Magneti Marelli MasterAlt 2 MK

Page 1

Уред за управување со напредни регулатори на напон Уред за тестирање на алтернатори

MASTER ALT

www.facebook.com/MagnetiMarelliMacedonia www.magnetimarelli.mk


Општи карактеристики

Начин на работа

Magneti Marelli MasterAlt може да се користи за дијагностицирање на струјното коло за полнење во автомобилите со алтернатор каде напонот се контролира од страна на ECU. Уредот генерира струја која наликува на реалните барања за работа на регулаторот на напон во возилото. Уредот е дизајниран да ги тестира алтернаторите инсталирани во возилата или на клупа за тестирање, како и самите регулатори - со користење на стандарден уред за тестирање. Уредот може да обезбеди информации за тоа дали регулаторот на напон правилно може да комуницира со ECU на автомобилот и дали одговара соодветно на бараните параметри.

Magneti Marelli MasterAlt автоматски се вклучува после поврзување на конекторите Б+ и Б- со напојувањето. Потоа се појавува мени за избор на параметри за тестирање. Одберете ги саканите параметри со стрелките нагоре и надолу од тастатурата и притиснете ОК за да се изврши тестирањето. По притискање на копчето на екранот ќе се прикажат следниве податоци: • напон од тестираното струјно коло (големи бројки) • потребен напон (мали бројки на врвот на екранот) • оптоварување на алтернатор DF/DFM [%] RC и M каблите треба да бидат поврзани со точните пинови во штекерот на напон регулаторот. Некои од регулаторите бараат поврзување на други сигнали (обично B+) со посебен кабел за да работи правилно. M кабелот може да се остави исклучен во режимот COM. Во режим на тестирање со избирање на стрелките нагоре и надолу ќе се промени вредноста на дадениот напон. Тоа треба да се следи дали се менува бараниот напон кој предизвикува промена на алтернатор/регулатор излезот, и дали DFM читањето одговара на фактичката состојба.

Компатибилни контролни стандарди: 1.COM - LIN, BSS(BSD) интерфејси 2. SIG - FORD 3. P-D - Mazda 4. L-RVC - GM 5. RLO - Toyota

Опис на портови: RC- COM сигнал за конекција M- DFM мониторинг во B+- батерија позитивен крај во тестираното струјно коло, уред за напојување. B-- батерија негативен крај во тестираното струјно коло, уред за напојување.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.