ЗБОРНИК на студентски научни трудови од Првата студентска конференција за историја и археологија
Издавач Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за образовни науки, Институт за историја и археологија. Адреса: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, бул. Крсте Мисирков 10а, 2000 Штип, Република Македонија За секое наредно објавување или реобјавување на целата публикација или дел од содржините, авторските права ги задржуваат авторите.
Уредници Бисера Срцева Ѓорѓи Ефремов
Рецензенти Проф. д-р Тодор Чепреганов Проф. д-р Трајче Нацев Доц. д-р Стојко Стојков Доц. д-р Катерина Младеновска – Ристовска Доц. д-р Верица Јосимовска Доц. д-р Љубен Тевдовски
Лектура Проф. д-р Виолета Николовска
Содржина
Предговор ................................................................................................................... 4 Маринела Серафимова, Накитот во Брегалничкиот басен во праисторијата ..................................................................................................................................... 6 Јаким Доневски, Археолошкиот локалитет Здравчиј Камен во село Шлегово .................................................................................................................................
16
Кристијан Блажевски, Визијата на Александар Македонски и неговото наследство во денешниот свет ............................................................................ 36 Антонио
Неделковски,
Полибиј
и
неговиот
субјективен
приказ
на
Македонците ........................................................................................................... 43 Бисера Срцева, Античкиот период во македонската историографија по осамостојувањето во 1991 година ....................................................................... 49 Игорче Дунимаглоски, Византиското лукавство изразено преку улогата на Алусијан во востанието на Петар Делјан ........................................................... 59 Ивана Настовска и Ивана Талимџиоска, Богомилството: кои и што биле Богомилите ............................................................................................................. 67 Александра Митева, Маската на балканските војни .......................................... 76
Предговор
Првата научна конференција за историја и археологија, која се одржа на 22. февруари 2017 година е дел од серијата самоиницијативни настани на студентите на Факултетот за образовни науки на насоките за Историја и Археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, организирани во соработка со професорите. Целевме кон воспоставување врска меѓу студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје базирана на заедничките интереси и идни професии, со надеж дека ќе создаде
традиција
на
соработка
за
во
иднина.
Одржувањето
на
Конференцијата е доказ за успехот на овој план. Иницијативниот одбор во состав од Ѓорѓи Ефремов, Бисера Срцева и Филип Лолески под менторство на неколку професори воспостави критериуми и агенда на Конференцијата која беше силно поддржана, не само затоа што беше прва, но затоа што беше настан од повисоко ниво кое бара ангажирана и посветена работа. Со ваква констелација на нештата, решивме да не се ограничуваме со конкретна тема за конференцијата на која се пријавија единаесет студенти. Дадовме слобода за секој студент самостојно да ја одреди темата на која ќе истражува и да се произнесе во областа во која е најмногу подготвен. Така сметавме дека ќе добиеме најдобар продукт и ќе извлечеме максимум од студентот. Темите се однесуваа на историјата и археологијата во Македонија. Затоа агендата содржеше теми од антика, среден век, теми за историјата на Македонија под османлиската власт и историјата од крајот на XIX и почетокот на XX век. Темите поврзани со археологија беа презентирани во посебна категорија и паралелно со темите од историја според периодот кој го обработуваа. Можам со сигурност да потврдам дека Конференцијата ја постигна својата цел. На студентите им беше дадена можност да ги обелоденат своите истражувања или пак да го изнесат својот став за конкретно прашање. Она што е исто така важно е искуството кое го стекнавме при спроведувањето на оваа
4
идеја во пракса, а тоа е начинот на организирање и реализација на една ваква идеја, начинот на вршење на истражувањето и најважното – публикацијата. Како највисоко достигнување на оваа Конференција е тоа што им беше дадена можност на студентите од прва година, како најмлади студенти да ги согледаат процесите на истражување, презентација и публикација на трудови, а на студентите од последните години да го искажат она кое го стекнале како трајно знаење при студирањето. Уште би ја потенцирал и можноста за јавно говорење, нешто што се учи и развива само преку практикување. Предност и бенефит од постоење врска помеѓу штипскиот и скопскиот универзитет, било меѓу студентите или професорите, се надевам ќе имаат студентите од сите тековни генерации и оние кои следуваат. Се надевам оваа конференција, колку и да е успешна, ќе биде модел за идни настани кои ќе направат да се слушне гласот на студентите, а зборникот пак платформа за нашата работа.
Штип, 25 јануари 2018
Ѓорѓи Ефремов
5
Марнела Серафимова
УДК 903:739.2(497.73)“63“
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Институт за историја и археологија, Факултет за образовни науки
НАКИТОТ ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ БАСЕН ВО ПРАИСТОРИЈАТА
Од почетокот на развојот на човекот накитот имал посебно место во животот на човекот, имал значење, пред сѐ да го издвои сопственикот од своето племе со нешто посебно. Зголемувајќи го бројот на предмети, односно на
накитот,
човекот
сакал
да
го
истакне
својот
општествен
статус.
Украсувањето на телото со накит започнува уште во палеолитот и продолжува со континуитет сѐ до денес. Накитот во праисторијата и протоисторијата претставува белег на општестевенатa и економската положба на човекот. Во овој труд ќе биде презентиран накит откриен на
археолошки
локалитети по долината на р. Брегалница, во хронолошка рамка од неолитскиот период до крајот на железното време. Во трудот се прикажани форми и групи на накит преку основната поделба: накит за глава и врат, накит за на гради, накит за на раце и култен накит. Клучни зборови: накит, коска, бронза, локалитет
Желбата за украсување кај човекот се појавува уште во праисторијата, исто како и желбата за украсување со накит. Накитот го претставува олицетворението на човекот односно на жената, бидејќи жените се оние кои што го носеле и го негувале накитот многу повеќе отколку мажите. Сепак, во праисторијата накитот не се носел со истата намена како и денеска. Во тој период во хронолошки рамки од неолитот па сѐ до крајот на железното време накитот се носел за да се одбележи општествениот статус на човекот во заедницата, односно да се оддели сиромашното од богатото население. Накитот претставен во овој труд е поделен во четири категории и изработен од
6
повеќе материјали кои почнале да се развиваат во праисторијата и кои опстануваат до ден денес. Претставениот накит е пронајден во населбите и некрополите од праисторијата. Најзастапен материјал за изработка на накитот во праисторијата секако била бронзата но тука се и животинските коски. Со накитот се комплетира изгледот на жената, а секако и на мажот.
Накитот во праисторијата во Брегалничкиот басен Уште од раните етапи на праисторијата Македонија имала посебно значајно место во културниот развој на стариот Балкан и во поврзувањето на двете големи културни сфери. Нејзиниот праисториски развиток до голема мера го определила положбата врз значајните природни комуникации на стариот Балкан и релативната природна изолираност на одделни подрачја, што довела до извесни специфичности во културниот развиток.1 И денес, кога ќе се започне разговор за накит, најпрво се помислува на скапоцени предмети изработени од благородни метали – злато, сребро, платина, скапоцен и драг камен, камен или бисери, а потоа на накит изработен од помалку скапоцени материјали но, сепак, со намена за лично украсување на жените и многу помалку на мажите. Во настојувањето да се одреди поимот и потеклото на накитот, некои научни работници, сметаат дека накитот е единствен универзален јазик што го создало човештвото и дека китењето и украсувањето е старо колку и самото човештво. Без оглед на степенот на културен развој, потребата од украсување на човекот се јавувала во сите култури од праисторијата до денес. Како и другите видови на уметности, така и накитот во својата содржина го чува нашето богато културно наследство, нашата традиција и искуство од различните влијанија од минатите временски периоди2. Во смисла на најшироката работна класификација накитот можеме да го поделиме (поделбата е извршена според Трајче Нацев) т.е. сместиме во 4 групи: 1
Историја на македонскиот народ, Скопје, 1972, 9. Иванова Б., (2013). Накит 19 и 20 век, Штип, 3.
2
7
I група: Накит за на глава и врат; II група: Накит за на гради; III група: Накит за на раце; IV група: Култен накит3.
Накит од неолитскиот период Климата, геоморфологијата и природните фактори се предуслови за појавата на првите организирани заедници во долината на река Брегалница. Организираното живеење и појавата на првите култури, чија еволуција се одвива до железното време, започнува од формирањето на првите неолитски населби. Во прегледот на досегашните истражувања може да се види дека првите истражувања изведени на неолитските населби Вршник, Барутница и Руг Баир се од фундаментално значење за проучување на неолитот во Источна Македонија4. Малиот број од неолитските наоди се изработени од керамика, коска, камен, рог и школка. Археолошкиот контекст на овие предмети, или е непознат или несоодветен, во поглед на информациите е фактор којшто влијае во интерпретирањето на намената на предметите. За жал, повеќето од нив се наоѓани без стратиграфски фази, а поретко во затворени целини (куќи, гробови, јами...). Од друга страна, продолжувањето на формите е забележано во траењето на сите неолитски фази во Македонија во врска со алатките, но не само во културните групи во Македонија, туку и пошироко на Балканскиот полуостров. Накитот се состои од белегзии, прстени, мониста, амајлии, игли, вртени венчиња, шила и други кои се типични за целиот Балканско – анадолски комплекс. Неолитскиот накит во Република Македонија е поделен во неколку 3
Нацев Т., (2001). Накит низ вековите, Штип, 5. Нацев Т., (2014). Музејски водич – археолошка поставка, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, Штип, 4. 4
8
категории: накит за глава, накит за врат и накит за раце5. Овој накит од неолитскиот период е изработен од керамика, камен, коска и школки6.
1. Накит за на глава и врат Накит за на глава и врат во овој период скоро и да нема. Но сепак се пронајдени два ѓердани: -Ѓердан, среден неолит, лок. Барутница – с. Анзабегово изработен од коска и камен
Сл.1: Ѓердан, лок. Барутница, с.Анзабегово
- Ѓердан, ран неолит, лок. Вршник – с. Таринци, изработен од коска7. На локалитетот Вршник во с.Таринци, во вазна е најдена и низа од 157 перли од школки и полжавчиња и една мала камена перлица со црвена боја8. Ѓерданот е пронајден во сад бр.919.
5
Според Т.Нацев се среќава уште една категорија, култен накит. Фидановски Љ., (2009). Неолитски заедници во Република Македонија, Скопје, 83. 7 Нацев Т., (2014). 29. 8 Гарашанин М., Гарашанин Д., Зборник на Штипскиот Народен Музеј II, Штип, 1960-1961, 24. 9 Санев В. Симоска Д., (1976). Праисторија во Македонија, Скопје, 39. 6
9
2. Накит за на гради Не се среќава.
3. Накит за на раце Од накитот за раце во овој период се среќавааат белегзии и прстени коишто се изработени од најразичен материјал. Сиве овие биле користени од раниот до доцниот неолит. Од накитот изработен од керамика, пронајдени се белегзии и прстени. -Белегзиите се ретки наоди во Македонија. Тие се направени од прочистена глина; нивната површина е изедначена и тие биле печени на висока температура. Бојата им е кафеава или окер, а многу ретко темно црвена. Нивната форма е кружна, но нивниот дијаметар е мал. Дијаметарот е од 8 до 10 см, што иницира на носење на зглобот10. Две белегзии (сл.2 и сл.3) се пронајдени на локалитетот Барутница во
село
Анзабегово,
камен11.
Сл. 2 и 3: Белегзии, лок. Барутница, с. Анзабегово
10
Фидановски Љ.,(2009). Народен музеј Штип.
11
10
изработени
од
Култен накит
4.
Култниот накит од неолитскиот период се среќава во форма на амајлии и бројаници, кои човекот најверојатно ги користел за да се заштити од магии или од надприродните појави и сили кои што не можел да си ги објасни. Амајлија од печена земја во форма на рамнокрак крст во средината продупчен, пронајдена е на локалиетот Барутница во с. Анзабегово12.
Накит од енеолитскиот период Преминот од неолитот во бронзено време го карактеризираат бурни промени сврзани со големите миграциони движења, поврзани со степско – индоевропските народи кои барајќи подобри природни и климатски услови се населиле на Балканскиот полуостров. Со населувањето дошло и до формирањето на нови праисториски културни целини на Балканот. Во Брегалничкиот басен евидентирани се енеолитски локалитети, но досега се истражени само мал број: Пиљаво село Бурилжево, Св. Атанасие село Спанчево, Градиште село Град, Богослов Камен село Горни Балван и Главица село Буриловци13. На локалитетот Св. Атанасие кај с. Спанчево, Кочани од репертоарот на мазнети камени алатки, посебно ќе ја издвоиме камената секира/чекан со вертикален кружен отвор за дршка со дијаметар од 1,8 см. Најверојатно има утилитарна функција но и статусен симбол14.
Накит од бронзено време Почетокот на бронзеното време се поврзува со појавата и употребата на нов материјал за изработка на метални предмети, а тоа е бронзата која е легура на бакар и калај. Според апсолутна хронологија на бронзеното време во 12
Санев В. Симоска Д., (1976). 35. Нацев Т., (2014). 8. 14 Атанасова И., . Резултати од ископувањата на раноенеолитското светилиште Св. Атанасие кај село Спанчево-Кочани, Macedoniae acta archaeologica, No. 20, Скопје, 2012, 189. 13
11
Р. Македонија, тоа влегува во хронолошка рамка од 2000 до 1200 година пред н.е.15. Бронзеното доба е еден од најмалку истражените периоди, како на територијата на Штип, така и на територијата на Македонија16. Во овој период се среќаваат три култни секирки кои спаѓаат во категоријата на култен накит: 205 А. Култна бронзена секирка (келт), доцно бронзено време, лок. Манастир, с. Габревци, бронза, лиење; 205 Б. Култна бронзена секирка (келт), доцно бронзено време, лок. Манастир, с. Габревци, бронза, лиење; 206. Приврзок, доцно бронзено време, лок. Долна Бежанија, с. Криви Дол, бронза, лиење17.
Накит од железно време Првите векови од железното време го означуваат преминот од доцна бронза
во
железно
време,
кој
историски
се
поврзува
со
големите
раздвижувања на племињата од југоисточна Европа и источниот Медитеран, познат како Големата егејска преселба. Хронолошката рамка што го опфаќа железното време е од 1200 год. пр. н.е. па до VI век пр. н.е. во Р. Македонија. Употребата на железото на територијата на Република Македонија почнала интензивно да се користи во VIII век пр. н.е. Според соопштенијата на античките историографи, територијата на Македонија била населена со Пајонци, Дарданци, Пелагонци, Десарети и други. Просторот по долината на река Вардар, р. Брегалница и р. Струма бил населен со големото и моќно племе Пајонци.
15
Нацев Т., (2014). 9. Нацев Т., (2001). 4-5. 17 Нацев Т., (2014). 32. 16
12
Железното доба е еден од најдобро истражените периоди во нашата територија18. 1. Накит за на глава и врат Локалитет Фортуна, Штип - Ѓердан, Железно време II, Стаклена паста19. 14 мониста, стаклена паста со окца, боја бела и зелена и четири мониста од бронза20. 2. Накит за на гради Локалитет Криви Дол, с. Радање, Штип Пронајдени се бронзени фибули кои што по нивниот облик се во форма на лак и една јамка, чија нога се проширува во блага биконична плоча. Друга карактеристика на овие фибули е пирамидалното ширење на лакот на преодниот дел спрема главата на фибулата и преоѓа во едноставна јамка. Типолошки оваа врста на фибули од оваа халштатска некропола може да се стави во хронолошка рамка во VIII век пр. н.е. 3. Накит за на раце Локалитет Кунови Чуки, с. Оризари - 2 белегзии, VII-VI век.пр. н.е., бронза, ковање21. 4. Култен накит Локалитет непознат, с. Радање - Култна секира, X-IX век пр. н.е., бронза, лиење22.
18
Нацев Т., (2001). 5. Нацев Т., (2014). 45. 20 Санев В., Симоска Д., (1976). 56. 21 Нацев Т., (2014). 39. 22 Ibid. 38. 19
13
Сл. 4: Култна секира, X-IX век пр. н.е
Заклучок Накитот има долга историја со многу различни употреби во различни култури. Во сите овие култури накитот бил користен од многу причини: покажување на богатство, функционална употреба, симболична, уметничко прикажување и заштита од магии. Накитот претставува еден вид украсување на сопственото тело. Накитот се создава за да го разубавува секој дел од телото, од шнола до прстен за ножните прсти. Тој бил правен од различни видови материјал, керамика, камен, коска и школки. Опстојува веќе илјадници години и овозможува различни прикажувања за тоа како древните култури се развивале. Накитот од енеолитскиот период, одсносно од бакарното време, и накитот од бронзениот период речиси и не се среќава на оваа територија по долината на река Брегалница, заради недоволниот број на истражени локалитети од овој период. Резултатите за железното време од археолошките истражување се земени од досегашните истражувања изведени воглавно на некрополите. Накитот во железното време, според досега наведеното е изработен од бронза, а поретко од железо и се среќава од сите категории од основната поделба. Многу е важно да се забележи дека изработката на култниот накит, и покрај малиот број на пронајдоци, се среќава во сите праисториски периоди. Од праисторијата па сè до денес, желбата за китење со накит воопшто не згаснува, а со тоа и самиот занает за негова изработка. Секое парче накит си има своја убавина.
