12 minute read

COVER STORY За да закрепне економијата мора да запре пандемијата

Капитал број 1082 30.10.2020

4 COVER STORY

Advertisement

ЦЕНАТА НА НОВ ЛОКДАУН ЗА ЕКОНОМИЈАТА КОЛКУ ПОНАВРЕМЕН, ТОЛКУ ПОБЕЗОПАСЕН

5www.kapital.mk Капитал број 1082 30.10.2020 ИЗБОРИ 2020 ЗА ДА ЗАКРЕПНЕ ЕКОНОМИЈАТА МОРА ДА ЗАПРЕ ПАНДЕМИЈАТА

Капитал број 1082 30.10.2020

6 COVER STORY

Прашањето за воведување на најстроги рестрикции како карантин и полициски час постојано се наметнува и се дискутира во јавноста - треба ли владата да ги затвори баровите и рестораните? Треба ли училиштата да се затворат и сите деца да следат настава онлајн? Искуствата на другите земји покажаа дека државите најтешко погодени од првиот бран ги донесоа овие одлуки премногу доцна. Оние што се најтешко погодени од вториот бран, ја повторија нивната грешкa. Во однос на она што најмногу ги загрижува носителите на политики, економскиот аспект на воведување полициски час, сепак искуствата на некои земји што воведоа најстроги рестрикции на движење на граѓаните навреме, како на пример Кина, сведочат дека штетите за економиите на краток рок можеби се големи, но со таков

Македонските здравствени власти засега остануваат на ставот дека полициски час во оваа фаза не е потребен, туку ќе се обидат со други рестрикции како ограничено групирање и задолжително носење на маски па дури и на отворено, но не и во барови и ресторани, да го намалат ширењето на вирусот.

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

В

Вториот бран на пандемијата со коронавирус веќе личи на цунами а тоа ги натера некои од најразвиените земји во Европа со многу поквалитетни здравствени услуги да ги жртвуваат економиите привремено и со нов локдаун да го спречат ширењето на заразата. Прашањето за воведување на најстроги рестрикции како карантин и полициски час постојано се наметнува и се дискутира во јавноста - треба ли владата да ги затвори баровите и рестораните? Треба ли училиштата да се затворат и сите деца да следат настава онлајн? Искуствата на другите земји покажаа дека државите најтешко погодени од првиот бран ги донесоа овие одлуки премногу доцна. Оние што се најтешко погодени од вториот бран, ја повторија нивната грешка, постапувајќи дури откако ќе останат без други опции, бидејќи локалните болници се пренатрупани и дневните смртни случаи поставуваат рекорди. Македонските здравствени власти засега остануваат на ставот дека полициски час во оваа фаза не е потребен, туку ќе се обидат со други рестрикции како ограничено групирање и задолжително носење на маски па дури и на отворено, но не и во барови и ресторани, да го намалат ширењето на вирусот. Германија, на пример, веќе објави дека од понеделник воведува делумен локдаун со целосно затворање на ресторани, барови, фитнес центри, до крајот на ноември прифаќајки ја цената на чинење од седум до 10 милијарди евра. Но министерот за финансии истакна дека сите погодени бизниси од овие мерки ќе добијат државна помош и до 75% од приходите остварени истиот месец лани. Некои земји што воведоа најстроги рестрикции на движење на граѓаните навреме, како на пример Кина, исто така сведочат дека штетите за економиите на краток рок можеби се големи, но со таков пристап на запирање на трансимисијата на вирусот, всушност избегнаа длабока

пристап на запирање на трансимисијата на вирусот, всушност избегнаа длабока рецесија во која паднаа повеќето други држави. Кинеската економија се намали за 6,8% во првиот квартал, но порасна за 3,2% во вториот квартал и 4,9% од јули до септември. Македонските здравствени власти засега остануваат на ставот дека полициски час во оваа фаза не е потребен, туку ќе се обидат со други рестрикции како

Капитал број 1082 30.10.2020

7

ограничено групирање и задолжително носење на маски па дури и на отворено, но не и во барови и ресторани, да го намалат ширењето на вирусот. Економистите се децидни дека ако сакаме економијата да закрепне побрзо, мора прво да го ставиме вирусот под контрола. Оттаму, секоја одложена одлука е всушност поголема штета, и за здравјето на граѓаните и за економијата.

Речиси сите земји погодени од пандемијата излегоа со огромни стимулативни пакети за поддршка на економиите. Во Велика Британија, конзервативната влада на Борис Џонсон го отфрли штедењето како концепт за консолидирање на јавните финансии и наместо тоа, планира да се задолжи вкупно 350 милијарди фунти до крајот на годинава, што е 17% од БДП на земјата и највисоко ниво во услови на мир во последните 300 години.

рецесија во која паднаа повеќето други држави. Па така кинеската економија се намали за 6,8% во првиот квартал, но порасна за 3,2% во вториот квартал и 4,9% од јули до септември. Економистите се децидни дека ако сакаме економијата да закрепне побрзо, мора прво да го ставиме вирусот под контрола. Секоја одложена одлука е всушност поголема штета, и за здравјето на граѓаните и за економијата.

