11 minute read

ЕКОНОМИЈА Најновите економски прогнози се полни песимизам

Капитал број 1083 06.11.2020 10 ЕКОНОМИЈА

Advertisement

ВТОР ПОСИЛЕН БРАН И НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА

Според ММФ, македонскиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде за 5,4% помал отколку лани, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво. Регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, зборувајќи за прогнозата за македонската рецесија, истакна дека „ова е без преседан најлоша проценка досега“.

Капитал број 1083 06.11.2020

11

Капитал број 1083 06.11.2020

12 ЕКОНОМИЈА

Падот на БДП е последица на намалување на приватната потрошувачка којашто се очекува годинава да се намали за 4,3%. „Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува ‘пригушена’ и по укинувањето на мерките за ограничување“, вели ЕК во делот на извештајот за нашата земја. Тоа делумно е последица и на слабата реализација на првите три пакети антикризни мерки, проценети на половина милијарда евра, но исплатени само третина од планираните пари. Во меѓувреме, Парламентот конечно го усвои ребаланост на буџетот со што се отвори можноста за реализација на четвртиот пакет мерки, во вредност од 470 милиони евра со што би можело да се ублажат негативните последици од пандемијата врз економијата.

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk К Како што засилува ширењето на коронавирусот меѓу луѓето, во исто време ја инфицира и економијата со подлабока рецесија отколку пролетниот бран. Па така сите релевантни меѓународни финансиски институции веќе ги ревидираа кон понегативни процените за економската активност годинава. Според ММФ, македонскиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде за 5,4% помал отколку лани, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво. Регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, зборувајќи за прогнозата за македонската рецесија, истакна дека „ова е без преседан најлоша проценка досега“. „Очекуваме по ваквото намалување да следи силно закрепнување во 2021 година. Сепак, неизвесноста во врска со прогнозата е невообичаено голема, затоа што се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои се без преседан и во основа е тешко да се предвидат. Севкупно земено, ризиците во однос на прогнозата ги гледаме како широко балансирани. Од една страна, успешната имплементација на главните препораки на СЗО за да се избегне ширењето на Ковид-19, но и напредокот со вакцината и во лекувањето би можеле да доведат до тоа закрепнувањето да биде уште поголемо, како глобално така и во Северна Македонија. Од друга страна, големиот бран на новозаразени, или побавен напредок во производството на вакцина и во лекувањето, би можеле да доведат до полоши резултати во однос на растот“, предупреди Ебле. Според Есенскиот извештај на Европската Комисија, падот на БДП е последица на намалување на приватната потрошувачка којашто се очекува годинава да се намали за 4,3%, додека пак веќе следната година да порасне за 4,5% и во 2022 година за 4,7%. „Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за ограничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на трошоците на домаќинствата“, вели ЕК во делот на извештајот за нашата земја. Од друга страна, јавната потрошувачка прогнозите годинава ќе порасне за 3,3% и по 2,9% и 3,1% наредните две години. Намалувањето на странската побарувачка поради рецесијата што ги зафати сите наши трговски партнери, ќе доведе до пад на извозот годинава за дури 15,5% и намалување на увозот за 12,5%. ЕК проценува дека вработеноста ќе се намали за 0,3%, а наредните две години да порасне за 0,5% и 2,4%. Од друга страна, Комисијата не очекува зголемување на невработеноста па така стапката останува иста како и лани, 17,3%. Од следната година се очекува да продолжи падот на невработеноста на 17,1% и во 2022 година на 16,6%. Ако пандемијата заврши на почетокот на следната година, за кога се очекува да биде достапна ефикасна вакцина, Европската Комисија проценува дека економијата ќе почне полека да заздравува со раст од 3,8% и 3,5% во 2022 година.

Две години ќе треба европската економија да се врати на нивото пред пандемијата

Не се охрабрувачки ниту есенските економски проекции на Европската Комисија за цела Европа. Вториот бран на коронавирусот и новите

рестриктивни мерки дополнително ги влошуваат економските перформанси. Според есенскиот извештај на Европската Комисија се очекува контракција од 7,8% на економијата на еврозоната до крајот на оваа година, и раст од 4,2% во 2021, па околу 3% во 2022. Споредено со пролетните проекции на Комисијата, изгледите се малку подобри за идната година, а понегативни за 2022. „Економската активност во Европа претрпе силен шок во првата половина од годината, силно закрепна во третиот квартал како што се олеснуваа рестриктивните мерки, меѓутоа повторната појава на пандемијата во последните недели ги отежна условите, со воведувањето на нови здравствени мерки за да се спречи ширењето на вирусот“, анализира Европската Комисија во својот извештај. Поради ова проекциите на економски раст се „предмет на екстремно висока стапка на неизвесност и ризик”, предупредува ЕК. Комисијата очекува значителен пад на економската активност, но смета дека ударот врз пазарот на трудот ќе биде лимитиран благодарение на мерките донесени на ниво на ЕУ, преку разни програми за невработените. Невработеноста ќе продолжи да расте идната година, но би требало да се подобри состојбата во текот на 2022. Но, поради зголеменото трошење на државите во време на пандемија, главно за поддршка на бизнисите и работните места, очекуван е и раст на јавните долгови и дефицити на буџетите на земјите членки. „Растот ќе се врати во 2021, но ќе бидат потребни две години за европската економија да се приближи до нивото пред пандемијата. Во овој контекст на многу висока неизвесност, националните и фискалните политики треба да одат во насока на поддршка, а буџетот на ЕУ мора да биде финализиран оваа година за да биде на сила на почетокот на 2021“, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони. Советот и Парламентот на ЕУ постигнаа преоден договор за главните точки на несогласување, со што би требало да се расчисти патот за усвојување на седумгодишниот буџет на Унијата за периодот 20212027 вреден 1.074 милијарди евра.

Усвојувањето на ребаланост отвори врати за новите мерки

Во исто време, и македонскиот Парламент конечно го усвои ребалансот на буџетот за годинава со што се отвори можноста за реализирање на антикризните мерки од четвртиот пакет, во вредност од 470 милиони евра. Усвојувањето на ребалансот на буџетот е клучен чекор во Капитал број 1083 06.11.2020

13

Според ММФ, македонскиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде за 5,4% помал отколку лани, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво.

Не се охрабрувачки ниту есенските економски проекции на Европската Комисија за цела Европа. Вториот бран на коронавирусот и новите рестриктивни мерки дополнително ги влошуваат економските перформанси. Според есенскиот извештај на Европската Комисија се очекува контракција од 7,8% на економијата на еврозоната до крајот на оваа година, и раст од 4,2% во 2021, па околу 3% во 2022. Споредено со пролетните проекции на Комисијата, изгледите се малку подобри за идната година, а понегативни за 2022.

справувањето со пандемијата и од здравствен и од економски аспект, бидејќи фискалниот одговор на државата на оваа криза опфаќа набавки на опрема, лекови и вакцини за вирусот, но и финансиска поддршка на бизнисите и работните места коишто се директно погодени од рестриктивните мерки. „Со овој ребаланс се обезбедуваат дополнително пари за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети со цел справување со здравствената криза предизвикана од Ковид-19, како и средства за реализација на четвртиот пакет-мерки, кој има за цел да обезбеди економско заздравување. Со тоа се обезбедува

Капитал број 1083 06.11.2020

14 ЕКОНОМИЈА

одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности и обезбедување политики коишто ќе помогнат во продолжување на позитивните трендови на македонската економија, по завршување на кризата. Воедно со ребалансот се обезбедуваат повеќе средства и за студентскиот и ученичкиот стандард“, изјавија од Министерството за финансии. Министерот Фатмир Бесими, истакна дека буџетскиот дефицит кој се планира да достигне околу 8,5% од БДП е на ниво како и кај останатите европски држави, а е оправдан бидејќи задолжувањата ќе помогнат да се обезбедат пари за справување со најголемата криза досега, „Секојдневно се бориме за секој човечки живот, за секое работно место. Со овој ребаланс се обезбедија дополнителни средства за брзи тестови за ковид-19, како и за медицински персонал којшто е директно вклучен во борбата со коронавирусот. Истовремено со ребалансот се обезбедија средства за реализација на четвртиот сет мерки коишто ќе овозможат ревитализација на економијата преку поддршка на работните места, на инвестициите и извозот на компаниите и на ранливите категории граѓани“, потенцираше министерот за финансии, Фатмир Бесими. Инаку, четвртиот пакет антикризни мерки опфаќа финансиска поддршка на работодавците за исплата на плати во октомври, ноември и декември годинава, финансиска поддршка на ранливите категории граѓани погодени од Ковид 19, поддршка на производителите, преработувачите и извозниците на грозје, наливно вино и вино во шишиња, државна гарантна шема и царинска гаранција преку Развојната банка, грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби, поддршка на дејноста туристички водичи регистрирани како самостојни вршители на дејност, враќање на туристичка такса за 2019 година како и поврат на пари од „Викенд без ДДВ“. Со ребалансот на буџетот останува планот да се приберат јавни приходи од 3,2 милијарди евра, но да се потрошат 4,11 милијарди евра, што е дури 164 милиони евра повеќе споредено со претходниот усвоен буџет. Со тоа, минусот, односно буџетскиот дефицит се очекува да достигне 8,5% од БДП или дури 920 милиони евра.

Удар, благо закрепнување, нов удар

Последните макроекономски податоци покажуваат дека македонската економија е длабоко погодена и многу слабо закрепнува после првиот силен удар предизвикан од острите

Македонскиот парламент конечно го усвои ребалансот на буџетот за годинава со што се отвори можноста за реализирање на антикризните мерки од четвртиот пакет, во вредност од 470 милиони евра. Усвојувањето на ребалансот на буџетот е клучен чекор во справувањето со пандемијата и од здравствен и од економски аспект, бидејќи фискалниот одговор на државата на оваа криза опфаќа набавки на опрема, лекови и вакцини за вирусот, но и финансиска поддршка на бизнисите и работните места коишто се директно погодени од рестриктивните мерки.

рестрикции. Тоа делумно се должи и на слабата реализација на антикризните мерки од страна на државата коишто требаше да го амортизираат ударот и да ги ублажат последиците. Времето покажа дека пандемијата која што во текот на летните месеци иако беше ублажена, сепак не дозволи закрепнување на економијата без оглед што властите ги отстранија сите претходно воведени рестрикции. Индустриското производство, во текот на летото се намали за 9,3% во јули и август, што е само ублажување на падот од 25,2% регистриран во вториот квартал за времетраењето на полицискиот час. Во септември, пак, намалувањето на индустриското производство е сведено на 4,1% споредено со истиот месец лани. Па така, од почетокот на годината заклучно со деветтиот месец, индустријата произвела за 12,1% помала вредност отколку лани. Падот во производството на капитални добра, што беше сериозно изразен во вториот квартал кога достигна 47,1%, во текот на летните месеци јули и август се намали за 15% на годишно ниво, а дополнително опадна и продажбата на мало за 10,8% исто така во летниот период. Се уште нема податоци за движењето на бруто домашниот производ во третиот квартал, но статистиката покажа дека падот во вториот бил огромен. Во апсолутен износ, пандемијата со коронавирусот направи штета од 320 милиони евра за само три месеци, односно толку е помала вредноста на сите производи и услуги создадени во вториот квартал годинава споредено со истиот период лани. Како што објави Државниот завод за статистика, домашната економија забележа огромен пад на БДП од 12,7% на годишно ниво, како последица на таканаречениот локдаун, не само во земјава, туку и во најголем број земји во светот и Европа, особено оние што се наши најголеми трговски партнери. Властите досега донесоа четири пакети стимулативни мерки што требаше да и помогнат на економијата да ја надмине корона – кризата, но слабите резултати веројатно се последица и на слабата реализација на некои мерки. Ако првите три пакети мерки беа проценети на околу 500 милиони евра, според последните податоци што ги добивме од Министерството за финансии кон крајот на летото, реализацијата беше само третина од планираното, односно 165 милиони евра. Тоа е околу 1,5% од македонскиот БДП и е прилично симболична поддршка на економијата ако се спореди со други земји во Европа, каде стимулативните пакети надминуваат и 10% од БДП. nnn

НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик Вашата банка секаде со Вас!

Станете корисник на НЛБ Проклик - електронското банкарство и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство за правни лица до 30.11.2020 и искористете ги промотивните поволности:

• Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на декември • Бесплатна Mastercard Business картичка за првата година на користење

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство имате постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и можете самостојно да ги извршувате банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик Ви овозможуваат да ја зголемите ефикасноста на работењето на Вашата компанија и рационално да го трошите Вашето време и средства.

This article is from: