја засили македонската приврзаност кон Александровото наследство. На крајот, деценискиот притисок направи решението на спорот да биде потешко кога двајцата разумни и храбри лидери – Алексис Ципрас од Грција и Зоран Заев од Северна Македонија – конечно решија да го направат неизбежниот компромис. И покрај предностите на Бугарија во однос на нејзината моќ, Софија никогаш нема да успее – освен ако воено не ја освои Северна Македонија и не ја потчини повеќе децении – да ги убеди Македонците дека не се тоа што мислат дека се, ниту дека нивните историски херои не се македонски, ниту дека нивната национална приказна е различна од она во што веруваат дека е. Па дури и во услови на брутална окупација во најдобар случај може да има половичен успех во искоренувањето на националниот наратив. Второ, националниот идентитет никогаш не се потпира на историски докажани факти. Како што своевремено рече познатиот научник Бенедикт Андерсон, националниот идентитет е производ на „замислени заедници“, а замисленоста, по дефиниција, е нематеријална, таа не е опиплива. Таа се заснова на заеднички толкувања на настаните од минатото изразени во приказни, песни, тотем или кредо—тоа е наратив кој создава чувство кај поединецот дека припаѓа на одредена нација . Приказните, песните или тотемите ги надминуваат историските докази; нивното едноставно прераскажување и прифаќање е она што им дава живост. Проблемот на Балканот е што овие идентитетски наративи се сметаат за меѓусебно исклучиви. Самото изразување на националниот наратив во една земја не се гледа само како провокација, туку како негација на националниот наратив на друга земја. Иако е банално за странците, нападот врз националното чувство и националната гордост е опиплива – и речиси егзистенцијална. Неодговорните политичари ги злоупотребуваат овие прашања за внатрешни цели, создавајќи очекувања кои на следните лидери ќе им бидат тешки за исполнување. Токму тоа е причината зошто се потребни странци, за да им се помогне на политичарите да ја најдат потребната храброст за справување со она што е претежно нерешливо прашање. Во тековниот случај, владејачката коалиција во Бугарија се состои од десничарски партии, меѓу кои е и крајно десничарската партија ВМРО на министерот за одбрана на

Капитал број 1068 26.06.2020 32 ПОЛИТИКА

Бугарија, Красимир Каракачанов. Оваа партија е најгласен застапник за жестоки политики кон Северна Македонија. Иронично, македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, го носи истиот префикс како бугарската ВМРО. И самото ова е дел од конфликтните историски наративи во двете земји. Акронимот ВМРО значи „Внатрешна македонска револуционерна организација“, која Македонците ја сметаат за сопствена организација, формирана кон крајот на 19 век за да се стави крај на османлиското владеење во Македонија. Бугарите ја сметаат таа организација како организација на Бугарите во Македонија која во тоа време се борела за интересите на Бугарија во Македонија. Бугарија смета дека самото споменување на македонски идентитет пред 1944 година е негирање на бугарската историја на Македонија што, пак, го негира самиот бугарски идентитет на територијата на Македонија. Пред повеќе од 20 години, тогашниот бугарски претседател Петар Стојанов возбудено изјави на парламентарното собрание на Советот на Европа: „Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја!“ Слични изјави и денес се повторуваат од бугарските власти, кои самото третирање на историјата пред 1944 како македонска го сметаат како провокација и како непријателска, антибугарска пропаганда.

Трето, основниот чекор во овој случај, или каков било друг спор околу идентитетот, е секоја страна да ги признае чувствителностите на другата страна и да изрази подготвеност да избегне повредување или негирање на туѓиот идентитет. Оваа оптимална позиција се постигнува преку конкретни гестови и што е уште поважно, преку постојано залагање да продолжи процесот на пеглање на разликите во историските толкувања врз основа на ригорозна, фер, заедничка научна работа и размена. Историската комисија на двете држави би можела да биде дополнета со непристрасни меѓународни експерти – на пример од Лондонската економска школа, која има институт познат по својата експертиза во оваа област. Комисијата може да идентификува области на согласност, како и спорни области; потоа може да разговара за начините на кои може да се избегне повреда на идентитетските прашања, а во исто време да продолжи да го усовршува заемното разбирање на историјата.

Компромис е можен

Компромис е можен. На пример, двете земји може да се согласат дека нивното словенско наследство е со еднакво значење и за двете земји и дека се тие еднакви наследнички на таквото наследство, како што сугерираат некои бугарски интелектуалци. Едноставно избегнување на какви било “национални ознаки” на културното наследство пред 19. век би било еден добар компромис. Но, поважно од кој било специфичен предлог е итно создавање на еден видлив, кредибилен меѓународно поддржан процес. За да се избегне едно деструктивно бугарско вето, што ќе предизвика влошување на тензиите меѓу двете држави (а и можни вмешувања на странски сили со скриени мотиви), Софија и Скопје мора да бидат активно ангажирани околу нивните идентитетски прашања. Таквата инвестицијата вреди. Идентитетските спорови сè уште создаваат проблеми во голем дел од Европа, заканувајќи се на кохезијата на неколку држави. Без вистински паневропски идентитет, Унијата сè уште треба да пронајде начини своите членки да можат да ги изразуваат своите национални идентитети и наративи без притоа да се антагонизираат меѓусебно. Бугарија и Северна Македонија, со одредена надворешна помош, можат да создадат европски модел за слободно, одговорно и непровокативно изразување на националниот идентитет. nnn

This article is from: