Life_201105

Page 1




ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана Црвенковска

Атанас Кировски АРТ ДИРЕКТОР

Кире Галевски

РЕДАКЦИЈА Тони Димков

Не постои совршенство, се е` живот

Силвана Жежова Влатко Галевски

Марија Дивитарова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Катарина Стојанова

музика Александар Гавровски

Васко Марковски

МУЗИЧКИ РЕЦЕНЗИИ

83

Игор Ивковиќ Петре Димитров 66

здрава исхрана Душан Матиќ

ВИСТИНАТА ЗА ШЕЌЕРОТ, СЛАТКИТЕ И ДИЈАБЕТЕСОТ

Марија Илиќ Патриција Костовска

Серјожа Неделкоски

64

здравје д-р Татјана Илиева-Хаџиевска

ЦИС

Кристина Озимец Мирослав Николовски ЛЕКТОР

Антиквитети Ангелина Јаневска

Мери Кондоска

ВЕЛОСИПЕДИ

ФОТОГРАФИЈА

Ивана Кузмановска

91

Синиша Станковиќ (колумнист)

Роберт Смилески

life портрет: ВЕНКО АНДОНОВСКИ

(надворешен соработник)

12 ГРАФИЧКИ УРЕДНИК

Филип Митров

ИЗДАВАЧ НИД Форум плус ДООЕЛ Скопје „11 Октомври“ 33а 1000 Скопје Република Македонија Тел: +389 2 32 30 940 Факс: + 389 2 32 30 942 Маркетинг Александра Р. Евтимова marketing@forum.com.mk Администрација/финансии Јулија Петровска

Претплата: 828,00 денари годишна 414,00 денари шестмесечна Претплата на сметка: Форум Плус ДООЕЛ Скопје Република Македонија Тутунска банка АД Скопје Сметка бр. 210060041050180 Печати Дата Понс Скопје ISSN 1857-5005

ПАПОКОТ НА СВЕТОТ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА


¢

Билјана Црвенковска

ЧУДНО И ЧУДЕСНО

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА И БОЈАН ТРИФУНОВСКИ

ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА повод ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ

Професии КОГА ЖЕНИТЕ ВОЗАТ

Времето низ очите на... ИСКРА ШУКАРОВА

20 44 24 Неуморна актерска енергија

Вози Мишко

Патека за долго чекорење

жешка тема БИЈОНСЕ

музика BLLA, BLLA, BLLA

патување надвор ЧИЛЕ

102 50 78 По работ на расцепената сочна лубеница - Патував

Иднината ни припаѓа нам

life фокус: ФИЛИП БОЖИНОВСКИ

o Кире Галевски

Убавицата е мајстор за правење пари

18

КЛАВИРОТ МИ Е ВТОРА ЉУБОВ

ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

Една од моите најомилени приказни на сите времиња е „Алиса во земјата на чудата“, и секако, нејзиното продолжение „Алиса низ огледалото“, обете излезени од перото на феноменот наречен Луис Керол. Но, личните вкусови и преференци не се никогаш повод за одредување на темата на бројот, туку повод се секогаш оние работи кои не` провоцираат или инспирираат. Или чудата и чудесните нешта, и она помеѓу. Бидејќи, чудото може да биде и убаво, и грдо, и лошо, и смешно (се` додека, е нели, чудно), додека она што е чудесно е нешто што е прекрасно, возвишено и не се опишува со обични зборови. Во прво време, кога зборувавме за синтагмата „Во земјата на чудата“, сите се согласивме дека Македонија е земја на чудата – во секоја смисла. Од оние чуда за кои не сакаме да знаеме (пред кои затвараме очи-уши-уста), до оние прекрасни, волшебни, чудесни предели, местенца, планини, реки, луѓе, богатства кои ги содржи во себе оваа малечка земја. Кога ќе прошетате низ страниците на овој број на LIFE магазин, ќе се сретнете со ставовите на нашите соговорници, колумнисти, пријатели и драги луѓе, со нивните видувања и доживувања во врска со поставената тема. Поразговаравме со професорот и писател Венко Андоновски, направивме наша верзија на делото на Керол – со младата и екстремно талентирана актерка Јелена Јованова, поразговаравме со Ѓорѓи Јолевски, прошетавме со Искра Шукарова низ нејзиниот мал свет... Појдовме да видиме и чудесни места, од оние локалните, како Куклици, до оние далечните каде не` одведе нашиот светски патник, господинот Роберт Смилевски. Да, тој навистина волшебно ни го долови Чиле... На крајот сакавме да одмориме, да ги поминеме ‘на раат’ празниците, да собереме нови сили... Но нешто не` ни даде да запреме, некој чуден (или чудесен) немир на духот кој е најверојатно проклетство на сите креативни души. Не стравувајте, одмор за нас нема, одиме во потрага по нови чуда!


6 LIFE М А Ј


Сцени со познатата шпанска актерка Викторија Абрил, која ја толкува главната улога во филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ во режија на Теона Митевска, се снимаат и во ловниот резерват „Јасен“. Абрил која стана светски позната по улогите во филмовите на Педро Алмодовар за медиумите изјави дека навистина ја восхитила нивната љубезна упорност, прво да присуствува на фестивалот „Браќа Манаки“ во 2009 година во Битола, а потоа и да ја толкува главната улога во нивниот филм. Снимањето на новиот филм на Теона Митевска започна на 28 март на повеќе локации низ Македонија.

настани

НОВ ФИЛМ НА ТЕОНА МИТЕВСКА

ПРЕМИЕРА НА „ГЕНОЦИД 21“ ОД ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ Новиот текст „Геноцид 21“ на Љубиша Георгиевски премиерно беше поставен на сцената на Драмски театар во Скопје на 20 април. „Пиесава ја посветувам на македонските мајки, кои раѓале по едно чедо повеќе отколку што крвниците можеле да потоморат, “ вели Георгиевски за претставата. Актерската екипа ја сочинуваат Јелена Жугиќ, како Хекуба, Рубенс Муратовски, како Агамемнон, и Роберт Вељановски, како Еврипид. Станува збор за камерна претстава што се игра на голема сцена направена во форма на дуо-драма.

“Егзит 2011“ кој годинава се одржува по дванаесетти пат, ќе започне на 7 и ќе трае до 10 јули. На фестивалот меѓудругите учесници ќе настапат предводниците на есид-џез и фанкдвижењето, разиграните “Џамироквај”, на чело со пејачот Џеј Кеј се придружуваат на главната сцена на фестивалот. На Петроварадинската тврдина пристутните ќе можат да ги видат и слушпнат култниот брит-поп бенд "Палп", "Гриндермен", "Портисхед", "Андерворлд", "Аркејд Фајр", „Бејрути“ големите диџеј имиња Карл Крег, Марко Карола, "Магнетик Мен", Диџеј Снејк и Тини и многу други.

7 LIFE М А Ј

ЕГЗИТ ЗАПОЧНУВА ОД 7 ДО 10 ЈУЛИ


настани

АВАНГАРДНА И УРБАНА КОЛЕКЦИЈА НА МЕРИ РАДОНЧИЌ Младата креаторка Мери Радончиќ својата колекција есен/зима 2011 ја претстави на модната недела во Битола. Нејзина инспирација е малиот црн фустан за првпат дизајниран во 1920 година од Коко Шанел. Ова задолжително парче облека неприкосновено царува на модната сцена, но и во ормарот на секоја жена. Доминираат природните материјали како свила, кадифе, лен, плетиво. Моделите се наменети за жени кои скаат да изгледаат авангардно, урбано и оригинално. Радоничиќ дипломираше мода и дизајн на познатата "Академија ди костуме е ди мода" во Рим, Италија.

Фото-модел МАЈА РИСТЕВСКА

8

LIFE М А Ј

НОВИОТ ПЕЖО 508 ПРИСТИГНА НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ Еуроимпекс, импортерот на Пежо автомобилите за Македонија, приреди интересна промоција на новиот модел Пежо 508 во х. Александар Палас. На настанот присуствуваа голем број гости пред кои се обратија генералните директори на Еуроимпекс, Кирил и Даниел Воиновски, како и гостинот од Франција, Оливие Лаурер. „Во наредниот период ќе се фокусираме на следниве три зборови: експертиза, емоции и стил. Ова е вистинско време бидејќи сме сигурни дека се наоѓаме на правиот пат кон иднината,“ изјави меѓу другото Даниел Воиновски.


9

LIFE М А Ј


настани

ВЕНЧАВКА НА ВЕКОТ Принцот Вилијам (28) и Кејт Мидлтон (29) ја крунисаа својата десетгодишна врска пред околу 2.000 гости во Вестминерската опатија. Тие конечно го кажаа судбоносното „ДА“. Бурмата е направена од велшко злато, што е традиција во кралското семејство од 1923 година. Принцот Вилијам уште претходно рече дека нема да носи бурма. Потоа, тие ја изговорија заклетвата пред Кентерберискиот архиепископ кој ја прочита традиционалната молитва за среќен брак исполнет со многу љубов. Фустанот на Кејт Мидлтон е долг 2,17 метри со долги чипкани ракави и вел преку главата. Венчаницата чини 400 илјади долари, кои ги плати таткото на Кејт, Мајк. На венчавката присуствуваа, Дејвид и Викторија Бекам, сер Елтон Џон, режисерот Гај Ричи и многу други јавни личности. Свадбата се претпоставува дека чини околу 34 милиони долари или 30 милиони фунти.

ОТВОРЕН 14-ТИОТ СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ Со премиерата на филмот „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски беше отворен 14-тиот Скопје филм фестивал. Годинава фестивалот се одржа од 15 до 20 април со филмски проекции во кино „Милениум“ и во Кинотеката на Македонија. Првата активност на Скопје филм фестивал беше доделувањето на наградата за животно дело на значајниот полски режисер Кшиштоф Зануси. Наградата што ја доби Зануси е една коцка од скопскиот плоштад, едно парче историја од животот на скопјани, на градот и на фестивалот.

10 10

LIFE М А Ј

„КУКУРИГУ“, ФИЛМ НА ДЕЈАН ЏОЛЕВ На затворањето од 14тиот „Скопје Филм Фестивал“ беше доделена наградата за најдобар едноминутен филм, во режија на Дејан Џолев, за филмот „Кукуригу“, во соработка со Влатко Артисто и Крсто Златков. Ова е една од низата награди на Џолев кој со неговите едно минутни експериментални форми учествувал на престижни фестивали во Шпанија, Германија, Словачка, Њу Јорк, Тунис... Покрај филмот како уметничка форма, Џолев често знае да го промени уметничкиот израз и во други медиуми, како што вели „Уметник е човек кој е способен да ја реализира својата идеја во медиум кој најдобро ќе ја представи истата“. Професионално Џолев е ангажиран како креативен директор во „Базз Комуникации“.


којдневно минувам дел од денот, пробивајќи се низ раскопаните скопски улици, правливи или поплавени во зависност од временските прилики, деновиве, меѓу морничавите клетви и сочните пцости за народоусреќителите, ми рече дека сме го допреле дното. И дека кројачите на нашите судбини, грабајќи без исаф и арчејќи ги нашите пари без срам и перде, продавајќи си ја душата - ја загадиле и иднината на нашите деца. И, иако обично со него влегувам во материјална расправа за с и сешто, овој пат не му се спротивставив, оти и самиот збеснувам од фактот дека Македонија стана држава - с за едно евро! Во која и некогашните најголеми оптимисти имаат кошмари, сеедно дали со испотени раце ги туткаат неповратните билети, молејќи се во редовите за иселенички визи или со стуткани срца и достоинства, нуркаат во контејнерите. Сопствена карикатура. Во која за успех на народоусреќителите се прогласува и поделбата на канта за ѓубре по глава на жител. Со задолжителната панделка, ем како украс, ем како можност за нејзино свечено сечење, ако изнајде време некој презафатен министер. Саглам подарок - чисто за да имаат каде да нуркаат луѓето, оние на кои им ги „остварија“ мечите... На оние пак, на кои засега им е срам да го фрлат пешкирот (можеби и само затоа што с уште не дошле до капакот на контејнерот или подарената канта, како точка од која нема враќање) им останува само да се смеат и да си играат подбишега со сите што се мајтапат со нивната иднина. Да се качат на вториот кат на автобусите во престолнината со кои, сосе другите „остварувања“, станавме пример за конфузија и предмет за подбив во светот, и да се чудат како дојдовме до дереџето: народ кој може да се гордее со својата историја, алчно да граба од нечија туѓа традиција? И да се соголува во својата трагикомичност, предизвикувајќи само сочувство, дури и од своите подржувачи. Откако народоусреќителите, непознавајќи го своето минато, како на карневал се искитија со туѓото, го навлекоа одиумот од светот и за следните генрации. Оти тој, Светот, не е поинаков од било која македонска паланка, од чаршијата на пример, која на прадедо му на еден мој познат, никогаш не му ја заборави специфичната љубов кон козата, па сите негови наследници и ден-денес се Прчови по прекар... Аман, ќе не шинуваат од мајтап со децении, заради избликот на невидениот досега резил на овие простори. Ќе рентале операциони сали, ама сосе неуништливите бактерии (оти на клиниките с уште со пачаври, ламаринени кофи и дрвени стапови се замачкуваат кашканиците), а затвораат очи пред очебијното – дека во балканската земја на чудата стана прескапо и

да се умре, па „иноватор“ од едно скопско село почна да ја издава сопствената нива - по неколку квадрата за гробно место на кутрите скопјани... Ете, ни реставрираат фасади „во барокнен стил, како во Старо Скопје“, ни засадија палми да не н изгори тоа, сонцето на слободата што ја освојуваме со векови, плус дваесет џабалак изарчени години... И нема сето тоа врска со вештачките кокоси на пластичните палми во три бои, со кои и порано разни провинциски насилници им ја навредуваа интелигенцијата и вкусот на скопјани. Нема врска ни со ретките чаршиски, самокритички извици - дека сите ние молчаливците, сега и со доказ сме станале мајмуни, кои и покрај субвенциите за тикви, ќе си берат банани на раат. Не, будалштините имаат врска само со агресијата на невкусот и на здивот на паланката. На омразата која сака да им го отруе мечтите на оние кои уште сонуваат... „Три палми за две битанги“ беше филм со многу хумор. Филмов со палмиве во кој н туркаат некои покондурени опиноци, топтан со реата на фекалната канализација (зашто, во време на триумфи и коњи со гордо кренати предни копита, нема време за копање атмосферска канализација во барокната ни, паланечка престолнина) е хорор за нормалните луѓе. И бурлеска за кинење од смеа на теледиригираните подржувачи на кованото железо во кое е заробен нивниот ум. Препородени ниедни, низаедни... Навистина, никој од нив не е виновен само поради својата недоделканост. Вината за која не може да се определи адекватно тешка казна е што поради сопствената неприлагоденост и заталканоста на релација волкоебина-престолнина, го отруја народот со омраза. Од мали нозе. Мразејќи ја сопствената некадарност, се рафрлаа со жолч. Македонците станаа како двајцата Мексиканци од селото Алапа кои, според медиумските извештаи, единствени на светот течно го зборуваат јазикот Ајпанеко, но не разговараат меѓусебе, оти немале за што да зборуваат!? Како се да е кажано. И отруено. Ех, камо да бев дел од транзиционите или од преродбениците, кај ќе ми беше крајот! Сигурно немаше да се изживувам врз кутрите ми сограѓани. Па, секое магаре има своја веселба... Ќе си го купев на Беверли Хилс ракописот на Ленон на „Луси на небото со дијаманти“ за 200.000 долари, и занесено ќе си пеев за Луси додека ја гледам Алиса сосе Страшилото, море, ќе си го изнајмев целото кнежевство Лихтенштајн за 70.000 долари за ноќ, и ќе им дозволев да ме чествуваат како владетел со некоја парада или ќе им воведев моја валута, ќе... Ама, повикувајќи на разум, останав далеку зад неразумните, на половина пат до кантите со панделка. Па, ми останува само да си го слушам „Посно прасе“, објаснувајќи му на зачудениот син, зошто татко му на стари години станал панкер. И како, одеднаш, човекот кој цел живот пеел дека ќе се „напие и ќе пее на сопствениот погреб“, сега грдо пцуе и колне во такси, на балкон, пред маалското гранапче..., повикувајќи на отпор против агресивната глупост... ¿

белешки на случајниот минувач

ојот психоаналитичар на чиј „кауч“ (читај: автомобил чие полнолетство М одамна заеднички го прославивме) се-

¢ Синиша Станковиќ

11 LIFE М А Ј

Како дојдовме до дереџето - народ кој може да се гордее со својата историја, алчно да граба од нечија туѓа традиција?

ОТРУЕНИ МЕЧТИ


ВЕНКО АНДОНОВСКИ, професор, писател и толкувач на нашето време

¢ Тони Димков

Кире Галевски

ПАПОКОТ НА СВЕТОТ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА СО ПРОФЕСОРОТ ВЕНКО АНДОНОВСКИ ТРАГАВМЕ НИЗ ГРАНИЧНИТЕ ОБЛАСТИ НА ЛИЧНИОТ И ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ И ПРОНАЈДОВМЕ ТРАГИ КОИ ЈА ДЕФИНИРААТ ТЕНКАТА ЛИНИЈА МЕЃУ РЕАЛНОСТА И ФИКЦИЈАТА

ескомпромисен во секој аспект на животот, Венко Андоновски создаде имиџ на тврдокорен интелектуалец кој не страда од желбата да им се умилкува на моќните елити. Сам и свој, доследно ја гради професорската и книжевната кариера на прозаист, драмски писател и литературен критичар. Како мајстор на книжевниот занает отсекогаш бил растргнат на повеќе страни. Во овој период го пишува романот за Тоше Проески паралелно со сцените за новата драма „Господа Глембаевски“. Често го гледаме во улога на критичар на секојдневието и промотор на новите книжевни дела и појави. Се врати и кон пишувањето колумни во дневниот печат. Едновремено, на Филолошкиот факултет

12 LIFE М А Ј

Б

„Блаже Конески“ редовно на своите студенти им држи предавања со интересни, и често провокативни теми. Студентите му возвраќаат со голема посетеност на неговите предавања и со огромна почит на неговата личност. Навистина е тешко да се направи список со сите книги и текстови кои ги објавил, уште потешко е да се набројат белешките кои не успеал да ги врзе во компактно книжевно дело. Сепак, неговото животно искуство зрачи не само од неговите писанија, туку и од неговите зборови. За LIFE зборува отворено, директно и без пардон. Тука ги забележавме неговите ставови зад кои секогаш стоел, стои и понатаму ќе стои, без разлика како тие ќе бидат прифатени од другите луѓе.


13

LIFE М А Ј


life п о р т р е т

еден живот на некој начин да спакувам три животи. Но нема ред во таа работа. Некогаш излегуваат две драми една по друга, еве, на пример, роман не сум напишал веќе седум години. Наесен веројатно ќе се појави романот што го најавувам веќе долго време, а кој е поврзан со судбината на Тоше Проески. Кога немам роман пишувам драми, кога немам драми пишувам научни студии, кога немам научни студии пишувам учебници, и така цело време сум зафатен.

14 LIFE М А Ј

Повторно се вративте и кон пишувањето колумни? Колумната за мене е нешто што е најважно во тој дневен импулс за пишување затоа што таа прави една чудна работа – таа фактички те тера секој ден да размислуваш на актуелни теми, а еднаш неделно да мора да седнеш и да срочиш три страници текст. Се сеќавам на еден мој професор кој ми велеше вака: „Си го трошите попусто талентот со колумните. Треба да седнете да пишувате роман“. Меѓутоа не е секогаш така, затоа што во моментот кога ќе седнеш да пишуваш роман и ако имаш празна страница пред себе, тогаш те фаќа уплав. Колумните се тренинг за да можеш да го направиш другото. Покрај тоа, имаат и една психотерапевтска димензија – се ослободува човек од многу фрустрации.

Ако тргнеме од локацијата каде го правиме разговорот, како излезе годинава две ваши драми да бидат поставени во Драмскиот театар во Скопје, од кои „Олово на перница“ веќе е на репертоарот, а другата се подготвува за наесен? Прво имаше идеја да се предложи текстот „Олово на перница“, посветен на покојниот Димитар Станкоски, режисер и мој пријател. Таа претстава му е посветена нему затоа што тој ја даде идејата. Кога одев кај него во посета во домот „Сју Рајдер“ имаше двајца ликови кои беа кревет зад кревет, а кои никогаш не си ги имаа видено лицата. Тој ми остави аманет да напишам претстава за нив затоа што тие двајца луѓе, кои никогаш во животот се немаа видено, се караа како да се знаат со години. Идејата беше текстот

да се постави во Драмски, но не можеше бидејќи Министерството дава средства само за една претстава, а јас веќе ја имав пријавено „Господа Глембаевски“. Тоа е текстот што сега го работам и кој сакам да биде студија на нашето време и фактички да видам дали Крлежа би можел, кога би бил Македонец, да се вклопи во нашата слика во која има максимални богаташи и максимална сиромаштија, а нема средна класа. Дали пишувањето драми се појавува како излез од вашиот секојдневен професионален живот? Имам една среќа што другите писатели ретко можат да ја имаат. Среќата се состои во тоа што пишувам романи, драми, а пишувам и научни студии. Благодарејќи на тоа што сум полиграф имам време во

Темата на овој број на LIFE е „Земјата на чудата“. Оваа синтагма има повеќе референци во однос на вашето творештво. Која е вашата „земја на чудата“? Секогаш кога сум ја користел синтагмата „земјата на чудата“ прво сум мислел на Луис Керол и на „Алиса во земјата на чудата“. Сепак, за мене „земјата на чудата“ почна да станува земја на чудата во негативна смисла. Сите ние од чудото очекуваме да ни донесе некој бенефит, односно некоја неочекувана среќа во нашите животи. Меѓутоа, Македонија стана земја на чудата во негативна смисла. Кај мене „земјата на чудата“ значи негирање на елементарната човекова логика. Секој ден во весниците гледаме и читаме дека постојат човечки судбини во кои нема елементарна логика. И тие луѓе едноставно не можат да го објаснат својот несреќен крај, освен со тоа дека се случило чудо кое животот им го претворило во пекол. Кога ја пишував „Кандид во земјата на чудата“ мислев на таква Македонија, на земја на негативни чуда. Иако, морам да кажам, кога говорам за „земја на чудата“, во новиот роман ќе има и едно поинакво чудо. Никој не може да објасни какво е тоа чудо да се роди таков човек, како што


Неодамна добивте награда за најчитан автор. Колку таа награда ви е драга, имајќи в предвид дека во денешно време владее мислењето дека не се читаат книги? Многу ми е драга. И ќе кажам дека веќе една деценија знам дека сум најчитан

life п о р т р е т

Што од друга страна ви значи зборот? Зборот е најчудесното нешто што можело да ни се случи во овој свет на чудата, затоа што да се дојде до идеја дека може да се разговара за нешто, веќе подразбира идеја дека можеш да се одлепиш од светот и да го гледаш од дистанца. Библијата

автор во Македонија и секогаш кажувам – најчитан не значи и најдобар. Тоа сакам веднаш да се разбереме. Меѓутоа, мене ми е драга затоа што секогаш кога сум пишувал нешто, знам дека сум го пишувал да допре до некого. Смислата на комуникацијата е тоа што ќе го испратиш да стигне до некого. Дури и оние очајници што пуштаат порака во шише се надеваат дека тоа шише нема да се скрши и дека пораката ќе стигне барем до еден човек кој ќе ја прочита. Вашите студенти многу ве сакаат, и како професор и како писател. Што е тоа што вие сакате вашите студенти да го научат во животот? Се обидувам да ги натерам да размислуваат пошироко од стереотипите. На пример, едно предавање на Културолошките студии беше на тема – порнографија. Нагрнаа над стотина студенти и веројатно мислеа дека ќе зборувам за порнографијата која тие ја имаат секој ден. На Интернет можеш да си најдеш сајт и цел ден да гледаш порно филмови. Сепак, им објаснив дека порнографијата воопшто не е поврзана со телото. Поентата на тоа предавање беше дека порнографија е се` она што ти создава невиден копнеж по тоа, а ти не можеш да го допреш.

15 LIFE М А Ј

На што точно мислите? Да бидам целосно концизен и јасен – ние живееме во свет кој што самиот по себе е чудо! Нема ниту еден рационален одговор зошто пченичното зрно кога ќе се стави во земјата про'ртува на точно одреден датум, и на ниеден друг датум, и во ниедно друго годишно доба. Самата вегетација, самиот живот, самото тоа што ние сме овде е веќе чудо. Меѓутоа интересно е како ние светот го сфаќаме како да треба да постои, како да не е чудо, како да е нешто амортизирано. Ние веќе имаме добиено премија со тоа што сме родени. Ние веќе сме чудесни со тоа што рулетот на животот не исфрлил тука каде што сме. Затоа мислам дека претеруваат луѓето кои бараат чуда покрај чудото на животот и чудото на светот.

вели дека со зборот почнал светот. Зборот има творечка моќ – може да создаде цел космос. Меѓутоа, како што живееме низ епохите ние сфаќаме дека зборот има и една ужасно разурнувачка, деструктивна моќ. Имено, се` повеќе живееме во свет во којшто зборовите како да служат да не се разбираме, а не да се разбираме. Како некој да сака да ни каже дека покрај зборовите можеби постои и една друга комуникација меѓу луѓето, а тоа е енергетската комуникација која може да ги замени зборовите. Знам дека ова може да звучи како на границата на парапсихологијата, меѓутоа јасно ми е дека со некои луѓе енергетски се разбирам без никаков збор, а со некои луѓе можам да потрошам тони и тони зборови, или да напишам и студии, и повторно да не се разбереме. Зборот е убав само тогаш кога е во служба на уметноста и само тогаш кога те води во некој друг свет различен од материјалниот.

беше Тоше Проески, и какво е тоа чудо да се изгуби на тој начин како што се појави.


life п о р т р е т

Порнографија е да копнееш по џип кој не можеш да го купиш. Порнографија е да сакаш да го допреш твојот декан да му поставиш прашање, а не можеш да дојдеш до него. Мислам дека од тоа предавање студентите си заминаа со целосно раширени сознанија дека телесната порнографија е само најситното делче од една економија која врти пари на она што е атавистичко. Убавото тело секогаш го привлекувало вниманието на луѓето. Меѓутоа феноменот на порнографијата е многу поширок и, што е најинтересно, се` повеќе станува политички феномен. Политиката ја користи порнографијата за свои цели.

16 LIFE М А Ј

Каков е вашиот однос кон политиката? Мојот однос кон политиката е познат затоа што и јавно сум изјавувал дека ми биле нудени врвни политички функции и секогаш сум ги одбивал затоа што верувам само во една работа – среќен е оној човек што може да заработува од онаа професија која навистина ја сака. И добра е само онаа држава која на секој што ја сака својата професија ќе му овозможи да живее од професијата. Политиката е зона на компромис. Политиката е зона на послушност. Не велам дека е лоша. Таква работа има и во фудбалот. Ќе ти кажат каде да играш и мора да си послушен и да играш таму каде што ќе ти кажат. За мене политиката е неприфатлива затоа што, под број еден, не можам да правам компромиси, и второ, не можам да се занимавам со организација на многу луѓе кога ни самиот себеси не можам да се контролирам. Убеден сум дека не треба да бидам ништо повеќе од уметник и затоа одбив доста атрактивни, и амбасадорски и министерски и пратенички функции. Луѓето тоа го знаат и не го кријам, и мислам дека политичарите полека ме избришаа од своите списоци, што е многу добро за мене. Врз основа на рецептите на срцето, што е тоа што човек треба да го направи во животот? Човек само треба да се обиде да не отстапи од самиот себе. Нема друга формула. Од 17 години се борам да останам тој што сум. Нападите се страотни. Нападите прво доаѓаат од системот на школување. Во системот на школување има една ригорозна дисциплина која од тебе бара, ако не си за едно нешто да те направат за друго, или можеби си талентиран за едно, но на општеството му треба нешто друго. Затоа цело време се борам да останам она што сум сакал да бидам, а отсекогаш сум сакал да бидам уметник. Дури и не

сум успеал да издржам докрај, бидејќи сакав да бидам музичар, а пишувањето е некоја моја резервна професија. Сепак, не отстапив од мојата желба. Можеби е подобро што не станав музичар, што би рекол мојот пријател Михаил Ренџов, кој е и музичар и поет, кој вели: „Ти не си свесен колкав музичар си во литературата“. Што е тоа што човек не би смеел да го направи во животот? Тоа прашање е лично и субјективно и секој си ги поставува границите на тоа што не би требало да го направи во животот. Меѓутоа, ќе се ограничам на оние општости, кои веќе се познати, а тоа е – никогаш немој да го ограничуваш другиот околу тебе во она што сака да го прави. Човекот е суштество кое може и треба да одбере и тука е неговата трагедија – што и да одбере, секогаш ќе се прашува дали го одбрал правилното. Мислам дека тоа е човечката суштина и не треба да се прави нешто надвор од својата волја и копнеж. Треба само да се земе она што се сака – и ништо повеќе. Колкави се границите на слободата на избор? Апсолутната слобода, според мене, е најтешкото ропство. Затоа што ако се` ти е дозволено, тогаш си најголем роб и нема да знаеш од каде да почнеш. Меѓутоа има нешто што во животот се вика слобода на она по што копнееш. Според мене, има два глагола – сака и мора. Сите ние како човечки суштества се соочуваме со тие два глагола. Јас сакам многу работи, но јас морам утре да одржам предавања. Меѓутоа, идејата е никогаш да не се запостави глаголот сака. Понекогаш човек треба да каже „па, и не морам тоа да го

направам“, односно ќе го направам тоа што го сакам. Имало денови кога сум имал преполна агенда во тефтерот и кога ќе ми стане јасно дека не можам целата да ја остварам, знаеш што сум правел? Сум се качувал во првиот воз, сум одел до Велес, не оти имам некого во Велес, ќе прошетам малку покрај Вардар, и ќе се вратам назад. Тој ден јас сум го направил она што го сакам, а сум сакал да избегам од обврските. Затоа мислам дека формулата на среќата не е ниту во големи пари, ниту во големи проекти. Идејата е да си го сочуваш тоа мало „сака“ што секој ден тебе ти кажува што сакаш, а што не мораш. Така што треба да се најде баланс меѓу тие две нешта. Кон што се стреми човештвото во услови на современата демократија? Се стреми кон пропаст. Демократија значи владеење на народот, меѓутоа тука има напакувано доста стапици. Демократијата е една обична измислица и фикција која никогаш не профункционирала. Знаеме дека постоела и во античкиот свет. Која демократија!? Робови работат, другите уживаат, и тоа се викало демократија! А, на што личи денешната демократија? Тука се држам до Сенека, кој вели: „Мнозинството гласа, а малцинството го движи светот напред“. Гласањето кое го викаме демократија, тоа мора да се случи за да има власт, ред, закони, поредок, за да не се убиваат луѓето. Инаку, демократијата е многу „трики“ поим. И Европа тоа го сфаќа. Тоа личи на комунистичкиот принцип – секој човек е ист и треба да има еден глас. Така што, за мене демократија е лична работа и таа се сведува на тоа никогаш да не се изневериш себеси.


17 LIFE М А Ј


life ф о к у с

¢ Патриција Костовска

КЛАВИРОТ МИ Е ВТОРА ЉУБОВ ДВАЕСЕТГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ ФИЛИП БОЖИНОВСКИ СО ПЕСНАТА „САМО ЗА ТЕБЕ ПЕАМ“, Е НОВАТА МАКЕДОНСКА ЅВЕЗДА НА МУЗИЧКАТА ПРОДУКЦИЈА М2. СО ВКУПНИОТ БРОЈ НА ГЛАСОВИ ОД ТЕЛЕВОУТИНГОТ, ОСУМ ПОЕНИ ИЛИ 2.082 СМС ПОРАКИ И ДВАЕСЕТ ПОЕНИ ОД СТРУЧНОТО ЖИРИ СОСТАВЕНО ОД ИВО ЈАНКОСКИ, ДАРКО ДИМИТРОВ, ЕЛЕНА РИСТЕСКА И ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА, ОФИЦИЈАЛНО БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОБЕДНИК НА ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ КОЕ СЕ ОДРЖА ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА

18

LIFE М А Ј

о конкуренција за избор на проектот потрага по ѕвезда на музичката продукција В М2 учествуваа десет финалисти кои имаа можност во најдобро светло да се претстават со своите песни. Меѓутоа, песната „Само за тебе пеам“ во изведба на Филип Божиновски со аранжман, продукција и музика на Дарко Димитров, а текст на Елена Ристевска стана новиот македонски хит. Божиновски е млад пејач на македонската музичка сцена и веќе ја подготвува и втората песна. Студент е на факултетот за детективи и безбедност при универзитетот „Фон“. Неговите најблиски и оние кои најдобро го познаваат го опишуваат како искрена, дружељубива, мирољубива и скромна личност. Започнал да пее уште во детството кога имал само девет години. Најчесто

во слободно време покрај пеењето, ужива да свири на клавир. Неговиот најголем идол од македонската музичка сцена е Тоше Проески. Како се чувствуваше откако те прогласија за победник на финалето на М2 шоуто во потрага по нова ѕвезда? Што помисли во тој момент? Откако ме прогласија за победник на финалето, навистина бев премногу збунет и не бев свесен што точно ми се случува. Меѓутоа, тој момент можам да го опишам како најпозитивниот шок што сум го добил во животот. Навистина ми се случи многу неочекувано и бев пресреќен. Сега откако си новата ѕвезда на М2, дали тоа нешто промени кај тебе? Дали се сме-

ни во однесувањето кон твоите најблиски и пријателите? Па добро, победата на М2 секако дека донесе промена во мојот живот, во однос на тоа како сега ми изгледа еден ден. Имам повеќе активности и обврски кои ги извршувам со задоволство, бидејќи оваа е работата која што сакам да ја работам. Меѓутоа, со моите најблиски сум истиот кога станува збор за однесувањето и мислам дека така и ќе остане. Веќе имаш обожавателки, како тие реагираат кога ќе те видат на улица, дали ти приоѓаат? Да, веќе имам обожавателки. Дел од нив се` уште немаат храброст да ми пријдат, но има и


Дали имаше дружење меѓу вас финалистите на М2? Какво искуство претставуваше тоа за тебе? Се дружевме многу и се надевам дека таа дружба ќе продолжи и понатаму. Целиот овој проект потрага по ѕвезда, за мене претставуваше едно огромно искуство и за време на овој проект научив многу работи кои, сум сигурен дека ќе ми користат понаттаму во животот.

Дали веќе започнаа твоите ангажмани, околу снимањето на прв албум? Ќе ни откриеш ли нешто ексклузивно околу тоа? Сe` уште ништо не ми е познато околу тоа, но наскоро ќе започнам со снимање на нова песна. Дали си задоволен од соработката со М2 и изборот на песната „Само за тебе пеам“ кои ја направија за тебе? Да, премногу сум задоволен од соработката со М2 и за време на снимањето на целиот овој проект се уверив дека се вистински професионалци и една од најдобрите продукции во земјава. Што се однесува до песната „Само за тебе пеам” ептен ми се погоди благодарение на Дарко Димитров и Елена Ристевска кои многу професионално си ја завршија својата работа. Дали за време на изведување на песната на големото финале имаше трема? Имав многу голема трема сe` додека да излезам на сцена, но откако започнав да пеам и го испе-

Истовремено беа аудициите на М2 и на Македонски идол. Зошто токму одбра да се пријавиш на М2? Немам ништо против Македонскиот идол, меѓутоа од секогаш сум ја сметал М2 продукција како што напоменав како една од најдобрите во нашата земја, плус притоа влијаеше и тоа дека веќе помина подолго време од последната потрага по ѕвезда на М2, па затоа годинава кога слушнав за аудициите решив да си ја пробам среќата. Дали гледаш Македонски идол и што мислиш за избраните финалисти? Гледам кога ќе можам, и од она што го имам видено и слушнато мислам дека сите се супер пејачи.

life ф о к у с

Кога сме веќе кај обожавателките, да знаеме што да им кажеме, дали имаш девојка? Да, имам. (се смее)

Дали имаше трема кога за прв пат запеа пред жирото? Да, имав ненормална трема што е и нормално, бидејќи ова ми беше прво искуство и излегување на сцена, како и прво пеење пред такви авторитети. Дали сметаш дека добро се претстави на малите концерти со избор на песните и на финалната вечер? Па мислам дека финалето го покажа моето надоградување кое се случуваше со секој нареден мал концерт, и со оглед на тоа дека ја добив титулата нова М2 ѕвезда морам да бидам нескромен и да кажам дека сум задоволен како се претставив во текот на овој проект. Покрај пеењето имаш ли некое друго хоби кое ти е посебно драго? Покрај пеењето, клавирот ми е втора љубов. Едноставно уживам кога свирам. Што да очекуваме во иднина од тебе на македонската музичка сцена? Што се однесува до мене, ветувам дека ќе работам напорно во музиката, и се надевам дека ќе имам голем број на песни и настапи.

LIFE М А Ј

ав првиот стих, се ослободив и и се препуштив на песната и на публиката.

19

такви кои ми приоѓаат, ми изразуваат искрени честитки и ме замолуваат да се сликаме.


ИНТЕРВЈУ СО ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ – АКТЕР

¢ Игор Ивковиќ

Кире Галевски

НЕУМОРНА АКТЕРСКА ЕНЕРГИЈА

20

LIFE М А Ј

ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ, ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 25 ГОДИНИ ПЛОДНА АКТЕРСКА КАРИЕРА. ПОВОД ЗА РАЗГОВОРОТ СО НЕГО БЕШЕ ПОСЛЕДНАТА НЕГОВА ПРЕМИЕРА „БЕСОВИ“ ВО РЕЖИЈА НА ЗЛАТКО СЛАВЕНСКИ, РАБОТЕНА СПОРЕД ЕДЕН ОД НЕГОВИТЕ НАЈОМИЛЕНИ АВТОРИ – ДОСТОЕВСКИ Годинава одбележувате 25 лета актерско творештво. Бројка која не е за занемарување. Се чувствувате можеби изморено или како што велат вашите постари колеги, како да сте на почеток? Да се биде актер тоа значи да се биде соновно битие. Да се биде цврсто на земја, но во исто време постојано во светот на приказни-

те. Да се впива секој миг и случка од животот за да се пренесе и одживее во светот на илузијата. Доколку интензивно сте вклучени во овој циклус на животни мени тогаш времето навистина престанува да ја игра клучната улога на сатар кој ни стои над главата и не опоменува на нашата минливост. Напротив, станува сојузник кој нe` прави да бидеме малку помудри во користење на


Што е она што ги прави актерите витални и постојано спремни за нови предизвици? Од каде сиот тој ентузијазам? Веројатно се работи за днк и енормно количество на адреналин. Ентузијазмот и желбата за освојување на нови предизвици не се контролира. Тоа е даденост. Актерот не се присилува да сака. Едноставно сака. Се работи за потреба. Исконска потреба да се дејствува. Доколку не е на сцена, актерот не постои. За да го докаже своето постоење мора да биде во постојана потрага по нови ликови што ќе ги оживува и ќе им дарува на публиката нови емоции, сознанија и убавини (макар и грди) со што ќе ја исполни својата мисија и смислата на своето постоење. Актерот/ медиум е во постојана потрага по нови и различни енергии кои ги сретнува препознава и впива во животот или во различните облици на уметност, а потоа ги преиначува преку себе во енергија што е универзална, од една страна, но во исто време и многу лична бидејќи ги употребува ресурсите што самиот ги поседува. Најголема казна за актерот е кога не работи. Кога не создава. Ако изминатите неколку години имавме впечаток дека одмаравте од театарската сцена, годинава надополнивте дури со 4 премиери. Во кои се` претстави работевте и имавте ли соодветно време и енергија да одговорите на сите предизвици? Немам чувство дека сум одмарал во било кој период од мојот живот, но точно е дека во последнава година многу претстави ми се најдоа во агендата за реализација. Би рекол дека во име на јубилејната година - 25 години од првата професионална театарска претстава се обидов да бидам колку што може поангажиран и да влетувам во различни предизвици. Во јануари имав премиера на претставата „Светлина во темнината“ од Венко Андоновски во режија на Нина Николиќ. Претстава за Мајка Тереза каде толкувам две улоги. Надбискуп и индиец. Две мали улоги кои ми дарија голема радост. Со таа претстава оваа година ке се претставиме во Рим за време на чествувањето на македонските просветители. Во февруари имав премиера на праизведба на текстот „Шехерезада 1001 минута“ од Срѓан Јаникиевиќ, во негова режија. Потполно луда црна комедија, дуо драма, која ја сондира сегашноста со сурова, безмилосна естетика. Современ и колоквијален јазик кој го користат двата протагонисти кои се обидуваат да го спасат светот според свои критериуми. После долго време комедија на мојот репертоар и морам да признам ја играм со голема сласт. Во март имав премиера на филмот „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски. Го играм ликот на Мракот – повторно црна комедија. Лик кој што беше многу добро напишан и кој ми отвори нови сензори за овој вид на актерска експресија. Април се разбира четвртата премиера, „Бесови“ од Албер Ками, според Достоевски, во режија на Златко Славенски на сцената на МНТ. Последната премиера Ви беше неодамна со претставата „Бесови“ работена по Достоевски, во режија на Златко Славенски. Ретко се случува Достоевски да биде

повод

поставуван на сцените во Македонија. Како се справи Достоевски во македонски стандарди? Достоевски е мојот најомилен писател. Многу интимни мигови сум прошол со јунаците од неговите дела преземајќи ја често енергијата од делото и сочувствувајќи со проблемите на истите. Проблемите на ликовите на Достоевски не се едноставни. Тоа е бреме кое секој лик го носи врз себе. Бреме од прапочетокот до сега со сите гревови на човештвото. Секој лик е универзум сам по себе и за себе. На мојата книга „Бесови“ кога прв пат ја читав пред дваесетина години сум оставил некои белшки на страниците на книгата (иако вообичаено не го правам тоа), каде Достоевски го скицира профилот на Николај Ставрогин, ликот што го толкувам во истоимената претстава. Најголемиот помошник во креирањето на овој лик всушност ми беше Достоевски бидејќи совршено ја изнесува целокупната биографија на ликовите. Треба „само“ да се препознаат и присвојат мноштвото паралелни линии кои авторот ги нуди. Николај Ставрогин е исклучително возбудлива улога која ми ги одзеде сите други дејствија и ме натера длабоко да влезам во мракот на Достоевски обидувајќи се да ги најдам причините за живот, да ги видам сите аспекти на поимот покајување, да го понесам бремето на лик кој го носи бремето на човештвото. Низ Николај Ставрогин со брзина на светлина се менуваат Мракот и Светлината обземајќи го во целост, и се разбира, рефлектирајќи ја таа енергија на оние што се околу него. На тој начин Ставрогин, сакајќи или не сакајќи убива жени па и мажи. Ставрогин е лик кој не може да мрази и не може да сака и во овие неколку месеци ме опседна до крајни атоми и во текот на пробите и на изведбите ми дари неверојатна, несекојдневна доза на љубов, енергија и убавина. Би рекол прочистување. Имав чувство дека емоциите засилени на н-та степен ми го параат срцето и душата. Ние

21 LIFE М А Ј

сознанијата. Секоја нова улога значи креирање на нов лик во нови околности во различен контекст, време и простор. Предизвик е за кратко време да се изгради и оживее нешто што не постои, лик кој на почетокот е само зборови наредени во низа, а понекогаш не постојат ни зборовите.. Актерот секогаш почнува од почеток. Секоја нова улога е како почеток на сите почетоци. И секогаш си на почеток. Умни се и искусни моите постари колеги кога велат дека се на почеток. На тој начин темата замор ја нема на дневен ред..


повод

за ново. Посебно сум среќен кога ги гледам моите студенти, сега веќе колеги, како суверено влегуваат во театарскиот свет и стануваат дел од нашето театарско семејство.

22 LIFE М А Ј

раскажавме една приказна напишана во средината на 19 век во Русија, влеговме во тоа време, но ги лоцираме унверзалните човечки вредности. Православието е доминантно во творештвото на овој голем автор. Своите сомнежи Достоевски ги проверува токму преку православието. Ние сме православна земја и литургијата не ни е туѓа, така што Достоевски нема потреба да се справува со било какви стандарди. Едноставно ние уживавме оживувајќи го Достоевски преку нашата верба и вистина. Театарската публика за Вас ќе рече дека сте еден од постарата генерација актери кои знаат и сакаат да го применуваат физичкиот актерски израз во креирањето ролји. Особено впечатлив во тој поглед бевте во претставата „Делириум за двајца“. Од каде тој порив за таков специфичен актерски израз? Ха ха ха, би сакал барем уште некое време да бидам во средната генерација. Не размислувам многу кои технички средства ќе ги употребам во креирањето на одредена улога. Самата подготовка и почетните проби на театарската претстава всушност го даваат правецот како да се гради улогата. Во зависност од концептот на режисерот и од перформансите на ликот што ги нуди авторот. Но се разбира дека секогаш се обидувам, оживувајќи го ликот, тој да произлезе од врутокот што извира од мене и да му ги дадам, сакал или не, карактеристиките кои ги поседувам. Еден од елементите е сигурно физичката спремност. Телото мора да се третира како храм кој мора да ти овозможи непречено реализирање

на идејата кој си, што си и што правиш во конкретната тема. „Делириум за двајца“ е претстава која бараше од мене таков вид на спремност, но не само таа претстава, туку се се разбира и најновата „Бесови“, „ЕЕГ“, „Квартет“, „Салома“, „Подземна република“, „Хамлет“, но да не ги набројувам претставите, зборувајќи за тоа би можел да ги набројам сите бидејќи не можам да се сетам на претстава каде што мирно сум го одживеал ликот без силна физичка експресија. Веројатно се работи за специфична енергија која преку театарската изведба треба да се потроши. До неодамна бевте професор на Факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Мислам дека и „извадивте“ една генерација актери кои веќе „дефилираат“ на сцените низ Македонија? Се снајдовте ли во улогата на предавач? Возбудлив период од мојот живот. Поминав навистина три прекрасни години во образование и горд сум на студентите кои излегоа од мојата класа. Самиот процес беше голем тригодишен проект во кој го ставив на хартија и во методски единици она што го знаев, но никогаш не сум го формализирал како метод. Бидејќи моето школување е врз база на повеќе театарски системи и школи се обидов студентите да ги обучам да можат да играат во било кој дел од светот и во каква и да било театарска естетика. Влегувањето од еден систем во друг и од една методска единица во друга е возбудливо посебно кога пред вас имате идни актери кои секоја етида ја впиваат со голема сласт и спремни се

Неколку години по ред сте и селектор на драмската програма на најпрестижниот фестивал во Македонија – „Охридско лето“. Имате ли време за сите тие ангажмани? Веќе петта година ја работам програмата за „Охридско лето“ и тоа е исклучително креативна работа која ме исполнува. Имам можност да ги следам сите промени во театарот во светот. Да гледам претстави кои во тој миг им се важни на земјите во кои се создадени, но исто така важни за интернационалната театарска публика. Фестивалите се мегдан каде што се војува со убавина, со чувственост, со вера и љубов, се презентираат културите на одредени народи и верифицираат уметничките индивидуалитети. Фестивалите се раскрскници низ кои минуваат вечните патувачи и сонувачи и оставаат трага во срцата на гледачите. За мене секое издание на „Охридско лето“ е можност на фестивалската публика да им донесам различни театарски илузии. Тоа е моја обврска но и задоволство бидејќи токму на „Охридско лето“ во предворјето на Света Софија, во 1986 на 17 јули ја одиграв првата професионална претстава „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски во режија на Слободан Унковски, а во продукција на МНТ. Со оглед на ангажманите, многумина ќе се прашаат дали некогаш мирувате... дали имате слободно време? Не знам што е тоа слободно време. На одмор не сум бил долго време, околу пет години, колку што работам на „Охридско лето“. Пред тоа секоја година го поминував летото (доколку немав ангажман) на Пелистер, во вилата во Братиндол, место за кое сонувам кога ми е потребна акумулација на мир. И кога сум таму, повторно ме јаде јанѕата да планирам нови приказни кои треба да излезат од мојата глава. Во меѓувреме треба да се арчи времето, да се употребува, да користи до крајни граници колку што може да поднесе телото, но и умот. Треба да се ита бидејќи има толку многу работи што треба да се кажат и ништо не треба да се премолчи. Времето треба да се користи како алатка која ќе послужи на идејата. Многу едноставно.


23

LIFE М А Ј


КОГА ЖЕНИТЕ ВОЗАТ

¢ Марија Илиќ

Андреј Гиновски

ПРИКАЗНИТЕ НА ЖЕНИТЕ ШОФЕРИ СЕ ИНТЕРЕСНИ И РАЗЛИЧНИ, А ОНА ШТО ШТ ТО О ИМ ИМ Е ЗАЕДНИЧКО Е ЉУБОВТА КОН ПРОФЕСИЈАТА, И ПОРИВОТ ДА ДОКАЖАТ ДЕКА ЖЕНИТЕ СЕ ИСТО ТОЛУ ДОБРИ ВОЗАЧИ КАКО И МАЖИТЕ

24 LIFE М А Ј

ако во европските метрополи одамна можете да видите жени возачи на автобуси, возови, трамваи па и на различни товарни И возила, кај нас не толку често се случува да влезете во градски автобус и зад управувачот да видите жена. Љубезна, нашминкана, насмеана. Јасмина Николоска, вели дека најголемата поддршка за својата професија ја добила токму од својот сопруг кој и самиот е професионален возач. Триесет и осумгодишната Јасмина е една од вкупно петте жени кои возат автобус во ЈСП. Иако уште пред десет години положила за категориите Ц,Е и Д, таа е дел од компанијата малку повеќе од три години. Вели дека поради посветеноста на своите три деца, дотогаш немала време професионално да се занимава со возење. „Не може да се опише чувството додека не се седне зад управувачот. Си ја сакам својата работа и со задоволство ја работам. Има моменти кога не сум расположена, но со седнувањето зад управувачот заборавам на се. Мислам само на возењето и безбедноста на патниците. После 15 минути се чувствувам позитивно и посреќно“, раскажува Јасмина. Нејзината колешка возач, Лилјана Ташкоска, вели дека сакала да се види себе си во едно големо возило и сакала да покаже дека мажите не се похрабри од жените. Ете токму затоа решила да стане возач на автобус рамо до рамо со колегите мажи. Лиле, како што ја нарекуваат колегите, вели дека нема место за предрасуди и дека жените воза-

чи се подеднакво добри како и мажите. „Патниците велат дека сме повнимателни од мажите, поточни во извршувањето на обврските, а на нашиот шеф често му стигаат пофалби за нас“, додава Лилјана која веќе два пати била наградувана откако во дирекцијата на ЈСП стигнале писма од задоволни патници. Таа вози автобус веќе шест години, а од неодамна е дел од оние кои ги возат новите модерни автобуси. За одличниот однос со колегите возачи се пофалија и двете. Јасмина вели дека со нив се големи другари, бескрајно се почитуваат и меѓусебно си помагаат. Лиле додава дека се дружат и дека мажите возачи често знаат да им дадат добронамерен совет. Секоја професија има свои убави и помалку убави моменти, но овие две жени велат дека во непријатните ситуации се обидуваат да останат смирени и да не влeгуваат во конфликт со патниците. Јасмина ни раскажа случка која со задоволство ја памети. „Пред две години возев на линијата 31 за Долно Лисиче. Пред да стигнам до последната станица, автобусот почна да грее и морав да го изгаснам за да се излади моторот. Патниците кои се брзаа излегоа од автобусот и со мене остана само една бабичка. Почнавме да разговараме и и’ кажав дека мора да почекаме малку. Таа беше многу возбудена што ја работам оваа работа и извади од торбата половина зелник и ми го даде. Ми рече: „Мораш да го земеш затоа што ти немаш време, а јас сум слободна, ќе направам пак“. Лилјана пак вели дека


е многу тешка и за мажи, а камо ли за жени. Но таа вели дека ако работата се работи со љубов и доколку човекот се пронајде себеси во тоа што го работи, ништо не е тешко. „Јас работев и во друга фирма во три смени. Работните обврски паралелно ги извршувам со домашните. Понекогаш е тешко и напорно но јас не се предавам и горда сум што можам сама да ги исполнувам моите обврски во целост“, раскажува Лилјана. Приказната на Макфире Шакири, третата жена возач од нашата приказна, е сосема поинаква од оние на нејзините колешки. Пред да почне да вози автобус, Макфире имала различни професии. Од сопственичка на фризерско-козметичко студио, продавница за авто делови, па сe` до возач-инструктор и водич во туристичка агенција. Вели дека од сите професии кои ги поминала во животот, возењето автобус најмногу ја исполнува и како што вели си го работи со мерак. „Немам зборови да го опишам чувството, но можам да кажам дека не можам да замислам друго

професии

25 LIFE М А Ј

интересни случки има многу и дека сите ги памети. Ни раскажа за патник кој при влез во автобусот, изненаден што зад управувачот гледа жена, и’ честитал, и и’ ја бакнал раката. Возењето автобус е сменска работа и често се случува работното време да почнува или да завршува во раните утрински часови по ноќното возење. А овие жени се сопруги и мајки. Јасмина вели дека семејството и’ помага колку што може и дека имаат големо разбирање за нејзините професионални обврски. „Се трудам да постигнам сe` и да ги завршам домашните обврски. Не сакам моето семејство да го почувствува моето отсуство. Се организираме, разговараме и како семејство функционираме беспрекорно“, ми раскажува Јасмина. Четириесет и осумгодишната Лилјана е самохрана мајка откако починал нејзиниот сопруг. Вели дека нејзиниот син е горд и среќен поради професијата со која таа се занимава. Лилјана раскажува и дека нејзините роднини често ја прашуваат како успева да се снајде со оваа работа која според нив

работно место. Си ја сакам професијата од длабочината на душата и ја работам чесно. Пресреќна сум што сум една од петте жени возачи на ЈСП“, вели Макфире. Кога почнала да работи се соочувала со најразлични реакции од патниците кои биле изненадени, вооодушевени, но не крие дека некои од нив покажувале и недоверба што со автобусот управува жена. Иако не сака да ги памети лошите моменти, сепак раксажува дека имала непријатни случки со некои патници. Спомнува редовна патничка која често и’ упатувала погрдни зборови бидејќи Макфире станувала од седиштето за да им помогне на повозрасните патници да влезат и излезат од автобусот или пак доцнела поради сообраќајниот метеж. Вели дека не влегува во кавги со таквите патници, туку само им укажува да внимаваат како се однесуваат. Макфире ни раскажа дека имало и такви кои се додворуваат. „Во автобусот влезе млад господин и ме праша: „Слободна?“. Се пошегував – Не, на работа сум. Се насмеа и продолжи. Кога стигнав на последната постојка се симнаа сите патници, а во ретровизорот го забележав истиот господин на кој веќе заборавив. Ми пријде и конкретно ме праша кога ми завршува работното време и кога сум слободна“, раскажува Макфире. За колегите возачи има најпрекрасни зборови и вели дека советите кои од нив ги добила во првите работни денови и’ биле од огромна помош. Таа е самохрана мајка со мало дете и од компанијата и излегле во пресрет со посебно работно време кое секој ден завршува во 16:30 попладне. Така има време да го однесе синот на училиште пред да и’ започне смената и да го земе по завршувањето на смената. Приказните на овие три жени се слични а различни, но она што ги поврзува е љубовта кон професијата и, како што велат, решеноста да им покажат на мажите и дека можат и дека умеат. ¿


КОЛКУ СЕ ЕДУЦИРАНИ МАКЕДОНСКИТЕ МЕНАЏЕРИ

СЕ ФРУСТРИРААТ КОГА ЌЕ ВИДАТ КОЛКУ НЕ ЗНААТ МЕНАЏЕРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ МНОГУ ЧЕСТО ДАВААТ САМО ДЕКЛАРАТИВНИ ИЗЈАВИ ДЕКА ВЛОЖУВААТ ВО НОВИ ЗНАЕЊА. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ПОГОЛЕМ ДЕЛ,ОД НИВ НЕ СЕ ОТВОРЕНИ КОН НОВИ ЗНАЕЊА, БИДЕЈЌИ СМЕТААТ ДЕКА ЗНААТ СE. ЗА СРЕЌА РАБОТИТЕ, БАВНО, НО СЕПАК СЕ МЕНУВААТ НА ПОДОБРО

26 LIFE М А Ј

акедонски менаџер отишол во Англија. Ама не знаел да зборува англиски. Во М хотелот каде што се сместил имало многу глувци. Се јавил на рецепција за да се пожали, а од рецепцијата го прашале: „Can I help you?“ (Можам ли да ви помогнам?). А тој одговорил: „Do you know Tom and Jerry ?“ (Дали ги знаеш Том и Џери?). Девојката од рецепција му одговорила: „Yes, Yes “ (Да). Македонцот среќен дека ги знае и одговорил: „Е па, Џери“ . Вицов можеби најдобро ја отсликува желбата за доедукација на македонските менаџери, посебно на тие што менаџираат со јавните претпријатија. Познавањето на странски јазици, користењето на современата технологија и сите други форми на доедукација сe` уште се табу за повеќето од нив. Менаџерите во македонските компании (приватни и јавни) многу често даваат само декларативни изјави дека вложуваат во нови знаења, во што се уверивме и ние кога контактиравме неколку фирми од кои побаравме да ни ја соопштаат сумата која годишно ја трошат на доедукација. Никаде не добивме одговор.

Проблемот е што поголем дел од нашите менаџери не се отворени кон нови знаења, бидејќи сметаат дека знаат сe`. Тоа посебно се однесува на топ-менаџерите, кои дури кога ќе се сретнат со колегите од други фирми, (најчесто странски) сфаќаат дека не се најпаметни. Најмногу се посетуваат семинарите кои се бесплатни, а многу често на нив се испраќаат вработени од трет ешалон, велат од школите за доедукација. Тоа доволно зборува за вистинските намери на македонските фирми за зголемување на нивната конкуретност. Друга болна приказна е што во многу наши фирми главните фактори кои одлучуваат на која позиција ќе стигнете се пријателските и роднинските врски. ОБУКИТЕ НЕПОТРЕБЕН ТРОШОК Последниве неколку години пазарот за доедукација на различни знаења и вештини драстично се зголеми, но сe` уште преовладува мислењето на менаџерите дека дополнителните обуки на вработените се само непотребен трошок, посебено денес, во време на криза.

Истражувањата на Агенцијата за поддршка на претприемништвото и Фондот за развој на човечките ресурси од минатата година покажуваат дека малку од домашните компании учествувале во некакви обуки минатата година. Од анкетираните 874 претпријатија, 56% се изјасниле дека ниту еден вработен не учествувал во обука. Главните причини зошто не се користат обуки во претпријатијата, според нивните оценки, се поради фактот што обуките се многу скапи, вработените можат да се обучат самите во текот на работата, недоволните информации за обуките што се нудат, и тоа дека обуките им одземаат многу време. Состојбата со учеството на обуки на вработените варира во зависност од регионите. Најлоша е состојбата во Југоисточниот регион, односно во градовите Струмица и Радовиш каде само 18% од анкетираните претпријатија се изјасниле дека вработените воопшто учествувале на некоја обука во изминатата година. Состојбата со учество на обуки, е исто така лоша и во Југозападниот регион, (Охрид со околината) каде само 21% од анкетираните


пари

27 LIFE М А Ј

повеќе се труди да го научи англискиот јазик. View. „Ние потрошивме многу време за “еду„Доколку оваа вештина ја земеме за пример, и кација„ на менаџерите додека да им укажеме дури и повеќето од нив го говорат деловниот на тоа дека кризните времиња се еден од најанглиски јазик за разлика од младата популадобрите моменти да се вложува во едукација ција која иако го има контактот со англискот на вработените, иако процесот на едукација и јазик преку медиумите не го говори течно и усовршување на треба да биде континуиран професионално, посебно во делот на стручпроцес. Имено, кога сме во криза, тогаш обемот ните изрази. Најчесто на интервју се доаѓа до на работа е намален и компаниските ресурси заклучок дека токму постарата популација и имаат повеќе време на располагање за да се ПОСТАРИТЕ ПОВЕЌЕ ЗНААТ конкурира на помладата во однос на познапосветат на доквалификување. Свесноста на ЈАЗИК, ПОМЛАДИТЕ ТЕХНОЛОГИЈА вањето на англискиот јазик“, вели Димовска. македонските менаџери веќе неколку години „Странски менаџер од македонскиот јазик прИ во однос на технологијата, менаџерите не наназад не е на наивно ниво. Свесни сме дека вично ги имаше научено фразите: „колку пари толку добро ги владеат основните алатки од МС кризата ќе помине и во тој момент ќе треба да толку музика“, „швалерка“, „сељак“. Истото се Офис програмата и други про- делуваме со полна пареа, па од таа причина грами, кои пред сe` се основа подобро е сега да се едуцираме и доквалифиОБУКИТЕ ГОДИНАВА СЕ ХИТ на денешното функционирање куваме за после кризата да бидеме комплетно Дарко Велков, сопственик на агенцијата за вработување на поголем дел од работните подготвени да напаѓаме“, вели Зимбаков. „Вработување.ком“ смета дека има големо подобрување позиции. „Постои интерес за Лидери во едукацијата според Зимбаков во однос на свесноста за доедукација и кај постарите и учење на овие алатки, но честреба да бидат топ менаџерите. помладите менаџери. И тој самиот најмалку еднаш месечто нереализацијата се правда „Доколку менаџерскиот тим не е свесен за но посетува одредена обука, а истото важи и за неговите со немањето доволно време. бенефитите од едуциран кадар, тогаш не можевработени. „Сметам дека менаџерите се` повеќе во своето Би напоменала дека помламе да очекуваме дека останатите вработени би работење користат разни алатки за да се обратат до своидите менаџери се апсолутно имале перцепција за важноста од едукација. те клиенти и да стекнат нови. Се почестото користење на повеќе во тек со трендовите, Бизнис-едукацијата има огромно влијание социјалните мрежи зборува за нивното прилагодување отколку постарата популација врз успехот на бизнисот. Тргнувајќи од една на современите технолошки текови„, вели Велков. И тој, на менаџери, кај кои и изоста- од најчесто користените обуки, “Односи со како и другите наши соговорници смета дека постарите нува интересот за надградба клиенти”, крајниот бенефит е зголемено задогенерации, иако имаат „страв“ од новото, (што е природи најчесто тоа го препуштаат волство на корисниците на производите или но), сепак се поупорни од помладите менаџери. Тој смета на своите помлади колеги“, услугите на компанијата. Зарем сите ние не сме дека годинава обуките ќе бидат хит. „Споредено со лани, објаснува Димовска. свесни дека бизнисот може да ни е успешен оваа година интересот за обуки е голем“, вели Велков. Според неа учењето на само доколку имаме задоволни клиенти. Д-р било што е врзано со заинИсак Адижес, еден од петте најдобри гуруа тересираноста и вложениот за менаџмент во светот, во едно од неговите труд нештото да се научи. „Дел од менаџериите предавања вели: “Ако сакате да дознаете дали случува и со нашите менаџери кои странскиот добро котирате на пазарот, само одговорете јазик првично го учат од оние најупотребувани во Македонија се апсолутно посветени на доживотното учење и се во тек со секоја нова си го следното прашање: Дали, доколку моите „градски“ сленг фрази, кои се првично битни обука и плански работат на својот профеклиенти имаат избор, пак би дошле кај мене?”, за културолошка адаптација на оној кој е страсионален развој. Нивниот број сe` повеќе се објаснува Зимбаков. ¿ нец во земјата“, раскажува Весна Димовска од зголемува. Се зголемува школата за доедукација, CS Global. и свесноста за важноста Според нејзините искуства познавањето на токму на неформалното англискиот јазик, како и на другите јазици од ИДНИТЕ МЕНАЏЕРИ НЕ САКААТ НИ ДА ЧИТАТ образование во делот на страна на вработените и на менаџерите зависи „Не сакам да читам. Не сакам да играм игри со зборови, како зајкнување и формирање пред сe` од неговата употреба во секојдневшто се крстозбори, анаграми, ребуси. Пред да почнам да на нови вештини кои се ната деловна комуникација, а не од имањето зборувам, не ги слушам зборовите во својата глава. Во раззавршен „осми“ степен. „За разлика од другите нужни во деловниот свет. говорите не споменувам работи што сум ги прочитал“. Вака Наспроти формалното земји, кај нас како знаење на странски јазици одговориле речиси 90% од околу 7.800 испитани матуранти образование кое само се става и српскиот, хрватскиот, бугарскиот, со (идните менаџери) во земјава што биле дел од проектот за дава основа или плодна што на крајот се создава нереална слика за тоа професионално насочување матуранти, организиран од почва, семките кои треба колку нашите менаџери имаат познавање од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и на странски јазици. Проблем е што во Македонија да пуштат корени и да бизнис-академија „Смилевски“ (БАС), спроведено минатата редовно во анкетните листови не се прецизира се развијат, се токму во година. Најмалку развиена вештина кај средношколците во дека прашањето се однесува на некој странски делот на дообучување, завршната година е лингвистичката. Резултатите покажале Е-леарнинг, работење, јазик од Европската Унија (ЕУ) или некој придека тие не се способни да го користат јазикот за усно и писобуки, самоедуцирање“, знат светски јазик. Па така иако во истражумено искажување. Резултатите од ова тестирање покажале вели Димовска. вањата на ЕУ за познавање на јазици котираме дека 66% од тестираните матуранти имаат желба за менаџервисоко, а процентот е крајно нереален, бидејќи ски и административни позиции, но и за технички и произСЕГА Е ВРЕМЕ во странските јазици се вметнуваат и јазиците водствени позиции, трговија и продажба. Професии за кои се Ретко која од компаниите од бивша Југославија. Претпоставка е дека заинтересирани мнозинството матуранти се менаџерство во во Македонија, а посебно менаџерите на малите претпријатија можеби мали бизниси, владини служби, полиција и банкарство. се ограничуваат на балканскиот пазар, бидејќи во време на криза, сака Само 4% од матурантите имаат афинитет за професии немаат познавање од светските јазици за да ги потроши парите за што нудат грижа и помош на луѓе, каде што емоционалниот и флуентна соработка“, вели Димовска. да биде во тренд, вели духовниот развој на луѓето се примарна активност. Од досегашното работење во CS Global Павле Зимбаков, генедошле до сознание дека постарата популација рален менаџер во Clear 47 претпријатија, се изјасниле позитивно. Наспроти овие примери, особено позитивни се податоците добиени од Пелагонискиот регион (Битола и Прилеп) каде во 167 претпријатија, 64% се изјавиле дека учествувале на некои обуки последната година. Останатите региони релативно малку отстапуваат од просекот.


    „Да имав мој сопствен свет, сѐ во него ќе беше бесмислица. Ништо немаше да биде тоа што е, бидејќи сѐ ќе беше она што не е. И обратно, сѐ она што е, нема да биде. И она што нема да биде, ќе се случи“, ќе каже луцидната хероина на Луис Керол во една прилика. А нашата хероина, прекрасната актерка Јелена Јованова, со помош на режисерот Бојан Трифуновски, на исто толку смел и луциден начин ни ја отвори вратата кон Земјата на чудата.

28 28

LIFE М А Ј

Јелена Јованова дипломира на ФДУ во класата на Владо Цветановски и Мими Таневска, а моментно е вработена во МНТ. Првата професионална претстава и’ е „Сцени од животот“ , за потоа да следат: „Демонот од Дебар маало“, „Дундо Марое“, „Троил и Кресида“ каде ја игра Елена Тројанска, „Тупаница полна љубов“, „Вејка на ветрот“, „Чикашки перверзии“ , „Госпоѓа Министерка“,„Темпирана опера“, над сто изведби на „Сомнително лице“, а има играно и во повеќе претстави во Штипскиот театар. Јелена ја започна филмската кариера во филмот „Како да ме нема“ на Хуанита Вилсон, кој ја одведе до Анџелина Џоли и до улогата во филмот со работен наслов „Неименувана љубовна приказна“. Јелена ќе ја видиме и во филмот „Еј“ на Васил Христов (во постпродукција), а веќе три години е водителка и на емисијата „Високи октани“.


LIFE М А Ј

29 29 Фустан – Miss Sixty, Чевли – Pura Lopez (VIA), Нараквица - Furla (VIA), Брош – 4U Accessories


„Едната страна ќе направи да пораснеш, а другата страна ќе направи да се смалиш“. „Едната страна од ШТО? Другата страна од ШТО?“, си помисли Алиса во себе. „Од печурката“, кажа гасеницата, баш како да ја прашала гласно; и во следниот миг исчезна.

Фустан - Miss Sixty, y Чизми - Viktor Chevignon, Ракавици и обетки - 4U Accessories, Чанта – Accessoires


Фустан – Mango, Чевли - Pura Lopez (VIA), Накит – Accessoires, Машки чевли - Viktor Chevignon

LIFE М А Ј

„Но јас не сакам да одам кај луди луѓе“, забележа Алиса. „Ох, но тука не можеш да направиш ништо“, рече мачката, „овде сме сите луди. Јас сум луда. Ти си луда“. „Како знаеш дека сум јас луда“, рече Алиса. „Мора да си луда“, рече мачката, „инаку немаше да дојдеш тука“.


32 LIFE М А Ј

„Дали веќе ја погоди загатката?“, праша Шапкарот, обраќајќи и’ се на Алиса. „Не, се откажувам“, одговори Алиса, „кој е одговорот?“ „Немам никаква идеја“, кажа Шапкарот.


Ф стан Фу н – Juliie Al Alek ksov sovs so vskaa, Ч Чеевли - Pura Lop pez (VI V A)), Обет етки и нараквици ци – Ac A ce c ss s oi oire es, Чанта - 4U Acc cceesso so oriies Костим наа Лу Луди диот Шап пка кар р: Бла лаго года дарн да дар рнос остт до до МНТ Н , чевли - Vikt ktor o Che hevign gnon


34 LIFE М А Ј

„Мора малку да се бориме, но не ми е гајле и ако потрае“, рече Твиделдам. „Колку е часот?“ Твиделди го погледна својот часовник, и рече „Четири и половина“. „Ајд е да се бориме до шест, а потоа да вечераме“, рече Твиделдам.


Фуст Фу стан н и чев е ли - Mi M sss Six ixty ty, На ty Н ки кит – Ac Acce cce cess s oi oire r s, s, Ча Чант нта - Fu F rl rla (V (VIIA A), ), Машк шки шк и мо моде дел: де л: маи а ца, цаа, бе б рм рмуд муд уди и и тр трег е ер ри – Ca Call llio ll i pe io


36 36 LIFE М А Ј

Концепт и фотографија: Кире Галевски Модели: Јелена Јованова и Бојан Трифуновски Текст: Билјана Црвенковска Стајлинг: Илина Ангеловска Ведрана Мали Панева Роберт Ивановски Фризура: Фоте Ѓамовски (Panache) Шминка: Даниел (Empire) Асистент на фотографија: Благоја Бошковски - Буцко


Ф сттаан Фу н – Ju Juli lie Al Aleek ksso ovs v ka ka, Че Чевл вли – Bruno Magl gli li (V (Viik kto tor Ch hev e ig gnon) n), Наки n) кит ит – Ac A ce cess ssoi oiirre es, s Ко Кост си им м на ккр рал алиц лиц цаатта: а Бллааго г да дарн рн нос ост до д МНТ

Кралицата поцрвене од бес, и откако еден момент зјапаше во неа како некоја дива ѕверка, врeсна: „Пресечете и’ ја главата! Пресечете...“


LIFE М А Ј

38

Terranova и LIFE во чудесниот свет на детската фантазија


LIFE М А Ј

39

Модели: Веда, Матеа и Калин Стајлинг: Александар Ношпал Фризура: Panache


стил

TERRANOVA И LIFE ВИ ПОДАРУВААТ

1

2

7

ПОДАРОК ДЕТСКА ГАРДЕРОБА ОД TERRANOVА И LIFE МАГАЗИН! Во овој број на LIFE магазин, подарок детска гардероба од Terranovа. Првите единаесет читатели кои ќе испратат имејл со предмет „ПОДАРОК ГАРДЕРОБА“ на life. magazin@yahoo.com со назнака за кое парче гардероба се заинтересирани, ќе имаат можност да добијат еден од овие прекрасни подароци.

1 4

40

LIFE М А Ј

2


стил

3

1. Фустан со пеперутки – 1.599 ден. 2. Кошула за девојче – 999 ден. 3. Здолниште – 999 ден. 4. Маичка – 499 ден. 5. Марама – 499 ден. 6. Апостолки – 499 ден. 7. Шнола – 299 ден. 1. Пантолони – 1.199 ден. 2. Кошула – 499 ден. 3. Маица-елече – 499 ден. 4. Кравата – 399 ден.

4

6 41 LIFE М А Ј

3

5


СЕ Е ОКОЛУ НАК И ТОТ

ВЕДРАНА МАЛИ , 42 LIFE М А Ј

Како би го дефинирале вашиот стил? Сe` уште продложувам со идејата и стилот за урбана, авангардна и смела дама со голема доза на практичност, но секако уникатноста да не биде изозставена. За мојот личен стил и секојдневен изглед ми е најважно да изгледам удобно во самата себе и во својата кожа. Фустан или фармерки, најважно е да се потрудите да изгледате убаво .Мојот вкус се развиваше во текот на годините, но секогаш сум верна на безвременската класика со модерен дух. И се разбира, за мене сe` е околу накитот. Кое модно парче, според вас, е најтешко да го дизајнирате? Најтешко ми е кога треба да создадам модно парче за клиент кој не го познавам и не можам да го дефинирам. Често ми се случувало да дојдат клиенти кои не знаат ни самите што сакаат. И секако, проблематичниот дел е недостатокот на материјали и модни дотатоци коишто се потребни за целосната идеја да се реализира. Кој или што претставува за вас главен извор на инспирација? Сe` што се наоѓа околу мене: архитектура, музика, природните спектари на бои, различните култури низ светот, но морам да признаам дека кога сум најтажна и кога сум под голем стрес сум најкреативна …Процесот на моето созревање и растење и секојдневните искуства најмногу ме инспирираат.

Во која област од вашата работа најмногу уживате? Процесот на истражување, на барање инспирација со кои бои ќе работам и какви кроеви ке употребам, сe` до завршување на последните детали. Целиот тој процес ме исполнува и ми причинува задоволство, но сепак за да се работи оваа работа треба многу љубов. Која е вашата икона на стил и добар вкус? Tilda Swinton, Audrey Hepburn, Sarah Jessica Parker…. Кое дело, автор или личност од областа на уметноста, литературата или архитектурата најмногу ве импресионира? За среќа листата на луѓе е голема па има доволно избор да се проследаат нечии дела, но ќе ги издвојам Norah Jones, Andy Warhol, Greta Garbo, Frank Lloyd Wright, Mohandas Gandhi, Walt Disney, Paulo Coelho……. Кои се вашите планови за иднината? Не сакам да планирам однапред и да знам што е следно, но имам поставено цел која што сакам да ја остварам и секоја шанса што ќе ми се појави на патот ја користам и продолжувам. Сакам да искусам сe` и секоја понуда ја прифаќам со голема доза на љу бопитност...


креативци

43

LIFE М А Ј

Ведрана Мали има завршено студии по моден дизајн на Европскиот универзитет во Скопје. Во текот на школувањето се има претставено на неколку изложби, на биеналето на млади уметници и на Битолската модна недела. Досега има креирано колекција „Spanish heart“ презентирана на модниот викенд во Скопје, како и колекцијата „Страсти“. Има работено во забавната емисија дизајн за познатите, а е и костимограф на балетската претсава Tesseract.


ВРЕМЕТО НИЗ ОЧИТЕ НА... ИСКРА ШУКАРОВА

ПАТЕКА ЗА ДОЛГО ЧЕКОРЕЊЕ

44 LIFE М А Ј

БАЛЕРИНА И КОРЕОГРАФ, ПРОФЕСОР И ПРИЈАТЕЛ, ТАНЦУВАЧ И СОНУВАЧ, , А НАЈМНОГУ ОД СE, ИСКРА ШУКАРОВА Е ДОЖИВОТНО ВЉУБЕНА ВО УМЕТНОСТА НА ПОСТОЈАНОТО ДВИЖЕЊЕ

¢ Тони Димков

Кире Галевски


митот за Сфингата како митолошко суштество и како симбол на женственоста. Два месеца претходно, со улога во балетот „Рајмонда“ во Македонската опера и балет, Искра Шукарова одбележа 20 години во својата балетска кариера. Како професионален балетски играч настапуваше во МОБ од 1991 година. Притоа реализираше триесетина солистички улоги. Во последниов период има сe` побогата кореографска кариера. Една е од основачите на „Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“, а од 2010 година е доцент на студиската програма за балетска педагогија, отсек Класичен балет и современ танц при ФМУ. „Тоа што го работам е тоа што ме исполнува. Времето никогаш не ми било доволно да ги направам сите работи што ги сакам. Сега се менуваат генерациите, доаѓаат нови луѓе, се менуваат приликите во регионот, така што сe` станува погусто и поинтензивно. За мене, сепак, тоа е поврзување со она што го работев претходно, како балетски изведувач, и она што го работам за развојот на современата танцова сцена, како дел од 'Локомотива' и 'Номад танц-академија'. Откривањето на балетските уметници коишто работат на овие простори е нешто што целосно ме исполнува и таа приказна допрва треба да се развива“, нагласи Шукарова. Една прошетка низ центарот на Скопје, сепак, успеа да ги врати нејзините сеќавања кон едно друго време. Интересен е моментот што во зрелите години човек на поинаков начин гледа на истите простори во кои го поминал сопственото детство. Во таква ситуација ја поставивме и Искра Шукарова. Сопствените размислувања, без задршка, Шукарова ги подели и со читателите на LIFE магазин.

низ очите на...

рвата половина од мај Искра Шукарова ја помина во Њујорк, САД. Фестивалот „Перформанс микс“ ја покани како кореограф да се претстави со делото „Сфинга“. Станува збор за соло-изведба на Урсула Игли, позната изведувачка и кореографка од современата њујоршка сцена. П Делото се изведува на музика на Александар Пејовски. Создадено е како резултат на истражувањата кои Шукарова и Игли ги направија околу

КАЛЕ

Калето како локација за мене има неколку значења. Првото е што се наоѓа на место со најубавиот поглед кон целиот град. Некако со едно ротирање околу себе можам да видам многу различни точки кои ме потсетуваат на различни моменти и настани кои ми се случиле во животот. На Калето можеш едновремено да бидеш и во градот и надвор од него. Исто така, Музејот на современата уметност, сам по себе, ми носи многу спомени бидејќи има многу проекти кои сум ги изработила во неговите галерии. Просторот за мене, како танчер и како кореограф, значи сe`. Особено празниот простор што треба да се исполни со одредени значења. Големиот бел простор е многу инспиративен и секогаш ме поврзува со некои соработки кои во минатото ги имав со уметници од САД. Балетските уметници, како Алисон Грин и Јошико Чума, со кои работев пред десетина години, инсистираа проектите да се реализираат токму во Музејот на современата уметност, бидејќи бараа неконвенционални места за настап. Така, Калето и Музејот ми останаа како поврзување со дел од тие спомени од тоа време.

45 LIFE М А Ј

ПРОСТОРОТ КАКО ЗНАЧЕЊЕ


низ очите на...

БЕЗИСТЕН

БРЕЈК-ПОИНТ Безистенот е место кое ме потсетува на времето кога многу се движев во Чаршијата и кога таа беше дел од мојата дневна рутина. По часовите во средно доаѓавме тука. Или по претстава излегувавме тука и некако ми е убав спомен што ме поврзува со тоа што сега се случува со заживувањето на Чаршијата. Некако чувствувам некоја носталгија кон ова место. Тука беа првите кафеанчиња. И „Багдад кафе“ беше тука некаде. Во тоа време ни беше како некаков брејк-поинт, место каде можевме да се одмориме, каде имаше добра храна, различни видови чај во „Багдад кафе“ и каде циркулираа многу луѓе од музичкото училиште. Имаше вистинско дружење. Воопшто, Чаршијата е место во кое треба само да влезеш и самата за себе е сценографија и има автентична приказна. Како да доаѓаш во некој друг град и во некое друго време. Како град во град надвор од времето. Таа е местото каде што се чувствувам слободно, убаво, инспирирано.

ПИОНЕРСКИ ДОМ „КАРПОШ“

СЕЌАВАЊА НА ДЕТСТВОТО

46 LIFE М А Ј

Бев премала за да ме примат во нижото балетско училиште, а сакав уште од мали нозе да учам балет. Имаше некои групи во Пионерскиот дом и мајка ми дознала за тоа. Така, почнав да доаѓам тука од седумгодишна возраст. Од седум до девет години на балет одев во Пионерскиот дом, а потоа ме примија во нижото училиште. Локацијата ме поврзува со близината на паркот и со баба ми и дедо ми кои живееја во близина. Се сеќавам дека ме носеа на часови на балет, а потоа одевме на прошетка во парк. Тогаш навистина бев многу мала и ми останале само тие сеќавања.


ДВОЈНА РЕЛАЦИЈА Станува збор за повеќе локации низ кои со текот на времето се движам како во круг. Прво во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ завршив нижо и средно балетско училиште. Веднаш до него, во Македонската опера и балет, професионално настапував дваесет години на сцената на балетот. Сега повторно се вратив во соседниот објект, но во Факултетот за музичка уметност, каде работам како професор на насоката Современа балетска педагогија. Во кругот околу МОБ и ФМУ сум од мојата деветгодишна возраст сe` до денес. Тоа се речиси триесет години кои ги поминав во овие два објекта.

низ очите на...

МОБ

КАФЕ „ЛАЈКА“

Кафулето „Лајка“ ме поврзува со приказните од Дебар маало, со тоа што еден дел од детството го поминав тука. Се сеќавам дека по периодот на излегување во Чаршијата, целото друштво се префрливме во овој дел од градот. Се сеќавам дека кафулето „Ван Гог“ беше прво од таков вид Дебар маало. Потоа бев во Лондон и кога се вратив се отвори „Лајка“ и целото мое друштво веќе беше тука. Со местото ме врзуваат убави и, пред сe`, неформални дружења. Некако, кога немаш детален план каде да одиш и кога не си договорен да излезеш со некого, а сакаш да излезеш од дома, можеш да дојдеш тука. Ми се допадна токму таа неформалност која владее во „Лајка“. Веќе по навика со друштвото се наоѓаме тука, а потоа одиме на други места. Затоа „Лајка“ се издвои прво како место за средба, а потоа и за дружење. Тоа ми стана како ритуал во последниве десетина години и во него се чувствувам слободна како во мојата дневна соба.

47 LIFE М А Ј

КАКО ВО ДНЕВНА СОБА


мода

¢ Марија Илиќ

ДИЗАЈНЕРИТЕ СОВЕТУВААТ

LIFE

МАТУРАНТСКА

ЕУФОРИЈА ГЛАМУРОЗЕН, ВПЕЧАТЛИВ ИЗГЛЕД Е ОНА КОН ШТО СЕ ТЕЖНЕЕ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА МАТУРСКИТЕ И АПСОЛВЕНТСКИТЕ ВЕЧЕРИ, КАКО ЕДИНСТВЕН ПОСЕБЕН МОМЕНТ ВО ЖИВОТОТ НА ЕДНА МЛАДА ЛИЧНОСТ. СЕКАКО, ТУКА ГОЛЕМА УЛОГА ИГРААТ И УНИКАТНИТЕ, ДИЗАЈНЕРСКИ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА

48

LIFE М А Ј

ај е месец на матурантска еуфорија и време кога за довчерашните основци, средношколци и студенти, е најважно прашањето што да се М облече. Паниката дали ќе се успее во гламурозноста, свеченоста и секако уникатноста, расте сe` до самата вечер кога се слави. „Независно од тоа што ќе облечете таа ноќ, најзначајно е да знаете како тоа да го носите, но секако да биде прилагодено на вашиот стил и на тој начин да ја истакнете вашата индивидуалност. Единствено правило кое постои при изборот на комплетниот стајлинг е да се одржува баланс и да се биде умерен во сe`“, објаснува за LIFE, модната дизајнерка Елена Лука. Се чини сe` помала е разликата помеѓу гаредеробата која ја одбираат полуматурантите ,матурантите или апсолвентите . Но и границата помеѓу вкусно и адекватно одбрана и кичеста и непримерена гардероба е мала. Во лудилото на стилови, ткаенини кои ѕиркаат од излозите, може да се случи да згрешите. „Преку природниот изглед се истакнува убавината на младоста, па во однос на ова матурантките одлично би изгледале во роматнична варијанта со светли бои и пријатни, природни материјали“ советува Елена Лука.

РОСИЦА МРШИЌ


мода РОСИЦА МРШИЌ

НЕНАД СЕКИРАРСКИ

LIFE М А Ј

А ние сметаме дека какво и парче облека на себе да имате таа посебна и единствена вечер, не заборавајте да се опуштите и да ја претворите во вечер за паметење. ¿

ЕЛЕНА ЛУКА

49

Според дизајнерката Росица Мршиќ, особено е важно „стилот да биде прилагоден на возраста, а гардеробата да го отсликува сензибилитетот на поединецот“. Во однос на она што оваа пролет – лето е тренди, доминантни се пастелните бои, а за оние кои преферираат класичен и чист изглед, од Елена Лука велат дека белата боја е незаменлива. Оваа сезона особено ин се и принтовите со кои може да се постигне откачен и впечатлив изглед. А старото добро правило, вели дека црниот мини фустан никогаш не излегува од мода. Доколку тоалетата е глаумрозна, таа не трпи доминантен накит, или во спротивен случај ако комбинацијата е поедноставна или дискретна, асесоарите треба да го докомплетираат стајлингот. Во трката да се биде уникатен и неповторлив, матурантките сe` почесто купуваат во Солун, Белград или во некоја од престолнините во Европа. Оние кои одлучиле гардеробата да си ја обезбедат во нашиот главен град, имаат опција да се облечат во некоја од продавниците со најразноврсни брендови или да ги постетат ателјеата на македонските дизајнери. „Секоја девојка и дечко сакаат да имаат единствен и уникатен изглед на ваквите прослави, и затоа оние кои навистина претпочитаат да имаат парче облека кое е изработена и прилагодена на нивните потреби, се обраќаат кај дизајнерите“, вели Росица Мршиќ. Во излозите на скопските бутици веќе се наредени свечени фустани и елегантни костуми. Во просек цените на поелегантинте фустани, почнуваат од 5.000 денари, па сe` до двоцифрени бројки кои достигнуваат и до петстотини евра. Дизајнерката Росица Мршиќ вели дека цените за нејзините модели се движат од 7.000 до 11.000 денари, во зависност од изборот на материјалите и начинот на изработка на моделот. Цените на уникатните парчиња од рацете на дизајнерот Ненад Секирарски, почнуваат од пет до шест илјади денари. И кај Секирарски висината која може да ја достигне цената зависи од желбите на клиентите. Од „Елена Лука“ не прецизираа какви се цените на фустаните кои тие ги нудат, но објаснуваат дека рачно изработените детали и везови и времето посветено на изработката се само дел од факторите кои ја дефинираат цената на тоалетите. За оние кои се неодлучни или несигурни околу изборот на облеката, модните ателјеа се олеснувачки момент. Дизајнерите и тимот кој работи со нив, може да помогне околу вистинскиот избор и да најде комбинација која кореспондира со буџетот на матурантите. „Работата на секој дизајнер е да го потенцира убавото и привлечното, а со тоа и да дава сугестии во однос на изборот на модел, бои, материјали, со цел да се постигне и изгради прикладен изглед соодветен на возраста, како и да се прилагоди моделот на индивидуалните пропорции“, вели Росица Мршиќ. „Јас на моите клиенти секогаш им стојам на располагање онолку колку што тоа им е потребно и секогаш го кажувам своето мислење за одредени елементи, но клиентот е тој кој ќе ја донесе финалната одлука и се разбира ќе ја понесе одговорноста за сопствениот изгед. Морам да признаам дека јас не верувам во модни диктати и правила па спрема тоа и мојот однос не е таков“, вели Секирарски. Секирарски вели и дека најважно е изгледот на секоја личност да одговара на годините па така за прославата не треба да се „маскираме“ во нешто што не сме туку својот стил да го истакнеме со можеби поголема слобода во боите и деталите. Елена Лука ќе заклучи: „Нашата професионална работа ни наметнува одговорност суштински да ја познаваме модата, па во однос на ова и да го пронајдеме најдоброто решение кога станува збор за изгледот на нашите клиенти за конкретната пригода. За комплетниот стајлинг секогаш се консултираме со нашите клиенти чии барање се приоритетни, но надополнети со наши сугестии кои ги базираме на нивниот карактер, личен стил, конституција на телото, но и возраста“.


БИЈОНСЕ

подготвила: Силвана Жежова

УБА ВИЦ АТА Е МАЈСТОР ЗА ПРА ВЕЊЕ ПАРИ ВО СВОЈАТА КАРИЕРА ОВАА ПЕЈАЧКА ОД ТЕКСАС СЕ ЗАНИМАВА СО МОДА, СО ГЛУМА КАКО И СО ОСМИСЛУВАЊЕ НА ПАРФЕМИ. И СЕТО ТОА БЕЗ НИТУ ЕДНА МАРКЕТИНШКА ГРЕШКА

50

LIFE М А Ј

Б

ијонсе Ноулс е една од најпознатите пејачки денес и се наоѓа на листата меѓу најубавите жени во светот. Таа е горда сопственичка на голем број Греми награди и е сопруга на познатиот рапер Џеј Зи. Бијонсе вниманието на јавноста го привлече уште во времето на „Дестинис Чајлд“ и го задржа до ден-денес. Оваа ѕвезда продолжи да сјае како

со својата самостојна музичка кариера така и со својот стил. Нејзиниот начин на облекување со текот на годините се менуваше и стануваше сe` пософистициран, но она што не се менуваше е нејзината љубов спрема боите и експериментирањето. Од хип-хоп стил и тренерки, натапирана фризура и многу шминка, Бијонсе стана модна икона која изгледа прекрасно на улица,

на сцена, на црвен килим. Често може да се види во друштво на многу славни дизајнери, но најдраги и’ се Гарет Паг и Балмеин. УЖИВА ДА ПЕЕ И ГЛУМИ Бијонсе Жизел Ноулс е родена на 4 септември 1981 година. Освен што е пејачка позната е по тоа што е текстописец, продуцент, актерка


„Girls“. Снимањето се одвиваше во Лос Анѓелес минатиот месец, а за потребите на овој спот таа се претвори во кралица. Во јуни планира да го издаде нејзиниот најнов албум. Според успехот на соло- албумите, стана една од најпродаваните артисти во музичката индустрија. До неодамна за кариерата се грижеше нејзиниот татко Метју Ноулс кој одлучи да се повлече од неговата менаџерска функција. Тие соработуваа од почетоците на

жешка тема

нејзината кариера, па сe` до минатиот месец . „Благодарна сум за сe` што ме научи. Пораснав набљудувајќи ги своите родители колку беа успешни во своите професии. Беа многу храбри како претприемачи, па ќе се обидам и јас да продолжам по нивниот пат. Тој ми е татко за цел живот и многу го сакам,“ изјави Бијонсе по повод неговата одлука да се повлече од менаџерската работа. Оваа пејачка својата актерска кариера ја започна во 2001 година, појавувајќи се во мјузиклот „Carmen: A Hip Hopera“. Пет години подоцна ја играше главната улога во „Dreamgirls“, филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, за кој заработи две номинации за Златен Глобус. „Кога целата своја енергија ќе ја насочам на филмот во кој глумам, после тоа имам голема желба да работам на албум и обратно. Не мислев дека толку многу ќе ми се допадне работата на филмовите. Ја открив таа љубов по филмот „Кадилак рекордс“ кога се почувствував возвишено, нешто што само на сцена може да се почувствува. Во иднина би сакала да работам на поемотивни филмови поради тоа што лесно можам да се соживеам и со позитивните и со негативните чувства на другите луѓе. Сепак, би сакала да глумам и како акционен јунак, да бидам Џејмс Бонд девојка, а сон ми е улогата во „Wondеr Woman“, изјави Бијонсе за актерството. Таа ја прифати улогата на Естер Хофман во римејкот на филмот „A Star Is Born“, кој ќе го режира Клинт Иствуд.

51 LIFE М А Ј

и модел. Родена е во Хјустон, Тексас каде што како мала била зачленета во различни училишта за сценски уметности и се натпреварувала по пеење и танцување. Ноулс стана славна во доцните ’90-ти како главен вокал на женската група „Дестинис Чајлд“, група која има продадено повеќе од 50 милиони плочи. Првиот соло албум на Бијонсе е „Dangerously in Love“ (2003) од каде што произлегоа хитовите „Crazy in Love”, „Baby Boy”, „Me, Myself and I”, и „Naughty Girl”. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година и и’ донесе пет Греми награди во 2004 година. По распаѓањето на „Дестинис Чајлд“ во 2005 година, го издаде својот втор соло албум, „B' Day“. Најпознати хитови од овој албум се „De`ja Vu”, „Irreplaceable” и „Beautiful Liar”. Нејзиниот трет соло албум „I am... Sasha Fierce“ беше издаден во ноември 2008 година. На годинешното доделување на Греми наградите освои рекордни шест статуетки. Со песната „Слободни дами“ освои Греми за песна на годината, најдобра ар-ен-би песна и ар-ен-би албум. Таа триумфираше и во категоријата за најдобар женски вокал во поп и ар-ен-би категоријата, како и најдобар традиционален ар-ен-би настап. Хитови кои произлегоа од овој албум се „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Заедно со Ријана имаат најмногу број еден хитови од 2000 до 2009 година. Три години по објавувањето на нејзиниот последен албум, снимаше нов спот за песната


жешка тема

52 LIFE М А Ј

СИ ГИ САКАМ ОБЛИНИТЕ Бијонсе е во брак со раперот Џеј Зи од 2008 година. Остана запаметена по тоа што во тоа време изјави дека невиноста ја изгубила дури кога се запознала со својот иден сопруг. „Луѓето се чудат кога ќе им кажам дека имам малку искуство со мажите. Кога имав 13 години се забавував со едно момче и бевме заедно до мојата 18 година, но немавме секс. Невиноста ја загубив кога го запознав сопругот,“ изјави Бијонсе. Бијонсе и Џеј Зи отсекогаш го привлекувале вниманието на медиумите, па секое нивно патување е следено од папараците. Така на патувањето на Бахамите за тригодишнината од нивниот брак, медиумите го открија луксузот во кој овој пар ужива како и бројните скапи

подароци кој раперот и’ ги подарува на својата сопруга. Џеј Зи саканата ја почести со луксузна ташна од 350 илјади долари, а ар-ен-би пејачката пак за роденден му купи луксузен „бугати“ спортски автомобил, вреден два милиони долари. Гласините за нивната криза во бракот и разводот тие ги демантираа со заедничкиот дует пред два месеци. Џеј Зи и Бијонсе во 2007 година го издадоа синглот “Hollywood”, а соработуваа и на хитовите “Crazy In Love” и “Bonnie & Clyde”. Многумина ја нарекуваат вистински виртуоз за заработување пари, бидејќи во својата кариера оваа пејачка од Тексас се занимава и со мода, глума како и осмислување на перфеми. Се’ тоа без ниту една маркетиншка грешка.

Бијонсе снимаше и реклама за јапонската модна дизајнерка Саманта Тавас, а нејзините слики се појавија во сите 117 бутици на славната креаторка. Со оваа рекламна кампања таа се вброи меѓу Викторија Бекам, Џенифер Лопез, Парис Хилтон и Пенелепе Круз кои исто така снимиле кампања за овој моден бренд. Бијонсе снимаше рекламна кампања и за козметичката куќа „Лореал“, како и за „Пепси“ и „Томи Хилфигер“. Сепак најдраги и‘ се рекламите што ги снимаше за сопствениот моден бренд „ House of Dereon“ кој го осмисли со нејзината мајка во 2005 година. Во прилог на нејзиното заработување како пејачка е и информацијата дека за исполнување на пет песни на новогодишна прослава на еден од синовите на Гадафи заработила два милиони долари. Откако изби кризата во Либија, овие средства ги донирала во хуманитарни цели. Нејзиното богатство се потврдува и со тоа што беше четврта на листата на 100 најмоќни познати личности. Гинисовата книга на рекорди во најновото издание за 2011 година го вклучи и славниот пар, Бијонсе и Џеј Зи, бидејќи заедно минатата година заработиле 122 милиони долари.Се чини повеќе од јасно зошто таа и нејзиниот сопруг се прогласени за најбогат пар во шоу-бизнисот. Бијонсе е позната по своите облини и затоа многу внимава на исхраната. Тоа што е полничка ја прави привлечна кај посилниот пол, но сепак внимава за да ја задржи убавината на божица од античко време. „Секогаш истакнувам дека не сакам да ги изгубам облините и да бидам послаба. Сакам само да го зацврстам своето тело, па затоа вежбам стомачни и вежби за задникот. Сакам женствен изглед, но како и секоја жена и јас имам фази, понекогаш се здебелувам на местата каде што тоа не е пожелно. Задникот го поткревам со брзо одење и качување по скали, тоа се најдобри вежби за него,“ изјави Бијонсе за нејзиниот изглед. Бијонсе заедно со Мишел Обама, сопругата на американскиот претседател Барак Обама минатиот месец се вклучија во кампањата против дебелината наречена „Одиме! Ајде сите да вежбаме“. Целта е да се сопре епидемијата на дебелеење кај младите луѓе, да се подигне свеста за начинот на исхрана односно важноста на здравата исхрана и вежбањето. Наскоро сите ученици во американските училишта ќе играат и вежбаат на текстот на песната „Get Me Bodied“, голем хит на Бијонсе, кој за потребите на кампањата е преработен во „Move Your Body“. „Чест ми е да бидам дел од овој проект“, изјави Бијонсе. „Мишел Обама заслужува признание што директно покрена иницијатива за прашањето на дебелината кое најмногу го загрозува здравјето на нацијата. Се надевам дека кампањата ќе вроди плод и дека низ образовните установи ќе успееме да им ги укажеме на децата за здравите животни навики“, вели пејачката која исто така е и познат хуманитарец. ¿


53

LIFE М А Ј


подготвила: Патриција Костовска

ЏЕЈК ГИЛЕНХОЛ

ИЗВОНРЕДЕН АКТЕР И СЕКСАПИЛЕН ЗАВОДНИК

Кога станува збор за улогите во минатото, згодниот актер Џејк Гиленхол беше повеќе наклонет кон драмските остварувања. Меѓутоа неговата визија се промени со улогата во авантуристичкиот филм „Prince of Persia“. Секогаш работи под притисок и голема напнатост за да може да го даде најдоброто од себе

54 LIFE М А Ј

ткако продуцентите одлучија да го снимаат четвртото продолжение од О авантурите на Борн и тоа без Мет Дејмон, долго се шпекулираше кој ќе биде во главната улога. Изборот „падна“ на многу ангажираниот актер Џејк Гиленхол, а во конкуренција биле Тоби Мегвајер, Џош Хартнет и Келан Лук. Триесетгодишниот американски актер на први април годинава на големото филмско платно се појави со премиера на научнофантастичниот трилер „Source code“, во кој ја толкува главната улога. Станува збор за војник кој се буди во тело на непознат човек кој е принуден повеќе пати да преживува експлозија во воз додека не открие кој ја поставил бомбата. Покрај овие новости голем успех доживеа и во филмот „Love And Other Drugs“. Во едно интервју за британскиот магазин „Есквајер“ изјавил дека бил изненаден колку често мора да се соблеку-

ва по барање на режисерот Едвард Звик. „Гол сум во многу сцени од филмот. Останав гол и по конечната монтажа. Немам идеја како филмот ќе биде квалификуван“ рече тој. Всушност, во љубовниот филм во кој глуми со Ен Хатавеј сними секс сцени, повеќе сексуални предигри, а во сценариото пишувало дека треба да биде облечен во боксерици. Но, сепак одлучил и нив да ги соблече и сцените да ги сними потполно гол. Џејк на тоа додаде: „Не знам за останатите момци, но јас никогаш не сум имал секс во долна облека и мислам дека е чудна работа да гледате актери да го прават тоа“. Џејкоб Бенџамин Гиленхол е роден на 19 декември 1980 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Потекнува од филмско семејство, неговиот татко Стивен бил режисер, а мајка му Наоми сценарист, додека неговата сестра Меги е позната актерка која неодамна глумеше

со Џеф Бриџис во „Crazy Heart”. За прв пат на 11 години добива мала улога во комедијата „City Slickers“ од 1991 година. Следната година неговите родители му забраниле да глуми во филмот „The Mighty Ducks“ , бидејќи снимањето ќе го одвоело два месеци од домот. Подоцна, во сите филмови во кои глуми до запишувањето на Универзитетот во Колумбија биле во режија на неговите родители. Се запишал на смерот „Источна религија и филозофија“, но за две години го напуштил студирањето. Првиот филм во кој ја добива главната улога е „October Sky“ од 1999 година, кој заработил 32 милиони долари. Филмот „Donnie Darko“ од 2001 година е вториот голем филм на Џејк. За снимањето на овој филм почнал да чита будистичка филозофија, така што сфатил дека има слични верувања, идеи, принципи и ставови. Од тогаш започнал да ја применува


СРЦЕКРШАЧ Згодниот актер со висина од 183 см, констенлива коса и сини очи е вистински срцекршац. Неговата вистинска љубов беше актерката Кирстен Данст, со која беше во врска скоро две години, до 2004 година. Подоцна, Гиленхол се запознава со актерката Риз Витерспун за време на снимањето на филмот „Rendition“ во 2007 година, кога медиумите ја објавија нивната врска. Но, подоцна Риз изјави дека тие не се забавуваат. По тригодишната романса која требаше да биде крунисана со брак, тие одлучија да се разделат. Само неколку месеци подоцна е виден во друштво со австралиската актерка Изабел Лукас, додека го снимаше „Source code” во Монтреал, во март и април 2010 година. Истата година од октомври до декември беше во врска со кантри пејачката Тејлор Свифт. Во најновата афера го поврзуваат со актерката Мила Кунис. Тие на забавата по доделувањето на Златните глобуси, цела вечер ја поминале заедно во флертување. Покрај девојките, негов многу близок пријател е фронтменот на групата „Maroon 5“, Адам Левин, кој го познава уште од градинка. Во слободно време ужива да готви и да гледа фудбал. Гиленхол е исто така познат и по тоа што е член на Демократската партија во САД и е активен борец за зачувување на животната средина. Троши 400 долари годишно за да се засадат дрвја во шумата во Мозамбик, делумно за да ја промовира својата програма за пошумување. ¿

жешка тема

добар бакнеж, кој го споделува со Хит Леџер. Во врска со гласините за неговата сексуална ориентација кои кружеа со години, Џејк изјави дека никогаш сексуално не го привлекувале мажи, но не би бил изненаден доколку еден ден се случи и тоа. Бакнежот што го споделија тој и Леџер се најде на третото место според резултатите од анкетата за бакнеж на деценијата. Уште еден успешен филм во неговата кариера е „Prince of Persia: The Sands of Time“, во кој ја толкува главната улога. „Мојот сон од детството беше да глумам во некој голем акционен филм. Отсекогаш сум сакал да бидам Индијана Џонс. Тоа беше време да престанам да мислам за себе премногу сериозно. Работев на многу драми и барав нешто различно, а кога наидов на „Принцот“ одлучив да ја прифатам таа можност“, изјави Гиленхол во едно интервју. Епската адаптација на видео-играта се снимала три месеци на 50 целзусови степени во Мароко. Иако е спортски тип за снимањето на филмот напорно тренирал седум месеци. Познат е по тоа што честопати доаѓа до судири со останатите колеги. Особено е „популарен“ по конфликотот со Питер Сарсгард за време на снимањето на „Jarhead“. За тоа Гиленхолм во една прилика изјави: „Знам дека многу луѓе зборуваат за тоа што се случило на тоа снимање и иако не сум разговарал со Питер неколку недели по една кавга, денес сме најдобри пријатели. А тоа е добро, бидејќи е оженет со мојата сестра Меги“. Во 2006 година списанието „People“ го прогласи Џејк за најубав маж.

55 LIFE М А Ј

практиката на будизмот. Повеќе се труди да ги следи принципите и учењата, бидејќи верува во нив и чувствува дека е подобра личност што се обидува да биде отворен за едноставни уживања и вистината за животот, и ја цени убавината во другите луѓе. Верува дека постои дух и енергија што сите ги поврзува на некој начин. Пред да добие една од своите најдобри улоги во кариерата, Џек на платното ќе се најде со Денис Квејд во блокбастерот од 2004 година „The Day After Tomorrow“. Улогата на Џек Твист во филмот „Brokeback Mountain“, се смета за најуспешна улога на Џејк. Се работи за љубовна приказна за двајца млади луѓе кои чуваат овци на Броукбек во шеесетите години на дваесетиот век. Заљубени се еден во друг, и таа сексуална и емотивна врска ја одржуваат со години, и покрај сите семејни, економски и емотивни проблеми со кои се соочуваат. Поради хомосексуалната содржина филмот беше медиумски проследен и пред да биде премиерно прикажан, а често е нарекуван и каубојски геј филм. Затоа, често пати во јавноста се пишуваше за неговата сексуална ориентација, па Џејк негираше дека е хомосексуалец. Покрај Гиленхол, главната улога ја толкуваше починатиот Хит Леџер и актерката Ен Хатавеј, а филмот е во режија на Анг Ли. Така, оскарот за најдобра режија се разбира отиде во рацете на Ли. Гиленхол беше номиниран за најдобра споредна машка улога, но изгуби од Џорџ Клуни. Сепак, беше награден со БАФТА за најдобар актер во споредна улога и МТВ награда за нај-


шуш - буш

АНЏЕЛИНА И БРЕД НА ДЕЦАТА ГОДИШНО ТРОШАТ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Анџелина Џоли и Бред Пит најмногу пари трошат на приватните авиони за да можат со нив секогаш да бидат и нивните деца, а тука се и приватните учители и дадилки кои годишно ги плаќаат 900 илјади долари. Познато е дека Џоли и Пит кога се во прашање нивните шест дечиња, никогаш не штедат. Ова го потврдува и информацијата до која дошол американскиот магазин „In Touch'' кој објави дека славниот пар годишно за децата троши дури десет милиони долари. Кога станува збор за родендените на децата, тие се особено дарежливи. Минатата година за роденденот на Пакс во Париз потрошиле седум илјади долари за изнајмивање на брод во кој се возеле по Сена. Возачот кој ги вози нивните деца во училиште го плаќаат 600 долари дневно. Еднаш за престој во хотелот „Waldorf“ заедно со децата издвоиле пола милион долари.

ХЕЛЕН МИРЕН САКА ДА СЕ ОДМОРИ ОД ХОЛИВУД Хелен Мирен сака поголем одмор од Холивуд, така што ќе си ја облече својата „одвратна гардероба“ и ќе го реновира својот дом во Италија. Актерката е 40 години на сцената и подготвена е да се повлече на нејзиниот голем имот во Италија кој го поседува заедно со нејзиниот сопруг Тејлор Хакфорд. „Филмови снимаат младите луѓе, бидејќи е потребно многу енергија. Се снима и по 15 часа, а телото постојано е во движење. Тоа навистина е тешко и работата исцрпува. Со сопругот ја завршуваме куќата во Италија и се надевам дека ќе можеме да поминуваме повеќе време заедно. Сега сум во период од животот кога не ми е важен мојот живот и кариерата. Не барам ништо повеќе, па можам да си уживам во животот. Не сум направила пауза не паметам од кога. Работев навистина долго и навистина сакам еден долг одмор,“ изјави Мирен.

56 LIFE М А Ј

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И МАРК ЕНТОНИ ПОДГОТВУВААТ НОВА ТВ ЕМИСИЈА Пејачката Џенифер Лопез заедно со сопругот Марк Ентони и авторот на реалното шоу „Американски идол“ Сајмон Фулер подготвуваат нова ТВ емисија. Во емисијата која ќе го носи името „Q“ Viva! The Chosen брачната двојка Лопез – Ентони ќе патува низ Северна и Јужна Америка во потрага по најдобри танчери, пејачи и други претставници на латиноамериканската култура. „Ова е емисија за 21 век и има глобална и локална приказна. Латино културата е исполнета со страст, традиција и уметнички вештини. Ќе одиме на места во кои живеат таленти кои на друг начин не би можеле да ги откриеме“ - наведе Џенифер Лопез во соопштението до медиумите. Засега не е познато кога ќе започне прикажувањето на емисијата “Q“ Viva.

ТУЖБА ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПРОТИВ БИЈОНСЕ Компанијата „Gate Five" која изработува видео-игри, ја обвини пејачката Бијонсе Ноулс за штета од 100 милиони долари, бидејќи наводно ги уништила. Познато е дека Бијонсе има добра смисла за бизнис, па со еден допир сите свои инвестиции ги претвора во злато. Меѓутоа, тоа не беше случај со компанијата „Gate Five" која поради ненадејно повлекување од претходно договорената работа, морала да отпушти 70 работници и изгубила 100 милиони долари профит. Всушност, пејачката со оваа компанија потпишала договор за правење на видео-игри „Ѕвездена моќ: Бијонсе“, но потоа се предомислила.


Поранешниот член на „Битлси“ Ринго Стар објави дека неговиот нов албум делумно ќе биде автобиографски. „Подготвувам албум за Ливерпул. Се работи за мене и Ливерпул, а тоа е како да работам мини-автобиографија, но наместо да пишувам книга -подготвувам албум,“ изјави тапанарот Ринго Стар кој не прецизираше кога ќе се појави албумот. Овој музичар кон крајот на јуни ќе почне со неговата европска турнеја.

Гага има многу чудни навики кога е во прашање спиењето. Прво изјавила дека во кревет лежи нашминкана, а сега наместо во пижами спие во своите костими кои ги носи на сцена. „Моите пријатели кои често престојуваат со мене во хотелите за време на турнеите, ме нарекуваат кралица на катастрофата. Кога ќе се разбудам наутро периката е падната од мојата глава, мојата бемка која е лажна се појавува на другата страна на лицето и слично“, признала пејачката. Таа вели дека кога се буди наутро и се зголемува довербата така што додека се гледа во огледало си вели: „Ти си ѕвезда“.

шуш - буш

РИНГО СТАР ПОДГОТВУВА АВТОБИОГРАФСКИ АЛБУМ

ЛЕЈДИ ГАГА СПИЕ ВО СЦЕНСКИ КОСТИМИ

КАРЛ ЛАГЕРФЕЛД НАПРАВИ АПАРТМАН ОД ЧОКОЛАДА Познатиот германски дизајнер Карл Лагерфелд направи хотелски апартман, но без да користи свила и други материјали, туку чоколада. Париз доби уште една занимливост за туристите и тоа благодарејќи на компанија која произведува сладолед. Таа го ангажираше Лагерфелд за да помогне во промоцијата на новиот вкус пред почетокот на летото. Бидејќи ништо не може да се искреира од сладолед, Лагерфелд можноста за креирање ја пронашол во чоколадата од која е направен хотелскиот апартман. Инаку, за потребите на кампањата за нови сладоледи „Магнум“ Карл направи три ТВ реклами, за кои ја ангажираше американската актерка Рејчел Билсон.

По годините поминати во Лос Анџелес, Џенифер Анистон одлучи да се врати во својот роден град Њујорк, каде си купи луксузен стан од 112 квадратни метри, вреден шест милиони долари. Станот во 18 - катната стара зграда на Менхетен, има само една спална соба и една бања, но затоа има тераса од 75 метри квадратни која нуди прекрасен поглед на Емпајер Стејт Билдинг. Актерката неодамна откри дека сака да се отсели од својата вила во Лос Анџелес и дека сака повторно да живее во Њујорк, градот во кој го помина детството и каде посетуваше школа за глума. „Ништо не може да се спореди со животот во градот во кој секој човек на светот може да си пронајде нешто за себе“ - рече Џен за својот роден град.

АДРИЈАНА ЛИМА ВО КАМПАЊА ЗА НОВИОТ ПАРФЕМ НА „АРМАНИ“ Адријана Лима сними провокативни фотографии за новиот парфем „Емпорио Армани" на кои позира во прегратки на друг маж. Во бела маица со мокра коса и минимална шминка, Лима и нејзиниот колега манекен позираа како вистински ваљубен пар во новата кампања со која се промовираше парфемот „Бело" на популарниот бренд „Emporio Armani". Се зборува дека бразилскиот модел добила значителна парична сума за овој ангажман.

57 LIFE М А Ј

АНИСТОН СИ ДОЗВОЛИ ЛУКСУЗ ОД ШЕСТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ


од а до ш

подготвила: Патриција Костовска

СЕКС ТАЈНИ

НА ПОЗАТА 69

СЛАВНАТА ПОЗА 69 ГО ДOБИЛА ИМЕТО ПО ПАРТНЕРИТЕ, БИДЕЈЌИ ЦЕЛОСНО СЕ ПРЕКРИВААТ ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ. ПОНЕКОГАШ, ПАРОВИТЕ ЈА ИГНОРИРААТ И ПРОПУШТААТ ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО. МЕЃУТОА, ПРАВИЛНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И РЕДОВНО ВЕЖБАЊЕ НА ПОЗАТА МОЖЕ ДА ВЕ ДОВЕДЕ ДО СОВРШЕНСТВО.

58

LIFE М А Ј

ексуалната практика, во која партнерите меѓусебно орално се задоволуваат, е С позната уште од древните времиња. Била мотивација за бројни уметници и скулптори, кои ги подготвувале своите уметнички дела со особена воздишка, без оглед на тоа дали станува збор за хетеросексуални или хомосексуални парови. Денеска, таквата сексуална пракса стана дел од националното наследство и популистичката култура. Предноста на позата 69 е во тоа што партнерите имаат можност истовремено да почувствуваат поголема возбуда. Меѓутоа, за целата акција да помине во најдобар ред, потребно е да се внимава на неколку ситници. Најпрво двајцата партнери треба да постигнат незаборавно доживување, бидејќи може да дојде до ситуација,во која еден од партнерите своето задоволство ќе го стави во прв план. Понекогаш, еден од партнерите знае да се „измори“ и да се препушти на страста, заборавајќи дека положбата 69 бара обострана кулминација. Во текот на оваа поза нема место за срам и воздржаност. Испробајте ги сите движења кои ќе ви „паднат“ на памет и успехот е загарантиран. Позата е многу еротска, па голем број мажи не можат да одолеат, а да не се возбудат премногу и пребрзо. Експертите препорачуваат мажот прв да започне, додека партнерката треба да се вклучи подоцна во играта. Тие исто така велат дека за време на сексот жената треба да биде под мажот, затоа што така партнерот има директен пристап до клиторисот. Многу важен фактор

е удобно да се наместите, без користење на голем број перници. Така ќе може полесно да се опуштите и препуштите на достигнување оргазам. Еластичноста на телото има значајна улога, што не треба да се игнорира. Колку телото ви е поеластично, толку ќе ви користи да пробате повеќе пози и подолго да се задржите во нив. Поголемата флексибилност ќе ви овозможи некои нови варијации на позата 69, што потполно ќе го полуди вашиот партнер. Доколку жената е одозгора, не постои опасност мажот да го турне подлабоко во нејзиното грло машкиот полов орган. Во ваква позиција, таа може сама да ја одреди длабочината и темпото на пенетрација, а при тоа мажот без никакви проблеми може да и` го понуди својот анус. Тоа значи дека со јазикот, во ист момент, може да се овозможи двојно уживање, со шетање горе-доле. Положбата 69 не е само став во кој со јазик ги дразните гениталиите, туку е преубава можност на надразнување на останатите ерогени зони, што ја зголемува возбудата. Мажот освен вагината, може на својата партнерка многу успешно да и` го стимулира анусот, при што со дланките може да ги стимулира и брадавиците и да го милува нејзиниот грб. Не треба да се заборави на неговите тестиси, кои партнерката може да ги лиже со малку повеќе труд, но сеедно, доволно добро. Изведување на оваа поза кога мажот е одозгора е многу пријатно за оние жени кои сакаат да го турнат машкиот полов орган малку подлабоко во грлото. За да не дојде до претерана длабочина на пенисот во грлото, ве

советуваме да ги ставите дланките на него, со што ќе можете сами да ја ограничите длабочината. Кога е тој врз вас, имате можност да ги надразните неговите брадавици. Ако вие и вашиот партнер се свртите на страна, ќе откриете многу интересна и предизвикувачка форма на позата 69, која овозможува заемно лижење на анусот. Тоа може да го комбинирате со заедничко лижење на вагината и пенисот, како и додаток на пенетрација со прстите, како во вагината така и во анусот. Пуштете ја имагинацијата, испробајте се` што ви годи и уживајте до крај. Ако успеете истовремено да постигнете оргазам, тоа сигурно ќе биде експлозивно задоволство. Затоа, ве советуваме да се сконцентрирате на таа цел без граница. Меѓутоа, алтернативно едниот партнер може во стоечка положба да го држи другиот партнер наопаку. Положбата може да биде малку незгодна ако меѓу партнерите постои значителна разлика во висината. Кога ја изведувате оваа поза ви предложуваме да не се преоптоварувате и при изведувањето да пристапите со паузи. Нека лижењето прво го прифати едниот, а потоа и другиот партнер. Не грижете се, и таква верзија ќе биде доволна за предигра или за повремен оргазам. На крај, грижата за основна хигиена е важна при секој полов однос. Иако можеби не сметате дека сте валкани, сепак меѓуножјето во текот на целиот ден е стегнато во долна облека и премногу тесни пантолони. Затоа ви препорачуваме заедничко туширање, кое може да го означи почетокот на врелиот секс. ¿


59

LIFE М А Ј

галерија „Безистен“ адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.3, Скопје (на Рекорд) e-mail: pieta@unet .com.mk тел: 02 3 117 150


фитнес

7 ЧЕКОРИ ДО СОВРШЕНО ОБЛИКУВАНИ НОЗЕ ЗАЕДНО СО МАГНУС ФИТНЕС ЦЕНТАРОТ Демонстратор - Емилија Грујевска, координатори: Дејан Митровски – Урко и Милан Глигороски

а се има цврсто, затегнато и убаво обликувано тело е сон на секоја жена. Ретки се оние девојки и жени на кои мајката природа и генетиката им се така наклонети да не мора многу да се трудат околу својот изглед. Комбинацијата од лоша исхрана составена од брза, солена и масна Д храна и отчукувањето на биолошкиот часовник влијае на успорување на метаболизмот, забрзано таложење на масните наслаги и појава на целулитот, со што расте потребата од поголема физичка активност за одржување на убаво и витко тело. Препорака: “Во пресрет на летото, вежбајте ги нозете интензивно и правилно двапати во неделата. При тоа целосно вложете се себе си во тренингот; бидејќи нозете се најголемата мускулна партија која бара долг и квалитетен тренинг, надополнет со секојдневна кардио-активност. Најдете време за себе, дојдете во Магнус фитнес центарот и потпрете се на стручниот тим. Вашите убаво обликувани нозе ќе бидат круна на вашата и наша работа.” Ваш МАГНУС тим Пред да започнете со вежбање потребно е добро да се загреете за да не дојде до несакани повреди. • 10 до 15минути кардио вежби по избор (велосипед, степер, лента или орбитрек); • развлекување со активација на мускулите на нозете.

1

60

LIFE М А Ј

Чекор 1: КЛЕКНУВАЊЕ (основна вежба за нозе) • 3 до 4 серии од по 12 до 15 повторувања (со контролирано движење и мала тежина-нозете се поставени во ширина на рамењата, а клекнувањето се изведува на цели стопала ) • 45 до 60сек. пауза меѓу сериите за нормализирање на дишењето и работата на срцето Резултат: Активација и обликување на комплетната мускулатура на задникот и нозете, со акцент на преден бутен мускул (quadriceps)

2

Чекор 2: ШУТ-МАШИНА (leg extension) • 3 до 4 серии од по 12 до 15 повторувања (со контролирано бавно движење од доле-нагоре) • 45 до 60сек. пауза меѓу сериите за нормализирање на дишењето и работата на срцето Резултат: Активација и обликување на преден бутен мускул (quadriceps)


фитнес

3 Чекор 3: ЗАДНА ЛОЖА • 3 до 4 серии од по 12 до 15 повторувања (со контролирано бавно движење од доле-нагоре) • 45 до 60сек. пауза меѓу сериите за нормализирање на дишењето и работата на срцето Резултат: Активација и обликување на двоглавиот мускул на ногата (biceps femoriss)

Чекор 4: ИСЧЕКОР (извонредна вежба за нозе) • 3 до 4 серии од по 30 повторувања (по 15 на двете нозе; при исчекор напред- предната нога мора да е на целото стопало, а задната на прсти при што коленото го допира подот и мала тежина за жени) • варијанти на оваа вежба се исчекор наназад или исчекор во страна • 45 до 60сек. пауза меѓу сериите за нормализирање на дишењето и работата на срцето Резултат: Активација и обликување на комплетната мускулатура на задникот и нозете

4

5

Чекор 5: АБДУКТОР МАШИНА (Abductor) • 4 серии од по 15 повторувања (со контролирано движење од внатре-нанадвор и соодветна тежина) • 30 секунди пауза меѓу сериите за нормализирање на дишењето и работата на срцето Резултат: Активација и обликување на колковите

Чекор 6: АДУКТОР МАШИНА (Adductor) • 4 серии од по 15 повторувања (со контролирано движење од надвор-навнатре и соодветна тежина) • 30 секунди пауза меѓу сериите за нормализирање на дишењето и работата на срцето Резултат: Активација и обликување на внатрешниот дел од бутината

7

Чекор 7: ВЕЖБА ЗА ЗАДНИК (Глутеус) • 4 серии од по 15 до 20 повторувања (наизменично со двете нозе со контролирано движење на ногата од напред наназад) • 60 секунди пауза меѓу сериите за нормализирање на дишењето и работата на срцето Резултат: Активација и обликување на мускулот на задникот

61 LIFE М А Ј

6


здравје

ЧУДОТО НАРЕЧЕНО

-АКУПУНКТУРА-

62 LIFE М А Ј

купунктурата е важна компонента на традиционалната Кинеска медицина и се А употребува во превенција и третман на голем број заболувања. Овој начин на лекување е прифатен од многу народи уште пред повеќе илјади години. Акупунктурата како дел од традиционалната медицина потекнува од Кина пред 5000 години. Најстарото медицинско дело наречено “медицинска библија” датира од 2698 год. п.н.е, напишано од Жолтиот Цар и во него се собрани сите медицински знаења од најстари времиња. Така, неколку илјади години после канонот на Жолтиот Цар современите лекари повторно ја “откриваат” акупунктурата. Акупунктурата како својствен пристап кон медицинската проблематика и драгоцено оружје во борбата за здравје има долг пат низ вековите. Почетокот на акупунктурата е нејасен и тоне во мракот на предисторијата, што дава можност за правење разни претпоставки-некои со мирис на импровизација, а други обоени со имагинарното. Како што почетокот се губи во далечното минато на неолитот, така нејзиниот крај не се гледа во скорешна иднина. ШТО Е АКУПУНКТУРА ? Акупунктурата е надворешно лечење на внaтрешни болести. Лечењето се врши со

боцкање на акупунктурни игли во претходно точно утврдени точки по телото. Самиот збор акупунктура потекнува од латинските зборови ацус (игла) и пунгере (боцкање). Акупунктурата е филозофски пристап кон човечкото тело и дух, тоа е начин на лечење без лекови. Западната (алопатската) медицина за своја основа ја има анатомијата и физиологијата, додека акупунктурата ги има своите корени во филозофијата. Да се излекува пациент со боцкање игла низ која не се внесува лек изгледа неверојатна постапка за западните доктори. Некои сметаат дека е апсурдно иглата забодена во ногата да ја прекине главоболката, но да не заборавиме дека и инекцијата дадена во раката или во бутот лечи заболувања било каде во телото. Научното објаснување е дека васкуларниот систем полека го апсорбира лекот. Акупунктурата го следи истиот принцип-енергијата предизвикана од иглата се шири преку меридијаните. Она што е многу важно третманот со акупунктура нема никаков штетен ефект бидејки не се аплицира лек кој може да има токсично дејство. Лекарите школувани на запад во минатото бавно ја прифаќаа акупунктурата како начин на лекување, барајки во се научно објаснување, но и овие ставови од декада во декада се

менуваат така што денес акупунктурата како предмет се изучува на многу медицински факултети во Европа и Америка, Јапонија и Кина. Со современи научни експериментални истражувања акупунктурата во последните децении добива парцијална потврда за своето дејство врз живите организми. Докажан е аналгетскиот ефект(намалување на болка) , седацискиот ефект (смирувачки) како и ефектот на хомеостаза (рамнотежа). Во светот акупунктурна анестезија многу често се користи за безболно породување и екстракција на заб. ПОЧЕТНА ТОЧКА И ИЗЛЕЗНА ВРАТА Традиционалната Кинеска Медицина смета дека човекот како микрокосмос е дел од светот како макрокосмос и низ него циркулира витална (животна) енергија. Непречениот тек на виталната енергија низ телото е предуслов за рамнотежа и психофизичко здравје. Болест се јавува кога ќе се наруши циркулацијата на виталната енергија или кога во некој орган ќе се створи вишок или кусок на енергија. Со акупунктурата, според кинескиот филозофски пристап кон болеста се обезбедува нормален тек на енергијата. Акупунктурните точки се распоредени на 12 регуларни и 8 екстра меридијани (замислени канали на површината на телото кои се во врска со вна-


Постојат и дополнителни методи кои се користат при акупунктурниот третман. Најчесто се користат: моксибустија, Туина масажа и вентузи. Моксибустија значи употреба на мокса (пресуван див пелин) која при палење ослободува топлина. Топлината пренесена преку иглита има одличен ефект кај хронични болни состојби, осбено на зглобовите. Денес широко применета е и акупунктура на ушната школка (аурикулопунктура). Се користи заедно со телесната акупунктура или самостојно. Според кинеската филозофија, увото е место на кое се сретнуваат сите канали. На ушната школка постојат повеќе

заболувања, а 1996 год. акупунктурната игла е препорачана како сигурен медицински инструмент. Листата на болести е базирана на клинички испитувања на резултатите од лекување со акупунктура. Најдобри резултати се постигнати во лекување на главоболка, мигрена, алергиски ринитис, воспаление на синусите, несоница, пареза на фацијалниот нерв, пареза на тригеминус, синдром на смрзнато рамо, ишијас, лекување на примарен стерилитет, ноќно мокрење кај деца и многу други особено болни синдроми. Акупунктурата има свое одредено место во лекување на некои болести каде нејзината ефикасност е очигледна а успехот изразен во високи проценти. Акупунктурата се повеќе се користи и како комбинирана терапија со современата медицина, но и во превенција на некои заболувања. ¿

здравје

од 200 акупунктурни точки. На точно определени точки се аплицираат специјални мали магнети кои пациентот сам ги стимулира. Докторот кој работи акупунктура треба да се придржува на строго определени правила и препораки кои важат илјадници години. Забрането е да се третираат бремени жени, стари и изнемоштени лица, пациенти кои страдаат од крварење, пациенти во состојба на страв и шок. Не се препорачува третман после тежок физички напор и ако е пациентот под дејсто на алкохол. Третманот треба да се одложи и ако докторот е болен и преморен и ако има невреме проследено со грмотевици и силен ветер. Компликации при акупунктурата, ако се почитува акупунктурната процедура скоро и да не постојат. Постојат мал број на забранети точки како папокот, гениталните органи и туморно ткиво во кои акупунктурна игла не смее да се боцка. Светската Здравствена Организација на својот конгрес во 1979 година одржан во Пекинг ја прифаќа акупунктурата како признат начинна лекување на повеќе од 50

LIFE М А Ј

а човекот здрав. Многу внатрешни фактори (емоциите-страв, лутина, тага) и надворешни (ветер, магла, влага) можат да го нарушат текот на енергијата и тогаш настанува болест. Акупунктурата не е волшебна и семоќна. Со неа неможе да се лекуваат сите болести, ниту пак традиционалната медицина може да биде замена за Алопатската(современата) медицина. Свтската Здравствена Организација (СЗО) ја смета акупунктурата како дополнителна, а не како алтернативна терапија. Во Кина, Јапонија и во многу европски земји акупунктурата се користи во комбинација со современата медицина. Во болниците за традиционална медицина на акупунктуролозите им се на располагање сите современи дијагностичи апарати и лабораториски анализи. Лекарите се повеќе рачната стимулација на иглите ја заменуваат со електростимулација.

АКУПУНКТУРЕН ТРЕТМАН Акупунктурниот третман може да биде успешен само ако го спроведува доктор кој ќе одреди каде и кога акупунктурата може да се примени и притоа лекувањето да има успех. Пред да се почне со третманот докторот треба да земе добра анамнеза (разговор за здравствениот проблем) и да направи специфичен преглед -пулс дијагноза и преглед на јазикот. Потоа следи изборот на акупунктурни точки кој зависи од тоа дали се работи за локално, системско, хронично или акутно заболување. Се одредува бројот на третмани, најчесто 10-15, а во зависност од тоа дали е акутна или хронична болест третманите се прават секој ден или трипати неделно. Иглите кои се користат при акупунктурниот третман се многу тенки, челични филиформни со различна должина во зависност од тоа за кој дел од телото се наменети. Акупунктурната сеанса трае 25-30 минути и тоа е оптимално време да се постгне акупунктурниот ефект.

63

трешните органи). Секој од овие меридијани има почетна точка и излезна врата.На пример, почетна точка на меридијанот на бубрезите е на стапалото. Ако човек 20 минути стои на студено најчесто ке добие воспаление на бабулето, или излезна врата на меридијанот на црниот дроб се очите. Прв знак за жолтица е пожолтување на склерите на очите. Кинезите го поделиле светот во пет елементи: оган, дрво, земја, вода и метал. Петте елементи се во близок однос еден наспрема друг. Секој огран во телото припаѓа на еден од овие елементи. Според традиционалната медицина здравјето резултира од правилниот однос и состав на релација Јин и Јанг и нормалното и непречено кружење на виталната енергија Чи. Јин и Јанг се два аспекта на виталната енергија. Енергијата е една, но има два пола. Илјадници години пред Њутн, Кинезите ги имале поимите Јин и Јанг. Јин е се она што е темно, студено, долу, ноќ, цврсто, десно, а јанг е се она што е светло, топло, горе, ден, лево. Се додека постои рамнотежа помегу јинг и јанг и се додека виталната енергија нормално циркулира низ органите, животоот е мирен,


здравје

ЦЕРВИКАЛЕН КАРЦИНОМ – ин ситу CA In Situ (CIS)

64 LIFE М А Ј

арцинома ин ситу е рана форма на карцином (рак) на вратот на матката, која К се карактеризира со отсуство на инвазија во околните ткива. Со други зборови, малигните клетки пролиферираат (се размножуваат) во ткивото од кое потекнуваат, па оттаму и името „In Situ“ – на свое место. Поради тоа, CIS на вратот на матката има рамна форма затоа што ја следи неговата архитектура. Вратот (грлото на матката) е долниот стеснет, влезен дел на матката, кој се гледа во вагината и ги поврзува надворешните и внатрешните генитални органи. Има кружен облик и е составен воглавно од сврзно и мускулно ткиво. Тој е бариера која спречува да дојде до инфекции на матката и другите внатрешни генитални органи. Просечно има должина од 3-4 сантиметри, а ширина 2,5 сантиметри. Но, големината може да се менува во зависност од тоа дали има некои промени, во смисла на инфекции или пак бременост. За да дојде до појава на CIS, обично претходат интраепителни неоплазии (дисплазии CIN 1, CIN 2, CIN 3), а најголем фактор на ризик за нивна појава и евентуално преоѓање во CIS е инфекцијата со Human Papiloma Virus – HPV. Тој е мал вирус од групата на ДНК вируси и се познати преку 100 типа, кои можат да се поделат на високоризични, потенцијално високоризични и нискоризични. Најчести типови на HPV кои предизвикуваат CIS се16 и 18, па 45 и 31, кои се одговорни за преку 80% од случаите на цервикален карцином. Дека постои поврзаност помеѓу HPV инфекцијата и цервикалниот карцином, говори податокот дека кај 99,7% жени со цервикален карцином е откриен високоризичен HPV. Потенцијално, секоја жена е изложена на ризик од зараза со HPV. За настанување на CIS треба да има трајна инфекција со високоризичен HPV, бидејќи постоењето на инфекцијата овозможува прилика за повторен напад на вирусот, кој така го активира настанувањето на карциномот.

Клетките во тн. трансформациона зона на цервиксот на матката се најосетливи на HPV инфекцијата, па кога вирусот ќе ги ‘нападне’ претерано се размножуваат и растат и ја губат способноста за ‘поправање’ на генетските абнормалности, што доведува до промена на клеточната структура на грлото на матката. HPV инфекцијата лесно се пренесува преку сексуален контакт и тоа само со контакт на кожата околу гениталните органи, така што кондомот не е потполна заштита. Иако HPV инфекцијата е почеста кај сексуално активни млади жени, карциномот на цервиксот е почест кај жени над 35 години, што зборува дека вирусната инфекција споро напредува до појава на карцином. Други причини поради кои се јавува карциномот се: рано започнување со сексуални односи, често менување на сексуални партнери, користење на контрацептивни средства повеќе од 5 години, потоа кај популацијата од ниските социо-економски слоеви со слаба можност за редовна здравствена заштита и др. Едно е јасно и сигурно, рак на грлото на матката не може да се појави без инфекција со високоризичен HPV, и не би требало да настапи смрт кај ниедна жена од оваа болест. Карциномот на грлото на матката е еден од оние облици кои наједноставно се спречува, споро напредува, достапен е за преглед и за релативно едноставна дијагноза, но сепак е доста распространет. Во Европа е на второ место по карциномот на дојката. За жал, ширум светот секоја втора минута една жена умира од CIS. Во светот, тој е трет рак по смртност кај жените, после карциномот на дојка и ракот на белите дробови. Поради овие причини, од голема важност е едукацијата и на докторите и на жените. За превенција од појава на цервикален карцином, потребни се редовни гинеколошки прегледи со ПАП-тест еднаш годишно, избегнување на пушење, користење на кондоми (иако не штитат 100%), и храна

богата со витамини (овошје и зеленчук). ПАП тестот е најдобро да се направи меѓу десеттиот и дваесеттиот ден, сметајќи од првиот ден на последната менструација. Два дена пред да се направи тестот, жената не треба да прави никакви вагинални испирања, ни да користи вагиналети или спермицидни креми, пени или гелови, затоа што може да се прикријат „абнормалните“ клетки и резултатот да е „лажно“ негативен. Симптомите на CIS се ретки и неспецифични, односно може да се предизвикани и од други состојби. Може да се јави крварење по сексуален однос, невообичаен исцедок и болка во гениталниот предел. Ако жената забележи некој од овие симптоми, треба веднаш да се јави кај својот гинеколог. Доколку со ПАП тест се дијагностицира цервикален карцином ин ситу, тогаш треба да се направи колпоскопија, биопсија на грлото на матката и HPV типизација, за да се потврди дијагнозата и да се види дали и колку е проширен карциномот. Доколку и биопсијата покаже CIS се прави конизација, а ако карциномот е проширен тогаш се прави Husterectomia (вадење на матката). HPV тестирањето е дијагностичка постапка на докажување дека постои HPV на ПАП тестот, додека генотипизација на HPV значи одредување на типот на HPV, доколку ПАП тестот не е уреден. HPV типизација треба да се прави редовно, доколку се докажани абнормалности на ПАП тестот. Не секоја жена заразена со високоризичен HPV развива карцином на цервиксот. Одбрамбениот механизам сам ја „чисти“ инфекцијата без ризик да напредува до карцином. Меѓутоа, кај некои жени останува долготрајна инфекција од која прво се развива преканцерозна лезија (CIN 1, CIN2, CIN 3), која ако навреме не е откриена, преминува во CIS, дури и во инвазивен карцином. Заради сите овие причини за спречување на појава на цервикален карцином најважна е превентивата. ¿


здравје

Пишува: Слаѓана НЕШОВИЌ Aurie`ge – Institute, ДЕРМАБЈУТИ

СОВРШЕНА ФИГУРА НА БРЗ НАЧИН Витка фигура, затегнато тело и тонирана кожа... тоа го посакува секоја жена, и без разлика дали таа е со повеќе килограми или е супер слаба –знаеме дека ослободувањето од целулитот е предизвик. Денес 80% до 90% од женската популација во светот има целулит, а 45% од нив изјавиле дека успешното справување со целулитот би придонело до зголемување на нивната самодовербата. За жал, навиките за вежбање не играат голема улога во ослободување од тврдокорниот целулит бидејќи и жените кои трчаат маратон исто така имаат целулит! Но сега, со револуционерната технологија на techniSPA третманот од агендата на француската професионална куќа „Guinot Institute • Paris“, возможно е да се постигнат ефективни и брзи резултати! Овој водечки третман е дизајниран да

влијае на подобрување на кожата, но и на мускулите под кожата со цел да ги затегне, да ги тонира и длабински да се справи со целулитот. УНИКАТЕН ПРОТОКОЛ СО ТРИ АКЦИИ НА СЛАБЕЕЊЕ „GUINOT Institut • Paris“ по долготрајно и опширно истражување го креираше и создаде своето најголемо достигнување во полето на слабеење и справување со целулитот, techniSPA! Иновативниот „Скулптор“ апарат изведува три акции на слабеење во исто време и на тој начин ја зголемува ефективноста во ослободувањето од целулитот. Дизајниран е да ја замени мануелната масажа и обезбедува перфектно обликување на телото на безбеден и комфорен начин. Само по првата сесија се постигнуваат исклучителни резултати: Видливо се намалува „Портокаловата кожа“; Кожата станува помазна, позатегната и тонизирана;

По завршувањето на целосната програма се постигнува до -6 цм слабеење во критичните делови на телото и до +40% подобрена структура на кожата. Овие резултати се научно докажани во клиничкиот центар „Saint - Andre Hospital“ Bordeux - France Ве покануваме да се запишете на techniSPA програмата и да го дочекате ова лето во СОВРШЕНА ФИГУРА! techniSPA третманот Ви гарантира до 1 конфекциски број помалку за 1 месец! За повеќе информации контактирајте нe` на 02/3230-130 или посетете ја нашата официјална веб страница www.dermabeauty. com.mk

Француски Институт за Убавина Auriege – Institute, ДЕРМАБЈУТИ ул.Христо Смирненски 54 Скопје тел: 02 / 3230 - 130

65 LIFE М А Ј

TECHNISPA, РЕВОЛУЦИОНЕРНО РЕШЕНИЕ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТОТ


здрава исхрана

ВИСТИНАТА ЗА ШЕЌЕРОТ, СЛАТКИТЕ И ДИЈАБЕТЕСОТ о последно време во нашата околина, забележуваме дека многу луѓе имаат проблеми како последица од зголеменото ниво на шеќерот во крвта. Кај луѓе кои долго време не го контролирале нивото на шеќерот во крвта, кое било непотребно зголемено, се јавувале сериозни здравствени проблеми како на пример: бубрежна инсуфициенција (пореметена функција на бубрезите), непотребно насобирање на течноста во организмот, проблеми со видот (дијабетична ретинопатија која може да доведе до слепило), предвремено умирање, инвалидитет и други проблеми. Големото количество шеќер во крвта во подолг временски период постапно го оштетува човековото здравје, а последиците можат да бидат толку сериозни што е многу тешко да се отстранат. Во случајот станува збор за болеста наречена дијабетес мелитус (шеќерна болест) која обично се дефинира кога нивото на шеќерот во крвта мерен наутро пред земање на храна изнесува преку 125 единици (стари мерки) или над 6,9 (нови мерки). Медицинската статистика не информира дека за последните 40 години бројот на дијабетичарите е зголемен за повеќе од три пати во светот, особено во САД но и кај нас. Дијабетичарите се често поделени во четири категории. Од овие четири категории постојат два основни типа на дијабетес и тоа: 1. Инсулин зависен дијабетес кој често се означува како Дијабетес Тип 1 и 2. Инсулин независен дијабетес кој се означува како Дијабетес Тип 2. Третиот тип дијабетес се јавува понекогаш во бременоста (гестационен дијабетес). Четвртата категорија дијабетес е поредок и е последица на хормонски или други пореметувања. Најтежок облик е Дијабетес Тип 1 кој најчесто се јавува во детството и затоа е наречен детски (јувенилен) дијабе-

66 LIFE М А Ј

В

тес. Но овој облик на дијабетес може да се јави и во било која друга возраст. Најчестата причина за појавата на Дијабетес Тип 1 е разурнување на клетките кои го произведуваат инсулинот во панкреасот. Тоа разурнување го прави сопствениот имун систем и се означува како автоимуно разурнување. По се` изгледа дека постои и генетска предиспозиција за појава на оваа болест. Но некои интересни нови истражувања укажуваат на фактот дека тоа разурнување е последица од ненормална имуна реакција на белковините од кравјото млеко. Сега знаеме дека децата кои се доени кратко време или кои наместо со мајчино млеко почнале многу рано да го консумираат кравјото млеко имаат зголемен ризик од појава на овој тип дијабетес. Всушност, користењето на кравјото млеко може да биде пресуден фактор за да започне заболувањето кај половината од сите случаи. Без разлика на причината за појавата на Дијабетес Тип 1, заболените ја губат способноста да производуваат потребно количество инсулин и затоа имаат апсолутна потреба од користење на инекции со инсулин. Без користење на тие инекции кај заболените доаѓа до состојба наречена дијабетична кетоацидоза која е смртоносна ако веднаш не се лекува. Симптомите на дијабетесот се обично: прекумерно уринирање (полиурија), прекумерна жед (полидипсија), прекумерно чувство на глад и прекумерно консумирање на храна (полифагија). Заболените често чувствуваат замор и ја губат својата телесна тежина. Причините за овие симптоми доаѓаат од некои од главните особености на шеќерот во крвта и како тој се контролира. Главното гориво за човековиот организам е простиот шеќер со името гликоза. Меѓутоа постои еден специфичен проблем со ова гориво. Имено, гликозата може да

влезе во секоја човекова клетка исклучиво во присуство на инсулин. Некои автори инсулинот го споредуваат со клуч кој може да ја отвори „вратата“ на секоја клетка за да може гликозата да влезе во неа. Меѓутоа, ако во крвта не постои доволно количество инсулин (како што е случај со Дијабетесот Тип 1) или ако бравите на вратите се „блокирани“ па инсулинскиот клуч има проблеми да ги отвори, тогаш нивото на шеќерот во крвта енормно расте, а способноста на бубрезите да го задржат шеќерот значително се намалува. Во тој случај од организмот шеќерот се исфрла преку урината. Шеќерот со себе ја носи водата што доведува до преобилно уринирање. Губитокот на водата во организмот предизвикува зголемена жед. Во исто време шеќерот не доаѓа до човековите клетки колку што е потребно, па клетките гладуваат бидејќи немаат енергија. Тогаш тоа предизвикува не само замор на организмот туку и губиток на телесната тежина и чувство на зголемена глад. За среќа само околу 5 – 10% од дијабетичарите спаѓаат во категорија на Дијабетес Тип 1. Останатите дијабетичари се со Тип 2. Тие луѓе го имаат проблемот наречен „инсулинска резистенција“. Тоа значи дека имаат доволно инсулин но тој не е делотворен. Всушност мнозинството луѓе со потполно развиен дијабетес ги имаат двата проблема. Состојбата на инсулинска резистенција (кога има доволно инсулин во крвта но тој не е делотворен) може да се исправи со генерална промена на начинот или стилот на живеење. Применувајќи ја правилната исхрана со што се постигнува идеална тежина и со секојдневна умерена физичка активност (со редовно вежбање или пешачење) кај многу дијабетичари може да се контролира нивото на шеќерот во крвта. Кај некои дијабетичари е неопходна и помош од пилули за


многу сложени јаглено-хидрати и влакна остварува многу корисни ефекти во организмот бидејќи примарно доведува до подобрување на нивото на шеќерот во крвта и има краткорочен ефект во намалувањето на потребата од инсулин, а од друга страна остварува долгорочни ефекти бидејќи создава услови за намалување на прекумерната тежина кај заболените. Денес многумина веруваат дека вештачките засладувачи се добра замена за шеќерот. Истражувањата покажале дека тие засладувачи само го зголемуваат апетитот така што само после пиење на еден литар газиран сок со вештачки засладувач се зголемува потребата за храна која предизвикува непотребно зголемување на телесната тежина. Најдобро решение е да го навикнеме организмот да ја користи храната која е природно слатка, а не вештачки засладена или зашеќерена. Со оглед на фактот дека бројот на заболувањата кај нас е во подем природно се наложува дека треба нешто да менуваме во нашата исхрана и во стилот на живеењето. Пораката на Американскиот центар за подобрување на животниот стил од Оклахома САД е: Вратетесе кон природата. Започнете со програмата за вегетаријанска исхрана и ќе сфатите дека таа храна може да биде вкусна, вашиот живот да биде полн со задоволства и натаму да бидете со најдобра кондиција и со променетиот стил на животот да ја преземете контролата врз вашето здравје, да ја спречите појавата на дијабетесот и да ги намалите ризиците од појавата на многу други заболувања. Кај нашите граѓани стравот од промени во голема мерка е предизвикан од нивното незнаење односно неинформираност. Потребно е да се направи првиот чекор на тој план, а тоа зависи исклучиво од нивната определба и храброст. ¿

здрава исхрана

дека прехранбени производи кои се богати со влакна овозможуваат побавно зголемување на нивото на шеќерот во крвта, па затоа е потребно помалку инсулин за оброкот. Влакната, особено растворливите како што се пектините и смолата го забавуваат празнењето на храната од желудникот и ја намалуваат апсорпцијата на гликозата во тенкото црево. Вегетаријанската исхрана со малку масти, а многу влакна, овозможува нивото на шеќерот да биде ниско дури кога се јаде и овошје. Оброкот со многу масти го задржува зголеменото ниво на шеќерот долго (дури 5 часа по оброкот). Исхраната богата со влакна е добра и за недијабетичарите бидејќи им го заштитува панкреасот од преголемо лачење на инсулин одеднаш. Треба да знаеме дека влакната се наоѓаат исклучиво во растителната храна како што е: овошјето, зеленчукот, житарките и орешестите плодови. Влакната не се присутни ниту во еден производ од животинско потекло и затоа се нарекуваат „растителни влакна“. Тоа значи дека влакна нема ниту во месото, ниту во млекото, јајцата и сирењето. Кога консумираме храна одвоена од влакна, простите шеќери создаваат кариес, зголемена тежина, зголемени триглицериди и намалена отпорност на болести. Тоа се однесува за сите прости шеќери како што се: белиот шеќер, жолтиот шеќер, медот, меласа, пченкарен сируп, јаворов сируп, млеко и овошни сокови од прометот. Рафинираниот бел шеќер има својства кои штетно влијаат на човековиот живот. Исхрана богата со многу шеќери (слатки) и овошни и газирани сокови од прометот ги зголемуваат симптомите на предменструалниот синдром кај младите девојки. Белиот шеќер ги намалува интелектуалните функции, особено кај децата. Поради високиот гликемиски индекс (бргу го покачува нивото на шеќерот во крвта) белиот шеќер предизвикува нагло лачење на инсулин така што неколку часови подоцна нивото на шеќерот во крвта е под нормалата што е многу штетно за организмот. Ова ниско ниво на шеќерот (хипогликемија) во организмот предизвикува непотребна неодолива потреба да се консумира нешто благо. Белиот шеќер содржи многу празни калории бидејќи во него ги нема неопходните микроелементи и другите хранливи материи. Користењето на белиот шеќер ја слабее способноста на белите крвни зрнца да ги уништуваат штетните бактерии. Истражувањата покажуваат дека штетните ефекти од белиот шеќер на белите крвни зрнца не се краткотрајни. Исто така е докажано дека гладувањето од 36 часа значително ја зголемува способноста на белите крвни зрнца да ги убиваат штетните бактерии. Појавата на разните видови рак во научните истражувања статистички значајно биле поврзани со употребата на белиот шеќер. Исхраната со овошје, интегрални житарки, зеленчук и орешести плодови кои содржат

www.nutrivita.mk

За соодветните начини на алкализирање на организмот и оптимална детоксикација на телото, можете подетално да се запознаете и во нутриционистичкото советувалиште „Нутривита“, каде стручниот тим ќе ви даде совети како на најдобар начин ќе ги надминете здравствените пореметувања или ќе си го сочувате здравјето на природен начин. Заинтересираните можат да закажат на телефон: (02) 3230 777 и да обезбедат термин. Советувањето може да се одвива во просториите на „Нутривита“ или по желба на заинтересираните и на друго место, а постои и можност советувањето да се одвива и во кругот на семејството.

67 LIFE М А Ј

активирање на делотворноста на инсулинот, но главно треба да се промени стилот на живеењето. Студиите за лекување на дијабетесот без лекови со промена на стилот на живеење и со редовно вежбање се правени во Вајмар универзитетот во Калифорнија. Водечкиот истражувач во оваа студија бил Д-р Милтон Крајн – ендокринолог. Тој докажал дека исхраната без месо и без било какви производи од животинско потекло, а богата со непреработена вегетаријанска храна довела до видни здравствени подобрувања кај 80% дијабетичари за само 4 до 16 дена. Во оваа програма освен исхраната се применувало: редовно вежбање, хидротерапија, обука за правилно приготвување на храна, групни предавања, непиење кафе, црн чај, алкохол и забрана за пушење на цигари. На овој начин нивото на шеќерот и холестеролот драстично се подобрило. Потешките оштетувања видно се санирани во период од 1 до 4 години. До неодамна на дијабетичарите им е советувано од исхраната да го исфрлат само шеќерот и поголем број на јаглено хидрати, а се советувало да консумираат многу месо. Медицинската заедница во тоа време не сфатила дека исхраната со многу белковини од животинско потекло го предизвикува разурнувањето на бубрезите, прекумерно зголемување на нивото на холестеролот и штетните заситени масни киселини со што се предизвикува атеросклерозата. Истражувањата покажале дека причините за предвремената смрт кај дијабетичарите се разните заболувања на срцето и крвните садови токму поради непотребно предизвиканата атеросклероза. Наспроти фактот дека јадењето месо може да го контролира нивото на шеќерот кај дијабетичарите едно големо истражување во Калифорнија покажало дека оние дијабетичари кои консумирале секојдневно месо биле изложени на 3,8 пати зголемен ризик од предвремено умирање од дијабетесот во однос на оние кои месото го консумирале помалку од еднаш неделно. Друго истражување покажало дека најдобри ефекти се констатирани кај оние кои воопшто не консумирале месо ниту било кои производи од животинско потекло. Овие производи воопшто не содржат влакна кои се многу важни за контрола на шеќерот. Од таму и доказ дека обилното користење на влакна е показател дека вегетаријанската исхрана е корисна за дијабетичарите. Влакното е израз кој се однесува на растителни состојки кои се отпорни на човековите ензими за варење на храната. Постојат многу прехранбени производи кои се богати со влакна. Тоа се пченицата (особено триците) и бананите. Постојат растворливи и нерастворливи влакна. Со растворливи влакна се богати повеќе видови овошја, зеленчукот, мешункастиот зеленчук, овес, интегрален ориз и јачменот. Истражувањата утврдиле


хортикулт ура

подготви: Катарина Стојанова

„Цвеќето е најубавото нешто на светот што го има создадено Господ, а има заборавено да му даде душа“ Henry Beecher

СОВЕТИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА Bonsai, Medinela magnifica и Spatifilium ОД ГАРДЕН ФЛОРА МБ ВО ОВА ДИНАМИЧНО ВРЕМЕ, ВРЕМЕ НА СУПЕР МОДЕРНИ ТЕХНОЛОГИИ, УБАВИНАТА НА ПРИРОДАТА И НА ЗЕЛЕНИТЕ ПРОСТРАНСТВА СТАНУВА МИТ. ОПКРУЖЕНИ СО БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ОД СОВРЕМЕНИТЕ ГРАДОВИ, ПОТРЕБАТА ОД СВЕЖ ВОЗДУХ Е НЕМИНОВНА. НЕКОНТРОЛИРАНАТА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА ТРАЕ ЗАСЕКОГАШ. ТУКА ЗАПОЧНУВА НАШАТА БОРБА. ОТВОРИ ГИ ОЧИТЕ И НАПРАВИ СПОЈ СО ПРИРОДАТА. ЧЕСТ НИ Е ДА ВИ ПРЕТСТАВИМЕ ЕДЕН НОВ ПОГЛЕД НА СВЕТОТ – НАШИОТ ПОГЛЕД

68

LIFE М А Ј

ва е главната порака на Гарден Флора МБ - компанија за производство, продажба и уредување на хортикултурни површини и О најголемиот дистрибутер на цвеќе. „Грижливо создадени дворови, градини и паркови кои се сплет од креативност светски стандарди и трендови како и долгогодишно искуство и знаење на нашите проектанти“ е главната мисија на оваa компанија.

Гарден Флора МБ е специјализирана во сите области на проектирање, подигање и одржување на зелени површини, домашни паркови, спортски и рекреативни објекти, деловни простории и достава на цвеќе. Како хортикултурни проекти компанијата издвојува изведба и одржување, продажба на садници, продажба на саксии, цветни аранжмани за свечени пригоди, изнајмување на растенија, подигање фонтани, систем за наводнување, градинарски клупи и осветлување.


хортикулт ура

GARDEN FLORA MB советува:

БОНСАИ

MEDINELA MAGNIFICA

Полевајте го бонсаито со вода отстоена на собна температура. Се препорачува кога се полева со дождовна вода или вода од чешма да ја оставите да отстои. Во лето полевајте двапати дневно, а во зима еднаш неделно. Саксиите со плитко дно треба да се полеваат позачестено. Прехрана се препорачува еднаш месечно со течна прихрана за лисно декоративни растенија. Зимно време се препорачува оросување на листовите секој втор ден, во простории со парно греење. По потреба е потребно и кроење на листовите.

Од родот на мединелата постојат околу 150 видови. Потекнува од тропските региони, а името го носи по Ј. Де Мединела, гувернер на Маријанските острови во 1829 година. Мединелата е едно од најпознатите тропски цветни растенија што може да расте во затворен простор. Во секој случај не е едноставна за одржување, ако не и се обезбеди висока влажност во воздухот. Има дебели сјајни зелени листови кои ги покриваат стеблата. Тие достигнуваат должина до 30 сантиметри. Во пролет кога има доволно светлина и влага од неа може да се очекуваат долги

висечки спектакуларни цветови, најчесто во розева боја. Се чува на температура од 18 до 25 степени целзиусови во текот на цела година. Се дохранува на секои две недели. Во пролет се посадува во саксија еден број поголема, со тресет за орхидеи. Пресадувањето се врши на секои две до три години. Во текот на зимата треба да се намали полевањето, но да не се дозволи да се исуши земјата. Затоа неопходно е во текот на зимата да се одржува влажноста во собата каде што се наоѓа Мединелата.

69

Спатифилиумот е собно растение лесно за одржување со бели прекрасни цветови кои траат многу долго. Кога цветот ќе овене треба веднаш да се отстрани на дното од стеблото на цветот. Постојат два вида, понизок Spatifilium wallissi кој е висок само 30 сантиметри, но може да нарасне во богата и широка грмушка и повисок Spatifilium Mauna Loa кој има многу поголеми и долги цветови кои можат да достигнат до еден метар висина. Треба да се постави на светло место, но во летниот период треба да се внимава да не биде изложен на директни сончеви зраци, бидејќи ќе добие темни дамки по листовите. Spatiphillumот сака влага и ужива кога се прска со пумпица со вода. Редовно мора да биде полеано со вода, зимно време на пет шест дена, а летно време почесто, на три дена. Пожелно е да се пресадува секоја година во еден број поголема саксија, но не веднаш, бидејќи еден период цвеќето ќе стагнира.

LIFE М А Ј

SPATIFILIUM


брзина

¢ Александар Табаковски

ХЈУНДАИ И10

АВТОНОМИЈАТА ПРЕД ПЕРФОРМАНСИТЕ СТАРАТА МУДРОСТ ВЕЛИ ДЕКА СЕКОГАШ Е ПОДОБРО ДА СЕ ИМА ВРАПЧЕ ВО РАКА, ОТКОЛКУ ГУЛАБ НА ГРАНКА. РЕЧИСИ ДА НЕМА ПОДОБРО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ПАЗАРНАТА ЛОГИКА И ЕГЗИСТИРАЊЕТО НА МИНИАВТОМОБИЛИТЕ, КАДЕ ШТО ХЈУНДАИ ЈА ОСОВРЕМЕНИ СВОЈАТА ПОНУДА СО „ФЕЈСЛИФТИНГ“ НА МОДЕЛОТ „И10“

70

LIFE М А Ј

д првото претставување во 2007 година, па до лани објавениот фејслифтинг О минаа само три години, но важноста на овој модел во гамата на Хјундаи е голема имајќи предвид дека ужива планетарна популарност, како во Индија, така и во Велика Британија. На островото во два наврати е прогласен и за „најдобро градско возило“, што секако е титула која многумина би ја посакале, особено што е придружена со одлични продажни резултати во таа земја. Оттука, одржувањето на „добрата линија“ е нешто на што се внимава, за да се остане во фокусот на купувачите кои трагаат по модерни решенија. Токму „фејслифтинг“ е изразот кој најдобро ги опишува дизајнерските корекции со оптимизираните предни светла и шестоаголната централна маска, која е во дух на поголемиот брат „их35“. Надворешните

промени во задниот дел се однесуваат во заедно со стоп светлата и одбојникот, додека во внатрешноста тие се минорни (додаден е држач за лименки и освежена е командната табла со сина светлина која што е видлива во вечерни услови). Промените секако се трендовски и веднаш добиваат позитивна оцена, но суштински не менуваат ништо во концептот на возилото или во неговите перформанси. Надворешно, 13-инчните тркала му даваат сериозен изглед на возилото наспроти помалите димензии кај некои од конкурентите, но сепак останува впечатокот дека уште повпечатливи би биле тркала со малку поголеми димензии. Внатрешноста е по урнек на големите модели, со богатата централна конзола, наспроти скромната инструмент табла. Зачудувачки е дека покрај целото богатство од опрема

недостасува борд-компјутер! Просторноста во кабината е позитивно чудо, особено кога дури и патниците со висина од 1,80 метри ќе сфатат дека и да биле повисоки за цела глава, нема да имале проблем во „и10“. Хјундаи и натаму во промотивни цели го користи фактот дека нивниот автомобил е единствен во класата кој што е регистриран за пет патници. Задната клупа е целосно искористлива дури и кога возачкото седиште е поместено наназад, а истовремено и со солидна висина на седењето. Тест моделот беше опремен со највисокото ниво на опрема од трите што се во понудата на македонскиот импортер, што во пракса значи разлика од илјада евра од најевтиниот до најскапиот модел, а за што се добива аудио систем со УСБ приклучок, дополнително воздушно перниче (совозачко), клима уред ,


УРБАН И МУЛТИНАМЕНСКИ КОМПАКТ

Одлично искористен простор

Недостаток на борд компјутер

Одличен пакет на опрема

Перформанси на нагорнин

централна брава и електрика на прозорците. Наспроти ова, елементите од активната безбедност како анти-блок системот и електронската дистрибуција на силата од сопирачките се во стандардниот дел, заедно со серво управувачот, што е несвојствено за класата на мини автомобилите, па оттука критериумот за добиена вредност за платената цена е на високо рамниште. Во градски услови „и10“ делува на свој терен, агилен и стартен. На хартија, моторот со зафатнина од 1,1 литри и 69 коњски сили делува и повеќе од доволен за овој мини автомобил, но во пракса (со четири возрасни патници во кабината) забележливо е губењето на залетот при совладувањето нагорнини на отворен пат. Петтостепениот мануелен менувач му влева доверба на возачот, почнувајќи од прецизниот од на рачката,

Најновиот модел во гамата на Хјундаи во текот на април беше претставен и на македонскиот пазар, а она што е карактеристично за него е дека комплетно дизајниран во Германија. Освен внатрешниот комфор, големиот багажен простор од 440 литри го заокружува имиџот на пространиот „их20“. Првенствено ќе се нуди со 1,4 литарски бензински мотор со 90 коњски сили, а се очекува и 1,4 литарски дизел со истата моќност. Петте ѕвездички од тестовите за безбедност подразбираат високо ниво на сериската опрема (АБС, ЕБД, воздушни перничиња и воздушни завеси). Дополнително, компанијата ја пропагира глобалната акција „3х5“ со која се нудат петгодишна гаранција, контрола и поддршка. Промотивната цена е 12.990 евра.

лесното селектирање на посакуваниот степен на преносот, па сe` до оптималната работа на моторот под границата од 3.000 вртежи во најголемиот дел од возењето. Се добива впечаток дека и преносот некако повеќе ја следи градската природа на „и10“, бидејќи за поголемо оптоварување на отворен пат неминовно е да се вози со понизок степен на пренос и повисоки вртежи на моторот. Декларираната потрошувачка од страна на производителот е 5,8 литри во градски услови, како и 4,1 литар на сто километри на отворен пат. Забрзувањето од 0-100 км/ч е возможно за 15 секунди, додека максималната крајна брзина е 156 км/ч. Севкупно земено, возните својства на „и10“ се на високо задоволително ниво, имајќи ја предвид импонирачката прецизност при управувањето. Градските маневрирања му се „во крвта“, што е адут за урбанот ритам. Цврстиот осет што го дава на отворен пат исто така е плус во профилот, како и четирите ѕвездички од тестовите за безбедност направени по стандардите на ФИА. Продажниот успех на „и10“ се чини дека ќе остане неоспорен аргумент, кој во оваа „фејслифт“ верзија само е осовремен. Пристапот на купувачите може да се следи низ логиката дека во сегментот на мали автомобили се волни да му ја доделат својата доверба на корејскиот производител базирано на соодносот на добиената вредност за дадените средства, додека во повисоките класи (кај купувачите со подлабок џеб) очигледно тој параметар не е најзначајниот, бидејќи автомобилите имаат поголемо значење како статусни симболи. Но, оние на коишто автономијата во движењето им е императив, секогаш ќе дадат предност на мобилноста што се нуди во мало пакување. ¿

ПРОМОЦИЈА ПЕЖО 508

ЛИДЕР ВО ГАМАТА Откако дебитираше на салонот во Париз минатата есен, Пежо 508 отсега е достапен и кај нас со почетна цена од 22.280 со 1.6 литарски бензински мотор, односно 23.270 евра за 1.6 литарски дизел мотор. Во понудата има уште два ХДИ мотори, со зафатнина од 2,0 и 2,2 литри. Трите збора кои ја носат промотивната кампања на моделот се „квалитет, елеганција и ефикасност“, што би требале да бидат пандан на квантификацијата со цифрите. Моделот 508 е наследник на 407, но додека го нема 607, овој автомобил ја презема улогата на знаменосец и лидер на гамата. Пежо го дефинира како „голем патнички автомобил“ наместо класичен претставник на средната класа.

71 LIFE М А Ј

-

брзина

ПРОМОЦИЈА ХЈУНДАИ „их20“ +


технологија

НАЈНОВОТО ДЕТЕ GOOGLE CHROME OS Google CR-48 е првиот лаптоп кој работи на најновото дете на Google – Google Chrome OS. Иако овој лаптоп нема да се продава комерцијално, тој најавува почеток на еден нов свет, каде работите веќе нема да бидат црни и бели (или да се делат само на Windows и MacOS), туку ќе има и трет, сериозен конкурент. Од една страна, лаптопите кои ќе работат на Chrome OS очевидно ќе имаат одлични перформанси и ќе бидат „опремени“ со 3G и WiFi, а самиот оперативен систем е нешто сосема поинакво од она на што сме навикнати. Нема тежок оперативен систем, сe` е базирано на интернет преку Google Chrome пребарувачот и на еден тон апликации, брз е и едноставен за користење. Она што ни останува е да го дочекаме ова ново дете без предрасуди, а со трошка воодушевување од храбриот потег.

ЅВЕРСКИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД M55 BEAST Направен е од титаниум, има одлични Fox амортизери и Brembo кочници кои до сега можевте да ги видите само во Формула 1, но никогаш на еден велосипед. Затоа не е ни чудно што овој електричен велосипед со ѕверски карактеристики чини дури 25.000 долари.

HTC CHA CHA

72 LIFE М А Ј

HTC Cha Cha е најавен и како „фејсбук телефонот“ на овој производител. Работи на Андроид и овозможува лесно сурфање и внесување на текст преку QWERTY тастатурата како и слики снимени со камерата од 5 мегапиксели - на фејсбук. Дизајнот и останатите перформанси на Ча Ча не се ништо особено, па најверојатно ќе им биде привлечен само на најтврдокорните зависници од фејсбук.

SAMSUNG I9100 GALAXY S II Што да кажеме освен дека наследникот на веќе ултра-популарниот Galaxy S (со едноставна додавка II) најверојатно ќе ги сруши сите рекорди на неговиот претходник. Трката со Apple е најверојатно во својот зенит (а можеби и не?), сеедно, Samsung не се предава и излегува постојано со се` посилни и посилни конкуренти. Galaxy S II има 4.3’’ AMOLED екран, дуал кор процесор, 1GB RAM меморија, камера од 8 мегапиксели и Андроид 2.3 оперативен систем.


Ова не е првиот телефон кој има 21:9 формат „ultrawide screen“ (таа чест му припаѓа на LG Chocolate BL40 од 2009 година), но екранот на Iconia – 1024 x 480 LED екран на допир е апсолутниот победник во приказната. Покрај тоа, овој телефон работи на Андроид 2.3 оперативниот систем, има 8 мегапиксели задна камера и 2 мегапиксели предна камера, HD видео снимање и мини HDMI излез, како и одличен процесор. Acer тешко дека ќе успее лесно да им конкурира на „големите ѕверки“ во светот на умните телефони, но овој телефон апсолутно вреди да се забележи.

технологија

ACER ICONIA SMART

HARLEY-DAVIDSON NASCAFE RACER

CITIES IN MOTION (PC)

Ubisoft веќе некое време го најавува шестото продолжение на фамозната Heroes of Might and Magic, овој пат со име Might and Magic: Heroes VI. Фановите на оваа култна игра ќе имаат огромно задоволство да уживаат во најновото продолжение на почетокот на месец јуни. Играта ги нуди стандардните кампањи и сценарија, постоечките категории на херои и градови, секако збогатена со нови моменти и феноменална графика. Со нетрпение ги очекуваме „Хероите“, или уште повеќе, броиме денови до јуни.

Во оваа стратегија која сосема наликува на Sim City имате мисии да изградите ефикасен јавен превоз во четири европски градови (Виена, Амстердам, Берлин и Хелсинки), а при тоа да бидете и профитабилни. За фановите на ваков тип на игри – добро губење на време, за останатите – чиста досада!

73

MIGHT AND MAGIC HEROES VI (PC)

LIFE М А Ј

Американските мајстори за мотори HarleyDavidson и британските експерти за часовници Bell & Ross се споија за да го креираат HarleyDavidson Nascafe Racer-от. Базиран е на FXSTB Softail Night Train на Harley, но склопен е од рачно изработени делови, со истата прецизност со која Bell & Ross ги составуваат нивните часовници. А нормално, ништо не може без часовник: на резервоарот за гориво е вграден навистина посебниот BR01-94 Carbon часовник.


¢ Силвана Жежова

Кире Галевски

спорт

ЉУБИША КОНДЕВ, велосипедист

ПРИЈАТНА ЗАВИСНОСТ ШТО НОСИ ВОЗБУДА

74 LIFE М А Ј

„КОГА ОДИМЕ ВО ПЛАНИНА ГЛАВНО УЖИВАМЕ И НЕ ПРАВИМЕ НЕКОИ ЕКСТРЕМНИ ЕГЗИБИЦИИ. КОГА СЕ СПОРТУВА, ТЕЛОТО ЛАЧИ ПОСЕБНИ ЕНЗИМИ КОИ ПРАВАТ ЧОВЕК ДА СЕ ЧУВСТВУВА УБАВО И СРЕЌНО,“ ВЕЛИ ЉУБИША КОНДЕВ ЗА LIFE МАГАЗИН


спорт

прекрасните пејзажи се оние кои најмногу ги тераат уживателите, секој викенд да се упатат до некоја од најблиските планини. Љубиша Кондев е селектор на репрезентацијата во планински велосипедизам и спортист кој рекреативно и професионално со овој спорт се занимава 18 години. Покрај рекреативното возење велосипед, тој е единствениот Македонец кој од осамостојувањето до денес бил на светската ранг-листа во планински велосипедизам кога и активно учествувал на трки во Србија, Грција, Романија. Во околината на Скопје велосипедистите најчесто возат на Водно и Гази Баба, потоа Караџица, Скопска Црна Гора, Попова Шапка, Маврово. „Интересот за овој спорт е голем поради природата и можноста за бегство од градот, бидејќи за кратко време сте надвор од вревата и метежот. На 30-на километри од Скопје има убави места за возење и уживање. На Маврово има неколку патеки околу езерото кои не се премногу тешки, туку се за рекреативно возење. На веб-страницата на bikestop.com.mk има над дваесет патеки снимени на GPS и секој може да си ги симне бесплатно“, вели Кондев кој е член на клубот „Енереџи“, еден од најактивните клубови во Македонија. Клубот постои четири години и за ова време има постигнато добри резултати како надвор така и во Македонија. На ранг листата на Велосипедската федерација е втор во друмски и прв во планински велосипедизам. Има вкупно 25 натпреварувачи од кои некои се само во друмски велосипедизам, други во планински или пак мешано. Вкупниот број на натпреварувачи во федерацијата изнесува околу 100 каде влегуваат кадети, јуниори, мастерс, сениори. Жените најчесто возат рекреативно, а мала е бројката на тие кои се натпреваруваат. На територијата на Македонија има 15 велосипедски клубови од кои се активни десетина. Бројката на учесници од клубовите секогаш е променлива во зависност од периодот во годината. „Клубот организира рекреативни возења за неговите членови речиси секоја недела во зависност од временските услови. Имаме програми за рекреативни возења, за натпреварувања во кои учествува клубот надвор од натпреварите на Велосипедската федерација и некои натпревари кои се надвор од Македонија,“ додава нашиот соговорник според кого терените во Македонија не се воопшто проблем, туку инфраструктурата односно отсуство на објекти каде луѓето можат да престојуваат на планина. Опремата што е потребна е слична со онаа на друмскиот велосипедизам. Кацигата е најпотребна од безбедносни причини, а гардеробата која најчесто е припиена за телото потребно е да биде направена од квалитетен материјал што ќе и овозможи на кожата да дише, а истовреме ќе ја штити од ветер и студ. „Кога одиме во планина главно уживаме и не правиме некои екстремни егзибиции како што се спустовите. Возењето велосипед е пријатна зависност од која човек не може да се одвикне. Кога се спортува, телото лачи посебни ензими кои прават да се чувствувате убаво и среќно. Додека натпреварувањето е друга категорија во која луѓето повеќе се мачат. И затоа на пример кога одиме на планина, натпреварувачите возат со побрзо темпо за разлика од рекреативците. Пречки, односно опаснос-

ти со кои најчесто се соочуваме на планина се падови, овчарски кучиња, непланирана појава на возила,“ објаснува нашиот соговорник според кој возењето велосипед во Скопје има голема традиција. По одреден период на стагнација оваа рекреативност се враќа на голема врата во градот. Велосипедот како превозно средство зема замав по поскапувањето на горивото, но и поради се поголемиот метеж во сообраќајот. Во неговата продавница „Бајкстоп“ ги има најновите модели на познатите брендови „џајант“ и „монгуз“ кој е попознат во светот на „бе-ем-икс“ велосипедите кои пак претставуваат посебна култура на возење кај децата. „Сите велосипеди и асесоари што ги имаме во продавницата се од најновите модели. Луѓето денес не се распрашуваат, туку веќе ги имаат информациите од интернет, доаѓаат со подготвен материјал и го споредуваат со тоа што го имаме. Во Македонија немаме дилери на велосипеди туку секоја продавница си носи свој бренд. За еден добар велосипед што ние го препорачуваме, средна цена е сe` што е над 30 илајди денари, бидејќи компонентите што ги има на велосипедите се навистина поквалитетни. Ние се ориентираме според европските стандарди, бидејќи моделите што се возат во Европа навистина се квалитетни. Во нашата продавница немаме велисипеди кои се за широка потрошувачка. Гледаме да се застапени сите можни модели кои се бараат на пазарот, нормално до онаа сума што можат да ја платат нашите грѓани. Има луѓе кои си штедат во текот на целата година, за да си купат добар велосипед. Сe` што е поврзано со здравјето, не е скапо. Здравјето и ќеифот немаат цена, без разлика за што се работи,“ објаснува Кондев. Скопје и неговата околина се лоши за друмскиот велосипедизам бидејќи патиштата се оптоварени со сообраќај, а и возачите не внимаваат. Посебно погоден регион за возење го истакнуваат југоистокот каде што последна возбудлива тура била околу рудникот Алшар која сами ја истражувале и откриле дека е одлична за возење. Ја возеле осум часа, а била вклучена и посета на самиот рудник. Крајот на мај ги очекува меморијалот „Зоран Трајчевски“ во центарот на Скопје, како и трката на Гази Баба за ревитализација на шумата во соработка со Град Скопје. „Стагнирам со натпреварувачкиот дел, но сакам младите надежни спортисти да ги однесеме на некоја од натпреварувачките трки надвор од државата. Потребно е да отидеме во странство, за да видиме на кое ниво се нашите во однос на здравата светска конкуренција. Кога има различни противници може да се види како возат, како совладуваат некои препреки. Во планинскиот велосипедизам има различни категории во кои спортистите се натпреваруваат. Една од нив е кој прв ќе стигне до целта во зависност од бројот на извозени кругови. Притоа секоја категорија има различен број на кругови, а од нив елитната категорија има најголем број на кругови и се вози од еден час и 45 минути до 2 часа и 15 минути. Други категории се маратони, кратки патеки, патеки кои се возат од точка до точка,“ вели Љубиша и додава дека повеќето велосипедисти од „Енерџи“ се ентузијасти кои гледаат да придонесат најмногу во развојот на клубот којшто успева да најде спонзорства како од Македонија така и од странство. За да се биде во топ-форма интензивното возење велосипед е доволно само за рекреативците. За професионалните натпреварувачи потребно е да посетуваат фитнес-центри, да вежбаат јога, пилатес и други типови на физички вежби. ¿

75 LIFE М А Ј 75

ланинскиот велосипедизам е возбудлив спорт што на неговите приврзаници пред сe` им нуди авантура која го покачува адренаП линот дури се ужива на возбудливите планински терени. Природата и


ако мене ме прашате... филм

Сценарио и режија: Џош Раднор Улоги: Џош Раднор, Кејт Мејра, Мејлин Акерман и Зое Казан

СРЕЌНИФАЛАУШТЕМОЛАМ (Happythankyoumoreplease) 76 LIFE М А Ј

ујорк како да е неизбежен дел од секој трет американски филм. Големото јаболко заедно со Лос Анџелес е најомиленото место Њ каде што филмските работници на Америка снимаат барем по некоја сцена од своите филмови. Најголемиот филмски њујоршчанец секако е Вуди Ален, а најпопуларните приказни се оние од “Сексот и градот”. Сето останато е сместено некаде помеѓу. Долг би бил и списокот на филмови кои во својот наслов го имаат името на овој град, а камоли да ги набројуваме филмовите во кои дејствието се случува токму во Њујорк.

Но, минатата година, на фестивалот во Санденс наградата од публиката ја доби еден дебитантски филм кој за Њујорк и неговите жители зборува малку поинаку и од приказните на Вуди Ален и од колумните на Кери Бредшоу. Се работи за филмот со чуден наслов “Happythankyoumoreplease” или во слободен превод “Кога сте среќни заблагодарете се и замолете за уште”, на режисерот и сценарист Џош Раднор. Или, би рекле дека овој филм всушност е интересна комбинација на романтичните неврози од раниот период на филмовите на Вуди


според вкусот и светогледот му требаат слики од реалноста, од улицата, кујната, канцеларијата, спалната, па макар да е тоа и во Њујорк. Ниту еден од ликовите во овој филм не ги реши своите главни животни прашања ниту клучните дилеми, зашто секој нов ден е поинаков од претходниот, носи нови искуства и нови ситуации, а така некако е и во реалниoт живот. Приказните од овој филм на крајот само ја замрзнуваат моментната состојба во животите на неколкумина обични жители на Њујорк, со очекувања и надеж дека утрешниот ден ќе отвори нова страница во нивните дневници. Ако мене ме прашате... гледајте го овој филм. Доволно е барем да ви го подобри расположението со новото разденување. ¿

ВРЕСОК 4 (Scream 4) Четврто продолжение на трилер хоророт во кое Сидни Прескот по десетгодишна пауза повторно е во акција. Режија: Вес Кравен Улоги: Нејв Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет

ВОДА ЗА СЛОНОВИТЕ (Water for Elephants) Студент по ветерина по смртта на нговите родители ги напушта студиите и се приклучува кон патувањата како циркуски ветеринар. Режија: Францис Лоренс според романот на Капа Груен Улоги: Роберт Патисон, Рис Витерспун и Кристоф Валцер

ГОЛЕМОТО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО НА МЕДЕА (Madea's Big Happy Family) Филмот е нешто помеѓу комедија и драма. Имено, Мадеа запаѓа во непријатности кога нејзината внука Ширли добива вознемирувачки вести за нејзиното здравје. Семејството и трите возрасни деца заеднички ги споделуваат вестите... Режија и сценарио: Тајлер Пери Улоги: Тајлер Пери, Лорета Дивајн и Боу Воу

77 LIFE М А Ј

Ален и еден вид прифатливо секојдневно и шармантно толкување на животот на њујоршчани. И веднаш да кажеме дека гледливоста и срдечноста на филмот лежи во одличните дијалози и добрите решенија во изборот на главните актери. Се разбира, ниту оддалеку не се работи за филм кој ќе зазема значајно место во историјата на филмот, но, за поголемиот дел од гледачите ќе остане како филм за кој со радост ќе се сеќаваат. А клучните атрибути со сигурност се забавата, малку комика и романсата. Филмот инаку раскажува неколку паралелни приказни во кои актерите се на возраст од околу 30 години, со различни профили и кои го живеат катадневието на својот град. Нивните проблеми и дилеми навидум не се од суштинска важност во нивните животи, па сепак, секој нов ден, секој од нив мора да ги решава новите ситуации во кои тие и нивните пријатели влегуваат. Е, за ова тривијално објаснување на филмот да не биде клише на жанрот, се погрижил режисерот Џош Раднор. Имено, една од маните на романтичните комедии и популистичките сапуници е нивната предвидливост. Токму отсуството на таа толку предвидлива предвидливост на овој филм му го обезбедува местото на добар и пред се шармантен филм. Да си дозволиме и мала комоција па да кажеме дека секому од нас

филм

ХОП (Hop) Анимирана семејна комедија за велигденското зајче кое патува во Холивуд со желба да стане тапанар во рокенрол група. Да се биде во Лос Анџелес, да се вози автомобил и да се создаваат хит композиции, тоа е сонот на цртаниот јунак. Режија: Тим Хил Гласовите ги позајмуваат: Расел Бренд, Џејмс Марсден и


музика

Интервју: Идриз Ахмети (Blla Blla Blla...)

¢ Александар Гавровски

Кире Галевски

78

LIFE М А Ј

дриз Ахмети во скопските андерграунд рокенрол кругови е познат И како првиот вокалист на Last Expedition - еден од најдобрите рокенрол состави на овие простори. Како вокалист можеме да го слушнеме и на албумот „So Many Loves“ на супер-групата Exic. Во секој случај, најпознат е по својата работа во Blla Blla Blla..., бенд кој го има оформено во втората половина на

деведесеттите години од минатиот век. Пред месец и половина, во продажба се појави третиот албум на Blla Blla Blla... наречен „Lamtumirë“, наследник на деби албумот од 1999 година и „Oversky balkanishe Reform“ од 2005. Со Идриз Ахмети поразговаравме за новиот албум, новите членови и музиката на Blla Blla Blla...

Да почнеме со сегашноста. Новиот албум и новите челенови во бендот. Како си задоволен од звукот понуден на Lamtumirë и новите членови на бендот - виолинистот Кренар Исмаили и ритам секција составена од Благоја Пенов на тапани и Никола Бочваров на бас? Со оглед на тоа дека албумот “Lamtumirë” е снимен во студиото на


Blla Blla Blla… со релативно добра опрема, јас сум сосема задоволен од звукот. Имавме среќа што позади микс пултот и одговорен за звукот беше Ивица Јанкуловски. Бескрајно сме му благодарни за трпението, времето, нервите и знаењето. Со наша мала помош ја долови целосната слика за тоа како треба да звучи албумот. Што се однесува до

членовите на бендот: „Фала момци, се надевам дека ќе направиме барем уште еден албум заедно”. Бендот постои повеќе од десет години. Различни постави во различни временски периоди. Дали можеби и на тебе, како што ми изгледа и на мене - ова е најкомпатната постава на Бла бла бла?

Бла бла бла за мене претставува еден типичен скопски бенд, бенд кој израсна во нашата средина. Каков е приемот на бендот на настапите вон границите на Македонија? Нашата прва средба лице во лице со поголема група луѓе кои отприлика разбрале и слушнале за Blla Blla Blla… како форма на забава се случи во градот Пеќ во Косово. Благодарение на локалните пирати, првиот наш албум поприлично беше распространет по тамошните домови, па се случи ситуацијата „од дефект во афект“, ни ја загреаа публиката, го направија петингот сами, нас само ни остана дефлорацијата на чистите сетилни органи желни за нов сензи-

музика LIFE М А Ј

М

Насловот на првиот ваш албум, како и најпознатата песна од него Babayaro го носи името на поренашниот лев бек на Челси и нигериската фудбалска репрезентација. Од каде дојде инспирацијата? Дали можеби можеме да очекуваме и уште ваши песни со „фудбалска“ тематика? Мислиш на „Свадбата на Фигаро“? Се случи некако спонтано гледајќи го светското првенство во фудбал во 1998 година, се роди идеја некако да го ожениме нашиот херој, фудбалерот Бабајаро (иако не го знаевме неговиот брачен статус). Неговата виртуелна сопруга, (девојката со лимони) инаку жител на едно наше село во Дреновската клисура. Иако не ни сонуваше дека нејзиниот иден сопруг ќе биде од Африка, беше спремна (генетскиот код и обичаите така налагаат) да го дочека младоженецот со два-три лимона и дајре пред куќниот праг. Се видоа, се засакаа - како во секоја љубовна приказна. Им направивме свадбена песна, химна на нивната љубов и ги оставивме сами, затоа што веќе се наѕираше нивното нетрпение и желба да се смешкаат под јорганот. Babayaro е љубовна песна, нема тука фудбалска тематика, тоа што главниот лик е фудбалер е негов личен и професионален избор и начин на којшто го прехранува семејството. Можеше да биде и Супер Марио, ама мислам дека ќе беше премногу да има брак за два виртуелни лика. Сепак, мислам дека добро го вдомивме нашиот херој. Можеби, доколку нивните деца посакаат услуга од нашата „агенција за организирање прослави“ ќе има уште вакви плодови од нашиот коитус со музичките форми.

79

Да, да ова е една од подобрите постави на Blla Blla Blla… И не би сакал да менувам ништо повеќе до крај!


музика

билитет. Се чуствувавме како после страствено добар хардкор сексуален чин, кога мислиш дека си најдобриот љубовник на светот. Тоа се случува надвор од нашите граници, секаде каде што публиката колку-толку е запознаена со нашата работа и каде што јазичната разлика не претставува бариера која пречи при транспортирање на нашата не толку габаритна позитивна музичко-слушлива форма. Можеш ли да направиш паралела помеѓу македонскиот и албанскиот јазик кога станува збор за современа поезија напишана за рокенрол музика? Современата рокенрол поезија ја има, или попрецизно, си ја заслужи слободата да го „спакува“ и оформи текстуалниот материјал кој се раѓа во главата на авторот. Прашање на естетика и умешност е обликот и ширината на пределот каде што ќе живее зборот. Не би правел паралела, не би спредувал, мерел, само би се порадувал на секој малку похрабар, креативен, современ обид. Почит кон авторите кои поставиле основа за таков вид на израз кај нас. Сакаме нови идеи, свежина која малку ќе го погали ова наше постоење под патината на безнадежноста. Кажи ми нешто повеќе за вашите два последни видео запсиси за песните „Kujt I Bije“ и „E Keqја keq me la“. Како звук сме присутни и се изложуваме на јавен суд со завршување на самиот процес на снимање и излегување на секој наш албум. Музиката трпи и поинаков пристап, нели? Видеото би била нејзина логична надоградба и еден вид поинаква форма на подолготрајно и поагресивно дејствие. Конечно имаме две сосем свежи видео парчиња кои дозволуваат и оправдуваат сликовита презентација на нашата музика. Дејствување на повеќе сетила одеднаш, мултиплицирање на задоволството, ако гледаме од хедонистичката страна.

80

LIFE М А Ј

Во последно време може да забележи и вашето присуство на музичкиот канал MTV. Како тоа влијае на бендот? Дали сега некои работи се полесни? MTV е институција којашто си го заслужи местото во светската музика. Несомнено, некогаш ќе се појавиш таму... А публицитетот пак си е публицитет, кој навистина секогаш е добродојден. Што би бил уметникот без своите конзументи? Публицитетот е вилушка која помага поубаво да се исконсумира уметничкото дело. Иако е рано, вашиот трет албум се појави во продоажба пред само еден месец, кажи ми што можеме да очекуваме од Бла бла бла во блиска иднина? Како си задоволен од досегашниот развој на бендот и каде ги гледаш Бла бла бла во иднина? Дефинитивно, ќе продолжиме да креираме и понатаму. Иако с уште не сме седнале посветено да креираме, имаме некои почетни идеи кои сигурно ќе еволуираат во конкретни музички парчиња. Како тоа ќе звучи, сега за сега е неблагодарно да се коментира или прогнозира. Овој состав е поприлично загреан, има ентузијазам. Иднината ни припаѓа нам, а задоволството е заемно. Работата во студио и живите свирки се нешто што дополнително ќе го развие овој бенд. Стремеж кон квалитет и многу труд, тоа е нешто од што не можеме да побегнеме.


ДИСКО И ПАНК: ВИСТИНСКА РОМАНСА

ПРЕД ОТПРИЛИКА ЕДЕН МЕСЕЦ, СО КОНЦЕРТ ЗА ЗБОГУМ, ОДРЖАН ВО МЕДИСОН СКВЕР ГАРДЕН ВО ЊУЈОРК, СВОЕТО ДЕВЕТГОДИШНО ПОСТОЕЊЕ ГО ОКОНЧА ВЕРОЈАТНО НАЈДОБРИОТ БЕНД НА ПРВАТА ДЕКАДА ОД НОВИОТ ВЕК - LCD SOUNDSYTEM

ногу работи околу постоењето на овој бенд се специјални. Еве да го земеме М нивниот прв 12 инчен сингл за пример, фантастичната „Losing My Edge“, епска нумера во која со доза на здрав хумор, во прво лице е раскажана личната слика за историјата на популарната музика. Оформени и водени од Џејмс Марфи во време кога тој не е во цутот на својата младост - преполн со искуства врзани за панк и диско музиката - главното влијание на бендот толку многу пати слушнато во нивните песни. По неколкуте сингл изданија, во 2005 година, најавен со песната „Daft Punk Is Playing At My House“ во продажба се појавува деби албумот LCD Soundsystem, со неколку извонредни хитови на него и со јасна визија за темелите на вистинската романса помеѓу диско и панк музиката. Џејмс Марфи и неговите главни соработници успеаа, помеѓу другото, да изградат цел еден бран свежи изведувачи кои гравитираа околу DFA Recordings, издавачка куќа која изигра важна улога во градењето на уникатниот музички израз на LCD Soundsystem. Неколку месеци пред појавувањето на вториот албум, во продажба се појави изданието „45:33“, дел од едицијата „Original Run“ на Nike+. Прекрасно парче музика наменето за џогинг, а достапно за симнување во електронска форма. Многумина познавачи на делото на Џејмс Марфи го посочуваат токму ова издание како нивно омилено. По издавањето на „Sound Of Silver“ во 2008 година, Џејмс Марфи веќе се вбројуваше во најизвиканите музичари на 21. век дури и во мејнстрим круговите. Ова издание веројатно е и најкомпактниот и најиздржаниот албум на бендот, а во тоа време LCD Soundsystem веќе важеа за концертно перфектен состав чии настапи во живо јасно успеваат да ја доловат енергичноста и експлозивноста на песните директно врз сетилата на присутните. Кога во минатата 2010 година се појави и третиот ал-

бум на LCD Soundsystem – „This Is Happening“, јасно беше дека тоа ќе биде последниот албум. Некои од песните јасно го најавуваа тоа, додека Џејмс Марфи често повторуваше дека е уморен од целата атмосфера околу него и дека сака да ја заврши приказната со бендот и да се посвети на некои други работи во животот. Речено - сторено. По извонредно изработениот студиски материјал и веќе неколку стотици концерти зад името на LCD Soundsystem, Џејмс Марфи го одржа концертот за збогум, во њујоршката Медисон сквер гарден на 2. април оваа година. Тричасовно шоу кое направи јасен пресек на кариерата на бендот, отсвирен пеколно од сите учесници во целовечерниот настап. Дали да зборуваме за Пет Мехони, тапанарот без кој овој состав не може да се замисли? Или пак за басистот Тајлер Поуп и неговите експлозивни, како саат точни бас линии? Можеби за Ненси Венг, или пак за Ал Доил од Hot Chip и неговите маестрални гитарски делници? Или пак, најлесно, да се сконцетрираме на Џејмс Марфи и неговиот сестран талент, бравурозна изведба, џентлменски однос и харизма. Таа вечер, освен присутните во Медисон сквер гарден и илјадници фанови ширум светот го проследија последниот настап на LCD Soundsystem благодарение на порталот Pitchfork.tv. На крајот, вестите кои доаѓаат од издавачката куќа DFA велат дека токму ДВД изданието од концертот одржан во Медисон сквер гарден ќе биде и последното официјално издание на LCD Soundsytem. Кариерата на овој бенд од денешна гледна точка изгледа како серизно обмислена и изведена акција, без многу грешки во процесот. Тематиката со којашто се занимаваа, стилот којшто го негуваа и тајмингот со коишто ги приредуваа нештата делуваа беспрекорно искалкулирани во крајниот производ. Една музичка кариера без случајности. ¿

ХА ХА ХА Танго револуционер (Направи заедно, 2011) Деби албумот на скопскиот состав „Ха ха ха“ експлицитно се наметнува како едно од најинтересните домашни музички продукти за оваа година. Предводникот на овој проект, Васко Атанасоски, е музичар којшто е прустен на домашната независна музичка сцена повеќе од 15 години. Најпрвин со бендот од средношколските денови – „Бумбикс“, па со извонредно успешната хард-кор панк приказна наречена „F.P.O.“, неговиот акустичен проект „Т.К.С.К.“, за да последниве неколку години експлодира со „Bernays Propaganda“. Всушност, „Ха ха ха“ е бенд составен од членовите на „Bernays Propaganda“ без нивната вокалистка. Овде таа улога му припаѓа на Васко, кој со својата ангажираност и бескомпромисност видлива во текстовите и креативноста која се слуша во музиката, се вбројува во еден од најмаркантните домашни изведувачи на нашето време. Американски независен рокенрол отпеан на македонски. Купи! Преслушај!

Blla Blla Blla... Lamtumirë (password/SURF) Третиот албум на скопскиот рокенрол состав „Blla Blla Blla...“ веќе може да се набави во музичките продавници низ земјата. Првото нешто што се забаележува на „Lamtumirë“ дефинитивно е експлозивната ритам секција составена од Благојче Пенов и Никола Бочваров. Новиот виолинист на бендот, Кренар Исмаили со своите мелодиски линии успева да направи одличен премин од старите во новите „Blla Blla Blla...“ Идриз Ахмети, главниот човек и идејниот водач на овој состав и понатаму е препознатливиот вокал и веројатно најдобриот рокенрол сонграјтер од албанското говорно подрачје. „Lamtumire“ е плоча која воопшто не отстапува од претходно зацртаната музичка траса по која „Blla Blla Blla...“ чекорат повеќе од десет години. Препорака за сите вљубеници во рокенрол музиката.

81 LIFE М А Ј

LCD Soundsystem (2002-2011)

музика

¢ Александар Гавровски


театар

¢ Тони Димков Андреј Гиновски

ТЕАТАР КРЕНАТ НА МУСКУЛИ ГРУПА МЛАДИ ЕНТУЗИЈАСТИ СОЗДАДОА СВОЈ ПРОСТОР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НОВИТЕ ТЕАТАРСКИ ТЕНДЕНЦИИ

82 LIFE М А Ј

езависниот театар „Театра“ со премиерата на претставата „Мизантроп“ од Н Молиер, почна да го развива својот сензибилитет со цел да го измести класичниот пристап кон театарската сцена. Ентузијазмот за формирање нов театар, пред сe`, е поттикнат од желбата на група млади креативци да имаат свој простор во кој ќе можат да ја претстават уметноста која ја создаваат. „Искрено, претставата речиси ни беше готова. Единствената работа што ја немавме беше простор каде да ја поставиме. Чукнавме на секоја можна врата во Скопје, со намера да им дадеме готов производ само да ја играме претставата. И секоја врата ни беше затворена. Дури тогаш сфативме дека не сме единствени и дека има уште многу како нас кои бараат простор да се изразат преку театарската уметност. Некако од револт кон тие што не` одбија решивме да направиме нешто свое, нешто што ќе биде целосно поразлично од тие што ни затвораат врати“, објасни Марија Зафирова. Просторот на „Театра“ официјално заживеа на 27 април со премиерата на „Мизантроп“, дипломска претстава на младата режисерка Билјана Радиноска.

„Просторот е многу важен, бидејќи кога добиваш независност на еден простор добиваш слобода во театарскиот израз. Тоа се случува во секоја смисла. Затоа отвореноста ќе биде движечка сила на театарот. Тоа значи отвореност кон свежи идеи кои се скокотливи и провокативни за современиот човек, идеи кои навистина ќе им го привлечат вниманието на луѓето, ќе ги инспирираат. Театарот ќе соработува со луѓе кои се посветени на театарот на кој било начин, што значи во иднина ќе почне да се создава мрежа, а јадрото да привлекува свои соработници“, објасни Горјан Милошевски. Креативното јадро кое го основаше театарот „Театра“ го сочинуваат Марија Зафирова – продуцент, Билјана Радиноска – режисерка, Наташа Петровиќ – актерка, Ива Дујак – маркетинг менаџер, Магдалена Дилевска – графички дизајнер, Ивана Кнез – костимограф и Горјан Милошевски – драматург. „Меѓу нас постои голема транспарентност во комуникацијата, отвореност за секој проблем што ќе се појави. Заедно бараме решение за плакат, за флаер или нешто што е поврзано со претставата. Колективно

дискутираме и го бараме најсоодветното решение. Нашата комуникација тече со трпеливост, со еден метод на сослушување. Главната карактеристика на таквата комуникација е што на крајот победува најдобрата идеја“, нагласи Горјан Милошевски. Отворената сцена на „Театра“ ќе функционира по принципот на слободно поврзување на луѓе кои се експерти во својата професија. Заедничко за сите е што со силата на сопствените мускули го создадоа својот театар, од чистење на просторот до бојадисување на ѕидовите, од подготовка на претставата до продажба на билетите. Герила-пристап негуваат во секој сегмент од функционирањето на театарот и по тоа се разликуваат од другите театарски институции. „Во принцип кога кај нас ќе се спомене театар се мисли само на театарската фела. Кога се собравме како екипа мислев дека најпаметно е да имаме луѓе кои си ја знаат својата работа. Се споивме со таква енергија сите да целиме кон едно, а тоа е да бидеме независен театар каде ќе може да пристапи секој што сака да направи претстава“, потенцира Марија Зафирова. ¿


МИРОСЛАВ НИКОЛОВСКИ

музика

ЏЕТРО ТАЛ

МАГИЧНА ФЛЕЈТА И ГЛАС НА ЈАН АНДЕРСОН

не му беше доделена. Фронтменот на групата Џетро Тал ја употреби поемата за својот по многу работи уникатен и истоимен албум што го сними следната година. “THICK AS A BRICK” беше прв албум што содржеше една единствена композиција, а таа на двете страни од година. Со стилот на музицирање, со употребата на флејтата во блуз лонг плејката траеше 44 минути. И обвивката беше дотогаш невии рок музиката и со препознатливиот треперлив глас на Андерсон дена - се состоеше од самиот весник кој ја објави бендот беше уникатен, а останатите состави не поемата и дисквалификацијата на осумгодишниот се ни осмелуваа да го копираат ниту тогаш ниту ТАП КАКО ЦИГЛА поет. Подоцна се јавија сомнежи дека самиот Јан сега. „Навистина не ми е грижа Андерсон ја напишал, но тоа сега и не е битно. Оваа Како и сите анонимни состави на почетоците, Ако го ставиш надвор. плоча во истата година беше прогласена за албум Џетро Тал беше загревачка група која свиреше Моите зборови и шепот на годината 1972, една година после првото место пред настапите на познати бендови, а својата Е твоето глуво викање. на Сантана со ABRAXAS и една година пред Пинк промоција ја имаше на Хајд Парк во 1968 година Можам да направам да мислиш Флојд со DARK SIDE OF THE MOON. кога го отворија концертот на Пинк Флојд. Но Но не и да чувствуваш. Врвот на светот Џетро Тал и Јан Андерсон го уште првите албуми THIS WAS и STAND UP нагоосвоија со магичната флејта и невообичаната известија дека Џетро Тал ќе влезе во историјата Твојата сперма отиде низ ведба и глас кој ненаметливо ви влегува под кожа. на рокот. Во „Stand up“ Андерсон ја обработи водовод Тоа беше и е музика која ќе посакате стотина пати BOUREE од Третата свита за флејта на Јохан А љубовта во лавабо. повторно да ја слушате, и никогаш да не кажете - е Себастијан Бах, а оваа негова изведба беше знак И јаваш над полињата доста беше. за останатите групи да започнат да ја прерабоИ правиш животински нагони, Низ составот Џетро Тал во кој единствено туваат сериозната музика во рок изведби, па Па ни твојот мудрец не знае Андерсон е од првиот ден, од стартните Мик голем успех остварија Емерсон Лејк и Палмер со како е Абрахамс, Глен Корник и Клив Банкер, до денеш„Сликите од Изложбата“ на Мусоргски. Да се чувствуваш тап како ните Мартин Бер, Пол Бургес, Дејвид Гудјер и Џон Своја публика и обожаватели Џетро Тал стекцигла...“ Охара продефилираа за 44 години 22 музичари. на со BENEFIT и AQUALUNG. Мојата наклоност Групата сними 36 албуми и продаде 60 милиони сепак ја придобија во 1972 година со THICK AS плочи и денес е активна и покрај 64 годишната A BRICK. Текстот всушност е поемата „Тап како возраст на фронтменот на групата Јан Андерсон и цигла“ која беше оценета како најдобра на на гитаристот Мартин Бер. конкурсот за млади поети во Англија во 1971 Астронаутката полковник Кетрин Кеди година, а автор беше осумгодишниот Џералд Колман, и самата флаутистка, заедно со вечниот Босток. Но веднаш овој избор беше обвиен со Јан Андерсон во чест на 50 години од првиот лет контроверзи, посебно поради употребените на Јуриј Гагарин во вселената на 12 април оваа зборови несвојствени за осумгодишната возраст година во спомен на историскиот лет на Восток во на младиот поет. вселената го изведоа космичкиот дует на флејти. Оние кои веруваа дека детето ја пишувало Композицијата Bouree од Бах и од вториот албум поемата настапија со предлози да се испрати на Џетро Тал ја изведоа во дует, Кеди од вселенБосток, односно Малиот Милтон во психијатриската станица, а Јан од земјата. ¿ ска клиника на набљудување. Наградата сепак

83

LIFE М А Ј

ред 50 години на музичката сцена се појави Јан Андерсон, најнапред како пеач на групата Блејдс во 1962 година, па во неколку П други состави додека не ја оформи неповторливата Џетро Тал во 1968


галерија 1

2 3

84 LIFE М А Ј

1

Портрет-скулптури од книги ја промовираат холандската литература Маргетинг агенцијата Van Wanten Etcetera од Amsterdam ја создаде оваа постер-кампања за промоција на холандската литература за “Неделата на холандската книжевност“. Секоја година се профилира различен жанр, а оваа година тоа е автобиографијата, преведена како “Пишувачки портрети“. Souverein изградија фантастични илустрации за оваа серија “постер-портрети“.

2

Јога кучиња од Dan Borris Овој ѕиден календар e oдличен за „соочување со кучиња“ (за оние кои се плашат од кучиња). Полн е со фотографии од познати раси на кучиња поставени во класични јога пози, направени со помош на дигиталната технологија. Овие портрети сигурно ќе измамат насмевка на вашето лице при секое погледнување. :)

3

“Последната забава: 12 скејтборд даски“ „Последната забава“ од 12 скејтборд даски на Casey Paquet.е неговата верзија на „Тајната вечера“ на Леонардо Да Винчи. Ова парче е создадено за неговата соло изложба „Светци и Грешници“ во Pale Horse Studio. Секако, се работи за рачна изработка.


галерија 5

4 7

6

подготвила: Ивана Кузмановска

5

Уметноста на Маркус Левин Скулптурите на британскиот уметник Маркус Левин дадоа една нова димензија на поинтилизмот. Секоја е составена од илјадници шајки заковани во дрвени панели кои создаваат прекрасна целина.

6

Mike Joos Суперхерои на велосипеди Уметникот Mike Joos им креирал соодветни велосипеди на нашите суперхерои. Па погледнете како изгледаат тие возејќи велосипед.

7

Photoshopped images in advertising design!

85 LIFE М А Ј

4

Анатомија на ликови од цртани филмови Овие цртежи се на уметникот Мichael Paulus. Интересно е да се види неговиот поглед на цртаните филмови и секако неговиот талент за прикажување.


галерија

¢ Катарина Стојанова

Ивана Кузмановска

МАЛИОТ ИКОНОПИСЕЦ ПЕТАР МАЛИОТ ПЕТАР ЈА НАЦРТАЛ СВОЈАТА ПРВА ИКОНА, КОЈА ГО ПРЕТСТАВУВА ИСУС ХРИСТОС, НА ОСУМГОДИШНА ВОЗРАСТ. ОД ТОГАШ СЛЕДАТ ИКОНИТЕ НА БОГОРОДИЦА, СВЕТИ ЃОРГИЈА, СВЕТИ НИКОЛА, СВЕТИ ПЕТАР И ПАВЛЕ

86 LIFE М А Ј

ванаесетгодишниот Петар Василев најмалку е обично дете. Не само затоа што Д црта икони од својата осумгодишна возраст и не само затоа што компјутерските игри му се опсесија и не само затоа што по цел ден црта стрипови, мапи и скици, реди сложувалки... Има нешто посебно, нешто што не се објаснува во очите на ова дете. Случајно го пронајдовме малиот Петар. Од првиот момент кога разбравме дека е толку мал, а веќе има нацртано дванаесетина икони, беше доволен предизвик да го запознаеме подобро.

И навистина се уверивме во неговиот талент! Првата икона на Исус Христос ја нацртал на осумгодишна возраст, но не ја видовме во неговата колекција затоа што веќе ја подарил. Од тогаш следат иконите на Богородица, Свети Ѓоргија, Свети Никола, Свети Петар и Павле... „Ми се допаѓаат иконите и почнав да ги цртам“ - накусо ни кажа Петар, без да се потруди да ни објасни зошто почнал да црта токму икони. Особено интересно е што во иконите што ги црта внесува невообичаени елементи, нешто што му останало врежано во фанатазијата од некоја компјутерска игра.


галерија

Подршката од семејството и часовите по цртање кај ликовниот уметник Магдалена Павловска се забележуват во секој следен подобар цртеж. За него таа вели дека е исклучително талентирано дете со многу голема фантазија и дека црта многу поубаво од било кој што посетува академија. „Тој го има моментот на размислување додека црта. Не е импулсивен додека црта туку обмислува. Мислам дека во иднина ќе направи некоја компјутерска игра или цртан филм“ - вели Магдалена. Иконите ги црта до најситни детали, а сигурно таа негова прецизност и трпение ќе му помогне во неговиот следен предизвик – да ја наслика фреската „Тајната Вечера“ на Леонардо да Винчи. ¿

87 LIFE М А Ј

Од она што видовме колку успешно со својот молив и четкичка ги пренел светците на платно, слободно можеме да кажеме дека е вистински иконописец. Но речиси исто току драги му се и иконите на компјутерите, особено оние со видео игри, кои му се главна инспирација во цртањето стрипови. Неговата мајка вели дека Петар во текот на денот единствено комуницира со компјутерот и со видео игрите. Првите афинитети кон ликовната уметност ги покажал од неговата најмала возраст, од три и пол години, кога повторно му се враќа говорот, откако одеднаш престанал да зборува поради доживеан стрес. „Петар е многу мирно дете, повлечено. Живее во некој свој свет. Не сака многу да се дружи со деца. По цел ден седи пред компјутер или слика. Како мал забележавме дека не го интересира тоа што ги интересира другите деца. Понекогаш посакувам да биде како другите деца, ама тој е малку поинаков. Секогаш го интересирало нешто што е потешко, никогаш не си играл на пример со колички. Секаде со себе носеше табла на која постојно црташе или пенкало и тетратка. Почна да игра видео игри и тоа му беше најмногу во глава и кога видовме дека црта и има афинитети пробавме да видиме дали ќе може да нацрта икона, така почна да црта“ - вели неговата мајка Даниела.


¢ Силвана Жeжова

Андреј Гиновски и Моника Муличковскa

танц

САША ЕВТИМОВА, КОРЕОГРАФ

„ИЗГУБЕНА ВЕРБА“ Е ЛИЧНА ПРИКАЗНА „ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА Е БАЗИРАНА НА ПЕРИОД КОГА ЗА ПРВПАТ ЈА ДОЖИВЕАВ НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ ВО МОЈОТ ЖИВОТ. ЉУБОВ КАКВА ШТО САМО ГЛЕДАМЕ НА ФИЛМСКОТО ПЛАТНО ИЛИ ЧИТАМЕ ВО КНИГИТЕ. ЉУБОВ ЗА КОЈА МИСЛЕВ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА ЗГАСНЕ“, ВЕЛИ ЕВТИМОВА ЗА НЕЈЗИНОТО НАЈНОВО ДЕЛО

88

LIFE М А Ј

разна душа, срце. Не чувствувам ништо. Гледajќи те, знаев дека е крај. Очи погледнете го за последен пат. Нашите усни за „П последен пат се допреа. Запамти ги тие слатки усни, тој бакнеж.“ Ова е дел од поезијата во претставата „Изгубена верба“ на кореографот Саша Евтимова со која беа отворени првите Априлски балетски вечери. Станува збор за прв дел од трилогијата произлезена од нејзиниот дневник, а вториот дел „Извинување“ пред публиката ќе биде претставен следниот месец, додека третиот дел „Музички ангели-нов почеток“ го планира за идната или кон крајот на оваа година. „Во оваа претстава се внесов целосно и потполно бев предадена. Се работи за неколку непреспани оплакувани месеци. Целата приказна е базирана на период од мојот живот, кога за првпат ја доживеав најголемата љубов во мојот живот, љубов каква што гледаме на филмското платно или читаме во книги. Љубов за која мислев дека никогаш нема да згасне. Но, како што на сите убави нешта им доаѓа крајот така и оваа моја

љубов мораше да згасне. Се прашувам понекогаш дали оваа љубов била вистинска? Изгубив верба во љубовта, но без разлика колку моето срце е скршено, уништено и затворено, се` уште чука со насмевка. Вториот дел од трилогијата се вика „Apologies“ и се работи за дијалог помеѓу мене и таа моја љубов, неговите писма пратени до мене и моите песни до него. Без разлика што моите балети речиси секогаш се автобиографски, љубовта е универзална тема, која допира до сите. Прекрасно е чувството кога после секоја претстава луѓето ми доаѓаат со насолзени очи, тогаш знам дека сум допрела до нивното срце. Кога текстот допира до играчите и тие се внесуваат во приказната како да е дел од нив, преку нивните емоции допира и кај публиката која се прашува зошто една таква љубов може да прекине. Најтешко е кога и двајцата знаат дека е крајот и треба да си кажат збогум,“ вели Саша Евтимова, која започнала да пишува поезија на 15 години. Тоа бил нејзин свет што претставувал бегство од реалноста што ја опишува како сурова.


танц која нема да ме разбере на вистински начин. Не сакам луѓето да ја запознаат онаа страна на мојата личност која e темна, која ја кажува вистината за работите што ми пречат, за сите неправдини што ги има во животот. Не сакам

LIFE М А Ј

нам тесктовите што ги пишувам, сфаќам дека сум искрена кон себе, бидејќи согледувам дека некои работи треба да се променат. Тој лист хартија мене ми е вистината. Многу е полесно да напишам отколку да отидам кај пријателка

89

„Светот е суров и не ми се допаѓа таков каков што е, така што секогаш си наоѓав излез преку сликите и графиките што ги цртав како и поезијата. Преку нив си живеев во својот свет кој не е толку многу суров. Кога ќе ги поглед-


танц LIFE М А Ј

90

кога луѓето се обидуваат да ја претстават само нивната весела страна со рози околу нив, бидејќи животот не е таков. Треба да ја погледнеме реалноста што ни бега,“ додава Саша која во МОБ работи како солист и кореограф од 2001 година. Во својата матична куќа е сведок на лоши и добри промени, политики кои не треба да ја засегаат уметноста. „Театар во театар“, ќе рече за случувањата во куќата. Екипата со која работи ја смета за главен виновник за нејзините успеси, бидеjќи без нив нејзината кореографија не би изгледала така како што требало да изгледа. Во претставата „Изгубена верба“ играат Мими Поп- Алексова, Бобан Ковачевски, Билјана Басмаџиева, Трајче Стојковски, Игор Вељановски, Ивана Коцевска и други. Музиката е на Љубомир Ангелов-Љупа, специјално напишана за оваа претстава. „За првпат, музиката е специјално создадена за една претстава. Тој процес на креирање е интересен, затоа што тој како композитор се труди да ја долови емоцијата и моментот што кореографот сака да го изрази преку танцот. Кога музичарот и кореографот се на иста бранова должина, се` убаво функцио-

вистина се трудам да помогнам на мојата куќа и балетскиот ансамбл, но сепак се гледам како кореограф. Дали ќе бидеш кореограф на една национална куќа зависи од некој друг, не од мене. Во тој случај, понекогаш си лимитиран, бидејќи треба да правиш наменски дела. Но сепак секој предизвик е едно ново доживување и нов начин на истражување.Повеќе се гледам како фриленсер“, вели Евтимова за која убаво и пријатно гостување било на балетски фестивал во Франција каде истата вечер настапиле со Националниот балет на Бордо. „За нив се знае која техника ја имаат и на кое ниво се тие, а каде сме ние. Иако ми е непријатно да зборувам за сопствените успеси, сепак би рекла дека бевме фантастични.Вистинскиот уметник не си ги фали сопствените дела. Кога ќе ги почувствуваш аплаузите и извиците на браво, тогаш знаеш дека навистина си направил нешто лично за себе, за својата национална куќа. Добро е што нашата работа ја покажуваме на европските сцени, бидејќи можеме да направиме споредби и да видиме до каде сме со знаењето и техниката, тоа е единствениот начин на напредување.Можеме многу повеќе, само да имаме екипа која финансиски

Евтимова своето образование го усовршила во Америка на „Поинт парк“ колеџот, специјализиран за театар, музика и балет. Четири години живеела во Северна Каролина, Пенсилванија, Флорида, Њујорк. „Кога ја поминав аудицијата не знаев со што точно сакам да се занимавам, но добра работа беше што имав професори кои според движењето на телото одлучуваа на која насока ќе се запишеш. Моите родители ми го овозможија образованието и тие секогаш ми се најголемите критичари. Многу од работите немаше да ги направам да не беа тие покрај мене. Тие ме смируваат пред секоја претстава и ми даваат надеж дека се ќе биде во ред. Немаше да успеам ако не беа константно покрај мене и не ме бодреа да се покажам во најдобро светло,“ објаснува нашата соговорничка. Овој месец Евтимова подготвува две претстави кои пред публиката ќе бидат претставени во јуни. Освен вториот дел од трилогијата „Изгубена верба“ работи и на претставата „Психијатриски оддел“. Идејата за ова уметничко остварување ја имала одамна и потекнала од работите што се случуваат

нира. Нивните емоции како и приказната се прекрасен спој од кој се раѓа вистинско дело. Музиката ја инфилтрирам во себе, ги затворам очите гледам слики во движење и како би требало да изгледа едно кореографско дело. Задоволна сум поради луѓето кои ги имам покрај себе. Има 10-12 луѓе кои си ја сакаат работата и се посветени на балетот. Има се` помалку ентузијасти кои сакаат да работат, а јас сум благодарна што имам уметници кои ме следат несебично.Би сакала да се сменат многу работи, но тешко, бидејќи мала група или директор не може да смени цел колектив. Овие луѓе со кои одлично функционираме и се разбираме сме како некоја мала трупа која би сакала така да функционира и во иднина, и да се пробиваме на другите сцени.Имаме квалитет кој може да излезе од нашите граници, и да успее надвор од нашата држава, но секогаш треба да размислуваме за подобрување на квалитетот и квантитетот на македонската сцена и за нејзино есенцијално развивање. Уште како мала сакав да бидам кореограф, но никогаш немав претензии да станам примабалерина. Имам статус на солист бидејќи на-

и маркетиншки би не поддржувала. Вистински менаџери на вистинско место,“ додава нашата соговорничка.

во нејзиното најблиско опкружување. „’Психијатриски оддел’ ми е одамнешна идеја која сакам да ја остварам.Фасцинирана сум од идејата како би било да поминеш еден ден или месец во психијатриска болница што доведува до лудило? Повеќе би била како театарска претстава што ќе биде мојот прв обид да излезам од мојата комфорна зона. Додека бев на турнејата низ Италија некои два месеци наоѓав малку време за себе, запишувајќи луди идеи за нови проекти, па се надевам дека барем еден дел од овие мои идеи ќе ги реализирам. Секоја турнеја има добри и лоши страни, добрата е што излегуваш од еден мал простор кој те гуши и те руши како личност. Од друга страна е макотрпно и непријатно, бидејќи сфаќаш дека животот како рок ѕвезда воопшто не бил лесен. Се` си има последици, бидејќи нашите тела кажуваат кога е доста,“ додава Евтимова која прави напори целата балетска екипа да ја однесе во Њујорк каде би ги играле претставите „Изгубена верба“ и „Извинување“. Евтимова е автор и на претставите „Дива љубов“, „Андерграунд“ „Прегратки“, „Имагинарен шаблон“. ¿


антиквитети м-р Ангелина Јаневска

LIFE А П Р И Л

амислете колку би бил здодевен светот на собирање доколку би се собирале предмети од еден стил и форма. Транспортното средство З кое има две тркала и бара балансирање од возачот нe` враќа во раниот 19 век. Првите нацрти за него се од ученикот на Леонардо Да Винчи, Џакомо Капроти од крајот на 15 век. Колекционерите и реставраторите на велосипеди во 1967 год. го имаат основано најпознатиот клуб во Филаделфија. Членовите на тој клуб секоја година учествуваат на големи паради, претставувајЌи ги антиквитетните велосипеди. Тие ги споделуваат знаењата за историјата, костимите, соодветната реставрација и вештините за возење. Во доцните 1800-ти доаѓа до голем велосипедски бум кога луѓето почнале да експериментираат со формата и стилот на велосипедот и со потребите на возачот. Во 1817 година, баронот Драис ја пронашол таканаречената ‘машина што оди’, којашто му помагала да се движи побрзо низ кралската градина, направена од иста големина на тркала монтирани на рамка со фронтален гидан. ‘Машината’ се движела со кревање на нозете од земјата. Таа сета била направена од дрво. Ова задоволство имало краток занес, бидејќи машината не била практична за транспорт, но била погодна за во градина. Следната појава на машина со две тркала е во 1865 год., кога педалите биле директно поврзани со предното тркало. Вистинската ренесанса при пронаоѓањето на велосипедот е во доцните 1860-ти во Франција, каде започнало и нивното масовно производство. Популарноста на оваа машина од булеварите на Париз се преселила во САД. Тоа е заради преселбата на францускиот пронаоѓач La Llement во САД. Велосипедот бил направен од дрво, со метални гуми и имал многу некомфорно возење. Станал помодарство во големите градови. Во 1870 год. се појавил велосипед со педали на предното тркало, направен од полесен метал и предното тркало му било поголемо бидејќи проектантите сфатиле дека доколку е поголемо тркалото може да се патува со една ротација на педалите. Возачот бил поставен високо во воздухот, а велосипедот постигнувал голема брзина. Оваа машина за првпат била наречена велосипед. Овој велосипед имал голема популарност помеѓу младите и чинел 6 просечни месечни плати. Бидеќи возењето било високо над центарот на гравитација, доколку предното тркало запрело на некој камен или заради итна потреба, возачот чии нозе биле испружени нанапред, одеднаш паѓал на глава. На почетокот на 20 век сите велосипеди изгледале многу слично бидејќи имало малку варијации и нивниот дизајн бил диктиран од неговата функција. Но опасната природа на овие велисипеди придонела да се пронајде начин за изведување на постабилен вело-

сипед. Пронаоѓањето на сигурни велосипеди веројатно е најважната промена во историјата за нивното производство. Со почетокот на 20 век, велосипедот станал многу важно транспортно средство, меѓутоа побарувачката паднала со пронаоѓањето на автомобилите и помеѓу 1920-1940 тој станал најпобарувана детска играчка. Најголеми стилски разлики имало во делот на украсувањето, но во голема мера кога се говори за целокупната естетика на велосипедот, таа била ограничена заради штедење. Во 1933 год. компанијата на Арнолд Швин (Arnold Schwinn) го променила гореспоменатото со воведување на гуми на дување. Пневматските гуми за првпат биле етаблирани на пазарот од иноваторот Данлоп, кој се обидувал да даде поголема комфорност на трициклот којшто го возел неговиот син. Всушност, тоа бил практичен изум кој дозволувал транспорт и задоволство. Особено биле одушевени жените, кои иако имале долги здолништа, можеле да возат трицикл. Во 1896 год. една позната госпоѓица изјавила дека ‘велосипедот наравил многу повеќе за еманципација на жената отколку било што друго во светот во тој период’. Побарувањето на пазарот од страна на децата кои сакале да имаат ист велосипед како нивниот татко придонело во 1934 год. да биде претставен таканаречениот aero cycle, станувајќи ‘свето парче’ помеѓу колекционерите. Заради огромната цена во периодот на економската депресија повеЌето од овие велосипеди биле загубени засекогаШ. Во времето на арт деко стилот биле произведени алуминиумски велосипеди, по што следел период на гламур и зголемено производство на хромирани велосипеди. По Втората светска војна, до 1950-тите, тој станал израз на стил и класа, а нивна конкуренција биле само автомобилите. Во 50-тите години бил пронајден и дизајниран велосипедот со мотор. Еден од највредните кој ја достигнал цената од 20.000 долари, изработен од фиберглас, бил произведен во декември 1959 год. за некој возач на тркачки автомобили. Во 70-тите години на 20 век, особено бил модерен велосипедот со мотор со три брзини. Во 80-тите години една шведска компанија го изработува велосипедот претежно од пластика. Од тогаш конфорот, возењето и перформансите значително се надградиле, а воедно и изгледот бил подобрен. Се променил рамот, вилушката, седиштето итн. Женските велосипеди имале половина помала вредност отколку слично опремените наменети за момчињата. Во 21 век продолжува да се истражува во технологијата на дизајнот, аеродинамичноста, стабилноста и да се воведува компјутерската технологија како додатни елементи за страствените возачи на велосипедот. ¿

91 LIFE М А Ј

ВЕЛОСИПЕДИ


ПОДАРОК КНИГА ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА LIFE

¢ Тони Димков

Читателите кои се заинтересирани да добијат подарок книга, треба да испратат имејл на life.magazin@ yahoo.com со предмет „подарок книга“, а во пораката да напишат за која книга се заинтересирани и да ги остават своите основни податоци (име, презиме и контакт телефон). Најбрзите двајца читатели ќе добијат подарок!

ПОДАРОК!

Добиваат сите што играат Д.Р. Гилберт „Клуб Матица“ ја подарува оваа прекрасна книга на еден читател на LIFE магазин.

ПОДАРОК!

НЕ ПРИФАЌАМ ОГРАНИЧУВАЊА! ПОЕТОТ ЈОВИЦА ИВАНОВСКИ СВЕСНО БУРИЧКА НИЗ СЛОЕВИТЕ НА НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ И БЕСКОМПРОМИСНО И ОТВОРЕНО НИ ЈА ФРЛА ВИСТИНАТА В ОЧИ икогаш не сум се сетил да го прашам Јовица Ивановски зошто почнал да пишува Н поезија. Не дека не ми личи на поет, напротив,

92 LIFE М А Ј

ОРЛАНДО Вирџинија Вулф (Магор) Романот „Амамот Балканија“ претставува возбудлива и промислена приказна за две историски времиња и за јунаци сместени во просторот меѓу два идентитета. Историските времиња на романот „Амамот Балканија“ се XVI век и нашето доба, додека јунаците во оваа силна проза, во која личните драми се претопуваат со драматични историски случувања, се Мехмедпаша Соколовиќ и Коџа Мимар Синан, Сулејман Величествениот и великиот везир Рустем-паша, а од нашето време ги сретнуваме славниот турски писател Орхан Памук, Алберто Мангел и Ален Гинзберг, Леонард Коен и Сјон, Алан Стивел и водачот на ЕТА, Раул Т. Компониран така што во него наизменично се менуваат XVI век и нашето време, романот на Владислав Бајац е извонредно напишана проза за пронаоѓањето на идентитетот и за двојностите што се отвараат кај новите јунаци. Во овој роман не се сретнуваат само два света туку она што е многу потешко -два света во еден ист човек.

„Магор“ го подарува овој роман на еден читател на LIFE магазин.

и многу ми се допаѓа неговата поезија, туку, едноставно, како да не сме стигнале до тој муабет. Иако често, во различни прилики, до солзи знаеле да ме засмејат, но и да ме замислат, неговите стихови напишани со едноставен, но многу зрел стил базиран на неговото животно искуство. Воодушевува способноста со која Ивановски успева од едноставна секојдневна ситуација да извлече блескава поука, која притоа е изразена во стих. Неговите осум поетски збирки се преполни со духовити ситуации кои, во суштина, го откриваат духот на авторот, но и духот на времето и на просторот во кој живееме. Неговиот поетски багаж го сочинуваат збирките „Зошто мене ваков џигер“ (1995), „Градот е полн со тебе“ (1997), „Чуден некој сончев ден“ (1999), „Три напред три назад“ (2004), „Двоен албум“, двокнига составена од „Сладолед во недоглед“ и „Во сенката на билбордот“ (2005), „Стремеж за дремеж“ (2007) и „Ветер и магла“ (2009), плус изборите поезија „Open the Window and Let the City Breath a Little“ (2002), избор на англиски јазик, „Избрани песни“ (2002) и „Деновиве, ако не и утре“ (2009), избор на македонски и

на англиски јазик. Покрај печатениот медиум, активно ги користи и социјалните мрежи, па неговите најнови песни можете да ги пронајдете и на Фејсбук. Зошто воопшто се нафативте да пишувате поезија? Никој не ми ја натурил за да се нафатам. Иако, во почетокот на осумдесеттите прифатив да пишувам текстови за песните на една музичка група во која свирев. И така почна се`. Кои се најчестите реакции на луѓето кога ќе слушнат или кога ќе ги прочитаат вашите стихови? Сум доживеал и овации на отворена сцена и поголема гужва на бина отколку во публика. Но, за среќа, се` уште има луѓе кои ги купуваат моите книги. А, најважно од се`, им се допаѓаат на оние кои ги сакам. Како во себе и за себе ја толкувате фразата „слобода на изразот“? Не прифаќам ограничувања! Уметнички, жанровски, животни, а најмалку оние наметнати од пуританците. Пишувам отворено, без еуфемизми, без милост кон немилите. И не се согласувам со оние што поезијата се` уште ја


Има ли, воопшто, урбани типови и по што се препознаваат од другите? Познавам многу стари скопски легенди со прекрасни приказни и со жестока наративна моќ. Ниту еден од нив за себе не смета дека е „урбан“, и, нормално, ни на крај на памет не му паѓа да ги запише тие згоди-незгоди, позајмени вистини или фикции. Е, кога тие би фатиле мастило в рака...

Што е тоа што никогаш и по никоја цена не би го правеле во животот? Не би се додворувал никому за да ја постигнам целта. Најмногу ги мразам лигушите кои се подготвени да се дадат за да победат. Според вас, што е смислата на животот, во поетска, а не во филозофска смисла? Животот е прекраток за да го сфатиш сериозно. Моето поетско мото е – убиј ги сите и врати се сам!

книга

ТИЕ ИМААТ ЗБОР ЗА ТОА Хауард Реинголд (Табахон) Со книгата „Тие имаат збор за тоа – Ненаметлив лексикон на непреводливи зборови и фрази“ авторот Хауард Реинголд копа во светската лингвистичка ризница, за од неа да ги извади најскапоцените парчиња. Од хавајското „хо’опонопоно“ и јапонското „саби“ до германското „цајтгајст“ – непреводливите зборови од различните култури можат да го збогатат лексичкиот фонд на секој човек, но, истовремено и да инспирираат да „позајмите“ нешто од концептите кои овие зборови ги подразбираат. Книгата содржи и поговор со примери на непреводливи зборови од македонскиот јазик.

СТОЛБ НА КУЌАТА ШТО СЕ УРИВА Небојша Јаконов (Темплум) Низ целата своја новинарска кариера Небојша Јаконов (1966–2009) не правеше ништо друго, туку вивисекција на овдешното паланечко општество, на овдешната „сељачаана“. Тоа го правеше и со текстовите во „Пулс“ и со колумните во „Глобус“. Не е голема трагата што Јаконов ја остави зад себе, барем не толку колку што би требала да биде, зашто ароганцијата на паланката е речиси непробивна. Овој избор нема да го извлече Јаконов од неговата „доминантно маргинална“ позиција, туку ќе биде само „камче во чевелот“ што ќе не` потсетува дека можевме да бидеме и „нормални“.

АПОКАЛИПСА Џабир М. Дерала (Блесок)

СÈ ЌЕ ИМА, НАС ЌЕ НЕ НЕМА Сè ќе има, нас ќе не нема – велеа баба ми и дедо ми. Нив веќе одамна ги нема, а и она сè, сè уште го нема. Можеби ќе го има кога нас ќе не нема.

Во свој препознатлив стил „без влакна на јазикот“ Џабир Мемеди Дерала создаде уште едно мрачно и заводливо, но, пред се` бунтовно поетско писание. По стихозбирката „Мажот со коси на дете“ (1999), книгата „Апокалипса“ (2011) е негова втора поетска објава. Книгата содржи 45 песни на англиски јазик и 19 илустрации. Уредничка на изданието е Венди Хаслер-Форест, проектменаџер при холандската невладина организација „Музичари без граници“. Книгата е издание на „Шорткат продукција“ (Shortcut Production) во соработка со културната установа „Блесок“.

LIFE М А Ј

На што ви асоцира изразот „урбан тип“? Во моментов на ништо. Ако мислите во поетска смисла, уште помалку. Светски поет дефинитивно не сум, така што, попрво би сакал себеси да се наречам маалски, отколку урбан поет.

Кога не би пишувале поезија, со која уметност би се занимавале? Понекогаш попрво се сметам за пропаднат рокер кому му снемало звук (mute-иран музичар) отколку за поет. Обеслухен пејач кому му останал само текстот, па, сакал-не сакал, мора (барем) да го изрецитира, доколку не знае да рапува. Значи, одговорот е – со музика, без двоумење.

93

третираат како кршлив украс спакуван во целофан. На поезијата местото и` е надвор. Меѓу контејнерите и музеите, меѓу спомениците и плуканиците...


календар

6

9-31

9

12

мај

мај

мај

мај

КЛУБ МКЦ

МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ

ДРАМСКИ ТЕАТАР

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

Претставата „Олово на перница“ по текст на Венко Андоновски, а во режија на Димче Николовски, е посветена на покојниот театарски режисер Димитар Станкоски и неговите двајца неподвижни цимери од една соба во домот „Сју Рајдер“.

Четвртиот концерт од циклусот „Слушајте филм“ со Македонска филхармонија, овојпат со наслов „Филмска авангарда“, содржи музика од композиторите Бернард Херман, Клинт Мансел, Кшиштоф Пендерецки, Љупчо Константинов, Кирил Џајковски. Вкупно ќе бидат исполнети 13 композиции од исто толку филмови. Диригент е Саша Николовски – Ѓумар, додека изборот на музиката и на филмовите е на Влатко Галевски.

Групата „Стринг форсис“ бележи 15 години од својот прв концертен настап. Во чест на својот јубилеј „Стринг форсис“ ќе одржат концерт со кој ќе не потсетат на сите нивни музички фази. Концертот ќе биде проследен со изложба на фотографии од Влатко Чачоровски.

Со мото „Единствениот свет на операта“ во традиционалниот термин од 9 до 31 мај во МОБ ќе се одржат 39-тите Мајски оперски вечери. Програмата на оперската манифестација, која се одржува под покровителство на Министерството за култура, содржи шест претстави.

9.5., 20 ч., „Дон Џовани“ од В.А. Моцарт (премиера) 6.5., 21 ч., Концерт на „Стринг форсис“ во Клуб МКЦ

14.5., 20 ч., „Бал под маски“ од Џ. Верди 18.5., 20 ч., „Турандот“ од Џ. Пучини 22.5., 20 ч., „Тоска“ од Џ. Пучини

6-9 мај

27.5., 20 ч., „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски (премиера) 31.5., 20 ч., „Аида“ од Џ. Верди

94 LIFE М А Ј

ЕВРОПА ВО ЦЕНТАР! Уметничката рута „Европа во Центар!“ е акција која има за цел да ја доближи уметноста до граѓаните и се состои од поставување уметнички дела во јавен простор. Акцијата ќе се случува на улицата „Максим Горки“ со потесната околина во центарот на Скопје.

9.5., 20 ч., „Олово на перница“ во Драмски театар

11

12.5., 20 ч., „Слушајте филм“ со Македонска филхармонија

мај

ГРАДСКИ ПАРК Популарната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе биде главната локација на осмиот регесобир посветен на Боб Марли. Маратонот ќе трае од 17 до 2 часот по полноќ и ќе содржи настапи на „Коноп бенд“, Амон Мра, Карлито, „Мастрафизам саунд систем“, видеопроекции, беџови, стикери, насмевки и гушкање.

14 мај

МЕТРОПОЛИС АРЕНА Првиот „Еротика фест“ во Македонија ќе се обиде да ги разбие сите досегашни предрасуди и табуа. Програмата на фестивалот содржи еротика во живо, музички и сценски настапи на Георги Шарески и „Најлепши дечки“, диџеј Гоце/САФ, Зоки Бејбе, диџеј Маци и ТамараТодевска. Со декорација во духот на еротиката ќе настапат дванаесет врвни изведувачи од порноиндустријата.


календар

17 мај

КЛУБ „КОЛОСЕУМ“

МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Со мото „Дваесет години слободни“ музичкото радио „Канал 103“ го прославува дваесеттиот роденден. Централниот настан ќе се одржи на 14-ти мај во МКЦ. Во име на македонската музичка сцена, која преку „Канал 103“ успева да допре до повеќе генерации кои упорно ја живеат сопствената потрага по слободата, „Стотројка“ ќе ги претстави „Мизар“, „Т.Б. Трачери“, „Беј д'фиш“, „Стринг форсис“, „Легијата“, „Д'Џон“ и „Вселенските бунтовници“, „Милко“, Картер, Роботек, Дисфилхармонија, Девојка и др.

14.5., Роденденски концерт на „Канал 103“ во МКЦ

Носечкиот филмски циклус во Кинотеката на Македонија во текот на мај е со наслов „Македонскиот филм во независна Македонија“. Циклусот опфаќа филмови направени во последните 20 години, односно од прогласувањето на независноста на Република Македонија до денес. Циклусот започнува на 11 мај со „Тетовирање“ (1991) на Столе Попов, а содржи 15 македонски филмски остварувања.

КИНО „МИЛЕНИУМ“ Приказната за панкот претставен како начин на живот, а не само како музички правец, се задржа на репертоарот на киното „Милениум“. Позитивната енергија на локалната панк-група и симпатичните доживувања кои им се случуваат во обидот повторно да се вратат на сцената ќе го привлекува вниманието на филмската публика и во текот на мај.

мај

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Во Националната галерија во Даутпашин амам ќе биде отворена ретроспективната изложба на Боро Митриќески, во Чифте амам ќе бидат претставени Ресенската керамичка колонија, годишната изложба на ФЛУ, групната изложба на „Арт визион“ и изложбата на дела од колекцијата на Мемед Нурединовски. Во Мала станица акцент ќе биде ставен на 4-тиот Младински пролетен салон.

20.00 и 22.30 „Панкот не е мртов“ - сценарио и режија на Владимир Блажевски Улоги: Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов, Владимир Тулиев

КИНО „РАМСТОР“ Цртаните филмови „Принцот од Персија“ и „Пинокио“ се прикажуваат во пладневната програма во киносалите на „Рамстор“. Терминот во 13 часот е резервиран за вториот дел на филмската верзија на „Сексот и градот“. Во ударните термини до средината на месецот ќе се прикажува филмот „Безгранично“.

16.00, 18.00, 20.00, 22.00 „Безгранично“ (Limitless) во режија на Нил Бургер

95 LIFE М А Ј

14.5., 17 ч., Фестивал „Еротика“ во „Метрополис арена“

Неуморниот предводник на новата реге-генерација, Џентлмен, на 17 мај ќе настапи во Скопје. Во организација на „Пасворд продукција“ Тилман Ото ака Џентлмен, ќе одржи самостоен концерт во клубот „Колосеум“. Европската турнеја на еден од најпознатите светски реге-музичари е во рамки на концертната промоција на албумот „Диверсити“.

КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА


КАСТОМ МОТОРИ

96 LIFE М А Ј

IRONFORGE

www.ironforge-choppers.com

ЉУБИША ПЕТРОВСКИ, ЧОВЕКОТ КОЈ СТОИ ЗАД НАЈПОЗНАТИОТ БРЕНД ЗА ПРАВЕЊЕ КАСТОМ МОТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА – IRONFORGE, РАСКАЖУВА ЗА НЕГОВАТА СТРАСТ КОН КАСТОМ МОТОРИТЕ КОЈА ПРЕРАСНУВА ВО ЖИВОТНА ПРЕОКУПАЦИЈА. НЕГОВИТЕ МОТОРИ ДОБИВААТ МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ, ПОБЕДНИЦИ СЕ НА ПОВЕЌЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ФЕСТИВАЛИ И СЕ ОБЈАВУВААТ ВО ВОДЕЧКИТЕ СПИСАНИЈА ЗА КАСТОМ БАЈК КУЛТУРА КАКО АНГЛИСКИОТ МАГАЗИН BSH („BACK STREET HEROES“), АМЕРИКАНСКОТО СПИСАНИЕ „THE HORSE“ И ГЕРМАНСКОТО „CUSTOM BIKE“


Е

да ми биде професија и комплетно да се препуштам на неа. Инаку пред мене и додека јас работев, паралелно, имаше зачетоци на кастом бајк културата во Македонија. Секогаш има и други луѓе кои се занимаваат со слична или иста проблематика ама генерално тоа не е толку професионално, повеќе е аматерски, како хоби, со чест на некои исклучоци. Но да кажам дека во моментов имаме некаква развиена сцена во тој правец, не можам, бидејќи овде тоа е се` уште аматерски. Но верувам дека работите ќе се променат во брзо време.

е нешто навистина уникатно и сериозно и дека вреди многу. За мене е многу важно да се вратам дома со трофеј или сертификат, но тоа е важно и за развојот на целокупната кастом бајк култура. Последен пат учествував на најголемиот европски кастом бајк настан кој се одржа во декември во малото гратче Bad Salzuflen, во централна Германија и се вика баш така - „Custom bike“. Таму, на едно место, се собрани сите мои врвни колеги од цел свет, од Америка, Јапонија, Европа... Европскиот крем од оваа бранша присуствува таму, на тој настан.

Како кај некое дете кое израснало во Македонија, каде во минатото немало некоја развиена „кастом бајк“ култура се разви една ваква идеја и пасија за живеење од изработување мотори? Не растев тука цело време, растев и во странство и во Македонија. И тоа мислам дека се` објаснува. А кога веќе бев дома, овде поинаку беа поставени работите. На времето кога се одеше кон тоа да се поседува мотор, не можеше човек да бира каков мотор сака, ако се дознаеше дека некој продава мотор, одиш и го купуваш па потоа го адаптираш по своја желба. По некое време сфаќав дека одреден модел можеби на мене и не ми одговара и правев мали преправки, па како проаѓаше времето и како што вкусовите се менуваа тие преправки стануваа се` поголеми, се` додека не дојде момент кога започнав да изработувам цели комплетно кастомизирани мотори. Работев прво за себе, па за моите пријатели и блиски и под нивен притисок започнав да работам и комерцијално. Пред десетина години се одлучив тоа

Какви беа реакциите на луѓето на почетокот кога им кажуваше со што „за озбилно“ си решил да се занимаваш? Па чудна им беше професијата, не се навикнати луѓево да работат таква професија, некои се обидуваа дури „да ми помогнат“, да ме разубедат да не го работам тоа, да работам нешто сосема друго. Кај некои сепак наидов и на поддршка, конкретно кај моите родители, секогаш сум ја имал нивната поддршка колку и да изгледа тоа чудно.

Колку време е потребно за создавање на еден кастом бајк мотор? Зависи од проектот, колку детали има, имам проект кој сум го работел четири години а има и проекти кои се завршувале и за три месеци. Тоа е релативна работа, исто како уметничките или архитектонските дела. Доколку се работи за клиент и треба да се направи побрзо, се остава с друго за да се заврши побрзо.

Твоите мотори добиваат меѓународни награди и признанија, а и редовно се објавуваат во водечките списанија за кастом бајк култура. Колку е ова значајно во кастом светот? Кастом моторите, се оценуваат на кастом настани (custom bike events). Кај нас има некои такви зачетоци, но повеќе се од забавен карактер отколку од сериозен и професионален, иако нивното постоење е добро, за луѓето да можат да направат компарација. Годишно гледам да учествувам на што е можно повеќе вакви настани. Некогаш мора да се направи и компромис, да се отиде на еден подобар кастом „ивент“, а некои послаби настани да се пропуштат, бидејќи тоа чини многу. Присуството на ваквите настани придодава еден печат, едно признание дека делото кое си го направил

И на крајот треба да се одвоиш од него... На крајот треба прво да се надминат сите очекувања на клиентот, тоа дело пред се` да биде сигурно, да работи совршено, ништо да не му недостасува, за да можам да се одвојам од него. Се разбира доколку исто дело не се појави некаде на некој натпревар или изложба, за повторно да се сретнеме. Дали постои кастом бајк за почетници? (Се смее) Не, сите се исти и целосно сериозни.

97 LIFE М А Ј

Правиш мотори од почеток („from scratch“). Како се прави тоа? Јас тоа го работам секој ден. Наликува на она што го гледаме на телевизија, само јас го работам тоа многу време пред да постојат емисиите, со тоа што на работа кај мене нема толку многу драма, нема шпански серии и нема плачење. Се работи и се молчи. Се брза со рокови, да се заврши на време, тоа да биде како што треба, да нема никакви грешки, да се тестира. Не е лесно, еве вчера на пример заглавив до 11 и 20 навечер на работа.

душата на скопје

динствениот професионален „кастом бајк билдер“ во земјата и еден од малкумината на Балканот, Љубиша Петровски, успева рачно со вредна и валкана работа, од цилиндер, тркало и рамка да создаде уникатен и доверлив мотор. Странските и домашните клиенти со неговите мотори поминуваат илјадници милји на патиштата во Бугарија, Србија, Словенија, Германија, Велика Британија и САД...За LIFE вели дека на неговата професија треба да се гледа како на работата на уметниците и архитектите.


душата на скопје

Колку чини еден кастом мотор? Хонорарот кој треба да го земе професионалецот кај нас е многу помал отколку во странство, таму еден час за мојата професија чини 64 долари. Кај нас за 64 долари може да се работи цел ден, со двајца или тројца работници. Тука е и мојата голема предност. Затоа поголемиот процент од моите клиенти се странци. На пример еден кастом мотор со BIG TWIN мотор, ќе чини сигурно околу 30 илјади евра во странство а тука ќе чини далеку помалку. Оние емисии кои ги гледаме на Discovery, нивните мотори имаат стартна цена од 80 000 евра па нагоре, а за тие пари овде се произведуваат три мотори подобри од нивните.

98

LIFE М А Ј

Што е со кастом моторите и со голите жени? Па да, тие две одат заедно (се смее)... Шега настрана, доколку го посетите мојот сајт или ако ги видите моите статии по странските списанија ќе забележите дека таму каде што организаторите инсистирале да има женски модел до моторот, секогаш сум бегал од таа некоја безобразна еротика. Секогаш се забележува малку поинаков пристап кај мене. Не сакам моите дела да ги омаловажувам или да ги уништам со некаква евтина вулгарност, оти многу труд е вложено и не би сакал тоа така да помине. Очигледно некогаш поентата кај таа вулгарност е одвлекување на вниманието од тоа што не чини кај моторот. Тоа е стар трик, и затоа јас не го применувам. Сакам моите дела да се совршени и да не правам компромиси. За цел живот ли е поврзаноста и работата со моторите? Да, дефинитивно. Работата никогаш не е досадна, зашто секој проект е различен. Кастом моторите не може да се споредат со останатите мотори што се продаваат во салоните. Да, тие се брзи, одат и палат добро, кочат одлично, се` е совршено, ништо не им се расипува, ама таму нема дух. Овде се` е поинаку. Целиот пристап е поинаков. Затоа и мислам дека работата со кастом моторите ќе остане до крајот. Сум пробал да работам и други работи, едноставно не ме влечеле. Ова е мојата професија и ќе го работам ова се` додека можам.


Брус Ли

подготвилa: Патриција Костовска

ЛЕГЕНДАРЕН МАЈСТОР НА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ

Н

инспирација за луѓето кои ја тренираат боречката вештина Џит Кун Дон. Но, има и такви на кои им е вечен идол, па по гледање на некој негов филм, особено кај машката популација, тоа предизвикува имитација на неговите гласовни и боречки вештини. Оние кои вистински го познавале, кажале многу

мудри изреки за неговиот начин на живот. Но, да ви ја раскажеме вистинската приказна за животот на Брус Ли и како успеал да се издигне над сите и да остане ненадминлив во својата професионална работа. Роден е на 27 ноември 1940 година, во Сан Франциско, Калифорнија. Неговото

99

а нашите балкански простори името на Брус Ли до денес е се` уште популарно. Во негова чест се поставени споменици и испеани се многу песни. Првиот негов споменик е поставен во Мостар (Босна и Херцеговина), а ден подоцна во Хонг Конг. Тој претставува голема

LIFE М А Ј

БРУС ЛИ Е ПОЗНАТ КАКО НАЈВЛИЈАТЕЛНИОТ МАЈСТОР НА БОРЕЧКИТЕ ВЕШТИНИ НА ДВАЕСЕТИОТ ВЕК. ТОЈ Е ФИЛОЗОФ, РЕЖИСЕР, ПРОДУЦЕНТ, СЦЕНАРИСТ И АКТЕР. СО СВОЈОТ УНИКАТЕН НАЧИН НА БОРБА И КОРИСТЕЊЕТО НА ЕЛЕМЕНТИ ПРЕЗЕМЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Е ПРВИОТ КОЈ ГИ ПРЕМИНА ГРАНЦИТЕ ВО МЕШАЊЕТО НА БОРЕЧКИТЕ ТЕХНИКИ. СО УЛОГИТЕ ВО ФИЛМОВИ КОИ БИЛЕ ПРОДУЦИРАНИ ВО ХОНГ КОНГ И ХОЛИВУД ГО ПОПУЛАРИЗИРАШЕ СВОЕТО УЧЕЊЕ ВО ЗАПАДНИОТ СВЕТ


Брус Ли

подготвилa: Патриција Костовска

ЛЕГЕНДАРЕН МАЈСТОР НА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ

Н

инспирација за луѓето кои ја тренираат боречката вештина Џит Кун Дон. Но, има и такви на кои им е вечен идол, па по гледање на некој негов филм, особено кај машката популација, тоа предизвикува имитација на неговите гласовни и боречки вештини. Оние кои вистински го познавале, кажале многу

мудри изреки за неговиот начин на живот. Но, да ви ја раскажеме вистинската приказна за животот на Брус Ли и како успеал да се издигне над сите и да остане ненадминлив во својата професионална работа. Роден е на 27 ноември 1940 година, во Сан Франциско, Калифорнија. Неговото

99

а нашите балкански простори името на Брус Ли до денес е се` уште популарно. Во негова чест се поставени споменици и испеани се многу песни. Првиот негов споменик е поставен во Мостар (Босна и Херцеговина), а ден подоцна во Хонг Конг. Тој претставува голема

LIFE М А Ј

БРУС ЛИ Е ПОЗНАТ КАКО НАЈВЛИЈАТЕЛНИОТ МАЈСТОР НА БОРЕЧКИТЕ ВЕШТИНИ НА ДВАЕСЕТИОТ ВЕК. ТОЈ Е ФИЛОЗОФ, РЕЖИСЕР, ПРОДУЦЕНТ, СЦЕНАРИСТ И АКТЕР. СО СВОЈОТ УНИКАТЕН НАЧИН НА БОРБА И КОРИСТЕЊЕТО НА ЕЛЕМЕНТИ ПРЕЗЕМЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Е ПРВИОТ КОЈ ГИ ПРЕМИНА ГРАНЦИТЕ ВО МЕШАЊЕТО НА БОРЕЧКИТЕ ТЕХНИКИ. СО УЛОГИТЕ ВО ФИЛМОВИ КОИ БИЛЕ ПРОДУЦИРАНИ ВО ХОНГ КОНГ И ХОЛИВУД ГО ПОПУЛАРИЗИРАШЕ СВОЕТО УЧЕЊЕ ВО ЗАПАДНИОТ СВЕТ


траги низ времето

БРУС НА ВИНГ ЧУН ТРЕНИНГ ПОД РАКОВОДСТВО НА МАЈСТОРОТ ЈИП МЕН

вистинско име е Ли Џун Фан. Англиското име Брус се претпоставува дека му го дала докторката Мери Гловер, откако дошол во Америка. Детството и тинејџерските години ги поминал во Хонг Конг. Еден ден се нашол во борба во која не можел да се одбрани, па затоа решил да започне со изучување на боречки вештини. На четиринаесет години во 1954 години се решил да тренира Винг Чун под раководство на мајсторот Јип Мен. Меѓутоа, Брус сметал дека припаѓањето на одреден стил на боречките вештини ограничува. Според него, секој треба да си изгради сопствен стил кој највеќе би му одговарал во

смисла на сопствените предности, бидејќи телото на секој поединец е поинакво, а се вежбаат исти техники. Така, врз основа на овие сфаќања, Ли развил сопствен стил, наречен стил без стил односно борба ослободена од сите ограничувања. Откако ја совладал техниката во 1959 година, Ли се борел со синот на припадникот на познатата банда „Тријада“. Истата година, развил метод на борба наречена Џун Фан Кунг Фу што се состои од Вин Чун и елементи на бокс и мечување. Поради загриженост за неговата безбедност, татко му се одлучил да го испрати својот син во Америка. По

100

LIFE М А Ј

БРУС ЛИ СО НЕГОВАТА СОПРУГА ЛИНДА И СИНОТ БРЕНДОН

доаѓањето во нова средина, Ли успешно се адаптирал. Завршил средно училиште и веднаш се запишал на смерот филозофија на Универзитетот во Вашингтон, каде ја запознал својата идна жена, американската учителка Линда. Нивната венчавка се одржала во август 1964 година. Со неа има две деца, ќерката Шенон (1969) и синот Брендон (1965-1993). Своето прво училиште за боречки вештини под името Ли Џун Фан Кунг Фу го отворил во Сиетл. Но, бидејќи се преселил во Калифорнија го отворил училиштето во Оукленд. Користењето на корисни техники од различни извори во духот на неговата лична философија му помогнале да стане основоположник на боречката вештина која ја нарекол Џит Кун До што во превод значи „патот до пресретнување на тупаница“. Така и неговото училиште со тек на време од Џун Фан Гунг Фу го преименува во Џит Кун До. Првиот ученик на Брус Ли е џудистот Џеси Гловер кој подоцна станал негов прв асистент-инструктор. Успеал да сертифицира само три инструктори. Таки Кимура, Џејмс Јим Ли и Ден Иносанто. Поради тоа што ги предавал тајните на кинеските боречки вештини на странци во тоа време се сметало дека извршил предавство. Од тие причини се стекнал со голем број на непријатели. Еден од нив бил Вонг Џек Мен кој се занимавал со Кунг Фу. Во 1964 година меѓу нив била закажана борба. Според зборовите на Брус во борбата дошло до неколку почетни удари, па на крајот противникот се предал. Многумина кои ја виделе борбата сметале дека Брус бил победник, но сепак Вонг го оспорува тоа. Оваа борба имала големо влијание врз развојот на Ли и пристап до обука и боречки вештини. Сметал дека борбата траела премногу долго (повеќе од 20 минути), бидејќи традиционалните техники биле премногу крути за да бидат корисни во хаотична ситуација. По овој настан, Ли развил систем со акцент на ефикасност, брзина и практичност. Исто така, по завршувањето на борбата, Брус бил многу задишан, речиси без здив, што го потикнало да воведе иновации во својот тренинг во вид на вежба со тегови за сила и трчање за кондиција, како и многу други методи на обука. ФИЗИЧКА ПОДГОТОВКА И ЗДРАВА ИСХРАНА Ли сметал дека голем број од оние кои се занимаваат со боречки вештини не посветуваат доволно внимание на физичката подготвеност. Тврдел дека премногу време се посветува за развој на вештините, а премалку за подготовка на поединецот за борба. Тој бил заинтересиран за развој на поголема брзина и моќ без да се добијат големи мускули. За да ја постигне таа цел ја применувал својата програма на вежби со тегови. Постојано експериментирал, често менувал елементи


мускулите е млекото и млечните производи, како и житарици и протеински пијалоци кои редовно ги консумирал. Но, бидејќи не можел да пие свежо млеко, користел млеко во прав. Понекогаш јадел и месо како и големи количини на овошје и зеленчук. Со тек на годините станал познавач на витамини и секој ден знаел да ја одреди точната потребна количина на витамин А, Б, Ц, Д, Е. Некои од неговите омилени кинески јадења биле говедско месо во сос од острига, тофу, бифтек и црн дроб. Според него, големината и бројот на оброци имаат исто така важна улога . Тој обично практикувал четири до пет помали оброци на ден, бидејќи така го забрзувал метаболизмот преку јадење мали здрави закуски. ПРЕРАНА СМРТ Постојат повеќе теории поради предвремената смрт на Брус Ли. На 10 мај 1973 година за време на снимањето на филмот „Enter the Dragon“ во Хонг Конг, Ли се онесвестил поради силна главоболка и веднаш бил пренесен во болница. Докторите дијагнозирале церебрална едема. Тие успеале да му го спасат животот со тоа што му го намалиле отокот. Подоцна, по само два месеци на 20 јули истата година повторно му се појавиле истите сиптоми од кои починал. Според зборовите на неговата сопруга, истиот тој ден Ли во

БРУС И ЏАБАР ВО КЛИНЧ ВО ФИЛМОТ: GAME OF DEATH

траги низ времето

и поради овој факт не постои прецизен метод на тренинг на Брус Ли, за сите оние кои се заинтересирани да го користитат. Во почетокот користел едноставен програм кои му го препорачале двајца пријатели кои се занимавале со бодибилдингот. Тој се состоел од основни, повеќезглобни вежби како француска преса, чучњеви со тег, склекови и олимписко дигање. Можел со една рака да дигне околу 32-36 килограми во три серии по осум пати. Посебно внимание посветил на развивање на стомачните мускули, кои ги сметал за една од најважните мускулни групи за борци. Верувал дека практично секое движење бара извесен степен на работа на стомачните мускули. Но, најважно е тоа дека стомакот служи како штит за ребрата и виталните органи. Постојан дел од тренингот на Брус Ли биле и кардио-васкуларните вежби. Тие се важен фактор во одржување на телесна маст на рекордно ниско ниво од 1,4% (во споредба со други луѓе чии телесни масти на нормално дефинирани тела изнесуваат од околу 4% или помалку). Сепак на крајот заклучил дека „Поголем мускул е посилен мускул", заклучок за кој подоцна се двоумел. Покрај, огромната посветеност на вежбањето, исто така внимавал на исхраната. Се заинтересирал за здрава храна и се обидувал да внесува само она што ќе биде хранливо и корисно за него-

во филмот. Сите заедно го разгледале сценариото, по што Чоу заминал на состанок. Откако Ли почуствувал повторно силна главоболка, Тинг му дала антибиотик Equagesic што содржи аспирин и мускулен релаксант. Тој заспал и подоцна кога дошол Чоу не можел да го разбуди. Според извештајот од обдукцијата неговиот мозок бил значително отечен. Супстанцата која била пронајдена била Equagesic. Тогаш докторите официјално ја објавиле смртта на Брус Ли како „смрт од несреќен случај“. Во 1985, во списанието „Блек Белт“ пишувало дека смртта на Ли можеби била предизвикана од одложена реакција на „смртоносен допир“ што го добил од некој непријател пред првото колабирање. Слична е теоријата со „техниката на вибрирачка дланка“ која исто така предизвикува смрт. Тој е погребан во

вото тело. Неколку пати на ден земал високо протеински пијалок направен од млеко во прав, мраз, вода, јајца, лушпи од јајце, банана, растително масло, брашно од кикирики и чоколаден сладолед. Клучно во градење на

својот дом го поканил режисерот Рејмонд Чоу во два часот по полноќ за да разговараат за снимањето на филмот „Игра на смртта“. Во четири часот наутро заминале кон домот на тајванската актерка Бети Тинг, која глуми

ПОДВИЗИТЕ НА БРУС ЛИ * Брзината на неговиот удар со оддалеченост од 90см изнесувал пет стотинки. * Правел склекови на една рака користејќи само два прста, палецот и показалецот. * Можел да пробие вреќа од 70 килограми со еден удар од страна. * Фрлал зрна ориз во воздухот и ги фаќал во лет користејќи стапчиња за јадење. * Можел да пробие неотворена конзерва на Кока Кола со прсти (ова било од времето кога конзервите се правеле од челик - многу потврди од денешните алуминиумски лименки). * Неговите боречките движења биле пребрзи за да бидат снимени со традиционална камера со 24 фрејма во секунда да бидат прикажани јасно при премотување, па затоа многу сцени биле снимени со 32 фрејма во секунда за поголема јасност. * Стоел во подигната V положба подолго од 30 минути. * Кршел дрвени табли со дебелина од 15 сантиметри. * Се дигал на вратило 50 пати со една рака.

градот Сиетл, на гробиштата Лејк Вју. Исто така од мистериозни околности на 31 март во 1993 година починал и неговиот син Брендон Ли. На само 28 годишна возраст за време на снимањето на филмот „Гавранот“, во една од сцените во кои требало да се пука со пиштол во Брендон, наместо ќорци се нашле вистински куршуми. Филмот бил објавен по неговата смрт и добил култен статус, како и последниот филм на неговиот татко. Брендон ги „наследил“ боречките вештини и многу брзо напредувал во својата техника. Моментално режисерот Хуан Карлос Фреснадилјо најави дека филмот ќе добие продолжение, но се` уште не се знае кој ќе го наследи младиот талентиран актер. Филмови во кои глуми Брус Ли се: „Marlowe“, „The Big Boss Cheng Chao-an“, „Fist of Fury Shen Zhen“, „Way of the Dragon“, „Enter the Dragon“ и постхумно објавениот „Game of Death“. ¿

101 LIFE М А Ј

БРУС ЛИ ВО ДУЕЛ СО ЧАК НОРИС ВО ФИЛМОТ „Way of the Dragon“


патување надвор

ЧИЛЕ: ВАЛПАРАИСО – ЛА СЕРЕНА – КОКИМБО – АНТОФАГАСТА – САН ПЕДРО ДЕ АТАКАМА

ПО РАБОТ НА РАСЦЕПЕНЕТА СОЧНА ЛУБЕНИЦА - ПАТУВАВ

¢ o Роберт Смилески Препорачана музика при читање: албум Próxima Estación: Esperanza – Manu Chao (2000)

АКО СЕ ТРГНЕ ОД ВАЛПАРАИСО КОН СЕВЕР И СЕ ОДИ ПРАВО, ПРАВО, САМО ПРАВО, РЕЧИСИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПРОМАШИ И ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ГРАНИЦАТА СО ПЕРУ. ЛИНИЈАТА НА ПАТОТ Е НА МЕСТА ТОЛКУ ПРАВА, СО ДЕСЕТИЦИ И РЕЧИСИ СТОТИНА КИЛОМЕТРИ, ШТО МИ ДОЈДОА ЧУДНИ МИСЛИ ВО ГЛАВАТА. АКО, ПАТОВ НЕКОГАШ НАПУКНЕ ОД МНОГУТЕ ЧИЛЕАНСКИ СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ И СE ТАКА СЕ РАСЦЕПУВА КОН СЕВЕР ПО ПАНАМЕРИКАНСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА СЛЕДЕЈЌИ ЈА ТАА ПРАВА ЛИНИЈА, СИ ЗАМИСЛИВ ДЕКА ПЛАНЕТАВА БИ МОЖЕЛА ДА СЕ РАСЦЕПИ НА ДВЕ ИДЕАЛНО ПРЕСЕЧЕНИ ПОЛУТОПКИ ОД ЗРЕЛА ЧИЛЕАНСКА ЛУБЕНИЦА атувајќи по овој пат не мора да се посетуваат знаменитости. Ова е еден од оние патишта кои самите за себе плетат приказни и ја П откриваат душата на оваа далечна земја. Погледите налево и надесно,

102 LIFE М А Ј

погледите напред и назад преку ретровизорот, раскажуваат уникатна приказна за една бесконечно инспиративна земја. По тој пат на духови и исфрлани лушпи од старите излупани возила тргнав од изворот на Чилеанската гордост – Валпараисо и стасав до пустината Атакама – позната како најсувото место на планетава. ВАЛПАРАИСО, ЉУБОВНИЦО Тоа е град каде триумфирала уметноста, и тоа не класичната туку современата и алтернативната. Тука Европа се наметнала со своето друго лице, со својата слобода на духот, што совршено кореспондира со от-

вореноста и позитивните вибрации што ги генерира ова место на овој континент на надежта. Тоа е град во кој човек или лесно се вљубува или се вљубува во самиот град. Иако на прв поглед ова и не е град кој би го одбрале како пример за убавата колонијална архитектура како некои други попознати латиноамерикански градови, сепак Валпараисо извонредно го надополнува пропуштеното со една специфична енергија и шарм на старо и прометно пристаниште со патина нанесена од морската сол, ветрот и сонцето. Од поезијата на Пабло Неруда чиј пулс се чувствува низ улиците, сe` до сензационалните графити на уличните безимени уметници - на секој агол од секоја уличка и секое барио, ме очекуваа нови мигови на скриена а силно пулсирачка енергија. Ова е град кој живее на две нивоа, едното покрај самото море и другото неколку десетици метри погоре, на природно издигнатите ридови,


патување надвор

небаре формирајќи природна тераса за поубав поглед кон синилото на тивкиот океан. Меѓу нив се наоѓаат култните лифтови кои се препознатлив белег на градот. Ги има околу 15-тина и сите тие се толку вткаени во идентитетот на овој град што истите се персонализирани – сите си имаат свои имиња: Барон, Поланко, Тури,...Откако со еден од нив, со Еспирито Санто, се искачив нагоре и прошетав по горниот боемски дел на Валпараисо, па потоа се сретнав со Ла Себастијана, омилената куќа на омилениот поет Неруда, веќе ми стануваше јасно: предоцна ќе е за подоцнежни тривијални зборови за разделби со овој град и желби за повторни видувања. Тргнувам кон север. Ги напуштам пампасите и се движам кон пустинските предели на Атакама, оставајќи ги секогаш присутните Анди да ме потсетуваат дека се наоѓам во истата земја, на истиот континент. Си размислувам навраќајќи се со мислите: така излезе, како што и се плашев. Разделбата на автобуската станица на Валпараисо беше тешка и мачна. Но, барем се извлеков со полесната варијанта: се вљубив во градот па некако ќе можам да ја негувам таа љубов во поприродна форма – ќе копнеам, ќе сонувам, ќе пишувам за него – Валпараисо, ти океанска ексцентрична латино љубовнице – ќе ми недостигаш!

103

LIFE М А Ј

КОКИМБО ЈА САКА ЛА СЕРЕНА Колку што човекот е тој што со својот ум и душа го направил градот Валпараисо посебен, толку природата или Создателот лично се погрижил за неговата околина по ништо да не заостанува. Возејќи се неколку часа само право на север, речиси под прав агол на екваторскиот напоредник, и приближувајќи им се на градовите соседи, Ла Серена и Кокимбо, белите испрекинати црти на асфалтот пред мене веќе ме хипнотизирале. Автобусот во кој се возам е создаден за сонување со отворени очи: удобните седишта во автобусот оваа компанија ги нарекува „семи кама“ (во превод: пола кревет). Растојанијата го оправдуваат тоа, но и пејсажите наоколу. После првите стотина километри и веќе ниту џиновските кактуси кои ги поминуваме не ме возбудуваат.


104 LIFE М А Ј патување надвор


САН ПЕДРО ДЕ АТАКАМА, ПОРОЈ ВО ПУСТИНАТА Следејќи ги бесконечните електрични кабли од бандера до бандера, трепнувајќи со очите на секое спојување на кривите лаци од жиците натежнати од прашината со поднавалените дрвени и бетонски столбови, срцето ми отчукуваше само по еднаш. На овие долги патишта без крај, малото скршнување кон североисток дополнително го отежна напредувањето. Почнуваме да се искачуваме. Сe` помалку луѓе, сe` помалку вода. Сe`повеќе сол, сe` повеќе вулкани покриени со снег како шеќер во прав. Во Калама нe` пречекува пороен дожд. Улиците се претворени во надојдени реки. Во Атакама, климатолошки наречената „апсолутна пустина“, домот на најсувите предели на планетата, полчасовниот дожд е еднаков на природен спектакл на векот. Во некои места во Атакама не се забележани никакви дождови откако се бележат временските услови! Стасав. Пред нас се исправи Ликанкабур, совршениот конус низ чии набабрени вени тече врела црвена магма. Под него е распнато местото Сан Педро де Атакама. Со своите речиси 6000 метри надморска височина и стројност вулканот Ликанкабур буди восхит и вртоглавица. Сепак вртоглавицата ќе да е резултат од поминувањето на неколку илјади метри во висина тој ист ден. Од покрај морето, за неколку часови се искачивме на 2500 метри надморска висина. На чекор од соседна Боливија, ова некогашно село, Сан Педро де Атакама сега е преобразено во омилено место на туристите авантуристи и еколози. После адаптирањето на тие височини посетителите се упатуваат уште погоре на разни прошетки по прекрасните планински врвови и вулкани, солени езера полни со црвени фламинго птици и остатоци од некогашните населби на Инките. Пустината можеби е бездушен убиец на заскитаните и неподготвените, но сепак е одличен конзерватор на историјата. Без влага ништо не скапува. Убавите фатаморганични предели околу Сан Педро се татковина на пред-колумбовското племе Ајмара и на починатите луѓе од тоа

патување надвор

племе кои кога се откриваат низ пустината, намерно или некогаш случајно, се толку неверојатно сочувани, мислиш истите не се воопшто мртви. Овие мумифицирани тела изгледаат како само да дремат, да одмораат и да земаат душа која успеала да остане во исцедените тела, пред да го продолжат талкањето низ висорамнините. На крајот на овој незаборавен пат и ова несекојдневно патешествие, се упатувам кон аеродромот во Калама каде ќе го фатам летот назад кон главниот град – Сантијаго де Чиле. Долгата патна врвца на панамериканскиот автопат, крај Тихиот океан, по кој се движев неколкуте претходни денови се протегаше долу следејќи го морскиот брег и Андскиот масив. Ја гледав таа права линија сe` додека едно време веќе бевме превисоко за да може да се види. Но јас добро знаев каде е. Гледајќи ги планините лево од мене знаев дека тој пат е пак некаде тука, под мене. Таму долу се редеа километрите, друмските приказни за чуда небесни и земни, исушените скелети на животни пцовисани од жед, крстовите и пластичните цвеќиња во дречливи бои за оние кои не го довозиле патот на трпението, малите попатни храмови изградени во нивно име. Под мене останаа и соништата на жителите на овие вонземни пејсажи кои опстојуваат и таму каде човек најмалку би очекувал. Пред да слетам веќе се стемнуваше. Со мракот доаѓаше и студот. Бесконечноста на пределот се осветлуваше од светлината на месечината. Се појавуваа и ѕвездите кои беа во толку голем број што тие, најдалечните чинам се спојуваа со ситните камчиња од правот на пустината Атакама. Соѕвездието на Ловецот Орион ќе внимава на живите и на нивните претци, совршено зачувани во врелите песоци на Атакама. ¿

105 LIFE М А Ј

Се движиме брзо низ сувата полупустинска околина. На ретровизорот ги гледам кактусите како човечки силуети со кренати раце кои негодуваат за правот кој го оставаме зад нас, пролетувајќи покрај нив со огромна брзина. На над 2000 метри надморска висина, близу Ла Серена се наоѓа една од најдобрите астрономски опсерватории на јужната полутопка. На ридот Тололо вселенските воајери го нашле својот дом поради големата веројатност за сино чисто небо и речиси непостоечкото загадување на воздухот. И додека научниците од цел свет го набљудуваат егзотичното небо на јужната хемисвера од планетава Лубеница, под истиот рид енолозите експериментираат во виноградите, галејќи ги гроздовите од кои подоцна прават специфично чилеанско вино и писко сауер. Писко сауер е типичен локален производ кој настанал по игра на случајот, при долгите транспорти на виното во минатото, низ врелите патишта и планински премини. Виното се тресело и се загревало од жештините, па кога тоа стасувало на целта не било веќе со вкусот каков што го сакале порачателите. Но сепак, со додавање на лимети и лимони, тоа станувало вкусен пијалок кој убаво освежувал во спарните чилеански летни денови и ноќи.


патување дома

¢ Васко Марковски

СКАМЕНЕТИ СВАТОВИ СЕКОЕ ОДЕЊЕ ВО ЛОКАЛИТЕТОТ КУКЛИЦА Е ВОЗБУДЛИВО НА СВОЈ НАЧИН, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СТЕ ТАМУ ПРВПАТ, ИЛИ СТЕ ГИ ВИДЕЛЕ ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ПАТИ. СЕКОЕ ГОДИШНО ВРЕМЕ ГИ СМЕСТУВА ВО НЕКОЈ ПОИНАКОВ АМБИЕНТ И ВИ БУДИ НЕКАКВО НОВО ДОЖИВУВАЊЕ НА СКАМЕНЕТАТА СВАДБА ОД КРАТОВСКО

106 LIFE М А Ј

ристигнувајќи во кратовското село Кетеново добивате впечаток дека сте дошле во место каде што нема ама баш ништо привлечно П да се види и оти таму би застанале само ако ви се расипе автомобилот или ако останете случајно без гориво. Село со безлична архитектура, луѓе на кои им е сеедно дали сте подзастанале тука или не, и коперација што нуди само замена за тоа што ви е потребно - има цигари, ама друга марка, има пиво и газирани сокови ама не какви што барате, а гумите за џвакање се од некогаш. Ако веќе ви се случило да заста-

нете, тешко дека ќе најдете нешто би ве привлекло да слезете покрај реката - доволно сте се изнагледале зеленило од пластични шишиња и нема да ви биде првпат да видите 'рѓосана врата од стоеден, стаклена вратница од машина за перење или најлонски кеси полни со ѓубре фрлени во река. Што би барале овде? Но, да не брзаме со предрасуди! Кетеново е важна точка на патот од Куманово накај Кратово, пресвртната точка што води до локалитетот Куклица и Скаменетите сватови од Македонија. Тоа веќе менува се`.


патување дома Ако, сепак, решите да појдете со автомобил - Кетеново е на половина час возење со автомобил од Куманово накај Кратово. Од таму до локалитетот ви остануваат уште 5 минути возење, по левиот брег на Крива Река. Патот води до самиот локалитет, но препорачливо е да застанете на чистинката пред железниот мост кај напуштената сепарација за песок, и оттаму да продолжите пеш кон другата страна на реката, накај куклите. На југ, веднаш ќе ги забележите високите армирано-бетонски столбови што се извишуваат на меѓу двата рида, на местото каде што треба да поминува долг железнички мост, на пругата што треба да ги поврзе Македонија и Бугарија. Мештаните што случајно ќе ги сретнете ќе ви раскажат дека изградбата на пругата била прекината уште во мај 2004 година, кога биле повлечени градежните машини и работниците, што ја урнало нивната надеж дека во блиско време ќе видат подобра живеачка и ќе видат дека почнал каков-таков развој на тој регион. Затоа и не очекувајте преголема љубезност од селаните што ќе ги сретнете по патот. "Ова ли е живот? Не можеме да излеземе од калта", ни рече Зоран Давитковски од селото отстротива, Куклица, расфрлано по ридовите, кого го сретнавме за време на една од нашите посети на локалитетот. Пцуејќи по 21 век и по живеачката ни раскажа дека не треба да се чудиме ако луѓето што ќе ги сретнеме не се расположени за разговор, зашто живеат од социјална помош, а некој си го тера ќефот и доаѓа да гледа кукли. Но, набргу омекна. "Какви сватови!? Приказни за деца! Овде некогаш имало многу вода. Реката била до тука и уште подалеку. Водата долго време ги миела карпите, и - така настанале куклите", ни рече кукличанецот. Локалитетот Куклица е во подножјето на ридовите, под селото. Сватовите првпат биле афирмирани во јавноста во 90-тите години, а повторно биле актуелизирани кога почнала изградбата на пругата. Тогаш биле изградени влезната порта и камените патеки и биле поставени маси, клупи и кошници за отпадоци.

107 LIFE М А Ј

Повторно сме таму, на пат накај куклите, кои тивко и полека стануваат неизбежни во набројувањето на главните туристички атракции во Македонија. Овојпат одбравме малку поавантуристички, малку помалку конформистички и многу поевтин начин да стигнеме до таму, со автобус. Повратна карта од Скопје до Кратово ќе ве чини колку 3-4 литри бензин, а ќе ви се исплатува, за промена, да го изодите пеш патот од Кетеново до Куклица. Тргнуваме пеш од таму, од Кетеново, каде што не' остави автобусот по еден час возење од Скопје. Како што најавува патоказот, до 'куклите' ни претстојат 3,5 километри одење. Промената ја забележуваме веднаш. Со секое одење претходно, со автомобил, сме пропуштале да ја почувствуваме природата - чувство кое ни станува се` подалечно живеејќи во градовите. Ве пречекуваат мирис на село на лепешки, периодичните натпевања кокошките со птици чии песни сте ги подзаборавиле, и стотици убави кадри за фотографирање. Пред вас е еден час лежерно одење.


патување дома LIFE М А Ј

108

Откако е уреден просторот, веднаш можат да се препознаат младенците и сведоците - околу нив е изградена кружна патека, а наоколу лесно можат да се препознаат сеирџиите и пијаните сватови. А што велат легендите? Во спомените ни се будат зборовите на кратовскиот новинар Гоце Стојановски, со кого ги споделивме впечатоците од првата посета на Куклица. "Некогаш, многу одамна, едно момче од селото Куклица, над камениот град, решило да се жени, но не можело да се одлучи која девојка да ја земе за жена, зашто му се допаѓале две девојки - една од Долно и една од Горно маало. Решило да им се вети и на двете и во ист ден им закажал свадба. На денот на венчавката, и двете моми, облечени во невестинско, го чекале да дојде младоженецот по нив. Според обичајот, во ист ден не можело во исто село да се прават две или повеќе свадби, оти невестите не смееле да се видат една со друга. И така, свадбата почнала, а тапаните екнале и во Горно и во Долно маало, но невестата од Долно маало била љубопитна и сакала да види кој друг прави свадба во селото. Истрчала во Горно маало и го видела своето момче со друга невеста. Разочарана и тажна, несудената невеста ги проколнала младенците, извикувајќи: да даде Господ сите да се скамените, ако треба - и јас со вас заедно! И, како што се раскажува, во истиот момент сите свадбари замрзнале и се претворила во камен, а со нив и таа. Ова е само една од разните легенди што се раскажуваат за камените кукли", ни раскажа Гоце. И првата и секоја следна средба со Скеменетите сватови воодушевува. Ни на крај памет не ви било дека некаде во Македонија ќе видите такво нешто, нешто што личи на случајните споменици во Северна Америка, камените кули во Кападокија, или калуѓерките и девојките од Франција што сте ги гледале на Дискавери или Нешнал Џиографик. Сфаќате колку сте биле во заблуда кога сте помислиле дека ништо никогаш повеќе нема да ве натера да застанете кај Кетеново.

Уште од првото разгледување на камените фигури (ги има околу 120), лесно ќе ги забележите и младенците и кумовите и сватовите и сеирџиите, што прави да помислите дека навистина држи вода приказната за скаменетата свадба и за клетвата од изневерената свршеница. Но, има една работа што збунува - ако сево ова било вистина, значи тогаш кога се случило скаменувањто луѓето биле високи и по 3, 4, и по 10 метри. Геолошката теорија за Скаменетата свадаба ни ја раскажа човекот што го сретнавме кај дрвената куќарка со сувенири, кога заминувавме од Куклица - Милош Димитриовски, претседател на здружението „Извор“ од Кратово, кое го откри пред пошироката јавност што го рашири гласот за Куклица. Според геолошките истражувања, главниот материјал од кој се формирале камените кукли е силициум диоксид, кој е лесно се разјадува под влијание на водата. Се претпоставува дека корито на Крива Река некогаш се протегало и до локалитетот Куклица, каде што под влијание на водата се формирала композиција од околу 120 камени пирамиди. Според брзината на разјадувањето, кое непрекинато се случува и денес, се претпоставува дека за да се формираат Скаменетите сватови биле потребни 5.000 до 10.000 години. Самите одберете на која вистина ќе и' поверувате, за промена, следниот пат кога ќе појдете да ги видите - на народното предание, или на геолозите. Не знаеме кога ќе дојде денот кога над столбовите спроти селото ќе минуваат возови, но знаеме дека патниците ќе имаат прекрасна гледка под прозорецот на купето. По истиот пат, се враќаме до Кетеново. Пред нас е еден час пешачење, кое не` научи уште една работа - не заборавајте да си земете повеќе вода, иако жедта ќе биде убав повод да запознаете и да си помуабетите со луѓето што ќе ги здогледате во дворовите на куќите низ селото. На излезот од селото веќе не` чекаше такси - 200 денари до Кратово. До автобусот за Скопје имаме уште два-три часа да ги разгледаме кулите и мостовите, да пробаме од кратовските јадења. Одењето со автобусот се покажа добар избор. ¿


маса за двајца Васко Марковски

КАЛА РЕСТОРАН СО УНИКАТНА ПОНУДА, ДОКОЛКУ ГЛАДОТ ВЕ ЗАТЕКНЕ ВО НИЕДНО ВРЕМЕ, ВО ПЕРИОДОТ МЕЃУ РЕГУЛАРНОТО ВРЕМЕ ЗА ПОЈАДОК И ВРЕМЕТО ЗА РУЧЕК. МЕСТО СО ВКУСНА ХРАНА, ПРИЈАТЕН ЕНТЕРИЕР И МОДЕРЕН ФОН

и книгите не се случајно тука. Како што ни раскажаа домаќините, идејата е ресторанот воедно да биде и продажно-изложбен салон и сликите и книгите се на продажба. Менито е едноставно. Концизно и непретенциозно. Не е од оние, предолги листи на јадења, во кои не можете да се снајдете, и од кои, најчесто, на крајот одбирате нешто што ви било веќе познато, по линија на помал отпор. На кој дел од листата да застанете, изборот ќе биде меѓу неколку јадења, одбрани категорично и со идеја. Ќе најдете предизвикувачки идеи за појадок и сендвичи, а главните јадења се сведени на бифтек, рамстек, пилешко, лосос и паста. Одбравме томато супа, пилешка салата, омлет со сирење и домати и пилешко со суви домати и моцарела. Додека чекате да пристигне комбинацијата што сте ја составиле, му се препуштате на

ритамот на фонот и ритамот на денот кој ви се случува пред очите, на тротоарот и на улицата зад терасата. Амбиентот, периодот од денот, во комбинација со „содржината“ што сте ја одбрале за промена, прават да го доживеете Скопје поинаку, додека сонцето е зад зградата, некаде зад Соборна, се` до мигот кога ќе се појави откај „Партизанска“. Јадењето е пред нас. Веќе замуабетени им се препуштаме на вкусовите и си ги ситиме очите со примамливо аранжираните чинии. Повеќето од вкусовите ни се познати, но, доживувањето е поинакво, неодоливо. Лесно се согласивме дека фаворит ни е пилешкото со суви домати. Ја празниме втората чаша пиво со чувство дека сме направиле добар избор. Ни се допадна идејата на домаќините, кои решиле бранч менито да биде нивната посебност. А и сметката е пристојна за тоа што ќе го добиете како пакет. За 300 до 400 денари ќе добиете супа или салата, главно јадење и десерт, два вида црвено, два вида бело вино и, стартер-лепчиња со намаз додека го чекате јадењето. Вреди да се проба! ¿

Адреса: ул. Ленинова бр. 33а, локал 4, Градски Парк, Скопје Работно време: 8:00-24:00 (пон-саб), 12:00-22:00 (нед) Контакт: тел. 070 / 337 919 Картички: Visa, Master Card, Maestro Интернет: WiFi Пристап за луѓе во количка: една скала; пристапна тераса

LIFE М А Ј

Р

¢

109

есторанот Кала, отворен неодамна веднаш до популарното кафуле Кала во скопско Дебар Маало, е место што ќе ви отвори нови идеи како да поминете едно од вашите вообичаени претпладниња во Скопје. Откривме место што ќе ве натера барем колку за промена да го смените вообичаениот тек на страниците од дневната агенда, да ги преорганизирате термините за појадок, утринско кафе или за ручек. Кала е место кое одбрало неговата препознатливост да биде дневното бранч мени - термин комбинација breakfast и lunch - место за периодот од денот кога е доцна за појадок и рано за ручек. Дилема уште кога ќе дојдете. Каде да седнете. Надвор, на типичната дебармаалска тротоар-тераса, или внатре, во простор со модерен дизајн и амбиент на ликовна галерија и библиотека од кои зрачи современоста. Впечатокот на современост го дополнува фонот од звучниците, внатре и надвор, кој го исполнува просторот и ги повикува минувачите со ритмичен или лежерен урбан „саундтрак“ - од lounge или chill out од типот на Buddha Bar и Cafe` del Mar до француски шансони. Просторот мириса на ново. Додека ја чекаме средбата со менито, ловиме впечатоци од сликите на битолската уметница Лидија Саздовска, кои му придодаваат пријатен тон на амбиентот. Разгледувајќи наоколу, лесно ќе ги забележите и полиците со книги - главно прирачници за снаоѓање низ деловните предизвици новото време и белетристички бестселери. Набргу, заедно со менито, пристигна и гестот за пречекување - корпа со лепчиња и намази од путер и од маслинки, со шише вода. Сликите


специјалитети

РАЗГЛЕДНИЦИ ОД ВЕНЕЦИЈА 01

¢

Љупка Делева

ЊОКИ

РАЗМИСЛУВАЈЌИ ШТО ДА ВИ ПОНУДАМ ВО ОВАА ПРВА „РАЗГЛЕДНИЦА ОД ВЕНЕЦИЈА“, ИЗБОРОТ ПАДНА НА ЈАДЕЊАТА ШТО ТРАДИЦИОНАЛНО СЕ ПРИГОТВУВААТ ВО ИТАЛИЈА, ОДНОСНО ВО РЕГИОНОТ ВЕНЕТО. ОВОЈ ПАТ ИЗБРАВ ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВАМ ЊОКИТЕ

110

LIFE М А Ј

е прашував зошто во Македонија, во земјата на изобилство со прекрасен С компир, не се приготвува ова јадење... Можеби веќе имате вкусено њоки во некој италијански ресторан, но во овој број на LIFE магазин ќе ви ја откријам тајната како да ги приготвите дома. Прва и основна состојка е компирот, кој треба да биде стар и „брашнест“, односно

при варењето да не „зема“ вода. Најдобар е планинскиот компир со жолта боја. Компирот се вари во ладна вода, нелупен. Потоа, с уште топол, се гмечи, како кога се прави пире. На маса која е однапред попрскана со малку брашно се замесува тестото од компирот со малку сол, па се додава брашно и едно јајце. Потоа тестото се моделира во долгнавеста

форма, со 2 см ширина. Со нож се сечат мали квадратчиња, а потоа доаѓа делот кој мене лично ми е најзабавен. Секое квадратче се „лизга“ на задната страна од рендето (обично домашно ренде), и се добиваат мали полукружни школкички кои се нерамни од задната страна. Истиот ефект може да се постигне и со вилушка – бидете внимателни и само малку притиснете.


специјалитети да ја извадите од водата со сито или дупчеста лажица (за да се исцеди водата) и да ја положите во длабока чинија, и така со сите останати њоки. Врз њоките обично се става рагу, но за вегетаријанците одличен предлог е путер и жалфија, а јас би додала и свежо нарендан пармезан... или пак слатка павлака и рукола, пршут и топено сирење, стопена горгонзола и морско оревче или едноставно со песто. Сосот

е по ваш избор. Њоките се прават и со печена тиква, но тој рецепт да го оставиме за Haloween (Ноќта на вештерките)! Ова јадење се приготвува за 25 минути, а потребни ви се 1 кг компири и 300 гр брашно. Време на варење: 5 минути. Обично една порција содржи дваесетина њоки. До следното читање, saluti e baci (поздрави и бакнежи)

СОС ЗА ЊОКИ 01

СОС ЗА ЊОКИ 02

ТОПЕН КАШКАВАЛ, ПРШУТА И РУКОЛА

ЦРВЕН СОС И МОЦАРЕЛА, ЗАПЕЧЕНИ ВО РЕРНА

Во загреано тавче се пропржува маслиново масло, кромид и малку луто пиперче, и се додава пршута исечкана во форма на квадратчиња. По некое време се додава и кашкавалот (овчи кашкавал), исто така претходно исечкан на квадратчиња, и малку млеко, за да се стопи кашкавалот. Во овој случај млекото е замена за слатка павлака, за сосот да биде потечен. Потоа во сосот се додаваат претходно сварените њоки, убаво и внимателно се промешува, и на крај се додава руколата. Се служи топло. Со ова јадење оди убаво црвено вино...

Се пропржува лук и маслиново масло, потоа се додава половина кило сос од домат, се динста на тивок оган, се додава ситно исечкана моцарела, со постојано мешање за потполно да се стопи. Се додава сол и бибер по желба. Ако сакате да запечете во рерна, треба да изберете добар сад (по можност земјен) во кој ќе ги ставите њоките (претходно сварени на погоре објаснетиот начин), го додавате сосот, попрскувате со рендан пармезан и ги потпекувате њоките на висока температура во рерна (грил) околу пет минути. Се сервира топло, со неколку листои босилек за декорација и мирис. Со ова јадење препорачувам убаво студено пиво.

111 LIFE М А Ј

Њоките се положуваат на чинија претходно посипана со брашно (за да не се залепат). Можете да ги оставите и неколку саати, с до моментот кога ќе се одлучите да ги приготвите, затоа што ова јадење се јаде топло. Варењето е на следниов начин: во солена и зовриена вода се ставаат њоките, една по една. Кога њоката ќе исплива на површината значи дека таа е сварена (во просек 20 секунди). Треба


панорама

ПАНОРАМА ОВОШНИ ШЕЈКОВИ, РАЗНОВИДНИ КАФИЊА И БРЗА ХРАНА SMOOTHIES BAR „LI SINCE 1991“, УЛ. МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ БР.36 СКОПЈЕ Кафињата кои можете да ги најдете само во Smoothies bar „Li since 1991“ во Скопје, се единствените во градот со различни вкусови и сирупи слични на оние од „Starbucks“. Исто така и овошните шејкови од шумски плодови, манго, ананас и енергетскиот шејк се вистинско уживање и освежување во пролетните и летните денови. Покрај, сето тоа, имате и можност да пробате од брзата храна како хот дог, сендвичи, салата и разновидни закуски. За ентериерот можеме да кажеме дека е исполнет со весели бои. Еден од ѕидовите е во зелена боја, друг во лилава, трет во сина боја, надополнети со црвени сталажи и едно големо мени над шанкот. За сите љубители на кафе и овошен шејк ова е вистинското место кое може да го посетите до полноќ. Цените се навистина пристојни.

ВКУСОТ НА МАЛИТЕ ЗАДОВОЛСТВА БИСТРО „ПИКОЛО“, ВО ТЦ ЛЕПТОКАРИЈА

112 LIFE М А Ј

Бистро „Пиколо“ е место со пријатна и опуштена атмосфера, место кое ги зближува луѓето и прави тие да се чувствуваат како дома. Сето тоа зачинето со пријатна музика и вкусни задоволства, чиј рецепт не можете да го најдете на друго место. Од вафли и профитероли, палачинки и други слатки задоволства, до домашни сендвичи и тостови, ликери припремени на специфичен начин... и зачинети со голтка од единственото ILLY – кафе. Бистро „Пиколо“, во ТЦ Лептокарија, едноставно, морате да го посетите!


113 113

LIFE М А Ј


114 LIFE М А Ј


115 LIFE М А Ј


116 LIFE М А Ј

02 322 16 35 www.panache.com.mk


117 LIFE М А Ј


118

LIFE М А Ј

¢ Мадам Шехерезада

ТАРОТСКОП

МАЈ 2010

Овен – СОНЦЕ

Бик – ПЕТ НА ПЕХАРИТЕ

Близнаци – ТРКАЛО НА СРЕЌАТА

Рак – АС НА ПАРИТЕ

Лав – ЦАР

Девица – ЧЕТИРИ НА МЕЧОВИТЕ

Имате два избора: или да се занимавате со нешто што залудно ќе ви го троши времето, или пак да ја насочите целата позитивна „сончева“ енергија да завршите голема работа, и секако, сето тоа финансиски да ви се исплати. Ова е најдоброто време да ги реализирате вашите идеи, како на професионален, така и на љубовен план. Пренесете му и на вашиот партнер малку од овој оган, нема да погрешите!

Сега не е време за каење, бидејќи тоа нема никому да му направи добро. Да, некои ваши избори и постапки ве прават среќни, други пак не, но посветете внимание на новата енергија која ве обзема и едноставно не вртете се зад вас. Сите се учиме на грешките, а пријателите се она богатство кое никогаш нема да се потроши. Совет: помалку седење дома, повеќе прошетки во природа!

Месецов ќе биде во знакот на долгоочекуваниот успех, и тоа во скоро секој дел од вашиот живот: кариерата, врската, здравјето... Ќе ви се докаже дека работите во коишто сте вложувале полно енергија и трпението кое сте го имале – ви се исплатуваат, и повеќе одошто сте очекувале. Одвојте време за блиските и за љубената личност, и пренесете им малку од вашата позитивна енергија.

Парите не се се`, но дефинитивно можат да помогнат, а ова важи баш за вас во април. Ќе излезе добро решение за вашите финансиски потешкотии, кое не само што ќе ве направи среќни, туку и ќе повлече нови можности. Стресот и тензијата кои во моментов владеат со вашата врска ќе се ублажат, едноставно треба да се опуштите и да заборавите на нервозите. Совет: свежо овошје, зеленчук и многу сон!

За вас ова ќе биде месец на многу одговорност. Ќе почувствувате како да морате да бидете родител на сите околу вас и да се грижите за нив, но иако тоа во моментов ви звучи напорно, резултатот ќе биде добар. Ќе сфатите колку навистина знаете и умеете, и колку навистина можете да направите – доколку тоа го посакате. Совет: обидете се да не трошите многу, може подоцна да се покаете.

Ви треба време за себе, да се реорганизирате и да си ги средите мислите. Поминавте низ се` и сешто последниве месеци, па треба сериозно да размислите за малку самотија, и дури и за малку себичност. Мислете на себе, на тоа како треба да се одморите од се` и да соберете нова енергија. Она што никако не смеете да го дозволите е да изгорите како свеќа. Совет: мир, тишина, самотија!

Вага – ВОЛШЕБНИК

Скорпија – ДВА НА ПАРИТЕ

Стрелец – ОСУМ НА МЕЧОВИТЕ

Јарец – ВИТЕЗ НА СТАПОВИТЕ

Водолија – СУД

Риби – БОРБЕНА КОЛА

Светот е ваш, или барем вие така си мислите. Да, овој месец можете да направите многу: полни сте со енергија, ѕвездите ви се наклонети, знаете работи што повеќето не ги знаат... Сепак, немојте да се наперчите и да помислите дека сте семоќни, бидејќи многу лесно може да се случи нешто да се изјалови и наместо меѓу ѕвездите – да се најдете назад во калта. Совет: ум в глава!

Продолжете со добрата работа. Не дозволувајте да ви избега моментот, кога сте толку блиску до успехот. Со уште само малку напор ќе го достигнете она кон кое тежнеете, само треба да ги довршите работите и да не се откажувате пред самиот крај. Да, успехот и среќата се токму зад аголот, само треба да дојдете до него. А згора на се`, на повидок е нова романса. Совет: отворете очи, засукајте ракави!

Ослободете се од притисокот кој самите си го создавате. Земете длабок здив и почнете да размислувате за убавите нешта, за пријателите и љубената личност кои се секогаш тука за вас. И ако постојат реални потешкотии, запаметете дека во сето тоа не сте сами. Ќе сфатите дека нештата стануваат се` полесни и полесни во моментот кога ќе почнете да ги споделувате. Совет: помалку алкохол и цигари!

Ви се чини како да превидувате или заборавате нешто важно и најверојатно сте во право. Прочепкајте низ вашиот компјутер (или низ вашиот мозок), и ќе откриете дека нешто итно го бара вашето внимание. Организирајте се повеќе, фокусирајте се и се` ќе биде во ред. Претстојат убави моменти со партнерот или интересна прилика за слободните јарци. Совет: редовни оброци и физичка активност.

Бевте под ужасен стрес заради нешта кои не можевте да ги контролирате, но тие моменти се зад вас. Товарот од вашите плеќи е делумно симнат, па наскоро сосема ќе се вратите во нормала. Време е да престанете да се опседнувате со луѓето и работите кои не го заслужуваат тоа и да се занимавате со работите кои вистински ви значат. Ќе се чувствувате подобро веднаш кога ќе го сфатите тоа!

Хаос? Не сте навикнати на него? Сакате целосна контрола? Овој пат ќе мора да научите да пливате во хаосот и да се изборите да го повратите толку саканиот ред. Нема да ви биде потребно многу време да ја вратите назад старата добро позната рутина, иако не би било лошо, за промена, да се отворите за малку понепредвидливи и повозбудливи ситуации. Совет: шарена облека и мохито!




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.