4 minute read

МЕНАЏМЕНТ Know – how

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Advertisement

10

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

С

Сликата за претприемачот многу често се идеализира. Повеќето сметаат дека тие се големи лидери кои ги смислуваат сите најдобри идеи и имаат тимови кои слепо го прати секој нивни збор. Понекогаш тоа е навистина така, но во поголемиот број случаи претприемачите работат многу напорно со тимот со цел заедно да ги смислат, а потоа и да ги реализираат добрите идеи. Во овој процес клучен фактор е добрата комуникација. Таа одредува дали некој претпримач ќе биде успешен, бидејќи и најдобрите идеи можат да пропаднат ако комуникацијата е лоша и преполна со грешки. Притоа, комуникацијата не е само разгова-рање, туку таа подрабира неколку клучни вештини кои претприемачите мораат да ги усвојат. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација. n Јасен разговор

Разговорот е основа на комуникацијата и неговата важност никако не смее да се занемари. Дури и едноставен, пријателски разговор со вработените може да изгради меѓусебна доверба, но и да открие некои проблеми пред тие да станат преголеми и пресериозни. Здрава доза на разговарање со непозната личност исто така може да доведе до некоја деловна прилика. Бидете попристапни, пријателски настреоени, бидејќи така ќе можете да разговарата со сите. n Говор на телото

Добар дел од комуникацијата е невербален, па заради тоа усовршувањето на говорот на теловот е нужност. Во секој момент е битно држењето на телото- бидете исправени, било да седите или стоите, рамениците повлечете ги малку наназад, а главата држете ја високо и исправено. Луѓето гледајте ги право во очи и немојте да се мрштите. Рацете не ги држете во џебови. Ова се само основи за тоа како треба да го држите телото. Со усовршување на говорот на тело можете да имате контрола врз секоја ситуација. n Пишување

Не морате да бидете Мерсел Пруст, но треба да научите да пишувате директно и силно. Сигурно често користите и електронска пошта во комуникацијата, па затоа е важно да знаете како јасно и толно да ги артикулирате своите мисли преку овој медиум со што помалку грешки и нејасностии. Најлесно ќе го подобрите своето пишување ако редово читате книги и друга литература. n Презентирање

Претприемачот многу често може да има потреба да врши презентации на своите идеи и на работењето во повеќе формати. Можеби ќе треба да ги презентирате

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека колку што сте подобри во преговорите, толку сте подобри во бизнисот. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација.

финансиските извештаи на партнерите или на некои заинтересирани инвеститори.Или можеби ќе треба да ги презентирате вашите услуги и производи на заинтересираните клиенти. Можеби дури и ќе треба да одржите говор на некој саем за претприемништво. Во сите наведени сличаи кога презентирате ви е неопходна јасност, концизност, самоувереност и држење на телото. n Преговарање

Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека што сте подобри во преговорите, тоа сте подобри во бизнисот. Полесно ќе успеете да обезбедите добри услови за изнајмување на канцеларија, да плаќате поразумни плати на вработените и да добиете подобри понуди од клиентите. За ефикасно преговарање не се важни за вистинските зборови, туку битен е и тајмингот, познавањето на клучните факти и секако самоувереноста. n Посредништво

Иако поретко ќе бидете посредник отколку говорник, понекогаш ќе треба да решите одредени конфликти. Можеби ќе требате да разрешите некој конфликт помеѓу двајца вработени, околу тоа чија била одговорноста да се заврши некоја работа. Или можеби двајца различни добавувачи ќе влезат во конфликт заради грешка во комуникација. Во секој случај, морате да ги сослушате двете страни и да им помогнете да ги решат своите проблеми. n Дебати

Дебатирањето не значи карање. Може да биде и здрава расправа за две или повече опцоо во опкружувањето полно со меѓусебно почитување. Целта на дебатата не е секогаш да се порази противникот, клучно е да се изнесат вашите мислења и убедувања на најдобар можен начин. Така на вложувачите, партнерите и вработените полесно ќе им ги разјасните своите идеи. n Водење

Лидерот има многу одговорности, но во комуникацијата е најважно да оддавате самодоверба, доверб и страст. Луѓето ќе ги инспирирате со секојдневни пораки, јавни и приватни, и клучно е да се држите како лидери, со цел да го одржите својот моќен имиџ. n Претприемачот мора да биде поливалентен

Денеска постојат различни платформи за комуникација –телефонски повици, смс, електронска пошта, видео разговори, инстант пораки, Фејсбук, и треба да одберете која е насоодветна во која ситуација. Изборот на вистински медиум е многу важно. n Слушање

Слушањето е веројатно најважна комуника-циска вештина, бидејќи е применлива во многу ситуации. Активното слушање помага во разговорот, дебатите, водењето, преговарањето и просредувањето, бидејќи со нив покажувате промисленост, емпатија и ангажираност на луѓето околу себе. Кога ќе ги совладате овие 10 клучни комуникациски вештини, ќе имате подобри изгледи да успеете како претприемач и бизнисмен. Како и кај секоја друга вештина, ниту комуникацијата не може да се усоврши без пракса. Затоа трудете се што повеќе можете и бидете свесни за секој свој настап. nnn

This article is from: