20 minute read

COVER STORY Сезона на преземања на македонски ИКТ и дигитални компании

Next Article
неа

неа

Advertisement

COVER STORYKAPITAL.MK I БРОЈ 1101 MAJ 2021 4 COVER STORY

СЕАВУС, ИНКОМ, ЕКОНЕТ, ГРУПЕР... ДОБИЈА НОВИ СОПСТВЕНИЦИ КОЈ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ НИЗАТА?

СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА KAPITAL.MK I БРОЈ 1101 MAJ 20215 МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ

СЕАВУС, ИНКОМ, ЕКОНЕТ, ГРУПЕР... ДОБИЈА НОВИ СОПСТВЕНИЦИ КОЈ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ НИЗАТА?

Најголемата софтверска компанија во Македонија, Сеавус, е преземена од чешката групација Арикома; специјалистите за дигитална трансформација и деловен софтвер ИнКом добија нов сопственик во словенечката Даталаб Технологије; пионерите на е-трговијата Групер предводени од „кралицата на попустите“ Нина Ангеловска, станаа дел од семејството на полската Асеко, додека Еконет, познат како дистрибутер на технологијата на Cisco и Microsoft, а подоцна и развивач на софтверски решенија, купен е од страна на Синами, компанија зад којашто стои довчерашниот сопственик на Сеавус, Игор Лештар. Сето ова се случи за само четири месеци годинава. Што ли уште ќе се случува на македонската ИКТ и дигитална сцена до крајот на оваа 2021?

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

COVER STORY

Еконет, домашна компанија основана во 1999 година, позната како овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и Косово, а потоа и на Microsoft, а од 2016 и развивач на софтверски решенија, преземена е од страна на Синами, софтверска компанија која делуваше речиси 20 години во рамките на Сеавус, а по аквизицијата на Сеавус од страна на чешката групација Арикома, компанијата се издвои како нов, самостоен бренд.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Почетокот на оваа 2021 како да навести дека ќе биде возбудлива година за преземања и спојувања на домашниот пазар на ИКТ и компании од дигиталниот бизнис. Прво, во јануари, одекна веста за преземањето на најголемата домашна информатичка компанија, Сеавус, од страна на групацијата Арикома (Aricoma), најголемиот ИКТ холдинг во Чешка. Преземањето всушност се случило на почетокот на декември минатата година, кога првите информации беа објавени на корпоративниот сајт на Сеавус, но детали околу сумата што ја даде Арикома за македонската компанија не беа објавени. Основачот и претседател на управата на Сеавус, Игор Лештар, по повод преземањето во интервју за Макфакс изјави дека приказната за неговата компанија личи на онаа „како кога се расте дете – го кревате на нозе, го учите на лични вредности, го водите на прав пат, вложувате во него за да може потоа како родител да го пуштите во светот за да биде уште поуспешно.“ Според Лештар, продажбата на Сеавус на Арикома е сериозна и промислена бизнис одлука, која се темели на анализи и која отвора нови перспективи за Сеавус, компанија која своите почетоци ги бележи во 1999 година, основана од Лештар и уште еден партнер, а денес е меѓународна групација со над 15 претставништва и 800 вработени. „Сеавус“ достигна степен на развој кој треба уште повеќе да се надградува за поголема интернационална експанзија. За тоа му е потребно окрупнување и му е потребен еден многу посилен финансиски партнер што може да го однесе „Сеавус“ на следното, повисоко ниво на развој. Затоа и бевме атрактивна можност за потенцијалните купувачи. Длабоко сум убеден дека заедно со силен стратешки партнер како Арикома ќе ги забрзаме иновациите и уште повеќе ќе ги зајакнеме нашите позиции.“, вели Лештар за Макфакс. Инаку, Арикома е групација којашто периодов е прилично агилна во збогатувањето на своето портфолио со нови компании од регионот и Европа, па освен аквизицијата на Сеавус, во март месец годинава беше објавено и преземањето на чешката ИТ компанија Комикс (Komix), еден од поголемите играчи на ИТ пазарот во оваа земја. Арикома е холдинг со годишни приходи од преку 300 милиони евра и заработка од 23 милиони евра, со над 2.800 вработени во сите компании од портфолиото. Самата групација Арикома, пак, е дел од поголемата групација ККЦГ (KKCG Group) на еден од најмоќните бизнисмени во Чешка, Карел Комарек, којашто е всушност меѓународна инвестициска корпорација којашто работи во 19 земји и менаџира со средства вредни над шест милијарди евра. Стратешките сектори на ККЦГ се нафта и гас, технологија, недвижности и гејмерска индустрија. При крајот на јануари, на свеченото објавување на оваа аквизиција, покрај првиот човек на Сеавус, Лештар, присуствуваа и македонскиот премиер Зоран Заев, чешкиот амбасадор

СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

фото: Макфакс

Мирослав Томан и директорот за инвестиции во Арикома, Михал Томанек. Заев истакна во таа прилика дека македонскиот ИКТ сектор во последниве години е најбрзо растечка индустрија во земјава и ги вработува најмладите и најпродуктивни кадри. “Групацијата Арикома може да очекува поддршка од Владата за сите нејзини наредни развојни планови“, рече Заев и најави намалување на персоналниот данок во ИКТ секторот од сегашните 10 на нула проценти во 2023 година, како и други мерки за развој на оваа индустрија.

ИГОР ЛЕШТАР

основачот на Сеавус, вели дека со преземањето од страна на чешката Арикома, неговата компанија ќе добие силен стратешки партнер со чијашто помош ќе се засилат иновациите и ќе се забрза растот и нејзиниот меѓународниот пробив.

Словенечката Даталаб ја презеде македонската ИнКом ЕРП

Во меѓувреме, за краток период во јавноста се објавија уште неколку аквизиции на домашни ИКТ компании од европски, но и домашни поголеми играчи. На крајот на месец март се појави информацијата дека се спојуваат македонската компанија ИнКом ЕРП со

САШО ЈОВАНОВСКИ

довчерашен директор на ИнКом, сега веќе Даталаб Македонија, вели дека со новиот сопственик Даталаб од Словенија ќе се обидат да ја засилат лидерската позиција на домашниот и регионалниот пазар во полето на деловен софтвер. Проектите за дигитална трансформација што ги изведувала претходно ИнКом, се темелат на софтверот Pantheon, развиен од словенечкиот партнер, а сега нов сопственик на македонската компанија.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

COVER STORY

Даталаб од Словенија. Во интервју за Капитал, сега веќе новиот директор на Даталаб Македонија, Сашо Јовановски, фирмата ќерка на Даталаб Технологије од Љубљана и главниот извршен директор на словенечката фирма Андреј Мертељ дадоа повеќе детали за ова преземање/спојување и за идните планови. ИнКом ЕРП беше етаблирана на македонскиот пазар како специјализирана за проекти за дигитална трансформација, не само на домашни, туку и на компании од регионот. Повеќе компании од Србија, Косово и Албанија ги користеле услугите на ИнКом, особено за имплементација на деловен систем кај производните компании. „Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација.“, објасни Јовановски за Капитал. Оттука, додава тој, доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нивниот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. „Засилени со консултантите од Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија.“, вели Јовановски, директорот на ИнКом, сега веќе Даталаб Македонија. Директорот пак на словенечката Даталаб, Андреј Мертељ вели дека поради фантастичниот и високо мотивираниот кадар на ИнКом, решиле да ги спојат стратегиите и тимовите. „Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP (enterprise resource planning) компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот.“, истакна Мертељ.

И Групер се продаде, но не на групен попуст, туку на полска софтверска компанија

Уште неслегната прашината, што се вели, од погоре споменатите аквизиции, се објави уште „бомба“ на домашниот пазар на ИКТ, конкретно во овој случај, дигиталната сфера, односно е-трговијата: пионерот во оваа област во Македонија, платформата за групни попусти Групер, основан од младата претприемачка (и поранешна министерка за финансии) Нина Ангеловска пред 10 години, е преземен од страна на полската компанија Пејтен (Payten), членка на групацијата Асеко (Asseco). Асеко на македонската јавност и стана познат уште пред десетина години, со преземањето на домашната ИТ компанија Пексим, основана од Михаил Петрески. Пејтен, инаку е провајдер на целосни софтверски решенија за платежната индустрија, а Асеко групацијата - една

Популарната платформа за групни попусти Групер, основанa од младата претприемачка (и поранешна министерка за финансии) НИНА АНГЕЛОВСКА пред 10 години, е преземен од страна на полската компанија Пејтен (Payten), членка на групацијата Асеко (Asseco), којашто пак е присутна на македонскиот пазар повеќе од 10 години преку преземањето на тогашната компанија Пексим, специјализирана за банкарски софтвери. Ангеловска вели дека „после 10 годишен значаен придонес и развивање на е-трговијата како водечка компанија, на Групер му претстои уште побрз раст, нови предизвици, пријателства, соработки и уште многу успеси, сега како дел од меѓународна групација.

