Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје За подобро и поквалитетно високо образование
За силна екстерна репрезентација
За изградба на студентски град
За поголем пристап до ЕРАЗМУС + програмата
За зајакнување и поттикнување на научно истражувачката работа помеѓу студенти и млади како и Универзијада 2017та, најголемиот високо-образовен и едукативен проект во Република Македонија За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 1
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СПУКМ Стефан Василевски Кратко мотивационо писмо Кон крајот на 2013-тата година, се случи еден од најголемите пресврти во мојот живот. Тоа беше влезот во една друга димензија, влезот во еден поинаков и подинамичен свет, пат кој нажалост не е многу следен во нашата држава и околи, а всушност тоа е еден од најубавите патишта што може еден млад човек, пред се студент, да ги одбере. Да, тоа беше влезот во студентските и младински организации. Тој пат не само што ми дозволи да се пронајдам себеси, туку и ми овозможи голем скок во мојата кариера а особено во полето на здравството и медицината, почнувајќи од претседател на Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија ( www.mmsa.mk ), организација која е официјален претставник на сите студенти по медицина на Македонија во најголемата во Свет младинска организација за медицински студенти, доаѓајќи до моменталниот успех, односно позицијата што моментално ја обавувам а тоа е потпретседател и координатор за финансии во Интернационалната Федерација за Медицински Студентски Асоцијации - IFMSA, единствена и најголема во Свет организација која претставува повеќе од 2 милиона млади доктори и студенти по медицина, а воедно за тоа е директно признаена од Светска Здравствена Организација, Обединети Нации, УНЕСКО, Светската Медицинска Асоцијација, и многу други кадешто секогаш завземаат дел од сите нивни случувања и ИФМСА е директно поканета да учествува во креирањето на здравствените политики на овие најголеми светски федерации. ( www.ifmsa.org ) Да се има таа чест да се биде во првите 7 раководни функции на оваа федерација, изгласан од 127 држави и признаен од сите млади светски лидери во медицината и здравството за своите достигнувања, едноставно ми даваат голем мотив и желба за уште поголема борба и поголеми достигнувања. Тие успеси ми биле признаени и од многу Светски владини и невладини организации на чијашто покана сум ја претставувал и Република Македонија но и ИФМСА како светска федерација. Искуството од поканите од Светска Здравствена Организација, Светска Банка, Самитот за млади лидери во здравството, покани од министерства и влади на Тајланд, Обединети Арапски Емирати, Индија, Тајван и многу други, мојот придонес кон овие самити со мојата работа, ми ги отвори сите врати низ светот за понатамошен развој на мојата кариера во полето на здравството и медицината. Но, има една работа, има една сила, има една моќ која е посилна од сите. Тоа е љубовта кон татковината која не ми дозволува а да не се обидам да придонесам макар и пола од тоа што го придонесов кон светската медицина и младинските светски политики, а да не го искористам мојот потенцијал за нашата татковина, Македонија. Затоа со сите мои сили и со најголем мотив досега, се впуштам во оваа нова авантура која се надевам ќе има најдобар крај и за сегашните а и за идните генерации студенти и млади луѓе во ова наше парче земја! За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 2
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје СОДРЖИНА
Досегашна студентско-младински активности Напомена: Овој дел е вовед во историјатот и досегашните активности на кандидатот
1.Персонално CV и меѓународно признаени сертификати .................................................................................7 2.Достигнувања во Република Македонија............................................................................................................9 3.Macedonian Medical Students’ Association (www.mmsa.mk ).............................................................................12 4.International Federation of Medical Students’ Associations (www.ifmsa.org )……………………………………..12 5.Меѓународно искуство и репрезентација…………………………………………………………………………….20 6.64-то Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации, Охрид 2015………………………………………………………………………………………………………………….23 7.Светски Здравствен Симпозиум – Скопје, 2015……………………………………………………………………24
Програма за 2016-2018 година за студентско-младински активности Напомена: Овој дел е наменет за дел од програмата за СПУКМ за 2016-2018 година која ја нуди кандидатот
1.Универзијада 2017та ………………………………………………………………………………………………….... 2.Кратко резиме на други активности..........................................………………………………………………….... 3.Закон за високо образование и борба за подобро и поквалитетно образование …………………………… 4.Екстерна репрезентација ……………………………………………………………………………………………… 5.ЕРАЗМУС + програма, достапност за сите …………………………………………………………………………. 6.Студентски стипендии и можности …………………………………………………………………………………… 7.Студентски Град 2020-та и Студентски Конгресен Центар – Скопје............................................................... Напомена: точките од програмата за 2016-2018 се поклопуваат едни со други па затоа не се дадени специфични страни
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 3
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
CURRICULUM VITAE
Име и Презиме: Дата на раѓање Националност Адреса Град Телефон Е-пошта Окупација Универзитет: Година
Средно школо: Јазик на кој е завршено средното школо: Универзитет: Музички курс: Јазични куросви Познавање на компјутери Курсови за ликовно и цртање Други едукативни настанти
Стефан Василевски 04.03.1991 Македонец Бул. АСНОМ 146 2/1 Скопје +389 75 222 601 stefanvasilevski1991@gmail.com Потпретседател за финансии во - International Federation of Medical Students’ Associations Медицински Факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Комплетирана 4-та, старт на 5-та, последна година NOVA International School in Skopje Англиски Медицински Факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” 5 години едукација за пијано 7 години Англиски, 2 години Германски Excel, Word, Adobe – професионално ниво 6 месеци Наведени во следните параграфи
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 4
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Друг вид на Едукација ЕДУКАЦИЈА Домашни Активности
Организација на 4 Медицински Научни Конгреси, 36th ,37th ,38th, 39th International Medical Scientific Congress for students and young doctors – Ohrid, Macedonia www.mmsa.mk. Претседател на Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија 2013-2016. Работилници на кои сум присуствувал: Presentation Skills, Medical Management, Team building, Leadership skills and advocacy, Stress and Time management. Организација на 64-тото Генерално Собрание на Интернационалната Федерација за Медицински Студентски Асоцијации, Охрид 2015 – најголем настан за млади во историја на Република Македонија! Организатор на 6-тиот Светски Здравствен Симпозиум 2015, Скопје, www.whss2015.com – Во партнерство со 8-те најголеми младински здравствени организации во светот Организација на проекти како: Brain Awareness Week Macedonia, Cap Project, Breast Cancer Awareness, World Hearth Day Macedonia, Anti-tobacco campaign, STOP AIDS Campaign Macedonia…. Проекти во полето на јавно здравје, медицинска едукација, панел дискусии, трибини, итн. Организација на првата трибина во Репулбика Македонија, односно првиот глас кој беше кренат против брзите измени во високото образование уште во 2013та година кога се најави законот
Други вештини
Лидерство, Тим-билдинг, Снаодливост, Работливост, Посветеност, Комуникациски вештини, Организациони вештини, Генерирање на идеи, Амбициозност и многу други.
Други вештини
Технилогија: Одлично познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) Хоби: Пливање, пијано, цртање, спорт, патување
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 5
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Интернационални Активности
Учество на the 16th World Conference on Tobacco or Health – Abu Dhabi 2015 http://www.wctoh.org/ , по покана на Светска Здравствена Организација, Влада на Обединети Емирати (UAE). Organizing Committee (Youth Force) at UNESCO Chair in Bioethics 11th World Conference Bioethics, Medical Ethics and Health Law - Royal Continental, Naples http://www.isas.co.il/bioethics2015-Naples/, по покана на Светската Медицинска Асоцијација, Израелската Медицинска Асоцијација, УНЕСКО, ИФМСА. Учество на 6 Генерални Собранија на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации ( www.ifmsa.org ), 2013-Washington, USA, 2014Hammamet,Tunisia, 2014-Taipei,Taiwan, 2015-Antalya, Turkey, 2015-Ohrid, Macedonia, Malta 2016. Светски обуки за: Accountability, Fairness and Good Governance and Financing in Priority-Setting for Universal Health Coverage; World Health Organization Simulations; Advocacy and Future Medical Leaders; Global Health and One Health; Teambuilding; Leadership Skill; Communication Skills and propaganda; Advocacy on project management and financial sustainability any many other. Европски Самит за медицински лидери - European Regional Meeting Denmark , 2015. Учество на Global Youth Meet 2015, Vishakhapatnam, India from 29th November to 2nd December, светски лидерски самит за млади во Индија на покана на Бил и Мелинда Гејтс Фондација, Влада на Индија, Американската Канцер Асоцијација, итн. Најмладиот учесник на Prince Mahidol Award Conference in Bangkok Thailand, 29th January to 31st January, организирано од World Bank, Rockefeller Foundation, US Agency for International Development, World Health Organization, Royal Thai Government, China Medical Board ( http://pmaconference.mahidol.ac.th/ ). Обука за финансиско работење и професионални апликации за грантови, финансии и фондови за млади и студенти при Европска Комисија, ЕРАЗМУС + програмата, УНЕСКО, Фондови на СЗО и Обединети Нации, ИПАС, и многу други, Тунис 2016та.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 6
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Меѓународно признаени сертификати и покани Издадени од: World Health Organization, World Bank, UNESCO, World Medical Association, Israeli Medical Association, International Center for Health, Law and Ethics – Haifa University, American Medical Student’ Association, Turkish Medical Students’ Association, Bill and Melina Gates Foundation, China Medical Board, National Evidence Based Healthcare Collaborating Agency, USAID, Japan International Cooperation Agency, Rockefeller Foundation, Emirates Cardiac Society & UAE Ministry for education and health, The Union и многу други....
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 7
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Дел од достигнувања во Република Македонија – фото галерија
Започнување на академската 2015-2016та година со презентација пред новите студенти на Медицинскиот Факултет – Скопје, во присуство на Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” како и Деканската управа на нашиот факултет. Запознавање на младите со можностите кои им се нудат за време на нивните студии.
Одбележување на светскиот ден за борба против дијабет со правење на тестови и вршење на едукација за дијабетот на граѓаните низ разни локации како и нашиот добро познат хуманитарен проект, СОС Дедо Мраз. Исто така заедно, организација на денот за борба против рак на дојка кој е и те како застапен кај женската популација. За повеќе проекти и информации на нашата фан страна: https://www.facebook.com/mmsaofficial/
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 8
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН МЕДИЦИНСКИ НАУЧЕН КОНГРЕС Организација на најголемиот студентски едукативно-рекреативен настан во Република Македонија за години 2014 и 2015 Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија уште од 1977 година го организира Интернационалниот конгрес за студенти и млади лекари. За неговата успешност и значајност говори неговата долга и непрекината традиција од веќе триесет и осум години со што претставува еден од најстарите студентски конгреси во Европа и Светот, а воедно и најголем студентски настан во Македонија. На овој конгрес секоја година активно учество земаат повеќе од 350 студенти и млади лекари како од Република Македонија, така и од странство, кои со своите презентации и публицирање на разни научни трудови и вклучување во разни работилници, го сочинуваат научниот дел од конгресот. Овие трудови се оценувани од страна на комисии кои се составени од врвни професори од Медицинскиот факултет во Скопје, а вклучени се и реномирани професори и од странство. Покрај презентациите на различни теми од областа на медицината, на конгресот редовно се одржуваат работилници и тренинзи на разни теми предводени од професори и врвни лекари со свои тимови. Со учество на ваков конгрес студентите и младите лекари имаат исклучителна можност да се запознаат , да разменат свои искуства и идеи, а притоа да научат како се изработуваат и презентираат трудови што е од особена важност за нивното понатамошно образование, надградба и афирмирање во медицината. Исто така, имаат можност да се доусовршат учествувајќи на сесиите предводени од професори на кои ќе бидат презентирани најновите достигнувања во медицината. Сето ова би било мошне корисно за натамошната кариера на секој студент и млад лекар. Покрај високиот рејтинг помеѓу студентите и младите лекари низ Европа кои редовно секоја година земаат учество на овој конгрес во значителен број, како потврда за квалитетот и успехот на конресот служи и фактот дека овој конгрес е еден од седумте конгреси организирани од студентски организации признати од Светската Здравствена Организација (СЗО) и од Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Организации (ИФМСА).
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 9
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Програма на Интернационалниот Медицински Научен Конгрес Целта за организирање на конгрес од ваков тип е студентите по медицина и младите лекари да се стекнат со знаења пренесени од еминентни професори од нашиот факултет, а оваа година и од соседните земји. Предвидени се предавања за најновите медицински достигнувња што ги приближуваат студентите до светските стандарди во медицината. Со презентирање на научните трудови самите студенти здобиваат знаења и совети, усовршувајќи ги своите презентациски способности кои е потребно секој лекар да ги поседува. Со разни едукации, тренинзи и обуки на најразлични теми студентите го поврзуваат нивното знаење со секојдневните искуства од предавачите. Овој конгрес, кој е од интернационален карактер овозможува студентите од Македонија да споделат искуства со нивни колеги од соседните земји и пошироко, запознавајќи се со разни култури и начини на живеење. Покрај медицинските едукации и обуки исто така се одржуваат и презентации од областа на фармакологијата, медицинската етика и јавното здравје. Прелиминарно замислената програма е така поставена да низ една интерактивна комуникација се опфатат сите аспекти на модерната медицина прилагодени на знаењето на учесниците. Во склоп на конгресот покрај едукативниот дел има и социјален дел во кој спагаат забавите,дружењето и медицинските игри. Научната програма се состои од: Академски предавања - оддржани од професори на медицинскиот факултет во Скопје, како и од реномирани професори од други европски универзитети на разни теми од областа на медицината и здравството. Комерцијални изложби - да се видат и да се запознаат нови производи, процедури и услуги наменети да асистираат во работата на здравствените работници презентирани од стручни лица од водечки компании и приватни клиники.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 10
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Работилници - сесии на најразлични практични теми од областа на медицината, научноистражувачката работа и здравстениот систем.
Орални презентации - селектирани од пријавените абстракти на научни трудови изработени од студенти и млади лекари. Постер презентации - дискусија ококлу изложените постери избрани од пријавените абстракти.
Награди - конгресното жири составено од реномирани професори на медицинскиот факултет ги наградува најдобрите постер и орални презентации на церемонијалното затворање на конгресот. Забавен дел – Забавната програма е неминовен дел од секој конгрес. Преку игри на плажа, организирани ноќни дружења, тури со брод, итн, секојдневно се анимираат сите учесници на конгресите.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 11
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
СТУДЕНТСКИ ЕДУКАТИВНИ РАЗМЕНИ
ММСА е единствена студентска организација во Република Македонија која им овозможува на студентите по медицина да го надоградат своето знаење во повеќе од 40 земји од целиот свет. Секоја година, ММСА објавува конкурс преку кој повеќе од 70 студенти имаат можност да одат на едномесечна пракса во најдобрите болници во Европа и Светот за време на летниот период.
Покрај едномесечната пракса, ние им обезбедуваме и смештај со исхрана. Секој студент може да одбере на кој одел сака да ја одржи својата пракса. Повеќе од 50 медицински одели им се нудат на располагање на нашите студенти.
Со секоја ваква размена, студентите добиваат серфитикати кој се од голема важност понатака за време на нивните студии, апликации за стипендии, и така натаму, а исто така се стекнуваат и со пракса и знаење кое е од бесценета вредност. Покрај праксата, секаде им се организира и забавно-културен дел.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 12
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Меѓународно искуство и репрезентација 63то Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации, Март 2013, Вашингтон, САД Да се престави Република Македонија во најдобро светло пред повеќе од 1000 учесници е нешто бесценето. Делегација на Сојузот на Студенти предводена од Стефан Василевски како претседател, на 7 дневниот самит во Вашингтон кадешто присуствуваше и Генерален Секретар на Белата куќа, ја претставуват Македонија и медицинските студенти од Македонија. На ова Генерално Собрание, се склучија повеќе од 80 договори за студентски размени со повеќе од 50 држави со кои им се овозможи на нашите студенти да бидат дел од светската медицинска елита и да обавуваат пракса во најдобрите во Европа и Светот болници.
World Health Organization Simulation Учество на семинар за припреми за работа во Светска Здравствена Организација (СЗО) предводен од директорот на СЗО за Европа. 4 дневни симулации на Генерално Собрание на СЗО, дискутирање на најактуелните теми во полето на здравство и млади, одржување на тренинзи за работа и тимска игра, итн. Health Beyond 2015 Summit & 63rd General Assembly of International Federation of Medical Students Associations – TUNISIA Светска Здравствена Организација (СЗО), почна кампања што се вика Милениумски Цели-Здравје после 2015та година. Во оваа програма се опфатени сите најбитни цели, таргети и проекти на СЗО која во партнество со Обединети Нации и други организации ќе ги спроведува со цел подобрување на здравствениот систем во светот. Слика: говор пред 1200 млади лидери и 123 држави, Хамамет, Тунис 2014. За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 13
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
EUROPEAN MEDICAL LEADERSHIP SUMMIT – DENMARK 2015 – COPEHNHAGEN – World Health Organization & UNITED NATIONS CITY, Regional Office for Europe
Минатата година, во Данска, се одржа најголемиот самит за медицински Лидери во Европа. На овој 5 дневен самит, покрај дебати, дискусии, работилници, и друго на полето политика и медицина, се разговараа и најновите цели на Европската Унија кој се поврзани дирекно со СЗО, а исто така се разговараше и за имплементација на светски здравствен систем во регионот Европа, каде е моменталната состојба, што понатака, искуства од региони, итн.
Исто така, делегација од Република Македонија беше присутна и на еднодневна пракса во Градот на Обединети Нации во Копенхаген кадешто се наоѓаат и седиштата на United Nations, World Health Organization, UNDP, UNHCR, UNESCO, UNICEF.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 14
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Интернационални Конгреси за Едукација
64то Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации – Таипеи, Тајван Повторно претставување на Република Македонија и медицинските студенти пред најголемата светска медицинска организација за студенти и млади. На собранието во Тајван, покрај политичко-медицинските теми што се дискутираа, Македонија и Сојузот на Студенти успеаа да добијат можност на организирање на најголемиот Светски студентски Едукативен самит во Скопје во Ноевмри 2015та година.
World Congress of Tobbacco or Health vs Non-Communicable diseases – ABU DHABI (World Health Organization & Emirates Cardiac Society) На 16тиот Светски Конгрес за тобако и непреносливи болести организиран од СЗО и Кардиолошкото друштво на Обединети Арапски Емирати, беа присутни повеќе од 8000 доктори и медицински лидери од целиот Свет меѓукои Министри за здравство на многу држави, Претседател на СЗО, претставници од World Health Allience, итн. Делегација од 3 студенти од Република Македонија беше целосно стипендирана од Светска Здравствена Организација во соработка со влада на Обединети Арапски Емирати да учествуваат на овој конгрес и да допринесат во негово остварување со своите квалификации и вештини во полето на медицинска организација, менаџмент, итн. За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 15
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Екстерна репрезентација на Македонија во полето на здравство Исто така, покрај тоа што Сојузот и делегација од Сојузот на студенти по медицина на Македонија била пристуна на вакви самити, таму секогаш во најдобро светло сме ја преставувале Македонија. Преку разноразни маркетинг кампањи, до организација на традиционални вечери, штандови за промоција на Македонската култура, итн.
Генерално Собрание и кандидатура за победа за потпретседател во Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации – Малта Македонија, после долго време, успеа да добие свој претставник во Извршниот Одбор на најголемата во Свет федерација за медицински асоцијации, ИФМСА. Да се претставува името на Македонија пред повеќе од 2 милиони членови и 127 држави е од огромно задоволство и непроценлива промоција како за нашата организација така и за нашата држава. Слика: Прославување на победа со македонската делегација и уште 2000 млади лидери, Малта, 2016.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 16
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Меѓународно искуство и репрезентација
Youth Force – UNESCO 11th World Conference of Bioethics, Ethics and Health Law in Naples, Italy 2015 October, also an active presenter with scientific paper – Abstract selected: “Doctor – patient relation” World Conference on Tobacco or Health in Abu Dhabi 2015, March- youth force international Prince Mahidol Award Conference 2016 – 27-31 January Bangkok, Thailand Organized by: World Bank, WHO, China Medical Board, Royal Thai Government and Ministry of Health, Rockefeller Foundation, Bill and Melina Gates Foundation, Global Funds to fight AIDS,Tuberculosis and Malaria, NICE International and others. The youngest participant at the Pricnce Mahidol Award Conference, 27-31 January 2016, Bangkok, Thailand – Theme: “Priority Settings for Universal health Coverage” – Abstract selected, presenting author: Stefan Vasilevski, Main authors: Prof. Dr Fimka Tozija & Ass. Prof Dance N. Gudevska, title: “Does the health system provide universal coverage? - the story of Republic of Macedonia” Најмладиот учесник на оваа конференција под покровителство на Светска Банка и Светска Здравствена организација кадешто помеѓу активностите и обуките, имав шанса да седам со еден од лидерите на Светска Банка и да размениме мислења за финансирањето на здравствениот сектор во различни региони и условите за пристап кон здравствени услуги на пациентите низ светот.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 17
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје 3rd GLOBAL YOUTH MEET – India Organized by HRYDAI India in partnership with World Health Organization, American Cancer Society, Bill and Melina Gates Foundation and others.
Photo with the Minister of Health of India (Andra Pradesh), being selected in limited 200 world leaders from around 30 countries Македонија за прв пат доби претставник на овој самит за млади лидери од целиот Свет под покровителство на Bill & Melina Gates Foundation.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 18
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Други меѓународни активности
63rd General Assembly of IFMSA - AM2014 Taiwan Opening ceremony and group photo
63rd General Assembly of IFMSA – MM2014 Tunisia Opening Ceremony / Pre-GA workshop “WHO Simulations” 64th General Assembly of IFMSA – MM2015 Turkey / Opening Ceremony MMSA Macedonia Delegation
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 19
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје 64th General Assembly of IFMSA – MM2015 Turkey
Representing MMSA-Macedonia on the plenary sessions followed by a Contract for Hosting a General Assembly of IFMSA, AM2015, with the ex-president of IFMSA, Augustino European Regional Meeting Denmark 2015
Promotion of the World Healthcare Students’ Symposium at activity fair in Aalborg, Denmark – EuRegMe 2015
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 20
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје 64то Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации ИФМСА, 3-9 Август, Охрид-Македонија Најголемиот самит за млади лидери во светот донесен и во Република Македонија!!!!
Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија со гордост може да се пофали дека минатата година напиша историја во полето на студенти во Република Македонија од своето осамостојување до денешен ден. Повеќе од 960 делегати беа пристуни на 64-тото Генерално Собрание на ИФМСА. Тие делегати се официјални претставници и највисоко рангирани студенти и лидери од точно 117 држави кои беа присутни во бисерот на Македонија и Балканот, Охрид. Генералното Собрание беше организирано дури во 6 Хотели поради преголемиот интерес, а премалиот капацитет. Тие беа Хотел ИНЕКС Горица, Десарет, Аквалајн, Златен Прстен, Конгресен Центар, Пештани. Покрај учесниците од 117 држави, присутни беа и официјлани претставници од Светска Здравствена Организација, Health Workers for All, World Health Allience, United Nations, UNESCO, UNDP, итн. Слика: Дирекно јавување од Обединети Нации на церемонијата на отварање во Хотел ИНЕКС Горица
Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија заедно со Медицинскиот Факултет во Скопје, беа најголеми амбасадори на Република Македонија во светот. Повеќе од 1,5 милиони студенти го следеа самитот за време на негово траење, а главна тема за која дискутираа светските лидер е токму еден проблем со кој се соочува и Република Македонија, мигрирањето на професионален медицински работници и здравствен кадар.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 21
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје Тема на самитот беше “Миграција на медицински работици”. Самиот факт што оваа тема е и многу актуелна во регионот, придонесе студентите од Македонија да бидат дирекно инволвирани во работа на оваа тема со светски најеминентните професори и колеги.
Исто така, на овој самит се потпишаа рекордни во Светот 17.000 студентски размени!!!!! Покрај тоа, се усвоија повеќе од 11 светски проекти кој ќе се прават во партнерство со Светска Здравствена Организација, УНЕСКО, Обединети Нации, итн. Разно-разни проекти од полето на јавно здравје, медицинска едукација, и други медицински полиња беа претставени на ова Генерално Собрание и студентите од Македонија имаа дирекна можност да присуствуваат на сите овие настани.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 22
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје www.ifmsa.org Medical Students Worldwide! Информации за ИФМСА Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации се води како најголема во свет студентска организација која број повеќе од 2 милиони студенти по медицина и здравствени науки од повеќе од 127 држави. ИФМСА ужива есклузивно право да е признаена дирекно од Светска Здравствена Организација, Обединети Нации, УНЕСКО и многу други светски федерации. Исто така се води и како официјална младинско-политичка организација која е поканета и завзема посебно место на сите светски самити кадешто се дискутира за здравство и теми поврзани со здравство. Два извештаја од Генералното Собрание во Македонија беа дирекно пуштени во СЗО и Обединети Нации за време на траењето на самитот и веднаш по завршувањето. Тие може да ги видите на следните линкови: http://ifmsa.org/2015/08/21/5686/ & http://ifmsa.org/2015/08/02/medical-students-from-all-over-the-world-meets-inohrid-macedonia-for-the-64th-august-meeting-general-assembly-of-the-ifmsa/
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 23
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје 6-ти Светски Здравствен Студентски Симпозиум, 17ти22ри Ноември 2015, Скопје - Хотел Континентал
Оваа година Македонија и студентите од здравствените науки ја имаа и таа можност да учат и да го надоградат своето знаење од најеминтните светски и домашни професори на 5 дневен Здравствен симпозиум што се оддржа од 17-ти до 22-ри Ноември во Скопје, Македонија. Повеќе од 300 странски и домашни учесници имаа можност да бидат дел од овој симпозиум кадешто се обработуваа 3 големи теми, а тоа се:
Global Health and One Health Ethics and Equality Developing Healthcare and Progressive Therapies
25 работилници, 10 предавања, тренинзи, Панел дискусии, и уште многу други изненадувања беа дел од овој симпозиум. Меѓународни публикации за овој настан добивме од ИнтернистРусија, Бриселски медиуми, Швајцарски блогови, Факултети.мк и многу други. Повеќе на следните линкови: http://internist.ru/publications/detail/23584/ , http://www.stopdarmkanker.be/blog/brussel-en-debalkan/?utm_campaign=shareaholic&utm_medium=facebook&utm_source=socialnetwork http://www.ticinonews.ch/ticino/258874/due-ticinesi-a-skopje-per-la-svizzera
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
,
Page 24
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
ПРОГРАМА СПУКМ 2016-2018, ДЕЛ 2 УНИВЕРЗИЈАДА 2017та – Универзитетска Недела
Напомена: Сликите што ќе бидат употребувани се од претходно организирани самити / конгреси / симпозиуми организирани од Сојуз на Студенти по Медицина на Македонија Што е Универзитетскиот Самит? Универзитетскиот Самит ќе биде најголемиот едукативен настан, самит, симпозиу или конгрес во Република Македонија кој ќе има за цел подобрување на високото образование кај младите и студентите во Република Македонија како и потткинување на научно-истражувачката работа кај истите. Како? Тоа ќе се одвива преку интеракција на студентите преку разни предавања, работилници, тренинзи, дебати, панел дискусии, публикации на научни трудови, саем на активности, итн.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 25
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
АГЕНДА Агендата ќе биде детално објаснета во подолниот текст. Сепак дознание дека ова е предлог-агенда, а доколку идејата биде прифатена, овој самит би бил детално разгледан и има простор за варијации.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 26
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Предавања – За секој од 23-те Факултети, ќе има по 3 предавања (2 предавања на ДЕН 2 од програма, 1 предавање на ДЕН 4 од програма). Исто така на крајот на ДЕН 2,3 и 4 ќе има по неколку ударни предавања / панел дискусии / дебати / , но овој пат тие ќе бидат интерактивни во смисол на предавањето треба да е интересно за сите области и факултет, или пак да опфати повеќе од 3 различни полиња на студирање. Пример 1: Дебата за вакцинација и абортус (може да е интересна покрај за медицинари и за сите други факултети бидејќи секој од нив проаѓа во фаза на животот кога ќе се соочи со една од овие 2 работи, дали било тоа директно или индиректно. Пример 2: Предавање за мотивација и успех во животот (интересно за сите струки). Пример 3: Генерски Инжинеринг (интересно за медицина, фармација, машински електро, правен-дали е етички или не). Пример 4: Удел на социо-економскиот статус и условите на работа врз нешто поврзано со технолошки/машински/електро науки, итн, итн.
Предавања по Факултети-ГОРЕ
----- Главни предавања/Панел Дискусии/Дебати-ДОЛЕ
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 27
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Работилници – На ДЕН 2 и ДЕН 4 ќе се одржуваат повеќе работилници. Тие може да бидат исклучиво за една струка (пример- шиење,медицина , пример- визуелизација нешто од електро факултет, пример- абстрактна поезија итн за филизовски), а исто така, може да се интересни и за повеќе струки одеднаш (пример – Црвен Крст со работилница ИТНА ПОМОШ, битна за сите во животот, пример – визуелизација на Канцер клетки или визуелизација/електротехника при Магнетна резонаца, за медицинари, машински инжинери, електраши...., примерПсиходрама, работилница водена од медицинско лице, а наменета за сите струки, примерЕмоционална Интелегенција, пример- Тимска Работа, пример- Лидерски способност). Презентации на Научни Трудови - Што е многу интересно всушност за оваа Универзитетска Недела е тоа што во моменти кога ние се бориме за подобро и поквалитетно високо образование, како ќе го направиме тоа подобро ако не со стимулација на млади таленти и студенти да објавуваат научни трудови а со тоа да добиваат и серфитикати, благодарници, да им бидат објавени во најдобрите Македонски списанија, па победниците дури да добијат и награда патување на некој светски конгрес со тој научен труд кадешто ќе ја претстават и Република Македонија. Овој пример го земаме од Интернационалниот Медицински Научен Конгрес кој го организираме ние како Сојуз на Студенти по Меидина на Македонија, а е најголемиот едукативно-интерактивен студентски настан во Македонија во послените 2 години. На тој конгрес има во просек 300 учесници, од кој најмалце 100 учесници се со активно учество и со изработка на научен труд!!! Замислете само кога може да мотивирате 100 студенти од еден факултет да направат научни трудови, па колку би било тоа ако го множиме со 23 факултети?!?! И покрај тоа, овие студети сами од свои џеб си плаќаат за учество на овој конгрес кој најмалце ги оштеретува буџетски за 100 евра! Покрај тие 100 научни трудови, секогаш имаме и најмалце уште 30тина Постер презентации/ Случаеви медицински презентирани во постер издание.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 28
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Една од многуте битни работи од изработка на Научен Труд е всушност интеракцијата помеѓу студентот и професорите. При самата работа, тие се зближуваат и односите се многу по пријателски.
Исто така, на крајот на секој ден, објавуваме победници на денот кој потоа во Големо Финале се натпреватуваат за повеќе награди (награди од публика, 1-во место освоено, 2ро место освоено и 3-то место). Оценувањата ги врши неколку члена комисија од студенти кој ние како Сојуз на Студенти ја одбираме и е различна секоја година. Исто така, удел во оценувањето има и комисија од професори.
На ДЕН 3 и ДЕН 4, ќе бидат презентирани научни трудови во секоја струка посебно и ќе има по еден победник. Потоа, сите тие научни трудови ќе се презентираат на последниот ден кадешто ќе се изберат најдобрите 3. Тие најдобри 3 може да бидат стипендирани на некој светски конгреси а на сите финалисти, како награда може да им се објават трудовите во Универзитетски Весник или некое друго место. Посекако, една ваква победа би била значајна за во понатамошната кариера на секој учесник при секоја апликација за работа или слично.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 29
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Саем на активности – Тоа би се случувало во некоја голема сала кадешто ќе се постават панели. На секој апликант ќе му се даде простор / штанд да си го претстави својот проект. Учесниците како и комисија од професори/асистенти/гости ќе шета низ големата сала од проект до проект и ќе гледаат, прашуваат, оценуваат за на крај да бидат избрани неколку најдобри проекти / акции / идни проекти кои ќе бидат исто така наградени со финансиска поддршка за реализација. Исто така, овој саем е добар поради можноста на студентите да се вклучат во некој проект кој ќе им се допаѓа а исто така и за фирмите/компаниите кои би биле спонзори да гледаат кои млади се талентирани и можеби да им се понуди идна работа / соработка.
Игри на плажа и забави – Неминовен дел од секој младински настан е забавата. Забавите се најдобар начин на дружба помеѓу студентите и младите и начин за подобро запознавање и остварување на понатамошни контакти. Забавите ќе бидат организирани строго од студенти за студенти (Пример- учесници од Музичка академија како и Драмски театар ќе бидат задолжени за анимирање на студентите наместо да се вика некој однадвор). Исто така, отварањето и затварањето на настанот може да е помогнато дирекно преку Министерство за Култура и да се одвива во За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 30
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
Античкиот Театар во Охрид кадешто повеќе факултети би имале свои настапи, а исто така и значајни Македонски музички ѕвезди (Од Кирил Џајковски до сите други естрадни уметници).
Регистрационен Пакет – На секој учесник со своето доаѓање ќе му се додели регистрационен пакет кој ќе се состои од Торба, пенкало, акредитација, врвка за околу врат, тефтер за пишување, агенда на настанот и книга со абстракти. На сите овие места ќе бидат испишани спонзорите како и покровителите на настанот. Спонзорски Пакети – Ќе бидат креирани спонзорски пакети чија главна цел ќе биде целосно покривање на материјланите трошкови на Универзитетската Недела. Учество – стипендирање на по неколку студенти од секој факултет (бесплатен смештај, јадење и транспорт-во Конгресен Центар), а за сите други ќе се плаќа партиципација по одредена цела. Хотелски Капацитет - За организација според планот на настанот, ќе бидат потребни повеќе од 25 сали на ден што значи дека ќе ни требаат повеќе од 3 Хотели. Целосниот Хотелски План детално ќе биде испланиран според претходни симпозиуми / конгрес/ самити организирани во тие Хотели. Транспортот е исто така веќе испробан со 1000 учесници и 10 автобуси кои кружат по 4 пати дневно на сите дестинации (Shuttle Buses) кои веќе ги имавме при организација на 64-тото Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации 2015, Август, Охрид.
НАПОМЕНА: Сите горенаведени информации се само еден вид на првична идеа и припрема за како би изгледал настанот. Секако, по понатамошни разговори и идеи од други лица, оваа идеа може само да биде надоградена. Посекако, повеќе глави се попаметни од една.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 31
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
КРАТКО РЕЗИМЕ ЗА ДРУГИ АКТИВНОСТИ Секој од следните активности ќе биде детално разгледана со тим/екипа составена од различни комисии и ќе биде дискутирана, надоградена, итн. Дел од овие активности се: НОВА ВЕБ-СТРАНА – одбирање на нова платформа за веб-страна на СПУКМ е една од најприоритетните работи. Каде на друго место ако не на официјален веб-сајт ќе може студентите и младите да ги пратат сите активности, повици за грантови, стипендии, случувања од типот на дебати, панели, вон-курикуларни предавања, итн. Специјален IT-team ќе биде ангажиран за не само следење на дневните студентски настани туку и ќе биде достапен за сите факултети и студенти и за секоја објава што ќе биде пратена. СТУДЕНТСКИ ВЕСНИК – како во писмена така и во електронска форма (issue.com) со цел поголема достапност до сите студенти. Овој весник ќе ги опфаќа предсе активностите на СПУКМ и сите сфери од Универзитетот (факултети, итн). Неговото финансирање ќе биде од разни фондови, фирми, со што ќе им се овозможи бесплатен маркетинг. СТУДЕНТСКА КАРТИЧКА – досегашен 3 годишен обид.... меѓутоа лошиот маркетинг и недоволната посветеност, не овозможиле студентите да ја добијат оваа картичка. Со оваа картичка, индирекно ќе се покачи стандардот на студентите. Договор со БАНКА-картичики од таа Банка ќе се вадат, а студентите ќе имаат сметки во таа банка. Сепак, ќе мора да се дискутира со еминентни личности од Економската фела за да добиеме идеа или совет како да постапиме понатака. Реновирање и санација на читалните во студентските домови. Бидејќи не се моментално во состојба, СПУКМ ќе настојува преку волонтирање и различни донации да ги вратиме читалните во повторна употреба. За оваа цел, ќе се инсистира најмногу на студентска ангажираност. Секој студен може да допринесе да кречи, да среди, да зачисти, итн. Исто така собраните донации ќе се употребат за набавување на одреден фонд на книги кои ќе бидат на располагање.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 32
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЛИГИ – Формирање на Интрауниверзитетски студентски парламент. Иако во актуелниот закон за високо образование е предвидено дека мора да постои Интрауниверзитетски студентски парламент, тој сеуште не е формиран, токму затоа како иден претседател ќе бидам иницијатор за реализација на овој закон. Главна цел е обединување на студентите во еден Интрауниверзитетски парламент како главен двигател во Република Македонија. СПУКМ треба секогаш да биде дел од високото раководство. За ова да се оствари, потреба е програма и ЦЕЛ! Има ли подобра цел од ова од Универзитетската Недела 2017та година? Студентите највеќе се зближуваат на семинари, настани, конгрес, натпреварувања, итн. ЕСУ-СПУКМ е рамноправен Член на Европската Унија и рамноправно е вклучена во сите настани на ЕСУ во изминатите 5 години. НСУМ (Национална Студентска Унија на Македонија) го бележи својот успех со тоа што нејзини претставници се членови на Извршен Одбор на ЕСУ како и моментално токму претставник делегиран од НСУМ е избран за потпретседател на ЕСУ. Како претседател на СПУКМ и НСУМ ќе се залагам да се зголеми овој вид на соработка со што Македонија преку СПУКМ и ЕУ ќе успееме да аплицираме заеднички и да добиеме пари од фондовите од ЕУ наменети за студенти. Ова ќе придонесе за поголема афирмација на Македонски студенти, вклучување на што поголем број студенти во престојните настани. Исто така, како еден голем проект е можност за домаќин организитор на Самит на ЕСУ. Исто така, ќе се погрижам да што поголема делегација на СПУКМ учествува на овие самити на ЕСУ кадешто потоа од нив ќе биде побарано детален извештај за тоа што се случувало таму и што научиле/виделе/искусиле и што од тоа може да се имплементира кај нас. Доколку нема, ќе има санкции. Членовите кои ќе присуствуваат ќе бидат избрани преку бодовник и конкурс, а бодови ќе се собираат според заслуга направена во СПУКМ. Реафирмација на радиото - Иако формално постои како радио, сметаме дека во моментов нема посакувана независност и не претставува вистински сервис и затоа ќе се залагаме преку органите на Универзитетите да имаат поголема надлежност во правењето на програмата на радиото како и во сите други нормлани држави.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 33
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
СПОРТ-Изградба на студентска сала на Унивезитетот, иако има одлука истата да е започната, сметаме дека изграбата е стагнирана. Треба да се убрза преку надлежни органи и да се заврши во најкус можен рок од 6-12 месеци. Салата ќе може да се користи за разно-разни спортскорекреативни намени како и Универзитетските лиги.
ЕРАЗМУС + програма – зголемена информираност на студентите за можностите што ги нуди ЕРАЗМУС + програма. Исто така, зачленување на СПУКМ во Европската Комисија за грантови кадешто сеуште не е зачленета како организација. Преку ова зачленување, во соработка со Националната Агенција на Македонија, СПУКМ и студентите кои ќе аплицираат за проекти преку СПУКМ, ќе имаат директен пристап до сите европски фондови со што ќе се зголеми не само квалитетот, туку и квантитетот на проекти реализирани од младите. Европската Комисија преку ЕРАЗМУС Плус програмата, за периодот од 2014-2020та година усвои дури неверојатни 14 милијарди евра за поддршка и развој на едукација, млади, проекти и други активности кадешто се инволвираат студентите предсе.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 34
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
АКТИВНО УЧЕСТВО НА СТУДЕНТИТЕ ОД СИТЕ ФАКУЛТЕТИ ВО КРЕИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОДОБРО И ПОКВАЛИТЕТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ Како студентски лидер и како најголема и најстара студентска организација во Република Македонија, несмееме да завземеме нем став према измените во законот за високо образование. Напротив, ние активно ќе ја поддржиме секоја иницијатива за подобар образовен систем, но ќе завземеме активно учество во креирањето на овој закон и ќе дадеме наше мислење до сите релевантни институции. Со моето досегашно искуство во работење и креирање на политики на специфични теми кои ни биле доставивани од разни светски организации како Светска Здравствена Организација, Обединети Нации, итн, кадешто ние како Интернационална Федерација за Медицински Студентски Асоцијации сме земале активно учество, ми дава за надеж дека и нашите студенти и млади имаат потенцијал да изградат специфични ставови но и предлог-измени/идеи за подобрување на високото образование. Сето ова ќе биде реализирано со тек на време и по трибини организирани од матичните парламенти.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 35
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје
СТУДЕНТСКИ ГРАД / СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ Идеата од студентски град произлегува пред се од нашите соседи, Бугарија, како и сите други западни развиени цивилизации. ЗАШТО ИЗГРАДБА НА НОВ ТАКАНАРЕЧЕН ГРАД, А НЕ РЕНОВИРАЊЕ ????? 1.Веќе 25 години талкаме во место кога станува збор за студентските домови и нивно преуредување. Секако, за пофалба се неодамнешните промени кои се случија во одредени блокови во Стив Наумов и Гоце Делчев, но сепак тоа не е доволно и мораме да се соочиме со овој факт. Вината е на сите нас, од осамостојување до денес, но сепак наместо да гледаме на минатото и да заглавуваме таму и во тезите за кој и зошто направил или не направил, можеби подобро е заеднички да седнеме на маса и да го решиме ова прашање еднаш засекогаш. Прашањето за студентските домови е ДРЖАВНИЧНО ПРАШАЊЕ! Да со извичник и големи букви го пишувам ова бидејќи тоа е проект кој ќе треба да остане врежан во историјата на Македонија и проект кој ќе треба да биде тука и да опслужува на студентите до најмалце средината на овој век. Токму поради тоа, јас активно ќе се залагам идеата за студентски град да биде завршена најкасно до 2017-та година, а како идејно решение да се даде шанса толку на студентите да дадат свои идеи и проект-планови, а
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 36
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје најдобриот да биде избран токму на проектот кој го најавувам – УНИВЕРЗИЈАДА 2017-та. Секако, оваа идеа несмее да се одолговлечи а проектот веќе треба да почне со изградба најдоцна до почетокот на 2018-та година и да се заврши по можност заклучно со 2020-та. За ова прашање, ќе се направи специјален тим од студенти како и ќе се побара помош од релевантни институции и професионалци од полето на екомонија, архитектура, итн, за да се дојде до најдобро решение. Предлог идеа за локација е Скопје-север, во околината на Аквадуктот (празниот простор на Скопје што се гледа позади Зајчев Рид). На оваа локација, многу лесно би се воспоставила и автобуска линија од студентскиот град до секој факултет. 2.Затоа што на Македонија а особено на Скопје, не му фали, туку му е НЕОПХОДНО да има студентски конгресен центар или само конгресен центар кој би бил во корист и на студентите. Што се подразбира под ова? Простор за разни студентски манифестации, сали за разни предавања, симпозиуми, работилници, студентски едукативни активности, организирање на интернационални настани кадешто буџетот од учесници би одел во самата држава намество во привани хотели или сали. Простор кадешто ќе може да се поканат разно-разни странски експерти/предавачи/професори и ќе им се овозможи престој наместо да се плаќаат скапи хотели, а потоа тие да го пренесат своето знаење/искуство/истражување кон нашите студенти. За оваа намена секако постојат и разни светски и европски фондови за кој може да извлечеме големи грантови доколку понудиме соодветна агенда како би се користеле овие простори и за каква општо-наменска дејност би биле тие. Конгресен Центар – Може да има и хотелски капацитет од околу 160 легла, 10 соби на спрат со по 4 кревети, 4 спрата. Другиот дел од конгресниот центар ќе има 5 мали сали и една голема. 5-те мали сали ќе бидат со различен капацитет и различен распоред (Пр. Театар стил сала, Школски распоред сала, Маси во коцка, Пленарен систем, итн, итн). Овие сали ќе се користат за разни вонкурикуларни активности како Симпозиуми, Работлници, Тренинзи, Обуки, итн. Исто така, ќе има една голема сала којашто ќе се користи како место за разно-разни церемонии (Пр. Отварање на некој Симпозиум/Конгрес, Предновогодишна Церемонија, Претставување на нови проекти за млади и студенти, Годишно обраќање на Министерство за Образование, итн, итн). За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 37
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје ШТО СО ПОСТОЕЧКИТЕ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ ???? Интересно решение може и да биде целосно рушење на неколку студентски домови и продавање на тие локации на приватни фирми за градежно-урбанистички планови. Со финансиите од овие локации, може да се инвестира во изградба на нов и модерен студентски дом со друга локација. Конкретно оваа идеа е за студентскиот дом КУЗМАН кој се наоѓа веднаш до просториите на СПУКМ. Во студентскиот дом Гоце Делчев, кога веќе е почнат реновирање и е завршено во едниот блок, треба да се направи истото и во останатите делови. Исто така, неопходно е детално урбанистичко средување на надворешноста на таа бетонска конструкција и враќање во употреба на спортските терени како и целосно до-уредување на читалната. Изградба на мини-спортска сала во дворот би била идеална идеа. Исто така, по завршување на внатрешниот дел, треба да се направи целосно кречење и средување на двориштето околу студентскиот дом кое во моментов е целосно запустено.
Студентски ДОМ Медицинар Како студент по медицина и како матичен факултет, предсе би ставил нагласок на студентскиот дом Медицинар. Овој проект е оддамна ветен дека ќе почне да се прави, но поради незнам кои причини, изградбата на нов студентски дом стагнира. Изградба на соодветен студентски дом на истата локација (простор има дури и премногу), би била одлична можност за студентите по здравствени науки а особено доколку се земе фактот дека буквално во самиот двор ќе им биде достапен цел Клинички Центар и ќе може да го користат своето слободно време за секојдневна пракса и надоградување на своето знаење. Е на ваков начин ќе изградиме професионални доктори и здравствени работници на кои утре ќе може да се потпреме цврсто како нација бидејќи ќе знаеме дека здравјето ни е во сигурни раце. Овој студентски дом може да е со многу помал капацитет од другите бидејќи и побарувачката за овие факултети е помала, а и секашниот капацитет на медицинар посекако е значително помал од другите студентски домови. За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 38
Кандидатура за претседател на Студентски Парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” СТЕФАН ВАСИЛЕВСКИ Медицински Факултет Скопје ЕКСТЕРНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, Проект – МАКЕДОНИЈА НИЗ СВЕТОТ На овој проект ќе работиме тим со големо искуство, предсе меѓународно искуство. Во денешно време, огромни буџети се користат за намена на малдите како најголем двигател на секое општество. Разни светски фондации, владини и невладини организации, Универзитети, итн, нудат безброј можности за сите студенти. Дел од таквите можности се стипендии, целосно финансирани учества на едукативни семинари, волонтерство низ разни конференции, работилници, итн.
Токму поради тоа, секоја недела, СПУКМ ќе ги објавува сите светски стипендии и можности што се нудат за нашите студенти. Како ќе го правиме тоа? Преку база на податоци од страници и институции како Youth Opportunities, Salto-Youth и така натаму. Со поврзување со овие мрежи, ќе направиме и специјална база кадешто секој наш студент ќе може да се регистрира и да му стигаат секојдневни покани за разно-разни стипендии низ Европа и Светот. Целта на оваа програма ќе биде од македонскиот студент да изградиме иден професионалец со Светски и Европски стандарди и искуство предсе кои би можеле понатака да придонесат со своето искуство кон својата тактковина.
За нова димензија на студентското организирање – СПУКМ 2016-2018
Page 39