Слаб рестарт после првиот локдаун

Најновите макроекономски податоци покажуваат дека македонската економија е сериозно ранета и многу слабо закрепнува после првиот

Капитал број 1082 30.10.2020

8 COVER STORY

силен удар предизвикан од острите рестрикции. Индустриското производство, во текот на летото се намали за 9,3% во јули и август, што е само ублажување на падот од 25,2% регистриран во вториот квартал за времетраењето на полицискиот час. Во септември, пак, намалувањето на индустриското производство е сведено на 4,1% споредено со истиот месец лани. Па така, од почетокот на годината заклучно со деветтиот месец, индустријата произвела за 12,1% помала вредност отколку лани. Падот во производството на капитални добра, што беше сериозно изразен во ториот квартал кога достигна 47,1%, во текот на летните месеци јули и август се намали за 15% на годишно ниво, а дополнително опадна и продажбата на мало за 10,8% исто така во летниот период. Се уште нема податоци за движењето на бруто домашниот производ во третиот квартал, но статистиката покажа дека падот во вториот бил огромен. Цо апсоултен износ, пандемијата со коронавирусот направи штета од 320 милиони евра за само три месеци, односно толку е помала вредноста на сите производи и услуги создадени во вториот квартал годинава споредено со истиот период лани. Како што објави Државниот завод за статистика, домашната економија забележа огромен пад на БДП од 12,7% на годишно ниво, како последица на

таканаречениот локдаун, не само во земјава, туку и во најголем број земји во светот и Европа, особено оние што се наши најголеми трговски партнери. Властите досега донесоа четири пакети стимулативни мерки што требаше да и помогнат на економијата да ја надмине корона – кризата, но слабите резултати веројатно се последива и на слабата реализација на некоие мерки. Ако првите три пакети мерки беа проценети на околу 500 милиони евра, според последните податоци што ги добивме од Министерството за финансии кон крајот на летото, реализацијата беше само третина од планираното, односно 165 милиони евра. Тоа е околу 1,5% од македонскиот БДП и е прилично симболична поддршка на економијата ако се спореди со други земји во Европа, каде стимулативните пакети намдинуваат и 10% од БДП. Четвртиот пакет мерки, проценет на 470 милиони евра, се уште не почнал ниту да се реализира чекајќи ги пратениците да го усвојат ребалансот на буџетот. А токму зголемената поддршка со буџетски пари е препорака и на сите меѓународни финансиски институции. ММФ и Светска банка апелираат земји да се охрабрат, да се задолжат и да трошат и тоа да биде главната муниција во борбата со пандемијата. Кармен Рајнхарт, еминентен економски историчар, а сега главен економист во Светска банка, препорача земјите да позајмуваат многу повеќе за време на

БРОЈКИ

12,1% е помало индустриското производство од почетокот на годината до септември, споредено со истиот период лани

10,8% е помала продажбата на мало во летните месеци јули и август годинава споредено со истиот период лани

пандемијата. „Додека болеста беснее, што друго ќе правите?“, прашува таа. „Прво се грижите да ја добиете војната, а потоа ќе барате начин како да платите за тоа“, истакна таа. Тоа е сосема нова мантра од онаа што ја сугерирше токму самиот ММФ поучен од глобалната финансиска криза дека „многу земји се соочуваат со големи потреби за намалување на трошењата“, но сега им порачува на сите земји што имаат пристап до финансиски пазари да се задолжуваат и да трошат за да се сочуваат работните места. Во мирнодопски услови ова би делувало како прилично неприфатливо сценарио, меѓутоа, во

Најновите макроекономски податоци покажуваат дека македонската економија е сериозно ранета и многу слабо закрепнува после првиот силен удар предизвикан од острите рестрикции. Индустриското производство, во текот на летото се намали за 9,3% во јули и август, што е само ублажување на падот од 25,2% регистриран во вториот квартал за времетраењето на полицискиот час. Во септември, пак, намалувањето на индустриското производство е сведено на 4,1% споредено со истиот месец лани. Па така, од почетокот на годината заклучно со деветтиот месец, индустријата произвела за 12,1% помала вредност отколку лани.

2020 година, пандемијата може да ја обезбеди токму оваа ситуација – да биде оправдување за еднократно зголемување на дефицитите, меѓутоа, не и алиби за непродуктивни трошоци, туку единствено како поддршка на здравствениот систем да се избори со вирусот, и на компаниите и граѓаните да ги преживеат рестрикциите. Речиси сите земји погодени од пандемијата излегоа со огромни стимулативни пакети за поддршка на економиите. Во Велика Британија, конзервативната влада на Борис Џонсон го отфрли штедењето како концепт за консолидирање на јавните финансии и наместо тоа, планира да се задолжи вкупно 350 милијарди фунти до крајот на годинава, што е 17% од БДП на земјата и највисоко ниво во услови на мир во последните 300 години. Дури и Германија, која што важеше за бастион на фискална исправност, министерот за економија Питер Алтмаер истакна дека земјата воведува „најголема стимулативна програма на сите времиња“ како одговор на коронавирусот. Проценките за движењето на

Капитал број 1082 30.10.2020

9

економијата годинава, неколку пати се ревидираа, и од првично планираниот раст од 3,5%, сега се очекува падот да достигне и до 5,4% според ММФ. Тоа е надолна ревизија за речиси 9 процентни поени, што во апсоултен износ значи дека штетата од корона – кризата врз БДП, се проценува да надмине една милијарда евра.