од водечките софтверски компании во Европа, од неодамна значајно го шири бизнисот со вклучување на компании во доменот на развој на софтвер за платежни решенија во Европа и пошироко. „Покрај платежните решенија, инвестициите и ширењето во е-трговија како стратешката определба е во фокус веќе извесно време, а чест ми е што Групер е првата e-commerce платформа од регионот која стана дел од групацијата. После 10 годишен значаен придонес и развивање на е-трговијата како водечка компанија, верувам дека на Групер му претстои уште побрз раст, нови предизвици, пријателства, соработки и уште многу успеси, сега како дел од меѓународна групација.“, напиша основачката и директорка на Групер, Нина Ангеловска, на социјалните мрежи по повод аквизицијата. Таа истакна дека со ова преземање, се оддава признание за напорната работа на тимот на Групер изминатава деценија, на нивната посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за целосна реализација на потенцијалот на Grouper. „Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат... Ја лансиравме првата платформа за групни попусти во Македонија во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компании речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа онлајн присуство. Придонесовме за развој на е-трговијата, им помогнавме на стотици компании да се приклучат во е-светот, да добијат нови клиенти и да го рашират својот бизнис. Илјадници е-купувачи за прв пат купија онлјан на Групер, пробаа нови искуства, открија нови места и станаа дел од Групер заедницата која секоја година се зголемуваше се’ повеќе. Придонесот на Групер беше препознаен дома и меѓународно преку бројните награди и признанија (Forbes, UNCTAD и многу други).“, истакна Ангеловска.

Уште едно преземање, но овој пат целосно домашно

И за крај, но останува да видиме дали ќе биде последно за оваа сезона, е преземањето на македонската ИТ компанија Еконет, еден од пионерите на оваа сцена во земјава, од страна на исто така домашна компанија, Синами. Компанијата Еконет, инаку, е основана во 1999 година, и се позиционираше како прв и единствен овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и Косово, а потпирајќи се на своето искуство во дистрибуцијата на софистицирана ИТ опрема, подоцна стана овластен дистрибутер и за уште еден светски бренд – Microsoft. Следењето на глобалните трендови во ИТ индустријата, навремената дистрибуција на најсовремените ИТ продукти, како и искуството во обезбедување консултантски услуги за дизајнирање и имплементација на технички решенија за голем број компании, биле главен мотив за Еконет во 2016 година и самата да стане компанија за развој на нови софтверски решенија и услуги. „Спојувањето со реномираната компанија Синами е продолжување на нашата успешна приказна, но и

СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

нов почеток кој ни отвора можност за уште поуспешно делување во ИТ секторот. Повеќедецениското искуство кое го носат нашите кадри ќе обезбеди дополнителна вредност за тимот на Синами во справување со динамичното темпо на работа, а со примена на нашите вештини, сигурен сум дека ќе придонесеме и во континуираниот развој на нови, напредни производи. Навистина сме среќни што се придружуваме на искусен тим кој постигнува исклучителни резултати и на меѓународниот пазар и веруваме дека заедно ќе се позиционираме уште подобро и ќе постигнеме уште повеќе.“, изјави Иво Лазаревиќ од Еконет. Синами е софтверска компанија која делуваше речиси 20 години во рамките на Сеавус, а по аквизицијата на Сеавус од страна на чешката групација Арикома, компанијата се издвои како нов, самостоен бренд, што значи дека мастермајнд зад ова преземање е всушност Игор Лештар, довчерашниот сопственик на Сеавус. Во клиентите на Синами денес се вбројуваат дури 70% од најуспешните Fortune 500 компании, како Airbus, Rolls Royce, McLaren, SAP, Tesla и слични профили на клиенти од различни индустрии со просечен број од 40.000 вработени. „Проширувањето на Синами кој од неодамна функционира како самостоен бренд е само логична последица на нашата бизнис стратегија за раст на компанијата. Имаме навистина огромен потенцијал и верувам дека овој чекор само дополнително ќе придонесе за исполнување на нашата амбициозна визија за развој. Располагаме со силни човечки ресурси, односно добро подготвен и мотивиран кадар со повеќедецениско искуство на кој сега му се придружува и нов тим од висококвалификувани ИТ професионалци, па сигурен сум дека со овој состав ќе го одржиме растот кој веќе го имаме во Европа и Северна Америка, но и ќе продолжиме со освојувањето нови пазари.“, истакна Бојан Тасевски, извршен директор на Синами. nnn

ИКТ СЕКТОРОТ Е НАЈБРЗО РАСТЕЧКИ ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

ИКТ секторот кој во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите, стана најбрзо растечка индустрија во земјата. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1.296 пораснал на 1.957 во 2019 година, што е пораст за околу 700 компании за само 3 години. Иако се уште нема официјални статистички податоци за работењето на компаниите од информатичко комуникациските технологии (ИКТ) лани, сепак проценките се дека оваа индустрија ќе прикаже позитивни резултати за 2020 година. Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) објаснуваат дека позитивните страни се што во услови на пандемија и локдаун кој ограничува движење на граѓаните, овие компании брзо се адаптирале на работата од дома, а побарувачката за информатички услуги не се намалила.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

INTERVIEW

СПОЈУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ НАШАТА ЛИДЕРСКА ПОЗИЦИЈА ВО ПОНУДАТА НА ДЕЛОВЕН СОФТВЕР

Спојувања (merges) на компании во земјава се случуваат исклучително ретко. На крајот на месец март 2021 година, домашните и регионалните портали ја пренесоа информацијата од берзата во Љубљана, дека се спојуваат македонската компанија ИнКом ЕРП со Даталаб од Словенија. Тргнавме во потрага по оваа вест, за да ги дознаеме деталите за ова спојување. Ви ги пренесуваме изјавите од нашите соговорници, за процесот на спојување како и за очекувањата кои се поставени за периодот кој следи. Разговаравме со новиот директор на Даталаб Македонија – Сашо Јовановски (фирма ќерка на Даталаб Технологије од Словенија), како и со главниот извршен директор на Даталаб – Андреј Мертељ.

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

XГ-дин Јовановски, зошто се одлучивте

за спојување на тимот на ИнКом ЕРП во

Даталаб Македонија? Вашите деловни резултати во изминатите години се исклучителни, со постојан раст на корисници на вашите услуги, како и со присуство во повеќе држави во регионот?

Јовановски: Компанијата ИнКом во изминатите години, покажа дека во Северна Македонија постои квалитетен консултантски потенцијал, кој е баран во повеќе држави во регионот. Заедно со деловниот партнер Ѓорѓи Николов и тимот на искусни консултанти, реализиравме бројни проекти за дигитална трансформација во регионот. Повеќе компании во Србија, Косово, Албанија и Словенија ги користеа нашите услуги, посебно за имплементација на деловен систем кај производствени компании. Нашите услуги ги ставивме на располагање по барање на самите компании, на кои тимот за имплементација кој треба да ја изведе дигиталната трансформација им беше од најголемо значење. Нашето инсистирање за високо квалитетни услуги за дигитална трансформација, квалитетен проектен менаџмент и искусен тим, ни беа најдобра препорака кај новите корисници. Во регионот, а посебно во Словенија – постои изградена свест дека основата за дигитална трансформација се квалитетни консултантски услуги. Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Од тука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. Засилени со консултантите од Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија. XГ-дин Мертељ, Вам секако добро ви е

познат македонскиот пазар, бидејќи вашата компанија е присутна во

Северна Македонија уште од 2008 година. Зошто се решивте за спојување на компаниите? Кои се очекувањата?

Што добива Даталаб со инвестицијата?

Мертељ: Живееме во период во кој КОВИД-19 создаде многу голема побарувачка за дигитализација во нашите приватни и деловни активности. Компаниите треба да бидат опремени и да работат дигитално, бидејќи побарувачката за дигитални услуги што ја олеснуваат работа од дома е зголемена. Во пракса ова значи, дека покрај нашата деловна програма Pantheon поставена на облак (cloud), деловните субјекти исто така ги имплементираат нашите услуги за еБизнис активности, како што се еДокументација, еФактура, еКнижење, WorkFlow (Тек на документи) и многу повеќе. За да можеме успешно да ги воведеме сите овие производи на пазарот во Северна Македонија, потребен ни е силен тим со високо обучени консултанти за да можеме да станеме поконкурентни. Градиме регионален центар што ќе ни овозможи да го сториме токму тоа и да ни помогне да ги развиваме нашите производи и да ја развиваме нашата компанија. Инком има фантастичен и високо мотивиран тим со богато знаење и искуство, поради што решивме да ги споиме нашите стратегии и тимови. Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот. XГ-дин Јовановски, изминатиов период

бевте ангажиран од повеќе компании во Македонија и регионот, како ментор или консултант за развој на бизнисот.

Дали можеме да очекуваме ваков ангажман од Ваша страна во улога на директор во Даталаб Македонија ?

Јовановски: Сите треба да имаме лична одговорност кон семејството, кон деловната заедница, кон државата во која живееме. Десетина години волонтерски им помагам на компаниите во земјава, како дел од проекти кои во фокусот имаат стартап компаниите. Сметам дека тоа ми е обврска, од која нема да се откажам. Веќе во првите денови од стапување на новата позиција, иницирав проект за корпоративна иновативност со ФИТР. Верувам дека преку овој проект, заедно со ФИТР, ќе им помогнеме на десетина нови македонски стартапи. Идејата е токму преку менторство, бизнис совети и поставување на нови бизнис модели, да помогнеме во развојот на мали компании од повеќе сектори: 1. Модерни сметководствени агенции, кои ќе понудат сметководствени услуги базирани на облак (cloud) платформи.

Таргетот на овие компании ќе бидат сите 65.000 корисници во регионот, не само корисниците во Северна Македонија. 2. Нови ИТ софтверски фирми, кои ќе понудат нови софтверски вертикали, како мобилни апликации, е-продавници и други решенија за целата Даталаб заедница. Потребата и пазарот постојат и се достапни за овие компании. 3. Консултантски компании кои ќе нудат проекти за дигитална трансформација во целиот регион. Нашиот тим има

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Pantheon, софтверот на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Ние, како ИнКом ЕРП работевме многу со овој софтвер на проекти од земјава и регионот, па оттука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година.

САШО ЈОВАНОВСКИ

главен извршен директор на Даталаб Македонија

Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера.

АНДРЕЈ МЕРТЕЉ

главен извршен директор на Даталаб Технологије д.д.

разработен деловен план за директно присуство во повеќе држави во регионот, па овие нови компании ќе имаат деловна можност која не треба да ја пропуштат. Ги повикувам сите млади економисти, програмери, консултанти .. кои имаат претприемачки дух и храброст, да ни се приклучат на оваа патување! XXГ-дин Мертељ, што носи Даталаб на

пазарот во Северна Македонија?

Мертељ: Иако развојот на технологијата им овозможи на деловните субјекти да го оптимизираат и дигитализираат своето работење веќе пред повеќе години, потребна ни беше ситуација како оваа во која се наоѓаме во моментов за да ги отвориме очите кон тој факт. Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера. Како давател на услуги за дигитална трансформација, јас сум многу свесен колку е важно работењето на компанијата да е континуирано без прекин. Одговорните сопственици и менаџерите ќе сторат сè што е во нивна моќ да обезбедат континуирано работење на нивната компанија дури и во ситуации како што е оваа во која се наоѓаме денес. XXГ-дин Јовановски, какво влијание

врз македонските компании ќе имаат новите технологии и програми за кои говореше господинот Мертељ?

Јовановски: Дигиталната трансформација е неопходна во македонските компании, бидејќи преку овој процес, ќе постигнеме висока продуктивност и ефикасност во работењето. Не гледам друга можност за брз развој на нашата економија, освен инвестирањето во дигитална трансформација, за што ги имаме сите претпоставки. Придобивките од овој процес зависат од типот на самата компанија, а нашите искуства со имплементација на Pantheon ERP деловното решение во Македонија и регионот, ни покажаа дека:  ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ КОМПАНИИ – го зголемуваат нивото на ефикасност во процесот на производство, добро владеат со нарачките и со производствената цена на сопствените продукти. Сето ова, без квалитетна дигитална трансформација е тешко достижно.  ТРГОВСКИТЕ КОМПАНИИ – низ процесот на дигитална трансформација добиваат подобро менаџирање на залихите, но и го решаваат проблемот на скалабилност на продажниот процес

– ова е голем проблем кај нас, бидејќи најчесто сопственикот на трговска фирма во голем процент го изведува самостојно процесот на продажба. Без дигитални алатки, не може да се зголеми продажбата и тимот за продажба на ефикасен начин  СМЕТКОВОДСТВЕНИ БИРОА – овие компании комплетно го базираат своето работење на деловните системи.

За нив тоа е основно средство за работа. Дали 3-ца вработени во едно сметководствено биро, ќе имаат 25 или 50 клиенти зависи најмногу од квалитетот на деловното решение.

Во Македонија, заедно со телеком компаниите, веќе 9 години сме присутни со Pantheon cloud услугата, која е идеално и докажано решение за сметководителите.  УСЛУЖНИТЕ КОМПАНИИ – често се гушат во администрација и огромна документација. Нема подобар и поефикасен одговор на тоа, од дигитална трансформација Нашиот консултантски тим денес, низ процесот на спојување, стана најголемиот консултантски тим за дигитална трансформација во Македонија. Сигурен сум дека успешно ќе им излеземе во пресрет на 4.799-те корисници во Македонија, но и на многу други, кои се’ уште не го започнале патот на дигитална трансформација. 

This article is from: