4 minute read

КОЛУМНА Фатмир Битиќи

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099 KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE

КОНСУМЕРИЗМОТ

Advertisement

Консумеризмот е поврзан со секој аспект на човечкото живеење, всушност самата есенција на капитализмот и сите “негови ветувања” за подобар свет се базираат на масовното трошење на пари од консумерите. Со исклучување на оваа “религија”, нема економски раст, нема банкарство, нема економија, дипломатија… всушност нема свет каков што познаваме.

автор:

СЕРГЕЈ ЗАФИРОСКИ

Генерален менаџер на “Инсајдер ИД” и Главен Уредник на “Le Monde Diplomatique – Македонско издание”

Да запрашаме било кој на земјината топка ќе даде некакво видување или размислување за тоа што претставува терминот “Консумеризам”. Социјалните медиуми, големиот пристап до информации, “бомбардирањето” со реклами и платена содржина, лажните вести и динамиката на денешното живеење го насочува однесувањето на луѓето во насоки за кои е дискутабилно колку се “свесни” за истиот. Сепак, колку всушност знаеме што претставува? Во 21-виот век може да се каже дека истиот претставува светска религија, во која иако не се “крстиме” и те како ја поддржуваме и не само тоа, туку и интензивно практикуваме. Консумеризмот е поврзан со секој аспект на човечкото живеење, всушност самата есенција на капитализмот и сите “негови ветувања” за подобар свет се базираат на масовното трошење на пари од консумерите. Со исклучување на оваа “религија”, нема економски раст, нема банкарство, нема економија, дипломатија… всушност нема свет каков што познаваме.

ШТО Е КОНЗУМЕРИЗАМ?

Консумеризмот е општествено – економски поредок кој го поттикнува и охрабрува купувањето на производи и услуги во секогаш поголеми количини, за да се реализира постојаниот економски раст. Со индустриската револуција, особено во 20-итот век, масовното и прекумерното производство кое што неколкукратно ја надминува потребата на пазарот доведува до тоа производителите да располагаат со залихи на готови производи кои немаат можност и пазар да ги пласираат. Компаниите се насочуваат кон пропагандата и маркетингот да ја креираат до определен степен нереални потреби или да ја интензивираат потребите за купување на што поголем број на производи, се со цел потрошувачката низ времето неограничено да се зголемува. Со пласманот на голем број нови, различни, подобрени, унапредени производи и услуги поттикнува постојано “трошење” на месечните буџети на ”консумерите” во производи, кое надополнето со интензивната манипулација со желбите за поседување на истите, се креира затворен циклус во кој индивидуата има постојано желби и потреби кои никогаш не се исполнуваат, додека компаниите никогаш не престануваат со пласман на нови производи. Единствено е важно индивидуата да ги троши парите со кои располага, но и не ретко со тие кои што не располага. Консумеризмот најчесто се поврзува со материјализмот кој пак може да биде анализиран од повеќе гледишта. Од аспект на филозофски монизам, материјализмот претпоставува дека материјата е основа на целата природа, што подразбира дека и свеста и менталните состојби се резултат на интеракција помеѓу физичките материјали. Од општествен општоприфатен аспект, материјализмот претпоставува дека индивидуата му придава поголемо значење на материјалното наспроти духовното богатство. Целта е да во текот на животот да се поседуваат што е поголем број на материјални добра и постојан материјален комодитет. Вистината е дека моменталното општество на 21-виот век на свесно ниво го одрекува материјализмот и привидно му дава значење на духовното, додека несвесно духовното богатство го постигнува исклучиво преку материјалните средства. Всушност и самите “духовни” вредности се значајно променети и се во директна корелација со материјалниот свет. Тоа го поддржува консумеризмот, каде компаниите постојано ги менуваат бизнис моделите за да ги пресретнат барањата на консументите, со единствена цел да трошат се повеќе средства и време. Поврзувањето помеѓу консумеризмот и материјализмот е и повеќе од очигледно. Една од првите книги за консумеризмот, односно којашто дава насока за негово дефинирање е издадена во 1899 година од Торстен Веблен со наслов “Теорија на лежерната класа” ги анализира раширените вредности и новите економски институции и променувањето на однесувањето со зголемување на “слободното време” во почетокот на 20-тиот век. Во неа, Г-дин Веблен “ги анализира активностите и потрошувачките навики на слободната класа од аспект на ненаситното и расипничкото трошење на материјалното богатство и креирање на отпад”. Двете се поврзани со прикажување на статус и слика за себеси во општеството, а не на функционалност и потреба.” Всушност во една од подоцнежните книги од Веблен “Статусна потрошувачка” јасно дефинира дека за дел од добрата (производите и услугите) цената не е креирана како последица на понудата и побарувачката, туку со зголемување на цената се зголемува и “посакуваноста” односно побарувачката за производите, концепт кој е економски нелогичен со цел стекнување на статус во општеството. Веблен на еден сатиричен начин ја појаснува “лежерната класа” и начинот на нејзиното нелогично однесување со единствена цел за проекција на општествена репутација. Во тој случај дали консумеризмот е просто купување на материјални добра? Во последниот век е направен таков култ кон потрошувачката и кон брендовите што многу тешко може да се квалификува како едноставна активност.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ШТО НИЕ ГЛЕДАМЕ ВСУШНОСТ, РЕАЛНОСТ ИЛИ…?

Живееме во свет кој што има повеќе елементи на нереалност отколку било што реално. Слобода, човекови права, брендови, пари, финансиски институции, хуманизам, либерализам, комунизам, капитал, алтернативи, политика, масовни медиуми, филмови, континуиран страв, виртуелен свет и уште многу други сегменти од нашето постоење кои што директно влијаат во обликувањето на целокупниот наш живот и во обликувањето на самата реалност. Со самото тоа и влијаат во креирање на нашата реалност. Доколку го видиме пристапот на податоци кој што го имале

This article is from: