494

Page 1


MupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupo


БЕЗ УСУЛ ПОТРОШЕНИ 17 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

OSOJNICA

ЗАСЛАДЕНИ ПРАТЕНИЧКИ БДЕЕЊА Ноќните сеанси во македонскиот Парламент кои неделава ни наметнуваа привид на, не дај Боже, воени невремиња, не беа ништо друго освен внесување непотребна паника во државава. Народните избраници од редовите на владејачката гарнитура заборавија какви последици во јавноста може да има деноноќното силување на таканаречениот Предлог-закон за таканаречениот трет државен универзитет кој треба да ги покрие апетитите на вечно незадоволното албанско малцинство во Македонија. Во нормални држави вакви ноќни парламентарни сеанси се одржуваат само за прогласување воена состојба. Несериозноста на владејачите во државава нè оддалечуваат од епитетот "нормална". На маргините на ноќните бдеења и гладувања, се случи и еден куриозитет. Пратеничката Ганка од ВМРО-ДПМНЕ си одвои од устата половина чоколада со која ја облажи и й даде кувет на нејзината колешка Каролина од СДСМ. Кој тоа таму вели дека СДСМ и ДПМНЕ не се милуваат?

ТЕЛЕКОМ ЌЕ ГИ ЗАБИБЕРИ ТЕЛЕФОНИТЕ Монополот "Македонски телекомуникации", според својот бизнис-план за 2004 година, одлучил да отпушти повеќе од 500 вработени, а не е исклучено и поскапувањето на телефонскиот импулс. Според сè, на Телекомот не му е малку тоа што плаќаме најскапи импулси во Европа, туку сака уште повисоки, а освен тоа поради "непрофитабилноста" решил да отпушта и работници.

СКОПЈЕ ЗОО Коњи удриле дете пред Трговскиот центар "Бисер" во скопската населба Аеродром. Жителите на Аеродром велат дека повеќе од еден месец четири коњи се шетаат низ цела населба и дека најчесто можат да се видат како пасат на булеварските тревници.

Кредитот од Светска банка за реформа во здравството се потрошил ненаменски. Ова го потврдил и министерот за здравство, Реџеп Селмани, а кредитот од 17 милиони долари добиен пред четири години требаше да го реформира и осовремени здравството во Македонија. Но, наместо тоа, само за изработка, распишување и за затворање на еден тендер, домашни и странски експерти добивале хонорар дури и од 200.000 евра, место да се набават неопходни апарати и други средства неопходни за здравствените услуги.

"СКАПИ" КАШИЧКИ ЗА БЕБИЊА "АВТ Интернационал", увозник на кашичките ХИПП, ги продаваа кашичките со грешна декларација во која стои дека не содржи глутен што предизвикало алергии кај некои бебиња, алергични на оваа состојка. Имено, споменатиот увозник немало ни да се сети на "ситниот" пропуст да не биле совесните родители кои алармирале, бидејќи кашичките скапо ги чинеле по здравјето на нивните деца кои биле алергични на глутен.

ИНКВИЗИЦИЈА ЗА ТЕРОРИСТИТЕ Обвинителот во Атинскиот суд побара 44 казни доживотен затвор и уште 11.036 години затвор за петнаесеттемина Грци кои беа обвинети дека се членови на терористичката организација "17 Ноември". За Александор Јотопулос кој е обвинет како организатор на акциите на "17 Ноември", обвинителот побара дури 21 казна доживотен затвор и уште 2.440 години затворска казна. За Димитрис Куфодинас обвинет дека бил водач на групата егзекутори на "17 Ноември", обвинителот поединечно побара казни во период од десет доживотни затвори и уште 1.640 години, до доживотен затвор и 67 години самица. Кажано со филмскиот вокабулар, секаква сличност со односот на нашата држава кон терористите е во најмала рака - ступидност. Кај нас тие завршуваат на видни функции во Владата и во Парламентот.

КОЈ ШТО ЌЕ БЕШЕ АКО НЕ БЕА?! "Да не бевме ние немаше да дојдете на власт, а вие сега вака ни враќате", им рекол претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Ванчо Муратовски, на министрите од јавниот сектор незадоволен од текот на разговорите на последната средба во Министерството за труд и социјална политика. Но, министрите не останале со куси ракави, туку му возвратиле на синдикалниот лидер дека да не биле тие, тој никогаш немало да биде на таа функција.

6 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


ОСМИОТ ДЕН

Осмиот ден

Q

Снежана КЛИНЧАРОВА

обредојдовте, Почитувани мои, во осмиот ден на "Македонско сонце". Оваа страница исто како посочениот ден ќе биде страница без темнина. Токму така, почитувани, Осмиот ден е светол ден. Единствениот ден без темнина. Свеста за неговото постоење, неговата смисла и суштина се клучот за највозвишената уметност. Уметноста на живеењето. Нешто што живите ги мотивира да бидат најдобри, најдоблесни, највредни, најтворечки, најумни, најмудри, најчовечни. Да бидат луѓе. Да го извлечат максимумот од себе, создавајќи дела достојни за почит. Затоа спознанието само за рајот и пеколот не е доволно. Не само затоа што гревовите се релативна работа, туку и затоа што во нив нема место за делата. А, само тие, длабоко продуховените, обезбедуваат прогрес за идните генерации. Остануваат бесмртни и по смртта на човекот - творец, оти заминуваат токму во Осмиот ден. Светлината, без трунка темнина им обезбедува на потомците отворена врата за напред во иднината. Оваа метафора за Царството Небесно е всушност безвременото време исполнето со етика. Литургиско време што во себе го вклучува не само историското време, туку и она што ќе е и она што е. Севкупното време и простор. "Преведено" на македонски ќе запрашам: Знаат ли нашиве транзициски политичари за постоењето на овој суштински "нектар"? Дефинитивно не. Оти зад себе, место дела, оставија само купишта празни тегли од кришум изедениот мед украден од народот и земјата македонска. Недобројни се ѕидовите од нивните безвредни вили, кули и палати. Натрупаа купишта злато и богатства скриени во глувчешките дупки на странските банки, што нивните потомци дури до деветтото колено не ќе смеат да го извадат на виделина. Купишта, купишта од... Но, тие не знаат дека Македонија не трпи такво однесување. Таа не го сака самобендисаниот човек. Дури фрла и анатема на оние што крадат од неа. Забораваат дека таа, а не тие, е Големата Мајка - Ма-Ма, питома, широка и плодна. Кадарна да породи, да прифати, да згрижи и да воспита. Но, и строга кога треба. Подготвена да превоспита, да казни, да уништи и да урне. Да воведе во нов и нов почеток сè додека нејзините "чеда" не станат вистински луѓе, вистински творци. Сè додека не се втопат во неа, сè додека не се именуваат по неа и сè додека не почнат безусловно да ја сакаат. Само таквите можеле, можат и ќе можат да ја имаат вистински. Да го имаат правото да речат: Македонија е мојата земја. А, на што нè учеа нашите водачи во изминативе тринаесетина години? Удавени во сопственото незнаење, суета и алчност. Заслужуваме ли Македонија и натаму да нè казнува и жигосува заради нивната изопаченост и некадарност? И затоа да не бараме "чуда" надвор од неа. Тие се тука, околу нас и во неа. Како што вели младиот научник со бистар ум и мила уста: "Таа, Македонија, е Земја за оние кои знаат да сакаат, без разлика дали се уплашени, гладни или обесправени. Таа е Земја за оние кои ќе го жртвуваат лебот и богатството за Вистината, за искрената Благодарност, за добар Збор или Песна". Впрочем, Почитувани, добрината и толеранцијата не се мерат по тоа од што се лишуваме, туку по тоа какви дела правиме. И затоа да не прашуваме повеќе кој е денот кога ќе ни се промени сивиот живот во Македонија. Кога ќе ни се просветли духот. Кога ќе ни се врати достоинството, верата, надежта и љубовта. Токму тогаш кога со дела ќе ги наполниме одаите на Осмиот ден. Денот без темнина што обезбедува бесмртност. Тогаш кога сите, а особено политичките елити, ќе заличат на човек чија метафора е цврстото стебло, чии корени се завртени кон небото сино. Од сега па натаму, Почитувани мои, на тоа ќе ги потсетувам во секој нареден број.

7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


M

мега интервју

МИНЧО ЈОРДАНОВ, претседател на Управни

IZVOZNIK BROJ EDEN OD MAKE


от одбор на “МАКСТИЛ”

DONIJA

Господинот Минчо Јорданов, претседател на Управниот одбор на "Макстил", денеска е познат како еден од најуспешните менаџери во Македонија. Во 1989 година беше познат како генерален директор на "Рудници и Железарница - Скопје" по што си поднесе оставка. Дваесетина години пред тоа беше препознатлив како човек кој макотрпно ја гради својата кариера почнувајќи од сменски погонски инженер што работи и во ноќните смени. Ќе стане најавторитетен инженер-металург, кој ќе направи авантура и во политиката станувајќи сојузен пратеник во Собранието на бившата држава. Работејќи во Комисијата задолжена за изработка на "Законот за здружен труд" (1974) ќе ги доразбере предностите и проблемите на социјалистичката економија. Пред тоа, односно по скопскиот земјотрес (1963), ќе го носи епитетот одличен студент на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград. А до земјотресот ќе го придружува имиџот на најголем шармер од скопското "Дебар Маало". Далеку пред тоа, во 1944 година во Штип, каде што е роден, неговите најблиски ќе знаат дека се родило детето "со крилја". И навистина, по стресната 1989 и за него и за Железарницата тој ќе продолжи "да лета" со своето знаење, искуство, енергичност и борбеност. Ќе замине во Русија како претставник на "Технометал" од областа на металургијата. Неговите идеи што тешко или никако не поминуваа кај нашите, беа прифатени од трговскиот гигант "Дуферко" (Лугано, Швајцарија). Од позицијата член на Бордот ќе ги убеди да почнат и со вложувања во производствени капацитети. Со фифти-фифти инвестиции ќе ја купат скопската Железарница во 1998 година. Веќе од следната 1999 почнува успешната приказна наречена "Челик со македонско сонце" на компанијата "Макстил" и нејзиниот прв човек, Минчо Јорданов. Пред две години ќе ја заслужи наградата "11 Октомври" за посебни достигнувања. Минатата година ќе биде прогласен за човек на годината. А, пак годинава, поранешната Валавница, односно сегашниот "Макстил" ја доби наградата на град Скопје - "13 Ноември".

Разговорот го водеше: Снежана КЛИНЧАРОВА

Господине Јорданов, Македонија во изминативе десетина години не беше и не е пристојно место за инвестирање. Вие сепак тоа го сторивте. Зошто? ЈОРДАНОВ: Со "Дуферко" С.А. сум партнер повеќе од десет години, со многу успешна соработка. Таа соработка стана уште посодржајна и стратешки подлабока кога, врз база на резултатите во Русија и Украина, "Дуферко" реши


M

мега интервју

МИНЧО ЈОРДАНОВ

БРОЈКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА За жал, условите за стопанисување во согласност со Законот за загубарите беа тешки, а и посебната Програма за реструктуирање и консолидирање при приватизацијата беше дискриминирачки замрзната ("Макстил" плаќа 65 отсто поскапа струја од потрошувачите со кои е заедно во спомнатата Програма и четири години нема потпишан договор со ЕСМ). Тоа го чини "Макстил" над 2.500.000 долари годишно. Никаква правна заштита од долговите на Железара (веќе плативме 2.200.000 долари) како и обврски што државата треба да ги исполни кон "Макстил" од околу 2.000.000 долари. Проблемот со, веројатно, најскапиот гас на светот нè чини околу 1.500.000 долари.

да се трансформира во трговец - производител на челик! Како Македонец предложив инвестирање во Железара каде што бев генерален директор во најуспешниот период од нејзиното работење (над 1.000.000 тони готови производи со сериозно ниво на профит). Се разбира дека тој предлог се базираше на економски оправдан бизнис план чии основи јас ги дефинирав. За "Макстил" денес и економската и пошироката јавност има неподелено мислење: Вашата компанија е всушност ретко успешна македонска приказна. Како Ви успеа? Раскажете дел од тешката приказна која е на другата страна од убавата, успешната (Вие, Вашата идеја "Дуферко"). ЈОРДАНОВ: Тоа беше типичен западен Дуферкопристап при инвестирање (купување) на претпријатија кои покажуваат негативни резултати и се лошо водени. Во согласност со нашиот бизнис план ние ја извршивме

првата фаза од структурната модернизација на "Макстил" чии резултати се во подолг период стабилни: постојан пораст на производството и извозот (извозник број еден на Македонија) и регуларно враќање на кредитните обврски (9.000.000 долари со ноември годинава). За жал, условите за стопанисување во согласност со Законот за загубарите беа тешки, а и посебната Програма за реструктуирање и консолидирање при приватизацијата беше дискриминирачки замрзната ("Макстил" плаќа 65 отсто поскапа струја од потрошувачите со кои е заедно во спомнатата Програма и четири години нема потпишан договор со ЕСМ). Тоа го чини "Макстил" над 2.500.000 долари годишно. Никаква правна заштита од долговите на Железара (веќе плативме 2.200.000 долари) како и обврски што државата треба да ги исполни кон "Макстил" од околу 2.000.000 долари. Проблемот со, веројатно, најскапиот гас на светот нè чини околу 1.500.000 долари. Сепак, имаме надеж дека Националната програма за реструктуирање ќе ги реши и воедно самата суштински ќе

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


се модифицира со давање вистинска директна помош во доведување до нормални услови на стопанисување и во финансирањето на истата за што се започнати разговори со Владата на Република Македонија. Дали Проектот "Челик со македонско сонце" ќе биде едно од решенијата за колабираната македонска економија? ЈОРДАНОВ: Јас сум реално убеден дека "Макстил" може да биде локомотива на развојот.

ОД ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА СО ЗАМЕНИКМИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ, ДИМКО КОКАРОСКИ

Вашата визија за идниот македонски развој не ја споделуваа досегашните државни водства. Зошто? ЈОРДАНОВ: Нереализирањето на концептот "Челик со македонско сонце" ја чини државата околу 350 - 400.000.000 долари нов БДП со сите економски и социјални последици. Веќе кажавте за штетите од несоодветните, нелогичните, да не речеме нездравите амбиентални услови за стопанисување. Колку губиме поради преценетиот денар?

ВО "ЧЕЛИЧНАТА ВОЈНА" НА ГОЛЕМИТЕ Условната војна во челикот не постои, иако проблемите на протекционизмот и субсидиите се присутни. Станува збор за глобални процеси на жестока конкуренција во која ќе преживеат само оние што се глобално конкурентни.

ЈОРДАНОВ: Преценетиот денар (околу 30 отсто) е еден од главните носители на застрашувачкиот трговски дефицит (кумулативно околу 1,2 милијарди долари) и особено негативно влијае на стопанската активност (2 - 4 отсто раст не решава ниту еден од основните проблеми, а особено не невработеноста). Па, сепак, Вашето производство од година во година бележи пораст, а неодамна влеговте во нов инвестициски циклус. Каква е релацијата "Макстил" - банките (Алфа Банка) и воопшто ефикасноста на македонскиот банкарски сектор?

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


M

мега интервју

ЈОРДАНОВ: Основен предуслов за влегување во нов инвестициски циклус е, како што реков, јасна поддршка на Владата на Македонија во финансирањето на Националната програма за реструктуирање на принципите по кои се реструктуираше европската челична индустрија и нормализирање на условите на стопанисување (струја, гас и други обврски). "Макстил" е кредитно способен да влезе во нов циклус на реструктуирање по погоре спомнатите услови. Банките се одраз на состојбите во стопанството и таму каде што не е извршено техничко-финансиско престројување и консолидација или каде има криминални состојби во приватизацијата, фризирани сметки и отсуство на државна контрола, банките едноставно не финансираат!

МИНЧО ЈОРДАНОВ

"МЕТАЛУРГ" КАКО СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК Спортот не трпи силеџиство од каков и да е вид. Особено ако се загрозува здравјето на спортистите. Се разбира, ќе продолжам да вложувам во спортот сè додека не ги создадеме условите потребни и за рекреативно и за професионално спортување.

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


Покрај домашните проблеми, Вие и "Макстил" се справувате и со проблемите на меѓународниот пазар. Таканаречената "челична војна" меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави трае подолго време. Што значи тоа за Вашата компанија? ЈОРДАНОВ: Условната војна во челикот не постои, иако проблемите на протекционизмот и субсидиите се присутни.

УСПЕШНА МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА Сметам дека создавањето на економски р’бет на македонската држава, а тоа треба да биде челичната индустрија, е вистински придонес за правење успешна македонска приказна.

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


M

мега интервју

ВРАЌАЊЕ Како Македонец предложив инвестирање во Железара каде што бев генерален директор во најуспешниот период од нејзиното работење (над 1.000.000 тони готови производи со сериозно ниво на профит).

Станува збор за глобални процеси на жестока конкуренција во која ќе преживеат само оние што се глобално конкурентни (тоа ќе бидат оние што успеале да се реструктуираат - тоа е основната цел на нашата Национална програма и тоа е суштината зошто таа мора да се поправи и реализира). Покрај поволниот европски и гладниот за челик кинески пазар, се отвора и американскиот (Буш конечно ги укина дополнителните царински давачки). За да бидеме поконкурентни на овие пазари, од колкава важност е брзото донесување на Националната програма за преструктуирање на челичната индустрија во земјава?

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

МИНЧО ЈОРДАНОВ


ЈОРДАНОВ: Под услов да се усвои Национална програма што ги одразува и решава структурните и глобални проблеми на "Макстил" и челикот воопшто и со поддршка на Владата во финансирањето по стандардите на Европската унија, ние ќе постигнеме зголемување на производството над 700.000 тони слабови со истовремено намалување на штетните емисии. Нашите очекувања се оптимистички, бидејќи за вакви еколошки проекти постојат посебни фондови и дозволена е државна помош. Господине Јорданов, една мала, но здрава дигресија. Спортот како Ваш предизвик и натамошните вложувања во Спортското друштво "Металург" кое негува повеќе спортови. Впрочем, станавте член и на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Македонија? ЈОРДАНОВ: Планот е ова Спортско друштво, кое влече корени уште од старите денови на Железарницата, да продолжи да расте и во сите спортови (ракомет, фудбал, карате) да бележи успеси како на домашната така и на меѓународната спортска сцена. Секако дека и од клупската, но и од позицијата на Ракометниот сојуз на Македонија ќе сторам сè за да се стави ред во спортот, во случајов во ракометот. Затоа што спортот не трпи силеџиство од каков и да е вид. Особено ако се загрозува здравјето на спортистите, каков што беше случајот со натпреварот одигран со Ракометниот клуб "Младост" во Богданци. Инаку, Спортското друштво "Металург" сакам да биде јадрото околу кое ќе се збираат граѓаните од населбата, во голем дел работници на "Макстил". Зашто спортувањето по нивната напорна работа, како и на нивните деца, е благородна и здрава активност околу која и натаму ќе се ангажирам. Се разбира и ќе продолжам да вложувам сè додека не ги создадеме условите потребни и за рекреативно и за професионално спортување. Господине Јорданов, многумина Ве сметаат за еден од најуспешните луѓе во Македонија (енергичност, знаење, искуство, визија), а бевте далеку од политиката од која најмногу се профитираше во изминативе македонски транзициски години. Не мислите ли дека е време од една друга позиција (премиерска, на пример) да почнете да ја правите, покрај оваа за "Макстил", и успешната приказна за Македонија? ЈОРДАНОВ: Сметам дека создавањето на економски р’бет на македонската држава, а тоа треба да биде челичната индустрија, е вистински придонес за правење успешна македонска приказна. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


SONCE NA PRAVDATA

Ili rabotete kako lu|e ili umrete!

FR^KOVCI

MAKEDONIJA POME\U STABILIZACIJA I NOVA KRIZA Постојат, грубо, четири фактори околу кои ќе се прекршува прашањето на дефинитивна стабилизација на земјата или можното отворање на следен циклус кризни состојби во Македонија и јас имам намера нив пред Вас, драги читатели на "Македонско сонце", кратко да ги анализирам. За тоа ќе бидат потребни повеќе осврти, но со најдобри надежи и посакувања за развиток на весникот кој е пред Вас. Сметам дека ќе ја имаме таа можност. Имено, за дефинитивна стабилизација и консолидација на земјата... ...треба да се имаат предвид и да се анализираат следните фактори: идната територијална поделба на општините и законот за децентрализација (тајмирани за февруари - март 2004); Пописот и неговата верификација (декември 2003); идните претседателски избори (октомври 2004); и расплетот на статусот на Косово (оваа година пред нас ќе се знаат можните опции). Надвор од овој список на актуелни предизвици стои општото стабилизирање на правната држава и консолидација на институциите на државната администрација како и интегративните процеси во евроатлантските институции - кои се подолгорочни и подразбрани стабилизирачки процеси. Опасноста која постои во лошо и политички креирано територијално делење на општините, како предуслов за ефикасна децентрализација, посебно во мултиетничките делови на државата (западна Македонија посебно) е реална. Имено, основа од која треба да се појде е

Рамковниот договор кој во Преамбулата и како основен столб на сите свои решенија ја има идејата за одржување и заштита на мултикултурниот карактер на Македонија. Таа негова основна ориентација може да биде загрозена со "политичка поделба" на општините под притисок на коалиционите партнери, "оправдуван" со брзината за апликација за членство во ЕУ. Всушност, да се дојде до таква поделба која ќе придонесе до тивко етничко чистење и рушење на Рамковниот договор "одвнатре". За што станува збор? ДУИ НА АЛИ АХМЕТИ ВО ВЛАДАТА ПРИТИСКА за големо окрупнување на општините и враќање на бројката од 34 општини. СДСМ, пак, не се знае од какви причини и концепти изложува бројка од 54 општини? Тоа за последица би имало нужно спојување на градските со селските општини и правење повторно на огромни конгломерати, како порано во социјализмот. Тоа за западна Македонија би имало следна последица: денеска во поодделните градови (или 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003

градски општини со последниот Закон за територијална поделба кој помина со поддршка на експерти на Советот на Европа) етничкиот баланс е следниот: Во Тетово 56 отсто се Албанци и 44 отсто други (Македонци, Турци, Бошнаци и слично). Во Гостивар 44 отсто Албанци, 56 други (Македонци, Турци и слично); Кичево 34 отсто Албанци и Дебар слично. Со спојување на селските и градските општини под името "окрупнување" на општините поради децентрализацијата - во Тетово би имало 85 отсто Албанци и 15 отсто други; во Гостивар 70 отсто Албанци и 30 отсто други; Кичево 52 отсто Албанци и слично. СЕРИОЗНО БИ СЕ НАРУШИЛ ПОСТОЈНИОТ БАЛАНС на меѓуетнички план на штета токму на "загрозените" и под притисок неалбанци во тие делови, а пред сè на Македонците. Ова би довело до притисок за тивко етничко чистење во процес и би завршило со де факто етничка поделба на територијална база во Македонија. Тоа би било во директна спротивност со словото и духот на Рамковниот договор, за неповрзување на етничките права со територија или детериторијализација на правата на културна различност. Конечно, тоа би довело до крах на Рамковниот договор, одвнатре, на неочекуван начин и преку реториката на "негово имплементирање"?! Дали й е јасно ова на меѓународната заедница која ја советува Владата за ова прашање? Дали му е јасно ова на македонскиот Премиер?


Меѓународните стандарди за поделбата на општините токму упатуваат на поделба на градски (урбани) и селски општини. Токму тоа треба да се следи и кај нас и ништо повеќе. Втора гаранција за одржување на функционална мултикултурност и демократичност на одлучувањето е вградување на т.н. Бадинтерово мнозинство и во одлучувањето за некои прашања кои се однесуваат за етничките права и различност и на општинско ниво. Мора да се спречи мајоризацијата и наметнувањето на етнички притисок во одлучувањето во општините (што сега масовно се случува). Со овие два пилара може да се

изведе децентрализација на успешен и европски начин. Но, за тоа е потребна политичка волја и малку ум. Ова е убедливо најопасната епизода на процесот на стабилизација и консолидација на демократијата во Македонија. Проблемите со децентрализацијата и новата територијална поделба во Македонија може непријатно да се поклопат со регионалниот притисок кој Албанците од Косово го вршат по прашањето на финалниот статус на тој протекторат. Имено, Албанците од Косово секогаш вршеле притисок и закани за регионална дестабилизација (посебно на Македонија) ако не им се

17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003

излезе во пресрет на нивните барања и погледи. Дополнително, ако преовлада, а има реални изгледи да преовлада, опцијата на кантонизација на Косово (со српски кантон), косоварите ќе се обидат да бараат компензација на изгубената територија во анархична децентрализација во Македонија. Нешто како "сива" територија на северозападна Македонија (со мнозинство Албанци) која ќе биде повеќе поврзана со Косово отколку со Македонија (независно што границите не мора да се менуваат - формално). За парирање и неутрализирање на овој вид дестабилизација, македонската држава треба сериозно и навреме да го консолидира правниот поредок и функционирање (пред сè на полицијата и војската на границите), како и општото присуство на инструментите на правната држава на теренот на ова подрачје. Пописот во Македонија, веројатно за подолг рок ќе ја симне од политичката агенда лицитацијата со бројките во политички цели. АЛБАНЦИТЕ КОИ ВЕРОЈАТНО СЕ НЕКАДЕ МЕЃУ 20 И 25% ПОКАЖУВААТ ТЕНДЕНЦИЈА ЗА СТАГНАЦИЈА и конечно контрола на демографската експанзија, а и регионално емигрирање од траен вид. Тоа ќе ја стабилизира на среден рок популационата маса која често со својата невработеност и релативна младост ја загрозува безбедносната карта и служи за регрутација на постојано незадоволство. Странците беа недоверливи кон бројот на населението и Пописот е сериозен инструмент дефинитивно посебно странците и меѓународната заедница да се уверат во состојбите и да отпаднат уцените со бројки. Уверен сум дека токму тоа ќе се случи и на ниеден начин НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОВЕДУВА ПОД ПРАШАЊЕ ПОПИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА (БАРЕМ НЕ ОД МАКЕДОНЦИТЕ). По секоја од овие основи станува јасно дека Албанците во регионот немаат повеќе капацитет за сериозна дестабилизација на регионот. Проблеми сè уште може да има, но не такви кои регионот би го дигнале на високо ризичен степен на дестабилизација. Високото и концентрирано присуство на меѓународната заедница помага значајно за стабилизација на регионот и тоа треба да продолжи. Но, најважно од сè е способноста на македонската политичка елита да ја консолидира правната држава и државната администрација како гарант за човековите права на целата територија на земјата.


SONCE NA PRAVDATA

Rizikot varira vo obraten razmer so znaeweto

Irving FI[ER

VREME ZA POBEDI Македонската економска транзиција требаше да обезбеди преод од централно-планска, едносопственичка, во мешовита пазарна економија со плурализам на сопствености. Политичкиот премин подразбираше растурање на стариот политички монопол со повеќепартискиот систем на конкурентно натпреварување на различни програми, концепти и визии за општествен развој. По повеќе од еднодецениско патување, за нас стои констатацијата дека ние "успеавме" да ги компромитираме и двете политекономски лица на истиот процес. Сите анализи нè посочуваат како негативен исклучок кој само го потврди позитивното правило дека... ...повеќето земји кои по некои параметри беа и зад нас, успешно го преминаа транзициониот рубикон. Пред нас е обврската да ги детектираме причините за неуспехот, не за да се бавиме со минатото, туку откривајќи, учејќи и менувајќи го лошото поведение, најлесно да дојдеме до подобра иднина. Кога ќе се бараат причините на нашиот неуспех највисоко од денешен аспект би ја ставил нашата лоша ментална/културна матрица која бледо се пресликуваше во политичката и во економската сфера. Затоа што, според многу други чисто економски позиции, како претходна отвореност кон Запад, искуството со приватната сопственост и иницијатива, банкарските заштеди, материјални и парични резерви кај населението и други економски показатели, ние имавме предност. Но, бадијала сите предности кога ние ја истеравме приватизацијата како номинално прелевање на

општествената, онаа сечија и ничија сопственост во неколку приватни џебови, наместо утврдување на процес кон пронаоѓање одговорни/ реални сопственици. Тоа подразбира прво, изложување на вртлогот на конкуренција и потоа принудата да научиш да пливаш во рамноправна конкуренција со сите други. Значи, не само гола приватизација, туку над сè радикално реструктуирање и учење за управување со ризикот во текот на беспоштедната трка. Кај нас застана саатот и процесот во оној момент кога формално ги добивме новите сопственици. Сите што беа принудени да се менуваат под диктатот на економската борба, брзо се откажаа од предизвикот и наместо неопходните менаџери ние добивме рентиери и тоа само на имотот на фирмите, бидејќи претходно работниците ги избркаа дома. СО ПОЛА УСТА ПОНЕКОГАШ НАШИВЕ СТАРО-НОВИ "БИЗНИСМЕНИ" 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

МОЖАТ ДА КАЖАТ ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТИЈА, дека никој не ги прашува за ништо, дека владее диктатура во партиите, Владата... дека еден или двајца ни ја кројат заедничката судбина... Всушност, тие и не се така далеку од вистината, но барем за момент нека се погледнат во огледало, нека се потсетат колку е поразлично тоа во нивните фирми, кој тоа таму одлучува повеќе од еден човек или која стратешка одлука ја донел некој надвор од "фамилијата". Кој вложи во едукација на стручен кадар, кој на клучни места поставува стручни, место свои луѓе, или највеќе од сè кој го отстапи своето место на раководење, или го замени своето сопственичко со професионално менаџерско управување?! Така ќе ја видат истата превртена слика од партиите кај себе во фирмите. Она на што укажуваше Шумпетер уште во првата половина на минатиот век, сè уште не стигнува кај нас. Тоа е времето/моментот кога треба да се разделат функциите на капитал сопственост и капитал функција. Состојба каде едно се загрижените, но економско неспособни/пасивни сопственици на имотот, а друго се функционалните менаџери кои реално го оплодуваат капиталот на фирмите. Тие меѓусебно се сретнуваат и се договараат за соработка не во кругот на семејството, туку на берзата на трудот и знаењето. ПРОМЕНИТЕ КОИ ГИ ОЧЕКУВАМЕ НЕ ДОАЃААТ САМИ, туку во конкурентната трка со другите транзициони економии треба да се


провоцираат. Пред сè, со доследно промовирање на натпреварувачки услови со полно важење на законот за вредност/трошоци од каде ќе произлезе економската принуда која ќе ја притисне нашава економска олигархија да се менува. Предуслов за тоа е градење на конкурентен амбиент, затоа што она што остана од големите фирми во економијава се само монополите. Вториот коалиционен партнер за создавање на промените се претставниците на новосоздадените фирми кои ги преминаа сите транзициони Сцили и Харибди. Не оние кои постојано се зависни од бизнисот со буџетските пари, туку тие кои својата егзистенција ја верификуваат на домашниот и сè повеќе на меѓународниот пазар. Од друга страна, скоро сè што почнавме да реализираме од крупните државотворни обврски по Референдумот е неуспех кој потоа политички се релативизираше. Неодлучноста да се преземат и да се реализираат неопходните државни задолженија ни се провлекува во сите коментари кои доаѓаат од страна од почетокот, па буквално до денес. Нејасното толкување на Рамковниот

обезбедува привремено преживување наместо да отвора простор за стабилен развој. Се перпетуира старата практика на политичките елити - кога не се сака/знае нешто да се заврши, се бара изговор наместо, ако навистина сакаат за прв пат, да побараат наЧин да се заврши која било обврска. Така, во континуитет од деценија НЕПОДГОТВЕНИ/НЕЕДИНСТВЕНИ ГО ПРЕСРЕТНАВМЕ ПРЕДИЗВИКОТ ЗА ИМЕТО, ЗНАМЕТО, ГРБОТ, ВОЈНАТА, ПА СÈ ДО УСТАВОТ. Оттаму нашата приказна може да се заклучи во една аксиома, дека толерирањето на кичот како modus vivendi или државна филозофија води кон внатрешна дезориентација и ентропија, при што пресретнувањето на неконсолидираното општество со секој, па и најмал предизвик, секогаш на крајот завршува со пораз. Парадоксот на нашето битисување е тоа што сега е најлесно да се заклучи дека по толку порази, пропаднати во талогот на социјалното и економско дно нема повеќе ни простор ниту поттик за квалитетна економска, социјална и културна преобразба на нашиов народ и држава. Но, тоа е само привидна/ привремена логичка грешка. Колку одовде/отсега и да е или да не е

предвидливо, СЕПАК МАКЕДОНИЈА НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ИЗБЕГНЕ УСПЕХОТ. Воените игри завршија, политичките тектонски поместувања се смируваат, општествено-економскиот простор се стеснува за манипуланти и хохштаплери од секој вид. Најважното што следува е тоа што конечно, институциите постепено/законски ќе мора да се одвојат од политичките центри на моќ. На тој начин најефикасно ќе се креира она што досега е наша најголема компаративна слабост, а неподносливо фали - посигурен амбиент. Во таа смисла е и онаа претпоставка од почетокот на текстот дека најмногу/ најбрзо треба да се менуваме самите што ќе подразбира растење на сознанието дека не "не треба", туку дека НЕ СМЕЕ повеќе да се разликуваме по големите прашања - за мир, граници, функционирање на институциите на целата територија, плаќање сметки и даноци, европска интеграција... Едноставно, повеќе нема ни простор ни трпение дека за заедничките јавни добра може да има нивни и ваши ставови, туку единствено НАШИ. Имено, сè повеќе ќе созреваат условите да се разликуваме по оние мали фини нешта по коишто човекот се осознава и се реализира како слободен поединец. Притоа, за секое од тие мали секојдневни дребулии ќе проследуваме индивидуално обраќање/одлучување од сосема мал број професионалци, а не грубо и со ништо непоткрепено партиско/ хорско гракање од сите. Затоа сега кога ги трошиме последните денови од третата година на третиот милениум, кога настапува католичкиот Божиќ, а ние го чекаме Свети Никола, ДА СИ ДАДЕМЕ КУРАЖ ЗА СЛЕДНОТО ЛЕТО. Да ги повториме старите и добри желби за здравје и среќа, и покрај нив да си посакаме посилно да ги потпреме своите надежи на сопствениот ум и труд. Значи, помина времето на порази, ова е време на поуки, а доаѓа време за многу обични и мали победи.


БЕЗБЕДНОСТ OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИК ЗАВРШИ АКЦИЈАТА ЗА ДОБРОВОЛНО ПРЕДАВАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО

Операцијата не ги даде очекуваните резултати. Собрани се 7.571 парчиња оружје. Од оваа бројка само 1.212 се воздушни пушки. До МВР има поднесено 4.387 барања за легализација на предаденото нелегално оружје. На 796 лица позитивно им е одговорено, а 73 лица се одбиени. За другите 3.518 лица дилемата ќе биде разрешена за шест дена.

FIJASKOTO BE[E PREDVIDUVANO

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

З

аврши акцијата за разоружување и доброволно предавање на оружјето која се одвиваше во три фази. Таа пропадна. Но, и покажа дека македонското население е до заби вооружено, а според предаденото оружје - арсеналот е навистина богат: од бомби до ракетни фрлачи и тешки митралези. Колку всушност ловот е богат? Николку. Минималецот ги отепа сите надежи дека ќе се освестиме од големата опасност што со себе го носи оружјето. Меѓутоа, тоа и натаму се чува и се крие кај населението. Среќни ќе бевме ако успеевме да собереме барем 10 отсто од нелегалното оружје, бидејќи многу стручњаци беа скептични и пред започнувањето на акцијата. Имено, и пред да се тргне во акцијата за собирање на нелегалното оружје се одеше со претпоставки и бројки на кои посочуваше меѓународниот фактор. Тие нè предупредуваа дека во Република Македонија има меѓу 110.000 до 170.000 парчиња различен вид оружје. На оваа опасност укажуваа и домашните стручњаци кои потенцираа дека секогаш постои шанса од фијаско на акцијата. Тие и пред две години беа резервирани во проценките, а сепак успеаја да ја прогнозираат успешноста на "жетварите". Тогаш во операцијата наречена "Неопходна жетва" 3.500 војници на НАТО собраа симболична бројка оружје којашто го поседуваа албанските терористи. При тоа повеќето од она што беше собрано во акцијата имаше музејска вредност, а модерното го сочуваа за други намери. Многумина тогаш оценија дека и во симболиката има значење, но подоцна сфатија дека фактите - убиствата, грабежите и киднапирањата - ги побија нивните ставови. Оттаму со голема

сериозност и загриженост треба да се пријде кон коментирањето или оценување на сегашнава акција. Таа покажа дека државните институции ја загубија битката со реалноста. Народот мора да се навикне дека живее во услови слични какви што се во Израел.

БРОЈКИ Офицерот за операции при Оперативниот центар на Координативното тело кое раководеше со акцијата, полковник Благоја Марковски, потенцираше дека не е задоволен од "задоцнетата берба". Таа покажа дека вкупно се собрани 7.571 различни видови на оружје, од кои само 1.212 се воздушни пушки. До сега се поднесени 4.387 барања за легализација на нивното предадено нелегално оружје. Од нив на 796 лица МВР позитивно им одговорило, а за преостанатите 3.518 ќе се чека во наредните денови, бидејќи Марковски ги замолил надлежните што поскоро да им ги разреши нивните дилеми. Во овој случај одбиени се малкумина, само 73 баратели. Со акцијата се собрани 100.213 куршуми од различен калибар, 27 митралези, 55 ракетни лансери и тромблони, 60 гранати, 797 бомби и 247 мини. Од целокупното количество собрано оружје 3.589 се пушки, 2.336 пиштоли и 458 револвери. На овие бројки треба да се додадат 1.257 парчиња експлозив што во килограми би изнесувало приближно 165,36. Полковникот Марковски истакна дека набргу по анализата што треба да ја проследи до Координативното тело и до Собранието ќе предложи повторно да се изведе и да се организира слична акција, бидејќи оваа не ги исполни очекувањата. Но, смета дека Република

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


А ИКА

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА

Македонија е способна да организира ваква сложена операција која мина без некои посериозни инциденти. За него меродавни се проценките на меѓународниот фактор кој со државните институции проценуваа дека во земјава има приближно 120.000 парчиња различни видови на оружје. Инаку, неколку дена пред завршувањето на акцијата, Никола Чунихин, портпарол на Оперативниот центар на Координативното тело за спроведување на Законот за доброволно предавање и собирање огнено оружје, муниција и експлозивни материи и за легализација на оружјето, даде првични оценки за одвивањето и спроведувањето на операцијата. - "Ќе се согласите дека секој почеток е тежок и затоа, како илустрација, во првата фаза цениме дека најбериќетен ден ни беше 4 октомври кога во еден ден беа предадени 63 различни видови оружје. Другите бројки - вели Чунихин - се движеа од 20, 25 до 37. Во втората фаза, оружјето се предаваше само во саботите, додека пак на 15 декември имавме 210 парчиња оружје од кои 22 со цевка, а вкупно беа предадени 380 различни видови на оружје. Како акцијата се приближуваше кон крајот, бројот на предаденото оружје рапидно растеше така што во споредба со првата фаза имавме за 20 пати поголемо количество предадено оружје". Во врска со оценката дека ако се соберат 10 проценти од нелегалното оружје тогаш акцијата може да се смета за успешна, портпаролот Чунихин има соодветен коментар. Прво, бројкаа не излезе о некоја релеванна инсиуција о Република Макеонија, уку о меѓунаронаа организација која се роизнесе со свои роценки кои навоно ги равела еен универзие. Во ена анализа се соменува ека во Макеонија има меѓу 110.000 до 175.000 арчиња оружје, а во руга се вели ека нашаа земја има меѓу 110.000 до 170.000 лица кои осеуваа оружје. Но, ако кон оваа бројка ги оаам и 138.000 легализирани арчиња оружје во РМ, оа нависина е голема бројка. Јас не верувам ека Макеонија е олку милианна земја, оносно ека ние како нација сме олку вљубеници во оружје. Мислам многу сме омирољубив наро. Шо значи, овие бројки не се согласуваа.

Ако се прави некое посериозно испитување, науката не би дозволила грешката во проценките да биде меѓу 10, односно 15 проценти, потенцира Чунихин, бидејќи во овој пример станува збор за разлика од 60.000 парчиња оружје, што секако не е дозволиво. Според портпаролот, тоа не се наши проценки или бројки. Таа статистика произлезе од меѓународната заедница која се раководела од акциите спроведени во регионот. Проблемот што го имале во завршната фаза, пронаоѓање на минско-експлозивни направи крај ниви и патишта, бил решаван преку соработка со месното население, а на теренот директно излегувале шесте специјални екипи коишто мините ги уништувале на терен или ги пренесувале на специјални места, но се разбира откако ќе се увереле дека тие можат да се транспортираат. Во Оперативниот центар велат дека располагале со информации кои посочуваат оти одредени вакви направи и количества биле фрлани во Дебарското Езеро. - "Ние како центар ги објавуваме бројките - како, колку е собрано. Но, ако генерално се гледа на проблемот, тогаш судот на јавноста дека Кисела Вода е најуспешна општина во Македонија, нема да издржи. Во неа не се предадени тешки пушкомитралези. Во Кисела Вода - објаснува Чунихин - не е предаден минофрлач од 60 мм. Во неа се предаваа автоматски и полуавтоматски пушки, пиштоли и револвери. Тоа не може да се спореди или оцени со, ако на едно место, во една општина, во еден ден ни беа предадени 50 воздушни пушки. Значи, станува збор за воздушна пушка, а не за

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА

автоматска пушка, за пушкомитралез или ракетен фрлач. Учинокот не е ист кога ќе се спореди ловечката пушка со еден ракетен лансер или тромблон".

СЕНКА Професорот Митко Котовчевски, раководител на Институтот за одбранбени и мировни студиии во Скопје, оценува дека Акцијата за собирање на нелегалното оружје во Република Македонија е неуспешна. - "Од аспект на собраното количество на оружје, во споредба со можниот број на илегално оружје во РМ, оваа акција е целосно неуспешна, бидејќи беше очекувано, а ефектите се скоро идентични - вели Котовчевски - дури и помали во однос на собраното оружје во другите балкански држави. Но, значајно е што е отпочнат еден процес на собирање на нелегалното оружје кој ќе биде доста тежок и неизвесен, а ќе претставува закана за националната безбедност на сите држави во регионот". Професорот Котовчевски смета дека сè додека се надвиснува сенката на огромниот број нелегално оружје, и под претпоставка оваа акција да беше целосно успешна, ефектите ќе беа мошне краткорочни, бидејќи тоа не се прави интегрално и истовремено во сите балкански држави кои се преполни со ова зло. Овој стручњак потенцира дека сè уште постојат активни илегални патишта за трансфер на оружјето кое често може да се прелева од една во друга држава. Тоа значи дека оружјето што брзо ќе се предаде може да биде заменето со ново и посовремено. Но, трагедијата за да биде уште поголема, најчесто се предава старо и доста експлоатирано оружје (кое дури специјално се купува на црниот пазар за таа намена), а во исто време современото оружје и понатаму љубоморно се чува за некои идни конфликти. Ова, всушност, се потврди за време на операцијата "Неопходна жетва" која имаше само симболичен карактер, но се потврди и проблемот дека ова зло ни оддалеку не е разрешен. Затоа, сè додека оружјето во целост не се собере, над Македонија и над регионот ќе надвиснува сенката од постојано рестартирање на воените конфликти. Ова за националните влади и меѓународната заедница ќе треба да биде прашање од највисок приоритет, ако во наредниот период вистински очекуваме да се врати мирот на овие простори.

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


KAKO DO...

M

Po~ituvani ~itateli!

акедонци и граѓани на Република Македонија! Сите наши раселени што во моментов се наоѓате на различни меридијани во светот! Од сè срце Ви го даруваме новото издание на неделникот "Македонско сонце" со надеж и верба дека ќе Ви причини радост во овие претпразнични и не многу светли денови за Македонија. Со неговиов најнов блесок сакаме да Ве увериме дека неуморно ќе ја продолжиме потрагата по вистинската приказна за Македонија, во која ќе ги вткаеме и нашето минато и нашата сегашност и нашата иднина. Како најубавиот, најестетскиот и најквалитетниот "македонски килим", резултат на сите умни, луѓе со добра волја и знаење на кои Македонија им е при срце. Значи, страниците на нашиот неделник ќе бидат отворени за сите оние (независно од нивната национална, политичка, партиска, верска, професионална и др. припадност) што знаеле, знаат и ќе знаат што треба да се стори за доброто, просперитетот и светлата иднина на Македонија. Ќе ги "гали" творците, но ќе ги "изгори" растурачите кои и да се, од каде и да се. Добредојдовте во новото издание на "Македонско сонце" и како читатели и како соработници - секогаш правдољубиви и на вистината и на Македонија.

S. Klin~arova БЛАЖЕ РИСТОВСКИ, академик

САМО ГРАЃАНСКА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ИМА ПЕРСПЕКТИВА Македонија го исчува македонскиот народ до Втората балканска војна (1912). Потоа настапи период на разбиена земја и распарчен народ. Втората светска војна беше последната шанса за ослободување и обединување на земјата, но ние ја прокоцкавме. Сепак, создадовме своја држава, макар и во федеративен состав. Со албанскиот вооружен напад врз македонската држава во 2001 година конечно ја загубивме македонската држава. Натурената (и прифатена) концепција за мултиетничноста и мултинационалноста на Република Македонија, како единствен реликт во светот, ако остане, не се гарантира опстанокот на ваквата држава. Со тенденцијата за дуалистичка и билингвална федерација конечно се погребува Македонија - во интерес на соседите и на меѓународните фактори за конечно решение на "македонското прашање". Ако овој народ и оваа држава сака да опстане, мора да создаде почва за разбирателство и за изградба на граѓанска држава (а не држава на етницитети или некакви племенски етнички заедници) со неизбежна промена на сегашниов Устав. Само граѓанска македонска Македонија, со сите права и слободи на малцинствата, има опстанок и перспектива.

Д-р ЖАН МИТРЕВ, кардиохирург

ГЕНЕРИЧКО ДРВО Сознанието за Македонија кај секој поединец го менува неговиот живот. Ја сфаќа одговорноста на своите предци и на огромната културна, многувековна и непрекината историја. На тој начин не може да работи, да мисли и да живее како што било пред тоа. Станува Македонец. Сознанието за Македонија ги променува видиците од локално кон интернационално. Ја прави јасна сликата на нашето генеричко дрво и почнувајќи од македонскиот корен и стебло се формираат сите гранки на таканаречените славјански народи.

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


OKO NA SONCETO

ЦВЕТАН ГРОЗДАНОВ, претседател на Македонската академија на науките и уметностите

ПОКАНА ЗА БРАТСТВО, ЉУБОВ И ИДНИНА Ќе говорам за тоа што треба за утре, а потоа би се навратил на тоа што е сега и што беше. Зарем има граѓанин на Република Македонија којшто не сака лична сигурност, сигурност на семејството, сигурност на најблиските, на државата во целост. Дали воопшто има граѓанин којшто не сака барем некој член од семејството да му е во работен однос, со чесен труд да заработи и тоа да го внесе во својот дом и да ги исхрани своите најблиски и себеси. Дали има воопшто граѓанин којшто не го сака општествениот, стопанскиот и културниот просперитет на својата земја. Тоа го сонува секој наш граѓанин, а ако има такви коишто тоа не го сонуваат, нека си одат оттука. Не им е тука местото. Македонскиот народ посебно не е народ на воени потези, народ којшто врши агресија. Македонскиот народ е мирољубив, трудољубив, скромен и мислам многу креативен. Сакаме сите граѓани на Република Македонија да живееме како една заедница во којашто ќе имаме една убава иднина за сите нас. Ние сè уште ги преживуваме рефлексиите на 2001-та година. Можеби кога ја доживувавме 2001-та не знаевме тогаш каква е реалноста на тоа. За таа година има различни сфаќања. Историјата ќе ги пресмета своите елементи "за и против" или оние што се помеѓу и ќе даде една праведна оценка за тоа што всушност се случувало. Јас како историчар не можам да кажам без доволно аргументи, а и ги немам. Своите проценки не ги давам така лесно особено кога е јавна изјава. Затоа ќе се причека и на таа оценка. Ова е обраќање не само до етничките Македонци, туку и до сите граѓани коишто можеби понекогаш и не сакаат да се наречат дека се граѓани на Република Македонија, како покана за братство, љубов и иднина, затоа што евентуалното потценување на основниот корпус на оваа држава и на македонскиот народ за никого не е добра. Македонскиот народ е стрплив и не сакам да кажам дека тој може утре да почувствува дека бил излажан од некого.

ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ, академик

ДРЖАВА КАКВА ШТО НЕ ЗАСЛУЖУВАМЕ Многу би сакал да дадам оптимистичка изјава, но нешто не ми дава, не ме остава. А не ме остава чувството дека ни се одземени соништата, идеалите. Некои случајни минувачи во политиката ни го амортизираа творечкиот поттик, ни ги конфискуваа мечтите. Ни ја истетовираа најдлабоката стигма на срам и понижување. Ни ги одзедоа минатото, сеќавањето, историјата. Ни го замаглија хоризонтот, ни ја укинаа иднината. Дури и црквата се вклучи во тој ешалон, во таа амплитуда на престапници за поголем профит. Некои предавници и родоотстапници ни го оддалечија Бога, ги разурнаа храмовите и светилиштата што ги носевме и во себеси. Не знам кому му треба Македонската православна црква да биде призната од Српската, наместо да биде обратно. Можеби затоа по казна живееме во држава каква што не заслужуваме. Црната хроника се етаблира како прва и најзначајна вест во сите медиуми. Веќе ниеден културен настан нема никакво дејство врз свеста и емотивниот интерес на човекот. Лагата и криминалот станаа доблест, тривијалноста - естетика на живеење. Ни се случи под притисок на два-тројца илузионисти делегирани од "меѓународната заедница" да биде хипнотизиран нашиот политички триумират како триумф на "нивниот" граѓански модел и консензуална демократија. Нам ни останува само да чекаме кога од тие силни европски принципи дефинитивно ќе колабира живиот организам на нашата веќе демонтирана држава. Дојде така што не знаеш кој е поголем државен непријател: оние што треба да бидат судени или оние што судат. Дали терористите со кои коалицира власта или власта која не знае како да си ги задржи позициите без нив. Ова е можеби единствената држава (ако е сè уште држава) која е под целосен протекторат на едно малцинство. Еве, на пример, според најновиот Попис излегува 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


KAKO DO...

дека Македонците само умирале, а Албаниците само се раѓале или увезувале до договорениот процент. И тоа на општа радост на пописната комисија. Николај Александровиќ Перѓаец има кажано една навидум еретичка мисла: "Слободата е пред сè право на нееднаквост. Еднаквоста е пред сè уништување на слободата". Дали нашата слобода веќе е уништена? Зошто со години се изведуваат некакви перманентни абортуси на транзиција за побрз влез во ЕУ? Макар и како народ без знак на препознавање. Иако со милениуми Европа била провинција на Македонија. Има една народна сентенца која кажува како мажот најнепосредно ќе разбере дека е веќе стар и неспособен за љубов. А таа гласи вака: "Стар си кога ќе забележиш првпат дека не можеш и вторпат. А ептен многу стар си кога ќе забележиш и вторпат дека не можеш ни првпат". За жал, нашиве властодршци кои за оглав нè водат веќе 12 - 13 години, не го забележале ни едното ни другото. Никогаш не посакале да си го проверат стерилитетот на своето политичко либидо.

АЛЕКСАНДАР АНЧЕВСКИ, ректор на скопскиот Универзитет

АКАДЕМСКА КРИЗА ИЛИ АКАДЕМСКИ ПРЕСТИЖ На патот за интегрирање во европската култура на високо образование, во академската средина неминовно се поставува прашањето - дали се наоѓаме во фаза на престиж или во состојба на академска криза? Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - најстарата универзална, духовна, образовна, културна и научна институција во Република Македонија, во досегашниот повеќедецениски период дава белег на вкупните развојни процеси и во исто време успева да се справи со обидите за деградирање и негирање на неговата интелектуална моќ. Развојот на високото образование и денес е незапирлив процес, процес кој мора да биде воден и предводен од интелектуалната моќ, концентрирана токму на Универзитетот. Колку повеќе процесите во високото образование ќе се одлепат од политичките влијанија и конструкции, толку повеќе универзитетите ќе се промовираат како места за продуктивен развој на образовните, културните и научните визии и стратегии и тие ќе бидат вистински места за академски и цивилизациски престиж. Тоа ние успешно го остваруваме, но се поставува прашањето - дали Република Македонија создава услови за единствен високообразовен систем со јасно дефинирани стандарди и вредности? Убеден сум дека само едно интегрирано високо образование во РМ, со во себе инкорпорирани европски стандарди и принципи, кои нашиот Универзитет ги поседува - отвореноста, еднаквиот пристап, без разлика на националната, верската, регионалната, политичката и социјалната припадност, автономноста и академската слобода, ќе може успешно да ја оствари целта - да претставува дел од европскиот простор на знаење. Оттука, и мојата дилема: Дали во нашата држава се создава единствен високообразовен систем, или пак ќе ни се случи истовремено да имаме - од една страна академски престиж, а од друга, академска криза? Како и да е, иднината на секоја земја го носи интелектуалниот потенцијал, а тој се создава на Универзитетот.

ВИОЛЕТА АЧКОВСКА, универзитетски професор

ВРЕМЕ Е САМИ ДА СИ ЈА СЕРВИРАМЕ ТРПЕЗАТА Да се размислува за иднината на Македонија во овие мигови на изгубени национални идеали, на губење на идентитетот и на нарушени етички вредности е навистина тешка задача. Се најдовме кревки и неотпорни во светот во кој владеат законите на капиталот. Во таа емоционална кревкост на раскрсницата на времето ни ги испомешаа патоказите. Други нй кажуваат кои сме, каде сме. Историјата нй ја злоупотребија, сегашноста нй ја кројат. А што ќе биде со иднината не знаеме! Дали сме толку лоши за да заслужиме толку лоши водачи: без национална визија, без чесност, без способност. Вистинската историја на нашата пропаст започна со криминалната приватизација, со создавање на коалиции за разграбување на капиталот! 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


OKO NA SONCETO

Но, логиката на капиталот е безмилосна. Нас тоа нè вовлече во сфери во кои нашиот човек никогаш не загазил. И така, со временско задоцнување од еден век, ние се стремиме кон Европа на капиталот, кон Европа на либералната демократија, без да знаеме точно како сето тоа изгледа. Се покажа дека не може да се прескокне еден цел развој на капитализмот и на изградбата на националната свест и стремеж за национална држава. И сега, наоѓајќи се во европски XIX век, си поставуваме задачи да скокнеме во европскиот XXI век. Се наоѓаме на дното на материјалната и духовната сиромаштија. Се надевам дека таа ќе нè удри толку силно што конечно ќе кажеме - доста! Доста на лошата политика и корумпијалните политичари! Доста на албанските заграбувања на Македонија! Доста на туѓите кујни! Време е сами да си ја сервираме трпезата.

НИКОС ЧАУСИДИС, универзитетски професор

ПО ПРИНЦИПОТ НА АПСОЛУТНА ВИСТИНИТОСТ Најпрво треба да се запрашаме што е тоа "македонска историска приказна" и кому таа му е потребна. Најмалку мислам дека таа треба да биде измислица т.е. лага. Обратно, првиот принцип според кој треба да се работи е принципот на апсолутна вистинитост. Убеден сум дека историското минато на Македонија апсолутно оди во прилог на постоењето на денешната македонска држава и македонскиот народ и нивните интереси, па оттука нема потреба во таа смисла ниту да ја премолчуваме, а најмалку да ја преправаме. Треба само стручно и аналитички да ја истражуваме и да ја бараме во неа смислата на нашето денешно постоење. Историската вистина е една, но таа може на многу начини да се претстави, покаже и раскаже - во зависност од тоа кому му е наменета. Крајно време е да се формира некакво тело кое ќе има компетенции, финансии, програми и критериуми врз чија основа ќе иницира, поддржува и финансира дејности од областа на историјата кои се особено приоритетни за оваа земја. Тука не мислам само на археолошки, архивски и други истражувања, туку и издавање разни дела - клучни за нашата култура. Притоа особено мислам на прегледни, лесно читливи и богато илустрирани изданија (книги, ЦД - ромови), наменети за младите и обичните граѓани, како и документарни филмови направени според светски стандарди. Многу е важно и финансирањето преводи на наши дела на светски јазици и обратно.

БРАНИСЛАВ САРКАЊАЦ, универзитетски професор

КАДЕ Е КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА? Јас светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите, но во кој треба да се победи како во скопскиот маалски баскет за да може да се изјави "за тебе сум бољи, лепши и паметнији". Како? Да покажеш дека си многу поинаков од другите, и дека си самобендисан поради тоа. А за тоа ти треба национална држава која ќе го храни твојот национален и културен идентитет. Тоа што си роден во Македонија пред толку и толку години, во тоа градче или селце, не е само гол статистички факт, туку подразбира купишта искуства, доживувања, влијанија, премрежија и сите тие можат да се врзат за еден простор кој е историски и културен, но кој е таков зашто успеал да стане политички или државен простор. Под култура подразбирам не само збир на практики на опишување, комуникација и претставување, туку сè она што луѓето го прават и за тоа мислат, пишуваат, сликаат. Културата се наоѓа и во она што луѓето секојдневно го прават, мислат, чувствуваат и сакаат. Секаде во светот има луѓе кои нешто прават и мислат. По што се разликуваме ние од другите? И ние секојдневно нешто правиме, чувствуваме, сакаме. Па, тоа го правиме некако поинаку. Културата, како кај Мишел де Серто, е во остатокот. И во Мексико и во Македонија има автомобили и телевизори, но меѓу овие две земји има големи разлики. Разликите се во она што го има во едната, а го нема во другата. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


KAKO DO...

Ваквите определби на културата го подразбираат прашањето на идентитетот на една култура. Една култура секогаш да се опише во споредба со други култури. Нам Македонците многу ни годи кога ќе пронајдеме некој странски историчар или патеписец кој пишува дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, туку дека се нешто посебно. Каде е културниот идентитет на Македонија? Во што се состои културниот идентитет на Македонија што ја разликува од другите? Кој ќе го утврди тој идентитет? Тоа се суштествените прашања денес. Тоа мора да го направи Македонецот, зашто ако не го направи тој, ќе го направи некој друг, а од тоа имаме уплав (особено кога тоа го прават соседните земји). Ако некој друг зборува за вас, или ќе ве присвои или ќе ве зашутка. Кога во соседните земји се величи Македонија, тоа се прави како за нешто свое. Кога се смета за нешто туѓо й се намалува вредноста и аурата на романтичност. Но, ако ги погледнеме научниците (историчарите, културолозите) од развиените западноевропски земји кои ни се наметнуваат како први референци, работите стојат поинаку. Тука ја имате веќе опасноста од етнологизација. Не се смета за висока култура она што е направено во државата Македонија, туку е интересна, автентична само онаа култура која народот, етносот ја носи спонтано. Да банализирам: тој другиот ќе зборува за вас преку КУД "Мирче Ацев", а не преку Никола Мартиновски. Шупелката е слика на таа култура, не пијаното. Есма ќе биде познат феномен, но за Тодор Скаловски ќе прашуваат кој е тој. Во најдобар случај ќе станете жртва на оној омразен мултикултурализам во Америка кој наеднаш почнува да пласира уметници индијанци, чиканоси, пингвини и за кој зборува Глорија Анзалдуа. Затоа велам: националниот идентитет се гради преку културна политика која е пред сè работа на државата и на државните институции, зашто во нив се сретнуваат државата и државната наука.

ЉУБОМИР КЕКЕНОВСКИ, универзитетски професор

СТОПАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПРЕД СÈ И покрај тоа што последниот век беше испрекинат со војни и политички граници, Македонија ќе биде тоа што отсекогаш била. Имено, доследно следејќи ги процесите на европската интеграција, граѓаните поведени од силата на економските закони ќе ги конституираат и реализираат стопанските интереси, пред сè во поширокиот регион - Македонија. При тоа мора да се почитува барем и тоа што сите реки одовде се влеваат во едно море и дека е тешко да се биде попаметен од природата.

ЃУНЕР ИСМАИЛ, директор на списанието "Форум"

СТРАНИТЕ НА СВЕТОТ ЈА ПОСОЧУВААТ МАКЕДОНИЈА Не станува збор за тоа "Приказната за Македонија" да му ја раскажеме на некој, туку најнапред треба да си ја раскажеме самите себеси. А каква треба да биде приказната којашто, до неброено, ќе си ја раскажуваме? Се плашам дека за "Македонската приказна" ќе биде потребна една многу сложена рецептура, ама еве, колку за почеток: Ќе ја земете пред себе картата на светот. Откако ќе ги пронајдете страните на Светот (ама вистинските, а не оние од компасот) ќе ја пронајдете и Македонија. Потоа ќе си го привикате сеќавањето од лекциите по Историја (ама вистинските, а не романтичните, литераризирани приказни за "несреќа", "проклетство", "судбина", "заговори", "предавства" итн.) и тука некаде околу Берлинскиот конгрес ќе ја лоцирате територијата на растегливата формулација - Македонија. Потоа ќе ја следите историјата во две насоки. Едната насока е да дознаете: што правеле другите (Големи, Мали, Соседи и сл.)? Втората насока е да 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


OKO NA SONCETO

се самоосознаете: што (не)правеле вашите предци и како се снаоѓале во овој свет којшто не е скроен според правилата на поезијата, туку според правилата на способните да преживеат и да растат. Оттаму, сè ќе биде полесно. Ќе видите дека задачата: мислењето на самиот себе, многу лесно ќе ве донесе до "Приказната за Македонија". Така секогаш ќе знаеме кои сме, какви сме, што можеме!?

МИТРОПОЛИТ КИРИЛ, архијереј на Полошко-Кумановската Епархија на МПЦ

ДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ Преку стекнување на што поголем број пријатели. Тие што беа повикани да покажат многу повеќе грижа и доблест на овој план како да беа многу повеќе окупирани со личните, а не со возвишените приоритетни интереси; прогресот и претставувањето на нашите реални вистини пред земјите од кои сме можеле да ја добиеме поддршката. Сè уште не е доцна на овој план да се посвети поголемо внимание. Без добри пријатели тешко дека ќе може да се опстои. Премногу сме разединети, внедрен е синдромот на реваншизам меѓу политичките партии од македонскиот блок, а познато е дека делбите - караниците, носат само сиромаштија и болести. Од гореспоменатите причини нè доведоа до ова делбено дереџе. Повеќе од половина од нашите работоспособни луѓе да не бидат вработени, а повеќето од оние што се вработени се на работ на животната егзистенција. Но, нашиот народ е добар, ние како што Господ нè повикува да бидеме на повисокиот пиедестал треба и сме повикани да му обезбедиме на нашиот благороден народ, како духовен така и мирен, безбедносен, материјален, социјален и културен живот, опстој и развој, зашто тој трпелив народ, кој со столетија е измачуван и поробуван, денес заслужува да живее во оваа суверена и самостојна држава, барем на едно слободно, од родна библиска Македонија онаква каква што Господ ја создал во своите етнички граници. Нашиот македонски род од Бога благословен е вреден, чесен и трудољубив. Неговата чесност, древност и креативност, најмногу е изразена меѓу иселеништвото, каде што нашите еднородни браќа, по дух и вера, се најпримерни граѓани на северноамериканскиот и австралискиот континент. Во тие средини ретко ќе сретнете Македонци кои се социјални случаи како што, за жал, безброј ги има на нашите македонски простори. Таму владее законодавството. Повиканите во нашата суверена држава треба да се потрудат да завладее правото на законот, да профункционира во сите сегменти правната држава, бидејќи непочитувањето на словото на законот доведува до беззаконие. Беззаконието води кон анархија, а анархијата кон разнебитување на сите вредности коишто ги создал нашиот народ.

Д-р КИРО СТОЈАНОВ, бискуп од Католичката црква во Македонија

ДА СЕ ПОТПРЕМЕ НА СОПСТВЕНИТЕ КОРЕНИ "Вистина Ви велам, ако не се вратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството Небесно; Кој, пак, ќе се смири како ова дете во Мое име, Мене Ме прима" (Мт. 18,3-5). Иднината на секој народ лежи врз способноста во воспитувањето на своите идни поколенија. Македонија и македонскиот народ во минатото преживеаја славни и триумфални настани, мигови на радост и на воздигнувања. Сепак, историските сведоштва покажуваат дека низ столетијата маките и страданијата на Македонецот биле долги и тешки. Вистината во историскиот развој на нашите простори вели дека сме нација која од сите европски народи прва ја имала честа да се сретне со христијанството, директно пренесено во Македонија од најголемиот гласник на Радосната вест, Свети апостол Павле. Македонскиот народ дал големи синови на човештвото, почнувајќи од апостолските ученици и наследници, светите епископи Аристах и Гај, преку Свети Димитрие, Харалампие, Кирил и Методиј, Климент и Наум... Плодовите на сите овие свети луѓе придонеле низ подоцнежните векови за опстојување и надоградување на генерациите. 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


KAKO DO...

Хендикеп за Македонија претставувале туѓите доминации кои го разединувале и делеле народот на овие простори. Елементот на христијански добро воспитана нација секогаш бил и е присутен меѓу нашиот народ. Затоа во временската крстосница во која сега се наоѓаме потребна е работа за духовна надоградба во духот на Христовите зборови да се повратиме и потпреме на сопствените корени кои се христијански и нè повикуваат на заедничка едукација на вредностите и потребите на личноста. За подобро утре.

ЈАКУБ СЕЛИМОСКИ, директор на секторот за верско образование при Исламската верска заедница

СРЕЌНА ИДНИНА СО БОЖЈА ПОМОШ Македонија е мошне убаво катче од Бога одбрана и сместена во срцето на Балканот, а тоа е југоисточниот дел на Европа, место кое ги поврзува европската и источната цивилизација. Самата Македонија е место на стари цивилизации од антиката, па сè до денешната современа цивилизација. Таа и денес е место на повеќе култури, простор на којшто живеат повеќе етнички заедници и средба на од Бога објавените небесни конфесии. Минатото на Македонија претставува испреплетено живеење на луѓе со различна етничка припадност и со различна конфесионална припадност, со цврсто градење на нивниот заеднички соживот со целосно уважување на поинаквиот од себе и почитување на неговите културни и религиозни вредности. Во Македонија имало воени конфликти, но тие во најголем број биле освојувачки или конфликти кои се воделе на овие простори помеѓу други земји, додека пак конфликтите врз етничка основа или пак верска нетрпеливост или не постоеле или пак се безначајни од долгата историја на оваа наша татковина. По самостојноста на нашава држава, поточно по распадот на поранешната заедничка федерација, Македонија се очекуваше да чекори напред со јасни и препознатливи чекори во посакуваната просперитетна иднина. За жал, не успеавме во доволна мерка да се снајдеме и да се учиме на лошото искуство од соседството, а со тоа да не ги повторуваме нивните грешки, не успеавме да одиме во пресрет на проблемите и предизвиците и истите со соодветни средства да ги решаваме во интерес на сите граѓани на Република Македонија, туку дозволивме одредени проблеми и предизвици да се наметнат и со тоа целокупната наша енергија да биде трошена на санирање на последиците предизвикани од истите. Сметам дека минатото кое не е мрачно, сегашноста во која сепак успеавме да ја ставиме под контрола можноста секој слободно да ја развива сопствената култура, сопствената традиција и слободно да го следи сопственото верско учење, сето тоа ни претскажува една среќна иднина во која ќе уживаат со Божја помош идните генерации на нашава татковина.

ЗЛАТКО ОРИЃАНСКИ, музичар

СЕ УНИШТУВА ДУХОТ НА ОВАА ЗЕМЈА И НАРОД Во моментов додека го пишувам овој мал есеј, на телевизија оди концерт посветен на големиот африкански лидер Нелсон Мандела. Свират и пеат од Peter Gabriel до Боно од U2. Зарем може да се биде човек на 21 век, а да не се познаваат Beatles, Radiohead, Peter Gabriel, U2? Умот без таа цивилизациска култура прави пивски стомак, врзува машна околу вратот и облекува смешен костим кроен во соц-стил. Политичари од Македонија!!! Кои и да сте, од каде и да сте. Оставете нè да дишеме слободно. Парите ги зедовте, што сакате уште? Здебелени сте во телата, уште подебели во умот. Немате 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


OKO NA SONCETO

смисла за убаво, немате поим за дизајн. Не познавате ниту едно од имињата што ги набројав. Јас ги знам сите нив, ама за жал и дел од вас. Секој ден ја гледам вашата лакомост и провинцијализам. Вие не ја сакате оваа земја, вие се сакате само себеси. Зошто не си заминете онаму каде што ги криете покрадените народни пари? Деновиве објавив албум кој се вика "Разбуди се". Барем малку да ви се спротивставам на вашата желба да го уништите сиот дух на оваа земја и на овој народ. Ако тоа не успее, еден ден ќе се соблечам бос и ќе запешачам по оваа моја сакана земја како Ганди. Верувајте и плашете се, затоа што имам повеќе сила и вера од вас. И ќе го поведам народот (оти мене ми верува повеќе од вас) да ви го покаже точното место каде што припаѓате. Можеби следниот ден, на раскопаниот Плоштад среде Скопје, по тој повод ќе правиме концерт "Анастасија", "Леб и сол", Милчо Манчевски, "Мизар" и многу други кои й го светлат образот на оваа земја. А вие, вие веќе немате време да се разбудите. Ниту пак ни требате... Во меѓувреме ве молам прислушувајте ме. Ќе чуете за Његош, Андрич, Мисирков, Ѓорче Петров, Фелини, Тарковски. Сите тие се мои пријатели и ваши лути непријатели. Помирување тука нема...Го имате згрешено времето, а најмногу местото. Македонија ќе живее и без вас, ве уверувам.

РИСТО ГУШТЕРОВ, македонски бизнисмен

ВЕРБА ВО СВОЈОТ НАРОД На македонскиот народ, како што и досега е историски докажано, му е потребно духовно водство, духовна потреба, верба во Бога, верба во својот народ и верба во она што нашиот народ сака да го направи и го очекува во иднина. Јас верувам во иднината на Македонија, верувам во идните генерации и верувам дека Македонија ќе добие можност да биде претставена на начин како што заслужува, од историски, економски и од национален аспект.

ДАРКО ПАНЧЕВ, врвен спортист

ДРЖАВАТА СЕ ВОДИ СО ЉУБОВ И ЧУВСТВА Седум години поминаа откако сум вратен од странство во Македонија и за овие години сфатив само една работа – дека државава ја водат на партиска основа наместо да се води на национална основа. За мене лично е катастрофален податокот дека овие години слушам редовно изреки во стилот "јас сум СДСМ-овец" или "јас сум ВМРО-овец" или некоја друга партиска припадност, а ретко слушам некој да каже "ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ". Мислам дека тука лежи почетната проблематика во водењето на нашата држава. Ако вие не ја водите државата со љубов и чувства кон неа, ако ја водите само поради партиски и лични интереси, мислам дека тука лежи одговорот на прашањето - зошто Македонија дојде до оваа ситуација. Држава со два милиона народ и две ипол милјарди марки годишен буџет треба да биде многу различна од оваа што е сега, се разбира ако се краде помалку од тоа што се правеше до денес. Ова е вториот дел кој е важен, од одговорот за нашата држава. Има уште многу клучни прашања, но за да дојдеме до нив, мора да ги решиме прво овие две.

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


KAKO DO...

потпретседателка на Собранието на Република Македонија

МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ ЈА БИДЕ Република Македонија е резултат на многувековен природен развој на идејата за македонска државност и посебност. Кога немало услови за изградба на држава, таа идеја опстојувала и се развивала меѓу народот низ културата, преку јазикот и творбите на духот. Поткрепа й давале истакнати поединци на своето време, кои ја изградиле структурата на научната аргументација. Со мислата за Македонија сонувале, страдале и гинеле цели генерации, секогаш бранејќи го своето, никогаш не посегајќи по туѓо. Затоа ние, денешните потомци, можеме спокојно да се соочиме со секого. Затоа имаме обврска да го помниме и почитуваме минатото, но не како бреме што ќе нè фрустрира, туку како свест за себеси - како дел од сеопштото културно наследство на светот. Затоа имаме иднина, имаме тло под нозете. Зашто Македонија била, е и ќе ја биде.

ТИТО ПЕТКОВСКИ, пратеник

МАКСИМАЛНА ОТВОРЕНОСТ КОН ДОБРОНАМЕРНИЦИТЕ Мислам дека веднаш треба да престанат схоластичките расправи за тоа кој е повеќе виновен за нашето тонење. Второ, да се пристапи кон изготвување на национална стратегија во која би партиципирале сите политички субјекти во државата, значи власта, опозицијата и невладините и непартиски организации со точно утврдена динамика и приоритет. Трето, преку разни форми да се ангажира целокупниот творечки потенцијал со кој како држава располагаме, а да побараме помош и од експерти од надвор. Што значи максимално да бидеме отворени кон добронамерниците од надвор.

ТЕУТА АРИФИ, пратеничка

ВИСТИНСКИ ПАТ ВРЗ ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ Вистинската приказна за Македонија, според мене, е заедничко градење на европска Македонија. Очигледно дека градење на држава врз национален - етнички концепт не може да издржи на периодот на промени на Балканот. Затоа патот што Македонија го гради врз основа на охридскиот Рамковен договор и врз основа на европските принципи на демократија и права на човекот е дефинитивно вистинскиот пат и вистинска перспектива на сите граѓани.

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


OKO NA SONCETO

ОЛИВЕР ШАМБЕВСКИ, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНСКАТА ПРИКАЗНА ЛЕВИЦАТА ЈА ПРАВИ УТОПИЈА Пред точно 110 години една група луѓе, Македонци, започна организирано да ја кажува македонската приказна и да ги става во залог своите животи за нејзина афирмација. Пред точно 110 години се формираше ВМРО и од тогаш започна вистински, храбро и организирано да се сонува македонскиот сон, тогаш се отвори македонското прашање, тогаш започна македонската голгота. Конечно пред тринаесет години, идеите на ВМРО, синтетизирани и облагородени во неговите наследници денешната ВМРО-ДПМНЕ сонот го претвори во јаве. Најважното прашање од македонската приказна - суверена и самостојна македонска држава како дом на сите кои живеат во неа стана наша реалност. Повторно предводени од ВМРО-ДПМНЕ македонската приказна го преживеа и најголемиот тест за нејзината суштественост, конфликтот од 2001 година. Денес, за жал, македонската приказна идеите на левицата и центарот ја прават утопија. Македонија по 2002 година, откако на власт дојде актуелната Влада на г. Црвенковски, ја гледам како земја која реално нема идеја, како земја која практично нема политичка платформа и како земја која е владеана од луѓе на кои единствената идеја им е личната корист. Сепак, сметам дека не е сè изгубено во Македонија. За среќа, македонската десница успеа да се консолидира по 2002 година и да ги реафирмира принципите на солидарност и братство кои се основна платформа на десницата, но и основа за секоја идна национална стратегија. Она што е уште поважно, македонската десница главно артикулирана во идеите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи македонската приказна овојпат давајќи силен импулс за конечно обединување на целата територија на Македонија во рамките на голема и обединета Европа. Впрочем, обединета Европа е практично најголемиот проект на европската десница, а Македонија како дел од обединета Европа е сега веќе најголемиот проект на македонската десница, нашата најголема мисија.

Подготвиле: Рената МАТЕСКА и тимот на “Македонско сонце”

27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 493 / 12.12.2003


OKO NA SONCETO БЕЗБЕДНОСТ Ситуацијата на Балканот се комплицира за сите држави, бидејќи врз нив е спуштена "завесата на сиромаштијата", "завесата на национализмот", "завесата на војната". Денес е вистинска умешност успешно да се плива врз разбрануваното "балканско море" од опасните конфликти, а без да се потопите во неговите неизвесни води.

Разговорот го водеше: Жаклина МИТЕВСКА

В

о книгата "Македонија воена алка на светот" професорот Котовчевски пишува за заинтересираноста и аспирациите на нашите соседни земји и пошироко за нашата држава. Но, во разговорот со него тој се осврнува и на настаните кај нас во 2001 година. Просторот на Македонија, многупати во историјата, но и денес се наоѓа на првото место на "топ листата" на стратешките интереси на нашите соседи и пошироко, или со други зборови освојувачките патишта ако секогаш не воделе во Македонија тие честопати воделе преку Македонија. Господине Котовчевски, зошто тоа й се случува на Македонија? КОТОВЧЕВСКИ: Историјата, особено воената историја како закономерност, ја потврдува тезата дека прос-

торот на Македонија, честопати низ историјата се наоѓал на првото место на "топ листата" на стратешките интереси, првенствено на нашите соседи, а посебно на големите европски сили. Во тој клуб на "заинтересирани" држави денес можеме да го потенцираме и името на САД, како и на определени муслимански држави, чие влијание кулминираше во настаните за време на конфликтот во 2001 година. За време на овој валкан конфликт уште еднаш како да се повтори минатото, односно, историјата сврзана со Македонија. Всушност, уште еднаш се потврди една стара закономерност која говори дека Македонија никогаш немала само еден противник на нејзиното тло се судирале стратегиските интереси и војувале сите заинтересирани страни, а од тоа најмногу крварела Македонија. На овој простор во 2001 година повторно, директно или индиректно, се вкрстија интересите првенствено на нашите соседи кои активно (посебно преку активностите на нивните разузнавачки служби

IMPERIJALN NE SE DOOTSO и нивната дипломатија) повторно ги заиграа (валканите старо-нови) игри кои имаат свој континуитет уште од минатото. Тоа поинтензивно беше изразено уште од самото осамостојување на Македонија кога тие на различни начини како хиени се нафрлија врз нејзината сувереност очекувајќи дека ќе дојде до распарчување на земјата и до нејзина поделба, со што би оствариле дел од нивните нереализирани историски соништа. Логично, овие држави на еден или на друг начин активно помагаа определени сили за поуспешно и поцелосно остварување на нивните валкани цели. Уште еднаш би потенцирале дека за време на конфликтот нивните тајни активности како на огледало можеше да се отсликаат, дури проработеа

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

и старите историски оски. Повторно дојде до израз старото балканско проклетство за менување на границите и тоа на штета на Македонија. Кога станува збор за главните освојувачки патишта низ историјата, исто така како закономерност, можеме да констатираме дека тие, ако секогаш не воделе во Македонија, тие честопати воделе преку Македонија. Скоро да нема војски низ историјата посебно на големите империјални сили кои во нивните освојувачки походи не протатнале низ македонскиот простор. И најновата историја, за жал, ја потврди и ја потврдува истата констатација. Меѓутоа, повторно за жал, сето тоа се случува преку грбот на Македонија и на штета на нејзиниот народ. Тоа е "црното злато" за суд-


ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА ПОЛИТИ

ИНТЕРВЈУ МИТКО КОТОВЧЕВСКИ, раководител на Институтот за одбранбени и мировни студии - Скопје

живееле на овој простор секогаш скапо го плаќале теророт и на историјата и на географијата. Теророт на географијата и на историјата само ја мултиплицирал македонската судбина, македонските страдања, генерирајќи во континуитет мноштво на разни надворешни и внатрешни воени конфликти кои честопати биле фатални за судбината на нашиот народ "заробен" во виорот на балканската ветрометина.

ITE SONI[TA NUVANI бината на македонскиот народ лоциран на еден од најзначајните крстопати во светот. Стратегискиот крстопат за Балканот, а посебно за Македонија, отсекогаш претставувал стратешка опасност и закана наместо стратешка предност. Значајноста на стратегиските патишта на македонскиот стратешки крстопат и денес се мошни актуелни и се во центарот на интересите на сите големо-светски стратегиски комбинаторики, посебно во центарот на стратегиските анализи на "балканските големи сили" - нашите соседи. Тоа секогаш имало влијание врз брзото прелевање на конфликтите од непосредното стратегиско опкружување на просторот на Македонија. Тоа само ги зголемува заканите за нејзината национална безбедност во минатото и денес.

Во Вашата книга "Македонија воена алка на светот", Вие велите дека територијата на Македонија се наоѓа на тешка позиција на "геополитичкиот крст" на Балканот. Зошто тврдите дека токму лоцираноста на Македонија во центарот на геополитичкиот крст (Белград - Солун - Софија, со Скопје како центар) е фатална за нејзината судбина? КОТОВЧЕВСКИ: Македонија денес е растргната во центарот на балканскиот геополитички крст. Тоа било фатално за нејзината судбина низ историјата од која се плаќало тежок данок во крв, односно, тоа било "црно злато" што секогаш скапо се плаќало. Тоа значи дека народите кои

Во изминатиот историски период сите држави според својата моќ и влијание врз светските настани и процеси, во зависност од интересите ги менувале своите геостратешки приоритети, но секогаш биле заинтересирани за Балканот. Зошто сите го посакуваат Балканот? КОТОВЧЕВСКИ: Ако просторот на Македонија се наоѓа на тешката позиција на геополитичкиот крст на Балканот, тогаш Балканот исто така е центар кој се наоѓа на спојот на трите континентални маси, Евроазиско-Африканска, односно претставува подрачје на кое се отсликуваат политичката воено-стратешка и геополитичка карта на современиот свет со сите негови спротивности, противречности и конфликти. Балканот отсекогаш се наоѓал во центарот на стратешките опции, односно варијанти на значајните политичко-воени сили на Европа и на светот во целата негова историја, а посебно денес. Она што на почетокот го потенциравме за Македонија во овој контекст карактеристично е и за Балканот во сите современи меѓународни и регионални констелации. Големите сили и понатаму продолжуваат да го опсервираат и да го посакуваат Балканот, односно меѓусебно

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

да се истиснуваат да остварат постабилни стратешки позиции на овој простор и да го задржат како значаен стратешки простор мошне битен во нивните глобални стратегиски прегрупирања. Како "колатерална штета" на меѓусебните ривалски борби и потиснувања на големите сили како жртви повторно се јавуваат народите чија судбина историски е врзана за овој простор. Најновите конфликти на Балканот без исклучок ја потврдија оваа занемареност која се повторува на секои педесетина години. За жал, покрај постоечките "историски актери" заинтересирани за овој простор, своите апетити сè повеќе и побезобзирно ги пројавуваат и определени муслимански држави кои имаат амбиции Балканот да го искористат како значајна стратешка основица за нивната сè поагресивна пенетрација во Европа. Конфликтот во Босна, на Косово и во Македонија, треба да претставува сериозна опомена за Европа и за нејзината безбедност во иднина. Таа може да биде една од крвавите рани од која сериозно може да искрвари Европа во наредниот период. Балканот е нераздвоен дел од Европа и сè што ќе се случува на тој простор, неминовно ќе има рефлексија и врз севкупните односи и безбедноста на Европа. Историјата тоа честопати го потврдувала, бидејќи пламенот на војните, запален на овие простори, честопати ја зафаќал и ја горел и Европа. Крајно време е Европа да ги прочита сите овие стратегиски валкани игри, бидејќи ножот забоден во срцето на Балканот, значи нож забоден во телото на Европа. Најголемо и најопасно директно кризно жариште за Р. Македонија претставува просторот на поранешна Југославија


ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА

МИТКО КОТОВЧЕВСКИ

каде што избувнаа неколку воени конфликти. Но, Р. Македонија, како што и самите пишувате во претходно споменатата книга, се наоѓа на едното теме на најопасниот геополитички, геостратешки опасен "ѓаволски триаголник" (Балканскиот Полуостров - Каспискиот Регион и Персискиот Залив), на најризичниот простор на кој ќе се одиграат големите игри за 21 век меѓу големите сили, САД и големите европски држави од една страна, и Русија од друга. Врз основа на што ги темелевте ваквите претпоставки? КОТОВЧЕВСКИ: Во изминатата декада на просторот на Балканот (посебно на просторот на поранешна Југославија) избувнаа неколку крвави граѓански конфликти водени повторно по сценарио на определени големи сили во функција на новите стратешки позиционирања и меѓусебни исполнувања од овој простор. Повторно, најмногу искрварија директните актери - народите кои живеат на овие простори. Тие платија тежок данок во крв што говори дека големите сили секогаш без двоумење може да ги жртвуваат интересите на малите народи за остварување на нивните глобални цели. И конфликтот во Македонија од тој аспект има многу сличности. Всушност, станува збор за едно валкано сценарио кое беше неизбежно и кое беше солидно испланирано. Македонија по никоја цена не можеше да го избегне овој конфликт, бидејќи тој едноставно мораше да се случи со цел да се затвори серијата на новите балкански конфликти по распадот на комунизмот во светот. Конфликтите на овие простори отворија уште покрвави рани

ИМПЕРИЈАЛНИТЕ СОНИШТА НЕ СЕ ДООТСОНУВАНИ

во севкупната балканска историја од кои вечно ќе надвиснува опасноста од нивно рестартирање во наредниот период, по желба на надворешните и големи играчи. Македонија, која е лоцирана на едното теме од најопасниот геополитички, геостратешки, ѓаволски триаголник против својата волја повторно се најде на еден ризичен простор на кој се одигруваат големите игри за 21 век - САД, големите европски држави и Русија. Во ваков воено-политички и воено-геостратешки и геополитички амбиент, конфликтите се неминовни, бидејќи честопати целта ги оправдува средствата, а целта е од непроценлива важност за судбината и иднината на големите меѓународни актери во наредниот период. Балканот кој е синоним низ историјата за нестабилни граници, контрадикторни територијални побарувања, традиција на крвави братоубиствени војни, психолошка трауматизираност од минатото, недоволно јаки и стабилни држави и институции, отсекогаш претставувал пандорина кутија за Европа, но и за светот. Новите конфликти на Балканот повторно го направија арена на конфронтации, односно како што потенцирал Черчил во минатото - "отворена рана на Европа". Овие конфликти на едниот крај од ѓаволскиот триаголник, кој во исто време е целиот конфликтен и ризичен, повторно ја реактивира геополитичката цент-

рализација на Балканот и повторно го отворија балканското "буре со барут". Ситуацијата на Балканот се комплицира за сите држави, бидејќи врз нив е спуштена "завесата на сиромаштијата, завесата на национализмот, завесата на војната". Денес е вистинска умешност успешно да се плива врз разбрануваното "балканско море" од опасните конфликти, а без да се потопите во неговите неизвесни води. Судбината и иднината на Македонија во периодот кој ќе следи ќе биде оставена на голем и сериозен историски тест од кој ќе зависи нејзината судбина и нејзиниот национален и државен опстанок. Македонскиот простор, просторот на балканскиот геополитички крст низ вековите честопати претставувал последниот "одбранбен бастион" на големите империи за времето на залезот на нивната моќ, но и основа за најголемите освојувања на светот - освојувањата на Александар Македонски. Може ли нешто поконкретно за ова? КОТОВЧЕВСКИ: Геополитичкото значење на македонскиот простор низ вековите можеме да го потврдиме со огромниот број на воени утврдувања на нејзината територија од различни епохи (повеќе од 1.000 утврдувања што претставува реткост и ненадминат рекорд

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

во светски рамки). Големите империи во минатото за време на нивните освојувања и на залезот на нивната моќ овој простор го користеле и како значајна стратешка основица во нивните воени походи, но и како последен одбранбен бастион. За таа цел тие го утврдувале овој простор во сите негови значајни стратешки точки. За сите освојувачки војски воено-географската и геостратешката важност на овој простор, останувала историски и воено-стратегиски непроменета. Лоцираноста на воените утврдувања се совпаѓа со протегањето на најзначајните геостратегиски правци кои поминуваат и се вкрстуваат на просторот на Македонија. Тоа се правци од големо значење и за таа цел тие биле предмет на огромен интерес и значење на големите империи низ историјата. А во исто време претставуваат стратегиски правци, значајни за големите современи држави кои денес имаат империјални амбиции. Историјата и на оваа релација само се повторува, повторно на штета на народите кои живеат на овие немирни простори. Геостратегиската важност на нашиот простор била од непроценливо значење низ историјата, бидејќи овој простор од секогаш најмногу се утврдувал, бранел и последен се напуштал - кога нивната пропаст била неизбежна. Од овој простор тргнале и војските на Александар Македонски во нивните големи освојувања во светот. Таа била стратешката основа од која почнал најголемиот воен поход на Александар Македонски во целокупната историја. Проклетството на овој простор го плаќаме денес, но најверојатно ќе го плаќаме и во иднина, бидејќи империјалните соништа за некои држави сè уште не се отсонувани.


ИСТЕМНИЦА

Тачко ЛОКВЕНЕЦ

MAKEDONSKA KOSKA VO GRLO

H

екој некогаш во Прилеп го мерел растојанието од дома до гробишта. И заклучил дека до таму има толку малку чекори, а толку многу лошотилак! А, лошотилакот кај нас извира како од студен планински извор. Со него дури и се гордееме, да можеме и ќе го извезуваме. Седмата супстанца во архитектурата е - светлоста... Во нашиот Парламент - сенките. Орданчо Тасев не е ни свесен колку брзо се шири и разорно дејствува отровот на буслангот, затоа и толку лесно ја изрече онаа арабаџиска за пратеничката Ана Андова. Но, што можеме: колку сме поблиски, толку сме пожестоки, велат. Орданчо е од Неготино, а Ана од Кавадарци. Мислат дека сè знаат за себе, па респектот го оставаат зад врата, кога тргнуваат за Скопје. Тоа што се случи минатата недела во македонскиот Парламент во завршницата од маратонско-исцрпувачката дебата за мало-речанскиот универзитет, не е само македонска специфичност. Многу слично и жестоко, и невкусно и претерано пакосно, во вид на монодрама беше изведено во хрватскиот Парламент кога пратеникот Ковачевиќ, на пратеничката Пусиќ й ја раскажа приказната за "мудрецот и мадрацот", со појаснување, кај & било повеќе местото!? Во политичко-математичкиот крстозбор на овие балкански простори човек на секакви дефиниции треба да навикне, а "решенијата" се ре-

чиси секаде исти. Можеби мене ми се чинат различни. И Тасев и Андова се од топлата, припек Тиквешија. Тие се единствена појава во цела Македонија. Таму луѓето можат стопати да се скараат и илјада пати да си речат тоа што не е за "рекување", па сепак на крајот да се - гушнат... Цел свет ја знае онаа кога проработувало радио Кавадарци, па некој му ја оставил отворена вратата на спикерот, а овој во негов стил "стисни ја вратата, да й го натисна на жена ти". И отиде во етерот како долготрајно сведоштво на тоа што ни се чини дека нè прави кај другите "многу важни". А, не сме ич важни. Светот очигледно не ни удира ни "рецка". Само ние си мислиме дека тој свет без нас не може. А, би било така да сме поинакви. Какви? Рецепт немам, но имам чувство дека сме народ кој живее во несреќна држава. За Германците велат дека се "автомати" кои не гледаат и не признаваат друго освен своите институции. За Англичаните пријателството е ништо, интересот е - сè... Што сме ние? Добри, слатки, искрени, но до бескрај сомничави. Ние не се сомневаме само во самите себе, туку и во законите што ги носиме. Законот за нас е зло што треба брзо да се изигра. Никогаш не сум бил за лажни авторитети и лажни пророци. Државата сум ја сакал со многу слобода и многу одговорност. За жал, слобода имаме, одговорност немаме. Слободата што ја "уживаме"

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

е вулгарна, а одговорноста безбојна. Ние сè знаеме: и како да го решиме проблемот со Грците за името; и како да й пристапиме на ЕУ; и што да им одговориме на албаномакедонците кога ќе постават ново барање... Ќе се појави некој со визија, ние веднаш ќе го прогласиме за - слеп. Не дозволуваме некој што може и треба да ни се обрати и да ни каже: Доста Македонци сè знаете, и сè можете, да решите. Оставете им го тоа на тие што ги избравте, и што се платени да решаваат! И јас како и другите се чудев зошто умни Македонци, како Старделов на пример, Матевски, Ѓурчинов, Грозданов и многу, многу други ги нема на минишан или ако ги има се толку скромни, одмерени и одговорни? Затоа што тие луѓе не знаат како да се "справат" со другите луѓе? Или знаат: Повеќе сакаат да молчат, отколку да зборуваат! Ете таа македонска коска во грло нè прави "весело несреќни" и "радосно осакатени". Ние го прашуваме светот зошто нè затвора во гето, а клучот од бравата е во нас. За добрата политика, социјална и друга репутација што ја бараат за Македонија од надвор, еднаш мора да расчистиме дека "само нашата вистина не е вистина". Никого нема да го убедиме во мислењето за нас, ако постојано му зборуваме дека не е во - право! Не знам кој сè разговара со странците за нас, но очигледно е дека разговорите "не се успешни"!


OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИК

ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ОД

KAKO DO EFIKASEN ZAKONO "Би сакале да се создаде еден систем кој сосема независно ќе ги спроведува постапките, бидејќи од она што досега го видовме, можеме да констатираме дека постои многу висока зависност на државните органи, дури и на судските, од политичката гарнитура на власт", вели господинот Јачев. Јачев коментира дека со овој мониторинг тие нема се впуштаат во квалитативно проценување на постапките или на пресудите, бидејќи за тоа постојат административни судски и други државни органи.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

П

о повеќе од десет години независност Република Македонија сè уште се соочува со сериозни недостатоци во системот на владеењето на правото во земјата. Тоа доведе до создавање на можности за коруптивно однесување од страна на носителите на власта и вработените во државната администрација, што пак предизвика висок степен на недоверба во државните институции. Корупцијата, како што објаснува господинот Зоран Јачев, претседател на Управниот одбор на "Транспарентност Македонија" успева таму каде што е исплатлива, односно претставува низок ризик, а носи висок профит. - "Едноставно, една од најбитните работи кога станува збор за сузбивање на корупцијата е да таа се направи неисплатлива, односно на оние луѓе коишто се корумпирани или имаат намера да бидат корумпирани да им биде јасно дека еден ден ќе бидат откриени. Токму заради ваквата поставеност на борбата против корупцијата - објаснува господинот Јачев - најважно е да се има репресивен систем, односно покрај превенцијата, најважно е да постои систем којшто ќе функционира и којшто ќе може да ги открива и да ги казнува оние луѓе коишто извршиле кривично дело во областа на корупцијата. За да може тоа да се оствари, од пресудна важност е дали кривичните постапки во однос на корумпираните кривични дела се водат на начин како што е пропишано според законите во Република Македонија".

ДОГОВОР "Транспарентност Македонија" подготви Предлог-проект за наблудување на постапките за кривични дела од областа на корупцијата во Република Македонија, а потпиша и договор со Министерството за внатрешни работи за соработка. Станува збор за Проект во кој ќе бидат опфатени сите поединечни поведени обвиненија и почнати судски постапки во периодот од први јануари 2003 до 31 септември 2004 година. Господинот Јачев вели дека увидувајќи ја важноста на функционирањето на системот во РМ, целта на веќе спомнатиот Проект е да ги набљудуваат начините на којшто се води постапката против "ЦЕЛТА НА ОВОЈ поединците кои извршиле кривично дело во областа ПРОЕКТ Е ДА СЕ на корупцијата. УТВРДИ ДАЛИ СЕ ПОЧИТУВААТ - "Не сакаме - додава Јачев - со овој мониторинг ЗАКОНСКИТЕ да предизвикаме дополнително наелектризирање на ПРОЦЕДУРИ", состојбата во РМ, туку целта на овој Проект е да утврди ЗОРАН ЈАЧЕВ дали процедурите во РМ се почитуваат, почнувајќи од 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


А ИКА

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА

ОБЛАСТА НА КОРУПЦИЈАТА ВО РМ

DAVEN SISTEM првиот момент кога е поведена кривичната постапка, а завршувајќи со донесувањето на пресудата". Зоран Јачев коментира дека се одлучиле во Проектот да вклучат независни експерти заради тоа што: - "За вакво нешто да направиме, потребно ни е колку што е можно повисоко ниво на стручност за да можеме правилно да ги оцениме постапките на надлежните органи. Не сакавме во Проектот да биде вклучен тим на луѓе вработени во 'Транспарентност Македонија', туку сакавме да одбереме тим со што е можно поголема специфична тежина. Тоа би подразбирало стручност во областа која ја работат, политичка независност и луѓе кои имаат личен интегритет т.е. не биле замешани во некакви сиви зони. Она што ни беше најважно е мислењето на тимот кое на крај ќе се добие да биде недвосмислено, односно да биде утврдено без никакви дилеми внатре во тимот". Во Проектот се вклучени повеќе експерти кои се занимаваат со оваа проблематика, како што се криминологот проф. д-р во пензија Лупчо Арнаудовски, проф. д-р Иванчо Стојановски, професор по кривична постапка, господин Стојан Стојанов, поранешниот заменик републички јавен обвинител, м-р Гордан Калајџиев од Правниот факултет во Скопје и господинот Димитар Петковски, ревизор.

ПОСТАПКА - "Ќе направиме еден пресек на први јануари 2003 година, ќе побараме и ќе добиеме во согласност со договорот со МВР известување за сите отпочнати кривични постапки од тој момент наваму. Тоа значи дека нема само да ги надгледуваме процесните дејности од моментот на започнување на Проектот, туку за сите процеси кои се во тек ќе се вратиме наназад на самиот почеток на преземањето на дејствијата, односно од поднесувањето кривична постапка, поткрепена со докази до судските инстанци. Во целиот тој сплет на мерки и активности кои ќе ги преземат органите - објаснува Јачев - ќе треба да внимаваме на една работа, односно дали одредбите од Законот за кривична постапка и од другите закони кои се применуваат во кривичната постапка се почитувани. Нагласувам, нема да навлегуваме во квалитативна проценка дали доказот е доволно добар за поднесување на кривична постапка или не, бидејќи тоа ќе го цени судот". Според него, идејата на овој Проект е да утврди две работи, односно како се спроведуваат одредбите од законите во РМ во кривичните постапки и да се види дали самите закони во РМ се прилагодени на потребите за сузбивање на корупцијата, односно дали она што постои како закон се применува како што треба, дали законите имаат "дупки во себе" и дали можат да претрпат некакви измени во правец на нивно подобрување. На крајот од овој Проект "Транспарентност Македонија" ќе излезе со заклучоци и препораки. Заклучоците ќе содржат информации за тоа дали се почитува постапката и во кои области на постапката најчесто не се применуваат законските процеси, како и тоа дали постапката којашто се применува е прилагодена на потребите и начините на коишто се работи во РМ. - "Производот од тие заклучоци би бил генерална препорака за подобрување на законодавството и на процедурите во РМ. Од моментот на отпочнување на Проектот од МВР - вели Јачев - ќе побараме информација за сите поведени кривични пријави до Јавното обвинителство во врска со корумптивните кривични дела во периодот од први јануари 2003 па наваму". Господинот Јачев верува дека постои апсолутен консензус меѓу домашните фактори и меѓународната заедница за овој Проект,

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА

односно за ваквиот начин на наблудување на постапките. Тој коментира дека најверојатно Проектот ќе продолжи и понатаму. Иако Проектот е замислен како двегодишен, средствата се обезбедени само за првата година од страна на британската Амбасада. "Имаме - коментира Јачев - една година за да докажеме дека сме сериозни во она што го работиме за да добиеме средства за вториот дел од Проектот". Со оглед на лизгавоста на теренот и можноста од злоупотреби и манипулации, господинот Јачев потенцира дека станува збор за реални работи во кои е евидентна вмешаноста на политиката, но и дека однапред предвиделе механизми кои ќе го заштитат Проектот. - "Составот на тимот е доволна гаранција дека нема да направиме грешки. Второ, начинот на којшто е замислен Проектот е дека нема влегување во квалитетот на преземените дејства, туку само во почитувањето или непочитувањето на процедурата и токму заради тоа однапред се подготвува прашалник од околу 70 прашања кои ги опфаќаат сите значајни постапки. Не би сакале - додава Јачев - да навлеземе во некави политики. Од друга страна, можно е да си го нанесеме бесот на некоја политичка партија. Тоа е дел од ризикот". Немаме намера да влегуваме во шпекулантски води, да предизвикаме некакви поделби, туку да ја обединиме јавноста, стручноста, односно да докажеме дека постои една работа, а тоа е почитување на законот.

Господинот Јачев објаснува дека овој Предлог-проект за набљудување над постапките за кривичните дела од областа на корупцијата е потпишан со МВР затоа што тие најбрзо реагирале и најбрзо ја сфатиле суштината на значењето на Проектот и понудиле потполно отворена соработка. Освен во деловите каде станувало збор за висока државна тајна, преостанатото ќе им биде дадено на увид. Но, не значи дека нема да бидат потпишани договори и со другите институции засегнати со оваа проблематика. - "Проектот предвидува да потпишеме договори од тој тип како што потпишавме со МВР и со Јавното обвинителство и со судските инстанци каде што ќе вршиме наблудување. Овој Проект - објаснува Јачев - е многу темелно и долго подготвуван. Тоа значи дека однапред ги предвидовме сите можни проблеми со кои ќе се соочиме во текот на Проектот, за однапред да ги елиминираме. Потпишувањето на договорите со МВР, потоа судските истанци, ќе ни помогне однапред да ги регулираме правилата на игра за да не се случи, ако некому тоа не му се допадне, да го загрози принципот на информирање, а од друга страна да оставиме простор за соработка, бидејќи така полесно ќе стигнуваме до информациите. Во тек се разговорите со Јавното обвинителство и мислам дека тоа ќе го сфати значењето на овој Проект и дека многу брзо до крајот на годината ќе ги прецизираме условите за да може да добиеме увид. Мислам дека судските истанци сами по себе на крајот ќе се согласат да го официјализираат начинот на којшто ќе соработуваме. Прво, ќе утврдиме сè што ќе набљудуваме и ќе побараме од МВР против кого сè има поднесено кривични пријави, потоа во првичниот период експертскиот тим, според планот, ќе отиде во МВР за да ги прегледа документите за поднесените кривични пријави за да можеме да видиме што до сега било преземено и што ќе се презема понатаму. Според Договорот - дополнува Јачев - ќе се воспостави соработка со МВР за секоја поднесена кривична пријава да нè известуваат. По враќањето наназад по претходен договор тоа ќе го сториме и со Обвинителството. Од моментот на преземање на активностите во МВР до завршување на судската постапка ќе ги опфатиме сите активности што се преземени за тој случај. Идејата ни е сите податоци да ги внесеме во компјутер и статистички да ги обработуваме. Периодично на три или четири месеци ќе имаме извештаи за тоа што е преземено, а на крајот сето тоа да го ставиме во еден извештај за годишното работење на Проектот. Само по исклучок може да коментираме поединечни случаи. Станува збор за научен Проект, чија цел е да го подобри целокупниот систем во РМ во поглед на борбата против корупцијата, а не се однесува на поединечните судии или делови од МВР".

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


GOLEMOTO ^EKMEXE ИНТЕРВЈУ ИЛИЈАНЧО ГАГОВСКИ, ПРЕТСТАВНИК НА МАЈКРОСОФТ - МАКЕДОНИЈА

MAKEDONSKIOT JAZIK N Договорот за стратешко партнерство пред сè се однесува на поставување основи за долгорочна соработка меѓу двете страни. Идејата е Мајкрософт технологиите да се применат на соодветен начин во Владата и нејзините институции, за да обезбедат поефикасно работење и транспарентни процедури. Уверен сум дека македонската ИТ индустрија има потенцијал да биде лидер на економскиот развој на Македонија. Мајкрософт со своето директно присуство во Македонија, ќе биде активен учесник во овој процес.

Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

Господине Гаговски, најавата за потпишување договор за стратешко партнерство на Владата на Република Македонија со Мајкрософт наиде на многу контроверзни бранувања во јавноста. Здружението Слободен софтвер - Македонија ја предупреди Владата дека евентуалниот договор со Мајкрософт може да й наштети на државата земајќи го предвид негативното искуство со неслободниот софтвер на повеќе држави. Дали предупредувањето е основано? ГАГОВСКИ: Правото на различно мислење и негово изразување е една од основните придобивки на демократијата. Ние сметаме дека веќе склучениот Договор за стратешко партнерство меѓу Мајкрософт и Владата на Република Македонија е вистински чекор за стимулирање на забрзан развој на информатичката индустрија во Македонија. Со нашите наредни активности, пак, и проектите кои ќе бидат реализирани како резултат на овој Договор, овој наш став и ќе го докажеме. Договорот за стратешко партнерство конечно е потпишан. Што Република Македонија добива со овој Договор? ГАГОВСКИ: Договорот за стратешко партнерство пред сè се однесува на поставување основи за долгорочна соработка меѓу двете страни. Идејата е Мајкрософт технологиите да се применат на соодветен начин во Владата и нејзините институции, за да обезбедат поефикасно работење и транспарентни процедури.

Во таа смисла, Мајкрософт го нуди своето искуство и знаење стекнато во изминатите 27 години во преку 100 земји од светот, како свој влог во ова партнерство. Тоа значи дека планираме со Владата интензивно да работиме на заедничко осмислување и реализација на е-владини проекти (насочени како кон интерните корисници така и кон граѓаните), континуирано четиригодишно одржување на специјализирани ИТ обуки на клучните владини службеници и крупна поддршка на македонскиот образовен систем во вид на донација на бесплатен софтвер по принципот 1:1 (за секој компјутер под договор во Владата, еден бесплатен софтверски пакет за образованието). Покрај ова, неколку од клучните работи кои Мајкрософт се обврзува дека ќе ги направи се: отворање своја локална канцеларија преку директна инвестиција на корпорацијата, изработка на македонски верзии на Windows XP и Office XP, отворање на линија за бесплатна техничка помош за сите лиценцирани корисници на софтверот на Мајкрософт во Македонија, како и воведување на заедничка (Мајкрософт и Владата на Република Македонија) годишна награда за најдобро решение во ИТ индустријата. Сето ова ќе резултира со развој на ИТ секторот во Македонија, чиј напредок ќе го поддржиме со

Неколку од клучните работи кои Мајкрософт се обврзува дека ќе ги направи се: отворање на своја локална канцеларија преку директна инвестиција на корпорацијата, изработка на македонски верзии на Windows XP и Office XP, отворање на линија за бесплатна техничка помош за сите лиценцирани корисници на софтверот на Мајкрософт во Македонија, како и воведување на заедничка (Мајкрософт и Владата на Република Македонија) годишна награда за најдобро решение во ИТ индустријата.

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


A SVETSKATA INFO KARTA

донација на 20 развојни пакети на македонски ИТ фирми кои се занимаваат со развој на софтвер. Од друга страна, со доследното почитување на правата на интелектуална сопственост кое го обезбедува Владата преку своите правни механизми, Македонија ќе покаже дека сериозно ги презема обврските кои произлегуваат од членството во меѓународни организации како на пример СТО и дека е подготвена да функционира според правилата на слободниот пазар.

За Владата Договорот исто така претставува инвестиција од странство, прва канцеларија на некоја компјутерска фирма во нашата земја, поголема продуктивност на сите кои се во компјутерскиот бизнис и нови вработувања. Што од ова Мајкрософт - Македонија може да реализира? ГАГОВСКИ: Ние во Мајкрософт сме горди заради фактот што сме прва голема мултинационална ИТ компанија која директно

27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


GOLEMOTO ^EKMEXE

инвестира во Македонија, преку отворање своја локална канцеларија. Наша проценка е дека во наредните четири години нашите инвестиции во донации на софтвер, поддршка на локалната ИТ индустрија, бесплатната техничка поддршка на лиценцираните корисници и вложувањето во трансфер на знаење кон нашите партнери и корисници ќе изнесува околу шест милиони американски долари. Клучно е што најголем дел од овие инвестиции се насочени во трансфер на знаење и на зајакнување на најсилната страна на македонската економија - човечките ресурси. Уверен сум дека македонската ИТ индустрија има потенцијал да

Мајкрософт исто така ги отвори своите клучни комуникациски протоколи кои сега големите производители на софтвер и опрема можат да ги набават и да ги вградат во своите производи.

Ние во Мајкрософт сме длабоко убедени дека е привилегија да се живее во време кога се случуваат вака големи промени во човечката цивилизација и дека таа привилегија треба да се искористи на вистински начин. Нашиот одговор на предизвиците на времето во кое живееме е постојаната акумулација на сеопштото човечко знаење и негово преточување во пренослива форма - нашите технологии. Ставајќи ги на располагање овие технологии, ние им помагаме на нашите корисници да ги реализираат своите вистински потенцијали во животот и работата.

Се вели дека околу 127 земји во светот имаат договор со Мајкрософт, но сепак неодамна Норвешка го поништи Договорот сметајќи го за штетен. Коментар? ГАГОВСКИ: Секоја земја во светот има свои специфични интереси во најразлични области од животот. Во согласност со тие интереси и со условите и опкружувањето во кое се наоѓа, секоја земја донесува свои сопствени стратешки одлуки. На пример, во нашето непосредно окружување, земји како Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Романија, Бугарија и многу други, го избрале Мајкрософт како платформа врз која ги базираат своите ИТ системи. Тоа не значи дека тие системи се затворени за други платформи и производители, туку само значи дека тие земји нашле свој интерес во соработката со Мајкрософт. Словенија на пример годинава го продолжи Договорот кој го имаше склучено со Мајкрософт пред неколку години. Што подразбирате под "формирање стратешко долгорочно партнерство кое ќе й помогне на Македонија да испрати јасен сигнал до странските инвеститори и до западниот пазар за својот деловен потенцијал"?

биде лидер на економскиот развој на Македонија. Мајкрософт со своето директно присуство во Македонија, ќе биде активен учесник во овој процес. Се шпекулира дека потпишувањето на стратешкиот Договор ќе доведе до употреба на т.н. затворени формати во комуникацијата на администрацијата со граѓаните. Дали има вистина во ваквите предупредувања? ГАГОВСКИ: Мајкрософт е еден од клучните промотори на отворените стандарди за интероперабилност во ИТ индустријата. Пример е познатиот XML стандард, на пример, кој според сите експерти е еден од клучните отворени стандарди. Мајкрософт е еден од најсилните промотори на XML стандардот. Годинава,

ГАГОВСКИ: Стратешките компоненти на Договорот се неговата долгорочност од една страна, како и нивото на соработка во осмислување и реализација на е-владини проекти од друга. Имено, Мајкрософт се обврзува директно да ги ангажира своите ресурси во реализацијата на овој Договор, што ќе овозможи полесен и поинтензивен трансфер на знаење. Исто така, Мајкрософт се обврзува да го поддржи развојот на локалните ИТ форми, како преку претходно споменатите донации, така и преку нивно вклучување во своите активности. Искуствата од други земји од регионот, пак, покажуваат дека често другите големи ИТ компании многу брзо по влегувањето на Мајкрософт на еден пазар, се појавуваат со свои сопствени инвестиции. Создавањето на една критична маса на вакви инвестиции сосема сигурно ќе упати јасен сигнал и до инвеститори од други индустрии дека во Македонија вреди да се инвестира. Стратешкиот интерес на Мајкрософт е, се разбира, да обезбеди свое навремено присуство на еден пазар кој сосема е сигурно дека во иднина ќе се зголемува.

28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


ГАГОВСКИ: За секој од 6200-те компјутери за кои Владата купи лиценци, Мајкрософт донира по еден софтверски пакет за образовниот сектор. Ова ќе им овозможи на нашите деца да се обучуваат на најновите верзии од производите на Мајкрософт и од школите да излезат како веќе подготвени стручњаци. Исто така, сите државни службеници кои на својот компјутер ќе користат пакети на Мајкрософт опфатени со Договорот, се стекнуваат со право да ги користат легално истите и дома. Конечно, кога Договорот е веќе потпишан, за колку време се очекува негово практично применување? ГАГОВСКИ: Веќе до мај идната година очекуваме дека ќе ја испорачаме македонската верзија на Windows XP, а до крајот на 2004 и македонската верзија на Office XP. Локалната канцеларија ќе ја отвориме во текот на наредните 3 - 4 месеци. Во тој период ќе објавиме и посебна легализациска понуда за деловните субјекти, со која ќе им овозможиме по посебно повластени цени, во еден ограничен временски период од три месеци, да ги легализираат копиите на софтверот на Мајкрософт кои сега го користат. Веќе во првите неколку месеци од Договорот ќе ги реализираме првите е-владини проекти. Во мај 2004 година вторпат ќе ја организираме годишната Мајкрософт конференција во Македонија - Визија, и таму ќе ја доделиме првата награда за најдобро ИТ решение во изминатите 12 месеци. Очекувајте дека активностите на Мајкрософт ќе бидат видливи, континуирани и секогаш реализирани преку локални ИТ фирми, придонесувајќи на тој начин многу конкретно кон забрзувањето на развојот на македонската информатичка индустрија. Како ја гледате улогата на ИТ технологијата во развојот на современите општества?

Во писмото за намери е исто така потенцирано дека со Договорот ќе се стимулира развојот на модерната ИТ индустрија со цел Република Македонија да стане европска средина во која се користи и се развива солиден софтвер? ГАГОВСКИ: Како што и претходно споменав, освен донацијата во образовниот сектор, Мајкрософт ќе го помогне и развојот на домашните софтверски фирми. Ова ќе се одвива на многу нивоа, но највидливото е на пример донацијата на 20 пакети за развој на софтвер на 20 домашни фирми. Ова на тие фирми ќе им овозможи во наредните четири години бесплатно да ги користат најсовремените развојни алатки на Мајкрософт, правејќи ги на тој начин поконкурентни на меѓународниот пазар. Исто така, воспоставувањето на годишна награда за најдобро ИТ решение, која ќе се доделува од Мајкрософт и Владата на Република Македонија, ќе претставува дополнителен стимул за македонските развивачи на софтверски решенија. Инвестициите во секторот образование кои ги ветува Мајкрософт се исто така интересни. За што станува збор?

ГАГОВСКИ: Времето во кое живееме е така динамично и полно со промени, што единственото нешто на кое со сигурност може да сметаме е самиот процес на промени. Ова темпо на промени со кое се соочуваме, може да се третира на два начина: како опасност со која треба да се справиме, или како можност која треба да ја искористиме. Ние во Мајкрософт сме длабоко убедени дека е привилегија да се живее во време кога се случуваат вака големи промени во човечката цивилизација и дека таа привилегија треба да се искористи на вистински начин. Нашиот одговор на предизвиците на времето во кое живееме е постојаната акумулација на сеопштото човечко знаење и негово преточување во пренослива форма - нашите технологии. Ставајќи ги на располагање овие технологии, ние им помагаме на нашите корисници да ги реализираат своите вистински потенцијали во животот и работата. Времето кога ИТ фирмите беа само добавувачи на ИТ опрема е минато. Нашето, денешно време, е време кога од ИТ фирмите се бара да станат вистински партнери и деловни консултанти на своите корисници, помагајќи им на тој начин максимално да ги искористат своите инвестиции во ИТ технологија. За да го оправдаат епитетот на придвижувачи на современата економија, ИТ фирмите мора одлично да го познаваат бизнисот на своите корисници за да бидат способни да им предлагаат нови видови на деловни активности кои ќе бидат тесно поврзани со примена на новите ИТ технологии. Но, и ова не е доволно. На страната на корисниците, современите деловни луѓе мора да ги познаваат и користат новите технологии за рамноправно да учествуваат во процесот на иновација, зашто дури тогаш на ИТ технологиите ќе гледаат како на неопходна инвестиција, а не како на неопходен трошок.

29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


ОКО НА СОНЦЕТО КОМЕНТАР

КАПИТЕНИТЕ

по својот опстанок, зашто употребуваат само демократски средства за разврска на проблемите и само го осудуваат она што е штетно направено од екстремистите. Режимите знаеја физички да ги неутрализираат, а не само да ги осудат во своите постапки. Затоа денес некој сака на отворена врата преку злоупотребата на демократските определби на една држава да протурка проект под маската на хегемонизмот и шовинизмот. Косово треба да биде клонираниот мутант кој, доколку успее

Денес сè се работи по принципот на позитивна дискриминација, се крши правото на еден за да се задоволи етничката амбиција на другиот. Нон сенс. Стратегијата за вештачко опстојување на ваквиот облик на државноста е промашена. Законот за државјанство, Законот за легализирање на малоречанскиот парауниверзитет, обликот на децентрализација се само дел од серијата антидржавни проекти кои на подолг рок не й гарантираат на земјава витален развој и опстој на унитарниот карактер.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

А

хмети бил сигурен дека во 2005 година ќе се покрене решавањето на статусот на Косово и оти немало да има друго решение освен независност. Работел многу за да ги увери македонските власти дека Македонија нема да има никаква опасност од независноста на Косово, туку ќе биде побезбедно место. Како му успеа за толку кратко време да ги обработи властите и да ги натера да поверуваат во фактот дека Македонија не треба да се плаши од втората албанска држава на Балканот? Ахмети за време на неодамнешната посета во Швајцарија ги убедил своите иселеници во оваа земја дека гарнитурата на Црвенковски полека сфаќа оти Косово мора да биде независно. Интересно. А ваму по медиумиве памет му солат на народов дека тој проект на Албанците е опасен за Македонија. Кој лаже сега? Црвенковски манипулира со сопствените граѓани или пак Ахмети ги врти своите иселеници? Или Македонија води двојна политика по тоа прашање? Непрофесионално е кога коалиционите партнери во ист владин кабинет работат на тоа поле различно, еден на север друг на југ. Дипломатијата ќе ни биде нула. Но, навикнавме. Така било, а не верувам дека преку ноќ и нешто ќе се смени. Пред година - две помисливме дека регионов ни е среден, дека Милошевиќ беше главната кочница за сите замрсени јазли од Трст до Гевгелија. Некој се обидуваше да нè увери во тоа. И замина човекот, односно го тргнаа. Денес го нема српскиот вожд да ни наметнува проблеми. Но, проблемите не престанаа со неговото политичко замрување. Напротив, тие останаа да се развиваат со поинакво и поопасно темпо. Ниту свежите демократски сили не успеаја да ја најдат формулата за средување на работите на тврдото парче земја. Доживеаја целосен неуспех. Радикалните компоненти знаат да работат и во привидните демократски системи. Во нив не гледаат опасност

Ништо повеќе и ништо помалку дриблање околу Рамковниот

да се изгнезди во обликот кој го заговараат балканските Албанци и дел од авантуристичката меѓународна заедница, ќе создаде еден балкански Јура парк кој тешко дека ќе може да се контролира. Многумина аналитичари, експерти и дипломати постојано ја повторуваат опасноста од создавање двојна држава на еден народ што досега е невидено во меѓународното право и практикувањето на светската политика. Но, кој денес зборува за принципи и стандарди? Работата ја води интересот, профитот и дуелот меѓу големите сили.

ВЕШТАЧКИ СОЖИВОТ Коцките од мозаикот се уште се растурени и некој се обидува да не дојде до нивно средување, зашто процесот на растурање на нашиов регион не бил дозавршен. Врие котелот во Босна, во

30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


Санџак, за Косово воопшто да не се сомневаме, растат тензиите во Македонија, јужна Србија. Сè е поделено, отуѓено, расцепено. Мини кантони, гета, непристапни за оние од другата вера, нација или политичко убедување. Вештачки соживот. Сè стои на сламени нозе. Стратегијата ретко кој од обичните да ја знае. Скептик е секој кон политиката што се води низ сите балкански простори. Се плаши од реформските проекти и зафати на сопствената администрација, на секој потег од меѓународната заедница. Граѓанинот не гледа искреност во постапките. Тој е извисен, изманипулиран до максимум, нема доверба во ништо. Се плаши за сопствената безбедност, за своето семејство, постојано е на мислење дека ја губи државата. Така мисли Македонецот, така мисли Србинот, Бошњакот. - "Сè испродадоа, нè предадоа" - е најчестиот коментар кој може да се чуе. Процесите во кои се вклучи Македонија нема да носат голема полза по нејзината опстојност. Разградена е одвнатре, направи отстапки кои се косат не само со меѓународните норми и правила на уредување на внатрепната политика, туку и со самите принципи усвоени пред две години од охридскиот мировен Договор. Ветувањата од минатата есен на денешните водачи станаа утопија. Граѓаните не почувствуваа ништо од она во што поверуваа. Напротив, денес сè се работи по принципот на позитивна дискриминација, се крши правото на еден за да се задоволи етничката амбиција на другиот. Нон сенс. Стратегијата за вештачко опстојување на ваквиот облик на државноста е промашена. Законот за државјанство, Законот за легализирање на малоречанскиот парауниверзитет, обликот на децентрализација се само дел од серијата антидржавни проекти кои на подолг рок не й гарантираат на земјава витален развој и опстој на унитарниот карактер. Ставањето ултиматуми и користењето воени закани од страна на дел од парламентарците кои наместо благодарност за амнестијата повторно се закануваат со бомби и куршуми доколку не се донесе новиот закон ја деградираат и онака разнишаната позиција на Премиерот. Неговиот обид за соживот и мир во куќа се базира на сервилно задоволување на речиси секое барање на трансформираните бандити доведувајќи го во позиција на заложник на големоалбанските интереси. Правилото - употреби сила, за потоа по пат на преговори да се наметне нов закон - повеќе не смее да најде место во начините за практикување на дневната политика. Секој оној кој повикува на таков модел експресно треба да се најде пред лицето на правдата. Амнестии и простувања веќе нема. Не знам зошто и оние кои не сакаа да променат ниту една точка и запирка од Рамковниот договор и кои ветуваа дека нема ништо повеќе и ништо помалку да се спроведе од она што е преточено во новиот македонски Устав денес прават такви излети. Самите стануваат контрадикторни и несериозни прво пред самите себеси, а потоа и пред електоратот кој ги довел во кабинетите. На заканите треба да се одговори со пожестока закана. Бидејќи сменети се улогите. Узурпаторот на нормите и покрај добиените благодети повторно ја репризира својата ролја. Ја нема со Устав прокламираната лојалност кон институциите на системот. Зошто еднаш македонската страна не се закани и не покаже заби кон узурпаторите на правилата на институционалната поставеност на органите на државата? Истата таа власт треба да ги штити белезите на вистинската државност, а не да избледува и да ги доведува до позиција на практична неупотребливост. Кој од кого се плаши и од што се плаши па понизно и сервилно се однесува пред коалициониот партнер? Партискиот договор меѓу политичките субјекти го надвладеа

државниот и националниот интерес на Република Македонија. Не дека само оваа владејачка постава е таква, такви беа и оние пред и по 98-та година. Цели тринаесет години Македонија живее под партиски, а не под државни договори. Затоа денес сме таму кај што можеби и заслужуваме. Блиску до дното. Лебдиме над него и се плашиме да го допреме, зашто ќе бидеме сведоци на сопствената пропаст во која самите свесно западнавме. Вистината за нас пак други ќе ја знаат, а ние не. Иднината за нас пак други ќе ни ја градат, а најмалку самите ние.

ПОЛИТИЧКО ДРИБЛАЊЕ Зошто меѓународната заедница, која толку цврсто стоеше на страната на Рамковниот договор, сега ги предимензионира работите и работи во насока на тивко притискање на македонската власт да се надмине себеси и да покажува повторно добра волја за решавање на проблемите. Треба едно да биде јасно. Легализирањето на тетовскиот парауниверзитет или како што официјално се вели - основањето на нов државен универзитет во Тетово - не е предвидено со охридската спогодба. Никаде во Уставот на Република Македонија не пишува дека по воениот конфликт од 2001 година најголемото малцинство треба да добие државен универзитет. Црвенковски го прекрши ветувањето пред македонската јавност дека "ништо помалку и ништо повеќе нема да има од Рамковниот договор". Зошто потклекна? Кој го собори и приземји? Не сакам да верувам дека последната посета на Црвенковски на Вашингтон го натера на тоа. Но, не отиде таму по негова иницијатива, туку го повика потпретседателот Дик Чејни. Експресното донесување на Законот за државјанство, брзината со која влезе во собраниска процедура Законот за основање трет државен универзитет во Тетово и надуваните пописни резултати, јасно покажуваат дека Црвенковски беше добро обработен и притиснат од американската администрација. А не личи за слабак. Мангуп е, а како ја тера политикава. Со овој потег од образовната сфера не го решава албанскиот проблем, туку напротив повторно по којзнае кој пат го усложнува. Со понудениот владин проект не се легализира тетовскиот парауниверзитет, туку напротив се основа нов, кој не е признат од сите албански политички партии. Што ќе ни е сега нов проблем? ДПА си сака свој универзитет, ДУИ си ја тера работата на овој, а Бранко и Љубчо секој различно во времето свое им ги задоволуваа и на едните и на другите партиските амбиции. Значи, денес во Македонија ќе има три албански универзитети - Штуловиот, новиов Бранковиот и оној на Сулејмани кој нема да сака да го згасне. Тие нема да бидат државни, туку партиски во кои структурите на Ахмети и Џафери ќе градат кадри за изборните циклуси, студенти кои ќе треба да им се најдат на своите идоли во тешките изборни времиња. И кој е виновен? Најмалку тие. Кога Бранко сега ќе ја среди работата за Ахмети давајќи му и сопствен универзитет, тогаш на ред ќе дојде нешто друго. Ако Љубчо го промовира Хашим Тачи за косовски премиер пред четири години во Скопје под притисок на Џафери, Бранко ќе треба да се навикне Косово да го третира како државен субјект, а не како српска покраина, под притисок на Ахмети. Во фудбалот ова се нарекува дриблање. Но, не останаа само овие двајцата издриблани, туку заедно со нив и целата македонска јавност остана поразена од преголемиот број автоголови примени во сопствената мрежа. Капитените заслужуваат да бидат во аут.

31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003


ОБРАЗОВАНИЕ OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА ПОЛИТИК ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ТРЕТ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО МИРУВАЊЕ

SKAPI PRIVATNI @URKI Пишува: Рената МАТЕСКА

"Г

раѓанската иницијатива за т.н. 'тетовски универзитет' е нешто сосема друго и е надвор од важечките закони во Р. Македонија. Тие граѓански иницијативи се нелегални, според правилата за организирање или вршење високообразовна дејност"- истакна Илинка Митрева како пратеничка на СДСМ на 24 јули 2000 година на 53 Седница на Собранието на Р. Македонија во расправата за донесување на Законот за високо образование. На истата собраниска дискусија Никола Поповски потенцира: "За мене совршено е јасно дека со овој закон можноста за државен универзитет во Мала Речица е закопана". - "Тоа е она што задава проблеми кога го читам законот и кога гледам дека нема во него визија за иднината" - рече Радмила Шекеринска на споменатата расправа во Собранието на 24 јули 2000 година. Денес, за разлика од 2000 година, СДСМ е со аргументи за донесување закон за основање на државен универзитет во Тетово, за разлика од опозиционата ВМРОДПМНЕ која според зборовите на пратеникот

За да се избегне собраниската блокада за основање на трет државен универзитет во Тетово, беше прекината исцрпувачката маратонска расправа. Седумдневен конфронтирачки дуел на релација власт - опозиција на тема владиниот предлог за основање државен универзитет во Тетово. основање трет државен универзитет во Тетово. Така Албанците не еден, не два, туку ќе имаат три универзитети на нивниот мајчин

"Во секој поглед, нерационално е да се продолжи со дуплирањето, односно со паралелизмот на државните универзитети, бидејќи на тој начин се врши дисперзија на и онака ниските буџетски средства за високото образование"- е потенцирано во точката 4 од произнесените ставови на Универзитетскиот сенат на седницата на 30.10. 2003 година. Слободан Даневски е во стилот "умри мушки - трет дел", подготвена ако ништо повеќе барем да го одложи донесувањето на контрадикторниот закон. Со споменатиот закон никаде не се споменува легализирањето на дивиот малоречански универзитет, што значи дека и со основањето на новиот трет државен универзитет во Тетово, малоречанскиот (кој нелегално работи од 1994 година) ќе постои и ќе клонира милитантни кадри со големоалбански фанатизам. Предлогзаконот се однесува единствено на

- албански јазик (Штуловиот, малоречанскиот и државниот). Сè е во стилот "три пољупца хоќу ја, неќу један, неќу два...".

КАМЕН ЗА СОПНУВАЊЕ - "Македонија е за сите, но мора да има правда. Во Македонија нема помали и поголеми. Сите сме исти" - се дел од пораките од неколкудневните протести што се одржуваа пред Собранието на Република Македонија, по повод собраниската 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

процедура за донесување закон за основање на државен универзитет во Тетово. Во Собранието следеше жолчна неколкудневна маратонска расправа на оваа тема каде опозицијата остануваше будна до рано наутро и таму пораката "сите сме исти" не важеше. Според зборовите на опозицијата, тие со дискусиите се обидуваат да ја разбудат свеста кај позицијата за да го слушне гласот на народот. Донесувањето на законот е само прашање на време, додека некои нестрпливи Албанци - парламентарци повикуваа и потсетуваа, се закануваа со "враќање во минатото". Но, дали со владиниот предлог конечно ќе се стави точка на големоалбанските апетити со оглед на фактот дека со законот се предвидува основање нов трет државен универзитет, а не легализација на постоечкиот малоречански? - "Владиниот Предлог за основање државен универзитет во Тетово се базира на Законот за високо образование" - потенцираше на собраниската расправа министерот за образование Азис Положани


А ИКА

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА

појаснувајќи дека новиот универзитет би се финансирал принципиелно, исто како и другите универзитети во државава. Би било убаво за сите нас кога министерот Положани би бил, исто така, упорен нашето насушно образование (каде што се опфатени и Македонците) да го модернизира и унапреди од рангот на европското образование признато и ценето во светот. Би било добро кога Теута Арифи, како за основањето на државен универзитет во Тетово, би се залагала исто така за што поскоро влегување на Република Македонија во европското семејство каде националната припадност, верска и слично, е ирелевантна. Би било добро кога Дедо Мраз сите овие желби би ни ги донел како новогодишен подарок. Арно ама веќе созреавме сиве овие тринаесет години самостојност и сфативме дека не постојат волшебници и дедо мразовци. Сè зависи од нас. Единствено ние самите можеме да си ги решиме своите проблеми, а тука пред сè се мисли на образовните. На крајот на краиштата, имаме ли потреба од такви лук-

сузи - Тетово да го направиме град со три универзитети, најголем "универзитетски метропол" на светот?

ПРОТЕСТИ Дел од студентите од двата државни универзитета, поддржани од Средношколската унија на Македонија, политички партии и невладини организации се решија да протестираат против формирањето трет државен универзитет во Тетово. Во своите говори студентите потенцираа дека пред

ПОЛИТИКА

Собранието на Република Македонија дошле "за да ја зачуваат Македонија и македонското прашање". Студентите се оградија од, како што рекоа, сите невкусни пароли на протестите. Според некои најмладите се најподложни за манипулирање. - "Кога побаравме да се намалат цените во студентските домови никој не не слушаше. Сите велеа дека Министерството за образование и наука нема пари. Од каде сега пари за финансирање на тетовскиот универзитет" -запрашаа претставниците на Координативното тело. Учесниците во протестите од пред Собранието својот револт го искажаа и пред Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија. - "Ние немаме партија. Наша партија е Македонија", повторија членовите на Координативното тело, демантирајќи ги наводите дека одредени политички партии стојат зад нивната иницијатива. На протестот се приклучија повеќе граѓани од други делови на земјава кои, според организаторите, допатувале во Скоп-

ПОЛИТИКА ПОЛИТИКА

Тетово. Го имаат Штуловиот универзитет, Педагошката академија, позитивните квоти. Дека е многу, многу е. Нема да дозволиме создавање втор универзитет на албански јазик" - порача Златко Јанковски, лидер на Средношколската унија, обраќајќи се на протестот.

МАНИПУЛАЦИИ - "Најенергично демантираме дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад студентските протести. Повторуваме дека протестите ги поддржуваме", изјави потпретседателот на ВМРОДПМНЕ Ганка Самоиловска - Цветанова, по повод обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите. - "СДСМ има сознанија дека зад протестите стои опозицијата, односно тие се организирани од ВМРО-ДПМНЕ", реагираше пратеникот на владејачката партија, Иван Анастасовски. - "Сметам дека целата македонска јавност е изманипулирана. Прашање е што всушност сакаат да легализираат во Тетово. Станува збор за имплементација на дел од Рамковниот договор со којшто се предвидува државно финансирање на високо образование на албански јазик", изјави потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи. Додека траеја протестите претседателката на ССУКМ, Марија Стамболиева, заедно со претседателите на сојузите на матичните факултети одржаа средба по што соопштија дека не ги поддржуваат протестите. Ректорот на Скопскиот универзитет, Александар Анчевски, изјави дека протестите се студентска работа. Тој, сепак, рече дека "првенствено" ја поддржува ССУКМ. - "Како што тргнало, 2010 година ќе протестираме Скопскиот универзитет да не се вика Скендер-бег. Како Македонци имаме право да се бориме за нашите права и слободи, бидејќи од страна на државата нема кој да ни ги заштити" - рече поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски. Група професори од скопскиот и би-

Во Тетово веќе од 20 ноември 2001 година, со Законот за Високо образование функционира Универзитетот на Југоисточна Европа на кој наставата согласно со охридскиот Рамковен договор преточен во Уставните амандмани се одвива и на албански јазик. Според многумина, со ЈИЕ е затворено прашањето за високото образование на албански јазик. је самоиницијативно. По првиот ден од протестите, претставниците на Координативното тело ги прими единствено претседателот Трајковски кој им ветил дека ќе им обезбеди средба со премиерот Црвенковски. - "И ние идната година ќе треба да ги плаќаме приватните журки на командантите од УЧК и од 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

толскиот универзитет изразија револт од намерата на Владата за формирање државен универзитет во Тетово. Според нив, легализацијата на овој универзитет е договор меѓу двете политички партии на власт при што не се почитувани основните нормативи од Законот за високо образование.


ТРАДИЦИИ МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОЕКТ ЗА XI-XV ВЕК НА Д-Р АНЕТА СЕРАФИМОВА

“SLIKARSKI VISOVI” M ЦД-то за прв пат на дигитален начин овозможува да се презентира еден значаен дел од културното богатство на Македонија. Истото е наменето да им користи на образовните институции во земјава и во светот. Д-р Анета Серафимова, покрај тоа што е автор на ЦД-то "Сликарски висови", нејзин дел има и во книгата "Македонија - културно наследство". Пишува: Милева ЛАЗОВА

М

ултимедијалното ЦД насловено како "Сликарски висови" со поднаслов "Ремек-дела во Македонија (XI-XV век)" од авторката Анета Серафимова неодамна беше промовирано во "Холидеј ин" во Скопје. Во него се претставени црковни архитектонски и сликарски ремек-дела, историски карти, мапи и цртежи, повеќе од илјада фотографии, каталог на икони и промените на гра-

ниците на Охридската архиепископија од XI до XV век. ЦД-то е во издание на НИК "Лист", отпечатено е во 2.000 примероци, а изработката на Проектот, на кој четири години работеле триесетина професионалци од различни области, чини повеќе од 50 илјади евра. ЦД-то е двојазично, на македонски и англиски јазик. Печатено е во Виена, еден примерок чини 75 евра, додека во странство 150 евра.

ПРОМОЦИЈА - "Да го печатевме како книга, ќе беше монографија од илјадници страници. Ова е извонредна можност за промоција на Македонија - истакна Гоце Дртковски, директор на издавачката куќа "Лист" - како сериозна држава ко-

36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

ја може да произведе вакво ЦД. Македонија има огромно богатство, за кое секој треба да биде свесен, а ние го претставивме во дигитална форма. Од него може да се информираат странските институти и универзитети. Ги имавме предвид и културниот туризам и Олимпијадата која идната година ќе се одржи во Атина". Низ него, интерактивно може да се разгледуваат сите цркви од Македонија од XI до XV век, нивните архитектонски планови, фрескоживописот, историските услови во кои биле градени, икони и друго. Поделено е на седум целини: сликарски висови, цркви, фрески, икони, историски атлас, хронолошка таблица и авто-карта на Македонија. Во "Сликарски ви-


AKEDONSKO REMEK-DELO сови" меѓу другото е поместено поединечно детално претставување на 23 цркви, повеќе од 1.050 фотографии, легенди, речник, каталог на икони и нивна детална обработка, сликарска техника и култ на иконата, педесетина карти: од владеењето на Јустинијан од XI до XV век, а се следат и промените на границата на Охридската архиепископија и друго. Целиот визуелен материјал е проследен со преубавата музика - "Златоустова литургија". Покрај софтверска, има и хемиска и физичка заштита од пиратерија. Најавувајќи го како "досега најголемо претставување на македонската традиција/култура", издавачот ги потенцираше иск лучително високите технички стандарди на изработка на ЦД-ромот, но и заш37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

титата од преснимување која, пак, треба да овозможи комплетна заштита на авторските права.

ИНФОРМАЦИИ - "Во делот 'Црква', се разбира, има информации за сите цркви. Овде постои можност за секој дел од црквата - објаснува директорот Дртковски - на пример за куполата или пак за некој друг архитектонски дел, да се дојде до детално објаснување на самиот збор. Речникот е една змија која нема крај каде што сите непознати зборови се прикажани и болдирани како можност да ги проверите. Фреските, исто така, се прикажани со техника со нивниот просторен распоред. Направивме макета во којашто секој може да пог-


ТРАДИЦИИ МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОЕКТ ЗА XI-XV ВЕК НА Д-Р АНЕТА СЕРАФИМОВА

Д-р Анета Серафимова, авторот на ЦД-то, магистрирала на Белградскиот универзитет во 1993 година, а докторирала на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2002 година. Работи како доцент по предметот Историја на византиската уметност на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Авторка е на повеќе научни студии за средновековниот фрескоживопис во Македонија, како и книгите: "Среден век" во "Македонија културно наследство", во издание на "Мисла", Скопје, 1995 (на англиски и македонски јазик) и "Mediaeval Painting in Macedonia (9th-18thC.)", ed. Ministry of Information, Skopje 2000. ледне во црквата што и каде е насликано. Црквите датираат од времето меѓу XI XV век, периодот на Византија, понатаму доаѓа поствизантија. Иконите се, исто така, од тој период за кои и покрај тоа што може да се видат, може и за нив да се прочита за потеклото, за времето, стилот, каде се наоѓаат. Што се однесува до визуелниот дел, 90 отсто е фотографиран директно од црква во црква". Како што потенцираше директорот Дртковски, во делот од историскиот атлас на интерактивен начин прикажани се државите кои биле на овој простор во текот на пет века. Она што е посебно интересно е во текот на четири века да ги дадеме границите на Охридската архиепископија како и Самоиловото царство. На картата може да се видат и каде точно се лоцирани црквите и со едноставно кликање да се дојде до информациите за одредена црква.

спрегата од жили од кои се поеле наслојките и ја таложеле стратиграфијата на културата, дамарот доаѓал од државата Византија, од животот во неа и од неговата оскина постројка христијанството. На исток во Европа - потенцира во книгата д-р Серафимова -

ЛИКОТ НА СИМЕОН БОГОПРИМЕЦ ОД "СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН", 1164 ГОДИНА

нескриено е чувството за византиското присуство во коренот на различните кул-

ЦАРЕВ ГРАД Д-р Анета Серафимова која е историчар на средновековната уметност, покрај тоа што е автор на ЦД-то, таа е и автор на ден дел од книгата "Македонија - културно наследство" насловен како "Визант - Царев Град Византија". - "За не мал дел од светот, особено за Балканот, во

ЃАКОНИ, "СВ. ЛЕОНТИЈ" ВО ВОДОЧА КРАЈ СТРУМИЦА, XI ВЕК

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

тури. Земјите на Запад сè повеќе го осознаваат својот долг кон Византија. Таа, покажувајќи восхитувачка вештина во водењето луѓе, поседувала доволно и моќ и углед да го собере "неварварскиот" свет и да ја испише историјата, политичка и културна, многу пред процутот на Запад. Токму Византија ја премостила празнината меѓу антиката и модерниот свет, меѓу Римското Царство и западната ренесанса". Понатаму д-р Серафимова вели дека императорот Диоклецијан й дал божествена осмисла на државата, ја преместил престолнината на Исток во Никомедија, го вовел ориенталниот сјај, но не успеал да ја сопре пропаста на Рим. Христијанофобичен, тој не умеел да ја согледа многукратната полза од признавањето на христијанството. На неговата реформирана Империја и понатаму й недостасувала животна сила и двигател на уредувањето. Меѓутоа, веќе била подготвена почвата за наследничката Византија. - "Поуките ги исползувал Константин, со мудроста на побожната си мајка Елена. Со моќ на исцелител, тој


СЕВЕРНИОТ ЅИД, НАОС, "СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН"

ОЛТАРСКИ ПРОСТОР ОД "СВ. ГЕОРГИ", СТАРО НАГОРИЧИНО, 1345/46

ЦРКВАТА "СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН" ВО ГОРНО НЕРЕЗИ, СКОПСКО

МАРКОВ МАНАСТИР

ја зацелил државата, само со два потега: првиот, Миланскиот едикт (313) со кој христијанството - објаснува д-р Серафимова - е ставено под законска заштита, и вториот, одлуката сосем да го напушти Рим, втемелувајќи го

Константинопол. Историјата го одредува почетокот на Царството чиишто поданици себеси се нарекувале Ромеи - во 330 година кога биле отворени портите на новата престолнина, наречена од Словените Царев

Град. Падот на градот под Турците во 1453 година бил и крај за Царството. Според нејзиниот антички темел – визант (Byzantion), модерната наука ја означува Империјата како Византија, а културата како византиска.

39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

По XV век, предзнакот пост или доцна само е технички белег на долговековната тврдокорност на изворната традиција. Во православниот духовен простор до XVIII век се случувала знаменитоста 'Византија по Византија'".


КНИГИ

ПОТРЕСНА ХРОНОЛОГИЈА НА БРОЈНИ ПРЕДАВСТВА, АТЕНТАТИ И РАЗЛИЧНИ УБИСТВА

MRA^NI VISTINI OD MAKEDONSKATA ISTORIJA Дали предавството е судбина на Македонецот и неговото проклетство низ вековите? Колку ли херојски чинови биле пресечени со срамни предавства, на свои од свои, колку ли животи паднале во бесмислените атентати или во подмолното посегање на туѓите раце врз Македонија и македонското дело? Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

К

нигоиздателството "Макавеј” неодамна го промовираше својот најнов труд "Предавствата и атентатите во македонската историја" од д-р Виолета Ачкоска и м-р Никола Жежов. Во книгата се опфатени покарактеристичните атентати на Македонците, почнувајќи од убиството на Филип Втори Македонски во 336 година п.н.е. до атентатот на Александар Караѓорѓевиќ пред Втората светска војна. Оваа книга ги опишува историските и политичките околности што ги условиле меѓусебните убиства на Македонците, кои раководени од разни "филства" и "фобства" најчесто страдале од свои сонародници. Ток-

му поради тоа, во воведот на ова издание е внесена Делчевата мисла "Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот". Во оваа мрачна тема од македонската историја има цела галерија личности со кои треба да се гордееме, но и такви со кои треба да се срамиме.

КРВАВА ВЕЗИЛКА Македонската историја запомнила секакви атентати, секакви убиства: заради политички цели, заради казна, заради предавства, одмазда, властољубие, заради алчност. И мотивите за предавствата се разноразни предавства од интерес, случајни или намерни, но повеќето од нив по правило, завршуваат со

40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

крвопролевање, со човечки жртви. Тука се преплетува заедничката судбина на народот со личните драми на поединецот, храброста со кукавичлукот, идеалот со предавството, саможртвата со убиството. Везилката ги плете црвената и црната нишка на нашата историја во која зад херојството и саможртвата, зад несопирливите копнежи за слобода на Македонецот, како змија прокобница се провлекла уште една историја - мрачна, тегобна, историја на предавствата, на себеуништувањето, на крвавото посегање на брат врз брата... Дали предавството е судбина на Македонецот и неговото проклетство низ вековите? Колку ли херојски чинови биле пресечени со срамни предавства, на свои од свои, колку ли животи паднале во бесмислените атентати или во подмолното посегање на туѓите раце


врз Македонија и македонското дело? Историјата се повторува - од Филип Втори до Киро Глигоров, од антиката до современието. Во тој долг след на историски случувања низ чудните патишта на времето крајот на деветнаесеттиот и првите неколку децении на дваесеттиот век стојат обележани како црни петна, како сопнувачки на македонската национална самосвест, како амбис во кој пропаѓаат најсветлите и највредните идеали на македонското национално осознавање, процут и европски чекор во новата историја.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗОЛ Наоѓајќи се во центарот на гордиевиот балкански јазол, Македонците биле најсилно на ударот на освојувачките апетити на соседите кои во својот наплив на национално будење во ХIХ-от век, присвојувале голем дел од македонската култура, традиција и обичаи, пропагирајќи го своето право над Македонија, над Македонците или на нивни делови. И во тие бесконечни игри на соседите, се случувале невидени и нечуени делби на град од град, село од село, семејство од семејство, брат од брат, човек од човек. Агресивните разноразни пропаганди, цркви и политики им оставиле многу малку простор на луѓето да се осознаат како Македонци. Затоа во голем дел,

подложени на влијанија, почнале да се мразат како гркомани и гркофоби, бугарофили и бугарофоби, србофили и србофоби... И не само да се мразат, туку и меѓусебно почнале да се убиваат за туѓи политички цели и интереси. При обработката на оваа тематика се започнува од најраните стадиуми на македонската држава, од антиката. Корените на македонското предавство се гледаат токму во убиството на творецот на најсилната држава на Балканот – Филип Втори (359 - 336 година п.н.е.). Потоа следи периодот на средновековието во кој се става акцент на владеењето на Цар Самуил и средновековната македонска држава. Но, периодот кој се смета за најкрвав во македонската историја е секако времето на Отоманската империја и нејзиното владеење. Тогаш се верува дека се извршени најгрозоморните предавства и убиства во македонската историја. Како жртви на предавство во овој период ќе ги споменеме Веле Марков, Христо Узунов, Сава Михајлов, Никола Карев, Ѓорѓи Сугарев и многу други. Нишката на предавства продолжува и по Илинденското востание. Мошне интересен е прилогот за периодот на Балканските војни 1912 - 1913 во кој Македонците ќе ја доживеат најголемата трагедија - поделба на сопствената земја. Иронијата да биде уште поголема, сето тоа се води под призмата на "ослободителна мисија"

41 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

на соседните балкански држави. И овде Македонците ќе бидат поделени во своите убедувања. Во 1915 година ќе биде убиен војводата Јане Сандански, како еден од последните бедеми на македонското револуционерно дело. По повод неговата смрт Ангел Динев ќе забележи: - "Најистакнат заштитник на внатрешноста на Македонија. Овој борец за слободата на Македонија и за демократија и мир од заседа го убија". Акциите и атентатите на Тодор Александров од 1918 до 1924 година, се уште еден мрачен дел од нашата историја. На 28 јуни 1921 година ќе биде убиен македонскиот револуцинер и еден од идеолозите на ТМОРО, Ѓорче Петров. А по неговото убиство следат и убиствата на Дончо Ангелов и Митруш Циклев. Предавствата продолжиле и по 1941 година: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талевски, Кузман Јосифовски Питу, Коста Рацин. Листата на стотици убиени, предадени, предавници, егзекутори, жртви и жртвувани е предолга. Таа е показ, но и поука за генерациите што следат. Колку Македонци станале предавници и евтино ја продале својата национална чест и иднината на своите поколенија? Ова е прашање, кое длабоко одекнува во нашето современие. Историјата допрва ќе го каже својот збор. Македонската крвава драма заслужува да биде раскажана.


ИЗЛОЖБИ

МИНЕРАЛИТЕ И КРИСТАЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишува: Милева ЛАЗОВА

риродонаучниот музеј има повеќе одделенија - минеролошко или палентолошко, ботаничко..., како и услужните одделенија - препараторско и библиотекарска дејност. Минералите во Македонија за кои станува збор се дел од минеролошкото одделение. Интересот за да се отвори едно вакво одделение во рамките на Природонаучниот музеј е разбирливо, бидејќи Македонија по својот геолошки состав иако мал простор изобилува

П

` NA MOKTA

Македонија е богата со разновидни кристали и минерали од кои посебно интересни се кварц, галенит, спирит... тоа е една лепеза која воодушевува со својот изглед, убавина и форма. Во Природонаучниот музеј постои голема збирка од минерали и кристали кои преку тематски изложби ќе бидат претставени и кај нас и надвор од нашава земја. со разновидни и ретки минерали гледани во светски рамки. Музејот волонтерски се занимавал долги низ години со откривање и проучување на минералите, иако како институција постои веќе 77 години, но сега веќе се оди кон што поголемо афирмирање како кај нас, така и во светот.

42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

БОГАТА ЗБИРКА - "Во Природонаучниот музеј, бидејќи немаше вработен геолог, до пред десет години постоеше минеролошката дејност само волонтерски при што беше


PRIRODATA оформена една скромна збирка на минерали. Со моето доаѓање како геолог - вели Гуте Младеновски, директор на Музејот - во оваа институција истата почна да се збогатува и таа денес е многу интересна. Не само што ја збогативме постојаната изложба, туку и фондот е збогатен со тоа што во депоата има уште многу минерали кои служат за организирање на тематски изложби како кај нас така и надвор од нашава земја". Во мај оваа година тематската изложба на Музејот еден месец гостувала на манифестацијата "Македонски денови на културата" на Истра, во Хрватска. Постојат планови и преговори изложбата да биде видена и во неколку други земји. - "Тематската изложба има околу

150 минерали во својот состав и е поделена по локалитети - рудниците Добрево, Саса, локалитетот Алинци кај Прилеп, рудникот Мермер, Алчар, Сивец итн. Додека постојаната изложба на минерали - додава директорот Младеновски - е поделена по хемиски состав". Како што објасни директорот Младеновски минералот по дефиниција претставува природно анорганско тело со постојан хемиски состав кој може да се изрази со хемиска формула. Тие по генеза имаат различен настанок и поради тоа се поделени на магматски, метаморфни и седиментни. - "Настанокот на првите е тесно поврзан со вулканската активност, додека седиментите - вели директорот

43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

Младеновски - настануваат со таложење, односно таму каде што има седиментација и испарување. Додека метаморфните настануваат со некоја деформација поточно промена дали на хемизмот или структурата на веќе постоечките наслаги".

РАЗНОВИДНОСТ Во Македонија најзначајни се магматските минерали, затоа што условите за да се образуваат не само како минерал, туку и како физички изглед, како кристал со магматен карактер се многу поповолни. - "Ние ја имаме таа среќа нашите рудници Добрево, Саса да се богати со разновидни кристали и минерали


ИЗЛОЖБИ

од кои посебно интересни се кварц, галенит, спирит... тоа е една лепеза која воодушевува со својот изглед, убавина и форма. Кога настанува еден кристал, еден минерал - објаснува директорот Младеновски - мора да бидат задоволени најмалку три услови: концентрација на супстанца, притисок и температура. При промена на овие услови нема веќе кристализација, значи не се образуваат кристали. Кристалите ги среќаваме во шуплините од карпите. Некои од наоѓалиштата се познати од поодамна, меѓутоа откриваме и некои нови. Ние како познавачи на минералите знаеме отприлика каде кој минерал се создава. Одредени минерали се врзани само со одредени карпи. Исто така, постои геолошка карта на Македонија, според која ние знаеме кои минерали во кои простори да ги очекуваме".

Како место каде што се наоѓаат ретки минерали се истакнува наоѓалиштето Алшар кај Кавадарци на планината Кожув. На ова наоѓалиште има талиум и талиумовите минерали кои тука се многубројни, а се ретки во светот. Еден од нив има посебно значење - лорадит кој се користеше во еден меѓународен Проект за детекција на неутринот по потекло од сонцето. Како што потенцира директорот Младеновски, на наоѓалиштето Алшар пред неколку години се пронајдени други нови за првпат откриени минерали, а во рамките на спомнатиот Проект некои од нив биле за првпат промовирани. Порано тука биле регистрирани и од неодамна објавени како нови и единствени минерали меѓу кои е ребулитот. Кога зборуваме за ретки минерали тука е македонитот кој е откриен во 1974 година кај Алинци во близина на Прилеп, кој претставува

44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 494 / 19.12.2003

титанат на оловото. "Каде што е откриен македонитот - објаснува директорот Младеновски - самата појава и минерализација претставува раритет во светски рамки. На едно место се среќаваат различни минерали по генеза и по состав. Значи ова наоѓалиште претставувало раритет од светски рамки, но некои несовесни луѓе се сетиле минералите да ги користат како толчен камен за изградба на пат. Не толку по количина колку по бројност на минерали е и наоѓалиштето Сивец каде среќаваме за наши прилики многу редок минерал - рубин кој има црвена боја. Неретко тој се наоѓа во кристална форма". Преполното депо како и веќе изложените минерали и кристали во Природонаучниот музеј, се доказ дека Македонија, кога станува збор за овие природни убавини, не заостанува ни малку од другите земји.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.