Реализирани и тековни проекти 09.2013-09.2014 год

Page 1

ГРАДОНАЧАЛНИК ДАРКО ШЕХТАНСКИ

Реализирани и тековни проекти Септември 2013- Септември 2014 година


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Изградени се 3 (три) нови улици во вкупна површина од околу 3900 м2 во с. Ѕвегор, со вкупен износ на чинење од 5.500.000,00 денари, обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и од Буџетот на Општина Делчево.

Извршено е асфалтирање на улицата Никола Јонков Вапцаров во Централното градско подрачје Делчево. Станува збор за асфалтирање на 2750 м2 коловоз на една од најфрекфентните улици во Делчево.


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Заврши втората фаза од проектот за изградба на колектор за отпадни води за град Делчево од десна страна на река Брегалница на потег град Делчево-Сервисна зона-Долни Бавчи. Во оваа фаза од проектот беа поставени полиетиленски коругирани цевки за фекална канализација со дијаметар од 1000 mm со вкупна должина на цевките од 282 метри со вкупен износ на чинење од 1.908.042,00 денари. За изградба на овој значаен инфраструктурен проект, во двете фази кои се досега реализирани, изградени се вкупно 460 метри колекторска линија во вкупен износ на чинење од 2.889.042,00 денари.


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Успешно заврши проектот "Подобар живот на децата во пограничниот регион меѓу Р.Македонија и Р.Бугарија" кофинансиран од страна на европските фондови во соработка со националните фондови на Р. Македонија и Р. Бугарија. Во проектот беше опфатено изградба на целосно нов кровен покривач од термоизолациони сендвич панели со вкупна површина од 5350 м2, со опшивање на калканските ѕидови и стреи, како и замена на олуците за атмосферска вода во должина од 560 метри. Исто така станува збор за замена на вкупно 110 дрвени прозори и 45 дрвени врати, со нови термоизлолациони, за имплементирање на енергетско ефикасни мерки, преку кои ќе се заштеди топлинска енергија. Вкупниот износ на чинење на проектот е 458.507,87 евра за реализација на проектните активности од двете страни на границата, од кои 85% се кофинансирани од ИПА фондовите од програмата за Прекугранична соработка, а 15 % од средствата се кофинансирани од националните фондови на двете држави.


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

• •

Изграден е нов паркинг простор во централното градско подрачје во Делчево на потегот зад црквата Св. Кирил и Методиј во населба Ново Делчево со површина од 910 м2, Успешно е реализирана фазата за реконструкцијата на постојните простории на Детската градинка Весели цветови со имплементација на енергетско ефикасни мерки. Оваа фаза за реконструкција на постојната зграда изнесуваше 100 илјади американски долари (50 илјади долари од УНДП и 50 илјади од сопствени сретства на Детската градинка Весели Цветови-Делчево),


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Уредена пешачка патека со должина од 150 метри во с. Стамер

Уреден е дел од селски ендек кој истовремено служи и како улица во село Габрово во соработка со месната заедница на ова село


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

• Завршена е реконструкцијата на дел од тротоарниот простор на Булевар Методи Митевски Брицо. Со реализацијата на овој проект опфатена е површина за реконструкција од 1140 метри квадратни, проектот се реализира со финансиска поддршка од Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“ – Делчево,

• Реконструиран е дел од тротоарниот простор долж улицата Ѓорче Петров. Санирани се вкупно 352 метри квадратни,


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

• Завршена е реконструкцијата на главен реонски довод на вода за пиење со замена на азбест-цементни цевки со нови долж булеварот Методи Митевски Брицо. За овој проект беа обезбедени вкупно 980.000,00 денари од Министерство за животна средина. Реконструкцијата на оваа делница во должина од 963 метри чини вкупно 3.048.029,00 денари, • Завршена е изградбата на колекторот за отпадни води на с. Ѕвегор. Дел од средствата се обезбедени од Министерство за локална самоуправа а остатокот од Буџет на Општина Делчево и ЈПКД Брегалница-Делчево, • Завршено е уредување на мини депонија во населбата Стрелиште, со изградба на детско игралиште во површина од 440 м2,


1.ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

• Успешно е реализиран Акциониот план за заштите од поплави на предвидените делници на коритото на река Брегалница и коритото на река Габровчица,

• Изграден е дел од тротоар кон населба Спортско рекреативен центар кај плацот на ЈПШС Голак Делчево,


2. ПРОЕКТИ КОИ СЕ ВО ТЕК • Во тек е проектот за реконструкција на Детската градинка Весели цветови од Делчево. За доградбата на овие дополнителни простории, Општина Делчево од Буџетот досега издвои 2.7 милиони денари, а предвидено е доградба на околу 450 квадратни метри и тоа четири нови занимални со санитарни јазли и просторија за комуникација до ниво на карабина. • Во тек е реализација на проект за уредување на коритото на река Брегалница во централно градско подрачје со сретства од ИПА програмата за Прекугранична соработка • Во тек е реализацијата на проект за изградба и уредување на нов градски парк покрај кејот на река Брегалница меѓу црквата Св. Кирил и Методиј и градскиот стадион, • Во тек е проект за реконструкција на гумена брана и каналски систем покрај река Брегалница, • Во тек е проект за набавка на комунално возило за прибирање на смет • Во тек е проект за поставување на крак на канализација во населбата Спортско рекреативен центар кај градскиот стадион, • Во тек е проект за ревитализација и реконструкција на просторот во центарот на село Разловци, • Во тек е изградба на пристапна улица во населбата Милково Брдо меѓу улиците Пролетерска и Партизанска, • Во тек е проект за изградба на тениско игралиште во дворот на ООУ Ванчо Прќе,


3. НАЈАВИ НА ПРОЕКТИ

• • • • • •

Изградба на нова улица во село Габрово, Изградба на нова водоводна линија за индустриска зона Долни бавчи, Изработка на проектна документација за градска капела, Реконструкција на булевар Маршал Тито, Реконструкција на улица Светозар Марковиќ, Аплициран е проект за изградба на фекална канализација во туристички локалитет Голак и Пречистителна станица за отпадни води на Голак, • Изградба на нова канализација во населба Басарица, • Изградба на нова канализација во населбата Пролет.


ГРАДОНАЧАЛНИК ДАРКО ШЕХТАНСКИ

06.09.2014 година Подготви: Кирчо Анастасов admin@delcevo.gov.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.