14
Библиографија 1. Историја на македонскиот народ, Скопје, 1972, 2. Нацев Трајче, Накит низ вековите, Штип, 2001, 3. Нацев Трајче, Митко Штерјов, Гордана Јанева, Звонко Белдедовски, Музејски водич – археолошка поставка, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, Штип, 2014 4. Фидановски Љубо, Неолитски заедници во Република Македонија, Скопје, 2009 5. Гарашанин Милутин, Гарашанин Драга, Зборникот на Штипскиот Народен Музеј II, Штип, 1960-1961 6. Санев Војислав, Симоска Драгица, Китаноски Благоја, Саржоски Саржо, Праисторија во Македонија, Скопје, 1976 7. Нацев Трајче, Јованов Марјан, Macedoniae Acta Archaeologica n.14, Локалитет “Орлова Чука”-Тумул III, Скопје, 1996 8. Гарашанин Милутин, Гарашанин Драга, Зборник на Штипскиот музеј I 1958-1959, Штип, 1959 9. Карапетков Горан, Нацев Трајче, Зборник IX-X, Нови наоди од Железното време на исток од Вардар 10. Иванова Б., Накит 19 и 20 век, Штип, 2013 11. Нацев Т., Macedoniae acta archaeologica, No 13, Скопје, 1993 12. Атанасова Илинка, Macedoniae acta archaeologica, No 20, Скопје 13. Атанасова Илинка, Карпузова Сарита, Macedoniae acta archaeologica, No 17, Скопје, 1999-2001 Фотографии направени во: НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј - Штип
15
Јаким Доневски
УДК 904:711.426(497.723)“652“
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Институт за историја и археологија, Факултет за образовни науки
АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ЗДРАВЧИЈ КАМЕН ВО С.ШЛЕГОВО
Во овој труд ќе биде презентиран и обработен археолошкиот локалитет Здравчиј Камен во атарот на село Шлегово, Кратовско. Локалитетот се наоѓа на околу 3 километри на северозападната страна на селото, односно на десната страна од патот Кратово – Шлегово и претставува кастел од доцноантичко време. Локалитетот е лоциран во планински предел со надморска височина од 844 метри. Падините на локалитетот се спуштаат стрмно кон коритото на Крива река и кон селото Железница. На врвот на едно доминантно и зарамнето плато се забележливи остатоци од бедем, а по површината на целиот локалитет се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни керамиди. Главна стопанска дејност во доцната антика било рударството, па ова резултирало со никнување на нови тврдини во Осоговскиот крај, знаејќи дека овој регион е богат со рудни наоѓалишта каде се истакнува планината Плавица. Функцијата на овој доцноантички кастел била да ги чува и штити од разбојници рудничките населби лоцирани во негова непосредна близина, кај Црн Врв и Жгури.
Со
својата
доминантна
и
прегледна
положба
претставувал
геостратешки пункт кој имал за цел да ги брани, чува и контролира патиштата. Во контекст на патиштата се мисли на два пата и тоа: стариот пат од Кратово кон селото Шлегово и патот кој оди високо во ридиштата преку атарот на кратовските села Талашманци и Крилатица и притоа се спојува на патот кон Пауталија (Ќустендил). Неговата гео-стратешка положба била искористена и многу подоцна во времето на НОБ, кога била постевена и одбранбена линија во борбите во 1944 година. Клучни зборови: Здравчиј Камен, рударство, патишта, доцна антика
16
Локација, природни и географски карактеристики на микрорегионот Селото Шлегово во чиј атар е сместен локалитетот Здравчиј Камен се наоѓа во подножјето на планината Плавица во Осоговскиот регион, и припаѓа на
вулканската Кратовско-злетовска област. Со својата местоположба
Шлегово
влегува
во
централната
вулканска
област на
Балканскиот
полуостров. Остатоците на оваа вулканска зона се видливи на местата: 1 с. Горно кратово - Кратовско, с. Лесново, с. Шталковица, с. Грзилевци Пробиштипско и други села. Селотото се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, на патот Кратово - Пробиштип, со координати 22° 10’ источна географска должина и 42° 04’ северна географска ширина и се наоѓа на 780 метри надморска височина. Најниска надморска височина е 594 метри, додека највисоката е застапена во Плавица со 1297 метри. Административно селото припаѓа на општина Кратово, сместено
во нејзиниот јужен дел и е
одалечено 3,5 километри и 13 километри од општина Пробиштип. Патот Кратово - Пробиштип кој минува низ самото село го дели на 2 дела познати кај мештаните како Горно и Долно маало, но сепак ова село е од збиен тип. Атарот на населбата зафаќа површина од 10,6 километри квадратни и се граничи со градот Кратово, и со селата Железница, Туралево, Приковци, Живалево, Добрево, Грзилевци и Близанци. Аграрната површина зафаќа 904 хектари, шумите зафаќаат површина од 401 хектари, пасиштата 285 хектари и обработливо земјиште 218 хектари. Земјиштето односно релјефот на микрорегионот е исполнет со бујни суходолија, кои во летниот времеснки период пресушуваат. Хидрографијата на Шлегово е застапена со Шлеговска река, која со својот водотек го дели пак на северен и јужен дел. Оваа рекичка се влева во Кратовска река. Климата е умерено континентална со примеси на планинска клима.
Симић С., (1914). 143; повеќе кај Ј.Цвијиќ, (1911). 158-162.
1
17
Краток
историјат
од
римското
време
до
средниот
век
на
микрорегионот Отшто земено Шлегово е најблиско село до Кратово, патем лоцирано и до Плавица, може да се каже дека како населба, почнало да се развива многу рано, а за ова клучни биле богатите осоговски рудници. Територијата на целиот регион познат како Кратовско - злетовска област бил богат со олово-цинкова, бакарна, железна, сребрена и златна руда, што била експлотирана за време на римската доминација во Македонија. За први жители во Кратовскиот крај и поголемиот дел од Североисточна Македонија се Пајонците (Дерони, Лаијаи и други). Нивната територија го заземала централниот балкански простор 2. Но за жал и со оглед на фактот што на територијата на Шлегово не се изведувани пообемни археолошки истражувања и рекогносцирања, не се утврдени културни хоризонти постари од римската епоха. По заземањето на Римјаните на Македонија во 168 год. пр.н.е, и поделувањето на Македонија на 4 мериди, Кратовско-злетовската област воедно и Шлегово
најверојатно влегле во сосатв на втората мерида3. Со
понатамошниот развој на историските настани во 148 год. пр.н.е. територијата на Македонија била претворена во провинција Macedonia. Вон рамките на оваа провинција останале 3 региона а тоа биле: Скопскиот, Осоговскиот регион и Горна и Средна Брегалница, последните 3 региона, биле вклучени во раноцарсакта провинција Тракија (Thracia). Со администраивните реформи во текот на III и IV век следеле нови промени, кои ќе му дадат нова политичка, воена и економска слика на Балканот. Од западниот дел на провинцијата Тракија и југоисточниот дел на Горна Мезија 4 (Moesia Superior) била создадена нова провинција Дакија Медитеранска (Dacia Mediteranea) во која влегувал и Осоговскиот крај. Главна економско-стопанска гранка за населението уште од римското време било рударството и рударењето. Тоа се одвивало во блиската планина Плавица, чие име предходно било Златица. Ова недвосмислено кажува дека окната и јамите кои биле поставувани од тогашните рудари, навистина биле Митревски Д., (1997). 194-198. Papazoglu F., (1957. 58 . 4 Микулчиќ И., 1999, 207. 2 3
18
богати со сребро, и злато.5 Името од Златица во Плавица го променило македонското население за да не дознаат Турците дека таму има златни рудници. Исто така како потврда за антички траги од експлотација се и двата релјефи изгравирани во една јама. Бил претставен богот Херакле, бог на рударството и заштитник на рударите а другата фигура е претстава на еден рудар со неговата опрема6. Развојот на рударството придонел за создавање на нови тврдини кои ги чувале рудничките јами во окололината. Пред сè се мисли на блиските врски со Здравчиј Камен, увтрдувањето кај с. Сакулица, и малите рударски населби кај с. Грзилевци, Црни Врви Жгури. Во самиот атар на селото Шлегово се лоцирани 3 наслеби со хронолошка рамка на опстојување од рисмкото – до доцноантичко време. Тоа се локалитеттите: Здравчиј Камен, кој се наоѓа на добра местоположба, и геостратешка локација, бил еден од побитните кастели во регионот на Кратово. На самиот локалитет,се среќава мноштво движен археолошки материјал, а всушност таму случајно 7 била пронајдена монета од римскиот император Гордијан III (238-244 год.). Монетата била изработена од бакар. На аверост бил претставен императорот во профил и натпис, додека на реверсот е претставена една женска индивидуа, а лево и десно од неа има бик односно лав, оваа сцена може да се јави во повеќе варијанти во контекст на одење на животните8, а станува збор за локално ковање во Виминациум (Viminacum) денешен Костолац во Србија. Друг локалитет со остатоци од римско време во с.Шлегово е и месноста Колонец, која претставува населба од доцната антика9. Локалитетот е лоциран во Долното маало, поточно
десно од селскиот пат, каде во една нива е
пронајдена керамика, и градежен материјал камен и варов малетер тегули и тули, фрагменти од питоси, притоа и еден целосно зачуван питос, кој бил пронајден пред 40 години а денес, се чува во дворот на С. Спиров (сл.1). При постетата на овој локалитет забележливо е дека истиот се наоѓа на едно зарамнето плато кое пак ни дава индиции да го одредиме како еден полски имот од римско време т.е. vilarustica. Местото е познато како Потсело. Известе на българското географско дружество кн. 9, 1941, 112. Николовски З., 2013, 127; Рудници за олово и цинк Злетово, 1978, 16-17 . 7 Коцевски Т, 2005, 36 . 8 http://www.viminacium.nl. 9 Археолошка карта на Р.М. Том II, 189. 5 6
19
Трет локалитет од Шлегово е и локалитетот Во селото, каде има индиции за некропола и населба од римско време. Лоциран е лево од патот Кратово – Пробиштип веднаш во влезот на селото. Сопственикот на нивата пронашол капители, бази и колони, кои ги искористил секундарно во својата куќа. На истата локација бил пронајдена и една надгробна стела (сл.2) од варовник, со старогрчки натпис, во која се споменуваат подземните богови. Според прочучувањата и анализата на натписот, се доаѓа до сознание дека бил изработен за потребите на романизираните граѓани кои по потекло биле Македонци или Грци, и стелата се датира во крајот на III и IV век10 додека поновите проучувања ја датираат во II-III век. Плочатата е со димензии: 1m x 80 cm x 20 cm. Плочата е со тимпанон и акротерии при што едната е уништена, исто како и долниот дел. На тимпанонот е претставен еден кантаорс11 и како од него излегуваат спирални листови. Тое е симбол на вечниот живот. И покрај пронаоѓањето на овој натпис сè уште не се изведувани археолошки истражувања на локалитетот, и сè уште не може со сигурност да се утврди дали плочата потекнува од самото наведено место или евентулно е донесена од некаде, бидејќи други такви плочи или фрагменти воопшто не се пронајдени. Важно да се напомене дека во околината на околу 30 km од Здравчиј Камен, опстојувал кастелот кај Коњух, кој според проф.д-р И.Микулчиќ бил лоциран на самото тромеѓе помеѓу провинциите Дарданија, Македонија II и Дакија Медитеранска, и ги контролирал патиштата и рудничките населби лоцирани околу неговата близина. Како и во антиката така и во средниот век, рудниците во овој регион работеле со полна пареа, доказ за ова се пронајдените околу 80 јами (бројот може и да се зголеми) во околината на Шлегово, кои пак хронолошки се од средниот век. За работењето на рудниците најзаслужни биле Сасите и Шлезите, тие биле германски народ кои тука подигнале мала населба.
Жива антика- Керамидчиев А., 1973, 152. Слични вакви претстави се откриени и во с.Отиловиќи во општина Плевља, Црна Гора .
10 11
20
Сл.1.Питос во дворот на С.Иванов
Сл.2.Стелата во дворот на В.Петрушев
Нивното присуство може да се согледа и во самото име Шлегово. Ојконимот води потекло од Шлег - припадник на Шлезите или втора варијанта за името е Schlegel - рударски чекан. Подрачјето кое го зафаќа с. Шлегово, се состои од 55 микротопоними12. Како најинтересни и најверојатно кај нив има индиции за археолошки локалитети се топнимите:Манастир, Градиште и Калдрма.
Сите овие топоними се многу блиску во околината на Здравчиј
Камен, па од тука доаѓа можноста дека станува збор за градби кои му припаѓале на кастелот Кула - Здравчиј Камен, но сето тоа треба да се потврди со истражувања. Археолошкиот локалитет Здравчиј Камен во с. Шлегово Доцната антика (IV-VI век) претставува период на опаѓање на моќното римско царство, и создавање на една нова култура, наследнчка на античкоримскта
цивилизација.
Бурниот
период
се
манифестира
преку
административни реформи на неколу императори: Диоклецјан (285-311) и Константин I (306-336), ширењето на христијанството во Македонија, нападите на варварските племиња од север и пробивањето на Дунавскиот лимес, економското слабеење,
градењето на многу тврдини на императорот
Алексовски Д., 1986,148
12
21
Јустинијан I (527-565), кој според историските извори во средишниот дел на Балканот подигнал околу 600 тврдини и сл. Првите варварски напади се забалежани од Готите во шестатата и седмата деценија на III век. Потоа следувале напади од страна на Хуните, во средината на V век, и аваро-словенските напади од осмата и деветтата деценија од VI век, при тие упади на оваа територија настрадал кастелот кај Коњух. Веќе од доцниот IV век, зачестените немири се рефлектирале на градење на нови или обновување старите тврдини. Оваа градителство се истакнува во времето на императорот Валентијан I (364-375) . Во тоа време се градат воени тврдини кои најчесто се поставени на добра, висока и доминантна местоположба, со широк поглед кон некој регион. Овие трвдини се нарекуваат кастели (castellum) стражи или спекули (speculae). Тие се многу мали, имаат силни одбранбени ѕидови и најчесто се со една кула13. Ваков тип на фортификациски ситем бил поставуван покрај некој премин, патишта, провинциски граници, покрај рудници или пак самите влегувале во фортификацискиот систем на некои од поголемите утврдувања или градови. Кај овие кастели имало мал воен одред (зависи од големината на кастелот) и најчесто бројката на војниците се движела од 30-40. Подетална класификација на римските а особено на доцноантичките типови на тврдини прави проф. д-р И.Микулчиќ14. Токму еден ваков кастел е и нашиот Здравчиј Камен т.е. Кула - Здравчиј Камен (сл.3). Претставува кастел од доцноатничко време. Лоциран е на северозападната страна од селото, на едно планинско место кое стрмно се спушта в долж Кратовска река и с. Железница. Локалитетот е поставен на еден низок чукар кој има зарамнет простор 70 х 50 м и истиот бил ограден со бедем граден од камен и варов малтер. Зачувани се само темелите, а во внатрешоста на градиштето се забаележани фрагменти од керамички садови питоси и покривни керамиди. Се наоѓа во непосрдна близина на вулканска карпа која била лесна за обработка и се забележуваат остатоци од човечка рака по самата карпа.
Нацев Т., 2013, 61; Нацев Т.,Зборникот на трудови ,,Денови на Јустинијан I,,, 2013, 145. Микулчиќ И., 1996, 12-13; Микулчиќ И., 1999, 273-278.
13 14
22
Сл.3.Поглед на локалитетот Кула - Здравчиј Камен Наоѓајќи се на најсеверната точка, и на тромеѓето околу с. Шлегово, с. Приковци, с. Железница, с.Туралево и г. Кратово, позицијата и целта му била да ги контролира патиштата. Во контекст на античките патишта што ги спомнавме предходно, битна била старата комуникациска врска помеѓу Кратово и Шлегово. Стариот
пат
Кратово-Шлегово претставува остаток
од античката
калдрма. Денес овој пат започнува од населбата викана Вршник во Кратово, и во превец С-Ј, се движи кон Шлегово. Патот е паралелен на денешниот модерен асфалтен пат, но е пократок за околу 1,5 т.е. изнесува 2,5 и се стигнува оптрилика за околу 40 минути пеш. Остатоците од калдрмата се почести и се забележуваат во местото викано Мијалково Долче. Станува збор за обработен камен, и прецизна изработка, додека пак ако се следат контурите се добива впечаток дека бил широк околу 2,30-2,60 m. Тоа му дава секако римски карактеристики. Најзачуван е на самиот крај, т.е. каде што патот излегува на место викано Бабина Чешма, а исто така патот постои и погоре на околу 30 m, но е слабо видлив и води до Здравчиј Камен. Кај населението ова место е познато како Калдрма. Овој пат веќе на повеќе места е уништен од природни појави, прокопи за воведување на канализација и поставување на бандери, а и од
23
самите мештани, кои кажуваат дека како основен извор за градежен материјал пред 50-60 години било ова место, поради добро обработениот камен. По патот многу лесно може да се најат остатоци од жгури. Патот и ден денс се користи. Другиот пат што поминувал тука, покрај овој доцноантички кастел бил и еден крак на патот кој одел кон Пауталија. Тој минувал низ ридовите на селата Талашманце и Крилатица15 и се спојувал со источната магистрала која одела кон Пауталија (Pavtalia). Трет, ако не и најбитен пат во овој регион од антиката бил дијагоналниот пат Хераклеја – Пауталија. Овој пат доаѓал од некогашно Астибо денешен Штип, и првиот дел од трасата водел до Кале кај Крупиште. Патот одејќи кон север ги следи Злетовска и Стрмошка река и се спуштал кон Градиштето на Црн Врв - Сакулица, потоа се спуштал кон Кратовска река и бил контролиран од кастелот кај с. Шлегово16 - Здравчиј Камен, од таму излегувал на градиштето во с. Трновец. Овој пат бил заведен во античката карта на патишта Tabula Peutingeriana од IV век. Кастелот Кула - Здравчиј камен истовремено визуелно комуницирал и со кастелот - спекула Видим во с. Куклица17. Покрај патиштата, кастелот ги штител и рударските населби. Со оглед на тоа дека рудаството било главна економска дејност, во доцната антика, во близина на Црн Врв, никнале руднички тврдини, кои биле значајни за стопанскиот и економски развој. Малите рударски насели биле лоцирани над рударските копови18. Патем, овој кастел бил во функција да ги заштити овие мали утврдувања. Тука според проф. д-р И.Микулчиќ минувал и тешкиот рударско-металуршки пат, кој бил користен и во антиката и во средниот век19. Од аспект на граничната контрола и царина, во периодот на доцната антика, на територија на Македонија, имало три вакви зони: Илирска, Трачка и Хелада со
Николовски З., 2013, 113 . Археолошка карта на Р.М.Том I, 1994, 114; Нацев Т., Годишник на Асоциация ,,ОНГъЛ,, том 12, София, 266. 17 Лилчиќ В., МГК, Гласник бр.5 , 2009, 49. 18 Николовски З., МГК, Гласник бр.6. 2011, 178; Микулчиќ И., 1999, 286; Белдедовски З., Зборник на ЗЗСКНМШ, бр.7, 1996, 18; Кондев Т., Кермидчиев А., Апостолов А., Балабанов К., 1974 169; Андреев С., и Грозданова Е., 1993, 48. 19 Микулчиќ И., 1999, 231 . 15 16
24
Македонија. Ова значело дека ако некој со себе носи стоки, треба да плати царина. Вторта т.е. Трачка зона го заземала источниот дел на Балканскиот Полуостров и во неа влегувале регионот на Средна и Горна Брегалница како и долината на Крива река20. Не знаеме точно дали нашиот кастел учествувал во оваа царинска зона, но со оглед на блискоста со Крива река не е исиклучена и оваа можност. Воениот карактер на кастелот може да се согледа во тоа дека тука најверојатно била сатционирана локална или регионална воена формација, која била сместена во кулата. Најверојатно во овој случај и според каласификацијата и погоре споменато кастелот треба да има само една кула, градена според доцноантичките принципи и сфаќања т.е. да е изградена во стилот емплектон. Околу формата на кулите, во доцната антика преовладува мислење дека биле со четвртаста основа 21, а најверојатно таква и била во Здравчиј Камен. Местото каде што била поставена кулата сè уште не е разјаснето и не е утврдено. Но, поради доброто зарамнето плато на највисоката точка од 844 m надморска височина, и добриот поглед кон останатите делови, се издвојува едно место каде може да биде лоцирана кулата (сл.4). На ова исто место се забележуваат остатоци од ѕид, кој е зачуван само во темелната зона. Ѕидот е со ширина од 1,20 m. Најверојатно сатнува збор за ѕид изработен во техника на opus incertum со нагласени хоризонтални редови. Во негова близина на само 2 m се заѕира уште еден ѕид, неговата форма е полукружна, но не е исклучена можноста истиот да е паднат.
Микулчиќ И., 1999, 282 Нацев Т., 2008, 43-61;Нацев Т.,Ззборникот на трудови ,,Денови на Јустинијан I,, 2013, 144.
20 21
25
Сл.4. Местото каде најверојатно постоела кулата На истата оваа локација се забележани и остатоци од покривни керамиди, кои просечно се со димензии: должина 20 cm, ширина 11 cm
и
дебелина од 3,5 cm. Исто така, на овој дел од теренот, конфигурацијата не е рамна, па не се искулучва можноста тука да има уште некој објект. По површината се среќаваат фрагментирани керамички садови и поголеми фрагменти од питоси. Во јужното подножје – кое се спојува со с. Приковци во месноста викана Осој се забележува еден бедем, кој е граден како сувоѕид, без врзивно средство. Неговата должина е околу 70 m, додека зачуваноста на височината варира од 80-85 cm, и неговата ширина изнесува 70-75 cm. Движејќи се кон западното подножје може да се согледа едн извор (кладенец) со вода кој мештаните го сметаат за свет. Движејќи се уште по на запад т.е. кон западното подножје се стигнува до едно место кое кај луѓето е познато како свето место и е наречено Манастир. Таму се констатирани остатоци од градби ѕидани во техника opus incertum со нагласени хоризонтални редови. Исто така на овој простор се евидентирани и две камени делкани плочи, кои немаат натписи или некои друг претстави. Плочите се со димензии: 70 х 44 х 6,5 и се наоѓаат блиску до изворот.
На самиот извор постарите жители на с. Шлегово и с.
Приковци паметат дека тука се крстело вода, а водата како и местото се
26
сметале за свети. На овој простор се пронајдени најверојатно и фрагменти од фрескоживопис, барем од тоа како тоа го објаснуват луѓето кои ги пронашле овие фрагменти. Не е исклучена можноста на овој простор, со оглед на името и изградбата на кастелот во доцната антика, тука да имало ранохристијанска базилика. На стрмниот потег од Железница кон Здравчиј Камен во карпите пред 60 години имало 3 пештери, од кои само 2 биле пристапни, а во едната од нив на ѕидовите се забележувале и фрески на ѕидовите22. Денес овие пештери е невозможно да се видат од големата вегетација и големите дрва. Соред кажувањата, на највисокиот дел, на само 30 m од местото на кулата, многу одамна бил откириен еден голем бунар-базен, всечен во карпа а имало и тунел кој излегувал директно долу во Кратовска река. Овој случај не е повтрден, но ако веќе постоел тој базен најверојатно станува збор за цистерна. Позицијата и локацијата одговараат на описот, но на терен цистерната е невидлива. Најверојатно станува звор за помала цистерна, која била затрупана. Од археолошките истражувања на доцноантичките тврдини познато е дека многу од вкупните 350 тврдини имаат и цистерна, а како поблиски аналогии за постоењето на ваква цистерна е цистерната на локалитетот Големо градиште во с. Коњух и двете цистерни на локалитетот Исар - Штип. Во подножјето околу кастелот има и една мала рекичка, а воедно и еден пат кој бил користен пред 100 години и истиот бил всечен во карпа, па лесно видливи се неговите остатоци. Патот одел од с. Шлегово кон с. Железница. Истиот бил наменет за каравани и воловски коли. По долината на малата Шлеговска рекичка се забележани остатоци од градби, но истите се во многу лоша ситуација, и затоа не може да се одреди нивната хронолошка рамка. За големината на овој кастел, не се зае точно, но најверојатно имал околу 3-4 хектара, како што е случајот со повеќе вакви утврдувања во Македонија (сл.5). Покрај главаната кула, како други архитектонски градби можат да се јават: магацин за чување на оружјето, командата на офицерите, складиште за храна, понекогаш имало и ковачка работилница. Но сега засега Информацијата ми ја кажа С.Спировски од с. Шлегово, кој имал прилика и да влезе во една од пештерите. С.Спировски е роден во 1936 година. 22
27
ови градби не се евидентирани во нашиов случај. Овој кастел со надморската височина од 844 m е еден од 130-те пронајдени кастели во Македонија, а да е изграден на надморска височина повисока од 750 m. На околу 200 м. пред Здравчиј Камен, се изгига еден рид, кој се вика Градиште, и во неговата оклина е пронајдена фрагментирана градежна и садова керамика, што ни дава можност да помислиме дека покрај кастелот имало и некоја мала населба со простор за живеење. На истата оваа локација, локалитетот е делумно оштетен со поставувањето на ТВ-приемниците. На дел од ова место можат да се согледаат и траги од диво копање.
Сл. 5. План на кастелот според проф. д-р В.Лилчиќ Здравчиј Камен од средниот век до денес Добрата
местоположба
на
некогашниот
доцноантички
кастел
кај
Здравчиј Камен, најверојатно била искористена и во доцниот средниот век, тој ги контролирал патиштата во тоа време, но тоа не е потврдено со сигурност. За турскиот период е важно да се напомене дека тогаш се основале турски населби за обработка на руда и топилници. Едната била во Кратовско - шопско рудари другата во Злетовско -турско рудари. Истите биле отворени во 1486 во времето на Базјаит II (1481-1512З)23. Непосредно го истакнуваме ова за двете 23
Шериф А. и Димитријевски М., 2007, 37.
28
топилници, за да кажеме дека топилниците се наоѓале на добри локации, а патната врска меѓу нив доколку постоела, секако минувала покрај Здравчиј Камен. Но ова не е потврдено ниту во турските записи ниту е пак потврдено од археолошки аспект. Во турското време Кратово со својот поголем денешен административен дел потпаднало во Кратовската нахија воедно и во Ќустендилскиот санџак. Во времето на Карпошовото востание од 1689 година и во неговата слободна територија влегол поголем дел од територијата на Североисточна Македонија, вклучувајќи го и Кратово и Здравчиј Камен. Но од за мене достапната литература не наидов на податок дека местото било искористено за геостратешки цели како што бил случајoт со тврдината кај Коњух
24
и една
кула во Кратово. Од пишани податоци и од месните преданија и легенди се вели дека Турците за одмазда на Карпошевото востание тука во близина на Здравчиј Камен уништиле еден сакрален објект т.е. црква или манастир 25 – што пак се совпаѓа со еден од топонимите, во близина на Здравчиј Камен. Воедно таму постоел и извор кој се нрекувал манастирска чешма26 а постарите луѓе од Шлегово се сеќаваат дека пред многу години овде на големите христијански празници имало големи собори. Познато е дека во
1903 година тука се одвивале борби во екот на
Илинденското востание, дел од востаниците биле сместени во околината на Здравчиј Камен, Плавица и во самото село. Добрата местоположба на местото била искористена и многу подоцна, во текот за конечните ослободувања во 1944 година, по нападот на германските сили врз кратовските места. Тогаш командата на Кратовскиот самостоен баталјон организирала одрбана на целиот град со поставување на борбена линија на потегот Здравчиј Камен - Железница27. Со ова се дава до занење дека негоавта положба била искористена и во XX век, а патем и функцијата била иста: да го одбрани градот од непријателот. Овој настан е опеан и во една херојско-партизанска песна. 24
Димитријевски М и Георгиевски Д. 2009, 74. Минчева К., 2010, 115;Симић С., 1960, 114 . 26 Анастасовски Р., 2009,260. 27 Коцевски Т., 2010, 2015. 25
29
Легенди поврзани околу Здравчиј Камен При посетата на с. Шлегово, во раговор со постарите жители имав прилика да ги чујам и запишам следните легенди за Здравчиј Камен: 1.Една легенда вели дека Турците кога дошле пред портите на Кратово, не можеле да влезат и да го заземаат градот, кој бил бранет од тврдината на Здравчиј Камен. Тогаш една стара жена што живеела во близина на Здравчиј Камен им кажала на Турците дека така нема да го заземат градот. Дека треба кулата да ја уништат, но првин топот да го однесат на местото викано Карачи кое е во с. Приковци. Турците така и направиле и кулата ја уништиле28 и подоцна го зазеле целиот град. 2.Втората легенда е исто така поврзана со Турците. Тие не можеле да го заземат градот, и притоа пуштиле шатки, кои по водата и по тунелот се качиле во тврдината. По ова Турците го пронашле тунелот и така ја зазеле тврдината. 3.Третата легенда кажува дека во подножјето во пештерите биле затворени (џинови) Киклопи, кои некогаш живееле на ова место. 4. Друга легенда вели дека во подножјето имало црква посветена на Св. Апостоли Св. Петар и Павле, некои пак велат имало црква посветена на Св. Тодор, но истите биле уништени од Турците. 5.Некои пак кажуваат дека тврдната го добила своето име поради тоа што по целата површина се забележува ароматичното растение здравец, и дека војската која била сместена во тврдината го консумирала ова растение како чај, а војниците биле многу храбри, силни, јаки и здрави. Од медицински аспект здравецот знаеме дека се користи како лек против крварење, што може да се земе предвид: војниците логично е да крвареле, да го земале чајот од здравец лат.Geranium, сметајќи дека ќе заздрават побрзо. 6. Едно предание зборува дека тука некоја жена по име Здравка пасела овци, но еден ден волк ги нападнал овците и тие заедно со Здравка избегале и
Легендата ми ја кажа Д. Маневски од с.Шлегово, роден 1939 г
28
30
се сокриле во една од пештерите во вулканската карпа. Тогаш таа зела еден камен и го убила волкот, и од тогаш ова место се вика Здравкин(чин/ј) камен29. 7. Последната легенда кажува дека портите за Здравчиј Камен биле железни и огромни и истите биле лоцирани во с. Железница.
ИФ ,,Марко Цепенков,, Македонски народни преданија, 1986, 173 .
29
31
Заклучок Археолошкиот локалитет лоциран на Здравчиј Камен, познат уште како Кула - Здравчиј Камен (поимот кула најверојатно останал во колективната меморија на жителите дека имало само една кула) претставува доцноантички кастел кој ги контролирал патиштата: стариот пат Кратово - Шлегово, и бил кастел кој се наоѓал на античкиот дијагонален пат Хераклеа –Пауталија. На површината на целиот локалитет и на највисокиот дел - местото каде била лоцирана кулата се забележани големо количество на градежен материјал и мноштво од керамички садови, со карактеристики на доцната антика. Околу височината и стилот на ѕидање на кулата сега за сега не се знае. Неговата положба била искористена од антиката до денес. Ова е доволен доказ за неговата положба и геостратешка поставеност. Денес кастелот може да се согледа од патниот правец Скопје - Кратово, и Пробиштип - Кратово, но локалитетот е напуштен. Во околните ниви луѓето постојано наоѓаат движен археолошки материјал кој го фрлаат. На локалитетот пред сè му е неопходна заштита, а притоа и археолошки истражувања, кои ќе ја надополнат неговата приказна.
32
Библиографија: 1.Алексовски Д., Топономастиката на Кратовскиот регион, Кратово, 1986. 2. Анастасовски Р., Светите места во Кратовско, Кратово, 2009. 3.Андреев С., Грозданова Е.,Из историјата на рударството и металургията в Бъларските земи през XV-XIX век,София, 1993. 4.Арехолошка карта на Р.Mакедонија, Том I, Скопје, 1994. 5.Археолошка карта на Р. Македонија, Том II.,Скопје, 1996. 6.Белдедовски З., Проблемот на релацијата и убикацијата на античките Астибо и Транупара, Зборник на трудови на ЗЗСКНМ-Штип, Штип, 1996. 7.Димитријевски М., и Георгиевски Д., Карпош-непокорениот од 1689 година, Куманово, 2009. 8.Жива Антика, Керамидчиев А., Новооткриени епиграфски споменици во Кратовско, Скопје, Кратово, 1973. 9.Ивановъ Й., Северна Македония, София, 1906. 10.Известия на Българското географско дружество, Кн.IX, София, 1941. 11.Институт за Фолклор „Марко Цепенков“, Македонски народни преданија, Скопје, 1986, 12.Кондев Т., Керамидчиев А., Апостолов А., Балабанов К., Злетовска област, географско-историски осврт, Скопје, 1974 13.Коцевски Т., Шлегово, Скопје, 2005. 14.КоцевскиТ.,
Кратовско
и
Пробиштипско
во
антифашистичката
и
народноослободителна војна (1941-1945), Скопје, 2010. 15.Лилчиќ В., Стратегиско-визуелните и сигнални вредности на доцноатничкиот кастел-спекула Видим, село Куклица, Кратовско, Зборник на трудови на Музеј на град Кратово, Кратово, 2009. 16.Микулчиќ И., Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје, 1996.
33
17.Микулчиќ И., Антички градови во Македонија, Скопје, 1999. 18.Минчева К., Манастири и манастирска мрежа в Кюстендилския санджак през XV-XVIII век, София, 2010. 19.Митревски
Д.,
погребувањето и
Протоисториските
заедници
во
Македонија,
преку
погребните манифестации, Скопје, 1997.
20.Нацев Т., Доцноантичкиот град Баргала, Штип, 2008. 21.Нацев Т., Антиката во Брегалничкиот басен, Штип, 2013. 22.Нацев Т., Античката патна комуникација во Брегалничкиот басен, Годишник на Асоциация ,,ОНГъЛ,, том 12, София, 2013. 23.Нацев Т., и Веселинов Д., Одбрана и заштита кај доцноантичките утврдувања во долинта на река Брегалница., Зборник на трудови од меѓународниот симпозиум „Денови на Јустинијан I“ Скопје, 2014. 24.Николовски
З.,
Прилог
кон
старото
рударство
и
металургија
во
Североисточна Македонија, Зборник на трудови на Музеј на град Кратово, Кратово, 2011. 25.Николовски З., Антиката во Североисточна Македонија, Куманово, 2013. 26.Николовски З., SEGMENTUM II: Кратовско-Злетовската област во антиката, Зборник на трудови на Музеј на град Кратово, Кратово, 2014. 27.Papazoglu F., Makedonski gradovi u rimsko doba, Skopje, 1957. 28.Рудници за олово и цинк „Злетово“, Пробиштип, 1978. 29.Симић С., Историја Кратовске Области, Београд, 1914. 30.Симић С., Кратовско Богомоље, Београд, 1960. 31.Цвијић Ј., Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије,
Београд, 1911. 32.Шериф
А.,
Димитријевски
М.,
османлискиот период, Кратово, 2007.
34
Кратовската
монетоковачница
во
Веб страница: 33. Веб страна за античкиот град Виминациум (Viminacium) (2014). Преземено на 16 март 2017 година http://www.viminacium.nl/
35
Кристијан Блажевски
УДК 929.731 Александар III Македонски
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Институт за историја и археологија, Факултет за образовни науки
ВИЗИЈАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ И НЕГОВОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНИОТ СВЕТ АлександарIII Македонски е најголемиот светски војсководец, непобедив воин, творец на нова епоха и нов светски поредок. Со неговото блескаво владеење и легендарните походи, тој оставил силен впечаток не само кај неговите современици, туку и кај сите идни генерации и целокупниот денешен свет. Тој создал голема држава на обединети народи, религии и култури, што е стремеж и желба и на современиот свет. Неговата визија најповеќе може да се следи преку неговиот животен пат. Иако најголемиот број на дела на античките автори кои биле негови современици се изгубени, она што го запишале за него подоцнежните автори како Аријан, Плутарх, Диодор, Куртиј Руф и др., ни ја доловува сликата за овој голем крал. Тој бил син на македонскиот крал Филип II и епирската принцеза Олимпијада. Се родил во Пела на 22/23 јули 356 г. пр. н.е. Како што пишува Плутарх: ....Александар се родил во почетокот на месецот хекатомбајон, што Македонците го нарекуваат лоос, и тоа на шестиот ден – истиот кога бил запален храмот на Артемида Ефеска. Во врска со ова, Магнесиецот Хегесија дал една забелешка, што била доволна студена да го изгасне големиот пожар: имено, тој рекол дека не е ни чудо што изгорел храмот на Артемида, кога божицата
била
зафатена
помаѓајќи
при
раѓањето
на
Александар.
А
свештениците што тогаш се нашле во Ефес просудиле оти несреќата со храмот е само претсказание за друга нсреќа, па почнале да трчаат наоколу, да се удираат по лицето и да врескаат дека денот родил проклетство и голема несреќа за Азија.1
Плутарх, (2008),Напоредниживотописи. ЛиковиодисторијатанадревнаМакедонија, превод В. Саракински, коментари Н. Проева, БиблиотекаHistoria Antiqua Macedonica, Книга 7, Скопје,,110стр. 1
36
Александар, како што му доликува на секој млад принц, имал многу воспитувачи и учители. Најпрвин за учител му бил назначен Леонида, роднина на неговата мајка, а подоцна Лисимах од Акарнанија. На 13-годишна возраст за негов учител бил назначен најголемиот филозоф и научник на антиката Аристотел, кој го подучувал на етика, филозофија политика, како и на акроаматски и епоптски науки, заедно со другите кралски деца во Нимфајонот кај Миеза. Како што констатира Ф. Папазоглу, средбата на Александар и Аристотел се чини како „еден од најголемите моменти во историјата на човештвото“ - средба на генијалниот филозоф во кој се слеала и кулминирала хеленската научна мисла и генијалниот војсководец и обединител на Европа и Азија.2 Неговата големина се гледала уште од раната возраст кога се вклучил во државните работи и воени дејствија што ги преземал татко му. На 16-годишна возраст, во 340 г. пр. н.е., додека Филип бил во поход против Биѕантиј и Перинт, нему му било доверено управувањето на Македонија. Тогаш тој тргнал во поход против Мајдите, ги победил и таму го основал првиот град кој го носел неговото име - Александропол. На 18-годишна возраст учествувал во славната битка кај Хајронеја каде се истакнал на бојното поле каде го предводел левото крило кое ја совладало позната света чета на Тебанците. Во 336 год. пр. н.е., на свадбата на неговата ќерка Клеопатра со епирскиот принц Александар, Филип бил убиен. По убиството, Александар бил прогласен за крал на Македонија која во тоа време била најголемото и најмоќно европско кралство.Првата негова акција била насочена против хеленскитеполиси кои се обиделе да ја отфрлат македонската власт. Тој ги принудил да ги признаат одлуките на Коринтскиот договор, со што ја наследил титулата хегемон на Хелените. Потоа ги поразил Трибалите, Гетите и илирските племиња, како и Хелените каде повторно избувнало антимакедонско востание. Во 334 г. пр. н.е. тргнал во поход против Персија каде во текот на четири години ги освоил сите земјина средниот Исток. Во битката кај Ис во 333 г. пр. н.е.,Александар го заробил семејството на персискиот крал Дареј. Чинот на помилување и начинот на кој биле третирано соодветно нанивниот претходен статус, ни укажуваат за големата идеја на Александар и на тоа дека тој не бил 2
Папазоглу Ф.,( 1995).Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 85.
37
немилосрден освојувач. Со оваа победа мисијата на Филип била исполнета, но за младиот крал се отвориле нови хоризонти кои го насочувале кон повисоки цели, да стане не само господар на Азија,туку и на целиот свет.3 Тој го продолжил походот кон Индија која се граничела со океанот и според тогашните географски сознанија се сметала за крај на светот. Ги присоединил кон своето кралство и земјите од онаа страна на Инд. Ќе продолжел и понатаму, но поради големата исцрпеност на војската, одлучил да се врати назад. Планирал и нови походи, но во тоа бил спречен, бидејќи ненадејно се разболел и починал на 10/11 јуни 323 г. пр. н.е.4 Во Египет, каде бил прогласен за фараон и отелотворен син на богот Амон Ра,5Александар решил да изгради град достоен за неговото име. На осторовот Фарос го подигналградот Александрија кој ќе се развие во светски културен центар. Основањето нови градови гопродолжилво текот на целиот поход.Основал повеќе од 70 градови кои во голем дел го носеле негово име, но и другикако Букефалија, според коњот Букефал, Никаја, во чест на божицата Нике и други.Некои од овие градови опстојуваат до ден денес, како египетската Александријакоја одиграла голема улога во историјата на човештвото. Секаде каде освојувал, Александар покажувал почит кон сите религии и култури, принесувал жртви на месните богови, ги обновувал разрушените храмови и градел нови. Со тоа тој всушност го трасирал патот на подоцнежниот религиозен синкретизам.6 Александар спроведувал систематска културна политика, ширејќи ја македонската и хеленската култура кај староисточните народи. Тоа довело до мешање, дополнување и проникнување на овие култури од кои била создадена една нова култура конвенционално наречена „хеленистичка“. Во неговата огромна држава, со нов општествен поредок на рамноправни и обединети народи, со почит кон сите обичаи, религии и култури, која се простирала од западното крајбрежје на 3
М. Н. Ђурић,( 1954).„Александар Македонски као екуменски творац“, Жива антика, год.IV,Скопје
1954,25. 4 Плутарх, Напоредниживотописи..., op. cit., 108-227; Аријан, Александровата анабаза, превод Маргарита Бузалковска, Скопје, 2000; Квинт Куртиј Руф, Историја на Александар Македонски, превод Љубинка Басотова, Скопје 1998. 5 Наде Проева,(2004)Историја на Аргеадите, Скопје, 279-282. 6 М. Н. Ђурић, „Александар Македонски као екуменски творац“, op. cit.,26.
38
Балканскиот Полуостров, до Индија на исток, од реката Дунав и Црното Море на север, па сѐ до Египет и Либија на југ, Александар создал економско и културно единствона источниот Медитеран со Истокот.Но, мора да се нагласи, дека Александар тргнал во походот како македонски крал и таков останал до крај. 7 Неговата држава и самиот тој, пак, оставиле неизбришива трага и биле постојано присутни во светската колективна меморија, од антиката па сѐ до денес. Наспроти богатството на култури кои од Азија и Африка со милениуми продирале кон Медитеранот, Западна Европа прв пат посериозно ќе биде по влијае на со овие културни традиции преку контактот на Рим со глобализираниот свет на македонскиот империјализам. Како што констатира Љ. Тевдовски, уште повеќе ваквата артикулација на глобализираните митови, легенди, традиции, наука, култура и општество ќе биде континуитет од првата средба на Западна Европа со ,,глобализираниот свет на антиката“, преку новото запознавање на една рудиментирана формана оваа култура во доцниот Среден век, па сè до процветот на овие културни мотиви и реминисценции во културата на современа Европа. Глобализираната античка култура на Источниот Медитеран, во формата која ја запознала Европа е директен продукт на периодот и потребите на македонскиот империјализам. Глобалниот простор на кој се развива оваа култура од Индија до Либија, од средниот Балкан до бреговите на Источна Африка и Индискиот океан и од Сицилија до Хиндикуш е резултат на походот на Александар III Македонски, како и на војувањата и на културните и административните политики на македонските империјални династии. Во трите века на македонскиот империјализам, од смртта на Александар до победата на Октавијан кај Актиј, биле создадени вредностите,
социјалните релации, традициите, филозофските и
религиозните погледи и научни достигнувања кои во разни форми и правци ќе ја запоседнат и значајно ќе ја обликуваат современа Европа, особено во периодот по ренесансата. Дел од овие вредности се универзалниот империјализам (со титулата крал на кралевите) и просветениот монархизам кои македонските династи ќе ги превземат во голем дел од традициите на Азија и Европа, но Административниот апарат, финансиите и војската биле во македонски раце. Вистински господари на Азија всушност биле Македонците (Види: Наде Проева, Александар Македонски, Живот и дело, Historia Antiqua Macedonica, Кн. 10, Скопје, 2012, 52-53). 7
39
значајно ќе го адаптираат и наградат за сопствени потреби. Во оваа епоха универзалниот империјализам подразбира артикулација на цар-бог, кој е наследник
на
бого-човекот,
,непобедливиотАлександар“,
или
во
формата
непобедливото сонце (подоцна артикулирано и во Sol Invictus ), што пак има идејна основа во египетската и средно– источните антички религии, како и во автохтоните традиции на Македонија и Балканско- Анадолскиот регион.8 За ширењето на славата на Александар низ вековите и традицијата голема заслуга имала и неговата романизирана биографија, односно познатиот роман Александрида.
Таа
особено
придонела
Александар
да
стане
една
од
најпопуларните личности во светската историја. До XVI век познати се повеќе од 90 преработки и преводи на Александридата на 30-тина јазици во светот. До денес, пак, регистрирани се над триста и педесет ракописни верзии само во словенските земји(бугарски, македонски, полски, руски, српски, чешки...)и уште стотици верзии и преводи на над 40 други јазици од светот(од постарите редакции и обработки на старогрчки, латински, ерменски, коптски и сириски јазик, до подоцнежните на грузиски, арапски, турски и малајски јазик). Кратко речено, регистрирани се преводи и разни верзии на многу јазициниз цела Европа и Азија, од Шпанија, Франција, Германија Полска и скандинавските земји, до Египет, Индија и Кина.9 Легенди за Александар имало како кај Евреите и христијаните, така и кај муслиманите. Во Александридата на пример пишува дека Александар се преобратил во Евреин, предание кое сигурно е измислено во времето на Птолемај VI и еврејските верски расправии. Во христијанската литература има предание дека влегол во рајот каде за зборувал за бесмртноста со ангелот, па дури бил изедначуван и со Исус Христос. Во една легенда во Куранот, тој ја бара водата на
8 LjubenTevdovski, PhD thesis, Archaeology and Archaeological Heritage in the Contemporary International Relations – Theoretical and Comparative Analysis with special focus on Macedonia, (Institute of Art History and Archaeology, Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University, Macedonia, 2014), 28-30. 9 Пооширно кај: Katerina Mladenovska-Ristovska, „Alexander Romance in the Macedonian tradition“, Macedonia, Land, Region, Borderland, Colloquia Balcanica, Vol. II, Warsaw, 2013, 237-254.
40
животот.10 Исто така, во исламската традиција, тој е прикажан како побожен муслиман и муслимански освојувач.11 Неговиот лик, живот и дело биле непрекината инспирација низ вековите и животворна тема во сите области која постојано се развивала и надополнувала сè до ден денес. Уметниците постојано се навраќале на неговите дела и успеси, а неговата слика се менувалаво зависност од потребите на личноста и периодот. Со своите космополитски сфаќања, тој е единствен во историјата.На него се угледувале голоем број на владетели.Како креатар на нов светски поредок на обединети народи, спроведувајќи ја идејата за еднаквост на луѓето, тој епретходник и втемелувач на христијанството, религијата која ќе ја продолжи неговата идеја за еднаквост на луѓето што е стремеж и на денешното современото општество.
Наде Проева, „Александар Македонски: живот и дело, op. cit., 55. James Mayer, (2011),,Mythological History Identity Formation, and the many faces of Alexander the Great, , 61-62. 10 11
41
Библиографија: 1. Плутарх,
Напоредни животописи. Ликови од историјата на древна
Македонија, превод В. Саракински, коментари Н. Проева, Библиотека Historia Antiqua Macedonica, Книга 7, Скопје, 2008. 2. Папазоглу,Фанула, Историја на хеленистичкиот период, Библиотека Historia Antiqua Macedonica, Книга3, Скопје, 1995. 3. Ђурић, М. Н., „Александар Македонски као екуменски творац“, Жива антика, год. IV,Скопје 1954. 4. Аријан, Александровата анабаза, превод Маргарита Бузалковска, Скопје, 2000. 5. Квинт Куртиј Руф, Историја на Александар Македонски, превод Љубинка Басотова, Скопје 1998. 6. Проева,
Наде,Историја
на
Аргеадите,
БиблиотекаHistoria
Antiqua
Macedonica, Книга8, Скопје, 2004. 7. Проева, Наде,Александар Македонски, Живот и дело, Historia Antiqua Macedonica, Кн. 10, Скопје, 2012. 8. TevdovskiLjjuben, PhD thesis,Archaeology and Archaeological Heritage in the Contemporary International Relations – Theoretical and Comparative Analysis with special focus on Macedonia, (Institute of Art History and Archaeology, Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University, Macedonia, 2014). 9. Mladenovska-Ristovska, Katerina,„Alexander Romance in the Macedonian tradition“, Macedonia, Land, Region, Borderland, Colloquia Balcanica, Vol. II, Warsaw, 2013. 10. Mayer,James,Mythological History Identity Formation, and the many faces of Alexander the Great, 2011.
42
Антонио Неделковски
УДК 94(37=38)“652“(093)
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Институтот за историја, Филозофски факултет
ПОЛИБИЈ И НЕГОВИОТ СУБЈЕКТИВЕН ПРИКАЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ
Апстракт: Целта на овој труд е да се анализира податокот што ни го дава Полибиј во неговото дело Историја каде вели дека Македонците признавале дека благодарение на Римјаните (кои ги поразиле кај Пидна во 168 год. ст.е.) ропството го замениле со слобода, а истовремено завршиле и големите немири во некои градови и меѓусебните убиства. Анализирајќи го овој податок на Полибиј споредено со останатите извори, и со стручната литература за оваа тема дојдов до заклучок дека состојбата во Македонија по битката кај Пидна не била како што тој ја прикажал. По Пидна Македонија била под римски протекторат се до 148 год. ст.е. кога добила статус на римска провинција. Македонија со ново воспоставениот систем била поделена на четири мериди кои што функционирале на начин диктиран од Сенатот. За овој период имаме малку и изолирани податоци, па затоа не може да се изгради детална слика за состојбата во Македонија, но сепак се доволни да видиме дека меридите се соочувале со потешкотии и дека состојбата не била толку стабилна како што Полибиј пишува. Ако се земе во предвид дека тој бил истакнат државник во Ахајскиот сојуз, долгогодишниот престој во Рим и неговото пријателство со Скипион Ајмилијан, неговиот очигледен презир кон Антигонидите (особено кон Филип V и Персеј), како и тоа дека тој не можел никако да го земе во предвид македонското гледиште и секогаш гледал од аспект на Ахајскиот сојуз и не треба многу да не чуди оваа негова субјективност.
Клучни
зборови: МАКЕДОНИЈА, ПОЛИБИЈ, ПРИСТРАСНОСТ, МЕРИДИ,
НЕМИР
43
Во 168 год. ст.е. се биела битката кај Пидна меѓу римската војска на чело со заповедникот Лукиј Ајмилиј Паул и македонската војска на чело со кралот Персеј. Оваа битка завршила кобно за Македонците, со тоа завршила Третата македонско-римска војна и тоа било крај на Македонското Кралство. По оваа битка Персеј избегал во Пела, оттаму во Амфипол и на крај на островот Самотрака, каде што бил заробен од Римјаните.1 Македонија не добила веднаш статус на римска провинција, туку, таа имала статус на римски протекторат сè до 148 год. ст.е.2 По оваа битка, Ајмилиј Паул заедно со десетчлената сенатска комисија (меѓу кои имало тројца бивши консули и двајца бивши кенсори) одржалe средба во Амфипол со Македонците (по десет делегати од секоја општина), каде што им го изложиле новиот систем со којшто Македонија понатаму ќе функционира. Имено, Македонија била поделена на четири области. Κај Диодор овие области се наречени мериди (μέρος), а пак кај Тит Ливиј региони (regiones). Четирите мериди немале надворешна самостојност, им била забранета меѓусебна соработка и склучување на бракови на лица од различни мериди. Сенатот со мерките ги намалил шансите повторно Македонија да се обедини.3 Оние мериди коишто граничеле со немакедонски племиња имале дозвола да држат само малубројни воени одреди за заштита на границите. Исклучок била третата мерида.4 Во секоја мерида бил воспоставен совет којшто меѓу другото бил задолжен за собирање на данок. Сенатот забранил формирање на заеднички совет на меридите, најверојатно со цел да се одбегне негова евентуална злоупотреба од некој демагог. Некои научници мислат дека иако имало забрана за формирање на заедничкиот совет, тој сепак бил формиран, веројатно како врска меѓу Сенатот и локалната власт и како можност за негово мешање во внатрешните работи на Македонија.5
1 2 3 4 5
Подетално за ова види Hammond, N.G.L. and Walbank F.W., (1988). A History of Macedonia, volume III, 336 -167 B.C., Oxford, 547-558. Проева Н., (1997). СтудиизаантичкитеМакедонци, Скопје, 77-79. Liv., XLV.17.1-3, XLV.18.6-8, XLV. 29.1-10, XLV. 32.1-2; Diod. XXXI.8.1, XXXI.8.6-9. Liv., XLV.29.13. Проева Н., (1997). Студии за античките Македонци, Скопје, 78-79.
44
Сенатот исто така ги презел и следниве мерки: плаќање на данок од 100 таланти годишно (данок којшто изнесувал половина од данокот кој што го барал кралот Персеј),6 забрана за користење на рудниците за злато и сребро, но не и за рудниците за железо и бакар,7 забрана за сечење на дрвја за изградба на бродови, забрана за трговија со сол,8 исто така на истакнати Македонци заедно со машките деца постари од 15 години им било наредено да заминат од Македонија.9 Тит Ливиј за овој акт вели дека било во корист на македонската слобода бидејќи тие луѓе биле навикнати понизно да слушаат наредби од кралот а на другите гордо да им заповедаат.10 Дарданците, кои што биле сојузници на Римјаните при судирите со Македонците и дале свој придонес во победата на Римјаните11, ја барале Пајонија, област за којашто тврделе дека порано била нивна. Ајмилиј Паул на ова одговорил негативно, но Дарданците не останале со празни раце. Имено, третата мерида добила обврска да носи сол во Стоби, а оттаму Дарданците да тргуваат со солта за цена утврдена од Ајмилиј Паул. 12 Па така, оваа одлука била еден вид на компензација за недобивањето на Пајонија, област за која што војувале со Македонците13. Откако Ајмилиј Паул, на латински јазик, а пак преторот Гнај Октавиј на грчки јазик им го кажале на Македонците новиот систем со којшто треба да функционира Македонија14, заедно со кралското богатство (колку тежело кралското богатство не можеме со сигурност да потврдиме бидејќи изворите не се едногласни15) и војската си заминале, по некое време Ајмилиј Паул во Рим прославил и триумф16. Тој исто така на заминување ги „опоменал Македонците
6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
Плутарх (2008). Напоредни животописи, Скопје, Ајмилиј Паул 28.3; Liv., XLV.18.7, XLV.29.4; Diod. XXXI.8.3. Liv., XLV.18.3, XLV.29.11; Diod. XXX1.8.7. Liv., XLV.29.11, XLV.29.14. Liv., XLV.32.3. Liv., XLV.32.4. Подетално за односите меѓу Дарданците и Римјаните како и меѓу Дарданците и Македонците види Papazoglu F., (1969). Srednjobalkanska plemena u predrimsko doba, Sarajevo, 104-143. Liv., XLV.29.12-13. Исто за ова подетално види Papazoglu F., (1969). Srednjobalkanska plemena u predrimsko doba, Sarajevo, 104-143. Liv., XLV.29.3. Walbank F.W., (1967). A Historical Commentary on Polybius, volume II, Oxford, 59. Плутарх (2008). Напоредни животописи, Скопје, Ајмили јПаул, 32-34.
45
да ја чуваат слободата подарена од Римјаните, да ги почитуваат законите и да живеат во слога“17. За состојбата во Македонија по 167 год. ст.е. знаеме малку бидејќи изворите се скудни. Како што и погоре напоменав, Полибиј во своето дело Историја вели дека Македонците признавале дека ропството го замениле со слобода, а истовремено завршиле и големите немири во некои градови и меѓусебните убиства18. Но тој во своето дело исто така пишува дека Македонците бидејќи не биле навикнати на демократски и изборни институции започнале меѓу себе да се расправаат. Како резултат на ова, Полибиј пишува дека во 163 год. ст.е. Сенатот им наредил на пратениците чија крајна цел била Сирија, да ја испитаат ситуацијата и во Македонија. Во тој период се споменува некој си Дамасип, кој откако во Факос убил дел од членовите на советот (или пак сите?) од третата мерида, успеал да побегне од Македонија. Дали овој настан е поврзан со пратениците коишто требало да ја испитаат ситуацијата во Македонија, или пак станува збор за нешто сосема друго, не можеме да знаеме, бидејќи е споменат попатно во зачуваниот дел од Историјата на Полибиј и невозможно е да се одговори на прашањето за мотивите и целите на Дамасип, туку може само да се шпекулира19. Во 158 год. ст.е. Сенатот ја повлекол забраната за користење на рудниците за злато и сребро во Македонија20. За работењето на рудниците сведочат пронајдените монети за овој период ковани од меридите, со исклучок на третата21. Дали целта на Сенатот била да се подобри економската ситуација и со тоа да се ублажат внатрешните тензии повторно не може да се одговори.22 Во 151 год. ст.е. Македонците го повикале Скипион Ајмилијан – синот на Ајмилиј Паул да дојде во Македонија и да им помогне во разрешувањето на внатрешните неприлики, но Скипион Ајмилијан не одговорил позитивино на
17 Плутарх (2008). Напоредни животописи, Скопје, Ајмилиј Паул, 29.1. 18 Polyb. XXXVI.17.13. 19 Polyb. XXXI.2.12, XXXI.17.2; Walbank F.W., (1979). A Historical Commentary on Polybius, volume III, Oxford, 485. 20 Cassiod:Chr 596. 21 Драганов Д., (2001). Монетите на македонските царе, част 2 (От Филип III Аридейдо Персей), Яамбол, 121-125. 22 Пановски С., (2016). Андриск и IV македонска војна (149-148 ст.е.), Востанијата во Македонија, Скопје, 11.
46
овој повик, туку, заминал на служба во Хиспанија23. Дали некој дошол наместо него не се знае, но фактот дека иницијативата потекнала од Македонците, кои очигледно процениле дека не можат самите да ги разрешат проблемите, говори за сериозноста на ситуацијата24. Ова е сè што знаеме за Македонија во овој временски период. Имаме малку и изолирани податоци, но сепак се доволни да видиме дека меридите се соочувале со потешкотии и дека состојбата не била толку стабилна како што Полибиј пишува25. Ако се земе предвид дека тој бил истакнат државник во Ахајскиот сојуз, долгогодишниот престој во Рим и неговото пријателство со Скипион Ајмилијан, неговиот очигледен презир кон Антигонидите (особено кон Филип V и Персеј), како и тоа дека тој не можел да го земе предвид македонското гледиште и секогаш гледал од аспект на Ахајскиот сојуз и не треба многу да нè чуди оваа негова субјективност26.
23 Polyb. XXXV.4.11. 24 Пановски С., (2016). Андриск и IV македонска војна (149-148 ст.е.), Востанијата во Македонија,. Скопје, 11. 25 Пановски С., (2016). Андриск и IV македонска војна (149-148 ст.е.), Востанијата во Македонија, Скопје, 10-11. 26 Walbank F.W., Polybius and Macedonia, in Walbank F.W., (2002), Polybius, Rome and the Hellenistic World. Essays and Reflections, Cambridge, 91-106.
47
Библиографија 1. Драганов Д., (2001). Монетите на македонските царе, част 2 (От Филип III Аридей до Персей), Яамбол. 2. Hammond, N.G.L. and Walbank F.W., (1988). A History of Macedonia, volume III, 336-167 B.C., Oxford. 3. Пановски С., (2016). Андриск и IV македонска војна (149-148 ст.е.), Востанијата во Македонија, Скопје. 4. Papazoglu F., (1969). Srednjobalkanska plemena u predrimsko doba, Sarajevo. 5. Плутарх (2008). Напоредни животописи, Скопје. 6. Проева Н., (1997). Студии за античките Македонци, Скопје. 7. WalbankF.W., (1967). A Historical Commentary on Polybius, volume II, Oxford. 8. Walbank F.W., (1979). A Historical Commentary on Polybius, volume III, Oxford. 9. Walbank F.W., Polybius and Macedonia, in Walbank F.W., (2002), Polybius, Rome and the Hellenistic World. Essays and Reflections, Cambridge.
48
Бисера Срцева
УДК 930(497.7)“652“
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Институт за историја и археологија, Факултет за образовни науки
АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ПО ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО ВО 1991 ГОДИНА
Античкиот
период
отсекогаш
предизвикувал
интерес,
како
кај
истражувачите, така и кај луѓе кои професионално не се занимаваат со историографија, меѓутоа се насочуваат кон овој период водени од некои патриотско – романтичарски стремежи. Целта на овој труд е даде еден приказ и едно видување кон оваа опсесија на творење дела за античкиот период, како и да посочи или да предупреди за опасносностите кои ја демнат историската наука поради екслузивноста која им се дава на одредени автори и писанија. Во периодот по 1991 година, кога општеството се ослободува од идеолошките стеги на југословенскиот еднопартиски систем, нови видувања се јавуваат и во научните сфери, особено во историјата и историографијата поради нивната природа и поврзаноста која отсекогаш ја имале со политиката. Се интензивираат и проучувањата на антиката, како и популарната литература која обработува теми од антиката. Поради мистичноста и ексклузивноста која отсекогаш постоела околу антиката, за лаикот е навистина тешко да разграничи помеѓу овие два вида на литература за овој период. Историчарите особено се ставени пред предизвик поради тоа што наидуваат на меѓународни критики од типот дека со зајакнатото проучување и фокусирање на антиката, всушност се обидуваат да интервенираат во националните митови и да издиференцираат наратив ослободен од „југословенството“.
49
Доколку добро се воочи напредокот на историографијата во првите години по осамостојувањето, ќе се дојде до заклучок дека одредено интензивирање на историографските истражувања постои и во однос на други историски периоди, како што е перидот на националното ослободително движење. Се јавува нова методологија на истражување и нови научни сознанија, поради новиот пристап кон проучувањето на градењето на македонската национална свест и чувството за државност и автономија кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Секако дека овој период се обработувал на потрадиционален начин во периодот на постоењето на југословенската федерација и не се потенцирала доволно важноста на ваквите идеи за македонското прашање, поради фактот што македонскиот народ, иако слободен, не живееше во самостоен државно – правен ентитет. За оваа ситуација на интензивирање на истражувања на античкиот период по осамостојувањето придонесе и непризнавањето на Република Македонија од страна на Република Грција, чин кој беше инициран уште во педесеттите години на минатиот век кога во Грција започнува кампања која ја пропагира грчката природа на античките Македонци и го отвора прашањето за името на Република Македонија. По македонското стекнување независност во 1991 година дојде до ескалација на ситуацијата кога официјално се отвори спорот за името кој придонесе кон тоа и во Република Македонија да се бараат контрааргументи преку истражувањата на античка Македонија1. Што се однесува до појавата на националромантизмот, односно тоа што тој се јавува релативно доцна во однос на останатите балкански држави, некои истражувачи сметаат дека тоа е резултат на обидот да се истражат македонските корени
подалеку
во
историјата.
Причината
за
ова
интензивирање
на
истражувањата на антиката ја гледаат во фактот дека пред осамостојувањето на Македонија, капиталните историографски дела како што се тритомната Историја на македонскиот народ (ИНИ, Скопје, 1969), Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава (УКИМ, Скопје,
1
Петрова Митевска Е., Поповска Н., (2011). Античка Македонија: критички приод кон интерпретацијата на историјата и историографијата, Скопје, 9-10.
50
1981) и учебниците по историја хролошки започнуваа со доаѓањето на Словените на Балканот 2. Ваквото видување навистина може да се потврди доколку детално се разгледа
историографијата во тие неколку децении на XX век. Во зборникот
Историографија на Македонија 1965 – 1975, објавен во 1982 година, првиот дел е именуван како Македонија од античко време до 14 век, а како достигнувања во истражувањето истражувања
на
античкиот
спроведени
период
во таа
се
наведени
деценија. Од
само
аспект
археолошките
на историјата
и
историографија, истражувањата се фокусираат на периодот 6 – 14 век, односно средновековна Македонија 3. Но промената се забележува веќе во второто издание на едицијата, Историографија на Македонија 1976 – 1980 издадено во 1987 година каде конкретно е наведено дека „интересот кон проучување на античката историја на Македонија значително се зголеми и во периодот 1976 – 1980 година.“ Во ова издание е застапено поглавје именувано Македонија во античкиот период од V век пред н.е. – VI век од н.е4. Во наредното издание од едицијата, Историографија на Македонија 1981 – 1985 издадено во 1990 година, приказот на истражувањата посветени на античкиот период е даден во поглавјето Македонија во предисторискиот и античкиот период од V век пред н.е. – VI век од н.е., од кое исто така може да се забележи дека се одржал трендот античкиот период да се истражува исклучиво од археолошки, а веќе и од епиграфски аспект 5. Во четвртото и последно издание на едицијата, Историографија на Македонија 1986 – 1995 издадено во 1997 година, самиот уредник во предговорот се задржува на општествено - политичките промени со кои била соочена државата, но и историската наука во тој период. Тој уште го потенцира 2
Ibid. Историографија на Македонија 1965 – 1975, (1982). 13-26. 4 Историографија на Македонија 1976 – 1980, (1987). 23-31. 5 Историографија на Македонија 1981 – 1985, (1990). 15-24. 3
51
квантитативниот и квалитативниот подем на науката додавајќи дека особено се промовирала
аналитичноста
и
интердисциплинарниот
пристап
во
историографските дела 6. Во ова издание, историографијата посветена на античкиот период е резимирана во склоп на поглавјето
Македонија во
предисторискиот и античкиот период до VI век од н.е. Исклучително важни напори во истражување на овој период прави Наде Проева која ги објавува трудовите Прилог кон историјата на античките Македонци во 1990-1991 година, и Осврт врз проучувањето на историјата на античките
Македонци
во
Содржински
и
методолошки
прашања
во
истражувањето на историјата на културата на Македонија од 1995 година 7. Преку
ваквите
залагања
започнува
веќе
посериозниот
пристап
во
историографијата на античкиот период. Како што веќе беше наведено, античкиот период предизвика голем интерес и кај индивидуалци кои професионално не се занимаваа со научно – историска работа. Меѓу другите, во ваквиот „кош“ се наоѓаа луѓе кои по вокација беа публицисти, политоколози, аналитичари, правници, историчари на уметноста итн. Во ова поле на истражувачи – ентузијасти на античкиот период, односно на Македонија во античкиот период, може да се спомене историчарот на уметноста Александар Донски. Во неговите публикации може да прочитаме елаборации за етногенезата на македонскиот народ и различноста од останатите народи на Балканот и воопшто. Меѓутоа, не е дефинирана конкретна методологија при неговите истражувања и во неговите дела, напротив, многупати тој ги изнесува своите ставови во текстови кои се комбинација од роман и научен текст 8.
6
Историографија на Македонија 1985 – 1995, (1997). 17-21. Ibid. 8 Ачкоска В., Петреска Д., (2007). Осознавање на историјата, Скопје, 174-175. 7
52
Некои од неговите публикации се приватни изданија, како на пример книгата Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите, Тајната на Бакарната книга, итн.9.
Понатаму еден политичар кој исто така започна да пишува за античкиот период е и Васил Тупурковски. Тој објави студии за Македонија во античкиот период како што се: Историјата на Македонија: од древнина до смртта на Александар Македонски, објавена во 1993 година, како и Историја на Македонија: од смртта на Александар Македонски до Македонско-римските војни објавена во 1994 година 10. Причината за интересот и одлуката на Тупурковски да се заложи со проучување на античкиот период ја гледам во следново: тој беше активен на политичката сцена и член на партија идеолошки десно ориентирана. Истата политичка партија настапуваше со идеологија поткрепена со патриотско – националистичка реторика и доби на популарност во период кога македонскиот народ повторно имаше состанок со историјата во однос на својата државност и самостојност. Истражувањата на Тупурковски одеа во насока на истражување на различноста на македонскиот народ, на кој му требаше поткрепа на моралот и идентификување со мит различен од југословенскиот, со цел да му се зајакне чувството за припадност на една единствена нација. Понатаму, одредени имиња како Ниче Димовски - Македон, Аристотел Тентов и други, е доволно само да се споменат за да се знае дека делата кои произлегуваат од нивното перо се популистички, без утврдена методологија на работа и недоволно научно поткрепени. За ваквите дела сметам дека воопшто не станува збор за историографија, иако во пошироката јавност, па дури и во одредени медиуми, за жал истите се третираат со поголема екслузивност отколку вистинските научни сознанија и дела.
9
Ibid. Ibid.
10
53
Сепак, се случува често, ваквите автори да добиваат поддршка од сериозни македонски институции кои би требало да се стожер на научната мисла во државава. Па така, Аристотел Тентов во коавторство го издаде текстот По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци, со најава дека го дешифрирале делот напишан со демотско писмо од познатиот Камен од Розета 11 и дека се работи за старомакедонскиот јазик. Носител на ваквиот проект за „дешифрирање“ на натписот, иронично, беше Македонската академија на науки и уметности. Станува збор за текст издаден во 2005 година, на македонски и англиски јазик со должина од околу педесет страници во кој се опишуваат карактеристиките на писмото, правила на пишување, имиња на народи и територии итн. 12. Се појавија реакции за текстот, како надвор, така и во самата институција на МАНУ. Еден опширен труд кој го анализира претходно споменатиот текст е „Два спротивни приода кон интерпретацијата на античките текстови со антропонимска содржина (со посебен осврт кон античко – македонската антропонимија)“ на акад. Петар Хр. Илиевски од 2008 година во кој тој наведува дека во трудот на Тентов и Бошевски се направени ред методолошки и принципиелни грешки, од кои најсериозна е отфрлањето на досегашните истражувања на античкиот македонски јазик и негово идентификување со дијалекти од современиот македонски јазик 13. Анализа на текстот извршиле и Елеонора Петрова и Наталија Поповска во
својот
заеднички
труд
Античка
Македонија:
критички
приод
кон
интерпретацијата на историјата и историографијата издаден во 2011 година, во кој освен што се согласуваат со видувањата на академикот Илиевски, додаваат дека „иако од античкиот македонски јазик се познати повеќе од стотина глоси, граматичката структура на јазикот е сосема непозната за да може за овој јазик да 11
Артефакт откриен во 1799 год. за време на освојувањата на Наполеон во Египет, кој содржи три дела на текст напишани со хиероглифско, грчко и демотско писмо. 12 Петрова Е., Поповска Н., (2011). 51-52. 13 Илиевски П.Хр., (2009). Два спротивни приода кон интерпретацијата на античките текстови со антропонимска содржина (со посебен осврт кон античко – македонската антропонимија), Прилози, МАНУ, Скопје, 24.
54
се донесуваат поконкретни заклучоци“. Исто така тие го укажуваат тоа дека појавувањето на демотското писмо е во приближно ист период со почетоците на државотворниот развиток на античка Македонија и додаваат дека „не би било логично да очекуваме дека старомакедонското писмо се појавило во Египет пред формирањето на владетелската династија во Македонија“ 14. Како
најостра
критика
се
јавува
трудот
Дискретната
смрт
на
методологијата на Војислав Саракински објавен во 2006 година. Тој ги обвинува
Тентов
и
Бошевски
дека
практиктуваат
квазилингвистика
и
псевдоисторија, а при тоа наведува неколку аргументи, како тоа дека тие се зафатиле со трагање по старомакедонскиот јазик преку дешифрирање на документ кој содржи најмалку текст со демотско писмо имајќи достапни и други документи во кои демотското писмо е искористено за подолг текст, по што Саракински заклучува дека авторите не ги ни виделе останатите текстови со демотско писмо, туку го користеле оној кој сите го знаат поради неговата слава, односно текстот на Каменот од Розета 15. Дополнително се наведени аргументите дека авторите не можеле да извршат компаративна анализа, бидејќи до сега не се пронајдени натписи на старомакедонски јазик, ниту пак да повлечат лингвистичка паралела со други антички јазици, бидејќи тие работат во друга научна област и дека го немат изучено старогрчкиот или староегипетскиот јазик на академско ниво. Тој уште заклучува дека авторите истражувале без научна и методолошка подготвеност и без методолошки критериуми 16. Но да се задржиме на историографијата. Особено значајни се некои историографски монографии на научници кои, за разлика од претходните, работеа со прецизно дефинирана методологија.
14
Петрова Е., Поповска Н., (2011). 53. Саракински В., (2006). Дискретната смрт на метологијата, Историја, бр. 1-2, Сојуз на историчарите на Република Македонија, Скопје, 171 – 175. 16 Ibid. 15
55
Како најзначајни автори и дела би ги издвоиле: Елеонора Петрова која во 1996 година го објави делото Бригите во централниот дел на Балканот во II и I милениум од ст. е., како и делото објавено во 1999 година, Пајонија во II и I век од ст. е. Повторно ќе ја споменеме и Наде Проева, чии најзначајни дела кои се користат во академската средина и високообразовни институции се: Студии за античките Македонци објавена во 1997 година и Историја на Аргеадите во 2004 година17. Последното дело на проф. Проева е Религијата на античките Македонци објавено во 2014 година. Особен придонес овде имаат и историчари од Институтот за национална историја во Скопје, каде би ги споменале Анета Шукарова и Катерина Младеновска – Ристовска. Како значајно дело на Шукарова овде би го споменале Филип II Македонски и атинските ретори, објавено во 2003 година, а на Младеновска - Ристовска
Македонскиот крал Архелај објавено во 2014
година.Треба да се споменат и подвизите на Војислав Саракински, кој почна да работи на преводи на дела и антички автори, при тоа фокусирајќи се и на нивни студиозни коментари. Ваквите преводи се неопходна литература за секој кој прави обиди да го истражува античкиот период со прецизирана методологија18. Од неговиот творечки опус би го споменале делото каде се јавува во коавторство со Наде Проева, Александар Македонски: живот и дело. Да преминеме и кон завршните согледувања. Од особена важност е тоа што денес македонската историографија изобилува со научни дела за античкиот период или поконкретно за Македонија во антиката. Ваквите истражувања, понатаму систематизирани во образовни содржини, се интегрирани и во студиите по историја, историја на уметност и археологија на македонските универзитети. Меѓутоа прашањето со проучувањето на античкиот период од сферата на науката започна да се рефлектира и во останати општествени сфери, при тоа предизвикувајќи бран на обземеност од антиката којшто е евидентен во јавниот дискурс. Одредени популарни дела кои обработуваат античка историја имаат свое 17 18
Ачкоска В., Петреска Д., (2007). 174. Ibid.
56
влијание во јавноста, а нивните автори ноншалатно и неодговорно му приоѓаат на ова прашање. Ваквите прашања треба да му се отстапат исклучиво на историчарот, а историчарот пред сè треба да е одговорен и својата научна мисла да
ја
темели
на
аргументи,
критички
размислувања
и
методологија.
Дополнително, потребно е јавноста разумно да суди за паранаучните дела. Во спротивно, ненаучните дела ќе продолжат да ја „потпалуваат“ јавноста, а националистичкиот оган еднаш потпален, тешко се гаси.
57
Библиографија 1. Ачкоска В., Петреска Д., Осознавање на историјата, Скопје, 2007. 2. Илиевски П. Хр., Два спротивни приода кон интерпретацијата на античките текстови со антропонимска содржина (со посебен осврт кон античко – македонската антропонимија), Прилози, МАНУ, Скопје, 2009. 3. Историографија на Македонија 1965 – 1975, Новинско-издавачка организација Студентски збор -
Скопје, Историска библиотека, Сојуз на друштвата на
историчарите на Македонија, Скопје, 1982. 4. Историографија на Македонија 1976 – 1980, Сојуз на друштвата на историчарите на Македонија, Скопје, 1982. 5. Историографија на Македонија 1981 – 1985, Институт за национална историја, Сојуз на друштвата на историчарите на Македонија, Скопје, 1990. 6. Историографија на Македонија 1986 – 1995, Сојуз на друштвата на историчарите на Македонија, Скопје, 1997. 7. Петрова Митевска Е., Поповска Н., Античка Македонија: критички приод кон интерпретацијата на историјата и историографијата, Скопје, 2011. 8. Саракински В., Дискретната смрт на методологијата, Историја 42., Скопје, 2006.
58
УДК 94 (495.02)(093)
Игорче Дунимаглоски Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје Инстирут за историја, Филозофски факултет
ВИЗАНТИСКАТА ЛУКАВОСТ ИЗРАЗЕНА ПРЕКУ УЛОГАТА НА АЛУСИЈАН ВО ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН
Апстракт: Целта на прилогот е преку анализа на византиските извори и достапната литература со реконструкција на настаните од востанието на Петар Делјан (1040-1041) да се објасни лукавството на Византија изразено преку планирано и смислено испраќање на Алусијан, вториот син на последниот владетел на Самуиловото царство, Јован Владислав (1015-1018) и внук на Арон (брат на цар Самуил) во востаничките редови. Алусијан кој бил во византиска служба веројатно бил испратен од Јован Орфанотров со цел да направи раздор за полесно задушување на востанието на Петар Делјан. Поттикнат од трудот на почитуваниот проф. д-р Атанасовски Александар за Востанието на Петар Делјан (1040-1041)1 во кој не се отфрла можноста Византија смислено да го пратила Алусијан да дојде кај востаниците за да предизвика раздор, а самиот тој бил и причина за неуспех и пораз на востанието, се решив, преку толкување на изворите и соодветната литература да ги елаборирам постапките на Византија за вметнување на Алусијан2 во востанието на Делјан3 од 1040/41 година. Ќе се обидам преку поставување на логички прашања во контекст на настаните и изворните податоци кои експлицитно не го посочуваат Јован
Филозофски Факултет,(2015). Востанијата во Македонија, Атанасовски Александар, Востанието на Петар Делјан (1040-1041), Скопје, 62. 2 Златарски Н. Васил, (1994). История на българската държава през средните векове, том 2, Фотокопско издание. София, 62-63; Грцки извори за българската история, VI, БАН, София, 1965, стр.(304). 3 За потеклото на Петар Делјан поопширно види кај: Илјовски Ристо, (1987). Потеколото на Петар (О)Делјан, Гласник на институтот за национална историја, XXXI бр.2, 161-193; Стјепан Антолјак, (1985). Средновековна Македонија том I, Петар Делјан или Долјан или Оделјан?, Скопје, 711-725. 1
59
Орфанотроф за организатор на заговорот за раздор во востаничките редови да докажам дека токму тој е организатор на заговорот. Византискиот естаблишмент предводен од Орфанотров, немоќен воено да се спротивстави на востаниците, презел еден ваков лукав чекор којшто завршил со успех. Текот на востанието до битката пред градот Солун Според македонските историчари востанието запчнало од белградско-моравските краишта кога организаторите на востанието заминале во Белград каде што го пречекале Делјан кој пристигнал таму од Унгарија.4 Според бугарските историчари востанието започнало исто така од белградско-моравските краишта, но Делјан пристигнал таму од Цариград преку Бугарија во Белград.5 Двете историографии се сложуваат, а исто така и изворите потврдуваат, дека востанието имало успех и брзо се ширело.6 Востанците не наишле на сериозен византиски отпор и продолжиле до Острово од каде се подготвувал напад на градот Солун. Во тие моменти според Скилица: “Имено, додека бил стратег во Теодосипол (се мисли на Алусијан) бил неоправдано обвинет и пред да биде извршена истрагата за она зашто бил обвинуван, Јован побара од него да плати 50 литри злато, а покрај тоа му го одзеде многу уредениот имот на неговата жена што го имала во Харисион”.7 За истиот настан Зонара вели: “Алусијан сè уште се наоѓа кај Ромеите, поради расправија со царот тој бил осуден да остане дома и да не оди во палатата и во Византион, освен кога не му било дозволено да влезе.”8 Тука се поставува Панов Б., (1985). Средновековна Македонија, том III, Востанието на Петар Делјан (1040-1041). Скопје, 51-60; Јовановиќ М., (1963).Востанијата на македонскиот народ во XI век, Скопје, 5-25; Аџиевски К., (1994). Пелогонија во средниот век, Скопје, 68-74; Бошкоски М., (2009). Скопје и Скопската област од VI до крајот на XIV век, Скопје, 134-138; Атанасовски А., Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 62. 5 Златарски В., История, том II, 41-80; Н.Благоев, (1928). Петър Делян и неговото востание в моравско и Македония против Византия, София, 1-22. 6 Подетално кај: Ферлуга Ј., (1964). Драч и драчката област пред крај X и почетком XI века, ЗРВИ,књ.VIII2, Београд, 126-129; Јовановиќ М., Востанијата, 5-25; Џон В.А. Фајн Јуниор, (2015). Балканот во Раниот Среден век, Скопје, 203-206; Острогорски Г., (1992). Историја на Византија, Скопје, 389-392; Аџиевски К., (1994). Пелогонија, 68-74; Атанасовски А., Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 62; Златарски В., История, 41-80. 7 Лапе Љ., (1975). Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, I дел, Скопје, 81; Византијски извори за историју народа Југославије, том.III, (1966). Византолошки институт на САН, посебна изданија, Београд,153. 8 ВИИНЈ III, 253. 4
60
прашањето зошто Орфанотров токму во екот на востанието во Македонија го казнува Алусијан кој според Псел, кој лично се познавал со Алусијан, вели: ”Овој не беше сосема во императорска благонаклонетост: тој не беше член на Советот, не учествуваше во сјајните почести, нему му беше заповедано да остане дома и да не доаѓа во Византион, освен ако царот лично не го повика”.9 Одговорот можеби е во потребата Орфанотроф да го принуди Алусијан да замине во Македонија и со влегувањето во востаничките редови да направи раздор од внатре за лесно задушување на истото. Овде треба да се посочи византиската далекувидна политика со која се задржувале во служба дел од повидните по род личности за подоцна да бидат искористени во сопствени цели. Токму тоа се случило со Алусијан, имајќи предвид дека востаниците се повикуваат на државноправните традиции на Самуиловото царство, а Алусијан бил во директна врска со Самуиловиот род. Потоа, втор важен е моментот да се утврди дали Алусијан заминал кон логорот на Делјан од сопствениот дом во Теодосипол или од Цариград. Според претходно споменатите извори Алусијан без дозвола на царот не смеел да влезе во Цариград. Тоа значи дека Орфанотров којшто тогаш се наоѓал во Цариград, го повикал Алусијан кај себе веројатно за да му ги соопшти своите планови. Византиските извори не се едногласни околу ова прашање, Скилица е многу прецизен и известува: ”Во месец септември, 9 индикт, 6549=(1040 година) патрициј и стратегот на Теодосипол, Алусијан, вториот син на Арон, одненадеж побегна од Цариград и му се придружи на Делјан.10 Додека пак Псел вели: “кога разбра за случајот кај неговиот народ, кога дозна дека тие во недостиг на царски род, незаконит син, преправен, си избрале за да им царува, тој се осмели на нешто многу бујно, ги напушти децата, ја отфрли љубовта на сопругата, никому не доверувајќи им за одлуките, освен на малкумина околу него за кои знаеше дека се способни за невозможни дела и дрскости. Така тој се дрзна од крајниот исток, речиси, да тргне на запад, а за да не се дознае за тоа и да не се препознае од тие во градот (Цариград), тој сосема се преправи, не симна само едно од старата 9
ВИИНЈ, 222. ВИИНЈ, 153.
10
61
облека, а другото го остави на телото, така сосема преправен како наемник, тој се криел од очите на сите.”11 Според изворните податоци Алусијан престојувал во Цариград од каде што заминал кон логорот на Делјан. Алусијан се вклучува во востанието на Петар Делјан Кога Алусијан пристигнал во востаничките редови и кога увидел дека почитуван е Делјан, тој со своите соработници почнал да работи за да придобие на своја страна приврзаници. Мое мислење е дека Орфаноторв многу добро знаел дека Алусијан ќе успее да направи раздор преку тоа што на востаниците ќе им го открие своето потекло, бидејќи не може да се очекува строго централистичка власт и контрола над сите позиции во едно така распространето востание. Делјан не би можел да спречи влез во востанието на човек каков што бил Алусијан. Делјан и Алусијан во Острово се сретнале кон крајот на 1040 или почетокот на 1041 година. Според византиските извори Делјан за да не направи раздор во востаничките редови го примил за совладетел и веднаш му дал 40-илјадна војска за да го нападне градот Солун. Според Псел кога Алусијан пристигнал кај востанциите со своите сорабтници и им се открил на некои: “се зафатиле со работа, им се приближувале поодделно на сите и гласот се ширел. Се случило повеќето да го променат мислењето во полза на законитиот потомок.”12 Додека пак Скилица вели: “Делјан многу радосно го прими - имено се плашеше, Бугарите13 да не го претпочитаат пред него самиот, бидејќи тој имаше царска крв и го зеде како свој совладетел во царувањето. Му даде војска од 40.000 и му нареди да тргне и да го заземе Солун со опсадување.”14 Зонара15 дава идентични податоци како и Псел, па токму и давајцата не споменуваат за опсадата на Алусијан на градот Солун. Овде се поставува прашањето зошто Делјан би му дал така одговорна задача на Алусијан без да предвиди што би се случило доколку нападот би завршил успешно, кој тогаш би се издигнал во востанието? Можеби ВИИНЈ, 222-223, И овде авторот говори дека Алусијан престојувал во Цариград. ВИИНЈ, 223; Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија том V, (1988). Колева Е., Михаил Псел како извор за историјата на македонскиот народ, Скопје, 90-112. 13 Византиските автори во овој случај името на народот го идентификуваат со военоадминистративниот систем на државата преку постоење на темата Бугарија во Македонија. 14 Лапе Љ., (1975). Одбрани текстови, 81; ВИИНЈ,153-154. 15 ВИИНЈ, 253-254. 11 12
62
Алусијан по доаѓањето и агитацијата што ја спровел во Острово во востаничките редови ја презел контролата над самото востание. За опсадата на градот Солун предводена од Алусијан изворите не се едногласни, според Кекавмен: “не подигна свој шатор и не ја улогори војската на добро место, туку, кога стигнал се приближил до ѕидовите со својата војска и почнал да се бори”, потоа продолжува: “кога оние што се наоѓале во тврдината забележале дека се распрснале без ред, ненадејно излегле, и им нанеле тежок пораз на Бугарите. Некои од нив биле убиени, други умирале од жед и жештина, а останатите биле заробени. Самиот Алусијан, чудесен војник, побегнал фрлајќи ги панцирите од себе.”16 Додека пак според Скилица: “стигнувајќи таму, Алусијан го опколил со ров и почнал ревносно да го опсадува. Бидејќи 6 дена се обидувал со хелеполи и машини да го заземе градот и бил насекаде одбиен, се откажал од сите напади сметајќи дека со самото опсадување својот потфат ќе го привде кон крај”, потоа Скилица продолжува: “со еден замав ги отворија вратите, нападнаа и ги принудија на бегство Бугарите така што никој не ни помислувал да се брани.”17 По поразот Алусијан се вратил во Острово, при еден банкет Делјан бил заведен во темниот дел од градината и ослепен од Алусијан и неговите соработници18. Веднаш потоа Алусијан стапил во преговори со Михаил IV. Откако добил уверување дека ќе му биде простено и ќе биде награден за стореното, Алусијан исценирал напад на византиската војска, но пребегнал на страна на императорот, што довело до конфузија во востаничките редови.19 По ослепувањето на Делјан кое се случило во почетокот на 1041 година Алусијан организирал поход против Византија, после поразот увидел дека не може да им се спротивстави, па почнал да преговара.20 Според Скилица по ослепувањето на Делјан, Алусијан побегнал кај царот во Монсинопол21, а овој го испратил во Цариград кај Орфанотров, откако
Лапе Љ., Одбрани текстови, 83-84; ВИИНЈ, 208. Лапе Љ., Одбрани текстови, 81; ВИИНЈ, 154. 18 Сп.: Атанасовски А., Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 61. 19 Исто., 61. 20 Сп.: Златарски В., История, 68-69. 21 Бошкоски М., (1989). Престојот на византиските императори во Македонија во XI и почетокот на XII век, Гласник на институтот за национална историја, XXXIII бр.1, 93-95. 16
17
63
претходно го удостоил со магистерски чин.22 Додека пак Псел наведува дека по ослепувањето на Делјан , Алусијан “не му пријде веднаш на царот”, туку собрал војска и тргнал против него. Кога претрпел пораз и увидел дека не е доволно силен да се мери со византискиот цар скришно му дал до знаење на Михаил IV дека ако повторно ја здобие неговата наклонетост, би бил подготвен да се предаде.23 Откако Алусијан пребегнал во логорот на Византијците, Михаил IV пролетта или летото 1041 година од Монсинопол лично се упатил кон Солун, а од таму кон Острово. Набрзо потоа ја разбил востаничката војска, го заробил ослепениот Делјан и го испратил во Солун. Потоа, продолжил со походот против востаниците и со разбивање на последниот отпор од Манојло Ивец кај прилепско востанието било ликвидиранo.24
Можеме
да
заклучиме
дека
по
подигнувањето на востанието, Византија не презела никаков поход против востаниците сè до испраќањето на Алусијан и поразот пред градот Солун. Ова нè упатува кон тезата дека Алусијан бил испратен од Орфанотров за да направи раздор и да создаде услови за лесно ликвидирање на востанието. Токму тоа и се случило, а за животот на Алусијан повеќе немаме информации, но треба да се има предвид дека на неговите деца им обезбедил простор за пристап кон високи функции. Неговата ќерка се омажила со Роман IV Диоген кој подоцна станал Император25, додека пак неговит син Самуил Алусијан26 бил на висока воена византиска служба и носел титула вестарх27 и дукс. Тој остнал на функција додека на власт бил неговиот зет Роман IV Диоген (1068-1071).28 Ова е уште еден доказ дека Алусијан за неговиот ангажман во елиминирање на воостанието во Македонија бил удостоен со магистерски чин со што му било овозможено да стекне реноме и углед во византискиот естаблишмент. Атанасовски А., Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 61; Љубен Л., (1975). Одбрани текстови, 81; ВИИНЈ, 154-155; Јовановиќ М., (1963). Востанијата, 22. 23 Сп.:Бошкоски М., (1989). Престојот, 94; Колева Е., Михаил Псел, 105-112; ВИИНЈ, 223-224; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том I, (1981). Скопје, 102. 24 Аџиевски К., Пелогонија, 71. 25 Сп.: Златарски В., История, 127, ќерката на Алусијан најверојатно починала пред Роман IV Диоген да се ожени со вдовицата Евдокија, жената на Константин X Дука (1059—1067), пред да стане император околу 1067/1068 година. 26 Златарски В., (1922). Моливдовул на Самуило Алусиан, Археологически Институт I, София 27 ВИИНЈ, 231, 28 ВИИНЈ, 177, (бел.8). 22
64
Библиографија: Извори: 1. Византијски извори за историју народа Југославије, т.III, Византолошки институт на САН, посебна изданија, Београд 1966. 2. Грцки извори за българската история, VI, БАН, София 1965. Литература: 1. Антолјан С., Средновековна Македонија, Т.1, Скопје, 1985. 2. Аџиевски К., Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994. 3. Златарски Н. Васил, История на българската държава през средните векове, том 2, Фотокопско издание. София, 1994. 4. Златарски В., (1922). Моливдовул на Самуило Алусиан, Археологически Институт I, София
5. Јовановиќ М., Востанијата на македонскиот народ во XI век, Скопје, 1963. 6. Острогорски Г., Историја на Византија, Скопје, 1992. 7. Панов Б., Востанијата на македонскиот народ во XI век, Средновековна Македонија, т.3, Скопје, 1985. 8. Бошкоски М., Скопје и скопската област од VI до крајот на XIV век, Скопје, 2009. 9. Филозофски Факултет, Востанијата во Македонија, Атанасовски А., Востанието на Петар Делјан (1040-1041), Скопје, 2015. 10. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том 1, Скопје 1981. 11. Лапе Љ., Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, I дел, Скопје, 1975. 12. Ферлуга Ј., Драч и драчката област пред крај X и почетком XI века, Зборник радова византолошког института,књ.VIII2 13. Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија том V, Колева Е., Михаил Псел како извор за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1988
65
14. Џон В.А. Фајн Јуниор, Балканот во Раниот Среден век ( Критички историски преглед од VI до доцниот XII век), Скопје, 2015 15. Илјовски Р., Потеколото на Петар (О)Делјан, Гласник на институтот за национална историја, XXXI бр.2, 1987 16. Благоев Н., Петър Делян и неговото востание в моравско и Македония против Византия, София, 1928
66
Ивана Настовска
УДК 94:27-87.645(495.02)“9“
Ивана Талимџиоска Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Институт за историја и археологија, Факултет за образовни науки
Богомилство Крупните промени во опшествената структура што се случиле во периодот од крајот на IX век и почетокот на X век довеле до распад на родовските општини. За време на владеењето на цар Самоил, црквата станала една од најсилните феудални институции. Но работите се влошиле кон средината на X век, за време на владеењето на бугарскиот цар Петар, кога нагло биле зголемени даноците. Па така, во едни вакви услови се појавило движење кое било наречено богомилско движење, кое стекнало статус на едно спротивно движење и учење во однос на канонската христијанска идеологија и учење. Главен деец на ова движење е попот Богомил. Религиозната основа на богомилите е христијанска, но без потреба на „посредници“ за да бидат блиски до Бога. Тие го почитувале Христос а и самите се сметале за „крисјани“, но не верувале во потребата од црквата, иконите и други предмети и објекти преку кои се претставувал ликот на Христос. Ова движење започнало на територијата на Македонија, а продолжило кон Бугарија, Србија, Босна, па дури и во Италија и Франција. Суштината на богомилското движње може да се следи на основа на неколку клучни постулати, како дуализмот, специфичната теолошка и догматска карактеристика, поддршка на еретичките принципи во рамките на нивниот социјален живот и како последно, политичка димензија на учењето. Целта на овој труд е да се презентираат историските и културните аспекти на ова движење, кое има оставено видливи траги во духовната култура во Македонија, на Балканот и Византија.
67
Богомилското движење Во историски поглед гледано со поразот на иконоборството во 843 година се мислело дека се ставило крај на судирите
меѓу христијанската
догматската идеологија и еретичките учења. Но, историските процеси довеле до крстопат на извесни идејни, па дури и цивилизациски пренасочувања. Па така, кон средината на X век територијата на Македонија станала тло за појава на нова идејна спротиставеност кон христијанството и кон неговата идеологија познат како богомилско учење. Причините за појавата на ова учење се бараат во политичката ситуација и духовниот амбиент којшто преовладувал во тој период
во средновековна Македонија. Токму
тој период
се поклопува со
вазалското владеење на бугарскиот цар Петар (927-969) во однос на Византија. Предизвиканиот,
прегусто исконструиран политички и црковен амбиент во
Македонија не можел да ја гарантира стабилноста на христијанскиот духовен и културен амбиент. Па така, во тој историски развоен период, се појавило богомилството на македонската почва, стекнувајќи статус на еден вид спротивно движење и учење во однос на канонски стандардизираната христијанска идеологија и учење. Причината за новопојавеното учење треба да се бара во тоа што, во тој период верските и културните форми на изразување се нашле измеѓу сѐ поагресиваната византиска антилатинска криза и некреативните и застарени бугарски антагонизми. Всушност ова учење се наоѓа од една страна, надвор од државниот конгломерат на Византија што придонело да се има антивизантиско расположение и новите боголсовски и филозофски тенденции да се развиваат во Македонија, а од друга страна пак отсуството од директниот византиски апарат и посредството на бугарското завојување придонеле во Македонија да се рехабилитраат односно да се повратат еретичките идејни влијанија.
Но
нејзиното завојување од страна на бугарската држава попосредно влијаело токму
на
македонскиот
Наталожените
простор
антивизантиски
да
допрат
расположенија
богомилските во
Македонија
активности. директно
влијаеле богомилството да стане еден од суштествените фактори во натамошните насоки на духовниот и културниот развој.
68
Богомилското движење дури стекнало статус и на политичко влијание, при што и некои од истражувачите сметаат дека македонскиот цар Самуил силно ги поддржувал богомилите, па се оди се до таму што и некои од нив тврдат дека и самиот цар бил богомил.1 Како главен деец на богомилското движење и учење се смета попот Богомил, кој што заедно со своите следбеници попот Еремија, Теодор, Добри, Василиј, Стефан, Петар, Сидор, Фрјазин, Јаков Центал и други, истакнале богословска, филозофска и книжевна опитност, за да се излезе еднаш засекогаш од дадената
канонски христијанска идеолошка вистина. Постои
обид за изворното проникнување и ширење
на богомилството како општа
духовна и цивилизциска појава на македонскиот терен, историски да се размести и да се присвои и да се подреди кон туѓи духовни културно-историски искуства. Постојат и истражувачи кои ја поврзуваат проповедничката или книжевно творечката дејност на попот Богомил со југозападните делови на денешна Република Македонија, односно со областа меѓу градовите Велес и Прилеп, која духовно и културно клонела кон Охридскиот духовен и книжевен центар. 2 Скоро во секој преглед на средновековните книжевни процеси во Македонија и пошироко во јужнословенските книжевни истории се посветува внимание на Презвитер Козма и на неговото полемичко-поучно дело „ Беседа пртоив богомилите“. Имено и првата информација која што ни ја дава Козма е токму за своите погледи кон кривоверието на попот Богомил. „ Така се случи во времето на бугарскиот правоверен цар Петар (927969) да се појави поп со име Богомил, но за него е припогодно да се нарече Богонемил. Прв тој почна да проповеда ерес (кривоверие) на бугарското царство.“ 3 Антивизантискиот засилен отпор што се активирал во текот на Самуиловото македонско владетелство создавал уште поплодна почва за ширење и афирмација на богомилското движење и учење. Тоа учење веќе станало сериозно духовно и културно противречие на источноправославната 1
Илија Велев, (2011). Беседа против Богомилите на Превзитер Комза, Скопје, стр.16 Исто, стр. 18 3 Исто, стр. стр 52 2
69
идеологија. Дури и по пропаста на Самуиловото царство Византија имала проблеми да го врати политичкиот и духовниот протекторат на тлото на повторно освоените македонски територии. Шизмата од 1054 година ископала длабока духовна и културна провалија меѓу Византија и Запад, која ништо не можело да ја исполни. Влијанието на богомилството почнало да се проширува многу подалеку од просторот на Македонија. Некои автори сметаат дека под влијание на тешката политичка и економска положба на населението кон крајот на XI век, тоа е периодот на двете македоноски востанија на Петар Делјан 1040/41 и на Ѓорѓи Војтех 1072/73, богомилството повторно зело широк замав во Македонија. Од византиските извори како што се Теофилакт Охридски и Ана Комнина, се дознава дека богомилството било широко распострането не само во просторот на Македонија туку и во другите делови на Византиското царство. Па така, кон почетокот на XII век во Цариград богомилството зело широк замав.4 Охридскиот архиепископ Теофилакт, кој на чело на Охридската архиепископија владеел како заштитник на византиските црковни интереси и повел жестока борба против богомилите. Во тој период богомилското движење го предводел попот Василиј, чиешто учење го актуелизирал во сите области на Византија. Во Македонија цели населби станале богмилски, а некои автори сметаат дека имало и богомилски општини. Западните извори за првата крстоносна војна, пишуват дека крстоносците на Боемунд во Пелагонија уништиле еретичка населба. Па постојат две гледишта за жителите на таа „еретичка тврдина“ и „ертичка општина“. Едното е дека тие биле богомили, а другото е дека тие биле павликијани. Проблемот со богомилите станал мошне актуелен при што нивните водачи биле осудени на Цариградскот собор во 1111 година. „...Богомилската ерес се јавила недалеку од нашето време, како дел од ереста на Масалијанците и во многу работи се сложува со нивното учење, а нешто пак и сами измислиле. Откриена е пак во времето кога владееше нашиот цар Алексија кој...на умен и чуден начин го фатил нејзиниот водач. Тоа беше некој лекар Василија, човек многу лош и опасен.... Царот го повика при себе си, го прими со чест и му даде да седне. Љубезно и благосклоно му
4
Милан Бошкоски, (1997). Македонија во XI и XII век (Надворешни упади на територијата на Македонија), Скопје, стр.138
70
зборуваше, кротко и мило со него расправаше, лукавао преправајќи се дека сака да се поучи. И лесно го измами... Мене пак ( на Ефтимиј Зигавен) ми нареди царот преку пишувањето да го овековечам тоа како знак на победа над споменатата ерес.“5 Богомилството имало свој развоен замав и во време на латинските освојувања во Македонија, кога и стекнало пошироки надворешни димензии на влијание сѐ до запдноевропските средини. Исто така и во Второто византиско царство, богомилството имало периоди на влијание во духовниот и културниот живот. Затоа византиските императори го третирале како опасно и штетно, па со сите средства дејствувале против таа еретичка појава. За идеологијата на богомилското учење и богомилите Идеологијата на богомилското учење се потпирала врз искуствата од постарите
дуалистички
гностицизмот,
учења
како
манихејсвото,
што
биле:
маслијантсвото
маздеизмот и
од
Иран,
павликијанството.
Богомилството побарало идеолошки извор во постарите пагански форми на реализирање со цел да се одбегне осудата за континуитет на забранетите ранохристијански
ереси
монотелитсвтото
и
иконоборството.
Дека
богомилството заземало замав во бугарското царство се гледа од тоа што бугарскиот цар Петар барал помош ликвидирање
на
богомилството.
од Цариградската патријаршија за Првите
две
писма
од
ниваната
кореспонденција не е зачувана, зачувано е второто писмо коешто го испраќа цариградскиот патријарх Теофилакт. „Тебе веќе ти беше одговорено на прашањето за новопојавената ерес,а сега појасно и поопширно пак ти пишуваме, бидејќи ти побара, а ние поцелосно разбравме за престапноста на догмата...“ „Нивната павликијанство.
безбожност
е
Свештенството
всушност нивно
манихејство
поради
тоа
помешано мора
да
со
биде
отфрлено.“6
5
Томо Томовски и Бранко Панов, (1975). Одбрани текстови, За историјата на Македонскиот народ, дел I – трето дополнение и проширено издание, Скопје, стр.53. 6 Група Автори, (1981). Документи за борба на македонскиот народ за самостојноста и за нацијата, Том Прв, Скопје, стр.76.
71
Во продолжение на писмото патријархот Теофилакт дава предолг богомилите да се разделат на 3 класи од богоуправата затоа што подеднакво не може да се казнуваат оние што го прифаќаат тоа учење и оние што го проповедаат. Главните противречности кон христијанството биле упатувани кон цркавата како институција, потоа критички однос имале и кон богослужбите, црковните обреди, причесната,
крштевањето, почитувањето на крстот и
иконите, светите мошти, празнувањето празници, духовништвото и друго. „Заблудувајќи се себеси, така зборуваат за Господовиот крст: Како да му се поклонуваме, кога на него Евреите го распнааа Божјиот син. Затоа и крстот му е најомразен на Бога.“7 „Што зборуваат за светата причесна? Причесната не се одвивва по наредба на Бога. Ниту (лебот) е Христово тело, како што вие зборувате. Туку тој е како секоја обична храна.“8 „Свештениците сѐ што прават е спротивно - се опиваат, крадат, прикриено прават и други лоши работи, а нема кој да ги попречи во тие лоши работи, како што вели Павле: „ Пред сѐ, откриј ги оние кои грешат, за да имаат страв и другите“. Епископите кои не можат да се воздржуваат како ние, најпрво нѐ воздржуваат од молитви, а потоа нѐ туркаат кон грев.“9 За крштевањето Ефтимиј Зигавен - црковен византиски писател од првата половина на XII век, меѓу разните верски списи напишал и една глава против богомилите во која што вели: „За нашето крштевање велат дека е од Јована, бидејќи се врши со вода, а нивното било од Христа... заради тоа ако некој побегне кај нив повторно го крштеват. Прво му определуваат време за исповедување и чистење и долго каење.“10
7
Илија Велев, (2011). Беседа против Богомилите на Превзитер Комза, Скопје, стр 56. Исто стр.58. 9 Исто стр 62. 10 Томо Томовски и Бранко Панов, (1975). Одбрани текстови, За историјата на Македонскиот народ, дел I – трето дополнение и проширено издание, Скопје, стр,53. 8
72
Богомилите ги почитувале новозаветните книги од Светото писмо,
а
меѓу нив најблиско им било евангелието од Јован и Јовановата апокалипса (Откровението). Сепак тие текстови не ги прифаќале во целосна форма, туку вршеле нивна интерпретација и толкување на содржините, наметнувајќи ги своите идејни и верски погледи. Наспроти тоа старозаветните книги биле отфрлени, но и кон нив покажале особен интерес како кон изворна граѓа за своето учење. Во кругот на тие одрчени старозаветни текствои влегувале пред сѐ, Мојсиевите книги, Псалтирот и Книгата на пророкот Даниил. Богомилите исто така имале негативен став и кон канонските молитви, но ја прифаќале молитвата „Оче наш“. Богомилите се молеле неколку пати во денот со оваа молитва па дури и во текот на ноќта. Оваа молитва ја користеле и во текот на обредот на крштевањето. „Но ние, (еретиците) велат – не го слушаме Давид, ниту пророците ги слушаме, туку само Евангелието. А и не живееме според прописите на Мојсиевиот закон, туку според апостолскиот.“11 „Колку што се заблудени, безбројни им се молитвите. Тие се поклонуваат четирипати преку ден и четирипати преку ноќ во своите простории. Но тие ги држат отворени сите пет врати (петте сетила), и покрај тоа што е заповедано да бидат затворени. Кога се молат, изговараат: „ Оче наш, којшто си на небото“. Но и за тоа треба да се осудат, зашто само на збор Творецот на небото и на земјата го нарекуваат Отец...“12 Околу
изгледот
на
богомилите
Презвитер
Козма
ќе
запише:
„Надворешно еретиците изгледаат како да се овци: кротки, смирени и молчаливи. Наизглед лицата им се бледи од лицемерниот пост. Збор не прозборуваат, наглас не се смеат, не се љубопитни и од туѓи погледи се вардат. Прикриени прават сѐ за да не ги разликува од правоверните христијани, а како што кажува Господ -
длабоко во себе се волци и
крвожедни ѕверови.“13
11
Илија Велев, (2011). Беседа против Богомилите на Превзитер Комза, Скопје, стр 67. Исто, стр. 76. 13 Исто, стр. 53. 12
73
Заклучок Досега напишаното нè води кон заклучок дека богомилството е едно од позначанјите филозофско-социјално-религиозно движење низ средните векови. Една од главните причини за појавата на ова еретичко движење се следните: од една страна специфичното опшество во средината на X век кое резултирало со развој на феудалното опшество, од другата страна пак просветителството и литературата која им овозможила на луѓето да навлезат подлабоко во филозофските, социјалните и етичките проблеми поврзани со христијанската религија и фаворизирање на развојот на теоретската мисла. Две главни карактеристики се разликуваат во богомилското движење како социо-религиозна доктрина, тоа се духовните и дуалистичките погледи од едната страна и идејата за враќање кон „раното христијанство“ во духот на примерите од Новиот завет од другата страна. Тоа биле главните симболи на верата на богомилите. Тие биле јадрото за развој на нехристијанските верувања и биле против феудалното опшество, во средината каде што се развило имале свои причини за незадоволство со статус кво-то што било во тоа време. Па во тоа светло може да кажеме дека богомилското движење претставува доктрина што ѝ се спротивставува на средновековната Црква покажуваќи потенцијал не само за водење на идеолошка војна, туку исто и за практични мерки. Тоа се и причините зошто движењето имало силни влијанија во тоа време во религиозно-филозофските прашања. Родено на македонската почва, богомилското движење докажало дека има потенцијал за влијание врз останатите држави од Балканот и Европа.
74
Библиографија
Илија Велев; Беседа против Богомилите на Превзитер Комза; (каде е печатена и година).
Милан Бошкоски; Македонија во XI и XII век (Надворешни упади на територијата на Македонија); Скопје, 1997.
Томо Томовски и Бранко Панов; Одбрани текстови, За историјата на Македонскиот народ, дел I – трето дополнение и проширено издание; Скопје, 1975.
Група
Автори;
Документи
за
борба
на
македонскиот
самостојноста и за нацијата, Том Прв; Скопје, 1981.
75
народ
за
Александра Митева
УДК 94(497)“1912/13“
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Институт за историја и археологија, Факултет за образовни науки МАСКАТА НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ
Овој труд има за цел да го истражи карактерот на Балканските војни (1912/13г.), односно дали се ослободителни или освојувачки. Во тоа време, веќе „штрбава“, Османлиската држава била пред распаѓање. Нејзиното тело станало трпеза за црвите. Што значи, имаме идеални услови за ‘ртење и никнување на семето на договарање помеѓу балканските земји за формирање сојуз против Османлиската држава. Од договорите постигнати помеѓу земјите – членки на Балканскиот сојуз, посебен акцент ќе биде ставен на тајниот анекс како додаток на српско – бугарскиот договор со кој се предвидува поделба на територијата која била во прашање т.е. Македонија. Пред да започне говорот на оружјето накратко ќе се задржам на обраќањата на владетелите на сојузничките балкански држави : црногорскиот крал Никола, српскиот крал Петар I, бугарскиот цар Фердинанд и грчкиот крал Георг кои барале слобода за потчинетите браќа христијани. И навистина со завршувањето на Првата балканска војна, дотогашниот петвековен владетел беше истеран од Македонија. Сонцето греело преоблечено и чисто, изгледало како ништо да не може да го извалка. Меѓутоа, едно зло на друго се калеми. Дошле „втори Турци“ полоши од првите. Токму тогаш кога сојузниците требало да го распределат воениот плен, нивните толку цврсто заштрафени маски паѓаат на земја. Посебно внимание ќе посветам на Втората балканска војна, за тоа како отпочна и како заврши истата, што од друга страна доволно зборува за нејзиниот карактер. Во неа како главни актери се појавуваат истите оние кои во изминатите години се обидуваа на секаков можен начин да ја скинат папочната врска на Македонецот со неговата татковина. Клучни зборови: тајниот анекс, Букурешки договор, Карнегиева комисија
76
ВОВЕДНИ ИНФОРМАЦИИ: Во тоа време, пред да отпочнат Балканските војни, Османлиската држава била пред распаѓање. Причини: 1. Младотурската револуција ( 1908г.) – наместо да го спречи, таа само го забрзала распаѓањето на државата. 2. Турско – италијанската војна за Триполи – која траела до пред самите Балкански војни прилично ја ослабнала Османлиската држава од што корист имаат балканските држави. 3. Важен извор за немири во Турција биле Албанците 4. Падот на младотурската влада ЗАОРТАЧУВАЊЕ: Значи, имаме идеални услови за ‘ртење и никнување на семето на договарање помеѓу балканските земји за формирање сојуз против Османлиската држава, кое било фрлено уште во 60-тите години на XIX век. Српско – бугарскиот договор - стожерот на Балканскиот сојуз беше создаден по руски план. Намерата на Русија беше со овој сојуз да го прегради патот на германско-австриското навлегување кон Балканот. Во првичните преговори кои се воделе меѓу двете страни, Србија излегла со став дека потполно зближување со Бугарија може да се оствари со предходно определување на тоа како ќе биде поделена Македонија. 1 Барањето автономија на Македонија, со надеж дека таа ќе ѝ се приклучи на идната Сан-Стефанска Бугарија беше причината поради која пак бугарската влада го одолговлекуваше стапувањето во сојуз со Србија. Тоа значи дека камен на сопнување во постигнувањето конечен договор меѓу Србија и Бугарија е Македонија. Поради тоа се продолжило со обострани ценкања и натегања околу тоа кому и колку да му припадне од Македонија.
1
Ѓорѓи Абаџиев, Балканските војни и Македонија , (Скопје 1972г.), 22.
77
На 29. февруари 1912 г. во Софија конечно бил склучен договор помеѓу владите на Бугарија и на Србија за пријателство со тајни додатоци за напад на Турција и за поделба на нејзините окупирани територии на Балканот. Договорот го потпишале бугарскиот цар Фердинанд I и српскиот крал Петар I. Договорот стапил во сила на денот на потпишувањето, а важел до 31 декември 1920г 2. На 29. февруари (13 март, нов стил) 1912 г. потпишан е тајниот анекс како додаток на Договорот за пријателство и сојуз меѓу Бугарија и Србија : ,,Член 2 : Сите територијални придобивки кои би се добиле со заедничка акција во смисла на чл.1 и 2 од Договорот како и чл. 1 од овој таен додаток, доаѓаат под заедничка власт (condominium) на двете сојузнички и нивната ликвидација ќе се изврши наеднаш и најдоцна во рок од три месеци откако мирот ќе биде вратен и тоа на следните основи: Србија ѝ го признава на Бугарија правото на територијата источно од Родопите и р.Струма, а Бугарија на Србија правото на териториите северно и западно од Шар Планина. Што се однесува до територијата меѓу Шар Планина и Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро, ако двете страни се уверат дека организирањето на таа територија во специјална автономна област е невозможно со оглед на општите интереси на бугарската и српската народност, или од други надворешни и внатрешни причини, тогаш таа територија договорот ја дели на две зони : ,,спорна” и ,,неспорна”3. Кон српско – бугарскиот договор се приклучува и Грција, а последната алка во синџирот на Балканскиот сојуз беше Црна Гора. Во договорите склучени со нив, за разлика од српско-бугарскиот сојузен договор, не била прецизирана поделбата на заземаните територии на Македонија при една успешна војна против Турција 4. И така Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора се заортачија со цел освојување и поделба на турското наследство во Европа, односно чистење на теренот од остатоците на Османлиската држава. 2
Јован Павловски, Сто македонски години 1903-2003, (Скопје, 2004г.), 113.
3
Исто.
4
Историја на македонскиот народ, книга втора, (Скопје 1969г.), 358.
78
ПОВИЦИ НА ОРУЖЈЕ – Пред да започне говорот на оружјето, да ги видиме обраќањата на владетелите на сојузничките балкански држави: Црногорскиот крал Никола повикувајќи го црногорскиот народ на оружје го изјавил следното: ,,Не можеме повеќе да ги слушаме запомагањата на нашите потчинети браќа во Стара Србија. Љубовта кон татковината ни наредува да побрзаме да им помогнеме ... Преминете ја храбро границата ... и да им донесеме слобода на нашите потчинети браќа ... !”. Српскиот крал Петар I во воената прокламација до својот народ го рекол следнотo: ,, Во име Божје ѝ наредив на мојата јуначка армија да тргне во света војна за слобода на нашите браќа, за подобар живот и напредок на Кралството Србија ... Ние, на сите им носиме слобода, братство и еднаквост ...!”. Бугарскиот цар Фердинанд, потсетувајќи дека од другата страна на Рила и Родопите браќата по крв и вера сè уште живеат во нечовечки услови, изјавил: ,,... Нашите мировни апели се потрошени и не ни останува друг излез освен да го земеме оружјето и да побрзаме да ги заштитиме животите и имотите на христијанскиот народ во Турција ... Нашето трпение заврши и принуден сум, за одбрана ... христијанските човечки чувства на нашите браќа кои се под закана од уништување, да ги подготвам и повикам нашите деца под оружје ... Со крст против полумесечината, со борба за слобода против тиранијата, за правда и напредок ќе бидеме заедно во оваа војна .... !”. Грчкиот крал Георг упатил телеграфска порака до владетелите на сојузничките балкански држави со следна содржина: ,,... Со подавање раце еден на друг, молитвите на четирите народа се возвишуваат до Господ за нова крстоносна војна ... “ 5. ВОЈНАТА Е ОБЈАВЕНА – 13 октомври 1912 г. трите балкански монархии Србија, Бугарија и Грција ѝ испратиле ноти на турската влада со иста содржина, барајќи да ги спроведе реформите предвидени со член 23 од Берлинскиот договор од 1878 г. со обврска Турција во рок од 6 месеци да ги воведе бараните реформи и, за да ја докаже својата согласност, ќе ја повлече наредбата за мобилизација на својата војска6.
5 6
Исмет Кочан, Битка за Македонија,(Скопје,2010г.), 84/5/6. Ј.Павловски, Сто мак.год ...., 119.
79
Ова било неприфатливо за Османлиската држава која изјавила дека ќе ги скрши оние прсти што би се обиделе да се мешаат во нејзините внатрешни работи. Така почна Првата балканска војна. ГЛУМИТЕ ДОБРИНА, НОСИТЕ ПРОПАСТ Потврда за ова, се неколкуте примери кои јасно зборуваат за карактерот на Првата балканска војна: Пр.1: Убиството на војводата Ванчо Белувчето чија отсечена глава била носена по
Крушево
за
да
се
заплаши
народот.
Со
тоа
била
демаскирана
,,ослободителната” улога на српската војска. Ист е случајот и со Васил Чакаларов чија глава била носена низ леринските улици за да се сее страв кај народот. Пр.2: Влегувањето на Јане Сандански со одредот од 300 Македонци во Солун заедно со бугарските сили на 28 октомври 1912 г. и неговата здравица на една организирана прослава :,, Пијам за слободна и автономна Македонија, за која се бореа и дадоа скапи жртви обединетите балкански народи”, која била дочекана со пцости и закани од бугарските офицери. Сандански заминал со сознанието дека протерувањето на турските сили за Македонија не значело ослободување, дека македонскиот народ е измамен, дека следуваат распарчување и нова окупација на Македонија. Пр.3: На 21 јуни 1913 г. грчките војски го запалија и го уништија Кукуш, а неговите жители ги раселија. Јасна слика за трагичната состојба во која се наоѓаше македонскиот народ даваат и податоците на Карнегиевата комисија – многу изгорени, порушени и ограбени села, свирепи колежи, пљачкања, палежи, силувања и прогонувања. II – БАЛКАНСКА ВОЈНА Зад привидната фасада на Лондонскиот мировен договор со кој се стави крај на Првата балканска војна, трескаво се подготвуваше втора етапа на Балканската војна. Договорот бил мал одмор пред нова бура. Сојузниците ги држеле оние територии кои ги освоиле во војната од Турција. Но, големиот
80
проблем околу поделбата на Македонија останал нерешен.
Така на пример
посебно важен и за Србија, и за Бугарија и за Грција беше Солун - ,,вратата на Македонија, срцето на нејзиниот економски живот”. Според тезата на Бугарија: Солун е неразделен од Македонија, а Македонија ѝ припаѓа на Бугарија, бидејќи оваа област е населена со Бугари. Еве зошто и Солун треба да биде бугарски. Просто и јасно. Но, напорите на бугарските војски да влезат први во Солун не ја постигнаа целта. Грција тоа го стори. Вниманието и интересот на српската држава кон Солун се изостри со создавањето на самостојна Албанија, а со тоа и со затворање на вратите кон Јадран. Затоа Србија бараше излез на бреговите на Егејското Море или на Солунското пристаниште7. Постоеше само еден рецепт за решавање на прашањето за Солун или да биде бугарски, или српски или грчки. Несогласувањата кои се појавиле меѓу балканските држави по Првата балканска војна предизвикале замрачување на сојузничките односи и пукање на обрачите на сојузот. Телото на Македонија стана боиште каде што вчерашните сојузници ќе требаше да се сретнат како утрешни непријатели. Хипнотизирана од својата суета и самољубие, убедена дека ќе оденсе сигурна победа, на 29 јуни 1913 г. бугарската војска поминала во општ напад против српската и грчката војска. Со тоа започнала Втората балканска, овој пат меѓусојузничка војна. Со потпишувањето на договорот во Букурешт, Романија на 10 август 1913 г. заврши Втората балканска војна. Мирот е склучен помеѓу Бугарија, од една страна, како поразена земја во текот на војната, и Србија, Грција, Романија и Турција, од друга страна, како победници. Букурешкиот договор е најтрагичниот настан во македонската историја со трајни тешки последици. Според него, Македонија е поделена на три т.е. четири дела помеѓу нејзините соседи, а со благослов од големите сили. Грција добила 50% од македонската етничко – географска територија, Србија во своите граници приклучила 38,34% или т.н. Вардарски дел на Македонија, Бугарија со Букурешкиот мировен договор зазела
7
Ѓ. Абаџиев, Балканските војни ... , 113.
81
9,54% или т.н. Пирински дел на Македонија. Со помош на големите сили, подоцна, Албанија ја добила Долна Преспа, градот Поградец со околните села, селата западно од Дебар и во Гора или 1,77% македонска територија. Со тоа беше потврден освојувачкиот карактер на Балканските војни, наспроти тврдењата дека тие се ослободителни 8. ЗАКЛУЧОК: Периодот на Балканските војни е време кога Македонија беше цел на “братски делби”. Доволна потврда за тоа е потпишаниот ,,тестамент” односно Таен анекс како додаток на српско – бугарскиот договор кој предвидуваше поделба на турското наследство во Европа. За турската историографија нема дилеми дека Балканските војни имаат завојувачки карактер. Според неа, за балканските држави во фазата на преговори и договарање единствена спорна точка не биле начините и методите како да се изгонат Османлиите од Балканот, односно да се ослободат христијанските браќа во европските делови на Османлиската Империја, туку како да се подели Македонија, заради што Балканската војна го доживеала своето продолжение, кое денес е општо познато како Втора балканска војна или Меѓусојузничка војна. Кога беше објавена војната на Балканскиот сојуз против Турција и гласно се прокламира нејзината цел: ослободување на земјите што се наоѓаат под турско владение, ние, Македонците, воодушевени од благородството на нашите соседи – Бугарите, Србите, Грците, се наредивме во нивните редови. И навистина, со Првата балканска војна дотогашниот петвековен владетел беше истеран од Македонија. Сонцето греело преоблечено и чисто, изгледало како ништо да не може да го извалка. Меѓутоа, едно зло на друго се калеми. Дошле ,,втори Турци полоши од првите”. По првата, уследи втората, меѓусојузничката војна, уште пожестока и покрвопролевачка. И онаа Македонија во чие име божем се крена крстот против полумесецот стана арена на која како пеливани се бореа довчерашните заортачени сојузници за главната добивка – Македонија. Токму тогаш, нивните толку цврсто заштрафени маски, паѓаат на земја. Како венец на сето тоа што се случуваше во текот на 8
Ј.Павловски, Сто мак.год .... ,136/7
82
1912/13
г.
беше
ампутацијата
на
Македонија
извршена
од
нејзините
душегрижници со договорот од Букурешт. Да, зборуваме за истите оние кои глумеа ослободители, за истите оние кои во изминатите години се обидуваа на секаков можен начин да ја скинат папочната врска на Македонецот од неговата татковина. Едноставно да го спречат тоа ,,црно семе” да прорти, да се расее. Сега дојде ред, ослободените од сојузниците Македонци да го испитаат режимот на своите вчерашни ослободители. Повторно изигран, на македонскиот народ не му преостануваше ништо друго освен да ја проколнува својата проклета судбина, таа везилка на неговата несреќа, прашувајќи се веќе со години – зар само ние Македонците се тркаламе во овие грозни црнила што зјапнале пред нас наместо иднина?
83
БИБЛИОГРАФИЈА: 1. Абаџиев Ѓ.,(1972), Балканските војни и Македонија, Скопје. 2. Кочан И.,(2010), Битка за Македонија, Скопје. 3. Павловски Ј.,(2004), Сто македонски години 1903-2003, Скопје. 4. Историја на македонскиот народ,книга втора, Скопје 1969 г. 5. Воена енциклопедија, Белград, 1970 г.
84
CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 94(497.7)(082-057.875) 902(497.7)(082-057.875) ЗБОРНИК на студентски научни трудови од Првата студентска конференција за историја и археологија [Електронски извор] / [уредници Бисера Срцева, Ѓорѓи Ефремов]. Штип : НУ Универзитетска библиотека "Гоце Делчев", 2018. - 1 ЦД ; 12 см Текст во PDF формат, содржи 84 стр., илустр. - Фусноти кон текстот. - Библиографија кон трудовите ISBN 978-608-242-065-3 а) Македонија - Историја - Зборници б) Македонија - Археологија - Зборници COBISS.MK-ID 106179082
85