MupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupo
ОСМИОТ ДЕН
Осмиот ден
Q
Снежана КЛИНЧАРОВА
обредојдовте, Почитувани мои, во осмиот ден на "Македонско сонце". Оваа страница исто како посочениот ден ќе биде страница без темнина. Токму така, почитувани, Осмиот ден е светол ден. Единствениот ден без темнина. Свеста за неговото постоење, неговата смисла и суштина се клучот за највозвишената уметност. Уметноста на живеењето. Нешто што живите ги мотивира да бидат најдобри, најдоблесни, највредни, најтворечки, најумни, најмудри, најчовечни. Да бидат луѓе. Да го извлечат максимумот од себе, создавајќи дела достојни за почит. Затоа спознанието само за рајот и пеколот не е доволно. Не само затоа што гревовите се релативна работа, туку и затоа што во нив нема место за делата. А, само тие, длабоко продуховените, обезбедуваат прогрес за идните генерации. Остануваат бесмртни и по смртта на човекот - творец, оти заминуваат токму во Осмиот ден. Светлината, без трунка темнина им обезбедува на потомците отворена врата за напред во иднината. Оваа метафора за Царството Небесно е всушност безвременото време исполнето со етика. Литургиско време што во себе го вклучува не само историското време, туку и она што ќе е и она што е. Севкупното време и простор. "Преведено" на македонски ќе запрашам: Знаат ли нашиве транзициски политичари за постоењето на овој суштински "нектар"? Дефинитивно не. Оти зад себе, место дела, оставија само купишта празни тегли од кришум изедениот мед украден од народот и земјата македонска. Недобројни се ѕидовите од нивните безвредни вили, кули и палати. Натрупаа купишта злато и богатства скриени во глувчешките дупки на странските банки, што нивните потомци дури до деветтото колено не ќе смеат да го извадат на виделина. Купишта, купишта од... Но, тие не знаат дека Македонија не трпи такво однесување. Таа не го сака самобендисаниот човек. Дури фрла и анатема на оние што крадат од неа. Забораваат дека таа, а не тие, е Големата Мајка - Ма-Ма, питома, широка и плодна. Кадарна да породи, да прифати, да згрижи и да воспита. Но, и строга кога треба. Подготвена да превоспита, да казни, да уништи и да урне. Да воведе во нов и нов почеток сè додека нејзините "чеда" не станат вистински луѓе, вистински творци. Сè додека не се втопат во неа, сè додека не се именуваат по неа и сè додека не почнат безусловно да ја сакаат. Само таквите можеле, можат и ќе можат да ја имаат вистински. Да го имаат правото да речат: Македонија е мојата земја. А, на што нè учеа нашите водачи во изминативе тринаесетина години? Удавени во сопственото незнаење, суета и алчност. Заслужуваме ли Македонија и натаму да нè казнува и жигосува заради нивната изопаченост и некадарност? И затоа да не бараме "чуда" надвор од неа. Тие се тука, околу нас и во неа. Како што вели младиот научник со бистар ум и мила уста: "Таа, Македонија, е Земја за оние кои знаат да сакаат, без разлика дали се уплашени, гладни или обесправени. Таа е Земја за оние кои ќе го жртвуваат лебот и богатството за Вистината, за искрената Благодарност, за добар Збор или Песна". Впрочем, Почитувани, добрината и толеранцијата не се мерат по тоа од што се лишуваме, туку по тоа какви дела правиме. И затоа да не прашуваме повеќе кој е денот кога ќе ни се промени сивиот живот во Македонија. Кога ќе ни се просветли духот. Кога ќе ни се врати достоинството, верата, надежта и љубовта. Токму тогаш кога со дела ќе ги наполниме одаите на Осмиот ден. Денот без темнина што обезбедува бесмртност. Тогаш кога сите, а особено политичките елити, ќе заличат на човек чија метафора е цврстото стебло, чии корени се завртени кон небото сино. Од сега па натаму, Почитувани мои, на тоа ќе ги потсетувам во секој нареден број.
7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
M
мега интервју
`
ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ сопственик
на MICROFLEX, Флорида, САД Господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во Прилеп. Денеска е еден од најуспешните бизнисмени во САД и во светот. Во 1970 година заминува за Америка (Њујорк) кај својот постар брат Јосиф. По само пет години ќе формираат своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија. Денеска седиштето на "Microflex" е во Ормонд Бич на Флорида, чии наполно автоматизирани погони се распослани на над 16 илјади квадратни метри. Врвниот квалитет на флексибилните метални производи ги задоволуваат потребите на светски познатите: Форд, Крајслер, Џенерал моторс, Џенерал електрик, НАСА и други фирми ширум светот. Неодамна е почната изградбата на нови производни погони во Америка. А наскоро господинот Атанасоски планира да го изгради и првиот погон во Македонија за да се задоволат потребите на ЕУ, НАТО и другите европски земји со производи од добро познатата и призната програма на "Microflex" потврдени со сертификати за стандардизација (ISO 9001). Неодамна престојуваше во Македонија по што се уверивме дека тој навистина е прототип на Македонец кој со своето знаење, интелигенција, итрина и адаптибилност успешно се снашол во туѓина. Воден од љубовта кон Македонија и од нејзиното сонце, активен е и овде дома повеќе од десетина години и тоа во економијата, политиката, медиумите...
Разговорот го водеше: Снежана КЛИНЧАРОВА Господине Атанасоски, две недели престојувавте во Македонија по пауза подолга од една година. Што ново видовте? Изменета ли е? АТАНАСОСКИ: Една година не сум дојден во Македонија, по последните избори. Жално е како за мене така и за сите граѓани на РМ дека економијата онака како што Коалицијата ја спроведува сметам дека ги нема направено оние чекори што требаше да ги преземе во согласност со ветената програма од минатите избори. Гледам дека оние работници што имале работно место денеска веќе го губат, значи и понатаму Македонија на економски план тоне. Моето гледање е дека по една година ние наместо да одиме чекор напред, ние одиме еден чекор назад. Господине Атанасоски, Вие спонтано правите одредени компарации. Вашата фирма "Microflex" во Америка последниве четири години е водечка во САД и е меѓу четирите во светот. Како може еден наш човек во Америка да постигне таков успех и бизнисот да му "цути", значи да се носи со светската
MAKEDONSKO SONCE
мега интервју ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ конкуренција, а да му оди тешко со бизнисот и инвестициите во Македонија? Зошто не ни оди на сите како што ви оди Вам во Америка - во што е тешкотијата? АТАНАСОСКИ: Мислам дека во Македонија се потребни промени. Тие промени треба да бидат во согласност со законот. Да има услуги и процедури кои ќе бидат брзи и кратки и да важат за сите граѓани и сите бизнисмени кои сакаат да отворат свои бизниси. Државата да им овозможи што подобар и покус процес за да можат да отворат своја фирма. А исто така важно е да се озаконат начините за стимулација за нивните бизниси и ново инвестирање. Мислам банкарскиот систем треба да
Ги повикувам во иднина сите партии да седнат вклучително и оние од албанската страна. Македонија е и нивна држава. Ние мораме сите политички партии да ги третираме исто. Сите граѓани на Р. Македонија треба да бидат со рамноправен статус ако сакаме државава да функционира градејќи ја сите заедно за да станеме европска, а натаму и светска просперитетна држава.
има доволно пари коишто ќе бидат одвоени за разни гранки на стопанството од каде што би се давале поволни кредити за да може една фирма да просперира. Инаку, мислам дека нема никаква разлика од САД и тука ако се применат истите закони што ги имаат САД. Македонците се доста паметни и креативни и ако им се даде такво право и поширока слобода, мислам секој еден способен бизнисмен ќе си го најде своето место. Проблемите се во државата и во државните институции коишто не ги даваат оние насоки што би требало да ги дадат како во секоја нормална и демократска држава. Се вели дека Македонија е на светскиот врв на пирамидата на сиромаштијата, но не сме подалеку и кога е во прашање корупцијата, митото и сите оние грди работи кои општосоцијалниот живот во Македонија го прават безмалку невозможен. Дали мислите дека причините за ова се само економски или пак се и политички? Македонските политички партии потрошија многу енергија за меѓусебните кавги, но и натаму немаме заедничка национална стратегија. АТАНАСОСКИ: Морам да кажам - секоја држава си има своја национална стратегија. Но, тоа во Македонија не го гледам. Кога се наоѓаме во една таква состојба и положба во каква што сме денеска ние мора сите, особено политичките партии, да најдат консензус за да изградиме национална програма до која би се придржувале сите партии и сите граѓани што живеат во Република Македонија. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
Имате ли идеја како тоа да се направи, како да се победи прекумерната суета и прекумерната чувствителност на нашите луѓе затоа што сите мислат дека се најдобри и незаменливи? АТАНАСОСКИ: Јас мислам дека тоа може да се направи ако се седне со отвореност и се разговара за да се решат овие проблеми. Мислам дека проблемот е во некои лидери кои не сакаат да седнат и да разговараат со нивните опозициони партнери, но тоа е на штета на македонската држава и народ. Ги повикувам во иднина сите партии да седнат, вклучително и оние од албанската страна. Македонија е и нивна држава. Ние мораме сите политички партии да ги третираме исто. Сите граѓани на Р. Македонија треба да бидат со рамноправен статус ако сакаме државава да функционира градејќи ја сите заедно за да станеме европска, а натаму и светска просперитетна држава. Најчесто се вели дека во Македонија најголем проблем се парите. А, сведоци сме дека во транзицискиве години освен тоа што граѓаните осиромашија, политичарите некако многу брзо се збогатија. Навистина ли мислите дека за севкупниот исчекор на Македонија проблем се само парите? АТАНАСОСКИ: Јас мислам дека парите можеби се втори по важност. Прво на Македонија и` треба организација. Во оваа насока треба да ги насочиме сите наши сегашни и идни приоритети. Да ги зацртаме нашите македонски национални стратешки и економски интереси и очекувања. А, пред сè, ако сакаме државава да ни опстане, мора најмногу да се концентрираме и да работиме за подобрување на економијата. Ако сакаме да успееме како држава, тогаш мора секој нејзин граѓанин да си го најде своето работно место според својата квалификација. Јас мислам само економски проспиритетна Македонија во иднина би можела да го направи исчекорот само со вистински луѓе. За жал, сега не ги гледам тие вистински луѓе на клучните места. Се покажа дека во Македонија, всушност, вистинскиот проблем лежи во политичките партии и во лидерите. Но, проблемот е и во македонскиот народ оти би требало да реагира за некои македонски национални стратешки интереси. Некогаш и тие самите да покренат иницијативи, да укажат дека политичарите прават грешки што тие мора да ги поправат или да си заминат од политичката сцена за доброто на државата и народот. Нашите интелектуалци најчесто велат дека во овие 13 години најслабите кадри се, всушност, политичарите. Или дека се тие зинати само за пари. Најчесто се полакомуваат по она што значи обезбедување на странски донации. А некако тешко ни оди со директните инвестиции во Македонија. Дали сметате дека нестабилната безбедносна состојба е пречка за да дојдат странски инвеститори? Бидејќи Вие сте човек со искуство и со кондиција, како можеме да привлечеме странски инвестиции и од наши успешни Македонци кои на планетава земја ги има во поприличен број?
АТАНАСОСКИ: Пред сè, за да привлечеме странски инвеститори би требало да имаме држава во која ќе имаме сигурност дека нема да ги загубат своите пари. Тоа го гледаме во сите странски држави. Инвеститорите не би инвестирале во РМ во овој момент затоа што имаме внатрешни проблеми кои не се решени. Јас мислам дека сето тоа би требало да се реши, пред сè, ако сакаме да имаме странски инвеститори. Најголем инвеститор би била македонската дијаспора ако и` се даде шанса, ако им се дадат услови и да бидат добредојдени. Во последниве 12 години тоа не можев да го видам. Јас како бизнисмен инвестирам во Република Македонија и се соочувам со многу проблеми кои не би требало да постојат. А како би било некој обичен инвеститор да дојде во Македонија? Не ќе може да се соочи со големите проблеми, што јас Џорџ Атанасоски кој и политички и економски имам своја база, дури денеска можам полесно да се справам и навремено да реагирам. Изминативе години Македонија од повеќе причини ја бранеа разно-разни странски безбедносни сили и структури и пак ни се случи воен конфликт. Денеска Македонија е ставена меѓу европскиот чекан и американската наковална. Како да ја играме европско-американската игра, а да си ја сочуваме геостратешката важност и позиција? АТАНАСОСКИ: Морам да кажам дека Македонија е во Европа. Ние нема да одиме во Европа кога се наоѓаме во Европа. Европа ќе дојде кај нас. Може ќе биде тоа подоцна, но
11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
MAKEDONSKO SONCE
мега интервју ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ние не смееме да запреме само во Европа. Мораме да гледаме и пошироко. Ние мораме да имаме отворени односи со САД, а исто и со други светски сили како Русија, Кина. Ние сме мала држава, но во очите на Америка и други држави ние стратешки сме многу важни и не можеме да тргнеме само по една линија. Ние мора да ги искористиме сите наши интереси и ползи по сите овие варијанти кои ни се нудат за подобрување на македонскиот стандард - и економија и инвестиции - од каде што можеме да извлечеме најмногу. Да имаме соработка со САД - тоа денеска е една од најважните карти за РМ и мора односите со САД да ни бидат отворени. Ако им е потребна помош од нас, да им дадеме поддршка каква што е потребна. Она што се нарекува меѓународна заедница и нејзиното влијание во Македонија, ние Македонците го чувствуваме како обид за експериментирање. До каде можеме да бидеме добра широка душа, постојано да даваме, а некој постојано да бара. Како притоа да го сочуваме она што е автентичен корен македонски, она што е духовна христијанска традиција за да не се изгубиме, за да не се изобличиме докрај. Дали вие Македонците од надвор чувствувате дека ние сме изложени на континуиран притисок кој директно задира во нашето автентично? АТАНАСОСКИ: По тоа прашање можам да кажам дека неспособноста на водењето на внатрешната и надворешната политика на која било политичка партија доведе до статус каде што денес се наоѓаме во однос на Албанците и економијата. Тоа би можело многу лесно да се реши: да се седне и да се разговара и да им се даде на сите етнички групи кои се наоѓаат
Моето мислење е дека мораме да изградиме еден консензус да изградиме до детал еден проект и да ги поканиме оние Македонци што се способни на еден македонски форум. Секој што може да помогне, нека го направи тоа. А имаме доста Македонци кои се милионери. Тој потенцијал денеска не е искористен, не е повикан и некому му одговара да има заблуда дека богатите Македонци од светот немаат интерес и доволно патриотизам за Македонија. Тоа апсолутно не е точно.
во РМ според стандардите на Европа и Обединетите нации. Ние не смееме да им дадеме помалку или повеќе од тоа што пропишуваат светските стандарди. Ние ќе почнеме од таа платформа. Јас мислам дека ниедна држава не може да прави притисок и да ни кажува дали да дадеме повеќе или помалку кога истото тоа го прават со сите свои етнички групи во нивните држави. Ако ние седнеме со нив и ги решиме овие проблеми во смисла дека оваа држава им припаѓа на сите и дека треба сите да работиме, да плаќаме даноци и да ја градиме оваа
држава, со тоа сите ние добиваме како народ. Јас мислам дека тоа треба да се направи што побрзо и Албанците што живеат тука и другите етноси ќе имаат подобар живот и стандард, би прифатиле една таква варијанта каде што сите би се третирале подеднакво во РМ. Тој процес, мислам прифаќањето на еден таков договор, би довел до стабилност во државата економски развој, демократија за сите граѓани на Македонија.
12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
Господине Атанасоски, познато е дека Македонија е најголемата контроверза откако постои човекот и науката. Сите си имаат своја приказна за Македонија, што дополнително ги компликува работите. Имаме ли сили ние Македонците на планетава земја да создадеме едно моќно лоби кое ќе помогне во создавањето на она што значи единствена релевантна референтна приказна за Македонија? Можно ли е една таква идеја да се реализира? АТАНАСОСКИ: Јас мислам пред сè да почнеме со она како е создадена Америка. Сите во Америка, независно од каде се дојдени, се Американци. Можам да кажам и за оваа територија на Македонија - сите што живеат во неа пред сè се Македонци, а потоа по потекло можат да бидат Роми, Албанци и друго. Овој концепт не е американски, туку е концепт на македонската Империја водена од Александар и Филип Македонски. Американците, и други држави, тој концепт го имаат преземено, но уште работат на усовршување. Затоа ако го земеме тој дел на Александар и Филип Македонски дека сите што живеат во Македонија се Македонци и треба да ја чувствуваат оваа држава како своја и да ја градат како своја, со тоа сите ние добиваме. Ние сакаме сите да живееме добро. Ако секој трезвено размисли ќе увиди дека навистина
имаме голема шанса да живееме заедно. Тогаш кога заеднички ќе почнеме да ја градиме државата, дури тогаш таа ќе му припаѓа секому за да не ни се префрла дека ние Македонците имаме повеќе и поголеми права отколку другите. На оваа теза за која Вие пред малку зборувавте за правењето на единствената приказна за Македонија треба да работат сите институции - државни, јавни, научни особено образованието како и медиумите. Вие две недели престојувавте во Македонија, но медиумите не пројавија некој особен интерес за да Ве прашаат за Вашите знаења, искуства и намери. Преку овој пример и преку многу други кои секојдневно ги гледаме во Македонија би можеле ли да ја отсликате работата на македонските медиуми? АТАНАСОСКИ: Отсекогаш сум чувствувал глад за информации и затоа имам изградено неверојатно голем респект кон средствата за информирање. Кога дојдов во Македонија некаде во деведесеттите години можев да забележам дека информациите што ги добива македонската
13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
MAKEDONSKO SONCE
мега интервју ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ
јавност се еднобојни и унифицирани. Уште тогаш сфатив дека на народот му е потребен еден независен, објективен весник. Но, не само "Македонско сонце", туку и сите медиуми треба да работат самостојно и не би требало да подлежат на која било политичка партија и опција. Мислам дека самостојноста на медиумите е многу важна кога се гради една демократска држава. Единствено можам да кажам дека "Македонско сонце" не потклекнува на која било политичка партија. Ние ги гледаме работите онакви како што се и ќе оставиме на македонскиот граѓанин самиот да ги извлекува заклучоците. Особено по претстојните промени во Редакцијата и во весникот, сигурен сум дека неделникот ќе биде весник на македонскиот народ каде што секој Македонец ќе може да прочита најобјективни содржини како за сегашноста така и за минатото и иднината на Македонија. Мислите ли дека Македонија има доволно квалитетни луѓе, со знаење и дух што се подготвени да се обидат да направат нешто повеќе, подготвени да се жртвуваат за татковината, затоа што досега видовме поинакви водства? За доброто на сегашните и идните поколенија, ќе се случи ли нов обединувачки фактор што би можел да повлече напред? 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
АТАНАСОСКИ: Тоа треба да биде показ дека ние сме докажани Македонци не само во Македонија, туку и надвор, во светот. Но, тие потенцијали денеска не се искористени поради некои суетни политички сфери или политички маневри што се вршат тука во Македонија. Моето мислење е дека мораме да изградиме еден консензус да изградиме до детал еден проект и да ги поканиме оние Македонци што се способни на еден македонски форум. Секој што може да помогне, нека го направи тоа. А имаме доста Македонци кои се милионери и на тој форум би се договориле како да и` помогнат на Македонија. Така насочени да ја дизајнираме економијата и како економијата треба да изгледа во наредните години и како да ја насочиме кон странските пазари. Тој потенцијал денеска не е искористен, не е повикан и некому му одговара да има заблуда дека богатите Македонци од светот немаат интерес и доволно патриотизам за Македонија. Тоа апсолутно не е точно. Може ли на таа листа да се стават барем стотина такви Македонци? АТАНАСОСКИ: Мислам дека во целиот свет може да има и повеќе, може има и илјадници.
Ќе ги донесеме ли наскоро во Македонија? АТАНАСОСКИ: Ако работиме заедно, можно е за една година да постигнеме таков резултат, само ако сакаме соработка. Со взаемна почит и уважување. Секој од нив да биде примен во духот на македонската традиција и фамилија. А тоа го имаме затоа што ние Македонците имаме духовност што ја нема никаде во светот. Нема Американец што не ми рекол дека ние Македонците имаме добра и голема душа. Но, се збунети зошто не знаеме да се обединиме и нашето знаење и искуство да го ставиме во служба на нашата држава. Ако можам да кажам - уште од апостол Павле ни е оставено најважното, а тоа е верата, надежта и љубовта. Јас не само што верувам и се надевам, туку од сè срце и посакувам да успееме и ќе успееме да го сториме тоа за доброто на нашата татковина. Да го следиме патот на македонското сонце како нашите предци од дамнина и ќе стасаме до сите височини. На овој природен, духовен пат, сплотени и обединети и Господ ќе ни помогне.
15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
SONCE NA PRAVDATA
“
Ili rabotete kako lu|e ili umrete!
”
FR^KOVCI
MAKEDONIJA POME\U STABILIZACIJA I NOVA KRIZA Постојат, грубо, четири фактори околу кои ќе се прекршува прашањето на дефинитивна стабилизација на земјата или можното отворање на следен циклус кризни состојби во Македонија и јас имам намера нив пред Вас, драги читатели на "Македонско сонце", кратко да ги анализирам. За тоа ќе бидат потребни повеќе осврти, но со најдобри надежи и посакувања за развиток на весникот кој е пред Вас. Сметам дека ќе ја имаме таа можност. Имено, за дефинитивна стабилизација и консолидација на земјата... ...треба да се имаат предвид и да се анализираат следните фактори: идната територијална поделба на општините и законот за децентрализација (тајмирани за февруари - март 2004); Пописот и неговата верификација (декември 2003); идните претседателски избори (октомври 2004); и расплетот на статусот на Косово (оваа година пред нас ќе се знаат можните опции). Надвор од овој список на актуелни предизвици стои општото стабилизирање на правната држава и консолидација на институциите на државната администрација како и интегративните процеси во евроатлантските институции - кои се подолгорочни и подразбрани стабилизирачки процеси. Опасноста која постои во лошо и политички креирано територијално делење на општините, како предуслов за ефикасна децентрализација, посебно во мултиетничките делови на државата (западна Македонија посебно) е реална. Имено, основа од која треба да се појде е
Рамковниот договор кој во Преамбулата и како основен столб на сите свои решенија ја има идејата за одржување и заштита на мултикултурниот карактер на Македонија. Таа негова основна ориентација може да биде загрозена со "политичка поделба" на општините под притисок на коалиционите партнери, "оправдуван" со брзината за апликација за членство во ЕУ. Всушност, да се дојде до таква поделба која ќе придонесе до тивко етничко чистење и рушење на Рамковниот договор "одвнатре". За што станува збор? ДУИ НА АЛИ АХМЕТИ ВО ВЛАДАТА ПРИТИСКА за големо окрупнување на општините и враќање на бројката од 34 општини. СДСМ, пак, не се знае од какви причини и концепти изложува бројка од 54 општини? Тоа за последица би имало нужно спојување на градските со селските општини и правење повторно на огромни конгломерати, како порано во социјализмот. Тоа за западна Македонија би имало следна последица: денеска во поодделните градови (или 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
градски општини со последниот Закон за територијална поделба кој помина со поддршка на експерти на Советот на Европа) етничкиот баланс е следниот: Во Тетово 56 отсто се Албанци и 44 отсто други (Македонци, Турци, Бошнаци и слично). Во Гостивар 44 отсто Албанци, 56 други (Македонци, Турци и слично); Кичево 34 отсто Албанци и Дебар слично. Со спојување на селските и градските општини под името "окрупнување" на општините поради децентрализацијата - во Тетово би имало 85 отсто Албанци и 15 отсто други; во Гостивар 70 отсто Албанци и 30 отсто други; Кичево 52 отсто Албанци и слично. СЕРИОЗНО БИ СЕ НАРУШИЛ ПОСТОЈНИОТ БАЛАНС на меѓуетнички план на штета токму на "загрозените" и под притисок неалбанци во тие делови, а пред сè на Македонците. Ова би довело до притисок за тивко етничко чистење во процес и би завршило со де факто етничка поделба на територијална база во Македонија. Тоа би било во директна спротивност со словото и духот на Рамковниот договор, за неповрзување на етничките права со територија или детериторијализација на правата на културна различност. Конечно, тоа би довело до крах на Рамковниот договор, одвнатре, на неочекуван начин и преку реториката на "негово имплементирање"?! Дали й е јасно ова на меѓународната заедница која ја советува Владата за ова прашање? Дали му е јасно ова на македонскиот Премиер?
Меѓународните стандарди за поделбата на општините токму упатуваат на поделба на градски (урбани) и селски општини. Токму тоа треба да се следи и кај нас и ништо повеќе. Втора гаранција за одржување на функционална мултикултурност и демократичност на одлучувањето е вградување на т.н. Бадинтерово мнозинство и во одлучувањето за некои прашања кои се однесуваат за етничките права и различност и на општинско ниво. Мора да се спречи мајоризацијата и наметнувањето на етнички притисок во одлучувањето во општините (што сега масовно се случува). Со овие два пилара може да се
изведе децентрализација на успешен и европски начин. Но, за тоа е потребна политичка волја и малку ум. Ова е убедливо најопасната епизода на процесот на стабилизација и консолидација на демократијата во Македонија. Проблемите со децентрализацијата и новата територијална поделба во Македонија може непријатно да се поклопат со регионалниот притисок кој Албанците од Косово го вршат по прашањето на финалниот статус на тој протекторат. Имено, Албанците од Косово секогаш вршеле притисок и закани за регионална дестабилизација (посебно на Македонија) ако не им се
17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
излезе во пресрет на нивните барања и погледи. Дополнително, ако преовлада, а има реални изгледи да преовлада, опцијата на кантонизација на Косово (со српски кантон), косоварите ќе се обидат да бараат компензација на изгубената територија во анархична децентрализација во Македонија. Нешто како "сива" територија на северозападна Македонија (со мнозинство Албанци) која ќе биде повеќе поврзана со Косово отколку со Македонија (независно што границите не мора да се менуваат - формално). За парирање и неутрализирање на овој вид дестабилизација, македонската држава треба сериозно и навреме да го консолидира правниот поредок и функционирање (пред сè на полицијата и војската на границите), како и општото присуство на инструментите на правната држава на теренот на ова подрачје. Пописот во Македонија, веројатно за подолг рок ќе ја симне од политичката агенда лицитацијата со бројките во политички цели. АЛБАНЦИТЕ КОИ ВЕРОЈАТНО СЕ НЕКАДЕ МЕЃУ 20 И 25% ПОКАЖУВААТ ТЕНДЕНЦИЈА ЗА СТАГНАЦИЈА и конечно контрола на демографската експанзија, а и регионално емигрирање од траен вид. Тоа ќе ја стабилизира на среден рок популационата маса која често со својата невработеност и релативна младост ја загрозува безбедносната карта и служи за регрутација на постојано незадоволство. Странците беа недоверливи кон бројот на населението и Пописот е сериозен инструмент дефинитивно посебно странците и меѓународната заедница да се уверат во состојбите и да отпаднат уцените со бројки. Уверен сум дека токму тоа ќе се случи и на ниеден начин НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОВЕДУВА ПОД ПРАШАЊЕ ПОПИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА (БАРЕМ НЕ ОД МАКЕДОНЦИТЕ). По секоја од овие основи станува јасно дека Албанците во регионот немаат повеќе капацитет за сериозна дестабилизација на регионот. Проблеми сè уште може да има, но не такви кои регионот би го дигнале на високо ризичен степен на дестабилизација. Високото и концентрирано присуство на меѓународната заедница помага значајно за стабилизација на регионот и тоа треба да продолжи. Но, најважно од сè е способноста на македонската политичка елита да ја консолидира правната држава и државната администрација како гарант за човековите права на целата територија на земјата.
KAKO DO...
M
Po~ituvani ~itateli!
акедонци и граѓани на Република Македонија! Сите наши раселени што во моментов се наоѓате на различни меридијани во светот! Од сè срце Ви го даруваме новото издание на неделникот "Македонско сонце" со надеж и верба дека ќе Ви причини радост во овие претпразнични и не многу светли денови за Македонија. Со неговиов најнов блесок сакаме да Ве увериме дека неуморно ќе ја продолжиме потрагата по вистинската приказна за Македонија, во која ќе ги вткаеме и нашето минато и нашата сегашност и нашата иднина. Како најубавиот, најестетскиот и најквалитетниот "македонски килим", резултат на сите умни, луѓе со добра волја и знаење на кои Македонија им е при срце. Значи, страниците на нашиот неделник ќе бидат отворени за сите оние (независно од нивната национална, политичка, партиска, верска, професионална и др. припадност) што знаеле, знаат и ќе знаат што треба да се стори за доброто, просперитетот и светлата иднина на Македонија. Ќе ги "гали" творците, но ќе ги "изгори" растурачите кои и да се, од каде и да се. Добредојдовте во новото издание на "Македонско сонце" и како читатели и како соработници - секогаш правдољубиви и на вистината и на Македонија.
S. Klin~arova БЛАЖЕ РИСТОВСКИ, академик
САМО ГРАЃАНСКА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ИМА ПЕРСПЕКТИВА Македонија го исчува македонскиот народ до Втората балканска војна (1912). Потоа настапи период на разбиена земја и распарчен народ. Втората светска војна беше последната шанса за ослободување и обединување на земјата, но ние ја прокоцкавме. Сепак, создадовме своја држава, макар и во федеративен состав. Со албанскиот вооружен напад врз македонската држава во 2001 година конечно ја загубивме македонската држава. Натурената (и прифатена) концепција за мултиетничноста и мултинационалноста на Република Македонија, како единствен реликт во светот, ако остане, не се гарантира опстанокот на ваквата држава. Со тенденцијата за дуалистичка и билингвална федерација конечно се погребува Македонија - во интерес на соседите и на меѓународните фактори за конечно решение на "македонското прашање". Ако овој народ и оваа држава сака да опстане, мора да создаде почва за разбирателство и за изградба на граѓанска држава (а не држава на етницитети или некакви племенски етнички заедници) со неизбежна промена на сегашниов Устав. Само граѓанска македонска Македонија, со сите права и слободи на малцинствата, има опстанок и перспектива.
Д-р ЖАН МИТРЕВ, кардиохирург
ГЕНЕРИЧКО ДРВО Сознанието за Македонија кај секој поединец го менува неговиот живот. Ја сфаќа одговорноста на своите предци и на огромната културна, многувековна и непрекината историја. На тој начин не може да работи, да мисли и да живее како што било пред тоа. Станува Македонец. Сознанието за Македонија ги променува видиците од локално кон интернационално. Ја прави јасна сликата на нашето генеричко дрво и почнувајќи од македонскиот корен и стебло се формираат сите гранки на таканаречените славјански народи.
18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
OKO NA SONCETO
ЦВЕТАН ГРОЗДАНОВ, претседател на Македонската академија на науките и уметностите
ПОКАНА ЗА БРАТСТВО, ЉУБОВ И ИДНИНА Ќе говорам за тоа што треба за утре, а потоа би се навратил на тоа што е сега и што беше. Зарем има граѓанин на Република Македонија којшто не сака лична сигурност, сигурност на семејството, сигурност на најблиските, на државата во целост. Дали воопшто има граѓанин којшто не сака барем некој член од семејството да му е во работен однос, со чесен труд да заработи и тоа да го внесе во својот дом и да ги исхрани своите најблиски и себеси. Дали има воопшто граѓанин којшто не го сака општествениот, стопанскиот и културниот просперитет на својата земја. Тоа го сонува секој наш граѓанин, а ако има такви коишто тоа не го сонуваат, нека си одат оттука. Не им е тука местото. Македонскиот народ посебно не е народ на воени потези, народ којшто врши агресија. Македонскиот народ е мирољубив, трудољубив, скромен и мислам многу креативен. Сакаме сите граѓани на Република Македонија да живееме како една заедница во којашто ќе имаме една убава иднина за сите нас. Ние сè уште ги преживуваме рефлексиите на 2001-та година. Можеби кога ја доживувавме 2001-та не знаевме тогаш каква е реалноста на тоа. За таа година има различни сфаќања. Историјата ќе ги пресмета своите елементи "за и против" или оние што се помеѓу и ќе даде една праведна оценка за тоа што всушност се случувало. Јас како историчар не можам да кажам без доволно аргументи, а и ги немам. Своите проценки не ги давам така лесно особено кога е јавна изјава. Затоа ќе се причека и на таа оценка. Ова е обраќање не само до етничките Македонци, туку и до сите граѓани коишто можеби понекогаш и не сакаат да се наречат дека се граѓани на Република Македонија, како покана за братство, љубов и иднина, затоа што евентуалното потценување на основниот корпус на оваа држава и на македонскиот народ за никого не е добра. Македонскиот народ е стрплив и не сакам да кажам дека тој може утре да почувствува дека бил излажан од некого.
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ, академик
ДРЖАВА КАКВА ШТО НЕ ЗАСЛУЖУВАМЕ Многу би сакал да дадам оптимистичка изјава, но нешто не ми дава, не ме остава. А не ме остава чувството дека ни се одземени соништата, идеалите. Некои случајни минувачи во политиката ни го амортизираа творечкиот поттик, ни ги конфискуваа мечтите. Ни ја истетовираа најдлабоката стигма на срам и понижување. Ни ги одзедоа минатото, сеќавањето, историјата. Ни го замаглија хоризонтот, ни ја укинаа иднината. Дури и црквата се вклучи во тој ешалон, во таа амплитуда на престапници за поголем профит. Некои предавници и родоотстапници ни го оддалечија Бога, ги разурнаа храмовите и светилиштата што ги носевме и во себеси. Не знам кому му треба Македонската православна црква да биде призната од Српската, наместо да биде обратно. Можеби затоа по казна живееме во држава каква што не заслужуваме. Црната хроника се етаблира како прва и најзначајна вест во сите медиуми. Веќе ниеден културен настан нема никакво дејство врз свеста и емотивниот интерес на човекот. Лагата и криминалот станаа доблест, тривијалноста - естетика на живеење. Ни се случи под притисок на два-тројца илузионисти делегирани од "меѓународната заедница" да биде хипнотизиран нашиот политички триумират како триумф на "нивниот" граѓански модел и консензуална демократија. Нам ни останува само да чекаме кога од тие силни европски принципи дефинитивно ќе колабира живиот организам на нашата веќе демонтирана држава. Дојде така што не знаеш кој е поголем државен непријател: оние што треба да бидат судени или оние што судат. Дали терористите со кои коалицира власта или власта која не знае како да си ги задржи позициите без нив. Ова е можеби единствената држава (ако е сè уште држава) која е под целосен протекторат на едно малцинство. Еве, на пример, според најновиот Попис излегува 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
KAKO DO...
дека Македонците само умирале, а Албаниците само се раѓале или увезувале до договорениот процент. И тоа на општа радост на пописната комисија. Николај Александровиќ Перѓаец има кажано една навидум еретичка мисла: "Слободата е пред сè право на нееднаквост. Еднаквоста е пред сè уништување на слободата". Дали нашата слобода веќе е уништена? Зошто со години се изведуваат некакви перманентни абортуси на транзиција за побрз влез во ЕУ? Макар и како народ без знак на препознавање. Иако со милениуми Европа била провинција на Македонија. Има една народна сентенца која кажува како мажот најнепосредно ќе разбере дека е веќе стар и неспособен за љубов. А таа гласи вака: "Стар си кога ќе забележиш првпат дека не можеш и вторпат. А ептен многу стар си кога ќе забележиш и вторпат дека не можеш ни првпат". За жал, нашиве властодршци кои за оглав нè водат веќе 12 - 13 години, не го забележале ни едното ни другото. Никогаш не посакале да си го проверат стерилитетот на своето политичко либидо.
АЛЕКСАНДАР АНЧЕВСКИ, ректор на скопскиот Универзитет
АКАДЕМСКА КРИЗА ИЛИ АКАДЕМСКИ ПРЕСТИЖ На патот за интегрирање во европската култура на високо образование, во академската средина неминовно се поставува прашањето - дали се наоѓаме во фаза на престиж или во состојба на академска криза? Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - најстарата универзална, духовна, образовна, културна и научна институција во Република Македонија, во досегашниот повеќедецениски период дава белег на вкупните развојни процеси и во исто време успева да се справи со обидите за деградирање и негирање на неговата интелектуална моќ. Развојот на високото образование и денес е незапирлив процес, процес кој мора да биде воден и предводен од интелектуалната моќ, концентрирана токму на Универзитетот. Колку повеќе процесите во високото образование ќе се одлепат од политичките влијанија и конструкции, толку повеќе универзитетите ќе се промовираат како места за продуктивен развој на образовните, културните и научните визии и стратегии и тие ќе бидат вистински места за академски и цивилизациски престиж. Тоа ние успешно го остваруваме, но се поставува прашањето - дали Република Македонија создава услови за единствен високообразовен систем со јасно дефинирани стандарди и вредности? Убеден сум дека само едно интегрирано високо образование во РМ, со во себе инкорпорирани европски стандарди и принципи, кои нашиот Универзитет ги поседува - отвореноста, еднаквиот пристап, без разлика на националната, верската, регионалната, политичката и социјалната припадност, автономноста и академската слобода, ќе може успешно да ја оствари целта - да претставува дел од европскиот простор на знаење. Оттука, и мојата дилема: Дали во нашата држава се создава единствен високообразовен систем, или пак ќе ни се случи истовремено да имаме - од една страна академски престиж, а од друга, академска криза? Како и да е, иднината на секоја земја го носи интелектуалниот потенцијал, а тој се создава на Универзитетот.
ВИОЛЕТА АЧКОВСКА, универзитетски професор
ВРЕМЕ Е САМИ ДА СИ ЈА СЕРВИРАМЕ ТРПЕЗАТА Да се размислува за иднината на Македонија во овие мигови на изгубени национални идеали, на губење на идентитетот и на нарушени етички вредности е навистина тешка задача. Се најдовме кревки и неотпорни во светот во кој владеат законите на капиталот. Во таа емоционална кревкост на раскрсницата на времето ни ги испомешаа патоказите. Други нй кажуваат кои сме, каде сме. Историјата нй ја злоупотребија, сегашноста нй ја кројат. А што ќе биде со иднината не знаеме! Дали сме толку лоши за да заслужиме толку лоши водачи: без национална визија, без чесност, без способност. Вистинската историја на нашата пропаст започна со криминалната приватизација, со создавање на коалиции за разграбување на капиталот! 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
OKO NA SONCETO
Но, логиката на капиталот е безмилосна. Нас тоа нè вовлече во сфери во кои нашиот човек никогаш не загазил. И така, со временско задоцнување од еден век, ние се стремиме кон Европа на капиталот, кон Европа на либералната демократија, без да знаеме точно како сето тоа изгледа. Се покажа дека не може да се прескокне еден цел развој на капитализмот и на изградбата на националната свест и стремеж за национална држава. И сега, наоѓајќи се во европски XIX век, си поставуваме задачи да скокнеме во европскиот XXI век. Се наоѓаме на дното на материјалната и духовната сиромаштија. Се надевам дека таа ќе нè удри толку силно што конечно ќе кажеме - доста! Доста на лошата политика и корумпијалните политичари! Доста на албанските заграбувања на Македонија! Доста на туѓите кујни! Време е сами да си ја сервираме трпезата.
НИКОС ЧАУСИДИС, универзитетски професор
ПО ПРИНЦИПОТ НА АПСОЛУТНА ВИСТИНИТОСТ Најпрво треба да се запрашаме што е тоа "македонска историска приказна" и кому таа му е потребна. Најмалку мислам дека таа треба да биде измислица т.е. лага. Обратно, првиот принцип според кој треба да се работи е принципот на апсолутна вистинитост. Убеден сум дека историското минато на Македонија апсолутно оди во прилог на постоењето на денешната македонска држава и македонскиот народ и нивните интереси, па оттука нема потреба во таа смисла ниту да ја премолчуваме, а најмалку да ја преправаме. Треба само стручно и аналитички да ја истражуваме и да ја бараме во неа смислата на нашето денешно постоење. Историската вистина е една, но таа може на многу начини да се претстави, покаже и раскаже - во зависност од тоа кому му е наменета. Крајно време е да се формира некакво тело кое ќе има компетенции, финансии, програми и критериуми врз чија основа ќе иницира, поддржува и финансира дејности од областа на историјата кои се особено приоритетни за оваа земја. Тука не мислам само на археолошки, архивски и други истражувања, туку и издавање разни дела - клучни за нашата култура. Притоа особено мислам на прегледни, лесно читливи и богато илустрирани изданија (книги, ЦД - ромови), наменети за младите и обичните граѓани, како и документарни филмови направени според светски стандарди. Многу е важно и финансирањето преводи на наши дела на светски јазици и обратно.
БРАНИСЛАВ САРКАЊАЦ, универзитетски професор
КАДЕ Е КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА? Јас светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите, но во кој треба да се победи како во скопскиот маалски баскет за да може да се изјави "за тебе сум бољи, лепши и паметнији". Како? Да покажеш дека си многу поинаков од другите, и дека си самобендисан поради тоа. А за тоа ти треба национална држава која ќе го храни твојот национален и културен идентитет. Тоа што си роден во Македонија пред толку и толку години, во тоа градче или селце, не е само гол статистички факт, туку подразбира купишта искуства, доживувања, влијанија, премрежија и сите тие можат да се врзат за еден простор кој е историски и културен, но кој е таков зашто успеал да стане политички или државен простор. Под култура подразбирам не само збир на практики на опишување, комуникација и претставување, туку сè она што луѓето го прават и за тоа мислат, пишуваат, сликаат. Културата се наоѓа и во она што луѓето секојдневно го прават, мислат, чувствуваат и сакаат. Секаде во светот има луѓе кои нешто прават и мислат. По што се разликуваме ние од другите? И ние секојдневно нешто правиме, чувствуваме, сакаме. Па, тоа го правиме некако поинаку. Културата, како кај Мишел де Серто, е во остатокот. И во Мексико и во Македонија има автомобили и телевизори, но меѓу овие две земји има големи разлики. Разликите се во она што го има во едната, а го нема во другата. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
KAKO DO...
Ваквите определби на културата го подразбираат прашањето на идентитетот на една култура. Една култура секогаш да се опише во споредба со други култури. Нам Македонците многу ни годи кога ќе пронајдеме некој странски историчар или патеписец кој пишува дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, туку дека се нешто посебно. Каде е културниот идентитет на Македонија? Во што се состои културниот идентитет на Македонија што ја разликува од другите? Кој ќе го утврди тој идентитет? Тоа се суштествените прашања денес. Тоа мора да го направи Македонецот, зашто ако не го направи тој, ќе го направи некој друг, а од тоа имаме уплав (особено кога тоа го прават соседните земји). Ако некој друг зборува за вас, или ќе ве присвои или ќе ве зашутка. Кога во соседните земји се величи Македонија, тоа се прави како за нешто свое. Кога се смета за нешто туѓо й се намалува вредноста и аурата на романтичност. Но, ако ги погледнеме научниците (историчарите, културолозите) од развиените западноевропски земји кои ни се наметнуваат како први референци, работите стојат поинаку. Тука ја имате веќе опасноста од етнологизација. Не се смета за висока култура она што е направено во државата Македонија, туку е интересна, автентична само онаа култура која народот, етносот ја носи спонтано. Да банализирам: тој другиот ќе зборува за вас преку КУД "Мирче Ацев", а не преку Никола Мартиновски. Шупелката е слика на таа култура, не пијаното. Есма ќе биде познат феномен, но за Тодор Скаловски ќе прашуваат кој е тој. Во најдобар случај ќе станете жртва на оној омразен мултикултурализам во Америка кој наеднаш почнува да пласира уметници индијанци, чиканоси, пингвини и за кој зборува Глорија Анзалдуа. Затоа велам: националниот идентитет се гради преку културна политика која е пред сè работа на државата и на државните институции, зашто во нив се сретнуваат државата и државната наука.
ЉУБОМИР КЕКЕНОВСКИ, универзитетски професор
СТОПАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПРЕД СÈ И покрај тоа што последниот век беше испрекинат со војни и политички граници, Македонија ќе биде тоа што отсекогаш била. Имено, доследно следејќи ги процесите на европската интеграција, граѓаните поведени од силата на економските закони ќе ги конституираат и реализираат стопанските интереси, пред сè во поширокиот регион - Македонија. При тоа мора да се почитува барем и тоа што сите реки одовде се влеваат во едно море и дека е тешко да се биде попаметен од природата.
ЃУНЕР ИСМАИЛ, директор на списанието "Форум"
СТРАНИТЕ НА СВЕТОТ ЈА ПОСОЧУВААТ МАКЕДОНИЈА Не станува збор за тоа "Приказната за Македонија" да му ја раскажеме на некој, туку најнапред треба да си ја раскажеме самите себеси. А каква треба да биде приказната којашто, до неброено, ќе си ја раскажуваме? Се плашам дека за "Македонската приказна" ќе биде потребна една многу сложена рецептура, ама еве, колку за почеток: Ќе ја земете пред себе картата на светот. Откако ќе ги пронајдете страните на Светот (ама вистинските, а не оние од компасот) ќе ја пронајдете и Македонија. Потоа ќе си го привикате сеќавањето од лекциите по Историја (ама вистинските, а не романтичните, литераризирани приказни за "несреќа", "проклетство", "судбина", "заговори", "предавства" итн.) и тука некаде околу Берлинскиот конгрес ќе ја лоцирате територијата на растегливата формулација - Македонија. Потоа ќе ја следите историјата во две насоки. Едната насока е да дознаете: што правеле другите (Големи, Мали, Соседи и сл.)? Втората насока е да 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
OKO NA SONCETO
се самоосознаете: што (не)правеле вашите предци и како се снаоѓале во овој свет којшто не е скроен според правилата на поезијата, туку според правилата на способните да преживеат и да растат. Оттаму, сè ќе биде полесно. Ќе видите дека задачата: мислењето на самиот себе, многу лесно ќе ве донесе до "Приказната за Македонија". Така секогаш ќе знаеме кои сме, какви сме, што можеме!?
МИТРОПОЛИТ КИРИЛ, архијереј на Полошко-Кумановската Епархија на МПЦ
ДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ Преку стекнување на што поголем број пријатели. Тие што беа повикани да покажат многу повеќе грижа и доблест на овој план како да беа многу повеќе окупирани со личните, а не со возвишените приоритетни интереси; прогресот и претставувањето на нашите реални вистини пред земјите од кои сме можеле да ја добиеме поддршката. Сè уште не е доцна на овој план да се посвети поголемо внимание. Без добри пријатели тешко дека ќе може да се опстои. Премногу сме разединети, внедрен е синдромот на реваншизам меѓу политичките партии од македонскиот блок, а познато е дека делбите - караниците, носат само сиромаштија и болести. Од гореспоменатите причини нè доведоа до ова делбено дереџе. Повеќе од половина од нашите работоспособни луѓе да не бидат вработени, а повеќето од оние што се вработени се на работ на животната егзистенција. Но, нашиот народ е добар, ние како што Господ нè повикува да бидеме на повисокиот пиедестал треба и сме повикани да му обезбедиме на нашиот благороден народ, како духовен така и мирен, безбедносен, материјален, социјален и културен живот, опстој и развој, зашто тој трпелив народ, кој со столетија е измачуван и поробуван, денес заслужува да живее во оваа суверена и самостојна држава, барем на едно слободно, од родна библиска Македонија онаква каква што Господ ја создал во своите етнички граници. Нашиот македонски род од Бога благословен е вреден, чесен и трудољубив. Неговата чесност, древност и креативност, најмногу е изразена меѓу иселеништвото, каде што нашите еднородни браќа, по дух и вера, се најпримерни граѓани на северноамериканскиот и австралискиот континент. Во тие средини ретко ќе сретнете Македонци кои се социјални случаи како што, за жал, безброј ги има на нашите македонски простори. Таму владее законодавството. Повиканите во нашата суверена држава треба да се потрудат да завладее правото на законот, да профункционира во сите сегменти правната држава, бидејќи непочитувањето на словото на законот доведува до беззаконие. Беззаконието води кон анархија, а анархијата кон разнебитување на сите вредности коишто ги создал нашиот народ.
Д-р КИРО СТОЈАНОВ, бискуп од Католичката црква во Македонија
ДА СЕ ПОТПРЕМЕ НА СОПСТВЕНИТЕ КОРЕНИ "Вистина Ви велам, ако не се вратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството Небесно; Кој, пак, ќе се смири како ова дете во Мое име, Мене Ме прима" (Мт. 18,3-5). Иднината на секој народ лежи врз способноста во воспитувањето на своите идни поколенија. Македонија и македонскиот народ во минатото преживеаја славни и триумфални настани, мигови на радост и на воздигнувања. Сепак, историските сведоштва покажуваат дека низ столетијата маките и страданијата на Македонецот биле долги и тешки. Вистината во историскиот развој на нашите простори вели дека сме нација која од сите европски народи прва ја имала честа да се сретне со христијанството, директно пренесено во Македонија од најголемиот гласник на Радосната вест, Свети апостол Павле. Македонскиот народ дал големи синови на човештвото, почнувајќи од апостолските ученици и наследници, светите епископи Аристах и Гај, преку Свети Димитрие, Харалампие, Кирил и Методиј, Климент и Наум... Плодовите на сите овие свети луѓе придонеле низ подоцнежните векови за опстојување и надоградување на генерациите. 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
KAKO DO...
Хендикеп за Македонија претставувале туѓите доминации кои го разединувале и делеле народот на овие простори. Елементот на христијански добро воспитана нација секогаш бил и е присутен меѓу нашиот народ. Затоа во временската крстосница во која сега се наоѓаме потребна е работа за духовна надоградба во духот на Христовите зборови да се повратиме и потпреме на сопствените корени кои се христијански и нè повикуваат на заедничка едукација на вредностите и потребите на личноста. За подобро утре.
ЈАКУБ СЕЛИМОСКИ, директор на секторот за верско образование при Исламската верска заедница
СРЕЌНА ИДНИНА СО БОЖЈА ПОМОШ Македонија е мошне убаво катче од Бога одбрана и сместена во срцето на Балканот, а тоа е југоисточниот дел на Европа, место кое ги поврзува европската и источната цивилизација. Самата Македонија е место на стари цивилизации од антиката, па сè до денешната современа цивилизација. Таа и денес е место на повеќе култури, простор на којшто живеат повеќе етнички заедници и средба на од Бога објавените небесни конфесии. Минатото на Македонија претставува испреплетено живеење на луѓе со различна етничка припадност и со различна конфесионална припадност, со цврсто градење на нивниот заеднички соживот со целосно уважување на поинаквиот од себе и почитување на неговите културни и религиозни вредности. Во Македонија имало воени конфликти, но тие во најголем број биле освојувачки или конфликти кои се воделе на овие простори помеѓу други земји, додека пак конфликтите врз етничка основа или пак верска нетрпеливост или не постоеле или пак се безначајни од долгата историја на оваа наша татковина. По самостојноста на нашава држава, поточно по распадот на поранешната заедничка федерација, Македонија се очекуваше да чекори напред со јасни и препознатливи чекори во посакуваната просперитетна иднина. За жал, не успеавме во доволна мерка да се снајдеме и да се учиме на лошото искуство од соседството, а со тоа да не ги повторуваме нивните грешки, не успеавме да одиме во пресрет на проблемите и предизвиците и истите со соодветни средства да ги решаваме во интерес на сите граѓани на Република Македонија, туку дозволивме одредени проблеми и предизвици да се наметнат и со тоа целокупната наша енергија да биде трошена на санирање на последиците предизвикани од истите. Сметам дека минатото кое не е мрачно, сегашноста во која сепак успеавме да ја ставиме под контрола можноста секој слободно да ја развива сопствената култура, сопствената традиција и слободно да го следи сопственото верско учење, сето тоа ни претскажува една среќна иднина во која ќе уживаат со Божја помош идните генерации на нашава татковина.
ЗЛАТКО ОРИЃАНСКИ, музичар
СЕ УНИШТУВА ДУХОТ НА ОВАА ЗЕМЈА И НАРОД Во моментов додека го пишувам овој мал есеј, на телевизија оди концерт посветен на големиот африкански лидер Нелсон Мандела. Свират и пеат од Peter Gabriel до Боно од U2. Зарем може да се биде човек на 21 век, а да не се познаваат Beatles, Radiohead, Peter Gabriel, U2? Умот без таа цивилизациска култура прави пивски стомак, врзува машна околу вратот и облекува смешен костим кроен во соц-стил. Политичари од Македонија!!! Кои и да сте, од каде и да сте. Оставете нè да дишеме слободно. Парите ги зедовте, што сакате уште? Здебелени сте во телата, уште подебели во умот. Немате 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
OKO NA SONCETO
смисла за убаво, немате поим за дизајн. Не познавате ниту едно од имињата што ги набројав. Јас ги знам сите нив, ама за жал и дел од вас. Секој ден ја гледам вашата лакомост и провинцијализам. Вие не ја сакате оваа земја, вие се сакате само себеси. Зошто не си заминете онаму каде што ги криете покрадените народни пари? Деновиве објавив албум кој се вика "Разбуди се". Барем малку да ви се спротивставам на вашата желба да го уништите сиот дух на оваа земја и на овој народ. Ако тоа не успее, еден ден ќе се соблечам бос и ќе запешачам по оваа моја сакана земја како Ганди. Верувајте и плашете се, затоа што имам повеќе сила и вера од вас. И ќе го поведам народот (оти мене ми верува повеќе од вас) да ви го покаже точното место каде што припаѓате. Можеби следниот ден, на раскопаниот Плоштад среде Скопје, по тој повод ќе правиме концерт "Анастасија", "Леб и сол", Милчо Манчевски, "Мизар" и многу други кои й го светлат образот на оваа земја. А вие, вие веќе немате време да се разбудите. Ниту пак ни требате... Во меѓувреме ве молам прислушувајте ме. Ќе чуете за Његош, Андрич, Мисирков, Ѓорче Петров, Фелини, Тарковски. Сите тие се мои пријатели и ваши лути непријатели. Помирување тука нема...Го имате згрешено времето, а најмногу местото. Македонија ќе живее и без вас, ве уверувам.
РИСТО ГУШТЕРОВ, македонски бизнисмен
ВЕРБА ВО СВОЈОТ НАРОД На македонскиот народ, како што и досега е историски докажано, му е потребно духовно водство, духовна потреба, верба во Бога, верба во својот народ и верба во она што нашиот народ сака да го направи и го очекува во иднина. Јас верувам во иднината на Македонија, верувам во идните генерации и верувам дека Македонија ќе добие можност да биде претставена на начин како што заслужува, од историски, економски и од национален аспект.
ДАРКО ПАНЧЕВ, врвен спортист
ДРЖАВАТА СЕ ВОДИ СО ЉУБОВ И ЧУВСТВА Седум години поминаа откако сум вратен од странство во Македонија и за овие години сфатив само една работа – дека државава ја водат на партиска основа наместо да се води на национална основа. За мене лично е катастрофален податокот дека овие години слушам редовно изреки во стилот "јас сум СДСМ-овец" или "јас сум ВМРО-овец" или некоја друга партиска припадност, а ретко слушам некој да каже "ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ". Мислам дека тука лежи почетната проблематика во водењето на нашата држава. Ако вие не ја водите државата со љубов и чувства кон неа, ако ја водите само поради партиски и лични интереси, мислам дека тука лежи одговорот на прашањето - зошто Македонија дојде до оваа ситуација. Држава со два милиона народ и две ипол милјарди марки годишен буџет треба да биде многу различна од оваа што е сега, се разбира ако се краде помалку од тоа што се правеше до денес. Ова е вториот дел кој е важен, од одговорот за нашата држава. Има уште многу клучни прашања, но за да дојдеме до нив, мора да ги решиме прво овие две.
25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
KAKO DO...
потпретседателка на Собранието на Република Македонија
МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ ЈА БИДЕ Република Македонија е резултат на многувековен природен развој на идејата за македонска државност и посебност. Кога немало услови за изградба на држава, таа идеја опстојувала и се развивала меѓу народот низ културата, преку јазикот и творбите на духот. Поткрепа й давале истакнати поединци на своето време, кои ја изградиле структурата на научната аргументација. Со мислата за Македонија сонувале, страдале и гинеле цели генерации, секогаш бранејќи го своето, никогаш не посегајќи по туѓо. Затоа ние, денешните потомци, можеме спокојно да се соочиме со секого. Затоа имаме обврска да го помниме и почитуваме минатото, но не како бреме што ќе нè фрустрира, туку како свест за себеси - како дел од сеопштото културно наследство на светот. Затоа имаме иднина, имаме тло под нозете. Зашто Македонија била, е и ќе ја биде.
ТИТО ПЕТКОВСКИ, пратеник
МАКСИМАЛНА ОТВОРЕНОСТ КОН ДОБРОНАМЕРНИЦИТЕ Мислам дека веднаш треба да престанат схоластичките расправи за тоа кој е повеќе виновен за нашето тонење. Второ, да се пристапи кон изготвување на национална стратегија во која би партиципирале сите политички субјекти во државата, значи власта, опозицијата и невладините и непартиски организации со точно утврдена динамика и приоритет. Трето, преку разни форми да се ангажира целокупниот творечки потенцијал со кој како држава располагаме, а да побараме помош и од експерти од надвор. Што значи максимално да бидеме отворени кон добронамерниците од надвор.
ТЕУТА АРИФИ, пратеничка
ВИСТИНСКИ ПАТ ВРЗ ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ Вистинската приказна за Македонија, според мене, е заедничко градење на европска Македонија. Очигледно дека градење на држава врз национален - етнички концепт не може да издржи на периодот на промени на Балканот. Затоа патот што Македонија го гради врз основа на охридскиот Рамковен договор и врз основа на европските принципи на демократија и права на човекот е дефинитивно вистинскиот пат и вистинска перспектива на сите граѓани.
26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
OKO NA SONCETO
ОЛИВЕР ШАМБЕВСКИ, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
МАКЕДОНСКАТА ПРИКАЗНА ЛЕВИЦАТА ЈА ПРАВИ УТОПИЈА Пред точно 110 години една група луѓе, Македонци, започна организирано да ја кажува македонската приказна и да ги става во залог своите животи за нејзина афирмација. Пред точно 110 години се формираше ВМРО и од тогаш започна вистински, храбро и организирано да се сонува македонскиот сон, тогаш се отвори македонското прашање, тогаш започна македонската голгота. Конечно пред тринаесет години, идеите на ВМРО, синтетизирани и облагородени во неговите наследници денешната ВМРО-ДПМНЕ сонот го претвори во јаве. Најважното прашање од македонската приказна - суверена и самостојна македонска држава како дом на сите кои живеат во неа стана наша реалност. Повторно предводени од ВМРО-ДПМНЕ македонската приказна го преживеа и најголемиот тест за нејзината суштественост, конфликтот од 2001 година. Денес, за жал, македонската приказна идеите на левицата и центарот ја прават утопија. Македонија по 2002 година, откако на власт дојде актуелната Влада на г. Црвенковски, ја гледам како земја која реално нема идеја, како земја која практично нема политичка платформа и како земја која е владеана од луѓе на кои единствената идеја им е личната корист. Сепак, сметам дека не е сè изгубено во Македонија. За среќа, македонската десница успеа да се консолидира по 2002 година и да ги реафирмира принципите на солидарност и братство кои се основна платформа на десницата, но и основа за секоја идна национална стратегија. Она што е уште поважно, македонската десница главно артикулирана во идеите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи македонската приказна овојпат давајќи силен импулс за конечно обединување на целата територија на Македонија во рамките на голема и обединета Европа. Впрочем, обединета Европа е практично најголемиот проект на европската десница, а Македонија како дел од обединета Европа е сега веќе најголемиот проект на македонската десница, нашата најголема мисија.
Подготвиле: Рената МАТЕСКА и тимот на “Македонско сонце”
27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ОКО НА СОНЦЕТО КОМЕНТАР
МАТНИ
Што се однесува до нагаѓањата во барабанот некој ги втурна и имињата на Илинка Митрева, Трифун Костовски и Никола Кљусев. Но, имињата сега, од оваа временска дистанца и не се толку битни колку предупредувањата кои стигнуваат од истакнати политички личности во земјава дека циклусот за избор на нов претседател нема да биде онака како што треба. Георгиевскки уште пред два месеца изјави дека "некој уште сега го знае името на новиот претседател", Тупурковски се сомнева дека изборите
Дали на Западот и навистина му се потребни политичари марионети и послушни претседатели? Најголемиот продор и стратешки успех на Балканот истиот тој Запад ги доживеа за време на непослушните претседатели. Тука беа Туѓман, Милошевиќ, Изетбеговиќ, Булатовиќ. Нивната тврдоглавост американската администрација ја искористи за разнебитување на југословенската федерација, план кој беше посакуван цели 50 години.
Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ
Е
дна година сме пред изборот на нов шеф на државата. Трет пат ќе ни биде. Досега не бевме нешто за фалење кога станува збор за изборните циклуси затоа што ниту една епизода од нив не помина чисто и без дамки. Посебно во делот на претседателскиот избор и едните и другите до ден денешен не пропуштаат да ја обвинат спротивната политичка гарнитура дека направила фалсификат. Прво Киро ја оплеска, потоа Борис изедначи во дуелот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. И сега една година пред новиот шефовски двобој резултатот е изедначен - еден спрема еден меѓу големите, а два спрема нула против граѓаните. Кој ќе поведе во новата битка? Уште е рано за тоа - ќе речат надуените. За некого е рано, но за кујните кои полека ги подготвуваат зачините за народната чорба не е. Готварските капи се ставени и аспираторите за собирање на пареата се вклучија. Долго ќе се крчка новиот специјалитет од менито на левите и десните. Дека ќе станува збор за нешто несекојдневно и невидено во домашната политичка галерија јасно говорат и последните настапи на дел од политичките репрезенти во државата без разлика на која политичка идеологија и групација й припаѓаат. Навестувањата за сензационални случувања стигнуваат речиси од секаде. Претежно песимистички, но навистина интересни. Тие откриваат нови модалитети во начинот на кој нашите избраници ја практикувале професијата која ја застапуваат, но и начинот на кој ја изневериле довербата на оние кои ги довеле до тронот. Горе - долу се профилираат речиси истите имиња за претседателската функција како и пред четири години со извесни освежувања на политичкото мени. Тито Петковски меѓу првите влезе во трката, Борис Трајковски ги собира последните сили да изнуди уште една поддршка од неговата ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Бошковски ќе игра на народната карта и речиси тука сега засега сè застанува. Тоа е она што е сигурно и што не влегува во доменот на шпекулациите.
Кој зад кого ќе застане на претседателските избори 2004?
ќе поминат ферски и демократски и предвидува изборен фалсификат, Фрчкоски очекува пресликување на српскиот синдром и кај нас, односно масовна апстиненција на електоратот поради катастрофалната состојба од која граѓаните веќе кренале раце. Разни размисли и толкувања. Дали има вистина, ќе покаже времето, но ќе направиме соодветни анализи.
ИЗБОРЕН ФАЛСИФИКАТ Георгиевски побара прошка од граѓаните што и тој лично и неговата партија застана зад кандидатурата на актуелниот претседател, Борис Трајковски. Индиректно, одредени личности од тогашната власт признаа дека Трајковски беше избран на фалсификувани избори. Георгиевски се плаши дека токму Трајковски повторно ќе биде на претседателскиот трон догодина на уште едни фалсификувани избори. На истото мислење е и Тупурковски кој смета дека целата ујдурма ја прави Западот, односно САД. Вашингтон ни избра претседател во 99-та со големи шанси да ни избере и во 2004-та. Тезата е следна. Не смее Македонија да избере претседател кој нема да й одговара на Америка, бидејќи следува чувствителен период. Новиот македонски претседател треба да биде сервилен, марионетски поставен кој ќе треба нешто да потпише во корист на Западот, а на штета на Република Македонија. Впрочем, ќе се решава статусот на Косово. Годината 2005 е пресудна за конечната положба на протекторатот. Македонија ќе мора да се согласи со западните планови и стратегии за новиот Балкан кои во никој случај нема да му одговараат на официјално Скопје. Целта е САД за свој нов шеф да го добие Весли Кларк, а никако актуелниот Буш. Обајцата имаат сосема различни планови и стратегии за иднината на
28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
нашиот Полуостров. Промената на машинериите на власта во Вашингтон очигледно би донеле низа проблеми за нас. Не дека со овие ни е добро, но демократите би имале сосема поинаков пристап во новото рекомпонирање на Балканот. Стратегијата на поранешниот командант на НАТО, Кларк е промена на постоечките граници на овие простори. Сè уште е актуелна неговата изјава дека независно Косово е адекватна опција. Тој е на став дека Европјаните треба да се убедат дека на тоа прашање треба да му пријдат со повеќе реализам. Пред него пак Лесли Гелб, поранешен претседател на Советот за надворешни односи, ќе рече дека постои позитивен пример за стратегија за разбивање на една земја на повеќе држави. Тоа е Југославија. Разбивањето уште не било завршено. Прашањето е дали е можно новата реконструкција на Балканот да помине без нови крвопролевања. Или сè може да се реши на мирен, премолчен и понизен начин за одредени земји. Затоа е потребен нов шеф на македонската држава кој сервилно ќе треба да ги прифати сите точки и потточки на американската администрација по косовското прашање без пардон. Тито Петковски застана категорично против преголемата доза на сервилност кон САД од страна на македонската владејачка гарнитура. Достоинството е на нула, ги кршиме одредбите од меѓународните правни норми и стандарди, правиме потези кои можат да нè претворат во класичен протекторат. И за Тито виновник за фалсификатот од 99-та е американската администрација која предвреме свесно му ја честита победата на Трајковски. Уште еден фалсификат догодина Македонија може да ја избрише од геополитичките карти, бидејќи избирањето на претседател по желба на Вашингтон, а на штета на македонските државни интереси, нашата млада демократија нема да може да го издржи. Значи, Западот форсира претседател кој нема да може или нема да смее многу да се инаети пред светскиот полицаец и кој своевремено ќе мора да дејствува онака како што ќе каже Буш или Кларк сеедно, а не онака како што ќе сметаат македонските граѓани. Но, да ја видиме и другата страна. Дали на Западот и навистина му се потребни политичари марионети и послушни претседатели? Најголемиот продор и стратешки успех на Балканот истиот тој Запад ги доживеа за време на непослушните претседатели. Тука беа Туѓман, Милошевиќ, Изетбеговиќ, Булатовиќ. Нивната тврдоглавост американската администрација ја искористи за разнебитување на југословенската федерација, план кој беше посакуван цели 50 години. Денес колку - толку поранешните југословенски републики имаат демократски власти и се противат на идно редефинирање на границите што како таква политичка опција не му одговара за Вашингтон. Значи, можно е и следното сценарио. Пред одлучувањето за статусот на Косово на владејачките позиции насекаде низ балканските метрополи да се доведат екстремно радикалните личности од крајот на минатиот век и самите да се втурнат во ново менување на границите што Вашингтон на крајот ќе треба повторно на еден "демократски" начин тоа да го среди на меѓународна мировна конференција. Оваа стратегија има и повеќе изгледи да биде изводлива. Зошто?
БАЛКАНСКИ ПОДЕЛБИ Работите одат во тој правец. Во Загреб повторно на власт се врати или ја вратија Хрватската демократска заедница на екс-претседателот Фрањо Туѓман, во Босна цела година на власт е фундаменталното крило на покојниот Изетбеговиќ, во
подготвува за нова функција!?
Србија радикалите на Шешељ се во подем како никогаш досега и очекуваат победа на парламентарните избори закажани за 28 овој месец. Дури и угледните американски компании за стратешки истражувања ја тераат водата на воденицата натаму давајќи му убедлива предност на тврдиот радикал Николиќ кој го одменува Шешељ додека е во Хаг. А доколку навистина победат на изборите, радикалите се заложија за експресен влез на војската и полицијата на Србија во Косово по цена на нови судири и со Албанците и со НАТО, па дури и конфликт со Хрватска околу Босна, Славонија и Далмација. Сето ова доаѓа како кец на десетка за Кларк, бидејќи сè се вклопува во неговата стратегија. Иво Санадер и Томислав Николиќ треба да бидат новите Туѓман и Милошевиќ за Американците. Каде е нашата позиција тука? Сервилен или тврд претседател кога е во прашање Западот? Ако биде сервилната опција, тој ќе мора да прифати сè што Вашингтон и новата американска администрација ќе кажат. Некој веќе го препознава Борис во таа улога. А ако е потребна тврдата опција која ќе треба да ги разгори страстите и да влезе во втора рунда судири со непријателите, тогаш Вашингтон ќе посака македонски претседател кој ќе биде уште еден "маж" во новите балкански прилики. Некој тука го препознава брат Љубе како опција. Не џабе дури сега стигнуваат информациите за обвинение од Хаг против Бошковски. Намерата е јасна. Да му се кренат акциите на поранешниот прв полицаец кај граѓаните, да се разбудат уште еднаш патриотските и националните чувства и со силен рејтинг кај македонскиот електорат да дојде до претседателскиот трон. Но, сето ова е во рамките на постоечките планови на западната администрација. Така сите радикални компоненти на Полуостровот уште еднаш ќе треба да влезат во воениот виор за да се реваншираат едни на други секој за своите загуби и порази од минатиот век несвесни дека повторно ќе бидат стопроцентни губитници. Некој уште сега го знае победникот - да се послужам со реториката на поранешниот ни премиер. Провокаторот и иницијаторот за новите балкански поделби и разделби. И сега како заклучок. Каков претседател нам ни треба? По сето ова, ниту сервилен ниту тврдокорен. Е па каков? Ликовите сега се матни, не можете да ги препознаете. Сè е маскирано и затскриено. Тајно. Се чека последната минута. Пак ќе лажат, ќе глумат а утре ќе работат за некој друг. Знаеме уште сега дека така ќе биде. А како било досега?
29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ИСТЕМНИЦА
Тодор ПЕНДАРОВ
OPTIMISTI^KA I NASMEANA VLADEJA^KA STRUKTURA
G
и гледам и ги слушам нашиве актуелни политичари насмеани, полни со оптимизам зборуваат за своите успеси. Еве, Премиерот ни се врати од САД по многу успешна посета, а од таму ни јави дека на идниот Самит на врвот на НАТО, Македонија нема ниту теоретски шанси да биде примена како полноправна членка. Но, затоа државниот секретар Колин Пауел го пофалил и го истакнал огромниот придонес на нашите триесетмина војници во Ирак (keep going Mr. Crvenkovski). Министерот за одбрана Бучковски од Брисел насмеан ни се пофали за средбата со својот британски колега кој исто така нè пофалил и потврдил дека вратите на НАТО се отворени. Претпоставувам, кога Бучковски му се пофалил дека сега во одбраната ќе го развиваме британскиот модел, Британецот во нивниот традиционален дух на хумор му одговорил lovely Mr. Buckovski. Во меѓувреме, дома по скоро една година чекање ги објавија резултатите од Пописот. И овој пат нашиве (читај СДСМ) се пофалија дека меѓународната заедница ги признава резултатите, што е точно, арно ама и резултатите од Пописот од 1994 година беа признати од меѓународниот фактор, но албанските политички партии не ги признаваа. А,
според резултатите, нè има толку колку нè избројале. Како држава влегуваме во оние држави каде што населението старее, ама затоа Албанците бележат вистински демографски бум и сега во вкупната бројка ги има над 25 отсто, три проценти повеќе од 1994 година. Македонците за три отсто се намалиле. Полни со оптимизам сега се оди на изменување на Законот за државјанство, со што ќе биде погодена пред сè македонската дијаспора, се прави нова територијална поделба и нов закон за локалната самоуправа што предвидува намалување на бројот на општините. Во право е Премиерот дека со ова нема да се промени бројот ниту на Македонците ниту на Албанците, ама затоа ќе се промени националната структура на многу сегашни општини во Западна Македонија. И така, во државава имаме насмеана и полна со оптимизам владејачка структура. А зошто да не, кога Македонија стана, гледано од социлошки аспект, елитистичка држава. На една страна имате тенок слој на политичка која во исто време е и економска елита, а на друга страна најблаго речено маса која се бори да преживее. Држава во која средниот слој се уништува наместо тој да се развива и јакне тешко ќе може да обезбеди каков било развој. Зарем можете да
31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
очекувате насмеаност и оптимизам кај оние 387 илјади невработени?! Зарем очекувате насмевка кај оние што и по неколку месеци немаат добиено плата или кај оние за кои веќе е најавено дека ќе бидат отпуштени. Насмевка нема, но сепак. Го нема оној малодушен песимизам кој води кон самоуништувачка деструктивност. Можеби токму историскиот развој на македонскиот народ како да вградил генетски код на некаква внатрешна креативност која нè зачувала и нè чува да опстојуваме. И сега како да навлегов во некакви метафизични води, или како да правам некакви паралели со Хазарите или некои други народи кои исчезнале. Ниту малку. Многу поблиска ми е дијалектиката на Хегел. Креативниот дух на Свети Климент, и писменоста што ја втемели и ја разви, убавата носија исткаена и извезена од македонската жена, нашите фрескосликари, копаничари, па до еден Славко Јаневски, Трпчевски или последната режисерска премиера на Унковски во Атина. Зарем сето ова, но и секојдневното живеење кое заради лажниот оптимизам на политичарите навистина ве присилува да бидете креативни за да преживеете, не се доказ дека не сме малодушни ниту деструктивни. Зарем сето ова не е ИСТЕМНУВАЊЕ?!
ДЕМОГРАФИЈА OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИК
ПРОПУСТИ ВО ОБРАБОТКАТА НА ПОПИСОТ ОД 2002 ГОДИНА
Зошто не се објавени податоците од пост-пописното истражување? Зошто не се објавени информациите за квалитетот на опфатот на попишувањето? Високата експертска екипа што го надгледуваше Пописот во Македонија во неколку фази, укажува дека проценката на конзистентноста на податоците (мислат на густина, на цврста структура), покажала извесни неконзистентности.
Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ
од Пописот во Р езултатите 2002 година предизвикаа бурни реакции меѓу политичкиот свет и јавноста во Република Македонија. За власта бројките се реални, за опозицијата се сомнителни, а со слични и дури поостри забелешки врескаат и другите релевантни политички претставници на етничките заедници. Зошто аршинот им е толку различен? Имено, се појавија многу недоумици кои произлегоа од објавените податоци за попишаното македонско население кое е застапено со 64,18 отсто, наспроти Албанците кои се определени на 25,17 проценти. Во овој миг недостасуваат мошне значајни специфични споредбени показатели - информации: на што се должи разликата помеѓу претходните и дефинитивните резултати, односно на што се должи порастот или падот на населението кај одредени националности или етнички заедници. Во основа, самите бројки носат голема тежина. Но, како е можно од вкупната популација која во последниве осум години порасна за 76.615 лица, само кај Албанците да е забележан значителен пораст од 67.615 лица, додека кај најбројната нација,
Македонците, тоа да е минимално, па дури и да се забележи рапиден пад?! Или искажано во бројки, од вкупното население во 2002 година кое изнесува 2.022.547 лица, бројот на Македонците да изнесува 1.297.981 лице, што значи нивниот број да е зголемен само за 2.000 лица?! Тоа во никој случај математички не е можно, бидејќи годишниот раст изнесува 1,35 отсто, иако некои оправдувањата ги бараат во зголемените миграции. Меѓутоа, истовремено е намален наталитетот и кај Албанците, а впрочем поради лошата економска ситуација во Македонија, печалбарскиот данок длабоко е врежан и кај албанската популација. Дека нешто не е во ред укажува и самиот факт што го предочи директорот на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски, кој смета дека "зголемувањето на бројот на Албанците се должи на природните движења" (мисли на механичкиот прилив), а не на наталитетот на кој најмногу во минатото се повикуваа албанските политичари. Ова доволно покажува дека, и покрај смената на терминот според кој се попишуваа лицата, а тоа е вообичаеното место на живеење наместо она од 1994 година кога се бараше легалното, односно официјалното место на живеење, има сериозни пропусти во резултатите. Доколку лошата слика навреме се поправеше, ќе имавме и одговор на прашањето: колку од 25,17 отсто од Албанците имаат македонско државјанство и на тој начин ќе забележевме дали имаме основа за натамошно спро32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ведување на Рамковниот договор, или во колкава мерка или сразмер тоа би се одвивало? Затоа во моментов се можни сите комбинации, па дури и невозможните, бидејќи сето ова наликува на раштиман статистички оркестар кој нема увид во својата работа.
ОПРАВДУВАЊА Објавувањето на првите дефинитивни податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија во 2002 година, е дочекано на нож. Тие отвораат многу дилеми, односно прашања кои остануваат неодговорени и стануваат предмет на различен политички паушален коментар. Затоа Државниот завод за статистика мора постојано да се брани од обвинувањата. Во своето последно соопштение се обидува да ги демантира пројавените слабости во обработката на податоците што ги лоцираа одредени врвни стручњаци, статистичари и демографи. Тие потенцираа дека имало грешки и тоа во поголем обем на кои впрочем посочија и експертите од странство коишто вршеа мониторинг врз Пописот. Но, Заводот го тврди спротивното - дека во текот на обработката на материјалот од Пописот 2002 немало никакви обиди за менување, поинакво кодирање или поинакво внесување на одговорот за
А ИКА
ПОЛИТИКА
ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА
ПОЛИТИКА
ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА
” NA ALBANCITE VO MAKEDONIJA
почитување на моменталното чувство на испитуваното лице", се појаснува во соопштението. Државниот завод за статистика истакнува дека ниту попишувачот, ниту кој било друг не можел на каков било начин да влијае врз волјата на попишуваното лице. При тоа во сите фази на обработката во однос на најчувствителните прашања, вклучувајќи го и она за изјаснувањето на националната припадност, била обезбедена постојана контрола. Од Заводот велат дека во текот на внесот и при самата обработка пописниот материјал бил предмет на проверка на меѓународниот мониторинг.
НАЈОДГОВОРНИОТ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ, ДОНЧО ГЕРАСИМОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЗАВОДОТ ЗА СТАТИСТИКА
националната припадност од она што било запишано на самиот пописен прашалник од страна на надворешни субјекти. - "Со оглед на тоа дека изразувањето на чувството во моментот на попишување е од менлива природа, постои можност, покрај демографските фактори (наталитет, морталитет и миграции), за менувањето на етничката структура на населението со тек на времето извесно влијание да имаат и чувствата на попишаните лица", се потенцира во соопштението на Заводот. Во врска со изјаснувањето на граѓаните за националната припадност, оваа Институција потсетува дека попишуваните лица тоа го вршеле слободно и без никакви притисоци. Според нив, при изјаснувањето на националната припадност за одговорот на прашањето била предвидена празна линија на која се запишуваше одговорот даден од попишуваното лице без да му се нудат одредени солуции. На тој начин, се потенцира во соопштението на Заводот, со избраниот начин на одговарање се обезбедувала целосна слобода во
НАБЉУДУВАЧИ
одговарањето и избегнување каков било притисок врз испитуваното лице. - "Затоа самото прашање не било формулирано како етничка припадност или припадност кон некоја етничка заедница, туку како изјаснување за националната припадност што подразбираше целосно 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
Во главните заклучоци меѓународните експерти наведуваат дека и покрај добрите оценки за работата на Заводот, сепак забележале оти најголемите проблеми произлегуваа од некомплетните идентификациони броеви и документи (мислат на лични карти, пасоши итн.) коишто биле разрешувани со помош на достапните регистри на податоци. Но, тие не потенцираа дека таков регистер
ДЕМОГРАФИЈА OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИК
ПРОПУСТИ ВО ОБРАБОТКАТА НА ПОПИСОТ ОД 2002 ГОДИНА
на население единствено поседува Министерството за внатрешни работи, во кој се укажува дека лицето е државјанин, странец или лице со привремен престој во земјава. Понатаму, се вели во заклучоците на странските мониторинзи, луѓето биле изброени како жители, иако можеби во целост не ги исполнувале потребните формалности за Пописот. Попишувањето на населението кое престојувало во странство е несигурно, потенцираат странците. Извесен број од лицата биле попишани како да престојуваат вон земјата помалку од 12 месеци, иако можеби тие подолго време се наоѓаат надвор од неа. Истите стручњаци, кои дојдоа во Република Македонија по покана на Заводот за да се избегнат политичките притисоци што во континуитет ја труеја оваа Институција, посочуваат дека имало индиции оти лицата што живеат во странство се попишани како да живеат во земјава. Тие оценуваат дека оваа слабост можеби довела до извесно прекубројно попишување на тоталната популација. Ваквите изјави имплицираат дека самите набљудувачи си ги побиваат своите генерални заклучоци во врска со Пописот и ги потврдуваат големите забелешки на малкуте храбри и докажани македонски статистичари кои тврдат дека имало сериозни грешки што довеле до "хибридниот бум на Албанците" и националното стареење и умирање на Македонците.
НЕРЕАЛНИ БРОЈКИ - "Тоа е огромна бројка и мошне е нереално албанското население да се зголемувало годишно по околу 9.000 лица, ако се знае дека стапката на наталитетот генерално опаѓа кај сите етникуми, па и кај албанскиот, пред сè поради засилениот процес на еманципација. Последниот Попис покажува дека просечниот годишен наталитет кај Албанците во последниве 10 години бил 2,5 промили, додека во сите години пред 1994 година, тој во просек изнесувал 1,68 промили. А, на пример, во матичната земја Албанија, годишното просечно ниво на наталитетот изнесува 1,8 промили", вели професорот Никола Панов за "Утрински весник" во врска со прашањето за податокот дека вкупната популација за осум години се зголемила за 76.615 лица, а само кај Албанците за 67.615 лица.
Инаку, странските експерти во постпописното истражување велат дека биле забележани и случаи на попишување кои биле во помал или во поголем број. Резултатите од набљудувањето покажаа т.н. извесно попишување во помал број, бидејќи пост-пописните попишувачи пронајдоа лица кои воопшто не биле попишани за време на Пописот. Луѓето од високата експертска екипа што го надгледуваше Пописот во Македонија во неколку фази, укажуваат дека проценката на конзистентноста на податоците (мислат на густина, на цврста структура), покажала извесни неконзистентности во однос на возраста. Системската оценка на квалитетот треба да се побара кога пописните податоци ќе се доведат во врска со социјалните и економски планирања и реформи. Експертите заклучуваат дека ниеден попис не е целосно точен и ова тврдење се однесува и на македонскиот Попис од 2002 година. 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
НЕДОСТАТОЦИ Што покажува ова? Пописот ни се претвори во циркузијада, во виртуелна компјутерска слика која наместо да е параметар за општествениот и економскиот свет во Македонија, во моментов едикојси го пумпа и го набилдува за свои политички потреби. Затоа сега Државниот завод за статистика се обидува да ја амортизира својата вина или одговорноста од забележливите пропусти при обработката на податоците кои станаа евидентни по објавувањето на резултатите од Пописот. Аргументот што ни го нуди првиот човек на Заводот, Дончо Герасимовски, дека не се направени соодветни анализи и затоа не можат да се направат сериозни споредбени толкувања, не држи вода. Целосните податоци во 1994 година беа публикувани истиот ден кога беа
А ИКА
ПОЛИТИКА
ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА
објавени дефинитивните резултати од Пописот. Во нив има целосна прегледност за вкупното население во Република Македонија според изјаснувањето за националната припадност. Но, можат да се забележат и други табели, како на пример, вкупно население според државјанство, каде убаво се потенцира дека од вкупно население во 1994 година (1.935.035 лица) 1.843.585 се државјани на Република Македонија. Тој податок сега го немаме. Зошто? Директорот на Заводот, Герасимовски, вели дека не се споредливи претходните со овие резултати, бидејќи има друга методолошка постапка и друг термин за попишување; вообичаено место за живеење. Меѓутоа, нашите консултанти велат дека вообичаеното место на живеење на ниво на земјата со официјалното место на живеење се еднакви и тие можат да се споредуваат, бидејќи при сегашното попишување беа потребни официјални документи за идентификација: лична карта, пасош или државјанство. Исто така, во публикацијата од Пописот во 1994 година се наведуваат причините за разликата меѓу првите и дефинитивните резултати од Пописот. Тие разлики се должат на неколку причини. Прво, повеќе од 20.000 лица не се пресметани во првите резултати, бидејќи исечоците од пописниците врз кои се базираа првите резултати не биле издвоени пред обработката на исечоците. Второ, верификацијата на назначеното место на живеење и статусот на лицето (назначената причина за отсутност присутност) довела до промени помеѓу категориите: а) Лицата попишани како "граѓани отсутни во странство една година и повеќе" се прегрупирани во вкупното население. б) Лица попишани како "отсутни помалку од една година" се прегрупирани како граѓани отсутни во странство една година и повеќе. Сето ова сега не може да се пронајде во скромната публикација на Државниот завод за статистика која содржи табели за население, домаќинства и станови по општини, структурата на овие информации, вкупно население според петгодишни групи на возраст и пол, како и вкупно население на Р. Македонија според изјаснувањето на националната припадност. За да го докажеме неверојатниот дебаланс на националната структура на Албанците, Македонците и другите националности, потребни се квантифицирани податоци што треба да ни се достапни, а за подлабоките потребни се сосема прецизни бројки и показатели.
ПОЛИТИКА
РАЗЛИКА МЕЃУ ПРВИТЕ И ДЕФИНИТИВНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ ВО 1994 ГОДИНА
ПОДАТОЦИ ЗА ЛИЦА КОИ ИМААТ ДРЖАВЈАНСТВО ВО 1994 ГОДИНА
35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА
ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПАРАУНИВЕРЗИТЕТОТ
Пред Собранието на Македонија на деветти декември се собраа студенти и граѓани за да протестираат поради најавеното легализирање на тетовскиот парауниверзитет. Протестот го организира Координативното тело на дел од факултетите од универзитетите во Скопје и во Битола, а го поддржаа повеќе политички партии и невладини организации од земјава. Сојузите на студенти на двата државни универзитета, "Свети Кирил и Методиј" и "Свети Климент Охридски", не ги поддржаа протестите иницирани од Координативното тело и ги повикаа студентите да не излегуваат на улица, туку да дозволат институционално решавање на проблемите во високото образование. Револтираните студенти своето незадоволство го изразија и пред Владата.
СПЦ КОНТРА МПЦ
Српската православна црква го хиротониса архимандритот Марко во дремвицки епископ, со што го комплетира тричлениот Синод на "автономната Охридска архиепископија" со цел да ја уништи Македонската православна црква. Прогласувањето во манастирот "Свети Прохор Пчински" го извршиле српскиот Патријарх Павле, црногорско-приморскиот Митрополит Амфилохие и "српскиот егзарх" за Македонија, расчинетиот владика Јован.
НЕ Е МОЖНА ПАРАЛЕЛНА ЦРКВА
ЗАЕДНИЧКИ ДО ПРИЗНАВАЊЕ
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, порача дека ќе бидат неуспешни обидите за нарушување на единството на Македонската православна црква и македонскиот народ и оти нема сила што може да формира друг синод и црква. Во обраќањето до верниците по повод празникот на Свети Климент одржано во Соборниот храм во Скопје, Поглаварот на МПЦ нагласи дека зачувувањето на единството на народот и Црквата зависи од самите нас. Струмичката епархија предлага Македонската православна црква да воспостави контакт со непризнаени православни цркви за заедно да дојдат до признавање на автокефалноста. За таа иницијатива наскоро треба да се изјасни и Синодот на МПЦ. Според Епархијата, на чие чело е владиката Наум, тоа треба да биде нашиот црковен одговор на провокацијата на Српската православна црква со нејзиното поставување на српски владици во Македонија.
ПАЃА РЕЈТИНГОТ НА ПОЗИЦИЈАТА И ОПОЗИЦИЈАТА
Според најновото истражување на Републиканскиот институт (ИРИ) сите партии во државава бележат пад на својот рејтинг, меѓу кои и двете водечки. Според анализите, негативата за СДСМ изнесува три отсто, а на ВМРО-ДПМНЕ еден отсто. Но, и покрај пониските вредности за популарноста на сите политички партии, разликите меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ е речиси двојна.
ЗА ДРЖАВЈАНСТВО ОСУМ ГОДИНИ ПРЕСТОЈ
Македонско државјанство ќе се стекнува со најмалку осум години постојан престој во земјава наместо 15 години како што беше досега. Кандидатот за државјански статус, покрај исполнување на цензусот од осум години континуирано законско живеење на територијата на Република Македонија, треба да исполни 10 услови меѓу кои, да го владее македонскиот јазик и да положи заклетва за лојалност. Македонците кои живеат надвор од државава ќе се третираат како странци, но можат да аплицираат за државјанство ако претставува особено научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес.
ДЕЛ ПОНТЕ ПАК ВО СКОПЈЕ
Кон средината на овој месец во Македонија треба да дојде главната хашка обвинителка, Карла дел Понте, за да ги разгледа проблемите во комуникацијата со македонската страна што произлегуваат од недостигот од регулатива за соработка со хашкиот Трибунал. За расветлување на некои случаи Дел Понте од македонските власти побарала да повика на разговор и некои новинари што пишувале или правеле телевизиски прилози за некои настани за кои Хаг води истрага. 36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
РАЗНОГЛАСИЕ МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ВЛАДАТА
На релацијата Претседател - Влада има ново разногласие, овојпат за прашањето дали да се отвори конзуларното претставништво во Црна Гора или да се чекаат "подобри времиња". Владина одлука за отворање генерален конзулат во Подгорица е донесена во март 2000 година. Министерството за надворешни работи, сепак, за конечната одлука го чека Белград.
"ВИНОЖИТО" ГО ОДЛОЖИ КОНГРЕСОТ
Првиот конгрес на политичката партија "Виножито" околу која гравитира македонското малцинство во Грција, по втор пат за само седум дена е одложен поради сознание дека грчки националисти ќе се обидат да направат инцидент на седми декември и во Воден каде во два наврата беше закажуван Конгресот. "Мала група националисти кои се на маргините на политичката сцена во Грција повикаа на одбрана на грчкиот ентитет во Воден", велат во "Виножито".
ОТВОРЕНИ КОНЗУЛАРНИ КАНЦЕЛАРИИ
Македонија и Грција ја официјализираа идејата за отворање канцеларии за конзуларни и комерцијални работи во Битола и во Солун. Заедничката изјава за отворање на конзуларните претставништва ја потпишаа замениците - министри за надворешни работи на двете земји, Фуад Хасановиќ и Андреас Ловердос, кој престојуваше во посета на Македонија.
АВИОЛИНИЈА АТИНА - СКОПЈЕ
Приватната грчка авио-компанија "Еџиан ерлајнс" најави дека од 10 декември ќе почне да лета на новата редовна линија Атина - Скопје, со што двата града првпат ќе добијат авионска врска. Грчката компанија која држи поголем број домашни и линии кон регионот и западна Европа, најавува промотивен попуст за патниците, како и можност тие да избираат помеѓу поскапи и поевтини авионски карти и услуги во текот на летот.
ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕОПХОДНО ЗА ЕУ
- "Република Македонија се наоѓа во период за кој сум убеден дека ќе значи зацврстување на владеењето на правото на целата територија на земјава, унапредување на демократијата и нашите напори за побрзо вклучување во интеграциските процеси", рече претседателот Трајковски на отворањето на јавната дебата на тема: "Доброто владеење и владеење на правото како предуслов за целосно евроатлантско интегрирање на Македонија".
МАКРОТО БОЈКУ - ОСУДЕН
Дилавер Бојку - Леку од селото Велешта, Струшко, кој за себе веќе си изградил реноме на мега-макро во западниот дел на Македонија, во судскиот процес во Основниот суд во Битола е осуден на казна затвор во траење од три години и осум месеци за кривично дело посредување во вршење проституција.
НА УЛИЦА 4.000 АДМИНИСТРАТИВЦИ
Од март идната година без работа ќе останат околу 4.000 вработени во државната администрација. Според министерот за финансии, Никола Поповски, со овие реформи ќе бидат опфатени сите сектори освен Армијата, полицијата, избраните функционери, дипломати и судството.
СЕ ФОРМИРА "ТРЕТИОТ ПАТ"
Новата коалиција "Трет пат" во која учествуваат Демократската алтернатива, Демократскиот сојуз и Социјалистичката партија на Македонија беше формирана минатиот викенд во Скопје. ДА, ДС и СПМ се подготвени да ги променат актуелните состојби во сите сфери во државава, особено во областа на економијата, порачаа лидерите на трите партии, Васил Тупурковски, Павле Трајанов и Љубисав Иванов - Ѕинго.
АЛБАНСКИТЕ БАНДИ ПОЈАКИ ОД КОЗА НОСТРА
Албанските банди се најорганизирани криминални групи во Европа, изјави Драго Кос, претседател на меѓународната антикорупциска организација "Греко". Според него, албанските групи според злосторствата го надминуваат и италијанскиот мафијашки клан Коза ностра.
37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ВЕЛИКАНИ
БЕСМРТЕН ДЕЕЦ НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НЕБО
TATKOVINATA NI E DO KADE [TO NI E JAZIKOT Лингвистичките трудови на Блаже Конески се основа за секој славист и се наоѓаат не само во сите големи универзитетски и државни библиотеки, туку дури и во помалите. Кога се цитираат податоци од македонскиот литературен јазик, не може да се замисли еден сериозен научен труд кој не би ги цитирал трудовите на Конески. Животот го креираше со мудрост и со него го изврши она најважното, човековото: својот долг кон татковината. На оваа земја й даде сè.
Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА
елокупното дело на Блаже Конески (лингвистичко, книжевно-историско и литературно), во многу области како основоположничко, сретна извонредно интересирање во домашната и светската научна и културна јавност. Речиси и да нема поголем труд на Конески кој не е рецензиран во угледни светски списанија. Многу оцени за творечкото дело на Конески се изнесени и при разни преводи: избори во научни и уметнички асоцијации, доделувања на престижни награди и признанија, одбележувања на јубилеи и значајни датуми од неговиот живот. Главните трудови на Конески не ја носат само ознаката основоположнички, туку истовремено и ознаката трудови со трајна вредност. На идните истражувачи им е олеснета работата, тие треба само да ги прошируваат согледувањата на Конески, да ги дополнуваат со нови сегменти од историскиот и современиот развој на македонскиот јазик. Делото на Конески има исклучителна вредност, со него тој високо го подигна угледот на својот народ во светски размери. Ќе остане затоа вечно присутен меѓу нас, а со него несомнено ќе се гордеат и идните генерации.
БЕСПРЕКОРЕН МАКЕДОНИСТ Да, Блаже Конески ја освои иднината. Создаде бесмртен ореол над своето дело, над својата мисла. Животот го креираше со мудрост и со него го изврши она најважното, човековото: својот долг кон татковината. На оваа земја й даде сè. Зад него остана достоинствена големина. Неговата ука беше да се шири македонската реч и да се кажува вистината за македонскиот човек. Тоа беше благородната нишка во оваа несекојдневна фигура.
Декемвриското утро во 1921 година го навести раѓањето на овој великан. Седумдесет и две години подоцна, на 7 декември си замина, оставајќи го зад себе својот духовен блесок како аманет. Поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист, преведувач - тоа е Блаже Конески. Една комплескна личност, но со стаменит и скромен однос кон сите овие титули.
Уште како мал, во него се буди првиот литературен порив. Кога го заменувал наставникот по српски јазик, прашал: - "Дали знаете бре, вие, како се пишуваат песни?". Во периодот помеѓу 1935 - 1939 година станува питомец во крагуевската гимназија. Таму има веќе мала колонија македонски ученици: Јанко Тодоровски, Лазар Мојсов, Ристо Џунов, Трајко Ников и други. Се вклучува во литературна дружина. Подоцна во Белград започнува со студии по медицина (каде се и Коле Чашуле и Борка Талески), а потоа минува на филологија затоа што медицината барала "автоматско запаметување на факти". Во оригинал ги чита Словацки и Мицкјевич, како и Гете, Хајне и Шилер на германски, односно Пушкин и Есенин на руски. Од 1941 до 1944 престојува во Софија каде посетува настава по славистика. Слуша настава кај Михаил Арнаудов и Кирил Мирчев. По своите бројни патешествија се враќа во Скопје. Работи како професор на Филозофскиот факултет. Во 1946 станува прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Во 1950 година излегува "Македонски правопис со правописен речник" заедно со Крум Тошев, а една година подоцна излегува првиот дел од неговата "Граматика на македонскиот литературен јазик".
38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
Во 1954 се печати вториот дел од "Граматика на македонскиот литературен јазик". Во периодот од 1958 до 1960 година Конески е ректор на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Во 1966 година се појавува мошне значајната "Историја на македонскиот јазик". Книгата предизвикува голем интерес во славистиката. Пишувана модерно и концизно таа ги детализира, ги систематизира и ги документира тезите за два јазични системи: бугарски и македонски. Во 1967 година станува прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Кон оваа титула се придаваат и почесен член на академиите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Добитник е на Златен венец на Струшките вечери на поезијата. Ова е само мал дел од круцијалниот научен пат на Конески. Неговата литературна оставнина е посебно поглавје во кое ќе спомнеме дел: "Земјата и љубовата" (1948), "Песни" (1953), Лозје (1955), "Записи" (1984 ), "Места и мигови" (1981), "Послание" (1987), "Средбата во рајот" и "Црква" (1988), "Сеизмограф" (1989), "Небеска река" (1991) и непоредно пред неговата смрт "Светот на легендата и песната" и "Црн овен" (1993). Добитник е на бројни признанија и награди: "11 Октомври", "Браќа Миладиновци", "Ацо Шопов", "Хердеровата", "Скендер Куленовиќ", "Рациновото признание", "13 Ноември". Моќен творечки опус, кој само му прилега на ваков творец. Ретко кој бележи вакви успеси во својата кариера, како Блаже Конески. Затоа е голем, затоа е почитуван, затоа е бесмртен!
ЛАЖНИ ПРОРОЦИ (По евангелието) Ќе дојде време на лажни пророци што божем во мое име ќе ве збираат по плоштадите. ќе креваат врева до небеси, ќе се бувтаат во градите. Немојте да им верувате! Тие мислат само на себеси. Што дека прогласуваат дека ве спасуваат! Бес ги распина внатре душите да ви ги затре. Тие варосани гробови! Не да им станете робови!
СПОМЕНИ
(Од "Сеизмограф", 1989)
Почитувачите на делото на Конески воопшто не се штедеа во своите изјави за неговиот придонес не само во македонската наука, но и светската. Анџело Финочаро од Италија вака го опиша Конески: - "Блаже Конески не е само филолог од големо значење, ами нежен, експресивен и благороден поет на својата земја. Неговата поезија ни ја открива Македонија... Нужно беше во Италија да се појави неговата 'Везилка' - плетеница на националната историја. Оваа позија небаре е израз на љубовта во сопствената земја и израз на доверба во иднината на таа земја. Блаже Конески е автентичен и медитерански поет". Виктор Фридман, човекот кој оваа година присуствуваше на Симпозиумот во чест на Мисирков "Делото на Мисирков", во 1991 година за "Литературен збор" мошне емоционално го опиша познанството со Конески: - "За мене Блаже Конески претставува не само голем македонски лингвист и писател, туку една од личностите што влијаеше најмногу на мојот живот". Иван Доровски, од Брно, Словенија во 1994 година го изјави следново: - "Блаже Конески е основоположничка личност на македонската лингвистика, книжевна историја, поезија и теорија на преводот. Неговото име и огромно дело беше познато во светот како синониим на неговата родна Македонија". Најчестите критики и пофалби за делото на Конески се упатени од неговите блиски соработници и истомисленици. Така Радомир Ивановиќ од Нови Сад, истакнува: - "Поседувајќи енормен креативен и интелектуален потенцијал, повеќестрано надарен, акрибичен и одговорен кон секој вид творечки чин, тој навреме одговараше на сите предизвици и на потребите на времето во кое твореше, како и на потребите на сопствената творечка визија". Божидар Видоески во "Литературен збор" од 1991 година вака се изјасни за делото на Конески:
- "Научната актива на академик Блаже Конески е необично богата, богата и по бројот на студиите, богата и по разнообразноста на тематиката што ја обработува, богата по обемот на научните области во кои суверено работи, богата по степенот на проникнувањето во суштините на третираните проблеми и по длабочината на мислата што ја изразува. Во научната работа Конески е мислител. Нема лингвистичко подрачје кое тој не го засегнал". За поезијата на Конески, Георги Старделов ќе каже: - "Поезијата на Конески е таа тиха реч, тој стивнат збор за тоа како татне луњата на животот. И така како што настанал кај поетот, така таа бара и читателот да се настане во неа. Нејзиниот поетски категоричен императив би можел затоа да гласи: човеку, погледај се, види се и спознај се себеси до дно! Не плаши се од вистината за себе со која на дното на себеси ќе се воочиш, колку и таа да е горчлива, зашто вистински човек и вистински поет е оној кој може да дојде до вистината за себеси и неа да ја открие и рече! Јас го сторив токму тоа во својата поезија! Стори го ти во неа! Само на тој начин ќе можеш поетски т.е. вистински човечки да домуваш во овој свет! Само на тој начин овој свет ќе стане твој дом; тој дом, Твоја поезија, а поезијата воопшто Твое битие". Веста за смртта на Конески кобно одекна во македонската интелигенција, но и пошироко. Кирил Пенушлиски трогателно го соопшти сознанието за неговата смрт: - "Потресен сум од ненадајната смрт на Блаже Конески, мојот долгогодишен пријател и колега. Македонија е од вчера посиромашна. На животната сцена веќе нема да ја следиме неговата сеопшта ангажираност во општествениот живот, во науката, во литературата и во културата воопшто. Блесокот на неговиот ум, уверен сум, никогаш нема да згасне. Тој ќе продолжи и натаму да зрачи и да инспирира".
39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ИЗЛОЖБИ
NESEKOJDNEVNA PREZENTACIJA VO MUZEJ NA MAKEDONIJA Монистрената мода во Македонија се јавува во првите децении на XX век, меѓутоа во светот монистрата својот зенит го достигнува во XIX век. Не постоел дел од човековото тело што не бил украсуван со монистра, а на себе го имале и мажите, и жените и децата. Пишува: Милева ЛАЗОВА
В
о Музејот на Македонија неодамна е поставена несекојдневна изложба насловена како "Танцот на стаклените перли" чиј автор е Милена Пет-
ровиќ, виш кустос - етнолог. Изложениот монистрен накит и предметите од монистра кои досега биле изложувани како дел од народната носија, накитот и китењето во Македонија, сега за првпат се презентираат самостојно како една целина и главно како производ на домашната женска ракотворба.
Во музејските витрини се изложени 239 рачно изработени уникати што некогаш биле користени како модни детали или биле составен дел од носиите, но и предмети од културниот живот на луѓето од крајот на XIX и почетокот на XX век. Предметите главно ги изработувале жените, но дел од изложените паричници, бастуни и
IGRATA NA VOL[E
40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
чибуци ги направиле затвореници во скопските затвори и од затворот Бејаз куле во Солун.
МОДЕН ДЕТАЛ - "Монистрите како моден детал се релативно нова појава. Дури во почетокот на XX век помасовно почнуваат да се изработуваат накит и делови од облека од разнобојна монистра. Може да се видат разнобојни украси што се ставале на главата, на вратот и на градите, украси за раце, а има и такви што се користеле за пазувите и чорапите и биле составен дел на женските народни носии. Меѓу
предметите се изложени и амајлии што ги носеле децата, жените, но и мажите. Карактеристично за нив вели етнологот Петровиќ - е што се изработени во триаголна форма од разнобојни монистри, но во амајлијата задолжително морало да има и сина стаклена перла поради верувањето дека таа боја е силен заштитник од демони, уроци. Меѓу експонатите може да се видат машки бастуни и чибуци украсени со разнобојни стаклени перли. На дел од предметите може да се прочитаат и љубовни посвети, името на авторот или на личноста за која бил наменет предметот. Освен како накит, монистрите биле ткаени во појасите, во крпите за на глава, на покривките
за деца и како украс на металните предмети со богата орнаментика. Во секој случај, сите овие предмети, по обликот, начинот на изработка, комбинациите на бои и материјали, вкомпонираност на ситни и крупни монистра со разни други додатоци (морски полжави, стари пари итн.) неодоливо асоцираат на виножито, на илуминација и неизбежно на танц, од наједноставниот до најсложениот". Како што потенцира етнологот Петровиќ, ако во европските центри монистрите како моден детал се одлика на градското население, во Македонија накитот и предметите од монистри или исшиени со монистри масовно ги користи селското население.