Државната каса обезбедена

Податоците за полнењето на државната каса од јануари до септември годинава покажуваат дека буџетот се реализира како што е планирано со ребалансот. Заклучно со септември, приходите во буџетот изнесуваат 2,2 милијарди евра што е речиси 70% од планот. Во исто време, потрошени се околу 2,8 милијарди евра што исто така е 70% од планираното, а со тоа создаден е буџетски дефицит од 583 милиони евра. Според последните податоци од вториот ребаланс којшто се уште е во собраниска процедура, минусот во државната каса до крајот на годината ќе достигне околу 920 милиони евра, што е 8,5% од БДП. Но, властите во првата половина од годината веќе се задолжија со

Капитал број 1082 30.10.2020 10 COVER STORY

издавање на еврообврзница од 700 милиони евра, а освен со одредени задолжувања и грантови од концесионалните кредитори, мал дел од дефицитот ќе се надополни и со домашно задолжување. Но, големото задолжување на крајот на мај, го зголеми јавниот долг над она што во нормални услови се сметаше за црвена линија и ја надмина границата од 60% од БДП што е всушност мастришки критериум. Овој податок ја испровоцира опозицијата да ги критикува властите за задолжувањата годинава со образложение дека потрошените пари не ги дале очекуваните ефекти. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, пак, на општата расправа за ребалансот на собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека пандемијата предизвикана од Ковид-19 доведе до најголемата економска криза што се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година, и затоа кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни. Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два квартала резултатот на земјава е -6,4%. Во регионот, Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската Унија изнесува - 6,4%, додека во Германија е -6,5%, во Хрватска -7,8%, во Словенија -7,9%, во Белгија -8,5%, во Австрија -8,9%, во Италија и Франција -12,1%, во Велика Британија -12,3% согласно Евростат. Во однос на буџетскиот дефицит, Бесими рече дека е проширен кај најголем број од светските економии со цел да се финансираат здравствените и економските мерки за надминување на оваа криза. Како примери ги посочи Норвешка, земја којашто традиционално има висок буџетски суфицит, просечно од над 7,6% од БДП во последните 10 години, годинава проектира буџетски дефицит. И земјите во регионот проектираат високи буџетски дефицит: Црна Гора 10,4% од БДП, Албанија 8,4%, Србија 8,1%, Хрватска 8,1%, Косово 7%. nnn МАКЕДОНСКИОТ ФИСКАЛЕН ОДГОВОР НА КОРОНА – КРИЗАТА

Зголемените непредвидени трошоци во услови кога и јавните приходи се под ризик да ги остварат планираните таргети, наметнаа потреба од поголемо задолжување и продлабочување на буџетскиот дефицит годинава.

Македонските власти од почетокот на март досега, донесоа четири пакети антикризни мерки. Преземените фискални мерки во земјава досега, по својата суштина, не се разликуваат многу од мерките кои ги преземаат фискалните власти во глобални рамки. Имено, речиси стандарден пристап е фокусот да биде ставен на зачувувањето на работните места и спречувањето на поголем пад на платите, многу често преку различни шеми на субвенции. Меѓутоа, зголемените непредвидени трошоци во услови кога и јавните приходи се под ризик да ги остварат планираните таргети, наметнаа потреба од поголемо задолжување и продлабочување на буџетскиот дефицит годинава. Првиот сет мерки за прва помош на стопанството се донесе на средината на март заедно со здравствените мерки, а ги таргетираше трите најпогодени сектори во прво време, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаа запрена економска активност поради мерките на Владата со коишто најголем дел од бизнисите присилно се затворија. По прогласувањето на вонредната состојба, по десетина дена се донесе и вториот пакет мерки со кој Владата го прошири опсегот и одлучи да финансисра исплата на минамална плата за работниците што работат во фирми коишто имаат над 30% намалување на приходите без оглед во кој сектор делуваат. Во мај се донесе третиот пакет на мерки главно фокусиран на поддршка на поранливите категории на граѓани, со директна финансиска исплата за луѓето што имаат помали примања од минималната плата во земјата. Според податоците од Министерството за финансии, досега се исплатени околу 165 милиони евра врз основа на сите мерките, од кои околу 40 милиони евра поддршка за граѓаните и околу 125 милиони евра за фирмите. Сепак, тоа е само третина од проценетата вредност на овие мерки од околу 500 милиони евра. Потоа во октомври, се донесе четвртиот и најобемен пакет антикризни мерки. Вкупно 470 милиони евра се потребни за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки што се состои од 31 мерка, а парите ќе бидат наменети за помош на бизнисите и граѓаните со цел ублажување на последиците од економската криза предизвикана од Ковид пандемијата.

This article is from: