MupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupo
СОДРЖИНА БОЖИЌНИ ЧЕСТИТКИ
6
ОСМИОТ ДЕН
Прокоп, Хердер и ние
ОСОЈНИЦА
7
9
МЕГА ИНТЕРВЈУ
Да градиме надпартиски и надетнички консензус
34 - 36
Меѓу дванаесетте големи христијански празници, Божиќ се празнува најсвечено. На Божиќ, односно на денот што му претходи Бадник или Коледе, се изведуваат најмногу и најразновидни обичаи.
10
СОНЦЕ НА ПРАВДАТА
Глобализмот наспроти новиот партикуларизам во контекст на човековите права и Македонија
18
ОКО НА СОНЦЕТО
Македонија е ретко место на земјината топка што поседува идентитет сама по себе. Таа му припаѓа на оној народ што го има положено своето, пред портите на нејзиното Големо и гордо име. Како што тоа го сторивме ние, денешните Македонци, продолжувачи на континуитетот и идентитетот втемелен од античките Македонци. Цивилизациска придобивка вградена во светската културноисториска ризница која нас Македонците најмногу нè задолжува и обврзува.
37- 39
40 - 42
Припаѓам на македонскиот народ и секојдневно работам на мојата целосна посветеност на народот, со емоција, со музика. Македонската фолклорна музика воопшто не е мрачна и тажна како што се мисли.
Духовните континуитети на македонската култура течеа низ еден природен историски процес. Појавата на плејада интелектуалци почнувајќи од Партенија Зографски до Коста Солев - Рацин докажаа дека Македонија била почва за создавање на богата писмена активност и научно-литературна, образовна и уметничка дејност.
ИЗБОРИ Тивка кампања за претседателската функција
20
КОРУПЦИЈА На самиот почеток - пораз
22
КОМЕНТАР Време за одбројување
24
ЕКОЛОГИЈА Нема еколошка заштита без економски развој
26
ИСТЕМНИЦА Дијалог дедо Стефане, дијалог!
27
ГОЛЕМОТО ЧЕКМЕЏЕ
ИНТЕРВЈУ Кластери за привлекување инвестиции
ИНФО
28
32
Издавач: НИП "Македонско сонце" - Скопје; Oсновач: Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски; Директор: Елизабета Димитровска; Главен и одговорен уредник: Снежана Клинчарова; Заменик на главниот и одговорен уредник: Ранко Младеноски; Редакциски колегиум: Кокан Стојчев; Жаклина Митевска; Милева Лазова; Рената Матеска; Анита Димова; Мишко Талески; Ружица Гочевска; Дејан Стојаноски; Мирослав Георгиевски; Соработници: Љубомир Д. Фрчкоски; Владо Поповски; Љубомир Кекеновски; Тодор Пендаров; Тачко Локвенец; Данило Коцевски; Вангел Божиновски; Отец Давид; Отец Максим; Ликовен уредник: Кочо Фидановски; Технички уредник: Соте Ќорвезироски; Помошник на техничкиот уредник: Тони Ристески; Дактилограф: Зорица Кметовска; Секретар на Редакцијата: Сузана Јосифовска; Дистрибуција: Миле Оцевски; Печати: "ЕВРОПА 92" Кочани; РАКОПИСИТЕ И ФОТОГРАФИИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ 4 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
СОНЧЕВИНА
ТРАДИЦИИ Марко Китевски: Обичаи и обреди од Бадник до Василица
34
МУЗИКА Златко Ориѓански: Преку мене пее мојот народ
37
ИЗЛОЖБИ Живееја и се бореа за својата земја
40
Културниот идентитет и креативноста на женската уметност
43
ЅВЕЗДЕНА ПОРТА ПРИКАЗНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Потеклото на македонското Сонце
46
Сарџо Брадина
47
Стариот скопски театар
48
Македонија не може да биде локално место. Таа ги носи сите тежини и сите одлуки кои мора да ги донесе ја дефинираат како глобално место. Таа мора да биде демократија од граѓански вид и истовремено да ја живее различноста која ја дефинира како мултикултурно место. Да се избори за индивидуалните човекови права и да ги живее културните идентитети на групите и заедниците. Да се избори за толеранција и да ја живее нетрпеливоста истовремено.
18 - 19
Немаме право да кажеме дека сме завршиле со нашата работа. Напротив, имаме уште многу за одработување, оценува поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева.
22 - 23
ФОРУМ
Атерот, атарот на театарот
50
За Македонија должностите, за ЕУ и НАТО правата?
51
СОНЦЕ НА ВИСТИНАТА
Самуиловата држава: Моќно балканско царство
52
ХРИСТИЈАНСКИ ИЗВОР
Благобитие
54
За вистинската убавина
55
ЗЕНИТОТ НА ДИСКОТ
РЕТРО Победи, порази и скандали МАКЕДОНСКА КУЈНА
57 61
Во денешно време, покрај развиената инфраструктура, неопходен услов е развиената улога на информатичка комуникациска технологија. Во Македонија е важно да има конкурентен телекомуникациски систем. Денес претпријатијата во Македонија одвојуваат големи средства за телекомуникациските системи.
28 - 31
Адреса: Редакција “Македонско сонце” ул. "Ленинова" бр. 87, 1000 Скопје, Р. Македонија. Тел: (02) 3130-137; Факс: (02) 3130-377; е-пошта: rankom@makedonskosonce.com; Жиросметка 300000000029815 - НИП “Македонско сонце” - Скопје; Единствен даночен број: 4030995235235 - Комерцијална банка; Девизна жиро-сметка: Za "Makedonsko sonce" MACEDONIA; Bank name: Komercijalna Banka A.D. - Skopje; Bank number: KOBSMK2X, Account number: 2573000 - 5817; Претплата за Македонија: годишна 2.300 ден, полугодишна 1.100 ден, тримесечна 600; Претплата за Европа: - годишна 80 ЕУР, полугодишна 50 ЕУР; Претплата за САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд: - годишна 100 USD, полугодишна 60 USD. Во претплатата се вклучени ПТТ трошоците; Според мислењето на Министерството за култура број 08-3773/2 од 24 мај 1995 година и согласно чл. 30 став 8 од Законот за додадена вредност, македонскиот светски неделник “Македонско сонце” е производ, за којшто се плаќа посебна повластена даночна стапка од 5 насто. 5 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
Гоце Делчев: “Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец".
C
pasitelot najvozvi{eniot dar od neboto
Возљубени поклоници пред Богомладенецот. Божиќ е! Небесните ангели, тие служители Божји и заштитници на сите луѓе на Земјава, први го прославија раѓањето на Богомладенецот, пеејќи ја химната на љубовта и мирот: - "Слава во висините на Бога, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја" (Лука 2, 14). Тие го воспеваа сеопштиот мир - на Небото и на Земјата зашто во тело се роди Синот Божји. Бог стана Човек заради нас луѓето и заради нашето спасение! Господи, Твојот охристовен народ во Македонија сè уште чека да се исполни времето, времето на твојата љубов и кај оние коишто те примија, коишто дури и цркви во твое име создадоа; чека за да почувствува искрена братска љубов, за да може, прегрнат со сите помесни православни цркви, да празнува со потполна радост. Твојот народ во Македонија сè уште го очекува и се надева на тоа!
Да се радуваме и да воскликнеме: Христос се роди! Архиепископ Охридски и Македонски, г. г. Стефан
C
re}en i beri}eten Bo`i}
На сите граѓани во Република Македонија, на сите Македонци во целиот свет, им посакувам божиќните празници да ги прослават во мир, спокојство, благосостојба, љубов и радост. Годината која следи нека биде исполнета со пријатни и весели моменти. Нека Бог биде милостив и добар како и досега и нека нè облее со уште поголема среќа. Правете добри дела и почитувајте се меѓу себе, зашто Бог ја цени добрината и чесноста. Македонскиот народ знае и умее да биде праведен. Нека ни е честит Божиќ.
Христос се роди Навистина се роди. Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски Редакцијаа на македонскио свески неделник "Македонско сонце" на сие свои ценеи чиаели од равославна вероисповед им го чесиа големио верски разник Божиќ.
ОСМИОТ ДЕН
Q
Снежана КЛИНЧАРОВА
Проко, Хердер и ние
обредојдовте, Почитувани мои, во новото 2004 лето Господово. Поминаа новогодишните и божиќните празници. Од топлите и искрени честитки и желби за сè најубаво, чиниш сè се стопи од позитивна милина. Такви се празниците, барем за миг да те оддалечат или сурово да те потсетат на реалниот живот и вистината. Што правиме, што сме сториле и што треба да "направиме за однапред"? Се разбира, при тоа да сме ИСКРЕНИ. Помалку од тоа значи непочитување. Кон себеси и кон другиот. Тука не помагаат ни празници ни позитивна енергија, ни сила, ни моќ. Како инаку да одговориме на прашањето! Што се случува со светот? Дрмаат земјотреси на сите страни, а владите на државите помагатели и унесреќени "бистрат политика". Те давале помош, те нејќеле помош и обратно. Во исто време, светските терористи убивале и подготвувале нови акции, а пак цивилизираниве му овозоможија на народот да слави и да ликува по плоштадите, со засилени мерки на безбедност, божем марсовци ќе ја нападнат планетава. А, авиони сепак паѓаат, луѓе гинат, лажни тревоги вознемируваат, онаму во врвните политички домови на светските престолнини. Тотален хаос. И никој не сака да признае дека вака не оди. Дека ова не е начин да се победат стравовите и предрасудите. Полудел ли светов? Кој и што впрочем брани и од што и од кого всушност не може да се доодбрани? За суштината со вистински зборови, прв на јавна сцена проговори, можеби единствениот харизматичен, вистински светски лидер пројавен во изминативе стотина години, Папата Јован Павле II. На човештвото, препорача тој, потребен му е нов светски поредок кој ќе биде најблизок до правилата и принципите на ОН. Со други зборови, моќните и силните да се самосовладаат и да престанат да прават неправди, промовирајќи држави и граѓани од втор и трет ред. Конечно, Почитувани, "империите", мора да научат и да сфатат дека за да бидеш сè за сите е исто што и да бидеш ништо за никого. Зашто не е важно само кој си и од каде си, туку и што си, за што се залагаш и која е навистина твојата приказна. А, верувајте, секогаш и секаде, кога и да е, на крајот победува вистинската, подобрата, поискрената приказна. Ќе речете - ама тоа не важи во светот на политичките игри, економските интереси. Веќе не се имуни ни спортските, па дури ни музичките натпревари. Така е, ама токму овие "споредниве" се повеќе од доволен сигнал за еден човек, народ и држава, да научи во каков свет егзистира и како треба да ја игра играта на моќните, на оние што ги поставуваат правилата и притоа бесрамно ги кршат, притискајќи ги преостанатите доследно да ги почитуваат. Нашиот народ вели: "Кај има сила - нема правдина". И тоа не е спорно. Интересно е зошто оние што навидум имаат сè, имаат и потреба да се изживуваат врз "послабите" и "немоќните". Зошто посегаат и по нивното достоинство. Не дозволувајќи им да го надминат нивото на добри "спаринг партнери". Што тогаш да се прави, бидејќи си дел или сакаш да бидеш дел од тоа и такво друштво? Како што ние сакаме да бидеме дел од ЕУ. Мислите дека е доволно само да знаеме какви се тие и какви сме ние? Не. Поважно е, сепак, нешто друго. Суштината е да се знае разликата меѓу овде и таму. И најважно како да се справиме со неа, а пак да останеме свои. На пример, го видовте ли "европското" шоу на извесниот Гуннар Прокоп за време на првиот ракометен натпревар од Лигата на европските шампиони во Виена на нашиот "Кометал" со неговиот "Хипо". Човекот банкар, не си ги знае парите. Па, познат, етаблиран во европската јавност. Начукан во сите банкарски дупки и шупки на Европската и Светската ракометна федерација. Ама човекот, сепак, има потреба да глуми тренер на својата екипа и да "тренира" одвратна строгост како од времето на Рајхот кон гостинската екипа, своите ракометарки, а најмногу кон судиите, во случајов понижените и преплашени како од Хитлер, Норвежани. Па, кој му е вистинскиот проблем на овој господин, љубител на победите по секоја цена, па дури и ако треба да згази. Без срам и перде пред очите на целата европска и посебно спортска јавност. Бидејќи многу (физички) личи на националистот Жириновски, како да му е клон, би можел слободно да му се обрати за помош. За вентил, оти вториов е стручњак за забавните "плавуши" од типот "а ла Памела". Само нека нè поштеди од наци-парадите по европските и особено балканските ракометни терени. Ако пати од недостиг на потенција, може да ги побара и "потомците" на Фројд што поприлично ги има барем во Виена. Само нека ги остави спортистите да спортуваат, судиите да судат, а публиката да ужива во нивните вештини. Нека не го срамоти демократскиот дел на Европа и светот. Затоа и ќе го потсетиме на свеченоста што се случува во неговиот град - доделувањето на престижната Хердерова награда за наука. Ова го спомнувам затоа што Јохан Готфрид Фон Хердер е еден од најголемите германски и светски писатели и филозофи кој сета своја дејност ја насочил во истакнувањето на специфичностите и оригиналноста на одделните народи чии карактеристики многу зависат од географските и историските услови. А, пак, Хердеровото гледање на историјата добива (особено) значење денеска кога сме на самиот почеток од новиов драматичен век и милениум. Кога поимите хуманизам, национална самобитност, човекови права, со дегенерирано толкување и монструозна политичка практика беа и се обезвреднувани. Крајно време е да ја доживеат својата преродба. Конечно да се реализира заедничкиот стремеж на народите за взаемно познавање, разбирање и почитување. Сè со цел да се надмине фаталниот национален егоизам и да се избегне универзалната катастрофа. Зошто денеска агонијата на човештвото и неговата надеж за живот се разнишани повеќе од кога и да било порано? Што ако не се свестат? Што да му направиме на господинот Гуннер Прокоп, своевидниот симбол на денешна Европа, кога ќе дојде кај нас дома? Не е решение ниту лезет да го нокаутираме по втор пат. Лесно ќе нè казнат и ќе нè исфрлат од играта. Она што мораме и треба да го направиме, Почитувани мои, е да се подготвиме за секаков натпревар со таквата и секаквата, ама посакуваната Европа. Да се устроиме, организираме и дисциплинираме во секој поглед. Да бидеме подобри и од нив и од нивното лицемерие и на терен да им покажеме со игра. Конечно да го реформираме, од корен ако треба, нашето образование. И да ги подготвиме нашите сегашни и идни генерации за натпревар во секакво знаење, вештина, култура, уметност, физичка култура. Да ја повикаме на помош и мудроста и силата на нашите предци, на нашата традиција. Да се сториме тип-топ, држава со концепт. Независно што нè ставаат на некакви црни листи, небаре сме најголемата закана за светот. Да сме немале роботи, оти сакаат да останеме робови. Да не им дозволиме, оти е смешно за нив, и трагично за нас, а не обратно. Мораме да бидеме подобри онолку колку што се тие поголеми и помоќни од нас. За да преживееме, а не за да владееме. Со достоинство, со шарм. 7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
OSOJNICA
ЕЛА ДОЈДЕТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ЕЛКАТА
ЧАСОВИ ПО НОВИНАРСТВО
Новиот претседател на Собранието на Република Македонија, Љупчо Јордановски, очигледно ќе ја надмине славата на поранешниот прв спикер Стојан Андов кој беше попознат по своите бисери. На последната седница на која се поставуваа пратенички прашања тој ги молеше пратениците да дојдат во салата. - "Ела дојдете. Имате сега и елка. Доста се одморавте". Пратеникот Жарко Караџоски имаше забелешка за елката и побара таа да има и по некој син лампион, бидејќи како што рече таа изгледала како "ВМРО-вска" само со црвени лампиони.
Буџаку на првата средба со новинарите од неговото назначување пред два месеца упати забелешки за начинот на кој известуваат медиумите. - "Преку медиумите се создава култура за депресија и негативност кај народот. Вестите секогаш се лоши, а за тоа што се работи не се информира", рече Буџаку посочувајќи дека "сме во ситуација кога треба да ги воспитуваме граѓаните дека и добрата вест е вест и треба да се продава".
СО МОЛЧЕЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛ Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, и собранискиот претседател Љупчо Јордановски имаа интересна реплика. - "Претседателе, оваа практика со молчење Вие ја воведовте и ние ја користиме", потенцираше Трајановски. - "Јас немав корист од тоа"- возврати Јордановски. Трајановски на ова му возврати дека затоа станал претседател на Собранието.
ДПА - СЕИРЏИИ По вжештувањето на собраниската расправа за Буџетот меѓу опозицијата и власта, во Собранието од ДПА се појави само координаторот Замир Дика. - "Што бараш ти тука?" - го праша Дика еден пратеник од ДУИ. Одговорот беше отсечен како од пушка: - "Дојдов да видам сеир".
МАКЕДОНИЈА НА АНТИМАКЕДОНСКИ САЈТОВИ Нашата интернет необразованост води до таму што на светот му пласираме информации за нашата држава кои се спротивни на нашиот интерес. - "Самуиловото царство било бугарско, а Патријаршијата и населението во охридскиот регион користеле грчки јазик, имале грчка национална свест, па следствено, денешна Македонија (FYROM) е грчка", пишува меѓу другото, на интернет страницата на "Македонски културен информативен центар" (www.macedonia.co.uk). И потоа ќе кажуваме приказни дека некој друг ни е виновен што светот има погрешни видувања за нас и нашата историја.
СОБРАНИСКА ЦИРКУСИЈАДА На собраниската седница на која се расправаше за Буџетот за 2004 година, пратениците од опозицијата внесоа интересни новитети. Тие ограничувањето на правото на говор на десет минути го демонстрираа со револт искажан со тропање, свиркање и пароли. Телевизиските гледачи често се прашуваа дали тоа следат Парламент или пак епизода на К-15.
ТЕПАЧКА МЕЃУ БРАТ ЉУБЕ И ГАНКА? Пред почетокот на неодамнешната седница во Собранието, се шпекулираше дека пратеникот Љубе Бошкоски од ВМРО-ДПМНЕ физички ја нападнал потпретседателката на партијата, Ганка Самоилова - Цветановска. Љубе прво ја фатил за реверите од сакото, а подоцна ја фатил за ременот и ја кренал в раце. И дофрлал и навредливи зборови во стилот "ќе те дигнам на клоци, знаеш ли ти мори". Подоцна брат Љубе ја демантираше оваа информација нагласувајќи дека "тој ниту мравка не згазнал во животот".
9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
M
мега интервју БОРИС ТРАЈКОВСКИ, Претседател на Репуб
DA GRADIME NADPARTISKI I NADETNI^KI KONSENZUS
лика Македонија Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, е нејзин втор лидер, инаугуриран на 15 декември 1999 година. Изминативе четири години ќе бидат исклучително тешки и за него и за народот и за Р. Македонија, дотогаш нереално именувана како “оаза на мирот”. Ќе биде меѓу првите што ќе го сфати тоа. Уште од времето на косовската бегалска криза, која го потресе светот, а најмногу нашава држава. Од тогаш како заменик-министер за надворешни работи се пројави како политичар кој поседува не само човечност, туку и упорност, трпение, комуникативност, но и одлучност и цврстина. Ќе се соочи со големи искушенија за време на воениот и постконфликтниот период. Ќе ги одмерува одлуките во непроспиените ноќи, свесен дека неговата одговорност е најголема за иднината на државата. А, требаше да го издржи и “умувањето” на сите (домашни и странски), оние кои можат да се сместат во сентенцата: лесно е да бидеш “генерал” особено по битката. Затоа и потезите што ги влечеше во изминативе четири стресни, сиви, воени и поствоени, но сигурно историски години за Македонија, Европа и светот, не беа суштински анализирани. Сериозните аналитичари, велат: историјата ќе покаже дека тој сепак е најкорисниот политичар од ова време на македонската историја. Премногу човек, добродушен и продуховен, и покрај сè што му приредуваа домашните, а во последно време и некои странски медиуми, ќе продолжи да се залага за квалитетниот развој на медиумите и нивната должност не само да информираат, туку и да ги пренесуваат фактите на вистинит, транспарентен, професионален и, пред сè, чесен начин. Уверен дека е тоа мошне важно за развојот на демократијата во државата, како што е важно образованието и воспитанието на секој поединец. А, нему ќе му го овозможат токму тоа неговите родители уште од 25 јуни 1956 година во Струми-
ца каде што е роден. Во 1980 година ќе дипломира на Правниот факултет во Скопје. Ќе специјализира деловно право и право на работни односи, по што ќе реализира повеќе студиски престои во САД. Приватноста ќе му ја исполни сопругата Вилма, а подоцна и неговите две деца - ќерката Сара и синот Стефан. Семејно всадениот, здрав патриотизам, проектиран преку ВМРО-ДПМНЕ, надпартиски ќе го позиционира преку извршувањето на неговата државничка функција. Факт, кој не секогаш ќе биде соодветно прифатен во нашево длабоко партиски поделено општество. Затоа, одлучно ќе реагира на сите појави на реваншизам од политичко-партиска природа. Особено кога е загрозено конституирањето на клучни органи на политичката и судската власт во РМ. (Уставниот суд, Републички судски совет). Во изминатиов период преку посетата на бројни држави во Европа и светот, јасно ги искажа заложбите за поголема соработка и унапредување на односите на РМ со сите држави во светот. Уверен дека процесот на европеизацијата на Македонија и на Балканот е неповратен. Заради што го осуди обидот на СПЦ за создавање паралелен синод во Македонија. Препознавајќи ги воскреснатите туѓи, пропагандно-освојувачки цели од минатото, што сега преку верата вршат силен политички атак врз МПЦ, македонскиот народ, македонскиот идентитет и врз македонската државност. Цврсто и непоколебливо стави вето и на новиот Закон за државјанство со кој е нарушено сувереното право на државата да води сметка за националните интереси утврдени во Уставот на РМ. А, претседателот Трајковски, особено се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ што живеат во соседните земји, како и за иселениците од земјава. Како што, впрочем, тоа го прави и за младите, лицата со посебни потреби и сите граѓани во Република Македонија.
Разговорот го водеше: Снежана КЛИНЧАРОВА Господине Претседателе, каква е Вашата генерална оценка за штотуку изминатата 2003 година? ТРАЈКОВСКИ: Верувам дека сите граѓани на РМ го носат истото чувство за годината што измина, а тоа е дека таа означи навлегување во помирни води и конечно оставање зад нас на негативните работи од
M
мега интервју
БОРИС ТРАЈКОВСКИ
минатите години. Како Претседател на РМ посебно сум задоволен што можам да констатирам дека во минатата година го завршивме процесот на постконфликтно стабилизирање и се зафативме сериозно со реформските обврски и евроатлантските интеграции. Оптимист сум и за годинава и се надевам дека позитивните процеси и тенденции ќе продолжат во истата насока и ќе донесат економски просперитет, општа благосостојба и среќа за сите наши граѓани.
До каде стигнавме со реализирањето на сето она што е предвидено со Рамковниот договор? До каде сме со решавањето на меѓуетничките недоразбирања и нормализирањето на едно пост-конфликтно општество? ТРАЈКОВСКИ: Рамковниот договор е сигурно најчесто цитираниот документ во нашата понова историја, што доволно зборува дека станува збор за текст со исклучителна историска релевантност. Се ближиме кон крајот на донесувањето на целосната правна регулатива за успешно спроведување на Рамковниот договор, што претставува голем чекор напред кон реформите што ќе нè приближат кон европските стандарди на демократијата. Сепак, она што е посебно важно не е само формалното исполнување на обврските од Договорот, туку пред сè искрената намера и убеденоста на луѓето дека тие решенија се праведни. Неопходно е да се смени менталитетот на поединците, со цел да се надминат предрасудите кои претставуваат најголема закана и за најдобрите идеи што ги носи новото време. Се разбира, нема да биде умно ако при неговата реализација се направи политички превид со додавањето нови содржини, кои ниту со екстензивно правно толкување не можат да бидат составен дел на Договорот, што ќе претставува непријатен преседан. Изминатава година ја потврди успешноста на нашиот модел за решавање на меѓуетничките недоразбирања и уникатниот начин на регенерирање на едно постконфликтно општество. Со право се надеваме дека таквиот пример и во иднина ќе биде поддржуван од релевантните меѓународни фактори како единствен позитивен пример на мултиетничка демократија во регионот, од каде во минатото доаѓаа само лоши вести. Имплементирањето на Рамковниот договор оди добро, но договореното во Охрид отстапува по разговорите во четири очи меѓу коалиционите партнери (децентрализацијата). Дали го делите мислењето на експертите дека е особено важно како ќе се изврши новата територијална поделба? ТРАЈКОВСКИ: Пакетот закони за децентрализација е последниот преостанат проект од Рамковниот договор и ангажманот на политичките субјекти во следните два месеца ќе биде концентриран токму на ова прашање. Не само мислењето на експертите, туку и размислувањето на обичните граѓани е дека станува збор за исклучително значаен проект чијашто доследна имплементација директно ќе го одреди степенот на демократија и квалитетот на животот во локалните заедници што навистина не им остава простор на надлежните органи за импровизирање со основните права на граѓаните. Целиот процес треба да се одвива мошне внимателно, при што примарно ќе биде во јавната расправа да биде слушнат гласот на луѓето кои ќе живеат во новите општини, затоа што сето ова го правиме за нивно добро, а не за кревање на нечиј партиски рејтинг пред избори. Велиме дека 2001 година е далеку зад нас и никогаш да не се повтори. Но, сепак, во државава сè уште повремено се појавуваат криминални групации кои работат на уривање на безбедноста во државава. Ќе имаме ли мирна и стабилна 2004 година?
ТРАЈКОВСКИ: Луѓето со криминална агенда и идеологија за создавање големи национални држави во кои сите преостанати се мали, во овој момент не поседуваат атрактивен политички концепт, немаат изградена структура и не се поддржани од граѓаните. Основната задача на политичарите и на надлежните органи е овие групи политички да ги изолираат и да ги неутрализираат. Актуелните и идните закани за демократијата ќе доаѓаат од елементи на организираниот криминал, што може да ги опструира напорите за изградба на просперитетно општество. Државата мора да ги дуплира активностите за елиминирање на тешките форми на криминал коишто достигнаа недозволено високо ниво. Акцијата за собирање на илегалното оружје имаше одредени ефекти, но повеќе од јасно е дека комплексниот проблем со криминалот кој го имаме не може да се реши со кампањски приод во лимитиран временски период. Пред извесно време заврши присуството на странски воени мисии во Македонија. Новата полициска мисија "Проксима" треба да ги поддржи нашите напори насочени кон суштинска трансформација на внатрешните работи и да помогне во достигнувањето на европските стандарди во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал. Колку Вие како Претседател, покрај сите обврски со Вашата функција, наоѓате време да ги сослушате и проблемите на обичните граѓани? Се мисли, пред сè, на роднините на 12 киднапирани Македонци и нерасветлената судбината, на нивните најблиски? ТРАЈКОВСКИ: Не само како на Претседател, туку пред сè како на човек мошне ми е непријатно да констатирам дека државата не успеа, во целата 2003 година, на унесреќените семејства на сите киднапирани и исчезнати лица од конфликтот во 2001 година да им понуди барем некаков, наместо никаков одговор на нивното единствено и најважно барање. Државните органи се тие кои го одбираат патот по кој ќе дојдат до вистината и за таа цел можат да се формираат комисии и да се распишуваат награди, но луѓето кои ја бараат вистината повеќе од две години се најмалку заинтересирани за процедурата - тие го чекааат одговорот, а државните органи се единствените кои се платени и одговорни да дојдат до него. Мојот мандат како Претседател на Република Македонија го започнав со секојдневни средби и разговори со обичните луѓе од сите слоеви на населението и сакам да продолжам со таа практика. Политичките функции се делегирани од граѓаните и политичката одговорност се поднесува пред нив. За жал, кабинетското управување со судбината на луѓето, наместо да биде дел од лошото минато, останува доминантен стил на однесување на повеќето политичари на одговорни функции. Прашања за кои има различни оценки во јавноста, а со кои Вие сте преокупирани и како врховен командант, се одбраната, реформите во АРМ и зачленувањето во НАТО. Што
е сработено дома и како стоиме со поддршката од нашите странски партнери, особено од САД? ТРАЈКОВСКИ: Можеби некој ќе помисли дека не сме сосема објективни кога велиме дека на планот на реформите во областа во одбраната се направени навистина значајни достигнувања во изминатава година, меѓутоа таа квалификација не доаѓа само од Претседателот на Р.Македонија, туку од сите релевантни меѓународни институции кои имаа увид во нашите активности. Јас сум цврсто решен во рамките на моите уставни надлежности да продолжам во истиот стил и во 2004 година, а особено во периодот до Истамбулскиот самит каде што очекуваме признание за досега направеното и дефинирање на РМ како најсериозен кандидат за членство во НАТО во следниот круг на проширување. Во целиот тој контекст особено значаен факт е потпишаната Повелба за парнерство со САД, Албанија и Хрватска за која што ние дадовме иницијатива уште на Прашкиот самит на НАТО во 2002 година и со која де факто добивме силна политичка, но и конкретна експертска поддршка од најсилната држава во Алијансата за натамошниот тек на реформите и целосна интеграција. Амбициите на Република Македонија, како што често се нагласува се насочени за поскорешно наше влегување во НАТО и во семејството на Европската унија. Какви се нашите реални шанси за влез во ЕУ и кога е вистинскиот момент за аплицирање? ТРАЈКОВСКИ: Во изминативе месеци водевме интензивна политичка и експертска расправа околу можноста формално да аплицираме за членство во Европската унија. На маса беа ставени две групи на аргументи. Првата, која нашите постигнувања ги споредуваше со прецизните бирократски правила на Унијата, со кои понекогаш имаат проблеми и најстарите земји - членки. И втората, која прашањето го поставуваше и разгледуваше во стратешки рамки. Сосема е јасно дека поддржувачите на првиот пристап се во право кога велат дека сме сè уште далеку од Брисел, како што беа земјите членки и кандидати во времето кога ги поднесува своите апликации. Меѓутоа, сметам дека е подобро ако во прилог на нашата апликација ги понудиме следните пет аргументи, од поинаков карактер. Прво, апликацијата ќе ја засили внатрешната кохезија во Република Македонија, затоа што во прилог на ЕУ се изјаснуваат огромното мнозинство наши граѓани, независно од етничката припадност. Второ, статусот на кандидат ќе ни овозможи пристап до структурните фондови на Унијата кои имаат потенцијал сериозно да ги поддржат нашите напори за излез од економската рецесија. Трето, влегувањето во процедура, и подоцна во преговори со Унијата, е несомнено јасен сигнал за потенцијалните странски инвеститори дека ние повеќе не сме на мапата на ризичните региони. Четврто, Република Македонија на тој начин станува модел и за преостанатите земји од Западен Балкан и придонесува за неговата европеизација. И последно, но не и најмалку важно, институционалното приближување кон Унијата, без сомнение, ќе ги релаксира односите во целиот регион во пресрет на последните геополитички позиционирања најавени за 2005 година. Во целиот контекст, воопшто не е за потценување фактот дека овие денови во сите земји - членки на ЕУ привршува процесот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација која први ја потпишавме во регионот и со тој чин и први го реализираме нејзиниот формален аспект. Силна поддршка за процесот на интеграциите е интензивираната регионална соработка кон која конечно во последните две години како држава сме поставени на сосема нов начин, 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
за разлика од поранешниот статичен и безидеен пристап кој доминираше во надворешната политика со години. Заедничкото обраќање на петтемина претседатели од Западен Балкан до Самитот во Копенхаген, заедничкиот настап на тројцата претседатели во Прага, самитот на петтемина лидери во Охрид, трилатералниот самит посветен на Коридорот 8 и големиот регионален форум "Дијалог меѓу цивилизациите", се само пет во серијата примери од новиот автентичен концепт за соработка, во чии рамки земјите од регионот покажуваат европско однесување. Би сакал да потенцирам дека минатата година во соработката со Република Грција најзначајно беше ратификувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и лидерството и определеноста што ја покажа Република Грција за интегрирање на регионот на југоисточна Европа во Европската унија. Искрено очекувам дека таа ќе продолжи да биде наш промотор и да дава поддршка за нашето полноправно зачленување во ЕУ. Годините што поминуваат не ја намалуваат важноста на разговорите со Репубика Грција околу разликите за името, затоа што станува збор за прашање со исклучителни историски и стратешки референци за нацијата и државата. Очекувам во блиска иднина спорот да биде надминат со единственото праведно и меѓународно-правно издржано решение, а тоа е почитување на сувереното право на една независна држава да се нарекува со името што самите нејзини граѓани го избрале. Нерешениот статус на Косово ја зголемува неизвесноста и активноста во повеќе политички центри. По серијалот избори (на Косово, Србија и Црна Гора, нашите, особено оние во САД) се очекува напнатоста да кулминира некаде во средината на 2005. Можна ли е поголема дестабилизација на регионот и во Македонија? ТРАЈКОВСКИ: Мојата политичка позиција во врска со ова прашање многу јасно ја соопштив во неодамнешното годишно обраќање во Собранието на РМ и на редовната средба со нашите амбасадори која се одржа пред извесно време. Во сè уште фрагилниот регионален контекст клучните фактори на меѓународната заедница треба да настапат мошне внимателно и да понудат сеопфатна стратегија за регионот која нема да
15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
M
мега интервју БОРИС ТРАЈКОВСКИ
реши едно прашање, а да отвори серија други. Интерес над интересите на политичките субјекти и граѓаните на РМ е да го зачуваме територијалниот интегритет и суверенитет на земјата и нејзините евроатлантски перспективи. За таа цел потребно е итно градење на надпартиски и надетнички консензус заради подготвување одговор на сите можни сценарија и варијанти во врска со косовското прашање и идниот развој на односите меѓу Србија и Црна Гора затоа што тие две прашања ќе го вообличат дефинитивниот изглед на Балканот. Во секој случај граѓаните на РМ не треба да имаат дилеми дали државното раководство ќе ја дочека подготвено таа разврска. Длабоко сум убеден дека ние ќе знаеме да го промовираме нашиот концепт во кој сите аргументи содржат неспорен правен и политички легитимитет. Државава, за жал на сите, е во лоша економска состојба. Велиме дека немаме бизнис клима, имаме само отпуштања и незадоволство кај работниците. Имаме ли излез и светла точка за економска перспектива и развој на Република Македонија? ТРАЈКОВСКИ: Имајќи ги предвид моите надлежности, но истовремено и мојата обврска како шеф на државата без претензии да навлегувам во поединости, ќе се осврнам на визијата за економски развој, бидејќи тоа е едно од најзначајните прашања за граѓаните. Подобрувањето на животниот стандард, зголемување на вработеноста преку отворањето на нови работни места, давањето можност секое семејство да обезбеди приходи за достоен живот, со право се прашања од приоритетен интерес за нашите граѓани. Транзицијата трае предолго, во стопанството состојбата е далеку од позитивна, невработеноста е превисока. Владата мора да преземе
мерки за надминување на тешката економска состојба, да отвори нов инвестиционен циклус, да преземе мерки за зголемување на странските и домашните инвестиции, бидејќи без тоа нема економски просперитет. Создавањето на економски амбиент за развој на приватниот сектор и претприемаштвото е една од најзначајните и приоритени задачи. Не смееме да дозволиме државните органи да се однесуваат како на инвеститорите да им правиме услуга што вложуваат во нашата економија. Граѓаните на Република Македонија располагаат и со капитал и со претприемачки вештини. Овој потенцијал треба да се искористи. Државаната администрација мора да создаде транспарентно и предвидливо стопанското опкружување. Банкарскиот систем мора да биде во функција на развојот. Во услови кога во светот каматите го достигнаа најниското ниво, во Македонија сè уште имаме двоцифрени камати, и мошне сложените банкарски процедури, со што идните инвеститори се обесхрабруваат да позајмуваат средства за развојни проекти. Исто така, не е добро банките речиси целокупните заштеди на нашите граѓани да ги чуваат во странство, туку е неопходно значаен дел од нив да ги пласираат во профитабилни проекти, кои ќе бидат во функција на развојот на Македонија. Не смееме да дозволиме работниците по неколку месеци да не примаат плати, со години да не им се плаќаат придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Но, истовремено, не смее да се дозволи работниците да се искористуваат за узурпирање на правата на сопствениците. Денеска е сè поголема конкуренцијата за привлекување на странски инвеститори. Македонија треба активно да работи на создавање услови за странските инвеститори, да ги убеди да дојдат во Македонија. Меѓутоа, за создавање ваков амбиент неопходна ни е ефикасна администрација и ефикасен судски систем, кој ќе обезбеди заштита на сопственоста. Наместо тоа, имаме бавно судство кое
16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
пресудите непотребно ги оддолжува, како и бирократски лавиринти, што сè заедно создава несигурност, го отежнува инвестирањето и ги одбива идните инвеститори. Затоа во изминатава година имавме толку малку странски, но и домашни инвестиции. А без нив нема развој, нема отворање нови работни места, нема подобар животен стандард. Господине Претседателе, Република Македонија конечно мора да има јасна визија за идниот развој. Каква е Вашата и со кои конкретни чекори ја поткрепувате? ТРАЈКОВСКИ: Република Македонија мора да има визија за економскот развој, бидејќи тоа е едно од најзначаните прашања за граѓаните. За оваа визија треба да постои консензус кај сите политички партии. Светската економија влегува во една нова фаза. Имено, ниту индустриските капацитети, ниту суровините, ниту земјата се доволна основа за економски развој. Затоа, покрај традиционалните гранки, мора да се свртиме кон развојот на новите сектори кои се носители на т.н. економија базирана на знаењето. Информатичката и телекомонукационата технологија, способноста за иновации и нивното ефектуирање на пазарот претставуваат главна моторна сила на развојот. Веднаш мораме да почнеме да работиме на создавањето на информатичко општество, да го зајакнеме овој сегмент на економијата, односно да ги поддржиме информатичките компании, да го приспособиме образованието да создава кадри какви што й се потребни на новата економија. Република Македонија мора да развива извозно ориентирана економија. Со цел да ги поддржам домашните стопански субјекти во нивните напори за освојување нови пазари, во годината што измина й помогнав на градежната оператива на Република Македонија за да добие инвестициони работи во вредност поголема од 140 милиони евра. Истото го правам и со фармацевтската индустрија и наскоро и на ова поле очекувам конкретни резултати. Мојата поддршка ќе продолжи и во иднина. Ќе се залагам да им отворам нови пазари во странство. Со ова се надевам дека ќе им помогнам на овие значајни гранки за македонската економија. Ја повикувам и Владата и сите други државни интитуции да ми се придружат во овие напори. Во денешниот глобален свет, во кој е најважно знаењето и поседувањето на информациите, просперитетот на секоја држава зависи од квалитот на образованието. Затоа образовната политика претставува клучно стратешко прашање преку кое се изразува визија за содржината и профилот на државата, нејзината организација и економска структура, но исто така и нејзиното место во светот и светската економија. Во оваа смисла образованието се наметнува како императив на времето во кое живееме. Инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Тогаш какво е Вашето видување околу основањето трет државен универзитет во Тетово, предложениот закон предизвика многу полемики во Собранието на релација
опозиција-власт, меѓу студентите и во севкупната македонска јавност? ТРАЈКОВСКИ: Темелите на Република Македонија треба да почиваат врз квалитетните мултиетнички проекти во сите сфери, особено во областа на образованието. Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово покажа дека во оваа земја, која им припаѓа на сите подеднакво, високото образование на етничките заедници може само да додаде, а не и да одземе од заедничките вредности во кои веруваме. Во тој контекст денес, пред актуелните политички лидери, не треба да се поставува дилемата - дали е подобро да продуцираме кадри со висок квалититет, или е поважно да се мултиплицираат образовните центри по секоја цена и да се трошат лимитираните финансиски ресурси во создавање институции кои не можат да ги следат прогресивните трендови. Ова ќе биде штетно за сите нас, а најмногу за едукацијата на младите луѓе кои објективно ќе заостануваат зад своите врсници во другите земји. Убеден сум дека оваа дилема нема никаков етнички предзнак во себе и се однесува на визијата што сите треба да ја имаме за европска Република Македонија. Догодина ќе се одржат претседателските избори. Веќе се појавија некои априористички тези. Едните велат дека ќе нè зафати српскиот претседателски синдром, а другите велат дека изборите ќе бидат наместени и веќе знаат дека стариот ќе биде и нов Претседател. Ќе се кандидирате на изборите сигурно, нели? ТРАЈКОВСКИ: Ќе повторам дека изборите што треба да се одржат на самиот крај на наредната година не се во мојата агенда. Јас ги извршувам моите редовни обврски и задачи според уставните ингеренции и според мојата претседателска платформа. Не сакам да толкувам нечии нагаѓања, прогнози или желби, а своите конкретни одлуки секогаш ги соопштувам кога ќе им биде времето. Така ќе биде и во врска со темата што ја покренувате со вашето прашање. Би сакал уште да додадам дека и во изминатата година ми беше чест да ја вршам фукцијата Претседател на Република Македонија. Понекогаш патот беше трнлив, другпат бев охрабрен од нашиот успех, но најважно е да останеме на курсот. За тоа треба дисциплина, напорна работа и посветеност, бидејќи таа задача не е лесна. Во текот на минатата година забележав наплив на негативни емоции и енергија кај нашиот народ. Тоа не е добро за нашиот морал како граѓани и за перспективите на државата. Се надевам дека во 2004 година кај секој граѓанин повторно ќе видиме будење на гордоста и целосна морална и духовна преродба на Македонија. За таа ни малку лесна задача да биде остварена треба дисциплина, напорна работа, силна волја и целосна посветеност кон договорените цели. Навистина е можно да ги реализираме нашите желби ако работиме заеднички, во атмосфера на соработка, толеранција и пријателство.
17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
SONCE NA PRAVDATA
“
Ili rabotete kako lu|e ili umrete!
”
FR^KOVCI
GLOBALIZMOT NASPROTI NOVIOT PARTIKULARIZAM VO KONTEKST NA ^OVEKOVITE PRAVA I MAKEDONIJA Зошто инсистирањето на човековите права е важно за транзиционите демократии? Дали е тоа општо место кое здодевно и реторички се повторува или сè уште е клуч за контрола на популистичките "тоталитарни" изблици на демократијата во транзиционите општества? Индивидуализмот, либерализмот и сето тоа базирано на човековите права е суштествено и симболички, значи двојно, одредувачка аксиолошката оска околу која се организира нашето образование и демократија. За ова е зборувано безброј пати, но јас по овој повод сакам да го свртам Вашето ценето внимание, драги читатели, на некои современи трендови во развитокот на заштитата на човековите права како и на јадрото на современата дискусија околу универзалноста на... ...човековите права и културниот релативизам, или како што е во насловот опишан: односот меѓу глобализмот и новиот партикуларизам во контекст на човековите права. Имено, неподелено е мислењето дека современиот корпус на човекови права во трите негови генерации, каков што е заокружен денеска (граѓански и политички права; социјално-економски и културни права; и т.н. солидарносни права) треба да го преориентира својот краткорочен развиток од квантитативно ширење или создавање на нови и нови инструменти, меѓународни договори и повелби за човековите права кон притисок на ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА или остварување во практиката на постојните права и правни инструменти. Тоа е првата изразита тенденција.
Таа е надополнета со развиток на систем на МОНИТОРИРАЊЕ на остварувањето на обврските превземени од државите од меѓународните конвенции. Систем од редовни извештаи кои државите се должни да ги доставуваат во циклични периоди и систем од адхок мониторинг во случаи на потешки повреди на договорните обврски од страна на државите, по различни конвенции. Значи тренд на имплементација, дополнет со засилен мониторинг. Втората тенденција е процес на ИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА или создавање на институции за постојана заштита на човековите права на меѓународен план. Постојани и ад-хок трибунали. Оваа тенденција е надополнета со јакнење, а некаде и прва пројава на 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
ЧОВЕКОТ како индивидуален субјект или како група (малцинства) со активна судска легитимација (како што велиме ние правниците) на меѓународен план во заштита на своите права. Тоа во голема мерка ја става класичната дипломатска или рефлексивна заштита на човековите права од државата чии државјани се лицата, во паралелен план. Трета тенденција е нова квалитативна дебата за димензиите на инаку мошне стари, класични права од првата генерација: на пример, правото на живот е отворено за расправа во контекст на расправите за еутаназија, генетскиот инженеринг, или клонирањето; правото на приватност - во контекст на новите технологии на телекомуникација и набљудување или раширеното собирање на личните податоци по разни основи и нивно користење; правото на слобода на здружување - во контекст на новиот трибализам и толеранција за нетолерантните фундаменталистички групи; слободата на изразување - во контекст на зголемување на чувствителноста од нетолеранција, ксенофобија или т.н. културен расизам, со еден збор практикувањето на правото на РАЗЛИКА итн. Во овој последниов контекст се отвори една поширока дебата на која сакам да Ви свртам внимание, за односот на УНИВЕРЗАЛНОСТА на човековите права и културниот релативизам. Интересно е дека токму во апсидната, највисока точка на триумфот на идејата за универзално значење на човековите
права помеѓу сите и кај сите култури во светот се отвори сериозна дебата за способноста на тој универзализам да ја абсорбира и да живее со културната различност. Ова прашање се одрази и во дебатите во демократскиот дискурс од деведесеттите години до денес, со серија трудови на влијателни автори кои го поставија новиот контекст на столетието кое доаѓаше: ДЕМОКРАТИЈАТА И РАЗЛИЧНОСТА, или дали и како е возможна либералната демократија во контекст на постојана и неодминлива културна различност
на граѓанскиот состав (ќе Ве потсетам само на неколку значајни дебати во книгите на Сејла Бенхабиб, од 96-та, Вил Кумлика, Миху Парех, па и последните трудови на Џон Роулс). Расправата се водеше на два нивоа: еден глобалистички, меѓу вредностите и хиерархијата на човековите права онака како што ги разбира западната логоцентричност или развиениот индустриски и постиндустриски свет од една страна, и земјите од Азија, Африка, некои земји на југоисточна Европа, исламските земји или замјите во раз-
19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
вој (како што по малку иронично се нарекува овој дел од светот); и второ ниво внатре во новиот плурализам на постиндустриските земји. Дебатата се води академски, политички, но и со очајнички акти каков што е ТЕРОРИЗМОТ. Некои од авторите ова го нарекуваат ултимативен апел ДА СЕ БИДЕ ПРИФАТЕН, да не се остане настрана. Моќта на идеологијата на човековите права (и тоа е основната теза која сакам да ја споделам со Вас) ќе биде на клучен испит токму тука, во точката на способност за ИНКЛУЗИЈА, за вклучување на различноста, на различните начини на живот на различните погледи на свет под екумената на човековите права. Тоа, меѓутоа, е двонасочна улица. Значи, не подразбира некој кој вклучува и друг кој е вклучен, туку подразбира исклучителна умна способност да менуваш самиот. Вклучуваш и се менуваш одвнатре, а толеранцијата станува клучен преклопувачки консензус. Универзалноста на човековите права станува МЕКА УНИВЕРЗАЛНОСТ, составена од "тврдо јадро" кое ја чува човековата разумност и достоинство, заедничка за сите култури, но мека на рабовите за поинаквите културни практики кои се дел од цивилизацијата. На крајот сакам да кажам дека МАКЕДОНИЈА, нашата држава, во логиката на епитетот кој го носи "КОПЧАТА НА СВЕТОТ", ги живее во својата политика и стварност сите овие назнаки. Нешто од тоа свесно, нешто од тоа несвесно, ТАА СЕПАК Е ВО СРЕДИШТЕТО НА СЛУЧУВАЊАТА, без своја вина. Македонија НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЛОКАЛНО МЕСТО. Таа ги носи сите тежини и сите одлуки кои мора да ги донесе ЈА ДЕФИНИРААТ КАКО ГЛОБАЛНО МЕСТО. Таа мора да биде демократија од граѓански вид и истовремено да ја живее различноста која ја дефинира како мултикултурно место. Да се избори за индивидуалните човекови права и да ги живее културните идентитети на групите и заедниците. Да се избори за толеранција и да ја живее нетрпеливоста истовремено. Не морам да Ви посочам, драги читатели, КОЛКАВА Е И КОЛКУ СИЛНА во вакви услови Е ЕНЕРГИЈАТА КОЈА СЕ РАЗМЕНУВА ВО ОВАА МАЛА ДРЖАВА на Балканот СО ИСТОРИСКО ИМЕ МАКЕДОНИЈА.
OKO NA SONCETO
ПОЛИТИКА
TIVKA KAMPAWA ZA PRETSED Партискиот лидер Никола Груевски неодамна за штипската телевизија "Ирис" изјави дека за кандидат за претседател на државата во игра се сите членови на ВМРО-ДПМНЕ. "Ако ме прашувате мене, повеќе ми лежи градоначалничката функција. Но, мора да признаам дека чувствувам голем притисок за да го свртам своето внимание кон претседателската кандидатура", изјави Ристо Пенов.
Пишува:
Жаклина МИТЕВСКА
О
ва е година на претседателските избори, па токму поради тоа во јавноста веќе почна да се шпекулира со имињата на луѓето кои евентуално би се нашле на листата на кандидати за функцијата шеф на државата. Тоа значи дека нè очекува година во која ќе бидеме сведоци на трка меѓу политичките противници. Како што одминува времето, така расте и нервозата меѓу владините коалициски партнери СДСМ и ЛДП во врска со личноста на потенцијалниот претседателски кандидат зад кого би застанале на изборите. Либерал-демократите, како што веќе објавија некои медиуми, биле незадоволни поради преголемата акумулација државни функции кај СДСМ. Според нив, крајно дискутабилно било дали СДСМ треба да го определи и кандидатот за претседател на државата, кога ги има претседателите на Владата и на Парламентот. Оттаму бил и притисокот врз лидерот Ристо Пенов да влезе во трка за шеф на државата. Пенов неодамна за "Македонско радио" изјави дека чувствувал притисок
да го сврти вниманието кон претседателската кандидатура. Размислувањата на оваа тема во Либерално-демократската партија се засилија и по изјавата на премиерот Бранко Црвенковски дека нема намера да се кандидира на претстојните претседателски избори, бидејќи веќе се зафатил со многу тешка задача како што е реализирањето на владината програма. Црвенковски демантираше дека за време на посетата на САД добил препорака да се кандидира за претседател. - "Кандидирањето за претседател воопшто не беше тема на разговорите. Последни што решаваат за тоа кој ќе биде претседател во Македонија се дипломатите од Вашингтон или од Брисел" - изјави Црвенковски во интервју за А1-телевизија. Тој рече дека информациите за неговата кандидатура за претседател пласирани во македонската јавност биле чиста шпекулација. Црвенковски најави дека ќе продолжи да ја остварува владината програма, која е "многу тешка, но неопходна за Македонија".
БРАНУВАЊА Потегот на Ристо Пенов социјалдемократите го коментираат како одговор
РИСТО ПЕНОВ ЧУВСТВУВА ПРИТИСОК ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАНДИДАТУРА
на "одредени резерви" кон него што се појавиле во СДСМ, бидејќи оваа партија се загрижила за тоа дали Пенов ќе биде најдобар избор за коалициски градоначалнички кандидат. Падот на неговиот рејтинг, според анкетата на ИРИ, бил многу силен фактор во премислувањето. Размис лувањата во Социјалдемократскиот сојуз оделе и во насока на тоа СДСМ да се реши за непартиски кандидат за претседателските избори. Па, така, се споменува името на независниот пратеник Трифун Костовски. Меѓу тоа, во јавноста струјат информации дека доколку раководството на СДСМ се определи за непартиски кандидат, тогаш би можело на тој начин да се испрати пораката оти СДСМ нема свој партиски човек за кандидат ниту за претседател, ниту за градоначалник. Од редовите на СДСМ како кандидати за функ-
20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
цијата шеф на државата се споменуваат и Тито Петковски и Илинка Митрева. Тито Петковски ќе учествува на претседателските избори ако добие поддршка од својата партија СДСМ. Тој во интервју за скопската телевизија "Шу тел" изјави дека "ќе се вклучи во процедурата за предлагање кандидати". Петковски потенцира дека ќе се јави во улога на кандидат за шеф на држава ако членството го побара тоа. - "Не реков дека ќе се кандидирам, бидејќи за тоа не решавам само јас, туку до кандидатурата се доаѓа со поддршка на 30 пратеници, со 10.000 потписи или преку партија. Но, нема да се изземам од трката ако ме изберат партиските организации", објасни Петковски. Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, покрај своето активно учество во парламентарните расправи, размислува и за кандидатите за претседателската функција. Веќе се шпекулира со името на Сашко Кедев - актуелен пратеник во Парламентот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Но, се споменува и името на специјалниот советник на Груевски, Никола Кљусев, кој неофицијално смета дека партијата му должи да го кандидира за претседател. Не излегува од игра ниту Борис Трајковски во зависност од тоа колку за него ќе се заложи меѓународниот фактор. По информациите дека Сашко Кедев е фаворит на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, д-р Кедев за телевизија "Ирис" изјави: - "Не сум претседателски кандидат и секое спомнување на моето име во овој контекст го сметам за па-
ВАРИЈАНТИ ЗА ИЗБОРОТ НА ШЕФ НА ДРЖАВАТА
ATELSKATA FUNKCIJA ОПАСНОСТ
ТИТО ПЕТКОВСКИ МОЖЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ
косна шпекулација излезена од политичките кујни на партиите што се на власт". Уфрлувањето на "штипскиот кандидат" во игра ја стави во сенка можноста Стојан Андов да биде заеднички претседателски кандидат на Либералната партија и на ВМРО-ДПМНЕ. Засега, екс-министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, единствен јавно ја потврдува својата кандидатура без оглед дали зад него ќе застане партијата или ќе бара граѓанска поддршка. - "Јас сум убеден дека гласачкото тело на ВМРОДПМНЕ и сите граѓани на РМ кои очекуваа од мене да се кандидирам, ќе застанат зад мене и ја очекувам победата", вели Бошкоски. Во случај Хаг да покрене обвинение, за што Бошкоски смета дека нема обвинение, тој својот мандат ќе го стави во мирување.
Некои медиуми веќе одамна објавија дека сите планови на ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат поматени поради фактот што оваа партија нема 30 пратеници во Парламентот за да може да се вклучи со свој кандидат во претседателската трка без да собере граѓански потписи. Бројката од 28 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и пет пратеници на Стојан Андов, кој исто така се надева на претседателска кандидатура од ВМРОДПМНЕ, може значително да ја искомплицира постапката. Васил Тупурковски од Коалицијата "Третиот пат" неодамна изјави: - "Изборите нема да бидат регуларни. Западните фактори ќе сакаат да имаат претседател кој ќе го потпише статусот на Косово. Јас таков претседател не сакам да бидам". Но, тој став лесно може да се смени доколку се процени дека е добро "Третиот пат" да се вклучи во трката. Како што е познато, Претседателот на државата се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. Кандидат за Претседател на државата можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници. За оваа функција е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за Претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг, кој се одржува во рок од 14 дена по првиот круг на гласање, се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. За Претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, до-
ЉУБЕ БОШКОСКИ ЕДИНСТВЕН ЈАВНО ЈА ПОТВРДУВА СВОЈАТА КАНДИДАТУРА
колку гласале повеќе од половината избирачи. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Ако за Претседател е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Изборот за Претседател се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот Претседател. Мандатот на актуелниот претседател Трајковски изминува на 15 декември годинава. Во последните два месеца од неговиот мандат ќе се одржат изборите. Меѓутоа, во јавноста веќе почнаа стравувањата дека ако немаат кандидат во вториот круг, етничките Албанци може да предизвикаат недоволен одѕив на избирачите, по што изборите ќе завршат во ќорсокак.
21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.03.2004
Одредени медиуми објавија дека претстојните претседателски избори би можеле да пропаднат поради опасноста во вториот изборен круг да влезат двајца кандидати-етнички Македонци, што би предизвикало бојкот од страна на етничките Албанци. Таа ситуација би можела да доведе до нова меѓуетничка напнатост и до слаб одзив на избирачите, при што не би бил исполнет условот од 50-процентен одѕив на избирачите, како што наложува Уставот. Во таков случај, изборната постапка ќе мора да се повтори во рок од 40 дена, без изгледи на позитивен исход. Така, претседателските избори би завршиле во безизлез. Останува нејасно дали потоа би продолжил мандатот на актуелниот претседател Борис Трајковски или функцијата би ја презел претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски. Шпекулациите за можно "српско сценарио" за претседателските избори се засилија кога министерот за правда, Иџет Мемети, најави измени на Законот за избор на претседател. Но, измените што ги најави Мемети сепак се однесуваат на сосема други, пред сè технички аспекти на изборниот процес. - "Ние во 2002 година усвоивме нова регулатива за избор на пратеници, за избирачкиот список и за изборните единици. Воведовме нови, европски стандарди и заштитни институции и механизми, за да ја зајакнеме објективноста на изборите. Според сите оцени, спроведовме и избори по новите стандарди. Сега останува и законите за локалните и за претседателските избори да ги усогласиме со тие стандарди", објаснува ресорниот министер.
OKO NA SONCETO
ПОЛИТИКА
НЕМОЌТА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА
Немаме право да кажеме дека сме завршиле со нашата работа. Напротив, имаме уште многу за одработување, оценува поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева. Вината за проблемите што тапкаат во место не може да се остави само на затвореноста и неажурноста на државните институции, туку и на Комисијата која не бара одговорност од надлежните органи и функционери.
ПОРАНЕШНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СЛАЃАНА ТАСЕВА (ГОРЕ) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НЕ ГИ ПРОВЕРИЛО КОНТАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ (СРЕДИНА) ЕДИНСТВЕНА ПОБЕДА НА КОМИСИЈАТА Е СМЕНУВАЊЕТО НА РУБИНЧО ЗАРЕВСКИ (ДОЛУ)
Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ
тчетот на Државната комисија за спре-
мокритика која едвај може да се препознае и забележи во неколкуте испишани реда. Слабите резултати Комисијата ги лоцира во затвореноста на државните институции, тврдини што најмногу подлежат на митото и на корупцијата. Слична состојба владее и во судовите коишто покажаа дека се тромави во решавањето на покренатите судски спорови. Затоа корупцијата не е ниту начната, а и натаму расте како квасец. Со декларативни бомби не се
уриваат столбовите на корумпираниот систем, туку им се долева гориво. Одбраната (про)форма за борба против метастазираниот проблем во Република Македонија има низа слабости, како од кадровската екипираност така и од законската регулатива. Извештајот, кој е производ од едногодишната работа на Комисијата, покажа дека корупцијата длабоко е влезена и инсталирана во сите пори на општеството и затоа нема инвестиции и економски подем. Во моментов државата само на зборови се бори против неа и не презема некои поконкретни мерки, бидејќи всушност и не сака да ги покренува своите инструменти за елиминирање на болеста. Во овој миг полицијата не тренира строгост, седи со скрстени раце, а јавното обвинителство одамна го загуби компасот. Лавиринтот е создаден.
СУДИР НА ИНТЕРЕСИ Во општото сивило на беззаконие се вклопи и Комисијата која не успеа да се снајде, да се избори и да се
заложи своите иницијативи барем да имаат по некој судски епилог - завршница. Оттаму се чувствува големото незадоволство од нејзиното работење кое одамна требаше да ги мине породилните маки. Новата персонална ротација на претседателската фотелја нема многу да промени во работењето на Комисијата, бидејќи уште од самиот почеток го наметнува прашањето за судирот на интереси, еден од основните законски принципи за што всушност беше оформена оваа институција. Имено, новиот претседател, адвокатот Јован Трпеновски, има своја канцеларија, а бидејќи сите членови на оваа институција постојано дробат дека работат на "волонтерска" основа, секогаш во преден план ќе ги имаат егзистенцијалните над општествените и државните интереси. Во прилог на ова не може да се заборави и некогашната "инволвираност" на адвокатот Трпеновски во политичката коњуктура на власта. Затоа персоналниот интерес секогаш ќе фрла сенка врз работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата. Мандат на адвокатот Трпеновски ќе трае исто како и на досегашната претседателка Слаѓана Тасева, една година, а на членовите на Комисијата - четири години. Трпеновски, по својата инаугурација изјави дека ќе работи објективно и дека, ако има интервенции врз основа на некои предмети, веднаш ќе ја запознаат јавноста за тој притисок или влијание. - "Може ќе ми припишете некоја субјективност, но јас ќе работам онака како што е пропишано според законот",
NA SAMIOT PO 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
изјави новиот претседател на Антикорупциската комисија. На новинарско прашање дали Трпеновски, кој врши паралелна функција адвокат, ќе може да постигне да ги врши двете функции навремено и објективно, тој одговори дека неговата основна професија адвокатурата "за нијанса ќе биде намалена". Трпеновски ова го потенцираше со цел да биде убедлив, објаснувајќи дека во неговата канцеларија работат шест вработени, од кои тројца се адвокати. На прашањето дали сега како претседател би прифатил да брани некој случај од типот на "Верушевски", како што го бранеше пред една година, тој рече дека по професија е кривичар и дека "доколку не дојде до судир со неговиот интегритет, би бранел секого".
БЕЗ КОМУНИКАЦИЈА Кормиларот на бродот, Слаѓана Тасева, е сменет по принципот на ротација. Но, дали нејзината работа беше успешна? Дали продуктот (Извештајот) е дело на стручноста или на колективната пресија, општата апатијата и индолентноста кон претставките на граѓаните!? -"Немаме право да кажеме дека сме завршиле со нашата работа. Напротив, имаме уште многу за одработување", оценува Тасева, по презентацијата на Годишниот извештај за работата на Антикорупциската комисија. Таа додаде дека најмногу реакции на девијантни појави дошле од институциите и од јавноста и оцени дека најпогодени сегменти со корупција се оние места каде што се одлучува со диск-
рециони права и каде што се донесуваат одлуки. Во Извештајот се наведува дека вкупно се доставени 2.742 анкетни листови со податоци за имотот на избраните и именувани функционери и членовите на нивните потесни семејства. Од нив до надлежните судови Комисијата поднела барање за поведување прекршочна постапка против 78 лица кои не доставиле
Од вкупно доставените, Комисијата постапувала по вкупно 427 или 70,8 проценти од претставките, од коишто целосно се решени 129, или 30 отсто. Ова доволно говори дека проблемот со корупцијата е комплексен и сериозно сложен. Тој не може да биде веднаш уништен, но може да биде прекинат ако соодветно му се пристапи. Но, уште во почетокот се
Народниот правобранител, омбудсманот, Бранко Наумовски, кој има слична функција како и Антикорупциската комисија, вели дека и кај него пристигаат претставки на граѓани од областа на работните односи, проблеми со денационализацијата, односот на државните институции кон нивните предмети итн. Тој вели дека за разлика од 2002 година, кога пристигнаа 1.800 жалби, во минатата 2003 година, работата е зголемена за 50 отсто, односно пристигнале над 2.500 претставки од граѓани. Наумовски вели дека проблемот е во тоа што кога иницираме постапки против лица или државни институции, јавното обвинителство ненавремено реагира или нема доволно докази за да поведе соодветни судски постапки.
анкетни листови, а од нив пет се решени. Во текот на едногодишниот период до Антикорупциската комисија се доставени вкупно 603 претставки од граѓани, од кои 170 се однесуваат на работата на државните органи, 97 се однесуваат на постапките за приватизација, 96 претставки се во врска со работата на судството, 89 се однесуваат на работата на јавните претпријатија, здравството и образованието, 54 се различни укажувања за девијантни појави во претпријатијата, 32 за неправилности во стечајна постапка и 65 други предмети. Покрај претставките, Државната антикорупциска комисија, во 15 случаи повела постапка по сопствена иницијатива.
греши со малата пресија, несоодветната законска правна регулатива која не овозможува Комисијата да има решавачка улога во поведувањето или иницирањето на соодветни судски постапки. Имено, откако таа ќе констатира повреда дури тогаш ги доставува своите ставови до јавното обвинителство кое по сила на законот мора да ги гони инволвираните страни. Истовремено поради сложената процедура и бирократската гломазност ефектот од работата е минимална. Не постојат механизми за забрзување на процесите во судовите, а воопшто не функционира нормално релацијата Комисија - Министерство за финансии, Управа
^ETOK - PORAZ 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
за јавни приходи итн. Впрочем, ваквата оценка ја констатира и Комисијата. Таа наведува дека соработката со дел од државните органи, како што се Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски, е незадоволителна. Тоа произлегува од фактот којшто говори дека поради недоволната комуникација со министерот за финансии во текот на изминатата година не бил воспоставен ефикасен систем за проверка на анкетните листови за пријавување на имотната состојба на избраните и именуваните функционери за што законска обврска има Управата за јавни приходи. Оваа акција беше помпезно најавувана во сите медиуми, но потоа спласна. Никој до сега нема добиено одговор дали некој ги проверил контата на избраните функционери пред да стапат на функцијата, а патем дел од нив веќе се заменети поради непотизам или неработење. Што се постигна со нивното заминување? Ништо. Никој по нивното заминување повторно не ги провери домашните сметки. За ваквата ситуација дел од вината ја сноси и самата Комисија која треба да биде поупорна и поангажирана во комуникацијата со власта за која констатира дека е затворена и навреме не ги решава предметите со граѓаните, како на пример во случаите со денационализацијата на имотите и на објектите. Затоа не може да се претстави како успех ако се констатира корупција при продажбата на рафинеријата "ОКТА", или при приватизациониот процес во "ФЕРШПЕД". Или најголемиот успех на Антикорупциската комисија да е сменувањето на поранешниот директор на Фондот за здравство, Рубинчо Заревски, кој беше сменет поради непотизам. Тоа се факти за пораз, а не за успешна борба против корупцијата.
ОКО НА СОНЦЕТО КОМЕНТАР
на насловната страница на својот медиум или во ударните најави кај телевизиските емисии. Некој се плашеше да го претстави родот свој и својата земја мајка во вистинското светло онака ОТО ФОН ХАБСУРГ "МАКЕДОНИЈА Е НАЈСТАРАТА како што видуваат вистинските ЕВРОПСКА ДРЖАВА, ЛУЛКА И европски дипломати. Некој се ЗАЧЕТНИК НА ХРИСТИЈАНСКА плашеше од некој одвнатре ЕВРОПА", ОТО ФОН ХАБСБУРГ или некој однадвор да не биде обвинет за национализам или претеран патриотизам, да не биде етикетиран и опишан со погрешни зборови.
ЗА
Темна ни е историјата, сегашноста, а доколку продолжиме деструктивно да работиме како сè што тргнало, сива и темна ќе ни биде и иднината. Реконструкцијата на нашето минато ќе нè доведе до заклучокот дека и ова што денес се прави во актуелните општествени процеси е последица на синдромот на самоуништување.
Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ
Д односите и приликите на Балканот, а никој кај нас не умееше или не сакаше да извлече поука и полза за државата. Имено, колку за потсетување, тоа е човекот кој недвосмислено напиша дека "Македонија е најстарата европска држава, лулка и зачетник на христијанска Европа". И како помина сето тоа кај нас? Бледо, изветвено, незабележително, мизерно... Земјата која сè уште е на почетокот на 21 век, се бори за својата правдина и вистина, за својата самобитност и идентитет, не знае да ги искористи ваквите, буквално кажано, сервирани услуги од истакнати европски политички дејци со богато минато и искуство. Постојано се жалиме и критикуваме дека поголемиот дел од меѓународната заедница не ни е баш наклонет за афирмација на нашите вредности и за вистинска презентација на автентичното македонско општество. А постојано ги шириме и пренесуваме токму таквите изјави кои штетат по нашето постоење и нашата иднина. Плановите за поделби и разделби, изјавите од типот "Славјани", "Славомакедонци", "македонски шовинисти" и слично, низа години наназад одеа на насловните страници на најтиражните печатени медиуми кај нас. Со свој камен по своја глава - што би рекол народецов. А ете анализата на Хабсбург која ги величи македонските исконски вредности и значење за историјата на европскиот континент заврши во долните агли на средините од нашите весници. Никој не собра храброст со крупни букви да го испише насловот "Македонија е најстарата европска држава" и да го смести
САМОУНИШТУВАЊЕ Толку вреди нашата позиција за лобирање, толкава е нашата способност да го одбраниме сопствениот идентитет кој од сите страни е нарушен и разграден. Дека државата ни е најстара и дека е зачетник на европската христијанизација никого особено не засегна. Ниту граѓаните, ниту невладините организации, а за политичките естаблишмени и воопшто да не зборуваме. Никого не засегна што нашите пријатели пријателски ни помогнаа на вистински начин, во вистинско време. Наивно ги примивме вестите пренесени преку европските информациски центри дека некој нè кренал на пиедесталот и нè вброил во основоположниците на христијанското просветување на нашиот континент. Некои се насмеаја за нашата старост, некои не знаеле досега, некои рекоа дека тоа било тресење глупости. Самите не знаевме дека сме она што сме, некој друг требаше да ни каже од каде сме, што направиле нашите предци, не само за нас, туку и за другите, некој отаде требаше да ни го каже она во што и самите не веруваме. Недоволно историјата си ја спознаваме, недоволно верата си ја негуваме, па оттука не е ни за чудење што вака одреагиравме. Тоа е синдромот на македонштината кој се провлекувал не со години, туку со децении, со векови. Македонецот против Македонецот, против самиот себеси, против сопствениот брат, против родот свој. Секогаш другиот знаел за него повеќе од самиот себе и како што вели песната "срам е за тебе народе македонски другите да те знаат самиот да не се знаеш". Не залудно и идеологот Делчев во една прилика рекол: "Не познавам народ како македонскиот кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди". Темна ни е историјата, сегашноста, а доколку продолжиме деструктивно да работиме како сè што тргнало, сива и темна ќе ни биде и иднината. Реконструкцијата на нашето минато ќе нè доведе до заклучокот дека и ова што денес се прави во актуелните општествени процеси е последица на синдромот на самоуништување. Не можам никако да сфатам како туку-така преку ноќ се усвојуваат законски решенија без око да им трепне на поголемиот дел од политичките репрезенти. А тие штетат, ја убиваат државноста, го отуѓуваат сопственото ткиво кое природно припаѓа тука и на ниту едно друго место. Македонскиот граѓанин бараше спас од претходните политички егзекутори на достоинствениот живот и најде прибежиште и заштита во идеологијата на актуелната владејачка гарнитура. Поверува, се најде себеси, му олесна. Барем по 15 септември. Денес на крајот и на ова 2003-то
24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
прави истиот проект што Георгиевски сакаше да го оствари лето Господово истиот тој македонски граѓанин во власта на еден поинаков начин. Граѓаните го гледаат тоа. Разочарани гледа егзекутор кој го елиминира и она малку здраво што се и од денешниве "спасители" на македонштината. Можеби преостана од потопот сиве овие години. Ги крши постулатите и двајцата најпопуларни премиери досега во Македонија на националниот карактер и националните белези на државбараа посебни идентитети, па затоа и на таков начин работеа носта, ги руинира природните и автентични човекови прии работат на сметка на народот. Националниот романтизам добивки во соодветното подрачје каде живеат граѓаните. повторно е разбуден. Некој сака да го неутрализира, па со Тоа најдобро се согледува преку предлогот од кабинетот на својата претерана сервилност и попустливост се бламира Владата на Црвенковски да понуди проект за нова теритои пред сопствената и пред пред меѓународната јавност. ријална поделба која уште на првото гледање дава јасни сигА Македонецот никогаш го немал тој романтизам кој го нали дека е направена така што на подолг временски период имаа другите, па затоа можеби и сме на позицијата на која не й гарантира опстој на Република Македонија во сегашниот денес стоиме. Македонскиот синдром на себеранување и унитарен облик. Образложенијата и објаснувањата на претсебеубивање сè уште не можеме ставниците на политичките да го надминеме. Цели 13 години струи од власта дека со тоа нисме сведоци на меѓупартиски ту малку не се загрозува вижртвени и егзекуторски борби, талниот развој на државата па народот се мрази меѓусебно. како суверена и единствена Ако е некој ВМРО-вец, го мрази држава не држат. Не држат пред оној кој е СДСМ-овец. Народот сè од следните причини. Ресе подели на две политички публика Македонија и со ваква нации. А спротивната страна, територијална поделба и со албанската, умешно ја користи централизирано управување разединетоста на мнозинското на единиците на локалната самонаселение и на тој начин многу управа не може да обезбеди влалесно добива сè што ќе посака. деење на правото и законите, Нешто со сила, нешто преку па владее невидена анархија институциите. спроведувана од башибозукот Некој посака да има второ на расформираните и сè уште полувреме по 2001 година за постоечките терористи. Ако деда се израмнат сметките од коннес не успева земјата да гаранфликтот. Никој не е свесен детира мир, безбедност и развој ка токму овие месеци се одвиво областите со мнозинско алва тоа второ полувреме, но не банско население, како мисли по горите и планините, туку утре, по донесувањето на паМАКЕДОНСКИ СИНДРОМ во самите институции на сискетот закони од областа на детемот. Терористичките формацентрализацијата, да го среди Цели 13 години сме сведоци на меѓупартиски жртвени ции во 2001-та го одработија сатоа кога нејзините позиции во и егзекуторски борби, па народот се мрази меѓусебно. мо првиот дел од задачата, а локалната самоуправа ќе бидат Ако е некој ВМРО-вец, го мрази оној кој е СДСМ-овец. денес на културен начин го додалеку послаби отколку денешНародот се подели на две политички нации. земаат она за што тие се бореа. ниве. Па, да не редиме многу, но тука се државјанството, легализацијата на универзитетот, децентрализацијата, територијалната поделба, Пописот... Колку е ПРЕДАВСТВА лесно сето тоа да се добие без војна. Лесно е кога имате соработници кои наместо да ја штитат државата и наместо да Новото прекројување на општините ширум земјава има ги неутрализираат и ликвидираат опасните елементи по опсчисто етнички димензии и претставува партиски договор танокот на земјата тие го работат токму спротивното. Предавмеѓу обата партнера од власта кој не ги зел предвид државства. Живееме понижено, без достоинство, на улица те плукаат ните интереси. Новата територијална поделба создава гета, и ти се смеат оние кои до вчера немале слободи и човекови нема ниту еден процент врска со соживотот за кој толку многу права и биле жртви на "македонскиот шовинизам и расизам". се залагаат и Црвенковски и Ахмети. Новата територијална Зошто и оваа денешна власт ни го одзеде достоинството поделба е класично предавство на македонските национални како и претходната? Зошто токму Македонците се чувствуваат интереси. Во речиси половина од државата Македонците предадени и како граѓани од втор ред во сопствената стануваат малцинство што директно води кон израмнување земја? Зошто моќниците и натаму продолжуваат со на двете заедници, македонската и албанската, во секоја дискриминацијата на народот во корист на големодржавните смисла. Обид за федерализација. амбиции? Георгиевски тоа го чинеше отворено, јавно се залагаше Доаѓаат празници, власта нека се одмори, па по за поставување Берлински ѕид меѓу зајадените страни и не празниците ако се чувствува вистински демократска како бегаше од тоа. Тој сè уште стои на таа позиција дека најдоброто што се претставува, нека го прифати црвениот картон кој решение за Република Македонија е поставување бариери, веќе го подигна граѓанинот пред нејзиното чело. Спасот ќе размена на територии и население. Народот за таквата проекдојде тогаш кога "народот ќе ја земе судбината во своите ција му го покажа црвениот картон. Сега во истата игра влераце". Ова Премиерот го рече, не јас. Одбројувањето може да гува и неговиот побратим отспротива, Црвенковски кој на почне - 10, 9, 8, 7, 6, 5... еден елегантен, "демократски" и софистициран начин го 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
OKO NA SONCETO EKOLOGIJA ПРЕПОРАКИ ОД БАЛКАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Редовно да се чистат улиците, потоа водата соодветно да се третира, на околните ридови во Велес да се посадат дрва што растат минимум три метри, бидејќи така ќе се апсорбира аерозагаденоста во градот, вели претседателот на Балканското здружение за животна средина, БЕНА, професорот Фокион К. Восниакос.
Пишува: Жаклина МИТЕВСКА
С
поред Балканското здружение за животна средина, БЕНА, чиј главен финансиер е грчката Влада, проблемот со загадувањето во Велес може да се реши со неколку практични работи. Претседателот Фокион К. Восниакос при посетата на Велес, на локалната самоуправа и на граѓаните им дал неколку совети, односно им препорачал поголема хигиена на улиците и зелен појас од високи дрва. - "Децата - вели Восниакос - се најранливи, не само поради сензитивноста, туку и поради својата висина. За децата решение е отстранување на десет сантиметри од површинскиот слој од училишните дворови и засадување на трева за да се редуцира контаминацијата на почвата. Важно е и да се подигне свеста на граѓаните, бидејќи незнаењето на поединци предизвикува паника ВЕЛЕС - ЕДЕН ОД НАЈЗАГАДЕНИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
NEMA EKOLO[KA ZA[TITA BEZ EKONOMSKI RAZVOJ кај мнозинството". Иако БЕНА досега ги нема испитувано причините за загадувањето во Велес, професорот Восниакос, смета дека решението да се спречи загадувањето во Велес не е е во затворањето на Топилницата. Грчкиот професор појаснува дека еколошката заштита не може да постои без економски развој, а одржливоста значи она што се прави денес
да не направи штета утре. Тој потенцира и дека во Велес нема да постојат проблемите со загадувањето, ако еколошката заштита се поврзе со економскиот развој, ако се зголеми совеста на луѓето за животната средина и ако доследно се спроведува Законот. Претседателот Восниакос наскоро пред Министерството за животна средина ќе ги дос-
ЧАДОТ ОД ФАБРИКИТЕ НАЈГОЛЕМ ЗАГАДУВАЧ НА ВОЗДУХОТ
26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
тави резултати од испитувањето за загадувањето во Битола од РЕК Битола, а наскоро се очекува стартот на Проектот за испитување на загадувањето на реката Вардар, како и завршување на истражувањето на влијанието врз животна средина од загадувањето од ОХИС - Проект за кој е заинтересиран еден од директните финансиери на ова Здружение, грчката Влада.
ИСТЕМНИЦА
Тачко ЛОКВЕНЕЦ
DIJALOG DEDO STEFANE, DIJALOG! ани ова време, ми се чини, во кабинетот на господин господин Стефан разговаравме близу два часа за магазинот "Порта" и при крајот на разговорот, зад грбот на владиката, го денетисав ѕидниот саат застанат. Дедо Стефане, нема да ми забележите. Саатот зад Вас стои! Значи ли тоа дека времето за Македонската православна црква е "застанато"?! Дедо Стефан не дозволи да се збуни, и во стилот на Бенџамин Франклин, на дигресијата врати со еуфемизам: "Напротив, рече. Времето е најголемиот сојузник на нашата црква"! Од Архиепископијата отидов со уверување дека имаме црковни првенци кои знаат и можат бродот на МПЦ успешно да го управуваат по немирното православно море во кое не знаеш од која страна каков бран ќе те нападне. Се сетив и на Арсениј, на неговото стоичко обраќање до стадото да ја осознае вистината за големата верска завера што повеќе им натежна на тие што ја направија отколку на оние на кои им беше - направена. Меѓутоа, некни во саботата ден по Нова година, пет дена пред Божиќ, во една прилика, распрашуван од репортерот на Македонското радио, дедо Стефан, во врска со српско-македонските црковни разговори и преговори, неочекувано остро и недвосмислено рече: "...Дијалог во ваква ситуација, со вакви наметнати услови нема"! Морам
да признаам, неговата неочекувана ригидност ме збуни. И од теренот на црквата се преселив на теренот на општествената македонска стварност (иако и црквата е дел од неа) во политиката, економијата, културата и спортот. Кај да "драснеш" од секаде излегува "крв и мед". Можеби затоа сме и Балкан?! Со сите сили се обидувам да си објаснам што му требаше на оној "небески навивач" на "Кометал Ѓорче Петров" пред 2 - 3 години да влегува во теренот и да ја брани "извалканата" од судиите ракометна чест, со тупаници? Зошто на нашите банки не им го обезбедиме местото поблиску до стопанството, отколку до политиката? Каде е нашата култура објективно кога ќе им приредиме (само) еден успешен концерт на нашите во Сиднеј? Што е со македонската фудбалска слава кога еден регион во Шпанија колку наша Пелагонија, ни откажува пријателска средба и од куртоазија не ги споменува причините за отказот?! Мислам, на Македонија во секој поглед ќе й "стои" тоа што овие тринаесетина години таа го прави. Во прашање е "југословенски синдром" кој кога социолозите би можеле добро да ни го разјаснат, ќе ни биде полесно. Дури ми се чини дека и во настапите за прием во ЕУ имаме нешто "бившо југословенско", нешто како "знаете кои сме ние", па "што сме ние"... Добрата и однапред
27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
пресметана политика на Македонија од сите нејзини "симптоми" може многу да стори и дома и надвор, и во црквата и во културата. Во настапите на некои наши избраници нема "државнички карактер". Од што е уплашен, на пример, дедо Стефан, штом вели дека нема место за дијалог со СПЦ? Ако оној расколник Јован, кој до вчера беше македонски владика Дремвицки, е толку моќен, сега како српски слуга на богот Павле, ни го земе стадото и од македонската го префрли во српската црква, тогаш алал нека му е! Навистина, ако така лесно македонскиот верник ја менувал црквата, тогаш подобро нека ја смени и верата. Ама, не е така. Историјата вели нешто друго. Да знае да зборува гробот на грчкиот владика Бенедикт, многумина ќе научат корисна лекција. Сите ние имаме право на заблуди, но немаме право на "заблудени грешки", оти тие се како "блудни синови". Што мислите, не знае ли патријархот Павле за dies irae (дијес ире)? Знае и повеќе од нас што се молиме, од оние на кои им се молат! Ние немаме друг избор освен - дијалогот. Само изгледа дека ни фалат "дијалогичари" што ќе знаат што ќе кажат, кога ќе кажат и колку ќе кажат. Па Вие дедо Стефане, ако се сеќавате во разговорот (снимен) ни рековте: "...Единствено, ако знаеме каде одиме, таму и ќе стасаме".
GOLEMOTO ^EKMEXE ИНТЕРВЈУ
ЏEРИ М. СТРИПЛИН, УСАИД, МЦА, ИЕСЦ, ВОЛОНТЕР ЕКСПЕРТ
Информатичката комуникациска технологија - основа за развој на сите други кластери. Поентата е здружувањето на фирмите во група за постигнување на поголема конкурентност. Обидот да бидат поконкурентни е формулата за нивната привлечност за странски инвестиции.
Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА
Господине Стриплин, според Вас која е основната цел на Проектот за конкурентност на Македонија (МЦА) на УСАИД? СТРИПЛИН: Мисијата на Проектот за конкурентност на Македонија (МЦА) на УСАИД е да изгради просперитет за просечниот граѓанин на Македонија, со тоа што ќе им помогне на македонските претпријатија да развијат визија и иницијативи што ќе доведат до нивна зголемена конкурентност на домашниот, регионалниот и меѓународниот па28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
KLASTERI ZA PRIVLEKUVAWE INVESTICII Џери М. Стриплин е роден 1948 година во Џорџија, Атланта, САД. Дипломирал деловна администрација на Универзитетот во Атланта. Има добиено сертификат од Федералната комисија за комуникации. Во 1999 година ја основа "Групацијата Стриплин" која се занимава со маркетинг, продажби, бизнис развој, менаџерски консултации, реклама и слично. Тој нема докторат, бидејќи, како што самиот вели, во информатичката комуникациска технологија клиентите не бараат титули, туку искуство и знаење. Господинот Стриплин веќе 18 години живее и работи низ целиот свет, несебично делејќи го своето искуство и знаење. Тој има големо искуство во водењето стратегија и планирање, маркетинг на нови технологии, развој и промоција на нови производи. Неговата работа е основна љубов и страст и токму од тие причини престојуваше во Македонија во рамките на "Отворени денови на МАСИТ", Втора конференција на ИКТасоцијациите од регионот на Југоисточна Европа.
зар. МЦА на УСАИД работи со македонските претпријатија од сите големини, помагајќи им да создадат и да пласираат комплексни производи и услуги за кои крајните избирливи купувачи насекаде во светот ќе бидат подготвени да платат повисока цена. Кластери, поимот кој често го користиме, се меѓусебно поврзани фирми и други институции кои ја придвижуваат конкурентноста на дадена индустрија. Кластерите ги сочинуваат приватни претпријатија од различни големини, меѓу кои има производители, добавувачи и купувачи, како и претставници на работната сила, Владата, професионални здруженија и образовни институции, и 29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
институти за истражувања и обука. МЦА моментно работи со четири кластери: јагнешко месо и овчо сирење, туризам, информатичка комуникациска технологија (ИКТ) и вино. Во мојата презентација на "Отворените денови на МАСИТ" јас потенцирав дека кластерот за ИКТ е основата за развојот на сите други сектори. Кластерот за ИКТ го имаше својот прв основачки состанок во почетокот на декември оваа година. За да дојдат до таа точка, тие мораа да достават до Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК) Програма за развој и активности на кластерот со која го убедија советот дека кластерот за ИКТ има го-
GOLEMOTO ^EKMEXE ИНТЕРВЈУ ЏEРИ М. СТРИПЛИН, УСАИД, МЦА, ИЕСЦ, ВОЛОНТЕР ЕКСПЕРТ лем потенцијал да биде еден од фундаментите за развој на преостанатите кластери. Има многу позитивни работи кои произлегоа од Конференцијата на МАСИТ. МАСИТ како асоцијација ќе има повеќе одговорности со формирањето на слободни индустриски зони во регионот. Идејата за регионално работење е единствениот начин на кој македонските и компаниите за ИТК во регионот ќе можат да бидат поконкурентни на пазарот на ЕУ и пошироко. Вие, како меѓународен деловен експерт донирате време помагајќи им на македонските претпријатија. Што беше поводот за Вашето учество во Проектот? СТРИПЛИН: Јас веќе потенцирав дека мојот мотив е желбата и страста за работа. Откако ја имам формирано мојата фирма јас настојувам два-три месеци во годината да се посветам на проекти и работа во повеќе делови од светот. По препорака на
работам со фирми поврзани со Информатичка комуникациска технологија. За цело време напоменувам дека ИКТ е во структурата на сите преостанати индустрии. Како пример ќе го земам туризмот за чија промоција се потребни изготвување на интернет и веб страници на кои би ја презентирале туристичката понуда на Македонија. Во Македонија се неопходни квалификувани кадри. Македонија сè уште не остварува директна добивка од странските инвестиции. Мислам дека моделот за успех е акредитација, обука и развој на способности. Во мојата презентација на МАСИТ потенцирав дека добро е фирмите да работат како здружени претпријатија кои соработуваат меѓу себе. Што мислите за досегашното основање и зацврстување на три индустриски кластери? СТРИПЛИН: Одговорот е како и претходно што кажав. Македонија веќе има кластер
Во денешно време, покрај развиената инфраструктура, неопходен услов е развиената улога на информатичка комуникациска технологија. Во Македонија е важно да има конкурентен телекомуникациски систем. Денес претпријатијата во Македонија одвојуваат големи средства за телекомуникациските системи. Тој дел што денес фирмите го одвојуваат за телекомуникациските системи е надвор од балансот што фирмите ги одвојуваат во Европа. Организацијата на меѓународни експерти за услуги (ИЕСЦ) и досегашното мое искуство во сферата на ИКТ зедов учество во Проектот. Мојата улога е да
за јагнешко месо и сирење, за туризам, за ИКТ и веќе се планира кластерот за вино. Поентата е здружувањето на фирмите и како тие да работат во група 30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497/ 09.01.2004
за постигнување на поголема конкурентност. Првенствената мисија е да се информираат кластерите како да го почитуваат моделот за успех со нивна взаемна поврзаност и соработка. Сепак, постојат и други кластери, овие не се единствените. Идејата е првичните кластери кои досега се избрани да бидат пример за преостанатите. Користа од здружување во кластери е основната идеја на МЦА. Успехот на економијата на Италија е базирана токму на кластерите. Која е формулата Македонија да стане привлечна за странски инвестиции? СТРИПЛИН: Веќе кажав. Обидот да бидат поконкурентни е формулата за нивната привлечност за странски инвестиции. Во денешно време, покрај развиената инфраструктура, неопходен услов е развиената улога на информатичка комуникациска технологија. Во Македонија е важно да има конкурентен телекомуникациски систем. Денес претпријатијата во Македонија одвојуваат големи средства за телекомуникациските системи. Тој дел што денес фирмите го одвојуваат за телекомуникациските системи е надвор од балансот што фирмите ги одвојуваат во Европа. Имате прескап телекомуникациски систем што ја кочи работата на фирмите. Моделот е едноставен. Дали средствата ќе ги вложите во ИКТ или во телекомуникацискиот систем, вашиот избор е ограничен. Ова влијае врз ИКТ, зашто овој сектор може да ги развие бизнисите на фирмите. Верувам дека ова во наредните години ќе се измени во Македонија. На крај, каков напредок досега е остварен во поглед на
подобрувањето на конкурентноста? СТРИПЛИН: Не можам да зборувам за другите кластери. Ќе се задржам на ИКТ кластерот. Би кажал дека како пример денес членките на МАСИТ се фокусирани на поврзаноста и обидот како да станат поконкурентни. Мислам дека МАСИТ е на вистинскиот пат кон успехот. На Конференцијата освен МАСИТ присуствуваа и други ИКТ компании кои заедно со асоцијацијата МАСИТ го сочинуваат кластерот за ИКТ. Таа една здруженост што се почувствува ми остави голем впечаток. Друга придобивка е што и преостанатите кластери можат да видат каква е придобивката од здружување и како повеќе фирми треба да настапуваат со еден глас. Тоа е еден голем напредок. Во делот на конкурентноста постигнат е голем напредок, но останува уште многу да се направи, така што во овој момент не треба да се дозволи опуштање. Зошто се вели дека ИКТ кластерот е "автопат" на Македонија во новиот милениум? СТРИПЛИН: За разлика од минатото кога за развој на економијата беше неопходно постоењето на инфраструктура (постоење на патишта и слично) денес е неопходно постоење на информатичка комуникациска технологија. Таа е предусловот Македонија да овозможи пристап на странските инвеститори кои по тој "автопат" би пристигнале во неа. 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
АЛБАНЦИТЕ НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА ЕУ
ПРОДАЖБА НА МАВРОВСКИТЕ ВИКЕНДИЧКИ
Г.Г. СТЕФАН: ДИЈАЛОГ СО СПЦ НЕ Е МОЖЕН
Албанските криминални банди претставуваат најголема закана за земјите од Европската унија, беше истакнато во последниот извештај на Европол за организираниот криминал. Во него се наведува дека Албанците се занимаваат со шверц на дрога и луѓе и основна карактеристика им е екстремното насилство со кое се користат за постигнување на своите "бизнис-цели", односно ги убиваат конкурентите за да ги освојат нивните пазари. Извештајот посочува дека организираниот криминал во рамките на ЕУ е во пораст, а во 25-те држави од Европската унија дејствуваат околу 4.000 криминални групи со најмалку 40.000 членови. Во 2003 година 32 македонски викендички им се продадени на Албанци во атарот на село Леуново, а во Маврово и Маврови Анови сè уште не се знае вистинската бројка затоа што зад продажбите се кријат "фиктивни" сопственици. Се претпоставува дека бројката на продадени викендички е многу поголема. Тоа се укажувањата на градоначалникот на Маврови Анови, Андон Смилевски, но и на жителите на Маврово. Поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, во интервјуто за "Дневник" истакнува дека дијалог со СПЦ, во услови на ваков духовен варваризам и бесрамни уценувања, со формирање на паралелен синод и игнорирање на нашата црковна и национална реалност - не е можен. Српската црква прави раздор меѓу македонските верници. Разговорите ќе продолжат само откако СПЦ ќе ги повлече своите поданици и одлуки што се однесуваат на Македонија.
ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА ЗА МАКЕДОНИЈА
Во извештајот на Меѓународната кризна група за политичката стабилност во светот во изминатата година се вели дека политичката состојба во Македонија во 2003 година беше непроменета, а дадена е позитивна оценка за акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје. Во последниот извештај на МКГ Македонија е ставена во иста група со БиХ и Косово.
ДПА СЕ ЗАЛАГА ЗА ДВОЈАЗИЧНО СКОПЈЕ
Демократската партија на Албанците инсистира целата територија на Скопје да биде двојазична. Тоа треба да го овозможи законот за употреба на јазиците за чие донесување се залага албанскиот блок. Од друга страна, владини извори информираат дека законот за употреба на јазиците е во Акцискиот план на Владата, но како условен проект. Тоа значи дека ќе биде донесен само ако се утврди дека е неопходен.
МАСОВНИ ЈАВУВАЊА НА 197
На неодамна отворената линија 197 за пријавување шверц и корупција на Царината, регистрирани се над 2.000 јавувања. Забележани се јавувања за случаи кои се во надлежност на Управата за јавни приходи, на МВР или се за антикорупциската комисија или за пазаришниот инспекторат. Се јавуваат граѓани кои информираат за кафулиња во кои се растура и консумира дрога, за проституција, а исто така пријавиле дека една фабрика е регистрирана за производство на брашно, а продава печурки итн.
ПЕРЕЊЕ ПАРИ ПРЕКУ ЕМО
Антикорупциската комисија ги потврди сомневањата дека во случајот со купувањето на охридската фабрика ЕМО станува збор за случај на перење пари со учество на лица од странство. Дел од криминалните пари во висина од 600 милиони денари во вид на разни странски валути се внесени во Македонија преку нерезидентните банкарски сметки кои ги поседува сопственикот во четири домашни банки и се искористени за купување акции и за вложување во фирми.
КРЕДИТИТЕ СКАПИ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Повеќето македонски банки нудат кредити, но тие и натаму се скапи за граѓаните. Неколку банки веќе ги намалија каматните стапки на своите кредити, меѓутоа кога корисникот ќе го исплати станбениот кредит по десет или петнаесет години пресметките ќе му покажат дека тој вратил два за земениот еден заем.
32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ НАЈАВИЈА ШТРАЈК
БРАНКОВИОТ ЗАКОН НЕЗАДОВОЛИТЕЛЕН ГРАНИЦАТА ЌЕ ЈА ОБЕЗБЕДУВА ПОЛИЦИЈАТА
Независниот синдикат на машиновозачите при Јавното претпријатие "Македонски железници" на 13 јануари ќе стапи во штрајк поради неисплатени плати и придонеси за последните три месеци и непочитување на Законот за работни односи и колективниот договор. Штрајкот ќе се одвива во согласност со Законот за штрајк, односно со минимум сообраќај, при што ќе бидат пуштени меѓународните и товарните возови. Со Бранковиот закон досега биле вработени 8.972 лица кај 4.000 работодавци. Најголем дел на нововработени лица се во Штип и во Скопје каде што се вработени по 1.390 лица. Поради незадоволителните ефекти Законот ќе важи до крајот на годинава. Министерот за одбрана на Македонија, Владо Бучковски, при посетата на караулата "Дојранско Езеро" на македонско - грчката граница изјавил дека во мај оваа година започнува процесот на преземањето на обезбедувањето на границата од страна на полицијата. Процесот на интегрираното гранично обезбедување ќе заврши до 2005 година со што всушност ќе згасне граничната бригада на АРМ.
СТАМБОЛИСКИ ВО ПЕНЗИЈА
Во февруари генералот Методи Стамболиски, началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, ќе замине во пензија. Претседателот Борис Трајковски, кој е врховен командант и во чија надлежност е именувањето на началникот на ГШ, сè уште не го открива името на наследникот на Стамболиски, но во опција се генерал Ѓорѓи Бојаџиев и генерал Мирослав Стојановски.
МАКЕДОНСКОТО БОГАТСТВО ОДИ ВО ТУЃИ РАЦЕ
Културно-историското богатство на Македонија кое е доказ за постоењето на древни развиени цивилизации постојано предизвикува интерес кај многу други држави, поединци или групации кои со години наназад полека ги поткраднуваат и ги изнесуваат надвор од државава. Ним им помагаат нашите диви копачи кои поради големата заработувачка безмилосно ги крадат археолошките наоди.
ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ДЕВОЈЧЕ
Три минути по полноќ, на први јануари на Гинеколошката клиника во Клиничкиот центар во Скопје се роди девојче. Мајка на новороденчето е скопјанката Лилјана Атанасова. Градоначалникот Ристо Пенов традиционално ги посети мајката и бебето и им подари штедна книшка со 30 илјади денари. На оваа клиника до пладне истиот ден се родиле уште девет деца.
ВЛАГАТА ГИ "ИЗБРКА" ПИКАСО И СОЛАЖ
Музејот на современа уметност пропуштил две шанси да претстави во Скопје ексклузивни изложби од светски познати уметници, од Пјер Солаж и цртежи од Пабло Пикасо. Делата не се изложени поради влагата во галериите, која се создава од дождовите што се слеваат низ покривот.
НОВО РАКОВОДСТВО НА МАНУ
Во минатиот број од нашиот неделник беше направен ненамерен пропуст со тоа што во информацијата за новите носители на раководните места во Македонската академија на науките и уметностите не беа спомнати сите раководители на одделенијата, а беше некоректно дадена определбата за Одделението кај академик Зузана Тополињска за што најискрено й се извинуваме. Поради тоа, уште еднаш, но сега во целост, ви го презентираме составот на новото Претседателство во МАНУ. Од први јануари претседател на Академијата е Цветан Грозданов. Академик Момир Поленаковиќ е потпретседател, додека Ташко Георгиевски е избран за секретар. Во Одделението за лингвистика и литературна наука секретар е академик Зузана Тополињска. Таки Фити е избран за секретар на Одделението за општествени науки. Од почетокот на годинава секретар на Одделението за математичко-технички науки е Бојан Шоптрајанов, а секретар на Одделението за биолошки и медицински науки е академик Владимир Серафимоски. Писателот Петре М. Андреевски е секретар на Одделението за уметност, додека академик Александар Андреевски е избран член на Претседателството. Мандатот на новото Претседателство на МАНУ трае четири години. 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
ИНТЕРВЈУ
Д-р Марко Китевски, НАУЧЕН СОВЕТНИК ВО ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА
OBI^AI I OBREDI OD BADNI Разговорот го водеше: Милева ЛАЗОВА
Денот на раѓањето на Исус Христос не е познат и во првите три века овој празник не се празнувал. Причина за тоа е христијанскиот поглед на животот во тие времиња на робовладетелски општества. Имено, тогаш кога животот на човекот имал мала вредност, му се посветувало поголемо внимание на крштавањето како духовно раѓање и на смртта како раѓање во вечниот живот. На Божиќ, односно на денот што му претходи Бадник или Коледе, се изведуваат најмногу и најразновидни обичаи.
Месецот јануари е исполнет со празници. Се празнува Божиќ, Василица, Водици, повеќе празници на големи христијански светители итн. Што е причината за тоа? КИТЕВСКИ: Кога станува збор за овие празници и кога ќе се земат предвид обичаите што при тоа се изведуваат станува јасно дека се работи за контаминација на прастари претхристијански празнувања поврзани со почетокот на соларната година коишто подоцна, со примањето на христијанството на овие простори примиле многу христијански обележја. Познато е и тоа дека во изминатите два милениума црквата водела жестока битка против старите пагански празнувања, против суеверието и други нехристијански форми на живот. Многу од овие форми на народниот живот успеала да ги истисне од животот на човекот, но таму каде што тоа не й успевало правела компромис, па многу претхристијански празнувања добиле христијанска содржина и христијанска симболика. Така, ако во василичарските обичаи гледаме чисто пагански празнувања, во обичаите поврзани со Бадник или Водици следиме повеќе слоеви на народната култура: пагански, битови, христијански итн. Прастарите верувања во паганските божества подоцна добиле нова
Збираје се дечиња, сред село на грејачка, огон да си алиме, за да се изгреиме, ои осле ќе одиме Коледа да викаме, косење да збираме, за Бадник да јадиме. Божик да го чекаме и расе да јадиме. Народна есна
34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
смисла и содржина, верување и молитви кон еден Бог, Господ Исус Христос. Ако земеме предвид, пак, дека во овој период на годината исти обичаи (како на пр. прогнозирањето на среќата или иницирањето среќа и плодородие) во разни места се поврзани со различни празници (некаде со св. Игнат, во други места со Бадник во трети со Василица или Водици) ќе видиме дека станува збор за обичаи некогаш поврзани со почетокот на соларната година коишто подоцна добиле нова смисла во духот на христијанската вера. Зошто Божиќ спаѓа меѓу најголемите христијански празници? КИТЕВСКИ: Меѓу дванаесетте големи христијански празници Божиќ се празнува најсвечено. Но, во овие празници не влегува Велигден, зашто тој се смета за празник над празниците. За тоа зошто овој празник се празнува толку свечено, постојат повеќе причини. Прво, на овој ден се празнува раѓањето на Господ Исус Христос, второто лице од Светата Троица. Колку пак на човештвото му значи овој датум може да се види по тоа што тој е земен за камен-темелник при пресметувањето на времето, па така имаме Стара и Нова ера, односно време пред и по раѓањето на Исус. Од друга страна, пак, со тоа што Божиќ се празнува во периодот кога на овие простори, односно во Римската империја се празнувале големите пагански празници, овој празник наследил многу од тие претхристијански празнувања. Евангелските текстови сведочат дека римскиот император Август издал заповед да се изврши попис на населението во Империјата. Секој требало да биде запишан во градот на своите дедовци. Палестина тогаш била во рамките на Римската империја поради што и праведните Јосиф и Света Дева Марија од Назарет тргнале за Витлеем за да се запишат во овој град, зашто и двајцата биле од родот Давидов. Кога пристигнале во Витлеем за нив немало место во гостилниците и куќите поради тоа што во градот имало многу народ дојден заради пописот. Некои добри луѓе сакајќи да им помогнат ги упатиле во една
ЛИТЕРАТУРА
K DO VASILICA пештера во близината на градот каде што пастирите во невреме ги засолнувале своите стада. Ноќта силна светлина ја исполнила пештерата, но и околните ридови, потоа Света Дева Марија го родила својот Син превенец, го повила и го ставила во јаслите. Силната светлина ги исплашила и пастирите што со своите стада ноќевале на отворено на околните ридови, но веднаш потоа ангелот Господов ги утешил јавувајќи им ја радосната вест: - "Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ; и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец како лежи во јасли". Веднаш потоа хорот на ангелите ја запеал песната: - "Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја"! (Лука 2/14). Пастирите веднаш отрчале во пештерата каде што ги нашле Марија и Јосифа со Богомладенецот, му се поклониле, а потоа низ градот разгласиле за раѓањето на Спасителот. Веднаш потоа кај првородениот син на Света Дева Марија пристигнале и тројцата мудреци од исток на коишто за раѓањето на Спасителот им соопштила необичната ѕвезда на небото која ги довела до пештерата движејќи се пред нив кога тие оделе и стоела кога тие одморале. - "И штом влегоа во куќата, го видоа Младенецот со мајка Му Марија и паднаа, па му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна" (Матеј 2/11). Овие дарови требало да претскажат дека новороденото дете е во исто време човек (измирната), Бог (ливанот - темјанот) и Цар (златото). Значи, пред Богомладенецот прво се поклониле простите пастири и учените мудреци како овоземни жители, но и ангелите од небото што значи дека тој бил предодреден подеднакво да му припаѓа и на небото и на земјата. Зошто Денот на раѓањето на Исус Христос не се одбележувал во првите три века? КИТЕВСКИ: Денот на раѓањето на Исус Христос не е познат и во првите три века овој празник не се празнувал. Причина за тоа е христијанскиот поглед на живо-
тот, во тие времиња на робовладетелски општества. Имено, тогаш кога животот на човекот имал мала вредност, му се посветувало поголемо внимание на крштавањето како духовно раѓање и на смртта како раѓање во вечниот живот. Така во празникот Богојавление - Водици биле слеани повеќе спомени поврзани со животот на Исус Христос на земјата. Подоцна кога престанале робовладителските општества, кога животот на обичниот човек добил поголема вредност се јавила потреба да се празнува и денот на раѓањето на Исус Христос. И од практични причини се јавила потребата за одделување на празникот на Господовото раѓање од денот на неговото крштавање, зашто при празнувањето на овие спомени верниците не можеле во исто време да бидат и на местото на неговото раѓање во Витлеемската Пештера, и на местото на неговото крштавање на реката Јордан. Во барањето на датумот кога тој да се празнува, Светата Христијанска црква решила тоа да биде денот кога во претхристијанскиот период се празнувал денот на новото сонце или на младото сонце, а тоа бил 25 декември, празник што паганите го празнувале многу свечено, со многу неморал, со пијанство, со гладијаторски игри и сл. Ставајќи го празникот на Христовото раѓање на овој ден Црквата постигнала два ефекта: од една страна масовно празнување на својот празник, а од друга страна бучните и во голема мера неморални пагански прослави ги свела на пристојно христијанско празнување. Подоцна овој празник, Рождество Христово - Божиќ, истиснал повеќе претхистијански празници, но и присвоил многу обичаи поврзани со нив. Така станал празник со најмногу и најразновидни обичаи. Иако има претпоставки дека празникот се празнувал и порано, според некои истражувачи за најрано споменување на овој празник, или за негово востановување се смета календарот на папата Либериј (Либеријански календар) од 354 година кога се празнувал во Рим. И за разлика од сите други празници кои западот ги добил од истокот, овој празник имал спротивен пат, од запад минал на исток, и за прв пат е празнуван во Цариград, каде што го востановил св. Григориј Богослов. Можеме да речеме уште дека Бо-
жиќ е и матица на повеќе празници, бидејќи на тој ден се празнува раѓањето на Исус, зашто да не било раѓањето немало да има ни крштавање (Водици), ни распетие и воскресение (Велигден), ни јавување на Светиот Дух (Духовден), ни Воздвижение на чесниот крст (Крстовден), ни Преображение Господово итн. Денес македонскиот народ со многу внимание го празнува Рождество Христово - Божиќ, но и денот што му претходи Бадник или Коледе. Кои обичаи се изведуваат на овој празник и која е нивната смисла? КИТЕВСКИ: На Божиќ, односно на денот што му претходи Бадник или Коледе, се изведуваат најмногу и најразновидни обичаи. Како што споменавме претходно, станува збор за прастари, пред сè, пагански обичаи, во далечното минато поврзани со празнувањето на денот на новото сонце, но и на други празници од овој период од годината. Многу од овие обичаи по примањето на христијанството од страна на нашиот народ добиле христијанска смисла и христијанска симболика. Така, коледарскиот оган кој своето потекло го има далеку во претхристијанскиот период и според некои истражувачи имал цел да му се помогне на изнемоштеното сонце, кое во овој период од годината свети и топли со најслаб интензитет, а според други имал цел да ги изгори болестите и негативните демони, во христијанството добил нова смисла. Христијаните од него чувствуваат Божја топлина и светлина што треба да ги растера мракот, незнањето, суеверието итн. Богатата трпеза што на почетокот од годината според принципот на имитативната магија требало да обезбеди богата и родна година сега својата порека ја манифестира низ обредните предмети што добиле христијанска симболика: виното, кое по востановувањето на светата тајна - причесна, ја претставува Господовата крв, сламата, која потсетува на јаслите во Витлеемската пештера, потоа свеќата, дабовата гранка, иконата, лебот итн. Ако земеме предвид дека на богатата трпеза се присутни и оревите, рибата, медот, гравот, што имаат хтоничен карактер и што во
35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
ИНТЕРВЈУ
Д-р Марко Китевски, НАУЧЕН СОВЕТНИК ВО ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
РОЖДЕСТВО НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлина на знаењето; во неа, пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеа Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, исток на висините, Господи, слава Ти. Дева денес Го раѓа Оној што постоел од секогаш и земјата на недостапниот пештера му принесува. Ангелите со пастирите Го прославуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, зашто заради нас се роди Дете младо, Превечниот Бог.
дамнешните верувања се поврзани со душите на дамнешните предци, очигледно е дека во овој празник се слеани повеќе слоеви на народната култура. Инаку, вечерата е посна затоа што се паѓа во периодот на постите. Имено, на овој празник му претходат долгите Божиќни пости што започнуваат на 28/15 ноември. Кои други обичаи се изведуваат на Бадник и Божиќ, зошто децата одат по куќите и пеат песни? КИТЕВСКИ: Кога станува збор за вечерата да го кажеме и тоа дека не е обичај на Бадник да се оди на гости, туку секој празникот го празнува во кругот на семејството. Оттука и пословицата: "Пред Божиќ, зад Божиќ кај да си, дома да си". Пред да започнаат домашните да вечераат, домаќинот го отворал прозорецот и го поканувал Дедо Боже на вечера со зборовите: "Повели Дедо Боже да вечераме". Во некои места софрата се изнесувала во дворот и оттука се упатувала поканата кон Дедо Боже. Инаку, на Бадник и Божиќ се изведуваат и повеќе други обичаи. Така, на пример, со многу внимание, но и со обичаи е проследено сечењето и горењето на дрвото "Бадник" коледарските огнови и многуте и со најразлична содржина песни што се пеат крај нив. Децата по палењето на огновите и пеењето песни покрај нив ги посетуваат и куќите каде што исто така пеат песни, го најавуваат и го честитаат големиот празник "денеска е Коледе, утре е Божик" за што добиваат дарови: овошје, бомбони, пари итн. Порано во селата
за оваа прилика се меселе специјални колачи. Месењето, пак, на кравајчето, питата или погачата со паричка што има цел да ја прогнозира среќата на членовите на семејството во некои краишта е поврзано со Бадник, но во други со Василица. Како е да е станува збор за обичај што се изведувал на почетокот на годината кога нашите предци сакале да дознаат што ги очекува во годината што следува, но и да влијаат за посреќна и побериќетна година. Во таа насока се и прогнозирањето на плодноста со жарчиња (јаглења), врзувањето на овошните дрва со сламата на која се вечерало, показникот (полазата), обредното сечење или колење на неродните овошки, животни, предмети (бочви, амбари и сл.) што всушност претставува заканување или иницирање на пообилен род итн. Со Божиќ започнува периодот од дванаесетте некрстени или погани денови. Што претставуваат тие во народното верување? КИТЕВСКИ: Овој период од годината кога денот е најкус и сонцето најмалку свети, кога беснеат виулици, кога високиот снег и силните мразеви претставуваат закана по здравјето и животот на човекот, во свеста на дамнешните предци претставувал ризичен период. Во почетокот овој критичен период се протегал на цел ноември и декември, но подоцна бил сведен на дванаесетте дена од Божиќ до Водици. Наречен е Некрстени денови, Погани денови, а некои го викаат и Ристосови денови и тоа е период исполнет со религиозен
страв и разни магиски заштити. Исус е крстен на триесетгодишна возраст, но во паганските верувања жена леунка и дете некрстено се изложени на негативните демони поради што и овој период годината од празникот на раѓањето на Исус (Божиќ) до празникот на неговото крштавање (Водици) е сметан за критичен период исполнет со разни опасности. Познато е дека во овој период луѓето не работеле потешки работи: жените не ткаеле, не везеле, не плетеле, мажите не оделе на подолг пат (печалба и сл.). Освен тоа луѓето изведувале и многу обичаи за бркање на негативните демони. Такви се василичарските и русалиските обичаи. Дури откако на Водици ќе била крстена (осветена) водата, се верувало дека се парализирани и тие негативни демони и дури потоа можело да се живее поспокојно и да се работат секакви работи. Значи во овој циклус на зимски празнувања значајно место имаат и празниците Василица и Водици! КИТЕВСКИ: На први јануари според православниот календар се празнуваат три спомени, односно три празници. Првиот е Обрезание Господово, вториот е празникот на св. Василиј Велики и третиот е Православна Нова Година. Според тогашните еврејски закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето било носено во храмот каде што по извршениот обред обрезување добивало име. Овој обред значел и воспоставување врска со Бога поради што необрезаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ. И Исус на осмиот ден од раѓањето, од страна на светото семејство, бил однесен во храмот каде што по обрежувањето го добил името. Во спомен на овој настан востановен е и празникот Обрезание Господово. На овој ден 389 година починал големиот христијански светител св. Василиј Велики познат уште и како Кесариски поради тоа што
36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
долги години бил владика во градот Кесарија Кападокиска. Верен на изворните принципи на христијанското учење повеќепати бил прогонуван, направил големи дела, а останал запаметен како пример за позитивни човечки особини поради што црквата го нарекла Велики. Меѓутоа, обичаите што се изведуваат на овој ден се поврзани со Православната Нова Година. И на овој ден се палат огнови, се пеат песни, се прогнозира среќата и напредокот во претстојната година, се иницира среќа и благосостојба, се изведува обичајот суровење, (иницирање на здравје и напредок) оттука и денот е наречен Сурова итн. Драмската игра што во различни места на Македонија има различни имиња: Џамала, или Бабари, Василичари, Ешкари итн. е во функција на одбрана од негативните демони со маски, врева (тапани, гајди, ѕвонци, тропање и сл.) но и иницирање на поубава иднина. Во овој период на Некрстените денови се изведувале и познатите Русалиски игри коишто со строги правила на однесување, исто така имале за цел магиска заштита од негативните демони. Што се однесува пак до празникот Богојавление или Водици може да се рече дека се работи исто така за голем христијански празник што се празнува во чест на крштавањето на Исус од страна на св. Јован Крстител. И на овој ден што се празнува два дена се изведуваат богати обичаи како што се: крштавањето (осветувањето) на водата, фрлањето на крстот во водата, благословување на родот и стоката, одење по коледица и пеење на пригодни песни, избирање и менување на кумот итн. Како и да е кога станува збор за овие зимски празници можеме да речеме дека нашиот народ ги празнува со многу внимание, со многу голема приврзаност кон своијата христијанска вера, но и кон својата народна традиција. Оттука многуте обичаи, народни песни, ора, драмски игри итн.
МУЗИКА
PREKU MENE PEE MOJOT NAROD
Припаѓам на македонскиот народ и секојдневно работам на мојата целосна посветеност на народот, со емоција, со музика - вели Златко Ориѓански. Македонската фолклорна музика воопшто не е мрачна и тажна како што се мисли. Честопати се случува кога една песна зборува за тажни нешта, музиката да биде неверојатно жива и весела, полна со живот. Тоа е затоа што македонскиот народ можел да се изрази само преку музиката и песната. Пишува: Милева ЛАЗОВА
Т
и златно сонце, не заоѓај/ Во матни води не умирај/ Пред тебе сонце/ Целата земја,/ без тебе земја/ Моја постела..... Златко Ориѓански вака го започнува своето ново ЦД насловено како "Разбуди се". Ова е најновото нешто од него кое за првпат излезе под капата на "Авалон продукција". Иако Ориѓански е дел од групата "Анастасија" веќе по-
долго време, сепак со "Разбуди се" тој се потврдува и како самостоен и врвен музичар подарувајќи й на неговата публика нешто што се нарекува квалитетна светска музика чии корени потекнуваат од една мала, но музички богата земја - Македонија.
СИЛА - "Интересен е фактот што премногу сме преокупирани со работи коишто и не се
37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
толку значајни во човечкиот живот. Прва асоцијација што им паѓа на памет на сите луѓе од нашиот простор е дека му се обраќам на мојот народ да се разбуди. И така да е, добро е, но доколку се преслушаат песните - објаснува Ориѓански - ќе се сфати дека всушност во основа станува збор за интимна приказна. Зошто не ставам акцент на првоспоменатото? Затоа што на тој начин би влегол во некои води коишто се тотална политика, а тоа никогаш не ми било намера, иако
МУЗИКА
НАЈНОВОТО ЦД НА ЗЛАТКО ОРИЃАНСКИ - "РАЗБУДИ СЕ"
имам одреден став по сите прашања што се однесуваат на земјата во којашто живеам. Сигурно дека никогаш директно нема да влезам и не на таков наивен начин затоа што мислам дека начинот како гледам на мојата земја, нивото на коешто размислувам во тој правец е барем десет скали над тоа што е дневна политика". Ориѓански не само во овој албум, туку и во претходните се обидувал и се обидува целиот живот да го прикаже преку музиката. Животот е целата негова преокупација. - "Многупати сум потенцирал и сега ќе кажам дека суштината на сето тоа што го работам е животот и силата на оваа земја и овој народ. Таа сила ќе ја чуете вели Ориѓански - преку мо-
едно, животот сосема друго, а уметноста сосема нешто трето. Во вторава и третава област нема такви големи или мали народи. Секој народ всушност е феномен во себе. Јас му припаѓам на овој народ и секојдневно работам на моја целосна посветеност на тој народ, со емоција, со музика. Тоа е главна суштина".
ОБЕЛЕЖЈЕ Како дел од групата "Анастасија", Златко Ориѓански има поминато 100-тина градови во Европа. При тие патувања и гостувања во текот на последниве десетина години воочил дека не постои ниту една земја од она што е Балкан од она што
осамостојувањето на Македонија, во музиката постојано се случуваат исчекори. Далеку сме понапред и од Бугарија, и од Грција и од сите околни балкански земји. И тие имаат своја посебност, но иако на пример Грција е економски и политички помоќна не успеала да создаде нешто што може да парира на она што е светска музика. Тоа ми говори дека навистина доаѓам од едно место во кое живее еден музикален и интелигентен народ, и вистинска штета е што нашава земја оние што се одговорни за тоа најмалку ставаат акцент на тоа за што сме всушност насилни". Според Ориѓански уште во југословенската музика имаше една заблуда при
користењето на терминот етно. - "Пред 80-тата година зборот етно не ни постоеше. Што значи тој збор? Припаѓање на одредена територија. Сите од некаде доаѓаат и сите некаде припаѓаат. Тоа што го работам - додава Ориѓански - може да го дефинирам како национално обележје. Значи, кога ќе се слушне мојата музика сакам да се слушне Македонија. Има една работа којашто малку луѓе ја знаат, а тоа е дека македонскиот фолклор е еден од најбогатите на Балканот. Значи, Македонија е мост помеѓу исток и запад, така е поставена и она што е карактеристично таа музика по својата мелодика, по својата суштина е длабоко европејска. Ние сепак припаѓаме на Византиската империја и македонскиот цар бил доволно инте ли гентен и го добил она што е највредно. Дали ние како генерации што доаѓаме ќе знаеме што да правиме со тоа, ќе видиме".
МИСИЈА - "Која е всушност мисијата којашто ја почнав за која се надевам дека
ќе ја продолжат младите генерации што доаѓаат, што беше намерата? Одговорот лежи во тоа како некои луѓе тоа го сфатија - вели Ориѓански - како сега ние свириме народна музика. Би ја земал литературата за пример. Постојат најразлични дијалекти, говори на една територија. Во западна Македонија поинаку звучат, во источна поинаку, во Егеј пак уште поинаку. Истото се случува и во музиката. Кога од сите тие дијалекти ќе се направи еден современ македонски музички јазик, тогаш ќе си ја имаме слободата да се движиме каде сакаме, да пееме како сакаме, да пишуваме како сакаме и нема да зборуваме за етно. Намерата ни била преку музиката да зборуваме". Ориѓански има своја публика, постојат луѓе коишто имаат почит кон тоа што го работи. Но, постојат и неверници. Пред да го работи филмот "Пред дож дот" заедно со групата "Анастасија", таква група на луѓе постоела. Но тие, како што вели Ориѓански, таквите неверници добија сериозна "шлаканица" со тоа што "Пред дождот" доживеа голем успех и надвор од Македонија. Ставот на Ориѓански во врска со тоа дали во Македонија има премногу неквалитетни пејачи и музика, е дека некои работи не може да се забранат. Тој вели дека секој има право да работи што сака. - "Мислам дека во овие пет-шест години проблемот е и во тие луѓе коишто посериозно работат, но немаат ништо заработено. Публиката не постои сама за себе, публиката се прави со нештата кои одреден музичар го создава. При правењето на мојот албум додава Ориѓански - наидував на многу пречки затоа што за да го реализирам беа потребни финансии. Тргнав
по барање на, модерно кажано, спонзори и по сите години што ги имам поминато и по сè, работата одеше многу тешко. Морав да дремам по канцелариите на Министерството за култура и да се објаснувам со некои службеничиња. Единствено сум благодарен на министерот Благој Стефановски којшто имал постојано допир со луѓето од
битолскиот Театар и знае што е уметност и ми помогна да го објавам албумот. Тажно е зошто требаше да молам. Ми се лоши од сето ова, и да не е мојата огромна љубов кон музиката одамна би се откажал. Занимавањето мое со музика не е хоби. Се надевам дека сме ставиле барем една цигла во тоа што е македонска музичка историја.
39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
Ова е мое прво ЦД во издание на 'Авалон продукција', а се одлучив за оваа продуцентска куќа затоа што нејзините основачи сериозно пристапија кон мојата работа и ми овозможија услови за да го реализирам албумот најдобро што можам. Постојат сериозни можности да го промовирам надвор од Македонија, но за тоа по тоа".
ИЗЛОЖБИ ” ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА
@IVEEJA I SE BOREA ZA
Духовните континуитети на македонската култура течеа низ еден природен историски процес. Појавата на плејада интелектуалци почнувајќи од Партенија Зографски до Коста Солев - Рацин докажаа Македонија била почва за создавање на богата писмена активност и научнолитературна, образовна и уметничка дејност.
Пишува: Милева ЛАЗОВА
И
зложбата "Преродбенски портрети" беше отворена во Музеј на Македонија посветена на најзначајните македонски преродбеници кои оставија белег на своето време. На 15 паноа изложени се нивни фотографии и дела, а покрај тоа во една витрина
презентирани се лични предмети на Димитрија Чуповски, оригиналната книга - Четиријазичникот од Ѓорѓија Пулевски, како и други стари книги. "Преродбенски пор трети" ја отвори д-р Атанас Вангелов, додека автор на концепцијата за изложбата и каталогот е Софка Јанчова, кус тос советник во Историскиот оддел при Музејот на Македонија.
40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
АФИРМАЦИЈА Минатата 2003 година одбележувавме свети и светли дела од македонската национална и културна историја која во вековите што останаа зад нас се покажа како идеја водилка во остварувањето на стремежите на македонскиот народ за афирмација на својот идентитет. Тој во-
SVOJATA ZEMJA
дел милениумски непрекинати борби за својата еманципација, па она што го прави континуитетот во неговата историја бездруго е токму културата во нејзината најширока смисла. Таа ја диференцира македонската историска свест и ја изгради македонската национална мисла, ја дефинира националната програма и ја обезбеди националната и државна афирмација. - "На почвата на која живее 15 века, развивајќи своја култура и конституирајќи се национално, овој народ - вели Софка Јанчова, во каталогот изготвен за изложбата - уште во средниот век за свое
национално име го зема името на земјата на која живее, Македонија - Македонци, што не е ниту кражба, ниту фалсификување на историјата, ниту пак преседан во новата историја на човештвото. Македонската култура благодарение на својата исклучителна вредност и значење, како услов не за моментниот, туку за вечниот останок под сонцето, таа им одолева на сите искушенија и сите напади успевајќи да го одбрани и сочува најубавото и најзначајното во себе". Како што потенцира Јанчова, во XIX век започнува појавата на народните стремежи, започнува
македонската преродба што ја предводат познати македонски просветители, лингвисти, писатели и собирачи на народни умотворби. Во сите тие години исполнети со силен размав на хуманистички научни дисциплини повеќемина македонски интелектуалци се вградија со личен влог во развојот на македонската култура во XIX и XX век.
ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ Еден од тие македонски интелектуалци е секако архимандритот Партенија Зографски кој се јавува во средината на XIX век кој објавува два учебника на
41 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
"македонското наречие": "Кратка свештена ис торија на стариот и новиот завет" во 1857 година и "Началное учение за децата" од 1858 година како и една прирачна "Кратка словенска граматика" од 1859 година. Со проучувањето на принципите за изградба на еден литературен јазик и посебно на граматичката структура на западномакедонскиот народен говор "Прва част на граматиката за членовите" од 1857 година, Партенија Зографски ги пос тави основите на македоснмаката филологија. Следен во редицата на личностите кои дале голем придонес во историјата на
ИЗЛОЖБИ „ПРЕРОДБЕНСКИ ПОРТРЕТИ” ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА
Македонија е Ѓорѓија Пулевски кој создаде опус што означи меѓа во македонската историја. Ја објави првата стихозбирка на македонски јазик "Македонска песнарка" и првата поема "Самовила Македонска". - "Тој е редок македонски полиглот, учебникар и лексикограф - објаснува Јанчова - со своите дела: 'Речник од три језика' и 'Речник од четири језика'. Тој е автор и на првата печатена граматика на македонски јазик "Слогница Речовска" и на првата "С лавјанско-маќедонск а општа историја" која е најголем влог во историјата на нашиот народ. Оваа историја докажа дека ни една друга балканска културна средина не може да посочи на пример сличен на Пулевски". Во историјата на македонската наука и уметност посебно место и значење имаат бројни и научнолитературни институции што се формираа во Македонија и особено во странство. Тоа се: Младата македонска книжовна дружина, 1890-1892 година, со нејзиниот печатен орган "Лоза" во чии пазуви се родија и дејствуваа голем број македонски интелектуалци, ученичката дружина "Вардар" во Белград во која доаѓа до првата средба на двете најмаркантни македонски интелек туални фигури, Крсте Петков - Мисирков и Димитрија Чуповски, Македонскиот клуб со читалиште во Белград, што го издаваше весникот "Балкански Гласник" и ги постави основите на новото движење. Меѓу нив најзначајно место зазема
Македонското научно-литературно другарство во Санкт-Петербург под претседателство на Димитрија Чуповски. - "Двете централни интелектуални фигури на Македонското научно-литературно другарство во Петроград - додава Јанчова - се Димитрија Чуповски кој подготви модерна граматика на македонски јазик, изработи прв Македонско-руски речник и скицира енцик лопедиски концепирана монографија за Македонија и Македонците и Крсте Петков - Мисирков, македонски лингвист и историчар од европски формат. Во нашава нова историја Крсте Петков Мисирков се вбројува меѓу најис такнатите личности, меѓу оние неколку кои ја кристализираа нашата модерна национална свест. Тој е грандиозна и длабоко национално определена личност на столетието, кој даде одговори на важни прашања од историјата, културата и јазикот на Македонците". Во плејадата на значајни имиња е и Коста Солев - Рацин кој е грандиозна личност која остава сопствен печат на епохата. Тој е автор на "Бели мугри" првите модерни стихови во современата македонска поезија и човекот кој прв теоретски ги објасни процесите и развојните текови на нашата современа литература. Тоа се луѓето со високо достоинство, со иск лучителна доследност и со безгранична чесност, со крис тално јасна мисла за македонската посебност и поведоа енергична борба за нејзина реализација.
ИЗЛОЖБИ
ПАТУВАЧКАТА ПОСТАВКА „ПОВТОРНО ПРИВРЗУВАЊЕ: ПЕРЦЕПЦИИ” ВО СКОПЈЕ
KULTURNIOT IDENTITET I KREATIVNOSTA NA @ENSKATA UMETNOST "Повторно поврзување" е одраз на многубројните слоеви поврзани со прашањата на преселбата и мајчинството како и нивните преоди и комбинации.
Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА
ВАНГ ХУИКИН, КИНА - ЧЕВЛИТЕ НА БАБАТА НА ХУИКИН, 2000, ОТПЕЧАТЕНИ СЛИКИ
МАДЛЕН НИВЕ, ЧИЛЕ - ХРАБРОСТА ДА СЕ ДОЗВОЛИ МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА НА ЉУБОВТА, 1996, СКУЛПТУРА - ОБЈЕКТИ
Изложбата насловена како "Повторно приврзување: Перцепции", својата промоција ја имаше на 18 декември 2003 година, во уметничката галерија "Простор 2" во Чифте Амам, во старата Скопска чаршија. Ова е патувачка изложба на седум австралиски жени - уметници на кои во последните девет години им се придружиле уште десет авторки од други земји каде што гостувала изложбата. Темата на изложбата е односот меѓу мајка и ќерка, а авторка е кустосот Клаудија - Марија Линих, која изложи и свое дело. Изложбата ја отвори австрискиот амбасадор во земјава, Филип Хојос. Во оваа изложба се обработуваат две клучни теми на човекот, односно женскиот културен идентитет: Мајката и преселбата. Во почетокот на изложбата биле застапени дела на седум австралиски авторки на кои со дело им се придружиле пет австриски и две словенечки. Изложбата има тенденција на постојано придружување на нови авторки од земјите во кои се реализира изложбата. Од нашата земја во патувачката изложба се вклучија Славица Јанешлиева, Ирена Паскали, Елизабета Аврамовска и Христина Иваноска, кои подготвија заеднички проект. "Повторно поврзување" е одраз на многубројните слоеви поврзани со прашањата на преселбата и мајчинството како и нивните преоди и комбинации. Болката, љубовта, благородноста, бесот, разбирањето, критиката, пријателството, идентитетот, блискоста, приватноста и поларитетите можат да постојат и едновремено. Покрај тоа, семејните структури се под влијание на две култури, на културите на земјата од која се потекнува и на земјата од која се доаѓа. Иако многумина ја оквалификуваа изложбата како феминистичка, Клаудија - Марија Линих потенцираше дека единствениот мотив е насликување на семејните односи и духот на жената. Оваа патувачка изложба е крстосница на бројни култури и традиции. Секоја авторка, покрај истакнувањето на своите уметнички пориви, таа е индиректна амбасадорка
43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
ИЗЛОЖБИ
ПАТУВАЧКАТА ПОСТАВКА „ПОВТОРНО ПРИВРЗУВАЊЕ: ПЕРЦЕПЦИИ” ВО СКОПЈЕ на сопствената култура. Женскиот сензибилитет и креативност се умешно и несекојдневно вткаени во еден имагинарен творечки дискурс. Преку нивните дела тие ја доловуваат душата на жената, но пред сè јасно истакнувајќи ја непоколебливоста и истрајноста, без разлика дали станува збор за девојка, мајка, работничка....
Не се изоставени ни иронијата и потсмевот кои индиректно бликаат во универзалната порака на сите авторки - жената со своите доблести и недостатоци. Оттука се забележува дека изложбата воопшто не е феминистичка. Напротив, таа е реално и непристрасно изложена пред јавноста. Посебно треба да се истакне и учеството на македонските
СИНИ КОРЕТ, АВСТРИЈА - 2 x 2 = 4, ГЕНЕРАЦИИ, 2000, ИНСТАЛАЦИЈ А И ВИДЕО
МАРИЈА СТУКОФ, АВСТРАЛИЈА - ТРИ ТЕЛЕСНИ ЛИНИИ, 1999
ЗОРА СТАНЧИЌ, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - ПРЕГЛЕД, 2000, ОТПЕЧАТОЦИ НА ТАПЕТИ И НА ФОТОГРАФСКА ХАРТИЈА
ЛИСА ЏЕОНГ, АВСТРАЛИЈА - SOOK JING (ЉУБЕЗНО, ЛОЈАЛНО) 1996, ФОТОГРАФИЈА, ПАУС, ДЕЛОВИ ОД КЛАВИР - ДВАЕСЕТ И ШЕСТ МАЛИГНИ ПОРТИ, 1996, ОБЈЕКТ (СВИТКАНА JOSS ХАРТИЈА, ОЛОВО И ЈАЖИЊА) - CHUMING (ЧУВСТВИТЕЛНО) 1996, HELL БАНКНОТА, ОГЛЕДАЛО ДЕЛОВИ ОД КЛАВИР
44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
авторки кои докажаа дека ни најмалку не заостануваат зад своите колешки од Австралија, Германија, Австрија, Јужна Африка, Кина, Виетнам, Чиле... Со својата презентација тие ја отсликаа нашата традиција, но истовремено базирана врз модерни текови, потврдувајќи ја дарбата за експериментирање и иновација.
Женската уметност отвора нова страница во современото уметничко творештво. Интересот за ваквите инсталации секојдневно се потврдува со нови авторки кои творат и инвестираат во вакви и слични творечки дискурси и инсталции. Оваа изложба е уште една потврда за тоа.
СИЛВИЈА КРАНАВЕТФОГЛ И ТОМАС КУЦНИЕР, АВСТРИЈА- ГРАД, 2000, ИНСТАЛАЦИЈА
ЕВА БРУНЕР - САБО, АВСТРИЈА СЕМЕЕН АЛБУМ, 2001, ФОТОГРАФИИ
МАДЛЕН НЕВЕ, ЧИЛЕ- ЈАС ПОВТОРНО РОДЕНА (ДЕЛОВИ 1, 2, 3) ЌЕРКА НА МАЈКА
ЕЛИЗАБЕТА АВРАМОВСКА И ХРИСТИНА ИВАНОСКА, МАКЕДОНИЈА - АНТРОПОЛОШКО ЧИТАЊЕ НА БЛИСКОТО, 2003, DISPLAY
45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
Y V E Z D E N A
P O R T A
...SE JAVUVAM OD EDNA NEPOZNATA... Ги испраќам известувањата и постојано нагласувам: НЕПОЗНАТА ЗЕМЈА, НЕОБИЧНА ЗЕМЈА... верувам дека има потврда во настаните кои ги опишувам, сепак, кога ги ставам одредниците "непозната" и "необична" мислам на следното: НЕВЕРОЈАТНО Е КОЛКУ ОВАА ЗЕМЈА Е НЕПОЗНАТА З А НЕЈЗИНИТЕ ЖИТЕЛИ!?! ... Секојдневно сум изненаден: Ене во оној Завод за просторно планирање се сретнав со проминентна македонска архитектка која ги посетила сите градови надвор од Македонија и во својата 50 година сè уште не била во ниеден друг град во Македонија освен во престолнината??!!...Присуствував на собир на граѓани во еден извонредно сликовит град... пред присутните се исправи еден граѓанин и гордо призна дека тој е измислувачот на државното знаме... тој објасни дека е новинар по професија и дека по задача од највисоките врвови на управата прошетал низ македонските цркви и потоа му се родила таа идеја.... во себе помислив дека е необично една древна земја да измислува знаме по 10.000 години цивлизација... и уште помислив дека е необично управата да додели таква задача на новинар... ќе помислев и уште понатаму, но се јавија револтирани граѓани кои го оспорија знамето аргументирајќи го како знаме на БЈРМ и додавајќи дека знамето на Македонија е СОНЦЕ СО 16 ЗРАЦИ.... новинарот возвраќаше со објаснувањата дека тој лично бил задолжен од Претседателот на државата да утврди дека нема никаде по црквите исто 16 зрачно сонце и дека таа задача, всушност, и не била задача дадена од Претседателот, туку од еден поголем Претседател на Обединети нации кој предложил - Македонците нека си најдат некој симбол за Сонце и нека си го стават на знамето на новата БИВША ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.... и штом некој толку висок Претседател од Зaпад рекол така.... расправата не заврши со епилог и бргу се отвори нова тема за разговор... излегов да се прошетам низ градот... Веднаш на неколку чекори, пред мене се исправи железна порта со крупен рељеф на 16 зрачно Сонце изведен во лиено железо... прашав кога е градена куќата.... рекоа пред 100 години.... АЛО МАКЕДОНСКО СОНЦЕ... дали се слушаме.... ТАЛКАЧ бр. 3.... известување број 338..... .... Љубопитен сум околу потеклото и историјата на 16 зрачното Сонце... ме збунува што во оваа чудна земја постои знаме кое секаде се истакнува, иако е знаме на БЈРМ и постои знаме со токму 16 зрачно Сонце кое не смее да се истакнува, иако (со ова сите се согласуваат) тоа е знаме на Македонија?!.. Во Министерството за надворешни работи ми објаснија дека тоа е поради тоа што соседот од Југ смета дека тоа
е нивно знаме.... проверив: соседот од Југ навистина се лути во врска со знамето со 16 зрачното Сонце, но на моето прашање, зошто тогаш не го истакне како знаме на државата, ми одговорија дека тие имаат свое со мал крст и големи сино бели хоризонтални линии!!!?.... Кога Македонците ги прашав за знамето на нивниот јужен сосед, во доверба ми рекоа дека тоа знаме со малиот крст и пруги не е на нивниот јужен сосед, туку на БАВАРИЈА (расветлувам: Баварија е земја на далечниот Северо-запад од Македонија), но дека
POTEKLOTO NA MA
тие немаат намера да го отвораат тој проблем!!?? И сега?.... ... Сфаќам дека овој парадокс е вистински, уникатен и непознат за светската логика, но барем, мислам, дека е можно да се открие кога и кој прв во минатото го одбира за симбол.... во Институтот за историја стасав до едно име за кого сите тврдат дека е "Татко
на историјата".... се именува Херодот, иако некои ги изговараат како Иродот... кај него (појаснувам: Иродот е автор на историјата починат пред околу 2.500 години) прочитав интересна легенда (прецизирам: книгата од која дознав за легендата е превод и не знам дали воопшто суштествува оригиналот) за Сонцето со 16 зраци како симбол на Македонците...
PRIKAZNI OD MAKEDONIJA
Што да ви кажам за третиот најбогат, најмоќен и највиден селски сточарски големопоседник од крајот на 18 и почетокот на 19 век од Мијачијата. За главатарот ќеајата и лидер во секоја смисла на Тресонче - Сарџо Брадина. За него главно важи истото што веќе го кажавме и за Томо Томовски и Ѓурчин Кокале. Но, секој од нив бил голем на свој посебен специфичен начин. Еве го првиот куриозитет за него. Редок и невообичаен за тоа време во Македонија. Живеел 111 години. Активен во работата бил сè до неговата 95-та година.
46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
KEDONSKOTO SONCE
Прераскажувам: Три брата, македонски благородници, биле принудени да аргатуваат кај некој крал. Кога дошло време за наплата на трудот, кралот кој немал намера да плати ги пречекал во својата свечена одаја и им рекол: За вашиот труд ќе ви ја дадам земјата што во овој момент ја осветлува Сонцето кое се пробива низ
отворот на сводот! Браќата го погледнале кружниот облик со 16 зраци кој преку куполата го оцртувал зракот на пладневното Сонце на глинениот црвен под на одајата и го зачувале достоинството предизвикано од нечесноста на кралот. Најстариот на име Пердика извадил нож, се доближил до 16 зрачниот облик на сончевата порака
ТАЛКАЧ 101250
врз црвената глина и ја откопал земјата. Во одајата останала кружна длапка. Се исправил ја ставил земјата во торба, ја раширил наметката и го обиколил зракот на сонцето. При тоа сенката паднала врз лицето на кралот. Браќата заминале. Настанот се одиграл во присуство на врач кој, анализирајќи ги постапките на Пердика, предвидел лоши настани за кралот и препорачал да се отепаат Македонците. Војска тргнала во прогон. Браќата ја минале реката Бистрица, но кога дошла војската надошла матна и непреминлива.... Подоцна браќата создадоа моќно кралство Македонија заштитено со симболот на 16 зрачното Сонце.... .... Оваа легенда е запишана во 5 век пред богочовекот со Крстот, но кога се одиграл овој настан? Ако се појде по показот на името Пердика тогаш 16 зрачното Сонце е востановено 707 година пред Богочовекот... Но, во приказната привлекува вни-
SARXO BRADINA Во негово време
TРEСОНЧЕ или Старо Село имало повеќе од 300 домаќинства со преку 1500 жители. Стадото броело од над 80 илјади овци и и неколку илјади коњи. Самиот Сарџо Брадина имал 20 илјади овци и над 300 коњи - бинеци со што се изедначил со Ѓурчина кој му бил урнек за сè. За многубројната семејна заедница на Брадиновци карактеристично е и тоа што освен со непрекинатите
мание мотивот на водата која за едни дозволува премин, а за другите е непреминлива граница... овој мотив се среќава во една слична приказна поврзана со еден друг народ... староста на настанот со отворањето на морската вода и потоа потопување на прогонителот е запишана најмалку 160 години по Иродот во Александрија кога Птолемеј Лаг го канонизира Стариот Завет. Проценето е дека преминувањето цитирам "од Мисир во ветената земја" се одигрува околу 1.500 години пред богочовекот... Археологијата може да се сети на слични Сонца по карпите и пред 1.500 година на старата ера на територијата на оваа чудна, непозната, необична земја... АЛО МАКЕДОНСКО СОНЦЕ... дали се слушаме.... можеме ли да се разбереме.... Македонската земја не се сеќава за ниеден друг симбол освен за 16 зрачното Сонце... ало дали се препознаваме.... Снежана КЛИНЧАРОВА
битки со качачките банди тие биле често соочени и со робја по турските зандани. Од качаците и турските одметници ќе настрада син му Трене (25 години) внуците Смиле и Дамјан, машкиот пород од најблиските Арсение и Аврам. Тешко биле ранети и неговите снаи Аврамица и Смилевица која 19 години патела од живата рана што никако не зараснувала. Сарџо Брадина два пати бил рануван, а од втората во главата имал големи главоболки до крајот на својот долг живот. Како еден од начините да го заштити
47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
своето многубројно семејство изградил голема дотогаш невидена и добро утврдена куќа позната како "кулата" на Сарџо. Во неа имало тајна скривница со чешма за која не знаел никој. Огромни ѕидови околу куќата по кои на долги синџири за безбедноста се грижеле огромни кучиња шарпланинци. Широките чардаци биле секогаш добро осветлени со големи фенери донесени од Солун. Пенџерињата, пак, имале дебели дрвени капаци осигурени со "жапки". Собата на Сарџо е посебна приказна. Сите ѕидови биле
Y V E Z D E N A PRIKAZNI ZA GRADOT
P O R T A
СТАРИОТ СКОПСКИ
Стариот Скопски народен театар е една од легендите на градот која сè уште трае. Скопје ја имаше среќата во своето културно живеење да има таков театар каков што имаа големите светски градови: и како архитектура и како уметнички квалитет и традиција. Долги години Стариот театар беше препознатливост: во него се одржуваа драмски претстави, претстави за деца, опера, балет. Но, тој беше и нешто повеќе од тоа: монденско место каде што се собираше кремот на градот, на балови, новогодишни пречеци, прослави. Сепак, тоа не ја отсликува целосно неговата функција и значење.
Т
реба да се каже дека во периодот помеѓу двете светски војни тој извршил и непроценлива национална функција: за прв пат во него се играат домашни, македонски автори, со македонски пиеси и на македонски јазик. Отворањето на театарот и свеченостите траеле полни три дена: на 26, 27 и 28 октомври 1927 година. Интересни се
некои од содржините при давањето на објектот во употреба. На 26-ти наутро зградата ја осветил Скопскиот митрополит Варнава. Во попладневните часови, во Домот на просветата била отворена голема сликарска изложба, а потоа е одржана и свечена седница на познатото Скопско научно друштво. Вечерта, одржана е првата претстава, премиерата во ново-
изградениот театар. Тоа била претставата "Наход" од Бранислав Ѓ. Нушиќ во два чина, во режија на Александар Верешчагин. Истата вечер одиграна е уште една претстава под наслов "Старо Скопје", во која биле прикажани "слики од скопскиот живот". На 27 и 28 прикажани се уште две претстави, исто така во режија на Верешчагин: Молиеровиот
"Господин од Пурсоњак", и "Пламен" од Анри Кистмекер. Но, Скопскиот народен театар исклучителна културна и општествена улога ќе одигра и по Втората светска војна, бидејќи ќе стане своевиден уметнички и духовен центар. Театарот е отворен со претставата "Платон Кречет" на трети април 1945 година во дваесет часот. Радост, возбуда и гордост биле присутни кај граѓан-
пред галичкото), залагајќи се сите селани, вклучително и жените, да се описменат за нивна општа среќа и
просперитет. Им давал пари на посиромашните што не морало да му бидат вратени, ама во Тресонче не
PRIKAZNI OD MAKEDONIJA украсени со зографски и копаничарски творби, а еден посебен ѕид бил целосно покриен со речиси сите постоечки видови оружје од тоа време: "патлаци", "патрондаци" и пушки, а најистакнатото место стоело познатото "Серџово топче" секогаш подготвено да се употреби. Тогаш опасностите демнеле од сите страни и затоа големите луѓе како него и повеќето мијаци морале да имаат повеќе вистински квалитети за да успеат. А тие биле вистински мажишта: умни, писмени, вредни, моќни, силни, ду-
ховни, етични, патриоти. Туѓото не го сакале, ама своето не го давале. Затоа со свои средства ќе го отвори првото училиште во Мијачијата. (1852, 15 години
48 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
Danilo KOCEVSKI
ТЕАТАР
ите тој ден низ целиот град. Хроничарот на весникот "Нова Македонија" по тој повод запишал: "Денеска на 3. о.м. Народниот театар отвора прв сезон со советската пиеса "Платон Кречет" од Ал. Кор нејчук... По напорна и усилена работа исполнета со голема љубов кон искуството и сцената, ние ќе ги видиме нашите артисти во пиесата "Платон Кречет". Ѕидовите,
тарабите и бандерите на Скопје биле облепени со бели плакати на кои пишувало: "Се објавуе радосната вест, денес се оствари народниот, нашиот театар". По премиерата, биле запишани следните зборови: "Со нетрпение очекуевме да почне претставата, треперевме од возбуда заедно со учесниците. Секој збор, движенје, беше триумф на осло-
смеело да има куќа без 40 овци и еден коњ. Успешно се справувал и со своите и со Турците и со качаците. Најмногу настрадал во борбата против грчкото фанариотство и нивната намера да го прошират грчкото влијание. Не попуштал и не дозволил во ниедна мијачка, а особено во црквата "Св. апостоли Петар и Павле" во Тресонче чиј ктитор бил тој, да се врши богослужба на друг јазик. Го претпочитал старословенскиот со македонски мијачки говор како што самиот велел. Заради ова спротивставување це-
ли десет години ќе скапува во призренскиот затвор. Сиот коска и кожа на 85 годишна возраст без половината богатство дадено за разноразни рушвети ќе се врати во Тресонче. Набрзо започнал нова офанзива и со своите вредни синови и внуци го повратил и зголемил богатството велејќи "повеќе да се работи и заработи за да се платат таквите трошоци, но сепак да се заработи". Натаму сè е класика, качачките зулуми кои продолжуваат и траат во континуитет и натаму, богами сè до денеска.
бодените творечки сили со кои триумфиравме и ние". Еве некои поинтересни податоци сврзани со претставата. Режисер бил - Димитар Ќостаров, ја толкувал и улогата на Павел Семјонов Берест. Насловната улога ја толкувал Илија Милчин, а настапувале и Милена Година, Крум Стојанов, Благој Црвенков, Вера Вучкова, Тодор Николовски, Петре Прличко, Тодорка Кондова, Трајко Чоревски и други. Преводот на текстот бил на Блаже Конески. Во театарот најпрво започнала да работи Драмата, потоа Операта од деветти мај 1947 и Балетот од 27 јануари 1949 година. Денес тешко ќе сретнете некој од постарите скопјани кој со носталгија не се сеќава на ова славно време на театарот. Неговата прекрасна надворешност како и внатрешниот раскошен изглед со галериите и ложите, со црвениот сомот се незаборавни. Пред земјотресот, како ученици нè водеа на претстави на театарот, а тоа беше исклучително доживување: "Чорбаџи Теодос" од Иљоски, претстави од Лорка, "Парадоксот на Диоген" од Томе Арсовски, првите опери, првите балетски претстави.
49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
Но, Стариот скопски театар имаше уште една специфика, бидејќи тој се наоѓаше во самото срце на градот. И местото каде што тој се наоѓаше и објектите околу него беа и останаа своевидни легенди: Еврејското Маало, Дрвеното или Театарско (Еврејското мовче), синагогата, околу него беа некои од најубавите семејни куќи во градот, тука беше и близината на реката Вардар, пасажот Ароести, поштата, Женската гимназија, Калето... Денес постои идеа да се обнови Стариот скопски театар кој настрада во земјотресот од 1963 година. Ако се има предвид дека во многу европски и светски градови обновени се многу вакви или слични објекти, дури и цели квартови и улици, чудно е како градот Скопје реализацијата на оваа идеја со години не може да ја помрдне од мртвата точка. Но, со оглед дека сè уште постои голема љубов кон оваа незаборавна легенда на градот, идејата за обнова не ќе може така лесно да се предаде на заборавот. Легендата сè уште живее, но со обновата, таа легенда ќе продолжи да живее и низ сеќавањата на другите генерации.
FORUM Тихомир Стојановски
ATEROT, ATAROT NA
Петнаесетгодишната слава на театарските драмувања на возобновениот "Скрб и утеха". Додека Орфеј го поздравуваше јасното сонце, додека на Орфеево на Родопите милуваше песната, додека во Голо Брдо татнеа тапаните, во Гора, Преспа со песни... се поздравуваше јасното Аполоново сонце, питос, барде со древномакедонско вино понесе широкострујниот Вардар, речниот Бог Аксиј, како што реката ја нарекува Хомер. Барде со вино фрлија студентите на ФДУ во реката, поздрав до Егејот син, дар за Нереј, Посејдон, до Боговите на Олимп. Дионисов дар за слава и вечност и непобедивоста на театарот. Дар за Пиерија и Пиер со македонските Музи. Така сторија студентите од ФДУ по прославата. "Носи го македонскиот дар дур до Олимп, ој Вардаре!".
Даниел Мелвил
И песните на идните актери светители, студентите од Факултетот за драмски уметности. Тие кои го сторија атерот на театарот пуштија питос, барде со вино по Вардарот на изгрејсонце. Прославата започна со беседа. Со каденица од темјан. Со молепствија зад сцената. Актерите се готвеа за настап. Имаше повод 15 години од возобновувањето на театарот "Скрб и утеха". Од 1988 до 2003-тата. Да не заборавиме првиот Војанов (Војдан Чернодрински) "Скрб и утеха" започна далечната 1895-та во салонот "Славјанска беседа" во Софија кај
многубројната македонска емиграција. Тогаш нашава земја, не само "републикава", сета беше под Османлиската империја, но сепак постоеше македонски театар. Доказ дека театарот е постар и посилен од државата?! Можеби. Беседа рече Гоце Ристовски. Како што му доликува на театарски зналец. Потоа се качи еден човек од публиката. - "Знаете ли каде се таи македонската историја?" - ја опита публиката. Режисерот го замоли да ја напушти сцената и да си остане гледач. Потоа засвиреа музикантите. "Роса ми зароси мамо..." - започна претставата "Леб и игри" на театарот "Скрб и утеха". Низ сцената како ликови минаа Контастантин Порфирогенет, Вилијам Шекспир, Аристотел, Гоце Делчев, Портпаролката, Нестор Оги-
нар, донесоа и од лебот и од игрите, токму како што ни се случува и нам. Истата актерска тајфа пред неполн месец играше на древното македонско светилиште Орфеево кај Помаците, Македонци со исламска вероисповед на Родопите, во Р. Бугарија. Во пиринската земја, во родопската... песната на митскиот македонски цар Орфеј со лирата, родопските свети пеења, ора, зурли и тапани содржани во светиот сценски збор. Зататни. И Војдан Чернодрински основачот на современиот македонски театар заборавениот софиски библиотекар, ете го дојде разделен како и сите нас во некакви рамки на светските безбожници. Разделен, но свето присутен со нас кога тргнаа Деноносиите за 15 години возбновен "Скрб и утеха". Тогаш му
ZA MAKEDONIJA DOL@NOSTI
Се чита во документи и се дознава од медиумите дека постојат императивни услови што Македонија треба да ги исполни за да влезе во ЕУ или во НАТО. Би се рекло дека некои од тие услови се востановени ад хок, "по мера" за Република Македонија, оти тие не им беа поставени на извесни држави што одамна се веќе нивни членови. Па сами од себе се наметнуваат прашања од... ... следнава категорија: Дали има држави и народи кои се подеднакви од други? Има ли држави кои се галени деца на она што се вика Запад, и други кои се сираци на кои ништо не им се проштава? Дали на Македонија и` се резервирани само должности, а на ЕУ и НАТО само права? Историјата онаква каква што се претставува пред јавноста во светот и во државите не е сосема онаква каква што таа е всушност. За да се дознаат некои моменти од историјата, би требало да се отворат двојно или тројно заклучени архиви и, меѓу нив, на прво место оние од
разузнавачките служби. Во таа смисла секако се многу богати со информации оние од САД, или на пример од Франција. Последнава цитирана, го држи по САД второто место на светов по развиеноста на својата дипломатска мрежа низ планетата Земја. Кога тајните архиви би станале достапни за јавноста, дел, и тоа не мал, од историјата на народите, на државите, ќе се покаже со сосема друга физиономија, бидејќи во тие архиви љубоморно се криени некои вистини сосема различни од она што јавно се сервира на публиката, на учениците, на
студентите. Ова важи и за вистинската постара и понова историја на Македонија, на македонскиот народ, за кои тајни официјални кујни, ширеле и шират флагрантни невистини што, во крајна анализа не се профитабилни ниту за Македонија, ниту за Балканот, па и пошироко. На светов индивидуално и колективно ништо солидно, здраво, трајно не се прави на слаби темели, т.е. на лаги во важни домови. Оваа констатација е аксиома видлива и без микроскопи, ултрамикроскопи или електронски микроскопи. Обичниот секојдневен здрав разум укажа на неа и сигурно пропаста на држави, империи, народи во историјата е за неа јасна илустрација. Што значи ова? Ова значи дека силите кои решаваат за судбината, за сегашноста и за иднината на Македонија, барем во границите на нивната надлежност, оти и македонскиот народ има битен
50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
збор за својата судбина, ако "ѕирнат" во некои тајни архиви, доколку тоа од едни или други причини одговорните не го прават пред да решаваат важни прашања, бездруго ќе дознаат за геноцидот што беше извршен врз Македонија со Букурешкиот договор од десетти август 1913 година. Ќе се потсетат на тоа дека со тој договор, зад којшто стоеја некои големи на времето, па и сега, сили, Македонија - една од најбогатите провинции на Турската империја, беше осудена на "нож и питачки стап". Во функција на ова, ако го продолжиме нашето резонирање, станува очигледно дека спомнатите големи сили имаат морална должност да и` помогнат на Македонија, да ја примат брзо во ЕУ и НАТО за, како што се вели, да го спасат она што може да се спаси во однос на македонскиот народ. Ова е вака доколку навистина постои демократија, волја
TEATAROT заигра повторно македонското театарско срце. По претставата ракоплескања, честитки, солзи. Една жена се расплака. Ја погоди зададената состојба на мајката сцена. Една дума кажана од актерите. Да, таков е светиот театар, те воскреснува, те расплакува и те лекува. Те тера да живееш со посветеноста. Оваа актерска тајфа била на многу македонски театарски заборавени точки. Голобрдо и Преспа кај Македонците во Р. Албанија. Пирин и Родопите кај Македонците во Р. Бугарија. Во Егејско во Солун со филмот "Бакни го сонцето", кој содржи делови од претставите "Ние" и "Зајдисонце". Дел од тие луѓе за прв пат гледаа воопшто театар, и тоа на македонски, да не заборавиме Македонија е земјата каде се има родено европскиот театар. (Дион све-
тиот град на Македонците под Олимп). Има доволно да се зборува за "Скрб и утеха" првиот, вториот, оној кој продолжува понатаму на таа сцена. По претставата ракоплескања и солзи. Потоа засвире музиката. Орото како претходница на стапките, на зборувањето во стихови. Леб и древно-македонско вино. Дарувано вино од Дионисовите зреења и лозја. Зататни музиката со Музите ќерките на Македонецот Пиер, кој го востановил нивниот култ. Бореј брзокирлиот Хомеров ветер понесе абер до Дион до храмот на Тиха која дава да стихувате и да тихувате со светоста и посветеноста. Таму под Олимп. Орфеј свиреше на Орфеево на Родопоте кај Помаците, Кочан и Плетена кај Македонците со родопските песни. Играше и светото
Преспанско Езеро. Клокотеше како зовриено вино, Пустец, Леска, Туминец и другите. Голобрдо со жуборот на студената вода и силата на тапаните, Требиште и Мало Острени. Пиринскиот свет дух на царот Јане и мајка светата Ванѓа. Кремен, Лески, Сандански, Хаџи-Димово, Копривљан, Мосомиште и другите. Егејско до Забрдени, Офчарани, Врбјани... каде по стапките на големиот македонски театарски Апостол Војдан Поп Георгиев Чернодрински бил и понатаму ќе драмува овој македонски театар. Оти нели е време да се урне македонскиот културен ѕид. Време е да се престане со забрана и потиснување на културата. Таа нашата. Македонска. Нели иде времето за европското заедништво и беше урнат берлинскиот ѕид? Песната за слава на теа-
TE, ZA EU I NATO PRAVATA? за "нов поредок на светов", доколку освен студените и понекогаш безмислосни ситни и јадри сметки на државите, има и едно елементарно чувство за правда. Во спротивен случај, сите тие убави зборови се "златни лакрдии", празни фрази. Барем логиката така нè учи. Во секој човек, макар и против неговата свесна волја, постои во поголема или во помала доза чувство за правда, за справедливост, па тоа може по аналогија да се пренесе и на државите. Без тој објективен аршин или тег, без ред и правда, државите и светов стануваат хаос, самоубиствена џунгла. За жал, само неколку отсто од искуствата, од знаењата, изгледа се преносливи, а остатокот лицето или групата не го примаат, туку им е потребно самите да го искусат, па така да го научат, да станат “паталци, а не гаталци”. Ова е една од најголемите трагедии на луѓето, за што
зборуваат личните и општи драми што потврдуваат дека досега реченото не е празно филозофирање, туку објективна реалност. Синтетизирана до концизност темата на написов се резимира во следново прашање: Дали некој бара од Македонија да ги прими на себе само должностите, а другите, во случајов ЕУ, НАТО, да ги задржат само правата? Одговорот на прашањево го оставаме отворено, секој самиот може да го даде "колку што умот му сечи". Сепак, не е излишно да спомнеме дека по статутите, експлицитни или имплицитни, за секое членство постојат права и должности па, да се прашаме, кои се правата на Република Македонија затворена како во шише од сите страни? Онака попатно, враќајќи се на недостаточната пренесливост на искуството, на знаењето, па и на неизвлекувањето наравоучение од сопствените
искуства, да се потсетиме на пропаста на Југославија, на бомбардирањата на Србија од НАТО што ја вратија, по некои проценки, педесет години назад, и ќе видиме дека ваквите тврдења не се без основа. Зар грубото мешање на Српската православна црква во внатрешните прашања на суверената Македонска православна црква не се доказ дека СПЦ не научила ништо од подалечното и поблиското минато? Под оваа светлина, ако погледнеме на прашањето "За Македонија должностите, за ЕУ и НАТО правата?", можно е да се појави хипотеза за тоа дали и други, во случајов поголемите сили, немаат тешкотии да ја предвидат иднината врз база на минатите искуства?
тарот и 15-те години од возобновувањето долго одекнуваше низ темнината. Се допираше со Орфеевата и Аполоновата лира, со чествувањата во Дион под Олимп, со голобрдските и преспанските тапани, со бапчорските беломорски пеани. Една жена се расплака додека актерите играа на сцената. Тоа значи дека беше дојден и Аристотел. "Трагедијата ги прочистува срцата на гледачите...". Така запишал македонскиот филозоф. Највесели беа студентите од ФДУ кои се радуваа на светата Деноносија. Така се празнува, се слави, се чествува атерот за театарот. Духовна љубов и потреба од Божјото. Вдахновеното. Да не заборавиме, "Скрб и утеха" постоеше како македонски театар кога ја немаше државата. Тоа значи дека театарот е постар од неа. И ќе мора да го почитува како што доликува. На изгрејсонце студентите од ФДУ испратија театарски дар по реката. Барде со древномакедонско вино понесе таа кон Солунско и Олимп. Посејдоне пренеси ги поздравите од светата театарска слава до Зеус и другите Богови. Треба да си богат по дух за да можеш да се почитуваш и да чествуваш. Посебно во театарот. Долг е тоа кон македонската слава. Да не заборавиме "Скрб и утеха" беше од 1895-та. Тогаш нашава земја беше под Османлиите, но целата. Тече речниот Бог. Носи барде со вино во белото Посејдоновото море. Тогаш Орфеј ја качуваше планината да му се поклони на јасното сонце Светиот Илија. Тогаш бевме горди дека имаме со што да се натпреваруваме пред сиот тој свет во европското заедништво. Не со државава, туку со ТЕАТАРОТ.
Рубриката ФОРУМ ја отсликува нашата отвореност кон јавноста. Овде објавуваме и текстови кои не се во согласност со нашата уредувачка политика.
51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
СОНЦЕ НА ВИСТИНАТА
ISTORIJA
` MOKNO Пишува: Анита ДИМОВА
В
Јадрото на македонската држава го сочинувала територијата на бившата склавинија "Берзитија", која истовремено била и средиште на богомилското движење, што потврдува дека македонските богомили зеле масовно учество во востанието на комитопулите. Тоа се потврдува и од прогласувањето на градот Преспа кој се наоѓал на островот Ахил во Мала Преспа, за прва престолнина на македонската држава. Во Преспа биле изградени раскошен дворец и величенствен храм. Македонската држава била управувана од четворицата браќа комитопули, што значи постоело четиривластие (тетрархија). Со убиството на Арон, Самуил станал владетел на земјите кои порано биле владеани од неговите браќа.
тората половина од десеттиот век претставувал период на пресвртница за историјата на македонскиот народ, бидејќи сплетот на околностите й овозможиле на македонската држава да се претвори во моќно царство на Балканот. Завојувањето на Македонија од страна на Бугарите кое започнало со подарокот што византискиот цар Михаило III му го дал на кнез Борис, отстапувајќи му ги земјите околу реката Вардар, па на запад преку Охридското Езеро сè до јужна Албанија, под услов тој да го прими христијанството од Цариградската црква, било прекинато со востанието од 969 година што го дигнале браќата: Давид, Мојсеј, Арон и Самуил - синови на кнез Никола.
ТЕТРАРХИЈА На востанието му претходело Богомилството како отпор против бугарското владеење, кое значително го помогнало создавањето на големата македонска држава, чии граници во почетокот се протегале на север до Софија, а на југ близу до Епир и Тесалија. По отстранувањето на бугарската власт уште во истата 969 година на ослободената територија била создадена новата македонска или Самуилова држава, наречена по основоположникот на македонската царска ди52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА САМУИЛОВА ДРЖАВА - 1035 ГОДИНИ (1)
BALKANSKO CARSTVO настија. Границите на државата можеле да бидат поголеми уште во првата етапа, ако византискиот цар Никифор 2 Фока не побрзал да ги испрати во Бугарија заточените синови на умрениот бугарски цар Петар - Борис и Роман, да го запрат натамошното напредување на востаниците. Бугарскиот цар Борис 2, кој во Бугарија пристигнал пролетта 969 година, заедно со својот брат Роман, веднаш застанале на чело на бугарската војска. Но, востанието зело толкав замав што Борис 2, иако успеал да го запре натамошното напредување, сепак не бил во состојба да ги врати освоените територии. Синовите на кнезот Никола ја отцепиле Македонија од составот на бугарската држава и не сакале да слушнат за каква и да е покорност кон неа. Ослободувајќи ја својата земја, тие се прогласиле за независни владетели над Македонците кои ја сочинувале основната маса на востанието и претставувале столб на новата држава. Оваа територија, всушност била и средиште на Богомилството, а се потврдува од прогласувањето на градот Преспа, кој се наоѓал на островот Ахил во Мала Преспа за прва претстолнина на македонската држава. Во Преспа биле изградени раскошен дворец и величенствен храм. Македонската држава била управувана од четворицата браќа-комитопули, што значи дека постоело четиривластие, односно тетрархија, заедничко владеење под старешинство на најстариот брат Давид. Дали за ова време бил жив и стариот кнез Никола не е познато, како што не се знае каква била
неговата улога за време на востанието. На истекот од 969 година бил убиен Никифор 2 Фока од неговиот војнички другар Јован Цимискиј, кој станал нов византиски император. Неговото владеење до 976 година и донело на Византија големи успеси. Во 971 година ги протерал Русите од Балканот и го ликвидирал Првото бугарско царство. Со заробениот бугарски цар Борис II и брат му Роман, императорот Јован Цимискиј триумфално влегол во Цариград и пред собраниот народ му ги симнал царските знаци на Борис: златната круна, тијардата и црвените чизми. Истовремено, како подарок на Цариградската црква й ја доставил бугарската царска круна. На тој начин, Бугарија била претворена во обична византиска провинција. Иако не била нападната од војските на Јован Цимискиј, и македонската држава била принудена да ја признае врховната власт на Византија и продолжила да опстојува до 976 година како зависна држава. Нема многу податоци за тоа како се однесувале четворицата комитопули кон својот врховен господар Јован Цимискиј.
НЕЗАВИСНОСТ Откако умрел императорот Јован Цимискиј во 976 година, Давид, Мојсеј, Арон и Самуил повторно кренале востание за отстранување на византиската врховна власт. И овојпат востанието било успешно изведено и македонската држава одново се здобила со целосна независност. Истата година и Бугарите се кренале на востание за отстранување на
византиската власт во Бугарија, а по остварувањето на оваа цел и тие власта им ја предале на браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. Комитопулите продолжиле да ја управуваат државата, а градот Преспа и натаму останал престолнина. Меѓутоа, по седум години вакво владеење настанале значителни промени. Најстариот брат Давид, во 976 бил убиен од некои Власи на просторот меѓу Костур и Преспа, на местото наречено "Убави дабови". Слична судбина доживеал и Мојсеј, кој при опсадата на Серез, што ја презеле неговите војски, бил убиен со камен, исфрлен од градските ѕидишта. Според некои извори, тој бил убиен од дуксот (командантот) на споменатиот град, во моментот кога Мојсеј, заедно со коњот паднал во битката. Така, во летото 976 година останале само двајца од четворицата браќа: Арон и Самуил, како диархи врз кои паднал товарот за продолжување на војната против Византија, а требало и да се определат за тоа во кој правец ќе се движи новата и поефикасна офанзива. Сепак, старата братска дружба била разнебитена. Властољубивиот Арон, наговорен од Византијците, побарал како постар сам да ја владее целата земја, а Самуил стоел на принципите на колективно братско владеење. Арон не сакал да се согласи со ова правило. Напротив, тој стапил во договор со Византијците и заедно со нив ковал заговор против брата си Самуила. Самуил, наоѓајќи се во тешка ситуација, тргнал кон дворецот на брата си Арон и на местото Разметеница, близу до Средец (Софија) го
53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
убил Арона и целото негово семејство. Од Ароновиот род останал само Јован Владислав, кој се спасил благодарение на помошта и заштитата што му ја укажал Самуиловиот син, Гаврил Радомир. Според некои автори тоа се случило на 14 јуни, а според други на 14 јули 976 година. За неполни шест месеци била ликвидирана тетрархијата на македонската држава. Со убиството на Арон, Самуил станал владетел на земјите кои порано биле владеани од неговите браќа. Иако бил самостоен владетел и тоа на една релативно голема територија за тоа време, во почетокот Самуил сепак немал некоја голема владетелска титула сè до крунисувањето за цар кон крајот на 10 век. Дотогаш хроничарите го нарекуваат комитопул (кнез), титула што ја наследил од неговиот татко, кнезот Никола. Но, неговата првостепена задача не била титулата, туку обединувањето на словенските племиња кои под византиско ропство сепак се чувствувале како целина. Нему всушност му требало ослободување на овие племиња, бидејќи само тие можеле да станат јадро на неговата сила, врз кои тој не само што ќе се потпре, туку со нив ќе ги издржи и сите напади на Византијците. (При израбоката на ексо ги корисевме Средновековна Македонија – 1 ом од д-р Сјеан Анолјак, Самуиловоо царсво од м-р Драган Ташковски и Исоријаа на македонскио народ - 1 ом под редакорсво на д-р Бранко Панов) (Продолжува)
HRISTIJANSKI IZVOR Отец Давид
BLAGOBITIE
Z
а точно да разбереме што претставува - да се роди Новиот Човек во нас, бездруго претходно ќе треба да станеме свесни за наследството на огревовената природа којашто ја носиме од стариот Адам. Тоа, пак, значи, дека по падот човекот стана подложен на две смрти: на телото и на душата. Бидејќи, како што телото умира кога душата ќе се оддели од него, така и душата умира штом Светиот Дух ќе се оддели од неа (свети Симеон Нов Богослов, Слово 1). Фактот дека историјата е полна со такви луѓе коишто само носат име дека се живи, а мртви се (Откр. 3. 1), укажува токму на тоа - дека човекот онаков каков што бил создаден од Бога, повеќе не постоел. А, нужно е, и неопходно да биде таков. Да се најде себеси во онаа состојба на благобитие во којашто се наоѓаше првиот човек Адам пред да се ничкоса, пред да падне. Фактот дека и во нашето секојдневно опкружување честопати среќаваме безблагодатни души, но и дека, не ретко, се соочуваме со сопственото мртвило, дополнително треба да го алармира нашето вонмем, нашето внимание и пристап кон православната философија на живеење, наспроти скотското исчекување да се умре. Еве Го Човекот! Еве ја шансата којашто не смееме да ја пропуштиме! Друг таков Човек немало, нема и ќе нема! Со падот Адамов човештвото ја изгуби божествената состојба на (пре)бивање. Но, затоа, истакнува светоотечката наука, Бог стана човек та преку своето вочовечување повторно да ја доведе човечката природа во благобитие. Еве го Христос! Еве го Новиот Адам! Но, како сега, ние да ја искористиме шансата за да ја вратиме благодатта на Светиот Дух во душата на нашиот народ? Оти " браќа, ние не сме деца на робинката (Агара), туку на слободната (Сара)" (Гал. 4. 31), та оттука, никој од нас не живее во Црквата да би бил нечиј роб и наемник, бидејќи, и премудриот Бог создал не
господар и слуга, но татко и син. Оние, пак, коишто се навикнале да стопанисуваат и робуваат во лагата и незнаењето не бараат избавување. - "Како тогаш, кога оној што се роди по плот, го гонеше родениот по дух, така е и сега" (Гал. 4. 29). Вистинскиот Христос, свесно или не, се пакува во амбалажата на полувистината и полузнаењето. За оние - коишто никогаш не ќе можат да се навикнат на сервилност, од денес - дополнителен предизвик треба да биде: Вистината и Знаењето, т. е. Христос Којшто ако ослободи некого, овој навистина станува слободен: милостив, кроток, благодушен, сострадален, човекољубив - со еден збор станува таков што му приличи на достоинството на човекот. А, оние коишто не се такви? Тие се: или бесловесни животни, или демони, макар по надворешност да се православни христијани (свети Симеон Нов Богослов, Слово 24). - "Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлината на знаењето..." (од Тропарот што се пее на Рождеството Христово). Да се влезе во светлината на тоа знаење, да се заедничари со божествената несоздадена енергија, да се пребива во преданието на православното мистично богословие не е ексклузивно право само на поединци, но е призив пред којшто понесува одговорност секој што се именува со христијанин, и на којшто врв во духовниот живот не му се свеќите и полната трпеза на славата. Оти, при примитивниот начин на задоволување на своите религиозни потреби мнозина сметаат дека доволно е за време на богослужбата да се запали свеќа (при тоа несвесно и несовесно правејќи метеж, дури и театар во храмот, со таа разлика што во театарот, ако некој за време на претставата прави неред, бива културно истеран). А, која е всушност тајната на свеќата? Нејзината светлина треба да ја претставува и одразува 54 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
духовната светлина на човековата душа во којашто нема останато ниту едно неосветлено катче, духовната светлина на добродетелите запалени од божествениот оган на благодатта којашто го култивира човекот во духовна аристократија наспроти неартикулираниот нов примитивизам. Потем, оној којшто е свесен дека е создаден од ништо, дека гол влегол во овој свет и таков ќе излезе, во животот нема да празнува според востановениот кај нас начин на празнување - неразумно и без полза? Зар количествата храна и пиење се единствениот "достоинствен" начин да се помине низ циклусот празници?! Еве што пишува големиот претставник на коливарското движење во Македонија, преподобниот наш отец, иеромонахот Јоаким Крчовски: - "Первии христиани така чиниле, како рекл Христос. А сега се собираат јадат и пиат. Некој да ги пита што е това, а они зборат: 'Чиниме за душа'. Ох, слепи! Това е чуждо на свјатаја црков. За них требуе свјатаја литургиа, а не јадење и пиење". На ова, можеби некој ќе одговори дека денес кај нас, кај нашиот народ, веќе постои литургиска култура. Но, ако во мислата на Хавел го замениме зборот комунизам ќе добиеме: нелитургискиот начин на живот е мртов, само што никој не го виде мртовецот. Значи, шансата ја остваруваме во Литургијата. Сега, како да учествуваме во неа? Вистински христијанин е оној којшто по крштението се исповеда, сподобувајќи се таинствено да ја прими сокриената Божја благодат, и да сознае духом дека ја примил (свети Симеон Нов Богослов, Слово 14). Печатот на таа заедница, на Литургијата видливо го добива во причестувањето со Телото и Крвта Христови. Созерцувајќи Го Бога, дејствително учествува во тоа што го празнува. Срцето стегнато како на уплашено животинче се преобразува, здобивајќи извесна слобода пред Бога. "Бидејќи вие сте синови, Бог Го испрати
Отец Максим
ZA VISTINSKATA UBAVINA
Духот на Својот Син во срцата ваши, кој вика: Ава, Оче"! (Гал. 4. 6). Така, Христос вистински нека се роди најнапред таму каде што е најпотребно - токму во нашите срца. Новиот човек личносно ќе стекне жив опит како е да се бива пред падот. Во благобитие. Сè друго би било здодевно повторување на формата:
Христос се роди.
P
оентата до која сакам да дојдам во првиот дел од овој текст, најочигледно е присутна во модната индустрија и тоа во следнава помодна појава: има луѓе кои (дури и!) самите себеси гордо се нарекуваат жртви на модата и безрезервно (колку побрзо и похрабро, тоа подобро) го прифаќаат трендот во облекувањето (и сите попатни феномени на денес
QUBOMUDRIE Da zboruvam na site ~ove~ki jazici, pa duri i na angelski, {tom qubov nemam, }e bidam bakar {to yvoni, ili kimval {to yve~i. Da imam proro~ki dar i da gi znam site tajni, da gi imam site znaewa za site raboti, a i taka silna vera, {to i planini da premestuvam, - ako qubov nemam, ni{to ne sum. I da go razdadam celiot svoj imot, da pozvolam teloto da mi izgori - {tom qubov nemam, ni{to ne mi koristi. Qubovta e dolgotrpeliva, polna so dobrina, qubovta ne zaviduva, qubovta ne se prevoznesuva, ne se gordee, ne pravi {to e nepristojno, ne bara svoe, ne se srdi, ne misli zlo, na nepravda ne se raduva, a na vistina se` raduva, se izvinuva, vo se` veruva, na se` se nadeva, se` pretrpuva. Qubovta nikoga{ ne prestanuva, a drugoto, ako se proro{tva, }e prestanat; ako se jazici - }e zamolknat; ako se znaewa - }e is~eznat. Oti po ne{to znaeme i po ne{to prorokuvame; a koga }e dojde sovr{enoto, toga{ }e is~ezne delumnoto. Koga bev dete, zboruvav kako dete, kako dete mislev, kako dete razmisluvav; a koga stanav ma`, go ostaviv detinskoto. Sega gledam nejasno kako vo ogledalo, a toga{ - lice vo lice; sega znam ne{to, a toga{ }e znam kako {to sum poznat. A sega ostanuvaat ovie tri raboti: verata, nade`ta i qubovta; najgolema me|u niv e qubovta.
55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
многу широкиот поим мода) што им го сугерираат модните дизајнери и притоа дозволуваат од успешноста на оваа нивна (во ова време и во оваа држава многу амбициозна) намера да им зависи чувството на самореализираност како личности. Површно гледано би требало да бидам згрозен од оваа појава (особено од обичајот на некои балкански модни критичари, врз база на новите колекции на креаторите да прогласуваат боја на сезоната, што во држави како Македонија се сфаќа отприлика вака: - "Носи сè што е (на пример) црвено и автоматски си модерен", што е ужасно понижувачки за разумното човечко суштество). Но, во овој случај не сум критички настроен, зашто мислам дека луѓето кои немаат идеја за својот имиџ, со извесна адаптација, добро е да се користат со компетенцијата на модните авторитети. Истата појава ја среќаваме насекаде во ликовната уметност. Отсекогаш најнадарените визуелизатори (сликари, на пример) ни ги откривале новите аспекти на визуелната стварност; ни откривале дека ликовно-естетско доживување нуди и нешто што ние никогаш не би го препознале како такво. Безбројни се примерите во кои големите мајстори на фотографската уметност избираат (според нас банален) мотив, чија убавина ќе ја воочиме дури откако ќе го видиме на фотографија сега естетски доволно убедлива (за да ни ги разбие предрасудите) заради авторитетот на уметникот што ја снимил. Тој (објективно заснован) авторитет на добриот уметник, се потпира на дарот од Бога поаналитички да ја посматра визуелната стварност од нас, во што всушност е и тајната на верното пренесување на изгледот на некој предмет врз медиумот на кој работи; а тоа конкретно му успева, зашто (за разлика од нас) ги фаќа и најмалите промени во линиите кои го прават визуелниот идентитет на предметот кој го изобразува. Од овие причини сметаме дека не
HRISTIJANSKI IZVOR
е срамно, туку напротив доблесно, за човек во чиј живот ликовната уметност не е предмет на особен и континуиран интерес, да признае дека е фатен во расчекор додека присуствува на некаква инсталација (а тој во историјата на уметноста е уште кај Ван Гог) и затоа без фрустрации да се послужи со резултатите на професионалците во областа на теоретската ликовна мисла кои токму затоа постојат; а неретко тие и на самиот уметник му го откриваат концептот кој стои зад најновиот негов творечки потфат кој пред тоа само на интуитивен начин се провлекувал низ потезите на уметникот. И ако се согласите со оваа констатација дека ни е потребно образување на вкусот (природниот, па макар и добро генетски детерминиран вкус, е само особено податлив за воспитување) кога станува збор за уметноста од која сите имаме стекнато какво-такво познавање низ нашиот слабо дарежлив образовен процес, тогаш ќе се согласите и дека многу повеќе ни е потребно средување на вкусот или подобро речено дури и на самата перцепција кога станува збор за духовната стварност и нејзините убавини; зашто духовната култура не ни е на ниско ниво, туку воопшто ја немаме; и јазот меѓу духовноста на жената која толкува соништа на ТВ "А1" и "Мистагогијата" на Свети Максим Исповедник е многу, многу поголем, од оној кој треба да се премости меѓу Клајдерман и Стефан Миленковиќ. Ако го прошириме контекстот на овој проблем и ако зборуваме за примарната духовна перцепција, ќе дозволите да обрнам внимание на следново: кога во видливата и опиплива, крајно транспарентна материјална стварност која штедро им се обраќа на сите наши телесни сетила (во која луѓето кои не водат духовен живот го поминуваат целиот свој животен век) ние многу тешко (и покрај сè наброено кое не би требало да оди во прилог на тврдењево) се снаоѓаме и затоа многу често сме дезориентирани
и изгубени; тогаш сметајте на тоа колку е потешко човек да се снајде и ориентира во невидливата и затоа (за оние кои не го познаваат духот како различен од разумот и најмоќен гносеолошки орган) апстрактна, но всушност конкретна и вистинска реалност. А дека луѓето ја чувствуваат и й се обраќаат на духовната стварност примери има многу. Ќе ја спомнам само практиката според која луѓето кога имаат намера да си изградат ново живеалиште, во темелите ставаат глава на јагне, сакајќи така, со таа жртва, да го смилостиват Бога и да добијат од него благослов за својот нов дом. Ова е таков грозоморен пример за краен духовен невкус, што многу неволно ќе објаснам зошто. Прашувајќи дали с# уште постојат луѓе (ова го поставувам реторички, зашто за жал, постојат) од кои ќе успееме да изнудиме услуга со тоа што ќе им заколеме јагне? Зарем некој може да мисли дека на Бога, чистата Софија (Премудрост), колењето јагне ќе му направи впечаток?! Доволно е да видиме колку е апсолутно невозможно да се поврзе оваа бесмислена жртва, со небесната возвишеност на православната словенско-византиска уметност (да земеме за пример само една од иконите од бесценетата Охридска галерија, која со својата трансцедентна убавина, н# дотепува нас заробените во гревот, а сепак е само икона, слика, на стварноста во која судејќи според успешноста на иконата, зографот длабоко понирал) создадена од свети луѓе кои имале таков увид во духовната стварност, што дури и во материјалната, непријателски настроена кон нив (стварност), живееле според законите на духовната, толку бескомпромисно, за што често своите длабоко вистински убедувања ги плаќале со смрт. По последнава констатација некој може да рече дека потенцирам очигледности. Но, сè додека има луѓе кои се декларираат како православни христијани (за жал, 56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
бројот на таквите им е загрижувачки голем, а вината секој со право ќе ја упати на адресата на одговорната институција), а кои подведуваат под православие најмизерен духовен кич од типот на спомнатиот жртвен обред и кои за своите (духовни и преостанати) проблеми консултираат бајачи и гатачи и мислат дека Бог нема да го благослови нивниот брак склучен во престапна година. Значи, сè додека нè убива статистиката во поглед на застапеноста на овие појави, потребата од алармирање ќе постои, зашто постои опасност овие луѓе, живеејќи крајно неосвестен духовен живот кој нема никаква врска ниту со Христос, ниту со неговото христијанство, никогаш да не ја видат Божјата убавина која ослободува и до крај да останат заробени во вредносниот систем според вкусот на медиокритетите; креаторите на духот на светот во кој тие определуваат што е битно и убаво, па така, заради апсолутното мнозинство според застапеност на сите нивоа од општествениот живот, го прават овој свет неподносливо место за живеење. Со кажаново проблемов не е ниту доотворен, а камо ли нешто повеќе. Но, во недостиг на простор само ќе се надоврзам на темата од почетокот на текстов, со тоа што ќе потсетам дека и во откривањето на вистинската духовна убавина ни е неопходен некој со веќе изострени духовни сетила, кој ќе ни покаже како да останеме во духовната стварност. Нам, кои заради критериумот на светот (на кој сме навлечени) недоволно (за да се промениме под нејзино дејство) остануваме во неа (во духовната реалност). Тој некој, црквата ни предлага да го побараме меѓу нејзините духовници, нашите поопитни духовни браќа. На крај само ќе ви го честитам празникот Рождество Христово, со прерадосниот божикен поздрав:
Христос се роди! Навистина се роди!
ЗЕНИТОТ НА ДИСКОТ
СПОРТ СПОРТ
РЕТРО
ПОБЕДИ, ПОРАЗИ
(НЕ)УСПЕШНА ГОДИНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ
Сигурно дека годината што измина ќе биде запаметена по успесите кои ги постигнуваа нашиот боксер Вели Мумин и пливачката Мирјана Бошевска. Нивните успеси ги ставија во сенка сите други постигнувања во другите спортови и со оглед на нивната големина, навистина вреди да се потенцираат. Од она што може да се издвои како победа на македонскиот спорт минатата година е и организацијата на Светското првенство во ракомет за јуниорки. Ова Светско првенство беше најдобар репрезент на Македонија во светот. За прв пат во нашата историја ја почувствувавме онаа скриена неизвесност и магија со која блеска европскиот фудбал. За прв пат по долго време нашите стадиони беа преполни и навивачите одеа со жар на еден фудбалски натпревар.
Пишува: Дејан СТОЈАНОСКИ
П
омина уште една година во која македонскиот спорт живуркаше, се воздигнуваше за потоа пак да почне да живурка и на крајот сликата да се комплетира со одличното остварување на Бошевска и срамниот скандал со криењето на резултатот на младите фудбалски репрезентативци. Контроверзна или не, годинава што измина е запаметена по успесите кои македонските спортисти ги постигнаа во индивидуалните спортови и скандалите кои се продуцираа со екипните спортови.
дидати беше наш претставник на Светското првенство во бокс кое се одржа во Банкок. На овој турнир македонскиот боксер успеа да го освои одличното петто место, на тој начин најдобро покажувајќи дека Македонија сè уште може да продуцира вонсериски таленти во овој благороден спорт и дека многу скоро ќе можеме да се радуваме на успеси кои ќе ги надминат успесите на легендарниот Аце Русевски. Она што треба да се направи за овој боксер е да биде поддржан од добар спонзор за да може на следните големи натпреварувања да успее да ја исполни олимписката норма и на олимпијадата да се надеваме на медал за Македонија.
УСПЕСИ Сигурно дека годината што измина ќе биде запаметена по успесите што ги постигнаа нашиот боксер Вели Мумин и пливачката Мирјана Бошевска. Нивните успеси ги ставија во сенка сите други постигнувања во преостанатите спортови и со оглед на нивната големина навистина вреди да се потенцираат. Боксерот Вели Мумин кој е еден од нашите олимписки кан-
57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
ПЛИВАЊЕ Пливачката Бошевска на крајот од оваа година успеа, исто така, да внесе мало светло во оваа сиромашна со успеси година за македонскиот спорт. Нејзиното седмо место на Европското првенство во Даблин претставуваше можеби врв на она што оваа година се случуваше во македонското пливање. Од поделеност на две федерации се успеа да се седне на една иста маса и за доброто на македонското пливање се дојде до договор да се надмине дуализмот кој негативно влијаеше на македонското пливање и на неговите успеси и континуиран напредок.
ЗЕНИТОТ НА ДИСКОТ
Од она што може да се издвои како победа на македонскиот спорт оваа година е и организацијата на Светското првенство во ракомет за јуниорки. Ова Светско првенство беше најдобар репрезент на Македонија во светот, а според пофалбите кои ги добивме треба да спрегнеме сили и да се пријавиме за организација и на еден сениорски шампионат, било да е тоа во машка или во женска конкуренција. Актуелното раководство се чини е способно да го оствари тоа, затоа што за разлика од сè досега се успеа да се избориме за добри лоби пријатели кои й се најважни за добивање на организација на натпревари од висок ранг. ФУДБАЛ Клупскиот фудбал оваа година го достигна својот врв во Европа. Македонскиот шампион за влакно не влезе во елитната Лига на шампиони. Евентуалниот влез ќе значеше многу за македонскиот фудбал. Но, и вака нема што да жалиме, зашто за прв пат во нашата историја ја почувствувавме онаа скриена неизвесност и магија со која блеска европскиот фудбал. За прв пат по долго време нашите стадиони беа преполни и нашите навивачи одеа со жар на еден фудбалски натпревар. За
таквата атмосфера заслуга има и екипата на "Цементарница" која успеа да се пласира во првото коло од купот на УЕФА. Ваквите успеси даваат надеж дека до година македонскиот клупски фудбал ќе биде пријатното изненадување во фудбалска Европа. На репрезентативен план ништо ново. Стандардно четврти во квалификациската група. Сменивме уште еден селектор кој преферира да игра со провинции наместо со репрезентации. Дека нешто не е во ред со репрезентацијата говори и откажувањето на провинцијата Кантабрија да одигра пријателски натпревар со Македонија. Бевме понижени од провинција. Алал да ви е Вам, што ја водите репрезентацијата. Ја донесовте на провинциско ниво. Веќе подолг период ги знаеме противниците за Светското првенство, а ниту еден селектор нема доставено програма за работа. Не помогна ниту еуфоријата и фудбалската треска која ја предизвика гостувањето на Англија и запознавањето на англискиот начин на работа и раководење со нештата. Ние и продолживме на наш начин: Криеме и лажеме за резултат за да го скриеме срамот. Не господа, вака срамот и понижувањето на македонскиот фудбал е поголемо. Во првенството ништо ново. Уште по шестото коло се јавија гласини дека пр-
венството е местено. Барем да се почекаше до крајот. До каде ли ќе стасаме вака?
Работнички" во втората фаза од ФИБА купот, натпреварување каде влегуваат просечни екипи.
КОШАРКА РАКОМЕТ Оваа година беше најцрната за македонската кошарка од осамостојувањето на Македонија. Трендот на стагнација и лоши резултати, потоа никаква организација и лошо раководење оваа година доби понижувачки размери. Македонската кошарка е префрлена во втората по квалитет група во Европа во новиот елитистички начин на рангирање на репрезентациите од страна на ФИБА. Тоа сигурно лошо ќе влијае за македонската кошарка и реално може да се очекува нејзино понатамошно тонење и пропаѓање. Неспособноста на кошаркарската "влада" да излобира во Европа нè доведе во ситуација која значи убиство на македонската кошарка. Нашата дрскост отишла до таму што на пат сме да ја упропастиме и нашата млада репрезентација која досега беше рангирана како деветта во Европа. Некој оваа година се сетил да лажира пасоши и на таков начин да се дојде до успех. До каде ли ќе одиме со нашето самоуништување?! Единствена светла точка оваа година во кошарката (ако може така да се рече) е пласманот на "Фершпед
58 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
Македонскиот клупски ракомет оваа година, за жал, беше само статист во Европа. Македонските клубови беа само статистика во евронатпреварувањето. Прво започна со неочекувано лошите резултати на "Кометал Ѓорче Петров", а продолжи со лошото претставување на македонските машки ракометни клубови. Оваа година бевме далеку од возбудувањата кои некогаш ни ги носеа полуфиналињата и финалињата на европските купови. Дали тоа значи дека македонските клубови не произведуваат повеќе таленти или дека организацијата на македонските клубови не е на ниво од пред неколку години, ќе се покаже токму во оваа следна 2004 година. Она што радува е тоа што женската ракометна репрезентација протрча низ претквалификациите за Европското првенство. Тоа значи дека македонската женска ракометна репрезентација има големи шанси да се врати на старите патеки следната година. Нејзина голема препрека ќе биде силната репрезентација на Германија, но ние треба да веруваме во
можностите на македонските ракометарки и дека конечно повторно ќе се вратиме онаму каде и припаѓаме во европската елита. ОЛИМПИЈАДА
Re{enie (vo horizontalna nasoka): AMERIKA, RADOVAN, ONAGERI, MIM, NAM, A], TINA, ET, AR, IL, FRED, PRINC, AVLIJA, JUAN, REPKA, KAT, A, SENAT, KAS, NN, DIS, KOL, LOS, ICO, ADITIVI, NI, BRAMANI, ERINA, RAJAN, OSARI.
Во олимписката 2004 година сите наши сили и напори треба да бидат насочени кон тоа што подобро да бидеме претставени на најзначајниот собир на спортисти. За тоа не треба да жалиме ни пари ни труд, зашто Олимпијадата претставува и место каде што најдобро може да се репрезентираме. Оваа 2004 треба да биде година што ќе остане запаметена по олимписки медал за Македонија.
Ресторани
Национал
“БУКЕТ” - Скопје 389 / 02 / 3233 - 233
Во амбиентот на овие два ресторана ќе се чувствувате пријатно и релаксирано. Градската врева заменете ја со интимната атмосфера и ќе уживате во вкусните специјалитети од македонското поднебје. “НАЦИОНАЛ” - Скопје 389 / 02 / 3214 - 200
60 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
Приредила: Милева ЛАЗОВА
DIVE^ Потребно: - 250 гр. месо од дива свиња; - зеленчук; - овошје; - вода; - црвено вино; - путер.
Подготовка: Месото стои 24 часа во пајнц (овошје, зеленчук, вода и црвено вино) за да се изгуби мирисот од дивечот и да омекне месото. Откако ќе отстои месото се динста, па се пече. Остатокот од пајнцот се одвојува од течноста и се пржи на путер. Откако ќе се испржи се додава течноста и потоа сето тоа се вари еден одреден период. Потоа се пасира за да се добие густа смеса.
Подготвил: Анѓеле Стојановски,готвач во ресторанот “Букет”
TUFAKII Потребно: - 1 кг. или 4 големи јаболки; За фил: - 200 гр. шеќер; - половина литар млеко; - ванилин шеќер; - коњак; - цимет; - мелени ореви; - каранфилче. Шербет: - вода; - шеќер.
Подготовка: Јаболките се лупат и се чистат одвнатре. Потоа се ставаат во шербет за да омекнат, а во него се става каранфилче и ванилин шеќер. Филот: шеќерот се прави карамел, во него се додава млекото, коњакот, циметот, мелените ореви, ванилин шеќер за да се добие одредена густина. Јаболките се полнат со филот и се декорираат со шлаг и овошје. Подготвила: Бранкица Тирчоска, готвач во ресторанот “Букет” 61 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 497 / 09.01.2004
MAKEDONSKI SVETSKI NEDELNIK BIDETE I VIE DEL OD
B
исинскаа риказна за Макеонија
^ITAJTE ZA NA[ETO MINATO SEGA[NOST IDNINA
Претплата за Македонија: годишна 2.300 ден, полугодишна 1.100 ден, тримесечна 600; Претплата за Европа: годишна 80 ЕУР, полугодишна 50 ЕУР; Претплата за САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд: годишна 100 USD, полугодишна 60 USD. Во претплатата се вклучени ПТТ трошоците; Адреса: Редакција “Македонско сонце” ул. "Ленинова" бр. 87, 1000 Скопје, Р. Македонија. Тел: (02) 3130-137; Факс: (02) 3130-377; е-пошта: rankom@makedonskosonce.com; Жиро-сметка: 300000000029815 - НИП “Македонско сонце” - Скопје; Единствен даночен број: 4030995235235 - Комерцијална банка; Девизна жиро-сметка: Za "Makedonsko sonce" MACEDONIA; Bank name: Komercijalna Banka A.D. - Skopje; Bank number: KOBSMK2X, Account number: 2573000 - 5817;
PREKU NA[ITE STRANICI DO USPE[EN BIZNIS NIZ CELIOT SVET