BNITE MALI ZRNA
49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ИЗЛОЖБИ
УКРАСУВАЊЕ Монистрената мода, односно масовната употреба на монистрата, е најизразена во XVIII век, а својот зенит го достигнува во првата половина на XIX век во времето на барокот, бидермаер и вториот рококо познат како стил "Наполеон III". Меѓутоа, во Македонија монистрата почнуваат да се употребуваат во првите децении на XX век. - "Монистрениот накит е застапен насекаде во Македонија, со тоа што во одредени пределски целини претставувал основно средство за украсување (источна Македонија), а во другите предели бил дополнителен украс на металниот накит (западна Македонија). Во некои делови од Македонија со вез од монистра се
украсуваат и делови од облеката: предниците на невестинските кошули, долниот дел од кошулите, ракавите, ракавите од ткаените појаси, подвеските за машките чорапи, крпите за на глава, сокаите. Кај нас овој накит честопати се надополнувал и со други додатоци од кои се најкарактеристични каури школките и старите сребрени пари. Иако каури школката потекнува од Средоземјето, сепак кај народот било раширено верувањето дека таа го штити сопственикот од лоши влијанија како и симбол на плодноста. Вториот дополнителен украс на монистрата, старите сребрени пари, најверојатно имаат функција да ја покажат економската моќ на сопственикот" додава етнологот Петровиќ. Не постоел дел од човековото тело што не бил украсуван со монистра, а
42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
специфично за монистрениот накит е дека го употребувале и жените и мажите (одредени делови на накит). Меѓутоа, за некои експонати, на пример ќустеците, не може да јасно да се дефинира границата помеѓу женскиот и машкиот накит, односно бил во употреба и кај двете популации. Во категоријата на украсни предмети и модни детали значајно е да се истакне дека некои предмети во еден одреден историски период претставувале затворска машка изработка (паричници, некои чантичиња, бастуни, чибуци). Изложениот материјал е, се разбира, дел од карактеристиките коишто во примената на монистрата ја издвојуваат Македонија од преостанатите соседни предели кои исто така применувале монистра во своето народно творештво.
КНИГИ
СОНЦЕТО КАКО ВЕЧЕН ИЗВОР ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА
SIJANIE NA KNI@EVNITE VEKOVI Пишува: Милева ЛАЗОВА
В
Во издание на "Македонски духовни конаци", книгата "Сонце" на Светлана Христова - Јоциќ ја виде светлината на денот. "Сонце" претставува еден антологиски избор не на поети, туку на песни испеани за сонцето. Иако поетесата Христова - Јоциќ била целосно посветена да го направи вистинскиот избор на песни, сепак во неа се внедрени околу 170 пеења посветени на сонцето како вечен симбол на човештвото. Книгата е поделена на четири циклуси почнувајќи од IX век, па сè до ден денешен.
Многу одамна сум обземена со Сонцето, постојано мислата заведена од таа љубов ме навраќаше да се надвиснам над книгите. Најголемиот мотив за тоа да се случи токму сега се стоте години од Илинден, вели Светлана Христова – Јоциќ. Македонското сонце носи корени од дамнина, стои врежано на некоја куќа, на нечиј под, на старите монети, но е инспирација не само на македонските поети, туку и на секој човек Македонец.
ТРАДИЦИЈА Поетесата Христова - Јоциќ во десетвековни бели листови го виде Сонцето, ја исчита десетвековната традиција на тема Сонце во македонската поезија. - "Мотивот што ме владееше, небаре крал наредби ми издаваше, беше да се држам до два принципа. Тоа беа историско-книжевни и естетски. Значи, едно соединување, еден голем спој на едното и другото. Оттаму мојата целосна посветеност. Никогаш сосема докрај не може - вели поетесата Христова - Јоциќ - да се извлече, да се соопшти сè она што огреало и како огреало Сонцето, што испеал и кој испеал, но сепак оваа книга навистина пее за Сонцето. Јас ја нареков книга "Сонце". Зошто? Не заради прашањето зошто туку заради суштината. Станува збор за десетвековно пеење за Сонцето. Уште на почетокот е прашањето кај познатите 'Панонските легенди' дека Сонцето грее за сите. Понатаму следува од тој историски книжевен принцип пеењето на првиот македонски писател Климент Охридски". Книгата е поделена на неколку циклуси. Оттаму самата поделба на книгата на
SONCETO I SLOBODATA Primete ja svetlosta od Sonceto, mi velite. Taa ja po~ituva va{ata sloboda, mi velite. Ako va{ata sloboda e poinakva od Sonceto - toa zao|a, mi velite.
Svetlana Hristova - Joci}
КНИГИ
SIJANI циклуси говори за тој книжевно-историски концепт. Првиот е насловен "Слово Сонце" од IX до XII век. Тука може да се види и водениот знак на Сонцето исцртан од Виолета Мартиновска. - "И редум продолжува 'Јас с’нце ќе ти угрејам', каде всушност станува збор за народниот пејач, воопшто за пеењето на народот или пак како што јас го акцентирав овој циклус 'Сонце од срце'. Сакам да потенцирам дека објаснува поетесата Христова Јоциќ - најмногу во народните песни се пее за заоѓањето на Сонцето. Зошто? Тука веќе станува збор за заоѓањето воопшто - на слободата на својата земја, за сите оние тегобности, сите оние 'оф' страданија, оние темници за коишто народот пее и преку Сонцето. Овде би сакала да укажам на нашите гуслари пејачи, всушност така и ја зачнувам оваа книга 'Од бога здравје, од мене песна', изрека која е од еден слеп гуслар од Пиринска Македонија, Јован Михајлов". Како што потенцира поетесата Христова - Јоциќ навистина Сонцето грее за сите и насекаде, но сепак тој симбол - Сонцето за нас има своја историја. Вториот циклус "А, зошто с’лнце" започнува со Константин Миладинов и песната "Т’га за југ". - "Него го назначив со едно двостишие од поетот Гане Тодоровски којшто вели 'Ave! О, сонцељубиви! Зар без вас ќе бевме она што сме?'. Тоа е всушност најавата на поетите во Македонија. Третиот циклус 'Сонцето трептит' веќе е циклус - објаснува поетесата Христова - Јоциќ - кој е зачнат по ослободувањето на Македонија и започнува со 'Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата...'. Тоа е песната - химна на Владо Малески. И така редум сè до најмладата генерација кои
"ВЕКОВНО ПЕЕЊЕ ЗА СОНЦЕТО", СВЕТЛАНА ХРИСТОВА - ЈОЦИЌ
СОНЦЕТО ВКЛЕСАНО НА КУЌИТЕ ВО ЉУБОЈНО
44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
E NA KNI@EVNITE VEKOVI се застапени во циклусот 'Поетот - и аргат и господар'. Насловната страница на книгата го покажува сонцето кое е опкружено со темница. Не можев да се одвојам и да не укажам на таа црнина, на таа црна боја вгнездена и во душата и во песната на македонскиот народ низ вековите и која, за жал, сè уште ја има. Но, сепак, морам да укажам дека низ сета таа црнина Сонцето понира и изгрева". За поетесата Христова Јоциќ бројот 33 е свет број затоа што Исус Христос беше распнат на тие години како и Александар Македонски и Гоце Делчев. Поради тоа таа се обидела да се задржи на тој број песни, но била изненадена од големиот изгрев на поети кои пеат за Сонцето. Во изборот за неа не биле битни имињата, туку принципот естетските вредности на песните.
СИМБОЛ Во книгата поетесата Христова - Јоциќ укажува на примери од песните од по-
веќе автори за соларниот симбол: Сонцето е општ симбол на светот, но покрај тоа за Сонцето се вели дека е око на врховниот Бог, Сонцето е божествен лик налик на човекот, Сонцето е оплодител, Сонцето е животворен извор на светлина, топлина и живот. Сонцето е воскреснител, Сонцето е бесмртие.... Сонцето е симбол на космички разум, Сонцето е духовно средиште... Сонцето е средиште на небото, како што срцето е средиште на човекот. - "Повеќе стари текстови соопштуваат: Светлината што ја зрачи Сонцето е сознание за сè она што ни е на показ, но и за исчит на Темната книга на чиишто корици пишува Несознаено. Без Сонцето не ќе ни изгрее духовното Сонце. Сонцето станува - додава поетесата Христова - Јоциќ симбол на кралот на царството откако мајката на царот Woua од Династијата Han го родила синот откако сонила дека Сонцето влегло во нејзината утроба. Сега Сонцето не е само симбол - оплодител, туку пред сè е царски симбол. Оттука ми дојде прашањето 'А сонцето
од Вергина'? Кога ја спомнав Вергина, да се потсетиме дека уште пред нашата ера Вергина е градот Кутлеш во Егејскиот дел на Македонија, прекрстен во 1926 година со специјален грчки закон. Тоа не значи дека соларниот симбол е примарна привилегија, туку континуирано присуство и специфична појава над Македонија". Поетесата ова го нагласува можеби поради фактот дека овие соларни елементи со сите варијанти можат да се видат насекаде во македонското
45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
културно наследство - во црквите, иконите, на монетите, на државничките обележја, на облеката, гробниците. Можеме да укажеме на македонското Сонце на куќите на Љубојно. Но, не само тоа. Има елементи на подовите од куќите каде што е исцртано или вдлабено во камен македонското Сонце. Тука станува збор за испишување на македонското Сонце во еден долг временски период кое и денес е инспирација не само на поетите, туку и на секој човек - Македонец.
Y V E Z D E N A
P O R T A
...SE JAVUVAM OD EDNA NEPOZNATA...
PRIKAZNITE ZA
Za golemata to~nost na nastavnata edinica: “gr~ka arhitektura”
П
рилогот на оваа страница е, всушност, стенограм од необичните телефонски јавувања кои во редовен ритам ни ги испраќа, за нас неизвесен репортер кој себеси се именува како ТАЛКАЧ 101250 Само поради тоа што во пораките преполни со необични шумови и трансформации на гласот се обраќа со: АЛО МАКЕДОНСКО СОНЦЕ, сметавме дека можеме да ги објавиме. Како Редакција тврдиме дека не сме испратиле репортер на "третата планета во системот на Жолтото Џуџе" од каде тој упорно се јавува. Стенограмите ги печатиме во целост без вообичаената лектура и коректура.
ДЕЦАТА - ИДНИНАТА НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА - СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОД НЕДОВЕТНА ОДЛУКА НА ВЛАСТА!
им предаваа за три капители кои биле одлика на архитектурата во некое минато, во некој земја именувана Грција... Имињата на капителите: ДОРСКИ, ЈОНСКИ, КОРИНТСКИ.. Службеното лице им раскажуваше на децата дека овие, цитирам, "грчки" капители настанале во 6 век пред, цитирам, "нашата ера" во рамките на грчката тогашна држава... Со оглед на поставената цел (разјаснување на уличните демонстрации) во која учествуваат дезинформации во голема мера (инаку не би постоел конфликт), се обидов да ги проверам и информациите кои ги испорача службеното лице на часот по историја. Се упатив кон Националната библиотека и направив лична потрага по корените на капителите... Еве ги резултатите од истражувањата: ПРВИОТ КАПИТЕЛ (именуван како ДОРСКИ во предавањето) е регистриран како археолошки факт во објектот ЗОСЕРСОВА пирамида, но не во. цитирам, "ГРЦИЈА", туку во, цитирам "ЕГИПЕТ" и не во 6 век, цитирам, "пред нашата ера", туку во, пак цитирам, "2730 година пред нашата ера" проектиран и изведен по нацрт на архитектот ИМХОТЕП! Вториот капител, цитирам "ЈОНСКИ" регистриран повторно не во одредницата "Грција", туку во
ДОРСКИ КАПИТЕЛ
ЈОНСКИ КАПИТЕЛ
КОРИНТСКИ КАПИТЕЛ
PRIKAZNI OD MAKEDONIJA
"...АЛО МАКЕДОНСКО СОНЦЕ... дали се слушаме... По ритам од една систоладијастола започнувам со известувањето број 9.... .... Се наоѓам на 42 степени СГШ и 21 степен и 25 мин ИГД... Во оваа необична земја за чии природни реткости и цивилизациски вредности вреди да се известува секојдневно, во мигов е актуелен жесток спор кој не помалку е апсурден и затоа се исправам пред предизвикот како да го објаснам... На улиците демонстрираат ДЕЦА (тоа досега не сум го видел никаде) пред еден објект на кој пишува: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ! Децата бараат оставка од Министерот. Извесно е дека терминот Министер се однесува на врвна институција на власта... Морам да го преведам настанот за да биде разбран: ДЕЦАТА - иднината на цивилизацијата, СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОД НЕДОВЕТНА ОДЛУКА НА ВЛАСТА!... Министерот преку медиумите тврди дека зад децата стои НЕКОЈ ДРУГ и дека децата се заведени... Јас не видов никој зад масата што демонстрираше. Необично е што министерот сè уште стои во кабинетот и покрај тоа што настаните земаат крвав замав. Се обидов да ја разјаснам барем за себе состојбата која сè повеќе се заплеткува... Побарав образовна институција и влегов на час каде се предаваше наставната единица, цитирам: "Класичен - грчки ред". Накусо, на децата
Убава е Македонија. Како раскошна Венера. Ја гледаш, се восхитуваш, ја впиваш. И мислиш дека ја знаеш, дека ја познаваш. Но, дали е така? Што и колку всушност знаеме за нашата лична, честопати
46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
KAPITELITE
ТАЛКАЧ 101250
ЗОСЕРСОВАТА ПИРАМИДА (РЕКОНСТРУКЦИЈА) И КАПИТЕЛИ
одредницата "АСИРО ВАВИЛОНИЈА" и не во 6 век п.н.е. туку во 10 век "пред нашата ера" (затворен цитат). "Коринтскиот" капител е регистриран околу 6 век пред нашата ера, но повторно на друго место, цитирам "Сицилија".
ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОН ВО ФЕСТУМ - СИЦИЛИЈА
Констатирам: ако најчеста грешка во податоците со кои се полнат свесните слоеви на личноста на децата е терминот "Грција", тогаш треба да се провери неговата информативна вредност... Продолжетокот на истражувањето го покажа следното: НЕ ПОСТОИ ДРЖАВА СО ИМЕ "ГРЦИЈА" ВО РЕФЕРЕНТНИОТ ПЕРИОД "ПРЕД НАША ЕРА"! НЕ ПОСТОИ ТЕРИТОРИЈА СО ИМЕ "ГРЦИЈА" ВО РЕФЕРЕНТНИОТ ПЕРИОД "ПРЕД НАША ЕРА"!... Останува прашањето: ЗОШТО ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ СЕ ПЛАСИРААТ ВАКВИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ? Ако по случаен избор сум открил дезинформација во образовниот систем, колкав е бројот на погрешните насоки со кои се одгледува свеста на децата?!!... Настанот пред објектот именуван "Министерство за образование" сè уште тежи над оваа непозната земја. Морам да го подвлечам и овој податок кој не го забележав веднаш: ВО НАСЛОВОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО НЕ ПОСТОИ ЗБОРОТ ВОСПИТАНИЕ!.. Верувам дека токму во тој збор и лежи клучот на разврската за овој апсурден настан. Како да потекнуваат од два различни воспитни системи: едниот кој го следат децата, другиот по кој се владее Министерот. Еве го прашањето: Дали децата постојат за да постои Министер или Министерот е институција за да се одгледуваат децата?! Ете уште една поткрепа за одредницата НЕОБИЧНА ЗЕМЈА со која го започнав известувањето бр. 9.... ...АЛО МАКЕДОНСКО СОНЦЕ... дали се слушаме... Талкач 101250 известување бр. 9.... крај на пораката.
GALI^NIK I MIJA^IJATA екстравагантна и до болка убава Македонија? Колку и да е описот на парче несоодветен и недоволен, сепак ќе нурнеме во нејзиниот, според многумина најубав, највреден, најдуховен, најтворечки, вкоренето највозвишен дел –
МИЈАЧИЈАТА со неговиот и македонски епицентар Галичник. Со моите раскажувања, почитувани, ќе се обидам да фрлам светлина и однадвор и одвнатре на она што е синоним за нашата богата традиција чија припадничка и следбеничка сум и јас. Одиме!!!! Штом го минете мостот на Вардар кај Гостивар, веќе сте во друг свет. Ова важи за секого, а мене секојпат ми е како првпат. Пределов ми е во крвта. Тензијата во мене расте. Како да сте влегле низ ѕвездена порта во прекрасна делница на чиј крај 47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
Снежана КЛИНЧАРОВА
Y V E Z D E N A
P O R T A
КАКО НАСТАНАЛ
PRIKAZNI ZA GRADOT
Многу малку е познато како настанал скопскиот Плоштад, главната препознатливост на градот. Тој ги доживеал и надживеал многуте промени: историски, културни, интимни. Да му се одземе на Скопје Плоштадот, значи да му се одземе неговата душа, неговиот урбан код.
В
о првите децении од дваесеттиот век се донесуваат првите модерни урбанистички планови кои градот треба да го вклопат во современите европски текови. Но, во тоа време, 1914 година, започнува Првата светска војна и реализацијата на повеќето од тие планови се одложува за подоцна. Како изгледал тој простор во првите децении од минатиот век,
пред Плоштадот конечно да го добие својот лик? Постојат повеќе автентични фотографии од тоа време на кои јасно се воочливи малите куќарки поредени во продолжение на Камениот Мост кога тој преоѓа на десниот брег на реката Вардар. Со други зборови, Мостот на десниот брег не завршувал со плоштад како денес, туку сиот тој простор повеќе наликувал
на улица препознатлива за тогашното старо Скопје. Навистина, во некои записи се спомнува мала ширинка, но таа ниту оддалеку не наликувала на централно подрачје, онака како што се оформила подоцна. Тие куќарки се урнати, како што е урната и Бурмали џамијата, единствената џамија што се наоѓала од десната страна на реката Вардар. Притоа, урнато
е и познатото турбе на Хума Шах Султана, сопругата на Мустафа паша, што се наоѓало во непосредна близина на џамијата. Тоа уривање се случило во 1925 година кога започнал да се гради објектот на познатиот Офицерски дом, завршен во 1929 година. Но, скопскиот Плоштад се оформил пред тоа, непосредно по завршувањето на Првата светска војна. Познат е и податокот дека веќе во 1919 година на тој простор се одржале првите собири, првите митинзи, по кои тој ќе стане "славен" низ целата историја на дваесеттиот век. Постојат неколку фотографии, можеби едни од најнеобичните од старо Скопје, на кои е прикажана теснолинејка како минува
PRIKAZNI OD MAKEDONIJA ве очекува сосема нова, друга планета, единствена, неповторлива. А таму е тој личникот Галичник со и во својот универзум. Во него сè е камен, книга и граматика. Пушка и перо во рамнотежа - ќе одбележи поетот. Со возвишени градби и со многу што царско во себе. И таман си помислил дека е никнат и сраснат со своите
ридести предели, почнуваш да веруваш дека тој виси. Како да е закачен на цврста невидлива тантела која, којзнае, можеби се спушта дури од Небеското Царство Господово. Ете толку е неверојатен. А, јас од каде да почнам и што попрво да ви раскажам? Сеедно. За милениум, а велат и повеќе, има и настани и дела
48 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
и личности големи, автентични, неповторливи, за кои вреди да се зборува и да се каже уште нешто. И за познатото и за непознатото. Верувајте ќе се изненадите. Што се случило и што останало, што требало, а не сте знаеле, ќе ви раскажам многу интересни приказни. За потеклото на Мијаците. Што значи нивното име? Како настанал Галичник? За неговите и мијачките великани. За убавината на мијачките "бели вдовици" - жени. За сè она што мијачкото племе го прави најетаблирано, најстаро. Најкреативно, најдуховно. Какви биле некогаш и какви треба да бидеме денеска. Во што да веруваме, на што да се надеваме и колку да љубиме.
СКОПСКИОТ ПЛОШТАД низ Плоштадот на кој се вршат градежни работи. Каква е таа пруга што можела да минува низ тој градски простор? Бидејќи на истата фотографија, во позадината сè уште се гледаат џамијата и турбето, тоа значи дека станува збор за времето пред 1925 година. По теснолинејката всушност оделе вагонетките што го довезувале каменот од каменоломот во Кисела Вода, со кој бил поплочен Плоштадот на почетокот од дваесеттите години од минатиот век. Од левата страна на Плоштадот, во правецот кога се оди кон Камениот Мост, била оформена правоаголна, прекрасна алеа со цвеќиња која на тој простор му давала исклучителен естетски изглед. Околу неа се наоѓала и една од појдовните станици на скопските пајтони. Алеата била оформена пред да биде дефинитивно изграден Офицерскиот дом, а со неговото завршување Плоштадот уште повеќе добил во својата убавина. Но, што станува со просторот од десната страна на Плоштадот, кога се оди кон Камениот Мост?
Кон крајот на триесеттите години сè уште постои низа од ниски куќи кои како еден вид "рамка" го окружувале Плоштадот. Над нив се надвишува необичната, летна
Danilo KOCEVSKI
кино-тераса на некогашното најпознато скопско кино "Аполо". Но, веќе кон крајот на триесеттите и почетокот на четириесеттите години, тој лик на Плоштадот коренито се менува. Во 1929 година за градоначалник на Скопје доаѓа архитектот Јосиф Михаиловиќ, еден од најуспешните и најпознати скопски градоначалници. Со мал прекин, тој на таа функција ќе остане сè до почетокот на Втората светска војна, а притоа Скопје, особено Плоштадот, урбано се видоизмениле. Во периодот помеѓу триесеттите и четириесеттите години од минатиот век, на Плоштадот ќе бидат изградени капитални објекти кои ќе останат траен белег на некогашното, па и на денешното Скопје. Тука, од десната страна се уриваат ниските куќи и се градат посовремени градби кои долго време ќе останат во сеќавањето на многу генерации, како што се кафеаната "Маргер" и др. Зад
49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
нив, во почетокот и средината на триесеттите години, изградени се: Народната банка, а потоа и модерната зграда на Трговската комора, подоцнежна "На-Ма" или денешен "Метропол". Со претходно изградените објекти, Офицерскиот дом и Ристиќевата палата, Плоштадот во периодот меѓу двете светски војни го добива препознатливиот облик каков што го познаваме сè до скопскиот земјотрес од 1963 година. Сегашниот "додаток" на "Метропол", Стоковната куќа "Типо", изградена е многу подоцна, дури во шеесеттите години од дваесеттиот век, кога Плоштадот беше преполн - со питоми гулаби. Во еден понов период, Плоштадот е дури главна сообраќајница, низ него поминуваа возила со јасно трасирана патека. Но, тоа не е сè. Треба да се каже дека просторно неразделна од Плоштадот е и денешната улица "Македонија". Таа е пробиена порано, дури во 1911 година, и тоа од Железничката станица до Камениот Мост, по повод доаѓањето во Скопје на турскиот султан Мехмед Петти Решад. Именувана е како Јени-џаде или Нова улица. За време на окупацијата, 1942 година, Плоштадот е реновиран, променета е старата крупна коцка и поставена е нова, оваа денешнава. Во 1937 година, од десната страна на Плоштадот, во близината на Народната банка изградена е - фонтана. Во таа година, поставени се и познатите скулптури пред Камениот Мост, урнати во 1941 година... Така, приказната за Плоштадот е една од највозбудливите приказни за урбаниот растеж на градот Скопје.
ВИНО И ЖИТО
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА - ЕДНА ОД
ISELENI^KI @IVOT Главни институции и собиралишта каде што се чуваат и негуваат македонската култура, јазик и традиции се црковните општини. На иницијатива на Движењето за човекови права пред неполна година беше формиран Македонскиот национален фонд во кој можат да членуваат поединци или здруженија, а годишната членарина изнесува 365 долари, по еден долар на ден. Овие средства се наменети за помагање и финансирање на проекти во другите делови на Македонија. Пишува: Жаклина МИТЕВСКА
Македонска В озаеднајголемата ница надвор од Маке-
донија која постои во Јужно Онтарио, во градот Торонто, скоро секојдневно се случува нешто. Тоа не е воопшто чудно, кога се знае дека во овој дел на Канада живеат скоро двесте илјади Македонци. Ова е неофицијална информација од наши, македонски извори, бидејќи според званичната канадска статистика тој број, за жал, е многу помал. Најголемиот дел од македонските иселеници (помеѓу 60 - 70 осто) потекнуваат од Егејскиот дел на Македонија, додека остатокот се од Вардарскиот дел, пред сè од преспанскиот крај, а мал дел доаѓаат од Пиринскиот дел, додека во последните десетина години се населил и извесен број од Албанија, односно Мала Преспа. - "Со исклучок на Македонците од Вардарскиот дел, скоро кај сите преостанати, иако живеат во Канада - вели Лилјана Ристова, Македонка, која долги години живее и работи во Торонто - сè уште постои страв од декларирање како Македонци. Секако, причина за тоа се геноцидните политики на соседните држави кон Македонците со кои успеале да му влеат страв и чувство на национална несигурност на нашиот народ, без оглед каде и да се наоѓаат. Кај овие иселеници сè уште постои фобија дека некој ги следи каде одат и што прават и дека тоа ќе се одрази на безбедноста на нивните блиски во 'стариот крај' или пак ним самите ќе им биде забранет влез во земјите од кои доаѓаат. За жал, тоа навистина и се случува. Иако со канадски пасоши, на многумина од нив им бил забранет влез во тие земји, посебно ако се истакнуваат со некои свои активности во самата Заедница. Но, и покрај овие непријатни појави, Македонската заедница е една од најсилните етнички заедници во Јужно Онтарио".
Соборен епархиски храм во Торонто е "Свети Климент Охридски" во кој служи протаставрофор Илија Донев, архијерејски заменик на Канадско-американската македонска епархија и протаставрофор Јован Босеовски. Во приградската населба Мисисага постои МПЦ "Свети Илија" чија зграда, како што објаснува Ристова, пред неколку години изгорела во чудни околности. Денес верниците од "Свети Илија" своите служби ги одржуваат во привремени простории, но во најскоро време се очекува да се почне со изградба на нова црковна зграда. Во неа служи протаставрофор Илија Димитриески. Во градот Маркам, кој се наоѓа во околината на Торонто, постои МПЦ "Свети Димитрија Солунски" со протаставрофор Трајко Босеовски. Оваа црква кон крајот на август и почетокот на септември била домаќин на Црковно-народниот собир за цела Северна Америка на кој присуствувал и Неговото Блаженство г.г. Стефан. Во Ејдјакс, во околината на Торонто, постои МПЦ "Света Недела" која во септември месец ја прославила првата годишнина од осветувањето. Во неа служи протаставрофор Благе Димитриевски. Во секоја од овие цркви постојат училишта за македонски јазик што Канада како мултикултурна земја ги дозволува со Уставот. Најстара учителка, според кажувањата на Ристова, е Благица Дафовска. Постојат уште и фолклорни групи од кои најстара е групата "Македонка" чиј кореограф веќе неколку децении е Алек Петличков од село Буф, Леринско. Потоа, женски секции, пензионерски друштва, шаховски секции и друго. Женската секција при МПЦ "Свети Климент Охридски" во салата на самата црква организирала успешна модна ревија од канадската дизајнерка од македонско потекло, Велика Костеска. Во забавниот дел на ревијата настапил познатиот канадски актер од македонско потекло Џон Еванс. - "Една од најубавите прослави - додава Ристова - секако е патрониот ден на 'Свети Климент Охридски' кој оваа година се одржа на шести декември. Секоја од овие цркви организира и дочек на Нова Година, како и дочек на Православната Нова година - Василица".
50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
ТРАДИЦИИ Најстара македонска културна организација е "Обединети Македонци" со седиште во Торонто, чиј претседател за следните две години е Борис Мангов, по потекло од село Баница, Леринско. "Оваа организација традиционално го одржува Илинденскиот пикник, најголем македонски пикник на овој континент, како и Гоцевата вечер, по повод роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев. Секоја година оваа организација - објаснува Ристова - избира и најубава девојка и оваа година таа титула ја освои 21 годишната Џесика Митревска. Канадско-македонскиот старски дом исто така си има свои специфични активности. Покрај другото, во него постои Канадско-македонското историско друштво чиј претседател во овој момент е Алекс Ницис, од село Зеленице, Костурско".
"ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ПРОСЛАВИ Е ПАТРОНИОТ ДЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ", ЛИЛЈАНА РИСТОВА
Според кажувањата на Лилјана Ристова, ова Друштво досега има одржано многу трибини на тема "Историја на Македонија" и има покането многу македонски, канадски и американски историчари. На 30 ноември споменатото Друштво го организирало доаѓањето на Јосиф Гандето, Македонец кој живее во САД и кој неодамна ја издал книгата "Разликите помеѓу античките Македонци и античките Грци". Во март месец мината-
НАЈСИЛНИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ ВО ЈУЖНО ОНТАРИО
SO NA[I NI[ANI та година на Торонто универзитетот ова Друштво организираше проекција на филмот "Прашина" по чиј повод од Њујорк во Торонто допатувал и режисерот Милчо Манчевски. Најактивно во овој момент е "Македонското-канадско движење за човекови права" (Macedonian Human Rights Mavement of Canada - MHRMC). - "Ова Движење игра сè поважна улога, бидејќи во својата програма има за цел да им помогне на Македонците во поробените делови, интервенира за македонските човекови права во разни светски организации и институции итн. Македонското движење за човекови права на 4 октомври оваа година - потенцира Ристова - организираше банкет за собирање средства за изградба на Македонски дом на културата во Лерин. Гостин на банкетот беше Насе Парисис, член на петчлениот секретаријат на политичката партија 'Виножито' во Грција. Доста активно е и Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија чиј претседател е Ристо Чачкировски. Постои и Друштво на борците од Македонија во Канада, претседател е Стефан Стерјовски, кои редовно секоја година го прославуваат 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во Втората светска војна". Постојат и други видови здруженија како што се многубројните градски и селски друштва кои се собираат по неколку пати во годината обично по повод некоја црковна традиција од местото од каде што потек-
нуваат. Едно од најсилните и најбројни друштва е Леринското околиско друштво кое од пред неколку години ги обединува сите села од леринската околија. Секоја година во средината на месец ноември Леринчаните го одржуваат своето познато Леринско оро на кое обично како гостин настапува некој пејач од Егејскиот дел на Македонија. - "Оваа година - вели Ристова - тоа беше Панделис Николаидис од село Борешница, Леринско. Претседател на ова Друштво е Ристо Стефов, познат активист во Македонската заедница, член на Движењето за човекови права и на Канадско-македонското историско друштво".
51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
СРЕДБИ Во Торонто постојат и македонски средства за информирање меѓу кои најстара радио-програма е "Глас од Македонија" чиј уредник и водител е Драгица Белчевска. На оваа програма, која следната година ќе го прославува своето 35-годишно постоење, до сега се собрани илјадници долари за помагање на болни, за градење на цркви во Македонија и слично. Постојат и две ТВпрограми од кои "Македонско издание" на продуцентката и водителка Победа Пискачева, постигнува завиден квалитет во информирањето. Исто така, во Торонто излегува и најстариот македонски весник на овој континент "Македонија", на издавачот Танас Јовановски, а од пред една година почна да излегува и весникот "Македонски вести" чиј издавач и уредник е Лилјана Ристова. Ова се и двата единствени весника на македонски јазик во цела Северна Америка. - "Кон крајот на септември во Торонто - објаснува Ристова - се одржа манифестацијата "Денови на македонската култура" во организација на Министерството за култура на ЦРКОВНА СЛУЖБА Република Македонија и ГеВО "СВЕТИ нералниот конзулат. Од МаКЛИМЕНТ", кедонија по тој повод допаОТЕЦ ЈОВАН туваа врвни уметници и групи БОСЕОВСКИ И како што се Тоше Проески и ОТЕЦ ИЛИЈА ДОНЕВ Битолскиот театар со претставата 'Парите се отепувачка' ФОЛКЛОРНАТА од Ристо Крле. Постои надеж ГРУПА дека овие Денови ќе станат "МАКЕДОНКА" традиционални, бидејќи според зборовите на министерот за култура на РМ, Благој Стефановски, кој исто така престојуваше во Торонто, манифестацијата доживеа целосен успех". На факултетите во Торонто и околината македонските студенти, според кажувањата на Ристова, се организирани во македонски студентски друштва. На Универзитетот во Торонто, на Катедрата за славистички студии постои Група за македонски јазик со професорката Кристина Крамер, една од најпознатите македонисти во светот. - "Во Торонто - додава Ристова - живее и твори и познатиот македонски сликар Георги Даневски чии фрески на ѕидовите на МПЦ 'Свети Климент Охридски' се ремек-дела на овој вид сликарство. Минатата година се одржа премиерата на филмот 'Три и половина' на младиот канадски режисер од македонско потекло, Борис Мојсовски. Премиерата на филмот се одржа во Монтреал и беше доста успешна, додека во Торонто критиките беа поделени".
СОНЦЕ НА ВИСТИНАТА
ISTORIJA МИНАТОТО ДА ГО ГЛЕДАМЕ КАКО ДЕЛ ОД СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА
МЕДИУМИТЕ КАКО ИЗВОР ЗА ПИШУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА Медиумите водат валкани војни. Македонското новинарство живее за политиката, занемарувајќи ги традициите и националните интереси на македонскиот народ. Македонците имале своја држава, култура, јазик и писмо неколку века пред Христа. Треба да се покаже силата на новинарското перо со аргументи. Треба да й покажеме на Европа дека овде во 1903 година е напишано нешто Пишува: Анита ДИМОВА кое повикува на соживот. Треба оќта на медиумите, во да им ја пренесеме пораката дека светски рамки, особено во Македонија е еден од стожерите развиените земји, во денешно на европските вредности, цививреме е многу голема. Тие го формираат и го контролираат лизација и култура.
М
вкусот и јавното мислење, влијаат на ставовите и свеста, на однесувањето на луѓето, на нивното моментно идејно-политичко и социјално дејствување и тоа според нормите и концептот на медиумот. Медиумите произведуваат афери, водат валкани војни и ја менуваат историјата. Влијанието на медиумите се провлекува надвор од она што кај нас по традиција се дефинира како историски процес, а основен проблем е политичкиот тон на новинарот. Во тој контекст, кога говориме за значајноста на медиумот како извор за пишување на историјата, мора да се навратиме на трагедијата на македонското новинарство кое живее за политиката, занемарувајќи ги притоа во голема мерка традициите и националните интереси на македонскиот народ. А селекцијата на историските содржини во поглед на одредени настани и личности и присуството на политиката и ексклузивноста во медиумската презентација на историјата како да стана правило. Не е ни чудо, ако тргнеме од фактот дека и по дванаесет години самостојност
и независност, македонската држава нема ниту државна, ниту пак национална стратегија. А за нас, Македонците, тоа требаше да биде најсилно оружје во борбата за докажување на националниот идентитет и совладување на интригите кои го карактеризираа "македонското прашање" на крајот на деветнаесеттиот век, а се "повампируваат" и во денешно време. Тоа значи дека доколку овој народ сака да опстане и хумано да живее треба да добива информации за определени умеења, знаења, навики и верувања и да ги насочува своите активности кон она што е значајно, добро, корисно и кон она што е вредно.
НЕГРИЖАТА... ...за сопственото минато и индиферентниот однос на медиумите им даде "дозвола" и на меѓународните фактори на Македонија да й го одземат дури и елементарното право да ги изготвува
52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
своите наставни планови во образовниот систем, особено по предметите историја и географија, кои мораше да бидат одобрени и коригирани однадвор. На тој начин го продлабочуваат јазот и го рушат достоинството на македонскиот народ кој има вековна традиција и антички корени. За праисторијата на Македонија сведочат многубројните наоѓалишта и траги на културата создадени на овие простори во текот на шест милениуми. Доколку се задлабочиме ќе откриеме едно развиено и добро организирано општество кое достигнало значаен развој во материјалната и духовната култура. А вредностите на културното наследство стануваат универзални само тогаш кога ќе бидат прифатени и презентирани пред јавноста на вистински начин. Но, нашата општествена незаинтересираност за историја им дава за право на многумина, без аргументи, паушално да го врзуваат нашето постоење со Титова Југославија, или пак, со доаѓањето на Словените, заборавајќи дека Македонците
имале своја држава, култура, јазик и писмо неколку века пред Христа. Спорот меѓу Грција и Македонија, иако не е толку жесток како во минатото, се уште не е решен. Се разбира, Грција, иако е важна за Балканот, не е единствената која е заинтересирана за исходот од случувањата во Македонија. Другите држави со кои е во сојуз, како што е остатокот од Југославија, Бугарија и Албанија, станаа активно вмешани во случувањата во Македонија. Во голем број случаи, вмешаноста е повеќе суптилна, отколку очигледна и нештата не се
секогаш такви како што изгледаат на прв поглед. Тука треба да се покаже силата на новинарското перо со аргументи, постојано да се информира и да се притисне меѓународната јавност конечно да стави крај на овие бесмислени спорови. Треба да бидеме свесни дека сфаќањата, емоциите и реакциите на луѓето и нивните мислења се оформени од информациите во медиумите и извештаите на власта. Би било наивно од нас да веруваме дека во кој било јавно искажан став на владите кои се инволвираат во спорот со Грците, се покажува загриженост за вистинската историја. А во нејзиното презентирање затаија и историчарите и новинарите. Новинарските куќи имаат капацитети кои наместо во служба на одредена политика, треба да се насочат кон истражувачки проекти кои се во служба на националната историја, бидејќи доколку не се соочиме со остатоците од минатото, никогаш не можеме да одиме напред во вистинскиот правец. Што се однесува на стогодишниот јубилеј за што е и темата на годинашниов Петти национален телевизиски фестивал, за разлика од државните институции, медиумите ја препознаа идентичноста на сегашниот момент со некои моменти од историјата на македонскиот народ од пред 20, 50 или 70 години. Во овие сто години, македонската држава и македонскиот народ не ги имаат решено најбитните прашања за јазикот, името и за границите. Неуспехот од Илинденското востание и трагедијата на балканските војни и Втората светска војна не й ја даде вистинската поука на Македонија и таа повторно се наоѓа во некои премрежја. Доколку не реагираме на вистински начин, последиците ќе бидат далекусежни.
НИЕ НОВИНАРИТЕ... ...не смееме да дозволиме македонската историја да постои и да се чита од Рамковниот договор 2001 година и треба да й покажеме на Европа и на нашите соседи (доколку подзаборавиле), дека овде во 1903 година е напишано нешто
Треба да бидеме свесни дека сфаќањата, емоциите и реакциите на луѓето и нивните мислења се оформени од информациите во медиумите и извештаите на власта. Би било наивно од нас да веруваме дека во кој било јавно искажан став на владите кои се инволвираат во спорот со Грците, се покажува загриженост за вистинската историја. А во нејзиното презентирање затаија и историчарите и новинарите. 53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
кое повикува на соживот. Треба да им ја пренесеме пораката дека Македонија е еден од стожерите на европските вредности, цивилизација и култура, а Илинденското востание е еден од клучните настани што го потврдуваат тоа. Крушевскиот манифест е декларација на слободоумноста, толеранцијата и соживотот на сите македонски граѓани кон што и ние се стремиме денес. Исто така, и дека овој народ нема етнички предрасуди, односно негативни ставови кон некои народи. Ако не, ќе направиме голем грев кон нашите предци кои со нескршлива сила зеле пушка в рака и излегле да се борат против многу посилниот непријател. Говорејќи за оваа славна епопеја на македонскиот народ, автентично да им ја пренесеме на нашите поколенија величествената борба, поблиску да го почувствуваат разбунтуваниот македонски роб и неговите подвизи. Ова го говорам и како новинар и како историчар. Историски гледано, македонскиот народ има континуирана потреба за своја куќа, свој јазик и свое име. Со овие проблеми се судруваме и денес. Новинарските напори во тој контекст, преку ангажирање на компетентни личности, треба да допрат до корените на врховизмот и националното предавство наспроти патриотизмот. За жал, и покрај постоењето на многу емисии, напишани теми и есеи за Илинден, овој аспект затајува. Сепак, можеби вината не треба да ја бараме само во медиумите, туку и во историчарите и политичарите, бидејќи заборавивме дека минатото треба да го гледаме како дел од нашата сегашност и иднина. Неделникот "Македонско сонце", медиум кој јас го претставувам, континуирано ја следи, проучува и презентира националната историја, а не само по одредени значајни поводи. Притоа, особено внимание се посветува на критичката опсервација на историските толкувања и на односот на научното и популарното во овие содржини. Секако, сето тоа поткрепено со аргументи и со консултација на компетентни личности од своите области. На неговите страници секогаш има простор за нови изданија од областа на историската наука или пак за нови сознанија од македонски и странски историчари кои го истражуваат македонското минато.
(Tekstot e pro~itan na Petiot naionalen televiziski festival vo Kru{evo)
HRISTIJANSKI IZVOR Отец Давид
PRODOL@I PONATAMU!
I
сказот на Ана, мајката Самуилова, тесно ми е од секаде (земен од Првата книга Царства на Септуагинтата), можеби е еден од најпарафразираните во искуството на секој патник којшто се движел низ просторите иманентни на внатрешната философија. Упатувајќи им ги своите зборови на Коринтјаните, еден од најопитните патеводители низ претходно споменатото љубомудрие, светиот Апостол Павел пишува: - "...Срцето наше се раширува. Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши" (2 Кор. 6. 11, 12). Дури и на оние коишто патувајќи, налик на Коста Рацин, не стигнуваат да направат куќа со високи шимшир порти и на коишто куќа цел свет братски им е, им станува претесно пред непобитниот факт дека човекот е пораспространет од светот. Во својата антропологија еден од најголемите Отци на Православната Црква - светиот Григориј Богослов на чудесно убав начин констатира дека не е човекот микрокозмос во макрокозмосот, туку човекот е макрокозмос во овој микрокозмос; севкупниот универзум е малечок свет во однос на Човекот којшто е светот Велик. Всушност, и сите Свети Отци преку нивниот живот и дела нè воведуваат во најдлабинската теологија на Убавината. Нели, за свети Дионисиј Ареопагит Убавината е едно од имињата Божји ставено во однос со човековото битие, бидејќи човекот е создаден според Архетипот на Убавината. Оттука, имајќи го предвид нашето опкружување, лесно е воочливо дека цел еден куп случувања коишто Црквата денес ги има прегрнато со обете раце, за свој архетип, бездруго ја немаат Апсолутната Убавина. Значи, нам како Заедница т.е. на Црквата паѓа вината за следниве две нешта: прво,
за мнозина верата стана истовремено - агонија и стрес. Спојот на пиетизам и помодарство направи многумина, без да знаат, да се најдат во лоша состојба, оставајќи притоа впечаток на несреќни луѓе. И навистина, така се случува, со сè и секогаш, кога некој не ја живее и не ја разбира длабочината на она што го прави, во случајов суштината на верата. Суштински, пак, е да се бега од формата, и да се оди кон суштината, бидејќи адетите, воопшто, не ја привлекуваат благодатта. И второ, заради претходно изложеното, одбивајќи да се идентификуваат со сета, на претек, квазипобожност, одреден број умни луѓе ја отфрлаат православната духовност, се разбира, пред барем и малку да ја запознаат во нејзината самобитност. И сега, таквиот медиокритетски однос кон православното христијанство во и вон Црквата, уште еднаш, по којзнае кој пат, како и во цела низа други сегменти на животот, ја става Македонија под македонска окупација. И тоа, најстрашниот вид окупација духовна. Тесно е од секаде. Како во потресното поглавје што Достоевски му го посвети на Големиот инквизитор, се вподобуваме на Иван и со сета сила на карамазовската нискост му велиме на окупираниот Христос: "Ти ли си? Ти? Зошто дојде сега за да ни пречиш? Оди си и не доаѓај повеќе... воопшто не доаѓај... никогаш, никогаш!". Со други зборови - не ни требаш. Христос ја бакнува исушената усна на нашиот народ и заминува. Христијанството останува без Христа. Зар навистина е добро во тесно!? Од гледна точка и на духовната медицина, зар човекот не е битие создадено за здравје, та оттука и страда кога е болен!? Зар не е творба со достоинство на 54 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
коешто му приличи, според зборовите на блажениот старец Паисиј, наместо обичен црно-бел, да има духовен телевизор во боја. Кога се ѕида куќа - градбата не почнува од покривот. На почетокот се ставаат темелите. Штом нашето тело е храм на Светиот Дух (1 Кор. 6. 19), а оттука срцето - негов олтар, логично е темелите на нашиот духовен живот да ги поставиме со тоа што нема да запалиме свеќа во нашето срце, но ќе го распламтиме самото срце. Со огнот на божествената љубов. Со копнежот за божественоста, со невалканиот и префинет ерос, со ентузијазмот и лудоста. Светиот начин на живот не е - како што некои, за да го оправдаат сопствениот, сакаат да мислат - анахронизам. Тоа го потврдува нашиот современик, светиот старец Софрониј од Есекс, кога вели: - "Секогаш мислев и секогаш мислам дека највозвишената уметност е уметноста на живеењето. Постојат многу луѓе, дури и оние коишто ги нарекуваат или се нарекуваат уметници, но коишто не се во состојба да се владеат себе си ниту при најмалите промени во нивниот внатрешен живот, а камо ли да ги преобразат грубите. Призивот кон секој
QUBOMUDRIE Da zboruvam na site ~ove~ki jazici, pa duri i na angelski, {tom qubov nemam, }e bidam bakar {to yvoni, ili kimval {to yve~i. Da imam proro~ki dar i da gi znam site tajni, da gi imam site znaewa za site raboti, a i taka silna vera, {to i planini da premestuvam, - ako qubov nemam, ni{to ne sum.
Отец Максим
DRUGIOT ASPEKT NA EDEN GOLEM PROBLEM православен човек е да стане уметник на сопствениот живот. Да се владее себе си според критериумите на уметноста на Светлината, сострадувајќи при тоа со оние коишто под плаштот на таа уметност го живеат кичот и шундот". Православната духовност како уметност на живеењето е највозвишена особено и заради тоа што ги надминува тесните рамки на светот и единствено таа, без да изгние, заминува со човекот по смртта, во Осмиот Ден без темнина. Повикот да се стане патник низ мистичните широчини на православната умешност на живеење, претставува повик за менување на квалитетот на умот, за преумување, според она што го кажува разбудената совест од длабочината на срцето. Тогаш сите човечки слабости, сè што е човечко искуство, искуство на стариот човек, на паднатиот Адам, повеќе не значи состојба на безизлез и очај. Така воскликот на свети Григориј Богослов почитувај Го Бога повеќе од обичаите - прераснува во воскликот упатен до секој човек: Продолжи понатаму, не застанувај на старото. И тоа е човечко, адамовско, но ни оддалеку тоа не е сè, уште повеќе - тоа е ништо. Затоа, Човеку, продолжи понатаму!
I da go razdadam celiot svoj imot, da pozvolam teloto da mi izgori - {tom qubov nemam, ni{to ne mi koristi. Qubovta e dolgotrpeliva, polna so dobrina, qubovta ne zaviduva, qubovta ne se prevoznesuva, ne se gordee, ne pravi {to e nepristojno, ne bara svoe, ne se srdi, ne misli zlo, na nepravda ne se raduva, a na vistina se raduva, se`
P
ритиснат до ѕид од (речиси) безизлезната криза во која западна нашиот (на МПЦ) однос со Српската Православна Црква, на која нужно сме упатени од страна на Вселенската Патријаршија во функција на решавање на проблемот на нашата Црква, ќе ја искористам оваа можност за да си дадам оддишка со тоа што овој премногу исполитизиран и рационално (читај студено) канонски третиран проблем, ќе го погледнам од една наивна, но затоа понебесна перспектива. Пред тоа само накратко ќе потсетам на поновата историја на проблемот, која почна со неколкуте рунди конструктивни и релаксирани (колку што можеа да бидат), преговори меѓу МПЦ и СПЦ, во кои реално се спореше само за статусот (автономија или автокефалност) на МПЦ, а кои резултираа со фамозниот, тогаш прифатлив за четворицата наши архијереи кои го потпишаа, Нишки договор, кој под притисок на македонската јавност на која (постои мислење) невешто й беше презентиран, МПЦ го отфрли како можен пат до решението. Потоа следуваа неколкуте, во градација кон порадикални потези
izvinuva, vo se` veruva, na se` se nadeva, se` pretrpuva. Qubovta nikoga{ ne prestanuva, a drugoto, ako se proro{tva, }e prestanat; ako se jazici - }e zamolknat; ako se znaewa - }e is~eznat. Oti po ne{to znaeme i po ne{to prorokuvame; a koga }e dojde sovr{enoto, toga{ }e is~ezne delumnoto. Koga bev dete, zboruvav 55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
на СПЦ, кои пак деновиве кулминираа со ракополагањето на нови епископи, членови на евентуалниот вонреден Синод на Егзархот на СПЦ во Македонија, Јован Вранишковски, со што СПЦ евидентно ја дисквалификува МПЦ како организирана црква која со својата јурисдикција ги покрива православните христијани во Република Македонија. И ако си дозволиме малку да истрчаме понапред, во оваа атмосфера на сè поголемо недоразбирање и пренесување на проблемот од разговор на конкретни личности, во препукувања меѓу апстрактни, сега веќе отворени противници, можеме да претпоставиме и ваков развој на настаните: СПЦ, осуетена од нашите обвиненија дека несовесно (со исклучиво политички курс) се однесува кон МПЦ, преку својот Поглавар, Патријархот Павле, може да напише Томос, со кој на Јовановиот Синод ќе му даде автокефалност, под име Македонска Православна Црква! Во тој случај, првпат во историјата на овие простори ќе постои институција црква со име Македонска Православна Црква чија автокефалност ќе биде призната од целата православна екумена! И што тогаш? Не сакам ниту да размислувам. Многу поорганизирани цркви
kako dete, kako dete mislev, kako dete razmisluvav; a koga stanav ma`, go ostaviv detinskoto. Sega gledam nejasno kako vo ogledalo, a toga{ - lice vo lice; sega znam ne{to, a toga{ }e znam kako {to sum poznat. A sega ostanuvaat ovie tri raboti: verata, nade`ta i qubovta; najgolema me|u niv e qubovta.
HRISTIJANSKI IZVOR
од МПЦ не успеваат да ги амортизираат ефектите на нивните со децении стари расколи, а камо ли ние кои де факто имаме раскол, но кој во спомнатата несакана, но можна разврска на настаните, би бил многу поопасен. Зашто Синодот на Јован, во тој случај би бил ослободен од обвиненијата упатени на адресата на СПЦ, а во кои српските епископи ги товариме за неразбирање на нашиот објективно заснован став дека не можеме да се откажеме од името Македонска Православна Црква и од статусот автокефалност. Ваквиот развој на настаните би бил неочекуван и несвојствен за досегашниот курс на СПЦ кон нас, но (за жал) е сосем можен. И сега ќе се вратам на мојата намера да гледам поинаку, би рекол евангелскодетски на работите, одговарајќи си на прашањето - не можеше ли некако поинаку, на начин кој неоспорно ќе ја градеше црквата во Македонија, МПЦ да биде ставена во рамките на каноните? Ова прашање е многу битно да си го поставиме, знаејќи дека за нас може да постојат нерешливи проблеми, но,за Бога не - решението е секогаш кај него. И уште кога знаеме дека Бог не ја крие својата волја од нас, туку напротив, ни ја открива како вистински критериум, нашата одговорност, особено во вакви ситуации, станува многу, многу голема. Виновни сме што недоволно се отвораме за Бога. Кога би се предавале на неговата волја малку повеќе, кога би имале вера барем оддалеку приближна на големината на синаповото зрно (Христос земајќи за пример мало зрно, јасно ја покажа слабоста на нашата вера, за која е особен успех, изразен во импресивното преместување на планини, да ја достигне големината на малото синапово зрно),
јасно ни е дека сè би било поинаку. Па дури и тешкото епископско бреме не би можело да ги фрли на колена свештените архијереи на Црквата Божја. Епископската служба е најодговорната, а според тоа и најтешката работа на светот, но кога епископите би му дозволиле (слободно и љубовно) на Бога да ги користи даровите што тој ги вложил во нив за да можат да одговорат на неговиот страшен (во свештена смисла) призив за примање на архиејрејскиот чин, тогаш нивната служба би била радосна како големото славословие. Колку е страшно да му се служи на Бога, гледаме од следнава литургиска молитва (која се чита за време на Херувимската песна): - "Никој од врзаните со телесни похоти и страсти, не е достоен да Ти приоѓа или да Ти се приближи или да Ти служи Тебе, Цару на славата. Тоа е големо и страшно и за самите Небески сили...". Од овие зборови јасно ни е дека навистина никој не е достоен да го прими ѓаконскиот или некој од пониските свештени чинови, кои ја исполнуваат со трепет дури и највисоката небесна хиерархија чии членови не се опуштаат,
иако се постојано во Божја непосредна близина и служба. Оттука свеста дека и самото прифаќање на највисокиот, епископскиот чин е страшно и тешко. Но, затоа многу порадосно е давањето на добар одговор од страна на епископот, на предизвиците што ги носи неговата највозвишена, првосвештеничка служба. А ова, колку и да звучам наивно, се надевам не само теоретски, многу е лесно да се постигне. Ќе објаснам на што мисла - станува збор за добро познати работи, но кои за моја утеха посакав уште еднаш да ги кажам. Бог, изразувајќи ја својата волја преку гласот на Синод од архијереи, кога ќе избере некого за свој епископ, бара од него да биде избран сад преку кој Бог ќе ја излее својата благодат на која се држи целиот свет. Сè што треба да направи епископот е да му дозволи на Бога да дејствува преку него. Во нашиов случај соборите од епископи да дозволат, да го пуштат Бога да влезе меѓу нив. На сите ни е јасна поентата. Вакви епископи й се потребни на Црквата Божја најмногу сега, во оваа крајно сериозна криза на институцијата црква, кога никој веќе не се надева дека со човечки сили може да се направи што и да е. Потребни се епископи кои ќе бидат на нивото на ситуацијата, кои токму затоа ќе се трудат што повеќе да го оприсутнуваат Бога во своите животи, кои ќе го носат Бога во светите Синоди каде што припаѓаат, а Бог секогаш ќе си го прави своето, особено тогаш кога нашите залагања да промениме нешто на подобро, ќе го исцрпат и својот горен лимит.
ЗЕНИТОТ НА ДИСКОТ
ФУДБАЛ СПОРТ СПОРТ СПОРТ СПОРТ СПОРТ СПОР ПОДГОТОВКИ ЗА КВАЛИФИКАЦИОНИОТ ЦИКЛУС
NEDVED, MUTU, KLAJVERT... [ANSA DA SE DOKA@EME Она што треба да нè радува нас е изјавата на холандскиот селектор Дик Адвокат, кој веднаш по ждрепката децидно истакна дека треба сериозно да се смета на репрезентацијата на Македонија која отсекогаш знаела да изненади и да биде незгоден противник за фаворитите.
Пишува: Дејан СТОЈАНОСКИ
М
акедонската фудбалска репрезентација ги доби своите противници за Светското фудбалско првенство кое во 2006 година ќе се одржи во Германија. Групата е тешка и неатрактивна (барем не од финансиски аспект), но мора да се каже дека е тоа токму таква група каква што й беше потребна на Македонија, да се докаже во фудбалскиот свет и конечно 57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
за прв пат во својата историја да се обиде да избори место кое води во баражот. Задачата нема да биде ни малку лесна, но мотивот и храброста е она што треба да ги краси и да биде карактеристика на нашите игри. Имено, одамна фудбалска Европа не познава слаби и силни репрезентации. Сите влегуваат со еднакви шанси (последен пример за тоа е репрезентацијата на Летонија која сензационално ќе игра на ЕП). На крајот, сепак, станува збор за фудбал, а во фудбалот сепак е сè можно, нели?
ФУДБАЛ СПОРТ СПОРТ СПОРТ СПОРТ СПОРТ СПОРТ С
ВРЕМЕ Е ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА ВРЕДИМЕ
ТЕШКА ГРУПА Македонија за свои противници ги доби репрезентациите на Чешка, Холандија, Романија, Финска, Ерменија и Андора. Од сите овие репрезентации досега на официјални натпревари сме се сретнале со репрезентациите на Романија, со која имаме непријатно искуство затоа што на два пати бевме убедливо поразени. Потоа сме се сретнале со репрезентацијата на Ерменија која успеа да нè понижи среде Скопје и да извади нерешено во Ерменија и тоа кога според многумина ја имавме најсилната репрезентација од нашето постоење предводена од Панчев и
Селекторот Канатларовски, како и другите членови од нашата делегација, не се задоволни од ждрепката затоа што добивме неатрактивни, а силни противници. Но, она што треба да нè радува е тоа што во изјавите на сите провејува една нишка на притаен оптимизам, дека ете овој состав на македонската репрезентација може да направи изненадување и да се вивне во фудбалските височини. Најдоски. Со репрезентациите на Чешка и Финска се имаме сретнато на пријателски натпревари. Тогаш изигравме изненадувачки 1:1 со Чешка во Скопје, а со Финска имаме еден пораз, пораз на турнир со 3:0, и една победа, во Прилеп со 1:0. Се немаме сретнато само со репрезентациите на Холандија и Андора. Реално гледано, Холандија предводена од супер-ѕвездите, Ван Нистелрој, Клајверт, Сидорф, Давидс и компанија како и репрезентацијата на Чешка која е во континуиран играчки и резултатски подем, предводена од Недвед и Росицки, би требало да бидат главните фаворити за освојување на едно од првите две места кои водат на Светското првенство.
Репрезентацијата на Романија која ги има ѕвездите од типот на најперспективниот фудбалер во светот, Муту, и Чиву како и репрезентацијата на Финска предводена од Литманен и Хипија, треба да бидат оние кои ќе имаат можност да го искористат секој кикс на фаворизираните. Но, она што треба да нè радува нас е изјавата на холандскиот селектор Дик Адвокат кој во изјава дадена веднаш по ждрепката децидно истакна дека треба сериозно 58 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
да се смета на репрезентацијата на Македонија која отсекогаш знаела да изненади и да биде незгоден противник за фаворитите. Репрезентациите на Андора и Ерменија, праведно или неправедно, се ставени во втор план и сите веќе имаат пресметано шест бода од дуелите со нив. Селекторот Канатларовски, како и другите членови од нашата делегација, не се задоволни од ждрепката затоа што добивме неатрактивни, а силни противници. Но, она што треба да нè радува е тоа што во изјавите на сите провејува една нишка на притаен оптимизам, дека ете овој состав на македонската репрезентација може да направи изненадување и да се вивне во фудбалските височини. Тоа значи дека сите полека стануваме свесни дека треба да го искористиме фактот што нè сметаат за несериозен противник и дека овој состав кој подолго време игра заедно, ја има шансата да направи нешто што ќе остане запаметено.
ПОДГОТОВКИ Подготовките за овој квалификационен циклус треба да почнат уште веднаш. Селекторот треба да направи соодветна програма за подготовки како и да направи програма со која ќе се овозможи негово
СПОРТ СПОРТ СПОРТ СПОРТ
Re{enie (vo horizontalna nasoka): E, PIROTIN, IRONIJA, SLOBODAN, UNIJATI, LIV, AZ, A, ISKRA, ARES, ALAN, M, PO, ORHIDEI, OKRUG, JAGNE, KSIL, TAKOVO, RAK, TIMO, EL, SINAPRES, SNI, FATMIR, GATT, LAMA, START, DARIJ.
непречено следење на формата на репрезентативците. Не смееме да се доведеме до ситуација да цениме за формата на репрезентативците по тоа што напишале медиумите. Потоа за прв пат треба да се организираат базични собирања и подготовки на кои репрезентативците ќе имаат можност подобро да се запознаат. Тоа ќе овозможи да не се доведеме во ситуација да имаме подготовки само неколку дена пред натпреварот. Таквиот начин на работа се покажа досега како крајно непродуктивен. Токму базичните подготовки кои треба да бидат во програмата на селекторот треба да овозможат фудбалерите да се "читаат" на теренот. Исто така, треба да се посвети повеќе внимание и на работата во македонските клубови, за што може да дојде до ситуација повеќемина стандардни репрезентативци да бидат повредени и да се нема соодветна замена. Атмосферата во репрезентацијата треба да биде на највисоко можно ниво за што заслуга треба да имаат и сите оние кои работат во ФФМ, зашто само добра атмосфера е предуслов за големи успеси. И на крај да дозволиме селекторот да го истурка целиот квалификационен циклус, зашто никој не може да работи продуктивно ако постојано е под притисок дека ќе биде сменет. Во секој случај, сите со нетрпение ги очекуваме првите натпревари затоа што кај сите за прв пат се чини владее еден нескриен оптимизам дека можеме да направиме изненадување.
Национал
“БУКЕТ” - Скопје 389 / 02 / 3233 - 233
Во амбиентот на овие два ресторана ќе се чувствувате пријатно и релаксирано. Градската врева заменете ја со интимната атмосфера и ќе уживате во вкусните специјалитети од македонското поднебје. “НАЦИОНАЛ” - Скопје 389 / 02 / 3214 - 200
60 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003
Приредила: Милева ЛАЗОВА
ARGATSKA ZAKUSKA Потребно: -200 гр. свинско филе; -100 гр. сечкан кромид; -3 благи пиперки; -1 домат; -0,05 дл. масло за јадење; -30 гр. мал увијач; -30 гр. пилешки медалјони; -30 гр. телешки медалјони; -сол; -зачинал; -бибер.
Подготовка: Месото се пече на скара, а кромидот, пиперките и доматот се пржат во тавче. Свинското филе и зарзаватот се ставаат во една тава да прокрчка. Потоа се става сол, зачинал и бибер. Сето тоа се става во капачиња од тесто приготвени во фурна, а врз нив се ставаат малиот увијач и медалјоните. Одозгора се покрива со друго капаче од тесто. Подготвила: Бранкица Тирчоска, готвач во ресторанот “Букет”
SELSKA TORTA
Потребно: -4 јајца; -100 гр. шеќер; -120 гр. брашно; -30 гр. суво грозје; -0,20 дл. рум; -0,50 дл. коктел џус. За филот: -3 јајца; -1 л. млеко; -180 гр. нишесте; -110 гр. шеќер; -30 гр. маргарин; -30 гр. мелени ореви; -1 кафена лажица какао; -чоколаден прелив. Подготовка: Пандишпан: Белките и шеќерот се матат, се додаваат жолчките и брашното и полека се меша. Потоа се пече во подмачкан плех. Фил: Млекото се загрева на оган. Се додава шеќерот, маргаринот и жолчките. Откога ќе се згусне, се трга настрана и се додаваат претходно изматените белки. Пандишпанот се дели на 3 дела. Првиот дел се прелева со џусот и румот и се става фил, а потоа суво грозје, мелени ореви, какаото и чоколадниот прелив. Потоа се става вториот дел и третиот дел меѓу кои се ставаат истите состојки. Подготвил: Анѓеле Стојановски, готвач во ресторанот “Букет” 61 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003